08
Број 8 • АПРИЛ 2008
Вака прави лимузина специјалистот за малечки автомобили ЛУК ДОНКЕРВОЛКЕ, дизајнер на Seat
ВРЕМЕ Е ЗА Збогување со Vectra
Тестови: BMW 318d, Seat Leon Cupra, Kia cee’d Sporty Wagon • Прво возење: Chevrolet Aveo 2008 • Новитети: Hyundai i10
AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
www.peugeot.com.mk
OMIlENIOt AvtOMObIl NA gERMANcItE E fRANcuskI! PEUGEOT 308, IZbRAN ZA ZlAtEN vOlAN NA gODINAtA vO gERMANIJA.*
*VO Klasata KOmPaKtni VOzila
Pobednikot e nadmo]en, Peugeot 308 ja pobeduva konkurencijata vo Germanija i go osvojuva zlatniot volan za 2007 vo svojata kategorija. Organiziran od 1976 od strana na Germanskiot nedelnik Bild am Sonntag, ovaa presti`na nagrada se dodeluva od nezavisno `iri sostaveno od voza~i, profesionalci od avtomobilskata bran[a i mediumski poznati li~nosti. Golema blagodarnost do `irito koe znae[e da gi prepoznae kvalitetite na Peugeot 308, davaj]i Vi pritoa Vas u[te edna pri~ina pove]e za da go zemete volanot v race! Rang lista na vozilata vo kompaktnata klasa: 1. Peugeot 308 so 1320 poeni; 2.Toyota Auris so 1268 poeni; Hyndai i30 so 1229 poeni NADMO}EN PO PRIRODA.
AUTO FOCUS АПРИЛ 2008 Kombinirana potro[uva~ka na gorivo: od 4.5 do 7.9 l/100km. Emisija na CO2 od 120 do 180 g/km.
КОМЕНТАР Број 8 • АПРИЛ 2008
Сезоната на салони започна Дарко Јаконов Главен уредник darko.jakonov@autofocus.com.mk
Машинеријата на автомобилските дилери за раздвижување Организаторите ја покрија секоја возраст, сечиј интерес. На на купувачкиот дух почна да работи под полна пареа. Очиглепример, интересот за тјунирани автомобили. Очигледно е дека дно е дека уште од годинава никому нема да му недостасува транегувачите на марката VW и Audi се свесни за атрактивноста на дицоналната манифестација на празнување на автомобилизмот моделите со нивни значки за тјунирање. Покрај очите, беа почево Македонија, што некогаш ја познававме како Аутоекспо. За стени и ушите - со теренецот Touareg преполнет со аудио опрема, некого саем, за некого салон или пак само обичен панаѓур, сеедно, само таа вредна колку еден автомобил од компактната класа. тоа веќе го нема. Дури беше организиран и превоз со вовче до соседниот салон Групацијата на увозници на моторни возила пред неколку мена марката Skoda, што некако не успеавме да разбереме зошто е сеци реши годинава да не настапува на Автоекспо. Забелешките избрана за токму покрај неа да биде распослана лесковачка скасе однесуваа на неповолните услови и недоволниот квалитет на ра. Во облакот од освојувачки мириси беа послужени и неколку услугите што ги нуди Скопски Саем. Коментарите грижливо испеглани олдтајмери од марката VW, од сите страни беа истите: „Зошто да ги тргаме претежно „буби“ стари по четириесетина години. автомобилите од нашите салони и да ги носиме И билансот по сиот овој ангажман: за двата дена, во запуштен хангар со покрив што протекува...“. на викендот на Порше Македонија присуствуваа Секако, незадоволството го поттикна и инертнопреку 5.000 посетители, со возилата од трите ста на саемскиот организатор во привлекувањемарки Volkswagen, Audi и Skoda заинтересиранито на посетителите и во анимирањето на тие што те и потенцијални купувачи направија преку 800 по навика напролет се упатуваат во салите на пробни возења, преку 1.500 дечиња се радуваа саемот. на полигонот, во сервисите се вршеше бесплатна Увозниците и дилерите на автомобили со дијагностика на сите возила од трите марки, без години инвестираа во своите марки, им изграразлика на годината на производство, се делеа и дија палати, доволно големи и достоинствени подароци. Застапникот планира манифестацијата за најновите модели во нив да тронуваат под да прерасне во традиционален Авто Викенд. рефлектори, легнати на светкави мермерни Но, не мируваа и другите. За време на викендот површини. Дури и ги научија продавачите во беше раздвижено и во Аутомакедонија. Тука, своите салони да бидат трпеливи со купувачите малку поочигледно дека дилерот надоместува за и стручно и подготвено да им одговорат на сите отсуството на Автоекспо: под насловот Саем во прашања во врска со автомобилот што им запнал салоните на Аутомакедонија, од 15 април до 10 за око. И на крајот, почнаа да осмислуваат примај се нуди попуст од 5 проценти на автомобилиУВОЗНИЦИТЕ И ДИвлечни и забавни маркетиншки настапи во кои ја те. Поточно, попуст на попуст, бидејќи веќе пред објаснуваат поентата во постоењето на нивните ЛЕРИТЕ СО ОДВОЕНИ „салонската“ акција се нудеа модели со гратис автомобили - иако, тука и таму ќе се случи да опрема. Аутомакедонија креваше малку повеќе МАНИФЕСТАЦИИ отскокне некој тотално утнат пристап, каде што врева, со неколку естрадни ѕвезди, и тоа два се прави обид автомобилите да се продаваат како ВО СВОИТЕ САЛОНИ викенда едноподруго. Се разбира, и тука се доправосмукалки на топ-шоп. делуваа награди: на пример, 2 викенд возења со НАДОМЕСТУВААТ ЗА автомобил од марките што ги продава фирмата. Во вториот викенд од април можевме да видиме како би изгледала манифестација како АвАвтомобилите не се препуштени сами на себе по НЕОДРЖУВАЊЕТО НА откажувањето тоекспо, доколку се е организирано по вкусот и на Аутоекспо и сега е веќе сигурно потребите на претставниците на автомобилската САЛОНОТ НА АВТО- дека никој нема да жали повеќе по манифестаиндустрија кај нас. Не е за чудење што токму Порцијата што никако не успеваше да го следи чекоМОБИЛИ - СО НИВО рот со напредувањето на субјектите во продажбаше Македонија го направи првиот голем чекор во правец на Салон на автомобили со сите нишани. та на автомобили. Покрај тековните акции со кои НА ОРГАНИЗАЦИЈА Во новиот објект на увозникот на VW во Скопјешто повеќето увозници и дилери надоместуваат ШТО ЗАСЛУЖУВА Север, што беше свечено отворен на крајот на за отсуството на Автоекспо, ќе следуваат уште февруари, не постоеше катче да останало неимногу други. Големата посетеност на одделните ЧЕСТИТКИ скористено. Веднаш покрај салоните обележана манифестации во сезоната на салоните покажува патека за детски автодром. Преку 1.500 дечиња ги презентираа дека организаторите го погодуваат интересот на купувачите. талентите за иден Шумахер на патеката. Како пријатен гест за Доколку, воопшто може да се зборува за сезона на салони. Конкудобредојде, дечињата добиваа бесплатни сокови за освежување ренцијата си го прави своето и раздвиженоста на пазарот постои по возењето. Нека не звучи ова како ода за воздигнување на во текот на целата година. � Порше Македонија, туку како укажување на тоа што досега сме го пропуштале на Салоните за автомобили.
AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
СОДРЖИНА Број 8 • АПРИЛ 2008
НОВИТЕТИ
14
Нови модели Opel Insignia
МОТОСПОРТ
69
Љубителите ја очекуваа со нетрпение. Наследничката на Vectra е голема колку Omega
18
АКТУЕЛНО Suzuki Kizashi На Јапонците веќе им здодеа од малечки автомобили и теренци
20
Нови модели Hyundai i10 Развојните начела исти како за компактот i30, само приспособени за класа подолу
24
Нови модели Volkswagen Scirocco
WTCC Втората трка прерасна во празник за Seat
70
Формула 1 По три трки од новата сезона се уште не се издвојуваат фаворитите и губитниците
останато 9 писма на читатели 72 Ценовник
Волфсбург се повикува на старите ветришта
26
АЛТЕРНАТИВЕН ПОГОН PGO Cevennes Turbo-CNG Досега возењето на алтернативно гориво не изгледаше привлечно
28
ПРВО ВОЗЕЊЕ Saab 9-3 Turbo X / XWD Не го користи погонот на сите тркала за снег и кал, туку за поголема брзина на асфалт
30
Прво возење Chevrolet Aveo 2008 Популарниот модел со освежување: најголемото е напред, новиот 1,2-литарец со 84 КС
ТЕСТ И ТЕХНИКА
34
Тест на гуми 37 гуми со димензија 175/65 R 14 и 195/65 R 15 Автомобилскиот клуб ADAC предупредува: Евтините гуми може да чинат скапо!
42
ТЕСТ Seat Leon Cupra
А в томо б и л и в о о в о ј б ро ј 48 30 20 54 60 14
BMW 318d Chevrolet Aveo 2008 Hyundai i10 Kia cee’d_sw 1.4 EX Mercedes-Benz B 180 CDI Opel Insignia
26 28 42 18 24
PGO Cevennes Turbo-CNG Saab 9-3 Turbo X / XWD Seat Leon Cupra Suzuki Kizashi Volkswagen Scirocco
Се вози исто како што изгледа: Динамично, со силно лачење адреналин, тркачки
48
ТЕСТ BMW 318d Минхен ја има формулата: силина повисока за 16 %, потрошувачка пониска за 14 %
54
ТЕСТ Kia cee’d_sw 1.4 EX Големо парче автомобил за големи задачи: Кореецот се покажува голем и однатре
60
Краток тест Mercedes-Benz B 180 CDI Со скусен опаш, овој Mercedes вози во свијоци како вистински спортист
62
ТЕХНИКА Нов менувач од AMG Поклониците на автоматските менувачи нека здивнат: DSG мора уште да се докажува
TEMA
64
Интервју Лук Донкерволке, главен дизајнер на Seat „Ќе видите, ќе бидете луди по новата Ibiza“
НА ДВЕ ТРКАЛА
66
42
Беспоштедно! Со 240 КС овој Leon не остава миг за возачот да здивне. Опасно! Cupra создава зависност
66
Голем мотоцикл со автоматски менувач и ниско седиште како скутер. Honda повторно иновира
Honda DN-01 По воздушната перница и АВЅ следува спој од мотоцикл со скутер. Honda не мирува
СЕРВИС
67
СОВЕТИ Гумите со засилени страници и сетовите за лепење го потиснуваат резервното тркало
68
МУЛТИМЕДИЈА Звук како силен V8, но од радиото место од моторот, МР3-player за приклучокот за 12V
AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
ПИСМА ОД ЧИТАТЕЛИ Ваши прашања и коментари
Прашувајте и пишУВАЈте
AUTO FOCUS Васил Ѓоргов 21-2/7, 1000 Скопје Телефон: 02 3223 575 E-mail: redakcija@autofocus.com.mk Редакцијата го задржува правото да ги скусува писмата.
Seat Bocanegra Concept „Мора да влезе во производство“ Генијално! Мислам дека овој автомобил мора да влезе во сериско производство. Ако некој смета дека дизајнот е многу напреден, тогаш нека си седне во старомоден VW или уште подобро во Skoda. Младите бараат токму ваков автомобил, а Seat нуди и добри цени ако се земе опремата. Супер е, сакам да го возам! Во АПРИЛорел како да ги послушале Вашите желби. Bocanegra веќе е во серија, во форма на Ibiza. Погледнете во интервјуто со главниот дизајнер на Ibiza на страница 64
подуправување Вашиот магазин е првиот што почнувам да го читам редовно. Во тестовите спомнувате подуправување и надуправување. Што значи тоа? Тоа е типично однесување на автомобилите со погон на предните тркала. Кога се вози пребрзо во свијок автомобилот влече со предните тркала право кон надворешниот раб од свијокот. Во основа, подуправувањето може да се совлада полесно отколку надуправување - со дополнително завртување на воланот и со силно притискање на гасот. Како помош за стабилизирање служи ЕЅР. Спротивниот случај е надуправување. Притоа, задниот дел од возилото лизга
нанадвор од свијокот и се појавува главно кај моделите со погон назад. Опашот може да се стабилизира со одземање на воланот, односно завртување обратно од свијокот, и со нагло одземање на
гасот. Искусните возачи на заден погон уживаат во лизгањето на опашот, но искуството се стекнува само со вежба - и секако, само на празен пат или полигон!
Подуправување - Надуправување
Возилото сака да продолжи право. Возачот мора да врти повеќе отколку што одговара за радиусот на свијокот. Задните тркала го задржуваат контактот.
Alfa Romeo Mi.Тo
Возилото се врти повеќе отколку што сака возачот, „бега со опашот“. Со одземање на воланот или дури и со вртење во спротивен правец се спречува излизгувањето.
