Примери за оценување за учeње во 21-от век

Page 1

Примери за оценување за учeње во 21-от век вовед Со децении ја предвидувавме технолошката револуција и кога се случи и стана стандард, по малку се сопнуваме и ја одбегнуваме. Ако сакаме реално да ги гледаме работите ќе забележиме дека технологијата попримила и хумани својства. Днес таа е главен креатор на знаење, а обазованието станува се поважно. Сите образовни установи се редизајнирани од темел, целосно се смени креирањето и дистрибуцијата на знаењето. Олеснето е поучувњето, учењето и оценувањето. Предизвикот е голем да се управува со процесот на откривањето и креирањето на знаењето. Поучвањето паѓа во сенка на учењето. Денес можностите за учење се безгранични и доволно е да имаш желба да учиш и да го искористиш сето онаа што ти се нуди, да откриеш кои се твоите интереси, да се пронајдеш и реализираш. Денес наставникот не треба да е подучувач и единствен извор на информации туку координатор, нбљудувач, поттикнувач, oхрабрувач, да ги активира учениците да учат преку проблеми. Штом од подучување преминеме на учење мораме да направиме измени и во оценувањето. Оценувањето треба да се изведува преку инструменти кои покажуваат како се учело. Учењето и оценувањето се возможни во технолошки опремените училнци кои се стандард во денешницата. Вистински напредок ќе се почуствува кога ученицте и наставниците ќе бидат технолошки опремени и дома, а во секое време ќе имаат пристап до интернет. Учениците треба да имаат веб страна или било какво мсото на кое ќе ги складираат своите продукти од активното учење. Оцената на ученикот најмногу треба да зависи од неговото портфолио за даден премет, во кое ќе бидат собрани продукти од неговото чење. Најуспешна и најевтина сорабока помеѓу учениците е комуникацијата преку THINKQUEST. THINKQUEST e најголем и најбргу растечки некомерцијален светски програм за образование подржан од интернт. Со користење на овој програм на наставниците и учениците им е овозможено да раборат тимски и да чат пеку создавањето на свои соджини на интернет. Тие содржин подоцна се користат во


образованието на другите чници. Основа на филозофијата на THINKQUEST е дека луѓето најдобро учат преку работа. Наставникот му дава инстркци на ученикот и го внесува во проектот thinkquest . Секој ученик ги уредува своите страници по сопствен избор, но под контрола на наствнкот. Наставникот дава дозвола дали нешто ќе се објави или не. Секој ученик има можност да учествува во многу проекти на разни теми, од уметноста до природните науки, кои ги водат нставниците ширум светот. На тој начин учениците се следат како напредуваат, на какво ниво им е меѓусебната комуникација, благовремно добиваат помош и пишана повратна нформација. Оваа е еден од подобрите начини за запознавање на учениците, ги откриваме нивните афинитети, способности и умеења. Доколку сите ученици би имале можност да бидат активни (да имаат пристап до нтернет) полесно би ги насочувале во работата, помагале и оценувале. Сите вклучени ученици учествуваат во создавањето на проектот, бираат област за делување, поставуваат цели, одредуваат истражувачки активности, прават план за акција, креират продукти, реализираат, прават рефлексија (согледување на сработеното – добрите и лошите страни). Наставникот набљудува, охрабрува, мотивира, изготвува формулар за оценување (самооценување). Секој проект започнува со ВОВЕД (прва страна) која се содржи од кус преглед, структура и корисни ресурси. Потоа следат ОПШТИ НАСОКИ ЗА ЧЕНИЦИТЕ (втора страна) која се содржи од корисни совети за користење на thinkquest, листа со критериуми за слдење и оценување и други корисни совети за поектот. ИЗБОР НА ОБЛАСТ НА ДЕЛУВАЊЕ (трета страна) се состои од неколку чекори: Поставување на бура од идеи, дискусија, поставување цели, одбирање тема. ИСТРАЖУВАЧКИ АКТИВНОСТИ (четврта страна) содржи неколку чекори: Давање насоки за прибирање информации. Учениците прават анализа, селекцја и класификација, Наставникот дава повратна информација. ПЛАНИРАЊЕ (петта страна) се содржи од неколку чекори: Изготвување планови за акција, бирање на најдобар план. КРЕИРАЊЕ НА ПРОДУКТ (шеста страна) содржи повеќе чекори: Одредување на потребните ресурси, креирање продукти, финализација на продукти, повратна информација, објавување на продукти.


