Број 41 • Јануари 2011
MERCEDES SLK HYUNDAI VELOSTER
TADOR LAMBORGHINI AVEN
+
2011 t aveo chevrole
audi A6
E RANGE ROVER EVOQU
BMW 1 M COUPE
SEAT IBIZA CUPRA
Родена да биде Bocanegra Тест
СЛЕДНИОТ ГОЛЕМ CHEVROLET ЗА
15.500 €
КОИ СЕ НАЈКВАЛИТЕТНИТЕ АВТОМОБИЛИ
ИНТЕРВЈУ СО
ЏЕЈСОН ВУИЌ
АВТОР НА КНИГАТА ЗА YUGO
VOLVO S60
ПРОТОТИП ПОБЕГНАТ НА УЛИЦА
ВИСТИНСКАТА
ПРИКАЗНА
ЗА YUGO
ВО АМЕРИКА
јануари 2011 90 ДЕНАРИ
T E L O R V E CH ORLANDO
ЕКСПЕРТИТЕ НА DEKRA ОТКРИВААТ
СОДРЖИНА Број 41 • ЈАНУАРИ 2011 НОВИТЕТИ
6
СИТЕ НОВИ МОДЕЛИ ВО 2011
КАЛЕНДАР НА НОВИТЕТИ на страниците 42-43 +Имајте точен преглед на датумите на појавување на моделите што ги очекувате
Се најавуваат бројни и важни новитети, 2011 ќе биде возбудлива автомобилска година
26
ПРЕМИЕРА BMW 1 M Coupe Лутата верзија на купето од серијата 1 со знак на M GmbH вози со 340 КС
35
ДОМАШНА ПРЕМИЕРА НА BMW X3 Компактниот теренец повторно е во предност пред конкурентите. Влегува во вториот круг
ТЕСТ И ТЕХНИКА
16
ВОЗЕВМЕ CHEVROLET ORLANDO Спој на ван и теренец кој што привлекува со изгледот исто колку со бројот на седишта
36
TECT SEAT IBIZA CUPRA Шпанците ги враќаат возбудата и волшебството во малечките и бесни автомобили
44
TECT VOLVO S60 D3
50
Мала промена може да постигне голем ефект. Со варијабилна работа на брегастото вратило, дизелот на Mitsubishi постигнува чуда. Ова ќе биде следниот тренд во браншата
56
Фабриката отворена во 2006 година импресионира со технолошкото ниво. Квалитетот што го рекламира Kia не е случајност
78
Кој е пронаоѓач на погонот на сите тркала во автомобилите? Не е тој на кого што прво ќе помислите. Многу производители манипулираат со историјата
Изгледа како да е побегнат од цртачките табли, но ова е навистина новиот Volvo
50
TECT MITSUBISHI OUTLANDER 2.2 DI-D+ Технологијата Mivec во дизелски мотор е достапна само во Mitsubishi. Тоа е мала сензација
TEMA
20
НАЈКВАЛИТЕТНИТЕ ВОЗИЛА СПОРЕД DEKRA Експертската организација ги избира најквалитетните возила со темелно испитување
28
ИНТЕРВЈУ СО ЏЕЈСОН ВУИЌ, АВТОР НА КНИГАТА ЗА YUGO Историчарот со српско потекло ја вистинската приказна за Yugo во Америка
56
ПОСЕТА НА ФАБРИКАТА НА KIA MOTORS ВО ЖИЛИНА За неполни три години, во фабриката во Словачка се произведе 700.000-от автомобил
60
PEUGEOT 204 НАВРШИ 45 ГОДИНИ Кога ќе се спојат италијански дизајн и немирен дух за иновирање се добива Peugeot 204
78
НЕПРАВДИТЕ ВО ИСТОРИЈАТА Често пати пронајдоците во браншата се припишуваат на погрешни адреси
СЕРВИС
62
СОВЕТИ Тест на уреди за навигација Навигацискиот софтвер за мобилни телефони ги загрозува преносните уреди
НА ДВЕ ТРКАЛА
64
МОТОЦИКЛИ МОДЕЛСКА ГАМА НА HONDA ЗА 2011 Во претстојната сезона следува вистински огномет од нови модели на Honda
MOTOСПОРТ
76
ФОРМУЛА 1 Како празнуваат шампионите Дури и кога нема трки и тестирања, пилотите во формула 1 имаат полна агенда
ДРУГИ СОДРЖИНИ
АВТОМОБИЛИ ВО ОВОЈ БРОЈ
24 66 66 68 82
16 36 44 50 60
АВТОМОБИЛИ 2014 ПИСМА ИМПРЕСУМ ЦЕНОВНИК ПРОТИВ ДОСАДА
CHEVROLET ORLANDO SEAT IBIZA CUPRA VOLVO S60 D3 MITSUBISHI OUTLANDER 2.2 DI-D+ PEUGEOT 204
НОВИТЕТИ Сите нови модели во 2011 Audi Q3 (октомври)
Конкурентот на BMW X1 ја користи техниката од VW Tiguan. Изведбите со послаби мотори ќе бидат достапни и со погон само на предните тркала
AUDI A6 (март), А6 АVANT (август)
Audi RS3 (март)
Со техниката и со изгледот, лимузината А6 е блиску до знаменосецот на марката
Пред замената со комплетно нов А3 се појавува жешката изведба со 340 КС и погон на сите тркала
Производителите
Chevrolet Cruze Hatchback (јуни)
Со успехот што го постигна лимузинската изведба, Cruze заслужи и втора каросериска изведба. Комбилумузината покажува нова динамика
Chevrolet Captiva (април)
Теренот е подготвен совршено за освежената изведба на Captiva. Во продажната акција пред влегувањето во новото моделско годиште, теренецот беше достапен за 16.800 евра
За повеќето производители, минатата година беше мошне успешна. За престојната автомобилска година се најавуваат бројни и важни новитети, па оттаму се соодветно големи и очекувањата за 2011
В
одечкиот тренд во новата автомобилска година е јасен. Речиси не постои позначаен производител кој што во 2011 нема да претстави возило со погон на струја или барем автомобил во кого што електромоторот ќе му помага на класичниот мотор. Покрај тоа, се најавуваат комплетно нови генерации на модели со потрошувачка намалена за десетина, па и повеќе проценти. Зависниците од коњските сили и од моторите што почнуваат вистински да дишат дури кога стрелката на бројачот на вртежи ќе се приближи до црвеното поле, сепак, нема да останат разочарани. Производителите продолжуваат да го негуваат култот на автомобилите со моќни машини кои што ги засенуваат дури и болидите во кралицата на мотоспортот. Во големата најава за новите-
6 01/2011
Chevrolet Aveo (јули)
За секого има по нешто ново во Chevrolet. За големи бројки во продажбата ќе се бори Aveo...
Citroen DS3 Racing (март)
тите во сезоната ви ги откриваме моделите кои што ќе доживеат премиера на големите салони на автомобили во Детроит, Женева и Франкфурт. Во оваа година, на улиците ќе се појават необични автомобили: Купе возила за терен, моќни кросовери во компактна каросерија и градски коли со погон на струја Многу причини за радување ќе имаат љубителите на благородната британска марка на теренски возила, барем помладите. Впечатливиот Range Rover Evoque ќе се појави прво во изведба со три врати, а потоа ќе следи и изведбата со вообичаениот број врати. Швеѓаните исто така додаваат гас и ја прошируваат понудата со комби изведбата на Saab 9-5, како и со спортскиот теренец 9-4X.
Себастијан требаше да освои седум титули во рели додека Citroen се удостои со спортски модел достоен за успехот. DS3 R е скап и брз: 210 КС и 30.000 евра
Новите сопственици од Кина продолжуваат во вистинската насока: Volvo ќе ги претстави освежените изведби на V70, XC 70 и XC 90. Kaj Seat ќе имаме затишје на кое што не сме навикнале кај марката. Тука следуваат нови мотори во Exeo и воведување на изведбата на ванот Alhambra со погон на сите тркала. Големи моделски новитети не се очекуваат ниту кај чешката
BMW 1 M Coupe (мај)
Подостапна алтернатива на М3 со двојно турбонатполнење и со 340 КС. Перформансите: Темпо сто за пет секунди и крајна брзина ограничена на 250 km/h
BMW серија 1 (септември)
Комплетно нова генерација, во шест каросериски изведби: Комбилимузина со три и пет врати, купе, кабриолет, ван и GT
Chevrolet Orlando (март)
Во Chevrolet се прославува во целата 2011, марката наврши сто години. Прв доаѓа кросоверот Orlando, спој меѓу ван и теренец, со сензационална цена од 15.500 евра
напаѓаат со новитети Chevrolet Camaro (октомври)
...додека правото за престигнување му припаѓа на Camaro. По избор, тој ќе вози во верзија со метален или со платнен покрив
Citroen C3 Picasso Facelift (април)
Малечкиот семеен ван и мултиталентираниот Berlingo ќе добијат неколку измени во изгледот и нови мотори
ќерка на Volkswagen, која што главно подготвува штедливи изведби Greenline за одделните моделски серии. За септември се најавува единствено минимобилот врз база на новиот Volkswagen Up, но неговата продажба ќе стартува неколку месеци подоцна. Во Citroen се применува двојна стратегија. На едната страна е конзервативно дизајнира-
Chevrolet Volt (ноември)
Најслаткото доаѓа последно: Крајот на годината му припаѓа на електромобилот Volt
Citroen DS5 (септември)
Најголемиот Citroen за оваа сезона ќе се појави во септември, во Франкфурт. Специјалитет на DS5 ќе биде хибридниот погон со дизелски мотор
ниот, но солидно изработен С4, а на другата е авангардната и моќна изведба DS4, која што стартува со продажба во март. Кон крајот на летото, моделот од средната класа C5 исто така ќе добие благородна верзија со ознака DS5. Од почетокот на годинава, електричната верзија C-Zero веќе се вози во неколку европски земји.
