Број 18 • февруари 2009
Ford Kuga
тестови
за секој пат...
Honda Insight Peugeot 3008
Opel Insignia
Гром од ведро небо
најевтиниот хибрид на светот
Вистинските освојувачи на женски срца
По малку од се`
Citroen C3 Picasso
Шаи Агаси ќе го преплави светот со електрични автомобили до 2015
Race Touareg 2
Претседателскиот Cadillac
Победоносното оружје на VW
на Барак Обама
Уметност на големо февруари 2009 90 ДЕНАРИ
9 771857 569002
18
КОМЕНТАР Број 18 • февруари 2009
Убавите вести доаѓаат од Македонија Дарко Јаконов Главен уредник darko.jakonov@autofocus.com.mk
Домашните експерти од продажбата на автомобили зборуваа уште одамна: На Македонија ѝ е потребен стабилен пазар. И сега станува очигледно зошто толку се спомнуваше потребата. Во 2008 година, во Македонија се продадоа 17.744 илјади нови автомобили. Во годината пред тоа, биле 13.937 возила. Се работи за пораст од 27 проценти, за вест што светските весници нема да се колебаат да ја стават како главна на насловната страница. Трендот на зголемување на продажбата се случува уште од 2004 година. По бројките на годишната продажба од околу пет до шест илјади примероци во периодот меѓу 2001 и 2003 година, со 9.923 продадени нови автомобили, во 2004 година се појавува првиот знак на заздравување на пазарот - зголемувањето на продажбата во споредба со претходната година изнесува дури 83 проценти! За 2005 година, статистиката потврдува дека на пазарот конечно владеат стабилни услови, со 9.259 нови автомобили. Ниските бројки од почетокот на деценијата не се резултат само од безбедносната криза, туку и од напливот од користени возила што се случуваше во периодот. Официјална статистика не постои, но тогаш се спомнуваа бројки од 30.000 возила, увезени само во 2001 и во 2002 година. Нормално е што увозниците реагираа, и повторно беа во право: се увезуваше главно автомобилски крш, кого сега почнуваме да го гледаме како се натрупува во отпадите. Како и сите други работи на светов, и автомобилот си има свој век на експлоатација, и ако неговата цена на некој плац во Германија или во Холандија изнесува илјада евра, тоа не значи дека е евтин, туку дека вреди толку. Уште толку му останува додека да довози. Секако, новите автомобили си носат и нова технологија, неспоредливо повисоки стандарди за безбедност и комфор од возилата од пред дваесет години, но и неспоредливо пониски вредности на потрошувачката и на одржувањето. Старите велат, не сум толку богат да купувам евтино: Колку автомобилот е постар, толку се повисоки и трошоците за негово одржување во возна состојба. Кога пазарот покажува здрави бројки, нормално е дека за него ќе се заинтересираат и понудувачите на финансиски услуги. Тоа и се случи: во периодот од 2000 до 2005 година, во просек, преку две третини од автомобилите се купувани со готовина. Кредитот учествувал со една третина, а на лизингот отпаѓа само еден незначителен процент. За периодот од 2006 година наваму, бројките се променети драстично: кредитирање се користи за 44 проценти од продадените нови
автомобили, лизинг за 15 проценти, а остатокот од 41 процент е во готовина. Понудата е тешка за одбивање: со неколку илјади евра в џеб и не останува многу простор за размислување дали да се инвестира во мачор во вреќа или во светнат компактен автомобил од салон, со фабричка гаранција дека сé е во ред со него, кој ќе се отплатува на рати и до пет или шест години. Од 1995 година наваму, продадени се околу 150.000 нови возила во Македонија. Тоа е половина од возниот парк. Неговото обновување и натаму се одвива многу бавно. Возилата што биле нови во 1995 година, сега се веќе четиринаесетгодишници. Уште малку, па полнолетни. За возниот парк да се обновува постојано, годишно би требало да се продаваат преку 25.000 нови возила. Земено според бројот на жители, тоа е бројката што во минатите три години ја постигнува хрватскиот пазар на нови возила. Ретка средба е наидувањето на некоја стара Zastava, Skoda или Lada. Наместо тоа, се вози Opel, Fiat, Chevrolet... Убава е сликата. Но, излегува дека тоа е само привидно убава слика. Не е реткост да добиеме писма од вас читателите, во кои ни пишувате за автомобилското насилство. Токму така, воопшто не е претерување ако користењето на автомобилот како инструмент за демонстрирање моќ се толкува како автомобилско насилство. Жално е што менувањето на сликата на улиците не беше придружено и со менување на возачкиот менталитет. На некои од возачите едноставно не им е јасно дека со купувањето на автомобилот не се купува и исклучителното право на поседување на улиците. Како инаку да се протолкува бесната реакција од возач што седнат на високо во теренецот или во некој поднашминкан тркач од реномирана марка, го доживува престигнувањето како верски напад. Зарем не се свесни дека со неартикулираното возачко однесување го уриваат примерниот имиџ наследен од некои други возачи, што умеат правилно да ја доживеат марката. Како резултат од тоа, имиџот на престижната марка бледее. Истото важи и за чувството на надмоќ од високото седење во теренец, што ги залажува насилниците. Каква корист од реномето кога на крајот не останува ништо од него. Што ли би требало да прават оние сопственици на Ferrari, Lamborghini или Bentley? Според тоа што останува во меморијата, средбата обично е придружена со одушевеност од автомобилот, никој не ја помни по тоа што возачот се пуштил низ прозорец да се брани за своето право. За правото да биде етикетиран како идиот. �
