Auto Focus 33

Page 1

Број 33 • мај 2010

BMW Concept Gran Coupe

купето го покажа носот Најава на изгледот на новата серија 6 на BMW

TECT

Toyota Prius III

Хибридот што не смееше да се појави

Audi RS5

450 КС и 8 цилиндри

Повеќе од ова не треба

Mini Првиот DFM Van K05 1.1i кинез на тест

ексклузивно

Од претставувањето во Хамбург Opel Meriva се служи со трикови

што возат приватно

пилотите во Формула 1

Моторите со два цилиндра се враќаат

TECT

40.000 километри

со Mini со погон на струја

Hamachi YS 250

maj 2010 90 ДЕНАРИ

9 771857 569002

33


Број 32 • април 2010

Можело да биде и добро Дарко Јаконов Главен уредник darko.jakonov@autofocus.com.mk

Штотуку почна да се шири убедувањето дека владиниот повик за спасување на соседните држави од автомобилскиот крш ќе биде само првата фаза во планот Автомобили 2014 и дека возилата што ќе бидат довлечкани во следната фаза ќе соодветствуваат уште поверно со новите архитектонски правци во македонската престолнина, веќе пристигнува информација што ни навестува дека сé уште има простор за надеж. Не, преоѓањето на коли со коњска запрега сепак нема да се случи, иако е тешко да се одолее на предизвикот, затоа што тие би одговарале совршено во новата средина за живеење што се создава околу нас. Единствената светла точка што ни се случува во последниве неколку години во сферата на автомобилизмот ни доаѓа од романската марка Dacia, од онаа евтина марка на Renault која што улицата ја познава како „Dacia, па плачи ја“, но и од марката која што сé почесто се забележува по улиците на Париз или Женева. Плачењето ќе ни почне дури сега, но само поради тоа што уличните и неиздржани муабети не му дозволија на пазарот порано да стане свесен за трансформацијата и за предностите што ги нуди романската марка. Во рамките на акцијата на увозникот Аутомотив Груп, која што почна пред нешто повеќе од еден месец и нуди попуст од 1.600 евра за купувачите што ќе го заменат своето старо возило со нов Sandero, веќе е пречекорена бројката од сто продадени возила. Оваа досега единствена акција во Македонија треба да се пофали дотолку повеќе што се случува и постигнува успех во услови кога купувачите се залажуваат со увозот на стари автомобили. Одзивот на акцијата го прикажува вистинскиот дух на купувачите, кои што ја одбиваат понудената можност за седнување во старо и поголемо возило со посјајно лого и место да трпат навреда од највисоката инстанца избираат да се почестат со нов и повеќе од солиден автомобил. Акцијата го избламира од темел отворањето на увозот на стари возила кое што требаше да биде сервирано како најголемо достигнување. Сепак, место да биде повлечена од страна на увозник на возила, оваа иницијатива требаше да се реализира во форма на државна субвенција, со која што замената на старите со нови и евтини возила ќе добиеше уште поголем интензитет. Повторно се покажува како проблем отсуството на институција која што ќе ја регулира целата сфера околу увозот и експлоатацијата на автомобилите. Кој знае какви автомобили ќе возиме во 2014 година? Никој! Без разлика која гарнитура ќе го врти државното кормило по пет, шест или десет години, целата автомобилска сфера ќе зависи единствено од политичкиот интерес. Тоа значи дека ќе продолжи-

ме да се задушуваме со издувни гасови и да ги затвораме ушите додека минуваме пеш покрај градските крстосници, па можеби и да гинеме по патиштата, само затоа што владејачките гарнитури се уште нема да имаат стекнато свест дека контролата на сферата треба да и ја препуштат на институција која што ќе биде над четиригодишните мандати. Ова звучи утопистички, но само во условите на кои што се препуштени автомобилите по нашите улици. Во повеќето држави постои институција која што е надлежна за секоја појава поврзана со вртењето на тркалата на автомобилите. Засрамувачки е тоа што автомобилите кај нас се препуштени на спонтани, а тоа секогаш значи и задоцнети реакции. Никој не се грижи за автомобилите, но во исто време и секој се грижи за нив. Секој субјект што барем малку ја тангира автомобилската сфера си зема за право да ја повлече контролата кон себе, да ја искористи својата моќ и да го реализира својот интерес, за на крајот да се добие општа мешаница, во која што повеќе ништо нема смисла. Работите можат да добијат смисол само ако се консултираат експертите. Но, каде се експертите? Сигурно е дека правото на владеење не го обезбедува и правото некој да се повика на својот измислен експертски статус. Комично е кога експертизата се сведува на заклучокот дека десет години стар Audi или Mercedes е подобар од Yugo старо дваесет години. Експерти за автомобили не постојат. Автомобилите се веќе произведени и повеќе нема што да се измислува. Стручноста може да биде корисна само при планирањето и при раководењето со продажбата и со експлоатацијата на возилата. Доколку продолжи практиката автомобилската сфера да се раководи од лица што немаат никаква компетентност, може лесно да се случи некој ден да се донесе и забрана за возење автомобили. На некого, едноставно, нема да му се допаѓа нивниот мирис, звук или изглед. Dacia му се допадна на нашиот народ. Акцијата на Аутомотив Груп нема да обезбеди само големи продажни бројки, туку ќе ја промени и свеста за марката. Постојат неколку случаи кога купувачи се обратиле во сервисот на Dacia со забелешката дека мерачот за гориво бил расипан. Секако, не се работи за дефект. Луѓето едноставно очекувале дека стрелката ќе паѓа многу побрзо. Нашиот пазар има уште многу за откривање. Како ли само би изгледала реакцијата кога продавачот ќе извади некоја од европските статистики на дефекти, во која што романската марка документира издржливост на исто ниво со автомобилите што се синоним за квалитет? Да, и тоа е вистина.

Акцијата на Dacia се покажува крајно успешна. За кусо време се продадоа повеќе од сто возила. Интересот за повлекување на ваква акција, сепак, требаше прво го покаже државата

4 05/2010


СОДРЖИНА Број 33 • мај 2010 НОВИТЕТИ

6

Opel Meriva За новиот модел да биде подобар од претходникот, Opel мораше да користи трик

12

Audi RS5 Повеќе од ова не може: Топ-моделот RS5 е достоен наследник на Audi Quattro од 1980

18

Cadillac CTS V Американците возвраќаат за исмевањето на нивните модели: Овој Cadillac е најбрз

24

Двоцилиндарски мотор на Fiat Индустријата не ја намалува само зафатнината на моторите, туку и бројот на цилиндри

28

BMW Concept Gran Coupe Лимузина со статус на уметничко дело. BMW го покажа носот на новата серија 6

ТЕСТ И ТЕХНИКА

36

18

Нема шеги со овој Cadillac. Моторот од Corvette ZR 1 е комбиниран со спортско подвозје: Тоа е рецепт за уривање рекорди

48

Овој примерок од класата С е еден од петте илјади со кои што Mercedes го прославува новиот мотор што брза да заштеди . Дизелот со 204 КС троши само 5,2 литри

58

За добрата аеродинамика е подеднакво важно и подрачјето под возилото. Инженерите користат многу софистицирани решенија. . Вреди да се погледне под возилата

TECT Toyota Prius III Автомобилот вози толку совршено што не се познава дека е хибрид, но штеди примерно

42

TECT Fiat Punto Evo 1.4 8V Не е само обично затегнување на брчките: Италијанците го подобрија и карактерот

48

TECT Mercedes C 250 CDI Prime Edition Два турбополначи за штедење гориво? Звучи противречно, но функционира навистина

