Alonso de Ojeda

Page 1

.. 1 Што немам волшебен плашт, ми е жал! Би сакал во туѓи земји да летам. Таквиот плашт за најголема среќа го сметам, И ни за царско руво не би го дал. Гете, „Фауст“ Драган и Петар од преубавиот и славен град Охрид ги врзуваше тесна дружба. Беа блиски роднини – деца на двајца браќа, освен тоа природата се беше погрижила и карактерно да бидат слични. Живееја куќа до куќа па веднаш штом утрово ќе станеше Драган одеше кај Петар или Петар кај Драган, во зависнист од тоа кој прв ќе се разбудеше - и целиот ден беа заедно. Скитаа по охридските сокаци, се загледуваа во дуќаните, ја вдишуваа слатката миризба на пржена риба која се носеше од рибарниците. Понекогаш крадеа од црковните јаболкa и се превиткуваа од смеа кога стариот поп ќе се затрчаше по нив заканувајќи им се со прст; но не беа лоши деца, па кога овој ќе се препнеше од долгата мантија и ќе паднеше, тие се враќаа, го креваа од земјата и му помагаа да се врати во црквата. Многу сакаа да одат на оној дел од брегот на езерото, од каде можеше да се види Свети Стефан и да ги гледаат рибарите. Oвие седнуваа по двајца или по тројца во своите мали, стари кајчиња, сложно завеслуваа, па со онаа својата „Билјана платно белеше“ одеа кон длабочината на езерото за таму да ги фрлат мрежите. Кога деновите беа долги и убави излегуваа на блиската планина Галичица. При едно такво излегување еден овчар им даде дрвена иконичка со ликот на Богородица: - „Кога ќе се најдете во незгода помолете се пред иконата и ништо лошо нема да ви се случи!“ – така рече. Овчарот иконата му ја даде на Петар, но овој уште истиот ден му ја даде на Драган кај кого и остана. Само кога разговараа за иднината можеше да се види, дека сепак има нешто, кое двајцата братучеди ги правеше различни. Така, во едно прекрасно, црвено како крв мајско зајдисонце тие седеа на брегот и пуштаа во езерото книжни бротчиња. Тогаш беа на по чеtиринаесет гоdини. Беше 1478 година. 1


- Бате Драги – рече во еден момент Петар, кој беше шест месеци помлад - мислиш ли дека кога ќе се излезе од нашиот Охрид може да се патува денови и месеци без да се дојде до крајот на светот - како што не учеше дедо Ѓорѓи? - Се разбира дека мислам – одговори Драган - И тоа не само денови и месеци, туку и години да патуваш нема да му го видиш крајот на светот. Така ни кажува дедо Ѓорѓи, а тој сè знае и јас му верувам. Дедо Ѓорѓи беше трговец од далечниот град Пловдив, кој често патуваше со каравани натаму – наваму и тргуваше. Понекогаш доаѓаше и во Охрид и тогаш отседнуваше или кај родителите на Драган или кај родителите на Петар. Но учел и школи, така што освен трговијата ги знаеше и историјата, географијата и филозофијата, а и летописи пишуваше 1 (белешките и објаснувањата се на крајот од книгата) , па затоа овие со задоволство му ги препуштаа децата да ги подучува. - Можеби е и така, како што вели дедо Ѓорѓи, но јас не сакам да излегувам од Охрид за да гледам колку е голема земјата. Мене ми е сосема убаво и овде, само да сум со тебе. - И мене ми е убаво со тебе, Петре – рече Драган – Но јас сакам да патувам, да запознавам народи, кралства... - Каде би сакал да отпатуваш, а бате Драги? - Не знам. Светот е многу голем и убав. Тој е вистинско волшебство и јас многу сакам да отпатувам. Ги гледаш ли овие книжни бротчиња што ги пуштаме? Кога едно од нив би се претворило во голем, во вистински брод, јас би можел да отпловам со него до другиот крај на eзерото, не повеќе. Но ако езерото беше море и ако тоа море продолжуваше во друго море, другото во трето и сè така, јас тогаш би запловил по нив и би отишол во... Франција, или во Шпанија, или во Англија за кои толку многу ни зборува дедо Ѓорѓи. - И што би правел таму!... во Франција или во Шпанија? На Драган очите му светнаа. Му се внесе на својот братучед в очи и зазборува тивко и со треперлив глас, како во доверба да кaжуваше за својот животен сон, за високата цел, кон која незадржливо се усмерило целото негово младо суштество: - Што би правел таму? Ех... Би станал голем рицар, најголем... Би отишол во кралскиот дворец и би се вљубил во кралската ќерка, а и таа во мене. Кралот би се спротивставил на тоа, но јас би го убил змејот кој му се заканува на кралството и тој би ме направил свој зет. - Не мавтосувј ме, бате Драги, тоа се приказни за мали деца. 2


- Приказни се, но зарем не се убави? А ова не е приказна! Ако кралот кај кого би отишол завојува со друг крал, јас тогаш ќе го облечам сјајниот челичен оклоп, ќе го ставам шлемот на главата, ќе се качам на бојниот коњ, па со штитот во левата и мечот во десната рака ќе застанам во првиот ред на неговата војска и ќе направам многу јуначки дела, ќе ги предизвикам и ќе ги победам најголемите непријателски рицари. Тогаш кралот можеби нема да ми ја даде својата ќерка за жена, но ќе ми даде замоци и градови, ќе ме затрупа со почести и мојата слава ќе стигне надалеку, ќе дојде дури довде. - Убаво го рече тоа, толку убаво, што секој би посакал такво нешто. Сепак јас цел живот би останал со тебе овде, ништо друго не сакам. Само така би ми било убаво, никако поинаку. Вистина, бате Драги, ајде да си го проживееме животецот овде, во нашиот Охрид! Додека сме мали ќе скитаме и ќе му ги крадеме јаболкaтa на попот, а потоа ќе ловиме риби или ќе пасеме овци по Галичица. - Ех, црковни јаболки и риби и овци... А онаму, преку морињата рицари на бојни коњи и славни битки и знамиња со кралски грбови и труби, фанфари и раскошни дворци... Овде беда и простотија, таму блесок и величие. Ех , Петре, Петре... - И друг пат си ми велел, дека сакаш да отидеш во некој поубав свет од овој овде – рече Петар - nо сето тоа е толку сложено. Ти зборуваш за далечни земји, за луѓе што се поинакви од нас. А ти и да отидеш, нема многу арно таму да видиш. - А зошто така мислиш? - Извини, бате Драги, што ќе ти го речам ова, но ти си непостојан, а непостојаните луѓе не стигаат далеку, така ме учи татко ми. - Зошто мислиш дека сум непостојан? - Па ете, завчера се договоривме да отидеме на Галичица, за да видиме како изгледа планината во мај, а ти потоа се предомисли. Такви работи. И друг пат се случувало да се договориме за нешто, а ти се предомислуваш. Есенва си рековме да не крадеме од црковните јаболкa бидејќи е гревота, но ти не издржа и пак појде, а и јас со тебе, бидејќи одам сегде каде што одиш ти. Такви работи... - А, тоа ли... – започна Драган, но не доврши. Eдна нога ги згазна книжните бротчиња кои лесно се нишаа по спокојната езерска вода и ги смачка. Тоа други две момчиња, но неколку години повозрасни, а и покрупни на раст незабележливо се прикрадоа одзади – тие тоа го направија.

3


- Иван Беров и Стојан Пинелов. Секогаш кога ќе не начекаат насамо не предизвикуваат и не тепаат. Ајде овој пат ние да ги натепаме. – рече Петар и ги стисна тупаниците, готов да скокне и да се тепа. - Остави ги, Петре, сега нема да се тепаме; не сакам да се тепам кога желби и копнежи се брануваат во мене. А тие, кога ќе видат дека не стануваме, ќе си отидат. Кога видоа дека на нивниот предизвик не беше одговорено, двајцата мали насилници презриво плукнаа во езерото, одмавнаа со рака и навистина како да тргнаа да си одат. Но застанаа и седнаа подалеку, погледнувајќи напреку кон Драган и Петар. Едно време Иван рече: - Знаете ли што се случило вчера кај Малезанови? - Што? – запраша Петар, но сè така стискајќи ги тупаниците, спремен секој момент да скокне и да се тепа. - Дошле Турците, го претепале Климета, а жената му ја силувале – ете тоа се случило; и речиси секој ден се случуваат такви работи, а вам ни уво не ви трепнува, нели? Ич не ви е гајле за страдањето на овој народ- така ли е? - Не греши си ја душата, црн Иване! – срипа овој пат Драган и ја дигна заканувачки раката – Сите нас не боли за овој народ! Скокна и Иван и злобно му се внесе на Драган во лицето: - Е, па што? - Јас ќе го ослободам нашиот народ од турско ропство – ете тоа! Овие зборови дојдоа како силен сончев зрак кој ја растерува темнината. Сите беа на нозе. - Вистината ли ја зборуваш, Драгане? – рече Иван. Vо неговите очи веќе не се читаше омраза, туку восхит, како да поверува во она, што го слушна. - Ќе даде бог и ќе биде - тврдо одговори Драган. - Добро. Може и тоа да биде. Ми кажуваше попот, дека треба да се дигнат луѓе и да го поведат народот во борба, така одат тие работи. Јас би сакал, но нема во мене сила и знаење за такви работи. А ти како мислиш тоа да го сториш, да дигнеш востание ли? - Не. Не востание. Не можеме ние да излеземе на крај со Турците, многу се силни. Туку, ќе одам кај некој крал и ќе му побарам војска – си слушнал ли за оние силни и убави војници со блескав оклоп на градите, со шлем на главата, со меч во десната и штит во левата рака, вјавнати на своите големи бојни коњи? Со нив ќе се вратам и ќе ги истерам Турците – ете така ќе направам. 4


- Добро. Убаво го рече тоа. Но заколни се дека така ќе биде. - Се колнам. - Не така. Туку ти заколни се пред нешто свето. Драган ја извади од џебот иконата со Богородица што му ја даде овчарот од Галичица и ја бакна: - Се колнам пред нашата пресвета мајка Богородица! - Добро. Тоа важи – рече Иван и силно му ја стисна раката на Драган - Ако ја исполниш заклетвата и дојдеш со војска, повикај ме, ќе застанам до тебе; кога ќе ја ослободиме татковината ќе те направиме крал. А ако не ја исполниш ќе те најдам каде и да си – и ќе те убијам! Право ли реков? - Право. – Rече Драган, а образите му пламнаа, бидејќи ја беше согледал големината на моментот. - Добро. Кога е така, веќе нема да се тепаме. Но не крадете му ги јаболките на попот. По ова Иван Беров и Стојан Пинелов си отидоа. Двајцата братучеди останаа на брегот. Отспротива се гледаше Свети Стефан. Некаде некои рибари оптегнато пееја за Билјана која белела платно. Сè беше тивко и спокојно во оваа мајска квечерина овде, покрај убавото Охридско Езеро. Сонцето беше зашло, на небото се палеа првите ѕвездички. - Бате Драги, кажи ми дека никогаш нема да ме напуштиш. – рече тажно Петар сè уште под влијание на разговорот што го прекинаа со своето доаѓање Иван и Стојан. - Не плаши се Петре, засега тоа се само желби. А ако се случи... и ти ќе дојдеш со мене. - Така веќе може. А ако ме оставиш, можам и да те замразам, таков сум јас. Драган се насмевна и го потчукна братучедот по рамото: - Не грижи се. Може да се случи јас и ти цел живот да си останеме и да ловиме риба во езерото. Само треба да ни направат нови кајчиња, оние што ни останаа од дедовците одамна изгниле и вода пропуштаат. Но онаа сила која ги планира судбините на луѓето го слушнала разговорот и во моментот донесе решение. Се зададе висок, убав старец со сосема бела брада и долга, бела коса како кај светците од иконите. Беше многу возбуден. Тоа беше дедо Ѓорѓи. - Најпосле ве најдов – рече, кога дојде до момчињата, поткрепувајќи се на долг стап – Требаше веднаш да се сетам дека сте овде. А јас талкав по сокаците, бев и во Горно маало. - Што се случило, дедо Ѓорѓи? Изгледаш загрижен – рече Драган. 5


- Загрижен, тоа е премногу мек збор. Зло се случува деца, големо зло! - Што е дедо Ѓорѓи? – викнаа овој пат и двете момчиња во еден глас и станаа. - Турците собираат здрави и силни деца за јаничари, тоа се случува. Биле кај Крстеви во Момин Cокак и им го одвеле синот, Јанко, вие со него често си игравте и на шега се тепавте. Луѓе на агата почнале да одат од куќа во куќа и да загледуваат. Може и кај вас да дојдат и да ве земат, и двајцата сте здрави и силни. Кога ја слушнаа веста вашите родители почнаа да си ги кубат косите, а јас тргнав да ве барам. Момчињата беа готови да се расплачат. - И што сега, дедо Ѓорѓи? Зар јаничари да станеме и верата да ја смениме? - Идејќи наваму јас смислив што да правиме. Ќе излеземе од Охрид и ќе му се приклучиме на караванот, кој деновиве оди за Дубровник. Долг пат е тоа и тешко ќе ни биде – вие сте премлади, јас сум престар. Но мораме да издржиме, ништо друго не ни преостанува. А од Дубровник, кој каде: вие на еден брод, па кон Шпанија, а јас на друг, па кон Венеција, каде што сакам да го видам дуждот, за кого сум слушнал фантастични работи 2. - А што ќе правиме ние во црна туѓина, црн дедо Ѓорѓи? – писна Петар – Нас таму темнината ќе не проголта. - Нема да ве проголта темнината, деца, само Господ и света Богородица да ве имаат на ум – а ќе ве имаат, ќе видите! Кога ќе стигнете во Шпанија, капетанот на бродот, инаку мој пријател ќе ве одведе кај еден мој пријател од Пловдив – ќе ве препорачам со писмо кај него и тој ќе ве прими. А таму веќе нема да бидете Словени – таму нас Словените многу не нè сакаат, на нас гледаат како на Vарвари - туку ќе го научите шпанскиот јазик и писмо, шпанската култура, историја и традиции. Ќе научите да јавате и да се мечувате, да бидете културни, милосрдни и галантни, но и храбри и дрски кога треба, со еден збор ќе станете вистински Шпанци. Дури и вашите имиња ќе станат шпански. Ти, Драгане, ќе станеш Алонсо, Алонсо де Охеда – тоа е шпанскиот превод на Драган Охридски 3. А ти, Петре ќе се преименуваш во Педро де Охеда. Готово: ниту лук ќе јадете, ниту на лук ќе мирисате. Но и својата татковина не заборавајте ја, гревота е! Pа ако некогаш станете големи и почитувани луѓе, направете нешто за неа ако можете, за својата мајка. Ете, така да биде. А сега ајде дома, се стемни, а и вашите родители треба да ги утешиме. Најпосле, со божја помош сè ќе се среди. 6


Додека одеа по патеката која водеше до нивните домови и која како преку ден беше осветлена од силната месечева светлина, момчињата постепено започнаа да се утешуваат. – „Сепак е добро штом ќе бидам со бате Драги.“- си мислеше Петар. А оној другиот, Драган, дури почувствува и некаква радост, која одеднаш стана толку голема и незадржлива, што го натера да затрепери: - „Во Шпанија, боже мој! Зарем не беше тоа мојот сон? Ќе сторам јуначки дела и мојата слава ќе стигне до кралот. Ќе ме викне тој кај себе и ќе ме запраша: - „Како се викаш, јунаку и од каде си?“ – „Јас сум Алонсо од Охрид, честити кралу.“ – ќе му одговорам, а тој на тоа: „Среќна мајка што те родила, Алонсо од Охрид!“. И многу ќе ме засака. А уште ако можам и ослободителна војска да измолам...“ – така си мислеше тој.

2 Пријатели, да јадеме и да пиеме весело Додека има газје во лампата Кој знае дали на другиот свет пак ќе се видиме? Кој знае дали на другиот свет има крчми? Непознат автор

Сега ќе ја преземеме улогата на хорот од старите грчки драми и ќе кажеме, дека од брегот на Охридското езеро треба да се префрлиме во славната и преубава Шпанија. А таму, во едно октомвриско зајдисонце 1487 година, значи девет години по опишаниот во претходната глава настан, двајца млади луѓе се шетаа по шумата до величествениот замок Ел Бурго де Осма на грофот Мединасели, кој стоеше на едно возвишување во близината на градот Агулар. Едниот, околу дваесет и пет годишен, имаше пријатно и свежо лице, убави и живи очи и сè во него изразуваше среќа, радост, безгрижие, младешка прелест. Чекореше лесно и блажено се усмивнуваше, како дете кое знае дека сите околу него со радост го гледаат и не можат да му се нагледаат. Беше облечен во богат костум од кадифе и свила: црн елек, 7


кадифена кошула, златен ланец околу вратот, перјаница прицврстена со сребрено копче на капата, јавачка наметка, што лесното ветре весело ја поддувнуваше. Другиот беше помлад од него, но изгледаше постар; имаше спори, тромави движења и неубаво лице, кое меѓутоа изразуваше склоност кон размислување. Беше облечен сосема обично, а и наметка немаше, ниту пак на неговата капа се вееше перјаница. Се викаше Рикардо де Малдонадо, а неговиот другар, убавото момче - Франциско де Марија. - Откако сонцето зајде зборче не зборна, свату. – започна Франциско – Какви мисли ти се вртат во главата? Те гледам и си велам: „Во кој ли свет одлетал тој Биант 4? Едно време си мислев да те оставам сè додека не се вратиме во замокот, но не ми се молчи, ми иде да зборувам. - Што? – запраша Рикардо, како одеднаш да се разбуди од сон. - Како што? Јас ти зборувам и сакам да ти изложам длабоки мисли, а ти не ме слушаш. - Размислував за еден човек, што во летото 1485 година го сретнав во манастирот Рабида кај Палос. Одеднаш ми дојде на ум. Многу впечатлив човек. А и на други нешта си мислев. Франциско заврте со главата: - Ех, ти... секогаш можеш да најдеш нешто за што ќе се закачиш и тогаш ништо друго не постои за тебе. Овој месец, откако грофицата Мединасели, мојата тетка и твоја вујна нè повика во овој замок, мене како нејзин братанец, тебе како братанец на мажот й, значи двајца славни сватови, ти беше повеќе со своите мисли отколку со мене, со дона Леонора или со било кој друг. Па ти ќе се претвориш во вистински гимнософист 5! Пази, оној кој не живее со другите и на кого не му треба ништо, зошто си е доволен самиот на себе, е или ѕвер или бог. А ти ѕвер ли си ? Или си бог? - Секогаш има за што да се размислува. Да ги земеме вечните прашања. Вечен ли е светот? Создаден ли бил светот? И стотици други такви прашања. Двеста години му се малку на човека за да го обмисли сето тоа. Или пак, да се спуштиме на најниското, на инсектите. Сите тие трчаат наваму – натаму, летаат, работат нешто, живеат во заедници, понекогаш војуваат помеѓу себе. Можеме ли да речеме, дека нивниот живот е помалку вреден од нашиот? Франциско заплеска со рацете: - Браво! Ако беше вратен мојот тетин Мединасели од опсадата на Малага 6, сега ќе му ја побарав грофовската круна и ќе те крунисав за овие зборови што ги рече. Ама така ли те учат поповите во Саламанка 7? Па тоа е веќе ерес. Ајде, драги мој: de corde exeunt cogitations 8. 8


- Можеби е и ерес, но тоа не ми пречеше да бидам две години едноподруго меѓу десетте најуспешни студенти на универзитетот. – забележа Рикардо. А тие мисли ги зачна во мене учениот Марсилио Фичино 9 , за што сум му многу благодарен. - А јас пак не сум ниту меѓу педесетте најдобри, поради што тетка ми, грофицата Мединасели е мошне незадоволна, и ако не беше грчкиот комендатор 10 кој ми ја всади љубовта кон латинскиот, ќе бев празен лист хартија. Но тоа мене не ми пречи да си го живеам животот како што сакам. - Мислиш ли на твоите пијанчења со кастеланите на замокот и на твоите врткања околу дуењата 11 на нашата дона Леонора? - Што има лошо во тоа, човек да се повртка околу убава женичка? Но остави ја дуењата, со неа јас само онака... ништо таа не ми значи, таа е... tabula rasa 12. А виното, жими крстот Исусов, ќе го оставам. - Се разбира, дека дуењата ништо не ти значи. А како и би ти значела, кога е тука нашата братучеда Леонора. Ах, гледам јас и други работи, не сум секогаш со моите вселени и инсекти. А што се однесува до виното, тоа... Франциско долго молчеше пред да одговори. - Да, братко, тука е дона Леонора. Од тоа лице можеш да испаднеш само во очај, тоа е единственото, што ти преостанува. Гледаш: чисти линии, строги, прави... движење на богиња... а сето тоа е недофатливо. Чудно суштество. - Да, таа е чудна жена. – повтори по него Рикардо. - И е ќерка на грофот Мединасели. А во ништо не личи на него. Грофот ќе се врати за два – три дена, погледни ги кога се заедно, спореди ги, ќе видиш, дека немаат ништо заедничко. И потоа расудувај за крвта, за родот. Уште помалку личи на мајка й, грофицата. Јас искрено ја почитувам грофицата, таа е моја добротворка и благодарение на неа ги чувствувам убавините на светскиот живот, но таа е... коза. Од каде тогаш ја зела својата душа ќерката на овие двајца? Еве ти задача, филозофе. Одгатнувај! Но „филозофот“ ништо не одговори, можеби поставената задача му се виде тешка. Шетајќи се така, двајцата млади луѓе дојдоа до еден кладенец, се напија вода коленичејќи пред него, па излегоа од шумата. Тогаш пред нив се спростре широко поле со само еден горостасен стар даб. Тој простор беше чист сообразно на правилата за градење на тврдини во овие времиња, непријателот да не би можел да се приближи до бедемите или да се провлече без да биде забележан од високите ѕидишта. А дабот беше оставен исто така 9


според правилата, кои бараа да има едно големо дрво на чистината пред замокот до кое господарот на замокот им излегуваше во пресрет на своите угледни гости и до него ги испраќаше на разделбата. Зад тоа поле се издигаше силниот замок Ел Бурго де Осма. Тој замок беше опкружен со трострук бедем со стражарски кули на секој агол. Вториот бедем беше повисок од првиот и беше изграден така, да може да господари со надворешниот бедем ако се случи непријателот да го освои, а со овој исто така господареше третиот внатрешен бедем. Околу надворешниот ѕид имаше длабок ров, а ровови имаше и меѓу бедемите. Тие ровови беа заштитени со железни коља кои на врвот се разграничуваа во многу остри врвови, така што изгледаше, дека секој обид некој да се искачи преку нив значи самоубиство. Далеку од бедемите, во третиот појас, се дигаше самиот дворец, составен од згради од разни времиња, а малку подалеку од нив имаше една стара кула. Таа кула беше постара од сè околу неа, се тврдеше дури, дека води потекло од времето на кралот Фавила 13. Нејзините ѕидишта беа страшно дебели, прозорците многу мали и со железни решетки. Останатите згради беа исто така со дебели ѕидишта, но беа пространи и удобни, вистински кралски пребивалишта. Оваа силна тврдина имаше само еден влез, заштитен од две кули. Веднаш можеа да се видат неговите вообичаени делови: железна решетка која се спушташе и се дигаше и подвижен мост кој исто така се спушташе и се дигаше. Такви влезни кули можеа да се видат и на вториот и на третиот бедем, но тие не одеа по права линија туку во зиг – заг и беа многу оддалечени една од друга, така да, неповиканите гости на нивната голгота до дворецот постојано би биле изложени на аркебузите 14, на артилеријата и на сите други одбрамбени средства познати во тоа време. Со други зборови, овој господствен замок беше речиси неосвоив. Се спушташе вечерта, тивка, спокојна и топла есенска вечер. Сè уште беше светло, но на исток почнуваше да се смрачува. Слатка миризба проникнуваше и ги исполнуваше градите; одвреме – навреме поддувнуваше благо ветре. Птиците сè послабо се слушаа, место нив штурците ја започнуваа својата приспивна песна. - Какво чудно чувство буди природата – рече Рикардо – Погледни ја шумата зад нас, широката ливада пред нас, синото небо над нас, помирисни ги тревата, дрвјата и цвеќињата, слушни ги птиците – сето тоа е толку убаво и полно, совршено, а сепак во нас буди некакво неспокојство, дури и тага. 10


Зошто е тоа така? Можеби затоа што, пред целото тоа совршенство го сознаваме своето несовршенство, својата збрканост? - Ќе ти кажам зошто – возврати Франциско – Ти си осамен, не живееш, а само премислуваш, затоа така велиш. Природата навистина е совршена и ти тоа го гледаш, но таа нема да те усреќи, нема да те утеши, таа нема душа за тебе, таа е затворена за тебе. Само живата душа ќе те усреќи, пред сè женската душа. Од жени ние двајцата имаме нужда, свату, од жени! Та тоа чудно чувство што во тебе го буди природата, таа тага за која зборуваш – тоа е просто глад за контакт со драго лице, за женска прегратка, кажано поинаку. Да те прашам: зошто ти е природата? Потоа: што ти е потребно тебе да знаеш кој го создал светот и дали мравките и инсектите го заслужуваат истото внимание како луѓето? Најди си господарка на своето срце, чие што извезано сребрено крпче ќе го прикачиш на копјето, кога ќе тргнеме против Маврите во Гранада под знамето на мојот божествен тетин, грофот Мединасели – тоа тебе ти е потребно, братко, тоа на сите нас ни е потребно – јас ли треба да го учам првиот студент на универзитетот во Саламанка? Ако тоа го имаше, немаше сега да ми зборуваш за прекрасната природа, која навева тага... - Јас љубам со целата душа... – прошепоти Рикардо. - Ах, да, и ти љубиш – рече Франциско – Просто не ми дојде на ум, дека човек како тебе – со такво неубаво лице, со такви флегматични движења и со облека на прост ткајач од Севиља – извини, но треба да ја наречеме мачката – мачка, нели? – дека, значи, и таков може да сака. Но дали и ти си сакан? - Не знам дали сум сакан, веројатно не сум, а и не се грижам околу тоа; важно е јас да сакам, јас самиот можам да сакам и за двајцата. А не се грижам ниту кога ќе ми речат, дека сум неубав и лошо облечен. Софистот Антифон му префрлал на чудовишно грозниот Сократ, што не носел хитон 15 , а само горен химатион кој бил износен и еден и ист и лете и зиме и бил секогаш бос, а овој на тоа си свиркал. Убавото и весело лице на Франциско се стемни, како темен облак да го прекриe сонцето кое го грееше. Помолче малку, па рече: - Ех, братко, попусто ќе воздивнуваме јас и ти, нашата Леонора веќе е таксана. Се зборува, дека татко й, грофот, веќе ја ветил на синот на баронот Салуст де Басан, заповедникот на кралската гарда. А и да не е така, таа ќе се вљуби во рицарот Алонсо де Охеда, првиот паж на грофот, кој исто така треба да допатува деновиве – ја знам јас неа. Та тој ќе ги сруши бедемите на нашиот град, moenia urbis nostrae, кои и онака се од слама. Но, да го 11


оставиме тоа. Сакав само да ти кажам, зошто природата предизвикува во нас тага. Ние чекаме нешто од неа, а што друга може таа да ни даде освен убави слики и заносни мириси и звуци? Рикардо, Рикардо, навистина сè околу нас е толку прекрасно. Природата е прекрасна, прав си кога тоа го велиш, а ти сепак тагуваш; но ако во тој момент, ќе го повторам тоа, покрај тебе беше саканата, тогаш не тага ќе будеше во тебе природата, ти дури немаше ни да ја забележиш тогаш – просто тоа сакав да ти го кажам. - Не сум наполно соглаен со тебе. - одврати Рикардо – Не секогаш природата ни зборува за... љубов, саканата жена не е единствениот услов да бидеме среќни. Среќата, онаа среќа кон која ти се стремиш, а која е најпосле само еден прост хедонизам 16, не е највисокото нешто во животот. - Зарем има нешто повисоко од среќата? - Има и такви нешта и тие не се малку. - Ете, сега се прашувам, дали пред мене стои лудак или мудрец. Или и лудак и мудрец, како оној Ел Тостадо 17, тој како да ти бил татко. Па што е тоа? Што е повисоко од среќата? Ајде де? - Да речеме уметноста, науката, слободата, саможртвата... Ете, јас веќе ти спомнав за оној човек, што го сретнав кај манастирот Рабида – Колино или Колоно или Комболо се викаше, мислам дека беше Ѓеновјанин. Тој доаѓаше пешки од Португалија. Неговиот син вјаваше на муле. Детето беше толку исцрпено, што татко му го остави кај игуменот на манастирот, мојот пријател Антонио де Марчена – и продолжи понатаму да ги бара нивните височества 18 Фердинанд и Изабела, кои скитаа негде по кастилските патишта. Од Ѓенова имено отишол во Португалија, а од таму дошол овде. И знаеш ли зошто? Да бара кораби, со кои ќе отплови по непознатите мориња. – „Ако пловиме сè на запад од Европа – им раскажуваше на насобраните во дворот на манастирот – ќе дојдеме до земјата на Великиот кан и Индија“. А ако нашите кралеви не му дадат кораби, ќе оди во Франција, во Англија, во Холандија... Гледаш ли? Тој човек живее со една идеја која целиот го исполнила, а тоа е среќа, каква што обичниот човек не може ни да сонува. Што велиш на тоа? - Луд човек. А мoжеби и не е – кој знае? Ти, свату, би го нарекол возвишен, augustus, што би рекле Латините. Но ти си еден од најумните студенти во Саламанка, а јас сум од vulgus profanum 19. А кога ќе помислам малку, сепак би рекол: луд човек – и ништо повеќе! Слушај, Рикардо, сите тие саможртви кои се даваат за уметноста или за науката се само бајки измислени за разонода на децата. Со нив треба да се забавуваме како со басните за гавранот и лисицата или волкот и јагнето – и толку. Има во тие 12


работи и величие, не велам дека нема, но сето тоа е некако мачно, мрачно и, што е најважно, најчесто неостварливо. Убаво е да ја откриеш земјата на Великиот кан – но кога ќе биде тоа, утре ли? Јас би пробал на бојното поле, таму би стекнал слава додека изброиш до сто, би пробал исто така во будоарот на некоја знатна дама, но никако не би се зафатил со работи, за чие остварување се потребни години. Да ја жртвуваш сегашноста за иднината, да ја занемариш земјата и да се устремиш кон рајот, кој можеби и не постои, значи да го испуштиш питомото, а потоа да го гониш дивото. Да се оставиш да те залажат со приказни за вечноста? Не, благодарам, не сум толку наивен. Еден ден ќе дојде смртта, а таа е – мртва. Таа е крајот. Finis! Конечно расчистување на сметките – јадено, пиено, платено! Дека, кога ќе умрам ме чека некој кој сака да ми каже нешто – умирам од смеа! Бабини деветини. Повторувам, смртта е крајот на сè. Но пред таа да дојде, јас ќе се насладувам. Јас го направив својот избор. Кон бојните полиња и кон будоарите, ами како! Среќата е таму, каде што ечат труби, уште и таму, каде се слушаат нежни воздишки. Мојот бог е светол и весел. За рицарите на свети Ѓорѓи! 20 „Манжује“! – би рекле Французите, ах, и тие се исто така славни јунаци. А потоа во некое осамено катче, tunc Venus in silvis jungebat corpora amantum 21. Среќа! Среќа! Да ја побараме додека животот не поминал, додека сè е во наша власт, додека одиме нагоре, а не надолу. Ајде да ја побараме заедно под знамето на Кастилија, а свату? Ти само проучуваш разни истории и филозофии, но, жими крстот, сето тоа е ветер и магла; зборови, зборови и ништо друго освен само зборови е целиот плод на сите трудови на најпознатите мудреци за време од шеесет поколенија, знај го тоа. Ѓавол да го земе – продолжи Франциско со неискажано одушевување – ние сме млади, не сме глупави: ќе ја извојуваме нашата среќа! Но да дејствуваме, а не да размислуваме. Да љубиме и да војуваме, а не да си ги чукаме главите околу тоа, дали инсектите го заслужуваат истото внимание како и луѓето. Размислувањето е само претурање од пусто во празно, по ѓаволите со него! - Не може да се рече, дека потонатиот во размисли човек не врши ништо – одговори на тоа Рикардо – Има видлива и невидлива дејност. Кога човек размислува, тој пак се труди. И мислењето е дејност. Скрстените на градите раце работат, склучените прсти творат, устремениот кон небото поглед не е празно губење на време. Првиот филозоф Талес останал четири години неподвижен. За тоа време ги положил основите на филозофијата. Но доста за тоа. Кој е тој Алонсо де Охеда? - А? – изусти Франциско, сè уште обземен од одушевувањето, кое самиот си го предизвика. 13


- Оној Балканец, кој дошол од бреговите на некакво си езеро таму. Ти и друг пат ми кажуваше за него, но јас не зачув. Се прославил под Малага, а и пред тоа, станал прв паж на вујко Мединасели, негова десна рака. И ти велиш, дека нашата дона Леонора ќе се вљуби во него? ` - Можеби. Да, така велам. Да, можеби и ќе се вљуби во него. - Некаков необичен човек, а? - О, да. - Умен? Надарен? - Умен? Можеби. Надарен? Не знам, можеби. Но храбар, до лудило храбар. Јунак. Miles cinctus 22. Голема е неговата слава, така велат. - Во Кастилија има многу јунаци, тоа не не ништо необично; каде и да се завртиш - сè само јунаци, кој од кој поголем. Тоа, како што реков, не е необично. Тогаш што е забележителното во него што ќе ја привлече нашата дона Леонора? - Ќе видиш. Самиот ќе разбереш кога ќе дојде. Да одиме сега во замокот. Сонцето одамна зајде, мене дуењата веќе ме чека. Ах, овој разговор ми ја запали крвта. А очекував да ме прашаш за Алонсо. Те заскокотка, а? Ха – ха – ха! Од каде пак сега се создаде овој – така си велиш, нели? Признај дека до лудило ја сакаш нашата братучеда! А зарем јас не ја сакам? Понекогаш си мислам околу тоа, кого таа би избрала од нас двајцата, ако никаков друг избор немаше. И знаеш ли до каков заклучок доаѓам? Тебе ќе те избере, иако си ти грозниот паток од басните, а јас убавиот принц од бајките. Таква си е таа – ха – ха – ха! Ама, сè си мислам, пак да повторам, дека и јас и ти ќе бидеме почестени со нејзината љубов тогаш, кога оној стар даб на средината на полето – го гледаш ли онаму? - ќе роди грозје – ха – ха – ха! Момчињата меѓутоа, го одминаа стариот даб и дојдоа до замокот. Веќе зачекорија по подвижниот мост, кога од зад нив се слушна топот на копита и ечење на труби. Од шумата излегоа сјајно облечени коњаници, поголемиот дел од кои беа оклопници, по нив раскошни кочии со златен грб на црвено кадифе, па пак коњаници. За час се створија пред замокот и првиот коњаник викна два пати: - Направете пат за нивните височества кралот и кралицата! Направете пат за нивните височества кралот и кралицата! Франциско и Рикардо бргу се иставија од мостот, за да ја пропуштат раскошната кавалкада.

14


Тоа грофот Мединасели се враќаше во својот замок – порано одошто го очекуваа – и со себе ги водеше своите сизерени Фердинанд Арагонски и Изабела Кастилска 23. - Ми пропадна средбата со дуењата! – крцна со забите Франциско.

3 Sunt, quibus in satira videar nimis acer, et ultra Legem tendere opus.24 Хорациј Во втората половина на петнаесеттиот век Шпанија, таа прекрасна земја која го олицетворуваше во текот на многу векови величието на Европа, доживеа бурни настани, кои ја воздигнаа до огромна моќ. Пред тој период мораше Шпанија да се бори и војнички да ги победи последните Маври на кои од целиот Пиринејски полуостров им беше останала единствено јужната провинција Гранада. Таа борба за истерување на вековните поробители, реконквистата, е една од најславните страници во историјата на овој народ. Но не беше во Шпанија само борбата против Маврите. Во 1472 година во Каталонија избувна востание против арагонскиот крал, четири години подоцна Португалија й објави војна на Кастилија, но најголемата опасност доаѓаше сепак од внатре и тоа не од пониските народни слоеви. Големите шпански благородници кои ги држеа недогледните крунски имоти почнаа да ги занемаруваат своите поданички обврски толку, што не само што не ја признаваа врховната власт на својот сизерен, кралот, туку беа готови и да се дигнат против него и сосема да се осамостојат. Кога не се војуваше против Маврите, тие владееја како независни господари во своите области. За работата да биде уште полоша, некои благороднички семејства беа толку богати и моќни, што во раскошот и во силата не само што не заостануваа, туку и ја надминуваа круната. Во времето на крал Енрике Четврти, еден друг Енрике, дон Енрике де Гусман, вториот херцог Сидонија беше многу посилен од својот крал, а беше и три пати побогат и во своите андалузиски владенија се држеше како единствен господар. И не беше само тој. Угледувајќи се на големите властелини, и поситните благородници станаа независни колку тоа им го дозволуваше оддалеченоста од врховната 15


власт, големината на нивните имоти или силата на нивните замоци – тврдини. Тие мали тирани кои не признаваа никакви закони правеа што сакаа, без некој да се обиде да ги спречи во тоа. Спрема едно известие, само во Арагон имаше триста такви независни ситни благородници, на кои грабежите им беа сосема обична работа. По населените места владееше несигурност и страв. Патиштата беа полни со пешаци и коњаници, најголемиот дел од кои беа сè друго, само не луѓе поштени и богобојажливи. Можеа да се видат војници кои скитаат, или подобро речено разбојници, најразлични цигани, ситни кратци, марани 25, морисци 26 и какви уште не. Имаше патроли коњаничка жандармерија кои имаат за задача да ги уништуваат подивените орди кои пустошеа по земјата, но кои наместо тоа се пијанчеа по крчмите покрај патиштата. Царуваше анархија, државата се распаѓаше. Но тогаш Арагон и Кастилија се здружија. Во 1479 година овие две кралства се обединија под власта на брачниот пар – арагонскиот крал Фердинанд и кастилската кралица Изабела и за многу кратко време ситуацијата знатно се подобри. Потпирајќи се на сојузот со црквата, градовите и ситните благородници кое беа останале верни, здобивајќи се со знатни приходи од морската трговија, кралската власт изврши одлучна офанзива на крупните феудалци и во најголем дел ги лиши од нивната политичка самосојност. На благородниците им беше забрането да коваат пари, да водат приватни војни како онаа на Нијаровци и Каделовци 27 – „Кој сака да загине, нека го направи тоа под ѕидините на Гранада!“ – рече еднаш Фердинанд и тие зборови останаа забележани во летописите – и речиси половината од нивната земја беше конфискувана. Фердинанд и Изабела извојуваа голема победа, но никако не мируваа. Откако ги поочистија патиштата од разните скитнички и разбојнички банди, и самите се пуштија по нив и почнаа да ги обиколуваа градовите и замоците на своето кралство. Тоа беше вистинско чудо. Полските кралеви си седеа во замокот Вавел, големите московски кнезови не го напуштаа Кремл, французинот Луј Единаесетти се беше заклучил во својот непристапен Плеси – Летур 28; сите европски монарси се беа укрепиле во своите сврталишта, сите освен кралевите на Арагон и Кастилија. Тие постојано обиколуваа по своите владенија, заедно со сите свои слуги, собари, готвачи, коњушари, дворски поети и минстрели 29, заедно со Кралскиот совет и со сите главни канцеларии, така што нивниот двор личеше на чергарски табор кој нема мир. Од Андалузија отидоа во Ламанча, од Ламанча во Леон, од Леон во Галиција, од Галиција во долината на Ебро. 16


Од април до ноември 1486 година кралската двојка посети 42 града во Кастилија, а тоа уште не беше „најсиромашната“ година. Глупаво, смешно, би рекол некој. Не, туку во скитањето на Фердинанд и Изабела се криеше длабока смисла. Тие имено ги држеа будни и во постојано очекување своите вазали бидејќи можеа да се појават секој момент пред вратите на нивните крепости, а се сметаше за голем срам да не се пречекаат спремно и достојно неприкосновените монарси. Освен тоа, патувајќи насекаде по кралствоото, тие го доловуваа дишењето на својата земја. Тие грижливо ги проучуваа, ги снимаа, така да се каже, своите штотуку обединети народи, ја испитуваа состојбата и во добар дел знаеја што е добро, а што не, што треба да се менува, а што да се остави. Оваа грижа за поданиците, оваа родољубивост беше за секаква пофалба и не претставуваше толку обично нешто во петнаесеттиот век. Владетелите тогаш не водеа многу сметка за своите народи, туку повеќе мислеа на својата лична моќ. Државите се кроеја и раскинуваа како облека, нив ги кроеја војната и политичките бракови, а не внатрешното определување на нациите. Така, нешто подоцна Марија Стјуарт беше спремна својот шкотски престол да го замени за шпански, англиски или француски и во тој поглед никако не беше единствената. Родољубивото национално чувство беше откриено подоцна. По овој краток час по историја, кој даде одговор на прашањето како и зошто кралската двојка се најде во замокот Ел Бурго де Осма на грофот Мединасели, ќе продолжиме со нашиот расказ. Откако кралевите беа најавени, прв пројава преку мостот господарот Мединасели за да ги даде своите наредби во врска со приемот на кралскиот двор. Доаѓаше три дена пред денот што го беше најавил неговиот гласник и го водеше со себе целиот кралски двор, но, како што веќе рековме тоа беше бурно време во кое нештата се случуваа преку ноќ, така што жителите на замокот не беа многу изненадени. По грофот влезе првата група коњаници, по овие кочиите на нивните височества и на кралскиот совет, по нив втората група коњаници заедно со кучињата кои џавкаа и се претрчуваа помеѓу нозете на коњите. Најодзади влегоа двајцата сватови Франциско и Рикардо кои се беа отстраниле од патот за да й дадат предност на свечената поворка. Во еден момент Рикардо му посочи со прст на Франциско еден од дојденците кој во вториот појас меѓу бедемите беше останал заедно со некои војници и слуги на нивните височества:

17


- Би се опкладил, дека оној таму е човекот што го сретнав во манастирот Рабида. Жими света Богородица тој е, успеал да го дочува неговиот свети Мартин 30. И тој викна неколку пати: - Господине! Господине! Господине Колуно, или Колоно, или Комбуло, или како веќе се викавте. Еј, господине! Човекот се заврте за да види кој тоа толку упорно го вика. - Колумбо – рече – Ја сум Христофор Колумбо и ви стојам на услуга. Но кој ме вика? Тој на раст беше висок, над среден, лицето му беше издолжено и достојно за уважение, носот орлов, очите сини, кожата бела со блага и пријатна црвенина. Брадата и мустаците му беа речиси побелени, сигурно од грижи. Беше облечен во скромна патничка облека, целата извалкана, состарена и прашлива од долгите патишта. Рикардо му пријде и му ја стисна раката. - Се сретнавме во летото 1485 година во манастирот Рабида, на патот за Палос. Јас сум студентот од универзитетот во Саламанка – се сеќавате ли на мене? Игуменот на манастирот Антонио де Марчена кај кого го оставивте својот син ми е пријател – се сеќавате ли? Човекот долго пребаруваше во мислите. - Не се сеќавам. Не можам да се сетам на сите што ги среќавам на својот пат. А вистина е, бев во манастрирот Рабида. Патот минуваше под неговите ѕидишта. Малиот Диего беше капнат од умор и решив да застанам за половина ден. А како рековте дека се вика игуменот? Тој прекрасен човек веднаш се согласи да го прими мојот син, додека се вратам. Ах, манастирот Рабида... Би сакал да знам нешто повеќе за него. Сакам што побргу да се вратам таму. Не среќава човек на својот пат толку често такви прекрасни места. А и синот сакам да си го земам. - Сакате да знаете за манастирот? – побрза Рикардо, среќен што со нешто може да му биде полезен на овој човек кој му беше оставил толку силен впечаток и кого ете, по некое чудо пак го среќаваше – Ете, ќе ви кажам нешто. Во почетокот тоа било мало здание што го изградиле Феникијците или богомолците во време на Хамилкар, во чест на жестокиот бог Ваал и го нарекле Рус Ваал; Римјаните го изгониле Ваал и зданието го посветиле на Прозерпина, богињата на подземното царство и на плодородноста; потоа Маврите го претвориле римскиот храм во џамија, а кон крајот на тринаесеттиот век дошле монасите – францисканци, кои... 18


- Et sicde caeteris, et sicde caeteris, et sicde caeteris 31... – дрско упадна во разговорот Франциско, сè уште бесен поради пропадната средба со дуењата – Мојот сват секогаш стои на услуга кога треба да се изнесе некакво знаење, не попусто е прв студент на универзитетот во Саламанка. Но, господине Колумбо – Колумбо ли рековте? – навистина ли ќе ни го откриете кралството на Великиот кан и од таму ќе ни донесете полни кораби со мирудии? А ќе не одведете ли и во Голконда? 32 Еј, што среќни ќе бидеме! А можеби попат и Офир 33 ќе го откриете, а? Во гласот на Франциско се забележуваше злобно потсмевање. Рикардо побрза: - Навистина, господине Колумбо, а како мислите да го најдете патот за Индија пловејќи сè на запад? Можно ли е тоа? Како дојдовте на таа идеја? - Не се сеќавам на вас, - започна Колумбо – но бидејќи велите, дека сте пријател на милиот угумен од Рабида и бидејќи во вашиот глас нема потсмевање како кај господинот што е со вас, со кратко излагање ќе го задоволам вашето љубопитство. Така е, господине, треба постојано да се плови на запад и само на запад. Но тоа не е мое откритие, мојата заслуга е во тоа, што јас поверував во него. Уште од древни времиња луѓето претпоставувале, дека, ако се оди на запад од бреговите на Европа, може да се стигне до источната покраина на Азија. Така мислеле и такви мудреци како Сенека, Плиниј Постариот, Страбон и Плутарх, а во поново време тоа го рекле и големите арапски географи Масуди, Ал Бируни и Идриси. И Тосканели 34 го мисли истото, самиот тој тоа ми го кажа. Во мојата торба имам неколку портолани 35 - една од нив е на Мартин Бехајм 36 - на кои е забележан мојот замислен пат. Што уште ме прашавте – како дојдов на идејата ли? Јас уште како момче размислував околу тоа, но еден ден ми падна в раце книгата „Imago Mundi“ на Пјер д` Аји 37 – ја има ли таа книга во библиотеката на универзитетот во Саламанка? Та таа книга и писмото што ми го испрати Тосканели ме охрабрија - и јас го донесов решението. Ах, само нека нивните височества ме сослушаат и ми поверуваат! Со корабите кои ќе ми ги дадат ќе запловам по Океанското море 38 и кога ќе се вратам ќе донесам многу злато и скапоцени камења и уште повеќе мирудии и секакви други зачини – но кога ќе бидам примен и сослушан? - Добро е, - рече Франциско – што се потпирате на учењето на Аристотел, Плутарх и Плиниј Постариот, иако живееле многу одамна тие се дренки од нашето долче; но вие исто така се потпирате и на Идриси и другите Маври, а тоа веќе не е толку добро. А сега сакате ли да кажам што мислам јас за сето тоа? Знаете ли, господине Колумбо, кога ќе ви дадат 19


кораби нивните височества? Сега ќе ви кажам. Кога доаѓавте наваму, на средината на полето пред замокот забележавте еден огромен стар даб, нели? Е, кога тој даб некоја плодна година наместо жирови роди... јаболки... - Вие по втор пат дрско ме предизвикувате, господине. – рече Колумбо и очите му светнаа – Ако уште еднаш го направите тоа, јас и вие ќе мораме да отидеме под сенката на дабот што го споменавте, за таму да си ги расчистиме сметките, без разлика на тоа, што, судејќи по вашата облека вие сте висок благородник, а јас ја немам честа да бидам тоа, а ни со мечот немам некое поголемо искуство... Кога овие опасни зборови беа разменети, бргу пријде едно момче на околу четиринаесет години, кое го следеше разговорот на оддалеченост оа неколку чекори. - Господа, господа, господа, – повтори тоа неколку пати – смирете се. Јас сум Бартоломеј Лас – Касас 39 и иако сум уште дете ќе ви кажам, дека дабовите сенки можат да бидат опасни за здравјето. А и надвор од тоа, се сомневам дека господинот Колумбо, кого од пред некое време имам чест да го придружувам, ќе биде во состојба да расчистува сметки на друг начин освен со зборови, бидејќи од долгото одење по Португалија и Кастилија нема сила ни колку еден Барсаума 40. А што се однесува до Пјер д` Аји и Тосканели, ве уверувам дека сето тоа е вистина, господине висок благороднику. Јас инаку му верувам на господинот Колумбо и доколку му се овозможи, ви велам, тој ќе биде првиот, кој ќе ги раствори портите на океанот, кој со столетија е затворен. Франциско беше вешт во мечување и во борба со копје водена на коњ или пешки и не еднаш победуваше на турнирите што се одржуваа по замоците и градовите, па за него ќе беше детска игра додека да трепнеш да се справи со изнурениот од долгите пешачења занесеник, кој во својот живот не видел ништо друго, освен стари книги и морски карти. Тој меѓутоа, се насмевна на предизвикот на Колумбо покажувајќи ги своите како бисер бели заби, пријателски го потчукна малиот Лас – Касас по рамото и го пофали за зачудувачки умните зборови што ги кажа, па широко се прозевна, не ставајќи ја ни раката врз устата. - Ах, вие сте ми многу интересен, господине Колумбо, но бидејќи, како што рече овде присутниот мал, но многу паметен господин, дабовата сенка е штетна, нема да одиме натаму, туку, со ваша дозвола ќе ве напуштам и ќе си побарам друго друштво. Но каде ли да го најдам? – рече и се разгледа околу себе – Еј, еве еден Мавар! Навистина ли јас гледам Мавар? Мавар во дворот на Фердинанд Арагонски и Изабела Кастилска, најхристијанските 20


кралеви во Европа веднаш по Луј Француски? Многу, многу интересно. Господа географи, историчари, пронаоѓачи и какви уште не, ми беше многу пријатно во вашето друштво, но со ваша дозвола ќе ве напуштам. Жими пресветата Богородица, тоа е вистински Мавар! И додека Рикардо се обидуваше да го извини својот сват поради неговото непромислено држање, Франциско потрча по човекот за кого мислеше дека е Мавар и викна: - Заврти се, неверно куче 41 и кажи ми што бараш во сфитата на нивните височества. Застани! Стој, кога ти велам! Човекот навистина беше Мавар, што многу лесно можеше да се заклучи по мрката боја на кожата и долгата црна брада која доаѓаше до градите, по високиот толпак 42 , по широкиот зелен кафтан кој се вееше на ветрот, а најмногу по сјајната и крива сабја во форма на полумесечина, со тесно и тенко но светло и остро дамаско сечило, која му беше закачена на појасот. Тој застана, се фати за дршката на сабјата и рече на својата „лингуа франка“, смеса од источни и западноевропски дијалекти која се употребува меѓу Маврите и Шпанците, но многу блиска на шпанскиот јазик: - Јас навистина сум Мавар и тоа поголем од многу други Маври, но ако пак ме наречеш „неверно куче“, жими брадата на Пророкот, ќе ја извадам сабјата и ќе те пресечам на две, лесноумен човеку, па било да си и самиот кастилски принц! Франциско увиде дека и овој пат отишол предалеку, освен тоа овој предизвикувач не беше толку безопасен како првиот, па рече: - Застани, пријателче, не извлекувај ја сабјата, барем засега. Јас те нареков „неверно куче“ бидејќи не знаев како поинаку да ти се обратам, а инаку немам ништо против тебе. Сега прими го моето извинување, но за да те убедам дека не сум страшливец, ако сакаш во некоја поблиска или подалечна иднина ќе си ги одмериме силите – кога сакаш и каде сакаш – ти со твојата крива сабја, јас со мојот прав меч – ако твојот предизвик сè уште важи. - По твоите убави зборови веќе не важи – одговори помирувачки муслиманот и ја врати во корицата дополовина извлечената сабја – А и твоето пријателство ќе го прифатам, ако ми го понудиш. - Навистина ќе ми бидеш пријател? - Зборот на следбеникот на Пророкот никогаш не бил погазен. Франциско се насмевна: -Тие работи кај нас не одат толку бргу. Но, пријатели или не, ти ми изгледаш достоен да ти ја стиснам раката. Ајде да се ракуваме. 21


- Салам алицум! 43 – рече Маврот. - А сега одговори ми како се викаш и што бараш во сфитата на нашите кралеви, бидејќи, како што ќе признаеш и самиот, не е сосема обична работа да се види Мавар во дворот на еден христијански крал, кој, згора на тоа води војна до истребување со Маврите. А, како што гледам, не си ја сменил верата како оние морисци, кои, колку и да се удираат в гради дека се преобратиле во добри христијани, сепак се молат со лицето свртено кон Мека 44. - Се викам Илдерим и иако сум Мавар верно им служам на нивните височества кралот на Арагон и кралицата на Кастилија. - Како тоа? Како дошло до тоа, да се смешаат хермелинската наметка45 со кафтанот и церемонијалниот меч со златен балчак со кривата дамаска сабја? Да не те зеле за шут? Но, наместо шапка со разнобојни ѕвончиња кои ѕвонат при секое движење ти носиш шапка од јагнешка кожа, значи не ќе е тоа. Или пак те зеле за да ти се радуваат како на мајмун? Сум слушнал, дека некоја француска грофица имала за паж еден чистокрвен африкански мајмун, а на некоја англиска херцогиња чајот й го сервирал мајмун павијан облечен во златен брокат, а кого таа го нарекувала „мојот црнец“ – ха – ха – ха! Извини што можеби пак те навредив, но во што е работата? - Ниту сум паж, ниту сум предмет за засмејување, лекоумен христијанину, и ако не бевме заклучиле нешто како мир мојата рака пак ќе се фатеше за сабјата и немаше да се задоволи да ја извлече само до половина, како првиот пат. Но јас пак ќе ти опростам и згора на тоа ќе ја задоволам твојата љубопитност. Знај, дека јас сум син на Хаким ел Рашид, еден од најголемите војсководачи на нашиот благочестив цар Боабдил. Слушај што ќе ти кажам. Татко ми бил силен и храбар маж и многу христијанска крв пролеал, но се нашол предавник во неговите чети, кој ноќва пред една битка ги пресекол стремените на неговиот коњ, па кога почнала битката паднал од коњот и тогаш бил заробен; а никој дотогаш не можел да се справи со него. Го фатиле христијаните, го врзале и му рекле, дека ќе го заменат за нивни заробеници или дека ќе го дадат за откуп, бидејќи бил од висок род. На тоа тој рекол, дека вистинските следбеници на Мухамед не бараат милост и, иако со врзани раце посегнал по својот нож за да си го зарие во срцето – исто како оној Цезаров офицер 46. Христијанскиот генерал кој стоел до него бил побрз и го спречил во неговата намера. Го зел со себе. Кога видел дека е чесен и благороден човек го направил еднаков со себе, речиси свој брат, му дал почести и имоти, а потоа како нешто 22


највредно му го подарил на неговото височество кралот на Арагон, кој тогаш сè уште бил малолетен. Татко ми дури и се оженил потоа и ме добил мене. Неговата последна желба пред да се пресели во цветните градини на Пророкот, беше да го следам неговиот пример и верно да им служам на кралевите. Разговарајќи така, двајцата нови пријатели влегоа во најголемата зграда од дворецот, во која грофот обично ги пречекуваше и ги гостеше своите гости; а таму веќе вриеше од готвачи кои брзаа со вечерата, од слуги кои ги палеа факелите и свеќниците по ѕидовите и од најразлични алгуасили47 и разни други стражари, војници, минстрели, девојки од придружбата на кралицата кои во рацете држеа букети свежи цвеќиња што ги беа набрале доаѓајќи наваму, потоа церемонијалмајстори, кастелани, управници, надзорници, пажови и какви уште не. - И така – го продолжи Франциско разговорот – мој Мавру, велиш, дека откако знаеш за себе верно им служиш на нашите кралеви? - Да. И ќе им служам до самиот крај. - Но твојот народ ја губи битката со нас, ете, Малага штотуку ја загубивте. На вашиот крал Боабдил 48 не му остана ништо друго освен градот Гранада и уште дваесетина – триесет гратчиња и замоци кои вредат нешто. Зарем не се сметаш за предавник на своите? А кога ќе дојде последната битка во која дефинитивно ќе бидете поразени – и тогаш ли верно ќе им служиш на нашите кралеви? На Маврот не му се допадна ова прашање – се виде по тоа, што ниско ја наведна главата и долго не одговори. - Веќе ти реков, дека зборот на следбеникот на Пророкот никогаш не бил погазен, а јас веќе дадов збор, дека ќе ја продолжам службата на мојот благороден татко и ќе останам во вашиот кралски двор. Да, некој може да ме нарече и предавник; но јас работите ќе ги наредам така, што сепак ќе отидам пречистен пред Алах. - Како тоа, мој Мавру? – живо запраша Франциско. Но веќе беа дошле до големата сала за прием, во која поголемиот дел од гостите веќе ги беа зазеле своите места на масата, а останатите во мали групички се шетаа и разговараа очекувајќи го доаѓањето на кралевите и на домаќинот. Салата беше убава и пространа, високо засводена, вистинска кралска. На светлината на многубројните факели и аплици 49 можеа да се видат ѕидовите, делумно обложени со златен брокат, делумно со зелени гоблени на кои имаше извезени мноштво фигури кои претставуваа лов на диви свињи – 23


творба на неколку холандски уметници на чија изработка овие потрошиле цели седум години, потоа богатите прозорски завеси од персиска свила, густо навезани со злато, па големите венецијански огледала, во кои се одразуваше сета оваа убавина. На средината на ослепувачки белата маса која можеше да собере и педесетина души, висеше огромен венецијански полилеј со сребрени висулки и најразлични обоени птички – сини, виолетови, црвени, зелени, кои како штотуку да беа слетале среде свеќите. Освен овој полилеј на масата имаше уште безброј големи и скапи свеќници. Огледала, кристали, стакларии, порцелански садови, фајани, керамика, злато, сребро – сето тоа блескаше и го радуваше окото. Ратојанието помеѓу свеќниците на масата беше исполнето со букети цвеќиња, така што таму, каде не светеше пламен, мирисаше цвеќе. Столовите околу масата беа широки и комотни и обложени со црвен брокат, а оние на кои требаше да седнат кралот и кралицата со хермелин и над нив висеа златните кралски грбови. Гостите во салата беа гладни и копнежливо погледнуваа кон вратата, за да видат, нема ли најпосле да се зададат кралот и кралицата, по што гозбата би могла да започне. Но овие никако не доаѓаа. Само еден свештеник со строг поглед и испиено лице, а кој немаше никакви украси на својата облека влезе, се разгледа околу себе и со ситни чекори, постојано држејќи ги рацете склопени како за молитва, се упати кон еден друг свештеник, исто така скромно облечен, но кој за разлика од својот колега беше полничок и имаше весело и добродушно лице. Кога дојде до него му зборна нешто на увото, па го фати под рака и тие двајцата заедно се упатија кон вратата; подобро речено крадешком се измолкнаа, сакајќи да ги избегнат оние кои им беа на патот бидејќи сите, па дури и највисоките достоинственици ги опсипуваа со своите знаци на внимание. - Па кои се овие прости селски попови пред кои отстапуваат и војводи и принцови? – извика Франциско кој беше застанал во еден агол од салата од каде можеше да се види сè. - Овие „селски попови“ се најдоверливите луѓе на нејзиното височество кралицата – одговори Маврот – Си слушнал ли за Талавера 50 и Торквемада51? - Ах, - рече Франциско – оваа вечер ја испуштив мојата дуења, но веќе не жалам премногу бидејќи тој губиток, ти, мој прекрасен маварски пријателе ќе ми го надоместиш со тоа, што сега ќе ми кажеш кои се и што се сите овие силни благородници соберени во салата. Ти, како човек од дворот и блиско лице на кралот и на кралицата би требало да го знаеш тоа. А колку се убави и важни – сите облечени во свила и кадифе, со фини тантели 24


соберени околу вратот и големи златни ланци, загрнати со наметки опшиени со хермионски пурпур... 52 - Ги знам сите до еден и ќе ти ги кажам, христијанину. – рече Маврот, и, како што висеше, почна да ги покажува еден по еден гостите во салата и да раскажува за нив – Го гледаш ли оној високиот, кој носи тенок, фин оклоп и дамски дантели, а златниот шарф му е прифатен на рамото со фибула која искри и блеска оддалеку? Тој седи до местото назначено за кралицата и со право, бидејќи по моќ и богатство стои веднаш зад нивните височества, а ако сè уште владееше Енрике Четврти, можеби немаше да биде помоќен, но сигурно ќе беше три пати побогат. Тоа е дон Енрике де Гусман, вториот херцог Сидонија. Пред десет години, како што реков, тој беше три пати побогат од својот сизерен Енрике. Потоа кралицата значително ги стесни неговите земји бидејќи сакаше да му даде на знаење, дека во Кастилија може да има само еден монарх, но и покрај тоа тој сè уште го владее устито на реката Гвадалкивир и огромните територии во меѓуречјето Одел и Рио Тинто. Во заливот Кобил меѓу Гибралтарската карпа и Канарските острови држи своја флота што ја управуваат најискусните капетани од Палос, Велва и Санлукар де Барамеда и сè уште неговите доходи стигнуваат до петнаесет милиони мараведи 53 годишно. На овој господар, сличен на боговите, меѓу сите други раскошни градби што ги има му припаѓа и дворецот Памплона направен од мрамор и прочуен со својот познат лавиринт од коридори – црвениот, кафеавиот, белиот, жолтиот, итн. Та тоа за Сидонија. До него е баронот Кинтаниља, главниот економ на Кастилија. Тој, син на сиромашен астуриски рицар, во почетокот бил паж, а кога дошла Изабела го завзел за неа замокот Алказар – и од тогаш не се дели од неа. Негов е дворецот Ел Косо до кој се доаѓа преку градини, какви што имале најбогатите дворјани на нашиот калиф Харун ал Рашид, побогати дури и од градините на Галијана 54, а кога ќе стигнеш ќе се најдеш одеднаш среде долги фасади пресечени од високи кули, паркови, езера, јата фазани, шаховски засадени дрвја, игралишта, цветни килими, ливади за коњски натпревари, а тука е и величествената алеа, но и таа не е последното забележително нешто. Така. Оние двајца, загрнати со своите наметки како некои учени од Саламанка се Санчо Руис де Гама, ковчежникот на кастилското кралство и Габриел Санчез, ковчежникот на арагонското кралство. На овие двајца escribano de racion 55 им припаѓаат замоците Равино и Кратокиско, едниот со триумфална арка наместо обичен влез и со широки плоски покриви кои наликуваат на мавританските тераси, а другиот направен во форма на буквата „Н“, со пребогати на дивеч места за лов, а кои 25


заедно се проценуваат на 5о до 55 милиони мараведи. Оној, што го носи мечот од десната, наместо од левата страна е командорот на кралот Гутиере де Карденес, кој важи за најголем авторитет по прашањата за кавалериската етикеција и за рицарската чест и без кого не се решава ниту едно посериозно прашање. До него е убавиот Луис де Сантанхел, кој нема ни десет замоци – мислам дека се само пет – и чии што приходи не изнесуваат ни еден милион мараведи годишно, но за кого, убеден сум, допрва ќе се слушне. Оној џин пак, во групичката на другиот крај на салата, со висока перјаница на шапката прицврстена со златно копче е надалеку познатиот рицар дон Руи Гомес де Силва за кого велат, дека со една рака може да свитка железна коњска потковица, а веднаш до него е моќниот кнез на црквата, толедскиот архиепископ, примас на Кастилија и кардинал Педро Гонзалес де Мендоза – но што ли толку имаат да си кажат еден војник и еден поп? Војникот има само пет замока, но попот ги има десет, еден од кои е со бескрајни француски градини во кои тој се шета со кочија впрегната во шест коњи, предводена од двајца коњоводачи, како што му доликува на еден кардинал. Малку потаму сенешалот 56 разговара со алкадот 57, со алгуасилот 58 и со главниот алгвазил 59 на кралицата. До најголемото огледало се алкајдите 60 и другите луѓе на дон Луис де ла Серда, петтиот гроф и вториот херцог Мединасели, господарот на овој дворец – но нив веќе ги знаеш. Го гледам заповедникот на неговата лична гарда и херолдот 61 ... но не го гледам неговиот прв паж Алонсо де Охеда – каде ли е? - Ќе дојде – рече Франциско – Од она, што го имам слушнато за него, мислам дека тој ќе влезе во оваа сала како некој бог кој ги растура околу себе своите зраци. А сега понатаму, понатаму, мој Мавру, ти навистина убаво раскажуваш. Жими маките Исусови, јас еден ден навистина ќе те направам мој пријател. Христијанин и муслимамин, па се здушиле – тоа ти е да пукнеш од смеа, а? Но Маврот не можеше да продолжи понатаму со претставувањето на гостите, бидејќи во тој момент главниот церемонијалмајсор кој се створи од негде чукна со својот стап и громко извика два пати: - Нивните височества Фердинанд, крал на Арагон и Изабела, кралица на Кастилија! Нивните височества Фердинанд, крал на Арагон и Изабела, кралица на Кастилија! По ова долгоочекувано соопштение оние што висеа застанаа мирно и ги наведнаа главите, а оние што седеа виснаа прави, па и тие ги ничкосаа погледите и кралската брачна двојка влезе, придружувана од домаќинот, господарот Луис де ла Серда, петтиот гроф и вториот херцог Мединасели. 26


4 Во груба раскош опремени, Кога старото рицарство го покажуваше Сјајот на своите богати гозби, Главатарите со перјаници и дамите во брокат Се собираа, на знакот од труба Во високо засводената сала на некој горд замок. Вортон Влегоа двајца по двајца. Првин одеа кралицата и домаќинот; по нив кралот ја водеше под рака домаќинката; трети беа ќерката на домаќинот и неговиот прв паж, а најодзади двајцата попови Торквемада и Талавера, едниот строг, подгрбавен и испиен, другиот прав, дебел и насмеан, и двајцата со рацете склопени во висината на градите, небаре се молеа и кога одеа и сè така држејќи се некако настрана, како да сакаа да останат невидливи и да го избегнат вниманието на другите. Кога дојдоа до средината на салата кралот застана, а со него и целата групичка, па разврзаа разговор. Тоа се случи на општо незадоволство на присутните, кои со нетрпение чекаа да започне вечерата, за да можат да им се нафрлат на печените фазани прелиени со густ сос, на вкусниот паприкаш со малку бел лук, на уште повкусните сушени бутови кои некогаш им припаѓале на големите благородни диви вепрови во шумите околу дворецот, на слатките колачиња полни со суво грозје, на извонредните бели лепчиња направени во форма на топка, наречени „бул“, чија што кора беше толку примамлива, што можеше да се јаде со уживање и само со чиста вода; но немаше само вода на масата, туку и безброј пехари полни со најубави кипарски, канарски 62, бонски, херески 63 и какви ти уште не други вина, кои можеа да се сретнат само по дворовите на владетелите. Кралот беше облечен во облека од млетачко црно кадифе, великолепен дворски костум од времето на неговиот дедо. На неговата шија светеше орденот на „Златното руно“. Врз црната облека носеше великолепна наметка од темнозелено кадифе, бродирана со злато и потплатена со црн сатен, на крстот имаше церемонијален меч со златен балчак. Имаше пријатна 27


физиономија, истурена брада и орлов нос и ако не беше онаа вечна загриженост која, не се знае зошто, постојано се оцртуваше на неговото лице, можеше да се рече, дека тоа е убаво и мажествено, вистинско лице на моќен властодржец. Кралицата пак, носеше фустан од најскапоцено ѓеновско кадифе со широки ракави, опшиен со самуровина и врз него долга хермелинска наметка. Нејзиното лице беше бело, убаво и нежно, дури и зачудувачки убаво, всушност придворните поети направиле безброј пофалбени оди за нејзината исклучителна прелест. И кралот и кралицата на главите носеа златни дијадеми, многу слични на круни. - Строгата етикеција во нашето кралство, грофице, – й велеше кралот на домаќинката – го определува секое дејство во животот на кралот и му наложува да ги ограничува своите зборови и да ги задушува своите чувства. Но ние 64 не сакаме секогаш да се владееме според нејзините правила, Вие, госпоѓо грофице, гледате една од нашите поскромни церемонијални облеки, што е исто така непрепорачливо, но ние немаше да ја облечеме ни неа и ќе се појавевме во оваа сала во нашата прашлива патничка облека, ако моментот не беше толку свечен. Да се китиме како роденденска торта, да внимаваме на своите зборови и да ги задушуваме своите чувства! Жими свети Ѓорѓи, кого толку убаво го нацртале во катедралата во Севиља! Па како да ги задушуваме своите чувства, кога сè уште не држат впечатоците од победата под Малага, а најзаслужен за неа беше токму вашиот маж, грофице, храбриот Мединасели кого ние толку го сакаме, што го нарекуваме наш брат! Ах, не сме биле толку среќни ниту во 1485 година, кога беа освоени Ронда и Марбела! 65 - Благодарам за убавите зборови во врска со мојот маж, ваше височество, Вие сте многу љубезен, ваше височество. – рече грофицата и лесно се поклони. Таа беше ситна, нежна и наизглед болежлива женичка, која некогаш била убава, но на која грижите и вечното чекање да й се врати од битките и воените походи мажот – борец, ја сневеселиле, й го испиле лицето, й го угаснале животниот сјај. Нејзиниот маж, грофот Мадинасели, пак, иако ја беше поминал шеесетата, беше силен, крупен, строен и убав маж; вистински Херкул кој поостарел, би се рекло. Додека одеше по кралот, го опкружуваше величественост, како да одеше моќник без својата телесна стража, бог без своите светлосни зраци. - Пред да продолжи нашиот кралски сопруг – се замеша кралицата во разговорот – би го запрашале нашиот драг домаќин: кое е девојчето што доаѓа со нас? Таа беше со вас, кога дојдовте да не земете од нашите одаи, грофе, но не ни ја претставивте – која е таа? 28


- Тоа е мојата ќерка Леонора, ваше кралско височество – рече грофот Мединасели и длабоко се поклони – А не ви ја претставив, бидејќи не мислев, дека со тоа ќе го предизвикам вашето внимание. - Грешите, грофе – рече кралицата – Таа е толку убава и мила, што веднаш го привлече нашето внимание. - А момчето со неа, грофе – кое е тоа? – запраша од своја страна кралот – Да не е тоа нејзиниот сопруг? Но не сме чуле, дека имате мажена ќерка. - Не, туку тоа е мојот паж Алонсо де Охеда, мој кралу, и го поведов со себе за да ви го претставам, бидејќи токму тој беше најзаслужниот за завземањето на Малага, а не јас, како што рековте. Тој прв пат доаѓа во овој замок и никој овде не го познава, ниту пак слушнал за него; освен ако некој минстрел не поминал одовде и не отпеал песна за неговите подвизи. - Што? Зарем има некој позаслужен од вас за големата победа, грофе? – рече кралот – Но како тоа ниту ние да не знаме ништо за него? - Неговото име – одговори грофот – ништо не ви значи, кралу, а не знаете за него бидејќи бевте истоштен од опсадата и од патувањето наваму, па не сакав дополнително да ве заморувам. А има некои работи во врска со него, кои... не се лесни за кажување, ако можам така да се изразам. Но сега, кога сме во мојот замок, мислам дека имам право да зборувам. - Ах, сте погрешиле, такви работи веднаш се кажуваат. – рече кралот не престанувајќи да се чуди и го изгледа момчето од глава до пети – Еве еден прекрасен пример на човечкиот род; да, создателот бил доста дарежлив, кога го создавал ова момче. - А девојчето, малата Мединасели... толку е убава, што не можеме да ги одделиме очите од неа. Кога ќе седнеме на масата наместете ја спроти нас, грофе, сакаме да ја гледаме. – рече кралицата, но и таа сè почесто и повнимателно погледнуваше кон младиот паж на Мединасели. - Ќерка ми ќе ја наместам каде што сакате, височество, но мојот јуначен паж ќе седне до мене на масата, нему до мене му е местото. А тој, Алонсо де Охеда, пажот на грофот стоеше како залиен и не се осмелуваше ни за момент да ги поткрене очите од земјата, освен тоа почнуваше да се вцрвува како млада мома кога зборуваат за неа, бидејќи ги чувствуваше на себе погледите и на кралот и на кралицата, на грофицата и нејзината ќерка, згора на тоа и на дворјаните кои беа во близината и го беа чуле разговорот. Но не беше смешен во таа положба, туку повеќе личеше на млад бог, кој се нашол среде своите Олимпски повелители. Стоеше таму убав, строен, во својата сјајна облека, со перо на шапката, со меч на 29


половината. Беше висок на раст, со импозантна, херкуловска градба и од сè во него се насетуваше сила – високото чело, очите, широките гради, железните мускули кои се оцртуваа под облеката. Прав беше Фердинанд, природата овој човек го беше обдарила со богати дарови: со убавина и сила, и, тоа се чувствуваше, со разум и со онаа енергија на вољата што ја привлекува среќата. Немаше повеќе од дваесет и три години. Најпосле седнаа на масата и вечерата започна. Но кралот не го иставаше погледот од Алонсо. - И така, грофе, вие навистина му ја препуштате славата на ова момче и велите, дека тој е јунакот под ѕидиштата на Малага, а не вие? - Тоа е вистината, ваше височество. - И тој ли прв влезе во градот за да го тргне маварското знаме од камбанаријата на црквата што Маврите ја претворија во џамија? - Така е, ваше височество. - Сега треба да се тргнат уште маварските знамиња од кулите на Алхамбра 66 и да се издигнат знамињата на вашите височества. – рече херцогот Сидонија и лупна со раката по масата; тој всушност сакаше да го одвлече вниманието на кралот од грофот, кого отсекогаш го сметаше за ривал, речиси непријател – Кога ќе заповедате да тргнеме, кралу? Сите ќе не проколнуваат, ако до крај не ги истераме Маврите – од папата на својот престол до питачот пред црковните врати. - Треба да ги фрлиме нашите рицарски појаси и мамузи, да ги нагрдиме нашите оклопи, да се откажеме од нашите шлемови и да ги испокршиме нашите мечови, ако не ја исчистиме нашата земја од тоа некрстено племе. – додаде грофот Луис де Сантанхел. - Ќе тргнеме, пријатели мои, ќе тргнеме. Ако не догодина, до другата сигурно ви ветуваме триумфален марш на Гранада. Старото воено знаме пак ќе се развиори на боиштето. – рече кралот, всушност среќен поради тоа, што барем за момент му се расеаја чудните мисли во врска со оние работи за младиот херој од Малага, кои, како што рече Мединасели „не биле лесни за кажување“ – Нема да ја оставиме работата сега, кога ни тргна. Ние веќе имаме репутација, а добрата репутација понижува, ако не се поддржува. Ќе му отидеме на гости на Боабдил, нема да го оставиме многу да чека. Само да ни се поодморат луѓето и коњите и едно убаво утро ќе осамнене пред ѕидините на Гранада. Ајде да се напиеме за бесмртната слава на првиот христијанин, што ќе удри со копје или со меч по портата на тој град! А кога ќе падне Гранада, ако сакате ќе им појдеме на гости и на Маврите во Африка. 30


Додека го зборуваше ова, кралот ниту еднаш не го погледна херцогот Сидонија: отсекогаш тој чувствуваше омраза кон овој свој вазал, чие што богатство беше речиси еднакво со неговото. А овој рече: - Потребни ли се кораби за Африка? Еве ја мојата флота, закотвена во заливот Кобил кај Гибралтарската карпа! - Ќе го имаме тоа во предвид, дарежлив херцогу. – рече кралот и го испразни златниот пехар пред себе – Ах, со таквите како херцогот Шпанија ќе ја надмине дури и Франција. Но, за тоа – потоа. А на Гранада секако ќе одиме. - Се зборува, дека во Гранада е зеленото знаме, едно од трите направени од древното знаме на Мухамед. – се јави баронот Кинтаниља, главниот економ на Кастилија. Околу масата забучеа гласови: - Зелено или црвено, ние ќе го тргнеме! - Ќе го очистиме нашето кралство од белите турбани и зелените кафтани! - Ниту еден Мавар нема да оставиме во Кастилија! - Смрт на Маврите! - Да си ја земеме Гранада од Нашридите! 67 - Да им приредиме уште еден Лас Навас де Талос! 68 - Што се однесува до мене, можеме уште утре да тргнеме на Гранада! – рече силниот рицар дон Руи Гомес де Силва, за кого се зборуваше, дека може да свитка железна потковица со една рака – Кога трубата повикува на оружје, мене стопалото ми е веќе во узенгијата; кога труби за напад, моето копје полегнува. И нека ме порази свети Ѓорѓи со своето копје, ако прв не влезам во градот! - Ах, драг де Силва, колку те сакаме. – рече кралот, полнејќи си го пехарот – Навистина, ти имаш и сила и храброст за десетмина, тебе не ти е потребно биволско месо 69. - Кој друг вледетел може да рече дека има вакви рицари? – извика и кралицата, и самата предавајќи му се на одушевувањето. - Нели, наша кралска сопруго? – рече кралот – Но да не заборавиме, дека Маврите се фанатици кои се борат со сабја во едната и Коранот во другата рака. - Нека е и така! – викна де Силва – Ние ќе им ја скршиме сабјата и ќе им го изгориме Коранот! Нема да ги спаси ни шлемот на Мамбрино 70. - Некој еднаш ни подрече, дека во Гранада живее некој страшен борец од родот на Аграмонт 71. – забележа кралицата. 31


- И некој од родот Калаинос 72. – додаде некој - А зарем ние ги немаме рицарите дон Салуст де Мендоза од родот на кралот Фавила 73 и дон Буритан од родот на кралот Родриго 74? - И самиот Мухамед да го имаат Маврите во своите редови, ние ќе им ја запржиме кашата! - Да ја тргнеме полумесечината и да го ставиме крстот во нашата драга Гранада! - Смрт на Боабдил! - Pereat improbus. Amen, anathema esto! 75 - Да одиме на Гранада! - На Гранада! На Гранада! - За весела Шпанија! 76 -Ќе ги издавиме во морето тие кучиња! - И тие ли со нас ќе се мерат? Има ли споредба меѓу лав и чакал? - Ќе ги сотреме до едн некрстените! Само еден белокос старец се обиде да го стиши преголемиот занес, тоа беше баронот Хуан де Кабрера, кој важеше за многу паметен и искусен човек. Тој побара збор дигајќи ја едната рака, па откако околу масата завладеа мир, рече: - Господа, да не ги омаловажуваме Маврите, тоа може да ни се одмазди. Видовте ли со каква мака ја освоивме Малага? Господа, стишете го своето одушевување. Слушајте ме, ќе ви раскажам едно мое искуство. Кога бев помлад и Швајцарците беа сметани за простаци. Господинот војвода од Бургоњ беше голем благородник и го презураше тој џган, така ги наречуваше. Како млад јас патував по белиот свет, одев по дворовите, а едно време бев и кај него. Пред битката при Грансон тој се колнеше во свети Ѓорѓи, дека ќе ги уништи Швајцарците како глувци, како што сега вие велите за Маврите. – „Ќе ги сотрам како мали глувчиња, comme des petites souris, така велеше. Но швајцарскиот старешина Шарнахтал нагрвали врз убавиот војвода со својот буздоган и со својот народ и во судирот со селаните во биволска кожа се распрсна сјајната војска на војводата како стакло при удар со камен. Многу рицари паднаа тогаш од рацете на „простаците“. А конетаблот, господинот де Шато – Гијон, со својот голем сив коњ беше пронајден мртов во една бара. Та тоа ќе ви го кажам, господа, а вие подзамислете се над моите зборови. Овој Нестор 77 сакаше да продолжи и понатаму да зборува, но не му дадоа. Зачукаа со рацете по масата, некои ги извадија мечовите и размавнаа со нив и пак се слушна громогласното: „На Гранада! На Гранада!“ 32


- Го цениме и го сакаме драгиот барон де Кабрера како наш татко, но на мислење сме, дека сега не е моментот да се стишува одушевувањето, туку да се подтикнува. Пијам во ваше здравје, јунаци! – рече кралот и пак го испразни пехарот. - Ваше височество! – викна командорот Гутиере де Карденес – Ви давам збор, дека ќе ви ја донесам главата на Боадвил! - Доста, мои благородни јунаци – рече кралот – за Гранада ќе зборуваме кога ќе дојде времето. А сега да се завртиме малку кон она што било, а тоа е Малага. Времето ќе ги каже јунаците на Гранада, но ние овде веќе го имаме јунакот од Малага, а драгиот Мединасели вели, дека тоа е неговиот паж Алонсо де Охеда. Всушност кралот за цело време го погледнуваше под око младиот паж, па, и покрај тоа, што и самиот му се препушташе на воинственото расположение кое владееше во салата, кралицата на неколку пати можеше да го слушне, како загрижено си зборува самиот на себе: „Имало некои работи во врска со ова момче, кои биле тешки за кажување – што ли ќе е тоа, ѓавол да го земе?“ - Дон Матиас! – му викна кралот на човекот кој стоеше зад неговото десно рамо, а кој беше познат како познавач на поговорки, говорник – Раскажете ни го уште еднаш накратко последниот и решавачки бој под ѕидините на Малага, но без никакви извртувања, ме слушнавте ли? - Долго време беше неизвесно – започна овој веднаш да раскажува – Како двајца уморни пливачи кои во водата се вчепчиле еден за друг и се дават. Маварскиот емир, на кого не му недостасуваше ни сила, ни храброст, ни вештина во војувањето, потпомогнат од фанатизираните Алморавиди и Алмохади 78 кои ноќва се пробија низ нашата војска и влегоа во градот, излезе низ главната порта и просто ги згроми нашите војници, како орел кој паднал меѓу јато гуски. Опсадата беше пробиена, нашата војска пресечена на две и преостануваше само да биде заобиколена од сите страни и целосно уништена. Но сето тоа не беше доволно, бидејќи еден дел од нашата коњаница се созеде и ја спречи намерата на Маврите; а еден човек, предизвикувајќи ја среќата, постојано маваше со мечот од кој капеше крв и, вистинско чудо на храброст, си пробиваше пат сè додека не дојде до емирот. А кога тоа се случи ниту се здравуваше, ниту се збогуваше со него, туку со еден удар го распра од вратот па сè до стомакот. Кога го изгубија својот водач, а и онака немајќи веќе ниту леб, ниту вода во градот, Маврите паднаа со духот и се предадоа. 33


- Тоа ти се вика panem bene merentium 79 – викна кралот – Па добро де, но тој човек беше нашиот брат Мединасели, шпанскиот Ахил, нели, дон Матиас? - Грофот Мединасели го организираше отпорот кога нашата војска се распаѓаше и ја поведе коњаницата, но човекот за кого зборував беше неговиот паж, овде присутниот Алонсо де Охеда, ваше височество. - Ѓавол да го земе! – грмна кралот – Сигурно било така, кога вие тоа го велите, дон Матиас; вие секогаш ја зборувате вистината, вашите зборови злато вредат. Ѓавол да го земе! И тоа ние дури сега го дознаваме! Си проби пат и кога дојде до емирот просто го преполови, така ли рековте, дон Матиас? Ах, па тоа е како во приказните за Ел Сид и неговите паладини! И ние тоа уште не сме го наградиле! Не може тоа така! Што ќе речат луѓето за нас? Ние владетелите стоиме на подиумот пред погледите и пред радознолоста на целиот свет. И најмалата дамка на нашата облека се забележува, секоја слабост во нашите дела бргу се уочува. А има ли поголема слабост од тоа да не се награди храброста како што заслужува? Ние мораме да бидеме посебно внимателни и чесни. Веднаш да се спреми еден наш монограм 80 и уште сега да му се предаде на овој величествен собир во знак на свеченоста на овој момент. Но тоа само попат. Најважното се состои во тоа, веднаш да се запише името и годината на раѓањето на ова момче во нашата златна книга што сме ја зеле од Симанкаската архива 81, а која ние секогаш ја носиме со себе за вакви случаи, со што ќе може да се види, дека отсега па натаму тој е еден од нашите најдраги поданици. Од грлото, па сè до стомакот, нели, мој Матиас? Ах, го знаеме тој удар. Дојди во нашата прегратка, јунаку! Да имавме ќерка за мажење уште вечерва ќе ти ја дадевме за жена и уште пет града од нашето кралство притоа, кои самиот ќе си ги избереш. (Ах, навистина ли го рековме тоа?) Дојди до нашето срце. Но првин запишете го момчето, запишете го. Ајде писари, фатете се за работа. Или не, донесете ја книгата, ние лично ќе го напишеме тоа. Со свои раце ќе го обесмртиме херојот од Малага. Но бргу, бргу! Набргу, двајца пажеви на кралот го донесоа врз златен тањир бараниот регистер, а други двајца врз друг златен тањир приборот за пишување и сите четворица коленичеа пред кралот. А овој со едно движење на раката ја исчисти масата пред себе, ја раствори книгата и почна да пишува. - Алонсо де Охеда? – рече, откако го стави на крајот од напишаното својот кралски потпис и се подзамисли – Ни доаѓаат на ум едни де Охеди од 34


нашиот убав град Куенка, веќе осиромашени, но достојни за почит благородници од стар род... - Не, ваше височество – рече на тоа Мединасели и се искашла, како да му беше застанала коска во грлото – Мојот паж не е од Куенка, тој не е дури ни Шпанец. Лицето на кралот доби некаков посебен израз, ту сомнителен, ту дрзок, како што се случува со лицето на човек, со кого неочекувано се случуваат непредвидливи работи. - Не е Шпанец? – рече – Грофе Мединасели, сакате да кажете дека јунакот кој го освои за нашата круна градот Малага не е Шпанец? - Не е Шпанец? – рекоа повеќето од гостите на масата, престанувајќи за момент да ги џвакаат вкусните фазани прелиени со вино. - Момчето не е Шпанец? – во недоумница прошепоти и кралицата, а двајцата попови кои седеа до неа започнаа бргу да се крстат и да шепотат молитви за истерување на лоши духови. Кралот се смрачи: тој само што го беше обесмртил името на еден човек запишувајќи го во својот регистер, згора на тоа и сворачно, а кој меѓутоа, ете, не бил Шпанец. - Па што е тогаш? Французин? Најпосле нека е Французин, Французите се потомци на Хектор 82 и јас ги сакам, иако очите им се некако закрвавени, додека гледаат наваму 83. Италијанец? Нека е. Заедно со Франција, Италија и Шпанија се најпрекрасните нации, првата од кои го олицетворува просветувањето, а втората великолепноста на Европа. Или пак е некој романтичен шкотски Бернард 84, како оној од романите, што нашата кралска сопруга толку многу сака да ги чита? Некој осиромашен шкотски рицар кој служел во гардата на Луј единаесетти 85, па откако му се присакало да види уште бел свет дошол да си ја опроба среќата и во нашето кралство? Нека е и Шкот, ние ќе го испразнаме овој пехар во негово здравје, иако, тоа мораме да го признаеме, пукаме од јад, што не е Шпанец. Чекајте, чекајте, а да не е Англичанец? Англичанец ли е, кој дошол од гордиот Албион 86? Нека е и тоа. Ќе се согласиме да биде најпосле и Бургундиец – славно племе се и Бургундците – иако е, повторуваме, голема, голема штета, што не е Шпанец. Но, подалеку - нема да одиме! Жими крстот Господов, ние не знаеме што ќе направиме, ако нашиот херој не е припадник на еден од тие народи што ги споменавме! - Алонсо де Охеда е Словен, мој кралу – рече грофот, повеќе мртов, одошто жив. Пехарот на кралот застана во воздухот. 35


- Словен? – прошепоти кралот едвај чујно, со мака – A каде живеат неговите Словени, несреќен грофе Мединасели? - Нивната држава е на Балканскиот полуостров, ваше височество. Тоа е сиромашно племе, кое трпи тешко ропство под Турците. Се граничат со Србите, со Бугарите и со Грците. Но тие не се сосема непознати, нив ги споменува и Маврот Идриси 87. Сите го запреа здивот во очекување на тоа, што неминовно требаше да се случи, бидејќи го познаваа карактерот на својот крал; во салата завладеа мртва тишина. А тогаш кралот експлодира, заборавајќи на секакви правила, на секакви протоколи и церемонии, што беше чудно за еден голем хриатијански крал; но Фердинанд, тоа мораме да го кажеме, освен со своите прекрасни својства, беше познат и по отвореното, ќе речеме и глупаво изразување на огорчен и незадржлив бес, нешто што повеќе му прилега на грубиот, одошто на умниот дел од нашето суштество. - Словен! Балканец!Ах, Изабело, моја кралска сопруго, добри кралеви сме ние, кога чекаме варвари да ни го враќаат кралството! И баш балкански Словен, велиш, мој грофе? Дури не ни Пољак, ни Чех, дури најпосле не ни Грузиец? И Пољаците се силен народ, тие им ги смрсија конците на Германците кај Гринвалд 88. Ама – Балканци? Кој во оваа сала знае нешто за нив? Бедни, непознати варвари, некакви несреќни племиња, кои не можеле да си ја сочуваат државата, циганштина! И такви да ни го белат образот? О, на каква мака се најдов! Но зарем не се најде ниту еден од нашите Шпанци да му го распоре стомакот на проклетиот емир, та се чекаше Балканец тоа да го направи? Каде беше ти, преблагороден грофе Мединасели, така ли ти чекаш твоите пажови да ти ја вршат работата? А ти, еднаков со кралевите херцогу Сидонија – каде беше ти? Ти дозволивме да го владееш устието на Гвадалкивир и огромната територија во меѓуречјето Одел и Рио Тинто и да држиш флота која речиси може да се мери со нашата, освен тоа ти ги оставивме земјите од кои секоја година вадиш по 15 милиони мараведи чиста печалба, а кога ќе дојде време за јунаштво те нема нигде, проклет да си! А ти, славен рицару де Силва, ти, за кого во летописите веќе е напишано, дека со два прста можеш да свиткаш челична потковица – каде беа твоите херкуловски раце кај Малага? Сите до еден чумата да ве сотре! Ах, каква жална кралска креатура сум јас. Жими светата Богородица, на сите вас ќе ви ги конфискувам имотите и дворците и ќе ве прогонам, ќе ве пуштам како просјаци да скитате по светот, а место вас ќе доведам Баскијци да ми служат 89. На еден Балканец да сум му благодарен? Жими брадата на маченикот! Балканец! Боже мој, боже мој! Прецртајте го неговото име во 36


регистарот, веднаш прецртајте го! Не, чекајте, напишаното не се брише, scripta manent, така и старите Римјани рекле, тоа е како кога крв ќе падне: ни таа не се трие. Позеленет од бес, кралот крцкаше со забите, удираше со раката по масата; потоа силно го одтурна сребреното столче кое беше ставено под масата за на него да си ги одмара нозете, стана, го одтурна од себе и столот на кој седеше и тргна кон излезот. За сето тоа време Алонсо висеше со наведаната глава повеќе мртов одошто жив: но некој добар физиономист би открил, дека момчето со мака се воздржува да не го извади мечот и да го зарие во срцето на кралот. - Но барем ислушајте го мојот паж, ваше височество! – викна по него Мединасели – Дозволете му да ви ја раскаже својата приказна, ќе видите каква е таа. - Ни збор повеќе! – лупна кралот со ногата – Оваа вечер јас му ја продадов душата на еден црн Балканец, така се вели тоа. Ќе си одам – каде е мојот Мавар? Напишаното во златната книга нека остане, тој беше најхрабриот во мојата војска, но бидејќи е варварин, јас се оградувам од него... или не, работата е таква, што првин треба да се размисли околу тоа. Можеби треба да му се дадат два – три замока, а и орденот на свети Ѓорѓи90 треба да му се врачи – ќе видам – но него лично ниту сакам да го видам, ниту гласот да му го слушнам – кај се видело христијански крал да се лигави со варварин, кој, згора на тоа, можеби е и паганин? Но каде е мојот Мавар? Илдериме, ајде да си одиме одовде! А ти, грофе Мединасели, по сето ова никогаш повеќе во моето срце нема да бидеш она, што беше. Ајде, утре си одиме, нема ни еден ден да останеме во овој замок. Таква е мојата воља! Таква е нашата воља. Dixi! 91 По овие зборови кралот излезе, а по него и сите негови луѓе. Меѓу нив беше и херцогот Сидонија, кој на сето тоа злобно се насмевнуваше: како што веќе рековме, тој не го сакаше Мединасели, бидејќи овој беше единствениот благородник во Обединетото кралство Арагон и Кастилија кој по величието можеше да се мери со него. - Што мислите за сето тоа, пречесен оче? – го запраша кралицата Торквемада, не симнувајќи го погледот од Балканецот кој сè така стоеше со наведната глава, не можејќи да се изначуди на тоа, како можеше да предизвика еден таков мошне непријатен инцидент; но во нејзините очи не можеше да се прочита дека ги дели чувствата на својот кралски сопруг, туку – о, чудо! – баш спротивното. 37


- Тој е странец, – одговори генералниот инквизатор – згора на тоа и варварин, што значи, дека е во групата со циганите, со лошо покрстените Маври, со евреите и со разбојниците по патиштата на нашето Обединето кралство. Да се осигура на таквите како него животот горе на небото, секогаш е добро да ги запалиме живи доле. Но... – додаде, откако поразмисли малку – тој е воен херој, па тоа нема да биде толку едноставно... што знам? - Се разбира, а ние и не сакаме тоа да го направиме, нашите намери кон него се сосема поинакви – рече кралицата смешкајќи се и им се обрати на грофот и на грофицата Мединасели: - Тоа, господа, што го слушнавте пред малку го рече кралот на Арагон. Но на полуостровот има уште еден суверен и самостоен монарх, а тоа сме ние, кралицата на Кастилија. Та она што е речено – не е отсечено. Туку вие, грофе Мединасели и вие, грофице, испратете ни ја вашата преубава ќерка по еден месец во Кордоба, каде што ќе биде сместен кралскиот двор; сакаме да биде една од нашите почесни дворски дами. Ќе ни пее мадригали и сегидилии 92, ќе ни свири на лаута и ќе ни чита романи за стари времиња и славни битки. Сакаш ли да дојдеш кај нас, убавице наша? Во нашиот двор можеби ќе си засакаш некој благороден рицар, кој, кога ќе тргне во поход ќе ја заврзе твојата сребрена марама за своето копје. А ... и Балканецот испратете ни го. Белки ќе најдеме начин да го приближиме до кралот, најпосле тој ги сака храбрите. Ќе ни го позајмите ли својот паж, грофе? Ќе биде малку во наша служба, а може да го испратиме некој и друг ден на границата со Гранада, потребни се таму такви јунаци како него. После ќе ви го вратиме убав и нагизден како млада невеста, а и некој замок ќе му подариме, нема така да го оставиме. Да, да, нека дојде, таква е нашата воља. А потоа дојдете и вие, грофе, ќе организираме голем лов во ваша чест. Не верувајте му на кралот кога вели, дека никогаш повеќе нема да бидете за него она, што сте биле; ве уверуваме, дека тој толку многу ве сака, што, ако за еден месец не дојдете, самиот ќе дојде овде и на колена ќе ве моли за прошка. А Балканецот секако испратете ни го. Не се испуштаат такви јунаци, па макар биле и варвари, што велите, а? И кралицата излезе загонетно насмевнувајќи се, како да има нешто на ум, а по неа и целата нејзина сфита.

5 38


Сега ќе пеам за тебе, Бакх! Овидиј Наредниот ден околу пладне Франциско излезе од замокот со мамурливо лице и тетеравејќи се, што недвосмислено укажуваше на тоа, како ја поминал ноќта. Го одмина стариот даб на средината на полето и завлезе во шумата, за кое нешто му беше потребен голем напор; а таму, на една пољанка го здогледа Рикардо кој одејќи ги читаше „Историите“ на Полибиј. - Свату! Еј, свату! – го викна. - Кој ме вика додека го читам приказот за Втората пунска војна, најубавото нешто што досега сум го прочитал? – рече Рикардо и се загледа околу себе. - Јас, свату. - Што сакаш? - Ама застани, не можам да ти кажам што сакам од ваква далечина. - Луцифер тебе нека те однесе во својот пандемониум 93. Оди си. Остави ме. - Ама застани, свату, престани со своите каприци; како не ти е срам? - Јас не сум каприциозен, само не сакам да те видам. Оди си! - Престани, ти се молам. Зошто се лутиш? Не си дете. Застани. Треба да разговарам со тебе. - А зошто вчера беше таков со господин Христофор Колумбо? Посакав земјата под мене да се раствори и да ме голтне, толку се засрамив од твојата глупава зајадливост. - Ама ти поради тој лудак ли ми се лутиш, свату? А јас веќе заборавив на него. - Уште и лудак го наречуваш. Оди по ѓаволите! - А... кој знае, можеби и не е лудак. Застани, кога ти велам! - Оди по ѓаволите! – рече Рикардо и забрзано се оддалечи. Франциско потрча по него, сакаше да го стигне. Неколку пати се препна и со мака стануваше и продолжуваше, а потоа одеднаш почувствува страшна мачнина во стомакот, така што беше приморан да се свитка; тогаш во шумата се слушнаа морничави завивања на човек, кој се мачи да се ослободи од алкохолот во себе. Рикардо застана и бргу му пријде, се сожали. - Тебе не ти е добро. Дај ми рака. Ти си непоправлив, Франциско. Ах, мачна тревога ме опфаќа кога ќе видам, дека некоја човечка душа е опфатена со мрак. Сакаш ли да те одведам во замокот? 39


- Не, туку да одиме до кладенецот. Изгорев за вода. - Дури и гологлав си излегол. Со кого пиеше синоќа? - Со Маврот Илдерим. Ах, кога е во прашање црното канарско вино тој неверен муслиманин е подобар и од најдобриот христијанин: пие како смок. Ах, каква ноќ! Само едно време дојдоа оние двајца попови кои постојани ги држат рацете пред себе, како да се молат. Околу нешто со Маврот разговараа. - А и без меч и без наметка си излегол. Закопчај го елекот, деенес е постудено. - Нели бев многу глупав вчера? – запраша одеднаш Франциско. - Искрено речено, да. Просто не можев да те разберам. Зошто беше таков со господин Колумбо? Тој е извонреден човек. Но, да, за да ја почувствува човек неговата големина, треба и самиот да претставува барем малку нешто. Ах, Франциско, знаеш ли каква е разликата помеѓу едноставните луѓе какви што сме ние двајцата и оние како него? Па тоа е разликата помеѓу смртниот и бесмртниот! Помеѓу облакот и духот! Ја гледаш ли онаа бубачка онаму? Каква е разликата помеѓу лавот и неа? Франциско со мака ги држеше очите отворени. Рикардо продолжи: - А јас почнувам да го разбирам. Мене тој ми личи на некој стар Римјанин кој воскреснал. Вчера, откако ти замина со Маврот, сите што бевме меѓу вториот и третиот бедем се насобравме околу господин Колумбо, а тој зборуваше со таква жар и увереност, што сите не плени. Душата на човекот се воздигнува, кога ќе види такви луѓе. Ах, блажени се тие, на кои им е дадено како дар од боговите да извршуваат велики дела... или барем да сонуваат за нив. Тие цврсто зграбуваат една идеја и не ја испуштаат. Нивниот начин на живот значи чест за човечкиот род. На патот до целта тие страдаат, но тоа се возвишени страдања, славни беди. Тие се препнуваат, се качуваат, спаѓаат, бараат, одат, понекогаш се стрмоглавуваат – тоа е голема мака, но тоа е тајната на сите победи. Тие ја имаат само својата цел и ништо не може да ги спречи да одат кон неа. Колумбо не сака да знае дали е во Португалија или во Кастилија, дали ќе му служи на португалскиот, на кастилскиот, на францускиот или на англискиот крал, не сака да знае дали со Гранада ќе владеат христијаните или муслиманите и дали кралот Фердинанд збеснал, кога слушнал, дека за завземањето на Малага се заслужни не неговите војсководачи, а некаков си таму варварин кој дошол од зад грбот на Господ – сето тоа за него се ситни, земски работи, кои не го заслужуваат неговото внимание. Него го игнорираат, го исмеваат небаре е шут. За да добие едночасовна аудиенција пред нивните височества тој треба претходно 40


пет години да се влече по нив пешки или качен на некое старо муле, истоштен, гладен, жеден, прашлив и ненаспан, лете на жештината, зиме на студот – но додека во него пулсира животот тој ќе се бори за својата идеја! Јас сакам Богородица да му даде сила, бидејќи величина и воља има. Тој човек можеби навистина ќе го открие патот кон Индија, Ципангу 94 и земјата на Великиот кан и од таму ќе се врати со бродови полни со злато и со мирудија, можеби никогаш нема да заплови по Морето – океан, можеби ќе загине во бура или во некаков бунт на бродовите и тоа пред самата цел, можеби уште утре веќе никој нема да се сеќава на него; но што и да се случи, тој човек е достоен за најголем восхит. Така јас мислам. Па нему уште вчера, додека зборуваше пред толпата, по челото му се сливаше благородната пот на победата! Та тоа за Колумбо. А и Бартоломеј Лас – Касас, иако момче, речиси дете, и тој веќе почнува да го разбира и еден ден секако ќе седне и ќе се зафати да го опишува неговиот живот, така мислам. Вчера се запознав со уште еден прекрасен човек, Филип де Комин, летописец на Карло Смели од Бургундија, кој по Нанси 95 дошол во нашето кралство за во него да бара повесели теми за своите летописи. Навистина е жално, што нивните височества си одат уште денес, многу ми се сакаше да подругарувам со овие тројца. Ама ти не ме слушаш што ти зборувам, Франциско. Што се случува со тебе? Никогаш не сум те видел таков. Стигнаа до кладенецот. Франциско коленичи и пиеше долго, долго, како зажеднет вол, кого цел ден го терале да ора на жешкото сонце. - Те слушам, свату, те слушам. За достојни луѓе и бесмртни дела ми зборуваш. Си живееш ти во својот кристален замок среде облаците, па малку те интересираат земните работи долу под тебе. Можеби си и во право, кој знае? – ти секогаш си бил попаметен од мене. А мене сосема друго нешто ме тишти. - А што пак може тебе да те тишти? Но, гледај долу на патот: нивните височества си одат. Се налутија и си отидоа, оставајќи ги фазаните и пушените бутови недојадени и виното недопиено – како деца се. А мојот вујко, грофот, дури ни до стариот даб не ги испрати. Што ли може да се изроди од сето тоа? Навистина, кралскиот двор си одеше. Од замокот прво излезе коњаник кој громко викна два пати: „Направете пат за нивните височества кралот и кралицата! Направете пат за нивните височества кралот и кралицата!“ Потоа оддекнаа труби и рогови, па излезе четата оклопни коњаници носејќи долги копја завртени со врвовите нагоре и мноштво кралски знамиња кои се вееја на ветрот. По овие излегоа кочиите со 41


кралевите, оние со кралскиот совет и сите други великодостојници; по кочиите излезе и втората чета коњаници, а на крајот беа пешаците кои ја следеа поворката со мноштвото кучиња кои кевкаа и постојано се претрчуваа низ нозете на коњите и на луѓето. - По ѓаволите со нивните височества – рече Франциско – Туку мене нешто многу тешко ми е на душата, бе свату... - Па кажи де, да знам што е тоа. - Изутринава се пробудив – а главата – тапан! Се замислив, па мислам, мислам... Си мислев за животот – ама живот ли испадна моето! Го заслушнав срцето – немаше што да се чуе; си поставив неколку прашања – а одговорите ме смрзнаа! Се почувствував празен, непотребен, неспособен, изгубен, оголен како стара бреза во декември, разнебитен како стара кула, готова да се сруши. - Ништо ли повредно не најде во својот живот? - Ништо. Не видов ништо, никаков пат, само беспаќа. Па зошто ми е, си реков, младоста, зошто живеам, зошто имам душа, зошто е сето тоа? Истрпнав пред ледената пустелија на своето изгубено суштествување. Почувствував како во мене се кинат нишките, кои го поврзуваат телото со душата. Ми се чинеше, дека не сум разумно човечко суштество, а едно бедно, болно животно, измачено од некаква чудна болест. Заклучив, дека вистински delirium владее во мојот ум. Quo me trehit fortuna? 96 Единствено знам деновите да ги минувам со пијаници, а ноќите со курви. Досега тоа и го правев, но така ќе можам да продолжам да живеам само ако свети Мартин, свети Јулијан или некој друг од добросовесните светци ме направи богат властелин на кого не му е гајле што ќе мислат луѓето за него; а јас ниту сум таков, ниту можам да станам таков: кое е тоа бесмртно и или смртно суштество кое би се зафатило со таков како мене? Та изутрината за прв пат се замислив за својата иднина. Што да правам? Ништо. Што ќе ми се случи за напред? Ништо. Какво изненадување и каква надеж ќе го оживеат моето срце?Одговорот е: никакви. Страшен и потполн слом. Па тогаш? - Навистина, многу мрачна констатација. Јас веднаш забележав, дека не ти се сите овци на број. А вчера поинаку зборуваше: „Јас, вели, го направив својот избор: кон бојните полиња, вели, и кон будоарите, бидејќи среќата е среде трубите и женските воздишки“. Така велеше. Но ти, Франциско, немој толку да пиеш: тебе црното вино ти ја полни главата со црни мисли. Добро де, а што е со дуењата? - Со таа коза ли? Убави рамења, но празна глава, попразна и од мојот паричник во моментот. Јас нејзе почнав да й се додворувам, за да ја 42


предизвикам љубовта на Леонора: убавите жени, велат, ќе те засакаат, кога ќе ги направиш љубоморни. Но таа побргу ќе те засакаше тебе одошто мене, бидејќи јас сум за неа лекомислено момче, а ти сериозно суштество, длабока и морално чиста личност. - Тоа и вчера го рече. И уште додаде, дека тоа ќе се случело – ако се случело – и покрај тоа, што јас сум грозниот патор од басните, а ти убавиот принц од бајките. - Извини, свату, не сакав да те навредам. Но, да продолжам. Сега веќе тука е хидалгото 97 Алонсо де Охеда, кој, иако варварин кој дошол од зад грбот на Господ ќе го привлече нејзиното внимание и тоа ќе биде крај на сите наши надежи. - И тоа го рече вчера. Non bis in idem 98. Попат, ако заборави, ќе ти кажам, дека дона Леонора за еден месец ќе оди во Кордоба за да стане дворска дама, нешто многу, многу убаво, а таму веќе нема ни да се сеќава за некакви си таму братучеди; така што ние, двајцата несреќно вљубени ќе се убедиме дека е бесцелно и понатаму да размислуваме за неа и ќе се завртиме кон нешто друго; а и Балканецот ќе оди со неа. - Ах, навистина така се наредија работите. Но да ја довршам мислата. Балканецот нема да ја привлече со својата убавина и со силните мускули – тоа и јас го имам – а токму со тоа, што дошол од зад грбот на Господ. Како ти тоа го објаснуваш, филозофе? - Ама што си се фатил ти за таа мисла? И уште бараш да ја коментирам. Како да си сигурен дека го делам твоето мислење, така ми се чини. Да ти кажам ли што мислам? Е, па ете: наполно се согласувам со тебе. Познавајќи ја Леонора, мислам дека тој навистина ќе ја привлече со тоа, што е варварин кој дошол од далечна и непозната варварска земја, небаре е Тула 99 ; но, сепак и тоа да го кажеме, и поради тоа, што е убав како Адонис 100 и прав како гвадарамско вретено 101 – и ти ги имаш тие убави особини, ама не до толку. Но, како што веќе два пати реков, за сето тоа ние и вчера расправавме, можеби дури и со истите зборови. Да престанеме со тоа. Деновиве јас сум во својот кристален дворец меѓу облаците како што рече и повеќе сакам да се занимавам со своите „возвишени“ работи, одошто да размислувам за „бедните човечиња“ под себе. А ти, Франциско, ако не ја сакаш дуењата, туку дона Леонора, која пак тебе не те сака, најди си некоја трета; ако студирањето во Саламанка не те привлекува, а ти појди во некој воен поход, или закалуѓери се во некој манастир, или пак тргни по божјиот свет и пишувај како живеат луѓето – но осмисли си го со нешто својот живот, ѓавол да го земе! Ти можеби си роден да бидеш славен, но по некој 43


сплет на околностите си останал во сенка, како повеќето од нас впрочем. Но бори се, барај го она, што ти треба. И јас не сум решил дефинитивно што да правам со својот живот. Ќе успееме некако, свату, не грижи се. Ние двајцата не сме сибарити 102, туку сме обични работници. Ќе ги препашаме своите кожени престилки и ќе работиме! Нека ме однесе Луцифер во својата смрдлива дупка, ако јас и ти не го најдеме она, што ни е потребно. Еден ден и среќата ќе дојде, ќе видиш, нема сè да биде прелевање од пусто во празно. Франциско внимателно го гледаше својот лик кој се одразуваше во бистрата вода на кладенецот. - Убаво зборуваш, свату. Така е, не велам дека не е. Ќе видиме, ќе видиме... Во тој момент се слушна нежен женски глас: некој ги викаше по име. На блиското возвишување стоеја две стројни фигури и им мавтаа со раце. - Тоа се дона Леонора и нејзината дуење – рече Рикардо – не викаат, ајде да одиме кај нив. - Не – одврати Франциско и почна да се вртка околу себе – Во моментот сум за нигде, ваков разлигавен и закрвавен во очите – не сакам Леонора да ме види таков. Ти оди и извини ме, а јас ќе гледам да се измолкнам некако. Во истата секунда еден човек со долга брада, наметнат со широк зелен кафтан, се створи пред нив; како од земјата да изникна. - Мавру! – извикна Франциско – Илдерим! За два дена два пати ме спасуваш. Но што бараш овде ти, неверно куче? Па твоите господари, кралевите, си отидоа. - Се успав и никој не ме разбуди, а тие во својата лутина заборавиле да се сетат на мене. Но деновиве и онака не сум им многу потребен, па се решив да продолжам да го користам гостопримството на љубезниот гроф Мединасели, додека не решам да тргнам по нивните траги. А сега ќе ме прими ли во своето друштво рицарот Франциско де Марија? Та ние синоќа скличивме такво пријателство, што само смртта може да го раскине – што мислиш, а христијанину? А ти сепак не нарекувај ме неверно куче, инаку...

6 Кое е она момче таму, до огледалото, Кое толку убаво се смешка? 44


Стара романса Франциско го фати под рака Маврот и незабележливо изчезна со него во длабочината на шумата, а пак дона Леонора од своја страна го фати под рака Рикардо кога овој й пријде и тие двајцата заедно со дуењата полека се упатија кон замокот. Во почетокот разговараа за безначајни работи со кои се пополнува времето пред да се помине на главната тема, која и не е толку безначајна. Стана збор за прелестите на есента, која оваа година беше топла и пријатна како ретко кога, па за стариот даб, кој стоеше среде полето пред замокот како некој осамен џин, потоа Рикардо зборуваше за универзитетот во Саламанка. Срамот, што студентот во почетокот го чувствуваше во присуството на убавата Леонора, го снема и тој стана многу зборлест. - Што мислите, братучеде – рече Леонора – ќе се влошат ли односите помеѓу нивните височества и татко ми по синоќешните случувања? - Не можам да дадам конечен одговор на вашето прашање, братучедо, но мислам дека нема значително да се влошат – дипломатски одговори Рикардо – На кралот ќе му помине лутината, тоа и кралицата го рече синоќа пред да излезе. Всушност кралот нема зошто да му се лути на вујко ми, грофот Мединасели, тој може да земе во својата служба какви што сака пажови. Повредена е националната гордост, бидејќи странец, згора на тоа и варварин е најзаслушен за победата кај Малага – но за тоа никој не е виновен. - Знаете ли вие нешто за Балканецот? – запраша одеднаш Леонора и, тоа убаво се виде, здивот й застана, а и малку се вцрви. - Нешто бев потчул од Франциско, а вчера се распрашав и кај луѓето на татко ви, додека се чекаше на вечерата. - И така, тој е вистински Балканец? - Вистински. - Како му е вистинското име? - Драган. Драган Охридски. „Драган Охридски... – повтори за себе Леонора – Колку убаво име!“ Потоа запраша: - А зошто живее кај нас? - Избегал од Турците кои владеат со неговата земја. Тој и еден негов братучед, Педро, односно пред тоа Петар, биле предвидени за јаничари – знаете, влегуваат во куќите жандарми и ги земаат силните и здрави момчиња за од нив потоа да направат елитна турска воена формација – но 45


благодарение на некаков стар патешественик избегале во последниот момент. Со караван стигнале до Дубровник, а од таму со брод довде. - Потоа? - Тоа било пред девет години. Братучедите дошле во едно село во близината на Севиља и таму за нив се завзел некој пријател на патешественикот и се погрижил за нив како за свои деца. Им дал шпански имиња, ги научил да читаат и да зборуваат шпански, да се мечуваат, да јаваат на коњи, да бидат остри со мажите и галантни со дамите, си еден збор ги направил вистински Шпанци. И не само тоа, туку и светски луѓе направил од нив, бидејќи освен што ги научил да читаат и да пишуваат им вдахнал љубов кон историјата, литературата, филозофијата и уметностите. И така Драган се претворил во Алонсо, Петар во Педро, а Алонсо толку напреднал, што станал еден од првите мечувалци во Кастилија. - Продолжете братучеде, ве молам. - Еден ден, патувајќи кон границата со Гранада каде постојано се војува, татко ви поминал со својот полк низ селото во кое живееле младите Балканци. Алонсо се одушевил од светлите челични оклопи на војниците, од големите мечови и врвовите на копјата кои блескале на сонцето, од пурпурните наметки и знамињата кои се вееле на ветрот, од големите бојни коњи, кои исто така биле речиси целите во оклоп – да, убава е нашата војска! – и посакал да појде со нив. – „Дојди, – му рекол грофот – а ако на границата заробиш еден Мавар и ми го доведеш, ќе ти дадам оклоп и оружје и ќе те земам во својот полк“. Тој тоа го рекол онака, на шега, мислел дека голобрадото момче кое ни еднаш не било во битка ќе го подвитка опашот и ќе избега уште на првите труби. Но во битката која навистина се случила, на Алонсо му пошло од рака да зароби не еден, туку двајца Маври. Му го дале оружјето на еден загинат војник и одтогаш е паж на грофот. - Продолжете, продолжете. Но чекајте, а што станало со неговиот братучед Педро? - Педро е секогаш со него. И тој е исто така многу добар војник, но некако останува во сенка – не му светнува секому лампата. - Јас го видов синоќа хидалгото Педро де Охеда и многу ми се допадна. Многу убав човек. А како само мажествено оди: како коњанички офицер, кој по два дена јавање слегол од коњот да се поразмрда. – рече дуењата и почна да се крши, покажувајќи какво е тоа одење. Рикардо се сети на зборовите на Франциско, кога разговараа за дуењата: „Убави рамења, но празна глава“ – и се поднасмевна. - Добро, а сега продолжете, братучеде. – рече Леонора. 46


- А што сакате да ви кажам уште? - Па... сè што знаете за него. Тој е многу интересен човек. Та тој беше причината што кралевите така одеднаш си отидоа, а кој друг? - Во право сте, што сакате да знаете за него. Бидејќи иако е варварин, па како таков кралот не сака ниту да го види, ниту името да му го слушне, тој е исклучителен човек, еден од оние, какви што дури и во Шпанија и во Франција ретко можат да се сретнат. Освен тоа, по еден месец, според желбата на кралицата, тој ќе ви биде сопатник на патот кон Кордоба. Та, по две години од неговото доаѓање во Шпанија тој се научил, дека Турците му го убиле татко му. - Ах, колку тажно! – плесна дуењата со рацете – И што тогаш тој направил? - Решил да се одмазди. Се спремил за пат. И Педро сакал да појде со него. Тој сакал да го спречи: - „Одмаздата е моја – му рекол – Ти не треба да ја ставаш главата в торба, туку чекај ме, а јас ќе ја свршам работата и ќе се вратам“. Но Педро сепак тргнал со него. Отишле и се распрашале за убиецот. Кога дознале кој е – тоа бил некој ага - го дочекале во некој теснец, се помолиле пред иконата на света Богородица, што уште кога биле мали им ја дал некој овчар таму, и го убиле со сите десетмина негови сејмени кои јавале со него – двајца застрелале со пиштоли, другите ги сосекле. Потоа веднаш се вратиле во Шпанија бидејќи Турците научиле за тоа дело и цел гарнизон тргнал да ги бара. Кога го слушна ова, Леонора тивко извикна, а дуењата почна да ракоплеска. - Тој е навистина исклучителен човек. – рече Леонора. - Да. Железо човек. И во исто време, вие тоа ќе го видите, во него има нешто, што уште повеќе ќе ве трогне, тоа и Франциско го мисли. Толку ќе ве трогне, што ќе посакате да го видите. Сакате ли еден ден, ако со божја помош се спријателам со него, да ви го доведам пред прозорецот за убаво да го видите? Сакате ли и понатаму да ви го кажувам она, што ќе го научам за него? - А што е тоа, што толку ќе ме трогне? А јас веќе сум трогната со тоа, како се одмаздил: мислев дека само во романите луѓето така се одмаздуваат. Навистина, многу необична судбина. Но што е тоа што е толку необично во него? Ах, драги братучеде, вие многу ме заинтригиравте со својот расказ. Што е тоа? Разговарајќи, тие го беа одминале стариот даб и сега одеа кон замокот. 47


- Што е тоа? – повтори Леонора. - Како да ви кажам, дона Леонора... Не знам дали ќе ми верувате. Според мене за тоа може и книга да се напише. Чујте, дона Леонора, тој сака да ја ослободи својата татковина од Турците. Леонора пак тивко извикна. - Навистина за тоа може да се напише книга. А како – да отиде таму и да го крене народот на востание? - Не така. Турците се силни и половина народ ќе истребат, ако се дигне. Туку тој сака нашите кралеви да му дадат војска, со која ќе тргне во крсоносна волна против Турците на Балканот. За тоа тој живее: да ја ослободи својата татковина. Славни се таквите луѓе. Колумбо сака да го открие западниот пат за Индиите, овој сака да го види својот народ слободен – еве две големи идеи, пред чии што носители јас длабоко се поклонувам. Веќе беа во дворецот. Додека минуваа по ходникот, се слушнаа гласовите на грофот и на грофицата: Мединасели со јадосан и гневен глас зборуваше за навредата што му ја нанел кралот, напуштајќи го така демонстративно неговиот замок, како да е некакво легло на разбојници, а жена му го убедуваше, дека прашината ќе се слегне и сè ќе биде како порано, дотолку повеќе, што кралицата сака да ја види нивната ќерка во својот двор. Тоа го слушна дона Леонора, но си влезе во својата соба и додека дуењата го отвораше прозорецот за да пушти внетре свеж воздух, замислено прошепоти: „Да ја ослободи својата татковина... Човек дури не се осмелува ни да ги каже тие зборови, толку се велики!“ За тоа време Рикардо отиде во својата соба, која беше во другиот дел на дворецот. Беше тажен. – „Но зошто јас самиот й предложив да й го доведам младиот Балканец? – си мислеше – А и како ќе го сторам тоа, та јас не го ни познавам и мала е веројатноста тој да го посака моето пријателство – што има тој да дели со некој ваков како мене, што може да поврзува еден војник и еден студент? И зошто – о, колку сум глупав! – зошто јас самиот се погрижив да го засилам интересот на дона Леонора кон Балканецот? Па половината од она, што го реков за него самиот го измислив; на пример, од каде јас знам, дали неговата животна цел е токму да ја ослободи татковината? А дона Леонора беше одушевена, тоа убаво се виде и, каква што е, сосема е можно да се вљуби во Балканецот, прав е Франциско. А јас се надевав, макар и потајно... Сега збогум, мои надежи...“ Но тагата не траеше долго. Бидејќи се смрачуваше Рикардо ги запали свеќите и нивната светлина која радосно затрепери му ја осветлија и душата. Тој ги зеде „Напоредните животописи “ на Плутарх – дебело укоричена 48


книга подврзана со свинска кожа, еден од првите производи на печатницата на Ламберто Палморт во Валенсија по пронајдокот на Гутемберг 103 и започна да чита од онаа страница, на која беше застанал синоќа.

7 ПРВАТА ВЕШТЕРКА Здраво, Макбете! Здраво, гламиски тане! ВТОРАТА ВЕШТЕРКА Здраво, Макбете! Здраво, кодорски тане! ТРЕТАТА ВЕШТЕРКА Здраво, Макбете! Иден кралу, здраво! Шекспир, „Макбет“ Грофот, меѓутоа излезе од дворецот и се упати кон коњушницата за да се качи на својот коњ и да им се препушти на бескрајните шуми околу замокот – секогаш кога беше бесен поради нешто, со часови галопираше како бесниот ловец од приказните. Едната негова нога веќе беше во узенгијата на коњот, кој стоеше приврзан пред коњушницата, кога едно мало прозорче од врвот на старата кула се подотвори и се слушна глас: - Господине грофе дојдете, имам нешто да ви соопштам. - Quis properantem me prehendit pallio? 104 – рече грофот, како оној римски војсководач од старите хроники – Кој и да си, си нашол кога да ме запираш. - Мој господару, дојдете да ви кажам за вашиот хороскоп. – се јави пак гласот од кулата. - А, тоа е мојот астролог. – рече грофот, кој не се беше помачил ни да се заврти, за да види кој го вика. Влезе во кулата, во еден здив се искачи по многубројните вијугави степеници прескокнувајќи по две или по три одеднаш, што тешко можеше да се претпостави ако се земеа во предвид неговото крупно тело и неговите шеесет години. - Што е, скитнику? – рече, кога влезе во неговата соба. Јас бев сосема заборавил на тебе и ако сега не ме викнеше низ прозорецот, немаше да знам 49


дека постоиш на овој свет, ниту пак, дека живееш под мојот покрив и ги трошиш безмилосно моите пари. - Ах, вистина, судбината понекогаш може да биде и таква кон најдобросовесните слуги – да бидат заборавени од своите господари – рече астрологот, кој беше подгрбавен, исушен и блед старец на околу осумдесет години, облечен во облека на францискански свештеник – Но јас не се жалам, има и полошо. Да се потсетиме, дека Диоген живеел во буре, па тоа не му пречело да биде најсреќниот човек на светот. - Но твојот стан не ми личи многу на буре, разбојнику! Гледам, дека за ова време додека војував во Гранада си разговарал со моите кастелани околу уредувањето на твојата соба и притоа не си бил ни најмалку скромен, а тие пак од своја страна биле премногу ревносни во исполнувањето на мојата наредба да ги задоволуваат твоите барања. Така ми и треба, кога имам толкаво уважение кон окултните науки. Навистина, просторијата на астрологот беше раскошно наместена, за разлика од другите делови на кулата кои изгледаа занемарени и препуштени на забот на времето. По ѕидовите имаше скапоцени украси изработени во дрво, подот беше послан со великолепен турски тепих, а големата храстова маса беше покриена со персиски ќилим. На масата лежеа разни математички и астрономски справи, прекрасно изработени од најскапоцен материјал, а низ отворената врата која водеше во соседната соба можеше да се види сребрен ѕвездомер. Имаше и други разновидни предмети кои лежеа на масата или висеа по ѕидовите. Во еден агол беше сместена библиотеката која беше исто така богата: стари, ретки ракописи лежеа заедно со дебелите расправи од секаков вид на современи автори. Со исклучок само на неколку книги кои беа напишани на шпански или на француски, другите беа на латински, а неколку беа исполнети со хиероглифи и кабалистички знаци, што требаше да зборува во прилог на тоа, колку е голема ученоста на станарот на овој дел од старата кула. Впечатокот го дополнуваше и изгледот на самиот станар, кој седеше во една огромна фотеља и во рацете држеше дебела, скапоцена книга неодамна отпечатена во Франкфурт. - Но зошто милостивиот господин гроф го прави несреќен својот слуга зборувајќи му такви работи? – рече старецот. - Уште прашуваш зошто? Да ти кажам ли? Кога дојде кај мене пред две години ти ми вети, без да го барам тоа од тебе, дека ќе ме направиш еднаков со кралот – се сеќаваш ли? И што стана? Правев подвизи и го ризикував животот за славата и величието на кралот, а тој синоќа ми плесна в лице едночудо работи како на најобичен разбојник и си отиде, без да се 50


заврти назад. Еве што ми направи, ме излага, скитнику! А кај мене живееш како бубрег во лој, несреќнику! - Ама што зборува вашата милост? Навистина ли нивните височества така постапија? - И згора на тоа ми го оставија својот Мавар на храна и на стан додека не му се здосади, а јас не смеам ни попреку да го погледнам, ако не сакам да паднам сосема во немилост кај нив. Колку ниско! Каква подигравка! И сето тоа само затоа, што мојот паж кој беше вистинскиот јунак кај Малага бил Балканец, варварин. Како да поминам преку тоа? Јас, големиот рикос омбрес105 Луис де ла Серда, петтиот гроф и вториот херцог Мединасели во споредба со кого великиот Сидонија па и самата кралица Изабела се луѓе со незначително потекло 106... - Го знам тоа. Јас го знаев тоа уште пред да дојдам овде. Но зошто вашата милост не се однесува пољубезно кон мене? Бидејќи, како што вашето име значи нешто во историјата, така моето значи во науката. Да ве потсетам ли, господару, дека јас сум славниот Мартивалиус кој ја напишал надалеку познатата расправа „De vulgo incognitos“ 107 и кој, пред да дојде овде бил на служба кај такви славни владетели како што се унгарскиот Матија Корвин, францускиот Луј Единаесетти и бургундскиот Карло Смели108. - Сите тие работи и мене ми се познати – одговори грофот – Но исто така знам, дека наместо среќа им носиш несреќа на своите работодавци: самата пресвета Богородица го спаси Луј Единаесетти да не изгние во темниците на Карло Смели, а потоа и Карло Смели ги посеа своите коски кај Нанси, бидејќи те послуша, кога му велеше дека ќе победи во таа битка, - Да, но Луј сепак го ослободија и од оваа незгода излезе повелик од кога и да било, а Карло навистина загина, но само затоа, што не ме послуша кога му реков дека треба да внимава повеќе на левото крило на непријателската војска, одошто на десното. Па и да речеме дека се тоа мои порази, сепак тоа се величествени порази. Историјата го зачувала споменот за Антониј токму поради неговиот пораз кај Акциј, кој му донел поголема слава, одошто му ја дале на Цезар сите негови победи. - А во што се состои величието на твоите порази? Антониј изгубил кај Акциј поради прекрасните очи на Клеопатра – а поради чии прекрасни очи ти го сотре несреќниот Карло и речиси го отера Луј на губилиште? За тие ли глупости ме викна да ми ги кажуваш? Ти се подбиваш со мене! Знај, робе, дека ништо не ме спречува во овој момент токму врз тебе да го искалам својот бес кој ми дојде од постапката на кралот! – и грофот се фати 51


за дршката на мечот – Имаше среќа што Карло загина кај Нанси, инаку ќе те расчеречеше на четири побеснети коња, а и на Луј некако му се измолкна, но знај, дека некој сепак ќе ти ги смрси конците, а тоа ќе бидам јас, ако продолжиш да се подбиваш со мене! Наместо да потрепери од овие зборови, астрологот лесно се насмевна. - Карло навистина ќе ме расчеречеше, иако самиот си е крив за поразот и за својата смрт: што бараш друго од една битка кога за левото непријателско крило ќе помислиш дека е десно? Но не жалам толку за него, иако беше можеби највеличествениот монарх во Европа, колку за неговиот благороден рицар и исто така голем летописец Филип де Комин, со кого имав неколку прекрасни средби во Перон 109. Патем, дознав дека сега патува со дворот на Фердинанд и Изабела – многу сакам да го видам... А Луј – ха – ха – ха! - Зошто се смееш, разбојнику? - Како да не се смеам, благороден грофе? Од сите луѓе во Европа единствено мене ми појде од рака да го насамарам Луј, тој најостроумен владетел на своето време, Господ душата да му ја прости 110. Сега ќе ви кажам како беше тоа. Кога војводата Карло го затвори во римската кула во Перон, каде сосема, сосема малку недостасуваше да ја доживее судбината на Карло Безазлезниот 111, тој ме повика кај себе, но половина час пред тоа ги беше повикал својот берберин Оливле Ден и својот кум Тристан 112 и им беше наредил да ме чекаат во ходникот и веднаш да ме обесат штом ќе излезам откај него. Sic 113. Јас меѓутоа насетив каква е работата и кога Луј ме запраша дали му се заканува некаква опасност во оваа кула, му реков дека ќе умре – ха – ха – ха! – дека ќе умре еден ден – ха – ха – ха ! – еден ден по мојата смрт, жими свети Јулијан така реков – ха – ха – ха ! – така, реков – ха – ха – ха ! – кажа хороскопот. Луј поверува и се исплаши, па самиот ме испрати откај себе, притоа уште пријателски прегрнувајќи ме со едната рака, додека со другата скришно им даваше знак на своите убијци да се повлечат. Трепереше како лист подгонет од ветрот – а моќни монарси се плашеа од него, па и самиот папа трепереше пред неговото име. Ха – ха – ха! Та така беше со Карло и со Луј. Но вас, господару, ве викнав не за да ви се подбивам, туку да ви кажам, дека ѕвездите ви се наклонети и дека треба да превземете нешто за да го искористите нивното влијание. Последните зборови астрологот ги изговори полека, речиси слог по слог, па стана од фотељата и почна да чекори по собата со книгата в раце. 52


- Каква лага сега си смислил, скитнику? – рече на тоа грофот дрско, но во неговиот глас веќе не се чувствуваше толку злоба. - Што, грофе? Мислите ли, дека, откако ги поминав речиси сите западноевропски дворови дојдов во дворецот Ел Бурго де Осма за да му кажувам лаги на неговиот господар, петтиот гроф и вториот херцог Мединасели? - Но на станарите на тие дворови, како што веќе реков, набргу откако ќе им дојдевте на гости така им се случуваше, што нивните ѕвезди – водителки сосема потемнуваа. - Вашата ѕвезда, мој грофе, меѓутоа не потемнува, туку уште повеќе се разгорува. - Што си смислил? Зборувај, сакам да слушнам. - За почеток ќе го кажам она, што и вие го знаете. Од Бургундија, која Луј Единаесетти ја избриша како со гума од политичката карта на Европа дојдов во замокот Осма и во него најдов човек повелик и поблагороден и од Матија Корвин и од Луј Единаесетти и од Карло Бургундски... - Остави го уводот и помини на главното, бидејќи сакам да јавам. - Видов човек – продолжи астрологот со засилен глас – чиј што блесок ги засенува сите наоколу, чие што семоќно присуство парализира секоја друга воља, etre supèrieir 114, како што го велеа тоа во замокот Плеси; видов човек кој не е крал, но чие величие е еднакво на величието на најмоќните и најмилостивите кралеви. Мене ме трогнуваат великите и благородните кои го имаат божественото право да се однесуваат со судбината како со еднаков на себе... - Ама остави го тоа и кажи ми го главното. – пак рече грофот, но само онака, а инаку како да го посакуваше токму спротивното. Астрологот ја пресви страницата до која беше стигнал, ја остави книгата на масата. - Мене ме трогнуваат великите и благородните кои го имаат божественото право да се однесуваат со судбината како со еднаков на себе – повтори од збор до збор – и поради тоа веднаш штом дојдов започнав да работам на вашиот случај. Беше тешко, но работев за човек на кого му е предодредено да триумфира – убаво е да се работи за таков. - Ти веќе работеше и за такви кои триумфираа, кои веќе беа на врвот на своето величие – и што стана? Добро, добро, пофали ме уште малку, јас ќе те ислушам – ах, нека сум проклет ако тоа не ми годи - на сите нас ни е 53


подрага лагата која не возвишува, од темнината на ниските вистини – а потоа кажи што имаш да кажеш. - Господару мој, вие самиот кажавте, дека херцогот Сидонија и кралицата Изабела се незначителни личности во споредба со вас. Така е, вашиот род е роден заедно со најстарите француски родови или, ако сакате да останеме во Шпанија, тој потекнува од Алфонс Мудриот, кој владеел во тринаесеттиот век. Како таков вие не треба да се задоволите со вашата сегашна состојба, туку треба да се устремите кон уште поголеми височини, кон најголемите, кон самите Олимпски врвови – зарем не го гледате тоа? - Што сакате да кажете со тоа, учен Мартивалиусе? – грофот сосема го снижи гласот и многу внимателно погледна кон астрологот. - Вие не гледате каде ви е местото, ваша милост. Но вие сте велик човек, зошто да гледате? Човекот, велат, колку е повелик, толку помалку гледа. Но јас сум тука за да ви ги отворам очите и да ви кажам што треба да бидете. - А што треба да бидам, пресветол оче? - Владетел, кого ќе го нарекуваат Велики. - А? - Крал. Настапи тишина, која долго траеше. Некои зборови имаат толкава тежина, што се забодуваат како меч и тогаш сè друго замолкнува. - Крал! – повтори астрологот – Крал, кој ќе ја продолжи династијата на Алфонс Први Мудриот и кој ќе се нарекува Алфонс Втори Велики. - Но Шпанија веќе си има крал. - Оној ли, чиј што брат толку многу сака да подарува прекрасни ракавици од најфина кожа? 115 Оној ли, што збесна, кога дозна дека вашиот паж, јунакот од Малага не е Шпанец? Следуваше уште подлабока тишина, предизвикана од вистинитоста на овие зборови. По некое време грофот свирна низ заби, па пак замолче. Дури потоа рече: - Вие навистина убаво зборувате, оче, не залудно се натпреварувале кралевите кој прв да ве привлече кон себе. На сите ли такви убави песни им пеевте? Но, доста, нека создателот се погрижи за исправање на стари неправди и слични такви работи, јас... - Но од вас не се бара ништо друго, туку да ја искористите првата прилика, бидејќи, како што реков, ѕвездите ви се наклонети; а ако тоа сега не го сторите, после ќе биде доцна. 54


- Драг господине Мартивалиус, сега строго барам од вас или да бидете поконкретни, или да ме пуштите да си одам на јавање. Кажете ги резултатите од мојот хороскоп. Како и повеќето луѓе од овој свет јас не сум задоволен од својата судбина и моите уши нема да бидат глуви на добар совет. Јас нема да се лутам ако советот е груб, само да не е против мојата совест. Вие рековте, дека можам да бидам крал. Како дојдовте до тој заклучок? - Мојот прв и најголем учител, господару, ерманскиот игумен во Истраховскиот манастир четириесет години не беше видел сонце изучувајќи ја окултната наука во својата ќелија. Кога вие отидовте во војна јас се исплашив дека можете да загинете пред да дознаам што ви препорачуваат ѕвездите, па исто како и мојот учител се затворив во оваа кула и не видов ниту сонце, ниту дожд, ниту ветер, туку деноноќно работев на вашиот хороскоп. Уште тогаш кога бев удостоен со вашата покана да дојдам во замокот Осма, бев решен да го ставам на ваше располагање сето свое знаење и искуство, доколку би ви било од полза. Но цели две години хороскопот не се отвори, што значеше, дека ѕвездите не ви беа наклонети. Дури сега... - Да, да, и што кажа сега хороскопот, учен оче? - Пред да отпатувате, јас, ако се сеќавате, ви зедов неколку капки крв од прстот и отсеков неколку влакна од вашата коса, па бидејќи веќе го знаев денот на вашето раѓање и знакот под кој сте го здогледале светот, се задлабочив во книгата на судбината. Читав и погледнував кон небото. Ноќите беа многу ведри и јас можев да го изучувам движењето и положбата на соѕвездијата. - И што рекоа ѕвездите? Што рекоа ѕвездите, оче? - Над вашата глава имаше круна, но еден маж и една жена ви ја зедоа, тоа го кажаа ѕвездите. Мажот е роден во знакот на водолија, има жестоко срце и безмерно е горд, моќен е и до сега постигнал најголема слава и богатство. Тоа е Фердинанд, кралот на Арагон. Жената е родена во знакот на близнаци и исто така е многу моќна, но е лакома и превртлива. Тоа е Изабела, кралицата на Кастилија.Тие се узурпаторите, тие се кратците на вашата среќа, мој лорде. - Што направивте кога го видовте тоа? - Го зедов шишенцето во кое беа смешани вашата крв и влакната од вашата коса смлечкани на најситни делчиња, додадов фибрин, сето тоа убаво го смешав и на еден зажарен нож капнав неколку капки од таа течност. Капките веднаш се испарија и се претворија во фантастични шари. - Какви беа тие шари? Ах, зборувајте!... 55


- Ги видов мажот и жената што ви ја зедоа круната од главата како се превиткуваат во смртни болки. Ги слушав како врескат, како бараат помоќ. Сè околу нив стана крваво. Видов, како околу неговните смртни постела се водеа големи битки, копја и мечеви се кршеа и знамиња паѓаа. Неколку пати го повторив експериментот со течноста што беше останала во шишенцето и ја видов истата слика. Потоа пак ги проучував ѕвездите. Распоредот на планетите секогаш ветуваше успех. Претходно бев составил планетарна слика според сите правила на нашата наука, онака како што ме учеше мојот учител, славниот ерменски игумен од Истраховскиот манастир – и внимателно ја проучував. Сатурн беше зажарен, а Марс премногу црвен. Гледав во ефемеридите 116 и видов каква беше положбата на месечината кон Сатурн, го видов исто така и успонот на Јупитер. Го поврзав сето тоа со сликата на зажарениот нож и заклучив, дека тоа значи успех, успех за вас, грофе. Но не треба многу да чекате. Месец, најмногу два. - Каков успех? Што треба да направам? - Елиминирајте ги кралевите Фердинанд и Изабела – тоа лесно ќе ви појде од рака, сè ви е наклонето – и земете си ја круната што неправедно ви е дигната од главата. Никој нема да се спротивстави, сите знаат, дека прадедото на Изабела ги истуркал од престолот потомците на вашиот прадедо и ја узурпирал власта. Велам, ништо нема да ве спречи да си ја повратите круната и кога тоа ќе се случи славно ќе владеете со Кастилија и Арагон, а вашите кралски наследници кои ќе дојдат по вас само ќе ја зголемат вашата кралска слава. Но сега треба да дејствувате. Повторувам: месец, најмногу два. Никако не повеќе од три. - Треба ли да ги убијам Фердинанд и Изабела? Фердинанд на моменти е лекомислен и брз, експлозивен, но инаку ме сака како свој брат. - Кој вели да пролевате кралска крв? Има разни начини да се земе круната, не мора да се убива, иако во смисла на апсолутистичкиот поглед на свет, на еден властодржец полесно може да му се одземе животот, одошто круната. - Мислите ли на тоа да ги натерам да абдицираат во моја полза? - Натерајте ги да абдицираат, затворете ги во подземјето на оваа кула и направете ги на тој начин мои соседи, протерајте ги од Шпанија, испратете ги ако сакате во Египетската пустиња меѓу оние филозофи – аскети кои живеат голи на брегот на Нил – но направете нешто – нема да зажалите! - За еден месец ќерка ми и мојот паж Алонсо ќе одат во кралскиот двор во Кордоба, таква е вољата на кралицата. А потоа ќе одам и јас, ќе организираат лов во моја чест – како за себе рече грофот. 56


Старецот ги крена рамењата и направи израз на лицето како човек кој го кажал својот совет, па сега остава на другиот да решава како ќе постапи. Само рече: - Вашиот паж, рековте? Пазете се од него. - Од мојот Алонсо?Зошто? Тој е храбар и чесен и толку ми е приврзан, штои животот би го дал за мене. - Пазете се од него, ви велам. Потоа астрологот седна во својата огромна фотеља, ја зеде книгата од масата, ја отвори на пресвиената страница и како да се задлабочи во читањето. Лицето му беше уморно, како на пророк кој се истоштил кажувајќи ги своите тајни. - Сигурен ли сте во тоа што го велите? – запраша грофот со тивок и треперлив глас. Старецот не одговори. Човек би рекол, дека не наоѓаше за потребно да ја отвора устата за излишни зборови. - А што ако се изјалови работата? Старецот пак не одговори. Тој кажа што кажа. Грофот се озлоби, очите му светнаа. - Не знам што да правам – рече мрачно – Ќе размислам и ќе решам. Можеби и ќе те послушам. Ако сторам како што велиш може да испадне на арно, а може и на лошо. Слушај сега што ќе ти кажам. Ако испадне како што треба богато и пребогато ќе те наградам – со злато ќе те потрупам и дворци ќе ти подарам – во Шпанија со исклучок на кралевите и на Сидонија нема побогат феудалец од мене, малкумина го знаат тоа. Но ако работата се изјалови, Господ нека ти биде напомош бидејќи ќе те обесам за стариот даб пред замокот со главата надолу и ќе те држам така, сè додека има живот во тебе! Потоа фрли на масата една голема кеса полна со злато и излезе.

8 Ѕвезди, скријте ги своите светлини. Никаков Зрак да не ги види моите длабоки, црни желби. Шекспир, „Макбет“ 57


Се стрча по скалите, како без глава излета од кулата, го вјавна коњот и го збодна кон шумата. Го помина осамениот даб, во бесен трк прелета покрај Франциско и Маврот Илдерим кои се враќаа од својата прошетка и завлезе меѓу дрвјата, foliis ac frondibus 117. Кај кладенецот седеа двајца негови верни пријатели и соборци од многу битки. Тоа беа силни борци во кои тој имаше полна доверба и кои за време на походот на Малага ги беше оставил да го чуваат замокот, ако на некој жеден за слава и богатство феудалец му паднеше на памет да го искористи неговото отсуство и да го нападне. Кога го видоа својот господар тие весело го поздравија, па ги вјавнаа своите коњи и одјаваа по него; набргу тројцата силни рицари се вдадоа во длабочината на шумата. Сончевите зраци не беа во состојба да се пробијат низ густите борови и дабови гранки, но во шумата сепак не беше мрачно. Сè молчеше, дури и топотот на коњите едвај се слушаше, бидејќи газеа по мов, како по некој тепих. Мираисаше на папрат, борова смола и гнила, минатогодишна шума. По студеникавото утро одеднаш толку се беше стоплило – почнуваше „циганското лето“ – што и птиците ја беа прекинале својата песна. Тројцата јавачи во почетокот јаваа по главниот пат кој го сечеше целото тоа огромно шумско пространство од едниот од другиот крај; потоа излегоа од него и тргнаа по една странична патека. Но и патеката постојано се стеснуваше и најпосле сосема се изгуби, а и шумата стануваше сè погуста, така што постоеше опасност некој коњ или јавач да се удри во некоја гранка која стрчеше, што можеше да има тешки последици. Но тоа беа смели и искусни коњаници кои не само што не ги затегнаа уздите туку ги отпуштија и уште бесно ги зарија мамузите во стомаците на своите коњи, а кога пред нив ќе се испречеше некоја гранка, ја одбегнуваа со лесно движење на телото и со несмалена брзина продолжуваа понатаму. Кога некој би ги видел овие тројца коњаници како бесно галопираат по густата шума, би си помислил, дека се тоа сеништата на тројцата кентаури 118 кои излегнале од темнината на вековите и се собрале за уште еднаш да пројаваат по белиот свет. Јаваа така цел час. Потоа шумата се проретчи, а тлото стана каменливо. Не намалувајќи ја брзината сосема излегоа од шумата и продолжија нагоре по една височинка. Но по долгото галопирање овој напор беше преголем дури и за силните бојни коњи, така што кога се искачија на височинката застанаа да здивнат. Човек не можеше да не почувствува задоволство, ако го погледнеше расположението на областа од врвот каде беа застанале тројцата јавачи. Ти 58


се чини, дека и не гледаш земја, а некаква слика, исклучително убаво нацртана слика.Осветлени од последните крвавоцрвени зраци на сонцето кое брзаше да зајде, темните борови шуми кои се простираа во бескрај беа обоени со златнозелена боја, толку пријатна за очите. Целото тоа шумско престранство беше грофовско ловиште, наречено „грофов парк“ и беше обградено со палисада, нешто што во средновековниот латински јазик се вика Plexitium. Инаку тоа беа густи и необично стари шуми кои им пружале сенка уште на полковите на готските кралеви додека брзале да ги смират побунетите феудалци укрепени во своите замоци, а можеби и старите Ибери кои ја населувале Шпанија во античко време тука се криеле пред првите римски легиони кои дошле на полуостровот. Од крајот на шумата започнуваше рамнина начичкана со селца и осамени цркви со високи камбанарии кои се црнееја. Сето тоа спиеше на сонцето кое заоѓаше, а далеку на хоризонтот се оцртуваа контурите на високи планини. Таа убавина им ги разврза јазиците на двајцата придружници на грофот. - Тишина и осаменост – рече едниот од нив кој се викаше Гуритан Суарес – Убаво е овде. - А планините онаму – какво чувство будат, додека се гледаат одовде. Тие сигурно стојат таму со илјадолетија, тие исполински гранитни тврдини на Творецот и веројатно ќе чекаат уште милиони години, неподвижни, неми, секоја на своето место. – додаде неговиот другар Мануел Ариас, кој, кога не војуваше за славата на грофот пишуваше стихови, па дури важеше за insignis poeta 119, a инаку беше внук на кордобскиот поет де Мена 120. - Јас би изградил замок токму овде, на највисоката точка на ова ритче. - Вистина, пријателе. На коњите ќе им биде тешко да се искачуваат, но од овде се простира глетка како во сон. Ете, се буди инспирацијата во мене. - Го гледаш ли ѕвоното на онаа камбанарија таму? Тоа се движи, што значи дека поради нешто чука, но не се слуша бидејќи ветрот го носи звукот на друга страна.. - Какви ли луѓе живеат во оваа долина? – рече несудениот поет – Селани, калуѓери, богати трговци и бедни козари кои секој ден ги истеруваат своите кози на паша, овчари, кои под сенката на дрвјата свират на своите гадулки 121, месари, ткајачи, ременари, кожари, железари, просјаци, кои нестрпливо го очекуваат својот час 122... А гледај, сите тие си имаат свој 59


живот и се наоѓаат во некој свој свет за кој ние ништо не знаеме. Колку чудно е тоа... Двајцата рицари продолжија да расправаат за убавата глетка што се простираше пред нив, а Мануел Ариес сè повеќе се приближуваше до оној благословен момент, кога стиховите сами од себе почнуваат да навираат од срцето, па дури почна нешто и да рицитира за намуртените планини кои се дигаат до небото и чии врвови се постојано обвиткани со тешки, сиви облаци, кога се слушна гласот на грофот, кој промрморе како за себе: - Крал. Владетел, наречен Велики... Ах, какви мисли... - Што рече нашиот господар? – запраша Гуритан Суарес. Додека стоеја на врвот на ридот, осветлени од црвените зраци на сонцето што заоѓаше тројцата високи и силни рицари качени на своите големи коњи изгледаа многу убаво и впечатливо, нивните силуети како да го враќаа споменот за хероите од времето на готските кралеви. „Крал. Властодржец. Кој може да рече, дека не го заслужувам тоа? Ако Трастмарите, претците на Изабела не му зеле престолот на законскиот крал затоа што неговиот татко умрел пред неговиот дедо Алфонс Први мудриот, мојот прадедо, сега јас ќе бев Алфонс Петнаесетти или Алфонс Осумнаесетти; но тие ја узурпираа круната и сега сум само петтиот гроф и вториот херцог Мединасели. Но ако ја исправам неправдата и си ја повратам круната, ќе бидам Алфонс Втори... Алфонс Втори Велики, за разлика од мојот прадедо – тој мудар, јас велик“. Камбаната на црквата што се сгледаше долу во долината сè така продолжуваше да чука, но нејзиниот звук никако не се слушаше бидејќи далечината беше голема, а ветрот не сакаше да се заврти накај ридот на кој стоеја тројцата коњаници. „А ако астрологот ме лажеше? Ако целта му беше само да ја добие мојата кеса со злато? Слугите се обично лукави и подли. Но тој изгледаше како да верува во она, што го велеше. Ако, понекогаш во лагите први почнуваат да веруваат оние што ги измислиле. Ама, ѓавол да го земе, јас сакам да мислам, дека тоа не беше лага и сум спремен да поверувам!“ Одеднаш ветрот го смени правецот и се слушна тивко, но сосема јасно чукањето на камбаната долу. Биеше бргу, тревожно, панично. Што ли се случило, да не гори нешто негде? Но никаде не се гледаше дим. „Тој вели дека ѕвездите ми се наклонети и дека ќе си ја вратам круната, но дека морам да дејствувам и сè да биде готово за два – три месеца. Но што да направам? Фердинанд и Изабела се славни католички кралеви, најславни по смртта на Луј Француски. Им преостанува уште 60


Гранада да ја освојат и Европа ќе ги велича како моќни владетели – ослободители. А и Кастилија и Арагон ги обединија, на тоа нивните татковци не се ни осмелуваа да помислат. Големи владари се. Што може да им се замери? Инквизацијата? Со благослов на кралицата Торквемада досега изгоре на клада стотици несреќници обвинувајќи ги дека се еретици и ќе изгори уште илјадници. Може ли за тоа да им се замери? Не, бидејќи кој се грижи за несреќните морисци и марани? Ништо не може да се најде за кое човек да се фати, големи владари се. Но тие мене ме навредија, грофот Мединасели, во кого тече кралска крв, поблагородна од крвта на Трастмарите – станаа од мојата маса среде вечерата и си отидоа без да се завртат назад – тоа е исто како в лице да ми плукнаа – кој ќе помине преку тоа? Ете го оправдувањето! Така е, јас треба да ја искористам благонаклоноста на ѕвездите и да си ја вратам круната – и никој нема да може да ми префрли, дека сум сторил нешто лошо. Сонцето сосема зајде, се сокри зад планините. На местото каде што беше, небото остана крвавоцрвено и беше уште многу светло, но на исток почнуваше да се смрачува. „Но што ако не сум во право? Имам богатство, влијание, моќ, луѓето ме почитуваат – треба ли да барам повеќе од тоа? Токму тој – Фердинанд – ме сака како брат! Уште колку луѓе во кралството можат да се пофалат дека го имаат тоа, што го имам јас? Тоа е лошо. И во Библијата е кажано, дека мнозина бараат повеќе, при сè што имаат мошне многу, multi, cum possideant plurima, plura petunt. Тоа не чини. Или што ако се изјалови работата? Не сум сигурен, нема самодоверба во мене... а за кралска круна сонувам... Зошто се сепнувам како да се плашам од нештата, кои звучат толку убаво? Ако е сè толку лесно и едноставно, како што вели оној скитник, зошто страшно сомневање ми ја подигнува косата кога мислам на тоа, зошто срцето како лудо чука во градите? Та тоа е сосема спротивно на мојата природа; јас ни среде најлутите битки не сум почувствувал страв, не отстапував ни тогаш, кога мечот ќе ми се строшеше од постојано мавање, тогаш со штитот налетував на Маврите. А сега си велам: „Што ако тргне на лошо?“ Знам: смртна судбина имам, а сакам подарок надсмртен 123. Астрологот може да се излагал во своите пресметнувања, планетарната слика може да не му била точна. Се случуваат такви работи. Можеби токму поради еден таков превид бургундскиот владетел ги остави своите коски на боиштето, а и францускиот за малку своите ќе ги оставеше во перонската тврдина. Што ако Сатурн премногу му се приближил на Марс, а тој тоа не го забележал? 124 Што тогаш? Ќе ме откријат и сите светци нема да можат да ме спасат. Ќе бидам 61


среќен, ако ме одведат на губилиштето облечен во санбенито 125 и качен на коњ, а не гол на магаре 126. Тогаш ќе си ја чукам главата од ѕид, ќе се пражувам: „Каде ме одведе, памет која?“ Бедата која самите ќе си ја викнеме е најтешка, така се вели.А можам и да се искачам на престолот, но наскоро пак да паднам од него, по секое качување следува паѓање, и тоа исто така се вели. Токму тогаш кога ќе се зафатам за таа работа може да се случи да се приближат Сатурн и Марс. Постојат мрачни сили и тие се многу моќни. Нели е подобро да дигнам раце од сè? А ако судбината сака да бидам крал, тогаш самата нека ме направи крал, без јас да дејствувам. Црвенилото на запад потемне, на исток веќе се смрачи и таму – ваму по небото светнаа првите мали ѕвездички. А црковното ѕвоно долу сè така бесно биеше, како што бијат слепоочниците при главоболка, како што забрзано и бесно бие пулсот на болниот: навалуваше ли тоа ѕвоно да се донесе конечното решение сега, оваа квечерина, додека не се беше сосема смрачило? Но да се донесе такво решение беше извонредно тешко. Во такви моменти на душевна возбуда, вели една поговорка, белиот ангел и црниот демон се вкопчуваат – кој од двајцата ќе го совлада другиот, кој ќе победи? „Света Богородице, да му верувам ли на отецот Мартивалиус? Можеби неговиот хороскоп е точен. Ако има малку, сосема малку вистина во него, јас треба да дејствувам“. „Секој, кој се стреми кон ѕвездите треба да дејствува. Оној, кој се придвижил кон нагоре не треба да се плаши од сонцето“. „А и претците – пак нив да ги споменам. Притиска сознанието, дека не сум направил ништо за нив. А како само ќе се радуваат во своите почивалишта моите драги мртовци кога ќе дознаат, дека е повратена круната што им е однесена“. „Тие станаа среде вечерата. Таа навреда не може да се опере, како ни крвта, кога ќе падне. Треба да дејствувам. Ако некој ме удри, не е во ред да го благословувам, треба да му го вратам ударот“. „Што ќе се случи ако ништо не направам? Можам да загинам негде по боиштата на Гранада. А и ако не загинам, војната ќе заврши, ќе се вратам – а што ме чека дома? Никакви настани, ништо, што ќе го возбуди срцето. А кога јас сум останал повеќе од два месеца во Осма или во било кој друг мој замок? Таквиот бескрвен живот бргу ќе ме состари, не, мене ми е потребно нешто повозвишено да ми го одвлече умот“. „Ништо не значи да си најмоќниот гроф во кралството! Треба да се биде крал, кралот е сè! Или Цезар – или ништо! Владетел, наречен Велики! Мене единственото нешто, кое може да ме направи среќен, е да бидам над 62


сите други. Крал! Власта е најголемата од сите наслади. Славен како крал – така се вели. Животот не е ништо без она SPQR 127. Само кралевите се обречени на посмртна слава. Нивните ликови стојат на високи постоља, а лицата секогаш им се огреани од светлината на величието. Единствено тие нема да потонат во морето од многу други луѓе, само нивните имиња ќе се задржат во бескрајната низа од имиња. Треба да се биде сонце, па сите ќе те видат! Да бидеш крал, врховен сизерен кој милостиво ќе ги ислушува своите вазали и на кои ќе им потфрла трошки од своето величие, да носиш церемонијален меч со златен балчак, да бидеш облечен во пурпур, да седиш на кралскиот престол обложен со богата мантија од црно кадифе посеано со сребрени лалиња и тешко порабено со сребро и бисер, под големиот балдахин од златесто платно, на кој со ситен бисер се извезани лавовите и кулите на Кастилија, Арагон, Андалузија, Леон и Навара... со златна круна на главата, со скиптар во раката... А од високиот престол дури и принцовите изгледаат како џуџиња. Крал... Алфонс Втори Великиот... – „Еве едно големо име, кое достојно се носи“ – ќе велат за мене. А кога ќе завршам со Маврите во Гранада ќе ги покорам и оние во Африка, ќе ги покорам исто така Португалија и Холандија, ќе им ја земам Швајцарија на наследниците на Луј Единаесетти 128, ќе испратам флота на Англија и прекуморски царства ќе освојам, ќе бидам повелик и од Максимилијан 129, папата понизно ќе праќа посланици, ако сака да разговара со мене... „Што да правам? Треба да дејствувам. Јас сакам сè, а нема невозможни нешта за човек кој сака сè. Ќе има тешкотии – но може ли да се стане велик на ниска цена? Во моментот мислам дека сум силен и дека имам воља, а вољата ја привлекува среќата. Не треба да се плашам од ништо, токму тогаш кога треба човекот станува посилен од кога и да било, издржлив, па дури и див. Треба да дејствувам, не сакам мојот живот да биде само едно оганче кое летнува во воздухот, за да изгасне уште следниот момент“. „Но што да превземам? Ме поканија на лов, а во ловот е како на војна, секакви несреќи се можни. Или да ги натерам да абдицираат? Тоа ќе е подобро, тешко се пролива крвта на оној, што те сака. Ах, јас размислувам за отстранување на миропомазаници, тоа се страшни зборови, тешки и за изговарање. Каков престап пред бога и пред луѓет е тоа! Но престапот се претвора во таков, само ако не ја постигне својата цел; а кога ќе ја постигне, државните интереси го оправдуваат, а на извршителот не само што му опростуваат, туку започнуваат и да го боготворат. Пред да тргнам на Малага, братанецот на жена ми, оној Франциско де Марија, ми кажуваше за некаков 63


Италијанец, Чезаре Борџија, инаку Шпанец по потекло 130, кој ги истребил романелските бунтовници во ѓаволска клопка и кој повеќе зборувал со камата и со отровот, отколку со јазикот, но кого и покрај тоа го величале и го фалеле“. „Што да правам? Треба да ги претворам мислите во дејствување; суштината на животот не е во спокојството, туку во движењето. Кој се плаши, велат, нека си седи дома. Кој не е птица - да не се наднесува над просторот – и тоа го велат. Сега треба да се покаже дали во мене живее лав или глушец, токму ваквите моменти ни овозможуваат да видиме што сме“. „Што да правам? Кралот ме навреди, тоа е сосема доволно да се дигнам против него“. „Астрологот ми рече да се пазам од Алонсо, мојот паж. Но зошто? Алонсо секогаш ми бил верен, тој и би загинал за мене“. „Што да правам? Ах, каква мака... Sancte Huberte, Sancte Juliane, Sancte Martine, Sancte Rosalia, Sancte quotquot adestis, orare pro me peccatore 131 . Бидејќи јас веќе се решив. Се решив! Готово е, го поминав својот Рубикон132. Сега небото нека ми се смилува“. Неговиот коњ под него се разигра, сигурно ги почувствува острите мамузи на својот стомак. Тој го смири, го зграби својот меч, ја пушти уздата, се удри во градите со двете раце, па ги дигна кон небото и рече: - Јас, Луис де ла Серда, петтиот гроф и вториот херцог Мединасели им се заветувам на Бог и на Богородица, дека малку ќе мислам за другите земни грижи, додека не ја исправам неправдата што им е нанесена на моите претци и самиот не се ја присвојам кралската круна, која ми припаѓа според божјите и човечките закони. За ова ги заложувам своите земји и сите свои добра, пријателите и своите луѓе, животот и честа“. - Гледај колку е занесен нашиот господар – рече Мануел Ариас – Дури и нешто си зборува. - Благороден господару, ние те чекаме. – рече Гуритан Суарес. Грофот благо се насмевна: - Не господар, а пријател. Извинете, мојот мозок беше вознемирен од нешто... од некои работи... Пријатели мои, вие секогаш сте биле храбри, искрени и отворени кон мене и јас сум ви благодарен. Но ќе ми останете ли верни до крај? Без разлика на сè што ќе се случи? - Зарем благородниот гроф се сомнева во нас? - Тогаш ќе дојдете ли со мене на кралскиот лов во Кордоба? - И на крајот на светот. Но мислевме, дека ќе не водиш во поход на Гранада. 64


- Потоа ќе ве одведам и во Гранада, па и во Португалија и во Холандија ќе ве одведам. Низ половина Европа ќе ги развееме нашите знамиња! - За весела Шпанија! Каква среќа е да се има таков господар! Ти треба да бидеш крал! - Можеби и ќе бидам. А дотогаш – молк. Да си одиме пријатели. Ноќта веќе владееше, но имаше полна месечина и беше светло. Тие ги потераа коњите, се спуштија по ридот надолу, влегоа во шумата и почнаа итро да се пробиваат меѓу дрвјата. Кога влегоа во замокот, меѓу вториот и третиот бедем ги сретнаа братучедите Алонсо и Педро де Охеда - Ах, еве го мојот паж! Еј, Алонсо, Балканецу мој, синоќа на кралот не му се допадна твоето варварско потекло, ама ти не грижи се за тоа, другар. – весело викна грофот, но се сети на пророкувањето на астрологот, дека неговиот паж може да претставува опасност за него, па се смрачи, замолче и одмина.

9 Sed jam nox humida coelo praecipitat, Saudentque sidera cadentia somnos, Sed si tantus amor casus cognoscere nostros, Incipiam… 133 Вергилиј, „Енеида“, песма 2 Само три дена по заминувањето на кралскиот двор, во замокот Осма дојде кралски херолд и донесе писмо од кралицата. „Во името на нашиот бог Исус Христос! 134 – пишуваше – Најхристијански, највисок, најсовршен и најмоќен благороднику после нас, дон Луис де ла Серда, петти грофе и втор херцогу Мединасели. Пријателу мил! Брату наш најдраг!...“ – така започнуваше писмото, а потоа на цели две страници напишани лично од раката на кралицата беше изразено големо извинување за... избрзаната постапка на неговото височество кралот на Обединетото кралство на свечената вечера во замокот Осма. Беше речено, дека кралот започнал да ја увидува својата непромисленост и дека почнал да жали за неправдата, што му ја нанел на својот брат – таков бил впечетокот од еден разговор со него на таа тема - и најљубезно беше повторена 65


поканата, а имено пажот на грофот, тој „јунак над јунаците“, без оглед на неговото варварско потекло („патем – пишуваше – се сетивме, дека балканските Словени, иако варвари, се многу горд и воинствен народ – како се викаше оној... бугарски ли беше... да, бугарски хан ли, цар ли, кој просто ги разгромил Византијците, па и Константинопол можел да го освои, само ако сакал?“) пажот, значи и преубавата ќерка на грофот да дојдат по еден месец во кралскиот двор во Кордоба, а по нив да дојде кога ќе посака и самиот гроф, кого кралевите продолжуваат да го имаат за свој најмил вазал и ќе го дочекаат како еднаков на себе. И сè такви работи беа напишани. Во писмото се чувствуваше желбата на кралицата да ја поправи грешката на кралот, а се насетуваше, дека тука има уште нешто, но тоа нешто беше мистериозно и тешко можеше да се одгатне. Сè на сè грофицата Мединасели, дуењата, слугинките и камериерките, учителите по латински, историја, филозофија и етикеција и сите други од потесното опкружување на господарите се орасположија и радосно се зафатија да ја припремат дона Леонора за патот – требаше да се изберат најубавите фустани, ракавици, прстени и огрлици кои таа ќе ги носеше пред кралицата, требаше да се изнајдат најубавите песни кои ќе ги пееше, кога кралицата тоа ќе го посакаше од неа, најпрекрасните стихови, кои ќе ги рецитираше, да се открие најубавата насмевка која требаше да й стои на лицето кога нејзината повелителка ќе ја погледнеше, итн, итн, итн. Сето тоа требаше час поскоро да се сврши, бидејќи имаа на располагање само еден месец а деновите започнаа да се нижат. Единствено грофот никако не реагираше на писмото, односно по разговорот со астрологот него ништо друго не го интересираше освен бесните галопирања по шумата со Мануел Ариас и Гуритан Суарес. Но – о, чудо! – и самите патници не мислеа многу на претстоечкото патување, бидејќи нешто друго им го привлекуваше вниманието. Еве што се случи. Но, да почнеме по ред. На Рикардо имено, иако беше убеден дека никогаш нема да се спријатели со една таква воинствена личност како рицарот Алонсо де Охеда бидејќи не може да има ништо заедничко помеѓу еден закопан во своите прашливи книги студент и еден огреан од пурпурната светлина на славата војник, сепак тоа му појде од рака и тоа многу лесно. Еден ден имено, набргу по разговорот со дона Леонора што го опишавме во една од претходните глави, тој зачудувачки храбро им пријде на братучедите де Охеда, додека овие се шетаа помеѓу бедемите во замокот - и пријателството за само еден час беше остварено. Се испостави, дека еден студент и еден војник сепак можат прекрасно да си разговараат ако студентот изучува 66


историја, а војникот потекнува од земја, која, иако варварска, има славно и преславно историско минато. Студентот беше восхитен од неверојатните гласови кои се ширеа за војникот, војникот од своја страна беше восхитен од големата ученост на студентот, па овие двајца, откако неколку пати го обиколија просторот од дворецот до надворешниот бедем – Педро во меѓувреме си беше отишол во својата соба, него сепак знаењето не го привлекуваше многу, а и го нервираше присуството на овој човек кој му го одземаше братучедот – потоа не можеа да се разделат, туку, бидејќи се спушташе квечерината, отидоа во собата на Рикардо за таму да го продолжат разговорот. Притоа Рикардо ја нареди работата така, што тие двајцата поминаа под прозорецот на дона Леонора, за таа да ги види ако е во својата соба. Дона Леонора навистина беше во својата соба – така сакаше провидението. Таа слушна гласови под прозорецот – студентот просто викаше за да й го привлече вниманието – па го истави едниот крај од тешката муслинова завеса и на свое огромно изненадување го виде човекот, кој деновиве толку многу й го привлече вниманието. Полека го подотвори прозорецот и гледаше по нив сè додека не й се сокрија од погледот. Тоа се случи на 10 октомври и остануваа уште само дваесетина дена до денот, кога дона Леонора и Алонсо требаше да отпатуваат. Наредниот ден во истото време – сонцето почнуваше да заоѓа - девојката ѕиркаше од зад завесата и нејзиното чекање – гледај ти! - беше наградено. Рикардо и Алонсо повторно поминаа и не само тоа, туку, благодарение на студентот, разговарајќи како случајно подзастанаа токму под прозорецот, така што таа можеше убаво да го изгледа младиот Балканец. Тоа беше првиот таков момент, ако се исклучи оној на несреќната вечера, кога таа, возбудена од присуството на нивните височества едвај фрли еден летимичен поглед врз него, не знаејќи ни кој е тој. Нејзиното срце силно зачука и таа во недоумница се запраша зошто е тоа така. Таквото чукање на срцето, дури и уште посилно, се повтори и третиот и четвртиот пат додека двајцата мажи одминуваа под прозорецот – тоа се случуваше секогаш во квечерината – а петтиот ден нејзе одеднаш й стана толку убаво на душата, што запеа една песничка, што некогаш ја беше слушнала од дуењата: „Ах, да имам крилја, да сум птица бела, кај Санчо во Тера јас би полетала...“ Запеа како дете, во чија душа одеднаш блеснал светол сончев зрак. Пееше тивко, за себе, но прозорецот беше подотворен и Алонсо ја дигна 67


главата. Таа бргу се истави од прозорецот и избега дури до другиот крај на собата, пригушувајќи го во грлото крикот кој й дојде од сознанието, дека е откриена, силно притискајќи ги градите, како да се плашеше, дека не само нејзината песна, туку и бесното чукање на нејзиното срце ќе биде слушнато надвор. Неколку дена по оваа случка Рикардо се шеташе по шумата и во исто време го читаше прекрасниот филозофски оглед на Марк Аврелиј 135 „Кон себе си“, кога нешто се раздвижи во еден гастеж на дваесетина чекори од него. Помисли дека е тоа некое животно и застана. Но токму тогаш од гастежот излета една човечка прилика за која би се заколнал дека е жена и дека таа жена е дуењата; а од истото место од кое таа излезе се дигна друга човечка прилика – овој пат тоа беше маж без шапка, со раскопчан елек, целиот облепен со ситни гранки и сламки, како некое магаре кое со уживање се тркалало по земјата. - Еј, свату, како си? – рече човекот, а кисело се насмевнуваше – Со денови не сум те видел. Велат, дека сè нешто шушукаш со дона Леонора, како гулапчиња сте. А и со Балканецот си почнал да шуруваш, така слушнав. - Франциско! Ама што бараш ти овде? Ах, во џбунот имаше два елена. Едниот избега, но другиот го фатив. Ах, ти, љубовнику! Се надевам, дека ќе напишеш мемоари за твоите љубовни подвизи, кога ќе поостариш. - Ако успеам да остарам. Војна е, а Маврите имаат остри сабји – димискии со кои можат да те преполоват. – Младиот човек продолжуваше да се смешка кисело. - Зборуваш како да се спремаш на поход на Гранада. - О, да, само ако мојот божествен тетин, грофот Мединасели ме повика под своето знаме. Во битки и маршеви сакам јас да тргнам. Треба да се оди, да се засени, да се победи. Тоа се вика vita active 136, - тоа го сакам јас. - Но ти ги претпочиташе женските фустани и пехарите полни со црно канарско вино, а во моментот се присутни и двете нешта: целиот смрдиш на вино – по синоќешното пијанчење со твојот Мавар, претпоставувам – а еден фустан штотуку искокна од џбунот и се изгуби меѓу дрвјата. Попат, каде отрча дуењата, од мене ли избега? И како сега ќе се врати сама во замокот? Но зошто постојано се смешкаш така кисело? - Уште од мал се смешкав така кога ќе ме фатеа на дело кога го работам она, за кое мислеа дека ми прави задоволство, а мене можеби и навистина ми правеше задоволство, но пак од друга страна не ми беше при срце. Затоа кога те видов, й реков на таа коза да фаќа магла, не сакам да биде 68


покрај мене кога сум со тебе, не сакав да нè валка со својата ништожност, особено тебе, ти си најдоброто и највисокото, Optimum u Ultimum. - Зборуваш глупости. Дуењата е убава жена, а кога си со убава жена во џбунот, со неа не водиш филозофски расправи, нели? Убавината надоместува многу нешта, меѓу кои и духот... или речиси и духот. И престани со тој твој латински, него сите во Саламанка го знаат, дури и чистачите 137. Но ти навистина ли мислиш да го замениш канарското вино со меч, а женските воздишки со машки бојни викови? - И со филозофски размислувања. Ќе станам филозоф како тебе, свату. Ќе му завртам грб на Епикур 138 и ќе се претворам во киник 139 кој преку ден војува, а ноќе размислува – треба кон таа цел мојот коњ да се поти; извини, но и покрај твоето предупредување не можам оваа прекрасна фраза да не ја повторам на латински: has meus ad metas sudet oportet equus, ете така. Ќе ме сакаш ли малку повеќе сега, кога ти ја открив мојата тајна? - Навистина, тоа е нешто ново. Ќе издржиш ли ти така? Бидејќи, филозофските размислувања се радост за душата, но тие се строги и претставуваат исто така и измачување. - Има два вида познание: едното вистинско, другото темно. На темното му припаѓа мирисот, слухот, видот, вкусот, допирот. Другото, вистинското, сосема е различно од него. Кога темното познание не е повеќе кадро ни да гледа, ни да слуша, ни да мириса, ни да вкусува, ниту со пипање да забележува, тогаш пристапува вистинското, зошто тоа има пофино сетило за сознание. Убаво ли го реков тоа? Ете, одсега тоа ќе биде мојата vitae philosophorum 140. Канарското вино и фустаните му припаѓаат на темното познание, филозифските размислувања – на вистинското. - Убаво го рече тоа, само пред тебе истото го рекол уште еден човек, Демокрит. Но, одлично, одлично, мило ми е да го слушам тоа. Навистина, некои грчки филозофи сметале, дека телесното задоволство секогаш свршува со незадоволство и разочарување. Но ќе останеш ли ти на тоа? Ќе издржиш ли? Нема ли уште утре да ја претвориш во прав твојата филозофија? - Ако уште еднаш ме видиш како се тркалам по џбуновите со некакви си таму слугинки, или ако го намирисаш канарското вино како се испарува од мене, ти дозволувам слободно да ме плукнеш в лице. Готово е, сето тоа му припаѓа на она што било, sicut erat. Одсега јас сум сосема друг човек, свату. Да се насладуваш – колку жална цел, каков ништожен стремеж! Скотот се насладува. Вистинскиот триумф на душата е нејзината способност да мисли. Едно сеопфатно размислување. Има луѓе како оној Колумбо, кој – 69


ха – ха! – речиси ме предизвика на дуел под сенката на дабот, или како оној Балканец – “ослободител“ - луѓе кои до својот последен здив живеат со една единствена идеја, но јас тоа не го одобрувам, една идеја е премалку за цел живот. Треба со мислите да опфатиш сè – од мравките кои ни лазат под нозете до најдалечните соѕвездија. Ете, гледаш ли? Тешко ти да ме препознаеш, а? „Каде е сега стариот Франциско де Марија“ – така си велиш, нели? Е, го нема веќе, тој завртел друга страница во животот – хе – хе! Можеш ли сега да ме прифатиш како еднаков со себе? Убаво ќе си разговараме, ќе се надополнуваме. Ние двајцата, свату, можеме секој ден да мудруваме. Додека да екнат трубите на тетин за поход на Гранада оваа шума може да биде нашата Академска шумичка 141, што велиш, а? Но ти веќе почна да ме загрижуваш. Немаш време за мене, опасно се здуши со Балканецот. Ах, се плашам, дека ќе станам спанко бидејќи поради тоа што се здуши со него му завидувам, а само кога спиеш се чувствуваш еднаков со оној, на кого му завидуваш. - Не плаши се, никој нема да влезе во мојот живот толку, за тебе сосема да те истисне од него. А за Колумбо не се сложувам со тебе. Штом решителниот човек прегрне некоја велика идеја, треба да ја следи до самиот крај, со сите нејзини последици. Две велики нешта го одбележуваат нашето време и тоа толку велики, што, дури и векови да поминат ништо нема да ги надмине. Од правот и заборавот излегува антиката, се буди човечкиот дух, тоа е првото нешто. Магистерот Марсилио Фичино во Саламанка ми кажуваше, дека флорентинецот Поџо Брачолини ги открил Цицерон и Лукрециј, некој друг, не се сеќавам кој, ги открил комедиите на Аристофан, дека Италијаните – сето тоа се случува во божествената Италија – Пизано, Фабриано, Пиеро дела Франческа и некој си Леонардо да Винчи веќе ги удриле основите на новата школа во сликарството, дека веќе е издигната Сикстинската капела и во мрачната резиденција на намесниците на Свети Петар веќе се населиле мајсторите со своите длета, четки и бои. Тоа е, како што реков, едното нешто за кое ќе учат учениците на часовите по историја и по пет века. Другата работа се прекуморските откритија. Марко Поло отиде во земјата на Кублај кан, Хенрик Морепловецот ги собра околу себе најголемите учени за да се најде начинот како да се достигме таму, каде се раѓаат зачините, во 1419 година е откриена Мадеира, во 1435 година се откриени долго бараните Среќни острови, Insulae fortunatae, што би рекол ти, во 1445 година е достигнат Сенегал, лани Бартоломеј Дијаз го заобиколи носот Торментозу, носот на бурите 142, сега Колумбо сака да дојде до Индија патувајќи на запад – вистинска епопеја! Ајде, новопечен филозофе, еве ти 70


задача: можеш ли да најдеш нешто повеличествено? За ова ќе се учи и по дваесет века, и по триесет, сè додека свет светува. Но, доста со тоа. Ајде да зборуваме за нешто друго. Сакаш ли да ти кажам за нашата братучеда? Слушај, од пред неколку дена таа почна да се приближува кон онаа благословена и слатка за едни, мачна и горчлива за други состојба што се вика заљубеност, со други зборови таа е речиси заљубена. - Опа! – плесна со рацете Франческо. - Да, нејзе почнаа да й се укажуваат првите љубовни сонови, како што небото се укажува низ облаците. Но таа не е вљубена ниту во тебе, ниту во мене. Не сме ние двајцата за во нејзиното срце, како што ни грешникот не е за во рајот. Ќе си останеме јас и ти да претураме од пусто во празно, односно да филозофираме во нашата Академска горичка, а Балканецот ќе се насладува на нејзините преубави очи, всушност ти тоа прв го претпостави. Во право бевме кога рековме, дека има нешто необично во него – не убавина и машка сила, тоа многумина го имаат – а нешто сосема друго – и тоа ќе ја плени дона Леонора; всушност ти го рече тоа, а по кратко размислување и јас се сложив. - А ти си тоа сврзувачко ткиво кое ќе ги поврзе овие две гулапчиња, нели свату? - Ама не, не сум јас подводаџија. Не мислам, дека има нешто логично во тоа, да й наоѓам љубовници на жената во која макар и потајно сум негувал некакви надежи. Јас само го правев она, што се бараше од мене. - А што се бараше од тебе? - Таа ми побара да й кажам за него и јас й кажав. Потоа си помислив, дека од еден кавалер се очекува да й ги даде сите можни услуги на дамата, а не само оние кои таа ќе ги побара, па й предложив и во иднина да й го доставувам она, што ќе го научам за него од други лица, или што самиот тој ќе ми ги каже; освен тоа да й го доведам под прозорецот за да може убаво да го види. Таа одмолче на тоа, а молчењето значи согласност, така не учеа во Саламанка пречесните оци. - Си постапил како кавалер, нема што. Јас не би отишол дотаму, бидејќи моите надежи во неа, за разлика од твоите беа нешто повеќе од потајни. Добро, де, си сторил што си сторил. И - што й изнакажа за него? - Она, што го имав слушнато од тебе и од други. Дека е силен рицар, човек железо, па зошто и како дошол во нашето кралство, па како го прибрал со себе татко й и го сторил свој паж...; а таа само: „Понатаму! Понатаму!“ Најпосле, минувајќи од точка до точка, стигнав до необичното во него. - Дека сака да ја ослободи татковината од Турците? 71


- Тоа. А таа: „Да ја ослободи својата татковина од ропство? Колку велики зборови!“ Таа навистина тоа го мислеше, она за големината на зборовите, де, а да бидам искрен, и јас истото го мислам. - Не ме изненадува нејзиното мислење, јас, како што знаеш, тоа веќе го насетував, а не ме изненадува ни твоето мислење: за тебе повеќето од идеите се велики, превелики. Но, понатаму, понатаму! - Еве уште еден со она: „Понатаму, понатаму!“ Колку нестрпливи луѓе! Но добро, еве што се случи потаму. Го видов Алонсо еден ден како се шета меѓу вториот и третиот бедем со братучед му Педро. Гледам: чекори тој таму прав, убав, во својата сјајна облека, со перо на капата, со меч на половината и ни најмалку не му беше грижа, што токму поради него нивните височества со трчаница избегаа од замокот Осма и го завија во очај неговиот господар. Собрав храброст и му пријдов. Го прашав нешто, не се сеќавам што. И знаеш ли што се случи? Ми одговори на прашањето и најљубезно се насмевна, немаше ни трошка гордост во херојот, кој сам го поразил емирот од Малага, па уште и го распрал од грлото до стомакот. Зборувавме. И така станавме пријатели. - Станавте пријатели? - Станавме. Тој е навистина ермосо 143. И самата негова личност вдахнува доверба и буди симпатија и јас сум многу среќен, што така се случи. Секогаш, кога потоа ќе го сретнев, тој носеше со себе празнично расположение, неговото присуство прскаше топлина и светлина, така ми се чинеше. Многу сака да зборува, да убедува, во него има не само енергија, туку и интелект, тој не е само корделион 144, туку е и човек со богат дух, обдарен е и надворешно и внатрешно. Многу ја сака историјата и тука еден на друг сме су полезни: јас ги дополнувам неговите знаења за историјата на стара Грција и на Рим, а тој ми кажува за историјата на својата земја. И да видиш какво чудо – славна историја! - Скрати, свату, скрати. И ти сето тоа й го кажуваш на нашата Леонора? - Сето тоа. А таа ме слуша, како да й кажувам за првите луѓе во Еденската градина. Но најмногу од сè сака да слуша за неговата мисија да ги истера Турците од својата земја. И двајцата сме согласни, дека за остварување на тој проект е потребно нашите височества да му дадат војска, оружје и пари. - А нашите височества ќе му дадат на Алонсо де Охеда војска и пари за да ја ослободи својата земја и на Христофор Колумбо кораби за да го открие заподниот пат до Индија тогаш, кога... 72


- Кога стариот даб среде полето ќе роди праски. Донекаде си во право. На Колумбо можеби и ќе му дадат два – три кораби, бидејќи ако му успее замисленото и открие многу злато, ќе ја направи Шпанија најмоќна на светот; но, да бидам искрен, тешко е да се очекува дека на Алонсо ќе му ја ослободат татковината – каква полза ќе видат од сиромашниот Балкан? Виде ли како кралот збесна кога дозна дека е Балканец? Можеби ако ја освои Гранада, како што ја освои Малага? Не, ни тогаш. Или ако за Шпанија покори други градови и кралства? Не, ни тогаш. Никогаш. Тоа е премногу романтична идеја, а романтиката и политиката не одат рака под рака. Па сепак големи работи кажува. – „Ќе ја ослободам – вели – татковината!“. Големи и херојски, вистински римски зборови. - Добро, де, добро – и? - Тоа. Јас зборувам, а таа слуша и ни со уво не трепнува. Таа му верува. Еднаш рече: „Ќе стане она, што самиот тој ќе посака бидејќи е создаден да умее да направи сè“. Таа е одушевена од него и за сè му верува. Така е, секогаш кога ќе сретнеме во човек стремеж кон нешто велико, независно дали тоа е изводливо или не, ние чувствуваме почит, а така и треба да биде, големите идеи и прекрасните души не се среќаваат често. Но, да продолжам. Кога го рече она: „Ќе стане она, што самиот тој ќе посака бидејќи е создаден да умее да направи сè“ образите й пламнаа и тргна да си оди во својата соба. Рече дека ќе бродира со памучни конци врз памучно платно гулаби во лет, но јас се сетив какво ќе биде тоа бродирање: таа си отиде, за да им се оддаде на мислите, за да се задлабочи во своите расудувања, кои не треба да ги сподели со никого. - И по тоа ли заклучи, дека таа почнува да се вљубува во него? Но како можеш да се вљубиш туку така? Па таа ни гласот не му го слушнала. - И уште по друго нешто. Завчера, кога со него минувавме под нејзиниот прозорец – бидејќи јас го исполнив и вториот дел од ветувањето, а имено дека ќе го водам одтаму за таа да може да го види – таа одеднаш – запеа. Сакала да има крилја, па како птица да летнела негде, каде ли беше... – така пееше. А кој пее? Јас не сум пеел досега, барем не така полетно и радосно, но од романите што ги читам знам, дека тоа може да му се случи на оној, кај кого срцето одеднаш зачукува во градите, силно, бурно, оној, кај кого почнува да се буди некое чувство, оној, кој го почувствувал здивот на љубовта, ако можам така да се изразам. - Добро де, добро. А – тој на тоа? - Тој го слушна ангелскиот глас кој беше сличен на песната на славејот во моментот кога дождот престанува да паѓа, па погледна нагоре. 73


Песната веднаш престана – веројатно го видела неговото движење и избегала од прозорецот. – „Која беше таа нимфа, слична на Калипсо која ги испеа овие строфи?“ – рече. – „Не знам кој живее горе“ – го излагав јас. Го погледнав. Она, што во тој момент се случуваше во него, беше нешто многу длабоко, судбоносно, што не може да се изрази со зборови. Сето она, што беше нежно и страстно во неговото суштество се пробуди и се устреми кон тој глас. – „Таа песна и тој глас ме пленија и јас сакам да откријам која е таа дама; а кога ќе откријам, ќе ја направам господарка на моето срце“ – рече. О, колку беше тоа искрено! Како само се измолкнаа овие зборови од длабочината на неговата раздрагана душа! – „Но вие не ја ни знаете дамата – реков јас – А што ако е некоја грозна или дебела?“ – „Грозните и дебелите немаа ваков глас. Таа е, без сомнение, исклучително убава жена, таа е, убеден сум, една од најпрекрасните камелии на кралствоото која јас веќе страстно ја сакам и на која, откако ќе ја откријам, ќе й ја признаам својата љубов“. Тој потрча да влезе во дворецот за да ја побара собата од која излета гласот – јас го фатив за рака и го замолив да се успокои. Се фати за ѕидот за да ја стави ногата во некоја вдлабнатина и да се искачи до прозорецот и тоа сигурно и ќе му појдеше од рака бидејќи е жив и еластичен како видра и јас пак го спречив. – „Добро – рече – во право сте, јас се глупирам, не одат така тие работи; но ќе ја откријам, некогаш таа пак ќе запее; а дотогаш ден и ноќ ќе сонувам за неа, бидејќи овој момент стана предмет на мојата страст“. Така е тоа, понекогаш е доволен – така сум читал во „Романот за розата“ 145 – само еден поглед, една насмевка, еден случаен додир со раката, или да слушнеш две строфи од една песна без да ја видиш дамата што ги испеала, за да навлезе душата во царството на мечтите. Потоа тој ме остави и си отиде. А јас долго размислував. Каква среќа е да бидеш пленет од некоја страст, па колку и необична да е таа... Ете, такви се тие работи... свату мој... Франциско молчеше. Беше возбуден, си замислуваше дека самиот тој бил под прозорецот на убавата дона Леонора и самиот тој го предизвикал бранувањето на чувствата во неа и оние стихови кои дошле како резултат на таквото бранување. Но бидејќи заклучи, дека тој никогаш нема да предизвика такво нешто, се смрачи, ја наведна главата и тргна да си оди. - Каде? – викна по него Рикардо. - Ќе одам кај Маврот, кај Илдерим. - И кај кантимплорите 146 со црно канарско вино? Внимавај, ако утре те намирисам дека си пиел ќе те плукнам право в лице, самиот тоа ми го дозволи. Бидејќи – еве, да кажам и јас една латинска – vinum apostatare facit etian sapientes 147. 74


Кога влегуваше во десното крило на дворецот во кое се наоѓаше собата на Маврот, Франциско ги виде дона Леонора и дуењата како се шетаат рака под рака. Дона Леонора го викна по име, но тај се направи како да не ја слушнал. Но кога таа му го заврте грбот тој копнежливо се загледа по неа и ја гледаше сè додека не му се изгуби сосема од пред очи.

