Katalog 2017 - Ѓурѓа

Page 1

ГОДИНИ

СПЕЦИЈАЛНА ЕДИЦИЈА

|ur|a ОД 1987

САЕМСКИ ЦЕНОВНИК 2017


В. Х. Р. РИВЕРС ПСИХОЛОГИЈА И ПОЛИТИКА В. Х. Р. РИВЕРС рекол: „Не можам да верувам дека политичките проблеми се разликуваат од оние во секој друг аспект на општествениот живот по тоа дека не можат да се решат со научни методи.“ Ваквото верување го поттикнало да одржи предавања за психолошката теорија на универзитетите, во бројни училишта и здруженија во Велика Британија и во Америка, а кои се отпечатени во оваа книга – сигурно највпечатлив облик на обраќање до парламентарните избирачи во историјата на политиката! ФОРМАТ: 115x185 мм БРОЈ НА СТРАНИЦИ: 160 300 ден.

Вилијам Џорџ ЏОРДАН МОЌТА НА ВИСТИНАТА Искреноста е суштинска основа на секој силен карактер. Таа е компас на душата, чувар на совеста, пресудно мерило на исправноста. Вистината, пак, е најстарата од сите доблести. Кога еден човек ќе открие една голема вистина на природата, тој го има клучот за разбирање на милион појави; кога ќе зграби една голема вистина на моралот, тој во неа го има клучот за своето духовно пресоздавање. ФОРМАТ: 115x185 мм БРОЈ НА СТРАНИЦИ: 108 200 ден.

Николо МАКИЈАВЕЛИ ЗА ЗАГОВОРИТЕ Бидејќи заговорите се со толку опасни последици, како за владетелите така и за обичните луѓе, Макијавели чувствува потреба да проговори за нивната природа, зашто многу повеќе владетели ги загубиле животите и своите држави на овој начин отколку во отворена војна, од причини што бројот на оние на кои им е дадена можноста да започнат отворена војна против некој владетел е многу мал, додека заговор против него може да организира буквално кој било… ФОРМАТ: 115x185 мм БРОЈ НА СТРАНИЦИ: 160 300 ден.

Џон РАСКИН ЛАМБАТА НА СЕЌАВАЊЕТО Раскин е без сомнение еден од најбрилијантните умови од викторијанската ера и страстен критичар на уметноста. Ги изложува своите сфаќања за архитектурата, уметноста, знаењето, литературата и учењето. Тврди дека античките градби мора да се зачуваат заради нивните длабоки и мистични врски со минатото и заради тоа што пренесуваат една вечна човечка вистина. Книгата изобилува со фантастични идеи, поддржани со целосни аргументи кои ја провоцираат сечија мисла. ФОРМАТ: 115x185 мм БРОЈ НА СТРАНИЦИ: 144 200 ден.


ЗАПИСИ ОД ЗЕН МАЈСТОРИТЕ Единствени приказни за безвременска мудрост од зен мајсторите. Богати приказни со мечови, тигри, чај, цвеќиња и кучиња. Записите од зен мајсторите ја предизвикуваат сечија фантазија и го носат секој читател поблиску до просветлување. ФОРМАТ: 115x185 мм БРОЈ НА СТРАНИЦИ: 124 200 ден.

Франсоа ВОЛТЕР ЧУДА И ИДОЛОПОКЛОНСТВО Кратките и радикални есеи на Волтер за филозофските идеи од ангели до идолопоклонство, од чуда до злоба, даваат иронични забелешки за човечките верувања и ги исмеваат лицемерието и екстремната побожност. Тој им се обраќа на пријателите и им вели да делуваат со разум и да ги препознаат лагите со кои ги хранат нивните владетели. Задолжително четиво за инспирација за сите мислители насекаде! ФОРМАТ: 115x185 мм БРОЈ НА СТРАНИЦИ: 148 200 ден. Сигмунд ФРОЈД ВОВЕД ВО ПСИХОАНАЛИЗА Дел од предавањата за вовед во психоанализа кои Фројд ги одржал на различни факултети на Универзитетот во Виена. Никогаш не објавил учебник, па затоа овие предавања се смета дека се најблиску до тоа. Во нив ќе дознаете сѐ за исполнувањето на желбите, несигурностите и критиките, либидото и нарцизмот и за детските соништа. ФОРМАТ: 115x185 мм БРОЈ НА СТРАНИЦИ: 136 200 ден.