54

TECT DFM Mini Van K05 1.1i Конечно тест на кинески автомобил: Се работи за доставно возило со цена од 7.200 евра

58

TEХНИКА ИНЖЕНЕРИТЕ РАЗВИВААТ ПОДОВИ Техничарите постигнаа голем напредок во делот од возилото што никој не го гледа

TEMA

20

ПРВИ ИСКУСТВА СО MINI СО ПОГОН НА СТРУЈА Возилата што Mini им ги изнајми на 450 возачи веќе направија 40.000 километри

23

Студија на ADAC Според најновата статистика на пријавени дефекти, Mercedes е најквалитетната марка

78

Што возат приватно пилотите во Ф1? За возење по обичен пат, најдобрите пилоти на светот немаат избор: Само најдоброто

СОВЕТИ

60

ТЕСТ НА 10 СРЕДСТВА ЗА МИЕЊЕ БАНДАЖИ Обичен сапун и четка се бескорисни во споредба со хемиските средства за бандажи

НА ДВЕ ТРКАЛА

62

МОТОЦИКЛИ Тест на Hamachi YS 250 и споредба на Kawasaki ER-6n од 2008 и 2010 година

МОТОСПОРТ

74

ФОРМУЛА 1 • Новите комесари на трките Сите се задоволни од одлуката комесарите на трките да добијат тркач покрај себе

Автомобили во овој број

ОСТАНАТО 64 ваши писма 66 ценовник

82 против досада

12 18 54 42 48

Audi RS5 Cadillac CT-S V DFM Mini Van K05 1.1i Fiat Punto Evo Mercedes C 250 CDI

20 6 36 28

Mini E Opel Meriva Toyota Prius III BMW Concept Gran Coupe

05/2010 5


Возевме Opel Meriva

Денови на широко

отворени врати Auto Focus на презентацијата на Opel Meriva, во Хамбург, Германија

Насмевката не е вештачка: Концептот со задните врати функционира одлично и значително го олеснува пристапот до задната клупа

За втората генерација да биде подобра од претходникот, Opel мораше да понуди нешто оригинално. Во светот на новата Meriva се влегува преку врати што се отвораат како дворна порта 6 05/2010


ОРИГИНАЛНОСТА Е ГАРАНТИРАНА

Honda ELEMENT

НИ СЕ ДОПАЃА Каросерискиот концепт функционира Просторна кабина, комфорно подвозје Пријатно чувство во возењето

НЕ НИ ПРЕЧИ Новиот турбобензинец со 120 КС не е спортист: Вановите служат за возење, не за тркање

НЕ НИ СЕ ДОПАЃА Типично за Opel, средишната конзола е преполнета со копчиња Системот старт-стоп ќе биде достапен дури во 2011

К

ога производителите ги пуштаат новите модели на пазарот, во средиштето на вниманието на публиката најчесто се наоѓа дизајнот, а некогаш може да се работи и за иновативната техника што инженерите ја вградуваат премиерно во новиот автомо- mazda rx-8 бил. Кај втората генерација на Opel Meriva, се се врти околу вратите, и тоа, околу задните врати. Место нанапред, тие се отвораат наназад, исто како во Rolls-Royce Phantom. Со новите модели доаѓаат и новите зборови што треба да ги учат автомобилските ентузијасти. Новиот збор на Opel Meriva е Flexdoors, односно Mini Clubman флексибилни врати. Така се вика концептот на отворање на вратите кај миниванот Meriva, кој што од другите концепти се разликува по тоа што шарките на задните врати се вградени назад, што значи дека и вратите се отвораат наназад. Да биде уште појасно: Тие се отвораат исто како дворна порта. Целта на ова оригинално решение toyota fj cruiser е да се обезбеди поудобен и поедноставен пристап до задната клупа. Се разбира дека истото се случува и при излегувањето од возилото. Подеднакво благодарни ќе бидат и младите семејства, поради поедноставното поставување на детското седиште на задната клупа и полесното врзување на подмладокот. opel kadett Opel сака да стане светски шампион во флексибилност со овој автомобил. Многумина копнеат да ја стекнат титулата, но на Opel му успеа да дојде на уште еден чекор поблиску до неа. Како што се уверивме повеќе пати за време Opel ги користеше вратите што се на првото возење на Мeriva отвораат во близината на Хамбург, наназад уште кај Кadett од 1936 годи на идејата со необичните врати функционира одлично и знаначин на отворање воопшто не чително го олеснува пристапот и е нов во браншата, затоа што се излегувањето од задната клупа, користеше речиси како стандард а особено кога е тесен простоуште во 1930-те години. Три дерот до соседниот автомобил. цении подоцна, во 1961 година, Ова решение се користи кај само портите со задни шарки беа зауште еден автомобил, Rolls-Royce бранети, заради проблемите со Phantom. Сличен принцип имаат безбедноста. Доколку овие врати и задните врати кај Mini Clubman се отворат при возењето, вози Mazda RX-8, но решавачката душните струи ќе ги треснат во разлика е во тоа што прво мора опашот на каросеријата. Поради да се отворат предните врати, а тоа, вратите го добија прекарот дури потоа и задните. „самоубиствени врати“. Дури во Задржувањето на средишниот 2006 година, Европската унија столб кај Opel Meriva овозможи дозволи овие врати повторно да секоја врата да се отвора и засе користат кај автомобилите. твора независно од другите. Овој 05/2010 7


Новитети Audi RS5

Од генот

Најсилната изведба на купето А5 има одговорна задача: Таа треба да го одбрани името на легендатата Quattro Sport од 1980-те. Со 450 КС и со напредна погонска техника, тоа не е проблем

Г

олема благодарност до Audi уште во старт: Баварците решија да не ја користат помошта на турбонатполнењето за нивниот нов топ-модел во серијата А5 и го оставија осумцилиндарецот од 4,2 литри да дише слободно. И уште една благодарност: Со вредноста од 10,8 литри, просечната потрошувачка на болидот со 450 КС е за 0,4 литри пониска во споредба со BMW M3 со 420 КС, кое што неодамна доби систем старт-стоп за штедење гориво. Малку шега не е на одмет. Секако

12 05/2010

Обожувателите ќе сакаат да се поклонат пред овој автомобил. Правнукот на Quattro го прави истото што и неговиот предок од 1980 година и му се оддолжува со нов погон на сите тркала дека соодносот меѓу литрите и километрите е сосема неважен кога на пазарот се појавува автомобил како RS5, современикот на Audi Quattro, на легендата од 1980-те го-

дини. Но, од друга страна, зошто да не се знае дека овој припитомен болид троши 1,3 литри помалку гориво и од значително послабиот Audi S5, кој има само 354 КС и се вози со

обичен мануелен менувач? Ваквата скромност произлегува од погодената комбинација на мерки за оптимизација на моторот, од повратокот на енергијата при возење по


не се бега

инерција и од новиот седумстепен S-Tronic со двојна спојка. Автоматското гаснење на моторот при мирување на семафор сепак не е достапно во овој автомобил. Но, зарем би можело да се одолее на техничкиот бисер што работи под хаубата и да се дозволи електрониката да го изгаси, заради штедење? Сите четири брегасти вратила на долгоодниот V8 имаат варијабилна контрола врз работата на вентилите, а во вшмукувачкиот тракт се на-

оѓаат познатите придушници со кои што Audi ги тера воздушните струи да се втурнат во коморите за согорување како оркан. Заради полинеарно ослободување на силината, инженерите се откажаа од вшмукувачката гранка со променлива должина. Смешата од бензин и воздух се вшприцува во осумте комори за согорување под притисок што максимално достигнува 120 бари. Новите мотори што се развивани според принципот на високи вртежи, исто

како моторите во BMW M3 и M5, се изработуваат рачно во погоните во Некарсулм и во спој со седумстепениот менувач со двојна спојка гарантираат спринт до темпо 100 за 4,6 секунди. Вистина, во тоа помага и контролата при поаѓање. Оваа бројка покажува дека купето со погон на сите тркала и со тежина од 1.725 килограми е брзо исто колку и BMW M3, кој е полесен за 60 килограми и исто така користи седумстепен менувач со двојна спојка.

