Интернационален Картичен Систем

Page 1

Интернационален Картичен Систем

Сандра Томановиќ Бизнис директор Јуни/јули 2009


Картично работење во Македонија • Картично работење има во 16 банки од 17, од кои 14 работат со меѓународни платежни картички (Visa/MasterCard/American Express). Домашни картички издаваат 7 банки, а истите се прифаќаат кај 11 банки. Покрај овие картички во Македонија постојат и Diners картичките. • Услуги на процесори користат сите 16 банки, додека 2 банки покрај користење на услугите на процесорите имаат in house картични решенија. • Процесори кои ги користат банките се: First Data Словачка, Quipu Германија, UCS Русија, PayNet Романија, First Data Hellas и Касис Македонија.


Картично работење во Македонија • Заклучно со мај 2009 година на пазарот во Македонија во оптег се 1.115.269 картички, направени се 2.384.820 трансакции во износ од 7.973.476.630,50 денари, инсталирани се вкупно 31.191 терминал од кои 22.470 ПОС терминали и 7.924 импритери кај 22.318 трговци и 797 АТМ терминали. Вкупниот број на остварени трансакции на терминалите е 2.555.600, а нивниот износ е 9.049.192.044,00 денари. • Споредбено декември 2005 со декември 2008 година бројот на картички во циркулација е зголемен за 588%, бројот на трансакции е зголемен за 751%, прометот од трансакции е зголемен 720%, бројот на инсталирани АТМ терминали е зголемен за 485%, бројот на инсталирани ПОС терминали зголемен за 997%, бројот на трансакции на терминалите е зголемен за 754% и прометот на терминалите е зголемен за 653%.




Пораст на развојот на картичното работење •

Плата на картичка на јавната администрација

Укинување на чековите

Реформите во банкарскиот сектор

Зголемена употреба на интернет, мобилна телефонија и етехнологија

Трансакциска сметка

Законска регулатива


Картички како банкарски продукти •

Дебитни картички

Charge кредитни картички

Revolving кредитни картички

Installment кредитни картички

Co-branded cards

Трендови •

Pre-paid картички


Картички и терминали на пазарот според имплементираните технолошки стандарди •

Issuing

- картички со магнетна лента - картички со чип (EMV) и магнетна лента •

Acquiring - терминали кои опслужуваат картички со магнетна лента - терминали кои опслужуваат картички со чип (EMV) и со магнетна лента


Системи за порамнување на трансакции од платежни картички во Македонија •

Системи за порамнување на меѓународните мрежи на картички:

MasterCard, Visa, American Express, Diners •

Порамнување на национални трансакции од Visa картички – агент за порамнување Стопанска банка Скопје

Порамнување на национални трансакции од MasterCard картички – агент за порамнување НБРМ

Порамнување на меѓубанкарски трансакции од домашни картички – Касис како клириншки систем во МИПС на НБРМ


За КаСис •

Независен картичен процесор кој ги нуди своите сервиси за електронско плаќање со платежни картички на банки и не-финансиски институции

Сертифициран МasterCard MSP и VISA TPP за работа со чип платежни картички, како и подршка на домашни картични шеми

Визијата на КаСис е да ја задржи водечката позиција на регионалниот пазар и да стане потполно неутрален и пазарно ориентиран провајдер на процесинг сервиси во областа на безготовински платежни системи

Во моментов КаСис опслужува: 16 банки во 3 држави, има издадено 500.000 чип платежни картички, менаџира 1.000 АТМ и 14.000 ПОС терминали, процесира 4.500.000 трансакции месечно


Зошто КаСис за банките? (1) • КаСис им нуди на банките зголемување на обемот и

квалитетот на електронските плаќања со картички, оставајќи им време и простор за нивната основна дејност . • КаСис како посредник помеѓу банките и меѓународните мрежи на картички ги намалува комплексноста и времето потребно за сертифицирање на членката. • КаСис како сертифициран процесор ги намалува иницијалните и тековните трошоци на банката членка во меѓународните мрежи на картички. • Минимална инвестиција во технички решенија при работа со меѓународни мрежи на картички, ако банката ги користи услугите на КаСис како процесор.


