ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА
ПРЕКУ МУЗИКА
2008
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
Издавач: “ЏУНЏУЛЕ“ – Центар за детско уметничко изразување, музикотерапија и психо-физичка релаксација Рецензија: Проф. Данчо Ордев – Педагошки факултет “Св. Климент Охридски“ м-р. Љупчо Коскаров – МБУЦ “Илија Николовски – Луј“ Уредници: д-р Марија Таневска – Детски Центар “Џунџуле“ Љупчо Пандиловски – Детски Центар “Џунџуле“ Вангелина Мојаноска – ОУ “Лазо Ангеловски“ Печати: “Економикс“ – Скопје
2
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
СОДРЖИНА:
I. I.1. I.2. I.3. II. II.1. II.1.1. II.1.2. II.1.3. II.1.4. II.2. II.2.1. II.2.2. III. IV.
ВОВЕД ЛИКОВНАТА УМЕТНОСТ И МУЗИКАТА Ликовната уметност и музиката низ историјата Аналогија во структурата на ликовната уметност и музиката Емоциите и инспирацијата во ликовната уметност и музиката ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ ПРЕКУ МУЗИКА – ЕДЕН ЧАС ПО ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ Специфики на наставата по ликовно образование Форми и методи на работа Ликовни материјали, средства и техники Содржини на Наставен План и Програма Структура и функција на еден наставен час Наставен час “Ликовно изразување преку музика“ Прилог цртежи од час Дискусија за резултатите од часот ЗАКЛУЧОЦИ БИБЛИОГРАФИЈА
3
6 7 7 10 14 16 16 17 19 19 20 22 26 31 36 37
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
“Децата се творци. Тие создаваат во
играта
играјќи.
Децата
трчаат
преку
ѕвездите, се облекуваат во сонце, се претвораат во пеперутки и ако сакаат можат со една голтка да ги испијат сите мориња, водопади и реки. Можат сé она што не можат возрасните – да бидат деца... И кога ќе престанеме да бидеме деца, како возрасни луѓе, повторно се враќаме на детството како извор на создавање, на првичната
слика
на
сите
наши
создавања“... Јуре Каштелан
4
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
ВОВЕД
П
оврзаноста на музиката и ликовната уметност постои од самиот почеток на настанокот на човекот. Од првите цртежи по ѕидовите на
прикажан
пештерите
човекот
каде
свирејќи
што на
бил
шуплива
долга коска, па до украсните изразни цртежи на
внатрешните
ѕидови
нa
египетските
храмови. Од приказот на дивиот танц на пештерскиот
човек,
па
до
прекрасно
нацртаниот танц на античка грчка вазна. Од мајсторски нацртаните фрески со приказ на обредни пеења, до музичките инструменти во делата на Пикасо (Picasso). 5
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
Ликовната уметност и музиката се често взаемно инспирирани што како модел на работа се користи и во ликовното и музичкото образование на децата. Музиката и ликовниот израз се поврзани и од естетски
аспект
преку
односите
на
мелодијата и линијата, како и тонот и бојата. Ликовната уметност и музиката се единствените форми на невербална комуникација на една личност. Доколку личноста е едуцирана да се служи со јазикот на овие две уметности може многу силно да ги изрази своите емоции, своите фантазии и стравови преку нив. Ова е од особена важност да се искористи како алатка во процесот на разбирање на детската личност во сите периоди од развојот, како кај здравите деца, така и кај децата со посебни потреби. 6
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
I. ЛИКОВНАТА УМЕТНОСТ И МУЗИКАТА
o
1. ЛИКОВНАТА УМЕТНОСТ И МУЗИКАТА НИЗ ИСТОРИЈАТА
позначајните
д најрано време па сé до денес музицирањето инструменти теми
во
и
музичките
се
делата
една на
од
ликовните
уметници. Затоа тие ликовни дела се важен, понекогаш и единствен извор за проучување на историјата на музичките инструменти и нивниот начин на изведба.
Врз основа на изгледот и
начинот на држењето на инструментите, може да се заклучи за степенот и фазите на нивниот развој,
7
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
начинот на изработка и употреба, а по тие елементи може да се дознае дури и за тоновите кои тие ги произведуваат, односно за тоналната основа на музиката
во
одреден
период.
Според
групирањето
на
музичарите
(инструменталисти), нивниот број и поединечните инструменти во група, учеството на пејачи и сл. може да се дојде до заклучок за видот и обликот на музицирањето, преовладување на мелодискиот или ритмичкиот елемент и воопшто за звучниот сегмент на некој временски период. Колкава била важноста на музиката во одреден историски период се гледа по присутноста на музички изведби како мотив
во делата на
ликовните уметници, а по амбиентот каде се музицирало и по личностите кои ја изведувале или ја слушале музиката се добивале драгоцени податоци за улогата на музиката во одредена етапа на нејзиниот развој, имајќи ја во предвид концепцијата на ликовното дело, дали во основа е идеалистичко или реалистичко.
