Број 38 • октомври 2010
opel astra GTC Renault Jagua DeZir r C-X75
ГОЛЕМА
ФРАНЦУСКА РЕВОЛУЦИЈА
од презентацијата во шведска
поголем golf од
оригиналот
фејслифт на
вистинската BMW X1 FORD MONDEO г о лемина н прво возење а серијат а1 TECT
CITROEN C4 РЕЛИ-КРОС ВО ДОЈРАН Со скок до победа
октомври 2010 90 ДЕНАРИ
9 771857 569002
38
Број 38 • Октомври 2010
Отсвири ми една автомобилска Дарко Јаконов Главен уредник darko.jakonov@autofocus.com.mk
По традиција, октомври е голем месец за автомобилските ентузијасти, кога вниманието речиси рефлексно ни се насочува кон Париз или Франкфурт. Во секоја парна година, француската престолнина ја има честа да му ги претстави на светот најновите модели и достигнувања на браншата на четири тркала, додека во непарните години е редот на германскиот центар на финансиите. Но, во оваа година, на големиот светски настан успеаја да му парираат неколку домашни случувања. Најважното меѓу нив е секако новото уживање при возењето по булеварот Илинденска во Скопје. Ефектот од најголемиот зафат во регулирањето на сообраќајниот проток во градот во последната деценија е непроценлив. Турканицата исчезна комплетно, уште две крстосници на оваа магистрала од витално значење за градот добија семафори, непристојниот чин што некои возачи си го дозволуваа да завртат в лево, сега е забранет на дел од крстосниците. Веќе треба да се размислува на овој чин да му се оддаде заслужената почит: Булеварот Илинденска мора да се прогласи за државен празник! Вистинска среќа за нас претставува тоа што проширувањето на постоечките градски магистрали можеме да го доживееме со толкава еуфорија. Со три милиони евра за два километра улица, возењето во градот доби нов, неспоредливо повисок квалитет. Изградбата на булеварот траеше седум месеци, односно околу двесте денови. Импресивна е ефикасноста во реализацијата на капиталниот проект: Во просек, булеварот растеше во должина по десетина метри секој ден. Но, зошто среќа? Затоа што големите европски градови мораат да измислуваат комплетно нови правци, да вкрстуваат патишта на неколку висини и длабини, да применуваат кружен сообраќај на сите точки каде што експертите ќе проценат дека тоа е неопходно за брз и непречен ток на сообраќајот и да ја следат ситуацијата на улиците од скапи и технолошки напредни центри за контрола на движењето на возилата, па уште и да внимаваат жителите да не бидат премногу оптоварени со бучавата од сообраќајот. Такви проекти чинат стотици милиони евра, вклучуваат изградба на десетици километри патишта и мора да се завршат за неколку месеци. Вистински благодат за нас претставува тоа што сме ослободени од тортурата на градење на европски и модерни крстосници. Некои цивилизации едноставно не се задоволуваат со малку. Овој проект што несомнено ќе влезе во историјата на градот, за жал, остави траги врз нашите манири зад воланот, кои што ќе мораат на некој начин да се коригираат во догледен период. Поради одбивањето да се приспособат на привремениот
сообраќаен режим за време на изградбата на Илинденска, скопските возачи развија рефлекс да посегнуваат по сирената на возилото на секоја крстосница и во секоја ситуација кога ќе почувствуваат дека нивната вродена динамика на пробивање низ сообраќајот е попречена. Стекнатата вештина да се притиска гневно врз сирената на возилото остана и по завршувањето на булеварот. Таа продолжува да се практикува со непроменет интензитет на секоја крстосница. Во секоја ситуација кога првиот во колоната чека возачки коректно да се ослободи правецот со предимство, нетрпеливите возачи свират одзади, порачувајќи дека тие веќе одамна би поминале на крстосницата. Мора да се земе во предвид и фактот што значаен удел во последниот еволутивен степен на вештината на свирење има и променетиот возен парк. Со увезените бугарски автомобили, најчесто со ѕвезда или пропелер во маската, многумина почнаа да се чувствуваат компетентни да го наметнат правилото на предимство на посилниот. Но, повторно е наша неизмерна среќа тоа што автомобилите имаат вградено сирена. Што ќе се случеше доколку место комфорно притискање врз сирената од возачкото седиште, за ефикасно манифестирање на незадоволството од сообраќајот во градот, возачите мораа да излегуваат од возилата и да ги соопштуваат нивните пораки во говорна форма? Доколку свирењето е доволно долго, неретко се постигнува и ефектот на стисната тупаница. Тоа е веќе напредок. Малкумина уживаат во новата звучна кулиса на улиците. Но, лек постои: Во секој автомобил да се вгради систем што ќе го бележи притискањето на сирената. При регистрирањето на возилото, покрај техничкиот преглед и осигурувањето, ќе се плати и давачка за користење на сирената. Надлежните служби нека имаат целосна слобода во одредувањето на висината на давачката. Последниот настан што го одбележува октомври е негодувањето на дел од сопствениците на возила со бугарски таблички од конечното подигнување на забраната за влез во Македонија. Дел од сопствениците на овие возила се жалат дека давачките за пререгистрирање се превисоки. Големи лимузини гледавме како возат по улиците со туѓи таблички. Толку е логично: Голема лимузина - големи и давачките. Но, ниту купувачите на нови автомобили не се поштедени од ова правило и плаќаат акциза соодветно на вредноста на нивните возила. Тука негодувањата се многу потивки. Нашите дедовци биле многу мудри кога кажале: Пушти си ги нозете колку што ти е долга чергата! Но, некои забораваат да ги почитуваат овие мудрости.
Интензивното користење на сирената е последниот еволутивен степен во нашето возење. Музиката не им годи на сите. Решение: Регистрирање и наплаќање на секое посегнување по сирената
10/2010 3
СОДРЖИНА Број 38 • Октомври 2010 НОВИТЕТИ
24
ТРИО СО ПОГОН НА СТРУЈА • Mitsubishi i-MiEV, Citroen C-Zero, Peugeot iOn Другите нека продолжат со празни најави: Овие електромобили веќе можат да се купат
28
Nissan Micra Новата генерација го освои светот: Примероците за Европа ќе доаѓаат од Индија
TEMA
18
САЛОН ВО ПАРИЗ Тука се гледа новата мода на автомобилската сцена: Некои марки буквално шокираат
52
Хотел V8 во Штутгарт Рај за луѓе што не сакаат да излезат од автомобил ниту за спиење или туширање
54
Најјаките модели на марките Сите марки имаат модел на кој што се гордеат особено: Dacia и Lada не се исклучок
60
САЛОН ЗА КАМПУВАЊЕ Во Диселдорф празнуваат луѓето што сакаат својот дом да го носат секаде со себе
78
TOYOTA CELICA ПРОСЛАВУВА 40 ГОДИНИ
82
КРОС РЕЛИ ДОЈРАН 2010
28
Малечкиот автомобил што претставуваше синоним за технологија и инженерска мајсторија сега се интересира само за продажни бројки
78
Toyota веќе уживаше углед на квалитетна и вредна марка. Тогаш љубителите посакаа спортски автомобил, но со сите квалитети на марката
54
Секоја марка има во понудата модел со најмногу коњски сили. Вредностите се различни: Некаде максимумот е 100, некаде 1200 коњски сили
Со овој автомобил Јапонците му покажаа на светот дека умеат да прават и коли со душа
Се` е традиција на ова рели, и возбудата и атрактивноста. Само локацијата се промени
ТЕСТ И ТЕХНИКА
6
ПРВО ВОЗЕЊЕ CITROEN C4 Екставаганцијата во дизајнот и техниката повеќе не важи. Сега е на цена квалитетот
12
ПРВО ВОЗЕЊЕ FORD MONDEO Тој го послужува најдоброто што го умеат во Ford: Со фејслифтот, уште подобро
34
ТЕСТ BMW X1 xDrive18d Кросоверот од серијата 1 ја има вистинската големина: Сепак, xDrive е мамката
40
ТЕСТ CITROEN DS3 VTi120 Имиџот бара врвни перформанси, иако целната група ретко ќе ги користи. Штета
46
ТЕСТ HYUNDAI ix35 2.0 CRDi Dynamic 4WD Во оваа марка порано се купуваше само ниска цена и многу опрема. Сега се добива се`
58
ТЕХНИКА • НОВИ СИСТЕМИ ЗА РАКУВАЊЕ Дисплеите што реагираат на допир и се приспособуваат по желба се иднината во кокпитот
НА ДВЕ ТРКАЛА
64
МОТОЦИКЛИ • Новитети од Moto Guzzi и Aprilia Италијанците им парираат на јапонските тркачи: Тука се ужива во возењето
MOTOСПОРТ
76
ФОРМУЛА 1 • Трка за Големата награда на Сингапур Една трка - тројца победници: Битката за водството во првенството се заострува
ОСТАНАТО 30 Вести 66 Импресум 68 ЦЕНОВНИК 66 Ваши писма Автомобили во овој број 34 24 6 40 12
BMW X1 xDrive18d Citroen C-Zero CITROEN C4 CITROEN DS3 VTi120 FORD MONDEO
46 24 28 24 78
HYUNDAI ix35 2.0 CRDi Mitsubishi i-MiEV Nissan Micra Peugeot iOn TOYOTA CELICA
ВОЗЕВМЕ Citroen C4
Кротител на ветриштата
Auto Focus на презентацијата на Citroen C4, во Малме, Шведска
Еден е моделот што треба да се победи во компакт класата. Со откажувањето од технолошката екстраваганција и посветеноста во комфорот и квалитетот, C4 силно му се спротивставува на Golf 6 10/2010
Само по носот се препознава дека ова е Citroen. Се друго е ново за марката, а тоа значи, класично
ЦЕНА НА МОДЕЛИ ВО ФРАНЦИЈА
НИ СЕ ДОПАЃА Комфорно и тивко подвозје Напредна технологија Впечатлив квалитет
НЕ НИ ПРЕЧИ Напуштањето на екстраваганцијата: Подобро е кога марката се препознава по комфор и по квалитетна изработка
НЕ НИ СЕ ДОПАЃА Напредната опрема се нуди само во најскапите модели Роботизираниот менувач има големи паузи при менувањето
Куполестиот покрив го нема, а патниците назад ќе бидат среќни за тоа: Доволно простор за глава
О
громна енигма се провлече откако Citroёn ни испрати покана за презентацијата на новиот C4 во Малме. Зошто Французите избрале првото претставување на нивниот стратешки модел пред стручната јавност да се случи токму во Шведска, во земјата на Викинзите, на Алфред Нобел и на Ikea? Организаторите дадоа само бледо VTi 95 Attraction . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . објаснување за време на кон16990 VTi 120 Attraction . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . ференцијата за печат, повр18490 зано со вискококатницата во VTi 120 Comfort . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 20290 која што се одржа истата и која VTi 120 Comfort . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 2 1490 што до своите 200 метри во (автоматик, продажба од прв квартал 2011) висина е завртена како сврVTi 120 Exclusive . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 22690 дел: Во изградбата на Turning THP 155 Exclusive . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . Torso се користени исклучиво 24740 HDi 90 Attraction . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . материјали и енергија од об19990 HDi 90 Comfort . . . . . . . . . . . . . . . . . . . новливи извори, а Citroen се . . . . . .21790 потрудил производството на HDi 90 Exclusive . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .24190 новиот С4 да го изведе во слиHDi 110 Attraction . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 20990 чен манир. Веродостојноста на HDi 110 Comfort . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .22790 ова објаснување падна во вода HDi 110 Exclusive . . . . . . . . . . . . . . . . . откако во приватен разговор, . . . . . .25190 e-HDi 110 Comfort . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . сопственикот на конферен23790 циската сала во објектот, инаe-HDi 110 Exclusive . