Autofocus #27

Page 1

200 КС ИМ СЕ МАЛКУ! УЛИЧЕН ТРКАЧ СО

265 КС

тест

одски госп

со

260 КС

OPEL INSIGNIA 2.8 V6

SEAT LEON CUPRA R

SKODA YETI Toyota FT-86

Сите новитети

токио ШЕГА ИЛИ СТВАРНОСТ!?

LEXUS LFA 10 ЦИЛИНДРИ, 550 КС, 400.000 ЕВРА

Honda Skydeck

! слики рви п ЛЕДА НОВАТА

ВАКА ИЗГ

ЕГОРЛЕМИИЈОТАБРА5Т С W M B ПО СТАПКИТЕ НА ВО ФАБРИКАТА НА ROLLS-ROYCE:

7 МЕСЕЦИ ЗА ЕДЕН PHANTOM!

Subaru Hybrid Tourer

Nissan

Land Glider

ТЕСТ НА

ЗИМСКИ ГУМИ Ноември 2009 90 ДЕНАРИ

9 771857 569002

27



СОДРЖИНА Број 27 • ноември 2009 НОВИТЕТИ

18

HONDA SKYDECK Следниот хибрид на Honda веќе се наѕира: Концептот Skydeck го најавува идниот ван

22

NISSAN LAND GLIDER Спој на најдоброто од двата света: Land Glider е мотоцикл исто колку што е автомобил

24

SUBARU HYBRID TOURER Специјалистите за погон на сите тркала експериментираат со електромотори

26

SUZUKI SWIFT PLUG-IN HYBRID Големината не е важна: Малечкиот Swift наскоро ќе се појави како хибрид

28

TOYOTA FT-86 Со изгледот надоместува за долгото отсуство на спортските купеа во понудата на Toyota

30

18

Сериската изведба на Honda Skydeck ќе изгледа поумерено од студијата, но хибридниот погон останува `

28

Традицијата не смее да се напушти: Народот ги сака спортските купеа на Toyota. FT-86 ` наскоро во серија

34

ЕУ ги обврза производителите да ја намалат емисијата на СО2: Chevrolet отиде најдалеку во намалувањето

MITSUBISHI PX-MiEV Јапонците ветуваат дека овој хибриден теренец ќе троши два литри на сто километри

31

MAZDA KIYORA По повлекувањето на Ford, марката се учи на самостојност: Засега, само нови мотори

32

BMW СЕРИЈА 5 Средната класа од Минхен го презема дизајнот и техниката од знаменосецот на BMW

ТЕСТ И ТЕХНИКА

6

ВОЗЕВМЕ SEAT LEON CUPRA R Ах-ух и ваууу: Тоа е најверниот начин за искажување на емоциите во овој уличен тркач

40

ВОЗЕВМЕ OPEL INSIGNIA СО ПОГОН ADAPTIVE 4X4 Задната оска е впрегната само заради поголема забава: Тест на Хунгароринг

46

ТЕСТ НА ЗИМСКИ ГУМИ ВО ДИМЕНЗИИ 185/60 R14 T И 205/55 R16 H Сите се црни, но сите се различни. Убавата вест: Добрите гуми не мора да се скапи

52

ТЕСТ SKODA YETI 2.0 TDI EXPERIENCE Теренецот на Skoda може се: Практичен е, просторен, добро се вози и уште е евтин

тема

12

САЛОН НА АВТОМОБИЛИ ТОКИО 2009 Возвратен удар за отсуството во Франкфурт: Странските марки не дојдоа во Токио

34

ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ВО ТРКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА CO2 Коњските сили повеќе не се важни: Марките се тркаат да бидат што почисти

58

АНКЕТА ВОЗАЧИТЕ СЕ НАЈЗАДОВОЛНИ ВО SUBARU Клубот ADAC праша 40.000 возачи. Резултатот: Возачите најзадоволни кај Јапонците

78

ПОСЕТА НА ФАБРИКАТА НА ROLLS-ROYCE Работниот такт во Вокинг не се мери во секунди, туку во денови: Се цени квалитетот

СЕРВИС

60

СОВЕТИ 25 ПРАШАЊА ЗА СТУДОТ Овие совети ќе ви помогнат да ја извозите зимата полесно, побезбедно и потопло

