Колку и на што троши еден македонски студент?

Page 1

Документ за јавна политика

КОЛКУ И НА ШТО ТРОШИ ЕДЕН МАКЕДОНСКИ СТУДЕНТ?

Мапирање на трошоците на студентите кои студираат на државните универзитети во Република Македонија ДОКУМЕНТ ЗА ЈАВНА ПОЛИТИКА


Издавач: Фондација Oтворено општество-Македонија За издавачот: Фани Каранфилова-Пановска Автори: Славица Тодоровска Виктор Стојкоски Мартина Илиевска Александра Филипова Лектор: Абакус Дизајн и техничка обработка: Кома.мк

Истражувањето беше овозможено со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општествоМакедонија (ФООМ). Ставовите изразени во оваа публикација се ставови на авторите и не нужно ги одразуваат ставовите на ФООМ.

2}1


ДОКУМЕНТ ЗА ЈАВНА ПОЛИТИКА


2}3


I.

II.

ЦЕЛ И НАМЕРА НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

МЕТОДОЛОГИЈА

Главна цел на ова истражување е да се добие претстава за видот и за висината на трошоците на студентите кои студираат на државните универзитети во Република Македонија. Намерата на истражувањето беше да се направи обид да се одговори на прашањето: колку и на што македонските студенти претежно ги трошат своите средства? Врз основа на анализата на податоците и изведените заклучоци беа подготвени препораки за подобрување на студентскиот стандард. Истражувањето беше спроведено од Здружението на млади аналитичари и истражувачи (ЗМАИ) и Младински образовен форум (МОФ), со поддршка на Фондација Отворено општество Македонија (ФООМ).

ДОКУМЕНТ ЗА ЈАВНА ПОЛИТИКА

Истражувањето беше реализирано преку анализа на примарни и секундарни извори на податоци. Примарните податоци беа собрани преку теренско истражување, во вид на испитување преку анкетен прашалник, со кое беа опфатени 945 студенти или 2% од вкупниот број запишани студенти во учебната 2016/2017 година на петте државни универзитети во Република Македонија. Секундарните податоци за висината на трошоците за студирање беа добиени од сите пет државни универзитети, врз основа на официјално барање упатено до нив, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Примарните податоци собрани на ваков начин беа анализирани доминантно преку дескриптивна статистичка анализа на перцпециите на студентите и тестирање на разликите во средните вредности. Секундарните податоци за висината на трошоците за студирање беа анализирани преку компаративна анализа и беа сумарно прикажани во една табела, категоризирани според одреден вид трошок. Истражувањето беше спроведено на: Универзитетот „,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Државниот универзитет во Тетово, Универзитетот „,Гоце Делчев“ во Штип, Универзитетот „,Климент Охридски“ во Битола и Универзитетот „,Апостол Павле“ во Охрид. Истражувањето беше спроведено во периодот февруари – март 2018 година.


III.

ВОВЕДНИ ИНФОРМАЦИИ Високото образование во Република Македонија се спроведува на деветнаесет високообразовни институции кои имаат акредитирани програми за студирање - шест државни и тринаесет приватни високообразовни установи. Финансирањето на високото образование се регулира со Законот за високото образование (ЗВО) и со интерните правни акти на универзитетите, односно на факултетите. Законот прави јасна дистинкција и го дефинира значењето на школарината и партиципацијата, дефинирајќи ја партиципација како износ што го определува Владата и се наплатува од студентите запишани на јавните високообразовни институции чиешто образование се финансира од буџетот на РМ, а школарината како износ за покривање на трошоците за студирање на студентот чиешто образование не се финансира од буџетот на РМ. Главниот „збор“ за максималниот износ што студентите треба да го платат за партиципација или за школарина го има Националниот совет, по претходна согласност на Владата на Република Македонија. Законот гарантира ослободување од партиципација за одредени категории студенти. Со одлука на Владата на Република Македонија во 2010 година сумата за партиципација се изедначува за сите студиски програми на сите државни универзитети. Висината на трошоците за студирање изнесува: 200 евра за студенти чиешто образование се финансира од буџетот на Република Македонија, 400 евра за студенти со кофинансирање на трошоците за студирање и 100 евра за студенти кои студираат на дисперзираните студии. 4}5


IV.

