Број 9 • MAJ 2008
Македонија производител на автомобили
Што ќе ни донесат Johnson Controls и Johnson Matthey?
Пеколно брза лежалка за сончање
09
AUTO FOCUS МАЈ 2008
www.procreditbank.com.mk
www.peugeot.com.mk
Otkrijte ja gamata na komercijalnite vozila na Peugeot i ]e se uverite deka stanuva zbor za mnogu pove]e od obi~ni tovarni vozila. Koncipirani do najsitnite detali, na raspolagawe Vi se vozila sovr[eno prilagodeni na Va[ata rabota, sega Vi se dostapni so u~estvo od samo 10% i otplata na 84 rati, preku povolniot kredit na ProKredit Banka. OD PROFESIONALCI ZA PROFESIONALCI.
EUROIMPEKS III Makedonska brigada br. 72 Skopje (02) 3111-000 · EUROTEHNIKA Skupi bb Skopje (02) 3096-900 · SALON SKENDEROVSKI Ul. Sava Kova~evi] bb Skopje (02) 2780-080 SITI KAR Ul. Razlove~ko Vostanie br.26 lok.1 Skopje (02) 3073-888 · SPEKTAR Bul. Vidoe Smilevski Bato br. 51/12 Skopje (02) 2430-313 · RIJA KOMERC Ul. Solunska bb Bitola (047) 202-040 · INTERMARKET Ul. Dimitar Vlahov br. 18 Veles (043) 211-613 · BONDI Ul. Kiril i Metodij bb Gevgelija (034) 211-400 · VV INTERSPORT Ul. Boris Kidri~ bb Gostivar (042) 211-009 · AUTOSERVIS KRAJKA Magistralen pat Gorno Pa[ino bb Ki~evo (045) 262-065 · INTEREKSPORT Ul. Cvetan Dimov br. 7 Ko~ani (033) 273-407 · JOLEKS Ul. 15-ti Korpus bb Ohrid (046) 262-938 · AVTO STELA Ul. Mo[a Pijade bb Prilep (048) 419-777 · AVTO ^AJKA Ul. TitoМАЈ bb Tetovo (044) 333-090 AVTO ^AJKA 2, Industriska zona Sever {tip (032) 395-090. AUTO FOCUS 2008 Mar[al
КОМЕНТАР Број 9 • МАЈ 2008
Електричните автомобили возат се побрзо Дарко Јаконов Главен уредник darko.jakonov@autofocus.com.mk
Автомобилот е наследник на коњот. Тој ги придружува луѓето, ги прави горди, а за возврат човекот ги храни, гали и негува. И ги сака. Деновиве еден човек си ги реализираше своите автомобилски соништа. Мурат Гунак, некогашна ѕвезда на автомобилскиот дизајн, преку електромобилот Mindset ја претстави својата визија за мобилност што не и наштетува на животната средина. Притоа, зборува за радост, гордост и задоволство во возењето. И за првиот секс на автомобилска клупа. Според Гунак, тоа се факторите што еден Е-мобил мора да ги задоволи доколку сака да биде прифатен од класичните купувачи. Посебните погодности како екстра паркинзи, пристап во градските центри итн. ќе бидат од помош, но визионерот и шеф на Mindset смета дека прво самиот производ мора да одушеви. „Mindset треба да се купи затоа што човек сака да го купи, а не поради привилегијата за паркирање.“ Со возилата како престижното спортско купе Fisker Karma и секси четириседот од Швајцарија тотално се менува претставата за автомобилите со чистиот електричен погон. Возилата што нудат задоволство при возење како количка од супермаркет се уште имаат свои приврзаници, но нормалните купувачи тешко ќе се решат за нив. Дилемата нема да ја реши ниту убаво скроениот Mindset: Тесното грло на секоја Е-визија останува капацитетот на акумулаторите - и така ќе остане. Автоиндустријата, производителите на акумулатори и еколошките институти имаат ист став: Во блиска иднина нема да има акумулатор што ќе овозможи досег ист како со полн резервоар гориво. Автоиндустријата намерно нема да дозволи развој на таков суперакумулатор. Проект за такво нешто не постои ниту во лабораторија. Дури и ако почне масовно производство на големи акумулатори за струја мора да се смета на мали капацитети и високи трошоци. Формулата е: 100 километри досег чинат 3000 евра. Електроавтомобилот ќе добие шанса да ја задоволи светската потреба за мобилност само поради тоа што главнината од човештвото секој ден поминува само куси релации. Тие секој ден поминуваат далеку под 100 километри и тоа на повеќе етапи. Тоа е растојание што може да се совлада со веќе постоечката техника и капацитет на акумулаторите. Возилата што тежат преку 1,5 тон тешко се поднесуваат со Е-мобилноста. Затоа, Mindset на Гунак е ослабнат на помалку од 900 килограми, а помалите Е-мобили на помалку од 500 килограми. Во тој случај досегот се зголемува драматично и овозможува совладување пристојни растојанија. Но, за тоа да се постигне, претходно мора да се задоволат неколку услови. Едниот услов е откажување: Откажување од
комфор, големина, безбедност и уживање во возењето во споредба со денешните возила. Другиот услов се повисоките трошоци што со себе ги повлекува користењето на лесна конструкција за возилото. Високите трошоци не се проблем за богатите и мудри трендсетери што сака да ги намами Мурат Гунак. Но, тие им се проблем на масовните производители. Доказ за тоа: трилитарскиот Lupo. Намалувањето на потрошувачката по секоја цена во тоа време не успеа да се пробие на пазарот. Toyota е неприкосновен предводник на тема хибрид и поседува најголеми искуства за користењето на акумулатори и електромотори во голема серија. Јапонците истражуваат во многу правци и насоки во поглед на Е-мобилноста, но тежиштето и натаму останува во доусовршувањето на хибридниот принцип. Реално може да се појде од драстично зголемување на уделот на електриката во погонот. Но, бурна револуција на Е-погонот нема да се случи. На концептите што предвидуваат брза замена на акумулатори на пумпа за точење гориво се гледа со остра критика. Акумулаторот е составен дел од возилото и помислата дека тој може да се стандардизира за да одговара на сите возила и марки и дека може да се заменува како кај лаптоп е апсурдна. И покрај тоа електричниот погон има добри изгледи. Акумулаторска техника комбинирана со плаг-ин мотор за полнење на акумулаторот овозможува искористливи перформанси и нулта емисија на штетни гасови. Електричните возила најдоа силен сојузник во дистрибутерите на струја. Нивниот стратешки интерес не се темели само на тоа што ќе се зголеми продажбата, туку се ориентира и според можностите што би произлегле од масовното ширење на акумулаторите за струја во автомобилите. Кога милиони паркирани електрични автомобили ќе се приклучат на струја за да се наполнат акумулаторите, електродистрибуциските куќи добиваат непроценливо вреден потрошувач на струја. Финансиран од возачите. За целата оваа визија да функционира беспрекорно треба да се задоволи уште еден услов. Струјата мора да потекнува од регенеративни изводи. Визиите како електромобилот од Швајцарија, постоечките хибриди на Toyota или интелигентните концепти на Carsharing за Е-мобили веќе постојат некаде во светот или се пред непосредно воведување на пазарот. Тоа се важни компоненти во глобалниот енергетски концепт. Кога електромобилноста ќе ги реши задачите како што се пристапност на цената, практичност во секојдневието и прифатливост на пазарот ќе се постигне многу. �
