НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ – БИТОЛА
ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ БР. 20
БИТОЛА 2017
i
ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ БР. 20 НА Н.У. ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ – БИТОЛА
Издавач: НУ Завод и музеј Битола За издавачот: д-р Александар Литовски Претседател на редакциски одбор: д-р Мери Стојанова Технички секретар: м-р Јове Парговски Членови на редакциски одбор: Надежда Георгиева м-р Ристо Палигора Енгин Насух Владо Ѓоревски Лектор: Стево Гаџовски Тираж: 300
ii
СОДРЖИНА Александар ЛИТОВСКИ ПРИЛОГ ЗА ЖИВОТОТ НА ВАСИЛ КОРАИЦОВСКИ, БОРЕЦ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ 1 НА МАКЕДОНИЈА.................................................................................................................. Роберто ТРАЈКОВСКИ ГЕРМАНСКАТА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА СПРЕМА МАКЕДОНИЈА (1878-1944 ГОДИНА).............................................................................................................. 13 Станимир СТАНЕВ, ПРЕСВРТОТ ВО СУДБИНАТА НА ЕДЕН БУГАРСКИ ВОЈНИК-АНТИФАШИСТ ЗАПОЧНАЛА ВО БИТОЛА................................................................................................... 22 Васко ГИЧЕВСКИ АНАЛИЗА НА НЕКОЛКУ АСПЕКТИ ОД ПОЕДИНЕЧНИОТ ФИСКАЛЕН ПОПИСЕН ДЕФТЕР ЗА БИТОЛСКАТА НАХИЈА 1467-1468........................................... 30 Никола МИНОВСКИ ПРЕСТОЈОТ НА ЃОРЃИ СУГАРЕВ, ВО МЕСЕЦ МАРТ 1906 ГОДИНА, ВО КИЧЕВИЈАТА................................................................................................................... 37 Aлександар СИМОНОВСКИ ПОЛИЦИСКОТО ДОСИЕ НА МИЛИВОЈ ТРБИЌ КАКО ИЗВОР ЗА ПРОУЧУВАЊЕТО НА НЕГОВИОТ ЖИВОТ И НЕГОВОТО ДЕЛО................................ 44 Рубинчо БЕЛЧЕСКИ ПРИЛЕПЧАНИ, ПРИЛЕП И ПРИЛЕПСКО ВО ,,КРВАВАТА“1942.................................52 Габриела ТОПУЗОВСКА СОСТОЈБИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО ВО НРМ (1945-1965)................................................. 64 Мери СТОЈАНОВА НАРОДНИТЕ ВЕРУВАЊА ЗА ВАМПИРИ ВО БИТОЛСКО, ПОВРЗАНИ СО ТРАГИЧНИТЕ НАСТАНИ ОД ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА............................................ 73 Горан ВАСИЛЕСКИ ЕТНОКОРЕОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОРАТА ОД ЕТНИЧКИОТ ПРЕДЕЛ СТРУШКО ПОЛЕ ................................................................................................................... 80 Стојанче КОСТОВ НАРОДНИТЕ ОРА ВО ФИЛМУВАНИТЕ ВИДЕОЗАПИСИ НА НАЦИОНАЛНИОТ ФИЛМСКИ ФОНД НА КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА................................................. 92 Драгица ЧЕКОРОВСКА КОПАНИЧАРИТЕ ОД ЗЗН „СТАРИ ЗАНАЕТИ“ ОД НЕГОТИНО................................. 99 Лилјана МАКАРИЈОСКА ЗА РАСТИТЕЛНИОТ СВЕТ ВО МАКЕДОНСКАТА ТРАДИЦИОНАЛНА КУЛТУРА............................................................................................ 109
iii
Слободан СТОЈКОСКИ СРЕДНОВЕКОВНО КОПЈЕ ОД ЈЕНИ ЏАМИЈА – БИТОЛА............................................ 122 Роберт МИХАЈЛОВСКИ ПРИЛОЗИ ЗА УБИКАЦИЈАТА НА СРЕДНОВЕКОВНИТЕ КРЕПОСТИ НА ПЕЛАГОНИЈА И БИТОЛА.................................................................................................... 130 Бранислав РИСТЕСКИ СЛОВЕНСКИ НАОДИ ОД РАНИОТ И ПОЛНИОТ СРЕДЕН ВЕК ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА........................................................................................................................ 138 . Душко ТЕМЕЛКОСКИ СОБРАНИЕ - БУЛЕВТЕРИОН ВО СТИБЕРА..................................................................... 152 Александар МИТКОСКИ НОВИ СОЗНАНИЈА ЗА ЕНЕОЛИТОТ ВО ПРИЛЕПСКИОТ ДЕЛ НА ПЕЛАГОНИЈА И МАРИОВО............................................................................................................................ 163 Гоце ВЕЉАНОСКИ ИСЧЕЗНАТИ СЕЛА ВО ДОЛНА КОПАЧКА...................................................................... 180 Оливера МАКРИЕВСКА ВОДЕНИ СИСТЕМИ – ИНОВАТИВНИ МЕТОДИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА СЛИКАНИ ПОВРШИНИ ВО КОНЗЕРВАЦИЈАТА И РЕСТАВРАЦИЈАТА........................................ 189 Соња Стрезоска ВЕЛЈАНОВСКА ОДГЛАСОТ НА СТРАНСКИОТ ПЕЧАТ НА ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 2014-2016 ГОДИНА............................................................207 Биљана ТЕМЕЛКОСКА ИЗЛОЖБЕНА ДЕЈНОСТ НА Н.У. ЗАВОД И МУЗЕЈ - ПРИЛЕП...................................... 227
iv
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
1)929 Караицовски,В. 2)94(=163.3:495.6)“19“ Александар ЛИТОВСКИ* ПРИЛОГ ЗА ЖИВОТОТ НА ВАСИЛ КОРАИЦОВСКИ, БОРЕЦ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА Апстракт: Прилогот го осветлува борбениот животен пат на Васил Кораицовски од Лерин. Неговата комунистичка и националреволуционерна дејност, неговата улога на личен аѓутант на командантот на т.н. Егејска бригада, Илија Димовски-Гоче, но и улога за одржување на врските и контактите меѓу македонските националноослободителни движења од Вардарскиот и Егејскиот дел, односно Битолско и Леринско, значат дека преку расветлување на неговиот лик и дело ќе се фрли и ново светло врз некои значајни настани од македонската антифашистичка борба во Вардарскиот и Егејскиот дел на Македонија. Секако, неговите спомени и согледувања се значајни и за добивање на реална слика за животот и дејствувањето на македонските емигранти во источноевропските земји по завршувањето на Граѓанската војна во Грција. Клучни зборови: Васил Кораицовски, Егејски дел на Македонија, Лерин, Леринско, Битола, Битолско, Демократска армија на Грција, македонска емиграција во Источна Европа. Македонското националноослободително и комунистичко движење од Егејскиот дел на Македонија во средината на XX век, релативно долг период се наоѓало во една „воена состојба“. Имено, почнувајќи од времето на диктатурата на Метаксас, па сè до завршувањето на Граѓанската војна во Грција, македонските активисти биле приморани да дејствуваат во целосно неповолни услови: во илегалност, со константен жесток прогон од грчките власти, со секојдневно ризикување на животот. Таквата ситуација, од своја страна, придонела да се оформат низа солидни и силни револуционерни кадри во рамките на македонското националноослободително и комунистичко движење. Еден од нив, досега непознат за македонската научна и поширока јавност, е Васил Кораицовски. Васил Кораицовски1 е роден на 17 декември 1920 г. во Лерин, во сиромашно работничко семејство. Таткото на Васил, Лазар Кораицовски, * Доктор по историски науки Александар Литовски, кустос-советник во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Битола, ул. Климент Охридски, бб., адреса на живеење Иван Милутиновиќ бр. 68/14 Битола, е-маил: acelitobitola@gmail.com 1 Најголем дел од оваа наша статија се темели врз податоците од „Автобиографијата“ на Васил Кораицовски, која е необјавена и се чува кај авторот. Се работи за две тетратки во 1
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
кој бил учесник во револуционерните борби на македонскиот народ од илинденскиот период и член на Комунистичката партија на Грција (КПГ),2 константно бил во „борба“ да ја прерани со леб четворочлената фамилија. Васил од раната младост се вклучил во борбата против социјалната експлоатација, така што во 1936 г. станал член на грчката Младинска комунистичка организација ОКНЕ.3 Во провала, во октомври 1938 г., бил уапсен и осуден на седум месеци затвор кои ги одлежал во затворот во Лерин. По излегувањето од затвор ја продолжил својата револуционерна и комунистичка дејност и тесно соработувал со низа истакнати грчки и македонски комунисти меѓу кои Илија Димовски-Гоче, Васил Паласка, професор на земјоделската школа во Лерин, Васиљи Брусинос исто професор во Лерин, Христо Сахиди,4 Јани Чочов,5 Стратос Кентрос6, Ѓорѓи Пеов,7Јанис Костандинис, земјоделски аптекар во Лерин, Спиро Xељо, управник на поштата во Лерин, Петре Калтабанов,8 Мите Шалаков, Мирче Чурлето,9 Иљо Курти,10 Мите Шалоков11 и други. кои е пишувано со ракопис. Во едната, на крајот на текстот, стои „јануари 2001“, скратен потпис на Васко Кораицовски и „ул Илинденска-2 Битола.“ 2 КПГ, односно Κομμουνιστικό Κόμμα Ελλάδας (ΚΚΕ) била формирана во ноември 1918 г. под името Социјалистичка работничка партија на Грција. Од ноември 1920 г. станала член на Третата интернационала (Комунистичка интернационала, или Коминтерна), а од 1924 г. се преименувала во КПГ. 3 Федерација на грчката комунистичка младина, односно Oμοσπονδία Kομμουνιστικών Nεολαιών Eλλάδας, или скратено OKNE. Функционирала од 28 ноември 1923 г. Била дел од Комунистичката младинска интернационала која била дел од Коминтерната. Во 1925 г. била забранета од грчките власти и во наредниот период нејзините членови дејствувале илегално. На конгрес од 23 февруари 1943 г. ОКНЕ и други младински антифашистички и антиокупаторски организации се обединуваат и ја создаваат Националната општогрчка организација на младите, односно Ενιαία Πανελλαδική Οργάνωση Νέων, или скратено ЕПОН. 4 Христо Сахиди е Пантелис Масиотис. 5 Јани Чочов од Лерин, подоцна загинат. Тој, според биографијата на Васил Кораицовски, заедно со својот брат и Стојан Чочов, еден период живееле во Битола каде имале шивачки дуќан и биле врска на Леринската и Битолската организација на комунистичките партии. Атанас Тане Наумовски, Леринско во крв и црнило, Битола, 2007, 171. 6 Во спомените Васил Кораицовски стои Страто Кендро. 7 Ѓорѓи Пеов (Пејо Ѓорѓи)од Лерин. Истакнат комунистички активист. Член на КПГ од 1936 г. Работел како рудар. Заради комунистичка активност, бил затворски казнуван од грчките власти. Загинал во време на Граѓанската војна во Грција во селото Клештина, Леринско. 8
Петре Калтабанов од Лерин, бил истакнат предвоен комунист. Бил член на КПГ од 1936 година. Во почетниот период на окупацијата бил уапсен од Германците, затворен во Солун во затворот Еди-Куле и таму, истата 1941 г., бил убиен. 9 Мирче Чурлето од Лерин, бил истакнат предвоен комунист. Во рамките на партиските активности на Леринската организација на КПГ тој бил задолжен за подготовката и ширењето на пропагандниот материјал. Во почетниот период од германската окупација 2
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Во 1940 г., повторно бил уапсен и затворен, а оттаму директно бил пратен како војник на Грчко-албанскиот фронт во војната со Италија. Откако во Априлската војна грчката кралска војска се распаднала, Васил Кораицовски се вратил во родниот Лерин и ја продолжил својата комунистичко-револуционерна активност. Уште во тие први денови на окупацијата, а во врска со акцијата на КПГ за собирање оружје од поразената грчка армија во Априлската војна 1941 г., Леринската партиска организација организирала состанок на кој биле поделени конкретни задачи. Кораицовски не само што имал задача да собира оружје,12 туку со Илија Димовски-Гоче бил задолжен за организирање на лица од леринските села за таквата активност. Затоа во првите денови на окупацијата тие двајцата, најнапред, организирале состанок во куќата на Наум Шупурков-Леон13 во селото Каленик, а на организираните селани присутни таму им се дала директива да собираат оружје и да го складираат на погодни места за да не биде откриено од окупаторот. Од Илија Димовски-Гоче и Васил Кораицовски биле посетени и селата Арменско, Песочница, Баница, Екши-су, Сорович, Кавказ (Неос Кавкасос), Клабучишта, Клештино и Битуша, каде, исто така, се одржале состаници и биле дадени истите насоки за работа. Во врска со собирањето оружје и подготовки за вооружена борба против окупаторот комунистите од Леринско, меѓу кои Илија Димовски-Гоче, Васил Кораицовски, Лазо Трповски и Алеко Шеби, одржале состанок со комунисти од Костурско во куќата на Васил Алексовски, а подоцна и состаноци во костурските села Рупишта, Нестрам, Габреш, Смрдеш и други. Дури состанок на овие теми бил одржан со албански комунисти во селото Билиште, во куќата на Сотир Бато, а во присуство и на Васко Колев. Во акцијата за собирање оружје, Леринската партиска организација имаше релативно добри резултати бидејќи, според податоците кои ги изнесува Васил Кораи бил затворен од германските окупаторски власти, а потоа станал партизан на ЕЛАС. Подоцна бил борец во ДАГ. Загинал на Грамос 1948 г. 10 Иљо Курти од Лерин, бил истакнат предвоен комунист. Уште во тој период бил во затвор заради членство и активност во КПГ. Бил активен учесник во антифашистичката борба. Во 1944 г. се префрлил во Битола. Долги години живеел во Белград. 11 Мите Шалоковод Лерин, бил истакнат предвоен комунист. Уште во 1939/40 бил во затвор заради членство и активност во КПГ. Бил активен учесник во антифашистичката борба. Во годините по војната си отиде за Австралија каде како емигрант живеел неговиот татко. 12 Во спомените Васил Кораицовски објаснува: „Собраното оружје го складираме во скривници, или го закопувавме во земја надвор од градот.“ 13 Наум Шупурков-Леон бил предвоен активист на КПГ. Во текот на антифашистичката борба станал политички комесар на Партизанскиот одред „Лазо Трповски“, а подоцна и политички комесар на Леринско-костурската бригада. По 1945 г. живеел во Битола и имал раководни должности во претпријатија од државниот сектор. Подоцна емигрирал во Чехословачка и ја прифатил Резолуцијата на Информбирото. 3
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
цовски, во Лерин се собрале и во бавчата на Илија Димовски се сокриле 22 пушки и 2 митралези, кај Ѓорѓи Сехиди 9 пушки, во селото Матешница кај Трајан Јанкуловски 70 пушки, 4 сандаци муниција и 30 рачни бомби. Значајни активности леринската организација на КПГ во текот на антифашистичката борба имала во насока на организирање и одржување на врски, контакти и соработка со македонските комунисти од Битола и Битолско.14 Уште есента 1941 г. Васил Кораицовски воспоставил контакт и врска меѓу комунистичките организации во Битола и Лерин. Имено, врската одела преку веќе споменатите Јани и Стојан Чочови и нивниот калфа, во битолскиот дуќан, Тоци Гоновски. Врската во Леринско, најнапред одела до Илија Димовски-Гоче, а потоа биле вклучени и други лица.15 Преку оваа врска бројни битолски активисти во 1941 и првата половина на 1942 г., повремено, во време на провали, се засолнувале во Лерин и Леринско, а меѓу нив и Петре Новачевски, Никола ТодоровскиКоле Канински, Анести Пановски, Ѓоре Велковски, Насе Гецовски, Васил Бошевски, Коле Стефановски од село Граешница, Гавро Пановски, Ванчо Прке-Сермен, Киро Крстевски-Платник, Алеко Мусалевски, Трајан Белев од Ѓавато и други.16 Васил Кораицовски, по барање на Никола Тодоровски-Коле Канински, во ноември 1942 г. воспоставил контакт со Тодор АнгелевскиСтрогов во битолското село Лавци и му предал писмо со инструкции и задачи. Освен тоа, во есента-зимата 1942 г., Васил Кораицовски константно одржувал контакти со битолските комунисти: Трифун Пановски, Зисо Наков, Петар Георгиевски, Душко Трпковски, со сопругата на Никола Тодоровски-Коле Канински, Загорка, со Невена Пановска, мајката на Анести и Гавро Пановски, со Пецо Гудовски, Јосиф 14
Поопширно за ова види: Ристо Поплазаров, Врски и соработка меѓу антифашистичките движења на Југославија и Грција и посебно Битолско-леринската област (1941-1942), Зборник: Битола и Битолско во НОВ 1941 и 1942, Битола, 1978, кн. 2.; Димитар Тупурковски-Титан, Соработката на Македонците од Лерин и Леринско со другарите од Битола и Битолско во НОВ 1941.1942 година, Зборник: Битолските народноослободителни партизански одреди, Битола, 1982.;Lazo Hađi Popovski, Prvi partizanski odredi Bitolja i okoline i veza sa KP Grčke. Zbornik: Veze u NOB-u, knj. 2.; Александар Литовски, Соработката на националноослободителните движења на Вардарскиот, Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија во Втората светска војна, Битола, 2012. 15 Летото 1941 година врска била воспоставена и преку Димитар Тупурковски-Титан. Имено, тој дошол во Битола и преку Никола Тодоровски-Коле Канински воспоставил врска со битолската партиска организација, а Вториот реонски комитет на КПЈ за Битола преку Петре Новачевски и Митре Кубуровски, есента 1941 година, набавувал воен материјал во Леринско. D. Tupurkovski-Titan, n.s., 207.; R. Poplazarov, н.с., 51. 16 Во необјавената „биографија“ на Васил Кораицовски има и мноштво други податоци за лица од Битола и Битолско со кои тој имал контакти и соработка, но тие податоци се доста хаотични и непрецизни и, оттаму, неразбирливи, па не може да се добие јасна претстава за кои лица се работи или каква била нивната улога во соработката. 4
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Јанкуловски, Пандил Николовски, Митре Кубуровски, Донка Гецова, Ѓорѓи Јовановски и Трајче Грујоски.17 Во почетокот на 1942 г. во дуќанот на браќата Чочови, Васил Кораицовски имал средба и со истакнатиот битолски комунистички раководител Стив Наумов и кој го инструирал да се работи во насока „да се откриваат шпионите од Бугарија и комунистите да не одат во Бугарска армија.“18 Васил Кораицовски бил вклучен во организирањето на состанок помеѓу претставниците на КПГ за Леринско и македонски комунисти од битолскиот ПО „Јане Сандански".19Состанокот се одржал во почетокот на 1943 г. во селото Каленик, во куќата на Наум Шупурков-Леон.20 По овој состанок соработката меѓу антиокупаторските движења од Битолско и Леринско уште повеќе се интензивирала. Всушност, Васил Кораицовски, сè до март 1943 г. кога станал активен борец на ЕЛАС, непрестано извршувал курирски задачи, а понекогаш префрлувал илегалци преку граничната линија. Меѓусебната соработка на двете комунистички партии, била обострано корисна. Помеѓу останатото, а кое произлегува од податоците на Васил Кораицовски, во почетниот период на окупацијата КПГ дала оружје за потребите на партизаните од Вардарскиот дел на Македонија. Од друга страна, македонските комунисти, не само што материјално ги помагале своите другари од Лерин и Леринско, туку македонските 17
Во пролетта и летото 1942 г. Трајче Грујоски бил илегално засолнет во своето родно село Раково, Леринско, а во јануари-март 1943 г. во Лерин и одржувал контакти со организацијата на КПГ од Леринско. Пролетта 1943 г. битолските комунисти Трајче Грујоски, Никола Стефановски и браќата Анести и Гавро Пановски, влегле како борци во Леринскиот ПО „Вичо“. Трајче Грујоски, Битола на мојата младост, Скопје, 2007, 171172, 199-200. 18 Цитирано според необјавената „биографија“ на Васил Кораицовски. 19 Битолскиот ПО „Јане Сандански"добил инструкција за интензивирање на врските и соработката со КПГ во Леринско одсекретарот на Окружниот комитет на КПЈ-Битола, Страхил Бегинов, кој во писмото од 23 јануари 1943 година, до раководството на Одредот запишал: „Гледајте на секој начин а поготово сега кога веќе сте се поврзале со Г.П. (партизанскиот одред „Ѓорче Петров"б.м.) да се поврзете и со Г. (грчкитеб.м.) партизани, јер тије ке ви бидат преко потребни не само за сега ами и за будуке, за да би така могле взаимно да дејствувате и ја засилите активноста на акцији правење, јер това го дозвоqава новостворената ситуација на фронтовите, со преземањето иницијативата на сојузниците“ Извори за ослободителната војна и револуцијата во 1941-1945, Скопје, 1974, т. I, кн. 5, док. 6, 320-322. 20 Душко Хр. Константинов, Милош Хр. Константинов и Коста. Ан. Цингаровски, Вриеж, Битола, 1963, 133-135.; На состанокот по некои податоци присуствувале од македонска страна Ванчо Прке-Сермен, Ѓоре Велковски-Коста, Никола Тодоровски-Коле Канински, Петре Новачевски, Ристе Трпеновски, Алеко Мусалевски и Насе Гецовски, а од грчка страна секретарот на Окружниот комитет на КПГ во Лерин Спиро Жогата и македонскиот активист на КПГ Илија Димовски-Гоче. Методија Спасовски, Ѓорѓи Димовски, Подготовка и излегување на поголеми групи партизани од селата на II Реонски комитет, Зборник: Битола и Битолско... 1943 и 1944, кн. 2, 167. 5
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
партизани од Битола и Битолско, во втората половина на 1942 и, особено во 1943 г. во селата низ Леринско и Костурско, директно се вклучија во агитацијата и борбите на КПГ и грчките партизани против пробугарските контрачетнички формации.21 Како партизан во ЕЛАС, најнапред во одредот „Вичо“, па во други партизански единици, вклучувајќи ја тука и Првата ударна бригада на Македонците под Грција во состав на НОВ и ПОМ, позната како Егејска бригада, Васил Кораицовски бил секретар и аѓутант на Илија ДимовскиГоче.22 Бил еден од борците на Леринско-костурскиот баталјон на ЕЛАС кој, по инструкции на Светозар Вукмановиќ-Темпо, Добривое Радосављевиќ-Орце и највисокото македонско воено-политичко раководство, се префли во Вардарскиот дел на Македонија и дејствуваше во Охридско.23 Индиректно, ги сведочи и разговорите на политичкиот комесар на 9. Дивизија на ЕЛАС, Ренос Михалеас, со Светозар Вукмановиќ-Темпо и највисокото македонско воено-политичко раководство.24 Бил сведок и учесник на судирот на дел од Леринскокостурската бригада со единици на ЕЛАС на 28 октомври 1944 г., кај манастирот „Св. Петка“, во близина на селото Драгош.25 21
Според спомените на Васил Кораицовски, најактивен во агитацијата бил началникот на штабот на ПО„Даме Груев“ и, подоцна командант на ПО „Гоце Делчев“,Никола Тодоровски-Коле Канински, кој бил главен говорник на митинзите во низа Лерински и Костурски села. 22 Заверена изјава на Илија Димовски-Гоче од септември 1969 г. Фотокопија се чува кај авторот А. Литовски. 23 Во спомените Кораицовски вели: „Во присуство на Темпо станува 1-от баталјон на Кајмакчелан“, но фактички се мисли на преминот на баталјонот на чело со Илија Димовски-Гоче во вардарскиот дел во реонот на планината Караорман.Ристо Кирјазовски, Костурскиот македонски баталјон на Караорман, Зборник: ОхридскоСтрушко во народноослободителната војна 1941-1945, Скопје, 1990. кн. втора, 181-191. 24 Наум Пејов, Прилози за односот на раководителите на КПГ по македонското национално прашање, Скопје, 1953, 49-50.; А. Литовски, Ставовите на Ренос Михалеас за македонското национално прашање во 1944 година, Зборник на трудови на НУ Завод и музеј Битола, бр. 19, Битола 2016, 5-12. Според Кораицовски, кој во овој период му бил аѓутант на Илија Димовски-Гоче, при овој престој на Ренос Михалеас во Вардарскиот дел на Македонија му дал „неофицијална“ поддршка на отцепените македонски партизани од ЕЛАС. Кораицовски вели: „Тој застана од страната на Димаки /Илија Димовски-б.м/ и поради тоа го сменија прост војник. Рено му рече на Васко /Кораицовски-б.м./ ако го пушташе комитетот /се мисли на КПГ-б.м./ ќе останеше кај Димаки.“ 25 Во спомените Кораицовски вели: „Во Битуша се судрија баталјонот на Димаки со грчката бригада“. Иако селото Битуша е блиску до настанот, сепак, поблиску е селото Драгош, Битолско. Види: Александар Литовски, Соработката на националноослободителните движења на Вардарскиот, Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија во Втората светска војна, Битола, 2012, 191. 6
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Со Егејската бригада го поминал сиот нејзин борбен пат низ западните реони на Вардарскиот дел на Македонија во борбата против балистичките вооружени банди. Истовремено, во овој период вршел и специјални разузнавачки задачи за потребите на југословенските безбедносно-разузнавачки служби на теренот на Леринско.26 По расформирањето на Егејската бригада, заедно со Илија Димовски-Гоче, станал борец на 8. Дивизија на Корпусот на народна одбрана на Југославија (КНОЈ), која, фактички, вршеше обезбедување на границите и се бореше против внатрешните непријатели.27 Во оваа единица Васил Кораицовски останал сè до 1946 г. кога доброволно се вратил во Егејскиот дел на Македонија, односно во Грција и се вклучил во Граѓанската војна, во составот на единиците на Демократската армија на Грција (ДАГ).28 По поразот на ДАГ во 1949 г. се префрлил со единиците на ДАГ во Албанија и таму, во Корча, бил затворен како „титоист“. Откако по кратко време бил ослободен од затворот во Албанија, заедно со други борци на ДАГ, бил префрлен во Чехословачка. Живеел и работел во градот Острава. Таму бил сметан за „титоист“, па двапати имало обид за негово убиство. Првиот пат, на 30 јануари 1951 г., бил нападнат и избоден со ножеви во грбот.29 Често бил предмет на истраги од службите за безбедност на Чехословачка. Впрочем, таквите сомневања и не биле без основа, затоа што Васил Кораицовски континуирано работел за разузнавачката служба на Федеративна Југославија.30 По враќањето во Битола, во 1965 г., Васил Кораицовски бил вработен во битолската фабрика за производство на фрижидери „Ѓорѓи Наумов“ и го остварил правото на работна пензија. Животниот пат на Васил Кораицовски, на некој начин, може да се смета како парадигма за животите на многумина македонски борци од Егејскиот дел на Македонија во средината на минатиот век, односно во бурните, македонски воено-револуционерни времиња пред, за време и по Втората светска војна. Македонскиот човек воопшто, а не само од Егејскиот дел на Македонија, во тој периодот од македонската историја се 26
Заверена изјава на Петре Новачевски од Битола, носител на „Партизанска споменица 1941“, од 11 декември 1980 г. Фотокопија се чува кај авторот А. Литовски. 27 За формирањето, структурната поставеност, задачите и начините на дејствување на КНОЈ види: Zbornik dokumenata i podataka o narodnooslobodilačkom ratu, Dokumenti CK KPJ i Vrhovnog štaba NOVJ, knjiga 13 - 1 maj - 31 avgust 1944., tom 2, 716. 28 Демократската армија на Грција (ДАГ, односноΔημοκρατικός Στρατός Ελλάδας (ΔΣΕ) била создадена во декември 1946 г. од повеќе политички сили, меѓу кои најголема била КПГ. Види: Ристо Кирјазовски, Народноослободителниот фронт и другите организации на Македонците од Егејска Македонија (1941-1949), Скопје, 1985. 29 Васил Кораицовски како атентатори во првиот обид ги посочува некојси Вангели Димоскаки и Тодоро Стаматаки, а во вториот Панајоти Маргарити и Сотири Мумула. 30 Заверена изјава на Панде Новачевски од Битола, работник на Службата за државна безбедност на Југославија во Битола, од 28 ноември 1980 г. Фотокопија се чува кај авторот А. Литовски. 7
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
покажал како исклучително силно посветен на борбата за победа на социјалистичката идеја и, паралелно со тоа, на извојувањето на македонски национални права и слободи. Резиме: Васил Кораицовски од Лерин е еден од многуте борци од Егејскиот дел на Македонија, досега релативно непознат за пошироката македонска јавност. Со својата револуционерна дејност, со улогата на личен аѓутант на командантот на „Егејската бригада“, Илија Димовски-Гоче, со улогата на борец на 8. Дивизија на Корпусот на народна одбрана на Југославија (КНОЈ), која, фактички, вршеше обезбедување на границите и вршеше разузнавачки акции на теренот од Леринско, Костурско и Воденско, со улогата на политички емигрант во Чехословачка, но и со улогата за одржување на врските и контактите меѓу македонските националноослободителни движења од Вардарскиот и Егејскиот дел, односно Битолско и Леринско, бил сведок на особено значајни настани од македонската антифашистичка борба. Секако, неговите спомени и согледувања се значајни и за добивање на реална слика за животот и дејствувањето на македонските емигранти во источноевропските земји по завршувањето на Граѓанската војна во Грција. Summary Vasil Koraicovski from Lerin is one of many fighters who fought in Aegean part of Macedonia,but until now he is little known for Macedonian public. With his revolutionary activity, he was right below the commander in the unit "Aegean Brigade", Ilija Dimovski - Goche, also fighter in 8th Division on the Corps of national defence of Yugoslavia, which practically was securing borders and commanding intelligence actions in the region of Lerin, Kostur and Voden. Vasil was also a political immigrant in Czechoslovakia and maybe the most important is that he was in charge for keeping contacts and connections between Macedonian national liberation movements in Vardar and Aegean part of Macedonia. That way he witnessed many important events of Macedonian antifascist war. Of course, his memories and testimonials are important for understanding the life of Macedonian immigrants in Eastern Europe countries, after the Greek Civil war.
8
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Библиографија Димовски Ѓорѓи, Подготовка и излегување на поголеми групи партизани од селата на II Реонски комитет, Зборник: Битола и Битолско во НОВ 1941 и 1942, Битола, 1978, кн. 2. Грујоски Трајче, Битола на мојата младост, Скопје, 2007. Необјавени автобиографски податоци од Васил Кораицовски Zbornik dokumenata i podataka o narodnooslobodilačkom ratu, Dokumenti CK KPJ i Vrhovnog štaba NOVJ, knjiga 13 - 1 maj - 31 avgust 1944., tom 2 Извори за ослободителната војна и револуцијата во 1941-1945, Скопје, 1974, т. I, кн. 5. Изјава на Илија Димовски-Гоче, командант на Егејската бригада, од септември 1969 г. Изјава на Панде Новачевски од Битола, работник на Службата за државна безбедност на Југославија во Битола, од 28 ноември 1980 г. Изјава на Петре Новачевски од Битола, носител на „Партизанска споменица 1941“, од 11 декември 1980 г. Кирјазовски Ристо, Костурскиот македонски баталјон на Караорман, Зборник: Охридско-Струшко во народноослободителната војна 1941-1945, кн. втора, Скопје, 1990. Кирјазовски Ристо, Народноослободителниот фронт и другите организации на Македонците од Егејска Македонија (1941-1949), Скопје, 1985. Константинов Душко Хр., Константинов Милош Хр. и Цингаровски Коста. Ан., Вриеж, Битола, 1963. Литовски Александар, Соработката на националноослободителните движења на Вардарскиот, Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија во Втората светска војна, Битола, 2012. Литовски Александар, Ставовите на Ренос Михалеас за македонското национално прашање во 1944 година, Зборник на трудови на НУ Завод и музеј - Битола, бр. 19, Битола 2016. 9
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Наумовски Атанас Тане, Леринско во крв и црнило, Битола, 2007, 303. Пејов Наум, Прилози за односот на раководителите на КПГ по македонското национално прашање, Скопје, 1953. Поплазаров Ристо, Врски и соработка меѓу антифашистичките движења на Југославија и Грција и посебно Битолско-леринската област (1941-1942), Зборник: Битола и Битолско во НОВ 1941 и 1942, Битола, 1978, кн. 2. Тупурковски Димитар-Титан, Соработката на Македонците од Лерин и Леринско со другарите од Битола и Битолско во НОВ 1941, 1942 година, Зборник: Битолските народноослободителни партизански одреди, Битола, 1982. Hađi Popovski Lazo, Prvi partizanski odredi Bitolja i okoline i veza sa KP Grčke. Zbornik: Veze u NOB-u, knj. 2.
