Употреба на социјалните мрежи во основното образование, блогови и интернет страници во наставата по

Page 1

Употреба на социјалните мрежи во основното образование, блогови и интернет страници во наставата по физика Аида Петровска ООУ “Димитар Миладинов” Општина Центар - Скопје


некогаш

сега


Блог во комбинација со други социјални мрежи во наставата по физика е одлична алатка за будење интерес кон науката, унапредување на знаењата и вештините како на учениците, така и на наставникот.


Кога и каде можат да се применат социјалните мрежи во основното образование? Социјалните мрежи можат да се применуваат во наставата и во воннаставните активности. Без разлика дали ги применуваме во училиште или дома многу се полезни. Ја подобруваат соработката, поттикнуваат креативност, мотивираат, дисциплинираат. Интеракцијата и конверзацијата помеѓу учениците и наставниците се одвива на позабавен начин, преку текст, слики, видеа, музика... Најчесто користени социјални медиуми во наставата во училиште се: Blog, Website, Google Docs, Schooltube, Glog, додека дома најчесто се користи Facebook, You Tube, Twitter,...


Кога, каде и зошто да се применуваат социјалните мрежи во наставата по физика?

Во наставата по физика социјалните мрежи се во предимство во однос на печатените ресурси (учебници, енциклопедии, збирки задачи, стручна литература) зошто со нивното користење полесно го задржуваме вниманието на учениците на материјалот што го обработуваме. За училишна работа најсоодветен за употреба е блогот и вебсајтот, а за домашна работа сите мрежи што им стојат на располагање на учениците. Особено е полезно доколку наставникот на своите блогови го подготвува часот, дава упатства за работа, поставува прашања и задачи, објавува линкови од интересни содржини кои ќе го олеснат разбирањето и усвојувањето на материјалот што се обработува.


Како учениците реагираат на блогот во наставата? Учениците со особено задоволство го прифаќаат блогот во наставата. Употреба на блогот ја поттикнува креативноста и творењето, ја зголемува ангажираноста и интересот за проектните активности и го развива натпреварувачкиот дух . Блогот е можност повеќе учениците да се сретнат со материјалот кој го изучуваат, да проверат колку научиле, да се самооценат, да соработуваат при учењето, а во комбинација со други социјални мрежи да учат едни со други и едни од други. Предноста на употреба на блогот во наставата е што не зависат од училишните компјутери туку за иста цел ги користат своите мобилни телефони.


Особена популарност ја добива блогот во наставата поради можноста учениците да си ги објавуваат своите трудови, како од наставни така и од воннаставни активности. Учениците изработуваат портрети на научници, пишуваат на теми кои ги интересираат (астрономија, метеорологија, екологија), известуваат за настани во училиштето (приредби, акции, кампањи, натпревари), подготвуваат и реализираат часови. Блогот е одлична врска помеѓу родител, ученик и наставник. Се продлабочува довербата и се создаваат искрени односи. Може да се поврзе со Е-дневникот при заведувањето на часови и воннаставните активности.


Најголем недостаток на блогот во наставата е што не е доволно прифатен од надлежните и не е вклучен во примената на ИКТ во самата настава. Од тие причини многу мал број на наставници го користат , но со тек на време, кога ќе се увидат придобивките од блогот, ќе има широка примена во сите наставни предмети.


Блог во наставата по физика во комбинација со други социјални мрежи дава поголеми резултати, особено ако се работи за медиуми со ограничен број на членови.


Блог во наставата по физика

Позитивни страни: - Ја прави наставата поразновидна и поинтересна, - Формира дневник за учење во обратен хронолошки ред, - Создава збирка на материјали за повеќекратна употреба, - Заменува функционален картон, работна тетратка, збирка задачи, - Овозможува интеракција и конверзација помеѓу учениците и наставникот, - Ја поттикнува соработката помеѓу наставниците, - Промовира наставен предмет, училиште, општина, држава, - Ги известува родителите за начинот и обемот на работа, - ............ Негативни страни: - Одзема од слободното време на наставникот.


Блог како информатор


Блог како промотор


Блог за планирање на учење


Блог за проверување и повторување на знаењата


Блог за евидентирање на проектните активности


Блогот е многу сличен со вебсајт. На ист начин се креираат и одржуваат страниците, со таа разлика што на вебсајтот објавите можете да ги редите по сопствен избор, додека кај блогот е исклучиво во обратен хронолошки ред.


Заклучок: - Блогот во наставата по физика е идеален за развивање на интерес кон наставата, зошто работата од училница се евакуира надвор и станува тема на разговор помеѓу учениците во слободното време, по наставата и во викендите. - Учениците имаат можност да си го проверат и надградат знаењето, заеднички да ги решаваат проблемите и задачите, да донесуваат заклучоци и да се консултираат со соучениците и со наставникот. - Работат на заеднички проекти и истражувања, со јасни цели и задачи. - Е-пошта, фејсбук, твитер и други форми на комуникација се почесто ги користат за соработка и совети за материјалот кој го изучуваат.


Следи ги упатствата и направи сопствен блог

.

















Користена литература: http://aidapetrovska-fizika.blogspot.com/ http://istrazuvaj.blogspot.com/ http://aidapetrovska.blogspot.com/ http://aidafizika-aida.blogspot.com/ http://aidafizika-oudimitarmiladinov.blogspot.com/ http://aidafizika.blogspot.com/ http://aidafizika.edu.glogster.com/ https://www.youtube.com/user/AidaFizika http://479915126104440569.weebly.com/ https://docs.com/@aidafizika http://issuu.com/aidafizika http://prezi.com/user/fhmsq_ayijp6/ Аида Петровска ООУ “Димитар Миладинов” Општина Центар - Скопје


КАКО СЕ ПРАВИ ИНТЕРНЕТ – СТРАНИЦА (ВЕБ – САЈТ)?


ВЕБЛИ (weebly) е интернет страница кој овозможува бесплатно и едноставно креирање на лична интернет страница, која има голем избор на дизајнирани шаблони (templates), овозможува додавање на дополнителни страници, создавање на блогови во рамките на интернет страниците, додавање на мултимедијални и текстуални содржини со влечење, игри, мапи, можност за рекламирање, читачи на полиња (feeds), како и лични елементи на креаторот, а за сето ова не треба да имате никакви предзнаења.


Идеален е за изработка на збирки на трудови, активности и дневници за работа (онлајн портфолио), едукација, планирање, известување, ........, поради одличната функционалност, брзината и политиката на првиватност. Адреса: www.weebly.com


Следи ги упатствата и направи своја интернет - страница (веб-сајт):
























Аида Петровска ООУ “Димитар Миладинов” Oпштина Центар Скопје


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.