Auto Focus 44

Page 1

ПРВО ВОЗЕЊЕ Број 44 • Април 2011

на новата класа C на Mercedes

со Ц пре ЕНОВНИК ку 1 000 мо дел и

Поглед во пеколната машина 700 коњски сили 350 километри на час 2,9 секунди до 100

r o d a t n e v A i in h Lamborgновиот предизвикувач на FERRARI Ѕвезди на асфалтот 12-те типови што ги привлекуваат сите погледи

Ford Mustang Boss 302

врати шефоте 4 се децении

Ова го чекавм

e ar E-Typ Jaguини на најубавиот

50 год автомобил на сите времиња

Април 2011 90 ДЕНАРИ



СОДРЖИНА Број 44 • АПРИЛ 2011

НОВИТЕТИ

20

Ford Mustang Boss 302

24

Volkswagen Tiguan, Golf Cabriolet

38

Lamborghini Aventador

Четириесет и две години чекавме Ford да го врати големиот шеф на највисоката позиција

Тој е еден од најпродаваните модели на VW и сега е награден за тоа. Доаѓа и кабриолетот

Планираната продукција за цела година е распродадена. Ова е навистина суперавтомобил

ТЕСТ И ТЕХНИКА

6

ВОЗЕВМЕ MERCEDES КЛАСА С Моделот од средната класа е најпродаван во сегментот. Како награда следува фејслифт

12

ВОЗЕВМЕ OPEL CORSA

16

ТЕХНИКА MCE-5 со нов мотор со променлива компресија

42

ВОЗЕВМЕ PEUGEOT 508 SW 1.6e-HDi

44

ТЕСТ LAND ROVER FREELANDER SD4

Во минатата година таа доби нова техника, во оваа нов изглед. Разубавување на Corsa

24

Volkswagen ја пречекува пролетта подготвен: Новото издание на најпродаваниот кабриолет на сите времиња ја продолжува фасцинацијата на возење на отворено

42

Новата лимузина на Peugeot не привлекува толку со бројки колку со чувството во возењето и со разумното трошење на горивото. Комбито од 508 дава и дополнителни вредности

58

Сите зборуваат за погонот на струја, многумина го нудат и во продажните салони, но досега никој не се погрижи да обезбеди унифициран приклучок за струја што одговара секаде

Големите производители долго мачеа мака, а решението го даде мала фирма од Франција

Овој автомобил се купува со разум, се вози со задоволство. Огромен, штедлив, комфорен

Марката со теренците мора да биде во предност пред сите што копираа од неа. Успева

TEMA

50

Автомобили со најголем фактор на кул

54

Концептите на Renault

58

Погонот за струја е без стандарди

78

Jaguar E-Type

Овие автомобили секогаш се во центарот на вниманието, без разлика на нивната цена

Французите создадоа концепти на возила на иднината кои што точно целат кон емоциите

Никој не се погрижил да воведе стандарди во приклучоците за полнење струја

Никој не очекуваше толку од него, но тој е стана една од најголемите легенди

СЕРВИС

60

СОВЕТИ Пролетно чистење на автомобилот Време е да ги отстраните трагите од зимското измачување на Вашиот миленик

НА ДВЕ ТРКАЛА

62

Наслов наслов KTM и Ducati докажаа дека вистинското уживање е со два цилиндра. Aprilia се сложува

МОТОСПОРТ

74

Формула 1 • ГН на Австралија Фетел продолжи во стилот на минатата година, со победа. Идна ѕвезда е Серџо Перез

АВТОМОБИЛИ ВО ОВОЈ БРОЈ 20 24 38 6 12

Ford Mustang VW Tiguan, VW Golf Cabriolet Lamborghini Aventador MERCEDES КЛАСА С OPEL CORSA

42 44 54 54 78

PEUGEOT 508 SW 1.6 e-HDi LAND ROVER FREELANDER SD4 Renault R-Space Renault Captur Јaguar Е-Туре

ДРУГИ СОДРЖИНИ 26 АВТОМОБИЛИ 2014 36 ЦРНО И БЕЛО 64 ПИСМА

64 66 82

ИМПРЕСУМ ЦЕНОВНИК ПРОТИВ ДОСАДА


Возевме Mercedes класа С

Класата С е најпродаваната моделска серија на Mercedes и најпродаваниот модел во престижниот сегмент. За првото место да се зачува, техничарите променија преку 2000 делови Ни се допаѓа • Комфорно возење без жртвување на динамиката • Седумстепениот автоматик е достапен за сите мотори • Совршена изработка

Не ни пречи Скусениот простор за глава со сончев покрив: Кој толку сака сонце, ете му го SLK

Не ни се допаѓа • Стреата од инструментите над средишната конзола • Високо ниво на цени за дополнителната опрема

Промените во предниот дел внесоа повеќе динамика во појавата. Со суптилните промени, моделот и натаму се препознава прво како класа С, па дури потоа како фејслифт на класата С

6 04/2011


2007

2011

К

ога прославува Mercedes, како да прославува за целата бранша. Небаре Тенерифе е недоволно атрактивен како локација за првото тест возење во годината на одбележување на 125-от јубилеј на марката, па програмата за прослава опфаќаше уште сместување во најексклузивните ресорти што туристичката бранша

може да ги замисли и реализира, па и ништо помалку атрактивно возење во вкупна должина од речиси 500 километри, долж и попреку овој Канарски остров на кого што станува толку очигледно дека Бог уживал додека ја демонстрирал својата безгранична креативност. Ваквите третмани за угодување, сепак, не би смееле да

2007

2011

влијаат врз објективноста на исвестувањето во медиум што ги почитува и ги сака своите читатели. Затоа, уште во почетокот ќе ви ја откриеме големата тајна на Швабите. Пред моделското освежување за 2011 година, лимузината и комбито од средната класа на Mercedes беа многу лоши автомобили. За впечатокот да се поправи, техничарите на марката

преправија преку 2.000 делови од моделите од класата С, со цел ова моделско семејство со вредна традиција да се донесе на ниво што е својствено за марката со сребрената ѕвезда. Кој уште би поверувал во оваа приказна? Точен е податокот дека во освежената генерација се променети преку 2.000 компоненти, но причината за тоа е единствено

Auto Focus на презентацијата на класата С на Mercedes на Тенерифе, Шпанија

04/2011 7


Возевме Opel Corsa

Освежениот изглед на Corsa, со новите светла и со новата маска е само споредна работа, кога ќе се спореди со новата штедливост: Дизелот со 95 КС сега троши во просек само 3,5 литри гориво

Tехнички податоци

Opel Corsa 1.3 CDTI ecoFlex ина 1248 cm3, моќност 95 КС Мотор 4 цилиндри, 16 вентили, турбодизел, зафатн in Погон и пренос На 1750/m при Nm (210) 190 т момен н при 4000/min, вртеже Димензии и тежини ч менува предни тркала, петстепен (шестстепен) мануелен круг на вртење меѓу mm, 2511 ние растоја кино меѓуос mm, Д/Ш/В 3999/1737/1488 kg, носивост 425 kg, 1160 возило ѕидови 10,55 m, багажник 285/1100 L, празно km/h за 12,3 ѕ 0-100 km/h, (173) 177 брзина Крајна и рманс резервоар 40 L Перфо /4,4) L/100 km (5,4/3,8 /3,5 4,2/3,1 Потрошувачка - град/пат/просек * вредности во заграда за стандарден модел 1.3 CDTI,

12 04/2011

без старт-стоп и технологија ecoFlex


О

ткако во минатата година Corsa доживеа темелно освежување на техниката, сега дојде на ред да се поддотера и изгледот на малечкиот модел на Opel, кој што веќе три децении вредно ја испишува својата успешна приказна. Новиот нос ѝ дава на Corsa спортски и самоуверен изглед, дополнително нагласувајќи ја нејзината припадност во семејството на Opel. Привлечноста расте и со новите бои за каросе-

