17 9 771857 569002
СО ДУША ЗА ДОБАР ДИЗАЈН
јануари 2009 90 ДЕНАРИ
Број 17 • јануари 2009
kia soul
ОВА Е НОВАТА ЅВЕЗДА
MERCEDES-BENZ E-КЛАСА
VOLVO S60 CONCEPT
BMW Z4
ЖЕШКО ПАРЧЕ ШВЕДСКИ ЧЕЛИК
ДВЕ ВО ЕДНО КУПЕ И РОДСТЕР СВЕЖО ПОЛНЕЊЕ НА ХИБРИДОТ
TOYOTA PRIUS
тестови
honda jazz
fiat bravo
САЛОН ВО ДЕТРОИТ
планетите откриваат
САД ЈА МЕНУВА ПОЛИТИКАТА СЕ БАРААТ КОЛИ НА СТРУЈА
избор на автомобил според хороскопскиот знак
ford focus rs • КРИЗАТА НАЈСИЛНО ГИ ПОГОДУВА ДОБАВУВАЧИТЕ • ПАТ ОКОЛУ СВЕТОТ БЕЗ КАПКА ГОРИВО • ГОРИВО ОД ПЕЧУРКИ • ТЕСТ VOLKSWAGEN CADDY MAXI LIFE • ВОЗЕВМЕ MITSUBISHI COLT • lamborghini edo lp710/2
СОДРЖИНА Број 17 • јануари 2009 Новитети
6
MERCEDES-BENZ Е-КЛАСА Во март ќе се знае: Новата Е-класа е на мисија повторно да биде најпродаван Mercedes
7
САЛОН ДЕТРОИТ Рефлекторите го зовреа Детроит: Покрај возбудливите новитети не се чувствува кризата
10
KIA SOUL Cee'd докажа дека Kia е голема марка, Soul го почнува следното поглавје - пеглање на имиџот
14
BMW Z4 Две муви со еден потег: Новиот Z4 ги заменува и родстерот и купето. Има метален покрив
18
TOYOTA PRIUS
32
Со новата маска Colt укажува дека е помал брат на Lancer и се обидува да се провлече на неговиот имиџ. И успева во тоа
84
Lamborghini прави исклучителни автомобили. Со тетоважите на „Ед Харди“ и со 710 КС овој Murcielago ќе го има само петпати
Хибриден автомобил, трета генерација. Посилен од претходникот, и уште поштедлив
20
VOLVO S60 CONCEPT Скандинавскиот автомобил мора да се разликува од другите. Концептот Volvo S60 е таков
24
HYUNDAI GENESIS Кој вели евтина марка? Со големата лимузина корејската марка напаѓа по Mercedes
26
LANCIA DELTA Ги посрамотува другите компакти, со возбудливиот дизајн и со најсилниот дизел во класата
28
FORD FOCUS RS Никој друг како Focus: Компактот од Келн има 305 КС и побрз е од сите други, дури и од Evo
84
LAMBORGHINI EDO LP710/2 Најбрзото да се направи уште побрзо и уште поскапо. Овој Lambo чини 500.000 евра
88
BENTLEY ON ICE Возењето Bentley е веќе несекојдневно доживување: Возењето по мраз е уште повозбудливо
А в т о м о б и л и в о о в о ј б ро ј 14 42 28 36 24 10 84
ТЕСТ И ТЕХНИКА
32
ВОЗЕВМЕ MITSUBISHI COLT Со нос како на големиот Lancer, ждребето на Mitsubishi сака да ги исплаши конкурентите
36
TECT HONDA JAZZ 1.4i Comfort Ниту ван, ниту градски автомобил: Jazz го спојува само најдоброто од двата света
42
bmw z4 fiat bravo 1.9 m-jet 8v ford focus rs honda jazz 1.4i Comfort hyundai genesis kia soul lamborghini edo lp710/2
26 6 32 18 48 20
lancia delta mercedes-benz e-класа mitsubishi colt toyota prius vw caddy maxi life 1.9 tdi volvo s60 concept
TECT FIAT BRAVO 1.9 M-JET 8V Компакт со скапоцен изглед: Дизајнот сепак не е единственото што заслужува пофалба
48
TECT VOLKSWAGEN CADDY MAXI LIFE 1.9 TDI Ова никој не го направил: Повеќенаменско комби со седум седишта. Но, функционира
СЕРВИС
62
ДЕБЕЛИТЕ ПРЕДНИ СТОЛБОВИ ПРЕЧАТ Ви ги откриваме автомобилите со најдобра и со најлоша прегледност
тема
54
КАДЕ ОСТАНА ХРАБРОСТА НА ДИЗАЈНЕРИТЕ?
67
ИЗЛОГ ДВД-плеер Model-1, радио Sevic, аларм Defender, светла in.pro, играчка конзола D-Box
За креативноста на дизајнерите останува се помалку простор кај новите модели
58
ЅВЕЗДИТЕ ПОМАГААТ ПРИ ИЗБОРОТ НА АВТОМОБИЛОТ За нашите читателки: Вистинскиот избор на автомобил според хороскопскиот знак
78
КРИЗА НА ДОБАВУВАЧИТЕ Преку 65 проценти од автомобилот потекнуваат од добавувачите. Нивната криза е најтешка
82
во фокусот Околу светот без капка гориво • Дизел од печурки • Читачи на сообраќајни знаци
www.autofocus.com.mk
НА ДВЕ ТРКАЛА
64
МОТОЦИКЛИ PEUGEOT SATELIS 500 RS Малку луксуз за душата: Најбрзиот Satelis го покажува талентот во секоја пригода
66
ВЕЛОСИПЕДИ НОВИ ПРОИЗВОДИ Секогаш во движење: Пазарот на велосипеди постојано исфрлува нови производи
останато 68 68 70 90
писма на читатели импресум ценовник ПРОТИВ ДОСАДА 01/2009 3
новитети Mercedes-Benz класа Е
Со сигурност до успех Најважниот модел на Mercedes сака повторно да биде најпродаван. За тоа ќе троши за една четвртина помалку гориво и ќе ги чува патниците со најнова безбедносна техника
M
ercedes се фаќа за работ. Препознатливите тркалезни светла од класата Е веќе не се интересни, новиот модел ќе гледа коцкесто. Кога се гледа отстрана, новата лимузина неодоливо потсетува на класата С. Линијата на помалиот модел се препознава најмногу по надуваните задни крила и по набрекнатата жила што минува преку рачките на вратите. Под хаубата е големо: Тука стојат на располагање мотори со четири, шест или осум цилиндри, со силина во распон од 136 до 525 КС. Исто како што претходно постапија повеќето производители, Mercedes примени downsizing
кај четирицилиндарците, односно оди на комбинација од мала работна зафатнина и турбонатполнење. Со бројни мери за подобрување на ефикасноста, четири и шестцилиндарските мотори со директно вшприцување сега трошат и до 23 проценти помалку од порано. Се користат гуми со намален отпор при тркалање и ламели што по потреба се отвораат и го пропуштаат воздухот за ладење на моторот. Според Mercedes, моделот Е 250 CDI, со 204 КС, петстотини њутнметри и двојно турбонатполнење, во просек троши 5,3 литри дизел на сто километри. Истата вредност ја постигнува-
ат и основниот дизел E 200 CDI со 136 КС и E 220 CDI со 170 КС. Најсилната класа Е со дизелски мотор е E 350 CDI, со 231 КС. Заради задоволување на прописите за издувни гасови на ЕУ што ќе почнат да важат во 2014 година, но и поради плановите за продажба на северноамериканскиот пазар, шестцилиндарецот на E 350 CDI се нуди и во изведба BlueTec, со намалена сила на 211 КС. Со овој мотор класата Е ќе ја задоволи нормата Euro 5. Сите други се чисти според Euro 6. Главниот мајстор за штедење кај бензинците е E 200 CGI со 184 КС. Со шестстепен менувач и автоматско гаснење и палење при миру-
вање, големата лимузина ќе вози сто километри со само 6,8 литри бензин. Збунува што оваа мера за ефикасно намалување на потрошувачката Mercedes ја нуди само во основниот бензинец. Моделот Е 250 CGI, вози со 204 КС и шестстепен автоматик, и според фабричките тврдења троши 7,4 литри во просек. Кој сака поголема сила ги има на избор E 350 CGI со 292 КС, Е 500 со 388 КС и Е 63 AMG со 525 КС. Сите мотори V6 и V8 ја пренесуваат силата до тркалата преку седумстепен автоматик со рачки зад воланот. Со доплата, моделите E 350 CDI, E 350 CGI и E 500 ќе возат и со погон на сите тркала.►
новитет од Детроит
Големата лимузина отсега ќе го гледа коцкесто светот околу себе: Новата форма на светлата беше најавена со концептното возило Fascination
6 01/2009
www.autofocus.com.mk
Салон во Детроит