РЕАЛИЗАЦИЈА (седма страна) се содржи од документи, фотографии, клипови, извештаи, презентации, постери од реализираната активност (дистрибуција на материјалот, претстава, изложба, натпревар, дејство на еко -патроли, дебати и др.) РЕФЛКСИЈА (осма страна) се состои од неколку чекори: Согледување на добрите и лошите страни на проектот, извлекување заклучоци, истакнувње на наајакивните членови. Како пример ќе го разгледме еден од проектите што го изработиле учениците од ОУ "Димита Миладинов " – Скопје, под менторство на наставникот – Аида Петровска. ПРОЕКТ: "Да оставиме убави спомени на Земјата" Да живееш, значи да бидеш одговорен, како за своите дејствија, така и за дејствата на другите. Ако својата одговорност ја оставиш во туѓи раце, ја ризикуваш не само твојата иднина, туку и иднината на целата планета. ВОВЕД: Досега сите сте учевствувале во многу проекти како директни или индиректни актери (како набљудувачи, организатори, спроведувачи, презентери, оценувачи) Имавте одлични учители, генерации пред вас, чија програма сеуште ја користиме со мали адаптации. 12 години успешно го спроведувае меѓународниот проект „GLOBE“ (глобално учење и набљудување во корист на животната средина), 3 години „ENO“ ( околина на линија) 2 години„ARMAL“ - заштита на питката вода во училиштето и многу други училишни проекти како што се: Македонија – ризница на здава храна; „Вреди да се штеди“; „ Кажи да, да за животот“; „Одржување на личната хигиена“; „Светилки за оние без светлина“, „Како јас да придонесам да се намали загадувањето и глобалното затоплување на планетата Земја „ и др. Сите ги почувствувавме придобивките од секоја проектна активност. Податоците од „ГЛОБЕ“ ги користиме во редовната настава по физика за натпреварите по метеорологија (2009 год. Освоивме II награда на државниот натпревар – Теа Спасовска, 2010 год. IV награда – Емилија Лазаровска). Со „ЕНО“ создадовме пријатели низ целиот свет. Со нив досега засадивме 50 000 дрвца, ги направивме првите кампањи против


климатските промени, научивме многу за животната средина, истите знаења ги користевме за натпреварите по екологија (2009 год. III награда – Вера Трајчева, 2010 год. III награда - Ангела Трајковска) Од „АРМАЛ“ Мариборската леарница добивме 15 чешми – за проектот „Заштита на водите“. За сработеното во 2009-2010 год. во училиштето донесовме 70 сертификати и 21 диплома. Овогодинешната програма на клубот „Млади истражувачи“ ја подготвивме во периодот од 01. до 10 јуни 2010 год. во која што ги обединивме истите проекти: Планираното за првото полугодие веќе го спроведовме. Што направивме?  Кого го запознавме со нашата работа?  Колку време (во часови) ни беше потребно да го спроведеме испланираното за овој период?  Од каде и како ги собиравме информациите и аплкациите?  Каков е твојот придонес за овој проект?  Што претпоствавуваше дека ќе се случи?  Дали си задовелен со сработеното?  Кога би можел што би сменил?  Што би додал?  Кои се позитивните страни на оваа проектна активност а кои се негативните?  Како е реализиран овој дел од проектната активност?  Кои се последиците од твојата работа?  Кои ученици дале најголем придонес во реализација на овој дел од проектот?  Како би го оценил проектот?  Како би го оценил твоето учевство во проектот? 

Читајќи ги коментарите и прилозите, на вашите страници очекувам секој посетител да добие одговори на сите овие прашања!