10 А чувствувам како сакам во љубовен сон да пливам! Гете, „Фауст“ Дона Леонора беше поинаква од своите врснички. Пред сè таа израсна многу чудно: не сакаше многу да ја галат, ниту пак сакаше да си игра, туку најчесто гледаше да се осамоти во некое зафрлено катче, за да може непречено од никого да им се препушти на своите мисли. Најнапред своите родители многу ги сакаше, после одеднаш стана студена кон нив, а потоа некако пак се приврза кон татка си, кој беше убав маж и воен херој, но на никому не му дозволуваше да продре подлабоко во нејзината душа. Й наоѓаа проверени и надалеку познати воспитувачки и дуењи, кои можеа од неа да направат вистинска дворска дама и во исто време да й бидат прекрасно друштво, но бргу си одеа, бидејќи таа не ги поднесуваше токму поради нивната беспрекорност; не го сакаше она, што го сакаа другите, она, што беше општо прифатено и признаено. Најпосле дојде една лесноумна, дури и глупава, а згора на тоа и неморална девојка која беше само пет години постара од неа и таа остана, можеби токму поради своите недостатоци. Оваа дуења многу сакаше да пее и прво што ја научи својата господарка беше песничката за девојката, која посакала да има крилја и како птица да одлета кај Санчо во Тера. Ја сакаше и литературата, па пробуди во дона Леонора страст кон читањето, но само читањето не ја задоволуваше дона Леонора. Уште од дете имено таа посакуваше да доживее нешто поинакво, да сретне некое човечко суштество, било маж или жена, кое е поразлично од другите човечки суштества и си мислеше, дека ако тоа не се случи, односно ако не сретне таков човек и ако својот живот не го врзе за неговиот живот, не й се ни исплатува да живее на овој свет. И како што 75


растеше, така стануваше сè „понеобична“, а нејзините родители кои во почетокот мислеа, дека е тоа само период кој ќе помине, се загрижија. На пример, кога во замокот ќе дојдеа гости, таа не сакаше да ги види и се криеше во старата кула; или одеше во шумата, каде што фаќеше гуштерчиња и ги ставаше во џебот за да ги чувствува како се препелкаат, тоа беше нејзината омилена забава; или пак, кога ќе й сошиеја нови, прекрасни фустани, како на ќерка на моќен гроф, на еден од најзабележителните личности во кралството, таа ги облекуваше, но веднаш истрчуваше надвор, каде, божем случајно, се сопнуваше и паѓаше во калта за да ги упропасти, бидејќи не сакаше да носи нова и раскошна облека; или пак, исто така божем случајно, ги кршеше скапоцените венецијански огледала, бидејќи не сакаше да се гледа во нив; итн. Еднаш во шумата запозна еден стар овчар, беден, брадјосан, со див изглед на лицето, а можеби помалку и нетокму и потоа тајно одеше да се сретне со него меѓу борјето, му носеше нешто за јадење, му подаруваше облека, па дури и пари. Седнуваше до него на голата земја, зад некој џбун, јадеше од неговиот сув леб и ги слушаше неговите приказни. Тој кажуваше, дека до пред шест години бил голем благородник и имал замоци и дворци, па и своја војска држел. Еден ден, така й расправаше, со своите војници тој тргнал против Маврите за да им го земе зеленото знаме на Пророкот со кое тие толку се гордееле, едно од трите, направени од древното знаме на Мухамед. Со нив тргнал и светецот Диего 148. Влегле во царството на Маврите и многу подвизи направиле, но кога дошле под ѕидините на Гранада, одтаму излегол Еблис, врховниот муслимански демон. Еблис и Сан Диего излегнале еден против друг, но Еблис бил посилен, па откако го совладал својот противник, го претворил во страчка. Другите шпански војници ги претворил во разни видови животни, или во просјаци, во бедни, ништожни луѓе, а него – во стар и беден овчар. Но, продолжуваше старецот, тој нема да остане засекогаш ваков, бидејќи магијата важела седум години, што значи, дека по само ушт една година пак ќе го добие својот првобитен лик на блескав благородник; тогаш ќе ја земе неа, Леонора за жена, иако е уште мала – сака ли таа да му стане жена на убав и блескав рицар? Со страв и уважување ги слушаше Леонора зборовите на полулудиот старец, го гледаше неговото збрчкано, диво лице, грубите, загорени раце и испокинатата облека и сето тоа за неа беше извонредно важно, дури и свето. Си одеше дома, радосна што по една година ќе го види својот пријател претворен во благородник и за кого, ете, можеби и ќе се омажи. Но само 76


еден месец пред истекот на годината старецот умре и таа не можеше да дознае, дали сето тоа навистина ќе се случиеше. Тогаш таа се оддалечи од сè околу себе и нејзините уште повеќе се загрижија. Започна да пишува дневник. Си мислеше како да си направи овчарски стап, па со торбата преметната преку рамо да талка по шумите и ридиштата како стариот овчар. Чекаше само некаков знак од некаде, па навистина да тргне. Но знакот не дојде. Во белиот свет не отиде, но порасна и стана многу убава девојка, висока, права, со право чело и прав нос и многу мили очи. И карактерно како да се промени, стана спокојна и пријатна во однесувањето, таа, која само пред неколку години ја уништуваше својата облека и ставаше живи гуштери во џебот. Па сепак, не престана да го сака она, што на другите им изгледаше чудно и непотребно, да го чувствува она, што другите не го чувствуваа, да мисли за она, за кое другите и не знаеја дека постои. Најмногу од сè не й даваше мир споменот за овчарот, па и после толку години, како возрасна девојка, се сеќаваше, дека како дете секој пат се растреперуваше од возбуда, кога ќе го слушнеше неговиот глас. Тогаш нешто силно почнуваше да се бранува во неа, просто надираше во нејзините гради. И колку и да се грижеше да не го издаде она, кое се случуваше во неа, маката на нејзината возбудена душа се чувствуваше и нејзините блиски во чудо ги креваа рамењата. Потоа стана девојка за мажење. Од сите срани на кралството почнаа да доаѓаат да й ја бараат раката млади, убави и силни рицари, синови на моќни херцози, грофови, војводи и барони. Влегуваа во собата за прием допратени од управникот на дворецот, ги симнуваа шапките украсени со прекрасни штраусови перја, галантно им ја бакнуваа раката на мајката и на ќерката притоа поклонувајќи се доземја, па седнуваа во големата и удобна фотеља. Дона Леонора спокојно ги гледаше и ги слушаша како зборуваат, мило се смешкаше и радосно одговараше на поставените прашања, понекогаш и самата потпрашуваше по нешто. Но само по половина час почнуваше да ја става раката врз устата, за да го прикрие прозевањето: гостот беше убав, зборлест, мил, паметен, понекогаш и зачудувачки интересен, но го немаше во себе она, што дона Леонора го бараше, немаше во себе ништо, ама баш ништо необично, што би го одделило од другите. Десетина стројници дојдоа и таа сите ги испрати прозевајќи се. Најпосле грофот Мединасели стрго й рече, дека, ако за уште една година не си одбере маж, ќе ја даде на синот на неговиот школски другар од универзитетот во Саламанка баронот Салуст де Басан, сега заповедник на кралската гарда; 77


всушност тој одамна го посакувал тоа, но како добар татко прво нејзе й препуштил самата да си одбере. Во времето кога започна нашиот расказ дона Леонора имаше деветнаесет години. Кон крајот на летото 1487 година нејзе некако й дојде на ум стариот овчар од нејзиното детство и таа нешто на шега, нешто на вистина си помисли, дека можеби не би било лошо да отиде во шумата за да види, дали нема да го сретне неговиот дух. Таа навистина отиде два пати сама во шумата и ако некој одеше по неа ќе видеше како внимателно се загледува околу себе и шепоти: „Каде си ти?“ Се канеше да отиде и по трет пат, но тогаш се врати татко й и го доведе со себе кралскиот двор, па настана оној инцидент на вечерата, што го предизвика варварското потекло на Бугаринот, потоа се случи оној разговор со Рикардо за истиот тој Бугарин – и сето тоа й го привлече вниманието. Се зафати да пишува дневник, по втор пат откако умре овчарот. Дневникот таа го пишуваше набрзина, во еден здив, несредено, без намера да направи убав литературен состав, па дури и со интерпукциски грешки, како кај човек, кому одеднаш му доаѓаат по десетина важни мисли, па тој брза да ги забележи, пред тие да се изгубат. Еве некои места од тој дневник. „Октомври... Колку брз и продорен беше неговиот поглед кога ја слушна мојата песна... А од неговите сини (сини ли беа?) и длабоки како море очи во моето срце зацари чудна возбуда, каква што не бев почувствувала од тогаш, кога овчарот ми кажуваше за себе. Тој поглед и она, што Рикардо ми го кажуваше за него, односно, дека сака да ја ослободи татковината од ропство... А беше толку тивко во мојата душа пред да дојде тој, толку тивко... и толку досадно, бесмислено... Со часови седев на креветот опфаќаки ги со раце колената, положувајќи ја главата на рацете и на ништо не мислев, просто така, како растение вегетирав. А сега сакам да трчам, да скокам од премногу сили – од каде ли и како тоа ми дојде? Чувствувам неугаслива жед за движење, за шум и блесок, за разговор во четири очи, за прошетка на месечина... А кога тој – човекот што сака да го ослободи својот народ од ропство - погледна нагоре ( ах, дали на време се тргнав наназад, да не ме виде можеби, боже мој?), кога погледна кон мојот прозорец, од тој поглед почувствував нешто...како да го наречам тоа? – нешто ведро, нешто романтично, еден здив на нешто многу, многу убаво, што со зборови не може да се опише, ама никако не може. После Рикардо ми кажа, дека сакал да влезе во дворецот и да ме бара, да се искачи по ѕидот... Боже мој, што ќе си помислеше, ако влезеше кај мене и го видеше 78


руменилото кое ми го беше зажарило лицето – млекарка која трчала пет километри до пазарот да го однесе своето млеко, шибана од леден ветер беше бел крин во споредба со мене... ... Завчера драгиот Рикардо ми донесе некакви бугарски народни песни кои тој (но зошто не смеам дури ни името да му го напишам, од што се плашам?) ги превел на шпански, но јас не ги ни погледнав, освен единствената мисла за него ништо друго не живее во мене. Ах, како некаков заскитен сончев зрак да ја пресекол одеднаш ноќта – но какво е тоа чувство, од каде и зошто дојде, што значи сето тоа? ...Како да сум среде некоја длабока река која протекува низ цветна долина, но многу длабока и многу брза, а и безброј потоци се влеваат во неа, паѓаат листови и цвеќиња, од врвовите на високите карпи паѓаат исто така и огромни камени блокови – како тоа треба да се нарече? Секогаш ли е така, кога ќе наидеме на луѓе кои сакаат да се обесмртат со тоа, што ќе извршат велики дела? Дуењата ме гледа право во лицето и ме прашува што ми е, а јас не знам што да й одговорам – а и што има јас нејзе да й објаснувам? ... Франциско ме избегнува, но Рикардо е многу мил, со него по цели денови би разговарала. Во почетокот и двајцата ми беа многу мили – и убавиот Франциско и умниот Рикардо – толку мили, што можеше да се случи и да засакам некого од нив... можеби Рикардо, тој е подлабок... и сега се радувам што останав рамнодушна, бидејќи тоа што сега се случува е нешто... што? Што се случува сега? ... Од каде тој... тој Балканец ... тој Словен... дојде во мојот живот? Дојава со татко ми; паж му станал, се прославил кај Малага... Јас се распрашав и дознав, дека живее со една единствена мечта, а тоа е да се врати и да ја ослободи татковината. Ама да не е тој духот на стариот овчар, кој на оној свет пак станал рицар и како таков дошол на овој свет? А кога ќе им ја донесе слободата на своите – ќе се врати ли пак овде? Tој, меѓутоа ,уште и не зна за мене! ... Деновите летаат, уште само десетина дена и јас ќе тргнам кон Кордоба, а и тој со мене... И ми е добро, и кој знае зошто ми е страшно, и ми се сака да му благодарам на бога, и солзите надираат, О, какви дни! Јас сум среќна. Среќна ли сум? Рекол, дека ќе ме открие која сум, некогаш пак ќе запеам и тогаш ќе ме открие, а дотогаш ден и ноќ ќе сонувал за мене, сум станала предмет на неговата страст! Тоа ли е јазикот на хероите кои се борат за својот народ? Исто како во рицарските романи што сум ги читала. ... Неспокојна сум... Не сум сосема здрава... Што ќе испадне од сето тоа? Света Богородице, биди со мене! 79


... Денес на зајдисонце тој и Рикардо не поминаа под мојот прозорец. Јас се плашев, дека пак ќе ми дојде песната на устата, дека сама ќе излета, ужасно се плашев, но него го немаше, не помина, не го видов. Што се случило? Рикардо вчера ми рече, дека очекувал некакви свои сонародници, Балканци некакви. Можеби веќе стигнале, па е со нив? Или можеби му се случило нешто, можеби е болен? Зошто е така бурно во мене? Околу мене и во мене станува нешто таинствено и треба да се најде зборот. ...Веќе сè ми е јасно и јас тоа ќе го напишам! Боже, смилувај се над мене!... Јас сум вљубена!“

11 Ти праќам поздрав јас, О, толку тих мој кат. Пушкин, „Село“ Истиот ден, кога Леонора го впишуваше тој последен судбоносен збор во својот дневник, Рикардо во својата соба расправаше со братучедите Алонсо и Педро де Охеда за незапирливите освојувања на Турците, меѓу кои беше и завземањето на Византија, тоа последно христијанско упориште на исток, кога камериерот влезе и кажа, дека надвор чекаат господата Иван Беров и Стојан Пинелов, трговци на кожи од Севиља, а инаку Балканци. - Света Богородице, зарем не требаше да дојдат утре? Зошто доаѓаат еден ден порано? – извика Алонсо видно растреперен, а и Педро се возбуди и тргна кон вратата самиот да ги воведе гостите. Влегоа тие – високи, силни мажи со несредени бради и разбарушени црни коси, со тврди, свирепи, речиси диви црти на лицата, облечени во прашливи и изветвени патнички облеки – се ракуваа со домаќините, но само колку да помине редот, не гледајќи ги в очи и седнаа на фотељите што им беа покажани. „Дошле дури од Севиља за да се видат со своите другари од детството со кои не се виделе цела деценија и да се потсетат на својот Балкан, а ниту насмевка, ниту прегратка. Навистина, какви луѓе се тие Балканци?“ – си помисли Рикардо и запраша дали треба да излезе и да ги остави спокојно да си разговараат. - Останете Рикардо, пријателе мој – рече тивко Алонсо. - Може да се случи овој разговор да ја реши судбината на Охрид и на целата моја земја, а 80


вие сте историчар и можете нешто од ова, што сега ќе го слушнете да го напишете во вашите летописи; ќе беше убаво ако беше овде и оној Филип де Комин, вашиот бургундски колега, за кого дознав, дека по пропаста на Бургундија го оставил мечот и се фатил за перото. И не очекувајте вечерва спокојство, на лицата им читам, дека поради нешто се лути. – Потоа им се обрати на гостите: - Како сте сонародници мои, како патувавте? Кога бев под Малага, по еден војник кој тргнуваше кон Севиља, тој преубав и голем град на нивните височества, ви порачав да дојдете во овој замок и вие навистина дојдовте, одлично! Но, како нешто да не ви е токму? Да не ве пресретнаа негде на патот оклопни коњаници – половина војници, половина разбојници? Уште ли има разбојници во Шпанија? Зарем не си ја вршат како што треба должноста оние од Санта Ермандад? 149 - Не не пресретнаа разбојници на патот, нив ги нема веќе, освен по некој скитник кого полициските службеници го истерале од Гвадалахарската порта 150 и кога патувавме наваму бевме многу весели, бидејќи одевме кај наши другари и сонародници – рече оној, кој се викаше Иван Беров – Туку нашата лутина трае откако влеговме во замокот. Имано, прашавме за Драган и Петар, братучедите од Охрид и ни рекоа дека такви нема. Дури потоа се сетија: „А, вие тоа ги барате братучедите Алонсо и Педро де Охеда?“ Змија не касна. Охриѓани, си рековме, дренки од нашето долче, eiusdem farinae 151, што се вели, а шпански имиња зеле, се пошпанчиле. - Ние сме блиски луѓе на високопоставен благородник и сакаме да преуспееме во Шпанија, затоа зедовме шпански имиња. – одговори Алонсо – Но кој може да рече, дека поради тоа сме престанале да бидеме она што сме биле пред да дојдеме овде? Сакате ли да се напиете канарско вино? - Канарското вино испијте си го вие, а ние носиме со себе лута препеченица од џанкови сливи што растат во нашата татковина. Велите дека му служите на голем католички господар? А ние продолжуваме да й служиме на нашата православна вера и ни за целото злато на светот не би се покатоличиле. Не ги сменивме своите имиња, ниту било што друго свое, иако поради тоа не гледаат напреку и работата ни пропаѓа. Да си ги менуваме имињата, верата? Што би рекле на тоа нашите претци, пресвета Богородице? – рече Иван, и промрморе нешто бесно на својот мајчин јазик, сигурно некоја пцоста. Педро крцна со забите; како облак да му го прекри лицето. Стана и посегна кон дршката на својот меч: 81


- Ама вие за да се карате со нас ли дојдовте овде, а? Вие како истата песна да ја пеете, а? Таму, во Охрид, кога бевме мали не тепавте, но сега е друга работата. Жими крстот маченички... Алонсо го фати за раката: - Смири се, братучеду, не сме се собрале овде за да се караме, туку убаво да поразговараме. Браќа, ајде најнапред да се прегрнеме, како што доликува, па да видиме што можеме да направиме за нашата мила и премила татковина. Овие зборови дојдоа како силен сончев зрак кој ја растера темнината. Сите четворица станаа, силно си ги стиснаа рацете, па со солзи во очите се изгледаа од главата до петите и се прегрнаа, се избација. „Во текот на разговорот – напиша Рикардо во својот дневник по полноќ, кога гостите најпосле отидоа да си легнат – неколку пати се надигнуваше гнев, бура, грмотевици, очите светкаа, рацете полетуваа кон мечовите и сосема малку недостасуваше овие невидени јунаци да се испосечат еден друг, бидејќи темата беше многу жешка; но во критичниот момент една првенствена мисла излегуваше на сцената, една ѕвезда изгреваше и сè се стишуваше и усмеруваше кон неа, а тоа беше мислата да се ослободи измачената татковина од жестоките поробувачи. Јас не сум ни можел да помислам, дека некогаш човечкото срце можело да биде толку целосно исполнето од желба пред која ништо не може да издржи и која победува сè, дури и смртта ако е потребно. Слушајќи ги, се убедив, дека ако човек е мал, тоа не значи дека треба да се плаши од големо дело – зарем Битон не носел врз своите плеќи еден огромен бик 152, зарем тресопатките, славеите и камењарките не прелетуваат мориња и океани? Овие четворица не беа ниту војводи, ниту принцови, туку обични војници и сиромашни градски занаетчии, па сепак ги приковале очите кон целта, кон која тешко би се решил да тргне друг. Тие жалеа за татковината која за нив беше поубава од сите земски татковини, ги мачеше некоја продорна мака додека се сеќаваа на Охридското езеро, како животни во кафез, кои се сеќаваа на минатите денови. Драгиот, далечен крај ги исполнуваше и освојуваше од далечината, им ги праќаше своите облици, своите звуци, своите познати видици, своите мириси, сликата на мирната езерска површина по која пловат кајчиња, родните куќи... Кога би можеле пак да отидат таму!... О, кога би можеле да ги пробијат просторите, тие веднаш би тргнале!... Дури и мене очите почнуваат да ми се навлажнуваат додека го пишувам тоа... Зборуваа повеќе на својот роден јазик и многу од тоа што го кажаа не разбрав, но темата беше таа: да се ослободи татковината. Во Севиља имало 82


вистинска балканска колонија, околу двеста души, најмногу Охриѓани и Бугари, Балканци имало и во други градови и сите тие живееле со надеж, дека од Шпанија ќе тргне кралска војска која ќе ги истера поробителите од нивната земја - а таа надеж ја вдахнал токму мојот пријател. Господата Иван Беров и Стојан Пинелов дошле за да слушнат што мисли сега за тоа Алонсо де Охеда, односно Драган Охридски, како што му е вистинското име и немале намера да си одат, сè додека не дознаат каков одговор да им однесат на своите сонародници во Севиља; ако требало ќе останат и цела недела, имаат тие време, дома работата и онака никако не им оди. Но зошто Алонсо, односно Драган за тие девет години откако е овде ништо не направил? Заборавил ли тој, дека еден ден – биле уште деца и седеле на брегот на Охридското езеро – свечано се заколнал пред иконата на Света Богородица, дека ќе доведе силни и убави војници, со оклоп на градите и шлем на главата, со меч во едната и штит во другата рака, вјавнати на големи бојни коњи и дека со нив ќе ги истера Турците од татковината – како вчера да било тоа – го заборавил ли тој тоа? А инаку сите го признаваат за свој водач и ако ја донесе слободата ќе го наречат ослободител и ќе го направат крал, круна ќе му качат на главата и во хермелин и пурпур ќе го облечат. Но зошто тој ништо не превзема? Тие знаат дека тој не е страшливец, гласот за неговата слава што ја стекнал кај Малага, а и пред тоа стигнал и до Севиља – но зарем нему му е поважно да ги истера Маврите од Шпанија одошто Турците од татковината? На тоа Алонсо бесно крцкаше со заби и врескаше, дека не ја заборавил клетвата дадена на брегот на Охридското езеро, но – како тие тоа не го разбираат? – тој првин мора да стане НЕКОЈ во Шпанија, за да може да стори нешто за татковината. Кој е сега тој? За да се истераат Турците од татковината треба нивните височества да пратат силна војска, да дадат бродови и пари, а може ли тој како обичен војник да го бара тоа? Па сите ќе го исмеат! Но тој е во служба на голем и моќен господар, и ако направи уште еден или два подвига како оној кај Малага – а прилики ќе има, се разгорува борбата на границата со Гранада, а и самиот главен град наскоро ќе биде нападнат, тоа и кралот го рекол – тогаш сите ќе дознаат за него, ќе стане голем корделион, национален херој и ќе има лице да побара аудиенција кај кралевите и да каже што сака од нив. Ќе падне на колена пред нив и ќе рече: „Ваши височества, јас ја ослободив вашата Гранада, вие сега ослободете ја мојата земја!“ - и нема да стане додека тие не се согласат. А тие, ако и покрај сè не му дадат војска, ќе оди во Англија кај Хенрик Шести или во Франција, кај госпоѓата Ана де Боже која по смртта на Луј Единаесетти владеела во 83


името на сè уште малолетниот Шарл Осми, или во некој друг славен европски двор и таму ќе го изнесе богоугодното прашање за поведување на општа крстоносна војна во Балканот... Но тој верува во шпанските монарси бидејќи се умни, милозливи, а и воинствени, бидејќи се најхристијанските владетели во Европа. Но што да прават тие, рекоа на тоа гостите, бедните трговци, кожари, железари, стаклари, ременари и месари по градовите, додека тој се подвизува и се воздигнува до генерал или до врховен командант на војската, каде се тие во сето тоа? Уште колку години тие треба да чекаат? Не е ли подобро уште веднаш да отидат во Охрид и да го кренат народот на востание – а услови за востание има, ропството е тешко, мачно. Тоа е ризично, но големата цел заслужува најголеми ризици. Жртвата, дури и кога е залудна, си останува пак жртва и не губи ништо од своето величие. А ако не сака да отиде тој, Алонсо, нивниот водач Драган Охридски, тогаш ќе отидат тие двајцата, Иван Беров и Стојан Пинелов. Ќ отидат и ќе го развеат знамето на слободата! А ако сака може и Петар, сега Педро да дојде со нив, а? Ним не им е до смртниот живот, туку до бесмртното дело, па и кога би загинале, нема да се плашат дека ќе умрат како обични смртници. А кој знае, можеби бог нив токму за тоа дело ги чува? Треска Алонсо со раката по масата, а очите му се закрвавени од онаа џанкова препеченица што ја донесоа гостите. Слободно нека одат Иван Беров и Стојан Пинелов да дигаат востание – братучед му да не го чепкаат! – нека одат и нека среќни загинат како обесмртени, бидејќи ете, умреле за великата идеја. Нека отидат! Ќе чукнат неколку камбани, ќе дигнат неколку села, ќе убијат неколку аги и заптии, а гледај, еве ги веќе, се задаваат османлиите! Десет илјади, дваесет илјади регуларни војници на две илјади селани вооружени со вили и коси. И потоа две илјади бесилки покрај патот и стотици опожарени села. Крај на приказната! Не така, туку на војска со војска треба да се тргне, на меч со меч, , па и аркебузи и топови треба да грмнат! Никако! Тоа е само негова работа. Но нему, на Алонсо, му треба време! Треба да созрее житото, па после да се собира! Зошто не му веруваат? Тој го знае клучот на неговата судбина, тој е предодреден, има мисија, исто како Јованка Орлеанка – слушнале ли тие во своите дуќани во Севиља за Јованка Орлеанка? Зарем тие, Иван Беров и Стојан Пинелов мислат, дека тој, кому Турците и татко му го убиле не би скокнал прв во огнот за делото на кое му го посветил својот живот? Но што ќе се добие со тоа? Мртви херои и уште поголеми народни страдања! Потребно е време. Нека го остават уште две – три години. Уште две години, не бара повеќе. Тој и братучед му Петар, 84


сега Педро ако треба сами ќе ја освојат Гранада! И тогаш... А можеби и пред тоа тој ќе успее да влезе кај кралевите, кралицата веќе го вика кај себе, за броени дни тој ќе отпатува кај неа во Кордоба. Но нека чекаат, по ѓаволите! Да чекаат... Но до кога? А ако тие две години што тој ги бара станат три пати по две? А ако во меѓувреме загине? Нема да загине! Тој може да загине само ослободувајќи ја својата татковина, па и тогаш, кога работата ќе биде речиси готова. Тој чувствува дека е предодреден. Како ќе загине кога од сите други судбината го избрала токму него да дејствува? Ах! Тој ќе дејствува, ќе успее, ќе победи – но дотогаш нека го остават! Така на Олимп разговарале оној бог што пуштал грмотевици и оној кој го бранувал морето, додека решавале за судбината на Земјата. И што да им речат тие, Иван Беров и Стојан Пинелов на своите сонародници во Севиља? Но тоа да биде конечно! Тоа: Тој, Драган Охридски, наречен по шпански Алонсо де Охеда, се колне во Бог и во оваа света Богородица од иконата што ја држи во рацете и ја бакнува, и во сите светии, познати и непознати, дека ќе ја ослободи својата татковина. На тоа нека се гледа како на свршена работа. Нека му дадат уште три години, толку бара, ни ден повеќе, и ако до истекот на тоа време не видат како ја симнува полумесечината од охридските цркви за место неа да го извиси крстот, нека сите во неговиот роден Охрид плукнат на гробовите на неговите претци и кога ќе умре нека го закопаат таму, каде што кучиња и разбојници и дрпави просјаци минуваат и да нема ниту крст, ниту камен на неговиот гроб, за вечен срам и беда на неговото име! Тоа е неговата клетва. По овие зборови завладеа тишина. Моментот беше извонредно свечен, дури и мене ми се дигна косата на главата. Но на негов знак, продолжи Алонсо со глас на човек, пред чија сила се преклонуваат цареви и кралеви, на негов знак сите балкански трговци, златари, железари, стаклари, кожари, ременари и најразлични други занаетчии од Севиља, Кадиз, Саламанка, Толедо, Мадрид 153 и од другите градови на Обединетото кралство Кастилија и Арагон нека се мобилизираат, нека ги продадат своите дуќани, куќи, овошни градини, ниви и ливади и со сите пари што ќе ги соберат нека се приклучат кон ослободителната крстоносна војска, за да й се најдат на милата родна земја, на мајката страдалница. Така да биде! Тој рекол! А на тоа гостите: Да не се плаши тој, дека тие ќе останат неми на неговиот знак! Тие секогаш ќе бидат спремни! Нека само тој, Драган, пушти 85


гласник на коњ со црвено знаме во раката. Ако треба тие ќе стават човек на врвот на Ла Хиралда 154, па кога тој ќе им свика, дека гласникот доаѓа, веднаш ќе ги вјавнат коњите, па се сè што имаат ќе јурнат кон него. Се прегрнаа, се избација – сите беа многу возбудени и веќе здраво пијани – па со солзи на очите сложно ја испеај нивната песна во која се зборува за Охрид и Охридското езеро, за Билјана која белела платно и веслала кајче на Охридските извори... Притоа ракијата толку им го помати разумот – а пиеја како волови кои цел ден вода не виделе – што сосема се изгубија, се развикаа, се растрескаа, па почнаа и да се тупаничат, но само на шега, колку да се потсетат на детските години кога се тепале покрај езерото и сето тоа беше многу убаво за гледање – ах, овие јуначишта цел маварски полк би разбиле!... А јас очите не можев да ги одлепам од Алонсо бидејќи беше толку прекрасен во својот занес, како некој бог – ослободител, носител на голема идеја и во тој момент се сетив на зборовите на дона Леонора, според кои, ќе стане она, што самиот тој ќе посака, бидејќи е создаден да умее да направи сè. Навистина, нашата дона Леонора не можеше да си најде поизвонреден човек, на кого ќе му го подари своето срце. „Блазе си й на убавицата, кога најдобриот на меч ќе ја посака“ – од каде беше тој стих, од „Кнезот Паладин“ ли? Нека се слави за вечни времиња името Господово“.

12 По вашите траги покорно ќе одам Како робинка. Штом не сте со мене, дури не суштествувам. Иго, „Ернани“ 86


Кога дона Леонора ги прочита овие страници, веднаш побара дозвола од Рикардо и ги препиша до последното зборче за да си ги има за себе, а веќе до вечерта ги знаеше напамет, бидејќи постојано ги препрочитуваше и си ги повторуваше во себе пооделните зборови и фрази. Наредниот ден, пак, во нејзиниот дневник можеше да се прочита следното: „24 октомври – Сонцето веќе заоѓаше, а него го немаше да помине под мојот прозорец. Пак ли нема да дојде? Студени трпки ми го пронижаа целото тело. Истите трпки се повторија по еден момент, но веќе од друго. Јас стоев зад новата дебела, темна и густо набрана муслинова завеса што на мое барање дуењата изутринава ја стави наместо старата, за никој жив од надвор да не може да ме види и висев слободно зад неа, кога слушнав стапки и разговор. Тие дојдоа до мојот прозорец и подзастанаа за малку, а тој, иако не можеше да ме види испрати точно кон мене еден долг и продорен поглед, кој молеше. За што молеше? Пак да запеам? Да го отворам прозорецот и да му се покажам? Или само да му дадам некаков – било каков – знак, дека сум тука, зад завесата и дека го гледам? Светнатите очи и напрегнатите црти на лицето зборуваа колку би бил среќен, кога би го добил тој знак; можеби едно лесно, едвај забележливо помрднување на едниот крај од завесата; но јас ни тоа не го сторив, не се одважив“. А еве што имаше за 25 октомври: „Сонцето зајде, силна црвена светлина се проби низ завесата и влезе во собата осветлувајќи го огледалото зад мене и тоа толку силно, што ги заслепуваше очите. Но, тој не помина. Овој пат, боже мој, навистина не дојде.Очајно ги гризев усните. Зошто? Која сила ми ги одзеде оние неколку врни секунди кои целиот ден ги очекував? Потрчав кон вратата за да го побарам Рикардо, кога тој влезе. – „Што е?“ – „Грофот Мединасели го повика да јаваат заедно во шумата. Жалам што овој пат не го видовте, братучедо. Но што му е на татко ви, зошто е толку мрачен и молчалив сиве овие денови?“ Разговаравме. Милиот Рикардо секогаш почнува да ми зборува за него, за Алонсо, како попат, без да го прашам, ах, тој е толку прекрасен! На крајот не издржав и му се фрлив во прегратка плачејќи – та тој беше мој братучед, и повеќе од тоа, мој пријател, брат: “Го сакам! Го сакам!“ – А тој: „Знам. И треба да го сакаш. Неке е благословена твојата љубов“. На 26 октомври утрото на Леонора й стана тесно во дворецот. Така е, кога љубовта се вовлекува во срцето, слична на златна жила во планината – неоткриена и недопрена. Посака да оди, да трча, да папса од трчање, како 87


тогаш, кога трчаше да се сретне со стариот овчар и да ги слушне неговите приказни. Влезе кај мајка й, ја бакна во двата образа, па излезе и цел ден не се врати. Се исплашија, се растрчаа да ја бараат. Стражарот од надворешниот бедем рече, дека ја видел како излегнала преку портата и отрчала кон шумата. Дуењата отиде кон шумата да ја бара, но цели два часа не можеше да ја најде и се врати со неа дури на зајдисонце. Тоа се повтори неколку дена по ред. Рано наутро излегуваше и одеше во шумата не дозволувајќи никој да дојде со неа и се враќаше дури приквечер, кога дуењата ќе дојдеше по неа. Ја гледаа бледа, растреперена, молчелива, сосема затворена во себе. Кон никого не приоѓаше, со никого не разговараше, само бледнееше во лицето и мајка й се исплаши овој пат посилно од секогаш, мислејќи дека е на повидок некоја опасна болест. На 27 октомври, кога влегоа во собата, таа й рече на дуењата да ја остави сама. Бидејќи црвената светлина на сонцето на заоѓање гаснеше, а никакви гласови или чекори не се слушнаа под прозорецот, седна и почна да го пишува дневникот: „Одминува уште еден ден без да го видам. Попладнето, додека седев кај кладенецот, ги видов со татко ми како галопираат. Застанав зад едно дрво за да не ме видат и тие пројурија покрај мене како да ги гонат ѓаволи. Никогаш ли веќе нема да го видам како поминува на зајдисонце под прозорецот? Еве, и сега е зајдисонце и јас се гледам во огледалото: сноп од црвеникави зраци се прикрадува од зад мене и ми ги позлатува образот и рамото. Деновиве сум многу бледа, рацете ми се тресат, нешто ме стега во стомакот. Не можам ниту да бродирам, ниту да читам: ќе седнам со отворената книга на скутот – „Ромања“ 155 ја читам, но погледот ми е кренат над книгата, а душата растреперена – и така со часови. Јас ќе се разболам. А што ако е навистина тој духот на овчарот кој дошол да ме земе со себе и да ме одведе на другиот свет, каде што ќе ме направи невеста? Можат ли да се случат такви работи? И мајка ми, кога бев мала ми раскажуваше такви нешта. Убав е, силен и многу храбар, каков што се опишуваше мојот пријател од шумата, пред маварскиот демон да го претвори во беден овчар. А зошто не би било така? Ах, само ако поживееше овчарот уште еден месец, ќе видев што ќе се случеше. Ако навистина решил да ме земе со себе, така и ќе стане – па нека стане! Ноќва, кога ќе огрее месечина ќе погледнам во огледалото и ако во него го видам неговиот лик, значи дека е тоа. 156 Или пак јас и тој, Алонсо, сме изгнаници од небото, кои се распознаваат еден друг на земјата и се засакуваат – и тоа може да е. Вистина 88


– кој е тој? Во него насетувам друг свет, поинаков, во кој сè е божествено, па го засакав одеднаш, иако ништо не знаев за љубовта и сега не можам да правам ништо друго, освен да мислам на него. А тој не ја ни видел онаа, што ја сака. Кога ме слушнал како пеам ме нарекол господарка на своето срце. Треба ли да му се јавам? Но како да му се јавам и што да му речам? Па јас целата ќе се вцрвам од срам кога тој ќе ме погледне, од преголема возбуда можеби и ќе ми се прилоши, па ќе паднам. А ако и тој ме засака кога ќе ме види? Боже, на таа мисла, без да се срамам од себе си, ги ширам рацете за прегратка. Како да му се јавам, што треба да направам? Ќе патуваме заедно кај кралицата и јас ќе морам постојано да го притискам срцето за да не го слушне тој неговото чукање и да го веднам лицето пред него за да не го забележи моето руменило. Но еден ден ќе морам да му се кажам. И тогаш...А ако загине? Лудо храбар е, на оние двајца Балканци им рекол, дека ако треба сам ќе ја освои Гранада. Ако е дух или некакво друго небесно суштество нема да загине, но што ако е смртен човек? Боже, па и да не загине, тој потоа ќе оди да го ослободува својот Балкан и нема веќе да се врати овде бидејќи неговите ќе му качат круна на главата и во пурпур ќе го облечат, крал ќе го направат, а јас тогаш ќе умрам од тага. Не, ќе одам и јас со него, жените се храбри, кога знаат, дека значат нешто за еден силен и беспрекорен маж. Ќе одам, ќе одам, само тој тоа да ми го дозволи. Покорно ќе одам по неговие пети, а таму пехарот со вино ќе му го полнам, нозете ќе му ги мијам. Ќе тргнам само на еден негов поглед – што ќе правам овде без него? А што ако не ме засака? Бидејќи – која сум јас? Тој сам армии разбива и крепости освојува! Ќе го направат генерал, можеби и конетабал, ќе го произведат во благородник, во војвода или гроф и како таков ќе може да ја побара раката на португалската или на француската принцеза... Може и така да испадне – која сум јас? Ако, јас пак ќе го сакам, да сакаш безнадежно, пак е среќа. Ах, Алонсо... Алонсо, Алонсо, Алонсо... Колку благозвучно име. Јас пак, повеќе сакам да го викам Драган, како што го викале таму, во неговиот Охрид... Многу сум возбудена и вознемирена, сигурно ќе се разболам... О, ти, сакан мој! Обожаван мој! Ти, кој направи да се расцутам! Но како сега да продолжам да живеам понатаму? Тој веќе не поминува под мојот прозорец. Целата оваа ноќ ќе мислам, а утре ќе бидам толку болна, што нема да можам да станам од креветот.

89


А тој – чувствува ли во моментот тој нешто за мене? Велат, дека постои таква сила, која може да поврзе две суштества низ растојанијата, да му го поткаже чувството на другиот... Се чувствувам така, како да ми паднал од срцето оној камен, кој ми тежеше сите овие празни и бесмислени години, како да се урнала некоја преграда помеѓу мене и среќата – бидејќи сигурно е среќа ваквата состојба на мојот дух, што друго би можело да биде? О, навистина, љубовта е постигнување на совршеното и таа, ете, решила да ме награди; но чувствувам и мачнина која ме уништува – сè е толку магливо – како ќе се заврши? Јас сум цвеќе расцутено од сонцето на љубовта – но каде е тој заради кого се расцутев? Бог, велат, може сегде да дава среќа. Треба да го молам за благослов. Алонсо... Мојот Драган... Еве кого сум чекала досега. Ќе оди, вели, својот народ да го ослободува, мисија има, за тоа, вели, го создал Господ. Ах, јас не сум ја познавала љубовта, а таа имала сласти, кои занесуваат дури до небото! Колку слатки и неповторливи се треперењата на срцето, во кое за прв пат се раѓа љубов – но каде е сега тој?“ Изутрината дона Леонора навистина не можеше да стане; непроспиените ноќи мачно делуваат врз младите чувствителни девојки. Дуењата влезе на изгрејсонце и мислејќи дека нејзината господарка уште спие, ја остави. По два часа пак влезе и кога ја виде бледа како свеќа, а и перницата беше целата натопена од нејзините солзи, се растревожи. Ја запраша што й е, што ја измачува, а таа ја замоли да ја викне грофицата Мединасели. - Мајко, – й рече, кога оваа дојде и загрижено седна до неа – ве викнав, за да ви кажам, дека го сакам Драган Охридски. - Кој Драган Охридски? - Вие го знаете како Алонсо де Охеда, првиот паж на татко ми. - Ах, тоа ли била причината, што деновиве бегаш од луѓево како да се чумави, а изутринава лежиш болна и не можеш да стенеш? – рече мајка й, прашувајќи се дали треба да издивне со олеснување, или уште повеќе да се загрижи – Како рече, го сакаш пажот на татко ти? Ете што било, а јас пак на смрт се преплашив. Но, ќерко моја, таа глупава помисла на која уште утре ќе й се смееш, ти дошла од глупавите книги што везден ги читаш. Всушност, сите твои книги дуењата веднаш ќе ги однесе во мојата соба за да видам кои се за тебе, а кои не се. Потоа грофицата й отчита на својата ќерка долга корисна лекција за бесмисленоста на читањето на романи, при што младите високопоставени 90


дами стануваат толку чудни, понекогаш и извитоперени, па наместо да се однесуваат како што им доликува, тие, ете, бледнеат, се затвораат во себе, по цел ден скитаат низ шумите и им доаѓа на ум, дека треба да се вљубат во слугите на своите татковци. На некој рафт таа гледала една многу корисна книга од антички автор со наслов: „Quod dilecto“ 157 – ќе ја најде и ќе й ја даде на својата ќерка да ја прочита и одсега па натаму да се владее само по неа, по ништо друго! Леонора ја прекина мајка си: - Го засакав смртно и ќе умрам, ако не бидам негова. – рече тврдо. Грофицата си ги преапа усните, дознавајќи дека има повеќе место за стравување, отколку за олеснување. Она quid abscurum 158 кое таа одамна го насетуваше кај својата ќерка и од кое толку се плашеше, й се покажа во целата своја стравотија. - Но како тоа така одеднаш, ќерко моја? - Така се случуваат тие работи. Го сакам речиси од оној момент, кога беа тука кралевите. Го сакам, бидејќи во него го открив она, што ми лежи на срцето. Тој е мечтател, но не како другите, кои само седат и со солзи во очите размислуваат за нешто, што го посакуваат, а не можат да го добијат. Тој мечтае да ја ослободи татковината и ќе го стори тоа, бидејќи е предодреден од судбината за такво дело; дури ни во романите не се наоѓаат често такви луѓе – затоа го сакам. А и колку е убав... - Го сакаш! – збесна грофицата – Тој варварин! Ќерката на дон Луис де ла Серда, петтиот гроф и вториот херцог Мединасели, потомок по права линија на Алфонс Први Мудриот, на кого претците на денешните кралеви не можеле ни вода да му носат, толку биле пониско по достоинство и благородство од него, засакала еден скитник, еден варварин, кој дошол од некакви си пусти камењари... Затоа ли толку ти се радувавме, за сега да не фрлиш в очај?... - Госпоѓо грофице, ве молам, замолчете! – рече дуењата, кога виде дека дона Леонора уште повеќе пребледе на тие зборови. - Па сепак го сакам, мајко! – рече девојката – И ако не бидам негова, наскоро ќе ме закопате во црната земја. - Молчи, несреќнице! – викна грофицата и ја дигна раката, како да сакаше да ја удри – Ни најбедниот крпач во Шпанија не би му ја дал ќерка си на еден варварин, па бил тој и кнез. Ах, ако татко ти тоа го слушне, веднаш ќе те прати во манастир, а него ќе го затвори во подземјето на старата кула. Но да се погрижиме да не стигне тоа до него, нешто многу го мачи последните денови, не смееме да му предизвикуваме дополнителни грижи. 91


- Татко й веќе слушна. – рече грофот, кој беше влегол и стоеше до вратата, без никој да го забележи – Можеш ли сега да го повториш она, што й го рече на мајка ти, ќерко? - Мојот благороден татко! – рече девојката – Дотолку подобро, барем и двајцата ќе слушнете. Така е, ќе бидам негова, само тој да ме посака. И не само тоа, туку и ќе заминам со него. - Ќе заминеш? Каде? - Во неговата татковина, во Балканот. - Кај Турците! – извика грофицата и во очај се фати за главата. - Надвор! – викна грофот – Надвор, бесрамнице! Затоа ли се роди, за да ми го валкаш името? Тој ја фати за раката како навистина да сакаше да ја исфрли надвор. Дуењата и грофицата спискаа. Тоа го натера да ја пушти. Потоа самиот како без глава излета надвор. Наредните денови грофот смекна. Го потиснуваше својот бес бидејќи се исплаши за здравјето на ќерка си. Дури беше љубезен и внимателен и не го ни спомна инцидентот. Но знаеше дека ќерка му, која, патем, исто така оставаше впечаток дека избрзала и дека пак станала покорна и паметна ќерка на своите родители, има чуден и тврд карактер и дека нема лесно да отстапи од она што го намислила, па вака си мислеше: „Уште астрологот оној ден ми рече, дека треба да се пазам од својот паж. Го сакам Алонсо бидејќи е добар војник и знае да прави чуда со мечот како ретко кој друг во Шпанија, но не смеам да дозволам да ја одвлече ќерка ми во оној негов пуст Балкан! Да му ја дадам нему ќерка ми за жена! О, небо! Овој момент решив: ќе се осватам со баронот Салуст де Басан. Тој, освен што ми е школски другар е и човек од највисоките општествени редови во Шпанија кој ги ужива сите благороднички почести, рицар на кнежевскиот орден на Златното руно, а е близок и со неговото преосвештенство кардиналот. А тој може да ми помогне и за она, што мислам да го сторам. Уште вечерва ќе му напишам писмо и ќе му го пратам во Кордоба по мојот паж, кој, патем, може да настрада во некоја уличка или зад некој ѕид – Кордоба е голем и жив град, а во таквите градови сè може да се случи. Ете така, убаво го смислив тоа“. Помисли малку, па нареди да му ги доведат Мануел Ариас и Гуритан Суарес. Со нив одјава на ритчето на крајот од шумата од каде се простираше оној прекрасен поглед што веќе го опишавме во една од изминатите глави и им рече: - Се сеќавате ли на денот кога бевме на ова исто место? 92


- Да – рече несудениот поет – Јас тој ден бев толку инспириран од глетката, што дури и стихови смислив – но веќе ги заборавив. - Тогаш ве прашав дали ќе ми останете верни до крај и вие потврдно ми одговоривте. - Ние и сега тоа го велиме и никогаш нема да отстапиме од реченото. – рече Гуритан Суарес и овие двајца го погледнаа во очекување, бидејќи се досетија, дека ќе побара нешто од нив. - Тогаш сакам да го убиете мојот прв паж Алонсо де Охеда, бидејќи имам сознание, дека од него ќе ме снајде лошо. Наскоро тој ќе ја придружува ќерка ми на патот кон Кордоба; одете и вие по него, па во Кордоба изберете згоден момент, поставете му заседа и убијте го. Тоа го барам од вас. Што велите? На овие двајца мажи тешко им паднаа зборовите што ги слушнаа, па ги наведнаа главите и долго молчеа, премислувајќи. Потоа поетот рече: - Сигурно имаш прочина што ја сакаш смртта на Алонсо де Охеда, господару. Тоа си е твоја работа. Ти сакаш да го убиеме и ние сме должни да те послушаме. Но нема да го убиеме предавнички, скриени зад некој ѕид, туку отворено ќе го предизвикаме на двобој, па Господ бог нека реши, кому ќе му припадне победата. Не лути ни се господару, но само така ќе направиме, бидејќи тој е одважен рицар и го заслужува тоа. Сега дојде ред на грофот да ја наведне главата. - Вистината ја рековте, јуначни мои пријатели. Овој момент вие испаднавте поголеми јунаци од мене, а јас го посрамотив името на моите кралски претци. Нека биде како што сакате. Јас тоа го реков, бидејќи стравував за вас, тој е еден од најдобрите борци во Шпанија, но чесно и рицарски е, да биде така, како што велите. Ако ја свршите работата уште на патот, знајте, дека со него има едно писмо, кое во секој случај треба да му биде однесено на рака на баронот Салуст де Басан – земете го и однесете го. А кога си одеа, на грофот му беше толку мачно, што едвај ги сопираше солзите, а можеби и ќе ги пуштеше да потечат, ако беше сам. Помина низ спуштениот мост на замокот и дури тогаш звукот на трубата и ѕвечењето на оружјето што означуваше смена стражарите на бедемите, го натера да дојде на себе. Кога влезе во својата соба, се стемнуваше. Му нареди на камериерот да го запали големиот свеќник на ѕидот и оној на масата и да му го донесе златниот екритоар 159 и неколку листови хартија за пишување, па кога овој сето тоа го стори, го отпушти и се зафати да пишува писмо. 93


13 Какви тајни крие ова писмо мало? Стара песна Напиша: „Во името на нашиот бог Исус Христос! Почитуван бароне де Басан! Прекрасен мој другару од незаборавната и неповторлива младост, брату мој...“ По цели две страници исполнети со љубезности и слатки сеќавања, грофот помина на вториот дел од писмото, во кое ја повторуваше – тие веќе зборувале за тоа – својата желба прекрасното пријателство, ако дадат бог и Богородица, да го крунисаат со сватовство, така што двете семејства за вечни времиња да бидат врзани во името Господово... Најпосле се префрли на самата суштина: „Туку ние двајцата, за време на студентските години, понекогаш разговаравме и за неправдата, што на нашиот род ја нанеле претците на нејзиното височество кралицата Изабела Кастилска, Трастмарите, узурпаторите, кои незаконски и неправедно, против сите божји и човечки закони ни ја грабнале круната и си ја присвоиле, а нас не иставиле од сцената на историјата – се сеќаваш ли? На местото на миропомазаните дошле немиропомазаните, на местото на законски родените – копилињата. Такви неправди имало и ќе има, но Господ гледа од своите височини – и казнува. Понекогаш казната е брза, молскавична, а понекогаш е бавна, треба да поминат генерации, векови, но сеедно, таа стигнува. Мене ми се падна да ја исправам неправдата и јас ќе го сторам тоа, ќе му ја вратам круната на нашиот род. Ѕвездите ми се наклонети, хороскопот кажал, дека можам да дејствувам. Ме поддржуваш ли сега, кога се решив, како што ме поддржуваше за сè друго и досега, мој брату и иден свату? Ако ми помогнеш ќе владееме заедно. Биди со мене. Слушај ме добро! Нема да пролеваме кралска крв. Во шумата, во која ќе се одржи кралскиот лов кога јас ќе дојдам во Кордоба има куќички за чуварите. Намами ги Фердинанд и Изабела во една од нив, тебе тоа нема да ти биде тешко, ти си заповедник на кралската гарда; таму ќе ги натераме да абдицираат во моја полза, а тие тоа ќе го сторат, ако им е мил животот. Така решив! Слушај ме добро! Јас...“ Овде грофот запре со пишувањето, се замисли; па го остави перото во мастилницата и се расшета по собата. Кога поминуваше покрај свеќникот 94


на ѕидот прекриен со тапети, се одразуваше неговиот убав римски профил, високото чело, одметнатата назад коса. „Боже, - си помисли - јас се решив да го направам тоа. Но зошто не се чувствувам кралски, туку како некој, кој го загубил својот пат, па си вели: „Ајде сега напред, па нека биде тоа, што ќе биде“. „Смртна судбина имам, а сакам подарок бесмртен“ - овој стих од Овидиј ми падна ма ум и оној ден во шумата... Свети Хуберте, свети Јулијане, свети Мартине, света Розалио и вие, други светци кои ме слушате, молете се за мене грешниот! Но грешно ли е тоа, што го правам? Зошто е грешно? Слушам шепот на стари гласови, кои ми велат да ја исправам неправдата. Не е прав човек оној, кој не го почитува споменот за своите мртовци. Но јас и поради себе, не само поради претците го правам тоа – тоа ме плаши. А зошто ме плаши? Јас сакам да се издигнам. Човекот кој никогаш не се обидел да биде сличен на боговите, е помалку отколку човек. Мене сега совеста ме мачи, но кога сè ќе биде готово, ќе речат за мене дека сум велик човек кој ја постигнал својата цел и кој ја добил власта со увереност и горда сила која е свесна за своето право на власт. Ах! Да бидеш велик, кој се однесува со судбината цезарски, како со еднаков на себе, да бидеш Алфонс Втори Велики! Кога тоа ќе се случи, на сите мои душевни борби, противречности и нескладности ќе им дојде крајот и ќе настапи хармонија. Јас решив!“ Седна, го зеде перото, ја истресе во мастилницата капката мастило која се слеваше, но пак го остави и пак стана. „Да се исправи неправдата која се случила пред два века? Всушност тоа е само оправдување, за да се залаже совеста. А сè е само амбиција и страст, тоа е вистината! Безумна желба! Неумерна амбиција, која ме спречува да се помирам со она, што го имам, страст, која остава трага во душата, која се вовлекува во животот, која загосподарува и цврсто стега. Страст да ја почувствувам на својата глава тешката круна опсипана со дијаманти! Страст мрачна и моќна, која доведува до безумие, која донесува метежи и несигурни наслади, а за тоа го зема спокојството, совеста, можеби и животот, можеби и честа! Ах, големите страсти се страшни болести без надеж. Јас сум готов да предизвикам страдања, да пролеам туѓа крв, па и својата, да предизвикам и граѓанска војна – има ли оправдување за тоа? Ах, проклета круно, сето тоа е поради тебе! Да бидам крал! Да бидам височество! Алфонс Втори Велики!“ Надвор заврна и загрме. Oвој мачител на самиот себе, овој аутонтиморуменос излезе на терасата и zastana на дождот да си го олади челото, кое од тешката душевна борба беше вжештено до прснување. 95


За тоа време, бидејќи вратата на собата кон ходникот беше останала подотворена, се создаде провев, па писмото одлета во ходникот и падна точно пред нозете на еден човек, кој во тој момент поминуваше, или пак се беше притаил пред собата на грофот. Тој човек го зеде писмото, го принесе кон светлината на свеќникот на ѕидот, бргу прелета со очите по испишаните редови и пак го остави точно на она место на земјата, од каде што го беше дигнал. Потоа се оддалечи тивко како некоја сенка, или пак се притаи во некој агол. Грофот долго стоеше на терасата. Кога се врати во собата беше целиот мокор, бидејќи дождот се беше претворил во вистинска бура. Писмото го немаше на масата – каде ли е? Се сети дека се створил провев и дека негде летнало. Почна да го бара. Во собата го немаше. Излезе во ходникот и таму го најде. Го зеде, седна на масата, си ги истри мокрите раце од покривката, допиша уште неколку реченици, се потпиша одоздола, па го свитка писмото и го запечати. Потоа му рече на камериерот кој беше во соседната соба да му го доведе неговиот прв паж. - Алонсо... – му рече, кога овој дојде и го изгледа од глава до пети. - Ве слушам, господару. - Алонсо, идната седмица ти и братучед ти Педро ќе тргнете со ќерка ми и нејзината дуења кон Кордоба, каде е сместен кралскиот двор. - Ќе тргнеме, господару, го знам тоа. - По патиштата веќе нема разбојници, но ти ќе бидеш на штрек. Ќе пуштам уште луѓе. Попат, и на Маврот ќе му речам да дојде со вас, нека им се врати на своите господари. - Не грижете се, господару, ви давам збор, дека ќерка ви ќе пристигне безбедно во Кордоба. - Добро. Знам дека така ќе биде. Имам доверба во тебе, ти си храбар и верен, fidelis et fortis. А сега земи го ова писмо. Токму тебе ти го давам, бидејќи во тебе имам најмногу доверба. Ќе го однесеш во Кордоба. Како што ми гарантираш за ќерка ми, така сакам да ми гарантираш и за него. - Се разбира, господару. Секогаш ќе го носам со себе. На кого во Кордоба треба да му го дадам? - На баронот Салуст де Басан, кој од пред некое време е командант на кралската гарда. - Го знам баронот де Басан. Неколку пати го видов кога беше опсадата на Малага. Голем борец е. - Но ни приближно не како тебе. Ќе го најдеш и ќе му го дадеш писмото. 96


- Разбрано, господару. - Но, тајно. За писмото не треба да се знае. - Нема да се дознае, господару. - Слушна ли? Никој не треба да знае за писмото. - Разбрано, господару, никој нема да знае. - Добро. Сега ајде да се поздравиме, мој пажу. Ти си вистински јунак. Какви само подвизи стори кај Малага! Уште ли живееш со идејата да ја ослободиш својата татковина? Ако дочекам внуци, ќе им раскажувам за тебе. И тие се прегрнаа. - Зошто сега се збогувате со мене, господар? Па ние пак ќе се видиме во меѓувреме. - Но можеби нема да бидеме сами како сега. Збогувањето насамо не е исто, што и збогувањето пред луѓе. Ајде сега, оди. Алонсо тргна. - Алонсо! – викна по него грофот. - Што е, господару? Грофот стоеше како камена статуа. Лицето му беше такво, како да се чувствуваше виновен. Можеби мислеше, дека за последен пат го гледа својот верен паж. Ја отвори устата за да каже нешто, но се предомисли, одмавна со раката. - Ништо, ништо, оди. Ти благодарам за твојата служба, за сè што стори за мене. Ајде, оди. „Некако ми се виде чуден господарот вечерва“ – си помисли Алонсо, слегувајќи по степениците. ~~~ А истата таа ноќ, но беше многу доцна, „во никое време“, како што се вели кога се сака да се означат оние два или три часа пред да се зазори, Франциско се враќаше од кај Маврот, откако претходно й беше направил една мала посета и на дуењата. Токму го минуваше дворниот простор од едното крило на дворецот каде што живееја дуењата и Маврот, до другото крило каде што живееше тој, кога слушна гласови: двајца мажи му идеа во пресрет. Беше ноќ без месечина, но му го препозна гласот на својот сват Рикардо. – „Да му се сневиди! – помисли – Ако мојот сват ме види, ќе знае дека сум бил и кај Маврот и кај дуењата, бидејќи, освен што смрдам на канарско вино, смрдам исто така и на онаа оддалеку препознатлива пудра со 97


која таа глупава кокошка си премачкува некои делови од телото, па ќе може со полно право да ја искористи дозволата, која лично јас ја потпишав и да ме плукне среде лице“. Се вовлече зад еден ѕид и почека овие двајца да одминат; а бидејќи тие продолжија да разговараат, го слушна следното: - Пријателе мој Алонсо, - велеше Рикардо – се радуваш ли што ќе одиш кај нејзиното височество во Кордоба? Се разбира дека се радуваш, тоа ќе ти биде шанса да напредуваш во кариерата: не е исто да служиш кај гроф, или кај крал. А може и да си останеш таму, ако решат да те задржат. - И се радувам, и не се радувам што ќе одам. - Како тоа? Кажи ми прво зошто се радуваш. - Најмногу затоа, што таму ќе можам да го отворам прашањето за ослободувањето на мојата татковина, како што тоа им го ветив на моите сонародници Иван Беров и Стојан Пинелов – рече Охриѓанецот – Камо среќа да ме пратат да војувам на границата, бидејќи ако даде Господ ќе се истакнам и тогаш полесно ќе ја задоволат мојата молба. - Логично размислување, макар што не мора да значи, дека така и ќе биде. А што е тоа, поради што не сакаш да одиш? - Ех, пријателе мој, се сеќаваш ли како една квечерина шетајќи се слушнавме песна од еден подотворен прозорец? Таа песна и тој глас толку ми легнаа на срце, што веднаш се зареков да ја најдам девојката која пееше, па да паднам пред нејзините нозе и да ја сторам господарка на своето срце. Но сега тоа нема да се случи, барем не за извесно време, бидејќи таа ќе си остане овде, а јас ќе бидам далеку одовде. - А кој знае, можеби и ќе се случи? – рече Рикардо и загонетно се насмевна – Мудрецот рекол: „Може би“. - Како тоа? - А што знам јас? Јас го велам само тоа, дека Господ е милостив и секогаш треба да се надеваме на неговите дарови. - Слушај, пријателе! – извика Охриѓанецот – Ако такво нешто се случи, ти давам чесен збор, дека ќе ти ги подарам сите замоци што ќе ги освојам на границата! - Хм! – направи Франциско, кога двајцата одминаа – Балканска работа. Што луѓе се тие балкански Словени, ѓавол да ги земе? Ама, сè ми се чини, дека и на сватот му недостасува некоја жичка во главата, ако се прави толку паметен. Потоа излезе од своето засолниште и лесно занесувајќи се, се упати кон својата соба. 98


14 Одиме! Патот наш води низ клисури и шуми Каде весело срнче скока покрај плашливата мајка, Каде што широкиот даб со густи гранки Не го пушта сончевиот зрак на зелениот килим – Станувајте и напред! – зашто убави се овие врвици Кога се газат додека сонцето е на својот трон; Помалку пријатни и помалку безбедни се кога лампата на Синтија Со сомнителна светлина ја осветлува темната шума. Етриска шума Дојде денот, кога требаше да се тргне на далечен пат. Беше 15 ноември. На два часа пред изгревот на сонцето Алонсо навлече цврст оклоп со штитници за бедрата и за рацете, па стави на главата железен шлем. Преку тоа стави убава наметка од кожа од дивокоза, прекрасно украсена и опшиена со вез, како што тоа му доликува на рицар, кој е во служба на голем господар. Потоа со својот братучед Педро, кој беше облечен исто како него, само без оние украси на наметката слезе во дворот. На закажаното место веќе стоеја коњите и луѓето одредени да бидат во придружбата. Овие водеа две товарни мазги веќе натоварени со потребниот багаж и држеа два парадни коња за дона Леонора и нејзината дуења и два бојни коња за него и за Педро, чии што седла, оклопени со челични плочки, блескаа на бледата месечина. Војниците од придружбата – беа четворица заедно со водачот на патот – седеа мирно во своите седла, како да беа скаменети. Сите беа добро вооружени и држеа долги копја, дигнати со врвот нагоре. Среде ноќната тишина кратко оддекна труба и се слушна лупање на оружјето – тоа стражарите се сменуваа на бедемот. Тогаш дојдоа и дона Леонора и дуењата, придружени од грофот и грофицата. На светлината на обесените по ѕидот факели можеше да се види како грофицата ги триеше солзите, а грофот долго нешто тивко й шепотеше на ќерка си и крадешком погледнуваше кон Алонсо, кој пак, од своја страна тажно гледаше кон прозорецот од кој во она зајдисонце се слушна песната и 99


мислено се збогуваше со онаа, што, без да ја познава, ја нарекуваше господарка на своето срце. Потоа грофот им помогна на жените да се качат на своите коњи и тргнаа. Тој и грофицата дојдоа до дабот среде полето, ја благословија својата ќерка, ја прекрстија и се вратија, а малата група продолжи. Прво одеше водачот на патот, по него Алонсо и Педро, па двете дами и на крајот тројцата војници од придружбата. Патот долго водеше низ шумата. Беше темно како во рог, бидејќи месечината беше сокриена зад облаци, а во шумата и онака секогаш владееше полутемнина, но водачот добро го познаваше местото, па по два часа излегоа на чистина. Тогаш небото почна да бледнее и по него прелетуваа птици, кои го наговестуваа новиот ден. Беше полна тишина, нереметена од никаков шум. Волшебна црвена светлина, толку црвена, што просто не можеше да се гледа, ги осветли врвовите на далечните планини на исток. Сè мирисаше на едно рано, прекрасно утро. И одеднаш се покажа сонцето, откај врвовите бликна поток од заслепувачки зраци. Се откри целиот предел, како слика од која ќе се тргне платното, што ја криело. Пред патниците се простираше долината, начичкана со селца, колиби и осамени црквички, потоа започнуваа планините. На север се гледаа бедемите на градот Агулар со влезните кули, со запчестите ѕидишта, а среде нив се издигаше голема црква уште од времето на Готите. Сонцето се издигаше високо, сè беше толку светло, живо и заносно, како во бајка и на човек не можеше да не му биде убаво и радосно на душата. - Убаво место, нели, бате Драги? – рече Педро, кој беше склон кон мечтаење. Всушност тој беше многу среќен, бидејќи си мислеше дека барем на ова патување кое требаше да трае дваесетина дена ќе биде постојано со својот братучед, нешто, што за овие девет години откако дојдоа во оваа земја не се случуваше многу често. Војната, имено, различните обврски што ги имаа независно еден од друг, новите пријателства што ги склучуваше Алонсо, како она со Рикардо и разните други врски – сето тоа го разделуваше од него. Најмногу од сè Педро сакаше да го има својот братучед само за себе, како што беше во детските години. Но сега работите беа поинакви; животот си го правеше своето и тој речиси до болка страдаше. - Да, - одговори Алонсо, кој пак сè уште мислеше на таинствениот прозорец од вториот кат на дворецот – Убава е Кастилија. - Убавите места будат спомени – рече пак сензибилниот Педро – Ги гледам оние планини на исток и си мислам, дека зад нив, но многу, многу далеку, преку земји и мориња, е нашиот Охрид, кого веќе можеби никогаш 100


нема да го видиме. Се сетив на оној ден, кога со тебе седевме на брегот на езерото, а ти пушташе книжни бротчиња во водата. Отспротива се гледаше Свети Стефан, а галеби летаа над нас и силно пискаа. Дојдоа Иван Беров и Стојан Пинелов и ги згазија бротчињата. Потоа дојде дедо Ѓорѓи и не одведе дома. Се сеќаваш ли на тоа, бате Драги? Набргу потоа го напуштивме Охрид. - Не, не се сеќавам токму на тој ден, многу години изминаа одтогаш. Но ние пак ќе го видиме Охрид, не грижи се, Петре. Нели војска ќе водиме таму, нели работиме на тоа, да ја ослободиме земјата? - Ех, кој може тоа да го знае? За тие работи, како и за сè друго решава Господ. Ние сакаме – дај боже, така да биде. А јас, бате Драги, се сеќавам на многу моменти со тебе во Охрид. Се сеќавам, како им ги земавме јајцата на птиците од гнездата, како палевме стрништа, па потоа бегавме бидејќи ветрот го тераше огинот кон нас. Ах, тие спомени за мене се позначајни од сите силни битки и сите други доживувања, од сите почести што ги добивме овде; станавме силни рицари, со оклоп на градите и шлем на главата, со меч во едната и штит во другата рака, качени на големи и силни бојни коњи, небаре сме некакви кнезови, сè е онака како што ти замислуваше, а сепак мене ми беше поубаво на душата кога одев со дрипави панталончиња и свински опинчиња. А еден ден отидовме да крадеме јаболки од црковниот двор; тогаш попот не наклевети дома, па убаво и двајцата не истепаа; но ние продолживме да крадеме. Убаво беше тогаш... Прекрасно се сеќавам и на денот, кога овчарот на Галичица ни ја даде иконата со Света Богородица – ми ја подари мене, а јас потоа тебе ти ја дадов. - На сето тоа ли се сеќаваш? Да, ти отсекогаш беше таков, чувствителен, романтичен... Тоа е убаво, и јас понекогаш се потсетувам. Но повеќе сум завртен кон иднината. Животот е овде и тој си го бара своето, мој Петре. А иконата, како што знаеш, е секогаш со мене, еве ја. - Јас не мислам многу на иднината. Ако речеш да одиме во Охрид – ќе одиме; ако речеш да се бориме – ќе се бориме; ако ја ослободиме земјата – и јас ќе се радувам. Но си останав истиот и најмногу од сè посакувам да сум со тебе – тогаш ми е најубаво. Но сè ќе се најде нешто, што ќе те оддалечи од мене... и јас страдам... - Не зборувај така, Петре, ќе дојдат и подобри времиња за нас двајцата. – рече Алонсо; не знаеше што друго да каже. - Нема да дојдат подобри времиња за нас двајцата, бате Драги. – рече Петар, а овие зборови му се откорнаа од срцето како карпи кои се откинале и од високо паднале во морето – Никогаш ние нема да бидеме како тогаш, кога 101


бевме деца. Ти никогаш не се заситуваш од она, што го имаш и бараш нешто ново. Извини, што ќе ти го речам тоа, но ти си многу непостојан, се премислуваш. Ти ми го заврте грбот уште истата година, кога дојдовме во Кастилија. Ако, животот си е твој и ќе си го тераш како што сакаш. Но еден ден, верувај ми, ти ќе й го завртиш грбот и на идејата за ослободување на татковината, а ако ја најдеш господарката на своето срце, за која ми зборуваше, еден ден и нејзе ќе й го завртиш грбот. Таков си ти. На Алонсо не му се допадна тој разговор; му дојде на ум, дека можеби и има некаква вистина во зборовите на неговиот братучед, па со олеснување одјава кон дуењата, штом ја слушна како го вика. - Чесен рицару – рече дуењата, погледнувајќи ја под око својата господарка – Вистинско задоволство е да се патува по ваков прекрасен ден, но додека стигнеме до Кордоба ќе треба да поминат многу денови. Мислите ли, дека среќно ќе дојдеме до целта? - Од пред некое време патиштата станаа сигурни, госпоѓо. – рече Алонсо, откако претходно длабоко се поклони – Освен тоа јас ви се колнам во коските на моите претци, дека, заедно со луѓето што се со мене ќе направам сè патувањето да заврши среќно; така што, нема причина за стравување. Додека овие двајца така зборуваа, Леонора ја вртеше главата настрана, правејќи се дека ја интересира пределот, но се забележуваше нејзината огромна збунетост, од што можеше да се заклучи, дека лекомислената и своеглава дуења го повикала рицарот без нејзина согласност. Алонсо неколку пати крадешком ја погледна и многу го зачуди руменилото на нејзиното лице, но, се разбира, не се осмели да ја запраша за причината на таквата појава. Си помисли, дека ќерката на неговиот господар боледувала од нешто во скоро време, или дека си има некаква вродена мана од која произлегуваат нејзината збунетост и руменилото на нејзиното лице. А несреќната девојка, меѓутоа сè повеќе се вцрвуваше и сè повеќе ја вртеше главата настрана. Во тој момент таа најмногу би сакала да одгалопра негде со својот коњ, или уште подобро в земја да пропадне. Но ниту одгалопира, ниру в земја пропадна, туку, на сè поголемо изненадување на Алонсо и на сè поголема загриженост на дуењата, која најпосле виде, дека погрешила викнувајќи го на своја рака рицарот, уште повеќе се збунуваше и со нозете го притискаше стомакот на својот коњ, така што овој почна силно да потскокнува и да се врти во место. Кутрата девојка веќе не знаеше што да прави со себе и сигурно најпосле ќе й припаднеше, ако во тој момент не се случеше нешто, што го одвлече вниманието на друга страна. 102


Од зад нив се слушнаа викови и се зададоа тројца коњаници. Алонсо им се извини на дамите што ги напушта без нивна дозвола, па одјава кај тројцата војници од придружбата и им нареди да бидат спремни за борба, бидејќи си помисли, колку и да беше мала таквата веројатност, дека тоа се можеби остатоци од некоја разбојничка банда, која некогаш оперирала по овие патишта. Но се покажа, дека нема место за загриженост. Тоа не беа вооружени коњаници, туку обични граѓани, кои бесно ги збоднуваат своите ситни, слабички коњчиња. – „Чекајте! Чекајте! Застанете, во името на Господ!“ – викаа тие и постојано мафтаа со рацете. А кога понаближија и кога облакот прашина што го создаваа се поразнесе, Алонсо виде, дека се тоа Франциско де Марија, Рикардо де Малдонадо и Маврот Илдерим. Во најголема недоумница ги прекрстати рацете на градите и почека овие да дојаваат до него. Му беше пријатно пак да го види Рикардо со кого се беше зближил во замокот, но за Франциско и за Маврот немаше некакво одредено мислење и не знаеше како ќе влијае нивното присуство на преубавата ќерка на господарот, чие што чудно однесување укажуваше, така си мислеше тој, дека со неа не е сè во најдобар ред. Та кога тројцата прашливи, испотени и изнурени од постојаното мафтање со рацете и збоднување на коњите јавачи пристигнаа, намуртено ги дочека, очекувајќи да слушне што бараат овде. Еве што дозна: Дознавајќи дека се спрема група која ќе оди во кралскиот двор во Кордоба, Маврот побарал дозвола од грофот да појде и тој бидејќи сакал да им се врати на своите господари, а овој од сè срце тоа му го дозволил – му била мачна помислата, дека во неговиот дворец живее неверник. Но, историјата се повторила. Тој и Франциско синоќа испразниле по неколку големи пехари полни со она слатко црвено канарско вино и се успале, а групата заминала. Кога Маврот се разбудил, сепак решил да тргне и да ги стигне патниците. Тогаш и Франциско посакал да појде со него: што ќе прави во замокот без својот другар по чашка и без двете женички од кои едната му е мевлем за телото, а другата мевлем за душата? Додека овие двајца се спремале како некои фурии, наминал однекаде и Рикардо, па и тој решил да тргне: што ќе прави без својот сват и без својот нов пријател од далечниот Балкан кој толку му легнал на срце? – А побарале ли и двајцата сватови дозвола од грофот да отпатуваат? – О, не, немало потреба, тој и онака почнал накриво да ги погледнува: гост е мил три дена. Алонсо од сè срце ќе се изнасмееше на ова што го слушна, ако мислите не му беа и натаму со убавата ќерка на неговиот господар. Тој сè уште се прашуваше, дали е можно една ваква прелестна девојка, згора на тоа 103


и ќерка на највисок благородник да има толку непријатна мана поради која црвенее во образите и збунето ја врти главата настрана како да се наоѓа под тешко влијание на непреодолива заглупувачка срамежливост. А ако не беше тоа, тогаш што беше причината за таквото нејзино однесување? Сигурно е тоа, маната, заклучи тој и беше готов да ја сожалува. Се случуваат, си мислеше, такви работи: убава девојка, преубава, небаре самовила (всушност тој досега не ја ни беше видел убаво, освен во дел од секундата на несреќната вечера кога беа кралевите, но не можеше да не ја насети нејзината извонредна убавина) и од висок род, но ете, Господ поради нешто ја казнил. Можеби страда поради гревовите на некој свој далечен предок? Мислејќи на тоа нему дури и солза му капна од окото, бидејќи освен што беше силен и храбар до лудило, беше исто така и чувствителен кога беа во прашање дамите, со еден збор совршен рицар, сличен на рицарите Бајар и Масариљо од Тормес 160 или на прочуените паладини на божествениот Сид 161 , на сите оние рицари опеани во мадригалите, кои не можеле да останат рамнодушни на несреќата на убавите дами. Сепак, откако продолжија напред по краткиот одмор кој беше даден за да земат здив од бесниот трк коњите на тројцата дојденци, неговите мисли се вратија таму, каде што беа пред сето тоа да се случи, а имено на прозорецот од вториот кат на дворецот Осма низ кој излета она волшебно: „Ах, да имам крилја...“ Така изминуваше овој прв ден од патувањето. Се ближеше зајдисонце и тој тивко си ја потпевнуваше песничката – а беше запаметил секој збор од неа – и се прашуваше дали пресветата Богородица ќе му овозможи некогаш да ја сретне непознатата господарка на неговото срце. Дури ја беше извадил од џебот иконата со ликот на Богородица и ја бакнуваше молејќи се тоа да се случи, кога едниот од тројцата војници кои одеа на крајот од групичката викна, дека зад нив има двајца јавачи. Алонсо застана и се загледа наназад. Овие коњаници, меѓутоа не трчаа спобудалено како првите тројца пред нив и не беа облечени како прости граѓани, туку на себе имаа тешки челични оклопи кои силно светеа на сонцето, во рацете држеа долги копја и јаваа на големи бојни коњи, на чии што грбови исто така светкаа челични плочки. Одеа на растојание од два стреломета. Ниту се приближуваа, ниту заостануваа, ниту пак даваа некакви знаци на оние пред себе, туку, кога овие ќе застанеа застануваа и тие, кога ќе продолжеа продолжуваа и тие. Алонсо долго ги гледаше правејќи си со раката штит над очите. Сакаше да види дали кај овие луѓе има нешто сомнително, но потоа одмавна со раката – патот е за сите, нели? – и продолжи напред не мислејќи веќе на нив. 104


Водачот на патот рече, дека за еден час ќе дојдат до едно коначиште на патот, во кое ќе можат да преноќуваат. Таа вест ги орасположи изморените патници. Започна жив разговор, пропратен со смеа. Напред одеа Алонсо и Педро, зад нив двете дами заобиколени од Франциско и Рикардо, кој, барем така му се пристори на Алонсо кога еднаш или два пати се заврте назад, й даваше со раце и со глава некакви знаци на Леонора; по нив одеше Маврот загрнат со својот широк зелен кафтан, а на дваесетина чекори зад овој јаваа војниците, кои за целото време ниту ги спуштија долгите копја, ниту пак нешто зборнаа меѓу себе. Кога пак го виде покрај себе својот братучед, Педро го продолжи разговорот таму, каде што го беше прекинала дуењата, но на Алонсо мислите сè уште му беа со таинствениот прозорец, така што слабо одеше. Затоа пак Франциско, кого изгледа сè уште го држеше синоќешното слатко канарско вино, беше во својот елемент. Тој й раскажуваше на дуењата некакви скокотливи истории, а оваа беше заборавила на сè околу себе, дури и на својата господарка и сосема му се беше препуштила на својот љубовник, просто превиткувајќи се од смеа. За тоа време и дона Леонора и Рикардо разговараа, односно прво таа нешто долго му кажуваше, а тој слушаше, потоа тој й зборуваше а таа слушаше, но тоа го правеа мошне тивко, така што никој не можеше да разбере за што станува збор. Франциско раскажуваше за најголемите желби во својот живот: - Што да се прави: жените и виното отсекогаш беа во основата на мојот живот. Уште кога сум се родил, мојата негователка место млеко по грешка ми дала вино и мене таа течност многу ми се допаднала. Не многу потоа ми се отвори желбата за прегрнување, но бидејќи на шест години сè уште не можев да прегрнувам жена, одев на средба... со кого мислите? Со една млада липа на крајот од нашата градина. Го прегрнував нејзиното тенко и стројно стебло и моето срце примираше така, како навистина да гушкам жена. А на дванаесет години веќе ја прегрнував слугинката на татко ми , која беше уште три пати по толку години постара од мене. Но, сето тоа најпосле се празни работи. Едно вечно трчање од еден пехар до друг, од едно женско здолниште до друго. – „Histrio! Muma!“ 162 – така би ме нарекле старите Римјани и би продолжиле: „Devorator, ruffianus, ebriosus, ambro, et gluto 163, бр – р – р, што сè би изнакажале, се радувам што не преживеал ниту еден од нив. Треба да се зафатиме со нешто повозвишено, тоа е јасно. Ах, дај боже што поскоро да се тргне на Гранада, па гордо да застанам под знамето на мојот голем тетин, благородниот гроф Мединасели; тогаш нема да го помирисам ниту виното, ниту жените, а кога тоа ќе се случи и тие би 105


погледнале со друго око на мене, старите Римјани, де. Слушај Илдериме, прекрасен пријателу мој, треба да помислиме и на тоа да се поправиме. - Зарем? – се одзва Маврот кој јаваше по него и изгледаше како да спие на седлото. - Да, бога ми, треба да се поправиме. Ќе поживееме така уште триесетина години, а потоа ќе помислиме и на себе. Но ако јас тргнам против Маврите во Гранада, ти против кого ќе тргнеш, против христијаните ли, а, неверно куче? Не мислиш ли дека ќе те касне змивчето, па кога ќе започне последната пресметка ќе им се придружиш на своите? Хе – хе колку би било смешно да се сретнеме еден против друг на бојното поле – а ќе се сретнеме, јас оддалеку ќе го намирисам канарското вино кое ќе се испарува од тебе. - Жими брадата на Пророкот, Илдерим никогаш нема да ги изневери ниту својот народ, ниту своите сегашни господари. А ти не наречувај ме неверно куче, лекоумен христијануну, ако не сакаш да го почувствуваш на својата кожа сечилото на мојата димискија. Франциско ги затвори очите, како да си ја претставува сабјата – димискија во рацете на Маврот, но изгледа сликата не му се допадна, па се намурти, одмавна со раката и рече: - Како што реков, со мојот пријател Илдерим ќе си го поправиме животот, но тоа ќе се случи по некои триесетина години. А дотогаш покрај другото јас ќе се позанимавам и со ова суштество, со оваа дуења овде, макар што со тоа ризикувам мојот сват – моралист да ме плукне среде лице. Колку сте убава, драга моја! Може ли да се види нешто попрекрасно? Завртете се, само малку, ве молам. Ох, колку убав струк! Дигнете ја само малку главата, ве молам. Ах, како е слатко ова лице! Отворете ги очите сосема. Ох, како се убави. Ви се молам, само да ги ѕирнам вашите заби. Ах, како се бели, а како се примамливи овие усни. Жими Господ, јас сум восхитен, во својот живот никогаш не сум видел нешто поубаво. Дуењата почна да се врти на коњот истакнувајќи го својот струк, да ги шири очите, да се озабува и да ги набабрува усните за да покаже колку сè на неа е прелестно. Но почна да се стемнува и, како што рече водачот, веќе стигнаа до конакот. Убаво вечераа од оние сушени бутчиња кои беа честа појава на богатите трпези, од оние колачиња прелиени со мед и од оние мали бели лепчиња, кои се толку меки и вкусни, што просто се топат кога ќе ги ставиш в уста; потоа сите си отидоа во своите соби, за да се одморат. Алонсо посака да излезе малку надвор бидејќи не му се спиеше, освен тоа му се чинеше, 106


дека на месечина полесно ќе му се даде прилика да си го претстави лицето на непознатата господарка на своето срце. Во темнината на ходникот на него налета едно полуголо женско тело, тоа беше дуењата, која излегуваше од собата на Франциско и која во брзаницата не беше успеала да го навлече својот фустан како што треба. Таа лесно врисна, но кога го позна Алонсо врисокот го замени со блажена воздишка и, сè уште топла и растреперена од милувките и прегратките на убавиот Франциско, го пушти фустанот сосема да падне на земјата и нејзиното голо тело блесна во мракот како бела камелија во црна коса. - Убав и јуначен рицару – прошепоти таа, соблазнително, слатко насмевнувајќи се – вие тоа на средба со месечината ли одите? Ајде да одиме заедно, месечината е убава кога се гледа во двојка; или пак, ајде да се вратиме во вашата соба, таму ќе запознаеме поинтересни светови од светот на месечината која само свети и молчи. Дуењата беше убава жена и Алонсо можеби и немаше против да отиде со неа за еден час tunc Venus in silvis jungebat corpora amantum 164. Тој веќе имаше искуство со таквите убавки и лесноумни собарки, слугинки, готвачки и дуењи, а понекогаш и со самите нивни господарки, додека беше кај стариот Бугарин, а потоа и по крчмите и коначиштата покрај патиштата по кои минуваше со полковите на грофот Мединасели и тие искуства и не беа лоши, а напротив. Но дури и споменот за непознатата господарка на неговото срце му беше подраг од оваа блудна гола жена која му се нудеше – и тој ја испружи раката за да ја истави од себе и да продолжи по својот пат. - Ако ме земете со себе ноќва, ќе ви раскажам многу интересни работи за мојата господарка и тие ќе ве заинтересираат, ве убедувам, храбар рицару! – викна по него распалената жена, мислејќи притоа на љубовта, што дона Леонора ја чувствуваше кон него. Алонсо помисли, дека дуењата сака да му каже за „онаа вродена мана“ што ја тера нејзината господарка така да црвенее и да ја врти главата од луѓето. Тој не можеше да ја почувствува својата среќа која така ненадејно му дојде на дофат на раката, па грубо ја оттурна од себе жената и излезе. А оваа, додека го подигаше фустанот од земјата мрачно погледна по него и истиот момент реши да му се одмазди, бидејќи за некои жени нема поголема навреда од таа, кога мажот ќе ја одбие нивната понудена љубов. Утредента групата го продолжи патувањето уште пред изгрејсонце. Времето беше убаво, исто така и расположението на патниците и сè ветуваше, дека и овој ден како и вчерашниот ќе помине како што треба. Но, 107


само што убаво се раздени, а едниот од тројцата војници кои одеа одзади му викна на Алонсо, дека оние двајца коњаници од вчера пак одат по нив. Војниците на Мединасели Мануел Ариас и Гуритан Суарес – читателот веќе сигурно се досети дека тоа се тие – јаваа на иста оддалеченост како и вчера и кога групата застана застанаа и тие. Но, ово пат Алонсо реши да ја истера работата на виделина. Бидејќи се плашеше од некаква клопка, им рече на војниците да бидат на штрек и сам одјава кон двајцата оклопници, кои, кога го видоа како се приближува ги спуштија визирите 165, така што ниту еден дел од нивните лица не остана непокриен. Кога дојде на триесетина чекори од нив, тој им викна: - Јас сум Алонсо де Охеда, паж на неговото господство Луис де ла Серда, петтиот гроф и вториот херцог Мединасели и ја придружувам неговата ќерка, која патува во Кордоба на покана на нејзиното височество кралицата. А вие кои сте и зошто одите по нас? - Ние сме тие што сме –одговори Гуритан Суарес – А овде сме, за да те предизвикаме на двобој до смрт, благороден рицару. Затоа, бидејќи сме ние двајца, одбери си еден од твоите луѓе и да го вкрстиме оружјето, па бог нека пресуди на кого ќе му припадне победата. Алосно како да беше слушнал нешто сосема обично и секојдневно, а не повик на двобој, од кој можеби нема да излезе жив, па веднаш одговори без никаква возбуда, дури и без најмала промена во гласот: - Јас имам право да не се борам со вас, ако не ми ги кажете своите имиња и името на господарот под чие знаме служите, а исто така и зошто ме предизвикувате. Но претпоставувам дека сте достојни луѓе, освен тоа рицарот кој нема да ја прифати поканата за двобој, така се вели, ќе залепи болна дамка на својот штит и затоа го прифаќам вашиот предизвик. - Добро. Тогаш, бидејќи ти си предизвиканиот, кажи како сакаш да се бориш: на коњ или пешки, со копје или со бојна секира, со долг или со краток меч, со штит или без него. – рече Гуритан, а неговиот другар Мануел Ариас, кој, како што знаеме, беше помалку и поет, додаде: - Рицару Алонсо де Охеда, вие сте благороден, чесен и смел човек и ако ве победам тоа ќе биде најголемата победа во мојот живот, а и мадригал ќе составам во ваша чест, или барем некоја песничка во која ќе го истакнам вашето јунаштво. А Алонсо на тоа: - Значи вие сте војник – поет? Убаво, но за вас ќе беше подобро ако сте вежбале повеќе со мечот, отколку со перото и ако сте јаделе повеќе биволско, отколку јагнешко или еленско месо 166. А што се однесува до 108


оружјето со кое ќе се бориме – му се обрати на другиот – за тоа ќе реши мојот другар што ќе го одберам. Алонсо се врати кај своите и запраша кој ќе се бори со него против двајцата предизвикувачи. Сите беа присебни. Тројцата војници заедно ги кренаа рацете, но прв пристапи Педро: - Јас ќе дојдам со тебе, не барај друг. – рече. - Добро. Таму имаме еден војник и еден поет, но и двајцата изгледаат цврсти момчиња. Не знам зошто ме предизвикуваат, а и не сакам да знам. Но ти, Петре, имаш подоклици, слабо си спиел ноќеска. Ах, знам: дуењата. Синоќа ја сретнав во ходникот. Излезе од една врата, влезе во друга подоклиците кажуваат, дека тоа била твојата. Еј, немој да црвениш! Но, ајде, за весела Шпанија и за нашата мила татковина – ти се допаѓа ли тоа? - За весела Шпанија и за нашата мила татковина! – повтори Педро и тргна по Алонсо, но застана и додаде: - Чекај, а што ќе биде со ќерката на господарот Мединасели ако загинеме, кој ќе ја отпрати до Кордоба? Разговараше ли со предизвикувачите во врска со тоа исклучително важно прашање? - Не, не ми ни дојде на ум една таква можност. Но зарем мислиш, дека не можеме да излеземе на крај со овие? Не грижи се. Ајде да ја свршиме работата. Двајцата ги зедоа штитовите и долгите копја, ги спуштија визирите, се израмнија и со лесен кас тргнаа кон своите противници. А овие, гледајќи каков вид на битка ги очекува, исто така ги положија своите копја, се израмнија, па и тие тргнаа во името на Таткото и Синот и Светиот дух. Пределот беше рамен и погоден за двобој. Сонцето се беше дигнало и силно светеше. Владееше тишина и ништо не се слушаше освен топотот на четирите тешки коњи, дури и птиците беа замолчеле, како да се беа исплашиле на тој злокобен звук. Но звукот се засили, бидејќи касот се претвори во галоп, а галопот во бесен трк. Тогаш се случи нешто многу необично. Дона Леонора, која одеднаш се досети, дека овие двајца можеби ги пратил татко й за да го убијат нејзиниот сакан – вљубените жени го насетуваат она, што не го знаат, нели? – скокна од својот коњ и со брзина на газела, за која тешко можеше да се претпостави дека е способна, потрча по Алонсо и Педро викајќи: „Застанете! Застанете, во името на Господ!“ Сите викнаа во ужас, а дуењата и самата скокна од коњот и со сета сила се стрча по дона Леонора; лошо падна и го раскрвари лицето, но се дигна и продолжи да трча; на оваа лесноумна и неморална жена сепак не 109


можеше да й се замери ништо, кога беше во прашање безбедноста на нејзината господарка. Моментот беше критичен. Четворицата рицари секој момент требаше да се судрат и ако предизвикувачите излезеа како победници, нивните огромни коњи не ќе можеа да се сопрат веднаш, туку ќе продолжеа бесно да јурат и девојката ќе беше смачкана под нивните копита. Но на нејзиниот глас, кој беше толку силен, што го надјача топотот на копитата, сите четворица со сета сила ги притегнаа уздите и ги тргнаа мамузите од стомаците на коњите. Тоа се случи во последниот момент, бидејќи кога коњите застанаа помеѓу завојуваните страни немаше повеќе од два метра растојание. Смртоносниот судар беше избегнат. Коњите стоеја во место тропајќи со копитата по земјата и силно фркајќи со ноздрите, копјата беа дигнати нагоре. Но неизвесноста сè уште постоеше – а што сега? Сите чекаа на дона Леонора, која, откако го запре крвопролевањето, требаше да каже како ќе се одвиваат работите понатаму. А таа со последните сили дотрча до борците и шепотејќи, бидејќи веќе немаше здив во себе, им рече на предизвикувачите: - Одете си! Одете си! Овие длабоко й се поклонија на оваа храбра Сабињанка 167, па ги завртеа коњите и без збор си отидоа. Кога опасноста одмина, дона Леонора се престори во она, што беше: молчелива, збунета и пред сè многу, многу таинствена девојка; таа беше Јованка Орлеанка, која, откако ги истерала Англичаните од Руан и го крунисала Шарл Осми, се вратила во своето село и понатаму да ја обработува својата земја. Го истри со влажна крпа крвавото лице на својата дуења, й помогна да се качи на коњот, потоа му дозволи на Алонсо да ја смести во седлото бидејќи самата по она налудничаво трчање не беше во состојба тоа да го стори – и предложи да го продолжат патувањето, оставајќи ги сите да се чудат и да се исчудуваат како сето тоа така се случи. Најмногу од сите се чудеше Алонсо. Тој сега не се прашуваше, дали она што го стори ќерката на неговиот господар – та таа го спречи сударот на четворица силни оклопници кои цела војска би разбиле, ризикувајќи и самата да загине, боже мој! – е последица од некаква прележана болест или од некаква вродена мана, туку се наоѓаше во состојба на неискажана занесеност и не знаеше како да си ги среди мислите. Никогаш во животот нему не му се случило такво чудо и немаше ни да му се случи, така си мислеше. Но, се случи уште поголемо чудо. И тоа уште вечерва. 110


Шетајќи се ваму – таму на месечина, од еден полуотворен прозорец на горниот кат на конакот во кој беа отседнале, тој слушна женски глас, кој пееше: „Ах, да имам крилја, Да сум птица бела, Кај Санчо во Тера Јас би полетала...“

15 О, нежни зборови, кои Алина Ми шепотеше во полна со рози градина! Зефири, кои треперевте крај нас, Го одвеавте ли до бога нејзиниот глас? Сегре 168 Тој се скамени. Немаше сомневање, тоа беше гласот што го слушна од оној прозорец во дворецот Осма, гласот на непознатата господарка на неговото срце, а која му беше дадено да ја открие сега, овој момент. Гласот доаѓаше од длабочината на собата, беше многу тивок и немаше никакви претензии да биде слушнат, но ноќта беше тивка, многу тивка и мирна и тој го слушна; можеби ангелите на своите крилја го донесоа до неговите уши. Но која ли беше неговата семоќна повелителка? Дуењата? Таа блудница, која синоќа, сè уште топла и растреперена од милувките на еден љубовник понизно му се нудеше и која, откако ја оттурна од себе ја заврши ноќта во прегратките на друг љубовник? Тој истрпна од ужас на таа помисла. Дона Леонора? Влезе внатре, се искачи по скалите пречекорувајќи по три одеднаш. Беше третиот прозорец. Броеше: прва врата, втора, трета. За прв пат во животот го слушаше своето срце толку силно да чука. Која од двете ќе види внатре, што ли му наменила судбината? Ја извади од џебот иконата на Богородица и ја бакна. Ја отвори вратата. Внатре беа и двете жени. Дона Леонора го премачкуваше со мевлем ранетото лице на дуењата. Кога рицарот влезе така наеднаш, без претходно да се најави, без дури да 111


чукне на вратата, таа испушти слаб крик и направи едно движење како да сакаше да избега, но не го стори тоа и го погледна право в очи. Алонсо длабоко се поклони и рече просто: - Која од вас двете, мои дами, пееше пред малку? – Се прашуваше како може да биде толку решителен, не, туку дрзок пред ќерката на својот господар. И двете молчејќи го гледаа в очи. Погледот на дуењата како да се трудеше да кеже: „Јас сум таа. Не можам тоа да го кажам, но јас сум, верувај ми рицару!“ Погледот на дона Леонора не се трудеше да каже ништо, само бескрајна топлина и умилност бликнаа од него и мила насмевка блесна од нејзините убави навлажени трепки, како сонце во гранките по летен дожд. Тоа беше врвниот момент. Требаше да се случи судбоносното. - Излези, дуењо. – рече дона Леонора со треперлив глас. Оваа не послуша веднаш, се побуни. Изгледаше како лавица на која й го отимаат пленот. Алонсо ги виде бесните погледи што таа почна да ги фрла околу себе и помисли: „Дуењата изгледа како бесно животно, не е таа; фала ти, пресвета Богородице!“ - Дуењо, излезете! – повтори дона Леонора овој пат построго, не симнувајќи ги очите од Алонсо. Но ние сега ќе го отвориме дневникот на дона Леонора и ќе видиме што пишува во него. Со тоа ќе ги обелодениме најсветлите тајни на оваа извонредна жена кои таа можеби мислела да ги сочува само за себе, но тоа е најубавиот начин читателот да добие најточна претстава за она, што се случи откако дуењата си отиде. Ни во овие страници, како ни во претходните кои веќе ги изнесовме, не треба да се бара некој посебен стил или строга поврзаност; но за разлика од првите метежни страници што ги пишувала жена која сè уште се бара, овие се страници на жена, која знае што сака и што чувствува и која, ете, го доживеала благословениот момент кога жената вистински заживува. „Кога дуењата излезе – читаме – тој падна на колена пред мене, ми ги прегрна нозете и ја стави мојата рака врз неговата глава, со што веројатно сакаше да покаже, дека јас сум господарката на неговото срце и дека тој засекогаш ќе остане мој верен паладин. Потоа тој зазборува и зборувашпе брзо и со треперлив глас како човек, кој одеднаш е обземен од божествен изблик на радост, а неговите зборови паѓаа на моето срце како зрак кој осветлува: „Јас знаев, дека некогаш пак ќе запеете и тогаш ќе ве откријам. Сега ова срце што е во вашите нозе ви се колне во љубов. Вие ќе бидете мојата вера и мојата светлина, ќе бидете сè за мене. Јас ќе ве сакам 112


безнадежно, ако треба при полно себеодречување, ќе го направам за вас она, што човек го прави за бога. О, моја Леонора, на вас й припаѓа најчистата љубов, која некогаш расцутела на оваа земја...“ Тој зборуваше и зборуваше и сè така, не како варварин кој дошол од варварска земја, туку како најблагороден рицар кој се родил и пораснал во дворот на најгалантниот од сите кралеви. Јас не знаев веќе каде се наоѓам, каде живеам, што гледам, чувствував само дека тој е до мене – и тоа беше сè. Но не беа само зборовите, туку и некако чудно му засветкаа очите, од што јас малку и се подисплашив, бидејќи љубовта за мене беше градина која само што ги беше отворила своите порти, а сè уште имаше едно затворено вратниче зад кое немав ни најмала претстава што може да крие. Неговите раце, имено од моите стопала се придвижија кон моите колена, од колената кон струкот и сè така понагоре и понагоре, а набргу потоа стигнавме до оној благословен и свет миг, кога бакнежот, поврел и од пламен и посладок и од мед, ги сврзува душите на вљубените. Мене сосема ме исполни топлината на неговите усни, но во истиот момент се досетив за неговата дрска идеа, ја прочитав неговата мисла – та тој – мојот Алонсо – ме наводеше на грев! Косата ми се крена на главата! Се сетив на она: „Naturalia sunt turpia“ 169, кое мајка ми постојано ми го повторуваше кога бев мала. Крикнав, грубо го оттурнав од себе и станав. Се почувствував многу слаба, се затетеравив и малку недостасуваше да паднам, а можеби тоа и ќе се случеше, ако тој не ме придржеше. Но таа слабост беше резултат на врвната среќа и радост, каква што не сум ни помислувала, дека може да ми се случи. Дојдов до заклучок, дека е бесцелно да се бранам, дека сум премногу слаба и дека тој би можел да прави со мене сè што ќе посака. А кога подлабоко размислив, целосно го оправдав она, што во други ситуации може да се нарече дрскост. Еве што си мислев: Кога ме слушнал како пеам во дворецот Осма, тој засакал и од тогаш ден и ноќ сонувал за она, што било предмет на неговата страст – па како би можел да се воздржи сега, кога најпосле ме откри? Ја слушнал жената чиј што глас дошол од небото, ја видел, го допрел нејзиниот фустан и сето тоа допринело да ја загуби главата. Денови и седмици тој се распалувал, возбуден од подгреаните желби и превриените страсти – па можам ли сега за нешто да го обвинувам? Во романите јас читав, дека рицарот би бил среќен, ако по три месеци макотрпно удварање добиел еден единствен благонадежен поглед, ако по половина година бил награден со една единствена насмевка и најпосле по една година со еден единствен кобајаги случаен додир со раката... Но ова не е роман, ова е живот, и повеќе од живот, ова е апогеј! А сум читала и романи, во кои се вели, дека нема љубов без бакнеж и љубовен 113


бакнеж без наслада. – „Додека љубовта се плаши од гревот – пишуваше на едно место – таа има граници, а љубовта треба да биде безгранична“. Та кога сите овие мисли ми поминаа низ глава и кога дојдов до сите тие заклучоци – а во меѓувреме и мене исто така нешто ми зашиште во стомакот како кога вино превира – ми бликнаа солзи, та го сопрев мојот рицар, мојот Алонсо пред вратата, кога целиот засрамен од својата дрска постапка сакаше да си оди... па самата се фрлив во неговата прегратка и целосно се потопив во неа и така заедно ја почувствувавме сласта на откраднатиот плод. Чувствувавме некој чуден и волшебен восхит, како самиот рај да ни проструи низ телата. Кога дојдов на себе од тој занес, ми падна жал поради изгубената невиност, па само седев на креветот и, без да пуштам глас горки солзи ронев. Ме фати страв од тоа, до што сè може да ме доведе тој акт, кој се случи кога не му беше времето: кога ќе отидам на небото свети Петар сигурно ќе ми ја тресне вратата на рајот пред нос и ќе ми ја покаже вратата на пеколот. Потоа тој страв поодмина бидејќи до одењето на небо имаше уште многу време – та јас сум само на деветнаесет години - а дотогаш и свети Петар може малку да попомекне и да ми погледне низ прсти. Но затоа пак ме натиснаа други стравувања овој пат не од небото, а од земјата. Што ќе речат, имено моите родители, кои веќе најстрого ја осудија оваа љубов, како ќе се одвиваат работите, што ќе се случи со мене и со мојот сакан? Можеби тие ќе се сожалат и ќе дозволат да се сакаме, а може да се случи и тоа, што го рече мајка ми, а имено татко ми мене да ме затвори во манастир, а него – мојот Алонсо – во подземната темница во кулата во Осма... или пак, да испрати уште некого како оние двајца што денес го предизвикаа на двобој. Зарем така, си мислев, ќе ми течат деновите, во вечно лулање помеѓу надежта и болката, помеѓу солзите и бодроста, помеѓу очајот и среќата? Ако им дадам воља на моите мисли, јас сум загубена, така си мислев. Сакав да се спасам од самата себе, но како? Требаше да се ослободам некако од тоа, бидејќи и Алонсо – мојот Алонсо! – забележуваше по моите пламнати образи и крадешком фрлените погледи, дека ми тежнее некаква натрапничава мисла, а тоа можеше да го поремети токот на неговите мисли кои беа толку убави – та јас ги читав, како што се чита отворена книга! – толку убави, ах, толку убави, што од нив можеше да се направи цела една прекрасна сонета. Што да правам? Но во дел од секундата, не знам како, пак се најдов во неговата прегратка и го гледав восхитена, без да мислам на нешто друго. Потоа заспав и преостанатиот дел од ноќта го преспав „насмевнувајќи се и шепотејќи нешто“ – така тој – Алонсо – мојот Алонсо! – потоа ми кажа. Се разбудив силна и ведра. Вербата во себе и во својата среќа ми се поврати заедно со 114


расположението кое оживуваше и сонцето кое изгреваше, вистина било тоа, дека утрото било помудро од вечерта. Најпосле, тој е тука, тој ме гледа, тој ме сака... што ми треба повеќе?“ Утредента кога го продолжија патувањето, сите во групата забележаа, дека ноќва им се случило нешто многу, многу убаво на рицарот де Охеда и на дона Леонора. Девојката веќе не покажуваше збунетост и не го веднеше погледот како некоја срамежлива селанка, туку беше отворена, жива и радосна и постојано се усмивнуваше и тоа толку прелестно, што поетот не би се двоумел да рече, кога би ја видел: „Зора беше нејзината усмивка“. И Алонсо веќе не сакаше да остане сам со своите мисли, каков што најчесто беше во текот на досегашното патување. Кога водачот дојде да му ја опише денешната маршрута, му даде цел еден кастелиан 170, потоа љубезно се поздрави со сите – си дуењата, со Франциско, со Маврот, па дури и со тројцата оклопници од придружбата кои само седеа како скаменети врз своите коњи и ги држеа вертикално своите долги копја без зборче со некого да прозборат, за најпосле да поведе со Рикардо една долга расправа за предметите кои се изучуваа на универзитетот на Саламанка. Така да, сите беа задоволни, сите освен Педро, кој не можеше да не види, дека се случило нешто, што уште повеќе го оддалечува од него неговиот братучед. Впрочем, нему му се залепи дуењата, која преку ноќите почна редовно да наминува откај неговата соба идејќи си откај Франциско, но тоа беше слаба утеха за него: најмногу од сè тој го посакуваше друштвото на својот бате Драги. - Вистина, свату – му рече Франциско на Рикардо кога овој се раздели од Алонсо по завршената расправа за предметите кои се изучуваа на универзитетот во Саламанка – јас се убив, чукајќи си ја главата околу тоа, кого усреќува мојата дуења по излегувањето откај мене. Мислев дека е тоа Алонсо. Но испадна дека не е. Големиот рогат елен беше преголем залак за лавицата, па таа се задоволи со помалото еленче. - Големиот елен си ја најде својата срна, сполај му на Господ, па е надвор од власта на било какви лавици или тигрици.Всушност, се случи она, што ти го предвидуваше уште од самиот почеток, браво другар! Рицарот Алонсо де Охеда се здоби со господарка на своето срце и тоа е прекрасно нешто, бидејќи колку што една лампа растура светлина кога не е запалена, толку рицарот се одликува со своите подвизи ако нема таква господарка. Но, твојата дуења, извини што ќе ти го речам тоа, има морал, колку што рибите имаат влакна по телото; таа е вистински доказ за бесмислие, argumentum ad absurdum. 115


- Ах, свату мој, јас одамна знам, дека мојата убавица foenum habet in cornu 171. Во замокот Осма – ти тоа не го знаеш – ја делев со кастеланот, со него еднаш и in flagranti ја затекнав 172 , со двајца камериери, па дури и со коњушарот и секогаш познавав кога била со последниот, ужасно смрдеше. Јас сум навистина за резил, ете до каде дојдов. Domine, non sum dignus! 173 Кога ќе стигнеме во Кордоба веднаш ќе отидам во големата катедрала и ќе се заколнам пред иконата на свети Ѓорѓи, дека никогаш повеќе нема да легнам со таа курва, која смрди на коњски лепешки, во спротивно истиот тој свет војник нека ме порази со своето копје! Но, да бидам искрен, и јас се радувам поради дона Леонора и дон Алонсо, тоа момче некако сè повеќе почнува да ми се допаѓа. Потоа двајцата сватови по навика се зафатија со една долга филозофска расправа, слична на оние, во кои се бара одговор на прашањето дали прва дошла на свет кокошката а потоа јајцето, или прво јајцето а потоа кокошката, но ние ќе ги оставиме и ќе побрзаме кон Алонсо и Леонора – мислата секогаш најнапред се усмерува онаму каде што е светло и радосно, нели? Имено, околу пладне, откако дозна од водачот дека на неколку километри лево од патот се наоѓа крстот на Тројцата кралеви 174, Алонсо им даде на патниците одмор и самиот со Леонора одјава во посочената насока. По пет минути јавање тие навистина го видоа споменикот, кој беше всушност еден голем гранитен крст на кој беа испишани на латински имињата: Каспар, Балтазар и Малхиор. Во близината протекуваше рекичка, мала притока на Гвадалкивир, која дури и ја нема во помалите географски карти на Шпанија. Алонсо и Леонора им се израдуваа и на споменикот и на рекичката, но најмногу на тоа, што се заедно и што се сами, па седнаа до крстот, таа, убавата ќерка на господарот и тој, нејзиниот верен паладин - и долго останаа така, потонати во таинствената осаменост на местото, сосема близу еден до друг. Така приближени, тие му се предадоа на другиот свет, каде што сè е божествено, нежно и дарежливо. Се држеа за раце и само тие двајцата постоеја на овој свет. Потонаа еден во друг. Животот веќе немаше за нив ни иднина ни минато; остана само сегашноста – мир, тишина и спокојство, овде, до осамениот гранитен крст и рекичката која потаму течеше. Се гледаа како две суштества, кои, сретнувајќи се на патот, чувствуваат, дека се создадени едно за друго и чии што души летаат една кон друга како дба гулаба. – „Дали ќе останеш засекогаш мој рицар?“ – го прашуваше таа, и, иако го знаеше одговорот, нестрпливо го очекуваше како нешто најважно на светот, бидејќи едно „да“ изговорено од саканиот човек, е како миропомазание. – „До гроб, се колнам во крстот на мојот меч, а ако тој 116


крст ти се чини мал, тогаш во овој огромен свет крст што е пред нас“ – велеше тој и таа, не верувајќи дека може да биде толку среќна, го веднеше погледот и се смееше со тивок и нежен смев. – „Мојот Алонсо...Мојот Алонсо... Мојот рицар... Мојот паладин...“ – шепотеше. Каде беа сега строгите и лути родители, каде беа стравувањата и неизвесноста? Ништо од сето тоа не остана во неа, само чувствуваше како жилите й трепереа. „Моментот е мој, да го искористам, да не мислам на иднината“ – си мислеше и им се препуштеше на бескрајните длабочини на љубовта, како пијан човек, кој, пред да потоне во длабок пијански сон, чувствува како пропаѓа во бунар без дно. Го запраша: „Ама, да не си ти духот на рицарот, кого лошиот маварски демон го претворил во стар и беден овчар?“, а тој ја гледаше, не разбирајќи ја. Си кажуваа симпатични лудории, смешни глупости, пријатни и ласкави комплименти, одвреме – навреме се слушаше нивната смеа, радосна и весела и таа чудно оддекнуваше среде ова осамено место. Сè за нив беше ново во благословеното лудило, кое одеднаш загосподари со сите нивни мисли. Беа како Абелар и Елојза, како Елена и Париз, како сите оние вечни љубовни двојки, околу кои можеше и светот да се сруши, без тие тоа да го забележат. Само еднаш се вратија за момент во реалноста, тогаш, кога Алонсо случајно го изговори името Охрид. - А ти ќе се враќаш ли во својата земја? – го запраша тогаш Леонора. Алонсо виновно ја наведна главата. - Морам. Им ветив на Иван Беров и Стојан Пинелов, дека за две – три години ќе поведам војска која ќе ја ослободи татковината од Турците, а тоа и онака е моја животна определба. - Навистина ли сè би направил за да ја ослободиш татковината? - Би скокнал и во жив оган за тоа. Јас дури помислувам еден ден да отидам на Карпата на Франција 175, за да ја молам пресветата Богородица да ми даде уште поголема сила од онаа што ја имам за успешно да го извршам тоа дело. - Тебе ништо не може да те спречи во тоа, како што ништо не може да го спречи ни морето да се враќа кон брегот, како што ништо не може да й попречи на мислата да се враќа кон едно и исто прашање, кое постојано се наметнува. Ти, мој Алонсо, ќе поведеш крстоносна војна против неверниците во твојата земја и ќе се закитиш со славата на еден Готфрид Бујонски 176 и на Пјер Отшелникот 177. Јас токму поради тоа и те засакав најмногу. Ќе ме земеш со себе, нели? Тој силно ја стисна до себе: 117


- Ти, јуначка господарко на моето срце! Но, не е ли грешно, не е ли безумно јас, варваринот да те одвлечам со себе во својата варварска земја? Таа му ја затвори устата. - Не зборувај... или сега ќе ги повикам духовите на тројцата кралеви да те казнат! Зарем не е сè решено меѓу нас? Зарем не сум јас господарката на твоето срце, а ти мојот рицар? Зарем не сме ние од синоќа маж и жена? Јас, како твоја господарка и твоја жена нема да се делам од тебе! - Но таму ќе има војна, а жените не одат во војна. Римјанките од старо време ги пуштале своите мажи во војна, а тие останувале да се грижат за домашното огниште. - Но сакале ли Римјанките од старо време онолку, колку што сакам јас? Јас не сакам да се разделам од тебе. Ти ќе ја ослободиш татковината, па ќе те облечат во хермелин и ќе ти качат златна круна на главата, ќе те направат кнез, крал и нема повеќе да се вратиш овде. Тогаш јас ќе умрам. - Ти си ангел, Леонора! Но мислиш ли на мајка ти, на татко ти, мојот господар, кого јас речиси го боготворам? А може да се случи да заминам по само половина година... по два месеца, по еден месец, ако нејзиното височество кралицата ја сослуша и одобри мојата молба. Тогаш ќе оставам сè што е тукашно и ќе заминам, можеби засекогаш, како што велиш ти. - Па што? Ако сакаш и утре замини, јас ќе дојдам со тебе. Сакаш ли уште сега да пратиме еден војник во замокот Осма за да му каже на татко ми, дека ние двајцата сме соединети засекогаш пред луѓето и пред бога, а друг во Кордоба, за да ја однесе истата порака на нејзиното височество кралицата? - Жими пресветата Богородица, жими крстот на мојот меч, жими сè што е свето на оваа земја, по овие зборови ние навистина сме соединети засекогаш, моја Леонора! - Значи јас сум твоја? - Моја си. - И ти си мој? - Твој сум. - Тогаш доаѓам ли со тебе? - Љубов моја, сето тоа треба убаво да се премисли. Знаеш ли што ќе значи за тебе, ако од преубавиот господарски замок Осма отидеш во мојата бедна куќарка во Охрид? А тамошните луѓе? Слушај, јас ја сакам татковината и готов сум и да умрам за неа, но луѓето таму се крајно бедни, а и прости се, вистински варвари, како што велите вие овде. Таму нема ни универзитети, ни знаење, ни дух, ни раскош, ни величие, таму сè е толку 118


просто и минимално. И јас бев таков додека бев таму, дури кога дојдов овде станав вистински човек. Леонора му се внесе в лицето: - Ти ме бркаш од себе? Можеби се исплаши од мојата љубов? Ах, можеби сакаш да избегаш од мене? Не ти е на срце шпанската љубов, Драгане? - Леонора, ти не знаеш што зборуваш, јас ќе умрам ако те загубам. - Тогаш ќе одиме заедно. Па и да умреме таму заедно, зарем нема да биде весело? Но не, зошто да умираме? Ние сме млади, ќе живееме и ќе му се радуваме на животот! Те сакам, мој Алонсо! Те сакам, затоа што имаш богат и благороден дух, затоа што живееш со божествена идеја по што си сличен на античките херои, затоа што си убав како Аполон и силен како Херкул и, да бидам искрена, затоа што синоќа во конакот ме даруваше со голема порција полна со среќа, а јас таква порција среќа сакам да добивам секој ден. Кога се потсетија на синоќешната среќа што ја доживеаја во конакот, и на двајцата им зовре крвта во вените и срцето како лудо им зачука и во главата им зашуште пак истото вино кога превираше. Тие се разгледаа околу себе, прашувајќи се како да си ја оладат крвта и да го смират срцебиењето. Токму во тој момент рекичката зажуборе посилно и повесело и ги потсети на своето присуство, па тие бргу соблекоа сè од себе и се потопија во нејзината чиста како солза вода. Да, многу изгубиле во животот оние, кои во топол есенски ден не се бањале во река со саканата личност. Пред Алонсо се белееше голото тело на преубавата Леонора, која му се нудеше во широка прегратка, со отворена уста, со затворени очи... Љубовната страст е прекрасен поток од лава, кој меѓутоа заслепува. Додека тоа се случуваше во реката, една прилика се прикраде до крстот, каде беа расфрлани облеките и почна бргу да претура по нив. По два часа Алонсо и Леонора се вратија, но бидејќи беше многу жешко, невообичаено жешко за овој дел од годината, патувањето не продолжи веднаш. Дури по зајдисонце Алонсо викна! „Andamos!“ 178, а Франциско, кој од ден на ден стануваше сè повесел и повесел додаде од своја страна: „Cargate todo, hombres!“ 179 па дури тогаш тргнаа под заштитата на свети Јулијан и свети Мартин 180 и, за да ја искористат свежината патуваа цела ноќ. Месечината беше излегнала од зад облаците и дарежливо сипеше цело море блескава светлина на прекрасниот предел низ кој поминуваа. Тие 119


го видоа во далечината гордиот Гвадалкивир кој величествено тече низ една од најплодните равници на Шпанија и како достоинствено се провлекува помеѓу бреговите искитени со кули и тераси, маслинки и винигради. Кога се зазори реката изчезна од пред очите, но затоа пак се појави едно мало езерце во средината на кое имаше карпа и на нејзиниот врв стоеше замок. Водачот објасни, дека во тој замок некогаш претстојувала Флорида ќерката на грофот Јулијан. Тој толку знаеше да каже за таа историја, но тука беше Маврот, кој, сличен на вистинска енциклопедија која во себе го содржи целото знаење на овој свет дообјасни, дека Флорида, која што Маврите потоа ја нарекле Кава, била осрамотена од кралот Родриго кога се бањала во реката Тахо и, од срам, цела година живеела сосема сама во замокот среде езерото. За да се одмазди за тоа, татко й, грофот Јулијан им го олеснил на Маврите продирањето во Шпанија и затоа овие ги слават како свои херои и него и ќерка му Кава. Околу пладне тој ден групата пак застана бидејќи сонцето печеше несносно и продолжи дури еден час откако се изгуби црвената светлина на зајденото сонце. Оваа ноќ ги видеа бедемите на гратчето Мариско, со влезните кули, со запчестите ѕидини кои се белееја на полната месечина, а среде кои се издигаше огромна готска црква која, ако може да им се верува на аналите, бискупот Перпетус ја изградил уште во петтиот век, а некои достоинственици на Карло Велики додека претстојувале на полуостровот ја прошириле со таков архитектонски раскош, што од неа направиле една од највеликолепните цркви во Шпанија. Исто така можеше да се види и силната крепост за која се раскажуваше, дека била еден од дворците на кралот Фавила, последниот крал од готската династија кој им се спротивставувал на Маврите и откако Шпанија дефинитивно ја загубила својата независност. Тоа го раскажаа водачот и Маврот, а во текот на наредните денови раскажаа за уште други градови, замоци, цркви, манастири и разни споменици покрај патот, а познато е, дека со сите тие работи богатата со традиции и со преславна историја Шпанија изобилува како ретко која друга земја. Сè на сè тоа беше многу убаво и богато патешествие и ако дона Леонора не се најдеше под власта на семоќниот бог на љубовта, сигурно ќе напишеше книга, libro molto bello che de torno in torno e scrito el viagio e paese che hano ricercato 181, што би рекол нејзиниот современик Лудвиг Ариосто 182 и нејзината книга, ако ја земеме во предвид нејзината дарба за пишување не би била многу полоша од од дневниците и патешествијата на Пјер Жил, на Јустал, Каде Гасекур и Ксавие де Местар, на славниот Идриси и уште пославната кралица од Саба 183. 120


Пред патниците се простираше долг и рамен друм и колку повеќе јаваа, толку повеќе се зголемуваше нивната желба да одат сè понатаму и понатаму, да одат до бескрај, да скитаат по белиот свет и да ги запознаат неговите убавини. Ако не беше случката со двајцата оклопници (кои и по избегнатиот двобој продолжија на растојание да одат по групата) и мистериозното изчезнување на писмото на Мединасели кое Алонсо требаше да му го однесе на баронот Салуст де Басан во Кордоба – настан, кој младиот рицар го фрли во очај: како сега ќе му излезе пред очи на својот господар, што ќе му рече? – ако не беа тие две нешта, значи, сè на тој пат ќе беше прекрасни впечатоци и силно чувство на среќа. Мислите на патниците беа во полна хармонија низ местата низ кои минуваа, тие дознаа колку е опојно задоволството кога човек ќе тргне на пат кога се раѓа сонцето, па оди по патот кој минува покрај ливади, ниви и реки. Колку е опојно тоа задоволство! Тоа продира во душата низ очите, низ ноздрвите, заедно со воздухот презаситен со најразноразни прекрасни мириси, низ кожата, заедно со здивот на благиот поветерец. Но, сè си има свој крај, па едно утро – тоа беше точно дваесеттиот ден на патувањето – откако излегоа од една темна борова шума и ги протрија сонливите очи, тие ги видоа пред себе ѕидиштата и кулите на преголемиот, преубав и преславен град Кордоба.

16 Ве прифаќам искрено И чесно ќе се борам за братскиот Ви облог...Ајде, поделете го Оружјето... Шекспир, „Хамлет“ Кралската резиденција во Кордоба се наоѓаше на местото на некогашниот маварски царски двор 184. Тоа беше великолепен дворец, за кого биле потрошени, како што кажуваат летописите и архивските документи, злато во вредност од приближно сто милиони мараведи. Надворешниот ѕид на таа огромна и прекрасна градба опкружуваше површина од седум акри, дел од кои се состоеше од опширни коњушници и великолепни градини од цветни леи и ползечки растенија, другото беше згради и пространо надворешно дворно место. Самиот дворец, кој се 121


издигаше во средината на ограденото од ѕидот пространство,се состоеше од неколку величествени згради, кои образуваа еден внатрешен двор. Тие очигледно биле градени низ различни епохи. Врз секоја од тие градби беа испишани имињата и нацртани грбовите на нивните некогаш моќни, но одамна покојни владетели. Огромната и солидна централна кула – заштитната крепост на кралската резиденција – била изградена во незапамтени времиња. Некои историчари сметаат, дека е изградена во времето на првите напади на Маврите, а некои нејзината градба ја врзуваат за времето, кога Визиготите образувале свија држава во Шпанија. На надворешниот ѕид стоеше грбот на родот Камачо чија сопственост бил некогаш замокот, како и грбот на некој си Кариљо, кој издржал долга опсада од надмоќниот непријател и кој најпосле паднал убиен борејќи се на мостот. Надворешниот ѕид на тој величествен замок од југ и од запад беше заштитен од едно езерце над кое беше изграден великолепен мост. Должни сме да кажеме, меѓутоа, дека тој великолепен замок, во кој пирувале кралеви и се бореле херои, кој видел низ своето долго суштествување крвави битки со опсади и рицарски турнири, некое време потоа останал изоставен и пуст; езерцето се претворило во блато, а руините на замокот во неми сведоци на одминатата убавина и слава и тоа е една од неколкуте пропусти на Шпанија, која инаку многу држи на својата традиција и се гордее со својата историја. Дојденците им кажаа на стражарите пред дворецот дека се од замокот Ел Бурго де Осма на господарот Мединасели и дека дошле овде бидејќи таква била вољата на нејзиното височество кралицата на Кастилија. Стражарите веднаш гопуштија Маврот бидејќи им беше познат, но пред другите ги вкрстиа хелебардите 185 и им рекоа да чекаат, додека не дојде човек кој ќе им каже каде треба да одат и што треба да прават понатаму. Додека чекаа – а веќе беа поминале два часа – екна труба и се чу топот на коњи и преку езерцето се зададе чета од кралски стрелци со исправени копја. Сите беа во сјајни оклопи и шлемови со крстот на свети Андреј и цвет на камелија, што значеше, дека се од кралската гарда. Ги предводеше офицер, но без оклоп и гологлав, облечен само во алмиља 186 и имаше накосо преку рамењата широк ремен на кој висеше тенок меч. Беше убав човек на околу педесет години. Сигурно беше висок достоинственик, бидејќи во раката држеше сребрена командантска палка. Алонсо се досети, дека тоа треба да биде лично баронот Салуст де Басан, заповедникот на кралската гарда, кого впрочем го имаше видено еднаш или два пати кај Малага. Во тој момент му се сакаше в земја да пропадне: токму нему требаше да му го предаде сега веќе загубеното писмо.Виновно ја наведна 122


главата и почека коњаникот да одмине бидејќи не знаеше како да се оправда, но овој застана токму пред него и – го викна по име. - Вашето господство ме познава? – запраша зачудено - Како можам да не ве познавам! Не заборавам јас луѓе како вас. Вие сте јунакот од Малага. Вие станавте национален херој, дури и птиците во Кастилија веќе пеат за вас. – рече баронот со восхит и сјава од коњот – Кога го убивте емирот и кога тргнавте речиси сам на неговите полчишта – сето тоа го видов од една височинка - ах, беше величествено! – јас испратив една чета од гардата за да ви се најде прирака, но тоа и не беше потребно, вам никој ништо не ви можеше, како разбеснет антички бог бевте. Само името ви го заборавив, но тоа и не е важно. Од кај мојот пријател и, се надевам иден сват Мединасели ли доаѓате? Но не стојте така мрачен и невесел, туку дојдете во мојата прегратка, јунаку! - Се викам Алонсо де Охеда, или Драган Охридски, како сакате, и навистина сум тој, за кого ме мислите. – одговори младиот рицар не осмелувајќи се да ги подигне очите – Но наместо да ме повикувате во својата прегратка, би било подобро да го извадите својот меч и да ми го зариете во срцето. - Но зошто? – се стаписа баронот – Што лошо сте ми направиле? Вие се шегувате – ха – ха – ха! И најубавиот од петте замоци што ги имам да сте ми го запалиле, јас овој момент ќе ви опростев, и, ако вие не сакате да дојдете кај мене, јас ќе дојдам кај вас. – и баронот навистина тргна кон него со расширени раце. - Чекајте, бароне – отстапи Алонсо – Ќе ви кажам... Писмото... - Кое писмо? – изусти баронот и застана во место. - Станува збор за писмото, кое мојот господар, грофот Мединасели со најголема доверба ми го даде за да ви го донесам... - Пст! – баронот го стави прстот на устата иако никој не ги слушаше, па го фати рицарот под рака и го одведе настрана – Писмото од Мединасели, рековте? Да, јас го очекував тоа писмо. Значи по вас го пратил? Одлично. Дајте ми го бргу. Никој не знае за него, нели? - Работата е во тоа, што го немам, бароне и јас сум готов да се соочам со последиците. Баронот пребледе како свеќа. - Го немате? - Се изгуби. - Се изгуби? Како тоа? 123


- Еден ден, додека патувавме наваму, беше жешко и се избањав во една рекичка, а кога се облеков писмото го немаше. Не знам како се случи тоа; претпоставувам, дека тука нема моја вина, но не ја оправдав довербата на својот господар. Се чувствувам винивен пред него и пред вас, бароне, па нема да биде нечесно, ако овој момент им наредите на своите војници да ме оковаат и да ме фрлат во бездната Кабра 187. - Молчете. Кажете ми, сам ли бевте во реката? - Сам. – Алонсо уште повеќе ја наведна главата, тој досега никогаш не беше излагал. - Тогаш го зел некој од луѓето, што биле со вас. – рече баронот и уплашено се заврте околу себе како крадец, кого го фатиле на дело и кого секој момент ќе го зграпчат и ќе го одведат. - Јас потоа се распрашав, дали некој дошол по мене кон рекичката. Сите спиеле. - Додека другите спиеле некој се измолкнал и тргнал по вас. Се сомневате ли во некого? - Не. Зошто некој би ми го зел писмото? Неговото толку таинствено изчезнување јас побргу би го поврзал со некаква магија, така тоа би се рекло во мојата земја. Баронот некое време премислуваше. - Нема магии, момче, има само меки стапала, остри уши и вешти раце. Ах, тоа е многу лошо... Многу, многу лошо... Јас сепак ќе го дочекам Мединасели. Ни збор за сето тоа, слушнавте ли? Ќе видиме што ќе испадне. Не ја завршивте работата, но земете ја оваа кеса со пари. Отсега па натаму ние не се познаваме, разбравте ли? Вие ниту сте чуле за мене, ниту сте ме виделе, знајте, дека се работи за живот и смрт. Пријатен престој во Кордоба. Потоа му тутна в раце голема кеса со пари, па, како свеќа блед во лицето, се качи на својот коњ и одјава кон дворецот на чело на своите војници кои за сето тоа го чекаа застанати мирно; а Алонсо остана и долго така стоеше стискајќи ги рацете и жестоко преапувајќи ги усните. Дури околу пладне стигна глас од нејзиното височество. Но што беше тоа, се шегуваше ли кралицата со своите гости? Бидејќи дојде едно џуџе со голема глава, со диви и чудни црти на лицето, со тело кое имаше несразмерна надворешност и дури беше малку искривено. Но таа смешна карикатура имаше горд и строг израз и како постојано да се лутеше поради нешто. Имаше капа чудесно украсена со три паунови перја, облека од богата црвена свила, можеби донесена од Мурсија 188, а чија убавина ја правеше неговата гордост уште повпечатлива, златни нараквици и широка лента од 124


бела свила на која носеше кама со златна дршка; и ако на сето тоа додадеме, дека во раката држеше сребрена палка, небаре е некој маршал, дека стражарите со хелебардите му се поклонија дури до земја кога го видоа и дека по него одеа двајца раскошно облечени алгвазили 189 кои покорно следеа секој негов поглед и беа спрамни да извршат секоја негова наредба, тогаш секој кој ќе се најдеше пред него ќе разбереше, дека е подобро да ја наведне главата, отколку да се насмее. - Што наредува премудриот Хиеронимус во врска со овие луѓе? – запраша едниот од алгвазилите. Хиеронимус, тоа беше значи името на џуџето, со пискалив детски глас рече, дека треба да истапат ќерката и пажот на грофот Мединасели. А кога овие тоа го сторија, налутено ги изгледа од главата до петите и рече: - Првиот алгвазил нека ја одведе девојката во просториите на нејзиното височество креалицата. Другиот алгвазил да го смести момчето во куќарката на првиот коњушар на кралицата, за таму да чека, додека не му биде кажано што треба да прави. Останатите дојденци нека се сместат каде што ќе најдат, а за плаќање да не се грижат. Таква е вољата на нејзиното височество. По тие зборови џуџето налутено се заврте и си отиде, не удостојувајќи ги со ниту еден поглед стражарите и алгвазилите кои пак му се поклонија доземја. Наредбата беше спроведена веднаш. Дона Леонора беше одведена во дворецот толку бргу, што не можеше да му испрати ни воздушен бакнеж на својот сè уште дамлосан од средбата со баронот де Басан сакан, на кого пак, му беше речено да се смести во куќарката на коњушарот која се наоѓаше преку мостот, од другата страна на езерцето.. Таа „куќарка“ беше всушност пространа куќа на два ката, така што во неа освен Алонсо се сместија и сите други ос групата. Бидејќи првиот коњушар на нејзиното височество го држеше вториот кат, тие го зазедоа првиот кат, кој беше сосема слободен. Во првата соба се сместија Алонсо и Педро, во втората сватовите Франциско и Рикардо, во третата – водачот на патот и тројцата војници од придружбата. Дуењата, пак, беше одведена да се смести во станот на првата собарка на нејзиното височество кој се наоѓаше на другиот крај на езерцето, всушност целиот овој простор пред езерцето беше исполнет од становите на првите слуги на кралот и на кралицата. Потекоа деновите во Кордоба. Алонсо очекуваше некаков глас од кралицата – да го повикаат кај неа или нешто слично, најпосле тој беше дошол овде по нејзина, а не по своја воља. Но чекањето не му беше тешко. 125


Ако ја исклучиме грижата на совеста и срамот што го чувствуваше бидејќи не успеа да го дочува писмото што му беше доверено, престојот овде му беше пријатен. Жената која се грижеше за првиот коњушар на кралицата, се грижеше исто така и за него и за неговите пријатели. Храната и смествањето беа бесплатни и солидни и сите беа задоволни, дури и Франциско, кој секогаш го имаше своето црвено канарско вино, што значи, дека, барем во тој поглед кралицата го почитуваше законот на гостопримство. Најсреќен од сите сепак беше Рикардо. Еден ден, наскоро по доаѓањето, во една мала и неугледна крчма, сигурно најефтината во градот, тој случајно го пронаде Ѓеновјанинот Христифор Колумбо, кој се беше сместил, чекајќи нивните височества да го примат и да го разгледаат неговиот проект за откривањето на западниот пат кон Индија, потоа младиот Бартоломеј Лас – Касас и некогашниот голем рицар Филип де Комин, кој по пропаста на неговата Бургундија среќата ја побара патувајќи по државите и пишувајќи летописи – и од тогаш речиси не се делеше од нив. Алонсо требаше некако да ги пополни деновите, па кога не мислеше на својата Леонора од која го разделија, кога не го чистеше своето оружје и оклопот и кога не ги читаше историите на Полибиј и на Тацит, што му ги даде Рикардо, или пак кога не беше со Педро, кого впрочем сè почесто го одбегнуваше поради „тешките“ разговори што овој ги започнуваше, се шеташе наоколу. Стражарите со хелебардите кои ја чуваа главната порта го гледаа со симпатија, па го пуштаа во дворното место, верувајќи му на неговиот збор, дека нема да влегува таму, каде што не му е местото. Тој минуваше низ портата и одеднаш се наоѓаше среде внатрешниот кружен двор, што го образуваа зградите на дворецот. Имаше пристап единствено во првиот кат на зградата со грбот на некој си грог Оливеро од единаесеттиот век. Таму влегуваше во една огромна просторија украсена со статуи на шпански кралеви, принцови и војводи, и со големи слики од битки и ловови по ѕидовите. Тоа беше спортска сала во која се играше пелота 190 или разни танци со прапорци, потоа танцот на чевлите и танцот со мечот 191. Се смешуваше меѓу присутните и гледаше. Во тие игри не наоѓаше нешто што посебно би го привлекло, но кога имаше часови за мечување живнуваше, бидејќи и самиот беше човек на мечот, еден од првите мечувалци во кралството; понекогаш и самиот учествуваше во нив и на младите војници кои само што стапиле во редовите на кралската гарда им покажуваше удари со мечот или разни одбрани, какви што тие досега не виделе. Овде тој виде многумина од оние, кои беа дошле со кралската двојка во замокот Осма, како баронот Кинтаниља, првиот економ на Кастиља, истиот оној 126


Кинтаниља, кој од обичен паж се престорил во најдоверлив човек на кралицата, потоа Санчо Руис де Гама и Габриел Санчез, едниот од кои беше ковчежник на кастилското кралство, а другиот на арагонското кралство, па Гутиерес де Карденес, најголемиот авторитет по прашањето на кавалерската етикеција и на рицарската чест, па убавиот гроф Сантанхел. Доаѓаше и надалеку познатиот рицар Руи Гомес де Силва, кој со една рака можеше да свитка железна потковица. Овој навистина беше мошне силен, можеби и најсилниот човек во Шпанија. Еднаш тој во едно натпреварување во боречки вештини се фати во костец со еден борец кој беше барем триесет килограми потежок од него, го зграпчи околу половината и го фрли со таква жестина, што овој полета како да беше исфрлен од војничка машина, при падот ја исчаши коската и остана да лежи како мртов. На оваа глетка Алонсо остана одушевен и ракоплескаше заедно со другите во салата, но внатрешно се насмевнуваше, бидејќи знаеше, дека во борба со мечови тој за една минута би го разоружал овој славен витез, а и во физичка сила не заостануваше многу зад него. Еднаш – но само еднаш – дојде со својата многубројна сфита, небаре е крал, дон Енрике де Гусман, вториот херцог Сидонија и кога влезе сите му се поклонија до земја, бидејќи беше третиот моќник во Обединетото кралство Арагон и Кастилија, веднаш по нивните височества. Одвреме – навреме за промена Алонсо излегуваше од кругот на кралските дворци и им се препушташе на кордобските улици. Му беше интересно да се загледува во внатрешноста на продавниците за ткаенини, ремени, железарија, стакло, или во безизразните лица на луѓето, кои постојано одеа негде по некоја своја работа, или пак се собираа во групички и разговараа. За овие години што ги проживеа меѓу благородниците, како да беше заборавил, дека и тој некогаш им припаѓал на овие луѓе, на обичните, ситни и незначителни човечиња, па си мислеше, како во нив нема занес, ниту страст, нити некое друго повисоко чувство, туку само очајната желбва да ја продолжат својата гола, бедна егзистенција. Се радуваше, што судбината го одделила од таа презрена човечка прашина, што не е подложен на условите на нискиот човечки живот и што бог и пресвета Богородица му дале возвишена душа, така што ситните човечки работи му изгледаат она, што се: недостојни да го привлечат вниманието на едно суштество родено за големи дела. – „Оној што си го обезбедил местото на клисар или на градинар е веќе победен; оној што во срцето носи катедрала што треба да се изгради – е победник“ – ја повторуваше во себе тој оваа реченица што негде ја беше прочитал и задоволно се смешкаше. 127


Еднаш, додека се шеташе со Педро по една кална, некалдрмисана уличка на периферијата, тој одеднаш забележа, дека е предмет на внимание на група луѓе, соберени околу еден просјак. Просјакот беше брадјосан и дрипав старец со една нога. Тој седеше покрај патот и покажуваше кон Алонсо: „Го гледате ли? Тоа е рицарот, кој под Малага му го распра стомакот на маварскиот емир, му ги разгроми војниците и нашиот пораз го претвори во победа! Јас бев тогаш во кралската гарда и не можев да правам ништо друго, освен да го гледам како сето тоа тој го прави – сè додека едно ѓуле не ми ја откина ногата“ – така зборуваше просјакот. Во еден момент се обиде да стане и да го поздрави својот јунак, но штеката му се подлизна и тој лошо падна. На Алонсо му стана мачно од оваа глетка: тој не бараше слава од овие окаени ѓаволи. Извади од џебот и фрли кон просјакот неколку монети и бргу се оддалечи. Такви и слични работи му се случуваа меѓу vulgus profanum 192 по градот, па повеќе сакаше да си остане меѓу своите пријатели во куќичката на првиот коњушар на нејзиното височество, или во спортската сала со патрициите. Еднаш или два пати седмично му доаѓаше дона Леонора. Како и сите дами на кралицата и таа одвреме – навреме добиваше слободни часови и тогаш брзаше кон својот сакан. Едно утро, меѓутоа крвав настан го поремети ваквиот пријатен тек на нештата. Еве што се случи. Откако ја испрати дона Леонора преку мостот на езерцето до главната порта на дворецот, – сè уште беше темна ноќ – Алонсо се врати во својата соба. Педро спиеше. Прилегна и тој и, така му дојде, што веднаш длабоко заспа. Му дојде сон. Сонуваше како брза кон родното Охридско езеро – беше мал, немаше ни десет години. Уште три куќи и пред него ќе се покаже езерото, уште две, уште една – и тој веќе го слуша шумот на брановите. Еве го и езерото, а на брегот виси Леонора, и таа е мала, седум – осум годишно девојче; виси, се смее и му мавта со раката побргу да дојде. Но од каде Леонора во Охрид? – „Глупави сонови“ – си помисли во сонот, се насмевна и си рече, дека би било убаво кога тоа би му го раскажал на братучед му Педро, односно Петре, тој сака такви работи. Посака да се разбуди. Потоа му дојде ликот на покојниот татко, па ликот на стариот патешественик Ѓорѓи, кој брзаше негде и му мавташе со рака да дојде со него. Во тој момент тој седеше на брегот на езерото и пушташе во водата книжни бротчиња. Пак се прашуваше каде ли е Петре, зошто не доаѓа, кога веќе толку сака да биде со него, ајде, нека дојде, ќе отидат да крадат од 128


црковните јаболку, но побргу, побргу, бидејќи секој момент можат да допаднат од негде оние насилници Иван Беров и Стојан Пинелов и да им ја расипат забавата. Пак го слушна гласот на дедо Ѓорѓи. Сакаше да стане и да отрча по него, но некој стоеше над него и здраво го држеше, а друг му ги врзуваше рацете и нозете. Тој се отимаше, се препелкаше – безуспешно. Сакаше да викне – нечија рака му ја затвори устата. А и старецот го снема, не се слушаше веќе неговото викање. Се исплаши, го фати паника. Уште еднаш се обиде да се ослободи – и ги отвори очите, се разбуди. Ги отвори очите само колку да види, дека во собата е уште темно, само првата утринска светлина која продира низ прозорецот започнува да ја разблажува темнината. Веднаш потоа некој со превез му ги врза очите. Тој претрпна, бидејќи ова веќе не беше сон. Сакаше да го тргне превезот од очите и виде, дека рацете навистина му се заврзани. Се обиде да стане – и нозете му беа заврзани. Изгледа дека целото тело му беше цврсто заврзано, како што ги обвиткувале мумиите насекаде, бидејќи не можеше да направи никакво движење, освен беспомошно да се тркала. - Педро! – викна – Петре! Помагај! Тогаш и устата му ја запишија со крпче и четири силни раце го кренаа и го понесоа, а тој само беспомошно преташе, без да може да види и да слушне нешто, без да може да викне, без да може да се одбрани. – „Готово, - си рече – ќе ме убијат!“ Мислеше дека му дошол крајот и му беше жал, што веќе нема да ја види убавата Леонора, господарката на своето срце и што нема да може да го исполни ветувањето што им го даде на Иван Беров и Стојан Пинелов во врска со ослободувањето на татковината; но тоа само онака, попат, а инаку – чудна работа! – во себе не чувствуваше ништо од она, што треба да почувствува човек, кога ќе се најде во една таква ситуација. По почетната паника, имено се смири, се успокои. За него овој случај се сведуваше на статистички податок, на гол полициски извештај – дошле некои луѓе кај рицарот де Охеда, го заврзале додека спиел, го одвлекле негде и го убиле – тоа ќе биде кажано. Драмата, која се разигруваше пред неговите очи и во која тој беше главното трагично лице, му се чинеше од некои недоловливи причини сосема далечна, тој ја примаше како цело, но не ги разбираше и не ги ставаше при срце подробностите. Проста работа: едно подло ноќно убиство, нешто не толку невообичаено во големите градови во Шпанија – и ништо повеќе! Како умот да му беше заслепен. Така е тоа, кога човек ќе се најде во смртна опасност, во неговото сознание блеснува молња, која во едни случаи пројаснува, во други заслепува. 129


Најпосле стигнаа. Тој се зарадува, сакаше сето тоа што побргу да заврши. Го положија на земјата, но наместо да го убијат, му ги ослободија нозете, потоа му го тргнаа превезот од очите. Силните зраци на сонцето кое што туку беше излегнало го заслепија и во почетокот не можеше ништо да распознае. Потоа виде дека се наоѓа во некаква шумичка или парк и здогледа двајца млади и високи луѓе кои висеа до него и го гледаа – тоа беа неговите грабнувачи и веројатно неговите убијци – но зошто веднаш не го убија? - Чесен рицару де Охеда – рече едниот од нив – Јас сум Гуритан Суарес, а ова е мојот другар Мануел Ариас. Ние сме истите оние двајца, кои те предизвикаа на двобој до смрт на патот кон Кордоба. Тогаш храбрата госпоѓа не дозволи да се одржи двобојот и ние се повлековме. Меѓутоа, нам ни е наредено да ве убиеме. Утрово можевме да го сториме тоа додека спиевте и така, без никаков ризик за нас да ја извршиме наредбата што ни е дадена. Но тоа ќе беше подлост, а ако христијанскиот рицар стори подло дело, тоа ќе биде болна дамка на неговиот штит, така се вели. - Сега ќе се бориме поединечно. – продолжи другиот, тоа беше Мануел Ариас – Ако вие го победите едниот од нас, потоа ќе се борите со другиот. Јас сум рицар – поет и се радувам, што ја имам честа да го вкрстам мечот со вас, бидејќи вие ги имате сите својства кои ве прават она, што се вика совршен рицар, иако е многу веројатно, дека ќе ја испеам својата последна песна. Гуритан Суарес и Мануел Ариас ги симнаа своите оклопи за да немаа никаква предност и останаа само во алмиља, потоа на Алонсо му ги ослободија и рацете и му дадоа меч. – „Ајде – рече поетот – Јас ќе бидам првиот. Ајде, во името на Таткото, и Синот, и...“ Алонсо никако не очекуваше ваква разврска, толку погодна за него и некое време стоеше како здрвен, не можејќи да се изначуди на благородството и неустрашивоста на овие двајца. Со најголемо задоволство тој би им ги поштедил животите, па дури и би се спријателил со нив бидејќи нивната постапка беше за најголем восхит и пофалба. Но се сети како рамнодушно, како некаков труп ја очекуваше смртта, додека го носеа наваму, и збесна како волк; освен тоа си помисли, дека и во иднина би можел да има непријатности со овие двајца, па реши да заврши со нив. Та, кога поетот го нападна, неколку пати со лесно движење на телото ги избегна ударите на неговиот меч, па му ги пронижа градите со својот, така што овој како отсечено дрво се струполи на земјата, без да може и да офне. На сличен начин заврши и со другиот. За неполни три минути сè беше готово: двајцата несреќници лежеа, натопувајќи ја земјата со својата крв. 130


Тој фрли еден краток, летимичен поглед врз нив. Не сакаше да знае ниту кои се тие, ниту во чија служба биле, ниту пак зошто ја добиле наредбата да го ликвидираат. Тие беа многу галантни рицари, извонредно благородни луѓе, но, на крајот на краиштата тие го нападнаа и тој ги порази – тоа беше сè! Проста работа – зошто повеќе би мислел околу тоа? Најпосле кој им е крив, што не завршија со него кога сè уште можеа? Се заврте околу себе да види каде се наоѓа. Тоа не беше ниту шумичка, ниту парк, како што му се чинеше во почетокот, туку едно осамено катче засадено со дрвја зад куќите на западната страна на езерото. Го фрли близу до труповите својот окрвавен меч, ги погледна уште еднаш, одмавна со рака и тргна да си оди. Сонцето веќе се беше искачило на небото и силно светеше, започнуваше прекрасен, светол и топол есенски ден. Кога стигна дома, виде дека дворот е полн со луѓе. Висна и се вслушна во нивниот разговор. Тука беа Франциско и Рикардо, потоа оној Ѓеновјанин Колумбо и младиот Бартоломеј Лас – Касас, па дури и летописецот Комин беше тука, и тој дошол – и сите тие живо расправаа. Сите беа облечени многу просто, по граѓански, дури и убавиот боем Франциско, кој поради сè почестото другарување со слаткото канарско вино почна да се занемарува како во облекувањето, така и во изгледот на лицето, во општењето со луѓето и во сè друго. Но имаше и нови лица, тоа беа дворјаните Луис де Сантанхел и Бобадиља, кои кралицата ги беше испратила да се позанимаваат со тој „досаден, но, како што се чини многу амбициозен“ Ѓеновјанин, а тие беа облечени во раскошни дворски костими, со ордени на „Златното руно“ на шијата, со великолепни наметки од светлосино кадифе, бродирани со злато и потплатени со црн сатен, со раскошни шапки со бели перја на главата. Во еден момент зборот го зеде Колумбо. Им се обраќаше на дворјаните; беше убеден, дека тие ќе се застапат за него пред нивните височества и во нив гледаше спасители, вистински мали богови, а не знаеше, меѓутоа, дека судбината предодредила едниот од нив еден ден да стане негов темничар 193. - Само да добијам три кораби, јас ќе запловам по Морето – океан 194 и за неполн месец ќе стигнам таму, каде се раѓаат мирудиите и каде што златото го има толку многу, што лежи расфрлано по патиштата – кажете им го тоа на нивните височества, кажете им го! Јас ќе бидам првиот, кој ќе ги раствори портите на тој океан и ќе дојдам до Индија – слушате ли, ваши господства? Португалија ги има славниот принц Енрике 195 кој ги собра најучените луѓе околу себе, за да се види како да се дојде до земјите на 131


скапоцените канели, црн пипер и џинџифил 196, го има и Нуну Триштау, кој премина на југ покрај африканското крајбрежие и слезе на гвинејскиот брег, го има и Бартоломеј Диаз, кој го заобиколи носот Торментозу, потоа Диего Кај, Диниш Диаш и Кадамошту – и сите тие поставија на некој непознат и недостапен дотогаш брег меморијален камен со португалски крст во знак на тоа, дека таа земја е владение на Португалија. Само портигалски имиња, ниту едно шпанско. Веќе никој не може да ја престигне Португалија – таков е впечатокот, нели? Но може! Некој сепак ќе ја престигне Португалија. Ќе се случи нешто неверојатно. Јас, Христофор Колумбо, еден сосема непознат човек, una persona que ninguna persona conocia, ќе се упатам на запад низ океанот наместо на исток околу Африка и... О, чудо над чудата! – по тој најкраток пат ќе го откријам патот за Индија. Ќе стигнам прво до островот Ципанго, потоа до Манги 197 и за само неколку дена пловидба ќе дојдам до Ганг – сè точно знам што ќе се случи, убаво ги проучив белешките на Марко Поло и „Imago Mundi“ на епископот Д `Аји. Европа ќе биде восхитена, бидејќи ќе се вратам со црвенокожи индуси, со папагали, чудни животни и многу злато, цел еден кораб од мојата флота ќе биде полн со злато за Шпанија! Господа, јас ќе дојдам до Индија, најпосле тоа и не е толку тешко. Поголемиот дел од површината на земјата й припаѓа на сушата – единствениот масив на трите матрици, Азија, Европа и Африка. Помалиот дел му припаѓа на морето. Според тоа, растојанието меѓу западните брегови на Европа и источниот крај на Азија не е големо 198 и кога ќе се тргне по западниот пат, за кратко време ќе се стигне до Индија. Тоа е мојата мисија. Јас слушам неземни гласови кои ми вдахнуваат смелост, а пред очите ми се јавуваат небесни суштества – на кој друг му се случуваат такви работи освен на оној, кој е предодреден да изврши велики дела не само за својот, тику и за сите други народи? Само нивните височества нека ми дадат кораби – три, два, макар и само еден да ми дадат, јас ќе отпловам; и акредитивно писмо адресирано до Великиот кан, со кое нивните височества ќе му објаснат на силниот источен владетел, дека носителот на писмото е испратен во неговите земји за извршување на дела, со кои ќе се зголеми славата Господова... Алонсо послуша малку, па влезе во својата соба. А таму Педро лежеше на својот кревет, но беше многу блед и растреперен, тој никогаш не го видел таков, - Каде беше ти пред изгрејсонце? – го запраша. - Во дворот, не можев да спијам. – одговори овој и гледаше во него како во сениште. 132


- Тогаш си морал да видиш двајца оклопници, како влегуваат овде, истите оние, кои ме предизвикаа на патот кон Кордоба. Можеа да ме убијат на спиење, а не го сторија тоа. - Не... не видов... - Како си можел да не ги видиш? Каде ќе одиш? Блед си како свеќа. Да не си болен? - Остави ме... Ќе одам на воздух. - Нешто многу си ми чуден – што ти е? - Остави ме, проклет да си!... На Алонсо навистина држењето на неговиот братичед му изгледаше чудно, некако сомнително, но ништо повеќе не рече и не мислеше веќе на тоа – секогаш рамнодушно одмавнуваше со рака на работите што не ги разбираше - а и не сакаше да ги разбере. Легна и се замисли. Очите му се затворија, срцето му се отвори и се спушти по бескрајните зиг – заги на длабоката размисла. Му дојде некакво филозофско расположение, посака да навлезе во животните тајни. Го обзеде желба мислено да побара не нешто друго, туку самата таинствена вистина, да проникне во самата нејзина суштина, да стигне до самото нејзино дно, всушност таа мисла нему и досега сама од себе му се наметнувала. Сакаше сега, овој момент да ја надуши вистината, ако треба и под земјата да ја бара, но да ја улови. „Во што е смислата на животот? Да дојдеш до среќата? Но во што се состои среќата? За едни таа е едно, за други – друго. Оној Ѓеновјанин надвор ќе биде среќен, ако, пловејќи на запад стигне до Индија; оние двајца од изутрината ќе беа среќни ако ме убиеја во паркот, спроведувајќи ја така вољата на некого кој дошол до сознание, дека е подобро за него да изчезнам од неговот живот; јас ќе бидам среќен, ако ја ослободам татковината. Но патот до среќата води низ безводна пустиња, долга стотина километри – и многумина ги оставаат своите коски на песокот. Колумбо мора со години да пешачи по португалските и шпанските патишта, додека некој владетел му дозволи аудиенција која не ветува многу; двајцата несреќници само пред малку го накрвавија мојот меч иако беа извонредни рицари... А јас – кога мене ќе ми дадат војска за да тргнам на Турците во татковината? Дури ни самиот не му верувам многу на она, што им го ветив на Иван Беров и Стојан Пинелов. Бидејќи, кој сум јас? Дошол некој од зад грбот на Господ заедно со својата икона со Богородица за да се подвизува во кралството Кастилија и туку – оп! – „Дајте ми, вели, војска да си ја ослободам земјата!“ И сега чекам кралицата да ме викне. Ќе има да чекам. Некој чекал, чекал, па умрел. А и 133


кого сум тргнал јас да ослободувам? Оние голтари таму, кои се побесмислени и од овие што ги гледам по улиците на Кордоба? Јас ја сакам својата татковина, но ги презирам своите сонародници; мене идејата ме привлекува, не поединостите“. Внимателно се вслушуваше во своите мисли, сакаше да ги види такви, какви што се раѓаа. „Сето тоа е само половично. Сето повеќе наликува на измама и општа несреќа. Или немаш цел во која цврсто веруваш, или имаш, но не можеш да ја постигнеш. Како насекаде да е растурена невидлива пајакова мрежа, која го врзува животот и не му дозволува да се развие. Колумбо ја има, оние двајца исто така – и што од тоа? А можеби во својот стремеж да го осмислат својот живот тие само се фатиле за првата идеја, без да се убедени дека е таа вистинската? Сè би било поедноставно, кога би се задоволувале со среќата што ја даваат свежиот воздух, светлото сонце и чистиот простор; но повеќето се стремиме кон „големи идеи“. Сè е меѓутоа само половично. Па каде е тогаш вистината? Сакаме некој да ни ја изнесе пред очи, но никој тоа не го прави и таа си останува скриена. Таа или не постои, т.е. зборот суштествува, но самата неа ја нема, или пак живее некаде таму, горе или долу, сигурно во некоја далечна сфера и од таму управува со вселената. Мислам, дека прекрасното е врвот на вистината. Како ќе ме посоветуваш ти, пресвета Богородице, како да дојдам до мојата вистина? Зарем прекрасната Леонора не е за мене олицетворение на вистината над вистините, зарем...“ Мислата му ја прекина сознанието, дека некој има во собата. Тој некој беше влегол тивко и, наоѓајќи „филозофска тишина“ се беше притаил, спремен трпеливо да чека легнатиот да извлече некаков заклучок од своето размислување, а потоа да му пријде. Така да, Алонсо можеше спокојно да го продолжи своето филозофирање во врска со вистината. Но мислите што го беа обзеле, одлетаа. Мислите се божици, кои понекогаш ќе се сетат да му се јават на некој осамен смртник и тогаш му ги носат своите благовести; но штом ќе дојде друг смртник, ги снемува, во друштво веќе не се забележуваат. Алонсо сè уште не ја вртеше главата, но сè некако му се чинеше, дека дојдениот е некое дете. Дете? Чие ли беше тоа дете и што бараше овде? Најпосле не издржа, погледна кон вратата и истиоит момент скокна: тоа беше џуџето на кралицата!

134


17 Sub clara nuda lucerna 199. Овидиј - Господине Хиеронимус! Ваше благородно господство! Со налог на нејзиното височество ли доаѓате? – рече со растреперен од возбуда глас. Дури и името му го беше запаметил. - Ставете ја наметката и дојдете со мене, рицару де Охеда. – рече џуџето со својот пискалив глас и налутено додаде: - Почнавте и трупови да оставате по себе, тоа не е убаво. Алонсо се стресна: „Еве зошто дошло џуџето: се дознало за двобојот. А јас си мислев, дека ќе одам кај милостивата кралица по служба, почести и титули! Но колку бргу се дознало! Сега ќе ме обвинат, ќе ми судат и ќе ме осудат 200. Кои ли беа оние двајца што ги убив, ѓавол да го земе?“ - Ги убив во самоодбрана. По втор пат ме беа предизвикале. Затоа ли ме бара нејзиното височество? - Гајле й е на кралицата кого сте убиле и зошто. Но, тоа да не ви стане навика. Ајде, дојдете. - Каде, господине Хиеронимус? - Дојдете! – повтори џуџето овој пат со глас, кој веќе не трпи приговор – И знајте, дека одсега па натаму вашата судбина е во ваши раце. По ваша желба можете да се најдете на небесните височини, или пак да се стрмоглавите во калната бездна. Ако сте паметен човек, овие зборови ќе ви бидат доволни. Молчете сега и одете по мене. Излегоа. Надвор ги чекаа истите оние двајца алгвазили, кои одеа сегде со џуџето како негова сенка и не се срамеа, што й служат на една таква смешна човечка креација која Господ ја создал во еден момент на шеговито расположение, туку се гордееја со тоа. Го поминаа мостот преку езерото и стигнаа до дворецот. Пред влезот двајцата стражари со хелебардите в раце се поклонија доземја и со најголема почит ги пуштија внатре. „Не ме бараа поради двобојот, тоа е добро. – си велеше Алонсо – Но зошто ме вика кралицата? Сигурно таа ме бара, јас сум нејзин гост. „Од сега па натаму мојата судбина е во мои раце“– така ли рече џуџето, боже мој? – „По ваша желба, вели, можете да се најдете на небесните височини, или пак 135


да се стрмоглавите во калната бездна“. Што ли може тоа да значи, пресвета Богородице? Што ли ќе биде побарано од мене? Што ли ќе треба да сторам, за да се вивнам во небесните височини? Сигурно некаков подвиг во провинцијата Гранада. Сè ќе направам, војска ќе разбијам! А потоа ќе побарам полкови, за да удрам на Турците во мојата земја. Само десет илјади оклопници, ништо повеќе! Десет илјади коњаници во светли челични оклопи, со долги копја, десет илјади коњаници со мене на чело! Десет илјади оклопници, ох, каква величествена глетка! Ја нема таа османлиска сила која ќе остане здраво на местото, кога ќе се развиорат кралските знамиња, кога ќе екнат трубите и фанфарите, па кога десет илјади цврсти мажи ќе ги спуштат визирите, ќе ги положат копјата, па ќе ги пуштат во полн галоп своите големи бојни коњи! Со таа сила зад себе, јас...“ Стигнаа пред една зграда скриена во длабочината на паркот, која Алонсо дотогаш не ја беше забележал во комплексот од дворци. Овде владееше потполна тишина, местото како да беше пусто и заборавено. Алгвазилите се поклонија и си отидоа – до овде беше нивната служба – а џуџето и Алонсо влегоа. Поминаа низ една врата, потоа низ друга и дојдоа до еден мрачен ходник. Овде џуџето лесно се поклони, сакајќи со тоа да даде на знаење, дека и неговата служба овде завршила и излезе без збор да каже. Алонсо остана сам. Што сега требаше да се случи? Немаше ни жива душа. Се вслушна: никакво движење, никакви шумови. Требаше ли овде да чека додека не дојдат по него? Лично ли кралицата треба да се појави? Срцето силно му чукаше од возбуда. Но какво е ова место? Чекаше цел час и никој не се појави. Ама, се подигруваат ли тоа со него? Никој не можеше така да се подигрува со него... освен убавата кралицата, се разбира. Всушност, со кого тој треба да се види? Кога веќе никој не го бараше, тој тргна да побара некого. Излезе од ходникот и се најде во друг, во кој сите врати беа растворени. Почна да обиколува на слепо, од соба во соба, од ходник во ходник. Насекаде – по таваните, по ѕидовите и дури по подот – имаше слики на птици кои слетале на чудни растенија, на животни, на воини, принцези и кралици. Полирани кристали ја прекршуваа светлината, блескаа стаклени скапоцени украси. Степеници се виеја, се искачуваа, слегуваа. Ова место наликуваше на богат и раскошен сарај. Можеби во оваа градба некогаш бил сместен харемот на маварскиот емир? Тоа беше вистински лавиринт од ходници, степеници, соби и собички; вистинска елегантна пештера. Веројатно, нештата, кои се вршеа во овој дворец, беа од оние, кои се вршат, 136


како што велеле Римјаните „vi clam et precario“, односно со сила, тајно и за кратко време. Ако ова не беше маварски харем, веројатно овие простории служеле како место, во кое принцезите и нивните дами си играле слепа баба и криенка со заврзани очи, со раце кои опипуваат, задржувајќи го смевот, или како место за тајни љубовни состаноци на некој готски принц, или пак за тајна просторија во која требало да се склучи некаков судбоносен усмен договор кого само ѕидовите можат да го слушнат, па дури и некое убиство да се изврши. Каква и да беше намената на овој дворец, тој изгледаше како некој грамаден ковчег за ретки богатства. Продолжуваше да скита по собичките со цртежи и скулптори, со резби од слонова коска, изработени толку префинето, што би требало да се гледаат под лупа, исполнети со скапоцени огледала оградени со сребрени рамки. Кога таквото скитање му се виде бесцелно, посака да се врати во првиот ходник во кој беше дошол со џуџето и заклучи, дека веќе не го знае патот до таму. Овојпат вистински се јадоса: зошто го доведоа овде и зошто вака го оставаат да чека? Од време на време се провикнуваше: „Има ли некој?“ – Никој не му одговараше. „Сигурно некоја влијателна дворска дама посакала да ме види, па сега ме ѕирка од некој агол, пред да ми се покаже. – си помисли - Но јас веќе си имам господарка на моето срце, прекрасната Леонора. Ќе си одам одовде и тешко на оној, кој ќе се обиде да ме спречи! Каде ли ме доведе она ѓаволско џуџе? Каков е овој маѓепсан дворец? Милата Леонора, таа вечерва пак ќе ми дојде. Што барам јас овде?“ Тој беше многу бесен, што така постапуваат со него, великиот хидалго201 Алонсо де Охеда, јунакот од Малага. Веќе половина час луташе од соба в соба, од ходник во ходник – распоредот на просториите беше таков, што сигурно постојано се враќаше таму, од каде што беше дошол, вистински error circumflexus 202 – а никаков излез немаше. Го извади мечот за да скрши некое огледало или некаква скапоцена скулптура за на тој начин да привлече нечие внимание, ако воопшто имаше некого овде. Но, што рече џуџето: „Судбината е во твоите раце, можеш да се вивнеш кон небото, или да се стрмоглавиш во бездната“ – така ли рече? Не знаејќи што да прави, отвори една тешка завеса на неколку чекори од себе и влезе. - Има ли некој? Последниот збор му заседна во грлото. Кога ја тргна завесата и пречекори виде, дека се наоѓа пред нешто неочекувано. На средината на просторијата имаше голема постела. Освен неа и многубројните огледала по ѕидовите , немаше никаков друг намештај. 137


Некаква светлина, за која не можеше да се види од каде потекнува бидејќи собата немаше прозорци, ја осветлуваше постелата и можеше да се види, дека врз неа лежи жена. Таа жена беше гола. Не буквално гола. Жената беше облечена во многу долга кошула, но толку тенка, што изгледаше како мокра. Така што, жената беше речиси гола, нешто поопасно од полната голотија. Таа спиеше. Не беше покриена со ништо, во просторијата беше топло. Не можеше да се види која е таа, бидејќи лицето й беше завртено настрана и беше прекриено од долгата, раскошна коса. Алонсо на прсти се приближи до неа и погледна. Мечот сè уште му беше во раката. Го врати во корицата полека, без да направи еден единствен шум. Здивот му застана. Таа жена пред него беше убавата Хеба 203 која прилегнала да се одмори и заспала со цврст сон. Одвреме – навреме нејзиното прелестно, бело како снег тело лесно се поместуваше во постелата, ја менуваше положбата, но лицето сè така остануваше покриено од косата. Почувствува како во него се надигнува желба, силна како вулкан. Ако останеше уште само една минута пред оваа убава, гола, заносна нимфа, тој секако ќе паднеше пред искушението. Се сети на својата Леонора и посака да избега од ова место. Но не беше лесно да избега. Понекогаш, кога сакаме да отстапиме, искушението ни ги приковува нозете за подот. Да се приближиме – можеме, но да отстапиме – не. Во таа мрачна борба тој неминовно ќе паднеше. Немаше веќе компас. Не чувствуваше тврдо тло под нозете. Беше како кораб на кого среде бура му се скршило кормилото. И човек, велат, може да остане без кормило како кораб, особено кога силните раце на гревот излегуваат од земјата и се протегаат кон него. Но која ли беше таа заспана жена? Тој гореше во рајски оган. Ја испружи раката и нежно, сосема полека ја отстрани косата, за да й го види лицето. Беше кралицата! Ја беше видел само два пати за кратко – еднаш, како во придружба на кралот и на кралските великодостојници ги обиколува трупите кај Малага и вториот пат онаа вечер во дворецот на неговиот господар Мединасели – но нејзиното лице беше толку убаво и впечатливо, што не можеше да не го препознае. Кралицата, боже мој! Таа беше пред него, во оваа соба, во овој празен дворец, заспана, сама, гола!... 138


Се почувствува, како подот да е посипан со жар. Тешко нему, ако го фатат овде! Се заврте и тргна кон завесата покрај која беше влегол, но притоа неговиот меч удри од земјата и од тој шум кралицата се разбуди. - Кој е тоа? – рече таа прозевајќи се. Алонсо застана само на еден чекор од спасоносната завеса зад која беше наумил да се сокрие и се претвори во статуа. Почека таа повторно да заспие, за потоа да избега. Но сонот на оваа беше изчезнал. - Има ли некој? Ти ле си, мое џуџе? Но што бараш сега овде? Колку е часот? Или пак баронот е овде? Тогаш таа го здогледа човекот кој й беше завртен со грбот. Скокна, префрли врз себе една долга наметка без ракави и извика: - Кој сте вие? Што барате овде? Стража! Од некоја длабочина се слушнаа чекори на неколкумина мажи – но каде беа целото ова време? Овие набргу подзапреа, како да очекуваа повторно да го слушнат она: „Стража!“, но кога не го слушнаа, застанаа. Алонсо ја пушти дршката на мечот што беше ја фатил, кога го слушна тешкото тропање на чизмите. А кралицата не го повтори својот вик, бидејќи го виде неговото лице. - Гледај ти, варваринот! – рече. Тогаш се случи нешто, што не можеше да се предвиди ниту во најлудиот сон. Оваа жена, неприкосновената владетелка на едно од најмоќните кралства во Европа заборави дека е кралица, па блесна, се засмеа и се фрли на неговиот врат. Му ја притисна главата меѓу голите раце бидејќи ракавите од кошулата й се беа дигнале од брзото движење и на неговите усни спушти еден долг и страстен, вистински љубовен бакнеж. Потоа одеднаш го оттурна и нежните раце го впи во неговите рамења. Исправена пред него, го загледа со поглед, кој продира до срцето. - Како успеа да дојдеш до мене? Тоа ти се вика маж! Го викаш со мислите да дојде и еве го, тој доаѓа. Кој те доведе довде? Сигурно џуџето. Јас не му реков да те доведе, само му напомнав дека би сакала да те видам, а тоа, еве... ми ги прочитало мислите. Многу умно џуџе, богато ќе го наградам за ова. Што сакаш да ми кажеш? Не ми објаснувај, не сакам да знам. Паѓаш од небото, и толку. Си слегол од облаците, така си пристигнал. И само што се створи овде, една гола кралица ти се фрла на шијата, а, варварину? Те вџашив ли? Но, ќе ти кажам, јас не се срамам, решив да ми бидеш љубовник – таква е нашата воља! - Ваше височество... 139


Таа му ја затвори устата со раката и продолжи: - Не сакам да знам што сакаш да ме прашаш. Штом си тука, значи судбината така одредила. Што сакаше да ми кажеш? Мислиш ли дека можеш да бараш нешто од една кралица која ти се нуди? Се разбира дека можеш. А ти што би сакал? Да ти дадам војска, со која ќе ја ослободиш твојата... како ти се викаше земјата... ах, да, балканската земја која се простира околу некакво езеро таму – тоа ли го сакаш? Или да му наредам на грофот Мединасели да ти ја даде својата преубава ќерка за жена? Побарај сè што сакаш, ќе добиеш. Гледаш ли, јас знаев дека ја сакаш мојата дама Леонора, сè знам за тебе. Затоа те оставив да чекаш еден месец, сакав претходно да те запознаам, а џуџето има вешти луѓе кои ти одеа по стапките. Сакаш ли да ти кажам во подробности како во спортската сала си ги учел младите гардисти да мечуваат? А за просјакот кој останал без нога бидејќи не можел да ги оддели очите од тебе додека си се подвизувал кај Малага? А за утрешниот двобој? – „Тој е првиот меч во кралството, и двајцата ги среди за неполни три минути“ – така ми раскажуваше џуџето изутрината. Потоа цел час си мислев за тебе, а кога заспав те сонував. Ти реков ли, дека ќе добиеш сè што ќе посакаш? Сè, или речиси сè. И згора на тоа ќе ти дадам и палати и замоци, ти сè заслужуваш, ти си јунакот од Малага и кралот своерачно те запиша во кралската златна книга како голем хидалго. Барај, ќе добиеш што сакаш – како можам да не ти дадам? Па ти сега ме држиш здраво во рацете. Ако не ти ги задоволам желбите ти можеш да го обелодениш ова, што сега се случува и тогаш истата таа инквизација што ја создадов за да ја исчисти земјата од евреите и од лошо покрстените Маври, на барање од кралот и Кралскиот совет може да ме обвини за велепредавство и да ме запали на клада, која гори со бавен оган – и такви работи се случуваат. Но ти нема да ме предадеш, нели... сакан мој? - Ваче височество... Таа пак не му даде да продолжи. Се отпушти на постелата и го привлече до себе. Тој се најде во нејзината прегратка без да знае како. Во нејзините очи блескаше восхит. Таа зборуваше несврзано, страстно, со нежен глас. Зборовите надоаѓаа како надојден поток во март, кога снеговите се топат и беа милозвучни како музика, но за Алонсо таа музика звучеше како бура. - Сега се чувствувам како обична жена, тоа е нешто прекрасно! Не е секогаш убаво да си височество, царска личност, тоа заморува. Нека ми извини мојот кралски сопруг, но мене ми е потребно одвреме – навреме да паѓам, тоа ме одмара и ми ги обновува силите. Толку сум презаситена од 140


уважување и почит, од високи должности и судбоносни решенија, што добро ми доаѓа кога ќе ја сменам улогата, па дури и тогаш кога ќе се претворам во курва – посебно тогаш. Сега ти изгледам токму таква, нели, сакан мој? Вистинска fausse Isabelle 204 што би рекле Французите нели? Ако, нека е и така. Сите велики жени, Венера, Клеопатра, дури и Орлеанската девица 205 имале нешто курвинско во себе. Зошто не и јас, зошто и јас да не посакам нешто надвор од секојдневните кралски протоколи? Ти сега ме презираш, нели? „Кралица, а се тркала по калта како прасе“ – така си велиш, нели? Но нискоста го надополнува величието. Да ти кажам ли? Јас, кралицата на Кастилија, потомката на првите Трастмари посакав да ме стисне во својата прегратка варварин – а има ли поголем варварин од тебе? Зарем не си дошол од варварска земја и див народ, un pays barbare et une gent brutelle? Јас те засакав уште тогаш, кога ми излезе пред очи во замокот Осма, уште тогаш посакав да те имам во прегратка, слушна ли, мил мој? Го притискаше до себе и го гледаше право во очите. Продолжи: - Ти си убав и силен, одважен, ти си јунакот од Малага, но си презрен варварин. Кралот поради тебе ја напушти вечерата кај Мединасели, поради тоа, што си некаков си таму балкански Словен, чии што претци паселе овци по ридиштата. Јас затоа те посакав. Си ја слушнал ли приказната за принцезата Саламбо и варваринот Матос? 206 И мојата дама Леонора те сака поради тоа и затоа ја чувствувам како своја сестра. - Ваше височество, ќе ми дадете ли да одведам војници во мојата татковина? - Добро. Молчи. Земи ме. Кога по два часа излегуваше од дворецот, Алонсо речиси се судри со едно мало и смешно тело. Џуџето Хиеронимус беше овде само за да го стави прстот на устата, со што сакаше да каже, дека за настанот треба да молчи, согласно римското cavendo tutus 207. Потоа ова суштество се поклони насмевнувајќи се, ако можеше да се нарече насмевка искривувањето на неговата грозна уста и остана во таа положба сè додека рицарот не се изгуби од пред неговите очи.