Зошто КаСис за банките? (2) • Оптимизирање на бројот на вработени во банката, ако истата ги користи услугите на КаСис како процесор . • КаСис ги зајакнува односите на банката со своите клиенти: имателите и трговците. • КаСис обезбедува модели на плаќање во различни сегменти. • Банката самостојно ги одредува финансиските услуги и моделот на профитот од картичното работење кон своите клиенти.


Потврда за високите стандарди по кои КаСис работи се сертификатите: MasterCard MSP сертификат • VISA TPP сертификат • PCI DSS сертификат • ISO 9001:2000 – Стандард за квалитет • ISO/IEC 27001- Стандард за безбедност на IT сервисите • ISO/IEC 20000-1:2005 – Стандард за менаџирање на IT сервисите •


Услуги Switching, авторизација и процесирање на трансакции • Персонализација на картички и генерирање на PIN • Клиринг и порамнување на трансакции од домашни картички • Процесирање на спорни трансакции • Key management • Управување и мониторинг на ATM/POS мрежата • Повеќејазичен центар за подршка на корисници, 24 часа дневно, 365 дена во годината •


Ексклузивни услуги • • • • • • • • • •

Продажба/купување преку интернет со платежни картички Нови платежни канали покрај internet: SMS, IVR, ATM, POS Плаќање на сметки и дополна на pre-paid сметки за мобилни телефони преку новите канали Состојба на сметка преку новите канали SMS notifications Money transfer Loyalty schemes Installment programs M-banking


Casys систем

Даватели на услуги Државни институции

Банки/Други процесори

E-shop

www.cpay.com.mk Internet

купувачи

CaSys

ACI-CMS ATM мрежа

POS мрежа

SMS

IVR


E-commerce - моментална ситуација на пазарот •

Недоволна запознаеност со новите технологии во областа на плаќањето, надополнување на кредит на мобилен телефон преку СМС, плаќање на сметки на интернет.

Електронска трговија не само во смисла на плаќање со картичка преку интернет на странски web страни, туку и можност македонските компании да ги нудат своите производи и услуги преку интернет.

Потреба македонските компании да ја осознаат потребата и техничките услови окoлу продажбата on-line.

Запознавање на купувачите за можноста за користење на картичките за електронска трговија, а не само за вадење готовина на банкоматите.


Предности кои ги охрабруваат интернет корисниците да користат електронска трговија

• • • • • • •

Заштедува време Можноста за нарачка во било кое време Производи кои не можат да се најдат на друго место Пониски цени отколку во малопродажбата Испорака до дома Прецизни информации за производите Поголем избор на производи


Стратегија за промена на перцепцијата •

Едукативна кампања за подигање на свесноста кај: - Клиентите - Трговците - Информирање на јавноста за трендовите во светот и регионот и потребата од електронската трговија - Едукација на целните групи за бенефициите од електронскататрговија за трговците, клиентите и економијата воопшто


Разлика помеѓу термините електронско банкарство (e-banking) и електронска трговија или e-commerce •

Електронското банкарство (e-banking) е затворен систем помеѓу банката и нејзиниот клиент каде што клиентот може да искористи повеќе услуги по електронски пат.

Електронската трговија (e-commerce) подразбира, продажба на производи и услуги преку Интернет, каде што клиентите не мора да бидат во рамките на иста банка со трансакцијата.

Електронската трговија им нуди можност на компаниите, без продажен простор, рафтови, продавачи и дополнителни ресурси да врши продажба на своите производи и услуги преку користење на e-commerce системот.


