ТЕХНИКИ НА УЧЕЊЕ ВО НАСТАВАТА ПО ФИЗИКА

Page 1

Аида Петровска ООУ “Димитар Миладинов” Општина Центар - Скопје



Техниките на учење се користат за:

ците и н е ч у а н е гнем -Да им помкотивни во наставата; да бидат а повратна -Му даваатија на наставникот за информац та на ученикот и разбирањаето на наставните усвојувањ содржини;нуваат -Го поттик њето, ставовите и истражува те на учениците во вредности ето на новите усвојувањ одржини. наставни с


- Учениците да научат ефикасно да учат и критички да размислуваат; - Учениците самостојно и од различни аспекти ги разгледуваат информациите и оформуваат свое мислење.

- Со овие техники на учење кој се дел од современата настава, учениците се активни субјекти, а наставникот потикнувач и насочувач.



- Една од техниките за проверка на разбирањето на наставните содржини. - Учениците во тетратка одговораат на поставеното прашање во врска со наставната содржина што ја обработуваме. Им даваме време од една до две минути да одговорат на поставеното прашање. прашање

Пример: Која е разликата помеѓу шум и тон?


ОПИШИ

СПОРЕДИ

АСОЦИРАЈ

АРГУМЕНТИРАЈ

АНАЛИЗИРАЈ

ПРИМЕНИ


• Техника која овозможува темата да се разгледа од повеќе аспекти. • На секоја од страните на коцката напиши: ОПИШИ, СПОРЕДИ, АСОЦИРАЈ, АНАЛИЗИРАЈ, ПРИМЕНИ и АРГУМЕНТИРАЈ за или против.

• Во фаза на евокација учениците пишуваат краток состав за некој поим, величина или појава. Се насочуваат да размислуваат за сите шест страни на коцката


На пример – ПРИТИСОК Потребно: брашно или песок, квадар. ОПИШИ: Повнимателно размислувајте за поимот и опишете што гледате и чувствувате? СПОРЕДИ: Кога квадарот остава подлабоки траги? АСОЦИРАЈ: На што размислувате? Што ви паѓа на ум? АНАЛИЗИРАЈ: Објаснете зошто е тоа така? (ако не знаете измислете) ПРИМЕНИ: Кажете каде се применува оваа? Зошто е корисно? АРГУМЕНТИРАЈ ЗА ИЛИ ПРОТИВ: Одлучно завземете став. Сами изберете ги причините за ваквото однесување, тие можат да бидат логични и нелогични.


По пишувањето учениците ги споредуваат своите ставови меѓу себе за сите страни на коцката.



Техниката ЗСУ можеда се користи во текот на секоја фаза на наставниот час. Табелата има 3 до 4 колони. Може да се пополнува индивидуално, по парови, групно или со цела пaралелка.

ЗНАМ

САКАМ ДА ЗНАМ

НАУЧИВ

УЧАМ


Во колоната ЗНАМ учениците го запишуваат она што го знаат за поимот/содржината. Ученикот се насочува да размисли за она што веќе го знае за дадената тема и да го запише. Во колоната САКАМ ДА ЗНАМ се впишуваат прашањата за она што учениците би сакале да го научат. Се советуваат да размислат за прашањата што ги поставиле додека ја совладувале содржината.

По совладувањето на содржината преку различни активности (текст, предавање, експеримент, задача) треба да видат што запишале во колоната - Сакам да знам . Одговорите ги бележат во колоната НАУЧИВ.


Неодговорените прашања ги бележат во колоната УЧАМ и заеднички се одговораат или им се посочуваат извори каде би можеле да најдат одговори на овие прашања.

Колоната УЧАМ го затвора циклусот на учење или во неа се запишуваат прашања кои ќе бидат вовед во следно ангажирање.



чк а . а р и с к ела илницата р е т е в Напра сфера во уч тската атмо вајте ја де авање Насочунтазија со д со кои ќе зи фа о л ат д д е а р д з п о и нејасн могнете да сики за им по гинарни сл појави. има е поими и кит ч и з и ф Пример: Стави се во улога на еден атом или молекул. Што ти се случува кога се сретнуваш со други атоми или молекули. Како се чувствуваш при електризирањето, кога сакаш дасе здружуваш а кога ги одбегнуваш другите атоми или молекули? ....... По вежбата учениците опишуваат или ги цртаат своите фантазии, а потоа ги споделуваат со своите соученици. По читањето на есеите и изложување на цртежите, се црта двокрилен прозорец. Во еден дел од прозорецот го цртаме атомот или молекулот како вистински изгледа, а во другиот дел како го замисливме.