10
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
1 Кораицовски Васил, борец од Лерин, Егејски дел на Македонија
3. Илија Димовски-Гоче и Васил Кораицовски во Скопје во 1945
2 Васил Кораицовски во Охрид
4. Васил Кораицовски со Хаџи Трифунов Трифун од село Соровичево, Леринско
11
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
6. Васил Кораицовски (крајниот десно) со војници на ЈНА во Скопје во 1945 5. Васил Кораицовски со Андрика од село Клештина, Леринско
7 Васил Кораицовски (крајниот десно) со војници на ЈНА на Камен мост во Скопје во 1945
12
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
327(497.7:430) “1878/1944“ Д-р Роберто ТРАЈКОВСКИ * ГЕРМАНСКАТА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА СПРЕМА МАКЕДОНИЈА (1878-1944 ГОДИНА) Апстракт: Ако се истакне дека прочуениот германски канцелар Ото фон Бизмарк пред пратениците во Рајхстагот, во 1876 година, по повод новонастанатата „Источна криза“, има истакнато: „За Ориентот не би ги жртвувал коските на ниту еден Померански гренадер“…,31 Германската Империја, т.н. Втор Рајх (1871-1918 година), подоцна т.н. Вајмарска Република (1918-1933 година) и т.н. Трет Рајх (1933-1945 година), водела надворешна политика во однос на Македонија која била во склад со германските геополитички интереси, меѓутоа, во одредени временски периоди, истата се канализирала и низ призмата на националните и геополитички интереси на моменталните германски воено-политички сојузници. Исто така, германската дипломатија покажувала и интерес и соработувала со ВМРО. Клучни зборови: германска надворешна политика; 1878-1944 година; Македонија. И покрај интересот на германските македонисти, природонаучници и зоолози, до Источната криза (1875-1878 година), за непосредно обединетата Германска Империја, Македонија претставуваше само уште една егзотична земја на Балканскиот Полуостров, за која германската дипломатија не покажувала посебен интерес.32 По Берлинскиот конгрес (1878 година), таа била во служба на одржувањето на континенталниот мир и безбедност, односно минимизирање и анулирање на руско-австроунгарскиот судир на геополитички интереси на Балканскиот Полуостров.33 Германската Империја, начелно, се залагала за зачувување на „status quo“, меѓутоа, евентуално истиснување на османлиите од Балканскиот Полуостров, посебно ако тоа би било во корист на сојузничката Австро-Унгарија, сигурно би одоброволила.34 Исто така, *Д-р Роберто Трајковски е вработен во СОУ „Таки Даскалот“, со адреса Борис Кидрич б.б. Битола, адреса на живеење: Цане Бујуковски бр. 27 Битола. е-пошта: trajkovski.robert@yahoo. com. 31 Wilhelm Schüßler, Bismarck, Die gesammelten Werke. Bd. 11. Berlin, 1929, 476. 32 Проф. д-р Волф Ошлис, Германската македонистика, пред, во и по Првата светска војна, Македонија живот и предели. Македоника, Скопје, 2016, 10-11. 33 Bjorn Opfer, Im Schatten des Krieges. Besatzung oder Anschluss - Befreiung oder Unterdrückung? Studien zur geschichte kultur und gesellschaft südosteuropas Band 3. LIT Verlag, Münster 2005, 141. 34 RalfForsbach, Alfred von Kiderlen-Wächter,(1852-1912). Ein Diplomatenleben im Kaiserreich. Vandenhoeck & Ruprecht, Göttingen, 1997, 240.,Veit Valentin, Deutschlands 13
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
најзините дипломатски претставници, пред султанот, ги оправдувале неколкуте реформски програми на другите европски сили кои се однесувале на т.н. македонски вилаети.35 Во текот на Балканските војни, надворешно-политичката позиција на Германската Империја беше доста комплексна. Таа, од една страна, се плашеше од потполната дезинтеграција на Османлиската Империја и со тоа и загрозување на сопствените геополитички и финансиски интереси во азискиот дел на империјата. Од друга страна, таа имаш династички и други интереси и во државите од балканскиот сојуз.36 Истовремено, залагајќи се за локализирање на воените дејствија, нејзе ѝ било јасно, дека, поради воените успеси на балканските армии против османлиската војска, понатамошно зачувување на „status quo“ на Балканскиот Полуостров веќе не било возможно. На крајот, конечниот резултат за неутралната Германска Империја бил позитивен: Османлиската Империја опстанала, со перспектива за преродба во Азија; Османлиската Империја и Бугарија започнале да се зближуваат; словенското единство било разбиено.37 Како што е познато, со Букурешкиот мировен договор од летото 1913 година, Македонија била поделена меѓу балканските држави. По започнување на Првата светска војна, посебно по влегувањето Османлиската Империја во војната, на 1 ноември 1914 година, императив на германската надворешна политика на Балканскиот Полуостров станало воспоставување на непречени врски меѓу Централните сили,38 а поради односот на „непријателска“ Србија и сè уште неутралната Романија.39 Поради тоа и неуспехот на австро-унгарската војска да се „справи“ со српската и црногорската војска, во последната четвртина на 1914 и првата половина на 1915 година, Австро-Унгарија го прифатила германскиот предлог за заедничка воена операција против Србија.40Нешто подоцна, истиот беше запечатен со „Договорот за пријателство и сојуз меѓу Außenpolitik von Bismarcks Abgang bis zum Ende des Weltkrieges.Deutsche VerlagsGesellschaft für Politik und Geschichte, Berlin 1921, 31, 76. 35
За ова види повеќе: Ванчо Ѓеорѓиев, Реформи за мир или одлагање на конфликтот, Сто години од Балканските војни. Прилози од научниот собир одржан на 3-4 декември 2012 година. Македонска академија на науките и уметностите. Скопје 2012, 114-115, 117-119. 36 Björn Opfer-Klinger, 1913 als Kriegsjahr: Südosteuropa und die Balkankriege. Aus Politik und Zeitgeschichte. LXIII/2, Bundeszentrale für politische Bildung.2013, Bonn, 18., Harald Potempa, German armed forces and the Balkans-Lessens from Southest Europe, Балкански ратови 1912/1913: Нова виђња и тумачења.Зборник радова књ. 26. Институт за стратегиска истраживања. Београд, 2013, 239-240. 37 Veit Valentin, Deutschlands Außenpolitik..., 113, 120. 38 Германската Империја, Австро-Унгарија и Османлиската Империја. 39 Во почетокот на октомври 1914 година, Романија го забранила транзитот на германски воен материјал, наменет за Османлиската Империја низ нејзина територија. 40 Holger H. Herwig, The First World War. Germany and Austria-Hungary 1914-1918. 2nd Edition. Bloomsbury, London-New Delhi-New York-Sydney, 2014, 158. 14
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Бугарија и Германската Империја и „Воената конвенција меѓу Германија, Австро-Унгарија и Бугарија“, од 6 септември 1915 година, при што, Германската Империја на Бугарија ѝ понудила ревизија на Букурешкиот мировен договор, т.е. анексија на „српска Македонија“, т.е. Вардарскиот дел на Македонија, која тогаш влeгувал во составот на Кралството Србија.41Нешто подоцна, по успешното завршување на т.н. „Српска кампања“ („Serbische Feldzug“), во првите месеци на 1916 година, бил воспоставен Македонскиот (Солунски) фронт, додека во Македонија се концентрирала германска војска. Како последица на тоа, германската општественост поконкретно се запознала со географските и етнички карактеристики на Македонија, за што посебно треба да се истакне делувањето на воениот геолог д-р Курт Лојкс и „Македонската земска комисија“ („Mazedonische Landeskommission“-„Malako“).42 Надворешната политика на Вајмарската Република во однос на Македонија, по Првата светска војна, била поконкретна и посеопфатна. Во неа биле инкорпорирани негативните последици предизвикани за неа од нововоспоставениот Версајски систем на владеење во Европа, по завршувањето на Првата светска војна и одржувањето на Париските мировни договори, како и интересот од политичките и воени активности на ВМРО,43 што, секако, дека имало ревизионистичка основа.44 Не помалку значајно било и објавувањето на голем број новинарски статии, монографии, научни статии, публикации и памфлети во врска со Македонија, македонското прашање и дипломатските, пропагандистичките, како и терористичките активности на ВМРО, кои наголемо се експлоатирале од комплетниот политички спектар во Вајмарската Република.45 Надворешната политика на Третиот Рајх спрема Македонија, од 1933 година,требало да биде во согласност со т.н. „Меморандум на надворешно-политичкото одделение на НСРПГ46 во врска со Југоисточна Европа“, кој предвидувалуништување на версајскиот систем на владеењеи 41
Bundesarchiv-Militärarchiv Freuburg im Breisgau Deutshland (понатаму: BAMAF), PH 5I/78. 42 „Македонската земска комисија“, била под раководство на истакнатиот германски балканолог Густав Вајганд, а била во состав од 30-тина германски и 6-мина бугарски научници од различни научни области. Проф. д-р Волф Ошлис, Германската македонистика, пред, во и по Првата светска војна, Македонија живот и предели..., 9. 43 Внатрешна Македонска Револуционерлна Организација. 44 Stefan Troebst, Die „Innere Mazedonische Revolutionäre Organisation“ und die Außenpolitik der Weimarer Republik (1919-1933).Das makedonische Jahrhundert. Von den Anfängen nationalrevolutionärer Bewegung zum Abkommen von Ohrid 1893-2001. Ausgewählte Aufsätze.Südosteuropäische Arbeiten, 130. R. Oldenbourg, München, 2007, 85-109. 45 За ова види повеќе: Stefan Troebst, „Macedonia heroic“ Zum Makedoniar-Bild der Weimarer Republik. Das makedonische Jahrhundart…, 111-173. 46 Националсоцијалистичка-работничка партија на Германија. 15
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
создавање на „Нов поредок“ („Neuordnungsplan“), со протежирање на Бугарија, што, исто така, имал ревизионистичка и антидефитистичка основа. Меѓутоа,откако го зацврстил своето политичко и економско влијание во балканските држави („Drang nach Sudosten“), Третиот Рајх го почитувал нивниот суверенитет и територијален интегритет, истовремено протежирајќи го зближувањето меѓу Кралството Југославија и Бугарија. Ваквата надворешна политика на Третиот Рајх, била посебно карактеристична до потпишувањето на Минхенскиот договор, на 30 септември 1938 година, кога доаѓа до повторно разгорување на бугарскиот ревизионизм.47 Споменатото значело, дека интересот на Третиот Рајх спрема Македонија првенствено бил од економска и во одредена мера од геополитичка природа.48 Исто така, Третиот Рајх ја продолжил и ја продлабочил соработката со ВМРО по започнувањето на Втората светска војна.49 До нагла смена на надворешната политика на Третиот Рајх спрема Македонија доаѓа по започнувањето Грчко - Италијанската војна, на 28 октомври 1940 година. Италијанскиот воен неуспех, опасно ги загрози веоно-политичките позиции на силите на Оската (Трет Рајх-фашистичка Италија) на Балканскиот Полуостров. Пред опасноста, британската војска да го направи истото, Вермахтот добил задача да изготви воен план за запоседнување на Егејскиот дел на Македонија и Западна Тракија, во кординација со италијанската војска концентрирана во Албанија.50 Истиот бил изготвен и одобрен до 13 декември 1940 година и бил наречен „Марита“.51 Во меѓувреме, Третиот Рајх презел низа дипломатски активности за стабилизација на Балканскиот Полуостров, во што спаѓало и зацврстувањето на воено-политичките врски со балканските држави, со нивно приклучување кон Тројниот пакт.52 Во таа насока, откако Унгарија и Романија, на 20, односно 23 ноември 1940 година, станале придружни 47
За ова види повеќе: D-r Dušan Lukač, Treći Rajh i zemlje jugoistočne Evrope 19331945.knjiga 1-2. Beograd, 1987. 48 Данчо Зографски, Македонија во балканската политика на Третиот Рајх. Гласник на Институтот за национална историја (скратено ГИНИ) ,XVIII/1, Скопје, 1974, 10., Д-р Марјан Димитријевски, Политиката на Третиот Рајх кон Македонија 1933-1945 година. Институт за национална историја (скратено ИНИ), Скопје, 2001, 26-49. 49 За ова види повеќе: Stefan Troebst,Ivan Mihajlov im türkischen und polnischen Exil (19341939/40).Südost-Forschungen. Band XLVI/1987, R. Oldenbourg/München. 186-188. 50 Ernst Percy, Kriegstagebuch des Oberskommandos der Wehrmacht. Band 1/1. Zusammengestellt und erlautert von Hans-Adolf Jacobsen. Bernard & Graefe Verlag, Munchen, 1982. 144, 150., Walther Hubatsch, Hitlers Weisungen für die Kriegführung 1939-1945. Bernard & Graefe Verlag für Wehrwesen, Frankfurt am Main, 1962, 67-71. 51 Walther Hubatsch, Hitlers Weisungen für die Kriegführung 1939-1945..., 81-84. 52 Тројниот пакт, за пријателство и воена соработка меѓу Третиот Рајх, фашистичка Италија и Јапонија бил птопишан на 27 септември 1940 година. 16
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
членки на Тројниот пакт, Третиот Рајх водел тешки преговори истото да го направат Кралството Југославија и Бугарија.53 Во текот на истите, кои, сепак, завршиле успешно, на двете држави им бил ветен излез на Егејското Море,54 после што, Бугарија, на 1 март 1941 година и Кралството Југославија на на 25 март 1941 година, станале придружни членки на Тројниот пакт.55 Меѓутоа, поради демонстрациите и државниот удар во Кралството Југославија од 27 март 1941 година, Третиот Рајх решил воено-политички да го уништи , по што следела Балканската кампања (Balkanfeldzug) на Вермахтот, односно Априлската војна од 1941 година, што резултирала со брза капитулација на Кралството Југославија и Грција. По завршувањето на Априлската војна во 1941 година, територијалната поделба на Кралстовото Југославија и Грција е извршена во согласност на воено-економските интереси на Третиот Рајх, пришто, до одредена мера биле задоволени и територијалните претензии на фашистичка Италија, Унгарија и Бугарија.56Водејќи се од тој принцип, по постигнувањето на спогодбата Рибентроп-Ќано, на 22 април 1941 година, Вардарскиот дел на Македонијаму припаднал на Бугарија и фашистичка Италија, меѓутоа, Третиот Рајх ја здржал воено-економската супримација во споменатиот простор.57 Исто така, по потпишувањето на спогодбата Клодиус-Попов, на 24 април 1942 година, Третиот Рајх имал и примат приексплоатацијата на економските добра во споменатиот дел од Македонија.58 Во сличен дух била извршена и поделбата на Егејскиот дел на Македонија. Бугарија ја добила територијата меѓу р. Струма, на запад, и 53
Во истиот временски период, според СС-бригадниот генерал В. Шеленберг, ССбригадниот генерал Валтер Шеленберг бил началник на VI канцеларијаза странство, при СС-главната служба за безбедност во Третиот Рајх, бил изработен меморандум за формирање на независна македонска држава, од страна на СС-главната служба за безбедност во Третиот Рајх, во случај Кралството Југославија и Бугарија да не станеле придружни членки на Тројниот пакт.Walter Schelenberg, Memoari. Biblioteka Vremeplov. August Cesarec-Zagreb, Zagreb, 1985, 274. 54 Кралството Југославија во просторот на Солун, додека Бугарија, во просторот меѓу реките Струма и Марица. 55 Витка Тошкова, България и Третият Райх (1941-1944). Политички отношения. Наука и искуство, София, 1975, 36.,Documents on German foreign policy 1918-1945. Series D (19371945). Volume XII. The War Years. Док. бр. 114, 203-204., Velimir Terzić. Slom Kraljevine Jugoslavije 1941.Uzroci i psledice poraza.Knjiga1 tom 1-2. Narodna knjiga, Beograd, 1982, 288-294, 583-584. 56 Branko Petranović, Istorija Jugoslavije 1918-1988. Druga knjiga. Narodnooslobodilački rat i revolucija. 1941-1945. Nolit, Beograd, 1988, 26-27. 57 Марјан Димитријевски, Интересот на Третиот Рајх кон Југоисточна Европа и Македонија во периодот 1933-1945 година, ГИНИ, XXXXIII/1999, Скопје, бр. 1, 56. 58 За спогодбата Клодиус-Попов види повеќе: Витка Тошкова, България и Третият Райх (1941-1944)…, 55-56. 17
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
устието на р. Марица, на исток, со островите Тасос и Самотрики. Костурско, дел од Кожанско и западните делови од Леринскиот округ ги добила фашистичка Италија. Централниот дел, со Солунско, Кукушко, Гуменеџиско, Воденско, Берско, Катеринско и најголемиот дел од Леринско, се ставени под јурисдикција на новоформираната грчка колаборационистичка влада, меѓутоа фактичката власт ја имал Третиот Рајх. Наведената поделба, како и поделбата на Вардарскиот дел на Македонија, била верификувана на конференцијата што се одржала на 21 и 22 април 1941 година во Виена,на која учество ќе земат министерот за надоврешни работи на фашистичка Италија, грофот Галеацо Ќано и министерот за надворешни работи на Третиот Рајх, кој ги застапувал и бугарските интереси.59 До одредена модификација на надворешната политика на Третиот Рајх спрема Македонија дошло во почетокот на 1943 година, што било последица од поразите на Вермахтот во Северна Африка и Источниот фронт, во крајот на 1942 и почетокот на 1943 година,кои биле главна причина за влошување на германско-бугарските односи.60 Соработката со ВМРО била интензивирана, па дури се размислувало,при евентуалната смена на воено-политичкиот курс на Бугарија, со нејзина поддршка да ја задржиконтролата врз географската област Македонија, со акцент на Егејското крајбрежје.61 Истовремно, поради недостиг на оперативни единици, Вермахтот дал одобрение за проширување на бугарската окупациона зона во Егејскиот дел на Македонија, што било потврдено на состанокот меѓу цар Борис III и А. Хитлер, што се одржал на 3 јуни 1943 година во Салцбург. На истиот состанок било разговарано и за понатамошно проширување на бугарската окупациона зона во Егејскиот дел на Македонија, се до р. Бистрица, вклучително Солун и полуостровот Халкидик.62 По капитулацијата на фашистичка Италија, Третиот Рајх, незадоволен од негативниот став на Бугарија да ангажира две дополнителни бугарски дивизии во Егејскиот дел на Македонија, евентуално Албанија, го анулирал нејзиното барање за поместување на демаркационата линија 59
Dr Dušan Lukač. Treći Rajh i zemlje jugoistočne Evrope 1941-1945. Treći deo. Vojnoizdavački i novinski centar-Beograd, Balkanološki institut Srpske Akademije Nauke i Umetnosti, Beograd, 1987, 35-39., Д-р Марјан Димитријевски, Политиката на Третиот Рајх кон Македонија 1933-1945 година…, 59-62. 60 Витка Тошкова, Бъгария и Третият Raйх (1941-1944)…, 106-128. 61 Георги Даскалов, Участта на Българите в Егейска Македония 1936-1946, София, 1999, 518.; Данчо Зографски, Македонија 1940-1943 год. според некои германски документи. ГИНИ XV/1, Скопје, 1971, 21. 62 Akten zur deutchenAuswärtigenpolitik 1918-1945. Serie E: 1941-1945. Bande VIII. 1. Mai 1944 bis 8. Mai 1945. Vandehoeck & Ruprecht, Göttingen, 1979, док. бр. 82, 140. 18
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
во западните делови на Македонија.63 Следело дополнително влошување на германско-бугарските односи, поради што, Третиот Рајх започнал да се стреми конформирање на влада со претставници на најекстремните националистички и фашистички групации во Бугарија, сметајќи, дека тие ќе ги прифатат максималистичките барања на Третиот Рајх, посебно во врска со ангажирањето на Бугарија во војната.64 Истовремено, од страна на Третиот Рајх, незабележан не останал уште еден политички и воен фактор на македонската сцена. Се работело за Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, на чело со Комунистичката партија на Македонија.65 Во летото 1944 година, Балканскиот Полуостров се нашол во сендвич меѓу Источниот фронт и Италијанскиот фронт. Брзината на менувањето на настаните на фронтовите во корист на антихитлеровската коалиција придонело за колебливото однесување на балканските сојузници на Третиот Рајх, кој презел низа воено-политички мерки, па дури, во крајот на август и почетокот на септември 1944 година, безуспешен обид за создавање на „независна македонска држава“. Во планот ВМРО заземала централно место и во дадената ситуација, ставот на профашистичките сили во Бугарија, во смисла да го прифатат нејзиниот примат, бидеќи се надевале дека со еден удар однадвор ќе успеат да го пренасочат воено-политичкиот курс на владата во Софија, која непосредно пред 8 септември 1944 година, се обидувала да склучи сепаратен мир со западните сојузници.Според германскиот историчар Стефан Требст, планот за создавање на „Независна Македонија“, бил поткрепен и од надежта дека ВМРО, преку Македонската патриотска организација, ќе издејствува признавање на државата од страна на Соединетите Американски Држави.66 Последниот обид на Третиот Рајх да реализира одредени военополитички интереси во Македонија, истовремено да ја казни отечестфенофронтовска Бугарија, бил направен во есента-зимата 1944 година, по 63
За ова види повеќе: Николай Кочанков, От надежда към покруса: Западна Македония в българската външна политика (1941-1944).Херон Прес, София 2007, 169-175. 64 Akten zur deutchen Auswärtigen politik 1918-1945. Serie E: 1941-1945. Band VI. Mai 1943 bis 30. док. бр. 249, 440. 65 За ова види повеќе: Марјан Димитријевски,Третиот Рајх и Македонија 1941-1945. документи. том 1. книга 1. избор, редакција, воведни напомени и коменатари: д-р Марјан Димитријевски. ИНИ, Скопје, 1996, Док. бр. 39, 94-101. 66 За неуспешниот обид за создавање на „независна македонска држава“ види повеќе: М. Димитријевски, Политиката на Третиот Рајх кон..., 86-119.; Марјан Димитријевски, Обидот на Ванчо Михајлов за создавање на „Независна Македонија“ 1944 година., Зборник: Македонската историска наука-достигнувања и проблеми. Прилози од научниот собир одржан во Скопје на 17-19 ноември 1998 година. По повод 50годишнината од работата на ИНИ, Скопје, 2000, 309-329.; Штефан Требст, Наредбата на Адолф Хитлер..., ГИНИ, XLVI/2, Скопје, 2002, 25-39. 19
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
издавањето на директиватаза формирање на т.н. „Бугарска ослободителна армија“, за борба против Црвената армија и Народноослободителната војска и партизанските одреди на Југославија.67 Во тој контекст, како иделувањето на бугарската емигрантска влада на чело со бугарскиот нацистички симпатизер Александар Цанков, во Виена, со асистенција на СС,68 се одржале и две средби на припадници на ВМРО и „Ратници за напредок на бугарштината“69 од Македонија. На втората средба дури било предложено формирање на „Македонска ослободителна армија“, која требало да претставува симбол на соработката на Македонците во емиграција со Третиот Рајх.70 Conclusion The German Empire (1871-1918), later named as Waimar Republic (1918-1933) and Third Reich(1933-1945),lead foreign affair policy towards Macedonia, which was inaccordance with the german geopolitical interests. However in certain periods of time it depended on the national and geopolitical interests of the instantaneous german military and political allies. At the same time, the german diplomacy, showed showed interest and cooperatedwith Internal Macedonian Revolutionary Organization.
Библиографија Valentin Veit, Deutschlands Außenpolitik von Bismarcks Abgang bis zum Ende des Weltkrieges. Deutsche Verlags-Gesellschaft für Politik und Geschichte, Berlin 1921; Димитријевски д-р Марјан, Политиката на Третиот Рајх кон Македонија 1933-1945 година. Институт за национална историја (скратено ИНИ), Скопје, 2001, 26-49;
67
Akten zur deutchenAuswärtigenpolitik 1918-1945.Serie E: 1941-1945. Bande VIII/1. Mai 1944 bis 8. Mai 1945, док. бр. 206, 449. 68 СС (SS)е кратенка од „Schutzstaffel“ (заштитни одреди) и била најмоќната и најмасовната организација на Национал-социјалистичката работничка партија во Третиот Рајх. 69 За дејноста на оваа бугарска фашистичка организација, со свои ограноци и во Македонија, види повеќе: Ѓорѓи Малковски, Профашистичките и колаборационистички организации и групи во Македонија 1941-1945 година. ИНИ, Скопје, 1995, 59-67. 70 Јован Павловски, Судењето како последен пораз, Тетово, 1966, 188. 20
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Lukač D-r Dušan, Treći Rajh i zemlje jugoistočne Evrope 1933-1945.knjiga 12. Beograd, 1987; Treći Rajh i zemlje jugoistočne Evrope 1941-1945. Treći deo. Vojnoizdavački i novinski centar-Beograd, Balkanološki institute Srpske Akademije Nauke i Umetnosti, Beograd, 1987; Opfer Bjorn, Im Schatten des Krieges. Besatzung oder Anschluss - Befreiung oder Unterdrückung? Studien zur geschichte kultur und gesellschaft südosteuropas Band 3. LIT Verlag, Münster 2005. Ошлис проф. д-р Волф, Германската македонистика, пред, во и по Првата светска војна, Македонија живот и предели. Македоника, Скопје, 2016; Тошкова Витка, България и Третият Райх (1941-1944). Политички отношения. Наука и искуство, София, 1975; Troebst Stefan, Das makedonische Jahrhundert. Von den Anfängen nationalrevolutionärer Bewegung zum Abkommen von Ohrid 1893-2001. Ausgewählte Aufsätze.Südosteuropäische Arbeiten, 130. R. Oldenbourg, München, 2007, 85109; Ivan Mihajlov im türkischen und polnischen Exil (1934-1939/40).SüdostForschungen. Band XLVI/1987, R. Oldenbourg/München; HubatschWalther, Hitlers Weisungen für die Kriegführung 1939-1945. Bernard & Graefe Verlag für Wehrwesen, Frankfurt am Main, 1962.
21
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
1) 929(497.2)“1943/1978“ 2) 94:355.486“1941/1944“ 3) 929 Стојанов, С. “1943/1978“
Станимир СТАНЕВ,71 ПРЕСВРТОТ ВО СУДБИНАТА НА ЕДЕН БУГАРСКИ ВОЈНИКАНТИФАШИСТ ЗАПОЧНАЛА ВО БИТОЛА
Апстракт: Во статијата, чија основа е антифашистичкиот отпор во Бугарија-Севлиевска околија, презентирана е судбината на еден млад бугарски војник-Стојан Станев Стојанов, чиј живот драстично се менува во текот на неговото воено службување во Бугарскиот 54. (битолски) пешадиски полк во текот на 1943 година. Уапсен поради антифашистички активности, тој бил заточен во повеќе казнено-работни (трудови) логори во Бугарија-Белене, Припечене, Свети Врач. Исто така, проследен е и неговиот живот во социјалистичка Бугарија, по 9 септември 1944 година, како офицер на Бугарската народна армија (БНА), до предвремената смрт во, 1978 година во градот Шумен. Клучнизборови: Антифашистички отпор во Бугарија, ГабровскиСевлиевски партизански одред, с.Крушево-Севлиевска околија, Струмски работен одред, Шумен-Бугарија. И покрај фактот дека во текот на Втората светска војна, Бугарија била придружна членка на Тројниот пакт, два денови по германскиот напад на Советскиот Сојуз, на 24 јуни 1941 година, Бугарската работничка партија (БРП), застанала на курсот за вооружена борба против бугарската монархофашистичка власт.72 БРП учествувала во организирањето и раководела со нелегалните вооружени партизански групи, како и партизанското движење. Исто така, учествувала во организирањето и активностите на Отечествениот фронт и како политички дел од истиот, се залагала за излегување на Бугарија од Тројниот пакт и да се придружи кон антихитлеровската коалиција. Еден од центрите на антифашистичката борба во Бугарија бил градот Севлиево, кој се наоѓа во централниот дел на Бугарија, во чија околина дејствувал и надалеку прочуениот Габровско-
71
Проф.д-р Станимир Станев е вработен во Шуменскиот университет „Епископ Константин Преславски“, адреса: Универзитетска улица 115, Шумен-Бугарија, е-маил: stan_stanev@yahoo.com. 72 За историјата на вооружениот-антифашистички отпор во Бугарија види повеќе: История на антифашистката борба в България 1939-1944. том 1. София, 1976, 1-3;Alan Ogden, Through Hitler’s back door. Pen & Swardb, Barnley,2010, 125-127; История на Отечествената война на България 1944- 45. том 1. Военно издателство, София,1981, 8. 22
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Севлиевски партизански одред.73 Од друга страна, главен центар на антифашистичкиот вооружан отпор во околијата било с. Крушево, нешто подоцна, од народот наречено „Мал Сталинград“.74 Првите акции против месната власт во селото, од страна на месната вооружена група била реализирана на 14 септември 1942 година, по ова, била формирана Крушевската партизанска чета, која подоцна прераснала во ГабровскоСевлиевски партизански одред, во кој од с. Крушево имало 18 партизани, од кои, 10 загинале во борбите пред 9 септември 1944 година. Еден од учесниците во антифашистичката борба од с. Крушево бил и мојот татко-Стојан Станев Стојанов.75 Тој бил роден на 23 декември 1923 година, во сиромашна фамилија од селото. Неговиот татко, Стано, бил земјоделец, неговата мајка, Дана, домаќинка. Имал и еден помал братЈордан. Стојан од мал помагал при земјоделските работи и одгледувањето на домашните животни и се соочува со неправдите во државата. Желен за образование, од 1937 година, во голема беда, учел во Севлиевската гимназија, додека при празниците и ваканциите помагал дома. Од 1941 година станал член на младинската организација на БРП, Работничкиот младински сојуз (РМС), истовремено членувајќи и во марксистички кружоци во гимназијата. Во текот на 1842 година, во с. Крушево, собирал храна и друг материјал за потребите на партизаните. Одржувал тесни врски со познатите антифашисти од околијата Стојчо Гатев Стојчев и Јанко Неделков Јанков (од с. Крушево), Иван Христов Бенчев (Градски комитет на БРП-Севлиево), Велчо Ненков Ванев (Градски комитет на БРП-Габрово) и партизаните Илија Сбев Илиев (псевдоним „Сашо“) и Цанко Ганчев Цанков (псевдоним „Бончук“). Веднаш по завршувањето на средното образование, во септември 1942 година, С. Стојанов е мобилизиран и распореден во Бугарскиот 54. пешадиски полк, со седиште во Битола.76Со чин „редник“ (војник), станал 73
За историята на Габровско-Севлиевският партизански одред види повеќе:История на антифашистката борба в България 1939-1944. том 1..., 347; Alan Ogden, ThroughHitler’s back door…, 142. 74 Селото Крушево, до 1947 година, било дел од Плевенската област, а сега дел од Габровската. За историјата на селото и учеството во антифашистичката борба види повеќе: Петко Недялков и Петко Цонев. История на с. Крушево. М-Прес-ООД, Севлиево, 2012.;В първите редици на борбата. Издателство на НС на ОФ, София,1969, 144. 75 За Стојан Стојанов види повеќе: В първите редици на борбата..., 126., каде е заведен под реден број 15 во списокот „Концлагеристи“ и во истото дело на страна 138 во списокот „Учесници и помагачи. Тој се споменува и во веќе посоченото дело История на с. Крушево на страните 599 и 615. 76 Бугарскиот 54. пешадиски полк, како дел од Бугарската 15. пешадиска дивизија, официјално бил формиран дури на 3 март 1943 година. За жал, во Државниот военоисториски архив (ДВИА), со седиште во Велико Трново, недостасуваат документите кои се однесуваат на полкот од јануари до јули 1944 година. (ДВИА-В. Трново, ф.361, а.е.125). 23
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
дел од 4. ударна чета на полкот. Во крајот на истиот месец, како регрут, зел учество во првиот воено-учебен марш на неговата чета, реализиран до с. Бистрица, Битолско. Воена заклетва положил на 21 февруари 1943 година, од кога потекнуваат и неговите портретни фотографии.77Во текот на април 1943 година, бил награден со домашно отсуство, тогаш повторно се сврзал со антифашистите и добил наредба: „Земи го пушкомитралезот од касарната и бегај кај партизаните“...78 Во истиот контекст треба и да се напомене дека и други војници од с. Крушево, кои служеле во Србија и Македонија, при домашните отсуства носеле украдено оружје и муниција, кои потоа им ги давале на партизаните.79
Војник С. Стојанов, зимата 1942/1943 година во Битола. Војник С. Стојанов, пред седиштето на Штабот на Бугарскиот 54. пешадиски полк во Битола, каде што сега е сместен НУ Завод и музеј Битола.
77
Дел од приложените фотографии од военото службување на Стојан Стојанов во Битола се изработени во фото-ателјето на Никола Хр.Иванов „УФА-UFA“, со адреса ул. Цар Борис III (денешен ШирокСокак), бр. 109. 78 Во тој временски период, веќе имало случаи бугарски војници и офицери кои служеле во Македонија да се приклучат кон партизаните. На пример, целиот состав, од 69 војници од 1./15. граничен подучасток, на чело со командантот Дичо Петров, се ставил под команда на Главниот штаб на народноослободителната војска и партизански одреди на Македонија (ГШ на НОВ и ПОМ) и ќе влезат во составот на Баталјонот „Христо Ботев“. 9 В първите редици на борбата..., 40. 24
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
4. ударна чета на Бугарскиот 54. пешадиски полк, во која воено службувал војникот С. Стојанов, на стрелиште јужно од Битола, во 1943 година.
Војници од Бугарскиот 54. пешадиски полк со британски пушкомитралези „брен“. С. Стојанов е крајниот десно (Битола, февруари-март 1943 година) Според неговите кажувања, Стојан не зел учество во воени акции против македонските патизани, туку чекал погоден момент да дезертира од полкот и ним да им се приклучи. Но контраразузнавачите од РО-2 на дивизијата и полкот ги откриваат неговите намери и тоа на основа на „неблагонадежните“ податоци пристигнати од Бугарија и мнението на неговиот командир на чета, поручник Нечев, кој во војничката книшка на 25
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
С. Стојанов го напишал следното:„Непокорен, надахнат комунист, не ја сака Бугарија, началниците и сé што е бугарско“... По ваква оценка патот бил само еден, кон „црните (казнени) чети“ или кон казнено-работните логори.
„Оценката“ на С. Стојанов во неговата војничка книшка (раздел 4) На 6 јули 1943 година, со вооружена придружба, пристигнал во Беланскиот работен одред, кој бил ангажиран околу с. Белане, крај р. Дунав, во североисточниот дел на Бугарија.80Со наредба бр. 118, т. 3, од 31 јули 1943 година бил распореден во 1. градежна чета и бил приморан повторно да даде заклетва на 29 август 1943 година. Потоа, до 18 ноември, бил работно ангажиран на изградбата на една огромна заштитна брана на Црноморското крајбрежје, на р. Дунав, во просторот на с. Белане.
Изведување на роботи на заштитната брана од страна на припадниците на Беланскиот работен одред. С. Стојанов, на првата фотографија, е прикажан десно од биволската запрега. 80
Во текот на 1943 година во Бугарија дејствувале 5. и 7. работни баталјони, кои командно му биле потчинети на Управата на работната војска. Исто така, се формираат Струмскиот и Беланскиот работен одред, во кои, за да извршуваат тешки физички работни обврски, биле испраќани млади војници оценети како „неблагонадеждни“ и со „противдржавни убедувања и тенденции“. 26
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
На 19 ноември 1943 година, С. Стојанов е префрлен во Струмскиот работен одред, чиј логор се наоѓал во просторот на с. Припечане, Петричко (сега Генерал Тодоров), во подрачјето на 11. работен баталјон. Од 1 април 1944 година бил преместен во подрачјето на 23. работен баталјон, на железничката станица Свети Врач (сега Сандански).81
Во текот на работите на железничката станица Свети Врач. Во меѓувреме, во Стојановиот роден крај, дел од ГабровскоСевлиевскиот партизански одред, кој дејствувал во просторот на с. Крушево, бил откриен од полицијата меѓу 28 и 29 март 1944 година се водела во Бугарија познатата Балванска битка меѓу 39-те партизани и неколку илјади војници и полицајци, поддржани од извидувачки авиони, притоа живи останале 20 партизани и под раководство на Стојановиот другар-Цанко Ганчев (Бончук), го пробиваат обрачот во правец на планината Балкан. Поради ова, во знак на одмазда, на 29 март 1944 година, фашистичката полиција, без суд и пресуда, стрела 10 најактивни поддржувачи-јатаци на партизаните во с. Крушево.82 Во наредниот временски период, наоѓајќи се сè уште во работен логор, С. Стојанов се запознава со, во повоениот период, познатиот филмски глумец Иван Братанов, кој, исто така, бил интерниран. Непосредно пред навлегувањето на Црвената армија во Бугарија, во почетокот на септември 1944 година и доаѓањето на власт на Отечествениот (Татковински) фронт, на 9 септември 1944 година, се дал 81
Струмскиот работен одред се состоел од три градежни чети, една репрезентативна чета и една заштитна чета. Во почетокот на април 1944 година, војниците од составот на одредот влегле во составот на 23. работен баталјон и истиот престанал да постои. 82 Йовчо Симеонов, Крушево-кървав данък. Читалище „Развитие“,Севлиево,1989, 76.
27
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
во бегство и облечен само со маица без ракави и куси панталони, како на долната фотографија, на 15 септември 1944 година се вратил во с. Крушево, каде неговиот брат Јордан, кој од новата власт бил поставен на одредена раководна функција, бидејќи не го препознал, за малку ќе го застрелал.
Последната фотографија од периодот на логорувањето на С. Стојанов (последен, десно) од логорот во Свети Врач (6 мај 1944 година) Во наредните денови, С. Стојанов се приклучил кон Народната гарда, за да замине на боиште, но поради лошото здравје, се разболува тешко и се лекува до крајот на годината. Во текот на октомври 1944 година станал член на БРП (комунисти), а потоа, во родното село е назначен за прв претседател на новообразованото коперативно стопанство. Во есента 1947 година, од страна на БРП (комунисти), бил испратен на политички курс, за потоа, до неговата смрт во 1978 година, како офицер, непрекинато служел во БНА. Воено службувал во различни места-Сливен, Габрово, Ловеч и Софија. Наоѓајќи се во Софија, веројатно бил сведок на внатрешно-политичкиот судир меѓу двете групи бивши партизани, „Чавдарци“, на чело со Тодор Живков и онаа од другите делови на Бугарија, поради што, како антифашист од Габровскиот регион, во 1956 година бил распореден во Шумен, да го „засили развојот во провинцијата“.Потоа е заменик началник и начлник на Шуменскиот воен округ, сé до неговата смрт на 15 септември 1978 година, како последица од втор срцев инфаркт. Претходно, во 1975 година, добил решение дека бил активен борец против фашизмот и капитализмот и бил награден со голем број ордени и медали. Истата година, со група ветерани од војната против Третиот Рајх што во 1944-1945 година ја водела Бигарија, посетува повеќе градови во СФР Југославија, како Крагуевац, Косовска Митровица и др., меѓутоа неговата желба повторно да се врати во Битола-град кој ја сменува неговата животна судбина, не се остварила. Неговите две деца, 28
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
две внуки и трите правнуци со гордост се споменуваат на својот скромен молчлив херој, кој останал во аналите на историјата на неговиот роден крај кој е заборавен од бугарските „демократски“ власти.
Една од последните фотографии на С. Стојанов (1923-1978 година) Conclusion The article,on the background of the facts of the anti-fascist resistance in Bulgaria,in Sevlievo region, presents the fate of an young Bulgarian soldier Stoyan Stoyanov Stanev,whose life dramatically changes during his service in Bitola 54th Infantry Regiment. He was arrested for anti-fascist activity, and sent to labor camps in various places in Bulgaria – Belene, Pripechene Saint Vrach. His life in socialist Bulgaria after September 9, 1944 as an officer from BNA, to his untimely death as Head of Shumen military District in Shumen, in Bulgariain 1978 ,r is tracked.. He fails to realize his dream - to return to Bitola, where dramatically was changed his life. Библиографија В първите редици на борбата. Издателство на НС на ОФ, София,1969; История на антифашистката борба в България 1943/1944 г., София, 1976; История на Отечествената война на България 1944- 45. том 1. Военно издателство,София, 1981; Недялков Петко, Петко Цонев, История на с. Крушево. М-Прес-ООД, Севлиево,2012; OgdenAlan,Through Hitler’s back door. Pen&Swardb (Barnley),2010; Симеонов Йовчо, Командирът. Читалище „Развитие“, Севлиево, 1985; Симеонов Йовчо, Крушево-кървав данък. Читалище „Развитие“ Севлиево, 1989.
