citroen c3
Чесите го најдоа Јети
Број 23 • ЈУЛИ 2009
Згодно парче
skoda yeti
BMw
x1
Конкуренцијо, чувај се X1 со цена на VW Tiguan импресија
Само летањето е поубаво
toyota
ford
urban cruiser fiesta
Opel GT 9 771857 569002
24 часа Леман
Двојна победа за Peugeot
ТЕСТОВИ
Споредбен тест на 14 скутери
23
СОДРЖИНА Број 23 • jули 2009 Новитети
6
Skoda Yeti Чесите не одолеаја на повикот на планината: Yeti ќе го освојува теренот за марката
10
Citroen C3 Каков што треба да е еден Citroen: Поинаков, функционален, интелигентен
12
BMW x1 Со X1, марката BMW целосно завладеа со теренот. Најмалиот X изненадува со цената
14
Mini Cabrio Задоволството во возење под отворено небо е мерливо во овој Mini
18
Kia Sorento За првата генерација се чекаше во редици: Нема сомневање, и овој пат ќе биде така
ТЕСТ И ТЕХНИКА
26
18
Промена на вредностите: Место само пристапна цена и моќен мотор, новиот Kia Sorento нуди и стил и динамика
62
Кинеските производители се попродуктивни од кога било: Додека другите мируваат, Hamachi го претставува новиот модел
42
Однадвор изгледа малечко, но во внатрешноста е огромно: Со Fiat Qubo патувањето на летен одмор почнува со задоволство
Импресија Opel GT Родстер како од учебник: Раширен на патот, низок, убав и со 265 КС под хаубата
30
tect Toyota Urban Cruiser 1.4 D-4D Sol Марката со разумните автомобили направи отстапка: Овој теренец е за во град
36
TECT Suzuki Alto 1.0 GLX Малечкото одушевува со зрелиот впечаток што го остава во возењето
42
ТЕСТ Fiat Qubo 1.3 M-Jet Elegance Премногу е штета Qubo да се остави сам на паркинг: Мами на возење, долго
48
тест Ford Fiesta 1.4 TDCi Trend Не е само убаво пакување: Fiesta не си дозволува ниту еден пропуст
54
СПОРЕДБА НА КОНЦЕПТИ Porsche Panamera против Maserati Quattroporte Кога треба да се даде се од себе, се добива ова: Врвни лимузини, но толку различни
СЕРВИС
58
Совети Тест на средства за полирање Враќањето на сјајот е лесно. Но, треба да се внимава лакот да не се оштети премногу
67
Излог Средство против гребаници Meguiar's, авто-разглас Ion, копче за старт Type VR
НА ДВЕ ТРКАЛА
62
tect HAMACHI h20 Колку уличниот метеж станува поголем, толку повеќе освојуваат малечките скутери
63
Споредбен тест на 14 скутери На големиот споредбен тест се појавуваат скутери во класа до и над 125 cm3
мотоспорт
76
WTCC • Португалија Jубилејната стота трка во шампионатот WTCC донесе голема возбуда
78
24 часа Леман Поразот за Audi не можеше да биде поболен: Peugeot со двојна победа на Леман
останато 22 66 66 68 82
вести Ваши писма импресум ценовник против досада
www.autofocus.com.mk
А в т о м о б и л и в о о в о ј б ро ј 12 10 42 48 18 54
BMW X1 Citroen C3 Fiat Qubo 1.3 M-Jet Elegance Ford Fiesta 1.4 TDCi Trend Kia Sorento Maserati Quattroporte
14 26 54 6 36 30
Mini Cabrio Opel GT Porsche Panamera Skoda Yeti Suzuki Alto 1.0 GLX Toyota Urban Cruiser 1.4 D-4D
07/2009 3
4 07/2009
www.autofocus.com.mk
КОМЕНТАР Број 23 • јули 2009
Добра зделка: Менувам држава за автомобил Дарко Јаконов Главен уредник darko.jakonov@autofocus.com.mk
Понудата звучи неодоливо: „Ве носиме со наше возило по најевтините автоплацoви во Бугарија. Изборот на автомобили е многу голем, а цените се многу интересни. Си избирате возило, го транспортираме до Благоевград и го регистрираме на Ваше име“. Како крајно убедување, во огласите на многубројните посредници со автомобилските отпади во Бугарија се наведува дека процедурата се завршува за еден ден. Дури, доколку автомобилот е со бугарски таблички, процедурата се завршува за само еден час. На понудувачите на оваа услуга им е лесно да ги убедат клиентите дека добиваат понуда што не смее да се пропушти. Тоа се, инаку, истите што веќе еднаш се докажаа како сигурни посредници, при поднесувањето апликации за бугарска лична карта или пасош. Секако, поседувањето на овие документи е најважниот предуслов за привилегијата на увоз на користени возила од Бугарија да биде воопшто достапна, на што и јасно се укажува: „Доколку немате пасош или лична карта, не јавувајте се без потреба.