Audi e-tron Впечатоци од салонот во Франкфурт
Најголемите погодоци и утки на IAA 2009!
Renault Zoe ZE Peugeo t BB1 Citro en Re Eлект рични volte доаѓа от погон во
2011
о ш о к с у ц н Фра
Jaguar XJ
ТРИО а в у ж а к с т е р п ја
а т а н и н д и
тест
VW Polo 1.2 Возевме
Многу Golf, но и доволно Polo
Opel Insignia OPC
Ford вети и исполни:
со 325 КС на Хунгароринг
Новиот C-Max изгледа одлично
Fiat Punto Evo Лансиран од носач на авиони
Спој на минатото со сегашноста:
Стар Mercedes 190 со мотор од C 250 CDI со 204 КС!
октомври 2009 90 ДЕНАРИ
9 771857 569002
26
Новитети
10
Ford C-Max и Grand C-Max Келн го исполни ветувањето: Ванот личи на студијата Iosis Max. Сега има и Grand C-Max
14
Renault Zero Emission Concepts Со дури 4 концепти со погон на струја, Renault најавува: Електромоторот е победникот
18
Peugeot BB1 Фирмава произведува се, од велосипед до комбе: BB1 е сите овие возила во едно
22
Citroen Revolte Mini има таков модел, Fiat има таков модел: И Citroen сака да го има наследникот на 2CV
ТЕСТ И ТЕХНИКА
6
Возевме Fiat Punto Evo Мајсторите за церемонии буквално го лансираа Evo: На носачот на авиони Cavour
42
Возевме Opel Insignia OPC За пробување на 325 КС е потребно и соодветно место: Тест на OPC на Хунгароринг
46
46
Од марката SsangYong сме навикнати на изненадувања: Во способноста за качување по ` теренот нема изненадувања
36
Audi го најде патот од А до Бе: Од норевешкото гратче А до италијанскиот Бе. Притоа, се штедеше колку може повеќе
64
Мотоциклот што ја напиша историјата на Honda, доаѓа во ново издание и со голем новитет: менувач со двојна спојка
Импресија SsangYong Kyron Kyron ја нуди најубавата форма на возење теренец од корејската марка
52
ТЕСТ Volkswagen Polo 1.2 Trendline Не само што го имитира во изгледот, туку сака и во возењето да биде како Golf
58
TECT Suzuki Grand Vitara 2.0i JLXE Тој ја основаше класата и разбирливо е што не сака да го напушти концептот: Не мора
78
ТЕХНИКА Стар Mercedes-Benz 190 со најнов мотор Тоа што сите сакаа да го знаат: Што се случува ако нов мотор се вгради во стара кола?
тема
26
ВПЕЧАТОЦИ ОД САЛОНОТ ВО ФРАНКФУРТ Најголемите погодоци и утки на IAA 2009: Зошто некои автомобили се подобри од другите?
36
РЕПОРТАЖА Audi Efficiency Challenge Дваесет возила на пат од А до Бе, на пат да ја докажат нивната штедливост на дело: 4300 km за девет денови, низ осум држави
НА ДВЕ ТРКАЛА
64
HONDA VFR 1200 F VFR е подолго од 20 години на пазарот: Кај мотоциклите, тоа значи само напредок
мотоспорт
76
WTCC Имола Во завршницата на шампионатот, Шпанците покажуваат дека ја заслужуваат титулата
останато 66 ваши писма 67 излог
68 ценовник 82 против досада
Автомобили во овој број 10 14 18 22 6
Ford C-Max, Grand C-Max Renault Zero Emission Concepts Peugeot BB1 Citroen Revolte Fiat Punto Evo
42 46 52 58 78
Opel Insignia OPC SsangYong Kyron Volkswagen Polo 1.2 Trendline Suzuki Grand Vitara 2.0i JLXE Mercedes-Benz 190 CDI Blue Eff.
