Auto Focus 30

Page 1

Нема мир за Golf

Број 30 • февруари 2010

Сега Ford е во фокусот Поголем >>> Посилен >>> Поштедлив >>>

Citroen DS3

Средба во Париз

Новитети од

Golf Coupe или најава за Jetta? Детроит Honda Што ќе излезе од New Compact Coupe?

CR-Z

Toyota FT-Ch

Audi e-tron

Chevrolet Aveo RS домаќински

избор

50 најштедливи автомобили

3,2

m L/100 k

!

GMC Granite

Комплетна најава Соборување на сезоната во рекорди во Италија формула 1 Најбрзиот болид постигна 376 km/h

Сите возачи, сите тимови, нови правила

Прв тест

Opel Astra

Има потенцијал за ѕвезда

февруари 2010 90 ДЕНАРИ

9 771857 569002

30


СОДРЖИНА Број 30 • февруари 2010 НОВИТЕТИ

6

Премиера Citroen DS3 Французите не ја прифаќаат играта на Mini и на Fiat 500. Мотото на DS3: Анти-ретро

16

Ford Focus Новиот Focus е тука, но додека почне продажбата ќе мине уште цела година. Ќе чекаме!

18

Honda CR-Z Хибрид, па уште и спортски: Купето ќе ги учи возачите дека хибридите се повеќестрани

20

Chevrolet Aveo RS Concept По Spark и Cruze, следен што ќе го носи препознатливиот дизајн на Chevrolet е Aveo

22

GMC Granite Concept Марката со големите теренци се обиде да направи компактен автомобил и успеа во тоа

23

VolksWagen New Compact Coupe Хибридниот погон кај VW се уште е далеку од серија: Но, ова купе мораме да го имаме

24

Toyota FT-Ch

26

Родстерот SR1 го покажа правецот во кој што марката Peugeot ќе продолжи да вози во иднина. Марката се промени радикално

28

Четири врати, четири седишта, четврти модел на Mini и погон на четири тркала. Четворката е среќен број за Countryman

Јапонците имаат проблеми со педалите за гас, но хибридниот погон го владејат добро

26

Peugeot SR1 Лавот побегна од кафезот: Француската марка го менува изгледот целосно

28

Mini Countryman Покрај одличната продажба би било лудост менаџерите да мируваат. Нов модел

ТЕСТ И ТЕХНИКА

34

ПРВ ТЕСТ OPEL ASTRA 1.6 16V enjoy Динамичната линија само го навестува еланот со кој што е развиена новата Astra

40

ТЕСТ MITSUBISHI LANCER SPORTBACK 1.5 INVITE Ловецот на купувачи на Mitsubishi ја покажа и другата страна: Тест на комбилимузината

46

TECT VOLKSWAGEN GOLF 1.6 TDI TRENDLINE Дизелите од 1,6 литри се традиција во VW. И новиот TDI е во традицијаta: Одличен е

тема

12

Салон во Детроит Американците изгубија на домашен терен: Германците ги имаат подобрите автомобили

52

50-те најштедливи автомобили Автомобилите што се задоволуваат со малку се интересни. Но, кои се најштедливите?

54

Салон на Rolls-Royce во Доха Најголемиот салон на Rolls-Royce се отвори во Катар: Секако, не се работи за случајност

56

Трка со рекорди во Нардо Најголемите тјунери на светот се собраа на патеката во Нардо да ги одмерат силите

58

Автомобили во овој број 20 6 16 22 18 28 40

25 години Peugeot 205 GTI и 205 Turbo 16

Chevrolet Aveo RS Concept Citroen DS3 Ford Focus GMC Granite Concept Honda CR-Z Mini Countryman Mitsubishi Lancer Sportback 1.5 Invite

34 58 26 24 46

Opel Astra 1.6 16V Enjoy Peugeot 205 GTI / 205 Turbo 16 Peugeot SR1 Toyota FT-Ch Volkswagen Golf 1.6 TDI Trendline 23 Volkswagen New Compact Coupe

Автомобилот што сите го сакаа и ќе го сакаат се појави пред 25 години. Зарем има толку?

НА ДВЕ ТРКАЛА

60

Мотоцикли со погон на струја

мотоспорт

74

Батериите се пробија во светот на мотоциклите многу побрзо од очекувањата

СЕРВИС

62

Совети: Тест на метлички за бришачи Клубот ADAC провери и заклучи: Новите бришачи со тенок профил се подобри

Рели Дакар Највозбудливата трка во мотоспортот не разочара. Карлос Саинц донесе победа за VW

78

Најава на сезоната во формула 1 Во правилата се промени малку, но се друго е ново: Нови возачи и тимови, стара легенда

останато 66 ваши писма 66 импресум 67 излог

68 ценовник 82 против досада 02/2010 3


Број 30 • февруари 2010

Кој ги произведува старите автомобили? Дарко Јаконов Главен уредник darko.jakonov@autofocus.com.mk

Македонија повторно ги откри старите автомобили од увоз, народот ќе биде среќен што повторно му се дозволува да ужива во оваа единствена привилегија. Аргументите што ја поддржуваат неопходноста од увоз на стари автомобили се цврсти исто колку гранитната коцка од плоштадот Македонија. Од експертите што работат беспоштедно во не толку цврстата алуминиумска коцка на Илинденска бб слушнавме мошне убедливи тврдења што е очигледно дека произлегуваат од длабоки анализи. Изнесените факти им удрија силна шлаканица на сите што досега не го забележале овој горлив проблем. Во Македонија постојат 100.000 граѓани што не можат да си дозволат нов автомобил. Кој ги создал тие граѓани? Точно 100.000! Очигледно е дека се работи за голема завера. Но, жртвите на заверата ќе бидат многу побројни. Секако дека постои иронија околу овој проблем. Ниту е извршена каква било анализа, ниту се консултирани експерти, па дури ниту часовникот на целата оваа операција на спасување на народот не е апдејтиран. Во време кога Шведска е на половина пат да се ослободи од секаква зависност од увоз на нафтени деривати и во време кога автомобилските куќи веќе во оваа година го имаат поставено датумот на почеток на продажба на првите возила со погон на струја од големосериско производство, нам ни се сервираат стари автомобили од увоз. Се води дебата дали е подобар нов или стар автомобил. Зарем оваа дебата има поразличен тон од онаа што би се водела околу тоа дали е подобар тазе или бајат леб? Точно е дека се јаде и бајат леб, но главно како попара. Зарем некој би избрал доброволно да јаде попара како секојдневен оброк? Е, тоа ни се нуди! Јасно е дека користените автомобили се неопходни исто колку и новите автомобили. Циклусот е уште појасен: Некој е денес на владеечка функција и нормално е да ја искористи, да си купи барем еден нов автомобил. Откако ќе почнат да се разоткриваат малверзациите, време е автомобилот да се продаде и да се живее малку повлечено. Значи, добиваме користен автомобил и добиваме нов сопственик. Постои можност дека и на овој сопственик утре ќе му се посреќи, па ќе може да си купи нов автомобил. Тој го продава стариот автомобил, купува нов. Неговиот стар автомобил станува нов автомобил за новиот сопственик. Доколку се прекине циклусот, стариот сопственик не може да го претвори автомобилот во нов за некој нов сопственик. Заклучокот: Штом во Македонија се продаваат нови автомобили, мора некаде во Македонија да се продават и стари автомобили. Така било, така и ќе беше. Со увозот на евтини и дотраени автомобили што за многу кусо време ќе почнат да ни ја збогатуваат почвата со железо, вредноста на тукашните користени возила