НА ДВЕ ТРКАЛА

64

ПОДГОТОВКА НА МОТОЦИКЛИТЕ ЗА ЗИМАТА

Автомобили во овој број 32 18 31 30 22 40

BMW Серија 5 Honda Skydeck Mazda Kiyora Mitsubishi PX-MiEV Nissan Land Glider Opel Insignia 2.0T / 2.8 V6 Adaptive 4x4

78 6 52 24 26 28

Rolls-Royce Seat Leon Cupra R Skoda Yeti 2.0 TDI Experience Subaru Hybrid Tourer Suzuki Swift Plug-in Hybrid Toyota FT-86

Како вашиот миленик на две тркала да го подготвите најдобро за зимата

мотоспорт

76

WTCC Okajama По двојната победа на BMW во Јапонија се најавува возбудлива завршница во Макао

останато 66 ваши писма 67 излог

68 ценовник 82 против досада

11/2009 3


4 11/2009


Број 27 • ноември 2009

Интернетот го убива автомобилот Дарко Јаконов Главен уредник darko.jakonov@autofocus.com.mk

Автомобилската индустрија полека закрепнува од силниот удар што ѝ го зададе светската криза, а веќе мора да се подготвува за следниот. Аналитичарите на американската фирма J.D.Power, позната по анкетите за задоволството на купувачите кои ги врши во многу земји, ја стави под лупа т.н. генерација Y. Предмет на анализата: Каков е интересот за автомобили на генерацијата што е родена по 1980 година, на онаа генерација што е примарен корисник на социјалните мрежи како Facebook и го одржува контактот со светот преку лаптоп и мобилен телефон. J.D.Power прегледа илјадници профили на Facebook и на конкурентските мрежи, ги прелистуваше и личните блогови. Цел на испитувањето беше да се утврди кои автомобилски марки ги преферира генерацијата Y, поделена на група на тинејџери меѓу 12 и 18 години и на група на рани кариеристи меѓу 22 и 29 години. Анализата покажа застрашувачки сознанија. Наспроти генерациите што со децении сонуваа и живееја за својот автомобил и се ориентираа според идолите како Џејмс Дин, па до последниот, Вин Дизел, младите повеќе не се интересираат за автомобилите. Кои се причините? Можеби на младите им недостигаат пари. Светот, сепак, се наоѓа во криза. Но, аналитичарите го гледаат проблемот на друго место, во социјалните мрежи. Со растечкото влијание на социјалните медиуми и на другите електронски форми на комуникација, тинејџерите повеќе не гледаат потреба да се среќаваат на нормален начин со пријателите, и поради тоа немаат потреба од автомобил или какво било друго средство за индивидуален транспорт. Појавата не е толку безопасна, сметаат во J.D.Power. Негативниот став на генерацијата Y за купување сопствен автомобил ќе се рефлектира врз продажните бројки. Парите се помал проблем. Генерацијата Y има поголеми примања од која било генерација пред неа. Затоа, за производителите на автомобили е особено важно да ја стекнат довербата и лојалноста на потрошувачите од генерацијата Y, кои гледаат критички на марките и производите. Маркетиншките одделенија на автомобилските концерни не се изненадени од сознанието. Кога пред шест години, Honda почна да го продава коцкестиот Element, развиен специјално за американските возачи помлади од 20 години, се покажа дека целната група е утната тотално. Автомобилот со подни облоги што се перат и со огромен сабвуфер одзади не го купуваа тинејџерите, туку нивните родители. Предностите на практичниот и евтин автомобил беа повеќе видливи за постарата генерација. Колегите од Toyota го доживеаја истото искуство откако ја