Со кризата свикнавме светските вести за автомобили да носат наслов со негативна конотација. Дома, вестите се охрабрувачки. Во 2008, Македонија забележа рекордна продажба
www.autofocus.com.mk
02/2009 5
новитети Honda Insight
Шесто сетило за чиста средина
По десет години од првиот Insight, Honda го претставува новиот хибрид, посериозен и подостапен од кога и да е
С
поред развојните принципи на куќата, секоја Honda мора да биде динамична и забавна за возење. Од друга страна, пак, мора да се истакне „зелената“ природа на новото возило. Најважната цел сепак се заснова на привлечноста на возилото за широките народни маси. Од тие причини е избрана каросериска изведба со 5 врати, најмногу поради фактот што Honda сака ова возило да биде популарно и во Европа, а не само во САД, но и поради тоа што таквиот
изглед има најдобри аеродинамични карактеристики. Предните светла, маската и браникот многу наликуваат на оние кај новиот Accord и речиси се идентични со оние кај хипереколошкиот модел FCX Clarity. Кај задните светла се користат ЛЕД-технологијата и рефлексните површини поради помалата потрошувачка на енергија, со што уште повеќе се намалува потрошувачката на гориво. Најголем предизвик претставува изгледот на возилото, бидејќи мора
На прв поглед однапред, можете да го смешате со постариот брат Accord, но изгледот не лаже - Insight има динамички возни својства
6 02/2009
Гордо ја носи формата карактеристична за еко - возило. Обликот е познат од јапонската сестра Prius, но кај Insight, дизајнот е подопадлив
да се направи што е можно помазно, за максимално да се намали воздушниот отпор. Сето тоа, секако, на крајот резултира со поефикасно искористување на горивото, а истовремено не изгледа здодевно или чудно, како минатата генерација на Insight. Буквално секоја линија, секој агол, секој визуелен момент е направен во функција на намалување на потрошувачката на гориво и испуштањето штетни гасови. Каросеријата на новиот Insight е изработена практично од почеток, но за да се намалат трошоците за изработка, се користат компонен-
ти од новата генерација на Jazz. Предниот дел и просторот за мотор се речиси идентични како кај Jazz, со некои мали модификации за подобрување на безбедноста. Оттаму, па до крај, Insight е комплетно ново возило. Резервоарот е преместен под задните седишта. Тоа овозможува покривот да се спушта пониско, со што се подобрува аеродинамиката на возилото. За пофалба е посветеноста на Honda да се направи возило со толку добри еколошки прифатливи особини, кое истовремено има врвни безбедносни карактеристики. Имено, самата школка на Insight► www.autofocus.com.mk
1
2
4 од ц р т еж до а в т о м о б и л
Развојот на секој автомобил почнува со хартија и пенкало. Дизајнерскиот тим на овој начин ја пресликува визијата на идеолозите, во графичка претстава за тоа како би изгледал автомобилот. Honda, за разлика од други автомобилски брендови, теж-
www.autofocus.com.mk
3
Insight не сака да биде класичен еколошки автомобил, бидејќи тие најчесто го носат епитетот „досадно“. Остро обликуваните предни светла наликуваат на оние кај Accord; Чудниот завршеток на задниот дел е резултат од аеродинамичниот дизајн; малку наликува на супербрзиот NSX; Задните светла користат ефикасна LED-технологија; Големи, но мазни ретровизори со пријатно интегрирани трепкачи; Дури и магленките се „жртва“ на концептот „аеродинамично возило“
нее кон тоа возилата од сериското производство да бидат што е можно поблиски до концептното возило. Тоа се докажа со Civic, а еве Honda повторно држи до своето, па новиот Insight изгледа мошне веродостојно на дизајнерскиот цртеж.
5
ф у т у рис т и ч ко с п ор т ско к у п е
Концептот CR-Z претставен во 2007 година, ја претставува визијата на Honda за идните спортски купеа. Исклучително футуристички и динамичен однадвор, а извонредно паметен и просторен однатре. CR-Z е создаден на комплетно нова платформа од лесни материјали, кои во комбинација со хибридниот погон, го прават овој концепт своевидно ремек-дело бидејќи спојува совршен дизајн, модерна технологија и еколошки погон во идеална спортска комбинација.