ријата и во кабината, како и со многубројните моделски изведби со спортски и младешки нагласок. Новитетите во понудата од мотори, сепак, не отсуствуваат. Германците го нудат новиот дизел 1.3 CDTI со 95 КС, но и со дополнителна ознака ecoFlex, која што укажува на неговата исклучителна штедливост. Благодарение на системот старт-стоп, кој што се вградува сериски во штедливиот модел, просечната потрошувачка на гориво

се спушти уште едно скалило подолу и сега изнесува 3,5 литри дизел. Во колкав степен се намалува потрошувачката со автоматското гаснење и палење на моторот, најдобро се гледа во директна споредба со претходникот: На неговата вредност од 4,6 литри гориво при возење во град, новиот 1.3 CTDI се спротивставува со 4,2 литри. При просечна годишна километража од 10.000 километри, тоа носи заштеда од 40 литри, односно

полн резервоар гориво. Разликата станува уште подрастична кога ќе се земе во предвид дека стандардниот модел, без ecoFlex, троши во град 1,2 литар повеќе од верзијата со старт-стоп и со дополнителни мери за штедење. Малечкиот Opel е обврзан да ги поместува границите. Од премиерата во 1982 година тој е еден од најважните модели на пазарот и ја нуди најголемата разновидност на модели во својата класа. На

Ни се допаѓа • Богата понуда од дополнителна опрема и прибор • Штедливи мотори • Динамични и безбедни возни својства

Не ни пречи Auto Focus на презентацијата на Opel Corsa во Виена, Австрија

Системот старт-стоп се уште е реткост во Corsa: Возењето во град веќе одамна е подобро да се замени со пешачење

Не ни се допаѓа • Ковчест од на рачката на менувачот • Дисплејот на навигацијата е поставен ниско • Слаба еластичност на моторот од 1,2 литар

04/2011 13


Техника РЕВОЛУЦИЈА ВО МОТОРОТ НА МСЕ-5

VCRi рот на т о мото на а степен ан н е м едности о и од а 10 пр тојана пр с тисоц к • По пресија ерни при та кошул а м м к о к но рс е м а д р н лку или з не • Бе пот врз ц рева пома трола кли заг н на кон ола на е с т зо тр ипо • Кл ок дијапа себна кон илиндар р о ц а • Ши цизна и п во секој типови н е • Пр пресијата ст со сите ком ибилно ање пат горув • Ком ора за со ење м и ко но тр адба мале • На пактна гр т м • Ко а работа држливос з • Брз усност и и • Роб

Глава на моторот Конструкцијата не се разликува од постоечките мотори. Поради тоа што ги покрива и цилиндрите и активаторите, главата е изложена на двојно поголемо оптоварување и има 15 завртки место 10. Активатор Секој цилиндар поседува сопствен активатор, кој што се движи нагоре-надолу под дејство на гасните притисоци и инерциските сили, со помош на топчињата кои што се поместливи од нивното лежиште. Кога е потребна повисока компресија, топчето во долната комора се подига се` додека не се достигне потребната компресија. При потреба од пониска компресија, принципот е обратен. Топчињата можат да се поместат од лежиштето на која било вредност меѓу нула и 1 милиметар.

Клипови Клиповите на MCE-5 се разликуваат драстично. Просечното оптоварување им е до 20 пати помало. Клипот не е споен со запчестата летва преку осовина, туку е фиксиран со неа. Намалените притисоци врз кошулката при движењето на клипот овозможуваат ракавот на клипот да биде значително покус. Отсуството на странично накривување на клипот во цилиндарот ја смалува бучноста и потрошувачката на масло и овозможува пониска затегнатост на клипните прстени. Загревањето е значително намалено.

Синхронизиран лизгач Служи како странична потпора на долниот дел од составот на клипот со запчестата летва. При менување на компресијата се менува и висинското растојание меѓу лизгачот и запчестиот преносник. При минимална компресија, растојанието може да се зголеми до 3,15 милиметри. Лизгачот е поставен меѓу две подвижни површини, од кои едната е на блокот на моторот, а другата е од задната страна на запчестата летва. Клипница Клипницата е куса во споредба со работниот од на клипот. Малата тупаница е прицврстена со запчестиот преносник место со клипот, како што е случај кај конвенционалниот мотор. Издржува петпати поголемо напрегање од класичната клипница.

16 04/2011


на бензинските мотори Блок на моторот Се состои од два реда цилиндри: Во едните се одвива согорувањето, додека во другите се врши контролата на компресијата. Во попречниот пресек на моторот, двата цилиндри изгледаат како буквата U. Системот за ладење ги опфаќа само цилиндрите за согорување. Запчест преносник Суштинскиот дел на моторот. Надолжното поместување на активаторот, со кого што е взапчен преносникот на едната страна, предизвикува менување на аголот на запчестиот преносник, а тоа пак влијае врз висината на горната и долната мртва точка на клипот во еден такт на моторот, односно ја зголемува или намалува зафатнината на комората за согорување, а со тоа и степенот на компресија. При 6000 вртежи на моторот, преносникот осцилира максимално 2590 пати во минута. Се работи за исклучително комплексна конструкција, во чиј што развој беа потрошени седум години. Начинот на кој што функционира моторот можете да го погледнете на видеото на http://vimeo.com/15532432

Запчести летви Заедно со запчестиот преносник, запчестите летви се најсложените компоненти во моторот VCRi. Тие се лесни, прецизно изработени (5-та класа според ISO 1328) и имаат комплексна функција: Запци, предна и задна работна површина, синхронизациски пренос, поддршка на клипот и навоен отвор за завртката за клипот. Специфичната форма условува посебна техника на изработка. Хидраулични потиснувачи Го одржуваат постојан контактот меѓу подвижните делови. Играат важна улога во производството на моторот и во контролата на бучноста. Потиснувачите овозможуваат минимален зјај во взапчените парови кога силите што се пренесуваат преку запците ја менуваат насоката и минуваат преку нултата точка. Работат под притисок меѓу 40 и 60 бари во зависност од температурата на моторот.

Коленасто вратило Има половина од радиусот на конвенционално коленасто вратило, при ист од на клиповите. Како резултат од тоа, оптоварувањето е двојно помало. Нема потреба од контратегови. Коленастото вратило на VCRi е за 30 до 35 проценти полесно во споредба со вратило на конвенционален мотор со иста зафатнина.

В

о иднина ќе возиме на струја? Тоа е мошне извесно, затоа што на фосилните горива кога-тогаш ќе им дојде крајот, ќе почне да ги снемува. Нивната цена ќе стане толку висока што на возачите ќе им биде неисплатливо да ги согоруваат овие горива. Додека почне да се одвива тоа сценарио, автомобилите со погон на струја ќе бидат вистинска реткост во секојдневието, без разлика што во моментов на сите страни се слушаат гласни труби со кои што се најавува почетокот на новата, електрична ера во светот на четири тркала. Независните експерти и автомобилската индустрија се сложуваат во предвидувањата дека и по десет години, со мотор со внатрешно согорување ќе возат девет од десет автомобили. Убавото отсликување на иднината

виот успех на дизелските мотори, со потврда во денешните луксузни лимузини со потрошувачка од шест литри дизел, тежиштето се префрлува на добриот стар, и во основата, почист бензински мотор. Инженерите во големите автомобилски куќи гледаат огромен потенцијал за заштеда од 25 проценти во потрошувачката на гориво на бензинските мотори. Тоа е премалку за Вианеј Раби. „Во зависност од класата на возилото, нашиот мотор троши 20 до 35 проценти помалку, и тоа, не во некоја неодредена иднина, туку денес и тука.“ Раби е шеф на фирмата MCE-5 Development и изумител на моторот MCE-5 VCRi. Тоа што се крие зад оваа неразбирлива ознака е бензински мотор со променлива компресија, односно мотор што ги соединува предностите на дизелскиот мотор во ефикасноста и моќното