Моторот ја послужува максималната силина од 450 КС дури при 8.250 вртежи на коленастото вратило, додека вртежниот момент кулминира со 430 њутнметри, што е за десетина единици под вредноста на S5, чиј што мотор е повеќе дотеран да пумпа вртежен момент во целото работно подрачје. Покрај тоа, најголемата поддршка од вртежниот момент се добива дури при 4.000 вртежи. Споредбата со BMW M3: 8.300 min-1 и 400 Nm. Ограничувањето на крајна-

05/2010 13


Тема 40.000 километри сo погон на струја

А

вантурата со Mini беше чиста случајност. Кога Том Молони пред повеќе од една година бараше информации за електричниот автомобил Chevrolet Volt, Google му ја посочи страницата на BMW. Германскиот производител пушти објава дека бара 450 возачи од Америка што ќе треба да го возат електричниот автомобил Mini E. Избраните возачи добиваа Mini за тест возење во траење од една година. „Не очекував дека ќе имам големи шанси, затоа што на повикот се пријавија преку 20.000 возачи“, се сеќава Молони, сопственик на ресторан од американската сојузна држава Њу Џерси. Но, телефонот сепак заѕвоне по неколку недели од аплицирањето преку интернет. Повикувачот сакаше да договори термин за предавање на Mini E. Оттогаш, овој 31-годишник врти кругови со автомобилот на струја во своето гратче Монклер и ужива во сосема поинаков вид на мобилност. Големиот теренец од класата М на Mercedes е продаден веќе одамна, Porsche Boxster стои со издишани гуми во гаражата, а неговата Toyota

Том Молони е секој ден во својот автомобил со погон на струја и редовно ги објавува искуствата од возењето на Mini E на неговиот блог Tundra ја користи само за патување на одмор. Молони е постојано во неговиот Mini E, па оттаму и не изненадува што малечкиот дисплеј во неговиот брзиномер пријавува бројна состојба од 25.000 милји, што одговара на нашите 40.000 километри. „Според моите истражувања, во Америка, а веројатно и на кое било друго место на светот, не постои човек што има поминато толку долг пат со електричен автомобил“, горд е Молони. „Можеби треба да се пријавам за Гинисовата книга на рекорди.“ Да биде овој успех уште поубедлив, Молони е далеку од идеалниот сопственик што техничарите го замислија при конципирањето на електричниот погон за Mini. За разлика од просечниот американ-

20 05/2010

Под влијание ски граѓанин кој што во денот вози помалку од 60 милји и поради тоа нема проблеми со ограничениот досег на акумулаторите, Молони има 40 милји за возење од домот до неговиот ресторан. „На почетокот не можев да сметам на повеќе од едно одење до работа и назад“, се присетува пионерот на електричниот погон. „Но, автомобилот никогаш не ме остави на пат. Повеќе пати ми се случуваше покажувачот за наполнетоста на батериите да влезе во црвеното подрачје.“ Молони повеќе не се нервира околу досегот на возилото. Тој веќе го познава својот автомобил до последната завртка. „Дури и кога мерачот на досегот

Приклучок за полнење  Безбедносен прекинувач  Батерија  Осигурувач  Високонапонски кабли  Контролен модул


Mini во земјата на автомобилските диносауруси: малечок, брз, а не троши ниту грам гориво Со автономијата на Mini E од преку 120 километри, Молони нема проблеми во обавувањето на секојдневните обрски

на силни струи  Електроника за погонот  Електромотор  Електрично вакуумска пумпа

 Трансмисија

 Приклучок за полнење  Безбедносен прекинувач  Батерија Вентилатор

ќе навлезе во црвеното подрачје, во акумулаторите останува енергија за уште 10 до 15 милји“, кажува тој од искуство. Наспроти 100-те милји што ги ветува BMW, Молони има извозено 128 милји со едно полнење на акумулаторите. Тоа се преку 200 километри. Со автомобилот се добива и потребната инфраструктура. Прво, BMW инсталираше приклучна кутија за струја во домашната гаража на Молони, а потоа постави и станица за полнење во неговиот ресторан Nauna's Bella Casa. Проблемот со досегот се реши, а гостилницата стана и собиралиште за дваесетина локални корисници на електричниот Mini, кои што тука се собираат еднаш во месецот за размена на искуствата.

„Кога ќе пристигнам во ресторанот го приклучувам автомобилот да се полни, и по два часа акумулаторите се наполнети целосно“, раскажува Молони. Во дневната агенда на неговиот Mini E со сериски број 250 е испланирана секоја минута. „Постојано сум во возење. До банка, во набавка, во испорака“, кажува гастрономот, кој постојано го преполнува малечкото службено возило до покрив со конзерви домати, пршута и паста. Во случајот на Mini E, полно до покрив има буквално значење, затоа што багажникот е премал, а на местото каде што обичниoт Mini имаат задна клупа, тука лежат батериите. На прв поглед, електричната авантура на Молони е скапо задоволство. „Mini наплатува месечна

05/2010 21


НОВИТЕТИ Враќање на двоцилиндарските мотори

Кога два

е повеќе од четири

Нивниот препознатлив звук го слушавме пред повеќе децении, во времето на 2CV и на Fiat 126. Сега двоцилиндарскитe мотори се враќаат на голема врата

Италијанците се единствени што му пристапуваат сериозно на концептот на двоцилиндарските мотори. Интересот: Најмалата можна потрошувачка на гориво

24 05/2010


Наскоро, култниот наследник на уште покултниот Fiat 500 ќе го добие новиот двоцилиндарец. Претходникот од 1950-те години исто така возеше со 2 цилиндра, но заради цена, не заради потрошувачката

Од времето на легендите: Двоцилиндарските мотори во 2CV и Topolino беа повеќе познати по лошо, отколку по добро. Но, концептот на автомобилите беше погоден

К

ога инженерите сакаат да постигнат намалување на потрошувачката на гориво кај денешните мотори, се што треба да направат е да го изговорат магичниот збор „даунсајзинг“. Тоа предизвикува намалување на работната зафатнина на моторот и додавање на малечок турбополнач, заради поткревање на силината, но и заради намалување на потрошувачката на гориво и на емисијата на штетни гасови. Моторите како TSI на Volkswagen или TCe на Renault докажуваат дека теоријата функционира и во практика. Релативно едноставното надградување на моторите им одговара на производителите, затоа што со него добиваат моќни аргументи за привлекување на купувачите, но остануваат чисти и пред европските законодавци кои од 2015 година предвидуваат големи казни за производителите чија што моделска гама ќе испушта во просек повеќе од 130 грами СО2 на километар. Успехот ги охрабри техничарите да го активираат и следниот степен на „даунсајзингот“. По паѓањето на работната зафатнина на моторите, сега падна и бројот на цилиндриFiat управува со воздухот

Легендата од 1960-те: NSU Prinz 4 имаше двоцилиндарски мотор вграден назад, исто како кај повеќето други модели со само еден чифт цилиндри

