Auto Focus 45

Page 1

N THE BEETLE VOLKSWAGEвол но голем за новата буба

Само целиот свет е до

и

Број 45 • МАј 2011

ент Истовремено претставување на три контин

AUDI AИ6НА ПОБЕДНИЧКИ ТИП СОјдГобЕраНта бизнис лимузина се разгорува

Битката за на

Автомобилот што му даде нов правец на дизајнот на Citroen тестови SEAT EXEO рдост Националната го

на Шпанија

ЈУБИЛЕЈ НА AMI 6 ФРАНЦУСКОТО ЧУДО ОД ДЕВОЈЧЕ

FIAT DOBLO ици

нема гран Tука просторот

OPEL ANTARA погодува силно како молња

прво возење

Mercedes-Benz SLK

возењето Во емотивна врска со возењето МАј 2011 90 ДЕНАРИ



СОДРЖИНА Број 45 • MAJ 2011

НОВИТЕТИ

16

AUDI A6

50

KIA PICANTO

58

VOLKSWAGEN THE BEETLE

Баварците го покажуваат вистинскиот напредок: Новата лимузина е полесна

Најмалечкиот во понудата добива третман како да е голем. Picanto е препороден

Цел свет е доволен за новата Буба: Истовремена промоција во три метрополи

ТЕСТ И ТЕХНИКА

6

ПРВО ВОЗЕЊЕ MERCEDES SLK

12

ПРВО ВОЗЕЊЕ OPEL ANTARA

32

ТЕСТ FIAT DOBLO 1.3 M -JET

38

TECT SEAT EXEO 2.0 TDI

Кој вели дека Mercedes умее само со лимузини? Родстерите успеваат фантастично

Наследникот на Frontera беше во сенка на Captiva. Фејслифтот дава нова шанса

Комбито располага со толку простор, што може половина да даде под наем

50

Новата генерација на Kia Picanto го менува имиџот од корен и настапува со динамичен дизајн и штедливи мотори со напредна технологија

12

Моќните дизели што од оваа пролет работат под хаубата на Antara ќе го донесат очекуваниот успех на теренецот на Opel

38

Exeo е прв чекор на Seat во средната класа. Лимузината привлекува со цената, но подеднакво и со моќниот и штедлив дизел

Техника од Audi, цени на Seat. Кој уште може да даде ваква неодолива понуда?

44

TECT MITSUBUSHI COLT 1.3

57

КРАТОК ТЕСТ HYUNDAI I10 1.1

Colt 1.3 постигнува два погодока: Тој штеди примерно и вози динамично

Миленикот на жените се појавува со освежен лик и со намалена потрошувачка

TEMA

54

RENAULT ZOE PREVIEW

78

ЈУБИЛЕЈ • CITROEN AMI 6

Французите се сериозни со погонот на струја. Zoe стартува догодина за 20.000 евра

Оригиналниот пристап во развојот на автомобилите се негувал отсекогаш во Citroen

НА ДВЕ ТРКАЛА

62

ТЕСТ • Hamachi New Spirit Кинески скутер со сопствен идентитет

МОТОСПОРТ

74

ФОРМУЛА 1 • ГН НА КИНА Фетел почувствува пораз по повеќе од 200 денови. Победата ја однесе Хамилтон

ДРУГИ СОДРЖИНИ 20 АВТОМОБИЛИ 2014 30 ЦРНО И БЕЛО 64 ПИСМА

64 66 82

ИМПРЕСУМ ЦЕНОВНИК ПРОТИВ ДОСАДА

44 12 54 38 58

MITSUBUSHI COLT 1.3 OPEL ANTARA RENAULT ZOE PREVIEW SEAT EXEO 2.0 TDI VOLKSWAGEN THE BEETLE

АВТОМОБИЛИ ВО ОВОЈ БРОЈ 16 78 32 57 50 6

AUDI A6 CITROEN AMI 6 FIAT DOBLO 1.3 M-JET HYUNDAI I10 1.1 KIA PICANTO MERCEDES SLK


Возевме Mercedes-Benz SLK

во интимна врска со

возењето

Возењето на останатите превозни средства што се` уште се нарекуваат автомобили изгледа како возење автобус во споредба со чувството што се стекнува зад воланот на родстер. Не се сите родстери исти. Некои се подобри од другите

Auto Focus на презентацијата на Mercedes SLK на Тенерифе, Шпанија

Родстерот го презема новиот дизајнерски говор кој што беше воведен со купе лимузината CLS и со суперспортистот SLS AMG. Динамиката се чита во носот на оваа машина за уживање на Mercedes

6 05/2011


Новитет е покривот Magic Sky Control: Затемнетоста на стаклениот панел се менува од целосна транспарентност до стопроцентна брана за светлината. Системот работи како плочест кондензатор. Под дејство на електричен напон, честичките во стаклото се поставуваат во положба во која што светлото може да помине низ стаклото. Кога нема струја, тие се поставуваат во случајна положба и речиси целосно го блокираат патот за светлината.