“ Оттаму, увозот на автомобили може да се смета како преоѓање во втората, повисока фаза во работата на посредниците. Додека продавачите на нови автомобили се потпираат на беспрекорно осмислени и скапи маркетиншки стратегии за привлекување на купувачите, организаторите на увозот од Бугарија користат директен маркетинг, кој се покажува како силен инструмент за убедување. Огласите што ќе се сретнат насекаде се сигурно помалку ефикасни од кафеанските астали на кои во расположение на жолта ракија е лесно да се прифати понудата за набавка на користен автомобил од Бугарија. На истите тие астали веќе одамна е поставен фронтот што ја напаѓа продажбата на нови автомобили. Но, и воопшто, продажбата на каков било автомобил што закачил македонска табличка уште кога бил нов. Сознание од едно седнување на маса: „Знаеш брат, сум седнал во старо ауто увезено од Германија, и во исто толку старо ауто со наши таблички... иста опрема, ист мотор, сé ... и многу поубаво се возев во ова од Германија.“ Може да се слушнат уште милион вакви приказни, почнувајќи од онаа дека автомобилите од марка „икс’ што се продаваат на македонскиот пазар имаат потенка ламарина или, пак, се оштетени при транспорт и прелакирани, до приказни дека постојат две-три марки во Македонија што лобираат за ЕУ да не ѝ дозволи на македонската влада да ги упрости процедурите за увоз на користени возила и да ги намали давачките... Приказните воопшто не се разликуваат од оние од пензионерските клупи, за светските заговори, за Русија и Америка, за Марсовците, единствено што тука субјектите се променети. Постојаното стравување од тајните заговори очигледно преминало и во рефлексот на генерациите по едноумието.
Заговор сепак постои, но учесниците остануваат несвесни за тоа. Заговор, и тоа против сопствената држава. Со секои илјада увезени автомобили, во соседната ни држава се одлеваат по три милиони евра, ако се земе просечна вредност на автомобилите од 3.000 евра. Официјална бројка за увозот не постои, но ако се прифати шпекулацијата дека во државава се возат околу 15.000 возила со странски таблички, вклучувајќи ги и албанските, на соседните држави сме им подариле 45 милиони евра. Крајната сума е секако многу повисока, затоа што и обезбедувањето на потребната документација чини пари. Од друга страна, целосно отпаѓа наплатата за регистрирање возилата, исто како и осигурувањето. Штетата е далекосежна. „За жал, нашите граѓани размислуваат на дневна основа“, цени Златко Муцунски, директор на „Порше Македонија“. „Не постојат долгорочни планови. Сите гледаат да го решат проблемот денес, со купувањето автомобил во привидно одлична состојба. Но, главоболките следуваат потоа, со скапите резервни делови или неможноста за нивна набавка“, Муцунски го објаснува проблемот. Купувањето користен автомобил во Бугарија за двапати пониска цена отколку кај нас, не значи дека зделката е погодена. Претходниот живот на автомобилот останува видлив единствено за експертите, и врз основа на бојата не може да се процени поминатата километража или општата состојба на каросеријата. Километражата се враќа лесно, а лакирањето покрива и тешки траги од судир. Но, купувачите не се единствените што губат. Муцунски: „Тие возила веќе одамна се амортизирани по западните патишта и за сервисирање се упатуваат во диви сервисчиња, во кои не се плаќаат никакви давачки кон државата. На крајот, маса од тие возила повторно нема да бидат регистрирани. Луѓето не чувствуваат потреба да ги регистрираат возилата, сметаат дека тоа им е товар.