29
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
94(497.774)“1467/1468“ (093.2) Васко ГИЧЕВСКИ83 АНАЛИЗА НА НЕКОЛКУ АСПЕКТИ ОД ПОЕДИНЕЧНИОТ ФИСКАЛЕН ПОПИСЕН ДЕФТЕР ЗА БИТОЛСКАТА НАХИЈА 1467-1468 Апстракт: Предмет на обработка во овој труд ќе бидат некои аспекти опширниот пописен дефтер од XV век кој го има во превод на македонски јазик, како дел од едицијата „Турски документи за историјата на македонскиот народ, том 2, под редакција на Методија Соколоски, издаден во Скопје 1973 година. Поради обемноста на материјалот понуден во оваа прилика, ќе се задржиме само напоединечниот фискален пописен дефтер за Битолската нахија 1467-1468 Клучни зборови: Османлиска Империја, Опширен пописен дефтер 1467-1468, Дефтери, Битолска нахија. Во Османлиската Империја дефтерите се збир на катастарски и даночни пописи, кои содржат бројни информации за популацијата на населението, селата и градовите, поседите (имотите) на населението, состојбата со наплатата на даноците, верските заедници итн. Со дефтерите раководела канцеларијата наречена Bab i Dеfteri(Портата на ризницата), која имала свои претставништва во престолнината но и во градските центри. Оваа канцеларија била одговорна за даночните работи во Империјата како што биле: проценка на феудалниот посед, собирање на даноците и трошоците на државата.84 Поради опширноста на поимот „дефтер“85, постојат повеќе видови на дефтери како, на пример: Tapu defterleri (Книга за тапии), Nufus defterleri (Книга на родени), Tahrir defterleri (Даночна книга), Defter i hakani (Книга за земјопоседите) итн. Исто така постојат: Defter I mufasal 83
Васко Гичевски, студент во втора година на Филозофскиот факултет – Институт за историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје; еmail: vasko.gicevski@gmail.com 84 Mehmet Zeki Pakalin Tarih Deyimleri ve Terimleri Sözlüğü, vol. I MEB, Istanbul 1993 стр. 140. 85 Етимолошкото потекло на зборот дефтер не е докрај разјаснето и постојат неколку верзии: едната вели дека доаѓа од грчкиот збор τέσσεραшто е збор за бројот 4 и во поширока смисла значи „голем лист превиткан на четири дела“, но, исто така, овој збор може да води потекло од персискиот збор daftarшто означува книга, а тука е, исто така, присутен и терминот διφθέρα што значи книга избработена од козји пергамент. 30
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
(поединечен дефтер), Esami defter (детален дефтер), Defter i mudzmel (збирен дефтер) и Defter i idzmal (сумарен дефтер).86 Регистрите имале широк дијапазон на употреба: како официјални записи со кои се обезбедувало легално користење на земјата, проценка на очекуваната сума на даноци за собирање и прилагодување на дел од нив кон потребите на војската и на адмистративните службеници за нивната служба.87 Поединечниот фискален пописен дефтер за Битолската нахија од 1467/68 година се состои од податоци за градот Битола и селата кои биле под негова административна управа. Во административната управа на Битолската нахија имало 176 села од кои 4 села биле целосно муслимански и две села со мешано население. Чисто муслимански села биле: Саро Хизирли, Лесковар, Челтукџи и Вашарејца, додека, пак, села со мешано население биле: Лажец и Поздешево. Според селата коишто се застапени во пописот се согледува дека Битолската нахија опфаќала поголема територија, па така кон оваа нахија се водело и селото Попложани од Леринска околија коешто било вакуф на Сунгур чауш бег88, увакуфено со вакуфнамата од 18-27.12.1439, иако проф. д-р Методија Соколоски предлага дека тоа, според пописите, можело да се случи по 1451 година, односно по смртта на султанот Мурат II. Градското население беше поделено на седум населби (маала) – шест за муслимани и една за христијани. Муслиманските маала беа: 1. Демирџи Јусуф и Исмаил, со 45 домаќинства; 2. Али Бурекчи, со 42 домаќинства; 3. Алајдин, со 56 домаќинства; 4. Кара Хамза, со 45 домаќинства; 5. Табак Девлетхан, со 56 домаќинства и 6. Сарач Даут, со 46 домаќинства. Тоа се вкупно 290 муслимански домаќинства во шест муслимански маала. Христијанското маало беше: 7. Дабижив, со 175 домаќинства .89 Во претходно приложените сумарни податоци кои ги дал проф. д-р Методија Соколоски се согледува извесен пропуст, односно сумарните 86
Најстарите дефтери од овој тип (Тahrir defterleri и Defter i hakani) потекнуваат од Албанија во периодот од 1431-1432 година но, сепак, во записите од Премеди Горице јасно индицираат дека записи од ваков вид на оваа територија се извршени уште во времето на султанот Бајазид I(1389-1403). Види Halil Inalcik, Ottoman.. стр.103-130 87 Halil İnalcık „Ottoman Methods of Conquest“, Studia Islamica No.2 Maisonneuve & Larose. 1954 год. стр 103-130 88 Сунгур Чауш-беј, еден од војсководците на султанот Мурат I. Изгледа дека Сунгур-беј влечеше потекло од областа на Манаст’р и беше земен како девширме (данок во крв) во Истанбул. Види подетално: Мехмет Тефик. Кратка историја Битољског вијалета. Братство XXVII (превод Г. Елезовиќ). Београд, 1933 год. стр: 207, 213-214 89 Методија Соколоски, Турски изворни податоци од XV и XVI век за градот Битола. Гласник на Институтот за национална историја, vol. VII/1, Скопје 1963, стр: 129. 31
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
податоци кои тој ги приложува не одговараат со сумарните податоци кои се наоѓааат на страна 145 од „Турски документи за историјата на македонскиот народ“, том 2, издадени во Скопје 1973 година, каде што стои дека севкупно во Битола има 278 муслимански семејства, 160 христијански семејства, 10 неженети, и 15 вдовици. Треба да се напомене дека во овој период муслиманското население не е автохтоно, туку е алохтоно и е населено на овие простори првенствено од малоазиските територии на Османлиската Империја, со цел подобра контрола на локалното население, како и создавање на врзивно ткиво врз кое државата ќе може да се потпре во случај на потреба. Во Битолската нахија вкупно живееле: 6029 христијански семејства, 365 муслимански семејства, 389 неженети лица и 34 вдовици. Малубројното муслиманско население во овој период било населувано, пред сé, поради потребата за контрола врз новоосвоените територии со цел да ја разбијат кохерентната демографска слика на домицилното христијанско население, па така, се забележува дека претежно биле населувани во северните и јужните делови од нахијата со цел да претставуваат еден сигурносен бедем, ако може така да се нарече нивното присуство на определените места. Се согледува, исто така, дека во овој период колонизацијата не била особено силна, но подоцна истата се засилила во XV и XVI век. Номадските групи од анатолиските области Ајдин, Караман и Коња ја колонизираа плодната рамнина Пелагонија. На југ кон градот Хлерин/Флорина се сместија во сопствените села: Кинали (Кременица), Мезџидли (Меџитлија), Хасан Оба, Будаклар (Будаково), Караман (Карамани), Елеклер и Канатлар (Канатларци).90 Во градот пак муслиманското население ги претпочиташе маалата на левиот брег на реката, на повисоката земја и на јужните падини на ридовите (Bayır mahalle). Најблизу до реката беа изградени најважните градби на османлискиот исламски град: главната џамија (Ulu cami), со нејзините верски образовни установи; јавната бања (хамам); гостилницата и јавната кујна (имарет); пазарот и управни згради.91 Особено се интересни за проучување селата во Битолската нахија, бидејќи во овој период селското население претставува мнозинско население. Поединечниот фискален пописен дефтер за Битолската нахија ни носи податоци за села со специјални задолженија92, поголеми села 90
Методија Соколоски, „Битола и Битолско во XV и XVI век“, Прилози на Македонската академија на науките, vol. VI/2, Скопје 1975, стр. 43-55. Напомена во дадениот цитат. 91 Мехмет Тефик. Кратка историја... стр: 207, 213-214 92 Села со специјални задолженија се, всушност, села чие население се обврзало да преземе на себе некоја дејност која е од особено важност на државата па потоа поради должноста која ја вршеле селата истите добивале даночни олеснувања. Најчестите должности кои се добивале биле: доганџии, соколџии, дервенџии, војнуци, производство на шалитра, фуражни култури за хранење на коњите во османлискта војска итн. 32
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
коишто во свое владение имаат мезри93, вакуфот на Сунгур Чауш бег селото Попложани, кое е едно од најголемите села во тој период на претходно посочената територија, а можеби најголем куриозитет претставува селото Древеник за кое ќе стане збор подолу. Попишани се вкупно 14 села во чие владение се наоѓале мезри, односно помали области или села кои служеле како сејалишта на поголемите села. Овие села севкупно имале 686 семејства, 40 неженети, 29 вдовици и 18 мезри. Селата се чисто христијански, па така оттука можеме да извлечеме заклучок дека во овој период христијанските села биле поголеми од муслиманските села и по бројност на жители, а со самото тоа и по површина, па така може да се каже дека тие, всушност, се доминантното население на овие територии. Специјални задолженија извршувале 4 села: Јегри, Црнобуки, Илино и Балдовенци. Задолженијата во селата Јегри и Црнобуки не биле извршувани од страна на сите семејства во селото, туку само 6 семејства и 1 неженет човек се согласиле да извршуваат војничка должност, додека во селото Црнобуки само 1 семејство се обврзало да ја извршува војнучката должност. Во селата Илино и Балдовенци пак целокупното население се обврзало да извршува специјални задолженија. Селото Балдовенци било војнучко, додека Илино било дервенџиско. Земајќи го предвид фактот дека селата Јегри и Црнобуки се наоѓаат во рамница со плодна почна која дава добри приноси не е зачудувачки фактот дека тие целосно не ја прифатиле војнучката дејност, туку само парцијално, за разлика од нив населението кое живеело во с. Илино и с. Балдовенци наполно ги прифатиле специјалните задолженија првенствено поради фактот што Илино е планинско село, а селото Балдовенци се наоѓа на западната страна од Селечка Планина, на 690 метри надморска височина, со мала површина на обработлива земја, па така даночните бенифиции биле од круцијална важност. Вакуфското94 село Попложани имало годишен приход 15 500 акчиња од кои 5500 акчиња биле давани за џезие. Вкупниот приход од сите вакуфи на Сунгур Чауш беј бил 28 960, а годишно 3000 акчиња. Расход имало за мутевелиите, како и 4320 акчиња расход за одржување на џамијата во Битола. Трошоци имало, исто така, и за имаретот (народната кујна) во градот Битола и за месџидите (мали џамии) во Видин и Одрин. Севкупно овие расходи изнесувале 28.070 ачкиња годишно, а 93
Мезра – помало место коешто било во владение на некое село а служело најчесто за сејалиште или градба на некои градби од земјоделско производниот процес. 94 Вакуф- земја која видните земјопоседници ја добивале како своина од султанот и подоцна ја увакуфувале, односно таа не смеела ниту да се продава, ниту да се наследува, туку треба да служи на народот. Најчесто вакуфите располагале со народни кујни, училишта, бројни дуќани итн. кои биле користени за решавање на некој социјален проблем на населението (хранење на сиромашните, одржување на верските објекти и верските службеници итн.) 33
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
преостанатите 890 ачкиња требало да се употребат за ситни поправки на објектите. Оттука се согледува дека, всушност, овој вакуф преживува и е самодоволен со овие средства кои целосно се насочени кон решавањето на социјалните проблеми на тогашното население. Треба да се напомене дека условите за живот во втората половина на XV век се усложниле со самото доаѓање на османлиите, новините во даночниот систем, новите занаети, како и новото население кое било на овие простори. Селското население делумно страдало од војните кои се воделе на овие територии, данокот во крв кој го земале османлиите, но, исто така, голема била и смртноста на новороденчињата, но и на возрасните, главно, по вина на неухранетоста, лошите хигиенски услови, немањето на соодветна медицинска помош итн. Според текот на нештата, покрај бројките и податоците кои беа презентирани претходно, треба да се осврнеме и кон етницитетот на населението кое ги населувало териториите на Битолската нахија. Пред сé мора да се има предвид дека основната карактеристика на османлиската држава е тоа што таа своето население не го запишувала и не го перцепирала според националност и етницитет, туку во категоризацијата на населението предничела верската определба. Основната поделба на поданиците била според тоа дали се муслимани или немуслимани, односно зимии. Немуслиманското население -зимиите било категоризирано во посебни милети, односно верски групи на чиешто чело стоел милетбашија95. Знаејќи ја ваквата поставеност на нештата, многу е тешко да се открие етницитетот на населението застапено во пописите, а дотолку е потешка работата бидејќи населението се заведувало само по име, придружено од татковото име, занаетот или пак во некои случаи и социјалниот слој на лицето. Затоа во документите од ваков тип чести се формулациите од типот „Петко син на Димитри“, „Јован сиромав“, „Хасан кројач“ кои, во суштина, не ни говорат нешто повеќе за тоа од која етничка група било попишаното население. Една од постапките со кои би можело да се дојде до некакви скромни резултати во овој поглед е со анализа на личните имиња, па донекаде и со анализа на занимањата на личностите доколку ги имаме во документите. Конкретно во овој попис мнозинско население се 95
Зборот milet води потекло од арапскиот збор millah што, во буквална смисла значи „националност“, сепак, самиот збор е далеку од значење кое овој збор го има денес. Низ постоењето на Османлиската Империја потоеле поголем број на милети: рум милет, јехуди милет, франкиски милет, ерменски милет, сириски милет, халјдески милет, ифлак милет итн. На почетокот постоеле само неколку милети но во XIX век во периодот на Танзиматот, милети добиле и Сиријците, Хајделците, Власите, како и други конфесионални групи. Милет системот низ вековите претрпил покрупни и поситни промени зависно од политичката ситуација но, во суштина, останал ист со определени промени во структурата. 34
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
христијаните, односно локалните жители кои, со одредена доза на толерантност, можеме да кажеме дека се Македонци, но, сепак, треба да се укаже и на фактот дека во овој период перцепцијата етницитет кај обичниот човек не е застапена и не се сфаќа во денешна смисла. Куриозитет во овој попис претставува с. Древеник кое има 22 семејства, 1 неженет и 1 вдовица. Тоа што го одделува од другите села е фактот што жителите кои се попишани имаат имиња кои отскокнуваат од другите имиња на христијанското население во овој период и оваа територија. Застапени се имињата: Ѓерг, Ѓон, Прогон, Шкодра, Гин, Ишкор итн.96 Може да се согледа дека овие имиња се, всушност, карактеристични и типични за албанскиот етницитет пред најголемиот дел од албанската популација да биде исламизиран. Всушност, ова не е прво споменување на албанското население во османлиските пописи, најраните записи кои се пронајдени за албанското население на територијата на османлиска Македонија се наоѓаат во пописниот дефтер од 1453 година каде што се споменуваат околу триесетина албански семејства. Оттука, би можело да се извлече заклучок дека албанското население било присутно на овие терени и како православно население кое подоцна се исламизирало и, во суштина, било домородно население кое, повеќе или помалку, се вклопувало во општата рамка на останатата христијанска популација од XV век на овие територии. Овој податок директно навлегува за во полемиката за тоа дали Албанците се домородно население или се колонизирани од Мала Азија како што некои автори сугерираат, но во ова прашање нема да навлегуваме подетално бидејќи не е од особена корист за трудот, ниту пак нешто би изменило во тогашната милетска слика на населението. Резиме Од сé предходно наведено се согледува дека ситуацијата во Битолската нахија била шаренолика, територијата која ја опфаќала била особено голема, како и бројот на населението кое тогаш живеело на тие простори. Целокупната ситуација во Битолската нахија не се разликувала многу од останатите нахии во Османлиската Империја во кои сéуште се зацврстувала османлиската власт што, всушност, ни говори дека ништо посебно и не се случувало на овие територии, туку, едноставно, и населението од овие краишта изградило еден вид на симбиоза со новиот господар, иако тој бил иноверен, но токму феудалната шема која продолжила да егзистира е таа што не се променила, па така во животот на 96
Турски документи за историјата на македонскиот народ. том 2,Скопје 1973 година, стр: 179 35
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
обичниот човек не се променило скоро ништо освен титуларот на државата. Summary The extensive inventory for Bitola Nahiye which dates from the year 14671468 brings us a lot of information that are very useful and helpful for understanding the socioeconomic and the demographic situation in the second half of the XVcentury when the Ottoman empire was starting to strengthens its rule in Macedonia. Извори Турски документи за историјата на македонскиот народ. том 2,Скопје 1973 година Библиографија Halil İnalcık, „Ottoman Methods of Conquest“, Studia Islamica No.2 Maisonneuve & Larose. 1954 год Методија. Соколоски, „Битола и Битолско во XV и XVI век“, Прилози на Македонската академија на науките, vol. VI/2, Скопје 1975 Методија Соколоски, „Турски изворни податоци од XV и XVI век за градот Битола“. Гласник на Институтот за национална историја, vol. VII/1, Скопје 1963 Мехмет Тефик, „Кратка историја Битољског вијалета“, Братство XXVII (превод Г. Елезовиќ), Београд, 1933 год. Mehmet Zeki Pakalin „Tarih Deyimleri ve Terimleri Sözlüğü“, vol. I MEB,Istanbul 1993
36
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
1) 94(497.781)“1906“ 2) 929 Сугарев, Ѓ. 3) 929 Николов, Т. 4) 325.83-05 Сугарев Никола МИНОВСКИ ПРЕСТОЈОТ НА ЃОРЃИ СУГАРЕВ, ВО МЕСЕЦ МАРТ 1906 ГОДИНА, ВО КИЧЕВИЈАТА Апстракт: Во овој прилог се зборува за престојот на Ѓорѓи Сугарев со четата, во месец март 1906 година, во Кичевијата и за предавството на Петре Лигушев и уништувањето на четата на Ѓорѓи Сугарев во селото Паралово на 5 април 1906 година, ова никаде не е пишувано во нашата историографија. Клучни зборови: Ѓорѓи Сугарев, Битолски окружен комитет, поп Тома Николов, Милан Матов, Петре Котев Лигушев. Во годината по Илинденското востание непријателствата и кавгите помеѓу сарафисти и груевисти во Битола зедоа толку голем и опасен замав кои, наместо еднодушно да ја продолжат борбата против непријателите кои се намножија со засилената вооружена пропаганда од соседните држави, тие се расправаа кој да ја има превласта на Окружниот комитет или на околските комитети. Тој раздор и расправии доведоа да опадне моралот и дисциплината, бидејќи и двата комитети го изгубија авторитетот кај селските чети и кај населението. Ѓорѓи Сугарев, кој по лекувањето во Софија се врати од Бугарија со силна желба да му служи на делото и што побрзо да се консолидираат и зајакнат револуционерните сили на организацијата. Тој дојде во Битолско, каде што, наместо да биде дочекан со братски прием од Окружниот комитет и да му се даде почетното место на окружен војвода, на коешто имаше морално и законско право, бидејќи како еден од старите организатори кој го познаваше целиот Битолски округ, како близок на Даме, претставуваше пречка и непријатност од секретарот на окружниот комитет, Петре Котев Лигушев. Разочаран и огорчен до дното на душата од таа непризнателност на Окружниот комитет кон него, тој го напушти Битолско и се префрли во Прилепско. „Оттаму во почетокот на март 1906 година-вели поп Тома Николов, ми се јави со писмо во кое ми ја опиша плачевната положба на работите на организацијата во Битола, поради личните страсти и амбиции кои зедоа врв над делото и, очаен од таа положба, решил да го напушти округот и да замине за Бугарија“.1 Воедно, Сугарев го молел да му дозволи привремено да престојува во Кичевската околија. Тоа негово писмо како исказ на неговата душевна состојба од состојбата во Окружниот комитет во Битола длабоко го трогна и поп Тома Николов,2 37
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
тогашен член на Околискиот комитет во Кичево. Поп Тома Николов веднаш му одговорил да не отчајува и дека може да дојде кога сака и радосно ќе биде пречекан и дека ќе биде негов советник во раководење на делото во Кичевско. По приемот на писмото, Сугарев се префрли во Кичевско и се јави од селото Латово. Радоста на Поп Т. Николов беше толку поголема со мислата дека тој ќе остане во Кичевско, и ќе го замени Наќе Јанев како околиски војвода. Според поп Тома, Наќе не беше погоден за војвода, но и страдаше од ревматизам во ногата. “Доаѓањето на Ѓорѓи Сугарев во Кичевско се разнесе како гром по селата, бидејќи беше многу популарен а своевремено, 1899 година, беше учител во селата Елховец и Св. Врач. Доаѓањето во Работин кол Сугарев внесе голема надеж и воодушевување кај населението. Но власта, со помош на некои србомани, дознала за неговото доаѓање во Кичевско. Војската, со помош на броен башибозок, ги опсади селата по Работин кол. Ѓ. Сугарев и овде како и во други случаи пројави завидувачка снаодливост и тактика во движењето од с. Латово наместо да скршне кон некое село во Рабетин кол од реката Велика, тој се префрли од другата страна на реката во селото Дворци со само 5-6 македонски куќи, расположено меѓу двете помашки села Пласница и Лисичани, каде војската не можеше да претпостави дека во такво село може да има чета.”3 Поп Тома Николов, плашејќи се за безбедноста и откривање на четата да не настрада, испрати двајца курири од селто Раштани кон реонот на Горна Копачка за да ја префрлат четата над градот меѓу албански села каде што имаше и помаци и каде власта нема да се посомнева дека овде може да има чета. Во текот на ноќта куририте незабележано четата ја префрлија во селото Раштани. Оттука Сугарев со писмо го известува поп Тома Николов дека е многу уморен, бидејќи откако е пристигнат во Кичевско за да не биде откриен од Турците, постојано е во движење. Истовремено Ѓорѓи Сугарев добива писмо од Окружниот комитет на Лигушев со кое го известуваат веднаш да замине за Мариовско, со задача да се справи со андартските чети во тој крај.4 Не насетувајќи дека му се готви замка, Ѓорѓи Сугарев, како дисциплиниран и чесен во исполнување на заповедите од повисокото началство, вденаш тргнал за Мариово. За движењето на четата до селото Паралово и другите подробности, како и ликвидирањето на четата на Ѓорѓи Сугарев во селото Паралово на 5 април 1906 година, е опишано во монографскиот труд за Ѓорѓи Сугарев од мојот драг колега и пријател Ѓорѓи Димовски – Цолев, сега покоен. Милан Матов, подоцна претседател на Окружниот комитет, вака ја опишува средбата со членовите на Окружниот комитет, тој вели: „Откако слушнав за убиството на Ѓорѓи Сугарев со целата чета (23-бм) кај селото Паралово, веднаш истрчав во кафеаната на Ицо Тагаро, во внатрешната соба каде обично се собираа членовите на комитетот. Петре Лигушев, 38
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Гиче Ошавков, Евгенија Пописменов и Божин Талев. Изненаден од веста за тоа убиство, веднаш ги прашав за подробноста за тој трагичен настан, а прв одговори Гичето: - „Кој го тераше да оди во Мариово, тука си го бараше, партија ќе ми прави таму!“- алудирајќи на приврзаноста кон дамата. По него се јави Лигушев: „Кој го тераше да оди во Мариово за партија да прави таму!“ Со идентични зборови. Другите не одговорија ништо, молчеа како риби. Тоа ми изгледаше како задоволство од убиството и почнав да ги пцујам на албански јазик со сите епитети од прилепскиот речник кои само Ѓиче можеше да ги разбере. Демонстративно ја напуштив кафеаната и истрчав во дворот на централното училиште, кај поп Трпо, кој тогаш важеше за привремен претседател на Окружниот комитет. ...Се втурнав во одајата и откако го запрашав како се случи, тој буквално ги повтори зборовите на Лигушев: „Мајка си бараше во Мариово, партија ќе ми прави, шо бараше си најде... кој му е крив, зеде на душа толку души.”5 За Милан Матов и за сите чесни и вистински радољубиви борци немаше сомнение за класичното предавство за погибијата на Ѓорѓисугаревската чета. Да, би рекле, кој ни е крив кога низ Македонија се изродија бројни Лигушевци, за Гоце, Карев, Христо Узунов, Парашкев, Цветков, Александар Турунџев, Лазар Поп Трајанов, Методија Патчев и други херои и корифеи за слободата на страдална Македонија. 1 Милан Матов е роден 1875 година во Струга, брат на Христо Матов, познат идеолог на Внатрешната македонско – одринска револуционерна организација (ВМОРО) еден од првите видни раководители. Член на раководството на револуционерната организација во градот Струга од 1900 година до Илинденското востание. Беше претседател на еден од најмоќните окружни комитети на ВМОРО – Битолскиот, во продолжение од 5 години (1907-1911) година. Потоа за време на балканското востание против спрската власт во септември 1913 година, во западна Македонија, потоа окружен војвода и многу други активности. Како претседател на Битолскиот окружен комитет на ВМОРО, бројни настани и случувања во Битолскиот револуционерен округ ги опиша во неговите спомени под наслов „За премолченото во историјата на ВМРО”, издадени во Софија, 2007 година, умре во 1962 г., во Софија. 2 Поп Тома Николов (1863-1946) роден во с. Вранештица, Кичевско, средно образование завршил во Солунската гимназија, извесно време учителствува, а подоцна е расположен за ѓакон. Сонот на Тома како духовно лице не го попречува да земе активно учество во револуционерното движење на македонскиот народ. На Смилевскиот конгрес (1903) беше избран за делегат од Кичевскиот реон и како најсоодветна 39
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
личност, со решение на конгресот, бил одреден да ги однесе во задграничното претставништво во Софија протоколите од конгресот. Повеќе пати бил затворен во турските затвори. Во Битола извесно време работи како свештеник и во други места. Поп Тома Николов, Балканските војни го затекнаа во градот Воден од каде грчките окупатори го одведоа во Еди куле во Солун со стотици други затвореници. Со помош на Заахарија и Јулијан Шумлјански бил ослободен. Поп Тома Николов напишал: „Спомени од моето минато” издадени во Софија, во 1988 година. 1. Поп Тома Николов, Спомени из моето минало, Софија 1988 г., стр. 194 2. Поп Тома Николов (1863-1946) цит. Спомени, стр. 195 3. Цитираните Спомени, стр. 195 4. Ѓ. Сугарев добива писмо од Окружниот комитет за Лигушевци со кое го известуваат веднаш да замине за Мариовско со задача да се справи со андартските чети во тој крај. Поп Тома Николов, цит. Спомени, стр. 197 5. Милан Матов, за премлченото в историјата на ВМРО, Софија, 2007 година, стр. 78 6. Милан Матов, цит. дело, стр. 77 7. Милан Матов цит. дело, стр. 78 8. Милан Матов цит. дело, стр 79 Кој беше Петре Котев Лигушев? Во почетокот беше учител во маалското училиште на Баир маало и наскоро беше поставен за одговорен на една група на револуционерната организација на Баир маало. И како таков тој продолжи дури до 1903 година во отсуство на видните раководители на револуционерната организација по востанието, но по правилникот за член на Окружниот комитет можеше да стане дури во 1904 година. По загушувањето на востанието, кога меѓу Груев и Сарафов како црна мечка да помина и во Битола почнаа да се делат на груевисти и сарафисти во 1905 година, во екот на разгорот на караниците помеѓу груевистите и сарафистите во Софија доаѓа Петре Лигушев, тогаш од Борис Сарафов зел 300 златни наполеони за “потребите” на Битолската организација и се вратил во Битола. Располагајќи со толкава голема сума на пари, почнал да се држи надмено и да се однесува на високо6. Во 1906 г. по Демирхисарската провела беше затворен и П. Лигушев, некои од затворениците, како Михаил Ракиџиев, Јане Скаев и други, изнесува сведоштво за држењето на Лигушев дека тој на Турците им предавал сé. Освен не за неговите приврзаници заблудени и наивни, без злобни намери и кусогледни. Лигушев почнал ноќно време да се 40
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
среќава со директорот на затворот. При неговото судење судот јавно кажал дека докрај не бил искрен кон државата, бидејќи ги кажал само своите лични непријатели, а не целосно кон внатрешната организација. Оттука, до општо предавство го делеше само еден чекор. Неговите средби со директорот на полицијата зачестија. Во 1907 година група од 60 затвореници осудени ги однесоа во Солун, па оттаму во Подрум Кале7. Во Ноември од Солун пристигна писмо од Нестор Поповски во кое известува дека Лигушев неколку пати го земале на разговор со Хилми Паша. „Писмото ми беше мене дадено- вели Милан Матов (тогашен претседател на Битолскиот окружен комитет) и штом го прочитав, останав стресен и веднаш потрчав да дојдат околиските раководители на совет. Заповедав за неколку часа да се премести цела архива од едно на друго место, сите складови, скривници мали да бидат разместени и дека Петар Лигушев сé ќе предава како официјален предавник. Таа работа се сврши со голема брзина и успех”8. Очекувањата не задоцнија, другиот ден полицијата започна со претреси во централното училиште (денес „Кирил и Методиј“) и во црквата Св. Богородица посочени од Лигушев. Турците со голема увереност превриле во двата објекти кои де факто претставуваа главен пункт на организацијата. Прислужникот на црквата, Чоланов, меѓу многубројната полиција и војска го препозна и со прст покажувал каде да бараат и да превртат една плоча каде што била тајната архива. Но ни таму не нашле ништо, влегле и во олтарот и таму ништо не нашле во двете скривници посочени од Лигушев. И во училиштето извршиле претрес до најситни детали дури и во превазите на прозорците. Откако се претресиле и не нашле ништо се увериле дека имало претходно предупредување и останале со празни раце и си заминале разочарани. Во дворот на училиштето учителките Билјана Трифунова Каранова и Фатинка Петрова-Тичето и други во лицето на маскираниот војник го препознале својот бивш колега Лигушев, кои со најгрдни зборови се обратиле кон него пред сите дека се потурчил и дека треба да се фрли да се удави отколку да живее. А Лигушев се преправал дека не ги познава и забрзал што побрзо да замине.9 Петре Лигушев и понатаму остана во турската полиција како таен агент со плата. Тој остана докрај верен на Турците. Обидите на револуционерната организација за негова ликвидација се покажаа безуспешни. Тој подоцна избега во Цариград а потоа од таму во Америка.
41
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Ѓорѓи Сугарев Ѓорѓи Сугарев со Христо Узунов
42
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Ѓорѓи Сугарев со четата – седнат во првиот ред со црна капа
Ѓорѓи Сугарев со четата – прв од лево
43
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
1) 343.31.096 Трбиќ, М.“1947“ (093.2) 2) 929 Трбиќ, М Aлександар СИМОНОВСКИ∗ ПОЛИЦИСКОТО ДОСИЕ НА МИЛИВОЈ ТРБИЌ КАКО ИЗВОР ЗА ПРОУЧУВАЊЕТО НА НЕГОВИОТ ЖИВОТ И НЕГОВОТО ДЕЛО Апстракт: По апсењето на Миливој Трбиќ, во јануари 1947 година, била спроведена истрага и било одржано судење. Во периодот 21 јануари–24 април 1947 година, Трбиќ седум пати бил сослушан од Управата за државна безбедност и во тие рамки биле составени записници. Од овие документи и од други документи и материјали, било формирано неговото полициско досие. Целта на трудот е да се прикаже каква граѓа содржи тоа досие. Клучни зборови: Управа за државна безбедност, Миливој Трбиќ, граѓа, досие, документ, датира. Историјата како случување во минатото е достапна на историчарот само доколку оставила траги, односно таа може да се истражува доколку имаме на располагање соодветни историски извори. Само со нивна помош историчарот може да го запознава минатото, да ја реконструира неговата слика и да ги анализира неговите внатрешни структури и нивните закони. Заради тој специфичен начин на истражување на минатото, запознавањето со изворите е од пресудна важност за историографијата.97 Истражувањето на историските извори е првото и решавачко скалило во истражувањето на историјата. Историските извори ја прават основата на научната работа на историчарот бидејќи даваат граѓа за создавање знаења. Запознавањето со нив дава можности за сé поегзактно осознавање на минатите собитија, додека, пак, усовршувањето на практичната работа со изворите овозможува посигурно откривање и создавање знаења. Затоа, една од основните задачи на научната историографија е постојаното трагање по нови историски извори и проширување на кругот на нивните видови.98
∗
Проф. д-р Александар Симоновски, виш научен соработник/вонреден професор, ЈНУ Институт за национална историја, ул. „Григор Прличев“ бр. 3, 1000 Скопје, e.пошта: aleksandar_simonovski@ymail.com. 97 Виолета Ачкоска, Вовед во историјата, Скопје 2014, 85. 98 Истото, 86. 44
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Архивистиката со својата теорија и практична дејност, пред сè, со изворниот архивски материјал одговара на потребите на речиси сите општествени и хуманистички науки. Како научна дисциплина, архивистиката е нераскинливо поврзана со историската наука. Архивите преку средувањето и обработката на архивскиот материјал ја олеснуваат работата на историчарите. Историските истражувања, речиси без исклучок, започнуват со консултирање и проучување на архивски материјали. Тие претставуваат основни извори за историографските проучувања. Освен пишаните историски извори, за историските истражувања се значајни и усните извори кои историчарите можат да ги користат при своите истражувања, како што се сведоштвата, пренесувањето на традицијата, разни преданија и сл.99 Во оваа пригода, ќе се осврнеме на полициското досие на Миливој Трбиќ како извор за истражување и проучување на неговиот живот и неговото дело. Нашата намера не е да извршиме толкување на документите што се наоѓаат во досието бидејќи, ако се впуштиме во таков процес, тогаш ќе се отворат разни прашања кои се однесуваат на животот и делото на Трбиќ и за нивната обработка е потребен поголем простор. Значи, замислата на овој труд е само да се прикаже каква граѓа содржи досието на Трбиќ. *** Миливој Трбиќ (1913–1947), припадник на Равногорското движење на Дража Михаиловиќ,100 за време на Втората светска војна дејствувал во Македонија. Тоа движење имало негаторски однос кон македонскиот народ зашто во платформата за повоеното уредување на Кралството Југославија ги третирало Македонците за Срби, а Македонија за српска земја. На 16 јануари 1947 година, во с. Зрзе, Прилепско, Управата за државна безбедност (УДБ), го уапсила Трбиќ.101 Истата година, во јуни, се 99
Борче Илиевски, „Семејните и личните фондови – значаен извор за историски истражувања (примерот на фондот „Бранислав Русиќ“)“, Годишен зборник, бр. 68, Скопје 2015, 63–64. 100 Драгољуб Михаиловиќ–Дража (1893–1946), армиски генерал, командант на Југословенската војска во татковината, началник на штабот на Врховната команда и воен министер во југословенските кралски влади (1942–1944). На 13 март 1946 година бил заробен од Одделението за заштита на народот на Србија. На 15 јули 1946 година бил осуден на казна смрт со стрелање. Казната била извршена на 16 или 17 јули. Kosta Nikolić, Bojan B. Dimitrijević, “Zarobljavanje i streljanje generala Dragoljuba Mihailovića 1946. godine: nova saznanja o arhivskoj građi”, Istorija 20. veka, god. XXVII, br. 2, Beograd 2009, 9. 101 Повеќе за операцијата на УДБ за пронаоѓањето и апсењето на Трбиќ, види: Aleksandar Simonovski, “Hapšenje Milivoja Trbića u januaru 1947.”, Istorija 20. veka, god. XXXII, br. 2, Beograd 2014, 143–154. 45
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
одржал судски процес на кој биле судени Миливој Трбиќ, Васил Јаневски, Боге Велевски, Јован Шоргиќ, Злата Маџовска и Петре Тренковски. Судскиот процес го водел Окружниот суд во Скопје. На 11 и 12 јуни 1947 година се одржал главниот претрес, а на 13 јуни била објавена пресудата. Трбиќ бил суден во присуство и бил осуден на казна смрт со застрелување, трајно губење на политичките и граѓанските права и конфискација на целиот имот. Врховниот суд на Народна Република Македонија (НРМ), на одржаниот претрес на 5 јули 1947 година, ја потврдил пресудата на Трбиќ. Молбата за негово помилување ја одбил Президиумот на Народното Собрание на Федеративна Народна Република Југославија (ФНРЈ). Егзекуцијата била извршена на 24 септември.102 По апсењето на Трбиќ, била спроведена истрага и било одржано судење. Во периодот 21 јануари–24 април 1947 година, УДБ на НРМ го сослушувала Трбиќ. Биле спроведени седум сослушувања, од кои, две на 21 јануари, додека по едно сослушување било спроведено на 23 јануари, 27 јануари, 19 февруари, 26 март и 24 април. Биле составени седум записници. Од нив, како и од други документи и материјали, било формирано досието на Трбиќ. При направените истражувања, не успеавме да утврдиме на кој датум или пак во која година било создадено досието. Тоа е депонирано во Државниот архив на Република Македонија, Скопје, фонд 885: Републички секретаријат за внатрешни работи /ОЗНА-УДБ/, кутија 111, архивска единица 17. Врз основа на нашите согледувања, граѓата на досието се состои од 56 документи, 11 слики и два пропагандни материјала. Документите може да се распределат на четири дела: полициски документи, судски документи, документи кои потекнуваат од Равногорското движење и документи од друг карактер. Повеќето документи во досието се од полициска провениенција. Прв дел. Овде најмногубројни се македонските полициски документи. Најголемиот дел од нив биле изработени во јануари, февруари, март и април 1947 година, некои биле изработени во 1947 година, а еден документ датира од 1952 година. За нивната поделба ќе се искажеме подолу во текстот. Најпрво ќе се задржиме на два носечки документа на досието. Нив ќе ги вброиме во групата полициски документи, бидејќи ги изработила Службата за државна безбедност на Републичкиот секретаријат за внатрешни работи на Социјалистичка Република Македонија. Првиот документ е воведен документ во досието и ги содржи основните информации за лицето на коешто се однесува досието (во случајов тоа лице е Трбиќ): презиме, татково име и име (Трбиќ Василије Миливоје), дата и место на раѓање (13 април 1913 година, с. Браилово, Прилепско) и адреса 102
Миливој Трбиќ–Војче, документи, избор, редакција и коментар доц. д-р Александар Симоновски, Скопје 2016. 46
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
на живеење (умрен).103 Вториот документ е попис кој ни овозможува брзо и едноставно да дознаеме каква граѓа содржи досието. Пописот е изработен во облик на табела и истиот нè упатува на граѓата од досието: реден број на материјалот, број и датум на материјалот, вид на материјалот, организациона единица која го изготвила материјалот, број на страници и забелешки. Притоа, во колоната вид на материјалот, Службата за државна безбедност вака ја запишала граѓата во досието: писма, дописи, летоци и слики, изјави, пресуди, извадоци, решенија, врски, провалени лица, записници, податоци, образец, осврт и извештај. Во колоната организациона единица која го изготвила материјалот се напишани УДБ на НРМ, Скопје, Прилеп, Брод104 и Белград, Јавното обвинителство на Скопје, Прилеп и Битола, Окружниот суд во Скопје, Врховниот суд на НРМ, Казнено-поправниот дом „Ниш“ и Испоставата за внатрешни работи во Прилеп. Македонските полициски документи се делат на следните категории: записници од сослушувања; барање на УДБ на НРМ, Скопје, до Јавното окружно обвинителство во Битола за задржување во истражен затвор на Миливој Трбиќ, Злата Маџовска, Васил Јаневски, Стојна Петрова и Боге Велевски; изјави на лица во Отсекот на внатрешните работи во с. Брод (Порече) дека во војната нивни блиски настрадале од четниците на Равногорското движење; документи кои на 24 април 1947 година ги подготвила УДБ на НРМ; осврт на УДБ под наслов „Ликвидација на бандата Војче Трбиќ“; изјава на Стоилко Ивановски– Планински за Миливој Трбиќ и други документи. При сослушувањата на Трбиќ од УДБ во периодот кој претходно го наведовме, на сослушувањето на 27 јануари бил составен најголем записник и тој записник содржи 18 страници. На сослушувањето на 27 јануари, прашањата на УДБ се однесувале на следните случувања: кога и каде Трбиќ прв пат се приклучил во Равногорското движење, активноста на Трбиќ во Македонија како припадник на Равногорското движење, кога Трбиќ се предал на Народноослободителната војска, зошто избегал од нејзините редови, каде се криел потоа и кои луѓе биле неговите најблиски соработници, неговите ставови во однос на ФНРЈ, во кои села Трбиќ имал свои приврзаници и друго. На сослушувањето на 19 февруари, УДБ, се интересирала што знаел Миливој за животот на татко му Василије во Втората светска војна и потоа. На сослушувањето на 24 април, акцентот на истрагата бил ставен на каналите низ кои Миливој, како четник, во 1942 и 1943 година дошол од Србија во Македонија (Порече). Во досието, покрај тоа што се наоѓаат записниците од сослушувањата на Трбиќ, има и записници од сослушувања на други лица. 103 104
Миливој Трбиќ бил егзекутиран. Македонски Брод. 47
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Тие лица се Петкана Аризанкоска (од Браилово) која била сослушана од УДБ Прилеп на 4 јануари 1947 година, а нејзиниот исказ бил корисен за натамошното одвивање на операцијата на УДБ за пронаоѓање и апсење на Трбиќ; Боге Велевски (од Браилово) кој бил сослушан од УДБ Прилеп на 15 јануари105 и на 19–20 јануари 1947 година; Блаже Маслароски кој бил сослушан од УДБ Прилеп на 22 јануари 1947 година. Документот под наслов „Ликвидација на бандата Војче Трбиќ“, го изработила УДБ на НРМ, во 1947 година, по реализацијата на операцијата на УДБ за пронаоѓање и апсење на Трбиќ. Документот е отчукан на машина на латинично писмо и содржи пет страници. Неговата вредност како изворен материјал е значајна, зашто во него во главни црти се опишува таа операција. На 15 септември 1952 година, УДБ Прилеп составила еден документ за татко му на Миливој, Василије. Документот е со наслов „Податци“ и се однесува на животот на Василије. Во досието има и два документа кои се од југословенска и бугарска провениенција. Документот од југословенска провениенција датира од 5 април 1947 година и бил упатен до УДБ на НРМ, Скопје. Во него, УДБ на ФНРЈ, Белград, забележала дека Василије Трбиќ се вратил од странство и се наоѓал во Белград. Полицискиот документ од бугарска провениенција датира од 17 октомври 1942 година. Се работи за едно писмо кое било упатено до обласниот полициски началник во Скопје. Втор дел. Во овој дел од досието има пет судски документи. Од нив, според хронолошкиот редослед, најраниот документ е од 21 јануари 1947 година. Се работи за Решение од Б. С. Чакар, околиски јавен обвинител за Прилепската и Крушевската околија. Тој одлучил да се задржат во притвор десет лица од Прилепско затоа што, меѓу другото, од 1945 до 1947 година учествувале во криењето на Миливој Трбиќ. Другите документи од оваа серија судски документи се однесуваат на Миливој Трбиќ. 1. Решение од 3 февруари 1947 година, со кое А. Крстевски, окружен јавен обвинител на Битолскиот округ, им одредил мерка истражен затвор на Трбиќ, Маџовска, Јаневски, Петрова и Велевски. 2. Пресуда на Окружниот суд во Скопје од 13 јуни 1947 година, со која Трбиќ бил осуден на казна смрт со застрелување, трајно губење на политичките и граѓанските права и конфискација на целиот имот. 3. Пресуда на Врховниот суд на НРМ од одржаниот претрес на 5 јули 1947 година, со која била потврдена пресудата на Трбиќ. 4. Значаен документ е преписот од Записникот за егзекуцијата на Трбиќ. За извршувањето на 105
Записникот од сослушувањето на Боге Велевски на 15 јануари 1947 година постои во два облика: оригинал и препис. На ова сослушување, Велевски, ги навел местата каде што се криел Трбиќ во Прилепско од април 1946 година и на крај открил дека точното место е с. Рилево, Прилепско, кај Блаже Маслароски. 48
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
казната смрт со застрелување била одредена комисија која ја сочинувале Ристо Божиноски (претставник на Министерствто за внатрешни работи), Тодор Деспотов (претставник на Јавното обвинителство на НРМ) и д-р Иван Прилепчански (претставник на Министерството на народното здравје), а записничар Ратко Пановски. Комисијата, на 24 септември 1947 година, се состанала во канцеларијата на управникот на Казненопоправниот дом „Скопје“. Смртната казна над Трбиќ била извршена со стрелање од одреденото лице за таа цел. Петнаесет минути по егзекутирањето, лекарот утврдил дека Трбиќ бил мртов. Комисијата наредила Трбиќ да биде закопан и целата постапка завршила во 23:00 часот, на 24 септември 1947 година. Не се познати местата на коишто Трбиќ бил егзекутиран и закопан. Трет дел. Во однос на документите кои потекнуваат од Равногорското движење во Македонија, станува збор за две признаници. Едната признаница се однесува на пет француски наполеони во злато, а втората признаница се однесува на пет фунти во злато. На 6 јуни 1944 година, благајникот Мирољуб Панчетовиќ, ги примил посочените пари од Миливој Трбиќ за издржување на „војниците на Командата на Вардарската воена област“. Четврт дел. Документите кои ги означивме како документи од друг карактер, датираат од 1 март 1941 година и 15 февруари 1943 година. Документот од 1 март 1941 година претставува молба која во Прилеп ја напишал Василије Трбиќ и била наменета за банот на Вардарската бановина, Живојин Рафајловиќ. Василије, го препорачал Темелко Ристиќ од с. Теово (Велешко – Азот) како вреден, чесен и сигурен и замолил истиот да биде примен на служба како агент при полицијата во Скопје. Документот од 15 февруари 1943 година е писмо кое во Каиро го напишал Василије и го испратил до син му Миливој. Исто така, во досието постојат и две визит карти. Првата визит карта е именувана на некој Вучко М. Костиќ, а втората визит карта е именувана на извесниот инженер Александар М. Павловиќ (веројатно од Белград). Не успеавме да ги датираме визит картите. Може да се заклучи дека граѓата во полициското досие на Миливој Трбиќ е дел од неопходните извори кои се потребни за да се проучи неговиот живот и неговото дело. Но, за формирањето на една посеопфатна слика за Трбиќ, нужно е да се извршат дополнителни архивски истражувања. Резиме Полициското досие на Миливој Трбиќ содржи 56 документи, 11 слики и два пропагандни материјала. Документите може да се поделат на полициски документи, судски документи, документи кои потекнуваат од Равногорското движење и документи од друг карактер. Повеќето 49
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
документи се од полициска провениенција. Архивскиот материјал во досието е значаен извор за истражувањето и проучувањето на животот и делото на Трбиќ. Summary The police dossier of Milivoj Trbich contains 56 documents, 11 photographies and two propaganda materials. The documents can be divided into police documents, court documents, documents from the Ravna Gora Movement and documents from another character. Majority of the documents are from police provenance. The archival material in the dossier is an important source for the researching and studying of the life and the work of Trbich. Извори и литература I. Необјавена архивска граѓа - Државен архив на Република Македонија, Скопје, фонд 885: Републички секретаријат за внатрешни работи /ОЗНА-УДБ/, кутија 111, архивска единица 17. II. Објавена архивска граѓа - Миливој Трбиќ–Војче, документи, избор, редакција и коментар доц. д-р Александар Симоновски, Скопје 2016. III. Литература Ачкоска Виолета, Вовед во историјата, Скопје 2014. Илиевски Борче, „Семејните и личните фондови – значаен извор за историски истражувања (примерот на фондот „Бранислав Русиќ“)“, Годишен зборник, бр. 68, Скопје 2015, 63–76. Nikolić Kosta, Dimitrijević Bojan B., “Zarobljavanje i streljanje generala Dragoljuba Mihailovića 1946. godine: nova saznanja o arhivskoj građi”, Istorija 20. veka, god. XXVII, br. 2, Beograd 2009, 9–20. Simonovski Aleksandar, “Hapšenje Milivoja Trbića u januaru 1947.”, Istorija 20. veka, god. XXXII, br. 2, Beograd 2014, 143–154. Терзиоски Растислав, Окупацијата на Македонија 1941-1944, 2. изд., Скопје 2011.
50
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Тодоровски Миле, Партизанските одреди и Народноослободителната војска на Македонија во Ослободителната војна и Револуцијата 19411944, Скопје 1972. Фиданова Славка, „Некои моменти од активноста на четничката организација на Дража Михајловиќ во Прилепско во 1942 година“, Прилеп и Прилепско во НОВ 1942 година(материјали од Научниот собир одржан на 13, 14 и 15 декември 1976 година), Скопје 1978, 235–250. Фиданова Славка, „Четничката организација на Дража Михајловиќ во Прилеп и Прилепско 1943–1944“, Прилеп и Прилепско во НОВ 1944 – 15 мај 1945 година (материјали од Научниот собир одржан на 14, 15 и 16 март 1983 година), книга I/2, Скопје 1985, 261–278. Colić Mladen, “Četničke vojne formacije u Makedoniji 1942–1944. godine”, Vojnoistorijski glasnik, god. XXV, br. 1, Beograd 1974, 143–167.
51
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Рубинчо БЕЛЧЕСКИ
29(497.775)“1942“
106
ПРИЛЕПЧАНИ, ПРИЛЕП И ПРИЛЕПСКО ВО ,,КРВАВАТА“ 1942 Апстракт: Оваа година се одбележуваат 75 години од ,,крвавата“ 1942 година. Во истата се случиле голем број на настани во борбата на македонскиот народ и останатите поддржувачи против фашистичкиот окупатор. Партиската организација од Прилеп ги давала насоките за отпорот кон суровиот непријател. Иако оваа година биле изгубени животи на голем број борци меѓу кои и 5-мина народни херои од Прилеп и Прилепско, сепак, таа била пресвртница во победоносниот од на македонскиот народ. Во редовите кои следуваат ќе ги проследиме настаните кои се случиле во Прилеп и Прилепско кои го дале позитивниот тек на борбата за слобода по повеќевековни владеења на разните поробувачи. Клучни зборови:Прилеп, борец, народен херој, одред, КПЈ Прилеп во текот на Народноослободителната борба 1941 – 1945 година, имал исклучителна улога, не само поради фактот што тука, на 11-ти октомври 1941 година, започнало вооруженото востание, туку и поради фактот што во Прилеп од Априлската војна 1941, па сé до конечното ослободување на Македонија, односно до победата над фашизмот на 9-ти мај 1945 година се случиле голем број на настани кои ги раководела партиската организација и во голема мера влијаеле позитивно да се развиваат борбените дејствијакои ќе доведат до конечна слобода на Македонија, после повеќевековните владеења на туѓите власти.Со оглед на фактот што оваа 2017 година се одбележуваат 75 години од голем број на настани во т.н.крвава1942 година, меѓу кои и формирањето на партизански одреди, нивните борбени судири со окупаторските сили кои применувале сурови методи на пресметка со прогресивните сили. Од тие причини ценевме за потребно да се потсетиме на истите, но и на херојствата на борците и притоа да потенцираме дека во текот на истата, животот го загубиле голем број на борци, меѓу кои и народните херои: Борка Талески-Модерното, Лазо Филипоски-Лавски, Орде Чопела-Кулако, Борка Велески-ЛеватаГоранов и Рампо Левката или половината од 10-те народни херои од Прилеп и Прилепско кои загинале во текот на војната за кои во 106
Рубинчо Белчески, кустос–советник, историчар во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп,ул.Александар Македонски бр.142, адреса на живеење ул.Димо Наредникот бр.89/39 Прилеп, е-маил: rubin.belceski@yahoo.com 52
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
хронологијата на настани која следува ќе дадеме и биографски податоци на истите, како и краток опис на настаните. Хронологијата на настани е збогатена и со фотографии на личностите, односно настаните во 1942 година. 02. 03. Загина народниот херој Борка Талески - Црниот, Модерното. Роден на 19.07.1921г. во Прилеп. Студент на Медицинскиот факултет во Белград. Тука учествува во повеќе акции за кои бил апсен и во затвор одлежал 30 дена. Член на КПЈ од 1938 г., а во НОБ стапува во 1941 г. Во 1940 г. се враќа во Прилеп и работи заедно со Кузман Јосифоски-Питу, кој бил секретар на Месниот комитет на КПЈ за Прилеп. На Илинденските демонстрации во Прилеп бил првиот што држел говор. Затворен, тепан и мачен по демонстрациите, Борка се држел многу храбро. Спроведен е на испитување, а потоа одведен на суд во Белград, но на судењето тој го дига својот глас против поробувањето на македонскиот народ. Затворските денови ги поминувал на Ада Циганлија.
По излегувањето од затвор, повторно е уапсен и испратен во логорот во Ивањица каде останал до почетокот на војната. По излегувањето од логорот станал прво член, а потоа и секретар на Месниот комитет на КПЈ во Прилеп. Подоцна тој е член на ПК КПЈ за Македонија, а подоцна и член на Бирото на ПК. Еден е од организаторите на акцијата од 11.10.1941г. и нејзин учесник. Потоа доаѓа во Скопје и работи во Бирото на ПК КПЈ. Убиен е од Дончо Колев, Бугарин, старешината во полициската станица во с.Тројаци. Убиството се случило во месноста Чашка, во близина на с.Плетвар, Прилепско, на 02.03.1942г. заедно со Лазо Филипоски-Лавски, враќајќи се од Кавадарци каде што бил испратен за инструктор. Занароден херој е прогласен на 11.10.1951 г. 02. 03. Загина Народниот херој Лазо Филипоски - Лавски. Роден е во с.Мрзеново, Велес, 06.04.1918 година. Многу рано станал физички работник и заминал во печалба во Белград. Непосредно пред војната учествувал во Илинденските демонстрации во Прилеп и бил уапсен. По окупацијата на земјата активно учествува во подготовките за вооружено востание и е член на Воениот комитет во Прилеп и инструктор за обучување на комунистите во ракување со оружје. Тој е глвниот актер во 53
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
акцијата на тунелот кај Богомила. Лазо во таа акција со револвер го убива стражарот, му ја одзема пушката и со неа стрела по другите стражари во стражарницата. Бил заменик- командант на Прилепскиот партизански одред ,,Гоце Делчев“.