Електромобилот доаѓа. Тој најде силен сојузник, кој ќе се радува на милионите огромни акумулатори: дистрибутерите на струја
AUTO FOCUS МАЈ 2008
AUTO FOCUS МАЈ 2008
СОДРЖИНА Број 9 • МАЈ 2008
НОВИТЕТИ
16
Ferrari California Буџетот за првиот Ferrari се скусува: Најмалечкиот од Маранело вози за 170.000 евра
20
Peugeot 4007 Французите нема повеќе да подзапираат пред каллив терен. 4007 е за секоја пригода
23
Porsche Cayenne Turbo S Најлутиот Cayenne на сите времиња оди со 550 КС до темпо 280
24
BMW M1 Hommage Во студијата се препознаваат плановите за идниот суперспортски болид од Минхен
26
Избор на Мотор на годината И во оваа година манифестацијата се претвори во избор на мотори на BMW
30
Tuning World Bodensee Десет саемски хали полни со тјунирани автомобили, полиран метал и жешки девојки
34
Гориво од дрво
20
За годинава се очекува на македонскиот пазар да се пласираат околу 100 примероци од првиот теренец на Peugeot
Горивото во рафинеријата на Shell се добива со преработка на дрвен отпад
68
Kawasaki ZX-10R Знаменосецот на суперспортската понуда влегува во нови димензии
ТЕСТ И ТЕХНИКА
46
Тест Fiat 500 1.4 Lounge
А в томо б и л и в о о в о ј б ро ј 24 16 46 68
BMW M1 Hommage Ferrari California Fiat 500 1.4 Lounge Kawasaki ZX-10R
52 20 23 60
Peugeot 207 SW 1.4 Urba Peugeot 4007 Porsche Cayenne Turbo S Skoda Roomster 1.2 Style
На друго место не може да се најде олдтајмер во совршена состојба за толку пари
52
ТЕСТ Peugeot 207 SW 1.4 Urban Кога ванот е прескап, а комбилимузината премалечка тука е класичното комби
60
ТЕСТ Skoda Roomster 1.2 Style Тешко е да се одреди што точно е овој автомобил, но никогаш не е здодевен
TEMA
36
Euro NCAP Многу автомобили имаат пет ѕвездички за безбедност. Но, некои од нив се побезбедни
40
Продажба МК Според динамиката, годинава може да се очекуваат 17.000 нови возила во Македонија
64
ТЕМА Потенцијалот на Македонија за производство на автомобили
СЕРВИС
71
34
Нафтата не е незаменлива: во новата рафинерија Shell добива дизел од остатоци од дрво
60
Тоа што го најавува надворешноста се потврдува внатре. Roomster освојува со необичноста
СОВЕТИ Не треба мајсторија да се вози штедливо - напротив, изненадувачки е лесно
72
МУЛТИМЕДИЈА G-Control, Helix Competition Conductor, Ampire LF 100
МОТОСПОРТ
73
WTCC Valencia Дури на третата трка од годинашниов шампионат победува тим што не е на Seat
74
Формула 1 По секс-скандалот Мозли најавува пензионирање од функцијата претседател на FIA
останато 9 писма на читатели 76 Ценовник
AUTO FOCUS МАЈ 2008
AUTO FOCUS МАЈ 2008
ПИСМА ОД ЧИТАТЕЛИ Ваши прашања и коментари
Прашувајте и пишУВАЈте
AUTO FOCUS Васил Ѓоргов 21-2/7, 1000 Скопје Телефон: 02 3223 575. 3223 125 E-mail: redakcija@autofocus.com.mk Редакцијата го задржува правото да ги скусува писмата.
Родстер и кабриолет Што е разликата меѓу родстер и кабриолет? Поимот родстер денес се користи за спортски отворени возила со две седишта и самостоен каросериски дизајн. Тоа сепак не значи дека секој кабриолет истовремено е и родстер - тој мора да поседува неколку атрибути: - самостојна форма и развој, значи не треба да биде модифицирана изведба на постоечки модел - мотор напред или во средина и заден погон (исклучок Audi TT) - чист двосед, без помошни седишта - во отворена состојба, страничната линија може да ја нарушува единствено предниот столб и евентуално шипките за заштита при превртување. Сеедно дали е родстер или кабриолет, уживањето во возењето во секој случај е загарантирано.
1 l масло на 1000 km Колку масло трошат современите автомобили, едни тврдат дека воопшто не трошат масло, други пак се убедени дека до еден литар масло на 1000 километри е сосема нормално. Сите се во право. Некои производители на автомобили тврдат дека потрошувачка до еден литар масло на 1000 километри е нормална. Но, современите мотори трошат само 0,1 до 0,2 литри масло на 1000 километри. Секој мотор троши по малку масло. При согорувањето или поради протекување. И покрај тоа што загубата е мала, нивото на масло треба да се проверува во нормални временски растојанија. При возење само на куси релации може да се случи нивото да порасне, ако во системот за подмачкување навлезе бензин или кондензиана вода. Причината за тоа: Моторот ретко ја постигнува работната температура. Во тој случај треба редовно да се менува маслото. Но, постои можност и дека некоја прегорена заптивка пропушта течност од системот за ладење во маслото.
Електрика, дај лево крило Често пати читам дека новите модели имаат електрично сервоуправување. Како функционира тоа? Сервоуправувањата до неодамна беа само хидраулични. Пумпата што добива погон од коленастото вратило обезбедува постојан притисок на масло. Но, тоа одзема енергија и во моментите кога воланот не е завртен. Електромоторот е друг начин за реализација на погонот на сервопумпата. Но, и кај ова решение не се заштедува многу. Сепак има две предности. Прво, сервопумпата не мора да е поставена во близина на клинестиот ремен покрај коленастото вратило, а второ, електрично задвижуваната сервопумпа подобро работи со помош на електрониката. Пример е управувањето на VW Golf со компензација на страничен ветар. Тоа функционира доста прецизно како за возило со преден погон. Renault оди чекор понапред и го изведува електричното управување без хидраулика. Кај ова решение е поголема заштедата на гориво, околу 3 проценти. Но, поради триењето во преносот меѓу електромоторот и управувањето се добива слаба повратна реакција на воланот и бара привикнување на возачот. BMW е тој што ги прави најдобрите управувања на светот и со електричното управување не смее да направи чекор наназад. Затоа за пренос на силата се користи мал запчест ремен што гарантира одлична повратна информација и тоа функционира беспрекорно
Електричното сервоуправување заштедува до 0,3 литри гориво на 100 километри. При пет милиони произведени системи за управување Servolectric во ZF се постигнува заштеда од 150 милиони литри гориво
ВАШИТЕ ПИСМА НÈ РАДУВААТ Сеедно дали сакате да ни го соопштите Вашето мислење за тековниот број на списанието, или имате некое прашање или сакате да се надополните на некоја врела тема. Вашиот коментар ни е важен! Не радуваат Вашите забелешки и барања, пофалби, но и критики.