АНАЛИЗА НА ПОДАТОЦИТЕ СОБРАНИ ОД АНКЕТЕНИОТ ПРАШАЛНИК Во рамките на примерокот кој е опфатен во оваа студија, 75% од студентите студираат во државна квота, додека 22% во приватна квота, а само 3% од испитаниците беа целосно ослободени од плаќање партиципација. Согласно резултатите добиени од анализата на податоците за перцепцијата на студентите за нивото на нивните трошоци, студентската потрошувачка кошничка изразена на месечно ниво на студентите кои студираат на државните универзитети во Република Македонија, изнесува 21.410 МКД за студент кој студира со партиципација и 22.435 МКД за студент кој плаќа школарина, а истата ги вклучува следниве трошоци:

1.025 МКД

}

за партиципација во државна квота / 2.050 МКД за студент кој плаќа школарина;

1.670 МКД

}

трошоци поврзани со факултетот;

7.600 МКД

}

за секојдневен живот, од кои: 2.100 МКД | за храна; 1.500 МКД | за алкохол и/или цигари; 1.100 МКД | за хигиена, медицина и/или за козметички услуги; 900 МКД | за спортски тренинзи и/или други хобија; 500 МКД | за културно-забавни настани; 1.000 МКД | за дискотеки и/или кафулиња.

2.000 МКД

}

за превоз;

4.500 МКД

}

за домување;

4.615 МКД

}

за режиски трошоци, од кои: 500 МКД | за вода; 1.500 МКД | за струја; 1.000 МКД | за греење; 615 МКД | за телефон; 600 МКД | за интернет; 400 МКД | за одржување.

ДОКУМЕНТ ЗА ЈАВНА ПОЛИТИКА


При толкувањето на резултатите треба да се има предвид дека: 1 > Трошоците за партиципација и трошоците поврзани со факултетот кои се плаќаат еднократно/двократно и сл., се сведени на месечно ниво. 2 > Не сите студенти ги имаат сите категории трошоци. (студентската потрошувачка кошничка за студентите кои немаат трошоци за домување и режиски трошоци, би се намалила и би изнесувала 12.295 МКД или, доколку студентите не се корисници на алкохол и цигари, студентската потрошувачка кошничка ќе се намали за 1.500 МКД и би изнесувала 10.795 МКД).

6}7


V.

ЗАКЛУЧОЦИ ОД АНАЛИЗАТА НА ПОДАТОЦИТЕ СОБРАНИ ПРЕКУ АНКЕТНИОТ ПРАШАЛНИК

1 > Просечниот износ на финансиски средства со кои располагаат студентите (на месечно ниво), а се однесуваат на финансиски средства што ги добиле и/или ги заработиле по разни основи (џепарлак, стипендија, од родителите, хонорар и/ или плата од привремена работа, пензија итн.) изнесува 8.894 МКД. За споредба, овој износ претставува 36,3% од просечната исплатена месечна нето-плата во мај 2018, која изнесува 24.509 ден., или 74,1% од минималната исплатена месечна нето-плата во државата, која изнесува 12.008 денари. 2 > Во поглед на местото на живеење и студирање, 46,4% од испитаниците живеат во истиот град каде што студираат, 35,2% живеат и студираат во друг град, додека 18,4% патуваат до универзитетскиот град. Од нив, највисок просечен износ на расположливи средства имаат студентите кои живеат и студираат во различен град - 11.027 денари. Резултатите се очекувани, бидејќи живеењето во различен град за најголем број студенти подразбира и плаќање кирија, храна, режиски трошоци и др. 3 > Во поглед на изворот на средствата со кои располагаат студентите, најзначаен извор на финансии се родителите/роднините (61,5%), а потоа студентската стипендија (11,9%). Нејзиното значително учество покажува дека државата, преку политиките за студентските стипендии, би можела да влијае на подобрувањето на животниот стандард на студентите и ја нагласува потребата да се обезбедат покорисни стратегии за студентите да ги минимизираат трошоците и да ја подобрат нивната сегашна и идна финансиска ситуација.