02/2009 7
новитети peugeot 3008
Семејно-моноволуменскотеренско-комби
Пазарот доби голем број кросовер-возила, во кои се спојуваат и до три каросериски изведби во една. Peugeot отиде чекор натаму и спои четири возила во едно
Р
етко се случува концептен автомобил за толку кратко време по презентацијата да се појави како возило за сериско производство. Peugeot, со концептот Prologue од салонот во Париз, во октомври, го најави можеби најинтересниот кросоверавтомобил на сите времиња – новиот 3008. Инженерите на Peugeot ги извлекле сите квалитети од веќе постојните изведби на возила како SUV, карван, моноволумен и семеен автомобил, кои потоа ги сплотиле во еден уникатен спој што претставува пионер во автомобилскиот свет. Овој каросериски хибрид, во комбинација со еколошките погонски агрегати познати за францускиот бренд и модерната технологија вградена во него, несомнено ветува успех на новиот модел на Peugeot. Автомобилот го носи името 3008, не поради тоа што Французите се неинвентивни и мрзливи за сми-
10 02/2009
слување имиња, туку поради тоа што со „3“ возилото се сместува во доменот на компактни возила; „00“ симболизира новитет и оригиналност - нов модел што се разликува од останатите; „8“ ја специфицира генерациската припадност во моментната гама возила на Peugeot. Новиот 3008 само начелно ја користи платформата на 308, која за потребите на новиот модел е значително подобрена, како структур-
но така и во изборот на материјалите. Така е постигната поголема цврстина на каросеријата, поквалитетна изработка, побезбедна школка и помала тежина. Сè на сè, фантастичен спој што ветува огромен успех. За да се направи што подобра возачка средина и да се зголеми задоволството при возење, Peugeot 3008 користи нова управувачка летва, чија цел е да обезбеди идеално позиционирање
на воланот. Големото прашање, дали да се вгради погон на сите тркала или само на две, е решено со две варијанти, од кои едната е достапна веднаш, а другата во 2011 година. Првото решение претставува изум на научниците на Peugeot и се нарекува Grip Control. Овој иновативен пакет се состои од интелигентен систем за контрола на стабилноста, со пет начини на работа што воза-
Концептот Prologue, претставен на салонот во Париз, ја презентираше идејата на Peugeot за идеалното семејно возило. Феноменален спој од неколку видови каросериски изведби во една. Современата технологија, еколошките мотори и карактеристичните црти овозможија овој концепт брзо да се доведе во сериско производство.
www.autofocus.com.mk
Иако е новак во автомобилскиот свет, никој нема да го смеша 3008 со друг бренд - гените на Peugeot се длабоко втемелени во овој автомобил
Масивниот заден дел и широкиот браник наведуваат кон заклучокот дека 3008 е стабилен автомобил. Чудни се засечените крила.
Огромната лавовска муцка е носечки симбол на Peugeot
б е з б еднос т а е секо г а ш на п р в о м ес т о
Со оглед на тоа што се работи за возило што е пионер во автомобилската индустрија, Peugeot 3008 мора да нуди повеќе од изглед. Комплетно свесни за предизвикот, инженерите во Peugeot сериозно ја сфатија работата и го опремија 3008 со многубројни интелигентни реше-
www.autofocus.com.mk
нија. Најспецифичен систем е системот за контрола на тракција (слика лево), кој може да работи на пет начини, слично на Terrain Response на Land Rover. Системот се нагодува да работи оптимално во однос на подлогата врз која се вози автомобилот, што е од особена полза бидејќи 3008 сè уште нема
погон на сите тркала. Dynamic Roll Control (слика десно) е уште еден интелигентен и корисен систем кој се вградува во 3008. Тој се грижи за идеалното лежење во свиоци, преку контролирање на задната оска, со што ефикасно се подобрува управливоста.
чот може да ги избере, во зависност од подлогата. Второто решение доаѓа во форма на хибриден погон, именуван HYbrid4, кој се карактеризира со исклучително ниска потрошувачка и емисија на јаглероден диоксид од само 109 g/km. Разликата од познатите хибридни погони е во тоа што тука отсуствува механичко поврзување меѓу дизелскиот агрегат напред и електромоторот во задниот дел од возилото. Сите поврзувања се одвиваат „преку жица“, со што се избегнуваат можните компликации во архитектонската структура на возилото. Peugeot 3008 HYbrid4 ќе биде првото возило од групацијата PSA (Peugeot – Citroen) во кое ќе биде вграден новиот хибриден погон. Што се однесува до надворешниот изглед на 3008, Peugeot не отстапува од своите принципи. Уште на прв поглед се познаваат карактеристичните елементи за возилата на Peugeot, т.е. долгите предни светла, огромната маска, нежните странични линии со засечени, набабрени крила, полничкиот заден дел и големите стаклени површини. Надворешноста претежно асоцира на возило што припаѓа во класата SUV, бидејќи изгледа суверено, цврсто, дури и грубо. Сите тие одлики доаѓаат од SUV-гените на 3008. Големите стаклени површини и изгледот на кабината, произлегуваат од моноволуменот и карванот кои се кријат во 3008, додека внатрешноста е инспирирана од семејниот автомобил што се крие во новакот. Идеалното позиционирање на возачот и максимизирање на задоволството при возење се главните принципи врз кои се заснова дизајнот на внатрешноста. Огромната арматурна табла се протега како големо предно стакло, додека сите команди и инструменти се насочени кон возачот, слично како кај авионите. Квалитетот на материјалите употребени за изработка на компонентите во внатрешноста е очигледен, како визуелно така и на допир. Кабината нуди исклучително многу простор, и за патниците и за нивниот багаж. Огромниот панорамски покрив се нуди како опција во некои изведби на 3008 и претставува едно од главните обележја на овој модел. Одличната звучна изолација и фантастичните седишта уште повеќе го зголемуваат нивото на комфор во кабината. Целиот простор во кабината е рационално осмислен за да овозможи што повеќе разноли-
02/2009 11
новитети Citroёn C3 Picasso
Кутија полна со магија Во овие времиња поминуваат само автомобили што или се евтини или вредат неизмерно. Citroёn верува дека ја најде средината меѓу ѓутуре и гламур и го препорачува C3 Picasso
Н
екогаш ти е пречка кога си толку успешен. Не постои друга марка што продава толку многу ванови во Европа како Citroën и не постои друга што има толку широка понуда од ванови. Токму затоа и купувачите имаат огромни очекувања кога марката ќе пушти во продажба некој нов ван. Но, големите мислители на Citroën успеаја да пронајдат ненаселена празнина во својата тековна палета од автомобили со голема просторна понуда, што
18 02/2009
Помалата димензија не значи губење на вредноста на уметничкото дело: И овој Пикасо изгледа симпатично, и убаво се вклопува во семејството
почнува со малечкиот Nemo, па продолжува сé до големиот и престижен ван С8. Во сегментот на миниванови, каде што се возат Opel Meriva и Nissan Note, досега Citroën немаше што да понуди. Но, сега има: С3 Picasso ќе почне да се вози по улиците напролет.