ИМПРЕСУМ ИЗДАВАЧ
Адреса: Васил Ѓоргов 21-2 /7, 1000 Скопје, Македонија E-mail: contact@autofocus.com.mk
Директор Александар Попов aleksandar.popov@autofocus.com.mk
ПРОДУКЦИЈА Главен и одговорен уредник: Дарко Јаконов darko.jakonov@autofocus.com.mk Кристијан Ивановски kristijan.ivanovski@autofocus.com.mk Маја Бајалска maja.bajalska@autofocus.com.mk Графички уредник: Коста Стаматовски kosta.stamatovski@autofocus.com.mk Јазичен соработник: Ана Манасиевска ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ Печатено во Печатница “Софија”
Дистрибуција Време трејд Тел: 02/2580 020, 2580 023, 2580 024 ISSN 1857-5692 Закуп на рекламен простор: Снежана Божиновска snezana.bozinovska@autofocus.com.mk Жиро сметка: 300000001963413 Депонент: Комерцијална банка Даночен број: 4030004522240 КОНТАКТ Телефон: +389 (2) 32-23-575; 32-23-125 E-mail: redakcija@autofocus.com.mk SMS-контакт: 070/14 55 85
ПРАВНИ ЗАБЕЛЕШКИ Магазинот AutoFocus се печати еднаш месечно со одобрение од Глобал Медиа и е во правна сопственост на издавачката куќа. AutoFocus е интернационално регистрирана трговска марка во сопственост на Глобал Медиа и нејзиното користење е дозволено само со писмено одобрение, на начин и стандарди утврдени од сопственикот на правата. Содржините и структурата на AutoFocus се интелектуална сопственост на Глобал Медиа и не е дозволено нивно копирање, скенирање и пренесување на било какви други форми на медиум без одобрение од сопственикот на правата. Првиот број на списанието излезе на 10 септември 2007 година.
AUTO FOCUS МАЈ 2008
МАЈ
Honda Accord стартува од 22.500 евра
Се е исто, само автомобилот е комплетно нов
Макпетрол почна со продажба на новата генерација на Accord Неизвесноста заврши. Новата генерација на Accord ќе се продава по цена споредлива со претходникот, односно ќе стартува од околу 22.500 евра. Тоа ќе биде само дополнителен адут на средната класа на Honda во борбата во сегментот, каде претходникот со продажбата кај нас беше веднаш зад VW Passat. Моторите во Accord остануваат истите, дотерани на повисока силина и почиста емисија. Дволитарецот сега развива 156 КС, а бензинецот од 2,4 литри во Туре Ѕ, 210 КС. Третата погонска единица е 2,2-литарскиот турбодизел, ценет по
автомобил на светот
Opel Insignia со пет врати
Mazda2 e светски автомобил
Бришачот ја издаде
Најмалечкиот модел на Mazda е светски автомобил на 2008 година. Победи пред Ford Mondeo, од вкупно 39 нови модели. Двојката влезе и меѓу трите автомобили со највпечатлив дизајн, покрај Audi R8 и Volvo C30. Малечкото од Mazda понесе и титули на најдобар автомобил на изборите во Австрија, Белгија, Данска, Грција, Нов Зеланд и во Јапонија.
10
култивираната работа. Со потрошувачката од 7,2 литри, послабиот бензинец е за половина литар под претходникот. Accord нуди електично сервоуправување што ја препознава нестабилноста од страничен ветар или на лизгава подлога и со активно повлекување на воланот го поттикнува возачот да реагира соодветно. Лимузината настапува со цела серија иновативни системи за активна безбедност.
AUTO FOCUS МАЈ 2008
Семејството на знаменосецот на Opel се комплетира. Покрај лимузината (старт наесен 2008) и кокбито (2009), Opel по традиција ќе нуди и изведба со петта врата. Опашот изгледа речиси исто како кај лимузината, единствено бришачот открива дека се работи за комбилимузина. Носот е ист како кај братот со четири врати, со тесни светла околу елегантната маска со три хромирани пречки и големо лого. Седумте понудени мотори развиваат сила од 110 до 260 КС, може да се избира и погон напред или на сите тркала, и подвозје IDS Plus. Премиерата на двете каросериски изведби е на 22. јуни во Лондон.
AUTO FOCUS МАЈ 2008
11
МАЈ
Кореја Автотрејд во поддршка на спортот
Маратонската трка на Hyundai
Клиентите со широка насмевка во Prius Втор пат по ред Prius доби најмногу поени од сите возила во студијата на задоволството на купувачите на J.D.Power, со дури 901 од максимално 1.000 бодови. Со хибридниот погон Prius стекна култен статус во светот, а сега докажува дека на купувачите може да им понуди и издржливост. Студијата се базира на оцени од 16.000 сопственици на автомобил купен во
И евроамбасадорот Фуере трчаше со маратонците Возилата на Hyundai го држеа чекорот со најиздржливите спортисти за време на Скопскиот Маратон што се одржа на 11. мај. Претставникот на Hyundai беше еден од спонзорите на маратонот под покровителство на евроамбасадорот Ерван Фуере, надоврзувајќи се на глобалната стратегија на корејска-
Toyota најдобра според J.D. Power
периодот од септември 2005 до август 2006. Вкупно се оценуваа 28 марки и 100 модели.
Салонски денови во Ford та марка за учество на спортските настани - Hyundai е официјален партнер на претстојното Европско првенство во фудбал. Победници на маратонот се Молдавецот Роман Продус, во машка конкуренција, и Црногорката Лидија Миклош, во женска конкуренција.
Време за празнување на автомобилите
Авторката на името MiTo доби кабриолет
Alfa Spider за добро име
Германката Марион Трумп го смисли името за идната малечка Alfa и како на-
града доби Spider вреден 43.000 евра. MiTo звучи на мит. Но, малечката Alfa прво ќе мора да се воздигне во мит. Името MiTo ги содржи првите букви на градовите Милано и Торино, центрите на италијанската мода и автомобилизмот. Повеќе импресии од MiTo на www.alfamitoblog.com.
Како што можеше да се предвиди по Викендот на Порше Македонија и Саемот во Аутомакедонија, продавачите на автомобили ќе надоместат со свои манифестации за откажувањето на Аутоекспо. И го прават тоа со вистински стил и во атмосфера што е достоинствена за исполираните автомобили под рефлекторите - тоа е впечатокот од
Први фотографии од теренецот на Porsche
Rockster како мал брат на Cayenne Ловците на прототипи успејаа да го фатат малечкиот теренец од Штутгарт што се очекува да се појави во 2010 година како петта моделска серија во понудата на Porsche. Како основа за Baby-Cayenne служи платформата на Audi Q5. Старите шпекулации дека малечкиот Cayenne ќе добие V8 со 400 КС веќе немаат основа, во време кога производителите мораат да ја намалат просечната потрошувачка на целата своја моделска понуда. Rockster ќе се бори против Mercedes GLK и BMW X3.
