AutoFocus #22

Page 1

Број 22 • ЈУНИ 2009

СРЕДБА НА ГЕНЕРАЦИИ

BMW 2002 и BMW 320d

opel AStra Поголема, покомфорна, поубава

УБАВИЦАТА

ВО КЛАСАТА НА GOLF

Возевме

pEUGEOT

308cc 3.836 km со

ЛИТАР ГОРИВО

Барселона 9 771857 569002

22

TECT CHEVROLET CRUZE TECT HAMACHI

ЈУНИ 2009 90 ДЕНАРИ

НАТПРЕВАР ВО ШТЕДЕЊЕ

Салон

Sportage 2.0 EX AWD Active, ТЕСТОВИ: Kia Hyundai i30 CW 1.6, Skoda Octavia 1.4 tsi



Број 22 • jуни 2009

СОДРЖИНА www.autofocus.com.mk

новитети

6

OPEL аstra Успехот на Insignia беше само почеток. Сега доаѓа Astra, со закана да го симне Golf од престолот

16

Peugeot 5008 Уште еден специјалист со две нули. Овој е добар за семеен транспорт

10

Seat Ibiza Bocanegra не заврши како студија. Шпанците решија да ја понудат во продажба

17

Kia Sorento По стилскaтa преродба на Cee'd и Soul, во силно светло се појавува и големиот теренец Sportage

18

bmw 5 gran turismo

Во овој број:

46 BMW 320d xDrive, BMW 2002 18 BMW 5 Gran Turismo 28 Chevrolet Cruze 1.6 19 Citroen DS3 34 Hyundai i30 1.6 cw 17 Kia Sorento 52 Kia Sportage 2.0 CVVT 4WD 6 оpel Astra 24 Peugeot 308 CC 16 Peugeot 5008 40 Skoda Octavia 1.4 TSI

46

Ваков BMW не сме свикнале да гледаме. Комби-лимузината е измислена за патување

19

17

Порано, привлекуваше со цената. Сега, Kia Sorento привлекува и со изгледот

65

citroen ds3

ТЕСТ И ТЕХНИКА

24

76

28

tect Chevrolet Cruze 1.6 LS Plus Крстосувачот на Chevrolet ќе предизвика голема мешаница: Понудата почнува од 12.600 евра

34

40

52

тест Kia Sportage 2.0 4WD

на две тркала

62

10

34

Вановите не го убија обичното комби. Hyundai i30 cw најавува препород

www.autofocus.com.mk

16

Peugeot во творечки занос: 5008 доаѓа како продолжен 3008

САЛОН БАРcЕЛОНА Салонот во Барселона е најголемиот изложбен салон за Seat. Тука, марката игра на домашен терен

tect Kymco Xciting 300Ri Возбудата што ја ветува во името, овој скутер ја исполнува во целост

64

tect Hamachi 1E40QMA Кога прават копии, Кинезите сметаат дека му оддаваат чест на оригиналот. Тука не утнале многу

65

tect Baotian BT151T-2 Место со мускули, овој Рамбо се расфрлува со елеганција

мотоспорт

74

формула 1 Портрет на Џенсон Батон: За пет месеци од плејбој на Williams, до иден шампион во Brawn GP

Компактниот теренец е подолго на пазарот од повеќето конкуренти. Во форма е да остане уште долго

тема

ЕКО-МАРАТОН НА SHELL Тука не победуваат најбрзите, туку најштедливите. Бројки надвор од умот: 3.836 km со литар гориво

ТЕСТ Skoda Octavia 1.4 TSI Со моторот од 1,4 литар, Skoda ја избегнува поскапата акциза без да го намали уживањето во возењето

Џенсон требаше уште одамна да биде ѕвезда на Ф1, но најчесто седеше во погрешниот болид

78

TECT Hyundai i30 1.6 cw Ова комби не изгледа лошо: Продолжен е опашот, но и меѓу тркалата има повеќе место

ВЕШТО ВОЗЕЊЕ СО MINI Малечката марка дише со полни гради: Преку 100 љубители на марката се натпреваруваа

возевме Peugeot 308 CC Летото е време да се пушти свеж воздух во автомобилот: Peugeot го прави тоа совршено

74

BMW 320d xDrive и BMW 2002 ги разделуваат преку 35 години, но и многу нешта ги спојуваат

Mini го предизвика бранот скапоцени малечки автомобили. Ова е одговорот од Citroen

