Број 20 • април 2009
SUZUKI SPLASH ПРОТИВ SUZUKI SWIFT
СУДИР НА СТАВОВИ
CHEVROLET CRUZE КРСТОСУВАЧ ЗА
12.000 ЕВРА Нисколетачка ракета
со 571 КС
MERCEDES SLS AMG
PEUGEOT 207 1.4 HDI април 2009 90 ДЕНАРИ
9 771857 569002
3,57 литри
20
на 100 километри
VW GOLF
GTI
СОДРЖИНА Број 20 • април 2009 Новитети
6
chevrolet cruze Лимузината ќе го освојува светот. Почетокот ветува: Основниот модел чини 12.500 евра
10
toyota verso Verso значи многу простор, силни дизели и огромна приспособливост, на само 4,5 метри
14
vw golf gti Кога се појавува нов GTI, почитувачите на култот се собираат да прослават: Имаат причина
18
mercedes sls amg Доаѓа доцна, но гласно. Ова е вистинскиот наследник на 300 SL, на славниот Gull Wing
ТЕСТ И ТЕХНИКА
26
TECT hyundai i20 1.2i active Претходникот Getz му остави големо наследство. Hyundai i20 го заслужува целосно
32
52
Погонот на сите тркала xDrive е побрз и од моторот. Додека моторот реагира на педалот за гас, потребни се 0,2 секунди BMW xDrive реагира за само 0,1 секунда
50
Малечкиот фургон покажа дека е доволно големо да ја понесе титулата доставно возило на годината. Fiat Fiorino е мало просторно чудо
78
Идејата потекна од еден дизајнер на автомобили и од еден креатор на игри за Playstation. Citroen немаше да си прости доколку не ја преточеше идејата во реалност
TECT citroen c-crosser 2.2 hdi Спортските теренци ретко се спортски. Овој е таков, див и моќен, подвижен и издржлив
38
СПОРЕДБА Suzuki Splash против Suzuki Swift Основата е иста, градбата е различна. Кој е подобар, двокатниот Splash или тркачкиот Swift?
44
eko - TECT peugeot 207 1.4 hdi Според фабриката, малечкото минува 1.300 километри со еден резервоар. Проверивме!
50
КРАТОК ТЕСТ Fiat Fiorino 1.3 M-Jet Италијанците се специјалисти за малечки автомобили. Тоа важи и за доставните возила
52
техника bmw xdrive Брзата марка од Минхен го усоврши возењето на две тркала. Сега се занимава со 4х4
тема
56
интервју Светлана Пљакоска, главен директор на Олимпија Моторс, дилер на Opel и Chevrolet
78
импресија Почна како игра, заврши како готов автомобил. Citroen не му одолеа на предизвикот
НА ДВЕ ТРКАЛА
64
tect tvs apache 150, qingqi qm 200 gy
СЕРВИС
60
излог Часовник Time Force 900cc, паркинг-сензори in.pro Park Boy V, сабфувер Rodek RN110A
62
совети - амортизери Дефектните амортизери ја влошуваат безбедноста. Неколку совети од специјалистите
мотоспорт
74
формула 1 Седумкратниот шампион Михаел Шумахер е немоќен од другата страна на боксовите
76
wtcc Четири трки, четири победи за Seat. Но, возбудата во шампионатот е голема
останато 59 59 66 82
писма на читатели импресум ценовник ПРОТИВ ДОСАДА
www.autofocus.com.mk
А в т о м о б и л и в о о в о ј б ро ј 52 6 32 50 78 26
BMW xDrive chevrolet cruze citroen c-crosser 2.2 hdi fiat fiorino 1.3 m-jet gtbycitroen hyundai i20 1.2i active
18 44 38 38 10 14
mercedes sls amg peugeot 207 1.4 hdi suzuki splash suzuki swift toyota verso vw golf gti
04/2009 3
4 04/2009
www.autofocus.com.mk
КОМЕНТАР Број 20 • април 2009
Победници и губитници по секоја војна Дарко Јаконов Главен уредник darko.jakonov@autofocus.com.mk
На традиционалната средба на претставниците од автомобилската бранша во Токио, во оваа година ќе учествуваат само половина од бројот на излaгачите на последното издание пред две години. Виновник за падот е автомобилската криза. Јапонската асоцијација на автомобилски производители ЈАМА, објави дека се пријавиле само 122 претпријатија. Пред две години, ги имаше 241. Ќе недостигаат и европските автопроизводители Volkswagen, BMW и Mercedes-Benz, како и нивните американски ривали што се борат за преживување, Chrysler, Ford и General Motors. Многу марки во оваа година нема да отпатуваат за Токио. Големиот салон на автомобили во Јапонија ќе се одржува од 23 октомври до 4 ноември, и со тоа ќе трае четири дена покусо отколку во 2007 година. Но, и ова треба да се земе дека е повеќе од добро. Во јануари сѐ уште се