LEXUS LFA
Број 37 • септември 2010
роден да се трка
Audi во најдобра форма
AUDI A7
ЅВЕЗДИТЕ ОД ПАРИЗ ТРИ НОВИ КУПЕ-ЛИМУЗИНИ ОД БЛАГОРОДНИТЕ МАРКИ
MERCEDES CLS
Генерација пред другите
BMW GRAN COUPE Моќта му се познава во ликот
25
ГОДИНИ НА СПОРТСКАТА ИКОНА ОД МИНХЕН
HOGGAR! ова го има само во бразил peugeot 207 како пикап!
Меѓу лимузина и теренец TECT
MITSUBISHI ASX
тест на скутери со погон на струја
колку километри издржуваат со едно полнење?
септември 2010 90 ДЕНАРИ
9 771857 569002
37
Број 37 • септември 2010
Колку повеќе ги нема, толку подобро Дарко Јаконов Главен уредник darko.jakonov@autofocus.com.mk
На сите ни е јасно. Целата иднина на автомобилската бранша зависи од електричните автомобили. Сите производители со имиџ кој што ги обврзува да го влечат напредокот во браншата на четири тркала, најавија дека наскоро ќе стартуваат со модели со чистиот погон. Можно е да има отстапување од плановите од неколку месеци или дури и една година, но повеќе нема назад. Овие автомобили ќе се појават. Но, електричните автомобили воопшто и не мораат да се појавуваат. Доволна е само заканата. Струјата е совршениот енергенс за мобилноста во иднината. Таа е чиста, речиси безшумна, трајна, со голема надежност во работата и со едноставна конструкција. Сите се свесни за непобедливоста на подвижните електрони. Најмногу се свесни големите производители на мотори. Во овие денови кои што ни преостануваат до стартот на салонот во Париз, каде што ќе биде објавен почетокот на ерата на масовното ширење на електромобилите во Европа, со објавувањето на комерцијализацијата на Peugeot iOn и на неколку други сериски модели, кај фирмите кои што досега го вадеа својот леб од производство на конвенционални мотори на големо се буди боречкиот дух. Нив не им преостанува друго, се работи за битка за преживување. На електромобилите не смее да им се дозволи толку лесно да го освојат пазарот кој што долги години обезбедуваше големи профити и релаксирани развојни одделенија. Надежта на производителите на мотори доаѓа од една малечка фирма од Масачусетс, во Соединетите Држави. Scuderi Group, како што е името на ова претпријатие со одвај 25 вработени, веќе неколку години работи на развојот на мотор со внатрешно согорување кој што работи поштедливо и ослободува поголема моќност во споредба со сите други концепти на мотори. Тој веќе доживеа крштевање: Моторот се вика Split-Cycle, односно мотор со разделени циклуси. Не се потребни долги објаснувања да се разбере во што се состои револуцијата која што ни ја ветува американскиот мотор. Доволна е само една реченица: На куси растојанија, возилото може да се движи со помош на енергијата на комримираниот воздух. Обичните бензински мотори со внатрешно согорување имаат степен од ефикасност кој што е малку поголем од 30 проценти. Групацијата Scuderi тврди дека нивниот мотор, според интерните мерења, поседува степен на ефикасност од преку 40 проценти. Во обичните четиритактни мотори, четирите фази, односно вшмукувањето, комресијата, експанзијата и издувувањето се
одвиваат во една комора за согорување. Наспроти тоа, компресијата кај моторот на Scuderi се произведува во цилиндар за компрсија, додека согорувањето се одвива во друг цилиндар, во работниот цилиндар. Палењето на смешата се случува значително подоцна отколку кај обичните бензинци, односно неколку степени по горната мртва точка. Според Scuderi, силно збиената смеша согорува многу почисто и поефикасно отколку кај другите мотори. Револуционерниот мотор со раздвоен циклус работни пробно уште од мај 2009 година. Се работи за двоцилиндарец со работна зафатнина од еден литар, со директно вшприцување на горивото. Во халите за тестирање на институтот SRI, овој мотор е дополнително поврзан со уште еден резервоар. Тука е следната голема сензација. Тој се полни со притисокот кој што се создава во цилиндрите и може во секое време да ја врати назад, за компримираниот притисок да послужи за задвижување на клиповите. За обичен, атмосферски мотор, во овој резервоар би требало да владее притисок од 40 до 50 бари, додека во верзија на мотор со турбонатполнење би биле потребни до 150 бари притисок на воздухот. Техничарите на Scuderi го нарекуваат овој принцип Air-Hybrid, односно воздушен хибрид. Покрај тоа што моторот може да работи со бензин, тој може да го користи и компримираниот воздух. Кога моторот со радзвоен циклус работи во комбинација со резервоарот за компримиран воздух, ефикасноста на ваквата погонска единица е за 50 проценти поголема во споредба со нормалните бензинци. Ако моторот со раздвоен циклус работи сам, неговата ефикасност е се уште за 20 до 25 проценти поголема од конвенционалниот погон. Тоа значи дека силина на 1,4-литарец би можела да се постигне со мотор од само 1,1 литар. Изгледа како неодолива понуда: 140 КС од мотор со зафатнина од само 1,1 литар, кој што троши околу три литри гориво во автомобил со големина на VW Golf. Работниот режим на овој мотор се движи меѓу 1.200 и 1.400 вртежи, додека 90 проценти од максималниот вртежен момент се добиваат уште додека моторот работи во место. Оттука е сосема разбирливо тоа што повеќето автомобилски марки пројавија голем интерес за новиот мотор. Преговорите со BMW, Peugeot, Toyota, Mercedes, Ford, Volkswagen се во завршна фаза. Интерес гледаат и големите добавувачи: Палењето, системот за вшприцување и контролната електроника на моторот на Scuderi се развиени од Bosch.
Уште непристигнати, електричните автомобили почнаа да го менуваат светот на четири тркала. Една иновација од САД ветува голема револуција. Класичните мотори не се предаваат лесно
09/2010 3
СОДРЖИНА Број 37 • септември 2010 НОВИТЕТИ
6
Audi A7 Меѓу класичните лимузини А6 и А8, Audi виде простор за елегантната купе-лимузина А7
12
Ford Explorer Европа ја нема привилегијата да ужива во големиот теренец: Тој чини 22.000 евра
16
Nissan X-Trail Промените во новото моделско годиште се длабоки: Потрошувачката падна за литар
18
Peugeot Hoggar Популарната комбилимузина 207 има братучетка во Бразил, со каросерија на пикап
21
Land Rover Freelander Традициите служат да се прекршуваат: Freelander е прв модел со погон на две тркала
22
Нови мотори во Seat Шпанците имаат соодветен мотор за секого: 1.2 TDI за штедливци, 2.0 FSI за тркачи
24
18
Peugeot произведува автомобил во Бразил, кој што ни е познајник, но и не е: Комбилимузината 207 таму е претворена во пикапот Hoggar, а вози и на алкохол
38
Лекција од Kia: Минивановите повеќе не мораат да изгледаат како безлични и унифицирани метални кутии на тркала. Venga е повеќе од миниван
50
Каков е овој теренец? Тој нема ниту погон на сите тркала, ниту пак моќен и груб дизелски мотор под хаубата. Но, таков е совршен
Saab 9-1 Заедницата на facebook е пред производителите: Таа веќе го нацрта новиот Saab
ТЕСТ И ТЕХНИКА
36
ТЕХНИКА Заштита на вратот при судир одзади Модерните коли имаат активни потпирачи за глава. Но, оваа заштита ја немаат сите
38
TECT Kia Venga 1.4 CVVT Kia сака да го има најдобриот миниван на светот, а тој воопшто не е миниван
44
TECT Mitsubishi ASX 1.8 DI-D Јапонците го избраа кросоверот за премиерата на новиот дизел. Одличен избор
50
TECT Skoda Yeti 1.4 TSI Убави времиња за теренците: Повеќе не мораат да имаат погон на сите тркала
TEMA
10
Моделска офанзива на BMW до 2014 година Марката од Минхен најави досега невидена офанзива од нови модели
14
Прв контакт со Lexus LFA пред испораката Неколку месеци пред испораката, сопствениците го испробаа LFA на тркачка патека
32
Кој ги прави најквалитетните автомобили? Обемната анализа на магазинот Auto Bild ги даде победниците и губитниците
56
Електронска помош за штедење гориво Зад воланот на новите модели се чувствуваме како во компјутерска игра
58
Модели без наследници Овие автомобили беа премногу оригинални за да се повторат. Ни недостигаат
78
Јубилеј на BMW M3 Иконата на тркачките автомобили наврши 25 години. Собир на сите генерации
НА ДВЕ ТРКАЛА
62
МОТОЦИКЛИ • ТЕСТ НА СКУТЕРИ СО ПОГОН НА СТРУЈА Големите ветувања на производителите имаат куси нозе: Некои завршуваат по 20 km
MOTOСПОРТ
74
ФОРМУЛА 1 • ТРКА ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА БЕЛГИЈА Патеката Спа-Франкоршамп е претплатена за спектакли. Така мина и овојпат
ОСТАНАТО 64 Ваши писма ЦЕНОВНИК 66 ПРОТИВ ДОСАДА 82 64 Импресум
Автомобили во овој број 6 78 12 38 21 14
Audi A7 BMW M3 Ford Explorer Kia Venga Land Rover Freelander Lexus LFA
44 16 18 24 22 50
Mitsubishi ASX Nissan X-Trail Peugeot Hoggar Saab 9-1 Seat Ibiza, Leon, Altea, Exeo Skoda Yeti 1.4 TSI
Маги
Новитети Audi A7 Sportback
Самоуправување за А7 Sportback
од И
Новата генерација на MMI вовед ува пионерска иновација. Навигацијата ги снабдува со информации системите за безбедност. Со нивна помош, радарскио т темпомат ги регулира брзината и расто јанието од возилото пред себе до брзин а од 250 km/h и во случај на опасност може комплетно да го запре автомобилот без возачот да ја притиска сопирачката. Ако возилото напред вклучи трепкач и најав и исклучување од патот, системот ја препо знава ситуацијата и продолжува да вози со истото темпо, бидејќи нема потреба од забавување. Во ваква ситуација, други те системи потсопираат.
