Збирка со литературни творби "Ајде да твориме на мајчин јазик"

Page 1

АЈДЕ ДА ТВОРИМЕ НА МАЈЧИН ЈАЗИК ИНФО СЕГА ЗБИРКА

Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА

“Одбележување на 21-ви Февруари меѓународниот ден на мајчиниот јазик”


“Одбележување на 21-ви Февруари меѓународниот ден на мајчиниот јазик”

ИНФО СЕГА ЗБИРКА Ајде да твориме на мајчин јазик

ИНФО СЕГА 2017

2


СОДРЖИНА: ВОВЕД ........................................................................................................................................................... 4 Татковино ..................................................................................................................................................... 5 Мојот јазик – тоа сум јас! ............................................................................................................................ 6 Победа над времето ................................................................................................................................... 7 Бескрајност .................................................................................................................................................. 8 Клуч на среќа ............................................................................................................................................. 10 Беше добра исто како нејзиното име - Добрица.................................................................................... 11 Љубов ......................................................................................................................................................... 13 Љубов ......................................................................................................................................................... 14 Животот на душата .................................................................................................................................... 16 Моќта на волшебните зборови ................................................................................................................ 18 Писмо до самиот себе на 45-годишна возраст....................................................................................... 19 Љубов ......................................................................................................................................................... 20 Потрага по нешто убаво ........................................................................................................................... 21 Сонце без зрак ........................................................................................................................................... 22 Среќна сум што сум твоја внука дедо!!!.................................................................................................. 23 ,,Сиромаштијата не е пречка да бидам среќна’’ .................................................................................... 24 Убавина ...................................................................................................................................................... 26 Почитувани читатели на ИНФО СЕГА! ...................................................................................................... 27 За ИНФО СЕГА Прилеп! ............................................................................................................................. 28

3


ВОВЕД Почитувани читатели,

“Јазикот на нашите мисли и нашите чувства е нашето највредно средство. Повеќејазичноста е нашиот сојузник во обезбедување квалитетно образование за сите, во промовирањето на вклученоста и во борбата против дискриминацијата.” Ирина Бокова Генерален Директор на УНЕСКО

Темата за 2017 година е “Одржливо идно повеќејазично образование” Меѓународниот ден на мајчиниот јазик 21 февруари, (според календарот на УНЕСКО) се одбележува секоја година уште од Февруари 2000 година за да се промовира јазичната и културната разновидност и повеќејазичност. Датумот го претставува денот во 1952 година, кога студентите демонстрирајќи за признавање на нивниот јазик, Бангла, како еден од двата државни јазици во тогашен Пакистан, биле застрелани и убиени од страна на полицијата во Дака. Јазиците се најмоќни инструменти за зачувување и развивање на нашето материјално и нематеријално наследство. Сите потези за промовирање на ширењето на мајчиниот јазик, ќе послужат не само за да се поттикне јазичната разновидност и повеќејазичното образование, но, исто така да се развие целосна свест за јазичните и културните традиции низ светот и да ја инспирира солидарноста базирана врз разбирањето, толеранцијата и дијалогот. Според статистичките податоци во последните три века има изумирање или драматично намалување на јазиците, особено на американскиот и австралискиот континент. Во светот денес се зборуваат околу 6,500 јазици, а на околу половина им се заканува исчезнување во многу делови на светот. Околу 200 земји се наоѓаат пред предизвикот да ги сочуваат “малите” јазици и да се погрижат тие да се употребуваат заедно со светските јазици.

4


Татковино Татковино моја утринска роса убава како девојка, рaстрчaнa бoсa. Твoите плaнини дo небo ме нoсaт кaде штo птиците oблaците ги кoсaт. В дoлинa дoлу рекaтa ечи и никoј нејзинaтa убaвинa не мoже дa јa спречи. Тaткoвинo, ти си цветнa грaдинa знaј, љубoв гoлемa кoјa немa крaј. Твoите пoлињa кaкo oкеaни рaмни oпеaни вo песните слaвни. Никoј не жaли декa се рoдил вo тебе кaде и дa oди те нoси вo себе. Секoј вo срцетo те нoси aкo требa сoлзи ќе рoси. Зa тебе секoј живoт би дaл, никoгaш не би се пoкaјaл.

Едисa Мустaфa I-2 клас СОУ„Ѓорче Петров” - Прилеп Ментор: проф. Жанета Видевска

5


Мојот јазик – тоа сум јас! Мајчиниот јазик е како сонцето што постојано свети. Тој низ вековите долги тешките порти нам ни ги отвори. Нашиот мајчин јазик одамнина постои, тој гордо исправен, со векови пред страшни бури стои. Нашиот народ низ магли со остар меч го биеле, во тешки црни одори со векови го виеле.

Но, мојот јазик сила на народот свој му дава, во најтешките времиња раката своја ни ја подава. Ако некој ја слушне оваа песна, еве една порака лесна: Не е потребно многу мака, треба само мајчиниот јазик да се сака!

Исидора Недеска СОУ ”Ѓорче Петров” Ментор: проф. Жанета Видевска

6


Победа над времето Ајде да го обоиме виножитото сега кога орелот лета над огнот а духовите весело играат, пеат, живеат во тишината на бурните облаци чекајќи го човекот на кој му се смеат. Ајде да ја осветлиме темната шума со нашата победа над времето крунисана со светлоста на небото објавена со последниот крик на лавот, благословена е стрелата што падна врз царот. Ако го држиш небесниот свод на рамената ќе ја вкусиш горката вистина за слободата ќе ја пееш нејасната песна на ветрот страдајќи и молејќи заедно со светот додека само ѕвездите светат во мракот. Ако живееш во сенката на денот ќе откриваш мисли во ноќта запишани длабоко во мистериозните очи и можеби ќе ја сонуваш смртта како си поигрува со свесноста.