Citroen DS4 (мај)
Кој смета дека новиот С4 е конзервативен, не мора да ја менува марката: DS4 е благородна и стилска комбилимузина за купувачи со истенчен вкус
Паралелно со е-мобилот на Citroen почна продажбата и на близнакот Peugeot iOn. Во март следува и најголемиот француски новитет во годината, Peugeot 508. Новитетите кај конкурентот Renault се скалило подолу. Оваа марка ќе ги понуди само освежената изведба на Laguna и големата лимузина Latitude, која што е сепак скроена главно за пазарите во развој и се базира врз модел на корејската марка Samsung Motors. Италијанците ги разубавуваат Американките Концернот Fiat ќе покаже мошне јасно дека тој е актуелниот сопственик на Chrysler. Врз основата на Dodge Journey ќе биде конструиран спортски теренец со знак на Fiat. Истото сценарио ќе се одвива и кај благородната сестра Lancia, со освежената лимузина Chrysler 300C и Grand Voyager. Многу повеќе ќе се радуваме на новата генерација на Ypsilon, на комби изведбата на Fiat 500, но и на комплетно новата Fiat Panda. Спортската марка Alfa Romeo планира напролет да дотера неколку линии во лицето на MiTo.
01/2011 7
Возевме Chevrolet Orlando
Ни се допаѓа • Просторна кабина • Смел дизајнерски обид • Високата противвредност за парите
Не ни пречи Комплицираниот пристап до третиот ред: Кој уште купува ваков ван затоа што има пет деца?
Не ни се допаѓа • Отсуствува технолошки поттик во механиката • Изгледот на средишната конзола бара привикнување • Соборување на совозачкото седиште ќе биде достапно дури во 2013?
Семејните ванови не се доволно добри за Chevrolet. Оваа марка сака да понуди ван што подеднакво ќе привлекува со изгледот. Orlando е спој на ван со теренец. Како функционира спојот?
16 01/2011
Кога секој ден СТАРТ ОД 15.500 ЕВРА
Со мотор 1.8i со 141 КС, големиот Chevrolet ќе чини 15.500 евра со пакет LS. Најевтиниот дизел со 131 КС чини 17.850 евра. Цените се како за обичен компакт, со просечна опрема. Ова е следната сензација од Chevrolet, по Captiva за 16.800 евра! НИВОА НА ОПРЕМЕНОСТ ЗА МАКЕДОНИЈА
7 седишта, ESP, 6хAirbag, клима уред, ел. предни прозорци, централна брава со дал. команда, радио/mp3, патен компјутер
LS
Над LS: Лакирани рачки на врати, хромирана маска и рачка на багажник, паркинг сензори, кожа на волан, држач за очила, ел. задни прозорци, длабинско местење волан, команди за радио на волан, патен компјутер, кокпит во сјаен лак, потпирач за рака напред
LT
Над LT: Алу-бандажи 16 инчи, магленки, автоматски клима уред + сензор, приклучок USB + 2 звучника
LT+
Над LT+ : Бандажи 17 инчи, хромирана лајсна на прозорците, самозатемнувачки ретровизор, мрежа во багажник, автоматика на бришачи и светла, темпомат, ретровизор за задна клупа, собирање на ретровизори, сино амбиентално осветлување на кокпит
LTZ
LTZ+
Над LTZ: Кожени седишта, грејачи во предни седишта
ЕВТИНО ДОТЕРУВАЊЕ, БАНДАЖИ ЗА 250 ЕВРА
Бандажи 18 инчи, за LTZ/LTZ+...250 евра Металик лак.................................400 евра Сончев покрив за LTZ/LTZ+.........600 евра Навигација....................................900 евра Автоматик за 2.0D LT/LTZ.........1500 евра
Auto Focus на презентацијата на Chevrolet Orlando во Валенсија, Шпанија
01/2011 17
Новитети BMW 1 M Coupe
чисто возачкo
задоволство BMW 1 M Coupe ja отвора вратата за влез во фацинантниот свет на BMW М GmbH. Тој е најмал, најотровен има најголеми аспирации и порачува „Чувај се М3”
26 01/2011
Вообичаената средина во BMW M: Спортски седишта, дебел волан, куса и прецизна рачка на менувач
И
деолошкиот наследник на спортската икона, оригиналниот BMW М3, пристигна. Можеби не го носи славното име M1, но секоја нишка во неговиот ген вришти „јас сум чистокрвен спортист!” и не остава место за сомнеж. Овој BMW 1 M Coupe личи дека бришка 200 на час дури и кога стои. Телото стегнато како мускул подготвен во секој момент да ја ослободи својата сила го красат ангелските очи кои кога ќе ги здогледате во ретровизор велат „Бегај настрана”. Одзади пак масивниот задник со набабрени крила поздравува и додека сте рекле довидување билдеров избегал во недоглед. Впечатливата предница со три огроми отвори за водух и вертикални крилца е создадена во воздушен тунел и допринесува за подобра аеродинамика.
Вертикалните отвори на крајот од браникот го насочуваат воздухот низ посебен канал кој завршува со тесен отвор над предните тркала. Низ него стори воздух со голема брзина формирајќи воздушна завеса која ги покрива тркалата и со тоа ја намалува штетната турбуленција околу нив. Одзади спојлерот кој е дел од капакот на багажникот допринесува за поголем негативен потисок. Покрај ваквиот изглед е тешко да се одолее и да не се зграпчи рачката на вратата преку која што се влегува во фацинантниот свет на BMW М GmbH. Toj претставува модерна интерпретација на сржта околу која е исплетен М, претворена во перформанси недостижни во неговиот сегмент: Електронски ограничени 250 km/h, спринт до 100 km/h за 4,8 секунди, односно 17,3 секунди до 200 km/h.