Место во мускулите, кинескиов Рамбо е силен во стилот

СРЕДБА НА ГЕНЕРАЦИИ

останато 58 60 60 66 82

излог Ваши писма импресум ценовник против досада

06/2009 3


4 06/2009

www.autofocus.com.mk


КОМЕНТАР Број 22 • јуни 2009

Генералот објави капитулација Дарко Јаконов Главен уредник darko.jakonov@autofocus.com.mk

Некогаш најголемиот автопроизводител General Motors го искористи стечајот како последна шанса за спас. На 1 јуни, водечкиот производител од САД поднесе барање за стечај во судот во Њујорк. Сега, најголемиот дел од поранешната мајка на марката Opel ќе биде ставен во државни раце. Ова е најголемата постапка на ставање на доверителите под заштита во историјата на САД. По сто години од основањето, водечкиот производител во САД се најде на крстопат меѓу нов почеток и пропаѓање. Но, кризата не ги штеи ниту најголемите. За само еден месец, два од трите најголеми американски производители се најдоа на работ. Chrysler попушти уште пред General Motors и наскоро ќе прејде во сопственост на групацијата Fiat. Последен во битката за преживување остана Ford. Но, и покрај загубата од неколку милијарди, шансите вториот по големина производител од САД да издржи без државна помош се големи. Со необично кусиот рок за завршување на стечајната постапка од 60 до 90 дена, владата на САД покажува дека сака што побрзо да го врати GM на нозе, и потоа уште побрзо да го симне од грб. Државата ќе презеде 72 процента од новиот концерн и целосно ќе го финансира санирањето. За тоа се потребни 50 милијарди долари од даночните обврзници, не вклучувајќи ги претходните финансиски инјекции од близу 20 милијарди долари. Надежите за преживување на GM се вратија во речиси последната минута откако главнината на доверителите се сложи со постапката. Како возврат за простувањето на долгот од 27 милијарди долари, кредитодавачите ќе добијат десет проценти во новиот концерн, кои подоцна ќе може да пораснат до 25 проценти. Автомобилската унија ќе добие 17,5 проценти во GM, додека досегашните акционери ќе останат речиси со празни џебови. Концернот ќе доживее радикално прекројување: владата ќе затвори 11 фабрики, а три ќе бидат ставени во мирување. Се очекува повторно отпуштање на десетици илјади вработени, со што бројката ќе се искачи на преку 100.000, само во САД. На пазарот во САД, General Motors ќе остане со само четири марки: GMC, Chevrolet, Cadillac и Buick. За шведската марка Saab сé уште постојат неколку заинтересирани купувачи. Марката теренски возила Hummer и марката Saturn исто така се понудија на продажба. За Hummer веќе се најде и купувач, во Кина. Pontiac згасна засекогаш. Од почетокот на 2005 до денес GM забележа загуба од 88 милијарди долари. Само во првите три месеци од годинава се отвори нова дупка длабока шест милијарди долари – во минатите

осум квартали, гигантот ниту еднаш не успеа да постигне позитивен финансиски резултат. Вториот по големина американски производител Ford ќе се обиде да профитира од силните турбуленции кај ривалите General Motors и Chrysler, и на нивна сметка ќе освојува нови проценти во учеството на пазарот. Веќе функционира: Во третиот квартал од 2008, Ford ја зголемил продукцијата за десет проценти. Полека се враќаат надежите дека General Motors ќе закрепне. И за сите е подобро ако гигантот успее да се врати. Стариот ривал Toyotа не ја прими рамнодушно веста за стечајот на GM. Јапонскиот производител е во голема предност пред конкурентите со напредниот степен на развој на хибридната технологија и нема да има проблеми и во иднина да продолжи да заграбува голем дел од продажниот колач. Но, Јапонците се загрижени од последниците на стечајот во GM поради сопствените добавувачи. Бидејќи голем дел од добавувачите на автомобилски компоненти и од набавувачите на General Motors се поврзани со многубројни јапонски претпријатија, падот на гигантот од Детроит ќе повлече и пад на цела низа јапонски добавувачи на автоиндустријата. Кај повеќето од нив драстично опадна прометот во минатата деловна година. Дури 133 јапонски фирми се во деловни односи со групацијата GM. Toyota поседува околу 500 добавувачи на делови и материјал во Северна Америка, од кои околу 60 проценти ја снабдуваат „големата тројка“ од Детроит, односно GM, Ford и Chrysler. Заради обезбедување на иднината, овие добавувачи сега вложуваат максимални напори да добијат што повеќе налози од фирми со кои досега не соработувале. Од друга страна, мошне е веројатно дека GM за кусо време ќе застане на нозе. И јапонските автопроизводители, на пример Toyota или Suzuki, чекаат да видат во колкава мера ќе влијаат мерите за преструктурирање на GM врз нив. Стечајот на General Motors во секој случај ќе остави длабоки и трајни траги врз американското стопанство. Довербата на потрошувачите паѓа, рецесијата се продлабочува, и тоа е само уште еден силен удар за повеќето јапонски автоконцерни, кои почувствуваа силни последици од глобалната криза. Со финансиската помош за General Motors е несомнено дека уште повеќе ќе се зголеми државниот дефицит на САД, што натаму ќе предизвика пад на курсот на доларот и на вредноста на акциите. Но, тоа ќе удри и врз курсот на јенот: растот на оваа валута ќе им ја намали конкурентноста на јапонските извозни претпријатија, ќе повлече раст на каматите и пад на берзата. Јапонската економија ќе претрпи голем удар од растресениот американски пазар. Клопчето е заплеткано. �

СТАВАЊЕТО ПОД ДРЖАВНА КАПА БЕШЕ ПОСЛЕДНА ШАНСА ЗА GENERAL MOTORS. СПАСУВАЊЕТО ГИ РАДУВА И КОНКУРЕНТИТЕ

www.autofocus.com.mk

06/2009 5


Новитети Opel astra

Golf во фокусот Битката меѓу германските компакти штотуку почна да се разгорува. Во четвртото продолжение, осилената и порасната Astra напаѓа за да заграби што е можно покрупно парче од продажбата на VW Golf

К

ога новата Opel Astra ќе се најде под рефлекторите на салонот во Франкфурт во септември, тоа ќе биде четвртиот модел на Opel од компактната класа што го носи името Astra. Но, овој е најважниот досега, од успехот што тој ќе го постигне на пазарот зависи колку добро ќе продолжи да живее марката од Риселсхајм и колку новиот сопственик Magna ќе биде среќен од инвестицијата. Компактот вредно ја полни касата. Од сегашната генерација, во просек се продаваа по половина милион примероци годишно, што е една третина од вкупната продажба на Opel. Со исклучок на името, големата надеж на марката од Риселсхајм нема ништо заедничко со сегашниот модел. Со должината од 4,42 метри, Astra игра во повисока лига, а и со облеката по крој на големиот брат Insignia, компактот посега во повисоките сфери. Изгледот на Insignia се покажа како силно оружје за освојување купувачи, и со верното повторување на препознатливите потези, и Astra го добива овој силен поттик на продажбата. Омилената играчка на дизајнерите на Opel, бумерангот, оставил трага во страниците на Astra, исто како и во предните и задните светла. Куполестиот покрив го потврдува овој автомобил како творба на марката од Риселсхајм.

Kadett 1 - 1936

6 06/2009

Единствената отстапка е направена во изгледот на предниот дел, каде што Astra повеќе личи на Zafira отколку на Insignia. Сепак, мора нешто да остане и за знаменосецот на марката. Блискоста со претставителната лимузина на Opel се воспоставува повторно во внатрешноста. Исто како кај Insignia, и тука има арматурна табла што се раширува во вратите, инструменти што светат како зажарен јаглен и цела армада нови прекинувачи во украсената средишна конзола. Опремата што ја добива Astra заслужува да ѝ се оддаде почит. Покрај системот Opel Eye, за следење на лентата и за читање на сообраќајните знаци, тука се и умните светла што го фрлаат снопот врз патот зависно од условите на возење. Новитет се електричната паркирна сопирачка и советникот за паркирање, кој му помага на возачот да ја смести Astra на паркинг. Уште повеќе ќе одушевува новото просторно чувство. Со дополнителните 17 сантиметри во должината и со растот од седум сантиметри во меѓуоскиното растојание возилото ги напушта границите на компакт-класата. Ова е белегот од новата платформа Delta II што германскиот компакт ја дели со Chevrolet Cruze. Но, на сметка на тоа, патниците на задната клупа ќе добијат господски простор за нозете, додека напред►

Kadett 1 - 1938

Kadett A- 1962

Kadett B - 1965

www.autofocus.com.mk


Бумерангот е заштитен белег на говорот на формата на Opel: Се повторува повеќе пати во задните светла...

