ФИЗИЧКО И ЗДРАВСТВЕНО ОБРАЗОВАНИЕ и ФИЗИКА
Пример на меѓупредметно интегрирање на содржините ФИЗИЧКО И ЗДРАВСТВЕНО ОБРАЗОВАНИЕ и ФИЗИКА Една од клучните врски помеѓу овие два наставни предмети се физичките величини и нивните единици мерки.
Должина Една од основните величини која најчесто ја мериме е должината. Употребуваме разни единици мерки за должина за да ја опишеме местоположбата на игарачот, колку далеку шутира топка, колку високо или далеку скока, фрла ѓуле или колку долги патеки истрчува..... Должината е важна величина во многу спортови а ја користиме кога го опишуваме просторот во кој има движење. Основна единица мерка за должина е метар (m). Во секојдневието најчесто ја употребуваме поголемата единица мерка за должина, километар (km) = 1000 m, како и помалите сантиметар (cm) = 0,01m (или 1m = 100 cm) и милиметар (mm) = 0,001 m (или 1m = 1000 mm). Изминатиот пат или траекторија на движење на автомобилот претставува скаларна, а поместувањето векторска големина. Изминатиот пат е крива линија, а поместувањето е права линија.
AIDA PETROVSKA
1