те. Поради тоа што купувачите со задоволство посегнуваат по автомобилите што ветуваат заштеда во потрошувачката на гориво, големото враќање на моторите што постарите автомобилисти ќе ги потсети на NSU Prinz, на првиот Fiat 500, и секако, на Citroen 2CV, Dyane или Ami 8, е сосема извесно. Пред 40 години, двоцилиндарците најчесто се вградуваа назад, како боксер или линиски мотори. Единствено кај „патката“ на Citroen, моторот беше сместен под предната хауба. Овие гласни моторчиња придружени од силни вибрации, со воздушно ладење и со силина одвај поголема од 20 КС, ќе ги помниме повеќе по лошо отколку по добро. Четириесет години подоцна, Fiat најавува со гласно тропање на камбаните дека има нов двоцилиндарец, кој на почетокот ќе се вградува во успешниот модел Fiat 500. Првиот човек на дивизијата за мотори на Fiat, Паоло Мартинели, е убеден дека неговиот двоцилиндарец нуди совршена комбинација од силина, екологија и уживање во возењето. Со помош на турбонатполнење, директно вшприцување на бензин и четиривентилска техника, ма-

Технологијата MultiAir дозволува неограничено приспособување на профилот на отворањето на вентилите, заради оптимално задоволување на потребите од воздух на моторот, без негативно влијание врз потрошувачката на гориво. За оптимизација на ефикасноста на согорувањето се користат повеќе различни стратегии, вклучувајќи рано или задоцнето отворање на вшмукувачките вентили, како и комбинација од двете.

05/2010 25


Тест Toyota Prius III SOL

Новата динамика што ја покажува надворешниот дизајн не е само за украс. Хибридот го постигна најголемиот напредок во третата генерација токму во динамиката во возењето Во возењето може точно да се следат процесите што се одвиваат во хибридниот погон

36 05/2010

Кога погонот е толку напреден, кокпитот не смее да заостанува

Економетар Корисна по

Најголемиот хибриден автомобил на сите времиња ги активираше одбранбените механизми на американските куќи. Која е причината, што има толку страшно во Prius?


р место бројач на вртежи: омош за штедливо возење

Автомобилот НИ СЕ ДОПАЃА Динамични возни својства Исклучителна штедливост Чувство на нова технологија

НЕ НИ ПРЕЧИ Натпросечно богатата опрема го поскапува Prius непотребно: Наскоро стартува со продажба и хибридната изведба Auris HSD

НЕ НИ СЕ ДОПАЃА Во неколку позиции, ракувањето е комплицирано Двата километра на струја се уште не импресионираат Лоша прегледност и низок таван назад

Секоја минута е важна: Се прикажува одделната потрошувачка по минута

Напредната електрификација во целото возило дозволува различно креирање на кокпитот

што не смееше

да се појави Н

икој не го сака овој автомобил. Американците одвај спасија глава од неговите самоволни забрзувања, уживателите во добриот дизајн не можат да најдат никаков стилски израз во неговата форма дури и кога ќе подзамижат, а на крајот, во продажните салони и натаму недостига моделската изведба со дизелски мотор. Зошто тогаш овој автомобил постои? Па, толку е јасно. Тој постои затоа што сите го сакаат! Американците ги испокршија своите примероци од најблагородното парче што ни го има дадено поновата автомобилска историја, затоа што останаа заслепени од шансата да извлечат милионски дебели отштети од Toyota, која што тамошните власти решија да ја елиминираат прва во обидот за спасување на домашната авто-индустрија. Автомобилот не им беше виновен што се испокршија. Но, зошто GM & Co одеднаш станаа сорта што е загрозена од истребување? Затоа што купувачите го сакаат хибридниот автомобил на Toyota повеќе отколку нивните метални диносауруси. За забелешката дека автомобилот настапува со неубедлив дизајн: Формата на каросеријата има функција во Prius. Таа помага возилото да има исклучително низок отпор на воздух. Оттука следува: Дизајнот на Prius е добар затоа што е ефикасен. За третата забелешка: На купувачите што бараат изведба на Prius со дизелски

мотор во салоните на Toyota и се привлечени од дизајнот на автомобилот, никој нема да може да им помогне, а уште помалку да им објасни. Tие ќе мораат на друго место да го бараат својот автомобил што штеди гориво на традиционален начин. Кај хибридниот автомобил на Toyota, во неговата најнова, а тоа значи трета генерација, возењето не е со примарна цел да се заштеди гориво. Возачот може слободно да се однесува како да вози обичен автомобил и да ужива додека ги престигнува побавните и послабите, да ужива и во динамичните возни својства на комбилимузината со никел-металхидридни батерии меѓу задните тркала, и да се радува на секоја надолнина на патот, додека батериите се полнат бесплатно. Хибридниот погон се покажува како цврст противник, непопустлив дури и кога возачот гази безобѕирно врз десниот педал со нога тешка како олово. Комбинацијата од бензинец од 1,8 литри со 99 КС и електромотор со 82 КС е непобедлива. Возачот едноставно не може да вози толку динамично колку што хибридниот погон може да заштеди. Оваа одушевеност не е случајна: Просечната потрошувачка од 5,1 литри важи за вообичаената тест-релација на Auto Focus, која што предвидува динамично темпо и реално ја прикажува потрошувачката на автомобилите. Тоа е најголемиот талент на Prius. Хибридниот погон работи и штеди►

05/2010 37


Тест Fiat Punto Evo 1.4 8V Racing

К

ај последното издание на Punto се работи првенствено за едно нешто: За почит. За највозвишена форма на почит. Место обична шминка што ќе му обезбеди нови продажни аргументи, Punto доживеа темелна преработка под ламарината, која што далеку ги надминува промените во изгледот, и тоа, главно во носот и во задниот

42 05/2010

Очигледно е дека италијанските дизајнери уживаат додека го создаваат имиџот на новите модели. Логото во задниот капак се повикува на старите времиња на Fiat, но служи и како копче за отворање на капакот

Со новите светла и со новите браници Punto Evo изгледа како фејслифт на Grande Punto. Но, промените што не се гледаат го прават возењето на новиот модел многу поразлично дел од возилото. На Италијанците воопшто не им претставуваше проблем да си поиграат од ново со стилски-

от израз, и новите светла и комплетно преработениот ентериер ќе беа сосема доволни за Punto да ги подзасили своите позиции

во битката со новите модели на конкуренцијата. Но, овој модел направи многу за Fiat, со продажните бројки и со поставувањето


НИ СЕ ДОПАЃА Стилска препознатливост Комфор во возење Богата опременост

НЕ НИ ПРЕЧИ Основната линија остана непроменета: Со дизајнот, Punto ја надминува својата класа

И тоа е мајсторија: Иако каросеријата поседува препознатлив стил, во основата е голема коцка, на радост на патниците

НЕ НИ СЕ ДОПАЃА Непрецизен од на рачката на менувачот Нееластичен мотор Неколку пропусти во финишот

Работа на

почит на темелите на новиот дизајн на италијанската куќа. Затоа, ова што сега му се случи на Punto, односно на Grande Punto, се прави само заради почит. Промените во каросериската структура и во подвозјето, кои што се далеку од окото, но имаат пресудно влијание врз возните својства и врз чувството зад воланот, го побиваат од старт твр-

дењето дека Punto Evo е најобичен фејслифт на Grande Punto. Уште при првото возење на Evo во приморското гратче Ла Специа во Италија се покажа делотворноста на новите гумени лежишта во подвозјето. Ова искуство се повтори и за време на тест возењето по нашите патишта, кои што со многуте крпеници повеќе личат на фабричка патека за тес-