се намалува драстично. Циклусот се прекинува. Нема продажба на нови автомобили, нема плаќање акциза и данок, нема повеќе илјадници вработувања и нема повеќе скапи центри на автомобилските марки. Овие последниве им бодат очи на пронаоѓачите на старите автомобили од увоз. Навистина, зошто увозниците мора да имаат толкави центри, што изгледаат толку претставително и се преполни со нови автомобили? Па, толку е логично објасувањето: Затоа што заработуваат многу од продажбата на автомобили! Но, зарем некој треба да се стави на суд затоа што заработува? Како се нарекува општеството што се обидуваме да го воспоставиме? Големите откритија понекогаш се само резултат на неукост. Единствен исклучок се автомобилите: Тука секогаш се работи за неукост. Кусо објаснување за спасителите на автомобилскиот народ на Македонија. Увозниците градат центри заради купувачите и заради марката што ја продаваат. Од сите тие силни објекти, корист имаат само купувачите. Кој смета дека продажбата од шупа е соодветен начин за тргување со нови модели на Mercedes, BMW или Audi, нека повели слободно. Центрите се тие што го градат имиџот на марката, тие што ги привлекуваат купувачите и тие што придонесуваат сопственикот да биде горд што вози одредена марка. Секако дека постојат институции во кои што учени луѓе го објаснуваат начинот на кој што функционира светот. Но, дали народот навистина сака стари автомобили од увоз? Фамата околу увозот на евтините стари автомобили исчезна веќе одамна, приближно во исто време кога отпадите за автомобили почнаа да растат неконтролирано. Сега знаеме: Евтините автомобили од увоз се евтини затоа што толку вредат! Автомобил од 1.000 евра не може да биде повреден од автомобил од 2.000 евра. Стари автомобили, нови автомобили, богати дилери, итри препродавачи. Што треба јас да му одговорам на менаџерот за продажба на Citroen кога на презентацијата на новиот DS3 во Париз ќе ме праша какви се состојбите со продажбата на автомобили во мојата земја? Да излажам или да изгледам глупаво? Не, ништо од тоа. Не е мојот народ ништо помалку вреден од другите, па да седи во стари автомобили од увоз, искористени речиси до бескорисност. Зошто да не биде подобро Македонија да ја субвенционира продажбата на нови автомобили. Субвенција од две илјади евра за убав градски автомобил е сосема доволна. За 20.000 граѓани, тоа ќе ја чини државата 40 милиони евра, односно одвај два споменика. Време е да побарам на улица некое од поновите такси-возила. Паркирањето стана прескапо за нашите стари автомобили од увоз. �

Принципот е користен повеќе пати. Кога народот треба да се усреќи, се носат стари коли. Но, што ако народот се почувствува навреден?

02/2010 5


Возевме Citroen DS3 НИ СЕ ДОПАЃА

НЕ НИ ПРЕЧИ

НЕ НИ СЕ ДОПАЃА

Силен стилски печат и можност за индивидуализација

Откажувањето од препознатливите белези на Citroen: И ваков Citroen е сосема добар

Врвниот пакет на опрема не се нуди со послабите мотори

Хармонично дотерано спортско подвозје Задоволува повисоки аспирации

Како „анти-ретромобил“ не поставува репери со новите системи за штедење

Auto Focus на презентацијата на Citroen DS3 во Париз, Франција

Уникат од сериско

производство

Модата на улиците во големите градови предолго ја диктираа италијански и британски марки. Сега е време модата да се врати во природната средина, кај Французите. 6 02/2010


Н

Главните белези на DS3: Светлечките диоди напред и перката во средина

е, не се присторува. Истото се случува веќе стотина метри подолу. Луѓето го забележуваат автомобилов со отровно жолта боја, уште рано го ловат со погледот и го следат долго сé додека не исчезне повторно во уличниот метеж. Тоа што е необично: Повеќето од минувачите веќе го знаат неговото име, го изговараат. „Де-ес-троа“, така се вика. Улиците на Париз помнат кога пред повеќе од педесет години истиот овој народ поздравуваше еден друг автомобил и исто така го воздигнуваше до божевство. Кога тука се чита комбинацијата од букви DS, изговорот е сличен на зборот за божица. Citroen DS3, сепак, не сака да се потпира на славата на најголемиот француски автомобил на сите времиња, на DS. Повеќе сака да успее во револуцијата што тој си ја има наумено. Таа,

пак, гласи: Анти-ретро! Наспроти Mini и Fiat 500, чие што постоење на овој свет се базира главно на повикувањето на стилските белези на легендарните претходници од 1960-те години, модниот пандан на Французите се ориентира кон иднината. DS3 е првиот модел од новата подмарка на француската куќа и ги втемелува принципите што ќе ги следат идните и поголеми модели DS4 и DS5. Престижните модели од серијата DS ќе ја користат техничката основа од вообичаените моделски серии на Citroen, но ќе се надградуваат со стил и со престиж. Еден вид Supercitroen! Како што се појавува пред светот, на DS3 веќе му успева еден голем дел од револуцијата. Со илјадниците, а веројатно и уште повеќе детаљи што се забележуваат во каросеријата, новиот Citroen изгледа исто како оние уникатни автомобили што малите тјунерски работилници ги

вадат под светлото на рефлекторите на салоните во Есен или во Лас Вегас. Сепак, постои една мала, но пресудна разлика. DS3 не изгледа исто, туку многу подобро од нив. За разлика од тјунерските работилници што налепуваат дебели спојлери и безмилосно ја дупчат ламарината со намера да ја прикажат или само да ја симулираат бруталната моќ на автомобилот колку е можно поверодостојно, а тоа секогаш значи и погрдо, тјунингот на DS3 доаѓа со гаранција за стил. Огромниот дизајнерски тим на Citroen, каков што не може да си дозволи ниту една тјунерска работилница на светов, завршил лавовска работа. Го измислиле Citroen од ново. Стилот на новиот DS се базира врз три елементи: Перката од ајкула на местото на страничните столбови, кутиестиот опаш и низата од светлечки диоди во предниот браник. Но, дури откако две►

Актуелната мода на шарени покриви изгледа вака: Секоја година дизајнерите ќе вадат нови колекции. Ова е Франција!

02/2010 7


Салони Детроит 2010

Во Детроит ништо не е како што беше Единствено Ford и неколку европски марки имаа поубедлив настап на NAIAS. Другите марки покажаа прикрпени новитети, а недостасуваа и неколку големи имиња

Б

лескот од рефлектори, штандови полни со автомобили и редици народ што шета по штандовите: Тоа е светлото во кое што ни се покажа салонот во Детроит. По минатогодишното оплакување на времето на убавите продажби, убаво е што сега гледаме како Американците се враќаат во играта. Со грст новитети, производителите од другата страна на големата бара нé убедија дека заздравуваат. Тие ќе мораат итно да ја повратат формата, затоа што европските производители, а особено европските, сé посилно го напаѓаат огромниот пазар. Најголемото изненадување ни го приреди Ford. Овој концерн е единствениот што ја преброде кризата без државна интервенција и во моментов му контрира на гудачкиот

12 02/2010

концерт на GM и Chrysler со инвестиција што тежи повеќе милијарди долари. Како плодот од добрата работа на Ford доаѓа новиот Focus, кој е неприкосновена ѕвезда на салонот. Компактот е развиен во Келн и ќе почне да се продава по точно една година од двете страни на Атлантикот, но Американците го прифаќаат како да е нивен. Сé посилни се убедувањата дека земјата на автомобилските џинови ќе стане нов пазар за компактните и за малечките автомобили.


и смал он се која г о п е ричен : За н елект амо едно о с о с ет значи ја е: Куп главј гонот. Тоа е во сери о п о , втор та и во по го имам е ја e-tron Audi каросери година ќ и во

Кај M erced CTS-V es е AMG, ка Coupe има м ј BMW е М ,a отор о д Corv Cadillac г о ette и преку има V. 550 КС

: Кона во носот Му се глед RS најавува o цептот Ave и модел и к с и р е с в а уб vrolet добар Che н е д е уште

Ако треба ќе се фрлат и во оган за ова купе: Од Volkswagen New Compact Coupe е можно да произлезе новата Jetta за американскиот пазар. Но, зошто да не остане вакво?

