Број 12 • АВГУСТ 2008
ДОМ НА ТРКАЛА
СЕ ИСплатеше ли диетата?
ТЕСТ НА PEUGEOT 4007
ПРВ ТЕСТ НА MAZDA 2
КАКО ЛАВ ПУШТЕН ОД КАФЕЗ
RIMOR KATAMARANO
ЕЛЕКТРИЧЕН АВТОМОБИЛ
TESLA ROADSTER
100.000 ЕВРА ЗА ПОЕВТИНО ВОЗЕЊЕ? SPY
МАРКИТЕ ВО ОФАНЗИВА СЛЕДУВААТ МНОГУ НОВИТЕТИ МАКЕДОНИЈА ЗЕМЈА НА ЕКОЛОГИЈАТА
ХИБРИДНИТЕ ВОЗИЛА ПОЕВТИНЕА
12
AUTO FOCUS АВГУСТ 2008
www.peugeot.com.mk
ALL INCLUSIVE
PEUGEOT 407 PREMIUM | VE}E OD 19.990 € (1.235.382 den.)
VKLU^ENA BESPLATNA OPREMA ALUMINIUMSKI FELNI
METALIK BOJA
III Makedonska brigada br. 72, 1000 Skopje Tel.: 02 3111-000; Faks: 02 3113-666 AUTO FOCUS АВГУСТ 2008
KROVNI NOSA^I
BLUETOOTH KIT
Najvozbudliviot avtomobil vo svojata klasa tuku[to stana u[te poprivle~en. Iskoristete ja ovaa mo`nost za vreme na akcijata da odberete nekoj od trite razli~ni motori i dvete nivoa na oprema, i ]e ja dobiete slednata dopolnitelna oprema besplatno: aluminiumski felni, metalik boja, krovni nosa~i i Bluetooth Kit. Pove]e oprema za neodolivo zadovolstvo. PEUGEOT. KONSTRUIRAN ZA U@IVAWE.
407
КОМЕНТАР Број 12 • АВГУСТ 2008
Нафта ќe има уште долго Дарко Јаконов Главен уредник darko.jakonov@autofocus.com.mk
Веста не е нова. Нафтените компании досега често пати се милиони тони сурова нафта, експлоатација 3.917,6 милиони обидувале со бројки да го поништат тврдењето што ни го тони, потрошувачката 3.937,1 милиони тони. подгрева стравот дека глобалните резерви од сурова нафИ променетите капацитети на рафинериите покажуваат јасни та наскоро ќе дојдат пред исцрпување. Најновата студија на знаци. Во 1957 година 1.040,7 милиони тони нафта, во 2007 гоExxonMobil, што ветува многу уште со името Oеldorado 2008, со дина 4.265,6 милиони тони. Слична слика студијата прикажува и фундаментални податоци за нафтата и гасот во последните 50 за земјениот гас. години, се обидува да даде издржани докази дека на глобално „Во 2007, со сигурност потврдените резерви од нафта се згониво се зголемени сите клучни параметри за двата енергетски лемени релативно за 1,1 процент, наспроти растот на потрошуносители. Што значи тоа? вачката“, утврдува ExxonMobil и нагласува дека растот на резерСекој може да заклучи самостојно што се случува со времето во вите е за 50 пати поголем отколку растот во потрошувачката на неговата средина. Сонцето и дождот се појави што секој може да нафта, кој „со зголемување од само 42 милиони тони достигна ги регистрира и да ги толкува. Но, тешко е да се направи ретро3.937 милиони тони“. Во соопштението за печат на ExxonMobil спектива. Какво време имала Македонија во лешто го добивме со студијата се објаснува: „Како тото 1997? Или во зимото 2000? Без да постојат резултат од инвестициите што пред осум до регистрирани податоци, не може да се донесат десет години влегоа во истражувањето на нови аргументирани одговори. А тоа во никој случај извори, доволен е само порастот на резервите од не може да се направи со климатските промени, минатата година, за моментата глобална побарушто се случувале пред векови. вачка да се покрие за период од шест месеци.“ Погрешните или само дубиозните тврдења, Во 1957 година резервите беа за 41 пат поголебез разлика кој и зошто ги пуштил да кружат по ми отколку потрошувачката, во 2007 за 46 пати. светот, можат да им влеат сигурност на луѓето, Бранителите на теоријата за нафтениот врв што но и да ги натераат на општа хистерија. Едните предвидуваат брз крај на резервите од сурова тврдат дека глобалните резерви дефинитивно се нафта се потпираат „цврсто на статистички папред исцрпување во видно време, додека другите раметри: Моментната потрошувачка, актуелните го сметаат тоа за класично кревање паника, што цени и техниката се препоставува дека се непроима единствена цел да го форсира користењето менети“, заклучуваат во ExxonMobil. „Доколку се на другите енергетски носители. Тука не е исклураководевме според оваа хипотеза, резервите чено да имаат улога и идеолошките ориентации. од нафта ќе беа исцрпени во 1960 година за прв Најновата студија на ExxonMobil, Oeldorado пат, а во 2000 година по втор пат. Овие предвиду2008, се спротивставува на таканаречената теовања се покажаа како промашени, бидејќи и кај рија на нафтениот врв, која што претпоставува цените на суровата нафта и во потрошувачката ДАЛИ ГЛОБАЛНИТЕ дека нафтениот сон веќе е отсонуван. Рапидниот се јавуваат осцилации.“ Но, пред се постои напрепораст на потрошувачката на нафта ќе предизви- ТЕХНОЛОШКИ МОЌНИ- док во техниката, што доведе до намалување на ка целосно исцрпување на намалените резерви. трошоците во истражувањата и во продукцијата. ЦИ САМО НЕ ПЛАШАТ Покрај тоа, се овозможија дупчења на нафтени Максималната експлоатација, нафтениот пик, ќе се достигне во 2020 година. А потоа? Ќе почне ДЕКА ЌЕ СНЕМА НАФТА, извори во подрачја што само пред неколку годистрмоглаво да паѓа надолу? ни се сметаа дека се недостапни за техниката. ЗА ДА НИ ГО ПРОДАНема сомневање дека ова прашање тангира ExxonMobil не може да сокрие дека жали што секого, не само возачите на автомобили. Но, од„токму во неколку од земјите што се најбогати со ВААТ НИВНОТО. ИЛИ говорите веројатно можат да ни ги дадат само нафта, експлоатацијата на богатството од почваекспертите од нафтената бранша. Во нивните СЕ ВО ПРАВО ДРУГИТЕ та ќе биде изложувано на сé поголема контрола процени, тие ниту оддалеку не се толку единдржавата“. Во нормален случај, таквиот геоШТО ТВРДАТ ДЕКА РЕ- од ствени колку што би си помислиле. Тоа станува политички развој е проследуван со опаѓање на очигледно кога ќе ги прашате за вредноста на ЗЕРВИТЕ СЕ ПЕТ ПАТИ ефикасноста и на технологијата. Во среден рок, нафтените шкрилци или за експлоатацијата на тоа ги погодува и резервите, бидејќи „за разлика ПОГОЛЕМИ ОТКОЛКУ од приватните претпријатија, државните доманафта од дупчењата длабоко во морињата. Нови извори? Едните сметаат дека се отвораат нови ќинства преферираат да ги инвестираат нивниПРЕД 50 ГОДИНИ можности. Другите оценуваат дека ваквата екте Педродолари во социјални проекти, место во сплоатација е неефективна. истражување и експлоатација“. Студијата Oeldorado 2008 тврди дека пред половина век, во Студијата Oeldorado 2008 сака да покаже дека во видно време 1957 година, светските резерви од сурова нафта биле проценети нема да се појават никакви кусоци од нафта и гас. Главниот прена 36.062 милиони тони. Во тоа време се исцрпеле 910,8 милиони дизвик во следните години ќе биде да се стават на располагање тони сурова нафта, а се потрошиле 876 милиони тони. Бројките техники за експлоатација на резерви од нафта и гас и да се совлаод 2007 година изгледаат сосема поинаку. Резервите: 180.718 даат геополитичките тензии. �
AUTO FOCUS АВГУСТ 2008
AUTO FOCUS АВГУСТ 2008
СОДРЖИНА Број 12 • АВГУСТ 2008
НОВИТЕТИ
12
VW GOLF VI Тој е феноменот: не нуди ништо поразлично од нив, а сепак е кошмар за конкурентите
22
TESLA ROADSTER Овој електричен автомобил не мора да штеди. За 100.000 евра, тој е престижен објект
58
ЕКСКЛУЗИВНО НОВИТЕТИТЕ ЗА 2009 Догодина следуваат бројни нови модели: Уште сега ви откриваме како ќе изгледаат
ТЕСТ И ТЕХНИКА
26
TEСТ MAZDA2 Со 100 килограми и десетина сантиметри помалку, оваа Mazda сака да биде подобра
32
ТЕСТ PEUGEOT 4007 Како за почетници, Французите одлично се снаоѓаат на теренот
38
ТЕСТ HONDA CR-V
38
CR-V реши да го напушти имиџот на бунтовник: Изгледа елегантно, вози комфорно, тоа е добрата формула
Различна е, и тоа се гледа: Теренец што не е теренец, комби што не е комби. И добро е
69
МОТОЦИКЛИ HARLEY-DAVIDSON XR 1200 И Американците имаат спортско минато: Harley е по пример на Dirt-Track мотоциклите
TEMA
18
РОБОТИЗИРАНИ ПАРКИРАЛИШТА Додека во светот роботи паркираат автомобили, кај нас ја чекаме првата катна гаража
44
А в томо б и л и в о о в о ј б ро ј 10 38 26 32 44
AUDI A6 HONDA CR-V MAZDA2 PEUGEOT 4007 RIMOR KATAMARANO
10 50 22 52 12
SUZUKI ALTO TATA NANO TESLA ROADSTER TOYOTA PRIUS VW GOLF VI
ИМПРЕСИЈА RIMOR KATAMARANO Искуството е поразлично: Во ова возило, вистинското уживање следува по паркирањето
50
TATA NANO - Автомобилот за 2.500 евра Индијците го најавија најевтиниот автомобил: Но, го нема ниту во еден примерок
52
ХИБРИДНИ АВТОМОБИЛИ Државата им попушти на хибридните автомобили: Отсега се ослободени од акциза
56
ИНТЕРВЈУ Љупчо Прентоски, директор на Тојота Авто Центар
СЕРВИС
60
Совети И со внимателно возење, стариот автомобил не го менува карактерот
66
Мултимедија Clarion радио, Parrot кит Bluetooth, Sevic монитор, Sinuslivе бас, Xcess аларм
60
Со почитување на советите за штедење, потрошувачката паѓа до 20 проценти. Со помал автомобил, уште повеќе
18
Предноста им е очигледна: Зафаќаат помалку простор, работат беспрекорно
МОТОСПОРТ
70
Формула 1: ГОЛЕМА НАГРАДА НА УНГАРИЈА Возбуда до самиот крај: Водечкиот Маса се откажа само три кругови пред целта
останато 9 писма на читатели 76 Ценовник 67 ПРОГРАМА
AUTO FOCUS АВГУСТ 2008
AUTO FOCUS АВГУСТ 2008
ПИСМА ОД ЧИТАТЕЛИ Ваши прашања и коментари
Прашувајте и пишУВАЈте
AUTO FOCUS Васил Ѓоргов 21-2/7, 1000 Скопје
Што значи Euro 5?
Радиото е опасно кога грми?
Кажете ми што значи ознаката Euro 5 кај автомобилите?
