Датум: 11.01.2017 Издание 1
СОДРЖИНА
Што е Twitter?
3
За што можи да се користи Тwitter?
4
Како да започнете со Twitter?
5
Како да се рекламирате преку Twitter?
8
Како да бидете успешни во компанијата на социјалните мрежи?
9
Како да станете популарни на Twitter?
11
Неколку едноставни совети како да стaнете влијателни на Twitter.
12
Како да добиете поголем број на следбеници на Twitter?
15
Неколку интересни објавени факти на Twitter.
17
Твитер e бесплатна услуга, која нуди можности за изразување, комуникација и вмрежување. Сè се базира на следење на корисниците и микротекстовите, ограничени на 140 карактери (вклучувајќи празни места / простори). Се што ќе напишете се наоѓа на вашиот профил и тоа е евидентно за твоите пријатели. За почетниците лимитот од 140 карактери главно звучи ограничувачки за изразување и комуникација, но токму ова ограничување е една од најголемите предности на Твитер. Твитер е место за да дознаете што се случува во светот во моментов. Без разлика дали сте заинтересирани за музика, спорт, политика, вести, познати личности, или секојдневни моменти дојдете на Твитер да видите и да се приклучите во се она што се случува сега.
ШТО Е TWITTER? 3
Вести и политика: Гледајте најнови локални и глобални вести, политички настани и нивните расплети, и учествувајте во заедници и социјални движења. Спорт: Гледајте Олимписките игри, се во реално време ажурирано, гледајте што играчите ѕвезди имаат да кажат, поврзете се со фанови од целиот свет. Поп-културата: Погледнете што вашите омилени познати личности постираат на Твитер и приклучи се во нивниот разговор.
ЗА ШТО МОЖИ ДА СЕ КОРИСТИ TWITTER?
Влијателни личности: Дознајте што мислат лидерите и експертите во вашата индустрија и поврзете се со творци, уметници и познати личности.
4
Микроблогинг сервисот Twitter за многумина се уште е непозната и чудна социјална мрежа во која нема фотки и лајкови, а има ограничен простор за пишување односно само 140 карактери. Ако на тоа се додадат и термините како ретвит, хаштаг или разните фрази што циркулираат низ мрежата, за секој почетник, Twitter изгледа како нејасна листа на статуси што постојано се движи. Да одиме со основите, па можете да почнете со Twitter. Tweet: Сето тоа започнува со твит. Се придружите или започнувате било каков разговор во светот со едноставен твит. Твитот е статус со должина од 140 знакови, во форма на текст, фотографија или видео.
КАКО ДА ЗАПОЧНЕТЕ СО TWITTER?
Retweet: Погледнете нешто ви се допаѓа, или не ви се допаѓа? Одговорете со Ваша реплика. Retweet значи да се рашири зборот, односно да се додате краток коментар на веќе објавен твит. Тоа е порака пратена од друг user.
5
Follow: Ви се допаѓа она што го гледате? Направете follow и следете членови за да ги гледате сите нивни Tweets. Follower или следбеник е корисник на Твитер кој одлучил да ве додате во неговата листа, што значи дека Вашите содржини се интересни за него. Сите Ваши постови се објавуваат на неговиот Timeline.
КАКО ДА ЗАПОЧНЕТЕ СО TWITTER?
Timeline: (времеплов) е дел од профилот на Твитер на кој се појавуваат tweets на оние профили, кои сте одлучиле да ги следите. Твитовите се подредени по хронолошки редослед во временската линија, така што секогаш ќе се појавуваат прво најновите, освен во два случаи: спонзорирани твитови и во “додека сте биле надвор”, каде што ќе ги видите најпопуларните твитови во периодот додека сте биле далеку од Твитер. Mention: (спомнување) тоа е твит во кој директно се обраќате на друг корисник. Твитот го користи корисничкото име до кого е испратен и започнува со @.
6
Search: Се прашувате за нешто? Пребарувајте и следете ги разговорите што се одвиваат во живо.