ДОКУМЕНТ ЗА ЈАВНА ПОЛИТИКА


4 > Во поглед на годишните трошоци кон/врзани за факултетот на кој студентите студираат, просечниот трошок изнесува околу 21.410 МКД, за студент кој студира со партиципација, и 22.435 МКД за студент со школарина. Од различните универзитети, највисоки се перцепциите за просечните трошоци на Државниот универзитет во Тетово (33.450 МКД), додека најниски се на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип (19.265 МКД). Распределбата на другите трошоци поврзани со студирањето:

31,3%

}

од студентите имаат трошоци за неопходна специјална опрема, облека или работни материјали за студирањето;

17,4%

}

од студентите посетуваат приватна настава, т.е. дополнителни приватни часови

9,4%

}

од студентите посетуваат задолжителни семинари, екскурзии или имаат трошоци поврзани со задолжителната практична настава;

7,6%

}

од студентите посетуваат незадолжителни семинари/конференции/екскурзии и слично, поврзани со нивниот личен и професионален развој;

13,5%

}

од студентите посетуваат дополнителни курсеви и други облици на неформално образование важно/поврзано со студирањето. 8}9


5 > Во однос на домувањето, најголем дел од студентите живеат заедно со родителите/старателите, во истиот град каде што студираат (45,9%) или заедно со родителите/ старателите во град различен од местото каде што студираат (16,8%). Од студентите кои не живеат со родителите/старателите, најмногу студенти живеат во изнајмен стан со цимери (17,2%) или сами (3%). Во студентските домови живеат 11,1% од испитаниците.

Во поглед на месечниот износ на трошоците за услуги и производи кои им се потребни на студентите, може да се изведе заклучок дека средната (медијалната) вредност која во низата ја разделува повисоката и пониската половина на износи на месечната потрошувачка кошничка во примерокот а која ги вклучува сите наведени производи и услуги изнесува 7.600 МКД , од кои:

2.100 МКД

}

за храна;

6 > За трошоци за превоз на месечно ниво (автобус, такси, меѓуградски превоз, сопствен превоз итн.), најголем процент од студентите (31,7%) трошат до 1.000 МКД, а на второ место се оние кои трошат од 1.001 до 2.000 МКД (26,1%). Добиениот износ на просечни месечни трошоци за превоз на студентите, не земајќи ги предвид другите аспекти во анализата, изнесува 2.040 МКД.

1.500 МКД

}

за алкохол и/или цигари;

1.100 МКД

}

за хигиена, медицина и/или козметички услуги;

900 МКД

}

за спортски тренинзи и други хобија;

500 МКД

}

за културно-забавни настани;

1.000 МКД

}

за дискотеки и кафулиња;

500 МКД

}

за книги, списанија, весници, магазини, интернет-претплата.

ДОКУМЕНТ ЗА ЈАВНА ПОЛИТИКА


Генерално, може да се заклучи дека студентите имаат низок стандард и тешка финансиска состојба која во одредени случаи влијае дури и на изборот на факултетот. Кај 48,3% од студентите, финансиската моќ на родителите не влијае врз одлуката на студентите при изборот на факултетот на кој ќе се запишат, но кај другите има делумна или пресудна улога (кај 31,4% има делумна улога, додека кај 17,6% финансиската моќ на родителите има пресудно влијание при изборот на факултетот од страна на студентите). Финансиската состојба на студентите чии родители имаат мали примања (особено оние со примања до 14.000 МКД) влијае делумно или целосно врз одлуката при изборот на факултетот на кој ќе студираат. Во однос на културно-забавниот живот, согласно резултатите добиени од анализата на податоците од прашалникот, 27,7% од студентите се изјасниле дека како студенти „имаат делумно квалитетен културно-забавен живот, но мислат дека треба да имаат подобар“, а 10,6% од испитаниците се изјасниле дека „немаат квалитетен културнозабавен живот, а тоа се должи на нивната слаба финансиска моќ“. 10 } 11


VI.