Ван за почетници
Посебниот белег на новата француска креација е дизајнот. Додека другите нови фаци како Kia Soul или идниот Nissan Cube www.autofocus.com.mk
Прифати ... затоа што изгледа свежо и поинак-
во, добро е осмислено и нуди многу простор.
Откажи ... што недостигаат вистински нови
идеи, кои можат да си ги дозволат поскапите ванови.
Побарај друго ... Opel Meriva, Fiat Idea и Renault
Grand Modus, но и кај Kia Soul или Daihatsu Materia
Здодевната кутиеста форма е мајсторски маскирана со додавање на згодни заоблувања каде што е потребно. По пример на C4: Тенки предни столбови
Зад капакот на багажникот се крие приспособлив простор. Со волуменот што варира од 360 до 500 литри, C3 е доволно м и за семеен одмор
одат на кутиести форми, а владетелите со просторот како Opel Meriva, Nissan Note или Renault Grand Modus веќе одамна се изгубија во уличната слика со својата невпечатлива појава, Citroën успеа да пронајде досега невидена форма. Главниот стилист Карло Бонцаниго ја нарекува оваа форма „коцкеста морфологија“ - сакајќи да каже дека кутијава има заоблени рабови. Иако страниците и опашот на возилото се речиси исправени, со цел во внатрешноста да се доwww.autofocus.com.mk
бие што е можно повеќе простор, малечкиот Picasso не е фиока на тркала, туку умешна игра на агли и лакови. Така возилото изгледа во исто време и масивно и симпатично. Играта на спротивностите ја прави привлечноста на ванот: тркалезно наспроти квадратно, модерно наспроти ретро, грубо наспроти нежно. Дизајнерите ги ослободуваат идните сопственици од секаква загриженост околу поттурнувањата во градскиот сообраќај: Широките лајсни и дебелите бра-
ници се тука за да го преземат на свој грб товарот на секојдневјето на градските паркинзи. Picasso не само што изгледа убаво туку и гледа убаво. За второво се грижи и панорамскиот покрив, секако, достапен само со доплата. Исто како кај поголемите модели, наместо дебели столбови, напред има два филигрански тенки столба, со големи триаголни прозорци меѓу нив, кои Citroën ги смета за дел од ветробранот - дизајнерите
зборуваат за триделен ветробран. Од искуството со С4 Picasso, знаеме однапред дека инженериве работат добро и може да се очекува исклучителна прегледност од возачкото место.
Средена внатрешност и многу место
Бидејќи C3 Picasso сака да биде само поволен, но не и евтин автомобил, внатрешноста е средена►
Микрохибрид во 2010 година
Французите беа едни од првите што го понудија системот Stop & Start, во моделите C2 и C3. Задачата на системот е автоматски да го гасне моторот при чекање на семафор и потоа да го стартува брзо, откако ќе се отпушти сопирачката, за да се намали потрошувачката. Следната генерација на овој систем, Citroёn ја најавува за 2010 година. Новиот
микрохибриден систем ќе го задржи принципот на работа со стартералтернатор и ќе донесе заштеда во гориво од 15 проценти. За подобри перформанси, новиот Stop & Start ќе врши повраток на енергијата при запирање заради полнење на акумулаторот на возилото, без да користи гориво за истата цел.