10/2009 3
4 10/2009
Струја на глобални промени Дарко Јаконов Главен уредник darko.jakonov@autofocus.com.mk
Најавите за крајот на ерата на нафтата стануваат сé поконкретни. Производителите обезбедија пазари за стотици илјади возила што се движат со електромотори, се гради инфраструктура за нив, а наскоро електричните автомобили ќе се појават и во продажните салони. Работите се менуваат, но електричните автомобили нема да ги заменат старите смрдливци преку ноќ. Со нив само почнува новиот круг, во кој нема да се променат само автомобилите, туку и глобалното размислување. Изобилството од нафта беше еден од најсилните мотори на иновативноста подолго од еден век. Горењето на нафтата ни овозможи индустријализација, ни обезбеди брза мобилност и стопанисување со големи земјоделски површини. Пластиката немаше да постои ако научниците и инженерите не најдеа начин да ја црпат нафтата од земјата и да ја преработуваат. Но, изобилството од нафта ги затапи пронаоѓачите на нови видови на погон. Научниците ги замислија работите поинаку. Уште во 1970-те години се појавуваа публикации со визии за мобилноста во иднината. Можеа да се видат лебдечки патишта, електронски управувани возила, а од класичниот автомобил немаше ниту трага. Исто како што Џорџ Орвел во романот „1984“ прилично го утна времето кога државата целосно ќе ги надгледува своите граѓани, така се излажаа и пророците на мобилноста. Со принципот на работа, автомобилите и авионите ни останаа како реликти од минатиот век. Досега немавме доволно силен повод да ги менуваме гледиштата. Да, тука е стравот од глобалното затоплување, како последица од согорувањето на нафтата. Но, не постои ништо посилно од парите. Тоа што можат да го издејствуваат парите, не може ништо друго, и најдобра потврда за тоа ни даде земјата на големите лимузини. Дури откако цената на бензинот се качи на незамисливи висини за Американците, автопроизводителите останаа заглавени со своите ненаситни пијачи на гориво. Наспроти тоа, за увозното џуџе Smart се чека во редици. Учењето да се размислува поинаку ќе биде тешко. Сепак, нафтата е таа што ни ја овозможи индивидуалноста, како еден од основните принципи на современото општество. Автомобилот ни даде голема слобода во изборот на живеалиштето и работното место. Тој го одредуваше развојот на градовите. И најважното: За многумина, автомобилот е личен одраз. Авионот, пак, ѝ даде крила на глобализацијата. Масовната размена на стока и на луѓе, а со тоа и брзиот напредок во знаењето и во развојот на готови производи стана секојдневие дури со модерниот авионски сообраќај. Поради тоа, иднината не ни
носи само развој на алтернативни извори на енергија и нови видови на погон за автомобилите и авионите, туку се работи за ново разбирање на мобилноста, односно на индивидуалноста. Со современата комуникациска технологија, промените се сосема извесни. Концерните во САД практикуваат голем дел од вработените да им работат од дома. Со преносот на податоци отпаѓа и потребата од службени патувања. Прекуокеанските летови станаа бесмислени со видео-конференцијата и електронската пошта. Тоа е поевтино, а штеди и време. И се користи на големо. Меѓународната организација IATA објави голем пад во бројот на патници во бизнис-класата. Фирмите го скусуваат буџетот за патувања и поради новите можности за комуникација не планираат да го зголемат дури и кога ќе се подобри конјунктурата. Без разлика дали сакаме да го прифатиме тоа или не, интернетот нуди нови начини на изразување на реализацијата на личноста. Четувањето, сопственото претставување пред светот преку електронски дневници или албуми со поезија, како MySpace, на младите им го нуди истото доживување што претходните генерации го имаа при откривањето на светот со сопствениот мопед или со првиот автомобил. За големите промени што се случија во последниве две години, треба да