Ни се допаѓа • Динамични возни својства • Моторот V6 е технички бисер • Доследно почитување на култот на родстерите

Не ни пречи Нема простор за одлагање: Со SLK се патува заради возењето, не заради пристигањето на целта

Не ни се допаѓа • Наесен доаѓа дизелот – тоа го валка имиџот на родстерот • Седиштата се тријат од задниот ѕид во крајната положба

Т

ука важи едно правило. Колку помалку ќе остане од автомобилот, толку повеќе се добива од него. Сé што е неопходно се две седишта, каросерија голема колку да ги собере моторот и тркалата, карданско вратило до задната оска и покрив што се користи повеќе како заштита за седиштата отколку за возачот. Тоа е родстер, тоа е формата која што е ненадмината во непосредното пренесување на возбудата на возењето. Единствено некој лут мотоцикл може да биде уште поубедлив во

пумпањето на адреналинот. Веќе е јасно. Автомобилот е измислен да биде родстер. Сé друго е само компромис. Возењето родстер е доживување, еуфорија во нејзината исконска форма, онаа што секое дете ќе ја почувствува кога за прв пат ќе седне во својот четирицикл на педали и потоа цел живот ќе се обидува да ја повтори и надмине, да ја почувствува во крајниот интензитет. Љубител на автомобили кој што им дава на родстерите приоритет подолу од највисокиот, не може да биде

вистински љубител на автомобили. Во Mercedes ги сакаат родстерите. Не можат да им одолеат. Лудуваат по нив. Дури и иконата на марката со сребрената ѕвезда, неговото височество 300 SL, оној тркач со врати што се отвораат угоре, во 1950-те години беше понуден и во родстерска изведба. Затоа, колку што се Mercedes лимузините од класата Ѕ, толку се Mercedes и родстерите SL. Познавачите знаат да прочитаат Sport и Leicht во кратенката. Тоа значи спортски и лесен родстер. 05/2011 7


Возевме Opel Antara

Auto Focus на презентацијата на Opel Antara во Виена, Австрија

силно како молња Наследникот на Frontera не доживеа слава како облагородена верзија на Chevrolet Captiva. Со два моќни дизели и со неколку нови детали, Opel го почнува следниот круг на освојување купувачи

12 05/2011


Надворешните промени тешко се забележуваат на прв поглед. Без разлика, Antara и натаму има препознатлива појава

Ни се допаѓа • Возачите без тркачки аспирации ќе уживаат во комфорот • Дизелот работи исклучително смирено • Елегантна појава, без лажни цитати на робусен теренец

Не ни пречи Тоа што Chevrolet Captiva, со идентична техника се продава поевтино: Знакот на Opel подразбира престиж во овој случај

Не ни се допаѓа • Недостига печатот на Opel во кокпитот • Моторите не располагаат со дополнителни системи за штедење • Погонот 4х4 е недостапен со основното ниво на опрема

П

остоеја времиња кога марката од Риселсхајм беше големо име меѓу теренските возила. Славната Frontera од 1990-те години, изведена од јапонскиот Isuzu Amigo, напиша големо поглавје во историјата на Opel. Познавачите на марката долго време чекаа да го видат наследникот на Frontera. Tој конечно се појави како Antara во 2006 година, односно по цели две години откако Opel остана без теренец во понудата, по прекинот на производството на втората генерација на Frontera во Британија

на крајот на 2003 година. Во Opel е сигурно тешко да се признае, но конкуренцијата што ја имаа под сопствениот покрив, од теренецот на Chevrolet, секогаш беше поуспешна во освојувањето на купувачите. Но, се чини дека работите можат да се променат од корен по штотуку извршеното моделско освежување и Opel може конечно да се надева дека ќе одгризе поголемо парче од растечкиот колач на спортските теренци. Германците ги заменија старите дволитарски турбодизели со 2,2-литарски мотори, со силина од 163

и 184 КС. Со тоа, Antara сега може да им се обраќа и на купувачите со поголеми барања. Послабата од двете верзии, која што ја возевме во комбинација со лесен и прецизен мануелен менувач со шест степени, се движи тивко и повлекува доволно убедливо. Сето тоа функционира уште подобро во посилната верзија, која што ја добивме со новиот шестстепен автоматски менувач. Предноста на моторот со 184 КС се огледува пред сé при брзо темпо на автопат, кога тешкиот теренец забрзува небаре е спортски компакт.

Во основата, погонската спрега е истата од Chevrolet Captiva, која што ја возевме во австрискиот Тирол во февруари. Штедливоста треба да е значително подобрена со новите мотори. Фабриката ветува просек од 6,3 литри за послабата машина, односно три децилитри повеќе за посилната верзија, која што секогаш се добива во комбинација со погон на сите тркала. Покрај дизелите се нуди и 2,4-литарски бензинец со 167 КС, за кого што Opel очекува да учествува во продажбата со десетина проценти. 

05/2011 13


новитети Audi A6

Н

е е спорно дека Audi крои едни од најубавите автомобили, но и технолошки најнапредните. Слоганот „Напредок низ техника” не е рекламен трик. Во оваа фраза се сокрива сржта на марката. Новиот Audi A6 доаѓа како потврда. Најголем напредок е постигнат во смалувањето на тежината. Драстична диета е применета за сите компоненти, од браник до браник. Во зависност од изведбата и опремата тој е полесен од претходникот до 80 килограми,

во корист на штедливоста. Audi дава просек од 4,9 l/100 km за 2.0 TDI со 177 КС и со погон напред. Успехот на развојниот тим ќе го круниса A6 Hybrid кој ќе дојде в година и во просек ќе троши 6,2 l/100 km бензин. Податоците за потрошувачката мамат, ако се има на ум дека се работи за лимузина од 4,92 метри. Ефикасноста важи за сите мотори на А6, почнувајќи од 2.0 TDI и бензинецот 2.8 FSI со 204 КС, преку дизелот 3.0 V6 TDI со 204 и 245 КС,