02/2009 19
тест Ford Kuga 2.0 TDCi 4x4
Ford за секој пат Марката од Келн тргна по калливиот пат. Како што Ń прилега, го минува мошне динамично
НИ СЕ ДОПАЃА ДИЗАЈН РАЗРАБОТЕН ДО СОВРШЕНСТВО МОЌЕН ПОГОН
ВОЗНИ СВОЈСТВА
НЕ НИ ПРЕЧИ БАГАЖНИКОТ ШТО Е НА НИВО НА КОМФОР; НОСЕЊЕТО ТОВАР ТУКА НЕ Е ГЛАВНАТА ЗАДАЧА
НЕ НИ СЕ ДОПАЃА ВТОРИОТ СТЕПЕН СЕ ИНАЕТИ ЛОША ПРЕГЛЕДНОСТ НАНАЗАД КОПЧЕТО ЗА ГЛАСОВНА КОМАНДА НЕ Е НА ВОЛАНОТ
Не е само убава амбалажа: Дури и кога ќе се подигне задното стакло продолжува приказната за дизајнот 26 02/2009
Жабрите се на место: Обично, спортските купеа имаат вакви елементи. Со динамиката што ја покажува, и Kuga ги заслужува
www.autofocus.com.mk
Н
Пристапот без клуч не е сечија работа: Некој сака да ја држи контролата во рака
www.autofocus.com.mk
а луѓето од Ford сигурно им се вртел кугар пред очи, додека биле во потрага по името за нивниот нов теренец. Добра е ваквата насока на размислување. Кугарот е брз и гази внимателно, како што тоа умее да го прави само дива мачка. Одговара. Откако конкурентот од Волфсбург успеа да вкрсти тигар и легуан во Tiguan, за неговиот најважен противник од Келн беше сосема природно и тој да појде во експедиција во царството на животните. Но, штета е што името Cougar веќе е резервирано и му припаѓа на едно купе. Затоа мораше да се најде друго решение - изговарањето на името да звучи како кугар. Kuga е звучно име. И многумина имаа можност да го чујат, затоа што веќе долго се зборува за него. Дивокозата изведена од спортскиот ван C-Max има добри изгледи да се избори за врвот, и покрај тоа што почнува со задоцнување во друштвото на малите теренци. Кокпитот не може да ја скрие сродноста со семејниот пајтон, затоа што висококренатата рачка на менувачот со форма на џојстик потсеќа неодоливо на C-Max. Некој кажа дека внатре теренците секогаш изгледаат посмирено и порустикално? Сосема погрешно. Свежите бои и површините што изгледаат како да се од алуминиум создаваат модерна и пријатна средина, и тука се препознаваат траги од големиот Mondeo. Радува тоа што во ракувањето не се кријат никакви тајни. Повеќето од копчињата се јасни и големи. Штета е само што копчето за стартување е оставено толку неугледно и големо е исто колку и тоа за безбедносните трепкачи. Моментот на стартување со копче заслужува повеќе внимание. Пилотот ќе има малку повеќе работа единствено кога ќе види потреба да го исклучи системот за стабилност, да ја поништи дневната километража или да си избере еден од трите степени на чувствителност на управувањето, сé според моментното расположение. За да направи што било од тоа, возачот треба прво да го притисне копчето во рачката за трепкачите, па да влезе во менито на средишниот екран. Четворица патници сé уште имаат доволно простор за размрдување во Kuga. Седнатите на меката задна клупа можат удобно да си ги пуштат стапалата под пред-►
Дури и светлата се засебна дизајнерска целина: Малку хром отстрана, долу интегриран отвор за воздух, трепкачи во форма на L
Не мора да се колеба дали да продолжи во шумата: Со квалитетите на погонот, Kuga се однесува примерно и на терен
Покрај возните својства, дизајнот е следното поле во кое што Kuga ги поставува стандардите во класата. Убавица во секој поглед
Квадратест отвор на багажникот и дополнителен простор оздола, ако резервното тркало се замени со кит за лепење гума 02/2009 27
tect Opel Insignia 2.0 CDTI Edition
Гром од ведро небо Големава лимузина го оправдува громот што го носи во маската. Моќна е, брза, на конкурентите им влева страв во коски
НИ СЕ ДОПАЃА
НЕ НИ ПРЕЧИ
НЕ НИ СЕ ДОПАЃА
СТИЛ ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЈАВА
ПОСЛАБОТО ПОВЛЕКУВАЊЕ НА МОТОРОТ ВО НАЈНИСКОТО ПОДРАЧЈЕ НА ВРТЕЖИ: ПОДОЦНА НАДОМЕСТУВА СО ИМПРЕСИВНА МОЌ
ПОКРИВОТ СЕ СПУШТА НИСКО НАД ЗАДНАТА КЛУПА
ИСКЛУЧИТЕЛНО КОМФОРНО ПОДВОЗЈЕ
ПРОСТОРНО ЧУВСТВО НА ПРЕДНИТЕ СЕДИШТА
32 02/2009
СИТНИ ДИСПЛЕИ ВО СРЕДИШНАТА КОНЗОЛА
www.autofocus.com.mk
Со елегантната појава, Insignia излегува од рамките на средната класа и потсетува на Omega и Senator - големите лимузини на Opel
Светлата покажуваат убава линија, но и динамичен внатрешен живот
Со коефициент 0,27, Insignia е меѓу најаеродинамичните
www.autofocus.com.mk
Одговара: Најголемиот Opel има и најголема маска, хромирана, светкава. Insignia е прва со новото лого
Завршеток во голем стил: Работ на капакот е изведен како спојлер, логото е легнато на долга и хромирана лајсна
О
вие денови сите патишта водат кон Opel. Сите сакаат да седнат зад воланот на големиот автомобил со молња во маската. Досега не постоел друг Opel што привлекувал толку погледи како што тоа со леснотија го прави Insignia. Каде и да се појави лимузината, луѓето подзабавуваат, гледаат, се чудат, за откако ќе им помине шокот, да се сетат и да фотографираат. Дури и возачите на Audi и BMW гледаат, се интересираат кој е тој што сега го одвлекува вниманието од нив. Честитки за луѓето од Риселсхајм. За впечатокот да не се расипе, пред стартувањето на силниот дволитарски дизел на ладно е подобро ако наоколу се поделат тампони за уши. Секако, тоа трае само неколку минути, додека се загрее машината - и во тој поглед Insignia не се разликува од која било друга претставителна лимузина со дизелски мотор.