Порано имав 33 Sportwagon и потоа возев половен Mercedes и Audi, но сега веќе ми се здодеани.
„Продолжи така Alfa“ Димитар Г., Кавадарци Изгледа одлично и докажува дека добриот дизајн доаѓа од Италија. Lancia Ypsilon, Fiat 500, новиот Bravo... Италијанците покажаа дека линиите на претходниците, динамиката, елеганцијата, сето тоа заедно со безбедна каросерија, може да се вклопи во еден автомобил. Јасно е зошто Fiat продава толку добро. Аце Карапаџоски, по e-mail Штета само што нема заден погон, како старата Alfa 75. Таа беше лудница. Супер распоред на тежина и ниско тежиште правеа Alfa со само 155 КС да може да се носи со многу посилни машини. Продолжи така Alfa! Славчо, Скопје Ако на тестот Alfa покаже дека го исполнува тоа што го ветува однадвор и ако не изгледа евтино, наскоро повторно ќе се вратам меѓу Алфистите.
ВАШИТЕ ПИСМА НÈ РАДУВААТ Сеедно дали сакате да ни го соопштите Вашето мислење за тековниот број на списанието, или имате некое прашање или сакате да се надополните на некоја врела тема. Вашиот коментар ни е важен! Не радуваат Вашите забелешки и барања, пофалби, но и критики.
ИМПРЕСУМ ИЗДАВАЧ
Адреса: Васил Ѓоргов 21-2 /7, 1000 Скопје, Македонија E-mail: contact@autofocus.com.mk
Директор Александар Попов aleksandar.popov@autofocus.com.mk
РЕДАКЦИЈА Главен и одговорен уредник: Дарко Јаконов darko.jakonov@autofocus.com.mk Графички уредник: Коста Стаматовски kosta.stamatovski@autofocus.com.mk Јазичен соработник: Ана Манасиевска ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ Печатено во Печатница “Софија” Дистрибуција Време трејд Тел: 02/2580 020, 2580 023, 2580 024 ISSN 1409-6560
Закуп на рекламен простор: Снежана Божиновска snezana.bozinovska@autofocus.com.mk Жиро сметка: 300000001963413 Депонент: Комерцијална банка Даночен број: 403000452220
КОНТАКТ Телефон: +389 (2) 3223-575 E-mail: redakcija@autofocus.com.mk SMS-контакт: 070/14 55 85
ПРАВНИ ЗАБЕЛЕШКИ Магазинот AutoFocus се печати еднаш месечно со одобрение од Глобал Медиа и е во правна сопственост на издавачката куќа. AutoFocus е интернационално регистрирана трговска марка во сопственост на Глобал Медиа и нејзиното користење е дозволено само со писмено одобрение, на начин и стандарди утврдени од сопственикот на правата. Содржините и структурата на AutoFocus се интелектуална сопственост на Глобал Медиа и не е дозволено нивно копирање, скенирање и пренесување на било какви други форми на медиум без одобрение од сопственикот на правата. Првиот број на списанието излезе на 10 септември 2007 година.
AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
АПРИЛ
Audi Q5
За еден број помало
Конкурентот на BMW X3 го следи трендот и се откажува од авантуристичкиот изглед , иако со доплата може да се добие и верзија со заштита на подвозјето и големи тркала од 19 инчи. Со 4,63 метри Q5 е за речиси половина метар покус од големиот
брат и ја пополнува празнината меѓу VW Tiguan и VW Touareg. Кокпитот во основата потекнува од A4, исто како и техниката. Покрај погонот quattro, динамичното управување и Drive Select од А4, теренецот настапува и со неколку новитети: со седумстепен
DSG и со ESP што го препознава видот на подлогата. Нов е дволитарскиот TFSI со 211 КС и 300 Nm, со кого Q5 забрзува за 7,2 секунди до темпо 100 и вози до 222 km/h. Сето тоа при просечна потрошувачка од 8,5 литри. Теренецот стартува и со два дизели:
Врвна гума од Nokian
Chrysler
Комфор без жртвување на безбедноста
Токио место Штутгарт
Шведскиот производител Nokian ја претстави новата гума од високата класа Z G2, што се одликува со безбедни возни својства и долготрајност. Развојниот тим тврди дека е подобра од конкуренцијата при нагли промени на временските услови и состојбата на патот. Главните иновации во гумата се повеќеслојниот газечки слој, смешата од наносилика и новата геометрија на профилот. Целта на овие мери содржани во концептот Nokian Cool Zone е подобрена стабилност и управливост, контакт на влажно и издржливост. Истовремено, намалени се бучавата на гумата, отпорот при тркалата и произведувањето топлина. Наменета за спортски автомобили, новата Z G2 е достапна во 23 големини, почнувајќи од 225/60 ZR 16 и завршувајќи со 255/35 ZR 20.
10
2.0 TDI со 170 КС и 3,0V6 со 240 КС. Објаснување за премиерата токму во Кина: тоа е веќе најголемиот извозен пазар за Audi и големиот Q7 се продава изненадувачки добро. Истото се очекува и за новиот Q5.
AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
Поранешниот партнер на Mercedes има нов сојузник: Nissan. Јапонците од 2010 година ќе произведуваат за Chrysler мал автомобил, а Американците ќе возвратат со пикап. Новиот сојуз ќе му овозможи на Chrysler да ги користи своите искуства со големите возила и да спречи натамошно намалување на продукцијата. Купувачите веќе не ги сакаат гладните теренци и пикапи што беа главниот производ на автомобилската бранша во САД. По разделувањето со Mercedes, Chrysler бележи огромни загуби.
AC Schnitzer
Гурманско уживање за поголема сила
Големото име во тјунирањето на BMW, германската фирма AC Schnitzer, по возбудливите фризирања и бројните пехари на трки се посветува на уште еден вид уживање - во гурманскиот ресторан kohlibri. Додека чека да завршат преправките на возилото, клиентот може да ужива
во гурманскиот ресторан сместен на врвот на зградата на AC Schnitzer, каде шефот на ресторанот ќе се погрижи да подготви се што ќе посака клиентот. Додека клиентот ужива во супата од костени како предјадење, неколку катови подолу се работи под полна
пареа на преправка на ентериерот на возилото: неговото BMW или Mini добива облоги на педалите, волан и глава на рачката на менувачот, како и i-Drive контролер од програмата на AC Schnitzer. Потоа следува уживање во главното јадење во kohlibri: равиоли полнети со шкампи, подготвени од
познатиот шеф Бернд Гајгер. Лесниот мус од кокос доаѓа на крајот, а дотогаш веќе е вградено и спортското подвозје, бандажите од AC Schnitzer или китот за зголемување на силината на моторот.
AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
11
АПРИЛ
Ексклузивни фотографии од идниот Volvo
Голема неволја во САД
Изгледа како силен борец
Volkswagen повикува 410.000 Passat Катастрофа за Volkswagen во САД: Концернот повикува 410.000 Passat, произведени од 1999 до 2005 година, поради можност од оштетување на подот. Според VW, се работи за доброволна акција и се однесува на возила со автоматски менувач. Покрај тоа, ќе се проверува и напојувањето со гориво. Повикувањето во сервис е удар за германскиот произ-
Швеѓаните работат под полна пареа на новата лимузина од средната класа. За идната генерација на Ѕ60 што се очекува да се појави на пазарот во 2009 година, дизајнерот Стив Матин замисли линии слични на оние кај неодамна претставениот компактен теренец ХС60. Како што може да се забележи од ексклузивните фотографии од идниот модел, динамичниот изглед ќе биде главното оружје на Volvo против ривалите од премиум класата. Целта на шведската марка е со новата лимузина продукцијата
од сегашните 450.000 примероци до 2010 година да ја зголеми на 600.000 примероци. Моторите ќе ги испорачува Ford, мајката на концернот: дволитарски дизел и помоќна варијанта од 2,2 литри. Против шестцилиндарците на Audi и BMW, Volvo ќе ги користи своите D5 мотори. Во план е и 1,6-литарски бензинец со турбонатполнење, со сила како дволитарски мотор, но со многу пониска потрошувачка. Секако, може да се очекува и нагласено спортка верзија со ознака Т5, со сила од преку 300 коњски сили.
водител, кој очекуваше голем пораст во САД и планираше изградба на нова фабрика преку океанот.
Peugeot 308 175 ТНР
Некој доста лут лав
Alfa Romeo
Бело и жешко Големото купе и спајдерот на Миланската куќа добија специјална серија Edizione, препознатлива по Bianco Ghiaccio белата боја. Посебниот пакет опрема ќе вклучува биксенонски светла, Brembo сопирачки со црвени клешти, Bose озвучување, електрично
местење на спортските седишта со грејачи, навигација и средишна конзола во темен алуминиум. Бандажите изгледаат како кај суперкупето 8C и носат 235-ки гуми. Моторите на специјалната серија се 2.2 JTS со 185 КС и 3.2 V6 со 260 КС, како и 2.2 JTDM со 210 КС.
На Французите им се допадна моторот од соработката со BMW и го раширија во гамата. Откако го олуте 207 RC, четирициндарецот од 1,6 литри со 175 КС, сега влегува и во компактот 308, кој ќе ја добие ознаката 175 THP - за Turbo High Pressure. Во новата средина моторот забрзува за 8,3 секунди до темпо 100 и постигнува 225 km/h.
Peugeot пријавува просечна потрошувачка од 7,6 литри. Спортскиот 308 се препознава по алуминиумот во маската, по магленките во браникот и дискретниот заден спојлер. Покрај тоа, понизок е за еден сантиметар и има тркала од 17 инчи. Следната адреса за моторот: сериската верзија на купето 308 RC Z.
Fiat
Евтин автомобил „a la Tata“ По примерот на индиската Tata, сега и Fiat планира од 2010 година да продава евтин автомобил на пазарите во развој Индија и Кина. Со димензиите евтиниот автомобил ќе биде малку поголем од Panda. Се размислува дали да се понуди под друга марка, за да не му наштети на Fiat. Сличното го направи Renault: неговата евтина марка се вика Dacia. Од 2009 година Италијанците планираат во погоните во Полска да почнат да произведуваат и мал автомобил за развиените пазари, помал од Fiat 500.
12
AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
13
Новитети Први фотографии од Opel Insignia
Слабите години на Vectra стануваат дел од минатото. Љубителите на Opel со радост ја Дочекуваат новата Insignia 14
AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
15
И С ТО Р И Ј А Opel Ascona A, 1970-1975
До 1970 година празнината меѓу Kadett и Record ја пополнуваше Kadett Olympia. До јули 1975 се произведени 691.438 примероци од првата генерација. Техниката е од Kadett и Rekord, се нуди со две и четири врати, и како комби Voyage. Моторот 1.6 L е изведен од 1,7-литарецот од Record, се нуди во верзија со 68 КС и со 80 КС (со повисока компресија). Од март 1972 со мотор 1,2 Ѕ од Kadett B, како евтин стартен модел со 60 КС. Топ модел е 1,9 SR со 90 КС. По германските патишта улици денес возат околу 540 примероци од Ascona A. Лимузината послужи и како основа за славното купе Manta.
Ascona B, 1975-1981
За разлика од претходникот кој изгледаше како голем Kadett, новакот се ориентираше според поголемите модели. Estate беше заменет со комбилимузинска изведба. Под ламарината не се промени многу, компонентите потекнуваа од првата генерација. Преку 1,2 милиони примероци се продадоа до 1981 година. Во јануари 1979 се појави Ascona 400 со мотор од 2,4 литри со 144 КС, како хомологациска основа за рели верзијата i400. Од 1980 година се нудеше дволитарски бензинец со вшприцување на горивото и 110 КС.
Ascona C, 1981-1988
Втор модел на Opel со погон напред, по Kadett D од 1979 година. Во 1981 година доби „Златен волан“ и беше најпродаван автомобил во Западна Германија. Основниот модел возеше со мотор 1.3 L од претходникот, со 60 КС, над него се нудеше 1.6 L со 75 КС. Верзиите S со повисока компресија беа посилни за околу 20 проценти. Врвен модел е GTE, со 130 КС. Дизелот од 1,6 литри со 54 КС беше заснован на блок од Isuzu. Во 1983 година се појави и кабриолет. Со доплата се добиваше сервоуправување, електрика на прозорци и ретровизори и патен компјутер.