“ Коментарот на директорот дека „продавањето на сопствената држава за да се добие пасош и да се купи поевтино возило е неодговорно и кон државата, и кон себе, и кон животната средина и кон идните генерации“ не е сурова оцена на увозот на користените возила кај нас, туку е само процена на реалноста. Таа може да се види и на очигледен пример. Отпадите за автомобили се намножија како никогаш досега. Отпади специјализирани за одделни марки автомобили. Евтин автомобил е тој што го поштедува сопственикот од прекумерни трошоци. Мал автомобил што е релативно нов, троши малку и загадува малку, и ќе издржи во служба барем уште неколку години, без потреба од скапо крпење. Вака, бугарските автомобили само ги носиме на умирање по нашите отпади. �
Купувањето стари автомобили од Бугарија е само привремено решение. Вака, автомобилите само ги носиме на умирање по нашите отпади
www.autofocus.com.mk
07/2009 5
Новитети Skoda Yeti
Повик на планината Чесите открија нов терен и го пуштаат Yeti да освојува територија за марката Skoda
Со Yeti веќе почнуваат да се познаваат дизајнерските начела на Skoda
Не е само шминка: Yeti е способен да вози и по потежок терен
С
ветот го виде првпат на салонот во Париз во 2005 година. Потоа се појавуваше уште неколкупати, но само на кусо, главно на поголемите салони на автомобили. Овој пат ќе ни остане за постојано и од август ќе можеме првпат да го видиме и на улиците. Тоа е Škoda Yeti. По Octavia, Fabia, Superb и Roomster, малечкиов теренец доаѓа како петти модел во понудата на чешката марка. Во овие времиња кога паѓа
6 07/2009
светската продажба, доаѓањето на Yeti е важен чин. Во минатите години научивме марката од Млада Болеслава постојано да нé радува со нови рекорди во продажбата. Но, сега и таа е погодена од светската криза. Во првите пет месеци од годинава, продажбата на Škoda падна за 13 проценти, на 253.764 возила. И покрај тоа, во канцеларијата на шефот Рајнхард Јунг владее спокојство: Во истото временско растојание, нарачките за возила од марката Škoda пораснаа за 15,4 проценти,
Погледнете го видеото на www.autovision.mk/ skoda-yeti/
www.autofocus.com.mk
Благородно: Superb и Octavia си го пишуваат името во предните светла, а сега и Yeti
НИ СЕ ДОПАЃА
НЕ НИ ПРЕЧИ
НЕ НИ СЕ ДОПАЃА
ЗАТОА ШТО ДОКАЖАНАТА МЕХАНИКА НА VW ТУКА СЕ НУДИ ПОЕВТИНО
ЗАТОА ШТО НАЈИНТЕРЕСНИОТ МОТОР 1.4 TSI ОСТАНУВА РЕЗЕРВИРАН ЗА TIGUAN
ЗАТОА ШТО И ОБИЧНИТЕ ВАНОВИ НУДАТ ПРОСТОРНА КАБИНА И ПРИСПОСОБЛИВОСТ, И ПОЕВТИНИ СЕ
www.autofocus.com.mk
на 335.466 автомобили. Но, спокојството многу повеќе го обезбедува Yeti. Со него Škoda се закачува со уште еден модел во делот од пазарот каде што се бараат автомобили со особен стил. Секако, тука уште од порано го има Roomster, но новово теренче е многу поблагодарно за куќниот буџет на Škoda. Сите услови говорат дека Чесите го пуштаат новиот автомобил во вистинското време. Тој може само да го потпомогне натамошниот раст на марката. За да го постигне тоа, Yeti доби изглед што остава впечаток на свежина, не само поради тоа што е ослободен од претерувањата со стил што станаа вообичаени кај новите модели. Вака, Yeti изгледа симпатично. Со неговото појавување донесува нов ветар во сегментот. Таму веќе се врткаат VW Tiguan, Nissan Qashqai и Ford Kuga. За цената да не го попречи успехот на новиот