УПАТСТВА ЗА ПЛАНИРАЊЕ, РЕАЛИЗАЦИЈА И ЕВИДЕНТИРАЊЕ НА ПРОГРАМАТА Oбразование за животни вештини

Page 1

УПАТСТВА ЗА ПЛАНИРАЊЕ, РЕАЛИЗАЦИЈА И ЕВИДЕНТИРАЊЕ НА ПРОГРАМАТА

образование за животни вештини


Програмата образование за животни вештини има цел да придонесе за личниот и социјалниот развој на учениците, на тој начин што го помага развојот на психосоцијалните вештини, оспособувајќи ги учениците за успешно справување со предизвиците на секојдневниот живот. Психосоцијалните вештини имаат важна улога во промовирањето на здравјето на учениците во целина - во обезбедување на нивната физичка, ментална и социјална добросостојба.

Со

новиот Закон за основно образование (донесен во август 2008 година, член 29) е предвидено на часот на одделенската заедница да се разработуваат содржини и активности за личниот и социјалниот развој на учениците според програма што ја утврдува министерот за образование и наука, на предлог на Бирото за развој на образованието.


Со наставните програми од оваа област на учениците во основното училиште им се овозможува да ги применуваат своите знаења во градење здрави облици на однесување, а да ги избегнуваат оние видови на однесување што се закана за нивното лично, емоционално и социјално здравје. Во програмите се разработени пет наставни теми на различни нивоа со соодветни активности (од I до III, од IV до VI и од VII до IX одделение). Тие нудат развивање на вештини за прифаќање, разбирање или воочување на појавите и начините на однесување, како и лично учество на ученикот во настаните од секојдневниот живот. Всушност, знаењата, вештините и ставовите треба да се стекнуваат и практикуваат во секојдневниот училиштен живот преку личните и колективните искуства на учениците со методи и постапки кои се ориентирани кон ученикот, како интерактивна и партиципативна единка во средината во која живее и учи. Согласно наставните програми Бирото за развој на образованието изработи прирачници за животни вештини за секој одделен циклус на основното образование.

ПОАЃАЈЌИ ОД ТОА ДЕКА КРАЈНАТА ЦЕЛ НА ОБРАЗОВАНИЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ Е ДА СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА ЖИВОТОТ, ЦЕЛОКУПНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖИВОТОТ И РАБОТАТА ВО ДЕВЕТГОДИШНОТО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ДАВА ПРИДОНЕС ВО ПОЧЕТОЦИТЕ НА НЕЈЗИНАТА РЕАЛИЗАЦИЈА.

Покрај

тоа што, на задолжителните и изборните часови, систематски и организирано, учениците треба да усвојуваат знаења и да стекнуваат вештини потребни за наредниот степен на образованието, тие треба и да се подготвуваат за животот. Учениците во училиштето живеат - ги спознаваат своите силни и слаби страни, ја јакнат самодовербата, стекнуваат различни искуства, се дружат, се охрабруваат, поддржуваат и соработуваат меѓу себе, се справуваат со различни ситуации, ги јакнат комуникациските вештини со различни личности и сл. Но, искуствата од претходните години укажаа на тоа дека не сите ученици биле доволно ангажирани и не учествувале сите активно во различните училишни активности, не била задоволувана нивната иницијативност, а во рамките на задолжителните, изборните и факултативните предмети не се реализирале активности за усвојување знаења и стекнување ставови и вештини неопходни за активна, свесна и


ДИДАКТИЧКИ ПРЕПОРАКИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ одговорна личност. Затоа се наметна потребата од изготвување посебна програма за образование за животни вештини што ќе одговара на развојните можности и потреби на учениците и ќе се реализира во текот на целото деветгодишно основно образование. За учениците од второ до деветто одделение предметот образование за животни вештини се реализира, со еден час неделно (36 часа годишно) на часовите на одделенската заедница, а за учениците од прво одделение на часовите на кои се реализираат другите наставни програми. Часот на одделенската заедница е задолжителен.