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 26190 ку Швеѓанец со српско потеHDi 150 Exclusive . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .26990 кло, откри дека шест месеци преговарал со Французите за неговиот простор да биде избран ката се потврди и со изјавата на за големиот настан. Томас д'Оси, шеф на моделската Тогаш мора да постои некоја дру- палета на Citroen: „Денес открига причина, а Citroёn не сака да ваме комплетно нов Citroen C4, ја објави толку отворено. Дали преработен од темел. Со истиот врската можеби е во ветриштата стремеж како кај Citroen C3 и C5, кои што постојано фучат на овие секогаш да се отиде чекор подапростори? Во тој случај, един- леку, да се предизвика ново изнествената автомобилска марка надување.“ Ниту збор за претходшто се поврзува со ветриштата е ната генерација на моделот, кој Volkswagen. Тука веќе се наѕира што со канонадата од иновации ја некоја симболика. Citroen сака да преврте преку глава тогаш зачмаги стави под контрола ветришта- ената компакт класа. Овој C4 воопшто не личи на онаа комбилимузина Технички податоци CITROEN C4 THP 155 со покрив во форма на Мотор 4 цилиндри, 16 вентили, вариј свод која што до скоро абилна фаза на брегасто вратило за вшмукувачки венти ја имавме во салоните. ли, 1598 cm3, 156 КС при 6000/min, 240 Nm при 1400/min Место тоа имаме каросеПогон и пренос На предните тркала, роботизиран рија во класична форма, мануелен менувач со шест степени Подв озје Мекпомалку впечатлива со ферсон напред, еластична траверза со надолжни својата екстраваганција, водилки назад, електрохидраулично сервоуправување, 2,9 вртежи меѓу крајните полож отколку со квалитетот би, гуми 205/55 R 16, диск-сопирачки 302 х 26 на изработка. Тесните mm напред, 268 х 12 mm назад Димензии и тежи зјаеви и отсуството на ни 4329 х 1789 х 1489 mm, меѓуоскино растојание видливи споеви на по2608 mm, багажник 408/1183 L, празно возило 1275 kg, дозкривот со страниците на волена тежина 1805 kg, резервоар 60 L Перфоркаросеријата веќе сигурманси 214 km/h, 0-100 km/h за 9,6 s, 0-1000 m за но укажуваат дека нешто 30,4 s Потрошувачка (град/пат/просе к) 8,4/5,0/6,3 големо се променило во L/100 km марката. Преодот кон класичното та на германската марка и да се забележува уште појасно зад направи подобар Volkswagen од вратите. Сé што имаше стариот оригиналот, да направи подобар С4, тука е заменето со решенија народен автомобил. според класичната автомобилПромената на насоката во која ска школа: Го нема воланот со што дуваат ветриштата во мар- фиксирана средина, го нема ниту 10/2010 7
Возевме Ford Mondeo
Демонстрација инлак НИ СЕ ДОПАЃА
Топ-моторите во гамата му даваат повисока класа на Mondeo Совршен компромис на агилно и комфорно подвозје Напредно технолошко ниво во погонската техника и опремата
НЕ НИ ПРЕЧИ На неколку места има материјали што се нe соодветни за класата: Затоа, пак, чувството во возењето е многу повредно
НЕ НИ СЕ ДОПАЃА Дел од иновативните системи од опремата се достапни само во пакет Пречувствителна реакција на педалот за гас при возење во бавна колона кај 2.0 Ecoboost И натаму отсуствува спортска верзија со 300 КС како конкурент на Opel Insignia OPC
12 10/2010
на германшт Ништо не се препушта на случајот: Пред да се појави новиот Passat, марката од Келн го потстегна својот знаменосец и дополнително ги нагласи неговите вредности. За секој случај
Auto Focus на презентацијата на Ford Mondeo, во Минхен, Германија
М
оќна агенда на импресии на претставувањето на знаменосецот на Ford пред стручниот печат: Двокрилен авион произведен во 1936 година полетува со леснотија по неговата фотосесија покрај тест-возилата, ден пред тоа вечера во пивница која што како датум на основање ја пишува 1040-та година, а во меѓувреме, стотина километри околу Минхен, по делници од аутобанот што не чуле за брзинско ограничување. На што тоа сакаат да нé наведат домаќиниве? На заклучокот дека перфекцијата како општонародно германско кредо е основниот предуслов за поголемо уживање во животот? Mondeo е погодено парче за демонстрирање на оваа теза. Особено кога вози во комбинација
со дволитарски турбобензинец од 240 КС, со директно вшприцување и со шестстепен менувач со двојна спојка, или пак, со истиот менувач, но со турбодизел од 2,2 литри и 200 КС. Оваа комбинација е нова во Ford, но не и во браншата. Конкурентот Volkswagen го нуди задоволството веќе неколку години во својот Passat. Марката од Келн досега не мораше да се грижи премногу околу успехот на Mondeo. За многумина тој е најпривлечната лимузина во класата, стокмена според традиционалните вредности на Ford. Од стартот на новата генерација во 2007 година се продадоа преку половина милион примероци. До крајот ќе бидат повеќе од еден милион. Но дотогаш, работата мора да му се олес-
ни на знаменосецот на марката со модра слива во маската. Дизајнерите го применија врз Mondeo истиот третман што пролетоска го доживеа двојката ванови S-Max и Galaxy. Со неколкуте нови потези во цртањето на линиите на каросеријата и дополнително нагласената динамика, овие модели од врвот на понудата подготвено ќе ги пречекаат новите модели од средината на понудата, Focus и C-Max. Кус е водичот за препознавање на Mondeo од новото моделско годиште: Поширока долна маска, елегантна горна маска со хромирана пречка, дневни светла со светлечки диоди во група со магленки, нова форма на задните светла и светлечки диоди во нив, хромирана рамка на страничните прозорци кај врвните
моделски изведби и променета форма на задниот браник. Повеќе новитети има во техниката, поточно во електрониката. Отсега во Mondeo можат да се добијат радар за надгледување на мртвиот агол, систем за предупредување при напуштање лента и алгоритам кој што препознава замор кај возачот. Кај последниов систем, возачот може во секое време да побара од возилото да му направи процена на моменталниот замор. Импресивно? Погрешен е заклучокот дека се работи за системи преземени од поранешната ќерка на концернот, од Volvo: Место сензор во задниот браник, Ford користи радар. Кога има возило во мртвиот агол, во ретровизорот јасно се забележува портокалова свет-
На Германците мора да им се верува кога е во прашање техниката: Авионот на фотографијата е стар преку 70 години и се уште е во совршена состојба за летање
Технички податоци
Ford Mondeo 2.0 Ecoboost
Мотор 4 цилиндри, 16 вентили, турбо , директно вшприцување, варијабилна работа на двете брегасти вратила Ti-VCT, 1999 cm3, 240 КС при 6000/min, 340 Nm при 1900/ min (360 со Overboost) Погон и пренос На предните тркала, шестстепен автоматски менувач со двојна спојка Димензии и тежини ДхШхВ 4784х1886х 1500 mm, меѓуоскино растојание 2850 mm, багажник 540/1460 L, резервоар 70 L, празно возило 1569 kg, дозво лена тежина 2200 kg Перформанси 246 km/h, 0-100 km/h за 7,5 s Потрошувачка (град/пат/просек) 10,9/6,0/7 ,7 L/100 km
10/2010 13
Салони Париз 2010
Колите на батерии ја доживуваат
Големата француска револуција
Исчекувањето на електромобилите заврши. Наспроти изданијата на салоните во минатите години, кога автомобилите на батерии само се најавуваа помпезно, на овој салон веќе се појавуваат сериски модели кои што можат да се купат веднаш
П
ариз заслужи да му се случи оваа револуција: Со актуелното издание на Mondial de L'Automobile започна новата ера на автомобилизмот. Таков е впечатокот што се добива на штандовите на француските марки Peugeot, Citroen и Renault. Тука се прикажуваат возила од сериско производство, а првите примероци од нив ќе почнат да се испорачуваат веднаш по завршувањето на салонот. Таков модел е Peugeot iOn, достапен само на лизинг, исто како и неговиот технички близнак Citroen C-Zero, чија што цена изнесува околу 35.000 евра. Третата голема марка од Франција, Renault, догодина ќе почне да го продава лесното комби со погон на струја Kangoo Rapide ZE. Една година подоцна на пазарот
Новитетите од Париз во Во овој број на Auto Focus Citroen C4 - Тест на страница 6 Peugeot iOn, Citroen C-Zero и Mitsubishi iMiEV - Претставување на страница 24 цена на МоДели Во ФранциЈа
Премиера Citroen C4
ел кроТиТ на вЕтриштата
на Ford Auto Focus на презентацијата Mondeo, во хамбург, Германија
16 10/2010 ЕдЕн Е модЕлот што трЕба да сЕ побЕди во компакт класата. со откажувањЕто
од тЕхнолошката Екстраваганција и посвЕтЕноста во комфорот и квалитЕтот, C4 силно му сЕ спротивста-
НИ СЕ ДОПАЃА
О
громна енигма се провлече откако Citroёn ни испрати покана за презентацијата на новиот ФранцуC4 во Малме. Зошто претстазите избрале првото вување на нивниот стратешки јавност модел пред стручната да се случи токму во Шведска, на во земјата на Викинзите, ОргаАлфред Нобел и на Ikea? бледо низаторите дадоа само Vti 95 Attraction . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .16990 на конобјаснување за време Vti 120 Attraction . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .18490 поврференцијата за печат, во Vti 120 Comfort . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .20290 НЕ НИ СЕ ДОПАЃА зано со вискококатницата и која Vti 120 Comfort . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .2 1 4 9 0 Само која што се одржа истата Нуди Се оПрема НаПредНата во (BVA, комерцијализација во прв квартал 2011) што до своите 200 метри во НајСКаПите модели сврVti 120 exclusive . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .22690 висина е завртена како има роботизираНиот меНувач tHP 155 exclusive . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .24740 дел: Во изградбата на Turning големи Паузи При меНувањето Torso се користени исклучиво HDi 90 Attraction . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .19990 од обматеријали и енергија HDi 90 Comfort . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .21790 се новливи извори, а Citroen на HDi 90 exclusive . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .24190 потрудил производството слиHDi 110 Attraction . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .20990 новиот С4 да го изведе во на Веродостојноста HDi 110 Comfort . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .22790 чен манир. вода ова објаснување падна во HDi 110 exclusive . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .25190 откако во приватен разговор, e-HDi 110 Comfort . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .23790 сопственикот на конференe-HDi 110 exclusive . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .26190 инациската сала во објектот, потеHDi 150 exclusive . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .26990 ку Швеѓанец со српско кло, откри дека шест месеци за преговарал со Французите и со изјавата на избран ката се потврди неговиот простор да биде Томас д'Оси, шеф на моделската „Денес откриза големиот настан. дру- палета на Citroen: Тогаш мора да постои некоја да ваме комплетно нов Citroen C4, сака га причина, а Citroёn не темел. Со истиот Дали преработен од C3 и C5, ја објави толку отворено. стремеж како кај Citroen ветриштата во е врската можеби отиде чекор подана овие секогаш да се ново изнекои што постојано фучат един- леку, да се предизвика претходпростори? Во тој случај, збор за марка надување.