16
AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
Новата ѕвезда во средната класа? Во тоа се надева Opel, но и многуте љубители на лимузината со знак на молња во маската
В
о последните пет години Opel успеа чекор по чекор да ги донесе моделите од својата понуда на врвот на продажните статистики. Но, во средната класа Vectra тешко успеваше да ги повтори успесите на првите генерации. Тоа ќе се промени откако наесен ќе почне да се продава новата Opel Insignia. Наследникот на Vectra ќе ја прослави светската премиера во јули, на Салонот во Лондон. Две години порано, таму доживеа деби и Opel Corsa. Потоа малечкиот модел од Риселсхајм почна да се продава на европскиот пазар како алва. Но, ваквите добри предзнаци нема да бидат доволни за моделот од средната класа со симбол на молња во маската да ги погоди купувачите. Во 70-те и 80-те години добрите и евтини верзии на Ascona жареа и палеа во сегментот на семејните лимузини. Новата Insignia има мисија да го повтори овој успех на својата далечна претходничка, но и да ја затвори празнината до големата Omega чиј наследник и натаму не се појавува. Дизајнот на Insignia го отвора
апетитот. Формите изгледаат хармонично и многу подинамично отколку кај Opel Vectra од актуелната генерација, чиј дизајн заостанува далеку зад компактната Astra и топчестата Corsa. Главната основа на успехот на овие два модела, привлечниот изглед што ги мами погледите, со линии што се препознатливи за дизајнерскиот говор на моделите од Риселсхајм, се среќава и во формата на предниот и задниот дел на Insignia. Хаубата, страниците и крилата оставаат впечаток за моќ, без притоа целината да изгледа претерано спортски. Opel ги познава своите клиенти исто толку добро колку што Volkswagen и Mercedes ги познаваат своите. Дивите дизајнерски скокови само би ја преплашиле верната клиентела на марката и би ги протерала купувачите во рацете на конкуренцијата. Полната хауба на моторот и високиот опаш се данок на прописите за безбедност на пешаците и на аеродинамиката. Препознатливиот настап на наследникот на Vectra се постигнува со впечатливото прекршување на
Светли моменти Првите фабрички фотографии на Insignia не откриваат многу, јасно се гледа само формата на светлата напред и одзади. Но, светлата имаат централно значење кај новата средна класа од Риселсхајм. Светлата за дневно возење се издвоени како веѓи, и претставуваат посебен дизајнерски елемент, по пример на Audi A4. И во технолошки поглед, светлата се важен елемент: осветлувањето на патот се приспособува автоматски според брзината и условите на возење.
линијата на задните прозорци и нагласениот раб што се качува под линијата на страничните прозорци. Слично како кај другите производители, дизајнерите на Opel си поигруваат со формата на купе со четири врати. Предното и задното стакло се необично закосени, а покривот почнува да се спушта наназад веднаш зад средниот столб. Во секој случај, голем дел од говорот на формата потекнува од едно купе - од Concept Car GTC. Кај маскираните прототипи се уште не се забележува јасно, но и задните и предните светла ќе добијат позначајна улога отколку досега. Тука веќе одамна не е доволно светлата да се грижат единствено да ја обезбедат потребната видливост во темнина. Opel го следи успешниот пат на Audi, каде што дизајнерите им внесуваат единствен карактер на нивните модели не само преку големата и врамена маска, туку и преку LED светилките во предните светла, што служат како светла за дневно возење. Посебно издвоените светла за дневно возење кај Insignia изгледаат како подигнати веѓи
И С ТО Р И Ј А Vectra A, 1988-1995
А ЛЕ Н ВИ С Е Р „Динамичните возни својства се едни од основните вредности на марката Opel“, објаснува Ален Висер, маркетинг-шеф на GM, „Новата Insignia ќе го постигне тоа со напредна технологија во поглед на погонската техника, активната безбедност и интеракцијата меѓу возачот и автомобилот. Истовремено, Insignia ќе постигне ниво во комфорот и еколошката подносливост што не го надминуваат ниту многу поскапите конкуренти.“ Тоа значи продолжување на мисијата на Opel, напредната техника да биде достапна за широк круг купувачи.
над предните светла со ромбоидна форма. За возење со повисоки брзини, Insignia ќе поседува приспособливо светло за автопат, што за неколку степени го поткачува светлосниот сноп при брзини над 100 километри на час и ја зголемува силината на осветлувањето од 35 на 38 вати. Со тоа се продолжува осветлениот дел од патот пред возилото. Во најдобар случај, возачот гледа пред себе 140 метри под светло. Сензорот за аголот на вртење на воланот се грижи системот да разликува меѓу спореден пат и автопат не само со следење на информациите за брзината, туку и на конфигурацијата на патот. Новакот на Opel ќе има и посебно градско светло за возење низ градските улици. При брзини пониски од 50 km/h градското светло нуди многу пошироко осветлено подрачје, при скусен досег на светлосниот сноп. Кога се вози уште побавно, на пример по пристапни улички или во зона со брзина ограничена на 30 km/h, светосниот сноп на двете предни светла се отвора за осум степени нанадвор.
Малку иронија: Маскирана Insignia под рефлектори На тој начин, при темпо под 30 km/ h е полесно да се забележат децата што играат покрај патот. При дожд и снег дополнително се активираат светла за лошо време. Притоа силината на левиот светлосен сноп се намалува од 35 на 32 вати, а на десниот сноп се зголемува од 35 на 38 вати. Така се овозможува подобра прегледност на десниот раб покрај патот и помалку се заслепуваат возилата отспротива. Во куќата Opel се вложуваат големи напори новиот модел од средната класа уште од старт да се пушти со исклучително подвозје. Тука моделот со преден погон се ориентира според агилниот Ford Mondeo и комфорниот VW Passat, но и според конкуренцијата од премиум сегментот. За да се постигне тоа, покрај верзија со преден погон ќе се нуди и модел со погон и на задните тркала. Во следната година Insignia ќе го добие погонот на сите тркала од братот од концернот Saab 9-3 Turbo X шведскиот модел веќе го возевме и за впечатоците од презентацијата во Марсеј можете да прочитате повеќе од страница ХХ. Insignia 4x4
не само што умее да ја распределува силината од моторот различно меѓу предната и задната оска, туку и меѓу двете тркала на задната оска. Тоа ќе им обезбеди поголема динамика пред се на спортските модели. На располагање ќе стои и електронска регулација на амортизерите, како кај се уште актуелната Vectra. Но, и најдоброто подвозје ќе остане бескорисно доколку моторите се зрели за во музеј. Кај новиот модел Opel користи нови погонски единици, и во бензинската и во дизелската понуда. Најмалиот дизел со зафатнина од 1,7 литри ќе вози со 120 КС, а најсилната погонска единица ќе напојува со дизел ергела од 200 коњски сили. Бензинците со четири и шест цилиндри ќе работат со директно вшприцување и со турбонатполнење. Топ-модел ќе биде Insignia OPC која со 300 КС и погон на сите тркала ќе се постави како знаменосец на марката. Со 300 КС и брзина што очекувано ќе биде повисока од 250 километри на час, Insignia OPC со сигурност ќе се носи достоинствено со премиум конкуренцијата. �
ПРВ ПАТ НА IAA
Дизајнерското одделение на Opel имаше доста мака да со сокрие конечниот изглед на Insignia до објавувањето на првите фотографии
При премиерата на концептот во Франкфурт 2003, Карл Петер Форстер појасни: „Insignia не е скапа луксузна лимузина, туку ја претставува новата самодоверба на Opel“, и додава „Opel е повторно тука.“ Главни карактеристики, се иновативните технологии, тогаш се уште свежите LED светла, и новиот пантографски механизам на отворање на вратите.
Со првата Vectra, понудена како лимузина и комбилимузина, се врати и купето, сега под името Calibra. Моторите развиваа силина во дијапазон од 75 (1.4 L) до 130 КС (2.0 L). Со воведувањето на Euro I, најслабиот мотор беше заменет со 1.6 L со иста силина, а на врвот на понудата се најде GT со 150 КС. Од 1990 година се нудеше и верзија со погон на сите тркала, а во верзија со турбонатполнење, врвниот модел во 1993 година развиваше 204 КС. Понудата на дизели ја сочинуваа Isuzu 1.7 Circle-L, со и без турбонатполнење, и 1.7 L верзијата low-blow на GM со 68 КС.
Vectra B, 1995-2002
Во втората генерација повторно се нудеше комби верзија Caravan од моделот од средната класа. Понудата на мотори почнуваше со 1.6 L со 71 КС. Новиот дволитарски бензинец со 136 КС беше развиен како основа за тркачката верзија, се нудеше и шестцилиндарец со 170 КС. Дизелите и натаму беа производ на Isuzu, но сега со директно вшприцување на горивото и со 16 вентили. Vectra B трпеше големи критики поради изразеното лизгање на предната оска, тромавото управување, слабата ергономија и недоволната издржливост.
Vectra C, 2002-2008
Конструирана на новата платформа GM Epsilon, последната Vectra се појави во вообичаените три каросериски верзии. Во 2003 беше додадена комбилимузинската верзија Signum, со побогата опрема и поголема флексибилност и комфор на задната клупа. Моторите стартуваа со 1.8 L со 121 КС. Isuzu го испорачува 3.0 CRDI со 177 КС, а моторот од 1,9 литри потекнува од Fiat. Управливоста е значително подобра отколку кај претходникот, но останаа лесното чувство на воланот. Во понудата се врати и спортска верзија, сега со име OPC, со 280 КС.
AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
17
Актуелно Suzuki Kizashi
Малечките се во тренд, но само со нив понудата не е комплетна. Suzuki планира марш во средната класа: маската на Kizashi е поголема отколку кај Audi
18
AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
2
3
Т
ашихиро Сузуки плива спротивно од струјата. Додека другите работат со полна пареа на мали автомобили, за привлекување нови купувачи и полирање на билансот во емисијата на СО2, шефот на маркетингот на Suzuki размислува за нов знаменосец. Тој ќе и овозможи на марката да воведе нови технологии што досега не ги дозволуваше ценовниот коридор на Suzuki. За две години Јапонците ќе се појават со новиот знаменосец, за две класи повисок и подготвен да застане рамо до рамо со Opel Vectra или Peugeot 407. Купувачите веќе се подготвуваат на светиот момент: Јапонците без одмор претставија три концептни возила, кои ја подготвуваат почвата за големата лимузина. Господинот Сузуки тврди дека
1
1. Необична глетка: Suzuki во форма на голема лимузина; 2. Со оваа маска Kizashi сака да се издвојува; 3. Дизајнерите добро ја завршиле работата
само го напипуваат пулсот на купувачите, но во третата епизода од серијата Kizashi веќе е очигледно: тука веќе го гледаме идниот голем Suzuki. Се размислува и за спортско комби, што би се појавило подоцна. Многу време не им останува на Јапонците. Дома веќе ја градат фабриката за новакот, светската премиера се очекува во следната есен, а на почетокот на 2010 автомобилот треба да почне со продажба во САД, Европа и во Јапонија. Лимузината од 4,65 метри настапува самоуверено: маската е поголема отколку кај Audi, светлата се исечени поостро отколку кај Mazda, а боковите изгледаат помускулесто отколку кај BMW. Со тоа одат бандажи од 21 инч, високи бокови и тесни прозорци, низок покрив и кус опаш. Не се знае само како ќе изгледа внатре. Низ
темните стакла не се разпознава ништо. Јапонците се поотворени кај техниката: студијата носи V6 од 3,6 литри со силина од 300 КС. Оваа сила ќе се претвора во возна динамика преку шестстепен автоматик со команди на воланот и со погон на сите тркала. Ќе се нуди и повоздржана моделска изведба со преден погон и четирицилиндарски мотор. Секако дека Suzuki нема да ги прескокне трендовите: За САД се планира хибридна верзија, а за Европа дизел. Цената се уште не се соопштува. Исто како и името на серискиот модел. Но, со сигурност големата лимузина ќе направи излет надвор од актуелниот ценовен дијапазон на Suzuki што почнува под 10.000 евра за Suzuki Splash и продолжува до 30.000 евра за Grand Vitara со полна опременост. �
ЕДЕН, ДВА, ТРИ... ЧЕКОРИТЕ ДО СЕРИСКИОТ KIZASHI
Природно:
Nokian пневматици Nokian е лидер во промовирање на еколошките критериуми како и грижата за околината Ние сме првиот производител на пневматици во светот кој ја елиминираше употребата на високо ароматични (HA) масла во производствениот процес. Нашите модерни дезени и технолошки усовршени компоненти овозможуваат низок отпор при тркалање, коишто ја смалуваат потрошувачката на гориво како и нивото на штетни емисии. Активни сме во рециклирањето на употребените пневматици и инсистираме сите наши партнери да се стремат кон овие еколошки принципи
www.MOTOCENTAR.com.mk телефон 02774144 • факс 022551092
Спој на спортско купе и комби со претерано напредни идеи дизајнерски и технолошки
Токио 2007 кросовер го премости јазот до теренските возила Vitara & Co.