12
AUTO FOCUS МАЈ 2008
салонските денови во Ми-Да Моторс. Покрај празник за окото, централата на Ford во Македонија нуди и празник за домашниот буџет, со попусти за сите модели во понудата. Веста за љубителите на шведската марка од концернот Ford: моделите на Volvo се враќаат на пазарот.
AUTO FOCUS МАЈ 2008
13
МАЈ
Bentley Continental DC
Британците не можат без тркање
Оддалеку возилово изгледа како количка со педали, но од поблиску се гледа јасно: Ова е дело на професионалци. Девет практиканти на Bentley ја направија оваа подвижна када за да учествува на тркачката серија за деца Greenpower. Секој автомобил за овие трки мора да има електромотор со моќност од 240 вати и два акумулатора, не смее да биде подолго од 2,80 метри и пошироко од 1,20 метри. Bentley Continental DC - кратенката доаѓа од direct current - го има сето тоа. Тимот млади од Bentley се погрижи за целата техника на возилото, но и за организацијата, финансирањето и спонзорите. „Програмата ќе им биде од голема помош на младите на нивниот професионален пат“, тврди Маргарет Чешир, шеф на персонал во Bentley. DC се натпреварува во класата F24+ каде возачите се на возраст меѓу 16 и 21 година. Сезоната опфаќа осум трки од 90 минути. На првата трка, трупата на Bentley заврши трета, но поради пожртвуваната работа на проектот ја доби специјалната награда Spirit of Greenpower. За постигнување пристојна брзина со слабечкиот мотор неопходни се добра аеродинамика и ниска тежина. Затоа, не само каросеријата, туку и бандажите и суспензијата на DC се изработени од карбон. Како максимална брзина на тркачот висок до колена се наведуваат 64 km/h. Со полни батерии може да се вози два часа, што е солидна резерва за трката. Но, со секоја промена на возачот, се заменуваат и акумулаторите за енергијата што стои на располагање да биде што поголема. Следната трка е во јуни, на Касл Комб.
Peugeot со примамлива понуда
Професионалци за професионалци Во соработка со ProCredit Bank, увозникот Еуроимпекс почнува со кредит за комерцијални возила со големи погодности, за да излезе во пресрет на големиот пораст во продажбата на возила за професионална употреба на нашиот пазар. Со новите услови што се достапни до 9 јуни, се добива можност доставно возило од Peugeot да се набави со учество од 10 проценти и да се отплатува на 84 рати, односно 7 години, со каматна стапка од 8,2 проценти на годишно ниво.
Роман за 007 во издание на Bentley
Читање како благородник
Најновиот роман за Џејмс Бонд ќе го има и во верзија на Bentley. Специјалното издание на романот со наслов Devil May Care е испечатено во 300 примероци и им се испорачува на наафтираните колекционери во кожена футрола, во стил на облогите на седиштата на Bentley од ‘50 и ‘60 години. Ексклузивноста ја гарантираат втиснатото лого на Bentley и црната алуминиумска плоча со серискиот број. Заедно со книгата доаѓа модел во формат 1:43 од Bentley R Type. Цената на задоволството: 950 евра.
Французите развиваат нов мотор
Помалку од 100 грама СО2 на километар Концернот PSA ќе развива штедлив бензински мотор за двете марки Peugeot и Citroen. Трицилиндарецот од еден литар ќе се нуди во неколку верзии со силина меѓу 70 и 100 КС. Новиот мотор ќе има значително пониска потрошувачка и емисија на СО2 - целта на развојот е да се понуди автомобил што без скапа техника испушта помалку од 100 грами СО2 на километар.
14
AUTO FOCUS МАЈ 2008
МАЈ
BMW ќе добие мотор од PSA
Промоција на новата Seat Ibiza
Поевтин старт на единицата на BMW
Шик фустан за кралицата на фламенгото
Баварците за прв пат ќе вградуваат туѓ мотор во свој автомобил - поточно моторот што е развиен заеднички со PSA Peugeot Citroen. Наследникот на серијата 1 ќе биде првиот автомобил на BMW со овој мотор. Досега PSA моторите беа планирани само за Mini. Вести доаѓаат и за новата серија 7 што ќе се појави наесен: од најпрестижниот модел од Минхен ќе се нуди и верзија со хибриден погон.
Irmscher ја тјунира Captiva
Спортска нота за теренецот Chevrolet скрои спортски пакет за теренецот Captiva заедно со тјунерот Irmscher. Пакетот содржи сребрени или црни бандажи од 20 инчи, странична заштита со финиш на алуминиум или челик, заден спојлер и прагови на вратите со лого на Irmscher. Со тоа оди и комплет пружини за спуштање за 35 милиметри.
Шпанците се во подем. Продажбата расте, во статистиките за издржливост Seat е на високо место, книговодителите бележат плус. Сега следува моделска офанзива со три нови автомобили годишно и за почеток Ibiza во четвртата генерација. На 11. јуни на нашиот пазар ќе стартува со продажба комбилимузината со пет врати, а подоцна доаѓа и верзијата со три врати, која се очекува да има стил на купе, по пример на студијата Bocanegra. Најмалечкиот модел во понудата на Seat е голема ѕверка, со преку 40 проценти учество во продажбата на марката и игра во сегментот каде што годишно во Европа се продаваат околу четири милиони возила. Ibiza е првиот модел што ја користи новата платформа на VW, пред Polo и Fabia, со три сантиметри поширока трага и седум милиметри подолго меѓуоскино растојание. Но, многу поважно е однесувањето во возењето што го обезбедува новата платформа: Ibiza оддава впечаток на одличен квалитет, небаре е Audi. И не треба да зачудува што е така: Шефот Ерих Шмит пристигна
од Audi. Ѕвездата на цртачката табла Лук Донкерволке ја спакува механиката во дизајн што изгледа шик како фустан на кралица на фламенгото. Во споредба со Ibiza, другите два малечки модела на групацијата, VW Polo и Skoda Fabia, изгледаат доста скромно, а и новата Ford Fiesta повеќе нема биде единствената во сегментот со впечатлив дизајн. Кај моторите не се промени многу, но тие ќе имаат многу полесна задача. Конструкторите го олеснија возилото за 50 килограми. Ibiza стартува со три бензинци и еден дизел, во дијапазон од 70 до 105 КС. Подоцна ќе следуваат и традицоналните спортски верзии FR и Cupra. Иако новиот автомобил изгледа уште подобро и во се е подобар од стариот, цената му останува непроменета. Ibiza со 1.2 со 70 КС ќе чини околу 11.000 евра. За впечатоците од промоцијата на новиот Seat на островот Ибица ќе пишуваме подетаљно во следниот број на магазинот.