Подвозјето влече корени од светот на трките. Компоненти оригинално скроени за трка се приспособени за BMW 1 M Coupe. Предната оска е од кован алуминиум со екстремно цврсти водилки и посебни држачи конструирани за BMW 1 M Coupe. Задната оска мултилинк носи и водилки и амортизери од кован алуминиум. Во нејзината рамка е вметнат варијабилен самоблокирачки диференцијал со дополнителни ребра за разладување. Тој реагира на различните брзини на вртење на задните тркала и го префрла вртежниот момент во дел од секунда кон тркалото со подобра тракција. Така во секој миг возачот има на располагање максимална влечна моќ дури и ако подлогата е снег. И сопирачките влечат тркачки корени. Напред и назад работат бушени и вентилирани пливачки дискови со челични чивии врзани
Технички податоци
BMW 1 M Coupe Мотор 6 цилиндри, 4 вентили на цилиндер, турбо натполнење, зафатнина 2979 cm3 , силина 340 КС/5900 min-1, вртежен момент 450 Nm (со overboost 500 Nm) меѓу 1500 и 4500 min1 Погон На задни тркала преку 6 степен мануелен менувач и самоблокирачки диференцијал Подвозје Сопирачки диск 360 mm напред, диск 350 mm назад, водење на тркала напред мекферсон, назад мулитилинк оска, гуми 245/35 R19 напред, 265/35 R19 назад Димензии 4380/1803/1420 mm, меѓуоскино растојание 2660 mm, тежина 1495 kg, носивост 405 kg, багажник 370 L Перформанси Максимална брзина 250 km/h, електронски ограничена, забрзување 0 - 100 km/h за 4,9 s, 0 – 200 km/h за 17,3 s Потрошувачка град/отворено/просек: 13,6/7,3/9,6 L/100 km
за куќиште од алуминиум и екстремно се отпорни на прегревање. Сето ова е подоготвка за главниот виновник за бесните перформанси, за линискиот шестцилиндарски битурбо од три литри, со посебно дефинирани карактеристики. Иако максималните 340 КС ги остварува на 5.900/min, а 450 Nm стојат на располагање меѓу 1.500 и 4.500 /min, слободно се врти до 7.000/min кога сé уште повлекува со моќни 300 КС и 300 Nm. Неброените тест километри минати на Северниот круг на Нирбургринг ветуваат совршена интеракција меѓу подвозјето и моторот, заради која BMW 1 M Coupe ја победува претходната генерација на М3 и опасно се доближува до актуелната. Иако е најмал во групата М, неговите аспирации се големи, а има и зошто. Најдобриот парфем и најлутиот отров се наточени во мало пакување. �
01/2011 27
Интервју Џејсон Вуиќ, автор на книгата „The Yugo“
В
о светот на автомобилите постојат многу легенди. Но, една недостигаше. Оваа легенда доаѓа од нашите простори, генерации возачи ги доживувале своите почетоци и врвови со и околу неа, но пред сé, оваа легенда го имаше освоено американскиот пазар на автомобили. Барем на кусо. Секако, се работи за Yugo. Историчарот Џејсон Вуиќ во книгата „The Yugo: The rise and fall of the worst car in history“ ни ја раскажува вистинската приказна за српскиот автомобил во Америка. Сé што досега можевме да слушнеме за Yugo ни доаѓаше во форма на вицеви, јавни понижувања на филмското платно и изложби на трансформации на автомобилот во машина за пишување или некоја друга форма што ја оспорува суштината на автомобилот. Но, Yugo многу повеќе заслужува да влезе во кругот на автомобилските легенди, отколку да биде заборавен како тотално промашување. Kнигатa „The Yugo: The rise and fall of the worst car in history“ на Вуиќ претставува задолжително четиво не само за автомобилските ентузијасти, туку и за сите читатели кои што сакаат да се присетат на духот на 1980-те години и да ги насетат објаснувањата за нашата немоќ до денешен ден да го научиме принципот на кој што функционира капиталистичкото општество. Во интервјуто за Auto Focus, авторот Вуиќ го открива зачудувачкиот истражувачки обем кој што стои зад книгата, но како доктор по историја тој ни дава и мошне јасна слика за условите и за расположението кои што резултираа со извозот, но и со тоталното фијаско на Yugo во Америка. Auto Focus Книгата ја објавувате речиси две децении откако последниот Yugo замина за САД. Дали е неопходно историски-
те факти прво да нафатат одредена патина за добивање пообјективен аспект на настаните? Џејсон Вуиќ Како доктор по историја, со задоволство го истражував предметот, односно како и зошто Yugo се извезуваше во Соединетите Држави и што произлезе од тоа, од одредена хронолошка дистанца. Не сум репортер. Не се обидував да ја „прочепкам“ приказната и да исполнам некој краен рок или да пополнам колумна. Едноставно сакав да го ставам Yugo во вистинскиот историски контекст. Обемно го истражував историскиот материјал за светската автомобилска индустрија во 1980-те, за југословенската автоиндустрија и особено за Zastava. Потоа побарав колку што можев повеќе луѓе поврзани со автомобилот. Тоа значеше формални интервјуа со Американците што го увезуваа, со Југословените што го извезуваа, со банкарите што го финансираа, со дипломатите што го подржуваа, со автомобилските експерти што го критикуваа, со адвокатите што тужеа за него, и за просечните луѓе што го возеа. Исто така прочитав илјадници страници од југословенските и американските новински записи и ги анализирав документите за банкротот на Yugo America, што се речиси 2.000 страници документи, вклучувајќи и судски сведочења, кои што не можеше да бидат достапни пред десет или петнаесет години. Очигледно е дека книгата се базира на огромна истражувачка работа. Колкав ангажман мораше да се вложи во книгата за Yugo? Истражувањето за книгата го започнав во 2004 година, за таа конечно да биде издадена во март 2010. Долго време размислував да напишам книга за Yugo. Одне-
Како историчар специјализиран за поранешна Југославија и како Американец со српско потекло, Џејсон Вуиќ ни ја раскажува вистинската приказна за Yugo, онаа која што не се сведува на исмевање и понижување, туку на факти. Неговата книга за издигнувањето и падот на Yugo излегува од вообичаените рамки на автомобилската литература
Само најголемите продаваат во
Америка
28 01/2011
Куса биографија на авторот
Џејсон С. Вуиќ е асистент професор по историја на колеџот Бриџвотер во Вирџинија, САД. Тој предава современа европска и светска историја и одржува курсеви за геноцидот и историјата преку филмски проекции. Дипломирал историја на Универзитетот Вејк Форест во 1994 година, магистрирал модерна европска историја на Универзитетот Ричмонд во 1997 година, а докторската титула ја стекнал на Универзитетот Индијана - Блумингтон во 2005 година, на тема балканска и источноевропска историја. Специјалност на Вуиќ е историјата на поранешна Југославија. Под покровителство на фондацијата Ротари, во 1997-98 година тој предава на Универзитетот во Нови Сад, додека во 2000-01 година предава на Институтот за етнологија и фолклор на Унуверзитетот во Загреб. Во периодот меѓу 2002 и 2006 година, Вуиќ е помошник директор во Центарот за славјански и источноевропски студии на Универзитетот Охајо. Следен проект на Вуиќ е книга за Олимпијадата во Сараево во 1984 година.
надеж, еден пријател ми испрати напис од дневен весник од Флорида со цитат на Ајра Еделсон, поранешниот извршен директор на Yugo America. Го побарав на телефон и разговаравме три часови. Еделсон учествуваше во проектот Yugo од самиот почеток. Тој ми даде список од А до Ш за историјата на автомобилот во САД, а потоа ми ги даде телефонските броеви од останатите директори на Yugo America, вклучувајќи го и Малколм Бриклин, човекот зад целиот проект Yugo.
Побарав и неколку службеници во американската амбасада во Белград во 1980-те, меѓу кои и амбасадорот Џон Скенлан, неколку банкари од Manufacturers Hanover Trust, банката која што на Yugo America му позајми 75 милиони американски долари за Yugo да се донесе во САД, неколку поранешни службеници и раководители од Крагујевац, односно речиси сите што можев да ги најдам и што знаеа сé за настаните во Соединетите Држави. Напишав многу писма и направив многу телефон-
ски разговори, верувајте ми. Целта ми беше да напишам популарно четиво за американските читатели за некои аспекти од срската и југословенската историја кои што не вклучуваа војна, етнички конфликти или политички тензии. Неодамна забележав дека на списокот на десетте најпродавани книги за Југославија на Amazon.com, седум се однесуваат на војните или на некои други темни аспекти од балканската историја. Нема ништо лошо во овие книги и тоа сигурно се ва-
жни теми, но јас сакав да напишам нешто друго. Не е едноставно да се напише приказната за Yugo, онаа која што досега никој не ја познавал во толкав обем, а особено на територијата каде што се произведуваше возилото. Како Американец со српско потекло, отсекогаш сум се интересирал за необичните инстанци преку кои што Југославија влезе во американската свест. Додека созревав во 1980-те, Американците не знаеја практично ништо
01/2011 29
Тест Seat Ibiza Cupra Bocanegra
ТЕСТ-ОЦЕНИ
Добро Просечно Лошо
ВО ВОЗЕЊЕ
Вредности
Перформанси 0-100 km/h [s] Крајна брзина [km/h]
7,2 225
Тежина Празно возило/Дозволено [kg]
1172/1673
ВО ГРАД Механичкиот компресор ја носи заслугата за течното возење во град, со раното будење и испорака на вртежен момент; Поаѓањето бара внимание: Менувачот со двојна спојка доцни половина секунда при префрлување во D, гасот реагира пречувствително.
Boc
НА ПАТ Функцијата Launch Control овозможува старт како во Ф1; Забавата продолжува со електронската симулација на блокада на диференцијал XDS, која што во значителна мера го спречува подуправувањето, пред мекото вклучување на ЕЅР; Дефинитивно, тркач.
НА автоПАТ Беспоштедно тврдата реакција на подвозјето на претходните генерации на Cupra отсуствува целосно; Седумстепениот DSG и тука се покажува во одлично светло, со рано префрлување во највисокиот степен и брзо враќање назад при потреба од престигнување.
перформанси
Комбинацијата од две натполнења дава сувереност во секое подрачје; повлекувањето не попушта при високи вртежи; нетипично висока горна граница на вртежи.
комфор
Оцена
Звук Во град На пат
На автопат
Звук Куси нерамнини Долги нерамнини
Во град/На пат
/
Пријатно висока резерва од комфор на спортски дотераното подвозје; Тивок мотор при нормално темпо и оптоварување; Спортскиот карактер не ограничува.
технички податоци Мотор
4 цил., т. бензин, 4 вентили
Зафатнина
1390 cm3
Силина
180КС/6200 min-1
Вртежен момент
250Nm/2000 min-1
Погон
на предни тркала
Пренос
7 степени, со двојна спојка
Управување
со ел. мех. серво
Круг на вртење
10,5 m
Гуми
215/40 R17
Сопирачки нап./наз.