бидеме благодарни. Нафтата и комоцијата што таа ни ја обезбеди нé натераа да заборавиме на основниот талент што ни обезбеди преживување во секакви услови: На приспособливоста. Дури сега станува интересно. Салонот во Франкфурт ќе биде последниот на кој купувачите ќе можат да им простат на производителите што не си ги исполнуваат ветувањата. Пред две години, на истото место се ветуваа големи промени. Шефот на Volkswagen, Мартин Винтеркорн, на минатиот IAA ја претстави студијата Up и најави дека сериската изведба на возилото ќе троши помалку од три литри гориво. Mercedes го претстави експерименталното возило F 700, со мотор Diesotto, односно бензинец кој самостојно го пали горивото исто како дизелски мотор, и постигнува чуда во потрошувачката и перформансите. И што се реализираше од тоа? Апсолутно ништо! Но, ова ветување не изгледа празно: Renault и Better Place потпишаа договор за старт на продажба на првиот електричен автомобил на француската куќа во првата половина од 2011 година, во Израел и во Данска. Двата партнера се обврзаа на дистрибуција на 100.000 примероци од Renault Fluence Z.E. во двете земји до 2016 година. Израелско-американската компанија Better Place ќе обезбеди станици за полнење и за брза замена на акумулаторите. Автомобилите се променија. �
Време е за промени: Изобилството од нафта предизвика долгогодишен застој во развојот на нови видови на погон
10/2009 5
Возевме Fiat Punto Evo
Револуција
во еволуција Потстегнати линии на каросеријата, променет ентериер, нова опрема: Тоа е фејслифт. Но, ако истовремено се случува и премиера на нова техника на мотори, тоа е веќе револуција
НИ СЕ ДОПАЃА
НЕ НИ ПРЕЧИ
НЕ НИ СЕ ДОПАЃА
Новата внатрешност на Punto
Промените во надворешноста се површни: Тоа што изгледа убаво не мора да се менува
Моторите MultiAir отсуствуваа во возниот парк за тестот
Интеракцијата сo Bluе&Me TomTom Доследното унапредување во сите подрачја
6 10/2009
Копчињата на рачната клима изгледаат лошо во новата средина
сокриена И
мето открива само половина од вистината. Еволуцијата на која што укажува името на овој Fiat се однесува повеќе на козметичките зафати во изгледот, отколку на оние што се случија под хаубата. Доколку овие вториве решаваа за името, тогаш Grande Punto немаше да се вика Punto Evo во втората половина од моделскиот век, туку Punto Revolution. Веќе долго се зборуваше за новите мотори на групацијата Fiat, за генерацијата MultiAir. Револуцијата е во главата на моторот: Место вообичаено брегасто вратило, со отворањето на вентилите управува електрохидраулика, која дозволува речиси неограничена приспособливост на работата на моторот. Последното што можеше да се извлече од механиката го понуди BMW, со Valvetronic. Сега дојде ре-
дот електроните да го освојат и следното подрачје во моторите. Трудот вредел во секој случај: Во споредба со класичен мотор со иста работна зафатнина, MultiAir нуди за 10 проценти поголема силина и плус од 15 проценти во вртежниот момент, но притоа троши за 10 проценти помалку гориво, и уште постигнува фантастично чиста емисија. На стартот, италијанскиот Evo ќе го има моторот 1.4 MultiAir во два степена на силина: Едниот со 105 КС, вториот со 135 КС и со турбонатполнење, и со просек од 5,6 литри на сто километри. Сето тоа е убаво, но ќе беше уште поубаво доколку моторов беше одобрен за старт во моментот на промоцијата на Punto Evo и понуден за тестирање. Сепак, нема лутење: Fiat има уште еден нов мотор што го нуди во Punto Evo. Поточно, го има Multijet од втората генерација. Најголемата промена кај дизелот што го сакавме уште од порано е во бројот на
