СО СОУЛ ПРОТИВ БЛУЗОТ
maj 2009 90 ДЕНАРИ
Број 21 • maj 2009
9 771857 569002
21
TECT KIA SOUL 1.6 CVVT
Возевме
PEUGEOT
3008
tect MERCEDES-BENZ E 250 CDI ДОАЃА СО ЕЛЕКТРОНСКИ СОВОЗАЧ
ОСВОЈУВАЧОТ SHANGHAI AUTO SHOW 2009
TECT FORD KA 1.2
CINQUECENTO НА ГЕРМАНСКИ НАЧИН TECT RENAULT MEGANE
1.5 dCi
ВО ОДЛИЧНА ФОРМА
ЗАБАВА ВО
НАЈГОЛЕМАТА КОПИРНИЦА НА СВЕТОТ ОЛДТАЈМЕРИ ВО ВИЛА Д’ЕСТЕ
ГОЛЕМА ВРЕВА ОКОЛУ КУП СТАР МЕТАЛ
СОДРЖИНА Број 21 • maj 2009 Новитети
14
OPEL INSIGNIA OPC Успехот на Insignia носи пари во касата на Opel. Како заслуга доаѓа спортистот со 325 КС
22
SEAT IBIZA FR, CUPRA На салонот во Барселона херојот на шпанската марка наврши 25 години од појавувањето
24
SUZUKI ALTO Сега е времето на малечките автомобили. Штедливост и скромност е тоа што се бара
ТЕСТ И ТЕХНИКА
16
Возевме Peugeot 3008 Овој Peugeot е семоќен. Може да служи како комби, теренец или како семеен ван
26
TECT KIA SOUL 1.6 CVVT Со убаво стокмената кутиичка, Kia го внесува соулот во класата на градските автомобили
32
TECT MERCEDES-BENZ E 250 CDI
14
Insignia заслужи да биде крунисана со верзијата ОРС. Изгледа одлично, има напредна технологија, се вози мошне динамично
44
Додека другите претрпуваат темелни пластични операции за да стекнат поголема популарност, Golf не дава да му падне влакно
56
Индиската Mahindra нуди остварување на детскиот сон, да се вози масивен и издржлив теренец. Добар впечаток остава моторот
Пред секое седнување во лимузинава би требало да се поклониме. Ова е автомобилот!
38
tect ford ka 1.2 Иако основата е иста со Fiat 500, Германците успеаја да завртат во тотално друг правец
44
TECT VOLKSWAGEN GOLF 1.4 Кој го сакал Golf V ќе го сака и Golf VI. Можат ли 80 КС да го расипат задоволството?
50
ТЕСТ RENAULT MEGANE 1.5 dCi Нема простор за паника. Megane и натаму е комфорен автомобил, но се вози поживо
56
краток тест MAHINDRA GOA 2.5 CRDI Ова е најдоброто што го дава индиската автоиндустрија. Тоа не смее да е лошо
тема
6
SHANGHAI AUTO SHOW 2009 Мина времето кога кинеските автомобили беа само бледи копии. Доаѓа технологијата
20
НОВ ЦЕНТАР НА FIAT ВО БИТОЛА Центарот на „Аутомобиле СК“ е конзуларно претставништво на Fiat во градот на конзулите
78
ИМПРЕСИЈА ОЛДТАЈМЕРИ ВО ВИЛА Д'ЕСТЕ Веќе 80 години, богатите се собираат да ги изберат најубавите олдтајмери на езерото Комо
НА ДВЕ ТРКАЛА
62
tect HINGYUE XY150T-4 Удобното и лежерно возење е доблест на евтината, но и добра копија на Suzuki
62
tect HAMACHI LJ50QT-К-2T Мал и економичен, идеален за секојдневни обврски в град
64
tect TRIUMPH STREET TRIPLE 675 Уличниот фајтер на Triumph има моќ да повлече, но и да го промени мислењето за марката
мотоспорт
74
ФОРМУЛА 1 . НАДМОЌТА НА BRAWN GP И RED BULL Ненадејниот успех на Brawn и на Red Bull доаѓа од погодениот концепт на целиот автомобил
76
А в т о м о б и л и в о о в о ј б ро ј
WTCC • ТРКА ВО МАРАКЕШ Никола Ларини ги доживеа најсјајните моменти во својата кариера на трката во Маракеш
останато 58 излог 60 Ваши писма www.autofocus.com.mk
66 ценовник 82 против досада
38 26 56 32
FORD KA 1.2 KIA SOUL 1.6 CVVT MAHINDRA GOA 2.5 CRDI MERCEDES-BENZ E 250 CDI
14 16 50 44
OPEL INSIGNIA OPC PEUGEOT 3008 RENAULT MEGANE 1.5 dCi VOLKSWAGEN GOLF 1.4
05/2009 3
4 05/2009
www.autofocus.com.mk
КОМЕНТАР Број 21 • maj 2009
Fiat гради нова римска империја Дарко Јаконов Главен уредник darko.jakonov@autofocus.com.mk
