Имајќи предвид дека некои круцијални работи и проекти ги нема во ниедна предизборна програма, во ниедно промотивно видео или излагање пред јавноста, не само на овие локални избори, туку и претходно, решив да направам еден сублимат од нештата кои му се потребни на Охрид, ако тргнеме од неговата историска важност, како културен и просветителски центар, дом на многу цивилизации, како регион од особено значење како светско природно наследство. Поделени во неколку категории, овие предлози треба сериозно да се разгледаат од идните советници и градоначалник.