АТОМСКА И НУКЛЕАРНА ФИЗИКА
ЗАОКРУЖИ:
Нуклеони се наречени: а) електроните и протоните б) протоните и неутроните в) јоните и електроните г) неутроните и јоните
б) протоните и неутроните
Во атомско јадро нема: а) протони б) неутрони в) електрони г) енергија
в) електрони
Деутериум и трициум се: а) различни хемиски елементи б) исти хемиски елементи в) изотопи на јаглерод г) изотопи на кислородот
б) исти хемиски елементи
Која од наброените честички има најголема маса? а) електрон б) протон в) неутрон г) α – честички
г) α – честички
Периодот на полураспаѓање на радиумот Т = 1600 години. После колку години ќе се намали четири пати? а) t = 320 години б) t = 3200 години в) t = 250 години г) t = 2500 години
б) t = 3200 години
ДОПОЛНИ:
Количеството електричество на протонот или електронот е најмало количество електричество кое се сретнува во природата и се вика __________________
елементарно количество електричество
Бројот на протоните во јадрото е основна карактеристика на секој атом, а се вика ________________ ______________________________
реден број – атомски број - Z
Елементите кои сами од себе зрачат се викаат ________________________ _________________________________
радиоактивни елементи
Претворање (преминувањето) на стабилни атомски јадра во нестабилни јадра подложeни на радиоактивното распаѓање, се вика ________________________________ ________________________________
вештачка радиоактивност
Атомите на еден хемиски елемент кои имаат ист број на протони, а различен број на неутрони и кои имаат скоро исти хемиски особини и исто место во периодниот систем на елементите (ист реден број), а различна атомска маса се викаат ___________
изотопи
ОДГОВОРИ:
Од што е составено атомското јадро?
протони и неутрони
Што е масен број?
број на протони и неутрони
Зошто протоните не се разлетуваат од атомското јадро?
поради нуклеарни сили
Каков е редниот број, а каква е атомската маса кај изотопите?
редниот број или атомски број – ист, атомска маса – различна
Каков електричен полнеж имаат протоните, а каков електроните и дали тие полнежи се разликуваат по големина?
протони – позитивни, електрони – негативни, полнежите се исти по големина
ОБЈАСНИ:
Вилсоновата комора се користи за
детекција на јонизирачко зрачење.
Гајгер – Милеров бројач се користи за
детекција на радиоактивното зрачење но не и за идентификација кој вид зрачење е детектирано
Како дејствуваат (што предизвикуваат) α и ß зраците на живите организми?
Jонизација во клетките, тешки изгореници, оштетување на очите, кожата, опаѓање на косата, општа слабост, повраќање.
Како дејствуваат (што предизвикуваат) ϒ зраците на живите организми?
Ги уништуваат клетките во внатрешноста на организмот
Дали има безопасна доза на радиоактивно зрачење?
Нема – секоја доза носи одреден ризик.
ПРЕСМЕТАЈ:
Одреди го бројот на протони и неутрони во
.
92 протони и 146 неутрони
Одреди го бројот на електрони во
.
Колку протони, толку електрони – 92
Ако почетниот број на радиоактивните јадра е 800000, колку јадра ќе се распаднат за време од три полупериоди за даден елемент?
700000
Молекулата на вода се состои од два атоми на водород и еден атом на кислород. Колку електрони има во молекулата вода?
10
За колку време првобитниот број на јадра N0 се намалува на ¼ N0. Период на полураспаѓање е 15 дена.
3,75 дена
ООУ “Димитар Миладинов” наставник – Аида Петровска