Хипо Алпе-Адриа-Лизинг
Летово лизинг на автомобили со 0% учество во Хипо Хипо Алпе-Адриа-Лизинг е модерна европска финансиска институција со препознатлив имиџ. На македонскиот пазар Групацијата е присутна од почетокот на 2007 година. Хипо Алпе-Адриа-Лизинг нуди врвна услуга по најповолни и најдобри услови, како и постојано унапредување и збогатување на своето портфолио со нови производи. Покрај лизингот на секаков вид возила, механизација и опрема за различни стопански дејности, единствено Хипо нуди и лизинг на
бродови и мотори. Ова лето, не пропуштајте ја неверојатната понуда на лизинг на автомобили со 0% учество. Со Хипо склучете го својот договор по исклучително брза и едноставна процедура, со минималната документација при аплицирање, без ограничувања и најважно од сè - без дополнителни хипотеки. Со квалитетна услуга на највисоко ниво и професионален, високо стручен кадар, Хипо е секогаш подготвен да одговори на Вашите барања.
AUTO FOCUS МАЈ 2008
15
МАЈ
Ferrari California
Little Mister Sunshine Високиот опаш е оптички спуштен со елегантната странична линија
Тројството од Ferrari 599 GTB, 612 Scaglietti и F430 ќе добие нов член. Новиот Ferrari California ќе ја прослави светската премиера во октомври, на салонот во Париз. Отворениот двосед со
шпекулираше на форумите на интернет. Името California укажува во кој правец ќе продолжи возењето. Клиентите со дебело салдо ќе се бараат на пазарот каде што интересот за луксузни автомо-
Првото јавно појавување на Ferrari California е закажано за октомври, на салонот во Париз алуминиумски покрив е најмалиот модел меѓу тркачите од Маранело. Со цена од 160.000 евра и 460 КС, кабриолетот Ferrari ќе привлекува нови клиенти во куќата. Оние на кои што Ferrari досега им беше прескап, премногу затворен или премногу спортски ќе можат да почнат да се загреваат за новиот кабриолет со преклоплив метален покрив. Веќе подолго време се знаеше дека на светот ќе дојде мал Ferrari. Но, тој не го носи традициското име Dino, а на неговата каросерија не ја пишува ниту апстрактната ознака F149, како што се
16
AUTO FOCUS МАЈ 2008
били никогаш не замира ниту попушта, во САД, а посебно во сончевите држави Калифорнија и Флорида. Фановите на Ferrari долго, дури и предолго го чекаа четвртиот модел, како најевтин во понудата од Маранело. Додека 599 GTB и елегантното купе 612 Scaglietti веќе со години ги радуваат клиентите на најесклузивните гран-туризмо парчиња, а F430 ги одушевува вистинските љубители на спортските возила, посебно со новата верзија Scuderia, ковачницата на спортски купеа гази по нов терен со кабриолетот.
Малечкиот Ferrari игра со дизајнерски елементи од 599, 612 и дури и од конкурентот Aston Martin Vantage, изгледа помал отколку што навистина е, и исто како и неговите поголеми браќа целосно е изработен од алуминиум. Од лесниот материјал е изработен и преклопливиот покрив кој за неколку секунди исчезнува зад внатрешноста обложена со кожа. Највпечатливи дизајнерски детаљи, покрај големиот отвор за ладење се страничните рабови што имаат задача да го прикријат високиот опаш на возилото. Одзади се изгледа како за типичен Ferrari: набиено, спортски и за нијанса потркалезно отколку кај спортболидот F430. Осумцилиндарскиот мотор во V со зафатнина од 4,3 литри лежи над предната оска. Благодарение на директното вшприцување на бензинот развива 430 КС и го совладува спринтот од место до темпо 100 за помалку од четири секунди. Крајната брзина типично за италијанската марка ќе биде повисока од 300 километри на час. Автоматизираниот менувач со нервозни прекини на влечната сила конечно заминува во историјата. За прв пат во еден Ferrari ќе се вградува менувач со двојна спојка и седум степени на пренос, сместен на задната оска. Двојната спојка ќе се погрижи за покомфорно возење посебно при ниски и средни вртежи - Ferrari California се позицио-
нира на пазарот како спортски отворен крстосувач. За комфорот ќе придонесува и кабината. Обложен со кожа, кокпитот ќе посредува пријатна атмосфера и при повисока брзина. За таа цел се развиени нови седишта, групи прекинувачи на арматурната табла и мултимедиски систем. Покрај двојната спојка и преработениот мотор, технички врв претставуваат и новата мултилинк задна оска и интелигентната контрола на тракција F1-Trac што за прв пат беше вградена во 599 GTB Fiorano. Оптимално забавување при подинамично возење гарантира системот за сопирање од Brembo со карбон-керамички дискови. Премиерата на Ferrari California е на салонот на автомобили во Париз, на почетокот на октомври.
Дизајнот е мешавина од Ferrari 599 GTB Fiorano и 612 Scaglietti
AUTO FOCUS МАЈ 2008
17
МАЈ
Fiat 500 Assetto Corse
Специјална серија на Mini
Луто малечко
Кожа, лисици, алкохол
Верзијата Abarth на новиот Fiat 500 ги погоди во срце сите љубители на малечкото од Торино. Сега следува уште полута верзија: Assetto Corse, лимитирана на 49 примероци, како сеќавање на спортските успеси на Abarth. Силината од 200 КС доаѓа од 1,4-литарскиот мотор со турбонатполнење. За лутото малечко да се чувствува уште поприродно на тркачките патеки, проширена му е трагата, бандажите имаат пречник од 17 инчи, гумите се со димензија 205/50. Залепените стартни броеви му се влезница на тркачките патеки во целиот свет. По предниот спојлер и маската со натпис Abarth веднаш се препознава со кого се има работа. Опашот го украсуваат две издувни цевки и голем спојлер. Ролбарот во кабината сведочи за тркачките гени на Fiat 500, кој е 180 килограми полесен од сериската верзија и тежи 930 килограми. Во пакетот влегува и специјално подвозје и четириклипни сопирачки клешти од Brembo, во комбинаија со дискови големи 305 х 28 милиметри напред и 264 х 11 милиметри назад.
Успехот на марката Mini се темели на култот што BMW го гради околу својот британски депанданс за малечки автомобили. Соработката со марката за долна облека Agent Provocateur додава нов жар во огнот. Mini веќе со години е дел од хуманитарната гала Life Ball во Виена, со своите откачени автомобилски уникати. Минатата година возилата дизајнирани од Missoni, Ferre и Versace донесоа 260.000 евра во хуманитарниот фонд на Life Ball. Сега е ред на Agent Provocateur, фирма основана од Серена Рес и Жозеф Коре, син на креаторката Вивиен Вествуд. Тие го лакираа нивниот Mini Clubman во црна и розова боја, заштитните бои на провокаторот. На покривот со мустра на мрежести чорапи е ставена црвена ротација, задните стакла се рефлектирачки и заштитени со решетка. Назад во кабината е легнат кревет обложен со црна кожа, поставена е железна шипка, лисици за дланки и стопала и блиц што светка розово - автомобилов балансира меѓу еротика, кич, домина и полициска атмосфера. За црнорозовиот Mini ќе може да се наддава на Ebay меѓу 5. и 15. јуни.