ОПШТИ НАСОКИ НА УЧЕНИЦИТЕ: 1. КАДЕ И КАКО ДА ДОЈДЕТЕ ДО ШТО ПОГОЛЕМ БРОЈ НА ЕКОЛОШКИ ПОРАКИ И ЕКОЛОШКИ ИЛУСТРАЦИИ? (- Од еко – календарот изработен од постарите другарчиња, еколошки списанија, енциклопедии, интенет ; - Со твоите соученици, смислувај еко – пораки и пароли, цртај и сликај на тема екологија и мир; - Изработи еко - слики и постери во Photoshop, Pаint, Publisher.) 2. АНАЛИЗИРАЈ, СЕЛЕКТИРАЈ, КЛАСИФИЦИРАЈ ПОДГОТВЕНИОТ МАТЕРИЈАЛ, КОНСУЛТИРAЈ СЕ СО СОУЧЕНИЦИТЕ И СО НАСТАВНИКОТ И ПОСТАВИ ГО ПРИГОТВЕНИОТ МАТЕРИЈАЛ НА ПРОЕКТНАТА СТРАНА. 3. ПРОEКТНАТА СТРАНА ЗАПOЧНИ ЈА СО ПЛАНОТ ЗА АКЦИЈА, 4. ОБЈАВИ ГО И ПРОДУКТОТ СО КОЈ КЕ ДЕЈСТВУВАШ (ПОСТЕР, ФЛАЕР, МАСКА, СТРАНИЧНИК И ДР.) 5. ОБЈАВИ ЈА И СОДРЖИНАТА НА ПРОЕКТОТ, 6. ВРЕМЕНСКАТА РАМКА (КОЛКУ ВРЕМЕ СИ ГО ИЗРАБОТУВАЛ ПРОДУКТОТ, ИЛИ КОЛКУ ВРЕМЕ ПЛАНИРАШ ДА ПОТРОШИШ ЗА НЕГОВАТА ИЗРАБОТКА). 7. ФОТОГРАФИРАЈ ГИ СИТЕ ЕТАПИ НА СОЗДАВАЊЕТО НА ПРОДУКТОТ И НЕГОВАТА РЕАЛИЗАЦИЈА, 8. ИСТАКНИ ГИ ДОБРИТЕ СТРАНИ НА ОВОЈ ПРОЕКТ, 9. НАВЕДИ ГИ НЕДОСТАТОЦИТЕ НА ОВОЈ ПРОЕКТ, 10. ДАЛИ СО ОВОЈ ПРОЕКТ ПРИДОНЕСОВМЕ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ УСЛОВИ ВО НАШЕТО ОПКРУЖУВЊЕ? 11. КОИ УЧЕНИЦИ БИЛЕ НАЈУСПЕШНИ ВО РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ОВАА ПРОЕКТНА АКТИВНОСТ?


ИЗБОР НА ОБЛAСТ : КАМПАЊА ПРОТИВ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

-

  

а) Како го избравме името на нашиот проект? Предлагавме идеи (бура на идеи): Засади дрво, засади цвет, Рециклирње, Садење дрвја, Еко – кампања, Одбележување поважни Еко – денови, Еколошки весник, Мој придонес за пдобро утре, Да оставиме убави спмеени на Земјата. б) Дисксија: Сите предложени теми се од област на екологија. Можеме да ги обединиме сит во еден наслов. Еколошки активности или екологија и јас. Можеме да употребиме некоја парола. Мене ми се допаѓа паролата "Човекот кој во својот живот ќе засади барем еддно дрво, остава зад себе убав споомен на Земјата" Би било убаво проектот да го насловиме "Да оставиме убави спомени на Земјата". Супер, мене ми се допаѓа, Значи, проектот ќе го насловиме "Да оставиме убави спомени на Земјата"

ИСТРАЖУВАЧКИ АКТИВНОСТИ: (Вашите идеи документирајте ги на оваа страна со помош на некоја од интерактивните алаки на thinkquest: Brainstorm, Message board и слично) 1. БАРАЊЕ ДОКАЗИ ЗА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ, 2. ВЛИЈАНИЕ НА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ НА ЖИВОТНИТЕ УСЛОВИ ВО НАШЕТО ОПКРУЖУВАЊЕ, 3. ВИНОВНИК ЗА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ, 4. ШТО МОЖЕМЕ ДА СТОРИМЕ ЗА ДА ГИ СПРЕЧИМЕ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ, 5. НA КОЈ НАЧИН КЕ ПРИДОНЕСЕШ КЛИМАТА ДА НЕ СЕ МЕНУВА.