Тој подоцна учествувал во низа акции, покажувајќи извонредна храброст. Убиен е во заседа од страна на бугарскиот старешина на полициската станица во с.Тројаци, Дончо Колев на 2 март 1942г. на пат од Кавадарци за Прилеп, во месноста Чашка, во близина на с.Плетвар, заедно со народниот херој Борка Талески. За народен херој е прогласен на 11.10.1953 година. 09. 04. Убиен е Народниот херој Ордан Чопела-Кулак. Роден е во 1912г. во Варош, Прилеп. Член на КПЈ од 1940г. а во НОБ стапил во 1941г. Кон крајот на 1940г. се истакнал во раководењето на штрајкот на тутунските работници. Станал член на Месниот комитет на Партијата во Прилеп, а по окупацијата и член на Воениот штаб. Раководел и со собирање на оружје. Во Варош создал цврста партиска и скоевска организација што служела како партизанска база. По испраќањето на Првиот прилепски одред, преминува во илегалство. Кон крајот на 1941г., по налог на Партијата, заминува во Битола да помогне околу создавањето на партизански одред. Во април 1942г. бугарските фашисти ја блокирале куќата во која живеел во Битола и во борбата со нив бил ранет и заробен. Не издал ниту збор за Партијата. Ѕверски е мачен и стрелан на 09.04. 1942г. За народен херој е прогласен на 02.08.1949 година.
54
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
03. 05. Ордан Михајлоски - Оцка, загинал во Лавчанската корија, во близина на Битола, во борба со бугарската окупаторска војска, заедно со Мара Јосифоска-Ѓурѓа и Јоска Орданоски-Сандански.Тој е борец во Првиот прилепски партизански одред ,,Гоце Делчев”. Во составот на Одредот е од неговите први денови. Роден е во Прилеп на 23.09.1921г. Бил поет, музичар и хроничар. Раководел со Младинскиот музички оркестар во Прилеп. Рано се вклучил во револуционерното движење. Од 1939г. е член на СКОЈ, а од 1940г. член на КПЈ. Автор на музиката, а заедно со Коле Чашуле и Крсте Црвенкоски, и на текстот на популарната револуционерна песна ,,А бре, Македонче” испеана веднаш по првата акција на Првиот прилепски партизански одред во село Царевиќ, Прилепско.
По расформирањето на Одредот, преминува во илигала во село Лавци, Битолско. По формирањето на Првиот битолски партизански одред ,,Пелистер” и член на неговото потесно раководство - одговорен за агитпроп. 03. 05. Загинал Јоска Орданоски - Сандански во Ловчанската корија, кај Битола во борба со бугарската окупаторска војска. Роден е на 07.04.1921г. во село Лениште, Прилепско. Тој е еден од седумтемина први излезени партизани, подоцна борец и заменик политички комесар во Првиот прилепски партизански одред ,,Гоце Делчев”. По завршувањето на основното училиште почнал да работи во бакалскиот дуќан на нивниот роднина Методија Андонов - Ченто. Член на МК на СКОЈ од 1940г. Кон крајот на 1940г. е интерниран во логорот Меѓуречје, кај Ивањица. По расформирањето на Одредот, оди во Битола и со формирањето на одредот ,,Пелистер”е во неговите редови.
55
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
03. 05. Загинала Мара Јосифоска - Ѓурѓа во Ловчанската корија кај Битола, во борба со бугарската окупаторска војска. Родена е во 1920г. во Прилеп, борец во Првиот прилепски партизански одред“ГоцеДелчев”.Под влијание на своите браќа Кузман Јосифоски-Питу и Аспарух Јосифоски, се вклучила во нацоналноослободителното движење. Работела како организатор на активот на напредните жени. Учествувала во Илинденските демонстрации во 1940г. По расформирањето на одредот ,,Гоце Делчев” оди во Битола и се вклучила во новоформираниот прв битолски одред ,,Пелистер”. Со неа загинале и првоборците од Прилеп, Ордан Михајлоски-Оцка и Јоска Орданоски-Сандански, како и повеќе битолски борци, меѓу кои и народниот херој, Елпида Караманди.
16. 05. Формиран е Партизанскиот одред ,,Димитар Влахов” во месноста Гарван, североисточно над с.Дабница. На формирањето биле присутни членовите на Покраинскиот оперативан штаб: Трајко БошкоскиТарцан и Киро Крстески-Платник. За командант бил избран Борка Велески Горанов-Левата, за политички комесар Пецо Крстески-Даскалот и Стеван Базеркоски-Лански, комесар за исхрана и снабдување. Покрај нив, во Одредот биле: Блаже Бошкоски-Дабичот, Блаже Спиркоски, Киро Базерко-Коробов, Киро Бајрамоски-Црне и други. 10. 06. Донесено е решение за формирање на реонски комитет на КП во село Ропотово. Истото се случило во куќата на Љубе Тренески. 11. 07. Во Битола, Скопскиот воен суд започна процес против 56 обвинети. Меѓу нив имало и неколку прилепчани кои биле осудени и тоа: Киро Крстески-Платник, 32-годишен, на смрт со бесење во отсуство, а Стеван Стојанов Саздоски, 19-годишен, и Велика Николова Темелкоска56
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Венда, 18-годишна, на 15 години затвор и 20 години губење на граѓанските права. 07. 08. Извршена диверзантска акција во кругот на Институтот за тутун. На чело на диверзантската група бил Митко Цветаноски-Ганчо. Во акцијата биле запалени 4.800 собрани снопје пченица и над 20 000 кгр сено. Истото било сторено за да се сврти вниманието на бугарската полиција и војска со цел да се нападнат одредени пунктови или села. 13/14.08.Партизанскиот одред ,,Димитар Влахов” по блокирањето на патот и прекинувањето на телефонските линии изврши вооружен напад на општината во село Плетвар. Покрај претседателот на општината, биле заробени пет полициски функционери кои претходно раководеле со полициски потери. Била запалена архивата, заробените биле осудени на смрт, а пресудата била извршена веднаш. 22. 08. Прилепскиот партизански одред ,,Димитар Влахов” извршил успешен напад на селото Лагово каде што е уништена општинската архива. Запленето е оружје, радиоапарат, две машини за пишување, една машина за сметање, канцелариски материјал и др. 02. 09. Уапсен е, а потоа и интерниран Пенко Здравкоски, член на МО на Народна помош на агитпрот - комисијата при МК КПЈ за Прилеп. 06. 09. Првата чета на одредот ,,Димитар Влахов” истовремено извршила акција во селата Забрчани и Дупјачани каде биле одржани митинзи. Во Дупјачани бил фатен Крсте Воденичарот, соработник со окупаторот. Селаните ја снабдиле четата со храна. Од селото Дупјачани се јавиле двајца доброволци за Одредот. 07. 09. - 08.09.Загинаа првоборците Блаже Спиркоски-Воденски и Киро Бајрамоски-Бајрамче во куќата на Крстечаните, во реонот Орта џамија во Прилеп. Блаже Спиркоски во престрелката бил убиен, а Киро Бајрамоски, како и Блага Рампова, бил ранет и заробен.
Блаже Спиркоски Киро Бајрамоски По пренесувањето во битолската болница му била извршена успешна операција, но за да не биде сослушуван од полицијата, Киро Бајрамоски ја 57
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
растргнал раната и умрел. Последните негови зборови биле: „Еве како гине партизан”. Киро Петрев Бајрамоски е роден во 1917 година во Прилеп, а Блаже Ицков Спиркоски - Воденски е роден во село Крстец, Прилепско, во 1922 година. 10. 09. Во Скопје започнал судски процес на кој беа изречени следните казни: Трајко Бошкоски-Тарцан, на смрт во отсуство, Борка Велески-Левата, неосуден бидејќи претходно загинал, Петар Крстев, на смрт во отсуство, Стеван Базерко, на 15 години затвор во отсуство, Перо Иваноски-Тиквар, заробен, на 15 години затвор и 20 години губење на граѓанските права. 14. 09. Борбата на Мукос Бугарската потера се движела кон месноста ,,Сеченото”, односно кон логорот каде што престојувала првата чета на одредот ,,Димитар Влахов” на чело со командантот на Одредот, Борка Велески-Горанов Левата. Се развила голема борба со многубројната бугарска војска. Во борбата загинале: Борка Велески-Горанов, Борко Јованоски-Киров, Блаже Челоски, Гога Бешироски, Цане Соколоски, Стеван Апостолоски, Димче Карески, Борко Ристески, Ангеле Милески и Никола Никодинчето. Преживеаните се приклучиле кон првата чета од Одредот.
Загинатите на Мукос 14. 09. Загина народниот хериј Борка Велески - Левата. Роден е на 06.07.1912 година.Завршил шест (6) класа гимназија а потоа се вработил во Монополот во Прилеп. Меѓу двете светски војни активен учесник во напредното работничко, комунистичко и синдикално движење. Еден е од основачите на Здружението на производители на тутун (основано на 19.07.1936г.) и негов прв секретар. Од 1937г. е раководител на Обединетите работнички синдикати. Еден е од 58
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
организаторите на штрајкот на монополските работници во Прилеп, во 1938 година. Член на КПЈ е од 1940г. Во септември 1941г., заедно со уште шестмина партизани, ја формираа првата прилепска партизанска чета, а од мај 1942г. е командант на Вториот прилепски партизански одред ,,Димитар Влахов”. Херојски загинува во борба против бугарската фашистичка војска на планината Мукос, на 14.09.1942г. Имено, при пробивањето на непријателскиот обрач, Борка, со група борци, го задржал притисокот на непријателот, овозможувајќи го на тој начин повлекувањето на своите другари. Кога ја потрошил сета своја муниција, тој јурнал на еден непријателски пушкомитралезец, при што му го одзел оружјето, но притоа бил и тешко ранет, но борбата ја продолжил. Поради голем губиток на крв, набрзо подлегнал на раните. За народен херој е прогласен на 20.12.1951 г.
14. 09.Втората чета на одредот ,,Димитар Влахов” извршила напад на селото Мажучиште. Селото било блокирано, телефонските жици прекинати, бил одржан митинг. Партизаните добиле храна и пушки и заминале во правец над селото Гостиражни. 19. 09. Дабничкото стрелање (Дабнички масакар)
По масовните апсења во градот и селата (од селото Дабница сите мажи, старци и момчиња) биле затворени во полициското командантство, 59
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
затворот и коњушниците во касарните.Шеф на разузнувачкото одделение на штабот на 13 артилериски полк во Прилеп бил поручникот Иван Куцаров, кој лично го убил Рампо Левката, а под негова наредба биле стрелани следните прилепчани и дабничани: Аце Мрчески, Алекса Бешироски, Андон Нунески, Атанас Нунески, Алекса Мазгалоски, Андон Слабејкоски, Адем Адемоски, Гога Нунески, Димко Мрчески, Душан Бешироски, Добре Јованоски, Киро Ќососки, Орде Паноски, Ордан Кузманоски, Ордан Јованоски, Сотир Дамески, Сотир Сотироски и Тоде Кремчески. Петко Велкоски, ранет, успеал да се спаси и да биде сведок на овој злостор. 19. 09. Убиен е народниот херој Рампо Левков - Левката. Роден е на 07.01.1909 година во Прилеп. Член е на КПЈ од пред војната, а во НОБ стапил во 1941г. По завршувањето на гимназијата, се запишал на Правниот факултет во Белград. Поради немање средства, морал да студира вонредно и често да го напушта Белград. Дипломирал во 1935г. Како средношколец и како студент бил слободоумен, со револуционерен дух, па затоа често доаѓал во судир со полицијата, бил малтретиран и затворан. Но, тоа не можело да го спречи револуционерниот дух на Рампо. По окупацијата активно е вклучен во прилепската партиска организација. Работи како адвокат во својот град, каде што се здобил со авторитет на достоинствен и чесен граѓанин, кој играл активна улога во политичкиот живот на Прилеп.
Од есента 1941г. живее и работи полу илегално. Со голем успех работи на омасовување на оруженото востание. Во втората половина на септември 1942г. паднал во рацете на фашистичката полиција, и, по неколкудневно мачење, умрел. Според некои бил фрлен во јама со изгасена вар. За народен херој е прогласен на 11.10.1945 година. 20.09. Од Прилеп кон концентрациониот логор за жени ,,Свети Николе”, Асеновград, Бугарија се одведени следните активистки: Ценка Тутеска, Боца Иваноска, Горица Атанасоска (Конеска) и Добрица Јорданоска (Џемоска). Ослободени се во ноември 1943 година.
60
НУ завод и музеј Битола
Зборник на тр рудови бр.20
22.09.О Од Прилеп кон к концентррациониот лоогор Ени Кееј (село Крстто Поле), П Ксанти и, се одведени и 54 лица од Прилеп, од сселата Дабни ица, Дреновц ци, Небрегово Н ид други села во о Прилепско. Меѓу нив б биле: Љупчо Аџимитрескки, Данчо Д Стојчесски, Спиро Забрчанец, З поовеќе членовви на фамили иите Мрческки, Гр рашески, Р Рапешоски, Бешироски,, Нанески, Мазгалоскки и другги. Ослободени О се до крајот на н декември 1943 1 година. Прилепскиот партизансккиот одред 21. 09. Формиран е Велешко-П Димитар Влаахов“ во Габ бровската Плланина на Каадица, во мессноста Бела ,,Д Вода.Броел В окколу 70 борц ци, претежно од Велешкко и од При илепско. Во штабот ш на О Одредот билее: Мицко Козар К - Јанд дре, командаант, Димче Мирчев, М замееник командаант, Трајко Бошкоски - Тарцан - Илинденски, И по олитички коомесар, и Блаагој Ѓорев, зааменик политтички комесаар.
Штабот на одредот ,,Димитар В Влахов“ 03. 10. Првата чета на одредот ,,Ѓорче Петроов” и IV четаа на одредот ,,Д Димитар Влаахов” одржааа успешен ми итинг во с. Слливје, Прилеп пско. 07. 10.. Првата четта на одредоот ,,Ѓорче П Петров” и две д чети на од дредот ,,Дим митар Влахов” со кои се движеле и Мирче Ацев, Страшо Пинџур П и Ки иро Крстески и-Платник, извршиле и акц ција на селоото Десово, Прилепско П каде бил од држан митин нг. Притоа биле зароб бени Данчо ,,В Војводата” ккој безуспеш шно се обидуувал да оргаанизира конттра чета во Прилепско П иМ Мирко Симо оноски од Пррилеп, кмет вво Десово и соработник наа полицијатаа. За своитее недела тиее се осудени и на смрт и казната е иззвршена. дот ,,Ѓорче 07. 11. Свечено е формиранаа првата чеета на одред Петров”, П во пештерата на месноста Цррвени Стени,, во близина на Прилеп. На Н формирањ њето присустввувале Страш шо Пинџур, К Киро Крстескки-Платник и Благоја Талеески. 06. 12.. Загинал Ми ице Козаросски - Козар (Јандре) во борбата со бу угарската ф фашистичка полиција и војска, воо близина на селото 61
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Нежилово, Велешко. Роден е во Варош, Прилеп, на 14.09.1911г. Тој е организатор и борец на Првиот прилепски партизански одред ,,Гоце Делчев” (комесар за исхрана на Одредот). Член на КПЈ од 1935г., кога станал и член на МК во Прилеп. Поради својата активност, интерниран е во логорот ,,Меѓуречје”. Еден од водачите на востанието во 1941г. и учесник во првите востанички акции, т.е. во групата за напад на прилепскиот затвор и ослободување на затворениците. Во 1942г. го организира движењето во Азот. Тој е организатор на Велешкиот партизански одред ,,Димитар Влахов” и негов командант од формирањето на 22.09.1942г. Со овој одред учествувал во повеќе акции: нападот на железничката станица Клејман (денешна Васил Антески-Дрен, м.з.), нападот на полициската станицата во село Чашка и други. 19. 12. Борбата кај манастирот Св.Никола во с.Прилепец. Борбата се одвивала помеѓу Првата чета од Партизанскиот одредот ,,Ѓорче Петров” и бугарските непријателски сили. Целта на движење на Одредот била Мариово. На пат кон Мариово се задржале во манастирот со цел да земат храна и да одржат митинг во селото. Бугарските војски, по предавството на попот, го опколиле манастирот, а благодарение на густата магла, не биле забележани од партизаните. Со цел да се пробијат кон источната страна, партизаните почнале борба во која загинале: Борка Спасески-Влачарот, командир на четата, Киро Фетак, комесар, Стеван Базеркоски, Стеван Димоски - Ништакот, Димче Мирчески -Бањарот, Гога Секулоски - Бедов, Трајче Најдески - Соколе, Бошко Јосифоски Корчагин и Методија Бошкоски. Во борбата успеале да се спасат: Петко Велкоски и Благоја Бошкоски-Дабиќ. Резиме На територијата на цела Македонија, но особено во Прилеп и Прилепско, ,,крвавата 1942“ изобилуваше со голем број на настани, како и борби во кои страдаа голем број на борци, но и дел од населението со кое фашистичкиот непријател се однесувал сурово и нечовечки. И покрај тоа, оваа година стана пресвртница во народноослободителното движење, бидејќи слободарскиот дух на македонскиот народ и припадниците на останатите народи кои се бореа на страната на антихитлеровската коалиција не можел никој да го запрево победоносниот од. Summary On the territory of Macedonia, but especially in Prilep and its’ region, „the bloody1942“, was full of events and struggles where a lot of fighters suffered as well as a part of the population toward which the fascist enemy behaved cruelly and inhumanely. Despite this, this year has become a milestone in the national-movement, because the free spirit of the Macedonian people and 62
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
members of other nations, who fought on the side of the anti-Hitler coalition, no one could stop. Библиографија 1. Миле Алимаскоски, Од дневникот на Прилеп, Скопје, 1952. 2. Зборник на паднати борци во НОБ од Битолска околија, Битола, 1958. 3. Прилеп и Прилепско низ историјата, книга втора, Прилеп, 1972. 4. Прилеп и Прилепско во НОВ 1942 година (Материјали од Научниот собир одржан на 13,14 и 15 декември 1976 година), книга прва, Скопје, 1978. 5. Прилеп и Прилепско во НОВ 1942 година (Материјали од Научниот собир одржан на 13,14 и 15 декември 1976 година), книга втора, Скопје, 1978. 6. Благоја Талески, Коце Солунски, Прилепска хроника НОБ, Прилеп, 1982. 7. Љубен Георгиевски – Љупта, Прво ослободително востание, Скопје, 2000.
63
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
614(497.7)“1945/1965“
∗
Габриела ТОПУЗОВСКА
СОСТОЈБИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО ВО НРМ (1945-1965) Апстракт: Активностите кои се преземале во повоениот период од страна на Советот за народно здравје на НР Македонија, имале за цел да ја запознаат јавноста со политиките и мерките кои планирале да ги спроведат, во насока на подобрување на здравствената состојба на населението и општествено-политичкиот развој на земјата. Токму овие активности, како и состојбата со здравствените установи и медицинскиот кадар, ќе бидат предмет на обработка во овој труд. Клучни зборови: здравствена состојба, здравствени установи, медицински кадар. По завршувањето на Втората светска војна и формирањето на македонската држава во рамките на Југославија, новата народната власт наследила сериозни здравствени проблеми кои се однесувале на спречување и сузбивање на епидемиите од заразните болести, обезбедување основни хигиенски услови за живот на населението, обезбедување ефикасна здравствена заштита за мајките и децата и обезбедување простор и опрема за работа на здравствените установи. Соочувајќи се со низата проблеми во напорите за зачувување на народното здравје, Советот и Министерството за народно здравје, пристапиле кон решавање на четири основни проблеми: “…1.Изградба и опремување на широка мрежа здравствени установи од амбулантно-поликлинички карактер и други од стационарен карактер (болници и сл.) 2. Оспособување на доволен број здравствени кадри виши, средни и нижи од сите профили 3. Водење постојана и ефикасна борба за подобрување на хигиеноепидемиолошката општоздравствена положба, и 4. Поставување најадекватна организација на здравствената служба, регулирање на односите во неа и обезбедување што повеќе права за населението за да може тоа лесно да дојде до здравствена заштита ...”.107 ∗
Проф. д-р Габриела Топузовска, виш научен соработник, Институт за национална историја, ул.Григор Прличев бр. 3, 1000 Скопје, е.пошта:gtrifunova@yahoo.com 107 Васил Ѓоргов, Здравството во Македонија, Скопје, 1963, 8-9. 64
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Во услови на разрушеност на земјата, низок економски и социјален стандард, но во амбиент на сеопшт ентузијазам и искрена желба за унапредување на здравствената состојба, активно се работело на зголемување на бројот на амбулантно-поликлиничките, болнички установи и стационари. Според расположливите податоци, пред војната, 1939 год., здравствени услуги на населението се давале во околу 42 амбулантнополиклинички установина целата територија на земјата, додека веднаш по ослободувањето, 1945 год., само во градот Скопје за работа биле оспособени три општи ординации. Во годините што доаѓале таа бројка постепено се зголемувала, и во 1948 год. тој број изнесувал 110 установи. Во 1953 година работеле 272, додека во 1961 год. биле евидентирани и 502 амбулантно-поликлинички установи на целата територија во земјата.108 Освен амбулантно-поликлиничките институции, во овој период евидентен е пораст и на стационарите и болниците. За разлика од 1939 година, кога само 9 стационари со 868 легла давале здравствени услуги на целото население, во 1953 година тој број се зголемил на 35 стационари, со 4224 легла. Во 1961 година работеле 43 здравствени установи, од кои 30 општи болници со 4174 кревети, и 13 специјализирани здравствени институции, со 2214 болнички легла.109 Како резултат на ваквата развојна динамика и зголемениот капацитет на болнички легла, се создале услови за пошироко и поквалитетно лекување на населението. Посебен напредок бил забележан во однос на здравствената заштита на жените и децата. Се интензивирала здравствената заштита на бремените жени, и на работниците во стопанските дејности. Големо внимание се посветувало на грижата на здравјето на устата и забите, при што бил зголемен и бројот на стоматолози и забни техничари, што резултирало во значително подобрување на денталното здравје на населението. Состојбата од 1945 година, кога во новоформираната држава имало само три забни установи, во кои работеле 13 забни терапевти и тројца забни техничари, значително се подобрила во наредниот период. Бројот на новоотворени забни установи бил во пораст и во 1953 година достигнал 40 стоматолошки ординации. Биле отворени дури 13 забни лаборатории, во кои работеле стотина забни терапевти и 25 забни техничари. Во 1961 година бројот на забни установи се зголемил на 97, додека бројот на забните лаборатории на 23. Бројката на забни терапевти изнесувала 232, а онаа на забни техничари 208. И покрај ваквиот динамичен развој, сепак, крајната цел 108
Златен јубилеј, 50 години на Здружението на лекарите на град Скопје, Монографија 1947-1997, главен и одговорен уредник Јордан Јовев,уредувачки и редакцицски одбор: Н. Стојков, С. Грков, С. Мирчев, и други, МЛД, Скопје, 1997, 14; Ѓоргов, Здравството во Македонија, Скопје, 1963, 10. 109 Ѓоргов, Здравството во Македонија, Скопје, 1963, 14. 65
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
била постигнување на сооднос од еден забен терапевт на 3-3.500 жители.110 Сепак, основен приоритет во оваа дејност било воспоставување на сеопфатна здравствена мрежа, со што требало да се надмине проблемот наследен од предвоениот период, т.е. да се анулира недостигот на здравствени установи во најголем број од селските средини. За краток период биле формирани околу 20 здравствени станици во селските општини, каде, покрај лекари, биле ангажирани и медицински сестри, бабици и забни здравствени работници. Забележителен бил и порастот на едуциран средномедицинскиот кадар, чиј број се зголемувал благодарение на отворањето на училиштето за медицински сестри и негувателки.111 Интензивниот и брз развој на здравството дало видливи резултати во подобрување на целокупната здравствена состојба на населението. Намален бил бројот на доенечката смртност, како и смртноста кај општата популација, а многу заразни заболувања биле намалени и ставени под контрола. Сето тоа било резултат на огромните вложувања во развојот и унапредувањето на здравството како една од најважните општествени дејности. Како илустрација ќе наведеме дека во 1958 година за здравствена заштита биле издвоени околу 9 милиони динари, а 1961 година, околу 7 милиони динари.112 Овие средства, пред сé, биле наменети за изградба на нови, потоа за адаптација и проширување на постоечките објекти, а дел за набавка на медицинска и дијагностичка опрема. Секоја поголема здравствена установа располагала со рендген кабинет, лаборатории со микроскопски помагала и санитетски возила. Покрај големите заложби на народната власт за унапредување на здравствениот систем и јакнење и проширување на здравствената мрежа, Светската здравствена организација и УНИЦЕФ одиграле голема улога и дале свој придонес за тоа. Средствата кои тогаш Југославија ги добила од УНИЦЕФ и Светската здравствена организација, изнесувале околу 280 милиони динари. Секако, од особена важност била и несебичната помош што пристигнувала од македонските иселеници од Америка, Канада и Австралија, со чии средства, во висина од околу 300 милиони динари или
110
Истото, 31. 50 години Медицински училишен центар „Д-р Панче Караѓозов” Скопје, уредувачки одбор: Љубица Китановска, Лилјана Милева, Марија Цветкова и сор. Медицински училишен центар „Д-р Панче Караѓозов” Скопје, Скопје, 1998; Државен архив на Република Македонија, Фонд: Републички секретаријат за здравствена и социјална политика (884), к. 90, Извештај бр. 920 од 21.02.1955 година. (натаму: ДАРМ, ф.884). 112 50 години на Здружението на лекарите на град Скопје, 1997, 20; ДАРМ, ф.884, к. 90, Извештај бр.6230 од 24.12.1955 година. 111
66
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
150.000 долари, биле изградени и опремени дел од клиничките болници и институтите на Медицинскиот факултет.113 Составен дел на унапредувањето на здравствениот систем била и потребата од нови вработувања и едукација на нов медицинскиот кадар и негово распределување во здравствените установи на земјата, со цел еднакво и квалитетено здравство за сите граѓани. Земајќи го предвид недостигот од достапни здравствени кадри по ослободувањето, чиј број не надминувал повеќе од 120 лекари и заболекари и приближно толку средномедицински персонал, и околу деведесетина фармацевти на целата територија на земјата, ваквите активности биле неопходни од тогашната народна власт. Имено, со отворањето на средното медицинско училиште114, а подоцна и Медицинскиот факултет115 во Скопје, се создале неопходни услови за продуцирање нови кадри. Со тоа бил заокружен процесот на едукативно ниво, за образување на неопходниот медицински кадар, оспособен за давање целосна здравствена заштита и грижа на населението во НРМ. Улогата на Медицинскиот факултет во развојот на здравствената дејност во НРМ била огромна. Факултетот, како образовна институција каде се изведувала наставна, научна и здравствена дејност116, дваесетина години по формирањето претставувала нераскинлив дел од македонското здравство. Таа релација на взаемна соработка и поврзаност била воочлива низ неколку основни активности кои значително ја збогатувале и подобрувале кадровската структура на здравствениот систем. 113
Ѓоргов, Здравството во Македонија, Скопје, 1963, 19; Медицински факултет Скопје 1947-1987, главен уредник: Момчило Лазаревски, уредувачки одбор: Бранислав Никодијевиќ, Киро Велков и други, УКИМ, Медицински факултет-Скопје, Скопје, 1987, 22. 114 МУЦ „Д-р Панче Караѓозов”-Скопје, започнал со работа далечната 1945 година, со формирање на Училиштето за медицински сестри и негувателки, подоцна од 1947/48 година, се формира Училиштето за фармацевтски техничари, Санитарното училиште и Забарското училиште. Во учебната 1972/73 година, се врши интеграција на сите училишта во една единствена образовна институција Медицински училишен центар „Д-р Панче Караѓозов”-Скопје, под раководство на д-р Михаил Еленчевски. Новата институција започнува со работа во новите простории на 13.11.1973 година., 50 години Медицински училишен центар „Д- Панче Караѓозов” Скопје, уредувачки одбор: Љубица Китановска, Лилјана Милева, Марија Цветкова и сор. Медицински училишен центар „Др Панче Караѓозов” Скопје, Скопје, 1998, 7. 115 Врз основа на подготовките кои биле направени во периодот, август 1946 и февруари 1947 година, како и со активното учество на ресорните министерства на Владата на НР Македонија и Владата на ФНР Југославија, и конкретните предлози доставени од Матичната комисија, на 6 март 1947 година, Владата на НР Македонија носи Указ за формирање на Медицински факултет во Скопје и именување на првата група наставници, предложени од Матичната комисија. 116 Медицински факултет Скопје 1947-1987, Скопје, 1987, 33. 67
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Како резултат на наставната дејност било овозможено бројот на дипломирани лекари значително да се зголеми и да изнесува околу 100 до 120 лица на годишно ниво, што било еднакво со бројот на затекнати лекари по ослободувањето. Научната дејност овозможувала усовршување на стручните кадри, што до крајот на 1961/62 година, било потврдено со избор на 5 лица во доктори на науки, 46 лица хабилитирале, 14 биле избрани во редовни професори, 15 лица биле избрани во вонредни професори, 25 за доценти и 97 лица избрани за асистенти. Специјализациите биле неизоставен елемент од стручното усовршување на лекарите, при што 83 лекари биле испратени на специјализации од различни области во земјата и странство, во времетраење од 3 до 12 месеци.117 Од друга страна, и вратите на Медицинскиот факултет останале отворени за сосработка со светски познатите центри. Нерамномерната распределба на медицинскиот персонал во здравствените установи според густината на населението, останал како еден од приоритетите кои здравстените власти требало да го решат на најсоодветен начин. Најголемиот број лекари биле сконцентрирани и распоредени во поголемите градови, каде и условите за работа биле подобри. За надминување на таквата состојба органите на власта започнале со воведување на стимулативни мерки. Една од предвидените мерките било зголемување на бројот на лекарите во НРМ, односно бројот на лекари требало да се зголеми на 1300-1400, со тоа според оптималните норми на еден лекар требало да му отпаѓаат по 1180 жители118, а на еден работник со виша здравствена подготовка по тројца жители.119 Бројот на лекари во 1953 година изнесувал 352, од кои 133 специјалисти, 219 лекари по општа медицина, а од нив 53% работеле во болничкиот сектор. Во 1961 година бројот на лекарите се зголемил на 681, при што бројот на лекари специјалисти изнесувал 265, додека 416 биле лекари по општа медицина. Од вкупниот број 58% работеле во болничкиот сектор.120 Во годините што следувале, во напорите за унапредување на здравствената дејност, бил петтогодишниот план за работа од областа на здравството за периодот 1961/65 година. Во него биле утврдени и неколку основни приоритети кои произлегувале: “...1. Од потребите што произлегуваат со оглед на постојаната патологија на населението и способноста на мрежата од здравствени установи успешно да ги решава тие потреби. 117
Ѓоргов, Здравството во Македонија, Скопје, 1963, 23. Истото, 25. 119 Истото, 71. 120 60 години Македонско лекарско друштво 1945-2005, главен и одговорен уредникЈован Тофоски, уредувачки одбор: Мирко Спироски, Киро Велков, Момир Поленаковиќ, и други, МЛД, Скопје, 2005, 24. 118
68
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
2. Од потребите што произлегуваат од природниот пораст на населението и промените во неговата структура. 3. Од нужноста за општо подигање на нивото на здравствените установи, обезбедување со кадри и опрема и подобрување на квалитетот на нивната работа. 4. Од потребата да им се обрне особено внимание на одделни области во здравството, како што се: превентивата, заштита на мајките и децата, борба против туберкулозата и други масовни заразни болести. 5. Од потребата да се изврши замена на извесни дотраени капацитети, бидејќи во критичниот период дел од здравствените установи беа сместувани во адаптирани згради...”121 Со усвојувањето на овие приоритети, како и со порастот на бројот на стручниот кадар и развојот на здравството во земјата се обезбедиле услови за значително подобрување на здравствената заштита на населението. Било предвидено отворање на 29 нови детски диспанзери и 38 диспанзери и советувалишта за заштита на мајки и деца. Со воведување на задолжителната вакцинација против голема сипаница, дифтерија, голема кашлица, тетанус, БСЖ и детска парализа122, се постигнало сериозно намалување на доенечката и детската смртност, но се забележало и намалување на стапката на општата смртност, што резултирало со продолжување на животниот век кај населението. Според статистичките податоци, вредностите на доенечката смртност за периодот од 1951 до 1965 година се дивижеле во рамките на вредности од 161‰ до 88‰. Во истиот период вредностите на стапката на општата смртност изнесувале од 16,4‰ до 7,1‰. Вредностите за просечниот животен век кај жените се движеле во границите од 66 до 67,3 години на старост, а кај мажите тие вредности се движеле во рамките од 62,3 до 65,5 години старост.123 Била зголемена и мрежата на аптекарските установи, а биле зголемени и капацитетите за престој и лекување во природните лекувалишта. Со воведување на Законот за социјално осигурување на работниците, со кој било опфатено здравственото осигурување на осигурениците и на нивните смејства, се предвидувала бесплатна здравствена заштита и паричен надомест во случај на нивно отсуство од работа поради спреченост (болест). Со овој Закон било обезбедено бесплатно давање на здравствени услуги на околу 46% од населението во целата земја.124 121
Ѓоргов, Здравството во Македонија, Скопје, 1963, 65. Истото, 76. 123 60 години МЛД, Скопје, 2005, 28-30. 124 Службен лист на ФНРЈ, бр. 10, 08.02.1950, достапно на: http://www.slvesnik.com.mk/Issues/41619A1539A2410BA991E5CD8DFD498C.pdf. (пристапено 28.12.2016); Nikola Žutić, Komitet za socijalno staranje Vlade FNRJ 1946-1951, Inventar sumarno-analitički AJ 33, Biblioteka informativnih sredstava Arhiva Jugoslavije, 122
69
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
За жените, особено за трудниците, биле обезбедени посебни услови и привилегии. За секоја трудница која била во работен однос, во случај на отсуство во траење од 105 дена, бил обезбеден 100% надоместок во висина на плата, а по потреба таа имала право на користење скратено работно време во период од 6 месеци. За секое новородено дете, Законот предвидувал посебен паричен надомест. Со зголемување на бројот на осигурениците, кој во периодот од 1953/60 изнесувал од 112.273 до 617.000 осигурени лица, се зголемувал и бројот на здравствени установи, што значело значително проширување на здравствената мрежа.125 Натамошната етапа во развојот на здравствената служба во Републиката била насочена кон постепено и целосно проширување на здравственото осигурување и врз приватните производители, занаетчиите и земјоделците. На тој начин здравственото осигурување го опфатило речиси целото население, односно околу 750.000 осигуреници. Овие позитивни промени повлекле зголемување на трошоците од републичкиот буџет од една милијарда и 151 милион динари, до 4 милијарди и 744 милиони динари.126 Како илустрација ќе го наведеме примерот за пораст на трошоците за здравствена заштита, кои биле одвоени само за градот Скопје. Тие во 1958 година, изнесувале околу 9 милиони динари, или 42 динари по глава на жител, додека во 1965 година се зголемиле на 353 милиони динари, или 813 динари по глава на жител.127 Еден од новитетите во развојот на современиот систем на новата здравствена мрежа, претставувала и можноста на граѓанинот за слободен избор на лекар. Тоа право му било загарантирано со закон на осигуреникот и не можело да биде оспорено ниту ограничено од никој и под никаков изговор. Оваа мерка влегувала во рамките на стимулативните мерки преземени од страна на државата за подобрување на квалитетот на здравствената заштита. Имено, со слободниот избор на лекар квалитетните и посветени лекари, се издвојувале во системот според постигнатите резултати и со поголем број на пациенти. Па така, со зголемувањето на бројот на пациенти се зголемувал и остварениот доход на здравствената установа, и учеството во распределбата на доходот меѓу здравствените работници бил според резултатите. Ваквата стимулативна мерка била сé повеќе поттикнувана и поддржувана од страна на здравствените установи, каде било воведено општественото Beograd, 1953, 8. достапно на: file:///F:/CVETKO%20P.%20ARSOV/Komitet%20za%20socijalno%20staranje%20Vlade%20 FNRJ%201946-1951.pdf.(пристапено 28.12.2016); Zdravstveno osiguranje u Jugoslaviji, Materijal uz predlog zakona o zdravstvenom osiguranju radnika i službenika, Izdanje “Službenog lista FNRJ”, Savezna narodna skupština, 1953, 27. 125 Ѓоргов, Здравството во Македонија, Скопје, 1963, 34-35. 126 Истото, 36-41. 127 50 години на Здружението на лекарите на град Скопје, 1997, 20. 70
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
самоуправување но и самостојно финасирање врз база на остварениот приход.128 Во таа насока се одвивала и организационата поставеност на здравствените установи. Со установата управувал управител, кој бил биран по пат на конкурс и од страна на управен одбор, во кој дел од членовите биле бирани од редовите на колективот, а дел делегирани од други здравствени институции. Правата и должностите на здравствените установи биле законски регулирани, а управителот, заедно со управниот одбор, во целост ја обезбедувале самостојноста на установата. Интервенциите на државните органи во работата на самостојните здравствени установи биле сведени на минимум. Тие се однесувале на утврдување на развојните програми, спроведување превентивни акции и вршење надзор над законитоста на работата на здравствените установи. Ваквиот динамичен развој на здравството во НРМ во дваесетгодишниот период по ослободувањето, се должел и се остварил благодарение на огромниот ентузијазам и неуморната работа на многу професори, лекари, помошници лекари, средномедицински персонал, како и на ангажираноста на републичката власт. Тоа бил период кој го карактеризирале многу тешки, специфични но и одлучувачки моменти. И покрај соочувањето со бројните материјални, просторни и кадровски тешкотии особено во првите повоени години, сепак, новата народна власт успеала за релативно кус временски период да ги обезбеди неопходните услови за надминување на проблемите од областа на здравството и да ги воспостави темелите на квалитетна и подеднакво достапна здравствена заштита за сите граѓани на СРМ. Summary In conditions of low economic and social standard, but in the ambient of general enthusiasm and honest wish to help its own people and its own country, national and health authorities in NRM, actively working on increasing the number of stationeries, ambulatory-polyclinic and hospital institutions all over the country. Activities that were taken for intensive development of health network all over the country, contributed to create conditions for better and massive treatment of population, and faster improving of healthcondition in population.
128
Ѓоргов, Здравството во Македонија, Скопје, 1963, 44-45. 71
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Библиографија Необјавени извори Архива на Службен весник на Република Македонија, Службен лист на ФНРЈ, бр. 10, 08.02.1950. Фондови на Државниот архив на Република Македонија, Фонд-884: Републички секретаријат за здравствена и социјална политика. Литература 60 години Македонско лекарско друштво 1945-2005, главен и одговорен уредникЈован Тофоски, уредувачки одбор: Мирко Спироски, Киро Велков, Момир Поленаковиќ и други, МЛД, Скопје, 2005. Ѓоргов Васил, Здравството во Македонија, Скопје, 1963. Медицински факултет Скопје 1947-1987, главен уредник: Момчило Лазаревски, уредувачки одбор: Бранислав Никодијевиќ, Киро Велков и други, УКИМ, Медицински факултет-Скопје, Скопје, 1987. Златен јубилеј, 50 години на Здружението на лекарите на град Скопје, Монографија 1947-1997, главен и одговорен уредник Јордан Јовев,уредувачки и редакцицски одбор: Н. Стојков, С. Грков, С. Мирчев, и други, МЛД, Скопје, 1997. Медицински училишен центар „Д-р Панче Караѓозов“ Скопје, 50 години постоење 1947/48-1997/98, уредувачки одбор: Љубица Китановска, Лилјана Милева, д-р Марина Цветкова и други, Медицински училишен центар „Д-р Панче Караѓозов“-Скопје, Скопје, 1998. Nikola Žutić, Komitet za socijalno staranje Vlade FNRJ 1946-1951, Inventar sumarno-analitički AJ 33, Biblioteka informativnih sredstava Arhiva Jugoslavije, Beograd, 1953. Zdravstveno osiguranje u Jugoslaviji, Materijal uz predlog zakona o zdravstvenom osiguranju radnika i službenika, Izdanje “Službenog lista FNRJ”, Savezna narodna skupština, Beograd, 1953.