Моторот e вграден во Peugeot 407: Повлекува како трилитарски V6 со електромобилите, првенствено има политички мотиви и не ја прикажува вистинската слика. Точен е впечатокот дека насекаде се работи под полна пареа на погонот на струја, но со истата енергија се пристапува и во подобрувањето на постоечките погонски решенија. По впечатли-

повлекување, со предностите на бензинскиот мотор во рамномерното ослободување на моќноста, поширокото работно подрачје и почистиот издув. Големите производители работат на слични решенија во нивните развојни одделенија. Mercedes има отидено најдалеку со неговиот Diesotto, 

04/2011 17


Новитети Ford Mustang Boss 302

Кога шефот ќе

згрми

Ford Mustang Boss 302

Мотор 5.0 Ti-VCT V8 - 4 вентили на цилиндер, варијабилно управување со вентили Зафатнина 4951 cm3 Силина 444 КС/7400 min-1 Вртежен момент 515 Nm/4500 min-1 Погон на задни тркала преку 6 степен мануелен менувач и самоблокирачки диференцијал Максимална брзина 250 km/h Потрошувачка град/отворено 13,8/9,0 l/100 km Димензии д/ш/в - 4777/1877/1399 mm Меѓуоскино растојание 2720 mm Тежина 1647 kg Сопирачки нап./наз - вентилиран диск Водење на тркала нап./наз мекферсон/крута оска со спирални пружини Багажник 380 l Гуми 255/40 ZR19 напред и 285/35 ZR19 назад

20 04/2011


Цели четириесет и две години му беа потребни на Ford на за повторно да го постави големиот шеф на раковод позиција и да го направи добриот возач одличен, а одличниот уште подобар

П

риказната на Mustang Boss 302 почнува во 1968 година кога раководството на Ford дава наредба да се создаде тркач со дозвола за возење по улица. Автомобил што ќе го носи сопственикот до работа и ќе победува на трките од американската серија Транс-ам. Mustang Boss 302 станува реалност една година подоцна, a во 1970-та славниот тркач Парнели Џоунс го претвора во икона победувајќи во Лагуна Сека и оставајќи наследство кое му служи на модерниот Boss да се вивне уште повисоко. Дестилиран до најчиста форма, Boss 302 ја влече сржта од новиот Mustang GT. Со додавање на соодветни зачини добиен е тркач со регистерска табличка. Целта е серискиот Mustang Boss 302 да му конкурира на актуелниот BMW M3 и да го по-

беди на патеката Лагуна Сека. Очекувањата се постигнати. Високите перформанси низ целиот спектар на делување, од забрзување, крајна брзина и сопирање, до управување, се плод на совршено избалансираниот автомобил кој победува на Лагуна Сека. За да го претворат Boss 302 во тркач инженерите се свртеле кон атмосферскиот V8 од пет литри, односно 302 кубни инчи, кој доаѓа од Mustang GT, каде што остварува 412 коњски сили. Силината е доволна за на патека, но нискиот праг на вртежи не е. Затоа моторот е комплетно доработен. Со менување на вшмукувачкиот тракт, брегастите вратила и системот за варијабилно управување со вентилите добиени се 444 коњски сили. Но, за инженерите многу поважни биле вртежите. Сега

302 дише послободно, врти преку 7.500 вртежи каде почнува црвеното поле и ослободува значително повеќе моќност меѓу 5.000 и 7.000 вртежи важно за во трка. Моќната коњица кон задните тркала ја испраќаат шестстепен мануелен менувач и самоблокирачки диференцијал, додека на асфалтот се пренесува преку гумени валци Pirelli P Zero. Добрата тракција оди под рака со возната динамика, која што е подготвена за на патека преку вградување на помасивни водилки. Амортизерите се местат во пет точки од најмеко до најцврсто. Mестењето не оди преку копче во кабината, туку директно на амортизерот со одвртка со рамка глава, исто како кај традиционалните тркачи. На овој начин избегнато е користење на сложена и тешка електро-  04/2011 21


Новитети Lamborghini Aventador LP700-4

Lamborghini Aventador LP700-4 Мотор V12, 4 вентили на цилиндер, сув картер Зафатнина 6498 cm3 Силина 700 КС/8250 min-1 Вртежен момент 690 Nm/5500 min-1 Погон на четири тркала преку 7 степен роботизиран менувач, централна спојка Haldex и самоблокирачки заден диференцијал Максимална брзина 350 km/h Забрзување 0 - 100 km/h - 2,9 сек. Потрошувачка град/отворено/просек 27,3/11,3/17,2 l/100 km Димензии д/ш/в - 4780/2030/1136 mm Меѓуоскино растојание 2700 mm Тежина 1575kg Сопирачки нап./наз - вентилиран диск од 400/380 mm Водење на тркала нап./наз - независно, пушрод, со попречни триаголни водилки и хоризонтално поставени амортизери Резервоар 90 l Масло за мотор 13 l Течност за ладење 25 l Гуми 255/35 ZR19 напред и 335/30 ZR20 назад

38 04/2011

раврати кои се отво Широк, низок и со јмалите на и ри ду го не ат вертикално. Во orghini. Личи на препознаваат Lamb во полн налет ц ве ло н ио ав


Toj e бисер на врвната автомобилска технологија, создаден да прерасне во легенда уште пред да стигне до првиот купувач

К

ога Lamborghini претставува нов модел секогаш предизвикува тектонски поместувања во светот на автомобилите. Дури и најмалите имаат јасна слика кога ќе се спомене името на марката од Сант Агата Болоњезе. Екстремно широк и низок автомобил со врати кои се отвораат нагоре. Тие се знак на распознавање, исто како имињата дадени според биковите од шпанската корида. Ниту Aventador не отстапува од зададените принципи на Lamborghini. Ниска и широка силуета, масивен задник кој сокрива

моќен V12 како уште едно обележје на марката, и секако, врати кои се отвораат вертикално. Тука е и името дадено според најхрабриот бик кој се борел во арената Сарагоса во 1993 година. Со Aventador, Lamborghini редефинира како треба да биде скроен еден суперспортист. Изграден како болид во Формула 1 со централно поставен мотор, карбон-керамички дискови и пушрод потпирање со триаголни водилки и хоризонтални амортизери. Основата е цврст монокок од карбонски влакна на кого се поставени рамки од алуминиумски профили

кои ги носат моторот, менувачот, погонот на четири тркала, потпирањето и останатите компоненти. Вака создадената шасија се одликува со исклучителна торзиска цврстина од 35.000 Nm на еден степен и тежина од 229,5 kg со алуминиумските рамки. На неа се поставени и панелите од каросеријата кои го прават Aventador препознатлив како новиот модел на Lamborghini. Дело на цртачите на Lamborghini, Aventador е комбинација на стилови видени кај ексклузивниот Reventon и подвижната лабораторија Sesto Elemento. Врамен со остри линии како жилет, Aventador

наликува на стршен спремен за напад. Дизајнот е впечатлив, но сепак ја нема убавината на своите претци како Countach и Diablo. Премногу е технички, премногу „аудиевски” и без душа. Таквата атмосфера се чувствува и во куќата на Lamborghini, каде што многу повеќе зборуваат за техниката. Срцето на Aventador, големиот V12, конструиран е почнувајќи од бел лист хартија и целосно е развиен од инженерите на Lamborghini, кои сосема оправдано заборавиле на новите текови за намалување на зафатнината и бројот на цилиндри. Нема поголемо задоволство од тоа 