ПЛАН ЗА АКЦИЈА: (Испланирајте ги активностите, одредете времнска рамка и изгответе плн за акцја, кој ќе го поставите на оваа страна со помош на алатката list) 1. АНАЛИЗА НА ЕЛАБОРАТ ИЗРАБОТЕН ОД ЕМИЛИЈА ЛАЗАРОВСКА – ГЛОБАЛНО ЗАТОПЛУВАЊЕ, 2. ФОРМИРАЊЕ НА ПОВЕЌЕ РАБОТНИ ГРУПИ СО БИРАЊЕ НА КООРДИНАТОРИ НА ИСТИТЕ, КОИ МЕЃУСЕБНО СОРАБОТУВААТ И СЕ УСОГЛАСУВААТ ( ГРУПА ЗА СОБИРАЊЕ ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА, ЗА СОБИРАЊЕ НА СТАРА ХАРТИЈА, ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРОПАГАНДЕН МАТЕРИЈАЛ, ГРУПА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ, ПРЕЗЕНТЕРИ, ВОДИТЕЛИ, РЕЦИТАТОРИ, КОМИСИЈА ЗА БИРАЊЕ НА НАЈУБАВ ЕКО ПОСТЕР И ДР. 3. СЕКОЈA ГРУПА РАБОТИ НА СВОЈАТА ЗАДАЧА, 4. СЕ СУМИРААТ ИЗРАБОТКИТЕ НА СЕКОЈА ГРУПА ВО ЕДНА ЦЕЛИНА, СЕ АНАЛИЗИРААТ И СЕ ПРАВИ ПРОБА. 5. ПОДГОТОВКИТЕ ЗАПОЧНУВААТ ВО МАЈ, КОГА СЕ ЗАВРШУВА ПОГОЛЕМ ДЕЛ ОД РАБОТАТА, СЕ ИЗРАБОТУВААТ ФЛАЕРИ, МАСКИ, СТРАНИЧНИЦИ. 6. СО СТАРТУВАЊЕТО НА УЧЕБНАТА ГОДИНА СЕ ОБЈАВУВА КОНКУРС ЗА НАЈУБАВ ПОСТЕР, 7. СЕ ПЛАНИРА НАЧИНОТ НА РЕАЛИЗАЦИЈАТА, 8. СЕ ПОКАНУВААТ МЕДИУМИТЕ, 9. СЕ ОДРЕДУВА МАРШУТАТА НА ДВИЖЕЊЕТО И СЕ ПРИЈАВУВА НАСТАНОТ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ, 10.

СЕ ОБЕЗБЕДУВААТ САДНИЦИ И АЛАТ ЗА САДЕЊЕ.

11.

СИТЕ ФАЗИ НА ПРОЕКТОТ КЕ ГИ ОБЈАВИМЕ НА THINKQEST.

12.

ЌЕ НАПРАВИМЕ КЛИП ВО MOVIE MAKER И ЌЕ ГО ОБЈАВИМЕ НА YOUTUBE.



КРЕИРАЊЕ ПРОДУКТИ: (На оваа страна документирајте фотографии, текстови и сл. - активности кои ќе ги превземете креирајќи го производот.) 1. МАНИФЕСТАЦИИ, ПОСТЕРИ, ФЛАЕРИ, МАСКИ, СТРАНИЧНИЦИ, ЅИДНИ ВЕСНИЦИ, ПАРОЛИ, ДНЕВНИК ЗА РАБОТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА..... 2. ЦРТАЊЕ, ТВОРЕЊЕ, ФОТОГРАФИРАЊЕ, ИЗРАБОТКА НА ИЛУСТРАЦИИ ВО PHOTOSHOP, PAINT, PUBLISHER.