Шефот на Fiat, Серџо Маркијоне, има голема визија. Но, во неговата визија нема простор за радување. Пред неколку месеци, шефот на Fiat кажа во едно интервју дека на крајот на 2010 година, во светот ќе останат само шест производители на автомобили: еден американски, еден германски, еден европскојапонски, еден јапонски, еден кинески и веројатно уште еден европски. Неговото објаснување: Само тие што имаат годишна продукција меѓу 5,5 и шест милиони возила, имаат услови да работат профитабилно. Колку-толку е јасно кои се членовите на секстетот. Во него би требало да се најде Volkswagen, исто како и Renault-Nissan и Toyota. Маркијоне не открива дали и Fiat го гледа меѓу шесте. Концернот со долга традиција, во минатата година произведе само 2,2 милиона возила. За да се преживее, тоа е премалку. Но, Италијанецот дава сé од себе да го промени тоа. Во екот на најголемата економска криза по Втората светска војна, тој ги повлекува првите потези што водат во насока на очекуваната консолидација на автомобилската бранша. Моментот не смее да се пропушти. Маркијоне ја има единствената шанса да купува фирми без пари. Влегувањето во Chrysler е првиот важен чекор. Американскиот автопроизводител, во минатата година произведе околу 2,2 милиона возила. Fiat сега има учество од 20 проценти во концернот од САД, а доколку процени дека условите се погодни, во иднина може да го зголеми учеството на 35 проценти. Притоа, Италијанците нема да префрлат ниту евро од другата страна на Атлантикот. Наместо тоа, италијанскиот концерн ќе го снабдува Chrysler со скапоцена експертиза за малечки и штедливи автомобили. Интересот на Fiat е следниов: Влегување на американскиот пазар преку продажбената мрежа на Chrysler и придобивање уште еден потрошувач на неговата технологија. Со ангажманот во Chrysler, Fiat уште еднаш се соочува со своето минато. Во седумдесеттите години Италијанците веќе направија еден обид да се пробијат на американскиот пазар. Но, тој мина безуспешно. Поради слабиот квалитет на возилата, Американците го толкуваа името на производителот на автомобили од Торино како „Fix It Again, Toni“, односно „Тони, поправи го уште еднаш“. Во средината на осумдесеттите Fiat конечно се збогува од американскиот пазар. Но, судбината на Chrysler и на другите американски автопроизводители го потсетува Fiat и на сопствената мизерија во која западна пред неколку години. Во 2003 и во 2004 година, и самиот Fiat се најде пред банкрот. Концернот од Торино, исто како што сега е случај со тројцата производители од Детроит,
поради повластената позиција се чувствуваше премногу релаксирано на домашниот пазар. Менаџментот не вложуваше во квалитет и ефикасно производство. Завладеа бирократијата. Вработените го нарекуваа Fiat „Министерство за автомобилско производство“. Доколку се случеше слична економска криза како денешнава, италијанската влада ќе мораше да бара инвеститор – и Серџо Маркијоне немаше да се појави. Маркијоне го санираше концернот. Изврши радикални промени во менаџментот, ја реструктурираше моделската понуда и разви нови модели. Ефектот: Заработката почна да расте. Денес, концернот е на вистинскиот пат. Долговите од минатото остануваат и натаму, но не постои никаква опасност за концернот. Дури, среде најголемата автомобилска криза, Маркијоне се чувствува доволно моќен да ги преземе двете ослабнати марки Chrysler и Opel и да изгради нова римска империја. Со Opel ќе се постигне потребната големина. Со бројките од продажбата од минатата година, вклучувајќи ги Chrysler и германската марка, Fiat ќе дојде до продукција од 5,7 милиони возила. Така, Маркијоне ќе дојде до критичната маса. Спојувањето со Opel ќе биде вториот важен чекор, по влегувањето во Chrysler, што ќе ја обезбеди иднината на Fiat. Маркијоне се надева на синергиски ефекти во висина од една милијарда евра годишно. Експертите не гледаат