04/2011 39


КРАТОК ТЕСТ PEUGEOT 508 SW 1.6 e-HDi

К

аросериите со застаклен опаш не уживаат голема популарност на македонскиот пазар. Поточно, ги сакаме само условно: Како користени автомобили од увоз, по можност од премиум марка, затоа што како такви ни се достапни по пониска цена од нивните лимузински сестри. Во тоа отстапуваме значително од европскиот купувачки дух. Кај повеќето моделски семејства од средната класа, комби изведбите се продаваат исто толку добро колку лимузините, а во некои случаи дури и подобро. Оттука не зачудува тоа што Peugeot уште од старт го пушти во двојка новиот знаменосец 508, како лимузина и како комби, кое што во новата традиција на куќата ја носи ознаката SW. Оцените од првото возење на лимузината што во еден потег ги заменува моделите 407 и 607 веќе ги прочитавте во мартовското издание на Auto Focus. Овојпат е на ред комби изведбата, која што поседува толку особености, што заслужува да се третира како посебен модел, не само како комби изведба од лимузинскиот 508. Оние што долго време ги држеле очите покриени пред комби моделите од средната класа ќе бидат мошне изненадени од глетката што им ја нуди SW. Место набрзина застаклен опаш, кој што ќе ја претвори претставителната лимузина во товарено магаре, тука се појавува лимузина со елегантни и мазни површини, достоинствена и способна да го освои интересот на купувачот само со изгледот. Секако, основниот талент на комбито се покажува откако ќе се отвори задниот капак. Кај Peugeot 508 SW, тоа се случува и порано. Доколку се работи за врвниот пакет Feline, капакот се отвора и затвора со помош на електромотор, со обично притискање копче. За своите куфери или каков било друг товар, купувачот добива на располагање простор од 560 литри, односно 45 литри повеќе отколку во лимузината, а со соборување на клупата се доаѓа до 1.598 литри. Дополнителна можност за сместување предмети се трите прегради под подот, со иста завршна изработка како горниот дел од багажникот. Уште во основното ниво на опрема се добива рачка за соборување на задната клупа од багажникот, исто како и шини за багаж на покривот. Кој сака, може големата површина на покривот да ја замени со стакло, со импресивна по-

42 04/2011

Ни се допаѓа • Впечаток за квалитет во внатрешноста • Ненападен, претставителен стил • Хармоничност на погонската спрега

Не ни пречи Отсуство на системи за следење лента, за мртов агол, за автоматско паркирање: Возачот треба да ужива во возењето, место во бесмислената електроника

Не ни се допаѓа • Неколку самоволни решенија во ракувањето • Недостига иновација во практичноста • Мали прегради во кокпитот

вршина од 1,62 метри квадратни. За разлика од претходниот, големото стакло на покривот отсега не е дел од сериската опрема на SW. Затоа, пак, во серија се добива уште поголем талент на моторите за скржавење со горивото, особено кога се работи за изведбата со 1,6-литарскиот HDi, во комбинација со роботизиран менувач. Според фабриката, големиот комби во просек троши 4,5 литри гориво на сто километри. По улиците на Аликанте, каде што семафорите се редат на секои сто метри, дизелот убеди дека во практика може да се очекуваат мошне слични вредности. Тајната на овој модел, што

во предната маска ја носи кратенката e-HDi, е втората генерација на старт-стоп системот, кој што го гасне моторот при брзина пониска од 8 km/h и постигнува изненадувачки кусо и незабележливо стартување на моторот. Во густиот сообраќај по градовите повеќе не е важно колку моќно повлекува дизелот со 112 КС, туку колку меко и послушно реагира автоматскиот менувач и придонесува престојот во возилото да биде колку е можно попријатен. Потег за поздравување е достапноста на оваа погонска комбинација дури и со највисокиот пакет на опрема Feline. �

Спокојството и комфорот во големата кабина на 508 SW мамат да се доплати за огромниот стаклен покрив


Технички податоци

Peugeot 508 SW 1.6 e-HDi Feline Мотор Зафатнина 1560 cm3, моќност 112 КС при 3600/min, вртежен момент 270 Nm при 1750/min (285 со overboost) Пренос Шестстепен роботизиран менувач, погон напред Димензии и тежини 481 х 185 х 148 cm, меѓуоскино растојание 282 cm, празно возило 1430 kg, багажник 560/1598 L, резервоар 72 L Перформанси 194 km/h, 0-100 km/h за 12,3 s, 80-120 km/h со kick-down за 8,7 s Потрошувачка (град/ пат/просек) 5,1/4,1/4,5 L/100 km Цена на тестираниот модел во Франција 35.100 евра

на Евр опа

ј нас ќе се продаваат Кога комби моделите ка , тогаш сме на исто колку лимузините ка, пропуштаме сигурен пат за Европа. Ва ите. Peugeot да уживаме во предност шани 508 SW е комби со сите ни

Во 2012 година доаѓа HYbrid4

Peugeot не сака шестцилиндарци!

Во понудата од мотори за 508, Peugeot ги почитува начелата на Downsizing, односно мала зафатнина и помош од турбонатполнење, за пониска потрошувачка. Најсилен е 2.2 HDi, со 204 КС. Шестцилиндарците ги нема. Peugeot повеќе го сака хибридот погон, со дизел напред и електромотор назад. Моделот со погон на сите тркала и 200 КС, со ознака HYbrid4 и потрошувачка под четири литри, доаѓа догодина.

Одвоено местење на температурата, но и на режимот на климата, за возачот и совозачот

Го враќа уживањето во возењето

Задната клупа се соборува на копче, големите прегради собираат ќеси од шопинг. Комби возилата никогаш не биле во криза

Французите не` враќаат на вистинскиот колосек со 508. Бесмислените и бескорисни технологии што му ја олеснуваат работата на возачот, во истата мера му го одземаат и задоволството во возењето. Нивното присуство во Peugeot 508 е ограничено и тоа е добро. Неограничено е само пријатното чувство во возењето, а тоа е најважното. Како комби, 508 SW настапува со вообичаениот арсенал од практични алатки, изгледа добро и го шири мирисот на француски автомобил. Ова ќе биде уште еден добар Peugeot. 04/2011 43


Тест Land Rover Freelander SD4 S Ни се допаѓа • Моќен и култивиран погон • Впечаток на премиум возило • Комфорно подвозје

Не ни пречи Потклекнувањето во брзи свијоци: Freelander има изграден имиџ, спортска динамика не му е потребна

Не ни се допаѓа • Пропусти во ергономијата • Не се нуди старт-стоп за SD4

44 04/2011

Искач во с


чување

лободен стил

ТЕСТ-ОЦЕНИ

 Добро  Просечно  Лошо

ВО ВОЗЕЊЕ

Вредности

Перформанси 0-100 km/h [s] Крајна брзина [km/h]

9,5 190

Тежина Празно возило/Дозволено [kg]

1805/2505

 ВО ГРАД Со седењето на повисоко и добрата прегледност на каросеријата, со меката и тивка амортизација, со вообичаените димензии на возилото, како и со беспрекорната автоматика, Freelander се претвора во одлично градско возило.

 НА ПАТ По излегувањето од град, возачот одвај чека да ги искористи 190-те коњски сили. Моќноста е впечатлива, исто како и наведнувањето во остри свијоци: Нема потреба од стравување, возните својства остануваат на мошне високо ниво, комфорот е само придобивка.

 НА автоПАТ Шестстепен преноси и вртежен момент од 420 њутмнетри при 2000 вртежи се одлична основа за добра патна лимузина; автоматиката не се претргнува да врати во најнискиот можен пренос при kick-down; подвозјето останува имуно на долги нерамнини.

 перформанси

Поради големата челна површина не ги достигнува вредностите на Mercedes GLK и BMW X3, но посредува чувство на апсолутна сувереност на патот.

