СОДРЖИНА Број 25 • СЕПТЕМВРИ 2009 Новитети
10
Ferrari 458 Italia Наследникот на F430 прави се да го донесе чувството зад воланот како во формула 1
14
Peugeot RCZ Француското купе изгледа како концептно возило што пребегало во продажен салон
18
Kia Venga Иста големина, две различни возила: Soul е за трендовите, Venga е за семејството
22
Saab 9-5 Вредеше да се чекаaт 12 години додека се појави наследникот на знаменосецот
24
Fiat Punto Evo Нови мотори, нов изглед, нова технологија: Тоа е еволуцијата на Grande Punto
26
Hyundai ix35 Компактниот теренец настапува со најсилниот дизајнерски говор досега
28
Citroen DS3 О ла ла. Малечкото на Citroen се носи по последна мода. Му прилега
30
22
Новите модели од Saab се многу значајни: Обично се појавуваат на секои десет години `
56
Поради многуте таленти што ги поседува Bipper Tepee ретко ќе остане паркиран. Добар и за семејството и за транспорт
BMW Vision Efficient Dynamics Владетелите на брзините се впуштија во нов предизвик: Екомобил што изгледа брзо
33
Volkswagen Polo Најевтиниот модел на VW почна со продажба: Старт од 10.800 евра
ТЕСТ И ТЕХНИКА
34
ВОЗЕВМЕ RENAULT CLIO GRAND TOUR Фејслифтот го направи малечкото комби на Renault уште попривлечно
38
TECT LANCIA DELTA 1.4 T-JET PLATINO Во математиката, Делта е знак за разлика. И овој автомобил се разликува целосно
44
СПОРЕДБА CHEVROLET CRUZE И CHEVROLET EPICA Трендовскиот Cruze се соочува со класичарот Epica да покаже колку се променил Chevrolet
50
TECT VOLKSWAGEN PASSAT CC 2.0 TDI Купе-лимузината никој не ја бараше од VW, а толку многу ни беше неопходна
56
ТЕСТ PEUGEOT BIPPER TEPPEE 1.4 HDI URBAN По секое излегување, истото изненадување: Како може да е толку просторен
тема
6
САЛОН НА АВТОМОБИЛИ IAA 2009 Од салонот во Франкфурт се очекува да го покаже патот за излез од кризата
62
КЛУБОТ ADAC ГЛЕДА ПРОПУСТИ ВО БЕЗБЕДНОСТА При отстапување од нормираниот краш-тест, каросеријата е беспомошна
64
Караван Салон Диселдорф Годишниот одмор штотуку заврши, но подготовките за следниот може да почнат
78
НОВИ МОДЕЛИ НА ЛУКСУЗНИТЕ МАРКИ Кризата не ги спречи луксузните марки да ги изложат најновите скапоцености
НА ДВЕ ТРКАЛА
60
А в т о м о б и л и в о о в о ј б ро ј 78 30 44 28 10 24 26 18
Bentley Mulsanne BMW Vision Efficient Dynamics Chevrolet Cruze, Chevrolet Epica Citroen DS3 Ferrari 458 Italia Fiat Punto Evo Hyundai ix35 Kia Venga
38 56 14 34 78 22 33 50
Lancia Delta 1.4 T-Jet Platino Peugeot Bipper Tepee 1.4 HDi Peugeot RCZ Renault Clio Grand Tour Rolls-Royce Ghost Saab 9-5 Volkswagen Polo Volkswagen Passat CC 2.0 TDI
YAMAHA YZF-R125 Малечкиот R125 ги носи во себе гените на посилните браќа R1 и R6
мотоспорт
76
WTCC Лидерот во шампионатот е нов, но за Seat се е по старо: Возачот е од куќата
www.autofocus.com.mk
останато 66 ваши писма 68 ценовник досада 67 излог против 82 09/2009 3
4 09/2009
www.autofocus.com.mk
КОМЕНТАР Број 25 • СЕПТЕМВРИ 2009
Повлечи линија и наплаќај Дарко Јаконов Главен уредник darko.jakonov@autofocus.com.mk
Најголемиот проблем на возачите во главниот град конечно ќе се реши. Од 24 август, граѓаните на Скопје се чувствуваат привилегирани со можноста што им ја понуди „Градски паркинг“, да плаќаат за паркирањето на своето возило на улица и на тротоар. Но, одушевеноста на граѓаните од ваквата отстапка на јавното претпријатие, да наплаќа за паркирање на сите места на кои што до летово паркиравме бесплатно, изгледа дека отсуствува. Намерата на воведувањето на зонското паркирање во центарот на Скопје е да се добијат повеќе слободни места за паркирање. Тоа е сосема на место. Со автомобили расфрлани на секое можно место, градот повеќе личи на авто-пазар отколку на град. И тоа, на лошо организиран авто-пазар, без ред и без правила, каде