шпекулираше дека традиционалниот салон на автомобили во Токио може да се откаже поради кризата во браншата. „Мошне нé загрижува што опаѓа бројот на изложувачи“, изјави претседателот на ЈАМА, Сатоши Аоки. Автомобилската бранша е во тешка криза, и претпријатијата ја користат секоја можност да заштедат пари, па меѓу другото и во гламурозните настапи на салоните на автомобили. Осумте големи автомобилски производители од Јапонија, меѓу кои и Toyota и Nissan, во секој случај ќе учествуваат на салонот. Но, четири големи производители на товарни возила од Јапонија го откажаа присуството. Меѓу странските марки што ќе присуствуваат на салонот се Porsche, Ferrari и корејскиот концерн Hyundai. Првите две сметаат дека кризата не може да им наштети на продажбата, затоа што луксузот не знае за криза, а Hyundai очигледно ги искористува неговите пет минути. Продукцијата на автомобили во Јапонија бележи драматично опаѓање. Дури и големата Toyota е погодена и произведе за 49,6 проценти помалку автомобили. Mazda, Nissan, Mitsubishi и Honda исто така бележат опаѓање во продажбата од околу 50 проценти. Светската продукција на Toyota се собра на 434.179 нови автомобили. Само за јапонскиот пазар се произведоа за 56 проценти помалку нови автомобили. За февруари, Honda пријави глобален минус од 42,7 процента, со 190.680 автомобили. Во Јапонија, минусот изнесува 48,4 проценти. Продукцијата на Nissan се смали за 51,3 проценти, на 156.864 нови автомобили, а на јапонскиот пазар, овој производител што е во сојуз со францускиот Renault, забележа минус во продукцијата од дури 69 проценти. Малечката Mazda падна за 54,6 проценти, на 57.642 автомобили. Најмалку продавал Mitsubishi.
Марката продала за две третини помалку возила, односно 45.048 автомобили. Здружението на јапонските производители на автомобили, независно од овие бројки, соопшти дека бројот на продадени автомобили во тековната фискална година до март 2010 ќе падне за осум проценти, на 4,297 милиони нови возила, што е најниско во последните 32 години. Наспроти тоа, Здружението на германските автопроизводители VDA очекува дека светскиот автомобилски пазар ќе се рехабилитира по три години. Доколку светската продажба во 2009 падне од 57 милиони патнички автомобили на 48 милиони, сите производители и добавувачи ќе мораат да ја намалат својата сегашна продукција. Но, во 2012 година, светскиот пазар повторно ќе порасне на 60 милиони патнички возила. Целта на германските производители и добавувачи е по кризата да бидат посилни од конкуренцијата. И веќе се работи на тоа. Државата дава субвенции за откуп на старите и безвредни автомобили, во висина од 2.500 евра. Така им се обезбедува непречена работа на производителите на автомобили, и покрај кризата што гризе околу. Најмногу искористија VW и Opel. Дури 27 проценти од продадените возила се од марките VW, Audi, Skoda и Seat, додека Opel забележа пораст од 60 проценти во првиот квартал. Но, и другите марки искористуваат. Трета е групацијата Renault, која ги има уште Dacia и Nissan. Следуваат Hyundai со 7,79 проценти од продажбата, пред Ford со 7,75 проценти. Бонусот во висина од 1.500 евра за старите автомобили го заживеа и пазарот на автомобили во Италија. Во март се продадоа 214.218 возила. Тоа е за 0,24 проценти повеќе отколку во март 2008, и иако е минимално, сепак е првото зголемување на продажбата по 14 месеци. Најмногу искористи Fiat Panda, која се продаде во 14.863 примероци. Потоа следуваат Ford Fiesta и Fiat Grande Punto. Премијата не им менува многу на луксузните марки BMW и Mercedes. И веројатно, шансите за преживување на големите концерни од другата страна на големата бара се веќе минимални. Американскиот претседател Обама им даде последна шанса на General Motors и на Chrysler. До крајот на април, двата концерна мора да смислат подобар план за преструктуирање, и ако тој биде оценет позитивно, Обама ќе им даде нови пари за трошење. Но, тоа ќе значи дека парите повторно ќе бидат на погрешната страна. Купувачите се тие што ги имаат парите. Или ги немаат. Во Германија и Италије е очигледно дека парите од субвенциите се на вистинската страна, кај купувачите. �
Додека јапонскиот пазар се преполовува, Германците поставуваат рекорди. Очигледно е, кризата се претвора во војна на производителите
www.autofocus.com.mk
04/2009 5
новитети chevrolet cruze
Навистина голем плус
Кога Daewoo стана Chevrolet, малечките корејски автомобили не се вклопуваа во традиционалната претстава за американската марка. Сега доаѓа Cruze, лимузина, долга, баш Chevrolet
Н
аправен да го погоди пребирливиот европски вкус, новиот Cruze настапува моќно и самоуверено во безмилосната битка со ривалите. За разлика од претходникот Lacetti, Cruze се фали со впечатлив изглед, кој носи американска нишка и ја поставува новата дизајнерска насока на Chevrolet. Кај новата лимузина што ќе застане покрај Mitsubishi Lancer и Skoda Octavia, е вложено многу во подобрување на завршната обработка и квалитетот на материјалите, кои се на повисоко ниво од тоа што сме навикнати да го видиме кај Chevrolet. Комплетно е обновена и понудата на мотори. Инженерите тврдат дека каросеријата на Cruze се одликува со солидна цврстина, па ќе
6 04/2009
Може комотно да се користи при промоцијата на најновите модни трендови
очекуваме и добри резултати на краш-тестот. Уште при првиот поглед се забележува дека новиот Chevrolet созреал. Големата маска со логото на средина, луто закосените предни светла и острите рабови го дефинираат Cruze како семеен спортист. Отстрана се забележува дека линијата на покривот се спушта наназад како кај спортските купеа. Големата должина побудува и големи очекувања за просторната понуда во внатрешноста. Задниот дел е значително посмирен во однос на предниот, но не е досаден. Се забележува дека Корејците неуморно го студирале дизајнот на европските возила, и радува тоа што знаењето успешно го сплотиле во новиот Cruze. www.autofocus.com.mk
Се пронаоѓа себеси во било каква ситуација, без разлика дали оди на скара или на гламурозна вечера Намрштен поглед - овој пат не смее да се потцени корејскиот Chevrolet
Убавата „купе“ линија на кровот ги потенцира динамичните својства
www.autofocus.com.mk
Дизајнерите имаат намера, при отворањето на вратите да опие неодоливиот шарм и впечатокот за класа и квалитет, каков што е карактеристичен за многу поскапите автомобили. Арматурната табла го следи примерот од Opel Insignia, и тоа може да биде само добро. Добар дел од компонентите се преземени од Opel, но тоа може да се земе само како позитивна работа, бидејќи се намалува цената на производство, а се зголемува квалитетот. Воланот, инструментите, копчињата, сето тоа го знаеме од Insignia. Тоа што не сме го виделе претходно е средишната конзола, која изгледа фантастично. Интересната игра на бои и правилниот распоред на контролите го прават кокпитот на Cruze убаво место за живеење. Уште сега ќе му дадеме забелешка за несреќното позиционирање на
копчето за исклучување на контролата на тракцијата, десно од менувачот. Седиштата се преработени целосно за да овозможат поголем комфор и со тоа само ќе го подобрат целокупниот впечаток. Мултимедиумскиот систем кој се нуди во Cruze, нема нешто позначајно, бидејќи изменувач на дискови и читање на mp3-фајлови веќе станаа вообичаена појава. Новитет е системот за навигација, со колорен екран од седум инчи, кој првпат се нуди како дополнителна опрема кај возило на Chevrolet од оваа класа. За да биде сфатен сериозно, Cruze покрај со одличниот изглед, мора да се покаже и како безбеден автомобил. Затоа, 65% од каросеријата отпаѓаат на челик со висока цврстина, што е за половина повеќе отколку кај претходниот модел. Торзиската► 04/2009 7
новитети volkswagen golf gti
Семејната ракета – подобра од кога било „Деца, врзете ги појасите, полетуваме!“ – рече таткото кога седна во новиот Golf GTI