Рудолф ШТАЈНЕР ПРЕСВРТИ ВО ДУХОВНИОТ ЖИВОТ Според Штајнер, земјата е казан на космичка еволуција и земјината еволуција се остварува преку човештвото. Постојат пет пресвртни точки, или критични, преобразни моменти, а на секоја од овие точки ѝ соодветствува по една личност: Заратустра, Хермес, Мојсеј, Илија и Буда. Во нив, Штајнер дава прекрасни гледишта за езотеричната историја и ги покажува извонредните начини според кои е водена спиритуалната еволуција во подготовката за Исусовото појавување на земјата. ФОРМАТ: 115x185 мм БРОЈ НА СТРАНИЦИ: 192 300 ден.


ТАГОРЕ САДАНА Драг читателу, Садана е неверојатна збирка на духовни разговори кои ги водел Рабиндранат Тагоре со децата во неговото училиште во Болпур, Западен Бенгал. Ова е една од најмудрите книги кои некогаш ќе ги прочиташ за исполнување во љубовта, во работата, во убавината и во бескрајноста. Срдечно ја препорачуваме на сите кои се во потрага по духовна возвишеност. ФОРМАТ: 115x185 мм БРОЈ НА СТРАНИЦИ: 168 300 ден.

Џејн ОСТИН УБАВАТА КАСАНДРА „Таа има многу ретки и убави карактеристики, но трезвеноста не е една од нив“. Избор од раните мрачни и смешни дела на Џејн Остин во кои изобилуваат со убиства, пијанства, кривоклетство, крадење, труење, жени кои бегаат од затвор, мажи кои пишуваат тестаменти и бебиња кои ги одгризуваат прстите на мајките... „Убавата Касандра“ е мало ремек-дело кое променило илјадници животи. ФОРМАТ: 115x185 мм БРОЈ НА СТРАНИЦИ: 96 200 ден. Ела ВИЛКОКС УМЕТНОСТА НА ЖИВЕЕЊЕТО На секои илјадници луѓе кои живеат на оваа земја не повеќе од еден е жив. Оној кој е навистина жив, спознава дека деновите се премногу кратки за сите прекрасни истражувања што животот му ги нуди во трите светови на повратникот и инспирираниот авантурист. Животот е за него непрекината авантура, отворена глетка со можности за задоволство и достигнувања на секој чекор. Гледа дека е еден мал дел од вечноста и знае дека во него лежи сета моќ и можности кои се прикриени во Универзумот. ФОРМАТ: 115x185 мм БРОЈ НА СТРАНИЦИ: 184 300 ден.

Штефан ЦВАЈГ ФАНТАСТИЧНА НОЌ Само едно доживување станува одлучувачки момент во животот на еден човек. Што е доволно за среќа? Динамиката на доживувањата во „Фантастична ноќ“ нѐ предизвикуваат и нѐ тераат да помислиме: дали ја прифаќаме улогата на животот или го прифаќаме само калапот за живот таков каков што е извајан од општеството? А за наклоноста кон страста и нескротливата природа ќе прочитате во „Амок“ – извонредна приказна за еден тропски лекар, обземен од страста и за неговата горда пациентка. ФОРМАТ: 115x185 мм БРОЈ НА СТРАНИЦИ: 172 300 ден.


Елифас ЛЕВИ МАСОНСКИ ЛЕГЕНДИ Во една древна легенда зависта, љубомората и горделивоста, претставуваат три глави на пеколниот демон, но тој демон е дух-гениј кај испревртените луѓе, кои го претставуваат тројца предавници. Во суштина масонската филозофија е иста со филозофијата на древната Кабала. Леви е најблескавиот, најоригиналниот и највпечатливиот објаснувач на окултната филозофија на Западот. Дури и два века по неговата смрт сè уште не се појавил никој да ја постави вистината на неговата мантија. ФОРМАТ: 115x185 мм БРОЈ НА СТРАНИЦИ: 100 200 ден. Алберт Џ. МЕКИ ПРИНЦИПИТЕ НА МАСОНСКОТО ПРАВО ПРАВОТО НА МАСОНСКИТЕ ЛОЖИ Во оваа книга, на читателот му се претставува краток историски преглед на настанокот и развојот на устројството на Големите ложи, и начинот на кој таквите тела се првично организирани, кој ги сочинува нивните службеници и членови и кои се нивните признати права. Сѐ за законодавната, судската и извршната власт на Големата ложа.

ПРАВОТО НА ПОЕДИНЦИТЕ МАСОНИ Дискусија за моралните, физичките, интелектуалните и за политичките квалификации на кандидатите. Дали ги знаете правата на чираците, калфите и на мајсторите? Прочитајте за масонските претставки и казни, за суспензијата, исклучувањето и за исфрлањето од ложата. Сѐ за тајните масонски судења!