секој решава како што цени дека е најдобро. Во такви услови почнува да се води битка за освојување на простор за паркирање. Битката се води, тоа е очигледно. Но, против кого? Во секоја битка има некоја друга страна чии што моќи и интереси треба да се надвладеат и да се воспостават своите. Сигурно е дека возачите не се толку луди да водат битка меѓу себе. Тие го имаат истиот интерес, сакаат да паркираат. Противникот во скопската битка за паркирање е тоа што општо го нарекуваме урбана мафија, со сите оние објекти и субјекти што имаат заедничка цел да им го направат животот на граѓаните поинаков. Полош. Тоа што сега го плаќаме како надомест за паркирање е всушност данок на урбаната мафија. Градот го уништија деловните центри без соодветно димензионирани паркиралишта или без каков било простор што ќе послужи за намената, исто како и издавањето одобренија за пренамена на станови во деловни простории, без земање во предвид дека фирмите донесуваат десетици пати поголема фреквенција отколку семејството за кое што долу е оставен одвај еден простор за паркирање, а најчесто ниту тој. Последиците од никнувањето станбени блокови на местото на семејните куќи се чувствуваат уште сега, но ќе болат уште повеќе кога јавното претпријатие ќе го реализира проширувањето на сегашните зони на паркирање. Оттаму, воведувањето на зонското паркирање во никој случај не смее да се оправдува како неопходност што ја наметнува развојот на градот, туку само како безредие што е предизвикано од неодговорноста и неспособноста да се води развојот на градот. Тоа што најмногу иритира во оваа бесмисленост што се продава како зонско паркирање, е прескокнувањето на многуте фази кои требаше постепено да нé донесат до него. Вака, имаме
зонско паркирање без претходно да бидат обезбедени дополнителни капацитети за паркирање или барем постоечките да се адаптираат соодветно на променетите услови во градот, или поточно, соодветно на одземените услови во градот. Го имаме зонското паркирање како поскапа алтернатива. Со влечењето бели ленти по улиците и со поставувањето шарени табли наоколу, Скопје е светлосни години далеку од условите што Белград ги обезбеди пред воведувањето на зонското паркирање. Градењето катни гаражи, како поевтин начин на паркирање, е фазата што кај нас се прескокна целосно. Во главниот град на соседна Србија, оваа фаза мина беспрекорно: Гаражата на „Обилиќев венац“ има капацитет за 620 возила и шест катови за паркирање, на „Зелени венац“ е организиран простор за паркирање на 306 возила на шест катови, на „Масарикова“ се паркираат 460 возила на 3 подрумски и 6 надземни катови. Секако дека ова е само дел од капацитетите за паркирање. Кај нас, како уште да не сме свесни што ни се случило. Колегата и примус на автомобилското новинарство, Томислав Билјарац, уште пред десетина години знаеше да предвиди: „Додека возилата се во движење, проблемот не се воочува. Тој се јавува кога возилата ќе запрат“. Се разбира дека Билјарац сé уште добро се сеќава на овие зборови, затоа што развојот на сообраќајот ниту на момент не отстапи од правецот што водеше кон реализацијата на неговото предвидување. Не знаат само тие што треба: Паркирањето е дел од сообраќајот. Зонското паркирање нема да го направи животот во Скопје поквалитетен. Возилата што обично се паркираа на местата за кои сега наплаќа „Градски паркинг“, не се оставаа на само неколку часови. Тоа се возила на вработени, на жители, на студенти и на бизнисмени од другите градови. Овие возила се паркираа на улица и на тротоар, затоа што немаше каде на друго место. Идејата со зонското паркирање е добра, уште е подобра реализацијата со наплаќањето преку мобилен, единствено е утнат моментот. Ќе беше подобро прво да ги доживееме катните гаражи, каде што возилата во можат да се остават по прифатлива цена текот на целото работно време или преку ноќ. Останува мистерија, што ќе прави „Градски паркинг“ со парите што ќе ги добива од паркирањето во градот чиј што дневен број на жители достигнува еден милион. Би било прекрасно ако се инвестира во катни гаражи. Но, зарем нема да биде необично кога утре ќе се наплаќа од истите луѓе што ја инвестирале градбата. Така функционираме. Необичното е обично. �
Со воведувањето на зонското паркирање го плаќаме данокот на урбаната мафија. Се прескокна многу важна фаза: Изградба на катни гаражи
www.autofocus.com.mk
09/2009 5
Салони Франкфурт 2009 17. - 27. SEPTEMBER 2009 IN FRANKFURT / MAIN
ERLEBEN, WAS BEWEGT. 63. INTERNATIONALE AUTOMOBIL-AUSSTELLUNG
Нов светски поредок по IAA Салонот во Франкфурт, скратено IAA, ќе одговори на дел од прашањата за иднината. Но, уште сега се знае: Промени мора да се случат
О
д салонот во Франкфурт се очекува многу во оваа година. Бројноста на новите автомобили или моќта на заслепување на исполираните каросерии не е толку важна. Многу се поважни знаците на опоравување што производителите треба да ги покажат на овој салон. Состојбата во автомобилската бранша во моментов се опишува најдобро со еден збор: Катастрофа. Зад блескавите каросерии се крие најтешката криза на автомобилската индустрија по втората светска војна. Што сé не ја погоди
6 09/2009
браншата: Финансиска криза и еколошки шок, рецесија и блокирани кредити, високи цени на суровините и самоубиствена војна со попусти. Сето ова создаде мошне експлозивна смеша. Земјата што е домаќин на најголемиот салон на автомобили на светот сѐ уште успева да ѝ се спротивстави на кризата со субвенциите за замена на старите автомобили. Но, почетокот на салонот во Франкфурт ќе го најави крајот на црпењето од државната каса. Германците уште сега го знаат прашањето што ќе си го постават по
www.autofocus.com.mk
Bentley Mulsanne Стр. 78 Стр. 30
BMW X1
Бр. 24
BMW Vision Efficient Dynamics BMW докажува дека и штедливите автомобили можат да изгледаат возбудливо
BMW серија 5 Gran Turismo
IAA: Како понатаму? Претседателот на здружението на германските автопроизводители, Матијас Висман, најави дека „IAA ќе го покаже начинот како производителите ќе излезат од јазот“. Сепак, не е толку едноставно. Индустријата стои пред два предизвика. Прво, браншата мора да ја доразвие технологијата на електричниот погон, и тоа, што е можно поскоро. Развојот нема да биде толку безболен. Според студиите, производителите ќе инвестираат околу 30 милијарди евра до 2015 година, во развој на технологии што ја поштедуваат животната средина. Според едно друго истражување, развојот и производството на поштедливи мотори со внатрешно согорување, како и развојот на електричниот погон, ќе проголтаат околу 114 милијарди евра до 2020 година. Фирмите што не можат да го платат влогот, ќе мора да се откажат од играта. Познатиот експерт од Институтот за автомобилската индустрија, Вили Диц, смета дека „новиот поредок во браншата штотуку започна да се воспоставува“. Соработката меѓу Fiat и Chrysler, како и онаа меѓу VW и Porsche, е само почеток. Дури и најлутите противници, BMW и Mercedes, во иднина ќе мора да соработуваат. Тоа е добро за паричникот, но му пречи► www.autofocus.com.mk
Бр. 23
Citroen C3
Стр. 28
Citroen DS3
Lexus LF-Ch Renault Fluence
И благородната марка на Toyota со премиум модел во компакт класата
Лимузина за целиот свет, врз основа на Megane
Ferrari F458 Italia Стр. 10 09/2009 7
Новитети Ferrari 458 Italia
Уличниот трк Ferrari доби нов тркачки коњ во шталата. Одгледувањето на 458 Italia го презеде Михаел Шумахер 17. - 27. SEPTEMBER 2009 IN FRANKFURT / MAIN