до турбото 3.0 V6 TFSI со 300 КС. Просечната потрошувачка на целата гама е смалена за 19 проценти. Модернизирањето оди во насока на помал внатрешен отпор на триење кај моторите и менувачите: Мануелниот со шест степени, автоматикот со континуиран пренос Multitronic и спортскиот S Tronic со две спојки и седум степени. Се користи и систем за термален менаџмент, со задача да обезбеди идеална распределба на топлината меѓу моторот, трансмисијата и

кабината. По ладен старт брзо се постигнува работна температура благодарение на пумпата за вода која во таа фаза се исклучува отсекувајќи го моторот од системот за ладење. Ова важи за послабиот дизел и за бензинците. Дизелот 3.0 TDI користи одвоен систем за ладење на блок и глава на мотор, кој при ладен старт го отсекува од системот за ладење само блокот. Овој систем ја намалува потрошувачката за 0,1 l/100 km. Дополнителни 0,4 l/100 km заштедува и системот

N Напредокот низ техника го открива лутиот поглед на светлата LED кои претставуваат техничко и дизајнерско ремек дело и го менуваат обликот на зракот зависно од условите на патот

16 05/2011


старт стоп. Штеди и системот за регенерација на енергија кој преку алтернаторот ја претвора кинетичката енергија во електрична и го полни акумулаторот. При повторно забрзување вишокот го снабдува електричниот систем со што се растеретува алтернаторот. Заради тоа моторот не мора да жртвува многу од својата силина за да произведува струја. Грижата за штедење не се одразила врз возната динамика и перформансите. А6 влече корист од

системот Audi Drive Select и од најновата еволуција на погонот Quattro со крунест централен диференцијал, преку кого вртежниот момент се распределува варијабилно меѓу предната и задната оска зависно од тракцијата. Во нормални услови, распределбата е 60:40 во корист на задната оска, заради поспортски возни својства. Со доплата се добива спортски заден диференцијал, кој пак, варијабилно го распределува вртежниот момент меѓу тркалата. Реагира побрзо и

попрецизно од ESP и буквално го турка автомобилот во свијок со префрлање на вртежниот момент на надворешното тркало, некогаш и до 100 проценти. Верзиите со погон напред имаат самоблокирачки диференцијал врзан со ESP. Доколку во свијок пролизга внатрешното погонско тркало, нежно се активира сопирачката и го забавува, префрлувајќи го вишокот на вртежен момент на надворешното со што ја подобрува стабилноста. Понатаму Audi ќе го додаде и варијабилното

управување кое го менува преносниот однос во зависност од брзината. Системите за возна динамика работат во совршена симбиоза со шасијата. Петте водилки по тркало одвоено ги прифаќаат надолжните и напречните напрегања обезбедувајќи спортска прецизност кај управувањето. Задната мултилинк оска со одвоени пружини и амортизери е врзана за каросеријата преку хидраулични лежишта за поголем комфор. Опција е приспособлива

t o i v a b u j Na а дели на Audi A6 наградат до ја му т ои тр Де во то Жири д награда за дизајн на ре по а ет тр е а Ов n. sig EyesOn De ше прогласен Audi бе в ба ју на за ни Ла т. ои Audi во Детр R8 V10 A8, а во 2009 година Audi

Прифати Поставува високи технички стандарди и е репер за квалитет

Откажи Доколку целта не е импресионирање на бизнис партнерите, сосема е доволен и A4

Побарај друго BMW Серија 5, Mercedes Класа Е

05/2011 17


Тест Fiat Doblo 1.3 M-Jet Dynamic Ни се допаѓа • Талентот за извршување на сите задачи • Управливост на компактна комбилимузина • Лесната и брза трансформација на кабината

Не ни пречи Слабото повлекување на моторот при ниски вртежи: 1.3 M-Jet надоместува со штедливост, а кој сака плус моќност го има 1.6 TDI со 290 Nm со доплата од 1400 евра

Не ни се допаѓа • Едноделниот заден капак е непрактичен • Недостига вистинско местење на возачкото седиште • Дебелите средни столбови ја попречуваат прегледноста

32 05/2011

Тука пр

нема

т. сведува на просторо се o bl Do ј ка на аз Целата прик безгранично На многу простор, на вата многу простор. Во но то комби доби генерација, семејно ичка лимузина и квалитети на патн


ТЕСТ-ОЦЕНИ

росторот

крај

 Добро  Просечно  Лошо

ВО ВОЗЕЊЕ

Вредности

Перформанси 0-100 km/h [s] Крајна брзина [km/h]

14,9 156

Тежина Празно возило/Дозволено [kg]

1370/-

 ВО ГРАД Со седењето на високо и со огромните стакла се добива одлична прегледност во сообраќајот, што придонесува за релаксирано чувство во возењето; Моторот бара вртежи за да се најде врска со следниот степен на пренос; цврста каросерија, комфорна амортизација.

 НА ПАТ Замената на листестите пружини со спирални и двојните водилки во задната оска придонесоа за значително подобрување на возните својства; задоволителна управливост и пристојна динамика на возење, условена со високи вртежи на моторот.

 НА автоПАТ Добрата аеродинамика овозможува лесно одржување на постојано темпо; амортизацијата не реагира пречувствително на нерамнините во подлогата; ненападен звук од моторот и од струењето на ветрот; нагорнините му го одземаат здивот на 1,3-литарецот.

 перформанси

Иако вртежниот момент нуди максимум уште на 1.500 вртежи, моторот бара високо ниво на вртежи за да постигне вообичаена динамика; слаба еластичност.