АНАЛИЗА НА ПОДАТОЦИТЕ ЗА ТРОШОЦИТЕ ЗА СТУДИРАЊЕ ДОБИЕНИ ОД ДРЖАВНИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Во 2018 година Министерството за образование и наука особено се фокусираше на подигањето на квалитетот на високото образование, со зголемување на буџетот за 20% во однос на 2017 година. Овие средства универзитетите, во најголем дел, ги користат за режиски трошоци и надоместоци на административнонаучниот кадар, додека другите трошоци ги покриваат со средства добиени од други извори. Универзитетите самостојно располагаат со средствата добиени од другите извори кои се предвидени со закон (партиципации, школарини, давање образовни услуги и др.), што претставува финансиска автономија на јавните високообразовни установи. Административните трошоци што ги плаќаат студентите за време на своето студирање не се сведуваат само на плаќањето на годишната партиципација, туку има и низа други трошоци кои се врзани со најразлични административни услуги. Најмногу административни трошоци се предвидени во ценовниците на факултетите во

ДОКУМЕНТ ЗА ЈАВНА ПОЛИТИКА

рамките на УКИМ, најмалку на УКЛО (дури 22 ставки помалку наспроти УКИМ) и на ДУТ (со 21 ставка помалку). Законот прави јасна дистинкција во однос на значењето на партиципацијата и школарината кои претставуваат главни трошоци што ги има студентот при студирањето. Партиципацијата е иста за сите јавни високообразовни установи, согласно одлуката на Владата на Република Македонија донесена во 2010 година и изнесува 200 евра за студентите чие образование се финансира од буџетот на Република Македонија, и школарина од 400 евра за студентите со кофинансирање на трошоците за студирање и 100 евра за студенти на дисперзирани студии. Дополнително, со интерни акти – ценовници/ тарифници самите универзитети утврдуваат колкава ќе биде сумата за различни административни и образовни услуги за кои ќе треба да плати студентот, во зависност од потребите што ќе се јават при студирањето.


VII.

ГЛАВНИ ФАКТОРИ КОИ ВЛИЈААТ НА ВИСИНАТА НА ТРОШОЦИТЕ НА СТУДЕНТИТЕ

Позначајни фактори кои влијаат на висината на трошоците за студирање се: `` Ефикасноста на студирањето Според последниот извештај на ДЗС, само 38,6% од студентите завршуваат во рокот предвиден за студирање, што создава повисоки трошоци поради студирање што трае повеќе години од предвиденото. `` Несоодветното финансирање и немањето јасни критериуми за финансирање на високото образование – различни државни универзитети имаат различен ценовник за административни трошоци и услуги1. Овие трошоци треба да зависат од спецификите на дадениот универзитет и да има јасни и транспарентни критериуми и мерила по кои универзитетите ќе работат и ќе наплаќаат.

трошоци за студирање ги навеле родителите, додека кај 49% финансиската моќ на родителите има пресудно влијание при изборот на факултетот. `` Животните и културните навики на студентите - мислењата околу квалитетот на културниот живот кај студентите се поделени: 29,6% од студентите се задоволни, 27,7% од студентите се само делумно задоволни и сметаат дека им е потребен подобар културен живот, 13,9% сметаат дека можат да си ги дозволат овие трошоци, а 10,6% ја немаат таа финансиска можност. Животниот стил влијае на буџетот, како на пример трошоците за различни потреби: од дискотеки и кафулиња, посети на културни институции, медицински услуги, алкохол и цигари итн.

`` Финансиската моќ на родителите и економската состојба на семејствата 61,1% од испитаниците како најчест извор на средства за покривање на нивните

12 } 13


VIII.

8.1

ПРЕПОРАКИ

}

Препораки за Владата на РМ и за Министерството за образование:

`` Дополнување на Законот за студентски стандард со нови членови кои ќе ја регулираат исхраната, школарината, културните, информативните, спортско-рекреативните и други потреби на студентите.

Врз основа на претходно спроведената анализа и утврдените резултати од спроведеното истражување, можат да се извлечат неколку препораки во вид на предлогполитики кои би придонеле за унапредување на стандардот на студентите кои студираат на некој од државните универзитети во Република Македонија.