“ Ниту моделот, кој ствената автомобилска е ната генерација на од иновации ја што се поврзува со ветриштата се наѕира што со канонадата тогаш зачмаVolkswagen. Тука веќе глава сака да преврте преку некоја симболика. Citroen класа. ветришта- ената компакт на ги стави под контрола Овој C4 воопшто не личи комбилимузина онаа со покрив во форма на Технички ПоДаТоци свод која што до скоро Мотор 4 цилиндри, 16 вентили, варијабилна фаза ја имавме во салоните. на брегасто вратило за вшмукувачки вентили, 1598 Место тоа имаме каросеcm3, 156 КС при 6000/min, 240 nm при 1400/min рија во класична форма, Погон и пренос На предните тркала, роботизиран и качулките на капакот Пресеченото задно стакло помалку впечатлива со мануелен менувач со шест степени Подвозје мекродстер го комплетираат имиџот на ферсон напред, еластична траверза со надолжни својата екстраваганција, водилки назад, електрохидраулично сервоупраотколку со квалитетот вување, 2,9 вртежи меѓу крајните положби, гуми на изработка. Тесните 205/55 r 16, диск-сопирачки 302 х 26 mm напред, зјаеви и отсуството на 268 х 12 mm назад Димензии и тежини 4329 х видливи споеви на по1789 х 1489 mm, меѓуоскино растојание 2608 mm, кривот со страниците на багажник 408/1183 L, празно возило 1275 kg, дозсигурвеќе каросеријата волена тежина 1805 kg, резервоар 60 L Перфорно укажуваат дека нешто манси 214 km/h, 0-100 km/h за 9,6 s, 0-1000 m за во големо се променило 30,4 s Потрошувачка (град/пат/просек) 8,4/5,0/6,3 L/100 km марката. Преодот кон класичното уште појасно зад и да се забележува стариот та на германската марка од вратите. Сé што имаше со решенија направи подобар Volkswagen подобар С4, тука е заменето автомобилоригиналот, да направи според класичната народен автомобил. нема воланот со во која ска школа: Го го нема ниту Промената на насоката во мар- фиксирана средина, што дуваат ветриштата КомфорНо и тивКо Подвозје НаПредНа техНологија вПечатлив Квалитет
НЕ НИ ПРЕЧИ
НаПуштањето На еКСтравагаНцијата: Подобро е Кога марКата и По Се ПреПозНава По Комфор КвалитетНа изработКа
09/2010 7
ќе се појави и семејната лимузина Fluence ZE. Првиот хибриден автомобил со дизелски мотор повторно ни доаѓа од француска марка: Се работи за Peugeot 3008 Hybrid4, кој ќе се најде во продажните салони во следната пролет и ќе чини околу 35.000 евра. Кросоверот на марката со лавот има погон на сите тркала, погон со моќност од 200 коњски сили и потрошувачка од само 3,8 литри на сто километри. Неофицијално, мотото на салонот може да гласи „Vive l'electricite“, односно „да живее струјата“. Но, така е само од гледиштето на домашните марки. Гостинските производители настапуваат далеку поскромно. Smart и Mini покажаа студии на скутери со батерии, со единствена цел да се привлече
Auto Focus No. 37 (септември) Audi A7 Sportback, Mercedes CLS Nissan X-Trail facelift, Land Rover, Freelander facelift, Peugeot 3008 Hybrid4
вниманието на посетителите на салонот. Приматот на Французите во пробивот на електричните автомобили е резултат првенствено на мудро скроени партнерства и спогодби за испорака на возила. Концернот PSA соработува со Mitsubishi и ги набавува електричните автомобили од јапонскиот партнер, додека Renault е поврзан со Nissan, со производителот на електричниот автомобил од компакт класата, Leaf. Безрезервното препуштање на предизвиците не им се случува за првпат на големите производители од Франција. Автомобилот е пронајдок од Германија, но француските патишта беа тие на кои што автомобилот ја забележа најголемата експанзија пред повеќе од еден век.
Auto Focus No. 36 (август) Peugeot 508, Mercedes CL
Auto Focus No. 35 (јули) BMW X3, Citroen C4, PSA e-HDi Suzuki Swift
Peugeot и Citroen веќе имаат произведено преку 10.000 возила со погон на струја: Електромобилите на база на Peugeot 106 и Citroen Saxo се појавија пред 15 години и се користеа главно во возните паркови на големите претпријатија, поради што не беа релевантни за редовниот автомобилски пазар. Свесноста за опасностите од климатските промени тогаш сé уште не беа толку изразени. Денес, шансите за електричните автомобили од сериско производство се многу поголеми. Секој шести жител на Франција живее во парискиот регион. Таквата концентрација одговара совршено за масовно ширење на електричната мобилност. Покрај тоа, државата му дава премија од 5.000 евра на секој купувач на кола на батерии. Auto Focus No. 34 (јуни) Porsche 911 GT2 RS
Citroen
Се проширува луксузната програма Серијата DS преку која што Citroen влегува во премиум сегментот го добива долго најавуваниот DS4 поставен на платформата на новата генерација на C4 која исто така за првпат блеснува под саемските рефлектори. Citroen DS4 најавува луксуз преку дизајнот и квалитетот на употребените материјали.
Крокодилот од Париз
Citroen ја задржува традицијата да прикажува чудни концепти во Париз. Најнов е концептот Lacoste со димензии на C1 и со дизајнерски детали според идеите на марката Lacoste. Бандажите се како топка за голф, а инструментите имаат мотив од мрежа за тенис. За да нема забуна втиснато е логото на Lacoste.
DeZir e сериозен концепт со тенденција да стане реалност. Како основа за возилото се користи просторна рамка, изработена по примерот на Megane Trophy. На неа е поставени сите механички компоненти и панели од каросеријата. DeZir тежи 830 kg, носи електромотор од 150 КС поставен централно во шасијата и се храни од литиум-јонските батерии. Лови стотка за 5 секунди, до 50 km/h стигнува за 2 секунди и вози до 180 km/h.
Автомобилот на Лоеб за 2011...
...е DS3 WRC, наследник на C4 во рели шампионатот, со 1,6-литарски турбо со 300 КС, со погон на сите тркала и 6-степен секвенцијален менувач. Иако FIA забрани користење титан и карбон-фибер, DS3 WRC е лесен рели шмекер кој продолжува таму каде што застана C4 WRC.
Peugeot
Урнек за висок стил Peugeot преку 508 го претставува новиот имиџ на марката. Новиот знаменосец зрачи со елеганција и пред себе има одговорна задача да ги замени 407 и 607. Но, уште на прв поглед станува јасно е дека тоа нема да биде толку тешко. Покрај седанот, 508 се нуди и како комби. Моделот од средната класа носи современа техника, а во иднина се очекува и хибрид.
Renault DeZir Електроспорт
Мотивиран од хибридна технологија Возилото вкрстува купе, кросовер и спортски теренец, вози со хибридна технологија и со футуристичкиот дизајн сака да се истакне. Peugeot го постигнува токму тоа со концептот HR1. Tој го има новиот трицилиндарски мотор од 1,2 литар и 110 КС, кој што ги врти предните тркала, а електричен мотор од 37 КС е задолжен за задните тркала. Комбинацијата дава заедничка моќност од 147 КС и потрошувачка од 2,9 L/100 km.
10/2010 17
новитети Mitsubishi i-MiEV, Citroen C-Zero, Peugeot iOn
С
ето ова звучи како бајка? Сепак е реалност и дело е на електричните автомобили, кои полека но сигурно го освојуваат пазарот, особено во сферата на градските автомобили. Електромобилите се иднината. Тие во буквална смисла на зборот се концентрат на технологија и креативност, кои што предизвиците од иднината ги пренесуваат на бојното поле на денешницата. Меѓу производителите на автомобили станува престиж во програмата да имаат електромобил. Напорите на ова поле сеуште претставуваат срамежливи чекори. Секако, чест на исклучоците. Во напредна електрофаза се влезени малку производители. Renault забрзано ја подготвува електричната програма со
Неограничена мобилност со нула потрошувачка на гориво и нула бучава, нула емисиja на канцерогени азотни оксиди и на главниот виновник за ефектот на стаклена градина
Fluence Z.E. и Kangoo Expres Z.E. чија што сериска верзија беше претставена на саемот за лесни товарни возила во Хановер. Во погоните на турскиот Oyak Renault веќе се подготвува производна лента за нив. Истото се случува и со Mini кој својот Mini E го испрати на улиците на Минхен заради експертска евалуација на системот за напојување кој би ги поддржувал електромобилите. Орото, сепак, го водат Mitsubishi
24 10/2010
Електрични, симпатични и убаво опремени. Темните стакла и алу-бандажите се во серија. Преку налепниците се рекламира грижата за животна средина
Исти а различни. Секој од триото електромускетари носи препознатлив дизајнерски печат на својата марка. Преку налепниците i-MiEV јасно става на знаење дека вози на струја
и стратешкиот партнер PSA Peugeot Citroen. Јапонците го продаваат i-MIEV уште од минатата година по цена од околу 33.000 евра. Во првата седмица од продажбата беа добиени повеќе од
1.400 нарачки од разни компании и од јапонските власти. Целата продукција од 2.000 примероци за 2009 година се распродаде. Тоа беше сигнал Mitsubishi да го зголеми производството за
Ел
2010, а од април годинава i-MIEV е достапен и за приватните корисници во Јапонија. Кон крајот на минатата година Mitsubishi го испрати i-MIEV и во Европа. Првите 25 примероци завршија во Велика Британија, поточно на Универзитетот во Ковентри каде во период од една година експерти ќе ги анализираат возачките навики, времето минато во возење и навиките за полнење на батериите. Дури и славниот ак-
Батерии последен крик на техниката Тројката електромобили ги задвижува електричен мотор со моќност од 64 КС. Електромоторот е поставен во задниот дел од автомобилот и ги задвижува задните тркала преку менувач со еден степен на пренос. За напојување на електромоторот се користат литиум-јонски акумулаторски батерии од последната генерација, кои имаат напон од 330 V и составени се од 88 ќелии од 50 Ah. Овие батерии, поставени во подот на возилото, не се чувствителни на делумните полнења кои што обично ја намалуваат нивната долговечност. Новата литиумјонска технологија дозволува високо ниво на перформанси без оглед на староста на батериите. Автономијата изнесува 130 километри. Полнењето преку стандардната електрична мре-
лектрошок за блескава иднина Mitsubishi i-MiEV е предводник и упорно тестира за да ги опфати сите аспекти од секојдневното користење неопходни пред масовно воведување на пазарот
тер и гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер за својата администрација одлучи да стави на проценка два модели на i-MIEV кои ќе помогнат подобро да се разбере начинот како би функционирал електричниот транспорт во државата. Збиднувањата на Далечниот исток го привлекоа вниманието на PSA. Соработката со Mitsubishi се продлабочи и настанаа Citroen C-Zero и Peugeot iOn. Технички,
Електромотор спарен со генератор Пакет литиум-јонски батерии Претворувач на електричната енергија што ја создава генераторот и ги полни батериите при сопирање 4. Трансформатор од 220 V на 330 V, или, од 380 V на 330 V
жа од 220 V трае 6 часа. На посебна станица за полнење со напон од 380V батериите достигнуваат 80% од својот капацитет за само 30 минути.