И твоите солзи се дел од бесконечното море осветлено и чувано од месечината и сите безгрижни мигови во кои не постоеле ниту болка од срце, ниту немир в гради, ниту копнеж тажен искажан во балади.

Eлена Андоноска II-3 СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп Ментор: проф. Лидија Ристеска 7


Бескрајност Очи бескрајно смели. Две очи, две езера сини, Два потока што течат, Две сенки што се сечат, Две бескрајности што не си пречат. Усни бескрајно врели, Та мислиш ќе прснат, Ко сета крв во нив да се збрала, Толку меки, а сепак силни, Ко две месечини, Две месечини, сплотени во едно катче сјајно, Кое бара еден клуч редок, И љубов, љубов да се шири бескрајно. Образи бескрајно црвени, Што ко од кадифе да се скроени, во себе добрина кријат, ко две планети, ко две сонца, од себе светлина што зрачат, ко две бескрајности што тежнеат една со друга да се закачат.

Коса бескрајно мека. Ко свилена буба да застанала на неа, Та ги сплела тие влакна, Од својата срж со мекост цела, Тие плави прамени нежни, Што виорат од скалпот нејзин, Толку се меки, Тoлку се снежни, Толку се бескрајни. Дланки бескрајно топли, Ко два огна што топлина леат, Ќе земат, ќе те зграбат, Ќе те стоплат, ќе те згреат.

8


Раце бескрајно нежни, Ко две гранки од дрва плодни, Што се споиле ко мост голем, Толку цврст, толку сјаен, Та да може да премости големи лаги. Толку силен, толку бескраен. Тело бескрајно силно, Ко вајано од најскапоцен метал, Ко правено од мајстори смели, Мајстори од далечни планети, Што го стокмиле кротко, а сепак силно, Ко бескрајноста надалеку што свети.

Николче Мојсоски, II-2 година СОУ „Ѓорче Петров“- Прилеп Ментор: Лидија Ристеска

9


Клуч на среќа Сите трагаме по нешто Сите кон нештата блиски до совршенство Тоа драги мои со вистински вредности се прави вешто. Заборавете за лагата Сведете ја на минимум тагата Смеете се , бидете среќни кога Другиот е среќен Клучот, ве молам, не го барајте надвор Влезете во самите себе, влезете внатре Поправете го скршеното, излечете ги раните Спречете го течењето на омразата во вените

Негувајте ја искреноста, довербата Добронамерноста Направете некого среќен Не заборавајте се и себеси Правете ги работите со кои се Чувствувате среќно и исполнето. Направете нешто што ќе остави трага зад вас.

Атанасовска Јуле – III-2 клас СОУ „Ѓорче Петров“- Прилеп Ментор: Тинтоска Билјана

10


Беше добра исто како нејзиното име - Добрица 12 Октомври... Од непознати причини овој ден ми започна прекрасно. Утрото кога се подготвував за на училиште, вниманието ми го одзеде мојот поглед, кога се погледнав во огледалото –„Па, да тоа е погледот од мојата баба”. Толку нежен и невин поглед се сомневам дека постои. По пат за на училиште, исто така бев многу расположена, но до кога?... Се додека не ми заѕвони мобилниот: -„Врати се, баба ти Добрица починала!” Во првиот момент ништо не почувствував, не знам зошто.... По патот кон куќата каде што живееше баба ми, се чувствував толку смирено како да имав примено седативи. Ништо не чувствував, ништо не размислував. Кога пристигнавме и кога го гледав бездушното тело на баба ми наеднаш ми застана здивот.... Таа ноќ не се одделив од телото од баба ми.... Изгледаше како да спие, а јас ја гледав со огромно внимание очекувајќи да ги отвори очите.... Така гледајќи ја ми протекоа и солзите, сами...... -„Немој бабо, не оди те молам, кој сега ќе ми ги прави омилените бабини питулици, мекиот зелник и највкусниот бурек? Кој бабо ќе ми ги раскажува приказните за убавата селанка? Кој ќе ме гали по косата кога плачам? ” Не бев свесна што се случува... Со насолзени очи, лежејќи до креветот што беше до ковчегот, иако телото од баба ми беше целосно покриено јас го слушав нејзиниот глас и ги чувствував нејзините раце врз мојата коса: -„Не плаши се миличка, немој.... Така Господ сакал... А ти се сеќаваш ли што ти велев кога беше малечка? Јас секогаш ќе бидам со тебе, ќе ти го осветлувам патот...” Сум заспала..... Утрината, в зори се разбудив, над главата од баба ми веќе имаше поставено пченица за палење на свеќите.... откако изгреа сонцето, лицето од баба ми повторно го отскривме..... Повторно исто.... Гледав со неверување, не сакав да биде така.... Кога веќе почнаа да доаѓаат со свеќа и се ракуваа со мене велејќи –„Бог да ја прости”, дури тогаш се запрашав- Зарем ова за мојата баба се случува?? Последните часови со баба ми поминаа многу брзо, дојде време за последен пат баба ми да излезе од куќата, болеше тој момент..... Се поздравивме со баба ми за последен пат и веќе ја спуштаа во земјата. Како парче од срцето да ми одземаа, душата ми вриштеше.... -„Не ја оставајте баба ми, не ми ја земајте...” За момент се смирив, тогаш кога се сетив дека баба ми нема да биде сама, дедо ми сигурно уште веднаш ја има дочекано, ќе има кој да ја заштитува..... Завршија обичаите, сите си заминавме во своите домови, неа ја оставивме таму и си заминавме, како можевме.... Мојата баба Добрица беше најсилната жена на светот, во секоја смисла на зборот... После сите тие проблеми, маки, таа секогаш успеваше цврсто да застане на нозе. Таа жена секогаш му удоволуваше на сите истовремено, како ли умееше?... Таа беше жена што ги сакаше сите, но сите не ја сакаа неа. Таа секогаш и секому му помагаше, но ретко кога 11