КАКО ДА ЗАПОЧНЕТЕ СО TWITTER?
Hashtag: Кликнете на хаштаг (#) и ќе ги најдете сите твитови кои зборуваат за таа работа која ви е потребна на истото место. Хаштаг е клучен збор во твитот што се користи за група твитови од истата предмети, истата моќ, истите теми итн. Хаштагот почнува со посебен симбол #. Со креирање на хаштагот луѓето се обидуваат да се создаде тренд во нешто што е важно за нив, нешто со што тие сакаат да се поттикне комуникацијата со другите луѓе кои се активни, па дури и влијателни на Твитер. Со кликнување на хаштаг во твитот се отвора нова страница во која се наведени сите твитови кои го содржат хаштагот. Оваа поврзаност и групирање твитови нуди можност за следење на различни теми, настани и групирање на вашиот tweet околу определени клучни зборови.
7
Социјалните медиуми се една од најмоќните алатки за бизнисите и брендовите од различни индустрии кои сакаат да ги промовираат своите понуди. Тwitter објави платформа за рекламирање:
КАКО ДА СЕ РЕКЛАМИРАТЕ ПРЕКУ TWITTER?
„Promoted Tweets се обични твитови кои бизнисите и организациите сакаат да ги прикажата на таргетирана и поширока група на корисници.“ вели Биз Стоун, еден од основачите на Twitter. Сервисот ќе наплаќа после 1.000тa импресија на еден твит и ќе продава реклами според клучните зборови во пребарувањето. Но платформата ќе прави преглед на рекламите и ќе ги оценува според, како што тие го нарекуваат, „resonance score“. Ова значи дека платформата ќе ги рангира твитовите според тоа колку пати е ретвитана пораката, колку импресии има и колку клика има. Од тоа ќе зависи дали рекламниот твит ќе продолжи да биде реклама или не. Twitter од пред околу две години овозможува и видео реклами! Видео рекламите на Twitter ќе бидaт поставени под твитот со сино копче „play“, кое доколку го кликнете ќе започне видеото – што значи дека нема автоматски да се вклучи додека ги читате твитови. Twitter ќе им наплаќа на компаниите кои ќе се рекламираат на овој начин од преглед на видео, односно ќе им биде наплатено за секој корисник што ќе го кликне и пушти видеото.
8
Доколку сакате Вашиот Твитер профил да функционира успешно и да имате добра комуникација на социјалните мрежи постојат некои закони кои треба да ги следите:
КАКО ДА БИДЕТЕ УСПЕШНИ ВО КОМПАНИЈАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ?
1.Правило на слушање: проучете за што пишуваат и со што се бават Вашите следбеници, односно научете што за нив е важно, така ќе можете да пишувате информации кои ќе бидат интересни за следбениците, а поврзани со Вашата дејност. 2.Правило на внимание: најдобро би било да си одредите една целна група на која ќе се фокусирате и ќе се трудите да го задржите нивното внимание. 3. Правило на квалитет: секогаш е подобро да имате квалитет, отколку квантитет. Понекогаш можете да имате и 10.000 следбеници но голем број од нив да се неактивни. Затоа е подобро да имате 1.000 следбеници, но активни, оние кои ќе ги читаат, коментираат и споделуваат Вашите содржини. 4. Правило на трпение: успешен профил не се ствара преку ноќ, за тоа треба време и трпение. 5. Правило на мешање: ако објавувате интересни и квалитетни содржини, Вашите следбеници ќе ја споделуваат таа содржина како на Твитер, така и на другите социјални мрежи. Така колку посилно е Вашето присуство, толку поголема е веројатноста Вашата институција да се покажува се почесто при пребарување.
9
6. Правило на влијание: поврзете се со што повеќе влијателни луѓе/профили кои имаат голем број на следбеници. Доколку тие споделат Ваши содржини голема е веројатноста голем број профили да ја видат таа содржина и да ве побараат.