Прифати Купе-лимузините штотуку ја доживуваат кулминацијата на пазарот и купувачите кои што се свесни за трендовите нема да одолеат да седнат во A7
Откажи Затоа што трендовите не траат вечно и откако ќе згасне силната маркетиншка поддршка, A7 ќе биде само обична комбилимузина
Побарај друго За ловците на трендови: Mercedes CLS; За љубителите на традицијата: Audi A6 Avant со силен мотор и скапа опрема
Г
олеми се аспирациите на Audi со новото купе со пет врати А7 Sportback. Доказот лежи во изборот на местото за светска премиера. Одлуката падна на музејот на современа уметност Pinakothek der Moderne во Минхен, во седиштето на лутиот конкурент BMW. Целта е да се фрли ракавицата в лице на Баварците кои ја најавуваат серијата 6, а во исто време да се покажат заби пред производителот од Штутгарт
6 09/2010
и втората генерација на CLS. За разлика од конкурентите, А7 Sportback е купе со пет врати со нагласен стилски израз кој во Audi е одраз на високо развиена технологија. A7 е сличен на концептот Audi Sportback претставен на салонот во Детроит во 2009 и претставува одраз на мотото на Audi концептите да влегуваат во серија безмалку несменети. Спортската елеганција на А7 Sportback е постигната со куси превиси, голе-
мо меѓуоскино растојание, долга хауба и витко извлечен задник обликуван како скулптура во кого е интегриран спојлер кој автоматски излегува при брзина од 130 km/h и повторно се враќа на место под 80 km/h, како во RS5. Kоефициентот на отпор на воздух Cd 0,28 е директно врзан со одличната аероакустика. А7 е тивок и кога бришка, а со доплата се добиваат стакла со интегриран акустички филм за уште потивка
Мајстор на светло: Со доплата се добиваа со неколку начини на осветлување на пат
ија нголштат
И
ат светлечки диоди во предните светла тот според брзината
Елегантен со модерен дизајн, врвна технологија и изработка карактеристична за рачно направените автомобили A7 Sportback е создаден да маѓепсува кабина. Предност на А7 е богатството од простор што е далеку од обично купе. Големото меѓуоскино растојание од 2,91 метри дозволува патниците на одвоените седишта назад да се возат кралевски. Со тело на атлета А7 е поставен на средина меѓу А6 и знаменосецот на Audi. Нуди карактер на купе, комфор на седан и практичност на комби. Петата врата го олеснува пристапот до багажникот од 535 литри. Неа сериски ја задвижува
електромотор и има можност за менување на аголот под кој се отвора. Посветеноста на Audi за совршенство се огледува во кабината. Изработката и материјалите се на ниво на луксузниот брод А8. Вметоци од јасен или орев од највисок квалитет и полиран алуминум за вртливите копчиња и рамките се доказ дека Audi не штедел. Патниот комјутер нуди програма за да се постигне поголема ефикасност
при возење. Дава совети и пријавува како одделните системи влијаат врз потрошувачката. Останатите функции се прикажуваат на мониторот од мултимедијалниот интерфејс на Audi, MMI. Се работи за најнова генерација на MMI претставена во А8, едноставна за користење и со опција за врзување со навигација и системи за активна безбедност. Со MMI е врзан и аудио системот на Bose скроен за кабината на А7. Технолошка нови-
09/2010 7
Тема МОДЕЛСКА ОФАНЗИВА НА BMW ДО 2014 ГОДИНА
маратон
У
ште во оваа есен, љубителите на BMW ќе ги добијат во продажните салони првите автомобили од моделската офанзива на марката. Во ноември стартува втората генерација на спортскиот теренец Х3, заедно со комби изведбата на новата серија 5, со традиционалната ознака Touring. До следната возбуда нема да мине долго време. Престижното купе од серијата 6 се најавува како дизајнерски врв на марката од Минхен и ќе го видиме веќе во средината на следната година. Приближно во исто време со купето ќе стартува и кабриолетот од серијата 6. Но, Баварците се надеваат најмногу на моделот што е позициониран на почетокот на понудата: 2011 е година на новата серија 1. Како прва моделска изведба од компактот на BMW ќе се појави комбилимузината со пет врати. Една година подоцна ќе почне и продажбата на верзијата со три врати. Кон крајот на 2011 година ќе ја очекуваме премиерата на моќникот во понудата на BMW, на М5. Спортската марка ќе го искористи вниманието на јавноста за претставување на новата серија 3. Лимузинската верзија ќе стартува прва во декември, а половина година подоцна ќе се појави и комби изведбата Touring. На почетокот на 2012 година е можно да се појави и кабриолетот од новата серија 1, но конечната одлука околу датумот на комерцијализацијата сé уште не е донесена. Наспроти тоа е сосема извесно дека шефот Норберт Рајнхофер на почетокот на 2012 година ќе го пушти во серија моделот што BMW го најави со концептот Gran Coupe. Со купе-лимузината, која што ќе ја користи основата од серијата 6, марката со сино-белиот пропелер ќе им се спротивстави на Mercedes CLS и на Audi A7. Врвот во гамата на серијата 6 ќе го заокружи моделот М6 во средината на 2012 година. Една година подоцна ќе се случи комерцијализацијата на кабриолетот од серијата 3, а доколку шефот Рајнхофер реши да издвои пари од буџетот, можно е да биде прикажана и верзијата 3 GranTurismo, како помал брат на 5 GT. Неизвесност постои и околу моделот со кој што понудата во сегментот на родстерите ќе се спушти едно скалило подолу – родстерот Z2. Големата пресвртница за престижната марка од Минхен ќе се случи во 2013 година. Тогаш Баварците ќе го претстават првиот модел од семејството Megacity, со погон на струја, со лесна и цврста каросерија изработена во целост од егзотичниот материјал карбон и произведен во фабриката во Лајпциг. Во минатиот број на Auto Focus веќе обемно го претставивме овој модел кој што е во напредна фаза на тестирање. Во последната година од моделската офанзива ќе бидат претставени два модела од дијаметрално спротивните краеви на понудата на BMW: Градскиот автомобил City, кој што ќе биде прв модел со погон на предните тркала, и суперспортскиот автомобил, чии што форма и содржина BMW ни ги навести со студијата Vision Efficient Dynamics. Со завршувањето на маратонот во претставување на нови модели ќе се обнови целата моделска понуда на марката. Но, едно нешто нема да се промени. Возилата од оваа марка и натаму ќе го почитуваат мотото: Радост во возењето. �
10 09/2010
Во игра влегува и родстерот Z2, со техника од серијата 1. И овој модел чека потврда од шефот
Како алтернативна верзија со поголем и поприспособлив багажник и со повисоко седење, во 2013 година е можно да се појави 3 Gran Turismo. Се чека конечната одлука на шефот
BMW повеќе нема да мирува во сегментот на суперспортистите. Наследникот на M1 ќе стартува во 2014. Изгледот го најави студијата Vision
Dynamics
(за сликата долу) Можно е да се појави и верзија GT во серијата 1
BMW 5 Touring стартува во средината на
септември. За доплата од околу 2.500 евра нуди простор и практичност во благородно каросериско пакување
Компактниот теренец X3 влегува веќе во втората генерација и ќе ја искористи предноста пред конкуренцијата со поголема кабина и комплетно ново подвозје. Поблагородни материјали и поголема просторна понуда особено на задната клупа
во претставување нови модели
Веќе на следниот салон во Женева ќе биде најавен изгледот на Megacity Vehicle, со погон на струја и каросерија од карбон. Продажбата стартува во 2013
На почетокот на 2011 доаѓа кабриолетот од серијата 6. Во средината на годината ќе се придружи и купе изведбата од серијата 6. Впечатлив е мекиот премин на линијата на покривот во капакот на багажникот
Шефот Норберт Рајнхофер скрои план за проширување на моделското портфоило на марката од Минхен; се најавуваат и нови видови на погон
Крајот на 2011 година ќе мине во знакот на новата серија 3. Во моделот ќе се користат лесни материјали, а се очекува и хибридна изведба По пример на изведбите М од теренците Х5 и X6, спортската
лимузина М5
ќе вози со 4,4-литарски осумцилиндарец со двојно турбонатполнење и преку 550 КС
Најмногу се очекува од новата серија 1, која што ќе стартува во средината на 2011
За реализација на моделската офанзива, развојното одделение располага со годишен буџет од 2,5 милијарди евра, што е 5 проценти од годишниот промет
Со Gran Coupe, BMW ќе им се спротивстрави на Porsche Panamera, Mercedes CLS и Aston Martin Rapide 09/2010 11
Новитети Ford Explorer
К
ога овој теренец ќе го покаже лицето, појавата ни се чини позната. Новиот Explorer потсеќа неодоливо на автомобилот со кого што поранешната марка од концернот Ford во минатиот месец го привлече вниманието на светот –Land Rover Evoque. Но, откако ќе се ѕирне отстрана, исчезнуваат сите сличности. Големиот теренец на Ford игра две класи погоре од британскиот купе-теренец. Американците со нетрпение очекуваа да го видат Explorer во новото издание. Тој е насушна потреба на купувачите во САД, теренец по кого што прво посегнуваат при изборот на нов автомобил. Explorer е огромен, долг е преку пет метри и широк преку два метри, но и релативно евтин. Во основната моделска изведба тој чини 29.000 долари, односно точно 22.000 евра. Во типично широкоградиот манир на американските марки, уште во овој пакет на опрема се вклучени климауред, радио, и секако, шестстепен автоматски менувач и темпомат. Понудата звучи крајно примамливо, но за жал е недостапна за европските купувачи, затоа што Ford веќе неколку години не го нуди моделот од оваа страна на големата бара. Осумцилиндарскиот мотор со зафатнина од 4,6 литри во претходникот звучеше фантастично, но неговите навики при посета на бензинска пумпа беа прескапи да се подмират со европските цени на горивата. Во овој поглед не беа многу подобри и шестцилиндарците, со зафатнина од четири литри. Но, времињата се променија и Американците постепено станаа свесни дека штедливоста е доблест на автомобилите. И тоа колку се променија! Најмалечкиот мотор во овој крстосувач има само четири цилиндри. Се работи за дволитарски турбодизел, развиен од европската сестра, со турбонатполнење и со 237 КС.
12 09/2010
Овој мотор е достапен само во верзија на моделот со погон на предните тркала. Дополнителното ангажирање на задната оска е работа на поголемиот мотор, на бензинецот со зафатнина од 3,5 литри и 290 коњски сили. Двата модела возат со шестстепен автоматик и трошат до една третина помалку отколку претходниците. На хартија фабриката пријавува просечна потрошувачка од десет литри за моделската верзија која што се очекува да биде најпродавана во САД - секако, тоа е 3,5-литарскиот бензинец. Исто како кај повеќето други модели на Ford на американскиот пазар, во ракувањето на возачот со возилото му помага системот MyFord, кој што го поедноставува пристапот до сите поважни функции. Возачот сам ги избира информациите што ќе ги гледа во средишниот дисплеј меѓу бројачот на вртежи и брзиномерот, а со функциите ракува преку копчињата на воланот или со говорна команда. Примената на електрониката не завршува тука. Ford ја користи максимално за подобрување на безбедноста. Во поопремените моделски верзии на Explorer се достапни камера за мртов агол и радарски темпомат. Во способностите за пробивање по терен на верзијата со погон 4х4 никој не смее да изрази сомнеж. Од специјалистот за погон на сите тркала Land Rover, кој што порано му припаѓаше на концернот Ford, Explorer го презема системот Terrain Response System, кој што тука се нарекува Terrain Management System. Американците ќе го добијат својот Explorer уште пред крајот на годинава. Европските купувачи нема да го доживеат задоволството, затоа што Ford престана да го продава Explorer тука уште во 2001 година. Но, со доволно телефонски повици увозникот можеби ќе се одоброволи да ни го донесе мегатеренецот. Затоа, телефоните в раце. �
Ова го нем
Петм
Тоа што за Европејците е Golf, во САД е Ford Explorer. Големиот теренец за прв пат ќе биде достапен со дизелски мотор
Технички податоци
Ford Explorer 2.0 I-4 EcoBoost
Мотор 2,0-литри, алуминиум, dohc, 16 вентили, 237 КС при 4000/min, вртежен момент 339 Nm при 1750/min Погон и пренос На пред ните тркала, шестстепен автоматски менувач Подв озје Напред две попречни водилки, стабилизатор, назад мултилинк, електрично сервоуправување, гуми 245/65R 17 Димензии и капацитет ДхШхВ 501х2 04х179 cm, меѓуоскино растојание 286 cm, багажник 594/2285 L, резервоар 70 L Потрошувачка во град 14,9 L/100 km
ма во Европа
метарски теренец а 22.000 евра! з
Досега Ford ни го покажуваше новиот Explorer само во скромни порции. Сега за прв пат можеме да го видиме целиот автомобил. Изгледот е нов, моторите се нови и поштедливи
прв пат е ција Explorer за Во новата генера лски мотор од европска достапен со дизе ај горивото, за Америкапродукција. Покр и зафатнината и бројот нците е необичнарбодизелот со 237 КС има на цилиндри: Ту и два литри зафатнина четири цилиндри
09/2010 13
Тема Тест-возење на Lexus LFA на тркачка патека
В
о декември почнува сериското производство на суперспортскиот Lexus LFA. Предвидената серија од 500 примероци е распродадена веќе одамна. За времето на чекање до испораката на возилото да се скуси, Lexus ги покани идните сопственици да извозат неколку брзи кругови на тркачката патека во Гудвуд. Среќниците ги истестираа темелно прототипите на двоседот со мотор со 560 коњски сили и ги почувствуваа прецизноста и перфекцијата на возилото, на кои што престижната сестра на Toyota се гордее особено. Патеката на Југот на Англија им е добро позната на љубителите на мотоспортот. Секоја есен тука се одржува легендарната трка „Goodwood Revival Meeting“. Патеката што е изградена на ридовите во Гудвуд е долга само четири километри, но е голем предизвик за возачите. Во правец на стрелките на часовникот се возат шест
Технички податоци
Lexus LFA Мотор 10 цилиндри, 72o, 40 вентили, 2х2 брегасти вратила, зафатнина 4805 cm3, компресија 12,0:1, моќн ост 560 КС при 8700/min, вртежен момент 480 Nm при 6800/min, максимален број на вртежи 9000/min Погон и пренос Шестстепе н секвенцијален менувач, крајни брзини во km/h во одделните степени 83 (I.), 123 (II.), 167 (III.), 218 (IV.), 277 (V), - (VI) Подвозје Двојн и попречни водилки напред, мултилинк назад, перфорирани и вентилирани дискови од карбон керамика, 390 mm напред, 360 mm назад, бандажи 20x9,5 напред, 20х11,5 назад, гуми 265/35 R 20 напред, 305/30 R 20 назад, електрично сервоуправување, 2,35 вртеж и меѓу крајните положби Димензии и тежини ДхШхВ 4505х 1895х1220 mm, меѓуоскино растојание 1605 mm, ширина на трага 1580 mm напред, 1570 mm назад, растојание од подлога 115 mm, празно возило 1480 kg, дозволена тежина 1700 kg, резервоар 73 L Перформанси 325 km/h, 0-100 km/h за 3,7 s. Цена 375.000 евра
За купувачите да станат свесни за можностите на нивниот автомобил од соништата кој што ќе го добијат по неколку месеци, Lexus ги покани на обемни тест возења на тркачката патека во Гудвуд
десни и еден лев свјок. Повеќето од свијоците се брзи, а темпото се намалува единствено пред шиканата на стартно-целниот правец. Учесниците на тестирањето на LFA учеа да ја следат идеалната линија на патеката со помош на шампионот во Super GT, Акира Ида. Јапонецот беше дел од тимот кој што постигна победа во групата SP8 со LFA на 24-часовната трка на Нирбургринг и учествуваше во развојот и дотерувањето на сериското возило. Пред испробувањето на ексклузивниот спортски автомобил, купувачите прво ја запознаваа патеката со Lexus IS F со 423 КС, кој што е достоен конкурент на BMW M3. Откако беа совладани основните правила за безбедно возење
14 09/2010
Tренинг за идните сопстве
Прецизното управување и возните својства се гордост на техничарите
Тркач на диетален третман
Машина за возење
За цената на LFA можат да се купат две парчиња F430 од Маранело. За таа самоувереност, јапонскиот Ferrari мора да биде двојно подобар. Инженерите веруваат дека е така
еници
„LFA е чистокрвен суперспортски автомобил, машина за возење која што е развиена со цел да понуди единствено доживување во возењето“ објаснува главниот инженер на проектот LFA, Танахаши-сан. „Во минатите десет години дојдовме до границите на остварливото при следењето на оваа цел. Убеден сум дека развивме возило кое што е без конкуренција во поглед на динамиката во возењето“
на тркачката патека, возачите можеа да зачекорат во светот на екстремите. Десетцилиндарецот од 4,8 литри кој што се врти до 9.000 вртежи во минута уште со акустичниот настап открива дека конструкторите се инспирирале од чистокрвните тркачки мотори. Се тестираа различните дотерувања на секвенцијалниот менувач, почнувајќи од комфорната автоматика па сé до спортскиот модус со исклучително кусо време за префрлување на степените на пренос. Токму овој модус се покажа како најпопуларна варијанта, затоа што LFA буквално се лепеше на патеката со совршената аеродинамика на каросеријата и со оптималниот потисок и провоцираше потенцијалнот на погонот да се искористи до максимум. Во паузите меѓу брзите кругови можеа да се добијат и ексклузивни информации од прва рака. Главниот инженер на LFA, Харухико Танахаши, детаљно и лично им ја објасни на првите купувачи во Европа конструкцијата на возилото. Тој посвети особено внимание на усовршувањето на аеродинамиката на суперспортското купе и на примената на ексклузивните материјали: Вентилите и клипниците се изработени од титан, додека шасијата е изработена од карбон, исто како во болидите од формула 1. Разликата меѓу возилата во кралската класа на мотоспортот и суперавтомобилот на Toyota и не е толку голема. �
Намалувањето на тежината беше приоритетен фактор во секоја фаза од развојот на LFA. Тука спаѓаат иновативната монокок-шасија изработена од карбон, исто како и сопирачките од карбон-керамика. Во погонот и во менувачот се користени алуминиум, титан и магнезиум. Дури и во воланот се користени делови од карбон, заради оптимизација на тежината и за префинето чувство при управувањето. LFA ја предизвикува конкуренцијата во класата на суперспортските автомобили со тежината од 1.480 килограми и со соодносот од 2,64 килограми на една коњска сила.