добиваше благодарност за тоа... Некои луѓе иако телото им умира, нивното име секогаш се памети... И ти бабо никогаш нема да бидеш заборавена, секогаш ќе живееш со нас. Ќе им раскажувам на сите за твојата моќност. На моите деца ќе им раскажувам за твоите румени образи и твојата мила насмевка во која секогаш пронаоѓав спокој. На моите деца ќе им ги раскажувам твоите приказни за човековите вредности, ќе ги учам да бидат луѓе исти како тебе, бабо.... Почивај во мир најмила мојааа, ти заслужуваш и мир и спокој......

Автор: Соколоска Мартина 3-1 клас СОУ „Ѓорче Петров“- Прилеп Ментор: Билјана Тинтоска

12


Љубов Ах, љубов !!! Колку е силно ова чувство, може ли секој да го разбере ? Може ли секој да го почувствува? Колку само срцето трепери во силниот жар на љубовта. Има ли нешто поубаво ? Вљубените очи гледаат поинаку за нив светот е убав, животот е убав, се е обоено. Со бојата на љубовта, со бојата на светлината, вљубените срца чукаат поинаку. Во ритамот на љубовта, по тактот на убавината. За љубовта и сонцето посилно грее и ѕвездите треперат од среќа и месечината пее во ноќта и водата жубори повесело и цвеќињата поубаво мирисаат. Може ли секој да го почувствува ? Ако не, тогаш секој нека го отвори срцето, нека ја пушти душата, нека ги стави крилјата на љубовта и нека лета, лета кон најубавото чувство. Нека ја допри љубовта така ќе го види светот, така ќе го живее животот. Само така ќе ја осетиме убавината. Сања Петреска II-2 С.О.У ”Ѓорче Петров”- Прилеп Ментор: Лидија Ристеска

13


Љубов Силното чувство некаде длабоко во сивилата на душата е причина за радост и волја. Очите силно заблескуваат, долго време носените солзи се претвораат во роси кои ќе послужат да се напои нежниот цвет на новата љубов. Долго лебдам во некои бизарни состојби, мислите во мојата глава се извици, гласови коишто нежно ми ги обликуваат цртите на љубовта. Чувствувам несмирена возбуда во моите гради. Тагата како да исчезнува. Долгите сивила проткаени низ лавиринтите на мојата исцрпена душа исчезнуваат. Само еден поглед и веќе во мене кулминира едно огромната љубовна фантазија. Целата ме полазува некое чувство на возвишеност, го обзема секој дел од моето тело, ме полазува како морници што лазат. Со секој нов здив прекрасното чувство во мене расте и распламтува, го чувствувам како ме опседнува, како целосно се гушам под неговиот притисок. Немав доживеано толку слатко успокојување, такво слатко патување. Се чувствував како исфрлена од вселената и таму заедно со мојата љубов оставена вечно да пловам низ бескрајот. Се чувствував сè поубаво. Како да бев излезена од своето и пливната во една општа убавина, во која сè беше толку светло, јасно, чисто, отворено и видливо до онаа страна на постоењето. Љубовта во мене одзвучуваше и морав постојано одново да ја откривам. Како да не можев да го фатам нејзиното треперење иако тоа ме имаше обземено и ме држеше со својата моќ. Сето ова долго и божествено ме обземаше. Се почувствував жива. Сфатив дека љубовта ја чувствувам уште од мајчината утроба, љубовта со која се родив, за да возвратам со иста мера и еден ден и јас да ја почувствувам. Долго лутав низ темните ќорсокаци на животот, чувствував како да ми се смеат заљубените, со презир во очите. Но, го жалам оној кој не знае дека љубовта постои во секого, дека таа е клуч за рајот, врата кон животот, дека без неа нема да има ниедно новороденче, ниеден цвет, ниту еден камен. Не се сака само човек, љубовта ја има секој облагороден човек, секој кој носи срце во градите сака нешто. Тоа сакање ги влече конците во животот, тоа е љубовта Живееме, затоа што љубиме. Мртви сме затоа што сме ги изгубиле чувствата. Сето ова што нè опкружува е љубов, сè што диши, чувствува, љубовта е насекаде и секој човек порано или подоцна сфаќа дека тој љуби. Затоа што еднаш некој рекол: „Кога би зборувал на човечки и ангелски јазици, а не би имал љубов, би бил бронза што ѕвони, или прапорец што ѕвечи. Кога би имал дарба за пророштво и да ги знам сите тајни и сите знаења, и кога би ја имал сета вера и планини да би преместувал, 14