опасност дека двата концерна ќе си ги преземаат купувачите. Opel и Fiat имаат изградено сосема различен имиџ, и можат само да се надополнуваат. Примерот со успешното функционирање на VW и Skoda им дава право на експертите. Плановите на Маркијоне, сепак, повлекуваат големи ризици. Неизвесно е дали воопшто ќе успее трансферот на технологијата кај Chrysler во Детроит. Претстои и интеграција на трите концерни. Шефот на Fiat го оцени овој италијанско-американски-германски сојуз како „рајска венчавка“. Ќе нé радува ако се работи само за случајност. Истите зборови ги кажа поранешниот шеф на Daimler, Јурген Шремп, кога во 1998 година го објави спојувањето со Chrysler. Секако дека ваквата самоувереност на Италијанците не останува без солидна подлога. Концернот Fiat е на чекор од големата револуција во моторите. Иако, револуциите досега не успеваа: Ванкел-моторот е реткост, стирлингмоторот е тотално бескорисен. Успевале само усовршувањата на ото и дизел моторите. Fiat сега ветува усовршување, што ќе предизвика револуција: Системот се вика MultiAir, троши 25 проценти помалку гориво, но и обезбедува исто толку проценти пораст во силината. Првиот модел со мотор MultiAir се појавува веќе догодина: Alfa Romeo Mi.To 1.4. Станува возбудливо. �
Серџо Маркијоне го спаси Fiat. Но, успешниот менаџер не запира тука. По Chrysler, шефот на Fiat чека да го грабне и Opel, и да го состави големиот автоконцерн
www.autofocus.com.mk
05/2009 5
салони Auto shanghai 2009
Додека другите тагуваат,
Најголемата копирница на светот, прерасна во најголема печатница. Кина не знае за криза, не прави само дрски копии и не престанува да расте - тоа е толку очигледно на салонот во Шангај 6 05/2009
www.autofocus.com.mk
Кина празнува
С
www.autofocus.com.mk
ликата што во моментов ја шири Западот не е секогаш пријатна. Сјајот и скапотилакот од претходните изданија на салоните на автомобили во Европа, а особено во САД, од кризата се променија во жал и беда. На салонот во Шангај е сосема поинаку. Расположението е одлично, домашните производители претставуваат по десетици нови модели. Додуша, повеќето се смешни, но има и по некој успешен модел. Гласно е до толку што ниту сопствениот говор не се дослушува. Халите исполнети до последната дупка. А на бината се застанати менаџерите, наредени како што тоа порано го правеа членовите
на Народниот конгрес. Во Шангај се одржува Auto China, и сето тоа што оставаше трагa на последните одржани салони на автомобили, тука привремено не важи. Кина е единствениот пазар што во моментов продолжува да бележи раст и празничната атмосфера што ги обвиткува автомобилите, тука е сосема природна. И тука ништо не е како на друго место. Во Шангај не е поинакво само расположението, туку и актерите се други. Странските производители веќе со традиција бележат силно присуство на кинескиот пазар, и најважните фирми од Европа, Јапонија и САД не си дозволуваат да го пропуштат настанот. Но, убава музика се слуша и кај► 05/2009 7
салони Auto shanghai 2009 ►со големите имиња како Smart,
Toyota iQ или Chevrolet Matiz. Но, зад вратите веќе се чувствува разлика. Кинеските автомобили се светлосни години далеку дури и од минималниот квалитет на завршна обработка на другите национални индустрии. Покрај малечките автомобили, другата сорта што има главен збор во Кина се лимузините од средната класа. Тој што ќе постигне повеќе, сака да си дозволи повеќе простор за себе и за своето
Времето на дрското копирање помина. Кинезите сега ги имаат потребните пари за самостоен развој, но и за ангажирање добри дизајнери. Pininfarina и Giugiaro цртаат за Brilliance.
