Geografija02

Page 1

Геолошка еволуција и геоморфолошки карактеристики на Земјата изработил:

Горјан Николовски, дипл. проф. по географија


Тематска содржина 1.

2. 3.

Геолошка еволуција на Земјата

1.а. Општо за геолошката еволуција 1.б. Преткамбриум 1.в. Палеозојска ера 1.г. Мезозојска ера 1.д. Кенозојска ера

Градба и Состав на Земјата Геолошки состав на Земјината кора

3.а. Седиментни карпи 3.б. Магматски карпи 3.в. Метаморфни карпи

4. Формирање на релјефот на Земјата 4.1. Внатрешни сили

4.1.а. Тектонски движења 4.1.б. Вулкани 4.1.в. Земјотреси

5.

4.2. Надворешни сили

Генетски типови релјеф


1. Геолошка еволуција на Земјата

1.a. Општо за геолошката еволуција •

Геолошката еволуција на Земјата започнува со самото формирање на Земјата како планета, пред околу 4,57 милијарди години. Во тој период, Земјата ни најмалку не изгледала на она што е денеска, а долг временски период целата површина на Земјата била прекриена со лава и владееле екстремно високи температури од неколку илјадници степени Целзијусови. Точно не се знае кога и зошто овие ерупции престануваат и доаѓа до формирање на првата Земјина кора (која на почетокот била мошне тенка), но познато е дека со ладењето на планетата и со интензивното испарување и кондензирање доаѓа до појава на врнежите, а подоцна и на првиот пра-океан, по што Земјата долг временски период била само под водена покривка.

Пред околу 3,8 милијарди години доаѓа до појава на првите праорганизми, додека пред околу 3,5 милијарди години се појавува и првото копно. Низ геолошката еволуција, на Земјата настануваат разни нарушувања. Некои нејзини делови се спуштаат, додека други се издигнуваат.


1. Геолошка еволуција на Земјата

1.a. Општо за геолошката еволуција •

Поради промените на формата на Земјината кора се менува и распоредот на копното и океаните, а паралелно со нив се јавуваат и доста изразени климатски промени. Тие предизвикале органскиот свет во текот на долгата еволуција постојано да се менува и приспособува на нови услови, а во одредени етапи од геолошкото минато и сосема да изумрат цели видови, додека нови се појавувале и развивале. Овие процеси биле доста бавни и се одигрувале (и се уште се одигруваат) за време на целата геолошка еволуција на Земјата (од нејзиниот настанок пред повеќе од 4,5 милијарди години, па се до најново време).

Врз основа на пронајдените остатоци на многу фосили, Земјата геолошки е поделена на 4 ери: • преткамбриум • палеозојска ера • мезозојска ера • кенозојска ера. Ерите се поделени на периоди, а тие на епохи. •


1. Геолошка еволуција на Земјата

1.б. Преткамбриум • Преткамбриумот иако честопати е претставен како геолошка ера, тој сепак претставува супер-еон, кој траел од самото создавање на Земјата (пред 4,57 милијарди години), па се до почетокот на палеозојската ера (до пред 542 милиони години), т.е. преткамбриумот траел нешто повеќе од 4 милијарди години. • Во овој долг врменски период доаѓа до ладење на Земјата, формирање на првата кора, праокеан и пракопно, како и до појава на најпримитивните облици на живот, како што се бактериите и алгите.


1. Геолошка еволуција на Земјата

1.б. Преткамбриум • Првиот суперконтинент Родинија се формира пред околу 1,2 милијарди години, а за време на оваа ера се смета дека Земјата поминува низ два геолошки студени периоди: • a) период на Снежна Земја (пред околу 2,7 до пред 2,3 милијарди години); • б) Криоген период (850 милиони – 630 милиони г.п.н.е.). • Пред завршетокот на оваа ера се појавуваат медузите, сунѓерите, мекотелите и други посложени животински организми.


1. Геолошка еволуција на Земјата

1.в. Палеозојска ера •

Палеозојската ера траела од пред 542 милиони години, па се до пред 251 милион години. Називот потекнува од грчките зборови „палео“ (стар) и „зооик“ (живот). Палеозоикот е прва (најстара) ера на еонот фанерозоик.

Палеозоикот се дели на 6 периоди: камбриум, ордовик, силур, девон, карбон и перм.