Џон РОКФЕЛЕР СЛУЧАЈНИ СЕЌАВАЊА НА ЛУЃЕ И НАСТАНИ „Би ми било уживање и задоволство со гордост да се сеќавам на приказните од секојдневното и блиско долгогодишно пријателство со моите партнери и соработници. Oвие искуства за мене секогаш ќе бидат едни од најголемите животни задоволства, па затоа ги споменувам имињата на бројните партнери кои имаа огромен удел во градењето на нашите заеднички бизнис интереси. Во одредена мера бев поврзан со најинтересните луѓе од нашата земја, особено во бизнисот – луѓе кoи на големо помогнаа да се изгради трговијата на САД и чии производи се популарни ширум светот.“

ФОРМАТ: 115x185 мм БРОЈ НА СТРАНИЦИ: 200 300 ден.

ФОРМАТ: 115x185 мм БРОЈ НА СТРАНИЦИ: 164 300 ден.

ФОРМАТ: 115x185 мм БРОЈ НА СТРАНИЦИ: 160 300 ден.

Алберт Џ. МЕКИ

ПРИНЦИПИТЕ НА МАСОНСКОТО ПРАВО


Ен РЕДКЛИФ СИЦИЛИЈАНСКА РОМАНСА Стари замоци, тајни премини, хероини кои често губат свест, злобни премолчувања и секако, тајни работи кои се случуваат во текот на ноќта. Страст, смелост и надеж во име на љубовта наспроти замките на животот. Во „Сицилијанска романса“ на Ен Редклиф можете да ги најдете сите овие работи. Ако сѐ уште не сте почнале да ја читате оваа возбудлива писателка, топло препорачуваме да почнете токму со оваа книга. ФОРМАТ: 115x185 мм БРОЈ НА СТРАНИЦИ: 252 300 ден. Штефан ЦВАЈГ ИТАН ФРОМ Итановата жална историја, неговата потресна трагична љубов, нѐ водат северно од Њујорк, во Старкфилд, каде неговиот безнадежен пораз и духовната изолација се ставени во заслепувачката белина на зимата каде зад неизмерната монотонија на снегот се крие љубовната бура на Итан и Мети... ФОРМАТ: 115x185 мм БРОЈ НА СТРАНИЦИ: 160 300 ден.

Анонимус МАГИЈА И МАЃЕПСНИШТВО Верувањето во духовни влијанија е толку универзално, особено во нивните малигни влијанија, што нема ниту една човечка раса, нема временски период, нема регион на светот, што се ослободени од него. Големата имитација или карикатура на некоја голема вистина е голема грешка, која, како таква може во секое време да влијае врз мислењето на човештвото. Без оглед колку се грозни и болни деталите на суеверието, сепак се заснован врз основа на факти или вистини... ФОРМАТ: 115x185 мм БРОЈ НА СТРАНИЦИ: 116 200 ден.

В. Џ. КОЛВИЛ КАБАЛА Следнава серија на есеи ја нудиме за на читателот да му овозможиме општ и нетехнички преглед на идејата на оваа куќа на богатство, знаење и мистерија. Бидејќи доктрината на кабалата има вистински практичен, мистериозен и магичен аспект, не е залуден потфатот за пронаоѓање и одбирање на неколкуте мирисни цветови од оваа древна и таинствена градина или на неколкуте драги камења од овој духовен рудник. Големата потрага по единство и достигнување рамнотежа е водечки мотив на сите студии на кабала. ФОРМАТ: 115x185 мм БРОЈ НА СТРАНИЦИ: 180 300 ден.