Моторот побрз од бројачот на вртежи Моторот на Lexus LFA врти од празен ^ од до 9000 вртежи за само 6 десетинки. Поради исклучителната еластичност на моторот се користи дигитален бројач на вртежи – аналогните инструменти се премногу бавни да ја следат оваа брзина на промена на вртежите.
Дома на тркачка патека, но и на улица Интелигентното управување со вентилите VVT-i, заедно со прскалките под висок притисок со 12 отвори и со идентичната должина на издувниот тракт придонесуваат моторот да не паѓа под 90 проценти од максималниот вртежен момент во целото подрачје меѓу 3700 и 9000 вртежи во минута. Тоа дозволува мошне течно возење и во услови на секојдневно крстосување по градските улици. 09/2010 15
Новитети Peugeot Hoggar
вредности што се поugeot 207 маѓепсува со од 742 килограми и Pe на а баз врз от Пикап сивост комбилимузината: Но простор од 1151 литар различни отколку кај волумен на товарниот
Името на новиот пикап Hoggar, Peugeot го влече од истоимениот концепт, но тоа неоддоливо потсетува на јунакoт од стриповите, на викингот Хогар Страшниот кој што со своите секојдневни случки мами насмевки 18 09/2010
Многу повеќе од
стрип јунак
И
зборот на името сигурно не е направен случајно. Овој Hoggar на Peugeot со својата појава исто така мами насмевки и залепува од прва како славниот херој од стриповите. Воедно, од Peugeot како да сакаат да направат аналогија меѓу викиншките подвизи на Хогар Страшниот и подвигот што стои пред Hoggar, пред овој пикап од моделската понуда на популарниот 207, за освојување на бразилскиот пазар. Зад Hoggar стои сериозен труд на 320 техничари и инженери кои во три напорни години работа потро-
шија 100 милиони бразилски реали и ја остварија својата идеја за создавање на издржлив продукт. Докaз за цврстината на Hoggar се преку еден милион тест километри минати во најсурови услови низ беспаќата на Јужна Америка. Hoggar е поставен на комбинирана платформа од 207 и Partner. Инженерите ги искористиле добрата од двата света, а особено од светот на лесните товaрни возила каде што Peugeot долги години ниже успеси на пазарот. Со комбинирање на преден дел од 207 и заден дел од Partner, дополнително издолжен за 300 mm, направено е
возило што совршено одговара на потребите на пазарот во Бразил. Најважното, Hoggar нуди багажен простор од 1.151 литар и корисна носивост од сериозни 743 kg. Дополнително на тоа, рамниот под во товарниот простор е добиен благодарение на речиси хоризонтално поставените амортизери. Идејата е Hoggar да биде корисен и допадлив и затоа во Peugeot ставаaт акцент на дизајнот по кого што е позната марката. Hoggar носи впечатлива предница од 207 со шпицести развлечени светла и широко отворена муцка која што е дополнително заштитена од уда-
ри. Тука има и пластична заштита на крилата, како и на страниците и на задните светла. Во задниот браник се изведени дополнителни скалила со носивост од 140 kg за полесен пристап до товарниот простор. Вратата на товарниот простор по потреба може да се извади за превоз на долг товар, а како заштита од кражба, за нејзино ослободување од шарките е потребен клучот од возилото. Кабината има ист дизајн и исти материјали со останатите модели од фамилијата на 207, па Hoggar не претставува само обична работна машина. 09/2010 19
Новитети ОСВЕЖЕНА МОДЕЛСКАТА ГАМА НА ЅЕАТ
Ш
панците влегоа со освежени сили во новото моделско годиште и ќе ги привлекуваат купувачите со новитe мотори. Штедливците нема да ја одминат верзијата Ecomotive на Seat Ibiza. Најекономичниот модел на Шпанците се појавува на пазарот во својата трета генерација и добива погон од новиот 1,2-литарски турбодизел со 75 КС. Со просечната потрошувачка од 3,4 литри според фабричките тврдења и со емисијата на СО2 од 89 g/km, Ecomotive е поштедлива и од моделите со слична мисија од другите марки. Во пакетот за штедење, покрај новиот дизел со common-rail, влегува и систем за автоматски старт-стоп, како и систем за искористување на енергијата при сопирање. На тоа се надоврзува електронски советник за менување на степените на пренос во оптималниот момент, во форма на светлечка стрелка во инструментите. Со перформансите, штедливата Ibiza секако дека нема да претставува пречка во сообраќајот. Забрзувањето од место до темпо сто трае 13,9 секунди, додека крајната брзина изнесува 173 километри на час. Нови мотори добиваат и ванот Altea и неговата продолжена верзија Altea XL. Четирицилиндарскиот 1.2 TSI со турбонатполнење и со 105 КС е достапен во првите два пакети на опрема за моделот. Истиот мотор отсега ќе
се вградува и во компактот Leon. Работната зафатнина на моторот е мала, но силината е пристојна, и тоа станува очигледно преку перформансите. Компактот со овој мотор забрзува за 10,9 секунди до темпо сто и вози најбрзо 187 километри на час. Ефектот од малата зафатнина на новиот мотор се гледа во потрошувачката: 5,4
22 09/2010
Целата гама на Seat доби нови мотори за следното моделско годиште. За сите има соодветен мотор: Дизел од 1,2 литри во Ibiza Ecomotive за штедливците, но и дволитарец со 210 КС за спортистите
Новитети сокриени
Најштедливиот мотор во гамата на Seat се вградува во Ibiza Ecomotive (лево): Во комби изведбата Ibiza ST, трицилиндарскиот дизел со зафатнина од 1,2 литар и силина од 75 КС бара во просек 3,4 литри гориво на сто километри. Вредностите на отворен пат се уште поимпресивни: Само три литри дизел; Новиот дволитарец во лимузината Exeo импресионира со силината од 210 КС
Новиот 1.2 TDI во споредба со стариот 1.4 TDI Со преоѓањето од системот за вшприцување на гориво со пумпа-вентил на систем со заеднички вод под висок притисок се подобри значително звучната кулиса во кабината. При средни вртежи, бучноста на моторот во кабината е намалена за 5 до 8 проценти со новиот мотор, додека при високи вртежи за 8 до 10 проценти. Предност во секојдневието претставува и скусеното време на загревање: Само две секунди се потребни за грејачите да постигнат 1000 степени. Најголемото подобрување секако е во потрошувачката на гориво и во чистотата на емисијата. Во споредба со стариот мотор, новиот 1.2 TDI троши еден литар помалку гориво во градско возење. Во поглед на перформансите, 1.2 TDI заостанува само незначително.
При споредливи перформанси, новиот мотор троши до еден литар помалку гориво во град Мотор
Seat Ibiza 1.2 TDI
Seat Ibiza 1.4 TDI
3 цилиндри, 12 вентили
3 цилиндри, 6 вентили
1199
1422
75(55)/4000
59(80)/4000
Зафатнина [cm3] Моќност [кW(KC)/min] Вртежен момент [Nm/min]
180/1500
195/1800
Директно вшприцување common-rail
Директно вшприцување со пумпа-вентил
Петстепен, мануелен
Петстепен, мануелен
49,4
53,7
Крајна брзина [km/h]
168
169
0-100 km/h [s]
13,9
13,1
80-120 km/h во V. Степен [s]
14,2
13,9
0-1000 m [s]
35,7
35
Град
4,6
5,6
На пат
3,3
3,6
Просек
3,8
4,3
Емисија на СО2 [g/km]
99
114
Напојување со гориво Менувач Брзина при 1000/min во V. степен [km/h] Перформанси
Потрошувачка [L/100 km]
под хаубата
литри бензин на сто километри. Поради поголемата и потешка каросерија на ванот, овој мотор ја забрзува Altea за 11,3 секунди до темпо сто, а троши 5,7 литри на сто километри. Во комбинација со моторот 1.2 TSI секогаш оди шестстепен мануелен менувач. Поради примерната штедливост, малечкиот бензинец
дополнително ја носи ознаката Ecomotive. Новите мотори TSI се подготвени и за средната класа на шпанската марка. Лимузината и комбито во гамата на Exeo отсега ќе можат да се возат и со 1,8-литарскиот бензинец со турбонатполнење, директно вшприцување на горивото и 160 КС, како и со дволитарецот со 210 КС, кој што ја поместува горната граница на силината за 10 КС во споредба со претходниот мотор. Првиот мотор го заменува стариот петвентилец со 150 КС и дополнително пријавува талент за штедливо возење, со максималниот вртежен момент од 250 њутнметри кој што е достапен веќе при 1.500 вртежи. Во просек, големата лимузина на Seat со овој мотор ќе троши 7,3 литри гориво. Спортистот во понудата е Exeo 2.0 TSI со 210 коњски сили и вртежен момент од 320 њутнметри. Со крајната брзина од 244 километри на час тој се приближува до
верзиите Cupra на Leon, но останува мошне скромен со потребата за напојување со 6,9 литри за секои сто извозени километри. Промени има и во задните светла на Еxeo: Стоп светлата и трепкачите сега користат светлечки диоди. Дополнително се зголемува и вообичаената предност на Seat во противвредноста. Пакетот на опрема Reference за шпанскиот пазар доаѓа збогатен со 16-инчни алумиумски бандажи, мултифункциски кожен волан, електрично собирање на ретровизорите, паркинг сензори и автоматика за светлата и бришачите. Главните ставки што се додадени во вториот пакет Style се бандажи од 17 инчи, двојни стакла и фиоки под предните седишта, додека кај Sport се добиваат дополнително паркинг сензори напред и назад, сензор за квалитет на воздухот, далечинско отворање на багажникот и колор дисплеј за патниот компјутер. �
09/2010 23
Импресија Студија за квалитетот на марките
Вистина, која марка најквалитетно ги изработува своите автомобили? За среќа, одговорот на ова прашање не мора да се бара на преполнетите плацеви со користени автомобили. Магазинот Auto Bild испитуваше и дојде до изненадувачки резултати
Кој ги прави
најдобрите
Ранг листа на најквалитетните марки
автомобили?