комфор

Оцена

Звук Во град На пат

На автопат

Звук Куси нерамнини Долги нерамнини

Во град/На пат

/ 

Префрлувањето на спирални пружини и просторна задна оска придонесе и за комфорот во возењето; задоволителна култивираност до 3.000 вртежи.

технички податоци Мотор

4 цил., т. дизел, 4 вентили

Зафатнина

1248 cm3

Силина

90КС/4000 min-1

Вртежен момент

200Nm/1500 min-1

Погон

на предни тркала

Пренос

5 степени, мануелен

Управување

хидр. серво

Круг на вртење

11,2 m

Гуми

195/60 R16

Сопирачки нап./наз.

вент. диск, барабан

ABS/ESP Водење на тркалата нап.

•/-

Водење на тркалата наз.

полукрута оска

мекферсон

05/2011 33


Тест Seat Exeo 2.0 TDI Style

ТЕСТ-ОЦЕНИ

 Добро  Просечно  Лошо

ВО ВОЗЕЊЕ

Вредности

Перформанси 0-100 km/h [s] Крајна брзина [km/h]

9,2 214

Тежина Празно возило/Дозволено [kg]

1430/1990

 ВО ГРАД Рамномерното повлекување на моторот и високиот вртежен момент обезбедуваат релаксирано возење; прецизен менувач; просечен круг на вртење; просечна управливост при маневрирање со ниска брзина и при паркирање – можност за доплата за Сервотроник

 НА ПАТ Сложената конструкција на подвозјето ги докажува сите квалитети на кривулести патишта, дополнително нудејќи му на возачот релаксираност и комфор во возењето; безбедни и динамични возни својства; убедлива моќност на моторот.

 НА автоПАТ Лимузината ужива во патно темпо, со звукот од работата на моторот целосно потиснат во заднина од струењето на ветрот; релаксирачки 2.000 вртежи на моторот при темпо 120 во највисокиот степен на пренос; враќање степен при престигнување е непотребно.

 перформанси

Субјективно, дволитарецот остава впечаток како да има повеќе од 143 КС; лесно забрзување и над 3.500 вртежи; исклучителна еластичност на моторот.

комфор

Оцена

Звук Во град На пат

На автопат

подвозје Куси нерамнини Долги нерамнини

Во град/На пат

/ 

Согласно динамичниот карактер на возилото, подвозјето работи релативно стегнато, но без преголемо жртвување на комфорот во возењето; тивок мотор.

технички податоци Мотор

4 цил., т. дизел, 4 вентили

Зафатнина

1968 cm3

Силина

143КС/4200 min-1

Вртежен момент

320Nm/1750 min-1

Погон

на предни тркала

Пренос

6 степени, мануелен

Управување

хидр. серво

Круг на вртење

11,2 m

Гуми

205/55 R16

Сопирачки нап./наз.

вент. диск, диск

ABS/ESP Водење на тркалата нап.

•/•

Водење на тркалата наз.

мултилинк

38 05/2011

мултилинк


Името на првата лимузина на Seat од средната класа верно го отсликува карактерот на возилото. Exeo е најдоброто што како сериски автомобил ни го нуди шпанската индустрија, тој надминува се` друго

Шпанија Ни се допаѓа • Благородниот карактер на возилото • Убедлива моќност на моторот • Супериорна опременост во Style

Не ни пречи Отсуство на старт-стоп и препорака за промена на степен на пренос: Моторот веќе постигнува завидна штедливост

Не ни се допаѓа • Потреба од доплата за светол ентериер, фиоки, отвор за скии во Style • Тежината на управувањето при маневрирање со ниска брзина • Средишниот дисплеј не ги прикажува информациите за радиото

05/2011 39


Тест MITSUBUSHI COLT 1.3 INFORM

ТЕСТ-ОЦЕНИ

 Добро  Просечно  Лошо

ВО ВОЗЕЊЕ

Вредности

Перформанси 0-100 km/h [s] Крајна брзина [km/h]

11,0 180

Тежина Празно возило/Дозволено [kg]

1015/1430

 ВО ГРАД Лесна управливост во град, меѓу другото резултат и од пониската тежина и покомпактните димензии во споредба со конкурентите; левиот столб повремено пречи при вртење влево; погонската спрега лесно прифаќа работа со ниски, односно штедливи вртежи.

 НА ПАТ Лесната управливост станува уште повпечатлива на отворен пат, со кривулести и брзи свијоци; во споредба со претходникот, подобрена повратна информација во воланот; широко гранично подрачје и високо поставена граница на стабилност; безбедни возни својства.

 НА автоПАТ Моторот го одржува темпото 120 со вообичаени 3.500 вртежи во петтиот степен; мек, пријатен и тивок звук од работата на моторот; високата еластичност и во последната третина од работното подрачје дозволува лесно забрзување и престигнување на автопат.

 перформанси

Рамномерно повлекување до 3.000 вртежи и убедливо забрзување во подрачјето до 4.000 вртежи; прифатлива еластичност на моторот при средни вртежи.

комфор

Оцена

Звук Во град На пат

На автопат

подвозје Куси нерамнини Долги нерамнини

Во град/На пат

/ 

Лесното потскокнување на предните тркала на набори во асфалтот е неизбежно за класата; во целина, прифатливо ниво на комфор и доволен патен карактер.