модел, основнaта изведба чини околу 360.000 круни на чешкиот пазар, односно околу 13.800 евра, што е приближно исто колку и Octavia 1.4 со 80 КС. Податокот што најевтиниот модел на Yeti вози со мотор со зафатнина од само 1,2 литар звучи далеку помалку одбивно, кога ќе се додаде вредноста за неговата силина: Малечкиот четирицилиндарец дава од себе сила за 105 КС. Во тоа му помага турбонатполнењето и директното вшприцување, што инаку се чита уште во ознаката за моторот, 1.2 TSI. Моторот е нов и во исто време со Yeti почнува да се нуди и во VW Golf. Сепак, достапен е само во изведба со погон на предните тркала. Најевтината изведба што вози на сите четири тркала е Yeti 2.0 TDI со 110 КС и чешка цена од 459.800 круни, односно околу 17.600 евра. Покрај овие два мотора, ќе може да се избира и меѓу 1.8 TSI со 160 КС и дволитарскиот турбодизел со common-rail, во изведби со 140 и со 170 КС. Иако Škoda цели првенствено на купувачите што сакаат да се покажат со својот нов автомобил, Yeti не е теренец што се вози само по убаво време. Со него би требало да бидат задоволни и купувачите што не го користат автомобилот само да ги одвезат децата до училиште, туку сакаат понекогаш и да ги извалкаат тркалата. За таа пригода, Yeti е кренат 18 сантиметри од земја и има умна електроника што умее да ја распредели силата од моторот правилно, ► 07/2009 7
новитети Citro¨n C3
Поглед во стаклената
Автомобил на CitroËn не смее да е обичен. Со огромниот ветробран, овој е како стаклена топка
О
10 07/2009
вој Citroёn добива уште на сила. Во класата што бележи огромен пораст откако повеќето европски земји одобруваат субвенции за старите автомобили, Французите од ноември ќе имаат силен модел: Новиот С3. Со два милиони примероци од претходната генерација, С3 докажа дека Citroёn е меѓу најзначајните производители во класата што одеднаш сите почнаа да ја обожaваат. Новата генерација е развивана мудро. Издвоени се најдобрите својства на досегашниот С3 и се уште понагласени кај новиот.
www.autofocus.com.mk
Citro¨n C3
топка Ќе внесе светлина на Салонот во Франкфурт во септември: С3 е еден од позначајните новитети во оваа година
Ветувањето е исполнето: Внатрешноста оддава впечаток за квалитет
Спортски амбиции: Воланот е зарамнет долу
Секако, препознатливоста е меѓу овие својства, исто како и грижливо стокмената внатрешност или добрата просторна понуда во кабината. Осумте сантиметри што ги доби новакот во должината, му даваат на Citroёn право да тврди дека С3 сега е целосно искористлив како семејно возило. Со 3,94 метри, С3 и натаму е меѓу покусите во класата, но и меѓу најпросторните. Тоа што особено ги радува создателите на новиот Citroёn е можноста да го вградат големиот пано-
www.autofocus.com.mk
Со доплата ќе се добива панорамскиот покрив
новитети
рамски покрив, што во куќава се води како Zenith. Од ефектот што ваквиот покрив го постигнува за просторното чувство во кабината, ќе се радуваат и купувачите. Се најавува и нов впечаток за квалитет: Арматурната табла е обложена со мека термопластика и по целата должина ѝ минува лајсна бојадисана да изгледа како сатен или како алуминиум. Со кругот на вртење од 10,2 метри, С3 е совршен за низ град. Но, не мора цел живот да остане заглавен во градскиот метеж. Багажникот собира 300 литри, во кабината има големи прегради што ги собираат предметите при патување подалеку. Кога уште ќе се има предвид и високото седење, С3 е поблиску до ван, отколку до градски автомобил од вчера. Но, и не смее да се приближува премногу, затоа што е тука и вистинскиот ван во гамата, С3 Picasso. Новиот Citroёn е автомобил со добри врски. Покрај