француските модели се идентични со i-MIEV, меѓутоа носат сопствен дизајнерски печат што одговара на имиџот на марката. Citroen прв го претстави својот електромобил, кој следствено на номенклатурата на марката го понесе името C-Zero, дополнуително алудирајќи на нултата емисија на издувни гасови. Неговото појавување веднаш предизвика позитивна реакција кај француските власти. Тие веднаш излегоа со програма со која што се добива субвенција од 5.000 евра при купувањето на електромобил, со што во мала мерка се поништува високата цена. Peugeot последен го претстави својот електромобил iOn, но тоа воопшто не го намалува неговото значење, бидејќи ниту една од марките на PSA сé уште не стартувалa со продажба на стариот континент. Таа е закажана за крајот на годината. Се чини дека Peugeot има најдобра програма
10/2010 25
Новитети Nissan Micra
Micra чекори Макро Прифати Лесната градба, новите мотори и ниската цена се добра подлога за Micra да стане градски бестселер
Откажи Исплакнатиот дизајн може да ги испрати пребирливите европски купувачи на друга адреса
Побарај друго Кој не сака да вози меур ќе одбере Renault Clio, Peugeot 207, Fiat Punto, VW Polo
Micra е скроена да му се допадне на семејство во Мексико Сити, на трендсетер во Токио и на софистициран млад човек од Милано. Таква е новата философија за настап на глобалниот пазар 28 10/2010
Одзади Micra делува посериозно. Набабрениот покрив обезбедува висина на задната клупа
Меурот го има и внатре. Лакот над инструментите се пресликува и пред совозачот
Каде се` ќе се прави Micra
П
Соочена со сериозен предизвик, Micra набабрува како меур. Таа ќе ги задоволи вкусовите на петте континенти
атешествието на Micra кое што започна пред безмалку 30 години продолжува во четвртата генерација која повторно цели да постави нови параметри во стандардите на градските автомобили. Овие параметри доаѓаат спакувани во препознатлив дизајн со кого во Nissan не сакале премногу да си поигруваат. Дизајнерите го задржале карактерот на Micra, со заоблен профил, големи стакла, ведМесто во Британија и Јапонија, Micra отсега ќе се ра муцка со ококорени очи и произведува во новите фабрики во Кина , Тајланд, широка насмевка која никого Индија и Мексико. Моделите за Европ а ќе се произне остава рамнодушен. За урведуваат во Индија. Четвртата генерација на Micra баното педигре да се задржи, ќе се продава во 160 држави на пет конти ненти. Инженерите од фабриките пред стартот Micra по димензии е блиску на производството посебно се обучувани во глоба до претходникот. Комфолниот центар за произ водство на Nissan во Јапонија, со цел рот назад е обезбеден преда се сочува високото ниво на квалитет ку продолжената линија на по кого што Nissan е препознатлив. покривот која остава многу простор за глава и заедно со интегрираниот спојлер има аеродинамички ефект. во две изведби, во атмосферска Четвртата генерација е создаде- и во верзија со компресор. На на од бел лист хартија заедно со почеток е достапна послабата новата платформа V која подо- верзија, со 80 КС и максимум од цна ќе послужи за еден седан и 170 km/h, со просек од 5,0 L/100 еден миниван. Инженерите заш- km и емисија на СО2 од 115 g/km. тедиле околу 40 kg во однос на Помоќната варијанта се очекува претходникот: Micra стартува со од пролет в година. Со помош на 910 kg. Варијабилноста на плат- механички компресор таа истисформата се огледува во можнос- кува 98 КС и 142 Nm и има емита да се задоволат специфични- сија на СО2 од само 95 g/km. Со те барања на клиентите ширум олку штедлив мотор, Nissan смесветот. Моделот за Европа нуди та дека нема потреба од дизел. подобри динамички каракте- Тој чини значително повеќе и ристики, комфорна и стегната ја става под знак прашалник иссуспензија, прецизно управу- платливоста на инвестицијата. Micra доаѓа со три пакети на опрема Visia, Acenta Технички податоци и Tekna. Важните сисМотор 3 цилиндри, 12 вентили, 1198 cm3, теми како ABS и ESP и 80 КС при 6.000 min-1, 110 Nm при 4000 min-1 Пого н и пренос шесте воздушни перниНа предни тркала преку петстепен ману елен или ци се добиват од старт. менувач CVT Подвозје Мекферсон напред, торВо Nissan како бестселер зиска оска со спирални пружини назад , диск-сопиго наведуваат палетот рачки напред, барабан-сопирачки назад Димензии Acenta кој има автомати тежини 3780/1665/1520 mm, меѓуоскино растојание 2450 mm, празно возило 910 kg, ска клима, леснометалносивост 515 kg, багажник 265/1132 L Перформанси ни бандажи, аудио сис170 (161) km/h, 0 дo 100 km/h за 13,7 (14,5) s Потр тем со 4 звучници и ошувачка град/пат/просек 6,1/4,3/5,0 (6,7/4,5/5,4 Bluetooth. Најопремената ) L/100 km * Вредностите во заграда важат за верзиј Tekna носи навигација и а со менувач CVT систем што помага при паркирање. вање, моќни сопирачки и богата Иако отсекогаш важела за соопрема. За тоа посебно се погри- лиден автомобил меѓу познажиле инженерите од европскиот вачите, Micra никогаш не била центар за развој на Nissan. главен играч во својот сегмент. Под хаубата е спакуван нов три- Новата Micra сака да го промени цилиндарец од 1,2-литар кој е тоа и да донесе поголем пораст дериват на 1,6-литарскиот че- во бројката од 5,65 милиони тирицилиндарец од третата ге- продадени примероци од трите нерација. Новиот мотор доаѓа генерации. � 10/2010 29
Тест BMW X1 xDrive18d
Од доброто
повеќе
Крај за поплаките во BMW: Тие што не ја разбраа серијата 1 и се жалеа дека им е премалечка, сега нека замолчат засекогаш. X1 е кросовер со потребната големина и цена. И најевтин модел со xDrive BMW повторно воспостави стилска препознатливост на своите возила 34 10/2010
НИ СЕ ДОПАЃА Комфорно подвозје, без жртвување на агилноста Напреден погон на сите тркала Приспособлива кабина без ограничувања во секојдневието
НЕ НИ ПРЕЧИ Ограничена теренска проодност: Сите места каде што народот требало да стигне веќе имаат патишта
НЕ НИ СЕ ДОПАЃА Политиката на врзани ставки во дополнителната опрема Кај обичните марки се добива повеќе во функционалната опрема Потреба од освежување: Мени за ракување со радиото, копчиња на воланот, дисплеј во инструментите
С
о формулата за правење добар кросовер владеат многумина. Тука не постојат тајни: Се седи на една или две педи повисоко од другите, се ужива во приспособлива и просторна кабина и се вози со лимузински мотори, без потреба од претерување со нивната моќност. Погонот на сите тркала најчесто е опција. Пакетот завршува со малку шминка на каросеријата, која што треба да сугерира робусност и моќ. Толку е мајсторијата. Но, што се случува кога на возилото треба да му се даде дух на премиум класа, кога BMW треба да ја стави својата значка на тоа возило? Дали во кросоверот на Баварците треба да се седи уште повисоко, во уште поголема и поприспособлива кабина, со застрашувачка моќ на машината под хаубата, за на тој начин да се обезбеди благородниот карактер и предноста над марките од стандардната понуда? X1 не отстапува во ниту една од овие дисциплини. Но, обврската да применува повисоки стандарди ја почитува строго. Суштината на X1 е во погонот, во онаа толку посакувана значка xDrive, која што е залепена долу на предните врати, и аналогно на математичкиот знак за множење, се очекува и тука да го мултиплицира уживањето во возењето.