Спортска и накитена лимузина што најмногу му се допаѓа на Ташихиро Сузуки - и најблиска е до серија
AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
19
НОВИТЕТИ VW Scirocco
Нов автомобил со старо, добро познато име: Volkswagen го претстави наследникот на легендарното купe
П
рвата генерација на Volkswagen Scirocco беше претставена пред јавноста во Женева, пред 34 години. Оваа година, VW го претставува наследникот на легендарното купе, на истиот подиум. Иако VW излезе со неколку новитети на Женевскиот салон, на нивната сцена имаше една најсветла точка. Инспириран од идејата да се создаде спортски автомобил кој ќе може секојдневно да се користи, без премногу да го оштетува домашниот буџет, новото Scirocco е успешен спој на врвна технологија и ниска цена за одржување, дина-
24
AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
мични перформанси и комфорен, просторен интериер и несомнено спортски и агресивен дизајн. Според Др. Мартин Винтеркорн, претседателот на Бордот на групацијата VW, новото Scirocco е спортско возило за кое луѓето отсекогаш сонувале – преполно со врвна технологија, а истовремено достапно за сите. Scirocco ќе започне со продажба на европскиот континент при крајот на летото, додека во другите држави, во текот на следната година. Амбициозниот, авангарден дизајн е главниот адут на купéто. Најдобрата работа е тоа што вози-
лото што влегува во сериско производство верно го следи концептот претставен во август 2006-та година. Долгата линија на покривот, која се повикува на дизајнот на старото Scirocco, високите бокови кои го нагласуваат агресивниот елемент, впечатливата хауба и широкиот опаш ни се познати уште од студијата од 2006-та. За разлика од неговите претходници, ова Scirocco нуди значително повеќе простор во внатрешноста. Тоа се должи на формата на задниот дел од покривот, кој продолжува високо, налик на возило во комби изведба, и потоа се претопува во
Н ОВ Д И З А Ј Н Купе за галење
1 1. Нов изглед со постоечките елементи на VW; 2. Конфигурација 2+2 на седиштата; 3. Покривот продолжува високо наназад, за повеќе простор на задната клупа. Сепак изгледа динамично
2
3
стрмната задна врата. Единственото нешто што се разликува од студијата е изгледот на маската на ладилникот, чии промени имаат за цел да остави постилски и безвременски впечаток. И димензиите на Scirocco се подеднакво интересни. Долго е 4,26 метри, исто колку Golf, но е значително пониско од него – 1,40 метри, а широко е колку Passat – 1,81 метар. Носот на Scirocco прикажува комплетно нов и освежен дизајнерски концепт кој веројатно ќе ги карактеризира идните модели на VW. Дизајнот вклучува доволен број на историски елементи, како почит кон минатото, а истовремено изгледа модерно, дури можеби и малку пред своето време. Дизајнерскиот тим успешно го постигнал тоа што го посакувал: маркантна, впечалива предница, која ќе изгледа фасцинантно уште долго време. Гледано од технички аспект пак, носот обезбедува максимална заштита на пешаци.
Одзади, прво што се забележува се огромните раменици на кои се потпира задниот дел од возилото, чистите контури и убаво извајаните задни светла. Задното стакло се протега долж целата ширина, додека над него благо надвиснува задниот спојлер. Најинтересен дизајнерски дел во опашот е илузијата која ја доловува контурата формирана од тесниот кров и извонредно широкиот заден браник. Моќен и спортски дизајн, кој истовремено е исклучително функционален. Внатрешноста нуди простор за четири возрасни патници. Сите четири седишта се спортски профилирани, налик на оние во Passat CC. Багажникот собира 292 литри, додека со спуштени задни седишта, капацитетот се зголемува на 755 литри. Така, Scirocco потврдува дека спортски автомобил кој може комотно да се користи секој ден е реалност. За перформансите да го следат
На предницата на Scirocco доминираат хоризонтални остри линии. Можеме да очекуваме дека и следните модели на VW ќе го користат овој специфичен дизајн. Долниот дел на носот има трапезоиден отвор за воздух, и ги носи светлата за магла и трепкачите. Scirocco е вториот модел на VW (по новата Буба), кој амблемот на марката го носи на хаубата, место на маската на ладилникот.
П О Д ВО З Ј Е агресивниот дизајн на Scirocco, VW нуди три бензински TSI мотори со 122, 160 и 200 КС и еден TDI мотор со 140 КС, сите со турбонатполнење и сите комбинирани со шестстепен менувач. Контролата на стабилност (ESP) и спортски дотерана шасија се во серискиот пакет на опрема. Седумстепениот DSG менувач (опција) и adaptive chassis control system (за контрола на сопирачките, управувањето и суспензијата), се само уште неколку hi–tech елементи во Scirocco. Секако, главниот адут за атрактивноста на Scirocco ќе биде цената. Автомобилот во серија нуди 17-инчни алуминиумски бандажи, спортски седишта, електрика на прозорците, клима уред, ESP, помош при сопирање, шест воздушни перничиња, и секако, спортски дотерано подвозје и каросерија. Сето ова Volkswagen го ветува за околу 22.000 евра. Тоа е рамно на сензација, зар не? �
Подвозје што учи “Adaptive chassis control” (ACC) нуди три програми: “Normal”, “Sport” и “Comfort”. Последниве две се избираат преку копчиња во централната конзола. Системот e активен цело време, значи и додека е во програмата “Normal”, и суспензијата постојано се приспособува според подлогата и начинот на возење. Во програмата “Sport”, суспензијата и управувањето се стврднуваат и Scirocco се претвора во вистински тркач. Сосема спротивното се случува во програмата “Comfort”: значително се подобрува комфорот и се препорачува за лоши и неквалитетни патишта или кога се вози бавно.
ТЕ Х Н И Ч КИ П О Д А ТО Ц И МОТОР
TSI (122)
TSI (160)
TSI (200)
TDI (140)
Моќност [KC/min]
122/5000
160/5900
200/6000
140/4200
Вртежен момент [Nm/min]
200/1500
240/1750
280/1700
320/1750
Забрзување 0-100 km/h [s]
9,7
8,0
7,2
9,3
Потрошувачка-просек [l/100 km]
6,1
6,5
7,6
5,4
6-степен мануелен
Можност за 7-степен DSG
Можност за 6-степен DSG
Можност за 6-степен DSG
Менувач (мануелен / DSG)
AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
25
Алтернативен погон PGO Cevennes Turbo-CNG
Мотор 1,6 литри, 4 цилиндри, приспособен за работа со компримиран природен гас, 150 КС при 5600 min-1, вртежен момент 210 Nm при 2.300 min-1
На овој родстер му успеа мајсторијата разумното да го спои со неразумното. Измислен е за уживање во возењето, фаќа око и се грижи за средината
Д
осега автомобилите со погон на компримиран природен гас беа секси како црвеното сако на Дора. Практични, еколошки коректни, но здодевни до немајкаде. PGO Cevennes е поинаков. Тој е како мамка за глувци. Го произведува баварската фирма BRA, специјализирана за автомобили со погон на гас. Веќе 14 години фирмата во Швајнфурт ги префрлува автомобилите на погон на гас, ја дотерува електрониката, бара протор за резервоарот за гас. Најголем
пласман фирмата постигнува во Швајцарија, каде што има 434.000 автомобили со погон на гас. Иако бројките на продажбата се во постојан пораст, погонот на гас не е хит во автомобилската индустрија. Затоа е тука родстерот од PGO. Фирмата BRA знае како може да го поправи имиџот на автомобилите со погон на гас. Нејзините клиенти се менаџери, луѓе во највисоките редови во раководството, кои можат да си го дозволат родстерот од 48.000 евра - и што е најважно, луѓе од кои што почнуваат трендовите.
1
4
26
AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
Димензии и тежина Д/Ш/В 3700/1675/1200 mm, багажник 110 литри, тежина 980 kg Перформанси Крајна брзина 210 km/h, забрзување 0-100 km/h за 6,5 s, потрошувачка*) во kg на 100 km во град/на отворено/во просек 5,7 (8,4) / 3,8 (5,5) / 4,6 (6,7)
И еколошката совест на возачот на PGO може да биде чиста. Согорувањето на компримиран природен гас произведува за 25 проценти помалку јаглероден диоксид од бензинот. Со чист издув, може да се биде и доста брз во сообраќајот. Родстерот забрзува до темпо 100 за одушевувачки 6,5 секунди, што го овозможуваат примерните 210 њутнметри вртежен момент на 1,6литарскиот мотор со турбонатполнење. Барањето на резервоарите за гас обично завршува безуспешно: тие се сокриени под возилото. Најго-
лемиот е изработен од комбинација од карбон и алуминиум. Тоа придонесува да се намали тежината на автомобилот и нуди доволно резерви со едно полнење на резервоарите за компримиран природен гас да се поминат до 450 километри. �
2
3
* вредностите во заграда се еквивалентна потрошувачка на бензин во l/100 km
1-2. И со затворен покрив PGO Cevennes Roadster изгледа привлечно; 3. Родстерот се произведува во Франција, а потоа во германскиот Швајнфурт се префрлува на погон на гас; 4. Класичeн волан и ниски седишта
AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
27
Прво возење
Saab 9-3 Turbo X / Aero XWD
Долги зими, замрзнати патишта. Така изгледа кога е студено во Шведска. Saab дури сега почнува со погон на сите тркала. А и тој повеќе се интересира за свијоци, отколку за снег
AutoFocus на тест возење на патеката Пол Рикар во Франција
28
AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
П
огонот на сите тркала веќе долго е одомаќен во средната класа. Го има BMW, го владее и Alfa Romeo, а секако и пионерот Audi ја лепи етикетата quattro за да укаже на погонот на сите тркала. Досега шведската марка само гледаше отстрана. Со лимузината и комбито од серијата 9-3 со XWD во моделската ознака, што стои за Cross Wheel Drive, Швеѓаните сега се приклучуваат на трендот. Техниката засега се нуди само во една моделска серија и тоа само во комбинација со еден мотор, но тој има голема
иднина - како срце на компактното теренско возило со кое што Saab подоцна во 2008 ќе ја стартува најголемата моделска офанзива во историјата на фирмата. Системот XWD ќе се користи и во следната генерација на серијата 9-5. Со доплата од 3.000 евра за лимузината и комбито Aero, Saab покрај пакетот XWD дава и уште постегнато подвозје и уште поагресивно контурирани спојлери и прагови. Преработените инструменти и грижливо вметнатите украсни лајсни уништуваат секаква трага на студениот нордиски стил. TurboX се става во движење со
шестцилиндарец во V со зафатнина од 2,8 литри. И го прави тоа импресивно: сепак, машината пумпа 280 коњски сили и нескромен вртежен момент од 400 њутнметри. Токму масивниот вртежен момент е причината што серискиот модел често има потешкотии да ја пренесе силата на патот - што не е случај кај верзијата со погон на сите тркала. Без очекуваното нервозно трепкање на предупредувачката сијаличка на системот за контрола на тракција, Saab поитува како ракета: комбито носи за само 5,9 секунди до темпо 100, а кога електрониката ќе каже крај
1
2
3
4
5
НИ СЕ ДОПАЃА Силната динамика во возењето и внимателната обработка, како возилото да ќе треба да трае 300 години НЕ НИ ПРЕЧИ Цената, воопшто - зарем има подобар начин да се биде оригинален отколку во Saab
1. Впечатокот не бега: Материјалите во Saab се врвни, атмосферата како во авион; 2. Почит кон турбото: мерач на притисокот; 3. Порака: Подготвено за полетување; 4. Типично за Saab: контакт брава меѓу седиштата; 5. Рачката на подот на багажникот потсетува на авион; 6. Со спојлерите, 9-3 изгледа луто
6 НЕ НИ СЕ ДОПАЃА ...што и покрај сите најави, Saab уште не се појавил во салоните
додека стрелката на брзиномерот гладно се лепи за бројката 250, турбомоторот ниту оддалеку не успеал да покаже се што умее. Погонот на сите тркала, што од наесен ќе почне да се нуди и во моделската изведба Aero, варијабилно го распределува вртежниот момент меѓу оските и ја приспособува својата стратегија според условите на возење. За растоварување на предните тркала при силно забрзување од место, на почетокот околу 60 проценти од силата се пуштаат на задните тркала. Кога возилото ќе ја постигне патната брзина и кога уште и патот е сув,
силата од моторот се пренесува само на предните тркала - така се заштедува и гориво. Турбомоторот во Saab и без тоа не ги јаде парите непотребно и според фабричките мерења троши 10,8 литри на секои сто километри. Со погонот Cross Wheel Drive Швеѓаните ја воведуваат и електронската блокада на диференцијал со чуден призвук во името - еLSD (electronically-controlled Limited Slip Differential). Блокадата работи на задната оска, кај TurboX се добива во серија, а кај останатите модели веројатно ќе може да се добие со доплата. Со неа силината
се распоредува варијабилно и меѓу надворешното и внатрешното тркало, заради зголемување на динамиката во свијоци. Слично како во кану, кога правецот се менува со веслање само на едната страна. Освежувањето во минатата есен и спортскиот настап на специјалната серија Aero оддуваа малку од правта нафатена на 9-3. Но, моделот не може да ги сокрие годините, посебно однадвор. Формата на каросеријата е престога и преостра, отворите за климатизација во кокпитот премногу едноставни, држачите за чаша пресложени. Но, за едно нешто не смее да има
забелешка. Швеѓаните го склопиле ентериерот со безмалку болна педантност и грижливо ги избрале материјалите. И кокпитот, поим преземен од аеронаутиката, го заслужува името во целост. Зад воланот возачот се чувствува како да седи во еден од авионите со знак на Saab. Замената на преку 2.000 делови во моделската нега нема да направи бестселер од 9-3. А комбинацијата од погон на сите тркала за поголемо уживање зад воланот и шестцилиндарски турбо е пеколно скапа - околу 50.000 евра. Но, зарем уживањето има цена? � AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
29
Прво возење
AutoFocus на тест возење на Авео во во Марсеј, Франција
Chevrolet е мистерија. Продажбата расте незапирливо од збогувањето со старото име Daewoo. Тоа се случува благодарение на малечкиот Aveo, кој продолжува освежен во мисијата на раст на продажбата НИ СЕ ДОПАЃА Aveo повеќе се истакнува со новиот изглед и моторите се поштедливи
30
AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
Chevrolet Aveo 2008
НЕ НИ ПРЕЧИ Багажникот на комбилимузината е малечок. Решение: Aveo лимузина со 400 литри багажник
НЕ НИ СЕ ДОПАЃА Не трпи динамично возење и лесно покажува немир во подвозјето
Кога соништата ќе станат вистински... ...новиот ACCORD
5 ГОДИНИ ГАРАНЦИЈА 00КМ ИЛИ150.0 www.makpetrol.com.mk
tel. 02 314 61 89 AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
31
1. Со раното спуштање на таблата се постигнува одлично просторно чувство напред. И материјалите изгледаат пристојно; 2. Не сака пребрзо возење по кривулести патишта; 3. Впечатлив изглед на задните светла; 4. Како кај старите модели со V8 на Chevrolet: жабри отстрана; 5. Маската светка со хромираната рамка
1 2
3
4
5
И
скрено, дали знаевте дека Chevrolet е третата најголема автомобилска марка на светот? Логично е што ќерката на General Motors во САД е прва по бројот на продадени автомобили. Но, тоа што марката настапува доста успешно во уште 129 други земји и со преку четири милиони продадени возила е далеку пред сите големи производители од Европа во глобални рамки е веќе изненадување. А сите бројки одат во прилог и говорат дека марката ќе продолжи така. Chevrоlet постигна огромен пораст откако Американците и Корејците ги прават работите заеднички и името Daewoo остана во минатото.