формираа посебната марка Scion, со цел да ги привлечат младите. И покрај тоа што фирмата инвестираше во реклами на интернет во сите можни форми, повторно реагираа сениорите. Уделот на купувачи на возраст над 40 години кај Honda Element и Scion xB е двојно поголем отколку уделот на купувачи што се помлади од 25 години. Овие автомобили имаат прегледна и практична каросерија, и во нив се седи повисоко. Nissan сметаше дека го има решението на проблемот, кога пред две години го претстави автомобилот што изгледа како подвижна играчка конзола.. Концептниот автомобил Mixim понуди куса и тесна каросерија, со шест екрани во кокпитот на кои меѓу другото се пренесуваат и сликите од камерите пред и зад возилото. Том Матано предава индустриски дизајн на Универзитетот Сан Франциско и смета дека браншата мора да ги промени размислувањата. Професорот не го гледа решението во преполнувањето на автомобилите со компјутери, туку им препорачува на производителите да нудат базни модели што можат да се индивидуализираат преку опции, бои, налепници и прибор. Тоа успеа кај Mini и кај Fiat 500. Но, Матано ги гледа корените на проблемот многу подлабоко: „Зошто младите воопшто да купуваат автомобил?“, прашува професорот и укажува дека опаѓачкиот тренд во Јапонија почна да се развива уште пред десетина години. На младите им е поевтино да си купат мобилен телефон и компјутер. Покрај тоа, младите во целиот свет трошат многу повеќе пари за програми, игри и за телефонски сметки, отколку порано. Тој што има дебела сметка на iPhone, има и помалку пари за трошење на друго место, а најмалку за полнење гориво во резервоарот на автомобилот. Делот од примањата што генерацијата Y е подготвена да го даде за својот автомобил е сé помала, смета Матано. Од друга страна, карактерот на информацијата за автомобилите што младите ја добиваат на интернет е недоволен да ја пренесе магијата. Критиката најчесто се сведува на дизајнот на автомобилот, со што тој полека се претвора во недвижнина. Приказната за возните својства, за звукот на моторот, за возбудата, најчесто отсуствува целосно. Оттаму е сосема разбирливо што младите ја пропуштаат почитта кон автомобилот. Не се работи само за дизајн, туку за врвна творба на човекот: Автомобилот е ултимативен инженеринг, компјутер, архитектура, историја, традиција, стил, психологија, хемија. Секоја професија и сечија специјалност е присутна тука. Малку реторика: Штом младите не го почитуваат автомобилот, зарем ќе ја почитуваат и својата професија? �

Загрижува сознанието: Наспроти генерациите што со децении сонуваа и живееја за автомобилoт, младите се интересираат помалку за автомобили

11/2009 5


Возевме Seat Leon Cupra R

Ух-ах, вруммм и Auto Focus на презентацијата на Seat Leon CUPRA R, во Барселона, Шпанија

во оригиналната 2001

Од тркачка патека на лента за престигнување По повлекувањето од релито, одделението Seat Sport се посвети во изработка на силни изведби од сериските модели. Cupra стана познато име, речиси е бренд во бренд

1996

Првата Cupra беше претставена на салонот во Париз како спортска изведба на Ibiza. Моторот е 2.0 16V MPI со 150 КС. Перформансите: 215 km/h и забрзување до темпо 100 за 8,3 секунди Инспирацијата за моделот ја даде Ibiza Kit-Car која победуваше во шампионатот во рели од 1996 до 1998 година

6 11/2009

Премиера на Seat Ibiza Cupra во Барцелона, која со моторот 1.8 20VT со 156 КС е најбрз автомобил во својата класа. Моделот остави силен печат врз имиџот на Seat

1997

Претставена е втората серија на Ibiza Cupra

1999

По повлекувањето од рели спортот, Seat Sport S.A го претставува првиот модел развиен самостојно од нив, Ibiza Cupra R, во серија ограничена на 200 примероци. Со 1.8 Т 156 КС.Мотор 1.8 20VT со 180 КС

2000 На салонот во Париз се појави Leon Cupra 4, најсилен и најбрз Seat во историјата, со мотор V6 со 204 КС и со погон на сите тркала. Бројките: 7,1 секунди и 235 km/h


ваууу НИ СЕ ДОПАЃА ИСКОРИСТЛИВОСТ ЗА СЕКОЈДНЕВИЕТО ВРВНО ДОТЕРАНО ПОДВОЗЈЕ

НЕ НИ ПРЕЧИ СТЕГНАТОТО ПОДВОЗЈЕ: ИМА ПРИЧИНА ДА БИДЕ ТАКВО

НЕ НИ СЕ ДОПАЃА ЧУВСТВИТЕЛНОСТ НА ОПАШОТ ПРИ ПРОМЕНА НА ОПТОВАРУВАЊЕ ПАДОТ ПРИ ПРЕМИН ОД III ВО IV СТЕПЕН Е ГОЛЕМ

Погледнете го видеото на www.autovision.mk/ seat-leon-cupra-r/

постава

Е

моции. Тоа Seat го продава во своите автомобили. Многу емоции. Како што стојат работите во моментов, излегува дека најсилните емоции умеат да ни ги предизвикаат токму автомобилите од сортата на Leon Cupra. Од каде сега тоа? Точно е, постојат автомобили што се многу поскапи и неспоредливо посилни и поспортски. Но, оние што се само поскапи, лимузинските крстосувачи, напреднаа до толку со комфорот и со возните својства, што од возењето не се чувствува ништо. Емоциите, нула. Оние што се и поспортски, се подзаборавија со перформансите дотаму, што возачот е постојано под фрустрации поради тоа што освен на тркачка патека, ретко на кое друго место смее да ги искористи крајните можности на својот миленик. Затоа ги имаме и ги сакаме нашите тркачи за секој ден, достапни и практични, не премногу впечатливи, но сосема доволно спортски. За спортување остануваат само незначителни можности додека со најсилниот сериски Seat на сите времиња го бараме излезот од Барцелона, каде што Шпанците ја одржуваат презентацијата на својот најнов модел. Комбилимузинава што е лакирана во