Почетокот на палеозоикот претставува период на експлозивен зачеток и експанзија на животот. Во камбриумот, пред околу 540 милиони години, на копното немало никаков живот но затоа во морето живееле разновидни растенија и животни со меко тело: мекотели, медузи, сунѓери. Во текот на следните 160 милиони години се појавиле нови морски животни: корали, октоподи и морски лилјани, како и необични риби без вилици. Воедно тие се и првите `рбетници. Наскоро морињата и океаните ги населиле разни видови риби, кои потоа тргнале и во слатките води — езерата и реките.

камбриум

ордовик

силур


1. Геолошка еволуција на Земјата

1.в. Палеозојска ера •

На копното, на бреговите на мочуриштата, почнале да растат растенијата. Со тоа се појавила храна на копното, па настанале и инсектите. Во почетокот на карбон, растенијата полека ги освоиле бреговите, а првите `рбетници (водоземци) излегле од водата пред околу 365 милиони години. Тие стануваат се побројни, а од нив се развиваат ползачите. Во палеозојската ера распоредот на копното и морето бил сосема поинаков од оној денеска. Тогаш на Земјата долго време егзистирале две копна. На северната полутопка се јавува копното Лауренција, а на јужната полутопка егзистирал суперконтинентот Гондвана. Меѓу овие копна се наоѓал праокеанот Тетис.

девон

карбон

Во палеозоикот настануваат и се издигнуваат најстарите планини на Земјата: Каледонските, Родопските и Херцинските Планини. перм


1. Геолошка еволуција на Земјата

1.г. Мезозојска ера • Мезозојската ера траела од пред 251 милион години па се до пред 65 милиони години. Таа се дели на три периоди: тријас, јура и креда. • Оваа ера е позната по појавата на првите џиновски влекачи, кои биле долги и по 25 метри. Тоа се диносаурусите, тираносаурусите, бронтосаурусите, птеродактили идр. Поради ова, мезозојската ера е позната уште и под името “ера на рептили”. • Покрај нив, во оваа ера се појавуваат и многу нови организми кои живееле и на копно и во вода, како: риби, ајкули, школки, полжави, птиците и првите четинарски шуми.

тријас

јура

креда


1. Геолошка еволуција на Земјата

1.г. Мезозојска ера • Во мезозоикот е создаден Атлантскиот Океан, а јужното копно најпрвин (во тријас) се спојува со северното и егзистира како едно суперкопно наречено Пангеа, за да подоцна во јура и креда дојде до кршење на копното и создавање на контурите на денешните еконтиненти. • Климата доста варирала, иако претежно била топла и со доста големо количество на врнежи. • Кон крајот на оваа ера, доаѓа до интензивна вулканска и сеизмичка активност и до изумирање на џиновските рептили.


1. Геолошка еволуција на Земјата

1.д. Кенозојска ера •

Кенозојската ера (keno- нов, zooic-живот) е најмлада ера во геолошката еволуција на Земјата која трае во изминативе 65 милиони години и се дели на два периоди: терциер и квартер.

Во терциер копната и морињата постепено го добиваат денешниот изглед, додека сеизмичката и вулканската активност продолжува со посмалено темпо. Истовремено почнува да се оформува и денешниот растителен и животински свет, а во средината на овој период со интензивните сеизмички движења доаѓа до формирање на Алпите, Хималаите, Андите и Кордилјерите.

терциер

квартер


1. Геолошка еволуција на Земјата

1.д. Кенозојска ера • Квартерот започнува пред 2,6 милиони години и во него за прв пат се појавува човекот. На почетокот на овој период (во плеистоцената епоха) доаѓа до појава и на последното ледено доба, при што северните делови на Европа, Азија и Америка биле покриени со мраз, чија дебелина на моменти достигнувала и до 2000 метри. • После повеќе периоди на глацијација и интерглацијација (топење на ледниците), дошло до нивно конечно повлекување пред околу 12,000 години, кога започнува и последната епоха во геолошката еволуција на Земјата, холоценот, која трае и денес.


Палеогеографска еволуција на Земјата


2. Градба и состав на Земјата •

Градбата и составот на Земјата во нејзиниот површински слој се утврдени врз основа на проучувањето на карпите во длабоките кањони, клисурите и пукнатините, како и при длабоките копања кои се вршат за експлоатирање на нафта, дијаманти, руда идр. Градбата и составот на Земјата во нејзината внатрешност се утврдува врз основа на движењето на земјотресните бранови и на магмата во внатрешноста на Земјата. Врз основа на овие параметри, утврдено е дека Земјата е составена од повеќе обвивки или сфери. Тоа се Земјината кора или литосферата, обвивка на Земјиното јадро и Земјино јадро.