141


18 Среќата е од женски род. Шекспир Во наредните два месеци Алонсо неколку пати беше почестен со таквата посебна милост на кралицата. И сè така: ќе дојдеа по него џуџето и двајцата алгвазили, ќе го поведеа по мостот преку езерцето, ќе стигнеа до главниот влез, каде стражарите со хелебардите им се клањаа доземја; кога ќе стигнеа до тајниот дворец на кралицата алгвазилите се поклонуваа и си одеа, а џуџето го водеше Алонсо во оној мрачен ходник, каде што и тоа се поклонуваше и си одеше; потоа рицарот веќе го знаеше патот. По два или три часа излегуваше и го минуваше истиот пат по кој доаѓаше. Го печеше совеста поради тоа, што ја изневерува својата дона Леонора, но исто така му идеше и да скока од радост: тој, бедниот Балканец Драган Охридски, беше љубовник на една кралица, та тоа тој ни во најлудите момчешки соништа не се осмелуваше да си го посака! Грамадната мрачна хидра на гордоста се раздвижуваше и му го опфаќаше срцето. Еднаш, одејќи си откај кралицата, додека поминуваше низ една соба, во едно од многубројните огледала го долови одразот на еден маж. Присуството на човек во тајниот дворец на кралицата во кој само тој требаше да има пристап многу го изненади. Но уште повеќе го изненади тоа, што во човекот го препозна баронот Салуст де Басан. Да, тој би се заколнал, дека тоа беше токму убавиот барон и дека и овој исто така го виде него во огледалото и го препозна. Веќе наредниот момент ликот во огледалото веќе го немаше. Зошто се сокри баронот? Тој избега, не сакаше да се покаже. Уште ли беше лут поради она изгубено писмо? Или... ох, боже мој! – тој се сети, дека првиот пат кога дојде на ова место, штотуку разбудената кралица спомна некаков барон – и тој ли беше еден од предопределените од судбината среќници кои одвреме – навреме й овозможуваат да се чувствува како обична жена надвор од протоколите, да й помагаат да се одмори и да ги обнови силите? А ако не беше тоа, што бараше тој човек овде? Но тоа се случи само еднаш и никогаш повеќе. Проектот за ослободување на татковината сега беше реалност. Сега Алонсо јасно го слушаше зовот на призракот, кој го повикуваше да го изврши големото дело, веќе јасно го гледаше како му мафта со рака, како со прст му покажува кон исток, таму далеку, далеку преку земји, мориња и 142


планини, каде мирно се бранува убавото Охридско езеро. Сега, благодарение на неговата tres chere souveraine 208 патот кон бесмртноста му беше отворен. Што може да му попречи на милиот љубовник на моќната кралица? Алонсо се опиваше од своите мисли. Не неговата силна десница, туку неговите бакнежи и прегратки ќе му помогнат да го завојува високиот идеал, не јунакот, туку љубовникот ќе ја сврши работата. Изабела беше готова да му даде замоци и градови, таа и кралството ќе го поделеше со него, таков беше впечатокот. Но само десет илјади оклопници на коњи бараше тој (нему никако не му излегуваше од главата тој број), десет илјади кентаури 209 жедни за слава, на кои тој громко ќе им викне: „Andamos!“ 210 - и ќе ги поведе кон Охридското езеро. Таа сила тој веќе ја имаше во рацете, се убедуваше тој, и сега ништо на светот нема да устои пред него. Ете, сето тоа така ќе испадне, благодарение на милоста на пресветата Богородица (притоа тој ја вадеше од џебот дрвената икона што ми ја даде овчарот од Галичица и страстно ја бакнуваше), сè така ќе се случи бидејќи Господ така сака, Deus vult! 211 Мислите му се формираа јасно и точно. Најпрвин требаше да се истераат Маврите. Кога ќе дојдеше до тој заклучок, пред него како некоја прекрасна визија излегуваше армијата на Обединетото кралство и тргнуваше кон градот Гранада, последниот голем бастион на Маврите во Шпанија и во Европа. Еве го најмоќниот меѓу благородниците, дон Енрике де Гусман, вториот херцог Сидонија, само тој опремил и води двеесет илади војници, ете го баронот Кинтаниља, главниот економ на Кастилија, кој меѓутоа повеќе се прославил со своето јунаштво, тој го води левото крило; десното крило го предводи командорот Гутиере де Карденес кој во кралскиот двор важи за голем авторитет по прашањето за кавалерската етикеција, но кое не му пречи на бојното поле убаво да замавне со мечот; тука се и силниот рицар де Силва, кој под Гранада нема да крши коњски потковици туку шлемови и оклопи и неговиот господар, славниот гроф Мединасели, кој своите најдобри војници му ги доверил токму нему, на својот прв паж Алонсо де Охеда. Тоа ќе се случи напролет, кога горите ќе се раззеленеат и кукавиците ќе се раскукаат. За три – четири месеци цврста опсада и постојано дејство на страшните серпентини кои само ќе рикаат како некои чудовишта 212, градот ќе падне – како може да издржи пред толкава сила? Тогаш тој – така продолжуваа неговите мисли – Алонсо де Охеда, славниот хидалго, јунакот од Малага и од Гранада, можеби најголемиот херој од последните дејствија на Реконквистата ќе отиде во одаите на својата кралска љубовница и меѓу два бакнежа ќе го побара она, што му било ветено. – „Добро, сакан мој, 143


избери си ги најдобрите војници од мојата армија и ослободи ја намачената татковина од жестоките Турци“ – така ќе му рече кралицата, бездруго така ќе биде, зарем може да испадне поинаку? Кога е така, треба да почне да се дејствува веднаш, уште сега, така си мислеше, за, кога ќе дојде времето за дејствување да биде сè спремно. Уште овој момент патот кон бесмртноста треба да се израмни, да се калдрмиса, да се пополнат сите дупки. Тој треба да се зафати да пишува писма на разни страни, првото, се разбира, да биде до Иван Беров и Стојан Пинелов, кожарите од Севиља. – „Браќа мои, – ќе им напише – јас ќе го одржам ветувањето што ви го дадов пред една деценија на брегот на Охридското езеро и годинава во замокот Осма - нашата премилостива и преблагородна кралица ќе ми даде војска, со која ќе тргнам во победоносен поход кон нашата мила татковина...“ – така ќе напише, а солзи радосници ќе капат врз напишаното. Но треба сите да бидат спремни, бидејќи како што многу убаво вели народната поговорка: Господ дава, но во кошара не втерува. Сега, како што веќе рекол, треба сите од балканската колонија во Севиља и од цела Шпанија да ги продадат своите куќи, продавници и имоти и сè друго што стекнале, та со нивните пари да се удрат основите на новиот живот во татковината, откако Турците ќе бидат истерани. Уште сега треба да се прати глас во Охрид, дека моќните владетели на братската, христијанска Шпанија ќе покренат крстоносен поход, затоа народот да не очајува, туку да се спреми за сеопшто востание кога ќе грмнат првите шпански пушки и топови. А таков глас изгледа, веќе некако отишол таму, тој потчул, дека бедните охридски рибари ги жртвувале своите оловни топки – оние тежини со кои ги пуштаат мрежите на дното – за куршуми! Пари тие немале, живееле само од риболов; но со радост го давале последното нешто, што го имале и сега гладуваат. Какви луѓе! Уште сега треба да се види кои се тие јунаци, та кога ќе започне ослободителната војна да се произведат во војводи и арамбаши, да им се дадат чети и полкови да командуваат! – „Браќа мои – ќе им напише исто така на Иван Беров и Стојан Пинелов – зарем вие можевте барем за момент да се посомневате во мене и во мојата мисија која ми е дадена од самиот Господ и нашата пресвета Богордица? Но, ќе чукне часот на победата, ќе дојде моментот на вистината! Ах, браќа мои мили, сега да бевте овде со мене, па да се чукневме со нашата препечена џанкова и да ја запеевме онаа нашата... Билјана платно белеше...“ Итн. Откако ќе го напише тоа писмо - така продолжуваа неговите мисли – и откако ќе напише и ќе распрати уште десетина или петнаесет други писма до свои сонародници во разни други градови во Кастилија, Арагон, Леон и Навара, ќе се зафати да 144


пишува нешто како манифест: како треба да се распоредат шпанците околу Охрид, колку востаници, колку и какво оружје треба да дадат одделните градови и побогатите села, со еден збор, што сè треба да се направи за да се затре турското име во нашата напатена земја, та ни спомен од него да не остане! Неговиот ентузијазам одеше дотаму, што размислуваше и околу тоа, освен својот прекрасен пријател Рикардо на кого во последните убави есенски ноќи надолго и нашироко му ги обелоденуваше своите замисли, кои други учители и просветители да поведе со себе во татковината, за да го описменат, просветат и облагородат простичкиот народ, ах, да, тоа е исклучително важна работа! Бидејќи ни најмалку не се сомневаше во победата – со десет илјади оклопни коњаници со штит во едната и долго копје во другата рака, со спуштен визир на лицето и лав во срцето, тој ќе го освои целиот Балкан, а не само Охрид! – почна да размислува околу уредувањето во ослободената земја: освен него, кралот Драган Први, по примерот на Шпанија и на целата културна и цивилизирана Европа треба да се именуваат грофови, маркизи, барони и други помали и поголеми благородници, потоа градовите да се укрепат со ѕидишта и бедеми, па замоци да се изградат долж границата и по другите стратешки важни точки... да се направи сè како што треба. Кога размислуваше за сите овие работи, градите му се надимуваа од среќа и возбуда. Бидејќи и на дваесет и три години си остана дете, сакаше со некого да ја сподели својата радост, да го види одблесокот на својата среќа во очите на друг, па го наоѓаше својот братучед Педро и му велеше, тресејќи му ги рамењата: „Ние набргу ќе ја видиме родната земја, радувај се!“ Но Педро не само што не се радуваше, туку поради нешто лицето сè така му бледнееше и очите му темнееја, како некоја подмолна болест да се вовлекуваше во неговото тело, па го сковуваше, му ја гушеше радоста, му го уништуваше животот – што ли се случуваше со тој човек? Но – о, боже мој! – Алонсо ни во очите на својата Леонора не наоѓаше блесок. Кога беа заедно таа му раскажуваше за својата служба кај кралицата, подробно ги опишуваше оние ситуации во кои се наоѓаше како една од нејзините први дами. Раскажуваше за одаите на кралицата обложени со златен брокат, за ѕидовите и таваните кои беа тапацирани со исклучително убава ткаенина произведена во Утрехт, за кадифените цветчиња врз златен сатениран фон, за многубројните статуетки од саксонски фарфор – женски фигури, кои ја прикриваат својата голотија со маншон, за скапоцените чаршави од Холандија, за балдахинот од пурпурно кадифе, бродирано со ситен бисер; ги опишуваше зборлестите папагали и 145


индиските шарени пауни, кои венецијанскиот амбасадор неодамна й ги подарил на кралицата, не можеше исто така да не го изнафали оној познат пехар од Тур, изработка на Мартин Доминик, уметник, на кого му немало рамен во цела Франција, а кого Луј Единаесетти уште во првите години од своето владеење й го подарил на Шпанија во знак на добра воља, или пак галеријата од портрети на кастилските и арагонските кралеви, поставени во богати рамки и увенчани со кралски круни и златни грбови. На Леонора несомнено животот на почесна дама на нејзиното височество й беше убав и интересен. Нејзина задача било, во одредени денови да биде постојано покрај кралицата и да й чита или да й свири на лаута, кога оваа ќе го побарала тоа. Но и кога не била со кралицата, нејзе й било интересно и весело. Тогаш со другите дами играла бускорона 213, пееле сегидилии, понекогаш присуствувале на многу саканата од дворјаните кања 215, но најчесто со другите дами ставале маски на лицето 216 и излегувале во прекрасниот кралски парк, кој како да ја имал најубавата флора и фауна на целата планета, толку бил убав. Сè на сè убаво й било на Леонора, не можела од ништо да се пожали. Другите дами и сите други од кругот на кралицата ја сакале, и самата кралица многу ја сакала – поради нешто дури и премногу, таков бил впечатокот – таа само ја гледала смешкајќи се и не можела да й се нагледа. Но кога зборуваше за кралицата, лицето на Леонора се смрачуваше како ноќ. Се вели, дека вљубените жени го насетуваат она, што не го знаат. Дали можеше Леонора да ја насетува тајната врска помеѓу нејзиниот сакан и нејзината владетелка? О, можно е, велат физиономистите и познавачите на човечките срца, и таквите оддалеку ќе ги препознаете: pulsus creber anhelans, crepitans irregularis 217. Од оној ден имено, кога џуџето Хиеронимус за прв пат дојде кај Алонсо и го одведе во тајните простории на кралицата, Леонора, колку и да се трудеше да изгледа радосна и мила, почна да личи на праска, која се расцутела во првите пролетни дни, но избрзала, па дошол мразот и измрзнала. Да, навистина дојде мразот во нејзиниот живот, а него го донесе кралицата. - Си забележал ли, свату, - му рече еден ден Франциско на Рикардо откако ги испратија Христифор Колумбо и неговите другари, малиот Бартоломеј и Филип де Комин – дека на нашиот Педро де Охеда не му се сите овци на број? Се отуѓи, сосема се запусте човекот. Дури и дуењата не сака веќе да ја види, та оваа почна пак околу мене да го врти опашот. - Забележав, како не, и се губам во претпоставки што е тоа, што го снајде човекот. – одговори Рикардо – Но и на нашата дона Леонора исто така не й се сите на број и мене ми е повеќе жал за неа, одошто за Педро. Нашата 146


преубава братучеда... И кога само ќе се сетам, колку ја сакав... колку и двајцата ја сакавме... Но што ли се случи? Па таа и Алонсо се сакаат како две гулапчиња, просто ти мило да ги гледаш како се голтаат со очите, па сепак... Ех, не залудно народот рекол: „Многу арно не е на арно“. Но оваа тема му припаѓаше на родот на трагедијата, а двајцата сватови го беа пронашле своето идеално местенце под сонцето – Рикардо во друштвото со Колумбо и учениот де Комин, а Франциско со пехарите полни со благото канарско вино со кое штедро го снабдуваше домаќинката на куќата – и не сакаа да навлегуваат ако не мораат во загадочните и мрачни длабочини на овој тажен род, па бргу поминаа на друга тема. - Туку, рицарот де Охеда собира учители и просветители кои со крстоносната војска ќе патуваат во неговата земја. Ќе дојдеш ли со мене заедно да го воспитуваме нрговиот народ? – запраша Рикардо. - Ха – ха – ха! – одговори на тоа Франциско – Јас да ги просветувам варварите – ама што ти паѓа тебе на ум, свату? Да го облагородуваме vulgus profanum? 218 Исклучено! Сега ќе ти кажам што мислам за таа работа. Со толку дух во себе колку што влакна имаа рибите по своето тело, тие луѓе, претпоставувам, заклучиле, дека сите свои сили треба да ги чуваат за она, што им го овозможува нивниот беден опстанок и ништо друго не може да им го привлече вниманието. Тие не го сакаат она што е велико, всушност духот им задава страв, духот, генијалноста и таквите работи предизвикуваат паника кај простаците. Таквиот човек дури сака да го уништи она, што го збркува и плаши, ете зошто неговиот ум е сиромашен со дух, како што мојата кеса најчесто е сиромашна со мараведи и реали. Тој е убеден, дека тоа нешто треба да се уништи уште во неговиот зачеток, по секоја цена да се уништи! Carthaginem esse delendam! 219. Дух – како да не! Па кога е така, може ли здравиот разум да ја победи безумната простотија? Немам ништо против тие луѓе таму, ни против Бугарите, ни против Србите, но други зборови не можам да најдам! Можат ли да се залеат со светлина подземјата во човекот, може ли да се воспламенат во името на убавината срцата кои се постудени и од лед? О, не свату. Затоа подалеку од plebs, fex urbis 220, таму ќе слушнеш само мукање на волови, mugitusque boum. Да им се зборува на таквите луѓе за романи, за мадригали, за митологија и филозофија, е толку невозможно, колку и да се соживи умрен човек. Никој не може да й помогне на човечката душа потоната во темнина! Таа темнина е толку непробојна, што никаков дух – ослободител, никаков исполински коњаник кој јава на пегази и грифони 221, никаков рицар кој се спушта од лазурот носен на своите две крилја не й може ништо. О, не, свату, јас ќе си останам во нашата 147


просветена Кастилија, со пехарите со благо канарско вино и со разните собарки и дуењи, мечтаејќи за некој голем господар, под чие знаме ќе тргнам во потрага по слава – тое е мојот modus vivendi 222. Всушност, свату, кога рицарот Алонсо де Охеда ќе поведе крстоносци кон неговата татковина? - Знам: тогаш, кога стариот, осамен даб пред замокот Осма ќе роди... например лубеници. Во тоа сум склон да се согласам со тебе, а донекаде ја прифаќам и твојата многу учена расправа во врска со простотијата на некои луѓе и народи, со која, да бидем искрен, би се погордеал и некој професор од универзитетот во Саламанка – секоја чест, нема што! Па сепак јас би отишол, ако по некое чудо се оствари замислата на мојот пријател Алонсо. Но ноември си беше отишол, убавата есен се гаснеше, во воздухот се наговестуваше зимата. Времето преку ден сè уште се стоплуваше и небото беше јасно, но деновите стануваа сè пократки, тревата жолтееше и се сушеше, птиците не пееја толку гласно и радосно и воопшто, од целата природа доаѓаше некаква посебна тага, својствена за периодот што е премин меѓу крајот на една и почетокот на друга сезона. Во еден мрачен и ветровит ден – беше 2 декември – согласно вољата на нивните височества, во Кордоба дојава дон Луис де ла Серда, петтиот гроф и вториот херцог Мединасели.

19 Три пати ура за брат ми, кој доаѓа! Писнете труби! Екнете фанфари! Знамиња – горе! Стара пиеса Кралот Фердинанд толку се израдува кога дозна дека му доаѓа грофот Мединасели, што нареди да му ја донесат најскапоцената хермелинска наметка и најраскошната златна дијадема и да му ја подготват најубавата кочија впрегната со шест како алпските снегови бели коњи – вихрогони, за со неа да отиде лично да го пречека својот гостин; како да не се работеше за негов вазал, туку за монарх еднаков со него – истото тоа го пишува и во архивските материјали според кои ја раскажуваме оваа вистинска повест. - И церемонијалниот меч со златен балчак посипан со зелени, сини и црвени дијамантчиња – и него донесете ни го! Само се чудиме, дали на главата да качиме дијадема или митра – што велите вие, наша кралска 148


сопруго? Сакаме да изгледаме убаво – нашиот драг Мединасели ли ни доаѓа, или кој? Од сите свои вазали него го сакаме најмногу, повеќе и од важниот херцог Сидонија. Најпосле, кој е Сидонија? Без својата флота што сме дозволиле да ја држи во нашиот живописен залив Кобил меѓу Гибралтарската карпа и Канарските острови и со која управуваат најискусните капетани кои се исто така наши, бидејќи се од нашите славни и преубави градови Палос, Велва и Санлукар де Барамеда и без своите дваесет милиони чист годишен приход што му го оставивме, тој ќе беше најобично рицарче, какво што може да се сретне во секое поголемо гратче од нашето кралство. Знаете ли, наша кралска сопруго, дека тој е побогат од вас? Кажете ми, вие, која владеете со моќно кралство, кога вие сте имале дваесет милиони мараведи чист годишен приход? И што направил тој за нашите круни? Ништо. Си живее во својата земја Дембелија и ни со прст не мрднува. А нашиот Мединасели со години војува на границата за славата и честа на нашето кралство, косата му побеле по војничките логори – жими крстот маченички, ние ќе му дадеме маршалски жезол и пак ќе го пратиме таму, бидејќи по неговото одење работите тргнаа на лошо. И згора на тоа токму благодарение на неговиот паж, варваринот – како се викаше – Алонсо де Охеда ли беше? – битката за Малага заврши без штетни последициза Шпанија. Ах, кога само ќе помислиме, дека поради тој храбар Грузиец... не, не беше Грузиец, туку Балканец – во лутина ја напуштивме вечерата, што драгиот Мединасели ја приреди во наша чест во својот замок, ах, боже мој! А беше гозба над гозбите, epulac epularum. Ние сè си мислевме, дека грофот смртно ни се налутил поради оваа навреда и ако само уште десет дена не дојдеше, ние самите ќе појдевме во замокот Осма и на колена ќе му баравме прошка. Не чудете се, наша кралска сопруго, ние не претеруваме ни најмалку. Голем човек е Мединасели, најголем! Само да ве потсетам, Изабело, дека грофовите Мединасели потекнуваат од синот на кралот Алфонс Втори Мудриот и дека вашиот далечен предок Енрике Втори Трастмарски на некаков... посебен начин дошол до престолот. Но ете го, ни дојде грофот, заборавил и ни дошол, каква среќа! По тој повод во катедралата да се отпее Te Deum landamus! 223 И фанфари да свират кога грофот ќе го минува мостот преку езероро! И кралски монограми на кои се испишани нашите иницијали да му се доделат нему и на сите од неговата сфита! И да се соберат најпознатите минстрели, кои со своите стихови и песни ќе го разубават денешниот ручек! А веќе утре во негова чест ќе направиме голем лов во нашите кралски ловишта. Тоа ќе биде лов, каков што уште не се видело, ќе им го дозволиме пристапот дури и на оние, кои 149


чуваат кучиња без дозвола 224 – нека се види, дека ни дошол грофот Мединасели! Тоа го велиме ние, најхристијанскиот крал откако го нема нашиот брат Луј Единаесетти, лесна му земја - таква е нашата воља! Кралицата скромно забележа, дека не треба да ја потсетуваат како нејзиниот далечен предок дошол на власт. Додаде исто така, дека некои делови од кралската наредба не се многу потребни, посебно она Te Deum landamus, а нејзе й се придружија и некои од присутните дворјани. Но, како што вели шпанската поговорка: „не постои закон, кога кралот ќе посака нешто“, па набргу едни слуги го донесоа великолепниот церемонијален меч, други хермелинската наметка, а трети носеа врз кадифено перниче извезано со злато едно гравирано златно сандаче, во кое се наоѓаше златната дијадема. Веднаш беше испратен гласник кој ја однесе наредбата на кралот да се отпее благодарствената молитва, а друг да им каже на свирачите да ги светнат своите долги фанфари, да се наредат зад мостот и да го чекаат знакот. Кога сето тоа беше свршено, кралот со голема сфита составена од најголеми великодостојници отиде по својот гост кој веќе чекаше пред мостот од другата страна на езерцето. Беше толку забрзан не сакајќи грофот да чека премногу, што не ги забележа во еден агол во дворот Елдерим, својот Мавар и својот дворски будала. - Нешто си ми многу блед, мој брате по судбина, што те мачи? – му рече дворскиот будала на Маврот, кога кралот и сите од неговата придружба одминаа. - Од каде на каде сум јас твој брат по судбина, будало? Значи ли тоа што го рече, дека сум и јас будала како тебе? - Во најдобар случај како мене, ако не и поголем. - Зошто? – запраша Маврот, чие што лице се смрачи. - Ќе ти кажам. Ти си Мавар, нели? А што бара еден Мавар, едно неверно муслиманско куче во дворот на најхристијанскиот крал во Европа? Ако ги земеме во предвид правилата на логиката, ти можеш да бидеш овде единствено како роб, кого го затвориле во најтемниот затвор, а клучот го фрлиле во најдлабокиот бунар. Но ти слободно се шеташ, згора на тоа и весело си потпевнуваш одвреме – навреме, што значи, дека си овде единствено во својство на будала – ете зошто сме ние браќа по судбина. - Ах, ти зборуваш исто како еден шутрак, Франциско се вика, што го запознав во замокот Осма на господарот Мединасели, што токму сега ни доаѓа во посета. – рече Илдерим и во својот бес се фати за дршката на својата сабја – димискија – Туку, слушај, ти, глупав христијанину, ако не ја 150


затвориш муцката, овој момент ќе ја извадам сабјата и ќе те парчосам. Бидејќи јас сум син на Хаким ел Рашид, еден од најголемите војсководачи на нашиот благочестив цар, кој бил голем јунак и многу христијанска крв пролеал, но предавнички бил фатен и по многу перипетии бил доведен во дворот на кралот на Арагон, кој тогаш бил уште малолетен. Уште тогаш кралот многу го засакал мојот татко, па кога поодраснал малку го направил свој доверлив човек и му дал почести и имоти. Та тоа за татко ми. А сега, откако ти ја раскажав оваа приказна, ќе можеш ли пак да ме наречеш будала? Во знак на одречување дворскиот будала толку силно замавна со главата лево и десно, што сите ѕвончиња на неговата капа заглушувачки ѕвекнаа. - Не, глупчо, да онемам, ако само уште еднаш речам, дека си будала како мене. Туку ти врати ја својата сабја нека си лежи во корицата и дај ја ваму раката, бидејќи по она што го слушнав, решив да се побратимам со тебе. - Салам алицум! Навистина ли тоа го сакаш? - Да, жими крстот на мојот дрвен меч, бидејќи од твојата приказна заклучив, дека твојот татко бил вистински Аграмонт 225, а јас ги сакам јунаците, без разлика дали се глупави христијански верници или неверни муслимански кучиња. Значи, дај ја раката ваму, од сега сме побратими до гроб. Попат, нешто ми падна на ум. На твоите Маври имено им е отпеана песничката. Нашите кралеви ќе дигнат војска на Гранада и тогаш многумина од вас ќе загинат, а многумина ќе бидат протерани таму, од каде што дошле. Ти ќе останеш со џелатите на својот народ – не мислиш ли дека твоите ќе те наречат предавник? - Не мислам. Кога ќе се случи тоа, за кое зборуваш, јас ќе ги наредам работите така, што никој жив нема да има срце да ме нарече предавник на својот народ. - Добро, добро. Но како ќе ги наредиш работите така? Се разбира, убаво е, кога работите ќе можат да се наредат така. – побрза да рече дворскиот будала, всушност тој се стресна од нешто злокобно и судбоносно, што го прочита на лицето на својот новопечен побратим.А сега кажи ми: од каде таа загриженост на твоето лице? Тоа го забележав веднаш, штом те видов. Тебе нешто те тишти. - Ме тишти, побратиме, ме тишти. Но тоа што ме налегнало е од таква природа, што, извини, не можам да ти го кажам; а инаку, верувај ми, би направил сè друго, што ќе побараш од мене. 151


- Ах, се разбира, секој има право да си ги чува своите тајни. А во очите ти читам, дека е голема твојата грижа; како смртна опасност да му се заканува на нашето кралство, а ти тоа го знаеш, но поради нешто не се осмелуваш да го кажеш. На овие зборови Маврот уште повеќе пребледе и просто не знаеше на каде да погледне. Дворскиот будала продолжи: - Се спријателиле еден Мавар и еден дворски будала, тоа ти е да пукнеш од смеа – ха – ха – ха ! Туку – знаеш ли? – од многу зборување мене устата ми се исуши. Ајде да одиме во мојата будалска резиденција. Таму имам малку олја подрида 226, неколку слатки колачиња полни со суво грозје и... неколку шишуња со вино донесено од пристаништето Санта Марија. Си го пробал ли тоа вино? Слушај: кога ќе ја наполниш чашата и кога ќе ја дигнеш кон светлината, ќе видиш какви искри танцуваат во златестата течност, како прашинки во сончев зрак. Ама што зборувам јас, вам, неверните кучиња верата не ви дозволува да пиете ништо друго освен вода. - Мојата вера навистина не ми дозволува да пијам вино или било каков друг алкохол, но јас сум во дворот на еден христијански крал и треба да се однесувам како христијанин. Значи ајде да одиме во твојата резиденција да си ги прочистиме грлата. Како рече: искри танцуваат како прашинки во сончев зрак? И вистина ти велам, не ме нарекувај неверно куче, оти ако уште еднаш ја извадам сабјата, дури тогаш ќе си го видиш својот христијански бог, така да знаеш! По овие зборови Маврот Илдерим и дворскиот будала се фатија под рака и тргнаа да наздрават со прекрасното вино од пристаништето Санта Марија и на тој начин да го удрат печатот на новото другарување, кое се случи во квечерината на овој мрачен есенски ден. А во своето одушевување од посетата на Мединасели, кралот отиде дури дотаму, што наредниот ден на изгрејсонце нареди во внатрешниот двор меѓу неколкуте величествени градби да се построи елитниот полк од неговата гарда за смотра, како да му беше дошол во посета некој странски суверен. Така тој сакаше да му искаже признание на својот сакан вазал, но исто така тоа беше прилика да покаже, дека неговите трупи се совршено опремени и дека неговата сјајна војска со која тој располага неограничено, е готова секој момент да тргне како на Гранада, така и во било кој друг правец, вклучувајќи го и Париз 227. Та тој гордо пројава на својот коњ со широк гест на раката покажувајќи му ги своите војници на Мединасели, на ќерка му Леонора, која синоќа со дозвола на кралицата отиде да го види својот татко и одтогаш не се раздели од него, на луѓето од неговата 152


придружба. Мединасели имено беше дошол со триесетмина свои најдобри рицари, со исклучок, се разбира, на Мануел Ариас и Гуритан Суарес за кои меслеше, дека по свршената задача што им ја беше доверил ќе му се приклучат овде во Кордоба, но тоа, ете, не се случи и тој се досетуваше зошто е тоа така; а тука беше и астрологот Мартивалиус, кој се беше стуткал на своето коњче меѓу сите тие силни и одважни мажи. Додека траеше церемонијата, на кралот му падна в очи необичното бледило на лицето на неговиот гостин, а истото бледило го забележа и на лицето на убавиот барон Салуст де Басан, кој беше присутен во својство на заповедникот на гардата. Не само тоа, туку овие двајца поради нешто беа нервозни и во секој поглед нивното држање беше чудно и невообичаено за вакви искусни и секогаш присебни луѓе. Фердинанд се замисли и таквата појава си ја објасни со тоа, што првиот беше изморен од долгото патување, а вториот беше под влијание на свеченоста на моментот. – „Дури и еден Мединасели има право понекогаш да се измори, дури и еден де Басан одвреме – навреме паѓа во трема“ – си мислеше. Кога заврши смотрата кралот се повлече за кратко во своите одаи за да го замени својот прекрасен боен оклоп што го беше навлекол за таа прилика со лесна ловечка облека, па отиде да доручкуваат, за да можат, како што рече, „машки да ги поднесат тешкотиите на ловот“, кој требаше да се одржи веднаш потоа. Во големата приемна сала сместена во главната зграда веќе беа изнаседнале педесетина дворјани на кралот, сите облечени во зелена ловечка облека, па кога влегоа и триесетмината рицари на Мединасели на кои им се беа придружиле и братучедите Алонсо и Педро де Охеда, масата се исполни до последното место. Требаше да дојде уште нејзиното височество и гозбата можеше да започне. А дотогаш кралот почна да наздравува, дигајќи златен пехар полн со вино. Најнапред му наздрави на својот гостин во чија чест се случуваше сето тоа, па на неговите триесет рицари, па на своите педесетмина дворјани, најпосле наздрави и за големата скорешна победа која требаше да се случи под Гранада, со што дефинитивно би завршила славната Реконквиста, започната уште во деветтиот век од неговите славни претци. Кога најпосле седна по последната здравица, веќе со блеснати очи бидејќи додека траеше наздравувањето големиот пехар требаше да биде двапати наполнет, дон Матиас, човекот кој во вакви свечани прилики секогаш стоеше зад неговото десно рамо, му прошепоти на десното уво, дека во салата е присутен и балканскиот Словен Алонсо де Охеда, јунакот од Малага. Кралот се смршти на она „балкански Словен“ – тој уште не можеше да го преболи фактот, што варварин од дивиот Балкан, а не 153


Шпанец му ја донел победата кај Малага – но по трет пат го наполни пехарот, па стана и одржа здравица и во негова чест. Тогаш вториот херцог Сидонија, кој со своите дваесет милиони мараведи чист годишен приход, со својата многуилјадна војска и со својата сјајна флота закотвена во заливот Кобил се сметаше себе си речиси еднаков со кралот, стана и налутено запраша, дали името на еден варварин, син на овчари, кој, згора на тоа може би сè уште е паганин, на една ваква свечаност треба да биде споменато пред неговото име, пред славното име Сидонија, носителите на кое низ вековите биле едни од првите благородници на Шпанија. Така рече Сидонија, а на тоа споменатиот Алонсо де Охеда крцна со забите и стана и најверојатно пред очите на кралот и на најголемите достоинственици на Шпанија соберени на ова место ќе излезеше и ќе му ја фрлеше својата ракавица на херцогот в лице, ако кралот не побрзаше да одговори, весело смешкајќи се: - Ах, ние секако ќе го споменевме вашето име, почитуван херцогу, ако ја бевме виделе вашата пурпурна наметка како се вее на крвавото бојно поле под Малага. Но вие си седевте во вашиот удобен и простран шатор на безбедно растојание, а на вакви свечености редно е јунаштвото да се спомене пред благородството. Патем, кога зборуваме за благородство, извинете, но вашите претци, херцогу, не можеле ни вода да им носат на претците на нашиот драг Мединасели: неговите биле кралеви, а вашите ништо повеќе од војводи и херцози. Извинете за нашата отвореност, но така е. - Тогаш вие, ваше височество – одговори херцогот, пребледнувајќи како свеќа на оваа навреда – ја омаловажувате и мојата понуда, што веќе ви ја дадов, а имено откако ќе си ја вратиме Гранада со мојата флота да ги нападнеме бреговите на Северна Африка? - Ах, не, ние не ја омаловажуваме вашата понуда, почитуван херцогу и со најголема благодарност ќе ја прифатиме, дотолку повеќе, што, на нејзиното височество може да й падне на ум најголемите кораби од нашата флота да му ги даде на некаков со Ѓеновјанин Колуно или Комбило, кој тврдел, дека, пловејќи на запад ќе дојде до Индија... Но до таму уште не сме дошле. Претходно треба да му ја земеме Гранада на Боабдил. А и не е само градот Гранада, тука е и војната на границата. Откако имено грофот Мединасели кој сјајно ги водеше нашите полкови на границата со наша дозвола им го препушти заповедништвото на други и се врати во својот замок малку да здивне од војната, од таму постојано ни доаѓаат неповолни вести. Така што, почнуваме да размислуваме околу тоа повторно да го испратиме на границата, за да ги доведе работите во ред. – Потоа кралот се 154


заврте кон Мединасели кој седеше до него од левата страна: - Се сложувате ли, мој грофе? Но што ви е вам, нешто сте ми многу блед, тоа уште на смотрата го забележавме. Да не сте болен? Грофот, кој инаку пукаше од здравје, навистина изгледаше многу нездраво. Не само предавничкото бледило, туку и крупните капки пот кои му се сливаа низ лицето, зборуваа, дека со стариот војник работата не е како што треба. Имено, освен помислата за големиот и судбоносен план што требаше да почне да се одвива по малку за време на ловот, и на кој, без да знае зошто, веќе неколку дена едноподруго гледаше со сомневање и страв, а ако не се беше заколнал пред своите омилени светци најверојатно и ќе се откажеше од него, него го притискаше уште една тешка мисла: каде се неговите другари Мануел Ариас и Гуритан Суарес кога Алонсо е овде? - Бездруго сум се преморил од патот, ваше височество. Не заборавајте ги моите шест децении. – рече и нежно ја отстрани раката на својата ќерка, која сакаше да му ја истрие потта од челото. - Ах! Шест децении! Што се шест децении за јунак како вас? Сме слушнале, дека заповедникот на гардата на Луј Единаесетти, некој си таму Шкот, на осумдесет години ја кревал со истата леснотија својата тешка бојна секира и со неа ги таманел непријателите на неговиот господар, исто како што тоа го правел и на триесет години 228. Ах, кога сме кај заповдниците на кралските гарди, се сетив дека и заповедникот на нашата гарда, баронот Салуст де Басан, исто така беше необично блед за време на парадата. Но што ви е на вас двајцата, да не боледувате од иста болест? А, еве ја нашата кралска сопруга, сега можеме да се нафрлиме на печените фазани и на овие бели колачиња прелиени со мед, што така слатко се топат во устата. Навистина, кралице наша, а нешто да не ви горат ушите? Бидејќи пред малку ве споменавме во врска со оној Комбило од Ѓенова, кој се залажува и себе си и нас, дека ќе доплови до царството на канот и одтаму ќе донесе купишта злато и мирудии, но кој веројатно ќе стигне само до Гуштерските острови 229, на кои не можат да се најдат ниту едно грамче злато, ниту едно ливче мирудија. Но, кралице наша, наместо да даваме кораби и пари на некакви си таму латински авантуристи, треба да си ја гледаме нашата работа и по заземањето на Гранада да се насочиме кон Маврите во Африка – со наши кораби и наши пари – така барем нема да сме му обврзани со ништо на херцогот Сидонија, кој само се перчи со таа своја флота закотвена во заливот Кобил. – „Јас, ваше височество – вели и се удира в гради – ќе ја дадам сета своја флота за експедицијата во Африка“. Но јас сакам да учам од старите Римјани, кои биле многу паметни и од нив го знам следното: „Operibus 155


credite et non verbis“ 230. Сакам да кажам – ќе го одржите ли ветувањето, херцогу? Патем и војната со Франција може во догледно време да избувне, ја нема веќе старата, итра соруна 231 Луј да ги подмачкува работите... Грофе Мединасели, вашето бледило не стивнува и тоа веќе почнува да ме загрижува. Што велите на кажаното од нас, кралице? - Ама што сте му го фрлиле окото на несреќниот Сидонија, ваше височество? – рече кралицата и го проследи погледот на дона Леонора, бидејќи й се стори некако сомнителен – Човекот си има голема флота и може да ја употребува како сака, има многу пари и може да ги троши како сака. Најпосле Гранада ќе падне, нели? Тогаш ќе ги добиеме контрибуциите на Боабдил и тоа ќе олесни некои работи како експедицијата во Северна Африка, евентуалната пловидба на Колумбо до Индија... или пак... – додаде, откако откри, дека дона Леонора го гледа одразот на ликот на Алонсо во едно големо и многу скапоцено венецијанско огледало отспротива – или пак опремувањето на крстоносната војска, што пажот на грофот Мединасели ќе ја поведе кон неговата земја. Алонсо сè уште го печеше навредата од херцогот Сидонија, но бесот во него почна да се стишува, кога забележа, дека е предмет на внимание на своите две толку многу високопоставени љубовници. А кога ги слушна последните зборови на кралицата, тогаш војсководачот – ослободител ги потисна и одмаздникот и љубовникот во него и тој си рече, дека е моментот јавно да го истакне и образложи својот проект за ослободување на неговата земја пред целиот овој величествен собир. Но како да го стори тоа? Тој не беше богат како Сидонија ниту благороден како Мединасели, туку варварин и потомок на овчари и рибари и како таков не можеше туку така да стане и да го земе зборот. Желбата во него, меѓутоа не познаваше граници. Таа сè повеќе растеше во него и тој веројатно ќе најдеше начин да ја оствари, ако не се случеше нешто, што го привлече општото внимание.

20 Кажете ми ве молам, што заслужиле Тие што смрт ми токмат со ѓаволски игри? Шекспир, „Ричард Трети“ Во салата влегоа Маврот Илдерим и дворскиот будала. 156


И двајцата имаа подоклици, од што можеше да се заклучи, дека цела ноќ не ги затвориле очите, а ако некој во тој момент им се приближеше, по миризбата што се испаруваше од нив, ќе дознаеше, исто така и дека другарувале со Бахус 232. Но, додека Маврот беше потиштен и како во него да се водеше тешка душевна борба, нешто, што уште повеќе ја истакнуваше сенката на неговото лице, дворскиот будала изгледаше светнат и среќен; тој победоносно чекореше држејќи го Маврот под рака и речиси влечејќи го по себе – и така овие двајца дојдоа до средината на салата. - Гледај, нашиот Мавар и нашиот дворски будала. – рече кралот и прсна да се смее – Ама вие како од небото да паднавте! Така ли се влегува среде кралеви и високодостојници, каде што sunt faeminae magnates 233, несреќници едни? Но, кога сме ние присутни, вам двајцата сè ви е дозволено. Дојдете и каснете од овие волшебства, што се наредени по масата. - Фердинанде, - рече дворскиот будала – колку златници ќе дадеш за она, што сега ќе го слушнеш? - Колку што тежи, толку ќе дадеме. Но ние не сакаме да слушаме ништо, пред да го докрајчиме овој величествен фазан што е пред нас, будало. - Оној, кој повеќе сака да гледа мртов фазан на масата отколку бесни соколи во лет е во блиско сродство со будалите. - Тоа е изветвена шега, будало. – рече Фердинанд – Добро, тоа личи на тебе. Но што е со нашиот Мавар? Илдериме, ти изгледаш потиштено. Што те мачи? Ти си филозоф, не би требало да се жалиш на својата судбина. Жими свети Ѓорѓи! Мојот верен Мавар, мојот брат Мединасели и достојниот за почит де Басан навистина решиле да ме спобудалат со своето бледило и со чудното однесување. Што значи тоа, господа? Можеби сте ги загубиле своите соколи, па сега не можете да учествувате во ловот? Или некоја вештерка ви го препречила патот? Или Дивиот ловец 234 ве пресретнал во шумата? Жими крстот што своерачно ќе го закачиме на Алхамбра, откако ќе влеземе во нашиот прекрасен град Гранада, вие тројцата изгледате, како да сте дошле на погреб, а не на гозба. Додека кралот зборуваше, очите на сите присутни беа вперени кон новодојдените. Се чувствуваше, дека овие двајца не се овде туку така, туку дошле да кажат нешто важно, па веселбата и смеата, кои, при брзото празнење на пехарите полни со одлично вино беа доведени до висико ниво, што се вели, постепено стивнаа. Присутните почнаа да разговараат меѓу себе шепотејќи. 157


- Што значи оваа тишина, господо? – рече кралот дигајќи го гласот, кој и по природа беше силен – Будало, ти навистина си решил да ни ја расипеш гозбата! Зборувај зошто си дошол и гледај да го оправдаш своето доаѓање, инаку ќе те натерам да ги проголташ сите десет ѕвончиња на твојата капа. - А јас ќе те натерам да ги голтнеш сите дваесет бисери на твојот ѓердан, ако не ми го дадеш најубавиот замок по течението на Гвадалкивир, бидејќи овој момент можеби ти го спасувам животот. Во салата завладеа мртва тишина. - Како тоа, будало? – рече кралот со променет глас и во тој момент виде, дека Маврот држи нешто во раката – Што држиш во раката, Илдриме? Место Маврот одговори дворскиот будала: - Тоа е писмото кое тој во почетокот не сакаше да ми го обелодени и покрај тоа што му кажав, дека во моите работни задачи освен глупирањето спаѓа и проучувањето на содржините на сите писма што ќе се најдат во кралскиот дворец. Поради тоа меѓу нас настана спор, кој мораше да се реши на некој начин – така ли беше побратиме? - Ама ќе разбереме ли ние што се случува овде, по ѓаволите? – викна кралот. - Ќе разбереш и тоа наскоро и не сакам да бидам во твојата кожа кога тоа ќе се случи. - Што, не сакаш да бидеш во нашата кралска кожа, будало? - Не, жими сè што ми е свето, бидејќи работите беа наредени така, што таа требаше да стане поефтина и од кожите од кои циганите ги прават своите тапанчиња. - Мир, несреќнику! – викна некој од наседнатите околу масата – Премногу си го одврзал тој твој јазик! - Пуштете го нашиот будала нека зборува. – рече кралот – Ние не знаеме ништо позгодно за исмевање, отколку што е лудоста на оние, кои би требало да се попаметни од останатите; а кога нашиот будала вели, дека нашата кожа може да стене поефтина и од циганските тапани, тогаш можеби сме и ние еден од нив. Зборувај, будало! Земи ја оваа кеса со злато, која ти ја даваме бидејќи мислиме, дека навистина ќе ни кажеш нешто многу важно - и зборувај! - Вчера, значи, - почна будалата, откако претходно внимателно со рака ја измери тежината на кесата што кралот му ја фрли – го сретнав овој Мавар во дворот, точно во моментот, кога вашето височество излегуваше да го пречека својот гост. Гледам: има сенка на неговото лице, значи загрижен 158


е, го мачи некоја мака. Тоа веднаш го дознав, загрижените и курвите ќе ги препознаеш на прв поглед. Го запрашав што му е – не ми кажа. А мене тогаш нешто ме заскокотка: овој човек, си мислам, можеби знае за отровот кој ќе го нагризе столбот на кој се држи нашето свето кралство – се случуваат такви работи, нели? – а не кажува, ѓавол еден! Го поканив кај мене да го проба моето вино од пристаништето Санта Марија кое е толку убаво, што, кога ќе ја наполниш чашата со него и кога ќе ја дигнеш кон светлината, ќе видиш како танцуваат искри, како прашинки во сончев зрак. Тоа му го реков, а тој се полакоми и дојде. Седиме ние така и пиеме, наздравуваме за нашето побратимување, кога во еден момент под неговиот зелен кафтан забележав писмо. Го запрашав убаво какво е тоа писмо и дали ќе ми го даде да го видам, а тој се збуни исто како мојата глупава кобила која, кога ќе ја вјавнам не знае на каде да оди, па само рие со копитата по земјата. – Аха, тука сме“ – си помислив, па бидејќи не сакаше да ми го даде писмото го истепав со тупаници и тоа така, што немаше време ни да ја извади својата сабја – димискија - така ли беше, побратиме? – а потоа самиот си го зедов. - Си го истепал нашиот Мавар? Нашиот Мавар, чиј што татко бил силен војник и славен војсководач? – се зачуди кралот. Но кога малку размисли, заклучи, дека тоа навистина можело да се случи. Бидејќи неговиот будала Розалино Мендоза не беше ни најмалку обичен шегобиец. Тој беше висок и убав човек, одличен во многу рицарски вештини, меѓу кои мечувањето и гаѓањето со самострел. Тој обично го следеше кралот во лов, во маршеви и во борба и овој не еднаш можеше да се убеди во неговата сила и подвижност и неговата решителност. - Но, продолжи, продолжи. А на мојот Илдерим како надоместок за ќотекот што го изел од тебе ќе му дадам полна кеса со злато, поголема и од онаа, што ти ја дадов тебе. Продолжи! Што се случи кога го зеде писмото? - Што се случува кога човек ќе земе писмо? Се чита, Фердинанде. - Ти го прочита писмото? - Целото, иако некои места при крајот беа размачкани, како оној што го пишувал да плачел над него, или пак рацете да му биле мокри од нешто. - Е – и? - И – тоа! Кога го прочивав писмото и кога разбрав во што е работата, јас со помош на уште една рунда тупаничење го убедив Маврот, дека напишаното во него треба веднаш да се обелодени и дека таквото обелоденување треба да го стори токму тој и токму на овој величествен собир, пред очите на целото наше Обединето кралство, така да се каже. И 159


сега треба да продолжи Маврот. Ајде, побратиме, како што се договоривме синоќа, ајде, не срами се. Маврот, кој досега не беше изустил ни зборче, молчеше уште некое време. Стоеше неподвижно и гледаше во земјата, очигледно сè уште се водеше во него онаа душевна борба. Потоа рече: - Вистина е, ваше височество, во своите раце јас го држам писмото, кое, доколку работите се наредеа онака, како што тоа го беа замислиле оној што го беше напишал и оној кому му беше испратено, требаше да ве лиши од престолот, а можеби и од животот. - Тоа писмо требало да не лиши од престолот, а можеби и од животот? – повтори Фердинанд – Ти, будало и ти, Илдериме или се шегувате или ве излагало некое произволно известување, на кое треба да се одговори еве вака: - Тој го доближи палецот на левата рака до врвот на носот и ги раздвижи останатите прсти во воздухот. - За жал, господару, тоа е чиста вистина. – рече Маврот – Тоа писмо го напиша грофот Мединасели, господарот Осма, јас тоа го видов со своите очи. Еве, ќе ви кажам по ред сè како што беше. Кога вие налутено го напуштивте замокот Осма, а со вас и целиот кралски двор, јас останав не затоа што се успав, како што вие и сите други сигурно си помисливте, туку затоа што тоа ми го наложија нивните светли преосвештенства Талавера и Торквемада, ноќта, откако се прибрав во својата соба откај еден лековерен христијанин, Франциско се вика. – „Така и така, - рекоа тие и ги држеа рацете склопени пред себе, како постојано да се молеа – ние се сомневаме нешто во грофот Мединасели; туку ти остани некое време овде и држи го на око“. Така. Јас останав кај љубезниот господар и го држев на око како што рекоа тие двајцата и навистина испадна, дека имало зошто да го правам тоа. Една дождлива вечер имено, се притаив пред неговата соба и чекав. Тогаш тој го напиша писмото и му го даде на својот паж Алонсо де Охеда да му го однесе на баронот Салуст де Басан во Кордоба, но претходно мене ми појде од рака да фрлам еден поглед врз него, така што ја насетив неговата содржина. По некое време ќерката на грофот и пажот Алонсо тргнаа кон кралскиот двор во Кордоба, таква беше вољата на нејзиното височество. И јас тргнав со нив. Мене писмото ни еден момент не ми даваше мир – та се работеше за вас, ваше височество! – и постојано мислев што да превземам. Еден ден додека патувавме пажот Алонсо се искапа во една рекичка – тоа беше кај крстот на Тројцата кралеви – и јас тогаш незабележан од никого го зедов писмото, бидејќи тоа беше доказ за вината на грофот Мединасели. Но, жими брадата 160


на Пророкот, сè така не знаев што да правам понатаму. Не сакав да му се случи нешто на вашето височество, но не сакав да му напакостам и на грофот, кој инаку е голем благородник и прекрасен господар. Се печев на тивок оган. Жими Мухамеда, пророкот Господов, не знаев дали со мене владее Еблис, нашиот врховен демон или добриот дух на Севишниот. Кога никој не ме гледаше клекнував на колена со лицето свртено кон Мека, му се колнев на Мухамед дека го посакувам најдоброто и го молев да ми даде некаков знак од кој би можел да видам, што треба да правам. Но никаков знак не добив и јас си ги кубев косите и брадата. Вчера, кога дознав дека грофот Мединасели пристигнал и дека може да се оствари напишаното во писмото, мислев дека ќе полудам. На крај го сретнав овој овде, дворскиот будала, кој навистина ме измлати како што се млати слама, кога очекуваме од неа да пушти зрно, но кој исто така ги разреши сите мои дилеми, на начинот што веќе ви е познат. И еве ме сега со писмото в раце. Така тоа испадна, за добро или за лошо. Нека е благословено името на Пророкот. Сите се завртеа кон Мединасели кој беше го покрил лицето со дланките, а Маврот почна да го чита писмото кое само што не се беше распаднало од долгото носење по џебовите и чија што содржина им е донекаде позната на читателите. Кога дојде до оној дел, во кој Мединасели му кажуваше на баронот де Басан за куќичката во шумата, во која, за време на ловот тие двајцата требаше да ги намамат нивните височества и под принуда од сила да ги натераат да абдицираат, кралот стана и, удирајќи со ногата толку бесно, што ја раскрши на парчиња подножната клупичка која беше пред него и рикна на цел глас, изгубувајќи го во својот бес кралското во себе. - Доста, Мавру! Доволно е! Запречете ја вратата, благородници! Обезбедете ги прозорците! Не дозволувајте ниту еден странец да се помрдне од својот стол, ни за жива глава! Fugite, partes adversae 235! Благородници од мојата придружба, извадете ги мечовите! Така грмеше тој, сличен на Нептун, со она неговото: „Quos ego!“ 236, а потоа се заврте кон Мединасели кој не покажуваше никаков страв, а само ги беше скрстил рацете на градите, како што тоа би сторил Катилина, слушајќи ги обвиненијата на Цицерон 237 и ја придвижи раката кон балчакот на својот меч, заборавајќи, дека тоа не е вистински, туку церимонијален меч. А овој, сосема ладнокрвно, дури веќе и без она предавничко бледило на лицето само рече: - Ова писмо, ваше височество, ви го замати умот. 161


- Не ми го замати умот, туку го разбуди мојот праведен гнев! – одврати Фердинанд со страшен глас – Бунтовнику! Предавнику! Неблагодарнику! А јас те имав за брат и мислев да ти ја дадам врховната команда во провинцијата Гранада и конетабал 238 да те правам и наредив фанфари да ечат во твоја чест, и Te Deum landamus да пеат во најголемата катедрала во Кордоба. Убиецу! Тиранину! Да ме втераш во шумска куќичка и со пиштол на слепоочницата да ме натераш да абдицирам, нели? Ти си злосторник кого папата треба да го исклучи од верата, а Кралскиот совет со проглас да го стави надвор од законите на кралството и да го лиши од сите права и добра, па по исклучително брза постапка неговото тело да се заврзе за четири бесни коња и да се расчеречи на четири дела. А тоа, бога ми и ќе се случи, бидејќи сега си во мојата власт и јас му благодарам на бога за тоа! Мединасели разбра, дека е завршено со неговите привилегии, неговата чест, а можеби и неговиот живот. - Подобро заблагодарете й се на мојата лоша среќа. Бидејќи, ако го изведев сето тоа како што требаше, сега улогите ќе беа изменети. Тоа за последен пат во него проговори обземениот од бесни желби и страсти човек, кој жали за пропуштената животна прилика. Од тој момент, па сè до својот последен здив, тој се претвори во несреќен покајник, кој како некоја милост го очекува својот заслужен крај. За тоа време по салата се ширеше општ метеж. Вратата, како што нареди кралот, беше затворена, замандалена и чувана. Но неколкумина благородници на Мединасели, меѓу кои и Алонсо де Охеда, кој не можеше да знае, дека оние двајца благородни убијци кои тој ги прати в гроб ја извршуваа токму неговата наредба, скокнаа од своите места и се спремија да го бранат својот господар. Во викотницата се слушна громкиот глас на Алонсо, кој му се обраќаше на кралот: -Ваше височество, јас навистина го носев писмото за кое сега зборуваше Маврот и дури сега дознав, дека истиот тој Мавар ми го украл, додека се бањав во рекичката, кај крстот на Тројцата кралеви. Јас не знам, како дојде до целата оваа непријатна случка, само гледам, дека на мојот господар кој ви дошол на гости му се заканува опасност. Многу жалам, но морам да ви кажам, дека, ако дигнете рака на него, морате да се спремите да ги издржите крајните последици од мојот очај и од очајот на другите негови рицари што се присутни овде. Бидејќи, верувајте ми, ние ќе се насладуваме исто така на крвта на вашите благородници, како што се насладувавме на крвта на Маврите кај Малага. Храбро, јуначни благородници на господарот Мединасели! Соберете се околу мене и правете го она, што јас го правам! 162


Не можеме да не речеме, дека овие зборови го заслужуваат епитетот антологиски, всушност ние ги препишуваме буквално од архивските материјали на градот Кордоба. Прв меѓу оние, кои беа спремни да се жртвуваат за грофот Мединасели, беше осумдесетгодишниот хидалго Армандо. Со подвижност и сила која не се очекуваше од неговите години, тој си проби пат меѓу кралските дворјани и застана помеѓу кралот и Мединасели. Потоа си ја накриви капата под која слободно паѓаше неговата прекрасна бела коса, додека неговите стари очи блескаа со жар на јунак, кој врши некаков очајнички подвиг. Тој ја зафрли наметката преку едното рамо и го извлече својот меч. - Јас се борев за неговиот татко, стариот гроф Мединасели, Господ душата да му ја прости – тоа беше сè што тој рече – и, жими свети Ѓорѓи, нема да го изневерам во оваа јуначка невоља. Сето тоа се случи со молњевита брзина. Бидејќи, штом кралот зазеде заканувачки став, стариот Армандо се фрли помеѓу него и оној, врз кого требаше да падне казната. И сите триесетмина благородници од замокот Осма, кога го видоа тоа, бргу се собраа околу Алонсо, па со голи мечови јурнаа кон истото место. Помина една од оние минути, за чие што време косите побелуваат. Кралот се спремаше да даде знак за општ напад, за кого не можеше да се претпостави како ќе заврши бидејќи иако неговите луѓе беа речиси двојно помногубројни, на страната на луѓето на грофот беше Алонсо, кој важеше за првиот меч во Шпанија. За среќа, кралицата, која ја држеше за рака речиси онесвестената Леонора, стана од своето место и рече: - Ваше височество, гледајте што правите. Немојте да ја пролеете крвта на вашот гост кој дошол во вашиот дворец и на тој начин се ставил под ваша закрила. Заради вашата чест и вашето кралско достоинство, не обидувајте се да одмаздите едно грозно злосторство, со друго, уште погрозно! - Не разубедувајте ме, Изабело, - одговори кралот – Излезете од оваа сала со вашата дама, госпоѓицата Мединасели која за ништо не е виновна и на која, како што гледам, й е потребна помош и пуштете ме да ја извршам својата одмазда! Јас го сакав како брат, а еве што тој ми спремал! Одете си, пред да потече крвта! - Дозволете ми да ве замолам, мој кралу, - тврдо продолжи кралицата – да се смирите, колку и вашиот бес да е оправдан. Сето тоа може да се 163


разреши на друг начин. А вие, господо од замокот Осма, дозволете ми да ви препорачам да не предизвикувате крвопролевање. - Нејзиното височество има право – рече Мединасели, кого, кога почна гужвата, наместо дотогашното бледило и збунетост го исполни најчиста ладнокрвност – Мој верен пажу, храбар Армандо и вие, мои драги соборци и пријатели, немојте да предизвикате крвопролевање, затоа што мислите, дека треба да го заштитите својот господар. Кралот Фердинанд е оправдано бесен поради прочитаното писмо, кое јас, признавам, лично го напишав бидејќи некакви темни силе завладееја со мене и кое, ете, ја обелоденува мојата злосторничка намера да го превземам престолот на ова кралство. Јас навистина го спремав тоа, под моето достоинство е да лажам, и сум готов да ги прифатам последиците. И кога кралот би решил да ме убие овде, на ова место, мојата судбина не би била многу олеснета, туку напротив отежната со вашето мешање, пријатели. Затоа, отстапете, Алонсо, отстапете, Армандо! - Макар сето тоа да е така, господару, вие сте директен потомок на една од најблагородните кралски лози во Шпанија и не треба со вас така да се постапува! – викна Армандо, со глас кој потреперуваше. - Отстапете, мој добар Армандо, отстапете мои благородници. – повтори Мединасели – Можеби ова е мојот последен збор, јас им зборувам како господар на своите потчинети и барам послушност. Отстапете и предајте ги своите мечови, ако тоа од вас биде побарано. Јас ви наредувам тоа да го сторите и вие треба да се покорите. - Така е, мој грофе. – рече стариот Армандо и го врати мечот во корицата – Сето тоа можеби е така. Но, жими мојата чест, ќе ми беше подраго ако ми дозволевте малку да се пресметам со овие гиздави кралски јуначиња, што се китат со златни ланчиња и што ги надигнале капите, а на капите наденале секакви шарени перја и други дрангулии. - Кралице моја, вие имате право. – рече Фердинанд, со очите заковани за подот – Нашата чест нè обврзува да го почитуваме нашиот гост и да не го спроведуваме толку бргу она, на што се бевме решиле во нашиот гнев. Ние ќе постапиме така, што цела Шпанија ќе ја признае оправданоста на нашите постапки. Грофот Мединасели ќе биде затворен и според законите ќе му се суди за велепредавство, таква е нашата воља. А сега,благородници од замокот Осма, предајте им ги своите мечови на нашите офицери. - Ниту еден од нас – рече Армандо – нема да го предаде своето оружје или да ја напушти оваа сала, додека не ни се гарантира, дека на нашиот господар не му се заканува опасност. 164


- Мој Армандо, - рече Мединасели – вашата спремност да се жртвувате ќе ми нанесе штета, наместо полза. Предајте ги своите мечови, пријатели, ви наредувам! Така, во оваа исклучително опасна ситуација, Мединасели покажа брзина во одлучувањето и јаснотија во расудувањето. Сите потоа признаа, дека неговото држање не беше ни најмалку подло или кукавичко. Тој избегнуваше да го зголеми гневот на кралот и на тој начин да предизвика масакар; но тој ниту бараше милост, ниту изгледаше дека се плаши, туку до крајот остана мирен и достоинствен и беше најзаслужен, што не дојде до судир, кој секако ќе однесеше многу животи. На таквата наредба на својот господар Армандо и Алонсо ги фрлија своите мечови, а по нив тоа го сторија и другите триесетмина рацари. - Застенете, господа, - рече тогаш кралот со скршен глас – сите ние собрани овде сме Шпанци и кавалери. Задржете ги своите мечеви. Доволно ќе биде да ветите, дека нема да ги употребувате. Сето тоа се случи кога се спремаме за поход на Гранада и кога можеби ни претстои војна со силната Франција – каква несреќа! Херцогу Сидонија, ние се извинуваме, што го претпочитавме Мединасели, а вас ве занемарувавме. Ќе ви бидеме бескрајно благодарни за секој свој брод што ќе го ставите под наша служба, за секој свој војник, за секој свој меч, и во овој момент ве назначуваме за конетабал на нашата армија – тоа е нашата воља, така забележете, вие, архивари и летописци! Баронот Салуст де Басан, чија што вина е докажана со писмото, веднаш да биде окован и одведен во темница. За таквите како него имаме само ferrum, et fossam, et furkas 239. Ами како: imposuit manus in Cristos Domini240. А и вие, грофе Мединасели морате да бидете наш заробеник. Ќе ви биде судено за грозната намера што сте ја имале кон нас и кон нашата кралска сопруга. Одведете го во кулата, заедно со двајца свои благородници, кои самиот ќе ги избере како своја придружба. Вие, благороден старецу Армандо и сите вие, господа од замокот Осма, слободни сте да го напуштите кралскиот двор и градот Кордоба или да останете со нас, бидејќи со затворањето на вашиот господар завршува вашата служба кај него. А што да правиме со вас, рицару Алонсо де Охеда? Ние сè уште се муртиме кога ќе се сетиме дека сте варварин, но вие сте јунакот од Малага и вашето име беше запишано во нашиот регистар, за да се памети додека свет светува. Вие го носевте завереничкото писмо, но не сте вмешани во заверата, туку само ги исполнувавте наредбите на својот господар и во оваа сала срчано се застапивте за него, што ја потврдува вашата пожртвуваност и преданост. Вие сте прекрасен човек, освен тоа во вас се таи сјаен војсководач. Останете во 165


наша служба: наместо вашиот господар вие ќе ја преземете командата на полковите кои останаа да војуваат на границата. Да, да, вие сте достоен да ја носите маршалската палка. Патем, вие сакате да ја ослободите вашата татковина, нели? Ќе биде, ќе биде, на јунаците јас ништо не можам да им одбијам; ќе биде, само претходно да го исчистиме нашето кралство од тоа некрстено племе. Така, тоа е средено. Ах, Мединасели, Мединасели, а колку само ве сакавме! Така. И уште нешто. Нека се дигнат сите подвижни мостови и нека се спуштат сите решетки на градските врати, во случај, ако заверата зела поголеми размери. Нека се удвостручи стражата на влезовите во градот. Околу кралскиот двор нека се постават најдобрите одреди од нашата гарда, која од овој момент му припаѓа на херцогот Сидонија како на конетабал и нека се удвостручат стражарите на секое стражарско место, omnes leges, omniaque iura vim repellere cuntisque sese defensare permittuni 241. Вие, рицару де Силва, пазете коњанички и пешачки патроли да го обиколуваат градот на секој половина час преку ноќта и на секој час преку денот. Впрочем доста ни е од овој град, по броени дни ќе отпатуваме во Нова Кастилија. Таква е нашата воља. Пазете на Мединасели, ако ви е мил животот! Ах, Мединасели, Мединасели, демонски грофе... Кралот уште еднаш упати кон грофот поглед полн со очај и бес, па бргу излезе од салата. Речиси онесвестена, Леонора дојде на себе од шишенцето со миризлива сол, што кралицата посојано й го држеше под носот. Прошепоти: „Алонсо мој...“ и погледна во големото огледало отспротива. Но таму веќе го немаше ликот на нејзиниот сакан, наместо него се покажуваа возбудени луѓе и веднаш потоа изчезнуваа. Се слушаше тропање на тешки чизми по подот и викотниците беа неподносливи. Тогаш несреќната девојке се сети, дека на нејзиниот татко му се заканува смртна опасност поради нешто кое беше толку страшно, што таа не смееше ни да мисли на него и викна: „Татко!“ Почна трескавично да го бара со поглед по салата и го откри точно во моментот, кога двајца офицери на кралот го изведуваа надвор од салата. – „Татко!!!“ – писна уште еднаш и, истргнувајќи се од рацете на кралицата која се обидуваше да ја задржи, се залета кон него, но овој пат загуби секакво сознание и падна како мртва. Падна точно во рацете на Алонсо, кој й се најде на патот и кој ја прифати како најскапоцен предмет. Дотрча и кралицата и, наднесувајќи се загрижено над лицето на својата дама, незабележливо му прошепоти на Алонсо: - Како само ја дочека во својата прегратка... А ти, која од нас двете повеќе ја сакаш? Ах, љубовнику... 166


Во сеопштата гужва сите беа на нозе, сите викаа, сите трчаа ваму – таму и беа многу збунети и возбудени. На масата остана да седи единствено Маврот. Тој плачеше и ги кршеше рацете: - Што сторив? Што сторив? Еве на што ме натера оној проклет будала!... Ах, тие лесноумни христијани, ќе се испотепаат меѓу себе! И сето тоа јас го предизвикав! Сето тоа јас го предизвикав, боже мој... Но опојната миризба на еден печен и прелиен со вино фазан кој стоеше пред него на голем сребрен тањир сè повеќе му го скокоткаше носот, така што тој ги истри солзите, погледна околу себе да види дали не го гледаат, па открши едно крило и почна лакомо да јаде.

21 Lasciate ogni speranza. 242 Данте Петнаесет оклопници со исукани мечови им служеа како придружба или подобро речено како стража на Мединасели и на баронот де Басан од дворската сала во која се случија овие настани до тврдината, каде што по наредба на Фердинанд овие двајца требаше да бидат затворени. Кога влегоа меѓу темните ѕидишта на старата готска крепост, војниците запалија факли. Баронот го затворија во подземјето, каде што беше темно како среде ноќ. Клучарот, кој важеше за начитан човек, на светлината на факелот на војникот кој одеше до него избра еден клуч од големиот врзоп што го носеше на појасот, ја отвори вратата и рече: - Lasciate ogni speranza. Уште никој не излегол одовде, освен со нозете напред. Аналите кажуваат дека десетина грофови, херцози и војводи ги завршиле во оваа ќелија своите последни земски денови, а во 937 година на истото ова место бил задавен, оставен и заборавен грофот Доријан, така што неговиот скелет бил пронајден дури по педесет години. Господ да ви е на помош, бароне де Басан! 243 167


Мединасели го одведоа на првиот кат и го затворија во една голема просторија, во која можеше да се смести со двајцата луѓе од придружбата, кои, согласно дозволата на кралот самиот си ги избра. Кога клучот два пати се заврте и кога тешкиот чекор на чизмите се изгуби во дното на мрачните ходници, тој се заврте кон едниот од придружбата, го фати за рамото и толку силно го стисна, што овој офна. - На колена, робе! Помоли се бргу за својата душа, бидејќи ова се твоите последни моменти на овој свет. Јас затоа те избрав токму тебе да ме придружуваш. Сега само кажи ми, дали да те задавам со голи раце или да ти го распарчам срцето со мечот, што кралот беше толку добар да ми го остави. Тоа беше астрологот Мартивалиус. Тој запраша: - Зошто, мој господару? - Ах, несреќнику, и уште прашуваш зошто? Па ти ме уби! Ти и твојот проклет хороскоп ме доведовте во оваа дупка од која најверојатно ќе излезам или со нозете напред, како што рече оној начитан клучар, или во онаа страшна облека, во која ги облекуваат осудените на смрт. И прашуваш зошто? – „Ѕвездите, вели, ви се наклонети, господару, сега е моментот да ја повратите круната, што Трастмарите незаконски му ја зеле на вашиот прадедо. Јас, вели, ја прочитав книгата на судбината, ја проучив содржината од моето волшебно шишенце и дојдов до сознание, дека ништо не може да ве спречи во тоа“. Ах, проклетнику, не те стигна казната, кога го отера во гроб Карло, прекрасниот бургундски војвода и малку недостасиваше тоа да му го сториш и на Луј Единаесетти, но сега нема да те спасат сите ѓаволи на кои им служиш, па и илјада да ги има. На колена, ти велам! - Добро, господару, - рече стариот астролог, не губејќи го меѓутоа ни најмалку присуството на духот – гледам, дека ми дошол судниот час. Кога Господ така сака, така нека биде. Но, како што рековте и самиот, треба да се помалам за спасот на мојата душа. Потоа, сакам да останам малку сам со себе и со своите мисли – да се потсетам на годините што одминаа, на доброто и на лошото во мојот живот... - Побрзај, бидејќи, откако ќе те испратам ad patres 244, сакам и јас да останам малку сам со себе: секој момент можат да дојдат џелатите на кралот по мене. - Мислите ли, дека тоа ќе ви се случи, господару? Ах, да, тоа ќе се случи, но само ако... само ако... - Само што? Слушај, слуго на ѓаволот, замолчи и искористи го најдобро што можеш времето што ти го давам. 168


- Ви благодарам за времето што ми го давате, господару, но ќе го искористам како што сакам – тоа е мојата последна воља. - Добро, искористи го своето време како што сакаш, но тоа ќе заврши, кога оној сончев зрак кој се пробил од надвор ќе изчезне – го гледаш ли на ѕидот отспротива? - Добро, тоа ми е сосема доволно да се потсетам на една моја шега, на која во моментот се сетив. - Шега? Ах, ти не си слуга на ѓаволот, туку си самиот ѓавол. Наместо да се молиш за својата грешна душа, ти се сеќаваш на злосторствата што си ги извршил. Од кој пандемониум 245 си дошол, бре ти? На што се сети, проклетнику? Но внимавај, сончевиот зрак полека си оди од ѕидот. - Сепак ќе ви кажам за својата шега и, ве убедувам, толку слатко ќе се изнасмеете, што лутината кон мене ќе ви помине и ќе ми го подарите животот – и такви работи се случуваат. - Не верувај во тоа. Побргу стариот даб пред мојот замок ќе роди тикви, отколку што тоа ќе се случи. Но гледај, еден дел од ѕидот веќе е темен. Мојот замок... кога само ќе помислам, дека никогаш повеќе нема да го видам... Ах, кога кралот би бил толку добар барем да ми дозволи уште енаш да си ја видам ќерка му и... Крвожеден убиецу, сето тоа се случи поради тебе! - Зракот, рековте, се повлекува од ѕидот? Значи треба да побрзам. Слушајте ја мојата шега, престорете се целиот во уво, вие сте должен да ја почитувате последната желба на човекот, кого сте го осудиле на смрт. Значи, слушајте. Кога бев кај Луј Единаесетти, еден ден го викнав во мојата астрономска лабараторија – исто како што вас ве викнав во мојата соба на врвот од кулата наредниотд ден, откако нивните височества налутено го напуштија вашиот замок – и вака му реков: „Кралу, ако мислите да одите кај бургундскиот војвода Карло одете, токму сега е моментот, хороскопот така вели“. Тој одамна сакаше да оди кај Карло со некакви свои луди намери, но го беше страв, бидејќи, ете, самиот му оди во дувлото, а овие двајца како волци р`жеа еден на друг; а кога му го реков тоа ме послуша и отиде. А таму, Карло – бап! – ни две ни три, туку за гушата и го фрли во Перонската тврдина, во истата она соба – ха – ха – ха! – во која грофот Херберт подмолно го убил својот сизерен Карл Безазлезниот. Така. Карло Бургундски притоа му дозволи да си избере придружници, а тој ги избра оној негов крвав берберин Оливје Ден, уште покрвавиот негов кум Тристан... и мене, својот астролог... исто како вие сега. Отидовме во Перонската крепост. А таму, слушам, кралот им шепоти на берберинот и на кумот: „Одведете го, 169


вели, овој ѓаволски астролог поради кого се најдов во оваа дупка во ходникот и веднаш обесете го“. Јас, меѓутоа, како што реков, го слушнав тоа и кога Луј за последно ме запраша дали му се заканува смртна опасност во оваа тврдина, му реков дека ќе умре – ха – ха – ха! – дека ќе умре еден ден – ха – ха – ха! – еден ден по мојата смрт. Така, реков, - ха – ха – ха! – кажа хороскопот. Иако важеше за најпаметен владетел на своето време, а изгледа дека тоа и беше, Луј й поверува на мојата шега, се исплаши, па самиот ме испрати од својата соба, притоа уште и најпријателски прегрнувајќи ме со едната рака, додека со другата скришно им даваше знак на своите убијци да се повлечат. Трепереше како вејка на ветрот – а моќни монарси трепереа од неговото име – ха – ха – ха! - Мислам, дека веќе сум ја слушал таа приказна од твојата уста, злосторнику; дури и со истите зборови, а мислам дека и се смееше на истите места. – рече грофот и го извади мечот – Но, твоето време истече, не остана ни едно милиметарче од ѕидот под сонце. Само се прашувам, каква врска има тоа што ми го кажа со сегашниот момент? - Таква, што и вам ви велам, господару, дека ќе умрете еден ден по мојата смрт. Како што гледате, историјата се повторува. Мечот што грофот го беше кренал за да го прободе срцето на астрологот, застана во воздух. - Тоа ли го смисли за да го спасиш својот безвреден живот, разбојнику? - Тоа, господару. - Значи, ме лажеш? - Можеби и ве лажам. - Самиот рече, дека си го излагал Луј, кога си го убедил, дека ќе умре еден ден по твојата смрт. - Така реков. - Значи го излага? - Го излагав. Другиот од придружбата со ококорени очи ја следеше оваа сцена. - Тоа значи дека и мене сега ме лажеш? - Можеби. А можеби и не. Можеби хороскопот навистина тоа го кажа, откако вие излеговте откај мене и отидовте да јавате со несудените убијци на вашиот паж Алонсо. - Од каде знаеш за несудените убијци на мојот паж Алонсо? - Астролозите знаат многу нешта, тие се слични на волшебниците. Мануел Ариас и Гуритан Суарес можеа да го убијат Алонсо без никаков 170


ризик за себе, но беа премногу кавалери, па тој ги уби нив. А од Алонсо сепак пазете се. - Зошто да се пазам? Тој ја докажа својата лојалност кон мене: денес прв скокна да ме заштити. - Пазете се од него, ви велам. А хороскопот можеби лаже, а можеби ја кажува вистината. Дали треба да му се верува, кога велеше дека Луј, а сега и вие, господару, ќе умрете еден ден по мојата смрт? Кој може да докаже, дека Луј немаше да умре наредниот ден, ако им дозволеше на своите убијци да ме обесат во ходникот? Можетели вие да знаете, дека нема да дојдат по вас џелатите на кралот до утре, ако сега ме пронижете со својот меч кој ме заслепува, бидејќи во него се прекршува последното сончево зраче што си оди? - Но ти рече, дека сето тоа е лага. - Можеби е и лага – сакате ли вие да испробате колку во сето тоа има вистина, а колку лага? Имало некогаш некој Августин и за него велеле: „Августин се сомнева“, dubitat Augustinus. - Си играш со мене како мачка со глушец. - Ха – ха – ха! – се изнасмеа громко уште еднаш астрологот и ги расшири рацете, давајќи ми со тоа на грофот да разбере, дека може да мисли што сака и да прави што сака. Мечот се спушти. - Најпосле, нема да си ги валкам рацете со тебе, непосредно пред својата смрт. Живеј, што ми е мене гајле дали ќе живееш или ќе умреш? Ако самиот не бев глупав, немаше да те слушам, кога ми ја опишуваше круната, која Трастмарите му ја зеле на мојот прадедо и сега немаше да бидам овде. А ти го подарувам животот како човек, кој помислува на тоа, дека може да се случи во еден тон лага да има и едно грамче вистина. Оди по ѓаволите. – и грофот одмавна со рака и му го заврте грбот на својот астролог. - Господине грофе, - се јави овој по извесно време намигнувајќи му враголесто на својот другар, кој остана разочаран поради тоа, што не се случи крвавата сцена што ја очекуваше – ако неговото височество случајно сони нешто, што ќе го натера да биде милостив кон вашето господство како што бевте вие сега со мене, ќе можам ли да се вратам во мојата кула во замокот Осма? Таму имам неколку книги што ми останаа од мојот учител, ерменскиот игумен од Истраховскиот манастир, а и телескопот што ми го подаривте е еден од најсовршените во Европа. - Прави како што сакаш. Остави ме сега. Сакам да бидам сам се себе. – рече грофот. 171


Всушност тој не го беше слушнал прашањето, бидејќи се беше задлабочил во тешките мисли кои неизбежно доаѓаат, кога човекот претпоставува, дека му остануваат само денови, а можеби и часови живот. Краткиот зимски ден бргу си одеше и во просторијата завладуваше мрак, но тој не нареди да се запалат двата факела кои беа закачени на ѕидот. Потоа, додека неговите придружници веќе тонеа во сон истоштени од бурниот и мачен ден, тој бргу чекореше од едниот крај до другиот, со рацете зад грбот, со ниско наведната глава, гледајќи единствено во својот живот кој можеби си одеше, слушајќи го единствено својот внатрешен глас. Човекот, кој речиси целиот свој живот беше исполнет со страсти и желби, веќе не чувствуваше никаква страст, никаква раскинувачка желба. Желбата беше испарила, а страста угаснала како светилки без маслото, кое го храни пламенот. На лицето му се читаше иронијата на великите души, кои изгореле во пламенот на своите амбиции. Оној, кој се беше усмерил кон Олимпските височини, сега се чувствуваше понизок од најбедното човечко суштество; оној, кој сакаше да гледа одозгора на луѓе кои коленичат пред него, сега единствено сакаше да се фрли пред нозете на својата ќерка и да ја моли да му прости за болката што таа ја чувствува поради него; оној, кој го подминуваше земното, човечкото и се стремеше кон небесното, божественото, сега се стремеше само кон тоа, достојно да го заврши својот уништен живот. На ѕидот, на кој пред малку светеше сонцето на заоѓање, сега излезе бел месечев зрак. Грофот застана, се заврте и долго ја гледаше полната месечина преку прозорчето. Си го спомена животот: среќно детство, уште посреќна младост исполнета со турнири по замоците и по градовите, со долги патувања по белиот свет, со прекрасни љубовни авантури; потоа дојдоа војничките години, години на слава и блесок. Кога му дојде проклетата желба да кралствува, во студентските години во Саламанка ли? А можеби таа помисла живееше во него и пред тоа, без тој да биде свесен. Посакуваше да го знаат сите, од Шпанија до Скандинавија, а за тоа, ако требаше тој и војски ќе разбиваше – зарем Цезар и Карло Велики заради големото име не ја разбиле цела Европа? Потоа желбите почнаа да го измачуваат, стануваа жестоки и метежни. Не го непушташе чувството, дека стигнал до бреговите на морето, каде беснеат бури и тој премногу одблизу ги набљудува; чувствуваше дека брановите често го допираат и се разбиваат во неговите нозе, а понекогаш јурнуваат кон него и му го вледенуваат срцето. Тој требаше да се истави, да се искачи на ридот, ако не сака да загине на брегот на тоа побеснето море. 172


Но не се иставаше. Си велеше: човек не може да стене велик по ниска цена, оној што сака да се издигне над другите треба да биде готов за борба; ако нема воља, ако му недостасува натприродна храброст, ако не се насочи со целото суштество кон целта, треба веднаш да се признае за победен и да се откаже – а му доликува ли тоа на еден Мединасели? Годините минуваа и тој, победоносниот војсководач, шпанскиот Ахил продолжуваше да биде роб на моќните и бесни желби.Сè до сега. Денес сè заврши. Од длабочината на ходникот се слушнаа чекори. Си помисли: „Џелатите. Дури ни ќерка ми нема да ја видам веќе. А зарем имав право да се надевам на такво нешто? Сигурно ќе ме задават со сребрен гајтан, така прават со високите благородниви. Добро. Прифаќам. Нека биде, го заслужувам тоа. Pater noster qui es in coelis, sanctificetur nomen tuum, adveniat regnum tuum, fiat voluntas tua…246“ Во тој момент месечината потона во тешки облаци и во собата завладеа потполн мрак. Клучот два парти тешко се заврте и вратата се отвори. Беше кралот. Неговата жестина се беше смирила како надојдена река која се вратила во своето корито, наместо неа на лицето се изразуваше неверување и очај. Одеднаш беше добил изглед на многу стар и уморен човек. Во рацете држеше факел. Клучарот и двајца офецери останаа надвор, а тој влезе, застана на средината на собата, го принесе факелот кон затвореникот и му се загледа во лицето. Рече: - Цела ноќ како луд чекорам по моите одаи. Наскоро ќе зазори. Уморен сум. Можам ли да седнам на твојот кревет? - Седнете, ваше височество. - Седни и ти до мене. Да поседиме малку еден до друг како браќа. Всушност целиот живот ние бевме браќа, јас толку многу те сакав. Закачи го факелот на ѕидот за да се осветли целата просторија и седни до мене. Од сите благородници тебе најмногу те сакав. - Вистина е, ваше височество. – рече грофот и го стави факелот на ѕидот но не седна, туку продолжи да виси со наведнати очи и во поза на смирено уважување. - Ете, како сето тоа испадна, брате мој. Ти, ете, си посакал да кралствуваш. Навистина ли мислеше да ја исправиш неправдата што претците на мојата жена им ја нанеле на твоите претци? Но векови поминале. Ти заслужуваш да бидеш крал, ја знам историјата, но Шпанија веќе се има крал; а не можат на небото да постојат две сонца, ни на земјата два крала, тоа уште Џингис – кан го рекол. Сега знаеш ли што треба да очекуваш? 173


- Како не би знаел? Смрт. Јас дури помислував дека доаѓа џелатот и бев спремен. Очекував да го наредите моето погубување и бев согласен со тоа, corpore et bona nostrorum subjectorum nostra sunt 247. Кралот го погледна својот заробеник така, како што се гледа човек, на кој претходно сакаме да му дадеме на знаење, дека ќе му кажеме нешто, што е многу важно за него. - Ти навистина не се плашиш од смртта, кога ми зборуваш на латински во еден ваков момент. Но толку ли брзаш да го видиш џелатот? Не сакаш ли да ти се суди, за да се обидеш да се одбраниш? - Никакво судење. Сè е јасно. Спремав завера против вашето височество и еве сум сега овде. Сè е јасно. Треба да умрам. - Зошто не ми се обраќаш со „брате“, како што јас тебе ти се обраќам? - Не заслужувам. Не ја заслужувам ни оваа посета што ми ја направивте. Виновен сум и треба да умрам. Мило за драго, quid pro quo, како што велат Латините. Ќе бидам среќен ако умрам од мечот на џелатот како војник, а не на бесилка како крадец, или задавен со сребрен гајтан, како некоја италијанска грофица која го изневерила својот маж. Единствената желба ми беше да ја видам уште еднаш ќерка ми, но тоа е премногу, знам. - Не ти се насмевна тебе животот, Мединасели... а достоен човек си. Тоа е некаков execrabilis 248. - Не ми се насмевна. Почнаа да ме раскинуваат безумни мисли и несовладливи желби. Мојата страст, мрачна и силна, стана безумна. Ја посакав вашата круна – извинете, ваше височество, единствено тоа можам да го кажам. После имаше моменти кога сакав да се откажам, но веќе се бев заколнал пред Бог и пред Богородица и пред сите светци. Каква лудост. Verae efenim maniae 249. Ех, што ти е животот... Овој живот, по секоја веројатност, е предворје на некој друг свет, во него нема вистинска среќа; да се надеваме, дека ја има во оној другиот. Посакав да бидам крал, ах, боже мој! Но ете како испадна. И добро е што така испадна, барем дојдов на себе, се освестив. Нанесувајќи ни удар, судбината понекогаш нè опсипува со својата милост. Сега само сакам со достојна смрт да ги искупам грешките и заблудите на својот живот. - Веруваш ли дека постои друг свет освен овој? Жена ми, кралицата, е убедена, дека најдобриот начин за грешниот да биде достојно примен во тој друг свет е, да биде изгорен на клада, оние двајца попови Торквемада и Талавера така ја научија. Јас себе си се нарекувам најхристијански крал на Европа, а и другите така ме нарекуваат, но понекогаш не сум убеден, дека 174


постои друг свет, ниту пак, ако постои, дека кладата е единствениот начин за грешниот да дојде до него – бидејќи сите сме грешни. Грофот молчеше. Фердинанд продолжи: - Сакаш ли сепак да организирам судење, кое ќе се одлага со месеци? Сакаш ли да поткупам доктор, кој ќе рече дека си непресметлов и како таков да те ослободам од обвинението? За сите тие нешта ноќва толку многу размислував, што ми се чинеше, дека главата ќе ми се распрсне. Сакаш ли да те испратам на некое пусто место, каде никој жив нема да те види, а да погубам – се случувале такви работи - друг човек кој личи на тебе? Се јавуваат луѓе како оној Ѓеновјанин – Комбуло, или како се викаше – кои сакаат да откриваат нови прекуморски патишта и континенти – јас не им верувам многу, но кралицата е благосклона кон нив – сакаш ли да појдеш со некој од нив, брадјосан, променет, преоблечен во морнарски чирак и да отпловиш на некој остров за никогаш повеќе да не се вратиш овде? - Вие сакате да ме спасите, ви благодарам, ваше височество. Но, јас сум Мединасели. Повеќе сакам да умрам. - Ја признаваш ли целосно својата вина? - Ја признавам. Mea culpa 250. - Се каеш ли? - Се каам. Mea culpa, mea maxima culpa 251. Тоа што го сторив никако не можам да си го објаснам, тоа е вистински argumentum ad absurdum 252. - Па тогаш поштеди си го и самиот животот, кога веќе јас ти го поштедувам, брате мој. Почни одново. Од оваа грешка што ја направи ќе излезеш помудар. Errando discimus 253. - Не, сакам да умрам. Повторувам, јас сум Мединасели, потомок на еден од најстарите родови во Шпанија, род, кој е еднаков со најстарите и најблагородните родиви во Франција. Ми доликува ли мене да бегам и да се кријам како крадец, или да се преправам како морнарски чирак? Не, ваше височество. Само, ако е можно уште еднаш да ја видам ќерка ми. - Тоа ли е твојот последен збор? - Тоа, ваше височество. Кралот стана. На светлината на факелот јасно можеше да се види, дека тој повеќе страда отколку Мединасели, како тој да беше оној, кој ја очекуваше смртната казна. – „Горко на победените, но горко и на победниците“ – прошепоти. Долго размислуваше. Мединасели гледаше преку прозорецот надевајќи се, дека ќе ја види негде месечината. - Добро. – реќе кралот – Ќе умреш. Како и сите ние, впрочем. Ќе умреш. Бог ми е сведок, дека никогаш во животот не му било потешко на 175


душата отколку сега, додека ги изговарам овие зборови. Но нема да умреш сега и не од раката на џелатот. Јас нема тоа да го дозволам. Со тоа ќе го прекршам законот на нашите претци и ќе предизвикам недоверба, но најпосле лавовскиот рев ги заглушува сите гласови, или, како што се вели, не постои закон, кога кралот ќе посака нешто. Но бидејќи сакаш да умреш, а и треба да умреш, навистина и ќе умреш. Но како војник, со меч во раката. Кога ќе тргнам на Гранада, дојди и ти. Таму ќе се потрудиш да загинеш. Сега си слободен. По неколку дена јас и кралицата со целиот кралски двор ќе отпатуваме во Нова Кастилија, а ти земи ја ќерка ти и оди си со неа во замокот Осма. Така решив, таква е мојата воља. Мединасели се фрли пред кралот и му ги натопи нозете со солзи: - Да живеам уште месеци со мојата ќерка и жена, а потоа да загинам на боиштето со меч во рака, pro publico bono? 254 Ќе дојдам со вас на Гранада, се колнам! Juro! Ах, таква милост ни на сон не очекував! Ваше височество! Кралу мој! Ах! Можам ли сега да ве наречам „брату мој“? Кралот го дигна. Мединасели пак падна на колена и почна да му ги бакнува рацете. Кралот се бранеше. Најпосле се истргна од неговите раце и откако уште еднаш го прошепоти она: „Ах, Мединасели, Мединасели...“ просто избега од ќелијата.

22 Не е грев, што во тој глув затвор, така мрачен и ужасен, посакувате простор – слободен и прекрасен. Иго, „Руи Блас“ Една квечерина, неколку дена по настаните што ги опишавме во претходните глави, Рикардо брзаше кон станот на Колумбо и на неговите другари Лас – Касас и Филип де Комин со „De bello Jugurtino“ и „De viris illustribus“ 255 под мишка, кога во една тесна, мрачна и нечиста уличка низ која прв пат поминуваше, слушна тивко и оптегнато: - Сва – ту – у – у... 176


Историчарот застана. Се наоѓаше пред една стара и запуштена четирикатна куќа со сомнителен изглед, една од оние, кои старите Римјани ги нарекувале trou aux rats, дупка за стаорци, според она нивното: „да се нарече мачката – мачка“, а галантните Французи во малку поувиена форма ги нарекле – maison de rendez – vous – куќа за состаноци. Но во неговата глава беа толку живи сликите од величествените походи и битки на римските легии за кои синоќа читаше, што во почетокот не можеше да се досети кој го вика и од каде доаѓа гласот. Тогаш на првиот кат од куќата, малку повисоко од неговата глава, виде отворен прозорец и еден убав маж со разбарушена коса како се беше наведнал низ прозорецот. Тоа беше Франциско, кој пред еден месец одеднаш изчезна од куќата на главниот коњушар на кралицата и веќе не се појави. - Ах, - рече – еве каде се криел мојот цимер. А јас пак се загрижив: каде, си велам, се изгуби човекот, да не му се случи нешто, да не се разболе негде? Но што правиш ти овде? Со кого живееш овде? Ах, боже мој! Драги мој, ти лошо ќе завршиш! - Јас навистина лошо ќе завршев, ако останев само уште пет дена во куќата на коњушарот на нејзиното височество, бидејќи домаќинката без никаква видлива причина почна постепено да ми ги намалува следовањата на вино; потоа толку ги смали, што личеа повеќе на дози лек, одошто на вино за пиење; па и дозите ги снема. Кога тоа се случи, за мене таму веќе немаше живот и јас тргнав по белиот свет да барам спас. - И – овде ли го најде спасот? Но, ти си само по елек. Каде ти е кошулата? Ах, пропаднат човеку, ах, црна овцо од нашето семејство! Еј, одамна помина времето, кога беше enfant terrible 256, го знаеш ли тоа? - Vendidi hebdomade nuper transita meam ultiman chemisam 257. Ги продадов и шапката и ракавиците исто така, само мечот го задржав, бидејќи кај се видело хидалго без меч? Па сепак, од една гледна точка, во моментот сум побогат од две суштества кои зад мене спијат како две гулапчиња, а кои немаат никаква друга облека, освен своите раскошни коси, што им ги дал добриот бог. - Ах, сега разбирам: овде живееш со две цимерки, прав ли сум? - Се срамам, свату, многу се срамам, што е така. Знам што ќе си помислиш сега: „Еве еден argumentum ad absurdum, така ли е? И прав си, сосема си прав! Всушност, јас сакам vita active 258 – извини, свату, знам дека те нервирам кога се кочоперам со својот латински – сакам да се борам, да победувам, сакам да засенам и мислам, дека со божја помош, еден, не многу далечен ден тоа ќе почне и да се случува, барем се надевам, spero; но 177


дотогаш да се веселиме, ѓавол да го земе, gaudeamus igitur! А ти, свату, качи се, дамите не само што се многу убави, туку и добри срца имаат, даваат сè што ќе им побараш. Ајде качи се, вкуси малку задоволство, gouter un peu les plaisirs, што би рекле Французите. - Што, сега и на француски ли почна да да ми зборуваш? - Имам многу голема причина за тоа. Една од овде присутните дами е Французинка, и таа ми вети, дека за еден месец ќе ме научи да зборувам како да сум роден Французин. Како што гледаш, добро ни оди досега. - Но ние немаме еден месец на располагање. Задутре грофот Мединасели и дона Леонора ќе заминат во замокот Осма, а кралскиот двор во Нова Кастилија, така што кралскиот дворец во Кордоба сосема ќе опустее. Но мислам, дека тоа тебе многу не те загрижува. - Како, свату? Јас дури сега дознавам, дека мојот тетин дошол. И веќе ќе си оди? А дворот, велиш – во Нова Кастилија? Што се случило, добога? - Да, дворот ќе го продолжи своето чергарење и ќе отиде во Нова Кастилија. А и јас со него. Кога дојде до тоа, пред мене се отворија три патишта: во Осма со вујко ми и со братучедата, назад кај учените оци во Саламанка, или пак со дворот во Нова Кастилија. Се решив за Нова Кастилија бидејќи таму ќе одат моите нови пријатели Колумбо, Филип де Комин и малиот Лас – Касас. Колумбо започнува да пишува нова страница во историјата, една од најубавите откако свет светува и јас сакам да бидам со него. Така да, нека ме извинат вујко ми, братучедата и многупочитуваните вселенски учени од Саламанка. Но, тебе, изгледа дека ти е многу убаво со твојата Французинка, штом не си се потрудил да дознаеш толку важни работи. - Beatus ille, qui procul negotiis 259. Но вистина, што се случи? -Се случи тоа, што грофот Мединасели го фатија како кове завера против кралот и кралицата и малку недостасуваше да го заврзат за четири бесни коња и да го расчеречат. - Sancta Maria! - Дојде грофот од Осма. А кралот – среќен, пресреќен, уште да полета. – „Ми дојде, вели, мојот брат на гости!“ Екнаа фанфарите, отпеаја Te Deum landamus во катедралата, извршија смотра на гардата, направија сè, како да дошол папата и седнаа да доручкуваат пред да тргнат на лов, кога – опа! - Што – опа! Од небото долета ангелот – осветник и со мечот покажа на мојот тетин? 178


- Не, туку со своите нозе дојдоа Маврот и дворскиот будала и пред целиот собир прочитаа едно писмо, од кое недвоисмислено можеше да се види, што грофот имал на ум. - А тој имал на ум да ги убие кралот и кралицата? - Не, туку се договарал со својот иден сват баронот Салуст де Басан да ги намами во шумската куќичка за време на ловот и да ги натера да абдицираат во негова корист; што е едно исто, само малку поинаку кажано, бидејќи за еден крал е полесно да го даде својот живот, одошто својот престол. Вистинска мрачна афера. - Ах, тоа е премногу, mais non, c`est trop, што би рекле сонародниците на мојата Алфонсина. Галантните благородници се претвораат во... Никогаш, никогаш нема да поверувам, jamais, jamais je ne croirais… Возвишен и преславен маж од благороден род, најблагороден... А таму ти бил sui generis260, некаква неразбрана, сложена смеса, mixtum compositum. Во мрак, велиш, работел? Делириум. Пеколен оган. Но, сè е во редот на нештата. Nil admirairi 261 – така рекол некој паметен Грк. Е – и? - Го затворија во крепоста но уште истата ноќ кралот лично дошол и го ослободил: немало да загине од правиот меч на христијанскиот џелат, туку од кривите сабји на Маврите од Гранада, што е едно исто, само речено во поинаков вид. Соломонско решение. - Ах, боже мој! Каква несреќа, навистина! А - нашата братучеда? - Таа, како што реков, ќе оди со татко й во Осма. Не сакала да се раздели со Алонсо, пребледувала, паѓала во несвест и такви работи кога татко й и рекол да се спрема за пат кон Осма, но овој бил строг: „Мене ми остануваат уште неколку месеци живот и вие треба да се разделите со тој Балканец и да дојдете со мене!“ Таа тогаш се согласила, но останала целата скршена. Всушност сето тоа таа ми го раскажа. - Каква метаморфоза! Совршениот благородник се претвора во завереник, завереникот во еден од оние строги татковци од комедиите, peres de comedie. – „Вие треба да се разделите со тој...“ – така ли рекол? Vous devez vous separer de cefte… Ах, нашата бедна братучеда... Се сеќаваш ли колку ја сакавме и двајцата во Осма, додека не дојде тој црн Балканец? Ех, тоа ти е животот... Но вистина, свату, качи се горе и послужи се слободно со мојата Французинка; ќе ти ја дадам за еден час, па ако сакаш и за цел ден и тоа бесплатно, тоа е најмалку што можам да направам за тебе. Само речи й: „Вие сте волшебна“, vous etes charmante. Таа многу сака да й ласкаат и кога тоа ќе й го речеш ќе те засака, па и тебе ќе почне да те учи француски. Или, можеш тоа и поинаку да го речеш. Например: „Сè би направил поради 179


вашите убави очи“, pour vos leaux yeux. А збор да нема, таа е навистина убаво градена и ѓаволски убава, bien faite et la beaute du diable, и згора на тоа има огнен темперамент, un temperament de feu, вистинска бесна кобила. Дојди, де! - Благодарам, во моментот ми е доволно задоволството, што ми го даваат Салустиј и Непот, а тука се и Колумбо и Филип де Комин, кој е vir incomparabilis et doctorum phoenix 262 – кон нив бев тргнал. А ти во почетокот и за дуењата на нашата братучеда така велеше. Но, како ја најде оваа? - Кога излегов од куќата на коњушарот – а бев со напукани усни, бидејќи веќе два дена не бев вкусил вино – и тргнав по улиците на Кордоба, запрев еден со црвен нос и темни подоклици, што значеше дека ги сака добрата голтка и пријателките на ноќта, односно дека е дренка од моето долче и го запрашав каде може да се најде во овој град нешто необично. Интересно е само тоа, што е необично, нели? Il n`y a pas d`interessant que ce qui est un peu extraordinaire – гледаш ли колку лесно се учи францускиот во кревет? А овој ме фати за рака и ме доведе до оваа куќа. Влегувам, а внатре Алфонсина, мојата Французинка, де. Гледам: вистинско ремек – дело, chef d`oeuvre! И велам: „Госпоѓице Алфонсина, сакате ли да ме бакнете? Mademoiselle Alphonsine, voulez – vous me baiser? А таа: „Вие сте, вели, шармантно момче, un charmant garson, но сепак, ох, не, господине, oh non, monsieur. А кога й предложив јас да ја бакнам, се согласи; значи тоа било поразлично. Бакнежот многи й се допадна и ме опсипа со комплименти: „О, господинот е, вели, вешт во тоа, monsieur en est l arbiter. Вие, вели, имате стил, vous avez du style“. Дури и уметник, поет во љубовта ме направи, vous etes un poete. Тоа е, свату, ти ги кажувам нештата какви што се, les choses en allez – memes. Таа вечер ме засака и ми рече: „Вие сте секогаш добредојден, господине“, vous etes toujours le bienvenus. Јас излегов, прошетав малку и по еден час се вратив – и останав, еве, ќе има повеќе од месец. Така беше. Просто останав. Засега оваа куќа се моите insulae fortunatae 263. Алфонсина е полна со дух и грациозност, petrie d`esprit et de grace, волшебна госпоѓа, la belle madame. За уште само еден месец со неа не само што ќе го усовршам францускиот, туку и писател ќе станам, ќе напишам книга со наслов: „Животот на галантните дами“, „Vie des dames galantes“, и веднаш по неа уште една, „За љубовта“, „De l` amour“, да, тоа ќе го направам, c`est ce que je ferai. Верувај ми, свату, таа е ангел, ангел небесен, c`est un ange, c`est un ange di siel. Со неа се чувствувам како вистински Французин, Парижанин по срце, Parisiene de Coeur. Ангел, ангел небесен е мојата Алфонсина! 180


- Значи нема да дојдеш со мене и со кралскиот двер во Нова Кастилија? Тогаш убаво е што се видовме, барем ќе се збогуваме; бог знае, кога пак ќе се видиме. - А кој вели дека нема да дојдам со тебе? - Па како можеш да се разделиш со некого со кого ти е толку убаво? - Мене ми е многу убаво со Алфонсина, свату, но јас не тиа ја дораскажав приказната. А имено, таа и нејзината сестра по судбина толку ме засакаа, што не ме пуштаат надвор ни воздух да се надишам. – „Не те пуштаме надвор – ми велат – бидејќи каков што си убав, некоја кнегиња може да те засака и да те грабне и ние тогаш ќе умреме од тага по тебе“. Како лимон ме исцедија овие две нимфоманки – не гледаш ли каков сум блед во лицето? А јас не сум коњ, не сум навикнал да ме зауздуваат. Та ти, свату, утре донеси ми една од твоите кошули, бидејќи ваков не можам да излезам пред луѓето и ќе видиш, дали нема да дојдам со тебе. Ќе й речам на Алфонсина: “Збогом засекогаш“, adieu a`jamais. Колку убаво и драматично звучи тоа: Adieu a`lamais! Таа на тоа сигурно ќе збесни, во својата лутина ќе бара силни зборови, ќе рече: „Сето тоа е одвратно!“, tous ca est degoutant, итн, итн, но јас свиркајќи ќе си ја накривам капата. Освен тоа, ова старо куќиште е полно со глувци, а јас повеќе сакам да ја слушам песната на птиците, одошто писокот на глувците. Јас сум ти, свату, син на снеговите и на гранитните скали и повеќе ми годи гладот во шумата одошто ропството во дворецот. Јас сакам да й служам на љубовте, многу сакам, тоа е вистина, но исто така сакам да им служам и на слободата, на виорот, на војната и на сопствената фантазија! Та, по ѓаволите со францускиот, а сега ќе кажам една наша, шпанска: „Mi madre se ilama Montana!“ 264 - Чуден си ти човек. Никој не може да те разбере. - Таков сум, бидејќи сум многу пред своето време. Јас ќе бидам разбран по четири века, околу 1900 година, je serai compris vers 1900. - Добро. А си помислив, дека те загубив. Тогаш, догледање до утре. – рече Рикардо и тргна по уличката надолу. - Свату! – викна по него Франциско од прозорецот. - Што е? - Немој да заборавиш да ми донесеш кошула.

23 Нема друг лек за љубовта 181


Освен самиот љубен човек. Ќе треба ли да прочитам во илјада и една книга Дека живеењето на луѓето е тажно Дека само ту и таму некој зрак од среќа мига? Гете, „Фауст“ Од почетокот на Новата 1488 година во замокот Осма се чувствуваше, дека нешто недостасува. Беше премногу тивко, ја немаше онаа живост, како секогаш, кога господарот беше тука. Немаше свечени гозби, ни ловови на кои доаѓаа благородниците од соседните замоци, не се слушаше хомеровската смеа на мажите, ниту пак нежниот кикот на дамите. Кога грофицата дозна за заверата што ја смислувал нејзиниот маж и за тоа, дека животот му бил поштеден, но само до скорешната битка за Гранада кога требало, така да се каже, самиот да налета на голите маварски сабји, се расписка, но грофот така ја погледна, што веднаш замолча и не прозборе повеќе за тоа. Само уште еднаш потоа му подрече, дека тројцата би могле да избегаат во Франција или во Англија – кој ги спречува? Пари имаат доволно.Ќе бидат ценети и сакани како странско кнежевско семејство, освен тоа неговата слава одамна ги надминала границите на Шпанија, така што секој крал со задоволство би го зел во своја служба. - Јас сум Мединасели, госпоѓо, го заборавивте ли тоа? – одговори грофот на тоа – Како можевте само да помислите на една таква нискост? Сте прочитале ли вие во некои летописи, дека некој мој предок дури и помислувал за бекство кога му горело под нозете, или, не дај боже, молел за својот живот? Мене кралот ме пушти на чесен збор. Како можам да го погазам зборот? Виновен сум – и ќе умрам! Затоа оставете ме спокојно да си го проживеам уште ова кратко време што ми преостанува. Кога кралскиот херолд ќе дојде да јави, дека ќе започне походот на Гранада, смирено ќе се збогуваме и ќе се разделиме – така ќе биде. И склопувајќи ги рацете и погледнувајќи кон небото, тој ја изговори реченицата, што постојано ја повторуваше, откако се врато од Кордоба: - Mea culpa… Miserere mei Deus. 265 По овој разговор несреќната грофица отиде кај својата ќерка и й се фрли на шијата, облевајќи ја со своите солзи: - Не ни преостанува ништо друго, освен да се молиме за неговата душа. – рече. 182


- Мајко, не е сè загубено, не очајувајте. – се обидуваше да ја смири Леонора – Татко ми е храбар, во битката за Гранада ќе се бори како лав. Кралот, кој најмногу од сè ја цени храброста, ќе го види тоа и ќе ја повлече смртната пресуда. Само да не го погоди некоја случајна стрела. Но и самата не веруваше во една таква можност, преголема беше вината на нејзиниот татко. Всушност, ако ја отвореше својата душа, таа ќе признаеше, дека не мислеше толку за својот татко кон кого и онака отсекогаш беше помалку или повеќе резервирана, колку за својот љубовник: како му минуваат деновите на границата каде што отиде по вољата на кралот, не е ли во опасност, мисли ли за неа? Ја проколнуваше судбината, што така сурово ги раздели. Излегуваше од дворецот, поминуваше покрај стариот осамен даб среде полето, влегуваше во шумата и ги бараше оние места, каде што како дете шеташе со стариот овчар. Го повикуваше неговиот дух: - Каде си ти? Се ослободи ли од магијата на лошиот Еблис? Зошто сега те нема за да ми кажеш што да направам за да го спасам татако ми, а што да си го вратам Алонсо? Јануари беше студен дрвјата беа голи, земјата полузамрзната и целата природа мртва, но таа остануваше со часови во шумата, сè додека дуењата не дојдеше по неа. Понекогаш пред очи ќе й се мернеше татко й, качен на коњ. Но тоа веќе не беше гордиот господар кој бесно галопираше меѓу дрвјата, туку мрачен, уморен и запуштен јавач, чиј што коњ, не чувствувајќи ја уздата, мрзливо чекореше каде што му гледаа очите. Затскриена зад некое дрво таа тажно гледаше по него, но мислите й летаа на друга страна, далеку од оваа шума и од овој замок, на југ, по калните гранадски патишта, каде што војуваше тој, нејзиниот Алонсо, нејзиниот Драган. Во дворецот го чекаше зајдисонцето за да си спомни за деновите кога тој поминуваше под нејзиниот прозорец придружуван од Рикардо и погледнуваше нагоре во желба да го види лицето на онаа, што ја нарекуваше господарка на своето срце, а таа висеше зад густо набраната завеса и го притискаше срцето, кое како бесно чукаше. Но сега деновите беа кратки и мрачни, сонце речиси и немаше, не беа тоа оние раскошни октомвриски зајдисонца, кога црвената како крв светлина силно надоаѓаше и ги заслепуваше очите. Се прашуваше: „Што да направам за пак да бидам со него, со мојот Алонсо?“ Си мислеше: „Како би било да облечам машка облека како некоја вљубена херцогиња од љубовен роман, да ја скријам косата под капа, па да 183


го вјавнам коњот и да тргнам кон границата? Таму ќе го барам, ќе се распрашувам за него. „Каде е – ќе велам – прекрасниот рицар Алонсо де Охеда, заповедникот на шпанските трупи?“ Можеби ќе го најдам среде некоја битка, можеби ќе стигнам до него точно во моментот, кога некоја маварска сабја се надвиснала над него, без тој да ја види – тогаш нема да мислам ниту миг, ќе застанам меѓу него и сабјата, но ќе го спасам. Или пак ќе го најдам во некоја запуштена селска колиба, ранет, болен, премрзнат – тогаш ќе бдеам над него дење и ноќе, а кога ќе оздрави ќе останам со него и ќе се борам како негов војник, ќе му бидам паж“. Но таа знаеше, дека тоа можеше да се најде само во романите, не и во вистинскиот живот, па не й преостануваше ништо друго, освен силно да ги стиска градите за да ја задуши болката што ја раскинуваше и да се сеќава на моментите поминати со него. Гледаше кон небото и шепотеше: „Но каде е денес снегот од лани?“ Во својата немоќ паѓаше на колена, ја веднеше главата, ги склопуваше рацете и шепотеше една молитва, што мајка и й ја беше кажала уште кога беше мала: „Salvum me fac, Deus, quoniam intraverunt aquae usque ad animam meam 266. Гледајќи ја како пак почна да бледнее и да вене, мајка й се досетуваше во што е работата. Ја знаеше силата на љубовните страдања – и таа некогаш страстно сакала – и се плашеше ќерка й да не навлече на себе некакво неизлечиво заболување, casus incurabilis, како што пишуваше во медицинските книги. - Знам, не можеш да го заборавиш Балканецот – й велеше шепотејќи, бидејќи се плашеше да не наида грофот – Но, дете мое, мислиш ли, дека тој ќе ти донесе среќа или само маки и тага? Немој да си мислиш, дека машката љубов е како нашата. Тие навистина ја чувствуваат истата опијанетост, но не ја познаваат онаа готовност, она внимание, што ги предизвикува нашите грижи и чија што единствена цел е секогаш саканиот. Мажот се насладува на среќата што ја чувствува, а жената на среќата што ја дава. Но, продолжуваше грофицата – да се потрудиме да не му ги загорчуваме последните денови на татко ти. Ах, се плашам, дека така ќе ти помине младоста. За жал, пролетта не секогаш цути. Најпосле, ќерко моја, треба да знаеш, дека нема многу среќа на овој свет; сè што е убаво, се слчува таму горе, на небото. Тешејќи ја ќерка си, грофицата ќе се сетеше на скорашната разделба со својот Луис, па и нејзе очите ќе й се насолзеа. Тогаш и дуењата ќе почнеше тешко да воздивнува и да шмрчка, бидејќи иако беше varium et mutabile 267, беше исто така и жалостива. За да ја растера тагата поради лошата судбина на своите господари, излегуваше и скиташе по дворците; но 184


тагата минуваше, таа ги истриваше очите и влегуваше во сопчето на некој заповедник на стражата или некој коњушар, од каде што набргу можеше да се слушне нејзината раскалашена смеа. Еден ден Леонора му напиша писмо на Алонсо: „Сакан мој, суровата судбина не раздели и моите очи се лишени од единствената светлина, од која беа осветлени; сега им остануваат само солзи. Постојано имам впечаток како сè околу мене, дури и воздухот што го дишам, е од некоја друга планета, како да сум се нашла одеднаш на месечината; сето тоа – замокот, мајка ми, дуењата – сето тоа како да не е мое. Таквата ситуација сè повеќе ми станува неподнослива и јас ќе умрам, ако во догледно време не се случи нешто. А што може да се случи? Да престане војната во Гранада? Кралот да те ослободи од должноста што ти ја даде? Да ги напуштиш своите трупи барем за некое време и да дојдеш кај мене? Но јас не сакам да се хранам со лажни надежи, знам, дека ништо од тоа не може да биде. Значи, не ми преостанува ништо друго, освен постојано да леам солзи и да се сеќавам на моментите кога бевме заедно и кога ти, најмил мој, не штедеше ни зборови, ни погледи, ни насмевки, ни слатки воздишки за да ме убедиш дека ме сакаш и дека вечно ќе останам господарка на твоето срце. Но се живее ли од спомени? Ах! Никако не ми излегува од глава мислата, дека можеш за една или две седмици да му ја предадеш командата на некој свој офицер и на својот коњ – вихрогон да долеташ во замокот Осма за да ме видиш и да ме усреќиш. Извини, сакан мој: колку сум безумна, не разбирам, дека тоа е невозможно...“ Вакви и слични нешта напиша Леонора, не забележувајќи дека пишува несредено и дека се враќа на исти работи. Потоа го запечати писмото, го опсипа со врели бакнежи, па му го даде на еден свој човек во кого имаше полна доверба заедно со една кеса пари за патрот; му рече да му го однесе на рицарот Алонсо де Охеда во Гранада и да се врати со одговорот. Курирот се врати по еден месец целиот истоштен – јавал ден и ноќ по калните патишта на Кастилија – и й донесе неколку набрзина напишани смирувачки ретчиња, кои требаше да претставуваат одговор на нејзиното писмо, во кое таа ја беше внела целата своја душа – тоа беше сè што можел да напише рицарот во својата презафатеност. Таа почека да изминат десетина дена за да може курирот да се опорави од долгото јавање, па седна и напиша ново писмо: „Мојот човек ми рече, дека си бил толку презафатен, што едвај си нашол време и за неколкуте зборчиња што ми ги испрати. Минатиот ден сте 185


имале тешка борба и веднаш потоа сте се спремале за долг марш, така ми рече, а неговите зборови како ножеви се забодуваа во моето срце. Како ти е тебе таму, на границата, меѓу свирепите Маври, сакан мој? Многу се грижам за тебе! Знам дека ти е тешко и таа грижа толку ме обзема, што веќе не мислам на своето лично страдање. Кога веќе ти не доаѓаш кај мене – но не те обвинувам, ти не можеш да ја напуштиш војската среде воени дејствија, макар и заради мене – кога си, значи спречен да дојдеш кај мене, посакувам јас да дојдам кај тебе, да бидам со тебе, да се грижам за тебе, да те сакам пред очите на целиот свет и тоа, иако е речиси невозможно, досега и ќе го направев, ако тоа не беше најсигурниот начин да го натажам мојот несреќен татко кој најверојатно ги живее последните денови на овој свет...“ Итн, итн. Овој пат немаше никаков одговор и таа поради тоа толку падна со духот, што речиси залегна. Кога по десет дена се зафати да го пишува своето трето писмо, рацете толку й се тресеа, што едвај го држеше перото: „Сакан мој, јас станувам сè понесреќна и тоа благодарение токму на тебе. Курирот те затекнал не непосредно по лута битка, не на долг и тежок марш или среде припрема за марш, не преморен, премрзнат и болен, туку здрав и весел, како седиш на маса во својот затоплен стан и им ја пееш онаа твојата – „Билјана платно белеше“ – на твоите офицери. – „Јадеа, пиеја црно вино и се веселеа“ – така ми рече курирот. Тоа ли беше причината што не одговори со ниту едно зборче на моето писмо? А јас немаше да се двоумам ни миг да отидам со тебе во твојата земја, иако со тоа ќе ги фрлев во најцрн очај моите родители! Твојата несправедливост и твојата неблагодарност се преголеми! Но јас би се нашла во голем очај, ако тие би ти нанеле некаква несреќа и многу повеќе сакам да останат неказнети, отколку јас да бидам одмаздена. Не сакам да прифатам ништо, што може да ме увери, дека не ме сакаш веќе. Повеќе сакам слепо да й се препуштам на мојата љубов кон тебе, отколку да бидам заслепена со доказите за твојата негрижа кон мене; повеќе сакам да верувам, дека на еден војник кој секојдневно е изложен на секакви лишувања и над кого се надвиснала смртната опасност како Дамоклов меч, е подобро никогаш да не му се замери кога нема да одговори на писмото на својата сакана, отколку да се бара негова вина. Па сепак, о, Алонсо мој, ти многу добро знаеш, дека те претпочитав пред сè друго, дури и пред мојот несреќен татко чија што ѕвезда гасне и кого секој момент можат да го повикаат да отиде за да го прифати спроведувањето на својата смртна казна и затоа требаше да стенеш за еден час од веселата маса, да побараш некакво тивко катче и да ми одговориш на писмото. Па сепак, мој сакан Алонсо, ти сигурно не си заборавил, дека во неизмерно пријатните часови кога бевме 186


сами – потсети се на конаците во кои отседнувавме на патот кон Кордоба, на рекичката кај крстот на Тројцата кралеви, на куќичката на коњушарот од другата страна на езерцето – сигурно не си заборавил, дека во тие часови ти се колнеше во света Богородица и ми даваше ветувања кои требаше да ме убедат, дека никогаш ништо земно нема да те спречи да ги извршуваш своите обврски кон мене, и затоа требаше барем со неколку реда да ме утешиш во мојата мака. Па ти, љубен мој...“ Кога ова писмо отиде, таа истрпна од помислата, дека била премногу строга кон човекот, кој во моментот можеби лежи ранет, па уште наредниот ден напиша ново писмо. Најде нов курир, му го даде писмото и му рече да јава како да го гонат сите ѓаволи од пеколот, сè додека не стигне до рицарот де Охеда. „Најмил мој, од срце се извинувам за сомневањата што ги изразив во последното писмо, кое ќе биде испреварено од ова, што сега го пишувам. Всушност, мене ќе ми биде доволно да знам, дека ти е добро, дека не си ранет, или болен, или премрзнат, или гладен; во тоа би нашла причина да се утешам себе си...“ Така таа му пишуваше на својот рицар. Во целата светска книжевност нема многу такви длабоки и искрени крици на човечката душа како нејзините писма, кои по стил, чувствителност, па и содржина потсетуваат на писмата на светски познатата португалска калуѓерка 268, дотолку повеќе, што, судбината на оваа по многу кратко време требаше да стане и нејзина судбина.

24 Благословен е бог за мојот пат опасен Среде урви, пропасти, но секогаш прекрасен. Иго, „Ернани“ Алонсо дури кон крајот на март й одговори подолго на Леонора. Еве што й напиша: „Во името на нашиот бог Исус Христос! Сакана моја! Драга господарке на моето срце! Се надевам, дека со задоволство ќе го примиш гласот за успехот на мојата борба пртив нашите непријатели Маврите во Гранада. Кога во јануари доаѓав наваму јас мислев на тебе и на татко ти, што значи дека вие ми донесовте среќа 269. Што се 187


однесува до судбината на твојот татко, кого што, и покрај тоа што сега сум во служба на круната, продолжувам да го имам за свој единствен и вистински господар, немој да се грижиш многу: до битката за Гранада, која, според вољата на кралот треба да биде негова последна битка, има уште многу, а и кога ќе дојде до неа постои голема веројатност сите да бидат одушевени од неговата добро позната храброст и неговото мажество – патем, и јас ќе бидам во составот на полковите кои тој ќе ги води – па така да биде ослободен од пресудата. А не треба премногу да се очајува и ако се случи она, од што се плашиш. Смртта на нашите родители е закон (јас мојот, како што знаеш одамна го загубив), а ние остануваме зад нив и јас сум сигурен, дека ти ќе се утешиш. Ништо не може да му одолее на времето, ни тагата, ни жалоста, ни радоста, ни илузиите, јас тоа многу убаво го дознав. Да, сакана моја, мислам на нашите илузии. За жал, помина времето на нашите соништа. Што да се прави? Марширајќи и борејќи се низ Гранадските пустари, јас правев и нешто друго: размислував за животот. Кога од мојот Охрид дојдов во Кастилија сè уште бев дете, а и долго потоа останав дете; дури сега пораснав, така ми се чини, дури сега темелно размислувам за работи, за кои порано не мислев. Само неколку месеци беа доволни да станам вистински човек, така одат тие работи. Сега не се чувствувам слободен како досега, веќе не си припаѓам сосема на самиот себе. Треба да ги освојам сите гратчиња и замоци по границата и да воведам ред, потоа ме чека градот Гранада, потоа со милоста божја ослободувањето на мојата земја, што Господ и пресветата Богородица ме одредиле мене да го спроведам. Тоа значи, дека сум обврзан кон круната, кон Шпанија, кон татковината која писка под туѓ јарем, кон Иван Беров и Стојан Пинелов кои еден ден ќе дојдат и ќе ми побараат сметка, ќе ме запрашаат: „Го изврши ли она, што го вети?“ – и ќе ги стегаат дршките на ножевите во џебовите, за, со полно право да ми ги заријат во срцето, ако одговорам негативно. Ете зошто не можам да ја оставам војската и да дојдам во замокот Осма, ете зошто не можам да те земем со мене овде, ете зошто, најпосле не можам да најдам ни половина час да одговорам на писмата, што ми ги донесуваат твоите верни курири. Ете, ти кажав сè, јас сум премногу отворен по природа, да би можел да премолчам некои работи. Но, тоа не значи, дека ти престана да бидеш господарка на моето срце. Во студените зимски ноќи, пред да заспијам, јас исто така се сеќавам – и вечно ќе се сеќавам – на рекичката до крстот на Тројцата кралеви, на конаците по патот кон Кордоба и на куќата до езерцето, на нашите прегратки и милите зборови, на среќата што ја имавме заедно...“ 188


На ова место Алонсо застана и си припомна за првата ноќ со Леонора, кога влезе кај неа во конакот, па падна на колена, й ги прегрна нозете и ја стави нејзината рака врз главата, што требаше да значи, дека засекогаш ќе остане нејзин верен рицар; потоа, обземен од божествен изблик на радост долго й се колнеше во својата љубов, й велеше дека ќе ја сака безнадежно, ако треба при полно самоодречување, дека ќе го направи за неа она, што човек го прави за бога, дека нејзе й припаѓа најчистата љубов, која некогаш расцутела на оваа земја – така й велеше; двајцата го почувствуваа оној благословен и свет миг, кога бакнежот, поврел и од пламен и послаток и од мед го сврзува душите на вљубените... „... и уште пред тоа, на самиот искон на нашата љубов, на песната што ја слушнав преку подотворениот прозорец, кога со Рикардо минувавме под твојата соба во дворецот во Осма. Како беше: „Ах, да имам крилја, да сум птица бела...“ Тоа се случи при едно црвено како крв зајдисонце. Мене, кога го слушнав твојот глас, како божествен зрак да ми влезе во срцето, па посакав преку ѕидот да влезам во твојата соба и тоа и ќе го направев, ако не беше пријателот Рикардо. Да, овие спомени ја подржуваа мојата одважност кога дојдов овде да војувам, и ме тешеше мислата, дека ти постојано мислиш на мене, како што и јас мислам на тебе...“ Овде Алонсо пак застана. Го остави перото и зачекори по собата. Не му беше јасно, како сите тие чувства, кои во едно блиско минато целиот го исполнуваа и беа толку длабоки, што му се чинеше дека засекогаш ќе останат во него како најзначаен дел од неговото суштествување, потоа го загубија својот интензитет, останаа без својот жар – како ли се случи тоа? – „Моето срце е непостојано, во право е братучед ми. – си мислеше – Тоа не е добро. Ама никако не е добро. Каков ли човек сум јас, пресвета Богородице?“ Долго чекореше по собата, а лицето сè повеќе му се стемнуваше и рамењата сè повеќе му се отпуштаа под тежината на грижата на совеста која го исполнуваше. Едно време нешто му го привлече вниманието. Неговиот сламен кревет скрцна и една бела нога на која веројатно й беше жешко, излезе од под покривката. Тоа беше ногата на убавата селанка, што неговите офицери синоќа му ја доведоа. Девојката почнуваше да се буди. Кога ги отвори очите, тој ја запраша: - Ти - овдешна ли си? Како ти беше името? - Магдалена, како онаа од Библијата. А – ти кој беше? Ах, да, убавиот хидалго од синоќа. Ама, што стоиш среде соба и се ѕвериш во мене? 189


Дојди ваму, несреќнику! А, се сетив! Па вие сте врховниот командант на граничната војска! Боже мој, а јас бев толку некултурна! Простете, што не ве препознав веднаш, ваше светло господство. Најљубезно ве молам, повелете, дојдете кај мене, ваше светло господство... Присуството на оваа девојка го натера Алонсо да се почувствува олеснет, ништо веќе не го притискаше. Грижата на совеста и голите женски нозе кои се измолкнуваат од под покривката не одат заедно, едното нешто секогаш го елиминира другото нешто; обично победуваат нозете, бидејќи се мазни и бели и бидејќи барем во моментот не прават среќни, за разлика од совеста, која е груба и црна и која ни ги притиска плеќите, небаре е кош полн со камења. Тој пријде до масата, со две – три реченици го заврши писмото, го запечати, па излезе надвор и на својот паж му нареди да му го однесе на курирот од замокот Осма. Потоа бргу се врати во колибата. Но навистина, што се случи со младиот Охриѓанец? Овде само накратко ќе ги прераскажеме шпанските летописи од тие години, некои од кои сè уште можат да се најдат во архивите во Кордоба, Гранада и Мадрид, а меѓу кои најмногу би ги истакнале оние, на уште тогаш познатиот бургундски историчар Филип де Комин, кој, за наша чест, исто така се вбројува меѓу хероите на оваа вистинска повест. Кога грофот Мединасели, имено ја препушти командата и замина од границата со Гранада, единствената шпанска провинција која сè уште беше во рацете на Маврите, на негово место дојдоа некои неспособни командантчиња и тие за кратко време го испуштија од раце речиси сето она, што пред нив грофот со тешка мака го беше спечалил и армијата ја доведоа во очајна состојба. Ништо не претставува маршалскиот жезол, ако не е во рацете на способен водач. Дојде еден голем пораз, набргу по него уште еден, по вториот дојде и третиот и како резултат на тоа беа загубени десетина гратчиња и уште два пати по толку стратешки важни замоци, така што освен градот Малага и неколку помали крепости на источната граница сè друго повторно падна под власта на Маврите. Дисциплината сосема попушти, војниците паднаа духом, многумина дезертираа. Ако ваквата ситуација потраеше само уште три месеци, можеше да се очекува Маврите да си ја повратат Малага, а потоа, поткрепени од Берберите од Северна Африка кои им доаѓаа на помош, да почнат да навлегуваат и во Кастилија. На 10 јануари 1488 година во придружба на Педро де Охеда и мал одред коњаници, Алонсо допатува во гранадската област Елвира, во градот Моклин, во кој беше сместен Главниот штаб на граничната армија. Уште истиот ден ги прими офицерите кои му беа потчинети, а меѓу кои имаше и 190


еден германски барон. Извади од онаа џанкова ракија што му ја оставија Иван Беров и Стојан Пинелов кога беа во Осма, а која тој ја чуваше за извонредни прилики, па наздравија, се чукнаа и се напија. Потоа со груб гест ја симна наметката и зазборува со достоинство, cum dignitate, како човек, кој јасно ги гледа нештата од височината на својата положба. Неговото лице изразуваше енергија и пламен, неговото чело беше обележано со печатот на војничката генијалност. - Ќе навлезам веднаш in medias res 270 – рече, не грижејќи се за тоа, дали сите присутни го знаат латинскиот јазик – Овде дојдов да го спречам распаѓањето на војската, да ги стегнам редовите и во најкус можен рок да го натерам непријателот на отстапување, со што на кралската војска ќе й овозможам слободен простор за маневар кон градот Гранада. Тоа е општиот план. Од вас барам доследност, дисциплина и решителност. Ако го немате тоа, веднаш вратете се во своите замоци во Кастилија, Арагон и Леон. Ве убедувам, дека под моето знаме ќе може да војува само оној, кој има силни коски, лесен чекор и врела крв. Слушнав, дека многумина дезертирале. Ќе најдеме нови луѓе, Caesar tota provincia dilectum habuit 271. Слушнав исто така, дека немаме доволно коњи, храна и дрго. Ако тоа го нема кај нас, го има околу нас. Она што е најдобро тоа нам ни припаѓа, а ако тоа не ни го даваат, ние ќе го земеме – најдобрата храна, најсилните коњи, најстарото вино, најубавите жени. Кога сме кај виното: немојте да се пијанчите додека траат борбените дејствија, за да не ја доживеете судбината на Хлодовик 272. Од вас, господа, очекувам само да победувате, ништо друго. Vincite! 273 А за да победувате, треба да пројавите воља во критичните моменти, воља, која ќе го измени одот на историјата. До крајот на годината, во најлош случај до почетокот на фебруари идната година, сакам да ги видам емирите од Гвадикс, Алмерија и Баса 274, како молат за честа, да ни ги измијат нозете. Тоа е сè. Имате ли прашања? Не? Благодарам за вниманието. По оваа pauca verba 275 Алонсо им ги наполни уште еднаш на офицерите чешките со преостанатата препеченица, ги натера да ги испијат во еден здив, викна: „За весела Шпанија!“ – и си излезе. Во просторијата некое време владееше полна тишина, офицерите, меѓу нив и германскиот барон, не можеа да се изначудат на она, што го слушнаа; потоа тивко заџагорија: - Видовте ли? Ха – ха – ха! - Ама што се замислува тој, дека е Цезар? - За една година сите емири на колена – го чувте ли? - Нека оди во Ерменија така да командува. 191


- Не е Ерменец, Балканец е. - Ерменец или Балканец, тоа петле ќе треба уште просо да јаде, за да може вака да се кочопери. Но, набргу се виде, дека петлето доволно просо изело. Прво посака да дознае со што сè располага. Му кажаа: 22.350 пешаци, од кои 2.200 стрелци со лакови и тулови полни сос стрели, 950 со арбалести276, 1050 вооружени со хелебарди и мизерикардии 277, 1000 со фалконети 278, 950 со аркебузи и арбалети 279, 500 со ескопети 280, 11.500 оклопника со копја, долги и кратки мечови и штитови од кован челик со триаголна форма, со три лава што лежат, другите 5.200 се лесни пешаци облечени само во алмиља, наоружани претежно со кратки копја, кратки мечови и мали штитови; 4500 коњаници, од кои 1300 тешки оклопници со долги копја, големи штитови и тешки мечеви, на големи бојни коњи, чии што седла се оклопени со челични плочки, 1500 со истото оружје само во бели долами преку оклопот, 500 елитни коњаници, носители на орденот со ликот на свети Ѓорѓи кој ја убива аждајата, што го носат на сина трака украсена со драго камење, другите 1.200 се лесни коњаници облечени во жазерини 281 или во алмиља; потоа педесет тешки топа „серпентини“; триесет и седум кралски знамиња, триесет знамиња на Кралскиот совет и по десет знамиња на Дворот на сметките, на главната контрола, на благајните. – „Доволно за почеток“ – рече Алонсо. Му заповеда на својот братучед со една третина од војската убаво да ги запоседне градовите и замоците кои останале во рацете на Шпанците, а со останатите трупи тргна кон градот Изнајар. На половината пат скршна кон реката Генил, бидејќи му јавија, дека таму има две силни маварски војски. Располагаше со приближно 18.000 луѓе, наспроти 27.000 Маври. Неговиот план се состоеше во тоа, да ги раздели двете непријателски војски. Движејќи се по долината на Генил, тој се спушти меѓу нив, удри на едните, ги потисна другите. Двете разбиени војски отстапија и се соединија на ридиштата над Изнајар, каде што уште еднаш беа совладани, па избегаа кон Гвадикс оставајќи дваесет топа, триесет и пет знамиња и големо количество лесно оружје. Откако ја исчисти областа околу Изнајар и добар дел од долината по течението на Генил, Алонсо и самиот се упати кон Гвадикс. Не сретна никаква војска. На десет километри од Гвадикс на јуриш го освои стратешки важниот замок Дел Корсо и во него остави гарнизон од триста оклопници. Кај Гвадикс стигна еден маварски одред од три илјади коњаници. Ги распрска Маврите, но добар дел од нив избегаа, се прегрупираа и го 192


повратија замокот Дел Корсо. За тоа време Алонсо го опседнуваше Гвадикс. Кога му кажаа за паѓањето на Дел Корсо, остави половина од војската под ѕидините во логори, а со другата половина се врати назад. Го најде Дел Корсо уништен и сите триста оклопници измасакрирани. Немајќи во близината војска на која ќе го искали својот бес, се врати под Гвадикс и се обиде на јуриш да го превземе градот. При неколку безуспешни обида загуби уште илјада елитни војници. Тогаш речиси целата војска ја остави да го опседнува градот, а само со одред од три илјади оклопни коњаници се врати во Моклин. Изврши мобилизација и со 25.000 војници тргна кон областа Бајана. Ја очисти од Маври долината на реката Алманзора. Кај градот Пурчена сретна триесетилјадна маварска војска која ја победи но не целосно, па оваа во полн ред се повлече во градот Баса, таму се соедини со градскиот гарнизон и зачека. Но Алонсо ја подмина Баса и го опседна градот Вера. За два месеца под Вера изгуби три илјади војници, но го освои градот и го уништи седумилјадниот гарнизон. Тоа се случи кон крајот на април. Го издигна кралското знаме на највисоката крепост во градот и тргна кон Моклин, каде што стигна кон средината на мај. А таму веќе го чекаа петмината главни хералди од Обединетото кралство Кастилија и Арагон, за да му соопштат, дека благодарение на неговите активности кон градот Гранада можела да тргне претходницата на кралската војска. Но хералдите не беа тука само тоа да му го кажат, туку и да му ги пренесат честитките и пофалбите на нивните височества, бидејќи го беа осветлиле зраците на славата, таа неверојатна слава, која како ураган се носи над планини, градови и мориња. На Алонсо, како на секој смртен човек му беа добредојдени овие пофалби, за да продолжи по блескавиот пат кон Олимпските височини. Тој беше еден од оние „познати и непознати капетани на петнаесеттиот век“, како што пишува во летописите, за кои не постојат ѕидишта, ниту пак дигнати мостови; кои израснале среде бури и кои беа среќни, само ако постојано се изложуваат на опасности; еден од оние, кои со месеци не спијат ниту на кревет, ниту без облека и смртта секогаш е со нив, кои се несреќни ако не се во седлото и на узенгиите; еден од оние, кои се подложуваат на постојано самоизгорување и патот им е целиот во пламен. Таквите ситни војсководачи, кои во тие бурни времиња беа толку многу, што историјата најчесто не ги ни споменува, најмногу ги имаше во Франција, Италија и Шпанија,а рицарот Алонсо де Охеда, инаку Драган Охридски, потомок на бедни овчари и рибари, секако предводеше еден од челните одреди, поради 193


што неговата слава продолжува да живее и денес, пет века откако неговите коски изгниле - и ќе живее сè додека свет светува. Во Моклин не остана повеќе од една седмица, бидејќи некоја сила постојано го тераше непред, повторно го влечеше неговата лакомост кон неизвесното и опасното. Дури сега, во борбените операции тој се најде среде својата стихија, тоа беше вистинската клима на неговата душа. Неговата најголема забава беше да оди по самиот раб на пропаста. Тој до лудило храбар, тој нескршлив човек не се плашеше ни од смртта, ни од ѓаволот. Чувствуваше, дека е способен на сè, се чувствуваше цврст и решителен. Личеше на човек кој носи голем товар и кој е свесен за тежината, но чувствува, дека таа не ја надминува ни неговата сила, ни неговата издржливост. – „За весела Шпанија!“ – рикнуваше како лав, кога ќе видеше некој непријателски замок и прв трчаше кон него, гологлав, дури и без штит, само со гол меч во раката, додека неговите офицери, заедно со германскиот барон, истите оние кои во почетокот му се потсмеваа, а кои потоа во него видоа вистински водач, Прометеј, залудно трчаа по него за да го заштитат со своите штитови од стрелите кои летаа кон него. Прв доаѓаше до замокот, ја поставуваше скалата и се искачуваше по неа, го исчистуваше бедемот и од огромна височина скокаше внатре, па бесно мавајќи со мечот лево и десно, им правеше пат на другарите по него. – „Педро и Родриго – на левата кула! Матос и Мендоза – на десната кула!“ – наредуваше, а самиот влетуваше таму, каде што беше најгусто, не гледајќи дали некој оди по него. Но секогаш одеше, секогаш беше среде толпата од храбри луѓе, кои неговата слава ги беше собрала под неговото знаме. Ликот на Алонсо беше брус за мечовите на неговите војници, светлината која се излачуваше од неговото лице беше факелот, кој го осветлуваше нивниот пат. Тие го сакаа поради неговиот смел и жив карактер и леснотијата со која донесуваше конечни решенија, поради неговата заповедничка енергија која ги освојува духовите на масата, поради тоа, што античко, римско величие блескаше од него и што беше убав, силен и горд и кога трчаше се гледаше неговата убава, долга коса која се вееше на ветрот, поради тоа, што излегуваше кога врне, кога беше студено и кално и не се плашеше ниту од ноќта, ниту од сомнителните патишта, ниту од два пати помногубројниот нрпријател и на прво место поради тоа, што ги водеше од победа во победа. Секогаш е тоа така. Кога војниците ќе почувствуваат, дека нивниот водач е силен и способен и дека во сè ги надминува, тогаш страстно го засакуваат и се готови да одат по него ако треба и до крајот на светот, до Тула, па и понатаму. 194


До крајот на 1489 година Алонсо ја среди границата. Потоа на братучед му Педро му ги даде сите педесет серпентони со кои располагаше и го испрати да го опседне градот Алмерија кој се наоѓаше во јужниот дел од областа Бајана, а самиот го опседна градот Баса во истата област, кого ланската година го беше одминал, бидејќи беше фрлил око на Вера. Баса меѓутоа, имаше цврсти и високи ѕидишта и силен гарнизон и не можеше лесно да се освои. Неговите офицери со сета почит што ја имаа кон него, му кажаа што мислеа: да се превземе долга опсада, да се чека градот да остане без храна и тогаш на јуриш да се скрши отпорот на истоштените и изгладнети војници. – „Исклучено, јас не можам да чекам цела година! – рече на тоа Алонсо – На кралот може секој момент да му падне на ум да тргне во триумфален марш на градот Гранада, а јас тоа не сакам да го пропуштам. Јас ќе ја нападнам Баса! Со моите 10.000 војници и со она „За весела Шпанија!“ можам сè да сторам; а со уште 5.000 оклопници и педесетина серпентини ќе ја нападнев и самата Гранада! И тој навистина ја нападна Баса, нешто, што беше спротивно на сите правила за војување и што секој нормален стратег ќе го оценеше како чиста лудост, самоубиство. Се зафати со оваа работа со амбиција на војсководач, решен да докаже, дека секогаш го прави она што сака – било тоа да е против небото или против пеколот, дека, ако посака може да скокне и во кочијата на бурата, па и неа уште да ја шиба со својата пакост. Нападна, бидејќи во жилите чувствуваше нешто неодредено, што го тера човекот да прави необични нешта, бидејќи сакаше суштествување исполнето со молњи и облаци. А имаше и друго нешто, што никако не беше занемарливо. Беше убеден, дека по овој подвиг нивните височества ќе бидат толку благодарни, што нема да можат да му ја одбијат молбата да поведе ослободителна војска кон неговиот Охрид. – „Сега е моментот да се биде храбар, сега се решава судбината на мојата земја“ – така си мислеше.

25 Голем херцогу! Со право Франција те почитува. Како богот Марс Париз те воздигнува. Непознат автор

195


- Во името на Таткото и Синот и Светиот дух – напред! – викна Алонсо. Беше 5 фебруари 1490 година. - Gott mit uns! 282 – викна и германскиот барон и прв го шибна коњот, а по него како некое decarade 283 тргна првата јуришна колона извикувајќи сложно како еден и тоа толку громогласно, што се чинеше, дека полето пред Баса зататни: - За весела Шпанија – напред! Но, во лош час! Маврите, извикувајќи го од своја страна името на својот Пророк пружија толку силен отпор, што Шпанците бргу беа одбиени од ѕидовите и во неред се повлекоа, оставајќи многу мртви и ранети. И вториот напад не успеа, макар што на првиот беше придодаден и вториот јуришен одред. Тогаш загина германскиот барон. – „Јас го доживеав својот Толбиак. 284 Но, нека: beati qui in Domino moriuntur! 285 – така рече храбриот ландалеман 286 и неговата душа се вивна во небеските височини. Сето тоа се случи за само еден час. Сонцето само што беше изгреало. Третиот напад траеше подолго и се одвиваше повнимателно. Кога дојдоа до ѕидот Шпанците клекнаа, ги ставија штитовите над главите за са се засолнат од врелото уље, камењата, копјата и стрелите што постојано долетуваа одозгора, така што заличеа на големи склупчени желки, па ги протнаа цевките на своите пушки меѓу штитовите и испукаа нагоре. Бедемите се покрија со мртви глави. Уште еден плутон – и ниту еден жив Мавар не можеше да се види горе. Исправија на ѕидот високи скали и еден по еден почнаа да се качуваат нагоре. Но кога дојдоа до врвот одеднаш се појави нoв бран Маври и тие полетаа надолу сосе скалите. Сепак дваесетмина души успеаја да се искачат. Тие скокнаа од бедемите во градот – и никогаш повеќе не се вратија. Тогаш се слушнаа десетина заглушувачки експлозии едноподруго. Додека се водеше битката на бедемите имено, една група Шпанци испратена од Алонсо го минираа небранетиот дел од ѕидот и направија дупка низ која можеа да се протнат двајца луѓе одеднаш. Шпанците извикаа радосно и се стрчаа кон отворот, убедени, дека сега градот лесно ќе им падне в раце. Но прерано се израдуваа. Маврите однатре веднаш се испречија пред отворот, така што овој за миг беше покриен со куп мртви Шпанци, а во исто време од бедемите рикнаа страшните дула на топовите и посеаја смрт меѓу расштрканите шпански редови долу. Но оддекнаа уште десетина мини и отворот на ѕидот беше толку проширен, што можеа да влезат седуммина или осуммина одеднаш. Шпанците влегоа во градот и започна страшен ракопашен бој. 196


Тој бој надмина сè, што човек може да си претстави. За да најдеме нешто слично, би требало да се вратиме кон големите опсади како оние опишани од Есхил во „Седумината против Теба“ или кон старите клањета по времето на раниот феудализам кога биле напаѓани првите средновековни кули и замоци; да се вратиме кон оние „напади на нож“, кога проникнувале во крепости нез дупки, тоа биле трагични напади, за кои во еден летопис може да се прочита следното: „Откако ќе се направи дупка на ѕидот, напаѓачите, скривајќи се зад даски опковани со челични бодежи, тргнуваат напред, со капаци и штитови на рамото, принудувајќи го непријателот да ги изостави окопите и барикадите, и ги завладуваат, истерувајќи ги опседнатите“. Тешко можат да се најдат зборови за таква жестокост. Кога продре во градот првиот бран од напаѓачи, грмна така, како молња да избувна. Истрелите на опседнатите одговорија на истрелите на напаѓачите, на она : „Благословен Исус Христос!“ одговараше: „Благословени да се Алах и пророкот Мухамед!“ Фанатичните муслимани беа решиле скапо да ја продадат кожата. Се бореа со сабја во едната и Коран во другата рака. Од внатрешноста на градот се слушаа свирки и таламбаси 287 кои ги повикуваа сите Маври до еден да го грабнат оружјето. Земјата беше прекриена со мртви и ранети, така што живите беа приморани да газат по нив. Во почетокот Алонсо се воздржуваше да учествува во сударот, за да може подобро да командува со сите свои војници. Го гледаа ту зад оние, кои напаѓаа на бедемите, ту зад оние, кои се обидуваа да влезат преку дупката во градот. Но малку по малку тој се приближуваше; при миризбата на крвта, глетката на масакрот и ечењето на трубите, срцето започна да му потскокнува. Тогаш тој го забоде мечот во земјата, ја извади иконата со Богородица што му ја даде овчарот од Галичица, ја закачи за дршката и се молеше, додека околу него паѓаа луѓе. Потоа ги фрли на земјата шлемот и оклопот за да не му сметаат, па останувајќи само во тенка туника со куси ракави го зграпчи со двете раце својот голем меч и се спушти со незадржлив устрем кон дупката на ѕидот. Се проби низ оние кои беа уште надвор, влезе во градот и во истиот миг се најде во првиот ред на напаѓачите. Но овие, откако беа влегле во градот, не можеа да напреднат ниту еден метар, бидејќи со исклучок на оние Маври на бедемите сите други се беа собрале на куп пред дупката. Маврите повеќе сакаа да загинат, отколку да се предадат, па постојано на местото на паднатите доаѓаа други отпозади, а Шпанците пак, не ни помислуваа да се повлечат од градот, кога веќе со таква мака и жртви беа навлегле во него, па се водеше крајно жесток ракопашен бој и меѓу двете 197


непријателски страни се беше натрупал цел ѕид од трупови. Алонсо ги косеше околу себе Маврите како работник, кој кастри врбови гранки и се мачи да собори што повеќе, за да спечали повеќе пари, но и тој не можеше да го пробие згуснатиот ред. Ги соборуваше со дршката на мечот оние, кои се обидуваа да го уловат отстрана, а оние кои го напаѓаа од напред ги пронижуваше. Двајца му се фрлија истовремено на грбот; со еден скок тој отстапи до еден ѕид и ги смачка. Неговиот меч се спушташе и се дигаше, додека најпосле не се скрши на парчиња од ѕидот на една куќа. Тогаш грабна една тешка секира што лежеше до еден убиен Шпанец и започна да ги сече Маврите како стадо овци. Тие најпосле ужаснати започнаа да отстапуваат сè повеќе и повеќе – сигурно помислија дека е тоа Матоморос, шпанскиот светец – убиец, та тој наскоро се најде сам среде една уличка. Но само за момент, бидејќи друг, уште погуст бран Маври како да изникнаа од земјата, застанаа и му го препречија патот. Се заврте, за да ги повика своите војници. Тој ги виде перјата на нивните шлемови, распрснати среде мноштвото зелени кафтани и бели турбани на Маврите. Но шлемовите еден по еден изчезнуваа, неговите другари гинеа. Се спушти кон нив за да им помогне. Но од страничните улици дотрча нова, огромна толпа непријатели. Се чинеше, дека сè е загубено. Но она што потоа се случи, ќе биде претворено во една од најсаканите лектири на многу генерации шпански ученици. Алонсо издаде една наредба и штитовите на неговите војници се подигнаа и легнаа врз шлемовите. Тој скокна на нив и, размавнувајќи со својата страшна секира трчаше по нив како по бронзени бранови, како да беше неков бог на морето, кој го растресува својот трозабец над водите. Кога завршија штитовите под неговите нозе, се фати за покривот на една ниска куќа и како гимнастичар, со едно лесно движење на телото се качи на него. Го претрча покривот, дојде до неговиот друг крај, па стегајќи ја секирата в рака, се фрли среде Маврите во позадината и, додека да трепнеш, почна да коси околу себе. Кога го видоа ова, неговите другари сите до еден свикаа од запрепастување. Беа убедени, дека на нивниот водач му дошол крајот: дури и самиот Херкул не би издржал долго сам, среде толпата побеснети непријатели. Но тој, откако ги покоси оние околу него, излезе од овој пеколен круг како дождовниот саламандер, кој според народното верување излегува неповреден од оганот и продолжи понатаму, не престанувајќи ни за момент да ја дига и да ја спушта својата секира. Овој момент ја реши битката. Кога Маврите што се бореа во првиот ред видоа дека зад нив се случува нешто, се завртеа за да се одбранат од 198


новата опасност која им се закануваше, но така им ги оголија своите грбови на Шпанците и беа сосечени. Настана збрка, од која малкумина Маври излегоа живи. Потоа остануваше уште да се исчистат бедемите и една по една да се завземат градските улици и куќи, но најтешкиот дел од работата беше завршен, бидејќи поголемиот дел од Маврите веќе беа убиени, ранети или заробени. До зајдисонце градот беше освоен и на врвот на катедралата се развеа кралското знаме. Војниците, раздрагани, среќни, одушевени од блескавата победа и од богатиот плен што ги очекуваше, го кренаа својот водач на раце и не го пуштија, сè додека три пати не ја обиколија катедралата. Потоа цела ноќ гореа огнови и се слушаа победнички песни. Алонсо нареди да се закопаат мртвите, ја остави војската да се одмори неколку дена, потоа во освоениот град остави гарнизон и тргна кон Моклин. Претходно помина откај градовите Албокс и Вера за да види како стојат таму работите, ги засили тамошните гарнизони и добро ги снабди со сè што им е потребно за да не му се препушти ништо на случајот и по долината на реката Алманзора тргна кон границата на областа Бајана.

26 Смртта: Ах, колку се жедни за битка тие воини, па галопираат со сета сила и покрај моите удари. Распалете им ги чувствата со јарост безумна. Барабани, свирки и тромпети, умот земете им го! Н. Лемерсје, „Лицемерство“ Во почетокот на март, меѓутоа, во Моклин стигна гласник од Педро де Охеда, кој јави, дека војската под градот Алмерија е во извонредна тешка состојба. Шпанците имено, додека ја вршеле опсадата од зад грб биле нападнати од некакви берберски племиња, кои како да изникнале од земјата; кога виделе дека им дошла помош, охрабрените Маври од опседнатиот град ги отвориле градските врати, па и тие бесно нападнале и започнал страшен ракопашен бој. Шпанците го одбиле првиот бран и им пошло од рака да се укрепат – со една рака копале ровови, а со другата ги држеле штитовите пред себе за да се заштитат од стрелите и копјата кои постојано летале кон 199


нив; но непријателите ги имало сè повеќе – сè нови и нови Бербери постојано надоаѓале – а нив сè помалку. - На нога ли е рицарот Педро де Охеда? – запраша Алонсо, притиснат од некакво злокобно претчувство. - Беше кога тргнав наваму, но се сомневам, дека ќе го затекнете него или било кој друг од нашите здрав и читав, кога ќе пристигнете. Таму е вистински пекол, Ваше благородство. На Алонсо му беше јасно како бел ден, дека гласникот е во право и дека нема да може многу да му помогне на својот несреќен братучед – градот Алмерија е на самиот југ на провинцијата Гранада и дотаму му се потребни барем шест дена, кои, соберени со оние четири за кои гласникот дошол прават десет – очајно долго време! Па сепак се реши да тргне. Заповеда да се погрижат за гласникот, кој, откако ја кажа веста падна во несвест – ден и ноќ јавал без прекин и два коња пцовисале под него од изнемоштеност, па откако му ја предаде командата на војската на својот прв офицер, со три илјади одбрани оклопни коњаници, една третина од кои беа носители на орденот Свети Ѓорѓи, со најбрз марш се упати кон Алмерија. Стигна утрото на шестиот ден, половина ден порано од предвиденото време. Се разбира, овде сè беше готово. На бојното поле под градот лежеа измасакрирани околу две илјади Шпанци. Нивните тела беа оставени орлите да им ги колваат очите, додека сите убиени Маври и Бербери беа закопани. Ги немаше и педесетте тешки серпентини. Како претепано куче чекореше меѓу телата на убиените и се вгледуваше во нив. Со стегнато срце очекуваше секој момент да го препознае својот братучед. – „Педро... Петре...“ – шепотеше. Во главата му се редеа спомени од детските години поминати со него таму, во родниот Охрид, покрај езерото и по падините на убавата и питома Галичица; се сеќаваше како седеа на брегот спроти „Свети Стефан“ и го планираа својот живот – колку тогаш им се чинеа убави годините што ги очекуваа! Не разбираше, како можеше толку да се оддалечи од него откако избегаа во оваа земја. Та тој беше негова крв, негово второ „јас“, брат од чичко, најблизок роднина! А последната година речиси не го ни забележуваше. – „Мене настаните ме понесоа...“ – си велеше; но знаеше, дека тоа не е оправдување и тешка грижа на совеста го налегна. – „Каков човек сум јас, пресвета Богородице? – се прашуваше, стискајќи ги тупаниците и преапувајќи ги усните така, што крв му потече – Што ли ме тера да им го вртам грбот на оние што ме сакаат? Педро, Леонора... мили и кротки суштества, кои не би 200


се двоумеле и животот да го дадат за мене... а јас се откажав од нив, ги отфрлив како што се фрлаат износени чизми...“ Му доведоа еден селанец од околината, Мавар. Со својот маварско – шпански јазик тој објасни, дека Берберите по битката, која завршила уште пред три дена одјавале во непознат правец и повеќе не се вратиле, можеби си отишле во Африка. А што е со преживеаните Шпанци? О, кутрите луѓе се бореле како лавови, но не можеле да излезат на крај со петпати помногубројниот противник. Каква борба било тоа! Такво нешто тој не можел ни да си замисли, толку било впечатливо, величествено, вистинска епопеја! Жими брадата на Пророкот, убедуваше селанецот, тој тоа никогаш нема да го заборави и ќе им го раскажува и на своите деца и на своите внуци. А преживеаните се во градот, ги држат како заробеници, но се во многу лоша состојба. - Знае ли нешто за командантот на Шпанците? – Не, ништо. Со своите три илјади војници Алонсо можеби и можеше да се надева на успех на отворено поле, но не смееше ни да помисли ниту да го нападне, ниту да го опседне градот кој беше добро укрепен и чиј што гарнизон броеше барем осум илјади војници. Истакна бело знаме и испрати гласник кај емирот на Алмерија: нека му ги вратат заробените Шпанци, а тој ќе ги пушти сите десет илјади Маври што ги заробил во Баса и пред тоа во двете битки кај реката Генил. Гласникот се врати и рече, дека емирот се согласува под наведените услови да ги пушти трите илјади заробени Шпанци – тој му верува на чесниот збор на рицарот де Охеда, неговата слава на храбар и чесен војсководач стигнала и до Алмерија. Што, само три илјади заробени Шпанци? Но Педро де Охеда поведе со себе седум илјади војници! На боиштето имаше две илјади трупови, кои заедно со овие три илјади прават пет илјади – каде се тогаш останатите две илјади? Гласникот на тоа не можеше да одговори. Тој само си спомна, дека над одредени места во градот кружеле огромни јата мршојатци... Не ја доврши мислата, но Алонсо знаеше – што друго може да ги привлече лешинарите освен трупови? Ете каде се двете илјади заробеници – сите до еден се испотепани! Погубени, заколени еден по еден како некое огромно стадо овци кога се спрема сеопшта гозба. Му се замати во главата, од тежината што ја почувствува во стомакот му идеше да поврати. Се затетерави. Му донесоа столче и го натераа да седне. Тој не сакаше, се отимаше и со закрвавени очи гледаше кон градот. А од таму почнаа да излегуваат заробениците. Сите до еден беа гологлави и распарталавени, испиени во лицата и изнемоштени, многумина беа ранети, некои беа мачени, тоа убаво се гледаше. Плачеа од болка и бес. Срамежливо ги веднеа главите пред своите другари, се чувствуваа виновни, 201


што дозволиле да се најдат во ваква беда. Ах, сто пати било подобро да загинат! Педро де Охеда го донесоа на носилка. Беше толку искасапен, што беше вистинско чудо, како сè уште е жив. Алонсо внимателно со мокро крпче ја избриша засирената крв од неговото лице и тој ги отвори очите. Зазборува, но толку тивко и кркорејќи, што Алонсо требаше да го допре увото до неговата уста, за да го слушне. - Славен Исус Христос, што те гледам. Всушност, јас знаев дека ќе дојдеш и не сакав да умрам, пред да те видам уште еднаш... бате Драги. А ете како мене ми било пишано: да ги оставам коските во туѓина. Нема повеќе да го видам Охрид. Но ти пак ќе појдеш таму, нели бате Драги? Кажи им на моите за мене ако уште се живи. Појди и во црквата и плати му на попот да се помоли за покој на мојата душа... Дали е сè уште истиот поп што не бркаше кога крадевме од црковните јаболки? Се сопнуваше од мантијата кога трчаше, беше смешно... Не ми се верува дека е тој, уште тогаш беше во години... Се изгуби. По некое време пак ги отвори очите, го освестија солзите на Алонсо. - Не плачи за мене, бате Драги, нема ти мене зошто да ме жалиш, не заслужувам. Сега сè ќе ти кажам. Кога стапивме на служба кај грофот Мединасели ти стана важен човек и славен, почна да се јуначиш и да го привлекуваш вниманието. И тогаш те загубив. Ти знаеш, дека јас само тоа го сакав, да бидам со тебе, ништо друго... А ти ме отфрли... И тогаш тага и бес го исполнија моето срце. Господ душата да ми ја прости, но јас често си помислував, дека за мене беше подобро да си останам во Охрид, па макар станал и јаничар,отколку што ги претрпев сите тие маки, кога се видов отфрлен од тебе... Не дека те замразив, туку... онаа блудница, дуењата на дона Леонора те мразеше, па само ме наговараше да ти се одмаздам, проклета да е... Ме наговараше и послушав. Еве, така беше...Кога бевме во Коредоба, во куќата до езерото, јас знаев дека оние двајца рицари ќе дојдат по тебе да те убијат, тие ми кажаа, а јас не те предупредив, си излегов... Потоа ти се врати и кога те видов, јас... Ете, така беше... бидејќи ме отфрли. Таков си ти... Ти и несреќната дона Леонора ја отфрли... Ти на сè ќе му свртиш грб... таков си... Но сега да се опростиме... наведни ја главата да те бакнам за разделба... така... Немој да плачеш, бате Драги... А во црквата појди и плати му на попот... за мојата душа... бате Драги... Ех, да си останевме во Охрид јас и ти, можеби Турците немаше да дојдат по нас... Ќе 202


си ловевме риби на езерото, ќе пасевме овци по Галичица... Убаво ќе ни беше... Сега сè е готво... бате Драги... Потоа Алонсо ништо не можеше да разбере, само слушаше мачно задавено кркорење. На зајдисонце Педро умре. Алонсо нареди да се запалат големи огнови и да се закопаат труповите на убиените Шпанци. Нареди исто така, на оние, кои беа пуштени од заробеништво да им се обезбеди сè што им е потребно – коњи, храна, облека... Ги остави војниците во шатори под градот – не се плашеше за нив, бидејќи ако на Маврите им паднеше на ум да ги нападнат, овие секако ќе излезеа на крај – и со една групичка коњаници побрза кон Моклин. Кога стигна ги ослободи десетте илјади заробени Маври, бидејќи беше дал збор. Но веднаш потоа дигна војска и со неа, во едно магловито априлско утро повторно допадна под ѕидините на Алмерија. Командува „напад на нож“ и го зазеде градот за еден ден, исто како и Баса. Не сакаше заробеници, па целот маварски гарнизон беше сосечен. Беше многу жесток. Само им повторуваше на своите војници: „Ништо не штедете!“ Шпанците не се сожалија дури ни на црнооките мургави Маварки, кои и пред самиот олтар не можеа да се спасат од нив: Алонсо ги палеше заедно со олтарите. Не едни нежни женски раце се подигаа од пламенот кон небото, а од очајните крикови и црната земја би се потресла. Но ожесточените Шпанци не се обѕираа на ништо: од улица ги дигаа на копја доенчињата и ги фрлаа во пламенот заедно со родителите. „Ова ви е, проклети Маври, задуша на Педро!“ – додаваше притоа Алонсо. Толку беше освирепел, што самиот не можеше да се препознае. Кога сè беше готово, се врати со војската во Моклин. После сите тие долги маршеви и лути битки, војниците можеа малку да здивнат. Но Алонсо строго нареди да не се отпуштаат премногу и оружјето да им биде прирака, бидејќи сите мораа да бидат спремни да ги стават нозете ви узенгиите оној момент, кога ѕвоното ќе го означи маршот на Гранада.

27 Од овие две убавици – која ли да изберам? Стара романса 203


А во Моклин, како и насекаде во прекрасната Шпанија пролетта беше извонредно убава, таа, како што би рекол поетот, дефилираше во полна парадна униформа. Сонцето се смееше светло и топло над спокојната земја, ведро волшебство ги исполнуваше деновите. Сè беше блескаво и зелено и нежен, благ и тивок пролетен поветерец шумолеше во лисјата на дрвјата од чии што крошни се слушаше прекрасниот репертоар на птиците. Зуењето на пчелите и мајските бумбари, тивкото прелетување на роеви најразнобојни пеперуди, миризбата на мед, која на воздухот му ја даваа цвеќињата – сето тоа ја правеше природата убава како накитена невеста и внесуваше бескрајна радост во телото и душата. Понекогаш врнеа кратки и топли пролетни дождови и веднаш по нив на небото се испружуваше огромно виножито, распнено над просторот како џиновски мост. Во еден таков прекрасен ден кон средината на мај Алонсо седеше во својот стан кој беше сместен во приземјето на една куќа во центарот на градот. Му се беше препуштил на едно од оние „филозофски“ размислувања – зошто се случуваат сите работи што се случуваат, има ли тука предодреденост или е сето тоа само резултат на случајот, каде треба да ја бараме вистината, ако воопшто таа постои на белиот свет итн, итн – кога надвор нешто му го привлече вниманието. Тој не виде убаво бидејќи завесата беше спуштена, но тоа веројатно беше некое дете кое поминуваше под неговиот прозорец и гледаше во собата: ќе погледнеше внатре, па ќе го снемаше; па пак ќе се појавеше во рамките на прозорецот и пак ќе го снемаше. - Родриго, - му рече тој на својот паж, кој во тој момент влезе кај него – оди и види кое е она дете надвор и што бара под мојот прозорец. Родриго излезе и по кратко време се врати, пресвивајќи се од незадржлива смеа: - Тоа не е дете, ваше благородтсво, туку џуџе. – рече – А чудно некое џуџе. – „Веднаш нека излезе хидалгото Алонсо де Охеда, но веднаш, немам цел ден за губење!“ А јас нему: „Веднаш, ваше господство, додека да трепнете, вашата наредба ќе биде извршена. Тоа што го барате е против спокојството на царствениот господар, contra pacem domini Regis, но така ќе биде, штом вие тоа го сакате“. Смеата е заразна, па и Алонсо се засмеа. Но одеднаш скокна како попарен. - Џуџе, велиш, Родриго? И баш џуџе? Престани да се смееш, коњу еден, бидејќи јас и ти убаво ќе си го видиме својот бог ако е тоа она џуџе за 204


кое мислам дека е, и ако на истото тоа џуџе нешто му падне на ум да се подналути. Алонсо истрча надвор и длабоко се поклони пред џуџето. - Почитуван господине Хиеронимус, вие тоа мене ли ме барате? Тоа навистина беше џуџето на кралицата. - Вас, рицару де Охеда, а кој друг? И, да знаете, не ми се допадна тоа, што ме оставивте да чекам, а вие половина час се клештите со оној вол со коњско лице. – рече џуџето со налутен глас. „Вол со коњско лице? Е, убав речник има најдоверливиот човек на мојата кралска љубовница, нема што“ – си рече во себе Алонсо, но уште еднаш длабоко се поклони. - Најпокорно ве молам за извинување, чесен господине Хиеронимус. Најпонизно ве слушам, милозлив господине Хиеронимус. Во тој момент пажот Родриго ѕиркаше од зад завесата и не можеше да се изначуди, како тоа неговиот господар, најславниот војсководач во кралството Кастилија до земја му се поклонува на едно смешно џуџе. – „Да не е тоа џуџето кое ги отвора и затвора вратите на рајот кога тоа ќе му рече свети Петар?“ – си помисли. - Појдете по мене и – ни збор повеќе! – рече џуџето, а лутината сè уште не слегуваше од неговото лице. Појдоа. Одеа без збор, напред џуџето ситно чекорејќи и широко размавнувајќи со рацете, по него Алонсо. Овој не можеше да се изначуди и се губеше во претпоставки што бара џуџето на кралицата во зафатената од пламенот на војната Гранада и каде ли сега го води. За да не го препознаат, ја беше притиснал длабоко на очите шапката и убаво се беше завиткал во широката наметка, но и покрај тоа некои минувачи го препознаа и зачудено се завртеа прашувајќи се што ли бара славниот рицар по тоа смешно џуџе. Дојдоа до една бедна крчма на крајот на градот. Влегоа. Ги пречека домаќинот. Џуџето строго му нареди на овега да му го осветли на господинот патот нагоре бидејќи по степениците беше темно, а самото остана долу. - Едно џуџе, кое се кочопери како петле, една маскирана дама, која, колку и да се крие, не може да сокрие дека е од највисоките благороднички, а сега и еден хидалго, за кој, иако се завиткал во својата наметка од глава до пети за да не го прпознаат, не може да се рече, дека е од најпростите. – мрмореше крчмарот, додека го осветлуваше патот. „Маскирана дама? Сигурно ќе е некоја знатна дама на кралицата, која ги користи услугите на влијателниот Хиеронимус за да ме види; денес 205


благородничките лудуваат по воените херои, а мене ме сметаат токму за таков.“ – така си помисли Алонсо и ни во еден миг не му дојде на ум, дека тоа може да биде и самата кралица, бидејќи што може да бара таа во ова гратче, во оваа сиромашна крчма, ненајавена, маскирана, без фанфари, раскош и блесок, без придружба, само со своето џуџе? А кога жената облечена во сосема обичен црн фустан ја симна црната маска која й го покриваше лицето сè до устата, падна на колена пред неа и долго не се осмели да го дигне погледот - О! – рече кралицата – Немој да ме презираш, мој Алонсо. Јас чувствувам, дека не е убаво тоа што го правам, но ти сепак не презирај ме. - Вас да ве презирам, ваше височество? – одговори Алонсо со снисходлива и учитива галантност, не кревајќи го сè уште погледот – Вас да ве презирам, а зошто? Кралицата плашливо молчеше. Алонсо продолжи: - Во тој поглед, кралице моја, не се согласуваме. Не би требало да ве презирам, туку до болка да ве сакам. Толку ве сакам, што би бил пресреќен, кога би ми наредиле да јурнам сам на ѕидините на Гранада: барем ќе умрам среќен, изговарајќи го вашето име. - Да умреш! – викна вљубената кралица – Што зборуваш, о, прекрасен ангелу? Жими сите светци, токму сега треба да живееш! - Навистина ли ме сакате, ваше височество? - И тој уште прашува дали го сакам? А поради кого јас патував со денови ингокнито, ризикувајќи да ме препознаат – ах, цела Европа би се тресела од смеа, кога би се дознало, дека некакви друмски разбојници ја ограбиле кралицата на Кастилија додека скитала сама по патиштата на своето кралство. Од Аргас де ла Фронтера, каде што дворот сè уште претстојува тргнав со придружба кон еден манастир близу до Моклин, само од другата страна на границата, нашата, барем така му реков на кралот. Кога стигнавме до манастирот й реков на сфитата дека три дена ќе се молам затворена во ќелија и дека за тоа време никој не треба да ме обеспокојува. Но само набрзина ја кажав „Оче наш“, се преоблеков, па со мојот Хиеронимус – ајде кон Моклин! - Вистина, моја кралице, зарем сето тоа го направивте поради мене? - И поголеми нешта би направила за тебе. Та јас цела година само на тебе мислам! Знаеш ли, дека во дворот не се зборува за ништо друго освен за твоите подвизи? Па ти вистински чуда си направил! Две војски си разбил наеднаш кај реката Генил, два града си освоил „на нож“ за само два дена! Во Баса си трчал по штитовите на војниците за да се фрлиш среде толпата 206


непријатели – боже мој! Титански дела извршени од титан! Прв си јуришал на замоците! Ах! Сите замоци што си ги освоил ќе ти ги дадам, сите! И Баса ако сакаш ќе ти ја дадам, да владееш како кнез во неа! Ах! Ти си јунак, национален херој за кого знаат и децата во Шпанија и јас не можам да не те сакам безумно. Ах! Долго време јас мечтаам за маж како тебе. За тебе мечтаев и пред да те запознам, мој Алонсо, мој Драгане, уште кога бев девојче на дванаесет години. Јунакот на мојата мечта имаше лавовско срце како твоето, исто таква силна рака, исто таков благороден изглед, исто таква убава наметка и ист таков меч. Извлечи го својот меч, Алонсо, сакам да го видам. Алонсо го извлече мечот. Изабела го погледна балчакот, сечилото, со восхитено љубопитство ги разгледа иницијалите на браникот и го бакна мечот, велејќи му: - Вие сте мечот на еден храбар маж. Јас го сакам својот војсководач. - Ваше височество... – прошепоти Алонсо и дури сега ги крена очите. - Алонсо, остави ме да ти зборувам. Стани, не клечи пред мене, љубен мој. Шетај малку за да те видам во целиот раст и да го слушнам ѕвекетот на твоите мамузи. Колку си убав! Алонсо стана за да й ја задоволи желбата. - Ах, колку те сакам! Те сакам, навистина, толку, што е чудно.Јас знам едни луѓе кои би пукнале од бес, кога би знаеле за тоа. Алонсо се сети на убавиот барон Салуст де Басан, кого еднаш го виде во тајните простории на дворецот на кралицата. - Кои се тие? – му излета од устата, бидејќи ги почувствува канџите на љубомората. - Што ни е нам грижа за тоа? Дали ти ме сакаш? - Ох... – воздивна Алонсо. - Па, тоа е најважно. Ќе видиш како и јас те сакам тебе. Нека сум проклета, ако не те направам најсреќното суштество на светот. Само да ја освоиме Гранада и ќе те направам врховен командант на војската. Јас уште сега тоа ќе го направев – кој друг направил повеќе за Шпанија? – ако мажот ми веќе не го беше именувал херцогот Сидонија. Но само да падне Гранада – тогаш ќе видиш! Ќе ти ставам златна дијадема на главата, како на Јупитер. Ќе бидеш постојано до мене, ах, ќе се скаме... како што се сакале старите Грци во златните времиња – си читал ли за нив? Алонсо направи еден чекор кон неа. Нестрпливо очекуваше таа да го повика, за да ја опфати нејзината толку фина и толку вита става, да спушти врел бакнеж врз нејзините полнички усни, кои потреперуваа од желба. 207


Очите сè посилно му блескаа, се приближуваше до еден од оние благословени моменти, кога, како што вели Хомер и самиот Јупитер прави такви глупости, што облакот мора да дојде на помош. Изабела ја протегна раката кон него. - Дојди, варварину мој... Алонсо й пријде и го стисна до себе преубавото тело на најмоќната христијанска кралица во Европа. Таа го гушкаше и го гледаше од глава до петици. Нејзините нежни гради кои одеднаш се разголија се триеја од сукнената долама и од рапавата везба на војникот, нејзиното тело се виткаше врз неговите колена. Тој, опиен, сакаше да ги залепи своите врели усни врз нејзините голи рамења. Но одеднаш застана. Кралицата, свиена наназад, со целото свое тело треперејќи во очекување на тој бакнеж, го погледна остро во очите: - Што е? - Кажете ми само уште енаш: ќе ја ослободите ли мојата татковина кога ќе заврши војната со Маврите? - Ах, тоа ли? Варваринот секогаш си останува варварин. Добро. Молчи... Земи ме... Изутрината кралицата го напушти Моклин и се упати кон манастирот од другата страна на границата, онака како што дојде: тајно и незабележливо, придружувана единствено од својот мал Хиеронимус. По оваа средба која неговата суета ја крена до небото, за Алонсо постоеја само лаврите и митрите, тие вечни симболи на славата и на љубовта. Откако ја освои Алмерија, голем дел од Гранада беше во негови раце, па очекувајќи го маршот на кралската војска кон главнот град кој веќе од поодамна беше во опсада, му се препушти на веселиот војнички живот. Величествен како египетски фараон, славен како кралот Соломон, преполн со пламена страст и бесна енергија, овие неколку месеци тој беше, така да се каже, на врвот на Олимп. Тој, славниот војсководач и посакуваниот љубовник, го имаше чувството, дека стои повисоко од лавовите, од тигрите, од ѕвездите, повисоко од сè во природата. Мислеше, дека е доволно само да ги стави нозете во узенгиите и да летне на својот силен коњ, за да ја освои Гранада за својата кралска љубовница, да ја ослободи татковината од Турците, а после како Цезар да тргне и да ги освои Северна Африка, Франција, ако треба и цела Европа, ако треба и целиот свет! Од него зрачеше блесокот на човечкото величие, во неговата душа живееше гордото сознание за неговата моќ. Имаше трезвен, брз, прониклив ум, животно искуство, ораторска дарба и исклучително силна памет и никој не можеше да му ги 208


оспори исклучителните способности. Никогаш порано тој не живеел толку полно, како да пливаше на брод во силна бура која го носеше од еден до друг остров во прекрасниот Среќен архипелаг. Достојниот за восхит негов живот го вброи меѓу првите рицари во Европа, односно заедно со Французинот Дино 288 најдобар, направи од него исполинска фигура – највеличественото нешто во очите на толпата преку целиот тој век. Тој не беше единствениот гениј во Шпанија, но условите се погрижија да го снабдат со рамка и ја создадоа за него најчудната рамка, за која мечтаела некогаш човечката суета. Еден ден во почетокот на јуни, додека, облечен во својата најубава парадна униформа и качен на својот најголем боен коњ вршеше смотра на своите елитни трупи на широкото поле пред градот, тој забележа двајца млади коњаници, стројни, голобради, некако нежни и во многу други нешта чудни момчиња, облечени во прашлива патничка облека. Момчињата беа на само дваесетина чекори од него и му го привлекоа вниманието на тој начин, што постојано гледаа во него. Тој кратко ги погледна и бргу го сврте погледот, како да не им веруваше на своите очи. Потоа пак ги изгледа, посебно едното од момчињата, па промрморе нешто во себе, ја прекина смотрата и со својот паж Родриго бргу се врати во градот. По принцип тој немаше време за некакви си таму истоштени патници кои дошле од некаде, тој, љубовникот на великата кралица, јунакот од Гранадската војна, националниот херој на Шпанија кој е на врвот на својата слава. Освен тоа не сакаше да го упропасти изненадувањето, што неговите офицери му го беа ветиле за вечерва; а нивните изненадувања понекогаш знаеја да бидат мошне интересни: така, еднаш му рекоа, дека за своите победи што ги извојувал како Цезар заслужува да биде цезарски награден и му донесоа еден голем персиски тепих од кого, кога го размотаа скокна една прекрасна гола жена 289 . - Ве изгледа, но не ве препозна, односно не беше убеден, дека сте тоа вие, што е едно исто. – рече едното момче – Ајде да влеземе и ние со војниците во градот. Утре сигурно ќе најдеме некоја позгодна прилика да му пријдеме. - Не, дуењо, тој ме препозна, му го видов тоа во очите, но не сакаше да покаже дека ме препознал; тој е во својот raptis 290 и ништо друго освен небесните височини не го интересира. Ќе се вратиме. - Зарем толкав пат и толкави лишувања поради еден единствен поглед? 209


- Но, тоа, дуењо, е поглед, кој значеше живот или смрт. Сега знам на што сум! Ајде кон замокот Осма! Не сакам да му задавам дополнителни јадови на татко ми, кој ги одживува последните денови на овој свет: кралот, велат, веќе се готви да тргне на Гранада. И, не обидувајќи се да ги истрие солзите кои потекоа така, како да се беше отворила некаква славина, јавачот кој го рече тоа им го заврте грбот на градските ѕидини и го збодна коњот по полето. - Ах, сето тоа јас поинаку ќе го направев: среде ноќ ќе му влезев во собата, на пример, а потоа лесна работа... – рече другиот јавач. Па откако испрати уште еден лаком поглед кон градот, и тој го спотера коњот и му се придружи на својот другар.