Германците можат само да се радуваат на тоа. Нивниот пазарен удел бележеше постојан раст во минатите пет години. Со 800.000 продадени возила во 2009 година, германските марки имаат пазарен удел од 7,3 проценти, а секој втор продаден автомобил во високата класа во САД носи печат „Made in Germany“. Но, не се продаваат само скапи автомобили. Место да ги покажуваат мускулите како порано, Германците сега доаѓаат со малечки и разумни автомобили.

Кај General Motors и Chrysler не владее толкав оптимизам. Додека мајката на Opel има неколку новитети за покажување пред народот, кај најмалиот од големата тројка се гледаат само исполирани стари каросерии. Помошта за Chrysler веќе пристигна. Новата мајка на концернот, Fiat, паркираше неколку салонски парчиња од Fiat 500 и по едно Ferrari и Maserati меѓу Chrysler 300 C, Dodge Nitro и Jeep Wrangler. Очигледно е дека Американците од Chrysler се затечени од новата ситуација: Како новитет беше прикажана Lancia Delta, со маска и лого на Chrysler, но со непроменето име. Италијанците заслужуваат подобар пречек. Многу подобро не е ниту кај Азијците. Тие ги имаат како новитети само хибридните модели на Honda и на Toyota. Првиве го имаат ку-►

02/2010 13


Новитети Ford Focus

Целиот свет е

во фокусот

Најважниот новитет на годината е веќе тука: Ford го покажа новиот Focus. Но, до стартот на продажбата ќе треба да се стрпиме цели дванаесет месеци

Во опашот Focus изгледа како дa e поголем брат на Fiesta 16 02/2010


Ford Focus

Зарем е вистина дека светлата порано беа или тркалезни или квадратни?

Погледнете го видеото на www.autovision.mk/ new-ford-focus/

Лимузинската форма и Ford се неразделна двојка

К

новитети

Кинетскиот дизајн на Ford е на пат да прерасне во уметност

ругот го почна VW Golf, следниот потег го повлече Opel со новата Astra, а сега е на ред Ford Focus. Но, овој не е обичен Focus, туку е автомобилот што во сите планирани моделски изведби ќе се симнува од производствените ленти во два милиони примероци годишно. За почеток е потребно купувачите да покажат челично трпение, затоа што продажбата во Европа и во САД ќе почне по дури дванаесет месеци. Автомобилот изгледа мошне познато, како отсекогаш да бил меѓу нас. Причината станува очигледна кога помалиот брат Fiesta ќе го паркира опашот покрај новиот Focus. Формата на светлата е сосема поразлична кај новакот, но контурите со кои што завршува каросеријата се исти. За изгледот на носот, Ford ќе каже дека се работи за следниот степен на кинетичкиот дизајн, кој прави компактот од Келн да изгледа подинамично и поспортски. Предните светла добиле светлечки диоди кои се наредени како украсна лента и служат како дневни светла за возење, додека во браникот се гледа храбро димензиониран отвор за воздух поделен на три дела. Страничната линија на Focus изгледа издолжено и елегантно, што е постигнато со легнатиот ветробран и со ниските странични прозорци. Заедно со комбилимузината доживеа премиера и класичната каросериска изведба со четири врати. Новиот Ford ги поместува и мерилата за возните својства. За тоа се грижи системот Torque Vectoring, кој ја менува распредел-

бата на вртежниот момент меѓу предните тркала и на тој начин влијае врз подуправувањето и тракцијата. Техничарите веруваат и во новото сервоуправување со електрична поддршка. За ракувањето со главните функции да му биде полесно на возачот, тука е системот My Ford: Содржината на информациите на дисплејот ја избира самиот возач, а ракувањето со системот се врши преку копчињата на воланот или преку гласовна команда. Кај врвните пакети на опрема ќе се испорачува дисплеј од 20 сантиметри, кој реагира на допир. Волшебниот збор за новите мотори во Focus гласи „EcoBoost“. Тие се развиени според принципот на „Downsizing“, односно на намалување на работната зафатнина и постигнување на потребната силина преку турбонатполнење. Прв од новата генерација е 1,6-литарскиот бензинец со 180 КС, кого Ford го најави во студијата Iosis Max. Долниот крај од понудата ќе го претставува нов трицилиндарец со силина од 100 КС. Кај постоечките мотори е оптимирана потрошувачката. Дволитарскиот бензинец отсега ќе развива 165 КС, но ќе биде и поштедлив за десетина проценти. Гледано во рамките на целата гама на Focus, марката тврди дека ја намалила потрошувачката за 20 проценти. Покрај вообичаената понуда од бензински и дизелски мотори, во Focus се планира и трета опција. Од 2011 година, Focus ќе се појави и во изведба со погон на струја, која што на почетокот ќе биде достапна само на пазарот во САД, а потоа и на глобално ниво. �

Кокпитот изгледа мошне возбудливо, но како се ракува ќе видиме дури во 2011 година 02/2010 17


Новитети Honda CR-Z

Сега нека

спортува

народот По народниот хибрид доаѓа спортскиот хибрид. Honda ќе го пушти купето во продажба веќе напролет. Формата потсеќа на легендата од 1980-те, на Honda CRX

А

ко им се верува на гледачите во иднината, улогата на автомобилите ќе се промени радикално. Моторизираниот пајтон повеќе нема да се гледа како статусен симбол. Во Honda знаат за овие предвидувања и даваат сé од себе за задоволството во возење автомобил да го задржат колку е можно повеќе. Купето CR-Z на Honda не ветува брзински рекорди или силина што ќе ги наведува обожувачите да се поклонуваат пред него, туку го користи буквално последниот атом сила за возењето да го направи поштедливо и помалку штетно за животната средина. Honda CR-Z е хибрид, кој со кли-

нестата и спортска форма на каросеријата отстапува од вообичаената слика за возилата од неговата сорта, но токму тоа сака и да го постигне. Овој хибрид се вози спортски. Техничката основа од Insight доживува нова средина во CR-Z. Патничката кабина е изведена во конфигурација 2+2, што значи дека просторот на задната клупа служи повеќе како тапацирана преграда за торби отколку како простор за седење. Но, тоа не му пречеше ниту на претходникот CRX во 1980-те години. Џебната ракета со техниката на Honda Civic го привлече вниманието на автомобилскиот свет, особено откако моторот со 100 КС беше

заменет со легендарниот 1,6-литарец со 16 вентили и 124 КС. Моторот на CR-Z исто така има 124 КС. Но, тука задачата на погонот ја преземаат заеднички 1,5-литарскиот бензинец и електромоторот од 10 киловати. Според техничарите, електромоторот кој е вграден меѓу бензинскиот мотор и менувачот обезбедува исклучително рамен дијаграм на вртежниот момент, чиј што максимум од 174 њутнметри се постигнува веќе при 1.500 вртежи во минута. Просечната потрошувачка изнесува пет литри на 100 километри. Податоци за капацитетот на батеријата не се наведуваат, но исто како кај Insight, може да се

Тренерот се вика Insight

Платформата на спортскиот хибрид потекнува од Insight. Разликата е во 1,5-литарскиот мотор и во шестстепениот мануелен менувач: Семејниот

хибрид Insight вози со 1,3-литарец и со менувач CVT. Тестот на Honda Insight можете да го прочитате во број 28 на Auto Focus.