2004

Границите се поместуваIbiza е првиот модел што во ат повторно: Leon Cupra изведбата Cupra се нуди и R 1.8 T е најсилен и со бензински и со дизелски најбрз модел на Seat, со мотор. Првиот има 180 КС, 225 КС и крајно темпо од другиот 160 КС. 240 km/h Со Toledo Cupra, Seat влегува во новиот шампионат со туристички возила. На крајот на сезоната Seat завршува на третото место. Возат Жорди Хене, Рикард Ридел и Во Барцелона доживеа премиера концептот Seat Петер Тертинг Cupra GT со 500 КС. Перформансите: 295 km/h и забрзување до темпо 100 за 4,2 секунди

Премиера на Seat Leon Cupra R 1.8 T во Барцелона, со мотор 1.8 20VT со 210 КС. Продажбата ги надминува очекувањата за 60 проценти

2002

Шпанците ги нудат своите возила за побудување на емоциите во неколку градации. Последната градација е Cupra R. Тука повеќе не важат оцените „лежи одлично“ или „моќно како мечка“. Тука зборовите стануваат извици на задоволство

2003

2005

Seat се врати во мотоспортот со Seat Leon Supercopa. Трките се возат со модифициран Leon Cupra R, со најсилниот сериски автомобил на марката

боја на киви, иста како на првата претставничка на овој род, на Ibiza Cupra од 1996 година, во себе носи 265 коњски сили, и поројниот дожд сигурно не е времето што коњите го обожуваат за растрчување во полн галоп. Покрај тоа, постојат и огромни предрасуди дека погонот што е само на предните тркала е способен да ја издржи живоста на коњите со педигре на Cupra. Како што се ослободува метежот на автопатот, растат и шансите за посериозно притискање со десното стопало и за проверка дали предрасудите се на место. Се чини дека не се. Контролата на тракцијата си ја врши работата незабележливо. Единственото што заплашува се грмотевиците кои се слушаат сé позачестено. Но, и тој страв е надминат откако ќе се открие дека грмотевиците се создаваат под хаубата. Нема двоумење, звукот учествува во голема мера во забавата што возачот ја добива зад воланот на Leon Cupra R. Оваа буква што прави мала измена во ознаката на моделот, но голема во однос на способноста на возилото да го зоврие адреналинот на возачот, нé влече кон кривулестите патишта што ја искачуваат планината Монтсерат. Тука, врнежливото време нуди►

2006

На салонот во Лондон, Seat ја покажа го новиот Leon Cupra со 240 КС. Целта на инженерите беше да направат улична верзија на Leon WTCC

2008 Новата генерација на Ibiza Cupra вози со 1,4-литарски TFSI со 180 КС. Подоцна во понудата влегува и изведбата Bocanegra, во стил на коцептниот автомобил од салонот во Женева 11/2009 7


Салони Токио Мотор Шоу 2009 Мало е добро: Јапонците уште рано ги учат основите на нивната автомобилска култура

Погледнете го видеото на www.autovision.mk/ tokyo-motor-show/

Зарем не се слатки: Примероци на Toyota iQ наредени како во продавница за бомбони

Оригинална ид

еја? Спој на

тревокосачка

бил: Половина автомо на на ви ло по а Другат er е мотоцикл Nissan Land Glid 12 11/2009

и багер


Предвидувања на граница

меѓу виц и реалност Само неколку откачени студии и убавите хостеси ја спасија честа на азискиот празник на автомобилите. Европјаните вратија за азиското отсуство во Франкфурт: Само три марки се спакуваа за Токио