вент. диск, диск
ABS/ESP Водење на тркалата нап.
•/•
Водење на тркалата наз.
полукрута оска
36 01/2011
мекферсон
Шпанците ги враќаат возбудата и волшебството во малечките и бесни автомобили. Cupra е технолошки најнапредниот во друштвото, но и стилски највпечатливиот. Возбудата трае и во оваа генерација
anegra
Ни се допаѓа • Напредната технологија дава моќ, подвозјето обезбедува нејзино искористување • Сигурен тркачки стил, не изгледа како лаички тјунинг • Врвен фактор на забава во возењето
Не ни пречи Потрошувачката на тестот од 12 литри: Кога Ibiza Cupra би се возела кротко, не би потрошила повеќе од осум литри
Не ни се допаѓа • Доцнење при поаѓањето и бурна реакција на гасот • Точката на притисок во педалот за СОПИРАЊЕ не е јасно дефинирана • Контролата на стабилноста не се исклучува целосно
Пакетот Bocanegra се препознава по црниот нос
01/2011 37
Тест Volvo S60 D3 Momentum
КАДЕ
Ни се допаѓа • Комфорно подвозје со доволна динамичка резерва • Мек и тивок петцилиндарски дизел • Релаксирано чувство во кокпитот
Не ни пречи
Малиот багажник со нерамно дно: Традиционалистите и без тоа ќе посегнат по комбито V60
Не ни се допаѓа • Во делови неинтуитивно ракување • Подвозјето реагира на куси нерамнини при висока брзина • Над 3.500 вртежи ослабува повлекувањето на моторот
44 01/2011
ТАМУ Е З
ТЕСТ-ОЦЕНИ
ШТО ИМА БАКАР
ЗЛАТОТО
Добро Просечно Лошо
ВО ВОЗЕЊЕ
Вредности
Перформанси 0-100 km/h [s] Крајна брзина [km/h]
9,2 220
Тежина Празно возило/Дозволено [kg]
1608/2090
ВО ГРАД Турбината го пумпа полниот вртежен момент од 400 њутнметри уште при 1400 вртежи и при поаѓањето и забрзувањето се добива впечаток како некоја натприродна сила да го влече возилото нанапред; тивок мотор и спокојство во возењето, својствено за марката.
НА ПАТ Како за спортска лимузина, D3 прерано се откажува од испорака на сила: На 2900 вртежи е крај. Тоа го штити поголемиот D5; лесна управливост и безбедни возни својства; недостига уште малку повратна информација во управувањето; Активно подвозје Four C со доплата.
НА автоПАТ Комбинација од екстремно продолжен пренос во последниот степен и мотор што влече исто при 1500 или 3000 вртежи произведува вистинска патна лимузина; Не постои друг модел на тест што вози темпо 120 со само 1900 вртежи; тоа е добро за ушите, добро и за џебот.
перформанси
Моторот е јасно ориентиран кон штедење и комфор, со мала турбина што се буди рано, но рано и завршува; Доколку се цени главно еластичноста, D3 е прв избор.
комфор
Оцена
Звук Во град На пат
На автопат
Звук Куси нерамнини Долги нерамнини
Во град/На пат
/
Подвозјето и моторот ја лансираат лимузината на тронот на најкомфорните модели во средната класа; покрај тоа, одлични седишта и пријатно чувство.
технички податоци
од бегнал о п о т ш пе мобил упи секој. Ку о т в а н ите ок традиц концеп то може да г а е з е а н т а а то Ов лш став ости ш е моде ја крши прет н у д к е у р т в , ва о ите салон а трајн и дода та на Швеѓан т а o v н l и o з V на еса лиму изглед вавме на адр т о и н би онал е ги до н а г е с до
Мотор
5 цил., т. дизел, 4 вентили
Зафатнина
1984 cm3
Силина
163КС/2900 min-1
Вртежен момент
400Nm/1400 min-1
Погон
на предни тркала
Пренос
6 степени, мануелен
Управување
серво, со запчеста летва
Круг на вртење
11,3 m
Гуми
215/50 R17
Сопирачки нап./наз.
вент. диск, диск
ABS/ESP Водење на тркалата нап.
•/•
Водење на тркалата наз.
мултилинк
мекферсон
01/2011 45
Тест Mitsubishi Outlander 2.2 DI-D+ INTENSE+
ТЕСТ-ОЦЕНИ
Добро Просечно Лошо
ВО ВОЗЕЊЕ
Вредности
Перформанси 0-100 km/h [s] Крајна брзина [km/h]
9,8 200
Тежина Празно возило/Дозволено [kg]
1780/2410
ВО ГРАД Новитетот во дизелите, Mivec, најмногу ги покажува предностите во град. Моторот повлекува убедливо од најниски вртежи, без вообичаеното дизелско тропање при забрзување, менувачот се надоврзува на карактерот на моторот.
НА ПАТ Не минува долго време додека DI-D+ убеди во моќноста: Речиси нема ситуација во која што му недостига моќ, без разлика дали се забрзува по нагорнина или се престигнува; Рачката на менувачот се движи лесно, но се` уште има ковчести одови.
НА автоПАТ Мекиот звук на моторот се задржува при брзо темпо и целосно се губи во звуците од ветрот; Со солидната поддршка од њутнметри, менувачот може долго да се заборави во највисокиот степен.
перформанси
Рамномерно ослободување моќ во целото работно подрачје, расположеност за високи вртежи и подготвеност за повлекување од ниски вртежи.
комфор
Оцена
Звук Во град На пат
На автопат
Звук Куси нерамнини Долги нерамнини
Во град/На пат
/
Со контуинираното созревање на моделот се изгуби почетната тврдост на подвозјето; мала чувствителност на куси нерамнини дури и со бандажите од 18 инчи.
технички податоци Мотор
4 цил., т. дизел, 4 вентили
Зафатнина
2268 cm3
Силина
177КС/3500 min-1
Вртежен момент
380Nm/2000 min-1
Погон
на сите тркала
Пренос
6 степени, мануелен
Управување
серво, со запчеста летва
Круг на вртење
10,6 m
Гуми
225/55 R18
Сопирачки нап./наз.
вент. диск, диск
ABS/ESP Водење на тркалата нап.
•/•
Водење на тркалата наз.
мултилинк
50 01/2011
мекферсон
Добар, подобар,
вонземјанин ОВИЕ ЈАПОНЦИ РАСПОЛАГААТ СО ВОНЗЕМСКА ТЕХНОЛОГИЈА, ДО КОЈА ШТО ВО МОМЕНТОВ НЕМА ПРИСТАП НИКОЈ ДРУГ. ДИЗЕЛОТ ВО OUTLANDER, ИСТО КАКО ВО ПОМАЛИОТ БРАТ ASX, КОРИСТИ ВАРИЈАБИЛНА РАБОТА НА БРЕГАСТОТО ВРАТИЛО И ИСКОРИСТУВА БРОЈНИ ПРЕДНОСТИ
Ни се допаѓа • НОВИОТ ДИЗЕЛ КОМБИНИРА МОЌ, КУЛТИВИРАНОСТ И ШТЕДЛИВОСТ • ПРОСТОРНА КАБИНА • ДИНАМИЧНИ ВОЗНИ СВОЈСТВА
Не ни пречи ОГРАНИЧЕНА ТЕРЕНСКА ПРООДНОСТ ПОРАДИ ОТСУСТВОТО НА РЕДУКЦИЈА И ГОЛЕМИТЕ КАРОСЕРИСКИ ПРЕВИСИ: ПЕШ СЕ ПЛАНИНАРИ
Не ни се допаѓа • отсуствува изведба со погон само на предните тркала • поврзувањето со мобилниот телефон е долга процедура • опремата е достапна само во пакети 01/2011 51
СПОРЕДБА Тема Фабрика на Kia во Словачка
С
é што е подолу од врвот не е доволно високо за младата словачка индустрија на автомобили. Тоа е впечатокот што досега можеше да се стекне врз основа на вестите од производителите на автомобили одомаќени во оваа земја од поранешниот советски блок. Конкретно за марката Kia: Корејците ја изградија својата прва фабрика на европска почва токму во Словачка, посветувајќи ѝ модели кои што се развиени за европскиот пазар и се продаваат само тука, во исто време изразувајќи полна доверба во квалитетот на локалното производство со петгодишната, а подоцна и седумгодишна гаранција.