32
AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
Само во минатата година Chevrolet го зголеми бројот на продадени возила во Европа за 33 проценти и усреќи речиси 460.000 нови сопственици, соопштува шефицата за маркетинг Флоренс Камензинд. Се подразбира дека напредокот на Истокот е поголем отколку на Западот, соопштуваат Американците и како пример го наведуваат рускиот пазар кој забележа пораст од преку 200 проценти. Бројот на продадени автомобили во Централна и Источна Европа се зголеми за повеќе од 50 проценти, на 290.000 автомобили. „Но растежот продолжува и на Западот“, открива Камензинд. Во 2007 година плусот во овој регион изнесуваше десет проценти.
Голема заслуга за ваквиот успех има еден малечок автомобил што не се издвојува посебно во нашата улична слика: Затоа што ја сочинува сликата. Секој седми автомобил продаден во минатата година на македонскиот пазар го носеше стилизираниот крст на Chevrolet во маската. За педа покус од четири метри, Aveo настапува успешно против Corsa & Co. „Тој е најважниот модел во палетата на Chevrolet Europe“, потсетува менаџерката. Во минатата година се продадоа 111.000 примероци. Сега малечкото се пробива уште понапред. Aveo, кој е првиот Chevrolet што се произведува во Европа, доживеа темелен фејслифт што ќе го
донесе потребното освежување за продолжување на битката. Автомобилот од погоните во Варшава носи голема дводелна маска напред што е тешко да не се забележи бидејќи е обрабена со светкав хром. Во неа е јасно видлив знакот на Chevrolet, што познавачите го нарекуваат Bowtie. Со тоа одат предни светла под чисто стакло и магленки интегрирани во браникот. Со малку козметика се дотерани и задните светла. Со новата маска, автомобилот порасна за четири сантиметри и сега во должина мери 3,92 метри. Во просторната понуда Aveo не се издвојува од вредностите што се вообичаени во класата, отстапува единствено со багажникот од
Chevrolet Aveo 2008 Погон 4 цилиндри, 4 вентили по цилиндар, dohc, 1.206 (1.399) cm3, силина 62 kW (84 KC) при 6.000-1 (74 kW/101 KC при 6.400 min-1), вртежен момент 114 Nm при 3.800-1 (131 Nm при 4.200 min-1), петстепен менувач Каросерија комбилимузина, 5 врати, ДхШхВ 3.920 х 1.680 х 1.505 mm, меѓуоскино растојание 2.480 mm, багажник 220 литри Подвозје напред мекферсон, назад торзиска оска, тркала 155/80 R 13 (185/60 R 14), резервоар 45 литри, сопирачки: напред проветрувани дискови 236 mm, назад барабан 200 mm Перформанси крајна брзина 172 (176) km/h, забрзување 0-100 km/h за 13,0 (12,4) s, потрошувачка (просек): 5,5 (6,0) l/100 km * Вредностите во заграда важат за верзијата со 1,4-литарски мотор
хартија фабриката пријавува 5,5 литри на сто километри. Поголемиот брат не е нов, но и тој е оптимиран и направен е за околу десетина проценти поштедлив. Од работната зафатнина од 1,4 литри сега црпи 101 КС и 131 Nm, што сепак немаат лесна задача со петоседот тежок преку еден тон. Но, без грижа: Во градски сообраќај Aveo плива со пристојна динамика и подвозјето дозволува лесна управливост. Звучната кулиса во кабината остава простор за подобрување. Како утеха, ниту една друга марка не е толку опеана како Chevrolet и поради тоа во секој тест-автомобил беше подготвено CD со насло-
ви во кои се спомнува марката. Точниот датум на стартување со продажбата на Aveo на нашиот пазар останува непознат. Исто како и цените. Тоа што се знае е дека во овој сегмент се брои секое евро и цената не смее многу да отстапува од конкуренцијата. �
ЕКСТРЕМНО ДОБАР
З А КЛУ Ч ОК Миленикот на купувачите влегува во новата моделска година со поштедливи мотори, како вреден аргумент за купување додека растат цените на горивата
220 литри, каде што другите нудат по дваесетина проценти повеќе. Многу повеќе впечаток остава дизајнот на внатрешноста. Елегантната табла почнува да се спушта веднаш по ветробранот и со тоа создава пријатно просторно чувство на предните седишта. Во крајниот изглед на таблата многу повеќе учествува квалитетот на материјалите отколку дизајнот. И може да се биде задоволен, посебно што и ракувањето не крие тајни. Понудата од мотори останува скромна, се нудат само две погонски единици. Но, затоа и во потрошувачката сега се поскромни. Послабиот мотор од 1,2 литри е нов, посилен е за 12 КС од претходникот, но троши 14 проценти помалку. Има и нешто техника во него: при половина гас, еден од двата вшмукувачки вентили е затворен со цел за да се забрза вртложењето во комората и да се намали потрошувачката. На
SX4
JIMNY
SWIFT
Сакате да побегнете од секојдневието? Изберете возило со кое ќе се разликувате од другите. Темпераментен спортист и искусен планинар. Префинет СУВ за вистинските познавачи на возбудата. Опремен со сé уште во основниот модел. Елегантен во урбаната џунгла и секогаш подготвен за нова авантура. Kој може да дизајнира подобар СУВ од Suzuki?!
SUZUKI GRAND VITARA. До работ на возможното, со стил! само за 22.100 евра (1.364.675 денари) за почетниот модел Chevrolet Aveo во Марсеј, во филмската кулиса на францускиот серијал Такси
увозник за Македонија
Way of Life! ул. Скупи бр. 1, Скопје, Продажен Салон
ул. Скупи бр. 1, Скопје, Продажен Салон /02/ 3 089 088; Сервис /02/ 3 089 085
AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
33
ТЕСТ Seat Leon Cupra
Овој Leon комуницира со возачот и го наградува со силно тропање на срцето за секоја освоена прва позиција - на семафор, на планински врв, на патаринA
42
AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
Н
евината бела боја не смее да залаже. Ова е еден од автомобилите што се квалификуваат за пол позицијата и ги чеша рамениците со најдобрите. Погрешно е во него да се гледа само диво нашминкана комбилимузина од компактната класа. Многу повеќе е спортска машина, наострена да се носи со имињата што ја бранат својата големина со исто толку бројна ергела од коњски сили. Разликата е само во формата. Со 6,4 секунди за старт, Leon Cupra може да изгледа и како збеснато купе - на пример исто како концептот Cupra GT од 2003 година. И со крајното темпо од 247 километри на час е само за влакно пред границата од која што најдобрите почнуваат со самооткажувањето, со вклучување на лимитаторот. Со настапот Leon е далеку од повлечен. Маестрото на цртачката табла, Валтер де’Силва, изведе неколку трикови за страничната силуета да се препознава како купе - рачките за задните врати се сокриени во рамката и опашот се спушта релаксирано. Тука јасно се чита функцијата на секоја форма што ја осмислил дизајнерот. Крилата се раширени да ги собере валците од 225 милиметри, носот завршува остро за полесно да го сече патот пред себе, црниот панел во задниот браник со изглед како дифузор на Ferrari укажува на неопходноста на Cupra да го користи воздухот за да остане на земја, а не за да полета. Убаво, нема причина да се оддолжува со лепењето на десниот педал за подот. Сепак има. Притискањето до даска тука добива сосема поинакво значење - за само неколку секунди од темпо 100 се преоѓа во подрачјето на брзини што почнуваат со двојка. Тоа е
Seat Leon Supercopa
Уживање за избрани
Во вториот викенд од април, на Хокенхајмринг започна новата сезона на Seat Leon Supercopa, популарниот куп во кој за победа возат тркачки верзии на Leon со 300 КС. По тој повод Seat ја претстави лимитираната серија Leon Copa Edition. Ексклузивниот модел е следен степен на развој на Seat Leon Cupra. Додека дволидрастична промена и темпо што мозокот прво мора да научи да го следи. Додека стрелката поминува преку секоја следна ознака на бројачот на вртежи се чини како моторот да ослободува ново ракетно полнење и продолжува да влече уште посилно. Подготовката за префрлување во следниот степен треба да почне веднаш по 5.000 вртежи, бидејќи додека дланката легне врз менувачот и стопалото ја притисне спојката, четирите цилиндри напред веќе горат во црвеното подрачје. Сето тоа е проследено со звучна заднина што освојува. При секое одземање на гас, турбонат-
тарскиот TFSI во Cupra развива 240 КС, Copa извлекува 285 КС и со тоа е најсилниот сериски модел на марката. Со 360 њутнметри, специјалниот Leon забрзува за 5,9 секунди до темпо 100 и продолжува да повлекува се до 254 km/h. Исто како кај тркачот, подвозјето е развиено од германскиот специјалист Eibach. Сека-
ко дека Copa јасно се препознава однадвор: огромен отвор во предниот браник, спојлер одзади, широки прагови. Цената на серијата Copa Edition што е ограничена на 55 примероци изнесува 38.500 евра. Прите 27 примероци им беа предадени на гордите сопственици за време на првата трка во Хокенхајмринг.
полнењето силно и брзо го издишува произведениот притисок, а тесно степенуваниот менувач не му дозволува на моторот да пододмори и по префрлувањето во следниот степен TFSI продолжува со речиси истите вртежи, без попуштање на темпото. Коњите под хаубата играат здивено, вријат од желбата да бидат пуштени на слобода, а кога тоа ќе случи почнуваат застрашувачки да бревтаат. Возачот ја чувствува нивната сила преку воланот, при секое довртување на моторот во дланките се чувствува како предните гуми се гмечат додека го зграпчуваат асфалтот и се врежуваат во него.
Исклучувањето на контролата на стабилноста, а со тоа и на контролата на тракцијата е лоша идеја. Можеби само на момент, за да се почувствува нескротената силина на Cupra. Сепак, 240 КС се вредност што веќе ги исцрпува можностите на предниот погон. Затоа и се појавува влијанието од погонот врз управувањето, иако само во мала мера, а затоа и се појавува пролизгување преку предните тркала кога со силно додавање гас прехрабро и неискусно ќе се влезе во свијок. Тогаш и ЕЅР не е многу моќен. Тркачкиов Leon не е играчка и бара учена возачка рака - и почит.