28 Гласниците престанаа да одат горе – долу, Сега оддекнаа трубата и рогот. Повеќе нема што да се каже, а од исток и запад Се ставија копјата на готовс, Удрија мамузите во коњските ребра, Ете ги луѓето што знаат да се борат и на коњ да се држат; Треперат стрелите по штитовите, Тој почувствува бодеж низ срцето; Скокаат копјата високо дваесет стапки, Се вадат мечови како сребро бели, Шлемови да сечат и да кинат: Блика крв во црвени млазеви. Чосер Дојде и долгоочекуваниот момент: кралот и кралицата објавија, дека ќе започне триумфалниот марш на градот Гранада. Зачукаа срцата, се надигнаа градите, се стегнаа тупаниците: требаше да се сврши уште овој последен чин, за Реконквистата да биде дефинитивно завршена, и последното делче од Шпанија да биде ослободено од вековниот поробувач. Насекаде се заорија радосни повици: „За весела Шпанија! Свети Ѓорѓи за весела армија!“ А Французите, кои и покрај тоа што нивната земја 210


можеше да завојува со Шпанија ги имаше во голем број во армијата на Фердинанд и Изабела се развикаа: „Мандје!“ Се растрчаа кралските хералди по градовите и замоците да им соопшатат на господарите, дека со своите целосно опремени и наоружани војници, треба да й се приклучат на кралската војска. Не го одминаа ни замокот Ел Бурго де Осма на грофот Мединасели. Кралот и кралицата ги собраа своите генерали и маршали во резиденцијата во градот Аргас де ла Фронтера, каде што кралскиот двор се беше скрасил по сите оние силни чергарења. Силните, јуначки раце дигнаа големи златни пехари полни со вино и сите наздравија за победата, во која веќе никој не се сомневаше. Тука беа херцогот Сидонија, баронот Кинтинаља, џиновскиот рицар Руи Гомес де Силва, потоа Гутиерес де Карденес, кој, освен што беше најголем авторитет по прашањата за модата и кавалерската етикеција беше исто така и голем борец, па грофот Габриел Санчез, убавиот Луис де Сантанхел и уште многу други чии што имиња нешто значеа во Обединетото кралство Арагон и Кастилија. - Нешто го нема грофот Мединасели. – забележа Сидонија и злобно се насмевна, бидејќи тоа ја докажуваше вероломноста на неговиот омразен ривал – Да не настинал нешто? - Ќе дојде, херцогу, ќе дојде, ве уверувам. – одговори кралот – Тој и од смртната постела би станал и би дошол ваму. И Мединасели навистина дојде. Го најавија точно во моментот, кога испразнетите пехари по втор пат се полнеа. Кралот лично му појде во пресрет. - Ти благодарам што дојде, брату мој. – му рече на увото – Инаку ќе црвенеев пред злобниот Сидонија. - А зарем мислевте, дека нешто ќе можеше да ме спречи да не дојдам, ваше височество? Зарем мислевте, дека ќе дозволам да се срамите поради мене? Јас сакав да ви го земам престолот, но добриот Господ бог ги истера грешните мисли од мене и сега сум ваш најверен човек. Ќе бев овде уште вчера, но знаете како е, кога две жени ќе ви се обесат на вратот. - Но, кога ќе помислам само, дека ти дојде да умреш... Слушај: уште ништо не е готово! Сакаш ли да го отповикам она, што го реков во тврдината во Кордоба? Сакаш ли да сторам нешто во врска со тоа? Јас сè уште можам да те спасам! - Не, ваше височество. Кралевите не треба без добра причина да го отповикуваат дадениот збор. Вие ми подаривте доволно време, ви 211


благодарам. Сега сум спремен да умрам. Сето тоа е по вољата на Господ и така треба да биде. Кога кратката гозба заврши, кралот, кралицата и сите благородници излегоа и се ставија на чело на војската, која се беше улогорила во полето пред градот. Војниците, кои импонираа со својот храбар и блескав изглед ги разиграа своите коњи и весело им отпоздравија ма прекрасните госпоѓи и госпоѓици кои од бедемите ја поттикнуваа нивната храброст насмевнивајќи се и мафтајќи со марамчиња. Сонцето, кое дотогаш беше скриено зад облаците одеднаш излезе, светнаа челичните оклопи и врвовите на копјата. Се развиорија знамињата, екнаа трубите. По целото поле пред градот се произнесе: „За кралот! За кралицата! За Шпанија! За бога!“ Тргнаа. Беше 25 септември 1491 година. По седумдневен брз марш војската помина откај Моклин, каде што й се придружи Алонсо де Охеда со своите полкови и на 20 октомври стигна под ѕидините на Гранада. Таму се соедини зад оние полкови кои веќе од поодамна го опседнуваа градот и зад нивните шатори се зафати да прави голем воен логор, кој го доби името Санта Фе 291. На 18 декември му јавија на кралот, дека од градот доаѓаат двајца гласници со бели знамиња. - Можеби кралот Боабдил сака мир? – реше потсмешливо Фердинанд. - Дај боже! – одговорија некои од свештениците, кои беа дошле со него. - А зошто? Овде сме да се бориме, а не да се бакнуваме. Дојдоа гласниците. На црвеникавата светлина на слабото зимско сонце кое заоѓаше, Шпанците можеа убаво да ги видат Маврите на своите бојни коњи. И двајцата имаа на своите штитови жолта поплумесечина на зелено поле. Редовите пред нив се проширија, а тие сјаваа, застанаа пред кралот и кралицата, лесно се поклонија да им укажат почит и вака ја извршија својата мисија: - Нашот пресветол крал Боабдил кој е потомок по права линија на Пророкот не сака неговите војници со месеци да се кријат зад ѕидиштата и да фрлаат од бедемите врела вода и жешко уље, што е работа за жени, и затоа ја повикува вашата војска на смртен бој утре, на ова поле. – рече првиот гласник на чист арапски јазик. Им ги преведоа на кралот и на кралицата неговите зборови, а тогаш излезе напред и вториот гласник, па рече: 212


- Кралот Боабдил ви ги праќа овие две сабји за да го поттикне вашето јунаштво, кое можеби го немате. – и тој положи пред нозете на нивните височества две свиткани сабји – димискии. Ги преведоа и овие зборови и тогаш се слушна лут жагор. Рицарите од свитите на кралот и на кралицата почнаа да крцкаат со забите на ваквата дрскост и понижување. Некои од нив, меѓу кои и Алонсо де Охеда, не можеа да се зджат на ваквите навредливи зборови, па се фатија за своите мечови и истапија напред. Кралот, кој, патем, беше облечен во својот величествен милански оклоп, каков што, барем така се зборуваше, имаа само уште тројца владетели во Европа, гордо ја подигна раката погледнувајќи на своите рицари и со силен глас им рече на Маврите; - Оружје имаме доволно, но и ова го примаме како знак за победата, која самиот бог ми ја праќа преку вашите раце. Решено: утре ќе ги кршиме копјата на ова поле. Ќе ми беше помило ако вашиот крал предложеше спорот да го решиме само ние двајцата, гради во гради, во личен двобој 292, но кога така сака, нека биде така. Ќе го поразиме и ќе го натераме да ја промени својата вера во онаа на Светата црква со удари, какви што тој никогаш не примил. Ќе го натераме да се откаже од своите криви сабји пред нашите добри мечеви со рачка во форма на крст и ќе го крстиме на самото бојно поле кога битката ќе заврши. А сега одете си бргу, бидејќи сите ние овде со мака се здржуваме да не го нарушиме светиот закон кој ги штити гласниците на непријателот. Гласниците си отидоа. Но ноќта падна и сè се стиши. Сета природа заспа во мирното месечево светло. И опседнатиот град како да заспа; само острите врвови на кулите и ѕидините се осветлуваа од одблесоците на огнот, што го палеа стражарите по бедемите за да се стоплат. А и долгите редици од шпанските шатори, светејќи или темнеејќи се, во зависност од тоа, дали беа изложени на месечевата светлина или не, беа тихи и молчеливи, како улиците на еден напуштен град. Дури и огновите покрај кои седеа стражарите, секој момент беа готови да угаснат. Војниците спиеја и сè беше тивко, само одвреме – навреме ќе се слушнеше пригушениот шепот на оние кои останаа будни, возбудени од утрешниот бој кој ги очекуваше. Само што се зазори - а утрото на 19 декември беше облачно и мрачно – сите градски порти широко се растворија и од градот почнаа да излегуваат Маврите. Кралот висеше пред својот шатор кој се наоѓаше на една височинка, со сите свои генерали околу себе. Долго ја гледаше 213


непријателската војска, нејзините крилја кои се расшируваа како крилјата на некое огромно птичиште, разнобојните знамиња кои се виореа на ветрот, па некакво дотогаш непознато, страшно чувство му го стегна срцето. Можеби му падна на ум, дека илјадници христијани нема да го преживеат денешниот ден, можеби веќе ги гледаше купиштата трупови и реките крв. И бидејќи не се плашеше од луѓето, можеби се исплаши од бога, кој на своите небесни височини веќе ја држеше терезијата на победата. Иако неговата војска беше помногубројна и беше составена од најцврстите и најспособни полкови кои можеа да се најдат во Обединетото кралство Арагон и Кастилија, сепак сè беше во рацете на бога – а чудни се понекогаш божјите патишта, нели? Прв пат помисли, дека е ова ужасен ден и прв пат почувствува колкава одговорност зел на себе. Лицето му пребледе, усните му затреперија, а од очите му потекое обилни солзи. Генералите зачудено го погледнаа својот крал. - Што ви е, ваше височество? – запраша џиновскиот дон Руи Гомес де Силва. - Не е моментот за солзи. – додаде баронот Кинтинаља. А Тутиерес де Карденес, кој беше овластен да го превземе командувањето врз војската, ако на кенетаблот нешто му се случеше, рече грубо: - Отворено ви замерувам, ваше височество, бидејќи сега треба да ги соколите рицарите, а не да им ја одземате храброста. Досега не сме ве гледале таков. - Наместо да плачете, ваше височество, подобро е да го преиспитате уште еднаш решението дали е правилно да им доделувате високи должности на луѓе, кои треба да се во затвор, наместо што се сега овде. – рече раскошно облечениот и со сребрена кенетабалска палка во раката Сидонија, мислејќи на својот ривал Мединасели. А овој крцна со забите, се фати за мечот и гневно рече: - Овде некои касаат како отровни комарци! А касаат оние, кои ќе избегаат од ова бојно поле, на кое јас ќе загинам. Твоја среќа е што така ќе биде, ѓаволски херцогу, инаку ти немаше да живееш ни еден час по битката: ќе те предизвикав и како куче ќе те отепав поради овие зборови, што сега ги рече. А не знам што ме задржува и сега тоа да го направам. - Мир, господа! – грмна грофот Луис де Сантанхел – Не карајте се! Да не се колеме пред самата битка, туку дружно да тргнеме, а згора на тоа да го повикаме и свети Јаков Мавроубиецот да ни помогне, бидејќи, како што гледам одовде, Маврите не се мачкина кашлица. 214


А стариот барон Хуан де Кабрера кој секогаш делеше разумни совети и ги смируваше страстите, рече: - Мир! Имајте почит кон солзите на нашиот крал. Нему Господ му го просветли умот, тој затоа плаче. Помолете се христијани, бидејќи стравотиите на овој ден нема да бидат мали. Тој ги склопи рацете, погледна кон небото и почна да мрмори: „Dies irae, dies illa…293 За тоа време на кралот постојано му течеа солзи низ образите, како во него некој друг да плачеше. Најпосле тој се созеде, па им се обрати на своите генерали и рече строго: - Кон полковите! Овие бргу одјаваа секој кон својот полк, бидејќи тоа го рече многу строго, а тој ја испружи раката кон својот штитоносец и рече: - Дај ми го шлемот! А кардиналот Велавера кој секогаш одеше со кралот на неговите походи, кога виде дека бојот секој момент ќе започне, се заврте кон војската, ги дигна рацете кон небото и рече со глас, кој трепереше од возвуда: - Benedicto vos in nomine patris, et filli et spiritus sancti 294 Двете војски, 40.000 Шпанци и 30.000 Маври, стоеја една кон друга и срцата на војниците удираа како чукови, но трубите уште не даваа знак за бој. Настана момент на очекување, потежок и од самата битка. На неколкуте дабје покрај полето пред градот се беа качиле месни селани да ја гледаат битката, која требаше да ја реши судбината на двата смртно скарани народи. Но освен оваа групичка дрвја, полето беше пусто, сиво и страшно, слично на замрена степа. По него дуваше ветер, а над него лебдеше смртта. Очите на војниците и не сакајќи замижуваа пред оваа злокобна, нема равница, која би потонала во мртовечки мрак, кога облаците одвреме – навреме ќе го покриеја слабото зимско сонце. Ова кратко затишје пред страшната бура која следуваше, некои го искористија на тој начин, што им се помолија на своите светци да не ги отргнат очите од нив во овој судбоносен час. Така направи и Алонсо де Охеда. Се симна од коњот, го поби во земјата својот тежок меч, ја закачи за неговата дршка иконата на света Богородица, па ги склопи рацете, ги дигна очите кон небото и, мрморејќи молитви неколку минути остана неподвижен во таа положба. Потоа се качи на коњот и смирено почека. На небото загракаа гаврани и ја пореметија тишината која беше завладеала. Токму во тој момент силно екнаа роговите и трубите. По полето 215


се заори она Benedicite 295, затрештија и маварските свирки и таламбаси и лесната коњаница предводена од Руи Гомес де Силва летна како огромно јато птици. Шпанците тргнаа веднаш во полн галоп. Коњите ги испружија вратовите и јурнаа колку што можеа, а коњаниците замавнаа со мечовите и со лесните копја, па летнаа со грозен вик на маварското лево крило на чие чело се наоѓаше славниот Иса Бен Марион. Од својата височинка Фердинанд гледаше пред себе држејќи ја дланката на раката над очите. Возбудувањето веќе му беше поминало, а од очите, наместо солзи, светеа искри. Кога ги виде забревтаните коњаници на де Силва, тој се заврте кон баронот де Кинтинаља кој командуваше со левото крило, па рече: - Де Силва прв нападна. Почнете и вие, во името на бога! И со едно движење на раката им даде знак на железните рицари од тешката коњаница која го сочинуваше левото крило, дека треба да се спремат за тргнување. - Бог со нас! – викна Кинтинаља. - Arma capite! 296 Покажете сила и машкост! – рече главниот паж на кралот, баронот Диего де Верло, кој беше познат по тоа, што во значајните моменти сакаше да зборува на латински. - Командири, капетани и корнетисти 297 – заземете ги своите места! – викна Кинтинаља. - Laudetur Jesus Christus! 298 – викнаа овие и одјаваа кон своите единици. Полковите ги положија долгите копја, па, пеејќи ја „Ave Maria, gratias plena“ 299, тргнаа, прво со чекор. Но, како што карпата која се откинала се тркала со сè поголема брзина низ ридот надолу, така и тие преминаа од чекор во кас, па во трк, додека најпосле не се пуштија страшно и незадржливо, заканувајќи се дека ќе скршат и ќе уништат сè пред себе. Овие луѓе, внимателно избрани меѓу најсилните, облечени по целото тело во оклоп, така што само очите можеа да им се видат како блескаат од зад решетките на спуштените визири, качени на огромни бојни коњи исто така покриено со оклоп, овие правнуци на Сид, ја натераа дури и земјата да зататни под нив. Битката секој момент можеше да се прошири и да пламне по целата линија. Шпанските полкови ја запеаја старата бојна песна на свети Ѓорѓи – и оние кои веќе се бореа и оние, кои сè уште го очекуваа знакот на своите капетани – и нивната песна се мешаше со трескањето на оружјето, со врисокот на коњите и со страшните човечки крици. Викотниците на десното 216


крило каде се бореше лесната коњаница на де Силва се засилија, но никој не можеше да види што се случува таму, бидејќи во тој момент првиот емир кој ја командуваше целата маварска војска, од своето ритче пушти на Шпанците петнаесет полка под командата на својот заменик. Како одговор на тоа, до шпанскиот „челен одред“ кој го предводеше центарот на војската, дојава како бура грофот Луис де Сантанхел, покажа со гол меч на облакот од Маври кој се приближуваше и викна на цел глас: - Јуриш! Напред! Рицарите полегнаа по коњите, ги положија копјата и тргнаа. Десното крило предводено од џиновскиот Руи Гомес де Силва, меѓутоа, се свитка пред елитните коњаници на емирот Иса Бен Марион. Првите редови попаѓаа како лисја по земјата. Наредните се судрија бесно со Маврите, но и нив не можеше да ги спаси од пропаст и пораз никакво јунаштво, никаква издржливост и никаква човечка моќ. А како и можеше да биде поинаку, кога од една страна се бореа војници оковани во челични оклопи, и на коњи заштитени со челик, со долги копја и тешки криви сабји кои просто ги пореполовуваа несреќниците врз кои паѓаа, а од друга луѓе, додуша крупни и силни, но слабо наоружани и покриени само со платно и кожи? Залудно упорните Шпанци бараа како да дојдат до кожата на Маврите. Нивните кратки копја и мечови се одбиваа од цврстите оклопи како од гранит. Несреќните чети на де Силва паѓаа под тешките луѓе и коњи, ги сечеа сабји, ги газеа коњски копита. Залудно џиновскиот де Силва јуришаше сам таму, каде што беше најгусто, залудно повикуваше сè нови и нови одреди, залудни беа упорноста, бесот, презирањето на смртта и реките крв! Пукна шпанскиот ѕид, се прекрши и сосипа како талас кој ќе удри во камениот брег, така да војниците најпосле ги опфати див страв. Поголемиот дел од десното крило прсна да бега по слободниот дел од полето. По нив потече повеќе од половината од левото маварско крило, косејќи толку страшно, што целата земја таму се покри со трупови. Тука битката се претвори во масакар. Маврите наполно сосекоа цел еден полк. Други два се бранеа очајно. Но победничките Маври ништо не можеше да ги сопре, вистинско војно лудило ги беше опфатило. Тие слепо јуреа во најгустите толпи на непријателот, а ударите на нивните сабји и топузи беа речиси натчовечки. Така целата нивна линија со емирот Марион на чело ги потиснуваше, газеше и кршеше шпанските коњи и рицари, додека најпосле не стигнаа три полка од тешката коњаница, кои беа испратени да го спасуваат она, што може да се спаси. 217


На десното маварско крило, меѓутоа не му одеше толку лесно, бидејќи овде имаше еднаквост во оружје и во коњи, а иста беше и војничката извежбаност. Баронот де Кинтинаља им нареди на своите војници да ги користат првенствено своите долги копја, па Шпанците ги потиснаа Маврите назад, посебно затоа, што тука беа кордобскиот и севилскиот полк кои беа познати по својата спремност, а имаше и еден полк составен од носители на рицарскиот орден со ликот на свети Ѓорѓи. Па сепак битката стана најжестока дури тогаш, кога ги оставија копјата, па ги грабнаа мечовите, топузите и секирите. Тогаш штит удираше во штит, човек се судираше со човек, коњите паѓаа, шлемовите, нарамениците и оклопите пукаа под ударите, железото се обливаше со крв, луѓето паѓаа од седлата како потсечени борови. Нагоре летаа искри што се создаваа, кога челик ќе удри на челик, делови од копја, мечови, знамиња, ноеви, паунови и разни други перја, што ги украсуваа шлемовите. Оној кој би паднал ранет, би бил смачкан од коњските потковици. Се водеше жестока битка гради во гради, вистинска античка битка. Хомер вели: „Диомед го закла Аксил, синот на Тевтранид, кој ја населуваше среќната Арисба. Евриал, синот на Мекистеј, ги уби Дрес, Офелтиј, Езеп и Педас, кого што го зачна Абарбареја од непорочниот Буколион. Одисеј го собори Пидит од Перкоза. Антилох – Аблер, Полипет – Астиал, Полидамант – килиниецот От, а Тевкар – Аретаон. Мегантиј загина од копјето на Еврипил. Агамемнон, царот на хероите, го порази Елатос, роден во стрмниот град, кој се мие од бистрата река Сатноис“. На овој дел од боиштето најдобрите шпански рицари можеа да ја покажат својата мажественост по која во цела Европа беа познати. – „Да се веселиме!“ – викаше Гутиерес де Карденес, кој секогаш го носеше мечот од десната, наместо од левата страна и кој беше познат како најголем авторитет по прашањата за модата и кавалерската етикеција. – „Да ги истребиме овие некрстени слуги на мракот!“ – дофрлаше Родриго де Мерло, познат херој од Гранадската војна, не престанувајќи ни за момент да го дига и да го спушта својот тежок меч, на што оние околу него одговараа: „На веки веков, амен!“ „Ни сенка од страв не го поматуваше смелиот дух на шпанските рицари. – читаме во летописот на бургундиецот Филип де Комин, кој како обичен војник учествуваше во полкот на де Карденес – Ним ништо не им беше подраго од задоволувањето на моменталната жестока страст. Во големата опасност чувствуваа неочекувана радост. Како божем животот да им беше подаруван со секоја измината секунда. Како божем со секоја измината секунда животот да им стануваше поприсен. Тие живееја, беа 218


живи, беа уште живи, беа извор на живот. Вистинска опијанест ги опфаќаше“. Најнапред Родриго де Мерло, откако сосече десетина Маври, го нападна џиновскиот Ел Одризи, јунак над јунаците, инаку, како што се зборуваше, од родот на легендарниот Аграмонт, водачот на сите маварски кралеви и кнезови кои го опседнале Карло Велики во Париз. Започна лута борба, во која на Шпанецот лошо му се пишуваше бидејќи Маврот го надминуваше и во сила и во умешност. Затоа се послужи со итрина: го спотера коњот како да бега, а кога неговиот противник победнички извикувајќи го името на Пророкот јурна по него да го доврши, одеднаш се заврте и му го зари дури до балчакот мечот во стомакот. Но и самиот не се допази: додека го докрајчуваше со својата мизерикардија, еден оруженосец на Ел Одризи ја наполни својата аркебуза, го запали фитилот со кој се испалува пушката и од непосредна близина го застрела. Потоа грофот Мединасели го погуби славниот Енвер ел Задар. Кога го здогледа пред себе корпулентниот Шпанец со крвав меч во рацете, на кој освен крвта беше залепена и коса, Ел Задар се исплаши и сакаше да се предаде. Но Мединасели не го слушна среде вревата, па се подигна на стремените и му ја располови главата заедно со шлемот, како кога некој би расекол јаболка на две. Веднаш потоа тој погуби уште петмина Маври, исто така познати со своето јунаштво и своето богатство. Најпосле испаничените Маври почнаа да се повлекуваат пред него лево и десно. А тој, шпанскиот Ахил, продолжи да удира во нив како во некој подвижен ѕид. Секој час можеше да се види, како се исправува за удар во седлото, како блеска неговиот меч и како маварскиот шлем паѓа меѓу коњите. Веднаш зад него, како негови пажеви се бореа сватовите Франциско и Рикардо. – „Напред тетине! Покажи им, вујко!“ – викаа овие, горди што му служат на еден таков борец, но и самите бесно јуришаа. Посебно се истакнуваше Франиско: најпосле се оствари неговата дамнешна желба да се најде среде маршеви и борби, со гол меч во раката, под пурпурното знаме на својот славен роднина. Но и Рикардо не заостануваше многу зад него, иако беше дошол среде оваа кланица не толку поради својот борбен дух, туку од чисто љубопитство: тој беше историчар и како таков сакаше на самото место да го почувствува величието на овој историски настан.. Недалеку од нив Алонсо де Охеда го скрши мечот од главата на водачот на Берберите, истите оние кои ја разгромија војската на Педро де Охеда под ѕидините на Алмерија, па го зграби за раката, му ја скрши, му ја 219


истргна секирата и веднаш со неа му го одзеде животот. Така, не знаејќи, тој го одмазди својот несреќен братучед. Кога видоа, дека нивниот водач загина, Берберите бесно се нафрлија на Алонсо. Но неговата Богородица и овој пат го спаси: неговите офицери од Гранадската војна излегоа напред, ги задржаа во место, како што лавот го запира бикот, и ги одбија, ширејќи меѓу нив смрт. Два часа по изгревот на сонцето, речиси и немаше полкови, било шпански, било маварски, кои не се бореа; omnibus locis acriter pugnatum est300, што би рекле Римјаните. Десното шпанско крило беше поразено, но левото добро напредуваше. Во центарот се водеше рамноправна борба. Овде прво започнаа стрелците од двете страни. Тие виснаа на стотина метри еден од друг, ги наполнија своите ескопети и фалконети, ги наместија на поставките забодени во земјата, ги запалија фитилите и почнаа да се убиваат меѓу себе. Други стрелци ги подготвија арбалестите и разните други самострели, така што набргу дожд од стрели го затемни небото. Но таквото препукување не траеше долго. На знак даден од труби стрелците се растргнаа оставајќи ги своите мртви и им направија место на коњаниците. Луис де Сантанхел, кој го предводеше центарот, јурна толку бесно и незадржливо со своите коњаници, што го проби центарот на Маврите, па, не запирајќи го победоносниот трк, продолжи кон самиот град. Сакаше ли тој навистина да влезе во Гранада? По него и по неговите коњаници, извикувајќи одушевено, се затрча и пешадијата, а и многумина од победничкото лево крило, кои мислеа дека веќе ја имаат в раце победата и дека им преостанува уште да влезат во градот, во кој речиси и немаше војска. И некои луѓе на Мединасели й се препуштија на таа еуфорија, но овој ги запре со зборовите: - Што подалеку, што подалеку од ѕидините, пријатели мои! Не чини близу да им приоѓаме. И имаше право, зошто од зидините затрештија тешките серпентини, а бранителите почнаа да фрлаат и да сипаат сè што им дојде до рака, па многу Шпанци настрадаа. Луис де Сантанхел и сите што беа со него отстапија и заврзаа бој со Маврите од центарот, кои некако се беа средиле по оној пробив. Зад полковите на Сантанхел беше страшната кралска гарда предводена лично од херцогот Сидонија, така што, ако се погледнеше работата од сите страни, можеше со право да се помисли, дека победата им се насмевнува на Шпанците. Притоа се случи нешто, што можеше да направи целосен пресврт во битката. Одушевени и опиени, полковите на Иса Бен Марион, кои се вратија 220


од потерата по десното крило на де Силва, се залетаа кон централниот дел на боиштето. Уверени дека веќе е поразена целата шпанска војска и дека битката е добиена, тие се вратија пеејќи и славејќи го името Пророково, во несредени толпи. Наеднаш, пред себе видоа страшен масакар и Шпанците, речиси веќе победници, како ги опколуваат разбиените маварски чети. По првата вџашеност, меѓутоа бргу се прибраа. На еден знак на Марион застанаа, оформија стегнат боен ред и се спремија со сета сила да влетаат во бојната врева. Тогаш стана нешто страшно. Херцогот Сидонија, кој беше зад полковите на Сантанхел, кога ги виде Маврите на Марион, го збодна коњот и заедно со дваесетина свои офицери, пажови и штитоносци кои беа околу него како телесна гарда, јурна кон нив. Неговите полкови, меѓу кои и кралската гарда, која Фердинанд му ја довери кога Мединасели падна во немилост, помислија, дека во својот занес нивниот командант сам напаѓа, па ги збоднаа коњите по него. Сидонија јуреше кон центарот на вратените Маври, токму таму, каде што беше емирот Марион. Каков подвиг, какво јунаштво, би се рекло, командантот јури сам на непријателските полкови! Но, кога дојде до нив не се поведе никаков бој, туку, на знак на Марион, згуснатите редови на Маврите се раздвоија и го пропуштија херцогот и неговите придружници. Шпанските полкови како што јуреа застанаа во место, не верувајќи им на своите очи: што е тоа, ги предаде ли нивниот командант? И додека стоеја така, не знаејќи што да прават во една таква ситуација, Маврите на Марион ги нападнаа и ги распрскаа. Се случуваат такви работи. Едната од војските напредува прекрасно и нејзините најелитните единици се подготвуваат да го зададат последниот удар и да го удрат печатот на победата, но доволен е само еден единствен неразбирлив момент на збунетост и вџашеност, за да бидат сопрени; потоа работите тргнуваат надолу. Еден Мавар го распра со ножот коњот на главниот кралски знаменосец кој го носеше големото, на целата војска свето толедско знаме со крунисан орел. Коњот и коњаникот паднаа, а по нив се залула и падна и знамето. Така се случи, што во истиот тој момент, на другиот крај на боиштето, како феникс од пепелот се крена и се развиори од пред некое време паднатото главно маварско знаме со жолта полумесечина на зелено поле, како знак за победата на Маврите. Целата маварска војска го поздрави со победнички повик своето знаме, па сите, заедно со поразеното но сега веќе осоколено десно крило јурнаа незадржливо на Шпанците, како на секој полк да му се беше удвоила силата и удвостручил бројот на војниците. 221


Луѓето и коњите се збија во чудовишрн вртлог, во кој само се гледаше како се диаат рацете. Ѕвонењето на мечовите и сабјите, тресокот на секирите, шкрипањето на челикот и железото, запомагањето и дивите врисоци на смртно ранетите луѓе, сето тоа се соедини во еден ужасен шум, како од длабочините на пеколот одеднаш да се вратиле грешниците. Се дигна прашина, а од неа почнаа да излегуваат само ослепени коњи без коњаници, со крвави очи и развеана дива грива. Биени постојано без милост, потиснувани од сите страни, неуморно сечени и бодени со сабји, секири и буздогани, Шпанците се поколебаа и почнаа да отстапуваат. За несреќата да биде поголема, се слушна глас, дека Маврите од некаде го извадиле зеленото знаме, едно од трите, напревени од древното знаме на Мухамед и триумфално го развеваат по боиштето – кој може да победи војска која во своите раце држи таква светост? Веќе речиси добиената битка се претвораше во страшен пораз. Повеќето од историчарите во своите коментари за битката за градот Гранада се единствени во тоа, дека токму предавството на херцогот Сидонија, кое, патем, како што потоа се дозна, било извршено од овега бидејќи му била ветена кралската власт во цела маварска Северна Африка, било основната причина за ваквиот пресврт. Ние го делиме нивното мислење.Војската едноставно беше шокирана од постапката на својот командант, па застана за момент не верувајќи им на своите очи и непријателот тоа умешно го искористи. Сè уште не беше сè загубено. Требаше некој да им ја врати бедбата на Шпанците, да им укаже, дека Маврите можат да се сопрат. Но требаше да се дејствува веднаш, бидејќи само по половина час колебањето и почетниот страв ќе се претвореа во вистинска паника и тогаш ќе ја немаше таа сила, која ќе можеше да го спречи полниот пораз. И се најде таков човек. Тоа беше Мединасели. Тој дојава до Алонсо де Охеда и му рече: - Нешто многу се растрчаа по полето зелените кафтани и се расчукаа тапаните. Тоа не е на арно, што велиш, а, мој пажу? - Не е на арно, мој господару. – одврати Алонсо. - Туку, еве, што јас ќе ти речам. Еве сме ние двајца добри христијани, а онаму се гледа една група од дваесетина Маври, кои мислат дека победиле, па го слават својот некрстен Пророк; што велиш да ги нападнеме весело? Има само по десетина неверни никаквеци на секој вистински рицар. Што велиш, а? Една челична ракавица може да сотре цела рака оси. А после ќе му појдеме и на емирот Иса Бен Марион. 222


А Алонсо само рече: - Аndamos! 301 ~~~ Од својата височина кралот виде, дека работите тргнаа низбрдо, но не знаеше што точно се случува, сè додека до него не дојава гласник, кој ја соопшти страшната вест: - Херцогот Сидонија изврши предавство, ваше височество. – рече. - Проклет ѓавол! – крцна со забите Фердинанд – Имало зошто да го мразам. Се надевам, дека ќе гори во пеколот. Сега Господ нека ни е на помош! Веднаш по првиот дојде друг гласник: - Ваше височество, нашите војници отстапуваат на сите точки! Третиот гласник беше целиот во крв и едвај се држеше на седлото. - Ваше височество, секој момент повлекувањето на нашата војска може да се претвори во панично бекство. Ако не се пуштат некакви резервни полкови, сè е загубено! Но кралот веќе немаше резервни полкови, немаше ни една чета повеќе, сите, до последниот војник беа фрлени во битката. Фердинанд Арагонски беше добар владетел, но не беше добар војсководач и не знаеше, дека не треба прерано да й се препушта на еуфоријата. Сега со еден поглед го опфати целото бојно поле и сè му стана јасно. Уште само броени минути и Маврите ќе беа полни победници. На повидок беше еден црн ден за шпанското христијанство. Дојава главниот паж: - Ваше височество! Да се иставиме од ова место! Peruculum in mora! 302

- По ѓаволите со твојот латински! Сега не е време за латински, сега е време за умирање. Евакуирајте ја кралицата на безбедно место, а јас ќе одам кај моите војници. – одговори кралот, па го спушти визирот на шлемот и му го побара на својот штитоносец долгото копје. Одеднаш одоздола јасно се слушнаа победничките тапани на Маврите. - Да бегаме, господару! – викна пажот и ја фати уздата на коњот на кралот. – Спасувајте се, додека кругот не се затворил! Abite, dum est facultas!303 223


- Куче! – рече кралот и со палката го удри пажот по лицето – Мислиш ли, дека еден крал треба да бега додека неговите војници умираат? - Да одиме, ваше височество, сè е загубено! – повикаа сите околу кралот. Но рицарскиот крал ги дигна рацете кон небото и рече: - Не дај, боже, да го напуштам ова поле, на кое паднаа толку јунаци! Не дај, боже! Потоа го положи копјето, ги зари мамузите во ребрата на својот коњ и јурна онаму, каде судирот беше најжесток. - Кралот е во опасност, помагајте! – викна главниот паж. Кралската стража составена од педесетина одбрани рицари, тогаш излезе напред како ѕид, со намера со своите гради да го заштити својот господар. Но кралот не сакаше да остане на заштитеното место, туку побрза и излезе во првиот ред. Сите јуреа сè побргу, збодинајќи ги силно своите коњи. Растојанието се смалуваше, веќе јасно се гледаа Маврите, се распознаваа дури и грбовите на нивните знамиња. На забревтаните Маври не им беше ни најмалку грижа за некаква четичка рицари, бидејќи не ни помислија, дека во неа е кралот. Но од гужвата се издвои еден џиновски Мавар и дали поради тоа, што беше примамен од сребрениот оклоп на кралот, или што сакаше да го покаже своето јунаштво, тој го положи копјето и јурна право на кралот. А кралот уште повеќе го збодна коњот и полета на него, пред да можеа да го задржат. Тие сигурно ќе се судреа на живот и смрт, да не беше главниот паж, кој беше подеднакво вешт и во латинскиот јазик и во рицарскиот занает. Тој го испревари кралот, му пријде на Маврот од страна, го тресна по главата со мечот, му го скрши шлемот и го кутна на земјата. Во тој момент и самиот крал го удри со своето копје и своерачно го удостои со смрт. Така загина Бен ал Рашид, еден од најславните јунаци во Маварската војска. Неговиот коњ го фати едниот од кралските штитоносци, а тој самиот остана смртно ранет во својот зелен кафтан наметнат преку челичниот оклоп и стегнат со позлатен појас. Пред очите му се замрачи, а нозете продолжија да ја копаат земјата, сè додека смртта, како најголема утешителка на човекот не го смири засекогаш. Но, по оваа случка кралот го продолжи својот трк и сосема извесно беше, дека ќе влезе во битката и таму и тој ќе ја најде својата смрт, ако неговиот главен паж, тој исклучителен човек, кого историчарите за чудо не го ни споменуваат, не стигнеше до него и не му речеше: - Чекајте, ваше височество! Имам да ви кажам нешто. 224


- Што, пажу? – крцна со забите кралот, поради тоа, што пак го сопираат. - Мој кралу! Annuncio vobis gaudium magnum! 304 - Ми објавувате некаква радост? Можевте тоа да ми го кажете и на шпански, зборот „радост“ е исто така убав на шпански, како и на латински. Но може ли за нас да има некаква радост по грозното предавство на проклетиот Сидонија? - Може, мој кралу. Додека вие го докрајчувавте својот преизвикувач, јас разменив неколку збора со еден капетан кој се пробил од другиот крај на полето и дознав, дека на некои точки нашата војска го сопрела повлекувањето, се окопитила и храбро му се спротивставува на непријателот, а и останатите полкови, одушевени од тој пример, се спремни да го сторат истото. Така што, работите се враќаат на своето место и нема потреба од жртва. - Фален Исус Христос! Но вистина ли е тоа што го велите, мој пажу? Не е ли тоа само начин да ме спречите да влезам во бојот и да загинам со своите војници? Пазете, ми одговарате со главата за вистинитоста на оваа вест! - Се колнам дека ја зборувам вистината, ваше височество. - Фален Исус Христос! – повтори кралот и ги дигна рацете кон небото – Тоагш ќе го отповикаме нашето првобитно решение да се жртвуваме, или барем ќе го одложиме, ќе видиме. Ајде да се вратиме на нашата височинка, за од таму да погледнеме како стојат работите. Кралот го заврте коњот и со својата придружба се врати таму, од каде што беше дошол. Тој беше храбар крал, но знаеше да биде и паметен, кога тоа го дозволуваа условите. А од ритчето од каде што можеше да се види сè како на дланка, Фердинанд се убеди, дека неговиот паж ја зборувал вистината. Сè имено одеше во прилог на величието на таа врвна минута. Наместо таламбасите и свирките на Маврите се слушаа громките бојни повици на Шпанците, наместо срамното повлекување на христијаните кое секој момент можеше да се претвори во општо бекство, сега можеше да се види рамноправна битка, а на некои места, дури зелените кафтани го вртеа грбот и се повлекуваа кон градот. - Фален Исус Христос! Фален Исус Христос! – само повторуваше кралот и се крстеше, гледајќи го сето тоа. Погледнуваше кон небото со благодарност, како ретко кој друг пат. Иако се нарекуваче најхристијански крал во Европа, тој беше претпазлив верник, односно искрено веруваше само 225


тогаш, кога онаа сила која беше сместена во своите небесни височини ќе го докажеше своето постоење со добри дела; ова беше еден од тие моменти. По еден час од боиштето дојава гласник. Тоа беше лично кралскиот поговорничар дон Матиас, кого што кралот уште на почетокот на битката го беше испратил да ја набљудува ситуацијата. - Зборувајте, дон Матиас! Но бргу, бргу! – викна кралот кога го виде. - Долго време беше неизвесно. – започна овој во својот добро познат стил – Како двајца уморни пливачи, кои во водата се вчепчиле еден за друг и се дават... - Добро, добро, но сега оставете ги епитетите и компарациите и раскажете ми со најпрости зборови. - Па тоа и го правам, ваше височество. Ете, слушајте. Маварскиот емир Иса Бен Марион, на кого не му недостасуваше ни сила, ни храброст, ни вештина на вистински војсководач... - Ах, дон Матиас, вие навистина имате намера да ме убиете; не гледате ли колку сум нестрплив? - Веднаш ќе дојдам до главното, ваше височество, еве сега.Та емирот Иса Бен Марион се втурна во нашето десно крило како орел, кој паднал меѓу јато гуски. Десното крило беше згромено, речиси сосема уништено. Маврите почнаа да ликуваат. Pompeiani dignitates inter se dividebant, velut si Caesarem iam vicissent.305. За несреќата да биде поголема, предавникот Сидонија... - Не споменувај ми го предавникот Сидонија! Неговото ѓаволско име ми го загорчува животот. Но потоа, потоа!... - Но сето тоа не беше доволно Маврите да извојуваат победа. Еден наш рицар, светло му име, а можеби тоа беше самиот светец Мавроубиец кој дошол на земјата да го спаси христијанството од срам и беда, се окопити и застана пред речиси цел полк Маври, не дозволувајќи им да мрднат ни чекор напред. Му ја отсече десната рака на нивниот главен знаменосец, па така престана да се вее древното знаме на Мухамед, на кое Маврите беа толку горди. Прадизвикувајќи ја среќата, постојано маваше со мечот од кој капеше крв и, вистинско чудо на храброста, сееше смрт сè додека Маврите не прснаа да бегаат. Ви велам, ваше височество, јуришаше на толпата како Ел Сид во јуначките песни. Неговиот другар кој се бореше рамо до рамо со него, исто така си пробиваше пат сè додека не дојде до емирот Марион, кој беше толку дрзок, себе си веќе да почне да се смета за победник на бојното поле. Дојде до него, велам, но ниту се здравуваше, ниту се збогуваше со него, туку му го втера мечот во стомакот сè до балчакот. 226


- Позната ми е таа приказна. – го прекина кралот, блескајќи од среќа – Но, понатаму! Понатаму! - Тогаш нашите војници престанаа да се повлекуваат, се завртеа и почнаа да ги потиснуваат муслиманите. Така тоа се случи. Но, ви велам, ваше височество, најзаслужен за победата, која до зајдисонце секако ќе ја имаме, се двајцата рицари за кого ви кажав, - Ете за кого ќе пишуваат летописите! Фален Исус Христос! Benedicamus Domino! Non nobis, sed nomine tuo, domine, da gloriam 306. Ах! Со вакви јунаци Шпанија нема да пропадне! Но кои се тие двајца, дон Матиас? Кажи ми ги кои се, за да ги направам свои браќа, да им дадам градови и замоци, кралството со нив да го поделам. Нивните имиња, дон Матиас, нивните имиња! - Оној што го уби емирот Марион е Балканецот Алонсо де Охедас, ваше височество, истиот оној, што го уби и емирот на Малага. - Пак ли тој црн Балканец? Но, нека е. Уште сега изјавуваме, дека тој убиец на емири ќе го направиме најмалку втор човек во нашата армија. Што бараше тој, војска за да ја ослободи својата земја од Турците ли? Ќе му дадеме војска, ќе му дадеме сè – може ли нешто да му се одбие на таков јунак? А другиот, дон Матиас, најзаслужниот, оној, кој прв им се спротивстави на Маврите, и им го зададе решителниот удар, coup de grase, што би рекле Французите и поразот го претвори во победа – кој е тој? Нему ќе му ги дадеме во негово полно владение и во владение на неговото потомство додека свет светува, сите градови, замоци, имоти, подвижни и неподвижни, сите права и повластици, сите оние милиони мараведи годишни приходи на оној предавник, проклето да му е името за вечни времиња; со него ние од сега па натаму ќе владееме со Обединетото кралство! Но кој е тој, дон Матиас? - Тој веќе еднаш беше ваш брат, но се случи нешто, поради што падна во немилост: дон Луис де ла Серда, петтиот гроф и вториот херцог Мединасели, ваше височество. - Мединасели, велите, дон Матиас? Нашиот брат Мединасели? Но кој вели, дека тој е во немилост кај нас? Вистина, тој малку не подналути со тоа, што сакаше да исправи една неправда што им била нанесена на неговите кралски претци – можеби и ние така би постапиле, кој знае? – но денес тој ја спаси честа на благородното шпанско христијанство и овој момент ние сè опростуваме и забораваме и му го даваме сето она, што веќе го рековме и згора на тоа уште многу повеќе, многу повеќе! Ах, драгиот Мединасели! Нека се слави неговото име! Нека се слават за вечни времиња Бог и 227


Богородица! Ах! Оваа среќа што ја доживуваме сега, вреди повеќе од сите пеколни маки што може да ги поднесе најголемиот грешник. Одеднаш Фердинанд се лупна по челото. Пребледе како восок, се заниша на седлото и малку недостасуваше да падне. Во почетокот гласот му се одзеде, така што дон Матиас беше принуден да му се приближи, за да може да го слушне. - Мединасели... Тој... денес треба да умре... да загине... – мрмореше едвај разбирливо – Даде збор дека ќе загине, тоа, рече, ќе му биде казна за намисленото злосторство... а јас на тоа како да реков „амин“, проклет да сум... Јас сум убиец на својот брат, на својот спасител... Ах, јас нема да го преживеам овој ден! Одеднаш гласот му се поврати и тој просто експлодира. Почна да вреска толку силно, што коњите наоколу испоседнаа на сапите, како во непосредна близина да пукна огромен серпентин: - Трчајте! Јавајте, како да ве гонат сите ѓаволи! Гром и пекол! Можеби уште има надеж! Најбрзиот коњ нека летне веднаш! Најдете го Мединасели – каде што е најжестоко, таму барајте го – и кажате му, дека не треба да загине, дека не смее да загине. Јас му забранувам да загине! Ако загине ќе го проколнам, а тешка е клетвата на кралевите, таа далеку стига, така да знае! Ах! Кралството го давам за животот на Мединасели! Ах! Дон Матиас! Мои пажови и офицери! Трчајте, трчајте, проклети да сте и не враќајте ми се без мојот Мединасели жив и здрав, инаку ви летнаа главите! Фердинанд ги покри очите со рацете во железни ракавици и заплака: - Ах, Мединасели, Мединасели... ~~~ Како што рече дон Матиас, благодарение токму на Мединасели и на неговиот паж Алонсо де Охеда несреќата беше избегната и срамниот пораз беше претворен во полна победа, или, како што тоа се вели на јазикот на воените аналитичари, тие го донесоа моментот, што ја реши битката. Кога Шпанците кои отстапуваа и кои беа готови секој момент да прснат во диво бекство видоа, како двајца луѓе, следени само од неколкумина офицери, пажеви и штитоносци се спротивставуваат на цел еден полк, се засрамија, па, сакајќи повеќе да загинат, отколку да ги оцрнат имињата и да ја загубат честа, застанаа и наместо своите грбови им ги покажаа на Маврите своите гради. Така нападот на Маврите по предавството на Сидонија и паѓањето на главното шпанско знаме не го постигна оној 228


успех, на кој емирот Марион се надеваше. Емирот, кој во меѓувреме ја превзеде командата врз целата војска веруваше, дека тоа ќе биде решавачки удар зададен на шпанската војска, а меѓутоа набргу увиде, дека непријателските одреди почнаа отворено и без страв да им се спротивставуваат на неговите и набргу потоа и да ги потиснуваат и да ги стегаат како со железни менгелиња. Залудно тој ги соколеше и залудно ги тераше со сабјата во бој. Додуша, тие силно се бранеа, но кај нив веќе го немаше ни оној полет, ни она одушевување кои ја обземаат победничката војска и кои сега ги запалија шпанските срца. – „Deus vicit!“ 307 – викаа шпанските рицари и јуришаа во свиените од ударите на сабјите оклопи, во крв, во рани, со напукано оружје на најгустите толпи Маври, а овие го задржуваа коњите, или се вртеа околу себе, како да гледаа дали се затвориле железните менгелиња кои ги опфаќаа сè пострашно. Тие отстапуваа лесно, но постојано и на тој начин се извлекуваа од убиствениот обрач. Потоа падна храбриот емир Марион прободен од мечот на Алонсо, падна и светото знаме на Мухамед, се вратија и остатоците од разбиеното но не целосно уништено десно крило што го предводеше страшниот Руи Гомес де Силва кој по страшниот пораз беше жеден за освета, како што напуканата пустинска земја е жедна за дожд – и тоа беше доволно Маврите, инаку познати како најдобрите африкански борци во Средниот век да го загубат и она мало присуство на духот, што им беше останало. Тие би се повлекле во градот и таму би организирале некаква одбрана, но знаеја дека веќе ја нема таа сила која ќе ги спречи Шпанците да влезат по нив, па останаа и, знаејќи дека само во нивните криви сабји им е спасот, почнаа очајно да се бранат. ~~~ Најдлабоко во редовите на непријателот навлезе Мединасели. Кога сосема сам натера уште еден одред од десетина – петнаесет Маври на повлекување – без водач, без знаме, без надеж за победа маварската војска се расцепка на мали одредчиња и секој водеше сметка само за себе – освен тоа, кога почувствува дека силната десница сепак му малаксува од постојаното мавање, тој го запре коњот и го спушти тешкиот окрвавен меч. Почека да се стиши во него занесот и радоста од победата за која тој го даде својот голем придонес, па си рече во себе: „Доста беше. Feci quod potui, faciant meliora potentes. Nec plus ultra. 308 А сега, бидејќи сè уште сум жив иако за целото време се трудев да се случи спротивното... ми преостанува да умрам“. 229


„Да умрам, со голи гради да јурнам на непријателските сабји и да загинам“ – уште еднаш му помина истата мисла и тој наполно се освести од бојниот занес што го држеше сите овие јуначки часови од изгревот на сонцето, па сè до сега. Бојната врева околу него продолжуваше со несмалена жестина. „Не ја чувствувам десната рака, страшно сум изморен, згора не тоа ужасно ме печат неколку рани од сабји и копја, но наскоро ќе оздравам наполно: ќе ме оздрзви ледениот здив на смртта. Песната ми е испеана. Свршено е, работата ќе отиде ad acta 309. На крајот го обрав грозјето, како што се вели. Животот си отишол и, што да се прави, враќање нема – треба човек малку да биде и филозоф, нели? Па што, кога се умира, нека се умира. Дури и се радувам, бидејќи ќе отидам кај претците, ad patres. Кај драгите претци, requiscant in pace. 310 Кај Алфонс Први Мудриот и другите мои кралски претци. Колку се среќни во своето престојувалиште... Invideo, invideo quia quiescent!311 Но сега и јас ќе им се придружам... Само, како што е редот мислено да се збогувам со жена ми и со ќерка ми и да им се помолам на свети Хуберт и на другите светци на кои секогаш им се молам во исклучителни моменти“. Одеднаш трепна и силно се стресе, како веќе да го почувствува острилото на маварската сабја. Само на неколку чекори од него оружјето лупаше, коњите врискаа и ранетите пискаа, но тој ништо не слушаше, како да беше оглувел. „Да умрам? Ама вистина ли е сето тоа, или е сон? Не е сон, раните ме печат, а во сонот, велат, не се чувствува болка. Пресвета Богородице, навистина ли јас се спремам за смрт? Но уште долги години може да има живот во моето силно и здраво тело, уште јас можам полкови да разбивам. Да умрам? Но кој ме тера да умрам? Денес јас бев јунак, прв виснав пред Маврите. Ќе му го кажат тоа на кралот и тој нема да ја бара мојата смрт, тој не ја ни сакаше, јас самиот му ја понудив. А и никогаш ли веќе да не ја видам ќерка си?“ Тој виде како на еден Мавар му летна главата, а друг како го наденуваат на копје, но сè уште ништо не слушаше, како да го гледаше тоа од некоја огромна далечина. „Не морам да умрам, јас сум јунакот на овој историски ден, јас сум творецот на победата, сите тоа ќе го кажат. Та мене сега треба кенетабалски жезол в раце да ми тутнат и со пурпурна наметка и ловоров венец да ме закитат, во песни да ме опеат. Ама што сум се здрвил јас овде? Треба веднаш да излезам одовде, додека некоја залутана стрела не ме погодила. Да умрам? 230


– Ха – ха – ха! Каква глупава мисла – како ли само можеше да ми дојде во главата? Да умрам, бидејќи сум дал збор дека ќе умрам? На желбата за живот не й се одеше од силното и здраво тело на грофот. Уште еден Мавар се струполи на земјата и сега тој јасно го слушна неговиот врисок. „А сепак – треба. Зборот е даден. Се случило ли некогаш некој Мединасели да плукне на дадениот збор? Треба! Одеднаш заплака. Заплака со солзи што се собираат меѓу клепките и само ги навлажнуваат, без да потечат по образите, кои бргу исушуваат и пак се појавуваат, како роса. Околу него толку силно ечеше, што му се чинеше, дека ушите ќе му пукнат. „Но што се лигавам, што цимолам јас тука везден како млада мома? Му доликува ли на војникот да жали за својот живот? Најпосле, кому сум му потребен? Сум бил славен – па што? Славата е само малку дим, кој бргу се губи, sic transit gloria mundi, велеле Латините. Така е со славата, така е и со животот. Животот можеме да го споредиме со необичен, стрмен и тежок пат, кој започнува навистина среде убави шумички, но скоро се губи среде остри карпи и бодливи шипражја, во мрачни шуми чии што вековни дрвја ја закриваат светлината и исполнуваат со ужас. Сега мене уште ми е убаво, но ќе поминат години и ќерка ми ќе се омажи и ќе ме напушти, жена ми, која е болешлива исто така нема уште долго да се задржи со мене и јас еден ден ќе се најдам сам во замокот Осма, напуштен од сите, заборавен од сите... И гледај, дошла староста, гледај ти, поминал животот...И ќе ме натиснат маките... Зошто да го чекам тој ден? Што значат неколку години помалку или повеќе? И збор дадов. Кога некој од мојот род го погазил зборот? А и страшно виновен сум, завера ковав. Па што тогаш? Збогум ќерко, збогум мили мои... Sancte Huberte, Sancte Juliane, Sancte Martine, Sancte Rosalia, Sancte quotquot adestis, orare pro me peccatore… Го стави мечот во корицата, го симна шлемот и го фрли на земјата, потоа го фрли и штитот. Почека. Сакаше сето тоа што побргу да заврши. Се зададоа неколкумина испокинати и преплашени Маври на своите изнемоштени коњи. - Овде сум! – викна Мединасели. Тие не го слушнаа. - Еве ме, Маври! – повтори. Сега Маврите се завртеа. Видоа голем боен коњ и на него голем рицар во својот оклоп, без шлем на главата, со мечот во корицата. Се погледнаа зачудено и продолжија, веројатно сакаа што побргу да го 231


напуштат боиштето. Само последниот подзастана и нанишани кон него со самострелот. „Готово е. – си рече – In nomine Patris et filii et Spiritus Saneti…312 Маврот немаше време да ја пушти стрелата, бидејќи едно кратко копје му помина низ вратот и тој се струполи на земјата. Кога го видоа тоа, неговите другари ги збоднаа коњите и за миг изчезнаа. Група од десетина оклопни коњаници го обиколија од сите страни грофот како живи штитови. Една рака ја фати уздата на неговиот коњ кој нервозно потскокнуваше во место, како да ја беше почувствувал смртната опасност која пред малку го застрашуваше неговиот господар. Тоа беше дон Матиас. - Добарден, грофе. – рече тој. - Дон Матиас! – рече Мединасели, не знаејќи дали да се радува или да се лути – Што барате вие овде, добога? - Што барав, тоа и најдов. Стигнав во последната секунда, каква среќа! Копјето со кое мојот војник му го пронижа вратот на овој неверник треба да се позлати, тоа е најсреќното копје кое летнало денес. А сега бргу надвор од оваа касапница, бидејќи ако ви недостасува само едно влакно од косата, кралот ќе ме заврзе на четири диви коњи и ќе ме расчеречи. Ах, каква среќа! Каква среќа! - Кралот, велите, бара да ме види? Па, на крајот на краиштата, кога еден крал ќе побара нешто, тоа треба и да му се даде. Да одиме, дон Матиас, кралевите не сакаат многу да чекаат. Ги пуштија коњите во галоп. Однекаде се зададоа Франциско и Рикардо, па и тие тргнаа по нив. Поминаа добар дел од боиштето без никакви инциденти. Но стигнаа до едно место на кое се водеше жестока битка и Мединасели виде како неговиот паж Алонсо де Охеда со скршен меч ги одбива нападите на неколкумина Бербери кои бесно го напаѓаа. - Ах, на мојот паж пак му се скршил мечот. – рече – Тој, додуша и со скршен меч ќе излезе накрај со овие бедници, но редно е да му помогнам. Сега, кога повторно ја задобив кралската милост треба да бегам од опасностите, за да не бидам како она магаре, кое умрело токму кога дошло до зелената трева, но ќе одам, nulla pericula me deterrebunt, quominus amicis adsim 313. Почекајте само неколку секунди, дон Матиас. Тој го извлече мечот и јурна да му помогне на Алонсо. Но во тој момент неколку стрели полетаа кон него и, бидејќи беше гологлав, една му се заби под грлото. Падна, а неговиот коњ застана и го подуши. Веднаш над 232


него се наднесоа дон Матиас, Франциско и Рикардо, а потоа и Алонсо, откако се ослободи од своите противници. - Дон Матиас... – едвај чујно рече ранетиот – Кажете му на кралот, дека жалам поради ова што се случи... Така, ете, било пишано...Повеќе ми е жал за него, одошто за мене, бидејќи ме сакаше како брат, а јас... Пренесете му, дека сакам среќно да владее со своето кралство и дека сакам сите светци да ги потпомогнат неговите побожни намери и да ја сочуваат неговата божествена личност... Но бидејќи чувствуваше, дека силите бргу го напуштаат – со секој збор од неговата уста бликаше крвава пена – се заврте кон Алонсо: - Ете, како тоа се заврши, мој пажу... загинав, брзајќи да ти помогнам... оној никаквец астрологот имаше право кога велеше, дека ќе ми донесеш несреќа. Како и да е... Слушај... ти и ќерка ми... јас се противев,бидејќи си варварин, дури и убијци пратив по тебе, не сакав еден потомок на овчари и рибари да го замати чистото како солза благородство на родот Мединасели... но бев слеп, таа не може да најде подостоен од тебе. Затоа... ако уште се сакате... ве благословувам... Грофот имаше уште толку време, да упати поглед кон небото, кон кое неговата благородна душа веќе се беше устремила: - Pater noster qui es in coelis, Sancfificetur nomen tuum, Adveniat regnum tuum, Fiat voluntas tua…314 Тоа беа последните зборови на овој извонреден човек, еден од највеликите, што ги имала Шпанија во тие времиња. Ако ја подминеме неговата единствена грешка, кога страстите и амбициите, тие злобни змии го натераа да се дигне против своите кралеви – а ние сме склони да го сториме тоа, дотолку повеќе, што тој веднаш потоа се покаја – во него ќе го најдеме победникот, јунакот од Гранадската војна, јунакот од Малага, најпосле творецот на победата кај Гранада – да ги споменеме само тие три нешта по кои историјата ќе го памети – така што смртта можеше да му го грабне само животот, а не веќе победата, оти неговото дело беше завршено, а по ваков подвиг личната судбина е најмалку важна. Алонсо плачеше, додека му ги затвораше очите. Моментот беше толку трагичен, што сите наоколу останаа гологлави. Потоа неговото тело го префрлија преку коњот и го изнесоа од боиштето. ~~~ 233


На зајдисонце кај Фердинанд дојдоа гласници од маварскиот крал Боабдил – истите оние кои го донесоа предизвикот – и тие изјавија, дека нивниот владетел се чувствува победен и моли битката да престане. – „Legati venerunt pacem petituri“ 315 – вака тоа го прокоментира првиот паж на кралот. Фердинанд, кој, покрај сите други квалитети што ги имаше беше и милостив, не сакаше да го доубива паднатиот на колена противник и се согласи. Единствено нареди да се положи оружјето, согласно латинското hostes arma tradere iussi sunt 316. Маврите сјаваа од коњите, ги забодоа копјата во земјата, ги забодоа и сабјите и со наведнати глави, потиштени и крвави од добиените рани, се упатија кон градот. Само на неколку места биткате уште траеше, бидејќи некои Маври повеќе сакаа да загинат, отколку да молат за милост. Тие се собраа во толпи и се бранеа како чопор од диви свињи, кога ќе ги опколат волци. Овие умреа намрштени, силни и неустрашиви. Кога краткиот зимски ден си отиде и почна да се смрачува, меѓутоа сè беше готово. По целото крваво бојно поле запалија големи огнови и двете страни почнаа да ги собраат своите мртви. За сето тоа време кралот не престануваше да рони солзи поради несреќната и толку непотребна смрт на Мединасели. Маврите загубија повеќе од 8.000 луѓе, што значи, дека речиси секој трет загина во оваа битка, една од најкрвавите во петнаесеттиот век. Загинаа сите офицери и најголемиот дел од тешката коњаница, која се сметаше за непобедива. Освен светото зелено знаме на Мухамед уште многу војни знамиња кои преку денот се виореа над силната маварска војска паднаа во победничките шпански раце. Рицарите ги фрлаа сега пред нозете на Фердинанд и Изабела, кои побожно ги дигаа очите кон небото и велеа: - Бог така сакаше! Потоа монарсите ги дигаа рацете и ги благословуваа со знакот на крстот не само најблиските, туку и целото поле пред градот Гранада. Утредента кралот и кралицата наредија да се пеат Te Deum landamus и други благодарствени молитви. Радоста од победата беше голема, дотолку повеќе, што загубите беа мали: Шпанците дадоа не повеќе од 3.000 загинати, најголемиот дел од кои беа од лесната коњаница на малерозниот Руи Гомес де Силва, додека елитните единици дадоа сосема мали, незначителни жртви; меѓу овие, за жал, беше и грофот Мединасели, јунакот на денот, творецот на победата. Веднаш штом завршија благодарствените молитви по повод извојуваната победа, Фердинанд и Изабела наредија да се пее requiem 234


aeternam 317 за покој на неговата, сега веќе бесмртна душа и на душите на сите други храбри христијани кои паднаа на бојното поле. - А каде е нашиот Мавар? Каде е Илдерим? – се сети одеднаш кралот – Овие два дена воопшто не ни се мернал пред очи. Му кажаа, дека Илдерим испил отров во својот шатор, кога видел, дека Маврите ја губат битката. Оставил писменце, во кое соопштува, дека им останал до крајот верен на височествата и дека им благодари за сè што направиле за него и за неговиот татко, генералот; но, кога го видел поразот на својот народ, не можел да дозволи за него да се рече дека е предавник, нешто, што секако ќе се случело и затоа се решил веднаш да отиде во цветните градини на Пророкот – на мртвиот сè му се простува, нели? – „Ги молам моите сакани господари, кралот и кралицата – така завршуваше писмото – да не мислат, дека ова го правам за да ги натажам или да ја разбранувам совеста во нив. Ги молам да не жалат по мене - бидејќи каква само радост ме обзема овој час, додека го чувствувам отровот кој почнува да дејствува: го слушам гласот на Пророкот кој ме вика, ете, се отвораат вратите на неговиот дворец и од него излегуваат прекрасни полуголи девојки и ми нудат благо канарско вино во голем златен пехар...“ Всушност, сето тоа тој веќе одамна го испланирал, знаел, дека сето тоа точно така ќе се случи. Кралот и сите околу него ги наведнаа главите и се подзамислија бидејќи во сето тоа имаше и некаква длабока филозофија. Но никој не жалеше за него и веднаш потоа заборавија на него – можеше ли да се жали за еден Мавар по загубата на толку многу јунаци, пред сè на непрежалениот Мединасели? Единствено Франциско, кога се пееја молитви за покој на душите, покрај името на својот тетин го спомена и името на Маврот, бидејќи на ум му дојдоа прекрасните пијански ноќи со него во замкот Осма. Дванаесет дена по битката, односно првиот ден од 1492 година, Kalendis ianuariis, од градот дојде пратеник, кој изјави, дека неговиот владетел веќе нема ниту сили, ниту желба да ја продолжува борбата, најмногу не сака повеќе да гледа како се лее благородната крв на чедата на Пророкот и затоа има намера да го предаде градот. А веќе 2 јануари 1492 година, тој толку славен ден во шпанската историја, градските порти се отворија и излезе лично кралот Боадвил во златна мантија и со круна на главата, со целата своја многубројна сфита. Дојава до Фердинанд и Изабела по патот што му го направија војниците од кралската гарда поместувајќи се и наредувајќи се во две редици, сјава од коњот и клекнат на колена им ги бакна рацете. Фердинанд скокна од своето место, великодушно го крена од 235


земјата и го седна до себе нарекувајќи го „брате“ 318 и мрморејќи во себе: „Овој дедо има толку убаво и благородно лице, што навистина би можел да ми биде брат. Но зошто ли не останал во својата Arabia felix 319? Всушност Боадвил навистина беше многу убав старец, великолепен и достоен за најголема почит и поинаку со него не можеше да се постапи. Веднаш потоа слугите на Боадвил постојано поклонувајќи се донесоа врз кадифено перниче едно гравирано сребрено сандаче и го ставија на масата пред нивните височества. Изабела го отвори: во него се наоѓаше клучот на градот Гранада. Така падна последното маварско упориште. Завземањето на градот Гранада од страна на католичките кралеви претставуваше дефинитивен слом на арапско – маварското владеење на Пиринејскиот полуостров. Тоа беше, без сомневање голема победа на шпанските христијани. Но тие беа доволно паметни да не уништат сè што е маварско во нивното кралство, да не го искоренат маварскиот дух, бидејќи многу убаво знаеја, дека речиси целото свое благородство го должеа на своите вековно поробувачи. Северот го победи Југот, но победникот гледаше со восхит на победениот. Подоцна историјата се повтори на тој начин, што по разбивањето на големата шпанска армада, кастилскиот јазик стана елегантен жаргон во дворот на Елизабета Англиска. Имено, уште во времето на првите крстоносни походи на исток, одушевени и во исто време засрамени германските, шпанските, француските и англиските рицари, придружувани од своите селани и слуги, виделе како угнетено и на тесно живеат во своите домови, во оние запустени места на Запад и како богато и раскошно живеат Маврите. Виделе, дека тие пагани, кои луѓето од Запад ги презираат од растојание, имаат глатки, меки и лесни ткаенини од индиска свила, блескави и исшарани со прекрасни цветови килими од Бухара; тие имаат и зачини и најразлични билки кои ги возбудуваат и окрилуваат чувствата. Виделе, дека нивните кораби пловат до најоддалечените земји, за да донесат одтаму робови, злато и драго камење, дека нивните каравани скитаат по бескрајните патишта; не, тоа не се груби и прости луѓе, како што се сметало – тие ја познаваат земјата и нејзината тајна. Виделе, дека имаат карти и таблици, врз кои е запишано и одбележано сè. Имаат мудреци, кои го познаваат движењето на небесните тела и законите, по кои тие постојат. Завојувале земји и мориња, ги заграбиле сите богатства, целата трговија, сите наслади на битието. Единствено Маврите беа послаби како војници и затоа ги загубија сите свои владенија во Европа. Гранада беше нивното последно упориште. 236


Кралот Боадвил се предаде, откако Фердинанд и Изабела го убедија, дека нема да ги прогонуваат муслиманите, дека ќе им ги остават сите права кои дотогаш ги имале и дека ќе ги третираат исто како и Шпанците. Ништо од тоа не се оствари. Планот за прогонување на евреите и на Маврите во Шпанија веќе беше добро разработен, а генералниот инвизатор Торквемада и другите големи инквизатори веќе ги распалуваа кладите, на кои ќе бидат изгорени илјадници синови на тој, некогаш толку величествен народ. Војската остана уште петнаесеттина дена под ѕидините на освоениот град Гранада, кој веќе беше прогласен за еден од најубавите бисери во круната на Обединетото кралство Арагон и Кастилија. За тоа време Алонсо искрено желеше по грофот Мединасели, по својот драг господар, со чија помош го запозна светскиот живот и стана она, штое. Малку се утеши дури тогаш, кога џуџето Хиеронимус еден ден дојде кај него, строго му нареди убаво да се завитка во својата наметка за да не биде препознатлив и го одведе во една напуштена куќа во најзафрлениот дел од градот, каде што го чекаше една жена со црна маска на лицето, облечена во обичен црн фустан...

29 Се спуштил во галоп, по славата чудесна... Иго, „Руи Блас“ Во истата таа 1492 година, Шпанија извојува уште една победа, која, ако се земе во предвид ползата што од неа низ вековите кои следеа ќе ја има не само таа туку и цела Европа, беше многу поголема од завземањето на Гранада: го откри Новиот свет, Mundus Novus. Десет дена по завршувањето на војната, имено, Христофор Колумбо, кого што го оставивме во Кордоба како бара начин да издејствува аудиенција кај нивните височества, благодарение на Талавера и на Луис де Сантанхел успеа да дојде до кралицата во логорот Санте Фе. Како што веќе рековме, првиот од овие двајца беше близок исповедник на кралицата, а вториот нејзин миленик, така што, откако го ислушаа Колумбо во Кордоба и откако увидоа, дека неговото барање можеби и држи место – во тоа имено се состои нивната историска заслуга – потоа не им беше тешко да ја убедат Изабела да го прими упорниот Ѓеновјанин и да се позанимава со него сега, кога прашањето за Гранада е заклучено и кога нема други поголеми пречки. 237


Колумбо излезе пред кралицата, клекна на едното колено – тоа го дознаваме од матријалите останати од Бартоломеј Лас – Касас, истото она три – четиринаесетгодишно момче, кое го оставивме како лута заедно со Ѓеновјанинот по кастилските патишта, а кое потоа ќе стане една од најграндиозните фигури во шпанската историја од шеснаесеттиот век – и, не кревајќи ја главата го повтори своето барање и причините поради кои го поднесува: дека, откако ја прочитал книгата „Imago Mundi“ на францускиот епископ Д`Аји и писмото на Тосканели, тој се убедил, дека, ако тргне од Шпанија на запад, за кратко време ќе дојде до Индија, до земјата на Великиот кан, потомокот на славниот Кублај – кан за кого пишувал Марко Поло и островот Ципанго и од таму ќе се врати со бродови полни со злато, дијаманти, скапоцени камења, зачини и секакви други богатства, повеќето од кои се многу ретки или воопшто ги нема во Европа; дека тој, Христофор Колумбо, ќе биде првиот, кој ќе ги раствори портите на оној океан, кој бил затворен толку столетија и ќе продолжи да го исполнува веќе започнатото: „Venient annis saecula seris, quibus Oceanus vincula rerum laxet et ingens pateat tellus, Typhisque novos detegat orbes, nec sit terries Ultima Thula“ 320. Потоа, дека ќе совлада нови простори и дека освен наведените земји ќе освои други прекуморски царства; дека, благодарение на него Шпанија ќе стена најбогата и најмоќна држава во целиот познат и непознат свет. Инаку, тој е убеден во сето тоа, бидејќи во извесни моменти слуша неземни гласови кои му вдахновуваат смелост, а пред очите му се јавуваат небесни визии. Итн. Зад грбот на кралицата која слушаше, меѓутоа стоеја противниците на Колумбовиот проект кои, додека Колумбо зборуваше постојано нешто й дошепнуваа, па на овој му беше откажано: „Сепак жалиме, господине Колумбо, но по Гранадската војна нашата каса остана речиси празна, така што Обединетото кралство и покрај сета добра воља, не може да си дозволи една таква авантура“. Тоа го рече кралицата, а оние зад неа се надоврзаа: „Штом Португалците не најдоа земја во Морето – океан, секој обид насочен во тој правец е празна работа“ – рече еден; „Мнозина познавачи на морското дело велат, дека одејќи на запад од носот Сан Висенте, нема да успеат да откријат земја, па и цели две години да пловат“ – рече друг; „Натаму нема никакво копно, невозможно е нешто да се открие!“ – категоричен беше 238


третиот. На историјата й се познати имињата на овие тројца, но ние не наоѓаме причина овде да ги споменуваме. На Колумбо му беа доста седумте горчливи години по шпанските патишта, па по овој отказ стана и си отиде. Излезе од логорот Санта Фе со намера да ја напушти Гранада и да тргне кон Кордоба, а потоа засекогаш да ја напушти Кастилија и да се префрли во Франција, каде што веќе трета година се бореше за проектот за западниот пат неговиот брат Бартоломеј. Меѓутоа како што велат, правдата доцни, но секогаш доаѓа. Штом излезе Колумбо, кај кралицата влезе Луис де Сантанхел и започна долга реч во заштита на Колумбовиот проект. И стана чудо. Дали поради тоа, што му поверува на Сантанхел, или поради тоа, што овој пат посебно й оставија впечаток неговите бисерни заби, убавите очи и густата руса коса слична на лавовска грива, но таа ги прифати неговите наводи и го испрати по бегалецот придворниот алгвазил. Алгвазилот го стигна Колумбо на две лиги од Гранада, кај мостот Пинос. Ѓеновјанинот се врати во кралскиот двор и сите негови барања веднаш и наполно беа задоволени. Каков пресврт, каква ефектна разврска на големата драма! Кралицата дури беше толку трогната, што покажа готовност да ги заложи сите свои скапоцености и тоа навистина ќе го стореше, ако чуварот на арагонската дворска каса великодушно тоа не го отфрлеше, изјавувајќи, дека и без залог ќе ја даде на заем нужната сума за подготвувањето на експедицијата.(Историчарот Орељана внесува во разговорот меѓу кралицата и Сантанхел мала исправка, забележувајќи, дека сепак Сантанхел ги зема скапоценостите и й дава на нејзиното височество 16.000 ескуди, но најпосле сите тие бројки и попатни случки й се најмалку важни на историјата). Тоа се случи во јануари, а на 17 април 1492 година кралската двојка потпиша договор со Колумбо. Тоа беше познатата „capitulation“ 321 во Санте Фе во која се посочуваат целите на експедицијата на Колумбо и титулите, правата и привилегиите на идниот првооткривач на непознати земји. На Колумбо засекогаш му беа дадени титулите Адмирал на Морето – океан и вицекрал на сите земји, кои се предаваат за вечни времиња „од наследник на наследник“. Беше одредено, од сето она што ќе биде придобиено од новооткриените земји Адмиралот да добива една десетина од печалбата од трговијата со тие земји. Во истиот тој ден Изабела и Фердинанд потпишаа уште еден документ, не помалку важен од познатата „капитулација“ – акредитивно писмо адресирано до Великиот кан. Крелевите на Кастилија и на Арагон, имено му јавуваат на моќниот источен владетел, дека носителот на наведеното писмо, благородниот маж Христофор Колумбо, е испратен со 239


три каравели во индиските земји за извршување на дела, потребни за зголемување на славата Господова 322. Беше заповедано да се изберат три добри кораби и веднаш да се снабдат со екипажи и со сè друго што е потребно за долго патување. Сè беше готово. Deus vult – Господ сака – таква беше девизата на првите крстоносци, кои Петар Амиенски ги поведе кон Светата земја. Deus vult – така мислеа и католичките кралеви во 1492 година, кога го утврдуваа Колумбовиот проект. Cui prodest? За кого тој проект бил погоден? Кому биле нужни богатствата на земјите од Истокот? На кого му се допаѓа новиот крстоносен поход во земјите на азијатските пагани? Кому му е потребен сонот за голема кастилско – арагонска империја, која ќе ги владее градовите на Кина и во долината на Ганг? На тоа прашање католичката кралска двојка, единствена во своите мисли и сметки, можела слободно да одговори – на нас! Било како било, седумгодишните страдања на Колумбо завршија. Во логорот Санте Фе тој извојува победа и постигна сè, што толку страстно посакуваше. Кога сите документи и спогодби беа manu proprio 323 напишани, потпишани и заверени, Колумбо се упати кон пристаништето Палос, каде што веќе го чекаа каравелите „Санта Марија“, „Ниња“ и „Пинта“. На патот кон Палос тој застана и го посети манастирот Рабида од кој имаше толку убави спомени. Но сега по патиштата не чекореше бедниот и истоштен мечтател, каков што го запозна Рикардо пред години, туку Адмиралот на Морето – океан. Велва, Магер, Палос и Рабида, старите познати места свечено го пресретнаа командантот на големата прекуморска експедиција, човекот, кому нивните височества толку широкоградо му ја подарија својата благонаклоност. А тогаш, во летото 1485 година несреќниот бегалец зачука на портата на манастирот Рабида за да го остави таму за некое време седумгодишниот Диего и ниту таткото, ниту синот знаеја што ги очекува во туѓиот крај, тие беа жртви на непознатата грозна судбина. Сега четиринаесетгодишниот наследник на Адмиралот стана жртва на кралските шивачи, чевлари и бербери. Се испробуваа кадифени камизоли, од кордобски сахтијан се шиеја остроноси чевли, бидејќи кралската двојка одредила адмиралскиот син да биде паж на престолонаследникот дон Хуан и да добива плата – 9.400 мараведи годишно. А неговиот татко стана жртва на неземна среќа и вселенска слава: на 3 август 1492 година во осум часот наутро, „Санта Марија“, „Ниња“ и „Пинта“ ги дигнаа котвите и од Палос по реката Рио Тинто се насочија кон отворено море на запад, и сè така на запад. 240


И се случи неверојатното. Некој си Колон, или Колом, или Коломбо – Christophorus quidam Colonus vir Ligurus 324, како што соопштува Петрус Мартир, „еден сосема непознат човек“ – „una persona que ninguna persona conocia“, според соопштението на друг, се упати под шпанско знаме на запад по отворениот океан наместо на исток, околу Африка, и... о, чудо над чудата! – по тој „brevissimo cammino“ 325 го откри, како што самиот тврди, патот за Индија. Навистина, тој не се сретна со Кублај – кан на Марко Поло, но според неговите зборови стигна прво до островот Ципанго (Јапонија), а потоа слезе во Манги (Кина). Само по неколку дена пловење стигна до Ганг... Европа е одушевена, бидејќи Колумбо се враќа со чудни црвенокожи индуси, со прекрасни, разнобојни папагали, со чудни животни и долго раскажува за многу злато. Чудно, многу чудно: значи сепак Земјата е помала отколку што се мислеше, значи Тосканели ја кажувал вистината. Доволно е да се плови само три седмици на запад од Шпанија или Португалија, за да се стигне до Кина или Јапонија или до Островите на мирудиите; зошто тогаш да се плови половина година околу Африка, како Португалците, штом богатата Индија е толку близу до Шпанија? И најважното – Шпанија си го осигура со папска була 326 тој пат на запад и сите откриени по него земји. Меѓу деведесетмината кои на 3 август испловија со Колумбо од Палос, имаше и еден војник од кралската гарда, исто така и еден непознат и неразбран пристар човек, облечен во обична граѓанска облека. Кога овие двајца се сретнаа очи в очи, војникот рече: - Се колнам во свети Мартин, кој ќе ме заштитува на оваа пловидба, дека пред себе го гледам својот командант, славниот херцог Сидонија. Во право ли сум, а, ваша светлост? Но каде отиде откако избега кај Маврите под Гранада, проклет предавнику? И војникот широко ја отвори устата за да ја разгласи веста. Но граѓанинот брзо му тутна в рацете една голема, полна кеса и овој замолче. И не само што замолче, туку и тргна по него, како покорно куче по својот господар.

30 Појде кај еден трговец на коњи и го запраша што да прави. А овој му одговори: „Прави што сакаш, само немој да му ги крадеш деновите на Господ“ 241


Epistolae obscurorum virorum 327, 1515 По завземањето на Гранада Алонсо де Охеда стана извонредно голем и моќен господар кој ги ужива најголемите благороднички почести. Поради неговите заслуги во Гранадската војна беше произведен во гроф и беше назначен за врховен командант на коњаницата и за прв заменик на конетаблот на војската; и уште му беа дадени засекогаш седум замоци, кои можеа да се предаваат за вечни времиња врз неговите наследници. Така што, „господарот на седумте замоци“ или „убиецот на емири“, како што почнаа да го нарекуваат, бидејќи речиси му стана навика под секој град да убива по еден емир, беше еден од најмоќните луѓе во Обединетото кралство Арагон и Кастилија. Се разбира, тој не можеше веднаш да не помисли на тоа, дека Мединасели непосредно пред својата смрт ја благослови љубовта помеѓу него и Леонора; тоа беше нешто од исклучителна важност! Ете, грофот загина – каква несреќа! – но тој ја одобри нивната врска, дури беше убеден, дека неговата ќерка не може да си посака подостоен маж од него. И сега Алонсо требаше само да ја спроведе последната воља на оној, кој загина втурнувајќи се во борбата за да му помогне и да одјава во Осма по господарката на своето срце. Но – а тука веќе наполно откриваме една не толку достојна црта во карактерот на овој јунак која и досега можеше да се насети – неговата желба не беше толку голема за да отпатува веднаш, а освен тоа си мислеше, дека секогаш има време да го стори тоа, но најнапред малку да си поживее, ѓавол да го земе! А меѓутоа се случи така, што настаните го понесоа и тој сè поретко помислуваше за милата господарка на своето срце и на последните зборови на својот господар... за потоа – о, каков срам за легендарниот јунак од Малага и Баса, од Вера, Алмерија и Гранада! на сето тоа сосема да заборави. За почеток, тој му ја предаде командата над коњаницата на својот заменик – всушност во мирно време и немаше што толку да се командува – и се смести во раскошниот дворец Ел Сордо во близината на Кордоба – тоа беше еден од седумте замоци што му беа дадени – за, како што велеше, да здивне малку од четиригодишните воени дејствија. И навистина поубаво место за одмор тешко можеше да се најде, бидејќи дворецот се наоѓаше на една височинка од која пукаше прекрасен поглед на огромни вековни борови и дабови шуми, а зад нив, кога времето беше јасно и светло, можеа да се видат планински врвови. А и внатрешноста на дворецот беше таква, што и 242


самиот крал не би се срамел да живее во него. Насекаде низ него можеа да се видат најскапоцени венецијански и разни други огледала, балдахини од пурпурно кадифе бродирано со ситен бисер, богати завеси од персиска свила густо навезана со злато, чаршави од Холандија и што ти уште не. Ѕидовите беа облечени со зелен гоблен, на кој имаше извезано мноштво фигури на луѓе во лов или во војна, животни, цвеќиња, птици и најразлични прекрасни предели – творби на неколку врвни кастилски уметници, кои, како што пишуваше во архивските документи, потрошиле цели пет години за нивната изработка. Таваните, пак, беа тапацирани со исклучително убава ткаенина, произведена во Брисел – бледозелени цветчиња врз златен сатениран фон (со тоа платно, велат, биле тапацирани и собите на првите дами на кралицата). Врз камините, кои ги имаше во сите простории, можеа да се видат статуетки од саксонски фарфар – женски фигури, кои ја покриваат со маншон својата голотија. Посебно за восхит беше галеријата од портрети на рицарите на Ел Сид или на шпански владетели и национални јунаци. Портретите беа ставени во богати рамки и увенчани со круни и златни грбови, а меѓу нив можеа да се видат облеки од различни векови. Но Алонсо не дојде овде за да ужива во сите тие исклучително ретки убавини, да се излежува по цел ден и во тишина да се потсетува на своите подвизи или да евоцира секакви други спомени – пази боже! – туку се опкружи со своите офицери од Гранадската војна, односно со оние, кои ја преживеаја крвавата авантура, со други благородници, дворјани и високи крунски достоинственици, со благородни дами, минстрели и поети – и почна да пирува. За да не им биде здодевно на гостите, организираше хајки на ѕверови по бескрајните шуми околу замокот, пуштање соколи за лов или разни кањи и други военоаристократски игри со коњи, во кои се прикажуваа на шега борби и маскаради – таквите игри тој ги виде во кралската резиденција во Кордоба и многу му се допаднаа – но најголемиот дел од времето се коистеше за пијанчење. Тоа беше непрекинато пирување, забава, која го изгубила својот крај. Алонсо и сите негови гости лумпуваа од утро до мрак. Погледнато од извесен агол, тоа општо пирување имаше во себе и нешто убаво, волшебно. Тоа не беше лелекање на некоја збирштина од пијаници што пијат од мака, туку хомеровска радост, просто една бесна, распашана веселост на млади и силни луѓе, кои сметаат, дека пирувањето и ловот се единствените забави кои им доликуваат на мажите, а војната единственото сериозно занимање, кои мислат, дека секоја минута, секој момент мора на човекот да му претставува едно блаженство, дека човекот е на земјата за да ужива во убавото и да ги задоволува своите желби; тоа беа 243


момчиња, кои со восхит го цитираа Хорациј кога тој вели, дека животот е краток и треба да се исползува добро и Плиниј Постариот, кога извикнува: „In vino veritas!“ 328 Па така, на масите преполни со емајлирани и сребрени чинии со највкусни јадења и златни пехари и чаши со најскапо вино – а сето тоа можеше да го обезбеди само оној, чии што џебови беа полни со големи златни монети со ликовите на Фердинанд и Изабела – од утро до мрак седеа, брбореа, се смееја и громко пееја млади луѓе, кои, откако дошле овде заборавиле на сите свои дотогашни грижи, кои, тоа може да се каже, плукнале на сето минато и на сета иднина и со жар на фанатици му се предаваа на слободниот живот и на широката душевна слобода. Тоа беше деноноќен празник во дворецот Ел Сордо. Великолепни сали полни со мажи и жени, факели, музика од лири и гадулки, танци, весела смеа, лакеи, кои ги разнесуваат храната и виното, дами кои минуваат и се враќаат... Меѓу сите овие луѓе најубав впечаток оставаше токму домаќинот, господарот, новопроизведениот гроф де Охеда. Беше уште млад, немаше ни дваесет и девет години. Убав и силен, вистински корделион, со сите оние дарови со кои природата толку богато го дарувала, тој ја привлекуваше сеопштата љубов и почит. А сè на него беше убаво и впечатливо: и неговото аполонски убаво лице, и неговото држање кое покажуваше сигурност и самоувереност што ја даваат успехот и многуте борби од кои излегол како победник, и неговиот поглед, кој беше како на некој моќен кнез. А колку убав беше богато дамаскираниот меч, што не го симнуваше ни среде најголемите гозби, златниот ѓердан кој блескаше на црното кадифе и долгата хермелинска наметка на врховен командант на коњаницата со која обично сакаше да се појавува, и целата облека украсена со бродерии и галони, со нежни панделки и тантели на ракавите и околу вратот, и великолепната шапка со зелени штраусови перја... Кога пееше толку силно чукаше по масата, што чашите и чиниите ѕунеа и се кршеа, а свеќите од зелен абажур што беа околу него отскокнуваа и се гасеа. Beatus possident! 329, би се рекло. А тој навистина тоа и беше, впечатлив и блескав, секогаш заобиколен од својата сфита од главни команданти и најугледни рицари и благородници. Еднаш ја запеа „Билјана платно белеше“, така му дојде на душата. Но песната беше оптегната и малку тажна и не се поклопуваше со веселите и громогласни шпански песни, се разликуваше и од нежните мадригали. Неговите гости, со исклучок на старите другари од Гранадската војна кои ги имаше малку не го разбраа и зачудено го погледнаа. Одтогаш веќе не ја повтори. Со поголемо задоволство пееше јуначки песни во кои се зборуваше за победите на Ел Сид и на Карло Велики и стари готски романси во кои се 244


величаше јуначкото рицарство. Всушност, шпанското во него од поодамна беше зело замаф, а старото, родното – се губеше. Наредуваше постојано да им се точи вино на гостите за да пијат за Шпанија, но и за неговата земја исто така, а овие пиеја за Шпанија, пиеја и за неговата земја, зошто не, тие би се напиле и за најдалечната африканска земја за која ништо не знаат, ако тој тоа го побараше. Постојано го креваше оној познат пехар на уметникот Мартин Доминик 330, кој од кралската трпеза на некој чуден начин се најде на неговата и наздравуваше за победата кај Гранада, за онаа кај Малага, за лично неговите победи кај Баса, Вера и Гвадикс, за оние кај реката Генил и за другите, за кои ќе се сетеше, за кралот и кралицата, за кралството, за славата на сите христијани што ги има на светот... Наздравуваше за овој, за оној, за ова, за она... По десеттата едноподруго испиена здравица – а при секое наздравување секој го испиваше до дно својот преполн пехар, таков беше редот – ретко ќе се најдеше некој освен него, кој можеше да висне здраво на нозете, за да наздрави и по единаесетти пат. Кога наздравуваше за Охрид бараше полно внимание и надолго и нашироко почнуваше да го образложува својот проект, кој одамна до ситници го беше испланирал: ќе ги земе, вели, своите полкови со кои ги освоил Баса и Вера – тие му се сосема доволни! – ќе ги качи на бродовите кои му беа конфискувани на предавникот Сидонија и ќе ги истовари во црноморското пристаниште Бургас, или не, подобро во Солун, бидејќи тој е поблиску до неговиот Охрид... Ќе ги земе, вели, со себе своите сонародници Иван Беров и Стојан Пинелов и сите двеста Балканци од колонијата во Севиља и ќе тргне... Меѓу присутните бараше команданти кои ќе ги водат пооделните полкови на ослободителната војска – се сложуваат ли избраните со него? Со јад зборуваше за Турците, се разбеснуваше, врескаше како чајник, кога ќе го сложиш на огнот. Се дереше на цел глас, дека тоа ѓаволско племе полошо дури и од Маврите, треба да се сотре, да се искорени, дека самата помисла на нив му го загорчува животот и дека нема да се смири, сè додека неговите копјаници со кои ќе дојде не ги истераат до последен од неговата татковина. Ах, тој, кој влегол во Баса трчајќи по штитовите на своите војници и ја освоил за едно претпладне, ќе знае како да излезе на крај со тие бедници и притоа нема да зема заробеници, не, не му требаат нему заробеници за откуп или за слични глупости! О, да, бргу ќе си го видат својот Алах оние, кои ќе се најдат пред неговото копје!... Додека зборуваше, прстите почнуваа грчевито да му се стегаат, како несреќникот веќе да му беше паднал в раце, очите лакомо му светкаа, а лицето му се издолжуваше 245


како на волк, кој го гледа беспомошното јагне пред да ги зарие забите во неговото кревко месо. Инаку, во последните години во неговиот живот се јавија работи кои му беа поважни од Турците во неговата татковина, но по сите тие испиени пехари секогаш почнуваше да ја чувствува онаа страшна омраза која се натрупала од човек до човек, уште од оној ден пред илјадници години кога за прв пат се родила во дното на некоја пештера. Понекогаш наздравуваше и за оние, што веќе ги немаше, за грофот Мединасели, за Педро де Охеда, за германскиот барон, кој меѓу првите загина при завземањето на Баса... Тогаш ќе ја ничкосаше главата и оние околу него ќе го слушнеа како шепоти: „Педро... Петре...“ Но тоа му доаѓаше само кога беше многу пијан, а тој ретко се опиваше иако испиваше големи количини вино - и траеше кратко. Веднаш потоа очите пак ќе се кренеа и веселбата продолжуваше: не одат рака под рака младоста и тагата. Таквите пијанчења сè повеќе стануваа негов modus vivendi. Еднаш или двапати еден постар благородник кој навраќаше во Ел Сордо, сосема добронамерно, со бирани зборови му укажа, дека треба да подзастане малку со таквиот живот, бидејќи така може да ја загуби благонаклоноста на нивните височества, а и државните работи така се занемаруваат – не треба ли тој да се позанимава со своите коњаници – да ги погледне, да ги повежба, да направи смотра, да види дали се гладни, дали се жедни, оружјето и коњите да им ги провери... Навистина, Алонсо малку се подзамисли, бидејќи не можеше да не види, дека во тоа има вистина. Но, не, сепа не: тој е „господарот на седумте замоци“, „убиецот на емири“, најголемиот национален јунак во Обединетото кралство и со сите свои блескави титули и со сето свое богатство, чест и слава се здобил благодарение токму на најголемите доблести со кои може да се пофали еден маж, со својата памет, со својата сила, одлучност и храброст; освен тоа, имаше и уште нешто, за кое никој не знаеше, а кое беше можеби најважно од сè друго – тој беше љубовник на кралицата! Не, не, тој беше совршен, а совршените ниту можат да паднат во немилост, ниту се врзани за некаков закон; можеше ли некој да му префрли на јунакот што му се присакало малку да си проживее како човек? А всушност сè се сводеше на една единствена констатација: националниот херој на Шпанија беше паднал на нивото на најобичниот пијаница! Каков контраст, какви контрадикторности во една иста личност! Само во големите моменти Алонсо де Охеда беше велик и делотворен, во просечните времиња беше сосема просечен. Два пати со својата раскошна кочија впрегната во шест бели како снег коњи, придружуван од својот верен паж Родриго и уште од двајца лакеи 246


облечени во прекрасна црвено – бела униформа одеше во Кордоба да ги потсети кралевите на нивното ветување за поведување крстоносна војна против Турците во неговата земја – сега, кога Гранада е освоена и кога кралството просто цути нема никакви пречки за тоа дело, нели? Всушност од сите свои седум замоци тој го беше избрал Ел Сордо токму поради тоа, што беше блиску до кралскиот двор. И двата пати најљубезно му беше одговорено, дека нивните височества се презафатени со некакви државни дела кои одеднаш се наметнале и, за жал не се во можност во моментот да го примат... нека извини неговото господство и нека повели друг пат, кога сака... ете така... не се лути нели? Со ниту еден збор не му беше замерено за оргиите во Ел Сордо и тој си одеше мирен, убеден, дека наредниот пат кога ќе дојде, секако ќе ја заврши работата. Но... зошто кралицата веќе не го викаше? Та таа дури и во Моклин го најде, и во штотуку освоената Гранада, патуваше ингокнито и му одеше по стапките. Се зборуваше, дека нејзиниот исповедник, оној поп Талавера кој се молеше и кога одеше, имал сè поголемо влијание врз неа – можеби се вслушала во неговите укажувања па сега по цел ден се моли во својот таен дворец? Но, се случи нешто, што го поремети таквиот тек на настаните. Еден ден, среде гозба, кога стана збор за покојниот Мединасели, еден барон, дон Мигел де Парантес, некаков внук на херцогот Сидонија, за кого не се знаеше како и зошто се нашол овде, налутено изјави, дека, кога веќе не се споменува името на неговиот благороден, но со лоша среќа роднина, исто така не треба да се споменува ни името на бедниот ѓавол, кој веројатно веќе гори во најужасниот круг од пеколот. Притоа, како потврда за своите зборови, го фрли пехарот на земја и плукна настрана. Беше многу дрзок, како поради испиеното вино, така и поради тоа, што сакаше да порасне во очите на својата убава љубовница, што ја беше довел со себе. - Што, што? За кого зборувате? Ако мислите на мојот господар Мединасели, веднаш повлечете ги своите зборови. – рече Алонсо, не верувајќи им на своите уши. Завладеа гробна тишина. Баронот виде дека отишол предалеку, но не отстапи, сакаше да биде јунак. - Да, точно на завереникот Мединасели мислам. Кога само ќе помислам каков голтар беше во споредба со мојот чичко! Бил потомок на кралеви? Хе – хе! Таквите кралеви херцогот Сидонија немаше да ги пушти ни нозете да му ги мијат. А ни ти не си многу подобар, новопечен грофе де Охеда! Што ќе остане од тебе ако ти се одземат сите оние титули што ти ги подарија нивните височества во еден момент на непромисленост? Внук на 247


козари или на рибари, или така нешто. Тебе, грофе, ти е позната миризбата на козјите брбешки нели? Пфуј! Среде тишината гостите слушнаа како Алонсо крцна со забите. Како облак да му го прекри лицето. Молњевито посегна по мечот. Очите страшно му светнаа. Сите помислија, дека инцидентот ќе заврши крваво. - Ве штити законот на гостопримството. – рече Алонсо, треперејќи од гнев и со огромна мака совладувајќи се – Не сакам да убивам човек во својот дом. Но овој момент вие го имате мојот предизвик за борба на живот и смрт. Утре ќе ве побарам. Ќе ја заковам својата железна ракавица за палисадата пред вашата тврдина и ако не излезете на двобој, ќе ве запалам сосе замокот. А сега веднаш одете си! Сега и Алонсо виде, дека отишол предалеку и дека една банална пијанска караница не мораше да заврши вака. Но, зборот веќе беше кажан. Утредента имаше наврнато многу снег, но тоа не го спречи и со педесет оклопници, меѓу кои имаше и едно седумнаесетгодишно момче, Хорациј, кој многу сакаше под неговото знаме да тргне во своите први рицарски подвизи и да задобие слава, одјава до замокот на дрскиот барон, на два часа јавање од неговиот. Пред портата извика: „Црн бароне, покажи се!“ Баронот излезе со својата љубовница на бедемот; но веќе не беше толку самоуверен како вчера бидејќи се беше отрезнил и му беше дошло на ум, дека пред себе го има првиот меч на Обединетото кралство. Алонсо побара уште еднаш баронот да ги повлече навредливите зборови што ги изрече за грофот Мединасели и за него и доколку овој тоа го направеше, со тоа веројатно сè ќе се завршеше. Но, од бедемот, можеби по грешка грмна аркебуза и младиот Хорациј се струполи мртов на земјата. - Ах, ѓаволски бароне, сега ни во пеколот нема да се сокриеш! – викна Алонсо, очаен поради смртта на момчето кого што многу го сакаше, бидејќи во него се препознаваше самиот себеси кога беше на тие години – и даде знак за напад. Со своите војници го освои на јуриш замокот, го уби баронот на самиот негов праг и кога сè беше готово го префрли на седлото пред себе телото на несреќниот Хорациј и се врати во Ел Сордо. На снегот пред замокот и во него останаа триесетина измасакрирани трупови и убавата љубовница, која клечеше до својот сакан и редеше жалопојки. Големи црни птичурини, откако некое време кружеа над боиштето стетаа на бедемите, а потоа примамени од миризбата на крвта почнаа една по една да долетуваат до загинатите. По оваа мошне непријатна случка Алонсо сосема се промени. Дали поради крвта што непотребно ја проли, или поради тоа, што, како што 248


обично се случува, добата на раскалашениот живот поминува со младоста, но тој им ги затвори вратите на своите другари со кои толку весело пируваше и се повлече во себе. Одеднаш се почувствува изморен од сè. Нешто ново, некаков прелом се случуваше во неговата душа. Веќе не му беше ни до весели гости, ни до јадење, ни до пиење, секаква земска желба во него ослабна. Дури, аналогно на она „omnis cogitatio libidinosa cerebrum inficit“331 и жените изчезнаа од неговиот живот, тие убави и расипани суштества, кои ги наоѓаше во својата постела кога се будеше од синоќешните пијанки. Сè што дотогаш толку сакаше, се стиши на дното на неговата душа. Му се разоткрија непознатите за него длабочини на неговиот живот и тој потона во бездна од размисли – впрочем секогаш така се случуваше со него кога ќе дојдеше некоја голема промена. Личеше на човек кој се убедил, дека се лизга по надолнината на некаква пропаст и кој се замислил со ужас за животната неизвесност – како ќе се одвиваат нештата понатаму, што ќе се случи со него? За прв пат му дојде на ум мислата, дека со време среќата се претвора во спомен, а славата во лага. За да го исполни со нешто времето до заминувањето во Бугарија – тој и понатаму беше сосема убеден, дека кралевите ќе му дадат војска и дека е само прашање на време, можеби на броени денови кога ќе тргне – јаваше со својот паж по блиската шума. Беше студено и имаше многу снег – летописите кажуваат, дека зимата 1492 година била најстудена и најснежна во изминатите педесетина години, снег имало дури до мај, нешто многу невообичаено! – но тоа не му сметаше, напротив уште повеќе го привлекуваше. Узлегуваше уште во темно за да го слушне писокот на птиците кои не се гледаа и кои толку далеку јуреа низ темниот воздух пред да се појави на хоризонтот првата светлина на зимскиот ден. Во тој крик што бегаше и што го однесуваа крилјата на некоја птица во ледениот час на утрото наоѓаше некаква таинственост, во тоа имаше некаква поврзаност со приказните и легендите, што како дете му ги раскажуваше дедо Ѓорѓи. Потоа се свиделуваше и се откриваше природата, која изгледаше светла, крта и тврда како кристал. Дрвјата во шумата беа покриени со иње, земјата ѕвонеше под копитата на коњите, сувиот воздух го носеше далеку и најмалиот шум; плавото небо кое се наѕираше над голите гранки изгледаше сјајно како огледало, а сјајното и студено сонце поминуваше по небото и фрлаше на замрзнатата природа зраци кои не загреваат. Или пак, одеднаш ќе се смрачеше, ќе се стишеше и милиони големи снегулки полека ќе почнеа да паѓаат и да ја покриваат земјата со дебел слој; тогаш во длабоката тишина на густата шума се слушаше само она неопределено шумолење на снегот, 249


ништо друго. Само одвреме – навреме ќе се чуеше крикот на птиците кои летаат високо по небото, или лесниот шум што го прави гранка која се скршила под тежината на снегот. Потоа одеднаш ќе се раздуваа ветришта и тивкиот и пријатен снег ќе се претвореше во ураган, снежна прашина која не паѓа, а само се носи бргу и прави соспи високи колку човечки раст. Во една таква виулица, освен бесниот свиреж на ветерот се слушна и оптегнато завивање на волци; овие не се гледаа, но беа негде во близината, па коњите се преплашија и јурнаа колку што можеа, па долго потоа не можеа да ги запрат и да ги смират. И по трет пат ја облече својата прекрасна парадна униформа, се загрна со долгата хермелинска наметка, па откако задоволно се изгледа во големото венецијанско огледало од глава до пети, се качи во кочијата носена од шест коњи и со својот паж и двајцата лакеи отиде во кралскиот двор во Кордоба. И пак не го примија. Неговото височество, така му рекоа, пак било зафатено. И не само тоа, туку му изложија уште цела низа причини, поради кои не можел да влезе. Сега имено било построго, односно од пред некое време редот за аудиенција кај кралската двојка почнал да се одредува според параграфот број 33 од специјалниот статут од 1480 година, а според него претходно требало да се добие „виза“ од Кралскиот совет. Итн. Евентуално, тој можел да се повика на една точка од толедските закони од истата таа 1480 година, според која секој понеделник и петок нивните височества могле да бидат достапни за... некои посебни молители, во кои, ако се земат во предвид некои околности би можел да биде вброен и господин грофот. Итн. Притоа му беше објаснета целата постапка. Кралицата и кралот имено, ги ислушувале молбите седнати на високи престоли. Од десно и од лево на монарсите во полукруг се постројувале членовите на Кралскиот совет. Молителот ги бакнувал рацете на нивните височества, по што требало да застане на колена – на четири чекора од престолите се поставувале специјални зглавнички за колената – и во таа положба го изложувал своето прашање. Потоа зборот им се давал на членовите на Кралскиот совет и во заклучок кралицата или кралот ги давале своите милостиви укажувања – да се наложи на такви и такви луѓе повторно да го разгледаат прашањето. Итн, итн, итн. Но овој пат Алонсо се подналути. Не може, рече, да се постапува така со него, та тој по трет пат доаѓа за една и иста работа, што одамна се смета за решена. Тој, рече, за кралството ги освоил Гвадикс, Вера, Баса и Алмерија и ја очистил речиси целата провинција Гранада, убил два емира, трчал по штитовите на своите војнии и од нив скокал во најгустата толпа 250


непријатели и направил уште безброј такви подвизи, тој, заедно со грофот Мединасели, вечна му памет, е најзаслужен за завземањето на двата најголеми града Малага и Гранада, тој... Да набројува ли уште? Не, рече, доволно е. Ја испружи левата рака, лесно го оттурна кралскиот секретар кој се беше испречил пред него и гордо влезе во кралската просторија. А таму – кралот игра шах со својот воен министеа. Клекна на едно колено, ја наведна главата и почека. - Ах, црн Балканецу, така ли се влегува кај еден крал? – рече Фердинанд кобајаги налутено, но веднаш стана („Имајте во предвид, херцогу, дека ќе ве нападнеме со коњот и ќе ве лишиме од еден ваш пешак, веднаш откако ќе се ослободиме од овој досаден Балканец“ – му рече притоа сосема тивко на својот соиграч), па му пријде на дојденецот, го крена од земјата и го седна до себе. - Дојдете, дојдете. Кој може да ги заборави вашите заслуги? Вие сте еден од нашите најголеми јунаци, тоа е сосема неспорно. Та за вас и песни се пеат, а вашето име и во златната книга стои, како едно од најзаслужните имиња во Обединетото кралство. А и на нашиот непрежален вазал и брат Мединасели долго време му бевте паж и пријател. Велат, загинал кога сакал да ви помогне да совладате една толпа Маври – вистина ли е? Ете, тоа се вика пријателство. Ах, Мединасели, Мединасели... - Ваше височество... - Нешто подрекоа околу тоа, дека сте имале расправа со некој си таму барон – сте му го освоиле замокот и сте го убиле. Ние, знаете ли, на тоа малку да се подналутивме, бидејќи одамна ги забранивме меѓусебните крвопролевања во нашето кралство, но кога дознавме дека баронот бил роднина на Сидонија, лутината веднаш ни помина. Да биде проклето името на предавникот, родот да му се сотре, да даде Господ! - Ваше височество... - Да, да, знаеме зошто сте дошле: да ви дадеме војска, со која ќе ја ослободите татковината. Ах, ние сме ви многу благодарни за сè што направивте за нас, но сте дошле на погрешно место. Туку, грофе, вие своето барање приложете й го на кралицата, не на нас. Иако сме маж и жена, ние двајцата владееме со две различни кралства, а најпосле секој си ги гледа своите интереси, нели? Бреговите на нашиот Арагон ги мие Средоземното море и ние се возбудуваме од проблемите што ги имаме со Неапол, Сицилија и Милано, со Русилон и Сардинија. Ние се подготвуваме за идната битка за Италија 332, дури неодамна успеавме да го задушиме пламенот на Каталонската селска војна, а и Гранада ни однесе многу сили и средства. А 251


нашата кралска сопруга е во нешто подобра ситуација со својата Кастилија. Појдете, појдете кај неа, ќе ја најдете во нејзиниот таен дворец, на дното од паркот – знаете ли каде е тоа? Би пошле и ние со вас за да го поткрепиме вашето барање, но нам – ќе ви кажам, грофе, една тајна, која малкумина ја знаат – освен во исклучителни случаи, пристапот таму строго ни е забранет; ако не знаевме колку ни е приврзана кралицата, ќе си помислевме, дека таму ги води своите љубовници – хе – хе! Појдете, појдете, ви посакуваме среќа. - Ваше височество... – започна Алонсо и по трет пат, но кралот веќе го беше завзел своето место покрај шахот и со коњот му го земаше пешакот на својот воен министер. Не сакаше дури ни да го погледне за поздрав, додека овој излегуваше одејќи наназад со наведната глава: тој никогаш не му прости што е „црн Балканец“, никогаш не се помири со фактот, дека најголемиот јунак во неговата војска е варварин. Таков беше Фердинанд, контрадикторен: паметен владетел кој Шпанија ја направи голема и моќна, храбар борец, кој, како што тоа се случи на бојното поле пред Гранада не се двоумеше да јурне на непријателот и да загине со своите војници, но имаше и моменти, кога човек тешко можеше да го разбере. А понекогаш и неблагодарен беше и не се држеше до дадениот збор, како во овој случај. Post tot promissa 333 тој не му даде војска на Алонсо, па проектот на овега за ослободување на татковината не можеше да заживее. Таква е неблагодарноста на кралевите. Но може ли некој поради тоа да им замери? – „Разумниот владетел – пишува Макијавели 334 – не треба да биде верен на дадениот збор, кога не постојат повеќе причини, кои го натерале да го даде ветувањето... кој подобро од другите умеел да дејствува како лисица, тој е подобар; неопходно е меѓутоа, да ја криеш во себе таа лисичја суштина и да бидеш голем лицемер и неискрен човек“. Така велел Макијавели и владетелите го почитувале неговиот збор. Како што му рече кралот, Алонсо отиде пред тајниот дворец на кралицата. Во еден момент му дојде на ум да влезе, бидејќи на љубовникот на кралицата сè му е дозволено, нели? – но некое претчувство го натера да почека. И не згреши. Не помина долго време и се слушнаа гласови. Тој се засолни зад еден огромен вековен даб и ги наостри ушите. Тоа беа алгвазилите, кои носеа во дворецот златни чинии и емајлирани чаши, како таму да се спремаше некаква гозба, а по нив чекореа џуџето Хиеронимус и – убавиот Луис де Сантанхел. - Но каде ме водите, господине Хиеронимус? – прашуваше Сантанхел. 252


- Само вие дојдете – велеше џуџето – И знајте, дека отсега па натаму, вашата судбина е во ваши раце. По ваша желба можете да се најдете на небесните височини, или пак да се стрмоглавите во калната бездна. Ако сте паметен човек, овие зборови ќе ви бидат доволни. Молчете сега и одете по мене. Потоа џуџето налутено им свика на алгвазилите: - Mais attention! Prenez garde, coquins! C`est le service de madame la reine! Oh, vous imbeciles! 335 „Ах, тоа е навистина многу паметно џуџе, штом покрај латинскиот го знае и францускиот јазик“ – си рече Алонсо, но немаше време да се исчудува, бидејќи се сети, дека џуџето истите овие зборови, ама сосема истите му ги велеше и нему, кога за прв пат го водеше кон одаите на кралицата. Целиот истрпна. Сега му ги вели на Сантанхел, пред тоа му ги велел на несреќниот барон Салуст де Басан, кој, ете, не знаел да се искачи на небесните височини, па сега лежи во калната бездна. Ете, што била работата! Најпросто речено, кралицата си нашла нов љубовник! А тој, Алонсо, е принесен во жртва, immolatus! Сега тој требаше да биде кавалер, кој се владее според законите на етикецијатата и незабележливо да изчезне од ова место и да ја заборави целата оваа работа. Сепак излезе од зад дрвото и тивко викна: - Господине Хиеронимус, само еден збор... Џуџето го погледна, но налутено одмавна со главата и продолжи. Сантанхел, пак, зачудено застана: - Ах! Грофе де Охеда, што барате овде? Се радувам што ве гледам! Та ние двајцата бевме другари од бојното поле, тоа е нешто најпрекрасно. Ех, како само ги подбравме Маврите под Гранада, а? Кога ќе дојдете кај мене да си поприкажуваме малку, да се потсетиме, а? - Да, да, секако... – промрморе Алонсо, но со најголемо задоволство би го извадил мечот и би го боцнал во стомакот тоа самоуверено конте. Потоа се заврте и си отиде. По ова му беше јасно, дека авантурата со кралицата завршила.Му беше јасно исто така, и дека нема ништо од походот кон неговата земја, но – о, чудо! – мораше да си признае, дека во него веќе го немаше првобитниот стремеж за реализирање на тој потфат; и оваа желба имено го изгуби својот интензитет, како и сите други желби во него, впрочем. Му беше жал што ја загуби кралицата, бидејќи со неа губеше голема потпора, а и убава беше, но не се грижеше многу за оние луѓе таму, покрај езерото. А најпосле што има тој да ги ослободува тие прости и неуки суштества таму, кои, освен да пасат 253


овци и да ловат риби ништо друго не знаат – што има тој со нив? По толку години тој ја беше загубил претставата за своето родно место. Беа останале само некои магливи спомени, па и тие бледнееја и се губеа пред настаните, со кои неговиот живот беше пребогат. Таква беше работата. Но, зарем навистина ли со младоста, која, тоа е јасно, веќе си оди, си одат и неговите пламени стремежи, навистина ли се прекинуваат сите врски со минатото? „Кај секого ли, си мислеше, истото тоа се случува? Ете, сето тоа е минато... мојата младост, моите стремежи, желби и амбиции, сето тоа не постои повеќе; сето тоа е мртво, така да се каже, макар што јас сè уште живеам“. А некогаш, дури и не така одамна, секоја негова желба започнуваше со мислата за ослободување на мајката страдалница; й го беше посветил животот на големата идеја, беше жеден за големи задачи. Неговиот дух мечтаеше за големи настани. Ах! Колку е тешко да се помисли, дека тоа било некогаш и дека не останало ништо. Прав беше братучед му Петар, прав! Тој е непоправливо неостојан, се врти како ветрот во степата, на сите правци. И што сега? Што да прави? Што сега ќе речат Иван Беров и Стојан Пинелов? – „Ние ќе ја видиме слободна родната земја!“ – така им велеше и се колнеше, дека така ќе биде, а тие му веруваа. И сега? Тие еден ден пак ќе дојдат, тој тоа го знаеше и ги очекуваше. Што да им каже кога ќе дојдат? Што да прави, боже? Многу мачни загатки се исправија сега пред него. Тој си задаваше прашања и не наоѓаше одговори, или пак ако најдеше одговори, тие го ужаснуваа. Секој ден откако ќе се разбудеше, започнуваше молчелив монолог, бескраен разговор со себе си. Често стоеше со часови среде соба неподвижен, занесен во своите мисли кои го беа зграпчиле како вампири; и колку повеќе расудуваше, толку потешко му стануваше. Многу мислеше и не знаеше што да смисли. Требаше да донесе некаква конечна одлука, а не знаеше на што да се реши; само чувствуваше, дека, какво и решение да донесе, нешто во него неизбежно требаше да умре. Да заспие на своите ловорики и така да го дочека својот крај, кога веќе умреле неговите желби? Но живот без големи настани – тоа му беше малку. Тој се отценуваше себе си по силата на своите желби; а сега тие згаснаа. Беше во судир со самиот себе си и се бореше до изнемоштеност. Се чувствуваше како бродоломник, што испитува непознат, страшен брег на кој го фрлила бурата. Што да прави? Кога веќе не му дадоа војска во Шпанија, требаше да оди да ја бара во Франција; или пак да отиде сам во Охрид и таму да крене востание. Немаше желба, но ете така, да отидеше... Најверојатно ќе загинеше, откако ќе убиеше неколку турски аги, но тој не се плашеше од 254


смртта, освен тоа големата цел, како што вели Иван Беров заслужува најголеми ризици. А можеше да се случи, кога над него ќе порасне зелена трева, некој да висне и да рече: „Овде лежат неговите коски! Тој го љубеше својот род! Вечна му памет!“ Тоа беше нешто многу убаво, романтично. Но – колку страшно: желбата веќе ја немаше! Колку страшно: тој веќе не го љубеше својот род! А кога и го љубел? Сè беше само суета! Кога не можеше да заспие излегуваше гологлав и без наметка, само по долама – на болните нерви во неговото здраво и силно тело им беше пријатно да го почувствуваат ноќниот студ – и како некој дух од старите балади шеташе помеѓу ѕидините кои го опколуваа дворецот. Одвреме – навреме се слушаше звук на труба и ѕунење на оружје, што означуваше смена на стражарите, но тој сè така одеше со наведната глава како старец. Или пак се искачуваше на високата кула и од нејзиниот врв гледаше на исток, каде што се раѓаше зората, неподвижен, премален, вистинска статуа на очајот. Се приближуваше ли тој кон својот articulo mortis? 336 Си рече, дека е лошо да биде сам, дека треба да му се врати на поранешниот весел живот – и ги повика другарите со кои пируваше. Но некои од овие беа добиле нови должности и беа отпатувале, на повеќето сè уште им тежнееше впечатокот од крвавата драма во дворецот на несреќниот барон; така што, дојдоа само неколкумина, но и тие набргу си отидоа и веќе не се вратија. Ништо веќе не беше како порано, а и домаќинот од некогашниот буен корделион се беше претворил во млитав човек со изгубен поглед и со глас, кој беше задавен и угаснат, како да доаѓаше од другиот брег на бездната. Бидејќи немаше со кого да пие, пиеше сам. Кога не одеше да јава во шумата остануваше дома, а пехарот на Мартин Доминик секогаш беше пред него, полн со вино. Седнуваше до каминот и го приковуваше погледот во веселиот оган, како човек кој мисли за нешто далечно. Однекаде му дојдоа на ум годините на младоста и од тоа му стануваше некако и тажно и убаво на душата. Каде отидоа златните денови на неговата младост? Каде отиде пламенот што го имаше на осумнаесет години? Каде се изгубија наивните радости и лекомисленоста на детството, среќата на првите младешки години, таа единствена вистинска среќа во животот? Го викаше пажот Родриго да седне до него, за да му раскажува за својот живот во Охрид и за првите полни со учење и младешко сонување години на странствување, да наздрави за некогашните надежи и стремежи, за некогашната доверчивост и чесност, за сето она, за кое на тие години биеше неговото срце и попрекрасно од кое сепак не запозна и нема да запознае во животот. Навистина, тој постигна 255


многу, многу повеќе од она, на што се надеваше, тој е национален херој, господар на седум замоци, врховен заповедник на коњаницата и втор човек во војската на Обединетото кралство, и јуначки песни се пеат за него, а и во летописи почнаа да го пишуваат, за вечни времиња да остане неговото име и неговата слава... но нешто е загубено, нешто, што постоело некогаш, некој мирис, некоја прелест – и никогаш тоа нема да се врати! Од борбата во младешките години излезе силен и цврст како железо, но засекогаш тој го загуби жарот на благородните мисли и стремежи – најубавиот цвет на животот. Си велеше: „Колку е тажно, што на овој свет сè остарува!“ Одамна знаеше, дека сè е во филозофијата, дека сите се олицетворени во филозофијата, таа фраза знаеше да ја каже и на латински – „omnia in philosiphia, omnes in philosopho continetur“ – па, за да се отргне од нерадосната слика на својот живот, пак ја побара нејзината утеха, consolatio Philosophiae. Човекот е мудар само тогаш, кога ќе погледне филозофски на нештата во себе и околу себе, само тогаш ќе биде над сè што е земно и човечко, односно ниско и многу несовршено, така си велеше. Што да се прави, животниот пат не е секогаш прав, има слепи улички и тесни аголчиња, таква е животната проза. Да се најде идеалното блаженство, да се постигне совршената радост на животот, тоа е сепак претешко, никој смртен тоа не може да го реши. Ете и тој: барал во животот, лутал, паѓал, трчал низ цели и се сопнувал, и ете го сега славен, богат и сакан како ретко кој друг – но може ли за себе да рече дека е среќен? И највеликиот кој со право мисли дека постигнал многу повеќе од другите смртници, едно прекрасно утро ќе види, дека и тој е подложен на страдање колку и секој друг. Така било и со Карло Велики, и со Цезар, и со Ахил. Ќе дојде време, кога секој ќе биде налегнат од својата мака. Кога дојде до тој заклучок, Алонсо пак се фати за своето вечно прашање: па каде е тогаш вистината, постои ли таа? И си одговараше: да, таа постои, само е надвор од стварноста. Инаку, сè е само измама и општа несреќа, таква е грозната комедија на животот, таков е трагичниот карактер на обичната човечка стварност. Ниту еден стремеж, продолжуваше тој да се утешува, не се остварува наполно, барем не долу на земјата. Нашиот живот минува како трага од облак и се губи како магла растурена од сончевите зраци – како и да се погледне на нештата – тоа е. Најпосле доаѓа крајот, каква и висока цел да ја мами нашата гордост, стигнува смртта. И, доаѓаше до следниот конечен заклучок: човекот не е створен за ништо друго, освен да умре. Но, колку и да беше длабока и логична, таквата филозофија не му донесуваше многу утеха и тој најпосле престана да филозофира. Се трудеше 256


да не мисли на ништо, што не е во рамките на обичното. Почнаа да му доаѓаат во главата некакви одломки од мисли, некакви претстави без ред и врска – лица на луѓе што ги видел уште во детството или негде ги сретнал само еднаш и на кои никогаш потоа не се сетил: воениот инвалид во Кордоба, кој со такво одушевување зборуваше за него, но штаката ми се лизна и тој падна, една еврејка во Моклин – беше сигурен дека е еврејка – која некако чудно го погледна, една бедна крчма во освоената од него Баса, некакви задни скали, сосема мрачни, полиени со помија и затрупани со лушпи од јајца, а некаде некакво ѕвоно ечеше – но каде ли беше тоа? – и така натаму... Понекогаш, но многу ретко, мислеше за братучед му Педро. Пред да умре, овој му остави во аманет да отиде во Охрид и да му плати на попот да отпее за покој на неговата душа. Сеакако треба да отиде, ќе биде никаквец, ако не го стори тоа. И пак шепотеше: „Педро... Петре...“ Дојдоа Иван Беров и Стојан Пинелов. Тој тогаш затрепери од глава до пети, се почувствува како должник кому му дошле разбеснетите доверители, а тој ги нема парите што треба да им ги врати. Дојдоа брадјосани и изнемоштени од долгиот пат, сурови и диви. Веднаш го фатија за јаката и почнаа да го тресат како вреќа со компири. - Лажливец! Предавник! – врескаше првиот – Проклет изрод! Рече, дека за три години ќе ја ослободиш татковината, се сеќаваш ли, несреќнику? Поминаа пет, а ти ни со прст не помрдна! - Се правиш голем Шпанец, а, проклетнику? Овде освојуваш градови и провинции за туѓи кралеви, па потоа банчуваш – дури до Севиља стигна гласот за твоите пијанчења во дворецот Ел Сордо - а таму нашата мајка страдалница стенка под ропство какво светот уште не видел! – се надоврзуваше ругиот. - Си станал гроф, ти дале раскошни дворци и високи титули, во песни те слават и во летописи те споменуваат, предавнику! А ние си останавме она што си бевме, ни имињата не ги сменивме! - А ти верувавме... - И другите ги теравме да ти веруваат... - И се крстевме во тебе!... - И другите ги теравме да се крстат во тебе. - И поради тебе само чекавме, чекавме... - И другите ги убедувавме, дека треба да чекаат. - Тој е нашиот водач кој животот й го посветил на големата идеја велевме. 257


- Него бог и света Богородица го одредиле да ни ја ослободи татковината – убедувавме. - А ти не посрамоти! - Во црно не зави! - Ќе те боготворевме... - И крал ќе те правевме... - На престол ќе те качевме... - И златен жезол в раце ќе ти тутневме... -А ти – што направи? - Не излажа! - Не предаде! - Плукна на името Господово! - Се откажа од мајката што те родила! - За титули и почести се продаде... - За замоци и злато се полакоми... - Проклето да ти е името! - Проклет да ти е родот! - Нека ништо не остане од тебе на овој свет! - Нека кучиња ги поганат оние два метра црна земја, под која ќе легнеш! - Ах, несреќнику! Ах, проклет андрадиља! 337 - Ах, лицемерен беднику! Пажот Родриго ја слушаше виснат зад вратата оваа несопирлива бура, овие грозни зборови изговорени на непознатиот за него словенски јазик и не можеше да им поверува на ушите: но кои се овие бедни селаништа и зошто господарот им дозволува така да постапуваат со него? Кога се слушна силен трескот на преобрнат намештај не можеше повеќе да издржи и влезе. Неговиот господар беше крвав во лицето, а насекаде околу него имаше расфрлани и испокршени столови, маси и секаков друг намештај. Овде се водело вистинско песничење, а господарот – о, боже мој! – ни мечот не го извадил, не се ни бранел! Пажот го извади својот меч и целиот надвор од себе јурна на дрските гости. -Застани, Родриго и спушти го мечот. – го сопре Алонсо – Тоа се мои браќа. - Ама тие можеа да ве убијат, ваше господство! - Немаше да згрешат ако го стореа тоа. – рече Алонсо, бришајќи ја со везано марамче крвта од устата. – А сега нахрани ги, облечи ги, дај им пари 258


колку што сакаат за да ги подмират патните трошоци и пушти ги да си одат во мир. - Не ти сакаме ни пари, ни било што друго, иако дуќаните во Севиља ни пропаднаа и како просјаци осиромашевме. А осиромашевме, бидејќи продолжуваме да бидеме Словени, слушна ли предавнику? А ти овде кити се со шпански титули и пливај во шпанско злато, проклетнику! – така рекоа овие двајца, па го исплукаа уште еднаш – но онака грозно, крволочно, со плунка, што омразата ја подигнала од најцрната длабочина на градите – и си отидоа, за никогаш повеќе да не се вратат. Само Стојан Пинелов подзастана на вратата и изусти: „А каде е Петар?“ – но одмавна со раката и излезе.

31 Кажете ми каде е, во која земја, Флора, убавата Римјанка. Франсоа Вијон, „Балада за некогашните жени“ Потоа му се случи нешто убаво. Еден ден – беше мај, а задоцнетата пролет доаѓаше како закитена во бело принцеза, која брза да му се врати на своето кралство – почна да си потпевнува: „Ах, да имам крилја, да сум птица бела, кај Санчо во Тера јас би полетала...“ Овие заборавени строфи и изчезнатиот спомен за Леонора – та тоа беше одамна, многу одамна, пред години, и се беше изгубило во онаа магла, во која духот се обидува да бара пипајќи, боже мој – ни самиот не знаејќи како, дојдоа од најголемите длабочини на потсвеста и излегоа бистри и чисти на површината. Можеби распеаните птици и мајските бумбари и опојните пролетни мириси помогнаа да се случи тоа? Се искачи на кулата и погледна: целото поле околу замокот беше зелено, на многу места се белееја расцутени во бело дрвја.

259


Стоеше така цел час. Ако некој го набљудуваше одоздола, тешко дека би го зел за жив човек. Тој висеше налактен на бедемот, неподвижен како вледенето сениште. Леонора! Ја почувствува одеднаш онаа чудна возбуда која останува во нас, кога сме дознале, дека негде околу нас е целата среќа на овој свет. Си спомнуваше. Леонора... Тоа беше кратка романса од есента 1487 година, една случајна и многу убава романса, најубавата во неговиот живот. Една квечерина, поминувајќи под нејзиниот прозорец во Осма тој ја слушна како пее и си даде збор, дека таа жена ќе биде господарката на неговото срце. Потоа тие двајцата тргнаа кон Кордоба и тој пак ја слушна како пее – така започна врската. Сè заврши само два месеца подоцна, кога таа се врати со татка си во Осма, а тој отиде да војува во Гранада. Во почетокот копнееше по неа, по господарката на своето срце – во студените зимски ноќи, кога надвор е десет степани под нулата човек најмногу копнее по она, што му недостасува. Потоа настаните се занижаа и таа почна да му се губи од мислите. Ја виде уште еднаш под ѕидините на Моклин кога вршеше смотра на своите трупи – на себе имаше машка облека и јаваше со дуењата. Ја виде и ја препозна, но тогаш веќе беше славен командант на славна војска и неговите офицери под дрво и камен ги бараа најубавите девојки во провинцијата за него, па се направи дека не ја препознал. Но што бараше таа под ѕидините на Моклин - него ли го бараше? Во едно писмо му беше напишала, дека сака да биде со него додека тој војува, да се грижи за него, да го сака пред очите на целиот свет – така пишуваше. Таа целата му се беше предала, милата Леонора, а тој... ах, проклет измамник, тој секако ќе гори во пеколот. Прав беше братучед му Петар, прав! Каков ѓавол го носеше – не знаеше. Oh, caesa mens mortalium! 338 Не дека за сите тие јуначки години тој ниту еднаш не си спомна за неа. Си спомнуваше, но среде безбројните маршеви, битки и оргии таа беше само слаб сончев зрак, кој само погалува и веднаш потоа изчезнува. А сега целото негово суштество се исполни со ликот на таа жена. Сега сè друго изчезна од неговиот живот, бидејќи, така чувствуваше филозофот во него, се беше допрел до самата суштина на нештата. Така е тоа, ние оставаме извесни мисли во некое скриено катче од душата, за подоцна целосно да им се оддадеме. Му дојде на ум колку слатки и неповторливи беа трепетите на неговото срце, кога влезе кај неа во оној конак на патот кон Кордоба, колку незадржливо се стремеше целото негово суштество кон неа.Таа тогаш му се предаде како нежна и чувствителна жена која засакува засекогаш. Ја држеше 260


во прегратка и й шепотеше на увото, дека до крај ќе остане нејзин верен паладин. А таа му одговараше со својот мек, сличен на шепот на морски бранови глас кои се разлеваат лесно по крајбрежниот песок. Му се колнеше, дека со него и во Охрид ќе отиде! Љубовта кон неа сега бликна со сета силина и надвладеа секое друго чувство, таа одеднаш се претвори во цел и смисла на неговиот живот. – „Ја сакам, ја сакам безумно!“ – си помисли, и целиот пламна однатре како јаглен, од кој ја издувале наслоената мртва пепел. Таа за него стана глас во пустињата, vox in diserto, кој му кажа, дека сè уште има живот за него, кој пробуди во него нова душа со светли крилја. Нејзините очи, широко отворени, светли и радосни, постојано стоеја пред неговиот поглед. Беше во оние извонредни моменти, кога присуството на саканата жена, нејзината милувка, додирот на раката, нежниот поглед му се неопходни, нешто без кое не се може, обавезен услов, sine qua non. Се чувствуваше така, што му се чинеше дека сега, расширувајќи ги рацете како крилја би можел да летне од врвот на кулата и со ветрот да се вивне во воздухот. Не залудно се вели, дека бурната љубовна страст е највисокиот степен на насладата. Ситен дожд почна да ромори, небото бледнееше, но таму, негде зад маглата, сјаеја две очи, кои за него беа повеќе од сонце. Но во исто време и крик на немоќен бес ечеше во него, и мака, иста онаква душевна мака каква што се чувствува пред повраќање, само душевна, му ги дереше градите, бидејќи – што ли за него сега мисли таа, што го запали тој оган во неговото срце? Има ли тој право да бара нешто од онаа, која така жестоко ја напушти, има ли право да се надева на нешто, кога остана глув и нем на последните, на заветните зборови на својот господар, нејзиниот татко? Mais ou sont les neiges d`anton?339. Нема ништо пострашно од желби кои се немоќни. Нејзиниот лик - о, каква несреќа! – се губеше од пред неговите очи, како ангелот, кој изчезнува пред очите на Авраам во сликата на Рембрант. Таа ноќ неговото тело само два часа беше во некој полусон, и кога ќе ги отвореше очите, мислите продолжуваа таму, каде што пред тоа престанале. По два дена й напиша писмо: „Обожавана, ти не можеш да си претставиш, какви чувства пробуди во мене твојот спомен. Никогаш нема да дознаеш колку те боготворам и колку тоа чувство ми е подраго и од моето суштествување. Едно прашање, од кое ми зависи среќата, иднината, сè: ме сакаш ли уште? Или можеби би било подобро да те прашам: се сеќаваш ли уште на мене? Единствено помислата, дека бог ќе даде да те видам и дека 261


можеби сè уште може да биде како порано, ме држи во живот. Мислам, дека би полудел од болка кога би дознал, дека не сум веќе во твоето срце, или дека си го дала на друг. Заборави ги причините кои не разделија и врати ми се, а јас секој ден ќе го молам бог да те благослови, моја Леонора...“ Итн, итн.Го за печати писмото, го бакна, го прекрсти, му го даде на највештиот јавач во замокот за кого знаеше; му нареди да го избере најиздржливиот и најбрзиот коњ, па да летне и за дванаесет дена да се врати од Осма со одговорот. – „Нема ни да спиеш, ни да јадеш, туку само ќе леташ, а кога ќе се вратиш богато ќе те наградам“ – така му рече. Човекот како стрела излета од замокот, а тој се искачи на кулата. Сонцето уште не се беше пробудило. По некое време од зад далечните планини на исток засветка и првите зраци ја осветлија околината. Кога сонцето се искачи високо на небото, го порази сознанието, дека ќе мора да чека дванаесет дена, а можеби и повеќе, бидејќи патот беше долг, а тоа време е недоволно и за најбрзиот коњ во Шпанија. „Ако тргнам веднаш, за шест – седум дена ќе бидам во Осма“ – си помисли. И реши самиот да одјава. Имаше многу малку логика во еден таков потфат, но неговите мисли и чувства, како и неговите дејствија, веќе не познаваа мерка. Таму негде, меѓу ѕидините на Осма, беше господарката на неговото срце и тој мораше да ја види – никаква друга желба не живееше во него. – „Ако има бог за опијанетите, кои се викаат вљубени, ние ќе се видиме и засекогаш ќе останеме еден до друг; а ако нема таков бог, ќе ја молам мојата пресвета Богородица од иконата да ми помогне“ – си помисли, па ја извади од доламата дрвената иконичка и почна побожно да ја бакнува. Кога ги прошепоте сите молитви што ги знаеше, се стрча како некоја фурија надолу по кулата. Влезе во дворецот и нареди да му ја донесат најубавата облека што ја имаше. Облече кошула од бела свила по која беа извезани златни грифони 340. Се препаша со двострук позлатен појас за кој висеше краток меч украсен со сребро и слонова коска. Се загрна со најубавата наметка потплатена со хермелин, па го влавна својот боен коњ и тргна. Јаваше ден и ноќ, во бесен галоп. Коњот беше извонредно издржлив, силен и брз, прекален во многу маршеви и битки и беше на висината на својата задача. Третиот ден го престигна својот курир – тоа беше кај крстот на Тројцата кралеви, а истиот ден вечерта пројури покрај конакот во кој откри која е всушност господарката на неговото срце. – „Таа помина по овој 262


пат, нејзините погледи се запираа на овие шуми, на овие дрвја и куќи“ – си мислеше и срцето како лудо му чукаше во градите. По шест дена налудничаво јавање пред него се зададе шумата, зад која се наоѓаше замокот Осма. Тоа беше крајот на патувањето. Го подзапре за малку својот верен коњ, кој само што не се беше струполил на земјата од крајна изнемоштеност. Неговото срце се исполни со онаа возбуда, која се чувствува во очекување на моментот, кој го решава животот. Уште само броени минути и тој ќе ја види – каква среќа, каква среќа! Таа сигурно му е лута поради тоа што ја изневери, но лутината ќе й помине кога ќе го види, секако така ќе биде, нема толку силен и лош бог, кој може да й се спротивстави на љубовта. Ќе влезе во нејзината соба и таа ќе се створи пред него, топла и стварна, живот и повеќе од живот. Си претставуваше како ќе пристапи кон неа... таа ќе се заврти кон него... и во дел од секундата тие двајца ќе се најдат во прегратка. Каква среќа! Каква среќа! Не е ли подобро да го почека зајдисонцето, како тогаш, кога со Рикардо поминуваа под нејзиниот прозорец, па заедно со црвените зраци на сонцето во заоѓање да влезе во нејзината соба? Каков врвен момент, боже мој!За таа среќа ништо не е да се изживеат и најголемите маки во пеколот! Замокот, меѓутоа, беше пуст. Не сретна жив човек ниту пред ѕидините, ниту внатре, ниту пак виде стражар на бедемите. Срцето му се вледени. Влета во нејзината соба – беше празна. Беа празни и просториите на грофицата Мединасели. Ги пребара сите згради, сите соби, сите ходници – нигде никој! Како чума да поминала. Се стрча надвор, висна во дворот и викна, колку што можеше посилно: - Има ли некој? Му одговори гробна тишина, vanitas vanitatum 341. Но, што се случило? Боже мој, што се случило? Викна уште неколку пати, а косата му се креваше на главата. Едно прозорче од подкровјето на кулата се подотвори и се покажа една старечка глава. Тоа беше астрономот Мартивалиус. - А, Балканецот. – рече овој – Би ве поканил да се качите, момче мое, но во моментот сум зафатен со изготвувањето на својот хороскоп кој треба да ми каже, дали да појдам на служба кај шведскиот, или кај англискиот крал. Многу е замрсено: ѕвездите зборуваат едно, книгата на судбината – друго. А на нешто морам да се решам, немам што да барам овде по смртта на господарот Мединасели. Навистина јас не можам да задржам господар, што 263


велиш, а, Балканецу? По Матија Корвин, Карло Бургундски и Луј Единаесетти сега го изгубив и драгиот гроф Мединасели. Можеби сепак ќе му појдам на гости на англискиот монарх... Алонсо го прекина: - Каде се грофицата Мединасели и ќерка й Леонора? Каде се луѓето од замокот? - Ах, тоа е многу тажна приказна. Толку тажна, што од неа некој повешт поет би составил прекрасна балада. Грофицата Мединасели, имено толку многу жалеше по својот сопруг, што по еден месец од неговата смрт и отиде кај него. А ќерка й... хм... ќерка й... - Што стана со Леонора, проклет да си? - Колку нестрплив си бил, црн Балканецу! Од секогаш ли си таков? Ама каков човек си ти? Никаков! Варварин! Убаво му велев јас на господарот Мединасели да се пази од тебе, бидејќи еден ден токму поради тебе ќе му се смрсат конците. Тој не ме послуша и еве што го снајде – загинал спасувајќи те од разулавените Маври, така ли? Ни Карло Бургундски не ме послуша, кога му велев кај Нанси на Швајцарците и Французите да им го пушти прво левото крило, а потоа десното... или прво десното, а после левото – како ли веќе беше. Сите што не ме послушаа си ја најдоа бељата. Не ме слушаа, а после – јас сум им крив! - Ќе ми кажеш ли каде е Леонора, ѓаволе? – крцна со забите Алонсо и го извади мечот, спремен да јурне во кулата. - Гледај го, уште и мечот го вади – ех, што ти се денес младите. За младата господарка ли прашуваш? Ајде да ти кажам. Првин таа жалеше за татка си, па за мајка си, а потоа... нечестивиот како да влезе во неа. Слушнав дека одела во шумата и таму по цел ден барала некаков стар овчар кој умрел, а кој требало да се претвори во млад и убав рицар... односно, тоа требало да стане откако ќе паднела магијата што му била фрлена... или така некако. Јас не сум сигурен дали сè уште постојат стари овчари или било какви други скитници, кои се претвораат во рацари - треба да видам што пишува околу тоа во книгата на вистината – а и кога би бил убеден во тоа, би си ја држел муцката затворена бидејќи светите инквизатори на оној исушен поп Торквемада, кои само на такви работи чекаат, би можеле многу лесно да се позанимаваат со мене, и, додека да трепнеш – гледај, весело се разгорела уште една клада. Што ми беше зборот... Та таа, младата господарка де, по сето тоа, така ми подрекоа, се преоблекла во машко и со својата дуења одјавала негде. - Каде одјавала? 264


- Од каде да знам? Никому не кажала. Можеби во некој манастир. Тоа се случи за време на најголемите снегови. Можеби и волци ја изеле, оваа зима имало, велат, многу волци. Та тоа за неа. А кога замокот остана без ниту еден господар, сите фатија кој каде. Сите – стражари, војници, слуги, камериери – тргнаа по светот да си ја бараат среќата – кој сака да остане во замок без господар? Вчера заминаа последните двајца. Останав уште јас, но и јас не за долго. Ете, така. А сега оди си со здравје, Балканецу и пушти ме да си го проучам убаво хороскопот. Ѕвездите – едно, книгата – друго; никогаш досега немало такво отворање; тоа не е на арно. Ајде, оди си! Главата изчезна и прозорецот се затвори. Пак се отвори и низ него полета долу свиткан лист хартија. Потоа астрологот се сокри и веќе не се појави. Алонсо ја раствори хартијата. Тоа беше писмо од Леонора упатено до него. Еве што успеа да прочита, бидејќи на многу места мастилото се беше разлило од солзите кои капеле: „Сакан мој, Кога ќе го прочиташ ова писмо – а јас знам дека ќе го прочиташ, еден ден ќе се сетиш на мене и ќе ме побараш во Осма – јас ќе бидам далеку одовде и мојот живот ќе биде во божји раце, бидејќи по сето она што ми се случи, ми преостанува единствено да му се посветам на нашиот спасител. Ете, судено ми беше да ги изживеам маките на една несреќна љубов. Уште мојата покојна мајка ме предупредуваше: „Дете мое, ми велеше, животот е горчлива иронија и оние кои се толку наивни што сакаат и веруваат, ќе го завршат својот пат со мрачен смев и очаен плач“. Точно така испадна. Ние се сакавме, тоа беше прекрасна љубов, но и многу тажна, бидејќи кога ти отиде во Гранада, откина еден дел од моето срце и го однесе со себе. Тишината која дојде по твоето заминување од мојот живот беше тешка и студена тишина, страшна, ледена. Во почетокот се надевав. – „Тој секако ќе дојде и мојот живот ќе продолжи каде што застана“ – си велев. Не дојде. Ти пишував писма – ти не одговараше на нив. Облеков машка облека, те побарав и те најдов пред Моклин додека вршеше смотра на своите војници – ти го заврте погледот од мене. Па пак те чекав – ти пак не дојде, место тебе доаѓаа само гласовите за твоите блескави подвизи. Во нашиот замок доаѓаа патувачки минстрели и раскажуваа за тебе, но ти не дојде. Потоа загина татко ми, па умре мајка ми и јас сè така те чекав, а тебе те немаше, немаше, немаше... „Ете, си реков, се гледа, дека не ни било судено да живееме заедно и онаа среќа за која мечтаев, не е за мене!“ Јас сум задлабочена и затворена во себе жена и ништо не е толку погубно за среќата 265


на таквите како мене како големата, несреќна љубов, бидејќи кога таа ќе се исуши, заедно со неа пресушуваат и сите извори, кои го хранат животот. Имаше денови, кога си помислував, дека ќе беше подобро никогаш да не те сретнев, тогаш барем немаше да знам што ќе ми недостасува кога тебе ќе те снема. Но тоа беше само во моменти на голема криза на мојот дух, а всушност не мислев така. Како можев да мислам такви нешта кога знаев, дека ти беше тој, кој ми даде да ја запознам најбожествената љубов? Ти беше, о, мој Алонсо, и покрај сè најубавиот подарок во мојот живот! На светот постоеше само едно суштество: ти, Алонсо; само еден настан: ќе те видам ли? Во Осма во есента 1487 година по цел ден чекав да дојде зајдисонцето, за да те видам како со Рикардо поминуваш под мојот прозорец. Кога те снема, цели години секој ден и секоја ноќ очекував да го слушнам топотот на твојот коњ кој требаше да те донесе од негде... Ах, зошто така ме остави? Но не ти се лутам, како можеме да му се лутиме на оној, кој ни ги оставил најубавите спомени? Јас – знаеш ли? – бескрајно те засакав кога дознав, дека сакаш да одиш во својата земја, својот народ да го ослободиш, тогаш во тебе видов човек одреден од судбината да делам со него добро и зло; јас, како што знаеш, бев спремна да отидам со радост таму, каде што ќе појдеш ти, дури и во твојата словенска земја, дури и потаму, на крајот на светот. Јас сакав да бидам со тебе како другар со другар, како слуга со својот господар, како штитоносец, кој се грижи славата на неговиот рицар да биде исто толку сјајна, колку и неговиот штит. Кога отиде во Гранада настаните те понесоа и ти престана да ме сакаш, јас тоа го знам, така обично одат тие работи. Ако ме сакаше јас тоа ќе го почувствував, ќе го дознаев, птиците ќе ми го кажеа. Сега пак ќе облечам машка облека, но не за да те барам, туку за да се влечам по светот и да барам некакво оправдување за моето суштествување. А ти, о, Алонсо мој, откако ќе го прочиташ писмото, врати се од каде што си дошол – не барај ме, нема да ме најдеш. Каде и да си, што и да правиш, споменувај си понекогаш за мене. Бог може секогаш да даде среќа. Моли го за благослов. Простувај и не заборавај ме.“ Откако го прочита писмото, го стави во џебот на својата бела долама, го вјавна коњот и излезе од замокот. Но не се врати таму, од каде што беше дошол, туку тргна да ја бара по кралството загубената господарка на своето срце. 266


Ја бараше по Кастилија, Леон и Арагон, бараше по замоци, села и градови, се распрашуваше кај овчари, дрвари и козари, влегуваше во цркви, манастири и зафрлени селски колиби . Со месеци талкаше овој Бернард 342 и толку упорно се распрашуваше за својата Леонора – ја видел ли некој, знае ли некој каде е и што прави? – што луѓето почнаа да си мислат, дека не е токму со имот. Така е тоа, простите луѓе кои се борат единствено за својата гола егзистенција, не можат да ги разберат чувствата на високите благородници. Нему му беше непријатно што го гледаат така зачудено, крадешком, па го збоднуваше коњот и бргу се оддалечуваше. Додека јаваше голема болка му го свиваше срцето и понекогаш му се чинеше, дека доловува глас од небото, кој го произнесува името на Леонора. А едно зајдисонце, кога поминуваше под ѕидините на манастирот Рабида, го слушна она толку мило: „Ах, да имам крилја, да сум птица бела...“ „Таа е!“ – си рече и како луд втрча во манастирот. Ќелијата, меѓутоа, од која мислеше дека дојде гласот, беше празна. Не обрнувајќи им внимание на калуѓерките кои спискаа, почна да ги пребарува ќелиите. Сите беа празни, а во некои имаше калуѓерки, но ниту една од нив не беше Леонора. Ѕирна под секој кревет, погледна во секое катче, ги отвори капаците на сите сандаци, во кои станарките на оваа божја куќа ги чуваа своите груби, волнени кошули и своите побожни книги. – „Каде е таа? – викаше, трчајќи од ќелија во ќелија – Јас й го слушнав гласот, каде е таа?“ Кога ништо не откри, си помисли, дека гласот му се присторил, како што несреќник среде жешката пустиња мисли дека гледа извор со свежа вода. Тогаш јунакот се струполи врз еден сламен кревет и го сокри лицето во дланките. Рамењата му се тресеа и, макар што не се слушаше ништо, јасно беше, дека плаче. Безшумен, страшен плач. Срцето како да му се раствори и тој заплака за прв пат во својот живот, дури ни за татко му не беше плачел – и тој беше човек од крв и од месо кој има свои граници до кои се простира неговата сила. Стариот угумен Антонио де Марчена, истиот оној кој го зеде кај себе синот на Христофор Колумбо за да го причува, нареди да му дадат да јаде, а потоа да го остават во некоја ќелија да се наспие и да се одмори. Всушност на Алонсо токму тоа и му требаше, бидејќи согласно неговото решение да живее испоснички и на тој начин самиот себе си да се казни за грешките на својот живот, со денови не беше спиел, а живееше единствено од лебот и од солта што му ги даваа овчарите на кои наидуваше. Се најаде, се наспа, му се 267


заблагодари на игуменот, па го вјавна коњот и тргна да си оди. Игуменот и сите калуѓерки излегоа во дворот на манастирот да го испратат и многу им беше жал за него. А имаше и зошто да го жалат: и тој и коњот беа страшно истоштени и ослабнати, само коски и кожа беа, како духови од некоја стара андалузиска балада. Овој настан, меѓутоа, придонесе во Алонсо да се стиши желбата и натаму да ја бара господарката на своето сеце; како што, впрочем беше случајот со сите негови желби: во почетокот силни и страстни, а потоа млитави и без интензитет. Се убеди во бесмисленоста на понатамошното талкање. Се созеде, се утеши со едно филозофско: „Сите ние сме кукли во една чудовишна претстава“ и помирувачки ги подрашири рацете. Се врати во Ел Сордо. Му беше доста од сè. Веднаш штом дојде, пажот Родриго му даде писмо напишано своерачно од нивните височества. Знае ли тој, пишуваше, дека има некакви обврски како врховен командант на коњаницата и заменик на врховниот командант на армијата на Обединетото кралство и што превзел во врска со тоа? За половина година тој ниту еднаш не отишол во Главниот штаб на своите трупи. Навистина, тој е национален јунак, херој од Гранадската војна и голем рицар, најголем – но сè си има своја мерка! Му беше заповедано веднаш да се јави во кралскиот двор во Кордоба. „Ах, така! – си помисли Алонсо – А ги исполнија ли нивните височества своите ветувања, дека ќе ми дадат војска со која ќе тргнам кон Охрид? Нека одат по ѓаволите! Ако веќе не им се допаѓам, ќе им го вратам командантскиот жезол! Најпосле, зошто ми е тој кога веќе нема маршеви и војни? Единствено во битките јас се наоѓав среде својата стихија, мојата најголема забава беше, да одам по работ на пропаста. Што ќе ми се почести и титули, кога сето тоа веќе го нема?“ Така си помисли и почувствува радост како од некакво големо ослободување. Во одговор на писмото кратко и студено напиша, дека се откажува од сите титули, функции и почести, дека, ако треба ќе ги врати и седумте замоци што му беа дадени нему и на неговите евентуални наследници додека свет светува и дека од сега па натаму не треба во ништо на него да сметаат. Му го даде писменцето на пажот и му рече да го однесе во кралскиот двор. „По ѓаволите со војската и почестите, со нивните височества, со Леонора, со сè!“ – си рече – Сето тоа е одминато и изживеано. Сега ми треба нешто ново“. Ете каков човек беше рибарскиот син Драган Охридски, кого потоа го запознаа како славниот рицар Алонсо де Охеда. 268


Му беше потребен нов почеток. Требаше мислите да ги насочи на друга страна, требаше да отиде во други места, да се зафати со други работи. Се сети за братучедот Петар, кој пред смртта го беше замолил да отиде во Охрид и да му плати на попот да отпее за покој на душата. Последната желба на покојникот мораше да се исполни, тоа и во Библијата го пишуваше. Решено е, тој ќе оди во родниот Охрид. А попат, ќе се обиде таму да крене и востание, за да не мислат Иван Беров и Стојан Пинелов дека не му е грижа за татковината. Така е, и со востание ќе се зафати, па макар и да загине притоа, тој решил! – „Гледај, ти! Колку ми олесна кога го зедов своето решение! – си рече – Сега сум сосема друг човек“. Сите дилеми и сомневања во него изчезнаа, како темнина пред молња. Беше почетокот на септември 1493 година. Тој почна да се спрема за далечниот Охрид. Го почувствува она, што го чувствуваат војсководачите во почетокот на битката, од која зависи исходот на војната. Но не се упати кон Охрид, туку – о, боже мој! – на сосема спротивна страна. Колумбо имено, сега веќе не „некојси“, „quidam“, туку познат и признат не само во Шпанија туку и во цела Западна Европа велик адмирал на нивните кралски височества и вицеадмирал на новооткриените провинции, повторно се упатува кон Индија – таков глас се расшири. Со себе носи нови, поголеми и покрасноречиви писма до Великиот кан, кого што се надева овој пат навистина да го сретне во Кина; води 1.500 души, војници, матроси, води населеници и дури музичари, кои треба „да ги развеселат доморотците“, освен тоа – каси со здрава железна обвивка за златото и скапоцените камења, што сметал да ги донесе од Ципанго и Калкута во Шпанија. Алонсо како да се препороди, кога ја слушна веста. Всушност, не Охрид – најпосле кому му е грижа за кутрите Балканци? – а Индија беше она, што му беше потребно, некој внатрешен глас му вели, дека токму таму е неговото прибежиште на спасот, hic portus salutis. Се заврте вториот лист од неговиот живот.

32 Да стигнеме брзо нешто ме тера 269


Во далечни пространства пусти. Гете, „Фауст“ Едно септемвриско утро 1493 година граѓаните на Кадис видоа како во нивното пристаниште се укотвува еден брод кој дошол од Канарскитењ острови, а во исто време друг се спрема да исплови натаму, одкаде што овој дошол. Патниците од пристигнатиот брод со чамци се префрлаа на брегот, а други патници исто така со чамци се префрлаа до бродот, кој веднаш требаше да ги дигне платната и да отплови. Притоа, во гужвата што се беше создала, еден свештеник кој доаѓаше се судри со еден убаво облечен господин кој заминуваше. - Извинете, господине. – рече свештеникот и продолжи. - Извинето, попе. – одврати убаво облечениот господин и веќе влегуваше во својот чамец, но застана и се заврте: - Ѓаволот нека ме однесе, ако ова не е мојот сват, за кого мислев, дека никогаш повеќе нема да го видам! Рикардо де Малдонадо, бидејќи тоа навистина беше тој, застана како закован на местото. - Ах! Франциско де Марија! И јас сите овие години се прашував каде си и што правиш. Франциско стоеше со едната нога на страната на чамецот и се смешкаше. Имаше изглед на вистински благородник, на човек моќен, богат и сигурен во себе. - Да, не сме се виделе од 1492 година, кога му ја зедовме Гранада на Боадвил. Што се случи со тебе за тоа ужасно долго време, свату? - Мојата приказна нема да ти се стори многу интересна. Јас си останав она, што си бев, со таа единствена разлика, што неговото преосвештенство кардиналот, земајќи ја во предвид мојата ученост, ми даде некои бенефиции347, ме наименува во прелат, така што сега не морам да се грижам за својата егзистенција и можам целосно да им се посветам на своите историски и филозофски книги, односно на моите драги Грци и Римјани, бидејќи, тое е познато, најубавото од историјата и филозофијата ни доаѓа од нив. Во последно време сè повеќе ми се допаѓа Ксенофонт. Си го читал ли Ксенофонт? Неговите книги можат да бидат мошне полезни во врска со многу нешта, затоа ти препорачувам внимателно да ги прочиташ. Инаку, кога ја соблеков кошулата на свети Петар 348 и кога ништо не испадна од мојата просветителска мисија на Балканот – се сеќаваш ли на проектот на Алонсо кој така несреќно пропадна? – користејќи ги привилегиите на 270


црковно лице станав вистински скитник, а токму сега се враќам од Канарите, каде што бев во својство на мисионер. Но ти, ти – каде беше и што правеше? Сè уште си убав, ermosso 350, макар што, тоа се гледа, си ја изживеал пролетта на својот живот. Зборувај, де! Франциско ги зафрли назад своите побелени и веќе проредени коси со истото она движење, со кое некогаш ги отфрлаше русите и густи коси. - Во прави си, свату, одмина времето на моето цветање; јас, како што велат градинарите, станав за семе. Да ти кажам за себе ли? Ах, ако ти мислиш, дека твојата приказна нема да предизвика интересирање, ти, кој си добил бенифиции, кој си станал прелат, тогаш што можам да кажам јас, кој ниту нешто добив, ниту нешто станав? Пропаднав јас, свату, сосема пропаднав. - По твоето задоволно лице и по твојата облека не би се рекло дека си пропаднал. Богат костим од кадифе и свила, убава, бродирана со злато и сребро наметка, перјаница, прицврстена со сребрено копче на шапката, златен ланец на шијата – сè е според кастилската мода од оваа година. А како што гледам и кон далечни острови си тргнал, а може ли пропаднат човек да се впушти во едно такво патешествие? Твои ли се луѓето во чамецот што ти мавтаат со рацете? Стрпете се пријатели, стрпете се само две минути! - Всушност не дека пропаднав, ми тргна мене во животот, погледнато од друг агол може и така да се рече. Откако се навојував под знамето на мојот тетин грофот Мединасели, лесна му земја, отидов во Франција, во провинцијата Анжу. Отидов со онаа Алфонсина, што беше толку убаво градена и ѓаволски убава, bien faite et la beaute du diable, вистинско ремек – дело, chef d` oeuvre – се сеќаваш ли на она старо куќиште во Кордоба, каде ми донесе кошула, бидејќи бев гол како од мајка роден? Отидов, значи, со Алфонсина во Анжу, а таму таа да ти била вистинска грофица со маж и пет деца – ха – ха – ха! Грофица која патува по Европа и се проституира – француска работа! Си ја делевме со грофот: негова беше преку ноќта, моја преку денот, бидејќи по цел ден ловеше фазани и диви свињи. Таму живеев како бубрег во лој, дотолку повеќе, што пред мене секогаш имаше колку што сакав од она слатко канарско вино. На грофот многу му се допаднав.Во неговите очи јас бев момче што ветува, un garson, qui promet – ха – ха – ха! – па со него ги видов Париз, Милано, Венеција, и до Неапол дојдов, каде што тој отиде, нема да веруваш, само да бара некакви скапоцени книги за лов со гравури – убава била Европа, свату, убава! А со грофицата Алфонсина бев во Шведска – бев со неа за да не биде сама по светот, знаеш, а грофот само 271


ловеше. Таму таа се проституираше исто како во онаа куќа во Кордоба, а јас й барав муштерии, па и самиот – ха – ха – ха ! – влегував со нив кај неа, демек, тоа ти било француска љубов... Потоа таа се спремаше да им појде на гости на... нема да веруваш – на дивите Руси во Азија, и нив, рече, сакала да ги разоткрие што мажи се, но јас... - Ти ја здувна, претпоставувам? - Убаво претпоставуваш. – „Мора за мене да има уште еден почеток“ – си реков и навистина здувнав од кај тоа курвиште. Секој го работи својот занает, нели, а chacum son métier, а мојот е скитачкиот и јас сум горд на него, иако се вели, дека скитачкиот човек е полош од скитачкиот ѕвер, homo errans fera errante pejor. - Помалку ми зборувај на француски и на латински, а повеќе на шпански; и побрзај, бидејќи оние од чамецот не престануваат да ти мавтаат со рацете. Што се случи потоа? - Потоа бев со една друга грофица од Поатје што ја запознав кога бев во Венеција, па со една баронеса од Париз, што ја запознав уште кога бев со Алфонсина во Шведска – полна е Европа со француски лекоумни благороднички – но од сите избегав – не се давам јас, свату, не! Дури, како што си бев замислил и книга почнав да пишувам во Франција, „Животот на галантните дами“, односно „Vie des dames galantes“. Да си кажам право, не сум толку сигурен дека имам талент, па да ги терам луѓето да ме читаат, просто понекогаш чувствувам задоволство да пишувам, тоа е сè. Или, на француски: a vrai dire, je ne suis mains que sur d`avoir quelque talent pour me faire lire; je trouve quelquefois leaucoup de plaisir a ecrire; voila tout. А и дамите според кои го пишував трактатот не беа многу галантни. Но и книгата ја оставив и избегав од Франција. - И добро си направил, инаку ќе те исцеделе како лимон француските грофици и баронеси. А книгите би сакал да ги видам. - Ако даде Господ и ќе ги видиш. Потоа бев чувар на еден замок во Англија, но сосема кратко, па чувар на еден дворец во Португалија и во исто време ја вршев функцијата господин дипломат, monsieur le diplomate на господарот на дворецот – но и таму исто така многу кратко. Та многу свет видов и убаво богатство натрупав, но сепак духовно пропаднав, бидејќи не го остварив она морално извисување, ecretisme morale, кон кое толку се стремев. Дојдов до заклучок, дека тоа нешто не може да ми се случи во Европа, премногу стара и премногу опседната од пороци е таа, туку во нецивилизираните острови, во рајот на голите и невиви дивјаци – ете зошто тргнав натаму. 272


- Ти морално да се извисиш? Извини свату, но тоа би било вистинско чудо, а не треба многу да се верува во чуда, credere pordentis mediocre. Не, ти секогаш ќе се бараш себе си и ќе се стремиш кон цели, кои никогаш нема да ги дофатиш. Но заврши ја бргу својата приказна и качувај се во чамецот, бидејќи коработ ќе отплови без тебе во Новиот свет. - А кога ќе помислам подобро, заклучувам дека не е најважно дали човекот морално се воздигнал и дали постигнал нешто во животот, бидејќи она, за кое денес мислиш дека е бело, утре ќе ти се види зелено или жолто. Ќе ти откријам една тајна, до која дојдов патувајќи од Португалија наваму: повеќето од нас самите себе се лажеме, дека сме постигнале нешто. Кога се борев под знамето на мојот тетин, мислев, дека со тоа сум ги остварил сите свои желби. Потоа видов дека сум се лажел, но тогаш ми беше убаво на душата, бев пораснал како џин во своите очи. Истото самозадоволство ми се случи и кога со оној гроф – рогоносец се шетавме по divina Italia на Цезар и на Данте – па пак видов, дека не било ни тоа вистинското. Значи највесело живее оној, кој најдобро самиот себе си ќе се излаже, тоа стана моја животна филозофија – смешно, нели – ха – ха – ха! А што си ти до гуша пропаднал во своите добродетели, свату? Смилувај се над самиот себе, брате, и ти си само човек. А ти за крајот на приказната ли ме прашуваш? До тој момент тоа е крајот на приказната, односно започнува епилогот, а тој може да биде подолг и од самата приказна. Еве го крајот. Бидејќи бев сит од сè посакав, значи, мојот нов почеток – но уште колку ли ќе ги има? – да биде во преубавите Канари. И еве ме денес во Кадис со она: „Ave, maris stella!“ 352 Убаво, нели? Таму веројатно има човекојатци, кои, откако ќе те изедат, потоа со ковчето од твојот најмал прст си ги чепкаат забите, но тука е мојот добар меч од кого никогаш не се делам, а можеби – кој знае? – еден ден ќе ме назначат за аделантадо 353 и ќе станам славен. Меѓу другото, inter caetera, тоа е голема земја, па бидејќи, како што се вели, колку земјата во која живееш е поголема, толку поголеми мисли ти доаѓаат, се надевам, дека ќе ми дојдат светли идеи и најпосле – најпосле! – ќе станам филозоф. Веројатно ќе се зафатам и со нова книга – „Волшебни приказни“, “Contes des fees“, така ќе се вика, иако не би рекол, дека таму е сè толку волшебно; човекојатците, знаеш, а и не се само тие... таму е голема трагедија на повидок... како и сегде, каде што ќе стапне ногата на Европеец. Та знаеш ли кога мојата книга ќе го добие својот среќен крај? Кога... - Знам: кога стариот, осамен даб пред замокот Осма ќе роди црешни. Во тоа се сложувам со тебе. Си бил во право кога не претера со одушевувањето кон проектот за западниот пат на Колумбо: тој навистина 273


изврши големо географско откритие, но со него отидоа и многу брадјасани Шпанци со стапови кои исфрлаат оган, вјавнати на своите брзи и силни чудовишта на четири нозе - и тие ќе го урнат рајот на наивните деца на сонцето на кои еден брод полн со злато им значи колку и ланскиот снег. А нашиот даб веќе го нема – гром го удрил и изгорел. - Ама, што зборуваш? - А во замокот орли гнезда вијат. По смртта на грофот и грофицата Мединасели, во него жива душа нема, така разбрав, освен можеби оној полулуд астролог. - И тетка ми умрела? Ах, боже мој, што ти е животот. А – нашата братучеда? - И со неа се случиле неубави работи. Дури ми е тешко да го кажам тоа. Велат, како да се мрднала малку со умот, кога оној црн Балканец ги отрил рацете од неа. Ја оставил без збор, како што се фрла прочитан роман. - Црн Балканец? За славниот рицар Алонсо де Охеда ли зборуваш? Ти ме чудиш, свату! Та ти беше толку горд со неговото пријателство. - Ех, да... Но, како што реков, во меѓувреме почнав да се сложувам во некои нешта со тебе. - Кој би рекол... Еј, зарем јас да испаднам поумен од тебе? Ах, свату, со сожалување морам да констатирам, дека не си веќе среќен како некогаш, бидејќи не му е лесно на човек, кога ќе види, дека вистините во кои верувал не биле толку... вистински. И така, дона Леонора... - Отишла во манастирот Рабида и секое зајдисонце на полуотворен прозорец ја пеела онаа своја песничка... како беше... „Ах, да имам крилја...“ Сето тоа ми го раскажа мојот пријател, игуменот Антонио де Марчена пред да отидам во Канарите. Кутрата братучеда – што ли се случувало во таа толку чувствителна и толку затворена во себе си душа? Едно зајдисонце Алонсо, кој минувал од таму – нешто се случило и со него, па почнал да ја бара и под дрво и под камен – ја слушнал како пее и втрчал во манастирот, но ја сокриле од него, мислеле, дека така ќе биде подобро за неа, несреќната, дека може да биде кобно за неа ако го види. Ете како заврши нашата Леонора. И сè поради Балканецот. А и грофот Мединасели, како што знаеш, настрада поради него. - Гледаш ли сега дека не треба многу да им се верува на луѓето? Јас уште тогаш, кога се шетавме по шумата до Осма ти велев, дека од тој човек можат да се очекуваат секакви лошотилаци. Од секаква врба свирка не бидува. Мене повеќе ми се допаѓаше оној другиот Балканец, Педро де Охеда, ама си немаше човекот среќа. Па, свату, јас морам да одам. Ако 274


Господ даде, некогаш пак ќе се сретнеме и ќе си поразговараме како сега. Остани со здравје. Така рече Франциско и тргна. Па застана и запраша преку рамо: - Попат, што се случи со Алонсо? - Паднал, велат, поради нешто во немилост кај нивните височества, па дигнал раце од сè и сега се спрема со Колумбо да оди во Индија. Но, Индија не е Шпанија, а и нему изгледа сите овци не му се на број, па изгледа дека таму нема да биде многу среќен. Франциско се подзамисли: - Хм... А сепак славен и моќен рицар беше и големи мисли го носеа, татковината од ропство ќе ја спасуваше... Тргна и пак застана: - Алонсо, грофот и грофицата Мединасели, потоа нашата прелестна братучеда, која исто така речиси се збогувала со светот – колку многу загуби, ах, колку многу загуби... Се почеша по главата, па додаде: - Па сепак, јас најмногу би жалел за мојот Мавар Илдерим, кој, претпоставувам, откако се пресели за вечни времиња во својот маварски рај, како што беше напишал во своето проштално писмо по цел ден разговара со своите славни претци за некакви стари, одамна одминати времиња и пие од она слатко канарско вино, што му го нудат во златни пехари прекрасни полуголи Маварки; бездруго е така – ха – ха – ха! Потоа Франциско се збогува со Рикардо и бргу се упати кон својот чамец.

275


276


1 Исус во својата приповед рече: Во среќа и слава живеј од денес Човече! Иго Во 1493 година кралскиот двор беше принуден за некое време да ги прекине своите патувања по Обединетото кралство. Во декември 1492 година, имено еден фанатизиран Каталонец изврши атентат врз својот крал и го рани. Раната, иако тешка, не беше опасна, но лекарите ја задржаа кралската двојка во Барселона каде што се случи инцидентот, па така и пролетните месеци на 1493 година Фердинанд и Изабела беа приморани да мируваат, макар што обично преку март тргнуваа на пат за јужните провинции на Кастилија и Арагон. 277


Кралот добро закрепна. Но не му помогнаа толку грижите на лекарите и убавата клима на Барселона, туку писмото што Колумбо го беше напишал враќајќи се од својата прва половидба. Тоа беше адресирано до Сантанхел, како до човек најзаслужен за тоа, што кралицата оној ден во логорот Санта Фе најпосле го одобри патувањето кон Индија. – „Нивните височества – пишуваше во писмото – можат да се убедат, дека јас ќе им дадам толку злато колку што им е потребно, само ако ми укажат и најмала помош, освен тоа зачини и памук – колку што ќе посакаат, како и благовона смола колку што ќе наредат да испратам... ќе им дадам исто така и алое 1 и робови колку што сакаат и колку ќе ми наредат да испратам“. - Навистина ли ќе ни даде толку злато колку што ни е потребно? – викна Фердинанд кога го прочита писмото – Ах, штета што умре онаа соруна Луј Единаесетти: му го замислувам суратот што ќе го направеше кога ќе дознаеше, дека ќе станеме најбогатиот владетел во Европа. Но тука е Португалецот Жуан, нему бездруго ќе му пукне жолчката – од жолчка ли тој страдаше? – кога ќе ја слушне веста, што велите, а, наша кралска сопруго? Веднаш по Гранада – Индија! Кој вели дека Господ не е со нас? Драг Сантанхел, погрижете се околу тоа адмиралот Колумбо да се упати наваму веднаш штом ќе стапне на територијата на нашето кралство! Но веднаш, ние сме многу нестрпливи да го видиме! Ова писмо кое соопштуваше, дека пребогатата со злато и зачини Индија е откриена, Сантанхел, патем и тоа да го кажеме, веднаш штом го доби 2, го испрати да се отпечати во печатницата во Барселона; речиси истовремено излезе и Каталонското издание; кон крајот на април Арагонецот Леонардо Коско го преведе писмото на латински, а во самиот почеток на летото латинскиот текст беше отпечатен и во Рим, а во Фиренца се направи италијанскиот превод на писмото во стихови, подготвен од поетот Џулиано Дати. Писмото исто така се препечати и во други градови на Западна Европа и стана вистински бестселер на петнаесеттиот век. Во 1493 година тоа дури три пати беше издадено во Рим – нешто невидено дотогаш, а познати се и шест други негови изданија од истата година, меѓу кои ќе ги споменеме базелскто, париското и антверпенското. Согласно кралскиот налог, Сантанхел јурна кон Палос каде што Колумбо по 225 – дневна пловидба по Морето – океан пристигна само со „Ниња“ 3. Палос го пресретна адмиралот како херој. Целиот град се струпа на брегот на Рио Тонто да го поздрави новиот Јазон кој стигнал до Индиите и таму го нашол златното руно, а во црквата „Свети Ѓорѓи“ и во манастирот Рабида со кого сè уште управуваше игуменот Марчена извршија 278


благодарствени миси при звонот на камбаните. Не беше мала радоста на Колумбо во Палос – најпосле – најпосле! – судбината го беше наградила со триумф, му беше дозволила да го качи на главата победничкиот венец. Но во Барселона го очекуваше уште поголема радост, уште поголеми почести, па му се препушти на Сантанхел кога овој го фати под рака и го поведе кон кочијата на чија што врата блескаше златниот кралски грб. За да стигне во Барселона свечената кавалкада во која се наоѓаше Колумбо, требаше да помине низ Севиља. А таму – нов празник, нови овации. Граѓаните се беа насобрале кај Иконите порти. Ден и ноќ тука чекаа во толпа да го видат славниот адмирал и обични луѓе, и благородни рицари, и свештеници, и знатни дами со своите дуењи. Тука беше и нашиот познаник, деветнаесетгодишниот саламански студент Бартоломеј Лас – Касас. Тој со часови стоеше кај портите и ја имаше таа среќа да го види човекот кому толку му се одушевуваше и со кого патуваше по бескрајните, прашливи патишта од манастирот Рабида до замокот Осма на грофот Мединасели и од таму заедно со кралскиот двор во Кордоба. Потоа Колумбо помина низ Кордоба, Мурсија, Валенсија и Тарагона: за да им даде отчет на кралевите за своите патувања, тој требаше да помине низ цела Андалузија, цел Левант и половината Кастилија. Стигна во Барселона. Во кралскиот двор сите трепереа над адмиралот и нежно се грижеа над него. Тој се ползуваше од големата милост на кралицата и кралот, на големите трговци – богаташи и на кнезовите на црквата, на највисоките благородници и на сите други знатни луѓе во градот. Во негова чест свечено грмеа камбаните и се пееја благодарствени миси, беа одржани свечености. Еден од таквите моменти беше церемонијата со покрсувањето на шестмината Индијанци што адмиралот ги доведе со себе од Индија и на кои кралицата толку многу им се израдува. Едниот од нив го доби името Хуан де Касилија, а друг стана дури имењак на кралот – Фердинанд де Арагон го крстија 4. Се разбира, Колумбо побара да превземе нова експедиција кон Индија. За првата требаше да талка по шпанските патишта осум години со дворот и понизно да коленичи. Сега и сонцето ќе му го симнеа од небото и ќе му го дадеа на послужовник на човекот, кој ја беше открил земјата во која, како што велеше, има многу, многу злато. Побара седум кораби. Му дадоа не седам, а – седумнаесет! Колку повеќе кораби, толку повеќе злато. Сака ли пари? Државната каса му е на располагање. Сака ли луѓе? Најдобрите морнари, војници, географи и мисионери во кралството му се на 279


располагање. Доктори, свештеници, капетани? За било што тој само треба да му се обрати на архиѓаконот на севилската катедрална црква Хуан Родригес де Фонсека, истиот оној дворјанин Фонсека кој во 1490 година заедно со еден друг дворјанин – Бобадиља – доаѓаше во куќичката до кралската резиденција во Кордоба за да испита што всушност сака чудниот Ѓеновјанин, фаќа ли место неговата приказна за западниот пат кон Индиите – и тој веднаш ќе задоволи секакво негово барање. Што друго му е потребно? Грб – кај се видело адмирал без грб? И нивните височества го потпишаа следниот указ: „...Да му се предостави на дон Христофор Колумбо и на неговите потомци и наследници за вечно користење грб... со златен замок на зелен фон десно во горната четвртина на штитот и со пурпурен лав на бел фон во другиот горен дел одлево“. Замокот и лавот беа хералдички симболи на Леон и Кастилија, а како амблеми на самиот адмирал во долниот дел на штитот беа вметнати златни котви на небесносив фон и црвени острови – на златен. Убаво, нема што. Готово. А сега пак кон Индија, по злато, зачини и робови! Беше решено да се тргне од Кадис кон крајот на септември 1493 година. Гласот за оваа славна пловидба стигна и до Алонсо де Охеда, кој во Ел Сордо се спремаше да отпатува кон својот Охрид. Тогаш тој ја распакува малата кожна раница, единствениот багаж со кој требаше да отпатува и почна да се спрема за Индија. Овој пат наполни два големи сандака оковани со железо со облека и сè друго што му беше потребно за Индија. Не ја заборави ни малата икона со ликот на Богородица, што на Петар му ја даде овчарот од Галичица. Потоа со својот верен паж Родриго се упати кон Кадис.