8
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
Ликовниот израз се развивал скоро истовремено со музицирањето. Предисторискиот човек ги украсувал ѕидовите на своите пештери со цртежи на дивечот што ќе го уловел, со цртежи на обредите што ги изведувал, меѓу кои биле и музицирањето и обредните танци. Музиката како образование во примитивните култури се однесува само на имитативно пренесување на музичките вештини. Ликовното образование среќаваат античка
и
како
уште Грција
музичкото процес
во на
се
Египет
и
ниво
на
занаетчиска активност при што знаењето
се
пренесувало
од
генерација на генерација.
9
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
Во античка Грција ликовното образование било наменето само за богатите и се одвивало во ателјеата на познатите уметници. Додека музичкото образование било во склоп на општото школување. Богатите ги усвојувале вештините на цртањето сообразно со усвојувањето на вештините на музичкото образование, пишувањето и читањето. Во стариот Рим се среќаваат вистинските почетоци на ликовното образование, кое било дел од шестгодишното училиште за архитектите. Во средниот век и ликовното и музичкото образование се во функција на црквата и религијата. Музиката се изучувала заедно со математичките науки
во
т.н.
квадривиуми
(quadrivium).
Ликовната уметност вистински се отвара кон животот на човекот и кон убавините на светот
во
периодот
на
хуманизам
и
ренесанса, при што биле направени првите обиди за образование. 10
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
Напоредно со ова и музиката во овој период се приближува кон животот и емотивните состојби на
човекот,
особено
присутни
во
делата
на
романтичарите: Ф.Шуберт (F.Schubert), Х.Берлиоз (H.Berlioz), Ф. Лист (F. List), Ф. Шопен (F.Chopin), П.И.Чајковски (П.И.Чајковскиј). Со образование
почетокот
на
на ликовните
професионалното педагози, први
од
педагозите кои настојувале ликовното образование да биде дел од општото образование се Коменски (Komensky), Ж.Ж. Русо (J.J. Rousseau) и Песталоци (H. Pestalozzi). Со нивна заложба во првата половина од 19-ти век, ликовното образование е воведено во сите училишта како цртање. Ж.Ж. Русо (J.J. Rousseau) и Х. Песталоци (H. Pestalozzi) придавале голема важност на музичкото образование на детето. 11
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
Тие барале детето со своите способности и интереси да биде во центарот на вниманието на музичкиот педагог. Оваа претпоставка е карактеристика за педагошката и психолошката фаза во развојот на ликовното образование под влијание на естетиката на движењето на Баухаус. Со последните реформи во ликовното образование во 1989г. започнува период во кој има микс на фазите од 20 век. Исто така и музичкото образование темелно е реформирано во XX век
во неколку наврати.
Ликовната уметност исто како и музиката, се единствените форми на
невербална комуникација на една личност. Доколку личноста е едуцирана да се служи со јазикот на овие две уметности може многу силно да ги изрази своите емоции, своите фантазии и стравови преку нив.
12
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
Ова е особено важно за помалите деца, но и за децата во период на
пубертет и адолесценција кога влијанијата на средината се многу силни врз личноста и може да дојде до многу несакани појави. Не помала е важноста на усвојувањето на јазикот
на овие две уметности кај децата со посебни
потреби, со попреченост во развојот, каде што вербалната комуникација е отежната. 2. АНАЛОГИЈА ВО СТРУКТУРАТА НА ЛИКОВНАТА УМЕТНОСТ И МУЗИКАТА – (ликовен и музички јазик) Интеракцијата меѓу детето и неговата околина претставува суштествен елемент во неговиот целокупен развој на било која возраст, а особено важна за неговиот уметнички развој. Децата изложени на богата и стимулативна средина (визуелна, аудитивна, тактилна, мирисна и вкусна) значително побргу се развиваат. 13
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
Музичката вртелешка над креветчето, со својата мелодија, бои и движење, може да го привлече вниманието дури и на дете од 2 месеци, затоа што перцептивните способности на детето побрзо се развиваат од моторните. Секоја уметничка творба, без разлика дали е музичка, ликовна или литературна, носи во себе определена јазична структура. Јазикот е специфичен за соодветната уметност и изразувајќи се преку творбата, уметникот комуницира со околината. Естетиката потврдува дека помеѓу изразот на поедини уметнички гранки нема остри граници. Во подрачјето на музиката и ликовната уметност истражувањата на естетичарите најчесто
ги расветлуваат односите меѓу
линијата, тонот и бојата и ритамот како заедничка комонента. Во ликовниот јазик се користат термините: линија, боја, тон, форма, текстура, ритам, хармонија, контраст, градација, рамнотежа, композиција. 14
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
Музичкиот јазик подразбира познавање на ноти и користење на изрази како: тон, боја, ритам, мелодиска линија, хармонија, композиција, форма, контраст, градација. Некои од овие изрази имаат слично значење и за двете уметности, а некои од нив како израз имаат различна морфолошка структура. Линијата е прв и основен ликовен елемент кој е присутен во сите дела на ликовната уметност. Со неа се изразува движењето поради нејзината карактеристика за брзо менување на правецот. Кога би се направилa споредба на изразот линија во ликовната уметност со значењето на линија во музиката зборуваме за две работи: Прво, линијата како елемент со кој се запишува висината на тоновите (петтолиние или линиски систем), како и сите музички знаци (нотно писмо); и Второ, мелодиската линија која претставува
заедништво на повеќе тонови
различни по висина и траење во еден низ(движење), а се поврзани меѓу себе во една смислена целина (мотив, фраза, реченица, цела комозиција). 15
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
16
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
Боите на нашата планета настанале како феномени на допирот на сончевите зраци. Материјалниот свет е безбоен. Тој се обојува само тогаш кога ќе дојде во допир со светлината. Таа обоеност пак, ликовниот уметник ја прикажува во своето дело. Бојата има своја чистота (интензитет, хрома – гр.chrome) и свој тон – осветленост (степен на светлина во една боја). Во едно ликовно дело боите се мешаат: основни, второстепени, меѓубои; и меѓусебно се компонираат па се добива хармонија на бои во една обоена композиција. Бојата во ликовниот израз ја има следната функција: естетска,
психолошка, симболичка и информативна. Таа е ефикасно средство за израз на уметникот. Со нејзина помош тој ги изразува своите чувства (топли и ладни бои), својот темперамент, визија и естетика. Повеќето уметници за да го реализираат својот личен израз создаваат свои комбинации на бои, “своја палета“, по кои се препознатливи.