З
аклучоците во студијата на Auto Bild им претставуваат голема помош на бројни купувачи при изборот на идниот автомобил, уште откако во 2001 година германскиот магазин за прв пат ја објави ранг листата на најквалитетните возила. Покрај оцената на квалитетот и издржливоста на возилата, студијата ја опфаќа и работата на сервисите на автомобилските марки во Германија. Автомобилите постари од десет години не влегуваат во студијата. Таа ги разгледува само возилата со старост меѓу три и седум години. На овој начин излегуваат на виделина слабостите и недостатоците на ав-
томобилите кои што не можат да се забележат при нормалните тестирања, кога возилата имаат поминато само неколку илјади километри и сé уште мирисаат на ново. Вкупната оцена за одделните марки се добива според седум одделни критериуми кои што имаат идентично учество во оценувањето. Во студијата се опфатени 20-те најпродавани марки: Отсуствуваат Porsche и Subaru кои што по традиција се пласираат високо на ранглистата на најквалитетни возила, потоа просечно квалитетните Saab и Volvo, но и Chrysler, чиј што модел Voyager постојано е на крајот на листата.
Оцена (најдобра 1, најслаба 5) 2,3
Место
Производител
1.
Hyundai
2.
Honda
2,4
3.
Audi
2,6
3.
Mazda
2,6
3.
Toyota
2,6
6.
Mitsubishi
2,6
7.
Suzuki
2,7
8.
BMW
2,7
8.
Mercedes
2,7
10.
Nissan
3,0
10.
Seat
3,0
10.
Skoda
3,0
13.
Ford
3,1
13.
Kia
3,1
13.
Opel
3,1
13.
VW
3,1
17.
Renault
3,6
18.
Citroеn
3,7
18.
Fiat
3,7
20.
Peugeot
3,9
Кои се најдобрите, а кои најлошите автомобили? Audi
Врвно чувство за квалитет. Потреба од подобрување се јавува во третманот на поплаките од клиентите, како и во гаранциските услуги. Сите модели се над просекот при техничкиот преглед. Седум од осум тестирани сервиси поминале со оцена „многу добро“ или „добро“.
Најдобар пласман според техничкиот преглед:
BMW Оските и управувањето и натаму се чувствително подрачје кај BMW и спречуваат марката да се пласира уште подобро. Забележани се и неколку помали проблеми со моторите кај сериите 3, 5 и 6. Другите модели постигнуваат одлични резултати при техничкиот преглед, а особено серијата 1.
Најдобар пласман според техничкиот преглед:
Возила со старост меѓу Возила со старост меѓу Возила со старост меѓу Возила со старост меѓу Возила со старост меѓу Возила со старост меѓу 2 и 3 години 4 и 5 години 6 и 7 години 2 и 3 години 4 и 5 години 6 и 7 години BMW серија 3 нa 26. место BMW серија 1 нa 3. место BMW серија 7 нa 14. место Audi A3 нa 17. место Audi A8 нa 19. место Audi A4 нa 11. место
Вака се оценува квалитетот Анкета на читателите Писмено анкетирање на возачите на тема квалитет и издржливост. Вкупно 9278 возачи дадоа оцена од 1 до 10 на прашањето: Како го оценувате квалитетот на марката на Вашиот автомобил?
32 09/2010
Сервисни повици/Подобрувања Какви пречки или дефекти се забележани? Дали дефектот е во подрачје што влијае врз безбедноста? Како реагирала фабриката? Дали дефектните возила се поправени бесплатно? Дали информацијата на
производителот била јасна и разбирлива? Извештај за утврдените дефекти при технички преглед (TUV) Сопирачки, управување, оски, каросерија и осветлување – тоа се подрачјата што се важни за безбедноста. Се работи за пода-
тоци од 7,5 милиони технички прегледи на 208 модели. Супертест на 100.000 километри Возачите и условите на возење се менуваат постојано при тестирањето по патиштата низ цела Европа. На крајот возилото се
Важност на резултатите од студијата! Во оцената на квалитетот на автомобилските марки е земена во предвид и работата на сервисните станици во Германија. Оттаму, препораките и заклучоците на студијата се однесуваат само на германскиот пазар на автомобили и можат само во половична мера да бидат прифатени на македонскиот пазар, каде што марките ги организираат своите сервисни работилници според целосно независна стратегија.
Citroen
Honda
Впечатокот за квалитет на новите модели на Citroen не остава простор за забелешки, но моделите ќе мора прво да ја докажат издржливоста. При техничкиот преглед, пет од шест модели се подобри од просекот.
Најдобар пласман според техничкиот преглед:
Во оваа марка се крие голем фаворит. На супертестовите Honda отсекогаш е на врвните места. Крајната оцена ја расипува тестот на сервисите, кој што сепак беше извршен во претходните години. Јапонците губат поени и во гаранцијата.
Најдобар пласман според техничкиот преглед:
Возила со старост меѓу Возила со старост меѓу Возила со старост меѓу Возила со старост меѓу Возила со старост меѓу Возила со старост меѓу 2 и 3 години 4 и 5 години 6 и 7 години 2 и 3 години 4 и 5 години 6 и 7 години Citroen C1 нa 63. место Citroen C2 нa 55. место Citroen C5 нa 24. место Honda Jazz нa 20. место Honda Jazz нa 7. место Honda Jazz нa 4. место
Hyundai
Fiat Италијанците повеќе не се на врвот во поглед на долгорочниот квалитет. Doblo е на 120-то место во извештајот на станиците за технички преглед, а блиску се и моделите Stilo, Punto и Panda. Подобрувања сепак се забележуваат во супертестовите и во намалувањето на бројот на поплаки од клиентите.
Најдобар пласман според техничкиот преглед:
Корејците се победници во студијата за квалитетот. Беспрекорно заслужено прво место. При техничкиот проблем се јавуваат неколку проблеми, но и Mazda и Toyota покажаа неовообичаени слабости во овој поглед.
Најдобар пласман според техничкиот преглед:
Возила со старост меѓу Возила со старост меѓу Возила со старост меѓу Возила со старост меѓу Возила со старост меѓу Возила со старост меѓу 2 и 3 години 4 и 5 години 6 и 7 години 2 и 3 години 4 и 5 години 6 и 7 години Hyundai Matrix нa 67. место Hyundai Getz нa 34. место Hyundai Santa Fe нa 64. место Fiat Panda нa 97. место Fiat Punto нa 92. место Fiat Punto нa 77. место
Kia
Ford Одличен настап на марката. Особено изненадуваат резултатите при техничкиот преглед. Најдобри се покажуваат Fusion, Focus, C-Max, Fiesta и Focus. Простор за подобрување се јавува во гаранциските услуги и во подобрувањата.
Најдобар пласман според техничкиот преглед:
Не е се` во одличните гаранциски услуги. Од Kia може да се очекува уште многу во следните години, и тоа токму поради мајката на концернот Hyundai. На супертестовите Cee’d ја постигна најдобрата оцена, но просекот на марката го расипува ванот Carnival, со лошите резултати при технички преглед.
Најдобар пласман според техничкиот преглед:
Возила со старост меѓу Возила со старост меѓу Возила со старост меѓу Возила со старост меѓу Возила со старост меѓу Возила со старост меѓу 2 и 3 години 4 и 5 години 6 и 7 години 2 и 3 години 4 и 5 години 6 и 7 години Ford Fusion нa 3. место Ford Fusion нa 16. место Ford Fusion нa 7. место Kia Rio нa 80. место Kia Picanto нa 55. место Kia Rio нa 86. место
расклопува до последната завртка и се прави биланс: Дали возилото останало неподвижно на патот? Што се расипало, што се покажало добро? Колкави се трошоците? Поплаки од читатели Преку 11.000 писма по копнена и електрон-
ска пошта пристигнуваат во редакцијата во текот на целата година, од читатели кај кои што често пати се случува да имаат големи проблеми со својот автомобил. Тест на сервисите Автомобил со вградени дефекти се носи
на редовен сервисен преглед во осум овластени сервисни работилници за марката. Колку дефекти ќе откријат работилниците? Дали сервисирањето е извршено според предвидениот план на производителот?
Гаранција Каква заштита добива возачот доколку откаже техниката? Азијците ги поставуваат стандардите веќе долги години, додека самоуверените европски производители се повеќе ориентирани кон штедење. 09/2010 33
ТЕХНИКА Заштита од повреди при судар одзади
ВРАТОТ бра потпора
бара до
и за глава?