2 Кон цел одев нејасна И мислев, дека светот е приказна прекрасна Иго, „Руи Блас“ Утрото на 25 септември 1493 година флотата на Колумбо го напушти Кадис и излезе на отворено море. Тоа беше вистинска армада од седумнаесет здрави, силни и добро опремени кораби, натоварено со 1500 души – војници, морнари, свештеници, службеници, авантуристи, исто така и двеста војници, кои по завршувањето на Гранадската војна останаа без работа. 280


Како и при првото пловење, од брегот на Кастилија адмиралот се насочи кон Канарските острови. Сметаше да стигне до таму во почетокот на октомври, да се снабди со уште некои работи и веднаш да продолжи на запад. Последниот ден на септември тој седеше во својата кабина во адмиралскиот кораб „Мари – Галант“ и го листаше долгиот список на луѓето, што тргнаа со него. На едно место прочита: дон Хуан Понса де Леон 5 , роднина на кадискиот маркиз; хидалго Алонсо де Охеда, херој од Гранадската војна, господар на осум замоци; Педро Маргарит, арагонски рицар. Не читаше повеќе, туку, откако првиот офицер кој беше со него во кабината му кажа, дека сите тројца се на овој брод, нареди да ги повикаат. - Седнете, господа – рече адмиралот, полнејќи три чаши со вино – Вие сте високи благородници и многу се радувам, што дојдовте со мене. Овде пишува, дека ве препорачал лично неговото преосвештенство Фонсека. Многу добро. Ќе ве направам свои доверливи лица и ќе ви дадам високи функции. Очекувате ли нешто посебно од оваа експедиција? Посакувате ли нешто? - Јас, ваше господство, сакам да сум со вас, кога ќе го врачите акредитивното писмо на нашите владетели на Великиот кан, кого овој пат секако ќе го пронајдете. – рече де Леон, мало, дебелко човече, целото накитено со златни ланци и медали и опашано со срма и златни појаси. Се напија за тоа. Адмиралот рече: „Vivat!“ - Јас, пак – рече Маргарит, стројно и убаво конте со лукав израз на лицето – сакам да влезам прв во баснословниот град Самарканд, кој овој пат не може да не му се испречи на патот на вашето светло господство. Пак се напија и пак Колумбо се провикна: „Vivat!“ Беше многу расположен. Само Алонсо ништо не рече. Неговото лице беше темно и затворено. Го испија сето вино од шишето што беше на масата и станаа да си одат. Стана и Алонсо, но пак седна. - Сакате да ми кажете нешто, рицару де Охеда? – рече Колумбо – Вие цело време ништо не зборнавте. Изгледате како да сте лут поради нешто, таков е впечатокот. - Не, моето молчење не доаѓа од таму што сум лут, иако имам причина да се лутам, а од друго нешто. - Од што? Но чекајте, кажете ми прво, што ја предизвикало вашата лутина. 281


- Човекот што ја предизвика и сè уште ја предизвикува мојата лутина седи до мене. – рече одеднаш Алонсо. Беа сами во кабината. - Da mihi bibere! 6 – рече Алонсо, но самиот си отвори ново шише со вино, што беше под масата и сам си ја наполни чашата – Candida nigrescant vetulo crystalla Falerno! 7 Колумбо зина од изненадување. Потоа позелене од гнев. На човек, кој разговара со кралеви речиси како еднаков со нив, му е необично кога потоа ќе слушне такви зборови од обичен благородник. - Што сакате да кажете? Вие ме вџашувате, господине! Всушност, кој сте вие и што сакате? Ах, треба ли да ги викнам стражарите? Најпосле Алонсо се насмевна; одмавна со раката: - О, смирете се, адмирале. Во сето тоа нема ништо лично. - Вие рековте, дека јас придонесов вашата физиономија да биде толку мрачна, така ли? - Вие придонесовте, да. Јас сум ви лут. И повеќе од тоа, јас ве мразам. - Ме мразите? – Колумбо стана од столот и тргна кон вратата – Нема повеќе да дозволувам вакви нешта! Ова е невидено! Ќе наредам да ви стават пранги и да ве затворат. Алонсо широко се насмеа, покажувајќи ги белите, како бисер заби. - Би сакал да го видам човекот, кој мене ќе ми стави пранги – рече и погледна кон својот меч – Ама, смирете се адмирале, смирете се. Како што реков, нема ништо лично. Јас, имено, ве мразам по принцип. Колумбо се врати на своето место. - Што сум ви направил за да ме мразите макар и по принцип? - Ве мразам, бидејќи нивните височества ја исполнија вашата молба, а мојата ја отфрлија. Inde irae 8. Но вие не сте ништо крив, едноставно имавте повеќе среќа од мене. - Ништо не разбирам. Кој сте вие? - Моето име го знаете: Алонсо де Охеда. Но и инаку ме знаете, сме се среќавале. Ние и двајцата ги свивавме колената пред нивните височества: вие, за да ви дадат кораби за Индија, а јас да ми дадат војска, со која ќе ја ослободам својата татковина. - Вашата татковина? - Охрид. Тоа е на Балканскиот полуостров. Вам ви дадоа кораби, а мене не ми дадоа војска. Ете зошто ве мразам, иако, повторувам, тоа е само омраза по принцип и вие не треба да й обрнувате никакво внимание. 282


- Ах, така... - Вам ви дадоа кораби, добро... дојдовте до Индија, велите дека ќе донесете злато и зачини, дека, како Марко Поло ќе се сретнете со Великиот кан. Голема работа е тоа, не велам дека не е. Но и мене требаше да ми дадат војска – десет илјади коњаници, не повеќе! Та не заслужив ли? Двајца емири со своја рака убив и дваесет градови и крепости во Гранада освоив, ѓавол да го земе! Колумбо се удри по челото: - Алонсо де Охеда, јунакот од Гранадската војна! Сега се сетив. - Тој сум, ваше господство. Добар ден. - Ах, тоа веќе објаснува многу работи. Можеби и јас би се лутел кога би бил на ваше место. Вие направивте многу за Кастилија, вистина е. Сега на сè се сеќавам. Тогаш во дворот од уста до уста кружеше приказната за тоа, како сте ја освоиле Баса: сте се качиле на штитовите на своите војници, па трчајќи по нив сте се фрлиле меѓу непријателите во градот, како орел, кој ќе слета меѓу јато гуски – така некако беше. Вистинска легенда. Вас тогаш и во летописи ве опишаа. А го знам и она за двајцата емири. Каде го убивте првиот – во Малага ли? Добро, добро, рицару де Охеда, сега сум смирен, а навистина пред малку убаво ме вџашивте. Добро, добро... Ах, навистина ми е мило што сте со мене, прекрасна работа е што имам таков борец: та вие сте првиот меч во Касилија, ами како! Каква среќа! Но чекајте, чекајте... Рековте ли вие пред малку, дека сме се среќавале? Кога било тоа и каде? Јас не се сеќавам. - Во замокот Осма на мојот господар Мединасели, сега покоен. А и потоа, во Кордоба. Вие тогаш понекогаш доаѓавте кај мојот пријател Рикардо де Малдонадо. - Рикардо де Малдонадо? Се сеќавам на него, иако многу магливо. Знаете, времето минува, настаните се нижат... - Еднаш ве видов пред куќата до езерото во Кордоба, во која претстојував со мојот братучед Педро, исто така покоен... - Покоен господар, покоен братучед... Имате ли вие воопшто некој жив? Брат, татко, мајка... - Брат немам. Татко ми го убија Турците. За мајка ми ништо не знам, жива ли е, умрена ли е. Јас се бев спремил да одам во родниот Охрид, но кога дознав дека спремате патешествие, се предомислив и појдов со вас. - И убаво сте сториле. Мене ми е потребен човек како вас. Еден храбар човек вреди колку илјада други, така рекол некој стар мудрец. Кога ќе стигнеме ќе ви дадам војници, ќе командувате. Но вие започнавте да ми 283


кажувате за некаква наша средба, за која не се сеќавам. Сте ме виделе еднаш пред куќата до езерото во Кордоба - продолжете. - Тој ден дворот пред куќата беше полн со луѓе: сватовите Рикардо де Малдонадо и Франциско де Марија, дворјаните Фонсека и Бобадиља, потоа оној летописец – како се викаше – Филип де Комин – па едно момче, Бартоломеј Лас – Касас... - Убаво се сеќавам на тоа момче. Едно време талкаше заедно со мене по патиштата. Ми остави силен впечаток. Мислам, дека допрва ќе се слушне за него. - „Господа дворјани, ваши светлости – им велевте на Фонсека и Бобадиља – речете им, речете им на нивните височества да ми дадат кораби, јас тие кораби ќе им ги вратам полни со злато!“, така велевте. Само зборувавте, зборувавте... Јас само што се бев вратил од... од... - Од каде се бевте вратиле? - Од двобој на кој убив двајца луѓе, едни многу, многу благородни рицари. - Сте убиле двајца благородни рицари! Ете ти сега! Тоа не ми се допаѓа! Ама никако! Да се убијат двајца Шпанци, притоа рицари... Алонсо крцна со забите, тоа убаво се слушна; тој секогаш така правеше кога беше лут. - Вие сте милосрден – рече остро - а човек кој тргнал да освојува прекуморски царства за нивните височества не треба да биде таков. Но настрана од тоа, јас не сакам да ги коментираат моите постапки, тоа многу ме јадосува. Дури ни вам тоа нема да ви го дозволам. Вие сте адмирал по заслуга, јас пак сум гроф по заслуга. Јас навистина сум под ваша команда и можам да ви бидам многу полезен, но, ви велам, однесувајте се со мене како со еднаков со себе, инаку, ве убедувам, ќе зажалите. Изразот на инаку како слика убавото лице на Алонсо стана застрашувачки. Колумбо несвесно затрепери. Сега пак не знаеше дали треба да го радува или да го плаши сознанието, дека има ваков опасен човек во својата флота. Си помисли, дека во овој момент беше на влакно до смртта, дека за оној, кој во својот живот пролеал толку многу крв, нема ништо полесно од тоа, пак да ја пролее. Долго молчеа. Се чувствуваше како коработ лесно се ниша по мирното море. Алонсо мрачно гледаше негде пред себе, како да чекаше извинување. Цртите на неговото лице омекнаа, дури кога Колумбо прозборе. - Добро, рицару... грофе де Охеда... се согласувам со вас – рече овој, откако заклучи, дека треба да биде многу внимателен со својот гостин – 284


Вистина е, јас сум милостив, затоа го реков она во врска со вашиот двобој. А можеби ќе треба да се ослободам од својата милосрдност таму каде што сум тргнал, и тоа исто така убаво го рековте. На откриениот на првото патување остров Еспањола 9, луѓето на касикот Гуаканагари ми раскажуваа, дека некакви канибали, некакви кариби или караиби, човекојатци, попросто речено, им доаѓале во посета. Многу лесно можеме да се сретнеме со тие дивјаци и треба да бидеме спремни на сè 10. Алонсо лупна со раката по дршката на мечот. - Мојот меч секогаш ќе ви биде на располагање, мој адмирале – рече. - Благодарам, ќе го имам тоа во предвид. Туку, вие многу ме заинтересиравте. Еве што ќе ве запрашам. Во почетокот рековте, дека не била лутината причина за вашето нерасположение, а нешто друго – што? - А, вие сега завлеговте во сушината на работите, in medias res; но ќе ви го кажам и тоа, кога веќе вака се „здушивме“. Јас тргнав со вас, имено, не затоа што ве сакам, не затоа што го ценам вашето откритие, најпосле плукам јас на тоа; сето тоа не ми значи ни колку снегот од она зиме, кога со мојот паж Родриго јававме по шумите околу замокот Ел Сордо, а волци завиваа околу нас и ни ги плашеа коњите... - Ете, по трет пат денес ме полеавте со студена вода. Но јас веќе се навикнав. Продолжете. Не ме сакал! Ех, каков човек. Најпосле и не сакајте ме кога ве ќе така сте решиле, но не откажувајте ми ги услугите на својот меч кога ќе стигнеме меѓу човекојатците на островчињата кон кои сме се упатиле. Каков човек! Но продолжете, продолжете... Но чекајте, што ви дава право да разговарате така со мене? - Тоа што долги години бев прв паж на најголемиот благородник во Обединетото кралство, сега покојниот гроф Мединасели, а сега и самиот сум гроф и господар на осум замоци и сè уште врховен командант на коњаницата на нивните височества; тоа што ја исчистив речиси цела Гранада од Маври, поради што во летописи ме опишуваат и минстрели песни за мене пеат, што сум пролеал цело море крв и што ми е потешко на оној, што не го сакам да му речам дека ќе го убијам, одошто да го направам тоа 11; тоа што... - Добри причини кажавте. Но доволно е, не набројувајте повеќе. Ех, како се заплеткавме ние двајцата. Но продолжете, продолжете... - Но, како што реков, секогаш можете да сметате на мојот меч за кого некои велат, прав сте, дека бил прв во кралството. Едно е моето срце, друго е мојот меч. 285


- Благодарам, благодарам. А сега продолжете. Стануваше збор за вашата мрачнотија. - Но најпрвин подајте ми едно шише со вино од сандакот, што е зад вас. Или подобро подајте ми го сандакот, виното и она in medias res одат рака под рака. Да пиеш вино со какво што се сладеле Олимските богови – ете една од предностите на адмиралската служба. - Повелете, повелете. А сега продолжете. Насетувам интересна приказна. Но да не биде многу долга, имам многу работа со моите офицери. Од каде ќе започнете? - Од мојот Охрид. Убаво си живеевме таму со мојот братучед Петар, лесна му земја... Ех, Петре, Петре.... Зошто не го послушав кога ми велеше да си останеме дома? - Петар? Какво е тоа име? - Тоа е крштелното име што му го дал кумот, кога се родил. Кога дојдовме во Кастилија, се преименува во Педро. И јас носев друго име. Моето вистинско име не е Алонсо, туку Драган. - Драган? - Драган. Драган Охридски. Но вие само повторувате. Да не сте ја зеле таа навика од папагалите во Индија што ја откривте, бе адмирале? - Погрешно е мислењето, дека папагалите зборуваат како луѓето; некои од нив само испуштаат звуци, кои личат на човечките. Но вие навистина не бирате зборови и јас ќе ве замолам што побргу да ја завршите приказната. - Ќе биде. Најпосле и не е некоја посебна приказна. Та од Охрид јас и братучед ми Петре, заедно со дедо Ѓорѓи, еден стар патешественик, со караван дојдовме во Дубровник. Дедо Ѓорѓи остана да пишува летописи за венецијанските дуждови, а ние допловивме до Кастилија. Тогаш бев во бујната младост – бујни сили се беа разбранувале во мене. Каков само романтичен восхит за рицарска кариера беше тоа, боже мој! Го бев вјавнал животот како што се јава на Пегаз 12 – светот сакав да го завладеам. - Ја завладеавте Гранада. Е – и? - Не за себе ја завладеав, а за нивните височества. Тогаш живеев со мислата да ја ослободам татковината од Турците; кога бев на четиринаесет години се заколнав пред едни мои другари, дека тоа ќе го сторам. – „Ти само убаво спотерај ги Маврите, ние ќе ти дадеме војска и ќе си ја ослободиш татковината, не грижи се“ – така ми велеа височествата. Јас поверував и правев вистински чуда, со својата храброст му влегов на Фердинанд под кожата, а на Изабела... и во постела й се вовлеков. 286


Алонсо застана. Очекуваше реакција на последните зборови, но адмиралот, освен што силно се закашла, ништо не рече. - Не го коментирате кажаното од мене? - Не сакам да ги имитирам папагалите, иако се прекрасни животинчиња. Но, изгледа дека сте пивнат – не е ни чудо, пред вас има еден куп празни шишиња – штом кажувате работи, кои инаку не се за кажување, ама никако. Значи, сте се покажале јунак, сте станале заслужен, ве засакале, добро ви тргнало во животот. Всушност така е, вие сте посебен, вие го имате во себе она, што го поседува оној, кој не изгледа како човек од народот, il na pas l`air d`um home du people. Арно ама...? - Бев привилегирано суштество... - Etre privilegie. - Ама, што туку тропате вие? Тоа не е на латински. - Така велат Французите за она, што сте биле. Знаете, за оние години додека талкав по Пиринејскиот полуостров, помислував и на тоа, со мојот проект за западниот пат кон Индија да му појдам и на францускиот крал; па и францускиот јазик го поднаучив. Е – и? - Тогаш сè ми одеше од рака. И љубовта ми ги отвори своите рајски врати. Во мене, знаете, се вљуби ќерката на господарот Мединасели, прекрасната Леонора. - Зар? Навистина, тоа биле години, кога сте гледале на светот како орелот од високите карпи. Quod nihil illi deerat ad regnandum praeter regnum 13. Арно, ама? - Престанете со тоа „арно ама“, станувате неиздржлив. Заврши Гранадската војна. Господарот Мединасели загина, јас преживеав. И не само што преживеав, тугу за моите заслуги ме направија и гроф, и magister equitum14 и други високи функции ми дадоа, а и многу замоци исто така... Но тогаш колата тргна надолу. - Како тоа? Чекајте, ќе погодувам. Знам, како што самиот рековте, нивните височества ви дале сè, само војска не – така ли? Така било, инаку немаше да бидете сега на мојот брод, туку ќе се перчевте по вашиот Балкан со жезлото в рака и со круната на глава. Така ли е? - Да, адмирале. - Потоа... гледајќи ве ваков, убав како Адонис, силен како Херкул и јуначен како Ахил... човек, што во сè ги надминува останатите, non pluribus impar, претпоставувам... со извесна грижа на совеста сте забележале, дека за прелестната Леонора веќе ја немате онаа нежност и онаа љубов, како на 287


почетокот... дека ви биле сосема добри и веселите, црнооки гранадски убавици, а? - Ева, точно е, ваше господство. - Не залудно се вели, дека знаењето и дејствувањето не одат рака под рака. Луѓето што знаат не дејствуваат, оние што дејствуваат – не знаат. Вие им припаѓате на вторите, иако и во вас има нешто знаење. Вие, рицару, сте имале доста високо мислење за својата важност, додуша со право, но сте оскудевале со средствата кои би ви помогнале да се одржите на таа височина. Да тргнеме од вашите амбиции, кои, ете, ве одвеле дури до... будоарот на кралицата. Убаво што... – ајде да ја наречеме мачката – мачка – значи, што сте се пикнале во креветото на нејзиното височество (бидете разумен и тоа на друго место не го споменувајте; тоа да остане само онака, inter nos 15, со други зборови – sub rosa 16, или со уште поинакви зборови: nomina sunt odiosa 17. Сте сакале да ја ослободите татковината од ропство, така ли? Многу благородно, но и многу неразумно. Амбициите секогаш се глупави, кога не се разумни. Зарем навистина мислевте дека ќе ви дадат војска за една таква цел? Но каква полза би имале нашите кралеви од вашиот беден Балкан? Не, туку кон пребогатата, преубава и преславна Италија сè почесто погледнуваат тие 18. Мене ми дадоа кораби, но ми дадоа затоа што јас тие кораби ќе им ги вратам полни со злато и зачини и за нив ќе освојам огромни прекуморски царства – а што ќе донесете вие од вашиот Балкан? И така: не добивте војска и се налутивте, нели? На тој начин сте го пуштиле ѓаволот да ве фати за едно влакно и тоа влакно да се замотува околу немилосрдната црвена канџа. А сте погрешиле и кога сте ја пренебрегнале ќерката на својот господар, дури мислам дека токму тој грев сега го окајувате. Што се случи со несреќната девојка? Или не, не кажувајте ми, нема потреба. Ете зошто колата тргнала надолу, кога вашата среќа го достигнала својот врв. Животот може да биде и убав, но за тоа да се случи неговата игра треба да биде убаво играна, а за убава игра се потребни добри играчи. Како би ви бил добредојден тогаш еден добар совет! Но, по ѓаволите, никогаш никој не ви го дал! Дури ни Господ не се брзал да ве поучи. - Да, јас тогаш се расправав и со него, со Господ, де, најчесто околу тоа има ли вистина и ако има која е и каде треба да се бара – ништо не ми кажа. Но и јас бев никаков човек, убаво тоа го мислеше мојот несреќен братучед, дури и в очи ми го велеше. Во моето битие имаше... магливи места, така да се каже, нејасни простори што само се наѕираа... Она што еден ден ми изгледаше точно, веќе утредента ми се чинеше погрешно – такви 288


работи. А инаку природата многу ми дала, нема да бидам скромен; но јас ќе умрам, без да направам нешто достојно. Нема да ги видам плодовите на моите семиња. Мене ми недостасува... и самиот не знам што имено ми недостасува. Сега сè ќе ви кажам. Мислите ли, ваше господство, дека плачев од тага и бес кога кралевите не ми дадоа војска? Мислите ли, дека тогаш се чувствував како некој кому му ги обрнале наопаку сите вистини во кои верувал? Не, ништо од тоа, само одмавнав со раката, бидејќи во никакви вистини не можев да поверувам; со тек на време сето тоа се претвораше во глупост. Си реков: „А кого најпосле ќе ослободувам јас таму?“ Постојано се сметав себе си за попаметен и ги презирав луѓето од народот. Само принципи, не и идеали, само моментална желба, не и страст. А и милата Леонора... таа до смрт ме засака, а ете јас како й вратив. Таков сум јас. Чудна, речиси комична е мојата судбина: сакам наполно да се оддадам на нешто – де татковината, де саканата – а не можам, не ми се дава. А не ми е мило што сум таков, понекогаш и самиот се мразам. Еднаш во Ел Сордо ми дојдоа двајца другари од Охрид, Иван Беров и Стојан Пинелов – истите оние пред кои се заколнав дека ќе ја ослободам татковината – па ме исплукаа и измаваа, за малку ќе ме убиеја, мене, господарот на осумте замоци и вториот човек во кралската армија, а јас ни со прст не мрднав, бидејќи совеста ме печеше. Таков сум јас. Дури и братучед ми Педро го пренебрегнав. Навистина, што е тоа што ми недостасува? Се плашам дека ќе завршам така, што најпосле ќе се жртвувам за некоја глупост, во која и не верувам. Пред да ја слушнам веста, дека спремате експедиција за Индија, помислував, како што веќе реков, да се вратам сам во Охрид и кревајќи востание да загинам... боже мој! На масата пред Алонсо веќе стоеја три празни шишиња; посегна по четвртото. - Веројатно ви недостига она, без кое не можат да се раздвижат човечките срца. Не е доволно само да се завземаат замоци и градови и да се убиваат емири... мој грофе. - Јас не ја доловив мојата вистина... - Што подразбирате под тоа „моја вистина“? Што сте посакувале вие во животот? Сте помислувале ли, дека посакуваното од вас може да дојде? Лесно е да сакаме да бидеме овакви или онакви, главно е тоа да можеме и да го оствариме; всушност во тоа се состои вистината на секој од нас. Ако ја немаме таа моќ, секој наш напор е смешен и залуден. А вие, извинете, но како да не сте ни знаеле што точно сакате во животот, а? Да ви кажам ли за мене? Кога ги прочитав „Огледалото на светот“ од кардиналот Пјер д` Аји, 289


латинското резиме на „Описот на светот“ од Марко Поло, „Историјата на светот“ од Пиј Втори, издание од 1477 година, „Географијата“ на Птоломеј, римско издание од 1478 година, потоа „Светото писание“ и „Медеја“ од Сенека, во кои најдов претскажувања за откритијата, во мене блесна она, што вие го нарекувате „моја вистина“. Јас дознав што сакам во животот – патувајќи сè на запад да стигнам до земјата на мирудиите – и мојата цел никогаш ништо не ја промени. А вие? Како млад рицар вие сте тргнале во своите први рицарски подвизи и прекрасно сте ги извршиле, но вашите амбиции со тоа не завршиле, а вие не сте знаеле како да продолжите. Тоа е еден од вашите големи недостатоци: јалово сте мозгале околу тоа, како да си го средите животот. Сте дошле до врвот, но сте ги немале оние особини кои би ви овозможиле да останете на него, веќе ви го кажав тоа. Вие и самиот сте увиделе, дека во вас има контрадикторности. Во вас, мој грофе, така јас сметам, има не само противречности помеѓу зборовите и делата, туку и помеѓу чувствата. Тоа е игра на противречности што вие ја набљудувате и самиот не можете да й се начудите. Во вас, така да се каже, живееле двајца луѓе: првиот дејствувал, вториот ја набљудувал дејноста на првиот и судел за неа, или, подобро речено ја осудувал, бидејќи таа навистина била за осуда. Така ли е? - Така е, ваше господство, многу сте паметен, навистина! Како ли погодивте? Мене нешто ме влечеше на сите страни – кон битките и опасностите, кон сјајот и величието, кон жените и веселите пијанки, кон големите љубови и другите големи идеи кои требаше да ме направат бесмртен... како онаа за ослободувањето – но нигде не стигнував, живеев „ни таму ни ваму“, вртејќи се како чигра. Виновен сум! Mea culpa! Признавам! Аssentior! Така е тоа. Mea culpa, Deus! 19 Кога господарот Мединасели умираше – а ми умре на раце – ми остави во аманет да ја земам ќерка му за жена, тоа беа неговите последни зборови, а еве јас што направив, не посакав веќе ни да ја видам! - Луѓето – рече адмиралот, гледајќи загрижено како неговиот соговорник во еден здив го испива четвртото шише со вино – кои живеат „ни таму ни ваму“ и кои се вртат како чигра, обично некоја невидлива, но силна рака по некое време почнува жестоко да ги шиба, со невидлив камшик. Се надевам, вие уште не го чувствувате тој камшик – но може и тоа да се случи. Инаку, добро е што ја признавате својата вина, а и латинскиот исто ви е добар. Требаше уште да речете: Confiteor! 20 Што стана потоа со вас? - Кога, значи, заврши Гранадската војна одседнав во Ел Сордо, најубавиот од осумте замока што ми ги дадоа за моите воени заслуги и 290


почнав да банчувам како некој спобудален раџа од источните приказни – секој ден пијанки до бесвест, оргии, ловови и турнири – деновите на Господ му ги крадев. Така беше сè додека еден од гостите не ме навреди, па му влегов во замокот и го убив заедно со неговите луѓе. Тогаш ми се згади од таквиот живот, па, за промена тргнав да ја барам по кралството мојата Леонора. Кога не ја најдов (макар што, сè уште мислам, дека, кога минував под ѕидините на манастирот Рабида й го слушнав гласот), се вратив во Ел Сордо. - Сте се пијанчеле, сте убивале, па сте тргнале по светот да барате нешто, од што веќе еднаш сте дигнале раце; сте ги прикривале своите грешки со нови грешки. - Потоа навистина дигнав раце од сè. И од кралевите. - Сте работеле на својата сопствена пропаст. А требало да се соземете и да се вратите на правиот пат. Но така е тоа, обично човек остава да го одвлече ветрот, кој го пренесува во некакви си таму други светови. Не ви било лесно. Ве зашеметил новиот живот. - Јасно ја увидував својата ситуација, па сепак постапував како дете, па и сега јасно ја увидувам, па сепак нема никави изгледи работите да тргнат на добро. - Вие, тоа се гледа, сепак сте почнале да ги чувствувате ударите на невидливиот камшик, што го држи невидливата моќна рака. - Се прашував: „Што значи тоа? Како така одеднаш се заврте животот?“ - Да, да... - Нешто како да се урна во мене, како лошо изѕидан ѕид. Не е лесно кога човек ќе стане свесен, дека дошло времето на оладениот занес, дека неговата важност се смалила, дека не е тоа, што бил. - Да, да, но вие посегнувате кон петтото шише, мој грофе... - Ме загрижуваше мојата потсмешливост кон сè во животот. Ме плашеше чувството на презир не само кон светот – светот јас одамна го презрев – но и кон самиот себе; чувство, кое – не се сомневав – ќе навлезе целосно во мене како бран и ќе ги потопи сите други чувства; речиси така и се случи. - Ве жалам, драги грофе, но не кревајте го толку често шишето. - Извршив велики дела и животот ми беше широко разгрнат, силен, интензивен, ведер... Потоа сè се сви... и тежина ми го налегна срцето. - Да, да, многу млади луѓе мечтаат со грне млеко на главата. Мечтаејќи на пат кон пазарот околу тоа колку многу нешта ќе накупат со 291


спечалените од млекото пари, тие меѓутоа го испуштаат глиненото грне и заедно со него пропаѓаат и сите мечти. Но, какви голтки, смок така не би пиел! - Преминав од силна светлина во полна темнина, од пладне во полноќ, од тресок во тишина, од виорот на грмотевицата во студеното спокојство на гробот. - Ве жалам, ве жалам. Ногата на Реалното многу бргу ја смачкува илузијата, она таинствено јајце од кое скоро никогаш ништо не излегува. И мене таа нога ќе ме смачкаше, ако во логорот Санта Фе кралицата не го пратеше по мене Сантанхел да ме врати назад за да го прифати мојот проект. Значи, навистина ве разбирам и ве жалам. Но вие веќе сте здраво пивнат, а, мој грофе? - Бев добар – станав лош; бев човек – станав дрво! - Да, да, а доказ за тоа се ледените води со кои денес неколку пати ме поливте од глава до пети. - Летото се претвори во зиме, радоста во тага. - Не се сомневам во тоа; не дај боже вашата зима и вашата тага да ги почувствувам на својата кожа. Ах, сето тоа е навистина многу, многу тажно. Но храбро, мој рицару! Разбудете се! Ако сите ваши човечки чувства длабоко заспијат, ќе биде изгубена причината што постоите на овој свет. А и така е добро. Ако сè во вашиот живот било само сонови и илузии, ништо затоа, само вие продолжет да си сонувате: ако би требало да се уништат сите сонови и сите човечки привидувања, тогаш земјата би ги загубила своите облици и бои и ние би се успале во тажна тапоглавост - ете, и таа страна да ја земеме. Горе главата, не е сè загубено за вас! Вашето име сè уште е големо. Слушајте, најпосле кога човек не го прави она што треба, му преостанува да го земе она што ќе дојде, па најубаво да го искористи. Но, вие не ме слушате што ви зборувам. - Се прашувам: Што да правам? Што да правам Боже мој? Веќе ги нема убавината, сјајот, радоста, сето тоа го прекри пајажина. Радоста се излади, убавината згасна. Сега портата е отворена кон улицата, по која дува снежен ветер. Јас живеам во времето на порти, ширум отворени спрема студените улици. Околу мене се појавуваат скитници. Безработни, безкуќни скитници се среќаваат по улиците... - Ах, тој почнува да зборува во некои замрсени стилски фигури, што е знак за силно пијанство. Еј, грофе, приберете се, поѓаволите! - Што да правам? Што треба да направам за да не стојам во толку глупава состојба на жалосен, совршено излишен човек? Знам! Потребна ми е 292


некаква бура, некаква страшна војна или востание, нешто страшно, величествено како голема река, која ќе го однесе со себе сето тоа најразлично ѓубре. Дури и да се удавиме во таа река, само да изчезне ѓубрето! - Грофе! Еј, грофе! - Токму така: да дојде некаква човечка бура! Тогаш сиот свет што толку го презирам, ќе го фрлам под копитата на мојот коњ! - Колку неповрзано зборува! И воопшто не ме слуша. - Потребен ми е некаков страшен човечки бран, за да се фрлам во неговата надојдена стихија, да се измијам во него! Алонсо речиси врескаше. Во тие моменти неговиот ум личеше на вулкан во ерупција, кој ја исфрла целата разноврсна содржина на планината, измешана и стопена во една пламена маса. Вознемирен од викотницата во кабината втрча првиот офицер на адмиралот и застана зад грбот на пијаниот, како да сакаше да го зграби и да го исфрли надвор. Колумбо го сопре со раката. - Тој, тоа е јасно – рече – бара лек за својата внатрешна слабост во она, што одсекогаш му лежело, во една голема, победоносна војна. Тој сака да тргне повторно во животот, со ново срце и полна енергија; си вели, дека за него мора да има уште еден почеток. Тоа е, многу убаво ја разбрав неговата приказна. Но, ви реков, главата горе, грофе! Вам навистина ви недостасуваат некои особини на вистински човек, но во замена имате други, исто така вредни – вашата сила, вашата храброст, вашиот меч, кој е прв во Кастилија. Не грижете се, ќе дојде момент кога вашите противречности ќе изчезнат, можеби тоа ќе се случи уште во Индија, каде што сме тргнале. Верувајте, на борбата еден ден ќе й дијде крајот, нескладните звуци – да се послужам со јазикот на поетот – на вашата душа ќе се слијат во хармонија. Да речеме, дека сега ви е тешко, но вие сте уште млад, а орлето прво треба да научи да гледа во сонцето, пред да полета кон него. И барајте, токму во барањето на среќата се состои среќата. Јас, ќе ви кажам, не бев совршено среќен тогаш кога ги открив Индиите, туку тогаш, кога ги откривав; најголемиот момент на среќа ми се случи токму три дена пред откривањето, кога мојата посада речиси се побуни и кога, во очај, замалку што не ги вратрив бродовите во Кастилија. А вистина е, животот одвреме – навреме се озабува, дриги мој. Кој вели дека животот е песна? Vivere est militare! 21 - Залудно му зборувате, адмирале, тој заспа како пијана свиња. Surdo fabulam naras 22. – рече првиот офицер. 293


Навистина, Алонсо со едно движење на раката ги беше турнал сите седум или осум празни шишиња што самиот ги испи и ја беше положил главата на масата. Само уште еднаш се провикна: „На оружје! На оружје!“ и силно зар`че, а од широко отворената уста му потекоа пијански лиги. - Ваша светлост – продолжи првиот офицер – откако ги испратив благородниците де Леон и Маргарит, јас веднаш се вратив и, стоејќи зад вратата, го слушнав целиот ваш разговор. Тој е опасен човек, адмирале, многу опасен, persona non grata 23, ме разбирате ли? Тоа ви се такви луѓе, од кои студени морници ви ползат по грбот. Не мислите ли, дека би било најдобро да го фрлиме во морето додека спие? Инаку од него, верувајте ми, можеме да очекуваме секакви непријатности. И онака паднал во немилост кај нивните височества, нема ниту кој да го бара, ниту кој да го жали. Што велите, а? Колумбо со одобрување се насмевна. - И јас истото го помислив во првиот момент, драги мој. Но, иако пропаднат, тој е сè уште првиот меч во Обединетото кралство и како таков може да ни биде полезен. Освен тоа немилоста на нивните височества сè уште може да се претвори во милост. А... и во креветот на кралицата се пикал, проклетиот ѓавол... Што да правиме? Да го оставиме – времето ќе покаже, дали правилно сме постапиле. Во тој момент ветрот, кој од пред некое време се раздува, силно го нишна бродот и пијаниот човек падна од столот и се стркала по подот, како вреќа со компири. Нешто испадна од него: тоа беше иконата со Богородица. Колумбо ја крена и му ја врати во џебот.

3 „Да позборуваме малку за великите, тоа ободрува“. Де Нервил за Балзак Шестиот ден откако тргна од Кадис, флотата на Колумбо доплови до Канарските острови, кои беа, така да се каже, последната точка на цивилизираниот свет, од која започниваше бескрајното Океанско море. Дојдоа до островот Гран Канарија, потоа до Хомера. Од овде некој си Микеле Кунео, Ѓеновјанин, напиша, дека адмиралот се вљубил во убавата владетелка Беатриса Боабдиља и во нејзина чест наредил да се пука од бродските бомбарди. Но ние ќе го пренебрегнеме романтичниот Ѓеновјанин 294


и ќе се завртиме кон младиот Бартоломеј Лас – Касас, кој ги претпочиташе попрозаичните нешта и кој во својот дневник напиша, дека на островот Хомера адмиралот „купи овци, кози и свињи, при што спечали безброј, бидејќи овде цените беа баснословно ниски, една свиња чинеше само седумдесет мараведи“. На ова место ќе го погледнеме поодблизу Бартоломеј Лас – Касас, кој е можеби најсветлата личност во целата историја на Шпанија од шеснаесеттиот век. Тој се роди и израсна во Севиља, преубавата престолнина на Кастилија, заедно со мајка му Адријана и татко му Педро де Лас – Касас. Татко му беше многу начитан човек и на него се сеќаваше како седи крај прозорецот во својата голема фотеља и чита од утро до мрак. Тоа беше првиот спомен од неговото најрано детство и му беше толку драг, што потоа како нешто најсвето ги чуваше неговите книги, кои овој извонреден човек со својата рака ги исшарал со маргиналии 24 од крај до крај. Татко му го описмени на шпански, на латински и на француски и го пренесе на него својот култ кон Александар, Цезар, Сципион Африканецот и одбраната филозофија, на прво место Платон, Сократ, Марк Аврелиј 25 и Боециј 26, а кога беше на десет години го посоветува да го прочита Плутарх. Плутарх, Полибиј и некои рицарски романи станаа најубавиот и незаборавен дел од првите претстави, кои малиот Бартоломеј ги понесе во својот живот. Тој влезе во литературата и беше заслепен од неа; таа за него стана од тука па натаму олицетворение на најубавото, најсовршеното, кое, како што се вели, на избраните личности судбината им го дава во својата најголема милост. – „Литературата за мене се претвори во роденденска торта, целата украсена со цвеќиња и со убаво сребрено знаме, кое весело се вее на врвот; нема што, се допрев до самата суштина на нештата“ – читаме во неговите записи. Книгите влегуваат во човекот и го исполнуваат, како што сончевите зраци ја позлатуваат ќелијата на некој затвореник. Читајќи ги, Бартоломеј се чувствуваше гордо возвишен, покрај нив вдишуваше некаков небесен мирис. За него сè во книгите беше таинствено, свето и толку убаво, поубаво и позначајно од сето она, што го беше видел. Една прочитана страница од Плутарх на крајот од денот оставаше впечаток повеќе од сè друго, што му се беше случило преку денот. Кога го читаше Хомера, го опфаќаа морници и страв и радост, што му се дало тоа да го чита. Неподвижно се ѕвереше во редовите и усните му се сушеа и здивот му застануваше и за ништо на светот не би се помрднал од своето место. Вергилиј, пак, го читаше целиот 295


разнежен, капејќи се во солзи, во една собичка каде што веруваше дека никој нема да го вознемирува, или легнат на тревата во најскришниот дел од градината. Мислите му беа во полна хармонија со книгите што ги читаше, толку беше замаен од нив, што наполно забораваше на својот земен живот. Умот му беше така скроен, што од прочитаното веднаш го извлекуваше општото, ја доловуваше суштината и неговата мисла откриваше бескрајни духовни перспективи. – „Јас тогаш веќе бев прочитал многу сериозни книги – ќе напише тој многу подоца во својата автиобиографија, која, за жал, никогаш не ја објави – и тие ја удрија основата на мојот живот. Со моите фантазии силно управуваа античките автори. Меѓу моите очи и страниците што ги читав поминуваа блескави триумфални паради, победоносни војски, цели народи. Главата ми беше полна со јунаци од грчката и римската историја, имаше денови, кога себе си се гледав како Ромул 27 или Агамемнон28, или како двајцата во ист момент. Мојата жед за книгите беше бескрајна, како жед за вода во некоја арапска пустиња. Доцна во ноќта, кога очите сами ќе почнеа да ми се затвораат од многу читање, одев во постелата, следен од сите оние розови мисли кои лебдат околу момчето, кое, благодарение на книгите верува во животот и ја гледа во него најубавата бајка“. Не може да остане незабележано за околината, кога душата на едно дете ќе почне да добива полет, кога безгранично се проширува хоризонтот пред неговите очи. Неговите родители се досетија, дека некаква висока воља започнува да се раскрива во него, почувствуваа, дека во него се создава човек на литературата, личност со исклучително богат дух, која никогаш нема да се задоволи со секојдневните земни работи, а секогаш ќе се стреми кон високото, божественото. Мајка му, проста и поради некои свои причини многу озлобена жена, во занесеноста на својот нефелибат 29, како што го викаше својот син, гледаше само заблуда, која требаше да биде искоренета. За неа беа смешни сите занеси, сето она што ја облагородува човечката душа и ја тера да полета. Беше убедена, дека оние кои веруваат во нешто што не е сврзано со секојдневните човечки работи, потоа се разочаруваат и дека својот син треба да го оттргне од штетното влијание на книгите и да го насочи кон „вистинскиот пат“. Бидејќи беше инаетлива како магаре во тоа веројатно и ќе успееше, ако не беше господинот татко; тој се зазеде за малиот Бартоломеј и не дозволи да се размекне неговиот дух и на тој начин ја спаси за човештвото неговата извонредна личност. – „Јас не го воспитав својот син да стане обичен човек со жена и деца – й велеше на жена си спокојно, но тврдо и со некоја застрашувачка нота во гласот, кога оваа 296


панично врескаше, дека сите книги треба да се исфрлат од дома – Тој треба да й служи на литературата – и од тоа нема отстапување!“ А на Бартоломеј му велеше: „Твоите духовни можности, сине, се огромни, срцето ти е чисто, сè е прекрасно, сè е возвишено во тебе, само пројави воља! Твојата иднина се крие во тие два збора, саканата девиза на великите мажи“. Всушност, најголемата заслуга на господинот Педро де Лас – Касас беше во тоа, што беше убеден, дека обичниот човек е осуден на сиво, матно вегетирање, дека само големиот занес дава голема среќа и големи возбудувања и дека човекот со дух треба да остави нешто, со што ќе докаже дека живеел. Бартоломеј разбра, дека татко му од него очекува нешто посебно и си вети, дека ќе му ја исполни желбата. И двајцата беа нашле, дека реалноста стои далеку под сликата на нивната фантазија. Всушност, ја мразеа реалноста – сето тоа духовно мртвило, сите тие прости луѓе, кои гледаат само како да ги задоволат своите ситни, бедни амбиции – и й се спротивставуваа со својата фантазија. Ја гледаа ништожноста околу себе, бедното вегетирање; а кога ќе се завртеа кон својот свет на литературата, ги опфаќаше неизмерна радост дека се над сета таа ништожност што ги опкружуваше. Но што Бартоломеј требаше да направи за да се издигне? На кој начин овој мистагог 30 можеше да ги искористи богатствата на светот во кој се беше нурнал? Кога треба да дојде вистинскиот ден? Тој можеше да појде во некој универзитет и да се специјализира во областа во која се беше нашол, но немаше доволно години, а сакаше да биде активен, да тргне, што се вели, во белиот свет и вистински да заживее. Неговата детска глава беше преполна со дилеми и силогизми. Дојдоа долги, бессони ноќи во кои тој ги доловуваше и испитуваше страстните крикови на својата душа. Плутарх, Сенека и Боециј му го осмислуваа животот, но тие лежеа неподвижни по рафтовите – ќе остане ли неподвижен и тој така уште години? Не, тој не може да чека. Ги стискаше тупаниците: нешто мораше да се направи. Еднаш со татко му одјаваа кон манастирот Рабида, бидејќи беа слушнале, дека оној, кој токму во тој манастир ќе й се помоли на светата Дева, потоа сите желби ќе му се исполнат. Но, изгледа дека Богородица веќе ги знаеше желбите на Бартоломеј, бидејќи на неколку километри од манастирот сретнаа еден човек качен на муле кој им рече дека се вика Христофор Колумбо и дека тргнал да го бара кралскиот двор за да им го предочи на кралевите својот проект за откривање на западниот морски пат кон Индија. На Бартоломеј му се допаднаа цртите на овој човек, начинот на кој зборуваше, а најмногу од сè неговата приказна. Се чувствуваше 297


необично, поради нешто веруваше, дека тој ден ќе се случи, и тоа обавезно, некаков радикален пресврт во неговиот живот – бидуваат понекогаш такви работи. Запраша: - Можам ли да дојдам со вас во Индија, господине? - Се разбира, момче мое. Само нивните височества да ми дадат два – три кораби и ние двајцата весело ќе запловиме по Морето – океан. Бартоломеј веднаш се реши; како ветрот да му дошепна, дека тоа е судбоносниот момент. - А можам ли да тргнам уште сега со вас, господине? „Моето срце – читаме во неговите записи – така да речам, претчувствуваше, дека овој човек ќе го усмери мојот животен пат, ќе ја зачне во мене мислата, која подоцна за мене требаше да стане основна. Знаев дека го правам она, што морав да го направам, дека радоста поради донесеното решение ми е драга и не може да се плати со ништо. Тогаш повеќе од секогаш се чувствував повикан за големи дела и не се сомневав, дека имам квалитети да ги извршам. Најпосле Индија е далеку, на другиот крај на светот, а човек се восхитува од она, што му е далечно. Сакав да отидам до Тула, и потаму, уште потаму, подалеку од секој друг човек, најдалеку каде воопшто може да се стигне“. - Дојди, момче, нема да ми сметаш, напротив – рече Ѓеновјанинот – Ќе ми го замениш синот Диего, кого штотуку го оставив во манастирот. - Татко! – воскликна момчето – Ќе одам! - Оди, сине. – рече господинот Лас – Касас со насолзени очи: и тој ја беше осознал важноста на моментот – Уште си мал, а патиштата се долги и прашливи, но без непогода нема плодност, без страсти и противречности нема живот, нема поезија. Оди. Нека те чуваат Господ и Богородица, и свети Мартин, заштитникот на патниците. Благослови, Господе... И малиот Бартоломеј отиде со Колумбо. Судбината сакаше да се најдат кај манастирот Рабида овие двајца, засега сè уште сосема непознати, но потоа едни од најголемите луѓе на своето време – и речиси до самиот крај не ги раздели. Го најдоа кралскиот двор, кој се враќаше од победоносниот поход на Малага. Со него, како што стоеше во самиот почеток на оваа повест, отидоа во замокот Осма на господарот Мединасели, а од таму во Кордоба. Се возеа во една кола – понекогаш јаваа на исто муле – спиеја во една соба, јадеа од еден леб. И така седмици и месеци. Од Кордоба Колумбо продолжи со дворот во Нова Каледонија, а од таму во логорот Санта Фе, каде проектот му 298


беше одобрен. Бартоломеј , пак, отиде во Саламанка за да се запише на универзитетот, бидејќи му беше дошло времето. Потоа Бартоломеј дозна, дека Колумбо запловил кон Индија и многу се јадоса: му беше жал што не го продолжил патешествието со него, мислеше дека ја пропуштил најубавата прилика во својот живот и дека, наместо да се обесмрти на тоа патување, ќе си остане обичен човек, нешто што презираше најмногу од сè. По десетина месеци дозна, дека адмиралот се вратил, откако навистина го открил западниот пат кон Индија и дека на својот пат од Палос до Барселона каде што беше кралскиот двор ќе помине низ неговата Севиља. Ја напушти Саламанка и побрза во Севиља, за таму да го пречека својот некогашен сопатник. Го виде и тргна кон него Огромната одушевена толпа не го пушти и само оддалеку ја изгледа свечената кавалкада. Но тргна на втората Колумбова пловидба, овој пат ништо не можеше да го спречи. Не беше пропуштил многу, речиси целиот живот беше пред него.

4 „Задоволството на копнежливиот да го пропатува светот“ Дело на Абу Абдулах Мохамед Ал Идриси

Ќе продолжиме со извадоци од дневникот на Бартоломеј Лас – Касас од втората пловидба на Колумбо. 18 октомври 1493 година – Напуштајќи го островот Хомера, едниот од Канарските острови, каде убавата Беатриса нè снабди со свињи, овци и кози, флотата фати курс на запад и на 11 октомври го одмина островот Јеро. Од разговорот со адмиралот, кој, патем и тоа да го кажам, многу се израдува 299


кога ме виде – та малку ли лутавме заедно по патиштата на Обединетото кралство! – дознав, дека ќе пловиме по Морето – океан малку понајуг отколку на првата пловидба, за која јас сè уште жалам што ја пропуштив. Адмиралот сака да излезе кон островите, кои според зборовите на доморотците од Еспањола се наоѓале на југоисток од неа и биле населени со воинствени кариби, а потоа да фати кон заливот Навидад, каде пред десет месеци биле оставени 39 учесници од првата експедиција 31. Сè е прекрасно, дуваат свежи попатни пасати, времето е јасно, само еднаш, пред два дена не зафати не толку страшна бура. На „Марија Галанте“, а мислам дека така беше и на другите бродови, немаше никаква возбуда, сите добро знаевме, дека по еден месец нашиот адмирал, нашата гордост и среќа ќе не доведе до суша. Се зборува, дека на корабите меѓу војниците имало некакви мрачни типови кои се држеле настрана од другите, со никого не зборувале, а само заверенички се дошепнувале меѓу себе и во сè биле некако сомнителни. Јас тоа му го кажав на адмиралот, а тој: „На никого не може да му се префрли само затоа, што си шепоти нешто со својот пријател, а со друг не сака да зборува. А во целата моја флота нема помрачен тип од оној Балканец, Алонсо де Охеда, кој дури да трепнеш може да те убие. Со таквите не можеме да правиме ништо друго, освен да ги трпиме. Секакви луѓе има“. 25 октомври – Сè така продолжуваме на запад, со лесно отклонување на југ. Некои морнари вчера тврдеа, дека виделе морски чапли и фаетон 32, а тоа се птици кои не се оддалечуваат од сушата повеќе од 25 левги. Сè почесто се гледаат големи маси од зелениште, морската вода не е толку солена, воздухот станува помек, а облаците сè погусти – сето тоа зборува, дека копното е близу. Изутрината на нашиот брод слета албатрос, попладне беше виден друг. Кога соопштија за вториот албатрос, бев со адмиралот на палубата и тој ми расправаше за рицарот де Охеда, кој исто така се наоѓа на нашиот брод: „Каков човек! – велеше – Досега ми испи три сандака со најубаво вино, додека стигнеме до островите ќе ми го испие сето вино!“ Тогаш трет албатрос кој леташе од запад – југозапад се насочи на југоисток. Тоа покажуваше, дека доаѓа од земјата која се наоѓа на запад и југозапад, зошто тие птици ноќеваат на сушата и утредента излетуваат во отворено море за да бараат храна, без да се оддалечуваат на повеќе од 20 левги од брегот – така објасни адмиралот. 28 октомври – Синоќа видов како паѓа од небото фантастичен огнен сноп, кој потона во морето. Метеори. Велат, дека некому донесуваат несреќа, некому среќа. Што ли ќе ни донесат нам? 300


Албатроси, гургулици и фрегати 33 кружат по морето, па дури и кит видовме, но островите на карибите сè уште не се покажуваат. Освен тоа, морето е глатко како тепсија, ветер нема и не се движиме повеќе од пет миљи на час. Луѓето станаа нестрпливи, сакаат да видат тврда земја, terra firma. Прашуваа: „Каде се тие ѓаволски острови?“ За да ги успокои, адмиралот им рече, дека секој момент тие можат да се покажат во далечината; доказ за тоа се многубројните птици кои летаат на север некаде на југозапад, што значи дека одат кон сушата, за да преноќуваат таму. Адмиралот добро знаеше, дека повеќето од островите кои се владение на Португалците, биле откриени благодарение токму на набљудувањата врз полетот на птиците. Освен тоа, тој вети награда за оној, кој прв ќе види копно – 5000 мараведи. Инаку воздухот е мек како во април во Севиља, кога со наслада ги вдишуваш пријатните мириси. 29 октомври – Врз парче трска видовме бурен, кој расте само на сушата и една мала даска. И луѓето од каравелата „Ел Горда“ која плови најблиску до нас виделе предмети кои зборуваат за близината на земјата, како и гранче со ситни црвени плодови. Сите се зарадуваа на тие знаци. 1 ноември – Сите знаци дека копното е близу се тука, само копното го нема. Луѓето се вознемирија: Да не тргнале во погрешен правец, да не згрешил адмиралот? Колумбо мораше да биде красноречив, за пак да ги успокои. Ја зголеми наградата за оној кој прв прв ќе здогледа брег на 7ооо мараведи. 3 ноември – Стигнавме! На изгрејсонце од „Марија Галанте“ беше забележан на фонот на небото кое се развиделуваше триаголник. Кормиларот извика: „Albiricios que tenemos tierra!“34. Радосната вест се предаде на сите кораби и нашето понатамошно пловење беше одбележано со „Salve Regina“ и други благодарствени молитви кои сите морнари ( со исклучок на оние „мрачни типови“ за кои веќе зборував во мојот дневник) ги кажаа и ги испеаја во хор. Но – земја ли е тоа? Да не е само облак, само пуста фатаморгана? Беше сè уште темно, та не можеше со сигурност да се тврди, дека е тоа земја. Бев со адмиралот. Тој внимателно се вгледа во хоризонтот и изјави, дека гледа светлина. Потоа се вгледуваше уште неколку пати. Предметот на неговото внимание мене ми личеше на восочна свеќичка која се подигнуваше и спушташе, а малкумина би ја зеле за знак дека земјата е близу; но адмиралот не се сомневаше. Затоа, откако и самиот ја прочита „Salve Regina“, заповеда да му го доведат морнарот кој прв го откри брегот, за лично да му ја предаде ветената награда 301


Корабите ги свиткаа гротите, фоките, кливерите, топселите, бизаните и блиндите 35, потоа се приближија до планински остров 36. Адмиралот, заедно со мене, со благородниците дон Хуан Понса де Леон, Маргарит и Алонсо де Охеда и со уште неколкумина свои добро вооружени војници и офицери со чамец отиде до брегот. Таму нареди да се побие голем дрвен крст и го разви кралското знаме, а неговите офицери – знамињата со зелениот крст, со кои сите кораби од нашата армада беа препознатливи. Потоа адмиралот ги повика капетаните, офицерите и дел од екипажите на другите кораби, заедно со Родриго де Есковедо, нотарот на експедицијата и уште неколкумина кои беа испратени како кралски контролори и посака од овие пред сите присутни да го потврдат законското влегување во владеење на тој остров; и тој навистина влезе во владеење на островот од името на кралот и кралицата, своите господари, според сите договори и кралски капутулации и сите други важечки законски норми и прописи. Славен Исус Христос! 15 ноември – По откривањето на овие острови (три од кои – Доминика, Маригаланте и Гваделупа - откри Алонсо де Охеда кого во меѓувреме адмиралот го наименува за капетан на бродот „Ла Горда“) се упативме во потрага по нови острови или било какви други видови копно. Од 4 до 13 ноември флотата мина покрај островите кои беа наречени Монсерат, Антиква, Невис, Сан Кристобал, Сан Еустасио, а на 14 ноември корабите влегоа во водите на мал архипелаг со голем број сосема мали островчиња. Адмиралот тие острови ги нарече Единаесетте илјади девици, Once mil virgins 37. На островите сретнавме доморотци. И мажите и жените беа добро градени, убави и на снага и на лице. Наликуваа на жителите на Канарските острови, односно не беа ни црни ни бели, но меѓу нив имаше такви, кои се бојадисуваат во бело или во црвено, едни лицето, други – целото тело. Косите им беа кадрави и дебели колку коњско влакно; челата широки, очите – големи и многу убави. Сите беа сосема голи, како што ги родила мајката. Адмиралот ни нареди да бидеме внимателни, но строго ни забрани да пукаме. За да го добие пријателството на доморотците – бидејќи иако овие луѓе ги биеше глас дека се човекојатци, тој сметаше дека ќе ни се потчинат и ќе ја примат нашата света религија побргу со љубов, отколку со сила, такво било неговото искуство од првата пловидба – нареди да им се раздадат шапки, ѕвончиња, огледала, ножици и разни други слични дрангулии. Некои од нив беа плашливи и се разбегаа веднаш штом не видоа, но повеќето беа кротки и доверливи како деца, па се натрупаа околу нас и со најголемо 302


задоволство ги примаа безвредните подароци што им ги дававме во замена за сè што имаа; беа готови за едно огледалце кое кај нас во Шпанија не чинеше ни колку еден леб да го дадат сето свое злато што го носеа во форма на гривни на нозете и рацете, а исто на ушите, во носот и на шијата. Тоа беше чист грабеж, така што адмиралот, кој беше совесен човек и на кого правдината му беше поважна од интересот на неговите луѓе, реши да ја прекине таквата стоковна размена. Но, не беше така на островот Сан Кристобел. Таму доморотците изчезнаа веднаш штом не видоа и од зад блиските ритчиња кон нас летна дожд од стрели и копја, кои изгледа беа отровни, бидејќи десетина од нашите луѓе умреа во ужасни маки. Алонсо де Охеда, Маргарит и дон Хуан Понсо де Леон тогаш ги извадије мечевите и јурнаа на воинствените доморотци; некои испосекоа, другите се разбегаа како јато гуски кога среде нив ќе слета орел. Сакаа да ги гонат, но адмиралот засега не сакаше повеќе крвопролевање, па ги запре. Нареди да ги дигнеме платната и да отпловиме од негостољубивиот остров. Алонсо фати една доморотка и, спротивно на себичниот Ахил му ја понуди на адмиралот како воен трофеј 38, а дури откако овој ја одби, си ја задржа за себе; не му замерувам: девојчето, кое немаше повеќе од шеснаесет години и на кое единствената облека й беше долгата црна коса, беше убава како ангел. Ја крсти Изабела. Но не ја зеде со себе само поради нејзината убавина, туку и поради тоа, што можеби знаеше каде има „нукај“, како што велат за златото овие луѓе. Адмиралот им заповеда на свештениците и на мисионерите кои беа дошле со него што побргу да го научат јазикот на доморотците, односно на Индијанците, како што ги нарекуваше – беше убеден, дека овие острови й припаѓаат на Индија – бидејќи на тој начин овие полесно ќе го примат христијанството. Се надеваше, дека бог ќе го поткрепи во намерата да ги спечали за црквата многубројните тукашни народи и да ги покрсти во името на Таткото и Синот и Светиот дух, а воинствените, како оние од Сан Кристобал – да ги уништи. На тој начин, така мислеше адмиралот, кога нивните височества ќе го свршат својот земен пат (бидејќи сите сме смртни), ќе го остават своето огромно кралство во мир, исчистено од секаква ерес и ќе бидат добро примени од создателот, кого што го молеше претходно да им даде најдолг живот, голем развој на нивното кралство и нивните кнежества, и да им даде воља и решеност сè така да ја шират светата христијанска религија, како што правеле и досега. На сето тоа јас, mea parvitas 39 Бартоломеј Лас – Касас не можам да речам ништо друго, освен едно големо: „Амин!“ 303


Инаку овие острови се толку убави, што на човек му недостасуваат зборови да ги опише. Веднаш штом ќе стапнеш на нив те заплиснуваат толку пријатни миризби на не знам какви тукашни цвеќиња и дрвја, што тоа беше најслаткото и најраскошното нешто во светот. Сè е толку прекрасно, што очите не можат да се наситат на тие чудеса, а ушите – на песните на птиците. На некои острови има и езера обградени со шуми од великолепни дрвја. Насекаде е многу зелено, а тревата е како во април во нашата Андалузија. Птиците пеат така, што на човек воопшто не му се сака да ги напушти тие места. Има толку папагали, што јатата просто го затемнуваат сонцето. Има илјадници видови најразлични дрвја кои се натрупани со плодови и кои излачуваат силна, опојна арома. Освен алоето и уште некои други, јас не ги познавам овие видови, но сум убеден, дека се многу вредни и собрав примери од сите тие дрвја, а исто и треви. Бог да го поживи што подолго нашиот адмирал, кој откри такви убавини! 1фебруари 1494 година – Јас реков „амин“ на желбата на адмиралот да освои прекуморски кралства за нашите кралеви и со тоа да не обесмрти себе си и сите нас што сме со него, но тоа не е доволно. На 28 ноември влеговме во заливот Навидад на островот Еспањола, каде што при првата експедиција Колумбо оставил 39 – мина свои луѓе. Не нè пречека никој, злокобна тишина царуваше во заливот Навидад. Се симнавме на брегот: крепоста и колибите на Шпанците ги немаше, најдовме само пепелишта. Недалеку од загинатата крепост Алонсо де Охеда најде трупови, затрупани со земја. По остатоците од облеката, тој веднаш позна, дека се Шпанци. На 2 јануари 1494 година недалеку од несреќното место адмиралот нареди да се удрат основите за нова населба, која ја нарече Изабела, во чест на кралицата. Неколку дена подоцна Алонсо се врати од едно свое извидување и донесе радосни вести. Шест дена тој врвел по внатрешноста на Еспањола и стигнал до чудесни места во подножјето на високи планини. Таму тој открил плодородни долини со многу села и – злато, злато, злато! Во Изабела сите, дури и болните од треска се окуражија. Адмиралот, кого исто така го тресеше треската, подзаборави на несреќните 39 – мина и беше восхитен од походот на Охеда. Го слушнав како му вели на својот прв офицер: „А кога само ќе помислам, драги мој, дека јас и ти сакавме да го фрлиме во морето оној ден, кога како свиња се испијани...“ Но потоа дојде вест која повторно го фрли во очај нашиот адмирал. Двеста војници зеле со себе многу храна, оружје и муниција и изчезнале во непознат правец. Тоа беа оние „мрачни типови“ за кои зборував порано, кои 304


заверенички се дошепнуваа меѓу себе и се држеа настрана од другите. Тие и логоруваа подалеку од другите, така што не им било тешко преку ноќта незабележано да не напуштат. Но каде ли отишле? - „На првата пловидба изгубив двајца, сега – двеста. Што ли значи тоа? Каков демон ја шири својата моќ околу мене? Боже мој, боже мој!“ – си ги кубеше белите коси адмиралот. Та така се случија сите тие работи и сето тоа беше, барем така се вели, според вољата Божја...“

5 Кога човек завидува едно перце, еден меур од сапуница за него се сведоштва потешки од буквата евангелска. Шекспир, „Отело“ А всушност двајцата од првата пловидба за кои зборуваше адмиралот ги повлекоа по себе овие двеста души од втората пловидба. Една ноќ тие двеста војници беа разбудени од тивок свиреж, па бидејќи, како што веќе кажавме, нивниот логор беше понстрана од главниот логор во Изабела, а и ноќта беше темна како рог, можеа незабележливо да се оддалечат. Човекот кој го даде сигналот со оној свиреж и кој беше дошол однадвор, се стави на чело на овие луѓе, ги изведе од Изабела и ги поведе кон таканаречените Западни планини, кои, како што се чинеше, беа големи. Еден час одеа бргу, речиси трчајќи и никој не зборна, така што во ноќната тишина се слушаше само шумот што го правеа тешките војнички чизми и ѕвекетот на оружјето. Кога беше јасно дека никој не ги гони, водачот се заврте и викна тивко, но доволно силно да можат да го слушнат луѓето по него: - Сите ли бевте војници на неговото благородство дон Енрике де Гусман, вториот херцог Сидонија? - Сите – одговорија неколкумина - Тогаш треба да знаете, дека сте овде да му служите на еден голем господар кој себе си се нарекува господарот со црвената маска, и да работите за неговото дело. - Разбравме – рекоа некои од војниците. 305


Овој човек, водачот, веќе е претставен. Како што беше кажано негде кон крајот на првиот дел од оваа повест, меѓу луѓето кои се качија на Колумбовите кораби при првата пловидба кон Индија, беше и херцогот Сидонија, преправен во ситен и безначаен граѓанин; притоа беше препознат од еден војник, но кога овој се готвеше да го разгласи своето откритие, беше замолчан со една кеса; кесата беше голема и полна, така што војникот не само што замолча, туку и тргна по херцогот како куче по својот господар и од тогаш веќе не го напушти. Тој човек се викаше Марсело. - Добро – рече тој сега – Нека пријде одговорниот. Пријдоа двајца, едниот од кои остана неколку чекори наназад. - Како се викате? – го запраша првиот. За сето тоа време ниту за момент не стивна восхитувачката песна на штурците. - Јас сум Камачо де Парантес. – одговори запрашаниот, кој беше момче на не повеќе од деветнаесет – дваесет години. - Вие се познавате со херцогот? - Повеќе од тоа, јас сум му внук. Но како тоа мојот славен вујко дошол ваму,а не отишол во Франција или во Англија? Каква е таа приказна за господарот со црвената маска? А вие негов слуга ли сте? Само вие двајцата ли сте овде? Како преживувате? Има ли овде човекојатци? - Зошто не отишол во Франција или во Англија? – рече Марсело – И тоа ме прашувате вие, неговиот внук? Вујко ви, господине, беше сличен на бог и неговите зраци блескаа не само во Обединетото кралство, туку и во Франција и во Англија, па дури и до Скандинавија стигнаа. Не, по онаа несреќа под Гранада, каде Маврите ја прокоцкаа веќе добиената победа и прснаа да бегаат, нему не му преостануваше ниту еден друг пат освен овој наваму, бидејќи каде и да отидеше ќе го препознаеја. Па и тука тој, како што гледате, мора да се крие. Но, се снаоѓаме некако ние двајцата. На голите дивјаци од другата страна на планината кога дојдовме им дадовме неколку ѕвончиња и огледалца и така се спријателивме со нив. Беа кротки и наивни, понаивни од едно петгодишно кастилско дете. Првиот пат кога не видоа, не обиколија и почнаа да не прашуваат дали доаѓаме од небото. Еден од нив, старец, побара да ја види мојата мускета, а другите, како мажите така и жените, со сета сила викаа: „Дојдете да ги видите луѓето кои спаднаа од небото!“ – подоцна кога им го поднаучивме јазикот дознавме дека тоа го велеле. Тоа, дека сме дошле од небото посебно се однесуваше на херцогот, кој, за да остави посилен впечаток, си беше ставил на лицето една црвена маска. Впечатокот навистина беше фантастичен и од тогаш херцогот 306


секогаш се покажува пред нив со маската на лицето. Така и го нарекоа: богот со црвената маска. Кога се пред него ги ставаат рацете на главата, што е знак за голема почит. - Аха – рече момчето – Ете значи, од каде доаѓа приказната за господарот со црвената маска. - Така е. И гледајте така и да остане. Вујко ви многу држи на тоа. Значи, ни збор за некаков херцог Сидонија, разбеавте ли? Та тие, Индијанците, де, ни донесуваат вода и храна – риби, плодови, леб... Тие садат ахес – вид растение кое го одгледуваат и чии што корени личат на морков; од тие корени прават леб на тој начин, што ги ситнат и месат, по што го садат растението на друго место и тоа дава уште четири или пет такви корени; тие се многу вкусни и личат на костени – да се чудиш! Имаат и друг вид леб, што го нарекуваат „касаби“ – и тој е исто така многу вкусен. Користат и други житни растенија, слични на јачмен, со нив целата долина е засадена, а имаат и какви ли не градини, најмногу со тикви и сè е толку грижливо обработено, што човек тешко би можел да се насити на таа глетка. Нам најмногу риби ни даваат. Овдешните риби се толку поразлични од нашите, што пак треба да се чудиш; и воопшто, овде човек мора на сè да се чуди. Некои од рибите личат на петли, накитени со најубави перја на светот. Ги има небесносини, жолти, црвени и толку се убави, што јас секогаш ги гледам со наслада и се смеам. Меѓу рибите што ни ги донесуваат има и такви, кои повеќе личат на свињи. Тие риби целосно се покриени со исклучително тврди лушпи и само опашката и очите им се меки, а исто и отворот под туловиштето, кој служи за исфрлање на испразнувањата. Таквите риби херцогот најмногу ги сака. А ни донесуваат и животни, кои личат на јазовци. Инаку живееме во бамбусови колиби кои тие ни ги направија и кои се сосема исти како нивните колиби; но ноќите овде се толку прекрасни, што често со херцогот спиеме надвор во мрежи – хамаци се викаат. Та, преживуваме некако. А можеби еден ден индијанците ќе ни ги покажат и своите златни наоѓалишта– кој знае? Но сето тоа и самиот ќе го видите. Значи, вие, ваше господство, сте внук на херцогот Сидонија? Многу згодно. - Всушност, јас сум брат на убиениот од рицарот Алонсо де Охеда барон дон Мигел де Парантес. - Не знам ништо околу тоа. Потоа слугата на херцогот го викна вториот јавач, кој одеше малку поназад. - А вие како се викате? 307


- Јас сум Франциско де Марија. - Во какво својство сте овде? - Во својство на пријател на младиот дон Камачо де Парантес, кого го сретнав на Канарските острови и толку ми се допадна, што веднаш тргнав со него... ако тоа нешто ви значи. Всушност, да бидам искрен, се впуштив на ова патување за да ги видам голите доморотки за кои почнаа да се шират приказни, дека биле убави како сирени... Нацки – мижи да те лажам! Та имало и поубави денови во мојот живот. Така, со сват ми Рикардо де Малдонеда весело крстаревме по патиштата на нашата Кастилија, па дури со војниците на тетин ми Мединасели и на Гранада тргнавме... - Добро, добро, вратете се вие само кај другите војници, сакам уште малку да поразговарам со вашиот пријател – рече Марсело кој се намурти кога го слушна името Мединасели и му се обрати на младиот Камачо – Рековте дека сте брат на убиениот од рицарот Алонсо де Охеда барон дон Мигел де Парантес? Интересно. Раскажете ми за тоа. - Отишол брат ми во замокот Ел Сордо на рицарот де Охеда на една пијанка и наздравил за вујко ни Сидонија, а рицарот поради тоа наредниот ден му го нападнал замокот и го убил заедно со неговите луѓе. - Не ми е позната таа историја. И вие овде дојдовте да го одмаздите својот брат? - Тука сум, бидејќи таква беше желбата на вујко ми. - Како тоа? Ова е само втората флота која доаѓа во овој дел од светот – па како сте можеле да ја дознаете желбата на вујко ви? Извинете за љубопитството, но, за речиси цела година откако со херцогот сме заедно овде, тој не ми кажал ништо за себе. - Уште пред да тргне наваму, вујко ми ми рече да соберам двеста војници од неговата гарда кои сè уште му останале верни, па со нив да го фатам првиот брод кој ќе заплови наваму и да му се придружам. Во Индија, рече, ќе ја изградиме нашата нова империја, заврши, така рече, овде нашето. Јас не верував, дека Великиот кан ќе дозволи нови империи на територијата на неговата сопствена империја, па сепак го послушав. А и брат ми сакам да го одмаздам, прав бевте кога го рековте тоа. Јас уште додека пловевме наваму, сакав да си ги видиме сметките со проклетиот Грузиец, дотолку повеќе, што бевме на ист брод. - Не бил Грузиец, а некаков балкански Словен. Но, момче мое, со него треба внимателно, многу внимателно, и оддалеку, одоколу... Сум го гледал и кај Малага и кај Гранада и можам да ви речам, дека не е мачешка кашлица, ама никако! Видов кога го згроми емирот под Малага: злосреќниот 308


Мавар подобро ќе си поминеше, дури и гром да го спепелеше. Значи и рицарот де Охеда е овде? Ах, јас не знам што да мислам за тоа, но херцогот многу ќе се возбуди, кога ќе ја слушне веста. И така: оние двеста војници за кои ми зборувате се луѓето што одат зад нас? - Тие се. - И сите му се верни на херцогот? - До еден. Биле во неговата елитна гарда уште од самиот почеток. - И сите се во полна воена спрема? - Најголемиот дел од нив освен со мечеви, копја и самострели, се наоружани исто така и со мускети, аркебузи и арбалети, кои се згодни за борба одблизу. А и оклопи имаат. Со овие двеста души еден вешт војсководач би освоил дузина вакви острови, полни со голи дивјаци... се разбира, ако не ја сретне војската на Великиот кан. - Не предизвикавте никакво сомневање додека пловевте наваму? - Во почетокот не гледаа под око, бидејќи се држевме настрана, но потоа дојдоа бреговите, се занижаа настани и заборавија на нас. - А сега најважното: знае ли барем еден од вашите војници, дека господарот со црвената маска е всушност херцогот Сидонија? - Никој не знае. Уште херцогот пред да замине наваму строго ми напомна, дека неговата личност треба да остане во тајна. - Гледајте така и да остане, пак ви го велам тоа. За сите нас тој треба да биде само господарот со црвената маска – и ништо повеќе! Никакво име, никаква титула – ништо, ништо, ништо! Ме разбравте ли? - Разбрано. - Така... Попат, има ли некој меѓу војниците кои јаваат зад нас еден, чие има е Томас Моралес? - Има. Убав, млад човек, на мои години, така ли? - Токму така. Тоа ми е прв братучед. Го сакам повеќе од брат. Не сакам да му се сличи нешто лошо. Грижете се за него. - Нема потреба некој да се грижи за него. Тој самиот може да се грижи за себе, многу е снаодлив и вешт. - Мило ми е, што го слушам тоа. Но, веќе се разденува. Добредојдовте во Еспањола, ваше господство. Би сакал да речам: „Добредојдовте во Индија“, но херцогот не е сосема убеден дека сме во Индија, освен ако ова не е најдалечниот крај на Истокот, а и јас го делам неговото мислење. Но, ако не сме во Индија – каде сме? Овде не видовме ниту луѓе – киклопи 40, ниту морски чудовишта со тело на човек. 309


Но, навистина веќе се разденуваше. Сè уште беше темно, а ѕвездите бледнееја, почнуваше лесно да се развиделува. Постепено небото придобиваше волшебна синкавобледа боја, а по него прелетуваа бескрајни јата птици кои го наговестуваа новиот ден. Тоа беше божествен миг. Тогаш за кратко настана полна тишина нереметена од ништо, дури и штурците замолчеа. Потоа некаква необјаснива светлина ги позлати контурите на блиските планини, кои се наѕираа пред забрзаните луѓе: сонцето требаше да е наблизу, пробудено веќе некаде зад врвовите, уште не се гледаше, но веќе се чувствуваше неговата сила. На исток небото зад темните врвови стана црвено, просто крваво, така што не можеше да се гледа. Сè мирисаше на едно рано, прекрасно утро во Западните планини, во ова рајско катче, во кое за прв пат откако свет светува стапнала ногата на Европеец. И одеднаш се покажа сонцето, откај врвовите бликна поток од заслепувачки зраци. Светлината сè наоколу обои со жолтеникаво златна боја и пред очите се покажа божествена убавина, каква што никаква фантазија не би могла да замисли. Месноста беше рамна како тепсија. Природата беше обрасната со јарко зелена трева, толку пријатна за очите и чудесни групи дрвја со најразлични плодови; насекаде се слушаше црчорењето на најразлични птици, а благиот јужен поветерец донесуваше миризба, која опиваше повеќе и од најслатко вино; планините напред беа високи, со чисти и безоблачни врвови. Нешто подоцна Колумбо во своите спомени надолго и нашироко ќе ја опише неземната убавина на овие острови, па дури и ќе ги замоли нивните височества кралот и кралицата да не се чудат премногу, што толку многу ги фали, Вели, дека почувствувал неизмерна радост и неспоредливо задоволство пред сите тие чудеса, изјавува, дека не е во состојба да опише и стоти дел од она, што видел и дека бог во својата добрина, како што времето одминувало, му покажувал сè попрекрасни и попрекрасни нешта 41. Ете така, дури и орелот не може да не й се восхити на рајската птица, пред да й го свитка вратот 42. Групата предводена од Марсело целиот тој ден одеше кон Западните планини со забрзан марш. Кога се смрачи, стигнаа до подножјето. Се одморија за кратко и веднаш продолжија, бидејќи сè уште постоеше некаква опасност адмиралот да пратил потера по нив. Ја поминаа планината низ еден многу згоден за таа цел премин и идниот ден околу пладне, сè така одејќи по високата и сочна трева и пробивајќи се низ групите дрвја, стигнаа до бамбусовата колиба пред која стоеше херцогот Сидонија, чие што лице беше внимателно покриено со црвената маска. 310


„Ех, вујко, вујко... – си помисли младиот дон Камачо де Парантес кога го виде некогашниот моќник во обична кошула, пред бедната колиба среде оваа дивина – Каде е сега божествениот дон Енрике де Гусман, вториот херцог Сидонија, чие што богатство беше три пати поголемо од богатството на кралот Енрике и речиси еднакво со она на Фердинанд и Изабела?“ Така си помисли момчето, но ништо не рече, туку со насолзени очи се фрли во прегратката на својот вујко и остана таму, сè додека овој не го одтурна од себе. - Добро, добро – рече Сидонија – И јас сум исто така трогнат и многу ми е мило што те гледам, внучко, макар и во не толку благопријатни услови, во какви што бевме навикнале да се гледаме... но моментот не е згоден за... лигавење, така да се рече. Не грижи се, и ќе се видиме, и ќе се избациме, и ќе се изнаприкажуваме, ќе има време. А убави војници си ми довел, фала ти! Сјајни оклопи, цврсти мечови, долги пушки, остри копја, смел блесок во очите, храбар лав во срцето – тоа е токму она, што ми е потребно. Фала ти. Знаев дека можам да сметам на тебе, не залудно во твоите вени тече и моја крв. Фала ти внучко и добредојде. А сега најважното: ти кажа ли мојот слуга Марсело, дека никој жив овде не смее да го дознае мојот идентитет? Ти кажа ли, а? Внимавај, внучко: оној, што само ќе го изговори моето име, ќе биде погубен. Сега врати се кај своите војници – бидејќи тие и понатаму се твои, ти ќе ги водиш, никој друг! – и погрижи се за нив: треба да се нахранат и да се одморат. А веќе од утре нека почнат да прават крепост – најдобро ќе биде на она возвишување таму, го гледаш ли? – овде има дрвја и камења за цел еден град. Крепост, ами како, вистинска крепост! Дури и ров наоколу ќе има, и мост преку ровот, и силни ѕидишта и бедеми. Тоа ќе биде голема и силна крепост, какви што се воените крепости во Кастилија – ами како! Одовде ќе започнеме да го градиме нашето мало кралство, а крепоста и населбата што ќе ја изградиме околу неа ќе бидат срцето на тоа кралство. Колумбо нема да ни смета, ако не сака да си има непријатности, а и да науми нешто, ќе наиде на тврд орев, ние сега сме војска... војска! Ја гледам иднината во светли тонови. Ќе станеме цветечка трговска колонија. Ќе водиме трговија со индијанците, а во слободното време ќе бараме злато, ќе правиме сè што ќе ни падне на ум. И за храна нема да е тешко: по два месеци плодната земја ќе даде богата реколта, доволно е само лесно да се расчепка и да се засее со семињата од житни растенија и зеленчукови култури, кои – секоја чест! – сте ги донеле со себе. Еј, уште и ќе се слушне за нас, ќе видиш внучко! А сега, оди. 311


Потоа херцогот им одржа краток говор на војниците. Се претстави како господарот со црвената маска, чие што име никогаш не смее и нема да биде изговорено. Но нека не се грижат поради тоа, што ќе му служат на безимен господар, а напротив! Ги охрабри, ги ободри. Само нека му бидат верни и нека го слушаат, тој ќе знае како да им се оддолжи, никогаш тој досега не останал некому должен, секого го наградувал според заслугите, па и повеќе од тоа. И сè такви работи изнакажа. Потоа го фати под рака својот слуга и со него влезе во колибата. - Ти си добар и верен човек, Марсело – му рече – Седни до мене на оваа индијанска рогозина. Одмори се. Како си помина по патот? Имаше ли проблеми? Раскажи ми. - Никакви проблеми, мој господару. Штом нашите индијанци јавија, дека пристигнале кораби од морето, јас, како што знаете, се спремив и веднаш тргнав. - Отиде во крепоста Навидад, нели? - Само поминав одтаму и продолжив. - Како тоа? Па нели корабите беа закотвени во заливот Навидад? - Крепоста Навидад веќе не постои, ваше господство. - Ете ти сега. Па нели постоеше кога беше таму последниот пат? - Но одтогаш поминаа три месеци. Ви велам, сега крепоста Навидад веќе ја нема. Останале само пепелишта. - Изгорела. А - 39 – мината? - Ништо не останало, ви велам. Херцогот одмавна со раката. - Сигурно индијанците им ја виделе сметката, или пак се испоклале меѓу себе. Но не завлегувај во тоа, не ме интересира. Продолжи. Каде ги најде корабите? - Источно од Навидад, во еден друг опширен залив. Избројав вкупно седумнаесет кораби. Тоа се околи 1500 луѓе. Цела армада. - Толку многу? И – пак Колумбо? - А кој друг? - Продолжи. - Таму започнале да прават нова населба. Изабела. Влегов. Бргу ги најдов вашите луѓе, ги познав по сината лента на ракавите, со која беа препознатливи уште кога служеа во вашата гарда. Им реков да се истават од другите. Истата ноќ тргнавме. Ниту не забележаа кога тргнувавме, ниту пак не гонеа. И еве не овде. -Одлично, мој Марсело. Ти падна ли в очи нешто посебно? 312


- Ми падне. Со Колумбо допатувал и рицарот де Охеда. Сидонија подскокна врз рогозината како коњ, до кого пукнал топ. - Оној црн Балканец? Еве кој ќе почне да ги плаќа сметките! Алонсо де Охеда? Каква среќа! Нема да го испуштам од раце! Само бог да даде... - Со полно право го мразите, ваше господство. - Како не би го мразел! Та тој му беше десна рака на мојот душман Мединасели! И не само тоа. Во битката под Гранада Маврите веќе триумфираа и кога јас поминав на нивна страна, тој им го уби емирот и ја смени ситуацијата. По Мединасели тој е најголемиот виновик за мојата несреќа. Како не би го мразел? Но, ќе ми плати. Ќе даде бог. Прстите на херцогот грчевито се стегнаа, очите лакомо му светнаа и лицето му се издолжи како на волк, кој го гледа беспомошното јагне пред да ги зарие забите во неговото кревко месо – како рицарот де Охеда веќе да му беше во рацете. - А јас си помислив, дека го мразите најмногу поради тоа, што го убил вашиот внук, братот на момчето што ги доведе војниците... Дотолку повеќе, што бил убиен поради тоа, што наздравувал токму за вас. - А, да, и тоа... Ми подрече нешто околу тоа Камачо. Замолчеа. Во еден момент главата на херцогот падна на градите, како да заспа седејќи. Тој веќе беше старец на шеесет и пет години и преку ден си поспиваше. Марсело не ги симнуваше очите од него. Како да се двоумеше за нешто. Најпосле рече: - Ваше благородство... - А? – изусти херцогот и ја крена главата. - Ваше благородство – продолжи слугата – вие некогаш бевте велик, многу велик... - Бев, драги Марсело. Имав флота која беше закотвена во заливот Кобил меѓу Гибралтарската карпа и Канарските острови, а која ја управуваа најискусните капетани од Палос, Велва и Сан Лукар де Барамеда, имав 15 милиони мараведи чист годишен приход 43 што го вадев од огромните територии што ги поседував во меѓуречјето Одел и Рио Пинто и другата моја имовина, имав замоци и палати, меѓу кои и дворецот Памплона направен од мрамор и надалеку прочуен со својот познат лавиринт од коридори – кафеавиот, белиот, црвениот, жолтиот, зелениот и уште каков ли не, имав недогледни шуми, пасишта и ораници, имав цело ергеле коњи од кои секој чинеше колку десет села, и уште што ли не друго имав. Во Обединетото кралство по Господ беа кралевите, а по нив бев јас. - Сеага сте ништо. 313


- Ева, така е. - Дури и од името се откажавте, за да не ве откријат. - Ева, ева... Не потсетувај ме на превратностите на мојата судбина. Но зошто го водиме овој разговор? - Ваше благородство, јас ви останав верен, нели, дека не можете да го речете спротивното? - Така е, ми остана верен, мој Марсело, не можам тоа да го одречам. Марсело продолжи со тврд глас: - Кога на 3 август ланската година, беше велик петок – одтогаш има веќе година ипол – од Палос тргна првата експедиција на Колумбо, во неа бевте и вие. Бевте брадјосан, облечен во изветвена облека и шапката ви беше набодена до очите, а јаката на палтото крената нагоре, така што лицето речиси не ви се ни гледаше... но јас ве препознав. – „Еве го – си реков – предавникот од Гранада“. Требаше да ве раскринкам, да ве пријавам, бидејќи тоа го бараа од мене и божјите и човечките закони, бидејќи вие бевте злосторник, кој бегаше од заслужената казна; веќе ја бев отворил устата за да го сторам тоа, но вие ми фрливте една кеса со пари и јас се полакомив по неа, како Јуда по триесетте сребреници... се полакомив и замолчев... и не само тоа, туку и тргнав со вас за да ви слугувам... како куче по својот господар... душата си ја продадов на ѓаволот за таа кеса со пари. И досега сум со вас и верно ве служам... - Зошто го водиме овој разговор: - зар`жа херцогот и ја побара дршката на пиштолот, кого секогаш го носеше заденат за појасот. - Еве ги парите што тогаш ми ги дадовте, сите се на број, сè е онака, како на оној велик петок. – рече Марсело со растреперен глас и ја фрли кесата пред херцогот. - Што значи сето тоа? – рече овој блед како свеќа и силно го стисна пиштолот. - Досега не сум ве прашал ништо лично, само слепо сум ги исполнувал вашите наредби. Сега ќе ви поставам едно прашање кое година ипол ме пече и ме притиска и барам да ми одговорите на него. Јас сум војник, прост човек, и ретко барам нешто, но кога ќе го побарам треба да ми се даде. Значи, сакам да ми одговорите на прашањето, што ќе ви го поставам. Од вашиот одговор ќе зависи, дали ќе си ја земам назад кесата со пари, или ќе ви ја оставам. Ако ја оставам, тоа значи, дека веќе не сум во ваша служба, дека закукурикал петелот на свети Петар 44, и тогаш ќе морате да ме убиете со пиштолот, што веќе го стискате под кошулата, бидејќи ќе бидам потенцијална опасност за вас, би можел да ве предадам. 314


- Прашај ме она, што сакаш да ме прашаш – рече по некое време херцогот. Во колибата се смрачуваше. Беше многу жешко. Владееше полна тишина. Марсело запраша: - Ваше благородство, зошто извршивте предавство во битката кај градот Гранада? Тоа е моето прашање. Тогаш лесната коњаница на де Силва беше растурена од Маврите, но Сантанхел, баронот де Кинтинаља и грофот Мединасели добро се држеа. Во центарот се водеше неизвесна битка. Зад полковите на Сантанхел беше страшната кралска гарда предводена лично од вас, кенетаблот. Требаше само да нагрвалите со своите војници и битката уште тогаш ќе беше добиена. Но вие со вашите офицери поминавте на страната на емирот Иса Бен Марион кој се враќаше на главното бојно поле, откако ги беше столчил коњаниците на де Силва. Сето тоа така беше, тоа јас многу убаво го видов. Вие отидовте кај Маврите, ваше благородство, нè предадовте, ги предадовте своите војници кои ви веруваа и слепо одеа по вас. Вашето предавство ја збрка гардата и целата наша војска и ги ободри Маврите. Потоа победата пак дојде, но токму поради вас непотребно паднаа стотици наши војници. Тогаш падна и мојот брат. Јаваше веднаш до мене. И двајцата стоевме во место, не знаевме што да правиме по вашиот предавнички чин. Нему една стрела му ги пронижа градите... Однадвор се слушнаа штурците, кои ја започнаа својата хорска песна. Херцогот длабоко воздивна. Потоа прозборе, а неговиот глас како да доаѓаше од длабочината на темниот и студен гроб: - Мене о мразата ме натера да станам предавник. - Омраза кон кого, ваше благородство? - Кон кралевите, кон Мединасели... нив најмногу ги мразев, но исто и другите. - Но зошто, ваше благородство? Кралевите ви ја оставија флотата и петнаесетте милиони приход, дворците и коњите, шумите и пасиштата, нешто, што, да речеме, Французинот Луј никогаш не би му дозволил на било кој свој вазал. - Ти тоа не можеш да го разбереш, Марсело, ти си проста душа. Фердинанд навистина ми го остави сето тоа, но ниту еднаш не ме нарече „брате“, ниту еднаш на кралските гоштевки не ме седна до себе, ниту еднаш не дигна здравица во моја чест. На Мединасели тој му се обраќаше со „брате мој“, него го сместуваше на масата до себе, во негова чест ги празнеше пехарите. Нему – мајка, мене – маќеа; нему – сите благороднички почести, мене – полна рамнодушност. Јас на Фердинанд му бев трн во око – а зошто? 315


Јас еднаш дури му ја понудив и својата флота, доколку посака да им отиде на гости на Маврите во Африка, а тој и тоа го одби. Тој попрвин на последниот благородник во своето кралство ќе му наздравеше, отколку мене. Еднаш му наздрави дури и на оној балкански варварин, на де Охеда, а мене не ме ни спомна – тоа беше денот, кога дворскиот будала и оној Мавар го раскринкаа Мединасели. - Но рицарот де Охеда тогаш беше херој, битки биеше, градови завземаше, емири убиваше – кој не би наздравил за неговите подвизи? Освен тоа, ваше благородство, со својот прост ум јас заклучувам, дека кралевите, како и сите други луѓе имаат право и да мразат и да сакаат. Фердинанд го сакаше Мединасели можеби затоа, што му беше симпатичен, вас ве мразеше можеби поради вашето богатство, кое сепак ви го остави; но тоа не е причина во решавачкиот момент на битката да преминете на страната на непријателот и така да осудите на смрт толку многу свои војници. Извинете што ќе го кажам ова, но вие носите една торба пред себе во која ги ставате туѓите мани, а друга зад себе во која ги ставате своите, та не ги гледате. Не, не ве оправдувам... ах, кога само ќе се сетам на својот брат... - Сакаш ли да ти кажам за својот род, Марсело? - Зошто да ми кажете за вашиот род, ваше благородство? - За да дојдеме до одговорот на прашањето зошто извршив предавство кај Гранада. - Тогаш ајде, кажете ми за вашиот род, ваше благородство. - Слушај. Некои генеолози 45 го утврдија почетокот на нашата лоза од времето на Првиот крстоносен поход, други од 50 година по Христос, трети пак, одат до таму, што почетните корени на нашето родословно дрво го врзуваат за самиот дедо Ное; но сите се сложуваат со тоа, дека нашите чељусти, азури и песоци 46 се едни од најстарите во кралството. А еве што мислам јас. Кон крајот на петтиот век, некој варварски крал, кому Римјаните, за да не им прави збрки на границата, му ја дале титулата magister militum и уште му ставиле круна на главата, дошол на нашиот полуостров, ги подјармил варварите што ги затекол и се оженил со нивната преубава принцеза 47 – тој е основачот на мојот род! Марсело подсвирна. Херцогот продолжи: - Има еден документ кој вели, дека некој мој предок отишол да се бори под знамето на Сид, а овој му рекол: „Ќе ми биде чест да јавам со вас, преблагороден грофе!“ Првиот што го зел името Сидонија кралот го нарекол ескуаер 48, а прабабата на мојата прабаба потекнува од кралскиот род Камачо. За сето тоа постојат документи во кралската архива во Симанка. 316


Векови минувале и моите претци станале вистински Исуденци 49, како да сме дошле од древниот Сибарис 50. Ces grands Mulords accords, beaux et courtois 51 , што би рекле Французите. - Прескокнете ги тие нешта, ваше благородство, не ги разбирам. За да почувствува и да разбере некоја голема личност, човекот мора и самиот да претставува нешто – а што претставувам јас? - Тогаш ова ќе го разбереш: сме станеле елитно благородничко семејство, едно од првите на Пиринејскиот полуостров. Првин тука биле Келтите, што ги покорил Хамилкар Барка 52, па Картагињаните, па Визиготите, па Маврите, но никој не можел да го уништи нашиот род, а она што не те уништува те прави посилен, така рекле Римјаните. Сме се одделиле од толпата, од таквите како тебе, мој Марсело, ете, тоа ќе го разбереш. Сме се искачиле високо, а луѓето не постојат кога се гледа од височина. Човештвото ни личело на некој мравуњак по кој сме чекореле. Како сме можеле да ги забележиме ситните, безначајни човечиња? Зарем сонцето ги забележува мувите кои потреперуваат под неговите зраци и живеат од неговата топлина? Сме ги знаеле само сличните на нас; што се однесува до другите не сме разбирале што тие мислат, чувствуваат или зборуваат; за нас тоа биле само усни што мрдаат и очи што гледаат, но ниту нивниот говор, ниту нивниот поглед ни значел нешто. Не могло да биде поинаку. Сме можеле ли да живееме во заедница со луѓе кои биле неспособни за префинети мисли и кои не го знаеле ни името на таткото на нивниот дедо? Дури и меѓу благородниците ние сме ги бирале само највисоките. Во архивските документи од 915 година може да се види, дека некој не толку познат гроф дошол во некој наш замок, а домаќинот, мојот прадедо му рекол: „Со вас, грофе, овци ли пасевме заедно, та ми доаѓате дома?“ Така било, кај нас могле да доаѓаат само стари и докажани благородници. Една моја прабаба одбила да се омажи за највлијателниот човек во Каталонија, затоа што можел да докаже, дека е благородник само во дваесет и петтото колено; сме биле како оние црковни собори во времето на Меровинзите 53 во кои могле да членуваат само оние благородници, кои имале документ од кој можело да се види, дека имаат голем број на познати претци. - Ова донекаде го разбрав – рече иронично слугата – Но сигурен ли сте, дека сите овие приказни ќе го дадат одговорот на моето прашање? - Трпение, мој Марсело, самиот ќе дојдете до одговорот, кога ќе слушнете сè што ќе ви кажам. Та... за величието на мојот род ти зборувам. Се сеќавам на вечерите во памплонскиот салон осветлен од илјада свеќи, тоа 317


беше во годините на моето детство. Се делавме на два дела. Мажите разговараа за своите коњи и своите соколи за лов, за битките и за рицарството, а жените се повлекуваа во своето крило, каде се оддаваа на пријатни беседи, споделувајќи си ги и разгледувајќи ги најновите модели и кројки за утрински или претпладневни тоалети, шапки и слични работи. Јас малку ќе ги послушав де едните, де другите, а потоа скитав по разнобојните коридори со својот учител по етикеција, или пак, ако беше убаво времето влегував во паркот од сто хектари кој го опкружуваше дворецот. И мажите и жените беа многу убави, со префинет и пречистен стил – леснотија во разговорот и остроумност, досетка, згоден збор, неусиленост во зборувањето и држањето и сето тоа... Во погледот на еден мој чичко, се сеќавам, имаше надмен израз, со кој веројатно господарите на светот давале да се разбере, дека меѓу нив и другите лежи провалија, а пак една тетка беше толку љубезна, учитива, воздржана и ладнокрвна, како да е некаква Фидиева статуа од антички мрамор. Таа ја имаше прочитано сета литература, и кога зборуваше - како музите да зборуваа. Кога мене ќе ми се испуштеше некој недоделкан збор, таа ќе речеше: „Ах, дете!“, а нејзиното лице изразуваше студен презир. Имав уште една тетка и тие двете помеѓу себе секогаш разговараа на француски. - Вистина, ваше благородство, сето тоа е мошне убаво! – рече слугата, кој од пред некое време изгледаше така, како да го слуша откровението на Јов. - И кон таков како мене нивните височества да бидат рамнодушни! Да не ми го даваат завршниот збор во кралскиот совет, да ме забораваат при наздравувањето, на гозбите да не седам од левата страна на кралот! Да претпочитаат еден Мединасели, по дури и еден црн Балканец кој дошол од зад грбот на Господ! Да ме игнорираат, да не ме забележуваат! Ние му опростуваме за свирепоста на оној, што нè навредува, бидејќи тој можеби сè уште верува во нас; но рамнодушноста... рамнодушноста е како поларен лед, таа убива сè, таа е киселина која толку длабоко ги нагризува лицата на кои ќе падне, што од нив прави костури. Фердинанд на Мединасели му велеше; „брате мој“, а мене ни во очите не сакаше да ме погледне. За Мединасели љубов и топлина, за мене студенило и циничен смев! Да претпочитаат еден Мединасели пред еден Сидонија! - Но Мединасели е одамна мртов. Треба ли да се мрази еден мртовец? - И мртвиот Мединасели продолжи да живее во срцето на кралот. Кралот продолжи да го сака и кога дозна, дека овој му спремал завера. 318


Наместо да го расчеречи на четири диви коњи, му дозволи во битка да загине, во ѕвезди го опеаја, легенда скова за него. Та тој случајно загина, не по наредба на кралот. Фердинанд, велат, при крајот на битката наредил да му го доведат жив и здрав и косите си ги корнел, кога дознал дека стрела го погодила. - Извинете, ваше благородство – рече слугата – но во вас живеел некој кој ве јадел и глодал и не ви давал да се успокоите, така заклучувам. - Во себе јас носев болка, ужасно страдање. Но, не треба да се милува мачката од опашката кон главата, може да огребе. Тогаш во мене се зачна една скриена мисла. - Да се одмаздите? Да не предадете? Вие сте многу осветољубив. - Таков сум! Имав потреба да се одмаздам, да бидам посилен од нив, да ги натерам исто така да страдаат. Знаев дека нема да се успокојам, додека не се одмаздам. Севишниот рекол: „Одмаздата е во моите раце и јас ќе ја земам“. Јас не знаев друг лек за моето страдање, за мојата болест, освен несреќата на оние, кои го причинија тоа страдање. - Вашата болест се вика завист, ваше благородство. - Нека е и така. Зависта ни доаѓа од измамените надежи, од пропуштените успеси, од ранетите стремежи. А кој не би завидувал, кој не би мразел на мое место? Не заборавај, Марсело, јас сум потомок на првиот визиготски крал кој ја покорил Иберија, исто така на оној благородник кој јавал заедно со Сид, јас сум внук на тетка ми, која пребледуваше секогаш, кога некој ќе кажеше некој несоодветен за ситуацијата збор. Не гозбите јас побеснував кога ќе почнеа да фалат некој заслужен човек, бидејќи колку и да е заслужен, прво треба да се поклонат пред моето величие, а потоа да почнат него да го фалат. Така е, јас завидувам и мразам! Сантанхел, Кинтинаља и другите дворјани ја фатија страната на кралот, дури и поповите Торквемада и Талавера – како да не ги мразам? Сите тие ми ја пиеја крвта, ми ги распараа градите, тие ми го искорнаа срцето кое уште чукаше! - Вие не сте само завидлив и осветољубив, туку и славољубив. Во вас, ваше благородство, се соберени сите пороци што ги имал Каин, што значи, дека вашиот род произлегува директно од него, а не од некаков си визиготски крал кој дошол во Иберија. Херцогот повторно ја побара дршката на пиштолот под кошулата и силно ја стисна. - Нека е и така! Добро – Каин – така нека се вика мојот родоначалник. Но кој може да рече, дека Каин не бил повелик од брата си Авел? Бидејќи – каква била разликата меѓу Каин и Авел? Тоа било разлика 319


меѓи смртниот и бесмртниот, меѓу облакот и духот. Ја гледаш ли онаа бубачка таму? Каква е разликата помеѓу Цезар и неа? Велиш, дека сум завидлив, осветољубив и славољубив. Нека е и така. Но подобро ќе биде ако се рече, дека сум човек кого го викаат велики цели, највелики: да освојува, да победува. Тоа беше мојата судбина и јас бев должен да й се покорам. Затоа, ноќта пред битката кај Гранада го примив во својот шатор пратеникот на стариот Боабдил и го ислушав. И така се решив. Кога веќе во Кастилија не можев да бидам повелик од еден Мединасели, се завртев кон Маврите, кои ми понудија нешто поголемо: кралскиот престол. Во целата таа работа ме водеше мојот стремеж кон врвното величие. Помеѓу двајцата сè уште стоеше фрлената кеса со пари. Марсело полека со ногата ја поттурна кон херцогот; како да се наѕираше неговото решение. - Не благородниот стремеж кон величието, а ниски побуди вас ве воделе. Сте мразеле, па сте посакале да бидете крал, макар и по цена на илјадници изгубени животи. Од една лудост сте отишле кон друга, уште поголема. Сите вие, Каинови потомци сте такви: мразите и сонувате за престолот. Тоа е вашето лудило. Како омразата да ве прави поголеми од оние, што ги мразите, како среќата да седи на престолот. Но често седи блато на престолот. Вие, ваше благородство, сте биле желен за слава и признанија, како што се жедни ѓаволите за рајска роса. Сте ја развиле целата сила на својата отровна природа. Рацете на гревот излегнале од земјата и ве повлекле со себе кон пропаста. И така: вие го предадовте својот крал, својата татковина и своите војници и станавте предавник? - Па што! – рече херцогот и го извлече пиштолот – Човек како мене треба единствено да се стреми кон целта, сè друго е глупост. Слугата го погледна пиштолот, но ни со око не трепна. - Што! Зарем одбраната на својата татковина... - Глупост! Каква татковина? Од крај до крај гледам само неблагодарници и робови. - А кралот... миропомазаниот...? Сидонија беше студен, потсмешлив, тој се смееше во себе; неговите очи остро се забиваа во слугата, а овој седеше неподвижен под неговиот поглед, како инсект прободен со игла. - Кој крал? Оној што не сакаше ни очите да ми ги види? - А пријателите? - Глупост! Зарем човек има пријатели? Никакви пријатели, никакви потчинети, никакви роднини. Јас дури и својот внук го бев заборавил, братот 320


на Камачо, а тој загинал бидејќи мене ми наздравувал. Важно е јас да постојам и тоа да бидам јас; сè друго нека оди како знае. - И мојот брат падна тогаш. - Тој ден паднаа илјадници. Таква му била судбината. Не, драги Марсело, јас сум вистински господар, а на таквите сè им е дозволено. Вистинскиот господар го убива својот брат, ако мисли дека овој еден ден ќе му ја одземе власта, ги исфрла од опсадениот замок жените и децата и така ги осудува на пропаст, бидејќи тие не можат да се борат, а залудно му ја јадат храната, им ги предава своите војници на непријателите, ако мисли, дека овие вторите повеќе ќе го боготворат. И на таквиот вистински господар по смртта му подигнуваат споменици – значи нему сè му е дозволено. Таквите не се од крв и од месо, туку од бронза, И јас сум еден од нив. Ако имав само малку повеќе среќа и мене ќе ме боготвореа, и мене ќе ми подигнеа споменици, уште преживе. А можеби сепак ќе ми подигнат. Сè повеќе се стемниваше. Долго време молчеа. - Сè си кажавме – рече херцогот – Сега, мој Марсело, остави ми ја кесата со пари или земи си ја назад. Марсело ја дигна кесата од земјата и ја врати во својот џеб. Седеше со наведнати надолу очи, во поза на длабоко уважување. Рече: - Лош човек сте, ваше благородство, но ќе останам со вас. Доцна ми е да барам нов господар, рано ми е да одам в гроб. А и вие сте голем господар, од најголемите. Ќе останам со вас. Дури и робот има своја суета, тој сака да му слугува на најголемиот господар. Херцогот го задена пиштолот за појасот и го покри со кошулата. - Добро. Оди и види дали се сместија војниците надвор. Марсело тргна кон вратата. - Марсело! – го викна херцогот. - Што е, ваше благородство? - Сега знаеш сè за мене, знаеш што сакам, што мразам. Ќе ми кажеш ли ако дознаеш нешто, што може да ме направи среќен? - Ќе ви кажам, господару. Лош човек сте, пак тоа ви го велам, но најпосле пороците влегуваат во составот на доблестите, како што отровите влегуваат во составот на лекарствата и се ползуваат против несреќите во животот. Не грижете се, ќе бидам на штрек и ќе ве обавестам за сè, што може да се однесува на вас, јас продолжувам да бидам ваш верен слуга. - Добро. Продолжи да одиш во Изабела. Веќе ти реков, дека сакам Алонсо де Охеда да ми падне в раце. Внимавај добро, можеби ќе ти излезе пред очи нешто интересно. Си го поднаучил латинскиот, тогаш слушни го 321


ова: Claude os, aperi oculos 54. А јас богато ќе те наградам. Сега сум никој, но каде што текло – пак ќе потече. Трпение: печењето е најслатко на тивок оган. Ако овде не најдеме злато, еден ден ќе се вратиме во Кастилија, а таму имам сè уште купишта пари – не се оставам јас така. Оди сега. Сега си пак во мојата милост. - Правилно. – рече Марсело – А... ако нешто ви ја оставев кесата со пари... ќе ме убиевте ли, а ваше благородство? - Ќе те убиев, мој Марсело. Всушност, јас цело време се прашував, дали да ти пукам во срцето или во челото, ако тоа се случеше. Да, ќе те убиев. Нема поопасен непријател од пријател, кој налутено ќе ти го заврти грбот. Зарем мислиш дека ќе ризикував? - Правилно. Тоа е уште еден доказ, дека сте вистински господар. – се закикоте Марсело и пак тргна кон вратата. - Марсело! – го викна уште еднаш херцогот . - Што сакате, ваше благородство? - Жалам за брат ти. - Ех, што да се прави... таква му била судбината. А и не ми беше асал брат. Слугата излезе. Во колибата сосема се стемни. Херцогот се соблече и си легна. Пред да заспие вака си помисли: „Шутрак еден! Толку ме налути покажувајќи си ги рокчињата, што навистина сосема малку недостасуваше да му ги смрсам конците. Но по овој разговор ќе се труди на секој начин да ми докаше дека ми е верен, го знам тоа. А може да ми докаже, Алонсо де Охеда бил овде... Цврст орев е рицарот, нема што – ти го кршиш, тој заби ти крши. Но и цврстиот орев се крши – ако не со заби – со камен. А и оној другиот, Мединасели, оставил ќерка негде во Кастилија, така сум потчул... Кога некако би ми паднала в раце...!“ Како пилето да рече „амин“ на тоа.

6 Кон вас, како слепец кон сонце се стремам... Иго, „Руи Блас“ 322


Алонсо не се лажеше кога си велеше, дека, минувајќи под ѕидините на манастирот Рабида го слушнал гласот на Леонора: таа навистина беше таму. Подгонета од злата судбина – родителите й умреа, љубениот ја одљуби – таа, како што точно му рече астрологот Мартивалиус на Алонсо, излезе од татковиот замок. Го напушти домот на своите претци и тргна по белиот свет да најде начин како да продолжи да живее. Бидејќи беше слушнала многу убави работи за манастирот Рабида, се упати натаму. Со дуењата дојдоа до манастирот. А таму игуменот Марчена и манастирските сестри до кои патувачките минстрели веќе го беа донеле гласот за трагичното величие на татко й, грофот Мединасели, многи й се израдуваа и веднаш ја примија меѓу себе како привилегирана гостинка која не мора да се владее според прописите на манастирот и која може да си отиде кога ќе посака. Но Леонора се откажа од своите привилегии и замоли да ја третираат како најобична калуѓерка. Ја соблече убавата патничка облека и на гола кожа навлече манастирска одежда од груба волнена ткаенина. Таа всушност затоа и дојде овде: тишината и осаменоста да й дадат успокојување, мислата за бога да й даде надеж. Се молеше и работеше заедно со другите калуѓерки; й беше мирно на душата и мислеше дека ја нашла својата тивка среќа, иако волнениот фустан й ја пареше кожата како лута коприва, иако колената ужасно ја болеа од долгочасовното молитвено клечење на камениот под, а рацете й беа полни со пликови од секирата со која цепеше дрва. Во слободните часови се повлекуваше во својата ќелија и продолжуваше сама да се моли, или седеше на камената клупа под еден осамен грамаден јасен во најоддалечениот крај на манастирскиот двор. Но таквиот тивок и пријатен занес траеше само една – две седмици, а потоа нешто почна да се бунтува и надигнува во неа. Занимањата кои во почетокот ја смируваа, почнаа да й го разсејуваат духот, почувствува досада. За да ја победи таквата состојба на својот дух, почна да свири на лира и да чита црковни беседи и романи од манастирската библиотека; но мртвилото на духот веќе беше надвладеало, па ги изостави тие активности; започна кај игуменот да ги изучува седумте слободни вештини 55 – па и тоа го остави; се зафати да пишува дневници и други записи, но тоа й се виде бесмислено, па й ги даде на дуењата таа да ги продолжи; на крајот, единствено што правеше, беше да тагува и да молчи. Не й беше судено на клетата девојка да го најде новиот живот во овој божји храм, среде тишината и осаменоста. Манастирското спокојство и 323


молитвите беа премалку за ќерката на најмоќниот и највоинствениот феудалец во Кастилија, која се родила и израснала во силни замоци и дворци и слушала само за победи и јуначки подвизи. Еднаш, додека седеше на клупата под јасенот одеднаш заврна и загрме, светна и негде во близината удри гром - и тогаш низ срцето й проструи мислата: „Каде е сега тој?“ Мислеше на Алонсо. И самиот гром да ја удреше, немаше да ја потресе колку оваа залутана, дојдена кој знае од каде мисла. Таа целата се свитка, како на своите рамења да почувствува несносен товар. Потоа се исправи и решително мавна со раката, како да тера од себе некакво сениште. Стоеше така пет минути, десет минути, нечувствителна на дождот кој лиеше како од ведро и не се помрдна сè додека не беше сигурна, дека се ослободила од сеништето. Потоа влезе во манастирот, се затвори во својата ќелија, се струполи на колена и, кршејќи ги рацете почна да се моли. Тогаш душата й се свитка и од тој момент таа почна да страда. Каква што беше, во неа немаше половични чувства: кога се надеваше, таа силно се стремеше, кога сакаше – сакаше со целото суштество, кога страдаше – исто така силно страдаше. Се почувствува опколена од мрак, закопана, затрупана, заѕидана. Животот й се чинеше како ужасна карпа, која ја обградуваше од сите страни. Видливиот свет речиси веќе не суштествуваше за неа. Близу до вистината ќе бидеме, ако кажеме, дека за Леонора немаше ниту сонце, ниту убави пролетни денови, ниту блескаво небо, ниту свежи мајски зори. Во нејзината душа сè нешто тлееше и загинуваше, почнуваше да умира. Се прашуваше: „Зошто ми е младоста, зошто живеам, зошто е сето тоа? Јас паднав како плод кој се свива и баз време ја губи бојата, кого што однатре го пројадува црвот. Зошто животот толку бргу ме прекрши? Денот му е даден на сиот свет – зошто мене ми дадоа само ноќ? Раскиувачки, тревожни мисли. Со омраза гледаше нагоре и заканувачки ја креваше нежната тупаница: „Судбо зависнице! Не се насити ти на мојата несреќа! Целиот живот да ми биде бесмислен и бесплоден – така ли рече, проклетнице?“ Сакаше да го запраша бога зошто не ја пожали, зошто не ја запази, зошто ја казнува, кога во неа нема никаква вина. Навистина, таа е виновна, секој човек е виновен за тоа што живее, но освен тоа каква е нејзината грешка поради која е така казнета? Можеби бог не знае колку й е тешко, или знае, па не е во состојба да й помогне... или може да й помогне а... не сака? 324


Плачеше од мака, од горчливото сознание, дека нејзиниот живот е толку тажен. Се замисли за својата иднина. Што ќе прави? Што ќе се случи со неа понатаму? Какво изненадување, каква надеж ќе го оживее нејзиното срце? Одговорот беше: ништо нема да се случи, никаков спас нема да дојде. Всушност, таа сè уште се надеваше на нешто, без сама да знае на што, без да може да ги собере своите мисли и да донесе било какво решение. Истрпна пред ледената пустелија на својот изгубен живот. Се запраша: зарем така ќе биде до самиот крај? И се стори дека е проколната. Да не ја беше стигнала некаква клетва на злобниот маварски демон за кој й зборуваше стариот овчар од нејзиното детство? Игуменот Марчена ја запраша за причината на нејзината несреќа и таа му раскажа сè. Така, овој благороден старец ја дозна историјата на оваа високопоставена дама, која, створена да биде прекрасна жена и мајка, немаше ни сакан, ни маж, ни деца, ни родители. Тој разбра, дека ова ретко прелестно суштество е играчка на нечисти сили и дека му е судено да биде несреќно, дека во оваа преубава девојка младешки сили вриеле и крвта се бранувала, но кога се спремала да полета во животот й отпаднале крилјата и таа останала да гасне под страдањата на својата благородна душа. Пропаднала во темната ноќ. Само што прогледнала, а заслепела. – „Има луѓе кои се однапред осудени“ – така заклучи. Па сепак тој не й ги ускрати своите утехи: - Ќерко моја – й велеше – ти се чувствуваш како дете кое си играло и берело цвеќиња, но одеднаш се нашло во пропаст од каде гледа со ужас, дека тешко може да се врати назад, дека несовладливи стрмнини го одделуваат од луѓето, дека останало само во непрегледната ноќ и слуша завивање на диви ѕверови. Но ти не губи надеж и моли се, можеби божествениот ветер ќе посака да те дигне и да те однесе во височините – per aspera ad astra 56. Никогаш немој да престанеш да ја очекуваш милоста божја. In rebus adversis meliora sperare momento 57. Ти сега страдаш, но оние кои страдаат, знај, ќе се возвишат. Земјата ќе блесне, човечкиот род ќе се исполни со љубов. Ќе дојде денот, кога по земјата ќе зацари светлина, радост и живот. Засега издржи – тоа е темелот на добродетелта. А... од каде да знаеш, можеби ти така треба вечно да... страдаш, да бидеш без живот, без семејство, без ништо... Можеби со тоа исполнуваш некаква висока, за самата тебе непозната мисија? Можеби си предодредена? А таквите како тебе по смртта стануваат светици... На таа мисла старецот паѓаше ничкум пред девојката и й ги бакнуваше рацете. 325


Но Леонора, колку и да сакаше не можеше да им поверува на зборовите на старецот. – „Предодредена? Светица? Не, јас само страдам поради својот грев. (Ете, таа најде и оправдување за своето страдање). Ме проколна Господ за изгубената невиност. Онаа ноќ во конакот на патот од Осма кон Кордоба него го придуши грижата на совеста, па сакаше да си отиде, а јас... го сопрев... го вратив... и му се дадов... како бесрамна кучка. Мислев дека ќе ми прогледаат низ прсти таму горе. А и потоа, кај крстот на Тројцата кралеви и во куќичката кај езерото во Кордоба, таму сама му одев. „Тој е таму, ме чека, ме посакува“ – си велев и одев... кај мојот Алонсо... кај мојот Драган... Драган Охридски... Кога татко ми падна во немилост кај кралот јас повеќе му се молев на Господ за мојот љубовник, одошто за него, за мојот татко. А Господ ниту ми го врати љубовникот, ниту го спаси татко ми. Та, грешна сум, грешна! Секако ќе горам во пеколот, но и на овој свет убаво ќе се изнамачам. Но нека биде... Татко наш кој си на небото, да се слави името твое, да биде вољата твоја... да биде царството твое...“ Едно прекрасно, црвено како крв зајдисонце, таа запеа пред отворениот прозорец на својата ќелија: „Ах, да имам крилја, да сум птица бела...“ Така тоа й дојде одеднаш, се сети на црвените квечериња кога тој, нејзиниот Алонсо минуваше под нејзиниот прозорец во замокот Осма. Потоа секогаш кога сонцето заоѓаше го отвораше прозорецот и ја пееше таа песна. По цел ден со никого не зборуваше, чекаше да дојде зајдисонцето. Во манастирот почнаа да мислат, дека несреќната жена полудува; а и не беа многу далеку од вистината. Ја оставија да прави што сака; само еднаш, додека пееше се растрчаа, ја фатија за рака, ја затворија во една скришна собичка и таму ја држеа цел час – тоа беше денот кога Алонсо помина под ѕидините на манастирот, па ја сокрија од неговите очи бидејќи игуменот се плашеше една ваква средба уште повеќе да не й наштети на несреќната жена. А еден ден, сонцето само што беше зашло зад планините на запад – беше последниот ден на мај – еден човек застана под нејзиниот прозорец и се загледа во неа. Таа нестрпливо чекаше овој досаден човек да си отиде, но кога тоа не стана го погледна и истиот момент извика: - Рикардо! Братучеду мој! Тоа навистина беше Рикардо де Малдонадо. Таа се стрча, излета надвор, па го фати за двете раце, му се загледа в очи, го прегрна. Седнаа на клупата под јаворот. - Од каде дојде, мил братучеду? – го запраша таа, не испуштајќи го од рацете; кон него таа одсекогаш негуваше длабоки, пријателски чувства и многу го почитуваше. 326


- Ах, мојата приказна е многу проста – одговори овој – Неговото преосвештенство кардиналот ме испрати овде во својство на прелат по една ситна задача. Треба да поразговарам малку со игуменот Марчена кој ми е добар пријател, да соберам некакви ракописи, и утре си одам. А твојата приказна, братучедо? Всушност, јас знаев дека си овде. Но како живееш, што се случува со тебе? Додека те гледав одоздола налактена на прозорецот – ти уште не ме беше забележала – видов, дека погледот ти е безживотен, а тоа значи, дека и срцето ти е пусто и празно. Ќе ми кажеш ли? Не паднала сенка врз твојата убавина, никогаш, мислам, таа не била поголема, но твојата душа како да се сокрила во себе. Кажи ми. - Мил Рикардо, твојата приказна е проста, но мојата е тажна. Мене, ете, животот ми тече бесмислено и празно, така одредила судбината. Деновите се топат во моите раце како лед на сонце, не живеам, а се трошам на страшен начин. Јас дури не знам ни како мириса животот. - Вистина, братичедо, тебе животот не ти донесе дарови, ти го виде само неговиот налутен лик. Првин ги загуби своите преблагородни родители, а потоа и тој... тој... - Кажи го неговото име, Рикардо, ти знаеш, дека меѓу нас никогаш немало тајни. - Кога веќе тоа го бараш од мене: Алонсо, рицарот од Охрид. Но, ајде да зборуваме отворено. Тој е прекрасен човек и јас многу го сакав додека бевме во Осма, но тој не те заслужува, така мислам. - Не зборувај лошо за него, можеби и над него како и над мене небото е сурово и мрачно. Рикардо си го поткасна усните. - Ти уште го сакаш. Во право си, кога се љуби, до крај се љуби. Така е, во љубовта кон него ти ја најде својата среќа. Но каде е сега тој? Ако бог всадил во нашите срца стремеж кон среќата, не треба ли да се погрижи за невините души кои нашле во овој свет малку среќа и многу страдање? Тоа е така, или – тоа не треба да го речам бидејќи сум прелат на неговото преосвештенство, но ќе го речам, тоа ми е in petto 58 – или нема бог и тогаш животот е само горчлива шега. - Како ли ќе ја живеам јас таа горчлива шега? Па мене ме чека живот еднаков на гроб! Сите нишки се скинати, мене дури и смртта не ми изгледа толку тажна колку животот. На Рикардо му се навлажија очите: тој ја сакаше својата братучеда. - Преживуваш тажни моменти, кога ни најлесен ветрец не ги дува платната на твојот кораб – така би рекол на тоа мојот сват Франциско, кого 327


еднаш го видов како се качува на бродот за Канарските острови. Нема што, жестоката судбина вооружена со сите средства за гонење те избрала за цел – како можеше такви нешта да ти се случат токму тебе, божествена дона Леонора? - Тоа што се случува со мене е толку страшно, што јас морам да го набљудувам како нешто далечно. Големите трагедии не можат да се распознаат од блиску и мојата несреќа која е вистинска трагедија јас ја доловувам како низ огнена завеса, како што се слушаат некакви гласови кои доаѓаат од дното на пропаста... Девојката одеднаш избувна во незадржлив плач и падна на градите на својот братучед. - Ах, мислев дека сум го заборавила. Но тоа било само гушење на чувствата, а секое гушење на чувствата има свој крај. Сега го сакам повеќе од секогаш... и страдам повеќе од секогаш. Овие солзи кои потекоа како надојден поток беа олеснувачки, дури и спасоносни, бидејќи Леонора, аналогно на генот што го беше наследила од своите претци, навистина се приближуваше кон онаа тажна состојба на духот, која се вика delirium. - Јас можам да ти дадам лажливи утехи, но тоа нема многу да ти помогне – рече Рикардо исто така плачејќи и сеќавајќи се на својата некогашна љубов кон девојката, чие што тело сега се тресеше во неговите раце – Слушај, драга моја, не е во ред вечно да тагуваш и да чекаш, да гледаш, како животот бесполезно гасне. Туку ти одмавни презриво со раката на својата несреќа и тргни нанекаде. А и постојаните поплаки свршуваат со тоа, што ти станува срамно да се оплакуваш – каде сум ја прочитал таа мисла, кај Плиниј Постариот ли? Направи нешто. Цвеќињата само стојат и тагуваат по сонцето бидејќи немаат нозе, луѓето меѓутоа, ги имаат тие органи и се придвижуваат кон него. Тргни – и победи! Ако останеш овде, те чека само пораз, а поразот е лоша работа, тој не само што го разделува човекот од другите луѓе, туку и од самиот него. Не чекај! Не е малку да изгубиш и еден единствен ден, а камоли месеци и години од својата младост. Направи така, зрак да блесне во темнината што ти ја исполнува душата, ѓавол да го земе! Никогаш не е сè загубено, за секоја болест поникнала тревичка. Ти не се плашиш да сакаш и покрај сè, а оној што сака, значи дека може и да дејствува. Реши се на нешто. Решението нека ти дојде од длабочината на душата, de profundis – така би додал мојот сват Франциско, кој многу сака да употребува латински изрази. Го сакаш ли уште Алонсо? Тогаш – тргни и барај го! Можеби некој ќе рече, дека тоа не е во ред, дека не 328


треба така, но ниту еден закон, било божји или човечки не може да го сопре чевечкото срце, срцето само по себе си е закон. Случајно јас знам каде е Алонсо, една птица тоа ми го отпеа во увото: отпловил, во Индија отишол. Оди и ти натаму. Оди! Зарем да испаднеш како некој лошо изработен сад, што грнчарот го фрла во отпад? Зарем заборави дека си ти божеставената дона Леонора, ќерка на дон Луис де ла Серда, вториот гроф и шестиот херцог Мединасели? Стани и тргни! Unusquisque suae fortunae faber est 59. Кон Индиите! Тие се далеку и таму сè е ново и неизвесно, но каде не очекува среќата, каде ни е добро, таму е татковината, ubi bene, ubi patria. Кон Индиите, по ѓаволите! Сакаш ли да отидеме заедно таму? Бидејќи и јас сакам да го видам, а и неговото преосвештенство може, ако му побарам, да ме испрати таму на некаква милосрдна мисија, кој знае? Ќе се качиме на некој брод и весело ќе отпловиме – така идат тие работи! И ние коњи за трка имаме – ами како! Од пред некое време девојката беше престанала да плаче. Во еден момент таа се исправи и во неверица го погледна својот братучед. - Никогаш досега не сум те видела таков, братучеде. – рече. ~~~ Утредента Рикардо де Малдонадо си отиде, а на Леонора некако чудно й потскокна срцето, кога се сети на синоќешниот разговор со него. Со зората й дојдоа, без да се знае како и од каде некои нови, одамна заборавени чувства; й се посака да потрча; мислеше, дека само треба да размавне со рацете – и ќе полета како птица. Излезе во дворот и седна на клупата под јасенот. Но место не ја држеше. Стана и се врати. Го сретна игуменот и весело го замоли да ја благослови. Сретна и неколку сестри и сите до една ги избаци по образите, најмногу сестра Анастазија со која беше многу блиска и со која сè споделуваше; чувствуваше потреба да бакнува, да прегрнува, без престан да зборува. Потоа ја побара својата дуења. Оваа лесноумна жена со немирен дух толку се досадуваше меѓу манастирските ѕидишта, што, посебно откако увиде, дека манастирските слуги не се од оној тип на мажи на каков што беше свикнала, почна да размислува и на бекство. Кога ја виде својата господарка со светнати очи, й рече: - Што е, господарке, да не заминуваме? Слушајте, несреќно е ова место. Да си одиме одовде додека, како што се вели, уште пловат бродовите. Целиот тој ден Леонора беше обземена од некакви магливи и сè уште недифинирани желби, претпоставуваше, дека почнало да се случува нешто 329


радикално, нешто што ќе й го промени животот. Кога сонцето зајде влезе во својата ќелија, го отвори прозорецот и се загледа во небото; уште кога беше мала мајка и й велеше, дека на оној, кој прв ќе го види изгревањето на ѕвезда, ќе му се остварат сите желби. Си помисли, дека ова е вистинскиот миг кога треба да размисли за својот живот и за својата иднина и на кој начин да ги превземе работите во свои раце. Еве како течеа нејзините мисли: „Прав е братучедот, го гледаш животот и си мислиш: живееш или не? А тој тече толку еднообразно и со секој нов ден положбата станува сè понеподнослива, бидејќи кога веќе старото одминало и не сака да се врати, посакуваш нешто ново, поубаво и почисто од она, што го имаш. Кога само ќе си помислам како живеам! Дури самата себе не се чувствувам. Самата не можам да сфатам зошто излезе таков животот, имено таков, да живееш и да не се чувствуваш себе си, твојата душа и сила... како животно... Само чекав и чекав, и само некакви нејасни надежи... И постојано чувство на нешто, што би сакала да направам, а што не ми е дадено да го постигнам. Но зошто не ми се дава, кој ми забранува?“ Требаше да дојде братучед й Рикардо, за таа да се разбуди од своето мртвило. Почнаа да се ослободуваат патиштата, затрупани со илјада тони земја. Го наслушна своето срце – имаше ли тоа нешто да й каже? Се сети на бакнежите, на прекрасната арома која од градината влегуваше низ отворениот прозорец, додека таа се топеше во неговата топла прегратка. Многу убаво се сети на тоа, паметот на драга воља му служи на срцето.Со таков самозаборав им се предаде на слатките мечти, што од крај до крај го преброди бескрајниот океан на љубовта. Тој, Алонсо, нејзиниот Алонсо беше толку убав и толку силен, толку мил, а и татковината од ропство сакаше да ја ослободи – страшно е дури човек да ги изговори тие зборови, толку се велики! Во прекрасната квечерина која го опфаќаше манастирот одеднаш почна да ја измачува копнеж, страстна желба пак да ги почувствува неговите прегратки. Во својата фантазија го гледаше како јава пред своите војници, гордо исправен на коњот, во својот блескав оклоп, со пурпурната наметка која зад него се развеваше на ветрот, со сјај во очите, со лав во срцето. Тој потоа ја напушти, ја повреди, но зарем не се вели, дека само истата рака која ги нанела ударите, може да ја успокои и болката? Нејзе й беше потребен херој, необичен човек... или живописен овчар од некоја шума... Овчарот одамна веќе го немаше меѓу живите, но херојот уште 330


живееше; тој е... во Индија, дури таму отишол, боже мој! Таа ја испружи раката и несвесно прошепоте: „Златна радост, дојди!“ До крв си ги апеше усните: „Да тргнам по него – каква безумна мечта! Та јас самата се одреков од него, самата му го напишав она проштално писмо, пред да заминам од Осма. Освен тоа, кога ќе видам колку е долг патот што тој го одминал, ќе се исплашам и обесхрабрам, па ќе се вратам, ќе се одречам од своето решение и ќе се вратам; тоа би било ужасно“. Но и покрај оваа мисла таа се беше завртела натаму, накаде што мислеше дека се наоѓа Индија и на лицето й се читаше среќа, како да го доловуваше здивот на далечните брегови од другата страна на Морето – океан, како да го гледаше него, нејзиниот Алонсо, како од таму й мафта со раката. Шепотеше: „Алонсо... Алонсо...“ Сега знаеше какви беа тие магливи надежи за сето тоа време. Таа цело време го очекуваше својот ослободител, убавиот коњаник, воинот којсе спушта од небото носен на своите две крилја, божествениот рицар кој ќе ја спаси од студената и темна пропаст и ќе ја поведе со себе во лазурните височини. Да тргне ли? Прав е Рикардо, треба да се тргне повторно во животот со ново срце и полна енергија! И дојде неодолива желба да вјавне некаков коњ, да ги прескокне ѕидиштата кои го обиколуваат манастирот, да полета низ полето и ништо да не види и да не чуе. Од какви далечини стравува таа? Зарем таа не е Мединасели? Нејзе никакви планини и држави, мориња и океани не й можат ништо! Љубовта сè победува, amor omnia vincit! Ете што треба да направи, но веднаш, веднаш, секоја неодлучност може да биде кобна. Ги стисна тупаниците: „Сега доста! Како така, јас, млада, жива жена, ќерка на благороден гроф да се изоставам до таков степен? Јас треба поинаку да живеам, нов живот треба да започне за мене!“ Пред неа се откри еден нов свет и таа се реши: „Ќе одам да го барам! Го сакам и ќе тргнам кон Индија и покрај сите тешкотии и далечини, и покрај облаците, invitis nubibus. Мора и за мене да има уште еден почеток. Мил братучеду, тебе самиот Господ те донесе!“ Беше многу среќна кога го донесе ова решение, па, како и секогаш кога беше таква, сите поважни мисли што й минуваа низ главата си ги повторуваше на латински. „Ќе одам! Нека биде што ќе биде. Да биде вољата твоја боже, fiat voluntes tua. Не, нема да гнијам вака, без ништо, што ќе ги разбранува моите чувства, што ќе ги раздвижи моите мисли, само со тажни спомени; сакам да се измолкнам од оваа ужасна состојба и да се ставам во положбата која ми е 331


достојна. Јас си имам сакан, а се знае, дека сите патеки, патишта и насоки водат кон саканиот, tota via, cheminum et viaria. Таа донесе цврста одлука да отпатува на другата страна на светот, во Индија, за која немаше претстава ни каде се наоѓа, ни каква е – и таму да го побара својот Алонсо. Никој не е порешителен од мечтателот кој ќе намисли да дејствува. Беше надвор од себе. Ја стави раката на градите: „Колку силно ми чука срцето! А колку ми е пулсот забрзан, многу силно, неправилно, pulsus creber, anhelans, crepitans, irregularis“. Почна да се моли. Ги отчита Salve, salve maris stella 60 и Ave Maria, gratias plena 61. Со бескрајна благодарност й се обраќаше на Богородица: „O, gloriosa, Domina! 62 Јас сум под твоја заштита, sub Tuum praesidium. И постојано повторуваше: „Dio gratias. Amen. Amen. 63 По неколку дена дона Леонора и нејзината дуења ги соблекоа грубите волнени фустани, се спакуваа и го напуштија манастирот. Беше средината на март 1496 година. А наредниот ден по нивното заминување дојдоа двајца коњаници и зачукаа на манстирската порта: „Пушти не, игумене, ние сме рицари на кои им дотегнал животот и сакаме деновите што ни ги оставил Господ да ги поминеме во твојот манастир!“- така рекоа.

7 Во Ксандау по заповед на Тимор кан бил дигнат на страдањата раскошен храм Колриџ: „Тимор кан“ Саканиот на дона Леонора, меѓутоа не се подвизуваше во Индија. Тој не јаваше пред своите војници гордо исправен на коњот, во својот блескав оклоп, со пурпурна наметка која се виори на ветрот, со сјај во очите, со лав во срцето. Не, тој ниту имаше под себе коњ, ниту на градите оклоп, а уште помалку во очите сјај, бидејќи немаше ни против кого да се бори ни кого да води; туку, откако му го испи речиси сето најубаво вино на адмиралот, со смрачено лице почна да талка низ бедната населба Изабела на брегот на островот Еспањола, потпирајќи се на рамото на својот паж Родриго и проколнувајќи го денот, кога му паднала на ум мислата да дојде ваму. 332


Еве што напиша Бартоломеј Лас – Касас во своите записи кон крајот на април 1494 година. „Откако се виде, дека Изабела не е толку среќна 64 и откако се испостави, дека она „многу, многу злато“ за кое зборуваше рицарот де Охеда сепак го нема толку многу, адмиралот, кого што треската го тресеше исто како и повеќето од нас, седна и длабоко се замисли: што понатаму? Резервите од солено месо, вино, шеќер, ориз, мед, секакви лекарства и рогат добиток многу се намалија, така што реши од своите седумнаесет кораби да врати во Кастилија дури дванаесет, што беше 350 или 4оо излишни грла. Но со тоа ситуацијата не се подобри многу бидејќи посебно резервите од храна беа на привршување, треската уште посилно почна да не тресе 65, а и метежниците кои почнаа да се насетуваат уште за време на пловидбата кренаа глава 66. И покрај сите овие незгоди, а можеби токму поради нив, адмиралот на чело на голем одред излезе од Изабела и тргна кон внатрешноста на островот. Се упати кон земјата Сибао 67 со која владееше воинствениот касик Каонобо, истиот оној Каонобо кој најверојатно ја реши судбината на несреќните 39 – мина од крепоста Навидад. Тоа веќе не беше мирна експедиција туку воен поход, но тука беа рицарите Алонсо де Охеда, Педро Маргарит и Хуан Понса де Леон, така што никој не се сомневаше во успешниот исход. Луѓето посебно го сакаа Алонсо де Охеда – пишуваше Бартоломеј Лас – Касас – кој со своите некогашни подвизи стекна слава на најхрабар рицар во Обединетото кралство. Неговата незадржлива смелост и воено мајсторство (тој е ненадминат јавач, блескав стрелец и одлично го владее мечот) го предизвикаа восхитот на колонизаторите. Инаку тој е способен на херојски постапки, но и на престапни дела, мажеството и доблеста во него суштествуваат заедно со жестокоста и другите пороци. Тој ги презира своите соборци, а индијанците речиси и не ги смета за луѓе. Та тој славен рицар де Охеда зеде со себе стотина луѓе, влезе во пределите со кои владееше касикот Каонобо и по кратко време се врати одтаму водејќи го него и неговите роднини оковани во пранги, на голема радост на адмиралот и на неговите луѓе“. Итн, итн. А во почетокот и самиот Бартоломеј не беше многу милостив кон Индијанците, всушност тој си беше таков, ја сакаше литературата, а ги презираше ситните и безначајни луѓе. Уште кога дозна за гибелта на Шпанците од Навидад, тој беше толку згрозен од несреќата на овие и од жестокоста на Индијанците, што заедно се свештениците Бернал Боил, Диего де Алана и Себастијан Кабор и уште неколкумина влијателни луѓе како Алефранко, старецот Овандо и Хуан Гинес де Сапулведа свика еден 333


вид собир и предложи во одмазда за гибелта на христијаните да се казнат со смрт касикот Гуаканагари и сите други, за кои ќе се утврди дека се виновни. Повеќето од луѓето го делеа истото мислење и веројатно така и ќе се постапеше, ако не беше адмиралот; тој сметаше, дека смртта на кралот Гуаканагари со кого при првото патување имаше прекрасни искуства нема да овозможи ниту да воскреснат покојниците, ниту да се испратат во рајот, ако пред тоа не отишле таму... дотолку повеќе, што најверојатно самите си биле виновни за својата пропаст. Значи адмиралот, барем засега, не сакаше да се пролева многу крв, но ропството го одобруваше. Индијанците како робови – зошто не? Најпосле со нив нема многу лошо да се постапува, а и ако малку пострадаат, ништо затоа, тоа се само Индијанци. Се разбира, тие беа луѓе кога личеа речиси во сè на Европејците, но Господ така ги скроил, што Европејците можеа да располагаат со нив како со своја сопственост, па и како робови да ги ползуваат – таков беше ставот на адмиралот по тоа прашање. Та еден ден тој ги свика во својата камена куќа – единствено таа во Изабела беше камена, сите други беа дрвени колиби – Бартоломеј Лас – Касас и сите други, кои заедно со него го покренаа прашањето за одмаздувањето на 39 – мината, а имено свештениците Бернал Боил, Диего де Алана и Себастијан Кабор и уште Алефранко, Овандо и Хуан Гинес де Сапулведа, кој беше испратен на оваа експедиција како кралски довереник. Алонсо де Охеда, Педро Маргарит и дон Хуан Понса де Леон не ги канеше на такви состаноци, му беа потребни само мечевите на овие, не и нивните умови, за кои немаше многу убаво мислење. Кога повиканите се собраа, рече: - Сакам да составам мемориал до нивните височества во Обединетото кралство во кој ќе ја опишам состојбата на нашата колонија онаква каква што е, односно речиси очајна поради недостигот од потребните хранителни и други видови артикли. Упорно ќе барам да ни пратат храна, вино, лекови и уште сто – двеста коњи со кои ќе бидеме непобедиви. Како вицекрал на Индиите готов сум со силата на оружјето да ја зацврстам власта на нашите кралеви во овие земји, затоа ги барам сите тие работи. Но јас знам, дека Фонсека кој ја снабдува експедицијата прави сметка за секој грош и разбирам, дека моите барања нема многу да ги зарадуваат нашите кралеви. Затоа предлагам да ја компензирам издршката на нашата колонија со продажбата на робови од овдешните жители кои можат да бидат испраќани со корабите кои се враќаат во Кастилија празни. Така решив, во името на светата Троица. Направив сметка за печалбата од трговијата со робови и 334


пресметав, дека годишно можат да се испратат од Индија 4000 робови. Расходите ќе бидат само шест милиони мараведи, а можат да се спечалат околу 40 милиони 68. Како што се гледа, Христифор Колумбо, еден од највеликите луѓе на своето време, во тие моменти не можеше да се пофали со мнбогу доблест. Додуша, би рекол на тоа умниот Макијавели, тешко е да раководиш такви големи настани, а строго да се придржуваш кон обичните правила на справедливоста; личности како него бараат да се суди за нив не по одделните епизоди на нивните животи, туку по крајната цел на нивните дела. На оној на кого му се потребни прописи нема далеку да стигне, така би резонирал славниот автор на „Кнезот“; генијалните луѓе малку внимаваат на прописите, а многу работат. – „Можеби сето тоа е така – би додале ние на тоа - па сепак дамките остануваат“. - Да, меѓутоа вашиот предлог да се компензира издршката на оваа колонија со праќање на робови во Кастилија, адмирале – рече Хуан Гинес де Сапулведа, кој важеше за прв кралски довереник во експедицијата, а освен тоа важеше и за голем правник, еден од најголемите во Обединетото кралство – може да стане полноважен, само ако го прифатиме ние седуммината што не повикавте овде. Но извинете, јас избрзав. Можам ли да објаснам како стојат работите? - Повелете. - Согласно капитулацијата што ја потпишавте со нивните височества во логорот Санта Фе на 17 април 1492 година – на тој чин и јас бев присутен – вакви и слични прашања можете да решавате само во согласност со седумчлениот одбор, кого самиот ќе го изберете. Можеби сте заборавиле на оваа клаузула од Капитулацијата? Но, јас сум тука за да ве потсетам. Значи, потребно е извршно тело, одбор од седум души, кој треба да ги прифати вашите решенија, за тие да станат полноважни. Се согласувате ли ние седуммината што сме собрани овде да го сочинуваме тој одбор? - Ве молам. Токму затоа ве викнав. Знам дека во Капитулацијата негде фигурираше бројот седум. Решавајте. - Но претходно – рече Сапулведа – морам да ги запрашам овде присутните господа дали се согласуваат да бидат членови на одборот. Господа, изјаснете се поединечно. - Се согласувам – рече Бернал Боил. - Се согласувам – рече Диего де Алана. - Се согласувам – рече Себастијан Кабор. 335


- Се согласувам – рече Алефранко. - Се согласувам – рече стариот Овандо. - Се согласувам – рече и Бартоломеј Лас – Касас. - Ќе решаваме со гласање – продолжи да објаснува Сапулведа – Претходно ќе кажам уште, дека одборот мора да има претседател. Гласот на претседателот ќе има исто значење како и гласовите на другите членови; но потоа претседателот може да се предомисли и да стави вето на веќе донесената одлука, такви се правилата. Претседателот треба да го изберете вие, адмирале. - Го избирам Бартоломеј Лас – Касас – рече Колумбо – Тој е млад по години, но има дух за седум села, што се вели, го знам јас него. - Господине Лас – Касас – рече Сапулведа – се согласувате ли со изборот на адмиралот? - Се согласувам – побрза Бартоломеј, со светнати од радост очи. - Добро. Сега ќе гласаме. Господа членови на одборот, се согласувате ли со предлогот на нашиот адмирал да се праќаат во Кастилија Индијанци како робови? Јас се согласувам. - Се согласувам – рече Бернал Боил. - Се согласувам – рече Диего де Алана. - Не се согласувам – рече Себастијан Кабор. - Не се согласувам – рече Алефранко. - Не се согласувам. Би било премногу жестоко – рече стариот Овандо. Гласовите беа три на три. Требаше да реши гласот на Бартоломеј Лас – Касас. - Се согласувам – рече тој. - Добро – заклучи Салпуведа – Предлогот на адмиралот е усвоен, со тоа што, како што веќе реков, претседателот Лас – Касас, согласно клаузулата од Капитулацијата, може потоа да го нападне и со цврсти аргументи да се избори за негово поништување. Со тоа констатирам, дека, во името на Таткото, и Синот, и Светиот дух ја усвоивме енкомиендата69, што ќе биде, се надевам, полезна за сите нас. Вие, адмирале, сега можете да го составите својот меморијал до нивните височества во Обединетото кралство, а моја задача е да го обавестам нотарот Родриго де Есковедо да состави акт за решеното од нас. Тоа би било сè, господа. Седуммината лесно се поклонија пред адмиралот кој олеснувачки воздивнуваше и се упатија кон вратата, кога влезе, или, подобро речено како 336


луд втрча еден маж без шапка, со раскопчан елек и разградена кошула, држејќи гол меч во раката. - Значи јас не сум дораснат за вашите genus deliberativum 70, а? Значи јас ќе војувам, а други ќе мудруваат, а? Еј, адмирале, така ли се договоривме? А ни на пијачка веќе не ме каниш! Очите му беа закрвавени, се тетеравеше. Тоа беше рицарот Алонсо де Охеда. Беше трештен пијан.

8 Помнете капетане: тој човек по време алхемик голем ќе стане и ќе го открие – не тврдам, но верувам фантастичниот филозофски камен. Бен Џонсон, „Алхемичарот“ Во колонијата Елизабета почна да се зборува за луѓето на господарот со црвената маска, кои живееја од другата страна на Западните планини. Индијанците кои доаѓаа одтаму раскажуваа, дека во почетокот биле двајца, едниот од кои бил лично господарот. Бидејќи биле само двајца морале да бидат мирољубиви. Индијанците се сожалиле на нив, па им направиле колиби и ги снабдувале со храна. Но дошле и многумина други и почнале да ги тероризираат индијанските села во подножјето на планината – не чекале храната да им биде донесена, туку сами си ја земале, а земале и робови да им работат по нивите и градините. И Алонсо де Охеда ги имаше видено тие луѓе. Кога беше во земјата Сибао каде го ловеше касикот Каонобо, во еден теснец – така тој раскажуваше – здогледал група од дваесетина Шпанци, меѓу кои имало и еден со црвена маска на очите; мислел, дека тие луѓе се дел од неговата чета и им свикал, но тие без збор се измолкнале од видикот и како во земја да пропаднале. Беше јасно, дека првите двајца за кои зборуваа Индијанците се двајцата што изчезнаа од крепоста Навидад при првата експедиција во 1492 година, а другите кои потоа им се придружиле – оние двеста војници кои се одделија при втората експедиција кога се градеше Изабела – но кои беа тие луѓе и зошто се одделија, тоа никој не го знаеше. Алонсо сакаше со еден мал одред да тргне кон Западните планини, па откако ќе ги пронајде бегалците или да ги убеди да се вратат во Изабела, или пак да се пресмета со нив на свој начин, во секој случај да ја истера работата на 337


виделина; но адмиралот не сакаше да се пролева шпанска крв, па не го дозволи тој поход. Шпанците од другата страна на планината ги тероризираа Индијанците, но и оние од Изабела не беа многу подобри. Откако адмиралот ја предложи, а одборот од седуммината ја усвои енкомиендата, колонијата се исполни со индијанци од околните села, робови, кои требаше да одгледуваат земјоделски и градинарски растенија, да ловат риби, да прават колиби и да вршат секакви други работи за своите бели господари. Како и другите моќници во Изабела, така и младиот Бартоломеј Лас – Касас имаше робови. Меѓу Индијанците кои војниците ги доведуваа од околината си избра десетина силни мажи и уште две – три стројни девојчиња за со нив да си ги разубавува и онака убавите тропски ноќи. Им нареди да му направат пространа колиба со големи прозоци, така што, заедно со камената куќа на адмиралот тоа беше најубавото престојувалиште во колонијата. Кога тоа беше готово нареди да ја прекопаат земјата околу колибата и да ја засадат со овошки и градинарски растенија. Тоа го работеа половината од робовите, додека другите ловеа риби и вршеа секакви други работи. Сеќавајќи се на тажниот крај на оние од Навидад и на оние кои загинаа од отровните стрели на доморотците од островот Сан Кристобел за кои беше убеден, дека се грозни и свирепи човекојатци, Бартоломеј не само што не ги жалеше своите робови, туку и ги тиранизираше и сметаше, дека со тоа прави богоугодно дело. Во тоа време тој ниту читаше, ниту пишуваше, дури и од дневникот крена раце – книгите кои дотогаш беа зачетници на сите негови мисли и постапки како по некое чудо изчезнаа од неговиот живот – туку по цел ден се врткаше околу робовите и само гледаше на чиј грб да го спушти својот врел камшик. Така се случи, што и во него завладеа општото убедување, дека луѓето од овие рајски предели се човечки суштества од втор ред, окаени ѓаволи кои би ги спасиле своите ништожни души единствено така, што ќе ја прифатат верата на своите бели господари и покорно ќе им служат до својата смрт. Затоа тој сакаше до големиот крст среде населбата кој беше симбол на христијанската вера да се издигне срамен столб на кој ќе се врзуваат и ќе се казнуваат непослушните робови. Ги повика во својата колиба шестмината од одборот со кој претседателствуваше и својот предлог за столбот го даде на гласање. И пак Хуан Гинес де Сапулведа, Бернал Боил и Диего де Алана гласаа „за“, а Себастијан Кабор, Алефранко и Овандо „против“, така што и овој пат неговиот глас требаше да реши. Тој рече „да“ и налутено побара Кабор, Алефранко и Овандо да ја образложат својата чудна постапка: зошто одат против општото мислење, та нели и самиот адмирал ја 338


одобри енкомиендата како единствено прифатлива и корисна за Шпанците во овие предели и за целото славно Обединето кралство? На тоа Себастијан Кабор и Алефранко засрамено ги наведнаа главите и како да беа готови да се предомислат, само белокосиот Овандо кој одамна беше завлегол во деветата деценија и кој сакаше својот живот да го заврши на овие рајски острови, се прекрсти и рече: - Гревота е. Сите луѓе се божји созданија. Бартоломеј налутено тропна со ногата и покажа на голите индијанци кои можеа да се видат ноз прозорецот: - И тие ли се божји созданија? Ах! Белокос и, навидум достоен за почит старец – а како зборува! Да не може човек да поверува. Секоја чест на оној господар со црвената маска од другата страна на Западните планини, тој знае како треба со овие ѓаволи! Потоа тој долго зборуваше. Овие кутри суштества, рече, ја имаат единствената прилика да се спасат и затоа треба во сè да им се потчинуваат на своите бели господари, а оние кои се спротивставуваат треба жестоко да се казнат, таква е, рече, вољата Господова. Затоа тој нема да се задоволи со срамниот столб кој ќе биде поставен до крстот, туку има намера наредните денови во името на Таткото и Синот и Светиот Дух да свика уште еден состанок и на него да предложи пожестоки мерки за виновните Индијанци: ако поради некаков престап досега се отсекувало едното уво, за истиот престап натаму да се отсекуваат и двете уши; казнувањето со дваесет удари со стап да биде заменето со четириесет удари; казнувањето со сто удари да биде заменето со бесење, а бесењето, пак, да биде заменето со пуштање на настрвени кучиња кои ќе го раскасаат престапникот... И сето тоа во името Господово. – „Тоа е единствениот пат по кој треба да одиме, само така ќе му бидеме мили на бога“ – така заврши Бартоломеј. Додаде, дека уште сега ќе отиде кај адмиралот Колумбо за да го запознае со своите намери и убеден е, дека овој ќе го поткрепи. До тој состанок кој можеше да има грозни последици за несреќните Индијанци меѓутоа не дојде, бидејќи се случи еден настан кој предизвика судбоносен пресврт во неговата душа. Некаква Индијанка беше заврзана за едно дрво и пет дена по ред беше камшикувана затоа што се обидела да му избега на својот господар. Шестиот ден таа ниту молеше за вода, ниту покажуваше знаци на живот: беше мртва. До неа остана нејзината петгодишна ќерка. Токму во тој момент одтаму поминуваше Бартоломеј Лас – Касас. Несреќното дете сигурно беше многу исплашено и многу гладно и жедно, бидејќи се стрча кон него и му се 339


фрли пред нозете, липајќи и гледајќи го втренчено право во очите. И не само што се фрли пред него, туку и се вчепчи за едната негова нога, како да бараше заштита од него. Бартоломеј беше длабоко замислен, очите му беа матни. Тој јадосано го погледна детето и извика: - Што сакаш, ѓаволско дете? Истави ми се од патот! Детето не само што не се истави, тоа и не разбра што му се зборува, туку уште посилно се стисна до неговата нога. - Ах, така ли? Тогаш, еве ти! – рече Бартоломеј и со слободната нога силно го клоцна неговото голо телце. Тогаш кутрото дете ги раствори рацете, го погледна избезумено, се растрепери од глава до пети и после се спушти да бега со сите сили, без да смее да се заврти или да извика. Бартоломеј продолжи по својот пат и се обиде пак да се задлабочи во своите размислувања. Чекореше петнаесет минути, половина час, но никако не успеваше да ја фати нишката на мислите што беше ја прекинало малото индијанче. Каде ли отиде со трчаница тоа дете? Во почетокот не можеше да поверува, дека размислува за него, тоа му беше многу чудно. Се бранеше од таа мисла, ја тераше од себе и продолжуваше да оди. Но одеднаш застана, како да беше со гром пронижан. Чисто и јасно му се јави сликата на расплаканото девојче кое цврсто го држеше за ногата и втренчено го гледаше во очите. Очајно одмавна со раката и продолжи. Но сликата никако не изчезнуваше и пак застана: таа страшно го измачуваше. Неколку пати воздивна длабоко и бргу се врати назад. Дојде до дрвото на кое беше врзана мртвата Индијанка, но детето го немаше.Застана и викна: - Дете! Каде си! Молкна и почека. Немаше никаков одговор. Викна уште неколку пати. Однекаде се појавија некакви војници. - Да не видовте едно дете? Само пред малку беше овде. Војниците ги кренаа рамењата и одминаа без да одговорат. Потоа дојдоа неколкумина морнари. Тој притрча кон нив и ги запраша: - Господа, не видовте ли по патот едно дете? - Не – одговорија овие. - Девојче. Индијанче. Не видовте ли? - Никого не сме сретнале.

340


- Ќе ви дадам златник, само сетете се. Едно девојче, околу пет години, сосема голо. Сигурно ќерка на оваа мртва жена овде. Кога ме виде ми притрча и ми се фрли во нозете. Можете ли да ми кажете каде е? - Не сме го виделе – одговори едниот од морнарите – А ти поп ли си? Зошто се грижиш за тоа дете? Овде често умираат Индијанци и ги оставаат своите деца, но на никој ни окото не му трепнува поради тоа. Кој си ти и зошто толку се грижиш? - Јас гласав за енкомиендата и сакав да се подигне срамен столб на кој ќе умираат несреќните Индијанци. Јас сум злосторник, кому треба да му се суди. Јас сум убиец! – рече Бартоломеј со солзи во очите. Морнарите одмавнаа со рацете и бргу се оддалечија, мислејќи дека на овега не му се сите на број. Одмина цел час, се смрачуваше. Бартоломеј сè така талкаше меѓу колибите, го бараше голото девојче. Неколку пати се стрча кон некаква силуета, која му личеше на клекнато детско суштество, но секогаш тоа беше голем камен или отсечено дрво. Се спушти изнемоштен на еден камен, ја стисна главата со двете раце и се расплака: - Проклет да сум! Всушност, не знаеше што точно се случува со него. Се сети на зборовите на старецот Овандо: „Сите луѓе се божји созданија“. Чувствуваше, дека во него започнува борба, титанска и решителна борба, во која тој требаше да победи или да загине. Таинствен глас му дошепнуваше, дека пред малку доживеал судбоносен за својот живот час и дека треба да го фрли својот досегашен живот и досегашните убедувања, да се ослободи од нив како од стар, тежок багаж и да тргне по нов пат, дека понатаму за него нема да има среден пат, дека ако не стане најдобриот ќе биде најзлобниот човек, дека сега треба, така да се каже, или да се издигне повисоко и од најдобросовесниот епископ, или да падне пониско и од последниот разбојник. Како кукумјавка пред чиј поглед блеснува одеднаш сончевиот изгрев, Бартоломеј седеше на каменот зашеметен и речиси ослепен од сјајот на новата мисла која небото му ја прати. Знаеше дека веќе не е истиот човек, дека сега сè во него е променето. Тој ги камшикуваше своите робови и ги тераше да работат до бесвест, сакаше да го издигне проклетиот столб на кој ќе се врзуваат несреќните Индијанци, се спремаше да гласа тие да се камшикуваат и бесат, на нив да се пуштаат настрвени кучиња за да ги раскасуваат. Зошто? Пред малку немилосрдно клоцна едно исплашено до смрт, гладно и жедно девојче – зошто? Кој тоа можеше да го објасни? Каков ѕвер завиваше во него? Каков 341


демон раководеше со неговите мисли? Бартоломеј избезумено се запраша кој ли беше тој ѓаволски човек, кој до овој час живееше во неговата душа – и со ужас ги заврте очите од него. Неговото сознание постепено се пројаснуваше, осветлено од необична божествена свитлина и таа светлина ја залеваше неговата душа; како да го капеше своето нечисто тело во рајски зраци.

9 ... А јас одам натаму, каде со восхитен дух наоѓам светлина, наоѓам ден светол. Иго Се врати дома. Неговите робови кои не еднаш му го беа почувствувале камшикот плашливо го погледнаа и ги наведнаа главите, очекувајќи ги неговите наредби. Тој почна да ги прегрнува и да ги бакнува, оросувајќи им ги лицата со своите солзи, потоа побара во колибата некакви стари наметки, за да им ја прикрие голотијата. - Слободни сте, слободни... Вратете се во своите села, или одете каде што сакате, правете што сакате; или пак останете кај мене, ќе ве направам свои браќа и сестри, ќе поделам сè што имам со вас – така им велеше, а тие не го разбираа и го гледаа со ококорени очи. Се погледна во големото огледало во колибата: очите му беа вцрвенети од плачење, но погледот јасен и сјаен, решителен, лицето одухотворено; одеднаш веќе не беше озлобен и свиреп тиранин кој подигнува столбови за мачење, туку креатор на богоугодни мисли и идеи, решителен борец за правата на унесреќените. Се сети дека е претседател на седумчлениот одбор кој беше формиран согласно некаква си таму клаузула од Капитулацијата склучена меѓу адмиралот Колумбо и нивните височества, сето тоа Хуан Гинес де Сапулведа оној ден убаво го разјасни. Замоли еден од своите Индијанци – сега веќе не наредуваше, а замолуваше – да ги повика членовите на одборот, имено Бернал Боил, Диего де Алана, Себастијан Кабор, Алефранко и Сапулведа, а самиот се упати кон колибата на стариот Овандо. - Вчера Сапулведа, сега вие – рече старецот штом го виде – Ваше господство, сте дошле во својство на председател на одборот за да ме 342


прекорувате за мојата слабост кон Индијанците, тоа ли е? Но, не плашете се, старец како мене не може да биде уште долго опасен. Најпосле, ако веќе така сакате, нема веќе ни збор да речам на вашите состаноци, и онака мојот глас нема никакво значење, штом го имате мнозинството. Вака или онака мојата мисија на овој свет е готова и сега, чинам, единствено ми преостанува спокојно да умрам. Бартоломеј го запре со едно движење на раката и рече со треперлив глас: - Не дојдов да ве прекорувам, благороден мој татко – дозволувате ли да ве нарекувам татко? – туку да паднам на колена пред вашите бели коси и најпокорно да ве молам за прошка. Старецот тешко им веруваше на своите уши. - Да ме молите за прошка? Што значи тоа, господине Лас – Касас? Да ви верувам ли? Timeo Danaos et dona ferentes 71. Што значи сега тоа? - Тоа значи, дека ги увидов своите заблуди, дека нова душа, душа со светли крилја се пробуди во мене. Јас, татко, ја открив својата животна вистина. Од сега, па сè до својот последен здив ќе се борам за правата на несреќните Индијанци, чиј што рај ние, белите, брадјосани Шпанци, го претворивме во пекол. Старецот внимателно се загледа во очите на младиот човек. Веќе не се сомневаше. Ги дигна рацете кон небото. - Славен Исус Христос! Dio gratias. Amen. Regina Coeli lactare 72. Но, на што се должи тоа, синко мој? - Денес видов мртва индијанка и до неа девојче, сигурно нејзина ќерка. Детето дотрча и ми ги прегрна нозете, бараше од мене помош, а јас го оттурнав како некоја гадинка. После се вратив да го побарам – го немаше. И така почна. Се соочив со вистината и кога ја спознав ја разбив на парченца мојата глупост. - И така, велиш, се случи? - Така се случи. Желбата да им помогнам на овие луѓе одеднаш стана основа за сите мои размислувања. Во дел од секундата во мене се смести една нова личност. Тоа непознато „јас“ ми дојде во пресрет однадвор, како некаков ангел и тогаш ме опфати чувство на неискажана милина. Стариот Овандо повторно ги крена рацете угоре: - Фален Исус Христос! Фален Исус Христос! O, Sanctus! 73 Вистинско чудо се случи! Сине мој, навистина ли можам да верувам, дека си го преминал својот Рубикон? 74 Се надевам дека е така. Spero. 343


- Верувајте, благороден старецу! Надевајте се! Еден ден ќе ви раскажам подробно за овој момент што денес ми се случи, за целиот мој живот, за чистото злато на моите желби, за своето срце кое сепак го запазило својот оган под ледовите на ледената зима. - Понекогаш и такви работи се случуваат. Возможно е некој ден внатрешна светлина да заструи од нас и тогаш веќе немаме потреба од друга. Добро, сине мој. Направи го тоа, што срцето ти заповеда и прими го тоа како глас на неговата совест. Наполно те разбирам и те поддржувам. - Но каков демон живееше во мене до пред еден час? Та јас реков „да“ за воведување на ропството, се залагав за најригорозни казни за Индијанците. Јас ве мразев од дното на душата поради вашето „не“, татко! Бев жесток, бев убиец, крвопиец! - Не префрлувај си. Ти беше како и повеќето Шпанци кои дојдоа во овој свет. Зошто си морал да бидеш поинаков од нив? Само на малкумина им е дадено да бидат поинакви од другите. Дури ни адмиралот Колумбо кого јас многу го ценам, не се издвојува од другите во тој поглед. Ќе ти кажам за себе. Кога дојдов овде, јас се чувствував осамен, бидејќи бев поинаков. Животот на другите се развиваше пред мене како бескраен ланец на суровост и алчност, како постојана валкана борба за збогатување. А мене ми беа доволни само книгите – речиси ги знам напамет „Dialogorum libri 12“ 75, „De finibus bonorum et malorum“ 76, „Ad Lucilium epistolarum moralium libri 20“77 и делата на Катон и Марк Аврелиј – и сознанието, дека спокојно ќе го завршам својот земен живот во ова прекрасно катче. А сите човечки нискости беа далеку од моето срце. Бев осамен, бидејќи само требаше да излезам од својата колиба и да сфатам, дека сите тие војници, морнари, службеници, работници и слуги не живеат како што живеам јас, не го сакаат истото, не одат по истиот пат. Бев прекуброен. Не е лесно човек да се чувствува таков. Го молев бога што побргу да ме повика кај себе. А сега ми доаѓаш ти, сине, и ми велиш: „Јас тргнав по твојот пат, татко!“ Славен Исус Христос! А ти не јадосувај се поради тоа, што си бил како другите. И покрај тоа шти си ги камшикувал робовите, ти си го чувал убавото во себе. Ти си духовно богат човек, а во душата на таков човек постои чувство кое се стреми да се одрече од сите нискости, од сите задоволства кои се лишени од дух. Ти во рацете си држел камшик, но во срцето си носел бајка, а реалноста не била доволно силна да ја убие таа бајка. Се прашуваш каков демон живеел во тебе? Судбината, знај го тоа, им завидува на сите оние, кои се предодредени да избегаат од реалноста и да се вивнат кон височините. Таа им ги заврзува крилјата на овие и ги принудува барем некое време да живеат 344


како сите други луѓе. Но таквото ропство не трае долго: крилјата се ослободуваат и избраниот полетува нагоре. Еве и ти: си го видел кутрото Индијанче и во истиот миг не само твојот поглед, туку и твојата душа се устремила кон него. - Зборувајте, татко, зборувајте... – во занес воскликна младиот Бартоломеј; како да го слушаше откровението на некој светец. - Твојот претстој во овој свет започнал да тече неправилно, но срцето не се расипало, разумот се запазил. „Ecce agnes dei“ 78 – си велам гледајќи те ваков, со зацрвенети од покајнички плач очи. Си решил да се бориш против неправдите? Ти си велик човек. Ти си мојот вистински син, те препознавам. Сега напред! Напни се својата душа да ја издигнеш до височините на Катоновата душа. Далеку од сè што е ситно, подло, тесно! Ирониите и ниските страсти никогаш да не ти бидат својствени. Ти си предодреден за велики дела, само поддржувај го оганот во себе. Ти ги помина нерамнините на патот до самиот себе и сега почни да го градиш своето бесмртно дело. Бартоломеј падна пред нозете на старецот и му ги бакна рацете. - Што да направам за да го издигнам своето дело, учителе? Би сакал да живееш сто години, за да ме подучуваш! - Не сметај на времето што мене ми преостанува, тоа се топи како лед на јулско сонце. Но, не плаши се. Ти во градите носиш величие и самиот ќе сфатиш што треба да направиш. Милосрдноста треба да биде основа на сите твои мисли и постапки. Бори се за кутрите Индијанци! Ќе ти биде тешко, небото над тебе ќе биде мрачно, но ти бори се и покрај облаците, invitis nubibus. Моќници ќе бидат против тебе, дури и самиот адмирал, можеби и кралевите, но ти не грижи се за тоа. Стави ги овие чеда на природата под своја заштита, sub tuum praesidium. Кога веќе се пронајде себе си, живеј така и никако поинаку. Најголема уметност е да живееме во согласност со себе. Работи, само работи! Никогаш не губи си го времето, никогаш не пресадувај ја својата душа на бесплодна почва, од која ништо не можеш да очекуваш. Биди работник, кој е верен на својата природа, кој го бара справедливото, кој наполно му се оддал на хуманото. На тој начин нема да стекнеш богатство и слава, сосема е можно да останеш никој и ништо. Но често оној, кој во материјалниот свет е само една мравка, во духовниот испаѓа титан. Ќе паднеш во немилост, ќе стекнеш моќни непријатели кои само со едно замавнување со прстот би те смачкале, често нашето „јас“ е причина за многу наши несреќи и огорчувања, но индивидуалниот човечки живот е ништо во споредба со големите идеи и вистините, кои се изнесуваат пред светот. А можеби и тие, моќниците, еден ден ќе видат, дека треба да ја 345


повлечат својата немилост кон тебе: зарем на хуманиот треба да му биде одземена неговата вера и на орелот неговото лебдење во орловските далечини? Значи, зафати се со работа, сине мој. Не губи самодоверба, цврсто верувај во она, што живее во тебе и нестрпливо чека да биде обелоденето. Зафати се здраво со мисијата, која бог ти ја поверува, а тоа е заштитата на слабите и угнетените. Твоето срце нека се устреми кон сè што е велико и возвишено со онаа сила на чувствата, со оној полет и пламен, какви во ова време ретко се гледаат. Во светот на духот биди etre superieur 79, што би рекле Французите. Твојата реалност е ров исполнет со мрак? Истерај го мракот на тој начин, што ќе работиш на твоето дело. Другите можат да се одмараат и да уживаат во светските задоволства, а ти... ти треба да се трудиш, да се стремиш, да бидеш полезен. Та кој друг ако не ти... Старецот зборуваше и зборуваше и во тие минути се раѓаше оној Бартоломеј Лас – Касас кого што го познаваме од страниците на книгите за најголемите добротвори во светската историја. За да се случи тоа една Индијанка требаше да умре, а нејзиното девојче, исплашено и очајно да потрча кон првиот човек кој се задал од некаде. Така е тоа: колку и да се китат луѓето со своите велики дела, често тие дела се должат не на големи замисли, а на случајности. ~~~ Младиот Бартоломеј се врати во својата колиба, а таму веќе го чекаа членовите на одборот. Го немаше само Хуан Гинес де Сапулведа, но и тој набргу дојде. Заседанието се одржа вечерта, curia erat serena. - Само Овандо го нема – рече Сапулведа – Сеедно, тој стар глупак со ништо не може да ни помогне. Претседателе, земете го зборот и кажете зошто не собравте, - Тој „стар глупак“ – рече Бартоломеј – е мојот татко и учител и јас ќе бев посреќен ако беше овде. Сапулведа направи лице како змија да го каснала. Само рече: - А...? Во почетокот седеа и спокојно расправаа, но многу бргу страстите се разгореа, па сите настанаа и расправата продолжи на нозе, peripatetici ambulantes disputabant 80. - Ве собрав за да ви соопштам, дека не се сложувам со решението што го донесовме на претходната седница – рече просто Бартоломеј. - На што мислите? – запраша Сапулведа. 346


- Мислам на Индијанците. Сапулведа беше повторно каснат од невидливата змија, но овој пат каснувањето беше поблиску до срцето. - Што значи тоа, претседателе Лас – Касас? – запраша суво. - Тоа значи, дека одсега па натаму ќе се борам за правата на кутрите Индијанци и дека ќе сторам сè барем да ја ублажам нивната судбина, кога веќе ја имаа несреќата среде својот рај да се соочат со нас, белите разбојници. - Сигурно нешто сте сонувале, претседателе, или пак кога сте се разбудиле прво сте стапнале на левата нога – злобно рече Сапулведа – И што, мислите ли, дека вашата фикс – идеја, која, се надевам, веќе утре ќе се распрсне како меур од сапуница ќе помине на денешното заседание? - Сигурен сум. А мојата идеја не е фикс, ве уверувам, господине. - Ајде, ајде, не уверувајте ме. Но зошто сте толку сигурен? - Кога адмиралот не собра првиот пат самиот вие рековте, дека, согласно Капитулацијата донесена и потпишана од него и од нивните височества на 17 април 1492 година во логорот Санта Фе, сите решенија на ова тело ќе се донесуваат со гласање. - Така реков. И што од тоа? - Тогаш ја усвоивме енкомиендата со која им го загорчивме животот на жителите на овие острови. Тројца беа „против“, тројца – „за“. Јас, како претседател гласав последен. Гласав „за“ и благодарение токму на мојот глас ропството беше усвоено. - Гласавте како што му доликува на секој верен поданик на нивните височества. Индијанците можат да бидат многу полезни за оваа и за идните колонии што ќе се основаат на овие острови, односно нивната издршка, како што објасни адмиралкот ќе се компензира со праќање робови во Кастилија; а тоа ќе биде добро и за целото наше кралство, толку сакано од бога. - Со сета почит кон нашите кралеви и нашето кралство – рече Бартоломеј – овој пат мислам поинаку и на повтореното гласање ќе донесеме решение, со кое енкомиендата ќе биде урната. - Како тоа? - Тројца ќе гласаат за ропството, тројца – против. Меѓу оние кои ќе гласаат против ќе биде и мојот драг татко, господинот Овандо, кој, се разбира, ќе присуствува на претстоечкото советување, ad consilium impendendum. - Е – и? – уште позлобно се озаби Сапулведа. 347


- Јас како претседател ќе гласам последен. Ќе го искористам своето право и ќе гласам против ропството. - Ќе гласате против – и што од тоа? - Како што? Ние ќе бидеме четворица, а вие тројца. Мнозинството победува, нели? Nec Hercules contra duos 81. Ќе биде исправена една голема, голема неправда. - Ајде да видиме. Се согласувате ли да направиме едно пробно гласање? Ајде. Да видиме кој е pro, а кој – contra 82. Да претпоставиме, дека е присутен стариот Овандо и дека веќе гласал против енкомиендата. Значи, имаме еден глас „против“. Нека гласаат другите. - И јас гласам против енкомиендата – бргу рече Бартоломеј. - Имаме веќе два гласа „против“ – рече Сапулведа, не престанувајќи да се смешка – Понатаму, понатаму... - Против – рече Алефранко, но, тоа убаво се виде, му намигна на Сапулведа. - Три гласа „против“ – броеше Сапулведа – Понатаму? - Јас сум „за“ – рече Бернал Боил. - И јас сум „за“ – рече Диего де Алана. - „За“ – исто така рече Сапулведа. Остана уште Себастијан Кабор. Досега тој гласаше против ропството.Овој пат, меѓутоа рече: - И јас сум „за“. Сега Бартоломеј беше каснат од змија. Поради нешто Себастијан Кабор го беше сменил мислењето. Што се случило? Дали Сапулведа успеал да влијае врз него? Или во него настанал истиот оној процес како кај Бартоломеј, само во спротивната насока? - Пак сме четворица наспрема тројца – ликуваше Сапулведа – Но вашите предвидувања не се остварија, претседателе. Залудно не свикавте. Бартоломеј пливаше во пот, иако во колибата не беше жешко. Долго мислеше. Потоа рече: - Добро. Но вие самиот рековте, господине Сапулведа, дека претседателот може да стави забрана на веќе донесената одлука. Јас сум претседател и ќе го искористам тоа право. - Да, премногу буквално го цитирав законот, што не е секогаш препорачливо. Но додадов, дека тоа можете да го направите само ако имате во рацете цврсти аргументи, се сеќавате ли? - Ги имам. - Кои се тие? 348


- Го имам разумот на своја страна. - А што може разумот против енкомиендата која може да донесува 40 милиони мараведи чист годишен приход? - Слушајте, господине, само до пред неколку часа јас сè уште го немав откриено она, во кое можеше да се пројави моето вистинско „јас“ и кон Индијанците бев дури и позлобен од вас. Бев бездушен меѓу бездушните. Изутринава се случи нешто, што ме натера да се иселам од домот на бездушните, па уште и ја треснав вратата по себе. Одеднаш видов, дека безумието во светот зело врв над разумот и пророкувам како Исај среде татнежот на бурите, дека, ако остане како што што е, за педесет години на овие рајски острови нема да има ниту еден клет Индијанец. Но разумот, иако засега победен сè уште живее, сè уште постојат добри христијани како што е мојот учител Овандо, кои гледаат и на неевропејците низ Христовото срце, бидејќи неговата главна поука е, да ги прифаќаме и сакаме сите народи. Најпосле разумот сепак ќе победи. - Разумот ќе победи – каква изветвена фраза. За кој разум зборувате? Едно нешто за еден е разумно, за друг е глупаво. Па и да победи разумот, како што велите вие, човекот намерно ќе полудее за да се ослободи од него и да биде како што тој сака, да живее по свое. Јас верувам во тоа, бидејќи целата човекова мисија, така изгледа, се состои само во тоа, секој момент да си докажува самиот на себе, дека е сè подредено на неговата воља. Ако живеев во катакомбите во времето на првите христијани, сигурно поради овие зборови ќе покажеа со прст на мене, но јас живеам во петнаесеттиот век и ич не ми е гајле ако некој ме нарече бездушен, ако мојата репутација навредува или вџашува некого. Јас работам согласно желбата на адмиралот и интересите на кралевите – па што тогаш? Најпосле јас имам свој закон и свој суд пред кој ќе одговарам. - Но имате ли вие совест? Еден ден можеби таа ќе ве повика на одговорност. Бидејќи, кога нема закон, казната е совеста, sine lege autem poena conscientia est. - Совест? Оние што имаат совест се прогонети да лутаат по земјата и да им служат за потсмев и вртење со главата на луѓето и народите. Ех, и самиот ќе видите, млад господине, дека, ако продолжите да бидете тврдоглав како магаре, вашиот чуден дух, вашето хумано чувство, вашата љубов кон правдината – дека сето тоа ќе биде изложено на потсмев. А можат да ве осудат и за негосиантизам 83: на кралицата нема да й се допадне вашата хуманост, ако посака меѓу своите високопоставени дами да има и неколку Индијанки. Вашиот духовен свет е сличен на посада што ја опседнуваат 349


илјада непријатели, зарем не го гледате тоа? Вратете се на правиот пат, господине Лас – Касас и примете го како свршена работа фактот, дека настанал нов поредок на нештата, rerum novus ordo nascitur, сосема различен од оној, што живее во вашата глава. - Absit! 84 – викна Бартоломеј, целиот надвор од себе – Човек мора да го негува само она, кон што неодоливо се стреми неговата душа. Од изутрината во мене заживеа друг човак, јас ја спасив својата душа, salvani animam meam. Да се дојде до земниот рај и да се истребат неговите чеда – ах, ви се молам! Тоа ли е божјата воља? Тоа ли е најдобриот свет кој бог во својата мудрост можел да го познае, кој со својата добрина го избрал и со својата моќ го создал? Затоа никогаш нема да се предомислам. Јас сум тој што сум. – „Стани таков каков што си“ – рекол Пиндар и јас го послушав и низ целиот свој живот ќе останам верен на себе си. Можеби и јас сум крив за смртта на онаа Индијанка која сè уште стои врзана за дрвото и за жалната судбина на нејзината ќерка, но за таа сметка ќе спасам десетици илјади други, се колнам во тоа! - Не се плашам јас од вашата мисла, господине Лас – Касас – одговори на тоа кралскиот довереник – таа секако ќе пропадне, но вие можете да станете незгоден со самото тоа, што го сменивте својот глас. Imminet schisma in Gallia 85, што би рекол Цезар. Вие й припаѓате на Gallia togata 86, што би се рекло, вие сте од патрицискиот сталеж, сенатор, кој, меѓутоа – да се чудиш и да се крстиш – изигрува некаков си таму antibarbarus 87, робовладетел, кој се бори за правата на робовите. Самиот тој факт е непријатен и јас сметам, дека вие треба да очекувате да бидете одстртанет како persona non grata. - Мојата маленост е само една anima candida 88, господине Сапулведа. Мене ќе ми биде драго ако... - Вам ќе ви биде драго, ако на овие острови ја изградите својата држава на Сонцето, Civitas Solis. Ах, станувате досаден со своите морални поуки. Што ќе речете сега: Nihil est tam populare quam bonitas? 89 Или: Justita regnorum fundamentum? 90 Или: Iuris praecepta sunt haec: homeste vivere, alterum non laedere, sum cuique tribuere? 91 Или: Justitia omni auro carior? 92 Ама оставете ги тие работи! Вистина, околу тоа, дали се луѓето среќни по богатството или по добродетелта, ultrum divitiis an virture hominess beati sunt (боже, грлото ми се исуши од тој латински!) можеме уште и да расправаме, но вашиот издвоен глас, votum separatum, ги боде ушите и тоа не е пријатно. Слушајте, јас дојдов во овој свет како довереник на некои влијателни луѓе во дворот меѓу кои и Талавера и Торквемада и вие, млад господине, ако се 350


вратите во својата првобитна благословена состојба на духот, можам да издејствувам кај нив да добиете висок ранг во нашата ecclesia universalis 93. Та оставете ги тие глупости, господине Лас – Касас! Добродетелта е крава, која малку и тешко дава млеко. Луѓето ја фалат добродетелта, но само колку да си го направат зборот, а инаку ја мразат, бегаат од неа како од чума, бидејќи од неа избива студенило. Сакате да ги усреќите бедните индијанчишта? Ама кој ѓавол ви ја вдена таа мисла? Ајде, ајде, господине вразумете се еднаш и разберете, дека овдешните луѓе се на многу пониско рамниште од нас. Слушајте. Како млад јас многу го ценев Емпедокле поради една негова теорија, колку и апсурдна да беше таа. Според таа теорија отпрвин изникнале одделни делови на живото суштество: глави, раце, нозе. Потоа тие фатиле да се сврзуваат кој како: глава со нога, труп со повеќе раце итн. Но овие чудовишта не биле способни да се одржат. Затоа на третото стапало останале во живот само нормалните суштества. На четвртото стапало живите суштества не настанувале веќе едно од друго, туку се размножувале. Меѓутоа, вели Емпедокле, успеало да преживее едно од чудовиштата, и тоа најнелогичното: труп со раце, без нозе и глава. За да преживее, тоа се преправило во нормално суштество, но кога веќе преживеало во форма на нормално суштество, си ја повратило својата чудовишност на тој начин, што станало опако, глупаво, одвратно и сосема празно, сосема неодухотворено суштество. Јас, како што кажав, не им верувам многу на старите филозофи, но ако по некое чудо се покаже, дека Емпедокле е во право, тогаш и со раце и со нозе ќе потпишам, дека потомци на чудовиштето кое преживеало се токму овие Индијанци. И сега, господине, вие сакате да се борите за нивните права? Ама немојте, ви се молам! Сакате да направите од нив луѓе како мене и вас? Нејсе! А освен тоа, знаете ли како се вели? Ако на грбавиот му се одземе грбата, му се одзема и духот. И ако на слепиот му се дадат очи, ќе види многу лоши работи на земјата, па ќе го проколне оној, што го излекувал. А оној, кој неподвижниот би го натерал да прооди, ќе му нанесе најголема штета бидејќи кога ќе почне да оди, со него ќе тргнат и неговите пороци. Та оставете ги ситните, безвредни човечиња на нивната судбина – што има вие да се грижите за нив? Послушајте ме, по години јас можам да ви бидам татко. Ништо нема да постигнете, верувајте ми. Добродетелите се губат во интересите, како што реките се губат во морето. А со моја помош, како што реков, можете и кардинал да станете. Во спротивно... - Во спротивно ќе ме заврзете на четири коња и ќе ме расчеречите? Ќе ме запалите на клада која гори со тивок оган? Не одоброволувајте ме и не 351


заплашувајте ме, јас до мојот последен здив ќе работам на тоа, да им олеснам на кутрите доморотци. Alteri vivas aportet, si vis tibi vivere 94, тоа уште старите Латини го рекле. Кардинал ќе ме направите, така ли рековте? Ако ми го предложевте и папскиот престол, ќе одговорев: „Благодарам, но повеќе ја сакам милосрдноста“. Ни збор повеќе за можноста да се одречам од мисијата, што Господ денес ми ја даде! Пред да се согласам со тоа, со поголемо задоволство ќе умрам и последните мои зборови ќе бидат зборови на заштитник на несреќните. Ете за што мене бог ме чувал! А јас можам многу, ве уверувам, многу може оној, кој прави нешто од срце. Можеби ве разочарав, господа, но што да се прави, јас поинаку не можам да мислам. Судете за мене како што знаете, а јас ќе живеам за себе и нема да се плашам од ништо. Господине Бернал Боил, и вие, господине де Алана, и вие, господине Кабор кој дозволивте да ве предомислат, па и вие, господине Алефранко, кој исто така сте на пат да се предомислите, сите вие ми велите: „Биди како нас – мисли, дејствувај и чувствувај како нас! Но јас не можам, господа. Најголемиот дел од вистината се состои во милосрдноста, ете зошто велам, дека својот живот ќе й го посветам на вистината, vitam impendere vero. Ќе си го живеам својот живот, ви велам. Ако заиграм друга роља од мене ништо не би испаднало. Ќе се жртвувам себе си за идејата, ќе го жртвувам своето време, своето битие. Можеби поради тоа ќе ме исфиркаат, можеби ќе загубам сè; но кога Медеја на крајот ја запрашале што й останува, одговорила високомерно: „Јас, јас и тоа е доволно“. Болешлива е славата на богатството и златото 95, но вечна на добродетелта. Сега одете си, се разбравме. Gloria in excelsis Deo et in terra pax hominibus bonae voluntatis 96... Кога излегоа од колибата на Бартоломеј петмината некое време одеа молчејќи, секој занесен во своите мисли. Потоа се разџарикаа: - Тој навистина сонува за својата Држава на сонцето – рече Бернал Боил. - Не, тој е само чувствителен човек, но денес животот е таков, што чувствата во него не можат да имаат никакво учество – додаде Диего де Алана. - А можеби има право? – повторно се поколеба Себастијан Кабор – Бидејќи – што ако одиме против бога? А бог е во нас, est Deus in nobis. На крајот на краиштата јас сепак сакам да си ја спасам душата. Гледајте, црна птица прелета над нас, тоа е лош знак, malum signum. - Глупости, Бартоломеј Лас – Касас е само еден издвоен глас и ништо повеќе – возврати Алефранко – Ќе се поежи, поежи – и ќе си го свитка опашот. 352


Сите се насмеаја, со исклучок на Сапулведа. Тој рече: - Risu inepto res ineptior nulla est 97. И мрачно додаде: - Hannibal ante portas 98. Ах, се гледа дека ова конте не е баш мачешка кашлица. Ќе си имаме проблеми со него. Ама, што тој има толку против ропството, боже мој? Јасно е тоа, дека некои луѓе се одредени да бидат духовно празни, а тоа се во нашиот случај доморотците, а други господари, а тоа сме ние, Европејците и првите треба да им служат на вторите, бидејќи духовно празните поради својот фатален недостаток – одсуството на интелигенцијата, на духот – не можат да бидат ништо друго освен робови, а духовно богатите поради извонредниот подарок што им го дала природата – богатиот дух – ништо друго освен господари на овие првите. Таква е поставеноста. Во старо време тоа го рекле и такви умови како Платон и Аристотел. Тие уште додале, дека робот претставува дел од господаревото тело. А што ќе се случи ако тој дел се одвои од својот господар, па самиот стане господар како што тоа го сака господинот Лас – Касас? Ќе настане светот на простите, на духовно празните, ете што ќе се случи. Полн хедонизам. Вистинска катастрофа. Потоа и неговото лице се разведри и додаде со поблаг тон: - Всушност, ние зборуваме за еден многу умен човек, но штом немаме полза од неговиот ум, зошто да си ги чукаме главите?

10 Каде што маса за јадење беше сандак мртовечки сега стои. Державин - Мој господару... - Што е, пажу? - Гледам, сте го ставиле појасот со кој тргнавте во походот на градот Алмерија. - Да, мој пажу, добро забележа, навистина со тој појас тргнав на Алмерија.

353


Тоа Алонсо де Охеда и неговиот паж Родриго разговараа, качени на една височинка во близината на Изабела, од која можеше да се види огромното морско пространство. - Господару... - Кажи, мој пажу? - Под Алмерија ли загина вашиот братучед Педро де Охеда? Мислам дека беше под Алмерија. - Да, таму загина мојот братучед Педро... Петар Охридски. Ех, каква несреќа беше тоа... - Но за таа сметка, пак, вие го срамнивте со земјата градот, камен на камен не оставивте. Лежеа под сенката на едно големо дрво, пиеја од црното вино во големото шише со плетена обвивка што го беа донеле и одеа негде наназад, по патот на спомените. - Мој господару... – по трет пат се јави пажот. - Кажи, пријателе мој? - Убави времиња беа тоа. - Вистина е, убави... преубави... Убави, стари времиња. Колку е тажна мислата, дека никогаш нема да се вратат! Ако некогаш се вратиме во Кастилија, ќе отидеме во Гранада и ќе речеме: „Тука беше Троја!“ 99 – тоа е сè што можеме да сториме. - А се сеќавате ли на Баса? - Како не, Баса е сонцето на моите спомени. - Трчавте по нашите штитови што ги бевме кренале над главите и така влеговте во Баса. Во едни стари записи од Полибиј 100 еднаш прочитав, дека наемничкиот водач Матос на истиот начин се обидел да ја завземе Картагена. Нему не му пошло од рака да ја завземе Картагена, но вие ја зазвзедовте Баса. - Во еден момент се најдов сосема сам среде мноштвото Маври. Кога викнав ти прв притрча, мој храбар Родриго, и го дигна штитот. Потоа дојдоа и други. Но не треба да ги повикуваме убавите спомени. Тие само го загорчуваат животот. - Тоа е така, бидејќи не остана ништо од некогашниот блесок и величие, мој господару. - Така е Родриго, нема блесок и величие на овие пусти острови. Овде има само шуми, големи јата птици и бедни, голи доморотци. Со кого овде да се бориме, со нив ли? Што ќе постигнеме со тоа, што ги убиваме кутрите Индијанци? Каква би била нашата заслуга ако печалиме победи без да 354


сретнеме противници? Овде сме како кози заврзани за кол. Ќе дојде ли ден кога ќе не одврзе раката на судбината? - Овде ние ќе се претвориме во servi kasati 101. Овде, колку и да е топло, ќе не прониже студот на затапувачкиот живот. Ќе не столчат ситните, безначајни настани, верувајте ми, ваше господство. - Ти верувам Родриго, ти верувам. Тешко е да се остане жив и здрав во едно вакво место. Та ова е прогонство! Воздухот тука е чумав за таквите како нас. Го имам чувството, дека тоа наоколу и не е живот, а делчиња од живот, остатоци, дека тука сè е случајно. Овде сè е толку ништожно, бесмислено. Сите тие морнари, војници, слуги, попови, мисионери и кралски довереници кои дојдоа овде да сеат жито и да садат градинарски растенија бидејќи инаку ќе пцовисаат од глад, и кои одвреме – навреме умираат од треска или од стрелите на Индијанците... Дури и Колумбо – тој е велик адмирал, речиси еднаков со кралевите, речиси бог, но откако му го испив сето најубаво вино и веќе нема со што друго да ме почасти, за мене е само еден сосема обичен човек, достоен за презир. Ете што нè снајде. Јас и ти, Родриго мој, овде сме како жаби под камен, во дното на блатото. А таму во Кастилија... Мислата за она што одминало ја тера мојата крв да зоврие. Какво среќно земно суштествување имавме таму...! Си спомнаа за Алмерија и за Баса, потоа се заредија и други спомени. Алонсо силно, силно ги стискаше очите, зацрвенети од виното и ги преапуваше усните, му беше жал за среќата што одлетала. Се сети на својот господар Мединасели – тој живееше долго и умре славно, се сети на убавото конте Сантанхел, на баронот Кинтинаља, на џиновскиот де Силва во чии што раце железните потковици се свиваа како да беа од глина – тие беа неговите вистински браќа, тие храбри и мажествени борци, тие разгоропадени кентаури, кои сееја смрт по бојните полиња – а тој, Алонсо де Охеда беше еднаков со нив, дури и повеќе од тоа, беше прв меѓу еднаквите по ранг, primus inter pares. Некои лица се беа изгубиле од неговото сеќавање и требаше добро да се напрегне за пак да ги долови. Одеднаш, не знаејќи зошто, се сети на џуџето на кралицата. Како ли се викаше тоа? Хиеронимус? Но, нека оди по ѓаволите тоа грбаво и како попарена вошка надуено џуџе, туку како му беше името на најстариот рицар во армијата на Обединетото кралство, оној, кој само советуваше и смируваше, како Нестор, најстариот Грк под Троја? Кабрера ли беше? А главниот паж на неговото височество – како тој се викаше? Ни цртите на лицето на овега не можеше да си ги припомни – каква штета! – а беше голем рицар, од најголемите. И пак се заредија спомени. Му дојде на ум Малага, па онаа река на чии што брегови 355


распрска две големи непријателски војски. Кога напаѓаше некој град или замок секогаш прв јуреше, најчесто без шлем и без оклоп, за да не му сметаат... Ќе го забодеше мечот во земјата, ќе ја прикачеше на неговата дршка иконата на Богородица што на Петре му ја даде овчарот од Галичица, ќе се помолеше – и ајде! - Ваше господство... - Што, мој пажу? - Се сеќавате ли на германскиот барон? Тој загина при вториот напад на Баса. - Се сеќавам. Славен човек беше. Но нема ефтина слава. Шест големи коња ја теглеа тогаш неговата кола! Беше човек со силна воља, одважен, кој не бледнееше пред опасноста каква и да беше таа, кој бараше бури и немири за со нив да си го исполни животот. Го пробиваше својот пат како величествена каравела при полна пловидба, што го сече својот пат низ големите бранови и не се грижи, дали тие се составуваат откако ќе мине и дали рикаат зад нејзините крила. Тоа беше времето на радост, на брзо воздигнување до величие и власт, секој момент во неговиот живот тогаш беше значаен, времето му минуваше бргу и лесно, како што се празни чаша од која секоја голтка пружа задоволство. Спомените предизвикаа желби. Секое делче од неговата душа и тело посака да му се врати на стариот живот. Одеднаш почувствува бесна желба да го вјавне својот боен коњ, да размавне со мечот... а потоа пирување со бојни другари и убави моми... Војната и веселбата одат рака под рака, нели? Така тоа му се наметна. Не можеше да се помири со овие бесмислени диви острови, животната воља во него уште беше силна и му беше тешко да се одрече од светот. Градите му се надигнаа од нешто, што личеше на будење на животот. Та овде тој ќе изгние како растение кое не видело сонце, ќе штукне со умот од мака и јад, еден ден срцето ќе му се прсне ненадејно, како да е од стакло, ако не избега одовде. Не, не можеш да бидеш среќен и задоволен, ако не се чувствуваш на своето место! Што бара тој во овие џунгли? Никаков напредок за него нема овде. А кога не напредуваш, значи дека назадуваш, non progredi est regredi. На човекот му одговара само онаа состојба, за која е роден. Волкот наоѓа утеха во виењето, овцата во топлата волна, жената – во љубовта, филозофот – во мудроста; неговата утеха се состои во ѕвекетот на мечевите и женските воздишки. Тој треба да престане да млати празна слама, што би рекле неговите Охриѓани и да почне нов живот. 356


Ќе се врати во Кастилија! Таму е неговиот живот, почестите, авантурите, дружбата. Ќе се врати и неговата слава повторно ќе го залее светот со јароста на лавина. Ни пламенот на љубовта не е толку сладок како зраците на славата. Ќе се врати и ќе продолжи каде што застанал, ќе ја пронајде скинатата нишка. Се спремаат ли веќе Фердинанд Арагонски и Изабела Кастилска да завојуваат со францускиот крал, собираат ли војска за поход на Италија? Тој ќе им ги понуди своите услуги – а кој не сака да го има во своите редови првиот меч во Кастилија? Животот, вистинскиот живот, убав, осмислен, онаков каков што треба да биде веќе му се смееше како убава жена која сака да му падне во прегратка. Се почувства како риба во вода, пак пиеше од чистата животна радост, во неговата душа се прелеваше необична светлина. Пак тој се чувствуваше како во приказна. - Ваше господство... - Што е, мој пажу? - Навистина ли никогаш нема да му се вратиме на стариот живот? - А кој го вели тоа, пријателе? Пажот внимателно се загледа во лицето на својот господар. - Одеднаш ми личите на бродоломник, кој стапнал на тврда почва. Грофе де Охеда, ваше господство, ајде да отпловиме одовде! Гледајќи го вашето чело и вашите очи, секој би го одгатнал во вас орелот на кого му е судено да живее во височините. Ратворете крилја и летнете!