технички податоци Мотор

4 цил., бензин, 4 вентили

Зафатнина

1332 cm3

Силина

95КС/6000 min-1

Вртежен момент

125Nm/4000 min-1

Погон

на предни тркала

Пренос

5 степени, мануелен

Управување

ел. серво

Круг на вртење

10,8 m

Гуми

195/50 R15

Сопирачки нап./наз.

вент. диск, диск

ABS/ESP Водење на тркалата нап.

•/•

Водење на тркалата наз.

торзиска оска

44 05/2011

мекферсон


со едно полнење Јапонците сакаат да го постигнат недостижното со 1,3-литарецот во Colt. Тој треба да штеди и подеднакво да убедува во моќта на неговите 95 КС. Дополнителен квалитет е цената

Ни се допаѓа • Противвредноста на возилото • Чувството во возењето • Штедливоста на моторот

Не ни пречи Генерацијата 2004: Само 35 проценти од возилото останаа непроменети по фејслифтот

Не ни се допаѓа • Мал багажник • Отсуство на меморија во предните седишта • Ограничена прегледност од предните столбови

05/2011 45


Новитети Kia Picanto

малечкото

порасна

а станува збор Во носот на возилото се гледа јасно дек делот. Picanto за Kia, но никој нема да погоди кој е мо та. го промени стилот и ја потстегна техника раат Сигурно е дека и цените нема да разоча

Н

овиот Picanto e од темел нов модел, со карактер што значително се разликува од претходникот. Додека првата генерација на Picanto, со која што Kia дебитираше во сегментот на градските возила, повеќе оставаше впечаток на пристоен и кроток автомобил, новакот изгледа зрел и самоуверен, со моќниот и препознатлив дизајн. Планот на Kia со новиот модел е да ја дефинира одново позицијата во глобални рамки и да продолжи да ја зголемува продажбата во сегментот. За прв пат Picanto се нуди и во верзија со три врати. Со задните столбови, браниците и маската, оваа спортска варијанта ги нагласува линиите на малечкиот автомобил и го прави интересен за поширок круг на купувачи. Kia очекува дека секој

50 05/2011

трет примерок од Picanto продаден на глобалниот пазар ќе биде од верзијата со три врати. Продажбата во Европа стартува уште во овој месец, додека верзијата со три врати доаѓа наесен. Европскиот тренд на префрлување во помали автомобили предизвика растечки интерес за моделите од најниските сегменти на пазарот. Новите купувачи имаат и построги барања. Главниот дизајнер на Kia, Петер Шрејер, заедно со неговиот тим, реагираше навреме на оваа трансформација и со новиот Picanto постави нови стандарди во класата. Изгледот на Picanto оддава впечаток на квалитетен производ, кој што значително го надминува досега понуденото во класата. Однапред, Picanto личи со Venga и Sportagе. Сите тие го имаат типич-


Главните разлики во споредба со претходникот • Промена на карактерот: Зрел настап со динамичен стил и со тигарскиот нос на Kia • За прв пат се нуди верзија со три врати, со спортски стил • Каросерија подолга за 6 cm, плус од 1,5 cm во меѓуоскиното растојание и аеродинамика подобрена од 0,34 на 0,31 • Поголема кабина со 36 mm повеќе простор за нозете напред, багажник зголемен на 200 литри • Нови ставки во опремата, како комфорни трепкачи, ЛЕД трепкачи во ретровизори, собирање на ретровизори со електрика, автоматика за светла • Помош при поаѓање на нагорнина во повисоките нивоа на опрема • Приспособливо стоп светло, воздушни завеси, воздушна перница за колената на возачот • Поцврста, но полесна каросерија, благодарение на челик со висока цврстина • Три нови и штедливи мотори, по желба со систем старт-стоп • Ново дотерано, покомфорно подвозје • Круг на вртење намален од 9,95 на 9,8 метри

Од скромно автомобилче за град, Picanto се трансформираше во дизајнерска авангарда. Одушевува и зрелоста на возилото

Прифати Затоа што почитува врвни стандарди во сите подрачја

Откажи Доколку возило од оваа класа се планира како долгорочно решение

Побарај друго Chevrolet Spark, Citroen C1, Renault Twingo

05/2011 51


r a b o pred Новитети Renault Zoe Preview

ист за да не биде

. е не е единствениот Zo ? те ти ен ур нк ко т и Што ќе реча ult ќе извади уште тр До 2012 година Rena струја. модели со погон на ее многу повеќе Овој автомобил ум зи на струја отколку само да во

К

аросеријата на Zoe воопшто не морало да биде толку долга. Електромоторот со чија што помош се движи Zoe не бара толку многу простор колку моторите со внатрешно согорување што ги имаме во денешните автомобили и повеќе нема потреба хаубата да биде толку долга и толку висока. Но, дизајнерите намерно решија да ја задржат нормалната должина и изглед, за автомобилот да не се разликува од останатите автомобили, поголеми, но и со постари сфаќања од него. Zoe треба да личи колку е можно повеќе како обичен автомобил, за да не биде премногу добар. Народот не треба да се плаши од овој автомобил, туку да го обожува, затоа што тој ја носи иднината. Немало потреба да се менува ништо и во положбата на седење и во просторното чувство во кабината на Renault Zoe, чија што должина на каросеријата изнесува 4,1 метри. Внатре има место за четири патници, седнати удобно на новата генерација седишта, кои се потенки, но ја нудат истата поддршка колку и денешните тешки и дебели седишта. Електромобилот Zoe не се разликува и во големината на багажникот. Со волуменот од 292 литри, тој собира исто толку багаж колку и Renault Clio. Ракувањето со возилото и стартувањето на погонот е уште поедноставно отколку во конвенционалните модели. Во основа, сé е исто како кај Toyota Prius. Се притиска копчето за контакт, менувачот се става во D и возењето може да почне. Разликата со Prius е во тоа што Zoe ќе вози на