К
14 04/2009
ога првиот Golf GTI се појави во 1976 година, никој не очекуваше дека малечкиот семеен автомобил ќе издејствува толкаво влијание врз автоиндустријата. Golf GTI го измени мислењето на јавноста за тоа како треба да изгледа мал, брз, семеен автомобил. Возачката возбуда што овој Golf му ја овозможуваше на возачот, се споредуваше со суперспортскиот и драстично поскап Porsche 911. За возвишувањето на Golf GTI во ѕвезда на асфалтот се погрижи малиот 1,6-литарски мотор со 110 КС, кој обожаваше да работи на високи вртежи. За жал,
моделите што следуваа, стануваа сè потешки и побавни, сè до петтата генерација, која се појави во 2004 година и го врати Golf GTI на врвот на победничкиот подиум. Со речиси два милиона примероци произведени досега, GTI прерасна во култен автомобил, и тоа му врши голем притисок на новиот модел. Новиот GTI го менува значењето на поимот „жежок“ автомобил, со дволитарскиот бензинец со турбонатполнење и 210 КС, и со електронскиот диференцијал XDS, одговорен за однесувањето на автомобилот во свијоците. Се водело сметка и за љубопитните погледи на мину-
www.autofocus.com.mk
www.autofocus.com.mk
вачите: Назад се перчи издувен систем со две цевки. Моторот во GTI не е усовршување на веќе постојниот од петтата генерација, туку е создаден посебно за новиот модел. Во економичноста е постигнат најголемиот напредок, но и силината и вртежниот момент штo ги испорачува турбополначот не се за потценување. Дволитарецот е од новата генерација мотори TSI на Volkswagen, кои успеаја да направат вистински чуда, со спортските својства, но истовремено и со штедливоста. Во моторот на новиот GTI се променети клиповите, пумпите за масло и за гориво, а секако, и електрониката е чепната. Целта беше да се добие агилност во целото работно подрачје, а истовремено да се исполни нормата Euro 5. Максималниот вртежен момент од 280 Nm се постигнува при 1.700 вртежи, меѓутоа, за разлика од другите турбомотори, овој го држи вртежниот момент дури до 5.600 вртежи, и испорачува импресивна моќ, во било каква ситуација. За уживањето да биде уште поголемо, Volkswagen го нуди GTI во комбинација со менувачот со двојна спојка DSG, кој досега се докажа како извонредно брз и прецизен. Новиот GTI не се фали само со техничкиот бисер под хаубата. За да биде вистински GTI, тој треба да има и врвна управливост и да не потклекнува во свијоците. Каросеријата е дотерана до тој степен што овозможува комфор за долго патување, но се претвора во ѕвер кога тоа ќе го посака возачот. Суспензијата е комплетно преправена: Предниот дел е спуштен за 22 mm, задниот за 15 mm, амортизерите се разликуваат од цивилната верзија на Golf, а мулти-линк задната оска е дотерана до тој степен, што системот за стабилност ретко ќе има потреба да се вмеша. За стабилноста на новиот GTI дополнително се грижи електронски контролираниот диференцијал XDS, кој тука се вградува првпат. Диференцијалот се покажува на дело при брзо возење во свијоци. Преку интелигентно дозирање на силата на моторот и активирање на сопирачките, XDS го држи GTI залепен за асфалтот и го намалува подуправувањето, кое е карактеристична појава кај предниот погон. Затоа, XDS е комбиниран со ESP, за задоволството да биде големо, но и безбедноста. Како шлаг на безбедносната оп-
Во темница изгледа уште подобро отколку на дневна светлина. Црвената боја е измислена за овој автомобил
Доколку го сретнете на улица, нема рамнодушно да го одминете, туку ќе направите пауза и ќе ги нагостите очите
Свиокот ќе пристигне многу побрзо, но тоа не е проблем, бидејќи GTI има одлично држење на патот Дедото и гордиот правнук; спортските гени и носечките обележја се лесно воочливи, покрај големата старосна разлика
04/2009 15
новитети Mercedes SLS AMG
Врзете се сите, Mercedes сега полетува
Кога се бара вистински спортски автомобил, Mercedes не може да понуди многу. SL е претежок, SLR е прескап. Уште малку, па тркачите ќе можат да здивнат. AMG го прави наследникот на 300 SL