а љубов не би имал, ништо не сум.” Љубовта е најголемото богатство што воопшто некој го имал, зашто и кога би го раздала целиот свој имот за исхрана на бедните, а штом љубов немам, ништо не ми помага. Зарем некој не знае дека љубовта е долго трпелива, дека таа не завидува, не се фали и не се гордее. Во љубовта нема припадност, таа никогаш не бара свое и не се лути. Вистинската љубов е таа што заборава и што го простува злото. Таа на сè се надева и сè претрпува. Љубовта никогаш не престанува. Пророштвата? Тие ќе исчезнат! Јазиците? Тие ќе замолкнат! Знаењето? Тоа ќе го снема! Затоа што нашето знаење е несовршено, а нашето пророкување несвршено. Дури сега ја запознавам љубовта, иако сум свесна дека таа понекогаш боли. Пред нејзиниот величествен олтар ги оставам моите солзи како откуп за одговорот „дали некогаш љубовта ќе секне“ .

Исидора Недеска СОУ „Ѓорче Петров“ Ментор: проф. Жанета Видевска

15


Животот на душата Што е животот? Семе кое се вселува длабоко под земјата чувствувајќи го нејзиниот здив. Здив, чиј мирис потсетува на смртта, на вечното страдање и измачување на грешната душа, онаа која одамна и се препуштила на судбината после вечните маки и неправди од суровиот немилосрден живот? Нејзините бескрајни трудови да го достигне правилното, да ја достигне радоста на правдата, да ја докаже вистината, да им се спротивстави на препреките и искушенијата на сатаната, да го скроти злото. Тешко и безнадежно е да се бориш и надеваш засекогаш подоброто утре, да се соочиш со реалноста дека вистината на правдата е поразена од лагата на неправдата, довербата на ближниот е избришана со гумата на неверството, обоена со темнината на мракот, собата каде светлината не продира, шумата каде самотијата те совладува, планината од чиј врв не можеш да се симнеш, кајчето што те носи на крајот на морето, онаму каде човечката нога не стапнува, онаму каде планини не се гледаат туку еден бескраен свет чија патека е неповратна. Во таа осаменост, душата ја чувствува отуѓеноста на човештвото, далеку од корените на лозата своја, сочувствувајќи се со внатрешниот мирно со отсуство на топлината на сопственото огниште. Станува жител на еден изгубен остров, далеку на пуштен и заборавен од денешницата, претворајќи се во ѕвер кој ‘ржејќи со своите заби се бори за своето постоење. Оставен на грижа и негрижа, станува дивјак чиишто размислувања го даваат во бурето на несреќата, не дозволувајќи им на сторените грешки да го опорават неговото срце. Тешко е безнадежно, дури и невозможно совеста на разумот да го разболи, да му ги загризе коските и да го создаде повторно, дозволувајќи им на неговите мисли да се свртат кон спомените и да ја напуштат сегашноста-минатото. Минато – почетокот на животот, времепловот на љубовта, споменарот на детството, потсетник и записничар на нашите спомени, како и голем поткажувач на грешките, сведокот на деновите во кои топлината на срцето згаснала од јачината на ветерот, препуштајќи ја во дланките на секогаш подобрата иднина. Иднина- марамчето што ги брише солзите на минатото, вистина чија мудрост и знаење си жеден да ја испиеш, утеха чија радост и убавина те исполнува, те тера да живееш, да продолжиш понатаму, да допатуваш до целта, да го напишеш најдрагото, да го насликаш она што си го замислил и што е најважно, да созрееш, да бидеш свесен за своите постапки и да станеш човек. Ама за да станеш таков потребно е портата на срцето да се отвори и да се препушти на убавините на добро познатото чувство-љубовта. Само доколку влезеш во нејзиниот свет, светлината на месечината ќе го смири стравот што те совладува во безизлезната шума во големиот самрак, што е најважно те запознава со најголемата радост што ја носи судбината на твојата животна приказна, како и без милоста на канџите што го обвиваат твоето тело, оставајќи го да трепери и да се надева дека ќе преживее и неговите ранети коски ќе заздрават и ќе ја излечат суровоста на големото пеколно разочарување, каејќи се за претходно донесените одлуки како и за послушноста на гласот на своето срце. За жал предоцна е притоа да се навраќаш и да се каеш за старите денови кога безгрижноста и среќата беа наоколу, те штитеа, ти беа потпора и водич кон твојата пропаст. Ах, камо срцето да не го послушаше таа грешна душа што страда и плаче и полека, несвесно се 16


