Книгата е дизајнирана и посветена главно на детските радиолози и радиолозите воопшто, како и специјализантите по радиологија, педијатрија, детска хирургија, матичните педијатри и докторите по фамилијарна медицина.
Нашата идеја беше да тргнеме од доминантниот симптом и да го „скроиме“ дијагностичкиот пристап кон малите пациенти, согласно со возраста. Или поинаку кажано „ги имаме овие симптоми, и ова е најкраткиот пат до дијагнозата“. Патот до дијагнозата може да биде и тежок, а овде го користиме светското и сопствено искуство во наоѓање на вистинското решение.
Не ни беше целта да правиме енциклопедиска книга, туку да селектираме одредени и релативно чести состојби што прават дијагностички проблеми во детската патологија, со што ќе постигнеме две работи: да не зборуваме многу во детали за педијатриската радиологија, и како на најбрз начин да решиме одреден клинички проблем.