Се уште недосреден, со маскирни налепници, SLS AMG ги привршува тестирањата и почнува да ги врти првите кругови во медиумите, за нафатираните клиенти да се загреат за новакот меѓу нисколетачките болиди
18 04/2009
www.autofocus.com.mk
Г
и познаваме како ѕвезди од патеките за тестирање, од Арјеплог и Нирбургринг, до Долината на смртта. Веќе две години, неколкуте нисколетачки објекти во маскирен костум им го одземаат здивот на индустриските шпиони. Не сме виделе други протитипи да изгледаат толку загадочно и да побудуваат толкави очекувања како овие фантоми облечени во црно, што под полна гас го возат светот. За нивното потекло се шпекулираше уште откако се појавија за прв пат, но сега е веќе потврдено официјално: Овие темни облаци беа првите примероци од новиот суперспринтер со кој што одделението AMG конечно ќе се ослободи од улогата на куќен тјунер на Mercedes и ќе побара прием во еснафот на ковачници за спортски автомобили. Покрај тоа, со овој модел Швабите се повикуваат и на минатото. Иако крајниот изглед сé уште не се наѕира, неколку податоци се веќе познати. Двоседот долг 4,80 метри и израснат само до 1,26 метри од земја, ќе доживее светска премиера на салонот во Франкфурт наесен како Mercedes-Benz SLS AMG. И ќе има крилести врати, оние што се отвораат нагоре. Тоа е традициското наследство од славниот SL од 1954 година, кој го сметаме за спортски автомобил на векот, што остави мошне длабок печат во името Mercedes. Тоа што AMG повеќе нема да се задоволува само со извлекување дополнителни коњски сили или со лепење на убаво скроени спојлери и закачување спортски украси во кабината е сосема логичен чекор напред. Фирмата од Афалтербах почна со класично тјунирање пред 40 години, подоцна стана дел од Mercedes, но►
Тестирање до исцрпување: Прототипите ги измерија сите патишта на светов, заради дотерување на моторот и подвозјето. SLS AMG тука е на стартот на славната патека Пајкс Пик во САД
Ѕвездата од патеките за тестирање: Темните облаци врз патот постојано будеа шпекулации Брза двојка: SLS AMG се мери со Porsche, Ferrari и Aston Martin. Крајното темпо е 315 km/h
Шефот, лично: Оваа фотографија со Фолкер Морнхинвег докажува дека моделот има крилести врати
www.autofocus.com.mk
04/2009 19
тест citroen c-crosser 2.2 hdi pack
Не е кроток како јагне
НИ СЕ ДОПАЃА
НЕ НИ ПРЕЧИ
НЕ НИ СЕ ДОПАЃА
моќта на моторот
сличноста во надворешниот изглед со другите возила со кои ја дели платформата
комплетно бескорисен трет ред на седишта
одлично дотераното подвозје
маркантната предница на непогрешливиот citroen
подуправувањето при излез од свиоци изгледот на инструментите требало да биде поиндивидуален
Повеќе теренци си го прикачуваат епитетот спортски. Но, само малку го заслужуваат. Французинов е еден од тие
32 04/2009
www.autofocus.com.mk
П
Иако е голем и робусен, одличните возни својства доминираат и при возење на тесни патишта
www.autofocus.com.mk
рвиот обид на Citroen да се замеша во острата битка на компактните SUV-возила доаѓа во веќе познат облик, но со друго име. C-Crosser ја дели основата со повеќе автомобили, а најблиски му се Mitsubishi Outlander и Peugeot 4007. Французите ја преземаа комплетната техника од Јапонците, и ги сменија моторот, менувачот и логоата. Секој од нив носи карактеристична маска, но отстрана и одзади се речиси идентични. Тоа што го прави Citroen поинаков е однесувањето на патот. Со преселувањето на продукцијата од Јапонија во Холандија, се променија и добавувачите, и се извршија неколку промени. Никој не го потврдува тоа официјално, но факт е дека C-Crosser се однесува сосема поинаку од сѐ што претходно сме возеле со оваа платформа. Лицето на C-Crosser се одликува со убави и моќни линии, огромни светла и гордо поставено лого на средината на маската. Фино изгледа долниот отвор за воздух, кој се протега низ целата широчина. На краевите се