радиото RD4 со поддршка за МР3, се добива и USB Box, кој вклучува приклучок USB, целосна поддршка за iPod и врска Bluetooth со мобилниот телефон, како и навигација MyWay. Звучните системи со висок квалитет веќе не се реткост и во оваа класа. Новитетот што сака да го истакне париската куќа е цената на овие системи: Уживањето во звук како во концертна хала веќе нема да повлекува мало богатство. Техничарите се погрижија и уживањето во чувството зад воланот да биде на високо ниво. Иако каросеријата порасна во сите правци, новиот С3 не додаде ниту грам во тежината. Секако дека вниманието на тежината и на линијата на каросеријата влијае и врз потрошувачката на гориво. Уште од старт, Французите ќе ја нудат верзијата со 1,6-литарски турбодизел, што ќе испушта 99 грами јаглероден диоксид на секој километар. Штедливоста ќе премине во следното ниво откако во 2011 марката ќе почне да ја вградува новата генерација на системот Stop & Start. Во спој со пет и шестстепени роботизирани менувачи, дизелските мотори опремени со овој систем што самостојно го гасне моторот при чекање на семафор, ќе испуштаат 95, односно 90 грами јаглероден диоксид на километар. Кусо по премиерата на салонот во Франкфурт во септември, C3 ќе ги добие и новите трицилиндарски бензински мотори. �
07/2009 11
импресија Opel GT
Само летањето е
На овој Opel не му се потребни огромен багажник или интелигентни камери за да биде најдобар: Тој е родстер
Н
ема сомневање, овој родстер беспрекорно си ја претставува својата сорта: раширен и легнат ниско врз патот, со долга хауба и куси каросериски превиси, со платнен покрив здиплен одзади и бандажи што едвај ги собира под крилата. Родстер како од учебник. Но, причината што долната вилица ќе остане спуштена подолго отколку што првично планирале дизајнерите на автомобилов, е логото. Каков тоа гром го удрил автомобилов излезен од куќата што толку сака да си игра со електричните празнења? Ова е несомнено логото на Opel, а тоа обично се
26 07/2009
Со широката трага и ниската силуета, GT изгледа како да е залепен за земја
www.autofocus.com.mk
поубаво Значката GT и жабрите одат едно со друго
Како да е нисколетачки пресретнувач Долг нос не само заради лик: Моторот е вграден надолжно лепи на автомобили што удираат по разумот, а не по срцето. На практични возила со приспособлива внатрешност, голем багажник, скромна ергела под хаубата, како Corsa, Astra или Insignia. И покрај тоа што автомобилов отстапува од народната претстава за марката, GT е чистокрвен Opel. Поточно, само името. Во седумдесеттите години луѓето од Риселсхајм веќе еднаш имаа ваков спортски автомобил што ги буди чувствата и ги посрамотува марките со тркачки гени. Opel GT, пуштен во серија во 1968 година, нѐ научи дека од марката од Риселсхајм може да очекуваме и испади со автомобили што се www.autofocus.com.mk
надвор од разумот, но блиски до срцето. И еве го сега наследникот, вистинскиот. Тоа што денес ретко кој ќе се сети на Speedster од 2000 година, не е вина на автомобилот, туку на тогашното раководство на мајката General Motors, кое сметаше дека ќе ги излаже тукашните купувачи исто толку лесно како Американците, па на Lotus Elise му ја залепи значката со громот и го продаваше како Opel. Овој пат, се чини дека сѐ е направено како што треба. Но, Opel GT повторно не е самостоен модел, и во САД ги има близнаците Pontiac Solstice и Saturn Sky. Поточно, ги имаше, затоа што фабриката во►
07/2009 27
tect Toyota Urban Cruiser 1.4 D-4D Sol
Овој теренец има Кај теренците обично освојува робусноста во појавата. Затоа, Toyota сега го нуди овој разумен автомобил, што изгледа како теренец и ги презема само предностите на сортата