семејство во автомобилот. Додека успешните директори и главните менаџери возат продолжен Audi A6 или BMW од серијата 5, младите инженери или компјутерските специјалисти нарачуваат изведби со продолжен опаш како Peugeot 207 или VW Santana. Во класата на автомобили со должина над 4,50 метри изненадува дружината од убави лимузини, што имаат сличности во елегантната појава и во модерната линија, како VW Passat CC или Jaguar XF. Наследникот на Rover, марката Roewe, кај студиите N1 и MG6 се збогува од британскиот►
Стариот модел на Mazda продолжува да живее во Кина, но не како Mazda 3, туку како копија на FYI
Оваа моторизирана количка за супермаркет (лево) доаѓа од Haima и вози на струја. Истиот погон го преферира и моделот MPe. Треба да им се верува на Кинезите: Затоа што од техниката не се гледа ништо
С е г а у ш т е и ко п и ј а на R o l l s - R o y c e
На шефовите на евтините марки не им е лесно. Луксузот што го заслужуваат како чело на фирмата не можат да го добијат од сопствената фабрика. Воопшто не прилега да бараат претставително службено возило кај другите марки. Купувачите ќе речат: „Ако шефот се гости со автомобил од друга марка, зошто јас да купам возило од нив?“
10 05/2009
На Rover и MG им оди добро со новите кинески сопственици. MG6 е развиен самостојно и изгледа одлично
Затоа, шефот на кинеската марка Geely мораше да најде решение. Си нарача копија на луксузен автомобил, и тоа ништо помало, туку баш RollsRoyce. Според Geely, автомобилот е
исто толку долг и широк како оригиналниот Phantom. Не заостанува и со опремата. Сепак, постои разлика: Назад има само едно седиште, големо како престолот на кинескиот цар.
www.autofocus.com.mk
Brilliance секогаш е најдобар. Овој концепт ќе изгледа добро и во Женева, но и погонот на струја е добар
Штом Кинезите велат дека е убаво, нека биде убаво. Во секој случај, Great Wall Kulla е напредeн: 150 km на струја Наследникот на Cherry QQ, тужената копија на Chevrolet Matiz. И без кусиот фустан, Riich М1 изгледа згодно
Марката BYD (од Build Your Dreams) ги гради своите соништа врз туѓи модели: Верна копија на Toyota Aygo
www.autofocus.com.mk
05/2009 11
возевме peugeot 3008
Шизофреничен лав Новиот лав на Peugeot во себе носи барем три личности: моноволумен, SUV и комби. Првпат шизофренијата е добра работа
В
о неколку наврати сме биле сведоци на извесни структурни комбинаторики што се прават кај некој модел. За да се создаде Peugeot 3008, веројатно е напишана цела книга за варијации и комбинации. Комплетно нов модел, базиран на веќе докажаната платформа 2 на групацијата РЅА, кој претставува спој што никој не ни помислил да го направи. Тоа се потенцира и преку самото име, бидејќи „3“ ја носи ознаката на платформата, „00“ означува дека се работи за поинаков автомобил од „вообичаените“ во понудата, додека „8“ ја симболизира генерацијата на која припаѓа моделот. Уште на прв поглед се забележува карактеристичноста во дизајнот, и веднаш се подразбира дека се работи за Peugeot. Големата лавовска уста и развлечените светла ја опишуваат предницата, која изгледа многу интересно, бидејќи е мошне кратка, и поради височината, изгледа како да е надувана. Други надворешни специфичности би биле големите стаклени површини, особено ветробранот и панорамскиот покрив. Кај задниот дел не се случува ништо особено. Светлата, кои се изработени во ЛЕД-технологија не се доволно разиграни, и севкупно гледано, нема некоја живост. Само убаво изгледа заштитата на браниците. Иако возилото претставува спој од повеќе каросериски изведби, 3008 изгледа пропорционално, складно и убаво, сè додека не се гледа одзади. Тогаш изгледа прифатливо. При отворањето на вратите се случува целосен пријатен напад врз сите сетила. Особено кај моделите со двобојна внатрешност, бидејќи црно-белиот интериер изгледа навистина фантастично. Опива атмосфера на префинетост и квалитет. Кога на тоа ќе се додаде и огромната понуда на простор, ста-