Што се активни потпирач
ло одзади, активните потпиВо случај на налетување на вози пред и на тој начин го нана ваат есту пом рачи за глава се вратот во случај кога на е вањ ршу спречуваат опасното прек наназад поради удатува зале главата на патниците силно се вувачи веќе развиваат доба и Неко ди. одза лото рот во вози воздушна перница. потпирачи за глава со вградена
Судирите одзади се опасни за вратот на патниците. Затоа постојат активните потпирачи за глава. Во малите возила тие често пати недостасуваат. Но, се посрамотија и неколку модели од средната класа
36 09/2010
В
о случаите кога возило налетува одзади е голема опасноста за повреда на прешлените во вратот. За спречување на овој ризик производителите пред повеќе години почнаа да вградуваат активни потпирачи за глава во седиштата. Но, сé уште не постои стандард со кој што се пропишува сите возила да имаат соодветна заштита. Иако бројот на црни овци се намалува, особено во класата на малите автомобили сé уште постојат бројни возила без заштита. Активните потпирачи за глава кај малите возила се вградуваат ретко. Тоа се однесува главно на моделските изведби со основен пакет на опрема, но и на евтините модели од претходната генерација, како Renault Clio Campus или Peugeot 206+. До овој заклучок дојде британскиот институт Thatcham, кој што секоја година прави тестови на заштитата на вратните прешлени кај актуелните модели. Од 44-те тестирани модели од класата на малите автомобили, слаба оцена добија моделите Chevrolet Aveo, Fiat Panda, Kia Rio, Mitsubishi Colt, Opel Agila и Suzuki Splash. Борбата за што пониски цени оди на сметка на безбедноста кај овие модели. Ситуацијата е подобра кај компактите. Меѓу триесетте тестирани модели немаше ниту еден со негативна оцена. Единствено Chevrolet Lacetti, Dodge Caliber и Opel Astra од претходната генерација добија просечна оцена. Во повисоката класа, од 32 тестирани модели се издвојува Jaguar X-Type со слабата заштита на вратот на патниците. Повеќе модели од класата на популарните спортски теренци завршија со слаби оцени: Dodge Nitro, Jeep Cherokee, Kia Sportage од претходната генерација и Mitsubishi Pajero. Меѓу 17-те спортски автомобили и кабриолети, слаба комбинација заштита е евидентирана само кај Peugeot 308 CC. Сосема е поинаква ситуацијата во вишата класа. Ниту една од 17-те тестирани лимузини не покажа негативни резултати. Во заклучокот од тестирањето, експертите за безбедност на институтот Thatcham потврдуваат дека трендот за вградување на активни потпирачи за глава го почитуваат сé повеќе марки. Без разлика дали заштитата се врши преку механичка врска или преку сензори, системот функционира. Особена пофалба од британските експерти добија Hyundai и Honda. Кај овие марки, активните потпирачи за глава се вградуваат веќе кај моделите од компакт класата. Покрај тоа, BMW, Audi и Volkswagen добија високи оцени за начинот на дотерување на
потпирачот за глава и потпирачот за грб кај моделите од компакт класата. Во тестирањето влегуваат само актуелните модели. Постарите автомобили имаат далеку послаба заштита. При просечна старост на европскиот возен парк од преку десет години е голем бројот на возила кои што се постари од 15 години. Севкупната безбедносна техника во овие автомобилски диносауруси веќе одамна не е во чекор со актуелното ниво, а
потпирачите за глава и седиштата не се исклучок од тоа. Сепак, ниту најдобрата техника за заштита на вратот нема да биде од помош доколку возачот и патниците не ги наместат потпирачите за глава правилно. Потпирачот треба да се намести на иста висина со темето на главата, а соодветно треба да се исправи и потпирачот за грб, за главата да биде оддалечена само неколку сантиметри од потпирачот. Мошне погрешно
постапуваат возачите кои што сакаат да залегнат колку е можно повеќе во своите седишта. Во повеќето модели на задната клупа се вградуваат потпирачи за глава кои што се спуштаат. Тие ја подобруваат прегледноста на возачот наназад и го олеснуваат соборувањето на клупата. Но, сопатниците често пати забораваат да ги извлечат своите потпирачи за глава. Во тој случај, заштитата на потпирачите се сведува на минимум. �
Класа на возила
Оцена на заштитата на вратот при налетување возило одзади НЕДОВОЛНА
СЛАБА
Добра
Многу добра
Мали
Chevrolet Aveo, Fiat Panda, Kia Rio, Mitsubishi Colt, Opel Agila, Renault Clio Campus, Suzuki Splash
Chevrolet Matiz, Citroen C1, Fiat 500/Punto, Kia Picanto, Mazda 2, Nissan Pixo, Peugeot 107/206+/207, Seat Ibiza, Suzuki Alto, Toyota Aygo/Yaris, VW Fox
Citroen C3, Dacia Sandero, Daihatsu Cuore/Sirion, Ford Ka, Hyundai i10, Mini One/ Clubman, Nissan Micra, Opel Corsa, Renault Twingo, Skoda Fabia, Smart fortwo, Subaru Justy, Suzuki Swift, Citroen C4, Fiat Bravo, Renault Megane, Seat Leon
Ford Fiesta, Honda Jazz, Hyundai i20, Renault Clio/ Modus, Toyota iQ, VW Polo
Chevrolet Lacetti, Dodge, Opel Astra (претходна генерација)
Компакт
—
Средна
Jaguar X-Type
Citroen C5, Fiat Croma, Lexus IS, Mazda 6, Skoda Octavia/Superb, VW Jetta
Виша
Renault Laguna
Chrysler 300 C, Citroen C6, Hyundai Grandeur
—
—
Ванови
Seat Alhambra (пред 2010)
Daihatsu Materia, Skoda Roomster, Renault Espace,
Теренци
Dodge Nitro, Jeep Cherokee, Kia Sportage (пред 2010), Mitsubishi Pajero
Citroen Berlingo/C3 Picasso/ C4 Picasso, Ford Fusion, Nissan Note, Seat Altea, Chrysler Grand Voyager, Mazda 5, Opel Zafira Fiat Sedici, Ford Kuga, Jeep Wrangler, Land Rover Defender, Suzuki SX4/Grand Vitara, Mazda CX-7, Nissan Pathfinder
Спортски/кабрио
Peugeot 308 CC
Chrysler Sebring Cabrio, Mazda MX-5, VW Eos
Mini Cabrio
Land Rover Freelander II, Nissan X-Trail, Range Rover Sport
Alfa Romeo Mito, Audi A3/ S3, BMW серија 1/Coupe, Ford Focus, Honda Civic/ Insight, Hyundai i30, Kia cee’d, Mercedes класа А/В, Mitsubishi Lancer, Nissan Qashqai, Subaru Impreza, Toyota Auris/Urban Cruiser, VW Golf, Volvo C30 Alfa Romeo 159, Audi A4/ S4/A5, BMW серија 3, Ford Mondeo, Honda Accord, Mercedes класа С, Opel Insignia, Toyota Avensis/ Prius, VW Passat, Volvo S40 Audi A6/S6, BMW серија 5/7, Jaguar XF, Mercedes класа Е, Saab 9-5 (пред 2010), Volvo V70/S80 Ford C-Max, Kia Soul, Peugeot 3008, Renault Kangoo/Scenic, Ford Galaxy, Audi Q5/Q7, BMW X1/X3/ X5/X6, Citroen C-Crosser, Daihatsu Terios, Honda CR-V, Hyundai Santa Fe, Jeep Patriot/Grand Cherokee, Kia Sorento, Range Rover, Mercedes GLK/ML/HL, Mitsubishi Outlander, Nissan Murano, Peugeot 4007, Renault Koleos, Skoda Yeti, Subaru Forester/Tribeca, Toyota RAV-4, VW Tiguan, Volvo XC60/70/90 Audi TT/A5 Coupe/R8, BMW серија 1/3/6 Cabrio/Z4, Jaguar XK, Saab 9-3 Cabrio, VW Scirocco, Volvo C70
09/2010 37
Тест Kia Venga 1.4 CVVT EX
Понуда што не се одбива НИ СЕ ДОПАЃА Оригинален и свеж каросериски концепт Приспособлива внатрешност Исклучителна противвредност
НЕ НИ ПРЕЧИ ... TOA ШТО ОПРЕМАТА Е ДОСТАПНА САМО ВО ПАКЕТИ, БЕЗ МОЖНОСТ ЗА ИЗБОР НА ОДДЕЛНИ СТАВКИ: СО ДОПЛАТАТА ОД 1000 ЕВРА СЕ ДОБИВА ТРИПАТИ ПОВЕДНА ОПРЕМА
НЕ НИ СЕ ДОПАЃА Предните столбови ја намалуваат видливоста Стегнатото подвозје предизвикува силно вертикално забрзување на груби нерамнини Електрониката го подзабавува моторот при забрзување над 5.000 вртежи во 4. степен
Kia сака да го има најдобриот миниван на светот, а тој воопшто не е миниван. Повикот што Корејците го упатуваат со името на моделот кое што потекнува од шпанскиот збор за „дојди“ вреди да се прифати 38 09/2010
Од овој агол се насетува: Тука има многу простор
Миниванот на Kia постигнува толку оригинален настап што ги предизвикува универзално скроените модели на конкурентите
Е
динственото изненадување што во последно време може да се случи кај оваа марка е да нема изненадување. Последното возило на Kia кое што гостуваше во Auto Focus, теренецот Sorento, покажа зрелост каква што можат да поседуваат само победничките типови. Се случи: Kia доби знаменосец кој што веродостојно ја претставува марката. После такво искуство е сосема нормално секој следен модел на корејската марка да се гледа со подзамижано око. Таков е ефектот на знаменосците на марките. Но, нема потреба за тоа. Следното изненадување веќе се случува. Kia измисли нов концепт на автомобил. Venga е миниван, но не е миниван, исто како што е малечок автомобил, но не е малечок автомобил. Место да ги следат вообичаените поделби на автомобилите, креативците на Kia се послужија со платформа на автомобил од класата на малечките и врз неа поставија надградба во која што се вградени само предностите на минивановите. Истото функционира беспрекорно кај кучињата. Се земаат две различни раси на кучиња и се врстуваат во супер раса. Одлично! Venga не е миниван затоа што е за повеќе од две илјади евра поевтина од актуелните претставници на оваа сорта. Ценовникот стартува од 10.600 евра. Тоа е веќе една од сензациите на последниот модел на марката. Но, Venga не може да се класифицира ниту како обичен малечок автомобил, каков што може да се види на секој агол. Повисок е за десетина сантиметри од сите други автомобили кои што ја
минуваат главнината од животниот век по градските улици и со масивната појава се издвојува во уличната слика. Секако, ефектот од овој плус во висината е застапен во полна мера. Со ширина на комбилимузина од компакт класата и со висинската предност, ванот со шпанско име нуди просторно чувство кое што далеку ги надминува вообичаените рамки на класата. Познавачите веднаш ќе проверат во багажникот. Но, и по отворањето на задниот капак не попушта одушевеноста од очигледниот талент на овој автомобил да ги искористува сантиметрите во најрационален манир. Во споредба со трендовскиот Soul, од кого што всушност потекнува платформата, Venga има 65 милиметри повеќе простор меѓу двете оски. Од тоа профитира големината на просторот за патници, а од кој знае каде, уште повеќе профитира багажникот. На 340-те литри на Soul, вклучувајќи ја преградата под подот, Venga им парира со своите 552 литри. Тоа важи во случај кога задната клупа ќе се помести за 130 милиметри понапред. Кога клупата е зафатена од долгоноги патници, во багажникот сé уште остануваат 422 литри. Да биде мајсторијата уште поубедлива, семејниот ван е покус меѓу браниците за 4 сантиметри. Особено одушевува комфорот на задната клупа. Тука не било целта да се напишат само повеќе сантиметри во проспектот за купувачите, туку првенствено да се обезбеди пристојна средина за престој на патниците. Се седи на правилна висина, со добра потпора за колената, речиси како во ван од компакт класата. ►
Хромираната маска оддава престиж, додека широкиот отвор во браникот дава динамика во изгледот Мајсторијата: Стил на малечок автомобил со прсотор на ван
09/2010 39
Тест Mitsubishi ASX 1.8 DI-D Invite+
В
редностите на каросериските форми се променија драстично. Лимузината која што порано со неизмерна гордост се покажуваше на улица како статусен симбол, денес ја доживуваме како здодевна, неинвентивна и непрактична форма за реализација на потребата од мобилност. Не е подобра и состојбата околу вредноста на гломазните и застрашувачки теренци. Откако ни спласна одушевувањето од новата димензија во возачкото искуство, единствената вредност која што им преостана не овие незаситни џинови на четири тркала е непогрешливата манифестација на невкус и фрустрација. Наспроти овие праформи, новите видови на автомобилски пакувања добиваат сé повеќе на вредност. Кросоверите, на пример. Половина комбилимузини, половина теренци, овие каросериски форми скроени по мера се покажаа како најдобра и актуелна алтернатива на изживеаните видови на автомобилски пакувања. Штедливост, практичност во секојдневието, приспособливост на кабината и возливост на обичен автомобил. Во овие рамки е развиван и последниот модел од марката со трите дијаманти. Кумовите не биле особено инспирирани околу името на симпатичниот кросовер на Mitsubishi. ASX? Каква емоција може да побуди оваа бесмислена кратенка? Никаква! Таа доаѓа од Active Sports Crossover и повеќе прилега на автомобил за перчење по салони отколку на сериски модел. Можеби кратенката има смисла за Mitsubishi, затоа што неа ја носеше концептниот автомобил кој што во 2001 година ја најави првата генерација на Outlander, која што се вбројува меѓу основоположниците на потсегментот на кросоверите. Но, кај купувачите е
нормално да отсуствува ова сознание, па оттаму и името е безефектно. Кросоверот не ја заслужува оваа неправда. Уште помалку ја заслужува неправдата од квазипознавачите, кои што веднаш ќе истрчаат да го дискредитираат ASX како скусена верзија на Outlander. Компактниот кросовер, сепак, е посебен модел, позициониран неколку светлосни години подалеку од спортскиот теренец на Mitsubishi. Тоа што ја дели платформата со Outlander и со Lancer, кросоверот може да го искористи одлично како отскочна даска. Двата модела се снаоѓаат одлично со платформата која што всушност е кроена да им биде дорасната на оптоварувањата во монструмот Lancer Evo. Приспособувањата на платформата за примена во ASX се релативно мали. Најголемата измена е во задниот дел од подот, каде што кросоверот е покус за триесетина сантиметри. Во останатите 70 проценти од основата за возилото, ASX е идентичен со Outlander, вклучувајќи го и меѓуоскиното растојание. Секако, амортизерите, пружините, стабилизаторите и сопирачките се дотерани соодветно на помалата тежина и различното оптоварување на оските на уличниот теренец. Предниот стабилизатор, на пример, е потенок за два милиметри во споредба со Outlander. Но, промените штотуку почнуваат тука. Скусувањето на каросеријата за повеќе од триесет сантиметри не е единственото што е заслужно за пониската тежина на ASX: Во споредба со Outlander, хаубата е полесна за 2,5 kg, капакот на багажникот за 1 kg, вратите за 7,6 kg. Покрај тоа, предните крила се пластични, исто како кај Delica D:5. Полесни се и облогите на вратите: Заштедата тука изнесува 2,5 kg. Дури и контакт бравата е маг- ►
Платформата е од Outlander, но возењето е тотално поразлично 44 09/2010
Кросоверот на Mitsu беше совршен придружник на натпреварите на кошаркарската репрезентација. И тој поседува гени на победник. Во тоа му помага најмногу новиот дизел
победнички
тип НИ СЕ ДОПАЃА Врвно конструиран дизелски мотор Динамични возни својства Ниска потрошувачка
НЕ НИ ПРЕЧИ Стартот на понудата со високо ниво на опрема: Mitsubishi речиси ужива статус на престижна марка кај нас, купувачите нема да копнеат по уште поевтина моделска изведба на ASX
НЕ НИ СЕ ДОПАЃА Пропусти во завршната изработка: Стиропорот во багажникот, евтината касета пред совозачот Темната и еднолична атмосфера во патничката кабина
09/2010 45
тест Skoda Yeti 1.4 TSI Ambition
Дури и нашиот конзервативно ориентиран пазар попушти пред него: Yeti се продава најдобро во класата, и тоа главно со бензински мотор
Некои автомобили не заслужуваат да се остават во гаража по работното време. Yeti мами на постојано возење и истражување, а како возврат нуди штедливост и комфор 50 09/2010
Гаража не е
ата за него
Н
НИ СЕ ДОПАЃА Возни својства како компактна комбилимузина Комфорно подвозје Одличен мотор
НЕ НИ ПРЕЧИ
а спортските теренци им се дозволуваат големи отстапки. Преголеми. Иако во описот на нивната сорта се спомнува теренот, погонот на сите тркала кој што некогаш претставуваше основа на способноста за возење по ридишта и долови, спокојно може да отсуствува кај овие возила. Дури и моќниот дизелски мотор со силна поддршка од турбополнач смее да отсуствува и на неговото место да се најде малечок и скромен бензинец. Има ли сето ова смисла? Гледано според класичната претстава за теренско возило, овој Yeti на тестот не можело да биде подалеку од неа. Тој нема ниту погон на сите тркала, ниту пак може да се доплати за него. Единствениот бензинец што смее дополнително да ги впрегне тркалата на задната оска е 1,8-литарецот со 160 КС и тој чини речиси 5.000 евра повеќе од моделот на тестот со 1,4-литарски бензинец со 122 КС.