Дали фарадеевиот кафез функционира само ако е исклучено радиото?
Ванчо Исајлоски, Скопје
Телефон: 02 3223 575. 3223 125
Дени, via email
E-mail: redakcija@autofocus.com.mk
Ефектот на фарадеев кафез го произведува само затворената каросерија на автомобилот, радиото нема никакво учество во тоа. При удар на гром во автомобилот, струјата протекува по површината на каросеријата, по принципот на најмал отпор, преку тркалата завршува во земја и патниците во кабината остануваат безбедни. Значи, можете слободно да останете во својот автомобил и да бидете заштитени од удар од гром додека надвор беснее невреме - и радиото да остане вклучено. Тоа што за време од еден час, по целата површина на земјината топка се јавуваат околу еден милион атмосферски електрични празнења нека не ве загрижува. Доколку сте во автомобил.
Редакцијата го задржува правото да ги скусува писмата.
Рент-а-кар со погон на плин
Дали може да се изнајми автомобил со погон на плин? Славчо Крстевски, Скопје Генијално сте се сетиле, погон на плин за трошоците за користење на изнајмениот автомобил да бидат пониски. Според нашите сознанија, компаниите што изнајмуваат автомобили кај нас во моментов не нудат ваква можност. Одговорот зошто се случува тоа во услови кога мрежата за точење плин е доволно развиена и плинот е двојно поевтин веројатно треба да се бара во губењето на гаранцијата на автомобилот со вградувањето на плинскиот уред. Но, и тоа не мора да е главната причина: Hyundai тука нуди фабричка гаранција за автомобилите што се опремени со плински уред. Во другите земји веќе е вообичаено во понудата да има и автомобили со погон на плин.
Euro 5 значи дека автомобилот исполнува одредена норма на издувни гасови, конкретно следното ниво што ќе важи од септември 2009. Постојаното ограничување на штетните материи во издувните гасови од почетокот на 1990 придонесе за значајно намалување на загадувањето на воздухот. Се постигна намалување од 90 проценти на учеството на азотни оксиди и хидрокарбонати, и исто толкаво намалување во емисијата на бензен. Но, чистењето продолжува: Euro 5 е построг за емисијата на честички и на азотни оксиди, односно ќе биде построга за дизелските мотори, кои доживејаа експанзија во Европа со системите за директно вшприцување и во поглед на емисијата се почисти од бензинците, кога станува збор за СО2, но имаат повеќе азотни оксиди и честички во издувот.
ВАШИТЕ ПИСМА НÈ РАДУВААТ Сеедно дали сакате да ни го соопштите Вашето мислење за тековниот број на списанието, или имате некое прашање или сакате да се надополните на некоја врела тема. Вашиот коментар ни е важен! Не радуваат Вашите забелешки и барања, пофалби, но и критики.
ИМПРЕСУМ ИЗДАВАЧ
Адреса: Васил Ѓоргов 21-2 /7, 1000 Скопје, Македонија E-mail: contact@autofocus.com.mk
Директор Александар Попов aleksandar.popov@autofocus.com.mk
ПРОДУКЦИЈА Главен и одговорен уредник: Дарко Јаконов darko.jakonov@autofocus.com.mk Кристијан Ивановски kristijan.ivanovski@autofocus.com.mk Графички уредник: Коста Стаматовски kosta.stamatovski@autofocus.com.mk Јазичен соработник: Ана Манасиевска ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ Печатено во Печатница “Софија” Дистрибуција Време трејд Тел: 02/2580 020, 2580 023, 2580 024
ISSN 1857-5692 Закуп на рекламен простор: Снежана Божиновска snezana.bozinovska@autofocus.com.mk Жиро сметка: 300000001963413 Депонент: Комерцијална банка Даночен број: 4030004522240 КОНТАКТ Телефон: +389 (2) 32-23-575; 32-23-125 E-mail: redakcija@autofocus.com.mk SMS-контакт: 070/14 55 85
ПРАВНИ ЗАБЕЛЕШКИ Магазинот AutoFocus се печати еднаш месечно со одобрение од Глобал Медиа и е во правна сопственост на издавачката куќа. AutoFocus е интернационално регистрирана трговска марка во сопственост на Глобал Медиа и нејзиното користење е дозволено само со писмено одобрение, на начин и стандарди утврдени од сопственикот на правата. Содржините и структурата на AutoFocus се интелектуална сопственост на Глобал Медиа и не е дозволено нивно копирање, скенирање и пренесување на било какви други форми на медиум без одобрение од сопственикот на правата. Првиот број на списанието излезе на 10 септември 2007 година.
AUTO FOCUS АВГУСТ 2008
АВГУСТ
Audi A6 во стил на А4
Големата лимузина по чекорите на малата
Електричниот автомобил на GM за 30.000 долари
Chevy Volt стартува во Европа во 2011 Планираниот електричен автомобил на General Motors треба да пристигне на европскиот пазар на крајот на 2011, со знакот на Opel, по една година од стартот во САД. Производителот планира да го продава Volt за 30.000 долари (20.000 евра). Со енергијата во акумулаторите, електричниот автомобил може да помине 64 километри и се полни на обичен приклучок за струја.
Со промени во изгледот и во техниката, Audi се подготвува за одбрана од новата серија 5 на BMW и класата Е на Mercedes што доаѓаат догодина. Новата Шестка вози со освежени линии на маската, браникот и магленките во носот, во стил на помалиот А4. Истото се повторува и назад, со остриот раб на капакот и со широкиот дифузот во браникот. Дводелните задни светла исто така се нови и личат на оние кај А4 и А5. Во внатрешноста, инженерите ветуваат намалена бучност, исе преработени, со хромирани прстени. Новитет меѓу моторите е трилитарскиот V6 TFSI со компресорско натполнење, 290 КС и 5,9 секунди за старт. Со доплата, А6 ќе вози со пневматско подвозје, систем што предупредува за возило во мртвиот агол, систем што предупредува при напуштање на лентата и радарски темпомат за автоматско одржување на растојанието од возилата напред.
Со струјата од акумулаторите, Volt може да вози цел ден. Бензинскиот мотор се буди пред празнењето на акумулаторите, но не да го движи возилото, туку да ги полни акумулаторите
Suzuki Alto веќе во серија
Фаќа на сентименталност
Освежување за Kia Sportage
Фер и спортски од Kia
Тоа што се најавуваше со концептот A-Star сега станува реалност со Alto. Новото издание на џуџето на Suzuki гледа симпатично со тркалезните очи и ќе ги тера женските срца да бијат забрзано. Во четврта генерација, Alto ќе произведува во Индија, заедно со Splash, со кого го дели и еднолитарскиот мотор со три цилиндри и 65 КС.
По четири години Kia го преработе компактниот теренец. Закачени се нови браници напред и назад, отсега во боја на каросеријата, а магленките се тркалезни. Нови детаљи се воочуваат и во хромот во маската, во предните светла и во долната заштита. Одзади штрчи двојна издувна цевка и се гледа хромирана лајсна во капакот на багажникот. Под хаубата остануваат непроменети бензинците со 141 и 175 КС, а дизелот ќе вози со 150 КС, односно десет КС повеќе. Кабината нуди пофини материјали, нова средишна конзола, радио со приклучок за USB, подебел волан и подобра заштита од кражба.
10
AUTO FOCUS АВГУСТ 2008
Старт на продажбата на Citro¨n C5
Лимузината од 22.490 евра Новата Петка го враќа Citroen како силен играч во средната класа. Тоа го заклучивме при возењето во Португалија во март, а во тоа сега не уверуваат и цените што ги објави Citroen. Со моторот од 1,8 литри и 127 КС, Citroen C5 почнува од 22.490 евра, со ЕЅР, автоматска клима и радио. Основниот дизел во новиот C5 има 1,6 литри и 110 КС и стои во ценовникот со 23.990 евра.
АВГУСТ
Промоција на Mini на Олимпијадата
Ваква рикша Пекинг досега нема видено Една необична комбинација од велосипед и од автомобил се врти по улиците на олимпискиот Пекинг. Изненадува и потеклото: BMW ја завари задната половина од кабината на Mini Clubman со класична рикша. Покрај тоа што им нуди единствено доживување на гостите, рикшата на Mini со погон на педали придонесува и за животната средина. Покривот на катничката кабина е стаклен, се седи на кожени фотелји, а наредените амајлии им служат за среќа на патниците возилото и шират позитивна енергија за време на Олимпијадата.
Coupe ја продолжува традицијата
Вистинско парче за летно време Way of Life!
Колку летото да биде уште пожешко: Hyundai Coupe стартува со продажба со цена од 23.430 евра. За парите се добива дволитарец со 143 КС, автоматска клима, алу-бандажи, ЕЅР и секако парче ламарина што го привлекува вниманието. Веќе е традиција на Hyundai да нуди купе што може да се дозволи пред педесеттата.
За еколошкиот придонес
Seat награден од пристаништето во Барцелона Пристаништето во Барцелона реши да го награди Seat за железничката линија што ја поврзува фабриката во Марторел со доковите на пристаништето. Оттаму ценат дека линијата од фабриката на Seat во Марторел придонесува значајно во заштитата на животната средина, благодарение на намалувањето на прометот. Во првото полугодие, 210 железнички композиции пренесоа 32.500 автомобили од Марторел до пристаништето - што е 77 проценти од вкупниот промет меѓу двете точки.
освежување за Вас увозник за Македонија
увозник за Македонија
ул. Скупи бр. 1, Скопје, Продажен Салон /02/ 3 089 088
AUTO FOCUS АВГУСТ 2008
11
Alfa Golf Romeo VI MiTo Новитети VW
П
ат со многу крв, пот, солзи и со страв од шефот. Дали овојпат ќе биде задоволен? Мартин Винтеркорн, претседателот на Volkswagen AG, сигурно ќе клати потврдно со глава кога ќе познае дека неговите инженери имале безсони ноќи додека го смислу-
12
AUTO FOCUS АВГУСТ 2008
вале новиот Golf, го конструирале и го организирале неговото производство. Бидејќи Golf, кој ќе почне да се продава од октомври, не е кој било нов автомобил. Според налогот на Мартин Винтеркорн, тој треба со квалитетот да биде многу повисоко од сите други автомобили во класата.
Само така може да продолжи во неговата придружна ролја, да ја претставува силата на германската автоиндустрија. Доколку на Golf не му оди добро, нема да настрада само Волфсбург. Овој Volkswagen што од 1974 година се продаде во 26 милиони примероци и сега почнува во шестата ге-
нерација, не е само автомобилска икона, туку и стопанска стока што мора да носи добивка. „Шест ипол или осум проценти рендита“, толку пари ќе се слеваат во касата од секој продаден примерок на Golf. Шефот на VW знае дека кој високо лета, паѓа ниско. Тој исто така знае дека решенијата што се од-
Дизајнерот на Golf Де Силва: VW ќе има јасен и едноставен дизајн
Во октомври, Golf VI ќе го замени својот претходник по само пет години, и проколнат е на успех. Шефот Мартин Винтеркорн ни дозволи за прв пат да го погледнеме новиот компакт
„Ќе покажуваме едноставност во линијата, во површините и во архитектонската структура. Мора да имаме директна врска со клиентите. Едноставноста се разбира поедноставно“, кажува де Силва. „И во архитектурата постои јасна тенденција за поедноставни форми и за јаснотија. Едноставноста е неизоставна. Ако успееме да бидеме толку доследни, тогаш ќе бидеме единствени со идентитетот и со филозофијата на нашата марка.“ Де Силва смета дека постои „широк спектар на возила што се пресилно декорирани, предизајнирани. Враќањето на јаснотијата, на основната едноставност – со неа ќе бидеме единствени.“ Новото лице на VW во иднина ќе зрачи попријателски, зависно од моделот, во различни изрази. „Се враќаме на вертикални линии, при што горниот дел ги опфаќа и светлата. Лицето на марката VW отсекогаш се состои од три основни елементи, што потоа се споени со јасен, типичен спој. Ова лице го развиваме во јасна хиерархија, од Phaeton до малечкото возило New Small Family. Во малечкото возило ќе се препознае Up со јасна тенденција за насмеано лице, значи за симпатично зрачење. „Со сигурност ќе ја бидиме оваа тенденција и кај New Beetle.“ Насмеаното лице ќе биде изразено поумерено кај Golf GTI. „Идниот Golf GTI не е посебно насмеан, но има привлечна форма“.