16 05/2009
НИ СЕ ДОПАЃА
НЕ НИ ПРЕЧИ
НЕ НИ СЕ ДОПАЃА
Комфорниот и просторен интериер
релативно досадната задница
бензинскиот мотор
мрзеливиот дизел мотор
командите за аудио системот се зад воланот
интелигентните решенија за искористување на товарниот простор
нува јасно зошто Peugeot толку брзо почна со производство на овој модел, кој како концепт беше претставен во Париз, во октомври минатата година. Седиштата се пријатни и удобни, со добро странично држење, инструментите се лесно читливи и убаво распоредени, а средишната конзола е во свој посебен филм. Со задоволство кажуваме дека филмот е мошне добар. Самата изведба, изгледот на прекинувачите и контролите го прават возачот да се чувствува како пилот. Кога на тоа ќе се
лошото отворање на преградата во средишната конзола
www.autofocus.com.mk
Auto Focus на презентацијата на Peugeot 3008 во Дубровник, Хрватска
Задните светла изведени во ЛЕД-технологија ја разигруваат задницата
www.autofocus.com.mk
додадат одличната навигација и head-up дисплејот кои се издигаат од арматурната табла, возачот несомнено ќе појави желба да полета. Peugeot 3008 не е скржав – и на патниците на задната клупа им нуди многу простор, а исто така, добредојдени се отворите за вентилација. Сепак, како главна карактеристика на внатрешноста, би го одвоиле панорамскиот покрив, достапен како дополнителна опрема, кој буди посебни емоции. Особено ако возите на дождливо време. Тогаш танцот на капките врз стаклото овозможува несекојдневно искуство. Иако внатрешноста оддава силен впечаток за квалитет, сепак се случи во неколку наврати да скрцка пластиката, што не е баш за пофалба. Исто така, големата рачка на средишната конзола изгледа многу интересно, но нема голема функционалност. Дури може да се каже дека го попречува совозачот слободно да ракува со клима-уредот. Како голема несоодветност ќе го издвоиме отворањето на потпирачот за рака напред, бидејќи не се отвора наназад, како кај повеќето возила, туку накај совозачот. Така се обезбедува полесно ракување за возачот, меѓутоа се одзема истото право на совозачот. Во Peugeot посветиле огромно внимание на багажниот простор. Затоа тој може да се нагодува на многу начини, со што се добива различен капацитет и максимална искористливост. Самиот товарен простор има три нивоа, додека дводелната задна врата го олеснува ракувањето со тешкиот багаж. Иако тест-возилата носеа машини со идентична зафатнина од 1,6 литар, сепак се работеше за два комплетно различни ѕвера. Дизелот со 110 КС работи смирено и тивко, но се чувствува тромавост, бидејќи сепак 3008 е тежок автомобил. Потребно му е време додека да заврти и повлече соодветно, но затоа пак како свои адути ги истакнува малата потрошувачка и ниската емисија на штетни гасови. Бензинецот, пак, веднаш ја истакнува соработката со BMW. Со моќност од 150 КС и солиден вртежен момент низ целото работно подрачје, турбомоторот со директно вшприцување нуди вистинско задоволство. Агресивно повлекува уште при 1.500 вртежи и без проблем качува кон црвеното поле. Шестстепениот мануелен менувач добро одговара со моторот и во двата модела што ги возевме. Подвозјето е комфорно и убаво дотерано, но кај бензинецот се чув-► 05/2009 17
tect Kia Soul 1.6 cvvt
Со соул против Кај здодевните и еднолични градски автомобили досега се слушаше само една музика: Блуз. Kia го менува расположението. Пушта игрив и весел соул
НИ СЕ ДОПАЃА
НЕ НИ ПРЕЧИ
НЕ НИ СЕ ДОПАЃА
Привлечен и оригинален изглед
Тврдото подвозје: Soul го искористува за да постигне одлична управливост. И таа е дел од имиџот
Мал багажник, висок товарен раб
Просторна кабина
Спортско подвозје
26 05/2009
Предолги преносни односи
www.autofocus.com.mk
блузот 00:00
Погледнете го видеото на www.autovision.mk/kia-soul/