Е

Mazda Kiyora

есечно за се мали: 7$ м е ит оц ош тр И

струја

Phiaro сака да спои автомобил со мобилен телефон

дниот автомобил личи како едреник, а тој до него како да излегол од продавница за играчки, горе во зградите шетаат електрични моноцикли од една до друга канцеларија, а долу повторно пречекуваат созданија на тркала што пливаат низ сообраќајот како риби во јато. Така јапонските производители го цртаат светот на иднината на салонот во Токио, секако, не пропуштајќи да го бојадисаат во многу дречливи тонови. Во саемските хали на Макухари целосно владее светот на автомобилските соништа. Од реалноста не останува многу. Стишување се чувствува и во џагорот и во шаренилото кои што азискиот празник на автомобилите сé уште умееше да ги покаже во последното издание пред две години. Зашеметен од падот во продажбата, која дури во последното тромесечје успеа малку да се подоправи, и дополнително потресен од откажувањето на настапот на речиси сите странски марки, салонот во Токио се претвори во регионален собир на автомобилистите, на кого што му треба дополнителен сјај за да може да се мери дури и со помалите светски салони. И организаторите покажаа фантазија: Халите што останаа празни по повлекувањето на Mercedes, Volkswagen, BMW или General Motors, место со автомобили се наполнија со ѕидови облепени со плакати од детски натпревари во цртање, со патеки за тркање со моделчиња и со десетина специјални изложби. Ослободениот простор го искористија и мотоциклистите, кои ги изложија своите двотркалци во поблескаво светло од кога било порано. Само музиката остана гласна и динамична како секогаш. Дури и бројот на студиите е помал во спо-

Suzusho Supasse: Се раѓа нова спортска марка Ѕвездата во Токио: Со моноциклот на Honda, Јапонците ќе престанат да одат пеш

Електричен автомобил на Toyota, втора епизода: 100 km/h и 90 km со полни батерии

Добредојдовте во дневната соба на тркала на Daihatsu Deca Deca 11/2009 13


Новитети Honda Skydeck

Само небото е лимит

И најголемиот штанд на салонот беше тесен да ги собере сите новитети на Honda. Главниот меѓу нив е ванот на кого хибридниот погон му обезбеди сосема нови квалитети

Н

а Honda не ѝ се допаѓа тоа што денес автомобилите се купуваат како облека. Луѓето излегуваат од салоните со автомобили што ги избрале да им одговараат на возраста или на начинот на живеење. Автомобилот е, сепак, нешто повеќе од парче полиестер. Со концептот Skydeck, Јапонците најдоа решение што им се допаѓа и им одговара на сите. За времето одговара и погонот: Хибриден, со батерии вградени во долгата средишна конзола, за подот и тежиштето да бидат пониско, а со тоа и возењето на автомобилот да биде подинамично.

18 11/2009

Ванот со хибриден погон се покажува во полна убавина дури откако ќе ги отвори вратите


2

1 3

4

 Со батериите сместени во долгата средишна конзола, кабината нуди исклучително просторно чувство;  И тенките седишта помагаат да се добие максимален простор во кабината;  За лесен пристап до последниот ред седишта, електромоторите ги легнуваат средните седишта под предните;  Технологијата му е подредена на дизајнот на кокпитот Секако дека ваквата положба на батериите не е единствената иновација во Skydeck. Со исклучително тенките седишта, кои се практично мрежа затегната околу дрвена рамка, автомобилот е во состојба да ја исполни совршено задачата за која што е наменет: Превоз на шестмина патници во просторна и светла кабина, како и можност за лесно разместување на мебелот во внатрешноста, за во неа да остане повеќе слободен простор за транспорт на предмети. Како и секој друг автомобил што флертува со иднината, така и Skydeck покажува светли бои и домашни материјали во патничкиот простор, и се грижи технологијата да не го одредува дизајнот со огромни дисплеи и копчиња како во вселенски брод, туку ја сокрива што е можно повеќе под елегантните и чисти форми на кокпитот. Сокривањето е игра што ја сакаат и седиштата. Со зуење на електромоторите, двете се- ►

Концепт на градско возило Honda EV-N Со трепкањето светлата му кажуваат на пешакот дека може да ја помине улицата безбедно

ЕВН ќе му се израдува на овој автомобил По случајност, концептот на Honda има исто име со компанијата што ни ја носи струјата до дома, но симболиката е погодена во секој случај: EV-N вози на струја. Јапонската марка тврди дека автомобилов се вози исто толку едноставно како што се зборува на мобилен телефон или се пушта музика на плеерот. Со малите димензии, EV-N брзо ги пренесува патниците каде што треба Изгледот потсетува и предизвикува насмевки околу себе со едноставниот на N 600 од 1967 и искрен изглед. Предноста на овој EV-N е што сорабогодина (горе). Прос- тува одлично со својот Мепсо: Има соларни колектори тор има малку, но место има доволно: на покривот, кои произведуваат струја за климата и за Електричниот погон другите потрошувачки во кабината. Меѓу другите таленти, EV-N го има и овој: Светлата во предната маска, во штеди простор и ретровизорите и во опашот работат различно кога Honda во кабината има места за четворица стартува, запира или врши некоја друга акција, и на тој патници (лево) начин комуницира со луѓето и автомобилите околу.

