Образец за опис на реализиран наставен час

Page 1

Образец за опис на реализиран наставен час (или часови) Наставен предмет/ Наставна тема Одделение Физика VIII Движење и сили

Наставна содржина/ лекција Воннаставна акивност Јајце падобранец

Траење

Наставник

2 часа

Аида Петровска ОУ "Димитар Миладинов" Општина Центар - Скопје

Очекувани резултати: Учениците: - Решавање проблемски ситуации, воопштување, извлекување заклучоци; - Примена на знаењата при решавање на проблеми; - Да умеат да разложат сила; - Да умеат да зголемат отпор; - Да умеат да ја намалат брзината на движењето низ флуидите.

Потребни материјали и опрема за реализација:   

Функционален картон со насоки за изработка на апаратура, насоки за изведување на експеримент и прашалник за самооценување на работата на групата ( прилог 1); Потсетник за групна работа за секоја група (прилог 2); Евидентен лист за наставникот – за утврдување на успешноста на час реализирана со решавање проблеми (прилог 3); Најлонски кеси, пластични цевки, бебешки пелени, тоалет хартија, свежи јајца, конец, селотејп.

Активности и насоки од претходниот час:  

На учениците им беше најавено дека оваа седмица ќе решаваме проблм "Како да го фрлиш јајцето од трет кат, а да не се скрши" Учениците добија задача да се потсетат на сложување и разложување на сили и отпор низ флуидите.


Активности на часот: (блок час) - Учениците се делат во групи;  На учениците им се поделува функционален картон (прилог 1) од каде се запознаваат со матријалот кој треба да го употребат за безбедно спуштање на јајцето.  Учениците ги зимаат потребните материјали и самите решаваат како ќе ги употребат за да го спуштат бзбедно јајцето од трет кат.  Наставникот ја следи работата на групите, помага доколку е потребно.  Учениците демонстрираат и ги прзентираат своите трудови.  Ученицте ги пополнуваат евидентните листови (прилог 2). - Наставникот дава повратна информација за сработеното и го пополнува евидентниот лист.  Ги враќаме материјалите, кои повторно можат да се употребат, на своето место и го собираме отпадот.  Наставникот најавува проблем за следната седмица, кој гласи: Осмислете што би можеле да направиме со преостанатите материјали, како и со безбедно спуштените свежи јајца.

Посебни активности за учениците кои побрзо напредуваат: Ги следат активностите од секоја група, забележуваат, евидентираат и внесуваат на своите страници на “Thinkquest”(најголем некомерцијален светски програм за образование подржан од интернет), потоа дебатираат, внесуваат фотографии од работата, шеми, донесуваат заклучоци и бараат мислења за сработеното од ученици и наставници од други училишта. ( Голем број на ученици од Индија, Египет, Бразил и Англија ни се пофалија дека веќе утредента се обишле да го решат истиот проблем. Го решиле но помалку успешно)

Забелешки и рефлексија од реализацијата на часот:    

Во текот на сите активности учениците беа мотивирани и расположени за работа. Со голема леснотија ги извршија своите задачи и ги постигнаа очекуваните резултати. Беа многу реални во пополнувањето на листи за оценување. Во табелата за вреднување додадоа: задоволство со кое работеле, радоста по успешно решавање на проблемот, бројот на искрени насмевки во текот на работењето, како и големината на желбата да се сретнеме повторно.


Прилози ПРИЛОГ 1: Функционален картон со прашалник за самооценување: ГРПА - 1, 2, 3 - КАКО ДА ФРЛИШ ЈАЈЦЕ ОД ТРЕТ КАТ, А ДА НЕ СЕ СКРШИ ЦЕЛ – Со примена на стекнатите знаења и умеења, да му овозможиме на свежото јајце безбедно да падне од трет кат. Материјали и прибор:  Најлонска кеса,  пластични цевчиња,  бебешки пелени,  тоалет хартија,  свежо јајце,  селотејп,  конец. Постапка:  Од понудените материјали направи уред со кој ке го пуштиш јајцето да паѓа од трети кат и притоа да не се скрши.  Уредот осмислете го сами.  Материјалите користете ги рационално. Поделете ги така да секоја група добие исто количество материјали, а потоа според потребата за рализација на вашите идеи позајмувајте се и вршете замена.  Забранета е употреба на додатни материјали, ќе го користите исклчиво понудениот материјал. ЛИСТА ЗА САМООЦЕНУВАЊЕ

Име и презиме:_____________________

1. Какво беше твоето учество во истражувањето и решавањето на проблемот?

2. Што научи од ова практично искуство?

3. Кои се твоите јаки страни во улогата што ја имаше превземено во процесот на решавањето на проблемот?

4. Кои се твоите слаби страни?

5. Доколку имаше повеќе време што би направил поинаку и зошто?

6. Вреднувај ја твојата работа на часот со оценка од 1 до 5 и објасни зошто.


ПРИЛОГ - 2 ПОТСЕТНИК ЗА ГРУПНА РАБОТА ПРИ ПРОБЛЕМСКА СИТУАЦИЈА СЕКОГАШ: 1. Пред да започнеме со решавање на задачата проверуваме дали сме ја разбале. 2. Се држиме до дадената задача што ни е дадена од наставникот. 3. Додека работиме, секој од групата дава свои предлози и мислења. 4. Секој го слуша мислењето од другаите (го сослушува). 5. Крајниот заклучок го даваме откако ќе направме анализа на сите идеи и предлози дадени во групата. 6. Додека работиме, имаме член од групата кој води белешки за нашата дискусија и ја координира работата 7. Правилно ги распределуваме задачите во групата. 8. Сите бележиме што ново научивме на овој час. ПРИЛОГ - 3 ЕВИДЕНТЕН ЛИСТ ЗА СЛЕДЕЊЕ И ВРЕДНУВАЊЕ НА РАБОТА НА УЧЕНИКОТ ВО ГРУПА 1. Ги прфаќа задачите во групата и внимателно ги извршува. 2. Го ислушува мислењето на останатите дргари во групата. 3. Го разбира проблемот и размислува за откривање на неговото решение 4. Активен е во групата и дава свои предлози со цел за унапредување на работата на групата. 5. Врши проверка и ги генерализира новостекнатите знаења. 6. Не губи време, туку веднаш се зафаќа за задчата во групата. 7. Во прв план му е интресот на групата, а дури потоа неговиот сопствен план. 8. Добро соработва со поголем дел од учениците во групата. 9. Прифаќа сугестии од раководителот на групата преку умерена критичност, со цел за доаѓање до подобри решенија. 10. Нуди доста информации и сите се релевантни.

ДА ДЕЛУМНО НЕ


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.