С
www.autofocus.com.mk
ите имаат по некој модел за гордеење. Британците го имаат Mini, Италијанците Fiat 500, Французите копнеат повторно да го видат Renault 4, а Германците не можат да го прежалат нивниот VW Käfer. Сите овие автомобили биле наменети за широките народни маси, евтини и издржливи, но сите со нешто особено во себе. Култни автомобили имаат сите, и култните автомобили се длабоко вкоренети во историјата на секоја марка. Но, некој и натаму недостига. Точно, Корејците ги нема никаде. За нивните автомобили не може да се приговори ништо, тие возат и возат, и продолжуваат да возат... Вистина, производителите не успеваат секогаш да ја исполнат основната намена на еден автомобил толку беспрекорно како Kia, но добро е во имиџот на марката да се додаде и нешто друго, покрај издржливост и добра противвредност. Токму тоа сега го прави Soul. Тој е првиот култен автомобил од Кореја, што на голема врата ја внесува приказната за дизајнот и стилот во куќата Kia.► Отсега, па натаму, Kia ќе биде
05/2009 27
tect MERCEDES-BENZ E 250 CDI
Напредок во Mercedes живее од овој автомобил, тој прави четвртина од профитот. Бидејќи е толку важен, фирмата го продава заедно со електронски совозач и ангел-чувар
Во овие линии се чита историјата. Надолжното вдлабнување на хаубата го имаше уште кај Ponton-Mercedes
О
длично. Тоа, значи, ни го носи напредокот. Една светилка со нацртан филџан за кафе. Е навистина сме дотуркале далеку! Кога таа ќе се рашири на целиот дисплеј во инструменттаблата, тоа е знак за возачот да го паркира автомобилот покрај патот и да си почине. Совршено. Mercedes ни направил здодевен автомобил, што тера на дремка. Така, развојот го достигна максимумот. Постојаниот стремеж на марката со сребрена ѕвезда на челото, автоматиците да ѝ менуваат уште помеко, подвозјето да ѝ работи уште
32 05/2009
понеосетно, кабината да ѝ биде тивка како трезор на Народна банка и седиштата да ѝ успокојуваат како бебешка колепка, дојде до крајната точка. До заспивање. Го добивме автомобилот во кој ништо не се чувствува од возењето. Совршениот автомобил. Ако тоа е совршенството, тогаш не го сакаме. Па, тоа е исто како дома да седи сопруга што постојано вели: Да, драги! Кога тогаш, тоа ќе престане да изгледа толку интересно. Секако дека повеќе си ги сакаме старите автомобили што се за возење наместо за дремење. ► Прераните заклучоци ги ви-
00:00
Погледнете го видеото на http://autovision.mk/mercedese-class/
www.autofocus.com.mk
филџан кафе Колку и да се менува надворешниот дизајн, овие линии не се менуваат никогаш. Mercedes и точка
НИ СЕ ДОПАЃА
НЕ НИ ПРЕЧИ
НЕ НИ СЕ ДОПАЃА
Новиот изглед со коцкести светла
Високата цена на опциите од безбедносната опрема
Моторот заслужува подобар менувач
Поголема агилност на подвозјето
Изгледот на опашот заостанува со генерации
Моторот со моќ на 6-цилиндарец
www.autofocus.com.mk
05/2009 33
импресија Натпревар во елеганција Вила д’Есте
Најубавите на Легендарниот Конкорсо д'Елеганца на езерото Комо секоја година ја отвора сезоната на олдтајмери. Во ексклузивната атмосфера богатите се покажуваат себеси и ги вадат своите најубави играчки
78 05/2009
www.autofocus.com.mk
најбогатите О
www.autofocus.com.mk
д кризата не се чувствува ништо во ексклузивната Вила д’Есте на западниот брег на езерото Комо во Италија. Публиката со ракоплескање ги пречекува хероите од автомобилското минато, додека тие бавно одминуваат и се прават важни пред неа. Појавувањето на автомобилските икони, како Jaguar D-Type, тука е сосема очекувано. Владее релаксирано расположение, сонцето потпекува пријатно, а дури и езерото Комо се погрижило да се покаже во најблескавото издание. Публиката е многубројна и елитна. Овие благородни души се поздравуваат меѓу себе, тие веќе се познаваат од многубројните слични настани. Конкорсо д’Елеганца во оваа година го прославува 