Погледнете го видеото на www.autovision.mk/ toyota-urban-cruiser/
НИ СЕ ДОПАЃА БЕСКЛАСНОСТА: URBAN CRUISER Е СЕ ВО ЕДНО И ЕДЕН ЗА СЕ КОМФОРНО И ТИВКО ПОДВОЗЈЕ БОГАТА ОПРЕМА УШТЕ ВО ОСНОВНИОТ ПАКЕТ
НЕ НИ ПРЕЧИ ПЛАТФОРМАТА ОД YARIS: ТОА САМО ГИ ПОКАЖУВА КВАЛИТЕТИТЕ НА МАЛЕЧКОТО
НЕ НИ СЕ ДОПАЃА Различната моделска политика за бензинецот и дизелот: Вториов не може да се добие во повтината изведба со преден погон и со автоматски старт-стоп
30 07/2009
www.autofocus.com.mk
смисла Градскиот теренец покрај компактен теренец: Разликата во висината е очигледна, но не го прави Urban Cruiser помал теренец во секојдневието
А
www.autofocus.com.mk
втомобилов е убав, тоа е несомнено. И кај него се повторува истото доживување, ново за Toyota, како кај Avensis или кај новиот Verso, откако на дизајнерите им се погоди комбинацијата од линии и форми по кои се препознава јапонската марка. Единствениот момент кога Urban Cruiser изгледа неугледно е кога ќе му се смачка носот. Да, токму тој најнепосакуван тест ни се случи со ова дизајнерско парче од Toyota. Семафорите очигледно се само уличен декор за некои возачи. Единствената корист што Toyota ќе ја има од овој ненајавен тест е потврдата за безбедноста на Urban Cruiser. Иако тоа обично се прави во халите на Toyota и на организацијата Euro-NCAP. Дека има цврст карактер, Urban Cruiser покажува уште со надворешноста. Страниците се издигнати како ѕидини, високи и масивни, а во горниот дел од градбата се изработени прозорци тесни како за пушкарница, колку да се добие претстава што се случува околу. Радува смелоста што сé почесто ја покажува Toyota кога значката на куќата треба да се залепи на вакви напредни дизајнерски► концепти. Од друга страна, пак,
07/2009 31
tect Ford Fiesta 1.4 TDCi Trend
Добра причина за Мисијата на овој Ford му е напишана во името: Fiesta нуди забава, но не ги запоставува и секојдневните обврски
Погледнете го видеото на www.autovision.mk/ ford-fiesta/
НИ СЕ ДОПАЃА
НЕ НИ ПРЕЧИ
НЕ НИ СЕ ДОПАЃА
погодена работа на подвозјето
Ветробранот е толку висок што бришачите не успеваат да го добришат до горе
отсјај во средишниот дисплеј
одлично просторно чувство напред
слаба прегледност назад
прецизен и лесен менувач
48 07/2009
www.autofocus.com.mk
славење Два тони дизајн, на половина метар квадратен: Новата Fiesta носи дизајнерски печат во секој сантиметар
М
ожеше да се претпостави веќе на почетокот дека Fiesta нема да биде само уште еден автомобил од класата на пораснатите малечки што доаѓа на тест во Auto Focus. И тоа, уште во претставништвото на Ford, додека Марија ни ги предаваше клучевите од тест-возилото: „Ова е Fiesta со второто ниво, Trend, нормално е опремена и единствената доплата кај неа е металик лакот“. Зарем тоа не зборува доволно за самоувереноста што ја имаат во Ford кога се работи за моделот што ќе биде еден од главните носители на продажбата во догледно време. Обично, возилата на тест се силно опремени за да ги замачкаат очите и да ги прикријат слабостите. Овој пат не. Сепак, и претставата за нормално опремен модел, како да се разликува во оваа куќа. Пакетот Trend доаѓа со клима-уред, радио со команди на волан, комфорна електроника, па дури и патен компјутер не отсуствува. И тоа е сѐ што е разумно да се има во оваа големина на автомобил. Fiesta, сепак, е малку поголема од другите во класата. Не со димензиите, туку со изгледот. Наместо само маската да потсетува на поголемите модели од куќата и да се гребе на нивниот имиџ, тука во секоја линија и форма се чита дека ова е Ford од новата генерација. Така е со светлата што се издолжени наназад и досегаат на една педа од страничните прозорци, исто како и со моќно зао-