11 Покажи ми го патот, Господе Бидејќи јас сум како патник во пуста пустелија, Или како во вода на бескрајно море Залутан брод. Непознат автор Само неколку дена по овој разговор во Изабела се вратија трите брода со кои адмиралот Колумбо пред речиси половина година беше отпловил на запад. Колумбо имено, ги беше зел со себе Хуан Понса де Леон и Педро Маргарит, поверувајќи им по еден брод, а Алонсо беше оставен да 357


се грижи за безбедноста на колонијата. Еве што наоѓаме во записите на Колумбовиот хроничар за оваа пловидба: „На 29 април 1494 година го достигнавме носот Мајси и се движевме покрај југозападното крајбрежие на Куба. На 1 мај го откривме заливот Гвантанамо и продолживме на запад недалеку од брегот, покрај кој се простира планината Сиера Маестра сè до носот Крус. Од носот Крус завивме на југ и на 5 мај го откривме островот Јамајка. Пловевме на запад покрај северниот брег на островот и се вративме при носот Крус. Од таму нашата флота од три кораби отплови на запад покрај јужниот брег на Куба. Го откривме заливот Гванакајабо, архипелагот Хардинес де ла Реина, Заливот на свињите и полуостровот Сапата и на 3 јуни акостиравме на северниот брег на заливот Батабано. На 12 јуни морето стана плитко, а и корабите почнаа да пропуштаат вода, морнарите станаа незадоволни и храната привршуваше, така што нашиот адмирал реши да се врати. На тој начин тој откри 1400 километри од јужното крајбрежје на Куба. Завивајќи на исток, на 13 јуни го откривме остовот Пинос 102. Од 25 јуни до 18 јули се враќавме по истиот пат до носот Крус и завивме повторно на југ кон Јамајка, каде пристигнавме на 22 јули. На 20 август го достигнавме југозападниот нос на островот Еспањола – носот Сан Мигел. Од 19 август до 15 септември го истражувавме јужниот брег на Еспањола, а на 29 септември се вративме во Изабела. Сето тоа така се случи, бидејќи таква беше вољата Господова“. Тоа го беше напишал летописецот, за потоа да се предава од поколение на поколение, сè додека свет светува. За време на отсуството на Колумбо од Еспањола, од Шпанија беа пристигнале три кораба командувани од брат му Бартоломеј, со војска и оружје. Новите војници се покажаа насилни кон Индијанците; овие возвратија. Та кога се врати, Колумбо подготви казнена експедиција од двеста добро вооружени војници, дваесет коњи и дваесет кучиња, со кои требаше еднаш засекогаш да ја покори внатрешноста на островот. Командата над експедицијата му ја понуди на Алонсо – на кого друг требаше да му ја понуди ако не на најдобриот борец што го имаше во своите редови, на јунакот од Гранадската војна? Алонсо, меѓутоа, одби: како што веќе рековме, нему му се беше згадило да ги убива кутрите Ихдијанци, тој сакаше вистински противници, а не голи и невооружени доморотци, освен тоа адмиралот веќе му должеше според неговите проценки 83 килограми злато неисплатени плати. Тогаш Колумбо беше принуден командата да му ја даде на Маргарит, кој исто така беше голем јунак, од најголемите. 358


~~~ Еден брод се готвеше да заплови од Изабела кон Кастилија. Алонсо реши да отпатува со него. Нешто силно, неодоливо се подигна од дното на неговата душа. О, да, тој ќе измине уште многу прекрасни патишта пред да остарее, уште многу возбудливи нешта ќе му се случат! И повторно животот за него беше златна мечта, во неговите нозе беа сите златни скривалишта, повторно тој го почувствува своето суштествување осмислено и вистинско. Сјајот на античкиот војник се врати во неговите очи. Во секое негово движење, во секој гест, во секој збор имаше блесок, живост, радост. Сега животната цел му беше јасна, а животниот пат безгрешен: ќе застане под знамето на највеликите христијански владетели – не можат тие да не го примат својот херој – и ќе се бори, ќе победува. Му се чинеше, дека почнува да чекори низ некоја херојска поема. Се вслушнуваше, се надеваше, дека ветровите кои дуваат отакај морето ќе ги потврдат неговите очекувања, ќе ја донесат до неговите уши вревата на животот во Европа. Ах, колку му беше слатко на душата! Сè поздраво се вкопуваше повторно во животот, бидејќи една здрава рака го извлекуваше од дното на калната дупка кон површината. Но, ја има ли уште истата сила во неговата рака, не р`ѓосал ли неговиот меч? Дојде вест, дека братот на заробениот од него индијански касик се спуштил со цела војска од планините на земјата Сибао, истребил цел еден одред од дваесеттина Шпанци и запалил неколку колиби. Алонсо самиот му предложи на адмиралот да ја оглави казнената експедиција, па со дон Хуан Понса де Леон, арагонскиот рицар Педро Маргарит и со уште триесетина – четириесет коњаници тргна во потрага кон Индијанците, кои ги имаше повеќе од 500. Ги најде, ги распрска и самиот го уби братот на касикот и уште десетина други Индијанци. Ете, уште има сила во неговата рака, не р`ѓосал неговиот меч! На враќање од земјата Сибао, минувајќи ги Западните планини, му се укажа уште една прилика да се подвизува, овој пат не против голите и вооружени само со копја и стрели доморотци, туку со оклопени и вооружени со аркебузи и мускети Шпанци, борци исти како и оние, што тој ги водеше – тоа беа одметнатите војници на господарот со црвената маска. Тој ги подгони, но не сакаше да пролева шпанска крв. Освен тоа еден од нив оддалеку му се претстави како Франциско и му испрати срдечни поздрави. (Но кој ли беше тој Франциско? Да не беше едниот од сватовите, роднината на грофот Мединасели кој се беше сплеткал со дуењата на неговата 359


Леонора?). Така што, откако со глас од кој, како што се вели, трипати се затресоа планинските врвови го повика господарот со црвената маска да се покаже за да му го види суратот, а овој тоа не го стори, се откажа од борбата и се врати во Изабела. По неколку дена со својот паж Родриго се качи на бродот и заплови кон Кастилија. Беше јануари 1496 година. Времето беше прекрасно, имаа попатен ветер. Но кај Канарските острови ги зафати страшна бура и им го потопи бродот. Посадата се исподави, само Алонсо, Родриго и уште неколкумина среќници допливаа до брегот. Таму, благодарение на грижата на убавата владетелка Беатриса Боабдиља во која, ако им веруваме на записите на Ѓеновјанинот Микеле Кунеа беше до уши вљубен адмиралот Колумбо, а и таа не беше рамнодушна кон него, бродоломците се качија на еден шпански брод и со него отидоа до Кадис. Кога се симнаа од бродот во Кадис Алонсо и Родриго паднаа на колена и пролевајќи солзи – радосници ја бакнаа кастилската почва. Алонсо уште ја извади од џебот галичиската иконичка од која никогаш не се делеше, ја бакна и ја замоли Богородица да му помогне во неговите намери. Беше истиот оној Алонсо де Охеда кој жареше и палеше по Гранада, легендарниот национален јунак чии подвизи беа опеани во летописите и нешто херојско и праисконско избиваше од целата негова фигура. Се чувствуваше како султан, го имаше впечатокот, дека се наоѓа во цветна градина. Беше убеден во успехот на својот потфат; но црна мачка се протрча пред него. Од Кадис тој и Родриго отидоа во Барселона, каде што кралскиот двор сè уште претстојуваше по оној атентат врз кралот. Алонсо се смешкаше во себе кога си мислеше со каква радост ќе го пречека кралот Фердинанд – та нели тој, „црниот Балканец“ беше неговиот најголем херој? А и кралицата, која... едно време, боже мој, му беше дури и љубовница... Нема што, среќата му се насмевнува. Кога ќе стигне во Барселона веднаш ќе го пуштат во дворецот, ќе го опсипаат со кралска милост, љубезности и почести; во најмала мера неговата војничка кариера откако еднаш пропадна пак ќе му биде осигурана. Колку е убав животот кога е посипан со златната прашина на соништата! Во Барселона меѓутоа, требаше да чека цели седмици за да биде примен во величествениот palatium 103. И не само тоа, туку тој, големиот јунак за чие јунаштво свиреа харфите на минстрелите, мораше понизно да се моли на некои missi dominici 104 и уште на некои високи iudices publici 105 и не само на нив туку и на главниот пехарник, главниот ковчежник, потоа – ева! – на големиот соколар на кралството, па дури и на главниот коњушар, за 360


овие да се застапат за него кај кралот. Најпосле дојде и аудиенцијата. Го воведоа кај кралот возбуден и блескав, облечен во костум од најскапоцено црно кадифе, со орденот на „Златното руно“ на шијата, со великолепна наметка од светлозелено кадифе бродирана со злато и потплатена со црн сатен, со својот најубав меч на крстот, со шапка со бели перја на главата. Но разговорот, односно монологот на кралот не траеше повеќе од три минути. - Ах, храбриот рицар Алонсо де Охеда, мојот црн Балканец! Секоја чест за вашето јунаштво, но дојдовте во многу лош момент, расправаме за државни работи, de publicis: не очекуваат договори, преговори, приговори, и, како што стојат работите, лути војни 106, така што немаме ни минута слободно време – рече Фердинанд, кој всушност беше прекинат во една многу интересна партија шах со неговиот министер на полицијата – Но зошто дојдовте, да ви дадеме војска со која ќе го ослободите вашиот Балкан, ли? Или не, чекајте, не било тоа. Благородниот дон Матијас, мојот шепкач кој секогаш стои над моето лево рамо што туку ми дошепна, дека сакате да ни ги понудите своите услуги... својот меч, поточно. Ах, ние му веруваме на вашиот меч – што велите, драг дон Матијас? – да, да, добро - дон Матијас, вие сте непроценливо богатство, вистината ја кажале оние, што рекле, дека срцето на кралот е во рацете на мудри советници – да, да, го цениме, значи тоа, што убивте двајца емири и за нашата круна освоивте „на нож“ десетици замоци и градови, дон Матијас штотуку не потсети на тоа и ние ќе ја искористиме приликата уште еднаш да ви се заблагодариме... Но ние, храбар рицару веќе еднаш ги прифативме вашите услуги и ве опсипавме со пофалби и почести – ви дадовме... осум замоци – така ли, благороден дон Матијасе? – ве удостоивме со титулите врховен командант на целата наша коњаница и заменик на кенетаблот – така вели дон Матијас – и со што уште не, а вие сето тоа го пренебрегнавте и изчезнавте – што, дон Матијас, тој отишол во Индија со адмиралот Колумбо? Боже мој, боже мој, ете каде отишол нашиот национален јунак, меѓу голите дивјаци. Како и да е... Сега вие појдете кај нејзиното височество кралицата и изложете го својот предлог пред неа. А ако таа не ве прими на служба, тогаш, за да ја налутите понудете му го својот меч на Французинот Шарл Осми, тој како пак да се спрема да тргне на Италија, откако веќе еднаш ја загуби 107 – ах, каква смешна креатура е тој Шарл Осми, моруната Луј Единаесетти ќе посака пак да си влезе во гробот ако стане да види кој и каков е неговиот наследник. Појдете кај него, појдете, ние нема да се налутиме, секој има право да си го најде своето место под сонцето, нели? Или не, сепак најпрвин обидете се кај нашата кралска сопруга. Ако треба на дон Матијас ќе му издиктираме и писменце од кое 361


нејзиното височество ќе може да се увери, дека лично ние ве праќаме кај неа и писменцето ќе го потпишеме своерачно, manu propria. А сега, рицару, напуштете не, изгубив цел ден, diem perdidi. Да, да, одете кај кралицата, вие и онака сте под нејзина надлежност. Притоа нешто запука. Тоа кралот ја имаше непријатната навика, вметнувајќи прсти во прсти полека да ги запука зглобовите. - А... кога сме веќе кај нашата кралска сопруга ...– додаде, обраќајќи му се на министерот на полицијата – вчера негде ни се мерна, не се сеќаваме каде и ни се виде многу убава. Беше облечена во широк бел пењоар со долги ракави, кој се спушташе до нозете во мноштво дипли. Многу впечатливо, ви велам. На старите готски слики можат да се видат такви прекрасни наметки, во кои се загрнати ангелите. Појдете кај неа, рицару де Охеда, појдете, ако имате среќа ќе ја видите во истата облека и ќе бидете одушевени, ве уверувам. Последната реченица, а и она „Вие и онака сте под нејзина надлежност“ Фердинанд го изговори со многу чуден тон и од тоа Алонсо се почувствува малку непријатно. Знаеше ли кралот за неговата врска со кралицата? Всушност, вистината беше во тоа, што кралот навистина нешто знаеше. Беше дознал, дека неговата кралска сопруга примала во тајниот дворец во Кордоба љубовници, еден од кои бил токму убавиот како слика рицар де Охеда – некој дворјанин со иницијали К. Ј. – тоа е единственото нешто што се знае за него, а можеби и тие не се точни, можеби се напишани само за да ја сокријат вистината – со ситни букви го беше напишал тоа во својот дневник и како случајно го беше заборавил на видно место, отворен токму на таа страница. Но кралот сепак не беше Клавдиј, а Изабела не беше Месалина, па работата беше заташкана. Кралот веднаш го уништи таинствениот дневник што му беше донесен на увид и пред никого не ја обелодени неговата содржина; не залудно рекле Римјаните: „Cornix cornici oculos non effodiet“ 108. Тој постапи многу разумно, тоа мора да се признае и таквата негова постапка е една од причините, поради која велиме, дека беше еден од најумните владетели на своето време... а инаку можеме само да претпоставуваме какви бури се случувале во неговото срце по тој повод... - Убаво постапивме испраќајќи го нашиот славен хидалго де Охеда кај нашата кралска сопруга, нели, господине де Каранда? Се надевам дека постапив праведно и чесно. Ние владетелите стоиме на театарот пред погледите и пред љубопитството на целиот свет. Најмалата дамка на нашата облека се гледа, секоја неправилност во нашите дела бргу се забележува и ние затоа мораме многу да внимаваме нашите постапки да бидат секогаш 362


праведни и чесни – така му зборуваше кралот на својот прв полицаец, но Алонсо веќе излегуваше наназад од одаите на кралот и се чувствуваше така, како да беше силно удрен по главата со тапата страна на некоја крива маварска сабја. Та таква ли требаше да биде песната на животот, таков ли воздухот на среќата што со полни гради требаше да го вдиша? Хармонијата во неговото срце се претвори во метеж. Сега му преостануваше да се надева на својата кралска љубовница. Но каква гаранција можеа да бидат неколкуте часа поминати со една каприциозна кралица? Сосема друго нешто беше Леонора – ах, зошто ли тој не можеше да ја засака милата жена? Побара аудиенција и кај Изабела. Кога ни по две седмици таа не се одржа – не помогна ни писменцето кое кралот го потпиша manu propria – ја побара милоста на преблагородниот господин Хиеронимус, џуџето на кралицата. Најпосле се виде со џуџето со кое како и секогаш одеа истите оние двајца важни алгвазили. - И вие, малоумен рицару, барате да влезете кај нејзиното височество кралицата? Целата ваша храброст што сте ја имале по бојните полиња во Гранада не е ништо во споредба со храброста што сте морале да ја соберете за да побарате такво нешто. Но, меѓу нас кажано, каде бевте кога кралицата ме праќаше да ве барам во замокот Ел Сордо? „Каде е рицарот де Охеда?“ – ги прашувам јас вашите кастелани, а тие: „Отиде во Индиите, ваше благородство“. – „Ах, така“ – си реков и плукнав настрана. А во доверба ќе ви кажам, а вие за тоа довека молчете, ако не сакате да ја доживеете судбината на заповедникот на кралската гарда, убавиот барон Салуст де Басан кого еден ден го најдоа задавен во затворската кралска тврдина во Кордоба (притоа џуџето го стави прстот на устата и го снижи гласот, иако беа сосема сами): кралицата се беше заситила од услугите на оној Сантанхел и повторно се сети на вас, ете зошто доаѓав да ве барам во Ел Сордо. А вие изчезнавте, избегавте без збор! А и на дона Леонора, ќерката на покојниот господар Мединасели, која, патем и тоа да го кажам, кралицата многу ја засака, сте й го свртеле грбот, така дознавме. И сега сакате да ја видите кралицата? И го нудите својот меч? Многу й е грижа на кралицата за вашиот меч, знаете ли? Сите мечеви во Кастилија, Арагон, Гранада, Леон и Навара се нејзини и секогаш спремни да излетаат од каниите на еден единствен нејзин знак. Готово, глупав рицару, acta est fibula 109. Сега ве советувам да го напуштите нашиот palatium и да се вратите кај вашите голи дивјаци. Бидејќи, знаете ли кога кралицата ќе ве прими? Ad kalendas Graecas 110. „Односно кога стариот даб пред замокот Осма кој можеби веќе сосема се исушил ќе роди грозје“ – си мислеше Алонсо, сеќавајќи се на 363


зборовите што Франциско де Марија, едниот од двајцата сватови често ги употребуваше... Но ако внимателно се загледаше околу себе ќе можеше да види, дека една мала завеса во дното на просторијата каде што се одржа оваа средба лесно се помрднува – тоа кралицата скришно од целата своја придружба, па и од своето џуџе се беше сместила таму за уште еднаш да му се нагледа на својот некогашен љубовник. Му преостануваше уште едно средство: да вложи suplicavit 111 поради тоа, што не бил примен кај кралицата. Но знаеше, дека, кога веќе така стојат работите, од сето тоа нема да произлезе ништо. Затоа излезе од кралскиот дворец, а веќе наредниот ден заедно со својот паж Родриго ја напушти и Барселона. А што друго освен навредената суета на кралицата се случило во меѓувреме, та Алонсо не можеше да й ги види ниту очите на оваа? Ќе го земеме во предвид анонимниот дневник на истиот оној К. Ј. кој, пред да му биде однесен на кралот беше препишан и преписот им беше доставен на поповите Талавера и Торквемада. Ние веќе приближно ја знаеме содржината на онаа страница од дневникот. „Така и така...“ – се велеше и се опишуваа авантурите на кралицата. Кога поповите го прочитаа преписот не го уништија веднаш како што тоа го направи кралот, туку отидоа кај својата кралица и й се потскараа – благо, но сепак й се потскараа. Најпосле секој човек може да погреши, cujusvis hominis est errare – така й рекоа, но тврдо додадоа како Исус Христос: „Од сега па натаму молете се да не дојдете веќе во искушение, orare ne intretis in tentationem. - Каде сега, ваше благородство? – го запраша пажот Родриго својот господар, кога излегоа надвор од ѕидините на Барселона. - А што знам? Каде што ни гледаат очите – одговори Алонсо со мака сопирајќи ги солзите кои навираа – Сега ние не сме ниту меѓу мртвите, ниту меѓу живите, мој Родриго. Мене, како што гледаш, кралевите ме третираат пониско и од најдолниот рехидор 112 во Обединетото кралство. Каде ли е сега оној бургундски летописец Филип де Комин, или Овиедо и Херера 113 да им кажам како кралевите им се оддолжуваат на своите херои? Каква несреќа! Се сеќаваш ли на онаа црна мачка што ни го пресече патот во пристаништето во Кадис? Тоа беше многу, многу лош знак, па така и испадна. Се чувствуваше како ограбен глумец кој улогата на Цезар не ја игра качен на боен коњ, со сребрен оклоп на градите и меч во раката, силен и горд, туку со згужвано лице, вјавнат на магаре, држејќи стап за терање 364


добиток и наместо величствениот боен повик да промрмори некаков нејасен и глупав текст. Всушност, кога тие двајцата го напуштија дворецот, ги стигна еден кралски гласник кој соопшти, дека кралот во својата милост му дозволил на рицарот де Охеда да отиде ако сака на границата со Франција и да се стави во служба на капетанот де Барвантес. Но може ли да се потчинува оној кој заповедал, може ли да прима наредби оној кој ги давал? Алонсо беше преголем Питагореец 114, беше премногу горд за да ја прифати таа ситна милост. Ништо не може толку да ги понижи луѓето кои си спечалиле големи пофалби, како нивната грижа потоа да бараат признание за мали работи. Тој требаше да му се потчини на некаков си таму прост капетан, ах, боже мој! Та во Гранадската војна тој капетаните ни за луѓе не ги сметаше, сите тие прости војници и ниски офицери му влеваа таков презир, што тоа преминуваше во ужас, сите нив ги наоѓаше толку далеку од своите благородни и возвишени заноси. Зарем сега тој, кого некогаш го славеа како првиот меч на кралството, легендарниот јунак кој речиси беше божји помазаник и кој беше одговорен единствено пред бога и пред своите кралеви, да го прави она што го прави простиот народ? Со денови јаваа молчејќи. Беа богато облечени, па по патиштата го привлекуваа вниманието на разните морисци 115, марони 116, цигани и просјаци. Еднаш ги нападнаа разбојници, десетина души, кои се надеваа на богат и лесен плен, но додека да трепнеш половината од нив беа сосечени, а другите се разбегаа. Кога го одминаа градот Тарагона, пажот Родриго пак запраша: - Каде одиме, ваше господство? - Што знам, мој Родриго – и овој пат ги крена рамењата Алонсо – Можеме да отидеме во Ел Сордо, или во некој друг од моите замоци – јас сум сè уште господарот на осумте замоци – но пред да тргнам кон Индија јас ги распуштив управниците и слугите, сè раскрчмив и запустив – што ќе правиме таму? Не знам на каде да фатиме сега. Откако кралевите ме одбија веќе не знам што да мислам. Сè повеќе ја чувствувам пустелијата на животот. Уште сум млад, немам многу повеќе од триесет години, но моето срце почнува да се свива. Ме прашуваш каде одиме – што да ти кажам? Јас сум изгубен човек. Немам ни татко, ни мајка, ни браќа, ни сестри, ни жена, ни деца, а и кралевите ми го свртеа грбот. Ги имам само бог на небото и пресветата Дева Марија, што ја носам во џебот до моето срце – каде не водат тие, таму одиме. 365


Во душите на двајцата коњаници беше метежно и мрачно, но околу нив царуваше божествената природа. Беше крајот на фебруари и се чувствуваше пресниот здив на новото годишно време. По, и онака многу топлата зима со која 1496 година беше позната, од небото повторно долета светлата среќа на птолетта; пак им се насмевна таа на земјата и на луѓето и пак под нејзините милувки сè почна да цути, да се љубува, да пее. Тревата по ливадите се раззелени, се почувствува миризбата на цвеќињата. Насекаде беше полно со веселба и пролетна радост, се слушаа цврчорења, свирежи, шум на крилја, весело зуење на инсекти: природата звучеше како лира во која удира божјата рака. Деновите беа светли и топли, но и ноќите веќе не беа студени; тие беа сè уште долги, но кротки и тивки, а потоа си одеа и зората веќе затреперуваше на небото. Сонцето уште не изгреваше, но сребрената роса започнуваше да ја покрива тревата и првите чучулиги се јавуваа високо на небото, од каде како осамено око гледаше последната голема ѕвезда. А потоа и таа си одеше и сонцето излегуваше. Понекогаш, меѓутоа, природата се лутеше, црни, буреносни облаци се спуштаа и тогаш молњи и громови почнуваа да светкаат и да беснеат, сè татнеше, земјата трепереше, ветрот свиреше и фиукаше, силен дожд плиснуваше. Но сето тоа траеше кратко, веднаш потоа сонцето повторно блеснуваше, посилно од секогаш и огромно виножито се простираше како мост од едниот крај на хоризонтот до другиот. - Каков контаст: во нас темнина, надвор од нас – убавина и светлина. На природата ни најмалку не й е грижа за нас – велеше Родриго. - Природата и не треба да се грижи за таквите како нас – одговараше Алонсо – Таа е секогаш убава и секогаш е во право, а грешките, глупостите и заблудите секогаш му припаѓаат на човекот. Ние треба да паднеме на колена пред божествената природа, да й се радуваме и да ја боготвориме, но сме постојано со нашите ситни човечки грижи, па не ја ни забележуваме. Ваквите како нас таа ги презира, а им се предава само на оние, кои ја сакаат и разбираат, само ним им ги обелоденува своите тајни. - Така е, природата не му се предава на секого – се надоврзуваше Родриго – Напротив, кон многумина таа се однесува како немирна млада девојка која нè примамува со своите чари и во моментот кога веруваме дека ќе ја фатиме и освоиме, изчезнува од пред нашите очи. Така разговараа двајцата пријатели. На патот од Тарагона до Тортоса стигнаа една кола влечена од волови. За да се одморат од долгото јавање ги заврзаа коњите за колата и се качија на неа. Не се кажаа кои се, но дознаа дека селанецот е стар, ислужен 366


војник кој учествувал во Гранадската војна, бил и под Алмерија и Баса и им беше мило поради тоа. Пред Тортоса му дадоа на човекот по еден златник и пак ги вјавнаа своите коњи. Кон крајот на март излегоа на патот за Севиља. - Ајде да влеземе во Севиља – рече Алонсо – Таму живеат двајца мои сонародници, Охриѓаните Иван Беров и Стојан Пинелов, сакам да ги видам. Ти, пажу, ги познаваш, еднаш здраво ме измаваа во Ел Сордо. Прошка ќе им барам, а ако ме примат, со нив и ќе останам, немам веќе каде да одам. Заедно ќе работиме – кожи ќе продаваме и коњи ќе потковуваме, та тие ми се како браќа. А во Индија не сакам да се враќам. На десетина километри од големиот и убав град повторно сретнаа разбојници. Само што, овој пат не беа тие нападнатите. Наидоа токму во вистинскиот момент. Едно момче се бранеше размавнувајќи со мечот и многу умешно го правеше тоа. Но лошо му се пишуваше, бидејќи против себе имаше тројца брадјосани и мускулести мажишта, некакви ислужени војници кои се одметнале. Едниот од нив веќе го вадеше пиштолот од појасот за да й стави крај на нерамноправната борба. И навистина се слушна истрел, но не падна момчето, туку разбојникот, кој беше доби куршум право во челото: тоа грмна Алонсо, кој одеднаш се зададе на патот. Другите двајца разбојници избегаа веднаш, штом нивниот другар како клада се струполи од коњот. Непознатиот беше ранет и сосема изнемоштен, но спасен. Рече: - Јас сум Хуан де ла Коса. Космограф сум. Тоа е, знаете, цртање на географски карти. Многу ви благодарам што ми го спасивте животот, но, со ваша дозвола веднаш ќе ве напуштам, бидејќи недалеку одовде треба да се сретнам со еден мој колега, кој ќе ми даде некои извинредно важни карти. Ах, проклети разбојници, колку време загубив поради нив! Чудното момче им ги бакна рацете на своите спасители, па навистина се качи на коњот и одгалопира како да го гонат илјада ѓаволи. А Алонсо и неговиот паж го продолжија својот пат. Беа задоволни барем со тоа, што, среде несреќата што ги беше снашла им беше дадена можност да сторат едно добро дело. Влегоа во Севиља. Алонсо се распраша за Иван Беров и Стојан Пинелов, охридски трговци на кожа. Ги најде во најзапуштениот дел од градот, каде што овие се беа повлекле откако ги затворија своите дуќани. - Другари, браќа! – викна тој кога ги виде пред една бедна куќарка, одеднаш многу разнежен и со насолзени очи и падна на колена пред нив. – Проштевајте, јас не ја исполнив заклетвата што ви ја дадов кај Охридското 367


езеро кога бевме деца, не ја ослободив татковината од ропство, не даде Господ. Крив сум, крив! Проштевајте, браќа! Тие само мрачно го погледнаа и пак ги заковаа погледите за земјата. Тој на колена се довлечка до нив. Сакаше да им ги бакне рацете – тие ги иставија. Сакаше да им ги прегрне нозете – тие го оттурнаа. Тогаш тој како да полуде: - Крив сум, не велам дека не сум. Кога бевте во Ел Сордо мававте по мене како по вреќа со компири. Измавајте ме пак, нема да се бранам. Не, туку земете го мојот пиштол и застрелајте ме како куче, јас друго и не заслужувам! И тој навистина го извади пиштолот од појасот, им го подаде и си ги разголи градите; но не пропушти на својот паж низ солзи да му намигне да внимава на нив. Иван Беров, меѓутоа, го одтурна пиштолот со нога, па, како да му се здосади од целата оваа комедија стана, одмавна со раката и само рече: - Оди си. Сè помина. Ние немаме веќе ништо со тебе. Тргна кон дома. По него тргна и Стојан. Алонсо ползеше по нив, ги фаќаше за нозе, а овие се ослободуваа како од досадно куче кое се закачило со забите за ногавицата – и повтараа: - Оди си... Оди по ѓаволите! Луд човек... - Ама застанете, браќа! – викна Алонсо, кога Иван со еден посилен удар со ногата го спростре на земја – Па вие не сакате ни да ме ислушате! Толку ме презирате, што не ме ни погледнувате! Чекајте, не оставајте ме вака, без збор да ми кажете! Од Барселона идам, дури од другиот крај на кралството! Кај кралевите бев на поклонение, а тие ми го свртеа грбот – зарем и вие сега? Ајде да одиме заедно во нашиот Охрид – сакате ли? Ќе се шетаме покрај езерото, ќе се сеќаваме на детството... А и востание ќе кренеме, ќе се подвизуваме, што велите, а? Жив ли е уште попот? Иване! Стојане! Како деца си игравме, често се тепавме, онака, без злоба. Та сетете се барем на нашиот Петар, кој ги остави коските под Алмерија. Крив сум, крив, не го исполнив ветеното – но што да правам кога Господ не сакаше? Чекајте, зарем вака! Та браќа сме! А што да правам јас сега? Двајцата влегоа дома и ја замандалија вратата зад себе. Алонсо липаше и како куче завиваше и гребеше по вратата. Пажот Родриго го гледаше, па и нему од јад му потекоа солзи: та тоа ли е првиот јунак на Обединетото кралство, тоа ли е прославениот генерал кој „на нож“ ја освои цела Гранада? 368


- Ваше благородство! Станете! Грофе де Охеда! Дојдете на себе! Не може тоа така! Зарем поради овие бедни селанчишта... Го фати околу половината и го повлече назад. Овој се отимаше и пак удираше со тупаници по замандалената врата. Но кризата минуваше, бргу се соземаше. Одеднаш сосема се смири и рече: - Ајде да си одиме. Прав си, мој Родриго, најпосле тие се сепак само селанчишта. Plebs, fex urbis 117. Никогаш повеќе нема да посакам да ги видам. Да си одиме одовде. Прости луѓе – и тоа ти е. Што имам јас со нив? Погрешно е тврдењето на Арат и на Јувенал, дека сите луѓе без разлика вредат исто 118. Уште кога сум се родил јас на грбот сум имал седло, а на нозете – мамузи. А со што се родиле тие селанчишта? Со опинци, а со што друго? Да си одиме одовде! Секогаш беше така со него: ако во него некогаш и се разбудеше некое извонредно силно чувство, тоа многу бргу пак заспиваше. Зборуваше со злоба на човек, кому му е сторена неправда и тешки воздишки му ги подигаа градите. Се наоѓаше среде онаа ужасна борба која се нарекува барање на одминатата среќа и неговата згрчена, трагична фигура зборуваше дека ја губи таа борба. Кралевите го отфрлија, другарите од детството исто така и целата таа историја беше многу непријатна. Нешто чудовишно демнеше околу него. Сè што се случуваше околу него и со него му се чинеше неверојатно. Сè што го опкружуваше му изгледаше невозможно. Сè беше како некаков глупав сон. Тешко е кога се скине белиот конец на нашите кроежи. Пак тргнаа по патиштата. Спиеја по колибите покрај патот, се хранеа кај овчарите. Понекогаш ноќеваа надвор. Кога врнеше дожд се завиткуваа во наметките и висеа под некое разгрането дрво. Постојано одеа напред, ја бараа својата среќа. Мислеа, дека зад крајната линија на хоризонтот што се простираше пред нив ќе се случи нешто што ќе им го реши животот, можеби веќе зад наредната кривина. И сè така јаваа. - Кога некој би ми кажал што да правам во животот... – воздивнуваше Алонсо. Се сети на астрологот Мартивалиус. Тој секако ќе знае што да му каже, та кралеви и цареви го викале кај себе за да им ја каже иднината. Дали тој стар скитник е уште во замокот Осма? Одеднаш пред нив се покажаа ѕидиштата на манастирот Рабида. Манастирот Рабида – еве до каде несвесно дошле! Одеднаш Алонсо се зарадува како дете, пријатна милина му помина низ срцето. „Ќе се закалуѓерам – си помисли – Ќе му се посветам на бога и остатокот од својот живот ќе го поминам меѓу овие ѕидишта. Најпосле, тоа 369


може да биде среќна разврска по сето она, што ми се случи. Ќе дигнам раце од сè и ќе станам божји човек“. - Верен мој Рикардо – му се обрати на пажот – Јас решив да се закалуѓерам. А ти си слободен да одиш каде што сакаш и да правиш што сакаш, Млад си, згора на тоа си силен и умен, па ќе си ја најдеш негде среќата. Најди си господарка на своето срце, или стапи во служба на некој моќен кнез, така најубаво ќе си го осмислиш животот. А мене остави ме... Од мене не ќе имаш никаква полза... мене, ете, така ми било пишано... Верниот паж зина од изненадување: ама да не полудел неговиот господар? Но и таа лудост, така си помисли, ќе му помине за три – четири дена. Затоа, рече, и тој ќе се закалуѓери – каде неговиот господар, таму и тој – така рече. Зачукаа на манастирската порта. Им отвори стариот угумен Марчена и ги пушти во божјиот храм. Влегоа тие. Ги одведоа своите големи бојни коњи во манастирската штала и ги врзаа заедно со едно старо, товарно коњче и две мулиња. Се најадоа досита – беа преморени и прегладнети како волци и појдоа да се одморат. Вечерта во ќелијата на Алонсо влезе една сестра. - Јас сум сестра Анастазија – рече плашливо. - Што сакаш сестро Анастазио? - Вие ли сте прославениот рицар дон Алонсо де Охеда? - Тој бев. Бев голем, од најголемите. Војски водев и градови освојував, емири со своја рака убивав. Сега сум едно големо ништо. - Тогаш си ја земам слободата да ви кажам, дека во истата оваа ќелија живееше и се молеше дона Леонора, ќерката на високопоставениот господар Мединасели, која многу ве сакаше. Таа и нејзината дуења вчера го напуштија манастирот. Задоцнивте, рицару! Но, Господ така сакаше. - Ах... – стори Алонсо. Но, оваа вест личеше на удар со нож по веќе оладениот труп. Беа згаснале благородните чувства во него. А можеби тој никогаш не ги ни имал. За него, најпросто речено, сè беше поминато. - Да, – рече замислено – сигурно Господ сака сакал. А во таков случај ние сме немоќни. Утредента на двајцата покалуѓерени рицари им дадоа да облечат груба калуѓерска облека и по скромниот доручок кој се состоеше од сув леб, парче сирење, бел лук и чаша вода им рекоа да нацепат дрва, да ја окосат тревата околу манастирот и да го поткастрат големиот јасен на другиот крај од манастирскиот двор. Алонсо се зафати да коси. Но бидејќи не знаеше како се држи косата и како се замавнува со неа, тој, погосподарениот 370


потомок на овчари и рибари од дивиот Балкан, ја остави па се качи на јасенот, за да го поткастри. Една сува гранка на која невнимателно нагази се скрши и тој падна од дрвото. За ручек јадеше сув леб и посен грав. Побара малку вино за да си го исплакне грлото – не му дадоа, во манастирот не се пиело вино, така му рекоа. Попладнето цепеше дрва. Кога се стемни си отиде во својата ќелија, каде долго не можеше да заспие, рацете го болеа – кога тој во својот живот цепел дрва и косел трева? Наредниот ден пак цепеше, но веќе третиот ден не можеше да ја држи секирата, бидејќи дланките му беа полни со пликови. Ја фрли секирата и му заповеда на пажот да ги спреми и да ги изведе коњите од шталата. Кога осамна, двајцата рицари одјаваа како да ги гонат сто ѓаволи. Прав беше Родриго: оваа лудост на неговиот господар не траеше повеќе од три дена. Се упатија кон замокот Осма на покојниот господар Мединасели. Март се приближуваше кон својот крај. Во првите денови на април тие го одминаа градот Агулар чии што ѕидишта се белееја во далечината, ја поминаа и големата шума во која господарот ловеше и влегоа во Ел Бурго де Осма. Замокот не беше толку пуст како оној пат, кога Алонсо ја бараше Леонора. Во него сега живееја дваесетина луѓе – стари капетани и војници на покојниот гроф и нивните слуги, дури и неколкумина покрстени Маври се беа доселиле. И астрологот Мартиваллиус сè уште беше таму. Алонсо го најде каде што си беше, во поткровјето на старата кула. Беше наведнат над една дебела и убаво укоричена книга со латински цитати, неодамна отпечатена во Франкфурт – речиси сите книги што ги имаше беа печатени во Франкфурт, таму ги правеа најубаво. Меѓутоа, ги немаше веќе скапоцените украси по ѕидовите, ниту великолепниот туренски тепих со кој беше послан подот, ниту прекрасниот персиски килим, со кој беше покриена големата храстова маса. Сите тие работи тој ги продаде по смртта на Мединасели, бидејќи пари веќе од нигде не добиваше, а требаше некако да се живее. Беше продал исто така и некои прекрасно изработени од најскапоцен материјал математички и астрономски справи, а секако ќе му дојдеше редот и на ѕвездомерот, најскапоценото нешто во неговиот стан. - Еј, Балканецот ми дошел на гости! – викна старецот кога Алонсо влезе. Ама кој ѓавол пак тебе те донесе овде? Велат, дека си паднал во немилост кај кралевите. А ја најде ли својата Леонора? - Направи ми хороскоп – рече Алонсо, без да одговри на ниту едно прашање. Сакам да си ја знам иднината. 371


На астрологот лакомо му светнаа очите. - Ништо полесно – рече – Само треба да ми кажеш кога си роден и под кој знак и да ми дадеш едно влакно од твојата коса и една капка од твојата крв. И... неколку златника со ликовите на Фердинанд Арагонски и Изабела Кастилска... да речеме стотина. - Сто златника? Па тоа е речиси сè што имам. Ако ти ги дадм тие пари, потоа ќе треба да им се придружам на просјаците, кои во неделите наутро чекаат да се отворат црквите за да им дадат малку чорба и парче мувлосан леб. - Ами како! – се озаби астрологот – Црн Балканецу, зарем си мислиш, дека ќе поминеш без ништо кај учениот Мартивалиус, кој им ја прорече судбината на Матија Корвин, на Луј Единаесетти, на прочуениот бургундски војвода и на прославениот господар Мединасели? Добро де, покојниот гроф на тоа ќе речеше, дека мојата служба не секогаш им донесуваше полза на овие личности, а донекаде беше и така; но самите тие си беа виновни за тоа. Зошто, да речеме, војводата Карло Бургундски не ме послуша кога му реков, дека кај Нанси треба да внимава повеќе на левото непријателско крило одошто на десното? А и грофот: убаво му реков да се пази од својот паж, односно од тебе, Балканецу, а тој не ме послуша и загина токму спасувајќи те под Гранада. Сè што реков – одсеков! А ти, Балканецу, биди среќен што не ти побарав двеста златника, бидејќи суво злато чини мојот хороскоп. Алонсо му изброи сто златника и запраша кога ќе биде готово. - Чекај. Треба хороскопот да се отвори, а за тоа да се случи треба ѕвездите да ти се наклонети. Не бидува тоа преку ноќ. Ќе чекаш. Алонсо се смести во една соба во дворецот – тоа беше собата на Леонора – и почека. Но април помина, помина и мај, потоа и јуни, а хороскопот никако не сакаше да се отвори. Алонсо просто збесна: кога тој останал толку долго на едно место? Отиде во кулата кај астрологот и му рече, дека веќе не може да чека. - Ќе чекаш, ќе чекаш – одврати овој – И не само што ќе чекаш, туку уште сто златника ќе ми дадеш. - Што? – викна Алонсо и се фати за мечот – Луд старецу, зарем така? Парите ги зеде, а работата не ја сврши; и згора на тоа уште злато ми бараш! Ќе те сплескам како мува, ич нема да му ја мислам! Астрологот се подисплаши. Но тој, како што знаеме, никогаш не го губеше сосема присуството на духот. 372


- Ама, момче мое, не ти го реков јас тоа туку така. Освен тоа знаеш ли што ми рече оној дел од хороскопот кој малку се подотвори? Дека ќе умреш истиот ден по мојата смрт, нема ни вечерта да ја дочекаш. Не ми веруваш? А ти ако сакаш да видиш дали ја зборувам вистината, ајде, прободи ме со своето смешно ноженце. Туку, чекај да ти кажам како стојат работите. Твојот хороскоп испадна многу тежок, потежок и од оној на Луј Единаесетти. Еве, сега ќе ти кажам како беше. Добро го проучив влакното од твојата коса, ја смешав твојата крв со фибрин и на еден вжештен нож капнав неколку капки од таа течност. Капките веднаш се испарија и се претворија во фантастични шари. Но шарите беа толку испреплетени и обезличени, што речиси паднав во несвест проучувајќи ги. Видов нешто што личеше на езеро, потоа жена... Но сето тоа беше многу тешко за разбирање, ти велам. Видов крв, многу крв... - Не кажувај ми ги подробностите. Само кажи ми, ја дозна ли мојата судбина или не? - Сè уште не. Ѕвездите никако не ти се наклонети. Уште неколку пати ќе ја повторам постапката, за да бидам сигурен. Затоа ти побарав уште пари, многу мака видов со тебе. Ајде, дај ми само уште триесет златника, тоа ќе биде доволно. Алонсо одеднаш се реши. - Одете по ѓаволите и ти и твојот хороскоп, слушна ли, стар скитнику? Најпосле што ќе ми е да ја знам својата иднина? Што има ти да ми кажуваш што ќе ми се случи во животот? Ќе ми се случи она, што ќе одредат Господ и пресветата Дева Марија. Си одам! Излезе и се стрча надолу по скалите. Кога беше надвор старецот му свика од прозорецот: - Пази се од индијанска стрела, само тоа со сигурност можам да ти го кажам. А ако намислиш да тргнеш на исток, првин изброј до десет, бидејќи на некој твој близок таму лошо му се пишува – водиш ли со себе некаков слуга или штитоносец? Ама застани, црн Балканецу! Ех, каков човек! - Оди по ѓаволите! – повтори Алонсо и весело се провикна: - А она езеро што го спомна, тоа сигурно било моето Охридско езеро. Фала ти, што ме потсети. Сега мојот пат е јасен, а иднината безгрешна: ќе одам во Охрид.

12 И тој, согледувајќи ја пак 373


долината позната, Од болка заплака. Иго За да отиде во Охрид му беа потребни пари, многу пари. Со Родриго го фатија патот за Кордоба. По петдневно деноноќно галопирање стигнаа до замокот Ел Сордо. На еден тамошен ситен феудалец Алонсо му го даде под закуп замокот за пет години и со парите што ги зеде како закупнина отиде во Палос. - Ќе дојдеш ли со мене во Охрид? – го запраша својот паж. - Мислам дека тргнувате по опасен и трнлив пат кој може да донесе многу тешкотии, можеби и гибел. Но ќе дојдам со вас, мој господару. Со вас ќе одам ако треба и до Тула, до крајот на светот, па и понатаму. – одговори верниот паж. И на Алонсо му беше совршено јасно, дека нема што толку многу да бара токму сега во Охрид и дека на тој пат може да си навлече само незгоди на вратот, а полза малку, или речиси воопшто. Всушност, тој и не знаеше зошто оди таму. Само неопределено помислуваше, дека таму треба да сврши нешто што побргу и дека без тоа дома не сака да се врати. Но каде беше неговото дома? Замокот Ел Сордо? Но него штотуку го даде под закуп. Бедната колонија Изабела на островот Еспањола? Но тој токму од таму избега. Кралскиот двор? Но кралевите му го свртеа грбот. А и што да сврши во Охрид? Околу тоа му беше тешко и да размислува. Имаше една добра причина – да види дали мајка му е уште жива. Но, рака на срце, во последните неколку години тој многу малку помислуваше на неа, како што веќе рековме во него немаше изобилство од благородни чувства. Имаше и друга причина: кога веќе кралевите не му дадоа ослободителна војска, да отиде и на своја рака да се обиде да крене востание против Турците, па, ако така сака Господ славно да загине за својот народ. Но ни во тоа тој веќе не веруваше, не! Тој навистина можеше да отиде и да испотепа цел еден гарнизон Османлии, па и да загине притоа ако така му беше пишано, но тоа ќе го направеше бидејќи секогаш беше буткан од некаква внатрешна бура, чувствуваше неугаслива жед за опасности, шум, борба; ќе отидеше бидејќи му беше неопходен кислородот на авантурите, а не веќе поради некаква благородна идеја. Вистина, тој посакуваше нов, јасен живот, кога ќе може слободно и отворено да й погледне на судбината в очи, да осознае дека дека е пак весел, слободен и моќен, но постоеше многу мала веројатност таквиот живот да го најде токму во несреќниот Охрид. Преостануваше уште една 374


причина: да тргне во лов на спомени, да се потсети на детските години. И тоа беше добра причина. Но многу води протекоа од тоа време, многу спомени го загубија за него значењето и останаа нејасни мечти. Освен тоа спомените ете, и ќе дојдат, но во заседа ќе чека – болката; кај се видело спомени без болка кога животот не ни цвета? Имаше и други прочини. Веста за смртта на братучед му Петар требаше да им ја однесе на неговите дома, а и да му плати на попот да отпее за неговата душа, таков аманет му остави овој на умирање. Ева, таквите аманети и други такви работи нему, тоа мораме да го кажеме, од пред некое време му беа важни колку и ланскиот снег, но тој се фати за тоа – дека треба да му се отпее на Петар – како слеп за стап - и се реши да отпатува. Одлучи да го напушти за некое време ова кралство, овој свет кој го направи среќен, но исто така и несреќен, да се обиде да ја заборави под родното небо мислата за натрупаните незгоди кои му се случија овде, споменот за кои може само да ја натажува и осквернува неговата душа. Во Палос двајцата се качија на еден брод и отпловија за Венеција, а од таму со друг брод за Дубровник. Во Дубровник фатија караван и со него се упатија на југ. Тоа беше единствениот пат што Алонсо го знаеше. И едно студеникаво октомвриско утро стигнаа пред Охрид. Караванот продолжи на исток, кон Горна Џумаја 119, Софија и уште понатаму, кон Пловдив, а тие влегоа во градот. За да не го привлекуваат вниманието беа облекле едноставна патничка облека. Само што влегоа во градот, патот им го препречи чета јаничари. Заповедникот, убав мустаклија, на чисто охридско наречје ги запраша кои се и од каде се. - Јас сум кастилски гроф и патешествувам со мојот слуга, а овде сум бидејќи ги сакам овие простори, дури и овдешниот јазик го знам – рече надмено, речиси дрско Алонсо – Дојдовме со караванот од Дубровник. А зошто, ти, војнику, ме запираш на патот? А вие кои сте и какви сте? Носите криви сабји – да не сте Маври? Во Шпанија ние им ја видовме сметката на Маврите. Маври ли сте? А? Заповедникот широко се насмеа и до земја се поклони: - Мојата почит, ваше благородство – рече, топејќи се од милина –Ах, многу, многу ми е мило. Вистински Шпанец и згора на тоа гроф, велите? Добредојдовте во великата и вечна турска империја, добредојдовте, мој грофе. Но што барате меѓу оваа проста раја? Каде сте тргнале? Сакате ли да ви дадам водачи и војници кои ќе ве обезбедуваат? Бидејќи вие сте голем господар и јунак, се гледа тоа. 375


- Некако ми е сомнителен овој човек – му шепна на увото на заповедникот еден од јаничарите – Го гледам и си мислам: ама да не е некој нашинец? Алонсо го слушна тоа и се загрижи да не биде откриен. Затоа благо го одтурна заповедникот и како да тргна. - На моите патешествија јас никогаш не сум побарал нечија помош. А ти не сопирај ги така благородните странци, недолично е, слушна ли... полковнику? Да бевме во Шпанија веднаш ќе те предизвикав на двобој со меч или со копје, на коњи или пешки, иако нивните височества Фердинанд и Изабела строго ги забранија двобоите. Но, веќе не попречувајте ми го патот, инаку може да се случи да заборавам дека сум ви гост. Заповедникот остана восхитен од оваа дрскост - Ах, навистина тоа е некој голем јунак, нема што. Ама што ми дрнкаш, глупав Јонузе дека бил овдешен? Си видел ли барем еден јунак меѓу оваа охридска раја? А и паметен е, сигурно учел школи и знае јазици. Не срами се: тој е висок шпански благородник, ете што е! - Не претерувај со својата восхит кон западните благородници, заповеднику – се замеша трет војник – Не се тие толку големи јунаци, како што замислуваш. Кога бев мал, татко ми ми кажуваше, дека кај Варна бегале како зајаци 120. Алонсо, меѓутоа, одјава кон родната куќа. Мина покрај пропаднати плетишта и мали, стари куќарки, за некои од кои веќе не се ни сеќаваше чии се. Кога стигна, срцето силно му зачука. Вратата беше замандалена. Викна: „Мајко!“ Никој не му одговори. При малку посилен притисок старото резе попушти и вратата се отвори. Од прагот викна уште еднаш:„Мајко!“ и кога ништо не слушна, влезе. Внатре беше темно. Се чувствуваше тешката миризба на стари, ретко проветрувани куќи. Ги тргна завесите и ги отвори прозорците за да влезе свитлина и чист воздух. Наспроти студеникавото утро денот беше топол и светол, прекрасен октомвриски ден. Владееше тишина, вистинска селска тишина, која во срцето навева слатка и тешка меланхолија; се слушаше само брмчењето на мува по прозорецот и чкрипењето на кола влечена од волови, која минуваше долу по патот. Во куќата сè беше како тогаш, кога си замина. Во претсобјето стоеше канабето кое уште тогаш беше дотраено, а во собата во која спиеја неговите родители сè уште на ѕидот висеше закачена света Богородица, а под неа 376


чашка со газје и фитил, кој како да чекаше нечија рака да го запали. Однекаде дотрча мачка и слатко предејќи почна да му се гали околу нозете. Се качи горе, во својата соба. Го отвори стариот орман и неговата миризба ги разбуди спомените – ништо не ги оживува толку лесно спомените како некоја стара миризба. Во орманот беа грижливо наредени стари черги, фути и секаква друга облека, и сето тоа беше посипано со прашок за молци. Во масичката најде еден портрет на татка си од младини, со меки кадрици кои паѓаа по челото, со замечтани очи и полуотворена уста. Најде и неколку книги со слики, што ги беше донел дедо Ѓорѓи, пловдивскиот патешественик, тука беше и неговата детска цртанка, полна со невешти, детски слики на рицари во бојна опрема, вјавнати на огромни коњи, со меч во едната и штит во другата рака, со широка наметка која се виори на ветрот – дедо Ѓорѓи така му ги опишуваше. Се сети на една своја слика која со денови ја црташе – битка на две рицарски војски. Ја немаше. Што ли се случило со таа слика? Отвори една преграда, во која очекуваше да најде збирка од најразноразни цвеќенца што ги собираше во мај. Збирката беше таму, но цвеќенцата, само што ги допре, му се распаднаа меѓу прстите. Излезе во градината. Таму го чекаше Родриго. Се заврте на другата страна, за овој да не му ги види солзите. Во таа куќа тој се роди, во таа градина научи, играјќи се, да забележува, да разбира и да чувствува. Прекрасни часови, свети часови, кога сосема свежата детска душа го открива волшебниот и таинствен свет! Му се вратија моменти од дамнешното детство, кои мислата ги извлече од заборавот на минатото. Тоа беше како некоја вода од изворот на неговиот искон. Како од некоја неизмерна далечина му дојдоа спомени, се виде себе си како петгодишно, и, чудно, уште пред тоа, како тригодишно дете. Сето тоа исплива во неговата мисла, чисто и јасно, во сосема непозната светлина, како нова, прочистена детска душа да се беше родила во него. О, на никого не му е дадено да се враќа по трагите на минатото, но сака да си го припомнува, уште еднаш во мислите да го доживее тоа волшебно и недофатливо минато во таков тивок и топол октомвриски ден како овој, слушајќи го брмчењето на последните инсекти и лесниот свиреж на ветрето во гранките на дрвјата. Најдраги му беа спомените од оние години, кога слатки илузии му го полнеа срцето со милина. Тогаш гледаше на светот со наивни детски очи, толку различни од денешните. Можеби свежината и детското благородство на душата го тераа тогаш да гледа на животот без секаква задна мисла, со 377


онаа чистота на чувствата, која потоа ја снемува и никогаш повеќе не се повторува. Прошепоти, стискајќи ги тупаниците и преапувајќи ги усните: „О, мое детство...!“ Остана скршен под теретот на своите спомени; многу беа, едни испреваруваа други – и сите се буткаа да влезат. Ја побара со поглед липата на крајот од градината. Тогаш, легнат под неа, мечтаеше да се вивне во далечниот, непознат свет, каде што се надеваше, дека ќе најде храна за своето срце, наслади, возбудливи авантури. Веруваше во иднината, беше сигурен дека ќе дојде до победа на начин кој уште не му беше јасен, но кој тој сигурно ќе умееше да го створи и да го искористи; дека, кога ќе созрее одеднаш пред него ќе се отворат оние невидливи и таинствени капии зад кои го очекуваат сјајот, успехот, среќата и сите сè уште непознати возбудувања. Ќе дојде неговиот час, не може да не дојде, така си мислеше тогаш. О, што ли не ветуваше тој необичен, единствен, неверојатен утрешен ден! А сега се беше вратил од широкиот бел свет, во кој навистина беше доживеал многу среќа и наслади, но и колку промашени надежи, колку разочарувања, колку срушени планови, боже мој! Се сети на старите, на својата баба, која ја запамети како со побожно лице и склопени раце се моли висната простум пред распнатиот Христос, на својот дедо, на загриженото лице на својот татко, на сите лица од целото свое безгрижно минато. Одвреме – навреме, ровејќи по пепелта во своето срце, го скриваше лицето во дланките и нешто шепотеше. Беше застанал пред своето минато како што застануваме пред куќа, за која мислиме дека одамна запустела, останала празна и изоставена, но наеднаш гледаме како се покажува пред вратата блесок на силна внатрешна светлина... и тогаш остануваме без здив во градите! Влезе во шупата, чиј што покрив само што не беше паднал. Таму лежеше превртен чамецот, што татко му сè така се спремаше да го поправи и оспособи за пловидба, а никако не го правеше тоа. Го поттурна: изгниеното дрво попушти и се скрши под неговата нога. О, прекрасно негово детство! О, најсреќно суштествување, кое никогаш нема да се врати! Тогаш беше весел и жив како младо ждребе и многу се смееше. Да можеше во тешките часови на животот барем за миг да ја видеше таа насмевка од детството, немаше да знае што е тоа тага. Убави детски и момчешки години... Потоа дојдоа Турците и еден ден дедо Ѓорѓи ги смести во една запрежна кола, самиот седна до нив и тргнаа со караванот, а нивните родители долго одеа по нив и крстејќи се повторуваа: „Господ нека ве чува! Господ и света Богородица!“ 378


Вратата од соседната куќа со скрцање се отвори и излегоа маж и жена во одминати години. Тоа беа родителите на Петар. - Кој си ти? Што бараш овде? – го прашаа, продорно загледувајќи му се во очите. - Цел час те гледаме од дома како се врткаш околу куќата. Кој си ти, господару, ваков измазнет и убав и што бараш овде? - Чичко! Јас сум, Драган. А мајка ми...? - Боже мој, Драган! Се вратил... – прошепоте старецот, не верувајќи им на очите – А мајка ти почина... ќе има веќе две години. - Бог да ја прости! – простенка Алонсо со растреперен глас и се прекрсти. - А нашиот Петар? – силно се вчепчи старицата за неговото рамо – Зошто не ни го доведе Петар? - Петар... загина... Мајката плесна со рацете и, запомагајќи и редејќи почна да се удира со стиснати тупаници по сувите гради. Таткото само воздивна, ја симна шапката од глава и се прекрсти. Некое време помолче. Па рече: Претчувствував дека загинал. Еднаш на сон ми дојде света Богородица и ми рече: „Вака и вака, вели, твојот Петре заживеа во моите градини...“ А беше спроти Велика Богородица. Неколку едри солзи полека, полека се одлепија од очите на старецот, се стркалаа по образите и се изгубија во белите мустаци. - Многу те сакаше – рече – Те сакаше повеќе и од нас, своите родители. Јас му велев да не ти верува многу бидејќи си непостојан, а и сè некакви бесни мисли те водеа, но тој не ме слушаше. – „Со него – велеше – ќе одам и на крајот на светот“. Толку многу те сакаше, што беше чудо. А ти уште тогаш почна да го оттурнуваш од себе. Затоа сега оди си и не излегувај ми веќе пред очи. Чекај, храбро ли загина? - Храбро. Беше голем полковник и многу подвизи направи. - Фален Исус Христос барем за тоа! Беше ли покрај него кога умре? - Бев. Лесна му земја. - Лесна му земја. А сега оди си, остави не во нашата болка. Врати се од каде што си дошол, овде нема што да бараш. - Чичко... Барем понуди ме со леб и сол, оддалеку идам. Барем кажи ми убав збор, освен тебе никој друг немам свој. - Оди си, оди си. Ни мојот Петар не дочека од тебе убав збор, така мислам. Господ нека те чува, но не излегувај ми веќе пред очи. Оди си...

379


Стерецот го прегрна, го бакна во двата образа, па благо го оттурна од себе и, придржувајќи ја под рака речиси онесвестената од болка старица, влезе дома. Отиде на гробиштата. Ги пронајде гробовите на своите родители. Запали две свеќи, па ги стисна во едната рака, а со другата почна да се крсти. Се молеше. Кога свеќите догореа, го слушна гласот на својот паж кој го чекаше пред влезот на гробиштата. Виде некаква гужва, нешто се случуваше. Излезе. Тоа беше истата онаа група јаничари која го пречека кога влезе во Охрид. Заповедникот и оној кој се викаше Јонуз нешто се расправаа со Родриго кој им го препречуваше патот, а другите војници висеа до нив со голи сабји во рацете. - Ама, ти велам јас, дека овој човек е овдешен исто толку, колку што сум и јас; ако не беше така што би барал на овие гробишта? – му објаснуваше Јонуз на заповедникот – Тоа не е никој друг освен Драган Охридски. Го знам тоа, како деца често си игравме. Инаку, моето вистинско име е Јанко, Јанко Крстев. Потоа Турците дојдоа, ме зедоа од моите во Момин Поток, ме направија јаничар и ме прекрстија во Јонуз. Тие денови требало да го земат и Драган, но тој избегал со братучед му Петар. Еј, Драгане, се сеќаваш ли на мене? Уште утрово кога те видов, некако ми беше познат. Потоа се подзамислив и се сетив кој си. Не заборавам јас ликови од детството, не! Заповеднику, речи им на војниците да го фатат овој човек. Тој, така сум потчул, пред години веќе бил овде, доаѓал да го одмазди својот татко и тогаш испоклал цела чета наши војници. Така зборуваше овој потурченик. Алонсо посегна кон дршката на својот меч и со најголемо задоволство би го извадил и би размавнал со него; но се предомисли и со тешко срце ја оддалечи раката. Му се обрати на заповедникот: - Што ломоти ова куче, а, полковнику? Заповедникот пак до земја се поклони и пак се насмевна, но овој пат злобно. - Сешто зборува овој Јонуз... Дека сте биле тукашен и сте се викале Драган – и секакви други глупости. А кој знае... можеби работата треба да се истера на виделина, можеби сето тоа и не се глупости, а? - Се разбира дека се глупости – рече Алонсо тешко задржувајќи го својот бес и давајќи му на лицето рамнодушен израз - Кај се видело 380


шпански гроф да биде тукашен човек? Моето име е Алонсо де Охеда и сум еден од најпознатите рицари на нивните височества Фердинанд и Изабела. - Алонсо де Охеда, така ли рече? – се јави пак Јонуз – Каде ли бев слушнал, дека Шпанците за Драган велат Алонсо? А и она „Охеда“ некако потсетува на нашето „Охрид“. - Чисти глупости – повтори Алонсо – Полковнику, ти премногу им дозволуваш на своите потчинети. Но оставете ме намира, добога, не сакам да си го расипам претстојот во овој град – и му тутна на овега во раката една кеса. - Секако, секако, господине грофе – рече заповедникот мерејќи ја со рака тежината на кесата; извади еден златник и го загриза – Се разбира дека нема да ве фатам и дека сте слободен како птица на гранка. Најпосле, Шпанец или Охриѓанец, вие сте голем јунак, јуначиште, се гледа, а и вашето злато е многу убаво. Ликовите на вашите кралеви ли се ова? Убави луѓе, нема што. Стигна до езерото. Го гледаше тоа прекрасно езеро како се простира пред неговите очи, го слушаше звукот на звоното кое се носеше откај Свети Стефан. Времето беше чудесно, вистинско есенско време; благо ветре дуваше накај него и пријатно шумолеше и свиреше во неговите уши. Се почувствува убаво. Заради еден единствен ваков момент вредеше што дојде во својот Охрид. По езерото заплови чамец, млади рибари одеднаш раздрагано запеаја. Стара песна од млади години. Пееја: „Билјана платно белеше, Крај Охридското езеро. Оздола идат винари, Винари белограѓани. Билјана дума винари: Винари белограѓани, Настрана карван терајте, Да не ми платно згазите. Да не ми платно згазите, Платното ми е даровно За свекор и за свекрва За золви и за девери. 381


Ако ти платно згазиме, Со вино ќе го платиме. Со вино ќе го платиме, Со врла, лута ракија. Не ви го сакам виното Ни врла, лута ракија. А ви го сакам младото, Што напред карван водеше“. ~~~ Тргна по една тесна патечка. Виде големи, црвени јаболки. Местото му се стори познато. Го крена погледот. Малку потаму се гледаше црквата – тоа беа црковните јаболки, од кои со Петар крадеа. Но жив ли е уште попот? Невозможно, ако е жив тој требаше да има речиси деведесет години. Попот беше жив. Седеше на клупата пред црквата и дремеше на сонцето со броениците в раце. Излезе пред него, му ја бакна раката и рече: - Дедо попе, ме познаваш ли? - А? – направи овој. - Јас сум Драган, Драган на Климета Охридски што го убија Турците. Со братучед ми Петар како деца крадевме од овие јаболки, а ти трчаше по нас и се сопнуваше од мантијата. Мораше да вика, за попот да го слушне. - Потоа со него избегавме во Шпанија. Тој таму загина, а јас се вратив. Прад да умре, посака да му отпееш за душата. Затоа дојдов. - Велиш загинал, а? – одрони попот – Бог да го прости. Ќе му отпеам, а потоа оди си, нешто многу ме тера да си поспијам на сонцето. А ти за тоа ли дојде од Шпанија? - За тоа. А помислував и востание овде да кренам. - А? Што да кренеш? - Востание, дедо попе, востание. Да го разбунтувам народот, да го кренам на нозе, ете тоа. Тешко е и недостојно да се живее во ропство. Што велиш на тоа, а, дедо попе? - Востание, велиш? Господ да те благослови за таа мисла; но немој, синко, не пролевај крв, народот ќе ни го испотепаат... Туку ти мене остави ме, стар сум за такви работи и сакам спокојно д си ги одживеам уште овие 382


денови, што ми се дадени. А на Петар ќе му отпеам. Ајде да влеземе во црквата. Клисарот, младо, куцо момче го фати попот под рака и му помогна да влезе во црквата. Му ја донесе кадилницата, му помогна да ги облече мантијата и епитрахилот и на масичката стави сад со варена пченица. Тогаш попот се заврте на исток и го започна поменот со слаб, старечки, но сè уште убав и чист глас: - Благословен бог наш... – пееше. Со запалена свеќа во раката Алонсо висеше простум, со наведната глава. - ...Пак и пак во мир да му се помолиме на Господ... – продолжуваше да пее попот. Влезе Родриго и му шепна на Алонсо на увото: - Некакви луѓе се прикрадуваат откај јаболките. Мислам дека се истите оние војници. Алонсо му даде знак да молчи. А попот пееше, размавнувајќи со кадилницата: - ... Уште се молиме за упокоение на душата на работ божји Петар. И да се прости секое прегрешение свесно и несвесно, та Господ бог да ја насели во своето царство... Кога пеењето заврши Алонсо остави на масата голема кеса со злато, му бакна рака на попот и со пажот бргу излегоа надвор, бидејќи слушнаа чукање. Пред вратата ги чекаа јаничарите, со насочени кон нив сабји. - Мојата почит, преблагороден грофе! – злобно се подбиваше заповедникот и не престануваше да се поклонува. А Јонуз с`скаше како змија: - Те фативме на дело, куче! Толку силно врескаше, што дури до езерото се слушаше како му објаснуваш на попот кој си и што си. Востание сакаш да дигаш, народот против царштината да го бунтуваш, а? Сега само да најдеме некое погодно дрво на кое ќе те обесиме, скоту! - Добро, ваш сум. Ме откривте, тој сум. Но да одиме одовде, да не го скврнавиме ова свето место. Водете ме кај што сакате, ви давам чесен збор, дека нема да ви се спротивставувам. - Ви верувам, зборот на еден шпански гроф вреди – рече заповедникот. – Но најпрвин предајте го оружјето. Алонсо мирно го извади мечот, како навистина да сакаше да го предаде. Но наредниот момент острото сечило свирна во воздухот и 383


јаничарот Јонуз падна со пресечено грло и силно почна да кркори. И заповедникот исто така се струполи: тоа Родриго го беше извадил својот меч. Другите петмина војници не успеаја ни да разберат што се случува – сето тоа стана во дел од секундата – а сите до еден, додека да трепнеш испопаѓаа по црковниот двор, натопувајќи ја земјата со својата крв – како страшна бура да ги покоси. - Овој Јонуз... – рече замислено Алонсо – Тоа навистина беше мојот другар од детството Јанко Крстев од Момин Поток, дури сега го препознав. Како мали често се боревме и кога ќе му ги притиснев градите со коленото, го правеше истиот израз на лицето, како сега, кога му го пресечов грлото – по тоа го препознав. Но, по овој настан тој се чувствуваше како див тигар, кој што туку вкусил крв. - Ајде, мој пажу! – викна, па се фрли врз коњот и, силно збодинајќи го, како стрела се спушти надолу кон езерото. Таму виде неколкумина луѓе. Беа бледи, со разбарушени коси и боси, со лица, на кои се оцртуваа тешкиот ропски живот, гладот и стравот. Беа на негови години, можеби и си играл со нив, но не можеше да се сети. Клети созданија, би се рекло вистински пратеници на мракот. Но нему не му беа важни нивните испиени и бледи лица. Го држеше во рацете окрвавениот меч и беше жеден за борба, за уште крв. Сега сè за него беше блесок и радосен вик, во овие секунди го живееше идеалниот живот, суштинскиот живот. Остро ја притегна уздата и коњот се препна високо на задните нозе. Во тој момент заличе на разгоропаден Хомеров јунак. Ако сега беа овде со него оние 10.000 оклопни коњаници што толку многу ги посакуваше во Кастилија, сигурно ќе го слободеше Охрид, а по него и целиот Балкан, ќе ја немаше онаа сила на светот, која ќе се осмелеше да му застане на патот. - Другари! Браќа! – викаше – Дигнете се на оружје! Дојдете со мене! Како можете да живеете во ропство? Но овие се иставаа пред неговиот коњ кој поигруваше на брегот и подскокнуваше, кога езерската вода ќе му ги допреше нозете. - Јас сум шпански рицар во служба на нивните височества Фердинанд и Изабела, но инаку сум овдешен, син сум на Климета Охридски, се сеќавате ли на мене? Ајде, ќе одиме на Галичица, таму ќе се организираме. Дури и да загинеме – подобра е и смртта од ропството. Однекаде дојде висок старец со бела брада и заканувачки го крена бастунот: 384


- Кој си ти да го бунтуваш народот? Оди си! Како – така си живееме ние некако овде. Наведната глава сабја не ја сече. А ако тргнеме со тебе, Турците сите до еден ќе не испоколат. Кои сили на пеколот те испратија овде? Алонсо ја стегаше уздата на коњот, сакаше да го смири, но тој сè така поигруваше и нервозно потскокнуваше. Не им веруваше на своите очи и уши. - Ама како може да се живее во ропство? Слушајте, не плашете се, и Турците се од крв и од месо; јас и мојот пријател штотуку сосековме неколкумина горе кај црквата. Дојдете да се бориме, не плашете се! Дојдоа и други – рибари, занаетчии, дрвари, цела толпа - и кога научија во што е работата сите почнаа бесно да вреват: - Оди си! Не ни требаат вакви како тебе! - Татко му Климе беше кроток човек. На кого ли се метнал овој? Како некоја фурија е. - Нека оди да војува и да се подвизува таму, од каде што дошол, а не овде! - А каде е братучед ти Петар? Зошто го остави во црна туѓина? - Бегај, ѓаволе! Почнаа да плукаат. Некои со ситни каменчиња замавнаа на јавачите. - Ама какви луѓе се тоа, ѓавол да ги земе? – бесно крцна со забите Алонсо. - Да си одиме одовде, господару – рече Родриго – Овие не ве сакаат. - Ајде кон Галичица. Ќе им појдеме на овчарите и дрварите, ќе видиме што ќе правиме. А можеби е уште таму и овчарот што ми ја даде иконата со света Богородица. Насобраните грозно завревија, се слушна одвратното: - Одете си! Ѓаволи! - Ајде – рече Алонсо – Каков народ е ова? Та ова и не е народ, а прашина, џган. Не заслужуваат ништо друго, освен да ги оставиме да изгнијат. Ајде кон Галичица! Почувствува желба да ја напушти средината, чие што расположение беше толку поразлично од неговото. Ги збоднаа коњите. Но однекаде се зададе голема група јаничари, ги имаше педесетина. Се слушнаа истрели. Родриго некако чудно се исправи на својот коњ. По некое време – беа на некокво пусто место, само стари плетишта можеа да се видат – Алонсо се заврте и го виде својот паж како се 385


ниша и како паѓа од коњот како отсечена клада. Скокна и му ја прифати главата го разгледа: еден куршум го беше погодил меѓу плешките. - Родриго... - Бегајте, мој господару, со мене е свршено – рече овој и тенок млаз крв му потече од устата: беше мртов. Алонсо простенка низ заби: - Црна судбино, ми ги земаш сите оние, што ме сакаат – Петар, Родриго... Му ги затвори очите на својот паж и се исправи. Ја извади од џебот иконата и ја бакна. Па посегна кон мечот, решен да се соочи со Турците, чии што бесни повици веќе се слушаа. Болката изчезна од неговото лице, солзите пресушија, се претвори во камена статуа; заличе на Леонид, кој кај Термопилите ја очекуваше својата последна битка 121. Насмевка заигра на неговото лице. Но се сети на бледите, вџашени и полудиви лица на луѓето покрај езерото. Помисли: „За кого да загинам, за нив ли?“ Со презир плукна. Па се качи на коњот и одјава.

13 Доволно живеев во ужас и принуда, настапи часот од сон да се пробудам. Иго, „Руи Блас“ Откако падна во немилост кај кралевите на Арагон и Кастилија по Гранадската војна; откако ја увиде бесмисленоста на своето суштествување во Индија, каде отиде со флотата на адмиралот Колумбо на неговата втора пловидба; откако се врати од кралскиот двор во Барселона, каде кралевите по втор пат му го свртеа грбот; откако, најпосле беше срамно отеран од своите другари Иван Беров и Стојан Пинелов во Севиља и од своите роднини и сонародници во родниот Охрид и му се случија уште многу други работи која од која понепријатни, Драган Охридски, потоа наречен Алонсо де Охеда, кон кого судбината беше толку дарежлива, но исто така и толку злобна, се запраша: „А што сега?“ Ползеше ничкум и риеше со ноктите по ѕидовите на пештерата наречена живот и постојано му се чинеше, дека на другиот крај здогледува една светлина, еден пламен, одсјај од нешто, но кога ќе тргнеше натаму тоа 386


нешто се губеше, светлината потемнуваше, пламенот се гаснеше. Преташе под урнатини и бегаше низ мориња од крв, среде огнови на пожари кои блескаа на сите страни, но никако не можеше да излезе на спасоносната чистина, туку сè повеќе тонеше во мрак и студенило. За сите овие години откако ја напушти татковата куќа и тргна по белиот свет, тој сè така одеше кон некаква голема идеја, чие што остварување ќе го осмислеше неговиот живот на најубав начин; но секогаш кога беше пред прагот да ја фати во целата нејзина суштина, таа му се измолкнуваше и бегаше. За него тоа беше постојана борба, изнурувачка, со нешто неуловливо, со нешто, кое можеби и не суштествуваше. Па сега тој по трет пат во својот живот се запраша: „И што понатаму?“ Едно време му беа дадени почести, титули и награди, беше национален јунак за кого пееја минстрелите и летописците го величаа во своите летописи, врхован командант на коњаницата на Обединетото кралство и заменик на кенетаблот, славен и почитуван гроф и господар на осум замоци, едно време дури и љубовник на најмоќната кралица во Европа, што беше можеби поважно од сè друго, но сето тоа тој го прокоцка, му се протна низ прстите – преголема беше неговата глупава негрижа, неговата нестрпливост и неговиот копнеж за промени, за нешто уште поубаво. И сега се наоѓаше во положба на човек, кому по специјална милост му беше дозволено да ја разгледа збирката на некој љубител на старини, а тој невнимателно го турнал орманот и скршил неколку извонредни статуетки. Беше суден за некои работи во кои згреши, а и за некои во кои немаше вина и казната беше: бесмислен живот. Оној, кој се возеше во кочија во која беа спрегнати шест коњи побели и од снеговите по Алпските врвови, кој живееше со мечти и поезија, среде облаци и ловорики, сега беше попрозаичен и победен и од најземното суштество. И што сега? Навистина ли сите тие перипетии му ги потсекоа крилјата, та тој веќе не можеше да полета, навистина ли ја доживеа својата Зама? 122 Тогаш што му преостануваше? Да дигне раце од сè, да се оттуѓи и осамоти? Но тој беше млад, немаша многу повеќе од триесет години и сè уште силен, многу силен, сè уште тој можеше да се качи на коњот и војска да разбие, сè уште чувствуваше сили дури и светот да го покори. Беше рано за крајот. Нешто требаше да направи. Сè уште можеше како Амоков тркач да јурне во животот. Одсекогаш тој сакаше да оди, да засени, да побеси. Да се бори и да победи, тоа беше главната мисла на неговиот живот и знаеше, дека за него 387


друг пат нема. Неговото вистинско „јас“ одсекогаш му советуваше не трпелива работа, туку борба; не мир, туку победа. – „Твојата работа нека биде борба, твојот мир нека биде победа!“ – му довикнуваше тоа. Но тоа важеше само за воените походи и битките на бојните полиња, за опсадата на замоците и градовите, само среде ѕвекетот на оружјето и трештењето на трубите. Битките завршија, трубите замолкнаа и дојде мирот, а во него тој се чувствуваше како риба на суво. Кога во Охрид загина неговиот паж, Алонсо одјава пред потерата, се искачи на Галичица и за некое време заседна во колибата на овчарот, што му ја даде иконата со Богородица. Ниту јадеше, ниту зборуваше, ниту се движеше, а само лежеше и мрачно гледаше пред себе, западна во една тажна состојба, на која неговиот дух не беше навикнат. Така тоа траеше денови и седмици и му беше многу тешко, мислеше дури и дека ќе полуди. Но душевната болка не може да трае вечно. Еден ден се тргна од својата укоченост и фрли поглед околу себе, како мечка, која се разбудила од долгиот зимски сон. Се збогува со стариот овчар, се симна од планината и тргна на пат. Поминаа седмици и месеци, а тој сè така патуваше од град во град, од држава во држава, без да здивне. И еден ден стигна во Кастилија. Дојде во Палос. Почна пак да се спрема за Индија. Но овој пат не на туѓи бродови и под туѓа команда, туку со сопствена експедиција, на свои бродови, со кои требаше да заплови по Морето – океан и да навлезе во непознатите води 123. Повторно се впушти во своите филозофирања за животната вистина. Не можеше да најде никаков друг заклучок освен тој, дека животот е борба. – „Животот е борба!“ – тоа беше единствената вистина, никаква друга немаше. Требаше да се чекори во животот, како што лавовите чекорат низ бучниот кушечки чопор. Тој човек не можеше да ги поднесе своите страдања рамнодушно и апатично, не можеше да се помири со судбината. Тој мораше како без глава да јури по животот, барајќи го насекаде. Најпосле, си мислеше, нека се бори секој, па кој надвладее, нека се ползува со својата победа. На тој начин, така резонираше, ќе се создадат убави и значајни работи и смртта ќе добие помалку нешта, кои ќе може да ги уништи. Така мудруваше филозофот. Се реши да дејствува. Во неговиот живот требаше да постои барање и стремеж, без тоа сè е смрт и распаѓање. Секако, тој уште ќе се премислува на раскрсници и на граници и ќе се препнува, ќе паѓа, но секогаш повторно ќе станува, нема да останува да лежи, ќе оди понатаму и нема да се враќа. 388


Најважно е да се држи здраво. Неговиот пат беше крив и нерамен; но ќе собере сили и ќе оди. Последниот заклучок од сите негови силни филозофирања беше: слобода и живот заслужува само оној, кој секој ден ќе се бори за нив! Кога веќе судбината беше толку злобна кон него, тој требаше да ја надвладее со еден брз и силен удар, сличен на оние негови удари со мечот, со кои како гром ги поразуваше своите противници на бојните полиња. И така: откако по сите оние невољи осатана прав и силен, како дрво, удрено од громот, но неповредено, тој требаше пак да нападне, со сите средства, правилни и неправилни, требаше повторно да тргне во животот со ново сеце и полна енергија. На 2 април 1499 година со своите две каравели, што ги доби благодарение на својата стара слава, тој заплови од шпанското пристаниште Санта Марија на запад. Кога сите веќе мислеа дека со него е свршено, дека го очекува уште само крајот, тој повторно го изгради својот живот и со таа итра авантура уште еднаш по онаа гранадската, се проби во бесмртноста. Неговата животна борба сега не се состоеше во ракопашни битки и освојување замоци и градови „на нож“, туку во долги и неизвесни пловидби по морињата – но кој вели, дека и во тоа нема некаква сласт? Човекот се разделува од стариот свет и брза кон еден нов и непознат свет – колку прекрасна работа е тоа! Хоризонтите широко се раствораат, нова вистина се раќа. Тој, пронаоѓачот, конквистадорот, морепловецот ја остава земјата и се вивнува во непрегледните води, се капе во мајската роса на морското виножито, ги вдишува морските ароми, разнесувани од мирисните ветрови на зефирот. Алонсо чувствуваше како се подмладува телесно и духовно. Се раззеленуваше, како што тоа некој би го рекол. – „Ете, – си мислеше – уште може да се заврти животот; и тоа така да се заврти, што и свет да ти се завие!“ Од неговите очи почна да гледа духот на старите Викинзи – војници и морепловци. Одеднаш беше поминал од очај во надеж. Во еден единствен миг од влекач тој се претвори во орел. Мирното море, плаво и светло, понекогаш зеленкасто, млечно и сурово, се простираше насекаде, до каде погледот можеше да допре. Небото понекогаш беше чисто и јасно, а понекогаш темно и тогаш по него ползеа големи темни облаци кои често личеа на коњи, што се исправиле на задните нозе. Се чувствуваше здивот на солената вода. Се чувствуваше миризбата на морските алги, миризбата на брановите, опориот и пријатен мирис на вечното море. Гулаби кружеа над бродовите, подигајќи се и спуштајќи се 389


низ воздушните струи, како да се лулаат над огромната водена површина, не обрнувајќи внимание на ета оваа убавина, одеднаш летнувајќи кон некоја своја далечна, замислена цел. Понекогаш морето исфрлаше нешто на површината, и во истиот момент три или четири морски птици стреловито се спуштаат надолу, за да видат што е тоа. Наоколу царуваше мртва тишина. Имаше денови, кога не се чувствуваше ни најслаб ветер, тогаш морето блескаше како огледало. По долгиот ден сонцето почнуваше да заоѓа, испуштајќи ги во морето своите последни зраци. Кога сосема ќе зајдеше се јавуваа првите ѕвезди и месечината почнуваше да ја шири спокојно својата светлина по големата блескава површина на морето. Ноќта минуваше спокојна и кротка, а потоа на исток се покажуваше белина, тоа беше зората. Во исто време на запад се гаснеше друга белина, тоа беше заоѓањето на месечината. Во еден миг од исток проблеснуваше силна светлина, се распрснуваше по небото и од неа морето засветуваше заслепувачки. Сонцето бргу излегуваше, се издигаше сè повисоко и истураше вистински огнен дожд. Почнуваше нов, прекрасен ден на бескрајното море. Понекогаш ветришта ќе се раздуваа и тогаш морето рикаше како затворен вол во обор и исфрлаше големи бранови кои силно се распрскуваа од бродовите. Тоа обично се случуваше откако сонцето ќе зајдеше и траеше час или два, понекогаш цела ноќ, но веќе на другиот ден пак блеснуваше силното сонце и морето се простираше без ниту едно бранче, како бескраен син сатен. Двата брода свртеа кон Канарските острови за од таму да ги надополнат своите резерви и веднаш продолжија, иако гостољубивата кралица Беатриса го молеше убавиот Алонсо да остане барем неколку дена: таа се вљубуваше во сите Шпанци кои доаѓаа во нејзиното кралство, во секој од нив го препознаваше својот Одисеј 124. На 10 април бродовите ги напуштија Канарите и запловија по Морето – океан. На Алонсо му падна в очи еден млад човек кој седеше на палубата, длабоко задлабочен во некакви хартии. Да не беше тоа некаков летописец кој тргнал да ги опишува неговите патешествија? Но на пергаментите немаше писмо, туку цртежи. Го привлече овој задлабочен човек, освен тоа неговото лице му се допадна, тоа пробуди во него добри чувства, па еднаш му пријде и го праша: - Кој си ти? - Јас сум Хуан де ла Коса, капетане. Не можете ли да се сетите на мене? - Не. А зошто би требало да се сеќавам на тебе? Твоето лице ништо не ми зборува. 390


- Не е убаво да ги заборавате оние, на кои сте им го спасиле животот, ваше благородство, бидејќи можеби ќе дојде ден, кога тие ќе треба да ви враќаат со иста мера. - Сум ти го спасил некогаш животот? - На патот кон Севиља. Тоа се случи во март 1496 година. Ма спасивте од разбојниците. Еден разбојник убивте, другите се разбегаа. Се сеќавате ли сега? Алонсо се сети, дека такво нешто се случи на патот од Барселона кон Севиља, но не можеше да се сети на ова момче. Всушност, тој немаше навика да ги гледа в лице случајно сретнатите патници, трговци, морнари, војници и другите луѓе од народот – ниту кога разговараше со нив, ниту кога ги спасуваше, ниту кога ги убиваше. - Тогаш бевте двајца – продолжи момчето – Вашиот другар не го гледам на бродот. Што се случи со него, ваше благородство? Алонсо си ги преапа усните и се подзакашла. - А ти – што правиш? – запраша. - Работам на своите карти. Јас сум географ, космограф. Токму затоа и тргнав со вас, сакам да ги цртам бреговите, што вие ќе ги откривате 125, го дозволувате ли тоа? А и оној првобитен, прастар нагон за патување се разбуди во мене, посакав лично и со свои очи да ги разгледам различните места на светот, не сакам веќе да слушам секакви дрдорења од други. На Алонсо космографијата не му беше позната и никако не му влегуваше в глава како може на еден мал лист хартија толку точно да се внесат сите оние копна, покрај кои можеш да пловиш без прекин со денови и седмици, оние стотици километри брегови со сите нивни заливи, носеви, полуострови и острови; но му се допадна ова момче, па кога немаше никаква друга работа, времето го минуваше со него. - Како дошло до тоа луѓето да почнат да ги откриваат морињата и далечните прекуморски царства? – го прашуваше. - Во античко време – раскажуваше Хуан де ла Коса – старите Феникијци и Грци пловеле насекаде и откриле многу брегови. Освојувајќи го светот, царот Александар стигнал дури до Индија, таа легендарна земја, и се вратил назад низ Персија. И Римјаните исто така многу пловеле со своите триреми 126. Имало и мудреци кои умееле да читаат по ѕвездите, знаеле каква форма има Земјата и ги владееле сите тајни. Но златниот стар век одминал, завладеале мрак и незнаење. Некогашните подвизи, блесокот, славата, уметностите и науките, па и прекуморските откритија – сето тоа било 391


заборавено. Само Арапите не заборавиле, тие биле единствените луѓе во кои останал да живее духот од минатото. - Што, за Маврите ли ми зборуваш? Колку благородни рицари паднаа ослободувајќи ја земјата од тој џган – а ти нив ми ги фалиш? - Да, ваше благородство, за нив ви зборувам. Само нивните кораби продолжиле да пловат до најоддалечените земји, за да донесат одтаму робови, злато и скапоцени камења, само нивните каравани лутале по бескрајните патишта, само тие имале карти и таблици врз кои било запишано и одбележано сè; имале и мудреци кои го знаеле движењето на небесните тела и законите по кои тие се движат; освоиле земји и мориња, ги заграбиле сите богатства, целата трговија, сè што било вредно. Но не беа подобри воини од вас, западните рицари и затоа ја загубија војната. - Добро, добро – рече Алонсо, откако безуспешно се обиде да си ги претстави како морепловци, мудреци и блескави научници истите оние Маври кои тој како муви ги таманеше по Гранада – Но како дошло до тоа пак да започнат овие силни пловидби? Сега пловат и Шпанците, и Португалците, и Французите, дури и Англичаните – сите. - По долгите, мрачни векови на луѓето земјата им станала тесна. Тие се запрашале: „Зошто земниот, географскиот свет е толку ограничен? “ Одсекаде само море, море и море, само тој непознат и недостапен океан, за кој никој не знае што крие, ultra nemo scit quid contineatur 127. И тие посакале да запловат. Единствениот пат до земјите на легендарната Индија за која толку се мечтаело, водел на југ, низ Египет, но тој бил затворен од паганите. А зад столбовите на Херкул 128, низ Гибралтарскиот проток не се осмелувал да помине никој смртен, бидејќи според зборовите на Данте овој проток засекогаш ќе означува крај на сите патувања: „Не папса трудот, веќе бевме стари... Штом влеговме во оној тесен кат Во кој што Херкул знакот ни го дарил“ 129. - Убаво раскажуваш. Со големо задоволство те слушам. Ти си човек со голем дух, homo magni ingenii, што би рекле Римјаните. Еј, момче, сега се радувам што сум те спасил од разбојниците, та ние би можеле дури и пријатели да станеме. Се сложувам: јас ќе ги откривам бреговите, а ти само цртај ги на своите пергаменти. Vivat! Но, понатаму, понатаму! - Значи, ева, никаков пат не води кон „mare tenebrosum“ 130, ниту еден кораб не може да продре дотаму. Но, во 1298 година венецијанецот Марко Поло тргнал од својата Венеција, го поминал Московското кнежевство и преку Ерменија и Туркестан стигнал до Манги – до Кина, во дворот на 392


најмоќниот владетел на земјата, Кублај кан. А се вратил по океанот – поминал покрај Ципанго и Островите на мирудиите, покрај големиот остров Тапробане 131 и покрај бреговите на Персискиот залив и дошол во татковината низ Трапезунт. Значи, можно е сепак да се стигне до Индија, може да се стигне до најбогатите области на земјата, а потоа – до другиот крај на светот, многу подалеку и од Тула! И така, луѓето запловиле. Прво, како што реков, се осмелиле Арапати. Големиот географ Идриси 132 одамна открил, дека на југ се наоѓа една плодородна земја, Билад Гана 133, исто така излегнале арапски карти, на кои бил означен патот околу Африка. И така започнало. Во 1450 година е откриена Мадеира, потоа Среќните острови, Insulae fortunatae. Во 1486 година Бартоломеј Диаз ја заобиколува Африка откај носот Торментозу 134, а Васко де Гама доаѓа до Индија. Во 1492 година нашиот адмирал Колумбо тргна на запад и откри нов свет, Mundus Novus. Тој тврди, дека тоа е Индија до која стигнал пловејќи од Кастилија на запад, но јас не сум убеден, дека е тоа Индија; а и други не се. Бидејќи... На Алонсо му паднаа в очи уште двајца кои беа сместени на неговиот брод: некој си Веспучи 135, службеник на банкарска компанија, и уште еден, Пизаро 136, но тие не му се допаднаа, посебно не оној вториот, иако го наоѓаше донекаде сличен на себе: на неговото лице читаше сила, воља и лошотија и еден физиономист можеше да претпостави, дека токму поради тие својства тој човек далеку ќе дотурка во животот. Откако ги напуштија Канарите, Алонсо заповеда неговата мала флота да тргне појужно од патеките по кои пловеше адмиралот Колумбо, бидејќи сакаше да открие нови копна, сакаше да биде забележан во историјата не само по тоа, што ја ослободил Гранада од Маврите, туку и како еден од првите конквистадори кои тргнале на запад за да ги прошират владенијата на кралевите на Обединетото кралство. Висеше тој на командното место на својот брод и со силен, продорен и јасен глас им ги даваше своите наредби на офицерите и морнарите, а овие го слушаа својот сакан водач без поговор и радосно, и беше како во славните денови на Гранадската ослободителна војна, само што овој пат немаа пред себе да уништуваат војски и градови, туку да совладуваат непрегледни морски пространства. Во него немаше веќе ни трага од она пијаничиште кое му ги испиваше шишињата со вино на адмиралот, а потоа како свиња се тркалаше по подот, ни трага од оној очајник, кој, откако кралевите му го свртеа грбот, како луд талкаше по државите, попусто барајќи некаква – било каква – форма на живот. Не, тој сега беше буен и весел човек, бонвиван 137, кој смело верува во иднината. На триесет и некоја година тој беше не 393


помалку привлечен, отколку на дваесет и две. Неговото лице, мургаво, како на вистински Шпанец, румено, заоблено и толку убаво, што просто ги бодеше очите, обградено со долги, бујни, црни коси, на прв поглед потсетуваше на лицата на рицарите од раното средновековие, овековечени на сликите на старите мајстори. Беше облечен во свила и кадифе, на рацете носеше жолти ракавици, на главата шапка со раскошни перја и секогаш беше намирисан со португалска водичка, така што, дотеран, свеж, силен и убав, беше човек достоен за најголем почит и восхит. Е, не беше тој некаков строг моралист, уште помалку некаков Амадис 138, не беше човечки привлечен лик, но сè во него беше мажествено, потполно, во него живееше праисторискиот војник. Со здрав дух и тело, со непоколеблива сила на вољата, не многу мудар но способен на сè, кога тоа го бараа приликите, буен, природно расположен да му се восхитува на сè што е благородно и убаво, како заповедник праведен и цврст во своите намери, Охриѓанецот Драган кој потоа стана Алонсо де Охеда, во тоа многумина се сложуваат, беше еден од највпечатливите личности на своето време. Беше како некој бог – така тоа би се рекло. Кога ќе се разбеснеше бура, тој се смееше и му довикнуваше на морето: „Избриши се, Мавру!“, како што нешто подоцна правеше Французинот Жан Барт 139. Беше на висината на својата задача, која самиот си ја постави. Во неговиот живот имаше паѓања и издигнувања. Кога се пијанчеше беше смешен и жален, но кога ќе се зафатеше со сериозна работа, особено таму, каде што имаше величие и слава – тогаш кај него – немаше шега, богами! Беше човек полн со контрасти: понекогаш вистинска свиња, понекогаш титан, кој бестрашно чекори во ноќната темнина. Херој и вагабонт, неспособен да сака и да негува големи идеи, но со рицарски доблести и манири, измамник, но величествен – таква беше неверојатната сестраност на овој човек. Не сакаше да ја затвори мислата во тесниот круг на една догма и слободно врвеше кон светлината. Беше господар на себе си, слободен да решава за својот живот, слободен да излезе на крај со секоја промена, со сè ново. Овој пат беше цврсто решил да го изврши она, што го беше наумил. Та Алонсо ја бакна својата иконичка со Богородица, како што секогаш правеше пред да се впушти во големи потфати, се прекрсти три пати и тргна на далечен пат, кон непознати копна и светови. Овој негов пат кон бесмртноста е опишан надолго и нашироко во разните летописи, меморијали и писма од тоа време 140, па затоа на ова место само кратко ќе се задржиме на него. 394


По три месеци откако исплови од шпанското пристаниште Санта Марија, односно на 15 јули 1499 година, експедицијата на Алонсо стигна до Јужна Америка, приближно на 1000 километри југоисточно од устието на реката Ориноко. Корабите зедоа правец на северозапад и така Алонсо го откри брегот на Гвајана 141. Експедицијата продолжи на запад и стигна до еден нос. Алонсо носот го нарече Ла Веле, а земјата Венецуела, бидејќи го потсетуваше на градот Венеција, за кого имаше многу читано и слушано. Ги откри заливот Тристе, островот Кирасао, потоа островот Аруба. На некои острови и заливи им даде имиња, кои потсетуваа на неговата татковина, која тој продолжуваше да ја носи во срцето и покрај сè и во овој толку далечен крај од светот: Дола, Галата, Курија, Хоро, Лихнида, Барбакала 142, Тамара, Роза, Јаро 143, Свети Стефан... 144 На 10 август ги откри полуостровот Парагуана и Венецијанскиот залив, на 24 август – лагуната Маракаибо, на 1 септември – полуостровот Гоахира. Меѓутоа, набргу провизиите привршија и Алонсо се упати кон островот Еспањола.

14 Заврши мојот сон. Од врвот паѓам – пак ниско, онаму каде што бев... Иго, „Руи Блас“ Дојде до Изабела. Колинијата меѓутоа, беше празна. По несреќната крепост Навидад тој повторно најде опустошена шпанска населба, само што овој пат немаше пепелишта, траги од борба и плитко запретани трупови. Но што се случило? Дали Шпанците биле приморани да избегаат пред воинствените Индијанци од земјата Сибао? Или некаква друга несреќа ги снашла? Можеби сите отпловиле негде со Колумбо? Но, не, адмиралот немаше така сосема да ја изостави колонијата ако сметаше на неа, ќе оставеше барем мал гарнизон војници. Одеше од една колиба до друга. Сите беа празни. Влезе и во камената куќа на адмиралот – никој! Само на плоштадот сè уште стоеја осамени големиот дрвен крст и срамниот столб. Сретна двајца Индијанци, кои се беа затекнале овде. Ги запраша: - Каде се Шпанците? Што стана со нив? 395


Овие не разбраа. Со рацете им опиша луѓе со бради, со шлемови на главите, со оклоп на градите. Тогаш Индијанците покажаа на југ. Тој и неговите луѓе се качија на бродовите и запловија веднаш покрај брегот на југ. По неколкудневна пловидба на брегот здогледаа луѓе. Беа белци. Ги имаше само двајца. Алонсо со чамец доплови до брегот и ги повика. Кога овие плашливо пријдоа, ги запраша: - Кои сте вие? - Ние сме војници на господарот со црвената маска – рече едниот – Ова е негово подрачје. А кои сте вие, што пловите покрај брегот на југ? - Војници на господарот кој својот сурат го крие под маска? – рече Алонсо и се фати за мечот – Тогаш ве апсам во името на адмиралот, во името на нивните височества и во свое име, бидејќи сте одметници. Тогаш пријде и другиот. Беше убав, строен и нагизден, по последната кастилска мода, нешто несекојдневно во оваа дивина. - Нека ме однесат ѓаволите, ако ова не е славниот рицар де Охеда! – рече овој. - Тој сум – одговори Алонсо и неволно се загледа во лицето на тој човек – Но јас не можам да се сетам на тебе, иако си ми многу познат. - Не е ни чудо. Не сме се виделе од... 19 декември 1491 година. Всушност, јас потоа ве видов уште еднаш, тоа беше на Западните планини, кои се протегаат на овој ѓаволски остров; ве видов од една височинка и ве викнав по име – ме слушнавте ли? - 19 декември 1491 година? - Да. Денес е 20 октомври 1499 година, што значи дека не сме се виделе точно... седум години и... и...ах, никогаш не ја научив математиката. - 19 декември 1499 година? Не беше ли тоа денот на битката под градот Гранада? - Токму за тој ден зборувам, најславниот во историјата на Обединетото кралство. Видов како го убивте емирот Бен Марион, речиси го преполовивте, ни челичниот оклоп не му помогна – ах, тој удар и киклоп 145 би уништил. Уште ли не се сеќавате, рицару? А... за малку и ќе се ородевме... братучеда ми Леонора, де... знаете... Алонсо ги сви веѓите на она „за малку ќе се ородевме“, но потоа се лупна по челото. - Франциско де Марија! Братучедот на Леонора, сватот на мојот пријател Рикардо де Малдонадо! Но што барате овде проклет да сте? А вистина, еднаш на Западните планини некој ме викаше по име – значи тоа си бил ти? 396


Алонсо громко се засмеа – беше многу изненаден од оваа чудна средба – и тргна напред со испружена рака. Овој се истави: - Застанете, не сакам да се здравувам со оној, кој веднаш потоа ќе ме уапси. - А зошто да те уапсам, Франциско? - Бидејќи сум одметник, по ѓаволите! Рековте, дека јас и мојот другар што е овде ќе бидеме уапсени. „Во името на адмиралот, на кралевите и во свое име“, така рековте. Јас не се плашам од адмиралот и од кралевите, тие тројца се далеку, но вие сте овде и со вас – бр...р...р – нема шега! - Ах, да, ти си војник на господарот со црвената маска. Но како дојде до тоа, ѓавол да го земе? Тој црвен господар е вистински одметник, нешто како друмски разбојник и јас еден убав ден ќе му појдам во Западните планини и ќе го симнам одтаму со заврзани раце, или нема да се викам Алонсо де Охеда! Попат, кој е господарот со црвената маска? Има ли тој име? Какво ѓаволско суштество е тоа? - Јас никогаш не сум му го видел лицето – секогаш кога излегува меѓу луѓето тој ја носи својата маска – ниту пак му се знае името. Некои можеби и го знаат, но молчат, како да е тоа најсветата тајна на светот. Пред некое време на еден војник му беше отсечен јазикот, затоа што му се испуштило нешто за него. Чуден господар е тоа, ви велам. Но кога велите, дека ќе му појдете во Западните планини и ќе го симнете со заврзани раце, тоа значи, дека така и ќе стане. Вие сте човек од збор и вас никаква сила не може да ве спречи. Така да, веќе го жалам својот господар. Не може да го спаси ни неговата крепост на Западните планини. - Си изградил крепост? Вистински замок? - Дури ни во Кастилија нема многу такви замоци како замокот на господарот со црвената маска на Западните планини. Дури ни величествениот Ел Бурго де Осма на мојот покоен вујко Мединасели не е многу посилен од замокот на мојот господар. - Одлично, тогаш тоа ќе биде весела битка! – рече Алонсо. Широко се насмеа, очите лакомо му светнаа: борбени дејствија со дораснат противник, походи, ракопашни битки, опседнување и превземање на градови и крепости – тоа беше вистинската клима на неговата душа! Почна да го распрашува Франциско кога и како дошол во Индија и како се нашол во служба на чудниот господар – одметник. Го запраша исто така дали знае нешто за својот сват Рикардо, бидејќи сè уште негуваше пријателски чувства кон овој слаб и неубав, но паметен и многу пријатен човек. Сакаше да се распраша и за – Леонора – каде е, како живее, среќна ли 397


е – но си ги преапа усните, се подискашла и одмолче; го обзеде грижа на совеста, си помисли: „Зошто не можев да ја засакам таа прекрасна жена?“ По половина час разговор, меѓутоа, почна да му станува досадно. Франциско де Марија не беше човек од простиот народ, но не беше и некој висок благородник, а таквите тој исто така не ги ценеше многу. Му рече, дека овој пат ќе му прогледа низ прсти и нема да го уапси, но нема да биде така, ако се сретнат некогаш на бојното поле, а се најдат на различни страни. Се збогува со него и тргна кон чамецот, кој требаше да го врати на бродот. Пред да влезе во чамецот, запраша преку рамо: - А што се случи со луѓето од Изабела? Жива душа не најдов таму. Да не ги протерал твојот црвен господар? - Не, мојот господар никогаш не би се симнал од планинските височини во калните низини. Туку, Шпанците сами ја напуштија колонијата и отидоа на југ, во потрага по поздрава клима и поплодна земја, така слушнав. Но навистина ли ќе бидете немилосрден кон мене ако некогаш се сретнеме на бојното поле? Ама немојте, рицару де Охеда! Знајте, дека јас многу ве сакам и почитувам и никогаш не би ви причинил никакво зло... додуша, и кога би сакал не би можел тоа да го сторам – што може да направи мува на слон? Многу се израдував кога ве видов, немаше толку да се израдувам дури и ако го бев видел духот на мојот покоен Илдерим, Маврот Илдерим, де, со кого дружно го пиевме она слатко канарско вино. А братучеда ми Леонора... да ви кажам ли? Помалку и јас... како да кажам... мислам, дека не бев сосема рамнодушен кон неа, ете така. Но таа вас ве сакаше и никој друг... убавиот, силен рицар, кој – колку романтично! – се зарекол да ја ослободи татковината од ропство. И – што стана, ја ослободивте ли татковината? Алонсо ги најде луѓето од напуштената Изабела во новооснованата колонија Санто Доминго 146. А таму само пред половина месец беше пристигнала флотата на Колумбо, кој ги истражуваше јужните мориња. Еве што читаме во записите на неговиот хроничар за оваа пловидба 147: „На 30 мај 1498 година нашата флота отплови од устието на нашата убавата река Гвадалкивир и стигнавме до Канарските острови. Таму адмиралот испрати три од корабите директно за островот Еспањола, а со останатите три тргна во југозападна насока и се спушти далеку на југ. На 31 јули го откри островот Тринидад 148 и одеше по неговото јужно крајбрежје до носот Икакос 149. На 1 август благодарение на попатниот ветер влеговме од југ во во заливот Парија и забележавме, дека водата во него е слатка – се досетивме, дека тука се влева голема река. Продолживме низ заливот на 398


север, на 5 август го откривме полуостровот Парија и продолживме на запад по неговиот јужен брег, додека не стигнавме до најзападниот дел на заливот, по што свртевме на југоисток, откривме еден ракав од делтата на реката Оринико, го заобиколивме полуостровот Парија и на 12 август навлеговме во Карипското море. Наредните два дена пловевме покрај северниот дел на полуостровот. На 14 август ги откривме островот лос Тестисос и полуостровот Араја, на 15 август – островот Маргарита 150. Од овој остров адмиралот нареди да се тргне на север и на 20 август акостиравме во пристаништето Санто Доминго во Еспањола. Сето тоа се случи, бидејќи така му беше мило на Господ. А откако ги анализира своите откритија од оваа пловидба, нашиот славен адмирал, бог да го поживее што повеќе за слава и чест на нашето кралство, заклучи, дека бреговите што ги открил, а кои й припаѓаат на Индија, веројатно се дел од некој голем континент“. Но во Санто Доминго на Колумбо работите не му одеа како што треба, луѓето имено, се беа побуниле. Затоа, кога дозна, дека во колонијата пристигнал Алонсо де Охеда многу се израдува и испрати луѓе веднаш да му го доведат во неговата голема камена куќа. Испратените беа високоте благородници Хуан Понса де Леон и Педро Маргарит; тоа беа истите оние, со кои Алонсо ги таманеше Индијанците за време на втората експедиција на Колумбо, со таа единствена разлика, што, дебелиот де Леон веќе не беше толку дебел, а убавиот Маргарит веќе не беше толку убав – животот во овие краишта го беше направил своето. - Ах, несреќни мои другари и соборци, ама што се случило со вас та сте се стуштиле како мрачен облак кој се надвиснал над морето? – не можеше да не воскликне поцрнетиот од јужното сонце и никогаш посвеж и поубав Алонсо кога ги виде смрачените и истоштени лица на своите другари, а овие двајца крцнаа јадосано со забите и молкум се погледнаа. Го одведоа кај адмиралот. А и тој не изгледаше ништо подобро од своите офицери. Го немаше пријатното руменило на неговото лице, туку тоа беше бледо бидејќи треска го тресеше, таа честа придружничка на белите луѓе во овие убави како сон, но нездрави подрачја; а се гледаше и дека тешки грижи го натиснале. И воопшто, речиси сите луѓе на кои наиде Алонсо во Санто Доминго му се видеа нездрави, изнемоштени и исплашени од нешто. - Грофе де Охеда, колку се радувам, што ве гледам! – викна адмиралот кога го виде и со расширени раце тргна кон него, но застана на 399


средината на собата кога го виде неговиот студен и строг поглед – Ќе ми помогнете ли? - Зарем вам ви е потребна некаква помош, ваше благородство? – злобно се насмевна Алонсо, ни самиот не знаејќи зошто е среќен – Зарем вие, кој сте адмирал и господар на Индија, речиси крал, речиси божество? Навистина, а како можам да ви помогнам? Што се случува во вашето Санто Доминго? - Во Санто Доминго – одврати Колумбо, правејќи се како да не ја забележува злобната насмевка на својот некогашен офицер – се случуваат такви работи, од кои на човек косата ќе му се дигне на главата. Луѓето се гладни, болни и исплашени, и самиот тоа можевте да го видите и, што е најлошо, почнуваат да се бунтуваат, не ја признаваат власта на началниците поставени од мене. Немаат почит кон ништо. Клечат под моите прозорци и поганат. Се плашам да не ме убијат на спиење. - Ах, така... – рече на тоа Алонсо слатко насмевнувајќи се, како да слуша некаква прекрасна бајка – Бунт, велите, а, адмиралу? Метеж? Како би рекле за тиа старите Римјани – tumultus? Се случуваат такви работи, понекогаш на луѓето им доаѓа сè преку глава. Ех, адмирале, адмирале... А човек би рекол, дека ви беше судено да стигнете до таму да зборувате на „ти“ со бог. Кога проповедавте – и ѕвездите ве слушаа. Вашите медени зборови така оддекнуваа во душата на луѓето, што беше доволно само да ви го слушнат гласот, за целите да ви се предадат. А еве на што спаднавте. Клечат, велите, под вашите прозорци и поганат – така ли рековте? Ха – ха – ха! И што треба сега јас да направам, ќе ве молам? - Јас ли да ви кажувам што да правите? Јас ли да го учам човекот кој сам ја исчисти Гранада од Маврите? Излезете во населбата, соберете ги луѓето, кажете им нешто. Можеби ќе ве послушаат, толпата ги сака храбрите. Речете им, дека сум спремен на компромис, дека ќе им дадам многу земја, многу робови – индијанци и половината злато што ќе го најдам. Ако треба повишете го гласот, ако треба заканете им се малку со својот меч, подизвадете го до половина од канијата, тие знаат, дека на времето тој беше првиот меч во Кастилија. Направете нешто, вие сте мој офицер. Се сеќавате ли на денот, кога во мојата кабина ми испивте цел сандак со вино? Тогаш ми ги ветивте своите услуги. – „Секогаш сметајте на мојот меч“ – така рековте. Еве ви сега прилика да го исполните ветувањето. - Ваш офицер? Бев тоа, ваше благородство. – Алонсо изгледаше сè посреќен, сè пошироко се насмевнуваше – Бев и ваш офицер. Но тоа беше во 1493 и 1494 година, а сега е 1499 година. Не заборавајте, дека сум овде со 400


своја експедиција, како капетан на свои бродови. Самиот кардинал Фонсека ме побара во пристаништето Санта Марија и ми ја предложи оваа мисија, го знаете ли тоа? Така што, не сум ви ни најмалку обврзан. А ми должите и... 83 килограми злато – знаете, оние неисплатени плати за време на моето службување кај вас. Адмиралот збесна, треската не му дозволуваше да се контролира. - Така ли? Тогаш, одете по ѓаволите! Не бил под моја команда, сум му должел толку и толку килограми злато? Тогаш изчезнете, напуштете го веднаш мојот Санто Доминго и препуштете ме на мојата судбина. А кого молам јас за помош? Еден варварин, можеби сè уште паганин. Чекајте, чекајте, од каде дојдовте вие, грофе? Од зад грбот на Господ! Што беа вашите претци, овчари или козари, а, благороден грофе? Се сеќавам: „Црн Балканецу!“ – така ве нарекуваше неговото височество кралот Фердинанд. Ах, зошто ли не го послушав мојот прв офицер, сега покоен, кој ме советуваше да ве фрлам в море кога се тркалавте пијан како свиња во мојата кабина? Де Леон, Маргарит и сите други кои беа присутни истрпнаа: мислеа, дека Алонсо нема да одмолчи на оваа навреда која беше фрлена право в очи и дека ќе избувне; еден од нив дури се фати за пиштолот за да го заштити својот адмиралот. И навистина, Алонсо крцна со забите, се смрачи како ноќ и неговата десна рака летна кон дршката на мечот. Сите веќе го видоа адмиралот прободен, облеан во крв... но раката запре на половина пат. - Добро, добро, не возбудувајте се, ваше благородство, така само ќе го влошите своето здравје, кое и онака не е добро, гледам треска ве тресе. Да, да, добро, се сеќавам на оној ден за кој зборувате, тогаш навистина ви испив седум – осум шишиња од она ваше прекрасно вино. А вашиот прв офицер кој ве советувал да ме фрлите в море добро сторил што умрел, бидејќи овој момент ќе го најдев, ќе го врзев за срамниот столб во центарот на Санто Доминго и ќе го држев така врзан сè додека чавките не му го исколваат џигерот. А што се однесува до вас, адмирале, кога подобро ќе размислам, повеќе ми се допаѓате кога вака збеснувате, отколку кога се лигавите пред мене, па згора на тоа и сè некакви француски зборови ми кажувате; но гледајте ова да не ви премине во навика! Малку помолче, па додаде: - Најпосле, кој вели дека нема да ви помогнам? Ќе ви помогнам. Не сум ви должен, но ќе ви помогнам, имам меко срце. Еднаш, така е, ви ги ветив своите услуги и сега е, мислам, моментот да го исполнам ветувањето. Добро, добро, смирете се, адмирале, а јас малку ќе прошетам по населбата за 401


да ја разгледам и во исто време ќе размислам околу тоа, што треба да направам. Велите дека ќе им дадете на луѓето земја и робови? Добро, тоа може да ги смири. И злато спомнавте, мислам. А ако тоа не ги смири може да се случи и мечот да го подизвадам и тогаш ќе нема што да кажат. Во право сте, нема ништо поубедливо од еден добар меч. Алонсо излезе откај адмиралот, кого треската и емоциите го беа толку истоштиле, што мораше да легне и да им се препушти на грижите на докторот Чанка, а надвор го чекаше картографот Хуан де ла Коса со кого се беше толку зближил за време на пловидбата, што речиси не се делеше од него. Тргнаа кон центарот на Санто Доминго, кого исто како и Изабела, го сочинуваа неколку десетици колиби од трска. - Хуан – рече Алонсо, потсвирнувајќи си и весело намигнувајќи на пријатното сонце – што треба да се направи кога некој човек е во невоља? - Зависи од човекот, ваше господство. - Како тоа, добар мој Хуан? - Ако со несреќникот ништо не ве врзува, тогаш можете и да му помогнете ако сте расположен за тоа, но можете и да си ја накривете капата и да продолжете да си потсвирнувате, како што сега тоа го правите. Ситуацијата се менува, ако ви е роднина или пријате: во таков случај, ако треба и животот ќе го ризикувате за него, богами. - А ако ми е... да речеме... само симпатичен? - Тогаш пак треба да му помогнете, но без да се трудите многу. Помогнете му, но гледајте да не ви падне ни влакно од косата. Така одат тие работи. - Хуан, ти си најголемиот филозоф меѓу картографите. Ако нивните височества ме наименуваат за гувернер на некој од овие острови, сметај на тоа, дека ќе те задржам до себе како најблизок советник и довереник, не се испушта такво богатство како тебе. Стигнаа до крстот во центарот на населбата и застанаа. Алонсо долго нешто премислуваше. - Што ве мачи, ваше господство? – го запраша Хуан, - Ах, мој Хуан, човекот што е во невоља влегува во категоријата на оние, што ми се само симпатични, а ако му помогнам ќе ризикувам да ми падне не само едно влакно од косата, туку и главата да ми летне. - Тогаш треба да решите, дали ќе му помогнете, или не. - Веќе решив: ќе го сторам тоа. - Тоа е сигурно некоја голема личност штом вашето господство размислува така за него? 402


- Адмиралот, мој Хуан, лично адмиралот. - Ах!... – направи само картографот. - Ќе ги залажува луѓето со земја – нацки! – размислуваше гласно Алонсо – Земјата треба да се обработува, таа бара работа – а кој видел аир од работа? Златото е дуго нешто, но него, како што стојат работите, ни за лек го нема, освен по носевите и косите на гологазите Индијанци. Остануваат уште робовите. Шпанецот нема да даде ни два гроша за земјата ако треба самиот да ја работи, но ќе ја засака ако има кој да му работи. Така стојат работите. Значи, ако сакам да му помогнам на кутриот адмирал, ќе треба со де Леон, Маргарит и уште дваесетина – триесет војници да отидам во внатрешноста на островот и од таму да дотерам едно чудо Индијанци кои потоа ќе им ги раздадам на Шпанците во населбата како робови – така белки ќе се смират. - Исправно, ваше господство – рече Хуан де ла Коса, иако не беше многу убеден во исправноста на слушнатото. Меѓутоа се слушна и еден друг глас: - Погрешно, ваше господство. Некој незабележливо беше застанал од другата страна на крстот и го беше слушнал размислувањето на Алонсо. Рицарот се заврте кон човекот. - Кој сте вие и зошто ми упаѓате во зборот? - Моето име е Бартоломеј Лас – Касас – одговори овој.

15 Толпата трепка во смур пред осаменоста бледа и секој се плаши од оние, кои одат замислени, сами, по својот тежок пат. Иго Човекот беше млад, немаше повеќе од 25 години, но имаше паметни очи, високо и испупчено чело и беше речиси сосема ќелав, што беше знак на висока инелигенција. Алонсо се разжести, не сакаше така да го прекинуваат. - Па што имам јас од тоа, ако вашето име е така? Што сакате, човеку? Потоа се удри по челото: - Се сеќавам на вашето лице: вие сте момчето кое одеше со Колумбо, додека овој скиташе по кастилските патишта. Боже, сите мои познати се 403


преселиле на овој остров. Прво оној смешен... како ли се викаше – Франциско? – а сега и овој – како рековте дека се викате, момче? - Бартоломеј Лас – Касас, ваше господство. - Добро, добро. Се викал Бартоломеј Лас – Касас... А зошто рековте, дека моето размислување од пред малку е погрешно? - Вие рековте, дека ќе отидете во внатрешноста на островот и од таму ќе дотерате робови, нели? - Така реков. Па што? - Тоа нема да се случи. - Нема да се случи? - Во никаков случај. - А кој ќе ме спречи? - Јас. - Вие? - Да, јас. Алонсо го извлече мечот до половината од корицата, но се сопре и силно го врати назад, така што овој звекна. - Слушај, момче – рече разгневено – денес по втор пат се фаќам за мечот и по втор пат го враќам, нешто, што досега никогаш не ми се случило – гледаш ли на што спаднав, Хуан, пријателе мој? Но тртиот пат навистина ќе го извадам мечот и нема да го вратам сè додека не го нахранам со крв. А како мислите да ме спречите во мојата намера да доведам робови? Какви глупости се тоа? - Јас верувам во вас, ваше господство. - Како тоа? - Вие сте јунак – голем, најголем, а јунаците не се борат ако немаат достоен противник. Зарем ќе дигнете рака на овие голи и наивни деца на природата, вие, кој „на нож“ освојувавте замоци и градови и силни војски разбивавте? Зарем мислите, дека, ако Ахил останеше жив ќе трчаше по кутрите Тројанци за да ги коле додека бегаа од опожарениот град? 151 - И јас така мислев. Но ситуацијата тоа го бара, адмиралот е во невоља. - Адмиралот? Нема многу луѓе кои му се восхитувале на адмиралот, како што јас му се восхитував. Но други ветришта задуваа и ги разнесоа илузиите. Адмиралот, велите? Денес е тој крал, а утре е прашина. Да нема луѓе кои го запишуваат неговото име и го опишуваат неговото дело, ветрот на времето би го оддувал, заедно со целата негова слава. Лас – Касас го фати Алонсо под рака и благо рече: 404


- Дојдете со мене. Алонсо ја тргна раката. - Каде ме водите? Што сакате од мене? - Рицару де Охеда, братко мој, сакам да направам така, веќе да не му припаѓате на злото, туку на доброто. Дојдете, јас ќе ја откупам вашата душа. Ќе ја истргнам од црните мисли, ќе му ја грабнам на духот кој ја води кон гибел и ќе му ја предадам на бога. Дојдете, само дојдете. Алонсо се покори. Во гласот на младиот човек имаше нешто, на што тој не можеше да не се покори. Појдоа. ~~~ Навистина, што се случи со младиот Бартоломеј Лас – Касас од денот, кога, благодарение на случката со мртвата Индијанка и нејзиното напуштено дете се реши да тргне по трнливата но благородна патека на милосрието? Како што знаеме, истиот тој ден разговараше со стариот Овандо, а потоа и со останатите членови од одборот на седуммината. Од кај старецот излезе занесен и среќен, како да го беше слушнал прекрасното Јованово откровение. Но веднаш потоа се виде со Хуан Гинес де Салпуведа и останатите членови од одборот и разговорот со нив многу го унесреќи: му стана јасно, дека ќе остане сам во својата борба за која се определи. Кога по сите тие случувања неговиот дух се поуспокои, тој реши остатокот од својот живот да го помине далеку од светските настани, да не го троши драгоценото време во глупости, леност и безделие, ниту пак да се бави со земјоделие, лов, риболов и други занимања, на кои се определуваат оние, кои не знаат што да прават со себе. Наредниот ден отиде кај господинот Сапулведа и му рече, дека дава неотповиклива оставка на функцијата претседател на одборот на седуммината. Таа вест веднаш стигна до ушите на адмиралот. Тој лично отиде кај него и побара објаснување: зошто неговиот мил другар од годините на макотрпното талкање по кастилските патишта сега му го врти грбот – та тој толку верувал во него и се надевал на неговата помош – што се случило, добога? На Бартоломеј му се навлажија очите кога се сети на слаткото време на својот прв младешки занес; но остана непоколеблив. Но како да го започне својот нов живот? Кој ќе го посоветува што да направи? Имаше ли тој учители и воспитувачи? Не, воспитувањето беше 405


завршило и од сега па натаму, до крајот на својот живот тој сам треба да си биде и учител и ученик. За почеток, како што веќе рековме, веднаш ги ослободи Индијанците што ги држеше како робови и ги остави кај себе како свои браќа. Потоа се зафати да го пронајде несреќното Индијанче, чија што мајка толку несреќно го заврши својот живот приврзана за дрвото. Појде кај еден влијателен началник и му кажа што сака. Овој го сослуша и му вети, дека ќе стори сè за пријателот на адмиралот: иако се разиде со Колумбо по прашањето за Индијанците, Бартоломеј никогаш не падна во негова немилост. Началникот се растрча и детето беше пронајдено. Бартоломеј го нахрани, го облече и го прибра кај себе. Му беше потребна поткрепа од човек на висока положба. Се залажуваме ако мислиме, дека можеме сè сами, без никаква помош, без ниту еден охрабрувачки збор. Само ѕверовите и боговите можат сè сами, а Бартоломеј не беше ниту ѕвер, ниту бог. Седна и му напиша писмо на кардиналот Фонсека, кого одсекогаш многу го ценеше. – „Ваше преосвештенство, се надевам, дека ќе ја разберете климата, во која од пред некое време се најде мојата душа...“ – така започна. Потоа писмото му го однесе на Колумбо и, не обелоденувајќи му ја неговата содржина, го замоли да го испрати во Шпанија заедно со неговите писма и отчети што им ги праќаше на кралевите. Колумбо му вети дека ќе го стори тоа: еден брод од неговата флота само што не беше заминал за Европа. Го отвори големиот сандак полн со книги, што ги беше донел со себе од Севиља, ја истресе прашината од нив и се зафати лакомо да чита. Тука беа Марк Аврелиј, Сенека, Плиниј, Цицерон, Боециј, наречен „последниот Римјанин“ и многу други – некои од нив веќе ги беше прочитал па ги препрочиташе. Седеше со книгата в рака до отворениот прозорец од кој се откриваше поглед кон морето во далечината и читаше, а неговото бледо лице со израз на замислено внимание и целата негова фигура наговестуваше нешто посебно, необично. – „Јас ја бев заборавил и напуштил литературата – ќе напише тој потоа во своите мемоари – но таа не ме беше заборавила, па ме стигна, го стигна својот бегалец; под нејзиното возвишено влијание нездравите магли се прочистија, моите чувства, исушени и потемнети, ги обнови нова свежина. Книгите направија многу за смирувањето на збрканиот водовртеж во мене. Над нив пролеав солзи на среќа и благодарност. . Навистина, човекот секогаш й се враќа на својата прва љубов. Тоа се случи и кај мене, дотолку повеќе, што не беше пропаднало семето што во детството и првата младост го беше посеала литературата“. 406


Читаше, читаше, па и самиот почна да пишува и откри, дека не е без писателска дарба. Посака да му го предаде на листот сето она, што му лежеше на душата, сите негови желби, замисли и планови околу тоа како да им помогне на несреќните Индијанци, па почна да го прави тоа и добро му одеше. Почна со тоа, што му беше најблиско до срцето, омилистиката 152. Се прашуваше со какви пишани зборови Плиниј, Катон или Боециј би ги изразиле своите планови во врска со тоа како да се намали несреќата на унесреќените и кога ќе ги најдеше беше многу задоволен; тие како да никнуваа од самата земја под зраците на сонцето кое се вика дарба. – „Па јас сум ти бил писател од глава до пети!“ – си мислеше. Се чувствуваше посмел со перото во раката, отколку со збор на устата, сигурно така беше кога не умееше да најде начин да убеди барен еден или двајца од одборот на седуммината, да им докаже дека ропството не е по вољата на Господ. Беше исполнет со новородено одушевување за пишувањето, конечно литературата по втор пат во неговиот живот стана кралица на неговиот свет. Неговата бедна колиба направена од трска се претвори во величествена творечка лабораторија. Кога веќе не можеше како претседател на одборот да го укине ропството, енкомиендата, како што таа срамна појава се викаше, тој можеше да се обиде тоа да го направи на друг начин. Неговата сила требаше да се изрази во пишаниот збор. Напиша еден протест против ропството. Протестот беше напишан на цели 30 страници и беше многу убаво составен, сè во стилот на Јустин 153. Во него имаше поуки, како на пример: оној, кој ќе го ослободи својот роб се ослободува самиот себе си од тешки мисли; или: оној, кој ќе го нахрани гладниот, ја крепи сопствената душа; или: жестокоста го води жестокиот кон бездна, кон пекол, кон полудување, или самоубиство можеби. – „Походот на Александар од Грција дури до Индија, – пишуваше во протестот – маршот на Ханибал преку снежните Алпи, подвизите на силниот Ахил и мудриот Одисеј и борбите на титаните против боговите во грчката митологија не се ништо во споредба со борбата за правата на кутрите Индијанци кои ја имаа таа несреќа белите, брадести белци да дојдат во нивниот рајски свет“. Итн. Го напиша сето тоа, па свика собир среде Изабела и го прочита протестот. Зборуваше со жар и увереност, кои требаше да ги пленат слушателите. Меѓутоа го исмеаја и исвиркаа. Прв почна да се смее Сапулведа, по него и другите од одборот, а по нив и сите други. – „Ха – ха – ха!“ – се смееје и војниците, и морнарите, и слугите, и поповите, и мисионерите, и кралските довереници – сите, освен стариот Овандо, кој на оваа грозна глетка тажно ја 407


наведна главата. Таква громка смеа во ова катче од светот се крена и таква незапирлива веселост и таква збрка настана, што самиот адмирал мораше да се вмеша за да ја смири ситуацијата. И што сега? Бартоломеј падна со духот. Што уште можеше да се направи по овој грозен неуспех? Беше на пат да се разочара, а можеби и да дигне раце од сè, но тогаш – каква среќа! – стигна одговорот од кардиналот Фонсека. Фонсека? Бартоломеј не ни помислуваше, дека кардиналот ќе го усреќи со својот одговор.Та тој беше првиот довереник по сите прашања на нивните височества Фердинанд и Изабела, еден од најголемите авторитети во Обединетото кралство! Пишуваше: „Во името на нашиот бог Исус Христос. Имало и ќе има големи личности, кои, благодарение на својата духовна предност, на својата култура и образованието што го стекнале ги усмеруваат светските судбини, влијаат со својот усмен или писмен збор врз настаните и ја имаат за своја татковина не ограничената провинција, не една земја или еден континент, а широкиот свет. Многумина сакаат да бидат такви, се стремат да стигнат до бесмртноста, но на малкумина тоа им поаѓа од рака, а сите други си остануваат обични смртници. Во таков случај предодредените, избраните од судбината треба да напрегнат сили, да се устремат напред, а другите да си живеат отпуштено и да не го тревожат својот краток живот со јалови усилби, како што станува со оние несреќници, кои, впуштајќи се во некаква бедна дејност, достигнуваат до мислата за својата ништожност. А вие со вашата животна определба да се застапите за доморотците од Еспањола и од сите други територии откриени од адмиралот Христифор Колумбо на која од овие две категории й припаѓате драг господине Лас – Касас? Дали сте бележан од судбината или обичен смртник кој ќе дојде до сознанието за својата ништожност? Јас не се осмелувам да решавам за тоа, впрочем вие сте првиот кој излегува со една таква идеја. Но вие сте хуманист, а хуманистите без разлика на тоа, дали се признати или не се признати, со својата појава му претходат на времето и наедно силно го повлекуваат по себе; та тоа ми дава право да мислам, дека повеќе натежнувате кон првите, отколку кон вторите. Јас, да бидам искрен, никогаш не би се сетил, дека треба да им се помогне на тие голи човечиња таму. А кога подлабоко ќе размислам – ох, боже мој, не знам! Најпосле и тие имаат по две раце и две нозе и на прв 408


поглед се исти како нас, Шпанците, или како што се Англичаните, Португалците, Французите... Е, одат голи и не знаат за бога – но треба ли поради тоа да ги бесиме и да ги пуштаме кучињата на нив да ги касаат? А еден ден и тие можат да станат добри христијани како нас, па и подобри, зошто не? Не знам, не е мое да судам. Сè ми се чини како огромна збрка. Јас дури не сум ни достоен за една таква мисија, каква што вие сте си одредиле и кога размислувам за тие работи се наоѓам помал и од мравка. Можеби Господ од сите луѓе токму вас ве одредил да го кажете тоа? Да се спасат стотици илјади и милиони луѓе – за десет години ако нешто не се направи ни еден жив домородец нема да остане на тие острови, така ли велите? – ах, па тоа е секако најбогоугодното од сите дела и мене, кога веќе не сум предодреден за такво нешто не ми преостанува ништо друго освен нежно да ве благословувам, така, како што човек во морето го благословува фарот кој му ги покажува смртоносните подводни карпи. Вашата постапка, господине, е достојна за древните. Кога веќе бог ве благословил дарувајќи ве со една ваква преблагородна мисла, ве благословувам и јас. Искористувајќи ги своите добродетели, направете го за Индијанците она, што Ирод Атички искористувајќи ги своите пари го направил за Атина 154. Ајде. Смелост! Работа! Затворете се во својот најгуст честар, во својата работа, во она, во кое единствено сте сопственото живо „јас“. Во својата мисија ќе бидете сам, но тоа да не ве чуди. Зар се добродетелите за секого? А вие, вие сте нешто друго: за вас бог го спремил вистинскиот живот. Можеби ќе ви се смеат како на наивно дете, но ни за тоа не грижете се: Марк Аврелиј и свети Франциск Азиски до својот последен здив ја задржале својата детска љубов кон мравките, а еден домородец, макар и да нема на своето тело облека, а во своето срце љубов кон бога значи многу повеќе од една мравка, нели? Јас, кога би се преродил и кога би можел да бирам меѓу величествениот кардинал Фонсека кој е на „ти“ со кралевите и бедниот и непознат Бартоломеј Лас – Касас кој се мачи во својата пустелија за нешто, што во очите на другите е непотребно и смешно – што мислите дека би избрал? Та јас сум црв во споредба со вас! Освен вашата јас не познавам никоја друга човечка судбина, кон која би се однесол со поголема почит и љубов. Затоа работете, не плашете се од ништо, amor omnia vincit155. Бог, тоа се гледа, бара од вас дела. Вие сега и немате друг пат пред себе. Никогаш немојте да се откажете од борбата во која сте го виделе својот позив. Работете, постојано работете го она, што сте го замислиле, така и музата секогаш ќе биде со вас, така и тежината од животот – а таа нема да биде мала, ве уверувам – нема толку да ви тежи врз плеќите. Продајте сè што 409


имате и со парите од продаденото спасете еден домородечки живот. Замонашете се, така ќе бидете уште поблиску до бога. Негувајте ги секогаш во себе верата, милосрдноста и надежта, тие три добродетели кои нежно ја стоплуваат душата и не плашете се од ништо, победата и бог се на вашата страна. Од сега па сè до крајот вашето време нема да ви припаѓа вам, а на оние несреќници, кои имаат нужда од вас. Вашата жалост кон Индијанците е вистинска и како таква бара дејствија, а не сентиментални преживувања; вие знаете што сакате и додека страдате и сочувствувате сте исполнет со решеност да сторите сè на што е способен човекот – и повеќе од тоа. Ако сте спремни да одите до крај, ако се вооружите со големо трпение, само тогаш ќе можете навистина да им помогнете на тие луѓе таму. Само тогаш, кога ќе се принесете во жртва самиот себе си, само тогаш! Бидејќи не може да биде направено залудно нешто, што човек го прави со пожртвувуње! Бог да ве благослови!“ Итн, итн, итн. Писмото беше долго цели осум страници. 156 Ова антологиско писмо на, инаку контроверзниот и можеби со право омразен кардинал Фонсека 157 Бартоломеј побожно го бакна и го сочува до крајот на својот живот гледајќи во него ѕвезда водителка, нешто најсвето. По неколку дена умре стариот Овандо. Бартоломеј го испрати до гробиштата и горко плачеше бидејќи со него го губеше единствениот пријател и соборец. Но потоа ги избриша солзите и во тој момент тој милостив Самарјанин се претвори во Катон 158. Охрабрен од писмото на својот сакан кардинал, раководејќи се според латинското labor animum nobilitat 159, почна да работи како пчела во топлите мајски денови. Беше убеден, дека самиот бог му заповеда да биде херој. По она срамно исвиркување од страна на насобраните Шпанци среде колонијата престана да пишува протести и ја пренасочи својата дејност. Најпрвин почна да работи со Индијанците кои останаа кај него, а со кои, откако ги ослободи заживеа како со свои браќа. Го научи нивниот јазик, па и нив ги поднаучи на шпанскиот јазик, така што се доби една солидна комуникација. Е – но што сега? Реши од нив да направи добри христијани. Еден ден ги собра околу себе – беа осуммина – и им раскажа за раѓањето на света Богородица. Им раскажуваше едноставно, со прости зборови за да можат да разберат: „Во стари времиња живеел еден праведен човек, Јоаким, со жена си Ана. Тие немале деца, затоа секој ден му се молеле на бога да ги надари со чедо. Ветиле, дека, ако им се роди дете, ќе го дадат во храмот да му служи на бога. Им се родило девојче, кое го нарекле Марија. Се зарадувале Јоаким и 410


Ана и сите нивни роднини и пријатели. Кога пораснала Марија од неа се родил Исус Христос – бог, затоа ја нарекле божја мајка или света Богородица“. Наредниот ден им раскажа за раѓањето на Исус Христос: „Дошло време да се роди Исус Христос. И тој се родил во една пештера, близу до градот Витлеем, каде овчарите ги запирале своите стада кога било лошо времето. Ангелот Господов им се јавил на овчарите преку ноќта и им кажал, дека во нивната пештера се родил Исус Христос. Тие се зарадувале и отишле да го видат и да му се поклонат. Додека пораснал, Исус Христос живеел при мајка си и при Јосиф во градот Назарет. А кога станал на триесет години се покрстил на реката Јордан и тргнал од село во село и од град во град да ги учи луѓето на добро. Си избрал дванаесет ученика наречени апостоли и заедно со нив одел и проповедал. Исус Христос им помагал на сиромашните, ги лекувал болните, ги воскреснувал умрените. Луѓето со радост го слушале неговото учење и го сакале. Само учените и богатите евреи го мразеле“. И така секој ден. Индијанците го слушаа со широко отворени очи и жедно го голтаа секој негов збор. Беа како деца, кои ги опсорбираа во себе првите знаења во животот. Одушевено плескаа со рацете кога слушаа како Исус ги лекувал болните и воскреснувал умрените. Плачеа кога им се раскажуваше како го воделе на Голгота и како го распнале на крстот; насмевката им се врати дури кога дознаа, дека потоа пак воскреснал. Беа добри ученици и ја научија целата Библија, исто така научија и многу молитви како „Патерностер“, „Аве Марија“, „Кредо“, „Салве“. Еден ден дојдоа и други Индијанци – и тие сакаа да слушнат за животот на Исус Христос и да ја примат христијанската религија. А Бартоломеј им рече на своите осум Индијанци, како Исус на своите апостоли: „Браќа мои, сега, кога станавте добри христијани, тргнете по Санто Доминго и по околината да го ширите христијанството меѓу своите сонародници, како што тоа го правеле дванаесетте ученици на Исус Христос“. Тие одушевено се согласија и тргнаа. Се затвори во својата колиба и на чист индијански јазик почна да пишува веронаука, која потоа Индијанците требаше да ја изучуваат. Учебникот го подели на три дела: за почетници, за оние кои веќе имаа некакво познавање и за оние кои ја совладале науката и сакаат, така да се каже, да докторираат. На посебни ливчиња пишуваше приказни: за милостивиот Самарјанин, за послушниот и непослушниот син, за богатиот човек и за сиромашниот Лазар, за милостивиот цар и жестокиот слуга... За 411


идните „доктори“ состави вистинска Историја на христијанската црква во која можеа да се најдат и такви работи како што се гностицизмот 160, потоа Александриската школа 161, претставниците на христијанските школи во Антиохија и Сирија 162, Јулијан Отпадникот 163 ... Црташе слики на кои беа претставени проповедта на планината, влегувањето на Исус во Ерусалим, тајната вечера... – „Христос ги благословил лебот и виното, им ги раздал на учениците и им рекол: „Јадете и пијте, тоа се моето тело и мојата крв“ – така на Индијанците им ја објаснуваше сликата на Тајната вечера. Не помина многу време, а речиси сите Индијанци во Санто Доминго и во неговата околина станаа добри христијани. Еднаш му кажаа, дека некој Индијанец бил заврзан за срамниот столб поради некаква недокажана вина. Тој отиде и го ослободи Индијанецот. Неговиот господар го фати и пак го заврза. Тогаш Бартоломеј се заложи за Индијанецот кај Колумбо и овој нареди несреќникот веднаш да се ослободи, и не само тоа, туку и строго им нареди на своите началници да се грижат околу тоа, Индијанците да не се казнуваат ако нивната вина претходно не е докажана. Друг пат, минувајќи низ населбата виде како камшикуваат едно момче. Го откупи од неговиот господар и го зеде кај себе. Така имаше не осум, а девет браќа. Му напиша уште еднаш на кардиналот Фонсека: Може ли неговиот голем учител и заштитник да се заложи за Индијанците кај нивните височества? Така судбината на овие бедни суштества ќе биде барем малку олеснета. Во спротивно – тоа постојано го повторуваше – за десет години на овие простори нема да остане ниту еден жив Индијанец. Но одговорот овој пат изостана. Стигнало ли воопшто писмото до кардиналот? Се дозна, дека тоа сепак стигнало и кардиналот при една посета й го предочил на кралицата. – „Што мислите, ваше височество – ја запрашал – не треба ли во нас да има барем малку сожалување кон кутрите доморотци?“ – „Сожалувањето – одговорила таа – изискува огромни расходи за луѓето што ги сожалуваме. Напротив, треба да ги помагаме силните, здравите и умните луѓе. А вие велите да ги помагаме слабите. Зарем од слаб човек може да се направи силен? Така е тоа: vae victus! 164 Од таквите глупости силните слабеат, а слабите им се обесиле на вратот“. Фонсека тогаш ја потсетил кралицата, дека токму Шпанците отишле кај Индијанците и дека во најголем дел тие се виновни за нивните несреќи, а никако не спротивното, на што кралицата одмолчела и разговорот завршил. Па сепак по неколку дена таа го повикала Фонсека и му рекла, дека донекаде се сгласува си неговиот став 412


кон „кутрите доморотци“ и дека треба да се стори нешто во врска со тоа. – Nihil adeo arduum est, quod non virture consequi possimus 165 – додала. Во Санто Доминго од пред некое време живееше една полулуда жена, едно бедно и грозно суштество со долга, разбарушена коса и лудачки сјај во очите, која, не се знае како и зошто, се качила на еден брод во Палос и дошла овде. Оваа жена маваше со камења по Индијанките и нивните деца и ги клеветеше, дека се занимаваат со магии кои предизвикуваат треска кај луѓето и им го пресушуваат млекото на овците. На еден собир среде Санто Доминго Бартоломеј го дигна гласот против таа жена и му појде од рака да ја разобличи. Тогаш оваа изчезна од колонијата. Некои велеа, дека отишла во Западните планини, во крепоста на господарот со црвената маска. Бартоломеј талкаше по Санто Доминго надевајќи се, дека ќе наиде на некој Индијанец на кого му е потребна неговата помош, предаваше веронаука, пишуваше, црташе и составуваше учебници и постојано бараше сè нови и нови „апостоли“ меѓу Индијанците за овие пред своите соплеменици да го проповедаат Христовото учење. Речиси и не спиеше, но тешко можеше да се најде човек кој имаше потреба од помалку сон, одколку овој работлив маж, чиј што ден секогаш й беше посветен на целта и затоа секоја вечер имаше нешто завршено. Тој беше непоколеблив работник кој се трудеше на светлината на фенерите на Аристофан и Клеонт 166. Страдаше, но страдаше како Зенон 167, што значи со одушевување. Тоа беше хуманистичко ровење во книгите, едно страстно напрегнување до крајни граници. Еден млад човек зажарен како фанатик, жилав како селанец, страстен како комарџија беше целиот потонат во божествените простори на хуманоста, не му пречеше одуството на духот кај луѓето и рамнодушноста која владееше околу него. Убедувањето за неговото посмртно постоење настана токму од поимот за работата бидејќи, така мислеше, ако до крајот на животот човек неуморно работи, само тогаш природата ќе биде задолжена да му даде друг облик на живот ако овој сегашниот не може и понатаму да му служи на неговиот дух. Знаеше дека треба да ја врши својата работа и дека ништо не треба да го одвлече од неа. Од она, што не беше тесно поврзано со неговите дејности, со исклучок на оној час работење во градината за да ја одржи рамнотежата помеѓу телото и душата, му доаѓаа непријатности и незгоди, кои го рушеа неговиот мир, неговата целосност и внатрешната хармонија. Целиот негов живот беше усмерен кон тоа, да се олесни судбината на доморотците, сите патеки, патишта и насоки беа насочени кон тоа, tota via, cheminum et viaria. Бог бараше од него творење, создавање, дела – а имаше ли поголемо дело од тоа, да се утешат унесреќените? – „Sanctus 168 – си 413


мислеше, - зарем можеше да се најде поубаво осмислување на моето суштествување?“ Просто се почувствува во својата стихија и ништо веќе не можеше да го запре. Неговиот живот требаше да биде исполнет со добри дела, тоа му беше неопходно, неопходно, неопходно! Александар и Цезар подарувале царства, тој подаруваше утеха и олеснување – кој беше повелик? Најголемата утеха за него беше да ги утешува другите, најголемата среќа – да се грижи за среќата на другите. Веруваше во Господ и во бескрајната моќ на вољата и ништо не можеше да го уништи. Беше доволно само да изговори наутро: „Ave Maria, gratias plena“ – па целиот ден да биде издржлив и силен како Ахил. Беше трпелив и восхитувачки горд како великомаченик. Во неговиот случај изгледаше, дека судбината, колку и променлива и своеглава да е, се откажала од своите каприци, за да дејствува во согласност со природата и дека двете заедно, судбината и природата, си помогнале да го создадат Бартоломеј Лас – Касас, еден од најдостојните мажи, кои останаа да служат за пример на потомството. Природата се беше погрижила да достави квалитети, а судбината да ги стави во дејствие и да ги покаже во сета нивна светлина – и така ја создадоа совршената слика на големиот хуманист. Ете, тој и таков Бартоломеј Лас – Касас го фати под рака оној ден под големиот дрвен крст и го поведе со себе Алонсо за да го оттргне од злото и да го предаде на доброто, за да му ја истргне душата од црните мисли, да му ја грабне на лошиот дух кој ја водеше кон гибел и да му ја довери на бога. Ние можеме само да претпоставуваме како се одвивал овој прекрасен процес, но кога адмиралот по неколку дена уште еднаш го замоли рицарот од Охрид да му помогне некако во невољата што го снашла, на пример да отиде во внатрешноста на Еспањола и од таму да дотера робови со кои би се смириле побунетите Шпанци во Санто Доминго, овој само одмавна со раката и подсмешливо го изговори – така стои во записите на Хуан де ла Коса – единствениот француски збор што го знаеше: „Merde!“ По Индијанци Алонсо не отиде, но зеде со себе дваесетина војници кои дојдоа со неговите бродови од пристаништето Санта Марија и самоволно – не беше под ничија команда и не бараше дозвола од никого, ниту пак даваше отчет пред некого – му појде малку на гости на господарот со црвената маска во Западните планини. Беше слушнал за неговата свирепост кој Индијанците и сакаше да му даде на знаење, дека она што го прави не е убаво – ете, такво беше влијаниети на Бартоломеј Лас – Касас врз него, што на овие „суштества“ почна да гледа речиси како на луѓе. До крепоста не стигна бидејќи беше силна и бранета од двеста храбри и добро вооружени војници, но кога се врати раскажуваше, дека сепак дошло до 414


битка со еден одред одметници, од кои некои загинале, а на другите им пошло од рака да се извлечат и да се разбегаат кој на каде види. – „Беше тоа убава борбичка, која ме потсети на старите времиња“ – ги триеше задоволно рацете, а луѓето со восхит го гледа бидејќи знаеја, дека ја зборува вистината и дека со него – бр – р – р! – навистина нема шега. По неколку дена тргна пак по истиот пат. Овој пат ги покани да дојдат со него и високите благородниви Маргарит и дон Хуан Понса де Леон, но овие одбија: од студената планинска вода ги болеле стомаците, а и воздухот не им годел, имал некаква посебно тешка арома; а вистината беше во тоа, што им љубомореа на неговите подвизи како конквистадор и војсководач и се плашеа, дека ако бидат со него ќе се останат во неговата сенка. Алонсо продолжи со своите походи во Западните планини. Се качуваше на една височинка од која се гледаше замокот. Сепак не беше луд да го нападне замокот со толку малку луѓе, но со рацете правеше труба околу устата и викајќи колку што грлото го држеше ги предизвикуваше оние внатре да излезат на чесен двобој. Понекогаш повикот остануваше без одговор, но често решетките се дигаа, мостот се спушташе и војници во полн галоп излегуваа од замокот. Се распламтуваше краткотрајна, но крвава битка, од која Алонсо секогаш излегуваше победник. Само еднаш беше принуден да се повлече со своите десетина војници, но тогаш беа излегле околу стотина одметници кои ги водеше младиот Камачо де Парантес. - Добро, другари, сега ќе отстапиме – рече, согласно она латинското: cum numerus hostium magnus esset, dux milites in castra reduxit 169 – Но јас ќе се откажам од своето крсно име Драган и ќе им пратам аманет на моите Охриѓани да плукаат секогаш кога ќе слушнат за мене, ако еден ден, не толку далечен, не ја симнам црвената маска од лицето на господарот на овој замок, за да видам кој ѓавол се крие зад неа. Согласно неговиот карактер спласна неговата желба да продолжи да плови по Морето – океан и да открива непознати брегови. Нека адмиралот ги бара Ципанго и земјата на Великиот кан – што има тој со таа работа? Тој веќе ги откри земјата Гвајана и Венецуела, носот Ла Веле, заливот Тристе и уште многу острови во тие предели – ако е за иар – доста беше! Можеби немаше да биде лошо на некој откриен од него брег да изгради град, вистински голем град обграден од сите страни со бедеми и кули и тој град да го нарече Лихнида, та да се прослави името на неговото родно место и во овие краишта од светот, тоа всушност би било прекрасно, но засега тој има друга работа. Залудно го чекаа неговите два кораба со кои дојде од Санта Марија, залудни беа молбите на неговиот пријател Хуан де ла Коса, залудни 415


беа убедувањата, дека треба да се дигне котвата, ancoras tollere и да се впуштат во нови морски патешествија на кои тој би продолжил да ги црта своите карти, дека навигацијата е неопходна, navigare necesse est. Алонсо пак беше среде бојна врева, пак слушаше тресок на мечеви и писок на труби – таа најубава музика за неговите уши – што друго му требаше? Често се искачуваше на Западните планини и по кратко време стана страв и трепет за војниците на господарот со црвената маска.

16 Да бидеш на светот е убаво, богами! Голема среќа. Иго, „Кралот се забавува“ Еден ден од Кастилија во Санто Доминго доплови брод. Од него се симнаа морнари, војници, слуги, занаетчии, дваесет коњи и исто толку кучиња со кои конечно требаше да се освои внатрешноста на Еспањола. Се симнаа и две жени облечени во лесна машка патничка облека и еден човек во едноставна свештеничка мантија. - Оние бедни колиби кои се гледаат во далечината ли се толку фалената Индија со која ми ги пукнавте ушите? – рече едната од жените додека чамецот ги пренесуваше на брегот – Не било нешто посебно. - Овие колиби и овој остров, госпоѓице, се, така велат, само почетокот на еден огромен материк, кој може да испадне поголем и од нашата Европа – одговори свештеникот – погледнете само колку е убава природата! Другата жена не рече ништо, но градите й се придигнуваа од прилив на пламени чувства, а усмивката не сакаше да слезе од нејзините усни. Очите й се затвораа и, полузатворени, продолжуваа да се усмивнуваат. Сè й беше пријатно, сè й беше мило и блиско. Двете жени беа дона Леонора и нејзината дуења, а мажот – Рикардо де Малдонадо, едниот од толку познатите нам сватови. Дона Леонора, како што видовме, го напушти манастирот Рабида, па заедно со братучедот тргна да го бара својот сакан. Тргна по мориња и океани, по непрегледни водени површини и никакви подводни скали, 416


никакви ветришта и бури, никакви сини и црвени гранични линии по картата на светот не й претставуваа препрека. - Велат, дека овдешните мажи и жени одат како д мајка родени, а некои од нив биле и многу убави – продолжи дуењата – Ајде да го видиме и тоа чудо. Рикардо й се обрати на Леонора: - Многу се радувам што ве гледам ваква, братучедо. Па вие просто блеската од среќа, вашите очи излачуваат рајски сјај. Тоа е нешто прекрасно. Навистина, Леонора беше свежа и румена, многу убава во својата радост. - Во право сте, братучеде. Овие седмици на бродот фатив боја, зајакнав и зацврснав. Пак го чувствувам и повторно почнав да го сакам своето тело, кое, додека бев во манастирот го презирав. Колку весело виеше во моите уши топлиот морски ветер! Дојдов во Индија, најпосле! Се гледам како во сон, начичкан од ѕвезди. Пијана сум од среќа, од светлина, од пространство, од фантазии и од надеж! Како да сум некаква устремена за полет птица – така се чувствувам кога ќе помислам, дека тој е овде – тој, мојот Алонсо, Драган Охридски, мојот рицар! Ах, просто се срамам од моите чувства. Да, јас дишам воздух заситен со среќа. Брегот кон кој се приближуваме ми изгледа поубав и од бајка, на небото наоѓам некаква посебна волшебна боја, која нигде не сум ја видела. Драга дуењо и вие, братучеде, не гледајте ме кога сум ваква, чувствувам дека се вцрвувам во лицето. Ах... Алонсо, Алонсо, Алонсо... Во срцето й гореа чувства, на усните – пламени зборови. Ги дигна очите кон небото, како таму да бараше потврда за своите надежи. - Не срамете се да ги изразите своите чувства, братучедо – рече Рикардо – бидејќи тие се душа и суштина на животот. Па зошто човек воопшто би живеел на овој свет ако не чувствува длабоко? Не им завидувам на луѓето, кои околу срцата имаат желкин оклоп. Среќни се само оние кои се возбудуваат, кои се насладуваат со своите чувства како со колачиња. - И јас се радувам поради вас, господарке – рече и дуењата – Вие многу страдавте последните години, но, како што се вели: крајот на среќата е несреќата, а крајот на несреќата – среќата. Всушност, можеме ли да си претставиме, дека нашата крајна цел може да биде нешто друго освен да бидеме среќни? А кога сме веќе кај среќата, ние жените треба да ја прегрнеме токму онаа која е од машки род – бидејќи има ли поубава од неа за женското племе? Така ли е, попе Рикардо? Патем, сте чуле ли нешто за вашиот сват, оној испичутура Франциско? Запловил, велат, кон Канарските 417


острови и таму му се губи трагата. Каков што е, не би се зачудила кога би го видела овде како се вртка околу некоја убава, гола човекојатка. - Дуењо! – викна Леонора – Сигурно јас ќе го најдам овде својот Алонсо, а ти – Франциско, ќе даде бог. Мој братиуеде, моја дуењо, ви благодарам што сте со мене. Мил братучеде, единствено вие се најдовте да го спасите она, што беше останало од мојот разбиен, изгубен живот. Никој не направил повеќе за мене од вас, никој не ми помогнал со таква упорна, епска верност. Навистина, зошто толку ме сакате и зошто толку сте ми верен, Рикардо? Па вие најмногу поради мене тргнавте на ова патување, поради мене го измоливте неговото преосвештенство кардиналот да ве испрати во овој дел од светот во својство на прелат. - Вистина, братучедо, јас многу ќе се радувам, ако најпосле тргнете по убавиот, широк друм на животот, а горки солзи ќе леам, ако пак залутате по неговите кривини. А не чудете се што ви помагам. И мајка ви, мојата роднина, покојната грофица Мединасели на времето многу направи за мене примајќи ме кај себе во замокот Осма и посветувајќи ме во тајните на светскиот живот. - Вие, братучеде, сте мојот ангел – спасител, вие ги претчувствувате моите мисли и секогаш знаете што ми треба. Толку сте мил со мене, што свикнав да гледам на вас како на свое друго „јас“ и да разговарам со вас како со своето друго „јас“ за сè она што ме радува или тревожи. Кој ве воведе во мојот живот? Можеби бог сакаше да ми испрати помош, животворна пријателска поддршка. Та токму вие во Осма ги направивте работите така, духовно да се зближам со Алонсо. - Тоа и овде ќе го направам, само ако Господ посака. А ќе посака, ве убедувам. - Братучеде! Пријателе мој! Зарем навистина ќе го направите тоа? Ми се чини, дека овој момент ќе умрам од среќа. Но како ќе се случи тоа? - Веќе ќе смислиме како да го направиме тоа. Вие, братучедо, заедно со госпоѓицата дуења, на која, патем, и да не го пронајде својот Франциско, мојот драг сват, бидејќи каков што е убав и мазен може да се случи некоја човекојатка да го изеде жив сосе кондурите, ќе й се укажат стотици други прекрасни прилики – Санто Доминго е, велат полно со морнари, војници и секакви други примероци од машкиот род – вие двете, значи, можете да се сместите во некоја празна колиба, а јас ќе најдам начин нашиот Алонсо некако да го дотерам под вашиот прозорец во моментот, кога ќе ја запеете онаа вашата: „Ах, да имам крилја...“ Исто како во Осма, се сеќавате ли? Ете, на пример така, се сложувате ли? 418


Леонора се фрли во прегратката на својот братучед. - Мил братучеде! Рикардо! Ах, јас навистина овој момент ќе умрам од среќа и нема да можам да го видам уште еднаш својот рицар! - Де, де, господарке! Не умирајте, пред да го видите својот сон остварен. Не умри магаре до зелена трева. – рече дуењата, па додаде за себе: - Нека бидам проклета, ако попот не ја сака мојата господарка не само како мила братучеда, туку и како – жена! А и не му се чудам, мојата господарка е свежа и убава како росно цвеќе во мај. Ја сака, ја сака, му го видов тоа на лицето, кога оваа му падна во рацете, не ми се пропуштаат мене такви работи, не сум вчерашна. А се надевам, дека она што го рече за војниците, офицерите и морнарите во Санто Доминго е така, не би сакала да зажалам што дојдов во оваа дивина. - Можно ли е – рече Леонора – тој, мојот Алонсо да биде во некоја од оние колиби таму? Чувствувам како среќата се издигнува до онаа точка, од која веќе не е можно никакво понатамоштно растење. Има еден збор, сум читала за тоа негде, кој ја изразува точно таквата положба на духот – апогеј е тој збор. Среќата, како и морскиот прилив, така пишуваше, успева да го достигне своето највисоко ниво; обеспокојувачки за оние кои се совршено среќни, е, меѓутоа фактот, дека морето после се повлекува. - Ах, мојата драга господарка, моето бедно птиче, тажно, но исполнето со жарка љубов... – се смешкаше дуењата. Тргнаа кон населбата. По нив, меѓутоа, како некоја сенка тргна и еден непознат човек од брегот, со високо крената јака на палтото, со ниско спуштена шапка. Висеше близу до нив и го беше слушнал нивниот разговор. ~~~ Рикардо се распраша за рицарот де Охеда. Му кажаа каде живее. – „Таму и таму е – рекоа – Но ако е пијан подобро не влегувајте кај него, инаку со клоци ќе ве исфрли надвор“. На масата пред Алонсо навистина имаше едно полупразно и неколку сосема празни шишиња и целата колиба мирисаше на вино и на рум, но тој не го истера со клоци својот некогашен другар кога го виде на вратата. Во колибата освен него беа и картографот Хуан де ла Коса и прелестната Индијанка Изабела што ја беше фатил уште на островот Сан Кристобел и си ја беше задржал за себе. Тој им рече на своите пријатели да го остават и бргу 419


му пријде на Рикардо. Се погледнаа со широко отворени очи и неколку мига молчеливо се измеруваа со погледи. - Голема е радоста на жедниот патник да најде во пустиња извор со чиста вода. Иста е радоста, кога човек ќе го види стариот пријател по многу години, пријателе Алонсо – рече Рикардо. - Пред некое време, доаѓајќи кон Санто Доминго, на брегот го видов твојот сват Франциско. Ми стана досаден и само по две минути разговор му го свртев грбот. Но, тој е едно, а ти си друго. Од сите луѓе кои по ранг се пониски од мене, единствено тебе те сметам еднаков со себе, а вистинското пријателство, велат, се гради пред сè врз еднаквост, а дури потоа врз искрениот восхит кон друг човек. Добредојде, Рикардо. Многу се радувам што те гледам. Не е мало задоволството после толку време да видам како пријателска уста го изговара моето име. Се прегрнаа, се избација, па пак се одмерија со погледи. - Измина цела деценија од битката под Гранада, кога се разделивме еден од друг – рече Рикардо – Би сакал да знам што направи и до каде напредна за тоа време. Го гледаше Алонсо како куче својот господар. Всушност тој многу го сакаше овој убав и силен рицар и со најголемо задоволство целиот свој живот би го врзал со неговиот, би останал со него како негов паж, штитоносец, како негов најдобар пријател. Така е тоа, некои луѓе како да се родени да бидат опакото, спротивната страна на некој друг. Кон нив спаѓаат Орест, Полукс, Патрокло, Нис, Евдемит, Хефестион 170. Тие живеат само при еден услов: дека се потпираат до некој друг. Нивните имиња се продолжение на некои други имиња и се споменуваат само по сврзникот „и“. Тие речиси немаат свое сопствено суштествување. Нивниот живот е спротивната страна на нечија друга судбина. Таков беше и Петар Охридски. Додека беше жив луѓето го споменуваа неговото име само по името на неговиот братучед. Велеа: Драган и Петар, односно откако отидоа во Шпанија – Алонсо и Педро. Потоа Педро загина, остана само Алонсо. Рикардо де Малдонадо не им припаѓаше сосема на оваа категорија луѓе, но беше многу блиску до нив. Многу сакаше неговото име да се споменува по името на неговиот славен пријател, рицарот Алонсо. Алонсо немаше со што многу да му се пофали на својот пријател. Раскажа за своите банчувања во замокот Ел Сордо на кои така непромислено се оддаде по завршувањето на Гранадската војна и за тоа како падна во немилост кај нивните височества. Раскажа и за своите долги патешествија по светот: со Колумбо во овие краишта на неговата втора пловидба, па назад во 420


Европа, каде што меѓу другите места го посети и својот Охрид, па пак назад кон островите во јужните мориња со својата сопствена експедиција. Единствено во сето тоа беше убаво тоа, што го виде своето родно место расположено на брегот на прекрасното Охридско езеро и тоа, што, кога по втор пат тргна кон Индиите откри неколку острови и земји, така што неговото име идните генерации ќе го споменуваат заедно со имињата на Колумбо и на другите конквистадори кои ќе дојдат. Та тоа за него. А тој, Рикардо, што направил тој, како живеел сите овие години? Тој, Алонсо, знае, дека неговиот пријател е многу начитан и многу паметен човек и се надева, дека неговата свештеничка кариера ќе оди по нагорна линија; ќе се искачува, само ќе се искачува, сè додека не дојде до кардиналскиот престој – прав ли е? Разговорот, како што се случува обично меѓу пријатели кои не се виделе долго време, беше многу жив и речиси истоштувачки. Разговараа цел ден, па и потоа, откако се стемни. Подновените пријателства даруваат повеќе радост, отколку оние, кои не биле никогаш прекинувани. И пак, како тогаш во Осма, кога Рикардо беше студент на универзитетот во Саламанка, а Алонсо сè уште млад и не толку познат рицар, дотераа до вечните прашања, летеа по небото над облаците. Во еден момент – беше негде околу полноќ, media nocte – Рикардо ја спомена Леонора.

17 На гради главата ја сведнав па шепнав толку сал: „По Неа душава е жедна!...“ и воздивнав во жал. Пушкин, „Солза“ Ја спомена како случајно, како попат, и веќе не се задржа на неа, а и Алонсо ништо не го запраша. Кога беше произнесено тоа име двајцата само за малку замолчеа испитувајќи си ги лицата на светлината на свеќата која стоеше на масата помеѓу нив, па го продолжија разговорот, како ништо да се немаше случено. Потоа си легнаа – Алонсо не му дозволи на својот пријател 421


да бара друго претстојувалиште и го задржа да ноќева кај него до кога сака – а кога станаа другиот ден негде околу пладне, го продолжија разговорот точно на она место, каде што беа запреле. Расправаа за судбината на овдешните жители: навистина, нивната егзистенција е загрозена и ако продолжи така сите до еден ќе бидат истребени, нема да им помогне ни оној Бартоломеј Лас – Касас – најпосле тоа е жално, тие се сепак луѓе, нели? Потоа зборуваа за одметнатиот господар со црвената маска. Алонсо бил во Западните планини пред неколку дена и, како и обично ги предизвикал луѓето од замокот на двобој пешки или на коњ, со меч или со копје, со штит или без него. Излегнало некакво голобрадо момче кое се претставило како Камачо де Парантес, заповедник на војската на господарот со црвената маска. Двобојот требало да се одржи на една рамнина во близината на замокот, но фатило невреме, страшна планинска бура – ветер, дожд, грмотевици, се смрачило коко во ноќ и немало накакви услови борците да излезат и борбата не се одржала. Инаку Алонсо немал ништо против господарот со црвената маска, му замерувал само поради неговата преголема свирепост кон Индијанците, па и тоа, дури откако Бартоломеј Лас – Касас разговарал со него на таа тема, а му одел одвреме – навреме „на гости“ само колку да не му р`ѓоса мечот во корицата. Ваквите и слични теми ги побудуваше пријателите да филозофираат до бескрај. И пак околу полноќ, media nocte, Рикардо ја спомена – и пак онака попат – Леонора. И пак Алонсо одмолче. Но рицарот не можеше да издржи третата полноќ – Рикардо раскажуваше како случајно се сретнал со својата братучеда, кога еднаш по налог на неговото преосвештенство кардиналот го посетил манастирот Рабида – и запраша: - Навистина, а што се случи со дона Леонора? Рикардо направи зачудено лице: - А зошто прашувате? Зарем мојата братучеда сè уште го привлекува вашето внимание? На лицето на Алонсо, кое одеднаш пребледе, како од отворена книга се читаше душевна вознемиреност. Рикардо кратко раскажа за својот престој во манастирот Рабида; таа веќе била таму од пред некое време, се виделе, разговарале, само толку; потоа тој заминал и не ја видел повеќе, ниту пак слушнал нешто за неа, ете така тоа било. Наредниот ден Рикардо негде изчезна и го немаше до вечерта. Додека го чекаше, Алонсо чувствуваше како целото негово суштество се 422


исполнува со нешто ново, непознато. Целиот тој ден беше под власта на впечатокот од синоќа. Не разбираше што станува со него, но се возбудуваше, трепереше. Само знаеше, дека при помислата на Леонора му стануваше необично убаво на душата, го исполнуваше неочекувана и ведра радост. Што ли беше тоа и од каде доаѓаше? Кога Рикардо се врати веднаш го запраша: - И велиш, ја виде дона Леонора во манастирот Рабида? - Ја видов. - За што разговаравте? - Разговаравме... за ова, за она... - Разговаравте ли за мене? - Онака, попат. Ме запраша каде си и со што се занимаваш. – „Отишол, реков, во белиот свет. Не седат, така реков, јунаците како него на едно место, нив нешто постојано ги бутка напред“. Такви работи... Ништо посебно. - И само тоа? - Само тоа. А и што би разговарале друго за вас? Одамна нема ништо меѓу вас двајцата. Било – поминало. Алонсо замолче. По овој разговор возбудата во него не се стишуваше. Чувствуваше како во градите нешто му се воздигнува, надоаѓа и го заробува целото негово суштество. Како некој пролетен занес, како некои пробудени инстинкти, кои долго спиеле во него. Беше тоа чувство на нешто одамна преживеано, мирис на стара среќа. Тој не можеше да одреди од каде и зошто дојде тоа чувство, но со задоволство му се препушташе на неговото благотворно влијание. Почна да го проучува она, што предизвикуваше треперење во него, de laisser deviner ses sentiments, што би рекле Французите. Зарони во бескрајните бездни на она, што се нарекува човечки чувства. А понекогаш не е лесно да се разбере нивниот јазик, може да биде вистинска мака човекот да се запознае самиот себе си, или да открие нешто во себе. Во почетокот се побуни во него онаа тврдокорна црта со која се одликуваше неговиот карактер: зарем ќе се остави на неговата возраст и на сето животно искуство што досега го стекнал да биде завладеан како учениче од едно глупаво чувство? Но печката веќе се разгоруваше. - Сè уште ли е убава? Сè уште ли е мила? – го прашуваше својот пријател. 423


Рикардо си даваше вид како да се чуди. Но зошто тој прашува? Дали е, вели, убава? Дали е мила? Таа одамна веќе не е во својата прва младост, години поминале одтогаш, кога за прв пат ја здогледал во Осма – патем, се сеќава ли на првата средба – тоа беше дента, кога во замокот дојдоа кралевите – се сеќава ли на нејзината песна која долета од полуотворениот прозорец – но нејзе годините ништо не й можат, таа сè така продолжува да биде убава и мила. Колку само била заносна под сенката на големиот јавор во дното на манастискиот двор! Нејзината уста, нејзиниот нос, нејзините сини очи, светлата коса, нејзината насмевка, стасот, рацете, бели како алабастер, сето тоа изгледало како створено да живее под стакло, а не да биде изложено на воздух. Таа го видела од прозорецот и се стрчала надолу, а тој ја чекал под јаворот. Кога му се приближила блеснало нејзиното лице, исто како силна светлина која излегнала од длабок ноќен мрак. Тој бил одушевен, encante. Ни најточната скица, ни најтоплата боја не би могла да ја изрази таа појава. Дали е уште убава, тоа ли прашува рицарот? Та од нејзината убавина Хомер би создал цела нова Илијада! Наликувала на оние убави и блескави пролетни денови кои нè исполнуваат со милина, вистинска девојка – цвеќе. Небесна, celeste! Та таа била самата грација додека седела под манастирскиот јавор, на Рикардо не му се видела толку прелестна ни во замокот Осма! Годините само го имале тоа благотворно дејство врз неа, со тоа, што уште поубаво ја покажувала онаа љубезна благонаклоност која им е својствена на отмените високопоставени госпоѓи. Но настрана убавината, таа е ретко благородна жена, во која воскреснуваат убавините на женските ликови од старата литература, вистинска Римјанка. Убавина, нежност, дух, mens divinior 171 – со тоа се одликувала неговата братучеда. Не залудно тој сега овде пак ќе спомене еден друг писател од одамна одминатите времиња, Овидиј, а еве зошто: таа жена заслужувала да се опише во лирски стихови, за неа да се пее со звуците на лирата. Кога една таква жена доаѓа кон тебе, како целата среќа на животот да ти доаѓа! Рикардо потоа го напуштил манастирот убеден, дека не видел ништо поубаво во својот живот. Кога се сетила на своите покојни родители била возвишена како Вера, потпрена на крстот, дури и болката била убава на нејзиното лице. Во тој момент на нејзиното чело се наоѓал оној израз на небесна побожност, која блеска на најубавите мадони од италијанската школа, што тој ги видел во универзитетот во Саламанка. Рикардо би можел цел ден да зборува за дона Леонора. Целото нејзино суштество било исткаено од искреност, невиност, чистота, блесок, длабочина. Таа била како... згустена утринска светлина, која примила лик на жена – чии ли беа тие зборови? – ете така! 424


- Ниту еднаш ли не сте ја виделе откако по желбата на кралот од Кордоба заминавте за Гранада, а таа со татко й се врати во замокот Осма? Тогаш многу сте пропуштиле, бидејќи, верувајте, во споредба со неа сите други жени се како вратарките спрема Семирамида 172. Па сепак сте посреќен од Данте, кој никогаш не ја ни видел својата Беатриче, или од Петрарка, кој ни раката не й ја допрел на Лаура. Но зошто вие, рицару, ме прашувате за неа? По овој разговор – пак беше околу полноќ – Алонсо си легна со она неодредено чувство што човек го добива кога по долго гладување се нахранил, но не се наситил, напротив, апетитот уште повеќе му се зголемил. За сите тие години тој на Леонора речиси и не помислуваше, или, ако тоа се случеше неговата мисла не одеше подалеку од она: „Добра жена беше и ми беше убаво со неа, но ете, не ми појде од рака да ја засакам...“ А сега одеднаш – колку нови нешта! Колку силни чувства! Колку брзо течеше мислата! Полн, силен живот одеднаш така го заплисна, што просто не можеше да дојде на себе од изненадување. Понекогаш дејството на чувството може да биде така ненадејно и непредвидливо, што за миг ќе ни се стори, дека сме отровени. Надежта да врати една стара среќа беше готова да пламне во Алонсо. Шестиот ден веќе не разговараа за ништо друго, освен за Леонора. - Ама, рицару, вие како да се возбудувате кога зборуваме за мојата братучеда? – рече во еден момент Рикардо. - Се потсетувам на првите денови поминати со неа – одговори Алонсо и тогаш му се случи нешто, што никогаш во животот не му се случило: како рак се вцрви во лицето. - Ви беше убаво со неа, нели? Кажете ми, рицару, нас нè врзуваат пријателски чувства, а во моментот вие имате потреба, тоа се гледа, да поразговарате искрено со некого. Признајте дека ви беше убаво со неа. Та не е ни чудо, таа отсекогаш го претставуваше најдоброто и највисокото, Optimum u Ultimum. - Признавам, дека нејзините погледи беа моите најголеми радости, а нејзините насмевки – најмилите настани и празници во времето кога бев со неа. Всушност во моментот Алонсо гледаше слика на разголена девојка чии што раце се пружаа кон него, но, како и да е мислата за Леонора толку го обзеде, што срцето му се расчука како лудо. Го чувствуваше во себе она, што животот го прави необичен и бурен, чувствуваше силни импулси и копнеж, сладок и нестрплив. 425


Рикардо можеше задоволно да ги протрие рацете: се приближуваше кон својата замислена цел. - Во право сте кога така размислувате – рече – Таа е од поинаква раса од она, од која се обичните жени, од побогата и побожествена раса. - Вистина е, ми беше многу убаво со неа. - Само нејзиното право носе може да полуди секој смртник, да не зборуваме за нејзините сини очиња, русата коса, дупчињата на образите што се создаваат кога се смее и сите нејзини други убавини. (Кога подоцна се сеќаваше на овие разговори, Рикардо не можеше да се изначуди како можеше да ги каже сите тие зборови, кои во една нормална ситуација би ги сметал за дрски). - Вистина е, таа е ретко убава жена – одговори Алонсо со затворени очи. - Пред таквите жени човек не може да не падне на колена. - Вистина е. - Тешко може да се најде човек, кој не би бил спремен да умре за еден единствен поглед на таква жена. - Така е. Ева, така е. - Нејзиното големо благородство и нејзината голема убавина го обврзуваа избраниот од неа да й остане верен до крајот на својот живот. - Така е. О, боже, така е. - А и пожртвувана е. Таквите жени би посакале да имаат многу, за да можат многу да даваат, тие даваат сè! - Вистина е, поради мене таа беше спремна да ја жртвува и милоста што ја имаше кај своите благородни родители; та таа со мене и во дивиот Балкан ќе појдеше, меѓу Турците! - Таа ги затемнуваше и најголемите убавици во кралскиот двор. - Таа беше три пати поубава од кралицата Изабела, за кои некои велат, дека е најубавата жена на своето време. - А и гласот и е божествен: како музика се лее, како да се ронат звуци на гитара. - Вистина е, јас никогаш не бев слушнал помил глас во мојот живот. - Со еден збор: достојна за љубов жена. - Нема подостојна од неа. Алонсо сè повеќе бледнеше, гласот му трепереше. Тогаш Рикардо го добложи своето лице сосема до лицето на Алонсо, значајно го погледна и прошепоти: 426


- Ама вие, рицару, како пак да се вљубувате во мојата братучеда? А? Ама вие да не сте јале изутрината анакампсерот? 173 На Алонсо овој пат му се вцрвија не само образите, туку и ушите, така што на Рикардо му беше жално да го погледне. - Ама, што зборуваш, попе! – како да се подналути Алонсо – Ти велам, Рикардо, и покрај нашето големо пријателство, сепак треба да внимаваш како се однесуваш со мене. Рикардо се преапа за усните, но храбро продолжи: - Ама ајде, јас не сум слеп. Гледам како малку по малку тонете во вашето чувство, како што се дави уморениот чија што лотка потонала, а брегот е многу далеку. Ја сакате вие братучеда ми, ја сакате, знаете што е добро. Ама и вие не сте за фрлање: за да се привлече жена како неа кон некој маж, тој треба да има беспорно непроценливи квалитети. Па кога Господ ве собра зошто вие, рицару, потоа така глупаво й го свртевте грбот, проклет да сте? Моментот беше критичен. Алонсо светна со очите и крцна со забите, секогаш така правеше кога беше бесен. Секој што го познаваше ќе си помислеше, дека секој момент ќе експлодира. Но тоа не се случи, туку само ја наведна главата и рече: - Така е, пријателе мој. Јас й го свртев грбот. И нејзиниот живот го растурив, а и себе си си наштетив. За таквата моја постапка вечно ќе горам во пеколот, а така и треба да биде. Амин. Низ отворениот прозорец дувна ветер и ја угасна свеќата. Во колибата завладеа потполн мрак. Никој не стана да засвети. Алонсо продолжи со глас, кој чудно потреперуваше: - Се крстевме на исти светци, мислевме на исти работи, очекувавме иста среќа, јадовме од ист леб, спиевме во иста постела... а потоа јас – проклет да сум! – се отстранив. Проклет да сум! И сега, каде е таа? Една деценија не сум й го видел лицето, не сум й го слушнал гласот. Таа за мене стана туѓа жена, нема никакво учество во моите доживувања, во моите страдања и радости, во моите мисли... Совршено туѓа ми е таа низ сите овие години... Каде избега сè, каде изчезна? А како само ја сакав тогаш! Ете, си мислев, почнува нов живот за мене, повистински, посветол од оној, што ми го подарила судбината. И што се случи? Јас избегав среде ноќ од нашето легло, што се вели, и се оддадов на пијанки и лесни жени... како курва, курвите така бегаат. За неа јас сигурно сум веќе одамна мртов. Господи! Кога пред некој ден за прв пат ми го спомна нејзиното име ми стана многу 427


убаво на душата, како божествен здив да влезе во мене, а сега се чувствувам толку тажен и осамен. Каде ли е сега таа? - Има луѓе предодредени да прават глупости и тие ги прават не само по свое решение, туку и по принуда на судбината. Зошто и вам ви се паднало да бидете еден од нив, рицару? - Атеја 174 владееше со мене. Требаше да бидам најдолен глупак за да не видам, дека таа жена стои повисоко од обичните човечки созданија, дека се наоѓа во една поизвисена атмосфера. Не ја одиграв сјајната улога која ми беше дадена. Леонора беше толку близу, беше дошла кај мене со целата своја решеност, со сите свои благородни чувства, со сите свои квалитети, ми го беше донела своето срце, но јас не ја притиснав до градите, се лишив од блаженството да видам како нејзиното лице се расцутува до моето од возбуда и среќа. Ах, таа мисла ме полудува. Се каам. Confiteor! Но каква полза од тоа? - Бевте непостојан и дозволивте да се случи зло. Можевте да имате богиња за жена. Можевте да ги наследите добриот глас, славата и богатството на татко й, грофот Мединасели, наместо тоа се претворивте во скитник, кој не знае во кој дел од светот да се скраси. Однадвор доаѓаше потполна темнина, реметена од по некој слаб зрак, кога месечината за момент ќе испливаше од под тешките облаци. Пред Алонсо веќе стоеја неколку празни шишиња, тој беше здраво пијан. - Каде ми беше умот? Леонора, каде си? Мислиш ли на мене? - Сте се довеле во состојба на човек на кого, по специјална милост му било дозволено да има скапоцена збирка старини, а тој невнимателно ја испуштил и ја скршил збирката. Најпросто речено сте постапиле глупаво, многу глупаво. Ете, в очи ви го кажувам тоа; најголем подвиг на пријателството е да го натераме пријателот да ги увиди своите недостатоци. - Фала ти, пријателе, фала ти. Но, каква полза сега од тоа? Каде е таа? Уште ли е во манастирот? Не верувам, таа е ќерка на воинствен гроф, нејзе манастирскиот живот не й лежи. Каде да ја барам? А и да ја најдам, можам ли после сè да очекувам милост од неа? Таа е засекогаш загубена за мене! - Не зборувајте, рицару, толку лесно за тоа, дали некои работи ќе се случат или нема да се случат: како што е Господ – друг не е. Туку, кажете ми, помислувавте ли вие овие години на дона Леонора? - Не, сè до сега. Просто чувствата одамна умреа, се исушија, како што се суши во човекот некој излишен орган. Таков сум јас, никаков! Ќе мислиш дека сум од злато, а само малку ќе ме протриеш со ракавот и ќе видиш дека златото било ефтина позлата. 428


- Тоа веќе не е добро. Пак ќе ве запрашам: откако го напуштивте среде ноќ заедничкото легло, како што велите, помислувавте ли да й се вратите? Сигурно сте помислувале, но сте им се спротивставувале на страстите. - Не ме оправдувај. Ако им се спротивставуваме на страстите, тоа е обично поради тоа, што тие ослабнале или сосема се изгубиле, а не поради нашата сила. Јасно е како бел ден, дека јас ќе горам во пеколот и никако поинаку нема да биде, амин, амин. - Не судете така за себе. Во својата душа вие сте ја убиле љубовта кон Леонора, сте ја закопале и сте стркалале огромен каме на нејзиниот гроб. Но под каменот не се наоѓал мртовец. Некој постојано мрдал, некое срце таму гласно отчукувало. Деновиве, откако почнавме да зборуваме за Леонора, вие само го тргнавте каменот, го раздувавте пепелот – и еве ги пак вашите чувства, посјајни и посилни од секогаш. Рицару, вие не сте ни свесен, колку е силна моќта што ја има љубовта! Јас ги знам тие работи. - Но каде е сега таа? Ќе ја видам ли некогаш? – викна Алонсо очајно. Рикардо не одговори, туку стана и си легна во својот дел од колибата. Темната ноќ стана уште потемна, месечината веќе воопшто не се појавуваше. Почна да истура дожд, загрме и засветка. А кога стана наредниот ден попот само ја запрчи нагоре мантијата за да не ја намокри од росната трева и излезе. ~~~ Отиде на другиот крај од населбата, што и не беше многу далеку, бидејќи целата населба броеше не повеќе од 40 до 50 колиби. Само што влезе во една од нив, а Леонора го фати за рака, го седна на едно трупче, што требаше да претставува столче и го опсипа со прашања: - Што се случи, братучеде? Го видовте ли синоќа? Разговаравте ли? Што рече? Ама зборувајте, ако знаете за Господ! - Се случи тоа, братучедо, што, кога би го дознале сигурно би почнале да пишувате песни за љубовта и за нежните чувства како онаа Французинка Скидери, што еднаш ја запознав во универзитетот во Саламанка 175, ќе станевте голема писателка, можеби како Хафиз 176 – рече Рикардо, триејќи ја росата, што се беше нафаќала по мантијата. - Ама што се случи? Братучеде, вие ме измачувате! 429


- Се случи. Ви објавувам голема радост, братучетко, annuncio vobis gaudium. - Зарем веќе му кажавте дека сум овде? - Сè уште не. Си играм со него како мачка со глушец. Веќе сум сигурен во неговите чувства, но сакам печката уште малку да се разгори. - Раскажете ми, раскажете ми! - Но вие пак не сте спиеле, а братучедо? Не сте спиеле, ви го гледам тоа во очите. - Некое време заспав, но бргу се разбудив. Нема што да ве лажам, така е сите овие денови, откако дојдовме во Санто Доминго. Кога силни впечатоци ни ја брануваат крвта преку денот, кога умот ни е зафатен со севозможни мисли, се унесуваме брзо, но ако се пробудиме, тешко можеме повторно да заспиеме. Сонот доаѓа лесно, но тешко се враќа. Но раскажувајте, раскажувајте! - Гледам – и големото огледало сте го закачиле на ѕидот. И има зошто: откако дојдовте во Индија уште повеќе се разубавивте. - Пред вас не сакам да имам никакви тајни, братучеде, и ќе ви кажам. Станав вистински нарцис. Секој ден барем по два пати ја разрешувам косата, бидејќи на тој начин станува мека како свила. Сакам да бидам убава за него, за мојот Алонсо. Се љубувам на мојата коса, на белите, како бисер заби, на лесното руменило на образите, му се љубувам на тоа, на кое и тој набргу ќе му се љубува. Но раскажете ми што се случи синоќа, започнете, добога! Страдање предизвикано од силна љубомора се прочита на лицето на свештеникот. Леонора виде, дека нешто се случува со нејзиниот братучед, но ништо не разбра, нејзе не й беа познати неговите чувства кон неа. Но тоа траеше еден миг, потоа лицето на Рикардо пак се разведри. - Во една земја населена од папагали и голи доморотци човек може лесно да се промени – рече – Рицарот де Охеда е готов да го промени својот живот и одлучно да тргне по нов пат,готов е да го надомести изгубеното време – и твоето и неговото. Леонора ги притисна градите, како да сакаше да го задуши своето срце кое како лудо чукаше. - Ме сака ли? - De profundis 177. Од пред два дена за него да живееш, значи да сакаш. А вие, братучедо, спремна ли сте сосема да бидете повторно негова... пријателка?

430


- Зарем се сомневате, братучеде? Па мене, заради него ни обиколката на целиот свет не би била долга. Јас нема што да кријам: ќе бидам секогаш негова пријателка, а љубовница – кога ќе посака; но само да бидам со него! - Тие зборови повеќе се однесуват за него, отколку за вас, Леоноро. Тој синоќа многу страдаше. Вие сте за него симбол на сè што е убаво и благородно, вие сте му сè на светот, таков впечаток добив. Постојано повторуваше: „Каде е сега таа?“ А јас стискав заби. Кога би знаел каде сте би летнал како без глава натаму и би паднал пред вашите нозе. - Кога ќе го видам? - Ама смирете се, братучедо! Ако бевте птица веќе ќе одлетавте низ прозорецот. Колку ви го избистри лицето среќата! Се гледа, одбележана сте со бел камен, albo notanda lapillo 178... a кога ќе се сетам само каква бевте во манастирот Рабида, помрачна и од ноќ без месечина. Вистина е, моралните болести имаат огромна предност пред телесните болести, тие моментално се лекуваат кога ќе се исполни желбата која ги предизвикала. - Значи, мојата желба веќе е исполнета? Значи, кога ќе го видам? - Веќе можете да сметате на тоа, дека вашата желба е исполнета, права сте. - Кога велите така, значи дека е така. Повторно ги чувствувам животот, вољата, силата. Готово! Крај на сите тревоги! Јас веќе го заборавив своето страдање. Срцето на младата жена биеше сè посилно чувствувајќи го приближувањето на неповторливи настани, кои требаше да ја насочат судбината по совршено нови патишта; така птиците ликуваат, насетувајќи убаво време. - Да, братучедо, вие навистина поминавте низ сите фази на очајот, но затоа пак сега ви претстои да поминете низ сите фази на радоста. Или, како што би рекол мојот сват Франциско: Finis coronat opus 179. - Дишам слободно и длабоко. Ми се чини, дека железната десница која ми го стискаше срцето цела деценија, сега ме остава. Навистина, мракот, очајот, тагата, сето тоа беше веќе зад кутрата жена. Смрдливите испарувања веќе ги немаше, наместо нив чист, свеж и животворен воздух, вдишуван слободно и со радост й ги исполнуваше градите. - Мојот мрачен живот се претвори во прекрасна бајка. Од гробот одеднаш се најдов во рајот. Не бев толку среќна ни кога трчав да се сретнам со стариот овчар во шумата до замокот Осма. 431


- Драга братучедо... – рече Рикардо. Добриот човек не можеше да ги задржи своите солзи – радосници, гледајќи ги нејзините како се леат. - Тогаш кога ќе го видам мојот Алонсо? Во тој момент во колибата втрча дуењата. Беше задишана и бледа во лицето. Рече: - Еден непознат човек ме следеше. А и пред тоа сум го гледала како оди по нас. Мислам дека го видов и на пристаништето, кога излеговме од чамецот. Лицето не можеш да му го видиш од јаката на палтото што ја кренал нагоре и од големата шапка што ја спуштил врз очите. Се плашам... Но зборовите на дуењата не го најдоа својот одраз среде големата среќа, која владееше во малата колиба. ~~~ По еден час Рикардо го затекна Алонсо како лее горки солзи. Беше трештен пијан. - Ми зборувавте за милата Леонора – а каде е таа? Ми ја опишувавте среќата која никогаш нема да ја доживеам. Тоа беше многу свирепо од твоја страна, пријателе Рикардо. Ќе беше подобро да не ни доаѓате. Како сега да продолжам да живеам? Беше вистинска слика на очајот. - Отспијте малку – му рече свештеникот, насмевнувајќи се таинствено– А кога ќе се разбудите, ќе ве одведам на едно убаво место. Алонсо беше толку пијан, што легна и веднаш заспа. Беше квечерина. Се разбуди дури наутро, кога сонцето се издигаше со ведер поглед и ја прогонуваше утринската магла. Беше отрезнет, но соновите го беа истоштиле. - Каде е таа? – викна пак – Зарем само во соништата ќе ја гледам? Беден попе, зошто ми дојде без неа? Сега повеќе сакам да умрам! - Дојдете со мене – рече на тоа Рикардо и тргна кон вратата. - Каде? – рече Алонсо и скокна од постелата како некоја џиновска рака наеднаш да го беше кренала, бидејќи во очите на свештеникот прочита нешто, што многу ветуваше. - Дојдете. Даде бог и за вас таков славен ден. Наскоро ќе бидете на седмото небо од среќа, ќе се капете во сончева светлина. Дојдете, дојдете, тоа е изненадување. Алонсо само ја префрли наметката преку рамењата и живо тргна по Рикардо. 432


- Ќе бидам среќен – произнесе полугласно – Да, јас ќе бидам среќен. –повтори уште еднаш, како да сакаше да се убеди себе си. Празнично, светло претчувство му ја исполни душата. Ни самиот не знаејќи зошто, се чувствуваше весел како птица, просто му се сакаше да трча и да скока од излишок на сили. Го стигна својот пријател, па застана и му се внесе во лицето: - Ама каде, попе? Што сакаш да ми покажеш? Со каква радост ќе ме даруваш? Какви рајски порти ќе ми отвориш? А овој само повторуваше, не престанувајќи да се смешка: - Дојдете, дојдете. Ама дојдете, де! Само туку прашува – ех, каков човек! Каде сте биле кога Господ делел трпение? Одеднаш Алонсо се сети: - Ама таа да не е овде?Леонора? Да не дошла и таа со тебе во Санто Доминго? Драги попе, навистина ли со таква радост ќе ме даруваш? А Рикардо се засмеа и весело викна: - Тука е де, тука е! Тука е вашата Леонора – а и каде би била на друго место? Еј, рицару, рицару, колку време ви требаше да се досетите! Тогаш Рикардо застана. Беа стигнале. Но нешто го пресече кога виде, дека вратата на колибата пред која сопре е широко отворена. Подгонет од некакво црно претчувство влета внатре. Немаше никој, креветите и сè друго што имаше внатре беше расфрлано, големото огледало беше скршено, како да се водела борба. Како со менгеме ја стисна главата со двете раце и прошепоти во ужас: - Господе боже... А и Алонсо, претчувствувајќи голема несреќа, рикна како ранет бик: - Тешко мене... Ах!

18 Ти твор си: живеј сам. Со ведната глава Продолжи го патот на срамотен глас За лошото дело што ти нижи раст 433


Не й треба орден на твојата става. Пушкин Претеруваа оние кои тврдеа, дека замокот во Западните планини можеше да се спореди со најсилните замоци во Кастилија, но сепак тоа беше силна и цврста, солидна градба. Тој убав априлски ден во тој замок се случуваше нешто необично. Сите војници на господарот со црвената маска со исклучок на стражарите кои се шетаа по бедемите, а ги имаше околу 150, во полна воена спрема беа построени помеѓу надворешниот бедем и внатрешниот бедем кој го опкружуваше замокот и високата кула исправена до замокот. Се очекуваше некаква претстава, но никој не знаеше што точно ќе се случи. Веднаш до надворешниот бедем имеше еден голем трупец. Сонцето се беше искачило високо на небото, кога свирна труба и пред војниците излезе гласник кој раствори еден свиткан пергамент и меѓу две барабанени исчукувања прочита, дека по желбата на моќниот господар со црвената маска сега и на ова место ќе биде извршено погубување. Насобраните војници заџарикаа, се разнесоа гласови: - Погубување? А кого ќе погубуваат? - Ете за што ќе послужи оној трупец до бедемот. -За убава работа не свикале, нема што! Гласникот продолжи да чита: - На Томас Моралес ќе му биде отсечена главата, затоа што спротивно на изричната наредба се дрзнал да се распрашува и го открил идентитетот на нашиот господар. Бидејќи постои сомневање, дека тој и понатаму ќе се занимава со такви недозволени дејности, се реши како во диспозитивот на пресудата. Војниците уште посилно завревија: - Ќе го погубат бидејќи сакал да го дознае идентитетот на господарот? - И тоа токму Томас Моралес? Па тој е еден од најдобрите и најхрабрите меѓу нас! Еден војник викна: - Милост! Но трубата пак екна и се зададе осудениот со заврзани одзади раце. Го водеа двајца офицери. По него одеше џелатот со огромен меч во рацете. Осудениот беше многу убав млад човек, на околу дваесет и две – три години. Беше гологлав, долгата руса коса се развеваше на ветрот. Неговата 434


бела шија изгледаше како на жена, а погледот беше како на архангел. Одеше спокојно кон местото каде требаше да биде погубен, но постојано се вртеше околу себе, како да очекуваше да се случи нешто: не му се одеше од овој свет. Стигнаа до трупецот. Требаше да му се заврзат очите на осудениот. Помошникот на џелатот пристапи напред со крпче во раката. Кога видоа, дека нивниот другар е толку близу до смртта, војниците не можеа да се додржат. Се слушнаа викови: „Милост! Милост!“ Некои паднаа на колена. Еден стар војник извика, покажувајќи на трупецот: - Може ли место него да биде погубен друг? Јас сум стар и сум готов да умрам за момчето. Сите повторија ронејќи солзи и дигајќи ги рацете кон небото: „Милост! Милост!“ И лавовите да го беа слушнале тоа ќе се возбудеа и исплашеа, бидејќи војничките солзи се страшни. Џелатот кој го држеше мечот со двете раце не знаеше што да прави. Тогаш од врвот на кулата се слушна еден одсечен глас кој оддекна злокобно во ушите на сите: - Да се исполни пресудата! Сите го препознаа овој неумолив глас. Тоа беше господарот со црвената маска. Војниците трепнаа. Џелатите престанаа да се двоумат. Едниот му ги заврза очите на осудениот и откако го натера да клекне му ја присна главата врз трупецот, а другиот замавна со огромниот меч. „Ах!“ – направија војниците симнивајќи ги шлемовите и крстејќи се, кога главата на несреќникот се стркала до бедемот. Две жени, кои токму во тој момент вјаваа низ портата во замокот во придружба на еден маж писнаа на таа грозоморна слика и ги покрија очите со рацете. Од кулата, пак, се слушна силна смеа и ракоплескање; тоа беше полулудата. Сè беше готово. Тоа беше првото погубување на белец во овие краишта, така велат хрониките. Обичаите почнаа да се префрлаат од едниот на другиот континент. Започна европеизирањето на Новиот свет, на Mundis Novus, за кого Колумбо сè уште цврсто веруваше, дека е легендарната Индија. ~~~ Човекот што ги доведе двете жени токму кога се случи погубувањето, итро се искачи до собата на господарот со црвената маска и 435


чукна на вратата. Тоа беше неговиот слуга Марсело. Но беше целиот пливнат во пот и од очите му избиваше необичен сјај. - Кој е? – строго запраша херцогот Сидонија и бргу посегна по својата црвена маска, која што туку ја беше симнал од лицето. - Јас, господару, вашиот Марсело. - Сам ли си? - Сам. - Гласот ти е чуден. Влези – рече херцогот, ја остави маската и седна на врз својата рогозина. Марсело влезе; лицето му беше многу бледо, а усните му трепереа. - Што ти е, Марсело? Изгледаш така, како што туку да си видел сениште. - Не, туку видов еден обезглавен труп, а и вие по една минута ќе го видите својот Харон 180, кој ќе ве испрати во пеколот. Кога го рече тоа, Марсело ја извади од џебот кесата со пари и ја фрли пред нозете на херцогот, а златниците во неа силно ѕвекнаа. - Се сеќавате ли на оваа кеса со злато? – рече. - Да, тоа се парите што ти ги дадов на бродот, кога со првата флота на Колумбо тргнавме наваму. Дента, кога внук ми Камачо де Парантес ми ги доведе војниците, ти исто така ја фрли пред мене оваа кеса. – „Ако ви ја оставам кесата, тоа значи дека веќе не сум во ваша служба“ – така рече. - И сега ви го велам истото. - Што значи тоа? – рече херцогот и посегна со раката под кошулата, каде што се оцртуваше дршката на пиштолот; но Марсело веќе го беше извлекол својот пиштол и го држеше вперен во неговите гради – Што значи тоа, мој Марсело? - Подгответе се. - За што? - Да умрете. - Зошто? - Како што реков, надвор видов обезглавен труп. - На младиот Томас Моралес ли мислиш? Да, тој штотуку беше погубен по моја наредба. Па што? - Томас Моралес ми беше прв братучед и јас многу го сакав – тешко рече Марсело и ја истри солзата која сакаше да се стркала низ образот надолу. - Ти бил прв братучед – рече херцогот и од своја страна ја истри потта, што одеднаш му го ороси челото – Добро. И? 436


- Во битката кај Гранада 1491 година загина брат ми. Вие бевте виновен за неговата смрт, како и за смртта на многумина други, кои поради вашето предавство ја загбија главата и дозволија да бидат згромени. Денес го видов погубувањето на братучед ми Томас, кое, како што самиот кажавте вие го наредивте. - Да. И? Марсело го откочи пиштолот. - Спремете се да умрете. - Веднаш? - По една минута. Треба да ви го доведам свештеникот за да ви ги опрости гревовите пред да умрете, таков е христијанскиот обичај; но ни мојот братучед немаше свештеник. Помолете се на брзина. По помалку од минута ќе пукам. Херцогот ја наведна главата и почна да ги мрда усните, како да се моли. Веќе не ја триеше потта која слободно му капеше по лицето. Одеднаш ја крена главата и рече: - Вистина е, дека јас го наредив погубувањето на вашиот братучед, но не може да се рече, дека јас го убив. - Тогаш кој го уби? - Неговата грешка. - Што тој толку згреши? - Каде беше ти та не знаеш што се случуваше деновите во замокот? - Бев во Санто Доминго за да најдам начин да ви угодам. И најдов начин. Но тоа веќе не е важно. Нема смисла да ви кажувам што сум сторил за вас, кога сега ќе ве убијам. Вашата минута изминува. Пред да умрете, покајте се за своите злосторства, така ќе си ја олесните душата. - Не се каам за ниедно свое дело, па ни за последното. Добро сторив што го убив твојот братучед. - Ајде – рече Марсело и го насочи пиштолот кон срцето на херцогот – Но не ми кажавте што толку згреши братучед ми. - Влезе ненајавен во оваа соба и ме виде без маска на лицето, го откри мојот идентитет. Марсело ја ваведна главата. - Голема грешка, навистина. Но сигурно не ја сторил намерно. - Можеби и не. Но тој ме препозна. Рече: „Боже мој! Херцогу Сидонија!“ Марсело молчеше. Херцогот продолжи. 437


- Рече: „Херцогу Сидонија!“ И се стрча по скалите. Тогаш јас им реков на стражарите да го фатат. Марсело продолжуваше да молчи со погледот наведнат кон земјата, но не го иставаше пиштолот кој и понатаму беше насочен кон градите на херцогот. - Убиј ме, кога си решил. И пак ти велам, не се каам што го убив момчето. Згреши – и го убив. Еднаш покажа извонредна храброст борејќи се со војниците на оној ѕвер де Охеда и тогаш јавно го пофалив и му го закачив на шијата орденот на свети Ѓорѓи. - Така беше, се сеќавам на тоа. - Но сега згреши и го убив. Секогаш според заслугите. - Требаше да му простите. - Не можев. Не смееше да влегува ненајавен кај мене, таква беше мојата изрична наредба. Тој можеби и немаше да го разгласи мојот идентитет – но можев ли да ризикувам? Знаеш ли што ќе се случеше ако некому кажеше, дека во замокот во Западните планини го видел херцогот Сидонија? Колумбо немаше да смее да ми се спротивстави, но де Охеда ќе дојдеше со војници, ќе ми го разрушеше замокот така, што камен на камен немаше да остане, а мене ќе ме убиеше. Ете, тоа ќе се случеше. И тогаш – збогум, круно! Но и вака јас треба да се збогувам со круната. - Да, навистина тоа можеше да се случи, ако братучед ми ја обелоденеше некому својата тајна. Но за каква круна зборувате? - За круната на Обединетото кралство, за најблескавата круна во Европа. Ти ништо не знаеш, мој Марсело. Сега ќе ти кажам, пред својата смрт човек може сè да каже. Мислиш ли, дека јас туку така избегав овде по Гранадската битка? Не, не бегам јас туку така, јас сум дон Енрике де Гусман, вториот Херцог Сидонија, кој имаше милиони и милиони мараведи чист годишен приход и чија што флота закотвена во заливот Кобил меѓу Гибралтарската карпа и Канарските острови беќе речиси поголема и од кралската флота, јас сум потомок на првиот визиготски крал кој дошол ваму, го заборави ли тоа? Та пред да тргнам наваму со огромни пари платив луѓе да работат на моето дело... Знаеш ли, дека човек за 100.000 мараведи може и родената мајка да ја убие? А јас раздадов стотици милиони мараведи да работат за мене... да ги симнат оние тутурутки кои сега владеат - и мене круната да ми ја дадат. Тоа побарав да направат за мене. Сигурну луѓе најдов181. За две – три години требаше да се вратам и крал да станам... крал на најголемото кралство, Обединетото... Тебе, Марсело, ќе те направев мој прв министер, мој најдоверлив човек, како што беше и досега. Хермелинова 438


наметка на грбот и златна дијадема на главата ќе носеше, од сребрени чинии ќе јадеше и од златни чаши слатко вино ќе пиеше, а за време на гозбите нозете ќе си ги одмораше на столче од чисто сребро. Но сега сè е готово... Ајде, убиј ме. Благодарение на тебе Фердинанд и Изабела ќе продолжат да владеат. А какво само кралство ќе направев... ќе се зборуваше за него додека свет светува. Мене бог ме беше одредил за такво дело. Пукај! Да, јас го осудив твојот братучед, но знај, дека сум орудие на бога. Значи, ти ги судиш божјите дела! Нема ли потоа да те јаде совеста, дека си го убил својот господар на кого бог му доделил мисија? Сепак дејствувај. Прави што сакаш. Ти си слободен да ме фрлиш во пеколот и заедно со мене и самиот да се фрлиш во него. Добро, и двајцата ќе бидеме осудени на вечни маки; но одговорен пред бога ќе бидеш ти. Ајде, започнувај, дејствувај, заврши. Јас сум стар, ти си млад, јас сум без оружје, ти си вооружен – убиј ме! Додека херцогот зборуваше – а гласот сè повеќе му се извисуваше, како демонот во него да се будеше – Марсело бледнееше и трепереше како лист. Кога херцогот престана да зборува, тој го фрли пиштолот и падна на колена. - Милост, господару, простете ми! – извика – Вие зборувавте како добриот Господ. Мојот братучед згреши и ја заслужи својата судбина. И јас сега згрешив кон вас. Ќе направам сè за да го искупам својот престап. Раполагајте со мене. Наредувајте ми. Ќе се потчинам. - Ти проштевам, мој Марсело. Но не навикнувај се на такви работи. Продолжувајќи да се тресе и поклонувајќи се постојано до земјата, Марсело тргна наназад кон вратата. - Мој Марсело – рече херцогот. - Кажете, господару. - Земи си ја кесата со парите. И внимавај: ако по трет пат вака ми ја фрлиш пред нозете, ќе си ја земам, а ти знаеш што тоа ќе значи за тебе. Марсело ја зеде кесата не кревајќи ја главата и повторно посака да излезе. - Мој Марсело – пак рече херцогот. - Што е, господару? - Нешто подрече околу тоа, дека си ми свршил некаква работа во Санто Доминго. Што е тоа? - А, да. Но заборавете го тоа, господару. Ситница... Глупост... Не се занимаваат со такви работи оние, на кои од бога им е дадено да раководат со судбината на народи и на кралства. А всушност, мислев дека со тоа што го направив многу ќе ви угодам. 439


- Кажи Марсело, кажи. Марсело се врати од вратата и седна на своето место на рогозината. Беше среќен, што можеше да се искупи веднаш со добро дело за својата грозна постапка кон господарот. - Оној пат – рече – кога исто така разговаравме со проклетото кесе помеѓу нас, вие ми рековте да внимавам и да ви кажам ако дознам нешто што може да ве направи среќен. - Можно е да сум го рекол тоа. Секој господар му го вели тоа на својот слуга. А слугата, без да му се каже самиот треба да го има тоа во предвид. - Јас бев отворил четири очи и исто толку уши... зајакот го ловев, што се вели. Пред некој ден зајакот скокна од грмушката, и јас – бап! – за уши, па во пазува. - Што сакаш да ми кажеш, Марсело? - Си одам јас и си мислам: „Како можам да го направам среќен мојот преблагороден господар?“ - Секој си го работи својот занает. Твојот е да ме слушаш и да ми угодуваш. И – што смисли? - Си велам: „Нашата среќа е во добар дел во тесна врска со нашите пријатели и со нашите непријатели. Пријателите се сакаат, непријателите се мразат, па среќата на пријателите е и наша среќа, а среќата на непријателите – наша несреќа. Но, ако на некој наш непријател му се случи несреќа – е, тоа е веќе голема среќа за нас.“ Така си мислев. - Правилно оделе твоите мисли, мој Марчело. Но што имам јас од сето тоа? - Господарот, така си велам, има малку пријатели, но непријатели има многу и тие се влијателни и моќни. И си ги редам: кралевите, си велам, на Обединетото кралство, речиси сите нивни дворјани, потоа грофот Мединасели, сега покоен, па оној Ерменец Алонсо де охеда кој е сè уште жив... - Не е Ерменец, Балканец е. Но не должи толку, Марсело, ме држиш во неизвесност. - Кралевите и нивните дворјани, си велам јас потоа, се далеку одовде и се моќни, ним никој ништо не им може. Мединасели е мртов, што значи, дека и нему веќе никој ништо не му може. Останува уште рицарот де Охеда. Тој е, си велам, во немилост и кај кралевите и кај адмиралот, нема ни мајка, ни татко, ни брат, ни сестра, ни крал, ни бог – еве, си велам, каде треба да се 440


удри, за мојот господар да биде среќен. Но, исто така и тоа си го велам, тој е жива молња, змија, со поглед ќе те пресече на две, а не ли со меч. - Тоа значи, мој Марсело, дека среќата мене само јазикот ми го плази, а никако да дојде и да ме погали. - Не, господару, ќе дојде и ќе ве погали, и тоа многу бргу. Шест бели како снег коњи – ветрогони ја носат нејзината кочија и таа само што не стигнала до вас. - Како тоа, Марсело? - Грофот Мединасели умре, но по себе остави ќерка. - Убавата Леонора. Ја видов во замокот Осма кога беа таму кралевите, а и потоа во кралската резиденција во Кордоба, кога беше таму омразениот Мединасели. Е – и? - Та таа и рицарот Алонсо де Охеда да ти биле... како се вика... љубовници, де. - Колку си прост, Марсело! Таа била господарка на неговото срце, така се вели тоа. Ако беше сега тука тетка ми, учената, ќе те направеше за нигде. Но зборувај, ме заскокотка. - Алонсо е жива молња, си велам, но девојката е слаба и незаштитена. Неа човек може да ја фати и да ја довлече овде. Може ли? Може. Добро. А кога таа ќе се најде во овој замок, ќе му се каже на Алонсо: „Господарката на твоето срце е кај нас. Сакаш ли да ја видиш? Тогаш дојди. Но сам, без оружје и без војници, како просјак“. Тој секако ќе дојде, бидејќи е вистински Бајар, рицар без мани и страв, а ние тогаш – бап! – и ете го во наши раце. - Убаво смислено. Но каде е Леонора, беден мој Марсело? Од другата страна на Морето - океан. Ќе одиш ли ти да ја бараш по замоците и манастирите во Кастилија? - Не треба да го минувам Морето – океан, ниту да одам во Кастилија за да ја барам. Самата таа дојде кај нас. Пред десетина дена таа доплови во Санто Доминго, господару мој. Сидонија пргаво скокна од рогозината и висна на нозе, нешто што тешко можеше да се претпостави за еден речиси седумдесетгодишен старец. - Леонора, ќерката на Мединасели е во Санто Доминго? - Еве како беше. Се шетам јас по Санто Доминго – кога човек се шетка сè така може нешто интересно да види и да слушне – кога од морето – брод! „Ајде да видиме, си реков, што ќе ни донесе овој брод“. Отидов на пристаништето. Спаднаа војници, кучиња, што ти не, и на крај еден свештеник со две жени. А жените – убави, преубави. 441


- Зборувај, зборувај! - Ја дигнав јаката на палтото кон ушите, ја навлеков шапката на очите, па како случајно се приближив до тројката. Наслушнав. Разбрав, дека едната од жените е дона Леонора, ќерката на грофот Мединасели. Го споменаа рицарот де Охеда. – „Аха! – си реков – Еве нешто, што може да го зарадува мојот господар“. Тие тргнаа кон населбата, а јас по нив. - Понатаму, понатаму, поживо, мој Марсело. - Жените се сместија во една колиба, а свештеникот си плукна нозете, па во колибата на нашиот Алонсо. И од тој ден јас – де под едната, де под другата колиба. Знаете: јаката во ушите, шапката на очите, па висни и виси, а никој не знае човек ли си, дрво ли си и што имаш на ум. Висев под прозорците и наслушнував, а одвреме – навреме и подѕирнував. Така дознав, дека Леонора тргнала по светот да го бара својот сакан Алонсо. А тој, неранимајко еден, ја заљубил, па ја одљубил, па кога попот почна да му зборува за неа како за некоја смоква прелеана со шербет пак ја засака и тоа така, што името не си го знаеше – просто полуде. – „Каде е таа? Јас не можам веќе без неа, каде е?“ – така се лигавеше. - Понатаму, понатаму, мој Марсело, ако знаеш за Господ! - Ќе се напие – а пие како смок, проклетникот – па, како што веќе реков, ќе почне: „Каде е таа? Не можам повеќе – каде е мојата Леонора?“ Јас тогаш видов каква е работата и веќе знаев што треба да правам. – „Ќе ја најдеш кај мојот господар ако ја сакаш, љубовнику!“ – си реков, па бргу кај Леонора. Влегов во нејзината колиба. Веднаш поминав на работата. Убаво й реков да дојде со мене, па бидејќи не сакаше да ме послуша морав да бидам малку груб; падна со главата на масата и се онесвести. Тогаш јас ја зедов на раце, бргу ја качив на коњот, седнав зад неа, па ајде наваму; а нејзината слугинка се качи на друг коњ, па и таа со нас. И еве ги сега и двете помеѓу внатрешниот и надворешниот бедем. Сидонија направи една гримаса, која личеше на усмивка. Тој им припаѓаше на оној суров тип луѓе, кои се усмивнуваат само со аголчињата на устата. - Проклето добро смислено. Мој Марсело, по којзнае кој пат доаѓам до заклучок, дека со непроценливо богатство. Добро е што пред малку не ме уби со своето пиштолче бидејќи немаше да можам да ти се заблагодарам за тоа, што си сторил за мене. Па ти навистина си мислел на тоа да ме усреќиш, пријателе мој! - И сега што ќе нареди господарот? 442


Извивајќи ги напред усните, Сидонија поминуваше со раката преку брадата – знак на свирепо размислување. По едно време рече: - Нема што друго да се смисли, ти убав план си направил. Сега ќерката на Мединасели треба да се затвори во некоја соба во замокот и да се чува како зеницата на окото. А на оној ѕвер де Охеда да му се каже како стои работата: може да ја види својата сакана, но да дојде сам - сосема сам! Црн, омразен Балканецу, и тебе ќе ти дојде крајот, ако даде Господ! Venies sub dentem! 182 Мојот гавран најпосле може да биде задоволен! 183 Но кому да му ја доверам Леонора? Во кого можам да имам најмногу доверба? Се знае: во тебе, Марсело. Но ти си прост слуга, а таа е висока благородничка, од највисоките, никако не може, не е лично. Така е, не сакам да падне ни најмала дамка на моето благородство. Нека веднаш дојде мојот внук Камачо! Марсело ја изврши неговата наредба и се врати. По некое време младиот благородник чукна на вратата. - Кој е? – викна Сидонија и посегна по својата маска. - Јас сум, вујко, Камачо. Херцогот ја остави маската, но пак ја зеде, си го покри лицето со неа, па дури потоа рече: - Влези, Камачо. Камачо влезе и лесно се поклони. - Слушај, Камачо – рече тврдо херцогот – Земи ја жената што ќе ти ја доведе Марсело кој од сега па натаму е мој кастелан 184 и мој заменик во сите работи, па смести ја негде во замокот и чувај ја. Но внимавај, со главата ми одговараш за неа. Не сакам да имаме уште едно погубување. - Разбрано, вујко – рече момчето и излезе. - Зошто ја ставивте маската, господару? Та тоа беше само вашиот внук. – рече Марсело. - Вистина – одврати Сидонија – Откако ме виде без маска твојот братучед, Господ душата да му ја прости, постојано трепкам, кога некој ќе ми чукне на вратата. Што да се прави: парен од каша – расол дува.

19 Млад човеку, во срцето чувствуваш страдање и опој од љубовта. Не е тоа само твоја судбина 443


тоа е болка на сите вљубени. Хесе Затворена во замокот на господарот со црвената маска Леонора ниту знаеше каде е, ниту зошто е доведена овде. Знаеше дека е грабната од луѓе што не й мислат добро и тоа беше нешто страшно. Но таа беше вистинска ќерка на својот татко и не го губеше присуството на духот, напротив, беше сигурна, како што се два и два четири, дека Алонсо, нејзиниот Алонсо – тој, о, боже мој, беше пак нејзин, повеќе од секогаш и овој пат засекогаш, засекогаш, засекогаш!!! – уште истата вечер или најдоцна утредента ќе дојде и ќе ја ослободи. Ќе дојде тој, убавиот и моќен хидалго качен на својот коњ, со меч во едната и штит во другата рака, ќе долета од облаците како јунак од грчката митологија вјавнат на својот Пегаз, па ќе ги растера овие луѓе, ќе им го разруши замокот, тоа одметничко гнездо во кое доведуваат кутри девојки и на смрт ги преплашуваат покажувајќи им сцени со погубување, та камен на камен да не остане, а неа ќе ја качи пред себе на коњот и ќе ја одведе во својата колиба во Санто Доминго. Така пишуваше во рицарските романи што ги читаше во годините на младоста и не се сомневаше, дека и сега така ќе биде, бидејќи нејзиниот Алонсо не само што не заостануваше во ништо зад литературните јунаци туку, во нејзината фантазија беше и подобар од нив. Но кои се овие луѓе и зошто ја грабнаа? И какво беше она погубување што се случи меѓу двата бедема? Тоа секако беа некакви жестоки војници, нема ли да му напакостат на нејзиниот сакан кога ќе дојде по неа? Но таа си ги спомнуваше неговите победи и подвизи за кои пишуваа хроничарите и песни пееја минстрелите – Малага, Баса, Алмерија, Гранада – па никако не можеше да поверува, дека нема лесно да излезе на крај со овие планински луѓе и нивниот замок. Но вечерта дојде, а ништо не се случи. Леонора цела ноќ око не затвори во очекување на утрото, кога нејзиниот рицар секако ќе дојдеше. И утрото дојде, прекрасно, свежо, росно утро овде на планината – силно светнал чист божји ден! – а Алонсо го немаше. Да не му се случило нешто? Или можеби не знаеше каде да ја бара? Но сите во Санто Доминго веројатно веднаш дознале за грабнувањето и се растрчале на сите страни да ја бараат, па како тоа досега не ја најдоа? Но кого и петтиот ден од нејзиното заробеништво ништо не се случи, убеденоста почна да спласнува, светлината на нејзиниот живот се смрачи. Ќе дојде ли некогаш тој, нејзиниот Алонсо? А какви само денови помина во Санто Доминго очекувајќи го да дојде и да ја стисне во својата прегратка! 444


Таква надеж, толку радост, а потоа – грабнување! По втор пат среќата се претвори во несреќа, поезијата – во груба проза. Ќе започнат ли најмрачните строфи во нејзината балада? Темна завеса се спуштеше помеѓу неа и останатиот свет. Алонсо не доаѓаше, но се случуваше нешто друго и тоа нешто беше, така да се рече, вистинска среќа за неа, бидејќи со својата исклучителност и необичност й го привлече вниманието и не дозволи да падне во црн очај, нешто, што и покрај нејзината храбра природа секако ќе се случеше. Уште првиот ден имено, таа не можеше да не го забележи бледилото на лицето и чудниот сјај во очите на убавиот Камачо кој ја смести во најпространата и најсредена соба во замокот и кој, тоа беше јасно, требаше да се грижи за неа. Нешто се случуваше кај овој млад и личен како Адонис човек, тоа беше вистина. Но што? Првиот ден тој влезе дури пет пати кај Леонора, интересирајќи се дали слугите добро се грижат за неа и за нејзината дуења, имаат ли тие двете сè што им е потребно. Секогаш кога доаѓаше, меѓутоа, бледилото на неговото лице беше сè поизразено, а сјајот во неговите очи сè почуден. Висеше среде соба, не знаејќи што да прави ниту со рацете, ниту со очите, молњевито прелетувајќи со погледот преку лицето на Леонора, немајќи смелост да го задржи барем една секунда на него; сакаше нешто да каже, но не се осмелуваше; потоа бргу ја напушташе просторијата. Идното утро тој пак влезе: како госпоѓата ја поминала ноќта, й треба ли нешто? Но подоклиците зборуваа дека и тој исто така не спиел. Повисе малку среде соба, па се заврте на петите и излезе. Овој пат дуењата рече: - Господарке, овој Адонис е лудо вљубен во едната од нас, верувајте ми, ги знам јас тие работи. Па додаде тивко, како за себе: - Не сум убава како неа, но не сум ни за фрлање, а во љубовните вештини сум ненадминлива, и мртов ќе разбудам! Па сепак ѓаволот си нема работа, тој ниту ора, ниту копа, а само прави лошотии. Онаа вечер во ходникот во конакот на патот за Кордоба на оној Алонсо му се соблеков сосена гола, а тој – нацки! Ќе биде ли така и сега со овој? – и таа крцна со забите. Се потврдија зборовите на дуењата. Околу пладне се слушнаа лесни чекори. Некој дојде до вратата, пропушти под неа едно писмо и си отиде. Дуењата го подигна писмото и со дозвола на нејзината господарка на глас го прочита: 445


„Госпоѓо, кога ќе го прочитате ова писмо, мојот живот ќе биде во вашите раце, бидејќи јас ве сакам, а надежта дека на моето чувство ќе му биде одговорено, за мене значи живот...“ Итн. На крајот стоеше неговото име: Камачо. Леонора во тој момент беше растевожена – нејзиниот Алонсо сè уште не доаѓаше по неа, така што ова чудно писмо на овој сосема непознат човек во чија што прва реченица можеше да се најде и она: „јас ве сакам“, нешто многу необично, не само што немаше за неа никакво значење, туку таа не ја разбра ни неговата смисла, како да беше напишано на кинески јазик. Околу пладне момчето влезе за да ги постави вообичаените прашања: „Како се однесуваат слугите со госпоѓата и има ли таа сè што й треба?“ и, откако повисе малку среде соба за да види каков впечаток оставило неговото писмо, си отиде. Но утрешниот ден стигна уште едно негово писмо. Време е да се позанимаваме малку со овој, во многу нешта необичен млад човек. Кога вујко му, херцогот Сидонија му нареди да се погрижи за дојденката, тој побрза кај неа – и истиот момент остана восхитен како никогаш во својот живот. Нејзината убавина беше толку заслепувачка, нејзиниот поглед толку волшебен, што душата во него затрепери како врапче фатено во рака. Ја одведе во замокот, ја смести, па длабоко се поклони и излезе; но потоа во ниту еден момент не престана да мисли за неа. Беше опфатен од некаков неверојатен копнеж пак да ја види. Во него светна пламенче, и тоа се разгоруваше сè повеќе и повеќе. Тој знаеше, дека секогаш треба да му се доверува на својот прв поглед, а тој велеше, дека никогаш во животот не сретнал поубава и помила жена. Одеднаш се најде во волшебниот свет на своите први мечти. Срцето му зачука незадржливо од горди и дрски желби. Го обземаше очај при помислата, дека го посакува нестварното и неостварливото, а потоа си велеше: „А зошто да не? Зарем не сум внук на еден херцог, кој, иако паднал во немилост останува еден од највисоките благородници во кралството, зарем не сум борец, кој нема ни секунда да се двоуми да излезе на мегдан со било кој рицар во светот?“ И сè така се менуваше неговото расположение: мечтите ја заменуваа реалноста, и повторно свеста за реалноста ги уриваше мечтите. Се случуваат понекогаш такви работи со младите момчиња кои почнуваат да чукаат на капијата на животот: љубовта за нив е огромна река која повлекува сè по своето течение и тие чувствуваат, дека не можат да й се спротивстават. Тоа исклучително силно чувство им се врежува во срцето 446


како печат во восок и тие се вљубуваат одеднаш, не знаејќи ништо за љубовта. Колку чудно е тоа будење на најсилното чувство во човекот! Камачо засака за прв пат и со него се извршија сите чуда на првата љубов, која како некоја револуција за еден миг го наруши и уништи неговото вообичаено суштествување. Таа жена веднаш завладеа со неговите мисли и неговото расположение. Ако самата ѕвезда Сирус беше дошла, немаше да го заслепи посилно, би рекол поетот. Се почувствува така, како некој невидлив чук да чука во неговите гради. Неговата душа беше толку исполнета со Леонора, што сите други нешта изгубија секакво значење за него. Ако во тие денови Алонсо со војска го нападнеше замокот, или пак сите Индијанци од Сибао нагрвалеа наваму, тој немаше да се сети, дека треба да го извлече мечот и да се брани. И сето тоа се случи за само неколку часа. Тоа беше романтична и во исто време проста историја на млад човек кој почнал да боготвори убава жена, која по некои чудни каприци на судбината живее далеку од општеството и која, осамена, изоставена и неразбрана, на необјаснив начин се нашла во негова близина. Беа изминале цели четири часа откако ја одведе во нејзината соба, а целото тоа време беше со затворени очи, така можеше најубаво да ја види. Ја гледаше толку јасно, како што се гледаше и самиот себе, кога ќе се погледнеше во огледалото. Потоа се сети, дека се ближи времето, кога, аналогно на наредбата на неговиот вујко, ќе може да влезе кај неа и дека раскинувачката желба да ја види по малку ќе стане реалност, па секоја друга мисла во него изчезна и тој почувствува само неискажана, длабока радост. Бидејќи немаше смелост својата љубов да ја изрази со зборови, се зафати тоа да го направи со писмо – и целата таа ноќ пишуваше. Така за младиот благородник животот се раздели на периоди од по четири – пет часа, кои го носеа отпечатокот од последното видување со Леонора. Тој сретна жена која го опече како пламен и тој засака длабоко, силно, за цел живот. Во второто писмо го напиша следното: „Ми се чини како да ви зборувам кога ви пишувам, и како да сте и вие помалку овде присутни. Што да ви кажам? Не можам да разберам дури ни што се случува со мене; сè што чувствувам е некаква неземна радост која доаѓа од сознанието, дека сте во собата до мојата и дека по неколку часа ќе влезам кај вас да ве запрашам дали имате сè што сакате“. Итн. Секој ден на Леонора й стигаа по неколку писма. И сè така: ќе се приближеа лесни чекори, подтурнатото писмо ќе се покажеше под вратата и чекорите ќе се оддалечеа. Понекогаш ќе дојдеа две – три писма одеднаш, 447


како авторот да заборавил да каже сè во првото, па веднаш се зафатил со друго. Нејзината појава, пишуваше тој, го осветлила мракот во неговата душа, ги соживела неговите земни и небесни надежи. Тој им завидувал на слугите кои ја служат и на нејзината дуења која е постојано со неа. Зошто тој ја нема нивната среќа да ја служи и да биде со неа? Се вели, пишуваше, дека оние кои се обземени од силна страст остаруваат за само еден ден 185. Дали тоа може и нему да му се случи? Како да плива на брод во силна бура – така тој ја опишуваше својата голема, исклучителна и неуништива страст која го изгоруваше. Ненавикнат на такви бури на страста тој тешко умее да ги смирува. Не, ништо веќе не може да го угаси огнот, кој таа го распалила во него. И што сега тој да прави? Но како таа се нашла овде? Бура ли ја натерала да се засолни во пристаништето на Санто Доминго? Тој се грижи, дека многу се намачила по морето и таа грижа толку го обзема, што не мисли ниту на себе, ниту на било што друго. Каде тој да најде циганка која ќе му ја претскаже судбината? Што ќе се случи со него? Бидејќи неговата љубов станала нешто несовладливо, уништувачко, посилно од смртта – го чита ли таа тоа на неговото лице кога влегува ка ј неа? За онаа минута колку што се заедно тој крадешком погледнува кон неа очекувајќи насмевка која ќе го однесе на врвот на среќата, го знае ли таа тоа? Тој чувствува, дека животот веќе не му припаѓа, тој не е веќе негов, тој е нејзин. За него на светот постои само една жена, а во него – само една мисла. Се вели: љубовта љубов раѓа, gratia gratium parit. Но дали ќе биде одговорено на неговите чувства? Ќе му ја упати ли госпоѓата (тој дури ни името не й го знае, ниту пак знае било што друго за неа и се плаши да праша, како што се плашиме да се распрашуваме за богот во небесните височини) ќе му ја упати ли, значи, госпоѓата онаа насмевка за која тој пишувал во претходното писмо или ќе умре од маките на несподелената љубов? Неговите надежи се палат и гасат како светилките во жешките летни ноќи. Така е тоа, оние кои ја чувствуваат безграничната радост на страста, во исто време чувствуваат и страв. Дури, така мисли тој, надежта и стравот се неразделни и нема страв без надеж, ниту надеж без страв. Има моменти кога стравот изчезнува, а надежта во моментот се преобразува во стварност. Тој е свесен, дека не треба да се надева премногу, бидејќи – кој е тој? А таа е сигурно некоја принцеза или барем војвотка, убавината и благородството 448


кое се гледа во целата нејзина појава го кажуваат тоа. Но најутешително нешто во животот се нашите надежи, колку и мали да се тие. Сега ќе ја запраша госпоѓата: зарем таа не ја насетила врелината на неговата љубов? Зошто досега не му дала ниту еден знак од кој ќе може да се види дека ги прочитала и разбрала неговите писма? Нему му е тешко само и да помисли, дека таа никако не мисли на него. Кога ќе се случи тоа? Можеби треба да настане определен час, да се начека совпаѓање на светлини, стек на услови? На крајот од секое писмо тој не забораваше да допише во вид на post scriptum, дека неговиот живот и неговата иднина зависат од одговорот што го очекува. Овие писма 186, кои, ако го беа доживеале своето второ, или уште подобро своето трето издание, ќе й помогнеа на госпоѓата де Скидери во составувањето на нејзината „Карта на љубовта“ 187, се впечатливи и драгоцени можеби токму затоа, што нив не ги напишал некој голем писател, кој од своите стихови или прозни стилски бравури прави голема уметност. Не, ове писма се само крик на искрената и чувствителна душа на еден млад човек кој ја имал таа ретка среќа (или несреќа) да ја доживее онаа голема и потполна љубов во која сè се дава, сè се жртвува, а во замена ништо не се добива освен огромното самозадоволство во неограниченото давање на себе, нешто не толку честа појава дури и во романтичниот шеснаесетти век. А Леонора? Ако, очекувајќи го својот Алонсо кој требаше да дојде и да ја ослободи, можеше да ги пренебрегне првите три или четири писма на својот срамежлив обожавател, таа тоа веќе не можеше да го направи во натамошните писма. Нејзиното срце беше исполнето со љубовта кон Алонсо и само бог, кој проникнуваше насекаде можеше да го дели тоа срце со него, но таа не можеше да не омекне под сознанието, дека е предмет на една таква необична љубов; не, нема жена во светот која ќе остане сосема рамнодушна кога ќе дознае дека е обожавана од еден прекрасен млад човек, кој својата љубов не може ниту да ја сокрие во себе, ниту гласно да ја искаже. Таа не може да одговори на неговата љубов и затоа нему му претстојат страдања, така си мислеше. Но го почувствува некако близок, бидејќи ги врзуваше исто чувство: таа страдаше поради Алонсо, нему му претстоеше да страда поради неа. Бидејќи знаеше, дека од млад и до уши вљубен човек не може да се бара логика, исто како што не може на полноќ да се бара сонцето, таа се реши да му помогне како сестра на својот помлад брат, кој паднал во 449


заблуда. Та, не престанувачќи да го очекува својот Алонсо, кој требаше да долета на својот Пегаз, таа ги напиша овие редови: „Господине, човек треба цврсто да го држи своето срце, ако го пушти, вчас ќе ја загуби и главата; тоа ви го велам, бидејќи сте прекрасен човек, кој по некоја чудна и неразбирлива игра на судбината се нашол меѓу овие одметници, чија што заробеничка сум веќе неколку дена. Не претворајте ја љубовта во бесмислен култ, не потхранувајте ги оние желби кои нема да се остварат. Не избрзувајте. Пазете се од прекумерна надеж. Не вложувајте ги чувствата таму, каде што не им е местото. Вие сте уште млад, а во младоста свитокот на судбината уште не е растворен и не можете да знаете што ве очекува во животот. Иднината може да ви одреди и други пројави на утеха, благосклоност и радост, треба да верувате во она, што ќе ви го донесе утрешнината. Животот може да биде и суров и сладок, вие уште не го познавате, тој може да биде мелодија. Заборавете ме (патем, моето име е Леонора) и завртете се напред, во моментот јас сум многу оддалечена од сето она, што вам ви претставува сè“. Леонора писмото го пресви на две и го поттурна под вратата, така што едната половина беше надвор, а другата во собата, исто како што правеше и тој. Истиот момент се слушнаа забрзани чекори кои се приближија; писмото го снема и чекорите, пропратени со една длабока воздишка која оддаваше преголема радост се оддалечија. Значи тој бил во близината и копнежливо гледал кон вратата – секогаш ли така правел кога очекувал одговор на своите писма? По неколку часа од овој извонредно голем настан Камачо отиде на својата вообичаена посета кај Леонора: Задоволна ли е госпоѓата, има ли поплаки од нешто? Тој беше многу возбуден, а и таа за прв пат го погледна право в очи; но подалеку од тоа не отидоа, како меѓу нив да постоеше молчелива спогодба сè што имаат да си кажат, да си го кажат преку писма, никако поинаку. Но кога на излегување ја затвори вратата зад себе, тој го протна своето писмо. Еве што велеше: „Госпоѓо Леоноеа, вие ме советувате да бидам разумен, ми советувате спокојство и рамнодушност? Но јас одсекогаш повеќе го сакав лудилото на страста од мудроста на рамнодушноста. Ми велите да ве заборавам? Готово, крај на приказната, нели? Но мојата надеж е упорна. Сепак, од другата страна на мракот може да проблесне светлинка. Најпосле јас би бил среќем, кога би ми дозволиле само да ве сакам – на крајот на краиштата не е важно дали си сакан, туку дали сакаш – бидејќи, пак ви кажувам, ниту една друга жена освен вас никогаш нема да влезе во мојот 450


живот – та вие сте господарката на моето срце и јас безумно ве сакам и кон сè друго на светот во мене има само презир. Знаете ли? Откако го дознав вашето име јас немам друго задоволство, освен по илјада пати во еден час да си го споменувам. Да ве заборавам? Но, јас повеќе сакам да ве сакам и да страдам поради несподелената љубов, отколку да се завртам напред за да видам што друго ќе ми понуди судбината. Сакате ли да се обидам да ве ослободам од овој замок? Сакате ли да избегаме заедно? Можеби и ќе ми појде од рака да ве ослободам. Страста може многу да направи, таа може во човекот да разбуди неизмерна нечовечка енергија, со својата сила може и од најмирниот човек да извлече титанска сила“. Одговорот на Леонора дојде веднаш: „Не, ако знаете за Господ, исфрлете секаква мисла за моето спасување! Можете да загинете, а можам и јас да загинам и вие ќе бидете многу погоден од мојата смрт! Ви велам, најдобро е да ме заборавите, и онака цел еден свет лежи меѓу нас. Првата младешка љубов повеќето ја изживуваат бурно, а потоа забораваат и продолжуваат да живеат без последици: страдањата поради младешката вљубеност колку и да се болни, всушност се лишени од трагика; трагиката поради ова или поради она доаѓа после, со годините“. Одговорот на Камачо на многу места беше тешко читлив, што значеше, дека солзи капеле додека го пишувал. „Постојано ми повторувате да ве заборавам, но и јас ќе ви го повторувам она, кое веќе го знаете и кое не можам да не ви го кажам и сега, а тоа е, дека ве сакам безумно, со целата страст на своето срце, кое засакало за прв и последен пат. Тој оган пламна во мене одеднаш, но со таква сила, што не наоѓам зборови. Признанието кое го правам е признание на чесен човек. Вие треба да знаете со кого имате работа, меѓу нас не треба да постојат недоразбирања. Ве сакам, ве сакам, ве сакам – и нема ништо друго во мене, ниту во мојот ум, ниту во моето срце“. Овој пат Леонора реши да биде построга: „Принудена сум да ве замолам да не ми пишувате повеќе и на тој начин да си помогнете себе си да ме заборавите. Веќе ви реков, дека треба добро да се пазиме да не им го олеснуваме патот на надежите, пред да сме уверени, дека треба да го направиме тоа. Вие ме видовте и ме засакавте, но јас морам да бидам сурова и да ви речам да не се надевате: од сето тоа ќе излезе нешто многу прозаично. 451


Повеќето жени на мое место би ве замразиле поради вашите упорни изјави на љубов. Јас ветувам дека нема да ве мразам, и онака не ми се мили тие нагли и жестоки чувства. Не само што нема да ве мразам, туку ќе ви останам пријателка, постара сестра, која нежно ве сака. Но елиминирајте ги своите чувства кон мене! И моите очи сакаа, но беа лишени од светлината кон која се стремеа; потоа ми останаа само солзите. Враќајќи ви ги вашите писма, ве обавестувам, дека ќе задржам само две или три, за кои мислам, дека се извонредно убави, како да се препишани од страниците на некој роман“. Овој пат Камачо не влезе кај Леонора како што секогаш правеше, а само дојде неговиот одговор: „Ако треба и десет илјади пати ќе повторам, дека не можам да ве послушам кога ми велите да ве заборавам! Та јас сè повеќе горам од љубов, моите желби сè повеќе растат! Божествена Леоноро, колку и да сте во право во она што го велите, не бидете жестока, најдете за мене место во срцето, или јас ќе умрам. Не можам да ве заборавам, не можам да не мислам на вас, тоа е мојот последен збор. Се обидов, исто така, да ве замислам како пријателка, но разбрав колку е тешко да й станеш пријател на жена, која на таков начин си ја сакал. Во замокот имаме една полулуда, циганка ли е, каква ли е. Таа ми гледаше и ми кажа за тебе. Вели, има некој што го обожава, но никогаш нема да биде негова. Тој човек, така рече, избегал од неа и ни еден момент не помислил на болката што й ја нанесол со своето бекство. Така рече циганката. Јас не можам да судам за такви работи, кога не знам ни дали сето тоа е така, но зарем вие, обожавана Леоноро можете да бидете задоволна со една таква љубов, со некоја љубов која е помала од мојата, вие, чие што благородство е еднакво со благородството на една принцеза? Вие можете да најдете маж, кој е во секој поглед подобар од мене, помоќен, побогат, повлијателен, со поблагородни претци од моите, но вие не можете да најдете никогаш толку љубов, а сето друго не е ништо. Сакана Леоноро, сега веќе нема назад. Најдете за мене место во своето срце, или, жими сите светци што ги познавам ќе излезам од замокот – и ќе загинам. Има еден рицар во Санто Доминго, Алонсо де Охеда го викаат, инаку Балканец од брегот на некакво езеро таму, за него велат дека немало поголем јунак во целото Обединето кралство. Тој често доаѓа во Западните планини и ни ги ранува и убива војниците, а кога нема со кого да се бори се искачува на една височинка од која се гледа замокот и со глас од кој, како 452


што се вели, трипати се затресуваат планинските врвови, нè предизвикува. Еднаш јас излегов и тргнав кон него да си ги одмериме силите, но не спречи силно невреме. Сега пак ќе излезам на двобој со него и секако ќе загинам, бидејќи уште, велат, не се родил јунак кој ќе го победи“. Кога го прочита ова писмо, Леонора ја притиснаа контрадикторни чувства. Виде колку е сакана и почувствува силно задоволство, таа сепак беше само жена. Но потоа си помисли, дека веќе му станува неверна на својот Алонсо, дека некаква нечиста сила ја тера на грев и крикна како ранета птица, па бидејќи во моментот беше сама во собата – веќе неколку дена дуењата излегуваше и ноќите ги минуваше со некои офицери и војници од замокот – падна на колена, ги склопи рацете и три пати ја прошепоти првата молитва, што й падна на ум: - Pater noster qui es in coelis, Sancfificetur nomen tuum, Adveniat regnum tuum, Fiat voluntas tua… 188 Бидејќи и по тоа продолжи да се тресе како лист на ветер, отчита уште неколку молитви без прекин; но ни тие не ја смирија. Што требаше сега да прави? Се исправи и седна на креветот. И се причини како да слушна врева од далечна битка – трескање, силни викови, ѕвекет на оружје. Што ли беше тоа? Го слушаше ли тоа или й се присторуваше? Сигурно ушите й бучеа од премногу мисли... Таа секако нема да одговори на љубовта на овој човек, нема да го изневери својот Алонсо; но колку само е искрен и со каква пожртвуваност ја сака! – „Можеби – си мислеше – тој занес нема долго да трае, но колку е тој занес искрен! Нема во него никакво претерување и надуеност. Ете, тоа е без сомневање права љубов, секако е убаво да се биде така сакан“. Мислите течеа бргу, трескавично: „Кога вели дека ќе се бори со Алонсо, тој тоа и ќе го стори и секако ќе загине, овој ќе го згроми со еден единствен удар на мечот! Можам ли дозволам да загине поради мене? Боже мој! Бе мој! Што да правам?“ Надојдоа уште многу други мисли, тоа беше вистинска збрка, а една од нив ги испревари сите други и остана да владее: „Кој знае, дали со него не сме биле родени еден за друг!“ Беше петнаесеттиот ден од нејзиното заточеништво. Петнаесет дена беа доволни еде прекрасен роман да ја достигне својата кулминација. 453


Онаа врева од битката за која мислеше дека е плод на нејзината фантазија траеше уште малку, па престана. ~~~ Стана и излезе од собата. Денот си одеше, се смрачуваше. Тргна по темниот ходник. Една сенка се прокраде покрај ѕидот и изчезна во една соба, а вратата по неа тивко се затвори. Се упати кон собата, во која се изгуби сенката. Срцето толку силно й чукаше, што мораше да го притиска со рацете за да не й ги распрсне ушите. Влезе. На средината на собата стоеше Камачо. Во темнината која сè повеќе надвладуваше, таа едвај можеше да му ги распознае цртите на лицето. Само можеше да го долови сјајот на неговите очи: тој ја гледаше со восхит, како што се гледа зората, како што се слуша музиката. Тој рече: - Сепак ви благодарам што не ме оставивте во мојата заблуда, подобро е нештата уште во својот почеток да се разјаснат. Најпосле нека е и така. Но, кога е така, убаво е да се збогуваме: како што ви напишав во писмото, утре ќе одам да го барам рицарот Алонсо по планината; ако треба и во Санто Доминго ќе го побарам. Веќе беше сосема темно. - Јас нема да дозволам да умрете – рече Леонора. - Како ќе ме спречите? Таа тргна кон него. Малку подзастана; па продолжи уште два – три чекори – и одеднаш се најде во неговата прегратка. Во тој момент по замокот се растрчаа луѓе со запалени факли, тоа можеше да се види по одблесокот на светлината кој доаѓаше одоздола, се слушна силна врева: - Нападнати сме! На оружје! Во почетокот двајцата не разбраа што значи таа врева, кој ги нападнал и зошто. Полн со неземни чувства Камачо ја бакнуваше ароматичната уста што се беше долепила до неговиот образ, но и ароматичната уста не остануваше без одговор. Таа му одврати со истото и од тој заемен силен бакнеж обајцата го почувствуваа она, што само еднаш може да се почувствува во животот. Но вревата продолжуваше. Во еден момент низ Леонора како гром помина мислата, дека тоа е сигурно Алонсо, кој најпосле дошол да ја ослободи и да ја поведе со себе. Викна: „Мој Алонсо!“, па силно го одтурна 454


човекот од себе и, придушувајќи го крикот што й ги раздираше градите, истрча од собата, го помина ходникот и се стушти надолу по скалите.

20 Така ми зборува срцето и растат длабоко во моите гради Смелост и жед. Гете, „Херман и Доротеја“ Оној момент кога ја најдоа колибата на Леонора празна, а сè во неа испретурано и испокршено, Алонсо и Рикардо се почувствуваа така, како целата тежина на овој свет да ги беше натиснала. Алонсо мислеше дека ќе полуди. - Каде е таа? Каде е Леонора? – врескаше и го тресеше кутриот Рикардо за рамењата. А овој, занемет од болка само гледаше кон небото, како да очекуваше од таму да дојде одговорот на тоа прашање. Само се сети, дека вчера некаков непознат човек одел по дуењата – таа така кажала – и ништо друго не можеше да каже. Приказната за непознатиот укажуваше, дека Леонора е грабната. Се растрчаа да ја бараат низ населбата. Влегоа во сите колиби, се распрашаа кај луѓето – ништо не најдоа, никој ништо не видел. Алонсо нареди да се свика собир среде Санто Доминго. Се расчукаа барабаните. - Слушајте! – викна, кога луѓето се насобраа – Јас не сум Шпанец и вашите закони ништо не ми значат. Ако се научам дека некој од вас ја грабнал Леонора, ќерката на Мединасели, нема да се расправеме со судови и слични глупости, туку целото село ќе ви го запалам, а сите вас до еден ќе ве избесам! Насобраните уплашено го гледаа бидејќи знаеја, дека тој тоа и ќе го направи; но ништо не можеа да кажат; никој не ја беше видел девојката која, откако дојде ниту еднаш не се беше покажала меѓу луѓето; а многумина не беа слушнале ни за грофот Мединасели. Повисеа среде село, потуфкаа со сочувство, па се разотидоа. По ова Алонсо се затвори во својата колиба и, не знаејќи како и каде да ја бара својата Леонора која на таков волшебен начин излезе од мракот и веднаш потоа, без да ја види, пак се потопи во него – но зошто ли така се 455


случи, се подигруваше ли судбината со него? – почна да ги потопува својата тага и својот бес во големиот пехар полн со вино. Рикардо, пак, се стутка во еден агол зад неговиот грб и не престануваше да шепоти молитви и да си ги кубе косите од преголемата болка по саканата братучеда. Седеа тие двајцата така, слика на очај, но сè така се надеваа дека ќе се случи нешто, што ќе ја разјасни работата. И се случи, се сожали небото. Еден ден – беше десеттиот ден по страшниот настан – дојде едн човек со јаката дигната нагоре, со шапката спуштена врз очите. Беше Марсело, слугата на Сидонија. Тој рече дека доаѓа од замокот на господарот со црвената маска и дека знае каде е дона Леонора. - Каде е Леонора? – рикна Алонсо и скокна од столот, но бидејќи беше трештен пијан ја изгуби рамнотежата и падна врз масата. - Каде е Леонора, ѓаволе? – повтори, откако се исправи на нозе, па со едната рака го зграпчи човекот за шија и почна да го тресе како празна вреќа. Марсело беше храбар човек, кој, како што знаеме, не трепкаше ни пред дулото на вперениот во него пиштол, но се преплаши кога се најде очи в очи со овој страшен човек со закрвавени очи, па му се затресоа колената. Алонсо продолжуваше да го стега и во својот пијански бес сигурно и ќе го задавеше – си мислеше дека човекот молчи затоа што не сака да каже каде е девојката, а не затоа што грлото му беше стегнато како со менгеме, па душата веќе почнуваше да излегува низ забите – ако не притрчеше Рикардо: - Застанете, рицару, и пуштете го човекот нека каже што има да каже. Дуењата на братучеда ми зборуваше за некаков човек на кого лицето речиси не му се ни гледало од дигнатата јака и спуштената капа, тоа е сигурно овој. Пуштете го, тој знае каде е Леонора, можеби тој и ја грабнал. Смртоносната рака тогаш се одлепи од грлото на дојдениот, но овој можеше да прозбори дури по пет минути и тоа откако испи неколку добри голтки рум кои му беа понудени. - Господине – му рече на Алонсо – ако ме убиете, ќе умре и дона Леонора. - Зборувај! – зар`жа рицарот – Но не злоупотребувај го моето трпение за да не пукне. Леонора, така раскажа Марсело, ја грабнале разбојници, веројатно поради откуп. Но бог им дозволил на војниците на господарот со црвената маска да им ја превземат и сега таа е кај нив во замокот. Алонсо треба да дојде и да ја одведе. Но да дојде сам и длабоко да му се извини на господарот со црвената маска поради многуте лошотии што им ги направил 456


на неговите луѓе. Разбра ли сега што треба да прави рицарот? Да дојде сам – сам! И никако да не го покажува својот гнев. Девојката нема да ја снајде никакво зло иако им сторил многу неправди. Неговиот господар на злото сака да му врати со добро, само ако тој ја задоволи неговата праведна желба: ниско да му се поклони и да се извини за своите лоши постапки. А тие не биле малку: му ги убивал и ранувал луѓето кога ќе наидел на нив во Западните планини – убил околу триесетмина – а и замокот ќе го завземел и ќе го срушел, така што ни камен на камен немало да остане, само ако имал доволно војска со себе. Затоа сега Алонсо треба да дојде, но сам – сам! Нема да му биде направена никаква непријатност. Господарот му дава чесен збор, дека од замокот ќе излезе слободен. Само, значи, треба да се поклони пред господарот и да го замоли за милост, само тоа, ништо повеќе. Веднаш потоа слободата ќе му биде вратени и нему и на госпоѓата, но мора да моли за неа. Ги газел луѓето на господарот со црвената маска, па сега мора да се заколне, дека неговата рака никогаш повеќе нема да се крене на нив. По овој долг монолог, кој можеше да биде скратен на само две реченици и пак ништо да не загуби, Марсело излезе од колибата, а нозете сè уште му се тресеа и лицето уште му беше црвено од стисокот на железната рака на Алонсо. Тогаш Рикардо почна пак да си ги кубе косите: готово, свршена работа, никој веќе не можа да й помогне на Леонора, таа е загубена! Еве како ги образложи своите стравувања: - Ако појдеш таму со војска, господарот со црвената маска веднаш ќе ја убие мојата братучеда; а ако појдеш сам, тогаш пак со тебе е свршено; а и со неа исто така. - Сосема се сложувам – одговори на тоа Алонсо, кој, меѓутоа, за разлика од свештеникот беше веќе наполно смирен, како да се беше разјаснила оваа ѓаволска збрка, па сега патот му е јасен и тој совршено знае каде треба да оди и што треба да прави – Во првиот случај ќе настрада таа, во вториот – јас, а и таа со мене. Вистински cassis 189. Нагоре – високо, надолу – длабоко. - Навистина ли толку те мрази тој господар? - Дали ме мрази? Господарот со црвената маска? – Ха – ха – ха! По сето тоа што му го направив – ни самиот не знам колку луѓе му убив, изгледа дека ќе се триесетина, како што вели неговиот слуга – можам да замислам што ќе ми направи, ако му паднам в раце: ќе ме пече на тивок оган – ха – ха – ха! Како овен што го вртат на режен – ха – ха – ха! Колку смешно би изгледал во таква положба, а? 457


- Оној човек, неговиот слуга, рече, дека само треба да се покаеш за своите постапки и веднаш ќе бидете ослободен, а и Леонора со вас – но јас тешко можам да поверувам во тоа. - На тоа оној твој сват, како ли се викаше – Франциско ли беше? – би рекол: „Тоа ќе се случи, кога дабот пред замокот Осма ќе роди грозје“ – ха – ха – ха! - Ама, што ви е вам толку смешно, рицару? Ситуацијата е трагична, а вие... - Да, трагична е, тоа е полна вистина. Но што да се прави? Cur quis non prandeat hoc est? 190 - И сега? Ноќта се спушташе нагло, како што надоаѓа океан, тивка и топла ноќ во која се слушаше само песната на штурците, прекрасна тропска ноќ во ова делче од божјиот свет. - Сега – рече Алонсо – јас знам што ќе правам: ќе си легнам и ќе се наспијам бидејќи утре ме чека долг пат; а ти, приателе, слободен си да правиш што сакаш. - Каде ќе одите? - Како каде? Па ќе одам по мојата Леонора. Ќе тргнам уште пред зори, periculum in mora 191. - Но нели пред малку и двајцата дојдовме до заклучок, дека тоа е невозможно? - Невозможното си е невозможно, обврската си е обврска. Алонсо ги склопи рацете, погледна кон небото и со свечен тон изусти: - Et nunc et simper, diletae dicatum 192. Ќе одам, alea jacta est 193 - Ама чекајте, што ќе постигнете со тоа, што ќе загинете? Можеби овде треба да се постапи дипломатски: да се запознае адмиралот со работата, да се пуштат пратеници кај господарот со црвената маска, да почнат преговори... - Каква дипломатија, какви адмирали, какви пратеници, какви преговори, беден мој Рикардо! Сето тоа се само бабини деветини. Туку утре јас, драги мој, ќе го вјавнам коњот, ќе си плукнам на рацете – па кон Западните планини! - Вие сте неустрашив, fidelis et fortis 194 , вистински рицар без мана и страв, тоа го знаат сите во Обединетото кралство, а сега и во Индија. Но ако појдете сам вие бездруго ќе загинете. Не чувствувате ли, ќе ве молам, вие 458


некаква нездрава потреба на маченик кој сам си задава болки, како би можел да страда? Лицето на Алонсо, меѓутоа сè повеќе сјаеше, го обземаше радост, се чувствуваше сигурен во себе и силен, тоа беше вистинска ентилехија 195. - Еден христијанин – рече – не смее да се плаши од ништо, да мисли на ништо друго освен на својата обврска кон небото, потоа на своите рицарски обврски и на тоа, да ја почитува својата дама. Небото е за вас, свештениците, војните и дамите се за нас, кавалерите и рицарите. Да му ја оставам Леонора на оној ѓавол, кој, освен својата црвена маска има сигурно и рогови на главата, опашка на задниот дел од телото и копита на нозете? Како може и да се помисли на една таква нискост? Ако христијанскиот рицар стори лошо дело, тоа, така се вели и тоа е многу исправно, ќе биде болна дамка на неговиот штит – а има ли полошо дело од тоа, да се изостави господарката на своето срце кога е во опасност? Нејсе. Безгрижно се шеташе по колибата, слично на животните кои си ја знаат силата и одат спокојно и величествено. - Леонора е грабната и само чудо може да ги спаси неа и нејзиниот спасител, тоа е вистина, и тоа е најпосле голема трагедија, но тоа е исто така и почеток на големи настани во мојот живот. Ќе можеш ли да го разбереш ти тоа, попе? Голема среќа е кога ќе се случи понекогаш на рицарот да му се додели опасна служба, или да му се дозволи да доживее опасна авантура како награда за војничката граброст и поранешните невољи; исто како и кога, при искачувањето на еден амбис се дојде до еден гребен што го доведува оној што се искачува во уште поопасна ситуација. - Разбирам јас, разбирам – одговори мрачно свештеникот – сум читал и за такви работи во коментарите на античките мислители. Живот исполнет со молњи и облаци – тоа е вашиот живот, рицару. Вие се забавувате да го галите она, што би уплашило секој друг; се движите по врвот на планината, без да се плашите, дека ќе ви се завие свет. Како оној морепловец во старите приказни кого ветрот и морските струи го тераат кон магнетската карпа, таа го привлекува и мора да оди. Магнетската стена го влече и тој мора да заплови – и да удри во неа! Така рече добриот Рикардо, а во себе си мислеше: „Ете до каде оди неговата љубов кон Леонора: тој ако треба и навистина ќе загине обидувајќи се да ја спаси, но тоа ќе го направи повеќе затоа, што се стреми кон височините, што сака борба, што сака да одгризне од јаболкото на славата – но не ли се засити веќе од тоа јаболко? – отколку од љубов кон неа. 459


- Вистина е, пријателе – рече Алонсо во одговор на неговите мисли – мене бурата постојано ме бутка кон магнетните карпи, како што рече и јас не наоѓам ништо подобро, одошто да й се препуштам. Што да правам кога сум таков? Мене ме привлекува само опасниот поток, авантурите. Лице во лице со вечната несигурност – тоа е мојата судбина. Степенот на опасност во кој живее човекот, според мене е единствената мерка за секое величие. А и друго нешто си мислам јас. Откако еднаш си се пронашол себе си, мислам, треба одвреме – навреме да се обидуваш да се изгубиш, па потоа повторно да се преоткриваш. Ете јас: ако ја бев ослободил татковината од клетите Османлии, па моите Охриѓани Иван Беров и Стојан Пинелов за награда ме беа крунисале, ќе те изненадам ли ако ти речам, дека по некое време ќе посакав да станам овчар, за да морам да го изминам уште еднаш трнливиот пат кој води до престолот? - Знам, знам. Некои луѓе живеат на сонце, некои – на сенка, а некои сакаат да живеат среде громови. Вашите громови, рицару, започнаа да трескаат, па над вашата глава, гледам, се задава прекрасно утринско сонце. Патем, токму вашата идеја да ја ослободите татковината беше една од причините, не толку занемарлива, поради која мојата братучеда се врза со вас за цел живот. Но зошто не ја ослободивте? Таа веруваше дека ќе го сторите тоа. А и настрана од тоа, ако ја ослободевте, или барем се обидевте да го сторите тоа, вашиот живот ќе беше достоен за восхит, ќе станевте исполинска фигура, највеличественото нешто во очите на толпата. - Татковината не ја ослободив бидејќи Фердинанд и Изабела не ми дадоа војска, а... да бидам искрен потоа почнав и да не верувам многу во тие работи. Кога бев последниот пат во Охрид ми се даде прилика херојски да загинам борејќи се со Турците – и ете ја исполинската фигура, ете го Леонид на Термопилите, ете го мојот живот достоен за восхит. Но јас избегав. Мојот паж, прекрасниот Родриго загина, а јас избегав. Не дека се исплашив, никогаш во животот јас не сум се исплашил од нешто; но ми се згади од тамошната раја, па плукнав и одјавав. А Леонора ќе ја ослободам... - Или ќе загинете. - Па и да загинам – голема работа. Мислиш ли ти дека умирачката е нешто посебно? Не, таа е можеби исто толку досадна колку и животот. А може и да ме одмине: та јас војски разбивав, градови „на нож“ освојував! Ќе им појдам на оние таму во Западните планини и како глувци ќе ги сотрам, сосе замокот ќе ги запалам, та ни името нема да им остане. Ќе отидам и ќе го сравнам со земјата тоа легло на одметници! Катон рекол: Chartaginem esse delendam 196. Кој може мене да ме порази? Ne quisquam Ajacem possit superare 460


Ajaх 197 – а нема друг Ајакс, гледаш ли ти, Рикардо, друг Ајакс? Ах, каква чудесна, весела свадба ќе дигнеме! Алонсо ги чувствуваше сите рајски блаженства, војникот во него ликуваше. Чувствуваше, како крвта зовира во неговите вени, ја чувствуваше онаа воинствена сласт која се натрупала од човек до човек уште од оној ден пред илјадници години, кога во дното на пештерата вионствените дивјаци се спремале за борба против дивјаците од соседното племе. Му се чинеше, дека ја беше загубил душата и сега повторно ја наоѓа, како да беше воскреснал од мртвите. Иако мислеше да си легне рано за да се одмори за утрешниот пат, долго остана буден. Им се беше оддал на мечтателните и слатки чувства, на радосното потреперување пред вистинскиот живот кој доаѓаше. Се чувствуваше дишењето на невидливиот ѕвер во него и тој ѕвер можеше да биде смирен, само ако потечеа реки од крв. Едно време – а во колибата одамна владееше мрак – се слушна гласот на Рикардо: - Ќе дојдам и јас со вас. Алонсо не можеше да ја задржи смеата: - Ти, попе? – Ха – ха – ха! Рикардо остана на своето. Да, тој ќе тргне по рицарот, како што кучето тргнува по својот господар. Тој е сенка на великиот човек, magni nominis umbra 198, го заборавил ли тоа Алонсо? Потоа, ослободувањето на Леонора е дело, рече, кое не засега сите нас, nostra res agitur, заборавил ли Алонсо чија братучеда е неговата сакана? Најпосле, ако е потребно, тој, Рикардо, е способен и на јунаштво, ами како! И тој е жив човек, и тој сака славата да ја положи на неговите рамења пурпурната наметка. Најпосле: Nec Hercules contra plures 199. Па, нека биде така, како ќе реши бог. Впрочем, тој ќе тргне на тој пат како свештеник, како божји слуга, а не како војник. - Тогаш, пријетеле мој – рече на тоа Алонсо – спремај се за војна, perra bellum, како што тоа го велеле драгите Римјани. А бог да не се меша, nec deus intersit. Тоа е моја работа... кога веќе тој белокос старец од небесните височини дозволи да се случи сета оваа збрка. По овој разговор двајцата пријатели си легнаа. Но, пред тоа Рикардо отиде кај еден начелник на адмиралот и накратко му ја објасни работата: „Така и така, рече, јас и Алонсо утре ќе одиме во Западните планини, но вие испратете по нашите траги еден одред војници, сигурно ќе ни притребаат...“

461


21 Премудриот Олег се готви за бој, за судир со хазарски чети, а нивните села, за напади рој, на меч и на пожар ги ветил. Со дружина своја, во оклоп полн сјај, тој јава на коњот низ пустиот крај. Пушкин, „Песна за премудриот Олег“ Алонсо и Рикардо станаа уште пред да се зазори. Си ги исплискаа лицата со вода и се облекоа. Алонсо облече куса и тесна алмиља со куси ракави, а врз неа навлече прост, но одличен оклоп од најцврст челик, со бедраници и ракавици. На главата стави железен шлем со визир, на кој перјаницата беше прицврстена со сребрено копче. Преку рамото префрли широк ремен на кој висеше тежок меч, украсен со прекрасни шари. Преку оклопот стави убава наметка од кожа од дивокоза, прекрасно украсена и опшиена со вез, како наметка на висок офицер од некоја благородна куќа. Родриго, пак, ја облече својата проста свештеничка мантија. Додека се облекуваше, Алонсо чувствуваше како крвта сè побргу и поживо почнува да струи низ телото. Со нежност и пиетет се враќаше тој во херојскиот и благороден свет на рицарството, со кој, така да се рече, го врзуваа крвни врски, во неговиот вистински свет, до најголемите длабочини на неговата душа стигна сознанието за неговото вистинско „јас“. Тоа не беше веќе човек кој му „ги крадеше деновите на бога“ 200, туку човек кој треба да исполни важна улога, да ја ослободи господарката на своето срце од замокот на лошиот рицар, човек со силна воља, одважен, кој не бледнееше пред никаква опасност, кој бара бури и немири, зошто тие се смислата на неговиот живот. Нов Цезар се насмевнуваше и викаше во него, веќе ги гледаше степениците кои стигаа до бога 201. Не, нема тој да биде никаков началник кој се лигави за да му угоди на адмиралот, никаков гувернер на новооткриена област населена со гологази дивјаци, нему не му се во крвта такви работи, не! Тој одсекогаш бил војник и тоа и ќе остане. Тој е од прочуените servientes spathae 202 и сака да го гледаат пред сите, et se cupit ante videri, тој е независен и славен човек, за кого песни ќе се пеат. Бидејќи ете, дојде денот, кога, што се вели, бојното знаме наскоро пак ќе се развиори на боиштето. Можеби тој, вечниот сонувач 462


создаваше само илузии... Но, зарем не се вели, дека најубавото нешто во животот се илузиите? - Нема ништо поубаво од тоа, да ги ставиш оклопните чевли во челичните узенгии, па со копјето да јурнеш на она пред тебе – дали тоа е еден рицар или се сто рицари, дали е замок или град – велеше, додека се облекуваше – Убаво направил оној кој рекол, дека војната е татко на сè, на сè нешто крал: едни ги изнесува како богови, други како луѓе, едни ги прави робови, други слободни 203. Кога сè беше готово ги наполни пехарите со вино, за да се напијат пред тргнување, како што беше редот. - Bibat! 204 – рече. Рикардо само го допре пехарот до устата, но тој својот го испи целиот во еден здив. Потоа рече: - Eamus! 205 Тргнаа. Излегоа од колонијата која сè уште спиеше во длабок сон и се упатија кон Западните планини. Се потопија во ноќта како во морска бездна. Тоа беше црна ноќ, длабока и моќна. Небото темнееше, покриено со тешки, црни облаци. Никаква светлина немаше, ниту на земјата, ниту на небото; никаква лампа долу, никаква ѕвезда горе. Владееше полна темнина. Беше настапил оној гробовен час меѓу полноќта и зората, кога сè е толку необично и таинствено. Родриго почувствува тежина на душата, се исплаши од ноќта. Има ноќи, кои се пострашни од другите. Го слушаше лесниот топот на Алонсовиот коњ кој одеше пред неговиот, но му се стори, дека дослушува и нешто друго, нешто нејасно, за кое дури не беше ни сигурен дека го слушнал, некаков шум, но како во сон. Така е тоа, темнината предизвукува неспокојство дури и кај најтврдите. Во нејасната далечина оживуваат некакви сеништа, неразбирливото се оцртува јасно само на неколку чекори пред вас. На хоризонтот се исправаат страшни силуети. Се чувствувате осамен и изложен на секакви опасности среде сенишните предмети, нејасните сенки, темните дрвја кои како да ги протегаат своите раце кон вас, среде гробната тишина. Во такви моменти човечкиот дух не може да не биде опфатен од тревога. Ве опфаќа непријатното чувство, дека вашата душа се слева со темнината – тоа е страшна работа. За да биде уште полошо, патот го претрча мачка. Црна ли беше? Бела ли беше? Во мракот сите мачки се сиви. Но по два часа откако излегоа од Санто Доминго, облаците се растераа и се покажаа ѕвездите. Потоа и ѕвездите почнаа да бледнеат на небеските длабочини. На исток почна да се покажува светлина, се раѓаше 463


денот. Сонцето уште не се гледаше, но беше наблизу, се чувствуваше. И одеднаш се покажа, од исток бликна поток од зраци. Ѕвездите ги снема, силна светлина огреа сè наоколу. Ако некој поет ја гледаше оваа божествена слика, сигурно во главата ќе му дојдеа стихови, зората е пријателка на музите, така се вели, aurora Musis amica est. Какво утро! Свежина, роса, првите птици кои штотуку се пробудиле веќе пеат... Се запали утрешната светлина, се разбегаа црвените облачиња и исплови прекрасното и моќно сонце, ветувајќи радост, љубов и среќа на целиот оживеан свет. Двајцата јаваа молчеливо, секој обземен со своите мисли. Напред јаваше рицарот, силен и убав во својот сјаен оклоп, качен на својот голем боен коњ, по него свештеникот во својата црна мантија, загрижен и стуткан на своето мало, слабо коњче. Во еден момент Алонсо раздрагано запеа, така му дојде на душата. – „Билјана платно белеше на Охридското езеро...“ – стара песна од млади години. Тоа животот се брануваше во неговите гради, бујниот, силниот, безграничниот. Веќе влегоа во планината, а песната сè така продолжуваше: „Оздола идат винари, Винари – белограќани...“ Стигнаа до онаа височинка, од која Алонсо во своите досегашни походи ги предизвикуваше оние во замокот. Но овој пат тој беше дошол да ја спасува од душмански раце својата сакана, ако треба да ја откупи и со својата сопствена крв, па не можеше да предизвикува и да се јуначи. Тој, кој толку непријатели сосекол со својот меч и згазил со копитата на својот коњ, сега требаше да се чувствува победен и згазен. Навистина, не го победиле на бојното поле, ни со јунаштво, ни со рицарска сила; па сепак требаше да се чувствува победен. Одеднаш радоста ја снема, еуфоријата спласна. Тоа за него беше нешто многу необично, му се чинеше како целиот свет да се обрнал наопаку. За прв пат помисли, дека треба да се понижува, да си ги прибере ноктите, што се вели, и срцето му се стегна од болка, како кај волк, кој ја почувтвувал смртоносната стрела во срцето. Но тоа беше човек на кого од железо му беше не само телото, туку, во одредени моменти и душата. Умееше тој да ги крши и другите, но и себе си. – „Не смеам да тргнам понатаму – си рече во себе – додека не го совладам своето сегашно расположение со кое, побргу би ја упропастил, отколку што би ја избавил својата сакана“. И веднаш се фати во костец со своето тврдо срце, со својот војнички бес и желбата за борба и јуначење. Кој би го видел како стои неподвижен на оваа височинка, на големиот коњ и во оклоп и гледа кон замокот, би помислил дека е тоа споменик на некој 464


мистичен воин направен од железо, не би се сетил дека овој неподвижен рицар во тој момент води борба, потешка од сите оние што ги водел во својот живот. Но, тој се бореше со себе сè додека себе си не се победи и додека не почувствува дека вољата нема да го издаде. Кога тоа се случи, тој го зграби својот меч, ја пушти уздата, се удри во градите со двете раце во железни ракавици така што неговиот оклоп зазвечи, па ги дигна кон небото и свечано рече: - Јас, Алонсо, рицарот од Охрид, им се заветувам на бог, на Богородица, на свети Ламберт и на сите други светци познати и непознати, дека нема да мислам на другите земни грижи и радости, додека не ја ослободам Леонора од заточеништво, или додека самиот не загинам ослободувајќи ја. За ова ги заложувам сите свои земји и сите свои добра, пријателите и своите луѓе, животот и честа. Бог и Богородица да ми помогнат во оваа работа.“ На ова Рикардо помисли: „Фален Исус Христос, тој сепак ја сака мојата братучеда. Слава тебе, боже“. Кога Алонсо го збодна коњот надолу кон замокот, почувствува, дека во срцето му влегува надеж. Сега беше спремен да поднесе сè што ќе го снајде. Се сети на свети Ѓорѓи, потомок на најпознатото семејство во Кападокија, кој поднесувал разни срамни мачења, па сепак не само што не ја изгубил честа, туку бил повикан да седне од десната страна на бога и прогласен за заштитник на целото рицарство. Алонсо многу пати слушал и читал за неговите подвизи, за тоа му раскажуваше уште стариот дедо Ѓорѓи кога беше дете, па сега сеќавањата на тоа прво го охрабрија, а потоа ја разбудија надежта во него. Додуша, тој не се сомневаше, дека одметниците сега ќе му се осветат за сите порази што им ги задал, за срамот што паѓал на нив по секој судар со него и за стравот од него во кој живееле. Тие, така мислеше, Леонора ја грабнале само за да дојдат до него и дека ќе ја пуштат кога тој ќе им падне в раце. Да, него сигурно ќе го оковаат и тој ќе лежи во нивните темници додека е жив, можеби ќе го мачат или убијат, но девојката ќе ја пуштат. Тој заслужува ропство и смрт бидејќи им бил тежок на овие луѓе, но таа е невина и чиста како солза, освен тоа е од најблагороден род, па кој ќе може да дигне рака на неа? Кога се приближија до замокот беше сè уште рано, сонцето само што се беше искачило на небото. Се упатија право кон главната капија на замокот, кој како уште да спиеше. Но во околината баш сè не спиеше. Можеа да се видат неколкумина луѓе, Шпанци и Индијанци, кои бргу му се тргнаа од патот на силниот вооружен рицар. Не спиеја ни гавраните. Цели нивни 465


јата мавтаа со крилјата, гракаа и лебдеа над височинката на која се наоѓаше влезот во замокот. Кога пријдоа поблизу, Алонсо и Рикардо го разбраа поводот за овој птичји собир. Покрај патот кој водеше кон капијата на замокот стоеја бесилки, а на нив висеа телата на четворица Индијанци. Бидејќи немаше ни најслаб поветерец, мршите се лулаа само кога на нивните рамења и глави ќе слетеа црните птичишта. Кога патниците се приближија јатото шумно се дигна и застана на попречната гранка од бесилките. - Вистина е што вели она момче Лас – Касас – рече Алонсо – дека за десет години од сега на овој остров нема да остане ни еден Индијанец. Каква жестокост! А се зборува, дека токму Индијанците му помогнале на господарот со црвената маска да опстане првите години кога дошол во овие планини. И еве како им враќа сега. Кој ли е тој човек, по ѓаволите? А Рикардо само се крстеше, со лице згрчено од ужас. Но, веќе беа пред влезот на замокот. Алонсо му пријде на ровот, застана на местото каде над вратата се наоѓаше подвижниот мост и дувна во рогот. Потоа затруби уште два пати и причека. На бедемите немаше ни жива душа, а од зад вратата не допираше никаков глас. Но тежок капак зад решетката, близу до бравата, набргу се отвори шкрипејќи и во отворот се појави брадестата глава на еден војник. - Кој е? - Алонсо де Охеда. А ова со мене е Рикардо де Малдонадо, мој пријател, инаку, како што гледате свештеник, кој дојде со мене да ми прави друштво – одговори рицарот. Тогаш капакот пак се затвори и настана глува тишина. Времето минуваше. Зад вратата не се слушаше никакво движење, само околу бесилките гракаа црните птици. Алонсо долго стоеше, па пак го дигна рогот и повторно дувна. Но пак му одговори тишина. Тогаш се досети, дека пред вратата го држат од гордост, со намера да го понижат како просјак. Насетуваше, дека можеби ќе мора да чека до вечерта, па и подолго. Во првиот момент во него зовре крвта и нагло го опфати силна желба да се симне од коњот, да зграби еден голем камен, какви што имаше многу во близината на ровот и со него да тресне по решетката. Во секој друг случај така би направил, па макар после би се нашол очи во очи со цел полк непријатели. Но кога се сети зошто дошол овде, се воздржа. – „Зарем не се заколнав во бог, Богородица и свети Ламберт дека ќе направам сè за да ја ослободам господарката на моето срце?“ – си рече во себе и продолжи да чека. 466


Наскоро во отворите на бедемите нешто се зацрне и раздвижи. Почнаа да се појавуваат голи глави, црни капички, па и железни шлемови под кои во рицарот гледаа љубопитни очи. Секој момент ги имаше сè повеќе, бидејќи овој страшен Алонсо кој сега чека сам пред капијата на замокот, претставуваше ретка слика за гарнизонот. Кој порано ќе го видеше пред себе, ја гледаше смртта, а сега можеше да го гледа без никаква опасност. Наскоро сите отвори на бедемите близу до капијата се покрија со војници. Во почетокот го набљудуваа само молчејќи, но потоа почнаа да се јавуваат. Некој ќе го изговореше неговото име, некој ќе се насмееше. Гласови полни со омраза викаа на него сè посилно и сè подрско, како на волк. Бидејќи тоа никој не им го бранеше, тие почнаа, најпосле, да го гаѓаат со ситни каменчиња, со земја и со разни други ситни предмети кои ќе им дојдеа под рака. Само еден војник, без шлем на главата, се обиде да ги смири своите другари, велејќи им, дека набргу ќе се каат за својата дрскост, но кога виде, дека никој не го слуша тажно ја наведна главата и се повлече од бедемот; тоа беше Франциско. Алонсо како случајно го збодна коњот напред. Каменчињата веднаш престанаа, гласовите замолчеа, а некои глави дури се оддалечија од бедемот. За нив навистина Алонсовото име беше страшно. Но и најплашливите од нив веднаш се сетија, дека од страшниот рицар ги дели длабок ров и силен бедем, па суровите војници продолжија да фрлаат не само ситни предмети, туку и поголеми камења кои со шум се одбиваа од оклопот на јавачот и од челичната коњска покривка. – „Се заколнав пред бог, Богородица и свети Ламберт!“ – си велеше во себе Алонсо силно стискајќи ги забите и чекаше и понатаму. Сонцето се искачи високо на небото, дојде пладнето, па и помина. Бедемите опустеа, сигурно војниците отидоа да ручаат. Малубројните стражари јадеа на бедемите забавувајќи се со фрлање на оглодани коски на рицарот, шегувајќи се меѓу себе и прашувајќи се, кој од нив ќе слезе долу за да го удри со дршката од копјето. Почнаа да му довикуваат, дека, ако му се досадило чекањето може да се обеси до четворицата Индијанци, бидејќи на бесилките постои една слободна кука со готово јаже. Попладневните часови истекоа во такви исмевања, дофрлувања, смеа и навреди. Денот полека се приближуваше кон својот крај, а мостот преку ровот стоеше сè така во воздух и вратата остануваше затворена. – „Можат да ме држат така до утре“ – помисли Алонсо и страшно крцна со забите, трпението веќе беше исцрпено. Посегна по челичната бојна секира која висеше за седлото, толку тешка, што беше претешка и за двете раце на обичен човек. Си рече: „Ќе ја 467


фрлам со сета сила секирата на вратата, нешто преку што ниту еден вистински христијански рицар кој се наоѓа во град или замок не може да помине, бидејќи тоа е општ повик за двобој. Ако удрат на мене, значи дека немаат намера да ги исполнат ветувањата во поглед на Леонора, и тогаш тешко ним!“ Потоа ја зеде секирата и навистина ќе ја фрлеше иако Рикардо на колена го преколнуваше да не го прави тоа, ако во тој момент не се спуштеше мостот. Капијата се отвори и излезе чета од десетина тешко вооружени војници, кои зачас со голи мечеви во рацете го обиколија од сите страни рицарот. Оној, кој изгледа им беше заповедник, запраша: - Вие ли сте, рицару, Алонсо де Охеда? - Јас сум. - Сакате ли да слушнете зошто сум овде? - Слушам. - Моќниот господар со црвената маска ми наредува, господине, да ви кажам, дека вратата нема да ви биде отворена сè додека не сјавате од коњот. Алонсо се симна од коњот, по кој веднаш притрча еден од војниците. - Морате да ни го предадете и оружјето – рече пак заповедникот. Алонсо овој пат се поколеба. А ако после удрат на него и го убијат како животно? Ако го оковаат и фрлат во темница? Но веднаш помисли, дека би испратиле повеќемина, кога би сакале тоа да го направат. Тие не би могле веднаш да го совладаат, а за тоа време тој би го истргнал оружјето на некој од нив и сите до еден би ги испотепал, уште пред да им стигне помош. Па тие секако го знаеја каков човек е! - „Најпосле, ако баш сакаат да ми ја пролијат крвта, нека биде, јас за друго не ни дојдов овде; но и нивната ќе се пролее, потоци ќе потечат!“ – помисли, па ги фрли секирата, мечот и мизерикордијата и го свлече оклопот. Војниците сето тоа го собраа, а заповедникот рече со дрзок глас: - Поради сите неправди што си ни ги сторил мораш да ја заврзеш под грлото корицата од мечот 206, да ја облечеш оваа вреќа во знак на покајување и покорно да чекаш на капијата додека милостивиот господар не нареди да ти се отвори. И Алонсо повторно остана во мракот и тишината, додека Рикардо продолжуваше да мрмори молитви со склопени раце. Долго така стоеше и чувствуваше, дека во душата нешто му се растура, крши, папсува и умира. Знаеше, дека набргу веќе нема да биде ни рицар, ни Алонсо де Охеда, туку бедник и роб без име, слава и чест. Срамот беше тежок, многу тежок. Сега ќе мораат да го убијат, ако не сакаат еден ден да им се врати и сите како овци да ги испоколе. Ќе може ли 468


тој сепак да го стори она, што го бараат од него? Се сети, дека и Исус бил срамотен на патот кон Голгота. – „Е, па, во името на таткото и синот...“ Ја навлече на себе вреќата, што заповедникот му ја беше фрлил, а на која беа исечени отвори за главата и рацете. Потоа ја обеси под грлото корицата од мечот – сè како што му беше наредено – и се одвлечка пред капијата. Рикардо не сопираше да се моли. Сосема се стемни. Изутрината груб и брадат војник силно го удри со ногата во слабината рицарот кој лежеше пред капијата. - На нозе, куче! Капијата е отворена и господарот ти наредува да излезеш пред него. Алонсо се пробуди од некаков тежок полусон. Не го зграби војникот за гуша, ниту го скрши со железните раце, туку стана и без збор тргна по него низ капијата. Лицето му беше мирно и речиси покорно. Само што помина, кога се слушна шкрипењето на ланците. Подвижниот мост пак се дигна, а на самата капија се спушти тешка, железна решетка. 22 Дон Педро де Силва – рицар смел на свети Јаков, маж, сличен на орел. Огромниот му меч не тера да сме бледи – зеде триста знамиња и триесет победи. Иго, „Ернани“ Влегоа во внатрешноста на замокот. На бедемите пак имаше војници. Некои се смееја и покажуваа со прст на Алонсо, а некои, како вчера го гаѓаа со каменчиња. Водачот отвори една врата на катот и се повлече. Алонсо се најде во голема просторија. Во дното на просторијата имаше маса околу која седеа десетина луѓе. Во средината седеше моќниот господар на замокот, таканаречениот господар со црвената маска. Зад наседнатите стоеја цела толпа наоружани војници, офицери и пажеви. Молчењето траеше долго, бидејќи сите сакаа да му се нагледаат на човекот од кого дотогаш толку се плашеа, а кој сега стоеше пред нив со наведната глава, со груба, покајничка облека, со јаже на вратот на кое висеше празната канија од мечот. Очигледно целта беше неговото понижување да го видат што повеќе луѓе, бидејќи низ страничната врата која 469


водеше во други простории влегуваше кој сакаше, така да просторијата речиси до половина беше исполнета со вооружени луѓе. Сите го гледаа Алонсо со неизмерна радост и правеа гласни примедби на негова сметка. Но од сите нив најсреќен беше херцогот Сидонија, моќниот господар со црвената маска. А како не би бил најсреќен? Прво му падна в раце ќерката на омразениот Мединасели, неговиот мртов непријател, но бидејќи una hirundo non facit ver 207, ете, му појде од рака да го зграби и Алонсо, својот најголем жив непријател, па сега можеше гордо да ги изговори зборовите што им се најмили на жестоките и одмаздољубиви луѓе: „Mihi vindictam!“208. Таков беше тој, го чекаше денот, кога среќата ќе му се насмевне – а неговата среќа требаше да се изгради врз несреќата на други, неговото задоволство – врз страдањето на друг – и го дочека, дочека неговите фанфари победнички да екнат. И сега просто потреперуваше обземен од неземна радост, ги преживуваше врвните моменти, какви што сатаната чува само за своите миленици. Се наведна кон Марсело кој седеше до него и му прошепоти во увото: - Се сеќаваш ли на четворицата Индијанци што ги обесивме пред некој ден? Стани и нареди до нив да се постават уште две бесилки за Алонсо и Леонора. Кога сонцето ќе зајде, ќе ги обесиме. Но првин малку да уживаме. Мавна со раката и го стиши разговорот, па му даде знак на еден паж, кој му пријде на Алонсо, го фати со раката за јажето околу вратот и го привлече неколку чекори поблизу до масата. Херцогот погледна победнички во присутните и рече: - Гледајте како моќта и правдината ги победуваат злобата и охолоста! - Дај боже, секогаш така да биде! – одговорија присутните. - Нè апеше како бесен волк – му се обрати херцогот на Алонсо – Но дојде моментот да застанеш пред нас како покорно куче и со јаже на вратот да очекуваш милост и сожалување. - Не споредувај ме со куче, ти, кој се криеш зад маската, па не можам да ти го видам лицето – одговори Алонсо – бидејќи им ја одземаш честа на оние твои луѓе кои се бореле со мене и загинале од моја рака. На овие зборови се слушна жагор. Не се знаеше, дали луѓето ги налути смелиот одговор, или ги зачуди неговата оправданост. А на херцогот не му се допадна ваквиот пресврт, па рече: - Погледнете, и овде ни плука в очи. Еј, каква дрскост! 470


А Алонсо ги дигна рацете нагоре, како да го повикува небото за сведок и рече: - Самиот бог гледа, дека мојата дрскост остана зад капијата на вашиот замок. Бог гледа, и тој ќе пресуди, дали и самите не се посрамивте со срамот што й го нанесовте на мојата рицарска положба. Рицарската чест е една и единствена, и неа е должен да ја почитува секој, кој во себе има барем малку благородство. Херцогот ги набра веѓите. - Не жали се дека си осрамотен. Дури кога би те натерале да ни ги измиеш нозете на сите што сме овде, а потоа водата да ја испиеш – дури ни тогаш не можеш да платиш доволно за моите триесетина војници што ги испотепа. Во салата се развикаа. Секој сакаше да даде подобар предлог на кој начин најмногу би го понижиле рицарот, што сега, така бог сакал, им беше паднал во рацете: - Треба да го направиме кучкар, да се грижи за нашите кучиња! - На нашите коњи гривата да им ја чешла, и мувите да ги брка од нив! - Треба пехарите со вино да ни ги полни и покорно да не служи! - И тревата околу замокот да ја коси! - Да го натераме да ги тера гавраните од Индијанците што ќе ги бесиме пред замокот! Ќе има многу работа. Така го исмеваа некогаш страшниот Алонсо де Охеда. Толпата ја опфати веселост. Некои станаа од масата, му пријдоа на несреќникот и почнаа да го загледуваат одблизу, со зборовите: - Тоа е, значи, онаа дива свиња од Санто Доминго на кој нашиот господар й ги испокрши забите? И сега со задоволство би касал, но не може. Ова беше ретка прилика така да се види Алонсо, бидејќи сите оние од овој замок што пред тоа го виделе вака одблизу, потоа засекогаш ги затворија очите. - Силен е како вол. Би можеле да го спрегнеме да ни ги ора нивите и градините – рекоа некои. Побараа вино за денот да им биде уште повесел. Некои го удираа со чашата во подбрадокот, други го прскаа со вино и со пиво по очите и му плукаа во лицето. Тој стоеше со наведната глава, понижен. Најпосле, кога почувствува, дека нема да може да издржи уште долго, му пријде на херцогот и викна со силен глас, бидејќи во просторијата беше многу шумно: - Вратете ми ја Леонора, како што ми ветивте, ако знаете за Господ! 471


Херцогот се придигна од столот и рече: - Подалеку, робе! Што сакаш? - Дојдов сам и ја наведнав главата пред вас, како што сакавте. Сега вратете ми ја девојката. Таков беше договорот. Вие така ветивте. - Кој тоа ти го ветил? - Ти, господару со црвената маска, ако имаш совест и ако го почитуваш дадениот збор. Најпосле, мене задржете ме, мачете ме, убијте ме, кој се служи со сила од сила и ќе загине. Но Леонора пуштете ја! - Сведоци кои ќе потврдат дека сум ветил такво нешто нема да најдеш, но кога се во прашање честа и дадениот збор, сведоци не се ни потребни. - Тогаш ослободете ја Леонора! - Ќе ја ослободиме – рече херцогот, климнувајќи некому, па продолжи, обраќајќи им се на присутните во салата – Мојот збор не смее да се погази, како и божјиот. Јас ветив, дека ќе му ја вратам девојката ако дојде и ако се покори и тоа и ќе го направам, ќе й ја вратам слободата, откако веќе ја ослободивме од разбојниците. А откако тој ќе се покае за гревовите против нас, ќе му дозволиме и нему да се врати дома. Некои беа зачудени од овој говор, бидејќи го познаваа својот господар и неговата омраза кон Алонсо; прашално погледнаа кон него, но овој се направи како да не ги виде тие погледи и рече: - Девојката наши луѓе ќе ја изведат од овие планини и безбедно ќе ја одведат во Санто Доминго, а и тебе, рицару, наскоро ќе те пуштиме; а може и двајцата заедно да излезете. И Алонсо беше зачуден, па погледна кон херцогот речиси со благодарност и одговори: - Бог да ви плати за добрината, господине. - Гледаш ли сега какви се вистинските рицари на Христос? – рече херцогот. - Од него и потекнуваат сите милости на овој свет. Но, бидејќи одамна не сум ја видел Леонора, дозволете ми да ја видам. - Се разбира дека ќе ја видиш господарката на своето срце. И тоа пред сите, за сите да бидат сведоци на мојата чест и милост – одговори херцогот, па му нареди на својот паж да ја доведе Леонора. Потоа им пријде на неколкумината свои офицери кои го обиколија и започна со нив брз и жив разговор. - Зарем навистина така ќе заврши целата оваа работа? – извикна еден. 472


- Како тоа? Не само девојката, туку и ова ѓаволско куче сакате да го пуштите за потоа пак да нè каса? – рече друг. - А мојот даден збор? – запраша херцогот со насмевка. Останатите повторно го обиколија Алонсо и злобно се озабија: - Што велиш сега, безбожнику! Ти и твоите ѓаволски браќа не би постапиле така со нашите христијански рицари! - А крвта ни ја пиеше! - Ти по нас со камен, ние по тебе со леб... А Алонсо мислеше само на тоа, дека по неколку моменти ќе ја види својата Леонора и дека тоа ќе се случи навистина со нивната милост, па понизно ги погледна оние околу себе и рече: - Да, да! Ви бев тежок, но... не и подмукол. На другиот крај од салата некој викна: - Ја водат девојката! Во салата завладеа молк, а војниците се расширија и направија пат. Иако најголемиот број од нив не ја беа виделе ќерката на Мединасели, а повеќето не ни знаеја дека таа е во замокот, бидејќи херцогот беше секогаш таинствен во спроведувањето на своите постапки, сепак неколкумината кои тоа го знаеја, веќе стигнаа да им шепнат на останатите, дека таа е необично убава. Сите очи, значи, се насочија со радозналост кон вратата на која таа требаше да влезе. Напред одеше пажот, а по него доаѓаше една жена облечена во бело, со наведната глава, а косата й беше распуштена. Алонсо во првиот момент притрча кон жената, но бргу се повлече, бел како свеќа и вџашено ја погледна нејзината шилеста глава, модрата уста и несвесните очи на полулудата, која му ја доведоа наместо неговата Леонора. - Тоа не е Леонора! – викна страшно. - Не е тоа господарката на твоето срце? – рече херцогот потсмешливо. Жими сите светци! Тогаш или не ја грабнавме од разбојниците твојата сакана, или некој разбојник ја заменил, бидејќи во мојот замок нема друга. Луѓето во салата изменија брзи погледи, бидејќи ова беше повеќе од сè што и самите можеа да очекуваат од својот господар. Кој друг би можел да изведе една ваква претстава? Да се фати Алонсо, да не му се даде девојката, а наизглед пак да се одржи ветувањето! Алонсо мислеше дека ќе полуди. Во очај ги кршеше прстите на рацете и се вртеше околу себе не знаејќи што да прави. А херцогот беше на врвот на својата среќа! Одмаздата, ете, беше потполна. Во желба сосема да 473


го уништи несреќникот, тој му пријде, се наведна кон него и прошепоти со стиснати заби: - А можеби е и овде... твојата Леонора. Сакаш ли да ти ја вратам? Па и ќе ти ја вратам... но со свое копеле. Покрај неколкуте Индијанчиња ќе имам и едно белче. И покрај моите седумдесет години уште има сила во мене... Во истиот Алонсо рикна како бик и ги протегна рацете кон херцогот. Овој ја виде опасноста и во последниот момент му се истави од патот, па протегнатите раце го зграпчија и го дигнаа во воздух офицерот кој стоеше веднеш зад него. Сите во салата извикаа. Офицерот еден момент висеше во воздух претајќи со рацете и со нозете, па потоа тресна со толкава сила на камениот под, што мозокот од здробениот череп се распрска насекаде. Тогаш Алонсо притрча кон ѕидот на кој беше наредено оружје и зграби еден огромен меч. Забите му крцкаа и очите му светкаа од неопислив бес, како што молњите светкаат на небото прекриено со црни облаци. - Каде си, ѓаволе? – викна страшно, барајќи го херцогот со поглед. Кога не го виде, како бура јурна на војниците, скаменети од ужас. Тие луѓе беа учесници во Гранадската војна и беа навикнале на битки и на крв; но духот толку им падна кога го видоа побеснетиот рицар, така што, откако им помина првото запрепастување почнаа да се повлекуваат и да бегаат на сите страни по салата, како што се распрскува стадо овци пред волкот кој ги убува со еден стисок на забите. Салата ечеше од вџашени крици, од тропање на војнички чизми, од очајните повици на оние, кои бараа да им се донесат штитови, мечеви и самострели. Најпосле оружјето стигна и на Алонсо се насочија дваесетина меча. Но тој не водеше сметка веќе за ништо, туку тргна сам на нив како луд и настана див и страшен бој, повеќе сличен на колење отколку на борба. Едно гологлаво момче прво му го пресече патот на Алонсо, но овој со молскавичен удар на огромниот меч му ја отсече главата заедно со раката и плешката. По него паднаа капетанот на стрелците и неговиот заменик, падна и оној офицер кој изутрината го воведе Алонсо во замокот – тој се ничкоса речиси со преполовено тело. Кога останатите ја видоа Алонсовата страшна сила и неговиот бес, сличен на бесот на Ахил кога кинисал на Тројанците по смртта на Патрокло, се збија во толпа, во намера да му се спротивстават заеднички. А тоа им донесе уште поголем пораз, бидејќи тој, забревтан и страстен, во својата вистинска стихија, со накострешена коса, со закрвавени очи, со зовриена крв и целиот облен од неа, ја кршеше и сечаше со страшни удари на мечот оваа збиена толпа и ги соборуваше луѓето на 474


подот, покриен со крв, како што бурата соборува цели дрвја.. Во него, очигледно беснееше еден од оние убиствени ветришта, кои им беа добро познати на сите кои го познаваа во годините на крвавата Гранадска војна. Штом го почувствува во своите раце тешкиот меч, штом веќе не се чувствуваше задолжен покорно да ја ведне главата, во него заживеа сосема друг човек, вистинскиот, препознатливиот, или, што би рекле Латините: uno avulso, non deficit ater209. Беше исполнет од страшен војнички гнев кој ги измести сите тактики и обзири и како таков јурна напред, felix bis terque 210, со желба да биде таков, каков што го направила природата, или воопшто да го нема, sint ut sun taut non sint. Ужасните мигови на понизност и понижување што ги беше преживеал пред малку, се прснаа како дим. Живоста и херкуловската сила го исполнија во дел од секундата и тој се почувствува бодар и слободен и како никогаш спремен за најголеми подвизи. Тркалото на судбинате, ете, се заврте – па нека се врти! Господ си ја знае работата! Во салата пак настапи момент на несвесен страв. Се чинеше, дека овој страшен рицар, кој е небаре самиот легендарен Сид сосема сам ќе ги испотепа и ќе ги испоколе сите овие луѓе, и дека овие наоружани војници, како што чопор кучиња не може да го совлада големиот див вепар без помош на стрелците, не можат да се носат со неговата сила и бес, и дека бојот претставува само пропаст и смрт. - Растурете се! Околете го! Бијте го одзади! – викаше некој. Но тие не можеа да го опколат, бидејќи тој, во бојниот бес, наместо да бара место за одбрана, јуреше околу ѕидовите и кого ќе стигнеше, тој умираше како со гром погоден. Се чинеше, дека неговата, и онака страшна природна сила десетоструко се зголемила. Со мечот, за кој и на најсилниот рицар му беа потребни и двете раце, тој ракуваше со една како со перце. Не бараше живот, не бараше спас, само беше жеден за крв и постојано удираше, кршеше и ги гаснеше човечките животи. Не можеа да го бијат откај грбот, бидејќи во почетокот не можеа да го стигнат. Освен тоа се плашеа да му се приближат, бидејќи увидоа, дека , ако го сторат тоа, веќе никаква човечка сила не би могла да ги спаси од смртта. Веруваа, дека имаат работа со човек, кому му помагаа натприродни сили. Ако беа Маври, ќе помислеа, дека токму страшниот светец Матоморос дошол по нивните животи. Помислија, дека ќе излезат на крај со него, само ако го застрелаат со аркебуза или мускета. Но никакво огнено оружје немаше во салата. Јурнаа надвор да бараат пушки. Тоа го направија пребрзо, така што се судрија на 475


вратата и почнаа да се соборуваат меѓу себе. Најпосле излезе и последниот и ја тресна вратата по себе. Алонсо остана сам. Од една рана над веѓата му течеше крв. Со левата рака ја избриша крвта од лицето за да не му смета при гледањето, па со мечот во десната рака и самиот јурна кон вратата. Ја отвори, не, туку ја распрсна со еден удар со ногата и излезе надвор. ~~~ Тоа попладне некој чукна на вратата на херцогот. - Кој е? – запраша херцогот и бргу посегна по маската, која лежеше на столот до него. - Јас, вашиот Марсело, господару. Херцогот ја врати маската на своето место. - Влези, Марсело – рече. Овој влезе и седна на рогозината спроти него. Се погледнаа. И двајцата беа многу бледи во лицата. Марсело оставаше впечаток на човек, кој се труди да расчисти со некои работи во себе. Долго се гледаа, како да се трудеа да дознаат што мисли другиот. Потоа Марсело се загледа околу себе и рече: - Дури и овде мириса на крв. - Не, Марсело. Наредив сегде каде што се водеше борба подот да се опере од крвта и да се окади со сулфур. Овде мириса сулфурот. Марсело ги склопи рацете и погледна нагоре: - Смилувај се, боже, над душите на сите оние, кои денес загинаа. - Амин, амин! – рече херцогот. И пак долго молчеа. Потоа херцогот запраша: - Спремни ли се телата за погреб? - Спремни се. Нашиот свештеник им пее молитви. Какви страшни рани, боже мој! Како да не удирал човек, туку џин. - Колкумина загинаа? - Точно триесетмина. - Триесетмина? Боже мој! - Вклучувајќи ги сите наши офицери. Од нив уште Камачо остана. Но имаме и многу ранети и некои од нив нема да го дочекаат утрешниот ден. - Каков пораз! Боже мој, боже мој! Марсело ги сплете рацете. - И сето тоа го направи еден човек. Вистински Самсон меѓу Филистелците 211. Ни дојде црниот петок. 476


- Го виде ли Алонсо? - Го видов. - Жив? - Жив е. Лежи во истата мрежа во која го вплетовме. Кога побесне сите ние до еден истрчавме од салата по своите аркебузи, бидејќи ништо не му можевме со мечеви и секири. А тој – по нас. Тогаш ја видовме мрежата закачена за ѕидот и ја фрливме врз него, па се заплете во неа. Така, велат, се фаќаат лавови во пустиња. Војниците сакаа да го дотепаат, но јас не им дадов. - Добро си сторил, мој Марсело. - Не се убива туку така таков јунак. Та тој можеше сите до еден да не исколе. Беше просто... беше побеснет... разгоропаден... А и меѓу своите е познат. Го знаат не само во целото кралство, туку и во овој свет. А и како морепловец се прочул. Велат, некакви острови и реки открил кога пловел наваму. - Велиш... разгоропаден, Марсело? Марсело навидум спокојно разговараше, но, тоа се гледаше, во него се водеше борба, донесуваше некаква тешка, небаре судбоносна одлука. - Го знам јас него уште од битката под Гранада. Како фурија пројава покрај четата во која бев јас, и сите ние во занес ги дигнавме мечевите и громко извикавме: „Алонсо!“ Од неговиот меч сè уште капеше крв и влакна од коса се беа залепиле за него; сигурно што туку беше одсекол нечија глава. Претпладнево ми се виде уште пострашен. Што ли ни требаше да се плеткаме со него? Ах, кога ќе помислам, дека сето тоа беше моја замисла! Сега треба сите да се молиме за тоа, Господ и Богородица да се смилуваат над душите на паднатите другари. - Амин – повтори херцогот, но се гледаше дека мисли на друго. Запраша: - Каде е сега Камачо? - Ја чува дона Леонора. Таква беше вашата наредба. - Добро. Нему таму му е местото. Тој со својата глава одговара за девојката. Слушај сега што ќе ти кажам, Марсело. - Кажете, господару, ќе ве ислушам. - Камачо нека ја изведе девојката, а војниците кои го чуваат Алонсо нека го одвлечат надвор, онака како што е, заплеткан во мрежата. Се сеќаваш ли на четворицата Индијанци што ги обесивме пред некој ден? Спремете до нив уште две бесилки за нашите вљубени. Но веднаш, не сакам да чувам таков ѓавол во својот замок, тој може и мрежата со заби да ја 477


пројаде и тогаш ни нема спас. Кога ќе биде сè готово повикај ме, сакам да присуствувам на бесењето. Наредбата беше изрична и не трпеше никакви приговори. Марсело тргна кон вратата, но застана, се предомисли. Стоеше со наведната глава и блед, се гледаше, дека сè уште се бори со она, што му ја измачуваше душата, а што беше од исклучителна, од животна важност. Одеднаш решението беше донесено. Се врати и седна на своето место, спроти херцогот. Ја извади од џебот кесата со пари и ја фрли пред себе, а жолтиците во неа ѕвекнаа. - Што е, Марсело? – рече херцогот, па ја вовре раката под кошулата и се фати за пиштолот, кој му беше заденат за појасот – Внимавај, по трет пат ја вадиш кесата со пари што ти ја дадов оној ден на бродот и ми ја фрлаш пред нозете. Што имаш сега на ум? Марсело тажно се насмевна. - Знам дека имате многу работа и нема да ви одземам многу време, само ќе ви кажам некои работи. Видете, господару... Јас досега верно ви служев и гледав на секој начин да ви угодам. Ете и сега – ја најдов и ја доведов Леонора, го намамив и Алонсо самиот да ни падне под забите... само вие да бидете среќен. Но не можам повеќе... Кога сега само малку ќе размислам околу тие работи, доаѓам до заклучок, дека сето тоа беше грешка, не требаше тоа така. Се каам за својата служба, за сè што направив за вас, се каам... - А нема ли да се покаеш и за своето покајувањеа? – рече херцогот, па го извади пиштолот и го насочи кон градите на својот слуга. А овој продолжи: - Кутрата Леонора, беше толку мила. Солзи ми капеа од очите, додека под нејзиниот прозорец во Санто Доминго слушав како й зборува на дуењата за својата љубов кон Алонсо. Бедната, несреќна Леонора, осамена, без никој свој... Ја жалев, но й напакостив. Но, така е тоа, кучето на бедниот лае по богатиот, а богаташкото куче леа на бедниот. И Алонсо потоа го излажав: „Вака и вака, му реков, дојди и само поклони се, па ќе ти вратиме девојката, а и тебе ќе те пуштиме“. И сето тоа заради вас. А вие бевте лош човек, целата лошотија на овој свет беше соберена во вас, целата злоба и љубомора. Но бевте голем господар, од најголемите, речиси еднаков со кралевите, а јас одсекогаш им се восхитував на таквите. И – да ви кажам ли? Сè си мислев, дека со тек на време лошотијата ќе излезе од вас, ќе се исцеди како гној од рана и дека ќе станете добар; не може, си мислев, еден толку голем и благороден господар до крајот да остане лош. Но ете, и тоа можело. И јас решив... Извинете, господару, но овој пат навистина решив... да не ви 478


служам повеќе. Премногу подлости и премногу крв има околу вас. Е, сега ќе падне и мојата крв, но нека биде, веројатно бог така сака, поради нешто му се присакало да си ме прибере во своето царство, освен тоа, јас и вие, господару одамна се разбравме моето службување кај вас така да заврши. .. Ако, убијте ме, вие и онака имате неограничена власт, како тоа се вика на латински, absolutum dominium ли беше? Гледате ли, јас поради вас и латинскиот го поднаучив, каде се чуло, си велев, слуга на голем господар да не знае ни два латински збора? Та тоа е... Разберете, не можам поинаку. Ми се чини како секој ден сè повеќе да се спуштам надолу по степениците на пеколот, а долу е толку страшно – студено, темно, смрдливо... затоа решив да го прекинам своето службување кај вас, ме разбирате ли, господару? Оваа моја постапка можеби ќе ја земе во предвид свети Петар кога по неколку секунди ќе се зафати да ми суди, па ќе биде помилостив, нема да ме испрати во најдолниот круг на пеколот – убаво го реков тоа, а? Како ли беше тоа на латински? - Scala iferni, Марсело, scala inferni. Но, скрати. - Да, така некако беше. Освен тоа, мој господару, во последно време дојдов до заклучок, дека вие се шегувате со своите потчинети, вклучувајќи ме и мене и со тоа ја гасневте мојата желба да ви служам. Се шегувавте онака, за да ви биде поинтересно, а тоа не е многу пријатно за оној, со кого се шегувате, тој добива уште полоша слика за својата подредена личност. Шегувајте се со еднаквите со себе, а не со оние, што се под вас, запаметете го тоа, господару. Шегата е игра, а играта претставува еднаквост. Кога нема еднаквост, шегата станува болна. - Види, види, досега не сум ја познавал таа префинета црта на твојот карактер. Дури не сум ни сигурен, дека те разбрав најдобро, интересно, богами. Добро, добро, мој Марсело, но јас навистина веќе немам време да те слушам, денес имам многу работа – рече херцогот и пукна. Марсело се залула назад, па напред и се свлече настрана. - Каде сега да барам нов слуга? – процеди низ заби херцогот. Тргна кон вратата. Пред него беше телото на Марсело кое обилно крвареше. Го погледне со презир, одмавна со раката. - Навистина, само крв околу мене – рече –Но, што да се прави? Јас одам онака, како што ми е дадено – Повисе малку, па го пречекори телото и излезе. Во тој момент во замокот и надвор од него се слушнаа повици: - Нападнати сме! На оружје! 479


Тоа беше онаа врева која Леонора и Камачо ја слушнаа, но не ја разбраа, бидејќи штотуку го беа почувствувале она, што само еднаш може да се почувствува во животот. ~~~ А еве што се случуваше. Како што веќе рековме, ноќта пред Алонсо и Рикардо да тргнат кон замокот во Западните планини, свештеникот, без да каже ниту збор, отиде кај еден начелник на адмиралот – случајот сакаше тоа да биде Маргарит – и му раскажа сè. – „Јас и рицарот де Охеда – рече – рано наутро ќе одиме во Западните планини да ја избавиме дона Леонора од одметниците на господарот со црвената маска, а вие соберете еден одред војници и дојдете по нас, сигурно ќе ни биде потребна вашата помош“. Маргарит, кој беше полупијан, промрморе нешто во врска со тоа, дека можеби и ќе му помогне на својот пријател Алонсо. – „Добро, добро – рече – утре ќе размислиме за тоа, утрото е секогаш помудро од вечерта“. Кога Рикардо си отиде отвори уште едно шише со вино и веќе не помисли на тоа, а набргу си легна и заспа како заклан. Утрово се сети на разговорот со свештеникот и одмавна со раката: тој не само што не го сакаше многу Алонсо, туку и ќе се радуваше ако му се случеше нешто, бидејќи откако дојде на овие острови тој сè така живееше во сенката на овој човек, а тоа не му беше многу пријатно. Но, како што одминуваше денот, него сè повеќе го скокоткаше слатката мисла за славата стекната во тешка борба – бидејќи и тој беше јунак, исто така голем јунак. Затоа се реши да тргне во поход. Откако неговиот другар Хуан Понса де Леон одби да оди со него – најпосле овој и не држеше многу на рицарството, туку на некои други, не толку опасни, а подоходовни работи (впрочем тој наскоро потоа замина од Санто Доминго и не се врати повеќе212), со одобрение на адмиралот на кого таинствениот господар од планината му беше трн в око, собра седумдесетина војници и им рече да се спремат. Самиот тој го облече најубавиот оклоп што го имаше, врз него ја прикачи најубавата хермелинска наметка со која беше препознатлив уште во Гранадската војна, го закачи на шијата рицарскиот орден со ликот на свети Ѓорѓи, си го припаша мечот, го вјавна големиот боен коњ, па уште пред зори одјава кај избраните од него војници. - Exurgamus, viri fortes! 213 – викна. Не беше тоа некоја армија, не беше exercitus trium legionum 214, но да се потсетиме, дека подоцнежните конквистадори со по само двеста – триста 480


војници освоија цели царства од Mundus Novus. Додуша, сега не се работеше за Индијанци, туку за Шпанци, за луѓе слични на нив, но сепак одред од седумдесет храбри и добро вооружени војници беше добра воена формација која можеше многу да направи. Доручкуваа биволско месо 215, испија по еден голем пехар вино – и тргнаа. Не се брзаа многу. – „Алонсо е силен рицар и може самиот да се чува; а пак, ако му се случи нешто, дотолку полошо за него“ – така си мислеше убавиот Маргарит, така што дури наредното попладне стигнаа до височинката од која се гледаше замокот. Убаво се најадоа меркајќи ја крепоста пред себе, а потоа Маргарит, како што е редот, зеде збор, употребувајќи го одвреме – навреме латинскиот, што во тие времиња беше вообичаена појава: - Advenit, soii, justum pugnandi jam tempus 216 – рече – Кога веќе имаме casus bell 217, ајде да ја свршиме работата, односно со нашата железна тупаница еднаш засекогаш да го столчиме тоа осило. Овој господар кој се крие зад својата маска како некоја срамежлива девојка зад својата лепеза, можеби и не е мачкина кашлица; по својот начин на дејствување потсетува на Помпеј, за кого сум читал во животописите на Плутарх; но ние ќе го победиме, ќе се случи она: ridet Caesar, Pompeius flebit 218. Можеби треба да ве прашам како да нападнеме, каква тактика да примениме, но најпосле од војникот се бараат дела, а не зборови, res, non verba, висока мажественост, viro major, ете тоа се бара. Што има толку да филозофираме околу тоа каква тактика да примениме? Ќе нападнеме – и готово! Ако наидеме на отпор ќе го срушиме замокот како што бил срушен Вавилон, ќе го уништиме како Тир, па ќе си отидеме и ќе оставиме по нас само ruinas. Ако тоа не го направиме, не заслужуваме ништо друго, освен да ги фрлиме нашите рицарски појаси и мамузи, да ги нагрдиме нашите оклопи, да се откажеме од нашите шлемови и да ги испокршиме нашите мечеви. Се разбравме ли? Одете и победете, vincite. Појдете и средете ги оние таму, така лебот што сега го изедовте ќе биде добро заслужен леб, panem bene merentium, што би рекле Римјаните. Има ли прашања? Нема? Тогаш ајде! Laboremus! Eamus! 219. Да испиеме уште по една чаша вино за бесмртната слава на првиот од нас кој ќе удри со копје или со меч по портата на замокот што е пред нас и да тргнеме! Да го столчиме овој pandemonium 220. Ајде! Sero venientibus ossa 221. Напред! Од часовите што претстојат можеме да понесеме спомени кои ќе ни го разубават целиот наш иден живот. 481


Изгледа дека Маргарит ги погоди своите војници токму таму каде што требаше, бидејќи на височинката весело се заори воинствениот повик: „Свети Ѓорѓи за весела армија!“ Потоа ги збоднаа коњите и со силен трк се спуштија кон замокот. Но, изгледа дека онаа чаша вино за славата на првиот кој ќе удри со копје или меч по портата на замокот беше залудно испиена, бидејќи портата беше отворена, па тие просто пројаваа низ неа. А беше отворена затоа што, согласно наредбата на херцогот, до четворицата обесени Индијанци требаше да се постават уште две бесилки за Алонсо и за Леонора, па оние што беа задолжени за таа работа влегуваа и излегуваа низ неа. Требаше само да се совлада стражата на главната кула, custos turris, но тоа не беше тешка работа, бидејќи освен тројца или четворица сите други беа во замокот вџашени од касапницата што ја предизвика Алонсо, а што веќе ја опишавме. Но, помеѓу првиот и вториот бедем, а посебно меѓу вториот бедем и замокот се разврза тешка битка, така што секој од седумдесетмината имаше многу можности да го докаже својот viro major. Вистина, во своите поранешни походи во Западните планини Алонсо беше исфрлил од стројот триесетина одметници, а и сега испотепа триесетина и исто толку онеспособи за борба, но сепак беа останале повеќе од стотина. Овие стотина, бесни поради страшниот пораз што претпладнето им го зададе еден единствен човек, силно нагрвалија на напаѓачите и почнаа да ги потиснуваат. Моментот беше критичен. Но Маргарит беше на височината на својата задача. Ги собра околу себе своите magistri militum 222 и успеа да им го крене разнишаниот морал. Што? Тој бил сигурен, дека ќе го изговори она: veni, vidi, vici 223, но ете, не само што ќе треба да се почека на победата, туку се поставува прашањето дали до неа воопшто и ќе се дојде. Што? Зарем правнуците на Сид да им го вртат грбот на некакви си таму одметници? Тогаш зошто доаѓале во овие планини? И што сега, да го напуштат ли бојното поле? Но, по ѓаволите, подобро да не се ни започнува, отколку да се застане на половина, melius non incipent, quam desinunt. Да, непријателите се малку повеќе, но зарем тие не знаат, дека победува храброста, а не мноштвото, virtus, non copia vincit? Што се бара од нив? Само да се завртат и да се борат како мажи, тоа е цената на успехот, со своите мечеви да удираат побргу, повеќе, посилно, citius, altius, fortius. Ајде – треба да се кршат копјата! Аjде – Carthaginem esse delendam! Ајде – со Сантјаго и Шпанија – напред! Magistri militum како да се подзасрамија од овие зборови на својот генерал, па цврсто застанаа на чело на своите чети и уште еденаш со сите 482


сили нагрнаа на непријателот. Продреа внатре во замокот, но еден залп од мускети, фалконети и аркебузи ги истера од таму. Потоа пред главниот влез на замокот се разгоре жестока борба. Се стемнуваше. Притоа се случи нешто многу необично. Додека луѓето на Маргарит беа во замокот, неговиот паж, млад, но искусен човек, кој учествувал и во Гранадската војна и во пловидбите на Колумбо, кој претурил сè и сешто преку глава, еден од оние за кои се вели, дека лично учествувале во сите настани, qui omnibus rebus interfuit, влезе во едно темно собиче и, опфатен од преголем борбен занес, го фрли своето копје кон нешто, што чудно мрдаше на подот. Си мислеше, дека тоа е непријател – а што би било друго? Кога запали еден факел од ѕидот за да види каде завршило неговото копје, виде дека тоа е навистина непријател, но тој беше – гол, а што беше уште почудно, под неговото тело се наоѓаше жена и таа исто така беше гола. Извонредно силно фрленото копје ги беше пронижало мажот и жената во нивната – ох, боже мој! – љубовна прегратка и ги беше заковало за подот, како што игла во хербариум може да закове два инсекта натрупани еден врз друг. И двајцата беа мртви. На лицето на жената беше останала гримаса која потсетуваше на блажена насмевка, како љубовната игра сè уште да траеше. Тоа беше дуењата на Леонора. Оваа приврзана кон својата господарка, но бесрамна и развратна жена на чие лице веќе почнаа да се покажуваат првите знаци на сифилисот што го фати од некаков ислужен војник уште во Кастилија, го продолжи својот занает и во овој дел од светот. Како што знаеме, таа се наоѓаше во својата стихија само кога беше во прегратка на маж. Беше како една од оние човекојадни жени кои подоцна капетанот Кук ги опиша во своите патеписи, голи, тетовирани, со алка во ноздрвите и кои со сласт ги лапаат човечките удови. За оние неколку дена во Санто Доминго нејзе й појде од рака да запознае дури тројца коњушари и еден морнар, а не беше ништо полошо ни во замокот во Западните планини. На убавите ќерки на грешното племе чии што разголени рамења светат во полумракот како бели камелии во црна коса и чии што едри, лакирани усни постојано шепнат покана за љубов, сите машки соби им се отворени, така се вели. Додека нејзината господарка клечеше на колена во еден агол од собата во која беше затворена и се молеше за спас, таа тифко излегуваше и тргнуваше во своите славни походи. Ја прескокнуваше собата на убавиот Камачо бидејќи тој веќе беше „распродаден“, но по оваа се редеа други соби и таа ѕиркаше во нив, љубопитна како нејзината прабаба, која ја изела јаболката. Штом ќе ја отвореше вратата и ќе го слушнеше она: „Кој е?“, оваа ќерка на бездната, 483


оваа жена во која пламтеше кобниот оган што го запалил ѓаволот влегуваше, со неколку брзи и лесни движења ја отстрануваше од себе облеката и се прилепуваше до легнатиот маж, а овој ја прифаќаше, бидејќи убавите и, згора на тоа голи девојки најпосле се пријатно нешто, пусто да остане. Понекогаш й се лутеа што ги буди од сон, а некои дури и ја тераа од себе бидејќи од целото нејзино суштество се носеше нешто многу дрско, пијанско и расипано, но тогаш таа со глас, кој беше како зуење на некоја голема оса која лета наоколу по затворената просторија ќе почнеше да шепоти во увото на бунтовникот, дека „токму денес е убав ден, а утре сè е измама“ и сè такви успокојувачки фрази, така што сè завршуваше прекрасно. Се случуваше и тоа, понекогаш да се сети на бога и тогаш ја обземаше нешто како грижа на совеста, но таа бргу го отстрануваше од себе тоа одвратно чувство, велејќи си: „Бог? Но кој го тера да гледа во мене? Нека се повлече ако го навредувам! А и зошто би го навредувала? Бидејќи ме создал тој не може ни да се лути ни да се чуди што ме гледа онаква, каква што ме создал и што работам по природата, што ми ја дал“. Што е право, тоа беше интересно и, не толку нелогично мудрување, тоа мораме да го кажеме. Но, изгледа дека таа сепак со своето претерување го навреди бога, та тој ги тргна очите од неа и дозволи она копје да полета и онака гола, растреперена и бесрамна да ја закова за подот. Така заврши приказната за дуењата на дона Леонора. А додека ова се случуваше, едем човек во црна, свештеничка мантија одеше од соба в соба и се загледуваше внатре, барем колку тоа му го дозволуваше темнината. Тоа беше Рикардо, кој, користејќи го тоа, што војниците го беа напуштиле замокот за да им се спротивстават на напаѓачите, ја бараше својата братучеда, која, така си мислеше, мораше да биде негде овде. Но, не сите војници го беа напуштиле замокот. Еден, тропајќи со тешките кондури, зазбивтано трчаше, но не надолу, а – нагоре. Кога го виде свештеникот кој одеше надолу застана, се прекрсти и рече: - Еј, ти ѓавол ли си или човек? Ако си ѓавол, мавни ми се, оди си во своето ѓаволско сврталиште, ако си човек – спротивставими се. - Јас сум свештеник – рече Рикардо – А кој си ти, кој трча нагоре, кога сите трчаат надолу? Војникот не одговори, туку го одмина свештеникот и продолжи да се искачува, но одеднаш застана како вкопан во земјата и рече: - Нека ме порази свети Ѓорѓи победоносецот со свото копје, ако овој поп не ме потсетува на... на... 484


И Риакардо кој исто така беше продолжил по својот пат, подзастана. - Ама, мене сè ми се чини, дека... боже мој, овој глас... Си пријдоа и внимателно се погледнаа во лицата. - Франциско! Франциско де Мареија! - Рикардо де Малдонадо! Свату мој! - Но, што бараш во оваа гужва, ти, проклет испичутуро и ефтин освојувачу на женски сукњи? - А ти, црн попе, зарем така си ја вршиш својата попска служба? Се прегрнаа. ~~~ Кога се измолкна од прегратката на Камачо, Леонора, меѓутоа, не знаејќи за себе, се стрча надолу по скалите и излезе од замокот. Избезумено се прашуваше: „Што сторив? Што сторив?“ Усните й гореа од бакнежите на младиот благородник и таа силно ги триеше со раката, како да сакаше да го исчисти гревот што самата си го беше навлекла. Ете, таа го изневери својот рицар, својот Алонсо и сега не заслужува ништо друго освен најстудена манастирска ќелија на овој и најцрн пекол на другиот свет. Но, како ќе живее понатаму со својот грев? И дојде на ум, дека треба да го продаде замокот Осма и сите други добра што й останаа од покојниот татко и парите да им ги раздаде на сиромасите , или да му ги даде на игуменот Марчена – можеби така ќе ја искупи својата грешна душа? Но немаше многу време да мисли околу тоа како да ја поправи својата грешка, бидејќи надвор се водеше жестока битка – таа тоа дури сега го виде. Дојде на себе и се сети на сè. Ако се води битка, тоа значи, дека Алонсо најпосле дошол по неа, нејзиниот Алонсо, нејзиниот Драган! Тој дошол по неа, а таа – боже мој, боже мој! – во прегратка на друг! – ах, таа вечно ќе гори во пеколот, тоа е сигурно, а така и треба, славен Исус Христос! Но каде е Алонсо? Да не лежи негде ранет? Надвор, заедно со ѕвекетот на мечевите и лупањето на штитовите се слушаа и многу гласови, но неговиот го немаше меѓу нив, таа веднаш ќе го препознаеше. Крикна: - Алонсо! Душевното неспокојство е толку живо и силно чувство, што, кога човек ќе биде целосно опфатен од него, останува како вцепенет. Леонора гледаше, слушаше, се движеше, но й се чинеше, дека е негде далеку од земјата. Тресокот на оружјето, р`жењето на коњите, морничавите писоци на 485


ранетите, целата таа ужасна драма која се одигруваше пред нејзините очи, й се чинеше сосема далечна. Ја доловуваше како цело, но не ги разбираше подробностите. Ги гледаше луѓето кои претрчуваа покрај неа како низ огнена завеса. Им ги слушаше гласовите, но тие како да доаѓаа од дното на некаква пропаст. Мислеше само на едно. Викна уште еднаш со сета сила: - Алонсо! Тогаш од темнината на ходникот, од еден агол, се слушна: - Леонора! Сакана моја! Но бргу! Бргу! Ослободи ме одовде! Тоа беше Алонсо, кој немоќно преташе во мрежата исплетена од дебели, цврсти јажиња во која беше фатен. Беше сам, војниците што го чуваа беа истрчале надвор кога започна нападот. Леонора притрча. Беше сосема темно. Ја провре едната рака низ мрежата и со неа помина преку лицето на заплетканиот човек. Тоа беше навистина Алонсо, му ја препозна бујната коса, правилниот нос, истурената брада; му ја препозна и силната рака која ја зграби нејзината и ја принесе кон устата за да ја опсипе со врели бакнежи. Срцето како лудо й чукаше. Ах, таква среќа Господ чува само за своите најголеми миленици! Сакаше да го бакне, да го прегрне, но во темнината ништо не можеше да види и прегрнуваше само стуткано, заробено, стегнато во мрежата тело. Истрча надвор. Се препна од нешто. Тоа беше убиен војник. Го зграпчи мечот кој лежеше до него, па се врати во аголот и почна да ја сече мрежата, која го беше заробила нејзиниот Алонсо. Мечот беше тежок и јажињата дебели, а нејзе рацете й се тресеа. – „Сега! – велеше со треперлив глас – Сега ќе те ослободам! Мил мој! Алонсо мој! Драгане! Веднаш! Веднаш!“ Тогаш двете силни раце со едно реско движење ја раскинаа веќе просечената мрежа и телото излезе надвор. Таа имаше само толку време уште еднаш со раката да ги истрие своите усни, пред на нив да се спуштат неговите. Но, доста! Надвор се водеше битка, копја се кршеа, крв се лееше. Него секогаш силниот тресок на мечевите го радуваше повеќе од нежните женски воздишки. Доста, доста! Прости, сакана! Тој благо го оттурна од себе нејзиното, топло, растреперено тело, й го истргна мечот од раката и истрча надвор. А пред замокот беше светло како среде ден. Нешто гореше. Тоа беше пожар и тој бргу се ширеше. 486