80-тиот роденден. Оние што немаат олдтајмер вреден неколку милиони евра да им стои во сопствената хала, дојдени се тука да ги видат убавите и богатите од автомобилскиот висок слој, додека пијат просеко или шампањ и топат јагоди под јазикот. Сопствениците на автомобилите доаѓаат од Европа, Азија и од САД. Сите нив ги соединува љубовта за исклучителни олдтајмери, што се реставрираат за неколку милиони евра и се полираат до огледален сјај. Автомобилскиот Вимблдон е редовно шоу во секоја пролет. Домаќинот Сајмон Кидстон зборува повеќе јазици и не само што ги познава повеќето возачи по име, туку ја знае и нивната семејна историја. Прво на одличен италијански, а потоа и на исто толку извежбан англиски јазик тој објаснува дека темнозелениот Jaguar D-Type кој штотуку поминува пред публиката, не е оригиналниот тркачки автомобил на Стив Меквин, и на времето го купил некој си безимен тениски професионалец. Тој си го донел автомобилот во Финска, го украсил со тркачки ознаки и го облекол во гуми со клинци, и со моќниот мотор од 3,8 литри долги години бил непобедлив на трките на мраз, па дури и во соседната ► Русија.
05/2009 79
против досада
Стариот Англичанец се враќа дома Англискатата марка MG Rover згасна во 2006 година. Сега се намирисува нејзиното враќање. Новите кинески сопственици сакаат да ja вратат на островот
А
ко денес сакате да купите Rover, мора да го побарате на плац за користени автомобили. Или во Кина. Таму си најде прибежиште оваа англиска марка, некогаш толку славна и горда на својата традиција. Со себе ја понесе и спортската ќерка MG. Но, ако се присетиме поточно, кинеската корпорација SAIC воопшто и не го купи Rover, туку само патентите и техниката на Rover 75. Марката MG, остатокот од патентите на Rover и производствените ленти ги презеде конкурентот Najning Automobile Corporation, односно NAC. За збрката да биде целосна, името Rover остана кај Ford. Но, откако индиската Tata Motors ги купи од Ford марките Jaguar и Land Rover, го доби и името Rover.
Во меѓувреме работите се избистрија. Комунистичката партија среди сите права за Rover и MG да прејдат кај SAIC. Ете, готово. Иако остана без името Rover, марката продолжи да живее во Кина. Решението се најде веднаш.
MG6 Името Roewe е слично на Rover и на Кинезите им се слуша како „кралска моќ“. Името им се допадна. Исто како и автомобилите.
Следниот број на магазинот Auto Focus излегува на 15 јуни 2009
82 05/2009
Покрај моделите MG3 SW и MG7, кои се реинкарнација на Rover 25 Streetwise и MG ZT, од 2007 година се произведува и Roewe 750, директен наследник на Rover 75. Допадливиот изглед на лимузината е дело на европските инженери, што продолжија да ја развиваат моделската понуда на Roewe и MG. Првиот модел на Roewe без директно потекло од Rover e лимузината од средната класа Roewe 550, која сепак користи скратена платформа од Rover 75, развиена уште во добрите времиња. Моторите имаат 133 и 160 КС, и нормално, дело се на Rover. Веќе се наѕираат и наследниците. На салонот во Шангај беа претставени моделите Roewe N1 и MG6. Првиот ќе почне да се продава во 2011, а вториот веќе в
Roewe 550
година. Но, има проблеми. Европската техника и европскиот дизајн се прескапи. Пресметано во европската валута, најевтиниот Roewe чини 16.000 евра, а големата лимузина двојно повеќе. Тоа е премногу за кинескиот паричник. Но, не и за европскиот. Затоа, SAIC планира да се врати во Англија. Rover, сепак, не ги пресече сите корени. Родстерот MG TF продолжи да се произведува во Лонгбриџ, со делови што доаѓаа од Кина. Системот може да функционира и со новите модели на Roewe. Тие се доволно безбедни, имаат добра техника, единствено недостигаат дизелски мотори. Но, и на нив веќе се работи во SAIC. За многу скоро време ќе се појави првиот дволитарски турбодизел. Кругот се затвора. �
www.autofocus.com.mk