комфор

Оцена

Звук Во град На пат

На автопат

Звук Куси нерамнини Долги нерамнини

Во град/На пат

/ 

Особено одушевува отсуството на звуци од подвозјето, без разлика на подлогата; главната заслуга за меката и комфорна амортизација е во ниско вградениот мотор.

технички податоци

Компактниот теренец на LandRover доби нов дизелски мотор. Иако има 30 КС повеќе од претходникот и сега располага со 190 КС, потрошувачката му се намали значително. Сите други квалитети отидоа угоре

Мотор

4 цил., т. дизел, 4 вентили

Зафатнина

2179 cm3

Силина

190КС/4000 min-1

Вртежен момент

420Nm/2000 min-1

Погон

на сите тркала

Пренос

6 степени, автоматски

Управување

хидр. серво

Круг на вртење

11,3 m

Гуми

235/65 R17

Сопирачки нап./наз.

вент. диск, диск

ABS/ESP Водење на тркалата нап.

•/•

Водење на тркалата наз.

мултилинк

мекферсон

04/2011 45


Тема АВТОМОБИЛИ ШТО СИТЕ ГИ ЗАБЕЛЕЖУВААТ Критериуми на оценување Изглед Убавината и накитеноста не помагаат многу тука. Многу е поважен ставот, настапот, привлечноста Ексклузивност Кул е тоа што не се гледа на секој агол во градот. Кул е тоа што се разликува од се` друго, што излегува од рамките на просечноста Имиџ Многу важна работа. Публиката треба да реагира позитивно кога автомобилот ќе се појави пред неа, да го одобри Стручно мислење Што коментираат познавачите? Какво е стручното мислење од експертите? Оттука почнува да се создава факторот на кул Дебата Дали автомобилот заслужува почит кога во друштво ќе почне да се зборува за автомобили? Или повеќе предизвикува потсмев?

ВПЕЧАТЛИВ како риба на улица

да на д актуелната пону о и ал ж по се да бил Никој не смее да се најде автомо е ж о м го ко се За . производителите ` интересира е колку се кул не то ш а То а. скроен по мер уличната сцена новите типови на

Интелигенција Автомобилите можат да бидат интелигентни, доколку имаат напредна технологија или некое необично решение

Renault Wind

Opel Meriva

Изглед 3 - Ексклузивност 4 - Имиџ 3 - Стручно мислење 2 - Дебата 4 - Интелигенција 2 - Фактор на кул 3,0

Изглед 2 - Ексклузивност 2 - Имиџ 3 - Стручно мислење 4 - Дебата 3 - Интелигенција 5 - Фактор на кул 3,2

Продолжува таму каде што запре Opel Tigra, но поедноставната конструкција на покривот го прави значително поевтин. За жал, каросеријата повеќе одговара како тарга, отколку како родстер. Wind е избор за љубителите на возењето на отворено, на кои што им е важно фризурата да не се разнесе од ветрот. Името на младешкиот родстер може да биде и предмет на шега, ако се доведе во контекст на испуштање ветар.

Да бидеме искрени со овој автомобил. Доколку ги немаше задните врати што се отвораат обратно, Meriva ќе беше само уште еден миниван што реагира на зголемениот интерес на пазарот за возила од неговиот тип. Вниманието го привлекува дури кога ќе се отворат задните врати. Но, не може секој да си дозволи да има личен шофер, што ќе му ги отвора вратите и ќе му постила црвен тепих.

50 04/2011


Н

екои од автомобилите од последново моделско годиште пристигнуваа во продажните салони со громогласни најави и со големи очекувања. Некои други беа очекувани со нетрпение од љубителите, од купувачите и од продавачите, со голема желба да се почувствува автомобилот во живо, да се проверат ветувањата на марката. Трети, пак, се појавуваа одненадеж, кришум влезени преку задната врата на вжештената автомобилска сцена. Секако, имаше и такви што по чиста случајност се погодија како вистински магнет за публиката. Во понудата од автомобили во овие денови не остануваат празнини. Тој што тргнал во салон, ре-

шен дека тоа е моментот да стави потпис на свежо испечатен договор за купување нов автомобил, нема да се поколеба. Дијапазонот на цени е широк, почнувајќи од Fiat 500 со двоцилиндарец за десетина илјади евра, па се до Mercedes CLS 63 AMG, поскап за десетина пати, со 525 КС. За сите автомобили што во оваа сезона ја почнуваат кариерата во комплетно ново издание или со мало освежување во настапот, веќе е пишувано надолго и нашироко на страниците на Auto Focus. Половината од новитетите во 2011 веќе го поминаа и тестирањето во магазинот, со подобри или полоши оцени, во зависност од тоа каков впечаток ни оставиле.

Нешто, сепак, ви должиме. Не сме ви кажале единствено колку ни значат сиве овие плодови од последната автомобилска берба. Дали сцената ќе изгледаше здодевно доколку новите модели останеа во фиоките на шефовите на продажбата до некоја следна година? Редакцијата гласаше и го кажа своето мислење. Ова се дванаесетте автомобили што најверно го оддаваат духот на 2011 година. Тие ги привлекуваат погледите, за нив се зборува, секој посакува да ги проба, да бидат видени со нив на улица, да ги остават пред гаражната врата, затоа што е премногу жално да останат сокриени од погледите. Тие се кул! Но, што прави еден автомобил да е кул, или да е повеќе кул од

некој друг? Повеќе работи се во прашање. За еден автомобил да биде кул, тој треба првенствено да поседува душа. Исто како кај нас луѓето, и кај автомобилите се цени личноста, стилот, угледот, личниот печат. Тоа не се купува со пари. Автомобилот може да биде или да не биде кул, но не може да стане кул сосила. Инструмент за мерење на факторот на кул досега не е измислен. Тука се работи исклучиво за субјективна оцена, добиена преку шест различни критериуми. Највисоката оцена е десет. Тоа е веќе на границаата на смрзнување. На спротивниот крај е нулата. Тоа е млако, тоа е милиони степени далеку од црвената линија во термометарот. �

Малку од овде, малку од онде. Тоа успева тешко. Највпечатливи се оние форми што веродостојно ја следат идејата на дизајнерите

Dacia Duster

Citroen DS3

Изглед 5 - Ексклузивност 2 - Имиџ 1 - Стручно мислење 5 - Дебата 3 - Интелигенција 4 - Фактор на кул 3,3

Изглед 6 - Ексклузивност 3 - Имиџ 3 - Стручно мислење 2 - Дебата 4 - Интелигенција 3 - Фактор на кул 3,5

Веќе однапред е јасно дека овој автомобил не е за фетишисти по марки. Кажете во друштво дека возите Dacia и ќе видите како на луѓето им се менува изразот на лицето. Но, тие не знаат. Се` уште не. Duster не е за фалбаџии, туку е за луѓе што се сигурни во себе и со романскиот теренец освојуваат бодови како разумни типови што вложуваат мудро. Dacia нуди способен теренец, кој воопшто не изгледа евтино, барем однадвор. Тој е тајната препорака на познавачите.