фазите на вшприцување на гориво. Место во пет, сега горивото се распределува во осум порции, што дозволува порамномерна и поштедлива работа на моторот. Основата за напредокот ја обезбедија новите хидраулични серво-вентили во прскалките, побрзи и поприспособливи од старите. Како резултат, 1.3 Multijet троши за 2 проценти помалку од претходникот, а благодарение на новите турбополначи, пумпа и до 25 проценти повеќе вртежен момент во долното работно подрачје. И тука има корист од трудот: Без да се погледне во сообраќајната книшка, 1.3 Multijet со 75 КС остава впечаток како да се работи за посилната изведба со 95 КС. Потивката и посмирена работа што ја ветуваат техничарите можеме да ја потврдиме, исто како и примерната работа на подвозјето. Сепак, ова важи само со забелешката дека се работи за италијански патишта, кои не попуштаат со квалитетот ниту кога ќе почнат да се искачуваат по планините. Кривулестите патишта над Ла Специја се покажаа како совршен терен за 1.6 Multijet со 120 КС и со спортски пакет: Стегнатото подвозје го држи еволуираниот Punto цвр-►
Auto Focus на презентацијата на Fiat Punto Evo, во Ла Специја, Италија
Погледнете го видеото од презентацијата на Fiat Punto Evo
10/2009 7
новитети Електрични возила на Renault
Добро
Ѕвезда на сцената на електричните автомобили: Шефот на Renault-Nissan, Карлос Гон
наелектризиранкв
Покрај четирите концептни возила со погон на струја, ветувањето на Renault не може да биде блеф: Електропогонот стартува во 2011 година
Електрично возило: Литиум-јонски акумулатор ЦЕЛОСНИОТ БАТЕРИСКИ ПАКЕТ Литиум-јонската батерија е резерворот на електричните возила. Составена е од основни едници, наречени модули, кои се групирани во зависност од потребниот капацитет и од местото на вградување.
14 10/2009
Батериски пакет со 2 х 24 модули и 20 kWh
ЌЕЛИЈА Користење: Литиумските јони се движат од анодата кон катодата. Оваа постапка предизвикува движење на електроните (струен напон) во напојувачката мрежа. Полнење: Се случува обратната постапка.
ар тет
Струја
Електричен потрошувач
Напон во ќелијата: 3,7 волти Сепаратор Анода
Катода
Модул Секој модул се состои од 4 батериски ќелии во кои се одвиваат двонасочни електрохемиски реакции преку кои се произведува електричен напон (батериите се празнат) или се собира енергијата (батериите се полнат)
Литиум-јон
Електролит
У
мешноста на вртењето на електроните во погонската спрега лека полека успеаја да ја совладаат повеќето производители, но Renault сака да биде прв меѓу европските марки што ќе го воведе електричниот погон во продажните салони. За да изгледа што поверодостојно ветувањето дека првите вакви автомобили ќе почнат да ги продаваат веќе по две години, Французите сработија четири концептни автомобили со несудениот погон на блиската иднина. Два од нив се толку необични што на премиерното појавување на салонот во Франкфурт воопшто не им претставуваше тешкотија да привлекуваат погледи исто колку изведбата со хибриден погон на суперспортскиот Mercedes SLS AMG, или колку Audi E-Tron, панданот на R8 со електричен погон. Студијата Twizy изгледа како надолжно преполовен Smart, куса 2,3 метри и тесна 1,13 метар, со две седишта по-
ЕЛЕКТРОМОТОР И КОНТРОЛНА ЕЛЕКТРОНИКА 1 КУТИЈА ЗА СПОЈУВАЊЕ
Дистрибуција на погонска струја Релеј за брзо полнење 2 ПОЛНАЧ
Напонски трансформатор за напојувањето на батериите
3 ПОГОНСКА ЕЛЕКТРОНИКА
Напонски претворач за напојувањето и контролата на погонот Трансформатор за напојувањето на мрежата за 14 волти
ставени едно зад друго. Овој градски инсект се нуди како комфорна, заштитена од дожд, и се разбира, еколошки погодна замена за илјадниците скутери и мопеди со кои што возењето во парискиот сообраќај секогаш се доживува како опасна авантура. Бидејќи Twizy треба да се однесува во возењето повеќе како скутер отколку како градски автомобил, инженерите го надарија автомобилчето со исклучителната подвижност на двотркалците: За да заврти круг, на Twizy му се потребни само три метри. И со силината на електромоторот од 15 киловати, овој Renault е поблиску до скутерите: Задоволството при забрзувањето трае само до 75 километри на час.
