Географија

Page 1

Вселена

и вселенски тела изработил:

Горјан Николовски, дипл. проф. по географија


ВСЕЛЕНА 

Зборот вселена доаѓа од грчкиот збор cosmos или латински universus. Во терминологијата на физичката космологија, вселената се смета за конечен или бесконечен временски простор во кој е сместена целата материја и енергија.

Најважен резултат на физичката космологија е сознанието дека вселената се шири. Од таму потекнува и теоријата за “големата експлозија” која е денес преовладувачки модел на вселената. Проучувањето на вселената денеска научниците го вршат со помош на телескопи, сонди, вештачки сателити, ракети, вселенски бродови, идр.

Врз основа на податоците добиени од една сонда на НАСА, староста на вселената, почнувајќи од “големата експлозија” се проценува на околу 13,7 милијарди години со можна грешкa од околу 1% (± 200 милиони години).


ГАЛАКСИИ 

Галаксиите се основен елемент на вселената. Тие претставуваат огромни пространства во кои се наоѓаат голем број на ѕвезди, планети, комети, астероиди, црни дупки и останати небесни тела кои што заедно во галаксијата ротираат околу една заедничка точка позиционирана во самиот центар на галаксијата, каде што бројот и масата на ѕвездите е најголем. Галаксиите според обликот можат да бидат спирални, елиптични и неправилни. Една галаксија во просек брои околу 200 до 500 милијарди ѕвезди, чија големина варира од мали џуџиња до црвени суперџинови. Галаксијата во која ние се наоѓаме се нарекува Млечен Пат.


Млечен Пат 

Млечен Пат (на латински Via Lactea), е спирална галаксија која припаѓа на локалната група на галаксии во нашиот универзум. Иако Млечен Пат е само една од милијардата галаксии кои егзистираат во познатиот универзум, галаксијата е од особено значење за човештвото и е дом на нашиот Сончев систем. Терминот „Млечен“ потекнува од лелеавата бела светлика која се простира над земјината атмосфера, видлива од Земјата. Светлината е создадена од сјајот на сите ѕвезди во оваа галаксија, која е најсветла во делот каде што е соѕвездието – Стрелец, кон галактичкиот центар. Ѕвездите во Млешниот пат се групирани во 88 соѕвездија. Најпознати се: Големата и Малата Мечка, Бик, Лав, Лебед, Стрелец, Андромеда, Орион, Риби, идр.


Млечен Пат Главниот диск на галаксијата е широк меѓу 80.000 и 100.000 светлосни години во дијаметар, и околу 1000 светлосни години во дебелина. Се претпоставува дека галаксијата Млечен Пат содржи меѓу 200 и 300 милијарди ѕвезди. 

Старост - Староста на галаксијата се претпоставува дека е 13,6 милијарди години, или врсник на нашиот универзум. Овие бројки се базираат врз истражувања во 2004, кои ги спроведе тим на реномирани астрономи.


Ѕвезди Ѕвездите претставуваат гасовити небесни тела во кои преку процес на нуклеарни реакции доаѓа до ослободување на огромни количества на топлотна и светлосна енергија, која се зрачи во просторот. Типови на ѕвезди

 

-Џинови (достигнуваат 70.000 ̊С површинска температура) -Џуџиња (достигнуваат 8.000 ̊С површинска температура) Најблиска ѕвезда до Земјата е Сонцето кое спаѓа во групата на мали ѕвезди или џуџиња Сите ѕвезди кои се гледаат на небесниот свод припаѓаат на ист ѕвезден систем кој се вика Галактика или Млечен Пат.