Специјалитетот: Со притискање на копче се избира една од трите програми на работа на управувањето, на моторот и на поддршката од електормоторот (спортска, нормална и штедлива) 18 02/2010


Honda CR-Z

Развлечено под дејство на силата на забрзувањето

Honda! Се гледа уште оддалеку

новитети

Простор што младите како целна група ќе умеат да го искористат целосно

очекува дека возењето со силата на батеријата ќе трае само неколку километри. Следното што може да се очекува се динамични возни својства. Во споредба со Insight, кој со возните својства не заостанува многу зад Civic, хибридното купе е полесно 44 килограми и покусо 30 сантиметри. На тоа, Јапонците додаваат водење на тркалата што делумно е изработено од алуминиум и спортски звук од издувот. Музиката од издувот нема да биде пријатна само за конкуренцијата. Додека Honda и Toyota веќе внесуваат разновидност во понудата од хибридни автомобили, конкуренцијата сé уште учи да го спојува електромоторот со обичниот мотор во концептни автомобили. Иднината не пристигна за сите во исто време. �

02/2010 19


новитети Стратегија на Peugeot до 2015 година

Лавот побегна од кафезот:

Во Peugeot не остана

камен на камен

Peugeot си постави големи цели за следните пет години: 14 нови модели, три места погоре на светската ранг-листа

Н

а француската марка ѝ здодеа да седи на иста маса со конкурентите и да им нуди прибежиште на совесните татковци и на дамите што убавите и малечки автомобили ги гледаат како моден детаљ. Со возбудливата студија SR1, Peugeot покажува во која насока ќе продолжи возењето. Моќниот родстер вози со хибридна техника со 313 КС, има погон на сите тркала, па и управување на сите тркала. По примерот на сестрата од концернот, Citroën, сега и Peugeot доби ново лого. Во него повеќе ја нема сината рамка околу харизматичниот лав со франкофонски рик. Тоа создава интересна симболика: Лавот е

26 02/2010

пуштен од кафезот. За почеток е променето мотото. „Motion & Emotion“ не импресионира особено со инвентивноста, па дури и побудува асоцијации на „autoemocion“ на Seat. Но, автомобилите се поважни од мотото. Воините што сега ги носат ознаките 308, 207 и 407, во следната генерација нема да ја изразуваат желбата да ја изедат конкуренцијата толку очигледно. Широко отворената муцка ќе се замени со елегантен нос како кај родстерот SR1. За следната година Peugeot ја подготвува новата генерација мотори e-HDi. Со модерна техника за штедење, односно со систем старт-стоп и со повраток на енергијата при

сопирање, потрошувачката ќе се намали за 15 проценти. Во агендата се впишани и хибриден модел со дизелски мотор, како и изведби со погон на сите тркала во повеќе моделски серии. Почетокот ќе го одбележи Peugeot 3008 Hybrid4. Покрај ова, ќе се интензивира и развојот на мотори со намалена работна зафатнина и со турбонатполнење, според принципот на Downsizing. Прв стартува штедливиот трицилиндарец во 2012 година. Во исто време се најавуваат и нови модели со силен карактер. По примерот на спортското купе RCZ, овие ќе имаат само три букви во ознаката и со тоа ќе се разликуваат од


Стратегија на Peugeot до 2015 година

новитети

Специјалист за мобилност Француската куќа нуди секакви видови на превозни средства, од велосипед до доставно возило. Во чекор со електрификацијата на возилата, во понудата на Peugeot во следните неколку години ќе се појават повеќе иновативни возила, со што ќе се потврди компетентноста на марката во диктирањето на индивидуалната мобилност на луѓето.

ска нера ј а з и Д тудиј с

Впечатливото вдлабнување во страницата е детаљ што ќе го користат идните модели

Возбудлива иднина им следува и на велосипедите

e-Vi

vaci ty

Широката муцка ја нема повеќе: Препознатливоста на марката се сели на друго место Скутер со погон на струја, со досег од 100 километри и крајно темпо од 45 km/h

Еволуција на задните светла: Три светлечки ленти и необична форма

n

olutio v E 3 d ybri

H

Ова е веќе далеку од серија, но е убаво да се види

Хибриден скутер со погон на сите три тркала

BB

1

вообичаените моделски серии на Peugeot. Се планира и засилување на позицијата на пазарите во Русија, Кина и Индија. За овие пазари се наменети четирите нови лимузини, со должина меѓу 4,4 и 4,8 метри. За 200-от роденден на фирмата, Peugeot ќе се покаже во светло на производител што нуди најразлични решенија за мобилност. Најголемите очекувања се насочени кон проектот „mu“. Во овој проект, клиентите ќе добиваат претплатничка картичка за ко-

ристење на услугите за мобилност на Peugeot: Кога ќе се погоди сончево време, корисникот може да изнајми кабриолет и неколку часови да ужива на сонце. Услугата ќе биде достапна во салоните на Peugeot. Промените ќе се заокружат со салоните, кои ќе станат уште поблагородни и поблескави. Зборовите доверба, страст и инспирација ќе се пишуваат со големи букви: Peugeot не сака да произведува автомобили што само функционираат. �

Студијата BB1, која одвај досега 2,5 метри во должина, ќе остане само дух од салонот во Франкфурт, но стартот на продажбата на лесен минимобил со четири седишта и со погон на струја е потврден веќе одамна.

t iOn

o Peuge

Старт уште во 2010 година

02/2010 27


Новитети Mini Countryman

Погледнете го видеото на www.autovision.mk/ mini-countryman/

Четири е

волшебниот број Погон на четири тркала, четири врати, четири седишта, четврти модел на Mini. Со новиот Countryman, марката со малечките автомобили стана голема марка

Внатрешноста не отстапува од вообичаената шема на Mini. Единствена разлика е конзолата по целата должина на кабината 28 02/2010


Mini Countryman

новитети

Mini

Mini Cabrio

Mini Clubman

M

ini не е обичен автомобил. Тој е култен, спортски, кул. Со ваков имиџ, моделите од марката буквално се разграбуваат од салон. За високите цени никој не приговара. Шефовите на марката треба да се луди ако сега се препуштат на уживање. Но, не се. Од Mini ќе следуваат уште многу нови модели, меѓу нив и родстер и купе. Пред сите нив ќе се појави кросоверот Countryman. Со должината од 4,11 метри кросоверот го надраснува досега најдолгиот Mini, комбито Clubman, за 17 сантиметри, но додава значително и во ширина и во висина. Во оваа каросерија на Mini повеќе нема проблем да се сместат четворица патници, заедно со нивниот багаж. Дизајнот е вообичаено невообичаен. Најголемото освежување во кабината е средишната шина. На оваа шина што се протега по целата должина на кабината може да се постават најразлични елементи, од држачи за чаша до прегради за аудио уреди.

Техничката основа е нова од корен. Познати се само моторите, во дијапазон на силина од 90 до 184 КС. Техниката за штедење, како старт-стоп, повраток на енергија при сопирање и програмирано вклучување на помошните агрегати се добиваат во серискиот пакет. Погонот на сите тркала се добива со доплата во Countryman S, како и во дизелската изведба на кросоверот. Распределбата на силата меѓу оските се врши преку електрохидраулична спојка. За купувачите на Mini се поважни можностите за индивидуализација на возилото. За тоа им стојат на располагање панорамски покрив, бандажи со големина до 19 инчи и ставки од линијата John Cooper Works. Посегнувањето по овие ставки нема да биде евтино. Кога сме веќе кај парите: Се очекува Countryman да чини 3.000 евра повеќе од обичната комбилимузина. Тоа значи дека најевтиниот модел на кросоверот ќе се нуди за околу 22.000 евра. Скапо? Цената е сосема неважна во овој случај. �

Mini Countryman

02/2010 29


Тест Opel Astra 1.6 enjoy

Остра битка на теренот за голф Компактот на Opel е редовен играч на теренот за голф. Без него играта би била премногу здодевна. Во актуелниот шампионат, Astra привлекува со динамичната линија, но и со цената

НИ СЕ ДОПАЃА Динамичен дизајн Комфорно подвозје со висока безбедносна резерва Просторно чувство на предните седишта

НЕ НИ ПРЕЧИ Минималниот пораст во просторната понуда: Astra и натаму е над просекот во класата