Електромобилчето се откажува од големите брзини, но се откажува и од потребата често да се закачува на приклучок за струја. Поради отворената каросерија отпаѓа потребата од клима-уред или греење, па целата енергија може да се користи само за погонот. Со едно полнење на литиум-јонските акумулатори, Twizy минува околу сто километри. Сепак, никој купувач нема да се задоволи ако му се понуди автомобил што има само чист погон и ништо друго. Затоа дизајнерите му ►
4 РЕДУКТОР
Замена за класичниот менувач Непромелнив преносен однос
5 СИНХРОНЕН ЕЛЕКТРОМОТОР
Крајни вртежи: 12.000 во минута Моќност: 50 до 70 киловати Искористливост: 95 проценти
6 ГЛАВНА КОНТРОЛА
Комуникација меѓу погонската електроника и надворешните елементи (батерија, возило, команди на возачот)
10/2009 15
Салони Франкфурт 2009
Најголемите погодоци и утки во Франкфурт
Успешни и неуспешни автомобили постоеле отсекогаш: За жал, нивните креатори ги дознаваат резултатите кога автомобилите се веќе готови и нема враќање
П
роизводителите ги наполнија акумулаторите за иднината: Под покривот на салонот во Франкфурт немаше ниту еден позначаен производител што не отпакува од куферите барем по еден електричен или хибриден автомобил. Точно е дека сите овие автомобили се поблиску до иднината отколку оние што беа покажани на истото место пред две години, но тие се и натаму со светлосни години далеку од бројките на продажбата што во овие денови ги постигнува VW Polo. Додека електричните автомобили станат дел од секојдневието, ќе минат уште најмалку десетина години. Тоа што ќе го добиеме од производителите по две или три години нема многу да се разликува од сегашната понуда, и во тоа нé убедува најавата за идниот најмалечок модел на Volkswagen. Тој ќе биде подобар само во цената: Се очекува up! да стартува од 9.000 евра. Без разлика што автомобилите им возат побрзо, обезбедувачите на нашата мобилност и натаму се премногу бавни, и илузија е да се очекува дека автомобилите како Peugeot BB1 или Citroen Revolte ќе ни допатуваат уште утре. Секако дека постојат автомоби-
26 10/2009
Претседателот на здружението на германски автопроизводители, Матијас Висман, со одушевеност го следи Салонот во Франкфурт
ли што е подобро никогаш да не го здогледаат светлото на денот, но и такви што е подобро воопшто да не се појавувале, како Jaguar
XJ или Mansory Vitesse Rose. Без разлика што на некои од нив им покажавме кренат палец, а на други им посакуваме да бидат
заборавени што е можно поскоро, дваесетте автомобили во овој преглед го оставија главниот печат на салонот во Франкфурт. �
EN G A W S K L O V Е- Up! Без лажни ветувања, без заблуди: Ова е автомобилот каков што може да ни го понуди авто-индустријата. Во 2011 година, up! ќе се појави на почетокот на ценовникот
Колку и да не изгледа убедливо, ова е реалноста на автомобилите што не очекува и по две години
Малечките автомобили беа тие што оставија најсилен печат на модната писта во Франкфурт. Кога малечкиот и шарен Citroen Revolte може да ужива статус на ѕвезда покрај SLS AMG
за Volkswagen, веднаш над Polo и со цена од околу 9.000 евра. Ако некој се пожали дека up! изгледа обично, нека се замисли зад воланот на розовиот Bentley на Mansory. Како концептен автомобил, идниот најмалечок VW се појави со електричен погон, но ако без него може да се појави уште утре место во 2011 година, тогаш дајте ни го!
Citroen Revolt e
или 458 Italia, станува очигледно: Постепено се губи култот околу престижните и скапоцени автомобили, и народот сака евтини, штосни и практични автомобили, на кои не треба да им робува. Големите и скапи коли нека се продаваат во Дубаи и во околината, каде што најстарите цврсти градби имаат по 50 години, а за нас нека останат повеќе вакви автомобили, како Revolte.