Стилските бандажи се дел од пакетот Racing, исто како и специјалната изведба на задните светла, кои што изгледаат како комбинација од благородни камења. Елеганцијата ги опфаќа дури и ретровизорите тирање на подвозје отколку на јавен пат. Покрај тоа што со овие лежишта се оневозможи вибрациите од подвозјето да се пренесуваат во каросеријата во полна мера и да резултираат со резонантни звуци и непријатно тропање, се доби и значително похармонична реакција на амортизацијата. Заедно со новите изолациски панели во нај-

чувствителните подрачја од каросеријата, тоа го направи возењето многу потивко и попријатно. Значи, сепак, не се работи за класичен фејслифт и Punto ја заслужува придавката Evo. Љубителите на италијанските автомобили ќе очекуваат дека и со моторите Punto ќе ја заслужи придавката што прво им асоцира на Lancia Delta Integrale Evoluzione ►

05/2010 43


Тест Mercedes-Benz C 250 CDI Prime Edition НИ СЕ ДОПАЃА Исклучително комфорно возење со Agility Control СО ПРИСПОСОБЛИВАТА АМОРТИЗАЦИЈА Голем потенцијал за штедливо возење

НЕ НИ ПРЕЧИ

Што е бил тоа што да би прав и ед кож а, хр де благо е ом и роде н автом неш одр н? н пол ите благ во? Не п Многу ни о о ја тр телна в родници веќе. Деоша р т сек едност имаат д :О оја к о апка дговор но гори во

Училиште

При високи вртежи, 250 CDI не може да глуми шестцилиндарец: Овој дизел се вози со вртежниот момент, кој што кулминира веќе при 1600/min

НЕ НИ СЕ ДОПАЃА Совршениот 7G-Tronic е достапен само во изведбата 4Matic Ограничена функционалност на контролерот во средишната конзола

за благородници 48 05/2010


Во све нив д тот постоја о т аѓа и д живеа пре само 5.000 миера п о п о л нител ликув новио римероци н а гумит ат од станд ата ознака т 2,1-литар што се исти е управ со намале ардните мо Prime Editi ски дизел с како овој M н отпо ување on. Мо о 204 дели в ercede опрем т р д К а, кој ш о. Покрај т при тркал о комплетн елите од о С, па оттам s. Во о ва ањ от а, у то се б азира лимузинат е и во посе о обложува а серија се доразбната а нуди ње на врз ли по ре нијата и на опр значителн гулација на дот, во о због ема Av атен п сервоantgar акет н de. а

05/2010 49


Краток тест Dong Feng Motors MIni Van K05 1.1i

НИ СЕ ДОПАЃА Цената го гарантира продажниот успех Лесна возливост Малечок и штедлив мотор

НЕ НИ ПРЕЧИ Различните стандарди во завршната обработка и ракувањето: DFM произведува возила 40 години, не е нов во браншата. Можеби е вака подобро?

НЕ НИ СЕ ДОПАЃА Седиштата се поставени преблиску За превоз на потешки пакети товар, подната облога е премека

малечкиот што изгради цела фабрика И

сторијата реши првите кинески автомобили што ќе почнат да возат по нашите улици да бидат доставни возила. Со тоа се ограничи групата на купувачи што ќе можат да го задоволат интересот или потребата за автомобил од Кина, но од друга страна, преку малечките доставни возила на Dong Feng Motors, кинеските автомобили ја добија најдобрата шанса да се докажат на пазарот и пред купувачите.

54 05/2010

Комбинација од стилови, цврсти споеви и длапка во крилото, за простор при отворањето на вратата. Кога функционалноста и цената не трпат, комбинацијата е погодена

Нема сомнеж дека овој фургон ќе може да подигне цела фабрика. Потребно е само да го има во доволен број. Но, Кинезите немаат проблеми со бројките, а уште помалку со цената

Смислата за посегнување по модел од гамата на DFM е иста како и за секој друг автомобил од кинески производител. Цената диктира сé! Дури и име не му е потребно на моделот. Кинезите се искрени со своите автомобили. Зошто морало секој автомобил да носи име на марката и име на моделот, да се повикува на некакви божества и да наведува на благосостојба или на какви било својства што автомобилот не може да ги


Каросеријата фрла голема сенка врз патот: Високата и релативно широка каросерија на K05 обезбедува многу простор за товар

поседува ниту со најдобри намери? Логиката кај DFM е поразлична. Отрезнувачка. Место доставното возило да се вика Hypermaxi или Superspeed, тоа се вика едноставно K05. Покрај моделот на тест, во изведбата фургон, овој производител што е меѓу трите најголеми автомобилски имиња во Кина, нуди уште цела низа каросериски изведби, скроени да излезат во пресрет на потребите на бизнисот. Увозникот БД Интеркар има

Седиштата навлегуваат во товарниот простор, но така се обезбедува комоција при возењето. Облогата на подот е мека постојан лагер од четириесетина возила, во кој што влегуваат и мини-камионските изведби K01 и K02, од кои што вторава е со двојна кабина. Кој мисли дека кај овие автомобили се работи само за цена, ќе погреши. Фургонот на тест ја нуди и очекуваната практична вредност, со двете лизгачки врати

отстрана и со широката врата одзади. Така е гарантиран лесен пристап до товарниот простор на фургонот K05, чии што димензии достигнуваат два метри во должина, 1,32 метар меѓу страничните ѕидови и 1,31 метар од подот до таванот. Единственото што предизвикува забуна е изгледот на предниот дел од возилото,

кој што со маската потсетува неодоливо на BMW, на марката што е синоним за брзина, за возни својства и за престиж. Тоа не се својствата на миниванот на DFM. Малечкиот градски глушец си поставува други приоритети. Покрај цената, следното што Mini Van може да им го сервира на купувачите како предност е малечкиот и штедлив мотор, како и компактните димензии на каросеријата, кои што го отвораат патот во секое сокаче,

05/2010 55


ТЕХНИКА ПОДОТ КАКО СЛЕДНО ПОЛЕ ЗА РАЗВОЈ

Висока технологија во подрумот

А

втомобилите имаат страна што никој не ја познава. Покрај одушевувачките иновации во електрониката, во безбедноста, буквално во секое подрачје, повеќе никој не се обидува да клекне покрај возилото и да погледне како тоа изгледа оздола. Зошто, пак, некој би го правел тоа? Тука се прицврстени водилките на тркалата, тука се закачени издувните лонци и тука е многу валкано. Единственото што тука може да го израдува сопственикот е корозијата, секако, само доколку ја нема. За тоа да не се случи, порано нанесувавме дебели слоеви за заштита на подот. Овие слоеви за заштита од удари од камчиња, како и од нагризување на чувствителното подрачје на возилото, порано се состоеја најчесто од битумен, додека денес се користи жилава смеша на база на поливинилхлорид или специјална смеша на база на восок.

