УДК 94(495.6)(048.1)
Соња СТРЕЗОСКА ВЕЛЈАНОВСКА1 СТРАНСКИ АВТОРИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (БИБЛИОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ) Апстракт: Статијата претставува збир на информации (библиографски податоци) на книги и статии од списанија кои се објавени во светот надвор од границите на Македонија а се однесуваат на историјата на егејскиот дел од Македонија. Многу странски автори детално , концизно и темелно пишуваат за поделбата на Македонија со Букурешкиот договор, 1913 година и за македонското население кое живее во егејскиот дел на Македонија. Некои наслови се однесуваат на историјата на Грција вклучувајќи ја и историјата на Егејска Македонија од праисторијата па до денес. Најголем дел од книгите и статиите говорат за случувањата во тој регион од времето на Метаксасовата диктатура, 1935 година. Фокусот и акцентот е ставен најмногу на периодот на Втората светска војна, 1939-1945 и Граѓанската војна, 1945-1949 во Грција. Се говори за комунизмот во Грција, учеството на Македонци комунисти во Граѓанската војна и после неа и судбината на тие македонци кога голем дел од нив завршија во логори. Опфатен е и главниот конфликт меѓу конзервативните партизани и комунистичката партија на Грција. Статијата содржи и библиографски единици кои се однесуваат на правата на македонското население во тој дел, македонското прашање и надворешната политика на Југославија. Големо внимание е посветено на етничкиот геноцид врз Македонците, на етногенезата и миграциите во Австралија, САД, Германија и други европски земји. За бегалците од егејскиот дел на Македонија во 19 и 20 век. Животот на македонското население во македонските села и градови во Егејска Македонија. Промена на имињата на местата. Протерување на Македонци и населување на тие места со Грци. Конвенции за реципрочна размена на население и доброволна емиграција на просторот на Југоисточен Балкан. Проблеми со малцинства и малцински прашања во Грција. За историјата на создавање (градење) на нациите и националните држави на Балканот во 1920 те години. Проблеми со граници меѓу државите. За македонскиот јазик и македонските дијалекти, националност, идентитет и борбата за Македонија за време на Втората светска војна и времето на комунизмот. За меѓународниот конфликт во модерно време меѓу Грција и Р. Македонија за употреба на името на државата “Македонија“. Библиографските единици се оформени според меѓународниот стандард ISBD (CP) и ISBD (M). Библиографските единици се редени по азбучен редослед со нумерација. Анотациите се правени според целосни текстови, соджини, резимеа, дескриптори ... Како извор на информации користени се online бази на податоци. Голем дел од единиците се во изворна форма. Грчките единици не се во изворна форма туку се транслитерирани заради по лесна употреба. 1
НУУБ Св. “Климент Охридски“ - Скопје Проф. по историја(академско звање) библиотекар советник(стручно звање)