Porsche Macedonia
Нов салон на Volkswagen во Тетово
Мала брзина, голема насмевка Тројката Abarth базирана на Fiat 500. Најсилната верзија 695 ЅЅ Assetto Corsa правеше чуда со само 38 коњски сили на воздушно ладениот мотор назад. Тркачкиот карактер бараше педалот за гас постојано да е притиснат до крај, бидејќи беше потребна цела вечност додека повторно се врати брзината. И тоа го правеше возењето толку забавно
18
AUTO FOCUS МАЈ 2008
Од крајот на мај, во Тетово почна да работи новиот продажно-сервисен центар за Volkswagen, Centrum Co. Со препознатливиот изглед и со содржината што ја нуди, новиот центар ги следи високите стандарди што ги постави увозникот за Volkswagen во Македонија. Покрај беспрекорно обучен професионален тим во продажбата, Centrum Co. нуди и современо сервисно одделение опремено со напредна техника, вклучувајќи работилница за поправка на каросерија. Како што наведуваат од импортерот Porsche Macedonia, дел од големото семејство на австриската групација Porsche Holding, „новиот центар на Volkswagen е потврда за сигурноста на изборот и за квалитетот на престижната автомобилска марка Volkswagen, за сите сегашни и идни клиенти.“
AUTO FOCUS МАЈ 2008
19
Новитети Peugeot 4007
Порано Peugeot подзапираше пред каллив терен. Сега Французите пуштија
З
начително зголемената побарувачка на ваков вид возила беше повод Peugeot да го реализира проектот I3 и да го понуди моделот 4007 на пазарот. Peugeot, заедно со својот партнер Citroën, разработија заедничка платформа во соработка со
специјалистот за теренски возила Mitsubishi. Овој меѓусебен договор гигантите го потпишаа уште на 13 јули 2005. Елегантните линии и маркантно големата уста строго го дефинираат овој теренец како модел на Peugeot, бидејќи на сите модели кои
1
20
AUTO FOCUS МАЈ 2008
ги произведува овој производител, на предницата доминира огромниот ладилник и светла со изглед на мачкини очи. Спортскиот и динамичен дух на 4007 се истакнува дополнително и преку начинот на којшто е дизајниран долниот дел на предницата, кој ги интегрира во
себе светлата за магла, украсени со хромирани детали. На горниот дел доминира логото на брендот и убаво извајаните мускулести линии кои се протегаат преку хаубата. Проширените крила, големите тркала и големиот клиренс уште толку ја потенцираат робусноста
2
1. Внатрешноста не сокрива: Таблата е слична со Outlander... 2. ... исто како и инструментите. Така се штеди, но поубаво ќе ни изгледаа оние на Peugeot
Досега невидена слика: Мачката го надмина стравот од вода
свој модел во се попопуларната класа на SUV возила на ова возило. На задниот дел од возилото доминираат големите светлосни групи кои се поврзани со брусен алуминиум, а точно меѓу нив е позиционирано логото на брендот. Задната врата се отвора во два дела, односно постои можност да се подигне само стаклото,
или и долниот дел од вратата да се спушти надолу, со што се олеснува користењето на багажниот простор. Меките и елегантни контури комбинирани со импресивните димензии на ова возило (4.64 x 1.80 x 1.67) и клиренсот од цели 176 милиметри, го претставуваат ова
3
возило како исклучително елегантен теренец. И во внатрешноста доминира познатото чувство на Peugeot. Интериерот е претежно црн, со меки линии, мека пластика и соодветна завршна обработка карактеристична за поновите модели на Peugeot.
3. Ако се само два реда седишта, назад стојат на располагање 441 литар, а со еден ред се добива простор од 1686 литри; 4. Се препознава како Peugeot: Издолжени светла и зината муцка
На управувачот доминира големото сребрено лого на брендот, додека арматурната табла зрачи со спортски дух со длабоко профилираните инструменти. Некои елементи како на пример, отворите за вентилација, рачките на вратите и други контроли со обработени со светла
4
AUTO FOCUS МАЈ 2008
21
Н Ако се само два реда седишта, назад стојат на располагање 441 л., а со еден ред се добиваат 1686 л. пластика налик на алуминиум. Каросериската структура на возилото е дополнително засилена со попречни носачи, делови од цврста челична ламарина и повеќестрани поврзувачки елементи преку кои се пренесува енергијата во случај на несреќа. Бидејќи се работи за теренец, соодветни засилувања се интегрирани и во кровната структура на возилото, со што се обезбедува ефикасна заштита на патниците. 4007 извлекува максимум од модерната 4х4 технологија користејќи независна суспензија на сите тркала. Големо внимание е посветено и на пневматиците. Проектирани по нарачка, пневматиците на 4007 се способни да пружат удобно возење на асфалтен пат, но истовремено и одлично држење на патот, кога се користи надвор од асфалтот. За да би можел овој лав навремено да се скроти, Peugeot конструираше самовентилирачки перфорирани предни диск кочници со двојни клешти и димензии од 294 х 24 mm, додека задните се цврсти дискови со дијаметар од 302 mm. Преку комбинирање на најдоброто од двата производители, постигната е висока варијабилност на моделот 4007. Peugeot успешно го има имплементирано она што најдобро го прави; ефикасни и еколошки дизел мотори од последната генерација на HDi. Имено, последниот дизелски агрегат на Peugeot, 2.2 литарскиот HDi DPFS развива 156 КС и вртежен момент од 380 Nm, притоа емитирајќи само 191 g/km СО2. Овој агрегат го забрзува 4007 до 100 km/h за 9,9 секунди, додека просечната потрошувачка според
22
AUTO FOCUS МАЈ 2008
фабричките податоци изнесува 7,2 литри на 100 километри. Peugeot и кај овој модел се потрудил да го имплементира своето знаење при изработка на подвозје и суспензија. Моделот 4007 е конструиран за
одлично држење на патот и беспрекорно совладување на свиоците и нерамнините на патот. Mitsubishi пак, има придонесено со својот нов систем на трансмисија со електронска контролна единица која ги контролира сите други безбедносни системи. Покрај сите електронски безбедносни помагала, 4007 ја зголемува пасивната безбедност преку шестте воздушни перничиња. Peugeot 4007 веќе почна да се нуди на нашиот пазар во една бензинска и една дизелска изведба, со две нивоа на опременост.