2. Градба и состав на Земјата •

Литосферата или Земјината кора е површинска обвивка на Земјата, со просечна длабочина до 70 км. Притоа литосферата врз континенталните маси е подебела, додека врз океаните е потенка. Обвивката на Земјиното јадро се наоѓа на длабочина до 2900 км. Во горниот дел од оваа сфера се наоѓа магма, која е во вжештена и течна состојба и постојано се движи како последица на тежата на Земјината кора. Земјиното јадро се наоѓа на длабочина од 2900 до 6371 км. Во јадрото владеат високи температури (околу 5000 °С) и високи притисоци.


3. Геолошки состав на Земјината кора Литосферата е составена од карпи кои се разликуваат едни од други според начинот на нивниот настанок, по хемискиот состав, бојата, цврстината, големината и други фактори. Според начинот на настанување, карпите се делат на: 1. седиментни: хемиски, механички и органогени 2. магматски: вулкански карпи (базалт, гранит) 3. метаморфни: мермер, кристални шкрилци...


3. Геолошки состав на Земјината кора

3.а. Седиментни карпи •

Настануваат со таложење на ситен раздробен материјал од песок, варовник, глина идр.

Се делат на механички, хемиски и органогени.

Механичките седиментни карпи настануваат со таложење на иситнетиот материјал во водите или копното. Вака таложениот материјал со тек на време се слепува и се преобразува во цврста карпа. Во нив се наоѓаат фосили од риби, полжави идр. животни.

Хемиските седиментни карпи настануваат со таложење на материјал што се создава по пат на хемиски раствори, како бигор, гипс идр.

Органогените седиментни карпи настануваат со таложење на остатоци од изумрени животни и растенија. Од нивните костури и лушпи подоцна се создаваат карпи од органско потекло.


3. Геолошки состав на Земјината кора

3.б. Магматски карпи • Тие се најстари и најраспространети карпи на Земјата. • Настануваат по вулканските ерупции, односно по ладењето на излеаната лава од вулканот, која постепено преминува во цврста карпа. • Денеска овие карпи настануваат во подрачјата каде што сеуште има активни вулкански појави. • Најпознати вулкански карпи се: базалт, андензит, дијабаз, гранит идр. • Поради својата цврстина, овие карпи наоѓаат широка примена во градежништвото.


3. Геолошки состав на Земјината кора

3.в. Метаморфни карпи • Настануваат од седиментните и од магматските карпи под влијание на високите температури и големиот притисок во внатрешноста на Земјината кора. Поради тоа, тие го менуваат својот физички изглед и хемиски состав. Најпознати метаморфни карпи се: мермерот, гнајсот, микашести, кристалести шкрилци, кварцит идр.


4. Формирање на релјефот на Земјата Релјефот е последица на дејството на • внатрешните (ендогени) и • надворешните (егзогени) сили внатрешни сили • Тектонски движења • Вулкани • Земјотреси

надворешни сили •сончева топлина •Ветерот •Реките •Мразот •морските бранови •врнежите


4. Формирање на релјефот на Земјата

4.1. ВНАТРЕШНИ СИЛИ 4.1.а. Тектонски движења -

епирогени бавни но постојани движења на Земјината кора, кои предизвикуваат трансгресија и регресија на копното (негово издигнување и спуштање). При издигнувањето се создаваат континенти, а при спуштањето океани, односно епирогените движења ги создаваат најкрупните релјефни форми на Земјата

-

Орогени брзи и интензивни движења на Земјината кора со кои се создаваат планини


4. Формирање на релјефот на Земјата

4.1.б. Вулкани Вулкан

е она место на Земјината површина на кое од внатрешноста на Земјата излегуваат вжештени гасови, водена пареа, пепел, чад и вжештена магма. Нивното исфрлање од внатрешноста на Земјата на нејзината површина се вика вулканска ерупција.


4. Формирање на релјефот на Земјата

4.1.б. Вулкани • Вулканите настануваат како последица на високите температури и огромниот притисок кои владеат во внатрешноста на Земјата, поради кои материјата се наоѓа во густа, вжештена и леплива течна агрегатна состојба, наречена магма. Магмата движејќи се низ внатрешноста на Земјата наидува на пукнатини, преку кои избива на Земјината површина во вид на лава. • Вулканите имаат значајна улога во формирање на релјефот, како во минатото, така и денес. Со нивната активност се создаваат формите на вулканскиот релјеф: купа (конусно возвишение), плато (калдера), лавичен поток, кратер идр.