НЕ НИ СЕ ДОПАЃА Слаба прегледност наназад ОТСУСТВУВААТ ПОВПЕЧАТЛИВИ ТЕХНИЧКИ ИНОВАЦИИ: Како еден од најсилните играчи, Astra е обврзана да ги поместува мерилата во класата

34 02/2010


Т

оа го можат само најголемите. Opel Astra не e ниту хибриден автомобил ниту има каква било револуционерна техника од која што провејува мирисот на иднината, а сепак го привлекува интересот на целиот автомобилски свет од Гринич до Памуккале во овие денови. Таа е само нова. За разлика од најлутиот конкурент VW Golf, на компактот со знак на молња во маската му е дозволено да го менува стилот колку што сака и како што сака. Секако дека Astra ја искористува оваа слобода максимално и во нејзиното десетто појавување пред светот настапува со истата стилска самоувереност како постарата сестра Insignia. Кога се гледа отстрана, Astra изгледа како ван, поради огромниот и легнат ветробран, кој се спојува со хаубата речиси во иста линија. Предното триаглесто прозорче уште повеќе го засилува овој впечаток. Но, како што се покажало безброј пати досега: Тоа што е добро за окото е лошо за секојдневието.

Данокот за динамиката што ја зрачи дизајнот се плаќа преку слабата прегледност на каросеријата. Маневрирањето со Astra на тесен паркинг бара големо внимание, особено кога ќе се земе во предвид фактот што каросеријата на компактот од Риселсхајм порасна за речиси дваесетина сантиметри и поблиску е до лимузина од средна класа отколку до Golf. Профитот од порастот на каросеријата се чувствува најмногу на предните седишта. Од очекуваното изобилие од простор на задната клупа не останува многу. Каде се изгубиле сантиметрите? Од плусот од седум сантиметри меѓу оските, само два сантиметри се искористени за зголемување на просторот за колената на задната клупа, а одвај еден сантиметар за предните седишта. Напредокот можеше да биде поубедлив. Барем е пријатно сознанието што патниците на задната клупа немаат причина да се пожалат дека таванот им притиска врз темето. Повеќе причини за радување имаат возачот и

совозачот. Доброто седење и убавата глетка го креваат расположението на пристојно ниво. Особено радува тоа што Opel се збогуваше од класичниот стил во кокпитот, со правоаголни форми и строги линии. Овој во новата Astra изгледа свежо и доволно претставително, а добриот впечаток се комплетира со педантната изработка и вредните материјали. Погледот кон средишната конзола може да го наведе возачот на помислата дека ќе биде условен да го вози автомобилов со совозачка помош. Но, паниката од клавијатурата во средишната конзола е непотребна. По кусо привикнување се открива дека сé е на место. На место ќе си останат и сите дреболии што ни го придружуваат секојдневието, затоа што по целата кабина се распоредени практични и лесно достапни прегради. Сензациите отсуствуваат во внатрешноста на Astra. Се чини дека ќе биде тешко тие да се најдат и во механиката што работи под убавата ламарина. Заради поевтино производство, скусувачите►

Порастот од 17 cm во должина не се пренесува целосно во кабината

Дизајнерите на Opel имаат голема слобода околу изгледот на Astra

Компактот ги презеде препознатливите линии од знаменосецот Insignia 02/2010 35


Тест Mitsubishi Lancer Sportback 1.5 Invite

Другата страна

на Lancer

Марката со скапоценото лого не се задоволува со успехот на лимузинскиот Lancer. Сега доаѓа комбилимузината, за оние што во неа гледаат подинамична форма, но и поголема практичност

НИ СЕ ДОПАЃА Моторот е вистински мултиталент Исклучителна противвредност Динамични возни својства

НЕ НИ ПРЕЧИ Помалиот волумен на багажникот наспроти лимузината: Sportback надоместува со полесен пристап и лесна приспособливост

НЕ НИ СЕ ДОПАЃА Груби одови на рачката на менувачот Повисоките пакети на опрема не се нудат со 1,5-литарскиот мотор

40 02/2010


Б

ез овој автомобил ќе бевме и натаму во заблуда дека во производственото портфолио на Mitsubishi влегуваат единствено неуништливи теренци и бескомпромисни тркачки машини. Секако дека марката со трите дијаманти умее да направи и добра лимузина за секој ден, а како што се покажа со Lancer, дури и премногу добра за вкусот на конкуренцијата. Со привилегии во акцизната политика поради 1,5-литарскиот мотор и со аура на автомобил од средна класа, лимузината со нос на пресретнувач и обезбеди на својата марка продор во класата како ниту еден друг модел претходно. Успехот како да беше претпрограмиран. Mitsubishi ужива високо реноме кај нашите возачи, недостасуваше единствено соодветниот автомобил што ќе биде попретставителен од Colt и подостапен од Pajero. Lancer го задоволи гладот на пазарот за лиму-

зина што ќе ги собере сите аспекти на имиџот на Mitsubishi, вклучувајќи ги купиштата од ловорови венци од натпреварите во рели. Штотуку почна да се чини дека во Mitsubishi ќе бидат задоволни од постигнатото, а Lancer е веќе подготвен за следниот пазарен јуриш. Сега е ред на комбилимузината, да го продолжи патот што го трасираше лимузинскиот Lancer. Јуришот се однесува повеќе на западноевропскиот пазар, каде што комбилимузинската изведба на Lancer, со наставката Sportback и со одобрение од Audi за нејзино користење, треба да се продава двапати повеќе од лимузината. На нашиве простори, каде што купувачот секогаш преферира лимузинска форма, Sportback ќе мора прво да се докаже. Тоа, секако, не значи дека новиот модел треба да се игнорира, и покрај специфичниот изглед на опашот, околу кого се кршат копјата. Напротив, Sportback нуди нови квалитети за кои што возачот на

класичната верзија не може ниту да сонува. На пример, максимална приспособливост и функционалност. Двете рачки лево и десно во багажникот ја прават главната разлика меѓу Sportback и Sportlimousine. Кој не знае за што служат тие, ќе гледа како пред него се случува волшебството на комбилимузинскиот Lancer: Двете половини од задната клупа се спуштаат во еден потег и создаваат рамна површина со подот на багажникот. Покрај оваа елеганција во претворањето на багажниот во товарен простор, би било грев да се приговара за тоа што меѓу соборената клупа и подот останува празнина од десетина сантиметри, прикриена со платнена облога. Изненадувањата во Sportback како да немаат крај. За разлика од лимузината, чиј што багажник е обработен само површно, вториов Lancer има двоен под, квалитетни облоги, па дури и►

Застрашувачкиот поглед остана непроменет. Sportback се препознава по високата хромирана рамка

02/2010 41


Тест Volkswagen Golf 1.6 TDI Trendline

Кој го напра Golf е речиси марка во марка. Тој е модел што е поголем од сопствената марка. Компактот, сепак, не ја достигна оваа големина случајно. Golf постојано поставува нови стандарди. На тестот е најновиот TDI

Д

а, навистина, кој го направи Golf? Како се случи една цела автомобилска класа да го понесе името на овој модел, па уште и најважната? Многу прашања се поставуваат околу автомобилов. Во маглата што некои ја гледаат како се шири околу феноменот Golf може да се наиде дури и на теории на заговор, според кои успехот на автомобилот со препознатлива кутиеста форма се должи на моќните германски автомагазини. Со поставувањето на Golf на пиедесталот, тие всушност ѝ обезбедија на целата германска автоиндустрија моќен мотор на продажбата, кого што народот може да си го дозволи. Дедукција: Ако Golf е најдобар во класата и Golf е германски автомобил, тогаш германските автомобили се најдобри. Заговор? Секако дека не постои! Golf го стекна реномето заслужено. Во последнава генерација се покажа мошне очигледно суштината на компактот на Volkswagen. Поради подвозјето што е преземено непроменето од петтата генерација и пора-