~~~ А што стана со Камачо кога Леонора се истргна од неговата прегратка и со името на Алонсо на устата истрча надвор? Кога тоа се случи тој долго остана неподвижен на своето место, петнаесет минути, можеби и повеќе. Јасно ја слушаше бојната врева надвор и го доловуваше одсјајот од пожарот, знаеше дека се случува нешто страшно, нешто судбоносно, но сето тоа нему ништо не му значеше, бидејќи страста беше мачна, а судбината жстока. Претпоставуваше, дека треба да излезе надвор, да види што се случува, да се стави на чело на своите луѓе и да се бори, но стоеше неподвижен и не можеше да помрдне ниту еден дел од своето тело: во него нешто се беше прекршило. Кога Леонора избега од неговата прегратка му се стори, како да изчезна еден дел од него, токму оној кој му овозможуваше да диша, да работи, накратко да живее, се чувствуваше како свештеник, пред чии очи ги исфрлиле светите дарови, како факир, пред чиј поглед случаен минувач го плукнал неговиот идол. Проклетите темни Парки 224 ли го направија тоа? Ах, проклета судбино, зошто си толку дарежлива и благосклона кон едни, а толку убиствена за други? Таа ветуваше, дека ќе му ги отвори сјајните двери на небото, а му ја покажа страшно зјапнатата врата на гробот, му ветуваше богатство, а му даде костур. Неговите надежи засекогаш се загубени. Тој ја имаше жената на својот живот во својата прегратка, сега веќе ја нема; ги бакнуваше нејзините усни, сега му остана само споменот од тој бакнеж; со полни гради ја вдишуваше нејзината арома, сега ја чувствува само горчливоста на поразот; си мислеше, дека ќе го добие најпосле она „сè“ кон кое толку се стремеше и кое со таква жед го очекуваше, но дојде до сознание, дека тоа „сè“ меѓутоа не е од тој свет; продолжението на неискаживо пријатните моменти и божествената среќа, сега се само солзи, возишки и смрт на сè. И сега – што? Љубовта не познава среден пат: таа упропастува или спасува, издигнува многу високо или спушта многу ниско. И сега – каде? Како да го продолжи своето суштествување? Се мачеше да продре со мислата ви магливата иднина. Имаше многу прашања, а ниту еден добар одговор. Пред замокот вревата стануваше сè погласна, а тој висеше неподвижно на своето место и се прашуваше: „А сега – како?“ Одеднаш доби дркост на човек, кој останал без секаква надеж. И во дел од секундата донесе решение: ќе умре! Всушност, тоа решение веќе беше донесено, само што беше одложено за, фала му на бога, да ги проживее 487


најбожествените мигови во својот краток живот. Сега нему ништо друго не му преостануваше освен да умре. Бидејќи дали би можел да го надживее сето тоа што сега го исполнува, дали би можел и понатаму да води мирен и празен живот? Не, нечувствителноста и празнината на животот нему не му одговараат, ете зошто треба да умре. Спремноста да се умре во расцветот на младоста, на силите и на здравјето е злосторнички акт, но тој добро ја познава својата лоша судбина и знае, дека не може да ја победи, дека целиот живот ќе му биде несреќен и бесмислен; а ако умре барем ќе й се освети на судбината што го гази вака, барем ќе ја натера да се подзамисли. Го зграби мечот и како стрела се спушти надолу. Излезе од замокот и одеднаш се најде среде жестока касапница. Погледна околу себе: на светлината на пожарот – тоа кулата гореше – можеше да види сè како на дланка. Виде ранети како се грчат под копитата на коњите, луѓе, кои, откако ги испокршиле копјата и мечевите се зграбиле во смртоносна прегратка, па се дават со голи раце. Виде еден човек кој мавташе со својот огромен меч како со сламка и околу кого луѓето паѓаа како снопје. Една жена, тоа беше Леонора, трчаше по тој човек и викаше: „Алонсо! Алонсо!“ А пак овој од своја страна: „Господару со црвената маска на лицето! Излези ми пред очи, господару со црвената маска на лицето!“ Камачо му се заблагодари на бога, што му даде можност да умре пред очите на својата несудена сакана. Тргна кон тој човек. Викна: - Алонсо! Алонсо не реагираше на гласот на Леонора, но застана кога слушна машки глас, кој го вика. Се заврте кон Камачо и запраша: - Кој си ти и што сакаш од мене? Камачо сосема му пријде. - Се викам Камачо. А ти си Алонсо, славниот рицар и ти го уби мојот брат. Се сеќаваш ли на оној двобој во планината што ни го расипа бурата? Ајде сега да го продолжиме. - Со тебе нема да се борам, ти ми изгледаш чесен рицар – одговори Алонсо – Ти не си ми потребен, го сакам господарот со црвената маска. Затоа истави ми се од патот. А за брат ти жалам, иако не се сеќавам на него. И тој громко викна неколку пати: - Господару со црвената маска! Господару со црвената маска! Камачо му го препречи патот. - Каков рицар си ти, кога не го прифаќаш мојот предизвик? Сакаш ли да остане дамка на твојот штит од која потоа ќе се срамиш? 488


- Ах, досадно суштество! – викна Алонсо и со мечот му ги пронижа градите. Потоа пак викна: - Господару со црвената маска! Камачо се залула напред – назад како отсечено стебло кое се чуди на која страна да падне и тешко се струполи на земјата. Од устата му бликна крв, очите му се замрежија. Пред да ги затвори засекогаш, виде како Леонора се фрли врз Алонсо за да го заштити од стрелата, која од својот арбалест ја истрела вујко му, херцогот Сидонија. Тој сакаше да стане, да ја заштити Леонора, но не можеше ниту со прст да мрдне, ниту да викне, и на овој човек смртта му се виде илјада пати пострашна, бидејќи како последно нешто мораше да ја однесе со себе во гробот оваа страшна слика. Така заврши овој благороден и, по многу нешта ретко извонреден човек, кој, ако судбината му беше барем малку наклонета, ќе се издигнеше до величието на јунаците од средновековните рицарски романи. ~~~ Леонора навистина се фрли кон Алонсо во последниот момент и на тој начин го заштити од сигурна смрт или од опасно ранување бидејќи на себе немаше оклоп, а стрелецот добро нишанеше. Но стрелата ја погоди нејзе, па таа крикна како ранета птица и падна во прегратката на својот сакан. Алонсо ја прифати и нежно ја спушти на земјата. - Зошто го стори тоа? – ја запраша со солзи во очите. - Што сторив? Само го заштитив мојот Алонсо... фален Исус Христос. Освен тоа... требаше да платам за својот грев... - Но каков грев можеш да имаш ти, најдрага Леоноро? Девојката не можеше да одговори, бидејќи се онесвести. Тогаш Алонсо стана и фрли страшен поглед околу себе, за да види кој ја испрати кобната стрела. Го здогледа господарот со црвената маска, кој сè уште го држеше арбалестот во рацете. Овој, како да се засрами од своето дело, па сакаше да избега; но луѓето на Маргарит кои беа сведоци на оваа сцена му го препречија патот, го фатија и го довлечкаа пред нозете на Алонсо, кој висеше со закрвавен поглед, со подигнат меч, готов да го спушти и со него да го закове за земјата проклетиот ѓавол. - Симнете му ја маската! Да му го видиме лицето! – повикаа некои.

489


Му ја симнаа маската. Тој го покри лицето со рацете. Му ги тргнаа и рацете и тогаш видоа бледо лице на стар бедник кое се грчеше како на грешен ѓавол, еден очаен клетник, кој се чувствуваше загубен. - Херцогот Сидонија! – викнаа Алонсо и некои од војниците кои го препознаа. На светлината на пожарот кој ја беше зафатил целата кула, а по неа и самиот замок, можеше сè убаво да се види, а веќе и се зазоруваше. Битката беше при крај, уште на некои места се водеа поединечни борби. Преостанатите бранители на замокот ја увидеа бесмисленоста на понатамошниот отпор и го фрлија оружјето, некои со очаен израз на лицата паднаа на колена на местото на кое што беа, ги склопија рацете и почнаа да шепотат: „A furore Normannorum libera nos, domine 225. Така срамно пропаднаа овие одметнати, но инаку храбри и благородни шпански војници кои некогаш беа дел од најелитната гарда на шпанските кралеви. Но кои беа тие и зошто се впуштија во една таква бесмислена авантура со чудниот господар, кој наместо лице секогаш покажуваше само маска, ќе остане тајна. Дури и најпедантните хроничари кои се трудат да ги разјаснат и најситните и најбезначајни историски настани, не успеаја да ја доловат вистината. Победниците го обиколија својот водач Маргарит, ги дигнаа мечевите и громко извикаа: - Vivat victor! 226 Сакаа да го кренат на раце и, како што беше обичајот во таквите прилики да го понесат околу освоениот и опожарен замок, но тој им се оттргна и притрча кон оние, кои го беа обиколиле господарот со црвената маска. Го разгледа и рече: - Да, тоа е лично херцогот Сидонија, предавникот од Гранада. Ете каде се довлечкал по своето злосторство. Луѓето се развикаа: - Да му се пресуди веднаш! - Пред бедемот има бесилки. Поставете до нив уште една! - Смрт на предавникот! Еден дофрли: - Погледнете го, гледа околу себе како Адмед, кој ја бара својата Алкестида 227. Навистина, Сидонија очајно се вртеше околу себе, барајќи ја својата сламка на спасот, а кога не виде ни едно пријателско лице – дури и неговиот мртов внук како да го гледаше со омраза и презир – се смири и й погледна на 490


судбината в очи како мечка приврзана за кол, на која не й останува ништо друго, освен да ја дочека опасноста која не може да ја избегне. Мечот на Алонсо сè уште висеше над неговата глава. Околу него пак завревија: - Убиј го, рицару! - Треба кожата да му се одере! - На тивок оган да се испече! - Дотолчи го – рече Маргарит – Тој и саканата ти ја рани, малку требаше да ја убие. Quid pro quo 228. Убиј го, mors rei homagium est bonae legi229. Алонсо, меѓутоа, го фрли мечот. - Не – рече – не сакам да си ги валкам рацете со едно предавничко куче. Дајте им го на Индијанците, тие ќе знаат што да прават со него. Навистина, на бедемите се беа начичкале десетина Индијанци, привлечени од жагорот на битката. Кога им го доведоа Сидонија, тие најсрдечно се заблагодарија со гестови и мимики, бидејќи им го дале крвникот в раце, па со него веднаш изчезнаа негде. Но не помина долго време, а се слушна врисок од кој косата се крева на главата, врисок на човек, кого го колат или кому му ја дерат кожата, но така, да се мачи како грешен ѓавол. По некое време врисокот пак се слушна, уште поморничав. Цел час се слушаше очајното запомагање на човекот кој тешко ја испушта душата, а луѓето во замокот беа стаписани, бидејќи не беа слушнале ништо слично во својот живот. Кога престанаа врисоците, падна кулата која догоруваше. Непосредно пред да падне, на нејзиниот врв се зацрне телото на една жена. Таа ги ширеше рацете и хистерично се смееше, вистинска слика на оние грешнички, што Данте толку убаво ги опишал во својот „Пекол“, грозна но величествена, ништо не е толку величествено за око како жена на врвот на кулата, слична на статуа на своето постоље. Тоа беше полулудата. Потоа пламенот й го зафати телото и таа падна сосе кулата.

23 Quis talia fando temperet a lacrymis. (При тие зборови кој би можел да си ги задржи солзите) Вергилиј, „Енеида“, 2 491


Леонора не беше тешко ранета, барем така се чинеше во прв момент. Стрелата која се беше забила во нејзиното рамо беше извадена, раната беше исчистена и убаво преврзана и таа уште истиот ден можеше да застане на нозе. Но за долгото патување до Санто Доминго не беше способна. - Ќе останеме овде неколку дена, додека да закрепнеш – й рече Алонсо, треперејќи над неа, не знаејќи како да й угоди и како да ја развесели – Откако им го дадовме крвникот Сидонија Индијанците не имаат за свои добротвори и со најголемо задоволство ќе се грижат за тебе. Потоа ќе се вратиме во Санто Доминго, а од таму, ако сакаш, со моите бродови кои ме чекаат во пристаништето ќе отпловиме во Кастилија - сега јас и своја флота имам, вистински морепловец сум, ех, ти ништо не знаеш! – и во замокот Осма на грофот Мединасели, лесна му земја, свое гнезденце ќе свиеме – сакаш ли така? Но најпрвин да ми оздравиш. Ех, сакана моја, ние двајцата сè уште можеме да си го поминеме животот како ангелчиња благословени од бога. Ти се колнам, дека сега, кога те најдов, никогаш повеќе нема да се делам од тебе, само смртта може да не раздели. А Леонора, која беше многу изнемоштена од раната само пресреќно се смешкаше и нежно му ја стискаше раката. Алонсо длабоко му се заблагодари на Маргарит: ако не дојдеше во вистинскиот момент одметниците секако ќе му ја запржеа кашата, а можеби ќе го дотепаа и додека преташе во мрежата како фатен елен. Во тој момент Маргарит сигурно си префрлаше што не задоцнил со својот напад на замокот само еден час, барем половина час. Но, што се вели, си го направи зборот. Зошто рицарот де Охеда залудно си ги троши зборовите? Тој, неговиот слуга Маргарит – ах, тој би бил пресреќен, кога би можел да се нарече негов пријател – го стори она, што секој рицар би го сторил, па и најнискиот. И уште куп такви работи изнакажа. Си ги стиснаа рацете, се прегрнаа. Потоа Маргарит со своите војници кои, за жал, беа речиси преполовени во жестоката битка замина кон Санто Доминго. Претходно вети, дека, штом ќе стигне, веднаш ќе го испрати лекарот Чанка да се грижи за дона Леонора. Со него заминаа и преживеаните триесетина одметници кои се беа предале и кои беа дале збор, дека ќе се откажат од својот одметнички занает и дека одсега па натаму верно ќе им служат на адмиралот и на нивните височества кралевите на Обединетото кралство. Алонсо, Леонора и сватовите Рикардо и Франциско се сместија во една индијанска колиба недалеку од рушевините на замокот на, сега покојниот господар со црвената маска. Се насобраа повеќе од стотина 492


Индијанци да му се заблагодарат на белиот господар, кој ги ослободил од тиранијата на другиот бел господар, лошиот господар со црвената маска, но исто така да ја видат и да й се восхитуваат на убавата бела девојка, за која од сè срце се надеваат, дека бргу ќе оздрави и ќе закрепне. Послаа за неа широк, комотен кревет во колибата, й донесоа риби и секакви најслатки плодови, й ја чешлаа русата коса и й пееја некакви свои песни; истите оние, кои беа толку свирепи кон Сидонија, сега беа наивни и мили како деца. Жените ја соблекоа и ја измија. Набраа некакви тревки и со нив ја обложија раната. Сите беа убедени, дека за неколку дена сосема ќе оздрави. Само стариот врач некако сомнително ја вртеше главата, но нему никој не му обрнуваше и најмало внимание бидејќи беше многу стар и мислеа, дека од старост се мрднал со умот. Иако сè уште слаба, Леонора блескаше од среќа. Му се радуваше на братучедот Рикардо кој ниту еден момент не ја напушти, на другиот братучед, убавиот Франциско, кој одеднаш излезе од земјата како габа по дожд, на Индијанците кои гледаа на секој начин да й угодат, но ништо не можеше да се спореди со радоста, која й доаѓаше од Алонсо, па таа со поглед ги молеше сите други да ја остават насамо со нејзиниот сакан. Кога тоа ќе се случеше, тој ќе седнеше на креветот до неа и, држејќи й ја раката со часови разговараа; кога се чувствуваше посилна таа ќе станеше, ќе се потпреше на неговото рамо и ќе излезеа во прекрасната градина да се надишаат на опојната муризба на цвеќињата. - Навистина ли мислиш да отидеме во Кастилија, во замокот на татко ми и таму да свиеме свое гнездо? – го запраша еднаш. Алонсо, кој беше убеден, дека оздрзвувањето на неговата сакана и нејзиното конечно закрепнување се свршена работа, се почеша зад увото: ќе може ли тој да издржи цел живот на едно место, со една жена, макар тоа било и прекрасната Леонора? По сè што се случи тој беше на јасно со тоа, дека остатокот од својот живот ќе го помине со неа, но немаше претстава како сето тоа ќе изгледа. Сепак рече: - Да, ако ти така сакаш. А можеме да отидеме и во Ел Сордо, едниот од осумте замока што ми ги дадоа нивните височества Фердинанд и Изабела. Можеме и таму и таму... Леонора копнежливо се насмевна. - Со тебе сегде би ми било убаво. Најмногу би сакала да живееме во Кандаја 230. Кога би могле да ја најдеме мојата Кандаја! И на овој остров е многу убаво, но и тука има војни, терор, насилство. Додека бевме во Санто 493


Доминго, Рикардо ми раскажуваше за едно момче, Бартоломеј Лас – Касас, кој се борел за правата на Индијанците – но што може да направи кога е сам? - А како изгледа таа твоја Кандаја, мила Леоноро? - Остров како овој, но без Европејци на него, бидејќи каде се тие, таму е и насилството. Би живеле со доморотците, кои, како што гледаш, се многу мили. Би се хранеле со риби и вкусни, сочни плодови, би плетеле венчиња од најразлични цвеќиња, што потоа би ги носеле... - И јас сум против насилството на кое се подложени Индијанците, но, драга Леоноро, може ли да се замисли светот без војна? Погледни само што се случува во Европа: Шпанците ги острат забите на Французите, Французите – на Шпанците, а и Шпанците и Французите заедно – на италијанските републики. Тоа е војна на сите против сите. Човечкиот род е сè уште во своето детство, а каде си видела дете да не се бори? Сè што е создадено, се бори. Силните ги потиснуваат слабите. Животот е борба. Така одат тие работи. - Во таков случај Кандаја не постои, или ако постои толку е скриена, што не може да се најде. Тогаш добро, ајде да отидеме во Кастилија. Јас со тебе би живеала и во најбедното пребивалиште, и во колиба како оваа, сами, сосема сами на светот, како два вљубени гулаби, би биле единствените дејствувачки лица во пиесата, dramatis personae (Леонора беше толку расположена, што некои фрази почна да ги повторува на латински). Но, бидејќи твоето благородство се изразува не само во твојот рицарски дух, туку и во начинот на живеење, ќе заседнеме во татковиот или во твојот дворец и ќе живееме како богати феудалци, како луѓе од благороден род, bene natus, ќе имаме свое ловиште, plexitium 231, ќе примаме гости, ќе даваме гозби; а ти, господарот, ќе носиш раскошна шапка со зелени перја и целата твоја облека ќе биде украсена со бродерии и галони, со прекрасни панделки и тантели на ракавите и околу вратот – сакаш ли да бидеш таков? - Јас бев таков, и повеќе од тоа. Одев загрнат со својата хермелинска наметка на заменик на кенетаблот, а имав уште една, малку потемна, тоа беше наметката на главниот командант на коњанинацата на Обединетото кралство, и бев облечен во облека која целата блескаше од злато и сребро, и кога одев да ги разгледувам своите полкови, бев во придружба на своите главни заповедници и на најугледните рицари и благородници, со еден збор го бев постигнал она, за кое Латините би рекле: sic itur ad astra 232. Но... Леонора плесна со рацете. - И тогаш што се случи? Што се случи? Сега ќе мораш сè да ми раскажеш за себе, од моментот кога се разделивме во Кордоба – тогаш јас и 494


татко ми се вративме во Осма, а ти отиде да ја превземеш армијата во Гранада – па до оној ден кога Рикардо те пронајде во твојата колиба во Санто Доминго. И Алонсо се зафати да раскажува. Но тоа го направи во скратен облик, бидејќи, како вистински кавалер вешто ги избегнуваше скокотливите истории, а тие ја сочинуваа повеќе од половината од приказната. Меѓутоа, Алонсо еднаш ја затекна како клечи во собата со лицето завртено кон исток и бргу мрмори: - Sancte Huberte, Sancte Juliane, Sancte Martine, Sancte Rosalia, Sancte quitquot adestis, orare pro me peccatore…233 Тој знаеше, дека е тоа молитвата на големите грешници. Ја запраша смеејќи се: - Но во што се состои твојот голем грев, Леоноро, ти, која имаш најблагородна душа и која си чиста и доблесна како света Розалија што ја споменуваш во својата молитва? А таа одговори: - Немој толку да веруваш во мојата невиност и чесност. Јас имам грев и тој е толку голем, што ќе ти го кажам само на смртната постела. – Малку помолче, па додаде: - А можам и сега да ти го кажам. Всушност, треба да ти го кажам бидејќи меѓу нас ќе останат тајни и нема да бидеме чисти еден кон друг. Сакаш ли да ти кажам? Тој помалку се плашеше од длабоките и болни тајни кои како бездна зјапаат во душата, па рече: - Задржи си го засега за себе својот голем грев, кој, верувам, се состои во тоа, што некогаш несакајќи си згазнала некаква мравка, или нешто слично на тоа и подај ми ја раката да те одведам во нашата миризлива градина. Не треба да се сеќаваме на она што било, sicut erat, туку да се завртиме кон она што ќе дојде, а ти тоа веќе го погоди опишувајќи ги лововите, гозбите и зелените перја на мојата капа. Но зошто пред малку ја спомена смртната постела? Не споменувај ја веќе, нејзе овде не й е местото. Навистина се чинеше, дека на смртта овде не й е местото, бидејќи девојката сè повеќе закрепнуваше. Докторот што требаше да го испрати Маргарит од Санто Доминго никако не доаѓаше (наместо него дојде еден од неговата придружба кој кажа, дека е единствениот преживеан од заседата што им ја направиле некои побунети Индијанци од земјата Сибао), но Леонора и онака од ден на ден се чувствуваше сè подобро. Се чинеше дека опасноста одминала, дека раната, нешто поради тревките на Индијанците, нешто поради тоа, што така му било угодно на провидението, hoc erat in fatis, 495


е санирана и дека Леонора е спасена. Среќниот Рикардо, верен на својот свештенички позив секое утро и вечер го пееше благодарственото Te deum laudeamus, секој пат завршувајќи ја молитвата со: „Non nobis, non nobis, sead nominee tuo, domine, da gloriam 234. А пак убавиот Франциско, кој не им веруваше многу на молитвите, својата радост ја изразуваше така, што повторно се вљуби во својата братучеда – тоа беше неговиот начин – па дури почна да помислува и на тоа, да му ја грабне на Алонсо и да ја одведе со себе во најзафрленото катче од овој остров, каде што никој жив нема да ги пронајде. За пресреќната Леонора тоа беа денови на остварување на она, што некогаш й го претскажуваше игуменот Марчена во манастирот Рабида, а имено дека земјата ќе блесне, човечкиот род ќе се исполни со љубов и ќе зацари светлина, радост и живот. Нејзините магливи надежи се исполнија, таа го дочека својот Алонсо, убавиот коњаник, воинот кој се спушти од небото носен на своите две крилја, божествениот рицар кој ја спаси од студената и темна пропаст и сега ќе ја поведе со себе во лазурните височини. Најпосле пред неа се откри вистинскиот живот. Поради среќата што ја чувствуваше деновиве, таа за прв пат беше задоволна што го преживеала целиот живот. Па и тоа беше само почетокот, нејзе й претстоеше да доживее илјада пати поголема среќа. Се исплатеше да живее на земјата: само неколку празнични денови ја научија да го сака животот. Не знаејќи што да прави со себе од радост, заедно со Рикардо почна да се моли, бидејќи слично на мајка й имаше нежна и побожна душа. Ги читаше „Здраво, здраво морска ѕвездо“, „Здраво Марија, полна со милост“ и многу други. Со бескрајна благодарност й се обраќаше на Богородица: „О, славна господарке...“ И постојано повторуваше: „Фала ти, боже. Амен. Амен...“ Алонсо пак, се радуваше, што стана како еден од оние литературни „злосторници“ кои на крајот на романот, кога читателот на тоа не се надева, стануваат великодушни херои. Ех, тој ни сега не беше сигурен, дека ќе й остане сосема верен на прекрасната Леонора (но тоа и не треба да не чуди многу, веќе знаеме каков човек беше тој, нели?) – понекогаш со тага се сеќаваше на убавите женички кои му ги наоѓаа неговите офицери во Гранада и на пијанските оргии во замокот Ел Сордо – но беше готов да се заколне во сè што му е најсвето, дека Леонора засекогаш ќе остане господарката на неговото срце и дека никогаш повеќе нема да се раздели од неа. За воља на вистината, не се знаеше дали и на таа заклетва треба сосема да й се поверува, но во секој случај во моментот навистина така мислеше и беше среќен, многу среќен, што, ете, работите тргнале по вистинскиот пат. Немаше веќе 496


никакви дилеми, неговиот живот беше решен на најдобар начин. „Вистина е – филозофски констатираше тој – крајот делото го краси, finis coronat opus. Почнаа да се спремаат за пат кон Санто Доминго. Еден ден, меѓутоа – беше осмиот ден и тие двајцата седеа на една клупа во градината – Алонсо забележа, дека прстите й треперат врз колената... Таа ги исправаше свивките на својот фустан, само за да го сокрие треперењето. - Зошто трепериш? – ја запраша. - Одеднаш како студен бран да ме обли – рече таа. Меѓутоа, времето беше топло и многу пријатно. Таа продолжуваше да се тресе. Алонсо стана неспокоен. - Ајде да влеземе внатре – рече. Наскоро треперењето се намали, а потоа и сосема престана и ноќва таа убаво спиеше. Но наредниот ден пак почувствува студенило по телото. И беше студено, а образите й беа жешки. Рече дека раната ужасно ја пече. Ја тргнаа преврската од рамото и се вџашија од она, што го видоа: раната изгледаше грозно; таа беше инфицирана. Се растрчаа Индијанците и донесоа од негде пак некакви тревки. Стариот врач налутено ги фрли тревките и нареди да донесат други. Овој пат му поверуваа и го послушаа. Со донесените тревки ја обложија раната. Леонора запиште од болка, но врачот, кој знаеше по малку шпански убедуваше, дека така треба да биде, тоа е цената на оздравувањето. - Ни едно лечење не е сурово, ако води кон оздравување – велеше; но не престануваше сè така сомнително да ја врти главата, како да беше пропуштено нешто, што сега тешко може да се фати. Тревките на врачот навистина како да помогнаа и Леонора два – три дена се чувствуваше добро. Но кризата се повтори, уште потешка. Кога тоа се случи таа пак седеше во градината со Алонсо. Овој пат треперењето й ги зафати не само рацете, туку и целото тело. Таа изнемоштено падна во неговата прегратка. Дишењето й беше отежнато, лицето й гореше. Тој ја зеде на раце како мало дете, ја внесе во колибата и ја положи да легне. Тие се погледнаа со брз и длабок поглед кој пронижува до дното на човечкото суштество и тогаш нешто необично проструи помеѓу нив... Некоја мисла светна, некое наговестување, нешто ужасно, грозно, што и двајцата го доловија. Таа мисла ги пронижа како молња и во нивните замаглени од страв мозоци се појави претчувство за страшниот крај. Во колибата беа и двајцата сватови. Родриго се фрли на колена за молитва, но тоа сега не беше благодарственото Te deum laudeamus, туку очајна молба за спас. Лицето на 497


Франциско се смрачи како ноќ. Индијанците, дознавајќи дека болеста на убавата бела господарка се вратила, почнаа да ѕиркаат низ прозорците со насолзени очи. Стариот врач, тетеравејќи се тешко, се узгуби негде и повеќе не се појави, како доктор, кој увидел, дека веќе не може ништо да стори, а кој не сака да присуствува на агонијата на саканиот пациент. Алонсо реши да одјаваат во Санто Доминго, каде што, освен сега покојниот Чанка можеа да се најдат и други доктори; а можеби ќе й биде полесно кога ќе ја дувне ветрот и огрее сонцето. Ја качи пред себе на коњот, ја покри со крзно за да не й е студено, па ја прифати во својата прегратка и тргнаа. Но неа наскоро ја обли врела пот и й беше многу лошо, па, бидејќи и онака многу бавно напредуваа, уште истиот ден застанаа. Тогаш Франциско си ја зеде обврската сам да одјава во Санто Доминго и од таму да се врати со доктор – ќе јава како да го гонат сто ѓаволи, така рече – и веднаш одгалопира. Уште додека јаваа, Алонсо веќе знаеше, дека Леонора е близу до смртта. Всушност, живееше помеѓу надежта, кога на болната моментално й стануваше подобро и очајот, кога ситуацијата се влошуваше. Но, не можеше долго да се залажува. Во почетокот на патувањето низ главата му минуваше мислата, дека веднаш по нив оди смртта и дека само чека згодна прилика да јурне на неговата сакана и да й го исцади и остатокот од животот. Тоа чувство беше толку силно, што му доаѓаше очајна желба да се заврти и да ја повика смртта на двобој, како што се предизвикува рицар, па да се бори со неа до последниот здив. Потоа беше уште полошо, бидејќи ја чувствуваше смртта не зад нив, туку меѓу нив, невидлива, но толку блиска, што го доловуваше нејзиниот леден здив. И веќе разбираше, дека против тој непријател не помагаат ни јунаштво, ни силни раце, ни цврсто оружје и дека драгата Леонора мора да му се даде како плен, немоќно, без борба. Си мислеше: „Зарем затоа најпосле ја засакав и затоа ја најдов и ја спасив од разбојниците, за утре да ја покријам со земја и никогаш повеќе да не ја видам?“ – и го вртеше погледот настрана бидејќи не сакаше оние околу него да му ги видат солзите. Ја внесоа во првата колиба на која наидоа и ја наместија да легне. Таа тешко дишеше. Заспа. Сигрно нешто сонуваше бидејќи постојано се превртуваше, а штом се разбуди и го виде покрај себе Алонсо, веднаш зазборува: - Во Осма секогаш ја чекав квечерината, кога со Родриго поминувавте под мојот прозорец. Ќе застаневте за малку кобајаги случајно, а јас од зад завесата те гледам, гледам... Кога им кажав на моите дека те сакам, 498


тие се налутија, се испаничија, а јас: „Само обидете се да ме запрете, и ќе ме закопате во црната земја!“ Со тебе бев готова да отидам и меѓу Турците, во твојот Охрид. Ех, Драгане мој... Потоа тргнавме кон Кордоба. Една вечер во конакот јас ја запеав онаа: „Ах, да имам крилја...“, а туку тебе еве те, дојде во мојата соба... Се сеќаваш ли? Ги протегна рацете кон него, но тие немоќно паднаа на постелата. Заплака. Плачејќи продолжи да зборува. Зборуваше бргу, како да знаеше, дека времето й е ограничено, а таа има да каже толку многу нешта. Се сеќава ли тој на крстот на Тројцата кралеви на патот за Кордоба? А на куќата на езерото до кралскиот двор во Кордоба? А навистина, ја препознал ли тој оној ден кога ја видел преоблечена во машко – тоа било под ѕидините на Моклин и тој вршел смотра на своите трупи – ја препознал ли, а? Таа тогаш поминала половина кралство за да го најде, а тој... ах, тој... Таа го заплашуваше со прст, прекорно се насмевнуваше. Бргу поминуваше од тема на тема, од настан на настан. Зборовите й излегуваа неповрзано, бујно, во неред, како да се судираа еден во друг и се трудеа да излезат сите наеднаш. Сè што й се беше насобрало во душата се излеа надвор, тоа беше вистински вулкан. Уште еднаш ги преживуваше моментите поминати со својот сакан, па нејзиното лице имаше таков оживеан и возбуден израз, како секој момент да сакаше да заплаче, или пак да избувне во смеа. Едно време се занесе во нешто како полусон, но тоа не й донесе смирување, а уште поголем напор, бидејќи нејзиното тело не престануваше да се превртува и да се грчи. Во таквата состојба беше не повеќе од половина час, а потоа дојде на себе, но лицето й беше полно со ужас, како да ја беше видела смртта на сон. Пак почна да зборува, но многу тешко дишеше и зборуваше тивко и кркорејќи: - Ти ветив, дека ќе ти кажам за својот грев на смртната постела. Сега сум на неа и ќе ти кажам. Таму, во замокот имаше едно момче, Камачо... Тој... Јас... Една вечер, тоа беше вечерта кога замокот беше нападнат, јас... Ќе ми простиш ли? Треба да ми простиш, на оној, велат, кој умира сè му се простува... По два дена Алонсо уште еднаш го огреа светол зрак на надеж. Леонорините образи како да ја вратија својата боја, очите се избистрија, дишењето се поуспокои. - Сакам да ја почувствувам миризбата на цвеќињата – рече. Алонсо ја тргна завесата, го отвори прозорецот, па пак седна до неа, ја фати за раката и со треперливо исчекување й се внесе во лицето.

499


- Драга Леоноро – рече – ти само малку подзакрепни, ние секој ден ќе излегуваме меѓу цвеќињата, тие толку убаво мирисаат и сè е толку убаво овде. Таа не ги симнуваше очите од него. - Сепак мислам, дека тебе не ти одговара капа со зелени перја. Ти имаш сини очи и на твојата капа треба да бидат закачени сини перја. Затоа, кога ќе се вратиме во татковиот замок во Кастилија, ќе најдеме токму таква капа. А кројачот ќе ти сошие богат костум од кадифе и свила, по последната мода, ти си убав човек и треба да бидеш убаво облечен. Алонсо беше готов да се расплаче од среќа. Па таа зборува за враќање, за далечна иднина, за живот! Падна врз неа и ја опсипа со бакнежи: - Така ќе биде, сакана моја! Кажи ми: како се чувствуваш? Таа нежно се смешкаше. - Како невеста. Синоќа сонував дека сум невеста, па и сега продолжувам така да се чувствувам. Ноќта спроти 30 ноември сигурно ќе те сонувам тебе 235, па веќе наредниот ден ќе можеме да се венчаме; но мене желбата ми се оствари, јас синоќа веќе бев невеста. Кога го слушна ова, Алонсо истрча надвор и веднаш се врати со Рикардо, чии очи беа вцрвенети од плачење. - Венчај не, попе – рече. Не разбирајќи ништо, Рикардо го послуша. Леонора целата трепереше од среќа, дури и се подисправи малку во креветот, кога требаше да го бакне крстот. Човечкиот јазик е немоќен да го изрази она, што во тој момент се случуваше. Беше зајдисонце, оној дел од денот што Леонора најмогу го сакаше, црвена светлина продираше во колибата. Толкава сила почувствува во себе, што, кога Рикардо ја заврши церемонијата, успеа сама да стане од креветот, и, само лесно потпирајќи се на Алонсовата рака, излезе во градината. Кога падна ноќта, таа си легна и спокојно заспа. До неа задрема и Алонсо – денови и ноќи по ред бдееше – но, околу полноќ го разбуди болно офкање. Скокна, ја запали свеќата и ја принесе до Леонора. Забележа, дека нејзиното лице сè повеќе бледнее и густо се прекрива со ситни капки пот. - Што ти е? – запраша уплашено и почувствува како косата му се дига на главата, а ужасно студенило му продираше до сржта на коските. - Што ти е? Кажи! – повтори тој. Таа со широко отворени очи гледаше нешто пред себе. - Тој... – прошепоти. - Кој? 500


- Тој... овчарот... стариот овчар кој ги пасеше овците по шумата околу татковиот замок. Магијата што врз него ја фрлил лошиот маварски дух требаше да му помине и пак да се претвори во славен рицар, каков што бил... Но умре, не дочека... Го гледам, ме вика... Еј, старецу, старецу... Еј... - Ама, што зборуваш? – запраша Алонсо задишано – Па вечерва ми зборуваше присебно и беше толку радосна. За каков стар овчар сега ми кажуваш? Таа пак ги придвижи усните, но веќе не можеше ни да шепоти. Алонсо сепак погоди, дека го изговара неговото име и дека го вика. Веднаш потоа нејзините ослабени раце почнаа силно да треперат. Веќе немаше сомневање: таа ја испушташе душата. Очаен, тој почна да преколнува, како молбата да вредеше нешто: - Леонора! О, милостив боже! Чекај, не оди! Почекај, почекај! О, Исусе! Ја извади од џебот галичката икона со Богородица и почна да ја бакнува: - Света мајко, помагај!!! Неговото преколнување го разбуди Рикардо, кој спиеше пред вратата. Тој влета во собата, на прв поглед разбра што се случува, па падна на колена, и облевајќи се во солзи, почна гласно да чита молитва. Пред самиот крај на молитвата Леонора пак ги отвори очите, како да сакаше за последен пат да го види Алонсо, па тогаш заспа со вечен сон. ~~~ Наредниот ден околу пладне, на една височинка во близина на колибата, Рикардо поби во земјата еден крст, за да го означи местото, каде беше закопана Леонора. „Requiescat in pace“ 236 – така ја заврши својата молитва и седна малку подалеку од гробот, бидејќи не сакаше со своето плачење да ја ремети тишината која таму владееше. Десетина Индијанки береа цвеќе во ливадата, а мажите одеа по нив. Постојано се наведнуваа и безгласно плачеа, бидејќи срцето им беше преполно со сожалување. Алонсо клечеше на гробот со главата потпрена на крстот, неподвижен и нем, како и самиот да беше умрел. А Индијанците одеа ту подалеку, ти поблизу и кинеа најразлични црвени, жолти, бели и сини цвеќиња, кои мирисаа на мед. Кога набраа полни раце со цвеќиња и растенија, тие го обиколија гробот и почнаа да го китат. Го покрија речиси целиот гроб со цвеќиња и растенија, го оставија откриен само оној дел, каде требаше да биде лицето на 501


покојничката. Кога ја свршија таа работа, си отидоа. Одеа полека, како некаква тажна литија. Прво одеа жените и пееја некакви оптегнати индијански песни, а по нив мажите, со ничкосани глави. На синото небо немаше ни едно облаче, па сè се грееше на златните сончеви зраци.

24 Од сè, ништо. Од сите, никој. Калдерон Во 1500 година во Обединетото кралство и во светот што го откри Колумбо, се случија толку чудни работи, што никој пред тоа не можеше ни да помисли, дека такво нешто може да се случи. Во кралскиот двор, имено, одеднаш се роди големо незадоволство кон дотогаш неприкосновениот и толку фален и славен велик адмирал. Неговите експедиции чинеа многу пари, а што доносеа во замена: наместо ветеното злато – слаби и истоштени од глад робови, наместо зачини – сифилис. Островите, кои кралевите му ги дадоа на управување, се претвотија во ужасни кланици и опустошени полиња, доселениците осиромашуваа и се бунтуваа, ужасни вести за нечовечка жестокост пристигнуваа со секое писмо и со разочараните колонизатори, кои бегаа од тој „земен рај“. И во Шпанија се убедија: Колумбо, тој фантазер, умее само да мечтае, но не и да управува. Првото нешто кое специјалниот кралски полномошник со неограничени права, новиот гувернер Франциско Бобадиља го виде од својот кораб кога дојде до Еспањола, беа бесилките на кои се нишаа негови сонародници. Колумбо и неговите двајца браќа беа вратени во Шпанија оковани во ланци. Сега, кога Колумбо се симна на брегот, околу неговиот кораб немаше толпи од раздрагани луѓе, не се славеше неговото име; не го чекаше кочија со златен кралски грб која ќе го однесе во кралскиот двор, за таму со најголеми свечености и церемонии да го пречекаат нивните височества кралот и кралицата и најголемите моќници и благородници во кралството, не се публикуваа уште истиот ден во Шпанија, а не многу потоа и во Европа писмата и меморандумите, што тој ги носеше за кралевите – сега од сето тоа немаше ништо! Кога сега посака да отиде во дворот, неговата молба не се зеде во предвид и стариот човек, пронаоѓачот на Новиот свет, на Mundus 502


Novus требаше да поднесе најпонизна молба да му дозволат да користи муле за пат. Тој, меѓутоа, продолжуваше да ветува и секој пат – сè пофантастични нешта. На кралицата й вети, дека при своето наредно патешествие ќе го открие „рајот“, а на папата – дека ќе го „ослободи Ерусалим“, откако ќе изврши крстоносен поход по нов, покус пат. Во својата „Книга на пророштвата“ тој му предрече на грешното човештво, дека светот ќе загине по 150 години. Најпосле никој веќе не го слушаше тој fallador 237, никој веќе не ги земаше во предвид неговите imaginacoes com su ilha Cipangu 238. Трговци, кои загубиле заради него многу пари, учени, кои ги презреле неговите географски бесмислици, колонизатори, кои се разочарале од неговите празни ветувања, службеници, кои му завиделе на високите должности, сите тие застанаа во еден фронт против „великиот адмирал“; сè повеќе го притискаа старецот и тој најпосле со каење призна: „Велев, дека сум стигнал до најбогатите царства. Зборував за злато, скапоцени камења и зачини и кога сето тоа не се појави веднаш, покажаа со прст на мене“. 239 Откако беше оправдан во есента 1501 година, Колумбо се зафати да организира нова експедиција – тој, вечно немирниот, сакаше да го најде протокот, кој ќе го одведе до полуостровот Малака и од таму најпосле – најпосле! – до вистинската, легендарната Индија. Овој пат не му дадоа армада од десетици бродови и илјадници војници и морнари, туку доби само четири брода со 150 души екипаж и на 3 април 1502 година заплови на запад. Еве што дознаваме од записите на хроничарите за ова негово четврто и последно патување: На 5 јуни 1502 година го открил островот Мартиник, а две седмици подоцна го достигнал својот Санто Доминго, со кого, меѓутоа, по неговото апсење владеел безобзирниот управник Николас Авандо и тој не му дозволил да акостира. Кон средината на јули продолжил на запад покрај бреговите на Еспањола и Јамајка. На 30 јули стигнал до Хондураскиот залив при островот Гванаха. За месец и половина го открил северното крајбрежие на Хондурас, го открил и источното крајбражие на Никарагва и североисточното на Костарика. Тој брег го нарекол „златен“. Продолжил на југозапад и ја открил лагуната Чирики. Од месните Индијанци дознал, дека земјата се вика Панама и дека од другата страна се наоѓа огромно море. Ги достигнал заливите Портобело и Ескрибанос, потоа и заливот Лимон. Таму останал до 1 јануари 1503 година, па продолжил на запад и го открил устието на златоносната река Верагва. Откако таму загубил еден од своите кораби, тргнал на север кон Јамајка. На северозапад од Јамајка ги открил 503


Кајмановите острови и со двата преостанати корба кои едвај се држеле на водата, стигнал до Јамајка. Од таму испратил до Еспањола, до Санто Доминго свој човек 240 со молба до Николас Авандо да му испрати кораб на помош. Дури по долги денови стигнал коработ со кој ја напуштил Јамајка и на 7 ноември 1504 година се вратил тешко болен во Шпанија. Би се рекло: големи подвизи, историски, судбоносни, каков што беше случајот со сите негови претходни пловидби. Но, како што веќе рековме на почетокот на оваа глава, Христофор Колумбо уште во 1500 година веќе беше еден свршен човек во Шпанија, а во годините на неговата последна пловидба и потоа, а посебно во 1506 година, годината на неговата смрт – речиси заборавен 241. Во истото време растеше славата на Америго Веспучи, истиот оној Веспучи, кој, како што веќе кажавме, заедно со Хуан де ла Коса и Пизаро пловеше со Алонсо де Охеда на неговата експедиција кон Индија, но овој не му обрна внимание, беше многу тивок и незабележлив. Имено, додека сите сè уште се заблудуваа, заслепени од илузијата, дека Индија е откриена откај запад, единствено Веспучи ја намириса вистината: тоа не е Индија, тоа е еден нов свет, Mundus novus, друг континент. И по неговото име тој Нов свет, тој континент, беше крстен Америка 242. При едно од своите патувања, враќајќи се, не веќе од Индија, како што дотогаш се велеше, туку од Новиот свет, од Mundus Novus во Шпанија – беше декември 1507 година – на Бартоломеј Лас – Касас, тогаш веќе епископ, му падна в раце една од оние карти, на кои новооткриената земја беше означена со името „Америка“. Изненаден, не, туку вџашен, тој запраша: „Зошто Америка?“ Му одговорија: „Затоа што ја отри Америго“. Тоа предизвика гнев кај епископот, бидејќи, ако некој навистина знаеше како стојат работите, тоа беше имено тој. Тој лично патуваше со Колумбо при неговото второ патешествие, и не само тоа, туку ги познаваше во најситни подробности сите негови четири пловидби, quator Navigationes, значи можеше да посведочи, дека Колумбо е првиот, кој ги раствори портите на оној океан, кој бил затворен толку столетија, дека тој е токму оној, кој ја прошири земната орбита, amplificatory orbis terrarium. Па како така Веспучи се осмелува да си присвојува или како смеат другите да му ја припишуваат славата на пронаоѓач на тој Нов свет? Но, така е тоа, си помисли, откако малку размисли, општеството ги наградува почесто привидните достоинства, отколку вистинските. Во 1506 година Колумбо умре и тогаш неговото име беше речиси сосема заборавено. Но смртта можеше да му го грабне само животот, а не 504


веќе победата, оти неговото дело беше завршено, а по ваков надчовечки подвиг личната судбина е најмалку важна.