бата верзија на дволитарскиот дизел, со 143 КС. Познавачите се во еуфорија од овој чин со кој што BMW ни го направи погонот xDrive подостапен. Наспроти вообичаените решенија за реализација на погонот на сите тркала, каде што електрониката реагира дури откако тркалата ќе почнат да пролизгуваат, кај BMW распределбата на вртежниот момент меѓу оските се менува уште пред возилото да ја изгуби стабилноста. На тој начин се задржува динамиката во возењето и се избегнува непријатното чувство од задоцнетото впрегнување на дополнителниот чифт тркала. Најголемата убавина е во тоа што во благодатите на xDrive може да се ужива и надвор од граничното подрачје. При ловење брзи свијоци, електрониката ја зголемува распределбата на њутнметрите кон задната оска и со тоа спречува секаква можност за појава на подуправување. На воланот, возачот чувствува како некоја невидлива рака озгора да го подместува возилото. По излезот од свијокот повторно се воспоставува стандардниот сооднос 40:60 меѓу оските. Тоа е следната предност на xDrive: Тука работи постојан погон на сите тркала. Постојаното впрегнување на сите тркала не влијае премногу врз потрошувачката. Разликата со sDrive, односно со верзијата на X1
Дополнителниот пакет X-Line вклучува прагови и делови во браниците во мат сребрена боја
Погонот xDrive одушевува комплетно: BMW е најуспешен понудувач на возила со погон на сите тркала во премиум класата Тука лежи предноста на X1. Досега, погонот на сите тркала се добиваше најевтино во серијата 3. Кросоверот ја спушта ценовната граница за погонот на сите тркала на BMW на 33.390 евра, што е за речиси 5.000 евра помалку во споредба со досега најевтиниот модел со xDrive, лимузината 320d. Огромната заштеда произлегува и од тоа што X1 го прави погонот на сите тркала достапен со посла-
со погон само на задните тркала, изнесува точно половина литар. Тоа е данок што со задоволство се плаќа на име на поголемата динамика во возењето. За динамиката, пак, во доволна мера се грижи и дволитарскиот дизел под хаубата, познајник од сериите 1 и 3, во верзијата со 143 коњски сили. Марката не смее да си го дозволи луксузот да го изрезили значењето на трите букви BMW. Дизелот ►
10/2010 35
Тест Citroen DS3 VTi 120 So Shic
шминкер сосила
НИ СЕ ДОПАЃА Спортски возни својства Мотор меѓу најдобрите во класата Натпросечно богата опременост
НЕ НИ ПРЕЧИ Тврдото подвозје: Тоа е основата на спортските возни својства на DS3 и мора да се прифати
НЕ НИ СЕ ДОПАЃА Голем пад во вртежите при префрлување од 2. во 3. степен Пропусти во ракувањето со климатизацијата Малку простор на задната клупа
40 10/2010
DS3 е првиот модел од ексклузивната подмарка на Citroen. Од него зависи имиџот на целата серија модели со значка DS. Како што може да се насети по тестот, овие модели ќе имаат среќна иднина
Ч
уден феномен им се случува на овие автомобилчиња кои што се скромни со димензиите, но се џиновски со нивната појава на улица. Тука се работи само за едно нешто: За стил. Без разлика дали станува збор за Mini, Alfa Romeo Mi.To или отсега и за Citroen DS3, изгледот е првата мамка на која што се фаќаат купувачите. Toa е јадрото на кое што се држи имиџот. Дури потоа доаѓаат на ред динамичните возни својства. Но, едно без друго не може. Само способен мотор и подвозје што беспоштедно ќе ја претвори моќта во тракција им обезбедуваат легитимност на овие трендовски минимобили. Имиџот мора да биде беспрекорен. Оттука, воопшто не изненадува фактот што голем дел од клиентелата се жени. Поголемо е изненадувањето од податокот дека нашите убавици посегаат прво по најмоќните моделски изведби во гамата на малечките автомобили. Причината? Овие изведби се најукрасени. Толку! Неправдата ја чувствуваат најмногу купувачите кои што се свесни за огромниот динамички потенцијал на овие малечки тркачи. За среќа, постои избор. Неограничен избор. За DS3, Французите нудат можност да се избира дополнително бојата и изгледот на покривот, на ретровизорите, на бандажите, па дури и на бојата на рачката на менувачот и на арматурната табла. Како врв на се, во клучот на возилото се вградува плочка во истата боја со каросеријата на возилото. Убавината во изборот е во тоа што не мора да се избере ништо. За некои купувачи, најубавиот DS3 ќе биде со темна каросерија и со темен покрив без тетоважа, со темни бандажи, и сето тоа со цел автомобилот да биде помалку впечатлив на улица.
Примерок како на тестов, со светлосина каросерија и со бел покрив и бели бандажи од 17 инчи, па дополнително и со светлечки диоди во браникот кои што служат како дневни светла и со огромни хромирани панели отстрана, претставува атракција каде и да се појави. Во уличната слика, овој DS3 се издвојува како Lamborghini Murcielago или Ferrari 599 GTO. Со овој автомобил се добива пропусница за ексклузивност, секако, со привилегирана цена. Мора да им се признае мајсторијата на дизајнерите на Citroen. Со малата интервенција за стишување на стилскиот вресок на DS3 не се менува ништо во динамичките квалитети на возилото. Иако оздола работи механиката од семејниот и комфорно ориентиран C3, во возењето се чувствува како да се работи за друг автомобил. Заслугата за тоа е во умешното дотерување на подвозјето во насока на спортски возни својства. Амортизерите и пружините имаат поинаква карактеристика отколку кај стандардната комбилимузина со пет врати, се користат и подебели стабилизатори и покрути зглобови, а како резултат се добива автомобил кој што во целост ги искористува предностите на компактните димензии и лесната конструкција, и нуди управливост која што заостанува само незначително зад ултимативниот репер во оваа дисциплина, зад Mini. Кога ќе се почувствува тоа, веднаш навираат асоцијациите на последниот малечок тркач на Citroen, на Saxo VTS, на омилениот избор за тјунирање кој што се произведуваше до 2003 година наследникот C2 не ја доживеа манијата на тјунингот. Напредокот кај DS3 е во тоа што тјунингот се добива во серискиот пакет на опрема, без ризик од користење на ►
Концентрација на многу стил на малку простор: DS3 остава впечатлива појава и тешко е да не се забележи
10/2010 41
Тест Hyundai ix35 2.0 CRDi Executive
лекција од hyundai
Цената и вредноста не се исто!
Корејците имаат автомобил со кого што повторно ќе го привлечат вниманието на светот. Тој е наследник на суперпопуларниот Tucson, но за разлика од него, нуди вредности што не се сведуваат само на цената
46 10/2010
З
а почеток малку драматизација како во маестрално шаблонизирана холивудска сапуница... Hyundai има да ни соопшти една добра и една лоша вест. Тука нема тактизирање, прво лошата. Tucson веќе подолго време не може да се најде во салоните на корејската марка. Добрата вест: Неговиот наследник штотуку пристигна. Вистина, тој е поскап, но за цената се расфрлува со вредности кои што популарниот спортски теренец со име на некојси град од Аризона не можеше да ги понуди ниту со најдобра волја. Откако се повлече претходната генерација можеме да судиме многу потрезвено: Tucson го купувавме пред сé поради цената. Големкото парче автомобил за последен пат се продаваше со акциска цена од 17.777 евра, во бензинска верзија и со погон само на предните тркала, но затоа со клима, алу-бандажи и слични направи за кои што е докажано дека умеат убаво да го заскокоткаат купувачот. Кај овој новиов никој не зборува за акциска цена, ниту пак има намера да го направи тоа во блиска иднина. Тој е најголемата гордост на Hyundai во овој момент, најверна манифестација на стилската трансформација и последен еволутивен степен од развивањето на свеста за трендовите на марката што лепи хромирана буква H на хаубите на своите автомобили. Тој е најголемиот модел на корејската марка во овие денови, барем во поглед на значењето. Новиов автомобил нема толку звучно име како неговиот претходник. Всушност, тој воопшто нема име. Има само шифра: ix35!
НИ СЕ ДОПАЃА Врвна противвредност Моќни перформанси Впечатлив стилски настап
НЕ НИ ПРЕЧИ Ограничената приспособливост на задната клупа: Кој сака секој ден да го полни багажникот до врв, нека си купи H1
НЕ НИ СЕ ДОПАЃА Моторот е гласен при забрзување Пропусти во завршната обработка: Заптивката на задниот капак За некои ставки од опремата мора да се посегне по најскапиот модел
Небаре е робот или процесор во суперталентиран кафемат. По разоткривањето на шифрата дознаваме: Се работи за кросовер кој што е за половина број поголем од компактот i30, а два броја помал од неговото височество ix55. И сега, некој би требало да почувствува возбуда и трепет кога ќе ја чуе оваа моделска ознака? Потребниот ефект сепак се случува, и тоа, на вистинското место. Тогаш станува јасно зошто е сосема доволно да се користи шифра место име. На автомобил што изгледа како овој не му е потребно име. Доволна е само неговата појава. И реакциите се мошне интересни: Двајца момци, или кој знае како се нарекуваат во жаргон, излегуваат впечатливо горди од своите црни теренци со сребрена ѕвезда и тазе променети бугарски таблички и го здогледуваат теренецов како им се приближува. Со поглед упорно вперен кон белиот автомобил, се забележува дека благо се вкочануваат додека чекаат да ја дешифрираат значката во маската. На крајот, едниот одмавнува самозадоволно: Ах, Hyundai било! На сите што читале од стари учебници ќе им биде јасно: Победник во случајов е Hyundai, односно безимениот ix35. Зарем не е моќно кога автомобил како овој ќе го привлече погледот на толку префинета публика како гореспоменатата? Инаку, за информација, Hyundai веќе долги години не е марка на која што треба да се одмавне со рака. Единствено е проблем што вистинските автомобили сé уште не се појавиле на бугарските плацеви. Зошто ги нема? Ќе ја задржиме оваа ексклузивна ин- ►
Единствено ix35 и Ford Kuga се издвојуваат од унифицираноста во класата 10/2010 47
Тема Хотел V8 во Штутгарт ој необичен ди за тоа што ов Кој уште ќе се чутокму во Германија, во земјата хотел е отворен н и одгледан автомобилот? во која што е роде дел од огромниот комплекс етен на Хотелот V8 е само на Штутгарт посв на периферијата каков вид и намена автомобили од се
Возење во соништата А
втомобилите служат за возење. Во тоа сме сложни. Јадењето во нив е малку потешко и најчесто завршува со мрсни дамки, а спиењето е речиси невозможно. Хотелиерот Симеон Шад од Штутгарт размислува поинаку. Заедно со сопругата Карен, тие го отворија хотелот V8, кој што се наоѓа веднаш покрај познатиот центар за авто-колекционери Meilenwerk. Хотелот нуди 34 соби за ентузијасти кои што не сакаат да го напуштат автомобилот ниту за преспивање. Дури и обичните соби кои што се
52 10/2010
Поимот возило од соништата треба да се сфати буквално во овој хотел. Креветите во него се сместени во автомобилски каросерии, во соби уредени како механичарска работилница или автоперална изнајмуваат за 120 евра по ноќевање се декорирани со историски сцени од мотоспортот и од автомобилизмот. Љубителите на четирите тркала, автофилите, можат
да доживеат вистинско уживање во десетте тематски соби на хотелот со четири ѕвездички, во кои што една ноќ чини 160 евра. Во тој случај, на рецепцијата се доби-
ва клуч, на пример, од собата која што е уредена како сервисна работилница, со кревет сместен во стар Morris Minor, а над работната маса висат клешти и одвртки. Може да се преспие и во Cadillac, кој што е паркиран во собата на тема автокино. Намерниците кои што сакаат да имаат поинтимен контакт со природата ќе си ја резервираат кам-
Тука с уште се чува култот на автомобилите
тската целина Хотелот V8 е само дел од тема и целосно им erk lenw која што се нарекува Mei Во комплексот е посветена на автомобилите. ици за олдтајмесе ноаѓаат сервисни работилн и делови или илск моб авто за ри, продавници совршени клиприбор, 60 стаклени боксови со ајмери, како матски услови за чување на олдт презентации. и би сред ски клуб за и тори и прос низ комплексот Постојат и организирани тури што посетитекои во во траење од 45 минути, сите атракции. лите можат да се запознаат со
Хотелот располага со повеќе тематски уредени соби. Една од нив е собата со кревет вграден во Cadillac Eldorado, во статусниот симбол од 1970-те години
пинг-собата со вградена приколка за кампување, или пак, може повеќе да им се допадне апартманот Route 66, каде што повторно ќе го почувствуваат одамна поминатото време кога возењето по автопат претставуваше роматично доживување. Ниту љубителите на тјунингот не смеат да минат тукутака покрај хотелот V8. За нив е наменета просторијата во