ERLEBEN, WAS BEWEGT. 63. INTERNATIONALE AUTOMOBIL-AUSSTELLUNG
Новитети на IAA 2009
С
ценариото ќе беше одлично. Михаел Шумахер ја освојува Големата награда на Монца, на 13-ти септември, а два дена подоцна, на салонот во Франкфурт, Ferrari го претставува пред новинарите новиот 458 Italia. Голема е веројатноста дека земјата што го прегазува Средоземното Море, по одвивањето на ваквото сценарио би решила преку ноќ да го промени националното знаме. Во тој случај, во средината на зелено-бело-црвениот триколор би се нашол црн коњ на жолта подлога, и во цела Италија би се
10 09/2009
прогласила вонредна состојба, за сиот народ да го прослави големиот настан. Убаво е ова сценарио. Но, за жал, Михаел Шумахер не се враќа во Формула 1. Италија, сепак, ќе прославува. Исто како и автомобилскиот свет. Во Франкфурт ќе доживее премиера новиот Ferrari 458 Italia. Наследникот на F430 е пораснат, но тоа и не му се забележува. „Нашиот нов Ferrari ѝ оддава почест на Италија и на единствените квалитети што ги поседува земјата“, така шефот Лука ди Монтеземоло ја објаснува додавката во моделската озна-
Секој чекор од развојот на 458 Italia го следеше Михаел Шумахер www.autofocus.com.mk
ач на Шуми Му се гледа во очите: Овој Ferrari има лут карактер
Осумцилиндарецот со 570 КС ржи под задното стакло и привлекува внимание
www.autofocus.com.mk
ка на црвениот тркач. Првите две бројки во ознаката се однесуваат на работната зафатнина од 4,5 литри, а последната, на бројот на цилиндри на моторот. Осумцилиндарецот со директно вшприцување на горивото е легнат веднаш зад седиштата и преку големото и рамно стакло е видлив за сите што сакаат да погледнат каков е внатрешниот живот на болидот, секогаш кога ќе го начекаат паркиран на улица. Особен впечаток остава плочката покрај долниот раб на прозорецот, што го покажува серискиот број на болидот.
Italia е долг 4,5 метри, широк 1,9 метри и висок 1,2 метри. Неговиот осумцилиндарец развива 570 коњски сили при 9.000 вртежи и го ослободува најголемиот вртежен момент од 540 њутнметри при 6.000 вртежи. Но, за болидот да биде возлив за секој ден, 80 проценти од најголемиот вртежен момент се добиваат послужени уште при 3.250 вртежи. Најважниот податок, оној што ја покажува вистинската моќ на 458 Italia е соодносот меѓу тежината и силината: Секој коњ на овој Ferrari мора да влече по само 2,42 килограми. Со големиот мотор, без возач и без работните течности, 458 Italia натежнува врз мерната вага со 1.380 килограми. Распределбата на тежината е во корист на задната оска. Таму одат 58 проценти од тежината на црвениот тркач, дозирано точно за мајсторите на асфалтот да го излизгаат опашот во свијок и да го залепат носот покрај самиот раб на патеката. Италијанците ветуваат пониска потрошувачка во споредба со F430. Спортистот ќе троши во просек 13,7 литри на сто километри. Тоа е секако само теоретска вредност што ниту еден возач нема да ја постигне, ниту пак ќе сака да ја постигне. За да ја намалат жедта, инженерите го префрлија моторот на директно вшприцување на горивото и извршија неколку корекции во него, заради намалување на внатрешното триење. Добро нафатираните пилоти ги интересираат многу повеќе перформансите: Italia вози со темпо сто по само 3,4 секунди од поаѓањето и продолжува да влече сé до крајното темпо од 325 километри на час. За преносот на сила е задолжен седумстепен менувач со двојна спојка, по кого следува електронски управувана блокада на диференцијалот, за променлива распределба на вртежниот момент меѓу задните тркала, со цел за уште еден чекор да се подобрат тракцијата и стабилноста. Ваков проектил треба и соод-► 09/2009 11
новитети Peugeot RCZ
Котел за зовривање Еднакво на феномен: Скусувањето на просторот и ограничувањето на две врати ги прави автомобилите неодоливи