КАКО ДА БИДЕТЕ УСПЕШНИ ВО КОМПАНИЈАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ?
7. Правило на признавање и достапност: не објавувајте содржини еднаш и потоа да исчезнете. Бидете достапни за Вашата публика секогаш и влегувајте во дискусии со нив. Не ги игнирирајте луѓето. 8. Правило на реципроцитет: не очекувајте некој да ја споделува својата содржина и приказна за вас, ако не го сторите истото за нив. Значи, одвоите време на споделување на содржина интересна од оние кои се заинтересирани за вас.
10
Истражувачите од Georgia Institute of Technology од Атланта ги анализирале најпопуларните твитови и откриле што точно “пали” и на што најмногу се фаќаат нови следачи. Истражувањето покажало дека најуспешните твитерџии објавуваат добро срочени и позитивни твитови, често ги спомнуваат своите пријатели, користат хаштагови и имаат профил исполнет со основните податоци.
КАКО ДА СТАНЕТЕ ПОПУЛАРНИ НА TWITTER? 11
Запознајте ја својата публика
НЕКОЛКУ ЕДНОСТАВНИ СОВЕТИ КАКО ДА СТАНЕТЕ ВЛИЈАТЕЛЕН НА TWITTER
Истражувањето спроведено на 500 твитерџии во текот на 15 месеци, покажало дека најдобрите твитерџии биле оние кои во своите постови се обраќале кон некоја конкретна личност. Тоа покажува дека твитовите кои се општи и не се наменети за никого посебно, не се доволно интересни. Но, ако во своите твитови го спомнувате пријателите или следачите, им одговарате на нивните твитови или ги ретвитате, бројот на луѓе што ве следат значително ќе се зголеми. Пишувајте за релевантни работи Ако пишувате само за себе и за она што ви е само вам важно, тешко дека ќе привлечете внимание од останатите. Најголем број на следачи имаат оние твитерџии кои пишуваат за работите кои ги засегаат пошироките маси. Без разлика дали коментирате актуелни вести, проблеми со кои се соочувате во секојдневниот живот или едноставно сакате да препорачате некој филм, албум или книга, вашите твитови ќе бидат поинтересни ако темите за кои пишувате се позастапени и ги засегаат и останатите луѓе.
12
Внимавајте како пишувате Поради форматот Twitter има одредени правила, но ограничениот број на карактери не го оправдуваат лошото срочување на речениците или занемарувањето на граматиката.
НЕКОЛКУ ЕДНОСТАВНИ СОВЕТИ КАКО ДА СТАНЕТЕ ВЛИЈАТЕЛЕН НА TWITTER
Резултатите од истражувањето на покажуваат дека најмногу внимание привлекуваат твитовите кои биле едноставни за разбирање и добро напишани. Имајте во предвид дека сарказмот или иронијата, кои се забележуваат со тонот на гласот, не се разбираат добро преку пишани пораки, па мора да компензирате за тоа со начинот на кој ќе ги пишете работите. Бидете позитивни Твитерџиите кои постојано се жалат на нешто или постојано критикуваат, нема да најдат многу поддршка од останатите во заедницата. Од друга страна оние кои твитаат позитивно, интересно и духовито многу брзо стекнуваат нови следачи.
13
Користете хаштагови Хаштаговите овозможуваат пребарување според една тема, па ако твитате за нешто што е актуелно и користите хаштагови, твитовите ќе можат да ги прочитаат и оние што подоцна ќе се вклучат во твитањето. Покрај тоа, самиот хаштаг може да се користи и како дополнителна поента на крајот на твитот.
НЕКОЛКУ ЕДНОСТАВНИ СОВЕТИ КАКО ДА СТАНЕТЕ ВЛИЈАТЕЛЕН НА TWITTER
Исполнете го својот профил Оние корисници кои имаат во целост исполнет профил оставаат добар впечаток бидејќи другите корисници гледаат дека станува збор за вистинска и нормална личност, а не за некој пациент. Се разбира, тоа не значи дека треба да им ги оставите телефонскиот број и адресата, но можете барем да откриете во кој град живеете, со што се занимавате или кои се вашите интереси.