новитети
Забавата продолжува
С
амо залудно се понадевавме дека Американците ќе си ги променат навиките и ќе почнат да возат нормални автомобили, за целиот свет да не мора да им завидува. Но, грешка. Стара е мудроста: Волкот го менува влакното, но не и карактерот. Откако горивото повторно е евтино, навиките се вратија. Хибридот Toyota Prius падна на ниво на
Претходникот го утна времето: Додека главните конкуренти Audi A6 и серијата 5 на BMW покажуваа силна динамика, Mercedes остана елегантен
продажба како во 2005 година, а најпродаван автомобил во минатата година повторно беше пикапот Ford F-150, кој на сто километри троши еден резервоар на Fiesta. Забавата се чини дека продолжува. Американските автомобили повторно го покажуваат сјајот на салонот во Детроит. Тоа парче што остана бледо од кризата, го исполираа европските марки. �
Мал светски патник Chevrolet прави автомобили за светот. Малечкиот Spark доживеа светска премиера во Детроит, а во март ќе се појави пред публиката во Женева. Продажбата стартува догодина
Поголемиот учи од помалиот: Отстрана се препознаваат линиите на класата С, во надуваните задни крила и во остриот раб во висина на рачките на вратите
Се појави Audi A7 Ова е една од најголемите ѕвезди во Детроит. Audi Sportback Concept го најавува идното купе Audi A7, кое ќе му конкурира на Mercedes CLS
Евтин Boxster од VW Овој малечок родстер им го украде шоуто на Американците. Од студијата BlueSport ќе се развие идниот евтин тркач на Volkswagen
Безбедно до успех: Класата Е доаѓа со нови безбедносни системи, меѓу другото и со систем што пред неизбежен судир сам ги притиска сопирачките
Брз како струја Темпо 200, а емисијата на штетни материи нула. Dodge покажува дека тоа е можно со студијата Curcuit, електромобил на база на Lotus Europa
Сите под напон Во Детроит сите се под напон, па така и Mercedes. Во концептот BlueZero се проверува како палат идеите за идната класа В
Големиот брат Buick ќе ја освојува средната класа со новата генерација на LaCrosse. Петметарскиот крстосувач многу личи на Opel Insignia - под ламарината навистина се крие Германецот
www.autofocus.com.mk
01/2009 7
новитети Mercedes-Benz класа Е ►Посебно за азискиот пазар се пла-
И во внатрешноста класата Е го следи помалиот брат: Новитет се дисплејот на врвот на средишната конзола и ракувањето со главните функции преку копчето зад рачката на менувачот. Тоа што не е променето и се презема од претходниците е врвниот комфор во кабината и впечатливиот финиш
1
2
3
Со умешна игра со бои и материјали, атмосферата во пакетот на опрема Avantgarde се покажува во ново светло. И светлината влегува во игра: Дискретно осветлување насочено кон вратите и кон централниот прекинувач Командите за клима-уредот се спуштија подолу на средишната конзола. Пакетот на опремата се качи скалило погоре
8 01/2009
нира продолжена изведба на класата Е. Новата генерација носи тешка заштита во подрачјето на безбедносните и помошните системи, за да фати чекор со конкуренцијата што веќе е отидена доста напред: Покрај покривањето на мртвиот агол и помошта за држење на лентата, за класата Е се нуди помошен систем што ги чита брзинските ограничувања на сообраќајните знаци и ги прикажува на таблата со инструменти - слично на системот што го има и Opel Insignia. За прв пат во класата Е се нуди помошен систем за ноќно возење што препознава пешаци, а во серија се добива и системот што се вика Attention Assist: Негова должност е да следи како возачот го врти воланот и предупредува ако препознае замор кај возачот. И таков систем веќе постои, Volvo го има во теренецот XC60. Со помош на радарските сензори, лимузината ќе препознава опасност од судир и ќе активира целосно сопирање ако возачот не реагира на предупредувањата на системот. На тој начин би требало значително да се намали силината на судирот Mercedes го смета овој систем како „електронска зона на гмечење“. И покрај сета напредна техника, класата Е има паркирна сопирачка што се активира механички - бројни модели, не само од премиум марките, веќе долго користат електронски паркирни сопирачки. Крстосувачот ќе се нуди во две линии на опрема, Elegance и Avantgarde. За разлика од класата С, тука сите изведби ја носат ѕвездата качена на хауба. Во сериската опрема спаѓаат алу-бандажи од 16 инчи, украсни делови од еукалиптус или алуминиум, кожен волан со повеќефункциски копчиња, двозонска автоматска клима и радио со поддршка за Bluetooth. Оздола работат приспособливи амортизери, што самостојно се приспособуваат според патот и брзината на возење. Со доплата се нудат мултиконтурните седишта познати од класата Ѕ, со масажна функција, како и две единечни седишта одзади. Престижната лимузина ќе ја очекуваме во салоните во март. Тогаш ќе започне и агресивната продажна кампања во Европа: Сопствениците на претодната класа Е ќе добијат бонус за лојалност во висина од 1.500 евра, што ќе ги натера сопствениците побрзо да се решат да го заменат својот крстосувач со нов. � www.autofocus.com.mk
Салон во Детроит
новитети
Многу автомобил, малку пари Тоа го нуди Chevrolet Equinox. Основната мисија на новиот модел е повеќе место на помалку простор и пониска потрошувачка
Шест цилиндри, заради штедење Cadillac се фали со новиот SRX. Кросоверот тргна да штеди: Покус е од претходникот, и место V8 има V6 мотор со турбонатполнење
Иднина за 4x4 Subaru го подготвува теренот за новата лимузина. Овој Legacy засега е само концептен автомобил, но веќе од септември можеме да го очекуваме и во серија
Појавата не се промени значително: Класата Е мора да се препознава како Mercedes. Промените во задниот дел речиси и не се забележуваат
П одо б ро да се спре ч и , о т ко л к у да се л е ч и Неостварени соништа Визијата на Chrysler за еколошки автомобил се вика 200С EV. Хибридот развива 286 КС и ќе се појави во 2012 - ако Chrysler се уште постои
Заслуга преку туѓ грб Според Cadillac, студијата Converj ќе го промени светот: луксузното купе вози 65 километри на струја, а потоа се вклучува бензинецот. Зарем истото не го нуди и Chevrolet Volt?
Безбедноста отсега се толкува поинаку. Денес не се најбезбедни автомобилите што меко ја примаат енергијата на судирот, туку тие што го спречуваат судирот. Инженерите развија еден вид електронски совозач што гледа, чувствува и при опасност постапува самостојно.
Кога судирот е неизбежен, системот помага да се намали ударната брзина, а на тој начин и силината на ударот. Дури и ако се вози со брзина од 50 километри на час право во ѕид, ударот ќе се случи со 37 km/h, затоа што системот наредува силно сопирање 0,6 секунди претходно.