4. Формирање на релјефот на Земјата

4.1.б. Вулкани • Вулканите се делат на живи или активни и угаснати. Живи вулкани се оние кои постојано или повремено еруптираат. Угаснати вулкани се оние кои биле активни во минатото, а денес не исфрлаат никаков вулкански материјал. Во зависност од вулканскиот материјал кој го исфрлаат и според начинот на еруптирање, постојат 4 типа вулкани: стромболиски, вулканолошки, хавајски и везувски.


4. Формирање на релјефот на Земјата

4.1.б. Вулкани •

Вулканолошки создаваат приближно правилен конус, но главниот излезен канал се шири во неколку помали канали, а ерупцијата, исто така, е многу бурна.


4. Формирање на релјефот на Земјата

4.1.б. Вулкани -

Везувски лавата е многу густа и како што излегува создава цврст столб. Ерупциите се доста експлозивни и од нив излегува доста пепел, чад, гасови, вжештени карпи и др.


4. Формирање на релјефот на Земјата

4.1.б. Вулкани • Стромболиски • создаваат приближно правилен конус, имаат единствен канал за излевање и ерупцијата е многу бурна.


4. Формирање на релјефот на Земјата

4.1.б. Вулкани • Хавајски • создаваат широк конус и мала височинка, со многу течна лава и не многу бурна ерупција.


4. Формирање на релјефот на Земјата

4.1.б. Вулкани •

На Земјината површина има повеќе од 600 активни вулкани. Најголем дел од нив (над 300 активни вулкани) се распределени покрај бреговите на континентите и островите кои ги заплискуваат водите на Тихиот Океан. Оваа област е позната и под името “пацифички огнен прстен”. Доста активен е и средоземноморскиот појас, каде се наоѓаат познатите вулкани Етна, Стромболи, Везув, Вулкано, Санторини идр.

Најчесто во близина на вулканите, паралелно со нивната еруптивна активност, непосредно пред неа или после неа се јавуваат и придружни вулкански појави како што се: гејзерите, подземните гасови, солфатарите, сулфурни езера идр.


4. Формирање на релјефот на Земјата

4.1.б. Вулкански појави - Гејзери • Во некои области подземните езера, реките и изворите се загреваат од стопените карпи под нив. Жешката вода вриејќи се пробива кон површината како извори и формира езерца или може да се пробива нагоре под голем притисок формирајќи гејзер.


4. Формирање на релјефот на Земјата

4.1.б. Вулкански појави


4. Формирање на релјефот на Земјата

4.1.в. Земјотреси •

Земјотрес или потрес е природна

Поделба на земјотресите:

појава, која што е резултат на поместувањето на тектонските плочи долж дислокационите линии при што се ослободува голема енергија што води до потресување на земјата. Науката што се занимава со изучување на земјотресите се нарекува сеизмологија.

– Природни (тектонски1, вулкански2 и урниски3) и

-- вештачки (човечки фактор врз природната средина)


4. Формирање на релјефот на Земјата

4.1.в. Земјотреси Тектонските земјотреси настануваат како резултат на ослободување на сеизмичка енергија во внатрешноста на земјината кора. Настануваат под дејство на големи притисоци во карпестите маси во Земјината кора, по што доаѓа до ненадејно кршење на карпестата маса, пратена со еластични деформации на околните карпести маси кои потоа се шират во просторот во вид на сеизмични бранови. 1


4. Формирање на релјефот на Земјата

4.1.в. Земјотреси Вулканските земјотреси настануваат како последица на движењето на магмата во активните вулкански подрачја. Тие се во непосредна корелација и ги наговестуваат моќните вулкански ерупции, но се јавуваат и како пропратни ефекти при продирање на гасови и пареа од внатрешноста на Земјата. 2

Урниски земјотреси настануваат како последица на рушење на таваниците и блоковите на големите пештери и на подземните облици. Обично се јавуваат во карстните области и се најретки. 3


4. Формирање на релјефот на Земјата

4.1.в. Земјотреси Хипоцентар претставува жариште на земјотресот и се наоѓа во внатрешноста на Земјината кора. Епицентар е она место на површината на Земјата на кое што потресот најмногу се чувствува.


4. Формирање на релјефот на Земјата

4.1.в. Земјотреси Јачината на земјотресот зависи од повеќе фактори како: длабочина на хипоцентарот, количината на ослободена енергија, оддалеченост на епицентарот, составот на Земјиштето идр. Мерење на јачината на земјотресите - Меркалијевата скала- степени од 1-12 - Рихтеровата скала – степени од 1-10 Сеизмографи претставуваат направи за континуирано следење на сеизмичката активност.