Поради импресивниот економски развој, светот ја нарекува оваа земја Тигарот од Татрите. Словачка стана голем производител на автомобили. Ја посетивме фабриката на Kia во Жилина
Од декември 2006, кога почна со работа Kia Motors Slovakia, од производствените ленти во Жилина се симнаа преку 700.000 возила. Менаџерите очекуваат деловната година 2010 да заврши со нов рекорд и со раст на производството од преку 50 проценти во споредба со претходната година, кој што е постигнат главно со воведувањето на новиот теренец Sportage во производство. Вакви ударнички постигнувања ретко се случуваа во минативе неколку години, кога автомобилската
Хронологија на успехот на Kia Motors Slovakia Mај 2005 Тогашниот премиер Микулаш Ѕулинда е во посета на Сеул. „Нашите активности во Жилина ќе беа оневозможени доколку словачката влада не покажеше визија во воведувањето на конкурентна, пазарно ориентирана економска политика која што ги подржува странските компании како Kia Motors во изградбата на фабрика во Словачка“, изјави претседателот на групацијата Монг-Ку Чунг. Декември 2005 Пристигнува главната преса, производ на Rotem Co., членка на групацијата Hyundai-
56 01/2011
Kia. Пресата патува цел месец од корејското пристаниште Масан до романската Констанца. Оттука, товарот продолжува со 5 помали бродови по Дунав, кон Комарно во Словачка. Машинеријата тешка 3500 тони пропатува 18000 километри. Април 2006 Прием на 1200 работници. Мај 2006 Словачката фабрика прима 700 нови работници и контролори за втората смена. Јули 2007 На салонот во Лондо, Kia ги објавува фотогра-
фиите од новиот автомобил кој што ќе се произведува во Жилина, на салонот во Лондон. Август 2006 Автомобилот се вика Cee’d. CE го симболизира европското потекло, додека ED укажува дека се работи за европски дизајн, за европски купувачи. Септември 2006 Министерот за економија, Љубомир Јахнатек, го тестира cee’d на фабричката патека. 7 декември 2006 Првиот автомобил се симнува од лента. 13 декември 2006
Претседателот Иван Гаспаровиќ тестира cee’d во фабриката. Неговата оцена: „Автомобилот има одлично подвозје, добри гуми и сопирачки, како клучни фактори на задоволството за секој купувач.“ 24 април 2007 Свечено отворање на фабриката. Се поставуваат рекорди, само во март се произведени 33.000 коли. Вкупните нарачки изнесуваат 60.000 примероци. 28 септември 2007 Произведен е 100.000-от автомобил: Kia cee'd_sw, со 1,6-литарски дизел и со врвниот
Добар градител Од стартот на изградбата во октомври 2004 до готовата градба минаа само тринаесет месеци. Со тоа Kia докажа дека не е само добар производител на автомобили, туку е подеднакво вреден и како градител. Поставување темели: ...................... Април 2004 Почеток на изградба: .................Октомври 2004 Готова градба: ........................... Декември 2005 Пробно производство: ........................Јуни 2006 Старт на производство: ............ Декември 2006
Датумот на почетокот на производството во Словачка гарантира последно технолошко ниво во фабриката. Степенот на автоматизација и контрола на квалитетот е исклучително висок, но импресионираат и условите за работа: Изненадувачки тивка средина, електронски генерирана музика за координација при работата, па дури и подна облога што изгледа како дрво
Тигарот од татрите
пакет на опрема ТХ, за купувач во Германија. 24 октомври 2007 Стартува производството на pro_cee'd, шест недели порано од планираното. 27 март 2008 Произведен е 200.000-от автомобил: Kia pro_ cee'd со црвена боја, дволитарски бензинец, автоматски менувач и опрема ЕХ, за извоз во Украина. Април 2008 Произведен е 200.000-от сee'd. Рекорден месец со 19.300 произведени возила. 19 септември 2008
Произведен е 300.000-от автомобил од Жилина, за извоз за Австрија. Декември 2009 Kia cee'd_sw е 500.000-от автомобил од Жилина. Билансот за 2008 година Со 201.000 произведени возила постигнат е раст од 38%. Најголеми пазари се Русија со учество од 18 проценти, Германија (7,8%), Британија (6,8%), Полска (5,3%) и Украина (5,1%). Јануари 2010 Старт на производство на Hyundai ix35.
Април 2010 Почнува изградба на втор погон за мотори, со капацитет од 150.000 единици. Производството на мотори ќе стартува на крајот на 2011. 28 јуни 2010 Старт на производство на Sportage. Планот за 2010 е 35.000 примероци од моделот. Септември 2010 Рекордно месечно производство од 22.222 примероци. 1 октомври 2010 Стартува производството на 1,7-литарскиот дизел.
Ноември 2010 Од лентата се симнува 700.000-от автомобил, секако Kia Sportage со 1,7-литарски дизел, за купувач во Италија. Во првите 10 месеци се произведени 185.460 возила, тоа е раст од 53,8%. Декември 2010 Стартува фејслифтот на pro_cee'd. За првите 11 месеци се произведени 207.400 автомобили, што претставува раст од преку 50%. Најголемиот дел од возилата одат за Русија, Германија и Британија.
01/2011 57
Историја 45 години Peugeot 204
П
ред точно 45 години се појави прататкото на малечките модели на Peugeot. Компактниот 204 внесе новитети во техниката, во изгледот и во имиџот, во исто време посочувајќи го правецот на развој на стилот на идните модели. Малечката лимузина на Peugeot беше преполна со иновации: Преден погон, мотор од алуминиумски легури со брегасто вратило во глава, независно водење на тркалата и диск сопирачки, а сето тоа во спој со елегантен изглед на Pininfarina. Со каросерија од одвај четири метри, малечката лимузина нудеше повеќе простор во кабината дури и од некои модели од средната класа. По две години од појавувањето, Peugeot 204 настапи со следната голема иновација, со дизелскиот мотор во комбито Break. Моторот беше изработен од алуминиумски легури, имаше само 1,3 литар и беше прв дизел во автомобил со преден погон. Со тоа, француската лимузина повторно си резервираше насловни страници во магазините. Светот продолжи да се одушевува од Peugeot 204 кога се појавија кабриолетот и купето. Најголемиот успех за моделот сепак беа првите места во продажбата. За прв пат модел на Peugeot беше најпродавано возило во Франција. По завршувањето
Место класичната маска на Peugeot, 204 за прв пат имаше маска по целата ширина на каросеријата. Тркалезните светла се заменија со трапезовидни. Во нив, Пининфарина ги гледаше „очите на Софија Лорен“. На тој начин, напредната техника на моделот, која што Французите ја развиваа рекордно долги десет години, беше послужена во вистинската форма. Трудот се исплатеше, затоа што моделот поставуваше рекорди во продажбата и освојуваше ценети титули. Во развојот на моделот требаше да се почитуваат три барања: Цена од 7.500 франци при тежина од 750 килограми, напредна техника и исклучителна издржливост. Исполнувањето на овие цели не беше едноставно и поради тоа иницијаторите на моделот, Роланд Пежо и шефот на развој Морис Жордан, го назначија Франсоа Паже да раководи со проектот на Peugeot 204, како еден од првите шефови на проект во историјата на автомобилизмот. Паже избра млади специјалисти од сите подрачја и како инспирација им ги посочи иновативните Renault 16 и Morris 1100. Но, на крајот произлезе оригинален модел кој што отвори сосема нов сегмент на пазарот. Peugeot 204 успеа да ги пренесе луксузот и елеганцијата на големите
Техничкиот напредок е толку обемен што Peugeot премолчува половина од иновациите при премиерата на моделот во средината на 1960-те години, за да не ги вознемири во тоа време конзервативно расположените купувачи. Но скепсата не беше потребна, затоа што моделот уште во почеток докажа дека е солиден на долгиот моделски век на 204, наследникот не се појавуваше неколку години, сé додека не дојде моделот 205, кој што со уште поголем успех го продолжи започнатото. Но, приказната штотуку почнува. Соработката меѓу Peugeot Style и Pininfarina започна во 1955 година со моделот 403 и продолжи со ненадминатиот 404 од 1960 година. Младиот Серџо Пининфарина беше познат по новите работни методи во неговото дизајнерско студио. Место груби модели во природна големина изработени од дрво, Италијанецот користеше гипс за своите модели направени во размер 1:8. Cо моделот 204, Peugeot бараше нова линија за своите модели. Ја најде. Неколку елементи од овој „style maison“ сé уште се препознаваат во моделите на Peugeot. Пининфарина ја нацрта основната линија на моделот и им ја препушти натамошната работа на главниот дизајнер на Peugeot, Пол Буво, и на неговиот наследник Жерар Велтер.