приближува до самиот крај, помирувајќи се дека светот е суров, тежок, немилосрден, опкружен со сенките на онаа што ги расплакува душевните емоции-тагата. Но, што е таа? Дел од љубовните задушувања, убиецот и ловецот на вечно фантазираните цели и соништа, а да фантазираш значи да се самоубиеш и длабоко да ги закопаш коските под студената земја, во прегратките на смртта. Ја губиш волјата да дишеш, да живееш, да постоиш изгубен си и заборавен во длабочините на мислите, чии спомени го најавуваат твоето постоење и фактот дека си жив и присутен со сопственото тело. Но дали душата навистина постои? Дали таа живее? Не, неа смртта одамна ја зеде од сопственото тело и таа веќе не знае за тага и радост, не чувствува ништо, удавена е во бурето на сопствената несреќа, пуштајќи ги дланките на несреќниот живот. Ах, каков е тој живот што само за тага и несреќи знае, запознавајќи го светот на радоста и убавините на среќата на луѓето не обидувајќи се да навлезе во уништените души и да ги разбере, да им помогне и да им подари надеж. Навистина болна е таа душа чија надеж ја губи, а со самото тоа и верата засекогаш подоброто утре. Да се надеваш значи да веруваш, да веруваш значи да победиш, да го достигнеш посакуваното и да ја повратиш самодовербата, нешто што тешко се стекнува а лесно се губи, а што е најважно, ја разгорува претходно изумрената надеж, го разгорува последното жарче пред да се претвори во пепел, го одржува свенатото растение пред да се исуши, ја обновува градбата пред да се урне и да влезе во далеку омразената историја. Историја-настани закопани длабоко во минатото, минато чие сеќавање е заборавено, исчезнато и збришано со марамчето на денешницата, не сакајќи ни името да го и спомне, напротив, желна да ја закопа во страниците на дебелите книги кои сеуште не допрени се гушат од прашините што им ги наметнало времето, горејќи од желба да бидат отворени за да оживеат повторно. За жал големо е очекувањето што го посакуваат. Зарем возможно ли е совеста на душата да го достигне врвот на своето осамостојување, можно ли е нејзиното срце да го пронајде внатрешниот мир во длабоката тишина и да порасне, да созрее и да дозволи внатрешниот глас да ја вразуми, и да ја издигне, но не секогаш посакуваниот подем е причина за успех и гордост, затоа што успехот е загуба, а гордоста е слабост, слабост која ја откоренува самодовербата и верата во себеси, а довербата е најголемата добродетелна душата, најголема храброст и сила против злото, најдобрата утеха и потпора за подоброто утре, живот и благосостојба. За голема жалост, тешко е да се искачиш на врвот каде совршенството се вознесува на небото, напорно е да побегнеш од реалноста во која живееш, реалност која знае што мислиш, што чувствуваш, каде си и што правиш, каде се наоѓаш, во која шума се криеш и во чија вода се криеш и во чија вода се давиш, вода чија моќ и силата влече кон нејзините нишки, во длабочините на мирот, далеку од се, во подножјето на самото дно. Едно време снемуваш воздух и полека, пополека умираш, го губиш сопствениот здив и ѝ се препушташ на својата судбина, се додека не ги отвориш очите и не го видиш чудесниот свет во кој се наоѓаш, напуштајќи го вечното грешен живот.

Автор: Благица Наумова 1-1клас СОУ „Ѓорче Петров“ Ментор: Билјана Тинтоска 17


Моќта на волшебните зборови Светот е создаден за различни дела. Некои од тие дела се добри и лоши. Животот е само патување по една патека со крај. Човекот е избраниот за патот со изненадувања. Ако немало добро, сè ќе било залудно. Доброто е она што не чува. Ако животот е исполнет со добри дела, сè ќе биде совршено. Покрај доброто стои неговиот противник, лошото. Ако знае тој, таа, тие или кој било друг, да се избори со злото, тогаш сите ќе бидат среќни. Денеска во светот постојат различни методи за искажување на доброто. Се приредуваат хумани акции, се донира, наједноставно се донира со добро. Покрај различните хумани акции постои уште едно нешто кое е најбитно. Да се помага со срце и желба и искрено. Ако не е така, тогаш е лажно. Нашите предци уште одамна знаеле да протолкуваат мудри мисли. Дел од тие мудри мисли се: „Јазикот е поостар од сабјата“ и „Добриот збор железни врати отвора“. Инаку денеска во светот добриот збор сè помалку се користи... за жал. Луѓето сметаат дека, ако му се извинат на некого, тогаш паднале многу ниско, што и воопшто не е така. Сите добро знаеме дека ако пофалиме некого со добар збор, со искреност, ќе нè сметаат за човек кој знае што е добро. Моќта која ја има зборот, само добриот го нема никој друг. Зборот може да се спореди со најубавите нешта на светот. Зборот е тука, заедно со говорот кој го искажува учењето и сфаќањето на човекот во целосниот живот. Доволно е само на некого да му речеш „ќе биде добро“, „ова е добро“, „одлично“, „повелете“, „извинете“...На овие зборови им нема крај. Добрите зборови го прават животот полесен и подобар. Секој збор значи. Значи нешто добро, искрено, нешто што некој го мисли. Моќта и волшебноста која ја имаат тие, ја нема никој друг. Затоа сите треба да бидеме свесни што правиме за да животот може да биде исполнет со среќни моменти и за да ти помогне оној на кој ти си му помогнал, за да може да препознаеме кои сме биле ние, кој навистина ги кажал сите тие зборови. Кога ќе можеме да се потпреме на самите себе, кога ќе ја најдеме рамнотежата во нашата душа, тогаш ќе заборавиме на стравот. Добриот збор секоја врата ја отвора. Зборот е клучот на комуникацијата. Само со добрите зборови падовите ќе бидат поретки. На тој начин ќе бидеме подготвени за можностите кои ни пристигаат. Во секој момент ќе можеме да изградиме мостови со луѓето, а не да ги уриваме. Добрите зборови ќе бидат привилегија којашто ќе си ја подариме самите на себе. Ќе ги подариме волшепствата и најголемата моќ на самите себе. Успехот нема да ни биде пречка.