AUTO FOCUS АВГУСТ 2008
13
Изгледа здодевно и познато, типично за Golf, но има неколку нови моменти: Прекинувачите за прозорците се подигнати, контролите за климата се нови, исто како и инструментите
14
AUTO FOCUS АВГУСТ 2008
несуваат на Golf имаат поголема далекусежност од било кои други во автоиндустријата. Доколку Golf се движи во погрешниот правец, тоа би било катастрофа. Винтеркорн побара новиот автомобил да има поконзервативна линија: „Прецизност, вредност и врвен квалитет“, тоа го симболизира новиот Golf. И навистина, внатрешноста на новакот изгледа за половина класа подобро отколку кај се уште актуелниот модел. Со тоа, новиот Golf повторно ја застапува доктрината на VW, според која што како масовен производител мора да нуди натпросечен квалитет за да издржи на пазарот. Но, дали ова навистина ќе го бараат луѓето во иднина? Автомобил за секого, со примеси од вишата класа? Фердинанд Дуденхофер, газдата на институтот B&М и еден од најпознатите авто-аналитичари веќе долго го критикува Volkswagen за неговите колебли-
Шефот Винтеркорн ќе го врати Golf во колосек. Претходната генерација беше напредна, но и скапа за производство. Затоа Шестката доаѓа порано
И С ТОРИЈА
VW Golf I 1
Наследникот на Бубата го спаси производителот од Волфсбург. Во возилото претставено во 1974 се вградуваа бројни испробани компоненти од Audi, на пример моторот. До средината на 1983 се произведоа преку пет милиони примероци. Типично: Автомобилот дизајниран од Џорџо Џуџаро се препознава по широките задни столбови. Дизајнерите го задржаа овој белег до денес Прегледно: Во споредба со актуелните модели, Golf I изгледа скромно. Основниот модел чинеше 7995 марки
Евергрин: Модифицирана верзија на Golf I се уште се произведува во Јужна Африка и се продава под името VW City Golf
2
3
VW Golf II Втората генерација на голф дебитираше во август 1983 и се произведуваше до 1991. По 14 години, од производствените ленти излегоа 10 милиони примероци од моделот Отпорен: Постапката на течно конзервирање ја облагороди ламарината на Golf II. Таа се грееше на 60 степени и се потопуваше во течен восок. Така се затвораа порите во материјалот
Ново, но веќе видено: 1. Инструментите се комплетно превземени од Passat CC... 2. ... исто како и контролите за клима-уредот; 3. Новитет во Golf е радарскиот темпомат - преземен од Tiguan
ви чекори во подрачјето на алтернативните погони. Кај новиот Golf, на експертот не му се допаѓа тоа што уште од самиот старт не се нудат уште помали и уште поштедливи мотори. Планираниот трицилиндарец со зафатнина од 0,9 литри ќе се појави подоцна, а хибридниот Golf, со комбинација од бензински и електромотор, има старт најавен за 2009/2010, а тоа е веќе предоцна. Хибридите се тема на која што Мартин Винтеркорн не троши премногу зборови. Тој не ја сака посебно оваа техника, но пред се не сака да заостанува зад лидерот на пазарот на хибридите Toyota. „Ќе има хибрид и кај нас“, пишува тој во материјалите за печат. И веднаш дополнува: „Но, верувам дека исто како и досега сме во чекор со времето со нашите мали TSI и TDI мотори.“ Шефот на VW е во право: моторите TDI веќе со години се репери
кога се работи за спој на штедливост и добро ослободување на сила; и со техниката TSI за бензинците, VW беше прв што успешно го спроведе т.н. Downsizing. Се намалува работната зафатнина на моторите, дополнително се
Многу простор: Во споредба со претходникот, 30 проценти повеќе простор во внатрешноста. Новиот систем за загревање и ентилација брзо ја загрева внатрешноста, независно од брзината на возење Помалку агли: Каросеријата на втората генерација е далеку потркалезна отколку на претходникот. Производството беше делумно роботизирано
VW Golf III Каросеријата на третата генерација е уште потркалезна отколку на претходникот. Golf III се продаваше со мотори од 1,4 до 2,8 литри
Безбедно возење: Како прв автомобил во класата Golf III издржа фронтален судир со 56 и страничен судир со 54 km/h. Така ги исполни строгите безбедносни норми во САД
користи турбо и компресорско натполнење и се добиваат примерни перформанси при ниска потрошувачка. На купувачите не им требаше долго време да се навикнат на тоа, денес дури и големиот Passat се продава со малиот
Модернизирана внатрешност: Кокпитот е темелно преработен за уште подобро да го информира возачот. Десно од воланот таблата се заоблува кон возачот Мат црвена: Проблеми со квалитетот имаше со моделите од 1992 до 1999 година. Посебно црвениот лак го некое време го губеше сјајот и избледуваше AUTO FOCUS АВГУСТ 2008
15
Најважните бројки на VW Golf
188.938,88
1,4-литарски мотор. И преработените мотори на Golf го покажуваат потенцијалот на техниката на Downsizing: Со 6,3 литри според EU нормата, Golf 1.4 TSI со 160 КС не само што троши помалку од основниот модел со 80 КС и стандардна техника, туку ја спушта потрошувачката во споредба со стариот Golf 2.0 FSI со 150 КС за 1,6 литри на 100 километри. Тоа се решенија по вкус на Винтеркорн, решенија што се препознатливи за германското инженерство: Не се става во прашање концептот на автомобилот, туку се подобрува постоечкиот систем, и тоа до што повисоко ниво. Или поедноставно: Купувач на VW, значи купувач на Golf, треба да го вози неговиот автомобил без потешкотии и не мора да размислува дали и каде мора да полни посебни сорти на погонско
евра чинеше шестгодишен Golf, што му припаѓаше на поранешниот кардинал Јозеф Рацингер, а на сегашниот Папа Бенедикт XVI. Онлајн казиното Golden Palace од Остин во американската сојузна држава Тексас го доби автомобилот со сива каросерија. Претходниот сопственик бил 21-годишен Германец, кој го купил автомобилод од Рацингер за 9500 евра.
820 килограми тежеше првиот Golf GTI од 1976. Актуелниот GTI од 2004 година, со 200 КС, тежи 1336 килограми.
660.000 автомобили годишно, тоа е продажниот план за новиот Golf.
50 часа траеше производство на еден Golf V. Тоа беше на стартот на моделот во есента 2003. До денес времето се скуси на помалку од 30 часа. Новиот модел ќе излегува од лентата најдоцна по 25 часа.
900.000 примероци, за книгата Generation Golf од Флориан Илиес, во која авторот ги опишува доцните осумдесети и раните деведесети години, времето во кое што порасна Генерацијата Голф
2010 Напуштена работа: Хромираната маска на Passat гориво. Затоа е речиси револуција тоа што VW ќе го испорачува Golf од фабрика и со систем за погон на течен гас, се разбира малку подоцна, но ќе се случи. Исто така се работи на Golf со погон на земјен гас, со турбомотор. Пред неколку недели Винтеркорн го претстави Golf Twin Drive: Хибриден модел што дополнително се полни на
во март, за тогаш се планира кабриолетот на база на Golf VI. Петтата генерација не се појави во гола изведба
1202 километри, помина возач со актуелниот Golf Blue Motion - без дополнување гориво. Тоа дава просек од 4,6 литри на 100 километри за штедливата верзија со 1,9-литарски дизел со 105 КС
5000 примероци, се планираа за првиот Golf GTI, кој се појави во 1976 и беше замислен како специјална серија. Но, автомобилот со 110 КС и крајна брзина од 182 km/h постигна огромен успех и беше тргнато ограничувањето на продукцијата
3,75 евра, чини набавката на рачката на менувачот на новиот VW Golf. Тоа е за речиси две евра поевтино отколку во актуелниот модел - и изгледа многу поубаво
26.000.000 приближно толку примероци досега се имаат произведено со ознаката Golf. Со тоа уште сега е еден од најпродаваните автомобили на сите времиња
16
AUTO FOCUS АВГУСТ 2008
приклучок за струја. „Се згазив од смеење“, реагира Фердинанд Дуденхофер. „Twin Golf требаше да го направат уште пред пет години.“ Проблемот лежи во долгите развојни периоди во индустријата. „Пред две, три години никој не го очекуваше екстремното сценарио со цената на нафтата“, коментира Мартин Винтеркорн. Кога почна проектот за новиот Golf, горивото се продаваше речиси половина поевтино. Но, високите цени на горивата се само еден проблем на шефот на VW. Другата се трошоците за производство. Волфсбург не е најевтната локација за производство на автомобили. Напредната техника на моторите и на подвозјето на Golf дополнително ја влошува работата, а сега и внатрешноста е поквалитетна. Но, и покрај повисокиот квалитет што се забележува во детаљите, производството не е поскапо од претходникот. Во новиот Golf лежи целата љубов на Volkswagen кoн автомобилите. Дизајнерите и конструкторите што го ставија автомобилот на техничката основа на претходникот, но целосно го променија во детаљите, први ја завршија својата работа. Потоа беше на ред продукцијата, да обезбеди дека нежните линии, што се провлекуваат по крилата и вратите или во предните и задните светла, ќе
И С ТОРИЈА
VW Golf IV Во август 1998 стартуваше со целосно поцинкувана каросерија
Како секој Golf досега: Со Дебел заден носач, остро пресечен опаш и строго кутиеста форма. Тоа што повеќе плени од формата е прецизноста во изработката
Препознавање: Основниот концепт остана непроменет. Се уште се забележува широкиот заден столб
Прегледно: Кокпитот на четвртата генерација е јасно поделен. Со доплата можеше да се добие систем за навигација Чувствително: Бидејќи притисокот од трошоците беше се поголем и се вградуваа се повеќе електронски помагала, и Golf IV имаше неколку бубалки
VW Golf V Актуелниот модел беше претставен во август 2003. Се нудеа по два бензински и дизелски мотора, со сила од 75 до 140 КС
Челична облека: Петката е првиот големосериски автомобил со компетно челична каросерија. Каросеријата има варови во должина од 70 метри Кокпитот стана посложен. Многуте прекинувачи и инструменти им нудат комфор и информации на патниците
Рекордер: До крајот на 2007 Golf се произведе во 25.066.154 примероци. Никој друг автомобил во Европа се нема произведено во толкав број
Golf V мораше да отиде во пензија: Поради скапото производство и малиот профит на куќата преминуваат совршено една во друга и во големата серија, кога дневно ќе се произведуваат по 4.000 парчиња од Golf, Golf Plus и Golf Variant. Но, најтешката работа ја има Кристијан Клингер, кој на 1. август
го презеде ресорот за продажба во VW. Новиот Golf ќе почне да се продава во октомври, со цена од 16.500 евра во Германија, што е за 300 евра повеќе од стариот модел, но затоа ќе има повеќе опрема, на пример, сериски дневни светла и
воздушна перница што ги штити колената на возачот. Значи цената останува речиси истата. Но, Volkswagen сепак ќе штеди со новиот Golf. Во споредба со актуелниот модел, трошоците по возило се пониски за 1.165