... и го има уште на страниците на Astra I. За разлика од Insignia, тука бумерангот е свртен наназад

Семејната лоза на Opel Astra

Kadett C - 1973

www.autofocus.com.mk

Kadett D - 1979

Kadett E - 1984

Astra F - 1991

06/2009 7


салон Барселона мотор шоу 2009

Барселона проголтана Во средината на мај, саемските хали на Муњжуик се претвораат во најголемиот изложбен салон на Seat. Шпанците на домашен терен ја претставија атрактивната Bocanegra

М

аксимално искористување на предноста што ја нуди домашниот терен. Токму тоа го направи Ѕeat на салонот во Барселона. Иако Opel Insignia OPC, којa беше премиерно прикажанa на овој салон заслужува внимание како новитет, со прославувањето на 25. роденден на Ibiza и појавувањето на Ibiza Bocanegra, целото внимание го освои домашниот производител.

Не успеaја да одолеат

Една година по претставувањето на студијата Bocanegra во Женева, Шпанците беа натерани студијата да ја претворат во реалност. Едноставно, не можеа да одолеат на големата „црна уста“. Името на новата Ibiza Bocanegra се повикува на култниот модел 1200 Sport, кој Ѕeat го произведуваше врз платформата на Fiat 127, пред околу 30 години. И кај тој модел, како и кај новиот, доминира големата црна маска, која се протега речиси преку целиот преден дел. Новата Bocanegra едноставно зрачи со динамика и карактер, и претставува вистинско парче во мозаикот на вистинскиот колекционер. Ексклузивната Ibiza изгледа пеколно добро. Спортскиот дизајн на верзијата со три врати под-

10 06/2009

легнал на третман на стероиди, бидејќи сега изгледа уште помоќно. Изнервираниот и спортски карактер се засилува со големите бандажи, сончевиот покрив и ретровизорите, кои се спакувани во црни куќишта. Во задниот дел главната улога ја игра браникот со интегрираниот дифузер за воздух, кој се разбира дека има црна

www.autofocus.com.mk


од Црната уста

та од црн интериер, изработен од неколку видови на материјали, симболот „В“ за „Bocanegra“, и одличните седишта со ромбоидни форми на тапацирот, опшиен со црвен конец, просто остава без здив. Бензинецот со зафатнина од 1,4 литри, кој дополнително диши преку два турбополнача, ветува дека Ibiza Bocanegra ќе вози исто толку добро колку што изгледа. Моторот развива моќност од 150 или 180 коњски сили, но троши многу помалку гориво од други мотори со слична силина. Меѓу електронските помагала, новитет е системот XDS. Тој ја контролира работата на ESP и ТСЅ, и дејствува како електронски диференцијал, кој ја распределува силината меѓу погонските тркала. Убавината на XDS се состои во тоа што, тој има функција иста како механички диференцијал, но користи електроника. Новата Ibiza Bocanegra носи уникатен дизајн и карактер, кои ги комбинира со одличен погон и уште подобро подвозје, во вистински автомобил за уживање.

25 ГОДИНИ Seat IBIZA

www.autofocus.com.mk

боја. На средината гордо се истакнува големата издувна цевка, со трапезоидна форма, која убаво го разбива црниот дифузер. Но, симболиката на името не се должи само на промените во надворешниот дизајн. Во внатрешноста се откриваат траги, кои укажуваат дека се работи за специјална серија. Комбинација-

На салонот за автомобили во Париз, во 1984 година, почна приказната за малата Ibiza. Таа e првиот автомобил што Seat го произведе како независна компанија. Првата генерација задоволи преку еден милион купувачи. Втората генерација, развиена под закрила на групацијата Volkswagen значително го подобри квалитетот на изработката, и го носеше најмоќниот дизел мотор во својот сегмент. Seat го прослави својот 50. роденден со првата Ibiza Cupra, која развиваше 156 КС од 1,8-литарскиот бензинец. Оваа Ibiza беше првиот автомобил во класата за кого се нудеше ЕЅР. Втората генерација се продаде во преку 1,5 милион примероци. Третата генерација се претстави со уште поразвиени спортски гени. Големиот избор на мотори, квалитетот во изработката и спортските перформанси ја направија оваа Ibiza еден од најпосакуваните автомобили во својата класа. Во оваа генерација првпат беше претставена еколошката серија Ecomotive, која собра едно чудо награди. Последната генерација на Ibiza се фали со одличната комбинација од убавина и технологија. Се разбира дека квалитетот е подобрен уште повеќе, но сепак главниот акцент► 06/2009 11


