AutoFocus#19

Page 1

Број 19 • март 2009

CITROEN C3 PICASSO

КОЦКАЊЕТО МОЖЕ ДА БИДЕ УБАВА ИГРА

САЛОН ЖЕНЕВА 2009

TECT TOYOTA AVENSIS 2.0

ОСВОЈУВА ПОЛЕКA, НО СИГУРНО

EXEO Е ОДЛИЧЕН

ПРВИТЕ ЦВЕТОВИ НА АВТОМОБИЛСКАТА ПРОЛЕТ Голема лимузина од Seat 9 771857 569002

март 2009 90 ДЕНАРИ

ОВИЕ ПИЈАТ ПО ЛАЖИЧКА

19

Тест на најмала потрошувачка: 4,14 литри на 100 километри

HONDA JAZZ И ACCORD



СОДРЖИНА Број 19 • mapt 2009 Новитети

6

САЛОН ЖЕНЕВА 2009 Ѕвездите не се истите: Се бараат автомобили што се достапни или се испорачуваат веднаш

ТЕСТ И ТЕХНИКА

24

ВОЗЕВМЕ SEAT EXEO Шпанците ја надраснаа техниката на Golf. Прејдоа во лов на купувачи во повисоката класа

28

ВОЗЕВМЕ CITROEN C3 PICASSO Малечкиот Picasso докажува: Малечките ванови не мора да се препознаваат по здодевноста

32

ТЕСТ НА ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО HONDA JAZZ 1.4, ACCORD 2.0 Новите генерации трошат помалку. Ние проверивме колку може да потрошат најмалку

38

TECT TOYOTA AVENSIS 2.0 VVT-i Multidrive S

6

Тоа што го може големиот брат Golf, го може доволно добро и малечкиот Polo. Петтата генерација веќе стартуваше со продажба

50

Некои автомобили упорно одбиваат да заминат во пензија. Затоа што пазарот ги сака и натаму. А особено во лимузинска форма

74

Кризата за која сите зборуваат толку многу не се чувствува кај овие автомобили во ценовната лига од 1.000.000 евра

Лимузинава освојува полека, но сигурно. Avensis е добар придружник за секој ден

44

TECT CITROEN C4 1.4 Освежувањето на изгледот не го направи С4 подобар автомобил. Тој веќе беше добар

50

TECT PEUGEOT 206 1.4 SEDAN Градските автомобили со насаден опаш одлично се продаваат кај нас. Тоа ќе го прави и 206

52

TECT НА ЛЕТНИ ГУМИ Гумите со намален отпор трошат помалку гориво. Но, за сметка на тоа, трпи безбедноста

тема

58

ЅААВ НЕ СМЕЕ ДА ОТИДЕ ВО ИСТОРИЈАТА Шведската марка ги правеше автомобилите поинакви. Но, потоа дојде GM

74

НЕМА КРИЗА ЗА СКАПОЦЕНИТЕ АВТОМОБИЛИ На салонот во Женева, автомобилите за богатите не изгубија ниту малку од сјајот

НА ДВЕ ТРКАЛА

62

YAMAHA ХJ-6 По долга пауза, Yamaha се враќа со добар модел во класата на мотоцикли за секој ден

СЕРВИС

64

излог Навигација од Clarion и од Becker, политура Sonax, систем за следење лента oд in.pro

спорт

78

ФОРМУЛА 1 Тимовите се спротивставуваат на кризата и се надеваат на крај на диктатурата на Берни

81

WTCC Убедлива доминација на Seat на првата трка од шампионатот во Куритиба

останато 65 ИМПРЕСУМ, ВАШИ ПИСМА

66 ЦЕНОВНИК

А в т о м о б и л и в о о в о ј б ро ј 18 8 28 44 16 18

BMW 5 GT Chevrolet Spark Citroen c3 picasso citroen c4 1.4 citroen ds3 dacia duster

www.autofocus.com.mk

14 22 32 20 22 50

fiat 500c ford iosis max honda jazz 1.4, accord 2.0 hyundai ix-onic opel Ampera peugeot 206 1.4 sedan

10 58 24 12 38 6

renault scenic saab историја seat exeo skoda yeti toyota avensis 2.0 VVT-i Multidrive S Volkswagen polo

03/2009 3


4 03/2009

www.autofocus.com.mk


КОМЕНТАР Број 19 • март 2009

Блескаво шоу во кризно расположение Дарко Јаконов Главен уредник darko.jakonov@autofocus.com.mk

Во оваа година сé е поинаку. На салонот во Женева досега гледавме како на голема изложба на дизајнот, со свежи трендови во кои се препознава иднината на автомобилите. Сега се чувствува само едно: криза, криза, криза. Меѓу 85-те светски премиери е тешко да се најде барем една што навестува дека напредокот во 21 век ќе продолжи и натаму. На концерните им недостига храброст, пари и модерна техника. Само да не се забележи. Тоа би можело да биде мотото на годинашниот салон во Женева што се одржуваше од 5 до 15 март. Светнати автомобили на вртлива подлога, големи видеобимови и сиромашно облечени моделки, кои со рутинска насмевка прават да се заборави кризата. Шоуто продолжува, како ништо да не се случило. Токму во тоа е проблемот. Очигледно е дека на производителите на автомобили им недостигаат идеи во изнаоѓањето начин како најдобро да се надмине кризата во браншата. Но, не постои докажан и сигурен начин за излегување од калта. Затоа, повеќето производители мора да се потпираат на производи и решенија што се веќе докажани. Volkswagen ја претстави петтата генерација на Polo, бестселерот меѓу малечките автомобили, Renault и Toyota ги прикажуваат своите семејни транспортери, додека Skoda си направи поевтина изведба на Tiguan. Во Opel се чини како да сакаат да заборават на актуелните збиднувања околу кризата во General Motors и можното оттргнување од лошата мајка, и гледаат две години понапред во иднината - со автомобилот со погон на струја Ampera, кој се најавува дека ќе почне со продажба кон крајот на 2011 година. Според неофицијалните изјави на вработени во GM, цената на напредниот автомобил би требало да се движи меѓу 35.000 и 40.000 евра. Тоа е прифатлива цена за автомобил што го оптоварува домашниот буџет исто колку и клима-уредот во дневната соба, и никој нема да му забележи дека тој е виновникот, доколку еден ден претпријатието го снајде лоша судбина. Проблемот е што на салонот немаше друг нов автомобилски новитет од Opel. „Ова е најголемата економска криза по онаа во триесеттите години“, смета Карл Петер Форстер, шефот на европскиот разгранок на General Motors. Човеков сигурно знае што кажува, затоа што неколку денови пред салонот, тој водеше преговори со германската влада, за можната државна помош за производителот од Риселсхајм. Но, на салонот мора да се покаже оптимизам, барем изложените модели мора да го оддаваат тој впечаток. „Ampera ја покажува нашата водечка улога во воведувањето на електричниот погон во автомобилите“, кажува Форстер. Авто-