Не родстер, тердстер Kia веќе не може да се воздржи. По серискиот Soul, ни ја покажува студијата Soulster, како спој на спортски теренец и родстер. Па како никој не се сети досега?
Виде каде е проблемот Напад на Toyota Prius од сопствениот народ. Honda Insight е готов, вози комбинирано на струја и бензин, и ќе се продава за помалку од 20.000 евра
И неjзиното височество... ...Toyota Prius, во третата генерација, додека повеќето конкуренти уште цицаат. Планот за 2010 година: 180.000 продадени примероци
www.autofocus.com.mk
01/2009 9
новитети Volvo S60 Concept
Volvo како од мајка роден Викиншки бродови во светлата, средишна конзола од кристал: Швеѓаните се враќаат на своите корени
Ако не го гледаме стаклениот покрив, ова е веќе серискиот автомобил
НЕУНИ Ш ТЛИ В А В Т О М О БИЛ , ТАК О В Е V O L V O
Н
а Америте не им оди добро со автомобилите. И воопшто не чуди што е така. По купувањето на Volvo, едвај додржаа да си напумпаат еден теренец по свој вкус, со тотално исплакнат имиџ. Колите што беа пример за најдоследна употреба на цврстиот шведски челик, се претворија во XC90, теренец како сите други, само со значка на
20 01/2009
Volvo напред. И нормално е што тој се продава најдобро од сите модели на Volvo, затоа што приказната на другите преку ноќ престана да држи. Кога наследникот ќе се појави свеж во 2010 година, старата лимузина од средната класа на Volvo дотогаш ќе има преживеано десет години во борба со седмоглави аждери од типот на серијата 3 на BMW
Не е само празна легенда. Случајот со паднатото дрво ја докажува цврстината на шведскиот челик. По незгодата, овој Volvo се уште беше во состојба за возење. Малку нагмечен, но и натаму добар.
www.autofocus.com.mk
Г О ЛЕМА Л и м у з и н а с о с л а б а п е т и т
Во постигнувањето на вредноста од 5,0 литри за потрошувачката на гориво, на моторот 1.6 GTDi му помагаат уште низа други системи:
хидраулична пумпа што постојано ја троши силата на моторот, а со тоа и горивото
- Старт-стоп, за автоматско гаснење на моторот кога возилото мирува во место
- DRIVe-Mode, ја намалува потрошувачката со економичниот модус, во кој се ограничува работата на неколку електрични и механички системи
- Powerschift, односно менувач со двојна спојка, за избегнување на прекинот во влечната сила при менување на степен
- Заклопка во предната маска, за подобрување на струењето на воздухот, кога ладењето на моторот е непотребно
- Eлектрично сервоуправување ЕРАЅ, се активира само кога се врти воланот, за разлика од класичната
- Рамен под на возилото - Лесни материјали
В ИКИН Ш КИ БР О Д О В И В О С В ЕТЛАТА
или Audi A4. А тие не ги штедат конкурентите, удираат колку што може посилно. Јасно е дека мора да се направи нешто посебно, да се направи пред сé Volvo. И бидна така. Швеѓаните ни го разубавија Божик со Volvo S60 Concept, кој го најавува серискиот автомобил од 2010 година. „Комплетно новиот Ѕ60 ќе биде еден од најсилните играчи во сегментот, каде што конкуренцијата е остра како жилет“, најавува Стефен Одел, шеф на марката. О, па тоа е сериозно. Се враќаме на корените. Следната генерација уште посилно ќе ја следи линијата на купе отколку сегашwww.autofocus.com.mk
ниот Ѕ60. Шефот Одел, објаснува зошто го прави тоа: „Спортскиот изглед ветува уживање во возењето и ве уверувам дека новиот Ѕ60 ќе го одржи тоа ветување“. Инженерите добија налог да ги направат возните својства подобри од кој било претходен Volvo. Покрај тоа што ќе вози побрзо, новакот ќе биде и побезбеден. Но, дизајнерите се тие што први мораат да ја завршат работата добро. На носот јасно се препознава знакот за железо поставен преку маската, како заштитен белег на марката, се гледа новата форма на светлата и се чита динамика во но-►
Дизајнерот Стив Матин ја покажува својата мајсторија и во предните светла: Светилките прават скулптура што изгледа како два викиншки брода во паралелно пловење. Едниот брод дава соборено, другиот долго светло. Светлината доаѓа од светилки LED кои гледаат нагоре, кон едрата на бродот, од каде што
потоа се рефлектираат светлосните зраци врз патот.
01/2009 21
новитети Volvo S60 Concept ►
1
2
3
Од оваа глетка смрзнува крвта: Само фигуративно. Швеѓаните умеат да работат со кристалот, и тоа се гледа во овој Volvo. Седиштата не го допираат подот. Кристалот е исклучително тенок, заради тежината. И инструментите се како кристали
ноВИОТ правец
о д ов а ќ е б и д н е д о б а р V olvo Volvo XC60
Volvo C30
Со свежите идеи во концептниот автомобил Volvo само ја покажува сериозноста во намерите да ја врати институцијата шведски автомобил. Тој треба да се разликува од другите, и да се препознава како Volvo. И да биде за скалило повисоко од безбеднбосното ниво
22 01/2009
на другите. Ѕ60 го постигнува тоа безгрешно. Кристалната средишна конзола по целата должина и парале-лограмските врати се уште нема да ги видиме во серискиот модел, но и без нив, S60 ќе биде добар Volvo.
сот што се собира како буквата V. Главниот цртач Стив Матин нашол инспирација за ваквите форми во клифовите на шведскиот брег. Во внатрешноста Матин покажува по кој пат ќе вози марката во иднина. Овој ентериер е несомнено најекслузивното парче што го имаат сработено Швеѓаните. Во средината на четириседот тронува најсветкавиот камен во круната: Лизгачка средишна конзола од кристали обработени рачно во Orrefors, долга сé до задните седишта. На тоа се надоврзуваат тенките седишта закачени на средишната конзола и на праговите - што значи дека воопшто не го допираат подот. Возилото се грижи и воопшто да не ги допре пешаците што се во опасност. Техниката во концептниот S60 препознава кога пешак влегува во патот на автомобилот и активира сопирање со полна сила ако возачот не реагира на опасноста. Томас Броберг ни открива дека техниката ќе ја има и серискиот модел. Веројатно дотогаш ќе се најде и подобро име за овој Collision Warning with Full Auto Brake. Експертот за безбедност во Volvo гледа шанса новата техника да се докаже и при судир со возило. Според студиите, половината од возачите што удриле во возило пред нив не сопираат доволно силно пред судирот. Во вакви случаи, системот ќе помогне целосно да се избегне судирот ако разликата во брзината меѓу двете возила е пониска од 25 километри на час. При опасност, возачот прво слуша предупредување и гледа како паничи светилката што е проектирана во просторот пред ветробранот - и што одушевува посебно - светилката е направена да личи на стопсветло. Ако возачот не одговори на предупредувањето и сударот е неизбежен, системот наредува автоматско сопирање со полна сила. Целта на интервенцијата на сопирачките е судирот да биде што послаб. Моторот што Volvo го избра за Ѕ60 е четирицилиндарец од 1,6 литри, со технологија GTDi - од Gasoline Turbocharged Direct Injection - што значи дека се работи за бензински турбо-мотор со директно вшприцување. Со низа технички подобрувања, моторот со сила од 180 КС е во состојба да одржува просечна потрошувачка од пет литри на сто километри. Првиот мотор GTDi ќе почне да се вградува во втората половина од годинава, во компактот C30 и во лимузината S40, односно нејзиниот комби пандан V50. � www.autofocus.com.mk
www.autofocus.com.mk
01/2009 23
вести јануари Peugeot 3008
Компакт-кросовер-ван Меѓу компактот 308 и теренецот 4007, налето ќе застане 3008. Задачата не му е да ги усреќи само љубителите на многу простор
Бараше празен простор и го најде: 3008 е ван, теренец и компакт
Олимпија Моторс
Ѕвезда вредна за пиедестал
Достојно за ѕвезда, дистрибутерот Олимпија Моторс ја качи Opel Insignia на пиедестал на предновогодишната забава организирана во популарното скопско кафуле Бариста. Позитивните реакции на присутните сосема го оправдаа ваквиот третман на ѕвезда на најновиот и најскап модел на Opel. Исто како што трите генерации на Vectra го направија тоа претходно, така и наследничката Insignia, „со своите техничко-технолошки новитети ги поставува новите стандарди во средно високата класа“, наведува раководителот за продажба во Олимпија Моторс, г-н. Борче Јакимовски. Дека местото на Insignia навистина е во оваа класа, сведочи должината од 4,83 метри, исто како
30 01/2009
и понудата од мотори. Јакимовски истакнува дека е „достапна широка лепеза на мотори со турбонатполнење, бензински и дизелски. Како новитет се појавуваат турбомоторите од 1,6 и 2,0 литри, со 180 и 220 КС.“ Opel отсекогаш посветувал внимание на безбедноста, па така користи нови материјали заради поголема цврстина на каросеријата. Соодветно на класата во која припаѓа, внатрешноста е изработена од квалитетни материјали, и нуди комфорни седишта, чиј квалитет го потврдија независни здуженија од ортопеди. Големата лимузина стартува од 20.890 евра, во изведбата 1.6i 16V, со основниот пакет на опрема Essentia.