11/2009 19


Возевме OPEL INSIGNIA 2.0 T / 2.8 V6 ADAPTIVE 4X4

Opel за сe` и за За големината на багажникот и за бројот на копчињата внатре, малкумина прашуваат кај овој автомобил. Insignia има поважни работи НИ СЕ ДОПАЃА ПОГОНОТ 4Х4 РАБОТИ ВО ИНТЕРЕС НА УЖИВАЊЕТО НА ВОЗАЧОТ

Погледнете го видеото на www.autovision.mk/ opel-insignia/

УПРАВЛИВОСТ КАКО НА КОМПАКТЕН АВТОМОБИЛ НАПРЕДНИ ТЕХНОЛОШКИ РЕШЕНИЈА

НЕ НИ ПРЕЧИ ЗАДОВОЛСТВОТО ЧИНИ МНОГУ БЕНЗИН: ДИЗЕЛОТ СО 190 КС ДОАЃА НАСКОРО

НЕ НИ СЕ ДОПАЃА ДВОЛИТАРЕЦОТ СЕ УШТЕ РАБОТИ БЕЗ ДИРЕКТНО ВШПРИЦУВАЊЕ НЕ СЕ ЧУВСТВУВА ПОДОБРУВАЊЕ НА ВОЗНИТЕ СВОЈСТВА ВО СПОРТСКИОТ МОДУС

Т е х нич к и подато ц и Opel Insignia 2.8 V6 Turbo Ad. 4x4

Мотор/Погон V6 турбо, 4 вентили по цилиндар, 2792 cm3, моќност 260 КС при 5500/min, вртежен момент 350 Nm при 1900 Nm, постојан погон на сите тркала, шестстепен мануелен менувач Димензии/Тежини 4830х1858х1498 mm, меѓуоскино растојание 2737 mm, празно возило 1503 kg, дозволена тежина 2020 kg, багажник 500/1010 L Перформанси и потрошувачка 0-100 km/h за 6,9 ѕ, крајна брзина 250 km/h , просечна потрошувачка 10,9 L/100 km

40 11/2009

З

а најголемиот Opel на сите времиња како да не постои задача што не може да ја исполни. Без разлика дали се бара евтин влез во средната класа или се мерка другиот крај на автомобилската скала, каде што возачот добива одговорност над ергела од 325 коњски грла, Insignia ќе се појави секогаш. Забавата меѓу овие две крајности ја нудат моќни бензинци со турбонатполнење, или ставки од дополнителната опрема, како Opel-Eye, кој ја учи Insignia да ги чита и почитува сообраќајните знаци. Импресивен е настапот на моделот што го врати Opel во игра во класата на големите лимузини, а особено по претходничката Vectra, чиј блед имиџ се закануваше вечно да го избрише Риселсхајм од конкуренцијата со Ford Mondeo или VW Passat. Јасно е дека на


секаде Електрониката помага распределбата на сила да се менува и меѓу задните тркала, не само меѓу оските. Тоа дава дополнителна управливост

Страничната стабилност што ја постигнува големата лимузина со погонот Adaptive 4x4 е збунувачка

Во интерес на уживањето во возењето: Погонот на сите тркала не е наменет за кал и снег, туку за унапредување на возните својства на Insignia

создавачите на моделот им годи кога Insignia ќе ја оцениме како најголемиот Opel на сите времиња. Уште е појасно зошто напуштената мајка GM жали по Opel и сака да го врати по секоја цена. Сите останати можат само да уживаат. Тоа значи, назад на Хунгароринг и на грубиот асфалт што гладно чека да си откине нов слој црно од гумите, но затоа ќе дозволи бесмислени брзински вредности во тесните свијоци. Овојпат, на предизвикувачката патека покрај Будимпешта не ѝ се спротивставува најсилната Insignia, онаа OPC од минатиот број на Auto Focus, што само електрониката може да ја спречи да не оди побрзо од 250 километри на час, туку има противник што е само едно скалило подолу. ► Поточно, не е еден, туку се двајца: Insignia