Елена БЛАВАТСКАЈА КОШМАРНИ ПРИКАЗНИ Оваа книга е составена од кратки приказни, кои Блаватскаја ги создала во нејзините посветли моменти и ја покажува како ведра писателка со прекрасна фантазија. Богата е со изненадувачки описи за чудното и за необичното, а само дел од фантастичните приказни во кои ќе уживате се: „Легендата на синиот лотос“, „Нерешена мистерија“, „Маѓепсан живот“. ФОРМАТ: 115x185 мм БРОЈ НА СТРАНИЦИ: 236 300 ден. Мишел де МОНТЕЊ КАКО ПЛАЧЕМЕ И СЕ СМЕЕМЕ ЗА ИСТОТО Ззначајни и безвременски есеи во кои тој се осврнува на осаменоста, на моќта на имагинацијата, на задоволството од читањето, на важноста на сонот, како и зошто понекогаш и плачеме и се смееме за истите работи. Дознајте зошто имаат толку големо влијание врз француското образование, култура и дипломатија. Дури и поранешниот француски претседател Франсоа Митеран, на официјалниот портрет ја држи токму оваа книга. ФОРМАТ: 115x185 мм БРОЈ НА СТРАНИЦИ: 136 200 ден. Џејн ОСТИН УБЕДУВАЊЕ Ен Елиот е најстарата хероина на брилијантната Остин. Осум години пред да започне приказната, таа е верена за еден офицер, Фредерик Вентворт, но ја раскинува свршувачката, за која подоцна се кае. Но, кога Вентворт ќе се врати како богат и успешен капетан, дознава дека семејството на Ен е во финансиска криза. Целата напнатост во книгата се врти околу едно прашање: дали Ен и Вентворт ќе ја обноват нивната љубов? ФОРМАТ: 115x185 мм БРОЈ НА СТРАНИЦИ: 240 300 ден.

Габриеле Д‘АНУНЦИО ЗАДОВОЛСТВОТО Андреа Сперели живее убав живот, во потрага e по убавина и не ги почитува правилата на моралот и на општеството. Во аристократските кругови во Рим, тој е познат како голем заводник. Но има две жени кои влијаат на неговиот углед: убавата и млада вдовица, Елена, и нежната и чесна Марија. Андреа, во потрага по возбуда, си игра со двете жени, ги врти една против друга и ткае садистичка мрежа од сладострасност и измама. Љубовта и распалените страсти ќе ви го задржат вниманието до последната страница. ФОРМАТ: 115x185 мм БРОЈ НА СТРАНИЦИ: 348 300 ден.


Матилде СЕРАО ФАНТАЗИЈА Безвременска приказна на единствената Серао. Моќна приказна за едно цврсто пријателство над кое се надвиснуваат темните облаци на страста и агонијата на љубовниот триаголник. Дали судбина на несреќните е обично да доживеат весел почеток, но премногу тажен крај? Малкумина се оние кои среќата ги испраќа до прагот. Колку е учтива кон оние што доаѓаат, толку е невнимателна кон оние што заминуваат... ФОРМАТ: 115x185 мм БРОЈ НА СТРАНИЦИ: 296 300 ден. Алфред АДЛЕР ПОЗНАВАЊЕ НА ЧОВЕКОТ ДЕТЕТО И ОПШТЕСТВОТО Тајната цел на детското однесување е иста со однесувањето на човекот во подоцнежни години. Поради тоа нашето внимание мора да се сврти кон детството, бидејќи согледавме дека ако сакаме да направиме некоја промена, треба најпрво да го пронајдеме и откриеме неговиот шаблон. Дознајте за детската фантазија, чувството на помала вредност и стремежот за важност и надмоќ, соништата, соживувањето, сугестијата... ФОРМАТ: 115x185 мм БРОЈ НА СТРАНИЦИ: 132 200 ден. Скот ФИЦЏЕРАЛД ЉУБОВТА НА ПОСЛЕДНИОТ МАГНАТ Холивуд е опасен, но и неверојатно магичен. Никој не го претставил ова подобро од Фицџералд во „Љубовта на последниот магнат“. Холивудскиот продуцент Стар не само што се труди да најде љубов и успех во еден суров свет, туку се бори и да си го направи животот посреќен. Дали Кејтлин е вистинската за него? Дали нивната романса ќе успее? Додека ја читате, ќе бидете заслепени од сиот гламур и надеж на Холивуд, но и изненадени од лицемерието кое се крие зад нив. ФОРМАТ: 115x185 мм БРОЈ НА СТРАНИЦИ: 232 300 ден.


Елизабет фон АРНИМ ВОЛШЕБНИОТ АПРИЛ Во лондонскиот Тајмс се појавува оглас дека еден мал италијански средновековен замок е слободен за изнајмување во април. Четири жени, со различни карактери, се јавуваат на огласот, за да избегаат од тмурниот Лондон и да уживаат на италијанското сонце. Дозволете си убавината на Италија да ве маѓепса читајќи го овој интересен и волшебен роман. ФОРМАТ: 115x185 мм БРОЈ НА СТРАНИЦИ: 272 300 ден.