14
Доколку сте заинтересирани за користење на Twitter во бизнис цели, сигурно сте прочитале бројни статии за тоа. Но, еве еден интересен начин како да се привлечат поголем број следбеници:
КАКО ДА ДОБИЕТЕ ПОГОЛЕМ БРОЈ СЛЕДБЕНИЦИ НА TWITTER?
Да претпоставиме дека Вашиот портал одбележува годишнина од неговото постоење. Како и претходните години организирате некоја мала прослава со Вашите вработени и притоа прикачувате слики за да ја споделите целата атмосфера со следбениците. Оваа година променете го тоа и наместо слики за Вашите следбеници организирајте наградна игра. Најпримамлива награда сите знаеме дека е smart телефонот. Објавете ја наградната игра десетина дена пред роденденот и шернувајте ја се до последните три дена. Во последните дванаесетина часа од наградната игра објавете на кој начин може да се освои наградата. Направете некој квиз во кој може да учествуваат сите оние кои имаат повеќе од 10 следбеници. Зошто е битно ова? Бидејќи сакаме да бидиме сигурни дека сите кои учествуваат се активни корисници на Twitter и активно ќе ја следат нашата твитер страница. Објавете неколку прашања и бодувајте според брзината со која ќе бидат одговорени и на тој начин ќе стигнете до победникот.
15
Одговорите нека се пишуваат со #хаштаг, бидејќи така сите учесници ќе можат да следат по кој редослед е одговарано, а #hastag е дефинитивно најтранспарентна опција за тоа. Каков е ефектот од ваквиот начин на привлекување следбеници? Сигурно за многу кратно време ќе добиете многу повеќе следбеници од колку вообичаено, но мора да знаете дека некои од нив (мал број, но и тоа ќе се случи) по завршетокот на играта ќе престанат да ве следат.
КАКО ДА ДОБИЕТЕ ПОГОЛЕМ БРОЈ СЛЕДБЕНИЦИ НА TWITTER? 16
Голема е веројатноста дека најпрво на Twitter се читаат вестите што се случуваат било каде на планетата, но и да се дознаат информации што од оваа или онаа причина нема да бидат објавени од страна на медиумите. Претседателот на Турција, Абдула Ѓул и на Венецуела Хуго Чавез од болница преку Твитер го известуваа светот дека се добро. Најпрво на Твитер е објавена дури и веста за апсење на нарко бос. На Твитер се пренесуваат во живо натпревари, глобални настани, па дури во живо се пренесуваше операција на мозок проследена од 14 милиони луѓе.
НЕКОЛКУ ИНТЕРЕСНИ ОБЈАВЕНИ ФАКТИ НА TWITTER
Њујорчани прочитале твит дека на источната обала има земјотрес 30 секунди пред да се почувствува. Информацијата за смртта на Осама бин Ладен е објавена на Твитер 23 минути пред официјалните вести, до тогаш, имало вкупно 19 твитови. Значи Твитер отсекогаш бил место каде што вестите се шират толку брзо, што е една од причините за неговото зголемување на употребата. Предизвикот сега е како помеѓу 500 милиони твитови дневно да се најдат оние вистинските кои можат да бидат од корист за медиумите. Вистина е дека Твитерот има дупло помалку корисници од Facebook, но начинот на кој функционира Твитер е многу покорисен за новинарите, кои постојано треба да бидат информирани. Сите оние кои ги пратиш се твои дописници, информатори.
17
/infosega www.twitter.com/infosega Овој Прирачник „Како до успешен Twitter профил“ е изработен од Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА – Прилеп, со цел да се зголеми користењето на Twitter, како алатка за информации од секаков вид. Се надеваме дека ќе ви помогнавме да го направите Вашиот профил што е можно повеќе популарен.
@infosega infosega.org.mk