Малечкиот трендмобил ги има двете букви што потсеќаат на големата легенда Citroen DS. Но, никој нема да ги помеша овие два модела. Во основата, DS3 е само верзија со три врати на семејниот, приземен и добар C3. Апсолутно неважно. Французите, сепак, направија автомобил што на улица привлекува внимание исто колку Lambo, особено кога има покрив и бандажи лакирани во контраст со остатокот од каросеријата. 04/2011 51


Новитети Renault Captur и R-Spec

На крилја на Renault Captur Мотор 1.6 dCi - 4 цилиндри, 4 вентили на цилиндер, турбо натполнење Зафатнина 1598 cm3 Силина 160 КС Вртежен момент 380 Nm Погон на четири тркала преку 6 степен менувач со две спојки Максимална брзина 210 km/h Забрзување 0 - 100 km/h: 8 сек. Димензии д/ш/в - 4223/1950/1586 mm Меѓуоскино растојание - 2624 mm Тежина 1300 kg Гуми 250/40 R22

Еластичните јажиња се приспособуваат на контурите на телото и обезбедуваат одлична вентилација. Темата се повторува во арматурната табла, багажникот и помошните потпирачи назад

54 04/2011


В

оден од движечката сила на промените, Renault ја носи иднината на дланка и го открива новиот дизајнерски јазик на марката, кој се фокусира врз човекот како индивидуа, односно врз различните фази од неговото созревање. Од моментите кога се вљубува, преку потребата да го истражува светот, до основање на семејство. Секоја фаза Renault ја поткрепува со соодветен концепт. Прв е спортскиот електромобил DeZir кого Renault го прикажа минатата година на салонот во Париз. Со него креаторот на автомобили го поплочи патот

до срцето на ентузијастите чиј што приоритет е чисто задоволство зад волан. На второ место е концептот на кросовер Captur, кој отвора нови можности при откривање на светот, од протнување низ урбаната џунгла до освојување на беспаќата и тешко пристапните терени кои го будат духот на авантурист. Третиот концепт R-Spec е интерпретација на семеен транспортер со спортска нота и иновативен ентериер, кој дава одговор на очекувањата што ги носи модерното општество. Секој од трите концепти е скроен под дири-

гентската палка на главниот дизајнер на Renault, Лоранс ван дер Акер кој после DeZir ни ги открива Captur и R-Spec. Визијата за компактните кросовери на иднината ја открива Captur. Ова иновативно парче автомобил е скроено како тркач со врати кои се отвораат вертикално нагоре, монокок шасија од карбонски влакна со рамки од алуминиум напред и назад задолжени да ја носат механиката. Шасијата заедно со каросеријата, која исто така е изработена од карбонски влакна, ветуваат ниска тежина пресудна за добри перформанси,

концепти Renault те ои св на е ањ ав зд При со р кои се пресуден факто ии оц ем на а рт ка на игра обил пувачите за нов автом ку на о ет њ ва чу лу од во

висока возна динамика и ниска потрошувачка. Цврстата шасија дозволува Captur да ја симне капата и да понуди возачко доживување со ветар во коси откривајќи ја конструкцијата на патничкиот кафез. Возачот и совозачот седат на еластични јажиња кои се развлечени и преку арматурната табла и во багажникот. Рамната површина одзади користи за товарање, а на неа во нужда можат да се возат и двајца патници откако ќе се исправат потпирачите за грб преклопени во страниците и потпирачите за глава во кровот. Ширината од безмалку два метри, 

Renault R-Spec

Мотор 0.9 TCe - 3 цилиндри, 4 вентили на цилиндер, турбо натполнење Зафатнина 900 cm3 Силина 110 КС Вртежен момент 160 Nm Погон на предни тркала преку 6 степен менувач со две спојки Максимална брзина 200 km/h Забрзување 0 - 100 km/h - 11 сек. Потрошувачка 3,7 l/100 km Димензии д/ш/в - 4250/1850/1547 mm Меѓуоскино растојание 2717 mm Тежина 1300 kg Гуми 245/35 R21

Емотивен момент во R-Spec. Предните седишта користат мотив од прегратка на вљубен пар. Стаклениот кров украсен со квадрати ја разбива монотонијата и пружа поголема сенка во кабината

04/2011 55


Мотоцикли Тест • Aprilia Dorsoduro 1200

Мерни податоци Забрзување .. 3,5 ѕ 0-100 km/h............................ 12,1 s ...... ...... ...... ...... h.... km/ 0-200 Меѓузабрзување 3,7 ѕ 60-100 km/h............................ .... 4,0 ѕ ...... ...... ...... h.... km/ -140 100 Потрошувачка на тест 7,5 L/100 km

Т

емниот асфалт се спушта по надолнината како змија. Свијоците се надоврзуваат еден по друг без одмор, на момент залепени до карпите, на момент раширени во голем лак по висорамнините. Клекнати на коленици сакаме да им заблагодариме на тие што овој превој наречен Кол де л'Еспигулие, на само 700 метри над морето над Марсеј, им го направиле достапен на моторизираните луѓе. Во истото побожно расположение благодариме и за тоа што постојат супермотоциклите. Седењето е опуштено како кај олраундер, управливоста е како кај ендуро, а моќта е уште поголема отколку кај актуелните суперспортисти во класата до 600 сантиметри кубни. Тоа е комбинацијата со која што привлекуваат овие машини за забава. Колку се разумни овие мотоцикли? Тоа е последното што ги интересира дрифтерите, а најмалку во овие моменти, додека

62 04/2011

о н ј о в д за издувните лонци фучат од возбуда и гумите се јадат отстрана, а острото сопирање прави дисковите да светат во сите бои на виножитото. Тоа е супермото. Новакот во дружината на големите супермотоцикли, Aprilia Dorsoduro 1200, сака да биде сериозен конкурент на KTM 990 SM R, кој што е репер во овој свет. Италијанците не можеа да искористат многу од постоечкиот Dorsoduro 750, кој што е три години на пазарот. Иако концептот е ист, поголемиот модел е комплетно развиен од ново. Порастот е скромен. Меѓуоскиното растојание се зголеми за 23 милиметри, а во тежина се додадоа 16 килограми. Резултатот зачудува, ако се има во предвид дека двоцилиндарецот ја камшикува задната вилушка од алуминиум со 130 КС. Но, бројките не им значат многу на љубителите на супермото. Звукот се одбива од карпите и придонесува

тенорот на двоцилиндарецот да се слуша уште посилно. Компактниот мотор ја искористува предноста од големата работна зафатнина, но само во случај кога електрониката е поставена да ги држи двата цилиндра во туринг модус. Во спортскиот модус, моторот без потреба реагира нервозно на гасот, додека во мапингот за дожд, моќноста се скусува на 104 КС. Двоцилиндарецот постојано тера да се префрлува во повисокиот степен на пренос, иако може да продолжи добро и во постоечкиот. Aprilia му го препушта изборот на возачот. Без разлика дали се крстосува или се бришка, краткоодниот мотор е подготвен за сé, без да се задушува при ниски вртежи или да се противи за високи вртежи. Возењето е прекрасно искуство, кое што не можат да го уништат по малку тешката спојка и грубиот менувач. Dorsoduro се фрла послушно од еден во друг


Aprilia Dorsoduro 1200

е њ а в и уж свијок, како добар олраундер. Во тесни свијоци, по малку се противи да излизга по свијокот со задната гума што е раширена на бандажот од шест инчи. Карактерот на супермото се чувствува повеќе во дотерувањето на подвозјето. Стегнатата амортизација од Sachs нуди добра резерва на запуштените патишта, но и покрај богатите можности за дотерување не го постигнува комфорот на Ducati или KTM. За возврат, Aprilia дозволува похрабро додавање гас на излез од тесните свијоци и потпирање на безбедносната функција на контролата на тракцијата која што првпат се користи во супермотоцикл. Во најконзервативниот од трите степени, контролата се вклучува рано и меко. Вториот степен нуди најдобар компромис меѓу спортско возење и безбедност, додека првиот степен одговара само за тркачка патека. Агресивно поставениот АВЅ, кој што се добива за околу 1.000 евра, заедно со контролата на тракција, дозволува изведување „стопис“, а во екстремен слу-