www.autofocus.com.mk
блените рамена по страниците на каросеријата или со триаглестите задни светла со впечатлив внатрешен живот. Тоа е најголемиот очигледен напредок кај новакот наспроти претходната Fiesta, што изгледаше како сираче меѓу блескаво дизајнираните лимузини на Ford. А воопшто не заслужуваше да биде толку запоставена. Затоа што возните својства и погодената работа на подвозјето ја правеа Fiesta еден од најзабавните автомобили за возење во класата. Тоа што било добро, сега е направено уште подобро. Управливоста, особено остава впечаток. Тркалата се чувствуваат на воланот исто како со жилет да се сече паус-хартија. Fiesta оддава леснотија во возењето и гладно се фрла во свијоците. Секако, тоа е придобивка и од скромниот пораст во должина од само два сантиметра во споредба со претходникот, но и од успешно спроведената диета во целина. Малечково едноставно нема потреба да се поставува одново меѓу конкурентите и да лови купувачи со приказната дека е најдолго во класата или дека има најголем багажник. Fiesta е спортист и забавувач во едно, и возачот станува свесен за ваквиот карактер уште првиот ден. На турбодизелот од 1,4 литар му е далеку од прва средбата со Fiesta. Моторот го носеше уште претходната генерација, го познаваме и од моделите на PSA► Peugeot Citroën, и исто како и 07/2009 49
споредба Porsche Panamera против Maserati Quattroporte
Мора да се признае:
Кватропорте звучи по Со новата Panamera, Porsche тропа силно на портата на спортските лимузини. Но, тука го чека лут противник: Maserati Quattroporte
Н
Овој опаш се влече грациозно како балски фустан во Сполето
а Италијанците им е многу лесно да направат добар спортски автомобил. Особено кога треба да се избере име за него. Така, кога ковачницата за спортски болиди од Модена реши да направи тркачка лимузина со четири врати, ѝ беше сосема доволно да го крсти моделот Maserati Quattroporte, што не значи ништо друго, туку баш Maserati со четири врати. Наспроти тоа, кога речиси половина век подоцна Porsche реши и тој да си направи спортска лимузина со четири врати, изборот на името не беше толку лесна задача. Quattroporte на германски би било Viertürer, што се чита фиртирер и звучи крајно одбивно. Кој уште би сакал да вози скапа лимузина што се вика фиртирер? Во секој случај, лимузината
Убавината на италијанскиот автомобил не се опишува со правилни форми или прецизни рабови. Ова е само убаво, и толку
54 07/2009
www.autofocus.com.mk
Porsche Panamera против Maserati Quattroporte
споредба
добро од фиртирер мора да добие име. Беше избрано Panamera: Потсетува на Карера, на маратонската трка во Мексико, на која Porsche царуваше во педесеттите. Но, потсетува и на Америка, на онаа на Соединетите Држави. А таму е најлесно да се излажат купувачите и да им се продаде стока само преку добра реклама. Шефот на Porsche, Венделин Видекинг, веќе ја даде насоката во која ќе се фали новиот производ од Цуфенхаузен: „Panamera го спојува најдоброто од светот на спортските автомобили со светот на луксузните лимузини.“ В ред, истото тоа отсекогаш го можел и Maserati Quattroporte. Сите сакаат да бидат како него. Може Mercedes да тврди колку сака дека со моделот CLS го има пронајдено автомобилот што е► лимузина исто колку и купе, па и
www.autofocus.com.mk
Германската строгост не може да дозволи Panamera да изгледа како убава лимузина, туку само како грда 911-ка
Позната глетка, ништо спектакуларно: Ако не се забележат двете врати назад, ќе помине како 911. Германците сметаат дека тоа е добро