58 05/2010

Подот на возилото има површина од неколку метри квадратни и никој не се интересира како изгледа тој. Погрешно! Инженерите се повеќе се интересираат за подот

Кај автомобилите од средната класа, како на пример кај Opel Vectra, се прскаа околу десет килограми средства за заштита за подот, за каросеријата да се заштити оздола колку што е можно подобро. Оттогаш работите се променија драстично. Во потрага по нови можности за намалување на тежината, за натамошно подобрување на аеродинамичните својства и за зголемување на комфорот, техничарите повторно го открија подот на возилата. Во мотоспортот се практикува веќе со децении подот да се дизајнира со цел да произведе колку што е можно помало вртложење на воздушните струи под возилото, односно да се миниммизира потисокот. Кај спортските возила, пластичната облога под возилото почна да се користи пред дваесетина години. Во последно време, погледите на сите производители на автомобили се насочени кон подот, а пред се


на оние производители што нудат на пазарот модели со исклучително ниска потрошувачка. Формата на подот влегува со десет проценти во кумулативниот отпор на воздух на возилото. Тоа не е вредност за занемарување. Покрај подобрувањето на аеродинамичноста на возилото и заштедата во потрошувачката на гориво, со оптимирање на подот на возилото се постигнува придобивка и во комфорот во возењето: Со намалувањето на воздушните струи под возилото се намалува и шумот од струењето на воздухот. На крајот, со пластичните панели се подобрува и заштитата на подот од механички оштетувања и од хемиски влијанија. Меѓу актуелните сериски автомобили, најнапреден под поседува Porsche Panamera. Со исклучок на

неколкуте ситни влабнувања за главите на завртките, спортската лимузина е комплетно мазна оздола. За прв пат е покриен издувниот систем, исто како и целото подрачје околу задната оска. Пластичните панели под Panamera имаат површина од 4,5 метри квадратни и вкупно тежат околу 6 килограми. Предностите на новата облога од композитни материјали се очигледни. Се заштедува во тежина, иако на возилото му се додава нов конструктивен дел, а коефициентот на отпор на воздух на автомобилот се намалува значително. Сепак, крајната цел не е на автомобилот да му се овозможи да струи низ воздухот со најмал можен отпор. Потребно е да се постигне правилен баланс меѓу потисокот и притисокот, за автомобилот да има доволно тракција и при високи брзини. На тој начин, мајсторски дизајнираниот под помага во

Правилното водење на воздушните стрио под возилото претставува нов предизвик за техничарите Облога од карбон за подот на Nissan GT-R

натамошното зголемување на стабилноста во возењето. Идејата подот да се направи совршено мазен по целата површина е бескорисна. Поголема корист има кога формата на подот овозможува контролирано одведување на врелиот воздух од просторот за мотор и кога воздушните струи се спроведуваат кон сопирачките или кон

задниот диференцијал, со цел да ги ладат. Место ладењето на овие компоненти од воздушните струи да се препушти на случајност, што се практикуваше во минатото, ламинарното струење под возилото се искористува и се насочува кон подрачјата во кои што е потребно ладење. Аеро и термодинамичарите не се единствените што го открија стомакот на сериските возилата како ново подрачје за занимација. Нив им се придружија и дизајнерите. Кај Ferrari 458 Italia и кај Porsche Panamera, подната облога се гледа во опашот на возилото. Секако дека впечатливиот изглед на подната облога што завршува во дифузор е дело на дизајнерите, исто колку и на инженерите. Но, понекогаш и изгледот во делот од подот што обично не се гледа е мошне важен. Купувачите на луксузните автомобили бараат автомобилот да изгледа беспрекорно без разлика од каде се гледа. Во Porsche се свесни за тоа. При тестирањето на луксузната лимузина се испробуваа различни

Ferrari 458 Italia Жабјата перспектива покажува како облогата на подот завршува елегантно во дифузор. Тој го забрзува струењето на воздухот под подот и помага возилото буквално да се залепи за асфалтот материјали за облогата на подот. Некои од материјалите не задоволиле, затоа што по симулација на повеќегодишна експлоатација изгледале неугледно. Според тоа, при разгледувањето на потенцијалниот иден автомобил, нема друг избор: Дигалката под рака. �

Меѓу другото, подот како конструктивен елемент помага во постигнувањето на исклучително низок коефициент на отпор на воздух 05/2010 59


Мотоцикли Hamachi YS 250

Супермото, верзија втора Н а прв поглед веднаш препознавме нова верзија на популарното супермото од Qingqi, кое се покажа како одличен избор за многумина, пред сé заради одличните возни својства и издржливоста. Овојпат се работи за модел произведен од Loncin, кој исто како и Qingqi го произведува моделот кој што претходно се нудеше на нашиот пазар. Во однос на претходната верзија веднаш се забележливи разликите, кои со сигурност ќе им се допаднат на возачите. Волуменот на агрегатот е зголемен од 200 на 230 cm3, а со тоа се зголеми и моќноста која што сега изнесува 16 КС. Максималната брзина остана непроменета со 110 km/h и покрај тоа што производителот има декларирано максимална брзина од 115 km/h. Реално гледано, овој податок воопшто не е важен бидејќи никој не купува супермото заради крајната брзина. Toa што нé импресионираше е моќта на моторот при ниски вртежи, која што е значително зголемена во споредба со претходниот модел кој што го тестиравме. Одличен впечаток ни остави и

62 05/2010

По веста дека во салоните на Hamachi пристигнале нови модели, бевме љубопитни да дознаеме што донеле овојпат, па побаравме на тест еден од новитетите

суспензијата. Назад се користи монокрос пневматски амортизер, а напред е задржана одличната вилушка upside-down. Сопирачките со дискови напред и назад се повторно на ниво на задачата, потпомогнати од панцир цревата. За жал, инструмент-таблата е проме-

Во новата верзија недостасува бројач на вртежи

нета и повеќе не може да се ужива во бројачот на вртежи, затоа што не постои. На дисплејот со течни кристали јасно се читаат брзината и податоците за изминатиот пат, но повеќе уживавме во старата аналогна изведба, на која што меѓу другото имаше и покажувач

на избраниот степен на пренос. Опашот на мотоциклот е разубавен и со новиот дизајн на стопсветлото, кое што е изработено со светлечки диоди и се одликува со одлична видливост, додека новиот алуминиумски издув, покрај убавиот изглед нуди и помазен звук. Гумите се со истите димензии (17 инчи, 110 напред/130 одзади) како кај претходниот модел, а мала промена е направена во компонентата на самите гуми. Возачите што ќе сакаат да ги искористат високите потенцијали на мотоциклот до крајната граница можат да размислуваат за замена на сериските гуми со Continental ContiTwist SM. Во поглед на димензиите, тие се променети незначително во споредба со претходниот модел. Доколку сте го возеле претходникот нема да имате никаков проблем да се навикнете на новиот мотор. За крај ќе додадеме дека одлично се забавувавме возејќи го новиот модел, и наша препорака е да поминете во некој од салоните на Hamachi, да побарате тест возење и самите да се уверите во можностите на новиот модел. �


Kawasaki ER-6n

Мотоцикли

Двојно уживање

во возење

Споредба на две различни моделски генерации на Kawasaki ER-6n

С

е работи за мотор кој има многу сличности со Kawasaki 650R (моделот е комбинација од брзински и од мотоцикл со исправено седење, идеален за урбано возење и отворен пат). Двата модела го делат рамот, задната амортизација и вилушката која што е поригидна со цел да ја балансира зголемената флексибилност од рамот.Сличностите не завршуваат тука. Двата модела го делат истиот паралелен двоен агрегат од 649 cm3, кој го има и во Versys. Во однос на самите мотори, промената во 2009 е направена во мапирањето на ECU и во филтерот за воздух кој е зголемен. На 2010-та има промена и во висината на седиштето кое е скоро 3 cm пониско отколку кај претходникот, што го прави соодветен избор за почетници, но и за пониски возачи кои ќе можат цврсто да застанат на земјата. Агрегатот развива 72 КС, но бројката е премала во однос на тоа што се добивате кога ќе се седне на мотоциклот. Агрегатот е жив и на мали вртежи. За споредба, возач на Yamaha R6 располага со 47 Nm при 10.000 вртежи, додека кај ER-6n истиот момент го има веќе на 3.500 вртежи. Во меѓусебните разлики, поновиот модел има за 3 cm подолго меѓуоскино растојание и поголем агол на предната вилушка, гумирани додатоци на повеќето делови за намалување на ви-