Skoda Yeti ги нуди овие квалитети и дополнително ги надградува со исклучителна приспособливост на кабината. По примерот на Roomster, лесниот теренец на Skoda поседува три засебни седишта во вториот ред со кои што може да се направи буквално се што ќе се посака. Тие можат да лизгаат по должина, да се преклопат, но можат и целосно да се отстранат од возилото, за така да се добие товарен простор со волумен од речиси 1,7 метри кубни. По преклопувањето на задните седишта, сепак, се воочува еден проблем. Подот е скалест. Во задниот дел од подот е сместено резервното тркало и поради тоа овој дел е повисок за десетина сантиметри од подот под седиштата: При превоз на потежок и масивен товар тој ќе се потпира врз подот само врз две точки. Проблемот не е нерешлив. Кој сака да остави резерва за вакви случаи, може да доплати за кит за поправка на
1.4 TSI не оди со погон 4х4: За бегство од цивилизациското сивило се доволни и стотина метри по земја. За тоа ќе послужи и поголемиот клиренс
НЕ НИ СЕ ДОПАЃА
Yeti го воведе стилот во чешката марка на голема врата: Бројни детаљи од дизајнот одушевуваат
Скалест под во верзијата со резервно тркало Мали прегради во кокпитот Електрониката го подзабавува моторот при забрзување над 5.000 вртежи во 4. степен
Но, колку што Yeti 1.4 TSI е далеку од стандардите на теренските возила, толку е поблиску до актуелните барања на пазарот. Тешките и ненаситни теренци кои што со изгледот претставуваат плашило и закана на улиците повеќе не ги сакаме толку како пред десетина години. Од некои од нивните квалитети сепак не се откажуваме. На пример, од високото седење кое што обезбедува дополнителна прегледност во возењето и претставува придобивка за комфорот, поради полесното седнување и излегување од возилото. Исто толку се добредојдени и просторноста и функционалноста на коцкастата каросерија.
гума, со кого што се обезбедува совршено рамен под. На перфекционистите ќе им пречи и тоа што при преклопувањето на средното седиште во вториот ред, истото ја допира средишната конзола и не доаѓа во иста линија со другите две седишта. Затоа, пак, може да се искористи еден трик: Средното седиште се отстранува целосно и се остава дома или стои преклопено во багажникот, додека двете седишта се поместуваат за осум сантиметри повнатре и потоа се ужива во просторна понуда како во прва класа. Секако, врвната способност за трансформација не е единствената доблест на оваа Skoda.►
09/2010 51
Тема Десет најоригинални еко-индикатори
Kia Forte LPI Hybrid Кај корејскиот хибрид Forte, Kia ја користи симболиката на цветањето. Моделот е пристигнат и во Европа, но достапен е за тестирање само за потрошувачите со голем возен парк: Колку се вози поштедливо, толку повеќе листови добива растението Toyota Prius Пионерот на хибридниот погон користи електронски тренер за штедливо возење. На мониторот се прикажуваат посебни дијаграми на кои што се гледа ефикасноста на претходните етапи од возењето. Според инженерите, со следење на советите може да се заштедат до 15% Mercedes SLS-AMG Препораката за промена на степен на пренос во SLS AMG е повеќе ориентирана кон спортско возење отколку кон штедливост. Во мануелниот модус на менувачот постепено се палат седумте диоди при зголемувањето на вртежите и го потсетуваат возачот да посегне по палките зад воланот Mini Roadster Concept Наспроти бројачот на сончеви часови во кабриолетот, во студијата Roadster се користи еко-дисплеј. Преку него возачот дознава дали вози штедливо и дали степенот во менувачот одговара на брзината и на вртежите. Колку е поштедливо возењето, толку повеќе пеперутки летаат во дисплејот Honda Insight При особено штедливо возење се освојуваат поени, односно расте бројот на листови што се покажуваат на дисплејот. При брзо возење, листовите исчезнуваат и осветлувањето на брзиномерот се менува од зелено во сино. По повеќе илјади километри штедливо возење, на дисплејот се покажува победнички пехар 56 09/2010
рки томобилските ма Стратезите на ава со инструменти како ја открија таблат ведување на иновации: следно поле за вое играчки пред очи, возаСо електронскит аток дека вози особено чот стекнува впечбил штедлив автомо
И
нженерите имаат причина што толку многу се нервираат. Додека ги развиваат автомобилите се грижат за секој килограм од тежината и за секој грам гориво, со цел вредностите на просечната потрошувачка според нормираниот циклус да ги спуштат колку е можно пониско. Но, штом автомобилите се појават на улица, од штедливоста не останува многу. Вината за тоа не е во техниката, туку секогаш е во човекот кој што командува со воланот и со педалите. Автомобилите можат да претрпат најрадикални промени во кон-
за
струкцијата, да станат уште полесни и да го искористуваат горивото до последниот атом, но сé додека возачот не е заинтересиран да се вклучи во играта, шансите за намалување на потрошувачката остануваат минимални. На иста релација, возач кој што внимава на потрошувачката и возач кој што има единствена цел да стаса колку е можно побрзо до одредиштето можат да постигнат разлика до 30 проценти во потрошената количина гориво. Во последно време, во автомобилите се вградуваат најразлични системи за информирање и сигнали во кокпитот кои што треба да
Во многу автомобили се чувствуваме како во комјутерска игра – трепкаат шарени светилки, се отвораат цветови. Тоа нÈ мотивира да возиме поштедливо. Ова се десетте најоригинални помошници
BMW серија 3 Бројни возачи остануваат вџашени кога за прв пат ќе им се активира системот старт-стоп и мислат дека се работи за дефект. За спречување на забуната, во инструментите се прикажува соодветен симбол. Појасно од тоа не може да биде
Ford Fusion Hybrid Во програмираниот кокпит на хибридниот модел кој што се продава само во САД се гледа цела шума, но само доколку возачот постапува штедливо со погонот
Советници ење
штедливо воз ги стават работите под контрола. Преку убаво дизајнираните инструменти и интелигентните идеи индустријата сака да ги превоспита возачите со оловно стопало и да ги трансформира во примерни возачи со свест за животната средина. Сé е пуштено на штедење: Навигациските системи во иднина ќе ги подготвуваат возилата кога патот наидува на нагорнина или надолнина, а интелигентниот софтвер ќе го пресметува патот на кој што ќе се потроши најмалку гориво. Но, најголемиот дел од превоспитувањето се случува во кокпитот. Покрај симболите во форма
на стрелка, кои што веќе прераснаа во стандард и го покажуваат вистинскиот момент за промена на степен на пренос, во некои модели возачот добива совети точно за дадените услови на возење, но добива и награда за послушното следење на советите, во форма на цвет кој што се шири во инструментите. Со следење на советите од електрониката може да се постигне заштеда до 20 проценти. Во знак на поздравување на новиот вид на помошници во возењето ви ги претставуваме десетте најоригинални еко-инструменти од кокпитот на актуелните модели. �
Audi A5 За возачот да се обучи за штедливо возење, Audi разви програма за ефикасност во патниот компјутер. Таа дава јасни препораки за промена на степенот на пренос, но и совети за дадената ситуација. На пример, советува да се затвори сончевиот покрив или да ^ се префрли во празен од под 1300 вртежи BMW Active Hybrid X6 При возењето хибриден модел е корисно при сопирањето да се искористи максимално силата на инерцијата и да се претвори во електрична енергија. Тука е од помош синиот инструмент во бројачот на вртежи, на кого што се следи наполнетоста на батериите Foliatec Shift-Light Специјалистот за прибор нуди можност за дополнително вградување на индикатор за промена на степен на пренос. Светилката се поставува за само неколку минути во видното поле на возачот и се напојува преку приклучокот со 12 волти во кокпитот 09/2010 57
Тема Автомобили без наследници
Г
олема штета е тоа што не постои заштита од изумирање на загрозените и оригинални видови на автомобили. Во услови на силна конкуренција на пазарот преживуваат само најсилните типови. Уникатните автомобилски концепти кои што не успеваат да ги убедат купувачите си ги пакуваат своите куфери и засекогаш ги напуштаат производствените хали. Во последните години голем број оригинални автомобили нé напуштија засекогаш. Сепак, тие заслужуваат да се присетиме на нивното постоење. Се сеќавате ли на Ford Streetka? Тоа беше оној малечок родстер на база на Ka, кој што се појави во 2002 година. Двоседот изгледаше привлечно и беше создаден за младите и за младите во срце. Но, Ford го згасна овој интересен автомобил по само четири години, затоа што во производствените хали на Pininfarina мораше да се ослободи простор за новиот Focus CC.