Бартон Џ. ХЕНДРИК ЕРАТА НА ГОЛЕМИОТ ПОДЕМ САД на крајот на Граѓанската војна ќе ја открие состојбата на општеството кое сосем малку наликува на ова денешното. Тогаш била земја без трансконтинентални пруги, без телефони, автомобили, облакодери, хотели во вредност од милион долари, тролејбуси, или илјада други изуми кои денес ги обезбедуваат удобноста и комфорот на она што го нарекуваме американска цивилизација. Преку разговор со бизнисмените од тој период можеме да ја дознаеме неверојатната индустриската приказна на САД за една голема економска трансформација каква што светот дотогаш не видел. ФОРМАТ: 115x185 мм БРОЈ НА СТРАНИЦИ: 172 300 ден.

Алфред АДЛЕР ПОЗНАВАЊЕ НА ЧОВЕКОТ ОДНОСОТ МЕЃУ ПОЛОВИТЕ Човекот во исполнувањето на трите основни задачи на животот (љубов, професија и друштво), го покажува и стремежот да биде почитуван и надмоќен. Со тоа започнала поделбата на работата на посебни патеки, кои и денес прават човековата култура да биде одбележана со пресудната надмоќ на мажите која е пресудна врз влијанието на положбата на жената. Зошто по своја волја да одлучуваат за формите на живот и да го одредуваат начинот на животот на жените и какви се нивните предрасуди за ниската вредност на жената? ФОРМАТ: 115x185 мм БРОЈ НА СТРАНИЦИ: 108 200 ден.


Книги 100 ден Џон ГОЛСВОРДИ – ПРОЛЕТ Џон ГОЛСВОРДИ – ЛЕТО Џон ГОЛСВОРДИ – ЕСЕН Де СЕН ПЈЕР – ПОЛ И ВИРЏИНИЈА Итало КАЛВИНО – ПАЛОМАР Маркиз де САД – УЖИВАЊЕ ВО ЗЛОСТОРСТВОТО Дино БУЦАТИ – ПРОДАВНИЦА НА ТАЈНИ Дино БУЦАТИ – ТАТАРСКА ПУСТИНА Сорен КЈЕРКЕГОР – ДНЕВНИКОТ НА ЗАВОДНИКОТ Томас ХАРДИ – ИНТЕРМЕЦО Лав Н. ТОЛСТОЈ – КРОЈЦЕРОВАТА СОНАТА Дејвид Х. ЛОРЕНС – ДЕВИЦАТА И ЦИГАНИНОТ Кетрин МЕНСФИЛД – ДЕТИНЕСТО, НО МНОГУ ПРИРОДНО Џакомо КАЗАНОВА – ЗА ЉУБОВНИЦИТЕ, ТИГРИЦИТЕ И ДРУГИОТ ПЛЕН Хенри МИЛЕР – СВЕТОТ НА СЕКСОТ АБЕЛАР и ЕЛОИЗА – ЗАБРАНЕТИ ЗАДОВОЛСТВА ФИЦЏЕРАЛД – ПРИВЛЕЧНОСТ Антон П. ЧЕХОВ – ДАМАТА СО КУЧЕНЦЕТО Томас МАН – МАРИО И МАГИОНИЧАРОТ Готфрид КЕЛЕР – ЛУЃЕТО ОД СЕЛДВИЛ Франд КАФКА – СИНОВИ Томас МАН – ЕДЕН ЧОВЕК И НЕГОВОТО КУЧЕ И КРВТА НА ВАЛСУНГОВИ Рабиндранат ТАГОРЕ – ГИТАНЏАЛИ Дејвид Х. ЛОРЕНС – СИНОВИ И ЉУБОВНИЦИ Ричард Пејн НАЈТ – СЕКСУАЛЕН СИМБОЛИЗАМ Хенри ЏЕЈМС – ДЕЈЗИ МИЛЕР Александар СОЛЖЕНИЦИН – ЕДЕН ДЕН НА ИВАН ДЕНИСОВИЧ Маркиз де САД – УЖИВАЊЕ ВО ЗЛОСТОРСТВОТО Исак Башевис СИНГЕР – КРУНА ОД ПЕРЈА Бернарден де СЕН-ПЈЕР – ПОЛ И ВИРЏИНИЈА