Лесен за возење, атрактивен, со мала потрошувачка. Што да се посака повеќе за град? Посакавме еден, добивме два! На тест пристигнаа два ER-6n, едниот од 2008, другиот од 2010 година брациите кои и претходно беа мали и разлика во звукот заради зголемениот број на прегради во издувниот лонец. Тука се и козметичките промени кои се нај изразени во предниот фар. Возачите ќе го сакаат краткото меѓуоскино растојание, агилноста на моторот и ниското седиште, поискусните сигурно нема да го одберат моделот за „фрлање“ по свијоци, но на сите ќе им се допадне ниската цена. Во конкуренција на 6n се Suzuki Gladius, SV 650

и Yamaha FZ6R. Како и секој нејкед, мотоциклот е наменет за локални возења и викенд прошетки на средно долги релации. Доколку излегувате на автопат со троцифрена брзина, а возите без додатен визир и со минимално навалување на резервоарот, ќе се чув-

ствувате како цел викенд да сте биле на концерт на Металика. Седиштето кое што треба да понуди компромис меѓу добар изглед и комфор, на крајот не ги задоволува и двата критериума. Од друга страна, пак, рачките кои се релативно блиску позиционирани навидум се проблем за возење по свијоци, а всушност нé импресионираа бидејќи овозможуваат целосна контрола над моторот и одлично управување по пат кој бара поголема техника на возење. За вкусови не се суди. ER-6n има изглед што луѓето или го сакаат или го мразат. За едни е агресивен, за други е женски. Не се согласуваме со тоа дека е женски, бидејќи не постојат женски и машки мотори, а за агресивноста би се сложиле кога не би постоело бананаседиштето. За нас е одличен мотоцикл кој има доволно сила, прецизно управување и живост во возењето. Тесен е за оние со подолги нозе, но лесен е за возење, има сила при ниски вртежи и го слуша возачот. Без разлика дали сте почетник кој бара одлично балансиран мотор или пак ветеран на кој му треба мотор со кој нема да се препотува низ градскиот метеж, Kawasaki ER-6n заслужува втор поглед. �

во соработка со motori.com.mk македонски портал за мотори

05/2010 63


Мотоспорт Формула 1 Том Кристенсен, осумкратен победник на Леман, им асистира на комесарите на трка во носењето праведни одлуки

О

колу одлуките на комесарите на трките во формула 1 се создаваа големи дускусии во минатите години. Доволно е да се сетиме на казнувањето на Луис Хамилтон по големата награда во Белгија во 2008 година, кога на Британецот му беше одземена победата поради дискутабилниот маневар во дуелот со Кими Раиконен. Тогаш доживеаја

74 05/2010

Комесаријат за тркачка правда Од почетокот на сезоната, како комесари на трка се ангажирани и искусни тркачи. Сите се задоволни од нивната работа кулминација барањата на експертите за ангажирање на искусни тркачи како комесари на трките. Овие барања беа конечно задоволени во сезоната 2010. Од почетокот на сезоната, покрај трите комесари на трка е постојано присутен по еден искусен тркач, како стручен советник. На првата трка, во мисијата на советник на комесарите на FIA се најде поранешниот светски шампион Ален Прост. На трката во Малезија, местото на францускиот шампион го зазеде Џони Херберт, додека за време на трката во Кина се решаваше според тркачкото искуство на

Александер Вурц. Меѓу комесарите на трката за големата награда на Австралија се најде Том Кристенсен, кој што досега не извозел ниту еден круг во болид во формула 1, но е незаменлив со неговото искуство како осумкратен победник на трката во Леман, а дополнително и со многуте трки што ги има извозено во рамките на германскиот шампионат во туристички возила. „Голема е одговорноста во оваа улога“, зборува Данецот за неговите впечатоци од трката во Мелбурн. Кристенсен има пофални зборови за иницијативата на FIA и со задоволство ја прифатил понудата за


ангажман како комесар на трка. „Ние возачите имаме подобри разбирања за одредени ситуации. Трите комесари на трката веројатни го познаваат подобро текстот во правилникот, но затоа јас можам подобро да ги проценам случувањата за време на трката. Постојано има за што да се дискутира“, објаснува 42-годишниот тркач. На господинот „Леман“ не му остана многу време за почивка во Мелбурн. Тој не открива детаљи од дискусиите, но затоа наведува дека уште за време на тренингот и на квалификациите имал жестоки дискусии со тројцата комесари. „Стекнав впечаток дека на комесарите им е многу важно моето мислење. Но, ние не сме полицајци, туку само советници“, додава Кристенсен. Во новите правила за следење на случувањата на трките, Данецот гледа првенствено една цел: „На овој начин, нашиот спорт треба да стане уште подобар. Најважно е трите момци на подиумот да останат победници и по завршувањето на трката.“ Со советите на искусните тркачи им се овозможува на комесарите на трката во најкус рок да донесуваат решенија кои што се релевантни и се прифатливи за сите учесници во трката. „Ова е мошне корисна одлука“, оценува и Нико Хилкенберг. „Тој што никогаш не возел на трка и никогаш не седнал во болид од формула 1, едноставно не може да знае одредени работи. Комесарите на трка воопшто немаат претстава колку е ограничено нашето видно поле. Кога треба да донесеме решение, кај нас се работи за делови од секундата“, објаснува Германецот. „Не сакам да приговарам за работата на другите комесари на трка. Потребни ни се овие луѓе. Во секој случај ме радува тоа што е присутен и тркач“, кажува возачот на Williams. Сомневањата во веродостојноста

Жртвата на погрешните процени

Пилотот на McLaren цени дека новите комесари на трките во формула 1 одлично си ја вршат работата

Хамилтон со големи пофалби за комесарите Со новата сезона во формула 1, Светската автомобилска асоцијација стартуваше со новитет: Од почетокот на сезоната со трката во Бахраин, комесарите на трките во кралската класа ќе бидат придружувани од рутиниран тркач, кој што ќе ги советува во проблематичните ситуации. Овој новитет наиде на одлична прифатеност од страна на возачите, затоа што досега не им се изречени казни на возачите. Пилотот на McLaren, Луис Хамилтон, смета дека тоа е резултат на подобрата соработка на комесарите зад кулисите, како што изјави во рамките на една конференција за печат во Јужна Африка. Хамилтон е во основа задоволен од новиот концепт на FIA: „Во оваа година, работата на нивните комесари на трка е

подобра, во споредба со моите претходни искуства“, оценува Британецот. „Пилотите повеќе не се плашат да влезат во двобој. Не се грижиме околу ризикот да ни биде изречена казна. Тоа е фантастично“, коментира Хамилтон, кој што беше предмет на дискусии во Малезија, но и во Кина. Во Сепанг, 25-годишниот Британец повеќе пати ја промени линијата на движење, додека во Шангај имаше туркање во боксот.“ Во обата случаи раководството рамислуваше да го казни светскиот шампион од 2008 година, но на крајот само му изрече предупредување. Хамилтон смета дека комесарите се многу поправедни во 2010 година отколку порано.

Во месец мај гратис клима уред

сите возила се со право на поврат на ддв.