поставени светлата за магла, со убави украсни хромирани прстени. Гледано во целост, предницата несомнено припаѓа на Citroen. Благодарение на елегантните и правилно смислени пропорции, C-Crosser изгледа динамично и робусно. Спуштачката линија која го следи покривот, го лаже окото дека се работи за пониско и покомпактно возило, а не за SUV со седум седишта. Бандажите од 18 инчи кои се достапни со доплата, во голема мера го разубавуваат профилот на возилото, а истовремено придонесуваат кон возните својства. Во задниот дел се истакнуваат убавите светла, изработени со ЛЕД-технологија, и големиот браник кој дополнително ја потенцира робусноста на C-Crosser. Паркинг сензорите, кои се исто така достапни како дополнителна опрема, се распоредени долж задниот браник. Севкупно гледано, C-Crosser остава впечаток на силно, робусно, но истовремено елегантно и префинето SUV-возило. Отворањето на вратите е проследено од бран на убаво конципирана и квалитетна, но веќе видена внатрешност. Седиштата се изработени од комбинација од платно, алкантара и кожа, и овозможуваат високо ниво на комфор. Арматурната табла, инструмен-► тите и средишната конзола прак-
Каква глетка! Со големите фарови, масивната маска и профилираната хауба, C-Crosser влева страв во конкурентите
Огромните светла гледаат низ бистро стакло. Дури и локацијата на трепкачот е игра на дизајнерите
Модерно, убаво, но и функционално. Светлата за магла се фино претопени во маската Вложен е напор за да се одвои од колегите со иста платформа
04/2009 33
споредба Suzuki Splash против Suzuki Swift
Судир на ставови Малечкиве имаат блиска физичка основа, но духовно се на сосема различни патишта. И покрај тоа, во едно се исти: Забавниот ефект им е огромен suzuki swift 1.3 Мотор
DOHC 16V
Зафатнина
1328 cm3
[kW(KC)/min]
68(92)/5800
[Nm/min]
116/4200
Пречник и од
78,0 х 69,5
Багажник [l]
201/870
0-100 km/h [s]
11,0
Брзина [km/h]
175
[l/100 km]
5,8
Цена
12.990 €
Suzuki Swift настапува како трендовски автомобил со спортски карактер
38 04/2009
www.autofocus.com.mk
Б
урек или бургер, пиво или вино, бринета или блондинка. Животот не е лесен, постојано нѐ става на искушението на изборот. И изборот на автомобил е далеку од едноставен. На малечките автомобили повеќе не им е доволно да бидат само малечки. Некои сакаат да покажат карактер. Suzuki ги испрати своите две малечки во различни школи.
Swift е учен за спортист, Splash e извежбан практичар. Во појавата, двајцава тешко ќе најдат заеднички именител. Едноставно, не можеле да бидат поразлични. А маскирните бои со кои влегуваат во оваа битка на концепти им се точно погодени за мисијата. Ништо не се препушта на случајот. За бојата на Swift ќе речеме дека е црвена металик. Но, грешка. Таа се вика Supreme Red
Pearl Metallic. Па, ова е веќе цела приказна. Значи, бојава е најцрвена што може, и под зајдисонцето прилега како да има структура на бисер. Во секој случај, вкусно. Splash не одолева на брегот и се пушта да биде заплискан од брановите во лагуната: Кодот на неговата боја е Lagoon Turquoise. Но, и без бојата, разликата е очигледна. Каросеријата на Swift едвај ги покрива тркалата, кои се ра-
ширени колку што можело. Заедно со кусата и заоблена хауба, широките раменици и столбовите што се бојадисани во црно и се втопуваат во темните прозорци, Swift изгледа како да побегнал од тркачка патека. За разлика од овој освојувач од прва, Splash мора да ги отвори вратите за да ги направи своите квалитети поочигледни. Далеку од тоа дека не е привлечен.
suzuki splash 1.2 Мотор
DOHC 16V
Зафатнина
1242 cm3
[kW(KC)/min]
63(86)/5500
[Nm/min]
114/4400
Пречник и од
73,0 х 74,2
Багажник [l]
178/1050
0-100 km/h [s]
12,3
Брзина [km/h]
175
[l/100 km]
5,5
Цена
11.990 €
Двокатниот Splash јасно го следи концептот за максимално искористување на просторот
www.autofocus.com.mk
04/2009 39
тест Еко-тест Peugeot 207 1.4 HDi
Peugeot тврди:
1300 километри со едно полнење.