мобилот поминува пат од 60 километри само со струјата од акумулаторите, а може да се поминат уште 500 кога бензинскиот мотор ќе се пушти да работи и да произведува струја за напојување на електромоторот. Електрификација спроведуваат и другите марки. Шефот на развојот во Mercedes, Томас Вебер, во Женева најави дека Daimler самостојно ќе ги развива и произведува акумулаторите за своите возила со погон на струја. Но, електричните автомобили нема да пристигнат толку брзо како што се очекуваше. Од една страна, тука е кризата, како блокада за секоја похрабра инвестиција во развој на нови технологии, но и блокада за купувачите, кои не се повеќе толку подготвени да ја плаќаат новата и скапа технологија. Од другата страна се секојдневните и евтини автомобили, кои со подобрување на ефикасноста во работата на постојните мотори со внатрешно согорување и со евтини промени во самото возило, постигнуваат вредности на потрошувачката што се пишуваат со тројка пред запирката. Затоа, сега не се бара најбрзото, туку најдоброто решение. Така е во оваа година во Женева: Оптимистичките најави за иднината што беа дадени во минатите години, во поглед на хибридните и електричните возила, па дури и за возилата со горивна ќелија, кои користат водород како погонско гориво, сега се заменија со трезвено калкулирање. Во моментов не недостига само храброст за експерименти, туку и пари. Но, и техниката не е отидена толку далеку напред: Додека литиумјонските акумулатори ја достигаат потребната зрелост за масовно вградување во автоиндустријата и успеат да постигнат век на експлоатација колку и целиот автомобил, ќе минат уште многу години. Тоа што најмалку се слушаше на салонот во Женева се предвидувањата за иднината. Големите шефови избегнуваат да дадат какви било коментари што се врзани со плановите или очекувањата на автомобилските марки. Експертите тврдат дека дното на оваа криза сé уште не е достигнато. Американскиот пазар во февруари забележа за 41 процент помала продажба, додека увозот на автомобили е веќе преполовен. По ваквите бројки навистина зачудува тоа што во Женева и натаму се прославува „business as usual“. Штандовите блескаат, престижните хотели околу Леман се полни. За новото Polo, Volkswagen си нарача и специјална песна од американската суперѕвезда Пинк. Ова ќе треба допрва да го дознаеме: Дали овој сјај се гледа за последен пат или, пак, кризата воопшто не е толку застрашувачка, како што тврдат сите. �

Атмосферата во Женева се промени: Некогашната бина на екстраваганцијата се претвори во саем за секојдневни автомобили. Тоа се продава, проверено

www.autofocus.com.mk

03/2009 5


новитети салон за автомобили во женева

Види го, ист како брат му!

С

Волфсбург има среќа: За првиот европски салон среде криза се погоди да биде готов токму новиот Polo, а не Touareg или Phaeton. Најштедливиот бара само 3,6 литри

е гледа од почеток, тој ќе биде ѕвездата во ова лето. Кога на крајот на јуни, Volkswagen ќе го смести новото Polo во продажните салони, за повеќето други малечки возила ќе стане тесно. Вистина е дека Opel Corsa сѐ уште изгледа свежо, а Ford Fiesta штотуку ги усреќува првите купувачи, но им претстои тешка борба со носителот на надежите на Волфсбург во овие кризни времиња. Како Golf за малиот човек, новото Polo ги внесува сите доблести на големиот брат во царството на малечките: изглед што не го одзема здивот, но долго останува свеж, квалитет како во виша класа, пристојна безбедносна опрема и половина дузина мотори што се ставени на строга диета. При замената на генерациите, Polo порасна во речиси сите правци, но не се здебели. Напротив. И покрај поцврстата каросерија, тежината е намалена за 7,5 проценти. Во должина, новакот порасна за четири сантиметри, но со 3,95 метри и натаму останува под границата од четири метри. Затоа, отиде во широчина: Трите сантиметри додадени во шириочината на трагата даваат оптичка и техничка стабилност, а ќе профитираат и патниците. За пропорциите да дадат згодна фигура, шефот на дизајнот Валтер де Силва единствено одзеде 1,4 сантиметар во висина. Новиот формат не ѝ служи само на убавата форма, туку отвора и повеќе простор во внатрешноста. Багажникот собира 280 литри и може да се зголеми на 980 литри. Сепак, поделена задна клупа се добива само од второто ниво на опрема, а во основниот модел недостига и двојниот под на

6 03/2009

Со хоризонтално развлечените линии во носот, изгледот на малечкиот Polo е многу поблиску до Golf

Набиен опаш, широки колкови: Остава подинамичен впечаток од претходникот

www.autofocus.com.mk


Внатрешност како во повисока класа

www.autofocus.com.mk

багажникот. Патниците добиваат нови седишта, возачот држи нов волан и гледа во нова арматурна табла, со инструменти осветлени во бело и со дигитален мерач за гориво. Таков мерач е неопходен за возачите на Polo. Инженерите до толку се заборавиле со штедењето, што кај некои моделски варијанти стрелката едвај би се помрднувала. Најштедливиот бензинец се задоволува со 5,5 литри, а дизелската варијанта BlueMotion е најштедлив петосед, со потрошувачката од 3,6 литри. Силен впечаток остава новиот бензинец со 105 КС, кој работи со турбонатполнење и директно вшприцување. Иако малечкиот четирицилиндарец од 1,2 литар ќе тера до темпо 190, просечната потрошувачка му останува на 5,5 литри, што е за 19 проценти помалку од претходникот со иста силина. На широк фронт влегува и седумстепениот менувач со двојна спојка. Понудата почнува со Polo 1.2 со 60 КС, кој троши 5,5 литри и постигнува 157 km/h. Истиот мотор, но со 70 КС, ја задржува потрошувачка, но оди до 165 km/h. По нив следуваат 1,4-литарецот со 85 КС, потрошувачка од 5,9 литри и 177 km/h, и малиот 1,2 TSI со 105 КС. Убави новитети има и во понудата од дизели. VW и тука ја отфрли гласната техника со пумпа-вентил и се префрли на common-rail. Сите дизели се 1,6-литарски, но во три степени на силина, со 75, 90 и 105 КС. Сите трошат по 4,2 литри, а најсилниот вози до 189 km/h. VW сака да си обезбеди пет ѕвездички и со новите, построги норми за краш-тест, па е дарежлив со безбедносната опрема. ЕЅР е во серија, исто како и четирите воздушни перници и активните потпирачи за глава напред. Дека Polo е малиот брат на Golf се гледа и во ценовникот, во кој се напишани неколку благородни ставки. Покрај биксенонски светла и панорамски покрив, тука има и радиосистеми со екран на допир, како и контрола на притисокот во гумите. Но, сето ова наоружување чини преку 20.000 евра. И тука Polo е ист како бато. �

Подигната каросерија и детаљи кои асоцираат на теренско возило. Не е прв пат Audi да ја земе како основа лимузинската изведба и од нејзе да направи возило со повеќе лица. Овој пат тоа е Audi A4 Allroad.