евра. Заштедата е постигната со укинувањето на четиридневната работна недела, со поевтина набавка на материјали и со повисока продукција. Со тоа целта од раното исфрлување на шестата генерација е исполнета. �
ТЕ Х Н И Ч КИ П О Д АТО Ц И Мотор Зафатнина [cm3] Силина [kW(KC)/min] Вртежен момент [Nm/min-1]
1.4
1.6
1.4 TSI
1.4 TSI
2.0 TDI
2.0 TDI
1390
1595
1390
1390
1968
1968
59(80)/5000
75(102)/5600
90(122)/5000
118(160)/5800
81(110)/4100
103(140)/4200 320/1750
132/3800
148/3800
200/1500
240/2000
250/1750
Забрзување 0-100 km/h [s]
13,9
11,3
9,5
8,0
10,7
9,3
Крајна брзина [km/h]
172
188
200
220
194
209
6,4 (-0,5)
7,1 (-)
6,2 (-0,1)
6,3 (-1,6)
4,5 (-0,6)
4,9 (-0,6)
Потрошувачка [l/100 km] *
* Просечна потрошувачка; Вредност во заграда - намалена потрошувачка во споредба со Golf V)
AUTO FOCUS АВГУСТ 2008
17
ТЕСТ Mazda2 1.5i GT
Ниска потрошувачка звучи убаво. Но, таа бара лесни и скапи материјали, и малечки, скапи мотори со турбонатполнење. Така велат другите. А Mazda2 троши помалку, иако не чини повеќе од другите. Кој лаже? 26
AUTO FOCUS АВГУСТ 2008
Ново и старо: Двојката ја претставува новата школа на помали и полесни автомобили
НИ СЕ ДОПАЃА Моќен мотор во мала каросерија Пакетот на опрема разгалува
Добри возни својства Лесно ракување НЕ НИ ПРЕЧИ Клупата не се соборува по преклопувањето; постојат доставни служби
НЕ НИ СЕ ДОПАЃА Висок товарен раб на багажникот
Вратите немаат пластични панели за заштита од гребење
Н
а производителите не им е лесно. Од една страна се бараат уште поштедливи автомобили, што помалку валкаат наоколу. Другата страна бара автомобилите да стануваат се побезбедни и покомфорни. Или, барем, да останат на постоечкото ниво, бидејќи ретко кој купувач ќе се задоволи со помалку. Непишаниот стандард бара што е можно повеќе ѕвезди на краш-тест, повеќе простор во кабината и опре-
ма што разгалува, од типот на клима-уред, електрика на прозорците или приспособлива внатрешност. Како резултат од тоа, автомобилите од сите марки, со секоја нова генерација стануваат се поголеми и потешки. Иако паралелно со тоа се врши и постојано усовршување на технологијата на моторите во насока на зголемување на нивната ефикасност, потрошувачката паѓа незабележливо. Тука може да помогне само едно:
Слабеење. Автомобилите мора да ослабнат. Но, тоа е скапо и секој производител не сака или не може да си го дозволи тоа. Mazda заграби длабоко во касата и наложи лесна конструкција за новото малечко возило. Дури, отиде и уште подалеку: Спротивно на трендот што ги прави автомобилите се поголеми, овој на Mazda е помал од претходникот. Закоравените вљубеници во Mazda2 веројатно нема да се затр-
чаат по новиот модел. Место висок и неугледен микрован, новакот повторно е малечок автомобил од класичен крој. А тоа ќе ги радува сите други и ќе и донесе на Mazda повеќе купувачи отколку што успеваше претходникот. Но, новата привлечност на Mazda2 не се состои само во менувањето на концептот. Новата Mazda2 не е какво било автомобилче што се губи меѓу другите, туку е исклучително забележливо и убаво на око. Додека другите малечки се надувуваат за полесно да им се спротивстават на заострените директиви за заштита на пешаците и така губат секаква нежност и привлечност на формата, Јапончево изгледа речиси кревко. Благодарноста за тоа треба да се адресира до главниот дизајнер Икуо Маеда, кого го познаваме и како создавач на линијата на Mazda RX-8. Затоа се толку очигледни сличностите на Mazda2, исто како и на новата Mazda6, со освојувачкото купе со ванкел мотор и четири врати. Најпрепознатливите белези на фамилијарната сродност се модулираните предни крила и впечатливо клинестата странична силуета, дополнително нагласена со стрмното искачување на долниот раб на прозорците. Внатрешноста, а посебно арматурната табла, исто така ги цитира познатите модели на Mazda. Воланот прв пат го видовме во MX-5, а последен пат во Mazda6, издадената средишна конзола што ја носи рачката на менувачот потсетува на компактниот ван Mazda5. Секако дека ваквата положба на AUTO FOCUS АВГУСТ 2008
27
рачката на менувачот помага да се скусат неколкуте километри што ги поминува дланката при префрлувањето меѓу воланот и менувачот при секое возење, но затоа и десното колено на возачот почесто е во контакт со навнатре повлечената средишна конзола. Забелешка и за отсуството на можноста за надолжно местење на воланот. Затоа, возачот секогаш мора да седи за педа понапред отколку што е потребно. Апсолутно нема простор за забелешки во поглед на квалитетот на завршната обработка и на материјалите. Барем кај арматурната табла. Пластиката во вратите по малку отстапува од нивото на автомобилот, но тоа е данок на сла-
1
2
3
4
1. Посебноста на кокпитот повеќе е во извлечената средишна конзола со рачката на менувачот на неа отколку во дизајнот; 2. Се во знак на кругот. Команди на волан се реткост кај малите; 3. Случајност? Изгледа како Мики Маус; 4. Пакетот GT разгалува: Електриката за задните прозорци е најневината луксузна работа во Двојката беењето. Штосен детаљ е отворот за протнување магазин или патен атлас во капакот на совозачката касета, практичен и за мали предмети, што само се пуштааат низ отворот, без потреба од отворање на целиот капак. Главниот простор за товарање е
одзади. Багажникот мери 250 литри, доволно за три гајби пиво или за багаж за преку викенд за двојка. Трансформацијата од патнички во товарен простор, задната клупа ја врши само со соборување на потпирачите за грб. Не се преклопува нанапред, и се добива нерамен
Со багажникот не може да им пркоси на поголемите во класата: Клупата се соборува, но не се преклопува нанапред, отворот на багажниот се стеснува 28
AUTO FOCUS АВГУСТ 2008
под, па потешките предмети не може да се лизгаат по него при товарањето. Дополнително отежнување за робусните предмети ќе биде тоа што отворот на багажникот не е меѓу најголемите и долниот раб е висок. Но, зарем денес постои сериозен продавач на телевизори или бела техника што не испорачува до дома? Отворот е изрежан нешто повисоко заради постигнување повисока крутост на каросеријата. А тоа сепак е многу поважно. Во споредба со претходникот, каросеријата е за четири сантиметри покуса и за 5,5 сантиметри пониска. Или попрецизно, за 14,5 сантиметри е покуса од Peugeot 207. Кога со ова сознание ќе се седне одзади, следува изненадувањето. Комотна клупа, добро контурирана, на соодветна висина и со соодветно висок потпирач за грб. И секако, со пријатно просторно чувство – доколку патниците се високи до 1,80 метар. Сепак, не смее да се очекуваат чуда. Во комбинација со примената
на челик со висока цврстина, тежината на Mazda2 се намали за десетина проценти. Што значи, за 100 килограми. Со најсилниот мотор од 1,5 литри, и опремата што следува со него, Mazda тежи само 1.035 килограми. Најлесната Opel Corsa тежи 1.100 килограми, а најслабиот Peugeot 207 покажува на вага дури 1.213 килограми. Со текот на годините, Mazda изгради имиџ на марка спортски автомобили. Исклучок од тоа беше старата Mazda2, со форма како кутија за кондури. Во новата генерација, и најмалечката Mazda држи чекор со поголемите браќа. Платформата е развиена во Европа, а подвозјето се дотеруваше во развојниот центар во Оберурсел, во близина на Франкфурт. Дека тоа не е многу далеку од Нирбургринг, се забележува уште во првите метри со Mazda2. Управлив, лесен во колената, предвидлив и неверојатно агилен во свијоци, автомобилов нуди доза на автомобилско уживање што во класата ја има само кај Mini и спортските деривати OPC или RC.
НАША ОЦЕНА КАРОСЕРИЈА Дизајн ««««« Секоја пора од каросеријата зрачи со пораката дека ова е Mazda од новата генерација, со истите белези како родстерот MX-5 или семејната Шестка. Јапонскиот дизајн како предност Просторна понуда ««««« Просечноста тука е пофалба: иако е покуса, нуди исто колку другите. Привикнување на контактот на десното колено со конзолата и чешање на темето од таванот за повисоки од 1,80 m назад Опрема ««««« Вистинско расипништво: греење на седишта, собирање на ретровизори, команди на волан. Смирувачки: и со таквата опременост, Mazda2 GT е далеку поевтина од споредлив Clio Безбедносна опрема ««««« Контрола на стабилност во оваа класа е за секакво поздравување, повеќето марки не ја нудат ниту со доплата. Максимално ниво на безбедност
1
2 Со комбинацијата од леснодно, но прецизно сервоуправување со електрична поддршка, и стегнато дотерување на подвозјето, малечкото ненаситно ги проголтува свијоците и серпентините на патот. Иако подвозјето ретко ќе покаже слабост, Mazda сериски е опремена со програма за стабилност во верзијата со 1,5-литарецот. И покрај спортското дотерување и кусиот од на пружините, возењето е комфорно. Единствено неколкугодишните ударни дупки се пренесуваат до кабината и тоа во придушена форма, придружено со звуци на тропање од подвозјето. За комфорот придонесува и тивката звучна заднина, од моторот, но и од подвозјето и од струењето на ветрот. Топ моторот од 1,5 литри, работи со варијабилна фаза и со варијабилна вшмукувачка гранка, развива 103 КС и ја забрзува Mazda за 10,2 секунди до темпо 100. Звучи добро, се чувствува уште подоб-
1. Со смелоста во дизајнот не заостанува зад купето RX-8 или зад поголемата Шестка. Испакнати крила и долги светла; 2. Грижа за детаљи: Магленките во посебно куќиште
ро. Четирицилиндарецот лесно ја залетува Mazda и така пречи помалку што расположението на моторот за вртење попушта во последната третина од работното подрачје. И главната цел: 7,2 литри. На нормираната рута на Auto Focus, меѓу другото вклучувајќи брзински етапи по автопат или возење во работен шпиц. Со 103 КС. Така инженерите го оправдаа трудот во третманот за слабеење на Двојката. Значи, Mazda не е таа што лаже. Дали се оправдува цената од петнасетина илјади евра? Ако во неа, покрај 103 КС се вклучени уште и греење на седиштата и собирање на ретровизорите, или ЕЅР и автоматска клима, тогаш одговорот е да. Без двоумење. Бидејќи тука не се купува возилото, туку се инвестира во иднината. Со потрошувачка и напредниот концепт, Двојката ќе може да вози уште долго време. Па зошто тогаш да не биде и максимално комфорно. �
ЗАКЛУЧОК Mazda е на вистинскиот пат со новата Двојка: Автомобилите мора да станат поштедливи. Но, не со измислување нови и скапи технологии, туку со промена на ставот. Предноста од 100 килограми не само што го растоварува моторот, туку дозволува и подвозјето да работи за нијанса помеко и секако го подобрува однесувањето на возилото на патот. Значи, подобро возило во секој поглед. Уште подобро: Двојката штеди, но не го губи карактерот. Останува вистинска Mazda.