Магнитуда (Рихтер)

Опис

Ефекти од Земјотресите

Зачестеност

< 2,0

Микро

Микроземјотреси (не се чувствуваат)

8,000/ден

Не се чувствуваат, но се регистрираат

1,000/ден

Може да се почувствуваат, но не предизвикуваат материјални штети

134/ден

Слабо тресење на покуќнина, крцкави звуци, можни се мали штети на постари објекти.

516/месечно

2,0 – 2,9 3,0 – 3,9 4,0 – 4,9

Мали

Слаби

На мала површина може да предизвикаат сериозно оштетување на лошо 800/годишно конструирани објекти и мали оштетувања на добро дизајнирани објекти

5,0 - 5,9

Умерени

6,0 – 6,9

Силни

Можат да бидат деструктивни во област од 160 км. од населеното подрачје

120/годишно

7,0 – 7,9

Големи

Можат да предизвикаат сериозни штети на голема површина

18/годишно

8,0 – 8,9

Можат да предизвикаат сериозни штети на стотици километри во дијаметар

1/годишно

9,0 – 9,9

Огромни (катаклизмични)

Катастрофално-деструктивни во области над неколку илјади километри

1 во 20 години

10

Епски

Не е регистриран во поновата историја

непознато


4. Формирање на релјефот на Земјата

4.1.в. Земјотреси

• Земјотресни подрачја: Најголемиот број на земјотреси се јавуваат

на контактот на континенталните плочи, односно на местата каде една плоча се вовлекува во друга. Најизразена ваква зона е Огнениот Прстен која се наоѓа во циркум-Пацифичкиот појас, каде се случуваат повеќе од 2/3 од Земјотресите и медитеранско-хималајското подрачје, во кое се наоѓаме и ние.


4. Формирање на релјефот на Земјата

4.1.в. Земјотреси Ефекти и последици

– Лизгање на земјиштето – земјотресите можат да активираат земјени лавини (лизгалишта), цепење на стрмните камени блокови и одрони кои можат да нанесат голема материјална штета. – Пожари – поради кинење на електрични водови и експлозија на гасна инфраструктура. – Ликвефакција на земјиштето – Ликвефакцијата настанува кога поради интензивното тресење на тлото, грануларниот материјал заситен со вода ја губи цврстината и почнува да се однесува како течност. Оваа појава може да нанесе значителни штети на мостови и на згради, кои поради оваа појава се наведнуваат и тонат во одсечениот седимент.


4. Формирање на релјефот на Земјата

4.1.в. Земјотреси Ефекти и последици

Цунами – Земјотресите чиј што епицентар се наоѓа на дното на морињата или океаните, предизвикуваат бранови (цунами) кои можат да достигнат височина и над 30 м па и повеќе (Цунами во Индискиот Океан, 2004 г. – каде загинаа повеќе од 225,000 луѓе) Последици врз човештвото и животната средина – Земјотресите (особено оние деструктивните) носат човечки жртви, разни болести, недостаток од основни прехрамбени средства, социјална беда и незадоволство, уништување на покуќнина, колапс на куќи, згради, патишта, мостови и воопшто на цела инфраструктура, додека катаклизмите можат да ја сменат целата физиономја на пределот, да уништат цели шумски и животински комплекси и да доведат до целосно уништување на условите за живот во пределите погодени од ударот и до создавање на нови форми и облици во теренот.


4. Формирање на релјефот на Земјата

4.1.в. Земјотреси Ефекти и последици

Пример: Цунами во Индискиот Океан, 2004 г. – каде загинаа повеќе од 225,000 луѓе


4. Формирање на релјефот на Земјата

4.1.в. Земјотреси Ефекти и последици

Цунами


4. Формирање на релјефот на Земјата

4.1.в. Земјотреси Ефекти и последици


4. Формирање на релјефот на Земјата

4.1.в. Земјотреси Статистика за земјотресите

Година

Место

Магнитуда (Рихтер)

Број на жртви

1960

Валдивија (Чиле)

9,5

6,000

2004

Западно од Индонезија

9,3

230,000

1964

Аљаска

9,2

~200

1952

Камчатка (Русија)

9,0

Непознат

1138

Алепо (Сирија)

8,5

230,000

1920

Гансу (Кина)

8,5

200,000

1556

Шанхи (Кина)