54 05/2011

струја и по неколку минути од стартувањето. Покрај тоа, менувачот повеќе би требало да се гледа како бирач на насоката на возење, затоа што погонот на струја нема потреба од повеќе степени на пренос. Доволен е само еден степен, поради полниот вртежен момент кого што електромоторот го испорачува уште од првиот вртеж на неговиот ротор. На возачот му стојат на располагање моќност од 82 КС и вртежен момент од 222 њутнметри. Тоа е моќ споредлива со VW Polo 1.6 TDI, кој послужува 90 КС и 230 њутнметри. Соодветно на тоа, прототипот на идниот сериски модел се однесува и во сообраќајот. Сериската верзија на Zoe е предвидено да се појави на пазарот во 2012 година и таа ќе забрзува до сто километри на час за околу осум секунди. Тоа е добар знак дека совршеното еколошко возење и уживањето зад воланот не мораат да се судираат

Мултиталентиран уред за климатизација Покрај контрола на температурата, клима-уредот во Zoe Preview има дополнителни функции чија што цел е да го направат престојот на патниците во возилото попријатен. Тука спаѓа сензорот, кој што реагира на нечист воздух и автоматски го затвора доводот на воздух. Електричен систем испушта етерични масла по желба и по потреба. Овие миризби што го ублажуваат стресот се мошне добдедојдени по напорниот работен ден. Постојат и специјални супстанци за зголемување на концентрацијата при ноќно возење. Патниците можат да изберат музика која што одговара за секој од различните мириси во кабината. Пријатното чувство го создава и светлото кое што зрачи од средишниот монитор во таблата со инструменти.


r

Со малите потреби од простор на електричниот погон, должината на каросеријата можеше да биде и покуса, но стратезите на Renault решија да останат во вообичаените рамки, за купувачите да не се сомневаат во Zoe

Димензии Должина Ширина Висина Меѓуоскино растојание Ширина на трага напред/назад Тежина Големина на багажник Погон Мотор Моќност Вртежен момент Батерија Досег Брзина

4086 mm 1788 mm 1540 mm 2575 1578/1578 1392 292 L Синхронен електромотор 60 kW (82 КС) 222 Nm Литиум јон 160 km 135 km/h, електронски ограничена

Светлечки диоди во осветлувањето на Zoe заради енергетска економија, но и заради впечатокот за висока технологија

ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО: ЛИТИУМ-ЈОН БАТЕРИЈА ЦЕЛ БАТЕРИСКИ ПАКЕТ Литиум-јонскиот акумулатор е резервоарот на електричното возило. Тоа е составено од основнио единици, наречени модули, кои што се комбинирани во зависност од потребата од капацитет и од архитектурата на возилото.

Прифати

Батериски пакет од 2 х 24 модили со капацитет од 20 киловатчасови

Електрични потрошувачи Напон Напон во ќелија: 3,7 волти Сепаратор Анода

Затоа што електричниот погон ќе стане секојдневие за многу кусо време

Откажи Затоа што Македонија ќе се свести предоцна за новиот вид на погон

Побарај друго И Clio е сосема во ред, со моќен печат на Renault и со стариот добар погон

Литиум-јон

Катода

Електролит

ЌЕЛИЈА МОДУЛ Секој модул се состои од 4 батериски ќелии, во кои што се одвиваат реверзибилни електрохемиски реакции, овозможувајќи производство на електричен напон (празнење на батеријата) или складирање на енергијата (полнење на батеријата)

Користење: Литиумските јони се движат од анодата кон катодата. Оваа реакција предизвикува движење на електроните (електричен напон) во напојувачкиот круг. Полнење: Се случува спротивна реакција.

05/2011 55


Новитети Volkswagen New Beetle

О

ваа марка го направи најуспешниот автомобил на сите времиња, без воопшто да му даде име. Но, зошто би било потребно друго

име? Тоа беше Volkswagen, народниот автомобил. Луѓето од сите континенти го сакаа автомобилот и му даваа имиња соодветни на неговиот изглед: Кефер, Битл,

Новата Буба не сака да има ништо заедничко со претходникот. Затоа го промени и името од New Beetle во The Beetle. Само една е Буба!

Вочо, Кочинеле, Фуска, Маџолино, и секако, Буба! Легендата на четири тркала се продаде во 21,5 милиони примероци. Потоа бубата се реинкарнираше. Од 1998 годи-

на до лани, New Beetle најде еден милион обожуватели. Пролетва започнува иднината на најпознатиот автомобил на сите времиња. Тој сега има и

скока по

Бубачката 58 05/2011


Самото појавување на нова генерација на Буба е спектакл. Но, Volkswagen умее да му оддаде почит на својот легендарен модел и му организираше паралелна премиера на три континенти. Заслужено

име, тој е The Beetle! За соодветно да го симболизира глобалното значење на моделот, Volkswagen одржа паралелна премиера на The Beetle на три континенти: Во

Шангај, Берлин и Њујорк. Богата е историјата што ја раскажува New Beetle. Само тој што најдобро ја познава оваа историја, може да качи на тркала нова

овторно

генерација од моделот. На инженерите им беше сосема јасно дека е потребно да направат автомобил со напредна технологија, но со достапна цена, кој не поставува