60 01/2011
лимузини во сегментот на обичните модели како Opel Kadett и Renault 8. Техниката подеднакво влијаеше врз успехот на моделот. Peugeot понуди напреден дизелски мотор десет години пред Volkswagen да го направи истото во Golf. Со моќност од 40 КС при невообичаено високи 5.000 вртежи, моторчето од 1,3 литар трошеше само 6,7 литри дизел на сто километри. Иако малечката лимузина испиша важни поглавја, љубителите на олдтајмери покажаа слаб интерес за неа, за разлика од наследникот 205. Причината за тоа може да се бара во отсуството на спортски успеси или едноставно во совршениот карактер на возилото. Но, Peugeot 204 имаше и една голема слабост: Автомобилот беше толку чувствителен на корозија, што брзо по престанокот на производството почна драстично да се намалува неговото присуство на улиците. Наследникот Peugeot 205 остана поштеден од ваквата судбина. �
италиј
Прататкото на денешните малечки модели на Peugeot доживеа премиера пред 45 години. Со каросерија покуса за 25 сантиметри од лимузината (3,99 m), кабриолетот со две седишта оддаваше чувство на родстер
Големата чувствителност на каросеријата на корозија драстично го намали бројот на примероци од 204
Технички податоци
Француски шарм со
ански стил
Peugeot 204 1,1 - мотор XK (1965-1975) Мотор 4 цилиндри, sohc, пречник и од 75 х 64 mm, зафатнина 1130 cm3, компресија 8,8:1, 53 КС при 5800/min, 82 Nm при 3000/min Погон и пренос На предни тркала, четиристепен мануелен менувач со рачка за ракување на управувачкиот столб Подвозје Напред мекферсон со долни попречни водилки, назад независно водење со надолжни вилушки, управување со запчеста летва, напред диск, назад барабан сопирачки, гуми 135-14 Х Димензии и тежини 3990х1560х1400 mm, меѓуоскино растојание 2595 mm, празно возило 850 kg, дозволена тежина 1275 kg, багажник 370 литри, резервоар 42 литри Брзина 136 km/h, забрзување 0-100 km/h за 19,0 s Потрошувачка ca. 10 L/100 km
Комби-купе уште пред четири децении Peugeot уште пред четири децении ја промовираше идејата за спој на практичност и стил во комби-купето на база на 204. Моделот освои бројни награди за дизајн, меѓу нив и најважната Grand Prix de l'Art de Industrie Automobile во 1966. Французите ги сакаа овие автомобили само за себе. Од вкупно 61.000 произведени примероци од комби-купето и кабриолетот, одвај осум илјади примероци беа продадени надвор од Франција.
Со дизајнот и со техниката Peugeot 204 беше далеку пред своето време. Секогаш е задоволство да се присетиме на малечката и елегантна лимузина со лавче во маската
Вкупната продукција на Peugeot 204: 204 Limousine (1965-1976)....... 1.020.029 примероци 204 Break (1965-1976) . ............... 485.336 примероци 204 Cabriolet (1966-1970) ................18.181 примерок 204 Coupe (1966-1970) . ................ 42.756 примероци
Поголем за број од 204 Моделот Peugeot 304, во основата беше 204 со поголем мотор, со променет преден дел, а кај седанот, значително драстично продолжен опаш. Производството траеше до 1980
Тајната за неодоливоста: Дизајнот на кабриолетот го нацрта младиот Серџо Пининфарина
01/2011 61
Совети Мобилен во замена за навигација
Н
а умните телефони со софтвер за навигација се гледа сé повеќе како на вистинска алтернатива за преносните навигациски уреди. Тоа го покажа тестот на клубот ADAC, на кој што се најдоа по седум уреди од двете категории. Како победник излезе навигацискиот софтвер MN 7 од Navigon. На тестот, овој софтвер беше вчитан во iPhone 4 и ја освои најдобрата оцена. Софтверот се покажа најдобар и во поглед на пресметувањето на рутата и во сообраќајните информации. Подеднакво се добри и оцените во останатите критериуми на тестот. Кај навигациските уреди се издвојува моделот Go Live 1000 од TomTom, особено со својствата при пресметката на рутата. Пет софтверски решенија за интелигентни мобилни телефони добија крајна оцена „добро“. Наспроти тоа, во категоријата на навигациски уреди само три модели ја
Со соодветен софтвер за навигација, интелигентните мобилни телефони во бројни случаи ги заменуваат класичните уреди за навигација. Но, ова решение не е секогаш поевтино и попрактично
освојуваат оваа оцена. Ниту еден производ не доби оцена „одлично“. Корисните својства, како на пример јасното изговарање на имињата на улиците, помошта за следење лента или прикажувањето сообраќајни информации, до неодамна беа достапни единствено со навигациските уреди. Но, денес веќе постојат интелигентни телефони кои што ги поседуваат и овие квалитети. За жал, меѓу мини компјутерите и натаму постојат такви што не поседуваат држачи за прицврстување во автомобилот. Друга точка на критика на експертите на ADAC е сложеноста и долготрајноста
62 01/2011
Телефони на вист Тест на преносни навигациски уреди и интелигентни телефони Мобилна навигација на тестот: 3х добро, 4х доволно Производител Модел
Удел
TomTom Go Navigon 70 Live 1000 Premium Live
Цена во време на тестот (евра)
Becker StreetPilot Z 215
Mediun X4545 EU
Falk Vision 700
Garmin Nuvi 3790T
NavGear RS-50-3D
299
349
247
295
329
309
170
Обем на испорака/ Повеќестраност
15%
2,6
2,6
2,6
2,6
1,8
3,7
3,9
Ракување
20%
2,1
2,3
2,3
3,7
2,4
2,0
3,4
Пресметка на рута
25%
1,6
3,0
2,1
1,6
3,8
4,2
4,3
Навигација
20%
2,1
2,0
2,7
2,4
2,1
2,4
2,3
Сооб. информации
20%
2,0
2,1
2,6
2,7
2,3
2,9
2,3
Оцена на ADAC
100%
+
+
О
О
О
О
О
Apple iPhone 4G
Apple iPhone 4G
Samsung Galaxy S i9000
Apple iPhone 4G
Samsung Galaxy S i9000
Nokia E72
Apple iPhone 4G
Navigon MN 7 Live
TomTom Navigator 7
Navigon MN 7 Live
Falk Navigator Europe
Google Maps Navigation
Nokia Maps 3.0
Skobbler
Софтвер за навигација (тестиран на интелигентен телефон): 5х добро, 2х доволно Тестен уред Софтвер Удел Цена на софтвер (евра)
110
90
90
70
0
0
1,59
Обем на испорака/ Повеќестраност
15%
2,0
3,1
2,8
2,6
2,2
3,0
3,4
Ракување
20%
2,2
1,9
2,3
2,0
2,9
3,3
2,3
Пресметка на рута
25%
0,8
1,4
1,3
0,6
0,8
1,1
1,2
Навигација
20%
2,0
2,0
2,1
2,4
2,7
3,2
2,7
Сооб. информации
20%
1,8
1,9
1,9
3,2
3,9
3,1
5,0
Оцена на ADAC
100%
+
+
+
+
+
О
О
Оцени: ++ одлично + добро О задоволнително – недоволно
на постапката на симнување софтвер преку интернет. Често пати се случува во софтверот што е симнат преку интернет да недостасува прирачник за ракување. Кај дигиталните семоќници е препорачливо добро да се погледнат тарифите кај повеќе провајдери на мобилна телефонија, затоа што плаќањето мошне ретко завршува со купувањето на софтверот. Може да биде мошне скапо доколку преносот на податоци за сообраќајните информации или податоците за картите се врши преку мобилната мрежа. При навигација во странство, дополнително се плаќаат и високите трошоци за роаминг. Од самиот корисник зависи дали е подобро да се избере обична навигација или да се користи интелигентен мобилен телефон како
инскиот пат
Навигацискиот софтвер за интелигентни телефони забележа огромен скок, што сериозно ги загрози преносните навигациски уреди. Најголем напредок забележа софверот што е базиран на Android водач на патот. Доколку навигацијата се користи за време на годишниот одмор и за секојдневно користење, се препорачува мобилен како уред за навигација. Во овој случај, мобилната навигација е попрактично, а често пати и поевтино решение. Но, кој нема време или расположение за целосно да им се посвети на програмите, тогаш е подобро да посегне по кла-
сичните уреди за навигација. Доколку корисникот веќе поседува интелигентен телефон, набавката на соодветен навигациски софтвер претставува логичен и исплатлив чекор. Сепак, треба да се има во предвид дека интелигентните мобилни телефони се лична работа, му припаѓаат на некое лице. Кога тоа лице не е во автомобилот, ја нема и навигацијата. �
Мотоспорт Како празнуваше формула 1
В
о деновите од католичкиот Божик до влезот во новата година е невообичаено тивко во светот на формула 1. Тоа е единствениот период од годината во кого што моторите се гаснат и вратите на гаражите остануваат спуштени. Во светот на формула 1 почнува да владее поинаков дух. Возачите и тимовите ги пишуваат нивните божикни пораки на твитер и на љубителите на моторпортот им посакуват среќни празници преку фејсбук. Но, покрај овие најсовремени средства за празнична кореспонденција, во формула 1 и натаму останува популарен класичниот начин на соопштување на пораките и желбите: Божикната честитка. Најголема чест претставува добивањето божикна пошта од Берни Еклстоун. Само неколку избраници секоја година добиваат честитка од шефот на формула 1, со мотив кој што предизвикува смеа и надвор од кругот на познавачите на кралицата на мотоспортот. Во оваа година, Еклстоун го избра Red Bull како мотив, со Марк Вебер и Себастијан Фетел застанати пред гаражата на тимот. Меѓу нив е шефот Кристијан Хорнер, очигледно вознемирен, кој штотуку фрла паричка. Под мотивот е напишано: „Не испаѓа секогаш така како што мислиш.“ Шампионскиот тим Red Bull исто така користи карикатура на божикната честитка и се разбира дека не може да одолее, а притоа да не му
Што се случува во формула 1 кога нема трки и тестирања? Пилотите го користат двонеделниот одмор за Божик да се видат со семејството, но има и такви што се претвораат во магионичари
Фернандо Алонсо изведуваше магионичарски трикови пред социјално згрижените дечиња
Божикната приказна на
шампионите 76 01/2011
Кога не е во болид, трча. Џенсон го заврши триатлонот на 35-то место, меѓу 800 учесници. Ја убеди и Џесика да се трка
Божиќните честитки се култ што се негува во циркусот на четири тркала. Особена чест е да се добие честитка од шефот Берни
Себастијан (на сликата лево од водителот) не се симна од екраните, но истата судбина ја делеа и неговите колеги
упати низок удар на Ferrari. На честитката на Red Bull, шампионот Фетел се пробива низ длабокиот снег, додека одзади долетува Дедо Мраз со неговите ирваси. Врз мотивот е напишана пораката што преку радио врска ја добива новопечениот шампион Фетел: „Дедо Мраз е побрз од тебе. Молам потврди дека ја разбра пораката.“ Во оригинал, оваа комуникација преку радио врска се однесува на контроверзната наредба за замена на позициите што Ferrari ја даде на трката во Хокенхајм.