`` Зголемување на бројот и навремена исплата на стипендиите за студентите кои потекнуваат од семејства со ниски примања; `` Изработка на програма за унапредување на дејноста на студентскиот стандард; `` Бесплатен превоз за сите студенти, на локално и на национално ниво; `` Воведување на најавената студентска картичка ; `` Субвенционирање на исхраната на студентите во бифеата, рестораните и угостителските објекти; `` Право на одмор во државните одморалишта за студентите, по поволна цена; `` Темелна проверка на бројот на студентските легла и на состојбата во домовите; `` План за реконструкција, санација или дополнително финансирање на домовите; `` План за повеќе студентски легла и подобри услови за живеење; `` Политики што ќе овозможат извршување на соодветно практиканство на студентите.

ДОКУМЕНТ ЗА ЈАВНА ПОЛИТИКА


8.2

}

Препораки за другите владини институции:

`` Унапредување на можностите за вработување на студентите. `` Стимулирање на приватниот сектор преку субвенции да вработува студенти. `` Предлог-закон за работа на студентите. `` Обезбедување редовни посети на културно-уметнички институции и настани. `` Бесплатни настани наменети за студентите и обезбедување попусти. `` Поволности за користење на спортските и рекреативни објекти. `` Анализа на причините за ненавременото дипломирање на студентите и предлог-мерки кои би го скусиле просечниот период на студирање на студентите.

8.3

}

Препораки за универзитетите и факултетите:

`` Регулирање на трошоците кои студентите ги имаат во текот на образовниот процес надвор од задолжителната партиципација или школарина `` Транспарентни критериуми за утврдување на трошоците за студирањето `` Јавно објавување на листи на трошоци за студирање и другите академски трошоци

8.4

}

Препораки за студентските домови:

`` Подобар квалитет на исхраната на студентите во студентските домови и редовни контроли. `` Нов модел на самоорганизирање во студентските домови, преку претставување на студентите во Управните одбори, преку советите на станарите во студентските домови. `` Унапредување на квалитетот на услугите и состојбата на собите во домовите кои ги добиваат студентите. `` Да се воведат активности (културно-забавни настани, неформално образование итн.) во домовите.

14 } 15


ДОКУМЕНТ ЗА ЈАВНА ПОЛИТИКА


ПРОФИЛ НА СТУДЕНТИТЕ НА ДРЖАВНИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА1

Лице кое патува до универзитетот од друг град

Лице кое живее и студира во друг град

Лице кое живее и студира во ист град

Најчесто студира во државна квота и плаќа партиципација од 200 евра.

Најчесто студира во државна квота и плаќа партиципација од 200 евра.

Најчесто студира во државна квота и плаќа партиципација од 200 ЕУР

Располага со просечно месечни средства за трошење (џепарлак) од 7.760 МКД.

Располага со просечно месечни средства за трошење (џепарлак) од 11.000 МКД.

Располага со просечно месечни средства за трошење (џепарлак) од 7,850 МКД

Најголем дел од расположливите средства ги добива од родителите/ роднините.

Најголем дел од расположливите средства ги добива од родителите/ роднините.

Најголем дел од расположливите средства ги добива од родителите/ роднините.

Месечните нето-приходи на неговото семејство се движат во ранготод 22.501 до 32.500 МКД.

Месечните нето-приходи на неговото семејство се движат во рангот

Месечните нето-приходи на неговото семејство се движат во рангот од 22.501 до 32.500МКД.

`` од 14.000 до 22.500 и `` од 22.501 до 32.500 МКД.

Информациите кои ги содржи секој профил на студент се извлечени согласно одговорите на студентите на прашањата од прашалникот 1

16 } 17


Лице кое патува до универзитетот од друг град

Лице кое живее и студира во друг град

Лице кое живее и студира во ист град

Просечните годишни трошоци за факултетот изнесуваат 18.100 МКД. Од нив издвојува:

Просечните годишни трошоци за факултетот изнесуваат 19.560 МКД. Од нив издвојува:

Просечните годишни трошоци за факултетот изнесуваат 21.500 МКД. Од нив издвојува:

`` 2.000 МКД за книги

`` 2.500 МКД за книги

`` 2.000 МКД за книги;

`` 1.000 МКД за дополнителни курсеви и други облици на неформално образование важно/поврзано за/ со студирањето (јазични, компјутерски курсеви итн.)

