Топлинска изолација

Page 1

15 април – 20 мај 2011 Наставен предмет/ Наставна тема Одделение Физика Внатрешна VII енергија

Наставна содржина/ лекција Топлинска изолација

Траење

Наставник

4 часа

Аида Петровска ОУ "Димитар Миладинов" Општина Центар - Скопје

Очекувани резултати: Учениците: - Решаваат проблемски ситуации, воопштуваат, извлекуваат заклучоци; - Ги применуваат знаењата при решавање на проблеми; - Да умеат да демонстрираат топлинска изолација и зошто одредени материјали се користат за таа цел; - Да умеат да направат термос, облека, ѕид, покрив, прозор; - Да откријат зошто двојните ѕидови и двојните прозорски стакла се подобри од единечните; - Да се уверат дека со топлинската изолација се штеди енергија; - Да развијат љубов кон архитектура, градежништво, текстилна индустрија; - Да умеат да фотографираат и евидентираат; - Да умеат да изработуваат презентации во OpenOffice Impress; - Да знаат да организираат и земат интервју.

Потребни материјали и опрема за реализација: - Функционален картон со насоки за изработка на макети на куќи, термос и облека, насоки за изведување на експерименти, насоки за изработка на презентација и прашалник за самооценување на работата на групата ( прилог 1); - Потсетник за групна работа за секоја група (прилог 2); - Евидентен лист за наставникот – за утврдување на успешноста на час реализирана со решавање проблеми (прилог 3); - 5 – 10 лаптопчиња, картонски кутии, памук, стиропор, пластични шишиња, алуминиумска фолија, термометар, чаша, вода, плинско решо, кибрит, коцки мраз, волнена и памучна чорапа.

Активности и насоки од претходниот час: - На учениците им беше најавено дека 4 часа по наставата ќе работат на проблемски задачи за топлинска изолација (тема Внатрешна енергија); - Учениците добија задача да обезбедат материјали за работа и ги добија упатствата за изработка на презентација. -Наставникот е должен да обезбеди компјутери (лаптопчиња) за непречена работа.


Активности на часот: а) прв час: УЧЕНИЦИ: - Се делат на групи; - Им се поделува функционален картон (прилог 1) од каде се запознаваат како да изработат модел на куќа со примена на топлинска изолација, термос и облека. - Го слушаат предавањето од наставникот и ги бележат информациите што им се потребни за поуспешна работа и поефектна презентација. -Се запознаваат со изработка на добра презентација. НАСТАВНИК: - Ги запознава учениците со термоизолационите материјали, им дава совети како да ги применат во изградба на нивната макета на куќа, во термосот и облеката. - Ги советува како да изработат добра презентација. б) втор час: УЧЕНИЦИ: - Изработуваат макети на куќи со двојни ѕидови, двојни прозорци, изолиран покрив, термос и облека. - Групите меѓусебно соработуваат и разменуваат мислења. - Ги фотографираат изработките, а фотографиите ги сместуваат во своите презентации. - Презентациите ги работат во OpenOffice Impress, зошто немаме функционални компјутери во училиштето и работат на наставничките лаптопчиња. НАСТАВНИК: - Обезбедува компјутери за секоја група (позајмува од колеги), обезбедува работна атмосфера, советува, помага. Дава општа повратна информација за сработеното и најавува дека наредниот час секоја група ќе презентира што сработила. Презентациите можат да бидат во OpenOffice Impress или во вид на постер. в) трет ( отворен) час: УЧЕНИЦИ: -Презентираат трудови, -Одговараат на прашања поставени од гостите, -Раскажуваат за стекнатите искуства од оваа активност. НАСТАВНИКОТ: -Обезбедува успешна реализација на часот. -Помага, советува, бележи јаки и слаби страни на секоја група. -Ги пречекува гостите – наставници и разговара за успешноста на часот. г) четврти час УЧЕНИЦИТЕ: -Се оценуваат за сработеното. - Укажуваат на некои работи кои би ги смениле или доколку би работеле повторно на иста активност, што би направиле поинаку. -Раскажуваат колку од нив преку оваа активност го засакале градежништво и архитектура и дали некој од нив ќе се определи за идна професија – градежник или архитект. НАСТАВНИК: -Го дополнува евидентниот лист за секоја група и им дава конечна повратна информација. -Им дава задача на оние што се заинтересирале за градежништво да најдат некој градежник или архитект и да му земат интервју, да ни се разјасни како се станува градежник или архитект.