чник Мотор V2 90о, dohc, 16V, пре ина атн заф , mm 67,8 х и од 106 , моќ1197 cm3, компресија 12:1 вртеност 130 КС при 8700/min, 7200/ при Nm 115 ент мом жен ње со min, систем за вшприцува ени, три мапинзи Пренос 6 степ Челичпогон со синџир Рамка а на на цевна рамка прицврстен ели, пан ски иум мин алу странични алузадна помошна рамка од Напред миниум Амортизација и со Sachs со пречник 43 mm hs Sac ад наз од, н оте раб 160 mm дотерусо 155 mm работен од, н од вање на повратен и работе и жин пру на ст ато тегн дза пре на и mm, Сопирачки Напред 2х320 назад Brembo со четири клипови, н клип, 240 mm, Brembo со еде ла на тро кон со АВЅ н але кан дво Наи даж бан и и Гум тракција х 17, пред 120/70 ZR 17 на 3.50 х 17 назад 180/55 ZR 17 на 6.00 8 mm, 224 а жин Дол ии енз Дим , меѓувисина на седење 870 mm , реоскино растојание 1528 mm нси зервоар 15 литри Перформа h km/ 220 ина брз јна Кра

во соработка со: good ride

от модел, двата изЗа разлика од помали ro 1200 се издвоени du дувни лонци кај Dorso

Во дружината на супермотоциклите, KTM и Ducati веќе одамна докажаа дека вистинското уживање во возењето се добива со два цилиндра. Aprilia сака да докаже дека може и подобро

изактно управувана аморт ње Голема работа: Дире ува тер до за и можност ција од Sachs, со сите

ни и Со 1200 сантиметри куб кон со ја аци бин 130 КС, во ком duro трола на тракција, Dorso ѓу ме о лив чат впе а зачекорув дели големите супермото мо

чај и превртување. Тоа е проблем што е познат уште од Shiver и од верзијата 750 на Dorsoduro. Затоа, пак, сопирачките од Brembo одушевуваат со мекото дозирање и одличното чувство. Светилката за резерва е вклучена веќе долго. По 150 километри собира 15,2 литри во резервоарот. Тоа се десет литри на сто километри. При поумерено возење, потрошувачката паѓа, но и со 7,5 литри сé уште не е во чекор со времето. Двоцилиндарските супермото бараат најмалку компромиси од сите концепти што се настрана од главната струја. Ако се замиже за отсуството на заштита од ветар, како и за ограничените можности за багаж и за возење со сопатник, овие култивирани, моќни, управливи и компактни двоцилиндарци се меѓу најпривлечните и најуниверзални мотоцикли што денес ги нуди пазарот. Со хармоничното дотерување на подвозјето, со контролата на тракција и со АВЅ, Dorsoduro го постигнува тоа за што е наменет: Ја збогатува вообичаената понуда во класата на супермото. �

04/2011 63


Мотоспорт Формула 1 • ГН на Австралија

почетокот ветува возбудлива сезона Себастијан Фетел продолжи во стилот со кој што ја заврши минатата година, со победа. Идна ѕвезда се навестува во Серџо Перез. Неговиот тим, сепак, беше дисквалификуван

С

ебастијан Фетел само двапати во кариерата бил во водство во шампионатот во формула 1. Во минатата сезона Германецот се најде на првото место дури по финалето во Абу Даби, а во оваа сезона тоа му успева веднаш на стартот, во Мелбурн. По одличните постигнувања на квалификациите, Фетел продолжи да ја докажува надмоќта на трката и без закани за губење на позицијата извозе до победа во Австралија. По 58 кругови во сончевиот Алберт Парк, тој имаше предност од 22,2 секунди пред Луис Хамилтон, чиј што тим McLaren го следеше темпото на Red Bull изненадувачки добро. Само навидум. Никој не знае колку Фетел возел блиску до својот максимум и до максимумот на болидот. По минувањето на целната линија тој пријави во тимското радио:

„Сé е под контрола“. Тоа е аларм за сите што веруваат дека ќе му згазнат на опашот на шампионот. Локалниот матадор Марк Вебер целосно заостана во вториот Red Bull и на крајот заврши петти, зад Фернандо Алонсо. Најголемата сензација беше Витали Петров, кој што во отсуство на тимскиот лидер Роберт Кубица по прв пат се качи на подиумот. Ник Хајдфелд не се снајде толку добро во болидот и заврши на 14-то место. Тимот испрати порака до болницата во Италија: „Ни недостигаш, Роберт!“ Првата загатка на новата сезона беше разрешена уште во стартот: По шпекулациите околу системот Керс кај Red Bull, ниту Фетел ниту Вебер не го искористија хибридниот систем во првиот свијок. Фетел немаше потреба за тоа, затоа што стартуваше одлично и можеше лесно да ја одбрани својата позиција.

Вебер комотно се протна зад Хамилтон. Со хибридот, Австралиецот веројатно ќе го престигнеше болидот на McLaren. По три кругови Фетел постигна предност од 3,2 секунди, но таа се преполови откако во 14-от круг шампионот влезе во боксот. Потоа предноста пред Хамилтон се зголеми на шест, а по второто влегување во боксот, на десет секунди. Германецот беше во совршена форма и му ја донесе на тимот Red Bull првата победа на австралиската патека. „Трката беше добра“, е билансот на стариот и новиот лидер во шампионатот. „Кон крајот беше смирено, Луис повеќе не притискаше толку силно. Но, не беше лесно. Стартот решаваше и брзо побегнав по чистата линија. Во првиот дел од трката се обидов да го задржам растојанието, но брзо потоа дојде време за менување на гумите. Луис почна

Австралија - Мелбурн

Информации за условите на патеката Датум 27 март 2011 Време (СЕТ) Локално време 17:00 ч. Натпреварувачи Рекорд на трка 1:24.125 min Рекорд на квалификации Временски услови Сонце Температура Влажност 61% Притисок Асфалт 17-23°C Ветер

7 8 6 9 10 5

4

11

12

3

13 2 1

Боксов

и

74 04/2011

16

15

14

08:00 ч. 22 1:23.919 min 17 °C 1.025 mBar 3-5 m/s, југ


Австралија

1.

С. Фетел

25

25

2.

Л. Хамилтон

18

18

3.

В. Петров

15

15

4.

Ф. Алонсо

12

12

5.

M. Вебер

10

10

6.

Џ. Батон

8

8

7.

Ф. Mаса

6

6

8.

С. Буеми

4

4

9.

A. Зутил

2

2

10.

П. ди Реста

1

1

11.

Х. Алгуерсуари

0

-

12.

Н. Хајдфелд

0

-

13.

J. Tрули

0

-

14.

Ж. Д'Амброзио

0

-

15.

Р. Барикело

0

A

16.

M. Шумахер

0

A

17.

T. Глок

0

A

18.

Н. Розберг

0

A

19.

Х. Ковалаинен

0

A

20.

К. Кобајаши

0

D

21.

П. Малдонадо

0

A

22.

С. Перез

0

D

Поз.

Возач

Бодови

Шампионат на возачи

A Возачот не ја завршил трката - D Возачот е дисквалификуван - S Возачот не стартувал

да забрзува, јас влегов во бокс. Тоа беше вистискиот момент.“ По излегувањето од боксот, Фетел се најде токму зад Џенсон Батон, кој се обидуваше на секој начин да му помогне на својот тимски колега да го зголеми водството. Но, Германецот ги искористи брзинската надмоќ и свежите гуми и брзо заврши со болидот на McLaren. Десетина кругови пред крајот Хамилтон го спушти темпото по наредба од тимот, затоа што во лутата трка излета од патеката и го оштети подот на болидот, а со тоа и неговата аеродинамика. Британецот не беше во опасност, затоа што имаше доволно резерва пред болидите зад него. Тимот на McLaren може да

биде сосема задоволен со второто место, кое што никој не го очекуваше по слабите резултати од зимските тестирања. „Можеме да се гордееме. Момците завршија одлична работа, затоа што пред една или две седмици никој немаше да поверува дека ќе возиме барем близу до првата петорка. Затоа сум сосема задоволен со моето второ место“, коментира шампионот од 2008. „Имаме добро темпо, а на моменти му се приближував на Себастијан. Со нетрпение ја очекувам следната трка.“ Озарен во лицето, аутсајдерот Петров коментираше пред камерите: „Многу сум среќен што седам со овие момци. Тимот сработе совр-

РЕЗУЛТАТИ ОД ТРКАТА ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА АВСТРАЛИЈА Поз.