Достојно за напомена е дека претходно споменатиот 2.2 HDi мотор на Peugeot е далеку посовремен, помоќен и пософистициран од оној во Mitsubishi Outlander, па како последица на ова, 4007 се продава за повисока цена. Единствената забелешка за 4007 е фактот дека Французите не се потрудиле многу околу севкупната уникатност на нивниот прв SUV. Знаеме дека е изработен на заедничка платформа со Mitsubishi Outlander и Citroën CCrosser, меѓутоа со оглед на тоа што Outlander веќе извесно време е на пазарот, Peugeot и Citroën требало да се потрудат малку повеќе околу изгледот на своите возила, посебно во задниот дел. Euroimpex, увозникот на Peugeot, досега има продадено 12.500 автомобили од француската марка на нашиот пазар; бројка достојна за респект. Знаејќи го овој факт, планот на Euroimpex да се продадат 100 возила до крајот на 2008 година изгледа сосема реален и остварлив. �
ајлутиот кајен на сите времиња вози со мотор V8 тјуниран на 550 коњски сили, може да постигне најмногу 280 километри на час, а со цената исто така влегува во ново подрачје. Со цена од 111.400 евра на излез од фабрика, теренецот со ознака Turbo S не само што е за 7.000 евра поскап од обичната турбоверзија, туку ги остава зад себе и повеќето варијанти на Porsche 911. Со дотерување на вшмукувачкиот тракт и со ново програмирање на чипот, осумцилиндарскиот мотор со зафатнина од 4,8
Технички податоци Peugeot 4007 2.2 HDi Мотор дизел, напред попречно, 4 цилиндри, 4 вентили/цил. • Зафатнина 2179 cm3 • Силина 156 КС при 4000 min-1 • Вртежен момент 380 Nm при 2000 min-1 • Шестстепен менувач, активен погон на сите тркала со електронска контрола • Мекферсон напред, стабилизатор; мултилинк назад, стабилизатор • Проветрувани диск сопирачки напред, диск сопирачки назад • Гуми 215/70 R 16 (225/55 R 18) • ДхШхВ 4635х1806х1670 (1713) mm • Meѓуоскино растојание 2670 mm • Тежина 1790 kg • Крајна брзина 200 km/h, забрзување 0-100 km/h 9,9 ѕ • Потрошувачка1) 9,5/5,9/7,2 l/100 km 1)
Град/отворено/просек
Цена 34.410 евра
Новитети Porsche Cayenne Turbo S
Porsche дозачинува: Го пушта Cayenne со 550 КС. Доволно за 280 km/h литри доби за десет проценти поголема сила, односно 550 КС. Истовремено се зголеми и вртежниот момент за 50 Nm и сега изнесува 750 њутнметри. Како законите за силата на инерција никогаш да не постоеле, теренецот тежок 2,4 тони забрзува до темпо 100 за само 4,8 секунди. Додека другите теренски возила го вклучуваат електронското ограничување на крајната брзина на 250 km/h, залетаната карпа од коњски сили со коефициент на аеродинамичност на орман храбро продолжува да му се спротивставува на отпорот од ветерот и се предава дури на 280 километри на час. Се разбира дека нема никаква
потреба од толкава сила и брзина. Но, се работи за уживање, за задоволување на гладта за поголема сила. Барем околу задоволувањето на жедта на моторот нема да има дополнителни проблеми: тјунираниот мотор на Turbo S не троши ниту грам повеќе од обичната турбо верзија на Cayenne. Точно 14,9 литри, според ветувањата на фабриката. Со посилниот мотор, Turbo S добива и спортско подвозје со пневматска амортизација и систем што го спречува клатењето на каросеријата. Покрај тоа, и керамичките сопирачки што Porsche досега ги вградуваше единствено во серијата
911, сега ќе може да се нарачаат и за големиот Cayenne - во првиот теренец со керамички сопирачки. Без доплата се добиваат спортски седишта во кабината со меморија, задна клупа со оформени две седишта, прагови од благороден челик со натпис на моделот, две ексклузивни комбинации од две бои за кожените облоги и двобоен кожен волан. Следува уште нов мултимедиски систем и монитор што реагира на допир. Познавачите на Porsche ќе го препознаат Turbo S во ретровизор по бандажите од 21 инч со специјален дизајн, по лакираните проширувања на крилата и по решетката на
маската, лакирана во боја на каросеријата, а по престигнувањето по четириделниот издувен систем. Само за Turbo S на располагање стои специјална нова боја во сив тон. Со Turbo S моделската палета на Cayenne сега е комплетна. Но, инженерите се уште не се задоволни. Во соработка со Audi и VW тие подготвуваат хибриден погон кој треба да се понуди во продажба најдоцна следната година. И треба да одушевува со бројките. Но, не со големи, туку со мали бројки. Место со големи вредности на силата, со мали вредности на потрошувачката на гориво. �
AUTO FOCUS МАЈ 2008
23
Актуелно BMW M1 Hommage
Тркачкиот М1 напиша важно поглавје во историјата на BMW. Со студијата M1 Hommage, Минхен го проверува расположението на публиката за суперспортски
А
што би се случило кога...? Очигледно дека ова прашање често си го поставувале луѓето од дизајнерскиот тим на BMW, откако фрлајќи поглед на календарот забележале дека во оваа година се паѓа трисеттиот роденден на М1. Болидот низок како Ferrari со линиски шестцилиндарски мотор
со сила од 277 коњски сили, покрај тоа што го одбележува стартот на работата на спортското одделение M GmbH, носи и еден од најспектакуларните дизајни со кои што досега се има појавено модел на BMW - иако изгледот на М1 не беше нацртан во Минхен, туку во Италија, кај Џуџаро. Автомобилот со изразена клине-
1
24
AUTO FOCUS МАЈ 2008
ста форма, замислен како бескомпромисен тркачки болид, се појави на пазарот во 1978 година, но не забележа поголем продажен успех. И не мораше. По само три години беше прекинато производството. Но, суперспортското возило беше преполно со иновативна технологија и со аеродинамична форма што се уште беше новитет во тоа
време. Ретко некој друг производител имаше во својата понуда сериски модел со перформанси како М1: со спринт од место до темпо 100 за 5,6 секунди или со крајна брзина од 262 километри на час. „За М1 сонува секој дизајнер на BMW. Барем секоја втора ноќ“, опишува Адријан ван Хојдонк, главен дизајнер на баварската автомо-
2
1. Исто како порано: црните ламели одзади, под кои пред 30 години работеше моќен шестцилидарец со 280 КС; 2. Пентагон бандажи: И бандажите се надоврзуваат на возбудливиот дизајн
Клин: Исто како во 1978, студијата прикажува клинеста силуета што го сече воздухот како со нож