Opel повеќе сака да остави впечаток на друг начин. На пример, со одличните седишта, што дури и во оваа, обична верзија, имаат прифатено нешто од анатомските седишта што се нудат со доплата и носат печат од лекарски здруженија. Кожениот волан лежи убаво во рацете, арматурната табла се повлекува во елегантен лак во правец на ветробранот. На тој начин се добива врвно просторно чувство. На втор поглед се забележуваат многуте копчиња на средишната конзола. Точно 38! Тоа можеби создава впечаток за добра противвредност за парите, но денес познаваме и поинакви решенија. Во секој случај, убаво е за око тоа што прекинувачите се издвоени од конзолата на посебна површина. Но, и за многуте прекинувачи има лек: Со нави-радиото CD 500 Navi се добива мултифункционален прекинувач пред менувачот, со кој се пристапува► 02/2009 33
тест BMW 320d xDrive
Три на четврта Ако поклониците во марката се заколнуваат дека во BMW се ужива на втор степен, тогаш со четири погонски тркала задоволството би требало да е на четврти степен
Во задниот дел нема поголеми промени во однос на претходниот модел. Различен е само изгледот на светлата.
НИ СЕ ДОПАЃА
НЕ НИ ПРЕЧИ
НЕ НИ СЕ ДОПАЃА
намрштената предница
стерилниот изглед на внатрешноста. сепак тука владее функционалноста и ергономијата
отсуство на држачи за чаши напред
одлична работа на моторот и менувачот
погонот на сите тркала е добредојден при возење во свиоци
38 02/2009
тресењето на менувачот при работа во место ракување со аудио системот
www.autofocus.com.mk
Т
ој е синоним за спортски автомобил, во светот е најброен од неговата сорта, и секогаш е на тапет, затоа што сите сакаат барем малку да бидат како него. Тројката на BMW навистина заслужи да здивне. И не се колеба да го направи тоа. Каде што ќе стигне. На семафор, во турканица во работниот шпиц, дури и пред пешачки. Но, дури и тогаш, повторно се става во предност. Откако BMW ги воведе мерките
за штедење со пакетот Efficient Dynamics, поимот премиум марка не подразбира само ослободеност од ценовниот товар при правењето возила, туку и малку поголема грижа кон животната средина, а со тоа и кон паричникот на возачот. BMW си зема за право да здивне во секоја пригода и да го изгасне моторот за да ја намали потрошувачката. Го гасне моторот автоматски, но и го стартува автоматски, веднаш кога ќе се притисне спојката. Затоа што
не смее да си дозволи да мирува премногу. Мирувањето е смрт во овој бизнис. Моделите живеат најмногу по осум години. По правило, на половина од овој век се случува фејслифт, а во меѓувреме, молчешкум се прават промени и подобрувања. Примерот со серијата 3: во средината на 2005, актуелниот модел го замени претходникот со интерна ознака Е46. Потоа доаѓаа дополнителните моделски изведби како комби, купе и
Светлечки диоди во трепкачите поекономично и поефикасно
Значка што многу значи. XDrive е главна одлика на овој модел
кабрио, како и нови четирицилиндарци со штедлива техника старт-стоп. Сега, по четири години, во салоните се дотркала комплетно преработениот модел. BMW мора да притиска со тројката. Таа е најважниот модел на Баварците и учествува во вкупната продажба со 44 проценти. И конкуренцијата притиска: Главниот конкурент Audi A4 е помлад. Поточно: беше помлад, затоа што со новитетите, овој BMW од второто полувреме повторно се покажува►
Поглед од кој смрзнува крвта. Класични „прстени“ за BMW
www.autofocus.com.mk
02/2009 39
тест Volkswagen Tiguan 2.0 TDI Sport & Style
Кој рано рани, ќе биде Во основата не е ништо повеќе од наџиџан Golf Plus со погон на сите тркала. Но, светот полуде по него
Со мекото и приспособливо подвозје, патувањето не мора секогаш да биде по асфалт.
НИ СЕ ДОПАЃА Едноставно ракување Тивок и штедлив мотор
Лесна управливост Функционална задна клупа
НЕ НИ ПРЕЧИ ОТСУСТВОТО НА ПОМАГАЧИ ЗА ТЕРЕН, ОД ТИПОТ НА РЕДУКЦИЈА ИЛИ БЛОКАДИ; TIGUAN МИНУВА И БЕЗ НИВ
НЕ НИ СЕ ДОПАЃА AUTO-HOLD НЕ РАБОТИ ЦЕЛОСНО АВТОМАТСКИ: ПОПРАКТИЧНО Е КОГА ВОЗИЛОТО САМО ПРЕПОЗНАВА ДЕКА Е НА НАГОРНИНА ДУПКАТА ШТО ОСТАНУВА ЗАД КЛУПАТА, КОГА Е ПОМЕСТЕНА НАНАПРЕД
44 02/2009
www.autofocus.com.mk
последен С
www.autofocus.com.mk