Во славеничкиот маратон, Фетел имаше ангажмани колку и самиот Дедо Мраз. Откако ја освои шампионската титула, младиот Германец е постојано на пат, речиси секојдневно дава интервјуа, дури и сними реклама за еден шампон, а во меѓувреме се подготвува за новата сезона. Неговата агенда е преполна. Фетел ги мина божикните празници во својот дом во Хепенхајм. „За Божик треба да бидеш со своето семејство“, изјави шампионот за германскиот магазин Билд. „Можеш
да си дозволиш малку мир и да одвоиш време да се посветиш на сосема други работи, на работи што исто така се важни, како семејството и пријателите. Се надевам дека насекаде ќе има снег.“ Од снегот што го посака Фетел, на неговиот колега од тимот на Mercedes, Нико Розберг, му беше дојдено преку глава. Поради зимскиот хаос што се случи во неделата пред католичкиот Божик, патувањето на Нико на божикната прослава на Mercedes во Штутгарт се претвори во вистинска авантура. Синот на славниот Кеке Розберг планираше мирно да отпатува со авион од Ница до Штутгарт, заедно со Дејвид Култхард, но поради лошите временски услови авионот мораше да слета во Минхен. За преостанатиот пат до Штутгарт требаше да им послужи измајмен автомобил, но откако го зедоа, утврдија дека автомобилот има летни гуми. Новиот план на Розберг и Култхард беше да се качат на воз. Овој план конечно успеа, иако со огромно задоцнување. Оваа авантура очигледно не успеа да го расипе големото уживање на Розберг во зимата и во белата прекривка. Неколку денови подоцна тој отпатува на крајниот Север, директно во земјата на Дедо Мраз, во Лапонија. Тука следуваа тренинзи во екстремни услови. Розберг и неговото семејство се пуштија во нордиско трчање на температура од минус 25 степени Целзиусови. Пилотот на McLaren, Џенсон Батон, се реши за друг екстрем. Тој побегна од снегот, студот и мразот на другиот крај на светот. Светскиот шампион од 2009 година повторно учествуваше во триатлон и тоа на Западот на Австралија, зовриен од летните температури. Батон стартуваше на триатлонот во Рокингам со уште 800 други натпреварувачи.
Со време од 1 час 1 минута и 52 секунди, тој го освои 35-то место. Неговата девојка Џесика Мичибата за прв пат стартуваше на маратонот. Вицешампионот Фернандо Алонсо исто така се пресели на Југот пред божикните празници, но не отиде толку далеку како Батон. Пилотот на Ferrari замина во својата татковина, Шпанија. Таму учествуваше во Галата на солидарноста на неговиот спонзор Сантандер. На забавата присуствуваа повеќе од 1.000 лица, меѓу кои и 600 дечиња, за кои што беа наменети средствата собрани на манифестацијата. Сите посетители донесоа подароци кои што разните фондации им ги подарија на социјално згрижените дечиња за Божик. „Ме радува тоа што се донесоа толку многу подароци“, изјави Алонсо. „Што се однесува до нас, се надевам дека во следната година ќе можеме да им дадеме подарок, со тоа што ќе го освоиме светскиот шампионат.“ Шпанецот ги израдува децата и без титулата, забавувајќи ги со трикови со карти. Алонсо го задржа доброто расположение и по конференцијата за печат, на која што беше прашан дали пие Red Bull за одржување на кондицијата. На тоа, Шпанецот одрече без двоумење и со убедлива насмевка. Активностите на Алонсо продолжија со посетата на Детската болница во Мадрид. Фондацијата Абракадабра им овозможи на неколкумина од своите млади пациенти да минат време со нивниот херој. Алонсо повторно ги забавуваше дечињата со магионичарски трикови. Исто како и за сите други возачи во формула 1 во празничните денови, кусиот одмор во кругот на семејството и најблиските пријатели е од приоритетна важност и за Алонсо. Веќе во средината на овој месец, на Шпанецот му претстои првото појавување пред јавноста во новата година, на традиционалното отворање на сезоната на Ferrari во Мадона ди Кампиљо. �
01/2011 77
tema НЕПРАВДИТЕ ВО ИСТОРИЈАТА
И
новациите постојано го придружуваат светот на автомобилите. Без нови идеи и решенија денешните автомобили немаше да имаат ниту директно вшприцување на горивото, ниту пак воздушни перници или систем против блокирање на тркалата. По некој автоматизам, револуционерните пронајдоци секогаш им ги припишуваме на големите марки и имиња во браншата. Но, производителите често пати нé доведуваат во заблуда. Не е редок случај зад иновациите да стојат маргинални производители, кои што едноставно немале доволно капацитет да го комуницираат своето достигнување или се задржале премногу кусо на сцената. Во раните години на автомобилизмот, во 1905 година, бришачите претставуваа највисоко достигување на техниката. Изумител на овој уред без кого што не може да се замисли возењето е прускиот принц Хајнрих, помлад брат на кралот Вилхелм Втори и почесен доктор на Техничкиот универзитет во Берлин. Неговиот патент DRP 204.343, секако, се однесува на бришачи со рачно активирање. Прв автомобил опремен со револуционерниот пронајдок е Austro Daimler во 1908 година. Електриката пристигнува во бришачите две децении подоцна, откако баронот Ротшилд пробно го вградува уредот во неговиот Bugatti Type 35 B. Во историјата се мошне чести случаите кога погрешни луѓе се прославуваат како херои. На прашањето кој го конструирал првиот автомобил со попречно вграден мотор и со преден погон, повеќето ќе одговорат самоуверено дека тоа е Mini, автомобилот на легендата Алек Исигонис. За жал, тоа е погрешен одговор. Речиси три децении пред Austin, во 1931 година, DKW Front FA ја насочува моќта од попречно вградениот двоцилиндарец од 0,5 литар до предните тркала. Ист е случајот со безбедносните ремени. Да се обидеме со Mercedes. Погрешно. Тогаш, мора да е Volvo? Повторно грешка. Не може да биде друг, Saab е вистинскиот одговор. Не, никој од нив. Безбедносните ремени се вградуваат за прв пат во американскиот автомобил Preston Tucker Torpedo во 1948 година. Ремените се само вовед во напредното безбедносно ниво на овој автомобил: Волан што апсорбира удар, дводелен ветробран што излетува нанапред при судир, за патниците да не се повредат од распрсканото стакло, како и средишно светло што се врти во свијоците се само дел од
78 01/2011
иновациите. Но, големата тројка GM, Ford и Chrysler не дозволи автомобилот да заживее на пазарот и го бомбардираше со измислени афери, поради што продукцијата мораше да заврши по само 51 примерок. Напредокот не е толку безопасна работа. Тешко е да се поверува дека на списокот на херои со лажна заслуга се наоѓа и Mercedes 300 SL, автомобилот кој и самиот е толку обземен од легендата за него, што сите веруваат дека тој е првиот со крилести врати, но и прв со мотор со директно вшприцување на горивото. Вистинскиот носител на заслугата за директното вшприцување воопшто не е угледен автомобил. Малечкиот Gutbrot Superior ја вшприцуваше двотактната смеша директно во цилиндрите уште во 1951 година, три години пред Mercedes. Следниот обид е дизелски мотор со директно вшприцување. Веруваме дека пионерот е Audi. Сигурно е точно, затоа што германската марка уште во 1989 година почна да го вградува 2,5-литарскиот TDI во моделот Audi 100. Но, и тука се работи за голема заблуда. Дизел со директно вшприцување чукаше во Fiat Croma уште во 1986 година, а две години пред тоа во доставното комби Ford Transit Mk 2. Дури и подзаборавениот Austin Montego имаше дизел со директно вшприцување пред Audi. Марката со четирите прстени ќе мораме уште еднаш да ја спуштиме од тронот. За триесеттиот роденден, Quattro GmbH го стави целиот автомобилски свет во заблуда дека тие го направиле првиот сериски автомобил со постојан погон на сите тркала со брз пренос. Вистинскиот херој е моделот на Jensen FF со воинствено име Interceptor, односно пресретнувач, кој уште во 1965 година ја распределуваше силата од неговиот осумцилиндарец на сите тркала. Блесокот на оваа ѕвезда е уште поголем со тоа што Interceptor е првиот автомобил со систем против блокирање на тркалата при сопирање. Од Bosch? Не, системот АВЅ прв го разви Dunlop. Списокот на заборавените пронаоѓачи се чини бескраен. Иако марката NSU во раните 1960-ти години за прв пат вгради ванкел мотор во моделот Spider и подоцна ѝ ги отстапи правата на лиценца на Mazda, Јапонците во исто време со NSU го претставија Cosmo, нивниот прв сериски модел со мотор со ротирачки клипови. BMW и Porsche ги познаваме како пионери на турбонатполнењето со нивните модели 2002 Turbo од