возевме peugeot 308 CC

Широко отворена прегратка Желбите за спортско купе, згора на тоа и кабриолет, Peugeot ги исполнува веќе во две моделски генерации. Овој пат и пропорциите се убаво погодени

НИ СЕ ДОПАЃА

НЕ НИ ПРЕЧИ

НЕ НИ СЕ ДОПАЃА

забележителен настап

дебелкиот задник; сепак изгледа поубаво отколку кај претходникот

командите за аудио системот се зад воланот

бензинскиот мотор управувањето и подвозјето се на врвно ниво

К

ој прв успеа да направи кабриолет со тврд преклоплив покрив? Германците? Американците? Не, туку токму Французите. Peugeot ја користеше оваа технологија првпат уште во 1934 година, кај моделите 401 и 601 Еclipse. Заслугите за ова генијално решение ги носи парижанецот Жорж Полан. Французите го оживеаја овој концепт, расклопувајќи го покривот на мегахитот 206. Малиот 206 СС моментно ста-

24 06/2009

просторот за патниците на задната клупа

Задебелена, но добро дефинирана задница. Одлично изгледаат новите светла и интегрираниот спојлер

на хит, веднаш по појавувањето во 2001 година. По него, следеа 307 СС и 207 СС. Сега на 308 му дојде редот за трансформирање. Се разбира, дека најважниот елемент кај еден кабриолет, е неговата појава и стил. Просто, овие автомобили претставуваат движечки модни додатоци. Поради тоа често се етикетираат како „женски“ автомобили. За да се избори против предрасудите, Peugeot го изнервира 308 СС. Тоа резултираше со www.autofocus.com.mk


Auto Focus на презентацијата на Peugeot 308CC во Дубровник, Хрватска

Тука секој може да ѕирне, затоа Peugeot убаво го уреди интериерот на 308 СС

Профилот несомнено изгледа спортски и пропорционално. Спуштањето на задниот столб ја навестува судбината на патниците на задната клупа

www.autofocus.com.mk

впечатлива, мускулеста појава, со складни пропорции. Пошироката трага и помалата височина од генетскиот близнак 308, прават 308 СС да зрачи со спортски и динамичен шарм. Напред доминираат големата лавовска уста и развлечените светла, прекинувајќи го секој сомнеж дека се работи за нешто друго освен за Peugeot. Силните спортски линии се протегаат преку хаубата кон покривните столбови, додека отстрана ја

дефинираат набилданоста на крилата. Благодарение на големиот ветробран, кој e мошне налегнат, се потенцира аеродинамичноста на 308 СС, и неговата способност да „лизга“ низ воздухот, со исклучително мал отпор. Наспроти претходникот 307 СС, новиот купе-кабриолет има далеку понизок и поелегантен опаш. Капакот на багажникот завршува со убаво интегриран спојлер. Задните светла личат на оние кај Mercedes SLK, но тоа нема да го земеме како забелешка, туку како комплимент. Користењето ЛЕД-технологија од една страна ветува подобра видливост и трајност, но трепкачот е поставен меѓу стоп-светлата, што не е најсреќно решение затоа што се забележува потешко додека работат стоп-светлата. Дијагонално поставените светлосни ленти, кои ги следат линиите на задните крила како кај 307 СС, му даваат специфичен карактер и препознатливост. Друг елемент што остава силен впечаток е дводелниот дифузер за воздух, кој се наоѓа долу, на браникот. Peugeot 308 CC успешно го исполнува првиот услов за добар кабриолет – има стил. Внатрешноста на кабриолетот мора да биде речиси совршена. Зошто? Поради тоа што секој може да ѕирне внатре. 308 СС и овој тест го поминува со одлична оцена. Прекрасниот кожен интериер во црна, бела или црвена варијанта е вистински мевлем за очи. Се разбира дека за уживањето во кожата мора да се доплати. Кога на тоа ќе се додадат алуминиумските педали, металните декоративни елементи, инструментите со бела заднина и лакираната пластика на централната конзола, 308 СС претставува навистина убаво место за живеење. Во основниот модел Sport Pack се добиваат алуминиумските декорации и опшивањето на воланот со кожа. Нивото погоре, односно изведбата Feline, на постојниот пакет ги додава: системот за навигација, воздуш-►