Кога излезе новиот Audi TT, брендот значително го подобри реномето на малиот родстер. Сега, со додадени уште две букви на името, дополнително влева страв во коски кај противниците. Се разбира, тоа е TT RS.

Новиот автомобил со електричен погон на Fisker сака да биде сфатен сериозно. Со нагласен агресивен и спортски дизајн, и со место за четири патници, Karma подготвена се впушта во битката со конкурентите.

Швеѓаните им пркосат на злобните шпекулации преку моделот 9-3х. Направен е на основа на старата Opel Vectra, меѓутоа внесени се голем број подобрувања, со што Saab се стреми кон враќањето на стариот сјај. 03/2009 7


новитети салон за автомобили во женева

Малечко со силен став Најавите траеја долго, но вредеше. Малечкото на Chevrolet прерасна во дизајнерско парче автомобил

Д

Голем чекор напред во стилот на најмалечкиот Chevrolet. Од следната година почнува продажбата на Spark

осега фрлаше искри со исклучително ниската цена, а отсега ќе го привлекува вниманието на себе и со изгледот. Долго време, на наследникот на малечкиот Chevrolet, кој е исклучително популарен кај нас, му го гледавме само носот. На салонот во Женева, Spark ни го покажа и задникот. Изгледа познато, од причина што е речиси непроменет од студијата Beat, која Chevrolet ја стави на гласање на интернет, заедно со Trax и Groove. Новиот Spark како да ги спојува во едно овие три возила и им нуди мошне привлечно автомобилче на младите кои му се целна група. Каросеријата со динамичен крој, што прави автомобилот да изгледа подолг отколку што е, навистина порасна за 15 сантиметри во споредба со претходникот, но со 3,64 метри и натаму е компактна и згодна за возењето во град. Зад задната клупа се добива багажник од 170 литри, а ако истата се собори, просторот расте на 994 литри. Од следната година Spark ќе се најде во продажбените салони во Европа, а од 2011 година ќе го има и во САД, како еколошки автомобил. Основниот мотор сега ќе биде еднолитарски и со четири цилиндри, и комплетно е нов, исто како и поголемиот мотор од 1,2 литар. Како силина, моторите пријавуваат 66 и 78 КС. Со посилниот мотор, Spark ќе забрзува до темпо 100 за 12,4 секунди. И овој податок пали добро. �

Нови мотори од 1,0 и 1,2 литри, со сила од 66 и 78 КС

8 03/2009

www.autofocus.com.mk


www.autofocus.com.mk

03/2009 13


новитети салон за автомобили во женева

Оживување на

легендата

Ф

ранцуската марка во последно време плови по погодни струи, со исклучително поволен ветер во едрата. На салонот во Париз, несомнено таа беше главната ѕвезда со концептите Hypnos, GT и C3 Picasso. Овој пат Citroen се претстави со концептот DS inside, кој уште на прв поглед изгледа брилијантно. Нема агол, нема гледна точка од која овој концепт изгледа макар и маргинално грдо. Имајќи предвид дека се работи за Citroen, доколку DS inside почне да се произведува, сигурно ќе има некои откачени решенија и идеи. Сепак, DS inside ја симболизира генетската поврзаност помеѓу новиот концепт и возилото што ги потресе темелите во автоиндустријата во далечната 1955 година. Уште тогаш, Citroen им го покажа на сите останати начинот на кој може да се изработи еден автомобил. Стариот DS покрај тоа што покажа извонреден стил и убавина, беше многу напреден однатре. Имено, уште тогаш Citroen користеше активна хидраулична суспензија, која нуди комфор како ништо друго. Citroen е првиот бренд што ги претстави адаптивните предни светла, кои го следат движењето на воланот и тоа баш со овој модел. Често сме сведоци на рекламни кампањи во кои се споменуваат адаптивните предни светла како престижна карактеристика за некој модел, но Citroen тоа го покажа уште во средината на минатиот век, па некако за двоумење е дали воопшто треба толку да се потенцира таквата карактеристика. Новиот концепт DS inside претставува спој од мазни, убави и префинети форми што зрачат со неодолив шарм. Радува фактот што Citroen

16 03/2009

французите со нов серијал: по DS3, планирани се DS4, DS5, итн. доколку и другите модели изгледаат вака, браво за Citroen

Техниката потекнува од С3, но стилот го подигнува возилото за неколку скалила повисоко

веќе сериски го произведува С3 Picasso кој беше претставен во Париз. Концептот GT, кој требаше да биде наменет само за видеоиграта Gran Turismo, ја дочека светлината на денот во реалниот свет. Тоа само дава надеж дека, според некои чудни математики, Citroen би требало да почне да го произведува DS inside кон крајот на оваа година, или најдоцна во првиот квартал од следната, а тоа е нешто што нам ни дава огромно задоволство. � www.autofocus.com.mk


www.autofocus.com.mk

03/2009 17


возевме Seat exeo

Се надминува себеси

Auto Focus на презентацијата на Seat Exeo во шпанскиот град Марбелја

Шпанците го направија најдобриот Seat на сите времиња. Место техника од Golf, тој користи механика на повисоката класа и ќе донесе нови купувачи

НИ СЕ ДОПАЃА Комфорно подвозје со висока спортска резерва Богата сериска опременост

Солидна завршна обработка

НЕ НИ ПРЕЧИ Релативно нискиот отвор на багажникот: кој се сели често, го има на избор комбито ЅТ

НЕ НИ СЕ ДОПАЃА Поради надолжно вградениот мотор и милтилинк оската, просторната понуда назад е просечна Бензинецот од 1,4 литар нема да се вградува во Ехео: Повластената акцизна стапка не му е достапна