Ќе можеме ли да се снајдеме? Покрај трицифрените ознаки а ла 207, 308 и 407, во палетата од модели на Peugeot постојат и имиња како Coupe, SW и CC. По ново, Французите имаат и вкрстени видови со четири бројки. Прв се појави 1007 како градски автомобил со лизгачки врати, а потоа и теренецот 4007. Налето доаѓа новиот мултиталент Peugeot 3008. Тој треба да ја поедностави работата; Кој не може да се реши меѓу ван, теренец или компакт, во новиот француски модел долг 4,37 и висок 1,64 метри ќе добие сé. Новакот со основа од 308 ќе се продава со два мотора, едниот бензинец од 1,6 литри со 120 КС, другиот дволитарски дизел со 150 КС. Подоцна ќе се придружат помал дизел
со 110 КС и посилен бензинец со 150 КС. Во најдобар случај, низ дводелниот заден капак може да се наполни товар до 1.604 литри. До 2011 година кросоверот ќе вози само на предните тркала. Потоа, како помош ќе добие електромотор за погон на задните тркала. Резултатот: погон на сите тркала и потрошувачка пониска за 35 проценти. За автомобилот да се снаоѓа добро при евентуалните излети надвор од асфалтот, Peugeot го разви системот Grip Control, сличен на Land Rover, кој се дотерува различно, во зависност од видот на подлогата. Новата сорта е создадена. Вкрстувањата одлично му успеваат на Peugeot. Што е следното: CC, SW или Coupe верзија од 3008?
ДИРО Е НОВАТА АЛКА ВО СИНЏИРОТ НА GM
Успехот е забележлив. Продадени 425 возила во минатата година, а во годината пред тоа 725 возила. Се работи за автомобилот што очигледно беше одлично прифатен на нашиот пазар, за Daewoo Matiz. Сега следува природното продолжение на успехот. Диро се приклучи на синџирот од дилери на марките на General Motors, со новиот објект во Штип. Објектот го привлекува погледот на патот што води за Струмица и вреден е да се вброи меѓу најпретставителните автомобилски центри кај нас. Штип е одбран како локација, затоа што сопствениците на Диро сметаат дека подрачјето на Источна Македонија е недоволно покриено со вакви центри. На Диро му посакуваме успешна работа со новите марки Opel и Chevrolet.
www.autofocus.com.mk
јануари
Mini One 1.4
Mini го шири кругот на купувачи Mini One 1.4 користи повраток на енергијата при сопирање и систем стартстоп. Со шестстепен менувач, новата моделска изведба забрзува до 100 km/h за 13,2 секунди, а крајното темпо изнесува 175 km/h. Според фабриката, просечната потрошувачка е 5,3 литри на сто километри. Моментно најевтиниот Mini, со 95 КС, се нуди за 15.900 евра, а со новата моделска изведба со 75 КС, стартот се очекува да биде за околу илјада евра подолу.
вести
Размислувај розово Булеварската ѕвездичка Париз Хилтон влезе подновена со Bentley Continental GT во 2009. Клонираната Барби си ја бојадиса колата во розова боја, во познатата тјунерска работилница West Coast Customs. Нека ѝ е со среќа.
Иранец копнее по Ferrari
По ова, љубителите на Ferrari ќе мораат да бидат силни. Црвените тркачи очигледно дека имаат љубители и во Персија. Иранецот Сиамак Рухи Дехкорди сакаше Ferrari, и го направи самиот. Со изгледот, студијата со имe Zobin е спој на борбен млазник и формула 1. Проектот веројатно нема никогаш да заживее. Не само поради отсуството на финансиери.
Seat Leon TwinDrive
Ибериски штедливец
По мајката VW, и Шпанците направија автомобил со две срца. Twin Drive Ecomotive користи примарен електричен погон, кој се напојува од литиум-јонски акумулатори и кога ќе затреба добива поддршка од обичен мотор. Енергијата во акумулаторите е доволна за 50 километри, крајната брзина е ограничена на 100 километри на час. Seat планира овој погон да биде зрел за серија до 2014 година. www.autofocus.com.mk
01/2009 31
tect Honda Jazz 1.4i comfort
Секој со својата песна Тука секој може да си ја отсвири омилената автомобилска музика. Honda прифаќа повеќе различни стилови на користење на автомобилот Малечкото е симпатично, големата функционалност не го руши изгледот
Со 3,90 метри е за педа покус од другите, но внатре секогаш излегува поголем од другите
Моторот i-VTEC добро ја раздвижува количката
36 01/2009
www.autofocus.com.mk
з
а да започне вистинското возење со оваа Honda, потребно е трпение. И привикнување. Затоа што Jazz упорно одбива да направи поголемо отстапување на стрелката за гориво. Без разлика, дали се вози бавно или на максимум, стрелката стои. А тоа може толку да нервира... Но, приспособливоста не му е проблем на Jazz. Напротив, тaа му е најголемата доблест.