Се сеќавате на Audi A2, Chrysler PT Cruiser, Lancia Thesis? За жал, не постои заштита од изумирање на оригиналните, но неуспешни модели. Овие автомобили, сепак, ќе ни недостигаат
Уште еден родстер доживеа слична судбина - Honda S2000. Техничкиот бисер веќе една година не е во понудата на Јапонците. Исто толку време мина и откако е произведен последниот примерок од Lancia Thesis, која што со дизајнот претставуваше еден вид скулптура на тркала. Наследникот на Kappa не успеа да одушеви доволно купувачи, поради што Lancia реши да се откаже од вишата класа. Иднината на моделот засега се сведува само на шпекулации: Новиот сопственик на Chrysler,
58 09/2010
166 голема Alfa се произведуваAlfa и од Последната на, со мотор
Премногу ориги
Овие типови
е до 2007 годи ше од 1998 на овој модел КС. Дизајнот ен 0 ш 24 не де до а, 6 лв 13 Си от Валтер де дело на славни во Volkswagen. Најсилниот от јн ијанска лишеф на диза ментната итал ра пе м те во мотор е 240 КС музина имаш
Audi A2
Иновативниот конце пт со алуминиумска каросерија и врвнио т квалитет беа недо волни да ги убедат куп увачите. Поради сла бата продажба, Audi го прекина производс твото на A2 по само 5 години. Наследнико т се планира дури за 20 13 година
Chevrolet HHR Моделот во ретро-стил не мина славно на европскиот пазар. Од тукашната премиера во 2007 година мораше да биде повлечен по само две години. Причина за слабата продажба беше и незаситниот мотор од 2,4 литри со 170 КС
Chrysler Viper
Тип на автомобил што не знае да за доста. Отровниот Viper е современа интерпретација на класичните американски моќници на тркала од 1960-те години: Десетцилиндарец од 8,4 литри, 600 КС, преку 300 km/h. Новиот сопственик Fiat планира суперспортски модел дури за 2012 година
италијанската групација Fiat, за следната година подготвува наследник на 300C, чија што платформа ќе се користи и за големата лимузина на Lancia. Кус живот имаше и Chevrolet HHR. Ретромобилот се појави во Европа во 2007 година, со каросерија во стил на моделот Suburban од 1949 година. Купувачите ►
Fiat Barchetta
родстер Оригинално дизајнираниот рмата на Punto тфо пла врз н ира баз е беш модел на Fiat со и ќе го помниме како прв вање на венаву мотор со варијабилно упр ар и 131 КС, лит 1,8 од т оро тилите. Со мот алк пом у од девет Barchetta забрзуваше за Производството . 100 по секунди до тем престана во 2005 година
Chrysler Crossf
ire
Американецот со пр епознатлива каросе риска форма, но со техника од Mercede s SLK и мотори од 21 8 до 335 КС беше пр ескап за европските куп увачи
Ford Streetka
Младешкиот родстер на база на Ka се појави во 2002, но Ford го замени неговото место со поголемиот Focus CC. Streetka се произведуваше во Pininfarina, во Италија. Убавицата Кајли Миног одигра значајна улога во промовирањето на минимобилот
инални да се повторат
и исчезнаа од улиците Honda S2000 Chrysler PT
Cruiser
На почетокот привлече голе изгледот, но откако спласн м интерес со а од то се покажаа недостатоцит ушевувањее: Некултивир ни мотори и ло ашо подвозје
Спортскиот двосед замина во историјата во 2009 година. Дволитарскиот мотор со VTEC развиваше 240 КС – без натполнење, само преку концептот со високи вртежи. Моторот тера до 9000 вртежи. Денес, куќата е повеќе ориентирана кон хибридниот погон
Jaguar X-Type
Jaguar со техника од Ford Mondeo и со погон напред? X-Type направи вистинска револуција за марката: Се нудеше и со дизелски мотори, како и во комби-изведба. Евтиниот модел престана да се произведува во 2009
Fiat Multipla
Првата генерација се појави во 1999 и го шокираше светот со својот изглед. На должина од 4 метри, ванот нудеше место за 6 патници и голем багажник – трикот: 3 седишта во еден ред. Во 2008 година Fiat го прекина производството
Mercedes Vaneo
Моделот што требаше да им конкурира на Berlingo, Partner и Kangoo издржа само четири години на пазарот. Високата цена и силната конкуренција не му оставија шанси на мултинаменскиот модел со сребрена ѕвезда
Lancia Thesis
Наследникот на Kappa се појави во 2002 година, со невообичаени дизајнерски решенија. Поради слабиот успех на моделот, Lancia го прекина производството во 2009 година и засега не планира наследник
09/2010 59
Мотоцикли Тест на скутери со погон на струја
Вози но не оди далеку
С
кутерите со погон на струја се тивки и не смрдат, но повеќето од нив се преслаби. Два модела го завршија тестирањето по само дваесет километри. Подобрите скутери возат и до 60 километри, но и тоа не е доволно за излети подалеку од градот. За полнење на испразнетите батерии често пати е потребно премногу време, во најлошиот случај дури и до 12 часови. Огромен пропуст: Кај два модела воопшто не е предвиден простор за сместување на полначот за струја. Скутерите со две седишта генерално поседуваат значително помоќен погон во споредба со верзиите со едно седиште и сите освоија добри оцени на тестирањето, со исклучок на Solar-Scooter. Покрај тоа, едноседите имаат недоволен капацитет на батериите и послаби мотори во тркалата. Во безбедноста води E-Max. Тој сопира одлично и со силното светло е далеку пред конкурентите. Овој скутер се одликува и со пријатно седење, со звучен индикатор за трепкачите и со прегледни ин-
Седум скутери со погон на струја се најдоа на тест во клубот ADAC: Слабите батерии го расипуваат уживањето и пребрзо ја губат енергијата
струменти. Оттука не зачудува тоа што се работи за најскапиот скутер на тестот. Поради тоа, EMax пропушти да се пласира на првото место. Губитникот на тестот е Elbike. Едноседот не успеа да се докаже во ниту еден од критериумите на тестот. Единствената предност се евтините резервни делови. Комфорот на Elbike е просечен, но безбедноста е недоволна. Овој електричен скутер покажа и проблеми при искачување по нагорнина. Слабост на рид покажа и E-Mo: Електроскутерот со тешки маки се искачи по нагорнината од 18 проценти. Дополнителна сила се доби со вклучувањето на копчето Power, но тоа значително ја зголеми потрошувачката на струја. Во поглед на квалитетот и изработ-
62 09/2010
Тест на седум електроскутери
e-sprit Silenzio
InnoScooter EM 2500-Lithium
2295
3690
e-max 90 S
Kreidler RMC-E Hiker 50 Amaze
Solar-Scooter SC-25
E-ton E-Mo
2995
2199
1590
1699
Двоседи Цена (во евра)
Elbike 01 Modell 2010 Едноседи 1780
Комфор
3,0
3,0
2,7
2,9
3,3
3,1
3,3
Безбедност
2,8
2,6
2,0
2,5
2,8
2,9
3,6
Ракување и возни својства
3,0
2,5
2,6
2,8
3,2
3,2
3,5
Погон
1,3
2,0
2,2
2,1
2,6
4,0
4,2
Трошоци
3,6
3,1
4,1
3,6
2,8
2,3
2,5
Оцена
2,4
2,5
2,6
2,6
2,9
3,3
3,6
Гранични оцени: 0,1-1,5 (многу добро) 1,6-2,5 (добро) 2,6-3,5 (задоволително) 3,6-4,5 (доволно) 4,6-5,5 (недоволно)
Победниците и губитниците на тестот на електроскутери Elbike 01 Modell 2010
Најлошиот скутер на тестот. Едноставната конструкција влијае врз издржливоста, безбедноста и возните својства. Слаба опрема, недостасува дури и километража. Резервните делови се евтини, но досегот од 17,9 km и слабоста при искачување се неприфатливи.
Техника: Електромотор од 750 вати. Енергијата ја дава батерија од 14 Ah. Производителот ветува автономија од 50 km при брзина од 45 km/h Оцени: Тежина: Само 64 kg • Може да се понесе акумулатор (тежи 18 kg) • Тивок полнач мал досег од 17,9 km • слабост при искачување • нема преграда за шлем • слабо забрзување и сопирање • некои делови се оштетуваат лесно тропа на нерамна подлога • немирно возење поради небалансирани тркала нема километража • слабо осветлување, без долго светло • слаба амортизација
e-sprit Silenzio
Најсилниот скутер. Поради брзината, најголемиот досег и високата просечна брзина, овој електроскутер е на победничкиот пиедестал. Просечен комфор и возни својства, како и пропусти во изработката малку ја расипуваат оцената.
Техника: Електромотор од 2000 вати. Батеријата е составена од 16 литиум-јонско-фосфатни ќелии од 40 Ah. Производителот декларира досег од 60 km при брзина од 45 km/h Оцени: Најголем досег на тестот, со 70 km • Стандардно опремен со куфер •Најдобра просечна брзина • Најдобри својства на студ •Едноставно ракување со потпирачите колебање при константно возење со брзина помала од максималната • пропусти во изработката, односно во монтажата на електрониката • гласен полнач • предното крило фаќа на гумата при сопирање • просечно седење за повисоки возачи ката разочараа слабата вилушка и моноамортизерот напред. Досегот се мереше на пробна рампа при температури од 22 и нула степени Целзиусови. Silenzio esprit и Inoscooter EM 2500 постигнаа досег од 70 километри при 22 степени. Десет километри помалку издржаа E-max 90S и Kreidler RMC-E Hiker 50 Amaze. Најмал досег од двоседите постигна SolarScooter SC-25 со 55 километри. Скутерите со едно седиште имаат неспоредливо помала автономија: При исти услови, E-Mo постигна само 21 километар, додека Elbike само 18 километри. При нула степени, кај некои модели значително се намали досегот. Покрај тоа, литиум-јонските батерии на E-Mo и InnoScooter се почувствителни на ниски темпе-
ратури. Зачудува тоа што ниту еден од електроскутерите не е опремен со индикатор на досегот. Брзото полнење на акумулаторите сé уште е музика од иднината. За полнење на батериите на InnoScooter му се потребни девет, додека на Solar-Scooter дури 12 часови. Полнењето трае покусо кај E-Mo и кај e-sprit, со три, односно 4,5 часови. Можност за понесување дополнителна батерија нудат само E-Mo, InnoScooter и Elbike. Кај последниот скутер, батеријата тежи 18 килограми. Особено внимание е потребно кај e-sprit и Elbike. Приклучоците на полначите се опремени со спојки кои што често се користат кај уредите со 220 волти. Мешањето на овие спојки може да има фатални последици. �
InnoScooter EM 2500 Lithium
Со 70 km, втор најголем досег на тестирањето. Литиумската батерија се вади и полначот работи мошне тивко. Скутерот е премал за повисоки возачи, но опремен е со поквалитетни амортизери и со подобри приклучоци за полнење од неговиот пандан од Solar-Scooter. Секако, и цената е повисока.
Техника: Електромотор од 3000 вати. Литиум-полимерна батерија од 40 Ah. При умерена брзина е можна автономија до 100 километри. Оцени: Добри сопирачки • Квалитетен заден амортизер • Релативно лесен, само 86 kg • Тивок полнач • Просечен досег 70 km • Батеријата се вади (тежи 16 kg) • Доволна моќ за искачување најскап електроскутер на тестот • некои делови тропаат на нерамен пат • слаб комфор за повисоки возачи • лош индикатор за вклучени трепкачи • лошо ракување со страничниот потпирач
Мотоспорт Формула 1 • ГН Белгија
победа и водство за В
ременските услови не можат да се нарачаат. Како што предвидуваа метеоролозите, во СпаФранкоршамп се случија три силни плисоци, а како дополнителен зачин следуваа и две појавувања на безбедносното возило на патеката. Како резултат од сето тоа, во последниот викенд од август имавме возбудлива трка во Белгија. Луис Хамилтон си ја обезбеди победата по 44 кругови на патеката долга седум километри. Со овој успех, Британецот го презеде и водството во шампионатот, но во исто време ја исправи и неправдата од 2008 година, кога прв ја мина целната линија, но по трката беше вратен две места пониско. „Пресреќен сум. Големо достигување е да се победи на ваков викенд, затоа што ваквите трки секогаш се лотарија“, изјави поранешниот шампион. Хамилтон стартуваше од вто-
74 09/2010
Луис Хамилтон
Три плисоци и две фази со безбедносно возило. Тоа беа совршени услови за вообичаениот хаос во Спа да биде уште поголем. На крај, Хамилтон триумфираше пред Вебер и Кубица рото место и веднаш го презеде водството, затоа што Марк Вебер не се снајде најдобро во првите метри од трката. „Уште на загревањето забележав дека нешто не е во ред со спојката“, смета пилотот на Red Bull, кој што на почетокот падна дури на седмото место, но по маш-
Резултати од трката Поз.
Бр.
Возач
Тим
Круг
Време
Заостаток
Брзина
1
2
Л. Хамилтон
McLaren
44
1:29:04.268
-
207,510
2
6
M. Вебер
Red Bull
44
+0:01.571
207,449
3
11
Р. Кубица
Renault
44
+0:03.493
207,374
4
7
Ф. Mаса
Ferrari
44
+0:08.264
207,189
5
14
A. Зутил
Force India
44
+0:09.094
207,157
6
4
Н. Розберг
Mercedes
44
+0:12.359
207,031
7
3
M. Шумахер
Mercedes
44
+0:15.548
206,908
8
23
K. Kобајаши
Sauber
44
+0:16.678
206,864
9
12
В. Петров
Renault
44
+0:23.851
206,588
10
15
В. Лиуци
Force India
44
+0:34.831
206,166
11
22
П. де ла Роса
Sauber
44
+0:36.019
206,120
12
16
С. Буеми
Toro Rosso
44
+0:39.895
205,972
13
17
Х. Алгуерсуари
Toro Rosso
44
+0:49.457
205,607
14
10
Н. Хилкенберг
Williams
43
+1 круг
201,998
15
5
С. Фетел
Red Bull
43
+1 круг
201,814
16
19
Х. Koвалаинен
Lotus
43
+1 круг
201,275
17
25
Л. де Граси
Virgin
43
+1 круг
201,208
18
24
T. Глок
Virgin
43
+1 круг
200,986
19
18
J. Tрули
Lotus
43
+1 круг
200,444
Бодови
Бахраин
Австралија
Малезија
Кина
Шпанија
Монако
Турција
Канада
Валенсија
Англија
Германија
Унгарија
Белгија
1.
Л. Хамилтон
182
15
8
8
18
-
10
25
25
18
18
12
A
25
2.
M. Вебер
179
4
2
18
4
25
25
15
10
A
25
8
25
18
3.
С. Фетел
151
12
A
25
8
15
18
A
12
25
6
15
15
-
4.
Џ. Батон
147
6
25
4
25
10
A
18
18
15
12
10
4
A
5.
Ф. Aлонсо
141
25
12
-
12
18
8
4
15
4
-
25
18
A
6.
Ф. Maса
109
18
15
6
2
8
12
6
-
-
-
18
12
12
7.
Р. Kубица
104
-
18
12
10
4
15
8
6
10
A
6
A
15
8.