17
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
Во музиката боја означува извор на звук-тон, дали е тоа некој музички инструмент или човечки глас. Кога се работи за инструмент, таа зависи од: градбата на инструментот (лимен, дрвен или жичан) и од начинот на кој се произведува тонот (со гудало, дување, трзај, удирање). Додека, бојата на човечкиот глас зависи од полот и возраста (машки, женски, детски глас) и секако од конституцијата на гласниот орган (гласни жици).
18
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
Тонот како својство на бојата и нераскинливо поврзан со неа има задача да ја дооформи визијата и изразот на ликовниот уметник. Со помош на тонот се изразува пластичност на формата, илузија на простор и динамика. Со своите квалитети: топол,нежен, маглив, студен, прозрачен и слично е особено применлив за изразување на психолошки и емотивни состојби – љубов, нежност, немир, тага, и сл. Тој овозможува, слично како и бојата, секој уметник да најде личен тонски израз – Леонардо (Leonardo), Ел Греко (El Greco), Пикасо (Picasso).
19
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
Во музиката тон
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
означува вибрирање на честичките на некое
еластично тело или материја (дрво, стакло, лим, вода, жица на музички инструмент, гласните жици на човек или птица итн.). Вибрирањето создава звучни бранови кои се шират со одредена брзина и на тој начин создаваат звучен поим-тон. Секој тон има четири основни обележја: висина, јачина, боја и времетраење. Наброените квалитети за тонот во ликовната уметност можат да се транспонираат и како квалитети за тонот во музиката и соодветно на тоа да искажуваат одредени емотивни состојби. Во една ликовна дводимензионална форма движењето е резултат на присутните линии и нивните правци и претставува илузија на движење. Во музиката движењето е реално и го означува текот на тоновите или звуците. Тоа се јавува од потребата уметникот да ги пренесе своите чувства до гледачот и слушачот, да комуницира со него. 20
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
Секое, па и минимално придвижување можеме да го наречеме ритам. На пример: чекорење, игра, дишење, чукање на срцето, работа на машина (апарат), промената на денот и ноќта, годишните времиња и сл. Зборот ритам потекнува од грчкиот збор Rythmos, што значи прецизно движење рамномерно менување на елементите. Организирано движење кое се базира на чувствата и темпераментот на уметникот се нарекува ритам – независно дали е ликовен или музички уметник.
21
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
Значи, принципите за градба на една ликовна творба се многу слични, дури идентични со принципите за градба на една музичка творба и затоа многу често може комплементарно да се надополнуваат. Ова особено е искористено во правењето на специјални програми за мотивација и поттикнување на психичкиот развој на деца од сиромашни социјални средини. Програмите се насочени кон збогатување на животната околина на децата и исполнети со уметнички активности – ликовни и музички. 3. ЕМОЦИИТЕ И ИНСПИРАЦИЈАТА ВО ЛИКОВНАТА УМЕТНОСТ И МУЗИКАТА
Човекот е емоционално суштество. Чувствата се редовна придружна техничка појава на секоја човечка активност, а со самото тоа и на создавањето на едно музичко или ликовно дело. Тие се во зависност од темпераментот, карактерот, интересите и ставовите на човекот.