Сонце и Сончев систем


Сонце 

Сонцето е единствената ѕвезда во Сончевиот Систем и аналогно на тоа најблиска до Земјата, која ни ги дава основните услови за живот. Сонцето припаѓа на групата мали ѕвезди, има пречник од 1.391.000 км. и во него се наоѓаат 99% од материјата во Сончевиот Систем. Температурата во јадрото, каде се одвиваат сите нуклеарни реакции на создавање на водород и хелиум, достигнува до 15 милиони °С, додека температурата на светлиот површински слој на Сонцето наречен фотосфера изнесува 5.500 °С. Короната

претставува надворешниот атмосферски слој на Сонцето каде од внатрешноста на Сонцето, преку хромосферата (внатрешната сончева атмосфера) се исфрлаат големи млазови на лава. Короната е видлива од Земјата само за време на целосно затемнување на Сонцето. Сонцето се состои главно од а) Водород (74% од неговата маса или 92% од волуменот) и б) Хелиум (24% од неговата маса или 7% од волуменот) Волуменот на Сонцето е за 1,300,000 пати поголем од оној на Земјата, додека сончевиот полупречник е за 109 пати поголем од земјиниот


Сончев систем Во сончевиот систем има 8 планети и 4 џуџести планети. Планетите се поделени на: ВНАТРЕШНИ планети (оние блиску до Сонцето, како Меркур, Венера, Земја и Марс – или уште наречени планети од Земјин тип кои се цврсти, со карпеста површина и со релативно мали пречници) НАДВОРЕШНИ планети (џиновските планети Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун – или уште наречени планети од Јупитеров тип кои се гасовити планети со големи пречници)


Планети Во сончевиот синстем има 8 планети и тоа: - Меркур - Јупитер - Венера - Сатурн - Земја - Уран - Марс - Нептун - Плутон, Церес, Хаумеа, Макемаке и Ерис се сметаат за

планети – џуџиња и истите, освен Плутон нема да бидат подетално обработени


Меркур Меркур е најблиската планета до Сонцето. Неговата орбита има изразен елипсоиден облик. Kога се наоѓа во точката кога е најблиску до Сонцето (перихел), тој е оддалечен 46 милиони киломерти, а кога е во најоддалечената (афел), оддалечен е 70 милиони километри. Просечната оддалеченост од сонцето е 58,2 милиони километри. Според големината, Меркур е најмала планета. Пречникот му е 40% од Земјиниот, односно за 40% поголем од оној на Месечината и изнесува 4880 км. Меркур нема атмосфера. Дневната температура на површината на Меркур е над 400 °С, а ноќе може да падне до -183 °С. Големите дневни температурни варијации се резултат на фактот што Меркур се наоѓа многу близу до Сонцето, како и поради фактот што едно деноноќие на Меркур трае цели 176 денови, односно дури два пати повеќе од годината на Меркур, која трае 88 денови.


Меркур Мисии на Меркур Меркур досега е посетен од две летала. Првото е Маринер 10, кое во текот на 1974 и 1975 три пати пролета покрај планетата. Успеа да сними 45% од површината, процент кој до денес не е зголемен заради блискоста на Меркур до Сонцето, што го отежнува неговото фотографирање. Месенџер (MESSENEGER) леталото е второ, и тоа за време на пролетувањето на 14 јануари 2008 сними 30% од површината, а уште еднаш помина покрај Меркур во 2009 година, по што ќе следи влегување во орбита во 2011, кога и се планира да сними карта на целата површина од оваа планета.


Венера Венера е втората по близина планета до Сонцето и околу него орбитира секои 224,7 земјини денови. По Месечината, Венера е вториот најсјаен објект кој може да се види на ноќното небо. Максималната видливост планетата ја има пред изгрејсонце и малку по зајдисонцето. Затоа често се именува како утринска ѕвезда или ѕвезда вечерница. Венера е една од четирите терестријални планети, што значи дека исто како и Земјата таа е камено тело. Во големина и маса е приближна како и Земјата и често се идентификува како нејзина сестра близначка. Дијаметарот на Венера е само 650 km помал од оној на Земјата и изнесува 12.100 км, а нејзината маса е 80% од земјината. Сепак има голема разлика во атмосферите на двете планети. Атмосферата на Венера е исполнета со јаглерод диоксид, за разлика од онаа на Земјата.