Предности за трговците

• • • • • • • • • •

Пониски трошоци за формирање и одржување на web shop во однос на класичното продажно место Голема флексибилност кај менувањето на производите, услугите и цените Поедноставна администрација на работењето по принципот точно на време Намалена потреба од вработени во делот на поддршката на клиентите Работење според принципот 7x24 (без ограничување во работното време) Продавачот ќе биде идентификуван од страна на купувачите како лидер во примената на современите технологии Поефикасен начин за соработка со добавувачите Автоматизација на текот на работењето во делот на доставата, сигурноста и наплатата на производите и услугите Елиминирање на посредниците и директен пристап до клиентите Подобра сегментација на пазарот


Предности за клиентите

• • • • • • •

Купување на производите преку електронска трговија на интернет од дома, работа или од било каде Испорака на купените производи до дома Достапност на производите 24 часа во денот 7 дена во неделата Ново решение кое предизвикува интерес кај клиентите Сигурност при користењето на картичките на интернет (имплементирани се највисоки стандарди на сигурност) Можност за плаќање на сметки Дополнување на pre-paid сметки за мобилни телефони преку интернет


Дејности каде електронската трговија е најупотребувана •

Хотели и ресторани

Туристички агенции

Продажба на авиобилети

Телекомуникации

Осигурителни компании

Наплата на сметки преку интернет

Продажба на карти и билети

Продажба на книги и software

Продажба на сите брендирани производи


Предности на електронската трговија •

Ефекти за граѓаните: -поголем избор и поедноставен пристап до призводите и услугите -олеснето плаќање во највисок степен на сигурност -достава на производите до дома

Ефекти за трговците: -неограничен пазар за производи и услуги на компанијата -директен пристап до клиентите без посредници -пониски трошоци на работењето и одржувањето -работа по принципот точно на време -зголемена продажба и профитабилност

Ефекти за економијата: -зголемување бројот и волуменот на безготовинските плаќања -подобрена наплата на сите обврски на даночните обврзници

Ефекти за државата: -промовирање на електронско општество -подобра запознаеност на граѓаните и компаниите за сите бенефити од електронската трговија


cPay Payment Portal Интернет портал со три модули (клиентски, за трговецот, банкарски) • Клиентски модул - Клиентот се регистрира преку безбедна и едноставна процедура - Состојба на сметка на платежна картичка - On-line мониторинг на сите трансакции направени со платежните картички на клиентот преку cPay • Модул за трговецот - on-line мониторинг на сите трансакции направени преку виртруелниот POS терминал на трговецот • Банкарски модул - on-line мониторинг на сите трансакции направени преку виртуелниоте терминали опслужувани од банката и сите трансакции направени со платежните картички издадени од банката


Интеграција на трговецот со cPay • • •

Брза интеграција на интернет продавницата на трговецот со cPay Payment Portal SSL пренасочување од интернет продавницата на трговецот до cPay за електронска трговија Основни параметри за SSL пренасочувањето: Идентификација на интернет продавницата на трговецот и вредноста на трансакцијата Податоците за картичката купувачот ги внесува на безбедната cPay страна, без можност за оставање на податоци за картичката кај трговецот Откако ќе биде комплетирана on-line трансакцијата, параметрите за успешноста на трансакцијата се праќаат до интернет продавницата на трговецот Чувствителните податоци за платежната картичка и за имателот на платежната картичка се прикажуваат маскирани.


3D безбедноснен модел – зголемување на интернет трговијата •

3-D безбедносниот модел овозможува автентикација на имателот на платежната картичка за време на електронската трговија преку интернет Интероперабилноста е воспоставена помеѓу банката издавач и банката опслужувач на платежни картички со развој на заеднички протокол. Casys ги подржува двете 3D солуции, MasterCard SecureCode и Verified by Visa 3D моделот значително го намалува, до 20 пати, бројот на спорни трансакции за време на интернет трговијата


3D безбедносен модел


Verified-by-Visa / MasterCard 3D Secure Code •

Како работи безбедносниот систем •

Имателот на платежната картичка е вклучен во безбедносниот програм во банката издавач на платежната картичка. Имателот на картичката има безбедносен код (лозинка) кој се користи за автентикација додека купува преку виртуелна продавница на трговец кој е исто така вклучен во безбедносниот систем. Банката издавач на платежната картичка го валидира безбедносниот код (лозинка), се извршува автентикацијата и се комплетира трансакцијата.

Оваа процедура обезбедува комплетна доверба помеѓу банката издавач на платежната картичка и имателот на платежната картичка. •


Ви благодарам за вниманието! Сандра Томановиќ www.casys.com.mk www.cpay.com.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.