Auto Focus на презентацијата на Opel Insignia 4x4, на Хунгароринг, Унгарија

11/2009 41


Тест

^

Skoda Yeti 2.0 TDI Experience

Мистеријата е решена: ^

Јети вози Skoda

Ова е автомобилот што им удира силна шлаканица на сите кои пропуштиле да го следат развојот на чешката марка во минативе години

Погледнете го видеото на www.autovision.mk/ skoda-yeti/

НИ СЕ ДОПАЃА

НЕ НИ ПРЕЧИ

НЕ НИ СЕ ДОПАЃА

ОРИГИНАЛЕН ДИЗАЈН

VW ГО СКУСИ YETI ЗА ЕДНА ПЕДА ЗА TIGUAN ДА ДОБИЕ ПРЕДНОСТ, НО ТОА НЕ ГИ СКУСУВА КВАЛИТЕТИТЕ НА YETI

СО РЕЗЕРВНА ГУМА ВО ПОЛНА ГОЛЕМИНА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ДОБИЕ ЦЕЛОСНО РАМЕН ПОД

ИСКЛУЧИТЕЛНА ПРИСПОСОБЛИВОСТ ВОЗНИ СВОЈСТВА

52 11/2009


С

травот од појавување пред народот не било причината што Yeti толку време ја чуваше мистеријата околу себе. Очигледно, не. Кога конечно реши да се појави, избра да го направи тоа во најголемата турканица што се случува во автомобилскиот свет. Во друштвото на компактните теренци. Таму може да се најде сé и сешто. Од такви што изгледаат како теренци, но длабоко во душата се спортисти што нема да дозволат лесните обувки да им се извалкаат, како Ford Kuga, до некои други што со задоволство ги сокриваат своите гени за терен, како Nissan Qashqai. Skoda Yeti е дојдена првенствено со една цел. Да му помага на народот, исто како нејзиниот идол од Хималаите, по кого го носи и името. Може да му се верува на Yeti дека навистина ќе

си ја исполнува задачата. Зарем во овие големи и совршено тркалезни очи има нешто друго освен искреност? Настапот на Yeti е убедлив и сосема се разликува од вообичаената практика на кроење на изгледот на новите теренци. Дополнителниот чифт светла ни ги враќа сеќавањата дека светлата можат да бидат нацртани и најобично, како правилен круг. Но, обичната форма е само привидна. Малку отстрана, овие светла изгледаат како да се втиснати отпосле, заедно со цевката што продира длабоко во каросеријата. Дизајнерите завршиле одлична работа. Онаа мала сличност со Roomster може да се покаже како мечкина услуга. Наспроти ненадминатиот и евтин практичар на Skoda, кој за подвозјето користи делови од Fabia и од Octavia Tour, теренецот се потпира на платформата на

Octavia и Golf. Затоа, на Yeti не може да се гледа како на Roomster што е спакуван во различна каросерија, туку на модел што е позициониран повисоко. Но, тука влегува во приказната уште еден модел, Tiguan, продажниот тркач на VW, вреден за концернот да го третира како заштитена сорта. Јасно е дека Yeti не смее да му наштети на братучедот од Волфсбург. И не може. Покрај тоа што му е скусен опашот за дваесетина сантиметри, одземени му се и поатрактивните мотори. Во чешкиот теренец не може да се добие 1.4 TSI со 150 КС, а веројатно и новиот 1.6 TDI нема да му биде достапен во скоро време. Како надомест за неправдата, VW дозволи во Yeti да доживее премиера новиот 1.2 TSI, со 105 КС, но и со примерна потрошувачка на гориво. За тестот, Skoda ни избра модел од самиот►

Техниката му обезбедува возни својства на терен што се над просекот во класата

Максимален дизајн со минимални форми: Yeti има препознатлива појава

Обичниот круг не е обичен: Светлата изгледаат како да се ставени во цевка што отпосле е втисната во каросеријата 11/2009 53


Импресија Изработка на возила во Rolls-Royce

Дух за совршенство Дваесет дена за изработка, избор меѓу 40.000 бои, цена од 250.000 евра по парче. Новиот модел на Rolls-Royce тежнее кон суперлативи, иако е најмалиот што Британците го имаат во понудата. Само за кожените облоги во кабината, осум телиња мора да дадат жртва. Поглед зад кулисите на мануфактурата