КОНКУРЕНЦИЈА
Mazda 3 MPS
Opel Astra OPC
Renault Sport
VW Golf
2,3 l, 260 КС
2,0 l, 240 КС
2,0 l, 230 КС
2,0 l, 230 КС
444/177/147
429/175/141
432/178/144
422/176/150
346/1272
340/1070
330/1190
350/1305
250
244
236
245
6,1
6,4
6,5
6,6
9,7
9,2
8,4
8,1
32.900
31.540
30.500
28.601
Честа фаца на трките: Seat Leon вози во WTCC, Eurocup и во Leon Supercopa AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
43
1
2
3
4
Cupra е добра колку што е добар возачот. Во секој случај, однесувањето на подвозјето во граничното подрачје е предвидливо и во тоа секако учествува и прецизното и директно управување. Белиов Seat со таква леснотија ги прифаќа кривиите што кога возачот е на познат пат и го очекува свијокот што го помни како опасен, дури отпосле забележува дека веќе одамна го оставил зад себе. Секако дека и тука важи: високите резерви на подвозјето дозволуваат поголема релаксираност во секојдневното возење. Од друга страна, релаксираност
нуди и високата силина на моторот. Дури и изненадува неговата способност да повлече веднаш над 1.500 вртежи. Тоа го прави сосема искористлив градски автомобил, и доколку стрелката на брзиномерот се држи долу, Leon вози кротко, доста комфорно. И изненадувачки економично. Со темпоматот поставен на 100, бројките на патниот компјутер паѓаат како при одбројување пред старт. Да, потрошувачката... Едно станува јасно: Секоја потрошена капка гориво Cupra ја претвора во задоволство, во автомобилизам и воопшто не е фер потрошувачката
да се оцени како висока, затоа што начинот на возење на овој Seat се разликува апсолутно и секојдневните автомобили не можат ниту да го допрат неговото подрачје на брзини, и воопшто, перформанси. Нормално е што Cupra остава помалку простор за компромиси и посветена е само на едно - на спортско возење. Таквата ориентација се чувствува на секоја нерамнина, кога пружините реагираат тврдо и будно ги пренесуваат несовршеностите на патот во вертикално забрзување на каросеријата. Сепак, Cupra не покажува толкава суровост кон своите патници и успева да ги филтрира нерамнините пред тие да се претворат во непријатни удари врз ‘рбетот. Како практичен автомобил, Cupra е добра колку и секој друг Leon. Некој може да се залета и голата ламарина во рамките на вратите да ја протолкува како пропуст во завршната обработка, но од друга страна отсуството на секакво тропање или гмечење во возењето сведочат за солидниот состав на автомобилот. Забелешка може да заслужи ниската положба на радиото: детаљ што може да се реши доколку информациите за радиото се прикажуваат на бордкомпјутерот - а тоа се случува кај
Бензинската верзија на Leon WTCC вози со атмосферски дволитарец со 260 КС при 8500 min-1 44
AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
1. Без непотребни играчки, вниманието треба да остане на патот и на бројачот на вртежи. Го има само тоа што е потребно за добра трка; 2. Дебелиот волан обложен со перфорирана кожа лежи цврсто; 3. Тесно пресметани степени, не дозволува голем пад на вртежите; 4. За ова вреди да се купат тркачки патики; 5. Седиштата држат како да се намачкани со лепило. Дури се и комфорни
5 LEON CUPRA R подобро од најдоброто
Во споредба со Leon Cupra R од претходната генерација, подрачјето на страничната стабилност на новата верзија е за 5 проценти повисоко, а навалувањето на каросеријата е намалено за дури 18 проценти. Истовремено и реакцијата на воланот е побрза за 10 проценти отколку на Cupra R.
повисоката верзија на компјутерот што се добива како опција. Но, сеедно, на возачот и без тоа му останува малку време за слободни активности додека е посветен на педалот за гас. �
НАША ОЦЕНА КАРОСЕРИЈА Дизајн ««««« Со потписот од Валтер да Силва се издвојува од сивилото од конфекционирани и напумпани комбилимузини во класата, темната внатрешност на Cupra создава тркачка атмосфера Просторна понуда ««««« Иако надворешноста создава поинаква слика, во кабината владее примерна просторна економија, ниските прозорци го стеснуваат просторното чувство Опрема ««««« Тоа што возачите го бараат во изразено спортски возило го добиваат во Cupra; секако има и опрема што го зголемува чувството на комфор при патување Безбедносна опрема ««««« Безбедноста не останува настрана; шест воздушни перници, контрола на стабилност и асистенција при нагло сопирање
1 2
4
3
1. Препознатлив од секој агол; 2. Сопирачките го издржуваат оптоварувањето во Cupra: во трка за миг се паѓа од темпо 200 на 100; 3. Cupra место Leon како ознака; 4. Како да сака да се зарие во патот за да држи уште подобро
Багажник ««««« Тесниот и низок отвор на багажникот го отежнува товарањето на масивни предмети, големината е под просекот во класата
ВНАТРЕШНОСТ Ергономија ««««« Се гледа топлата шпанска нота: радиото е ниско под командите за клима и го одвлекува погледот, нема приказ на радио-информации во сериската изведба на патниот компјутер; дебелите странични столбови и тесните задни прозорци ја намалуваат прегледноста; положбата при седење е совршена Завршна обработка ««««« Единствено материјалите во облогите на вратите отстапуваат од примерното чувство за квалитет во внатрешноста; внатре се воочува голиот метал на рамките на прозорците Седишта ««««« Тркачките кади напред одушевуваат и со исклучителното странично држење и со комфорот, кој произлегува од примената на различна тврдина на материјали за полнењето на седиштата Практичност ««««« Во тесните џебови во вратите не собира шише од 1,5 литар, рачките на задните врати се впуштени во рамката на прозорецот се непрактичен дизајнерски гег
ТЕХНИКА Мотор ««««« Со директното вшприцување и варијабилната фаза се покажува во природна средина и на трка и во град, повлекува од ниско, не се чувствува доцнење на турбото, повлекувањето не попушта ниту над 5.000 вртежи, агресивен звук Менувач ««««« Тесно пресметани преносни односи и во последните два степена на пренос, како што е ред кај тркач; чиста и лесна кинематика на рачката на менувачот, одличен тандем со моторот
Seat Leon Eurocup се вози во рамките на WTCC. Наградувањето е единствено: Победникот на Euroncup вози на трката во WTCC
ЗАКЛУЧОК Со Cupra Шпанците нудат привлечна можност да се дојде до спортски автомобил по пристапна цена. Основата од големосериското производство само го поевтинува возилото и воопшто не му пречи на овој Leon да го ослободи тркачкиот карактер. Cupra е жив автомобил, бара, комуницира со возачот, има див карактер, но функционира примерно и како секојдневен автомобил. Конципиран поразлично од нормалниот Leon, не трпи класна споредба и претставува автомобил за себе. Иако има многу заеднички работи со Leon, Cupra е сепак Cupra.
Комфор ««««« На куси нерамнини на автопат реагира со изразено потскокнување на опашот, на градските дупки не реагира претврдо, спортските возачи нема да се побунат; спортскиот тон на моторот не пречи при возење на автопат Возни својства ««««« Силината од 240 КС е веќе на границата на можностите на предниот погон, неискусните возачи мора прво да научат да ја ценат силината на Cupra; ЕЅР реагира доцна и меко, прецизна управливост, тркач од најпрефинет вид
ТРОШОЦИ Потрошувачка ««««« При динамично возење се добиваат вредности над 12 литри, но со прифаќањето на ниски вртежи во град вредноста лесно може да се спушти до деветка пред запирката Цена ««««« За нецели триесет илјади евра вклучувајќи неколку дополнителни ставки опрема, на друго место не може да се добие тркачки автомобил што со перформансите се држи со два и повеќе пати поскапи машини AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
45
SEAT LEON CUPRA 177 kW (240 KS) • 0-100 km/h за 6,4 s • 247 km/h • 8,3 l/100 km • 27.900 евра Мотор 4 цилиндри во линија, напред попречно, 2 брегасти оски, 4 вентили по цилиндар, директно вшприцување на гориво (FSI), турбонатполнење, интеркулер Максимална силина 177 kW (240 КС) / 5700 min-1 Специфична силина 89,2 kW/l (121 КС/l) Работна зафатнина 1984 cm3 Пречник и од: 82,5 х 92,8 mm Степен на компресија: 10,3:1 Максимален вртежен момент: 300 Nm/2200 min-1 Количина на масло во мотор: 4,85 l Количина на течност во систем за ладење: 8,4 l Пренос на сила Погон на предни тркала, мануелен менувач со шест степени, 1. 3,357:1; 2. 2,087:1; 3. 1,468:1; 4. 1,088:1; (на II вратило) 5. 1,108:1; 6. 0,911:1; краен преносен однос: 4,235/3,272 Подвозје Напред мекферсон со долни триаголни водилки (во алуминиумска изведба) и стабилизатор, назад оска со четири водилки, горна попречна водилка, спирални пружини, стабилизатор; ширина на трага напред 1.527 mm, назад 1.508 mm; електромеханичко сервоуправување, вентилирани диск сопирачки напред 345x30 mm, диск сопирачки назад 286x12 mm, АBS, асистенција при сопирање, програма за стабилност ЕЅР, контрола на тракција, бандажи 7,5ЈХ18, гуми 225/40 R 18 Каросерија Тип на каросерија и број на седишта: комбилимузина со пет врати, 5 седишта Отпор на воздух: 0,33 Д/Ш/В: 4.323 х 1.768 х 1.458 mm Меѓуоскино растојание: 2.578 mm Круг на вртење л/д: 10,7 m Тежина на празно возило: 1.375 kg Дозволена вкупна тежина: 1.945 kg Дозволена тежина на приколка со/без сопирачки: 1.400 / - kg Дозволен товар на покрив: 75 kg Големина на багажник: 341/1166 l Внатрешни димензии Внатрешна ширина нап/наз: 1400 / 1352 mm Висина за седење нап/наз: 1000 / 963 mm Должина на простор за нозе нап/наз: 941-1181 / 608-864 mm
Одржување Сервисен интервал: на секои 7.500 km или на 1 година Сервисирање за промена на масло: 5.510 ден. Цена на технички преглед при регистрација*) : 6.371 ден. Осигурување: 12.968 ден.
Потрошувачка l/100 km (фабричка) Град: 11,4 Отворено: 6,5 Просек: 8,3 Големина на резервоар: 55 l Досег со еден резервоар: 662 km Потрошувачка на тестот: 10,9 l/100 km
Вардар Осигурување, полно каско осигурување, со попуст за плаќање во готово *При регистрација во Здружение на возачи - Скопје
Цени на резервни делови Алтернатор 59.325 ден. Среден и заден издувен лонец 22.300 ден. Предно светло, комплет 30.600 ден. Сопирачки плочки, напред, чифт 7.560 ден. Сопирачки дискови, напред, чифт 20.454 ден Предно крило 10.867 ден.