07/2009 55
против досада
Холивуд во автомобилска
криза
Филмските студија во САД со години добиваа силни пари од автопроизводителите. Секако, и од GM. Но, гигантот повеќе не може да плаќа
В
ашингтон и Детроит не се единствените што се загрижени од банкротот на General Motors. И филмските продуценти во Холивуд имаат несоници поради проблемите на некогашниот автогигант. Вториот дел на филмот „Трансформери“ што почна да се прикажува во киносалите на 24 мај е само пријатно потсетување на убавите времиња. Очигледно е дека филмот беше замислен како двочасовна реклама за новиот Chevrolet Camaro и неговата промоција требаше да биде финансиски поддржана од GM. Но, во касата на GM снема пари. Завршувањето на филмот беше ставено под знак прашање. Работата беше спасена во последен момент откако производителот на бонбони M&M плати за своја промоција во филмот. Филмските продуценти веќе со години ги користат автомобилските производители како крава за молзење. И сите се задоволни. Со појавувањето на Mini во римејкот на „Италијанска работа“ во 2003 година, култот на британскиот мини-тркач се пренесе и во САД, каде што автомобилов ста-
на вистински хит. Цената за тоа: BMW испорача 29 примероци од Mini за потребите на филмот, вклучувајќи и купишта контејнери со резервни делови. Нормално е што BMW одби да потроши уште еден милион долари за второто продолжение на филмот.
дека General Motors не се обврзува само да испорачува возила за „ЦСИ“, туку мора да пушта и што повеќе рекламни спотови на ТВканалот. Сега, кога GM нема пари, остануваат кусо и ТВ-каналите и студијата. Ваквиот начин на пласирање
Тоа што во серијата „ЦСИ“ го гледаме Хорацио Кејн како влегува во свoјoт Hummer, е резултат на милионски договор. Но, тука не се плаќа во хартија, туку во медиумски долари. Тоа значи
на производите е посебна индустрија. Само во 2007, на американските купувачи им беа подвалени преку 200.000 производи во ТВприказната. Глобалната криза го ослабна и овој бизнис. Автоиндустријата почна да подзабавува. Наспроти единаесетте автомобили што Chrysler ги снимаше за филмското платно во 2008, во оваа година ќе бидат само два. Ford останува на курсот, но ќе потроши помалку пари за промоција. Mercedes падна од 13 филмски автомобили во 2008 на само
Следниот број на магазинот Auto Focus излегува на 15 август 2009
82 07/2009
три во оваа. И Volkswagen повеќе не вози на филм. BMW прв им ги отвори очите на конкурентските производители, но и на филмските продукции, кога пред долги години го повика на помош Џејмс Бонд да го промовира новиот родстер Z3. Како противуслуга за кусото возење на Бонд во баварскиот родстер, BMW ја покри повеќенеделната маркетиншка кампања за новиот филм со тајниот агент. Среќниот брак меѓу Бонд и BMW заврши откако Ford им понуди на продуцентите Aston Martin, кој е традиционален автомобил во филмскиот серијал, со багажник наполнет со 15 милиони долари. Трката со парите почна. Постојат гласишта дека Volkswagen му има платено 90 милиони долари на Universal Studios, и дека студиото има право самостојно да решава кога и дали воопшто во некој филм ќе се појави автомобил на германскиот концерн. Владееше златното време на автоиндустријата. За парите не се прашуваше и се плаќаа и најскапите продукции, само колку режисерот да се одоброволи и да го остави кадарот подолго врз знакот на марката. Трезнењето пристигна со кризава. Филмските секунди на Роберт Дауни Џуниор во Audi R8 одеднаш станаа прескапи. Особено поради тоа што плаќачите сега почнаа да се прашуваат и околу ефектот од пласирањето на автомобилите преку подвижните слики. � www.autofocus.com.mk