ПРОЗОРЕЦ

Насоченото фантазирање може да се користи кај многу предмети.



• Венов дијаграм е техника која наоѓа примена на почетокот на часот (како воведен дел) или пак во рефлексијата (на крајот на часот) • ПРИМЕР: Што си научил за работа, а што за енергија? Во пресекот на овие две множества запиши што е заедничко за овие две величини.



•Формирањето на гроздови е нелинеарна техника за предизвикување на идеи. Оваа техника може да се користи во фазата за евокација – како стимул за тоа што ќе се работи на часот и во фазата на рефлексија како средство на сумирање на знаењата. •ПРИМЕР: •Доврши ја идејната мапа - ГРОЗД. •Во секое облаче запиши по еден вид енергија. •Напишете есеј за се што знаете за енергија.



ПЕТОРЕДОТ СЕ НАРЕКУВА “ПОЕМА ОД ПЕТ РЕДА” Петоред е техника со која се врши синтетизирање на информации и материјали во концизни искажувања кои ја опишуваат темата или претставуваат нејзина рефлексија.

Зададете тема за петоред за работа во парови и групи. Секој од учениците ќе има од 5 до 10 минути да напише петоред. Потоа со својот партнер ќе ги споделат идеите и ќе формираат единствен петоред, со кој и двајцата се согласуваат. Овие спарени петореди се споделуваат со целата група и сите одлучуваат за крајниот изглед на петтотедот. Петоредите особено се користат и служат како: Средство за оценување и согледување на усвоеноста. Средство за креативно искажување. Алатка за синтетизирање на битни информации.


Насоки: Првиот ред е опис на темата со еден збор. Вториот ред е опис на темата со два збора Третиот ред содржи три збора со кој се изразува дејството на темата.

Четвртиот ред е од четири збора кој покажуваат некое чувство за темата Последноит ред содржи синоними од еден збор, со кој повторно се опишува суштината на темата.


ПРИМЕР: Струја; Опасна, незаменлива; Движи, работи, претвора; Најголем и најчесен работник; Енергија.


ПЕТОРЕД •НАСЛОВ (тема) ______________________ една именка •ОПИС ___________ ______________ две придавки •АКТИВНОСТ ________ ________ _______ (дејство) три глаголи

•ЧУВСТВО______ ______ ________ _______ фраза од четири збора •ПОВТОРЕН ПРИКАЗ НА СУШТИНАТА _______________________



Со оваа техника наставникот ги мотивира учениците за обработка на нова наставна содржина преку употреба на скелетен приказ на позната содржина каде наставникот го изложува скелетниот приказ и го објаснува.

1. Една реченица – Телата се електризираат со триење, допир и под влијание. 2. Фраза (поука) Братска делба. 3. Еден збор – електрицитет 4. симбол (скица) 5. Боја – бела (живот) 6. Дополни: ......се распределува по површината на проводникот.


Пример

Напиши една реченица со која ќе опишеш за што се работи во лекцијата. Напиши една фраза која кажува нешто важно за лекцијата Електризирање на телата). Избери еден збор кој го изразува значењето или основната намена на лекцијата нацртај симбол или скица со која ќе ја претставиш лекцијата. Избери боја која го изразува расположението кое кај тебе го предизвикува лекцијата. Дополни ја реченицата: Еден од најбитните факти за електризирањето е:



• Учениците дадениот текст ќе го читаат во парови до одредени точки. Се подготвува табела за предвидување. • Кога ќе го прочитаат првиот дел треба во рок од една минута да предвидат што ќе се случи понатаму и своите предвидувања ги бележат во делот - ШТО МИСЛИШ ДЕКА НАВИСТИНА ЌЕ СЕ СЛУЧИ? и КАКВИ ДОКАЗИ ИМАТЕ ЗА ОВА? • Потоа продолжуваат со читање на вториот и третиот дел од текстот и бележат нови предвидувања во соодветниот простор. • На крај треба да ги споредат предвидувањата со она што навистина се случило во текстот и да запишат во предвидениот простор – ШТО НАВИСТИНА СЕ СЛУЧИ?