Венера

Венера е многу топла бидејќи сета топлина што ќе ја прими од сонцето не оди нагоре, туку се собира во атмосферата. За тоа зборува прикажаната слика.

Венера од Сонцето е оддалечена околу 108,2 милиони km. Просечната температура изнесува 480°C. Венера има најдолга ротација од сите планети во Сончевиот Систем. За да помине едно деноноќие на Венера, потребни се дури 243 земјини денови. Венера нема природни сателити. Вулканските рамнини ги сочинуваат 80% од површината на Венера. На Венера се пратени неколку летала, меѓу кои: Маринер (неколку мисии), Пионир, Месинџер, Магелан идр. Првите мисии на овие летала беа безуспешни.


Планета Земја Земјата, уште позната како Планета Земја или Terra на латински, е третата планета од Сонцето и петта најголема планета во нашиот Сончев систем. Таа е најголема од планетите што му припаѓаат на внатрешниот појас, како и единствена планета на која е научно потврдено дека постои живот. Земјата има елипсовидна форма, поради малата сплесканост на половите и испакнатост на екваторот, која е резултат на Земјината ротација Планетата се формирала пред околу 4,57 милијарди години заедно со нејзиниот единствен природен сателит, Месечината. Земјата има дијаметар од 12.753 км, а просечната оддалеченост од Сонцето изнесува 149,6 милиони километри. Кога е најоддалечена од Сонцето (152 милиони километри), велиме дека Земјата е во афел, додека кога Земјата при својата револуција е најблиску до Сонцето велиме дека е во перихел (147 милиони километри).


Планета Земја Површина: 510 милиони км². Волумен: 1083 милијарди км³ Маса: 6 × 10 24 kg Обем на Земјата по екватор: 40.076 km. Обем на Земјата по меридијан: 40.009 км. Земјината атмосфера е составена од 77% азот, 21% кислород а остатокот отпаѓа на траги од аргон, јаглерод диоксид и вода. 71% од Земјината површина е покриена со вода, додека останатите 29% се прекриени со континентални копнени блокови. Земјата има еден природен сателит Месечината


Земјина револуција и ротација

Периодот потребен Земјата да изврши една комплетна револуција околу Сонцето изнесува 365,25 денови, колку што трае и една тропска година. Времето потребно за Земјата да изврши една комплетна ротација околу својата оска изнесува 24 часови или еден ден. Притоа Земјата движејќи се околу својата замислена оска околу Сонцето е наведната кон рамнината на еклиптиката под агол од 23,5° што доведува до појава на четири изразени годишни времиња: пролет, лето, есен и зима.


Земјина револуција и ротација Пролетта започнува на 21ви Март (пролетна рамнодневница) Летото започнува на 21-ви Јуни (летна долгодневница) Есента започнува на 23-ти Септември (есенска рамнодневница) Зимата започнува на 22-ри Декември (зимска краткодневница)


Последици од движењето на Земјата 

Нееднаква должина на деноноќието како резултат на наведнатоста на Земјата кон рамнината на својата еклиптика под агол од 23,5˚. Поради тоа (а во зависност од моменталната положба на Земјината еклиптика во однос на Сонцето) доаѓа до појава на нееднакво осветлување на двете полутопки. Кога сончевите зраци привидно паѓаат под прав агол над Земјиниот екватор, велиме дека тоа е рамнодневница (на северната полутопка постојат пролетна, на 21-ви Март и есенска, на 23-ти Септември). Тогаш денот и ноќта насекаде траат подеднакво – 12 часа. Кога сончевите зраци привидно паѓаат под прав агол над северниот повратник (кој се наоѓа на 23,5˚ северна географска ширина), тогаш денот е најдолг на северната полутопка, а е најкус на јужната. Тогаш започнува летото на северната полутопка. Кога сончевите зраци привидно паѓаат под прав агол над јужниот повратник (кој се наоѓа на 23,5˚ јужна географска ширина), тогаш денот е најдолг на јужната полутопка, а е најкус на северната. Тогаш на северната полутопка започнува зимата.