22
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
Како некој ќе се однесува кон самиот себе или кон другите луѓе ќе зависи од степенот на изграденост на неговите социјални чувства. Од друга страна постоењето на високи естетски чувства и интересот кон уметноста го збогатува интимниот и општествениот живот на човекот – без нив животот би бил монотон, а општеството би било посиромашно за многу естетски и хумани вредности. Чувствата и емоциите се и двигател на човечкото однесување и резултат на однесувањето. Емоциите се секогаш автентични и спонтани и се во зависност од искуството на човекот и моменталната состојба. Тие настануваат како резултат на надворешни дразби или од дразби кои доаѓаат од внатрешноста на сопствениот организам. И едните и другите влијаат при создавањето на едно уметничко дело – можеби внатрешните малку посилно. Уметничкото дело од областа на музиката или ликовната уметност во својата најсовршена форма е резултат на одредена емоционална состојба, но воедно и предизвикувач на емоционална состојба кај консументот. 23
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
Психолошката функција на бојата и тонот е условена од карактерот на бојата и квалитетите на тонот. Тонот како степен на светлина на секоја боја надополнет со основното значење на бојата изразува одредена емотивна состојба на авторот: среќа, радост, тага, жал, гнев.Топлите бои со силна осветленост обично симболизираат позитивни емоции, а ладните и темни бои ги симболизираат негативните емоции. Често пати ликовните уметници и композиторите взаемно се инспирирани од делата на другите и чувствата предизвикани од нив ги трансферираат преку
сопствениот
уметнички
израз.
Пабло
Пикасо (P. Picasso) и Г. Брак (G.Braque) во своите дела ги сликаат музичките инструменти и начинот на музицирање. 24
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
А пак К. Дебиси (K.Debussy) и А.Шонберг (A.Schönberg) музички ги доловуваат ликовните игри на импресионистите. Сепак, мора да се каже дека вистинско силно побудување на чувства кај личноста почесто е предизвикано од музиката, отколку од ликовното дело. Но, ликовниот израз пак почесто го користи личноста за експресија на чувствата. За да може вистински целисходно да се изразат чувствата низ
музиката и ликовната уметност треба добро да се познава нивниот јазик. Но, доколку двете уметности ги користиме како арт терапија и
музикотерапија, при што не е потребно претходно уметничко искуство, изразувањето на чувствата ќе биде олеснето дури и кај малите деца и децата со посебни потреби.Необичната психичка сила на уметничката форма како невербална форма на комуникација се користи за психичка анализа на личноста
и
нејзината
емоционална
состојба.
Детските
емоции
се
разликуваат од емоциите на возрасните. По правило се едноставни (радост, страв, гнев, тага) и спонтано се изразуваат во помалата детска возраст. 25
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
Како расне, така детето учи да ги котролира емоциите искуствено во голема мерка во зависност од односот на возрасните кон изливите на неговите емоции на помала возраст. Тоа некогаш може да доведе до прикривање
на
емоциите
или
нивно
непрепознавање
од
страна
на
возрасните. На предучилишна возраст емоциите кај децата се најсилни, многу почесто пријатни, отколку непријатни. Присуството на тага на оваа возраст е ретко, така да секоја поголема и подолготрајна тажна состојба треба да е аларм за родителот и наставникот. На училишна возраст детето е сеуште емоционално лабилно, но може да зборува за своите емоции и тоа многу повеќе ако во домашната средина се разговара за неговите емоционални искуства.
26
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
На оваа возраст детето почнува да ги прикрива емоциите и може да се случи да зборува за тип на емоции кои изразно не се регистрираат. Затоа често се користи ликовниот израз сам за себе или со стимулација на музика за
поголема
и
појасна
изразност
на
емоционалната
состојба
и
емоционалните доживувања и проблеми кај детето т.н. музикотерапија и
арт терапија. Од голема важност за детскиот развој е да научи да ги препознава и интерпретира емоциите.
27
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
II.
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
“ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ ПРЕКУ МУЗИКА“ – ЕДЕН ЧАС ПО ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ
1. СПЕЦИФИКИ НА НАСТАВАТА ПО ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ Поради субјективноста и креативноста на ликовното изразување, активностите по ликовно образование се разликуваат од другите образовни активности во одделенска настава и имаат свои специфики: Наставата нема доминантно интелектуален карактер, Постои специфичен работен процес, Индивидуална работа и Однос наставник – ученик
28
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
Творечкиот чин е индивидуална категорија, а оттука индивидуалната работа при ликовното изразување е незаменлива како специфичност во споредба со некои други активности. Тоа е условено од психо-моторниот развој и креативноста на детската личност. Тоа условува и поблизок однос и доверба на наставникот и ученикот. Во ликовната активност, како процес на работа, детето мора да ги ослободи сите свои способности за изразување, без посебно воздржување пред наставникот. Детето мора да има отворена и непосредна комуникација со наставникот, како и поткрепа за решавање на одделни проблеми со кои се среќава во текот на работата.
29
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
1.1. Форми и методи на работа Како секоја педагогија, така и ликовната се служи со соодветни дидактички форми и методи на работа. Секоја уметност има своја комплексност, чувствителност и субјективност во реализацијата, не трпи шаблонизирање и механички форми и методи на работа. Најчесто употребувани форми во ликовното образование се: - Индивидуална – најмногу присутна и тоа не
само
во
градинките
и
основните
училишта, туку насекаде каде што се реализира процес на ликовно образование. 30
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
- Групна форма - би било пожелно почесто да се применува поради социолошко-психолошката компонента – чувството на заедништво и надополнување, самодоверба.