25 Ако младич на својот татко му укаже чест Овој секогаш ќе го пречека со некоја добра вест. Гете, „Фауст“ Кога ја дозна запрепастувачката вест, дека Mundus Novus е именуван не според неговиот пронаоѓач Колумбо, туку според узурпаторот Америго Веспучи, Бартоломеј Лас – Касас пловеше кон Севиља, каде што беше сместен кралскиот двор по оној принуден долг претстој во Барселона предизвикан од несреќниот обид за атентат, за кој говоревме на самиот почеток од овој дел на книгата. Пред да тргне на ова патување, тој долго и самопрегорно работеше во Санто Доминго и на сите им даде на знаење, дека треба да се смета на него, како на човек, кој никогаш нема да се откаже од својата мисија. Во почетокот мислеше, дека е во борба со целото општество, en guerre avec toute la societe, што би рекле Французите. Но, кога го доби охрабрувачкото писмо на кардиналот Фонсека, разбра, дека ја има поддршката на еден од највлијателните луѓе во Обединетото кралство, можеби на најдоверливиот човек на вивните височества. – „Тоа значи, дека бог бара од мене дела – си мислеше – Кога е така, никогаш нема да се откажам од борбата, во која го гледам својот животен позив“. На Индијанците им предаваше веронаука, пишуваше протести против ропството, составуваше учебници на јазикот на доморотците што многи бргу сосема добро го научи и меѓу своите ученици постојано бараше „апостоли“, кои меѓу својот народ ќе го проповедаат Христовото учење. Имаше многу непријатели, меѓу кои најгласни беа Хуан Гинес де Сапулведа и другите од одборот на Седуммината, со кого некогаш претседателствуваше. На сите нив им одговори во познатиот Архимедов стил: “Noli turbare circulos meos!“ 243. Работеше деноноќно. Не се грижеше за тоа, дали неговата работа ќе биде прифатена, знаеше дека луѓето се како книгите, понекогаш ги оценуваат премногу доцна. Работеше и докажа, дека 505


и Индијанците се луѓе како и Европејците, дека и тие можат да бидат добри христијани и дека не е потребно насилство за да го заборават своето паганство и да й се приклучат на вистинската вера. Мирна колонизација и евангелизација на доморотците во Новиот свет, тоа беше неговата цел, што требаше да ја постигне со божја помош. Прекумерната работа и долгите пости (откако влезе под покривот на црквата, тој покорно го даваше сето она, што таа го бараше) го истоштуваа неговото тело и неговиот дух, но тој не се жалеше, се сеќаваше на зборовите на татко му, дека задоволството не е за луѓето како нив двајцата, дека само гробот ќе ги ослободи од тешката ноќ. Тој просто требаше да го даде она, кое беше должен да го даде, така мислеше. Сакаше да се допре до самата суштина на работите и разбра, дека тоа може да се оствари само ако се труди со сите свои сили, само ако работи така, како да ќе живее сто години, labora quasi centum annos victurus sis. Најпосле, тој можеби нема да изврши големи дела, но барем ќе умре со силна желба да ги изврши 244; можеби нема да ги спаси Индијанците од пропаст, но тој веќе го дигнал својот глас за нивна заштита и со самото тоа го допрел вечното, а вечното е посилно од земното, бидејќи бог е повелик од човекот. Често одеше на гробот на својот драг учител Овандо и мислено разговараше со него, му се чинеше, дека на тој начин му се враќаат потрошените сили. Кога стигна во Севиља, тој веднаш отиде во татковиот дом. Стариот татко спеше во својата стара фотеља, а книгата му беше испаднала од рацете. Ја подигна: тоа беше „De rerum nature“ 245, една од неговите најомилени книги. Седна спроти него и долго и со љубов го гледаше неговото полно со старечки бори, не сè уште убаво лице. Се доближи до библиотеката, која го зафаќаше целиот ѕид. Сите беа тука: Хомер, Вергилиј, Овидиј, Плутарх, Полибиј, Платон, Данте, Марк Аврелиј со „Кон себе си“, дури и Боециј со неговата „Утеха на филозофијата“, која, уште кога беше сосема мал беше толку стара, што мораше со најголемо внимание да ги врти страниците, за тие да не му се распаднат меѓу прстите, Сè беше исто, некои книги дури беа пресвиени на истите места каде што некогаш ги пресвил; имаше само неколку нови прекрасни книги in folio 246 – но каде ли татко му ги нашол, па тие чинат цело богатство! Ги вадеше една по една и ги листаше, ги вртеше од сите страни и ги галеше. Колку горд и возвишен се чувствуваше додека ги читаше во детските години, каков небесен мирис вдишуваше покрај нив! Тогаш сè во нив за него беше таинствено, свежо и толку убаво! Неподвижно се ѕвереше 506


во редовите и усните му се сушеа и здивит му застануваше и за ништо на светот не би се помрднал од своето место. Се сети, дека „De civitate dei“ 247 два пати ја зачитуваше, но кога ќе дојдеше до педесеттата страница сè така ќе се случеше нешто и тој ќе ја оставеше книгата недочитана. Но „Утехата на филозофијата“ ја прочита дури четири пати, во еден здив. А Вергилиј го читаше разнежен, капејќи се во солзи, легнат на тревата во најскришниот дел од градината, за да не го види мајка му, која пак од своја страна толку многу ги мразеше книгите. Кога беше млад, читаше за романи полни со чувства, прекрасни авантури, страсти, бурни и романтични љубови, и си велеше: „Кога ќе пораснам и јас сето тоа ќе го имам“. Ах, наивко! Се сети, дека имаше една мала масичка во чија фиока ги ставаше книгите кои најмногу му се допаѓаа, меѓу нив и еден примерок на Данте со чудни слики гравирани на дрво – тука беше, зад големиот шкаф. Одеднаш, сосема необјасниво, се почувствува неискажано среќен што се вратил дома, што се присетил, па повторно се капе во музиката на својот детски свет. Го гледаше добро познатиот предел на неговите детски радости и се топеше од милина. Така веројатно се чувствува птица, која им се вратила на полињата каде се излегнала и каде припаѓа. Си мислеше за одамна одминатите години, за тие најубави години, за првите надежи, стремежи и желби, за сето она, за кое биеше неговото срце и попрекрасно од кое сепак не запозна во животот. Толку му се виде познато и блиско неговото детство, што му се причини, дека, само ако посака, ќе може да го продолжи животот таму, каде што го прекинал пред десетина години, дека е потребно само да се заврти околу себе и ќе ја најде онаа невидлива, неразбирлива нишка, онаа точка каде е прекината нитката на поранешниот живот. Но еден суров глас во него го опомена, дека не можат да се вратат и да продолжат одминатите години, дека нишката, како некоја затегната жица одскокнала негде далеку и веќе никогаш нема да ја најде. И тага му го налегна срцето. Ах, ти, златно, незаборавно и неповторливо време! Татко му се разбуди во својата фотеља. Очите му беа слаби и во почетокот не разбра што се случува. - Кој е во собата? – запраша. Тој падна во неговите нозе. - Mon pere! 248 – рече со солзи на очите – Јас сум, твојот син, Бартоломеј... - Mon fils…249 – прошепоти господинот Педро де Лас – Касас и долго не можеше да дојде на себе од ненадејната среќа што го гледа пред себе својот син. 507


Зазборуваа на француски, тоа беше првиот странски јазик на кој татко му го научи. - Стани и дојди поблиску за да те видам, очите многу ми ослабнаа – му рече таткото на синот, кој продолжуваше да клечи пред неговите нозе. - Остави ме уште малку вака. Дури и цел живот да лежам во твоите нозе, татко, нема да ти се отплатам! Ти ми ја даде дарбата на словото и духот што сега го имам, ти ме направи она што сум. Се прегрнаа, се избација, па долго се гледаа во очите. - Ги добивам твоите писма – рече старецот – Само едно не добив. После разбрав, дека бура го зафатила бродот кај Канарските острови – тој потонал, а екипажот, слава му на бога, се качил во чамци и се спасил. А ти моите ги добиваш ли? - Добив само две. Вистинско чудр е на Еспањола да се добие писмо кога го нема адмиралот. Но јас знам што би можел да ми напишеш, татко. - Мислев дека ќе станеш кардинал или професор на универзитетот во Саламанка, а ти стана многу повеќе од тоа: заштитник на кутрите Индијанци. Долго ќе се памети твоето име, нема темна ноќ да го покрие твоето дело. Како ти оди работата? - Го имам задоволството да го работам она, што ми лежи на срцето. Но премногу работам бидејќи сум сам и тоа ме истоштува. Имаше еден многу мил старец, Овандо, единствено тој ме поддржуваше; но умре и сега сум сам. А и тешко ме прифаќаат моите сонародници во Санто Доминго. Кога после толку труд и лишување најпосле ќе го видам задоволувањето на своите желби, кога на тие деца на природата ќе почне да се гледа како на вистински луѓе? Но, не се жалам на судбината. - Немој да се жалиш на судбината, кога е таква работата – рече старецот – Огромно уживање е, да се чувствуваме скршени од она, што го сакаме. Никогаш немој да се жалиш на својата работа, колу и да е тешка, најпосле работата сè победува, labor omnia vincit. И не грижи се за тоа, што си сам. Во осаменоста човек станува голем, благороден и чист, само во неа се можни пристојноста, чесноста, вистинитоста и радостите на духот; општествениот живот создава од нас брбливци, лажливци, будали и несреќници. Јас одсекогаш претпочитав да се затворам во својата работна соба, од купиштата книги да издигнам ѕид меѓу себе и шумот на светот, а сега, кога ме налегна староста, не мислам на ништо друго, освен наполно да го напуштам сето она што ме врзува за светскиот живот и да ги отфрлам од себе сите светски суети. Познатите мажи на дадена епоха се принудени да живеат повлечено; тие пеат и ја одушевуваат природата како хорски птици, 508


но остануваат скриени за човечките очи. Не плаши се да живееш сам, сине, далеку од човечкото стадо, со тоа ништо нема да загубиш, најголемите настани не се нашите најгласни, туку нашите најтивки часови. Не барај помош од своите сонародници, тие се луѓе со груби интереси, кои само ќе те истргнуваат од градините на Армида, за да те турнат во некакво свое блато. Ти можеш да постигнеш многу во животот само ако се ослободиш од надворешниот свет и најдеш тежиште во самиот себе. – „Vade retro, Satanas! 250 – така речи й на реалноста, која е несакана должност, мрак, она, што се знае однапред. Само духот е светлина, ден, движење, живост, среќа. Има ли нешто посвирепо од обврската да живееме со глупавата реалност, ние, луѓето со дух? Да, таква е нашата реалност, никаква, perdidit antiquum litera primo sonum 251. Потони длабоко во себе и не излегувај од таму, драго мое дете, само така ќе дојдеш до она „imprimatur“ 252, само на тој начин вековите нема да ја затемнат вредноста на твоето дело 253. - Ти благодарам за поуките, татко, ќе ги послушам. Те убедувам, и јас исто како тебе не мислам на ништо друго, освен да го напуштам светскиот живот и со самопрегорна работа и строго морално однесување да ги поправам грешките во кои ме одведе пламенот на мојата заслепена младост – знаеш ли дека во почетокот и јас гледав на Индијанците како на недостојни човечки суштества? Туку... се сеќаваш ли на оној ден – јас тогаш имав четири години – кога за прв пат ме седна на своето колено и ми ја раскажа приказната за Тројанската војна? Беше пролет, од надвор доаѓаше песната на птиците, а јас замислував силни војски, бронзени шлемови и штитови кои заслепувачки блескаат на сонцето, силни раце кои стискаат мечеви. И двајцата бевме многу среќни – се сеќаваш ли на тој ден? - Не се сеќавам на него. Моето паметење некогаш галопира, а потоа, пак, му се потребни добри два дена за да помине одредена точка. Но се сеќавам на многу други денови поминати со тебе. Така разговараа таткото и синот. Бартоломеј остана два месеца во Севиља. За тоа време неколку пати отиде во кралскиот двор за да се сретне со кардиналот Фонсека, всушност на негово инсистирање тој го преплови Морето – океан и дојде во татковината. Враќајќи се од една таква средба, на улиците на Севиља го виде Алонсо де Охеда, опкружен од цела толпа благородници, воени старешини, трговци, хроничари и географи, меѓу нив и Хуан де ла Коса. - Што правите во Севиља, рицару? – го запраша.

509


А овој одговори дека дошол да собира нова експедиција, дека сакал да ги открие сите тајни, што во своите длабочини сè уште ги чува Морето – океан.

26 Од зима, дожд и снег – повеќе ја сакам зората. Иго Но што се случи со Охриѓанецот по страшната трагедија што го снајде? Откако ја закопа Леонора, тој се врати во Санто Доминго и се затвори во својата колиба. Одеднаш сè му беше празно и ужас го фаќаше, срцето му беше темно. Тишината која настана по заминувањето на саканата од неговиот живот беше страшна, ледена. Тој се надеваше, очекуваше, скиташе по светот, се бореше, и кога помисли, дека најпосле птицата му слетала на рамото, одеднаш сè заврши, како пресечено со меч. Остана само мислата, дека сето тоа било залудно, дека напорите биле бескорисни, дека со смртта на саканата изчезнале надежите и не останало ништо. Животот му се причини како засекогаш изживеан сон. Се трудеше да најде некакво објаснување за сето тоа. Така стана, си мислеше, зошто таква била божјата воља, а бог секогаш има право, дури привидно да врши неправда. Таму, каде заповеда таа висока воља, ние треба да се потчинуваме. Тој е горе, нè гледа сите нас и единствен знае што прави среде своите ѕвезди. На едни дава несреќа, на други среќа – така тој ги распоредува благата. Не е должен да одговара пред луѓето за своите постапки. Кој може да ги знае патиштата Господови? Но зошто на едни среќа, а на други несреќа? Зошто токму нему му ја даде најголемата несреќа? – „Да, бог мене... не ме сака“ – си мислеше и толку силно ги стискаше тупаниците, што долго потоа не можеше да ги раствори. И пак бараше оправдување – за некакво чудо, преголемата тага и жалост го тераа за сите лошотии што му се случуваа да бара оправдување. – „Ако јас сега ги жнеам плодовите на своите лоши дела, тогаш нема на што да се жалам. Ги претпочитав пијанките и курвите пред нејзината длабока и 510


света љубов и затоа сега сум казнет, затоа мојот живот стана бесмислен“. Но веднаш нешто во него ќе почнеше да се бунтува: „Но не е ли преголема казната? Само што ја засакав со целото свое суштество – а веќе ја загубив!“ Се обидуваше да ја пресече жалоста во себе со некоја ситна филозовска мисла, како што знаеме, тој одсекогаш беше помалку филозоф: „Човечкиот род – си велеше – од лулката па сè до гробот се залажува со лаги и илузии што ги смета за вистински, па затоа целиот негов живот е само еден празен сон“. Но тоа слабо го утешуваше. Напротив, среде огромната болка и жалост за Леонора, чувството на немоќ, празнина и несреќа растеше сè повеќе во неговата душа. Таа жалост го облеваше, го совладуваше и му беше сè потешка, така да во неговото срце немаше место за ништо друго. Мислеше само за неа и живееше само со неа, неосетлив спрема сè друго, затворен во себе, во некој полусон, несвесен за светот околу него. Не гледаше ништо друго освен нејзината усмивка, која никогаш повеќе нема да го стопли, за него во целиот свет не суштествуваше ништо друго освен саканото лице, кое никогаш повеќе нема да го види. Сакаше да заплаче, а – не можеше, не умееше, туку само трепереше, тешко дишејќи од болка. Понекогаш толку беше занесен, што не одговараше на поставените прашања на луѓето околу него. Рикардо и Франциско кои и самите беа во преголема жалост по својата сакана братучеда, почнаа да се плашат болката да не го изеде, како што р`ѓата го јаде железото. - Треба – велеше Рикардо – некој силен настан да го потресе, како што бурата го потресува дрвото, инаку сосема ќе пропадне. Бартоломеј Лас – Касас кој во тие денови на тага често навраќаше, вака ги советуваше: - Одведете го на гробот на девојката. Таму болката во почетокот уште повеќе ќе го стегне, но тоа и ќе го излекува. Големата бура најпосле одминува и настанува затишје. Така и се случи. Го одведоа на гробот на Леонора во Западните планини. Таму го зафати грчевит плач, кој долго траеше. Совладан од тој плач, од жалоста и несоницата, тој потоа падна во длабок сон. А кога се разбуди, се виде, дека солзите му ја олесниле душата, бидејќи гледаше поведро и посвежо. Заклучи, дека нема смисла повеќе да се измачува со тешки мисли и да се оддава на залудни страдања, дека не треба да се затвори книгата на животот, пред да се дојде до последната страница. Се оттргна од своето болно мртвило. Тој е уште млад, но наближува времето кога ќе започне да вене и да паѓа и тој не смее да ги троши залудно деновите – ете на каде, за негова среќа, го одведоа мислите. 511


Со извесно интересирање почна да се распрашува за побунетите Индијанци од земјата Сибао, за пловидбите на адмиралот, сакаше да ги дознае вестите кои доаѓаа од Обединетото кралство. Почна да другарува со својот спасител Маргарит. Полека тој почна да врзува крај со крај. Така е тоа. Човек со време навикнува на сè и со сè се помирува. Времето не стои, тоа постојано се движи, а со него и сваќањата, погледите и интересите. Нека мирно спие оној кој почива во гробот, нека му се радува на животот оној кој живее. Секој тежнее кон поубавата страна на животот, така е со сите живи суштества на земјата. Дрвото го посакува она место, кое му дава доволно простор да може да ги прими сите дејства на светлината, и сонцето, и дождот, и ветрот од сите страни. Така е и со човекот. Силен е зборот на животот, гласот на животот е сличен на крикот на млада мечка, така тоа се вели. И тој му се врати на животот. По сите свои паѓања тој успеваше да стане и да продолжи да оди, знаеше да исплива на површината, над бездната и да се спаси од мракот. Но, човек живее вистински само кога дејствува, кога зад себе остава дела. Тој сакаше да дознае, дали големата несреќа што му се случи му ја одзеде онаа возвишена енергија, со која се создаваат извонредни дела. За да го дознае тоа, требаша да й се препушти на стихијата, да биде како кораб, понесен од брзата река на животот. Посака да патува. ~~~ Отплови во Шпанија. Двата негови брода со кои дојде од пристаништето Санта Марија се беа вратиле, па тој се качи на првиот кораб кој тргнуваше. Со него дојдоа Хуан де ла Коса и сватовите Родриго и Франциско. Картографот се надеваше на нова експедиција по сè уште непознатите мориња, на која требаше да ја надополни збирката на своите карти, да го даде својот придонес кон географскиот опис на светот, imago Mundi 254. Рикардо, пак, по смртта на својата братучеда поради која всушност и дојде на овој остров, веќе немаше што да прави овде, а Франциско, откако увиде, дека романтичниот Mundus Novus и не е баш толку романтичен и дека доморотките, колку и да се примамливи, онака, како од мајка родени, сепак не се по неговиот вкус, реши, дека за него ќе биде подобро да си се врати во старата, добра Европа. 512


Алонсо, значи, се симна во Севиља. Остана во тој град, бидејќи во него беше кралскиот двор – сите, и луѓето, и растенијата, и животните се насочуваат кој светлината, нели? Меѓутоа, за разлика од досега го фати „магарешки инает“, па, иако му беше дадено на знаење дека кралевите со задоволство би го виделе, овој пат не бараше прием кај нив, ниту пак се трудеше да ја задобие нивната милост. Сè уште му тежеше впечатокот од смртта на Леонора, а освен тоа... боже мој, сето тоа беше одмината, изживеана работа, најпосле што имаше тој толку да трча по кралевите како рак на брзак, што би рекле неговите Охриѓани! Но овој пат Фердинанд и Изабела се однесоа како оние нимфи од грчката митологија кои бегаат кога Пан ги гони, а трчаат по него кога си оди. Кога, имено дознаа, дека е во Севиља, тие одеднаш се сетија кој беше Алонсо де Охеда, се сетија на неговата слава, на неговите заслуги при завземањето на Малага, на Алмерија и Баса и воопшто при целата Гранадска војна во која немаше поголем јунак од него, па почнаа да се натпеваруваат кој прв ќе му испрати најљубезна покана да дојде во кралскиот дворец. - Еве го најпосле мојот црн Балканец! – викна Фердинанд, кога овој дојде по цела седмица задоцнување и клекна на колена, како што беше редот, и, заборавајќи на сите вообичаени церемонии се стрча кон него и речиси со сила го крена од земјата и го притисна на градите – Ама каде си несреќнику? Јас го чекам да ми дојде како дожд среде летна суша, а тој скита по светот – велат, дека за мојата круна пронашол некакви острови и други брегови таму долу во јужните мориња. А само ако допаднеше од негде, веднаш ќе ти тутнев в раце кенетабалска палка, ќе ти дадев убава војска и ќе те испратев во Италија за да им ги истегнеш ушите на оние Французинчиња, кои се перчат во своите сребрени оклопи. Или пак повеќе ќе сакаше да ти дадам војска да си ја ослободиш татковината од Османлиите, а? Сакаш ли сега да тргнеш кон Балканот? Со десет илјади змејови кои ќе спепелат сè таму каде што ќе одлетаат, а? Само посакај и ќе тргнеш, ти велам! Та ти си мојот драг херој, ти ги истера Маврите од моето кралство, ти им ја зеде Гранада на Нешридите, а кој друг? Ти и мојот брат Мединасели, лесна му земја... – кралот ја наведна главата и тешко, тешко се замисли: - Ах, Мединасели, Мединасели... – Во последно време, барем така се зборуваше, тој поради нешто често го менуваше расположението, од радост поминуваше во депресија и обратно. За Алонсо, се разбира, согласноста на кралот да му ги исполни сите желби не беше мала работа, но, како што рековме, сè што беше одминато во неговиот живот беше навистина одминато и изживеано, вклучувајќи ја и 513


неговата, некогаш толку голема желба да го ослободи својот народ од ропство и да почне да кралствува со него. Тој промрморе нешто во врска со тоа, дека не сака да ја злоупотребува милоста на неговото височество и нема да бара ништо, освен, можеби, неколку корабчиња со кои пак би тргнал по морињата во потрага по нови брегови, бидејќи сака да биде тој, кој го проширува светот, amplificatory mundi. Едвај го дочека крајот на аудиенцијата најмногу поради тоа, што не му се допадна физиономијата на шепкачот кој стоеше зад левото рамо на кралот. (Убавиот и многу пријатен дон Матиас, имено во меѓувреме му ја беше предал душата на Господ – велат, капејќи се во својата златна бања по еден обилен учек). Само што се прибра откај кралот, а во конакот во кој беше одседнал дојде да го бара џуџето Хиеронимус. Дојде и му рече: - Ајде по мене, рицару. - Каде, благороден господине Хиеронимус? – го запраша потсмешливо иако многу добро знаеше каде има намера да го одведе џуџето и ја побара да ја облече најубавата хермелинска наметка што ја беше понел со себе; но не беше најсреќен, бидејќи по синоќешната пијанка со некакви осиромашени, но достојни за почит благородници што случајно ги запозна му се спиеше и со најголемо задоволство би го преспал целиот тој ден. - Дојдете, дојдете! – повтори џуџето овој пат со глас, кој не трпи приговор – И знајте, дека одсега па натаму вашата судбина е во ваши раце; по ваша желба можете да се најдете на небесните височини, или да се стрмоглавите во калната бездна. Алонсо се сеќаваше на тие зборови: џуџето му ги кажа во кралската резиденција во Кордоба, кога за прв пат го водеше во тајниот дворец на кралицата. Џуџето истите зборови му ги кажа и на убавиот Сантанхеа, а веројатно им ги кажуваше и на сите другу љубовници на кралицата, ако имаше такви. Потоа џуџето му шепна на увото, откако претходно му даде знак да се наведне кон него: „Сантанхел е пак во немилост кај кралицата, искористете ги своите пет минути!“ Џуџето и оние двајца важни алгвазили кои не се делеа од него го одведоа Алонсо во еден исто таков таен дворец, како оној во Кордоба. Ја помина таму ноќта со кралицата, но веќе не се врати, иако му беше дадено да разбере, дека вратата секогаш му е отворена. Некако така му дојде. Дури и љубовните состаноци со најмоќната кралица во Европа веќе беа одмината работа, освен тоа наоѓаше, дека Леонора, лесна й земја беше барем три пати поубава. Не, верен на својот загадочен карактер, тој веќе не ја посакуваше Изабела; повеќе сакаше да сретне по време на лов или прошетка во природа 514


некоја убава и свежа селанка која трча низ шумата; а кога само ќе се сетеше на убавиците во Гранада, каде што личеше на султан од некоја источна приказна!.. Но, затоа пак, беше многу среќен кога се виде со Сантанфел. Убавото конте под чија прекрасно извезена наметка се наѕираше исклучително убав и богат костум од кадифе и свила, сошиен по кастилсаката мода од 1504 година го фати под рака и го поведе во својот дворец – освен војничка храброст тој имаше во себе и дух на многу вешт дворјанин и знаеше како да добие дворец речиси во секој поголем град во Кастилија. Притоа викна и други благородници и направи гозба, достојна да биде опишана од најголемиот летописец. За да биде впечатокот полн и надвор беше прекрасно: убавиот и голем град Севиља, имено деновите славеше некаков свој празник и насекаде се гледаа огномети и се слушаше величествениот ѕвон на старите, вековно камбани. Дојдоа, значи, на гозбата кај Сантанхел главниот економ и главниот ковчежник на кралството Кастилија бароните Кинтинаља и Гутиерес де Карденес, дојдоа и Габриел Санчез, ковчежникот на арагонското кралство и дон Руи Гомес де Силва, кој, меѓутоа веќе не важеше за најсилен рицар во Обединетото кралство бидејќи ја изгуби силата да свиткува железна потковица со една рака и кој, барем така велеа, сè уште не можел да го прежали срамниот пораз на својата лесна коњаница под ѕидините на Гранада на 19 декември 1491 година; го доведоа дури и стариот Хуан де Кабрера, умниот Нестор во шпанската војска, кои имаше речиси сто години и кој не можеше веќе ниту да оди, ниту да гледа, но сè уште убаво слушаше и го дигаше бастунот и заканувачки мавташе со него, ако се обидеа да му противречат; и уште десетина други, сите големи благородници и славни генерали, стари служители на сабјата, servientes spathae. Та така, се расположија, се потсетија на старите времиња и испеаја по некоја песна од младите години. Но тоа не им беше доволно, па, откако го однесоа в кревет стариот Кабрера кој заспа на својата фотеља, се испијанија, се распалија и на крајот почнаа да се маваат со тупаници по рамењата, по градите, по лицата, сегде каде што ќе стигнеа. Се тепаа старите војни другари без омраза, весело, поради преголемата сила што ја чувствуваа во себе. Кога сето тоа најпосле заврши и кога сите беа толку пијани, што ни инињата веќе не си ги знаеја, домаќинот приреди изненадување, кое предизвика неискажано одушевување. Тоа беше врвот на вечерта. На негов знак во салата беа внесени дваесет големи персиски теписи, а кога ги одвиткаа, од нив весело 515


искокнаа дваесет сосема голи прекрасни Клеопатри 255: ќе сакаат ли драгите гости за крај да се послужат со ваков вид десерт? Такви гозби имаше уште многу – речиси секој ден во текот на еден месец. Но потоа кралскиот двор кој никако не се откажуваше од своето чергарење ја напушти Севиља, а со него и Сантанхел и сите други дворјани и Алонсо остана сам. Но тој не мораше да се чуди што сега да работи. Во пристаништето веќе го чекаа три опремени кораби со 130 луѓе екипаж, што, исто како и при првата експедиција му ги обезбеди Хуан Родригез де Фонсека, а Фердинанд од сè срце ги даде. Та, кога веќе немаше што да прави во Севиља бидејќи другарите му заминаа, ја бакна својата Галичка Богородица и заплови на запад. Со него тргна, се разбира и Хуан де ла Коса. Беше почетокот на март 1508 година. Дојде до Новиот свет и акостира на местото наречено Санта Круз. Тука по негова наредба беше основана колонија, која, меѓутоа, скоро веднаш беше ликвидирана бидејќи со тоа беше нарушена папската була, која го разделуваше светот помеѓи Португалија и Шпанија. Тоа беше голем престап и по враќањето во Шпанија беше осуден од судот да плати голема парична казна. Но, тој беше во голема милост кај кралевите, така што при обжалувањето на пресудата беше оправдан. Наредната година замина за Еспањола. Таму веќе го немаше адмиралот и тој не можеше да прави сè што ќе посака. Без да влезе во Санто Дминго побара дозвола за основање на колонија на материкот помеѓу Кабо де Вела и заливот Ураба. Откако ја доби дозволата се врати во Шпанија и ја организира својата трета и последна експедиција. Беше крајот на 1509 година. Овој пат тргна со четири кораба и 300 морнари и војници. Со него пак беше Хуан де ла Коса, а исто така и оној таинствен Франциско Пизаро, кој учествуваше и во неговата прва експедиција. Со флотата отплови од Еспањола за да влезе во владение како гувернер на Нова Андалузија – територија помеѓу заливот Ураба и полуостровот Гоахира. Акостира близу до местото, на кое потоа ќе се најде градот Картагена. Се симна на брегот со седумдесет луѓе, но веднаш беше нападнат од воинствени Индијанци. Од борбата излегоа живи само тој и уште еден војник, сите други 69 – мина, меѓу кои и Хуан де ла Коса – загинаа. Тоа беше страшен пораз, еден од оние, за кои се вели, дека не останал ни еден човек кој ќе ја однесе веста за несреќата. Па сепак Алонсо доби помош од Еспањола и во 1510 година ја основа колонијата Сан Себастијан. Во новосоздадената колонија недостасуваа храна и оружје и среде Шпанците започна метеж. Алонсо успеа 516


да ја одржи дисциплината, но цената беше голема: на еден дворјанин му беше отсечена главата, десетина обични војници и морнари беа обесени и уште десетина други беа казнети со камшикување и жигосување со нажежено железо. Потоа се заврте против Индијанците, на кои не можеше да им прости за смртта на Хуан де ла Коса и на другите свои 69 сопатници. Се стави на чело на еден одред војници и ги нападна и испосече, а преживеаните ги зеде за робови. Дел од робовите и златото заграбено од Индијанците го испрати во Еспањола, за да добие помош, а и затоа што со носталгија си помислуваше за Санто Доминго, каде со години се немаше вретено. Во Сан Себастијан, меѓутоа, пристигна само еден кораб, за кој се испостави дека е пиратски. Отакако ги замени своите богатства за храна, Алонсо му ја предаде командата на колонијата на Франциско Пизаро и со пиратите отплови кон Еспањола. Плашејќи се од бесење, пиратите го напуштија коработ и се префрлија на Јамајка, а Алонсо истоштен, гладен, без оружје и без ниту еден маравед во џебот, се симна на островот. Отиде во Санто Доминго.

27 Господарот Жан Бали веќе ги загуби своите епархии и сили. На господин де Верден не му остана ни еден од имотите мили. Стара пиеса Се загледа тој околу себе: во Санто Доминго сè беше ново. Адмиралот Колумбо веќе одамна го немаше, но и од старите доселеници, со исклучок на Маргарит немаше ниту еден, некои беа загинале во борбите со побунетите доморотци од Сибао, некои ги беше покосила треската, некои беа отишле да бараат злато и скапоцени камења во внатрешноста на островот и таму им се беа загубиле трагите, а најголемиот дел на можеа да го издржат тешкиот живот во колонијата и се беа вратиле во татковината. Сега имаше некакви голобради момчиња кои дошле примамени од фантастичните приказните за убавите и богати острови, полни со најслатки плодови, 517


папагали и голи доморотки. Но и самото место беше многу изменето. Тоа веќе не беше селце од педесетина колиби, туку вистинско гратче си улици, со големи дрвени или камени куќи, слични на посиромашните живеалишта во Кастилија. Посебно се истакнуваа црквата и големиот францискански манастир, обграден од сите страни со високи ѕидишта. Само плоштадот беше ист, на него сè така си стоеја едно до едно големиот дрвен крст и срамниот столб на кој беа врзувани непослушните Индијанци – тој, ете, си остана и покрај сето залагање на Бартоломеј Лас – Касас. Во Санто Доминго го дочекаа како херој, бидејќи неговата слава меѓу новите доселеници на колонијата беше стигнала уште пред него. Учените ги величаа неговите поморски откритија, тој за нив беше еден од најголемите морепловци на своето време, можеби втор по адмиралот Колумбо, сега лесна му земја. Но за обичните морнари и војници и нивните сопруги, сестри и пријателки што ги беа довеле со себе, тоа и не беше толку важно, а друго нешто. Тие знаеја во подробности како тој под Баса трчал по штитовите на своите војници, за потоа да скокне меѓу непријателите во градот и да ги распрска како орел пилиња, како ја завзел Алмерија, така што камен на камен не оставил, го искоренил од таму името маварско, како ги преполовил со својот меч емирите под Малага и под Гранада и уште ред други такви работи. Знаеја дури и за неговиот последен подвиг во замокот на Западните планини, како сам сосекол триесетина – четириесет војници на господарот со црвената маска и веројатно на сите до еден ќе им ги смрсел конците, ако не фрлиле врз него мрежа во која се сплеткал. Освен тоа, од Севиља дојдоа некакви незадоволни и отфрлени од кралевите ситни дворјани кои почнаа да предат неверојатни приказни за тоа, како Фердинанд го преколнувал, дури и на колена го молел Алонсо да ја превземе врховната команда на неговите војски во Италија, и не само тоа, туку му го нудел половината од кралството ако се согласи, но овој одбил и си отишол, а кралот горки солзи ронел по него... И сè такви работи. И така, сите беа одушевени од големиот јунак и до небо го славеа, а посебно жените, кои, како што е познато, лесно паѓаат на такви приказни, па на овега често преку ноќта му се пикаа во креветот убави Шпанки кои избегале од своите сопрузи или браќа за одблиску да го видат великиот маж. Управникот на колонијата го направи свој најдоверлив човек, му даде воена и судска власт, му обезбеди слуги, пажеви и коњушари, му ја дадоа исто така втората по големина и по убавина куќа во колонијата, за него беа најубавите вина, најсвежите риби. И не само тоа, туку, набргу беше избран за гувернер на 518


Кокибакао и на Колумбија – таква беше вољата на неговото височество Фердинанд Арагонски, кој сè повеќе го засакуваше својот „црн Балканец“. Но по кратко време сето тоа на Алонсо му стана неинтересно и бесмислено и не само тоа, туку тој почна да страда, бидејќи во него нешто се прекрши; но овој пат вистински се прекрши, за никогаш повеќе да не се состави. Мислеше дека е излекуван, но болеста во него, ете, продолжила да тлее. Дури ни тој не можеше да го поднесе ударот што му го нанесе смртта на Леонора. Еден ден се разбуди со сознанието, дека наполнил 43 години; беше 1513 година. Со страв се запраша: „Зарем сум веќе на 43 години? Како така бргу одминаа годините?“ Навидум реагираше како секој, кој се убедил во минливоста на животот, но кај него тоа беше многу подлабоко и поболно, како да дошол до некоја граница, преку која веќе не се може. Се запраша што направил досега. Констатира, дека освен моменталните задоволства од битките, банчувањата со другарите и жените што ги наоѓаше во својот кревет по таквите банчувања, немаше ништо друго, ништо значајно и вредно, никакви големи дела. Ниту ја ослободи татковината од ропство, ниту оствари големи љубови како оние, за кои некогаш читаше во романите, најголема од кои секако требаше да биде љубовта со прекрасната, сега веќе покојна Леонора – ништо, ништо, ништо! Не дека немал прилики, ги имал, и желбата да ги искористи била голема, но само што ќе се појавеле, а веќе се гаснеле, штом караванот ќе стасал до некоја оаза, а неа ја снемувало. Во Гранадската војна се докажа како спосебен војсководач, но таа заврши; ја сретна најдостојната од сите високи дами во кралството, но не му беше дадено да ја засака, а кога најпосле тоа се случи (но дали тоа беше навистина така или беше само уште една негова илузија, тој тоа никогаш не го дозна), веќе требаше да ја испрати во гробот. И други работи имаше. Последниот пат во Севиља Фердинанд му понуди војска да ја ослободи татковината, но таа голема идеја што ја носеше како нешто најголемо и најсвето уште од својата прва младост, за него веќе беше – изживеана. Итн. Та така тоа испадна. А сè требаше да биде поинаку. Си мислеше колку е различно сето тоа од животот што го сакаше за себе и колку чудно, ситничаво и неинтересно е сè тука во Санто Доминго. Во него се раѓаше бунт против бесмисленоста на животот, како всушност толку пати досега. Но овој пат немаше враќање назад. Размислуваше околу тоа, како лошо управувал со целиот свој живот, како воопшто не бил вешт во животните работи. Го обземаше горчливо и понижувачко незадоволство давајќи си задоцнета сметка, дека бил толку 519


глупав да ги остави годините да изминат без да ги изживее вистински. Како можело да се случи така, да не му падне ниту една единствена светла мисла која ќе му помогнела убаво да се среди? Што требаше да направи тој, кон што требаше да се насочи? Тој тоа не го знаеше. Тој ни сега не знаеше што сака во животот и што треба да стори. Тој и порано јасно ја увидуваше својата ситуација, па сепак постапуваше како дете, па и сега јасно сè увидуваше, па сепак немаше никакви изгледи работите да тргнат по вистинскиот пат, ете каков беше нашиот Охриѓанец. На 43 години тој сè уште не знаеше кој е и зошто е создаден на овој свет. Сепак требаше на нешто да се реши, за да се извлече од оваа кал. Тој беше жив човек и неговата душа сакаше и бараше нешто подобро. Но што да стори? Не само што се беше загубил, туку не можеше повторно да си го најде патот. Не сакаше да се враќа во Европа – шпанските кралеви, војната во Италија, па дури и неговата поробена татковина – сето тоа му изгледаше многу далечно и магливо, и што беше најлошо – одминато, нешто, на кое веќе немаше зошто да се навраќа. Бидејќи имаше полна влст во колонијата собираше војници и ги водеше во Сибао кај непокорните Индијанци, или бараше злато во внатрешноста на островот, но кога ќе се вратеше од таквите „походи“ се чувствуваше двојно попразен и поизгубен. Можеше да ја продолжи својата експедиција по југозападните мориња или да ја посети колонијата Сан Себастијан што самиот ја основа, да види дали таму имаат доволно храна, дали не се разгорел некаков метеж, но и самата мисла на тоа му се чинеше несносна. Не му се седеше во Санто Доминго, но и не се решаваше да отпатува негде. Како некоја железна рака да го задржуваше во мрачниот круг. Беше како некој дрвен персиски маг, заробен во некоја разбојничка пештера. Требаше да дојде духот за да го ослободи, но духови веќе немаше. Наутро се будеше, ги гледаше првите сончеви зраци како влегуваат низ прозорецот и одеднаш јасно се сеќаваше колку е безнадежна неговата состојба. Го очекуваше еден долг, долг и празен ден. Како да го помине времето, што да работи, имаше ли нешто што ќе му го привлечеше вниманието, што ќе му ги разбрануваше чувствата? Немаше ниту план, ниту цел. Никогаш тој не страдаше толку силно од празнината на животот. Посакуваше да заспие и десет години да не се разбуди. Имаше моменти кога се прашуваше: „Овој човек кој во моментот оди, седи, лежи, прави движења со рацете – јас ли сум тоа?“ Мрак му ја опфаќаше душата. Та тоа беше прелевање од пусто во празно, овој живот беше толку близу до смртта! Изминуваа седмици и месеци, а тој, немоќен да 520


го изгради своето суштествување, бесно го посматраше своето вегетирање. Со секој изминат ден стануваше сè понесреќен и не го гледаше крајот на своите страдања. Така започна да умира неговото срце. Беше доволно умен барем да заклучи, дека целата вина за оваа невоља лежи единствено врз него, дека самиот си ја исковал својата несреќа. – „Не си го стокмив животот како што иребаше, тоа е мојот грев, мојот најголем грев, mea culpa, mea maxima culpa, си велеше. Самиот си беше виновен! Но што можеше тој, кога Господ го направил таков? Не можеше да се приврзе кон ништо и никого, не можеше да засака ништо и никого; тој одсекогаш бил такво незавршено суштество, такво ќе си остане до самиот крај! Си мислеше: „Vermis sum“ 256, и толку силно ги стискаше рацете, што долго потоа не можеше да ги одлепи прстите. Со болка се сеќаваше на своите големи моменти од детството и младоста кога се „спремаше“ за животот. Ги стискаше очите и си спомнуваше. Тогаш малиот Драган Охридски гледаше како секојдневно се прошируваат неговите животни хоризинти. – „Животот ќе ми биде полн со авантури и со слава, ќе ми биде како приказна, посладок и од сон“ – си велеше. На десет години мечтаеше за рицарите од западниот свет, за кои му раскажуваше дедо Ѓорѓи – со меч во едната и штит во другата рака, со шлем на главата и сребрен оклоп на градите, на големиот, боен коњ. Така беше во неговиот Охрид. Драгиот, далечен роден крај сега пак го освојуваше и освојуваше од далечината, му ги праќаше своите облици, своите звуци, своите познати видици, своите мириси, миризбата на езерската вода која лесно се брануваше, подгонета од ветрот. Го мачеше слатка, блага и продорна мака додека си мислеше за детството и за родниот крај, како животно во кафез, кое се сеќава на минатите денови. – „Зошто не го послушав братучед ми Петар кога ме молеше да си останеме дома?“ – си велеше и како нож да му го прободуваше срцето. Во Охрид неговото срце беше полно со копнеж и надеж, денес неговите очи беа полни со солзи. Некогаш требаше својот живот да го исполни, денес ја чувствуваше неговата пустош. Не беше премногу стар, имаше само 43 години, а неговото срце венеше. Пак се пропи. Пиеше како смок. Пиеше сам или со Маргарит, кого го беше зел за побратим. Додека пиеше очите му замижуваа, а лицето му го оросуваа пијански солзи; тој ги бришеше со шаката и ги размачкуваше по колената. Кога се враќаше откај Маргарит икаше и постојано мрмореше нешто, мавташе со рацете, додека нозете некако неправилно му се свиткуваа. Еднаш се врати дома без шапка... Тој воопшто не забелеша дека ја беше 521


загубил. По таквите пијански ноќи спиеше сè до пладне. За тоа време слугите му спремаа јадење, а пажевите му го седлаа коњот, за да биде готов ако господарот сака да јава; но тој ниту јадеше, ниту го бараше коњот, туку, откако ќе станеше испиваше во еден здив пехар полн со јако пиво за да го прекрати мамурлукот и излегуваше надвор. Скиташе на слепо по уличките на гратчето, сè повеќе му стануваше драго осаменото чекорење. Понекогаш излегуваше од колонијата и доаѓаше до една височинка од која се гледаа брегот и морето, па седнуваше, и, неподвижен како некој идол, гледаше пред себе, како да го очекува пристигнувањето на некој брод, или како да наслушнува нешто од далечината, што допира само до неговите уши. Почна да му доставува задоволство залезот на сонцето што го набљудуваше од својата височинка – радост, која им е својствена на оние, кои стапуваат во животот, и на оние, кои го напуштаат. Додека седеше, се случуваше да заврне дожд, често проливен, но тој не го чувствуваше. Не брзаше да си отиде дома. Што ќе најдеше? Една празна и бездушна куќа. Немаше ни мајка, ни татко, ни браќа, ни сестри, ни жена, беше осуден да го помине животот сам со себе. Дури ни потомство немаше, sine prole и тоа многу го загрижуваше, бидејќи по него неговото име требаше да пропадне, неговиот род да згасне. Навистина ли не можеше да се врати убавото во неговиот живот? Не може, убавото не се повторува. Одмина неповратното време, fugit irreparabile tempus, тоа навистина одмина, за секогаш си отиде!... Еднаш или два пати во месецот одеше на гробот на Леонора во Западните планини, бидејќи се беше зарекол никогаш да не ја заборави и го китеше со венци од цвеќиња. Тогаш му се чинеше многу мила и многу блиска и разговараше со неа, како да е таа пред него. Сакаше да не мисли, да заборави на сè и понекогаш тоа му поаѓаше од рака. Тогаш тешките мисли престануваа да го тормозат, потонуваа во мракот и блажен мир се спушташе над него и го наметнуваше како со ноќна наметка. Но тоа се случуваше ретко, обично мислата му беше јасна и жива. И пак се обидуваше да филозофира. Си велеше: „Ама, што има јас толку да се јадосувам, што животот не ми се погодил како што требало? Па тоа е судбината речиси на сите луѓе. Животот е само сон. Мислиме дека е кој знае што, а тој е само еден сон. Кога сме млади, иднината ни се чини толку долга; а всушност таа е толку кратка, брзолетна. Сонуваме, мечтаеме, се надеваме – но што добиваме со тоа? Се ласкаме од мислата, дека ќе постигнеме нешто големо, дека ќе бидеме нешто во животот, но животот не ни ласка“. Чувстваше сожалување кон целиот човечки род: „Зошто се луѓето 522


толку лековерни? Ах, колку се достојни за презир! Па тие не ни треба да живеат на овој свет! Зошто да живеат? Сè е суета. Да живееш – тоа е да се изгориш, а сепак да не се загрееш“. Го споредуваше животот со кораб среде море, кого од сите страни го гонат подмолни ветришта. Доаѓаше до заклучок, дека човек сака животот да му биде убав – а како и не би сакал? – но природата на нештата е таква, што незгодите се поголеми и ги има повеќе од згодите и кога човек се труди да избегне една незгода, сретнува друга; а мудроста се состои во тоа, да се увидат големите непријатности за да се избере најмалата од нив. Човек целиот живот ја бара среќата, посакува богатство, слава, љубов, но тој кој бара лесно самиот се губи. А всушност само неколку квадратни метри земја му е потребно на секој, не повеќе, за на нив да ужива; а уште помалку му се потребни за да почива под нив. Итн, Такви и слични филозофски мисли му доаѓаа, но си одеа и неговите страдања продолжуваа. И пак тој си ги апеше усните и ги стискаше тупаниците: „Vae victis!“ 257 Една квечерина, додека од својата височинка гледаше кон морето, од кај него се разнесе далечна песна: „Билјана платно белеше...“ Пееја груби, силни машки гласови кои се приближуваа и стануваа сè посилни. Срцето му се растрепери: кои се тие луѓе, можеби се некои Охриѓани? 258 Требаше да се стрча надолу, да ги викне тие луѓе, да ги види кои се, да разговара со нив. Но празнината на животот толку го беше опустошила, што не го стори тоа, туку, бидејќи на срцето му падна тага како пепел, одмавна со раката и полека се упати накај дома. Тешко, тешко живееше овој автонтиморуменос 259. Пеколен оган гореше во него, некакви фурии, некакви стигиски чудовишта му ја пиеја крвта, му го кинеа месото, му ја измачуваа душата, Eumenides, Stygimque nefas, што би рекле Римјаните. Имаше очаен поглед на исправен пред пропаста човек. Сите изгледи беа, дека ќе падне под теретот на своите невољи, доколку набргу не дојде спасот. Но каков спас можеше да очекува? Вистинска состојба на агонија беше тоа, articulo mortis.

28 Започнува во овој свет, но сè завршива во друг. Иго 523


Во Санто Доминго стигна веста, дека пак се разбунтувале некакви Индијанци од Сибао. Ги водел младиот касик, роден син на касикот Каонабо, кого Алонсо пред многу години го зароби и окован во пранги му го доведе на адмиралот Колумбо, уште кога беа во колонијата Изабела. Се собрал голем одред, повеќе од 500 души, вооружени со стрели и копја. Се придвижиле од Сибао и навлегле во Западните планини, каде што почнале да ги бунтуваат тамошните Индијанци и да ги убедуваат да им се придружат. Биле видени близу до местото, на кое едно време гордо се издигаше замокот на одметнатиот господар со црвената маска. Кога го слушна ова, Алонсо отиде кај Маргарит и го запраша: - Ќе дојдеш ли утре со мене во Западните планини? - Се разбира дека ќе дојдам – му одговори овој – Но сега седни да вечераме заедно. Имам прекрасна оља подрида 260, свежи риби, слатки колачиња полни со суво грозје и... неколку шишиња со вино донесено од пристаништето Санта Марија. Си го пробал ли тоа вино? Кога ќе ја наполниш чашата и кога ќе ја дигнеш кон светлината, ќе видиш какви искри танцуваат во златестата течност, како прашинки на сончев зрак. На овие зборови Алонсо не можеше да не остане, а кога си тргна кон дома придружуван од својот паж, беше трештен пијан. Минувајќи една бара падна и целиот се извалка. Стана и продолжи, но нешто остана по него. - Господару, господару, ви падна нешто од џебот! – викна по него неговиот паж, младо и неискусно момче. Алонсо не се заврте, тој дури и не слушна што му се зборува. Тогаш пажот го дигна од земјата паднатиот предмет и кога виде дека е тоа дрвена иконичка со Богородица, ја истри со ракавот и си ја стави во прслукот. Изутрината, откако испи еден огромен пехар со многу јако пиво за да си ја разбистри главата од синоќешното пијанчење, Алонсо собра педесетина војници и со нив се упати кон Западните планини; педесет Шпанци вооружени со мускети, аркебузи, челични мечеви и долги копја, заштитени со цврсти оклопи и качени на своите големи и силни бојни коњи беа доволни и предоволни да се совладаат петстотини голи доморотци вооружени само примитивни стрели и копја. Кога дојде до гробот на Леонора се симна од коњот, се поклони пред него, постоја малку, па се качи и продолжи понатаму. Војниците на младиот касик ги најде токму онаму каде што беа видени, до самите рушевини на замокот. Дојде на стотина метри до нив и им викна: - Предајте се! Инаку каша ќе ве сторам! 524


Индијанците одговорија со дожд од стрели и копја. Алонсо ја побара во џебот својата дрвена Богородица за да й се помоли, како што правеше пред секоја битка, но неа ја немаше. – „Сум ја загубил негде мојата иконичка од која цел живот не се разделив – си помисли – Ова е лошо. Ќе ме напушти среќата“. Сепак нареди напад, го извади мечот и прв јурна на Индијанците. Младиот касик, меѓутоа беше на висината на својата задача. Им нареди на своите луѓе да не отстапат ни за чекор и храбро да се држат. Дадоа многу жртви, но и Шпанци паѓаа. Се разгоре жестока битка. Индијанците ги гаѓаа со стрели коњите на Шпанците, па кога овие ќе паднеа, а заедно со нив и нивните јавачи, скокнуваа на нив и ги доубиваа. И коњот на Алонсо беше погоден, па се препна на задните нозе, болно завриска и се струполи. Алонсо се најде на земјата и веднаш на него скокнаа во исто време петмина Индијанци. Но во лош за нив час, бидејќи рицарот беше успеал да стане и да се спреми за борба. На двајца им летнаа главите, а другите тројца беа речиси преполовени од неговиот голем меч, истиот оној со кој се бореше во замокот на господарот со црвената маска. Но Индијанците се настрвија на Алонсо, се досетија дека тој е заповедникот. Го обиколија други петмина, но не се одважија да му пријдат, туку почнаа оддалеку да го гаѓаат со стрели. Ситуацијата стана критична: Алонсо не беше облекол дури ни оклоп, толку ги беше потценил доморотците. - Маргарит! – викна – Ваму! Но овој не го слушна од местото каде што се бореше... или пак не сакаше да го слушне? Беше само на десетина чекори од него. Можеби си помисли, дека е попаметно да на брза да му помага на човек, во чија сенка живееше – деновиве тој го студираше Макијавели и знаеше, дека и тој истото би го посоветувал. Било како било, тој не притрча веднаш, а кога тоа го стори три стрели веќе се беа забиле во телото на Алонсо – едната во левото рамо, другата во ноцата и третата – во градите. Алонсо го испушти мечот и падна, но пред тоа го зграпчи Индијанецот кој му беше најблизу и го задави со голи раце. Набргу по ова битката заврши. Индијанците се повлекоа оставајќи на боиштето стотина мртви; но и Шпанците беа преполовени. Алонсо го вратија во Санто Доминго качен на носилка. Раната во рамото и онаа во ногата не беа опасни, но третата, како што рековме, беше во пределот на градите и лекарите се загрижија за неговиот живот. А тој беше убеден дека ќе умре и не сакаше да го измачуваат со разни лекарства, па ги бркаше од себе слугите и лекарите, сакаше спокојно 525


да ги преживее последните денови што му остануваат, consulio quieti meae – така велеше. Мислеше, дека среќата го напуштила оној момент кога ја загубил својата Богородица и дека можеше да се очекува такво нешто, една таква „ефтина разврска на големата драма“. Но не се жалеше: и Цезар и Ахил и уште многу други умреле со насилна смрт и предвреме, а биле подобри од него. Напиша нешто и го запечати. Посака да биде прочитано само по неговата смрт и да биде обезбедено за вечни времиња. Така направи, бидејќи, како што рече, пишаното останува, scripta manent, а и не е редно да му ја предаде душата на Господ, без да остави некаков завет, ad interstat 261. Тоа се случи во една декемвриска вечер 1515 година, во чија тишина имаше нешто чудно и неопределено. Тогаш беше сместен во Францисканскиот манастир во Санто Доминго, тој така сакаше. Во претсмртниот час, in articulo mortis, подрече нешто околу тоа, дека би било добро да му се плати на попот во Охрид да отпее за неговата душа, како што му беше отпеано на Петар и да му направат кенатаф 262 до „Свети Стефан“; но тоа само така го спомена, не инсистираше. Последните зборови ги изговори на латински: - Consummatum est. Mane, tecel, fares 263. Потоа умре. Беше Голема Богородица по старо. „Умре сосема присебен и зачудувачки спокоен, како да вршеше некаква сосема обична работа“ – така напиша во својот дневник Бартоломеј Лас – Касас, кој беше присутен во тој час. Но, ниту Бартоломеј Лас – Касас, ниту било кој друг не знаеше, дали рицарот умре од раната, или од некаква болест која му го беше притиснала духот. Бидејќи, колку и тешко да му беше рането телото, тоа можеше да се надмине, беше силен и здрав како бик, но и духот му беше ранет и тој не сакаше да се бори, не сакаше да продолжи да живее.

28 Така! Сега тоа е свршено, како бабината приказна. Вебстер А што се случи со другите ликови од оваа повест? Фердинанд и Изабела продолжија да владеат со своето моќно кралство, за чест и слава на христијанството. Под влијание на своите исповедници и пријатели Талавера и Торквемада Изабела конечно му се 526


заблагодари на убавиот Сантанхел. Тоа се случи по последната посета на Алонсо во нејзиниот таен дворец во Севиља и одтогаш ниту еден маж освен нејзиниот кралски сопруг не влезе во нејзините одаи – а можеби й помина меракот за убавите рицари? Потоа заживеа во секој поглед како добросовесна владетелка и целосно им се посвети на своите побожни молитви и на своите политички должности. Но не помина долго време и – умре, отиде кај своите претци, Трастмарите, pallida mors aequo pulsat pede, pauperum tabernas Regumque 264, нели? Умре во Медина дел Кампо и беше погребана во кралската капела во Гранада. Само неполна седмица потоа умре и џуџето Хиеронимус, велат од жал по неа. Фердинанд, пак, остана да живее и да владее уште неколку години по својата кралска сопруга. Сантанхел, Руи Гомес де Силва, де Карденес, стариот Кабрера, кого смртта како да го беше заборавила – имаше над сто години! – и другите високи благородници кои со својата храброст на бојните полиња и со својата мудрост во Кралскиот совет придонесоа ова кралство да биде толку познато и моќно останаа да владеат во своите раскошни дворци радувајќи се на заслужената слава и безбројните почести. Понекогаш се собираа кај еден или кај друг, или во кралскиот двор кој и по смртта на кралицата продолжи да го обиколува своето кралство, макар не толку многу, за да се потсетат на старите времиња, да наздрават за ова или за она со големите пехари полни со вино. Се сеќаваа на оние, што веќе ги немаше меѓу нив, најмногу на грофовите Мединасели и Алонсо де Охеда, и чувствата беа толку силни, што и по некоја солза ќе се стркалаше низ нивните образи. А предавникот Сидонија сите го колнеа и со гадење плукаа секогаш кога ќе се споменеше неговото име, не знаејќи, дека тој веќе платил за своето злосторство што го направи во битката под ѕидините на Гранада. Астрологот Мартивалиус, толку погубен за војводата од Бургундија, за Луј Единаесетти и за другите свои господари го напушти замокот Осма, кој беше толку опустел, што во него диви животни почнаа да бараат засолниште. Отиде да си ја проба среќата во Англија, кај војводата од Бакингам, тоа беше првата година од владеењето на Хенри Седми, primo Henrici Septimi; но овој веќе беше дознал за неговата лоша слава и не го прими. А кога и во Холандија, а потоа и во Шведска не го примија, се повлече во Истраховскиот манастир, каде што и започна да ја изучува книгата на судбината. Но кога Мартивалиус седел со скрстени раце? По само два месеца престој во манастирот отиде кај еден тамошен кнез. Тогаш имаше деведесет години. На својот нов господар му направи хороскоп и му рече, дека е моментот да завојува со своите непријатели; само треба да се појави 527


на чело на својата војска во нивното кнежество и тие ќе се разбегаат и ќе му ја остават власта. – „Ѕвездите ти се наклонети – му рече – но побрзај, имаш на располагање само еден месец, не повеќе“. Кнезот го послуша и тргна во војна, но беше до нога поразен. Се врати со преполовена војска. Истоштен, очаен, бесен, отиде кај Мартивалиус и го впери пиштолот во него. Кога се виде во смртна опасност, овој се обиде да се спаси како толку пати досега. – „Сигурно си нападнал со центарот, наместо со десното крило, како што ти реков, затоа си ја загубил битката. И сега сакаш да ме убиеш? Добро, стори го тоа, само ќе ме ослободиш од бремето на еден долг и, како што времето одминува сè побесмислен живот. Но знај, дека, откако тргна во војна јас продолжив да ја проучувам твојата книга на судбината и открив, дека ќе умреш само ден по мојата смрт. Сакаш ли да дознаеш дали лажам или ја зборувам вистината? Јас не би те советувал да пукаш“. Кнезот не му поверува; пукна и наместо го уби. Но уште истата вечер му се слоши и залегна, а веќе наредниот ден – умре. Ете, конечно се оствари едно Мартивалиусово пророкување. Што се однесува до Охриѓаните Иван Беров и Стојан Пинелов, пак, кога видоа дека фирмите им пропаднаа и дека запаѓаат во сè поголема беда, подзаборавија на својот патриотизам, ги потиснаа дотогаш неприкосновените национални чувства во себе, па зедоа шпански имиња и шпански државјанства и – гледај чудо! – работата прекрасно им тргна. Станаа големи трговци, надалеку прочуени. Но, откако веќе еднаш се „настрвија“ ни со тоа не се задоволија. Иван Беров, сега сењор Беросо, дури стана почесен граѓанин на Севиља. Стекна толкаво богатство, што отиде да живее во познатата улица Кале де Лос Сиерпес, Змијската улица, во која живееја најбогатите банкари и трговци. Сосед му беше банкарот Пинело, до неодамна пропаднатиот трговец на кожа Стојан Пинелов. На фондовата борса и на житниот пазар овие двајцата се чувствуваа како да се дома. Агентите на главниот економ на Кастилија беа тесно поврзани со нив. При одреден процент тие му даваа на дворот пари на заем и дејствуваа како откупници, остварувајќи го собирањето на најразлични даноци. Ете до каде стигнаа! А и на другите од балканската колонија убаво им тргна. Им беше даден специјален кварт во Севиља со свој конзул, борса и затвор. Се населија по Кале де Ханов, која излегува на севилската катедрала. Тој севилски Балкан сè повеќе растеше и собираше сили и набргу во престолнината на Андалузија живееја на помалку од двеста семејства. Речиси сите го примија кастилското државјанство, а нивниот пример го прифатија и некои Ерменци и Грузијци – и тие народи имаа во Севиља и во 528


другите поголеми градови на Обединетото кралство свои колонии, макар што не беа толку многубројни. Поддржан од кардиналот Фонсека Бартоломеј Лас – Касас стана прв резиденцијален бискуп на Чиапас 265 и прв службено именуван „заштитник на Индијанците“ и како таков многу се прочу уште за време на својот живот во Америка и во Европа. Во 1522 година се заложи за мирна колонизација на бреговите на Венецуела, откриени од Алонсо де Охеда – неуспешно, па затоа стапи во Доминиканскиот ред и за цели десет години се повлече од јавноста. Потоа отпатува во Средна Америка, мирољубиво евангелизирајќи ги Гватемалските Маи и учествувајќи во расправите на мексиканските црковни водачи за најдобриот начин како да се приведат доморотците во христијанската вера. Се врати во Шпанија, каде што се бореше за укинување на држањето на робови – доморотци. Доживеа голем успех во 1542 година, кога, благодарение на неговото залагање беше донесен „Новиот закон“ со кој конечно беше укината срамната енкомиенда. Во меѓувреме неговата кариера одеше по нагорна линија, па од бискуп на Чиапас беше поставен за надбискуп. Но таа служба ја вршеше кратко, бидејќи дојде во судир со колонизаторите кои беа против „Новиот закон“ и беше принуден да се врати во татковината. Отиде во Санто Доминго за уште еднаш да се поклони пред гробот на својот учител и втор татко Овандо, па отплови за Шпанија, каде што поради неговата слава која му дојде без да ја бара, беше назначен за велик епископ. Се смести во кралскиот двор, вршејќи влијание врз политиката на Карибите. Во 1550 година во „Ваљадолидската полемика“ цврсто го застапи ставот, дека Индијанците се луѓе како и сите други, спротивно на Хуан Гинес де Сапулведа, како што знаеме едно време член на одборот на седуммината во колонијата Санто Доминго, кој тврдеше, дека Индијанците се луѓе од понизок ранг. Во 1559 година во манастирот во Ваљадолид започна да ја пишува својата голема историја на Америка, насловена со „Historia general de las Indias“, книга, која заедно со неговите „Comentarii“ 266 и неговите „Memoires“ 267 се смета за негово најзначајно дело. Имаше 85 години, нодухот сè уште му беше млад и жив. Се надеваше, дека неговото дело нема да го сокрие темната ноќ, дека ќе продолжи да живее и по неговата смрт, post obitum, не поради некаква посмртна слава, туку поради доброто на несреќните Индијанци, на кои им го посвети речиси целиот свој долг живот. Му нудеа високи функции на дворот, а тој најљубезно се заблагодари и остана да живее среде спокојството на манастирот, каде беше решил да го помине „остатокот од остатокот на својот живот“, reliquiae reliquiarum, како Ибн 529


Алија во неговата пештера во пустината на Тебаида. Со тоа тој докажа, дека верата на неговата младост никогаш не го напушти, дека ништо не можеше да влијае на постојаноста на неговото срце, на неговото „јас“, што го дочува низ сите тие долги децении. Освен тоа, во последно време бргу го заморуваше сè она, што не се случуваше во него, звуците на реалноста немаа ништо заедничко со неговата душа и тој бегаше од неа во својата осамена соба. Повремено го посетуваше родниот дом во Севиља, за да му се вратат спомените за одамна починатиот татко, за детството и младоста, за првите желби и копнежи, за да му се врати на своето првобитно „јас“ – така река, која прави многу завои тече назад кон изворот. Потоа умре. Имаше 90 години. – „In manus“ 268 – му рече на својот бог и спокојно ги затвори очите. „Socrates aequo animo mortuus est“ – така би се рекло. Па сепак, смртта можеше да почека уште малку, уште само десетина дена, бидејќи остануваше да се завршат уште неколку страници од неговата „Historia general de las Indias“. Така е тоа, секогаш е ненавремена смртта на оние, кои подготвуваат нешто бесмртно. Обичните луѓе живеат ден за ден и секојдневно ги исцрпуваат до крај мотивите за својот живот. А за оние кои мислат за поколенијата и го продолжуваат споменот за себе преку своите дела кога и да дојде смртта, за нив таа е ненадејна и пребрзана, бидејќи прекинува секогаш нешто започнато 269. ~~~ На неколку километри од градот Агулар на патот кон замокот Ел Бурго де Осма, има една чиста височинка од која на сите страни се простира прекрасен поглед. На исток се белеат градските ѕидини, лево и десно се гледаат во далечината поединечни села, групи колиби и осамени цркви, а на запад започнува недогледната борова шума која го одделува замокот Осма од останатиот свет и во која некогаш ловеше Луис де ла Серда, петтиот гроф и вториот херцог Мединасели. Ние се сеќаваме на таа височинка: на неа во далечната 1487 година, таа последна среќна година за жителите на замокот, а со која всушност и ја започнавме оваа повест, доаѓаа грофот и неговите соборци и пријатели Гуритан Суарес и несудениот поет Мануел Ариас да го набљудуваат заоѓањето на сонцето, секој занесен во своите мечти; а од неа истата таа година, ги здогледаа првите сончеви зраци Леонора и луѓето од нејзината придружба она прекрасно утро кога тргнаа на долгото и по многу нешта незаборавно патување кон кралскиот двор во Кордоба. 530


Токму на тоа место, едно августовско попладне 1525 година еден маж и една жена кои јаваа кон Осма, се сретнаа со двајца свештеници кои доаѓаа од таму. Од свештениците постариот беше облечен во богата мантија, каква што носат високите прелати и бискупите. Мажот, пак, кој ја придружуваше дамата беше на околу шеесет години. Беше облечен по последната граѓанска мода и многу вкусно и по неговото лице можеше да се заклучи, дека во младоста бил многу убав човек. Кога се разминуваше со богато облечениот свештеник тој ја подигна раскошната шапка украсена со штраусови перја и рече: - Мојата почит, ваше преосвештенство. - Господине... – одговори овој и лесно се поклони. Се разминаа и продолжија по својот пат. Но, не одминаа ни десетина чекори, а бискупот и придружникот на дамата ги завртеа своите коњи и јурнаа еден кон друг. Кога се израмнија си ги стиснаа рацете и весело се расприкажаа, а нивните сопатници дискретно останаа на своите места и ги почекаа. - Ах, ти, проклет испичутуро, ах, ти прогонувачу на женски сукњи! - Еј, попе, зарем немаш за мене попристојни зборови после... после колку години невидување? Читателот веројатно ќе се досети, дека станува збор за сватовите Франциско де Марија и Рикардо де Малдонадо, кои, ете, судбината така сакаше, пак се сретнаа. - После 25 години. Се разделивме 1500 година. Сега е 1525 година, што значи, дека не сме се виделе точно четврт век. - Четврт век? Боже, боже, ете како поминува четврт век. 1500 година, велиш, свату? Јас знам, дека негде тие години го заврши својот земен пат нашата драга и непрежалена братучеда Леонора. - Ах, нашата несреќна Леонора! Јас, знаеш, токму сега се враќам од замокот Осма каде што бев за да се потсетам на времето кога бевме заедно – рече Рикардо. - И јас одам во Осма со истата цел. Дамата што е со мене и што ја придружувам од пред извесно време, инаку Англичанка, побара од мене да й покажам некакво интересно место, а јас се сетив на милото лице на нашата Леонора, па – право наваму. На овој спомен и двајцата тешко, тешко воздивнаа; ги наведнаа главите и долго не прозбореа. Потоа Рикардо рече: - Нашата братучеда почина 1499 година. Една година потоа, ние двајцата и оној географ Хуан де ла Коса, и нему лесна му земја, заедно со 531


рицарот де Охеда, од Санто Доминго отпловивме во Севиња. Рицарот отиде по некакви си свои работи, а јас и ти се сместивме во еден ефтин конак на периферијата. Едно утро ти излезе да купиш некакво вино кое дошло од пристаништето Санта Марија – од она, кое, кога ќе ја наполниш чашата и ќе ја дигнеш кон светлината, искри ќе затанцуваат, така некако ми го опишуваше – и не се врати повеќе. Те гледам пак дури сега, по 25 години. И – што стана, го најде ли своето вино? Франциско се раскикоте: - Се сетив на сè. Е, свату мој, сега ќе ти кажам како беше. Слушај добро. Се враќам јас во нашиот конак со двете шишиња вино од Санта Марија под мишките, кога една кочија застана пред мене и низ прозорецот се провре надвор машка глава. – „Преблагороден господине грофе де Марија, ќе не удостоите ли со честа да дојдете за момент во нашата кочија?“ – рече човекот на чист француски јазик. Мене, како што знаеш, мажите, со исклучок на Маврот Илдерим, кој, меѓутоа си отиде во својата Arabia felix 270 не ми значат многу, па макар тоа биле и Французи кои однекаде ме познаваат – јас сум ти шетан човек и мене низ цела Европа ме познаваат – и кои ме нарекуваат “гроф“ иако не сум тоа – и ќе си го продолжев патот без да одговорам. Но, во тој момент низ прозорецот се покажа и една убава женска рака во бела ракавица и – ми мавна. Е, тоа веќе беше нешто сосема поразлично, друга историја беше тоа... таа убава женска рака во бела ракавица што ми мавна низ прозорецот. Втрчав во кочијата, а таму... де, погодувај кого видов таму! Мојата Алфонсина, француската грофица, мојата убаво градена и ѓаволски убава Алфонсина, bien faire et la beaute du diable, истата онаа, која се проституираше во она старо куќиште во Кордоба и кај која останав месец и половина, без ти, свату, да знаеш каде сум и што правам. Сигурно се сеќаваш, ти кажував за неа. Тогаш бев гол како прст, па ти мораше да ми донесуваш кошула, бидејќи не можев да се покажам меѓу луѓето. Рикардо ги крена рацете како да се брани. - Ах, свату, ти пак почна со своите скокотливи истории! Аман, поштеди ме. Биди малку посериозен, та завлезе во седмата децемија на својот живот. Навистина било погрешно ведувањето, дека умот расте со годините. - А ти веруваше ли во тоа, дека умот расте со годините? Ако некој те праша, да му кажеш, дека единствено исправно верување е, дека лудориите растат со годините и нè придружуваат низ сите периоди на животот. Ако некој изгледа мудар, тоа е, бидејќи неговите лудории се совпаѓаат со 532


неговата возраст. И со материјалните средства исто така. Додека бев кај госпоѓата од Лисабон, во една книга од нејзината библиотека прочитав, дека маркизот Ганганели, исправен до прозорецот во својот дворец во Монтекавало, осветен од сонцето, се забавувал на тој начин, што ги заслепувал минувачите со одразот на едно огледало. Ама чекај, свату, ислушај ме докрај, никако нема да ти биде досадно. Влегувам јас во кочијата, а таму, значи – Алфонсина. А господинот со неа – нејзиниот маж, грофот. – „Господине де Марија, зарем не нè познавате мене и жена ми?“ – „Како не“ – велам јас, а нејзе й шепотам на уво: „Вие сè уште сте волшебна како тогаш во Кордоба и јас сè би направил поради вашите убави очи, vous etes charmante, pour vos leaux yeux“. – „Јас и грофицата ја обиколуваме Европа – продолжи грофот – Од Кастилија ќе одиме во Португалија, а од таму, ако даде бог, во Англија. Мојата жена ве виде и посака да дојдете со нас. Ќе дојдете ли? Ќе биде убаво. Се сеќавате ли какво прекрасно патешествие направивме пред годините во Италија? Венеција, Милано, Неапол...Дојдете, ве молам. Ние сè ќе ви платиме. Ќе биде лудо, ве уверувам“. – „Не се сомневам дека ќе ми платите, вие сте широкоград, а не се сомневам ни во тоа, дека ќе биде лудо“ – реков јас, не можејќи да ги симнам очите од тоа ремек – дело на природата, chef d`oeuvre. Таа ми ја нагази ногата и додаде од своја страна: „Да, да, секако дојдете драг фосподине де Марија, ќе ни биде многу пријатно со вас, вие, вели, имате стил, vous avez du style“. И така заминав со неа, никако не можев поинаку, таа беше ангел, ангел небесен, c`est un ange, c`est un ange di siel, а инаку има огнен темперамент, un temperament de feu, вистинска бесна кобила, нешто, какво што само може да се посака. Вистина, имаше столчена цигла по образите 271, но освен по тоа, по ништо друго не можеше да се забележи, дека војува со годините; очите ми истекоа кога ја видов, ете зошто не се ни сетив да ти кажам дека ќе заминам, и без збор те напуштив, извини, свату. И тргнавме. Ме собраа од улица, така се вели тоа. Заминав како што си бев, со двете шишиња вино од пристаништето Санта Марија под мишките, паметен човек, велат, сето свое со себе го носи, sapiens homo omnia sea secum portat 272 . Ете, така беше... - Ха – ха – ха! Навистина било интересно. И – што се случи? Стигнавте ли до Англија? - Не, само до Португалија. Грофот често не оставаше сами. Кога ќе одседневме во некое место тој по цели денови и ноќи скиташе негде сам како будала, таков си беше тој, сигурно за да се покаже меѓу луѓето со своите величествени еленски рогови, а тоа време таа знаеше како да го 533


искористи. Аман, боже! Како лимон ме исцади! Ми се случи истото како во Кордоба. Во лицето бев блед како свеќа, можеш ли да замислиш? Во неа беа соберени не една, а три бесни кобили. Дури, онаа Алфонсина од Кордоба не можеше ни вода да й носи на португалската Алфонсина. Разгоропадена вампирка која цица крв, боже, боже... - Ах, свату, навистина си бил достоен за сожалување. И – што направи? - Избегав. Како во Кордоба. И го отворив патот на слободата, libertati viam facere. А што друго можев да направам? Па таа ќе ме умреше! Една ноќ излегов од конакот да се надишам воздух, така й реков, и не се вратив, одмаглив. Шетав речиси гол по Лисабон. Полицајците помислија дека сум ти некаков болен егзебиционист и сакаа да ме затворат, но една баронеса се сожали на мене, ме презеде и ме одведе кај себе. И таа знаеше француски. Во лицето беше невина и мила како седумгодишно девојче. Посакав да ја бакнам, а таа: „Ох, не, господине, oh non, monsieur“. Се израдував: „Еве една, која барем нема да ме цеди, небаре сум лимон“. Потоа испадна побесна и од Алфонсина. Избегав и од неа и пешки се вратив во Кастилија, бидејќи немав скршена пара во џебот. Потоа се распив. Си пиев сам. Ех, да ми беше тогаш Маврот Илдерим! По некое време ја сретнав дамата, што е сега со мене. - Многу ниско си паднал. Што те тера да правиш така? Почнувам да им верувам на филозофите – идеалисти кои сметаат, дека некои луѓе уште од самото раѓање добиваат свој дух – демон, кој ги раководи во животот. - Што да правам кога природата ме создала таков? За мене, свату, жените се condition sine qua non 273. Ако си цвет – биди мимоза; ако си човек – води љубов, така јас велам. А кај тебе е поинаку. Гледам, си добил нови бенефиции, бискуп си станал. Далеку си ја дотерал, ако, ако, свату. Но и тага гледам на твоето лице. Така е, кога живееш без жени. Сам легнуваш, сам стануваш. Ти, свату, умееш да читаш за vita sanctorum 274 и најразлични други стари текстови, но не умееш да читаш во книгата на животот. Толку си мудар, што би требало некој да појде во Делфи, да праша дали има помудар од тебе 275, така се вели. Но и друго нешто се вели: оној кој гони мудрост, ќе улови глупост. Не помислата за бог утешува, а живата душа, женската. Јас тоа ти го велев и во далечната... 1487 година, мислам, додека се шетавме по шумата околу Осма, оној ден, кога вујко ми ги доведе кралевите, се сеќаваш ли? - Јас тогаш љубев... Со целата душа љубев – прошепоти Рикардо – Ја љубев Леонора... И до самиот крај ја љубев. 534


- А зарем јас не? – рече Франциско, исто така шепотејќи – Таа беше единствената жена што ја сакав. Потоа дојде Алонсо. - Ах! – рече бискупот – Зошто бог толку брзаше да си прибере едно од своите најпрекрасни суштества? При овие зборови сватовите пак тешко воздивнаа и замолчеа со наведнати глави. - Но зошто таа умре? Зошто се случуваат такви работи? – рече Франциско. - И јас истото се прашувам. Но, верувам во бога. Се потчинувам на вољата божја и верувам во неговата мудрост, дури и тогаш, кога тој не ни остава можност да го разбереме. Пак замолчеа. По едно време се слушна гласот на дамата: - Quousque tandem abutere, Catilina, patientia nostra? 276 - Сега, драга, сега – викна Франциско, и додаде: - Ја научив латински и француски – странските јазици во кревет бргу се учат – па сега не можам да слушнам од неа ни едно шпанско зборче. Меѓутоа компарацијата не й беше умесна. Катилина – ха – ха – ха! Ти личам ли јас тебе на Катилина, свату? Колку е глупава! Од каде й дојде на ум пак сега Катилина? Но, добро, што и да се каже на латински звичи мудро, quidquid latine dictum sit, altum videtur. - Која ти е пак оваа? А убавка е... - Ќе ти кажам, но ти за ова никому ни збор: тоа е едната од четирите вонбрачни ќерки на грофот Сантанхел, ете зошто е убава, на татко й е. Живее во Англија. Татко й й купил цел замок таму, само да не кажува дека е негова. - Ќерка на Сантанхел, најубавата перјаница на нашето рицарство? Зошто тогаш не ја земеш за жена? Освен што е убава, таа е полна со пари. - Има пари и затоа сум со неа. Да имаш пари за мене не е никакво задоволство, а да ги немаш е гадна невоља. Има пари, но е глупава како гуска, поглупава и од дуењата на нашата братучеда, која умре додека... боже, не можам да не се насмеам, кога ќе се сетам како умре. Замисли, толку е трогната од латинските цитати, што се замислува, дека е жена на римски војсководач и бара така и да се однесувам со неа. Јас ја слушам и добродушно се забавувам со сите тие глупости. Ете зошто не ја земам за жена. Тоа би бил морганатски брак 277. Што ќе речат тогаш луѓето за мене? Бидејќи, по жената која мажот ќе ја избере се познава колку му чини умот и како се цени тој самиот. А оваа, освен што е глупава и грав сака да јаде 278. И 535


in summa 279, ѓаволска работа е бракот. Добар брак, мислам, би бил единствено помеѓу слепа жена и глув маж. Освен тоа, таа веќе е мажена... - Мажена?! - ...а мажот й е најмилото суштество во Кастилија и во Англија, можеш ли тоа да го замислиш? Толку го сакам, што поради него и во двобој влегов. Еднаш еден го навреди, па се борев јас место него, не можев да дозволам да му се случи нешто. Не залудно се вели, дека мажот најдобро ќе го одмазди љубовникот на жена му. Рикардо се засмеа и долго не можеше да престане да се смее. - Ти, Франциско – рече – би требало да напишеш книга со наслов: „De vulgo Incognitis“ 280. Силен човек си нема што, од најсилните. Ако имаше светилник, некој сигурно ќе посакаше да ти го купи 281. Па сепак ти препорачувам умереност во страстите, драг пријателе. Тоа начело не подлежи на измени, ne varietur. Бог тебе те штити, јас тоа го знам; но тој може да те заборави за момент и тогаш, како што се вели, пиратите ќе те ограбат како трговски брод. Патем... се зафати ли досега барем еднаш во животот со некаква посериозна работа? - Не, благодарам. Во тој поглед мојот став е цврст и јасен: Beatus ille, qui procul negotiis 282. Доста ми беше војувањето со тетин ми под Гранада и она во замокот на господарот со црвената маска, односно на – боже мој, кој би рекол? – проклетиот предавник Сидонија, каде што сигурно ќе си го видев својот бог ако не беше ти. Јас, свату, сум й верен само на својата партија, а тоа е партијата на љубовта и на виното. Така е тоа, човек не може да биде ништо друго, освен она, за што го создала природата. А јас си се сакам и не залудно. Ништо човек, би се рекло за мене, но загледај ми се во душата и – туку гледај! – ќе откриеш нешто големо. Но мене никој никогаш во суштина не ме запознал. Ах, мене ќе ме разберат идните поколенија, да речеме оние од 21 век. А ти, свату, како тебе ти минуваат земните денови кога не ги исполнуваш бискупските обврски? Едно време се интересираше за инсектите, пак ли е така? - Пак, а сега се интересирам и за други нешта, поголеми од инсектите – quanto a tanto tempore quo mundis cepit ignota sit vastitas terrae et quod continetur in rea 283 – такви работи. Продолжувам да ги читам и препрочитувам моите филозофи и писатели. Само што ќе отворам книга, а веќе ми се враќа студентскиот занес, целата моја младост ми се враќа. Се стремам кон духовното совршенство, ако има нешто вечно на овој свет, тоа е токму тоа. Си мислам: колку безгранично е пространството, а колку ништожен е животот! Зошто е толку ништожен животот, зошто се толку 536


непостојани и минливи добрата на овој свет? Гледам кон бога, скриен негде среде своите височини и му поставувам такви и слични прашања. Понекогаш душата ми е вознемирена од таквите мисли и во тие моменти во мене се борат разумот и чувството – кое ли ќе победи? Но не се жалам, дури ако нешто не ми е многу убаво, тоа уште не е причина да се бунтуваме против драгиот бог. А и за вознемиреноста на мојата душа ќе најдам лек. Сенека на едно место вели, дека Питагора својата душевна вознемиреност ја ускладувал со звуците на лирата. Ете, таков е мојот живот, така си послав. Секој си постелува според својата филозофија. - Убаво си си послал, свату. Убава филозофија, нема што. Јас пред малку те нападнав – не знаеш да живееш, си се занесол во книгите и какви ти уште не други глупости изнакажав, но само се шегував, а инаку признавам дека си голем човек, од најголемите. За да се надникне во твојата вистинска клима, треба да се надникне само во онаа страна, која се разоткрива преку духот. Всушност, јас тебе одсекогаш ти се восхитував, иако постојано те задевав. Но ни јас не сум за фрлање. Така сум проживеал, што не мислам, дека сум се родил попусто, ha vixi, ut non frustra me natum esse existimen. Да си апнам, да си пивнам, да си се наљубувам – ете ја мојата филозофија – кој може да рече нешто лошо за неа? А и светот уште малку сакам да го пропатувам. Мојата дама која во моментов нестрпливо го разигрува коњот кажувајќи ми на тој начин дека треба да побрзам, за жива глава не сака да ги помине границите на Обединетото кралство, па сè нешто си мислам да й се вратам на мојата Французинка, да стиснам заби и да й се вратам и со неа да го препловам целото Mare Nostrum284, па Libya deserti 285 да ја изодам, да појдам до Тула, таму, кај што светот престанува, ubi defuit orbis. Ете така, прво да се живее, потоа да се филозофира, или, како што рекле драгите Римјани: Primum vivere, deinde philosophari. - Франциско, доаѓаш ли најпосле? – се слушна пак гласот на нестрпливата жена. - Еве, драга, еве. Е, па, свату, збогум. Да не даде бог да чекаме уште четврт век за пак да се сретнеме по некои белосветски патишта. Сватовите, како што беа качени на коњите, се прегрнаа, се избација. Потоа Франциско го заврте коњот и тргна кон својата дама. Подзастана и рече преку рамото: - А виде ли како заврши нашиот Алонсо? Загинал во борба со Индијанците, оние, кои ни за луѓе не ги сметаше. Умрел во своето бедно пребивалиште, тој, господарот на осумте замоци. На погребот, велат, не му се собрале ни десетмина, а армии предводеше и градови „на нож“ 537


освојуваше, на богот Марс личеше. Вистина е, дека достоинствата на човекот го имаат исто така своето време, како плодовите – својата сезона. Или, што би рекле Римјаните, пак нив да ги сетам: „Sic transit gloria mindi“ 286 . Оставил, велат, аманет некој да појде во неговиот Охрид за да му плати на попот да му отпее за душата. Но кој ќе се нафати со тоа? А треба, мажиште беше. Ако ме однесе некогаш патот натаму, можеби јас тоа ќе го свршам 287. По овие мудри и богоугодни зборови Франциско го збодна коњот и јурна кон својата дама побрзо од подгонета од виор слама.

СЈАЈОТ НА МИНАТОТО Може да се случи некој читател, кога ќе види, дека оваа книга зборува за дамнешниот петнаесетти век, да си рече: „Ама зошто е напишана оваа книга? Кому му е таа потребна? А јас си мислев, дека таквите книги изчезнале барем пред еден век. Можно ли е човек да ги види во времето на компјутерите и мобилните телефони?“ Навистина, во ова наше време минатото лежи потонато во невидливи длабочини зад нас. Работите се така поставени, што, она што му припаѓа на минатото, како да му припаѓа на темнината – а кој сака да си има работа со темнината? Иако книгите кои зборуваат за минатото не се баш изрично укинати, никој веќе не се завртува кон нив и тие сега единствено вегетираат како некакво глупаво и непотребно суеверие. Зошто ќе ни се книги, посебно книги за минатото, кога сè е насочено кон тоа, да се осигура материјалната егзистенција? Така се однесуваме кон минатото, како тоа да не ни постоело, како светот да почнал со нас и како да сме ние првите жители на Земјата. Тоа е како некое прекрасно дрво старо 500 години да ја чувало во сенка и да 538


ја разубавувало нашата куќа, а ние сме го исекле, сме го уништиле делото на времето. Убедени сме, дека во ова време на врвна техника, но и на многу несовршености најмалку ни е потребно минатото, но – о, каква заблуда! Бидејќи човечкиот напредок доаѓа не само од техниката, туку и од минатото, кое чини секое човечко поколение да се ползува духовно од убавите вредности на одамна одминатите поколенија, или, со други зборови, сè што живеело е потребна храна за нови животи. Ние можеме да имаме дома најсовремени компјутери и мобилни телефони, може да имаме модерни, убави и брзи автомобили, може да имаме милионски сметки во банките, но ако го немаме во себе она зрнце „светски дух“ во кое спаѓа и сознанието за минатото, ние сме несреќни. Вистинска несреќа е животот без споменот за минатото. Оној кој не се враќа во светот на минатото е неспособен да мисли и да сака, така се вели. Често пати старата, веќе дотраена куќа со сите нејзини спомени има поголема вредност од потполно новата куќа. Она што е минато, тоа ни е мило – вели Пушкин. Големината на светската историја лежи во далечните столетија. – „Минатото е рушевина“, ќе речете, но таа рушевина има монументален изглед. Доволно е само малку да ѕирнеме во оние одамна одминати но велики епохи и, ако во нас има барем малку дух, ќе останеме одушевени, радосни од прошетката по минатото, кон нас ќе се издигне еден прекрасен глас од старите времиња, ќе не заскокотка еден волшебен мирис, како оддек на некој прастар мирис. Никако нема да биде изгубено време ако фрлиме поглед кон старото време, ако дигнеме очи кон портретите на некогашните великани, никако нема да се покаеме, ако ги поиспитаме длабочините на морето, кое го носи името минато, неговите огромни бранови – вековите. Ништо нема да ни наштети, ако го оживееме она, што било мртво, ако го изнесеме на виделина она, што било заклучено во темнината. Ќе видиме, дека треба да ги цениме големите имиња и големите дела на одмнинатите времиња, ќе извикнеме како оној Германец, Шлиман, пред ископините во Турција: !Тука лежела Троја!“ Затоа, читателу, прочитајте ја оваа книга, дотолку повеќе, што, нејзиниот герој е наш човек, лист од нашата гора; прочитајте ја и ќе бидете побогат бидејќи имате едно сознание повеќе, погорд и посреќен, бидејќи имате едно прекрасно чувство повеќе. 539


JОВАНЧО СТАНОЕВСКИ

БЕЛЕШКИ Прв дел 1. ... а понекогаш и летописи пишуваше. – Во архивот на град Пловдив, Република Бугарија, сè уште можат да се најдат делови од еден 540


летопис на многуучениот Ѓорѓи Палазов, за кого се знае, дека освен по Балканскиот полуостров патувал и по други краишта на Европа, а бил и на дворот на унгарскиот крал Матија Корвин. 2. ... дуждот, за кого сум слушнал фантастични работи. – Дуждот од Венеција живеел во Дворецот на дуждовите, кој бил повеличествен и од оној на византискиот василевс. Секој негов гест, движење или збор биле диктирани од строг и педантен протокол. Не правел ни чекор без телохранители, неговата појава била пропратена од ѕвон на фанфари и камбани. Се покажувал седнат на седиште, прекриено со скапо платно, над кое се спуштал величествен чадор. Со други зборови, живеел во нешто како златна ќелија, покриена со симболите на власта. 3. ... Алонсо де Охеда – тоа е шпанскиот превод на Драган Охридски. – Името Драган Охридски на шпански гласи Алонсо де Охеда, бидејќи личното име Алонсо во петнаесеттиот век означува точно Драган. А еве како го добиваме презимето де Охеда: При првата адаптација на старошпански „де Охрид“ станува „де Охрида“. Но во латинските јазици туѓите зборови со „фри“ и „хри“ потемнуваат, ја губат буквата „р“, па „фри“ и „хри“ се преобразуваат во „фи“ и „хи“, односно во „фе“ и „хе“. На тој начин Охрида се претвора во Охеда. 4. Биант - четврти век пр. н. е., бил еден од седумте мудреци на древниот свет. 5. Гимнософист – така Елините ги нарекувале индиските филозофи – аскети, кои живееле во планините и избегнувале секаков контакт со луѓето за да не попаднат во искушение. 6. …од опсадата на Малага... – Специфичноста на историјата на државите на Пиринејскиот полуостров се состои во тоа, што тие држави настанале во процесот на ослободувањето (шпански реконквиста) од Арапите, или поточно од Маврите или Сарацените, како уште ги нарекувале. Реконквистата започнала веднаш, откако дошле Маврите (почетокот на осмиот век), но тој процес е забрзан во десеттиот и единаесеттиот век. Во 1085 година Шпанците го превзеле од Маврите Толедо, во 1236 година – Кордоба, центарот на Кордобскиот калифат. Кон крајот на тринасеттиот век на Маврите им останале само некои територии на југот на Шпанија – Гранадскиот емират со центарот Гранада. Гранада била целосно завземена кон крајот на петнаесеттиот век, во времето на Фердинанд, кралот на Арагон и Изабела, кралицата на Кастилија. Малага, еден од поважните градови во провинцијата Гранада Шпанците ја опседнале на 7 мај 1487 година и ја завзеле на 18 август истата година и во тоа време започнува оваа повест. 541


7. …поповите во Саламанка? – Градот Саламанка во кралството Кастилија бил познат ширум Европа со својот универзитет. 8. De corde exeunt cogitations (лат.) – Ослободи си го срцето од лошите мисли. 9. Марсилио Фичино (1433 – 1499) – еден од најистакнатите приврзаници на платонизмот во периодот на Ренесансата. 10. ... грчкиот комендатор – Така го викале познатиот шпански хуманист Фернандо Нуњес де Гусман, авторот на првиот зборник на народни умотворби во Шпанија; во Саламанка предавал грчки, латински и реторика. 11. Дуења – придружничка на високопоставена дама во Шпанија. 12. Tabula rasa (лат.) – празна даска, ништо. 13. Фавила – шпански крал од готската династија, кој ги отфрлил првите маварски упади на Иберискиот полуостров, но потоа загинал во планините во областа Леон. 14. Аркебузи – старински пушки од тоа време. 15. Хитон – долна облека во стара Грција, нешто како долга кошула. 16. … само еден прост хедонизам... – Хедонистите среќата ја изедначувале со уживањето и задоволството. 17. Ел Тостадо – Алинео де Мадригал, шпански богослов (1400 – 1454), епископ на Авила, бил познат под името Ел Тостадо. Напишал 24 тома богословски дела, повеќето на латински. 18. ...нивните височества Фердинанд и Изабела... – До 1519 година арагонските и кастилските кралеви ја носеле титулата „височество“ (altazas). 19. Vulgus profanum (лат.) – прост народ. 20. „За рицарите на свети Ѓорѓи!“ – боен повик во Шпанија. 21. Tunc Venus in silvis jungebat corpora amantum (лат.) – Таму Венера во шумите ги соединува телата на вљубените. 22. Miles cinctus (лат.) – Опасен рицар, војник произведен во рицар. 23. ... своите сизерени Фердинанд Арагонски и Изабела Кастилска. – Еден од најважните моменти во средновековната историја на Шпанија било обедеинувањето на Арагон и Кастилија. Во 1479 година тие две кралства се обединиле под власта на брачниот пар – арагонскиот крал Фердинанд и кастилската кралица Изабела. Како резултат на тоа обединување Шпанија станала една од најмоќните држави во Европа. И припаднал најголемиот дел од Пиринејскиот полуостров, Сардинија, Сицилија и Јужна Италија.

542


24. Sunt, quibus in satira videar nimis acer et ultra Legem tendere opus. (лат.) – Ги има, на кои им се чини, дека сум премногу остар во сатирата и дека тој род го терам преку неговите граници. 25. Марани – евреи, кои го примиле христијанството. 26. Морисци – Маври, кои го примиле христијанството. 27. Нијаровци и Каделовци – два завојувани помеѓу себе барселонски феудални рода. 28. Плеси – Летур – кралски замок во Франција, во близината на Тур, главниот град во некогашната Турена. 29. Минстрели – музичари, свирачи на харфа, во исто време и поети. 30. Свети Мартин – заштитник на патниците. 31. Et sicde caetaris (лат.) – и така натаму. 32. Голконда – древен град во Индија, каде султаните од Дакар трупале огромни богатства; денес не постои. 33. Можеби попат и Офир ќе го откриете? – Офир била таинствена земја, во која според Библијата израелскиот цар Соломон (владеел околу 960 – 930 г. пр. н. е.) ја испраќал на секои три години од заливот Акаба на Црвеното море својата флота натоварена со бакарна руда, за да добие во замене злато, сребро, мајмуни и пауни за својот раскошен дворец во Ерусалим. За тоа каде се наоѓа Офир се спори и до денес, посочувајќи се сосема различни земји: Индустан, Арабија, Мадагаскар, Сомалија, југозападното крајбрежје на Црвеното море... 34. И Тосканели го мисли истото... – Тосканели (1397 – 1482) бил флорентински астроном, ја изложил во писмо до Колумбо хипотезата, дека земјата има топчеста форма. 35. Портолани – стари морски карти од тринаесеттиот век. Зборот е француски. 36. Мартин Бехајм – германски географ и патешественик. Во 1492 година изработил глобус кој ја одразил географската претстава на земјината површина во навечерието на откривањето на Новиот свет. 37. ... „Imago Mundi“ на Пјер д`Аји. – Во својата книга „Imago Mundi“ („Ликот на светот“) францускиот учен кардинал Пјер д` Аји (1330 – 1420) ги обединува најсуштествените древни и средновековни расудувања за фигурата на Земјата, за нејзините размери, за нејзините појаси, расположението на сушата и морињата итн. Книгата е еден разгрнет коментар на трактатите на грчки, римски, арапски и западноевропски автори. „Imago Mundi“ била најценетата книга во личната библиотека на Колумбо и таа целиот живот му служела чесно и предано како оракул. 543


38. Океанско море – водите на запад од Средоземното море во времето на Колумбо. 39. Бартоломеј Лас – Касас (1474 – 1566) – шпански историчар, личен пријател на Колумбо, прогласен за епископ на Мексико во 1544 година. Станал голем заштитник на индијанците во Новиот свет. Неговиот главен труд „Сеопша историја на Индија“ содржи важни податоци за историјата на откривањето на Америка и нејзината рана колонизација. 40. Барсаума – несторијански монарх, кој пешки го изодел патот од Тебриз до Париз. 41. Заврти се неверно куче... – Христијаните и муслиманите еден со друг се нарекувале „неверни кучиња“. 42. Толпак – татарска капа од јагнешка кожа, ја носеле и Маврите. 43. Салам алицум – на арапски: мир со вас. 44. ... се молат со лицето свртено кон Мека. – Мека бил еден од најсветите градови посетени од пророкот Мухамед, кого Маврите толку го почитувале, што секогаш кога се молеле гледале лицето да им биде свртено кон него, без разлика каде се наоѓаат. 45. Хермелинска наметка – наметка на христијанските кралеви. 46. ... исто како оној Цезаров офицер... – Се мисли на Граниј Петрониј, Цезаров квестор, кој, кога бил фатен од непријателите на Цезар во Африка и кога овие му рекле дека ќе биде помилуван бидејќи бил позната личност и квестор, одговорил, дека војниците на Цезар навикнале да подаруваат, а не да добиваат милост – и истиот момент се убил со својот меч. 47. Алгвасили – членови од кралската стража. 48. Боабдил (1487 – 1492) – последниот маварски крал во Гранада. 49. Аплици – видови големи свеќници со по три или пет свеќи. 50. Си слушнал ли за Талавера... – Ернандо де Талавера, исповедник на кралицата Изабела, инаку по потекло евреин, чии што претци го прифатиле христијанството. 51. Торквемада – првиот генерален инквизатор во Шпанија, многу жесток човек, кој со благослов на Изабела испратил на клада илјадници луѓе. 52. Хермионски пурпур – пурпур произведен во градот Хермиона, познат со производството на пурпурна боја. 53. Мараведи – тогашни пари, кои биле најчесто во оптек. Кастелиано – златна монета од 4,5 грама, содржела 450 мараведи. Еден занаетчија во Шпанија тогаш просечно имал приходи од околу 1.000 мараведи. 544


54. Галијана – маварска принцеза, за која нејзиниот татко изградил во Толедо, на брегот на реката Тахо прекрасен дворец опкружен со величествени градини. 55. Escribano de racion (шп.) – буквално „писари на расходите“, лица кои ја заведувале дворската каса, ги пазеле скапоценостите на круната, одобрувале пензии и парични награди, итн. 56. Сенешал – висока придворна должност во петнаесеттиот век. 57. Алкад – високо административно лице во Шпанија со судски функции. 58. Алгуасил – заповедник на дворската полиција. 59. Алгвазил – кралски довереник, советник, извршител на нардбите. 60. Алкајд – арапски збор, што значи управник на замок. 61. Херолд – во средниот век гласник, огласувач. 62. Канарско вино – вино слично на мадеира, донесено од Канарските острови. 63. Хереско вино – вино од Херес, град во Андалузија, познат лозарски центар. 64. ...ние... – Крунисаните личности и папите зборувале за себе во прво лице множина. 65. ... кога беа освоени Ронда и Марбела... – Градовите Ронда и Марбела во гранадската област Такуруна паднале во рацете на Шпанците веднаш еден по друг, по долга и тешка опсада. 66. Алхамбра – крепоста на градот Гранада. 67. Нашриди – маварска династија која владеела во Гранада. 68. Лас Навес де Талос – Во 1212 година обединетите сили на шпанските кралства, на кои им се придружиле и крстоносците од другите земји на Западна Европа страшно ги поразиле Маврите кај Лас Навес де Толос и од тој пораз тие веќе никогаш не можеле да се соземат. 69. ... да јаде биволско месо... – Во тоа време се сметало, дека борецот стекнува храброст ако јаде биволско месо. 70. Мамбрино – арапски цар. Според легендата имал волшебен шлем, кој не дозволувал оној кој го носи да добие рани во борба. 71. Аграмонт – водач на сите маварски кралеви и кнезови, кои го опседнале Карло Велики во Париз. 72. Калаинос – Маврот Калаинос требало да им ги отсече главите на тројца перови од Франција, за да добие право да се ожени за Севиља, ќерката на кралот Алмансор. Тој успеал да го победи Валдовинос, но потоа бил убиен од Роландо. 545


73. Фавила – шпански крал од готската династија, кој ги отфрлил првите маварски напади, но загинал во планините во областа Леон. 74. Родриго – Смртта на готскиот крал Родриго (713 година) претставува почеток на арапското владеење во Шпанија. Според легендата кралот Родриго ја осрамотил ќерката на грофот дон Хулиан, а за да се одмазди за ова овој им го олеснил на Маврите продирањето во Шпанија; но легендата за предавството на грофот Хулиан историски не е докажана. 75. Pereat improbus. Amen, anathema esto! (лат.) – Нека пропадне безбожникот! Амин, проклет да е! 76. „За весела Шпанија!“ – боен повик. 77. Нестор – најстариот и најпаметен војник во грчката војска под Троја, кој секогаш давал паметни совети. 78. Алморавиди и Алмохиди – берберски племиња, фанатични приврзаници на исламот, кои доаѓале од Северна Африка да им помогнат на Маврите во Шпанија. 79. Panem bene merentium (лат.) – добро заслужен леб. 80. Кралски монограм – амблем на кој били испишани иницијалите на кралот и кој бил доделуван во знак на посебна кралска милост и признание. 81. Симанкаска арива – архива на шпанските кралеви, која се чувала во старинскиот средновековен замок во шпанскиот град Симанкас. 82. ... Французите се потомци на Хектор... – Се верувало, дека Французите биле потомци на Франк, синот на Хектор. 83. ... додека гледаат наваму. – Во тоа време почнала да се заканува опасноста од една француско – шпанска војна. 84. Бернард – легендарен рицар, кој во потрага по подвизи и авантури патувал од држава во држава. 85. ... кој служел во гардата на Луј Единаесетти. – Во гардата на Луј Единаесетти најмногубројни биле Швајцарците и Шкотите, посебно вторите, кои се истакнувале со храброст и приврзаност. 86. Албион – старото име за Англија. 87. ... нив ги споменува и Маврот Идриси. – Абу Абдалах Мохамед Идриси (1110 – 1165), арапски патешественик, географ и картограф. Ги напишал патеписите насловени со „Задоволството на мечтателите да ги пропатуваат државите“ (завршени во 1153 година во Палермо по порачка на сицилијанскиот крал Руџер Втори), а во нив се опишани и балканските земји. 546


88. … им ги смрсија конците на Германците кај Гринвалд. – Во битката кај Гринвалд 1410 година Пољаците предводени од кралот Владислав Јагело им нанеле страшен пораз на дотогаш непобедените германски тефтонски редови и од тогаш тие веќе не суштествувале како воена сила. 89. Ќе доведам Баскијци да ми служат. – Баскијците биле познати со својата чесност, преданост и постојаност, затоа владетелите, високите државни службеници и благородници си избирале Баскијци за свои доверливи луѓе. 90. Орденот на свети Ѓорѓи – рицарски орден со ликот на свети Ѓорѓи кој ја убива аждајата, носен на сина трака или на огрлица украсена со драго камење, церемонијално доделуван на заслужни рицари. 91. Dixi (лат.) – реков. 92. Сегидилии – народни песни од тоа време. 93. Пандемониум – сврталиште на ѓаволи. 94. Ципанго – така тогаш ја викале Јапонија. 95. Нанси – Во битката кај Нанси од 5 јануари 1477 година бургундскиот војвода Карло Смелиот бил поразен и убиен од војниците на Луј Единаесетти, по што Французите и Хабзбурговците си ги поделиле помеѓу себе неговите земји. 96. Quo me trehit fortuna? (лат.) – Каде ме зафрли судбината? 97. Хидалго (шп.) - рицар. 98. Non bis in idem (лат.) – Да не се повторуваме. 99. Тула – Античките народи ја сметале Тула за крајот на светот. 100. Адонис – убаво момче од грчката митологија. 101. ... прав како гвадарамско вретено. – Таков израз бил употребуван во Шпанија, зашто дрвото од кое биле изработувани вретената било земано од буковите шуми на Гвадарама, планина северно од Мадрид. 102. Сибарит – празен, изнежнет човек. 103. Печатницата на Ламберто Палморт во Валенсија по пронајдокот на Гутемберг. – Во 1474 година некојси Ламберто Палморт ја отворил во Валенсија првата печатница во Шпанија. Во 1476 година печатници биле отворени и во Барселона, Медина дел Кампо, Ваљадолид, Толедо, Самора, Бургос и Севиља. Со тек на време Севиља станала најкрупниот центар на кастилската полиграфија во кој се печателе годишно по шест до седум книги чиј што титаж достигнувал и до 150 егземплари – нешто огромно за тоа време. 547


104. Quis properantem me prehendit pallio? (лат.) – Кој ме фаќа за наметката додека брзам? 105. Рикос омбрес – Исклучително висок благородник, кој бил речиси еднаков со кралот, нешто слично на лордот во Англија. 106. …се луѓе со незначително потекло. – Тоа е историски сосема тачно. Грофовите Мединасели потекнувале од синот на кралот Алфонс Први Мудриот, кој владеел од 1252 до 1282 година. Синот умрел порано од својот татко и неговите потомци биле истуркани од престолот, а по осумдесет години круната на Кастилија ја завладува незаконски родениот Енрике Втори Трастмарски, далечен прадедо на кралицата Изабела. Затоа секој пат кога во Шпанија се крунисувал нов крал, претставник од родот Мединасели протестирал пред „узурпаторот“. 107. De vulgo incognitos (лат.) – За работите кои светот не ги знае. 108. ...славниот Мартивалиус... кој, пред да дојде овде бил на служба кај такви славни владетели како што се унгарскиот Матија Корвин, францускиот Луј Единаесетти и бургундскиот Карло Смели... – Славата на италијанскиот астролог Мартивалиус била навистина голема, но и сомнителна. Во почетокот служел кај Матија Корвин, но кога Луј Единаесетти го посакал за себе, овој бргу и со лесно срце му го предал, како да сакал да се отараси од него. Еднаш Луј Единаесетти го прашал дали е моментот да отиде лично кај неговиот противник Карло Бургундски и да му понуди мир, а овој тоа го одобрил и дури го поттикнал на тоа. Луј Единаесетти, иако важел за најумен и најпретпазлив политичар на своето време го послушал и отишол кај Бургундците, но таму веднаш бил фрлен во темница и малку недостасувало да му се суди и да биде осуден на смрт. По ова Мартивалиус отишол да му служи на Карло Бургундски, но набргу потоа овој претрпел пораз и загинал во битката кај Нанси против Французите и Швајцарците, за што, како што се мисли, придонесол Мартивалиус со своето тврдење, дека во таа битка ќе победат Бургундците. 109. Перон – Градот Перон во време на војводата Карло Смели Бургундски бил престолнина на Бургундија. 110. Луј Единаесетти умира 1482 година, пет години пред настаните опишани во оваа повест. 111. ...судбината на Карло Безазлезниот. – Според летописите, во 950 година во Перонската тврдина бил затворен војводата Карло Безазлезниот, каде бил подло убиен од неговиот предавнички вазал Херберт, грофот од Вермандоа. 548


112. ... својот берберин Оливје Ден и својот кум Тристан... – Берберинот на Луј Единаесетти Оливје Ден и неговиот кум Тристан биле луѓе од најниските народни слоеви, на кои овој им дал највисоки функции во својот двор. 113. Sic (лат.) – така. 114. Etre superieur (фр.) – суштество, кое ги надминува другите. 115. … сака да подарува прекрасни ракавици? – Се смета, дека Педро Арагонски, брат на кралот Фердинанд, ја предизвикал смртта на кралицата, инаку француска принцеза со чифт отровни ракавици, подарени по случај нејзиното гостување во неговиот арагонски замок. 116. Ефемериди – астрономски таблички кои ја даваат положбата на планетите за секој ден во годината. 117. Foliis ac frondibus (лат.) – Среде лисја и шума. 118. Кентаури – митолошки сиштества, половина коњ, половина човек. 119. Insignis poeta (лат.) – забележителен поет. 120. Беше внук на кордобскиот поет де Мена. – Хуан де Мена (1411 – 1456), познат тогашен поет од Кордоба. 121. Гадулки – народни гудачки инструменти. 122. ... го очекуваат својот час. – Во Шпанија просјаците во определено време оделе пред манастирските и црковните врати, каде им се разделувало чорба и парче леб. 123. „Смртна судбина имам, а сакам подарок надсмртен“ – стих од „Метаморфозите“ на Овидиј. 124. ... ако Сатурн премногу му се приближи на Марс. – Се верувало, дека значи несреќа, ако Сатурн премногу му се приближел на Марс. 125. Санбенито – облека за осудените. 126. ... а не гол на магаре. – Во Шпанија предавниците пред да ги однесат на губилиште ги воделе по градските улици качени на магаре, голи и облепени со пердуви. 127. SPQR – службеното име на Римската држава. Го наоѓаме често на написи од службен карактер. Со тој наслов Римскиот сенат и народот го изразуваат суверенитетот на Рим и неговото величие. 128. … наследниците на Луј Единаесетти. – По смртта на Луј Единаесетти во Франција бил крунисан малолетниот Шарл Осми, а фактички владеела неговата постара сестра Ана де Боже. 129. Ќе бидам повелик и од Максимилијан... – Максимилијан Први Хабсбуршки (1459 – 1519), император на светата римска империја. 549


130. Чезаре Борџија – Шпанец по потекло, син на папата Александар Шести, наречен војвода Валентино, жесток и бескрупулозен владетел, кој не бирал средства да ги оствари своите политички цели. Инспириран од него, Николо Макијавели го напишал своето животно дело „Владетелот“. 131. Sancte Huberte, Sancte Juliane, Sancte Martine, Sancte Rosalia, Sancte quotquot adestis, orare pro me peccatore (лат.) – Свети Хуберте, свети Јулијане, свети Мартине, света Розалио и вие други светци кои ме слушате, молете се за мене, грешниот. 132. Го поминав својот Рубикон. – За некој човек се вели дека го поминал својот Рубикон, кога се решил на нешто многу значајно во животот, како што Цезар, пред да ја помине реката Рубикон се решил да се пресмета со своите политички непријатели. 133. Sed jam nox humida coelo praecipitat, Suadentque sidera cadentia sommos, Sed si tantus amor casus cognoscere nostros, Incipiam… (lat.) – А росната ноќ веќе изминува и пригаснатите ѕвезди ни го сладат сонот; но кога веќе толку сакаш да ги слушнеш нашите настани, ќе почнам... 134. Во името на нашиот бог Исус Христос. – Така почнувале писмата во Шпанија во тоа време. 135. Марк Аврелиј (121 – 180) – римски император, инаку филозоф – моралист, приврзаник на стоицизмот; ги изложил своите филозофски погледи во делото „Кон себе си“. 136. Vita active (лат.) – активен живот. 137. …сите во Саламанка го знаат, дури и чистачите. – На средновековните универзитети пред сè се изучувале Artes liberals, слободните уметности, кон кои спаѓало и доброто познавање на латинскиот јазик. 138. Епикур (342 – 270 г. пр. н. е.) – грчки филозоф, учел дека задоволството е единственото добро и единствената цел на човекот. 139. Киник – филозоф кој водел скитнички живот. 140. Vitae philosophorum (лат.) – животна филозофија. 141. Академска шумичка – шумичка близу до Атина, посветена на атичкиот херој Академ; во неа се наоѓала Платоновата школа, Академијата. 142. Носот Торментозу, носот на бурите – носот Добра надеж. 143. Ермосо (шп.) – мил, прекрасен. 144. Корделион – поим за храбар и силен маж, лавовско срце. 145. „Романот за розата“ – популарен средновековен роман. 550


146. Кантимплари – стаклени шишиња или бардиња со долго грло, служеле за ладење на вода или на вино. 147. Vinum apostatare facit etian sapientes (lat.) – Виното и мудрите ги прави отпадници. 148. Со нив тргнал и светецот Диего. – Сан Диего бил шпански светец, уште го викале Матоморос, што значи Мавроубиец, зошто според легендата учествувал на христијанската страна во многу битки против Маврите. 149. Санта Ермандад – Свето братство, еден вид жандармерија основана од изабела и Фердинанд во 1476 година, со цел да ги гони и казнува престапниците по населените места и патиштата. 150. Гвадалахарската порта – трговски и мошне жив дел од стариот Мадрид, секогаш полн со бездомници и сомнителни лица. 151. Eiusdem farinae (лат.) – од исто брашно. 152. …носел врз своите плеќи еден огромен бик... – Според легендата Битон имал теле кое го качувал на своите плеќи и го носел секој ден уште од денот кога се родило, па така продолжил да прави без поголеми тешкотии и кога телето станало огромен бик. 153. Мадрид тогаш не бил престолнина, туку едно мало и запуштено гратче. 154. Ла Хиралда – ветроказ, висок 14 стапки, што ја претставувал статуата на победата, поставена на врвот на куполата на катедралата во Севиља. 155. „Ромања“ – стар готски роман во стихови. 156. … значи дека е така. – Во средниот век се верувало, дека постојат огледала, кои на девојките можат да им го покажат ликот на мажот за кого ќе се омажат. 157. Quod dilecto (лат.) – што да се чита. 158. Quid abscurum (лат.) – нешто темно, нејасно. 159. Екритоар – скапоцено ковчеже за прибор за пишување. 160. „Масариљо од Тормес“ – рицарски роман, многу читан во Шпанија во тоа време. 161. Сид – прочуен шпански рицар, победник над Маврите, загинал во 1099 година. 162. Histrio! Muma! (лат.) – Циркузант! Комедијант! 163. Devorator, ruffianus, ebriosus, ambro, et gluto (лат.) – расипник, сладострасник, пијаница, лакомник и цревоугодник. 551


164. Tunc Venus in silvis jungebat corpora amantum (лат.) – таму, каде Венера во шумата ги соединува телата на вљубените. 165. Визир – подвижен горен дел на шлемот, кој, кога ќе се спуштел го покривал целото лице. 166. …повеќе биволско, отколку јагнешко или еленско месо... – Се сметало, дека биволското месо дава најмногу храброст и сила. 167. … храбра Сабињанка. – Според легендата Римјаните им ги грабнале жените на Сабињаните, за да добијат потомство со нив. Кога Сабињаните дошле да се одмаздат, нивните жени виснале помеѓу нив и Римјаните и така го спречиле крвопролевањето. 168. Сегре – Жан де Сегре (1624 – 1701), француски поет, бил секретар на мадам де Лафает; ги напишал познатите „Еглоди“. 169. Naturalia sunt turpia (лат.) – природните желби се срамни. 170. Кастелион – златна монета од 4,5 грама, содржела 450 мараведи. 171. Foenum habet in cornu (лат.) – има слама по роговите; израз, што означува, дека животното е бесно, односно, во преносно значење, дека жената е блудница. 172. ... со него еднаш in flagranti ја затекнав... – Да затекнеш некого in flagranti, значи да го затекнеш на самото место. 173. Domine, non sum dignus (лат.) – Господи, не сум достоен. 174. Крстот на тројцата кралеви – место, каде што светите мошти на Каспар, Малхиор и Балтазар (како што католичката црква ги нарекува тројцата мудреци од Исток, кои дошле со дарови во Витлеем) запреле, кога биле пренесувани во Келн и каде што направиле многу чуда, поради што, на тоа свето место доаѓале ходочасници на поклонување. 175. Карпата на Франција – планина во Шпанија, меѓу Саламанка и Сиудад Ридриго, на која се наоѓа доминиканскиот манастир, каде што во 1409 година бил откриен ликот на дева Марија. 176. Готфрид Бујонски (1058 – 1100) – лотарингиски херој, еден од војсководачите на Првиот крстоносен поход и прв крал на освоениот Ерусалим. 177. Пјер Отшелник (1050 – 1115) – славна историска личност, собирал учесници за Првиот крстоносен поход. 178. Andamos! (шп.) – Да одиме! 179. Cargate todo, hombres (шп.) – Дигај ги платната! 180. Свети Јулиан и свети Мартин – заштитници на патниците.

552


181. Libro molto bello che de torno in torno e scrito el viagio e paese che hono ricercato (ит.) – убава книга, во која ден по ден е опишано патешествието во земјите, што тие ги посетија. 182. Лудвиг Ариосто – познат италијански поет од петнаесеттиот век, автор на херојската поема „Бесниот Роландо“. 183. Пјер Жил, Каде Гасекур, Идриси, кралицата од Саба – познати светски патешественици, кои ги опишале своите патешествија. 18. ... некогашниот маварски царски двор. – Во Кордоба некое време бил дворот на халифот на Омајадите. Христијаните ја превзеле Кордоба од Маврите во 1236 година и набргу потоа прекрасната и раскошна престолнина се претворила во осиромашена и запуштена крепост. Требало да помине цел век, за градот да почне пак да се развива, но тоа се одвивало бргу, така што во времето кога се случува оваа повест, Кордоба бил еден од најбогатите и најубави градови не само во Шпанија, туку и во Европа. 185. Хелебарда – копје со секира прицврстена под врвот. 186. Алмиља – куса и тесна воена облека, која се носела под оклопот. 187. Бездната Кобра – бездна во провинцијата Кордоба, за која се смета, дека е кратер од угасен вулкан. 188. Мурсија – област во Југозападна Шпанија, голем свиларски центар. 189. Алгвазил – дворски довереник, советник и извршител на наредбите. 190. Пелота – вид игра со топка, била многу распространета во Шпанија. 191. Танци со прапорци – станува збор за прапорци зашиени за панталоните на танчерите од колената надолу. Танци на чевли – народни шпански танци во кои танчерите тропаат ритмично со нозете под звуците на некој инструмент. Танци со меч – исто така многу распространети во Шпанија, особено во Толедо. 192. Vulgus profanum (лат.) – простиот народ. 193. ... da стане негов темничар. – Во 1500 година дворјанинот Франциско Бобадиља пристигнува во Хаити по заповед на кралот, за да го уапси Колумбо и да го врати назад во Шпанија. 194. Морето – океан – така се викале во времето на Колумбо водите на запад од Средоземното море. 195. …славниот принц Енрике... – Се мисли на Енрике Морепловецот. 196. Џинџифил – ингвер, вид зачин. 553


197. … прво до островот Ципанго, потоа до Манги... – Така тогаш се викале Јапонија, односно Кина. 198. Растојанието не е големо... – Такво мислење владеело тогаш. 199. Sub clara nuda lucerna (лат.) – Гола на силна светлина. 200. … ќе ми судат и ќе ме осудат. – Во тие години од владеењето на Фердинанд и Изабела двобоите во Шпанија биле забранети. 201. Хидалго (шп.) – рицар. 202. Error circumflexus (лат.) – сложен лавиринт. 203. Хеба – богиња на вечната младост. 204. Fausse Isabelle (фр.) – расипана Изабела. 205. Орлеанската девица – се мисли на Јованка Орлеанка. 206. … принцезата Саламбо и варваринот Матос? – Во историскиот роман „Саламбо“ на Густив Флобер е опишана епската љубов помеѓу Саламбо, ќерката на картагенскиот војсководач Хамилкар, наречен Барка, татко на Ханибал и варваринот Матос, која завршила трагично. 207. Cavendo tutus (лат.) – претпазувајќи се, ќе бидеш во безопасност. 208. Tres chere souveraine (фр.) – многу драга владетелка. 209. Кентаур – митолошко суштество, половина човек, половина коњ. 210. Andamos! (шп.) – Да одиме! 211. Deus vult (лат.) – Господ сака. Таква била дењвизата на првите крстоносци, кои Петар Амиенски ги повел кон Светата земја. 212. Серпентини – топови од тоа време. 213. Бускорона – шеговита игра, при која едната рака се подава за бакнување, а со другата се удира по главата на наведнатиот. 214. Сегидилии – вид народни песни. 215. Кања – военоаристократска игра со коњи, во која се прикажуваат на шега борби, маскаради и друго. 216. Ставале маски на лицето... – Поимашливите и попрефинети луѓе носеле маски, за да си го засолнат лицето од правот и од сонцето. 217. Pulsus creber anhelans, crepitans irregularis (лат.) – Пулсот забрзан, многу силно, неправилно. 218. Vulgus profanum (лат.) – простиот народ. 219. Carthaginem esse delendam (лат.) – „Картагена треба да се разори“ – зборови, кои постојано ги повторувал Катон, кога во Римскиот сенат говорел за победената Картагена, бидејќи се плашел таа повторно да не стане опасна за Рим. 220. Plebs, fex urbis (лат.) – простиот народ, изметот на градот. 554


221. Пегази и грифони – крилати коњи во античката митологија. 222. Modus vivendi (лат.) – начин на живот. 223. Te Deum landamus (лат.) – Те фалам, Господи – католичка благодарствена молитва. 224. ... кучиња без дозвола. – Во Шпанија, според прокламацијата, никој под рангот на гроф не смеел да чува ловечки кучиња без кралска дозвола. 225. Аграмонт – водач на сите маварски кнезови и кралеви кои го опседнале Карло Велики во Париз. 226. Олја подрида – шпанско национално јадење. 227. ... вклучувајќи го и Париз. – Во тоа време се наговестувала можноста од војна помеѓу Франција и Шпанија. 228. Некаков си таму Шкот... ги таманел непријателите на својот господар. – Станува збор за шкотскиот лорд Крафорд, извонредно силен човек. 229. Гуштерски острови – замислени острови некаде во океанот. 230. Operibus credite et non verbis (лат.) – Верувајте им на делата, а не на зборовите. 231. Соруна (шп.) – лисица. 232. Бахус – митолошки бог на виното. 233. Sunt faeminae magnates (лат.) – не се пуштаат простите граѓани. 234. Дивиот ловец – познато шумско сениште, кое понекогаш го нарекувале и „голем ловец“. 235. Fugite, partes adversae (лат.) – Отстапете, нечисти сили! (Зборови, со кои се служи црквата, кога го тера ѓаволот од човекот). 236. Quos ego! (лат.) – зборови, што Вергилиј во „Енеида“ ги става во устата на Нептун, разлутен на разбеснетите морски ветрови, а кои изразуваат гнев и застрашување. 237. ...обвиненијата на Цицерон. – Катилина спремал завера против Римската република, но бил откриен од Цицерон. 238. Конетабал – врховен командант на војската. 239. Ferrum, et fossam, et furcas (лат.) – вериги и јама и пранги. 240. Imposuit manus in Cristos Domin (лат.) – Посегнал со раката на миропомазаниците божји. 241. Omnes leges, omniaque iura vim repellere cuntisque sese defensare permittuni (лат.) – Сите закони и сите права дозволуваат за одбрана да се употреби сила и сите средства. 555


242. Lasciate ogni speranza – Напуштете ја секоја надеж – стих од „Пеколот“ на Данте. 243. Господ да ви е на помош, бароне де Басан! – Се обистиниле зборовите на клучарот: Баронот Салуст де Басан никогаш не излегол од својата темница, а еден ден, точно по две години откако бил затворен, таму и бил задавен; велат, дека тоа било сторено по вољата на кралицата, која не можела да му опрости на својот љубовник. 244. Ad patres (лат.) – кај претците. 245. Пандемониум – сврталиште на ѓаволи. 246. Pater noster qui es in coelis, sanctificetur nomen tuum, adveniat regnum tuum, fiat voluntas tua… (лат.) – Татко наш кој си на небото, да се свети името твое, да дојде царството твое, да биде вољата твоја... 247. Corpore et bona nostrorum subiectorum nostra sunt (лат.) – животот и имотот на поданиците зависат од кралот. 248. Execrabilis (лат.) – Проклетство на достојните. 249. Verae efenim maniae (лат.) – случај на вистинска глупост. 250. Mea culpa (лат.) – Виновен сум. 251. Mea culpa, mea maxima culpa (лат.) – Тоа е мојот грев, мојот најголем грев. 252. Argumentum ad absurdum (лат.) – доказ за бесмисие, нелогичност. 253. Errando discimus (лат.) – Грешејќи, се учиме. 254. Pro publico bono (лат.) – За општо добро. 255. „De bello Iugurtino“ (лат.) – „Војната на Југурта“, дело на Салустиј; „De viris illustribus“ (лат.) – „За прочуените мажи“, дело на римскиот историчар Непот за животот на видните Римјани. 256. Enfant terrible (лат.) – дете, кое запрепастува со своите лоши зборови и постапки, но кое е мило, па сè му се опростува. 257. Vendidi hebdomade nuper transita meam ultiman chemisam (лат.) – Минатата недела си ја продадов последната кошула. 258. Vita active(лат.) – деен живот. 259. Beatus ille, qui procul negotiis (лат.) – честит е оној, кој е далеку од секаква работа. 260. Sui generis(лат.) – специфичен, своеврстен. 261. Nil admirairi (лат.) – На ништо не се чуди. 262. Vir incomparabilis et doctorum phoenix (лат.) – маж неспоредлив и феникс меѓу учените. 263. Insulae fortunatae (лат.) – Среќни острови. 556


264. Mi madre se ilama montana (шп.) – Мајка ми се нарекува планина. 265. Mea culpa. Miserere mei Deus (лат.) – Виновен сум. Смилувал се над мене, Господи. 266. Salvum me fac, Deum, quoniam intraverunt aquae usque ad animam meam (лат.) – Спаси ме боже, зошто брановите дојдоа сè до душава моја. 267. Varium et mutabile (лат.) – непостојана и променлива жена. 268. Светски познатата португалска калуѓерка... – Во втората половина на седумнаесеттиот век Европа била потресена од публикуваните писма на младата португалска благородничка Маријана Алкафараде, која морала да оди рано во манастир во градот Бежи во Португалија. Писмата биле адресирани до францускиот офицер Ноел Бутон, гроф од Сен – Лаже, кој едно време претстојувал во Бежи со својот полк како помош на предендентот на португалскиот престол во борбата против шпанските окупатори, а потоа засекогаш ја напуштил Португалија, оставајќи ја својата ожалостена љубовница. 269. Мислев на тебе, што значи, дека ми донесе среќа. – Постоело верување, дека оној на кого мислиш ќе ти донесе среќа или несреќа. 270. In medias res (лат.) – во суштината на работите. 271. Caesar tota provincia dilectum habuit (лат.) – Цезар вршеше регрутација во целата провинција. 272. Немојте да се пијаните... за да не ја доживеете судбината на Хлодовик. – Хлодовик со голема војска удрил на Италија. Грималдо, војводата од Беневента се повлекол пред него и му го оставил својот табор, во кој имало големо количество на вино. Французите се испијаниле и заспале, па на нив одеднаш удрил преку ноќта Грималдо и ги поразил. 273. Vincite! (лат.) – Победувајте! 274. Гвадикс, Алмерија и Баса – градови во Гранада, кои тогаш сè уште биле во рацете на Маврите, 275. Pauaca verba (лат.) – малку зборови, т.е. неколку збора го исцрпуваат прашањето, повеќе не треба да се кажува. 276. Арбалести – лакови, попречно положени со кундак. 277. Мизерикардии – кратки мечови, со кои рицарите се служеле да ги дотепаат ранетите. 278. Фалконети – долгоцевни тешки пушки од тоа време. 279. Аркебузи и арбалети – видови пушки за близок бој. 280. Ескопети – старински пушки со дуло, расширено на крајот како труба; при стрелање биле потпирани на специјални поставки. 281. Жазерина – еластична и тенка панцирна кошула, 557


282. Gott mit uns (гер.) – Бог е со нас. 283. Descarade – француски збор, кој означува тргнување во галоп на тешка кола, а кој му се припишува на поетот Франсоа Вијон. 284. Јас го доживеав својот Толбијак. – Град, недалеку од Келн; во средновековните хроники се споменува како место, каде кралот на Франките Хлодовик од династијата на Меровингите кон крајот на петтиот век им нанел решителен пораз на Германците и ги натерал да ја признаат неговата власт. 285. Beati qui in Domino morintur (лат.) – Блажени се оние, кои умираат со вера во бога. 286. Ландалеман – германски наемник. 287. Таламбаси – големи маварски тапани. 288. Французинот Дино – првиот рицар на Луј Единаесетти, инаку потомок на Јованка Орлеанка. 289. …скокна една прекрасна гола жена. – Кога Цезар ги победил Египќаните и влегол во Александрија, Клеопатра се добрала до него на тој начин, што им наредила на своите луѓе да ја увијат во тепих, и тепихот да му го однесат како подарок. 290. Raptis (лат.) – состојба, при која човек се чувствува како издигнат над самиот себе си. 291. Санта Фе (шп.) – Штаб на Светата вера. 292. Гради во гради, во личен двобој. – Така подоцна ги решавале своите спорови Франсоа Први и царот Карло. 293. Dies irae, dies illa (лат.) – Денот на гневот, оној ден... – почетни зборови на католичка молитва, кои го прикажуваат страшниот суд. 294. Benedicto vos in nomine patris, et filli et spiritus saneti (лат.) – Ве благословувам во името на Таткото, и Синот, и Светиот дух. 295. Benedicite (лат.) – Благослови, Господи. 296. Arma capite! (лат.) – Зграбете го оружјето! 297. Корнетисти – офицери, кои го носеле „корнетот“, т.е. четвртото знаме во коњаничкиот полк и биле трети по ранг по командирот и капетанот. 298. Laudetur Iesus Christus! (лат.) – Слава на Исус Христос! 299. Ave Maria, gratias plena (лат.) – Здраво Марија, полна со милост. 300. Omnibus locis acriter pugnatum est (лат.) – На сите места се водеше жестока борба. 301. Andamos! (шп.) – Да одиме! 302. Periculum in mora (лат.) – Опасно е да се исчекува. 303. Abite, dum est facultas (лат.) – Одете, додека има можност. 558


304. Annuncio vobis gaudium magnum(лат.)-Ви објавувам голема радост. 305. Pompeiani dignitates inter se dividebant, velut si Caesarem iam vicissent (лат.) – Помпеевците си делеа меѓу себе честитки, како да го победиле веќе Цезара. 306. Benedicamus Domino! Non nobis, sed nomine tuo, domine, da gloriam (лат.) – Да го благословиме Господа! Не нам, а на името твое, Господе, дај му слава. 307. Deus vicit! (лат.) – Бог победи. 308. Feci quod potui, faciant meliora potentes. Nec plus ultra. (лат.) – Колку можев направив, кој може нека направи подобро. Понатаму-не. 309. Работата ќе отиде ad acta. – Да ставиш нешто ad acta, значи: да го сложиш меѓу решени списи, т.е. да го сметаш за решено; се употребува исто така во значењето: да го предадеш на заборав. 310. Requiscant in pace (лат.) – мир на нивната прашине. 311. Invideo, invideo quia quiescent(лат.)- Им завидувам, им завидувам зошто почиваат. 312. In nomine Patris et filii et Spiritus Saneti (lat.) – во името на Таткото и Синот и Светиот дух. 313. Nulla pericula me deterrebunt, quominus amicis adsim (лат.) – Никакви опасности нема да ме одвратат да им помогнам на пријателите. 314. Pater noster qui es in coelis, Sancfificetur nomen tuum, Adveniat regnum tuum, Fiat voluntas tua… (lat.) Татко наш кој си на небото, да се свети името твое, да дојде царството твое, да виде вољата твоја... 315. Legati venerunt pacem petituri (lat.) – Пратениците дојдоа да молат за милост. 316. Hostes arma tradere iussi sunt (лат.) – На непријателите им е заповедано да го предадат оружјето, 317. Requiem aeternam (лат.) – Вечна памет, католичка молитва. 318. ... го седна до себе, нарекувајќи го „брате“. – Кралевите еден со друг се нарекувале браќа. 319. Arabia felix (лат.) – Среќна Арабија. 320. Venient annis saccula seris, quibus Oceanus vincula rerum laxet et ingens 559


pateat tellus, Typhisque novos detegat orbes, nec sit terries Ultima Thula. (лат.) – Цитат од Сенекината „Медеја“, според кој ќе се пронајдад нови светови и Тула веќе нема да биде најоддалечената точка на нашата земја. 321. Capitulation – во буквална смисла на зборот значи избројување на главите (capitulos) на некој договор или спогодба. 322. ...за зголемување на славата Господова. – Во тринаесеттиот и четиринаесеттиот век папата и кралевите не еднаш испраќале свои пратеници кај монголските владетели од домот на Џингис – кан и добивале од нив одговор. Кореспонденцијата се водела доста редовно. Европа се објаснувала со Монголите на латински. Исто на латински кастилскиот крал Енрике Трети напишал писмо до страшниот освојувач Тимур, кај кого го испратил својот дипломат Клавихо. Така да, читателот не треба да се чуди на писмото, за кое овде станува збор. 323. Manu proprio (лат.) – своерачно. 324. Christophorus quidam Colonus vir Ligurus (лат.) – Некојси Христофор Колон, лигуриец. 325. Brevissimo cammino (шп.) – најкраток пат. 326. Шпанија си го осигура со папска була... – Во средните векови се нарекувале була металниот печат, а подоцна и капсулата, во која го заклучувале печатот, како и самиот акт (императорски или папски). Во подоцнежните векови була се нарекуваат само важните укази на римските папи. Во случајот станува збор за булата на римскиот папа Александар Шести Борџија (роден Шпанец – Родриго Борха) од 1493 година со која се објавува со декрет таканареченото „разделување на светот“ помеѓу Португалија и Шпанија. 327. Epistolae obscurorum virorum (лат.) – Писма на мрачните луѓе. 328. In vino veritas (лат.) – во виното е вистината. 329. Beatus possident (лат.) – среќен владетел. 330. ...оној познат пехар на уметникот Мартин Доминик. – Овој пехар сè уште стои во музејот во Кордоба. 331. Omnis cogitatio libidinosa cerebrum inficit (лат.) – секоја блудна мисла го труе разумот. 332. …за идната битка за Италија... – Набргу потоа Франција и Шпанија ќе почнат да се натпреварувват кој прв ќе ја освои Италија. 333. Post tot promise (лат.) – после толку ветувања. 560


334. Макијавели – познат италијански историчар, политичар, филозоф и писател. Во своето животно дело „Владетелот“ ја оправдува дволичноста, жестокоста и неблагодарноста на владетелите. 335. Mais attention! Prenez garde, cogins! C`est le service de madame la reine. Oh, vous imbeciles!(фр.) – Повнимателно, негодници! Тоа е сервизот на госпоѓа кралицата! Тапаци низаедни! 336. Articulo mortis (лат.) – состојба на агонија. 337. Андрадиља (шп.) – измамник. 338. Oh, caesa mens mortalium (lat.) – О, слеп човечки ум! 339. Mais ou sont les neiges d`anton? (фр.) – Но каде е денес снегот од лани? (Стих од францускиот поет Франсоа Вијон 1431 - ?). 340. Грифон – во грчката митологија лав со орлова глава. 341. Vanitas vanitatum (лат.) – Тишина над тишините. 342. Бернард – лик на рицар, кој постојано патува. 343. ... заплови на запад по Атланскиот океан. – Станува збор за втората пловидба на Колумбо, од вкупно четирите. 344. Fallador (шп.) – дрдодко. 345. Imagunacoes com su ilha Cipangu (шп.) – фантазии за островот Ципанго (Јапонија). 346. Primo Henrici Septimi (лат.) – првата година од владеењето на Хенри Седми. 347. Бенифиција – издигање во црковен чин, поврзан со рента. 348. Кошулата на свети Петар – облека на таканареченото бело духовништво, која тогаш ја носеле студентите. 349. … за правата на доморотците. – Големиот епископ Бартоломеј Лас – Касас ги разобличил ѕверствата на конквистадорите против месното население во Новиот свет со таква сила, што и до денес уште срцето затреперува, кога човек ги чита неговите записи. Напишаната од него голема историја на Америка, „Historia general de las Indias“ што ја започнал во 1559 година во манастирот во Ваљадолид на 85 – годишна возраст, и денес може да се смета за најсолидниот документ по историографија од онаа епоха. Лас – Касас, роден во 1474 година дошол во Хиспањола (Хаити) во 1502 година и како свештеник и епископ живеел до својата 73 година во новите делови на светот, не земајќи ги во предвид неговите многубројни пловидби до Шпанија. Никој од него не бил поумешен во давањето на компетентна проценка за настаните од епохата на откритијата. 350. Ermosso (шп.) – убав, прекрасен. 351. Кандаја (шп.) – замислена земја. 561


352. Ave, maris stella (лат.) – здраво, морска ѕвездо. 353. Аделантадо (шп.) – губернатор на одделна област. 354. Hic jacet peccator magnus (лат.) – Овде лежи голем грешник.

БЕЛЕШКИ Втор дел

1. Алое – тропско и суптропско растение, кое се употребува за производство на текстилни влакна и груби ткаенини, а има значење и во медицината. 2. Сантанхел... веднаш штом го доби... – Сантанхел го добил ова писмо на 25 март 1493 година. 3.Пристигнаа само со „Ниња“ – Нешто подоцна во Палос дошол и бродот „Пинта“, за кој се мислело, дека загинал во жестоката фебруарска бура на враќањето од новооткриениот свет, за кој Колумбо меслел дека е Индија. 4. ... Фердинанд де Арагон го крстија – Овие доморотци, меѓутоа, не живееле многу со својата „среќа“, бидејќи, не можејќи да ја поднесат новата клима и новите услови за живот, залегнале и набргу умреле. 5. Дон Хуан Понса де Леон – иден гувернер на островот Порто Рико и откривател на Флорида. 6. Da mihi bibere (лат.) – Дај ми да пијам.

562


7. Candida nigrescant vetulo crystalla Falerno (лат.) – Нека потемнат кристалните чаши од старото фалернско вино. (Стих од римскиот поет Марцијал). 8. Inde irae (лат.) – Од тука бесот. 9. Островот Еспањола – остров, на кој се наоѓаат Хаити и Доминика. 10. Треба да бидеме спремни на сè... – Колумбо ја пуштил веста, дека во Индија има човекојатци кои ги напаѓале островите и ги јаделе своите заробеници. Но всушност, токму тие „канибали“ не само што не јаделе човечко месо, туку не јаделе никакво – биле заколнати вегетаријанци. 11. ...Потешко ми е оној што не го сакам да му го речам тоа, отколку да го направам – овие зборови му се припишуваат на Гај Јулиј Цезар. 12. Пегаз – коњ од грчката митологија кој летал. 13. Quod nihil illi deerat ad regnandum praeter regnum (лат.) – Сè имал што му треба на крал, само не кралство. (Се мисли на Хиероним од Сиракуза). 14. Magister equitum (лат.) – заповедник на коњаницата. 15. Inter nos (лат.) – Меѓу нас кажано. 16. Sub rosa (лат.) – под ружата. Со значење: во тајност, во доверба. 17. Nomina sunt odiosa (лат.) – имињата се омразени. Со значење: имињата не треба да се споменуваат. 18. ...Кон пребогатата, преубава и преславна Италија погледнуваат тие – Во почетокот на 16 век Италија ќе се претвори во огромно болно поле, на кое Французите и Шпанците ќе се борат за превласт. 19. Mea culpa, Deus (лат.) – Грешен сум, боже. 20. Confiteor (лат.) – Се каам. 21. Vivere est militare (лат.) – Да живееш, значи да се бориш. 22. Surdo fabulam naras (лат.) – На глувиот му раскажуваат приказни. Со значење: залудно му зборуваш. 23. Persona non grata (лат.) – недраго лице. 24. Маргиналии – примедби и забелешки, што читателот ги внесува на празните делови од книгата. 25. Марк Аврелиј – римски император – стоик, познат со своето филозовско дело „Кон дебе си“. 26. Боециј – Анкциј Манлиј Северин Боециј (480 – 523 г.), римски филозоф и писател, во служба на остроготскиот крал Теодорик Велики, кој тогаш владеел во Италија. Бил осуден на смрт и погубен. Во затворот, чекајќи го извршувањето на својата смртна казна, го напишал своето животно дело „Утеха на филозофијата“, секако најчитаната книга во целиот 563


среден век, и воопшто неговото творештво имало огромно влијание. Го нарекувале „последниот Римјанин“ поради неговата извонредна приврзаност кон антиката во време кога нејзиното значење се губело. 27. Ромул – според преданието еден од двајцата браќа што ги исчувала волчицата, основачот на Рим. 28. Агамемнон – според Хомер врховниот заповедник на грчката војска под Троја. 29. Нефелибат (грч.) – оној, кој оди по облаците. 30. Мистагог (грч.) – човек, посветен во таинственостите. 31. ... биле оставени 39 учесници од првата експедиција – На својата прва експедиција, кога стигнал во заливот Навидад на островот Еспањола, денес Хаити, Колумбо наредил да се изгради крепост и во неа до своето враќање оставил 39 луѓе со оружје, храна и сè друго што им е потребно, строго наредувајќи им да се однесуваат пријателски со локалното население, кое било многу мирољубиво и кротко. Овие меѓутоа, најверојатно се однесувале насилнички, така што сите до еден биле убиени. 32. Фаетон – тропска морска птица, „Рабо де хунко“. 33. Фрегати – птици кои живеат на океанските крајбрежија во тропскиот појас; ги натеруваат пеликаните да ја повратуваат проголтаната храна и сами ја јадат, зошто не се хранат со ништо друго. 34. Albricios que tenemos tierra (шп.) – Награда, гледаме земја! 35. ... ги свиткаа гротите, фоките, кливерите, топселите, бизантите и блиндите... – видови платна на корабите. 36. ... се приближија до планински остров – Колумбо излегол кон малите Антилски острови кон кои припаѓа и Доминика, во пунктот, кој се покажал како најдобар за корабите во следните четири столетија. Имено на тоа место се наоѓа преминот меѓу островите, без опасни подводни скали и плитчини и низ него минува патот до Венецуела, Вера Круз, до Западните Карибски острови, до Порто Рико, Санто Доминго и Куба. Тоа, се разбира, е чиста случајност, но во секој случај подоцна неговата маршрута често била користена од корабите кои пловеле од Севиља и Кадис до бреговите на Новиот свет. 37. Адмиралот тие острови ги нарече Единаесетте илјади девици, Once mil virgins – Подоцна овој назив бил скратен и островите станале Девически или Виргински. 38. ... спротивно на... Ахил му ја понуди на адмиралот – Агамемнон, врховниот заповедник на Грците под Троја си ја присвоил за себе Бризеида, 564


робинката на Ахил, а овој поради тоа се налутил и не учествувал во битките сè додека не му го убиле пријателот Патрокло. 39. Mea parvitas (лат.) – мојата маленкост. 40. Киклопи – митолошки суштества со по едно око на челото; познат е киклопот Полифем со кој, според Хомер се борел и го победил Одисеј. 41. ... му покажувал сè покрекрасни и попрекрасни нешта. – Се мисли на дневниците и мемоарите на Колумбо, кои Ана Лудвига Черни ги средила и ги објавила и на тој начин станале достапни. 42. ... дури и орелот... на рајската птица... пред да й го свитка вратот – Уште во времето на Колумбо Шпанците почнале насилнички да се однесуваат кон жителите на овие прекрасни острови, а набргу потоа биле речиси истребени. 43. ... 15 милиони мараведи чист годишен приход... – проценето во денешни пари, тоа е околу 1 милијарда евра. 44. ... закукурика петелот на свети Петар – во значење: кога некој ќе се откаже од службата на која се заколнал. 45. Генеолози – експерти кои се занимаваат со изучување на потеклото на родот на семејството. 46. Чељусти, азури и песоци – хералдички називи за поединечни знаци или делови на грбовите. 47. ... и се оженил со нивната преубава принцеза. – Во петтиот век Визиготите ја покориле Шпанија и владееле со неа до осмиот век, кога од Северна Африка дошле победоносните Маври и таму основале свое кралство, кое траело цели осум века. 48. Ескуаер – титула на човек сметан за „господин“ по раѓање, положба или образование, поставувана секогаш на писмо или документ по неговото име. 49. ... станале вистински Исуденци. – Исуден бил град на елеганција и отмени и благородни луѓе. 50. Сибарис – богат старогрчки град во Италија, чии што жители биле познати со своите изнежнети навики и склоност кон раскош. 51. Ces grands Mulords accords, beaux et courtois (фр.) – Тие велики милорди, благородни, убави и љубезни, великодушни и силни. 52. Хамилкар Барка – Во петтиот век пр. н. е. Хамилкар, таткото на Ханибал ја освоил Шпанија, тогаш Иберија и ја направил картагинска провинција. 565


53. Меровинзи – франачка династија од петтиот и шестиот век, чиј најпознат владетел бил Хлодовик. 54. Claude os, aperi oculos (лат.) – Затвори ја устата, отвори ги очите. 55. Седумте слободни вештини – На почетокот на петтиот век е направен обид да се собере на едно место целото знаење кое црквата го сметала неопходно за своите цели. Во 430 година африканскиот писател Марцијан Капело во деветте книги на своето дело „За филологијата и Меркур“ дал преглед на сите знаења на антиката, познат под називот „Седум слободни вештини“ („Septem artes liberals“), во кој влегувале граматиката, реториката, дијалектиката, геометријата, аритметиката, астрономијата и музиката. Во шестиот век Боециј, наречен „последниот Римјанин“ и Касиодор ги поделиле тие седум вештини на две групи: тривиум (граматика, реторика и дијалектика) и квадривиум (останатите четири вештини). Во таков облик тој круг знаења влегол во сите средновековни учебници и енциклопедии и сè до шеснаесеттиот век ја претставувал основата на високото образование. 56. Per aspera ad astra (лат.) – Низ трње до ѕвездите. 57. In rebus adversis meliora sperare momento (лат.) – Во невоља не заборавај, дека ќе дојдат подобри времиња. 58. In petto (лат.) – Во душата. 59. Unusquisque suae fortunae faber est (лат.) – Секој е ковач на својата среќа. 60. Salve, salve maris stella (лат.) – Здраво, здраво морска ѕвездо! (Почеток на католичка химна). 61. Ave Maria, gratias plena (лат.) – Здраво Марија, полна со милост. 62. O, gloriosa, Domina (лат.) – О, славна господарке. 63. Dio gratias. Amen. Amen. (лат.) – Фала ти, боже. Амен. Амен. 64. ... Изабела не е толку среќна, колку што во почетокот се мислеше... – Колумбо ја основал колонијата Изабела врз лесно исушено блато, што значи, дека местото за заселување било нездраво за живеење. Тука водата била лоша, во воздухот се носеле облаци од маларични комарци кои предизвикувале маларија. Истата грешка Европејците ја правеле во Новиот свет и во наредните неколку века. Секој пат кога корабите се приближувале до некој „рајски залив“, чии што брегови потонале во бујно зеленило, колонизаторите се одушевувале, им се чинело, дека самиот Господ ги довел до ветената земја и тие се симнувале на брегот и се зафаќале да ги постават основите на новиот град. Само многувековното искуство ги убедило колонизаторите од Стариот свет, дека во американските тропски 566


подрачја најпогубни се местата во крајбрежната линија и дека притоа најопасни биле прекрасните катчиња со раскошни шуми и обилни води. Во таквите места Индијанците никогаш не се населувале и веројатно тие биле крајно зачудени, што бледоликите гости одседнувале во оној дел од крајбрежјето, што паметните луѓе секогаш го одбегнувале. 65. ... треската уште посилно почнала да тресе... – Во тој период во Изабела од маларија умреле десетици луѓе, а и Колумбо се разболел, така што лекарот Чанка дури се уплашил за неговиот живот. 66. ... а и метежниците... кренаа глава... – Во фебруари 1494 година некој си Бернал де Писо, инаку близок довереник на кардиналот Фонсека сковал заговор: тој и другите заговорници требало да ги завладеат корабите кои останале во Еспањола, да ги заграбат остатоците од храната и да избегаат во Кастилија, откако ќе го остават на произволот на судбината не само адмиралот, а и своите другари. Тоа бил првиот метеж во Новиот свет. Го откриле и го смириле уште пред да избувне. Колумбо не се решил да ги обеси Бернал де Писа и поважните заговорници, туку ги испратил во Кастилија, а таму воопшто не им било судено. 67. Се упати кон земјата Сибао... – Сибао се наоѓал меѓу планини во внатрешноста на Еспањола и за да се стигне дотаму требало да се пресече веригата на Северните Кордилери. 68. ... за печалбата од трговијата со робови... можат да се спечалат околу 40 милиони... – Трговијата со робови што ја предложил Колумбо и поради која некои го карактеризираат како пират, немала иднина. Во петнаесеттиот век во Шпанија се експлоатирале не робовите, туку слободните и полуслободните селани. Во она време одминале грубите форми на насилство, паричната рента ја заменила ангаријата. Парите го разјале феудалниот систем создаден во раното средновековие, се раѓала новата капиталистичка форнација. На младиот капитализам не му биле потребни робови туку злато, прекуморско злато кое во Европа било претворано во капитал. Навистина, ќе дојде денот и на робовите. По две, три столетија робови ќе се бараат не во Европа, туку во нејзините прекуморсски владенија, каде што ќе се роди плантажниот систем. Основата на тој систем ќе биде ропскиот труд и тогаш робови ќе се внесуваат, но од Африка, бидејќи на Антилските острови Индијанци речиси веќе нема да има. 69. ... ја усвоиле енкомиендата... – со тој збор во тоа време било означено држањето на робови – доморотци. 70. Genus deliberativum (лат.) – политички беседи. 567


71. Timeo Danaos et dona ferentes (лат.) – Се плашам од Данајците и кога дарови носат. 72. Dio gratias. Amen. Regina Coeli laetare (лат.) – Фала ти, боже. Амен. Царице небесна, радувај се. 73. O, Sanctus (лат.) – О, свети боже. 74. ... си го преминал својот Рубикон – Така се вели за човек, кој се решил на нешто судбоносно во животот. Цезар рекол: „Коцката е фрлена!“ (мислел на решението да им објави војна на своите политички противници во Рим) – и ја поминал реката Рибикон. 75. „Dialogorum libri 12“ (лат.) – „Дијалози во 12 книги“, Сенекино дело. 76. „De finibus bonorum et malorum“ (лат.) – „За највисокото добро и зло“, Цицероново дело. 77. „Ad Licilium epistolarum moralium libri 20“ (лат.) – „Писма од Луцилиј, во 20 книги“, Сенекино дело. 78. Ecce agnes dei (лат.) – Еве го божјето јагне. 79. Etre superieur (фр.) – суштество, кое ги надминува другите. 80. Peripatetici ambulantes disputabant (лат.) – Парепатетиците (еден вид филозофи во стара Грција) се шетаа и расправаа. 81. Nec Hercules contra duos (лат.) – Ни Херкул (не може) против двајца. 82. ... кој е pro, кој contra (лат.) – pro – за; contra – против. 83. Негосиантизам – стремеж да се постават личните интереси над интересите на државата. 84. Absit! (лат.) – Во никој случај! 85. Imminet sehisma in Gallia (лат.) – Има опасност од раскол во Галија. 86. Gallia togata (лат.) – Галија во тога, т.е. оној дел од Галија, кој ги примил обичаите на Рим. 87. Antibarbarus (лат.) – антиварварин. 88. Anima candida (лат.) – честита душа. 89. Nihil est tam populare quam bonitas (лат.) – Нема ништо популарно од добрината. 90. Justica regnorum fundamentum (лат.) – Справедливоста е (треба да биде) основа на владеењето. 91. Juris praecepta sunt haec: homeste vivere, alterum non laedere, sum cuique tribuere (лат.) – Прописите на правото се: поштено да се живее, другиот да не се навредува, на секого неговото да му се даде. 568


92. Justitia omni auro carior (лат.) – Справедливоста е од сето злато поскапоцена. 93. Ecclesia universalis (лат.) – вселенска црква. 94. Alteri vivas aportet, si vis tibi vivere (лат.) – Најголемото блаженство се состои во животот на другите. 95. Болешлива е славата на богатството и златото – На латински: Divitiarum et formae gloria fluxa est; зборови на Салустиј. 96. Gloria in excelsis Deo et in terra pax hominibus bonae voluntatis (лат.) – Слава му на бога и на Земјата мир на луѓето со добра воља. 97. Risu inepto res ineptior nulla est (лат.) – Нема поневкусна работа од невкусна смеа. 98. Hannibal ante portas (лат.) – Ханибал е пред вратите; во значење: настанала опасност. 99. Тука беше Троја – цитат од „Енеида“ на Вергилиј. 100. Во едни стари записи на Полибиј... – Станува збор за „Истории“ на грчкиот историчар Полибиј. 101. Servi casati (лат.) – робови во стариот век, кои биле врзани за земјата. 102. Островот Пинос – Исла де ла Хувентуд. 103. Palatium (лат.) – кралски двор. 104. Missi dominici (лат.) – кралски посланици. 105. Judices publici (лат.) – државни агенти. 106. ... дојдовте во многу лош момент... и, како што стојат работите, лути војни... – Во тоа време била на повидок војната со францускиот крал Шарл Осми за превласт над расцепканите и завојувани меѓу себе италијански државички. 107. ... се готви да тргне кон Италија, откако веќе еднаш ја загуби – Францускиот крал Шарл Осми влегол во Италија 1494 година, 1495 го ослободил Неапол, бидејќи речиси сите италијански државички го примиле благонаклоно. Меѓутоа, кога папата Лудовико Моро, Фердинанд Арагонски, царот Максимилијан и Венеција се сојузиле против него, тој, по поразот кај Форнуова на 6 јули 1495 година ја загубил Италија. Неговиот наследник Луј Дванаесетти се задржал во Италија од 1499 до 1512 година. 108. Cornix cornice oculos non effodiet (лат.) – Гавран на гавран очи не му вади. 109. Acta est fibula (лат.) – Претставата е завршена. 110. Ad kalendas Graecas (лат.) – За грчките календи, односно никогаш. 569


111. Suplicavit (лат.) – жалба до кралот. 112. Рехидор – општински спветник во Шпанија. 113. Овиедо и Херера – познати кралски хроничари од тоа време. 114. Алонсо беше преголем Питагореец – Питагорејците биле познати со својот аристократски презир кон масите. И Хераклит бил изразит аристократ. Тој тврдел, дека, еден, ако е најдобар, вреди колку 10.000 други. 115. Морисци – Маври, кои во Гранадската војна останале во Шпанија и поминале во христијанството, но и покрај тоа биле гонети од инквизацијата. 116. Марани – евреи, кои во Шпанија го примиле христијанството. 117. Plebs, fex urbis (лат.) – прост народ, измет на градот. 118. ... сите луѓе без разлика вредат исто – Во стариот век постоело едно мислење, според кое сите луѓе без разлика имаат исто потекло, односно дека личната вредност на еден човек не стои во причинска врска со потеклото. Тоа го тврделе стоичкиот поет Арат (315 – 239 г. пр. н. е.) во своите дела и римскиот поет Јувенал ( 68 – 128 г.) во својата осма сатира. 119. Горна Џумаја – старото име на бугарскиот град Благоевград. 120. ... кај Варна бегале како зајаци – Опасноста од Турците која се наднела над Средна Европа и проповедта на папата предизвикале „крстоносна војна“ против Турците, во која зеле учество Унгарци, Пољаци и Австријци, но Турците ги разбиле крстоносците кај Варна, 1444 година. 121. ... заличе на Леонид, кој кај Термопилите ја очекуваше својата последна битка – Спартанскиот крал Леонид и неговите 300 војници изгинале кај преминот Термопили спротивставувајќи й се на огромната персиска војска. 122. ... навистина ли тој ја доживеа својата Зама? – Последната битка што Ханибал ја водел со Сципион Африкански, кај местото Зама, недалеку од Картагена. Во преносна смисла: последната трагична битка што еден човек ја води во својот живот. 123. ... да навлезе во непознатите води... – Двата брода и шеесетте луѓе со кои во 1499 година запловил на запад, Алонсо ги обезбедил благодарение на несебичната помош на флорентинските банкари и на кардиналот Фонсека. 124. ... го препознаваше својот Одисеј – Во делото на Хомер Одисеј ја предизвикал љубовта на нимфите низ чии острови поминувал враќајќи се од освоената Троја во родната Итака.

570


125. ... сакам да ги цртам брогивите, што вие ќе ги откривате – Познатата карта на светот што картографот Хуан де ла Коса ја составил во 1500 година се должи на географските иследувања на Алонсо де Охеда. 126. Триреми – староримски бродови со по три реда весла. 127. Ultra nemo scit quod contineatur (лат.) – Никој не знае што лежи по него. 128. Столбовите на Херкул – место расположено во јужниот дел од Пиринејскиот полуостров. На арапски името му е Џебел ал Тарик и произлегува од името на арапскиот војсководач Тарик Ибн Заид, кој во осмиот век ја превзел од Шпанците таа важна стратешка точка. Во древноста Гибралтар се нарекувал Мелкартови или Херкулови столбови (Columnae Herculis). Всушност, уште пред четиринаесеттиот век корабите преминувале од Средоземното море низ Гибралтарскиот проток, а на атланското крајбрежје никнале важни пристанишни градови. 129. ... Во кој што Херкул зракот ни го дарил – „Пеколот“ на Данте, песна 26. 130. Mare tenebrosum (лат.) – Море на темнината. 131. Тапробане – Цејлон. 132. Идриси – Абу Абдулах Мохамед Ал Идриси (1110 – 1165), арапски патешественик, географ и картограф. Најпознатото дело му е „Задоволството на копнежливиот да ги пропатува земјите“, завршено во 1153 година во Палермо по порачка на сицилискиот крал Роџер Втори. Овој извонредно значаен труд содржи и 70 географски карти (една општа карта на светот и другите – секциски, изработени од други лица, пак по порачка на сицилискиот крал. 133. Билад Гана – Гвинеја. 134. Торментозу – Носот на бурите. 135. Веспучи – Америго Веспучи, по кој Новиот свет откриен од Колумбо незаслужено го добил името “Америка“. 136. Пизаро – Франциско Пизаро, освојувачот на Перу. 137. Бонвиван (фр.) – сјаен човек. 138. Амадис – јунак од средновековен роман, пример за рицарска постојаност и беспрекорност во љубовта кон „господарката на своето срце“. 139. ... како што тоа подоцна го правеше Жан Барт – Прочуениот француски пират и морепловец Жан Барт му се обраќал на морето со своите познати зборови, упатувајќи му ги секогаш, кога ќе избегнел бродолом: „Избриши се, Англичанецу!“ Се знае, дека Жан Барт океанот го нарекувал Англичанец секогаш, кога сакал да го опсуе. 571


140. ... разните летописи, меморијали и писма од тоа време – За Алонсо де Охеда, односно нашиот Драган Охридски има малку шпански извори, што може да се објасни со тоа, што Шпанците, слично на нивниот крал Фердинанд Арагонски не можеле да му опростат на својот најголем јунак од Гранадската војна и голем конквистадор, што всушност не е Шпанец, туку „некаков си таму црн Балканец кој дошол од бреговите на едно езеро зад грбот на Господ“. За него можат да се најдат малку податоци во Симанкаските архиви на шпанските кралеви кои се чуваат во стар средновековен замок во шпанскиот град Симанкас, а и шпанските енциклопедии од тоа време па и потоа, многу малку го споменуваат, дури и изоставуваат некои од неговите најголеми подвизи како војсководач и морепловец. Но затоа пак постојат многу португалски, јужноамерикански, англиски, руски, шведски, дубровнички и дрги извори за него од петнаесеттиот и шеснаесеттиот век. Многу летописци го величаат во своите дела, дури и Лудвиг Ариосто, авторот на „Бесниот Роландо“ неколку пати го споменува во своите белешки. Од извонредно значење за расветлување на личноста на овој извонреден човек е дневникот на француската патешественичка и писателка Мари Мадлен Сен – Жозеф, внука на бретонскиот херцог де Вилар. Дневникот е воден од 1491 до 1509 година. Во него госпоѓата Мари Мадлен Сен – Жозеф соопштува, дека Алонсо де Охеда е познат уште со името Драхан де Лихнида. Дневникот во тоа време се наоѓал кај баронот фон Крамер, наследник на шпанските херцози Галас. Уште тогаш фон Крамер установил, дека Лихнида е древното име на Охрид. И во денешно време има луѓе, кои сè уште ја проучуваат личноста на овој славен Охриѓанец – ќе ги споменеме само Бугаринот Иван Димитров и авторот на оваа книга. Но вистински апсурд е тоа, што тој е многу попознат на запад, отколку на овие простори; дури и во неговиот роден Охрид не се знае речиси ништо за него. 141. ... Алонсо го откри брегот на Гвајана... – Некои географи, меѓутоа, тврдат, дека Гвајана ја открил не Алонсо де Охеда, туку пред него Педро Нуњо ,што, на мислење сме, не е точно. 142. Барбакала – добриот морнар. 143. Јаро – словенски бог на изобилството. 144. ... Свети Стефан... – Повеќето од овие имиња по смртта на Алонсо де Охеда се избришани и заменети со други, бидејќи не му припаѓале на шпанското јазично подрачје.

572


145. Киклоп – човек – џин од грчката митологија; познат е киклопот Полифем, кому мудриот Одисеј со кол му го истерал единственото око што го имал. 146. Санто Доминго – првиот официјално објавен град во Америка. 147. ... записите на неговиот хроничар за оваа пловидба – станува збор за третата експедиција на Колумбо кон Новиот свет, за кој тој мислел дека е Индија. 148. Островот Тринидад – остров во Карипското море, најголемиот остров од државата Тринидад и Тобого. 149. Носот Икакос – најјугозападната точка на островот Тринидад. 150. Островот Маргарита – венецуелски остров во јужниот дел на Карипското море, наречен од Колумбо така, во чест на принцезата Маргарита Австриска. 151. ... додека бегаа од запалениот град? – Ахил, најголемиот грчки јунак под Троја, загинал пред да заврши Тројанската војна; го убил принцот Парис, погодувајќи го со стрела во петата, единственото негово ранливо место. 152. Омилистика – наука за пишување на црковни беседи. 153. Јустин – бранител на христијанството, апологет, кој во своите апологии (одбрани) што му ги праќал на царот Марк Аврелиј, докажувал, дека христијаните не прават лоши дела и дека не треба да бидат гонети и казнувани. 154. ... што Ирод Атички... го направил за Атина – познат грчки беседник од вториот век на нашата ера, кој целото свое огромно богатство го употребил за да ја разубави Атина. 155. Amor omnia vincit (лат.) – Љубовта сè победува. 156. Итн, итн, итн. Писмото беше долго цели осум страници – Фотокопија од ова писмо сè уште се чува во архивата на градот Севиља. 157. ... можеби со право омразен кардинал Фонсека... – По негова наредба Колумбо бил уапсен и деградиран. 158. Катон – М. П. Катон , римски државник од третиот век пред нашата ера, чие што име е синоним за човек со суров начин на живот и строги принципи. 159. Labor animum nobilitat (лат.) – Трудот го облагородува духот. 160. Гностицизам – еретичко учење кое се јавило кај христијаните, кои иако образовани многубошци го примиле христијанството и ги задржале своите уверувања, дека од сите религии и филозофски погледи на стариот свет може да се создаде нова веронаука, различна од сите религии; така 573


гностиците основале високо верско знаење (гносис), кое се разликува од христијанското учење. 161. Александриската школа – прва христијанска основна школа во која наставата била вршена во дијалошки облик и која во почетокот била сместена во Александрија; подоцна е создадена познатата Богословско – филозофска школа во која се школувале христијанските наставници и книжевници од прв ред. 162. ... христијанските школи во Антиохија и Сирија – свети Кирил Ерусалимски, свети Јован Златоуст, Блажени теодорит и др. 163. Јулијан Отпадникот – последниот римски цар – многубожец. Свечено ја обновил функцијата најстар свештеник (pontifex maximus), ги вратил старите традиции и самиот почнал да принесува жртви на боговите. Загинал во војната со Песијанците. Неговите последни зборови биле: „Галилеецу, ти ме победи“, што значи, дека не можел да го истисне христијанството како религија. По неговата смрт многобожечката религија конечно пропаднала и христијанството било прифатено како официјална религија. 164. Vae victus (лат.) – Тешко на слабите. 165. Nihil adeo arduum est, quod non virture consequi possimus (лат.) – Не е ништо толку тешко, што не би го постигнале со добродетелта. 166. Аристофан и Клеонт – Аристофан – византиски александриски граматичар од третиот в. пр. н. е.; Клеонт – атински филозоф – стоик, кој живеел во истото време. Биле толку трудољубиви, што потоа за трудољубивите луѓе на науката почнало да се зборува, дека се трудат на светлината на фенерите на Аристофан и Клеонт. 167. Зенон – мудрец, кој објаснил, дека страдањето не е зло, бидејќи трпението сè победува, а само едно добро постои на овој свет, правичноста; па и самата доблест не е ништо друго, освен правичност. 168. Sanctus – Свети боже. 169. Cum numerus hostium magnum esset, dux milites in castra reduxit (лат.) – бидејќи беше голем бројот на непријателите, војводата ги поведе војниците назад во таборот. 170. Орест, Полукс, Патрокло, Нис, Евдемит, Хефестион... – поим за верни и неразделни пријатели на големи и славни луѓе. Орест бил пријател на Пилад, Полукс – на Кастор, Патрокле – на Ахил, Нис – на Евриал, Евдемит – на Арета, Хефестион – на Александар Велики. 171. Mens divinior (лат.) – божествен дух. 574


172. Семирамида – кралица од стариот век, прочуена со својата убавина и со својата раскош; познати се нејзините градини. 173. Анакампсерот – растение, способно, според Плиниј Постариот да го соживи угаснатото љубовно чувство. 174. Атеја – богиња која ги наводи луѓето на пренаглени и лоши дејствија. 175. ... како онаа Скидери, што еднаш ја запознав во универзитетот во Саламанка... – станува збор за прабабата на познатата француска лиричарка Мадлен де Скидери (1607 – 1701). 176. Хафиз – славен персиски поет од четиринаесеттиот век, пишувал за љубовта, цвеќето, славејот и мените на животот. 177. De profundis (лат.) – Од длабочините. 178. Одбележана сте со бел камен – Белото кај Римјаните било симбол за врвна среќа. 179. Finis coronat opus (лат.) – Крајот делото го краси. 180. Харон – лоткар во грчката митологија, кој ги пренесувал душите на умрените. 181. Сигурни луѓе најдов – Таква завера не постоела, освен во фантазијата на Сидонија; тој имено, на тој начин сакал да си го спаси животот. 182. Venies sub dentem (лат.) – Ќе ми дојдеш под забот. 183. ... мојот гавран најпосле може да биде задоволен – Постоело верување, дека, кога гавранот грака, повикува на одмазда. 184. Кастелан – управник, надзорник на замокот. 185. ... оние, кои се обземени од силна страст, остаруваат за само еден ден – Тоа го рекол Теокрит, поет од Сицилија, а тие зборови се среќаваат и во едно писмо на царот Јулијан до Либаниј. 186. Овие писма... – Писмата на младиот благородник Камачо де Парантес некако стигнале во Шпанија и во 1550 година биле публикувани во Барселона, а пет години подоцна биле преведени на француски; предизвикале интерес (љубовните писма во 16, 17 и 18 век, како на пример „Писмата на португалската калуѓерка“ биле многу актуелни и воопшто предизвикувале огромен интерес), но не го доживеале своето второ издание, па им се губи трагата, со исклучок на неколку кои останале во ракопис. 187. ... ќе й помогнеше на г – ѓата де Скидери во пишувањето на нејзината „Карта на љубовта“ – Во „Картата на љубовта“ на француската писателка де Скидери (1607 – 1701) се претставени различните епохи низ кои треба да се помине за да се привлече срцето на саканата жена. 575


188. Pater noster qui es in coelis, Sancfificetur nomen tuum, Adveniat regnum tuum, Fiat voluntas tua… (лат.) – Татко наш кој си на небото / Да се свети името Твое / Да дојде Царството твое / Да биде вољата твоја... 189. Cassis (лат.) – клопка. 190. Cur quis non prandeat hoc est? (лат.) – Поради тоа, значи, не треба да се доручкува? 191. Periculum in mora (лат.) – Опасно е да се исчекува. 192. Et nune et simper diletae dicatum (лат.) – Сеага и засекогаш й се посветувам на саканата. 193. Alea jacta est (лат.) – Коцаката е фрлена. (Зборови, кои му се припишуваат на Цезар кај реката Рубикон, кога се решил да ги нападне Помпеј и другите свои политички противници во Рим). 194. Fidelis et fortis (лат.) – верен и храбар. 195. Ентилехија – Аристотелов израз, со кој се означува неразрушива животна сила. 196. Chartaginem esse delendam (лат.) – Картагена треба да биде уништена. (Зборови, кои му се припишуваат на римскиот политичар и филозоф Катон, секогаш, кога во сенатот зборувал за Картагена). 197. Ne quisquam Ajacem posit superare Ajax (лат.) – Никој друг освен Ајакс не може да го победи Ајакс. 198. Magni nominis umbra (лат.) – сенка на значаен човек. 199. Nec Hercules contra plures (лат.) – Посилни се двајца одошто сам Херкул. 200. ... кој му ги краде деновите на бога – Така се вели за човек кој ништо не работи, залудно си го троши времето. 201. ... ги гледаше степениците кои стигаа до бога – Според легендата, Јаков, еврејски патријарх, видел на сон степеници кои воделе дури до бога, кој претскажал голема иднина на неговиот род. 202. Servientes spathae (лат.) – служители на сабјата. 203. војната... едни ги изнела како богови, другите како луѓе, едни ги сторила робови, други слободни – Овие зборови му се припишуваат на Хераклит. 204. Bibat! (лат.) – Да пиеме! 205. Eamus (шп.) – Да одиме. 206. ... да ја заврзеш под грлото корицата од мечот – ваквиот чин во тоа време се сметал за едно од најголемите понижувања за еден рицар. 576


207. Una hirundo non facit ver (лат.) – Една ластовица не ја прави пролетта. 208. Mihi vindictam! (лат.) – Во моите раце е одмаздата! 209. Uno avulso, non deficit alter (лат.) – На местото на еден изчезнат се јавува друг. 210. Felix, bis terque (лат.) – двојно, тројно среќен. 211. Самсон меѓу Филистејците – Според легендата, еврејскиот јунак Самсон сам вооружен само со магарешка коска ја разбил целата филистејска војска. 212. ... замина од Санто Доминго и не се врати повеќе – Хуан Понса де Леон ја открил Флорида, а потоа благодарение на родбинските врски со кадискиот маркиз, бил назначен за гувернер на Порто Рико. 213. Exurgamus, viri fortes! (лат.) – На нозе, јунаци! 214. Exercitus trium legionum (лат.) – војска од три легии. 215. Доручкуваа биволско месо – Се верувало, дека борецот стекнува храброст кога јаде биволско месо. 216. Advenit, soii, juctum pugnandi jam tempus (лат.) – Другари, чукна правиот час за бој. 217. Cassus bell (лат.) – повод за војна. 218. Ridet Caesar, Pompeius flebit (лат.) – Цезар се смее, Помпеј ќе плаче. 219. Laboremus! Eamus! (лат.) – Да работиме. Да одиме. 220. Pandemonium (лат.) – сврталиште на ѓаволи. 221. Sero venientibus ossa (лат.) – Кој задоцни, ќе добие коска. 222. Magistri militum (лат.) – воени старешини. 223. Veni, vidi, vici (лат.) – Дојдов, видов, победив. (Со оваа лаконска реченица Цезар го известил римскиот сенат за една своја светкавична победа над еден варварски крал). 224. Парки – трите ќерки на Ноќта во грчката митологија, кои ја решавале судбината на луѓето. 225. A furore Normannorum libera nos, domine (лат.) – Спаси не, Господе, од норманскиор бес. (Позната молитва од времето, кога Норманите ја напаѓале Европа). 226. Vivat victor! (лат.) – Да живее победникот! 227. ...како Адмед, кој ја бара својата Алкестида – На Адмед, цар на Тесалија, според легендата, му било предодредено да умре, освен ако некој се согласи да ја превземе врз себе таа судбина. Никој не посакал освен жена 577


му Алкестида, поради што потоа била изведена од подземното царство. Еврипид врз основа на таа легенда ја напишал трагедијата „Алкестида“. 228. Quid pro quo (лат.) – Мило за драго. 229. Mors rei homagium est bonae legi (лат.) – Смртта на престапникот е уважение кон законот. 230. Кандаја – замислена земја. 231. Plexitium (лат.) – властелинско ловиште, наречено кралски парк, обградено од сите страни со палисада. 232. Sic itur ad astra (лат.) – Да се допрат ѕвездите. 233. Sancte Huberte, Sancte Juliane, Sancte Martine, Sancte Rosalia, Sancte quotquot adestisi, orare pro me peccatore… (лат.) – Свети Хуберте, свети Јулијане, свети Мартине, света Розалио и вие, други светци што ме слушате, молете се за мене, грешната. 234. Non nobis, non nobis, sead nominee tuo, domine, da gloriam (лат.) – Не нам, не нам, туку на името твое, Господе, дај му слава. 235. Ноќта спроти 30 ноември сигурно ќе те сонувам тебе – Според некакво народно верување, ноќта спроти 30 ноември девојките го сонувале својот иден маж. 236. Requiescat in pace (лат.) – Почивај во мир. 237. Fallador (шп.) – дрдорко. 238. Imaginacoes com su ilha Cipangu (шп.) – фатаморгани за островот Ципанго (Јапонија). 239. ... покажаа со прст на мене – тоа се точните зборови најдени во едно негово писмо. 240. ... свој човек – Диего Мендес. 241. ... речиси заборавен – Во врска со тоа во својата извонредна монографија „Америго“ Стефан Цвајг (инаку романизираните биографии и кратките есеи на овој фантастичен австриски писател се меѓу најзабележителните во светската литература воопшто) го пишува следното: „...И во идните десетилетија веќе никој не си споменува за Колумбо – пребргу тече времето. Секоја година носи вести за нови херојски дела, нови откритија, нови имиња, нови победи, а во такви времиња она што било постигнато вчера бргу се заборава. Од Индија се враќаат Васко де Гама и Кабрал; тие носат не само голи робови и магливи ветувања, а сите богатства на Истокот; благодарение на тоа, португалскиот крал Мануел Први станува најбогатиот монарх во Европа. Откриен е Бразил. Од височините на Панама Васко Нуњез де Балбоа го здогледува Тихиот океан. Кортез го покорува Мексико, Пизаро – Перу; најпосле во европските ризници потечува 578


вистинско злато. Магелан ја заобиколува Америка и по тригодишна пловидба – тоа е најграндиозниот морепловски подвиг на сите времиња – се враќа во Севиља со адмиралскиот брод „Викторија“, откако ја извршил првата пловидба околу светот. Во 1545 година се откриени сребрените рудници во Потоси, од каде секоја година тргнуваат за Европа тешко натоварени флоти. Сите мориња се препловени, обиколени се сите или речиси сите делови на светот за помалку од половина век: што значи подвигот на еден човек во таа Хомеровска херојска поема? Уште не се појавиле книгите за да го опишаат неговиот живот, да го објаснат неговото осамено предвидување; многу бргу патешествието на Колумбо станува едно од многуте во прославената плејада нови аргонаути и бидејќи тој донел најмалку од сите чиста печалба, неговото совремие, кое, како и секое друго мери единствено со своите сопствени мерки, а не со високите норми и вредности на историјата, не го оценува правилно и го предава на заборав неговото дело. 242. ... по неговото име, тој Нов свет беше крстен: Америка – На 25 април 1507 година излегува од печатница книшката од 52 страници на Америго Веспучи, која го носи насловот: „Cosmographiae introductio. Cum quibusdam geometriae ac astronomiae principiis ad eam rem necessaries. Insuper quatuor Americi Vespucii navigationes. Universalis cosmographiae descriptio tam in solido quam plano eis etiam insertis quae in Ptolomeo ignota a nuperis reperta sunt“ („Вовед во космографијата со неопходните за неа основни принципи на геометријата и астрономијата. Во дополнение – четирите патешествија на Америго Веспучи, како и еден опис (карта) на Вселената во глобусна форма на сите оние делови, кои му биле непознати на Птоломеј и се откриени во најново време“). Во таа книшка, во која е опфатено и откривањето на Новиот свет, името на Колумбо воопшто не се споменува, и целиот сјај, целата заслуга за откритието му припаѓа само на Веспучи. Сосема неосновано се вели, дека границите на тој свет му станале познати на чивештвото благодарение на Америго Веспучи. Тој недвосмислено е признаен за првооткривател на тие нови области „et maxima pars Terrae semper incognitae nuper ab Americo Vesputio repaptae“ („и голем дел од земјата, непознат дотогаш е откриен неодамна од Америго Веспучи“). Валдземилер – Хилакомилус кој важел за еден од најголемите географски авторитети на своето време, а кому му паднала в раце оваа книга, го дава следниот предлог: „Quam quia Americus invenit Amerigem quasi Americi terram, sive Americam nuncupare licet“ („Бидејќи ја открил Америго би требало од сега натаму таа (новооткриената земја) да се нарекува земјата на Америго или 579


Америка“). Тој не гледал никаква пречка таа нова област да се нарече Америка, по името на „мудриот човек кој ја открил“. Валдземилер сака зборот „Америка“ да биде отпечатен во полето на новооткриениот свет и од тој час за прв пат Америка се нарекува Америка и ќе се нарекува така за вечни времиња. 243. Noli turbare circulos meos (лат.) – Не фаќај ги моите кругови! (Во преносна смисла: не вознемирувај ме, не досадувај ми, не пречи ми во работата). 244. ...барем ќе умре со силна желба да ги изврши – така вели Овидиј за Фаетон во своите „Метаморфози“. 245. „De rerum nature“ (лат.) – „За природата на нештата“ – дело на Тит Лукрециј Кар. 246. In folio (лат.) – израз за вид најголеми книги. 247. „De civitae dei“ (лат.) – „За државата божја“ – дело во 22 книги на Августин Блажени (354 – 430). 248. Mon pere (фр.) – Татко! 249. Mon fils (фр.) – Сине мој! 250. Vade retro, Satanas! (лат.) – Оди си ѓаволе! 251. Perdidit antiquum litera prima sonum (лат.) – Правото слово го загубило стариот звук. 252. Imprimatur (лат.) – печатењето се дозволува. (Во смисла: кога делото на некој научник или писател е признаено и одобрено, па неговите текстови се печатат и популаризираат на трошок на државата). 253. ...вековите нема да ја затемнат вредноста на твоето дело – До ден денес Бартоломеј Лас – Касас се смета за еден од најголемите заштитници на човековите права во светската историја. 254. ...да го даде својот придонес кон географскиот опис на светот, imago Mundi – На Алонсо де Охеда се должат географските иследувања за составување на познатата карта на светот од Хуан де ла Коса во 1500 година. 255. ...искокнаа дваесет сосема голи прекрасни Клеопатри – Кога Цезар ја освоил Александрија, Клеопатра дошла кај него завиткана во тепих. 256. Vermis sum (лат.) – Јас сум црв. 257. Vae victus (лат.) – Тешко на победените! 258. Кои се овие луѓе, можеби се некои Охриѓани? – Овие луѓе навистина биле Охриѓани, млади момчиња, кои, како и Алонсо избегале од дома за да не ги земат Турците за јаничари. Отишле прво во Франција, потоа во Кастилија, но таму на нив гледале како на пагани, на нецивилизирани варвари, на „црни Балканци“, па се префрлиле во Новиот свет. Се населиле 580


во Санто Доминго. Но бидејќи ни таму Шпанците не ги прифатиле добро, се населиле во колонијата Сан Себастијан, основана од Алонсо во 1510 година. Двајца од нив подоцна тргнале со Франциско Пизаро. 259. Аутонтиморуменос – мачител на самиот себе си; инаку тоа е насловот на едно дело на римскиот писател Теренциј. 260. Олја подрида – вид шпанско национално јадење. 261. ...не е редно да му ја предаде душата на Господ, без да остави завет, ad interstat – На овој документ му се губи трагата веднаш по сртта на Алонсо. 262. Кенотаф – празна гробница, издигната во памет на умрен во туѓина или изчезнат без трага. 263. Consummatum est. Mane, tecel, fares (лат.) – Свршено е. Измерено, оценето, поделено. 264. Pallida mors aequo pulsat pede, pauperum tabernas Requmque (лат.) – Бледата смрт ги посетува со иста нога сиромашката колиба и царскиот дворец. 265. Чиапас – една од 31 сојузни држави на Мексико, се граничи со Гватемала на исток и Тихиот океан на југ, на север со државите Табаско и Вера Круз, на запад со државата Оаксака. 266. Comentarii (лат.) – белешки, записи. 267. Memoires (лат.) – Спомени, мемоари. 268. In manus (лат.) – Ја предавам душата во твои раце. 269. ...прекинува секогаш нешто започнато – Великиот епископ Бартоломеј Лас – Касас ги разобличил ѕверствата на конквистадорите против месното население со таква сила, што и до денес срцето потреперува кога ги чита неговите белешки. Неговата „Historia general de las Indias“ и денес може да се смета за најсолидниот документ по историографија од онаа епоха. Никој не бил повешт од него во давањето на компетентна проценка за настаните од епохата на откритијата и, ако не успеал целосно да се избори за правата на Индијанците, барем донекаде ја ублажил нивната несреќа и најверојатно ги спасил од тотално уништување – во тоа се состои историското знашење на овој исклучителен човек. 270. Arabia felix (лат.) – среќна Арабија. 271. ...имаше столчена цигла по образите – Во тоа време жените тоа го правеле за образите да им бидат црвени, да изгледаат посвежи. 272. Sapiens homo omnia sea secum portat (лат.) – Со значење: освен знаењето, ништо друго не ми е потребно за на пат. 273. Conditio sine qua non (лат.) – услов без кој не се може. 581


274. Vita sanctorum (лат.) – животот на светците. 275. ...да праша дали има помудар од тебе – Еден приврзаник на Сократ отишол во Делфи и го запрашал оракулот дали некој е помудар од Сократ. 276. Quousque tandem abutere, Catilina, patientia nostra? (лат.) – До кога, конечно, Катилина, ќе ја злоупотребуваш стрпливоста наша? (Овие зборови му се припишуваат на Цицерон, кога во сенатот го оптужувал Катилина, дека кове заговор против Римската република). 277. Морганитичен брак – брак помеѓу нееднакви по потекло и дух лица. 278. ...и грав сака да јаде – Питагора забранувал да се употребува гравот како храна, тврдејќи, дека во него, како и во животните, се преселуваат душите на мртвите. 279. In summa (лат.) – воопшто. 280. De vulgoIncognitis (лат.) – За работите за кои светот не знае. 281. Ако имаше светилник, некој сигурно ќе посакаше да ти го купи. – Некаков глупак го купил светилникот на стоикот Епиктет, мислејќи, дека заедно со него ја купува и мудроста на филозофот. 282. Beatus ille, qui procul negotiis (лат.) – Честит е оној, кој е далеку од секаква работа.(Стих на Хорациј). 283. Quanto a tanto tempore quo mundis cepit ignota sit vastitas terrae et quod continetur in rea (лат.) – Колку непознати до денес светови се најдени и што има во нив. 284. Mare Nostrum (лат.) – „Нашето море“. (Така народите од античкиот свет го нарекувале Средоземното море). 285. Libya deserti (лат.) – пустињата Либија. 286. Sic transit Gloria mundi (лат.) – Така поминува светската слава. 287. Ако ме однесе некогаш патот натаму, можеби јас тоа ќе го свршам – На своето патување по Источна Европа Франциско де Марија, познат боем, авантурист и патешественик навистина отишол во Охрид, за да го исполни аманетот на Драган Охридски. Таму останал извесно време и оставил потомство, чии што корени траат и до ден денешен..

582


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.