која што еден американски HotRod е закачен на ѕид, додека купатилото е лакирано со техника Airbrush. Една од највпечатливите креации се наоѓа во собата на тема автоматска перална. Тука креветот е поставен во кремаст Mercedes 280, покрај кого што се наоѓаат препознатливите црвено-бели четки, исти како во сервисите во кои што ги миеме автомобилите. Дека се работи за вистински познавачи на автомобилизмот, кои што внимаваат на сите детаљи, сведочат ноќните масички составени од бандажи, како и масичките изработени од блокови од мотор кои што се поставени во лобито. Во хотелот V8 се води особена грижа и за возилата на гостите. Постојат неколку програми за освежување на возилото, вклучувајќи и комплетно чистење за 205 евра или есенски пакет за нега со име „Хидрофобија за стаклата“, во кого што се добива миење на прозорците и премачкување со средство што спречува водата да се задржува на стаклата. �
10/2010 53
Тема Најсилните модели на марките
Н
екои купувачи не можат да бидат задоволни со просекот. Тие го сакаат само врвното што можат да го добијат од нивната марка и ги ценат автомобилите кои што не служат само за покривање на основните потреби за мобилност, туку на сопственикот му обезбедуваат пред сé имиџ и впечатлива појава. Потрошувачката на гориво, практичноста во секојдневието и цената тука не играат улога. Се бара само најсилното, се бараат само моделите со најмногу коњски сили под хаубата, кои што ги деградираат сите други модели на марката. Некогаш може да следува и из-
Овие модели се најдоброто што автомобилските марка имаат да им го понудат на своите купувачи. Зависно од марката, како максимум можат да се добијат стотина коњски сили, но некаде и пет пати повеќе
ненадување. Ако сте љубител на Toyota и сакате да го паркирате најсилниот модел на марката во својата гаража, нормално е во салонот на марката да очекувате некое луто спортско купе. Но, најсилниот модел изгледа малку поинаку. Тука се добива Land Cruiser 4.5 V8 D-4D, огромен теренец со огромен дизел. Со 286 КС тој е кралот во понудата на јапонската марка. Но, колку коњски сили имаат најслабите модели во топ понудата на марките? Кај Lada Priora се добиваат најмногу 98 КС. Потоа следува Smart Fortwo во тјунираната верзија на Brabus со четири коњски сили повеќе. Тоа е најнискиот максимум од автомобилските марки. На другиот крај на скалата е Bugatti Veyron 16.4 Super Sport, кој што со 1.200-те коњски сили игра во посебна лига. Со голем заостаток следува Lamborghini Murcielago LP 670-4 SV. Со 670 коњски сили
54 10/2010
er eo 8С Smepoid се 8С Alfa Rиoмоm Ro fa Al на дели Најсилн ндареizione. Оцумцили Spider и Compet цот има 450 КС
Молам, најсилното
тој е најсилниот застапник на италијанската марка. Кај Французите, на врвот на понудата стојат модели со дизелски мотори, исто како кај Toyota. Горниот крај на скалата на силина го обележуваат Citroen C5, Citroen C6 и Peugeot 407, со трилитарски дизел со шест цилиндри и со 241 КС. Единствено се разликува понудата на Renault. Нивниот најсилен модел е Megane Coupe TCe 250 со 252 коњски сили. Кај марката од Баварија може лесно да се погоди: Најсилен модел во понудата на BMW сигурно е некој што ја носи ознаката М. Но, претпоставката е точна само половично. Тука не се работи за BMW M5 или M6, туку во ознаката на најсилните модели се појавува уште една буква – Х. Токму така, врвните моделски изведби на теренците X5 и X6 се најсилните модели на марката со сино белиот пропелер во
Lada Priora
Lada Priora може да понуди 1,6-литарец со 98 КС. Тоа е минималниот максимум што го нуди автомобилска марка
Smart fortwo Brabus На малечкиот автомобил му се доволни и 102 КС: Smart fortwo во тјунираната верзија на Brabus
о!
Mini Cooper s JCW
Mini во димензиите, но не и во силината: 211 КС и 1,6-литарски турбо во John Cooper Works
Секоја марка има модел на кого се гордее најмногу. Некоја марка се гордее и со 1200 КС, за некоја друга марка се доволни и само 100 коњски сили
Ford Focus RS5
00
Во ограничена серија , но без ограничувања во силата: 35 0 КС во Ford Focus RS500
Toyota Land Cruiser 4.5 V8 os 1.5 DaihatsuтотTeзаriмал ечки авто-
Кога ќе се побара најсилниот модел на Toyota, се добива Land Cruiser 4.5 V8 D-4D со 286 КС
И специјалис ел: Daihatsu мобили има најсилен мод Terios 1.5 со 105 КС
Skoda Superb 3.6 V6
Чешката марка настапува моќно: Skoda Superb 3.6 V6 FSI 4x4 има 260 КС и погон на сите тркала
Fiat Abarth Punto Evo SS Во традицијата е силата: Најмногу КС во Fiat има Abarth Punto Evo 1.4 Multiair SS – 165 KC. Исто толку нуди и дизелот во Bravo 2.0 Multijet
овој момент. Нивните осумцилиндарци со двојно турбонатполнење развиваат по 555 КС и ги оставаат зад себе класичните тркачи на марката со ознака М. Слична е ситуацијата и кајд другите Баварци, кај Audi. Кој очекува дека најсилниот претставник од Инголштат е суперкупето R8, се лаже. Најмногу
10/2010 55
Техника Нови системи за ракување
С
екој техничар сонува еднаш во животот да добие можност да ја почне работата од бел лист хартија. За концептниот автомобил со хибриден погон кого што куќата од Цуфенхаузен ѝ го прикажа на јавноста пролетоска, техничарите добија целосна слобода да креираат инструменти и прекинувачи што совршено ќе му одговараат на иновативното возило, без обврска да се повикуваат на богатата традиција на марката. Тоа не е едноставна работа, затоа што возачот треба да има увид врз заедничката работа на електромоторот и на бензинецот, но во исто време треба да му се овозможи да ракува со најразличните функции во возилото, без опасност да му се одвлече вниманието од сообраќајот. Првата работа на која што се посвети тимот на Porsche беше
Обичните инструменти за многу скоро време ќе бидат заменети со екрани од течни кристали. Тие се приспособливи и се совршени за прикажување на изобилството од информации
воланот. Сите копчиња на него служат исклучиво за функциите во возењето, односно за ракување со светлата и бришачите, за менување на степените на пренос и за избор на начинот на работа на хибридот. Копчињата за функциите на радиото и телефонот, кои што се вообичаени кај повеќефункциските волани, се забранети во воланот на Porsche 918 Spyder.
58 10/2010
Ова се новите
информациски
На возењето му се посветени и трите тркалезни инструменти, од кои што само бројачот на вртежи во средината поседува класична стрелка. Лево и десно од бројачот се поставени дисплеи со течни кристали. Тридимензионалната скала на работ прави овие инструменти да потсеќаат на скапоцени рачни часовници. Благодарение на ви-
соката резолуција на дисплеите, овие виртуелни инструменти од седиштето на возачот изгледаат исто како нивните класични колеги. Но, нивната предност е во тоа
што по потреба можат да прикажуваат дополнителни функции. Електронскиот копилот му помага на возачот додека вози на тркачка патека и му ги покажува
Предноста е во тоа што може да се менува приказот на информациите на инструментите. При возењето по пат може да се најавуваат делниците со ограничување на брзината, додека на тркачка патека може да се покажуваат оптималните точки за сопирање
Со Ford Start Concept, дизајнерите на американската компанија експериментираа околу изгледот и фуинкционирањето на кокпитот во возилата од иднината
централи Двата тркалезни инструмента лево и десно од големиот бројач на вртежи се дисплеи со течни кристали. Тридимензионалниот прстен околу нив им дава изглед на скапоцен часовник Во кокпитот на студијата на Continental исто така се користат приспособливи дисплеи што реагираат на допир точките за сопирање, но тој може да биде од корист и при возење по нормални патишта, со тоа што ќе покаже колку метри се потребни при престигнување на некое возило. Потребните информации за радиусот на кривините и за сообраќајните знаци ги обезбедува системот за навигација. Дисплејот за ракување со навигацијата зафаќа најголем дел од сре-
дишната конзола и се ракува преку допир. Покрај тоа што изгледа мошне благородно, овој дисплеј со променлив приказ овозможува на средишната конзола да има само два вртливи прекинувачи. Преку чувствителната површина на дисплејот може да се бараат песни исто како кај iPhone, да се бира телефонски број или да се дотера работата на клима-уредот. Наспроти тоа, дисплејот за прикажување на навигациските карти не реагира на допир со прст. Заради читливост, тој е поставен мошне високо на конзолата и далеку е од досегот на возачот. Навигацијата вклучува неколку функции кои што ќе бидат корисни кај идните електромобили. Една од нив е приказот на досегот на возилото: Патот што возилото нема да може да го помине со енергијата од батериите се при-
кажува во потемна боја, а на картата дополително се прикажува локацијата на најблиските места за полнење струја. Кокпит кој што е целосно покриен со дисплеи користи и Continental вo неговата студија „Simplify Your Drive“. Тука возачот може да го менува дотерувањето на целото возило со притискање на копче. Работата на подвозјето, контролната електроника на моторот и автоматскиот менувач се приспособуваат автоматски во зависност
од тоа дали возачот сака да вози спортски или штедливо. Информациите на дисплејот се менуваат според активираниот модус на возење. Доколку возачот е во спортската програма, тој ќе гледа пред себе голем бројач на вртежи и инструмент за страничното забрзување. Во модусот, пак, за штедливо возење, возачот добива совети како да заштеди гориво. Дисплеите нудат огромна слобода. Исто како и празниот лист хартија. �
10/2010 59
Тема Салон за кампување во Диселдорф
И сателитска не смее да недостига
Мора да се мисли на се, сепак се работи за подвижен дом
Л
етните одмори завршија, убавото чувство ќе треба да потрае уште долго. Сега е совршено време за релаксирано да се постават основните насоки за следното лето. Затоа браншата се собира во Диселдорф на крајот на летото да ги најави новите трендови и да ги намами купувачите на мотокаравани и опрема за кампување додека сеќавањата сé уште се свежи. За љубителите на компактните домови на тркала има особено богата понуда на салонот за кампување. Во тренд се добро опремени возила со оптимирана тежина која што останува под 3,5 тони и поради тоа нема потреба за управувањето со нив да се поседува возачка дозвола од категорија Ц. Се наѕира и трендот на семејни каравани кои што како основа користат малечки транс-
60 10/2010
Својот ебе со с
Нов тренд од салонот е преоѓањето на помала големина: Сега имаме приколка што може да се влече со велосипед или шатор кој што се поставува на покрив на возилото
Доме слатки доме: Повеќето од возилата на салонот вредат повеќе од 100.000 евра
Piaggio Ape: Малечко, ама го бидува за се, па и за кампување
Место за целото семејство - и за автомобилот
дом го носам
Специјалистот за погон на сите тркала во групацијата RenaultNissan го освежи X-Trail за следното моделско годиште. Моторите се поштедливи и трошат до еден литар помалку од претходниците
портери. Изложувачите настапија и со неколку необични идеи. Оние што досега беа убедени дека приколките за кампување можат да се
влечат само со моќен автомобил или робусен теренец ќе останат вчудоневидени на штандот на фирмата Dethleffs. Приколката со име Biker тежи само 80 килограми и долга е 2,4 метри, а може
ската опера Шатор во стил на Сиднеј
10/2010 61
Мотоцикли Нови модели на Aprilia и Moto Guzzi
Н
овиот Guzzi се појави пред јавноста за прв пат пред една година, кога на салонот во Милано во 2009 година беше претставен како прототип со име V7 Clubman. Името на серискиот модел се промени во V7 Racer, а во споредба со прототипот беа извршени неколку промени во изгледот, но суштината остана непроменета. Се работи за ретро мотоцикл изработен со големо внимание, во стил на уличните тркачи од 1960-те години. Моторот е двоцилиндарец во V со зафатнина од 750 сантиметри кубни и силина од 49 коњски сили, кого што го познаваме уште од моделите V7 Classic и V7 Café Classic. Со спуштените рачки на воалнот, со хромираниот резервоар украсен со класичен кожен ремен, со рамот и главите на тркалата бојадисани во црвено, со стартен број и со подесливи потпирачи за стопалата изработени во едно парче,
Мотоцикл за вистинските ужива
тели
Moto Guzzi V7 Racer е омаж на славниот тркач V7 Sport на марката од Мандело дел Ларио. Овој мотоцикл беше меѓу најпосакуваните во класата на модифицирани сериски мотоцикли. Класата резервирана за возачи џентлмени предизвика ривалство меѓу љубителите на јапонските мотоцикли, кои што беа исклучително моќни, но тешк и за возење, и меѓу поклониците на италијанските спортски мотоцикли . Заостатокот во бројот на коњски сили, вториве го надоместуваа со одлични возни својства и со супериорни сопирачки. Надвор од тркачките патеки, ривалството меѓу двете фракции продолжуваше во кафулињата. Тие што пред кафулето ќе паркираа Moto Guzzi V7 Sport , со единечно седиште обложено со префртена кожа и тркачки издув , важеа за припадници на елитната група на познавачи на мотоцикли змот, за кои што возењето претставуваше вистинска уметност. Италијанците ја заживуваат оваа магија повторно со V7 Racer.