Топлински појаси на Земјата 

 

Сонцето подеднакво не ги загрева сите делови на Земјата. Загревањето е најголемо каде што Сончевите зраци паѓаат под прав агол (екваторот), а најмало е околу половите каде сончевите зраци паѓаат под многу остар агол. Разликуваме 5 топлински појаси: еден жежок, два умерени и два студени. Жешкиот појас се наоѓа меѓу двата повратника (23,5˚ северна географска ширина и 23,5˚ јужна географска ширина), каде што Сонцето привидно се движи во текот на целата година. Во овој појас просечните годишни температури на воздухот се над 25˚С. Овде постои само едно годишно време – лето. Двата умерени појаси се наоѓаат меѓу северниот повратник и северниот поларен круг (на северната полутопка), и помеѓу јужниот повратник и јужниот поларен круг (на јужната полутопка). Овде температурите на воздухот се пониски, поради нееднаквото загревање и нееднаквата должина на денот и ноќта. Овде се јавуваат изразити 4 годишни времиња. Двата студени појаси и на двете полутопки ги зафаќаат областите блиску до Северниот и Јужниот пол. Овде сончевите зраци паѓаат под многу остар агол и најслабо ја загреваат Земјината површина. Во овие појаси големи површини се под вечен снег и мраз. На половите 6 месеци е ден, а 6 месеци е ноќ.


Месечина Месечината е единствениот природен сателит на Земјата која нема атмосфера па затоа брзо се топли и лади. Просечната оддалеченост на Месечината од Земјата е 384,000 км и како природен сателит таа ротира околу себе и околу Земјата, а заедно со неа и околу Сонцето. Месечината има пречник од 3474 км или нешто над ¼ од Земјиниот. Месечината ја обиколува Земјата во период од 27 дена, 7 часови и 43 минути, а многу чудно е што токму овој период и е потребен на Месечината да се заврти еднаш околу својата оска на ротација, поради што од Земјата постојано ја гледаме само едната страна на Месечината, додека другата останува во вечен мрак за нас.


Месечина Температурните варијации се големи и се движат од -120°С кога е ноќ, до +160 °С кога е ден (денот и ноќта траат по 14,5 денови). Oбвивката на Месечината е рапава и е полна со дупки. Тие дупки ги прават астероидите кои удираат во неа. Месечината засега е единственото небесно тело на кое стапнал човекот. На 20 јули 1969 год, космонаутите Нил Армстронг и Едвин Олдрин, со космичкиот брод „Аполо 11“ први стапнаа на површината на Месечината.


Месечеви мени

Како резултат на различната положба на Месечината во однос на Сонцето и Земјата доаѓа до појава на т.н. Месечеви мени, односно до различен степен на осветленост на месечевиот диск, гледан од Земјата. Во просек на Месечината и се потребни 29 дена, 12 часа и 44 минути за да го комплетира целиот циклус на месечеви мени. Разликуваме: • млада месечина (кога Месечината се наоѓа меѓу Земјата и Сонцето) • прва четвртина на месечината (десната страна на Месечината е осветлена) • полна месечина (кога целиот диск на месечината е осветлен и кога Земјата се наоѓа помеѓу Месечината и Сонцето) • последна четвртина на месечината (левата страна на Месечината е осветлена)


Месечеви мени


МАРС 

Марс е четвртата планета од Сонцето со просечна оддалеченост од 228.000.000 km.

Дијаметарот ѝ е 6794 km (речиси двојно помал од тој на Земјата), и е седма планета според големината. Планетата веројатно го добила името заради својата црвена боја, а понекогаш се нарекува и црвената планета.

Орбитата на Марс е значително елиптична. Тоа резултира со промена на температурата од 30°C во афел и перихел. Ова има големо влијание на климата.

Годината на Марс трае 687 денови, додека еден ден трае нешто повеќе од оној на Земјата – 24 часови и 37 минути.