Ерих ФРОМ – МИСИЈАТА НА СИГМУНД ФРОЈД Абе КОБО – ЖЕНА ВО ПЕСОК Дино БУЦАТИ – ТАТАРСКА ПУСТИНА Дино БУЦАТИ – ПРОДАВНИЦА НА ТАЈНИ Дафне ди МОРИЕ – ЈАМАЈКА ИН Никола КОСТЕСКИ – МАШКО ПИСМО ДОРЕ – НАЈУБАВИТЕ БИБЛИСКИ ПРИКАЗНИ Вилки КОЛИНС – МЕСЕЧЕВИОТ КАМЕН Херберт Џорџ ВЕЛС – НЕВИДЛИВИОТ ЧОВЕК Џејмс ЏОЈС – ДАБЛИНЦИ Џон ШТАЈНБЕК – КРАТКОТО ВЛАДЕЕЊЕ НА ПИПИН ЧЕТВРТИ Анатол ФРАНС – НА БЕЛИОТ КАМЕН Итало КАЛВИНО – ПАЛОМАР Ирена ЦВЕТКОВИЌ-АЛЕНА – ОРГАЗМИЧНИ ПИСМА ЉУБОВНИТЕ ПИСМА НА ПОРТУГАЛСКАТА КАЛУЃЕРКА Сесил САЊ – СВЕТИОТ ЕРОТИЗАМ Артур ШОПЕНХАУЕР – ЕРИСТИЧКА ДИЈАЛЕКТИКА ЈУЛИЈАН – ПИСМА Исак АСИМОВ – ИСТРАЖУВАЊЕ НА ЗЕМЈАТА И НА КОСМОСОТ Никола КОСТЕСКИ, Виолета ТАНЧЕВАЗЛАТЕВА – СЕКСУАЛЕН СОНОВНИК Томазо КАМПАНЕЛА – ГРАДОТ НА СОНЦЕТО Луиза Меј АЛКОТ – МОМЧИЊА СТЕНДАЛ – КАЛУЃЕРКАТА ОД КАСТРО Томас ХАРДИ – МАЃЕПСАНИОТ СВЕШТЕНИК Проспер МЕРИМЕ – КОЛОМБА ТУРГЕНЕВ – ПРОЛЕТНИ ВОДИ Е. Т. А. ХОФМАН – ГОСПОЃИЦА СКИДЕРИ Рејмон РАДИГЕ – ЃАВОЛ ВО ТЕЛОТО Лав Н. ТОЛСТОЈ – СМРТТА НА ИВАН ИЛИЧ Волтер – КАНДИД Жан РАСИН – АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ Даниел ДЕФО – РОБИНЗОН КРУСО Чарлс ДИКЕНС – ОЛИВЕР ТВИСТ Марк ТВЕН – ХАКЛБЕРИ ФИН Џонатан СВИФТ – ГУЛИВЕРОВИТЕ ПАТУВАЊА


Едгар Алан ПО – АВАНТУРИТЕ НА АРТУР ГОРДОН ПИМ ЧЕХОВ – КНИГА ЗА ЖАЛБИ И ПОПЛАКИ Жил ВЕРН – ПАТ ОКОЛУ СВЕТОТ ЗА 80 ДЕНА Едгар Алан ПО – ГАВРАНОТ И ДРУГИ ПЕСНИ СТИВЕНСОН – ОСТРОВОТ СО СКРИЕНОТО БОГАТСТВО Лав Н. ТОЛСТОЈ – ПРИКАЗНИ ЗА МАЛИ И ГОЛЕМИ Жил ВЕРН – 20.000 МИЛЈИ ПОД МОРЕТО Џек ЛОНДОН – ПОВИКОТ НА ДИВИНАТА ГЕТЕ – СТРАДАЊЕТО НА МЛАДИОТ ВЕРТЕР Карло КОЛОДИ – ПИНОКИО Џовани БОКАЧО – ДЕКАМЕРОН

Книги 150 ден Карл Густав ЈУНГ – ОДГОВОР НА ЈОВ Сигмунд ФРОЈД – МАЛИОТ ХАНС Сигмунд ФРОЈД – ТОТЕМ И ТАБУ Сигмунд ФРОЈД – СЕКСУАЛНА ТЕОРИЈА Сигмунд ФРОЈД – АВТОБИОГРАФИЈА Сигмунд ФРОЈД – ЧОВЕК СТАОРЕЦ Сигмунд ФРОЈД – ЧОВЕК ВОЛК Сигмунд ФРОЈД – ТАТКОУБИСТВОТО НА ДОСТОЕВСКИ/МОЈСЕЈ НА МИКЕЛАНЏЕЛО Сигмунд ФРОЈД – СЕКСУАЛНИОТ ЖИВОТ НА ЛУЃЕТО Ерих ФРОМ – МИСИЈАТА НА СИГМУНД ФРОЈД Чарлс БУКОВСКИ – ФАКТОТУМ Оскар ВАЈЛД – СЛИКАТА НА ДОРИЈАН ГРЕЈ Херман ХЕСЕ – СРЕЌЕН Е ТОЈ ШТО УМЕЕ ДА САКА Херман ХЕСЕ – СИДАРТА Херман ХЕСЕ – КНУЛП Јасунари КАВАБАТА – УБАВИНА И ТАГА НАЈГОЛЕМИТЕ МИСТЕРИИ НА СВЕТОТ Федерико Гарсија ЛОРКА – ВПЕЧАТОЦИ И ПЕЈЗАЖИ Фјодор М. ДОСТОЕВСКИ – БЕДНИ ЛУЃЕ Агата КРИСТИ – ОТВОРЕНИ КАРТИ МАРКЕЗ – РИБАТА Е ЦРВЕНА