Ангела Римчевска I - 2 СОУ „Ѓорче Петров” -Прилеп ментор: Проф. Жанета Видевска

18


Писмо до самиот себе на 45-годишна возраст Со самото живеење ние, всушност, ја сфаќаме суштината на нашето постоење. Секако, бидејќи сме живи луѓе, грешиме. Што би се случило со човекот и со неговиот живот доколку не греши, доколку се прави како што треба? Па, тогаш не би имало караници, извинувања... Зошто тогаш би постоел судот? Светот би бил идеален, розов, совршен простор за живеење. Но, суштината не е во тоа, туку да знаеш да живееш, да грешиш свесно, бидејќи си среќен додека го правиш тоа! Ти си среќен и свесен за својата грешка, но и за тоа што следува по неа. Честопати се навраќаме на стари спомени, стари работи, разговори, слики и си мислиме: „Каде ми беше тогаш умот, зошто го сторив тоа... Ех, да можам да го вратам времето“. Нели? Жалиме... Жалиме за изгубеното време, за пропуштената шанса, за она што ни се лизнало од рака, а сме го имале на дланка. Тоа е чувство што никој од нас не може да го потисне. Додека сме помали, нашите грешки не се толку значајни и големи, но подоцна е поразлично. Би сакала да постои волшебник кој ќе може да ми ја каже следната грешка, па да можам да ја избегнам... Нели е ова тоа што сите го посакуваме? Но, сето тоа е невозможно... Животот е лавиринт кој нема светлина. Во него треба сами да се снаоѓаме и да си ја најдеме светлината која ќе ни помогне полесно да се справиме со предизвиците. Со тек на време и со самото искуство стануваме помудри, знаеме како да се однесуваме во соодветни ситуации. Сега сме мали и не сме свесни што правиме, затоа и многу повеќе грешиме. Но, секако на малите деца грешките им се простуваат. Да можам да знам што ми следува барем ќе можам да се подготвам за тоа. Но тоа се само празни соништа, ништо од тоа. Се останува на нас самите. Никој не сака да греши, но понекогаш едноставно мора да згрешиме. Некои грешки се судени да се случат за наше добро. За да сфатиме некоја работа или да се смени она нешто во нас што не е добро. Не попусто старите лица се помудри... Нив времето и искуството ги направило мудри и паметни. Токму поради тоа разговорот со нив е наоѓање тајни и добивање важни совети. Кога јас би имала повеќе години отколку сега, многу работи би биле различни. Прво самата јас би била поразлична, првенствено во лицето и ставот, а подоцна и во однесувањето. Не можам да се замислам како личност која кажува што да прават другите, бидејќи многу и не сум заинтересирана што се случува со нивниот живот. Но, сепак доколку ме прашувате сега за иднината, тогаш ќе кажам дека најдобро е да се прави она што не прави среќни, па макар и да е погрешно. За секоја грешка следува казна, но многу подобро ќе биде доколку од таа грешка научиме како да се подобриме бидејќи грешките се дел од животот. Патот до успехот е исполнет со многу препреки кои треба да се пребродат... Тој не е права линија нагоре, во него има и искачување и паѓање, но по секој пад сме посилни и порешителни да си ја постигнеме целта.

19


Би сакала и по многу години да ја имам истата смелост со која денес чекорам низ животот. Секогаш да бидам гордо исправена пред предизвиците на животот. Секој неуспех да ми биде поттик за успех зашто на крајот на краиштата „секогаш по дождот доаѓа сонце“.

Моника Бошковска I-2 СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп Ментор: Проф. Жанета Видевска

Љубов Љубовта е смислата на животот, претставена и сместена во срцето, искажана со чувствата, објаснета со очите, а докажана со устата. Љубовта е славејска песна, испеана на увото на двајца млади, преведена од нивните сништа, а оживеана од разиграните срца. Љубовта е цвет со мирис на лале, таа расти, се развива, расцветува, се суши, но мирисот на неа, никогаш, никогаш нема да исчезне.

Ученик: Филип Иваноски II-3 Ментор: Лидија Ристеска СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп 20


Потрага по нешто убаво Каде се нашите детски насмевки каде се тие невини погледи, каде се тие љубопитни двогледи Каде е среќата што ја имавме каде е заклучена чистата љубов што ја примавме? На кој одмор, на кој излет ние ја заборавивме детската радост за малите нешта? Остана само искривената линија Што сами ја направивме. Кога ние започнавме да ги потценуваме И малите работи да ги обезвреднуваме, кои не правеа среќни? Тогаш кога ние станавме незадоволни Тогаш кога ние започнавме да гледаме на животот со поинаква цел Дали бевме сигурни дека ќе бидеме среќни Дали размисливме дека поинаков е видикот преку вел.

Зошто таму ја заборавивме насмевката зошто олку голема промена не зафати нас? Ние својата ведрина ја оставивме во далечината Насмевката ја заменивме во сериозност. Па нели сакавме зрело да изгледаме пред вас, нели ние не бевме повеќе деца? Не!!! Чекајте малку! Доста е, ве молам... Погрешниве улоги не ги одигравме убаво толку Tоа што сум, навистина сакам да останам!