06/2009 25


tect Chevrolet Cruze 1.6 LS Plus

Тука даваат на НИ СЕ ДОПАЃА ЗРЕЛА ПОГОНСКА МЕХАНИКА ВПЕЧАТОК ЗА КВАЛИТЕТ КОМФОРНО ПОДВОЗЈЕ

НЕ НИ ПРЕЧИ АВТОМАТСКИ КЛИМА-УРЕД И ДРУГИ КОМФОРНИ СТАВКИ НЕ СЕ ДОСТАПНИ ЗА CRUZE 1.6: ТОА СЕ ДОБИВА СО МОТОРОТ 1.8, КОЈ Е ПОСКАП САМО 700 ЕВРА

НЕ НИ СЕ ДОПАЃА МОТОРОТ Е ПРЕСИЛНО ОРИЕНТИРАН НА ШТЕДЛИВО ВОЗЕЊЕ ВО ДЕЛ, ПРОПУСТИ ВО ЗАВРШНАТА ОБРАБОТКА: ГРУБА КАСЕТА ПРЕД СОВОЗАЧ, НЕМА РАЧКА НА ЗАДНИОТ КАПАК

00:00

Погледнете го видеото на www.autovision.mk/chevroletcruze/

28 06/2009

www.autofocus.com.mk


јголемо парче Убавите вести брзо се шират. Chevrolet објави дека го дава најголемото парче автомобил за 12.600 евра и предизвика општа навалица на интерес. Но, каде е кратено? Еден од заштитните белези на Cruze: Покривот што се спушта како кај купе. Секако, тоа го намалува просторот за глава назад

К

ој уште не го знае Chevrolet. Дури и децата ќе знаат дека тоа се оние малечки и евтини возила, што веќе со години ја покриваат основната потреба за мобилност на народот и се гледаат на секое ќоше. Момент, малечки возила? Зарем, Chevrolet не беше марката со долги и тешки лимузини? Всушност, марката никогаш и не ги напушти лимузините. Но, Nubira, Lacetti и Epica се изгубија во имиџот што марката Daewoo го донесе како наследство откако се интернационализираше под марката Chevrolet во концернот GM. Класата во која играат овие лимузини е почувствителна и тука купувачите повеќе сакаат да ги вложат парите во марка што додава во својот имиџ уште неколку работи, покрај

www.autofocus.com.mk

ниската цена. Големите лимузини на Chevrolet отсега ќе ги гледаме многу почесто. Тоа е несомнено. Cruze ги додава работите што досега недостигаа во приказната за лимузините на Chevrolet. Изгледа како ѕвезда на асфалтот, има нови мотори, подвозјето го дели со новата Opel Astra, и уште чини 12.600 евра во основната изведба. Да не веруваш! Секако, изгледот е тој што ја прави понудата уште попривлечна. Chevrolet сака да го продава Cruze како купе со 4 врати. Покривот има форма на купола, предното стакло е налегнато и опашот е кус: Да, може да помине и како купе со четири врати. Тоа е формата што од Maserati Quattroporte ја ископира прво Mercedes за► својот CLS, а потоа Volkswagen 06/2009 29


tect Skoda Octavia 1.4 TSI Elegance

Точно во сре ^

Големата Skoda досега ја покажуваше предноста главно во најевтината изведба со 80 КС. Со новиот мотор 1.4 TSI таа сега цели многу повисоко, но предноста во цената останува

Н

иту грдо ниту убаво. Просечно. Ниту скапо ниту евтино. Просечно. Ниту компакт ниту средна класа. Повторно, некаде помеѓу. Кај Škoda Octavia нема потреба да се троши време на оценување на понудата и јасно се знае што и колку се добива. По фејслифтот што го погоди чешкиот бестселер, се добива повеќе единствено во моторите. Поточно, во еден мотор, во 1.4 TSI. Отсега, овој мотор што се прослави во другите три марки од концернот VW, се добива и во Octavia. Со зафатнината од 1,4 литри сé уште спаѓа во класата со пониска акциза, но со силината од 122 КС е способен да се справува со поголемите мотори од 1,6 литар, за кои државата бара повисоки давачки. Со фејслифтот, Octavia се оправдува за натамошното останување во борбата. Основните линии останаа непроменети и изгледа како само предните светла да се заменети со поголеми, но окото на сопственикот на претходната генерација од 2005 година ќе препознае дека и неколку парчиња од ламарината се поинакви. Хаубата сега има надолжен гребен, што почнува од логото и се шири наназад како да сака да укаже на гордоста што Octavia ѝ ја носи на чешката марка. И предните крила се вовлечени повнатре, за да им препуштат на новите и поголеми светла да внесат динамика во појавата на лимузината. Во примерно средената внатрешност се забележуваат неколку нови бои, инструменти што се попрегледни, свежи облоги на седиштата и нов аудиосистем. Од простиот шарм на источноевропско возило, Skoda е ослобо-