Н
екои автомобили не се купуваат од што мора, туку од што не може поинаку. Во трендот на вкрстување на различни видови на автомобилски градби во една, со цел да се добие функционално возило за секоја пригода, купеата се чинат крајно неразумни. Оставени се само на две врати, покривот им се спушта ниско над задната клупа, багажникот најчесто е тесен, за опашот да завршува елегантно. Но, и покрај сите овие скусувања, на крајот се добива автомобил на кој е тешко да му се одолее. Со новото купе RCZ, Peugeot ги зоврива емоциите на автомобилскиот свет. Купето произлезе како резултат од оддишката што ја
добија дизајнерите на француската куќа, со дозволата за излет надвор од ограничувањата на сериското производство и од стандардите што мора да се почитуваат за автомобилите да привлечат што поголем круг купувачи. Концептот 308 RCZ беше претставен пред две години во Франкфурт, а точно две години подоцна, на истото место се појавува сериската изведба, мошне верна на концептната изведба, што значи, исто толку привлечна и единствена. Дури, толку единствена, што Peugeot за прв пат реши да се откаже од вообичаената бројчена ознака, и моделот го
крсти едноставно RCZ. Автомобилов ќе биде брз, тоа е основното кај едно купе. Врвниот модел вози со навиена изведба на 1,6-литарскиот бензинец, со 200 КС, што во спој со намалената тежина во однос на компактот 308, од кого што потекнува техничката основа, ќе даде перформанси соодветни за сортата. Но, врвните можности на RCZ ќе се покажат доколку студијата со хибриден погон што Peugeot ја прикажува во Франкфурт се најде во сериско производство и ги следи стапките
17. - 27. SEPTEMBER 2009 IN FRANKFURT / MAIN
ERLEBEN, WAS BEWEGT. 63. INTERNATIONALE AUTOMOBIL-AUSSTELLUNG
Новитети во Франкфурт
Широко отворена муцка, заканувачки подзамижани очи: Ова мора да е Peugeot 14 09/2009
www.autofocus.com.mk
на емоциите на 3008 Hybrid4, чиј што пазарен старт веќе е најавен за напролет следната година. Со погонот што го нарекува Hybrid4, Peugeot решава два предизвика со еден потег: Создава хибриден погон со штедлив дизелски мотор и електромотор, и уште добива погон на сите тркала, затоа што електромоторот е задолжен за погонот на задните тркала. Основата на погонот ја сочинуваат дволитарски HDi со 163 КС и електромотор со моќност од 27 киловати, односно 37 коњски сили. Купето RCZ е како автомобилско здание со
естетска вредност на мајсторски изведена скулптура, а достапна за народот. Најсилниот впечаток го оставаат двата меура во покривот и во огромното задно стакло. Континуитетот на предното стакло, црниот покрив и темното задно стакло го прекинуваат двете надолжни арки во покривот, оставени да им се гледа материјалот од кој што се изработени, алуминиумот. Дизајнот ги почитува и функционалните вредности: Задниот спојлер се поставува во две различни положби, зависно од брзината на возење. Духот на мотоспортот живее во кабината на
RCZ и се чувствува во школкестите седишта со интегриран потпирач за глава, исто како и во часовникот во средина или во инструментите обрабени со метална рамка. Секако, тука е впечатливо закосената средишна конзола, што Peugeot ја почитува како носечки елемент на кокпитот, почнувајќи од компактот 308, па наваму. Купето ќе им угоди и на купувачите што очекуваат во својот автомобил да добијат нота на престиж. Таблата е веќе целосно обложена со мек полиуретан, но за попрефинетите вкусови е на располагање и изведба со напа кожа. Во оваа средина одлично одговараат новиот мултимедиски систем Wip Com 3D и озвучу-►
Германците нека тврдат колку сакаат дека RCZ личи на нивниот Audi TT, но купево на Peugeot изгледа неодоливо