Одушевува колку верно Revolte ги следи линиите на претходникот 2CV
Jaguar XJ
ford ax M C d n Gra Ете зошто сите се откажаа од марката: Никој не знае како треба да изгледа нов Jaguar. Очигледно, ниту самиот Jaguar. Ако дизајнерскиот пропород успеа кај поприземниот XF, кај автомобилот што треба да биде круна на марката, како што беа и сите негови претходници со обврзувачката ознака XJ, тој е бескорисен. Вака, новиот XJ останува само жален обид да се копира една од иконите на автомобилското производство.
Сепак, имаме и корист од лимузинава: Сега ќе знаеме уште повеќе да ја цениме убавината на претходникот
Ford вети дека наследникот на C-Max ќе изгледа исто како Iosis Max. В ред, ванот главно ги следи линиите на студијата, но сега го има двапати. Едниот е во изведба со пет седишта, а другиот отвора простор за уште еден ред седишта. Проблемот е што кај вториов е премногу видливо дека многу простор и многу дизајн не одат рака под рака.
Се чини дека и самиот Ford го мрзи продолжениот ван: Го крсти Grand C-Max, без каква било имагинација или порака
10/2009 27
Возевме Opel Insignia OPC
Трка за големата
купувачите Тркачка лимузина во природна средина: Opel нé покани во Хунгароринг на тест на најсилниот сериски Opel на сите времиња
Погледнете го видеото на www.autovision.mk/ opel-insignia-opc/
НИ СЕ ДОПАЃА Мали, но ефектни детаљи ја откриваат моќната изведба Целосно чувство на спортски автомобил Приспособливоста на подвозјето FlexRide
НЕ НИ ПРЕЧИ Ковчестиот и премногу строг од на рачката на менувачот; за спортските возачи тоа е вистинскиот начин
НЕ НИ СЕ ДОПАЃА Управувањето е лесно, дури и во модусот OPC не се чувствува потребниот отпор Не се нуди менувач со двојна спојка, како кај конкурентот VW Passat R36
42 10/2009
Auto Focus на презентацијата на Opel Insignia OPC, на Хунгароринг, Унгарија
награда на С
о кариерата на автомобилите е исто како со луѓето: Кој чесно и посветено ќе си ја заврши работата што му припаѓа, му се оддаваат сите почести и заслуги. Insignia е најубавото нешто што можеше да му се случи на Opel. Замената на Vectra со Insignia ни ја донесе истата онаа свежина што за последен пат ја доживеавме кога Ascona стана Vectra, во 1988 година. Ку-
пувачите го чувствуваат тоа и ја разграбуваат лимузината од салоните, како да се работи за нешто што долго им недостасувало. Преку 150.000 примероци се продадени од стартот пред неполна година. Време е успешниот модел да се награди: Со Insignia OPC, со 2,8-литарски V6 со турбонатполнење и 325 КС, и уште со погон на сите тркала. Роден е најсилниот сериски Opel на сите времиња. За уживање во почестите, за OPC не постои посоодветно место од тркачка патека. Некоја што е полна со подмолни сопки, со груб асфалт што ги јаде гумите и ги загрева до точ-
ка на зовривање, патека како Хунгароринг. Така и бидна. Opel нé покани на тест возење на Insignia OPC во Унгарија, на патеката каде што сé уште се гледаат трагите од последната трка во Формула 1. Противник на Insignia OPC на патеката се предрасудите. Голема лимузина е тешка и нестабилна во тесните свијоци на Хунгароринг, и ќе се чувствува непријатно како слон во продавница за порцелан. Голема утка! Лимузината полетува како проектил, како да ја фатила сенилност за нејзините два тона, и сé уште ги одбива законите на физиката и покрај тоа што ► стрелката веќе го поминала темпото 200.