8,0

830,000

2008

Сичуан (Кина)

8,0

87,500

1923

Канто регион (Јапонија)

7,9

143,000

2005

Пакистан

7,6

86,000

1976

Тангшан (Кина)

7,5

255,000

1948

Ашгабат (Туркменистан)

7,3

110,000

1995

Осака (Јапонија)

6,8

6,800

1963

Скопје (Македонија)

6,1

1,100


4. Формирање на релјефот на Земјата

4.2. НАДВОРЕШНИ СИЛИ

• Надворешните сили имаат ерозивно и акумулативно дејство и со своето дејствување ги менуваат релјефните форми настанати под дејство на внатрешните сили. Истовремено тие со својата механичка работа создаваат нови специфични релјефни форми. Разорувањето на релјефните облици се вика ерозија, а таложењето на разорениот материјал – акумулација. Во надворешни сили спаѓаат • Сонцето • Водата • Ветерот • Органскиот свет


4. Формирање на релјефот на Земјата

4.2. НАДВОРЕШНИ СИЛИ

• Сонцето е еден од примарните надворешни сили што врши најинтензивно механичко распаѓање на карпите. Со топлината од сончевите зраци, карпите во текот на денот се загреваат и шират, а во текот на ноќта се ладат и собираат. Поради наизменичното ширење и собирање настанува напукнување на карпите и нивно распаѓање на покрупни или поситни делови. • Водата врши ерозија на сите карпи по механички или хемиски пат. Таа ги исполнува сите пукнатини во карпите и благодарејќи на својот хемиски состав врши нивно нагризување и распаѓање. Водата врши ерозија и кога е во цврста агрегатна состојба. Во зимскиот период, водата исполнувајќи ги пукнатините на карпите замрзнува, при што мразот се шири и предизвикува распаѓање на карпестите маси.


4. Формирање на релјефот на Земјата

4.2. НАДВОРЕШНИ СИЛИ • Ветерот со својата јачина го подига и го носи иситнетиот разорен материјал и го таложи на други места каде создава нови релјефни облици. Тоа особено е карактеристично за пустините. • Органскиот свет исто така се јавува како фактор на ерозивни процеси. Растенијата со своите корења навлегуваат длабоко во внатрешноста на карпите, а со растењето тие се шират и предизвикуваат нивно пукање и распаѓање. Животните кои живеат под земја прават канали и подземни ходници, со што ја ситнат земјата и создаваат растресит материјал.


5. Генетски типови релјеф  Релјефот има ерозивно и акумулативно потекло.  Сонцето создава и ерозивен и акумулативен релјеф.  Водата создава 4 видови релјеф: флувијален, абразивен, карстен и глацијален.  Ветерот создава еден вид на релјеф: еолскиот.


5. Генетски типови релјеф • Флувијалниот релјеф е од ерозивно потекло во планинските и од акумулативно потекло во низинските предели. Настанува под дејство на механичка работа на реките и нивно всекување во отпорните карпи • Абразивниот релјеф има и ерозивно и акумулативно потекло. Настанува под дејство на механичка работа на брановите врз околните крајбрежни карпи, при што настанува нивно всекување и аналогно таложење на одронатиот материјал во водното дно.


5. Генетски типови релјеф • Карстниот релјеф има и ерозивно и акумулативно потекло. Тоа е геоморфолошки процес на разложување на карбонатните карпести маси под дејство на проточна вода, при што на површината на карпите настануваат шкрапи, вртачи, ували и карстни полиња, а во внатрешноста на карпите доаѓа до формирање на сталактити и сталагмити.


5. Генетски типови релјеф •

Глацијалниот релјеф има и ерозивно и акумулативно потекло. Тој е резултат на дејството на ледниците.

Тој настанува во северните области и на високите планини, каде што поради многу ниските температури, врнежите кои паѓаат во вид на снег не се топат, туку се напластуваат над старата снежна покривка, над која се формира нова снежна покривка. Со нивно слепување доаѓа до формирање на ледници и на глацијален релјеф.


5. Генетски типови релјеф • Еолскиот релјеф има и ерозивно и акумулативно потекло. Настанува под дејство на ветерот, кој го издигнува и разнесува ситниот материјал, а со ослабување на неговата сила истиот го таложи. Еолските релјефни форми се најзастапени во пустините, каде и распаѓањето на карпите е најголемо поради големите дневни температурни разлики (ноќе температурата се спушта до 0 °С, а преку ден се искачува и над +50 °С).


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.