`` 2.000 МКД за дополнителни курсеви и други облици на неформално образование важно/поврзано за/ со студирањето (јазични, компјутерски курсеви итн.)

`` 2.000 МКД за дополнителни курсеви и други облици на неформално образование важно/поврзано за/со студирањето (јазични, компјутерски курсеви итн)

Доминантно живее заедно со родителите/старателите

Доминантно живее во изнајмен стан/куќа, со цимери.

Доминантно живее заедно со родителите/старателите.

Најчесто нема трошоци за изнајмување стан / куќа.

Најчесто, трошоците за изнајмување куќа/стан се во рангот од 3.000 до 6.000 МКД.

Најчесто нема трошоци за изнајмување стан / куќа.

Најчесто плаќаат месечни режиски трошоци за телефон во износ од 700 МКД.

Најчесто плаќаат месечни режиски трошоци во износ од:

Најчесто плаќаат месечни режиски трошоци за телефон во износ од 800 МКД.

`` 500 МКД за вода; `` 1.000 МКД за струја; `` 700 МКД за греење; `` 600 МКД за телефон; `` 500 МКД за интернет.

ДОКУМЕНТ ЗА ЈАВНА ПОЛИТИКА


Лице кое патува до универзитетот од друг град

Лице кое живее и студира во друг град

Лице кое живее и студира во ист град

Месечните трошоци за превоз изнесуваат околу 3.000 МКД.

Месечните трошоци за превоз изнесуваат околу 1.500 МКД.

Месечните трошоци за превоз изнесуваат околу 900 МКД.

Месечните трошоци за секојдневен живот изнесуваат 7.775 МКД, а доминантно се за:

Месечните трошоци за секојдневен живот изнесуваат 7.340 МКД, а доминантно се за:

Месечните трошоци за секојдневен живот изнесуваат 7.850 МКД, а доминантно се за:

`` 2.000 МКД за храна;

`` 2.550 МКД за храна;

`` 2.000 МКД за храна;

`` 1.500 МКД за алкохол и/или за цигари;

`` 1.040 МКД за алкохол и/или за цигари;

`` 1.600 МКД за алкохол и/или за цигари;

`` 1.175 МКД за хигиена, медицина и/или за козметички услуги;

`` 1.000 МКД за хигиена, медицина и/или за козметички услуги;

`` 800 МКД за спортски тренинзи и други хобија;

`` 800 МКД за спортски тренинзи и други хобија;

`` 1.100 МКД за хигиена, медицина и/или за козметички услуги;

`` 400 МКД за културно-забавни настани;

`` 500 МКД за културно-забавни настани;

`` 1.000 МКД за дискотеки и кафулиња;

`` 1.000 МКД за дискотеки и кафулиња;

`` 400 МКД за книги, списанија, весници, магазини, интернет-претплата.

`` 500 МКД за книги, списанија, весници, магазини, интернет-претплата.

Финансиската моќ на родителите не влијае на одлуката за тоа каде ќе студирате.

Финансиската моќ на родителите не влијае на одлуката за тоа каде ќе студирате.

`` 1.000 МКД за спортски тренинзи и други хобија; `` 550 МКД за културно-забавни настани; `` 1.200 МКД за дискотеки и кафулиња; `` 400 МКД за книги, списанија, весници, магазини, интернет -претплата. Финансиската моќ на родителите не влијае на одлуката за тоа каде ќе студирате.

18 } 19


Лице кое патува до универзитетот од друг град

Лице кое живее и студира во друг град

Лице кое живее и студира во ист град

Во однос на културно забавниот живот, доминантно смета дека:

Доминантно смета дека:

Во однос на културно-забавниот живот, доминантно смета дека:

`` има квалитетен КЗЖ, што се должи на неговниот интерес за ваквите настани;

`` има квалитетен КЗЖ, што се должи на неговиот интерес за ваквите настани.