АРИСТОТЕЛ – КАТЕГОРИИ МИТОЛОШКИ РЕЧНИК Џејн ОСТИН – ЉУБОВ И ПРИЈАТЕЛСТВО Феј ВЕЛДОН – ДОЛУ МЕЃУ ЖЕНИТЕ Лијам О’ФЛАЕРТИ – ПОТКАЖУВАЧ Сигмунд ФРОЈД – ДЕВИЈАНТНА ЉУБОВ Херман ХЕСЕ – МОЈАТА ВЕРА Маркиз де САД – МЕСТО ЗА ДВАЈЦА Џејмс ХОГ – ЛИЧНИТЕ МЕМОАРИ И ИСПОВЕДИ НА ЕДЕН ОПРАВДАН ГРЕШНИК Џовани ВЕРГА – ЉУБОВНИЦАТА НА ГРАМИЊА Кретјен де ТРОА – КЛИЖЕ (романса) Фјодор М. ДОСТОЕВСКИ – ДВОЈНИК Фјодор М. ДОСТОЕВСКИ – БЕЛИ НОЌИ Фјодор М. ДОСТОЕВСКИ – КОЦКАР ДЕМОСТЕН – ОЛИНТИКИ И ФИЛИПИКИ КАСТАНЕДА – АКТИВНАТА СТРАНА НА БЕСКРАЈОТ Ернест ХЕМИНГВЕЈ – ДЕНЕС Е ПЕТОК Ерих ФРОМ – УМЕТНОСТА НА ЉУБОВТА Чарлс БУКОВСКИ – БЛУДНИОТ СИН

Книги 200 ден Миле КОСТОВ – МИСИЈА 2 Р. Х. ТОНИ – АЛЧНО ОПШТЕСТВО Елена БЛАВАТСКАЈА – СТУДИИ ЗА ОКУЛТИЗМОТ Бенџамин БЛАД – ОПТИМИЗАМ Џером АНДЕРСОН – КАРМА Ана Кетрин ГРИН – ЧУДНО ИСЧЕЗНУВАЊЕ Вилијам ле КЈУ – ТАЈНИТЕ НА ПОТСДАМ ЛЕРМОНТОВ – ХЕРОЈ НА НАШЕТО ВРЕМЕ Ени Пејсон КОЛ – СЛОБОДАТА НА ЖИВОТОТ Терон К. ДИМОН – МОЌТА НА КОНЦЕНТРАЦИЈАТА Сигмунд ФРОЈД – НЕПРИЈАТНОТО ВО КУЛТУРАТА ГЕТЕ – БАЈКА ЗА ЗЕЛЕНАТА ЗМИЈА И УБАВАТА ЛИЛЈАНА Вилијам ХАЗЛИТ – ЗА ЗАДОВОЛСТВОТО ОД ОМРАЗАТА