Атанасовска Јуле III2 клас СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп Ментор Тинтоска Билјана 21


Сонце без зрак Кога го почувствував здивот на среќата, кога завладеав со универзумот, кога блескав повеќе од најсјајната ѕвезда, додека бев неговата месечина, а тој моето сонце, додека бев неговата Елена, а тој мојот Парис, дојде ти. Мрачна како ноќ, злобна како змија, подмолна, бесмислена, убиствена. Го пронајдов патот до себе, а ти ме остави без себе. Посурова од кога било, ја потпиша мојата пропаст. Бликна тага во мене, се изгубив во универзумот, згасна сјајот. Ми ја украде инспирацијата, ми ја уништи перцепцијата, ми ја скрати младоста, ми ја уби душата. Станав сонце без мрак, птица без крилја, песна без чувства, трагедија, уништена дама. Веќе останав сама. Смртта беше желна за живот, а јас за љубов. Смртта беше силна, а јас бев кукавица. Смртта победи, јас те изгубив. Елена Пачешкоска 4-7 клас СОУ ,,Ѓорче Петров” ментор: Жанета Видевска 22


Среќна сум што сум твоја внука дедо!!! Колкава болка може да има во мене, посакувајќи да вратам некого кого го сакам, од другиот свет? Што можам да направам? Ништо не ми преостана освен спомени. Мило ми е што сум негова внука. Мило ми е што барем малку личам на него. Ме научи да зборувам, да пишувам, да цртам, да играм, да готвам, па дури и ме научи што значи љубов. Ќе го однесов во дворот, а тој со него чадор носеше. Двајцата под еден чадор. Иако беше половина накиснат сепак стоеше до мене за да го направи мојот ќеиф. Цело детство ми помина со него. Карти, шах, Не лути се човече, Монопол, Дама... Секогаш беше горд на мене и никогаш не те разочарав. Ти беше мојот ортак, моето се. Кога навечер не можев да спијам, одев кај него, во неговите прегратки. Не одев кај никој друг. Секогаш кога ми требаше некој или нешто, одев кај него. Доволна беше само една прегратка и едно галење по косата и исчезнуваа сите мои маки, тежини. Првата минута од секоја Нова година трчав нему да му честитам, но ете оваа не можев. Ниту Новата година, ниту роденденот. Ајде дедо врати се. Единственото ветување кое не го исполни беше тоа ,,Колку и да сум стар, јас ќе сум првиот што ќе заигра на твојата свадба,,. Ти беше единствениот маж за кој плачев, плачам и ќе плачам целиот мој живот. 30 декември 2016 проклет нека е овој ден што ми те зеде, што повеќе не можам да го почувствувам твојот топол допир, твојот поглед, твојот глас што секогаш ме смируваше. Дедо, не можам да дочекам за повторно да те сретнам на другиот свет. Додека сум овде, ти ветувам, дека се повеќе и повеќе ќе се гордееш на мене, гледајќи ме. Во срцево си и тука ќе останеш засекогаш. ТЕ САКАМ ДЕДО, ТЕ САКАМ ХЕРОЈУ МОЈ, ТЕ САКАМ ОРТАКУ МОЈ.

Автор: Александра Нешкоска 3-1кл. СОУ ,,Ѓорче Петров” Ментор: Билјана Тинтоска

23


,,Сиромаштијата не е пречка да бидам среќна’’ Утрото мрзеливо ја креваше својата завеса, а сонцето љубопитно се појавуваше на сината покривка да разгледа што се се случува наоколу. Започнуваше да се емитува нова епизода од филмот ,,Живот”. Зраците на жолтата топка нежно паѓаа на мојата костенлива коса и мамеа светлина во моите сини очи. Како сенка најпрво ја ставив дланката, и со брз потез го извадов стариот шешир од торбата во која имав пресен леб. Моите нозе беа модри од умор, болката ми беше веќе навика и не ја чувствував толку силно како порано. Денешниот ден не беше ништо поразличен од секој претходен, иако полнев 16 години. За ниеден роденден не сум добила подарок како сите останати деца, но од уморот што го чувствував не бев заинтересирана за подароци. Мислите ми беа насочени на мојата мајка и мамеа насмевка на моето лице, затоа што после 12 часовното берење на валканото злато ќе стапнам дома и ќе ја видам неа. Можеби немав ништо, ја имав мајка ми, имав се. Таа ми беше мотивација во животот, причина што паднав жртва во тинејџерските години, причина за мојот труд и насмевка. Станав аргатка за да можам да се грижам за мојата болна мајка, да носам парче леб во нашиот дом. Еден залак за нас значеше многу и една капка од бунарот беше како една чаша вода. Тивко пристигнав дома, безвучно влегов во собата на мајка ми. Спиеше. Нежно ја погалив по свилената коса и милно ја бакнав на нејзиното меко, избрчкано лице. Мрзеливо се разбуди, а кога нашите погледи се сретнаа започна да рони солзи од очите. Тивко започна да зборува - 16-тиот веќе пристигна? - тешко воздивна додека ги бришеше солзите со ракавот на старата кошула - Да, мамо - изговорив тивко. Топло ме фати за раката. Исто како дете што држи гулаб во своите раце и го милува неговото крзно, така таа ја милуваше мојата рака. Мајка ми продолжи со тивко липање: - Косара, мила моја ти си мојата прва и единствена радост, и си мојата причина за која живеам. Се трудев навистина се трудев да ти овозможам удобен живот, но, и сама ја гледаш нашата ситуација... Започнав и јас да плачам, солзите се слеваа една по една како извор што извира од моето срце. -Немаштијата е болна ќерко моја, секој ден срцето ми се распарчува кога те гледам како секојдневно работиш. 24