В

о Марторел, во близина на Барселона, станува сериозно. Марката е голема. Ги надрасна полиците што им се достапни на сите во групацијата Volkswagen и доби пристап повисоко, каде што ниту чешката Skoda, а во моментов ниту матичната марка Volkswagen не посегаат. Тука веќе се добиваат згодни работи: надолжно поставен мотор, за добар баланс на тежината, и предна оска со две триаголни водилки, за прецизно водење на тркалата. Како панделка на пакетот доаѓа завршна обработка на ниво што досега не е доживеано во шпанската марка. Продукт-менаџерот на најнови-

24 03/2009

от шпански модел, Педро Елордуи, не претерува кога кажува дека „Exeo е најдобриот Seat што досега е произведен“. Станува сѐ поочигледно дека неговиот шеф Ерих Шмит лека полека го исполнува ветеното. Можеби кризата ќе го одолжи качувањето на годишната продукција на 800.000 примероци, но квалитетот на Audi е веќе тука. Шмит знае најдобро каде се купува квалитет: На неговото место во Инголштат тој беше главен набавувач за марката. А на Seat му набави нова класа. Exeo e модел од средната класа и паркира рамо до рамо со Mondeo и компанија. Со класичен лимузински крој, Exeo не смее да си го

Досега невидена глетка: Лимузина на Seat од средната класа. Последната голема лимузина Toledo користеше основа од компактната класа

www.autofocus.com.mk


технички податоци Со прецизноста што ја оддава надворешниот изглед, се забележува јасно: Ова е сериозна лимузина

П р в че к ор по но в ио т па т

Името Exeo доаѓа од латинскиот Exire, и значи, да исчекориш, да надминеш нешто. За разлика од другите модели на Seat, лимузината не носи име на шпански град. Пораката: Exeo исчекорува, со него Seat поаѓа по нов пат.

www.autofocus.com.mk

дозволи екстравагантниот дизајн на Leon или Ibiza, но сѐ уште се препознава како Seat. Трапезовидните светла, надолу повлечената маска и играта на отворите за воздух во браникот – тоа се белезите на „Arrow Design“, на актуелниот дизајн на шпанските модели. Околу една третина од автомобилот е комплетно нова, другото е преземено од регалот на групацијата. Тоа не е малку, сепак се работи за 1.800 нови дела. Наменското дотерување на техниката за Exeo се чувствува најдобро во подвозјето. Стравувањето дека лимузината ќе амортизира тврдо, во согласност со силната спортска ориентација на марката, се покажа неоправдано уште во првите метри, на лежечките полицајци на излез од паркингот. Тоа е пријатно изненадување: Не само поради марката, туку и поради тоа што повеќето лимузини од средната класа денес влегуваат непотребно во ресорот на спортските автомобили и се тркалаат на беспоштедно тврдо подвозје. Уште е попријатно сознанието дека мекото и тивко амортизирање не е купено на сметка на возните својства. Затоа што големиот Seat не капитулира пред секој свијок. Напротив, со двојните триаголни водилки напред и со четирите водилки за задните тркала, во свијоците Exeo се однесува како палав компакт. За подбуцнување на подвозјето, на почетокот ќе се грижат шест мотори, веќе познати од регалот на концернот. Од бензинците ќе ги има 1,6-литарецот со 102 КС, дволитарскиот TSI со 200 КС, и во средината, 1,8-литарецот со турбонаполнење и 150 КС. Концернот балансира: Последниов мотор кај Skoda Superb се добива во верзија со директно вшприцување и со 160 КС. И моторот од 1,4 литри, одомаќен во помалите модели на куќата, тука не може да се очекува. Неговото приспособување за надолжно вградување е скапо. Затоа, пак, кај дизелите нема компромиси. Тука Шпанците го добиваат најновиот дволитарски дизел со вшприцување со common-rail, во изведба со 120, 143 и 170 коњски сили. Моторите секогаш одат со шестстепен менувач, вклучувајќи го и основниот од 1,6 литар, и оттаму се добива добра порака дека во Exeo купувачите се послужени пристојно. Тоа што автоматски менувач се добива само кај најсилниот бензинец не би требало да се зема за грев. Така производствените трошоци►

Seat Exeo 2.0 TSI Мотор: 4 цилиндри, 16 вентили, зафатнина 1984 cm3, силина 200 КС при 5100/min, вртежен момент 280 Nm при 1800/min; Погон и пренос: погон напред, шестстепен менувач, брзина во VI степен при 1000/min 46,9 km/h; Подвозје: напред две триаголни водилки, назад мултилинк оска, сопирачки напред 320 х 30 mm, назад 288 х 12 mm, гуми 205/55 R 16 - 225/40 R 18; Димензии и тежина: Д х Ш х В 4661 х 1772 х 1430 mm, меѓуоскино растојание 2642 mm, багажник 460 lit, резервоар 70 lit, празно возило 1430 kg, дозволена тежина 1990 kg; Перформанси: Крајна брзина 241 km/h, забрзување 0-100 km/h за 7,3 s, еластичност 80120 km/h во VI степен 12,0 s, 0-1000 m за 28,8 s; Потрошувачка: град/пат/ просек 10,9/5,8/7,7 l/100 km

лимузински третман

За големата лимузина, Seat скрои интересни пакети на дополнителна опрема, добри за подигнување на комфорното чувство, но добри и за џебот. Convenience (за Reference): мултифункциски волан, темпомат, Bluetooth, патосници, висинско местење на совозачко седиште и потпирач за рака напред Style Plus (за Style): алуминиумски бандажи од 17 инчи, украсни панели со финиш на дрво во кабината, биксенонски светла со активно водење, автоматика на светла и Bluetooth Sport Plus (за Sport): алуминиумски бандажи од 18 инчи, биксенонски светла со активно водење, Bluetooth, електрично собирање ретровизори, паркинг-сензори назад, автоматика на светла и бришачи, ветробран со звучна изолација Пакет Електрика 1 (за Reference и Style): електрично собирање ретровизори, паркинг-сензори назад, автоматика на светла и бришачи, ветробран со звучна изолација Пакет Електрика 2 (за Style и Sport): паркинг-сензори напред, сензор за квалитет на воздух, далечинско отворање багажник, завеси за сонце назад и дисплеј во боја Пакет Прегради (за сите модели): фиоки под предните седишта, отвор за скии, приклучок за 12 волти во багажникот

03/2009 25


возевме Citroen C3 Picasso

Нова игра од Citroen:

Искористи го просторот што

подобро

НИ СЕ ДОПАЃА НЕ НИ СЕ ДОПАЃА

Исчекор од здодевниот изглед на вановите Поделени предни столбови и прегледност

Зрел впечаток, мириса на повисока класа

28 03/2009

НЕ НИ ПРЕЧИ

Очекувавме командите за радио да се на воланот, не зад него

Ценовната рамка: Picasso е скапа уметност, но задоволство е да ја имаш

Системот старт-стоп и менувачот Sensodrive не се нудат на стартот

www.autofocus.com.mk


Auto Focus на презентација на Citroen C3 Picasso во Барцелона, Шпанија

Кубизмот се покажа мошне корисен во градењето на автомобилот. Кога тој има форма на коцка, внатре се добива многу простор. Citroen додава и малку уметност

С

екогаш е особено доживувањето кога се седнува во нов Citroen за да се види каков тоа нов распоред измислиле креаторите на марката. Тука се способни да разместат сé што во другите автомобили го наоѓаме секогаш на истото место и во истата форма. Еднаш веќе го направија топукот на воланот неподвижен, ги преместија и инструментите горе врз арматурната табла, во полупроѕирна лента од течни кристали, дури и предните столбови не им се допаднаа, па ги поделија на два. Тоа е традиција, тоа се случувало отсекогаш во Citroen. Најново, креаторите од Париз зедоа да ја испробаат вештината на прераспоредување кај микрованот. Свикнати сме овие кути-

ички израснати врз механика од градски автомобил да ги гледаме рамнодушно. Изгледаат здодевно, исплакнати од секаков печат на куќата што ги прави, надувани, но крајно практични, и само поради тоа, мошне привлечни. Тоа што кај другите изгледа како Opel Meriva, Renault Grand Modus или Ford Fusion, кај Citroen се појавува во форма на С3 Picasso. Толку е поинаков што повеќе заслужува да се води како кросовер, отколку како микрован. Напред е топчест, со висок нос, кренати светла и широко пуштени мустаќи околу отворот за воздух, што чиниш дека е теренец. И другиот крај не е поштеден. Светлата тука се поделени на две групи, едната долу, во продолжение на браникот, другата горе,►

Конкурентите ќе мора да го заборават наученото: C3 Picasso учи дека коцката не мора секогаш да изгледа здодевно www.autofocus.com.mk

03/2009 29


tect Со Honda на 1.000 километри во лов на рекорди

Минималистичка пријатна за џебот

На тестот, овој пат бараме само едно: што помалку литри за долевање во резервоарот. Баравме - добивме: просечна потрошувачка од 4,14 литри на 100 километри. Па, тоа не е можно!

К

ај новите генерации автомобили е правило. Сите тие трошат помалку од претходниците. Техничарите постојано измислуваат нови начини за штедење. Така, со текот на годините добивме каросерии што лизгаат низ воздушните струи лесно како риба во вода, како и менувачи со шест степени или механизми во моторот што обезбедуваат особено штедливо возење. Не смее да се случи, нов автомобил од голема марка да се појави на пазарот без некоја новост за штедење гориво. Тоа би било еднакво на самоубиство. Но, потрошувачката што ја ветуваат производителите, ретко останува достижна. За малечок градски автомобил тие велат пет литри, ние велиме седум. Вистина, и седум

32 03/2009

Бркањето рекордно ниска потрошувачка бара посебна тактика: На патот до Св. Наум не очекуваа доста остри нагорнини

се помалку од поранешните осум, но зошто не се пет? Дали се тоа само празни ветувања на маркетиншките итреци? Барем ние не мораме да погодуваме, работа ни е да дознаеме. Баравме два автомобила, Honda ни се виде како убав избор. Малечкиот мултиталент Jazz и претставителната лимузина Accord веќе ги имавме тестирано, и оттаму знаевме дека можеме да очекуваме соодветно ниски вредности на потрошувачката. Сепак, не би смееле да се изрезилиме и да тргнеме на штедливо возење од 1.000 километри, а автомобилот да не умее да штеди. Инаку, одговорот зошто потрошувачките ни одат на седум литри, а не на пет, го знаеме веќе однапред. Затоа што покрај економичноста, напредокот фаќа и www.autofocus.com.mk


музика, Бројката за просечната потрошувачка во патниот компјутер мами: Ова не е малечок градски автомобил, туку лимузина

Овој е вистинскиот рекордер: Не можевме да претпоставиме дека ќе отиде толку ниско. Подолу дури и од фабричката бројка во возливоста, во перформансите, во комфорот и во безбедноста. Затоа што така созреан автомобил мами да се брка, да се почувствува силината, да се стигне порано до одредиштето, затоа што и времето притиска сѐ повеќе. Ние се ослободивме од временскиот притисок. Поставивме правила на однесување пред поаѓањето: прво се мести седењето, се врзува ременот и предметите од џебовите се пикаат во касета, па дури тогаш се стартува моторот; при чекање на семафор и при секоја пауза подолга од 20 секунди се гасне моторот; при поаѓањето, гасот се притиска нормално, но се менува степен уште при 2.000 вртежи, односно кога ќе реагира препораката за промена на степен во инструментите; се вози во највисокиот можен степен на www.autofocus.com.mk

пренос, со најниски можни вртежи; темпото е 80 или 100, зависно од патот. Возењето од 1.000 километри го поделивме на три дела. Првиот ден возевме од Скопје за Охрид, односно за Свети Наум, и назад за Скопје, на патување што ги комбинира сите три услови на возење, односно автопат, спореден пат и неколку планински превои, вклучувајќи ги Стража и Пресека, како и подножјето на Галичица. Градското возење беше покриено со што побрзо излегување од Скопје и само поминување низ Охрид. Патувањето до Дојран, во вториот ден, бараше неспоредливо помалку грижа околу возењето. Благи и куси нагорнини, и повКомпјутерот може и да греши, долевањето гориво не: 15,52 литри торно автопат и спореден пат.► гориво за пат од 375 километри дава просек од 4,14 l/100 km На последниот дел, од Скопје до

03/2009 33


тест Toyota Avensis 2.0 VVT-i Luxury

Лежерен крстосувач Новиот Avensis настапува мирно и сталожено, без поголеми експерименти, бидејќи знае дека постои клиентела која милува приземјени автомобили

НИ СЕ ДОПАЃА

НЕ НИ ПРЕЧИ

НЕ НИ СЕ ДОПАЃА

нивото на опременост

релативно досадниот надворешен изглед; сепак Avensis е наменет за друг вид на потрошувачи