Посебни активности за учениците кои побрзо напредуваат: Ги следат активностите од секоја група, забележуваат, евидентираат и внесуваат на своите страници на “Thinkquest”(најголем некомерцијален светски програм за образование подржан од интернет), потоа дебатираат, внесуваат фотографии од активностите, шеми, донесуваат заклучоци и бараат мислења за сработеното од ученици и наставници од други училишта.

Забелешки и рефлексија од реализацијата на часот: 

а) прв час: Учениците покажа особен интерес за проектната активност. Поставија многу прашања, дадоа многу предлози и идеи за проширување на активноста. Од предвидените четири часа, ќе имаме потреба од повеќе, Решивме да побараме помош од некој градежник или архитект. б) втор час: Учениците без потешкотии изработувале модели, соработувале и си помагале. Дел од работата ја носеле и дома, со цел побргу да завршат. Малку имавме проблеми со лаптопчињата, некои без предупредување ни се гасеа и моравме многу работи да повторуваме, а и некои папки ни се губеа без причина. Се на се интересно искуство. Изработивме доволно за да можеме да презентираме и да покажеме колку научивме. в) трет час а) Учениците ги презентираа своите трудови пред соучениците, педагог, психолог и наставникот по математика – Бети Стојоска Стојановска. Секоја група изработи модел (според барањата) и презентација. Слушнавме многу полезни информации. Сите изработки беа уникатни, а најголем број на презентации ги задоволуваа правилата за изработка на квалитетна презентација. б) Дел од изработките учениците ги презентирале пред посетителите од ПЕП, Гоце Шопковски и Игор Сасански


Прилози ПРИЛОГ 1: Функционален картон со прашалник за самооценување:

ГРУПА - 1 - ЅИДОВИ ЦЕЛ – Макета на куќа со топлинско изолирани ѕидови. - Да се увериме дека изолираните ѕидови ја задржуваат топлината. Материјали и апарати: -Две картонски кутии со различна големина, памук или стиропор, термометар, стоперица, тетратка, молив, плинско решо, сад со вода, фотоапарат или мобилен телефон, флип камера. Постапка: (сите етапи фотографирај и снимај) а) - Во помалата кутија ставаме чаша со зовриена вода. - Ја затвораме кутијата и на покривот правиме дупче за термометар. - Ја мериме температурата во куќичката - кутијата на секоја минута (10 минути). - Податоците ги внесуваме во дадената табела, а потоа ги претставуваме графички. б) Помалата кутија ја ставаме во поголемата и засекуваме прозорци и врати. - Просторот помеѓу кутиите го пополнуваме со стиропор или памук. - Отворите за прозорци и врати ги затвораме со парче проѕирна фолија. - Поставуваме покрив ( парче картон) со отвор за термометар. - Во истата чаша налеваме зовриена вода и ја ставаме во куќичката. - Низ отворот на кровот поставуваме термометар и ја мериме температурата во куќичката на секоја минута (10 минути). - Податоците ги внесуваме во дадената табела, а потоа ги претставуваме графички.

t (min)

0

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

t (ºC) неизолирани ѕидови

t (min)

0

t (ºC) изолирани ѕидови t (ºC)

t (min)


Од снимениот материјал и заклучоците изработи презентација во OpenOffice Impress. Одговори на поставените прашања:  Кои материјали се употребуваат како термоизолатори и зошто?  Зошто во зима есенските посеви не замрзнуваат кога се покриени со снег?  Зошто во лето носиме бели и тенки облеки, а во зима темни и дебели? ГРПА – 2 – ПРОЗОРЦИ ЦЕЛ – Изработка на двојни прозорци. - Да се увериме дека двојните прозорци ја штедат енергијата. Материјали и прибор: -Две картонски кутии со различна големина, памук или стиропор, термометар, стоперица, тетратка, молив, плинско решо, сад со вода, фотоапарат или мобилен телефон, флип камера. Постапка: (сите етапи фотографирај и снимај)  Куќичката изградена по упатството од група 1 (а и б), со таа разлика што прозорците ќе ги затвориме со двојна фолија на извесно растојание.  Поставуваме покрив ( парче картон) со отвор за термометар.  Во една чаша налеваме зовриена вода и ја ставаме во куќичката.  Низ отворот на кровот поставуваме термометар и ја мериме температурата во куќичката на секоја минута (10 минути).  Податоците ги внесуваме во дадената табела, а потоа ги претставуваме графички.