тратегијата не се промени. Volkswagen повторно доаѓа меѓу последните, и повторно неговото доаѓање одекнува како бомба. Истото претходно беше случај со Touran, a ништо поинаку и со Eos. Надносеното дете од Волфсбург го користи своето доцно доаѓање на свет како предност, и носејќи ги на дланка слабите точки на ранодојденците, поучен е да не ги направи нивните грешки. Малиот брат на Touareg не допира до вистинските теренци, но затоа им дише во врат на другите градски шетачи што зрачат шарм на теренско возило. Гордата дружина од компактни теренци, предводена од BMW X3, одлично го искористи отсуството на марките што продаваат со цени поблиски до народот, но сега ќе мора да запне добро за да ги оправда високите цени. Затоа што Tiguan го умее истото што и тие. Постојат марки што ги откриваат празнините на пазарот, нудејќи производи какви што претходно не постоеле. Тоа не е начинот на кој што работи VW. Таму како повеќе да милуваат да си залегнат удобно во фотелја и да чекаат во мир. Гледаат што доаѓа, што си оди, што останува. А потоа, тргнуваат полека, но незапирливо. VW си дозволи цела вечност додека се реши да ги пушти лентите за новиот народен теренец. И сите како да го чекаа овој момент. Во минатиот септември, Волфсбург ја зголеми дневната продукција од 650 на 750 примероци, за да се задоволи огромната побарувачка и да се скусат роковите на чекање. Само се чини дека светкавата маска и закосените очи се решавачки за успехот на малечкиов теренец. Не е така. Овој мора прво да докаже дека е доволно голем да го собере целото семејство. Tiguan одбива да ја користи проверената формула „големи тркала, тесна кабина“ и да мами со убавината. Неговите клиенти не се беќари од големиот град, туку се големи семејства, кои не мо-►
Помалиот брат на Touareg не настапува со изглед од кој останува здивот, се е типично VW
Највпечатливите дизајнерски моменти ги даваат светлата. Капата врз светилките го носи логото VW
Пакетот на опрема Sport & Style се фали со хромирана маска. Тоа остава впечаток на вредност
Дотерување по избор: од левата страна е Tiguan Sport & Style, од десната страна - Tiguan Track & Field 02/2009 45
историја Купеата на Renault
Помалку e повеќе Потегот се чини едноставен. Дизајнерите само ќе го засечат покривот на лимузината и купето е веќе готово. Но, не е толку просто. Купеата се уметност, а Renault ја негува веќе седум децении
Купе, што друго: Зарем убавата Јулија би сакала да седне во нешто што не одговара на нејзиниот стил 54 02/2009
Laguna, Floride:Убавите купеа носат убави имиња и се во убаво друштво со Јулија и Лана www.autofocus.com.mk
Л
огиката завршува тука. Купето има две врати помалку, седиштата назад се повеќе за украс, а чини повеќе од поголемата и покомфорна лимузина. Каде е утката? Нема утка. Убавината е тоа што се брои тука. Во евра. Објаснувањето е просто, купето е поскапо од лимузината затоа што е поубаво. И затоа што така се гарантира дека ќе биде поретко, и на сопственикот му одговара за негување стил. Renault го пушти новиот Megane Coupe да става спортски акцент за марката во компакт-класата. Но, со тоа Французите продолжуваат една мошне долга традиција. Renault произведува купеа подолго од седум децении. Ознаката Coupe за убаво скроени каросерии со две врати првпат се појави во Renault во три-
Coupe, a по уште две, Juvaquatre Coupe. Овие три модели од триесеттите години беа остварлив сон за возачите, чиј број се зголемуваше бавно, но сигурно.
Renault Floride: Пред очите на Соединетите Американски Држави
По Втората светска војна, Renault, исто како и повеќето други производители, мислеа единствено на тоа како да ги задоволат основните автомобилски потреби. Како што постепено се подобруваше добросостојбата, така растеше и бројот на Французите што во нивниот автомобил бараа моќ и елеганција. Истовремено, шефовите на Renault размислуваа да фатат чекор во Соединетите Американски Држави. И успеаја целосно: Со лимузи-
Купето е безвременска форма: И Laguna Coupe по половина веќ ќе ја задржи елеганцијата
Кога принципот на скусување на здолништето ќе се примени кај автомобил, се добива купе. Ефектот е ист
Потребната доза на престиж: Купето е соодветна појава во секоја пригода www.autofocus.com.mk
есеттите години. Претходно, оваа ознака се користеше во смисла на традицијата на градењето кочии и важеше само за автомобили кај кои возачот беше оставен под отворено небо. Меѓу највпечатливите претставници од тоа време се скапоцените модели Nervastella Coupe од 1935 година, Nerva Sport Coupe (1936) и Suprastella Soupe (1938), со осумцилиндарци во линија, со зафатнина од 5,4 литри. За еден број помал, но сé уште ексклузивен е моделот Viva Grand Sport Coupe од 1935 година, со мотор од 4,1 литри и погон одзади. Французите не си го оставија обичниот народ да копнее безнадежно по своето купе. Во 1934 година се појави Celtraquatre Coupe, достапен за широката народна маса. Четирицилиндарецот од 1,5 литар собираше 30 коњски сили под хаубата и дозволуваше сосема достоинствена крајна брзина од сто километри на час. По две години следеше Primaquatre
ната Dаuphine, со мотор одзади, претпријатието почна да бележи невидени бројки, откако моделот почна да се продава преку океанот во 1957 година. Затоа и американските дилери воопшто не се двоумеа кога побараа од Renault да направи убаво купе и убав кабриолет врз основа на Dauphine. Тоа и се случи. Згодниот спортски автомобил во Европа се возеше како Floride, а во САД како Caravelle.