РЕАЛИЗАЦИЈА: (Документирајте ја реализацијата на вашата цел од проектот со фотографии, текстови, презентции.) 1. НА 21 СЕПТЕМВРИ НАУТРО, СЕ ПОДЕЛИВМЕ НА ДВЕ ГРУПИ, 2. ПОМАЛАТА ГРУПА (30 УЧЕНИЦИ) ОТИДОА ВО ЅВОН – МТВ, 3. ДРУГИТЕ ОТДОА ВО УЧИЛИШНИОТ ДВОР КАДЕ ТОЧНО НА ПЛАДНЕ САДЕА ДРВЈА, ОДРЖАА ГОВОР И МАЛА ПРИРЕДБА ЗА ШАРКO И ЖАПКО.


4. ОД ДВОРОТ ОТИДОА НА ПЛОШТАД КАДЕ НА СЛУЧАЈНИТЕ МИНУВАЧИ ИМ ДЕЛЕА ФЛАЕРИ И СТРАНИЧНИЦИ СО ЕКО ПОРАКИ. 5. ЦЕЛИОТ НАСТАН ГО СЛЕДЕШЕ НОВИНАРОТ ОД “НАШ СВЕТ” И “РАЗВИГОР”. 6. ГИ ИЗВЕСТИВМЕ ПРИЈАТЕЛИТЕ НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ (СИТЕ ЕНО – УЧИЛИШТА ОД 120 ЗЕМЈИ) КОИ НА ИСТ НАЧИН ГО ОДБЕЛЕЖАЛЕ ОВОЈ ДЕН – ДЕН НА МИРОТ.


ШАРКО И ЖАПКО Предминатата година малиот Шарко, го спасуваше светот, а минатата садеше дрвја и го боеше цветот. Оваа година, малиот Шарко се здружи со умниот жабец Жапко. Сега се во мисла, двете умни глави: Што понатаму со светот да се прави? Само со работа не гледат спас, ќе мора силно да кренат глас. Решија цврсто двете умни глави, на загадувањето крај да му се стави. Им се придруживме вчера, кренавме глас, за планетата наша побаравме спас. Шарко и Жапко, добро се согласуваат и од секој отпадок нешто ново составуваат. Најдори се другари и не мислат на делба, од секој собран отпадок прават нова желба. Сега прават честитки за божиќ што иде сакаат чисто и весело на сите да ни биде.


РЕФЛЕКСИЈА: (Запишете ги вашите искуства и што научивте) 

  

НИ НЕДОСТАСУВА ИСКУСТВО ЗА УБЕДУВАЊЕ, НА КОЕ ТРЕБА ДА ПОРАБОТИМЕ, ОЧЕКУВАВМЕ ГОЛЕМ ОДЗИВ И ОД ДРУГИТЕ ЧИЛИШТА. ГИ ИЗВЕСТИВМЕ СИТЕ МДИУМИ ЗА НАСТАНОТ, НО МНОГУ МАЛКУ ПОЈАВИЈА ИНТЕРЕС ЗА ТОА ШТО РАБОТИМЕ, ТРЕБА ДА ОТКРИЕМЕ КАДЕ ЗГРЕШИВМЕ. КОЛКУ БИ БИЛО ПОУБАВО ДА НЕ СМЕ БИЛЕ САМИ, ТУКУ ДА НИ СЕ ПРИДРУЖИЛЕ И ДРГИТЕ УЧИЛИШТА. УБАВО Е ЧУВСТВОТО КОГА ЗАБЕЛЕЖУВАШ ДЕКА НЕКОЈ ЈА ЦЕНИ ТВОЈАТА РАБОТА. НАПРАВИВМЕ ДОБРА РАБОТА, ЛУЃЕТО ШТО ГИ СРЕТНУВАВМЕ ПО УЛИЦИТЕ И НА ПЛОШТАДОТ, НЕ ПОДРЖАА ВО НАШАТА КАМПАЊА. МАЛИТЕ ШАРКО И ЖАПКО ОСТАВИЈА УБАВИ СПОМЕНИ НА ЗЕМЈТА, ЗАСАДИЈА ПЕТ ДРВЦА И КРЕНАА ГЛАС ПРОТИВ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ.

ЅВОН


НАШ СВЕТ

Клуб “Млади истражувачи” ОУ “Димитар Миладинов” Општина Центар – Скопје ментор – Аида Петровска


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.