Во име на групата еден претставник го изнесува ставот на групата и се труди со аргументи да привлече повеќе ученици во восвојот агол (група). Секој ученик добива по еден лист со две ѕвезди и една желба, на кој што го запишува своето размислување во врска со ставот што го добил од спротивната група,

му дава два аргументи (ѕвезди) и му ја запишува својата порака во врска со ставот на другиот. Потоа со помош на шифрата, секоја група го добива назад својот лист со ставот и со две ѕвезди и една желба на некој свој соученик од спротивната група.


ДВЕ ЅВЕЗДИ И ЕДНА ЖЕЛБА



Се користи во фазата на сваќање на значењето. Се работи во групи од 4 до 7 ученици. Сите ученици добиваат ист текст поделен во пасуси.

Еден ученик е ,,Учител“(лидер) само за еден пасус. Учениците го читаат првиот пасус. ,,УЧИТЕЛОТ” ги има следните активности ‫׃‬ Го сумира она што е прочитано Составува прашања во врска со текстот и од учениците бара да ги одговараат; Им ги објаснува нејасните делови; Предвидува што ќе биде напишано во следниот пасус; Го избира следниот пасус.



Со оваа наставна техника се поттикнуваат различни идеи и мислења или предзнаења за одредена тема. ЧЕКОРИ‫׃‬ Наставникот поставува прашања за кои бара првични идеи и мислења.

Учениците ги запишуваат сопствените идеи и мислења. Запишаните идеи и мислења можат да ги споделат во пар, во група или целиот клас. Учениците на покана од наставникот ги кажуваат идеите и мислењата. Наставникот или учениците ги запишуваат сите кажани идеи и мислења на таблата.


ПРАВИЛА НА НАСТАВНИКОТ‫׃‬ Го планира потребното време; Ги запишува сите дадени идеи и мислења без да води сметка за нивната точност;

Им нагласува на учениците дека не треба да заземаат критички став кон кажаното; Планира како ќе ги употреби идеите и мислењата во понатамошниот текст на часот; На крајот на часот (содржината) се навраќа на листата.



Оваа техника е многу слчична на ГРОЗДОТ и исто така претставува нелинеарна форма на размислување, но овде не мора да постои само разгранување кон секој следен поим, туку и комбинирање на сродните поими во зависност што е целта на поставување на мисловната мапа. Mоже да се задаваат во секоја фаза од часот.



• Учениците во триаголниците ги запишуваат своите активности во процесот на учење/ откривање. Притоа со ваквата техника им се овозможува на учениците да имаат увид во различните аспекти на своето учење или напредување ( зависно од прашањата во триаголниците). • Триаголниците најчесто ги поставуваат прашањата: Што забележав ( видов), што ќе направам, кои прашања си ги поставувам, што открив? Така овој вид на графички организатор дава можност за поврзување на сетилните, емоционалните и когнитивните аспекти на учењето.



- Учениците ги замолуваме на прче хартија да напишат едно прашање во врска со темата која ја работиме, кое не им е јасно или сакаат нешто дополнително да дознаат. - Потоа прашањата ги оставаат во претходно подготвена кутија – АКВАРИУМ - Наставникот извлекува неколку прашања од кутијата на кој одговорот го бара од учениците а доколку незнаат наставникот одговара на прашањата.



Оваа техника се користи за ефикасно читање и мислење и им овозможува на учениците активно да размислуваат додека читаат, бидејќи често се случува да се прочита страница а ништо да не се запамти.

Се чита текстот и се прибележуваат податоци и сортираат во различни табели. Целта е да се концентрираат учениците во читањето и да се чита со разбирање. Во зависност од возраста на учениците, наставникот ги поедноставува или отежнува барањата.


ЗНАЦИ: ,,√″ - Со овој знак потврдуваме дека она што сме го прочитале за нас е веќе познато.

,,┼” -Доколку она што сме го прочитале за нас е ново и непознато. ,,” -Доколку она што сме го прочитале се разликува од она што го знаеме и не се сложуваме со тоа. ,,?” -Ако се работи за информација која нас не збунува или ако постои нешто за кое сакаме да научиме.


Важно е учениците знаците да ги ставаат индивидуално бидејќи целта е сите да научат нешто ново врз основа на сопственото знаење и искуство.