Додека просечната температура е 218 К (-55°С), температурата на површината се движи од 140 К (-133°С) на половите во зима, до 300 К (27 °С) преку ден во текот на летото. Иако Марс е многу помал од Земјата, копнената површина му е приближно иста како на Земјата (заради водените површини на Земјата).


МАРС 

Во својата рана историја, Марс бил многу сличен со Земјата. Како и Земјата, скоро целиот јаглерод диоксид од атмосферата бил претворен во јаглеродни (карбонатни) карпи. Но немајќи ги тектонските движења на плочите, Марс не е во состојба да го обнови првобитното количество јаглерод диоксид со што не може да создаде значителен ефект на стаклена градина. Затоа површината на Марс е многу поладна од oнаа на Земјата дури и кога би биле на иста оддалеченост од Сонцето.

Марс има два природни сателити, кои по форма повеќе потсеќаат на астероиди. Тие се Фобос и Дејмос.


ЈУПИТЕР Јупитер е петтата планета од Сонцето, и убедливо најголема во Сончевиот систем. Таа е првата надворешна гасовита џиновска планета. Просечната оддалеченост на Јупитер од Сонцето изнесува 780 милиони километри. Јупитер е 2.5 пати помасивен од сите други планети заедно, до толку што неговиот центар на маса со Сонцето всушност лежи над сончевата површина. Тој е 318 пати помасивен од Земјата, со дијаметар 11 пати поголем од земјиниот, и со волумен 1300 пати поголем од земјиниот. Дијаметарот на Јупитер изнесува 142.600 км. и карактеристична е неговата сплесканост на половите поради брзата ротација од само 9 часови и 45 минути. Околу Сонцето се свртува еднаш на секои 11,86 години.


ЈУПИТЕР 

Јупитер е перцептивно покриен со слој облаци, составени од кристали на амониак и можеби амониум-хидросулфиди, и возможно е воопшто да нема никаква цврста површина. Неговото најпознато обележје е Големата Црвена Дамка, олуја поголема од Земјата што за прв пат била набљудувана од Галилео пред четири века. Изненадувачки е тоа што математичките модели укажуваат на тоа дека оваа олуја е стабилна и можеби трајна карактеристика на планетата. Денеска се знае дека на Големата Црвена Дамка дуваат ветришта со брзина од над 600 км/час.

Јупитер досега беше посетен од неколку сонди, меѓу кои: Пионир 10, Војаџер 1 и 2, Галилео, Касини идр. Јупитер има барем 63 месечини. Четирите големи месечини, познати како Галилеови месечини (ги открил Галилео Галилеј во 1610 год.), се: Ио, Европа, Ганимед, Калисто. Ганимед е најголем природен сателит во Сончевиот Систем и со својот пречник од 5250 км, тој е поголем дури и од планетите Меркур и Плутон.


САТУРН

Сатурн е шестата планета од Сонцето. Таа орбитира на околу 1433 милиони километри од Сонцето (или 1,43 милијарди км.) и е втората планета по големина во Сончевиот систем по Јупитер. Како и сите гасни џинови, така и Сатурн нема цврста површина, а атмосферата главно се состои од водород (96%) и хелиум (3.5%). Познат е по својот систем на прстени, што се состојат главно од честички на мраз со помала количина на остатоци и прав. Кристијан Хајгенс во 1655 година е првиот кој сфатил дека прстените не се цврсти, туку се составени од вселеснки отпадоци кои орбитираат околу планетата.


САТУРН Ротира мошне брзо и како последица на тоа е испапчен на екваторот и мошне сплескан на половите. Сатурн околу својата оска се завртува за 10,5 часа а околу Сонцето за 29,46 години. Периметарот изнесува 120.000 км. и е втора по големина планета во Сончевиот систем после Јупитер. Температурите на Сатурн варираат од -185˚С во мирните слоеви на атмосферата, па се до -122˚С во областите каде што дуваат ветришта со брзина од околу 800 км/час. Сатурн има голем број на сателити, а најголем и најдобро проучен од сите е Титан.