влијание
Практично
на
другите
применлива
во е
групата,
како
арт
стекнување
терапија
во
корелација со музикотерапија. - Фронтална форма Најчесто употребувани методи на работа кои придонесуваат за квалитетно и успешно остварување на целите и задачите на часот се: - Усно излагање – во комбинација со разговор, - Разговор – препорачливо често, - Работа по текст или илустративен метод – литературен или музички текст (за посилно доживување на текстот), - Демонстрирање – при презентирање на материјал, техника, - Практична работа – неопходност од практично истражување, 31
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
- Игра – комбинација од повеќе методи. Овој метод во себе содржи:
експеримент,
вербално
изразување,
текст,
звук,
движење. Може да се користи на почеток на часот – за емотивна подготовка, за внесување во нова содржина, за опуштање – но и на крајот од часот.
Зошто методот на игра е важен во ликовното образование?! Затоа што додека црта детето си игра и така троши вишок на енергија. Затоа што човекот е предодреден да биде активен, а играта е вид на активност. И на крај, затоа што детскиот свет е целосно исполнет со игра и така детето полесно се прилагодува и асимилира во социјалниот свет, според Пијаже. Тој вели дека овие процеси се неопходни за детската здрава психа. 32
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
Најчист пример за вид на игра која обезбедува висок степен на асимилиација според Пијаже е чкртањето кое детето го прави поради исклучителна внатрешна потреба. Ова е причината зошто ликовното изразување се користи и како арт
терапија – промена и прилагодување на сопствените (особено непријатни) искуства, до степен прифатлив за творецот. На
ова
се
надоврзува
и
естетското задоволство во текот на ликовното изразување и моќта при создавањето
творба
–
елементи
заеднички и за музичкото изразување и музикотерапијата.
33
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
1.2. Ликовни материјали, средства и техники Секоја ликовна творба се создава со користење на ликовни материјали и средства за работа. Примената на материјалите и средствата за работа се вика техника. Секој ученик во себе носи определен ликовен потенцијал и затоа во наставата по ликовно образование од I до IV одделение ученикот
се
запознава
ликовни материјали:
со
најразновидни
молив,
фломастер,
туш, пастел, водени бои, темперни бои, колаж хартија, пластелин, глина, дрво, пластика, метал и сл.
34
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
За помалите деца користењето на боите за сликање е многу предизвикувачко и често пати тие сакаат да брцаат со прсти во бојата што е и пожелно да се искористи во ликовното изразување во градинка,а особено кај децата со попреченост во развојот, бидејќи во поголемиот број од случаите тие многу малку или воопшто ги распознаваат боите и имаат проблеми со тактилната перцепција и фината моторика. 1.3. Содржини на Наставен План и Програма За да може да се организира и реализира еден наставен процес, претходно истиот мора добро да се испланира. Наставното планирање преточено во наставен план и програма за ликовното образование во себе ги испреплетува претходните позитивни искуства за ликовниот јазик и современите согледувања за ликовната педагошка и психолошка теорија и пракса. 35
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
Наставникот со својата стручност и креативност може и треба да направи позитивен избор на содржините кои ќе се реализираат одбегнувајќи ги сите оние делови од наставната програма кои се нејасни или пак се само формален пристап кон материјалот. Тој има задача преку креативна игра да го мотивира личниот развој на детето. Глобално поставено, во структурата на програмата има: програмски
целини (техники на изразување), содржини (наставна единица), наставна тема, материјали и техника за работа со ликовна активност и мотив. Интересно за мотивот како елемент во наставата по ликовно образование е тоа што претставува само средство за мотивација преку кое го ангажираме (мотивираме) ученикот успешно да го реши ликовниот проблем. Како мотив може да послужи сé она што е во фокусот на интересот на детето. Често пати како мотив ја користиме музиката. Но, таа може да биде искористена и при решавање на ликовниот проблем, како и за препознавање на причините за некој проблем кај детето при што во тој случај и ликовното изразување е во 36
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
функција на препознавање на проблемот – популарно кажано ги користиме термините на арт терапија и музикотерапија. 1.4. Структура и функција на еден наставен час За секој наставник, наставниот план и програма се основа за планирање на наставниот процес. Со реализација на систем на мерки и активности за обезбедување на услови за квалитетна организирана воспитнообразовна дејност, наставникот ги реализира на дневно ниво планираните програмски содржини. Наставниот час се состои од: а) Воведен дел - емоционална подготовка, - активност со ликовни елементи, - откривање на целта на часот и технички упатства 37
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
б) Практична реализација на наставната содржина в) Завршен дел - анализа и вреднување на резултатите од часот, - упатство за идниот час а) Воведниот дел на часот, каде што ќе се оствари емоционалната подготовка на учениците, ќе бидат дадени техничките упатства и објаснети ликовните елементи, има најголемо влијание за успехот на целиот час. - Емоционалната подготовка има за цел да го адаптира, активира и
мотивира
ученикот
за
наставната
содржина.