Не е за верување: RCZ е како студиски автомобил што пребегал во продажен салон
www.autofocus.com.mk
09/2009 15
Новитети BMW Vision Efficient Dynamics
Изгледот е важен 17. - 27. SEPTEMBER 2009 IN FRANKFURT / MAIN
ERLEBEN, WAS BEWEGT. 63. INTERNATIONALE AUTOMOBIL-AUSSTELLUNG
Новитети во Франкфурт
Со студијата, BMW сака да докаже дека и штедливите автомобили можат да го побудат уживањето во возењето
Б
аварците го решија предизвикот успешно: Брзината, што е носечки белег на марката, ја комбинираа со нејзиниот најголем противник, потрошувачката на гориво. Моделите на BMW прават чуда да ја задржат потрошувачката на пристојно ниво. Ја собираат енергијата што се ослободува при сопирањето и потоа ја искористуваат, автоматски го гаснат моторот при мирување на семафор и мудро управуваат со помошните агрегати, дозволувајќи им да црпат енергија само кога таа им е неопходна. Речиси сите модели на куќата ги поседуваат овие способности за штедење, обединети во пакетот Efficient Dynamics. Но, постои проблем. Сета оваа напредна технологија е вградувана отпосле во постоечките модели. „Поради тоа, постојано нé прашуваа како би изгледал автомобилот ако се развие во целост според начелата на Efficient Dynamics“,
30 09/2009
Со кренати врати изгледа како вилинско коњче што му се спротивставува на ветрот www.autofocus.com.mk
Палалелно со BMW Vision Efficient Dynamics, дизајнерите на BMW исфрлија модна колекција. Со синиот раб, облеката ги цитира карактерните линии на концептниот автомобил
www.autofocus.com.mk
кажува главниот дизајнер Ејдриен ван Хојдонк. Ова е одговорот. Студијата Vision Efficient Dynamics е спортски автомобил, во кој може да се ужива без грижа на совеста. „Најголемиот предизвик за авто-производителите е како да се задржи уживањето во возењето и кај еколошките автомобили“, открива дизајнерот. Со 4,60 метри, оваа футуристичка градба на тркала е долга приближно колку серијата 3, но со висината од 1,24 метри одвај ѝ досега до прозорците. Место обични врати салонскиот автомобил поседува крилести врати што се отвораат нагоре. Така нема сомневање дека Vision ќе
биде магнет за публиката на салонот во Франкфурт. Слично се отвораат вратите кај Mercedes SLS AMG, кој исто така е присутен на салонот. Ван Хојдонк не сака да чуе за ваква споредба. Mercedes и Audi R8 не мора да стравуваат дека ќе добијат уште еден германски противник. BMW Vision е само парче за покажување и не е најава за идниот сериски модел што ќе го наследи славниот BMW M1 од 1970-те години. Холанѓанецот укажува дека студијата е „само визија што ќе го укаже правецот во кој што ќе се развиваме“. Дизајнот е само една од мамките на Vision Efficient Dynamics.► Погонот е следната мамка, што
09/2009 31
Споредба Chevrolet Cruze 2.0 vcdi LT и Epica 2.0 vcdi LT
Епско
крстосување Две лимузини од иста марка, но толку различни. Cruze се соочува со Epica за да покаже колкави промени и донесе на марката Chevrolet
Иако почитуваат спротивставени дизајнерски правци, двете лимузини се доволно претставителни
44 09/2009
www.autofocus.com.mk
Л
Црно, големо, со многу хром: Тоа е оригиналниот изглед на Chevrolet
www.autofocus.com.mk
имузината е мајката на автомобилите. Ковачите на автомобилски форми можат да изведат уште безброј каросериски варијации, но на крајот, секогаш ќе изнурка лимузината во нив. За автомобилите, таа е како солта во супата. Спортските теренци сакаат да возат како лимузина, малечките сакаат да им израсне опаш како на лимузина, а последно, дури и купеата сакаат да додадат чифт врати, за и тие да станат лимузина. Сите сакаат да станат Chevrolet. Ако нешто најсилно се врзува со имиџот на оваа марка, тоа не може да биде друго освен класичната триделна форма на каросеријата. Но, откако американската