сателитот Титан


УРАН Уран е седмата планета по одалеченост од Сонцето, а трета по големина. Toj спаѓа во гасните џинови и го обиколува Сонцето на растојание од 2.866.000.000 км, односно 19,15 пати подалеку од Земјата. Една негова година трае 83,83 земјини години. Околу својата оска се врти за 17 часа и 14 минути. Пречникот изнесува 51.100 км (малку повеќе од Нептун), а Уран е познат и како најладна гасовита планета, со температура од -224˚С. Иако атмосферата е еднолична светло сина, сепак на Уран дуваат ветрови со брзина од околу 900 км/час. Необичноста на Уран е тоа што е свртен на “страна”, т.е. оската на ротација му е навалена за дури 98 степени во однос на еклиптиката. Можното објаснување за ова се неколку последователни удари од истата насока.


УРАН Тој е првата планета која е откриена во модерно време. Го открил Вилијам Хершел за време на ситематско трагање по небото во 1781 година. Уран спаѓа во гасните џинови, како и Јупитер, Сатурн и Нептун. Се смета дека, како и Нептун, има мало камено јадро. На јадрото се надоврзува воден лед, метан и амонијак, кој постепено преминува во атмосферата. За разлика од останатите гасовити џинови, Уран нема внатрешен извор на енергија. Атмосферата се состои главно од водород (83%) и хелиум (15%). До денес се откриени вкупно 21 сателит. За разлика од останатите сателити кои своите имиња ги добиваат по митските ликови, урановите сателити ги добиваат имињата од делата на Шекспир и Александар Поп. Најпознати се Ариел, Умбриел, Титанија, Оберон и Миранда. Единствено летало кое пролетало покрај Уран е Војаџер 2, во 1986 година. Тој открил 10 нови природни сателити на Уран, неговата специфична наваленост од 98 степени, ја истражил климата на Уран и открил магнетно поле.


НЕПТУН Нептун (грчки Посејдон) е бог на морето во римската митологија. Toj е осма планета по оддалеченост од Сонцето (иако од 1979 до 1999 беше деветта зад Плутон поради тоа што нивните орбити се сечат), а е четврт по големина. Нептун спаѓа во гасните џинови, планети од надворешниот дел од Сончевиот систем. Во неговата атмосфера, најзастапен е водородот со 80%, следи хелиумот со 18% и метанот со нецели 2%.


НЕПТУН Обиколката околу Сонцето има просечна оддалеченост од 4,5 милијарди км, т.е. е 30 пати подалеку од Земјата, поради што годината му трае 164,3 земјини години. Ротацијата (денот) му трае 16 часа и 7 минути. Екваторскиот пречник изнесува 49.000 км. Многу подоцна откако Уран бил откриен, околу 1840 год. станало јасно дека нешто влијае на неговата орбита. Уран, како што изгледало, не се однесувал во склад со Њутновите закони. Предвидено било постоење на уште една планета и се тргнало во потрага по неа. Два астронома независно ја пресметале положбата на новата планета, а трет астроном ја забележал планетата на местото каде што се очекувала да биде, во 1846 година. Седумнаесет дена подоцна откриен е Тритон, најголемиот нептунов сателит. Нереид е откриен во 1949 год. од Кајпер.


НЕПТУН Атмосферата на Нептун како што кажавме е составена најмногу од водород, малку хелиум, и нешто метан (кој ја впива црвената светлост и на тој начин му дава на Нептун карактеристична сина боја).Ветровите во Нептуновата атмосфера се најбрзи во Сончевиот систем и достигнуваат брзина до 2400 km/h. За време на средбата со Војаџер 2 на Нептун е забележана голема темна дамка која ветровите ја носеле со брзина од 300 m/ѕ, голема колку Јупитеровата. Интересно е тоа што Големата темна дамка се наоѓа на иста географска ширина како и јупитеровата Голема црвена дамка. Само едно летало го посетило Нептун: Војаџер 2. Војаџер 2 ја мерел и топлината која ја испушта Нептуновата атмосфера +482°C (750 K) во стратосферата и -218°C (55 K) во пониските слоеви. Овие високи температури во стратосферата се најверојатно резултат на компресното загревање. Нептун, како и останатите гасни џинови, има прстени.