билска куќа. Уште од самиот старт на проектот, на Хојдонк му беше кристално јасно дека во новата интерпретација на легендарниот автомобил мора верно да се пренесат дизајнерските белези на претходникот нацртан од Џорџето Џуџаро. Меѓу нив, секако и двојниот амблем одзади, што кај BMW отсекогаш ги означувал возилата со средишен мотор. M1 Hommage го има овој детаљ, исто како и ламелите што се поставени врз задното стакло. Црните акценти, како на пример црната фуга меѓу покривот и задниот дел од возилото, јасно укажуваат на легендарниот М1. Тимот на Хојдонк се придржувал што е можно повеќе и до пропорциите и до надворешните димензии на новиот М1. Само патничката кабина порасна, како што бара духот на денешното време. Нов детаљ се предните светла. Кај М1 тие беа невидливи - се додека не се отвореа капаците врз светлата. Новиот М1 користи светлечки диоди место класични предни светла, и тие се елегантно впуштени во исклучително тесен жлеб во носот на возилото. Површините на новата дизајнерска креација откриваат дека меѓу првиот М1 и овој прикажан на езерото Комо поминале три децении. Додека Џуџаро и Пол Брак, дизајнерот на BMW Turbo, првенствено користеа остри рабови и клинеста форма што се чинеше како да е залепена за асфалтот, денес заоблените и набабрени површини се тоа што ги буди емоциите и ги изнудува воздишките на публиката. Но, и функцијата го одредува ваквиот изглед на денешниот М1. На пример, двојните бубрези, заштитниот знак на BMW. Тие се дел од аеродинамичкиот пакет на возилото и служат за спроведување на воздухот за ладење на моторот, но истовремено се и дел од краш-структурата на каросеријата, слично на монокок шасијата на формула 1 болид. Дизајнерите на BMW позајмиле неколку детаљи и од аеронаутиката. Во црната фуга под покривот се сместени каналите за воздухот за ладење на моторот. Малите ламели и отвори ја спроведуваат воздушната струја кон моторот. Агресивниот портокалов тон на автомобилот од седумдесетите години во основа е задржан, со таа разлика што дизајнерите додале ефектен лак со метален финиш. Новата боја им дава на моделираните површини уште поголема длабочина и одушевува со многумројните рефлексии што ги предизвикува. „Овој проект е вреден извор на испирација за нашата секојдневна работа“, коментира главниот дизајнер Хојдонк. Љубителите на спортските автомобили повеќе би сакале да слушнат нешто поконкретно. На пример, потврда дека прото-
типот ќе влезе во сериско производство. Не е исклучено дека некој ден во Минхен ќе решат да го пуштат на пазарот наследникот на М1. И
BMW Turbo и BMW M1 првично беа замислени само како прототипи, односно како мала серија автомобили. �
AUTO FOCUS МАЈ 2008
25
Актуелно Избор на мотори на годината
Мотор на годината
„Исклучителна сила, голем вртежен момент при ниски вртежи, префинетост и економичност. Врвни оцени за BMW“ - Артуро де Андрес, Automovil
Одликувањето на инженерската умешност со изборот на најдобрите мотори и во оваа година се претвори во Избор на мотори на BMW
Г
олемите имиња на европското автомобилско новинарство по 65. пат ги избираа најдобрите мотори на годината - и повторно му доделија најмногу награди на BMW. Баварската Фабрика за Мотори ги собра првите награди во единаесет различни категории на меѓународниот избор на моторите на годината во Штутгарт. Во категоријата најдобар нов мотор, на пример, победи дволитарскиот дизел со двојно турбонатполнење од BMW 123d. На второто
место повторно го пишува името на BMW, и тоа за новиот осумцилиндарски мотор од M3. Боксерскиот дизел на Subaru, првиот дизел од ваков тип што се вградува во автомобил, е на третото место. Во класата до три литри работна зафатнина победи трилитарскиот бензинец со двојно турбонатполнење, пред дволитарскиот битурбо-дизел и трилитарскиот V6 дизел на VW/Audi. Кај агрегатите со зафатнина до 1,8 литри BMW ќе ја менува круната со PSA Peugeot Citroёn: Моторот од Mini
и од моделите 207 и 308 на Peugeot се докажа пред 1,8-литарскиот TFSI на VW/Audi и пред хибридниот агрегат на Toyota Prius. Во класата до четири литри осумцилиндарецот на М3 се избори за првата награда пред
3,6-литарскиот турбо на Porsche и 3,8-литарскиот турбо од Nissan GTR. Над четири литри новинарите му дадоа најмногу бодови на V10 од BMW M5, по него следуваат 6,2-литарскиот V8 од AMG и V12 од Ferrari 599 GTB. Не е за изненадување и тоа што наградата за најдобар мотор на сите класи повторно отиде на адреса на минхенската куќа: за бензинецот со два турбополнача, подобар од 1,4 TSI и дволитарскиот TFSI од концернот VW. При изборот за најдобар Зелен мотор хибридниот пакет од Toyota се пласираше пред дволитарскиот дизел на BMW со автоматско гаснење и стартување и 1,4-литарскиот TSI од VW. Јапонците освоија уште едно прво место во категоријата до еден литар работна зафатнина со трицилиндарецот од Aygo, кој се вградува и во Citroen C1 и Peugeot 107. По него следуваат трицилиндарскиот дизел од Smart и исто така во Smart вградуваниот трицилиндарски бензинец што го произведува Mitsubishi. Најдобар мотор до 1,4 литри зафатнина е TSI од VW/Audi со 150 и 170 КС, пред послабата изведба со 125 КС и 1,4-литарскиот мотор TJet од Fiat. Subaru може да се радува на првото место во класата до 2,5 литри, со победата на турбо-боксерот. По него следува 2,5-литарскиот линиски шестцилиндарец на BMW и 2,2-литарскиот турбодизел на Honda. Porsche доминираше на изборот за најдобар спортски мотор со 3,6литарскиот боксер, пред BMW V10 и BMW V8. �
Најдобар нов мотор: BMW 2,0 Diesel Twin Turbo „Го постигнува врвот на модерните мотори: економичен, еколошки и посакуван“ Кен Гибсон, The Sun
Најдобрите мотори за 2008 Место
Мотор
Се вградува во
Бодови
1
BMW 3,0 Twin Turbo
135i, 335i, X6
380
2
VW 1.4 TSI Twincharger
Golf, Touran, Tiguan
287
3
VW/Audi 2,0 TFSI
A3, A4, A6, TT, Eos, Leon
270
4
BMW 4,0 V8
M3
241
5
BMW 5,0 V10
M5, M6
151
6
BMW/PSA 1,6 Turbo
Mini, Peugeot 207
308
7
Subaru 2,5 Boxer Turbo
Forester, Impreza
78
Toyota 1,0
Aygo, Yaris, Citroen C1, Peugeot
107
8
26
AUTO FOCUS МАЈ 2008
Зелен мотор на годината: Toyota 1,5 Hybrid Synergy Drive „Лидер во балансиран спој на сила, вртежен момент и ниска емисија“ Ден Варди, Autoshow
Најдобар мотор до 1,8 л.: BMW-PSA 1,6 Turbo „Одличен пример на мал мотор со висок потенцијал, совршено одговара на автомобилите во кои што се вградува“ Фарах Аикалиси, 4Car
AUTO FOCUS МАЈ 2008
27