40 06/2009

НИ СЕ ДОПАЃА

НЕ НИ ПРЕЧИ

НЕ НИ СЕ ДОПАЃА

МОТОРОТ Е ТЕХНИЧКИ БИСЕР

ЛОГОТО! НАДВОР ПИШУВА SKODA, НО ВНАТРЕ Е ПОЛНОКРВЕН VW

МАЧНО СОБОРУВАЊЕ НА ЗАДНАТА КЛУПА

ЕВТИНА И БОГАТА ПОНУДА ОД ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА ПОДОБРЕН ВПЕЧАТОК ЗА КВАЛИТЕТ

По стапките на големиот брат Superb: Името на моделот е гордо испишано во светлата

www.autofocus.com.mk


дината Изгледа далеку повпечатливо од претходникот, со развлечени светла и хромирана маска. Зошто да не, Octavia сега изгледа привлечно

Елегантно, невпечатливо, но делотворно: Работ во задниот капак во функција на аеродинамиката

www.autofocus.com.mk

дена веќе подолго време. Пред сé во високото ниво на опрема Elegance, внатрешноста изгледа средено и квалитетно. Каде и да се пушти раката се наидува на материјали што се пријатни на допир, обработени грижливо, со измазнети рабови и тесни споеви. Единствено тепихот со кој се обложени целите страници на средишната конзола отпрвин изгледа како мера за штедење. Но, дури и ако е тоа целта, ваквото решение може да се доживее само како досетливо, затоа што воопшто не пречи при стекнувањето на впечатокот за квалитетот на изработката на кабината. Наспроти тоа, гумениот израсток во капакот на багажникот буди сомнеж дека техничарите заборавиле да изведат нормална рачка за повлекување на капакот. Секако, не заборавиле, туку само имале намера да најдат попрактично решение. Не го нашле. Кај просторната понуда на Octavia не се промени ништо. Немаше ниту потреба. Иако основата доаѓа од VW Golf и растојанието меѓу тркалата е истото, Skoda нуди попросторно чувство од германскиот компакт. Дури и кога зад воланот ќе се најде возач што сака добро да си залегне и додека вози, на задната клупа сé уште останува доволно простор за колена. Повеќе од доволно се добива под задниот капак. И без да се знае вредноста од 560 литри, очигледно е дека во опашот на Octavia собира многу багаж. Разочарувањето следува при соборувањето на клупата. Наместо приспособувањето за голем транспорт да се изврши во еден потег, што е веќе редовна практика кај но-► вите моделски генерации, тука

06/2009 41


импресија СРЕДБА НА ГЕНЕРАЦИИ: BMW 2002 и BMW 320d xDrive

Патници низ

времето

Во овој сојуз нема место за обичните. Едниот ги претставува последните можности на автопроизводството, другиот е временска машина што враќа во 1974 година

О

ва може да се случува само кај автомобилите, никаде на друго место. Кој уште со задоволство би седнал да работи пред компјутер што е склопен пред дваесет години или би се закачил да го гледа „Матрикс“ на црно-бел ТВ? Наспроти тоа, неспоредливо е уживањето кога пред носот ќе замириса автомобил произведен пред речиси четири децении.

46 06/2009

Отпрвин, беспрекорно мазниот лак и светнатиот хром може да залажат дека се работи за автомобил од поскоро време. Но, по притискањето на копчето во вратата веќе почнува да врти временската машина што е вградена во овој BMW и постепено заживуваат сликите од тоа време. Тогаш, во 1966 година, марката од Минхен го спакува овој автомобил за да си го подари за педе-