ди незначителните промени во дизајнот, колегите од автомобилските магазини често пати одбиваат да го признаат актуелниот модел како Golf VI. Тој е само „Golf пет и пол“. Зошто оваа неправда? Додека конкурентите проживуваат и по неколку генерации со истата техника, на Golf не му се дозволува да ја користи техниката од претходникот. Веќе се разјаснува мистеријата? Не му се дозволува, затоа што сите очекуваат тој да воведе новитети во класата, да го почне кругот од ново. Многу моменти се поврзани со Golf, па дури и кога ќе се издвојат само оние што се однесуваат на неговите дизелски мотори: Во 1976 година почна да се вградува дизелски мотор во Golf, во 1982 година дојде првиот турбодизел, во 1991 дизелот доби оксидациски катализатор, две години подоцна се појави првиот Golf со турбодизел со директно вшприцување, а во 1995 пристигна и Golf со атмосферски дизел со директно вшприцување, 1996 е годината на првиот Golf GTI со турбодизел, во 1999 годи-

Без комплетно извалкан опаш не може да биде вистински Golf. Вози со истите вредности веќе шест генерации

46 02/2010

Резервоарите не му се трошат толку брзо на 1.6 TDI: Вредностите со петка пред запирката се постигнуваат неверојатно лесно


ви Golf?

НИ СЕ ДОПАЃА Тивок и темпераментен мотор Мала чувствителност на потрошувачката од режимот на возење Зрелиот впечаток за возилото

НЕ НИ ПРЕЧИ Повисоката цена од повеќето конкуренти: Инвестицијата се враќа при продажбата како користено возило

НЕ НИ СЕ ДОПАЃА Со шестстепен менувач, забрзувањето во последните степени ќе биде поагилно Мала приспособливост на задната клупа

Пораката на дизајнот: Не ме гледај каков сум, гледај ме како сум направен. Педантност и во дизајнот

Кога нема да се промени, тоа е промена: Golf VI не заслужува да се води како фејслифт

02/2010 47


Тема 50-те најштедливи автомобили

Скромноста им е доблест

Возењето во град го пие горивото без мера. Среќа е што постојат малечките и штедливи автомобили. Ви откриваме кои од нив се воздржуваат најуспешно од претераното пиење

З

абрзај, запри, заврти, пак забрзај. Така изгледа секое возење во град. Притоа не ги трошиме само нервите, туку и содржината на паричникот. Постојаното забрзување го влече горивото од резервоарот безмилосно, затоа што моторот треба да се напои соодветно додека повторно ја стави тешката маса на автомобилот во движење. Но, веднаш штом ќе се постигне пристојна брзина треба повторно да се запира, затоа што семафорот напред веќе свети црвено. Енергијата се губи неповратно, а со тоа и нулите од сметката. Секако дека постојат и други начини за превезување од едно до друго место. Но, со автобус не може да се дојде до секое место и точно на време, а влечењето на саботната набавка не е најпријатно доживување во јавниот превоз. Автомобилот останува неприкосновен. Во градскиот живот, на автомобилот најмногу му одговара кога има компактни мери на ка-

52 02/2010

росеријата и кога под хаубата му преде мотор чии што услуги се подмируваат без стрес. Тоа е јасно, затоа и постои класата на автомобили што ја нарекуваме градска. Но, кој градски глушец има најмала жед во асфалтната џунгла? Во овој преглед ви ги откриваме 50-те автомобили со најмала потрошувачка на гориво во град. Како основа за рангирањето на автомобилите во овој преглед се земени фабричките податоци за потрошувачката на гориво во град. Секако, станува збор за чисто теоретски вредности што се добиени на пробна рампа и тешко е да се постигнат во реални услови на градско возење. И покрај тоа, се работи за споредливи податоци, затоа што во лабораториските услови на одредување на потрошувачката на гориво се користени еднозначни директиви што важат за сите производители. За прегледот не ги избиравме најевтините изведби на моделите, туку само оние што

имаат најниска потрошувачка. Затоа, во прегледот ќе се сретнат модели со оптимирана потрошувачка, како VW Polo BlueMotion или Opel Corsa ecoFlex, или пак, модели со систем старт-стоп, како Fiat 500. Кај возилата со дизелски мотор рекордер е Smart fortwo со потрошувачка во град од 3,4 литри, додека најниската вредност кај бензинците е 5,5 литри. Со оваа вредност возат дури шест автомобили: Тројката Citroen C1, Peugeot 107 и Toyota Aygo, потоа двојката Suzuki Alto и Nissan Pixo, и сосема очекувано, Daihatsu Cuore 1.0. Заради ориентација, во прегледот ги вклучивме и трите хибридни автомобили што се достапни на европскиот пазар. Секако дека Toyota Prius, Honda Civic Hybrid и Honda Insight не се градски автомобили. Барем е така што се однесува до димензиите. Но, ако се гледа според потрошувачката, со вредностите од околу четири литри бензин, тие се поштедливи и од најштедливите градски автомобили. �


50-те најштедливи автомобили Тема

Еве ги најштедливите

р омета л и к Еден ,7 денар 1

За град нема двоумење. Малечките автомобили се тие што царуваат на улиците. Но, кој е најштедливиот градски глушец? Ви ги откриваме 50-те автомобили со најниска потрошувачка во град. Основа за пресметка: Потрошувачка на гориво во L/100 km според фабричките податоци, за градски режим на возење. Возењето еден километар со најштедливиот автомобил во овој преглед, Smart fortwo cdi, чини само 1,7 денар.

ГРАДСКИ АВТОМОБИЛИ СО БЕНЗИНСКИ МОТОР

1

за

дизел

ГРАДСКИ АВТОМОБИЛИ СО ДИЗЕЛСКИ МОТОР 30 29

Suzuki Splash 1.3 DdiS (75 КS)

5,5

Alfa Romeo MiTo 1.3 JTDM 16V Start&Stop (95KS) 5,5

28

Ford Fusion 1.6 Duratorq TDCi (90KS)

5,5

27

Hyundai i20 1.6 CRDi (116KS)

5,5

26

Suzuki Swift 1300 DDiS (75KS)

5,5

25

Fiat Panda 1.3 Multijet 16V (75KS)

5,4

24

Peugeot 206+ 1.4 HDi (68KS)

5,4

23

Renault Clio Campus 1.5 dCi (64KS)

5,4

22

Renault Modus 1.5 dCi (65KS)

5,4

21

Fiat Punto Evo 1.3 M-jet 16V Start&Stop (95KS)

5,3

20

Renault Clio 1.5 dCi (68KS)

5,3

19

Renault Clio Grandtour 1.5 dCi (68KS)

5,3

18

Skoda Fabia 1.4 TDI GreenLine (80KS)

5,3

17

Skoda Fabia Combi 1.4 TDI GreenLine (80KS)

5,3

16

Ford Ka 1.3 Duratorq (75KS)

5,2

15

Lancia Ypsilon 1.3 Multijet 16V (75KS)

5,2

14

Renault Twingo 1.5 dCi (64KS)

5,2

13

Nissan Micra 1.5 dCi (86KS)

5,2

12

Mazda 2 1.6 MZ-CD (90KS)

5,1

20

Mitsubishi Colt CZC 1.5 MPI (109 КЅ)

8,4

19

Daihatsu Materia 1.3 (91 КЅ)

8,2

18

Daihatsu Copen 1.3 (87 КЅ)

7,7

17

Citroеn C3 First 1.1 Аirdream (60 КЅ)

7,5

16

Mini Cooper Cabrio 1.6 (120 КЅ)

7,4

15

Chevrolet Aveo 1.2 (82 КЅ)

7,2

14

Chevrolet Spark 1.0 (68 КЅ)

6,9

13

Chevrolet Matiz S 0.8 (52 КЅ)

6,6

12

Honda Jazz 1.2 (90 КЅ)