марка почна да вози како светска марка на тркалата на Daewoo, нејзините автомобили ги доживуваме како разумен избор, најчесто малечки, со исклучителна противвредност и со моделско име Spark или Aveo, место Caprice или Bel Air. Секако дека Chevrolet не одби да го стави својот заштитен знак и на лимузините од корејското семејство. Тие секогаш беа тука, покрај Spark и Aveo, но секогаш остануваа во заднина. Невпечатливи, просечни, непознати. До Cruze. Со него, лимузините се враќаат во центарот на вниманието кај Chevrolet. Тој е новиот знаменосец на марката, не поради неговата физичка големина, туку поради новите вредности што и ги носи на светската марка. Колку се променил Chevrolet � кои се новите вредности, најдобро се покажува кога Cruze ќе се најде покрај вистинскиот знаменосец Epica. Големата лимузина никогаш не успеа да застане рамо до рамо со VW Passat и со Opel Insignia, или да постигне барем половина од продажбата на Captiva. Од друга страна, одличната прифатеност на спортскиот теренец на Chevrolet докажа дека не е марката виновникот за тоа што запнува продажбата на поскапите моделски изведби, туку вината е во самите модели. И вистина, кога двете лимузини ќе се соочат, Epica изгледа како да е од друга ера, како► да не е од исти-
09/2009 45
Тест VW Passat CC 2.0 TDI
Двоење на жолч Ако Passat е јајцето, купе-лимузинската изведба Passat CC е жолчката во јајцето. Тука е суштината на автомобилот
НИ СЕ ДОПАЃА
НЕ НИ ПРЕЧИ
НЕ НИ СЕ ДОПАЃА
Новото чувство што СС го постигнува во средината на Passat
Спуштањето на покривот над задната клупа: Ова е купе-лимузина, што друго да прави покривот освен да се спушта
Сивата средишна конзола изгледа празно, на издувните цевки не им е местото во оваа средина
Хармоничното и тивко подвозје Прецизниот и лесен менувач
50 09/2009
Опфаќањето на автоматската клима и на радиото во серискиот пакет би било пристоен манир
www.autofocus.com.mk
ката од белката
E
igelbtrenner. Така Германците го нарекуваат помагалото што е неизоставно во нивната кујна. Тоа е онаа малечка и крајно едноставна направа со која што жолчката во јајцето се одвојува безбедно од белката, за шлагот да испадне како што треба, снежно бел и цврст. Во ретко која друга кујна овој „ајгелбтренер“ е толку застапен. Веќе е јасно: Oвој народ ги прави работите поинаку. Штом е така во кујната, зошто да не биде и во автомобилите. Германците ги составуваат автомобилите педантно, обично им траат www.autofocus.com.mk
долго и по правило се мошне практични во секојдневието. Но, што се однесува до способноста да ги разбудат емоциите, автомобилите од Волфсбург или од Инголштат никогаш не можеле да им се доближат на оние од Торино или од Милано. И пак ништо не им недостасува. Според горниов стереотип, Passat треба да е најгерманскиот автомобил што постои. Никогаш не поставувал трендови, ниту пак се трудел да ги следи, и пак, една е од иконите на глобалната авто-индустрија, втор по важност за Volkswagen, веднаш по Golf, и секако, неизоставен е на списокот за избор на секој купувач во средната класа. И одненадеж, моделското име Passat се
здогледува залепено на оваа трендовска каросерија, што не е ниту лимузина, ниту купе, но затоа безгрешно го привлекува погледот и го проработува фетишот на место каде што претходно не успевало. Оваа каросерија дури и не е на Passat, барем не на оној обичниот, секојдневниот. Passat e само оздола, каде што не се гледа, а озгора може да биде и Mini-Phaeton или Foehn-Maxi. Друг производител немаше да биде толку чесен и немаше да пропушти на автомобилот да му ја промени моделската ознака, да го прекрсти. Но, друг производител го нема Passat. Името е вредно, и оттаму е сосема разбирливо што VW реши само да ги додаде двете букви СС, што се пишуваат кусо, но отвараат цел нов свет. CC се двои од обичниот Passat, исто како што жолчката се двои од белката. Passat CC е купе-лимузина, исто колку што е Mercedes CLS, и исто колку основоположникот на оваа каросериска форма, Maserati Quattroporte. Единственото што не му е заедничко со нив е цената. Додека едниот им нуди повеќе на оние купувачи на кои што класата►