ПЛУТОН – џуџеста планета Плутон е најоддалечената планета-џуџе од Сонцето. Тој орбитира на просечна оддалеченост од 5.913.520.000 km од Сонцето. Времето потребно еднаш да го заобиколи Сонцето (или должината на неговата планетарна година) изнесува 248,54 земјни години. Тој околу својата оска се завртува за 6,39 земјини денови. Се претпоставува дека пречникот изнесува 2274 км.


ПЛУТОН – џуџеста планета Температурата на површината на Плутон варира помеѓу -235 и -210 °С (38 до 63 Келвини). Гледано низ телескоп потоплите региони се оние кои визуелно се забележуваат како потемни. Составот на Плутон не е познат, но неговата густина (околу 2 g/cm3) укажува дека веројатно е мешавина од 70% карпи и 30% воден мраз, многу налик на Тритон. Светлите региони на површината веројатно се прекриени со мраз од азот со помали количества цврст метан, етан и јаглерод моноксид. Составот на потемните региони на површината на Плутон не е познат, но се претпоставува дека е праисториски органски материјал или фотохемиски реакции поттикнати од космичките зраци.


ПЛУТОН – џуџеста планета Атмосферата на Плутон, се состои најмногу од азот со и мала количина на јаглерод диоксид и метан. Таа е екстремно ретка бидејќи притисокот на површината е само неколку микробари, кои не се доволни да ја задржат атмосферата. Атмосферата на Плутон постои како гас само кога Плутон е близу својот перихел, а поголемиот дел од плутоновата година атмосферските гасови се замрзнати на неговата површина. За време на перихелот дел од гасовите го напуштаат, а можеби и влегуваат во интеракција со Харон. Плутон има три природни сателити: Харон (откриен во 1978) - со кој често се сметаат заедно како двоен планетарен систем, бидејќи кружат еден околу друг, и уште две помали сателити – Никс и Хидра, отркиени во 2005-та.


Метеори „Ѕвездата која паѓа“ или метеор претставуваат цврсти и студени небесни тела, настанати со распаѓање на некоја комета или друго небесно тело. Според големината можат да бидат мали со пречник од неколку цм. и големи со пречник од неколку стотици метри. Поради триењето во Земјината атмосфера, само мал број од “поголемите” метеори паѓаат на Земјината површина. Паднатите метерои се викаат метеорити.


Астероиди Астероидите, понекогаш наречени и мали планети, се небесни тела од нашиот Сончев систем кои орбитираат околу Сонцето. Помали се од планетите, но поголеми се од метеородите. Астероидните објекти составени од карпи и метали кои орбитираат околу Сонцето, но се премногу мали за да се сметаат како планети. Тие имаат големина од неколку сантиметри до над 1000 km во дијаметар. Некои се откриени внатре во орбитата на Земјата, а некои и зад орбитата на Плутон. Сепак главно се концентрирани во еден регион меѓу орбитите на Марс и Јупитер, наречен астероиден појас. Некои имаат орбити кои се сечат со патеката на Земјата, поради што во минатото некои од нив имаат и паднато врз неа. Нивниот удар може да биде катастрофален за животот на Земјата


Комети Кометите се небесни тела слични на астероидите, со тоа што површината им е обвиткана со мраз. Составен дел на кометата е опашката, која всушност претставува гас, кој почнува да сјае како што кометата се приближува кон Сонцето и како што топлината од Сонцето го топи површинскиот мраз. Некои од кометите можат да се судрат со голем број на небески тела, движејќи се низ вселената.

изработил:

Горјан Николовски, дипл. проф. по географија



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.