Багажник ««««« Не е најсилната страна, отворот е тесен, долниот раб висок, волуменот за дваесетина литри помал отколку кај конкурентите. Данок на покусата каросерија
ВНАТРЕШНОСТ Ергономија ««««« Дамка само кај отсуството на длабинско местење на воланот, се друго е подредено на стандардите за лесно и прегледно ракување Завршна обработка ««««« Квалитетот на изведените споеви е беспрекорен, разиграност со различна структура на арматурната табла, но недостасува повеќе боја и сјај. Горната половина на вратите од груба пластика Седишта ««««« За нијанса над просекот, нема да предизвикаат тегоби на долго патување, но подолга седечка површина и повисок потпирач ќе ги радуваат повисоките возачи Практичност ««««« Во кабината се издвојува со отворот во совозачката касета и многуте други прегради, но заостанува во багажникот со неможноста за преклопување на соборената клупа нанапред
ТЕХНИКА Мотор ««««« Голем мотор во малечок автомобил прави чуда, а Mazda2 не е исклучок. Може да биде див или исклучително кроток, лесно се носи со тежината (10 kg на 1 КС), безчуен во лер, култивиран Менувач ««««« Стратегија на Mazda се долгите преносни односи во последните степени на пренос, при спортско возење се влегува во свијоци или со премногу или со премалку вртежи. Механиката беспрекорна Комфор ««««« Пониската тежина им ја олеснува работата на пружините, затоа се помеки, прифатливо ниво на бучност до темпо 140, над тоа моторот веќе настапува со спортски резок звук Возни својства ««««« Уште една придобивка од пониската тежина. Лесно местење пред свијок, нечувствителен на промена на правец во слалом, директно управување, ЕЅР се вклучува меко и доцна
ТРОШОЦИ Потрошувачка ««««« Тешко е со спортска машина да се вози економично, но прифатливиот вртежен момент на моторот при ниски вртежи дозволува и штедливи етапи на патувањата, за потешка нога се бара надомест од 10 литри Цена ««««« Со петнаесетината илјади евра, GT влегува во ресорот на поголемата Тројка. Сепак, не се работи за обичен автомобил, туку за спортски специјалист, кој со 100 kg помалку и со 103 КС ги следи оние со 20 КС повеќе. Но, не и со потрошувачката AUTO FOCUS АВГУСТ 2008
29
MAZDA2 1.5i GT ЦЕНА
14.590 €
Вид на возило: мотор напред, погон на сите тркала, 5 седишта, комбилимузина со 5 врати Сериска опрема: автоматски клима-уред, автоматика на светла, радио со команди на волан, патен компјутер, магленки, кожа на волан и менувач, алу-бандажи 16 инчи, греење на седишта, пристап и палење без клуч Избор на дополнителна опрема: металик лак 350 евра
ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО Резервоар: 43 l Град: 7,6 l/100km Пат: 4,9 l/100km
ВОЗИЛО
На тест: 7,5 l/100km ВНАТРЕШНОСТ
ТЕЖИНА И ДИМЕНЗИИ
БЕЗБЕДНОСНИ СИСТЕМИ Воздушни перници за возач и совозач, странични воздушни перници и воздушни завеси
Празно возило: 1035 kg
ДОЗВОЛЕНА ТЕЖИНА: 1485 kg
Специфична тежина: 10,0 kg/КС
ТЕЖИНА НА ПРИКОЛКА: со/без сопирачки 900 / 500 kg
ДИМЕНЗИИ (во cm) НАПРЕД - Глава: 101, Нозе: 79-104, Рамо: 143 НАЗАД - Глава: 90, Нозе: 60-86, Рамо: 140 ПРАКТИЧЕН БАГАЖЕН ПРОСТОР (во cm) Најголема должина: 132 Мирина меѓу поткрила: 100 Висина на товарен раб: 72 Зафатнина (во литри): Со исправена задна клупа 250 Со соборена задна клупа 787 МОТОР
ПОГОН
Со запчеста летва, електрична поддршка Кругови меѓу крајните положби: 2,7 Круг на вртење: 9,8 m
4 цилиндри во линија, блок и глава од алуминиум Пречник и од 78 х 78,4 mm Работна зафатнина 1498 cm3 Степен на компресија 10,0:1 Напојување со гориво: индиректно вшприцување Вентилски механизам: 2 брегасти оски во глава, 4 вентили по цилиндар, со променлива фаза на вшмукувачки вентили Силина 103 KС при 6000/min Вртежен момент 137 Nm при 4000/min Лимитатор: 6600/min
Пренос на сила: 5-степен мануелен менувач Краен преносен однос: 4,105
Напред: независно, попречни водилки, долни триаголни водилки, стабилизатор Назад: торзиска оска ТРКАЛА + ГУМИ Големина на тркала/вид: 6,5J x 16 / алуминиум Гуми: 195/45 R16 Резервна гума: компактна, под багажник
km/h при max. силина
1
3,416
7,82
51,61
2
1,842
14,5
95,7
3
1,290
20,71
136,69
4
0,972
27,49
181,43
5
0,775
34,48
227,57
6
-
-
-
Заштита на возрасни ««««« (34 поени) Заштита на деца ««««« (37 поени) Заштита на пешаци «««« (18 поени)
Одржување
резервни делови
ГАРАНЦИЈА
ФИНАНСИРАЊЕ1)
Редовен сервисен интервал: 10.000 km / 1 година Цена на редовен сервис: 4.383 ден. Промена на масло во мотор: 10.000 km Регистрација: 13.950 ден.*
Алтернатор 29.822 ден.; Заден издувен лонец 12.572 ден.; Предно светло, комплет 15.832 ден.; Сопирачки плочки, напред 5.445 ден.; Сопирачки дискови, напред 4.162 ден.; Предно крило 8.936 ден.
На техника: 3 години/100.000 km На каросерија: 12 год. од корозија/ 3 год. на лак
Учество: 1.459 евра Висина на рата: 248,11 евра
* При регистрација во Здружение на возачи - Скопје
БУЧНОСТ
КРАЈНА БРЗИНА
2,2
СЕКУНДИ
40
БРЗИНА
СОПИРАЊЕ
37,0 m незагреани
AUTO FOCUS АВГУСТ 2008
4,1 60 50 m
6,4 80 37,0 m загреани
9,6 100
1) Хипо Лизинг, учество 10%, отплата на 72 рати
(dB/A)
188
13,5
km/h
120 50 m
ЕЛАСТИЧНОСТ 3. степен 60-100 km/h: 5,5 s 4. степен 80-120 km/h: 7,1 s
72
70 ПОМИНУВАЊЕ
Напред: 258 mm дискови, вентилирани Назад: 200 mm барабан
EURONCAP
km/h при 1000/min
100 km/h 6 степен
Хидрауличен систем за сопирање, АВЅ, ВАЅ
ПЕРФОРМАНСИ
ПРЕНОС
ТРОШОЦИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ
СОПИРАЧКИ
30
СТЕПЕН
55 МЕСТО
ПОДВОЗЈЕ
ВОДЕЊЕ НА ТРКАЛАТА
ПОГОНСКА СПРЕГА
УПРАВУВАЊЕ
AUTO FOCUS АВГУСТ 2008
31
ТЕСТ Honda CR-V 2.0i i-VTEC
Н
ешто не е во ред со светов. Сé повеќе автомобили изгледаат како теренци, а сé помалку се способни да возат настрана од асфалтираните патишта. Од теренците се бара комфорно да крстосуваат по патот, место беспоштедно да кршат оски по карпите. Honda сака повторно да ги донесе работите во
ред и го продава својот CR-V како On-Road-SUV. Односно, како теренец што не е теренец. Ниту риба, ниту девојка. Секако дека не е доволно на возилото само да му се залепи етикета што се разликува. CR-V е поразличен и со изгледот. Шефот на цртачите на Honda во Офенбах, Акио Фумири, објаснува зошто е
така: „Од наше гледиште, созреа времето за посовремен, свеж дизајн“, и зборува за импозантниот нос, за моќниот опаш и за страничните прозорци како кај купе. CR-V е пооригинален од милијардата други теренци на пазарот и не здосадува по две минути кога возачот ќе посака да го паркира и да го гледа оддалеку. Тој што ги
има гледано претходните две генерации на Honda, а веројатноста за тоа е голема со 2,5-милионската серија, ќе воочи дека на задниот капак недостасува резервното тркало. Сега тоа е преселено под багажникот, во намален формат. Со помали димензии се појавува и каросеријата. Очигледно и на Honda и се гади да ги продава по-
1
38
2
1. Се разликува од другите теренци: Затоа што повеќе сака да изгледа како комби со повишен клиренс. Иако изгледа поцивилно, доволно е способен и за во дивина AUTO FOCUS АВГУСТ 2008
НИ СЕ ДОПАЃА Богата опрема Лесна управливост, пријатен комфор
Практичен, приспособлив багажник НЕ НИ ПРЕЧИ Слабите теренски способности: погонот на сите тркала повеќе ќе користи на дожд и снег отколку за карпи НЕ НИ СЕ ДОПАЃА Скротениот карактер на моторот
Изгледот на арматурната табла подзастарува
Теренец не смее да се пропушти. Сите ги продаваат, сите ги сакаат, сите според истиот крој. Јапонците го спакуваа својот CR-V во шик ламаринен костум. Не само што изгледа како автомобил, туку и се вози како автомобил големите димензии како напредок на автомобилот. Многу повеќе е за почитување тоа што внатрешноста продолжува да нуди многу простор. Седнувањето не е придружено со процедура, човек не мора да се качува до седиштето, ниту пак да паѓа врз него додека внимава да не ја закачи главата од покривот. Чудно, но токму оваа привилегија при седнувањето, типична за лесните теренци, е заслужна за големата симпатија кон нив. Нема причина симпатијата да попушти зад воланот на CR-V. Околу широките и комфорни фотелји напред, кои уште еднаш покажуваат дека една од работите што смее да се очекуваат во секоја Honda се добри седишта, распоредени се материјали вообичаени за средина што ја оценуваме како средена и прегледна. А тоа значи, здодевна.