10години

BD iNTerCar ltd

ул. 15 Корпус бр.1, Скопје тел. (02) 3175 - 085; 3175 - 262


Тема Што возат приватно пилотите во Ф1

И

сто како и сите други службени автомобили, болидите во кралската класа на мотоспортот се паркираат по завршувањето на работното време и чекаат до следниот ангажман. Но, во што го продолжуваат возењето најдобрите пилоти на светот откако ќе им ги препуштат своите автомобили на техничарите? Сосема е јасно дека тука не може да станува збор за обични автомобили. Тој што е навикнат секој втор викенд да брка болид со преку седумстотини коњски сили по највозбудливите тркачки патеки на светот, не може да се задоволи со автомобилите што ги гледаме секојдневно по улица. Но, не е секогаш така. Погледот во гаражата на

Најдобрите возачи на светот треба да ги имаат најдобрите автомобили. Но, за обично возење до продавница, некои од нив имаат на располагање сосема обични автомобили

Михаел Шумахер и Нико Розберг се комплетно снабдени за оваа сезона со автомобили што ја носат сребрената ѕвезда

Појавувањето на Нико Розберг покрај моделите на Mercedes е моќен маркетиншки инструмент. Приватниот автомобил е од истата марка: По улиците на Монако, Розберг вози сребрен C63 AMG

возачите во формула 1 открива неколку изненадувања. Во гаражата на Тимо Глок, на пример, стои една бела Toyota iQ. Пилотот на Virgin, сепак, ретко седнува зад воланот на јапонскиот Mini. Овој автомобил најчесто го вози неговата девојка. Германецот се чувствува во поприродна средина во својот Nissan. Тука е веќе поинаква приказната. Јапонското купе има 500 коњски сили, има два турбополначи и ја носи ознаката GT-R. Единствената забелешка на Тимо за овој автомобил се однесува на бојата. Место

78 05/2010

во стандардната црна боја, тој повеќе сака да го види својот автомобил лакиран во мат-црн тон. Тимскиот колега Лукас ди Граси воопшто не заостанува со својот автомобил. Бразилецот очекува во овие денови да му пристигне Morgan Aero Supersport. По влегувањето влезе во формула 1, сосема е разбирливо што младиот тркач од Сао Паоло сака и на обичните улици да располага со повеќе коњски сили. Во времето кога тој беше тест-возач во Renault, во гаражата му стоеше паркирано само едно Clio.

Во гаражата на Михаел Шумахер има и малку црвена боја. Седумкратниот шампион учествуваше во развојот на Ferrari California


Како службата, така и

автомобилот

работеа паралелно Возачите на McLaren MP4-12C. Додека от и на развојот на нови кач, Хамилтон тр биде готов уличниот автомобилите на и Батон се возат во торите за тимот, испорачателот на мо бра GL 450 … из от ви во Mercedes. Пр о во C63 AMG атн ив пр зи во се он Џенс

Не оди без Mercedes: Во гаражата чекаат C63 AMG T...

… GL 450 CDI и S65 AMG

Во тимот на Toro-Rosso се уште се вози скромно, барем на јавните патишта. Шпанецот Хаиме Алгуерсуари ја искажува гордоста на својата земја преку Seat Leon Cupra R. Тимскиот колега Себастијен Буеми, пак, верува во квалитетите на VW Golf GTI. Со овие лути компакти, младите возачи во тимот на Toro Rosso се речиси незабележливи по обичните улици. Во домашните гаражи на возачите во формула 1 се кријат уште неколку изненадувања. Покрај трите спортски модели на Mercedes, во гаражата на Михаел Шумахер се наоѓа и еден Ferrari California, од времето кога германскиот супершампион ја продолжи кариерата во Маранело како тест-возач. Во тимот на Sаuber, исто така не сакаат да се разделат од автомобилите од стариот партнер. Камуи Кобајаши и Педро де ла Роса доаѓаат на работа со BMW. Новиот тим HRT заостанува да-

Во Ferrari не смее да биде поинаку: Фелипе Маса вози Ferrari 599 GTB Fiorano, Фернандо Алонсо го бендиса GranSport од посестринската марка Maserati… За секој случај е резервиран и Ferrari 458 Italia

... но, не можеше да одолее и на Quattroporte 05/2010 79


Против досада Фирма изнајмува стари автомобили

О

д класичната претстава за рентакар компанија останало само малку во фирмата на Дејв Шварц во Лос Анџелес. Место со светлечки реклами што се забележуваат уште од километар, оваа фирма на булеварот Пико го привлекува вниманието со името што е напишано на неугледната рекламна табла. Тука пишува „Rent a Wreck“, односно „изнајми крш“. Во дворот на фирмата станува очигледна нејзината дејност. Тоа

Дејв Шварц го нуди тоа што го нема во ниту еден музеј за автомобили: Старите и неугледни автомобили тука можат да се изнајмат евтино

што изгледа како отпад за автомобили е всушност централата на „Rent a Wreck“. Осумдесетгодишниот Шварц изнајмува стари автомобили веќе половина век и постигнува одличен успех. Во почетокот фирмата не ветувала голем успех. Старите автомобили останувале непродадени и по цела година. Но, како и во многу други приказни, работите се промениле кога на вратата се појавила една студентка. Таа барала автомобил што ќе и биде на располагање два до три месеци. Студентката на Харвард му фрлила око на еден стар Corvair, иако Шварц ја советувал да избере друг автомобил. Во секој случај, таа требало да го послуша советот, затоа што уште во следниот ден и откажал автомобилот. Младата Американка го заменила големиот Chevrolet со помал модел и потпишала договор да го врати автомобилот по три месеци. Без разлика која била причината за нејзината неи-

Крш на одредено време

змерна среќа кога таа го вратила автомобилот по истекот на договорениот рок, оттогаш Шварц ги изнајмува своите користени автомобили. Касата на фирмата се уште била недоволна да се покрие рекламирање на целата територија на САД. Но, некои луѓе се родени за бизнис. Шварц го напишал името

Следниот број на магазинот Auto Focus излегува на 15 јуни 2010

82 05/2010

на фирмата по целата фасада на објектот. Уште во следното утро пред вратата чекала екипа од телевизиската куќа CBS. За кусо време „Rent a Wreck“ станала една од најуспешните компании за изнајмување возила во САД. Денес постојат филијали на фирмата низ целата територија на земјата. На крајот на 1970-те години Дејв Шварц ја освојува и Скандинавија. Во настапот на фирмата не е променето ништо. Костуми и вратоврски не се користат во филијалите на Rent a Wreck, но затоа тука се нуди одлична услуга. Изборот на автомобили е огромен. Тоа се подразбира: Тука

постојано се зголемува возниот парк, затоа што автомобилите не ја напуштаат службата по две-три години. На плацот на седиштето на фирмата на булеварот Пико можат да се сретнат стари модели на Chevrolet со кородирана каросерија, исто како и примероци од легендата Ford Mustang. Секако, розов Cadillac Eldorado не смее да недостасува. Најстар на плацот е кабриолетот Plymouth Vaillant од 1965 година. Понудата се обновува постојано и на плацевите можат да се најдат и нови модели на Kia Spectra или Hyundai Accent. Само на територијата на Лос Анџелес, Дејв Шварц располага со возен парк од 500 возила. Клиентите бараат евтин автомобил за располагање на неколку денови. Во споредба со конкуренцијата, компанијата ги нуди возилата по двојно пониска цена. Голем клиент се холивудските студија, кои ги користат старите возила во филмовите. Но, каков автомобил вози овој успешен бизнисмен? Зарем некој би очекувал да е поинаку: Шварц не поседува сопствен автомобил, туку ги користи возилата од својата фирма. Тие се во добра техничка состојба, а неколкуте дупки во каросеријата и излупениот лак не пречат воопшто. �



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.