Alonso de Ojeda from Ohrid

Page 1

.. 1 Што немам волшебен плашт, ми е жал! Би сакал во туѓи земји да летам. Таквиот плашт за најголема среќа го сметам, И ни за царско руво не би го дал. Гете, „Фауст“ Драган и Петар од преубавиот и славен град Охрид ги врзуваше тесна дружба. Беа блиски роднини – деца на двајца браќа, освен тоа природата се беше погрижила и карактерно да бидат слични. Живееја куќа до куќа па веднаш штом утрово ќе станеше Драган одеше кај Петар или Петар кај Драган, во зависнист од тоа кој прв ќе се разбудеше - и целиот ден беа заедно. Скитаа по охридските сокаци, се загледуваа во дуќаните, ја вдишуваа слатката миризба на пржена риба која се носеше од рибарниците. Понекогаш крадеа од црковните јаболкa и се превиткуваа од смеа кога стариот поп ќе се затрчаше по нив заканувајќи им се со прст; но не беа лоши деца, па кога овој ќе се препнеше од долгата мантија и ќе паднеше, тие се враќаа, го креваа од земјата и му помагаа да се врати во црквата. Многу сакаа да одат на оној дел од брегот на езерото, од каде можеше да се види Свети Стефан и да ги гледаат рибарите. Oвие седнуваа по двајца или по тројца во своите мали, стари кајчиња, сложно завеслуваа, па со онаа својата „Билјана платно белеше“ одеа кон длабочината на езерото за таму да ги фрлат мрежите. Кога деновите беа долги и убави излегуваа на блиската планина Галичица. При едно такво излегување еден овчар им даде дрвена иконичка со ликот на Богородица: - „Кога ќе се најдете во незгода помолете се пред иконата и ништо лошо нема да ви се случи!“ – така рече. Овчарот иконата му ја даде на Петар, но овој уште истиот ден му ја даде на Драган кај кого и остана. Само кога разговараа за иднината можеше да се види, дека сепак има нешто, кое двајцата братучеди ги правеше различни. Така, во едно прекрасно, црвено како крв мајско зајдисонце тие седеа на брегот и пуштаа во езерото книжни бротчиња. Тогаш беа на по чеtиринаесет гоdини. Беше 1478 година. 1


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.