бучноста при силно забрзување

одличен интериер

комфор и квалитет во префинета комбинација

38 03/2009

локацијата на електричната паркирна сопирачка изгледот на инструментите за температура на моторот и количество на гориво

www.autofocus.com.mk


Д

www.autofocus.com.mk

инамични форми и мускулести линии... Овој пат мораше да биде така, бидејќи претходникот беше речиси незабележителен. Затоа, новиот Avensis настапува многу поуверливо. Целиот развоен процес за новиот модел, кој ги вклучува дизајнот, тестирањата, производството итн. се одигра на eвропска почва. Крајниот резултат доаѓа во облик на подинамични форми и подобрени и оптимизирани возни својства. На прв поглед, новиот Avensis не нуди ништо револуционерно. И тоа е вистина. Нема некоја посилна надворешна карактеристика која ќе го задржи погледот на случајниот минувач. Единствен исклучок се големите 18-инчни бандажи кои доаѓаат сериски во Luxury-пакетот, кои барем малку го подобруваат впечатокот. Очигледно е дека функционалноста го диктира дизајнот на Avensis, и на сметка на тоа, страда изгледот, кој е значително подобрен во однос на минатиот модел, но не доволно уверлив, како што е случај кај некои од главните конкуренти. На предницата доминираат големата маска, долгите свиени светла и огромната зарамнета хауба, која не само што ја подобрува аеродинамичноста (одличен коефициент на отпор од само Cx = 0,28), туку ја подобрува безбедноста на пешаците во случај на незгода. Гледано отстрана, забележлива е големината на кабината, која сега има подобра понуда на простор, благодарение на исфрлувањето на носечките столбови нанадвор. Сепак, најголемата мана на функционалниот дизајн се забележува одзади. Тука се карактеристични големите светла, кои не се ниту малку разиграни, со што задниот дел на Avensis изгледа мошне досадно. Во внатрешноста, пак, се раскажува сосема поинаква приказна. Веднаш опива атмосферата што ја создаваат кожениот интериер, квалитетните материјали на арматурната табла и двобојната изведба на кабината. Седиштата се пријатни, електрично регулирани, со две мемории, многу комфорни и нудат многу можности за нагодување. Контролите на и околу воланот се наоѓаат лесно, благодарение на правилниот распоред. На средишната конзола доминира мултимедијалниот систем со сателитска навигација со кој ракувањето е лесно разбирливо и интуитивно. Овој сис-

тем во себе ги интегрира радиото, CD-изменувачот, сателитската навигација, Bluetoot-поврзување со мобилен телефон и при возење наназад, прикажува слика од помошната камера која се наоѓа на задниот дел, над регистарските таблички. Дополнителен впечаток за префинетост оставаат копчето за стартување на моторот, електронската паркирна сопирачка, двозонската клима и греените седишта, додека за оние што милуваат поспортски карактер, тука се палките зад воланот, за рачно ракување со менувачот и едно многу ненаметливо копче „Sport“ кое се наоѓа до менувачот. Завршната обработка на површините е на врвно ниво, без никакви издатоци, нерамнини или остри рабови. Интересен впечаток остава централниот потпирач за рака, кој секако може да се отвори. Отворањето не е новина, меѓутоа, повеќестепениот распоред на внатрешниот простор изгледа многу интересно и исклучително функционално. Тука ги наоѓаме приклучокот за надворешен аудио уред и 12-волтниот излез. Просторната понуда е на завидно ниво, бидејќи има доволно простор и однапред и одзади. Комфорот е дополнително зголемен за патниците на задната клупа со завесите за сонце скриени во вратите, и една голема завеса за задното стакло, која се наоѓа зад потпирачите за глава. Фасцинира тивката работа на електромоторите кои се наоѓаат низ кабината, односно во седиштата, прозорците, ретровизорите, воланот итн. Од целата плејада електромотори, најбучен беше само оној за нагодување на воланот, но се разбира дека таа бучавост е во границите на нормалното. Големиот багажен простор од 509 литри е лесно искористлив благодарение на високото отворање на поклопецот и на широкиот отвор. Лесно соборливите задни седишта дополнително ја зголемуваат корисноста на товарниот простор, додека за превоз само на долги предмети, во пресрет излегува прозорчето кое се формира при преклопување на задниот потпирач за раце. За оние што имаат потреба од уште поголем товарен простор, секако достапна е комби-лимузинската изведба, за која ќе треба да се одвојат уште 1.000 евра. Дволитарскиот бензинец со 152 коњски сили, несомнено има по-►

03/2009 39


tect голем Tест на летни гуми на ADAC

Секоја трета не ја Една третина од гумите на тестот не се доволно добри да ги заменат старите и излижани гуми. На другата страна се осумте гуми што добија посебна препорака

П

Добра летна гума не смее да се лизне на тестовите на влажно: Летните гуми не се проектираат само за возење на суво 52 03/2009

редизвик за научниците: Што се добива ако се спојат корисните вредности на крава, овца и на кокошка, со корисноста на една свиња? Јасно е, тоа што ќе се добие повторно ќе биде свиња, но таа сега ќе дава млеко, ќе произведува волна, ќе носи јајца и откако ќе се заколе е вкусна како сланина. Но, исто како што ова замислено животно останува неисполнет сон на секој сточар, така во догледно време нема да се најде ниту гума што ќе биде добра за сѐ: Ќе реагира брзо на сув пат, никогаш нема да дозволи под неа да се создаде воден клин и ќе запира брзо, нема да се абе и ќе дава најмал можен отпор при тркалање, за потрошувачката на гориво да биде што е можно пониска. Но, често, една од овие способности се коси со некоја друга. Отпорот на тркалање на гумите е главен кога е во прашање жиwww.autofocus.com.mk


бидува Покрај тоа што треба да постигне добри мерни вредности, врвната гума треба да му овозможи на возачот добро да ја почувствува подлогата

вотната средина. Во зависност од условите на возење и од брзината, тој учествува со 20 до 30 проценти во потрошувачката на гориво. Сите сакаат да имаат гуми со намален отпор при тркалањето: Автомобилските возачи ги посакуваат овие гуми затоа што со нив непосредно се намалуваат трошоците за гориво. И производителите на автомобили ќе бидат среќни: Просечната емисија на јаглероден диоксид на нивните модели ќе може да се спушти едноставно, без скапи зафати во внатрешноста на моторот. Но! Бескомпромисната еколошка гума може само условно да послужи како модел за иднината. Безбедно и комфорно возење не може да се добие доколку не постои отпор при тркалањето, кој се произведува од деформацијата на гумата и од еластичните својства на материјалот. Мерење, испробување на однесувањето на гумите, менување гуми, Тоа би било исто како мазен бани повторно мерење, испробување... Тестирањето гуми бара голем ангажман даж да лизга по полиран месинг. ► www.autofocus.com.mk