Површините се едноставни, премногу рамни и геометриски точни, темните за нијанса пресјајни, метализираните за нијанса пребледи, инструментите скромни. Нема причина за сомневање дека сето ова ќе остане во едно парче и по десетина години, возењето е ослободено од непријатни звуци, но експериментите со кои што Honda на неколку пати не плашела, никогаш не ни недостасувале повеќе. Затоа, уште повеќе ќе им се израдуваме на рачките во вратите што изгледаат како огромни курбли за отворање прозорец, на капакот на совозачката касета што се крева како ролетна или на рачката на паркирната сопирачка како акцелератор во Boеing. Токму последнава рачка е заслужна за големата искористливост на конзолата меѓу седиштата. Под лактите има
Дизајнерите со предизвик: Да нацртаат теренец а да не изгледа како кутија. Разиграна форма на маската, задните стакла како кај купе
AUTO FOCUS АВГУСТ 2008
39
2
дава 150 КС и во возењето покажува двоен карактер: Исклучително флексибилен при ниски вртежи и поагилен во горното подрачје на вртежи. Со подолго држење во игра на поблагите брегови на i-VTEC може да се помине со помалку од десет литри на секои 100 километри и поради тоа изборот на бензинецот нема да се толкува како грешка. Недостасува само малку повеќе пареа во средното подрачје на
1. Секогаш при рака: Рачката на менувачот е поставена совршено; 2. Како во Boeing: Најуспешен експеримент со рачна сопирачка досега; 3. Јасно и прегледно, дури и премногу: Повеќе живост не ќе е на одмет... 4. ...Како на пример кај рачките во вратите како предимензионирани курбли за прозорец; 5. Се подконтрола: Ретровизор за задна клупа
4
Лево, уште по бројачот на вртежи се препознава дека напред работи бензинец. Необично за еден теренец, па макар бил и спортски. Поради предрасудата дека ќе троши премногу. Таа ќе живее се додека не се прочита ознаката i-VTEC. Дволитарецот напред е развиен од 1,8-литарскиот мотор од Civic,
5
вртежи. Моторов или е тркач, или е штедливец, средина нема. Пријатно изненадување е комфорната страна на подвозјето. Иако потпираат тешко парче метал, пружините лесно го филтрираат немирот на тркалата од нераминините на асфалтот. Со благите потреси на каросеријата, возењето повеќе личи на лесен компакт отколку на камион. Ваквото однесување е повеќе резултат од добрата усогласеност, отколку од изборот на мека карактеристика на пружините и амортизерите. И како резултат од тежиштето што е за 25 милиметри подолу од порано: Затоа и подвозјето не бара тврдина. Како теренец што претежно вози на предните тркала, CR-V лесно подуправува во свијоците. Предните тркала со лесно шкрипење му
1
огромна преграда, голема за 24 кутии CD, што се користи неверојатно практично поради ролетната озгора. Така се оневозможува преградата да се интегрира со потпирач за рака, но кому ќе му смета тоа: Потпирачите за рака се закачени на седиштата. Практичната нота се провлекува се до задниот капак. Со отстранливата полица багажникот се дели на два ката, за дизајнерските куфери да се сокријат од погледи, а почесто користените предмети да бидат лесно достапни озгора. Багажникот не капитулира лесно пред транспортните задачи. По брзото соборување на клупата се создава магацин во кој собира два велосипеда. Без извадени предни тркала. Недостасува само можност за отворање на стаклото во задниот капак. И покрај тоа што покривот се спушта во лак, патниците во вториот ред добиваат доволно слободен простор над главата. За дополнително да се зголеми уживањето, клупата се дотерува по должина, се мести и аголот на потпирачот за грб, а средишниот дел од клупата се спушта како потпирач за рака. Практичен ефект од поделбата 40:20:40 е што соборувањето на средниот дел користи при превоз на долги предмети, скии на пример. Поради толкуте посебности што се откриваат во секој агол од возилото, стартувањето со возењето на CR-V се оддолжува. А по враќањето зад воланот, тука пречекува уште еден пропуштен момент: Рачката на менувачот што се чини како да лебди над издадениот дел од средишната конзола. Покрај тоа што ракувањето со менувачот се сведува само на преместување на дланката, практично без шетање со лактот, ваквата положба има и практична корист. Кусата средишна конзола остава повеќе простор за нозете и можност за слободно преминување од левото на десното седиште.
40
AUTO FOCUS АВГУСТ 2008
3
НАША ОЦЕНА КАРОСЕРИЈА Дизајн ««««« Во основата е комби со поголем клиренс, изгледа така и не глуми непопустлив теренец, затоа е симпатичен. Свежината попушта наназад Просторна понуда ««««« И покрај скусувањето во споредба со претходникот, владее солидно просторно чувство, вовлечената и куса средишна конзола дополнително го подобрува чувството Опрема ««««« Од двозонска автоматска клима, преку команди за радио на волан до темпомат или собирање на ретровизорите, сето тоа се добива во серија, речиси беспрекорно, нема избор на дополнителна опрема Безбедносна опрема ««««« Стандардна заштита со воздушни перници, ЕЅР и асистенција при сопирање, не се нуди доплата за контрола на притисок во гуми, радарски темпомат и Pre-Safe само за највисокиот пакет, не се исклучува совозачкиoт Airbag
Само едно од многуте практични решенија во Honda. Багажникот е дводелен, заради поголем ред. И соборувањето на клупата оди лесно порачуваат на возачот дека веќе е доста. И ја повикуваат на помош задната оска. Место електронски, системот со две пумпи го регулира погонот на сите тркала преку хидраулика. Секоја оска има своја пумпа, додека оските вртат со иста брзина пумпите не произведуваат притисок. Тој ќе се појави при пролизгување на предните тркала, односно при разлика во брзината на предната и задната оска. Притисокот потоа се пренесува на повеќеламелна спојка, што го поврзува карданското вратило со задниот диференцијал. И се вози на сите тркала. Вклучувањето е меко, речиси незабележливо, со
мало доцнење поради хидрауликата. Иако Honda уште од старт го дискредитира својот теренец и го продава како On-Road-SUV, автомобилот сосема пристојно функционира по земјен пат и дозволува излетот да се направи уште малку подалеку од местото каде што завршува патот. Се чини дека Honda направила мал излет и со цената, CR-V повеќе се ориентира според X3 отколку според RAV4. Не е евтин, но и не е кроен за таков. И конкурентите ќе дојдат до триесетината илјади евра на Honda, со опремата што таа ја има во серија. А, од друга страна, не е надвор од умот да се плати повеќе за Honda. �
ЗАКЛУЧОК CR-V нема никаква допирна точка со теренските возила – какви што ги познаваме. Комфорен, флексибилен и просторен, ги става во сенка повеќето конкуренти. Повеќе е автомобил, отколку камион. Кој е навикнат целата каросерија да се тресе и да скока по патот, и моторот да ечи по целата кабина, ќе биде одушевен од оваа Honda, кога ќе воочи дека возењето теренец не морало да биде придружено со големи отстапки во комфорот. CR-V е оригинален, како ван со поголем клиренс, и тоа функционира одлично.
Багажник ««««« Со 545 литри натпросечно голем, задниот капак се отвора лесно, отворот е голем, товарниот раб низок, површините рамни, багажник како од учебник
ВНАТРЕШНОСТ Ергономија ««««« Кусо привикнување, само спојката е повисоко, одлична положба на рачката на менувачот и на паркирната сопирачка Завршна обработка ««««« Совршено изведени споеви, мазни површини пријатни на допир, единствено окото не го регистрира квалитетот што несомнено е вграден во применетите материјали Седишта ««««« Тука веќе нема сомневање, во Honda се добиваат беспрекорни седишта, со правилна тврдост и добро држење. Покрај формата, одушевуваат и материјалите што дишат и не лизгаат Практичност ««««« Дводелна касета и багажник, минус за откажувањето од посебното отворање на задното стакло и отсуството на ситни прегради во багажникот
ТЕХНИКА Мотор ««««« Слаби вибрации и ниска бучност, посилен вртежен момент се ослободува дури над 5000 вртежи, што е својствено за i-VTEC, се вози или спортски остро или исклучително штедливо, нема средина Менувач ««««« Рачката е во совршена положба во средишната конзола, лесен и прецизен од на менувачот, правилно степенувани преносни односи во согласност со економичниот карактер на моторот Комфор ««««« Отсуствува непријатната крутост што е својствена во класата, се чувствува како многу полесен автомобил, во спој со пријатната звучна кулиса од механиката се доживува пријатна средина Возни својства ««««« За нијанса помекото дотерување на подвозјето дозволува наведнување на каросеријата во свијоци, но без нарушување на стабилноста, просечно однесување, релативно голем круг на вртење
ТРОШОЦИ Потрошувачка ««««« Со спонтано притискање на педалот за гас се вози со помалку од десет литри, дополнително намалување е можно со останување на 2.000 вртежи, но секакво забрзување ќе бара степен подолу Цена ««««« Цената од триесетина илјади евра не го става CR-V меѓу најевтините, но богатата опрема надоместува, солидното реноме на марката го олеснува продавањето како користен автомобил AUTO FOCUS АВГУСТ 2008
41
HONDA CR-V 2.Oi i-VTEC Elegance ЦЕНА
30.990 €
Вид на возило: мотор напред, погон на сите тркала, 5 седишта, теренско возило со 5 врати Сериска опрема: автоматски клима-уред, автоматика на светла, радио со команди на волан, патен компјутер, темпомат, магленки, кожа на волан и менувач, алу-бандажи 17 инчи Избор на дополнителна опрема: Ниво Executive со стаклен покрив и ксенонски светла, Executive Plus со радарски темпомат, cd-changer, бандажи 18 инчи и кожени седишта
ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО Резервоар: 58 l Град: 10,4 l/100km Пат: 6,7 l/100km
ВНАТРЕШНОСТ
ТЕЖИНА И ДИМЕНЗИИ
БЕЗБЕДНОСНИ СИСТЕМИ Воздушни перници за возач и совозач, странични воздушни перници и воздушни завеси
Празно возило: 1569 kg
ДОЗВОЛЕНА ТЕЖИНА: 2050 kg
Специфична тежина: 10,5 kg/КС
ТЕЖИНА НА ПРИКОЛКА: со/без сопирачки 1600 / 600 kg
ДИМЕНЗИИ (во cm) НАПРЕД - Глава: 100, Нозе: 88-109, Рамо: 153 НАЗАД - Глава: 94, Нозе: 59-93, Рамо: 150 ПРАКТИЧЕН БАГАЖЕН ПРОСТОР (во cm) Најголема должина: 143 Ширина на отвор: 139 Висина на отвор: 95
167,5
Зафатнина (во литри): Со исправена задна клупа 524 Со соборена задна клупа 1532
263 452,5
МОТОР
ПОГОН
Со запчеста летва, електрична поддршка Кругови меѓу крајните положби: 2,96 Круг на вртење: 11,8 m
4 цилиндри во линија, блок и глава од алуминиум Пречник и од 81 х 96,9 mm Работна зафатнина 1997 cm3 Степен на компресија 10,5:1 Напојување со гориво: индиректно вшприцување PGM-FI Вентилски механизам: 1 брегастa оскa во глава, 4 вентили по цилиндар, со променлива фаза Силина 150 KС при 6200/min Вртежен момент 192 Nm при 4200/min Лимитатор: 6700/min
Пренос на сила: 6-степен мануелен менувач Краен преносен однос: 5,333 Погон на сите тркала: активен погон Dual-Pump
Напред: независно, попречни водилки, спирални пружини, стабилизатор Назад: независно, две триаголни водилки, стабилизатор ТРКАЛА + ГУМИ Големина на тркала/вид: 6,5J x 17 / алуминиум Гуми: 225/65 R17 Резервна гума: компактна, под багажник
Одржување
резервни делови
km/h при 1000/min
1
3,642
7,03
43,6
2
1,880
13,62
84,37
3
1,212
21,12
130,94
4
0,972
26,34
163,31
5
0,780
32,82
203,48
6
0,659
38,85
240,87
ГАРАНЦИЈА
ФИНАНСИРАЊЕ1)
На техника: 3 години/100.000 km На каросерија: 12 год. од корозија/ 3 год. на лак
Учество: 5.598 евра Висина на рата: 423,09 евра Трошоци за обработка: 495,42 1) Хипо Лизинг, учество 10%, отплата на 72 рати
Заштита на возрасни ««««« (33 поени) Заштита на деца ««««« (37 поени) Заштита на пешаци «««« (13 поени)
БУЧНОСТ
КРАЈНА БРЗИНА СЕКУНДИ
БРЗИНА
СОПИРАЊЕ
2,2 40 38,2 m незагреани
AUTO FOCUS АВГУСТ 2008
2,2 60
4,1 80 50 m
6,4 100 39,2 m загреани
9,6 120
190
13,5
km/h
140 50 m
ЕЛАСТИЧНОСТ 5. степен 60-100 km/h: - s 6. степен 80-120 km/h: - s
68 52
(dB/A) 74 ПОМИНУВАЊЕ
ПЕРФОРМАНСИ
EURONCAP
Напред: 293 mm дискови, вентилирани Назад: 302 mm дискови, полни
42
ПРЕНОС
ТРОШОЦИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ
СОПИРАЧКИ Хидрауличен систем за сопирање, АВЅ, ВАЅ
km/h при max. силина
СТЕПЕН
100 km/h 6 степен
ПОДВОЗЈЕ
ВОДЕЊЕ НА ТРКАЛАТА
ПОГОНСКА СПРЕГА
УПРАВУВАЊЕ
МЕСТО
ВОЗИЛО
На тест: 9,7 l/100km
AUTO FOCUS АВГУСТ 2008
43
Актуелно До каде е евтиниот автомобил?