Дефинираните

цели по предметот образование за животни вештини се фокусирани на јас-концептот, што значи дека носечка дидактичкометодска основа на нивната реализација се активностите кои произлегуваат од развојните потреби, можности и интереси на учениците на соодветната возраст. Целите на предметот кореспондираат со предвидените методи и активности кои се во функција на стекнување и развој на навики, умеења и вештини неопходни за учениците од соодветната возраст. Одделенскиот наставник (од II до V одделение), односно класниот раководител (од VI до IX одделение) како реализатор на оваа програма треба да ги користи следните основни извори за активностите на учениците: ¤¤ спонтан разговор меѓу учениците; ¤¤ иницирање разговор меѓу учениците на теми од секојдневниот живот; ¤¤ користење на искуствата кои учениците ги стекнале во различни животни ситуации; ¤¤ фокусирано набљудување на однесувањето на учениците во текот на наставниот час и надвор од одделението; ¤¤ наменски текстови во кои се навестува проблем, дејство со различни пораки и цели дефинирани во програмата; ¤¤ други извори во вид на настани и случки меѓу учениците во одделението, актуелни настани во училиштето и пошироко.


Предложените активности во програмата за образование за животни вештини се надоврзуваат на голем дел од реализираните цели од другите наставни програми, така што наставникот кој реализира настава во прво одделение многу лесно и ефикасно ќе ги искористи работилниците за образование за животни вештини за реализација на дел од целите на наставните програми по запознавање на околината, македонски (албански, турски, српски) јазик, ликовно образование и др. Тоа не значи дека во повисоките одделенија не можат да се искористат овие работилници за реализација на целите и на другите наставни предмети (тоа, пред се, ќе обезбеди поголема активност на учениците на часовите, а ќе предизвика и интерес за проширување на нивните знаења од различни области). За реализација на целите на оваа програма одделенскиот, односно класниот раководител треба да организира и дизајнира работилници во кои процесите на учење ќе се одвиваат спонтано, релаксирано и без методичка ригидност. Се препорачуваат работилници во помали и поголеми групи во кои учениците ќе користат различни извори за проширување на своите сознанија, ќе зборуваат за сопствените искуства за некоја проблематика, ќе изнесуваат свои мислења и аргументи, ќе разговараат, ќе се договараат, ќе изготвуваат постери, плакати, книги, ќе ги презентираат своите идеи, мислења, ставови и сл., ќе нудат решенија на проблемски ситуации, ќе драматизираат итн.

Многу е важно да се обезбеди пријатна и опуштена атмосфера во училницата, во која учениците слободно и со задоволство ќе ги изнесуваат своите идеи и ќе ги прифаќаат и почитуваат идеите на соучениците.


УЧЕНИЦИТЕ НЕ СЕ ОЦЕНУВААТ ЗА ОВАА ПРОГРАМА.

Доколку

наставникот оценил дека некој/а ученик/ученичка има направено квалитетна творба, има искажано интересно решение на проблемска ситуација, аргументирано мислење и слично, материјалниот доказ за тоа го чува во неговото/нејзиното портфолио, што ќе помогне за поцелосна слика на развојот и напредувањето на ученикот/ ученичката.


ПЛАНИРАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ

Одделенските

наставници кои реализираат настава од прво до петто одделение на почетокот на годината изготвуваат глобално или годишно планирање во кое, покрај останатото, ги внесуваат глобалните цели и содржините од програмата за образование за животни вештини што ќе се реализираат во конретната учебна година. Наставникот ги одбира содржините и нивниот редослед за реализација врз основа на интересите и можностите на учениците во својата паралелка, актуелностите и спецификите, како и искуствата од реализацијата на оваа програма во претходната (претходните) учебна година.