сеттиот роденден. Во обвивката се најде техниката од големите лимузини од серијата 1600/1800, но собрана во помало пакување. Така се роди серијата 02, со фабрички код Е10. Намерата беше да се направи поевтин автомобил, но и да се задржи уживањето зад воланот. Затоа, техниката мораше да остане непроменета. Првиот BMW од оваа серија ја има ознаката

www.autofocus.com.mk


На многу места се препознава заедничкиот генетски код: Бубрезите и сино-белиот пропелер остануваат

www.autofocus.com.mk

1600-2. Двојката на крајот укажува дека се работи за изведба со две врати на моделот 1600. И навистина, автомобилот изгледа како лимузината 1600 да е испрана на програма за вриење, и при собирањето отпаднале двете задни врати. Примероков во нашата средба на генерации потекнува од последните години на производството на серијата, и не само по-

BMW 320d xDrive вози напред, но 2002 му е веднаш зад петиците. Со задоволството во возењето се на исто рамниште

ради тоа е непроценливо вреден како јангтајмер. Како прво, се работи за моделската изведба 2002, што значи дека е на само праг од врвниот модел во гамата на серијата 02, од моделот 2002tii со турбонатполнење и 170 коњски сили, а како второ, произведен во 1974 година, тој е меѓу најмладите и најзачувани примероци што можат да се најдат од таа серија. И секако, го нуди максимумот

што BMW умеел да го извлече од техниката од шеесеттите и седумсесеттите години. На времето, моделите издржуваа во битка по цели децении, до препуштањето на мечот на помладите. Од првиот модел што се појави со ознаката 2002 во јануари 1968 година, овој има преживеано милион закрпувања на раните. Меѓу позначајните: Хомокинет-► ски погонски оски (септември

06/2009 47


настани Натпревар во вешто возење со Mini Cooper

Мини-марка, големо раздвижување Преку 100 љубители на култната марка Mini се пријавија за натпреварот во вешто возење

М

арката со малечките автомобили предизвика големо раздвижување на автомобилската улица во Скопје, во двата викенда во мај додека се одржуваше натпреварот во вешто возење со Mini Cooper. Дури и без наградите што ги чекаа најдобрите возачи, одѕивот меѓу љубителите на автомобилизмот ќе беше подеднакво голем. Сепак е чест да се биде во мисија на докажување на возачката вештина во автомобилот што во својата историја има запишано победа на релито Монте Карло и има држено стотици милиони луѓе пред екранот, додека ги изведува вратоломиите низ Торино во филмот „Италијанска работа“. Се чини дека чкрипките и брзото протнување низ пречките му се вродени на Mini, и каде и да се појават овие автомобили се создава истата атмосфера како на култниот филм. На патеката поставена околу центарот на марката Mini и на нејзината мајка BMW се возеше беспоштедно. Задачата за преку стоте возачи што се пријавија за натпреварот беше да се извози патеката со што помалку негативни поени и за што покусо време. Додека црвените мини-болиди вешто управувани се протнуваа во слалом меѓу поставените пилони и запираа на контролните точки, гостите од застапништвото на Mini од Србија останаа вчудоневидени - не толку поради врвните тркачки способности на македонските возачи, колку по-

76 06/2009

ради пристојното однесување на натпреварувачите кон автомобилите: „Да беше ова во Белград, немаше автомобил да остане во едно парче“, коментираше еден од гостите. По музиката што Mini ја отсвири со својот оркестар составен од четири гуми и четири цилиндри следуваше славеничка музика и прогласување на победниците. Наградата: Вредносен бон од 200 евра, за стекнување сопственост над стилски дизајнираните парчиња облека и прибор со знакот на Mini. Несомнено, ова е мошне дарежлива понуда од застапникот Маккар, затоа што со вредноста на наградата се покрива набавување на повеќе ставки од понудата на моден прибор и облека на Mini. Уште подарежлива е летната понуда на Маккар: Со купувањето Mini во текот на летово се добива бесплатна опрема во вредност од 2.000 евра, по избор на идниот сопственик. �

Mini на печење под македонско сонце

На педесетте сопственици на Mini, од обновувањето на застапништвото за британската марка во јануари 2008, летово ќе им се придружи нова група љубители на Mini. Точно во екот на сезоната на кабриолети пристигна најновата моделска изведба Mini Cabrio. На 17 јуни во салонот на Mini се појави кабриолетот, отворен за македонското сонце и достапен во верзиите Mini

Cooper Cabrio и Mini Cooper S Cabrio. Нема сомневање дека и третава каросериска изведба на Mini ќе ги најде своите симпатизери. Од пред неколку месеци по нашите улици се возат и неколку примероци на Mini Clubman, стилската комби-изведба на Mini, која е исто така скроена по пример на легендарниот претходник од крајот на педесеттите години.

www.autofocus.com.mk



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.