Обично
наставникот преку метод на разговор, а за помали деца во комбинација со метод на игра, се труди да создаде претстава за она што ќе се работи на час. Разговорот е за секојдневни теми од опкружувањето на детето и секогаш се оди од познато кон непознато. 38
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
Докажано е дека при емоционалната подготовка, додека трае разговорот и играта, како стимулација и мотивација може да се употреби омилена музика на децата или некоја релаксирачко мотивирачка
музика
во
функција
на
зголемување
на
мотивацијата и креативноста на децата. - Активност со ликовни елементи – важен дел од подготовката за понатамошната практична реализација на наставната содржина. Користејќи ја својата креативност, наставникот применува најразлични нагледни средства и преку метод на разговор и интерактивна работа со учениците постапно ги воведува кон откривањето на целта на часот. Во сообразност со возраста на учениците ги пласира потребните информации за определен ликовен
елемент
и
заеднички
со
учениците
заклучоци во функција на содржината на часот.
39
донесуваат
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
- Откривање на целта на часот и давање технички упатства е последна и многу битна етапа од воведниот дел на часот. Овде наставникот прецизно ја дефинира целта на часот – ликовниот проблем со неколку варијанти за практична реализација и дефинирање на материјалите заедно со учениците. Потоа го објаснува начинот на работа и како ќе се користат материјалите и средствата за работа. Техничките упатства пожелно е да ги има во поголем обем скоро на секој час кај помалите деца за да може целосно да се искористи ликовниот капацитет кај децата. Затоа должината на овој дел од часот е неопределена однапред. Наставникот треба да биде добар психолог за да го процени времетраењето на подготвителниот дел во зависност од психо-емотивниот развој на децата, а сепак да не биде досаден.
40
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
б) Практична реализација - ја означува активноста на децата будно пратена од окото на наставникот. Учеството на музиката како релаксатор и стимулатор може да биде искористено и во овој дел од часот. в) Завршен дел - прво ги анализираме и вреднуваме резултатите при што сите творби ги изложуваме на видно место и низ заеднички разговор се оценува ликовната вредност на цртежите. Се стимулираат несекојдневни решенија на ликовниот проблем. На крајот од часот се даваат кратки упатства за наредниот час во однос на потребните материјали и средства за работа кои треба да ги обезбедат децата.Должината и организацијата на секој од овие делови се во тесна врска со целта на часот, содржината и самиот процес на работа; како и од креативноста на наставникот. Подготвувајќи се за часот, наставникот подготвува информација за часот и концепт за реализирање.
41
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
2. НАСТАВЕН ЧАС “ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ ПРЕКУ МУЗИКА“
Ликовната активност “Ликовно изразување преку музика“ е работена со група на деца од 7 – 10 годишна возраст меѓу кои се и две (2) деца со посебни потреби. Пред нејзината реализација истата активност е изведена како еден вид на акционо истражување со возрасна група – студенти, идни наставници. Истражувањето е реализирано со цел да се согледа успешноста на музиката како мотив при ликовната експресија на чувства и вовед на идните наставници за користење на ваков вид активност со идните нивни ученици. Најдобро е пред реализација на одредена активност, теориски поткрепена со докази и практично да дојдеме до истите резултати.
42
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
ИНФОРМАЦИИ ЗА НАСТАВНИОТ ЧАС
Одделение: - II – блок часови Програмска целина: - Сликање Наставна единица: - Асоцијација на боите Наставна тема: - Боја Ликовно-технички средства: - Гваш Наставни средства: - Избрана музика – Моцарт “Мала ноќна музика“ Наставни форми: - Фронтална и индивидуална форма на работа
43
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
Наставни методи: - Метод на игра - усно излагање, - Метод на разговор и - Практична работа. ЗАДАЧИ НА ЧАСОТ:
а) Воспитно-образовни: Стекнување нови знаења и искуства, развој на перцепцијата за бои во функција на доживување на емоциите при слушање на одредена музика. Развој на аудитивната и визуелна перцепција, развој на фантазијата и креативноста за ликовно изразување мотивирано од музиката. Пренос на доживеани музички чувства преку бојата. б) Технички: Совладување на техниката гваш.
44
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
АРТИКУЛАЦИЈА НА ЧАСОТ
1. Воведен дел а. Емоционална подготовка – Наставникот воведниот дел од часот го започнува со прашања и игра: “Како се чувствувате денес? Дали сте радосни или тажни? Дали посакувате куќарка која ќе биде само Ваша – во неа ќе може да живеете Вие и Вашите омилени играчки? Во неа ќе можете да се радувате со Вашите играчки кога сте среќни и да тагувате заедно со нив кога ќе бидете тажни. Каква би сакале да биде таа? Дали ќе биде обоена во боите на виножитото? Ајде да играме една игра.Затворете ги очите и испружете ги рацете, па свртете се околу себе без да го допрете другарчето. ТОА Е ПРОСТОРОТ НА ВАШАТА КУЌАРКА!“. 45
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
б. Активност со ликовни елементи – Наставникот
продолжува
со
разговор:
“Дали
можете
Вашето
расположение да го поврзете со некоја боја или неколку бои? Дали можеме чувствата да ги изразиме во боја?“. Наставникот запишува неколку чувства на таблата и преку разговор се лоцираат боите кои асоцираат со нив. Се заклучува дека некое расположение може да се прикаже преку одредени бои. в. Откривање на целта на часот и технички упатства “Деца, ја продолжуваме играта. Замислете си дека пред Вас се необоените ѕидови на Вашата куќарка, а во Вашата рака имате палета со сите можни бои!“ Наставникот ја пушта музиката – “Мала ноќна музика“ од В.А. Моцарт (W.A.Mozart) и им го кажува тоа на учениците.