`` има делумно квалитетен културно-забавен живот, но мисли дека треба да биде поквалитетен.

`` има квалитетен КЗЖ, што се должи на нивниот интерес за ваквите настани. `` има делумно квалитетен културно-забавен живот, но мисли дека треба да биде поквалитетен.

Смета дека топ 3 можности за подобрување на студентскиот животен стандард се:

Смета дека топ 3 можности за подобрување на студентскиот животен стандард се:

Смета дека топ 3 можности за подобрување на студентскиот животен стандард се:

`` можноста за платена студентска работа;

`` можноста за платена студентска работа;

`` можноста за платена студентска работа;

`` продолжување на мерките за бесплатен јавен превоз за студентите;

`` студентски картички за субвенционирана цена на исхраната во ресторани

`` студентски картички за субвенционирана цена на исхраната во ресторани;

`` студентски картички за субвенционирана цена на исхраната во ресторани.

`` студентски картички за субвенционирана цена за билети на културни настани.

`` студентски картички за субвенционирана цена за билети на културни настани.

Има 20 години.

Има 21 година.

Има 21 година.

Семејството брои 4 члена.

Семејството брои 4 члена.

Семејството брои 4 члена.

Целосната анализа на истражувањето „Колку и на што троши еден македонски студент? Мапирање на трошоците на студентите кои студираат на државните универзитети во Република Македонија“ може да се најде на веб страницата на ФООМ www.fosm.mk ДОКУМЕНТ ЗА ЈАВНА ПОЛИТИКА


Целта на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност (во натамошниот текст: Национален совет) е: обезбедување, оценување, развој и унапредување на квалитетот во високото образование и научно-истражувачката дејност во Република Македонија. I

Закон за високо образование (Службен весник 82/2018) Член 126 и член 127

II

Оваа одлука е во сила сè додека не се формира Националниот совет и не се донесе нова одлука од Владата на РМ III

IV

Сите изразени на месечно ниво

V

http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?id=40&rbr=2706

VI

Исто, Член 125

Број на дипломирани студенти во 2017 година “, достапен на: <http://www.stat. gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?id=28&rbr=2646> VII

Детална анализа во табела: Споредба на административни трошоци кои ги имаат студентите прикажани по административни ставки на јавните високообразовни установи во Република Македонија. VIII

Истражувањето е поддржано од Фондација Отворено општество-Македонија (ФООМ), како дел од заложбите на ФООМ за зајакнување на улогата и влијанието на граѓанското општество како сериозен фактор во креирањето и спроведувањето квалитетни, инклузивни и отчетни образовни политики и практики, особено оние кои ги афектираат младите и студентите. Истражувањето е резултат на заедничките напори на Здружението на млади аналитичари и истражувачи (ЗМАИ) и Младински образовен форум (МОФ). Ова истражување не претендира да одговори на сите прашања поврзани со трошоците за студирање на македонските студенти, но правејќи сериозен обид да дојде до првични сознанија за тоа колку и на што троши еден студент на државните универзитети, претендира во јавноста сериозно да го покрене прашањето за тоа како живее еден македонски студент? Веруваме дека ова истражување ќе биде доволен предизвик и солидна појдовна основа за тоа Државниот завод за статистика да направи анализа за тоа колку чини студентската кошничка во РМ. Исто така, веруваме дека овие првични истражувачки наоди ќе испровоцираат квалитетна дискусија во академската заедница, помеѓу студентите и професорите, кај образовните власти и кај целокупната јавност за тоа што може и треба да направат универзитетите, државата и општеството за да го подобрат статусот на студентите, како идни активни граѓани и движечка сила на македонската економија. Изразуваме благодарност на проф. д-р. Борче Треновски кој со своите драгоцени совети помогна во заокружувањето на истражувањето и извештајот.

20


ДОКУМЕНТ ЗА ЈАВНА ПОЛИТИКА


3M A

Здружение на млади аналитичари и истражувачи

22 } PB


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.