72
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
398.4 (497.774) Мери СТОЈАНОВА* НАРОДНИТЕ ВЕРУВАЊА ЗА ВАМПИРИ ВО БИТОЛСКО, ПОВРЗАНИ СО ТРАГИЧНИТЕ НАСТАНИ ОД ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА Апстракт: Текстот се однесува на еден сегмент од традиционалната култура, или поточно од комплексот на народни верувања присутни во Битолско, кои, под влијание на воените дејствија од Првата светска војна, инкорпорира специфични елементи. Во него се опфатени материјали – кои се однесуваат на приказите на вампирите кои се појавиле како резултат на насилната смрт на војниците за време на воените случувања од наведениот период, и нивното своевидно отелотворување за кое „сведочи“ локалното население. Клучни зборови: Битолско, Прва светска војна, вампири. Митските суштества – демони претставуваат значаен корпус од системот на народни верувања на македонското население во Битолско. Тоа може да се заклучи од бројните анализирани емпириски,теренски материјали, што не е за изненадување, имајќи предвид дека системот на народните верувања129,генерално, изобилува со најразлични елементи и форми кои создаваат една исклучително богата содржинска композиција. Овој систем на верувања не е својствен и присутен само кај македонското население на овие простори, туку тој претставува составен дел од поширокиот систем на народни верувања на многу народи од периодот пред моноистичките религии, кои како сурвивали останале и до денешни дни130. Согласно интерпретативните потреби системот на народни верувања, генерално, може да биде поделен на народна митологија и народна демонологија. Овие потсистеми во своите рамки вбројуваат мноштво на најразлични митски суштества и појави преку чие постоење, всушност, се појаснува народниот светоглед. Тука ги среќаваме претставите за настанокот и постоењето на Сонцето, Месечината, Светот -„овој“и „оној“ свет, природен и натприроден, идеален и реален, и т. н. Ги среќаваме претставите за самовили, наречници, вампири и др. митски суштества и појави. Но, и покрај сите индивидуални карактеристики она што е *Д-р Стојанова Мери, Етнолог, виш кустос НУ„Завод и музеј“ – Битола, Македонија, Климент Охридски бб, 7000 Битола, etno_m@yahoo.com 129 Вражиновски Танас, „Македонска народна митологија“, Скопје 2002 год. 29-34; Вражиновски Танас, „Народна митологија на Македонците“, Кн. 1, Скопје – Прилеп 1998 130 Чаусидис Никос, „Митските слики на Јужните Словени, Скопје 1994 73
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
впечатливо е фактот на постоењето на очигледна и изразена дихотомија. Така добиваме, речиси без исклучок, спротивставеност на добра и лоша страна, постоење на добри – позитивни или лоши – негативни, суштества и сили, поделба на човечка реалност - „овој свет“ и митска реалност – „оној свет“131 и др. Начелната подвоеност и спротивставеност не значи и нивна конкретна и целосна исклученост. Напротив, во свеста на луѓето, помеѓу кои и да се две навидум спротивставени категории, постои трајна, меѓусебна, врска. Постоењето на оваа врска во народниот светоглед е сосема експлицитна, јасна и „реална“. Тоа значи дека и комуникацијата, а со тоа и преминот од едниот во другиот свет е прифатена реалност.Она што ја карактеризира таа врска е нејзината непостојаност. Тоа значи дека таа се воспоставува само во одредени услови, време и простор, а за воспоставување на таквата врска често пати бил потребен и одреден медиум. Преминот од едната во другата реалност, или од едниот во другиот свет не се доживувал како сосема безопасен. Поради тоа, треба да се обрне внимание на начинот и дејствијата – обредите, кои треба да обезбедат сигурност и безбедност на носителот на дејството, а, воедно, и на пошироката општествена заедница. Во исто време тие треба да дефинираат или постават своевидна граница или бариера која митските, демонски суштества, од кој и да е облик, не би можеле непречено да ја преминат, па, соодветно на тоа, да преминат од еден во друг свет. Неконтролираниот премин на митските суштества се доживувал како своевидна закана за пошироката општествена заедница, бидејќи тие на различни начини може да ја нарушат структурата на секојдневното живеење на заедниците, и да ѝ нанесат зло. За таа цел постојат ред на востановени забрани или табуа132 кон кои населението се придржува за да бидат спречени ваквите појави. Следејќи ја ваквата аналогија, може слободно да истакнеме дека едно од највпечатливите митски, демонски суштества, во системот на народни верувања на Македонците, е вампирот133. Неговата појава и форма е секогаш врзана за дејствата или постапките кои живите ги направиле кон умрените. Во прв ред, тоа се превентивните обредни дејствија кои би требало да го спречат повампирувањето на поединечни покојници. Нивното неизвршување или пак ненавремено извршување носеле ред причинско - последични појави кои своевидна материјализација добивале во светот на живите. 131
Ристески Љупчо, „Категориите Простор и Време во народната култура на Македонците“, Скопје 2005, стр. 262 132 Bandić Dušan, “Tabu u tradicionalnoj kulturi Srba”, Beograd 1980, str. 112-121 133 „Словенска митологија, Енциклопедијски речник“, Редактори Толстој М Светлана, Раденковић Љубинко, Београд 2001, ВАМПИР – стр.61-62 74
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Во услови на војна, и тоа особено кога најголемиот дел од војниците кои, воедно, се непознати припадници на туѓа војска, религија и сл., умираат од насилна смрт, корпусот на превентивни обредни дејствија комплетно изостанува. Затоа не е за изненадување фактот што оваа појава на повампирување, како една од најспецифичните и контекстуално најблиски со периодот на Првата светска војна и воените дејствија во Битолско, оставила свој белег во народните верувања и кажувања на локалните жители. „Јас убо виду, јас го брка него. Мене сакаше да ме вампире. Абре тој, вампир тој беше од отепаните вака, посмртче....“134 Градењето на митовите, митските претстави и целокупните митски структури кај македонското население како и кај други народи, во прв ред, се темелат на цврстата верба на луѓето во нивното „реално“ постоење. Реалноста и веродостојноста на претставите за вампирите е дотолку поголема кога таа е презентирана како лично искуство на информаторите или некој нивен близок. Тоа не дозволува никаков сомнеж во вистинитоста135, за што може да се увериме и од кажувањата на самите информатори. „Вампир. Вампир се појави овде во нашето место баш фронто ко се скина тоа.“136 Во овој контекст, треба да се напомене дека карактеристиките кои ги поседуваат овие демонски суштества, во прв ред, произлегуваат од начинот на живот и смрт. Во конкретниот случај, причините за повампирување на војниците кои учествувале во воените дејствија за време на Првата светска војна се сведува на вербата на локалното население дека насилната смрт доведува до своевидна трансформација на духот на покојникот. Сликата која луѓето ја граделе и имале за овој тип на вампири, не претставувала само празна форма. Напротив, таа ги носела карактеристиките и својствата на вистинските личности – војници, кои токму ја дефинирале нивната суштина и по нивното напуштање на земскиот свет. Такви се, на пример, воинствените повици. „За вампирите. Е тога така викаа. Камени врв, тамо и слушаме коа викаа – Ураа, ураа! На нож! На нож! Така викаја тија тамо. Вампирите. Вампирите кој ќе вика. Тија викаја, као шо се биле тамо, као
134
АИФ м.л.бр.56, инф. Атанас Трпчев Милешев (стар 90 год) с. Маково, снимен 1973 год. Забележал Лазар Ристески 135 Петреска Весна, „Категориите близина и дистанца“, Скопје 2008, стр. 104 136 АИФ м.л.56, инф. Атанас Трпчев Милешев (стар 90 год.) с. Маково, снимен 1973 год. Забележал Лазар Ристески 75
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
шо трчале, као шо се т’лкле, као шо се дупили и така викат тија. Као се замешуале.“137 Или: „Тука се кажува дека наводно навечер се слуша таму: - Урааа!!! Војската кај шо си одела. По кажувања така, тоа го имам слушано. На фронто кај шо била линијата, тука и претежно ноќно време не оделе со овци тамо.“138 Неизвршувањето на превентивните дејствија кои потенцијално доведувале до повампирувањето на војниците не биле единствената причина за ваквиот чин. Во поедини случаи се верувало дека и несоодветното погребување на војниците што требало да обезбедат сигурен премин на покојникот од „овој“ на „оној“ свет, може да бидат причина за нивно повампирување. Кај голем број вакви случаи забележуваме цврста верба и константно преплетување на два системи на верувања и тоа претхристијански и христијански, кои населението ги носело спонтано, неоптоварено со бремето на нивната конфликтност забележлива во денешните услови. „Абре, крвта на чоеко се соединува. Се соединува крвта, крвта. Крвта та ко ќе се соедини ами ако го прескоче нешто, така ѓаол сетне. Сега – зашто сака чоек да го четиш и да го пеиш со вангелијата. Е така не пеан чоек и неопсечен тој ќе се сва... Ете затоа сака да го вардиш да не го прескоче нешто. Не смеј се. Не смеј се. Така ти кажувам на вистина.“139 Губејќи ги телесните атрибути, духот на мртвиот војник, иако навидум невидлив, според верувањата на луѓето, зазема друга видоизменета форма, препознатлива за демонските суштества воопшто. „Значи претворен од крвта и по тоа значи мнозина луѓе туа оградиса на тоа место тој на истото на нашио синор Топлидол, местото се викаше Преслопта. И оттуа довде и тераше до вранцуските окопи, дотука и држеше луѓето....Тој нема коски. Во крв. Мрежа и крв. Вампирот нема коски тој.“140 Не наоѓајќи го вистинскиот пат за да премине на „оној свет“, душата туку останува да лута, и, во знак на одмазда за оваа своја состојба, врши различни злосторства на „овој свет“.
137
АИФ м.л. 2/2, инф. Косте Трајков Костов (стар 92 год.) с. Старавина, снимил Г. Пајтонџиев 138 Сопствени теренски истражувања, Живко Јошевски, с. Орле (февруари 2017) 139 АИФ м.л. 2/2, инф. Косте Трајков Костов (стар 92 год.) с. Старавина, снимил Г. Пајтонџиев 140 АИФ м.л. 2/2, инф. Косте Трајков Костов (стар 92 год.) с. Старавина, снимил Г. Пајтонџиев 76
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
„Еден имаше Трајко се викаше доста еден полсаат оттаму од кај шо го тепаше, до дур да то остае него. И тој полуде чоеко!“141 Нивниот гнев не бил насочен само кон луѓето туку и кон домашните животни, сфатени како директно нарушување на световните граници и/или напад на одредено семејство. Имајќи го предвид значењето коешто го поседувал добитокот за опстанок на индивидуалните и колективни заедници, особено по воениот пустош со кој бил зафатен целокупниот регион долж фронтовската линија, стравот на луѓето за опстанокот на нивниот добиток може да се смета за сосема оправдан. „Оти претежно овците ги паселе то време. Ноќе. Дење, дека жешко времето и ги одбегнувале тие места од одење таму зато што се плашеле од... дане има некој... свампирено некој...“142 Заради заштита на добитокот од овие демонски суштества, луѓето честопати пристапувале кон соодветни обредни дејствија кои имале за цел да го избркаат вампирот. Овие обредни дејствија, без исклучок, ги вршеле „стручни“ лица, кои, според народното верување, биле единствените упатени во тајните на надреалното и кои знаеле и можеле на соодветен начин да се справат со овие демонски суштества. „Имало некоја жена која што праела некои адети тамо. Абе шо знам како да Ви кажам? Палеле школки од желки. Корупки од желка. Невечер. (заб. ги палела). Ко ќе мирисало од та миризбата бегале така. Темјан. Не знам точно. Не ме сваќајте...“143 Комуникацијата со оној свет, според народниот систем на верувања, покрај жените144 кои, заради низа специфични карактеристики, биле тие кои поседувале натприродни сили и претставувале мост помеѓу двата светови, можеле да ја извршуваат и мажи, иноверци или Цигани145, кои, заради различниот, потемен тен, се претпоставувало дека слободно комуницираат со темната страна на светот, односно со „оној“ свет. „Тија вапирџии шо испаѓаат едни вапирџии шо и пулат вапирите и болките шо и пулат на гоедата, тија вапирџии се.“146 Врз основа на приложеното може да се заклучи дека системот на народни верувања, не препуштил нити еден елемент на случајноста. Напротив, неговата начелна сегментираност, во суштина, е само привидна бидејќи, од неговата прва, па сé до неговата последна фаза, постои еден 141
АИФ м.л.56, инф. . Атанас Трпчев Милешев (стар 90 год) с. Маково, снимен 1973 год. Забележал Лазар Ристески 142 Сопствени теренски истражувања, Живко Јошевски, с. Орле (февруари 2017) 143 Сопствени теренски истражувања, Живко Јошевски, с. Орле (февруари 2017) 144 Петреска Весна, „Категориите близина и дистанца“, Скопје 2008, стр.131-133 145 Бандић Душан, Народна религија Срба у 100 појмова, Београд, 1991, (Циган) стр. 142; (Вампир) стр. 180; 146 АИФ м.л. 2/2, инф. Косте Трајков Костов (стар 92 год.) с. Старавина, снимил Г. Пајтонџиев 77
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
навидум рационален след на обредни дејствија кои имаат една и единствена цел: да обезбедат добробит на локалната општествена заедница, но и на оној кој неа ја напушта. Дури и во услови на војна, како што е случај со Првата светска војна, неселението во Битолско се обидело да ги надмине своите стравови и страдања преку подредување на еден сегмент од системот на верувања на новите, воени услови. Исполнет со лични „директни“ искуства, но и со доживувања на блиски луѓе, се создава еден за нас сосема ирационален, но за нив безпоговорно, рационален свет чија подреденост и стабилност на соодветните нормативи, обезбедува подреденост и стабилност и на овој свет. Ова, во дадените услови, за локалното население било и единствено важно. Резиме Способноста на луѓето и на народната култура во своите разнородни системи да инкорпорира поединечни делови и етапи на различни историски настани и случувања, и согласно своите поимања за светот да ги постави во рамките на својот народен светоглед, е еден особен културолошки феномен. Неговото значење е уште поголемо бидејќи така и нам ни овозможува да ја согледаме реинтерпретацијата на бројните животни премрежја низ кои населението минувало и начинот на којшто тоа се обидувало да се соочи со нив. Еден таков пример е, и примерот на појавата на вампирите која настанала како резултат на насилната смрт на војниците за време на воените дејствија во Битолско од периодот на Првата светска војна. Интерпретацијата на причините за нивната појава, нивниот изглед и манифестација, како и начинот на којшто локалното население се обидувало да се избори со нив, се одличен пример кој зборува за богатството и комплексноста на системот на народни верувања застапен во Битолско. Summary The ability of people and their traditional culture to incorporate certain parts and historical events into their diverse systems, and according to their understanding of the world to integrate or position them into their traditional worldview, is a specific cultural phenomenon. Its’ significance is even bigger because it allows us to perceive the reinterpretation of numerous life obscurities of the population and the way they were trying to face them. One, such example, is the example of the appearance of the vampires, which had occurred as a result of the violent death of the soldiers during the military actions in Bitola region in the period of the First World War 78
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
The interpretation of the causes for their appearance, their manifestation, as well as the way of how the local population tried to fight them, are an excellent example of the richness and complexity of the traditional beliefs of the population in Bitola region. Библиографија Bandić Dušan, “Tabu u tradicionalnoj kulturi Srba”, Beograd 1980 Бандић Душан, „Народна религија Срба у 100 појмова“, Београд, Нолит, 1991 Вражиновски Танас, „Македонска народна митологија“, Скопје 2002 Вражиновски Танас, „Народна митологија на Македонците“, Кн. 1, Скопје – Прилеп 1998 Петреска Весна, „Категориите близина и дистанца“, Скопје 2008 Ристески Љупчо, „Категориите Простор и Време во народната култура на Македонците“, Скопје 2005 „Словенска митологија, Енциклопедијски речник“, Редактори Толстој М. Светлана, Раденковић Љубинко, Београд 2001, ВАМПИР Информатори 1. Атанас Трпчев Милешев (стар 90 год) с. Маково, снимен 1973 год. АИФ м.л.бр.56, (Забележал Лазар Ристески); 2. Косте Трајков Костов (стар 92 год.) с. Старавина, снимил Г. Пајтонџиев, АИФ м.л. 2/2; 3. Живко Јошевски, с. Орле, живее во Битола, (февруари 2017), Сопствени теренски истражувања; 4. Петрија Ристевска, с. Скочивир (ноември 2016), Сопствени теренски истражувања;
79
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
793.31 (497.772)
147
Горан ВАСИЛЕСКИ,
ЕТНОКОРЕОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОРАТА ОД ЕТНИЧКИОТ ПРЕДЕЛ СТРУШКО ПОЛЕ148 Апстракт: Овој труд има за цел детално да ги објасни етнокореолошките карактеристики на орската традиција во селата од етничкиот предел Струшко Поле. Бидејќи овој е мултиетнички предел, објаснувањата ќе бидат наменети само за православните Македонци. Орската традиција во Струшко Поле е многу малку истражувана и постои мал дел пишани податоци на таа тема. Тоа беше мојот поттик за обработување токму на оваа тема и, воедно, да дадам придонес во етнокореологијата како наука. Клучни зборови: Орска традиција, место, простор и поводи за играње, ороводни песни, терминологија на играчи, држење на рацете, инструментална традиција, вокална традиција и др. Етничкиот предел Струшко Поле се наоѓа на крајниот југозападен дел од Брсјачката етнографска целина. Според етнокореолошката поделба, припаѓа во југозападното играорно подрачје149. Ората од овој предел се одликуваат со епски елементи на кореографската содржина и сложеност во метро-ритмичките структури на мелодиите150. Сосема малку податоци постојат за орската традиција од овој предел. Едни од најдрагоцените се истражувањата на сестрите Љубица и Даница Јанковиќ. Тие ни даваат една слика за орската традиција и играорниот репертоар на охридските народни игри, во кои го вбројуваат и струшкиот дел151. Во нивните истражувања забележале повеќе од 40 игри, 147
Дипломиран етнокореолог на ФМУ при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и магистрант во институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје, на модул фолклористика. Адреса: ул.Пиринска бр.50, 7500 Прилеп, e-mail: vasileski.goran@gmail.com 148 Темата на овој труд е извадок од мојата дипломска работа со наслов „Методски приказ на ората од Струшко Поле“, одбранета на 4.3.2015 година на ФМУ при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. 149 Јаневски Владимир (2010) Главни карактеристики на играорните подрачја, Семинар за традиционална музика и игра, Зборник на трудови 2, НУ Центар за култура - Битола, стр. 3. 150 Димоски Михајло (1996) Народните ора и орската традиција, Етнологија на Македонците, МАНУ, Скопје, стр. 281. 151 Јанковиђ Љубица и Даница (1947) Охридске народне игре, Народне игре 4, Београд. 80
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
од кои само 9 се играле во Струга и Струшко, додека останатите се градски и селски народни игри од Охридско Поле и крајбрежните села. Од тие 9 игри кои ги запазиле сестрите Јанковиќ во Струшко: Ајде коњче, Вртеното, Чамче, Ај што убави беќари, Пијан идам од града, Ајде Величе, Вранишко, Кој ми те моме и Посадил ми дедо, денес се играат само две ора, Вртеното и Вранишкото, останатите игри се потполно заборавени. Луѓето не се сеќаваат ниту на имињата на игрите, а камоли за играорните обрасци. Постојат и ора кои сестрите Јанковиќ ги забележале само во Охридско, а денес, најверојатно, под влијание на разни помали етнички преселби, се играат и во Струшко Поле, како што е Корчанското оро. Морам да нагласам дека постојат многу други ора и ороводни песни кои не ги забележале сестрите Јанковиќ, а се играат денес во Струшко Поле. Така, на пример, при моите теренски истражувања во селата Ложани, Драслајца, Мороишта, Враништа, Биџево и Мислешево, дојдов до многу интересен репертоар на ора, како што се: Мороишкото, Старското, Гајдата, Тешкото, Бабето, Драслајчкото, Ситното, Еленото, Пајдушката, Низамчето, Влашкото, како и многу обредни велигденски и лазарски ора. Струшките игри можат да бидат прекрасни, а нивните играчи првокласни. Во заедничко оро во кое учествуваат луѓе од различни места, веднаш се познава кој од каде е, па макар и сите да играат исто оро. Се разликуваат по сложеноста на чекорот, држењето на телото, издржливоста, по ставот и по стилот на играње152. Сите тие етнокореолошки карактеристики најдобро се запазувале на соборите. Тие се места на кои може да се видат „производите“ на народниот дух и ум. Доволно е само да се спомне за народните носии, ора, песни и инструменти кои биле дел од секој собор. Соборите имале културнозабавен карактер. Можат да се поделат на црковни и народни собори. Секоја црква или манастир имале свој собор, тоа е празникот на светецотпатрон на црквата. Покрај свечената литургија, биле исполнети и со разни друштвени и забавни активности во кругот на црквата, додека народните собори се одржувале за разни поводи и свечени прилики, на разни места, како што е средселото, во повеќето села. Понекогаш тие собори траеле и по два-три дена. Едвај чекавме да дојт празник, да се изнаиграме, да се изнапејме, вели една моја соговорничка од с.Драслајца153. Многу се играло за Велигден, Св. Јован, Лазара, Ѓурѓовден, а големи народни собори се правеле и за селските слави, каде се собирало население и од околните села. Секое село си има своја селска слава или сведен, така на пример, во 152
Јанковиђ Љубица и Даница (1947) Охридске народне игре, Народне игре 4, Београд, стр. 122. 153 Сопствени теренски истражувања. Соговорник: Ратка Костеска, родена 1928 во с.Драслајца, мажена и живее во с.Драслајца. 81
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Ложани селска слава е Св. Власија (24.II.), во Мороишта и Биџево се прави Спасовден, во Биџево и во Драслајца сведен е Голема Богоројца, во Мислешево слават Св. Јован, односно Водици. Интересен е фактот дека за да почнат мажите да играат, морале да дојдат музичарите, а жените можеле и сами да си играат со пеење. Свадбите, исто така, биле повод за општонародни веселби помеѓу селаните. Тие траеле по три дена. Се играло и во куќата на зетот и во куќата на невестата. Сето тоа проследено со многу обредни песни и ора. Понекогаш и седенките биле повод за играње. Најчесто се собирале само девојчиња и жени, но во поново време доаѓале и мажите. Во текот на летото и есента, скоро секоја вечер, се собирале во различна куќа на кршење ченка, на плетење, везење, во зависност што имало за работа. Во последната куќа каде што ќе се собереле, правеле и т.н. крчма, односно завршна заедничка гозба. На крчмата се играло и се пеело цела вечер, а доаѓал и гајдаџија на тие собири. Често пати се случувало, од обична крчма, да премине во селски собор. Прво в куќи игравме, па во двор, па на улица, од тука на сред село со играње, цело село го собравме таму....играње дур до вечер154. Постоеле и такви моменти кога им било забранувано да играат. Типичен таков пример е селото Биџево, каде до скоро време се задржала таа практика. Христијаните не смееле да играат секогаш кога што ќе посакале, бидејќи муслиманите биле мнозинство и имале предност. Не им дозволувале на христијаните да играат секој празник. Затоа биџевци оделе на играње во соседните села Ложани или Драслајца. Како места и простор на кои се игра, најчести се средселата или пред црквата. За секој повод има определено место каде што се игра. Во Ложани за Велигден, Божиќ, Св. Јован и за Св. Власија се игра пред црква, а за другите празници и собори на средсело. Во Драслајца и во Мороишта, од 40-тите години, забраниле да се игра пред црквите, бидејќи наспроти се селските гробишта. Во поново време, откако ги направиле селските домови, наместо на средсело или пред црква, почнале да играат во домовите. Пред да ги направат нив, за свадбите се играло во дворовите или внатре во куќите. Една моја соговорничка се изјаснува за функцијата на домовите во селата: Старите беа многу терсене луѓе, ко ќе фатеа да кршет таваните, бам, бум...абе лом ќе ти напрает дома. Арно шо ги напраеа домојте, таму е порајат155. За Спасовден скоро цело Струшко Поле се собирало на играње во манастирот Св. Спас кај Мороишта, каде имало голема ливада, обиколена со дебели сенки. На тоа место бил 154
Сопствени теренски истражувања. Соговорник: Михајло Тасески, роден 1941 година во с.Мислешево, живее во с.Мислешево. 155 Сопствени теренски истражувања. Соговорник: Наумка Стојческа, родена 1943 година во с.Волино, мажена и живее во с.Биџево. 82
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
одржуван еден од најголемите собори во полето. Доаѓале гајдаџии од сите села, се правело големо оро. Старите луѓе седнувале под дебелите оревови сенки и ги набљудувале младите како играат. Од поглед на амфитеатралноста, старите луѓе биле тие кои седеле од страните и гледале, додека младите се фаќале во орото. Старите мажи седеле на трева или на камен, а жените стоеле или клечеле. Мажите си правеле разни муабети околу работата во полето и добитокот, си пиеле ракија од пагурчиња, некои знаеле и по некоја песна да запеат, но сепак, главна тема биле играорците, орото и музиката. Многу ретко жените застанувале одстрана, најчесто кога жената била ожалостена и носела црна шамија на себе. Стоеле настрана и им се воодушевувале на младите како играат, ги загледувале девојчињата, која е побогато облечена, а најмногу го забележувале украсувањето на забуните. Многу пати, тука се склучувале договори околу стројникување или за грабнување на моми, се расправале, се карале, се договарале за купување, за продавање и сл. Сепак, тоа биле места каде луѓето најмногу се зближувале и спријателувале меѓусебно. За подобра прегледност на репертоарот во Струшко Поле, можеме да направиме поделба според значењето на имињата на ората: ора што означуваат локалитети: Вранишкото, Мороишко, Драслајчко, Корчанско; според инструментот кој го свири: Гајдата; според начинот на играње: Тешкото, Вртеното, Ситното; според поврзаноста со некои обреди: Велигденски, Лазаречки ора; според возраста на играчите кои го играле орото: Старското, Бабето; ора со странско потекло на имињата: Чамче, Влашкото, Низамчето; според играчот кој најубаво го играл орото: Еленото и сл. Никогаш во селата не се играле градски ора, дури и при посета на граѓани. Секое село си имало свои омилени ора кои ги играло на секој собор. Така, на пример, во Ложани едно од најомилените ора било Мороишкото, кое најверојатно било донесено од некои доселеници од Мороишта156. Денес ова оро не е познато во друго полско село, освен во Ложани. Истото се случува и со орото Бабето, кое не може да се сретне во друго село од Струшко Поле, освен во Драслајца. Затоа подоцна е наречено и Драслајчкото. Честопати селаните им давале свои имиња на омилените ора. Така, на пример, Старското оро, кое е доста прифатено во сите села од полето и е доста ценето, го нарекувале уште и Вранишкото, Костеското157 и сл. Вранишкото оро го забележале и сестрите Јанковиќ за кое даваат доста добар комплимент велејќи дека во 156
Сопствени теренски истражувања. Соговорник: Вера Жупаноска, родена 1940 во с.Ложани, мажена и живее во с.Ложани. 157 Сопствени теренски истражувања. Соговорник: Ратка Костеска, родена 1928 во с.Драслајца, мажена и живее во с.Драслајца. 83
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
него се развива извонредна мелодија и дека тоа е едно од најубавите струшки ора158. На жените најомилени им биле ороводните песни. Воедно, жените се и главни пејачи на соборите, мажите многу ретко пееле. Како ороводни песни кои ги забележав во текот на истражувањето се: Сонце ми е среде небо. Запеја ми лично пиле, Илино моме Калино рано ти цвеќе цутило, Ај Стојане горделија каде одиш кавги праиш, Појдов горе над село најдов грутка снегова, Ори бабо стара в котле да те вара, Ој долино долино, Оро се вие кај манастирот и др. Тоа биле песни кои можеле да се играат и само со пеење, а можело и со придружба со гајда. Сите ороводни песни се играат од типот на Лесното. Всушност, ората од типот на Лесното се најкарактеристични исклучиво за ороводните песни159. Лесното уште се нарекува и Тешкото, Гајдата или сл. Тие се ора кои можат да бидат и во 2/4 и во 7/8 ритам. Меѓу другото, постојат туѓи ора кои со текот на времето се прифатиле и почнале да се играат и во Струшко Поле. Кон крајот на турското владеење, на овие простори, се менувале влијанијата на Бугарите, Србите и Грците кои наметнувале своја култура. Иако таа најмногу се чувствувала по градовите, сепак, доста попримиле и селаните. Како остаток од тоа време, се претпоставува дека е Циганчица, која е, најверојатно, со бугарско потекло. Ората со српско влијание дошле малку подоцна, но тие веќе се одомаќинети и се играат и денес, такви се Ужичко коло, Жикино коло, Чачак, Политика и време побиле се две жене160 и други. Редок пример е Вртеното оро кое се претпоставува дека е донесено под влијание од западноевропските култури, односно има сличности со танцот полка161. Што се однесува на терминологијата на играчи, сé уште се користи терминот опашка, за последниот на орото, додека стариот термин за првиот на орото или на чело потполно е заборавен и заменет со коловоѓа. Ороводецот морал да држи некој реквизит во рацете, најчесто тоа било чевре, кое е еден вид марамче украсено со монистра и пулејки. Ороводецот дава знак со вртење на чеврето кога ќе посака, а неговиот знак го следат останатите играчи и музичарите. 158
Јанковиђ Љубица и Даница (1947) Охридске народне игре, Народне игре 4, Београд, стр. 122. 159 Димоски Михајло (1973) Прилог кон проучување на варијантите на ората и ороводните песни од типот на Лесното во Струга и Струшко, Македонски фолклор, год. 6, бр. 11, Скопје, стр. 109. 160 Сопствени теренски истражувања. Соговорник: Наумка Стојческа, родена 1943 година во с.Волино, мажена и живее во с.Биџево. 161 Јанковиђ Љубица и Даница (1947) Охридске народне игре, Народне игре 4, Београд, стр. 122. 84
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Воздржувачкиот контакт помеѓу играчите од спротивниот пол бил карактеристичен за овој предел до периодот меѓу двете светски војни. Официјално, по Втората светска војна мажите и жените почнале да играат еден до друг, држејќи се за рака, дури и ако не се во крвно сродство, што само пред 5-10 години било срамота162. Моите соговорници не тврдат дека имало строга поделба во ората по полот, меѓутоа, секој си знаел каде треба да игра. Во орото се ределе фамилијарно: Штом се фаќа до тебе значи дек е твој чоек, не смеел туѓинец да се фати меѓу редовите на едно семејство163. Но, сепак и во фамилијарните редови предност имале мажите. Жените се фаќале поназад. Жените се потерсене од мажите, тие и ко ќе умрет подлабоко ги закопвет164. Машко и девојче не смееле да се држат за раце, сé додека не се свршат. Како обичај останало, во секое оро да има ред на играњето. Тој што ќе плати игра напред, сè додека не му помине меракот, потоа преминува на опашката, играјќи. Патријархалното сфаќање се гледа и во начинот на држење на рацете165. Мажите можеле да се држат за рамо, а жените не смееле ни да помислат на тоа. Тие се држеле за раце, за забуни, за појаси и сл. Во ороводните песни, мажите играле понапред држејќи се за рамо, а жените поназад, држејќи се за рака. По Втората светска војна можело да се мешаат сите заедно и сите да се држат за рамо166. Меѓутоа, секое оро има посебно држење, карактеристиките на орото сами по себе кажуваат како се држат рацете. Така, на пример, во Мороишкото, рацете се држат пуштени долу, за да можат со телото да се вртат кон лево и кон десно. Рацете биле спуштени ниско и во Вртеното, Ситното, Еленото, Пајдушкото и др. Карактеристични ора на кои се држеле со свиени раце во лактите се Вранишкото и Бабето, а останатите ора кои биле од типот на Лесното се играле за рамо, исклучиво кај мажите, а жените за забун, под рака или за појас. Иако Струшко Поле има доста сличности со соседните предели Струшки Дримкол и Охридско Поле, сепак, според орската традиција, репертоарската застапеност, слободата на играње, стиловите на играње и 162
Исто... стр. 122. Сопствени теренски истражувања. Соговорници: Вера Жупаноска, родена 1940 во с.Ложани, мажена и живее во с.Ложани и Михајло Тасески, роден 1941 година во с.Мислешево, живее во с.Мислешево. 164 Величковски Боне (2006) Кратки фолклорни жанрови во Охридско-струшкиот регион, Фолклорот во Охридско-струшкиот регион, ИФ „Марко Цепенков“, Скопје, стр. 35. 165 Јаневски Владимир (2013) Етнокореолошки карактеристики на македонските народни ора, ИФ „Марко Цепенков“, Скопје, стр. 52. 166 Димоски Михајло (1973) Прилог кон проучување на варијантите на ората и ороводните песни од типот на Лесното во Струга и Струшко, Македонски фолклор, год. 6, бр. 11, Скопје, стр. 109. 163
85
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
слично, се разликуваат едни од други167. Стилот на играње се градел уште од мали нозе. Децата сами ги учеле чекорите, гледајќи од постарите. Најпрво се учеле во заднина, па потоа се фаќале на оро, но во никој случај не смееле напред да играат. Така гледајќи, ги учеле не само чекорите туку и начинот на играње, украсите, чаламите, керефеките и слично. Учењето ора на децата им претставувало еден вид занимација. На пример, во Драслајца младите ќе се собереле во некој двор или во куќа, притоа некој ќе земел чешел и ќе свирел на него, а останатите ќе играат заедно, ќе се учат еден од друг168. Во поново време, тоа го правеле играорните групи кои се формирале во селата. По Втората светска војна имало формирано играорни групи во Драслајца, Мороишта и Ложани. При играњето, секогаш морало да има едно оро и еден ороводец, никогаш не смеело да има повеќе ора или оро во оро. Амне сме ние во Калишта169, таму имало турско оро, албанско оро, каурско оро, сите националности во посебно оро се фаќале. Ората од типот на Лесното се играат во неколку стилови: само напред (телото е свртено полудесно, а нозете се движат една преку друга), десно-лево (телото се врти во правец на движење на орото, т.е. два чекори кон десно, еден чекор кон лево) и со доближување (левата нога се доближува до десната во првиот такт, не оди една преку друга)170. Во Лесното оро постои, исто така, машки и женски стил на играње. Машкиот стил се одликува со цврстина и еластичност, со клекнување, вртење, наведнување на телото и сл. Слободната нога која се подигнува пред ногата на која е тежината, може да прави фигури напред, свиена во коленото, полукругови околу ногата, прекршување 90 степени и слични гестови. Притоа, мажите скоро секогаш се држат за рамо. Додека женскиот стил на играње е својствен на патријархалното воспитување, каде никогаш не смеело да се подигнува слободната нога повисоко од земјата, никогаш не смеело да се прават украси со клекнување и вртење, но секогаш се држеле за рацете или под мишките, бидејќи не им треба голема рамнотежа и еластичност како кај мажите171. Жените играат полека, нежно и мирно, додека мажите играат поживо, круто и со многу 167
Јаневски Владимир (2013) Етнокореолошки карактеристики на македонските народни ора, ИФ „Марко Цепенков“, Скопје, стр. 52. 168 Сопствени теренски истражувања. Соговорник: Младенка Стојаноска, родена 1934 во с.Драслајца, мажена и живее во с.Драслајца. 169 Сопствени теренски истражувања. Соговорник: Ратка Костеска, родена 1928 во с.Драслајца, мажена и живее во с.Драслајца. 170 Димоски Михајло (1973) Прилог кон проучување на варијантите на ората и ороводните песни од типот на Лесното во Струга и Струшко, Македонски фолклор, год. VI, бр. 11, Скопје, стр. 109. 171 Исто... стр. 109. 86
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
фигури и украси, т.е. со повеќе слобода во играњето. Меѓутоа, колку и да е мирно женското играње, сепак, не е мртво172. Исто така, слободата во играњето се разликува според староста на играчите. Всушност, во право е една моја соговорничка која вели: Како староста, така играта173, не може од стар човек да се очекува да скока, да прави фигури, да игра поживо. Тоа и не му доликувало на годините. Добриот играорец се познавал оддалеку по држењето на телото, држењето на рацете и по играњето на прсти. Кратко речено, требало да си роден орајлија174. Кога се играат т.н. тешки ора, ороводецот често изведува фигури кои се негова импровизација, како, на пример удирање на тапанот со нога, фрлање делови од облеката при играњето, мавтање со разни реквизити како капа, елек, појас, понекогаш дури и со нож, набивање на земјата со нога, плескање со раце, свирење со уста и сл175. Во Вртеното се сретнува еден редок елемент, некарактеристичен за овие краеви. Ороводецот го врти орото во спирала или змијовидно, но не кон центарот, туку кон периферијата. Музичарите, односно гајдата и тапанчето, или во поново време гарнетата и тапанчето, биле сместени секогаш на страната на орото. Нив им придавале голема чест, ги седнувале на столица покрај орото, додека пред нив се вртело орото. Пред нив имале еден вид на кошница во која го ставале бакшижот. На музичарите им плаќале само оние кои играат напред на орото, „Ја да ти плата тебе да играш, не ти плаќа“176. Дури и за време на свадбата, не ги плаќал домаќинот кој ги повикал, туку ороводецот кој играл напред. Единствен случај кога друг плаќал за ороводецот бил на празникот Велигден. Секое семејство, кое имало млада невеста во куќата, плаќало на музиката за да игра нивната невеста напред. Плаќал свекорот, плаќала свекрвата, кумот, сватовите, со цел да покажат пред народот која е нивната невеста. На Велигден не се плаќало со пари, туку со јајца. Пред музичарите стоела кошница во која ги собирале јајцата. На тој ден собирале и по неколку кошници полни со јајца. Свираџиите биле многу ценети луѓе меѓу селаните. Ретко кој можел да ја има таа чест. Секое село си имало свои музичари. Најпознати гајдаџии 172
Јанковиђ Љубица и Даница (1947) Охридске народне игре, Народне игре 4, Београд, стр. 122. 173 Сопствени теренски истражувања. Соговорник: Младенка Стојаноска, родена 1934 во с.Драслајца, мажена и живее во с.Драслајца. 174 Сопствени теренски истражувања. Соговорник: Ратка Костеска, родена 1928 во с.Драслајца, мажена и живее во с.Драслајца. 175 Јанковиђ Љубица и Даница (1947) Охридске народне игре, Народне игре 4, Београд, стр. 122. 176 Сопствени теренски истражувања. Соговорник: Младенка Стојаноска, родена 1934 во с.Драслајца, мажена и живее во с.Драслајца. 87
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
биле Сандре Бабуш од с.Ложани, Југе Лозаноски од с.Драслајца, Ѓорѓи Џикоски од с.Мислешево, Петко гајдаџијата од с.Мороишта и други. Некој што бил побогат земал музика и од други краишта, но многу ретко се случувало тоа. Секогаш се земале гајдаџиите од своето село. Гајдите секогаш оделе со мали тапанчиња на свадбите и соборите, за да изгледа побогато. Во 1920 година за првпат во полето се слушнал звукот на гарнетата. Прв кој почнал да свири гарнета бил Јонче Пејоски од с.Мислешево. Оттогаш постепено сите гајдаџии почнале да свират гарнети. Во тие години се случувало на свадба или собор заедно да свират гајда, гарнета и тапанче. По Втората светска војна, почнале да доаѓаат и зурлаџии и тапанџии од Вевчани и Лабуништа. Тие свиреле на мали зурли, наречени писки и тропале на големи тапани. Зурлаџиите и тапанџиите развиле свој имиџ и биле многу барани меѓу полјаните. Најинтересен детаљ во нивната изведба бил, кога публиката ќе биде доволно весела и загреана, тие ќе прекинат со ората и ќе направат Пашахајде177. Ќе почнат да изведуваат со тапаните, да пискаат со зурлите, да прават чалам. А публиката се восхитувала и фрлала пари. Додека свиреле Пашахајде било мирно, никој не играл. Тоа било искажување на уметноста на зурлаџиите и тапанџиите. Но, сепак, селските чалгии имале секогаш приоритет. Иако никогаш во селата немало виолини, дајриња, канони или други инструменти кои ги има во градските чалгии, сепак, гарнетите и тапанчињата биле ценети селски чалгии. Подоцна нив им се придружила и хармониката. Тоа се случило околу 50-тите години од XX век, кога хармониката станала хит и почнале многумина да ја учат, да ја свират и да има свое место во секоја музичка група. Оттогаш гајдата потполно се заборавила, повеќе никој не засвирил во полето на гајда. Денес не постојат живи гајдаџии. Почнале постепено да се применуваат нови инструменти, кои дотогаш не биле воопшто познати, како, на пример: саксофон, синтисајзер, бас-гитара и слично. Со тоа, потполно се сменил музичкиот репертоар по селата, а ороводните и обредните песни потполно се изгубиле. Што се однесува до вокалната традиција на Струшко Поле, таа е доста едноставна и се карактеризира со едногласно пеење. Не се среќава двогласно и повеќе гласно пеење, освен во поново време, каде има влијание од градската култура на градот Струга. Скоро сите песни кои се пееле се со некоја цел или намена. Покрај свадбарските песни кои се дел од обредите, постојат и василичарски песни, водичарски, лазарски, велигденски, ѓурѓовденски песни и др. Дел од овие групи на песни спаѓаат во делот на ороводни песни, на чија мелодија се играат ора. Такви се, на пример, велигденските песни кои се со тематика од моменти од животот 177
Сопствени теренски истражувања. Соговорник: Михајло Тасески, роден 1941 година во с.Мислешево, живее во с.Мислешево. 88
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
на Исус Христос. Тие песни не се свират со никаков инструмент, туку за велигденските собори ги пеат најчесто жени и истите ги играат. Секогаш тоа биле ора од типот на Лесното. Во оваа група спаѓаат и лазарските ороводни песни, кои се пеат за празникот Лазара. Текстовите се наменети за желби за здравје, среќа и бериќет на поединците и на фамилијата. Сите ороводни песни се играат во отворен круг, движејќи се кон десно. Тие ора ги играат и ги пеат само жени. Мажите биле исклучени од ороводното пеење, освен при обредните песни за Василица, Коледе и сл. Денес орската традиција на Струшко Поле е сведена на минимум. Многу од старите народни ора, ороводни песни и обичаи се заборавени, а истите се заменети со влијанија од градската култура, но, исто така, доста се измешани со ората, песните и обичаите на доселениците од дримколските села. Тешко е денес да се забележат етнокореолошките карактеристики на орската традиција во Струшко Поле. Често се случува самите полјани да не можат да увидат дали нештото е автохтоно или е преземено од доселениците, бидејќи влијанијата своеволно и со драго срце ги прифатиле како да се нивни. Резиме Малиот предел Струшко Поле спаѓа во југозападното играорно подрачје, односно во Брсјачката етнографска целина. Во него спаѓаат селата: Ложани, Враништа, Драслајца, Мороишта, Биџево и Мислешево. Покрај овие села, спаѓаат и голем број на други села, кои се населени со Албанци (Геги и Тоски) и торбеши, но овој труд има цел да ги објасни карактеристиките на орската традиција само кај православните Македонци од овој предел, но и да даде податоци за традиционалните ора, инструменти, народни носии, празници. Орската традиција во Струшко Поле, гледана од етнокореолошки аспект, се карактеризира со круто и тромо играње кај мажите со можност на повеќе лична импровизација во играњето, како и нежност, елеганција и грациозност во женското играње, но без посебни украси и истапувања. Значајни празници за овој предел, кога се собирале на играње, се: Василица, Водици, Лазара, Велигден, Ѓурѓовден, како и селските слави и за време на свадбените циклуси. На тие празници луѓето излегувале на средсело со нивните преубави носии, кои доста се разликуваат од соседните предели, и ги играле нивните омилени ора и песни, проследени најчесто со гајда, а во поново време и кларинет (гарнета) и тапан. Дел од ората кои се играле на тие собори биле: Мороишкото, Старското, Бабето, Низамчето, Влашкото, Корчанското, Вртеното, Гајда, Ситно оро, Еленото оро, Пајдушката и др. Иако Струшко Поле има, главно, сличен репертоар на игри скоро со целото југозападното играорно подрачје, сепак, се разликуваат детали во стиловите на играње, украсите при играњето, држењата на рацете и телото, поставеноста во орото и 89
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
други етнокореолошки карактеристики кои поопширно ги опишувам во оваа моја дипломска работа. Summary The small region of Strushko Pole belongs to the South-west folk-dancing area i.e in the Brsiak ethnographic ensemble. It comprises the villages: Lozhani, Vranishta, Draslaica, Moroishta, Bidzevo and Misleshevo. Other than these, there is a vast number of other villages which are inhabited by Albanians (Gheg and Tosk) and muslim Macedonians. However, this work is only about the characteristics of folk- dancing of orthodox christian Macedonians in this area, as well as data connected to the traditional folk-dancing, instruments, traditional garb, important holidays etc. The tradition in folk-dancing in Strushko Pole, seen by an ethnochoreologist's point of view, is characterized with stiff and slow dancing by the men, with the possibility of personal improvisation while dancing on behalf of women, as well as softness, elegance and grace, yet with no special embellishments or complex segments in the choreography. Significant holidays in this area when people gather for dances are: Vasilica, Vodici, Lazara, Easter, Gjurgjovden as well as the villages' Saint's days and during the weddings' cycles. During these holidays people gather at the village green dressed up in their best traditional garb which differs from the other areas. They dance their favorite folk dances and songs most often followed by back pipes, and recently by clarinet and a drum. Part of the folkdances played in these gatherings were: Moroishko, Starsko, Babeto, Nizamche, Vlashko, Korchansko, Vrteno, Gaida, Sitno Oro, Eleno Oro, Pajdushko etc. Although the dance repertoire of Strushko Pole is similar to the whole South-west folk-dance area, yet there are differences in details in the dancing style, the decor, the holding of hands and body posture, the position of the dancers and other ethnochoreologic characteristics that I have broadly described in my diploma work. Библиографија Димоски Михајло (1973) Прилог кон проучување на варијантите на ората и ороводните песни од типот на Лесното во Струга и Струшко, Македонски фолклор, год. VI, бр. 11, ИФ „Марко Цепенков“, Скопје. Димоски Михајло (1973) Лазарските ороводни песни во Струга и Струшко и нивните етнокореолошки карактеристики, Македонски фолклор, год. VI, бр. 12. ИФ „Марко Цепенков“, Скопје. Димоски Михајло (1977) Македонски народни ора, Наша книга, Скопје.