46
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
“Слушајте ја музиката и почуствувајте ја! Како таа делува на Вас? Што размислувате додека ја слушате? Дали таа Ве радува или Ве прави тажни? Почнете да цртате! Некои од Вас може ќе цртаат слики, а некои само бои. Како и да е, цртајте го тоа што го слушате! Слушајте вистински! Слушајте ги случувањата во музиката! Она што го слушате, тоа е она што го цртате!“ Се слуша музички фрагмент од 8 минути, па се исклучува музиката.
2. Практична реализација на наставната содржина Учениците ја слушаат музиката и полека еден по еден започнуваат со сликање со водени бои. Во текот на работата наставникот разговара со секој ученик одделно за асоцијацијата на нацртаната боја и слушнатата музика.
47
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
3. Завршен дел а. Анализа и вреднување на резултатите од часот Кон крајот на часот наставникот им кажува на учениците да ги покажат цртежите на останатите деца и да раскажат за сликата што ја насликале што претставува и прикажаните чувства на неа. Сето она што го чувствувале децата го запишуваат на позадината на цртежот, а за децата
со
наставникот.
посебни Наставникот
потреби
помага
повторува
дека
предизвиканите чувства од музиката можеме да ги прикажеме со бои соодветно. План на табла: Радост: црвена, жолта, портокалова Тага-нерасположеност: сина, виолетова, зелена, кафеава, црна 48
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
2.1. ПРИЛОГ НА ЦРТЕЖИ ОД ЧАС на дело - “МАЛА НОЌНА МУЗИКА“ од В. А. Моцарт
Леон , 11 години дете со посебни потреби “И покрај убавината на музиката се чувствувам тажен, зошто цело време ми е мислата за заминувањето на мојот другар Дино во Чешка“
49
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
Дино, 12 години дете со посебни потреби “Сликата го претставува Кејот на реката Вардар и јас (Дино) на него. Тоа е во горниот дел од цртежот. Инаку, музиката ме орасположува и затоа сакам нотите што произлегуваат од неа да ги изразам преку цртеж.“ (долниот дел од сликата)
50
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
Александра, 8 години “Името на цртежот е Мајски цвет, а музиката што ја слушав ми предизвикува убаво чувство“
51
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
Филип, 9 години
“Името на цртежот е – Ноти на виолина. Јас чувствував ноти како играат околу виножитото. Од виолината како излегуваат шарени ноти кои прават убава музика. Шарата од нотите ми даде чувство дека виолината е најубав инструмент.“
52
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
Васил, 11 години “Цртежот претставува ноти, а во позадина чкрабаници. Додека ја слушав музиката се чувствував жолто, светло сино, црвено и некаде кафено, а тоа значи весело, но сепак тажно по малку и на крај разиграно.“
53
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
Зерина, 10 години “Цртежот претставува шума со дрвја, а на нив јаболка и река. Слушајќи ја оваа музика се чувствував весело и радосно.“
54
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
Софија, 8 години “Ноќно небо – ноти во небото - е насловот на мојот цртеж. Слушајќи ја музиката ја добив таа инспирација, а убавините на звукот ги преточив во ноти на небото“.
55
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
Стефан, 8 години “Украсни работи – е насловот на мојот цртеж. Слушајќи ја музиката се чувствував весело и радосно и таа ме натера да измислам
украсни работи“.
56
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
2.2.