Во рамките на тематското или среднорочно планирање (кое се изготвува во текот на годината пред започнување на реализација на нова тема) одделенскиот наставник ги внесува и целите и конкретните содржини од програмата за образование за животни вештини што ќе се реализираат во рамките на таа тема, во планираниот временски период. Изборот на содржините зависи од глобалното или годишното планирање, актуелните настани и случки во паралелката, како и од целите што треба да се реализираат во рамките на другите наставни програми (ова е особено важно за наставата во прво одделение).


Краткорочното (дневно) интегрирано планирање произлегува од тематското (среднорочното) планирање и се изготвува секој ден. Наставникот кој реализира настава во прво одделение определената работилница од програмата за образование за животни вештини ја планира во рамките на часот на наставната програма чии цели се слични или идентични со целите што се реализираат со конкретната работилница. Одделенскиот наставник кој работи во паралелките каде се реализира настава од второ до петто одделение во рамките на краткорочното (дневно) планирање (еднаш неделно) ги запишува целите, конкретната работилница и очекуваните резултати за часот на одделенската заедница (кога и се реализира програмата за образование за животни вештини. Доколку работилницата е преземена од прирачникот за образование животни вештини тогаш се запишува работилницата и бројот на страницата во Прирачникот. Ако наставникот планира своја работилница (изменета или сосема нова), тогаш покрај целите и очекуваните резултати запишува и краток опис на работилницата.


Класните раководители (во VI до IX одделение) на почетокот на годината изготвуваат глобално или годишно планирање во кое, покрај останатото, ги внесуваат глобалните цели, содржините од програмата за образование за животни вештини што ќе се реализираат во конретната учебна година и бројот на часовите за одделенската заедница. Наставникот ги одбира содржините и нивниот редослед за реализација врз основа на интересите и можностите на учениците во својата паралелка, актуелностите и спецификите, како и искуствата од реализацијата на оваа програма во претходните учебни години.

Во рамките на тематското процесноразвојно целно планирање (кое се изготвува во текот на годината пред започнување на реализација на нова тема) класниот раководител ги внесува и целите и конкретните содржини од програмата за образование за животни вештини што ќе се реализираат на часовите на одделенската заедница во планираниот временски период. Изборот на содржините зависи од глобалното или годишното планирање, актуелните настани и случки во паралелката, како и од целите што треба да се реализираат во рамките на другите наставни програми. При планирањето на часовите наставникот може да користи и работилници од програмата за образование за животни вештини, доколку целите на часот од таа наставна програма се слични со целите што се реализираат со конкретната работилница. За часот на одделенската заедница класниот раководител планира цели, конкретна работилница и очекувани резултати. Доколку работилницата е преземена од Прирачникот за животни вештини тогаш се запишува работилницата и бројот на страницата во прирачникот. Ако наставникот планира своја работилница (изменета или сосема нова) тогаш запишува и краток опис на работилницата. По секој час класниот раководител води куса забелешка за своите согледувања за ефикасноста на работилницата.


ЕВИДЕНЦИЈА НА РЕАЛИЗИРАНАТА ПРОГРАМА ЗА ПРОГРАМАТА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ

Во

одделенскиот дневник, на стр. 3, во графата каде што пишува ,,Час на одделенската заедница” се внесува број на часовите – неделно и годишно (1 и 36), како и името на наставникот кој го реализира тој час. На стр. 5 во ,,Распоредот на часовите” се внесува на кој ден и на кој час ќе се реализира часот на одделенската заедница.

Во делот ,,Евиденција за наставата според наставниот план”, по завршувањето на часот на одделенската заедница, се запишува во графата ,,Датум и ден” во делот ,,Б” во засенчениот правоаголник ,,Час на одделенската заедница”, во празното поле под него работилницата која е реализирана, а во малиот правоаголник во десниот долен агол се запишува кој час по ред е тој конкретен час.



Изданието e печатено со стручна и финансиска подршка на Канцеларијата на УНИЦЕФ, Скопје


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.