џет шлем кој што со стилот му одговара совршено на мотоциклот. Вториот новитет ни доаѓа од Aprilia. Супермото моделот Dorsoduro 1200 изгледа како што се очекуваше, односно мошне слично на помалиот Dorsoduro 750. Нов е двоцилиндарскиот мотор во V, со водено ладење, зафатнина од 1200 сантиметри кубни и моќност од 130 коњски сили при 8700 вртежи во минута. Со оваа вредност за моќноста, исто како и со вртежниот момент од 115 њутнметри при 7.200 вртежи во минута, големиот двоцилиндарец е најсилниот мотор во својата категорија. Четиривентилецот со две брегасти вратила во главата и со две свеќички по цилиндар располага со три различни мапинзи, благодарение на електронскиот систем Ride by wire. Вилушката и осцилирачкиот склоп потекнуваат од Sachs, додека сопирачките диско-
Кафето стигнува со овој Guzzi побрзо
Групацијата Piaggio ни приреди пријатно изненадување со раното претставување на новитетите за следната година. Највпечатливите нови модели ни доаѓаат од марките Moto Guzzi и Aprilia
класичниот стил на V7 Racer е донесен до совршенство. Пружините се од Bitubo, додека вилушката од 40 милиметри е производ на Marzocchi. Во Италија V7 Racer чини 9.290 евра и веќе може да се нарача. Како специјалитет за вистинските љубители на мотоциклите во ретро стил, со доплата од 700 евра може да се добие пакетот кого што производителот го продава под името Legendary. Во пакетот спаѓаат издувен систем од Arrow и
Главите на тркалата се бојадисани во црвено
Хромираниот резервоар со кожен ремен е вистински мамец за погледи Двоцилиндарецот во V со 750 cm3 е ист како во V7 Classic и V7 Cage Classic 64 10/2010
ви со пречник од 320 милиметри на предното тркало и 240 милимњетри на задното тркало носат печат на Brembo. Со доплата, за Dorsoduro се добива контрола на пролизгувањето на задното тркало и АВЅ. Производителот се уште не ја открива цената на овој модел, но таа би требало да се движи во исти рамки со Superduke, на директниот конкурент од KTM, односно неговата цена се очекува да биде позиционирана меѓу 12.000 и 13.000 евра.
Moto Guzzi V7 Racer не располага со многу коњски сили, но затоа изгледа фантастично
Најголемиот тркач на сите времиња
пешна Со 277 освоени трки, Aprilia е најус ство марка во историјата на светското првен исто врвно на а основ Врз зам. цикли во мото Aprilia куство стекнато во светот на трките, голема продолжува со развој на мотори со работна зафатнина и висока моќност. Супермото моделот Dorsoduro доби комплетно нов двоц илин дарски мотор со напредна технологија, кој што со своите перф орма нси е на врвот во класата.
Aprilia Dorsod ur нежно, но има o 1200 изгледа Новиот двоцил лавовско срце. дува 130 КС и индарец ослобосо тоа конкурентот KT го загрозува M Superduke
10/2010 65
Мотоспорт Формула 1 • Сингапур
една трка, тројца А
лонсо го промени стилот и вози безгрешно. Шпанецот победи на трката, во која што Фетел цел 61 круг му возеше залепен за опашот. Така возат само шампионите. Но, Алонсо веќе направи премногу грешки во оваа сезона. Поранешниот шампион повеќе не смее да дозволи да погреши. Но, тој не смее да си дозволи и премногу оптимизам, инаку може лесно да ја пропушти шансата. „Сите петмина имаме 20 проценти шанси“, смета Алонсо. „Ако некој е во подобра позиција, тогаш тоа е Вебер. Тој има најмногу бодови.“ Резервираноста на Шпанецот има причина. Следува трката во Сузука, која што не е идеална за Ferrari. Италијанскиот тим постигна голем напредок на последните три трки. Доколку Алонсо се качи на подиумот на преостанатите трки, има шанси да го освои првенството. Себастијан Фетел е губитникот на ноќната трка во Сингапур, иако според брзината токму тој требаше да биде победник. Доколку се случеше двојна победа на Red Bull, Алонсо ќе изгубеше најмалку десет бодови. На последните три трки, пилотот на Ferrari беше
76 10/2010
победници
Двапати по ред Алонсо освои максимум бодови, Фетел ги победи сите освен Алонсо, а Вебер го задржа водството во шампионатот. Сите тројца се најдоа на подиумот. Но, кој победи во Сингапур? 3 2
1
4
7 9 8
6
5
14 15 10a 10c
10b
16 17
11 12
13
19 18
20 21
23 22
Турција
Канада
Валенсија
Англија
Унгарија
Белгија
25
25
15
10
A
25
8
25
18
8
15
12
18
8
4
15
4
-
25
18
A
25
25
Возач
Сингапур
Монако
4
-
Јапонија
Шпанија
18
Германија
Малезија
2 12
Кина
Австралија
4 25
Бахраин
202 191
Бодови
M. Вебер Ф. Aлонсо
Место 1. 2. 3.
Л. Хамилтон
182
15
8
8
18
-
10
25
25
18
18
12
A
25
A
A
4.
С. Фетел
181
12
A
25
8
15
18
A
12
25
6
15
15
-
12
18
5.
Џ. Батон
177
6
25
4
25
10
A
18
18
15
12
10
4
A
18
12
6.
Ф. Maса
128
18
15
6
2
8
12
6
-
-
-
18
12
12
15
4
7.
Н. Розберг
122
10
10
15
15
-
6
10
8
1
15
4
A
8
10
10
8.
Р. Kубица
114
-
18
12
10
4
15
8
6
10
A
6
A
15
4
6
9.
A. Зутил
47
-
A
10
-
6
4
2
1
8
4
-
A
10
-
2
10.
M. Шумахер
46
8
1
A
1
12
-
12
-
-
2
2
-
6
2
-
11.
Р. Барикело
39
1
4
-
-
2
A
-
-
12
10
-
1
A
1
8 A
12.
K. Kобајаши
21
A
A
A
A
-
A
1
A
6
8
-
2
4
A
13.
В. Петров
19
A
A
A
6
-
-
-
-
-
-
1
10
2
-
-
14.
Н. Хилкенберг
17
-
A
1
-
-
A
-
-
A
1
-
8
-
6
1 A
15.
В. Лиуци
13
2
6
A
A
-
2
-
2
-
-
-
-
1
-
16.
С. Буеми
7
-
A
-
A
A
1
-
4
2
-
A
-
-
-
-
17.
П. де ла Роса
6
A
-
S
A
A
A
-
A
-
A
-
6
-
-
-
18.
Х. Алгуерсуари
3
-
-
2
-
1
-
-
-
-
A
-
A
-
-
-
19.
Х. Kовалаинен
0
-
-
A
-
S
A
A
-
A
-
A
-
-
-
-
20.
K. Чандхок
0
A
-
-
-
A
-
-
-
-
-
21.
Л. ди Граси
0
A
A
-
A
-
A
-
-
-
A
A
-
-
-
-
22.
J. Tрули
0
-
S
-
A
-
-
A
A
-
-
A
-
-
A
A
-
-
A
A
A
-
-
-
-
-
A
23.
Б. Сена
0
A
A
-
-
A
A
A
A
-
24.
