КВИЗ ВНАТРЕШНА ЕНЕРГИЈА И ТОПЛИНА
Единица мерка за внатрешна енергија и топлина е: А) ват Б) џул В) келвин Г) паскал
Б) џул
Во која агрегатна состојба дифузијата е најбрза? а) тврда б) течна в) гасовита д) во сите агрегатни состојби е иста
в) гасовита
На која температура водата има најголема густина? а) 100*С б) 0*С в) + 4*С г) – 4*С
胁) + 4*小
Во топлите краеви препорачливо е алиштата да се во: а) темни бои б) светли бои в) шарени г) безбојни
б) светли бои
При загревање на телата нивниот волумен се ___________________________
ЗГОЛЕМУВА
Со зголемување на температурата на телото се зголемува и неговата ____________________________________
Внатрешна енергија
При загревање на телата нивната маса ________________________________
не се менува
Во лето должината на телефонските жици се зголемува поради ___________________
ширење (издолжување) при загревање.
При загревање на телата нивната маса --------------------------------
останува иста.
Карактеристично за биметалната лента е дека е составена од -------------------------
две ленти со различен коефициент на ширење
Што ја сочинува внатрешната енергија на едно тело?
Вкупната енергија, кинетичка и потенцијална на сите молекули од телото.
Зошто е погодно грејните тела да се поставуваат во долниот дел од просторијата?
Топлиот воздух е полесен од студениот и се крева нагоре.
Каде е најтопло во загреана просторија?
Во горните слоеви под плафонот.
На кои начини можеме да ја смениме внатрешната енергија на едно тело?
Со вршење работа и загревање
Зошто во зимскиот период есенските посеви не замрзнуваат иако се покриени со снег?
Снегот е добар топлински изолатор поради многу празнини исполнети со воздух.
Напиши ја равенката за топлинската рамнотежа меѓу две тела.
m1•c1 (t – t1) = m2•c2(t2-t)
Нормална температура на човековото тело е 37*С. Колкава е оваа температура изразена во келвини?
310К
За колку ќе се промени температурата на телата при загревање од – 25*С до 95*С?
120*小
Колку топлина е потребно да се загрее вода со маса 1 kg за да ја зголемиме температурата од 20К до 100К? ( с=4200Ј/kgK)
Q = 336000Ј
Куршум со маса 10 грами лета во хоризонтална рамнина со брзина од 500 m/s, пробива штица и излегува од неа со брзина 300 m/s. Колкаво количество топлина примиле заедно штицата и куршумот?
Q = 800Ј
ООУ “Димитар Миладинов” Општина Центар Скопје наставник – Аида Петровска