По соодветното разместување на мебелот во кабината, малечково покажува големина каква што не е за очекување ако се суди според надворешната школка. Дури, Jazz го прави ова како традиција. Претходникот со истото име, уште во 2001 година ги посрамоти другите модели испоседнати во класата, кажувајќи им во очи дека се крути и здодевни. Јасно е дека стратезите на мар-
пособливост. Очигледно е дека шефот на развојот на ентериерот е голем љубител на филмската слика на големото платно: Долната половина на поделената задна клупа се крева како седиште во кино. Со собирањето на железните ногарки, долната половина од седиштето останува легната на горната половина. Така се добива товарен простор висок 1,28 метар, за сместување велосипед или за собирање на фику-►
НИ СЕ ДОПАЃА
НЕ НИ ПРЕЧИ
НЕ НИ СЕ ДОПАЃА
исклучителна приспособливост
отсуството на послабо опремен модел; Honda сепак негува имиџ на премиум марка
Моторот бара вртежи, при престигнување мора да се префрли во понизок степен
опремата е за две класи погоре
штедлив мотор
www.autofocus.com.mk
ката не сакаа да променат ништо во начинот како се свири нивниот Jazz. Меѓуоскиното растојание, должината и ширината пораснаа за неколку сантиметри, но `рбетот остана негибнат. Целиот талент на малечково се врти околу посебната положба на резервоарот за гориво. Тој е под предните седишта, место под задната клупа. Со тоа се отвора простор за задна клупа со незамисливо голема прис-
Дисплејот на клима-уредот се покрива со дланката
01/2009 37
tect Honda Jazz 1.4i comfort ►
сот испратен на лечење кај баба. Фантастично е премногу блага форма за да се опишат способностите за трансформација. Одушевува и темелниот пристап во развојот. Задните врати се отвораат под 80 степени и го олеснуваат пристапот до необичниот товарен простор, но овозможуваат и крајно удобно седнување на задната клупа, кога таа е во нормална положба. Секако дека задната клупа се соборува и на класичен начин, но и во тој случај Jazz изнудува насмевка. Со соборувањето на горната половина од седиштата, истовремено се спушта и долната, седечката површина, и се добива под што е рамен и голем како океанска површина. Или поточно: Долг 1,72 метри, доволно голем за три велосипеди со тркала од 26 инчи или за комбини-
2 3 1 Разиграна табла во стилот на Honda: Проблеми при ракувањето не се јавуваат. Исклучок е дисплејот на клима-уредот , кој се покрива со дланката И на тоа е мислено: Инструментите светат во боја на килибар
НЕ ДОЗВОЛУВА ДА БИДЕ ИЗНЕНАДЕН
Со Jazz се купува и исклучително приспособлив товарен простор. Задната клупа се соборува во еден потег и се добива рамен под, корисен при товарање тешки и габаритни предмети. Honda оди до максимумот: Во 38 01/2009
подната облога е изведена мрежичка во која пропаѓа ситниот товар, а ако се отстрани се добива место за повисок товар. Крајната можност е подигнување на подот, со кој багажникот се дели на два дела
ран ладилник од 280 литри. Ако се собори и совозачкото седиште, се добива место за протнување предмети долги до речиси 2,5 метри. Тоа што одушевува посебно е леснотијата при разместувањето на мебелот. Сé е во еден еден потег, сé е лесно, не треба да се бара помош отстрана. Не може секој да го понуди тоа. Како ова досега да беше недоволно, па Jazz продолжува да отвора и други простори. Замената на класично резервно тркало со кит за лепење остава празно корито со големина од 64 литри. И подот над него заслужува посебна приказна. Тој може да се отстрани целосно, за повисок товар, или да се користи како граничник во багажникот. Згоден детаљ е мрежичката во подот: Предметите само се фрлаат врз неа и пропаѓаат како во торба. За среќа, патниците не се заборавени во ова лудило. Со доброто чувство за простор на предните и задните седишта, но и со солидната понуда на простор, дури и назад, патниците конечно се уверуваат дека тие се главните во Jazz, не товарот. Радува можноста за местење на воланот по висина и по длабочина, исто како и сознанието дека дури и во својот најмалечок модел за Европа, Honda го почитува правилото дека во марката се седи добро. При ракувањето Jazz не приредува проблеми, и во основа, сé е јасно и прегледно, инструментите светат во боја на килибар, со радиото и со патниот компјутер се ракува преку копчињата на воланот. Забелешка само за копчињата за ретровизорите што се сокриени зад воланот, и за целосното покривање на дисплејот на клима-уредот со дланката, кога се посегнува по контролите
за климата. Моторот од 1,4 литри и 100 КС е посилниот што се вградува во Jazz, врти расположено и прифаќа спортско возење, но во долното работно подрачје останува повлечен и реагира со доцнење. Тоа бара префрлување во понисок степен при секое посилно забрзување, што не е проблем со лесната и прецизна рачка на менувачот. Ваквото однесување на моторот произлегува од i-VTEC, односно од приспособливиот систем за управување со вшмукувачките вентили. Но, и ниската потрошувачка од 6,6 литри е резултат од истата техника. Ваквото постигнување е уште поголемо, ако се земе дека менувачот работи без шести степен, кој би ја донел вредноста на потрошувачката до петка пред запирката, посебно кога патувањето предвидува и возење по автопат. Jazz ги прифаќа долгите патувања како возрасна лимузина. Повремено се слуша тропање од подвозјето, но тоа не е работа што заслужува да се оцени негативно во оваа класа. Јапончето постигнува добри оцени и со подвозјето што долго ја задржува неутралноста и ја јавува границата на држење на гумите со предвидливо подуправување, исто како и со релативно прецизното управување. Првата реакција за цената од 15.000 евра: Многу е! Но, првата реакција по правило е избрзана. Исто толку чини и Opel Meriva 1.4 Cosmo, со 90 КС, или Skoda Roomster 1.4 Comfort, со 85 КС, кога ќе се доплати за ставките што Honda ги има во серија. Тие му се главните соперници - кога високата функционалност на Јazz влегува во есапот. Инаку... � www.autofocus.com.mk
НАША ОЦЕНА НЕ Е МАГИЈА, САМО ДОБРА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА
КАРОСЕРИЈА Дизајн ««««« Формата позната од претходникот доби неколку карактерни црти во новото издание, кои успешно ја кешираат во принцип здодевната форма на ван Просторна понуда ««««« Одлична просторна понуда гледано според димензиите на каросеријата, иако е за десетина сантиметри покус од конкуренцијата, се чини дека нуди десетина сантиметри повеќе; типично за класата е само чувството за ширина Опрема ««««« Ниво на опрема како во голема лимузина: автоматски клима-уред, волан со повеќефункциски копчиња, радио со поддршка за МР3, електрично преклопување на ретровизорите, и секако, приспособлива задна клупа Безбедносна опрема ««««« Во серискиот пакет е вклучен ЕЅР, што е нестандардно за понудата во класата кај нас, исто како и шестте воздушни перници и активните потпирачи за глава
1
2
3
4
Багажник ««««« Одличната просторна понуда очигледно не оди на сметка на големината на багажникот: 399 литри се недостижна вредност за конкуренцијата, поточно 463 литри ако се вклучи и просторот од 64 литри под приспособливиот под
ВНАТРЕШНОСТ Ергономија ««««« Во одредени подрачја е ограничена прегледноста, главно поради качувањето на линијата на страничните прозорци и нанапред поместениот преден столб, при ракувањето со климата, дисплејот се покрива со дланката, седењето е одлично Завршна обработка ««««« Изборот на материјали, вклучувајќи ги облогите на седиштата, како и обработката на детаљите е вообичаена за повисоките класи; ова трае со векови Седишта ««««« Комфорни седишта, со правилни контури и правилно димензионирани, добра странична поддршка; местењето на седиштата е помалку прецизно со рачка отколку со тркало; на задните седишта им недостасува само поголема висина Практичност ««««« Исклучителна приспособливост на кабината, со интелигентно решената задна клупа се постигнуваат чуда; преку десет прегради за сместување предмети
Назад има простор и повеќе од очекуваното, и тука владее чувство како во ван. Задната клупа не се мести по должина, но затоа се соборува во буквално еден потег. Генијален потег е подигнувањето на долната
половина од клупата. Така се добива простор за високи предмети, кои се сместуваат лесно благодарение на отворањето на вратите под прав агол.
Ј a z z се к о г аш е во преднос т
ТЕХНИКА Мотор ««««« Спортски карактер, лесно ги качува вртежите, попушта само во еластичноста и за да не стане густо при престигнување подобро е прво да се префрли во понизок степен, спортски остар звук од моторот во повисокото работно подрачје Менувач ««««« Преносните односи се погодени со темпераментот на моторот, куси и прецизни одови на рачката на менувачот; главата не морало да изгледа толку евтино Комфор ««««« Типично за ван, пружините мора да реагираат малку потврдо за да компензираат за повисокото тежиште; ниту подолгите патувања не се измачување Возни својства ««««« Добра управливост, нема непријатни изненадувања, стабилно држење правец, каросеријата се наведнува во свијок, силни и постојани сопирачки, при полна натовареност се појавува мал немир во опашот, но секогаш е тука ESP
ТРОШОЦИ Потрошувачка ««««« И на овој тест се покажува повторно, моторите на Honda се однесуваат домаќински со горивото; стилот на возење не влијае премногу врз вредноста Концептов е несекојдневен. Тоа значи, добар е. Посебно кога човек не сака да се спакува во ламаринена кутија што е скроена да му се допадне на секого, од типот на
VW Polo или Renault Clio. И Honda еднаш веќе направи таков автомобил. Logo, обичен, добар. Но, недоволно впечатлив за Honda. Jazz е ваков затоа што пред се е Honda.