Вистинското место за возење со исклучен ЕЅР: Подвозјето на големата лимузина реагира сосема предвидливо Ако се тргне електронската блокада, лимузината ќе вози до 275 km/h
Тјунинг директно од фабрика: OPC е дотеран за трка до последен детаљ
10/2009 43
Импресија SsangYong Kyron 200 Xdi
Вози и не
престанува Под модерната каросерија на Kyron се крие обична погонска техника. Но, тоа е добра вест за сите што сакаат да го користат возилово како теренец
Дизајнерите се воздржија од излети во изгледот на Kyron: Теренецот изгледа мошне претставително
46 10/2009
С
Теренецот минува низ портите: Овие се малку поголеми, од жичарницата се
Напуштањето на асфалтот не му предизвикува немир. Напротив, тој е природен на теренот
мислата на автомобилов се покажува јасно во ретровизорот додека колоната се движи забрзано кон крајната дестинација. Тоа што се појавува во ретровизорот изгледа мошне претставително, гази цврсто и суверено по асфалтот, па дури оддава и благороден впечаток со хромираната маска што светка на последното летно сонце за оваа година: Во ваков случај, сосема е неважно каква марка има закачено автомобилот. Во тесната рамка на ретровизорот останува малку простор за предрасудите. Нив ги има неколку: Како четврта поголема корејска марка, SsangYong го пропушти возот што успеаја да го фатат Kia, Hyundai и Daewoo, а теренските возила како овој Kyron денес се заменуваат со поинакви концепти. На крајот, SsangYong им е добро позната на читателите како марка што своите возила ги обликува малку поразлично. Сите овие предрасуди се решаваат лесно. SsangYong е специјалист за теренски возила, што го трга настрана од друштвото на конфекциските производители, и со релативно малата продукција од стотина илјади примероци годишно, на неговите возила им е загарантиран ексклузивитет кога ќе се појават на улица. Натаму, тоа што денес ни се нуди како евтино теренско возило не е резултат од некојаси револуција што се случила во браншата, туку е успех на добар маркетинг кој ни продава теренец за поткачена и осилена комбилимузина од компактната класа. Работата околу изгледот е малку поспецифична. Затоа, едно прашање: Кој тоа вели дека Actyon и Rodius се грди? Што ако проблемот е само во марката. Купе-теренец има и BMW, скроен по истиот терк со Actyon, па никој не се осмелува да го оцени X6 како грд автомобил. Од друга страна, колку им е важен на Азијците овој малечок европски пазар, што се умислил дека ја има вистинската претстава за убавината на автомобилите? Во секој случај, Kyron доаѓа најблиску до европскиот вкус. По фејслифтот, уште поблиску. Порано, тука стоеја светла во форма на витешки грбови, кои► прикажуваа убава симболика, 10/2009 47
Тест Volkswagen Polo 1.2 Trendline
Обнародување Волфсбург го создаде најсилниот конкурент на Golf. Polo е правен по пример на Golf, и сака во се да биде како него. Но, може ли? НИ СЕ ДОПАЃА Зрелоста како на автомобил од компакт класата Новиот стил на Polo, по пример на Golf Тивката звучна кулиса при константна брзина
НЕ НИ ПРЕЧИ Силината од 60 КС во основниот модел: Пакетот Polo е доволен сам по себе, коњските сили и опремата се во втор план
НЕ НИ СЕ ДОПАЃА Слабата приспособливост на задната клупа Татнењето на моторот при посилно забрзување
Погледнете го видеото на www.autovision.mk/ vw-polo-new/
52 10/2009
на премиумот Н
а пофалби не се штеди во овие денови додека Polo почнува да го трча петтиот круг од својот еволутивен напредок. Јасно е дека во нив најмногу предничи главниот во куќата, др. Мартин Винтеркорн: „Новото Polo ги исполнува високите барања на автомобилската денешница, но продолжува уште еден чекор подалеку.“ Тоа што треба ние да го разбереме од овие зборови: Polo е најдобар од најдобрите. Но, не само што е најдобар, туку е во исто