Хорас ВОЛПОЛ – ЗАМОКОТ ОТРАНТО Израел АБРАХАМС – ЈУДАИЗАМ Оноре де БАЛЗАК – СКОКОТЛИВИ ПРИКАЗНИ Блез ПАСКАЛ – ЧОВЕКОВАТА СРЕЌА Гастон ЛЕРУ – ФАНТОМОТ ОД ОПЕРАТА Мери ШЕЛИ – ФРАНКЕНШТАЈН БОДЛЕР и ГОТЈЕ – ХАШИШ, ВИНО, ОПИУМ БАЛАРД – ИМПЕРИЈА НА СОНЦЕТО Торстен ВЕБЛЕН – СТАТУСНА ПОТРОШУВАЧКА Сигмунд ФРОЈД – РАЗВОЈ НА СИМПТОМИТЕ Сигмунд ФРОЈД – ПСИХОАНАЛИЗА И ПСИХИЈАТРИЈА КАСТАНЕДА – ВТОРИОТ КРУГ НА МОЌТА Владимир КОРОЛЕНКО – СЛЕПИОТ МУЗИЧАР Абрахам ЛИНКОЛН – ГЕТИЗБУРШКИОТ ГОВОР Мишел де МОНТЕЊ – ЗА ПРИЈАТЕЛСТВОТО Херман ХЕСЕ – УМЕТНОСТА НА СЛОБОДНОТО ВРЕМЕ Сигмунд ФРОЈД – ПСИХОЛОГИЈА НА СОНОТ Сигмунд ФРОЈД – ПАРАНОЈА И ХОМОСЕКСУАЛНОСТ Миле КОСТОВ – МИСИЈА Херман ХЕСЕ – ГЕРТРУДА Адолф ХИТЛЕР – НАЦИОНАЛСОЦИЈАЛИЗМОТ ФИЦЏЕРАЛД – НЕЖНА Е НОЌТА МАРКЕЗ – СЕЌАВАЊЕ НА МОИТЕ ТАЖНИ КУРВИ МАРКЕЗ – ЗА ЉУБОВТА И ДРУГИТЕ ДЕМОНИ Агата КРИСТИ – СТАПИЦА ЗА ГЛУВЦИ Агата КРИСТИ – МИСТЕРИЈАТА НА СИНИОТ ВОЗ Агата КРИСТИ – АЗБУЧНИТЕ УБИСТВА ТРАНКВИЛ – ДВАНАЕСЕТТЕ РИМСКИ ЦЕЗАРИ Фридрих НИЧЕ – ВОЛЈА ЗА МОЌ Рихард ВАЈКАРТ – ОД ДАРВИН ДО ХИТЛЕР Ралф ЕПЕРСОН – МАСОНЕРИЈА Ерих фон ДЕНИКЕН – ВРАЌАЊЕ КОН ЅВЕЗДИТЕ

М. БЕЈЏЕНТ, Р. ЛИ, Х. ЛИНКОЛН – СВЕТАТА КРВ, СВЕТИОТ ГРАЛ Сергеј ЗУБКОВ – ОКУЛТНАТА МАГИЈА НА ТРЕТИОТ РАЈХ Никола М. НИКОЛОВ – СВЕТСКИ ЗАГОВОР НОСТРАДАМУС комплетните пророштва

Книги 300 ден Паоло МАНТЕГАЦА – КНИГА ЗА ЉУБОВТА Игнатиус БАЛА – РОТШИЛДОВИ Грација ДЕЛЕДА – ПО РАЗВОДОТ ФИЦЏЕРАЛД – УБАВИ И ПРОКЛЕТИ Матилде СЕРАО – БАЛЕРИНАТА Фридрих НИЧЕ – ОТАДЕ ДОБРОТО И ЗЛОТО Џон С. К. АБОТ – НАПОЛЕОН БОНАПАРТА АНОНИМУС – РОЗЕНКРОЈЦЕРИ Алфред АДЛЕР – ЗОШТО ЖИВЕЕМЕ Алфред АДЛЕР – СМИСЛАТА НА ЖИВОТОТ Алфред АДЛЕР – ПОЗНАВАЊЕ НА ЖИВОТОТ Џон РОБИСОН – МАСОНИ И ИЛУМИНАТИ М. БЕЈЏЕНТ, Р. ЛИ, Х. ЛИНКОЛН – МЕСИЈАНСКОТО НАСЛЕДСТВО Алфред АДЛЕР – ПСИХОЛОГИЈА НА ДЕТЕТО (ВОСПИТУВАЊЕ НА ДЕЦАТА) Алфред АДЛЕР – ПСИХОЛОГИЈА НА ДЕТЕТО (ИНДИВИДУАЛНАТА ПСИХОЛОГИЈА ВО УЧИЛИШТЕТО) К. НАЈТ и Р. ЛОМАС – ХИРАМОВАТА КНИГА Оксана ДВОРНИЧЕНКО – ХИТЛЕР КАКОВ ШТО ГО ПОЗНАВАВ Николај НЕПОМЊАШЧИ – НАЈГОЛЕМИТЕ ЗАГАТКИ НА ИСТОРИЈАТА Адолф ХИТЛЕР – МОЈАТА БОРБА 1. дел Адолф ХИТЛЕР – МОЈАТА БОРБА 2. дел

ГОДИНИ

СПЕЦИЈАЛНА ЕДИЦИЈА

|ur|a


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.