6,5

11

Hyundai i10 1.1 (67 КЅ)

6,1

11

Toyota Yaris 1.4 D-4D (90KS)

5,1

10

Daihatsu Sirion 1.0 (70 КЅ)

6,1

10

Fiat 500 /500C 1.3 M-jet 16V Start&Stop (95KS)

5,0

9

Subaru Justy 1.0 (70 КЅ)

6,1

9

Mini Cooper D Clubman 1.6 (110KS)

4,9

8

Mitsubishi Colt 1.1 MPI ClearTec (75 КЅ)

5,9

8

Seat Ibiza 1.4 TDI Ecomotive (80KS)

4,9

7

Kia Picanto 1.1 (65 КЅ)

5,8

7

Toyota iQ 1.4 D-4D (90KS)

4,8

6

Peugeot 107 1.0 (68 КЅ)

5,5

6

Citroen C3 HDi 90 FAP (92KS)

4,7

5

Daihatsu Cuore 1.0 (70 КЅ)

5,5

5

Mini Cooper D 1.6 (110KS)

4,6

4

Nissan Pixo 1.0 (68 КЅ)

5,5

4

Ford Fiesta 1.6 Duratorq TDCi ECOnetic (90KS)

4,6

3

Citroen C1 1.0 Аirdream (68 КЅ)

5,5

3

Opel Corsa 1.3 CDTi ecoFLEX (95KS)

4,6

2

Suzuki Alto 1.0 (68 КЅ)

5,5

2

VW Polo 1.2 TDI BlueMotion (75KS)

4,2

1

Toyota Aygo 1.0 (68 КЅ)

5,5

1

Smart Fortwo Coupe/Cabrio 0.8 cdi (54KS)

3,4

1

бензин

Toyota Aygo 1.0 Suzuki Alto 1.0

smart fortwo cdi

VW Polo 1.2 TDI

Opel Corsa 1.3 CDTi

АВТ О М О Б ИЛИ С О Х И Б Р ИД Е Н П О Г О Н Со димензиите на каросеријата и со можностите, оваа тројка не спаѓа ниту оддалеку во класата на градски автомобили. Но, според вредностите на потрошувачката на бензин, хибридите ги оставаат далеку зад себе дури и најштедливите градски авто-

мобили. Комбинацијата е погодена: Ниски трошоци при секојдневното возење во град, комфорна и практична кабина за патување преку викенд. Вреди да се размисли и за оваа алтернатива.

Honda Civic Hybrid (95 КС од мотор + 20 КС од електромотор)

5,2

Honda Insight 1.3 IMA (88 КС од мотор + 14 КС од електромотор)

4,6

Toyota Prius Hybrid Synergy Drive (99 КС од мотор + 61 КС од електромотор)

4,0

Citroen C1 1.0

02/2010 53


Тема Тјунерите си ги одмерија силите

Во лов на реко Кога ќе се соберат 18 болиди со 11.135 коњски сили, се случуваат големи работи. Во Италија паѓаа рекорди како круши

AC Schnitzer ACS3 3.5d

Porsche 9ff

Brabus GLK V 12

Крајна брзина: 288,7 km/h

Крајна брзина: 376 km/h

Крајна брзина: 322 km/h

Н

ардо, градчето на крајниот југ на Италија, е проверена локација за соборување рекорди. Сосема е нормално што токму тука се собраа најдобрите тјунери да постават нова серија рекорди на патеката долга 12 километри. Настанот го организираше Continental, водечката европска марка на автомобилски гуми. На стартната линија се најдоа 18 возила. Престижните тјунери Abt, AC Schnitzer, Brabus, Edo, Geiger, Hohenester, Lorinser, Manhard, MKB, Steinmetz, Techart, TH и 9FF се довезоа со најдобрите и најбрзи креации, со намера да соборат колку е можно повеќе рекорди. Тоа и го направија. Ги добивме најбрзиот ван, најбрзата Corvette, најбрзиот автомобил со погон на автогас, најбрзиот спортски теренец, автомобил со дизелски мотор, Opel... За

56 02/2010

сето ова да се постигне, експертите за извлекување максимум коњски сили од моторите и за дотерување на подвозјето впрегнаа крајни сили. Раководејќи се според формулата „повеќе коњски сили, помалку тежина“, Porsche 911 на тјунерот 9ff се намести на стартот со 1.000 КС. Трудот се исплатеше. Porsche беше најбрз со 376 километри на час. На овој резултат секако се радува и Continental, затоа што 9ff, исто како и сите други автомобили на собирот, возеше со негови гуми. Големо изненадување приреди Volkswagen T5, тежок преку 1.800 килограми, но и способен да вози преку 310 километри на час. Импресивни се резултатите и на другите тркачи. Најбрзата Corvette, тјунирана од Geiger, постигна 343 km/h, додека Audi RS4, тјуниран

од Hohenester, е најбрзиот автомобил со погон со автогас, со 352 километри на час. Спортските теренци не заостанаа. Со крајното темпо од 321 km/h, Porsche Cayenne дотеран според Techart, заостанува само влакно зад Brabus GLK V 12, кој вози крајно темпо 322. Титулата на најбрз Opel, на Insignia ѝ ја обезбеди тјунерот Steinmetz: Со 395 КС, големата лимузина на Opel постигна 287 километри на час. Колку што новите рекорди се гордост на тјунерите, толку се и за Continental. Неговите гуми ContiSportContact Vmax го издржуваат без проблем темпото од 360 километри на час на најбрзиот Porsche. За напролет Continental ја најавува новата генерација на гуми Conti Sport Contact 5P. Тоа значи дека во следната година ќе имаме нова трка за рекорди во Нардо. �


Тјунерите си ги одмерија силите Тема

рди во Нардо Производителот на гуми добива одлично полирање на имиџот, но манифестацијата секогаш носи нови возбуди

Geiger Corvette Крајна брзина: 343 km/h

Кога се вози на патеката во Нардо, ретко се работи за брзини под 300 km/h

02/2010 57


Историја 25 години Peugeot 205 GTI и Turbo 16

Астерикс на лентата

До 1994 се произведоа 332.942 примерока од GTI. Повеќето од купувачите беа помлади од 40 години Turbo беше основа за хомологација, но го бараа и за улица. Во 1985 година, тркачкиот болид стана светски шампион во рели, а две години подоцна победи на Париз-Дакар

58 02/2010


25 години Peugeot 205 GTI и Turbo 16 Историја

за престигнување Француската глодалка за асфалт слави роденден. Пред 25 години, Peugeot 205 му згазна на петиците на Golf GTI

С

ветот ја живее годината 1984, лентата за престигнување е резервирана за Golf GTI. Не постои друг автомобил за тие пари што е толку силен и брз. Навистина не постои? Секако дека постои. Тоа е времето на малечкиот Гал со зовриени петици, на Peugeot 205 GTI. Забавувачот на народот возеше со 1,6-литарски мотор со 105 КС, забрзуваше за 8,7 секунди до темпо 100 и постигнуваше крајна брзина од 190 километри на час. Според денешните мерила, GTI изгледа кротко и покрај широките гуми, проширените крила и малечкиот заден спојлер. Но, со тежина од 850 килограми, Peugeot постигнуваше завидни перформанси. Моторот се предаваше на работа толку беспоштедно што предните тркала пролизгуваа дури и по префрлувањето во третиот степен. Овој GTI го нуди задоволството што денес ни недостасува, a тоа задоволство ќе вреди сé повеќе: За добро сочувано парче, љубителите не се колебаат да платат дури и по 8.000 евра. Од Peugeot 205 GTI постои уште поекстремна верзија. Во истата година со GTI стартуваше Turbo 16, како хомологациски модел за трки. Французите мораа да произведат 200 примероци од Turbo, како основа за негово

