ЗАКОН ЗА АВТОРСКОТО ПРАВО И СРОДНИТЕ ПРАВА

Page 1

ЗАКОН ЗА АВТОРСКОТО ПРАВО И СРОДНИТЕ ПРАВА ГЛАВА ПРВА ОПШТИ ОДРЕДБИ ДЕЛ 1. ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ

Предмет на Законот Член 1 (1) Со овој закон се уредуваат: 1. Правото на авторите над своите авторски дела определени со овој закон (во натамошниот текст: авторското право); 2. Правото на уметниците-изведувачи; произведувачите на фонограми; филмските продуценти; радио и телевизиските организации; издавачите и на изготвувачите на бази на податоци над своите предмети на сродни прва, определени со овој закон (во натамошниот текст: сродните права); 3. Остварувањето на авторското право и сродните права; 4. Заштитата на авторското право и сродните права и 5. Важењето на законот. Ограничување на авторското право и сродните права Член 2 Авторското право и сродните права може да се ограничат под услови и на начин определени со овој и друг закон. Објавување и јавност Член 3 (1) Авторското дело и предметите на сродните права се сметаат објавени доколку станале достапни на јавноста, во согласност со носителите на правата, доколку со овој закон не е поинаку определено. (2) Јавност, во смисла на овој закон, претставува достапност на авторското дело, односно на предметите на сродните права, под еднакви услови, на поголем број лица надвор од потесниот круг на роднини или лични познанства. Правичен надомест за секое користење Член 4 Авторот, односно носителот на сродно право, има право на правичен надомест за секој вид користење на авторското дело, односно предметот на сродно право, доколку со овој закон не е поинаку определено.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.
ЗАКОН ЗА АВТОРСКОТО ПРАВО И СРОДНИТЕ ПРАВА by B.K5 - Issuu