T. Глок
0
A
A
A
S
-
A
-
A
-
A Возачот не ја завршил трката - D Возачот е дисквалификуван - S Возачот не стартувал
Бодови
Бахраин
Австралија
Малезија
Кина
Шпанија
Монако
Турција
Канада
Валенсија
Англија
Германија
Унгарија
Белгија
Јапонија
Сингапур
третата позиција. Од сите кандидати за титулата, тој беше најрелаксиран, затоа што знае
Тим
раше фрустрацијата уште во текот на трката. Марк Вебер не сметаше на
Место
посериозен противник на Фетел отколку Вебер. Алонсо веќе има освојувано шампионски титули и знае колкав е притисокот на крајот на сезоната. Во 2005 и 2006 година тој докажа дека е во најдобра форма кога станува најгусто. Покрај тоа, Ferrari има значително помалку дефекти од Red Bull. Тоа е уште еден ас на Шпанецот во битката со Фетел. По серија од разочарувања, Германецот ја промени тактиката и се однесува многу порелаксирано. Тој се помири со втората позиција, иако требаше да заврши како победник. До пред три трки, Фетел ја демонстри-
1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9. 10. 11. 12.
Red Bull McLaren Ferrari Mercedes-Benz Renault Force India Williams Sauber Toro Rosso Lotus HRT Virgin
383 359 319 168 133 60 56 27 10 0 0 0
16 21 43 18 2 1 A A A
2 33 27 11 18 6 4 A
43 12 6 15 12 10 1 A 2 -
12 43 14 16 16 A A
40 10 26 12 4 6 2 1 A -
43 10 20 6 15 6 A A 1 A
15 43 10 22 8 2 1 A -
22 43 15 8 6 3 A 4 -
25 33 4 1 10 8 12 6 2 -
31 30 17 4 11 8 -
23 22 43 6 7 A -
40 4 30 10 9 8 -
18 25 12 14 17 11 4 -
20 18 40 12 4 7 -
33 12 29 10 6 2 9 A A -
A Тимот не ја завршил трката
дека патеката во Сингапур не му лежи најдобро. Раната промена на гумите и сигурноста во двобојот со Хамилтон му обезбедија место на подиумот и задржување на водството во првенството, со единаесет бодови пред Алонсо. Следуваат патеки на кои што Вебер постигнува добри резултати и може да му парира на тимскиот колега Фетел. Со 21 бод повеќе од Германецот, Вебер е во добра позиција, но смее да се опушти премногу. Доколку Фетел победи четирипати, на Вебер нема да му бидат доволни четири пласмани на второто место. Тоа би била разлика од 28 бодови. Но, Вебер знае дека му е доволно само еднаш да се пласира пред тимскиот колега, за да го презеде приматот во Red Bull. Ќе биде од корист и доколку Луис Хамилтон, Џенсон Батон или Фернандо Алонсо забележат уште по една победа. Во тој случај, Вебер би се оддалечил уште повеќе од Фетел. Австралиецот е единстен што има причина да се радува доколку биде откажана трката во Кореја. Секоја трка помалку му оди во корист на водачот во шампионатот. � 10/2010 77
Јубилеи 40 години Toyota Celica
О
Силна како челик, но со небесн а душа Името на славен модели на Toyota носеа име шт о почнува со латиничн …Celica. Иако името на купето до бива интересна симбо него сепак се повикува на латин скиот јазик, односно н
д другата страна на Големата вода, во земјата на неограничените можности, во САД, Toyota веќе долго време имаше стекнато високо реноме, кога нејзините дилери и купувачи побараа јапонската марка да им понуди нешто повеќе од компактен, издржлив и евтин автомобил. Тие бараа модел што ќе ги разбуди емоциите, некој што ќе им парира на американските модели Mustang, Camaro или Challenger, но со компактните димензии, техниката и цената, сепак, ќе биде Toyota.
Инженерите го прифатија овој предизвик и плодот од нивната работа го прикажаа на салонот во Токио во 1970 година, пред воодушевената публика. Уште во следната година почна продажбата на новото купе и во САД. Toyota Celica беше мошне привлечно и конкурентно купе со конфигурација 2+2, со достапна цена. Конструирањето на спортски и тркачки автомобили веќе имаше долга традиција кај јапонската марка. На домашниот пазар речиси и не се продаваа возила од увозните марки, а на стартната линија на трките владееше истата турканица каква што денес може да се види на такси-станиците во Осака или Нагоја.
Тркачките автомобили беа од само две марки: Toyota и Nissan. Повеќе Toyota, отколку Nissan. Проблемот беше во тоа што ниту еден уличен спортист на Toyota не успеа да постигне впечатлива продукција. Малечката Publica Sport 800 почна да се продава во 1965 година, но никогаш не отиде за извоз и беше реткост дури и на домашниот пазар. Спектакуларниот GT 2000 освои три светски и 13 интернационални рекорди, а со возбудливата линија на каросеријата и со остриот звук никогаш не престана да ги одушевува ентузијастите на марката. Спортското купе се произведе во само 351 примерок во периодот од 1967 до 1970 година. Како родстер со каросерија лакирана во бела боја, GT 2000 имаше спектакуларна појава во филмот „Се живее само двапати“ со Џејмс Бонд, каде што го виде милионска публика. Оваа шанса мораше да се искористи. Љубителите на марката во 1970 година за прв пат можеа и да поседуваат спортски автомобил од Toyota, место само да го посакуваат. Техничарите на Toyota мораа да посегнат по постоечка платформа од некоја од големосериските лимузини на марката. На тој начин требаше да се обезбеди пониска цена на производство на моделот, а соодветно на тоа и пониска продажна цена и повисоки бројки во продажбата. Celica беше технички близнак со лимузината Carina. Двата модела се произведуваа во посебна фабрика за нив, изградена во Цуцуми, во Тојота Сити.
Публиката во Токио ги поздрави двата нови модела со огромен аплауз, а продажбата постигна гигантски размери, особено во САД. Никој не можеше да остане ладнокрвен на заоблените линии и моќниот опаш на Celica, исто како и на долгата хауба или на предните врати без рамка и целосното спуштање на задните прозорци. Купувачите добија спортски модел каков што посакуваа, направен според стандардите на Toyota: Со простор за четворица патници и со корисен багажник. Во пролетта во 1972 година, Celica се појави и на европскиот пазар. Додека во Јапонија се нудеа 28 варијанти на моделот, во Европа постоеше само еден модел во понудата: Со основна опрема LT, со зафатнина од 1,6 литар, со регистарски карбуратор со автоматски старт и 79 КС. Но, тоа беше само почетокот. Најсилниот мотор во последната генерација од 2005 година стаса до 192 КС. Се сеќаваме и на верзиите со турбо и погон на сите тркала, како и на Supra од периодот меѓу 1993 и 1998 година. Тие имаа и по 330 КС. Во продолжението ќе го прочитате прегледот на сите досегашни генерации на јапонското купе.
к а р а к сш
шер
Цвр
78 10/2010
никот потекнува од доцниот пер иод C, кога повеќето ното C: Century, Crown, Cressida, Camry, Carina, Corolla олика кога ќе се прочита како Челика, пораката во на Caelicа или Caeli, што значи небо или небесно. Кралот на Африка Многу модели на Toyota победуваа нa трки: Starlet, Corolla, MR2, Carina E, Yaris. Се возеше и во формула 1. Но, ниту еден од нив не се приближи до успехот на Celicа, со вкупно шест титули во светскиот шампионат во рели. Првите примероци на Celica за трка ги подготви Ове „Папата“ Андерсон, шампион во рели и победник на Монте Карло. Тоа беше во 1973 година. Првата победа на рели се случи во Источна Африка, со Celica TA 60, која што оттаму го носи прекарот Крал на Африка. Серијата победи продолжи со Celica GT4 и со Celica Turbo 4WD. Зад воланот се најдоа големи имиња, како Карлос Саинџ, Јуха Канкунен и Дидие Ориол.
а ш у д а ,р ангелск
Челистите не свират на инструмент: Тие го поседуваат, го возвишуваат и го негуваат култот на купето Toyota Celica. Со овој автомобил, Јапонците нÈ научија дека во нивните возила можеме да очекуваме и емоции 10/2010 79
НАСТАНИ Рели-крос Дојран 2010
П
Со скок во победа
ознавачите реагираат навреме. Почетокот на есента е време за упатување кон Берово, кон патеката која што за многумина ја носи најголемата возбуда и атракција за публиката во малкуте настани од мотоспортот во Македонија. Манифестацијата со повеќедецениска традиција во оваа година мораше да отстапи од традицијата. Место под Малешевските планини, организаторите решија релито со теренски возила да го преселат на југот на државата, на брегот на Дојранското езеро. Секако дека искусниот организатор, Димитрије Пеливанов, претседател на клубот Џип Рели Спорт, не дозволи новата локација да влијае врз привлечноста за учество на настанот, без разлика дали зад воланот или во публиката. Според понесеноста на присутната публика од скоковите на натпреварувачите, но и ангажираноста на овие вториве да приредат колку е можно поголема атракција на возењето, безрезервно ја потврдуваме успешноста на традиционалното рели со теренски возила.
За 32-то издание, релито со теренски возила се пресели од Берово во Дојран. Промената на локацијата не промени ништо во возбудата и атрактивноста на настанот што публиката го обожува Поз. 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15
Бр. 2 5 6 19 1 3 8 23 9 7 13 10 4 11 12
Натпреварувач Братислав Миниќ Милан Миловановиќ Владо Гриовски Игор Апостолски Михалис Стаматиу Војкан Ристиќ Панче Таковски Владимир Сивријски Зоран Мазновски Кире Печијаревски Тони Николовски Владимир Сосолчев Александар Димушевски Драган Китановиќ Јоанис Тоидис
Дел од традицијата е спонзорската поддршка од Порше Македонија, која што и во оваа година со гордост ги паркира своите теренци да парадираат покрај патеката. Некои увозници
Следниот број на магазинот Auto Focus излегува на 15 Октомври 2010
82 10/2010
Држава СРБ СРБ МКД МКД ГР СРБ МКД БГ МКД МКД МКД МКД МКД МКД ГР
Време 01:13,47 01:15,95 01:16,10 01:17,57 01:21,02 01:23,24 01:23,92 01:26,83 01:28,08 01:28,36 01:36,16 01:36,43 01:38,04 01:52,10 01:52,22
Класа 5 3 6 2 3 4 4 2 2 3 6 4 5 5 6
учествуваат и директно во борбата на патеката: Игор Апостолски веќе по традиција го извозе својот Daihatsu Terios до првото место во класата. Меѓу звучните имиња кај натпреварувачите се наоѓаат и Александар Димушевски, освојувач на Златна кацига, кој со својот Nissan Terrano го освои сребрениот медал во својата класа, како и Кире Печијаревски, познато лице од ТВ екраните, но и еден од најредовните учесници на релито. Најдоброто време на патека-
та Топлец го постигна Србинот Братислав Миниќ со Mitsubishi Pajero, во класата 5: Неговото време на патеката долга околу еден километар е 1 минута и 13 секунди. За в година можеме да посакаме уште поголема масовност на натпреварувачите: Секој може да се натпреварува на рели-патеката, само доколку е подготвен да ги измери своите способности со докажаните волци зад воланот. Само така се докажува возачката способност. Другото не се важи.