Бр.

Возач

Тим

Круг.

Заостаток

Брзина

1

1

С. Фетел

Red Bull

58

1:29:30.259

206,185

2

3

Л. Хамилтон

McLaren

58

+0:22.297

205,332

3

10

В. Петров

Renault

58

+0:30.560

205,018

4

5

Ф. Алонсо

Ferrari

58

+0:31.772

204,972

5

2

M. Вебер

Red Bull

58

+0:38.171

204,730

6

4

Џ. Батон

McLaren

58

+0:54.304

204,121

7

6

Ф. Маса

Ferrari

58

+1:25.186

202,965

8

18

С. Буеми

Toro Rosso

57

+1 круг

202,312

9

14

A. Зутил

Force India

57

+1 круг.

201,708

10

15

П. ди Реста

Force India

57

+1 круг.

200,631

11

19

Х. Алгуерсуари

Toro Rosso

57

+1 круг

200,440

12

9

Н. Хајдфелд

Renault

57

+1 круг

199,889

13

21

J. Трули

Lotus

56

+2 круг.

196,035

14

25

Ж. Д'Амброзио

Marussia-Virgin

54

+2 круг.

191,813

04/2011 75


Историја 50 години на Jaguar E-Type

Тој нема ниту вистинско име, но тоа не е пречка за дизајнерите дури и денес да се обидуваат да ги преземат неговите линии. Никој не очекуваше толку многу од него, но тој е една од најголемите легенди на четири тркала

Н

ема сомнеж, тој е спортскиот автомобил на минатиот век. Британска тркачка машина што предизвикува забрзување на пулсот кога мажите го здогледуваат, и тоа, дури и половина век по неговото прво појавување на светов. Без разлика дали се работи за родстер или купе изведбата, овој Jaguar ги има мерите од соништата: Бесконечно долга хауба, облини како на бразилска танчерка и моќна пумпа за зовриената крв. На првата серија на EType ѝ беа доволни 265 коњски сили за повеќето спортски автомобили да ги остави зад себе. Пропорциите на каросеријата послужија како пример за многубројни родстери и спортски купеа. Хроничните проблеми со квалитетот и со изработката не оставија ниту една гребаница врз имиџот на иконата на британскиот автомобилизам. E-Type беше најбрзиот модел што дотогаш го имаше произведено Jaguar. Во тоа време никој не се грижеше околу квалитетот. Премногу беше голема возбудата од првиот наплив на суперспортски возила. Оваа декада на брзите и бесни болиди исфрли повеќе славни имиња, како Lamborghini, Iso-Rivolta, De Tomaso или Monteverdi, но секако и Maserati и Ferrari. Во периодот од 14 години во кој што остана во производство, со вкупно 72.529 произведени примероци, E-Type стана најпродаван суперспортски автомобил во историјата. Последната серија од моделот возеше дури и со дванаесетцилиндарец. Во тие години, виткиот двосед веќе одамна се имаше претворено во крстосувач со тежок товар на грбот, како данок на барањата на најголемиот пазар на E-Type, американскиот пазар. Ниту наследникот не се ослободи од товарот: Дебелото купе XJS во 1975 година беше поставено како наследник на благородникот со зависност од брзини, на E-Type. Првото поглавје на историјата на E-Type беше напишано во декември 1956 година. Шефот на Jaguar, Вилијам Лајонс, во тој историски момент го ангажираше дизајнерот Малколм Сејер да развие наследник на застарениот спортски модел XK 120. Најмоќната и најбрза мачка беше замислена како тркачки автомобил што ќе може да се вози

78 04/2011

по нормални улици, па поради тоа главните делови од техниката беа преземени од D-Type, од автомобилот што не заминуваше од трка без да собере дафинов венец. Дизајнерот Сејер ги стави моторот и предната оска во рамката од цевни профили на D-Type и озгора прицврсти монокок од челичен лим. Најпрепознатлив момент во изгледот е хаубата која што не се догледува во


е т ш и н л о д з како мини

04/2011 79


против досада Спасување на сообраќајот во Париз

Неколку десетици илјади автомобили во САД се повикани во сервис. Дефектот кај моделот Mazda 6 е од животинска природа. Пајаците можат да го зачепат резервоарот

П

орано беа велосипеди, сега се автомобили со погон на струја. Од октомври, градот Париз почнува со големиот проект за заедничко користење на автомобили, односно со carsharing, како што вообичаено се нарекува услугата за која што владее растечки интерес на глобално ниво. Целта на проектот е да се растовари сообраќајот во градот и да се постигне почиста животна средина. Од 2007 година, Парижаните ги користат робусните велосипеди бојадисани во сива боја, кои што можат да се изнајмат на 1.500 локации во градот. Градот се надева дека и проектот со трите илјади автомобили со погон на струја ќе наиде на сличен успех. Големата нација не смее да се задоволи со малку: Во светот не постои друг град што ангажира толкав број на автомобили за изнајмување. Единствено е неизвесно дали граѓаните ќе покажат доволен интерес за електричните возила. Заедничкото користење возила сé уште не е толку раширено во француската држава. Се проценува дека за користење на Autolib, како што се нарекува целиот систем на услугата, ќе бидат заинтересирани околу 25.000 жители на Франција. За споредба, во Германија е шест пати поголем бројот на претплатници за услугата на заедничко

Еден автомобил за

15 возачи

користење на автомобилите. Во градот Париз во моментов четири оператори ја нудат услугата на заедничко користење и имаат на располагање вкупно 500 возила. Во блиска иднина, на пошироката територија на градот Париз ќе бидат поставени 1.000 станици за преземање и оставање на возилата. Месечната претплата на услугата на Autolib ќе чини дванаесет

отсега на 10-ти во месецот

следниот број излегува на 10 Maj 2011 82 04/2011

евра. За првиот половина час ќе се плаќа пет евра, а над тој период се зголемува тарифата. Претплатникот кој што во моментот има потреба од автомобил, може да го нарача и преземе во одредена станица и да го остави во која било друга станица во градот, во кое било време. Постои можност корисникот на услугата однапред да резервира паркинг на одредишното место. Како пример за кроењето на услугата е земен германскиот град Улм. Разликата е во тоа што таму не се предвидени фиксни станици за оставање на возилата, туку тие можат да се остават на кое било јавно паркиралиште на територијата на градот. Градоначалникот

на Париз, Бертран Делано, очекува да освои еколошки бодови со возилата со погон на струја. Критичарите, сепак, забележуваат дека електромобилите првенствено ќе се напојуваат со струја која што е произведена во атомски централи. Експертите пресметале дека возило што се користи заеднички заменува 15 приватни возила. Улиците се целосно блокирани за време на сообраќајниот шпиц во Париз. Вкупната должина на сите застои на улиците во градот достигнува 280 километри. Покрај тоа, Парижаните имаат хроничен проблем со недостиг од паркиралишта и мораат максимално да го искористат секој расположлив простор. Градот ќе инвестира по 50.000 евра на станица. Трошоците за возилата и за нивното сервисирање одат на сметка на производителот Bollore. Концернот предвидува трошокот за одржување по автомобил да изнесува 3.000 евра на годишно ниво, вклучувајќи редовно отстранување на трагите од вандализам во возилата. За споредба, секој трет велосипед на градот мора да се поправа секојдневно. Партнерите очекуваат дека инвестицијата во проектот Autolib ќе се врати дури по седум години. �



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.