Се чита дел од текстот, па за момент се прави пауза со цел учениците да размислат за тоа што го прочитале и да дискутираат со своето другарче одговарајќи на следните прашања: Кое наше знаења е потврдено? Кое наше знаење е сузбиено? Со кое ново знаење се сретнавме? Што ни е нејасно?


Потоа учениците ги бележат знаците во табела. Се продолжува со читање на друг дел од текстот и повторно истата постапка.

Кога ќе се заврши со читањето на целиот текст, учениците се групираат во поголеми групи каде се врши споредување на забележаните податоци и се наоѓа одговорот на она што било непознато. Се сумираат одговорите и на крај групите вршат презентација.


Наставна содржина ____________________

,,√″ Ова го знам

,,┼”

,,”

,,?”

Нова информација

Спротивно од она што мислев

Имам прашања



• Оваа техника се користи во завршниот дел од часот за да учениците со свои зборови изразуваат информации и идеи со кои се сретнале. • Да се поттикне размена на идеи помеѓу учениците. • Секој ученик добива ливче со следнава табела:

Бинго


Начин на работа: •Секој ученик запишува во првото поле еден поим кој му оставил голем впечаток на овој час. •Потоа разговара со осум ученици и ги замолува на останатите полиња да запишат по еден поим но тој да не се повторува со останатите.

•Кога ученикот ќе ги комплетира сите девет полиња извикува БИНГО и крева рака. •Потоа следи презентација на БИНГОТО.



- Целта е да се постигне ‘’активно слушање’’ - Во текот на лекцијата по изнесувањето на дел од наставната содржина, и дефинирање на планот за тој дел, застанете и оставете да се создаде тишина (мала пауза) Прашајте: ДАЛИ НА НЕКОЈ МУ Е ПОТРЕБНО РАЗЈАСНУВАЊЕ?

- За време на оваа мала пауза можете да шетате во училницата, да ги гледате забелешките на учениците , да одговарате на нивни прашања итн. - Ученици кои никогаш не поставуваат прашања пред целото одделение сега се во можност да постават прашање заради објаснување.



-Наместо одбирање на ученик кој ќе одговара на поставено прашање, наставникот пред да прозива некој чека околу 15 секунди (што изгледа доста долго во училницата) -Важно е да инсистирате никој да не крене рака или да го каже одговорот пред вие да дадете сигнал за тоа.

-Чекањето ги принудува учениците да размислуваат за прашањето бидејќи не знаат кој ќе биде избран. Така наместо да се потпираат на учениците кои најбрзо одговараат на прашања размислуваат како да одговорат. -Кога ќе истече времето на чекање, наставникот бара доброволец или самиот одбира ученик кој ќе одговара на поставеното прашање. - Кога учениците ќе стекнат навика во чекање на поставеното прашање, повеќето од нив ќе учествуваат во наставниот процес.



- Се информираат учениците дека текстот на задачите ќе го читаат

заедно. Не смеат да го гледаат додека се дели. - По поделбата на текстот (задачите), накратко се дискутира за нив. Потоа се пристапува кон читање на задачите со напомена: Да читаат внимателно. Треба да се прочита само првата задача. Кога ќе завршат со читањето, треба да го подигнат погледот за да се знае дека се готови.

- Се чита задачата до првото СТОП (во задачата има повеќе барања и штом се дадени доволно податоци за одгонетнување на барем едно, се бележи СТОП). Потоа се поставува прашањето: Како се чувствувавте додека внимателно читавте. Сите одговори се прифаќаат. Потоа се поставуваат прашањата едно по друго: Што е дадено во задачата? Што се бара? Како ќе го решиме проблемот? Зошто така мислите? Им се остава доволно време да размислат и одговорат. Потоа преминуваме на решавање.


Напомена текстот да го читаат до второто СТОП. Додека читаат размислуваат на кои се начини може да се реши. Се чита задачата до второто СТОП. Потоа им се поставуваат прашања со доволно време на размислување. Што треба ученикот да знае зада ја реши задачата? Што би можело да биде проблем во задачата? Дали постојат повеќе решенија?

- Подготовка за читање на текстот до третото СТОП. Да се обрне внимание на единиците мерки. - Учениците ја дочитуваат задачата ги запишуваат дадените вредности и ја решаваат. Кога сите ќе завршат


Користена литература:

http: //ww w . pe p.org .mk/m k/oce nuva nje/c onfer ence /Doc + s/Sne zana Е- пе %20R даго istov г ska.p df


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.