Н. Розберг
102
10
10
15
15
-
6
10
8
1
15
4
A
8
9.
A. Зутил
45
-
A
10
-
6
4
2
1
8
4
-
A
10
10.
M. Шумахер
44
8
1
A
1
12
-
12
-
-
2
2
-
6
11.
Р. Барикело
30
1
4
-
-
2
A
-
-
12
10
-
1
A
12.
K. Kобајаши
21
A
A
A
A
-
A
1
A
6
8
-
2
4
13.
В. Петров
19
A
A
A
6
-
-
-
-
-
-
1
10
2
14.
В. Лиуци
13
2
6
A
A
-
2
-
2
-
-
-
-
1
15.
Н. Хилкенберг
10
-
A
1
-
-
A
-
-
A
1
-
8
-
16.
С. Буеми
7
-
A
-
A
A
1
-
4
2
-
A
-
-
17.
П. де ла Роса
6
A
-
S
A
A
A
-
A
-
A
-
6
-
18.
Х. Алгуерсуари
3
-
-
2
-
1
-
-
-
-
A
-
A
-
19.
Х. Kовалаинен
0
-
-
A
-
S
A
A
-
A
-
A
-
-
20.
K. Чандхок
0
A
-
-
-
A
-
-
-
-
-
21.
Л. ди Граси
0
A
A
-
A
-
A
-
-
-
A
A
-
-
22.
J. Tрули
0
-
S
-
A
-
-
A
A
-
-
A
-
-
23.
Б. Сена
0
A
A
-
-
A
A
A
A
-
-
-
A
24.
T. Глок
0
A
A
A
S
-
A
-
A
-
-
-
-
Возач
Место
По возбудливата трка во Спа почна да се разбиструва изходот на шампионатот. Хамилтон и Вебер го зголемија своето водство во борбата за титулата пред Фетел, Батон и Алонсо
-
A Возачот не ја завршил трката - D Возачот е дисквалификуван - S Возачот не стартувал
Спа-Франкоршамп, Белгија Информации за условите на патеката Датум Температура Возачи Рекорд на трка Рек. квалиф.
29 август 2010 Време дождливо 14-16°C Влажност на воздух 24 Воздушен притисок 1:47.203 min Асфалт 1:45.994 min Ветер
ката трка со Адријан Зутил од тимот на Force India тој успеа да се пробие напред. Во тие моменти на небото веќе почнаа да се појавуваат знаци за првото од трите дождовни драми во неделното попладне. При сопирањето пред шиканата бас-стоп, Хамилтон задоцни со притискањето на педалот и почна да лизга со сликовите на подвлажнетата подлога. Но, истото им се случи и на Џенсон Батон, Роберт Кубица, Себастијан Фетел и на уште неколкумина. Најдоцна почна да сопира слаОткажувања Поз. Бр. 8
62-79% 965 mBar 17-19°C 3 m/s, југозапад
веникот Рубенс Барикело, кој удри силно во болидот на Фендандо Алонсо и не успеа да извози ниту еден круг на неговата тристота трка. „Не беше толку влажно кога се приближивме до Бланшимон. Но, кога соправ во свијокот, дефинитивно беше влажно и не можев да го избегнам судирот. Такви работи се случуваат“, објаснува Барикело. „Условите на возење беа потешки од вообичаено. Врне, потоа повторно се појавува сонце – тешко се приспособуваш на тоа. Никој не►
Возач Ф. Aлонсо
Тим Ferrari
-
1
Џ. Батон
McLaren
-
21
Б. Сена
HRT
-
9
Р. Барикело
Williams
Круг. 37
Брзина 174,483 Причина: Судир 15 208,760 Причина: Судир со Фетел 5 168,271 Причина: Оштетена суспензија 0 Причина: Судир со Алонсо
09/2010 75
Јубилеи 25 години BMW M3
T
олпа народ собрана на изложбениот простор на BMW на салонот во Франкфурт напнато чека да се подигне прекривката од најновиот продукт на Motorsport GmbH, кој што е фаќа темпо 100 за 6,7 секунди и со 200-те КС вози преку 230 km/h. Конечно, прекривката се подигнува и во таа 1985 година светот за првпат можеше да го види BMW М3. На новиот спортист јасно се воочуваа разликите со обичната Серија 3. Набабрените крила, масивните прагови остри како жилет, преден и заден браник со интегриран спојлер и големо крило што штрчи на модифицираниот капак од багажникот и поклонија лут лик на спортската тројка. М3 личеше дека бришка дури и кога стои и веднаш стана хит иако до пролетта 1986 можеше само да се гледа. Тогаш првите предпродук-
циски примероци пристигнаа за тестирање и ги отворија списоците за нарачки. Скроен за трка, М3 требаше да се произведе во најмалку 5.000 примероци заради хомологација според тогашните правила на FIA. Нарачките прштеа, на одговорните во Минхен им падна камен од срце и производството тргна. Меѓутоа клиентите кои се согласија да издвојат по 58.000 DM мораа да се вооружат со трпение и да чекаат уште цела година. Во BMW имаа поинаков план за првенецот. Пролетта 1987 првиот ешалон од 5.000 примероци се најде построен пред производните хали, да биде овековечен во групна фотографија. BMW M3 киниса на своето историско патешествие низ целиот свет и прерасна во легенда. Бесните перформанси беа долг на вриштечкиот четирицилиндарец
Идејата за создавање на врвен спортист во баварската одгледувачница на коњи М GmbH живее успешно цели 25 години. Овој значаен јубилеј е обележан низ четири генерации BMW M3 78 09/2010
со 200 КС брусен како дијамант, на напредното подвозје со електронски контролирани амортизери, на моќните сопирачки со ABS и на самоблокирачкиот диференцијал. Сите овие компоненти беа проверени и докажани на северниот круг на патеката Нирбургринг. М3 беше тркач без компромис подготвен од фабрика. Голем дел од продукцијата заврши кај тркачките тимови кои од 2,3-литарецот способен да се врти преку 10.000/ min извлекуваа повеќе од 300 КС и со него нижеа бројни победи. Меѓутоа времето на првата генерација на М3 полека изминуваше. По 4 години М3 беше спремен за наследник. Продукцијата сопре на крајот од 1991 со 17.970 произедени примероци. Втората генерација на М3 пристигна во 1992 година и со неа се смени филозофијата на бескомпромисен тркач. Новите времиња,
приликите на пазарот и желбите на купувачите кажуваа едно: Новиот М3 мора да биде покултивиран. Во Motorsport GmbH дури се откажаа и од радикалниот дизајн и создадоа волк во јагнешка кожа. Единствената разлика меѓу стандардната Серија 3 и М3 беа ретровизорите со две пречки кои останаа како знак на распознавање. Елегатното и софистицирано купе беше подготвено да изненади на патека, но и да понуди комфор. Под хауба предеше култивиран реден шестцилиндарец од три литри со 286 КС кој благодарение на варијабилното управување со вшмукувачките вентили Vanos стана светски шампион со вртежниот момент од 320 Nm при ниски 3600/min. Тогаш ниту еден друг атмосферски бензинец не можеше да понуди толку висок вртежен момент при толку ниски вртежи. Неговото фино избалансирано
технич
Легендата за вриштечкиот четирицилиндарец Приказната за настанокот на М3 се испреплетува околу неговиот мотор. Легендата вели дека тогашниот шеф на BMW, Еберхард Кунхајм, при една посета на Motorsport GmbH му нафрлил на директорот Пол Роше: „Потребен ни е спортски мотор за Серијата 3”. Роше со одушевување ја дочекал нарачката. Конструкторот на славниот мотор турбомотор од 1,5 литри со 1500 КС во Brabham BMW со кого што Нелсон Пике во 1983 ја освои титулата во Ф1 за основа го земал истиот блок и го избушил на 2,3 литри. Ја скусил главата од моторот на М1, ја поставил врз модификуваниот блок и за само две седмици го добил моторот со кодна ознака S14. Роше го отфрлил дволитарскиот шестцилиндарец. Неговото долго коленесто вратило почнувало да вибрира многу порано од кусото вратило на четирицилиндарецот. Четирицилиндарецот имал помала тежина и повисок вртежен момент, што е идеално за спортски мотор. Тимот на Роше конструирал коленесто вратило толку цврсто што без проблем се достигнувале и преку 10000/min, а сето тоа на радост на тркачите, но и на купувачите. Моторот во М3 се откажува од турбонатполнењето во екот на турбо ерата и остварува 200 КС при 6750/min и вртежен момент од 240 Nm при 4750/min. Преку својата моќност и издржливост, овој мотор стекнува планетарна слава.
подвозје кое исто како и на претходникот беше дотерувано на Нирбургринг му овозможи да оствари странично забрзување во свијок од 1 g. За сопирање од 100 му требаа само 35 m или 2,8 сек., додека од 200 - помалку од 6 секунди. Во 1994 беше претставен кабриолет М3, а за првпат и лимузина со четири врати. Истата година спортскиот отсек на BMW го промени името во М GmbH и најави повеќе коњски сили во М3. Новиот мотор пристигна во 1995 година. Зафатнината порасна на 3201 сm3, моторот доби Vanos и за издувните вентили, остваруваше 321 КС и вртежен момент од 350 Nm при уште пониски 3200/min. Со него во 1997 година дојде на свет и првиот секвенцијален менувач SMG вграден во сериски автомобил, способен да ги менува степените за 250 милисекунди. Иако на почетокот беше проследен со скептицизам, новиот менувач се покажа
како полн погодок. До крајот на продукцијата на втората генерација во 1999 секој втор модел на М3 беше опремен со SMG. Меѓутоа на крајот од милениумот и тој беше зрел за наследник. Времињата повторно се сменија. Со почетокот на новиот милениум во 2000 година пристигна третата генерација на М3 која што со агресивниот лик им се врати на корените. Крилата повторно набабреа, предниот браник доби големи отвори за воздух, хаубата грпка, а одзади штрчеа четири издувни цевки. Лимузинската верзија беше исклучена од понудата. Новиот мотор ја зголеми зафатнината за само 45 cm3, на 3246 cm3, но затоа моќта порасна на 343 КС при 7900/min, а вртежниот момент на 365 Nm при високи 4900/min. Третиот М3 ги подигна возните карактеристики на уште повисоко рамниште благодарение на првиот варијабилен самоблокирачки диференцијал и на►
четвртина век
чко совршенство
09/2010 79
Против досада Шаторски камп-приколки од Jeep
А
кампување на диво
ко се гледа само функционалноста, шаторските приколки за терен воопшто не се разликуваат од класичните приколки што до пред неколку децении беа продажен хит на нашиот пазар. Доколку по некоја случајност не знаете за што се работи, тоа се приколките од типот на велешкиот Брако. Шаторските приколки што ги нуди Jeep се исто така компактни во своите димензии и врз нивната носечка платформа е спакуван релативно голем шатор, кој што се поставува мошне едноставно. Тоа е еден вид шатор на тркала. Прво се чини дека се работи за изум со ограничена функционалност, но во основата овие шаторски приколки се генијална идеја. Затоа е мошне вредна и идејата од шаторската приколка да се изведе теренска варијанта. Со приколките кои што ги нуди американскиот специјалист за теренци Jeep, кампувањето во дивината речиси и не знае за ограничувања. Големо е задоволството кога ќе наидете на прекрасна природа, со возбудлива глетка, а да знаете дека не мора веднаш да
Сте слушнале за теренска шаторприколка? Звучи откачено, но се работи за мошне умна идеја која што отвора сосема нови можности при излет во дивината. Jeep нуди два такви модела
Следниот број на магазинот Auto Focus излегува на 15 октомври 2010
82 09/2010
се вратите назад, заради преспивање. Jeep ја нуди теренската приколка во две изведби: Trail, за излети на терен со просечна тежина, и Extreme Trail, за уживање во најтешко достапните терени. Екстремната изведба поседува поголеми тркала и оттаму про-
излегува поголемото растојание од подлогата од 38 сантиметри. Обичната изведба е крената од земјата осум сантиметри помалку. Покрај тоа, подот на Extreme Trail е обложен со дебела ламаринена плоча, за заштита на подвозјето од оштетувања. Заедничка за двете верзии на шаторската приколка е големата приспособливост. Покрај двојниот лежај, се добива и преклоплива софа за уште двајца. Склопливата масичка и ладилникот со напојување од 12 волти го прават престојот уште покомфорен. Тоа е сé што е потребно, затоа што тука не се работи за луксузни приколки качени на големи тркала, туку за згодна можност за бегство од цивилизацијата, која што нуди пристојна заштита од ветер и студ. Заради ова ќе зажалиме што Брако повеќе не произведува шаторски приколки: Цената на овие мошне интересни приколки на Jeep изнесува 10.000 евра. �