t (min)

0

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

2

3

4

5

6

7

8

9

10

t (ºC) единечни прозорски стакла

t (min)

0

1

t (ºC) двојни прозорски стакла t (ºC)

t (min)


Од снимениот материјал и заклучоците изработи презентација во OpenOffice Impress. Одговори на поставените прашања:  Кои материјали се употребуваат како термоизолатори и зошто?  Зошто во зима есенските посеви не замрзнуваат кога се покриени со снег?  Зошто во лето носиме бели и тенки облеки, а во зима темни и дебели? ГРУПА - 3 – ПОКРИВ ЦЕЛ: - Изработка на покрив кој штеди енергија. - Да се увериме дека со правилна изведба на покривот штедиме енергија. Материјали и апарати: Две картонски кутии со различна големина, памук или стиропор, термометар стоперица, тетратка, молив, плинско решо, сад со вода, картонски плочи, фотоапарат или мобилен телефон, флип камера. Постапка: (сите етапи фотографирај и снимај)  Куќичката изградена по упатството од група 1 и 2 со таа разлика што покривот ќе го изолираме така што помеѓу греди и штици ке ставиме памук или стиропор и ќе го обложиме со уште еден ред штици ( штиците ќе ни бидат картонски плочи).  Ќе направиме мало оџаче за термометар.  Во една чаша налеваме зовриена вода и ја ставаме во куќичката.  Низ оџакот на кровот поставуваме термометар и ја мериме температурата во куќичката на секоја минута (10 минути).  Податоците ги внесуваме во дадената табела, а потоа ги претставуваме графички.

t (min)

0

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

0

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

t (ºC) неизолиран покрив

t (min) t (ºC) изолиран покрив t (ºC)

t (min)


Од снимениот материјал и заклучоците изработи презентација во OpenOffice Impress. Одговори на поставените прашања:  Кои материјали се употребуваат како термоизолатори и зошто?  Зошто во зима есенските посеви не замрзнуваат кога се покриени со снег?  Зошто во лето носиме бели и тенки облеки, а во зима темни и дебели? ГРУПА - 4 – ТЕРМОС ЦЕЛ: Да знаеме да направиме термос. Материјли и апарати: - Две пластични шишиња (мало и големо). - Алуминиумцка фолија. - Стиропор. - Селотејп и ножици. - фотоапарат или мобилен телефон, флип камера. Постапка: (сите етапи фотографирај и снимај) Го засекуваме поголемото шише во кое ке го сместиме помалото шише кое претходно сме го завиткале во алуминиумска фолија. Просторот помеѓу шишиња го пополнуваме со стиропор и затвораме. Нашиот термос е подготвен за употреба. Во термостат лееме жешка вода, ставаме термометар и ја мериме температурата во термосот на секоја минута (10 минути). Истото го правиме и во неизолирано мало шише какво употребивме при изработка на термос. Добиените податоци ги внесуваме во дадена табела и претставуваме графички.

t (min)

0

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

0

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

t (ºC) пластично шише

t (min) t (ºC) пластичен термос

t (ºC)

t (min)


Од снимениот материјал и заклучоците изработи презентација во OpenOffice Impress Одговори на поставените прашања:  Кои материјали се употребуваат како термоизолатори и зошто?  Зошто во зима есенските посеви не замрзнуваат кога се покриени со снег  Зошто во лето носиме бели и тенки облеки, а во зима темни и дебели? ГРУПА 5 – ОБЛЕКА ЦЕЛ: Да знаеме зошто џемперите и монтките не заштитуваат од студ Материјали и апарати: Парче платно, памук, волнена и памучна чорапа, четири коцки мраз, фотоапарат или мобилен телефон, флип камера, часовник. ПОСТАПКА: (сите етапи фотографирај и снимај) Шиеме јорганче од платно и памук. Во јорганчето завиткуваме една коцка мраз, а другата коцка ја завиткуваме само во платното. Почекуваме да водиме која коцка побрзо ќе се стопи (го мериме времето). Истото го повторуваме со волнена и памучна чорапа. Добиените податоци ги внесуваме во дадена табела и претставуваме во столбест дијаграм.