90
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Димоски Михајло (1996) Народните ора и орската традиција, Етнологија на Македонците, МАНУ, Скопје. Јаневски Владимир (2010) Главни карактеристики на играорните подрачја, Семинар за традиционална музика и игра, Зборник на трудови 2, НУЦК, Битола. Јаневски Владимир (2013) Етнокореолошки карактеристики македонските народни ора, ИФ „Марко Цепенков“, Скопје.
на
Јанковиђ Љубица и Даница (1947) Охридске народне игре, Народне игре 4, Београд. Информатори 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9.
Жупаноска Вера, родена 1940 година во с.Ложани, мажена и живее во с.Ложани. Костеска Ратка, родена 1928 година во с.Драслајца, мажена и живее во с.Драслајца. Ристеска Ратка, родена 1936 година во с.Мороишта, мажена живее во с.Мороишта. Ристески Тоде, роден 1934 година во с.Мороишта, живее во с.Мороишта. Спасеска Ѓурѓа, родена 1938 година во с.Ложани, мажена и живее во с.Ложани. Стојаноска Младенка, родена 1934 во с.Драслајца, мажена и живее во с.Драслајца. Стојаноски Филип, роден 1953 година во с.Враништа, живее во с.Враништа. Стојческа Наумка, родена 1943 година во с.Волино, мажена и живее во с.Биџево. Тасески Михајло, роден 1941 година во с.Мислешево, живее во с.Мислешево.
91
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
78.085.7:791.2 (497.)
178
Стојанче КОСТОВ
НАРОДНИТЕ ОРА ВО ФИЛМУВАНИТЕ ВИДЕОЗАПИСИ НА НАЦИОНАЛНИОТ ФИЛМСКИ ФОНД НА КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА Апстракт:Видеоматеријалите, кои содржат податоци за орската традиција во минатото, претставуваат најрелевантен документиран материјал за етнокореолошката наука. Во овој случај направен е обид хронолошки да се претстават филмуваните видеозаписи на Националниотфилмски фонд на Кинотека на Македонија, на кои се забележани народни ора. Клучни зборови:филмувани извори, народни ора, видеозапис, аудио-визуелен запис. Видеозаписите претставуваат визуелен приказ на ората од различни временски периоди, преку кои можат да се анализираат народните ора од најразлични аспекти. Филмуваниот извор, овозможува точно и прецизно да се согледаат стилските карактеристики на едно оро, да се воочи половата застапеност, карактерот на ората, да се согледа антрополошката поставеност на секој учесник во самото оро како и улогата на поединецот да се анализираат игроорните обрасци, да се анализира должината на игроорната и музичката фраза и др. Сепак, за да може да се анализираат ората од сите споменати аспекти, неизбежно е еден видеозапис да биде проследен со звук. Доколку видеозаписот е без звук, тогаш одредени аспекти е невозможно да се анализираат како на пример, музичката придружба, песната придружена со орото итн. Филмуваните записи кои се предмет на обработка ги нудат и двете категории – неми видеозаписи без звук, кои се снимени во почетокот на XX век, како и аудио-визуелни записи кои се снимени кон средината на XX век. Во текстот ќе се направи краток хронолошки преглед на поголемиот дел на филмуваните извори поврзани со народните ора почнувајќи од првите видеозаписи во почетокот на XX век, па сé до записите кои се направени во поново време, кои се наоѓаат во Националниот филмски фонд на Кинотека на Македонија. Значајно е да се напомене дека во прегледот ќе бидат вклучени и режираните филмски остварувања, во кои се испреплетуваат ора од различни играорни подрачја, како и стилизирани ора. 178
М-р Стојанче Костов, магистер по етнокореологија, Институт за фолклор ,,Марко Цепенков”, Скопје, ул. ,,Рузвелтова”, бр.3, 1000 Скопје, ул. ,,Добромир Хрс”, бр 40, 1000 Скопје, stole_kostov88@yahoo.com 92
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Првите видеозаписи кои содржат традиционална игра, снимени во почетокот на XX век од браќата Манаки, претставуваат база на етнокореолошката наука. Тоа се првите видеозаписи на просторот на Македонија. Браќата Милтон и Јанаки Манаки со својата камера овековечуваат значајни кадри од традиционалните игри во периодот од 1905 до 1911 година. Нивната работа, главно, се состои од снимање на разни обредни содржини и тоа во Битолско – прилепското поле и делови од јужно-македонскиот простор.179Предмет на нивно интересирање биле повеќе влашките ора, поточно во нивниот прв кадар се појавуваат традиционални игри на Власи. Насловот на филмот е Влашко оро на кој се снимени Власи кои прославуваат верски празник. Целата прослава, односно народните ора се забележани на голема ливада, каде мажите и жените играат оро без музичка придружба. Најверојатно се работи за ороводна песна која ја изведуваат дел од учесниците на орото. Овој краток филм не е лоциран со точна година и се води како период помеѓу 19051911.180 Видеозаписот насловен како Селска свадба потекнува од истиот период. Овде се претставени обичаите на македонското и на влашкото население кои биле особено интересни за браќата Манаки. Овде треба да се истакнат свадбените обичаи, не само чинот на венчавањето, туку и сите останати придружни церемонии и манифестации, што му претходеле или пак, следувале на самиот свадбен обред. Сите наведени случувања се забележани на овој филмски материјал врз примерот на една влашка свадба, каде се сретнуваат и традиционални влашки ора.181 Првиот видеозапис на кој се прикажува галичка свадба се претпоставува дека е снимен во периодот од 1939 - 1940 и е насловен како Галчник.182 Авторот на филмот е Сифрид Миладинов. Филмот е снимен во лето, кога печалбарите се враќаат во своето родно место, а низ сите кадри карактеристична е раздвиженоста на селаните кои се облечени во народни носии. Во продолжение се снимени дел од обичаите на една галичка свадба.183 На крајот, во еден краток кадар, се забележуваат жени облечени во галичка носија, кои играат оро, при што се држат за рака.184 179
Константинов, Павле,Браќа Манаки, Скопје, 1982, стр. 130-154. Каталог на националниот филмски фонд 1905-2000, Кинотека на Македонија, Скопје, 2001, стр. 17. 181 Исто, стр. 24 182 Исто, стр. 33 183 Карактеристично за галичката свадба е тоа што таа традиционално се одржува еднаш во годината, секогаш на Петровден. Следуваат кадри во кои дефилираат невестата и младоженецот во народни носии опкружени со многуброен народ, низ кои се прикажуваат традиционалните свадбени обичаи (цитирано според: Каталог на националниот филмски фонд 1905-2000, Кинотека на Македонија, Скопје, 2001, стр. 33). 184 На видеозаписот не може да се препознае кое оро го играат, поради фактот што станува збор за нем видеозапис, односно запис без звук. 180
93
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Понатаму, како значаен видеозапис каде можат да се забележат народни ора е филмот со наслов Пред октомвриските фестивали 1948185. На овој филм се забележани мотиви од битот на македонскиот народ, преку неговата народна уметност презентирана со ткаенините, резбата, архитектурата, земјоделските култури, па сé до народните песни и ора, кои културно-уметничките друштва имаат можност да ги прикажат на фестивалите во Битола и Штип.186 Овде се прикажани машкото оро Тешкото,187Чифте чамче, како и машките обредни поворки Русалии.188 Филмот со наслов Миравска свадба189, кој е снимен во 1953 година, ги прикажува свадбените обичаи во селото Миравци, во близина на Гевгелија, кое припаѓа на етничкиот предел Бојмија. Филмот, кој е во продукција на Вардар филм, го прикажува целокупниот свадбен циклус, од бендисување, наводаџиство190, до фрлање погача, дарување на свекорот и машко дете, земање дарови, поздравување со кумот, гледање низ прстен.191 Во последните кадри од филмот се забележуваат мажи и жени кои играат оро кое е од типот на лесните, рамни ора, при што се држат за 185
Филмот е во продукција на Вардар филм – Скопје, а сценариото и режијата се на Благоја Дрнков. 186 Каталог на националниот филмски фонд 1905-2000, Кинотека на Македонија, Скопје, 2001, стр.40. 187 Овде станува збор за општо познатото машко оро Тешкото, кое потекнува од западното игроорно подрачје, поточно од мијачките предели.Најмногу се играло во селата Лазарополе, Гари и Галичник, а најчесто било придружувано на традиционалните музички инструменти тапан и зурла, а понекогаш орото било придружувано и со две зурли, чии специфични звуци на овие трдиционални инструменти ја надополнувале атмосферата креирана од страна на играорците. Значајно е да се напомене дека ова е првиот видеозапис од орото Тешкото за кое претходно немало видеоизвор. 188 Русалии се машки обредни поворки кои се извдеувале во периодот на дванаесетте некрстени денови од Божиќ до Водици. Се верувало дека во тој период владееле нечистите сили и разни зли духови, самовили, караконџули кои шетаат по куќите за да им наштетат на луѓето. Овие ритуални групи своите ритуали ги извршуваат во обредното време, со цел да се заштити човекот и сé што е живо од разни зла, како и да придонесат за општата благосостојба на луѓето (цитирано според: Величковска Родна, Презентирањето на русалиските игри на фестивалите во Република Македонија и надвор од неа, Годишен зборник – Факултет за музичка уметност, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип, 2011, стр. 145). За Русалиите види повеќе во: Кличкова Вера, Русалиски обичаи во Гевгелиско, Македонски фолклор, II/3-4, 1969,Скопје. 189 Овде станува збор за режиран филм,односно за реконструкција, а не за суров теренски материјал кој е необработен, како што тоа е случај со филмовите на браќата Манаки. Сценариото и режијата на филмот се на Јово Камберски, камера Бранко Михајловски, музика Живко Фирфов, додека музиката ја исполнува симфонискиот оркестар на гарнизонот во Скопје – диригент Саво Челевиќ. Целта на филмот е да се прикажат свадбените обичаи од селото Миравци кои изумираат. 190 Стројникување или запросување на невестата преку стројници. 191 Каталог на националниот филмски фонд 1905-2000, Кинотека на Македонија, Скопје, 2001, стр.60. 94
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
рамо. Инструменталната придружба на орото е со две зурли и еден тапан.192 Уште еден филмуван материјал го прикажува машкото оро Тешкото, а тоа е филмот со наслов Комитска легенда, снимен во 1955 година, во продукција на Вардар филм – Скопје.193 Преку филмот се прикажани отпорот и борбата на македонскиот народ против турското ропство, предадени преку народните ора Тешкото и Комитското194. Еден од најзначајните филмски материјали претставува филмот Ритам и звук195 снимен во 1955 година, каде се претставени голем број на народни ора и песни од цела Македонија во изведба на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија - Танец. Во филмот се забележуваат повеќе ора кои во тој период биле на репертоарот на Танец.Овде можат да се забележат женското оро Чамчето196, потоа машките ора Беранче197,Старотиквешко198, Арамиско199, Русалии200, Комитско, Калајџиско, Зајачко201,Чучук202. 192
Во споменатиот кадар невозможно е да се чуе мелодијата која ја свират зурлите, како и ритамот на тапаните, поради тоа што во заднина се слуша музика која ја предвидел авторот на музиката на овој филм. 193 Каталог на националниот филмски фонд 1905-2000, Кинотека на Македонија, Скопје, 2001, стр.66. 194 Во ансамблот Танец играта е пренесена од Емануел Мане Чучков во 1950 година, додека пак кореографската обработка е направена од Данчо Ефтимов во 1954 и Аспарух Хаџи Николов во 1955 година. Оваа игра му припаѓа на источното игроорно подрачје, во која е прикажан само еден фрагмент од борбата на комитите против турскиот аскер, доловена преку драмски елементи и ора базирани на оригинални игроорни образци. 195 Филмот е во продукција на Вардар филм – Скопје, сценариото и режијата се на Трајче Попов, снимател Љубе Петковски, композитор Живко Фирфов. Игрите и песните ги изведува Ансамблот за народни игри и песни на Р. Македонија Танец, под раководство на Емануел Чучков. Музиката ја исполнува Симфонискиот оркестар при Македонската филхармонија и народен оркестар под диригентство на Живко Фирфов. 196 Орото Чамчето или Женско чамче е соборско женско оро, кое припаѓа на типот на ора наречени Чамчиња. Ваквите ора започнуваат бавно, достоинствено и слободно, со смирени чекори кои во ритмичниот дел се забрзуваат. Игроорниот образец е претставен со бавни чекори, исполнети со грациозност, смиреност и со достоинствени движења, кои имаат за цел да ја прикажат убавината и патријархалноста на мијачката жена (цитирано според: Китевски, Марко; Величковска Родна, (2015). Танец, Душата на Македонија, НУ Ансамбл за народни игри и песни на Македонија ТАНЕЦ, Скопје, стр. 72). Сценски адаптираната кореографија која се изведува на снимката е на Рафе Жиковски. 197 Орото Беранче е едно од најстарите машки ора на репертоарот на ансамблот Танец и едно од неколкуте ора, кои продолжиле, со мали измени, да се изведуваат сé до осумдесеттите години на XX век. Карактеристично за него е тоа што се игра во отворен круг, во парови, при што играорците нагло, брзопотезно ги креваат рацете високо како и по наизменично кревање на учесниците во текот на играта. (цитирано според: Китевски, Марко; Величковска Родна, (2015). Танец, Душата на Македонија, НУ Ансамбл за народни игри и песни на Македонија ТАНЕЦ, Скопје, стр.67). 198 Орото Старотиквешко потекнува од етничкиот предел Тиквеш или Тиквешко. Орото го изведуваат мажи кои се држат за рамо, а во забрзувањето рацете им се слободно 95
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Филмот Мариовска свадба203, кој е снимен во 1966 година, ги опфаќа свдабените обичаи од Мариово каде се презентирани претсвадбарските обичаи, како и оние обичаи една недела по нејзиното завршување. Според богатството на обичаите што произлегуваат од овој крај на Македонија, а коишто се одвиваат во рамките на свадбарските свечености, неминовно следува заклучокот дека станува збор за апсолутно изворна варијанта. Сите свадбени обичаи кои се карактеристични за Мариово се опфатени во овој филм. Од стројникување, договарање за свадба, канење на умрените предци, бричење на младоженецот, потоа облекување на невестата, дарување на невестата со венчални чевли и чорапи до заигрувањето на свадбарските ора. Кон крајот на филмот се играат неколку ора од типот на Лесното што ги играат мажи и жени мешано, а инструменталната придружба е на две гајди. Значајно е да се напомене играњето на Нунковото оро кое го води кумот, а се игра кога го испраќаат кумот од куќата на младоженецот. При играњето на ова оро се пуштени. Станува збор за типично машко оро кое е составено од пет дела во кои има градација на темпото од бавно кон брзо (цитирано според: Димоски, Михаило, (1977). Македонски народни ора, Институт за фолклор, Скопје). 199 Арамиското оро името го добива по арамиските опасни банди, кои ги напаѓале богатите селани и карваните на богатите трговци во Македонија, во XIX и XX век. Тоа е традиционално македонско оро во кое со мимички движења се претставени нападите на арамиите, преку нишање, пукање со пиштол, паѓање на колена и други слични драмски елеменити. Орото припаѓа на југозападното игроорно подрачје, а за прв пат на репертоарот на ансамблот Танец е поставено во 1950 година, презентирано од страна на Славејчо Илчев и на Христо Северот кој ги поставил стапките (цитирано според: Китевски, Марко; Величковска Родна, (2015).Танец, Душата на Македонија, НУ Ансамбл за народни игри и песни на Македонија ТАНЕЦ, Скопје, стр.66). 200 Русалии или Русалиска игра на репертоарот на Танец е поставена од играорци од Гевгелија во 1952 година, додека пак кореографски е обработена од Блаже Велевски и Душко Георгиевски, а пак музичката обработка е на Ѓорѓи Димчевски. Оваа кореографска постановка претставува обредна игра којашто е интересна и уникатна по својот карактер. Ансамблот Танец ја изведува како адаптирана игра за две машки играорни групи (цитирано според: Китевски, Марко; Величковска Родна, (2015).Танец, Душата на Македонија, НУ Ансамбл за народни игри и песни на Македонија ТАНЕЦ, Скопје, стр.86). 201 Зајачкото оро е дел од кореографијата Џамала сценски адаптирана од Светлана Ќириќ и музички обработена од Драган Даутовски. Ова оро има шеговит карактер и го играат мажи при што со клекнувањата имитираат скокање на зајак. Треба да се напомене дека станува збор за стилизирано оро. 202 Орото Чучук потекнува од пределот Скопска Блатија и е типично машко. Во текот на орото држењето е за раце, а во одреден момент, кога се прават клековите и вртешките, рацете се пуштаат слободно. Орото се игра во умерено и во брзо темпо, изобилува со потскоци, доскоци, вртење на телото околу својата оска и клекнувања (цитирано според: Димоски, Михаило, (1977). Македонски народни ора, Институт за фолклор, Скопје). 203 Филмот е во продукција на Етнолошкиот музеј – Скопје, сценариото е на Вера Кличкова. 96
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
шегуваат со него при што, на вратот му оставаат венец од кромид и пипер. Во текот на целото оро настанува голема смеа и бука, така што надалеку се знае дека се испраќа кумот. Нунковото оро, според игроорната структура, спаѓа во типот на лесните ора, кое во овој случај е придружувано со две гајди. Филмот со наслов Гоцев ден204, снимен во 1974 година, претставува приказ на одбележувањето на 100- годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, преку низа културни манифестации како што се: Гоцеви денови, Илинденски денови, 10 дена Крушевскарепублика и др. Споменатиот филм е од големо значење за етнокореологијата поради фактот што се забалежуваат кадри од еден од најголемите фолклорни фестивали во Македонија, а тоа е Републичкиот фестивал за народни песни и игри Илинденски денови – Битола. Всушност, се работи за почетокот на фестивалот каде, по традиција, се изведува орото Комитско, но се преплетуваат и кадри од останати играорци учесници на фестивалот. Иако на филмот се проследени само сегменти од фестивалот, значајно е да се каже дека овој филм е единствениот од фестивалот во Битола, кој се наоѓа во Националниот филмски фонд на Кинотека на Македонија. На крајот накратко може да заклучиме дека дел од записите претставуваат суров материјал на кој се регистрирани актуелните случувања од теренот, каде се регистрирани народни ора, обредни игри или свадбени обреди, кои се изведувале во моментот на снимањето, со актуелните учесници. Додека пак дел од записите имаат авторска заднина, односно или се реконструкција на одреден обичај, или собор, или се комплетно авторско дело на сценаристот и режисерот со компоненти од традиционалната култура. Сепак, и двете категории на видеозаписи претставуваат значаен релевантен извор преку кој во иднина можат да се вршат системски проучувања од областа на етнокореологијата. Summary The videos represent a visual display of dances from different time periods, through which can be analyzed folk dances from various aspects. The video source enables us to recognize the stylistic features of a dance, to realize gender representation, character dances, to perceive the anthropological structure of each participant at the very dance and the role of the individual, to analyze the dance patterns etc.The text will make a brief chronological overview of the majority of the video sources associated with folk dances found in The National Film Fund of Cinematheque of Macedonia. 204
Филмот е во продукција на Вардар филм – Скопје, сценариото е на Кочо Недков и Љубе Петковски. 97
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Библиографија: Величковска, Родна, (2011). Презентирањето на русалиските игри на фестивалите во Република Македонија и надвор од неа, Годишен зборник – Факултет за музичка уметност, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип. Димоски, Михаило, (1977). Македонски народни ора, Институт за фолклор, Скопје. Каталог на националниот филмски фонд 1905-2000, (2001). Кинотека на Македонија, Скопје, Китевски, Марко; Величковска Родна, (2015).Танец, Душата на Македонија, НУ Ансамбл за народни игри и песни на Македонија ТАНЕЦ, Скопје. Кличкова, Вера, (1969). Русалиски обичаи во Гевгелиско, Македонски фолклор, II/3-4, Скопје.
98
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
745.51 (497.714)
1
Драгица ЧЕКОРОВСКА
КОПАНИЧАРИТЕ ОД ЗЗН „СТАРИ ЗАНАЕТИ“ ОД НЕГОТИНО Апстракт: Творењето на копаничарите од Неготино и нивното настојување традицијата на уметничката обработка на дрвото да добие нова функција во современиот живот, овозможило поврзување и непрекинат континуитет во развојот на македонската резба. Денес, кога резбата доживува нов подем, во таа симбиоза од суштински елементи битни за нејзиниот развој, главно архаичните и апстарктните форми изработени со врвна стилизација, ја поттикнуваат и ја даваат новата, современа уметничка димензија со која совршено се вклопува во модерниот начин на живот. Во Oпштината Неготино развојот и континуитетот на копаничарството го започнале, го одржуваат и негуваат копаничарите од Здружението на занаети од Неготино ЗЗН “Стари занаети“ кое е формирано во 2004 година. Клучни зборови: Копаничари, Здружение на занаети од Неготино ЗЗН „Стари занаети“ од Неготино, израз на врвна уметност на дрвото. Копаничарството како занает отсекогаш било израз на врвна уметност изработена од рацете на обичниот човек кој на парчето дрво успеал да му даде убавина, живот, практична намена. Старите занаети се потврда за нашето историско траење, материјалната култура, уметничките вредности. Тие сé уште живеат, се негуваат во ателјето на Здружението на занаети од Неготино ЗЗН “Стари занаети“ , кое е дом на еснафите, место на кое опстојува резбата преточена во уметност. Копаничарите од Здружението „Стари занаети“ од Неготино спаѓаат во новата генерација на резбари на оваа територија коишто покажуваат доблесно ниво на творечка амбиција, висок степен на креативна енергија, упорност и трпеливост во остварувањата на своите композиции и замисли. Реално кажано, оваа генерација има големи познавања од областа на резбарството, го познава патот на тајните на резбарската уметност и на тој начин ги остварува своите имагинации и фантазии во обликувањето на дрвото. Копаничарството, или дрворез-уметност во која целосно се внесува душата на резбачот, традицијата на народот на кој припаѓа, обележјата на времето во кое создава, својата душа ја презентира преку вештината и техниката од своите раце кои го преобликуваат парчето дрво. _______________________________ 1 Драгица Чекоровска, етнолог - виш кустос во ОУ Музеј на град Неготино, ул. Маршал Тито бр.119-Неготино. Адреса на авторот ул. Илинденска бр.117-1/13-Кавадарци, e-mail: dcekorovska@yahoo.com. 99
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Копаничарството е уметност, а потоа можеби и занает, поради употребата на техника и алати кои можат да ја повторуваат веќе изработената форма. Проценката е според длабочината на резбата и тврдоста на дрвото, но тоа се однесува на трудот, сепак, восхитот и пораката говорат најмногу за изработеното.За да биде уметноста што помакотрпна, според кажувањата на копаничарите од Неготино, оревот е дрво за резба. Повеќето занаети изумираат во Македонија, но копаничарството, прифатено како занает, има свои приврзаници, уметници, творци и уживатели и денес. ПОЧЕТОЦИТЕ НА ЗЗН „Стари занаети“ На полето на копаничарството во последните две децении од дваесет и првиот век, резбарската уметност доживува ренесанса и подем, и тоа речиси на целата територија на Македонија. Иако можностите за автоматизација и компјутеризација даваат зачудувачки резултати при обработката на дрвото, не се смалува интересот за копаничарството, тоа што е резултат на рачна обработка на дрвото и бројот на копаничарски мајстори сé повеќе се зголемува. Таков интерес и амбициозност кон рачна обработка на дрвото во Општината Неготино се јавува кај Лилјана Василева, Митко Василев, Сашко Јанев, Сашко Орешков, Гоце Петров, сите од Неготино, и Васко Цеков од Демир Капија, кај кои, воедно, се јавува и идеја за формирање на здружение. Тие се основачи на Здружението на занаети на Неготино ЗЗН „Стари занаети“, кое фигурира како правен субјект со свој печат, претседател, секретар, управен и надзорен одбор од април 2004 година, а свечено отворен и ставен во употреба во септември 2004 година. Ова здружение ЗЗН „Стари занаети“ е второ здружение на копаничари во Македонија по формирањето на ЗКМ – Здружение на копаничари на Македонија во 1993 година. Во текот на своето формирање имаат голема поддршка од локалната самоуправа во Општината Неготино кои несебично се залагаат за создавање услови во непречен и континуиран развој на здружението „Стари занаети“ во своето творење. Таа голема подршка од страна на локалната самоуправа на општина Неготино се состои во создадените услови за работа во 150 метри квадратни работен простор кој се наоѓа во центарот на градот, простор познат како ателје кое е доволно за сместување на сите неопходни работи за непречено творење. Својот ентузијазам, желба за работа, желба за постигнување скалило погоре, покрај тековната работа, копаничарење, ја остваруваат со изготвување на проекти во соработка со Општината и преку Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој и добиваат донација за инвентар за опремување на ателјето, работни маси, машини за обработка на дрвото, донација за електрифицирање, водовод и сл.
100
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Таблата којашто стои на влезот од работилницата на „Стари занаети“
Слични меѓународни проекти за поддршка на здруженија доставуваат и до Балканската Федерација за млади и спорт и Мировниот корпус коишто им ги одобруваат проектите и коишто најчесто се состојат во донирање на алати и други работни материјали. Вака опремени и формирани како сериозно здружение почнуваат не само со творење и создавање на копаничарски дела, туку и со вршење на обука на кадар од регионот кој е заинтересиран за создавање на копаничарски дела. Работниот простор на здружението „Стари занаети“ од Неготино
Работните маси на копаничарите
101
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Работните маси на копаничарите
Покрај соработката со локалната самоуправа, здружението “Стари занаети“ има одлична соработка и со Општинската установа Музеј на град Неготино каде што од 2004 година редовно ги изложуваат своите копаничарски дела. Како резултат на добрата соработка со овие институции се дојде до идеја на религиозниот празник Св.Трифун, кој веќе наголемо се празнува во Општината и веќе станува препознатлив бренд, како дел од празничната програма на локалната самоуправа копаничарите од здружението да имаат традиционална изложба која ќе се одржува секоја година по повод празникот Св.Трифун во просториите на Музеј на град Неготино. Изложбена активност во Музеј на град Неготино, 2012 год.
Свечено отворање на изложбата на копаничарите по повод празникот Св.Трифун Неготино, 2013 година
102
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Свечено отворање на изложба на копаничарите, 2015 година
Од изложбата во Музеј на град Неготино, 2017 година
Својата творечка активност покрај традиционалната изложба во Музеј на град Неготино, копаничарите од здружението ЗЗН „Стари занаети“ ја одржуваат и со учества и организирање на групни и самостојни изложби во Кавадарци, Гевгелија, Скопје, Охрид, учество во Базар на ракотворење во Скопје, одржување на курсеви од областа на копаничарството. Од шест копаничари-основачи на ова здружение, денес достигнува до бројка од околу 20-тина постојани членови и тоа Лазар Стојков, Киро Ристов, Ване Недев, Ване Стојков, Јанко Трајковски, Ване Петридов, Томе Стојков, Ристе Јованов, Кристина Лостова, Кирил Цветков, Трајче Трајчов, Никола Василев и др., и постојаната обука на млади копаничари кои својата творечка визија ја гледаат во ова здружение.
103
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
МАТЕРИЈАЛ И ТЕХНИКИ НА ИЗРАБОТКА – ВИДОВИ КОПАНИЧАРСКИ ДЛЕТА Материјалот кој што го користат копаничарите од здружението ЗЗН „Стари занаети“ од Неготино, мора да биде суво и цврсто дрво, и затоа најчесто одбирале орев и тоа сушен неколку години. Најпрво дрвото го фиксираат за цврста подлога (работна маса) и потоа на него со молив се нанесува мотивот. Потоа со машина се длаби дрвото, така што ќе остане само мотивот. Длабењето се врши грубо со поголеми длета. А потоа фините детали се длабат со помали длета. Се настојува целата резба да биде од едно парче дрво, бидејќи, ако е составувано, постои опасност составените делови да се раздвојат. За длабење на дрвото користат метални длета и дрвени чекани во различни големини. По својата форма на стеблото, длетата можат да бидат прави, криви и лајчести, според отисокот кој го оставаат можат да бидат: прави, лаковидни, “U” образни и “V” образни. Длета според формата на стеблото и отисокот: Право (плоснато) длето. Отисокот на ова длето е права линија и ширината на сечивото му е 2 до 2.5 мм и нагоре. Правите длета најчесто се користат за засекување за чистење на грунт со движење по права линија или за чистење на заднина и слично. Криво (барок) длето. Според отисокот, овие длета се прави, во форма на лак, “U” и “V” и овие длета се користат за изработка на релјефна, ажурна, скулптурална и други видови резби. Лајчесто (со свиткан врат) длето. Тие најчесто се користат кај длабока релјефна, а може и кај ажурна, скулптурална и други видови на резба. Козја нога (“V“) длето. Името го добило според отисокот кој личи на козја нога. Козја нога според стеблото, може да биде: право, криво и во форма на лак. Овие длета се користат за сечење на “V“ жлебови по линиите од цртежот и други украсни шари. Се користи кај сите видови копаничарски техники. “U” образно длето. Ова длето остава полукружен отисок со подигнати ѕидови. Свитканите длета со “U” образ се барокни длета со кои што може да се прават длабоки канали. Се користи кај сите видови техники. Обратни длета. Тие претставуваат обратно завртени длета, со обратно сечење од погоре спомнатите длета. Најчесто се користат лајчести обратни длета.
104
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Копаничарски алатки и длета од ЗЗН “Стари занаети“ -Неготино КОПАНИЧАРСКИ МОТИВИ Црпејќи ги знаењата и искуствата на старите резбарски мајстори, младите резбари, самостојно или во групи, професионално или во своето слободно време, речиси секојдневно го режат, обликуваат и облагородуваат дрвото, оживувајќи ги фантастично замислените композиции, мотиви, шари и орнаменти од флорални и зооморфни елементи, човечки фигури и бројни сцени од религиозниот и секојднев-ниот живот. Во еден вековен творечки континуитет, творештвото на новите резбарски мајстори во себе ги интегрира сите вредности и карактеристики на оваа народна уметност, која продолжува и натаму да се развива и надградува со нови и автентични творечки содржини и изрази. Најзастапени елементи во копаничарството кај копаничарите од здружението „Стари занаети“ од Неготино се: лисјата од винова лоза, гроздовите, цветови и плодови од смокви, афион, даб, разни цветови со гранки и листови, риба, елен, грифон, лав и други митолошки суштества коишто се еден знак за античките корени во копаничарството.
Винова лоза и грозд
Св.Трифун
105
Розета
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Македонија
Два пауна
Богородица
ТВОРЕЧКАТА АКТИВНОСТ НА ЗЗН „Стари занаети“ Творењето на копаничарите од Неготино и нивното настојување традицијата на уметничката обработка на дрвото да добие нова функција во современиот живот, овозможило поврзување и непрекинат континуитет во развојот на македонската резба. Грижливото пренесување од многуте поколенија на копаничари, придонело овој древен македонски занает, декоративната вештина да ја издвои на ниво на уметност и тоа позасилено да се почувствува во 19-от век. Тоа е и периодот кога настанале и врвните уметнички дела, иконостасите од црквите Св. Спас и Св. Јован Бигорски, кои, покрај тоа што пленат со својата раскошна убавина, претставуваат и непресушен извор на уметничка инспирација. Денес, кога резбата доживува нов подем, во таа симбиоза од суштински елементи битни за нејзиниот развој, главно архаичните и апстрактните форми изработени со врвна стилизација, ја поттикнуваат и ја даваат новата, современа уметничка димензија со која совршено се вклопува во модерниот начин на живот. Поучени од искуствата и знаењата на старите резбарски мајстори, копаничарите од „Стари занаети“ започнале трпеливо и со голема вештина да ги вмрежуваат своите мечти и уметничката имагинација, обликувајќи уметничко резбарски творби. За краток период успеваат да создадат поволно тло за заживување и афирмирање на копаничарството во Општината. Резбата, чија традиција била длабоко врежана во нивното битие, ги обврзува со големо внимание да се посветат на индивидуалниот стилски развој и усовршување, при што, покрај традиционалните, ги користат и сопствените искуства кои се исполнети со исклучителна креативност и љубов за резбањето. Во почетните години на интензивно творење, главно, се инспирирани од постарата живописна иконографија и нејзиното претставување многу зависи од стекнатата вештина во копаничењето на дрвото. Во понатамошниот период сигурните раце на копаничарите техниката ја доведуваат до совршено обработување на површините, моделирајќи со плитко режење до фонот до лесно издигнување на орнаментиката како и копаничење до висок релјеф и скрозирање на резбата. Ова стекнато мајсторство ќе им овозможи со голема умешност и истанчен пристап да ги претставуваат и оживеат 106
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
фантастично замислените мотиви, преплет од шари, орнаменти од флорални и зооморфни елементи, како и религиозни сцени. Со секое ново дело во нив расте и нивната желба да се нагласи декоративната компонента, а за таа цел комбинираат со плосно модулирани површини, како и со поткопната и ажурна резба. Притоа го постигнуваат раздвижувањето на одредени сегменти и детали, предизвикувајќи умерена експресивност, која е поткрепена и со чистотата и благородноста на дрвото. Во таа понесеност на сопствена амбиција и афинитет за создавање на уметност која трајно ќе биде вмрежена во дрво, го минуваат својот плоден творечки период, а постојаното трагање по сопствен израз, ги воведува во теми од секојдневниот живот, но и натаму во нови предизвици каде традиционалноста и архаичноста се стопуваат во сферата на апстрактните и имагинарни форми.
Промоцијата на нивното творештво е една од нивните приоритетни задачи. Првите зачетоци на излагање на копаничарските дела од здружението „Стари занаети“, започнуваат од февруари 2004 година, во Музеј на град Неготино, изложба организирана по повод празникот на градот Неготино, Св.Трифун. Оттука започнува и нивната презентација, која ќе прерасне во традиционална, презентирајќи се пред пошироката домашна и меѓународна јавност. Резиме Творештвото на копаничарите од ЗЗН “Стари занаети“ од Неготино и нивното настојување традиционалната уметничка обработка на дрво да добие нова функција во современиот живот, овозможува поврзување на традицијата и непрекинат континуитет во развојот, воопшто, на македонската резба. Во последните две децении на дваесеттиот век, резбарската уметност доживува нова ренесанса и подем, и тоа речиси на просторот на целата Македонија. Се чини дека оваа земја е природно предестинирана и благословена да ја одгледува, шири и развива резбарската уметност. И во ерата на невиден раст и усовршување на автоматизацијата и софистицирани техники и апарати, со зачудувачки и 107
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
неизмерливи можности за производство и замена на човечкиот ум и труд, не се смалува интересот за резбарството, иако тоа исклучиво се работи рачно. Напротив, се чини дека тој број во последно време сé повеќе се зголемува, особено кај младите образувани, интелигентни и квалификувани личности со мошне различни занимања и професионална ориентација. Новата генерација резбарски мајстори, ненаметливо, но бележито, го свртува вниманието на своето уметничко творештво. Нивната творечка имагинативност, со своите емотивни димензии и креативна енергија, чинат хармоничен мозаик со нивната уметничка и творечка дарба, естетска доблест, мечта и мудрост кои се опредметуваат во оние чудесно убави резбарски дела со кои се испишува автобиографијата на авторите, на нивните души и времето во кое тие настанале. Summary The creation of the Macedonian wood carvers and their striving for the artistic wood-processing to gain new function in the modern life, has enabled a binding and a perpetual continuity in the development of Macedonian carving. In the municipality of Negotino, the development and continuity of carving has been maintained and nurtured by the Old Crafts association, which was founded in 2004. Taught by the knowledge and experience from the previous carving masters, the carvers from Old Crafts patiently began to create artistic works by engraving their desires and imagination into wood. Within a short period of time, they managed to create a convenient ground for the revival and affirmation of wood carving in the municipality. The tradition of carving is deeply imprinted in their hearts, obliging them to devote to the individual stylistic development with their great attention. During the first couple of years of intensive creation, the carvers were mainly inspired by the traditional and vivid iconography. Its representation depended on the acquired carving skill. In the following years, the steady hands of the carved surfaces, shallow carving on the backgraound to create the shape, rising up the ornaments easily and carving deeply for a high relief as well. Their own ambition and affinity for creating art, which will permanently stay carved in wood, lead them though a productive and creative period with the constant search for a personal expression, introducing them into topics about everyday life and furthermore to the state when the traditional and the archaic merge into the sphere of abstract and imaginary forms. The promotion of their own work os one of their primary tasks. The exhibiting of the works made by the Old Crafts association began in February, 2004. The host was the Museum of the City of Negotino and this was also the place where they started to present themselves to the broader domestic and foreign audience.