учество во светскиот шампионат во рели. Уличната верзија го имаше истиот мотор од 1,8 литри како болидите на легендите Мишел Мутон и Ари Ватанен, вграден пред задната оска. Дебелите крила и длабоко засечената хауба не ветуваат ништо што Turbo 16 не е способен да го исполни. Откако ќе ја совлада турбодупката што држи до 4.000 вртежи, Peugeot е несопирлив. Со 256 њутнметри и 200 коњски сили, уличната верзија на Peugeot 205 Turbo 16 забрзува за шест секунди до темпо 100 и вози крајно темпо 200. Двестоте парчиња се разграбаа веднаш. Во тоа време 205 Turbo 16 беше скапа инвестиција со цената од околу 100.000 германски марки. Renault 5 GT Turbo, со погон само на две тркала и со 40 КС помалку, чинеше двапати помалку. Половината од продадените примероци сé уште се во беспрекорна состојба. Доколку некој од сопствениците е воопшто подготвен да се раздели од својот примерок на Turbo 16, нема да го направи тоа без најмалку 60.000 евра. Францускиот болид е вистински феномен: Реткост е малечок автомобил за 25 години да не изгуби ниту евро од вредноста. �

P e u g e o t бе ш е по д обр и о т G T I

Иако послаб за 5 КС, полесниот Peugeot 205 GTI го оставаше Golf GTI зад себе: Со 8,7 секунди, францускиот GTI забрзува до темпо 100 за 0,7 секунди порано од Golf, и со крајното темпо од 190 km/h е за 5 km/h побрз од Германецот. Во 1986 година, малата ракета го запали второто полнење. Со 1,9-литарски мотор и 128 КС, Peugeot се подобри на 7,8 секунди и 206 km/h.

Вака се возеше пред повеќе од две децении: Возбудата зад воланот беше поважна

Хероината на релито, Мишел Мутон, направи чуда со овој болид со 430 КС и 490 Nm

Turbo 16 ги има задолжителните тркалезни инструменти во средина. Потребни му се 02/2010 59


Мотоспорт Дакар 2010

Овојпат падна победа во Дакар Ел Матадор успеа. Откако во минатата година падна во провалија непосредно пред сигурниот триумф, на Карлос Саинц овојпат ништо не му стоеше на патот до победата на релито Дакар

74 02/2010


П

илотот на Volkswagen, Карлос Саинц, победи за прв пат во својата кариера на релито Дакар. На второто возење на релито на територијата на Јужна Америка, Шпанецот победи со најмалата предност во историјата на релито и ја помина целта во Буенос Аирес само две минути пред Насер Ал-Атија од Катар. За Volkswagen ова е втора победа едноподруго, но и прва тројна победа. По 9.000 километри и две недели возење низ Аргентина и Чиле, победничкиот подиум се комплетираше со Марк Милер од САД, кој во минатата година го заврши релито како второпласиран. На истото место на кое што во 2004 година ја постигна последната од 26-те победи во

светскиот шампионат во рели, возејќи Citroen Xsara WRC, 47-годишниот Шпанец сега го забележа својот прв триумф на Дакар. „Пресреќен сум. Ова беше големо, тешко рели. Морав да бидам концентриран до крајот. Немавме посериозни проблеми, не направив грешки во возењето, сметам дека победив заслужено“, изјави двократниот светски шампион. „Кога се повлеков од светскиот шампионат во рели посакав да победам и на Дакар. Сега ми се исполни желбата.“ Со тројната победа на Volkswagen, шефот за мотоспорт на германската компанија, Крис Нисен, исто така има голем повод за славење. Технички дефект ги спречи предизвикувачите од тимот X-Raid да се вмешаат во освоју-

вањето на првите три места. На крајот беше преголем заостатокот од 2 часа и 17 минути на Французинот Стефан Петерхансел во BMW X3. Само половината од 362 тимови што стартуваа на Нова година го завршија натпреварувачкиот круг во Буенос Аирес, каде што беше и почетокот на релито. Саинц и неговиот совозач Лукас Круз веќе беа недостижни на 14-та и последна брзинска етапа во должина од 206 километри, од Санта Роса до Буенос Аирес. Победник во последниот ден од релито беше Ал Атија, со 36 секунди пред Саинц. Третото време го постигна Шишери, пред Петерхансел, Милер и пред победникот од минатата година Жиниел де Вилер. Единствено технички проблем или продуп-►

02/2010 75


против досада Новата играчка на богатите

Холивуд вози танго

Автомобилите на големите ѕвезди не се обични. Најновиот електричен автомобил во Беверли Хилс вози со 2.000 КС

Х

оливудските ѕвезди немаат проблеми околу изборот. Bentley или Bugatti се сосема во ред. За дополнително полирање на имиџот е добар и електрородстерот на Tesla. Но, на Беверли Хилс зачестено се појавува уште еден автомобил со погон на струја. Голема е можноста зад воланот да седи Џорџ Клуни. Тоа што Tango изгледа како конзерва на тркала не пречи воопшто: Автомобилов има 2.000 КС! Ногата ја повлече Tesla. Родстерот со погон на струја стана ѕвезда на холивудските улици и ѕвезда на холивудските ѕвезди. Нормално е што Tango го освои овој престижен круг на купувачи, затоа што со цената од околу 100.000 долари, родстерот сепак не е достапен за секого. Сега дојде време луксузниот електромобил да добие и конкуренција. Фирмата Commuter Cars го понуди својот Tango. Грдото пајче од Вашингтон поентира во решавачките критериуми: Побрз е, поскап и уште поредок од Тesla,

од која што неодамна се произведе 1.000-от примерок. Сепак е најважно тоа што со изгледот кој потсетува на преполовен Smart, Tango е многу повпечатлив од спортскиот родстер. Нормално е што ѕвездите веќе почнаа да фаќаат ред за Tango. Возилото го измисли Рик Вудбери, со намера да му стави крај на смогот, но во исто време и на метежот по улиците. Заради заштеда во простор, неговиот Tango е потесен и од некои мотоцикли. На површината што на улица ја зафаќа еден Golf ќе собере без проблем две парчиња Tango: Тој е долг 2,57 метри и широк само 99 сантиметри. Со вакви пропорции, возилото стана толку грдо што мораше да се бара друг адут за привлекување на купувачите. Еве го адутот: Гротескниот електромобил е посилен и од Bugatti Veyron. Вудбери е убеден дека неговиот автомобил ќе го победи Bugatti и на трките во драгстер што уживаат огромна популарност во САД. Овие перформанси ги овозмо-

Следниот број на магазинот Auto Focus излегува на 15 mapt 2010

82 02/2010

жуваат два електромотора, секој со по 400 КС, способни на кратко да развијат и по 1.000 КС. Заедно, 2.000 КС! Со максимален вртежен момент од 1.400 њутнметри на задните тркала, Tango го совладу-

Вториве ја зголемуваат цената за 30.000 долари, но го зголемуваат и досегот, од 80 на 250 километри. Возачот седи во тркачко седиште и ја има на располагање

Рик Вудбери го натера цел Холивуд да вози Tango ва стартот до темпо 100 за помалку од четири секунди. Крајната брзина изнесува 220 километри на час. Иако возилото изгледа како да ќе се преврти во првиот свијок, неговиот создавач Вудбери тврди дека Tango лежи на патот како Porsche 911. Тоа го овозможува ниското тежиште на возилото што е тешко околу 900 килограми. Купувачите можат да избираат класични оловни акумулатори или литиум-јонски акумулатори.

целата кабина. Одзади не останува многу простор. Таму собира само две помали торби. Сосема неважно. Првите дваесет примероци од електромобилот со цена од околу 150.000 долари веќе им се испорачани на купувачите. Списокот за испорака е исполнет за следните неколку месеци. Парите не претставуваат проблем на Беверли Хилс. Но, и автомобилот не е лош: Bugatti е потесен, тешко се маневрира во сообраќаен метеж и десетпати е поскап. �



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.