Цена ««««« Цената е соодветна на опремата, недостасува послаб пакет на опрема за споредбата со конкуренцијата да биде поедноставна, тригодишна гаранција
Технички податоци за тестираното возило►
www.autofocus.com.mk
01/2009 39
tect Honda Jazz 1.4i comfort
Honda Jazz 1.4i Comfort Вид на возило: мотор напред, погон напред, 5 седишта, комбилимузина со 5 врати Сериска опрема: автоматски клима-уред, електрика на ретровизори, електрика на предни прозорци, висинско местење на возачко седиште, магленки, патен компјутер, радио со команди на волан Други пакети на опрема * (цени во евра) : Sport, 15.490 (со алу-бандажи од 16 инчи), Elegance, 15.490 (со греење на предни седишта), Exclusive, 15.990 (со сончев покрив, темпомат, алу-бандажи од 16 инчи)
ЦЕНА
14.990 €
ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО Резервоар: 42 l Град: 6,5 l/100km Пат: 4,7 l/100km
ВОЗИЛО
На тест: 6,6 l/100km ВНАТРЕШНОСТ
ТЕЖИНА И ДИМЕНЗИИ
БЕЗБЕДНОСНИ СИСТЕМИ 6 х Airbag (за возач и совозач, странични воздушни перници напред, воздушни завеси), три потпирачи за глава назад, држачи Isofix
Празно возило: 1146 kg
ДОЗВОЛЕНА ТЕЖИНА: 1555 kg
Специфична тежина: 11,46 kg/КС
ТЕЖИНА НА ПРИКОЛКА: со/без сопирачки 1000 / 450 kg
ВНАТРЕШНИ ДИМЕНЗИИ (во cm) Ширина напред/назад 141/139 Висина напред/назад 104/99 Простор за нозе напред/назад 84-105/64-89 Практичност (во kg) Носивост на покрив: 55 Тежина на потпирање на приколка: 95 Зафатнина (во литри): Со исправена задна клупа 399 Со соборена задна клупа 1332 МОТОР
ПОГОН
запчеста летва, електрична серво поддршка, 3,42 вртежи меѓу крајните положби Круг на вртење: 10,1 m
4 цилиндри во линија Пречник и од 73 х 80 mm Работна зафатнина 1339 cm3 Степен на компресија 10,5:1 Подготовка на работна смеша: PGM-FI Вентилски механизам: 1 брегастa оскa во глава, 4 вентили по цилиндар, i-VTEC Силина 100 KС при 6000/min Вртежен момент 127 Nm при 4800/min
Погон напред, петстепен мануелен менувач Краен преносен однос: 4,294
Напред: независно водење, спирални пружини, хидраулични амортизери, стабилизатор Назад: торзиска задна оска, спирални пружини, хидраулични амортизери ТРКАЛА + ГУМИ Големина на тркала/вид: 5,5Ј х 15 / алу. Гуми: 175/65 R 15 83Т Резервна гума: кит за лепење гума и компресор
3,307
8,1
48,5
1,750
15,3
91,7
3
1,235
21,7
130,0
4
0,948
28,2
169,3
5
0,809
33,1
198,4
1 2
Одржување
резервни делови
ГАРАНЦИЈА
ФИНАНСИРАЊЕ1)
Редовен сервисен интервал: - km Промена на масло во мотор: - km Цена на редовен сервис: - ден.
Алтернатор - ден. Заден издувен лонец ден. Предно светло - ден. Сопирачки плочки, напред - ден Сопирачки дискови, напред - ден Предно крило - ден
На техника: 3 години/100.000 km На каросерија: 3 години за боја
Учество: 3.098 евра Висина на рата: 254,91 евра Трошоци за обработка: 265,32 евра 1) Хипо Лизинг, учество 20%, отплата на 72 рати
Моделот се уште не е тестиран
СЕКУНДИ
БРЗИНА
СОПИРАЊЕ 100-0 km/h
40 01/2009
2,3 40 40,4 m незагреани
3,5 60
7,9 5,3 80 50 m
11,7 7,4
16,9 9,9
100 39,1 m загреани
120
182
37,8 13,1
km/h
ЕЛАСТИЧНОСТ 60-100 km/h: 17,6 s 80-120 km/h: 19,8 s
160 50 m
68 -
(dB/A) 71 ПРИ 130 km/h
БУЧНОСТ
КРАЈНА БРЗИНА
ПРИ 100 km/h
ПЕРФОРМАНСИ
EURONCAP
Напред: дискови 262 mm, вентилирани Назад: дискови 239 mm
km/h при max. силина
ПРЕНОС
ТРОШОЦИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ
СОПИРАЧКИ АВЅ, BAS, ЕЅР (VSA)
km/h при 1000/min
СТЕПЕН
МЕСТО
ПОДВОЗЈЕ
ВОДЕЊЕ НА ТРКАЛАТА
ПОГОНСКА СПРЕГА
УПРАВУВАЊЕ
www.autofocus.com.mk
www.autofocus.com.mk
01/2009 41
tema Автомобил според хороскопскиот знак
Пишано е во ѕвездите Кој вели дека автомобилските магазини се наменети исклучиво за мажи?! Темата за јануари им ја посветуваме на нашите читателки
П
овеќето од луѓето ќе се согласат дека автомобилот е силен израз на карактерот на неговиот сопственик. Но, што ако автомобилот треба да го бирате според вашиот хороскопски знак? Зар
овен
Карактерни црти: Нескротлива експресија на внатрешната природа на личноста. Активности кои се самомотивирани, неподложни на влијание од другите, нови почетоци, почетоци на нови циклуси, раѓање, ентузијазам и виталност.
бик
Карактерни црти: Земјен знак, приземјен, константен, постојан, фиксен. Духот му е олицетворение на овие црти, бара сигурност, но иако е реалистичен, во него владеат духовните сили.
58 01/2009
не е подобро да го најдете вистинскиот автомобил за вас, со кој ќе имате долга и успешна врска? Да се погоди вистинскиот автомобил за една личност според хороскопскиот знак: Можеби ова и не е толку чуден концепт, како што
звучи. Затоа што автомобилите се дизајнирани на основа на различните карактеристики на луѓето, односно според тоа што го имаат во умот. Различни автомобили им одговараат на различни луѓе. Одбирајќи ги погрешниот, е како да
одберете погрешен партнер. Во редовите што следат ќе прочитате како да откриете кој е вашиот автомобил, раководејќи се од карактеристиките на вашиот хороскопски знак. �
Неколку автомобили одговараат со овие карактерни особини, но ниеден не е попогоден од Nissan Micra C+C. Ова е еден од оние автомобили кои ги купувате и си велите: „Што има врска, еднаш се живее!“ Покривот лесно може да се подигне или спушти. Што е уште подобро, трансформацијата може да се направи додека автомобилот е во движење и за тоа се потребни само 22 секунди. Иако ова можеби не е најбрзиот систем, вреди да се гледа како автомобилскиов оригами се превртува и го голта покривот.
Моторот може да биде 1,4-литарски со 88 коњски сили или 1,6-литарски со 110 коњски сили. Двете верзии на моторот се со четири цилиндри и 16 вентили. Вреди да се доплати за посилната машина, затоа што дополнителната тежина од механизмот на покривот влијае врз перформансите и тие неколку коњски сили плус секако дека ќе се покажат од корист при претекнување. За Овните кои бараат нешто попрактично, но сепак сакаат да се забавуваат, обичната Micra е добро решение, особено верзијата
Sport SR. А кој е вистинскиот погодок за фамилијарните Овни? Nissan точно предвиде дека најголемиот раст во сегментот на мали автомобили ќе го постигнат моноволуменските изведби. Note се покажа како вистински погодок.