загатки и ги интегрира комуникациските технологии на нашето време исто како и грижата за зачувување на животната средина. Секако, уживањето во возењето

Личната карта на моделот

Име: The Beetle Светска премиера: 18 април 2011 Почеток на продажба во Европа: Октомври/ноември 2011 Карактер: Икона Нивоа на опрема: Beetle, Design, Sport Спектар на моќност: од 105 до 200 КС Најниска потрошувачка: 4,3 литри на сто километри Mотори: Бензинци 1.2 TSI, 1.4 TSI и 2.0 TSI, дизели 1.6 TDI и 2.0 TDI, сите со Euro 5 Прво појавување на Буба: 1938 Прво појавување на New Beetle: 1998 Досега продадени примероци: преку 22,5 милиони Дизајнери: Валтер де Силва (концерн), Клаус Бишоф (марка), надворешност Марк Лихте, Крис Лесмана и Нисан Куцам, внатрешност Томаж Бакорски и Инго Брикман, бои и материјали Она Шеперс и Сузане Геркен Надворешни димензии: Должина 4,28, ширина 1,81, висина 1,49 и меѓуоскино растојание 2,54 метри Багажник: 310 литри

05/2011 59


Мотоспорт Формула 1 • Трка за Големата награда на Кина

С

ебастијан Фетел немаше претрпено пораз цели 203 денови, но на трката за Големата награда на Кина заврши и тоа. Во трката одбележана од безбројни престигнувања, Луис Хамилтон го изведе решавачкиот маневар на само четири и пол кругови пред крајот и со тоа ја прослави првата победа по Спа во минатиот август. Денот не почна најсреќно за пилотот на McLaren, затоа што поради протекување на горивото мораше да се појави на стартот без капакот на моторот. Хамилтон се појави на патеката само половина минута пред затворањето на боксовите и се спаси од старт од последното место. „Неверојатно е тоа што одам дома со победа“, среќен е Хамилтон, кој речиси и не беше свесен за драмата пред стартот. „Не знам што се случи. Најважно беше да изгледам спокојно, во спротивно моето нетрпение ќе влијаеше врз механичарите. За среќа, навреме се појавивме на стартот.“ Одлична трка ни приреди Марк Вебер, на кого што тимот му скрои подобра стратегија од Фетел и од 18-то се најде на третото место, со 2,3 секунди зад најбрзиот. Четврти беше Џенсон Батон, петти Нико Розберг, а шести Фелипе Маса, сите во интервал од 15 секунди и сите освен Вебер со круг во водство. Red Bull ја изгуби трката уште во првите метри, затоа што Фетел, кој

Фетел загуби од

Хамилтон Победата во Шангај можеше лесно да им припадне на Себастијан Фетел или на Нико Розберг, но на крајот победи Луис Хамилтон. Спектакуларно престигнување ни приреди Марк Вебер на квалификациите беше најбрз со седум десетинки предност, мораше уште пред првиот свијок да ги пропушти Батон и Хамилтон. Виновник за тоа беше системот KER. За кусо време се издвоија две групи. Двата болида на McLaren на врвот и Фетел, сите во интевал од две секунди, зад нив Розберг и двата болида на Ferrari, кои што одвај успеваа да го следат темпото. Меѓу овие шест возачи требаше да се решава победникот, и тоа пред сé врз основа на тактиката. Правилото на трката гласеше: Кој ќе влезе прв, победува! „Во првиот стинт можев подолго да останам на патеката, затоа што гумите ми беа добри, но каква е користа од тоа? Гумите треба да се сменат колку е можно по-

рано“, објаснува Фетел. Предноста од свежите гуми може во одреден случај да донесе повеќе од една секунда по круг и со тоа да доведе до поместувања на позициите. Тоа го искористи Розберг, кој што во дванаесеттиот круг како прв фаворит влезе во боксовите. Два круга подоцна Фетел го престигна Хамилтон и по неколку метри

Кина - Шангај

Информации за условите на патеката Датум 17 април Време (СЕТ) Локално време 15:00 часот Натпреварувачи Рекорд на трка 1:32,238 min Рекорд на квалификации Временски услови Облачно Температура Влажност 26% Притисок Асфалт 27-30°C Ветер

1

2

3

5

4

6 7

8 Pi t Lane

15 14

74 05/2011

16

9

10

12

11 13

09:00 часот 24 1:34,012 min 22 °C 1.006 mBar 1 m/s, запад


Поз.

Возач

Бодови

Австралија

Малезија

Кина

Шампионат на возачи влезе во боксот, каде што го најде водечкиот Батон. Британецот по грешка запре во боксот на Red Bull, со тоа загуби една до две секунди и на Фетел му го подари водството – така, барем, се чинеше. Во двата круга Розберг доби толку време што одненадеж се најде со пет секунди водство пред Фетел. Но, Mercedes не продолжи со стратегијата и со влегувањето во бокс во 38-от круг ја изгуби водечката позиција. Хамилтон го престигна Германецот, кој потоа доби порака од тимот дека „горивото е критично“ и падна на петтото место. Разочарувањето на Розберг беше сосема очекувано. „Денес можевме да постигнеме многу повеќе. Ова беше лоша трка, поради мене, поради тимот, поради сите што работеа. Мала утеха е тоа што водев во трката“. Спортскиот шеф на Mercedes, Норберт Хауг го разбира Нико: „Тој беше кандидат за подиумот, но моравме да го штедиме горивото, затоа што имавме подобра брзина од очекуваното. За жал, потрошувачката може да се пресмета само по тренингот, а проблемот е во тоа што ние бевме многу побрзи“. Кога Батон ја отвори серијата на второ влегување во боксот во 24-от

1.