108
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Лилјана МАКАРИЈОСКА
398.3 (497.7) : 582
205
ЗА РАСТИТЕЛНИОТ СВЕТ ВО МАКЕДОНСКАТА ТРАДИЦИОНАЛНА КУЛТУРА Апстракт: Предмет на нашиот интерес е растителниот свет, кој зазема значајно место во македонската обредно-обичајна практика – на некои билки им се припишуваат лековити својства и магиска моќ, а посебно се почитуваат и родните дрвја. И именувањето на билките се должи на определени народни верувања и обичаи, на магиски својства и сл. Некои билки се позастапени во обредите од животниот циклус, во родилната, свадбената и погребната обредно-обичајна практика. Застапеноста на растителниот свет во обредите oд пролетниот циклус е со цел да се осигури здравје за луѓето и животните, односно плодност на растенијата, животните, човекот. Некои билки се користеле како заштита од уроци, други во љубовната магија итн. Клучни зборови: традиција, растенија, билки, обреди, обичаи. Верувањето во чудотворната моќ на растенијата, односно билките е присутно кај сите народи и е одразено во сите религии. Според народното верување, ниту едно растение не е создадено „oд Бога“ без потреба, па оние што не служат за храна имаат лековити и заштитни својства. Лековитите билки заземаат важно место во народната медицина, здравите,жилави растенија, односно дрвја во обредно- магиските дејства, а посебно се почитуваат и родните овошни дрвја, што се одразува во многу обичаи. На пр., на Божик се врзувала слама на овошните дрвја за да раѓаат, а оние кои што не носеле плод се заплашувале со сечење. Осознавајќи ја лековитоста на многу билки кои ги намалуваат болките, лекуваат определени болести, залечуваат рани и сл., болните се лекувале со билни чаеви, кои обично се пиеле изутрина на гладно срце „на ште срце“206. При првото лекување со некоја билка, се практикувало да се фрли лажицата зад себе и, ако паднела ничкум, се верувало дека е доволна 205 Научен советник/ редовен професорЛилјана Макаријоска, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Григор Прличев бр. 5, Скопје ул. Гаврил Константиновиќ, бр. 38, Скопје, makarijoska@yahoo.com 206 Чаевите се подготвувале со варење или со потопување на билните состојки во вода, кои се оставале да преноќат врз ќерамиди или сламен покрив, „на ведрина“ спроти среда, петок или недела. 109
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
таа билка, а ако паднела „на плеќи“ требало да се лекува и со други билки (Крстева 1996: 254). На определени народни верувања и обичаи се должи и именувањето на билките, а при контактот на различни култури честопати се употребуваат исти називи поврзани со определени религиозни, обредни дејства, со верувањата во чудотворната моќ на билките. За македонскиот јазик се карактеристични, на пр.,називите клинечка трева- трева што служи за лекување клиње кај децата; навилница, навилничка трева- билка што се употребува за баење и лекување од болеста нави; сапунарка, сапуника, сапунка, сапунчица, сапуница, сапун трева - лековита билка што пушта сапуница со триење и, според народните верувања, ситно мелениот надземен дел од билката помешан со мед е како „внатрешен сапун“ за отстранување на штетните материи од организмот, за лекување на црниот дроб, слезината (сп. Макаријоска 2014: 42). Постојат и разлики во врска со верувањата и обредите коишто се повеќе или помалку регионално ограничени. Именувањетона некои билки е поврзано со некои народни верувања, со празноверието, на пр., страшниче ‘билка за која се верува дека помага при состојби на вознемиреност, страв, нервоза, срцева нервоза’, со верувањето во лековитоста, благотворното дејство врз некои органи на телото и определени здравствени проблеми се поврзуваат: срцева трева, трева од срце, срченица ‘Potentillaerecta’, билка со срцевидни листови, што помага при нервоза, нервозно срце, додека со верувањето за моќта на билките за баење, гатање, вражање, се поврзани називите вражилак ‘Matricaria chamomilla’, вражалка ‘Stellaria media’, урочна трева ‘растение со кое се бае или кое се носи за од уроци’, чемерлики‘ билки што лекуваат мака, тага’, домочувар, чуваркуќа и домниче‘ растение што се става на влезот од куќата, на покривот или на портата, со верување дека ја чува куќата од секакви зла’, а познат е и називот грлник, зашто се користело за лекување на грлникот, грлото. Со оглед на тоа што определени магиски обреди се повеќе или помалку регионално ограничени, во името на билката е изразено и магиското својство, на пр. со силенот и здравецот луѓето се миеле за да бидат силни и здрави, одземеното млеко кај доилките (и кај кравите) се враќало со тревата вратика итн. Една од најчесто употребуваните билки во македонската обредна практика е босилекот, кој има најширока употреба кај верниците од православна вероисповед, па обично се вели и дека „душата на босилек им мириса“ – со оваа„божја тревка“ човекот се раѓа, живее и умира, па несомнено ниту крштевка, ниту свадба207, ниту погреб не поминуваат без 207 Босилковите обичаи и обреди поврзани со свадбата се присутни кај сите балкански народи, за обезбедување среќа и здравје на младоженците и во муслиманските свадбени обичаи (Качева 2001:337–357). 110
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
босилекот. По раѓањето во водата за капење на новороденчето се додавало гранче босилек, бидејќи и мајката и бебето се изложени на големо влијание на „зли сили“, „лоши духови“ и сл.; шише со крстена вода и гранче босилект.н. молитвена вода од црква се носи за леунката и се става по една чашка во водата наменета за капење на новороденчето за да го штити него, но и неговата мајка; до четириесет дена крај новороденче се оставало гранче босилек; со босилек се кителе невестите за да ги чува од лошо, да ја чува нивната плодност; со босилек се кител деверот на свадбата, а, исто така, и полазеникот кога влегувал во куќата и го честитал Божик; најблиските садат босилек на вечното почивалиште на покојникот итн. Болните биле уверени во лекувачката, исцелителна моќ на босилекот, на пр., болеста „од нави“ ја одметнувале или истерувале со метла и босилек; босилек се користел и при гатање, на пр. за свршувачка и сл. (Качева 2001: 352) Широката употреба на босилекот (босилок) придонесува за појавата на голем број локални називи: босилковина (китка босилкова), бел босилек, базилик, божји цвет или божјо цвеќе, светивода, ранден. Со родилната обредност се поврзани многу магиски постапки. Кога породувањето на родилката било тешко, собата се накадувала со кромид со цел да се изгонат злите демони кои го отежнувале породувањето; покрај жената која имала тешко породување, се оставал вид трева, кој божем наликува, потсетува на раката на св. Богородица т.н. богородич(и)на рака, рака на света Богородицаи од таа трева се правел венец – тревата се оставала да кисне во вода, па од водата ѝ се давало на родилката да се напие и да се измие со неа за полесно да се породи или пак, суви коренчиња од растението се ставале во вода кога родилката ќе почнела да раѓа и, според верувањето, колку побрзо ќе набабреле, толку побрзо таа ќе се породела, ќе се ослободела од родилните болки. Коприва се ставала под перницата на родилката за да ја брани од женски демони кои можеле да ѝ наштетат (Чајкановић 2009: 65). Родилките, за да имаат повеќе млеко, пиеле вода во која додавале разни билки, кои се береле од девет меѓи, па од секоја билка сечеле по малку и додавале и црно вино208. По раѓањето детето требало да се провре низ шип-единак ‘шип што на местото има само еден корен’, па тој се расцепувал на половина, од двата краја се заврзувал со конец и се правел отвор низ кој ќе се провре детето; од трн близнак (две напоредно сраснати гранки) се земало парче и се пришивало на капата на детето како амајлија. Корен од здравец се зашивал во капата на детето како амајлија за да биде здраво и долговечно; 208 Мошне распространето е верувањето декакромидот помага за родилката да има млеко, а посилно е дејството ако родилкатаго изеде на прагот (сп. и Чајкановић 2009: 124). 111
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
здравецот се ставал во вода во која децата се капеле за здравје (и на Ѓурѓовден, Велигден и др. празници). Девојките, кога тргнувале на свршувачка, ставале здравец во пазувите.Со свадбената обредност се поврзува, на пр., и рузмаринот познат и како китисват, сватовско цвеќе, зашто со него се кителе сватовите, па често се споменува во свадбените песни. Бршленот, како симбол на долговечност, зазема важно место во подготовките за свадбата, со него се украсувало свадбеното знаме (бајрак) и се плетеле свадбените венци од цвеќиња (Вражиновски 2000: 74). Бршленот за плетење на свадбениот венец го берел малиот девер уште во петокот, а венецот го заплетувало истото девојче што го замесило тестото за сваќата – се плетел на лозова прачка свиткана во обрач и се врзувал со „ѓувезен“ конец, а по исплетувањето на бршленот се сечеле резанки од јаболко и се редел еден ред и по доплетувањето одозгора му се ставале пафти како дар на невестата од свекрвата, додека преостанатиот бршлен се собирал во сито и се качувал кај столбот на куќата. Свадбеното дрвце се плетело од 3–5 гранки од родни дрвца, обично дрен, црница, коишто имале чаталки за да се стават јаболка209 што ќе ги јадат младоженците на првата брачна ноќ (Петреска 2000: 344). Калинката како дрво на младоста и на љубовта, исто така, е дел од свадбената обредност, на пр., венецот којшто го носат младите се правел и од калинкови гранки (Вражиновски 2000: 215). Покрај житото, пченицата како основен придружен елемент на погребниот и на постпогребниот обредно-обичаен комплекс210, трновитите растенија во погребните обреди кај Македонците се употребуваат како заштита од демонските суштества (вампири, гробници и сл.), односно од покојниците чие што повторно враќање назад, во светот на живите, се настојува да се оневозможи, па на пр., розата (трендафил) имала значајна улога и симболика во култот на мртвите (Малинов 2002: 283–284). Веднаш по погребот се правеле одредени магиски дејства за заштита на куќата, најчесто се палела смрдевка, смрдливатрева на куќниот праг (Ристески 1999: 86). На верувањето во привлечната сила на оревот за душите на покојните, се заснова и употребата на оревовите гранки на Духовден со кои се чистат гробовите (Наумова 1996: 216). 209 Во свадбената обредна практика и во верувањата јаболкото зазема значајно место, на пр. кога двајца млади ќе си седопаднеле, тие разменувале јаболко, како знак на љубовта; со јаболко се кани на свадба и сл., младоженците јадат јаболко за да имаат деца итн. 210 Употребата на пченицата го симболизира никнувањето на животот од смртта – како што пченичното зрно умира во земјата и потоа од него се раѓа нов живот, така на симболичен начин со погребувањето, покојникот и понатаму ќе живее, но во нови егзистенцијални услови – во задгробниот живот (Малинов 2002:288). 112
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Гробовите се прекривале со листови од орев, а некаде се кителе само крстовите. Во рамките на календарскиот обреден комплекс, при обичаите поврзани со обредниот оган и со горењето на гранчето од бадниковото дрво или Бадникот (за да изгорат сите зла и лоши влијанија), се употребува и дива круша, зашто таа се смета за многу родно дрво. Со листот од бршленот луѓето се чаделе за здравје на Бадната вечер и на Водици (Вражиновски 2000: 74). На Божик наутро со рузмарин се кителе бунарите, рузмарин се ставал во водата во која ќе се кaпеле децата, а, заради силно изразениот мирис, се употребувал и против злите демони (Чајкановић 2009: 105). Обредите со растителниот свет (вегетацијата) биле најзастапени во пролетниот циклус обичаи, кои, според Петреска (1998: 94–96), можат да се поделат на: обреди со вегетација за здравје на луѓето и благосостојба на домот и обреди со вегетација за здравје на добитокот. Во првата група се вбројува магиското опашување со разни растенија за да се пренесе силата на односното растение на човекот, на пр., опашување со дебелика (за да се здебели), обредно миење со вода во која се потопени билките здравец (за здравје) и силен со кој, на пр., се мијат децата на Велигден за да бидат силни итн.;обредите на меѓусебно удирање на луѓето со зелени гранчиња; магиските обреди на девојките за привлекување на момчињата (со леплива трева, лепушка, лепавец за да се „лепат“ на нив) и др. Во втората група се вбројуваат: украсување на шталите каде што се чува добитокот со разни растенија; украсувањето на ведрото за молзење млеко со венец (најчесто од дебелика за да биде „густо“, масно млекото), како и украсување на бутинот во кој се бие млекото со венец од дебелика, бучибутин и други растенија, а потоа венецот се фрлал во вода или се ситнел за закрмување на добитокот. Празнувањето на Летник, почетокот на пролетта, започнувало со берење билки ,„одење по билки“ – оделе и девојчиња и момчиња, береле гранчиња од дрен и леска, на кои им се припишувале различни улоги во обредноста како симбол на здравјето, издржливоста и долговечноста. На Младенци над вратите се обесувале коприви, како растение кое ги одбива несреќите. Во календарската обредност се изделуваат обичаите поврзани со Ѓурѓовден, односно т.н. билјарски обичаи што се изведуваат при берењето на билките вечерта спроти празникот и на денот рано наутро. На Ѓурѓовден се береле: коприва, повит, кукурек, силен, здравец; боз се ставал пред куќата пред влезната врата и утрото на Ѓурѓовден секој, кога ќе станел и излегувал надвор, задолжително стапнувал на бозот за здравје. Со билките се закитувале влезните врати,со венци од ѓурѓовденски билки: ѓурѓевче, млечка, коприва, зелена пченица, здравец(и се оставале таму цела година), со што симболично во домовите се внесувал духот на разбудената природа, а со тоа и надежта за „бериќетна“, родна година. 113
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Спроти Ѓурѓовден се берел јоргован, познат и како велигденско цвеќе со оглед на времето кога цвета, а имало обичај при нишање на Ѓурѓовден и пеење ѓурѓовденски песни да се става под пазуви китка јоргован за здравје, а спроти Ѓурѓовден јоргованот се бере заедно со другите лековити билки (и пред изгрејсонце на Духовден). Познато е китењето на куќите со врбови гранчиња211 на Младенци и на Ѓурѓовден, удирањето на децата со врбови гранчиња за да бидат здрави и силни, како и на добитокот за да се плоди, виткањето на девојките со врбови гранки околу половината за да бидат тенки и стројни како врба. На Ѓурѓовден домаќинката станувала рано, го метела дворот, а потоа берела снопче свежи коприви, па ги врзувала со црвен конец и ги обесувала на вратата за да ги одбива несреќите. Се разликува машки и женски кукурек, а на Ѓурѓовден, за здравје, се береле толку стракови машки кукурек колку што имало машки и толку женски кукурек, колку што имало женски членови во семејството и тоа на туѓ синор, пред изгрејсонце (каде што петел не се слуша, зашто ако се слушне пеењето на петел, кукурекот не дејствувал); вечерта спроти празникот, кога билјарките оделе на билје, барале еден машки кукурек – самак (на едно место да има само еден корен), го врзувале со црвен конец и го оставале да стои преку ноќта, а утрото на Ѓурѓовден пак оделе на билје и тој кукурек со мотика се откопува од корен и со тој корен преку годината се лекуваат разни болести кај добитокот (сп. Макаријоска 2016: 239).Со кукурек се запотнувало по вратите од куќите и плевните, се ставал на креветите, ковчезите, амбарите, стомните, на бутинот, на каците, на бочвите, на плугот, јаремот, на колата итн. Берењето на штотуку изникнатите и разлистени растенија е поврзано со обичајот запотнување, како и со обичајот крмење на стоката, а тие пак со верувањето во магичната моќ на билките. На пр., во македонската традиција билките со кои се изведуваат магиски обреди се береле обично ноќе или рано наутро пред изгрејсонце на празниците: Ѓурѓовден, Еремија, Лазарица, Спасовден, Иванден и др. зашто се верува дека тогаш ѕвездите сами слегуваат на земјата и билките стануваат лековити (Вражиновски 2006: 56, 58). И со Иванден се поврзани многу обичаи поврзани со билките и верувањето во нивната магиска моќ, на пр., сопапратот (Китевски 1996: 142), а берењето папрат е поврзано со верувањето во неговата апотропејска моќ –папратот се сечел над земјата, се ставал во постелата и на него се спиело за здравје. Вечерта спроти празникот жените береле цвеќе и го ставале на ковчезите со облека и др. за да ги чува од молци. Во врска со празникот Цветници се верувало дека тој што ќе си ја измие главата со вода во која имало 1–2 листа здравец, ќе го служи здравјето во текот на целата година. 211 Врбата е симбол на напредок, плодност и подмладување (Вражиновски 2000:118). 114
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
На Велика среда (навечер) се зачадувал добитокот со спалување билки (коприва, здравец, млечка, вратика) за да биде заштитен од болести и од други несреќи; на Велики четврток венец од бутинец, со гранче од слива и коприва, се ставал во бутинот во кој се матело млекото. Сo првото велигденско јајце се капеле вечерта спроти Велигден, заедносo велигденското цвеќе и здравецот за здравје и против уроци (Mилошеска 2000 :99). Познат обичај на празникот Св. Еремија е протерувањето на змии со глог. На Духовден се внесувале билки во црквите, од нив верниците плетеле венчиња кои ги носеле како заштита од демоните. Најсилно заштитно средство од уроци е лукот – на новороденчето му се ставало чешне лук под главата или покрај главата за заштита од „зли очи“, од уроци, за мирен сон. Децата до петгодишна возраст носеле на капата пришиено парчеодцрн глогза заштита од уроци и други нечисти сили; глогов трн, глоговина носела и невестата кај себе за заштита од зли сили; болниот од „далак“, бајачката го водела на буниште (како собиралиштена злите духови што предизвикуваат болести) и таму на демоните на болестите им се закануваласо глоговиот трн, а со глогово колче се протерувала падавица и др.; на капата се пришивалблизнак трнпротив уроци; седефче‘Ruta graveolenѕ’ се ставало во детските пелени особено кога бебињата излегувале од домот за да не бидат урочени. Во многу средини чинот на берењето билки: вратика, кравини боски, огојка, коприва, матерка, корен од капина, полско цвеќе (гороцвет), но и гранчиња од круша, врба, топола (Милошеска 2005: 183), се нарекувал „одење по здравец“,зашто оваа билка има посебна улога во лекувањето, да му донесе здравје на оној што го бере или што го зема. Болните се капеле во вода во која преноќиле здравец, дрен, босилек, па водата се истурала, но здравецот не се фрлал; со истолчен здравец се лекувале и отворени и тешки рани. При капење на болните, особено децата се ставале гранки од глог во врела вода, а за капење во топла вода, покрај други лековити билки, се става и дрвце од дрен (Вражиновски 2006:133). Тегавецоткакозелјесто лековито растение (со широки и рамни листови, т.н. женски тегавец и со тесни листови т.н. машки тегавец), се користел за лекување кашлица, астма, заболувања на желудникот и црниот дроб и др., а свежите листови се користеле при убод од инсекти, за зараснување на рани и др. Дренот со својата цврстина симболизирал здравје, а во некои обредни дејства се употребувал и за заштита од уроци и болести – мошне познат е благословотза здравје „да си здрав како дрен“. Со сончоглед се баело против жолтица, или се пиела вода во којасе вареле лисја од преображенски сончоглед (со други билки); водата во којабило потопено семе од сончоглед била лек против главоболка, а цветот лек против кашлица (Чајкановић 2009: 113). Леската се смета за свето дрво со 115
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
лековита моќ, па на пр., луѓето со душевни, психички проблеми три пати ги вртеле во круг околу леска; листови од леска се потопувале и се вареле во вода, којашто потоа се ставала во водата за капење на болни, или, воопшто, на луѓе „за здравје“ (сп. и Чајкановић 2009: 77); лескова гранка којашто, според народното верување, има заштитна функција се забодувала во нивата посеана со жито, а крстови од лескови прачки се оставале по нивите за да ги штитат посевите од град. Јаворите се сметале за лековити дрвја, на пр., се земале деланки од нив и се вареле во вода, со која потоа се миеле болните (а особено урочените деца); под јаворите (кои не смеат да се сечат, а ги викаат Крст или Покрстени дрвја), доаѓале бездетни мажи и жени (мажите во петоците, а жените во средите), со верба дека ќе добијат потомство; под јаворите се колел курбан, а на нивните гранки се оставале делови од облеката на болните, со верување дека лошите сили или светци ќе ги земаат деловите од облеката, наместо нивните души212. Оревот се користел во исцелителски обреди, на пр., познат е обредот на провлекување на болни низ оревови корења. Папратот се користел за предвидување на здравјето на членовите на семејството (Китевски 1996: 142). Берењетопапрат вечерта спроти празникот Иванден било поврзано со верувањето во неговата апотропејска моќ, а папратот се сечел над земјата и се ставал во постелата и на него се спиело за здравје.На Бадник и на Божиксе гатало со ореви, а според квалитетот на скршениот орев се предвидува здравјето во претстојната година. Верувањето во магиската сила на билките и гранките се зголемувало со тоа што на некои празници (Цветници, Велигден, Духови) се носеле в црква, на благослов. Билките биле користени во магиските дејства, на пр., вратиката, пелинот, невенот, кукурекот, дренот, леската во магијата за љубов, зашто се верувало дека можат да влијаат на човековата судбина, па и да ја пренесуваат љубовта меѓу луѓето. За Иванден се берела вратика за да „свраќаат“ момчиња кај девојките и да се вртат по нив; невестатаго китела своето момчесо невен за да „венее“ понеа; тревата лепавец, лепкавец, лепешка/ лепушка,лепка, лепливатрева‘ Galiumaparine’ девојките за Ѓурѓовден ја врзувале на половината, ја лепеле на облеката за да се лепат момчињата за нив. Девојките на Иванден ставале во лонец со земја неколку зрна пченица, па на Петровден гледале како никнале: ако ’ркулците биле свиени како прстен, верувале дека ќе се омажатво тековната година (сп. и Чајкановић 2009: 87, 97–99, 147). Селенот ‘Lіguѕtіcumlevіѕtіcum’ се употребувал при љубовни гатања, особено на Ѓурѓовден: пред празникот не се берел ниту се 212
На пр., на лековитиот јавор во с. Давидово се оставале разни предмети: кошули, крпи, конци и сл., болните деца се провирале низ отворот и потоа се миеле во водата; под јаворот спиеле болни луѓе, со верување дека нивната болест ќе се пренесе на дрвото. 116
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
мирисал, а на денот сите млади го береле и се кителе со него (на појасот, на ѓердан и сл.), особено девојките за да бидат„мили“; го ставале во вода во која ќе се мијат или капат, и тоа обично со велигденското јајце и, понекогаш со чувар куќа; кога девојката минувала покрај куќата на саканиот, ако посакувала и тој да ја засака, требало со себе да има страк од селен; невестите му носеле на својот маж селен познат и како милодух, за да се милуваат; спроти Ѓурѓовден се берел стракселен и се посадувал во земја и се верувало дека на која страна ќе се наклонел, оттаму ќе дојдат сватови. Девојките за да бидат сакани од момчињата земале и растение татул ‘Daturaѕtramonіum’, го закопувале на раскрсница и таму стоело 40 дена, па го фрлале по момчињата, велејќи: „Колку луѓе минале околу татулот толку момчиња да обиколат околу мене“ (Китевски 2002: 151); кога девојката сакала да го привлече неверното момче, таа му сечела три траги: една фрлала во невен: за да венее за неа, друга во оган за да изгори за неа, а трета во татул(а) – за да пукне за неа како што пука плодот од татул(а) (сп. и Чајкановић 2009: 114). Магичните билки и предмети, со чија помош се баело за момчето да ја засака девојката, се оставале спроти Ѓурѓовден да преноќат под роза (трендафил). Во љубовната магија се користел и сончогледот – на празникот Св. Илија, пред изгревот на сонцето, гола девојка ќе откинела цвет од сончоглед во градината, ќе го пробиела со поголемо вретено и низ отворот ќе го гледала момчето кое посакувала да ја засака и да му го сврти паметот; на денот на свадбата невестата кришум го гледала младоженецот низ сончоглед за секогаш да ја гледа само неа; жената правела дупка во сончогледот и велела „како што сончогледот гледа во сонцето, така и мажот ми да гледа во мене и да ме сака“, потоа го измивала сончогледот и водата му ја давала на мажот да ја испие (Китевски 2002: 152). И смоквата се употребувалаво љубовна магија – спроти Иванден девојката, мислејќи на некое момче, ќе откинела лист од смоква и ќе го ставела на прозорец: ако утредента бил свеж и зелен, тоа значело дека момчето ја сака, а ако бил свенат, тогаш не. Во магиските постапки се мошне застапени и трновитите растенија за кои се верува дека се моќни заштитници од зли демони.За да се спречат злите демони да влегуваат во куќата и да им напакостат налуѓето и на добитокот, вратата се осигурувалана тој начин што се ставало трње, аособено во оние денови кога вештерките и злите демони се најприсутни, на пр.: на Ѓурѓовден се верувало дека демоните не можат да поминат низ трње, зашто тоа ќе ги задржи во себе (Чајкановић, 2009: 118). Според верувањето, потката, што се запотнува со гранки од леска и со кукурек вечерта спроти Ѓурѓовден, требало да ги чува објектите и предметите од разни опасности, болести и други несреќи, а нивите заедно со „бериќетот“ од секаква штета, од пороен дожд, од штетни животни, 117
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
инсекти, болести и сл. Со леска се запотнувале нивите, леите, куќите, плевните и други поголеми објекти. Леската, според народното верување е сигурен заштитник особено од град и гром – волеска гром не удира бидејќи „Господ ја благословил“. Со кукурек се запотнувало по вратите од куќите и плевните, потоа се става на: креветите, ковчезите, амбарите, стомните, бутинот, каците, бочвите, плугот, јаремот, колата итн. Во Мариовско, при стрижењето, според обичајот, рано наутро домаќинката подранувала и носела вода од изворот или реката, берела бусен од тревата огојка, коприва и млечка и со тоа домаќинот ги попрскувал овците, а кога ќе се истрижела првата овца, во нејзиното руно се ставал бусенот од тревата со кој бил попрскан добитокот и се оставала волната на покривот од куќата три дена, па кога ќе се симнел бусенот од тревата се оставал во куќата пред иконата и првото руно посебно се перело, а потоа се земал бусенот трева и се фрлал в река или се оставал кај изворот, додека при замолзувањето, утрото на Ѓурѓовден, се берело млечка, коприва и со лист од јаболкница се врзувале со црвен вoлнен конец, а се ставало и прстен и пара, па се месело буле со отвор на средината и овчарот прво фаќал и молзел црна овца преку прстенот и булето и китката, па потоа и бела овца на истиот начин – по молзењето на двете овци се земало млеко од црната овца и се истурало во устата на белата овца и обратно (за да има еднаков дар кај сите овци), а под ведрото во кое се молзело млекото се закопувало црвено јајце и китката со булето (сп. и Макаријоска 2016: 391, 477–478, 138). Закрмувањето на добитокот се вршело со различни растенија, за кои се верувало дека имаат магиска моќ, на пр., млечајка (за добитокот да го одржи млекото), кукурек, силен, коприва, вратика и др.; добитокот се потерувал на пасење со зелена гранка или коприва (Петреска 1998: 97). Во врска со занаетчиската дејност, на пр., во преспанскиот крајна Иванден рано наутро мажите, жените и децата оделе во лозјата и береле растение наречено наваличе кое го ставале на дуќаните за да „навалуваат“ купувачите (муштериите). Познати се и низа верувања и обичајно-обредни дејства поврзани со изградба на семејната куќа како дел од архаичните, примитивни религиозни сфаќања. Бројните забрани, обредите со растенија и верувањата кои ги следеле процесите на изградбата имале практична функција во процесот на културниот развиток на човекот, ана изградба на куќата влијаеле традиционалните претстави, знаења и верувања низ коишто се изразувал диференцираниот однос кон определени делови, на пр., откако ќе се пристапело кон изведувањето на чатијата на куќата, над слемето се врзувало јаже на кое се ставале подароците кои ги подарувале соседите и роднините, па на највисокиот дел се ставал дрвен крст со венец од цвеќиња, а босилекотбил задолжителен и бил прицврстен со црвен и бел конец. При вселувањето во новата куќа, во раните мугри, машко дете 118
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
стапнувало на прагот со десната нога, па домаќинката влегувала со сито во рацете, а во ситото имало: колак-погача, колачиња и непарен број дренови гранки (Костадиноски 1998: 37). Можеме да заклучиме дека растителниот свет зазема значајно место во македонската обредно-обичајна практика На некои билки им се припишува магиска моќ, во некои е олицетворена некоја религиозна идеја. Застапеноста на растителниот свет во обредите е со цел да осигури здравје за луѓето и животните, односно плодност на растенијата, животните, човекот, а некои од обредите, како, на пр., носење зелени гранки се знак на претстојното воскреснување на растенијата, на пролетта. Резиме Растителниот свет зазема значајно место во македонската традиционална култура, широко е распространето верувањето во лековитата и магиската моќ на билките, па тие се застапени во обредно-магиските дејства, а посебно се почитуваат и родните овошни дрвја (дрен, црница, калинкаи др.).И именувањето на билките се должи на определени народни верувања и обичаи: страшниче, вражилак, вражалка,урочна трева, чемерлики, домочувар, чуваркуќа, аво името на билката е изразено и магиското својство, на пр., силен, здравец, вратика. Почесто употребувани билки во македонската обредна практика себосилекот, познат како божја тревка, божји цвет,божјо цвеќе, светивода, зравец, со свадбената обредност се поврзува, на пр., и рузмаринот познат и како китисват, сватовско цвеќе, со подготовките за свадбата бршленот, во погребните обреди се употребуваат трновитите растенија (роза) како заштита од демонските суштества, а застапеноста на оревот се должи на верувањето во привлечната сила за душите на покојните. Растителниот свет е најзастапен во пролетните обичаи за здравје на луѓето и добитокот, плодност на земјоделските и овошните култури. Некои билки се користеле како заштита од уроци, други во љубовната магија итн. Summary The flora has an important place in the Macedonian traditional culture, there is a widespread belief in the healing and magic power of herbs, especially the native fruit trees (cornelian cherry, mulberry, pomegranate) are respected. The naming of the plants is according to people's beliefs and customs strashniche, vrazhilak, vrazhаlkа,urochnа treva, chеmеrliki, dоmоchuvar, chuvarkukja, and the magical properties are expressed in the plant name, e.g. silen, zdravec, vratika. Frequently used herbs in Macedonian ritual practice are basil, also known as bozhja trevka, bozhji cvet,bozhjo cvekje, svetivoda, zdravec, rosemary, which is associated with wedding rituals, also known as kitisvat, 119
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
svatovsko cvekje, ivy for wedding preparations, thorny plants (rose) used in funeral rites as protection from demonic creatures and the representation of the wallnut due to the belief in the force of attraction for the souls of the dead. The plant life is most common in the spring customs for health of the people and livestock and fertility of agricultural and fruit crops. Some herbs are used as protection against the evil eye, others in love magic, etc. Библиографија Вражиновски Т. (ред.) 2000:Речник на народната наМакедонците, Институт за старословенска култура Книгоиздателство „Матица Македонска“, Прилеп-Скопје.
митологија – Прилеп,
Вражиновски Т. 2002: Народна традиција, религија, култура, Матица македонска, Скопје. Вражиновски Т. 2006: Македонска народна библија, Матица македонска, Скопје. Качева А. 2001: Босилекот во обредите на преминот, Македонски фолклор, год. XIX, бр. 58–59, Скопје, 337–360. Китевски М. 1996:Македонски народни празници и обичаи, Менора, Скопје. Китевски М. 2002: Студии за македонскиот фолклор, Скопје. Костадиноски С. 1998: Селото Здуње, Порече, историја, култура и традиција, Републички завод за заштита на спомениците на културата, Скопје. Крстева А. 1996: Народната медицина, Етнологија на Македонците, МАНУ, Скопје, 247–255. Макаријоска Л. 2014:Лексиката на македонската традиционална култура, Скопје. Макаријоска Л. 2016:Речник на македонската традиционална култура, Скопје. Мaлинов З. 2001: Посмртните обичаи во Брегалничката област, Институт за фолклор „Марко Цепенков“, Скопје. 120
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Малинов З. 2002: Симболиката во погребниот обред кај Македонците, Спектар, 39–40, Скопје, 279–296. Малинов З. 2006:Традицискиот народен календар наШопскобрегалничката етнографска целина, Институтза фолклор „Марко Цепенков“, Скопје. Милошеска Е. 2005: Кривогаштани, Прилеп.
Традиционалната
култура
во
Општина
Наумова М. 1996: Обичаи околу раѓање, свадба и умирачка, Етнологија на Македонците, Скопје, 203–215. Петреска В. 1998:Пролетните обичаи, обреди и верувања кај Мијаците, Институт за фолклор „Марко Цепенков“, Скопје 1998. Петреска В. 2000: Семејниот обреден комплекс во Куманово и Кумановско, Фолклорот во Куманово и Кумановско, Институт за фолклор „Марко Цепенков“– Скопје, Центар за култура „Трајко Прокопиев“, Куманово, 315–398. Ристески С. Љ. 1999: Посмртниот обреден комплекс во традициската култура на Мариово,Институт за старословенска култура, Прилеп. Чајкановић В. 2009: Речник српских народних веровања о биљкама, Антологија српске књижевности, дигитално издание www.ask.rs.
121
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
903.22(497.774)“653“ Слободан СТОЈКОСКИ213 СРЕДНОВЕКОВНО КОПЈЕ ОД ЈЕНИ ЏАМИЈА - БИТОЛА Апстракт: Во овој труд е презентиран еден од позначајните наоди пронајдени во рамки на археолошкото истражување извршено во 2008 г. во Уметничката галерија Јени џамија - Битола. Извршен е увид на контекстот на пронаоѓањето на артефактот, направен е опис, класификација како и датирање според типолошките карактеристики. Клучни зборови:археологија, копје, среден век, оружје, Јени џамија, Битола Вовед Убикацијата на средновековна Битола отсекогаш била нерешена загатка на македонската археологија и историја, но со текот на новите истражувања работите стануваат појасни и се појавува нова светлина која може да ја прикаже вистината за градот Битола во периодот од VI век сé до XIV век, односно освојувањето на градот од страна на османлиите. Еден од локалитетите кои се од големо значење како дел од мозаикот на средновековна Битола е и локалитетот Уметничка галерија Јени џамија Битола. Локалитетот се наоѓа во центарот на градот Битола, на десната страна на реката Драгор, покрај некогашниот Пекмез пазар. На север се наоѓа Безистенот, а на Североисток Исак џамија214, археолошки локалитети со докажана стратиграфија и богати културни хоризонти. Археолошките ископувања во Јени џамија најпрво започнуваат во 2003 г. во рамките на проектот на Иститутот за старословенска култура во Прилеп: „Убикација на средновековна Битола” со кој раководел д-р Томе Јанакиевски.215 Се продолжува со систематски истражувања во 2004 и 2005 год. Од страна на НУ Завод и музеј - Битола и Гордана Филиповска Лазаревска.216 По позитивните резултати, т.е. откривањето на средновековна црква под Јени џамија, во 2008 година се продолжува со систематски ископувања и притоа се отворени три нови квадранти Б,В и Г прилагодени на побарувањата во сооднос со просторот за работа во внатрешноста на самата џамија. Индиции за да се одбере просторот за истражување во 2008 213
Археолог-кустос, НУ Завод и музеј -Битола Филиповска 1993 215 Јанакиевски 2003, 90 216 Филиповска, МАП, Скопје 2008 214
122
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
година, беа остатоците од ѓакониконот и јужниот ѕид на црквата откриени во Кв.А, во 2004 и 2005 година. Јужниот ѕид се следеше во квадрантот ,,Б“, лоциран во западниот агол на главната просторија, додека во тремот во источниот агол (квадрант ,,В“,) се очекуваше да се открие централниот олтар, а во северниот агол на тремот (квадран Г) северниот брод од најстарите фази на црквата.217 Средновековно копје од Јени џамија-Битола Копјето претставува едно од најстарите оружја на светот, а се појавува некаде околу 3 милениум п.н.е. Користено е како нападно оружје и во пешадијата и во коњаницата, а кај некои војски задржано е и до дваесеттиот век, пред сé како парадно оружје. Денеска како оружје за лов сé уште се користи само од некои примитивни племиња. Како средновековно оружје тоа претставува едно од најкористените оружја, пред сé затоа што било поедноставно за правење од мечот и полесно за користење од лакот. Материјалните остатоци и пишаните извори ни кажуваат дека и овде тоа било едно од најкористените, а, се разбира, тука се и ликовните извори. На многу црковни фрески можеме да го видиме копјето и дури и да правиме некои разлики. Историјата и историските сведоштва кажуваат дека копјето било главно оружје кај Словените218 и дека тие го користеле уште од почетокот на 6.в. како главно средство за борба.Словените уште од 6.-7.в. војувале вооружени со две-три копја. Ова се случува поради леснотијата на копјата и поради тоа што било лесно да се ракува со нив, што се гледа од фактот дека византиските полководци истото им го препорачувале на своите војници. Од средновековните наоди од оружје копјето е меѓу најчестите, па така направени се истражувања од повеќе научници, кои се обидувале да направат класификација и издвојување на видовите на копја. Од Македонија вредно за спомнување е копјето пронајдено во Просек. Тоа е изработено од квалитетен метал, а се смета дека е по потекло од Германија. На тулецот бил додаден систем од надолжни и спирално навиткани железни шипки за зајакнување на составот на тулецот и дрвената дршка. Според овие елементи, се работи за тешко копје наменето за пробивање на оклоп во галоп. Надолжните ребра напред биле свиени под прав агол, формирајќи бразници за длабочината на убодот. Тие го спречувале пронизувањето на жртвата и овозможување удар што го туркал противникот од коњ. Се смета дека копјето во Просек е донесено од некој германски наемник во 13 или 14 век.219 217
Филиповска, Извештај, Битола 2008 Кирпичников 1966, 6 219 Чаусидис 1987, 171-196 218
123
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Средновековното копје било проучувано од Ј.Петерсен, А. Н. Кирпичников, Н.Е.Бранденбур, А.В.Арциховски, М. Илехоџа, и други научници со настојувања за проучување на формата и намената на разните видови копја и нивна класификација. Во рамките на археолошките истражувања во Уметничката галерија Јени џамија - Битола во 2008 год., на 14.08.2008 г. при ископувањето на квадрантот Б на длабочина од 307 см од реперната точка (на прагот меѓу тремот и наосот на Јени џамија) на растојание од 230 см мерено од Ј/И профил и 300 цм од Ј/З профил, односно на 3.20 м од СИ ѕид на наосот на џамијата и на 3.90 см од СЗ ѕид на наосот на џамијата се пронајде врв од метално копје.220 Перото е во облик на пик, има пресек на сплескан ромб, а тулецот има конусоидна форма. Копјето е пронајдено покрај јужниот ѕид на сакралниот објект вкопано во самиот слој на користење, односно нивото на дворното место третиот културен хоризонт на локалитетот Јени џамија, во релативно неконтаминирана средина. Слојот е определен 11 век до 15, според остатоците од керамика како и неколку пронајдени артефакти. Интактноста е утврдена со постоењето на подно ниво под слоевите на гробовите кои некаде го пробиваат, но пробивање на локацијата на пронаоѓање на копјето не е забележана, а и со тоа е откриено и самото дворно ниво надворешно од објектот. Датација на културниот хоризонт ни дава и печатот со допојасна претстава на св. Ѓорги со штит и копје кој е пронајден во стратиграфски особености221 малку поразлични од копјето, односно е доста повисоко и во слој со поголем број на вкопувања, најмногу од гробови. Печатот припаѓал на Геори Манганес и е датиран во втората половина на XI век.222 Според формата и димензиите на копјето пронајдено во Св. Ѓорги Јени џамија користејќи ја класификацијата на А.Н.Кирпичников, можеме да го класифицираме во типот V, односно пик копје со ромбоиден пресек.223 При попречното сечење на оваа форма се добива ромб или квадрат, и затоа во класификацијата, покрај називот тип V, може да се нарече и „пик”, кој најпрво се појавува во Средна и Источна Европа во периодот на „Големата преселба на народите”224. 220
Филиповска, Извештај, Битола 2008 Извадок од теренски дневник на Јени џамија 21.07.2008:На 3,10 м растојание мерено од С-З ѕид и на 2,35 м. од Ј-З ѕид на џамијата на длабочина 2,30 м пронајден е оловен печат, на аверсот допојасна претстава на св. Ѓорѓи, во десната рака држи исправено копје во левата рака свиткана во лактот држи кружен штит, на реверсот има текст со грчки букви во 4-5 редови. 222 Mihajlovski 2016 223 Кирпичников 1966, 16 224 Гарашанин-Ковачевиќ, 1966,39-45 221
124
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Во почетокот на ова копје тоа било типично за азискиот коњаник, но потоа започнува да се применува и во европските земји-соседи на т.н. степски земји (на пр. Бугарија). Нема никакви причини „пикот” да се претставува како номадско оружје, поради фактот што неговата застапеност е огромна и во „неномадските земји”, каде особено популарни биле “лесните пикови”. Во текот на 10 и 11 век пикот бил основна форма на копје, а по степенот на распространетост ги зазема првите места, веднаш по продолженото триаголно копје.225 Во 12 и 13 век ниту еден вид копје не успеал да му се приближи на пикот во однос на неговата распространетост, а со тоа и масовното користење. Во пред малку споменатиот период пиковите ја сочинуваат половината од вкупно сите наоди. Пикот во предмонголското време имал толку совршена форма што истата се задржала до доцното средновековие. Острицата и перото се смалува до 1 см, а тулецот се раширува кон крајот 3,5 см.226 Постои огромна сличност на домонголската форма со онаа од 17. век. Очигледно, и двете форми биле родени од едни исти фактори, односно активизација на коњаничката тактика и борба, и засилувањето на заштитните облеки. Пикот бил сметан за доста квалитетно оружје, затоа и бил често употребуван во битките, а како негова најголема цел е пробивањето на металните заштитни облеки, оклопи, што, всушност, е цел остварлива од два типа копја: пикот и продолженото - триаголно. Во сите земји каде што е користен пикот, тој е користен како оружје, наоружување на коњаницата, а неговото распротранување на голем број на територии е сврзано со ставањето на акцент на коњаницата во битките. Во 12. век коњаничките одреди најверојатно се вооружувале исклучиво со копја, и тоа пикови. Ова се потврдува ( во Русија) со пронајдените копја во курганите.227 Имено, во секое погребување од 12. до 13. век на воин коњаник, покрај самиот воин и неговиот коњ е ставано и копјето, што, всушност, во вакви случаи на погребувања било неизбежен атрибут. Поголемиот случај на пронајдени копја се во населените места, поточно во градовите. Во погребалните јами копјата обично се поставуваат паралелно со погребаниот, покрај десната рака. Било поставувано со шилецот покрај главата, а должината најчесто била колку висината на самиот воин. Во 12. век во Русија и Западна Европа се забележува поделба на копјата на коњанички и пешадиски, а тоа како тие се делат на овој начин зависело од фактот на кој род на војската ѝ припаѓале. 225
Кирпичников 1966, 16 Ibid. 227 Кирпичников 1966, 17 226
125
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Пиковите како копја биле многу добри и тоа многу подобри од сите други останати видови на копја, а особено биле подобри во пробивањето на заштитната облека кај кавалеријата и воопшто во пробивањето на заштитната облека на воинот на било кој род војска. Во Западна Европа пикот проникнува малку порано, од 12.-13. век. Во скандинавските земји се појавува во епохата на Викинзите кога, всушност, постоеле, но биле многу ретки. Во Англија постоеле копја слични на пикот и се совпаѓаат со руските примероци и со времето на своето постоење, т.е. 12.-13.век. Во Карпатскиот басен, покрај останатите видови, се откриени голем број на „пик“ копја.Мартин Хусар извршил поконцизни анализи и формирана е поинаква класификација од таа на Kирпичников, па нашето копје предмет на оваа статија влегува во типот АА228. Типот АА на просторот на Карпатскиот басен и Европа се појавува со доаѓањето на Аварите. Според димензиите копјето од Јени џамија припаѓа на типолошката група од 10-11в., со максимална ширина на листот 2.55 см и максимална ширина на тулецот од 3.40 см.229 Како констатација на досега изнесеното можеме да востановиме дека копјето пронајдено при археолошките ископувања во Јени џамија Битола, односно во рамките на сакралниот објект-црква во внатрешноста на Јени џамија претставува артефакт од средновековниот период кој бил користен за одбрана на локалните воени сили во рамките на средновековната населба. Еден пронајден артефакт некогаш може да не значи ништо, но во вистинскиот контекст може да биде отворена книга кон минатото. Според типолошките карактеристики, како и стратиграфските услови во кои е пронајдено може да го датираме од 10 до 12 век. Типот на копјето укажува на тоа дека е од југоисточно евроазиско потекло и дека можело да се користи и од пешадијата и коњаницата.Неговите маневарски способности, како и прилагодувањето кон воениот технолошки напредок му овозможило да биде едно од најкористените копја на своето време на овие простори. Summary This text is about a medieval spearhead found at the excavation site of Jeni Mosque-Bitola. The spearhead is from iron and it has a spaded blade with a rhombus section and a round socket. Accordingly to the typology presented from A.N. Kirpicnikov and M.Husar we can date it from тхе X to the XII cent. Stratigraphy conditions in situ only confirm these dates. The type of the spear shows that it’s from an Euro-Asian origin and it could be used by both infantry 228 229
Husar 2014,16 Ibid., 20 126