03/2009 53


Актуелно Кризата во Saab

Се` отиде во облаците Чудно, откачено, лудо. Saab порано важеше за подвижен манифест на разновидности. Нивните автомобили ги возеа луѓе што мрзат Mercedes

П

орано, при прво седнување во Saab, мораше да се биде подготвен за големи изненадувања. Контакт-бравата беше долу, меѓу седиштата, а по возењето, менувачот мораше да се остави во рикверц, па да се извади клучот. Брзиномерот не беше со класична поделба 20-40-60, туку броеше во чекори 10-30-50. Во пакет со тоа одеше и вчудовидувачки поинаков дизајн, и секако, тука беа турбомоторите. Така беше гарантирано дека се вози автомобил што не се гледа на секој агол. Шведската автомобилска марка Saab отсекогаш се фалеше дека е

Долго пред Euro-NCAP: Беспоштедно судирање, за бескомпромисна заштита

Saab 93, 1956 година

Saab 96, 1960 година Saab Sonett I, 1956 година

Saab 92, 1950 година

58 03/2009

произлезена од производителот на авиони Svenska Aeroplan Aktien Bolaget, основан во 1937 година. По војната, фирмата се пушти и во производството на автомобили. Убава е приказнава: од шеснаесетте аероинженери, кои работеле на развојот на првиот автомобил, само двајца имале возачка дозвола за автомобил. Искуството од аеронаутиката си оставаше белези во автомобилите на Saab. На пример во поделоците на брзиномерот. Покрај тоа, првите модели лизгаа низ воздухот многу полесно од кој било друг автомобил од тоа време. Во 1967 година се појави моделот Sonett II,

Saab 95, 1960 година

www.autofocus.com.mk


кој со стаклената купола над опашот и со ниската каросерија прв ја заживеа идејата за компактно купе. Подоцна, дизајнерите на Saab ги создадоа моделите 99 и 900, кои се вистински икони на автомобилското производство. И чувството при возење беше единствено. „Седиш како во авионска кабина“, така одговараат љубителите на марката кога ќе ги прашаат што е толку посебно во моделите на Saab од времето. Во градењето на култниот статус учествуваше и фактот што во шеесеттите и осумдесеттите години, автомобилите на Saab беа непобедливи во рели-спортот. Без раз-

Saab Sonett II, 1966 година

лика дали се возеше околу илјадата езера во Финска или во Монте Карло, Saab секогаш беше качен на победничкиот подиум. Марката постојано измислуваше нови работи. Во 1963 година, Швеѓаните го направија првиот сериски автомобил со два независни система за запирање, во 1970 Saab беше првата марка што воведе бришачи за светлата, во 1971 марката ги израдува измрзнатите патници со загревање на седиштата, во 1972 од лентите почнаа да се симнуваат првите автомобили со вградени шипки во вратите, како заштита при страничен судир, во 1977 марката успеа да го одомаќи турбонатполнењето во сериски автомобил, а во 1986 кога автомобилите без покрив веќе беа на изумирање, се појави Saab Cabrio, и постигна зачудувачки голем успех. Последната ставка во списокот со иновациите на Saab потекнува од 1993 година, кога беше претставен системот Night Panel. Тој е потсетување на минатото во аеронаутиката: При ноќно возење, системот го осветлува само брзиномерот, за вниманието на возачот да не се одвлекува со непотребни информации. Не е случајност што замирањето на иноваторскиот елан во Saab се поклопува со времето кога американскиот концерн General Motors го презеде кормилото на фирмата од Тролхетен. Во 1989 година Американците влегоа со 50 проценти, а од 2000 комплетно го презедоа Saab. Првиот модел што се појави под режија на GM е Saab 900 од 1993 година. Како основа се користеше платформата од Opel Vectra, и покрај четирицилиндарските мотори на Saab, се нудеше и V6 од Opel, но за него речиси и не постоеше интерес. Уште тогаш почна да се покажува дека шефовите во GM не успеаја да ја сфатат навремено суштината на марката Saab. На пример, тоа дека верниот круг купувачи на Saab не може да се задоволи со секојдневна техника. Автомобилите на Saab ги купуваа луѓе што знаеја точно што сакаат. Верувањето дека овие►

Нормално е што аеродинамиката се користеше во Saab: Марката произлезе од производител на авиони

И на технички излети не се штедеше: Два трицилиндарски мотора споени во еден

Рачка за подот на багажникот во 9-3 Sport Combi, во форма на авион

Saab Sonet III, 1970 година Saab 99, 1968 година

Saab 99 CC, 1974 година

Saab 900 CC, 1979 год. www.autofocus.com.mk

03/2009 59


актуелно Новитети во луксузната лига

Молам, наплати ми поскапо! луксузот и натаму се продава. Додека производителите на обични автомобили се борат за опстанок, на благородните марки им оди одлично

Ш

изофренијата што завладеа меѓу производителите на автомобили стана мошне очигледна на салонот во Женева. Од една страна, барањата за евтини и малечки автомобили стануваат сѐ погласни, и автомобилите како Tata Nano или Volkswagen Polo успеваат да ги одвлечат погледите од скапоцените лимузини за бизнисмени, од типот на класата Ѕ на Mercedes-Benz. Од друга, Ferrari, Lamborghini и Maserati, како и специјализираното одделение M GmbH на BMW, објавуваат рекордни продажби и профити, и не гледаат причина да се воздржат од претставување нови, уште поскапи автомобили. Луксузот се продава. За повеќето благородни марки, 2008 беше најдобра деловна година во историјата. Раководејќи се според намалената куповна моќ на народот и струполените вредности на акциите,

74 03/2009

познавачите предвидуваат дека во оваа година ќе се потсобере и сегментот на луксузните возила и тоа за околу 40 проценти. Но, во споредба со големосериските производители, на марките што продаваат гламур им оди одлично. Тоа важи пред сѐ за производителите на спортски автомобили,

кои го одржуваат расположението на нивните клиенти со модели што се нудат во ограничена серија. Во оваа класа речиси и не се појавуваат тазе испечени модели, но затоа има многу посебни моделски изведби. Пример за тоа е најновата изведба Super Veloce на Lamborghini Murcielago, олеснета за сто килограми и посилна за 30