Проверено! Овој генетски модифициран лав има жед помала и од човечката. Со просекот од 3,57 литри се потврдува дека приказните за штедливоста не се измислени
В
етувањата се големи. Производителите веќе одамна почнаа да се фалат дека со едно полнење на резервоарот нивните автомобили поминуваат по 1.000 километри. Главно, големите лимузини се тие што покажуваат ваква истрајност. Peugeot ветува уште повеќе. Во тековната реклама за моделот 207 1.4 HDI, Французите тврдат дека во еден потег може да се поминат 1.300 километри. Па, тоа е совршено да се провери на нашиот екотест! Во претходните тестирања во штедливи услови на возење, успеавме да постигнеме мошне ох-
44 04/2009
Знаците за пумпа за точење гориво долго време нема да му бидат интересни на 207 HDi. Три пати од север до југ и назад
рабрувачки вредности за потрошувачката на гориво. Honda Jazz 1.4 со 100 КС, ни потроши 4,14 литри бензин на сто километри, а големата Honda Accord нé занеме со просекот од 5,07 литри. Овој пат имаме дизел од 1,4 литар, со 70 КС, и вредност за просечната потрошувачка на отворен пат од само 3,8 литри, што ќе треба да ја постигнеме за тврдењето за 1.300-те километри на Peugeot да се потврди. Нé очекува долго возење, 1.300 километри се три крстосувања по државава надолж и попреку. Толку ги испланиравме и етапите на возењето: Првата од Скопје до Охwww.autofocus.com.mk
Официјална потврда за постигнатата потрошувачка на тестот, во сервисот на Peugeot: По 1300 km, уште 3,9 литри во резервоарот Тоа што се потврди преку компјутерска дијагностика, веќе се гледаше на мерачот на гориво. Просекот: 3,57 l/100 km
Возењето под умерен режим не претставуваше пекол за големиот штедливец. Тунелите кај Демир Капија ги поминавме четири пати www.autofocus.com.mk
рид и назад до Скопје, а втората и третата од Скопје до Дојран и назад. За последниве две оставивме можност да ги возиме со различна динамика, доколку процениме дека останува доволно гориво за тоа, за да се увериме колку разликата во темпото од 10 километри на час ќе влијае врз потрошувачката на гориво. Дополнителен предизвик во возењето беше тоа што се работеше за нов и неразработен автомобил, со одвај 15 поминати километри. Вообичаено е моторите да трошат за десетина проценти гориво повеќе додека се разработи механиката. Но, и тоа ќе се случи на возењето од 1.300 километри. На половина од предвидената релација веќе можеме да очекуваме да почнат да се покажуваат вистинските вредности на потрошувачката. За запознавање со возилото, со начинот на ослободување на силината на моторот и со преносните односи во менувачот, по стартот од салонот на „Еуроимпекс“, го поставивме како цел автопатот до Петровец. Првите вредности ниту оддалеку не ја навестуваа штедливоста на 207 1.4 HDi. По 29 поминати километри, патниот компјутер ни пријави просечна потрошувачка од 10,4 литри и ни пресмета дека со горивото во резервоарот ќе поминеме само 580 километри. Дека нема простор за паника, Peugeot нé увери дури во Охрид, по 227 километри, кога првпат пријави просечна потрошувачка со четворка пред запирката. Дури пред крајот на тестот, на второто возење до Дојран, дознавме дека проблемот бил тоа што Peugeot едноставно не сака да си признае дека е толку штедлив. Според патниот компјутер, просечната вредност на потрошувачката упорно покажуваше 4,0 литри, иако според претходното однесување и според гола пресметка, таа веќе беше далеку и под фабрички декларираните 3,8 литри. Овој генетски модифициран лав има жед помала и од човечката. И тоа е очигледно. Ако земеме дека малечкиот дизел ќе минува по 15.000 километри во годината, за просечната километража што ќе ја минува во еден ден излегува вредност од 41,1 километар. Со фабричката вредност за потрошувачката од 3,8 литри, тоа значи дека секој ден Peugeot 207 1.4 HDi ќе бара по 1,56 литар дизел за да ја задоволи својата жед. Тоа е помалку од вообичаената днев-►
04/2009 45
совети Амортизери
Не лулај ме нежно Мекото клатење на возилото е знак дека нешто не е во ред со амортизерите. Специјалистите од „Авто-Мобил“ укажуваат на важноста на добрите амортизери
Н
еисправните амортизери не прават само возењето да биде како на брод, туку многу повеќе ја зголемуваат опасноста од незгода. Овие придушувачи на осцилации имаат задача што побрзо да го запрат клатењето на каросеријата и на тој начин да обезбедат добар контакт на тркалата со патот. Само така се можни оптимални сили при запирање, забрзување и возење во свијоци. Доколку амортизерите се дефектни, патот на запирање се продолжува за два метра при градска брзина на возење, опашот може да излизга во свијок веќе при 57 километри на час, и аквапланингот, односно натпливувањето на тркалата на дожд се јавува порано. Покрај тоа, значително се нарушува и работата на АВЅ, затоа што електронскиот помагач е дотеран за оптимални вредности на подножјето. При техничкиот преглед на во-
62 04/2009