Има многу да се кажува за некој кој е практичен како Бикот. Но, иако Биковите имаат долгорочен пристап кон работите во животот, не значи дека не знаат како да се забавуваат. Сопствениците на Volvo го знаат ова, особено ако го поседуваат луксузниот теренец XC90, автомобил кој неодамна беше темелно освежен. Сегашната верзија на ова теренско возило не се разликува многу од претходникот, затоа што Швеѓаните би биле луди ако ја расипуваат победничката формула. XC90 е голем успех на Volvo, со по-
барувачка која ја надминува понудата. Иако по неговото појавување, на пазарот излегоа многу нови верзии на теренци, Volvo остана доследен на својот основен концепт. Така, изгледот на XC90 е благо сменет, а направено е и мало прераспоредување на кабината, со цел да се зголеми чувството на луксуз. Најголемата промена е во моторите. Дизелот D5 остана, нов е бензинецот од 3,2 литри со 236 коњски сили. Врв во понудата е осумцилиндарецот од 4,4 литри со 311 КС.
Се разбира дека на сите бикови не им треба теренско возило. Така, прифатливо решение за биковите се и новиот Volvo C30 со три врати, кој добро се носи со автомобилите од рангот на класата А на Mercedes или Audi А3. Исто така, за Биковите не би било лошо да ги погледнат и двете луксузни лимузини на Volvo, S60 и S80.
www.autofocus.com.mk
близнаци
Карактерни црти: Љубопитни, интелигентни, вешти, комуникативни, создаваат врски со околината, се обидуваат да ги сфатат работите.
pak
Карактерни црти: Одгледување, поддршка, припаѓање, емоционално врзување, несвесност, чувства, Големата мајка...
лав
Карактерни црти: Духовен, егоцентричен, се става себеси настрана од остатокот од светот, индивидуалност, себеизразување, сака да биде верен на внатрешната природа, постапува според срцето.
девица
Карактерни црти: Олицетворение на индивидуалноста, проблеми да се приспособат и да се справат со светот и со другите, перфекционизам, развивање на секојдневни вештини, способност да се менува за да се подобри животот.
www.autofocus.com.mk
Велат дека љубопитноста ја убила мачката, но оваа особина е исто така предиспозиција со која работите се движат напред, особено во светот на автомобилизмот. Карактеристиките на Близнакот беа пресудни за развoj на Škoda Roomster. Чешкиот производител со години го следел растот во продажбата на кутиестите мултиталенти од типот на Renault Kangoo или Citroen Berlingo. Така Škoda го создаде Roomster. Автомобилот сo две „соби“ ја направи најдобрата реклама за оваа марка. Собата за возење е место каде
што седат возачот и совозачот, каде владее чувство како да се вози обична комбилимузина. Се седи удобно, внатрешноста е направена со квалитетни материјали, но и основата на возилото е цврста и квалитетна. Задниот дел е фантастично изведен, има багажник од 450 литри, кој се зголемува на огромни 1.780 литри кога ќе се извадат задните седишта. Нема сомнеж дека Roomster е далеку пософистициран предлог за моноволуменец, отколку било кој друг типичен автомобил
од овој ранг. Škoda нуди и моќна верзија на Octavia RS со 200 КС. Близнаците не треба да заборават да гo погледнат и големиот Superb.
Грижата за своето семејство и тенденцијата секогаш да се бира најдоброто за своите најблиски е најголемата особина на Раковите. Луѓето родени во овој знак често купуваат модели на Kia и јасно се гледа зошто е така. Брендот нуди сé што му треба на еден рак и сé што не му треба. Тоа значи дека заштедил пари за други важни работи во неговиот живот. Со задржување на сите овие вредности, моделите на Kia беа здодевни. Но, не повеќе. Јужнокорејскиот производител сега нуди цел ранг на возила кои се забавни исто како
и некои други автомобили на пазарот. Автомобилот кој прв почна да ја менува перцепцијата кај купувачите за марката е најмалиот од понудата, Picanto. Како автомобилче за низ град, Picanto е слатко, евтино и се разликува од другите во неговата класа. Од гамата на Kia, за Раковите се интересни
и новата верзија на моноволуменецот Carens, потоа освежената изведба на популарниот теренец Sportage, како и мошне оригиналниот Kia Soul.
Покажувањето на личноста и тенденцијата да се биде верен на внатрешната природа се класичните особини кои ги поседуваат личностите родени во знакот на Лав и сопствениците на Mazda MX-5. Јапонскиот производител го користи изразот Jinba Ittai за да го опише овој автомобил, а буквалниот превод значи „јавачот и коњот како едно.“ Овој израз доаѓа од старата јапонска церемонија Yabusame, во која коњски јавачи се натпреваруваат стрелајќи со огнени стрели кон неподвижна мета. За да постигне поен,
јавачот треба да го земе предвид секое движење на коњот, односно двете единки да станат едно за да успеат да победат. Токму поради ова, Mazda смета дека Jinba Ittai ја опишува соодветно врската што се создава меѓу родстерот Mazda MX5 и возачот. Освен овој модел на Mazda, на лавовите кои бараат нешто поинакво, на пример спортски автомобили, или пак, повеќе простор, моделот RX-8 сигурно ќе им
се допадне. За оние што сакаат практичност, најновите верзии на Mazda3 и Mazda6, се вистински погодок. А доколку сте Лав со семејство, не заборавајте да го пробате ванот Mazda5, со кого возењето нема да ви биде досадно.
Исто како што гласи последната особина на Девиците, таков е и автомобилот Seat Leon 2.0 TDI FR. Теоретски е комбилимузина што служи за транспорт на петмина. Но, не изгледа така. Изгледа многу подобро, а исто такво е и возењето во него. Од Seat велат дека овој автомобил соединува повеќе емоции со повеќе живост. Со каросеријата со тркачки дизајн и со големите алуминиумски бандажи, овој Leon не е секојдневен автомобил. Арогантниот изглед со спортска
линија и дизелскиот мотор со 170 коњски сили, поттикнуваат вистинско спортско возење. Внатре има стилизирана опрема, спортски седишта, бела табла со инструменти и згоден тркачки волан. За Девиците на кои не им треба семејно возило, Seat има имплементирано сличен концепт и во тркачката верзија на Ibiza. Доколку пак не
ви треба сила, туку само шпански дух, вреди да се провери и обичната верзија на Ibiza.
01/2009 59
tema Автомобил според хороскопскиот знак
вага
Карактерни црти: Влегува во врска со духовна индивидуалност, партнерство, еднакво ги третира другите, своите потиснати особини ги изразува преку другите, оди над его-границите, мир, хармонија, баланс, социјална свест.
скорпија
Карактерни црти: Трансформација, промени, смрт на егото, одново раѓање, трансцеденталност, интензивна емоционална инволвираност во процесот на сопствениот развој, движење од индивидуалните убедувања кон мистериите на животот, кршење на духот доколку личното его се ограничи.
стрелец
Карактерни црти: Дух кој се движи над индивидуалното во светот на простoрното, тенденција да се стане член на пошироко општество, искуства кои водат кон несвесна експанзија, прифаќање на нови гледишта, мудрост, просветленост, користење на сопствените таленти за општо добро.