време и „Volkswagen кој го пренесува беспримерниот успех на Golf во самостоен сегмент, во класата Polo“. Значи, луѓево од Volkswagen веруваат дека ќе успејат да ја освојат и следната автомобилска класа, по компактната класа, што уште се нарекува и „голф класа“. Ова се мошне силни зборови што со оптимизмот ги надминуваат за неколку светски класи дури и програмите на политичките партии. Предноста што ја имаме кај автомобилите, наспроти празните политики, е во тоа што во сé можеме да се увериме уште веднаш. Се гледа со кого си имаме работа тука. Со малечок
автомобил што сака да се влече на имиџот на Golf и го има средено носот кај истиот пластичар. Од косо, сличностите со Golf се збунувачки. Вистина, многу талент и не е потребен да се копира новиот изглед на VW. Така изгледа сé додека каросеријата не се погледне одблизу. Тогаш може да се прочита пораката што ја оставил Валтер де Силва: Новиот Volkswagen го открива своето моделско годиште преку технологијата на изработка, не преку разиграноста на формите. Напредната технологија е таа што ги обезбедува малите радиуси во аглите на ламарината, тесните и рамномерни зјаеви во каросеријата и рабовите што се затегнати како офицерски пантолони. ►
Различно од Golf: Третото прозорче и закосениот столб му даваат динамичност
Дизајнот ја прикажува германската прецизност и темелност 10/2009 53
против досада Punto Evo лансиран на носач на авиони
Fiat со државнички почести
Италијанската куќа ја покажа својата големина: Го собра светот на носачот на авиони Cavour, на лансирањето на најновиот модел
П
ерата на автомобилското новинарство, научени на уживање на презентациите на новите модели по светот, во последниот ден од септември се најдоа во услови што се премногу здрави за нивните навики. Без мини-бар што е оставен на неограничено празнење и без грицки кои се дополнително засолени со цената што оди на сметката на производителот на автомобили. Ништо помалку застрашувачки не звучеше и препораката од персоналот при врачувањето на клучевите од собата: „Ве молиме внимавајте да ја затворите добро вратата од туш-кабината, затоа што во спротивно ќе Ви се појави војската.“ Колку сурово звучат овие зборови, особено по цело утро поминато во наоѓање врска
технички податоци ITS Cavour - 550 Димензии 244x4 m Длабочина на газ 7,7 m 4 гасни турбини Погон Avio-GE LM-2500 88 MW (120.000 Моќност KC) > 30 чворови (55 Крајна брзина km/h) 7000 милји (> Досег 11000 km) редовно 530 (39 офицери) Екипаж во вонредни услови 1210 со светот, со лет од Скопје во 5 часот, па уште еден лет од Будимпешта до Милано, и на крајот со двочасовно возење по автострада, до Ла Специја, на западниот
Следниот број на магазинот Auto Focus излегува на 15 ноември 2009
82 10/2009
брег на Италија. Можеше да се претпостави дека оваа презентација ќе биде малку поразлична од другите, затоа што уште во лобито беше чуден оној огромен воен хеликоптер. Всушност, многу поразлична. Затоа што лобито беше само привремено организирано во трупот на новиот носач на авиони Cavour, трет по големина во Европа, и гордост на Италија, исто колку и секој нов модел на Fiat. Докажаниот церемонијалмајстор се надмина себеси со презентацијата на Punto Evo на носач на авиони, и со буквално лансирање на овој наследник на Grande Punto на полетната писта на палубата на бродот. Како да не беше доволно тоа што нé качи на бродов, па уште и вечерта бевме замолени да останеме во своите столчиња по завршувањето на презентацијата со драматика на Бокачо, за веднаш потоа да дознаеме дека се наоѓаме седнати на подвижна платформа што нé качува од трупот на Cavour до палубата. Штом веќе возат автомобили по покривот на Лингото, домот на
Fiat, сосема е јасно дека ќе возат и по палубата на носачот на авиони: Десетина светнати парчиња од Punto Evo почнаа да излегуваат од сите страни и да владеат целосно со просторот. Дали тоа мириса на војна? Како и во секоја војна, и во овие автомобилскиве, постои нешто што производителот го смета за надмоќно, и напаѓа. Fiat го има тоа: Новата генерација мотори MultiAir, кои најавуваат пониска потрошувачка, а повисока силина. �