материјал

Време на топење

јорганче платно материјал

време на топење

волнена чорапа памучна чорапа t (ºC)

Јорганче

платно

волнена чорапа

памучна чорапа


Од снимениот материјал и заклучоците изработи презентација во OpenOffice Impress Одговори на поставените прашања:  Кои материјали се употребуваат како термоизолатори и зошто?  Зошто во зима есенските посеви не замрзнуваат кога се покриени со снег?  Зошто во лето носиме бели и тенки облеки, а во зима темни и дебели? ЛИСТА ЗА САМООЦЕНУВАЊЕ Име и презиме:_____________________ 1. Какво беше твоето учество во решавањето на проблемот?

2. Што научи од оваа практично искуство?

3. Кои се твоите јаки страни во улогата што ја имаше превземено во процесот на решавањето на проблемот?

4. Кои се твоите слаби страни?

5. Доколку имаше повеќе време што би направил поинаку и зошто?

6. Вреднувај ја твојата работа на часот со оценка од 1 до 5 и објасни зошто.

ПРИЛОГ - 2 ПОТСЕТНИК ЗА ГРУПНА РАБОТА ПРИ ПРОБЛЕМСКА СИТУАЦИЈА СЕКОГАШ: 1. Пред да започнеме со решавање на здачата проверуваме дали сме ја разбрале. 2. Се држиме до дадената задача што ни е дадена од наставникот. 3. Додека работиме, секој од групата дава свои предлози и мислења. 4. Секој го слуша мислењето од другарите (го сослушува). 5. Крајниот заклучок го даваме откако ќе направме анализа на сите идеи и предлози дадени во групата. 6. Додека работиме, имаме член од групата кој води белешки за нашата дискусија и ја координира работата 7. Правилно ги распределуваме задачите во грпата. 8. Сите бележиме што ново научивме на овој час.


ПРИЛОГ – 3 ЕВИДЕНТЕН ЛИСТ ЗА СЛЕДЕЊЕ И ВРЕДНУАЊЕ НА РАБОТА НА УЧЕНИКОТ ВО ГРУПА 1.Ги прифаќа задачите во групата и внимателно ги извршува. 2. Го ислушува мислењето на останатите другари во групата. 3. Го разбира проблемот и размислува за откривање на неговото решение 4. Активен е во групата и дава свои предлози со цел за унапредување на работата на групата. 5. Врши проверка и ги генерализира новостекнатите знаења. 6. Не губи време, туку веднаш се зафаќа за задчата во групата. 7. Во прв план му е интресот на групата, а дури потоа неговиот сопствен план. 8. Добро соработва со поголем дел од учениците во грпата. 9. Прифаќа сугестии од раководителот на групата преку умерена критичност, со цел за доаѓање до подобри решенија. 10. Нуди доста информации и сите се релевантни. 11. Точно одговара на прашањата од функционалниот картон. 12. Дава примери од секојдневието.

ДА ДЕЛУМНО НЕ


Листа за проверка при оценување на презентација Подготовка  Проверува дали има се што е потребно и дали функционира. Организација  Има јасен вовед.  Има логичен развој.  Извлекува заклучок. Содржина  Презентацијата дава релевантни информации  Презентацијата покажува добро користење на изворите Презентацијата     

Зборува јасно, користи соодветен јазик, користи соодветни движења на телото, поставува прашања и обезбесува одговор на поставените прашања, ги почитува временските рамки. Способност за презентација

 Ги прилагодува информациите за слушателите,  јасноста и текот се очигледни, 

добро одговара на прашањата.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.