60 01/2009
Доколку исто како и најголемиот дел Ваги, сметате дека во животот се важни врските со луѓето, тогаш ќе го цените концептот на Opel Zafira. Овој модел на Opel не е позерски, но кога има потреба може да собере седум луѓе и да ги превезува. Има и повеќе од доволно простор како за моноволуменец, со средна клупа за тројца и две седишта во задниот дел, и мошне приспособлив простор за багаж. Доколку сте вага на која не ѝ треба толку приспособливо возило, тогаш треба да ја пробате Meriva. Овој автомобил доживеа фејслифт и неколку мали промени во техниката, за да остане на врвот во својата класа. Вагите исто така не
треба да заборават на новиот модел на Corsa, кој не е повеќе само автомобил за шопинг низ градот, туку има вистински импакт. Ентериерот нуди посебно светол амбиент со убава опрема, што ѝ дава многу модерен изглед на третата генерација на Corsa. Го интегрира тоа што старата Corsa го носи како свој белег, со нова технологија. Друга
интересна идеја за Вагите е камелеонскиот стил во моделите на Opel, со кој Corsa може да го менува својот лик. Вагите ја обожуваат оваа варијанта.
Главните карактеристики на Скорпиите се и главни карактеристики на новиот Peugeot 207. Дизајнот на овој автомобил го следи корпоративниот имиџ виден и во другите модели на марката како Peugeot 308 или 407, со големата насмеана маска и со предните светла кои даваат изглед на ајкула. Овој автомобил се нуди во две верзии, со три и со пет врати. Седејќи во овој автомобил, веднаш ќе почувствувате дека е далеку подобар од Peugeot 206 во поглед на квалитетот и елеганцијата. Во секој поглед, Peugeot 207 е нов концепт, префинета верзија на неговиот еквивалент 206. На елегантната средишна конзола се распоредени командите за греењето, вентилацијата и ради-
ото. Зад воланот се гледаат трите тркалезни инструменти, со изглед како кај мотоцикл. Целосниот ефект е многу пријатен и дава чувство на исклучително модерен автомобил на пазарот. За крајно убедување, само затворете ја вратата и звукот ќе ве освои. Накратко, Скорпиите топло ќе го прифатат
Peugeot 207. Од другите модели на Peugeot, за Скорпиите ќе биде интересна и лимузината 407, компактот 308, како и огромниот моноволуменец 807.
Стрелците лесно ги прифаќаат новите гледишта и секој продавач на Chevrolet треба да ги таргетира толкму припадниците на овој хороскопски знак. Chevrolet сигурно нема да биде првото што ќе му падне на ум на еден Стрелец кога размислува да купи автомобил, но ако му се даде доволно добар аргумент зошто да купи автомобил од оваа марка, Стрелецот може да си го смени мислењето. Особено ако продавачот му даде голем попуст и дополнителна опрема, како што даваат во салоните на оваа марка во последно време. Но, зошто всушност стрелецот би купил автомобил на Chevrolet? Не само поради можноста да заштеди. На пример кај Chevrolet Spark. Опремата е многу подобра од тоа што
обично го очекуваат луѓето од овој автомобил. Клима-уред, алуминиумски бандажи, електрика на ретровизорите и прозорците, магленки и заден спојлер. Или кај Chevrolet Aveo 1.4 LT – добивате автомобил со клима-уред, странични воздушни перничиња, алуминиумски бандажи, магленки, електрика за стаклата и заден спојлер.
Ова се пакети кои ќе му заштедат многу пари на Стрелецот, а тој факт е тешко да се игнорира. Ако некој Стрелец досега не размислувал за Chevrolet, ѕвездите му препорачуваат да проба.
www.autofocus.com.mk
јарец
Карактерни црти: Во духот му е да се обидува да создаде совршено општество, да создаде рај на земјата, работи практично, ефективни врски со другите на физички план, амбициозен, се гордее со достигнувањата, опседнат со вистината, реален, сака цврсти факти, има врски со авторитетни личности.
водолија
Карактерни црти: Тенденција на духот да создаде идеални врски и организации, базирани на слобода и соработка меѓу индивидуите, слободно мислење, неконвенционални, не можат да бидат врзани во застарена идеологија, тежнеат кон перфекција на општеството.
риби
Карактерни црти: Сака да го заобиколи универзумот, стреми кон повисоки цели, го жртвува егото, сочувствува со другите, гледа единство во сите нешта, чист дух.
www.autofocus.com.mk
Според легендата, Еос била божица на Зората, која се подигнала од нејзиниот дом на крајот на океанот за да го означи доаѓањето на нејзиниот брат Хелиос, богот на сонцето. Како божица на зората, Еос ги отворила вратите на рајот со нејзините розеви прсти за Хелиос да може цел ден да јава по небото со неговата кочија. Еос е иконски оригинал на Христијанската престава за ангелите. Обожувањето на зората како божица подоцна е наследено во Индо-Европската ера, од каде се пренесува на речиси сите култури. На латински се нарекува Аурора. Ако името се употреби за автомобил, тоа навистина треба да му одговара. Таков автомобил треба да му одговара на овој хорос-
копски знак, за кој се вели дека сака да го донесе рајот на земјата. Volkswagen е тој бренд, амбициозен, горд на постигнувањата и со грижа за цврстите факти. Во последниве години Volkswagen доживеа ново изгрејсонце. Многу години овој бренд не правеше ништо ново и спортско, не лансираше освојувачки купеа, како што правеа неговите ривали. Сé доде-
ка не го лансира одличниот Eos. Овој автомобил едноставно не смее да се чува во темница. Од другите модели на VW, на Јарците ќе им бидат интересни и моделите Golf Plus и Touran или моќните турбодизели во Golf и Passat.
Слободоумни, неконвенционални, не прифаќаат застарена идеологија... Сите овие карактеристики на Водолијата се поклопуваат со философијата на Honda, што прави овој бренд да биде прв избор на Водолиите. Новиот Civic е нешто со што се занимаваат дилерите на Honda во последно време. Овој автомобил од кој застанува здивот беше добро примен на пазарот, внесе нов и свеж изглед во оној сегмент што беше некако застојан. Но, Honda продолжи да го надградува овој автомобил. Во понудата влегува и футуристичката хибридна изведба, што работи комбинирано на струја и на бензин. Овој модел има за 20 проценти пониска потрошувачка, а истовремено има помала емисија на штетни гасо-
ви од неговите ривали, меѓу кои е Toyota Prius. Друг модел на Honda, коj ќе ги заинтересира Водолиите е новата генерација на претставителната лимузина Accord. На тестовите се докажа дека Accord е поекономичен од другите автомобили во неговата класа. На врвот на гамата на Honda е луксузниот крстосувач, Legend. Станува збор за автомобил со иск-
лучително високо техничко ниво, какво што само Јапонците можат да понудат. Сто километри на час со овој автомобил ќе постигнете за само седум секунди, а крајната брзина е 250 километри на час. Но, со колкава брзина и да возите, во Honda Legend ќе се чувствувате спокојно.
На Рибите на кои им е позната последната карактеристика на нивниот знак, треба да им се даде можност да го пробаат најновиот модел на Citroen C3 Pluriel. За што всушност се работи? Во основа, малечок кабриолет со дополнителни можности, кој како да е измислен за Рибите. Овие луѓе би провалиле банка во потрага по нивниот мал кабрио со кој ќе сакаат „да го заобиколат универзумот“. Ова автомобилче на Citroen, покрај тоа што има исклучително модерен изглед, има кожени седишта, клима-уред, електрика на ретровизорите и на сите четири прозорци и ЦД-плеер. Покрај овие шминкерски атрибути, импресивно е тоа што количеве на Citroen има освоено 4 ѕвезди на Euro NCAP, што покажува дека Citroen C3 Pluriel
Latte не само што изгледа одлично, туку е и најбезбедниот мал автомобил. Нуди флексибилност, затоа што е згодно купе во зима, а во лето се претвора во кабриолет. Друг модел на Citroen кој може да им се допадне на припадниците на знакот Риби е C1. Станува збор за забавен градски автомобил,
кој станува комплетен со стилизиран црн iPod од 1GB, со гласно озвучување и со колоритна внатрешност. Интересни за Рибите се и верзијата Stop & Start на малиот C2, потоа C4 и најновата лимузина С5, како и уникатниот C6.
01/2009 61