Производството на евтиниот индиски автомобил Tata Nano никако да земе залет. Конкуренцијата се шегува на сметка на џуџето, но сепак е нервозна, бидејќи нема сличен автомобил
С
ензацијата се случи на почетокот на јануари во Њу Делхи. Во халата број 11 на Салонот на автомобили, необично светнатото автомобилче се качи на бината, а во едвај нешто повеќе од три метри долгата каросерија на Nano седна Ратан Тата, индискиот индустриски тајкун. Моќникот вети дека ќе му го понуди Nano на народот по цена од 100.000 рупии. На автомобилскиот свет му застана здивот: Неверојатно, возило за овдешни 1700 евра! По првичната зачуденост брзо следеше и прашањето: А зошто ние плаќаме толку многу за нашите
50
AUTO FOCUS АВГУСТ 2008
автомобили? Оттогаш се смири целата еуфорија околу автомобилчето. Продукцијата веќе одамна требаше да работи под полна пареа, бидејќи според плановите првите возила требаше да почнат да им се испорачуваат на купувачите во следното зимо. Но, бидејќи работата не го зеде планираниот замав, конкуренцијата ја користи можноста да му остави што подлабоки гребаници во лакот на Nano. „Не ми се верува дека ќе постигне 100 km/h“, коментира менаџер од конкуренцијата. Друг, пак, кој исто така не сака да биде спомнат, ги оценува седиштата
како „столици за кампување“. Со Nano, што доаѓа од грчкиот збор за џуџе, индискиот народ би требало да доживее слична моторизација каква што Бубата им донесе на Германците или Тополино на Италијанците. Бројни Индијци копнеат да ги заменат двете тркала со четири. Тие се свикнати целото свое семејство да го превезуваат на мотоцикл, со децата заглавени пред и зад себе, без кацига и без можност за придржување. Неоспорно, Nano е голем напредок. Возилото дури има и катализатор. Што се однесува до техниката, конкуренцијата може да биде
релаксирана. Ќе поминат долги години додека автомобилите како Nano достигнат зрелост за европските стандарди - пред се во поглед на безбедноста. Се очекува да се изврши краш-тест, но никој не спомнува според која норма ќе се врши тој. Експертите посочуваат дека Nano нема да го издржи тестирањето што е важечко во Европа, меѓу другото и поради тоа што му недостасуваат воздушни перници.
Renault-Nissan веќе реагира
Но, и покрај тоа, браншата е нервозна. Не само поради тоа што
Наноñефектот веќе дејствува Уште не се ни продава, а веќе се јавува конкуренцијата. Renault и Nissan ќе соработуваат со индискиот производител Bajaj Auto во развојот на евтиниот автомобил со интерна ознака ULC. Евтиниот автомобил ќе почне да се продава во Индија во 2011 година, по цена од околу 2.000 евра. ULC (Ultra Low Cost vehicle) е замислен како семеен автомобил. Ќе добие бензински мотор, но кусо по стартот на серијата ќе има и дизелски мотор. За пренос на сила ќе служи четиристепен мануелен менувач“, соопшти шефот за односи со јавност на Nissan, Томо Нагами. Развојот на возилото го превземаат трите производители. „Renault и Nissan ќе го вложат своето долгогодишно искуство во автомобилската индустрија, додека претпријатието Bajaj, освен со познавањата на неговите инженери ќе придонесе и со штедливост, брзина, и со познавањата на индиските купувачи“, дообјасни Нагами.
4
концептот на возилото го усовршија искусни инженери вработени во сопствениот развоен центар на концернот Tata во Англија, или поради тоа што асистираа и германските добавувачи: Bosch ја испорачува техниката за вшприцување на горивото, сопирачките цилиндри и делови од електриката, Freudenberg заптивките, Mahle брегастата оска, Sekurit стаклата, а ZF Friedrichshafen зглобовите. Немирот доаѓа пред се оттаму што се работи за пазар на иднината вреден милијарди, за моторизирање на народот во огромните држави во развој во Азија. Производители-
1
1. Малечок автомобил со голема мисија, да ја мобилизира Индија; 2. Сега е вака, со рикша; 3. Кај евтините автомобили цената е пред безбедноста: кинеската лимузина колабираше на тестот; 4. Марките во Европа не стравуваат од Nano, тука евтините возила се поразлични; 5 и 6. Внатрешноста е мистерија: Вратите секогаш беа заклучени
2
3
5
те од Западот се претставуваат со своите производи во Индија, за да профитираат од очекуваниот автомобилски бум. И се разбира дека нив им пречи домашниот евтин автомобил што се произведува со исклучително евтина работна сила. Renault-Nissan сепак го прифати предизвикот и заедно со индискиот производител на трицикли Bajaj ќе развива мини автомобил - по цена од околу 2.000 евра. Другите претставници од браншата се трудат да го оцрнат индиското џуџе посочувајќи на неговите наводни или фактички слабости во концепцијата. Му се префрлува
6
дека е изработен од тенка челична ламарина, што треба да значи дека нема да издржи долго. Потоа, како управувачки столб се користи обична цевка што е неспоредлива со безбедните конструкции на европските производители. Се забележува и дека на местата каде што другите автомобили имаат завртки или заковки, тука се користат пластични типли и лепак за спојување на одделните компоненти од возилото. На крајот следува и најголемото заплашување за размазените европски купувачи: Tata Nano воопшто не е способен да вози по авто-
пат. Моторчето од 600 сантиметри кубни со три цилиндри и 33 коњски сили (дизелот со 28 КС) брзо губи здив. Со полно оптоварување, што значи со четири патници, може да се постигнат најмногу 80 километри на час. И тоа само на надолнина. Но, на Индијците ова им е повеќе од доволно. Таму автомобилот се користи само за возење во град, а таму Nano може без потешкотии да се носи со автомобилските рикши што возат најмногу со темпо 45. Издржливост? Имајќи ги во предвид лошите патишта, конкурентите предвидуваат дека џуџето тешко само 600 килограми ќе наиде на големи проблеми со моторот и со амортизацијата уште пред да помине 100.000 километри.
Барем дизајнот е успешен
Воопшто не изненадува тоа што автомобил со цена на туристички велосипед од виша класа од европска марка има сопирачки дискови само напред и барабани назад, што се дотерува само возачкото седиште и што климатизацијата се состои во вртење на рачките за спуштање на прозорците. Повеќе зачудува тоа што инженерите очигледно не успеале да го навикнат моторчето на пристојно однесување со горивото, бидејќи неговата жед е релативно висока со фабрички декларираните 4,5 литри на 100 километри. Затоа пак, дури и критичарите му го признаваат успешниот дизајн на Nano и зачудувачки просторната патничка кабина. Сé уште нема ниту едно од овие џуџуња по индиските улици. Но, Ратан Тата вети дека околу крајот на годината ќе се случи и тоа. Тогаш се очекува конкуренцијата да го зададе конечниот удар таму каде што Nano е најчувствителен, во најавената цена од 100.000 рупии. Тоа е нето цена. Без даноци и пренос. До декември се планирани да се произведат 15.000 примероци од Nano - за вистински народен автомобил тоа е премалку. За следната година се планираат 250.000 парчиња. Причината за скромната продукција до крајот на годината: Фабриката во Сингур во близина на Калкута сé уште не е готова. За Ратан Тата да си го сочува образот, каросериските делови од Nano се лакираат во фабриката на Tata во Пуне, во близина на Мумбај, потоа се превезуваат речиси 2.000 километри на исток, и на крајот се монтираат во Сингур. Многу работа за евтиниот автомобил. �
AUTO FOCUS АВГУСТ 2008
51
Развојни прототипи Модели во доаѓање
Автомобил не се прави преку ноќ. Производителите веќе сега ги тестираат автомобилите што ќе се појават во продажба дури по две до три години. Auto Focus уште сега ви ги покажува идните новитети
С
илните компјутерски центри во развојните одделенија на автомобилските куќи се од голема помош при развојот на новите модели. Го забрзуваат развојот, но и го поевтинуваат, бидејќи не мора за секое одделно испитување да се из-
работува нов автомобил, посебно што се работи за рачно изработени уникати. Сепак, симулациите изведени со компјутерски програми не можат да ги заменат во целост пробните возења во реални услови. Прототипите мора да се појават на улица, да
се испробаат во екстремни услови на возење на тркачка патека, на пустински и на арктички температури, на снег и на дожд. Куќите не смеат да си дозволат ниту најситен пропуст во развојот на новиот автомобил: Конкуренцијата ќе го казни тоа. Сé мора да
биде совршено, колку што дозволуваат парите. Во моментов прототипи на неколку десетици различни модели возат по светот. Маскирани, тешко препознатливи, но секогаш интересни за љубопитни погледи.
AMG: Наследник на 300 SL Како нова ѕвезда на небото на Mercedes од 2010 година ќе засвети моделот со крилести врати во стил на 300 SL од педесетите. Автомобилот со алуминиумска каросерија ќе чини 150.000 евра, со високовртежен V8 развиен од AMG. Силата од 580 КС ќе се пренесува на задните тркала преку нов менувач со двојна спојка. Новиот Mercedes со крилести врати ќе забрзува до темпо сто за помалку од четири секунди и ќе вози преку 300 километри на час. На купе-верзијата ќе и се придружи родстер со класични врати во 2011 година.
Mercedes E 63 AMG: Лимузина со 525 КС Во 2009, доаѓа новата класа Е. Подготовките се при крај, се возат лесно маскирани прототипи на AMG. Под хаубата ќе работи V8 од 6,3 литри, со 525 KС, комбиниран со седумстепен автоматик. Спортската верзија се препознава по издувните цевки и формата на предниот браник. Сопирањето го преземаат керамички сопирачки, се разбира со доплата. Новата генерација со интерен код W212 ќе го има напредниот систем за сопирање SBC, чиј обид за воведување во актуелната генерација заврши
58
AUTO FOCUS АВГУСТ 2008
неславно. Со изгледот ќе ги следи линиите на класата Ѕ, но ќе се разликува по правоаголните светла. Понудата на мотори ќе почнува со 1,8литарски четирицилиндарец со компресорско натполнење и 184 КС.
Toyota iQ: Три за три Наесен Toyota ќе го претстави малечкиот iQ што Јапонците го претставија како концепт пред една година. Конкурентот на Smart е долг три метри и нуди простор за тројца патници. За заштеда на простор, резервоарот е исклучително тенок. Како погонски единици во јапонскиот Smart ќе се вградуваат два бензинци и еден дизел.