Опрема/цени Основна цена: 27.900 евра Сериска опрема: Контрола на стабилност ЕЅР, контрола на тракција TCS, воздушни перници за возач и совозач, странични воздушни перници напред, воздушни завеси, двозонска автоматска клима, радио CD со команди на волан, поддршка за МР3, приклучок AUX и 8 звучници, електрика на предни и задни прозорци, централна брава со далечинска команда, електрика на ретровизори со грејачи и со преклопување, контрола на притисок во гуми, патен компјутер, темпомат, висинско местење на возачко и совозачко седиште, магленки, алубандажи 18“, биксенонски светла, волуметриски аларм, поделена задна клупа, фиока под возачко седиште, кожа на волан и на рачка на менувач, алуминиумски педали, спортски предни седишта со интегрирани потпирачи за глава, ретровизори лакирани во црна боја, полирана издувна цевка
Гаранција Техника: 2 години Каросерија: 12 години од корозија Финансирање 1) Учество 5,580 евра Висина на рата 421,73 евра Трошоци за обработка 493,83 евра 1) Хипо Лизинг, учество 20%, отплата на 72 рати
Рок на испорака 45 - 50 денови Комерцијализација на моделот: април 2007
Дополнителна опрема Приклучок USB 100 евра Приклучок за iPod 100 евра Странични воздушни перници назад 320 евра Автоматика на светла и бришачи и електрохроматски внатрешен ретровизор 320 евра Дополнително затемнети задни стакла 200 евра Сончев покрив 600 евра Emotion црвена боја 150 евра Металик лак 400 евра
Мотор
Заштита на возрасни ««««« Заштита на деца ««««« Заштита на пешаци ««««
Димензии
1458
Дијаграм на менувач
Перформанси (фабрички) Забрзување 0-100 km/h: 6,4 s Стоечки старт 1000 m: 26,4 s Крајна брзина: 247 km/h Еластичност 80-120 km/h (5. степен): 6,4 ѕ Еластичност 80-120 km/h (6. степен): 8,2 ѕ
Привлечна понуда: диви 240 КС за помалку од 30.000 евра 46
AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
949
2578 4315
788
1533 1768
AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
47
Техника Нови менувачи од Audi и Mercedes
Двојната спојка ќе го потисне автоматикот? DSG отсега работи и со повисоки вртежни моменти, но Mercedes контрира со новиот менувач на AMG што ги соединува предностите на двата системи
В
ремето на класичните автоматици заврши. Тоа го тврди Франк-Томас Мецнер, главата на развојот на менувачи во Волфсбург,
убеден во победата на менувачот со двојна спојка. Кај оваа техника втората спојка секогаш го држи вклучен следниот степен уште пред да отвори другата спојка
Со воведувањето на секој дополнителен степен се намалуваше потрошувачката. 8-степен менувач носи заштеда од 16% во споредба со 4-степен менувач
-6 % -2 % -5 % -3 %
-6 % Пример за лимузина со мотор 3,0 V6 3-степен менувач 4-степен
62
AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
-6 % 5-степен
6-степен
1. генерација
6-степен
2. генерација
8-степен
со тековниот степен на пренос и затоа не се чувствува прекин во влечната сила при менувањето на степенот. Бидејќи електрониката често пати работи побрзо од човекот, DSG во автоматски модус забрзува подобро од класичен мануелен менувач. Се рекламира и намалување на потрошувачката. Но, вградувањето на интелигентните запченици во концернот VW досега беше ограничено на послабите мотори. Двојната спојка не може да истрпи повеќе од 320 њутнметри, а и не се согласува со надолжно вградени мотори. Деновиве Audi излегува со нова варијанта на DSG, со која менувачот го наоѓа патот до вишата класа. Новиот систем е дизајниран за 550 њутнметри, одговара и за надолжно вградени мотори и се сложува и со торсен-диферен-
цијалот на погонот на сите тркала Quattro. Идниот теренец Q5 е како измислен за новиот DSG. Наспроти S-tronic во моделите A3 и TT на Audi, новиот менувач нуди седум место шест степени, кои електрониката ги комбинира комфорно или спортски во зависност од избраниот модус. Покрај тоа, може да се користи и мануелно, преку рачката на менувачот или со командите на воланот. Шефот на развојот на менувачи во Audi, Михаел Шофман објаснува дека пробниот S5 со 354 КС и 440 Nm забрзува толку брзо и меко што промената на степените се забележува само по скокањето на стрелката на бројачот на вртежи. Двојната спојка има несомнени предности во споредба со мануелниот менувач, но додека го потисне автоматикот со претворач на
С е д у мстепен менувач со двојна спо ј к а Начин на работа на седумстепен S tronic, забрзување во 1. степен
Начин на работа на седумстепен S tronic, забрзување во 2. степен
Спојка 1 (затворена)
Спојка 1 (oтворена) Влезно вратило 2
Спојка 2 (oтворена)
Спојка 2 (затворена)
Влезно вратило 1
Влезно вратило 2 Влезно вратило 1
Пренос до заден диференцијал
5. степен
4. степен 6. степен
Рикверц
2. степен избран
7. степен 3. степен
Средишен диференцијал Пренос до преден диференцијал
Пренос до заден диференцијал
6. степен
Рикверц
2. степен активен
1. степен активен
вртежниот момент ќе треба да сработи уште многу домашни задачи. Предноста во потрошувачката на DSG пред автоматикот со претворач на вртежен момент постои само кога се споредуваат различни генерации на менувачи. Најновите системи воопшто не се разликуваат во ефикасноста. И цената е проблем. Шестстепен класичен автоматик има помалку составни делови отколку DSG со исто толку степени и поевтин е од него. Друга работа е како производителите ќе го прикажат тоа во ценовникот. Куќниот тјунер на Mercedes потврдува дека автоматикот одговара и во најспортските модели, на пример во SL 63 AMG. Моторот V8 со високовртежен режим Швабите го комбинираат со нов менувач, што ги соединува предностите на двата вида менувачи. Место со претворач на вртежен момент, запчениците се комбинираат со појдовна спојка што работи во масло. Снабдена со шест ламели таа издржува сили до 720 њутнметри. Инженерите на AMG ветуваат дека со уште две ламели, менувачот ќе издржи и 1.000 њутнметри. За разлика од претворачот, кај овој принцип не се губи од вртежниот момент. Појдовната спојка реагира побрзо, промената на степени трае покусо и прекинот на влечната сила е кус. Промената на степен на пренос трае 100 милисекунди. Се постигнуваат и предности во споредба со DSG: Менувањето на степените на исто вратило е мошне комплицирана. Кај Speedshift на AMG не е проблем префрлувањето од седмиот во петтиот, или од првиот во третиот степен. Mercedes му додаде и модус Sport-Plus на менувачот: во него промената на степен е уште побрза и поради меѓугасот е придружена со одушевувачки фанфари од моторот. Во овој модус SL нуди и функција Race-Start: целта и е да направи совршен старт. Деновите на конвенционалниот автоматик сепак не му биле одбројани. Напротив: годишно се произведуваат 20 милиони класични автоматици, наспроти 500.000 менувачи со двојна спојка. Во минатите години производителите инвестираа суми со шест нули во развој на нови автоматски менувачи. Се додека овие пари не се вратат, нема да се случи ниту замена на технологијата. �
5. степен
4. степен
Средишен диференцијал
7. степен 3. степен избран
Пренос до преден диференцијал
1. степен
Првите вести на пролетта. Младешкиот Chevrolet Spark сега е достапен со попуст од 300 евра (18 600 ден)
SPARK
Атрактивен, динамичен, компактен. За што друго би можеле да сонувате кога се работи за идеалниот градски автомобил? Chevrolet Spark е совршениот избор за оние кои сакаат доверлив и атрактивен мал автомобил, и со кој паркирањето е само игра! Ако ова не Ве убеди, тогаш цената дефинитивно ќе го направи тоа!
ГОЛЕМ ПЛУС www.gm-chevrolet.com.mk
Ауто ЦЕМ, Автопат Скопје-Тетово, Аутомакедонија, Скопје, 16 Македонска бригада бб, Авто Куќа, Автопат Скопје – Куманово, Олимпиа Моторс, Скопје, Качанички пат бб, Старт доо, Охрид, Свети Еразмо бб,
Тел: (044) 35 33 30 Тел: (02) 31 03 150, (02) 31 03 260 Тел: (02) 25 80 888, (02) 31 34 010 Тел: (02) 26 00 303 Тел: (046) 27 02 70 AUTO AUTO FOCUS FOCUS 15 АПРИЛ 2008
63
Интервју Лук Донкерволке • Главен дизајнер на Seat
Зборот дизајн обично асоцира на големите креатори од светот на модата. Но, и во автомобилизмот има големи дизајнерски имиња. Креациите на Лук Донкерволке светот ги очекува со нетрпение
Дизајнот на Лук е жив, секоја линија има приказна 64
AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
Речиси Lamborghini: Острите линии на концептот Tribu потсетуваат на Gallardo и Murcielago, дела на Лук
Д
изајнерите се ѕвезди во светот на автомобилите. Така е денес, така е во половина од векот на автомобилот. Едно од најистакнатите имиња на автомобилската сцена во моментов е Лук Донкерволке. Тој има одговорна задача како дизајнер во Seat. Шпанската марка го користи дизајнот како силна порака за динамиката што ја поседуваат нејзините модели. Интервјуто со ѕвездата на дизајнот на Seat ни го обезбеди увозникот Кадис, за време на премиерата на концептниот автомобил Bocanegra на Салонот во Женева. � Дали е ова вашето дете. Се чини го сакате како да е ваше најмило? Лук Донкерволке: Да, да. Како не, тоа ми е најновото и многу драго возило. � Од каде името Bocanegra, новиот концепт на спортско купе на Seat? ЛД: Bocanegra значи црна уста, можете да забележите дека предницата изгледа како широко отворена уста, додека линиите на предницата и светлата и даваат реалистичен изглед на Bocanegra, чиниш те гледа. Сакам да ги оживувам возилата, да ги персонифицирам. Ние луѓето и за нив имаме емоции. Тоа е и во сооднос со мотото на брендот – autoemocion. � Каков предизвик е за Вас Seat како марка. Што значи да се работи за Seat? ЛД: Се чувствувам слободен. Среќен сум што добив cart blanche да го изразам тоа што го чувствувам. Со тимот и менаџментот на Seat ги креираме следните тенденции. Мојата лична дизајнерска еволуција ја продолжувам работејќи на брендот. Во Seat има многу емоција, создаваме возила со кои се ужива. Сите во Seat сме личности што сакаме квалитетен живот, важен ни е естетскиот пристап кон животот и секогаш сме во чекор со најновата технологија. � Знаеме дека говорите многу јазици, развиено Ви е чувството за изразување. Како тоа го поврзувате со дизајнот на автомобили? ЛД: Како што јазикот е средство за комуникација, така и дизајнирањето е начин на пренесување на пораки. Со работата за различни брендови и со престојот во повеќе европски држави го надградувам и мојот лингвистички капацитет. Така и со автомобилите. Постојано патувам и истражувам нови хори-
зонти. Дизајнот на автомобили е моја пасија, љубов и вистинскиот начин да се изразам. Го правам тоа со многу љубов, затоа и добивам многу за возврат. Природно е со искуството да еволуира и мојот дизајнерски израз. Колку повеќе работам, креирам, толку повеќе се осознавам себе си и мојата креативна експресија.
IBIZA Новата Ibiza широко насмеана Веднаш по промоцијата на концептот Bocanegra, Шпанците ги прикажаа првите фотографии од новата Ibiza. Новиот дизајнерски правец е јасен, исто како што е јасно дека и оваа Ibiza ќе ги привлекува погледите. Под ламарината се крие техника од следната генерација на братот од концернот, VW Polo. Со четири метри, новакот е за десетина сантиметри подолг од претходникот, а подолгото меѓусокино растојание и пошироката трага на тркалата ветуваат повеќе простор во кабината. Понудата од мотори ќе ја сочинуваат познатите бензинци со зафатнина од 1,2 до 1,6 литри и силина од 70 до 105 КС, и дизели со силина од 80 до 105 КС. Повеќе детаљи Шпанците ќе откријат по премиерата во Мадрид.
� Кои црти најмногу сакате да ги повлекувате? Се забележуваат сличности меѓу Lamborghini Murcielago и Gallardo и концептите Tribu и Bocanegra на Seat. ЛД: Сакам многу форми, повеќеаголни, шестоаголни. Ми се допаѓаат контури што потсетуваат на динамика, раздвиженост. Кај новата Bocanegra е развиена втората динамична линија, изгледот на стрела. Да Силва ја создаде популарната динамична линија на Seat, јас ја додадов втората динамична линија и со тоа Seat оди во нов правец. Предницата, маската околу светлата, се е врамено во повеќеаголни форми. Знаете како изгледа дијамант. Токму така, изгледа како брусен дијамант. Исто ми се допаѓа кога одеднаш линијата е прекината од некоја друга форма. Делува изненадувачки, различно, неочекувано. Дизајнирањето на автомобили е забавна и интересна работа.
а се разбира дека Seat мора да добие и свој кабриолет.
� Во кој правец ќе продолжи да се развива брендот? ЛД: Настапува новата ера на дизајнот на Seat. Следува двојно зголемување на моделската гама: нова лимузина, спортски теренец,
� Колку дизајнирањето за Lamborghini влијаеше врз вашата работа во Seat? ЛД: Тоа е мојата еволуција. Seat го третирам како посебен бренд, доволно окарактеризиран, со
свои обележја и моќ на експресија. Квалитетот на дизајнот што го користиме тука е идентичен. Имаме ист третман кон дизајнот, но креиран е за друга марка, со свои обележја. �
Б И О Г Р А Ф ИЈ А По Lambo, еволуција во Seat Донкерволке ја започнува кариерата во Peugeot во 1990, потоа следуваат местата зад цртачките табли во Audi и Skoda, a од 1998 година и во Lamborghini. Таму го потпишува дизајнот на Murcielago и Gallardo. Близок пријател и соработник e на Валтер да Силва, уште една ѕвезда во автомобилскиот дизајн. Во 2005 година да Силва му ја пренесува на Донкерволке функцијата на главен дизајнер во Seat. Додека Да Силва ги доживува формите како капка вода во слободен пад, Донкерволке ги гледа како парчиња брусен дијамант. Правецот што дизајнерот го претстави минатата година со концептот Tribu, во оваа година еволуираше во спортското купе Bocanegra.
AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
65
На две тркала Honda DN-01
Мотор: Водено ладен V2, четиритактен, 8 вентили, работна зафатнина 680 cm3, силина 45 kW (61 KC) при 7.500 min-1, вртежен момент 64 Nm при 6.000 min-1
Целта е постигната: сила на спортски мотоцикл, релаксираност на комфорен крстосувач и лесно ракување на голем скутер - сето тоа во еден мотоцикл
Н
а Салонот во Токио пред три години Honda го претстави DN-01, тогаш се уште во фаза на студија. Туристички мотоцикл со моторот од 680 сантиметри кубни од Deauville, со ниско седиште како на скутер и автоматски менувач на кого што му се припишуваат дури и човечки квалитети: Human-FriendlyTransmission (HFT), односно погон близок до човекот, така се нарекува системот. Веќе на следниот Салон, Honda ја прикажа и сериската верзија на мотоциклот, а деновиве добивме и потврда од увозникот Макпетрол дека новиот модел од средината на јули ќе пристигне и на македонскиот пазар. Срцето на погонскиот концепт го сочинува компактен менувач, во кој вртежниот момент од моторот прво се претвора во притисок на
66
AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
масло, слично како во пумпа. Преку лизгач и ротациски диск хидрауличниот преносен однос меѓу пумпата и вториот степен - хидромоторот, кој се грижи за соодветниот вртежен момент на излезот на менувачот, може да се менува без степени. Можни се три различни модуси на работа на менувачот, нормален со умерени вртежи или спортски со повисок режим на работа, како и шест фиксни степени на пренос. При постигнувањето на директниот преносен однос, автоматикот се префрлува на крута механичка врска, за силината од моторот да се искористи со што е можно помала загуба и да се заштеди гориво. Другите карактеристики што се забележуваат на фотографиите на серискиот модел се сензорски венец за ABS на предното тркало, како и триклипна сопирачка клешта, иста
каква што Honda користи кај комбинираните изведби на системот за сопирање. Под капакот што изгледа како да се работи за куќиште на обичен менувач, автоматскиот менувач е вграден во попречно, но воопшпто не ја зголемува ширината на тенкиот V2 мотор. Автоматикот е пресметан соодветно на карактерот на туристички крстосувач на DN-01. �
Пренос: безстепен автоматски менувач HFT, краен погон карданско вратило Димензии: ДхШхВ 2.315 х 820 х 1.115 mm, меѓуоскино растојание 1.605 mm, висина на седење 690 mm, резервоар 15,1 литар Подвозје: бандажи од алуминиумски лив напред и назад, гуми 130/70 ZR17 напред, 190/50 ZR17 назад, телескопска волушка напред 41 mm, телескопски амортизер и спирална пружина назад со 7 положби за местење, од на пружините 106 mm напред, 120 mm назад, комбиниран ABS, двоен диск напред 296 mm, единечен диск назад 276 mm Тежина: 270 kg со полн резервоар
СОВЕТИ
Centar Motors
гуми
Евтино за уживање
Возење под притисок
■ Префрлувањето од четири на две тркала станува се попривлечна можност за преполовување на сметките за гориво додека цените на горивата продолжуваат да растат. Уживањето во новата мобилност го олесни и напливот од скутери и мотоцикли од Кина по атрактивни цени. Штипската фирма Centar Motors е адреса на која што љубителите на скутери често затропуваа во изминатите четири години, откако е основана оваа фирма специјализирана за скутери и мотоцикли од повеќе марки од Кина. Еден од најинтересните модели во понудата е скутерот LJ 50QT-E од кинеската марка Longjia, со четиритактен мотор од 50 сантиметри кубни, со воздушно ладење и силина од 1,5 киловат, односно две коњски сили. Скутерот тежок 84 килограми вози со тркала со пречник од 12 инчи и гуми со димензија 100/60 напред и назад. Системот за сопирање е изведен со диск-сопирачка напред и барабан назад. За градско крстосување во голем стил тука е чоперот BS150-3 од BaShan Motor, со едноцилиндарски мотор од 150 cm3 и силина од 10 коњски сили. Со максималната брзина од 90 km/h и носивоста од 150 километри чоперот се нуди и како погоден превоз за патување надвор од град. Фирмата ја комплетира понудата со резервни делови и опрема за скутери и мотоцикли и постепено го шири настапот и на соседните пазари.
СЕРВИС
Современите гуми и системите за помош при дефект на гума го заменуваат резервното тркало
З
а резервното тркало велиме дека е петтото тркало на автомобилот. Затоа и го запоставуваме. Најчесто е предоцна кога дознаваме дека притисокот во резервната гума е преслаб, дека адаптерот за завртката што ги заштитува тркалата од кражба е фрлен на некоја полица во гаражата - една од гумите на автомобилот го испуштила воздухот. Доколку дефектот на гума се случи при патување и багажникот е полн, следува мачно вадење на торбите и куферите додека се дојде до резервното тркало. Но, постојат и нови решенија со кои се избегнуваат непријатни изненадувања и маки при менувањето тркало. Современите системи за помош при дефект на гума и гумите со продолжена автономија во случај на дефект го прават петтото тркало непотребно. Притоа треба само да се почитуваат неколку правила. Некои производители ги испорачуваат своите автомобили
фабрички опремени со Runflat гуми. Тие имаат засилени странични ѕидови и во случај на дефект можат без воздух да го издржат возењето до најблискиот вулканизерски сервис. Runflat гумите најчесто се ограничени на максимална брзина од 80 km/h при дефект и за патување до 150 километри. Новите возила се почесто имаат практичен комплет за поправка на гумата како замена за тешкото и гломазно резервно тркало. Комплетот се состои од течна гумена смеша и мал компресор што се поврзува на приклучокот со 12 волти во кабината или во багажникот. Средството за поправка на гумата се вшприцува преку вентилот во продупчената гума, потоа компресорот го распоредува рамномерно по внатрешните ѕидови на гумата и истовремено ја пумпа гумата. Секако дека поправката со течна гума е само привремено решение и замената на гумата треба да се изврши што е можно
поскоро, бидејќи е намалена безбедноста на автомобилот. Голема предност на комплетите за поправка е нивната ниска тежина. Обично тежат околу 2 килограми, додека нормална резервна гума тежи по 20 или повеќе килограми. Со ваквото олеснување на автомобилот може да се очекува и мало спуштање на потрошувачката на автомобилот - тестирањата покажуваат дека во тој случај се заштедува по 0,2 литри гориво на 100 километри. Сепак, постојат и ограничувања: комплетот за поправка на гума ќе помогне само ако дупката не е преголема. При поголеми оштетувања помошните системи не можат да помогнат. Најдобриот совет што ќе помогне за избегнување на дефект на гума останува и натаму на важност: редовна проверка на притисокот во гумите, на секои две недели. Оштетувањето на гумите најчесто се предизвикува поради возење со преслаб притисок. � AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
67
СЕРВИС
МУЛТИМЕДИЈА
Македонска карта за Panasonic Strada
in.pro. Virtual Motor
Совршен придружник на пат
Звук на моќен мотор од радиото
■ Преносните уреди за навигација Strada веќе ги познаваат бројни возачи од Нордкап до Гибралтар. Сега panasonic го проширува хоризонтот на Strada и во нашиот регион. Од крајот на април на располагање стојат карти за 18 земји од Источна Европа, вклучувајќи ги Македонија и сите соседни држави. Покрај тоа што е совршен придружник на пат и нуди монитор што реагира на допир, уредот CN-GP50N од серијата Strada поседува и Bluetooth модул за комфор во возењето. Компатибилниот мобилен телефон може при возењето да остане в џеб. Со Bluetooth се пренесува и целиот именик од мобилниот телефон. Како комплетен мултимедиски уред CN-GP50N нуди и можност за прегледување на слики во JPG или BMP запис снимени на SD картичка.
■ Сеедно дали се работи за моќен V8 на Ferrari или препознатлив звук на шест-
Sevic Blue Laser SBL0102MP4
DVD тјунер од серијата Blue Laser
цилиндарски боксер на Porsche 911, звукот на моторот го одредува карактерот на автомобилот и ја наежува кожата уште при стартувањето. Со Virtual Motor секој возач сега може да го доживее чувството како да седи во скап болид. Вградувањето е лесно: само се вади радиото, Virtual Motor се поврзува со ISO приклучокот и приложениот кабел се поврзува со моторот, заради следење на бројот на вртежи на моторот. Потоа, работата ја преземаат звучниците во автомобилот. Со притискање на копчето на далечинската контрола се избира еден од четирите звуци на моќен мотор: италијански V8, шестцилиндарски боксер или мотор на рели автомобил и формула 1. Зачудувачките погледи од средината се гарантирани. Цена: 99 евра
Axion de GOLFer FMP3 01
МР3 за секого ■ Уредот служи како MP3 плеер за радијата што немаат аудио излез. Едноставно се става во приклучокот со 12 волти во средишната конзола и аудио сигналот преку FM модулатор се пренесува директно на радиото во автомобилот. Цена: 59 евра
■ Моделот SBL0102MP4 од серијата Blue Laser што Sevic го прикажа на саемот Car+Sound 2008 е DVD тјунер со моторизиран монитор од 3,5 инчи, читач за картички SD/MMC, Mini-USB приклучок и Bluetooth. На големиот монитор покрај менито се прикажуваат и филмови во релативно висока резолуција за големината на мониторот. Практична можност на моторизираниот преден дел е лесното местење на саканиот агол на гледање на дисплејот. Покрај DVD и MPEG4, системот ги поддржува и музичките формати MP3 и WMA. Како и сите модели од серијата, новиот тјунер поседува бројни функции на Bluetooth - аудиостриминг на соодветни MP3 плеери или мобилни телефони. Цена: 179 евра
68
AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
МОТОСПОРТ WTCC • Пуебла
Втората трка од шампионатот прерасна во празник на Seat. Единствено Chevrolet успеа да се држи до половина пат
Ч
овек ќе си помисли дека двојката му е омилена бројка. Новиот водач на табелата за светскиот шампионат во туристички возила се вика Рикард Рајдел. Четириесетгодишниот син на трговец со цвеќиња на големо од шведскиот Таби си го обезбеди врвот на табелата со две втори места во Пуебла - на втората трка од серијата. Ридел води со два бода предност пред неговиот колега од Seat Габриеле Тарквини, откако Италијанецот го изгуби второто место на втората трка. Во Пуебла Seat се покажа супериорен. Првата трка ја доби Жорди Хене тргнувајќи од пол-позицијата, пред Рајдел, а во втората трка Тиаго Монтеиро ја постигна првата победа во шампионатот. Единствено Chevrolet во неколку фази успеваше да го држи темпото со шпанскиот дизел. Хене се најде под оганот на Никола Ларини при првиот старт. Сепак, поранешниот шампион во германскиот шампионат со туристички возила направи грешка по неколку свијоци, излизга од патеката и мораше да го пропушти Рајдел. Ларини не можеше да постигне повеќе од третото место. Во втората
трка беше потиснат. Вториот спринт Ален Мени го стартуваше од пол позицијата. „Направив се да го оставам турбодизелот зад себе. Но, на оваа патека некако ни недостасуваше сила“, коментираше Швајцарецот, откако Монтеиро, Рајдел, Тарквини, Иван Милер, Хене и уште приватниот возач Том Коронел, кој вози бензински Leon, очигледно немаа проблем да го задржат редоследот. Обидувајќи се да се спротивстави на серијата престигнувања, Мену на момент се најде надвор од патеката на Ацтеките. На крајот заврши седми. BMW како да остана во заднина. Аугусто Фарфус беше најдобар претставни на минхенската марка на квалификациите, но уште на почетокот на првата трка се вовлече во судир и со тоа ја загуби секоја шанса да се најде меѓу најбрзите осуммина. Светскиот шампион Енди Приалу го освои единствениот бод за BMW - иако со 33 килограми дополнителна тежина го возеше најтешко натоварениот автомобил од фракцијата со заден погон. Другите пилоти на BMW не доживејаа радост во возењето. Јорг Милер се пожали: „Откако се извртев по судирот по
шампионат за возачи 1
Рикард Рајдел
26
Seat Leon TDI
2
Габриеле Тарквини
24
Seat Leon TDI
3
Иван Милер
22
Seat Leon TDI
4
Жорди Хене
15
Seat Leon TDI
5
Енди Приалу
14
BMW 320si
6
Тиаго Монтеиро
12
Seat Leon TDI
7
Јорг Милер
11
BMW 320si
8
Том Коронел
10
Seat Leon TFSI
9
Феликс Портеиро
9
BMW 320si
10
Никола Ларини
6
Chevrolet Lacetti
11
Аугусто Фарфус
3
BMW 320si
12
Ален Мену
3
Chevrolet Lacetti
13
Оливие Тиелеманс
1
BMW 320si
стартот на првата трка, морав повторно да започнам од нула. Сепак, се борев со оштетен автомобил. Управувачот беше извртен, воопшто не ми беше едноставно да постигнам подобар пласман. Беше доволно само за 14 место. Но, на втората трка не можеше многу да се направи оттаму.“ �
шампионат за производители seat
69
bmw
40
Chevrolet
28
honda
0
AUTO FOCUS АПРИЛ 2008
69