Италијански дизајн дотеран по француски
Основната форма ја нацрта големиот италијански дизајнер Пјетро Фруа. Потоа, дизајнерското одделение на Renault ја надгради оваа форма со француска префинетост. Резултатот беше безгрешно убава форма со елеганција што никогаш не замира. Како што беше побарано, Floride се продаваше во купе и во кабриолет изведба. По-
02/2009 55
спорт Volkswagen Race Touareg 2
Супербрз тенк Иако натпреварувачките возила што учествуваат на релито Дакар најчесто изгледаат како да ги нацртал Пикасо, тие сепак се едни од најдобрите и најнапредните возила во светот
П
рвпат по цели 29 години, синонимот за автомобилска тортура – релито Дакар, се пресели од Африка во Јужна Америка. Релито го носи името според главниот град на Сенегал, меѓутоа, во јавноста поимот „Дакар“ има многу посуштинско значење. Создадено првенствено како рели наменето за богатите автомобилски ентузијасти во 1979 година од Тиери Сабин, Дакар до денеска има еволуирано во еден од најинтересните, најбескрупулозни и најпредизвикувачки настани во спортот воопшто. Разбирливо е што возилата на ова рели се можеби најгрдите во автоиндустријата, но токму тие возила се технолошки најнапредните возила на денешницата.
76 02/2009
Брендот Volkswagen ја почна својата историја на Дакар уште во втората година на постоењето на релито. Во јануари 1980, на стартната позиција се појавија четири
а во 2004 првпат беше претставен Race Touareg, и оттогаш, Volkswagen го користи ова возило зад кое постојано се нижат успеси. Кога ќе се погледне Race Touareg
возила под логото на VW. Во 2003 година, Volkswagen се врати во рели-натпреварите користејќи напредна дизелска технологија TDI,
2, тешко е да се најде нешто заедничко со серискиот Touareg каков што го познаваме, освен логото однапред и името. Реално гледано,
Донатус Вишелхаус: Race Touareg 2 никогаш не ја достигнува критичната зона, бидејќи се работи само за дотерување. Ако го нагодите турбополначот да врти послабо при возење на големи надморски височини, не може да се случи ништо страшно освен губење на околу 20 отсто од силата.
www.autofocus.com.mk
www.autofocus.com.mk
тоа не е далеку од вистината, бидејќи доколку серискиот Touareg се произведува на истиот начин како Race Touareg, сериското возило ќе чини многу, многу повеќе. Најголемиот предизвик за реливозилата на Дакар не претставуваат 14-те дена времетраење или деветте илјади километри, туку различните климатски услови и поинаквиот терен на кои се вози. Имено, возилото треба да биде во состојба без проблем да ги поминува песочните пустини во кои сонцето пече со околу 40 Целзиусови степени, и ладните планински превои, во кои температурата паѓа и под нулата. Сето тоа значи дека механичките компоненти на Race Touareg 2 константно се изложени на огромен притисок од временските услови, површината, правот итн. Структурата и материјалите користени при изработката на Race Touareg 2 претставуваат збир од врвни, најмодерни технолошки достигања, внимателно организирани и вградени дури и во најситниот можен елемент на возилото. Основната форма на телото на возилото е поставена уште во 2005 година, и оттогаш константно и напорно се работи на нејзиното подобрување. Изгледот на возилото кое се натпреваруваше на Дакар 2009 е производ од ригорозни тестирања во воздушен тунел и комплексна математика за пресметување на начинот на кој се однесуваат сите независни компоненти на возилото. Стожерот на кој се потпира Race Touareg 2 е изработен од исклучително лесни, но цврсти материјали, како на оние кои се употребуваат при изработување авиони и тежи само неверојатни 50 килограми. Преработената задна суспензија ја намалува можноста за превртување при остри свиоци и овозможува многу попрецизно управување. Моторот кој се вградува во возилото, 2,5-литарскиот TDI дизелски агрегат, се смета за „срце и душа“ на Race Touareg 2. Овој мотор нуди голем број предности, особено за ваков вид натпреварување, првично поради моќниот вртежен момент, а понатаму поради значително пониската потрошувачка, со што разликата во тежина во однос на некои од другите натпреварувачи може да достигне дури 200 kg во корист на Race Touareg 2. Со двата турбо полначи, се добиваат 280 КС и преку 600 Nm вртежен момент, што го прави овој
02/2009 77
www.kiamotors.com.mk
Новиот KIA SPORTAGE СОЗДАДЕН ЗА УЖИВАЊЕ
Животот е многу полесен кога немораш премногу да се грижиш за своите предмети. KIA SPORTAGE е единствениот SUV произведен во Европа, според највисоките стандарди за квалитет. Сега доаѓа со нов подинамичен изглед и јачина на мотор - 2.0 VGT со 150 КС. Комфорен и безбеден во град, но нуди одлична забава и на терен. KIA SPORTAGE ќе ве однесе секаде. Испробајте го веднаш и уживајте во животот.
19.995 €
(1.239.690 денари)
КИА МОТОРС Македонија, ул. Перо Наков бб, 1000 Скопје, тел: 02 2580 300; факс: 02 2580 302 CITY CAR, Скопје, тел: 02 3073 888; ТОЛТУ, Скопје, тел: 02 3133 133; БОБИ - М, Скопје, тел: 02 2571 906; АВТО ЛИНК, Битола, тел: 047 251 281; АВТО НОРА ТРЕЈД, Ресен, тел: 047 453 489; ТИНГ, Кочани, тел: 033 297 115; АВТО ГОРДИНИЈА, Гевгелија, тел: 034 218 399; АВТО КОННЕКТ, Тетово, тел: 044 339 090; ИВО МАГ ТРАДЕ, Охрид, тел: 046 262 846; ДАЛАС, Гостивар , тел: 042 222 111; MУЊА, Куманово тел: 031 451 455; КАРГОМАКС- АВ, Струмица тел: 034 344 068; КИА СП МОТОРС, Прилеп тел: 048 418 801; ТОЛТУ, Штип, тел: 032 223 222