С. Фетел

68

25

25

18

2.

Л. Хамилтон

47

18

4

25

3.

Џ. Батон

38

8

18

12

4.

M. Вебер

37

10

12

15

5.

Ф. Алонсо

26

12

8

6

6.

Ф. Mаса

24

6

10

8

7.

В. Петров

17

15

-

2

8.

Н. Хајдфелд

16

-

15

-

9.

Н. Розберг

10

А

-

10

10.

К. Кобајаши

7

D

6

1

11.

M. Шумахер

6

A

2

4

12.

С. Буеми

4

4

-

-

13.

A. Зутил

2

2

-

-

14.

П. ди Реста

2

1

1

-

15.

Х. Алгуерсуари

0

-

-

A

16.

J. Tрули

0

-

A

-

17.

Р. Барикело

0

A

A

-

18.

Ж. Д'Амброзио

0

-

A

-

19.

Х. Ковалаинен

0

A

-

-

20.

T. Глок

0

A

-

-

21.

С. Перез

0

D

A

-

22.

П. Малдонадо

0

A

A

-

A Возачот не ја завршил трката; D Возачот е дисквалификуван; - без бодови на целта

Red Bull ја изгуби трката уште во првите метри затоа што Фетел, кој што стартуваше од првата позиција, мораше да попушти во битката со Батон и Хамилтон. Во тимот сметаат дека вината за тоа лежи во техниката

05/2011 75


Историја 50 години на Citroen Ami 6

o v e d

Марката ја познаваме по необичните автомобили. Еден од нив е Citroen Ami 6, кој што пред половина век им понуди оригинален и препознатлив автомобил на широките народни маси

К

ое е омиленото дело на Фламинио Бертони, на тој подеднакво генијален и ексцентричен прв човек на дизајнот во Citroen? Тоа е лесно, тоа мора да е легендарната божица на француската марка, DS. Но, не е. Пред точно половина век се појави помладата сестра на DS, со име Ami 6. Тоа беше најголемата гордост на Бертони! Со задното стакло легнато под обратен агол, Ami 6 ги постави темелите на линијата Z и повлече бран што многумина од конкурентите набрзо почнаа да го следат. Со храбриот и контроверзен изглед на возилото, Фламинио Бертони немаше намера да побудува дизајнерска револуција, туку послушно ги почитуваше упатствата на генералниот директор Пјер Беркот: Лимузина со четири врати, со должина од четири метри, со голем багажник и со доволно простор за глава на задната клупа, со потенцијал да стане најпродаван модел во долната средна класа. Необично дизајнираниот Ami 6, не само што ги исполни, туку и ги надмина сите овие барања. Во приближно тоа време, истото му успеа и на Ford Anglia, на англискиот ривал со дизајн Z, кого што денес го познаваме главно од филмовите за Хари Потер. Големата филмска слава му остана туѓа на Ami 6, но затоа оваа лимузина со техника блиска до Citroen 2CV, во 1966 година се најде на првото место на најпродаваните автомобили во Франција. Во светот се продадоа преку еден милион примероци од малиот пријател Ami 6. Кога името на моделот ќе се изговори на француски, тоа звучи како La missis, односно госпоѓица. Токму во Англија, ексцентричната госпоѓица стана најголемото историско промашување на Citroen. Ситуацијата се поправи кога во 1969 година се појави стилски измазнетиот Ami 8, како наследник на француската госпоѓица. Во девет години, осумката се продаде во 800.000 примероци. Во оваа бројка влегуваат и 267-те примероци од експерименталното купе М 35, задвижувано од едноцилиндарски ванкел мотор со 49 КС. Покрај дизајнот, новиот модел на Citroen наменет за младите семејства и за средниот социјален слој беше необичен и со техниката. Со помош на техниката, француското

78 05/2011

Овој изглед произлезе од налогот што Фламинио Бертони го доби од шефот Беркот: Лимузина од четири метри, со четири седишта, со голем багажник и многу простор за глава на задната клупа


e ~ j o Франц

д о о д у уското ч

Ami 6 е буквално легенда меѓу легендите, во средина меѓу DS и 2CV

Мисијата Меѓу евтиниот 2CV и престижниот DS остана голема празнина и недостигаше соодветен автомобил за растечкиот среден економски слој на граѓани. Другите француски марки веќе реагираа: Renault Dauphine, Peugeot 203, Simca Aronde Peugeot 203

Renault Dauphine

Simca Aronde

Премиерата Конкурентите видоа силен противник во Ami 6, но ја открија и слабата точка. Ламарината дебела 0,5 милиметри лесно се виткаше и конкурентите испраќаа свои луѓе божем ненамерно да го потпрат задникот на возилото. Во серија се користеше ламарина од 0,7 mm

Заслугите Ami 6, во двете каросериски изведби, беше најпродаван модел во Франција

во 1966 година, со 180.085 примероци. Комбито Break му конкурираше на Renault 4, нудејќи повеќе комфор и практичност

Бројките Од 1 април 1961 до 31 август 1969 година се произведоа вкупно 1.039.384 примероци од Ami 8. Од тоа, 551.880 примероци отпаѓаат на комбито со ознака Break, додека 483.986 на класичната комбилимузина. Од комбито се произведоа и 3.518 примероци во доставна изведба. 05/2011 79



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.