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
ДИСКУСИЈА ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ЧАСОТ
1. Во групата на деца има две деца со посебни потреби кои повеќе сакаа да цртаат со пастели. Постои очигледна разлика меѓу нивните цртежи и цртежите на другите деца. Кај едното е очигледна и радоста и тагата со измешаните топли и ладни бои, а кај другото во исказот вели дека е расположен, но тој самиот е на цртежот и има употребено и ладни бои – можеби сепак е тажен затоа што ќе замине во Чешка (на лекување). 2. Останатиот дел од групата на деца зборува во исказите за постоење на убави, пријатни, весели чувства. Во сите од нив има поголемо присуство на сина и зелена боја. Дали на изборот на овие бои влијаат боите на природата во пролет и лето кои предизвикуваат радост кај децата или името на музичкиот фрагмент? Сепак, емотивните доживувања на музиката беа многу силни кај обете категории на деца, па затоа децата многу брзо ги преточуваа во бои и слики. 57
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
3. На децата им беше кажано името на музичкиот фрагмент што го слушаа. Дали пројавените чувства се поврзани со значењето на името на музичкиот фрагмент или се вистински доживеани? Можеби сепак не треба да се каже името на музичкото дело затоа што влијае на изборот на бои. Името на делото беше кажано и при работата со група студенти! 58
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
59
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
4. Истата ликовна активност со мотивација од истиот музички фрагмент беше изведена и со група студенти – идни педагози. Нивните цртежи се покомплексни и нивните искази се побогати со изрази на различни позитивни чувства. Тоа е очекувано врз основа на нивото на нивниот психо-физички развој за разлика од детскиот. Во дел од нивните творби има присуство на ладни темни бои – можеби заради името на музичкото дело?! Оваа активност беше реализиана и со студенти од аспект на осознавање на текот и резултатите што би требало да се очекуваат при нејзина изведба со деца. Беше реализирана и од аспект на нивна подготовка со начин на акционо истражување, кое како педагози треба да го практикуваат. 60
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
Томо, 22 години “...па прво почна денот сончев, па се разбудија билките, па дојдоа пчеличките, пеперутките и бумбарите. На листот се дружеа, птиците различни летови правеа, а потоа ноќта со своите ѕвезди дојде и постепено се појавија и дојдоа ноќните птици. Чувство: позитивно, исполнетост, радост, па малку смиреност (сон) и пак живот...“
61
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
Тина, 21 година “Овој цртеж претставува балерина, која игра на зелена ливада под виножито. Тоа е така, затоа што песната предизвика некое забрзување на темпераментот и некој емотивен спокој.“
62
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
Марјана, 27 години “Пејсаж, ливада, планина, река. Чувство на слобода, ширина, опуштеност, релаксираност.“
63
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
Фросина, 23 години “Сонце како извор на енергија – праоснова. Чувства на среќа, задоволство, радост, љубов.“
64
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
Ненад, 21 година “Брзина на движење – Чувство на внатрешен немир, проследен со желба за некое исполнување, преку брзината на движењето, брзо чекорење, бунт кон непознатото...“
65
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
Моника, 21 година “На цртежот е претставен убавиот сончев ден погоден за пловење по мирната езерска вода. Се чувствував среќно и безгрижно.“
66
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
III. ЗАКЛУЧОЦИ
1. Музиката и ликовната уметност се наполно комплементарни врз основа на нивната морфолошка и структурна аналогија. 2. Емотивните состојби кај личноста наоѓаат потполна изразност низ комбинацијата на ликовниот јазик и музичката стимулација. 3. Психолошките и педагошките принципи нужно налагаат ликовниот израз кај децата да биде во најтесна врска со другите творечки активности – играта, музиката и литературата.
67
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
4. Непостоењето на граница каде завршува играта, а каде започнува творештвото треба да биде појдовен принцип во педагошката работа со децата, особено на помала возраст. 5. Музиката во комбинација со ликовниот израз не само што полесно го решава ликовниот проблем, туку трансформирани како музикотерапија и арт терапија успешно решаваат сложени емотивни состојби. 6. Ликовната
и
музичката
уметност
како
форми
на
невербална
комуникација овозможуваат олеснета социјална интеграција на сите деца.
68
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
БИБЛИОГРАФИЈА
Ордев, Д. – Методика на наставата по ликовно образование, Скопје 2004г.
Ордев, Д. – Материјали и техники во наставата по ликовно, Скопје 2006г.
Ордев, Д. – Основи на наставата по ликовно, Скопје 2006г
Тодорова – Морено, И. – Мојот цртеж мојата вистина, Скопје 1997г.
Лазески, Б. – Ликовна култура II Елементи и принципи за II година,Просветно дело, Скопје 1990г
Opća povijest umjetnosti, Mozaik kniga 2000, prevod Divina Marion – Art, a world history
Milenković, Z. – Likovna kultura za I razred osnovne škole, Dečje Novine,1986
Milenković, Z. – Likovna kultura za V razred osnovne škole, Dečje Novine,1986
Završki, P. – Teorija glazbe, Školska knjiga Zagreb,1973
Muzička Encikopledija, Jugoslovenski leksikografski zavod – Zagreb,1971
Керамичиева, Р. – Психологија во образованието и воспитанието, Просветно дело, Скопје
Николоска, М. – Развојна психологија, Скопје 2002г.
69
ТОМИСЛАВ ТАНЕВСКИ
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ МУЗИКА
CIP – Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека “Св.Климент Охридски“, Скопје 373.3.091.33-027.22:(73/75.049:78 ТАНЕВСКИ, Томислав Ликовно изразување на децата преку музика / Томислав Таневски, Скопје: Центар за детско уметничко изразување, музикотерапија и психо-физичка релаксација “Џунџуле“, 2008. – 70стр.: илустр.; 13х17см Библиографија: стр.69 ISBN 978-9989-146-24-4 a) Ликовно воспитание – Изразување преку музика – Основно образование и воспитание – Настава COBISS.MK-ID 72167178
70