Ги бришеше солзите и силно ја стегаше мојата рака. -Се чувствувам неспособна, злобна мајка... Ти заслужуваш многу, но јас немам роденденски подарок... Се прашував зошто го кажува ова, како да не знае дека таа е мојот најголем подарок, како да не знае колку ми значи. -Не мамо ! –извикав-Ти си мајка каква што секој посакува, ти си мојот подарок, твојата насмевка и твојот поглед. Не ме прават среќна никакви подароци од материјал, ти си ми дефиниција за среќа ти си моето се! Мојата мајка замислено ме слушаше, ја крена главата и ги избриша солзите. Се насмевна како некогаш кога јас бев мало девојченце и силно ме прегрна. Таа ми го даде најскапиот подарок што нема рок на траење и нема цена. Го добив нејзиното срце и нејзината искрена прегратка, а што е поскапо од нив?

Автор: Настеска Ивана l-1кл. СОУ ,,Ѓорче Петров” Ментор: Билјана Тинтоска

25


Убавина Носијава и плотта на земјата македонска, во распеаните струни на свежината, убава како младост, овековечена, воспеана. Еј, ти земјо македонска, закитена со македонска гиздавост заклучена во нашите срца и однадвор и одвнатре, исто како љубовта облечена во руба на сиромаштија. Твоите наследници, на убавиот македонски говор, на богатата ризница дијалекти во која ги одбројуваме миговите, ги успокојуваме доблестите, ги нишаме јаловите чувства на љубовта спрема тебе, од нескршливиот пат на молитвеникот од срцето. Еј, ти земјо македонска, која ги исцрта меѓите на нашето постоење. Мижуркаме, а сепак сведоци на македонската утринска рожба, прочистена од туѓи пиреи.

Автор: Ајлин Дурмоска СОУ ,,Ѓорче Петров” Ментор: Билјана Тинтоска

26


Почитувани читатели на ИНФО СЕГА! По повод одбележувањето на 21ви февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА ги повика младите од СОУ Ѓорче Петров да земат учество на ИНФО СЕГА конкурсот на тема “Одржливо идно повеќејазично образование” и зборовите од нашиот мајчин јазик, да ги испреплетат по нивна желба на слободна тема и да го креираат нивниот есеј, расказ, драма, поема и слично со кој ќе учествуваат на истиот. Овој конкурс имаше за цел да се поттикне потенцијалот на младите да пишуваат и да се изразат преку зборови. На 21ви февруари, 2017 “Меѓународниот ден на мајчиниот јазик”, Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА, во просториите на Библиотеката на СОУ Ѓорче Петров – Прилеп го прослави овој ден, преку настанот “Одржливо идно повеќејазично образование!”. Настанот беше посетен од ученици, професори по македонски јазик и ЕВС волонтери на Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА. На конкурсот учествуваа 17 литературни творби, кои беа оценети од тричлена комисија (професор по македонски јазик и двајца претставници од ИНФО СЕГА) според критериумот литературно дело кое испраќа најдобра порака до младите. 3те Најдобри литературни творби (од вкупно 17) беа наградени со книги и сертификати, а од сите испратени творби кои учествуваа на овој конкурс направена е оваа online збирка со литературни творби и истата ќе биде поставена на веб страните на ИНФО СЕГА и на веб страната на СОУ Ѓорче Петров Прилеп. Најдобрите и наградени дела кои учествуваа на ИНФО СЕГА објавениот конкурс за литературни творби “Одржливо идно повеќејазично образование” се: • • •

Прво место - Ивана Настеска I-1 клас – „Сиромаштија не е пречка да бидам среќна” Второ место - Ангела Римчевска I-2 клас – „Моќта на волшебните зборови” Трето место Николче Мојсоски II-2 клас – „Бескрајност”

Голема благодарност до СОУ Ѓорче Петров кои несебично соработуваа со нас и учествуваа на овој конкурс, исто така голема благодарност до професорите по македонски јазик. Се надеваме дека оваа збирка ќе го привлече Вашето внимание и дека ќе можете да процените колку е голем потенцијалот на нашите млади кои создаваат литературни дела. Со почит, Тимот на ИНФО СЕГА!

27


За ИНФО СЕГА Прилеп! Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА е проект кој што го спроведува Коалиција на Младински организации СЕГА, а е финансиран и поддржан од Агенција за Млади и Спорт на Република Македонија и Локална Самоуправа Прилеп. Отворен е на 30 мај 2010 година. Основна цел е обезбедување и ширење на информации, давање на совети, испорачување на обуки и едукации од различни области од животот на младите луѓе. Преку функционирањето на ИНФО СЕГА младите ќе бидат информирани за Младинското информирање, вработување, професионална ориентација, стипендии и образование, обуки, семинари и работилници, волонтирање и ЕВС (Европски Волонтерски Сервис), советување. ИНФО СЕГА својата работа ја базира на следните програми: • • • • • • •

Младинско информирање Вработување Професионална ориентација Стипендии и образование Обуки, семинари и работилници Волонтирање и ЕВС Советување

Услуги: • •

Директни, телефонски и online услуги за советување Достапни информации на Web страната

Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА Ул. “Питу Гули” бр.6 7500 Прилеп Телефон: 048-529-486 Мобилен: 070308746 email: marice@infosega.org.mk infosega@infosega.org.mk web: www.infosega.org.mk

Работно време: 09.00 – 16.00 часот

28


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.