09/2009 51
против досада Уште една бламажа на Американците
Поука за грешникот GM
Г
олемата мајка на американската автоиндустрија, General Motors, имаше план во 2010 година да претстави теренец со хибриден погон под марката Buick. Но, концернот мораше да се откаже од проектот. Причината за тоа беше лошата реакција што планот ја предизвика на Twitter. Несреќниот теренец стана најомразениот автомобил на интернет. Автомобилските концерни се свикнати да работат во тајност. Ги сокриваат прототипите под маски и под лажни каросерии, и за секој нов модел креваат непотребно многу џева. Информациите за новите модели обично се објавуваат кога автомобилот е пред влегување во сериско производство. Доколку е погрешно скроена стратегијата за производот, по стартот со производството е веќе предоцна за каење. Американскиот џин General Motors сакаше да ги смени навиките и да разговара повеќе со возачите. Како прв чекор, концернот ги покани купувачите, соработниците, трговците и новинарите во најсветото што го има, во дизај-
Некогашниот број 1 сакаше да покаже дека се поправил. Но, интернетот го спречи да го направи следниот грев нерскиот центар. GM ги покажа планираните возила, од кои дел се наоѓаат во мошне ран стадиум од развојот, со намера да добие повратна информација. И ја доби! На блогерите и на корисниците на информативниот сервис Twitter веднаш им падна в око еден од прикажаните модели: Кросоверот од благородната марка Buick, замислен да вози со хибриден погон и со можност за приклучување на струја, исто како Chevrolet Volt. Далеку помал проблем беше тоа што теренецот на Buick не е убавец. Тоа што ги извади од колосек љубителите на Buick беше потеклото на моделот со погон на сите тркала. Првично, General Motors планираше да го продава автомобилот под евтината марка Saturn, со моделска ознака Vue. Но, во рамките на стечајната постапка, General Motors мораше да се откаже од марката Saturn и да ја продаде на Рenske. Планерите на производи на General Motors се решија
Следниот број на магазинот Auto Focus излегува на 15 октомври 2009
82 09/2009
за најдебилното решение и го прекрстија Saturn во Buick. Тоа е исто како ѕвездата на Mercedes да се закачи на хаубатa на Yugo. Потеклото е најсветото во автоиндустријата, а „badge engineering“ e најголемиот злостор што може да му се случи на еден автомобил. Тоа се случува кога на постоечки модел ќе му се залепи значка на друга марка и ќе се продава како нов. На овој начин General Motors уништи половина од своите марки. Од марките што ги поседуваше во минатото. Најочигледен пример е Saab. Одвај закрепнат по стечајот, General Motors продолжува со истите грешки. Но, корисниците на интернет се тука да го прекорат.
Поимот Vuick, добиен како комбинација од Buick и Vue, стана главна тема на Twitter. Сите коментари го кажуваа истото: Одвратен е... Vuick мора да умре. И умре, многу побрзо отколку што се очекуваше. На блогот на GM, потпретседателот Том Стивенс откри дека е „изненаден колку конзистентна беше критиката.“ Неодамна се донесе решение автомобилот да не се произведува. Twitter не пропушти да го поздрави чекорот: „Vuick е мртов! Да живее GM!“ Концернот не смее да си дозволи уште една ваква бламажа. Но, повторното затворање на развојните одделенија за публиката нема да биде најсоодветното решение. � www.autofocus.com.mk