зилата се врши само визуелна проверка на амортизерите. Така може да се откријат механички оштетувања, протекување или лабава врска, но минувањето на технички преглед воопшто не е гаранција дека амортизерите се во ред. Затоа, при сомневање, подобро е да се посети специјализиран сервис. Амортизерите многу ретко откажуваат одеднаш. Попуштаат со текот на времето и возачот полека се свикнува на возилото. Дека нешто не е во ред со нив, ќе се покаже во најопасните ситуации, при избегнување ненадејна пречка или при силно запирање, а тогаш е најпотребен добар амортизер. За навреме да се открие неисправност на амортизерите, притискањето врз носот или врз задниот дел од возилото не може да покаже многу. Нееднакво истрошениот профил на гумите многу повеќе укажува на тоа дека
www.autofocus.com.mk
Амортизери совети
тркалата имаат слаб контакт со патот и скокаат по него. Кај увозникот за амортизерите NBNF, „Авто-Мобил“, препорачуваат амортизерите да се проверуваат на секои 20.000 километри. Кај нов автомобил, трајноста им изнесува од 80 до 120 илјади километри, но постојат случаи кога се јавува неисправност уште при 50.000 километри. Проверката е бесплатна и се врши за само неколку минути, а обично половина од возилата остануваат на замена. Не се секогаш виновни амортизерите. Со богато искуство, експертите на увозникот Авто-Мобил укажуваат на случаи кога тропањето се јавува поради неисправност на држачот на амортизерот. Оштетувањето најчесто се случува кога врз амортизерот одеднаш дејствува силен притисок, како при симнување од тротоар. Во тој случај може да дојде до истекување на маслото. Според експертот Круме Стефановски од „Авто-Мобил“, вградувањето резервоар за автогас влијае врз трајноста на амортизерите, затоа што врз нив дејствува постојан товар, кој уште е неправилно поставен, па автомобилите што возат на автогас се почувствителни на дефекти на амортизерите. При замената, консултацијата со експертите е добредојдена. Притоа ќе се избере дали според стилот на возење се подобри маслени амортизери, кои се покомфорни и поиздржливи или, пак, гасни амортизери, за спортско возење. Возењето со лоши амортизери може да чини скапо, ако замената не се изврши навреме. Цената на безбедноста е 30 до 40 евра. Толку чинат амортизерите за возилата што најчесто се возат кај нас. �
www.autofocus.com.mk
04/2009 63
импресија GTbyCitroen
Големиот тркач, О според Citroen Маркава ретко ја остава иднината да дојде сама. Повеќе сака да ја прави. И GTbyCitroen беше замислен како возило од иднината, но го донесоа во сегашноста 78 04/2009
вие навистина знаат да ги направат автомобилите поинакви. Citroen им дозволи на милиони луѓе по светот да го возат суперспортскиот автомобил уште пред да биде изработен првиот и единствен примерок од него. Е, тоа не е можно? Е, можно е! GTbyCitroen се појави прво во виртуелниот свет, во светот на компјутерските игри, како еден од тркачите во играта Gran Turismo 5, за конзолата Playstation. Но, автомобилчето составено од точки на мониторот толку убаво си легна во приказната на стратезите на марката, што тие не можеа да наредат ништо www.autofocus.com.mk
Од првиот цртеж до изработката поминаа осум месеци
Наспроти силната електроника, прекинувачите меѓу седиштата се механички
Површините премачкани со бакарна боја прават контраст со кожата и со пулсирачките светилки www.autofocus.com.mk
друго освен - Претворете го во метал, и тоа итно! Супер, бесниот двосед со крилести врати сега го имаме и во реалноста. Во еден примерок. Нема да има втор затоа што дури и за палавата марка од Париз, GTbyCitroen е премногу невообичаен. И ќе се случи вистински хорор доколку автомобил со олку лут поглед во очите се пушти по патиштата. Кога ќе се подзамиже, во фацата на купето се препознава богомолка што задоволно се подготвува да го издроби пленот во клештите. Во тенките очи со светкави диоди се чита „ти си ми пленот “, а муцката е веќе подотворена и готова за завршниот чин. Шокантниот GT од Citroen е добро распослан врз патот. Долг е речиси пет метри и широк преку два метри, но затоа не досега ниту до папок. Така изгледа уште позастрашувачки. Кога би се пуштил на трка, соперниците би се повлекле настрана само да си ја тргнат оваа глетка од пред очи. Ваквата појава ја смислија дизајнерот на Citroen Такуми Јамамото и неговиот пријател и студиски колега Казунори Јамаучи. Вториов е вработен во Polyphony, во куќата што ја направи играта Gran Turismo. Двајцата во сојуз успеаја да ги убедат своите шефови дека појавувањето на француски суперспортист ќе донесе големо освежување во играта. Кутрите дизајнери, сигурно не можеа ниту на сон да се понадеваат дека немирниот Citroen ќе го претвори автомобилот во челик и во карбонски влакна. И дека со тоа ќе го направи најдобриот прототип во историјата на марката. Тој не само што можеше да се види и да се допре на премиерата на салонот во Париз, туку може и да се вози. Надворешноста е само вовед во►
Citroen на повеќе пати ја има покажано смислата за екстравагантен дизајн 04/2009 79