Rolls-Royce: Значи вака изгледа малечкиот Rolls-Royce, моделот што од следната година ќе се продава по цена од 200.000 евра

коњски сили. Веднаш по појавувањето на салонот, беа продадени првите 100 парчиња од серијата што ќе биде произведена во само 350 примероци. Цената на едно парче е 300.000 евра. Истиот рецепт го примени и Mercedes-Benz, и за забрзување на распродажбата на SLR го легна под рефлекторите радикалниот родстер Stirling Moss, кој чини 850.000 евра. Швабите не мора да раструбуваат наоколу за да го објават пристигнувањето на својот двосед без покрив и стакла. Повеќето од планираните 75 примероци веќе одамна се продадени. Уште помала е серијата на Ferrari 599XX со сила од 700 КС, со кого италијанската марка го прославува освојувањето на конструкторската титула во минатата сезона во формула 1. Во зависност од интересот што ќе го поттикне на пазарот, овој модел ќе биде изработен во најмногу

www.autofocus.com.mk


Koenigsegg Quant: Шведската марка спортски возила првпат покажува семеен автомобил со четири седишта. Има место и за екологија. Двата електромотора му даваат на болидот сила од 520 КС и го носат до темпо 272. Но, ова е само студија

дваесетина примероци. Цената на тркачката машина, со каросерија што во поголем дел е изработена од карбон, сѐ уште не се објавува, но во секој случај ќе биде далеку повисока од серискиот модел што се продава за 250.000 евра. Во споредба со суперспортскиот болид, со кој Aston Martin ќе се испрчи во следниот филм за Џејмс Бонд, машината од Маранело изгледа како евтина пону-

www.autofocus.com.mk

да. Болидот на Англичаните се вика One-77, кренат е на шасија од карбонски влакна изработена врз искуствата стекнати во мото-спортот и ќе чини 1,4 милион евра. За овие пари се добива дванаесетцилиндарец од 7,3 литри, со преку 700 коњски сили и со исклучителни перформанси: Забрзување од место до темпо 100 за 3,5 секунди и крајна брзина повисока од 320 километри на час. Во

сериската опрема на автомобилот е вклучена ексклузивноста, затоа што правото за возење ќе може да го купат само 76-мина истомисленици. Отворената изведба на DBS Volante доживуваше светска премиера веднаш наспроти него, но во споредба со One-77, овој автомобил е речиси незабележлив, секојдневен. Уникатноста во оваа лига е глав-

ниот аргумент што ги продава автомобилите. Кога продукцијата ќе се ограничи, спортскиот автомобил станува парче за колекционери и се продава неспоредливо полесно. Оваа тактика најдоследно ја користи Bugatti. Шефот на ексклузивната фирма Франц-Јозеф Пефген ќе го произведе моделот Veyron Blue Centenaire во најмалата ограничена серија на►

Bentley Continental Supersports: Ова е првиот автомобил од марката, што може да се вози и со етанол. Британците го сметаат како еколошки тркач, но тој пие 16,6 литри бензин – со етанол оваа вредност се зголемува драстично. Автомобилот чини 215.000 евра

03/2009 75


против досада Автоиндустријата нека учи од компјутерџиите

Сакаме Google да ни направи автомобил! Отворен интерфејс, бета-издание, интеракција со корисниците – тоа што е вообичаено во софтверската бранша, кај автомобилџиите е табу Концернот Fiat прв им дозволи на купувачите да учествуваат во изгледот на автомобилите. Поточно, смееја да се мешаат само во украсните налепници. Тоа што за компјутерската бранша е смешно, за автомобилџиите е огромен чекор напред

К

ога Microsoft би направил автомобил, тогаш автомобилите би се закочувале повеќепати на ден без каква било причина – на возачот му останува единствено да го ресетира автомобилот. Овој виц почна да се врти на крајот на деведесеттите, како потсмев за нестабилните компјутерски програми и зачмаената софтверска бранша. Денес е обратно. На автомобилџиите не им оди најдобро. Виновникот за тоа е финансиската криза. Но, дали навистина е така? Што ако проблемот е од многу посуштинска природа? Не само компјутерџиите, туку и целиот свет го карактеризираат отворени интерфејси, производи што се скроени точно според примената, учество на корисниците во дизајнирањето на производите и социјално вмрежување. Во спо-

редба со тоа, автоиндустријата е чиста спротивност на Web 2.0: Таа се однесува кон своите прототипи како кон државна тајна. Не разговара со потрошувачите. Цврсто се противи нејзините производи да ги модифицира трета страна. Накусо: Автопроизводителите не прават ништо од тоа што го тврдат луѓето од одделенијата за развој на производи и маркетинг. Зошто автомобилџиите не ги ставаат на интернет техничките информации за своите производи, како што тоа веќе со години го прават Google и Linux? Производителите би требало да го подотворат дизајнирањето и да го направат подостапно за корисниците. Кај автомобилџиите сѐ е тајно. Додека се тестираат, прототипите носат гротескни маски, затоа што фотографиите од идниот автомобил никако не смеат да се појават

во јавноста. Објавувањето на скиците на идното возило е незамисливо. Конкурентите веднаш ќе ја украдат убавата форма на задните светла или незаборавната линија на хаубата. Но, ако дизајнирањето мора да биде тајно, за да се гарантира единствен изглед на возилата од марката, зошто тогаш повеќето од новите автомобили изгледаат исто? Затвореноста прави проблеми. Во светот не постои ниту еден сериски автомобил што има солиден пристап на интернет. Повеќето патни компјутери имаат

катастрофално замислено мени за ракување, приклучокот за iPod најчесто не работи. Дали причината за тоа е софтверот што автопроизводителите го развиваат сами наместо да користат отворени стандарди за софтверот и хардверот? Само во минатата година, Daimler потроши повеќе пари за истражување и развој од тоа што Apple го инвестираше во истите цели во минатите десет години. Токму затоа е смешно, но истовремено и тажно, што досега ниту еден од големите автомобилски концерни не почнал да работи со Open-Source и не ѝ дозволил на масата потрошувачи да учествува во развојот на производите. Работите сигурно ќе се менуваат. Затоа што некогашниот пазар од 90 милиони возила, се потсобира на само 58 милиони. �

Една од поголемите катастрофи во помладата историја беше серијата 7 на BMW од 2002 година. Дизајнерот Крис Бенгл им послужи на шефовите неколку свои идеи за изгледот на автомобилот. Тие го избраа дизајнот што на публиката и се допадна најмалку

Следниот број на магазинот Auto Focus излегува на 15 април 2009

82 03/2009

www.autofocus.com.mk




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.