Peugeot 3008: Осум, три илјади осум Французите развиваат нов модел со бондовска ознака. Ванот 3008, врз база на компактот 308, ќе им го отежни животот на VW Touran и на Renault Scenic. Ќе има седум седишта и лизгачки врати назад. Во серискиот пакет на опрема 3008 ќе има вклучено систем за контрола на притисок во гуми, двозонски клима-уред и аудио-
видео систем. Моторите ќе потекнуваат од регалот на концернот PSA Peugeot Citroen.
BMW серија 5: Благи форми, остра техника
Следната година пристигнува новата генерација на серијата 5, со развоен код F10. Под тешката камуфлажа се кријат многу помеки линии отколку кај постоечката серија. Поради барањата за заштита на пешаци, носот на серијата 5 ќе мора
да претрпи промени, вклучувајќи ја и формата на карактеристичните бубрези. Меѓуоскиното растојание ќе се зголеми за дури десет сантиметри, но од тоа само два сантиметри ќе се пренесат во вкупната должина. Понудата на мотори ќе почнува со познатите дволитарски мотори, и кај бензинците и кај дизелите, а ќе се вградува и осумцилиндарец, со зафатнина намалена од сегашните 4,8 литри, но со турбонатполнење. Топ-верзијата М5 и натаму ќе вози со петлитарски V10 мотор.
Најштедливиот мотор ќе има емисија на CO2 под 100 грама на километар.
Honda NSX: Јапонците се враќаат во трка
На почетокот на 2007 Honda го најави идниот NSX со студијата Advanced Sports Car Concept. На новите фотографии спортското купе повеќе не се појавува со каросерија од родстерот Ѕ2000, туку како маскиран претсериски модел со десетцилиндарец напред. Со силината, петлитарецот ќе се ориентира според Toyota LF-A или Nissan GT-R - што значи дека на NSX ќе му бидат на располагање 500 КС. Изгледот го следи дизајнот на студијата ASC. Под силната камуфлажа се откриваат квадратни издувни цевки поставени една врз друга.
Audi A7: По рецепт на Mercedes CLS Дури во 2009 година Audi ќе го претстави купето А7, наменет за спортски возачи на кои знаменосецот им е премногу обичен. Во стил на Mercedes CLS, Porsche Panamera и Aston Martin Rapide, и Audi има четири врати и типично купеовска линија. Техниката потекнува од новиот систем на заеднички компоненти што го користат А4, А6 и А8. За разлика од А6, купе-лимузината ќе има пневматска амортизација.
Оpel Astra: Не го пушта Golf сам
Веќе следната пролет Opel ќе го претстави новото издание на бестселерот Astra. Компактот со новото лице ќе ја збогати
моделската палета како комби и како купе-кабриолет. Моторите се од постоечката понуда. Под маската се кријат голем преден браник и масивен заден столб. Линијата на покривот изгледа пониска отколку кај актуелниот модел, но тоа му дава динамичност на новиот компакт. Новитет претставува и средишната конзола што навлегува подлабоко во кабината.
Спортската верзија Ѕ7 ќе има четирилитарски V8 мотор, а уште полутата верзија RS7 ќе има V10 со двојно турбонатполнење и 600 КС. Се најавува вградување на нов осумстепен автоматик.
Fiat Topolino: специјалист за град Италијанците се уште не откриваат дали идниот евтин автомобил ќе се продава под марката Fiat или под некоја нова марка. Автомобилот, веројатно со име Topolino, пристигнува во продажба на крај на 2009 или на почеток на 2010, ќе биде покомпактен
од Fiat 500, но со доволно простор за четворица. И моторот ќе биде скромен, двоцилиндарски, кој од 2009 ќе биде срце во малите сегменти. Ќе се произведува во фабриката во Полска, заедно со Fiat 500.
AUTO FOCUS АВГУСТ 2008
59
Превземање решителен чекор Вториот проблем: За префрлувањето на пониско скалило да успее, прво треба да се купи и соодветен автомобил. Дека ситуација на пазарот е променета сведочат малкуте огласи за користени автомобили во дневните весници. Токму кога парите се кнап, многумина се воздржуваат од превземање голем чекор. Тогаш пред очи се само парите што треба да се платат за замена на автомобилот со помал или поштедлив, а парите што стариот ги јаде секојдневно не се гледаат.
Мора малку и да боли Така не е правилно, бидејќи само со решителен чекор може да се дојде до решение што ќе ги намали секојдневните трошоци. Дотогаш остануваат во игра неколку трикови. Да се навлечат потесни гуми, автомобилот да се носи во сервисна работилница каде мајсторот работи за мали пари, или да се игра ризично, да не се плати осигурување на стаклата. Некаде во гаражата стои покриен стар Karmann. Тој се уште вреди, може да се продаде за добри пари. Само, тoa малку ќе боли.
Товар сами на себе Автомобилите стануваат се подебели. Volkswagen Golf во 1974 тежеше околу 800 килограми, актуелниот модел на бестселерот од Волфсбург става 1,1 тон на вага. Покрај тоа, се повеќе споредни агрегати и електронски уреди сакаат да се снабдат со енергија. И покрај сиот напредок во моторната техника, билансот на потрошувачката на современите автомобили е скромен, посебно ако се спореди со напредокот во другите подрачја, на пример во безбедносната техника.
Volkswagen бојадисува во сино за заштеда Во концернот Volkswagen, концептите за штедење гориво имаат долга брада. Во 1981 на пазарот се појавија моделите од серијата Формула Е, дотерани за штедење со бројни мери, меѓу кои и продолжен краен преносен однос во менувачот. Бидејќи заштедата беше скромна, моделите од Формула Е остануваа да фаќаат прашина во излозите се додека серијата не беше прекината. Денес магичниот збор е Blue Motion. Штедливите изведби на Polo, Golf, Passat или Caddy имаат намалена тежина, промени во електрониката на моторот и подобрена аеродинамика. Покрај тоа, имаат и подолг преносен однос во повисоките степени на пренос.
64
AUTO FOCUS АВГУСТ 2008
Производителите работат вредно на нови концепти за штедење гориво. Повeќето техники веќе долго се познати - но, тие се уште функционираат. Мал преглед на моделската офанзива против шокот од цените на горивата
Mercedes и BMW палат и гасат Кај класите A, B и C, Mercedes се потпира на концептот Blue Efficiency. Кај моделот од класата С, тука се подразбира лесна конструкција, во што учествува дури и за 1,2 килограми олеснетото ветробранско стакло. Покрај тоа, во игра влегуваат уште гуми со помал отпор при тркалање, посебни облоги на моторот и на подот на возилото, директно вшприцување на гориво, спуштена каросерија и продолжен краен преносен однос. Со фејслифтот, класата В доаѓа на пазарот со функција СтартСтоп, за автоматско гаснење на моторот при подолго мирување, на пример на семафор, и самостоно стартување по вклучување на зеленото светло. Конкурентот BMW беше побрз: Во рамките на долго подготвуваната програма Efficient Dynamics, сериите 1, 3, но и
Mini, уште сега уживаат во автоматски СтартСтоп, повраток на енергијата при сопирање и цела низа од други мери за штедење гориво.
Blue Motion во шпански превод е Ecomotive Шпанската копија на технологијата Blue Motion се нарекува Ecomotive и носи значка на Seat. Кај Ibiza Ecomotive, под хаубата брботи истиот дизел со 80 КС како во Polo Blue Motion, комбиниран со продолжен преносен однос во менувачот и намалена тежина. Сепак, Seat се откажува од облогите по подот и на ладилникот кои ги има Polo Blue Motion и со кои што се подобрува струењето на воздухот. Според фабричките податоци Ibiza поминува со просечна потрошувачка од 3,8 литри. Нејзината предност: Полесна е од Polo.
Евтин автомобил, евтино возење
Kia доцни, но ќе дојде со сигурност Корејскиот производител Kia го претстави својот концепт за штедење со со студијата Eco_Cee’d, што ќе влезе во сериското производство од 2009 година. Четирицилиндарскиот турбодизел со 115 КС ќе троши во просек 3,9 литри на 100 километри, со автоматски Старт-Стоп и со аеродинамични зафати. Дури и кај евтините автомобили ќе следуваат верзии за штедење гориво. Dacia го претстави Logan Eco2 Concept со потрошувачка од 3,8 литри дизел на 100 километри и емисија од само 97 грами СО2 на километар. Покрај финото дотерување на клиповите, системот за вшприцување и менувачот, тоа го овозможува и аеродинамичкиот пакет за каросеријата.
Третата во сојузот на Volkswagen, Skoda, штеди со серијата Green Line за моделите Fabia и Octavia. Fabia Green Line е базирана на пакетот на опрема Ambiente, каде веќе се вклучени темпомат, климауред и електрика на прозорците. Освен за носачи за багаж на покривот, не може да се нарача дополнителна опрема, за билансот со тежината да не се расипе. Под хаубата, исто како кај Polo Blue Motion, работи дизел со 80 КС, а менувачот е со подолг преносен однос. Чесите ветуваат просечна потрошувачка од 4,1 литри на 100 километри.
Да се одолее на предизвикот Проблемот кај бројните концепти за штедење гориво е што ветената потрошувачка може да се постигне само со челична дисциплина. Како резултат од тоа, некои модели за штедење се откажуваат од клима-уред, што токму кај малите мотори може да ја крене потрошувачката до небо. Другата страна на медалот: При пеколна жештина се реагира со отворање на прозорците. Со тоа се влошува аеродинамиката на автомобилот и се зголемува потрошувачката - иако не во иста мера како со клима-уред. Покрај внимателното притискање на десниот педал, возачот треба да биде подготвен и на неколку мали откажувања. Од комфорот на пример. Препорачаниот притисок во лесноодните гуми на Seat Ibiza Ecomotive, со 2,9 бара напред и 2,7 бара назад, е нешто повисок отколку кај нормалната Ibiza. Помал отпор при тркалање значи и помала потрошувачка.
Колку сме зрели за штедење? За ситуацијата околу моделите со оптимирана потрошувачка се обративме до VW, каде што најмногу ги има овие модели: „Моделите Blue Motion постојат во нашата понуда, но ги немаме на лагер, бидејќи се поскапи од основните. Главниот аспект на понудената линија е екологијата. Бидејќи не постои законска и каква било друга бенефиција од страна на државата за стимулирање на продажбата на еколошки понапредните возила, во моментов немаме причина да ги ре-
кламираме и продаваме“, објаснува Кристина Депо, од одделението за маркетинг во Порше Македонија. „За нашите купувачи VW Blue Motion е недоволно позната линија, и ја разбираат повеќе како дизајнерско естетски концепт отколку како еколошки. Во моментот кога ќе разберат за еколошката цел, клиентите веднаш се откажуваат поради повисоката цена“, ја кристализира ситуацијата Депо.
Прво тренинг со стариот автомобил Кој ќе се реши за модел што штеди гориво, паркира пред куќа пакет со кој може да вози безгрижно. Штедливите модели се за нијанса поскромни од сериските изведби на моделот, но доколку не се приспособи и личниот начин на возење, очекувањата за намалена потрошувачка нема да се реализираат. Совет: Прво проверете дали можете со сегашниот автомобил да постигнете пониска потрошувачка преку внимателно возење. Доколку успеете да го промените стилот на возење, патот до салон ви е слободен.
AUTO FOCUS АВГУСТ 2008
65