Б

рза кучка слепи кучиња раѓа. Ако постои некое место каде што оваа поговорка ја покажува во целост својата мудрост, тоа може да биде само мануфактурата во британскиот Гудвуд. Брзината и итноста се феномени што им се апсолутно непознати на избраниците во производствените хали на Rolls-Royce. За разлика од обичните фабрики за автомобили каде што машините го

78 11/2009

одредуваат беспоштедниот работен такт и работата се мери во секунди, тука луѓето можат да си работат спокојно и да уживаат во работата. Темпото во Гудвуд го одредуваат луѓето, тука се работи како на забавена снимка. Додека се заврши примерок од најпрестижниот модел на Rolls-Royce, од Phantom, по правило поминуваат пет до седум месеци. Дури и најновиот и најмал модел во понудата на

британската куќа не отстапува од вообичаениот начин на работа во Гудвуд: За него се потребни од осум до дванаесет недели. За споредба, најголемиот модел на мајката BMW, серијата 7, се произведува за 51 час, а за Mini се потребни меѓу 24 и 36 часови додека биде готов да ја напушти фабриката во Оксфорд. Огромната разлика во чувството за време во Гудвуд произлегува од рачното производство и

од внимателното дотерување на секој дел од автомобилот. Додека во другите фабрики најголемиот дел од работата ја вршат роботи, во работилницата во Гудвуд е бескорисно да се бара механичката работна сила. Тука важи девизата: Луѓето ги заменуваат машините. Добар пример за пристапот што се негува во изработката на возилата во Rolls-Royce може да се најде во лакирницата. Тука, ка-►


„Ние не ги лакираме нашите возила, ние произведуваме исклучително длабок и единствен сјај“ - Лиза Тејлор, главна техничарка во лакирницата -

11/2009 79


против досада Силви ван дер Варт во аеротунелот на BMW

Што не било, ќе биде:

BMW тестира фризура Т

ехничарите можат да бидат горди што направија возилата со најмал отпор да се пробиваат низ ветрот. Но, како овој напредок да се прикаже на најубавиот начин? Лесно! BMW се снабди со два кабриолета од различно годиште и ја зеде под рака моделката Силви ван дер Варт. Во новиот воздушен канал на BMW, Силви се појави прво во кабриолет од серијата 3 од 1987 година, со пуштена коса што фризерот ѝ ја натокми до последното влакно. Мала нервоза пред тествозењето: „Возбудена сум, не знам колку е силен ветрот тука. Но, од BMW ме убедија дека е безбедно“. Потоа, огромниот ротор на воздушниот тунел почнува да се врти бавно, додека тимот гледа отстрана како слабиот провев полека се претвора во ветар со брзина од 60 km/h. Резултатот од тест-возењето е очигледен: Разбушавената коса на Силви ван дер Варт ќе одговараше совршено доколку тука се снимаше музичко видео во стилот на 1980-те години. Сепак, годината што ја живееме е 2009та и Силви ги промени облеката

Моделката Силви ван дер Варт го почувствува во сопствената коса напредокот во аеродинамиката на возилата

и фризурата да одговараат на денешното време. Секако, ваквиот стил на моделката ќе биде комплетен само со најновиот кабриолет од серијата 3 на BMW. Убавицата открива дека со задоволство вози кабриолет во нејзи-

Следниот број на магазинот Auto Focus излегува на 15 декември 2009

82 11/2009

ното актуелно престојувалиште, градот Мадрид. „Возењето со спуштен покрив е вистинската работа за мене!“, кажува 31-годишната Холанѓанка, која живее во шпанската престолнина заедно со нејзиниот сопруг, фудбалската ѕвезда Рафаел ван дер Варт. Таа го чека со возбуда следното доживување во тунелот. Огромните ротори почнуваат да вртат повторно и подобрената аеродинамика на новиот кабриолет е очигледна за сите на сетот. Измазнетата фризура не се поместува ниту за милиметар. Сил-

ви ван дер Варт излегува од возилото насмеана: „Неверојатна е разликата во споредба со стариот кабриолет! Ветрот не се чувстува, не знаев дали воопшто почнало да дува во тунелот.“ Центарот за тестирање на аеродинамиката е корисна алатка за техничарите на BMW. По моторот и олеснетата каросерија, аеродинамиката е третиот најважен фактор за штедливоста на возилата. Од сите производители, BMW постигна најголемо намалување на емисијата на СО2 во минатите години. �



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.