Заблуди и
околу најголеми Често пати пронајдоците се припишуваат на погрешна адреса. Следува кусо патување низ историјата на развојот на автомобилите со неочекувани херои и многу изненадувања
Кој верува дека Mercedes 300 SL е прв автомобил со бензински мотор со директно вшприцување, греши. Вистинскиот херој воопшто не изгледа толку спектакуларно
1973, односно 911 Turbo од 1974 година. Но, заслугата е на друга адреса. Американската марка Oldsmobile уште во 1961 година го продувуваше моторот на својот Jetfire со турбонатполнење, а подоцна истото го правеше и Chevrolet во моторот на Corvair. Историјата докажува дека постоеле времиња кога најголемите пронајдоци ни доаѓале од Америка. Електричен стартер, синхронизиран и автоматски менувач, клима уред, диск сопирачки, темпомат,
сервоуправување, асистенција за долго светло, централно заклучување, уред за ноќно гледање, сите овие иновации се појавуваат за прв пат во американските автомобили. Во истиот контекст се надоврзуваат и воздушните перници. Cadillac и Oldsmobile во 1974 година почнаа да ги вградуваат безбедносните перници во повеќе модели, но поради неизвесното функционирање ги повлече од возилата по само една година. Големиот пробив на воздушните перници во автомобилите
1906
и вистини
1908
ите пронајдоци 1902
Бришачи: Austro Daimler е првиот автомобил со бришач за ветробранот. Пронајдокот доаѓа од Американката Мери Андерсон, која што три години претходно разви механички бришач
Каросерија од алуминиум: Моделот Silver Ghost кој што се произведуваше 19 години му обезбеди на Rolls-Royce реноме на најдобра марка автомобили Повеќеслојно ветробранско стакло: Уште пред еден век Хенри Форд се грижеше за безбедноста и вградуваше ветробран од лепено стакло во Ford Model T
1915
Хибриден погон: По налог на фабриката Ludwig Lohner oд Виена, Фердинанд Порше разви електричен автомобил кој што се напојуваше со струја произведена од бензински мотор на Daimler
Попречно вграден мотор и преден погон: Не Mini, туку DKW Front FA e првиот автомобил што ги задвижува предните тркала со попречно вграден мотор, во случајов двоцилиндарец со 15 КС
1931 Метален преклоплив покрив: Peugeot 401 Eclipse е првиот кабриолет со метален покрив кој што по притискањето на копчето исчезнува во багажникот
1934
се случи дури во вториот обид, кај марката Mercedes во 1980 година. Ѕвездата од Штутгарт може да биде горда за тоа што на автомобилскиот свет му дарила многу иновации. Меѓу нив се дизелскиот мотор во патнички автомобил, зоната на гмечење на каросеријата, предзатегнувачите на ремени и електронската програма за стабилност. Последниов систем доживеа експанзија порано од планираното, поради бламажата со превртувањето на класата A на Mercedes во 1997 година.
Колку многу им значат иновациите на автомобилските марки најдобро покажува примерот со BMW и Audi. Првава марка тврди дека прва почнала да го вградува проекцискиот дисплеј, во 2003 година. Но, вистината е друга. Моделите на General Motors умееја да ги проектираат податоците за возењето пред ветробранското стакло уште во 1988 година. Од друга страна, Audi продолжува да тврди дека е пронаоѓач на погонот на сите тркала. Ќе го потсетиме повторно. Не е!
1936 Дизелски мотор во патнички автомобил: Моторите што палат без свеќичка ја почнаа долгата кариера во Mercedes-Benz 260 D, со 2,6-литарскиот мотор со 45 КС
Електрика за прозорци: Студијата Buick Y-Job прва научи да ги спушта прозорците без курбла. Потоа следуваа сериските модели
1938 01/2011 79
против досада Најпопуларните бои
А
мериканскиот производител на лакови DuPont речиси шест децении води евиденција кои бои се најпопуларни кај автомобилите. Веќе со години сребрената боја е прв избор меѓу купувачите на автомобили во глобални рамки. Тоа не се промени и во минатата година. Секој четврти автомобил продаден во 2010 година имал каросерија лакирана во сребрена боја. Со незначителен заостаток следува црната боја со 24 проценти, додека третото место го делат белата и сината, со по 16 проценти. Очигледно е дека светот уште долго нема да се откаже од здодевните и безизразни бои за своите миленици на четири тркала. Вистинските бои почнуваат
Ненси Локхарт, маркетинг менаџер за бои на DuPont: „Нашата годишна анализа на бои ни дозволува да ги споделиме сознанијата за глобалните трендови во бои со производителите на автомобили, кои што врз таа основа го планираат дизајнот на идните модели. Купувачите се` повеќе бараат иновативен дизајн и стил.“
Популарност на бои кај автомобилите Најчести бои во глобални рамки
Светот сака
сребрено За вкусовите не се расправа. Во глобални рамки, сребрената боја е најчеста кај автомобилите. По неа следуваат црната и сивата. Од боите кои што пренесуваат чувство, прва е црвената
дури од петтото место, каде што се наоѓа црвената боја, со шест проценти. По бојата на страста и возбудата следува сината боја со пет проценти. Кафената и кремастата боја постигнуваат глобално учество од три проценти, пред зелената боја со два проценти. Жолтата и златната боја се пласираат на деветтото место, со застапеност од еден процент.
Учеството на другите бои со помалку од еден процент е речиси занемарливо. Трендовите во изборот на бои се разликуваат повеќе ако се разгледува во регионални рамки. Фаворит во Европа е црната боја со 24 проценти, пред сивата со 19 проценти. Сребрената боја е на третото место со 17 проценти, што претставува голем пад во
Следниот број на магазинот Auto Focus излегува на 15 февруари 2011
82 01/2011
Сребрена 26% Црна 24%
обична 10%, со ефект 14%
Сива 16% Бела 16%
обична 13%, со ефект 3%
Црвена 6% Сина 5% Кафена/кремаста 3% Зелена 2% Жолта/златна 1% Други бои <1%
споредба со претходните години. Американците најмногу купуваат бели (21 процент), црни (18) и сребрени автомобили (17). Белата боја е најпопуларна и во Јапонија, каде што ја избираат 28 проценти од купувачите, но тука сребрената е на подобра позиција отколку во Европа и Америка, со учество од 24 проценти. На третото место, секако, следува црната боја, со 22 проценти. Класичен вкус негуваат и купувачите во
Според предвидувањата, продолжува да расте учеството на боите со бисерен или друг ефект, но основата на бојата и натаму останува црна. Голем подем бележи белата боја Кина. Кај нив се купува најмногу белата боја (33 проценти), а потоа следува црната боја со 31 процент. Сивата е третопласирана со 18 проценти. Експертите од DuPont не гледаат развој на нови трендови во претстојната година и предвидуваат дека лаковите со бисерен ефект и натаму ќе бележат раст во популарноста. Во секој случај, и кај овие лакови најчесто се работи за црна боја. �