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
and cavalry. It’s maneuverable abilities and the adaptation to the military technological progress enabled it to be one of the most used spears in its time and in this area. Библиографија Гарашанин-Ковачевиќ 1966 - Grašanin M., Kovačević J. , Arheološki nalazi u Jugoslaviji Beograd 1966 Јанакиевски 2003- Јанакиевски Томе, Убикација на Средновековна Битола, Битола 2003 Кирпичников 1966- КИРПИЧНИКОВА. Н. ДРЕВНЕРУССКОЕОРУЖИЕВыпуск второй, КОПЬЯ, СУЛИЦЫ, БОЕВЫЕ ТОПОРЫ,БУЛАВЫ, КИСТЕНИ, IX-ХIIIвв.,Москва 1966 Филиповска 1993- Филиповска Лазаровска Гордана, Аница Ѓорѓиевска Истражувања кај Исак Џамија - Шехерезада, Битола, Macedoniae acta archaelogica,бр.14, Скопје 1993-1995 Филиповска МАП Скопје 2008 – Филиповска Лазаровска Гордана, Македонски археолошки преглед ,Јени џамија во Битола / Гордана Филиповска - Лазаровска, Скопје 2008 Филиповска Извештај Битола 2008- Филиповска Лазаревска Гордана, „Извештај од истражувањата на Јени џамија“ Битола 2008 Михајловски 2016- Mihajlovski Robert, CIRCULATION OF BYZANTINE LEAD SEALS AS A CONTRIBUTION TO THE LOCATION OF MEDIEVAL BITOLA, „Ниш и Византија“ XIV, Ниш 2016г. Husar 2014 – HusárMartin, Žrdovo-bodné zbrane vcasného stredoveku v'Karpatskej kotline1. Diel, Typológia a'jej vyhodnotenie, Nitra 2014 Чаусидис 1987 – Чаусидис Никос, Средновековни наоди од Просек, Годишен зборник на Филозофскиот факултет, 14 (40), Скопје 1987, 171196
127
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Сл.1Типови копја според А.Н. Кирпичников
128
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Сл.2. Тип V според А.Н. Кирпичников
Сл. 3 Копјето од Јени џамија-Битола
129
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
904:911.37(497.774)“653“ 904:711.42(497.774)“653“ Роберт МИХАЈЛОВСКИ230 ПРИЛОЗИ ЗА УБИКАЦИЈАТА НА СРЕДНОВЕКОВНИТЕ КРЕПОСТИ НА ПЕЛАГОНИЈА И БИТОЛА Апстракт: Преку оваа статија, која е посветена на 1000-годишнината од обновата на битолската тврдина запишана врз‘Битолската плоча’ на цар Јован Владислав (1015-1018), авторот се обидува да донесе повеќе светлина врз средновековните населби Битола и Пелагонија како продолжение на хераклејскиот град. Клучни зборови: Обитељ, Пелагонија, Гаврил Радомир, Јован Владислав, Хераклеја, Вилијам Тирски, Сунгур Чавуш беј. Следејќи ги истражувањата околу убикацијата на средновековната Битола, како и комплексот на Хераклеја со тврдината Пелагонија, се развива една сложенa претпоставкa за епископската населба на реката Драгор. Според хрониката на византискиот историчар Јован Скилица, при нападот на византиската војска, во октомври 1014 година, дворецот на Гаврил Радомир во Битола бил запален, додека тврдината останала недопрена. Ова укажува дека дворецот на Гаврил Радомир бил одделен од тврдината и неговата позиција веројатно била кај битолската чаршија и реката. Оваа локација била на главниот крстопат до реката Драгор, а во близина на Јени џамија и црквата Свети Димитрија, во јадрото на старата населба. 231 Но, идеалната стратешка позиција на дворците или кулата на царот Гаврил би биле на местото од денешниот Безистен, или пак во составот на денешниот чаршиски комплекс. При реконструкцијата на битолскиот Безистен, во 1965 година, е утврдено дека во источниот дел имало темели од постара градба, која е можеби постарата безистенска зграда изградена во петнаесеттиот век од османскиот везир Давуд Паша Узунчаршили, но која можеби била изградена врз остатоците на некогашниот дворец на Гаврил Радомир.232 230
Dr. Robert Mihajlovski, La Trobe University, Melbourne, r.mihajlovski@latrobe.edu.au R. Mihajlovski, ‘Byzantine seals unearthed by the archaeological excavations at the Yeni mosque’, Journal of the Australian Early Medieval Association, vol. 6 (2010) 41-51. 232 Р. Петкова, ‘Битола во XIV и XV век‘, Битола низ вековите , том 3 (2000) 21-25; R. Mihajlovski, ‘Circulation of Byzantine seals as a contribution towards the location of Medieval Bitola’, Niš i Vizantija XIV, June 3-5, 2015, 574-587; Idem., ‘Heraclea, Pelagonia and medieval 231
130
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Поголемиот број на битолските манастири и цркви биле вон градските ѕидишта, од десната страна на Драгор, каде била локацијата на битолската ‘Варош’, но, исто така, и на левата страна на реката кон улицата ‘Илинденска’, којашто била една од главните градски артерии. Дел од подградието било и кон Ат-пазар, а под него е сочуван топонимот на месноста Шехералти. Самата крепост ја опфаќала денешната стара чаршија од Безистенот до зелениот пазар, од „Ленски Мост“ до улицата Филип Втори, каде била влезната порта, до ширината каде некогаш беше џамијата Сунгур Чавуш беј. Поради тоа, на таа локација била најдена мермерната плоча на Јован Владислав, и таа не е донесена на ова место како што се претпоставува од повеќето истражувачи.233 Може да се претпостави дека овде се наоѓала една од влезните порти во тврдината на Јован Владислав, бидејќи, пред уривањето на овој дел од чаршијата за да се изгради станбен комплекс, веќе постоеше улица со чаршиски згради кои го следеа профилот на средновековната градска тврдина234. Џамијата Сунгур Чавуш била преизградена во 1435 година и била лоцирана стотина метри кон север, крај Дрвениот (долниот) пазар и Овчкиот пазар.235Според Bitola: an outline of the‘ Heraclea ecclesiastical history Archaeologica Balcanica, vol. III, 433-454. 233
(6th-12th century)’, Folia
И. Микулчиќ, Средновековни градови и тврдини во Македонија, кн. 4, Скопје 1996, 139-142; К. Аџиевски, Пелагонија во средниот век, (од доаѓањето на Cловените до паѓањето по турска власт), Скопје 1994, 52-53; Е. Манева, Прилог кон решавање на убикацијата на средновековниот град Битола, Историја, том XXII/2, Скопје 1986, 267-274; С. Тодоровски, Археолошки наоди од среден век во ареалот на Битола, Скопје 2002, 27-28. Р. Михајловски, Градот Битола/Манаст’р по османското освојување во 1385, Патримониум. Мк; Во 1385 градот е завземен од османската војска на Тимурташ Паша. Според Хаџи Калфа, тврдината е разрушена. Првобитната џамија на Сунгур Чавуш е подигната од остатоците на постара градба. Не располагаме со извештај од археолошките испитувања направени во 1956 година. 234 Овие хипотези се поткрепени од разговорите со постарите битолчани, но и од моите скромни спомени од чаршијата пред модернизирањето на овој дел од градот во седумдесеттите години. На теренот на Зелениот пазар може да се забележи дека главната артерија север-југ која минува низ пазарот ненадејно завршува како недовршен ќорсокак поради новоизградениот станбен блок на улицата Филип Втори, но е очигледно дека оваа артерија води кон другата страна каде некогаш била лоцирана џамијата Сунгур Чавуш беј. Денес тука е парк со тревник помеѓу станбени згради. В. Кочанковска, Морфолошка еволуција на дел од центарот во Битола 1927-1993, Културно наследство, том. 30-31 (2004/2005) 253-259; З. Алтипармаков, Н. Георгиева , Стара битолска чаршија, историско урбан развој, урбано архитектонски карактеристики, ( Z. Altiparmakov, N. Georgieva, Le Vieux Bazaar de Bitola, Histoire du developpement urbain, Caracteristiques architecturales et urbain), Битола/Bitola 2013. 235 Р. Михајловски, Неколку османлиски споменици од Битола, Културно 131
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
тоа, тврдината на Јован Владислав би требало да се бара во основите на комплексот на старата чаршија, додека плочата на Јован Владислав била веројатно поставена на влезот во тврдината, близу до локацијата на Сунгур Чавушовата џамија, што укажува дека овие објекти се историски поврзани помеѓу себе.236 Главните градски пазари како што биле Овчки, Дрвен, Житен, Зелен, Ат - пазар и Ленски пазар ги опкружувале ѕидините на битолската тврдина, како што било вообичаено во средновековието. Веројатно, најзаштитениот пазар бил Житниот. Самата сочувана урбана структура на битолската чаршија има средновековен карактер, покрај реката и на главната градска раскрсница каде се крстосувале главните патни артерии: Виа Егнатиа, која доаѓала од југ и одела кон запад по долината на реката Драгор, потоа патиштата за Прилеп и Мариовската висорамнина. 237 (Слика 1) наследство, 26-27, (2001) 68-69, заб. 20, 21; К. Томовски, ‘Џамии во Битола’, Годишен зборник на Техничкиот факултет, Скопје 1956/57, 52. Мал број на податоци од археолошките ископувања на џамијата Сунгур Чавуш е сочуван. При нејзиното рушење пронајден е мермерниот блок со натписот на Јован Владислав употребен како влезен праг, но свртен од долната страна што го запазило од уништување. При ископувањето биле пронајдени темели од помал објект, како и неколку предмети од христијанско потекло, на кои денес им нема трага. Види: Тодоровски, op. cit.,104, заб. 306. Според овие скудни податоци, овде бил некој поранешен објект кој бил прв оспособен за најстарата џамија, позната поради староста како Ески, или Атик џами, ‘Стара’џамија од времето на султанот Мурат II (1421-1451). Но, исто тука и била влезната порта во тврдината на Јован Владислав, со манастир во близината кој се споменува во преданијата на М. Цепенков, но и кај Мехмед Тефик и кај Јован Хаџи Васиљевић. Види: М. Цепенков, ‘Како презеле Турците град Битола’, Преданија (ред. К. Пенушлиски), книга 7, Скопје 1972, 219; М. Тефик, Кратка историја битољског вилајета, Браство, том XXVII, (превод Г. Eлеэовић), Београд 1933, 213; Ј. Хаџи Васиљевић, Град Битољ, из дела: 'Кроз стару Србију и Маћедонију', Београд 1911,19-20; Р.Михајловски,‘Преглед на христијанската историја на Пелагонија и архиерејите хераклејско-пелагониски до 1767 година’, Прилози на Друштвото за наука и уметност-Битола, бр. 54/55, (1993) 8-9. 236 Неколку хронолошки показатели за фазите на џамијата на Сунгур Чавуш беј: Тврдината со влезната порта на цар Јован Владислав, според натписот на плочата, била обновена во 1017 година, додека според легендите запишани од Цепенков, Тефик, и Хаџи Васиљевиќ, имало манастирска црква на местото од Ески џамија до четрнаесеттиот век. Првата фаза на Ески џамија е по освојувањето во 1385 година кога била адаптирана во џамија врз постари темели, додека последната фаза е во 1435 година со обновата на Ески џамија од Сунгур Чавуш беј. 237
K. Belke, ‘Roads and travel in Macedonia and Thrace in the middle and late Byzantine period’, Travel in the Byzantine world, Papers from the Thirty-four Spring symposium of Byzantine studies, Birmingham, April 2000, Ashgate 2002, 73-76. 132
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Во 2004 година, под надзор на археологот Гордана Филиповска Лазаровска, се извршени заштитни археолошки ископувања, при што на локалитетот западно од пазарот беа најдени масивни основи од ѕидови кои уште повеќе ги потврдуваат горенаведените претпоставки.238 Веројатно тука некаде завршувале градските ѕидини или постоела поголема градба во склоп на фортификацијата. Но, треба да се земе предвид дека често деловите од тврдините во средновековието биле градени од земјени насипи и дрвени палисади со кули. Во своите записи за градот Битола, Марко Цепенков опишува дека ѕидовите биле од ‘штици вапцани со железна боја’,239 што укажува дека утврдувањата биле често од дрвени палисади во комбинација со земјени насипи. Поважните одбранбени делови, како влезните и аголните кули веројатно биле од камен.240 За подобра одбрана околу ѕидините и палисадите се одржувале ровови со вода, или се користеле природните речни текови. Ова укажува дека на северната страна на чаршијата во средновековието имало канал со вода, за кој пишува и Цепенков во преданието „Како презеле Турците град Битола“. Според записите од локалното предание запишан од Цепенков, низ градот минувал еден воден ракав на реката Драгор, којшто доаѓал од с. Магарево и минувал кај Кривата воденица, па продолжувал низ горниот дел на градот и чаршијата.241 Во османскиот период овде минувал водовод или канал кој ги снабдувал со вода џамиите Исакије, Сунгур Чауш, Хајдар кади и главните амами и чешми во овој дел на градот. 238 Изразувам благодарност до колешката Гордана Филиповска Лазаровска за информациите околу двата печати пронајдени во Јени џамија и за археолошките наоди од Зелениот пазар. R. Mihajlovski, ‘Circulation of Byzantine seals as a contribution towards the location of Medieval Bitola’, Niš i Vizantija XIV, June 3-5, 2015, 574-587. Од сите овие печати особено е значаен печатот на царскиот куратор Петар протоспатариј кој се наоѓа во музејот во Јанина, и каде се споменува името Битола, а и Ѓавато. Овој печат припаѓа на периодот по 1018 година, кога византиската администрација ја презела Битола со преминот Ѓавато. 239 М. Цепенков, „Како презеле Турците град Битола“, Преданија (ред. К. Пенушлиски), книга 7, Скопје 1972, 219. 240 Микулчиќ, op. cit., 70-71. Таков е случајот со локалитетот на „Кале Баир“ каде утврдувањето околу црквата е подигнато од земјен насип со палисади. Според начинот на кој е изведено утврдувањето, изгледа како воен аул или како средновековен манастир. Аулите биле воени логори заградени со земјени насипи и дрвени палисади каде луѓето живееле во шатори, а коњите паселе наоколу. Од времето на кнез Борис почнале да се градат цркви во овие места. Вакви аули имало во Дебреште кај Прилеп и во Равен, на Брегалница. 241 Исто, 220. Сепак, Цепенков во своите записи не бил сигурен дали бил тоа воден тек кој дотекувал од кај Кривата воденица и го снабдувал градот со вода, или пак тоа бил еден ракав на реката Драгор. 133
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Името на средновековниот град, Обитель, освен како манастирско братство, има и неколку други значења во црковно-словенскиот јазик, а е сочувано и во старорускиот. Може да означува и епископија, или област потчинета на епископот, но може да означува и парохија и живеалиште.242 Уште во времето на побожниот цар Петар (927-965), на оваа локација била основана манастирска заедница (како продолжение на хераклејскиот манастирски епископат кој бил запишан во олтарот на царската базилика Свети Ахил, Преспа во единаесетти век) за дејства против богомилското верување кое имало голем замав во овие области.243 Во патописот на Вилијам Тирски, пратеник на ерусалимскиот крал Амалрих, пишува дека Вилијам се сретнал со византискиот император Мануил Комнен во 1153 година, во пелагонската провинција, во градот Битола, (In provintia Pelagonia, in civitae quae vulgo dicitur Butella).244 Според описот, средбата се одиграла во локацијата на средновековната Битола, којашто во овој период е епископско седиште во провинцијата Пелагонија.245 Во овој период византискиот административен центар и епископското седиште се наоѓаат во Битола, еден мал утврден град и Варош. Византиската воена база на Комнените под името Пелагонија треба да се разликува од хераклејскиот утврден акрополис, но и од средновековната градска крепост на Битола. Темелите на оваа фортификација се денес сокриени во локацијата каде беше поставен военниот радар на гарнизонот на Југословенската народна армија. Овој рид го носи името Кодру (Codru- топоним кој на тракиски - влашки јазик значи плоштад, но и шума, рид)246 и доминира над ридот Тумбеки (Тумбе Кафе) и остатоците на Хераклеја Линкестис. Во османскиот период ова 242 И. И. Среэневскйи, Материалысловаря древне-русскаго яэыка по писменным памя тикамь, т. 2, Санктпетербург 1895, 511; С. Романски, Имената на някои македонски градове, Битоля, Македонски прегледь, кн. 4, София, 1929, 63-70. 243 D. Obolensky, The Bogomils, a study in Balkan Neo-Manicheism, Twickenham 1948, 112; R. Mihajlovski, ‘Bogomils on the Via Egnatia and in the Valley of Pelagonia: Geography of a Dualist Belief’, Byzantium, its neighbours and its cultures: Diversity and Interaction, XVIIth Biennial conference, 20-21 July, 2012, Macquarie University. 244 E. Babcock and A.C. Krey (translated by), A History of Deeds done beyond the sea, by William Archbishop of Tyre, vol. II, New York 1943, 347-349. 245 T. Tомоски, Градиштето на средновековната Пелагонија, Македонија низ вековите, градови, тврдини, комуникации, Скопје 1999, 40. 246 Codru на влашки јазик значи плоштад, шума и доаѓа од латинската именка Quadrum, -i- плоштад. Oxford Latin Dictionary, (ed, by P.G.M. Glare), second edition, volume II, M-Z, Oxford 2012, 1686. Овој плоштад е вештачки зарамнетиот дел на ридот кој бил заштитен со ѕидини. Види: https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_Romanian_words_of_possible_Dacian_origin. 134
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
место беше познато и како „Табије“ – (Tabiye, топоним кој на турски значи тврдина),за што пишува битолскиот османски историчар Мехмед Тефи247. Во деветнаесеттиот век камениот материјал од тврдината бил употребен за изградба на масивните воени касарни, военната школа и џепането, како и за околните лозја. Веројатно и џепането било дел од византискиот комплекс. 248(Слика 2) Според записите на византискиот хроничар Никита Хонијат, може да се претпостави дека на овој рид јужно од Битола била сместена воената база, како и ловџискиот камп на византиските императори, Алексиј I Комнен, Јован I Комнен и Мануил I Комнен. На византиските императори овој воен пункт им служел за разузнавање на движењето на непријателските војски. Од околината се вршело регрутирање на војници, а за потребите на војската се собирало жито, добиток и фураж. Византискиот император со свитата ловел дивеч низ планинната Баба, југозападно од Битола.249 И византологот П. Магдалино пишува за важноста на пелагонискиот воен камп при владеењето на византискиот император Мануил Комнин, кога патниците од Западна Европа патувале по Виа Егнатија преку Драч, Пелагонија и Солун, за Цариград. Амбасадорот на Фредерик Барбароса, монахот Вибалд од Стабило, ненадејно починал во Пелагонија во 1158. Во преписката тврдината на Пелагонија е наведена како ‘castro Pelagoniae’.250 Со векови, ова воено утврдување, заедно со градот Хераклеја Линкестис, било снабдувано со стариот римски водовод кој доаѓал од планината Неолица.251 На некои места се сé уште видливи и темелите од 247 М. Тефик, Кратка историја битољског вилајета, БраствоXXVII, (превод Г. Eлезовић), Београд 1933, 212. 248 Самата позиција на џепането (барутаната) и неговата архитектонска поставеност има постари архитектонски основи кои би требало археолошки да се испитаат, со валидни сонди и истражувања. A. Brooks, Castles in Northwest Greece: from the early Byzantine period to the eve of the First World War, Huddersfield 2013, 130-135. Хераклеја и византиското воено утврдување Пелагонија имаат сличности со утврдувањата во Никопол во грчкиот дел од Епир. 249 Choniates Nicethas, Historia Corpus Fontium Historiae Byzantiniae, vol. XI/2, Berolini i Novi Eboraci 1975, 69; Deeds of John and Manuel Comnenus by John Kinnamos, (transl. Ch, M. Brand) New York 1976, 99-100. 250 Fontes rerum Byzantiniarum, fasc.1et 2, ed. W. Pregel, (St Petersburg 1892-1917, repr. Leipzig 1982) 315-316; P. Magdalino, The Empire of Manuel I Komnenos, 11431180, Cambridge 1993, 137. 251 Последните теренски рекогносцирања на колегата Зоран Алтипармаковски од битолскиот музеј го потврдуваат постоењето на оваа тврдина која во јужниот дел има бедемски ѕид со повеќеаголни кули. Му благодарам за исцрпниот разговор. 135
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
полигоналните одбранбени кули, коишто со натамошни археолошки ископувања треба археолошки да се истражат. Позицијата на тврдината Пелагонија на зарамнетиот горен дел од овој рид била од стратешко значење, бидејќи ги надгледувала населбите на Битола, Хераклеја и патот Виа Егнатија кој минувал во подножјето на ридот. Тука бил сместен и военниот логор со многубројната војска, бидејќи Пелагонија била важна логистичка база на Западната византиска тагма.252 Како заклучок останува дека тврдината Пелагонија со византискиот воен камп била воена база на Комнените, додека Хераклеја со својот акропол се одделена фортификациска целина. Битолската градска тврдина на реката Драгор со епископско-административната населба имаат посебен карактер и тие се основата на денешниот град. Тие, во одделни историски услови, имале разновидно црковно, административно и воено значење.
Tреба да се спомене и римскиот водовод кој доаѓал од планината Неолица и ги снабдувал Хераклеја и тврдината со вода. Р. Михајловски, Ј. Розпендовски, Јустинијанска епископска фонтана од Хераклеја Линкестис, Macedoniae Acta Archaeologica, vol. 20 (2012) 406-407. 252 Пелагонија била империјална воена база, но и кај Кипсела и Сердика биле воени логистички центри на западната византиска армија. Со воените центри Битола и Софија тоа продолжило и во османскиот период. Византискиот историчар Никита Хонијат ја споменува Пелагонија како военна база на Комнените. P. Magdalino, The Empire of Manuel I Komnenos, 1143-1180, Cambridge 1993, 166, заб. 226, 196. Овој текст е посветен на 1000-годишнината на битолската плоча на царот Јован Владислав.
136
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Сл. 1
Сл. 2
137
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Бранислав РИСТЕСКИ
904:930.85(=16)“5/11“
253
СЛОВЕНСКИ НАОДИ ОД РАНИОТ И ПОЛНИОТ СРЕДЕН ВЕК ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Апстракт. Во трудот се прави обид да се проследи развитокот на изворните словенски форми, кои, покрај ремоделираните доцноантички манифестации и симбиотичките словено-византиски облици, ги сочинуваат трите фундаментални елементи на рано и полносредно-вековната материјална култура на територијата на Република Македонија. Основен материјален извор на информации за проучувањето на овој сегмент од материјалната култура во времето од VI/VI до крајот на XII век се досега откриените населбински елементи: живеалишно-производ-ствените објекти и садовата керамика. Клучни зборови: материјален извор на информации, словенска култура, симбиотички форми, живеалишно-производствени објекти, садова керамика. Воведни напомени. Проучувањата на раните етапи од средниот век во централните делови од Балканскиот Полуостров, особено попродлабочените проучувања на грнчарството на овој простор, овозможија да се изјаснат три основни сегменти на раносредновековната материјална култура во Република Македонија: ремоделираните доцноантички/рановизантиски облици; материјалните манифестации од словенскиот културен круг и симбиотичките словено-византиски и византиско-словенски облици на материјалната култура.254 При проучувањето на словенските материјални манифестации на територијата на Република Македонија во текот на раниот среден век (крај на VI/почеток на VIIдо средината на IXвек) и полниот среден век (средина на IX до крајот на XII век), примарно место заземаат населбинските сегменти на материјалната култура: живеалишно-производствените објекти и садовата керамика. Имено, овие два сегменти на културата се најцеловит материјален извор на информации за социјално-економските и културно-цивилизациските процеси во раните етапи од средниот век на територијата на Република Македонија. Централно место во проучу 253
Бранислав Ристески, доктор на археологија, научен советник во ЈНУ Институт за старословенска култура - Прилеп, ул. Киро Крстески-Платник бр.2 7500 Прилеп, e-mail: branislav.risteski@isk.edu.mk 254 Ристески Б. 2015. 138
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
вањето на овие процеси имаат локалитетите кои биле предмет на поцеловити спознајно конципирани археолошки истражувања: “Зајчев Рид”, с. Злокуќани,“Клучка-Хиподром” кај Скопје; “Градиште” кај с. Дебреште,“Маркови Кули”, Варош-Прилеп и “Св.Софија”, Охрид. Ран среден век. Зајчев Рид, с. Злокуќани. Во рамките на систематските археолошки истражувања на античкиот град Скупи, сектор Терми, во периодот од 1986 до 1988 година беа откриени остатоци од раносредновековна населба, при што беа регистрирани четири хоризонти од кои првите три се најнепосредно поврзани со најстарите средновековни објекти. Првиот хоризонт, распространет непосредно под хумусот, го сочинуваат остатоци од долните делови на станбен објект (црт.1). Куќата припаѓа на типот полуземјанки со правоаголна основа, со димензии 3,10 х 2,80 м. Носечките делови од ѕидовите на куќата биле изведени од вертикално поставени дрвени колја со дијаметар од 0,20 до 0,30 м, а отсуството на јами за плетерната конструкција упатува на заклучок дека ѕидовите биле изведени од хоризонтално поредени дрвени греди. Притоа, за стабилизирање на конструкцијата на ѕидовите од полуземјанката од надворешната страна биле искористени сочуваните остатоци од доцноантичката градба. Влезот во објектот, по сé изгледа, се наоѓал на источната страна. Подот бил изведен од компактна жолта глина, зарамнета од горната страна, а сегментот непосредно до ѕидовите бил незначително подигнат нагоре. Во западниот дел од куќата се откриени остатоци од долниот дел на ѕидана печка. Врз остатоците од станбениот објект, фрагментарно се сочувани остатоци од интактни културни слоеви составени од градежен шут во кои доминираат делови од античка градежна керамика, по сé изгледа, секундарно користена. Во културните слоеви нема траги кои би укажувале на насилна девастација на објектот. Вториот хоризонт го сочинуваат пет погребувања, распоредени непосредно врз подот од постарата куќа, а под користеното ниво на помладиот станбен објект. Фрагментарната сочуваност на остеолошкиот материјал, како и пореметувањата на изворната позиција, оневозможуваат во целост да се реконструира позицијата на погребените. Во најголем број случаи, погребените биле положени на грб со испружени нозе. Главата се наоѓала на западната страна, при што се констатирани незначителни отстапувања кон север или југ. Кај единственото поцеловито сочувано погребување е констатирана позиција на рацете врз градите.
139
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Третиот хоризонт го сочинуваат остатоци од долните делови од станбен објект (црт. 2), позициониран непосредно под остатоците од помладата куќа и деловите од погребувања. Оваа куќа припаѓа на типот еднопросторни полуземјанки со приближно правоаголна основа. Димензиите на основата се 3,00 х 2,30 м. Ѕидовите од куќата биле изведени од вертикално поставени дрвени колја (дијаметар 0,18 до 0,25 м), распоредени на аглите од градбата, како и во средишните делови од ѕидовите. Ѕидовите од куќата биле конструктивно поврзани со остатоците од доцноантичката градба. Просторот помеѓу дрвените колја-носачи на покривната конструкција бил исполнет со плетер. Влезот во куќата се наоѓал на источниот ѕид. Подот во куќата бил изведен од црвена, наместа печена земја, зарамнета од горната страна. На просторот до ѕидовите подот бил незначително подигнат нагоре. Во западниот дел од станбениот објект се откриени фрагментарни остатоци од ѕидана печка: траги од горење и длабнатини од камења и дрвени колја. Во интактни културни слоеви, поврзани со овој хоризонт, се откриени фрагменти од садови од керамичкиот вид грниња кои се вбројуваат во производите од словенскиот културен круг (црт.3).255 Садовите имаат срамерно високо конично тело и низок обод, закосен под агол од 30 до 45 степени. За изработката е особено интересно рачното оформување на садот и доработка на површините при статичка позиција на грнето. Суровината за изработка на садот се карактеризира со присуство на крупни кварцитни примеси. Врз основа на стратиграфските согледувања и типолошките особености на откриените наоди, долната хронолошка граница на населбата може да се детерминира во последните децении на VIвек, додека горната хронолошка граница, со голема веројатност, може да се определи во крајот на VIIи првите децении на VIIIвек.256 Сумирајќи ги археолошките податоци од истражувањата во овој сектор, а поврзани со темата на овој труд, можеме да констатираме дека остатоците од станбените објекти се сегмент од една помала раносредновековна населба распространета врз остатоците во југоисточниот сегмент на антничкиот град Скупи. Клучка – Хиподром, Скопје. При заштитните археолошки ископувања во 1989 – 1990 година на локалитетот Клучка-Хиподром се откриени остатоци од раносредновековна населба, распространета врз остатоците од некропола од 255
Ристески Б., 2002, сл. 9. Ристески Б., 2002, 81.
256
140
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
доцнобронзено време.257 Фрагментарната сочуваност на деловите од станбените објекти не овозможува ниту воопштена реконструкција на градбите, ниту пак има посеопфатни индиции за просторната распространетост на населбата. За разлика од ова, типолошката разгранетост на откриените фрагменти од керамичкиот вид грниња на овој локалитет, овозможува поцеловити сознанија за културно-цивилизациските процеси во раниот среден век во Скопската котлина, секако, компарирани со археолошките сознанија од анализата на истовремените наоди од Зајчев Рид, с. Злокуќани.258 Имено, покрај керамичките садови од видот грниња кои укажуваат на континуитет на доцноантичките облици, како и пројава на симбиотички словено-византиски форми од раниот среден век, на лок. Клучка-Хиподром, Скопје се откриени садови кои, без сомнение, можат да се вбројат меѓу егземпларите од словенскиот културен круг. Првиот тип грниња од оваа група (црт.4) имаат ниско конично тело и пропорционално низок, слабозакосен обод, додека вториот тип, исто така, имаат ниско конично тело и сразмерно низок обод, но закосен под агол од 15 до 30 степени. И за садовите од двата типа е карактерстично целосното оформување на рака и изработка од суровина со крупни кварцитни примеси, како индикатор за технолошката постапка добивање на суровина. Градиште, с. Дебреште. Во 1984 година, во рамките на систематските археолошки истражувања на лок. Градиште кај селото Дебреште се откриени остатоци од раносредновековна населба, при што во целост се откриени долните сегменти од еден станбен објект.259 Куќата претставува полуземјанка (вкопана во подлогата околу 0,30 м) со приближно правоаголна основа со димензии 2,68 х 3,20 м. Откриените длабнатини за носечки вертикално поставени дрвени греди укажуваат дека куќата имала двосливен покрив. Ѕидовите на потесните страни од градбата се изведени од плетер и кал. На една од потесните страни бил позициониран влезот, а спротивно од него била позиционирана масивна камена печка. Подот бил изведен од набиена земја, зарамнета од горната страна. Евидентирани се интервенции врз подот и долните делови од ѕидовите, несомнено реконструкција предизвикана од оштетување на овие сегменти од градбата. 257
Митревски Д., 1995. Ристески Б., 2004; - Ристески Б., 2015. 259 Бабиќ Б., 1995:154. 258
141
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Врз основа на археолошките податоци, куќата, а со тоа и оваа фаза од раносредновековната населба на локалитетот Градиште кај селото Дебреште, со сигурност може да се датира во VIIIи првите децении на IXвек. Во културните слоеви кои му соодветствуваат на нивото на користење на градбата, се откриени два типа керамички садови од видот грниња од словено-византискиот културен круг, како и фрагменти од црепни во стручната литература најчесто атрибуирани на Словените. Полн среден век. Средновековниот Прилеп – протоурбана фаза. Со систематските археолошки истражувања на просторот од археолошкиот комплекс Маркови Кули, Варош - Прилеп260, како и со сеопфатните ревизиони истражувања, реализирани во последната деценија261, се изјаснетиструктурата, просторниот распоред и хронологијата на протоурбаната фаза на средновековниот Прилеп (фот. 5 и 6).262 Покрај фортификацијата, која, по сé изгледа, има ефемерен карактер263, протоурбаната фаза на средновековниот Прилеп ја сочинуваат два основни сегменти: живеалишно-работни целини и некрополи. Одделните живеалишно-производни целини и најнепосредно со нив поврзаните некрополи се позиционирани на засебни просторни целини – платоа, при што меѓусебно се поврзани со креативен систем на патеки. Ваквиот просторен распоред на основните сегменти, несомнено, говори дека се работи за протоурбана населба од разбиен тип, при што многу е веројатно дека заокружените целини имаат фамилијарен карактер. Станбено-работните целини од населбата се разместени на горните (“Сред Кули”, “Рамниште” и др.), како и врз западните, јужните и источните падини на ридот Маркови Кули (“Св.Никола”, “Св.Димитрија”, “Поткули” и др.). Станбен сегмент. Живеалишниот сeгмент од градбите најнепосредно се поврзува со пораните, како и со истовремените станбени објекти од словенскиот културен круг со тоа што, поради спецификите на теренот, кај куќите од Маркови Кули се јавуваат максимално индивидуализирани решенија. Сите досега откриени станбени објекти се надземни градби и, по правило, имаат четвороаголен тлоцрт, соодветно на податливоста на теренот за изведба на бараното решение. Подлогата за изведба на градбите 260
Бабиќ Б., 1986. Ревизионите истражувања се изведени во рамките на научноистражувачкиот проект “Доцноантички и средновековни населби во Северна Пелагонија”, (2003-2005 г.), главен истражувач д-р Бранислав Ристески.. 262 Истражувања се изведени во рамките на научноистражувачкиот проект “Доцноантички и средновековни населби во Северна Пелагонија, Мариово и Порече”, (2008-2011 г.), главен истражувач д-р Бранислав Ристески. 263 Ристески Б., 2016. 261
142
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
се состои од набиена замја, гранитна карпа или комбинација на двете подлоги. Исклучително важен сегмент, особено во горните партии од ридот, бил системот за заштита од поројните води, најчесто решаван како систем на одводни канали и подови од дрвени греди подигнати врз дрвени базиси. Конструкцијата на ѕидовите се состоела од вертикално поставени дрвени столбови-носачи и плетерна исполна помеѓу нив. Многу често масивни дрвени носачи, вкопани во подлогата, биле поставувани на просторот помеѓу аголните столбови. Најчесто, кога тоа го овозможувала конфигурацијата на тернот, вертикалните делови од карпите биле користени како ѕидови на објектите за што сведочат трагите од доработка на вертикалните делови од гранитните карпи. Покривите на куќите се состоеле од масивни дрвени греди со овален или четвороаголен пресек. Покривите имале едносливни или двосливни решенија, прекривани со слама или сено. Вратите во куќите најчесто биле со едноставна конструкција – без особено потенцирање на праговите, довратниците и надвратниците. Тесните длабнатини, констатирани во близина на довратниците, говорат дека вратите биле поставени врз вертикална оска. Фрагментарно сочуваните остатоци говорат дека во внатрешноста на станбените градби биле распоредени отворени огништа и легла со правоаголна или квадратна основа, најчесто вдлабени во карпа. Работен сегмент. Вториот дел од овие повеќефункционални целини го сочинуваат објектите наменети за подготовка на храна, чување на домашни животни, изработка на предмети и сл., именуван како работен сегмент. По правило, овој фонд на активности се изведувани на отворено или во рамките на сразмерно пространи, покриени градби – настрешници. Основата на овие градби најчесто е четириаголна, но се среќаваат и егземплари максимално подредени на обликот на податливиот простор. За разлика од станбените градби, подлогата за работните објекти е само грубо зарамнувана, независно дали се работи за земјена или камена подлога. Конструкцијата на овие објекти се состои од масивни дрвени столбови поставувани на аглите од градбите, а многу често во конструктивна улога се користени околните гранитни карпи. Овие објекти најчесто не биле затворани со ѕидови, но се познати единечни примероци кога се користени плетени прегради во цела висина или до одредено ниво од градбата. Треба да се напомене дека како и кај станбените објекти, многу често вертикалните страници од гранитните карпи биле користени во функција на периметрални или преградни ѕидови. 143
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Подеднакво како и кај куќите, покривот на работните простории е изведен од дрвени греди со овален или четириаголен пресек, распоредени на една или две води. Од горната страна на покривната конструкција биле поставувани слама, сено и сл. Влезовите, онаму каде што имало плетерни ѕидови, се правеле од преплетени гранки прекриени со кал. Нема траги од посложена конструкција на влезовите (прагови, довратници, надвратници). Во согласност со функцијата, во голем дел од градбите се откривани објекти поврзани со складирање и подготовка на храна: јами, корита, дибеци, мелници и системи за цедење сок од грозје. Некрополи. Со досегашните теренски истражувања на просторот од ридот Маркови Кули се констатирани три некрополи кои се поврзуваат со протоурбаната фаза, а кои го дефинираат и просторниот распоред на средновековниот Прилеп од IX/Xдо почетокот на XIIвек. “Некрополата Маркови Кули” eпозиционирана врз југоисточните падини од ридот, “Гробишта” се наоѓа во југозападното подножје, а “Поткули” во источното подножје од Марковите Кули. На овие три некрополи досега се истражени околу 270 гробови, при што не е исклучена можноста дека во овој период се користени дел од единечните гробови распространети врз карпите на ридот Маркови Кули, како и дел од постарите антички некрополи, исто така, вкопани во карпа. Гробовите најчесто имаат трапезоидна основа. Погребувањето е реализирано според христијански ритус. Типолошко-хронолошките карактеристики на наодите откривани во гробовите го потврдуваат користењето на овие некрополи во рамките на протоурбаната фаза на средновековниот Прилеп.264 Покрај наодите откривани при истражувањата на некрополите и карактерот на откриените станбено-живеалишни објекти, круцијално место во културно-хронолошкото детерминирање на протоурбаната фаза на средновековниот Прилеп имаат големиот број наоди од садова керамика, особено примероците од керамичкиот вид грниња и црепни. Садовите од керамичкиот вид црепни имаат масивно дно и ниски слабо закосени ѕидови, а во изработката е користена елементарно обработена суровина и техника на целосно рачно оформување. Фрагментарно сочуваните грниња најчесто имаат ниско конично тело и слабо закосен пропорционално низок обод со што се поврзуваат со садовите од словенскиот културен круг како и со поразвиените етапи од словено-византиските садови од овој вид. Заедничко за изработката на овие садови е користењето на внимателно обработена суровина и дооформување на грнчарско коло со сразмерно мали технички можности. 264
Бабиќ Б., 1986, 192-195; - Манева Е., 1992,186-215. 144
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Св.Софија, Охрид. Иако досега нема поопстојни податоци за распоредот на структуралните населбински сегменти од најраните етапи на средновековниот Охрид, со голема веројатност може да се претпостави еднаков или сличен просторен распоред и структура со објектите од протоурбаната етапа на средновековниот Прилеп. При конзерваторските зафати во горните делови од црквата Св.Софија во Охрид се откриени голем број на средновековни керамички садови.265 Меѓу овие наоди се констатирани и единечни примероци на грниња кои, според формално-технолошките карактеристики, можат да се вбројат во садовите од словенскиот културен круг. Грнињата имаат ниско конично тело и сразмерно низок, слабо закосен обод. Изработувани со од елементарно обработена суровина, а при оформувањето е користена техника на парче и дополнителна обработка на површините на грнчарско коло со мали технички можности. Површините се декорирани со единечни, плитко врежани прави и брановидни линии. Печењето е изведено при сразмерно ниска контрола на термичкиот процес. Според условите на откривање, како и според формално-технолошките карактеристики, овие садови можат да се датираат во X-XII век.
Заклучни согледувања. Иако малубројни, досега познатите населбински наоди овозможуваат, во општи црти, да се изјаснат особеностите на словенската култура во раниот и полниот среден век на територијата на Република Македонија. Раниот среден век (последни децении наVI/почеток наVII до средината на IX век) е обележан како време на интензивни миграциони процеси, првенствено детерминиран со населувањето на Словените во средишните делови од Балканскиот Полуостров и оттаму се разбирливи сé уште изворните словенски форми во населбинските сегменити од материјалната култура на територијата на Република Македонија. Досега познатите живеалишно-производствени објекти припаѓаат на општо познатиот тип на полуземјанки со правоаголна или квадратна основа, при што ѕидовите и покривите се изведени од дрво. Подовите се состојат од набиена земја, зарамнета од горната страна, а основен инвентар на станбените објекти се огништата и печките со незначителни разлики во техничките решенија. Садовите кај кои е можна реконструкција на обликот припаѓаат на керамичките видови грниња и црепни. Својствено за технологијата на нивната изработка е користењето на елементарно обработена суровина, моделирање со дополнителна обработка на површините и печење при 265
Алексова Б.1966. 145
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
слаба контрола на термичките процеси. Карактеристични форми на грниња се типичните словенски садови со високо или ниско конично тело и слабо закосен, сразмерно низок обод. Во текот на полн среден век (средина на IX до крај на XII век) следиме понатамошен развиток на словенските форми, што соодветствува на процесите на стабилизација на доминантното словенско население, а кое, во значителна мера, ги задржува изворните материјални облици од претходната етапа. Ремоделираните станбено-производствени објекти се надземни градби, кои и понатаму имаат правоаголна или квадратна основа, при што ѕидовите и покривите се изведени од дрво. Подовите се состојат од набиена земја, зарамнета од горната страна, а основен инвентар на станбените објекти се огништата и печките со незначителни разлики во техничките решенија. Така, живеалишно-производните објекти во рамките на протоурбаната фаза на средновековниот Прилеп, без сомнение, претставуваат директно продолжение на раносредновековните објекти од овој вид во средишните делови од Балканскиот Полуостров, при што е евидентна исклучителната инвентивност и градбена вештина во просторното уредување и изведба на објектите, подеднакво на повисоките сегменти од ридот, како и во подножјето на Марковите Кули. Меѓу керамичките садови, кај кои е можна реконструкција на обликот, се евидентирани примероци од видовите црепни и грниња. Додека кај црепните и понатаму продолжува елементарната техника на изработка, кај грнињата е евидентен напредокот во степенот на обработката на суровината, оформување на грнчарско коло со мали технички можности, најчесто со користење техника на парче, како и печење при повисок степен на контрола на термичките процеси. Меѓу облиците на грниња најчесто се застапени садовите со сразмерно ниско или високо конично тело и слабо закосен, пропорционално низок обод. Summary In the territory of The Republic of Macedonia, as a segment of the central Balkan cultural area, in the period of the late VI/early VII century till the end of the XII century we can see proportionally large number of material manifestations of authentic Slavic culture, most evidently in the settlement segments: the living facilities and pottery. In the Early Medieval Ages (the late VI/early VII century till the end of the XII century), which was marked with the Slavic settling of the core parts of the Balkan Peninsula, material manifestations of Slavic culture are represented to us with habitation -production facilities from the semi pit-house type and pottery from the “grne”(pot) type and the “crepna” (large shallow earthen vessel for baking large loaves of bread) type, made by an elementary technicallytechnological level. Remains from habitation -production facilities and 146
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
fragments from pottery are found in the region of Skopje (Zajcev Rid, Zlokukani and Klucka-Hipodrom, Skopje) and Northern Pelagonija (site of Gradiste, Debreste). The further development of authentic Slavic forms in the High Middle Ages (middle of the IX to the end of the XII century) can be seen within the proto urban stage of medieval Prilep (habitation-production facilities, pottery etc.) and the beginning stages of medieval Ohrid(pottery). The habitationproduction facilities have rectangular or square layout plan and are dominantly made of wood. Material manifestations from this kind can be seen in the pottery types “crepna”and “grne”, in which within the “grne” type we can follow an evident technological development through all production stages: getting the raw material, shaping, surface treatment and firing. In both stages of the Middle Ages in the territory of The Republic of Macedonia authentic Slavic culture coexists at the same time with remodelled late antique shapes and the symbiotic Slavic-Byzantium forms of material culture, from which we can see an evident mutual formally-technological influence. Библиографија. Алексова Б.,Средновековна керамика од црквата Св. Софија во Охрид, ГИНИ том IV, книга 1-2, Скопје 1960, 199-216. Бабиќ Б., Материјалната култура на Македонските Словени во светлината на археолошките истражувања во Прилеп, Прилеп 1986. Бабиќ Б., Денешните територии на Република Македонија и Република Албанија во VIIи VIIIв., Цивилизации на почвата на Македонија, книга 2, Скопје 1995, 153-182. Манева Е., Средновековен накит од Македонија, Скопје 1992. Митревски Д., Праисториска некропола Клучка – Хиподром кај Скопје, Зборник, Археолошки музеј, нова серија 1, Археологија, Скопје 1995. Ристески Б., Раносредновековни наоди од Скупи, Македонско наследство 19, Скопје 1995, 71-81. Ристески Б., Средновековна садова керамика од Скопско, Македонско наследство 21, Скопје 2004, 48-71.
147
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Ристески Б., Раносредновековно грнчарство во централните делови од Балканскиот Полуостров, Научно списание, Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола 2, Битола 2006, 277-312. Ристески Б., Раносредновековна садова керамика од Република Македонија, Археолошки откритија на почвата на Македонија, Прилози за истражувањето на историјата на културата на почвата на Македонија, книга 19, МАНУ, Скопје 2008, 1035-1064. Ристески Б., Маркови Кули, Варош-Прилеп, сектор Сред Кули и Рамниште, Македонски археолошки преглед 1, Скопје 2008, 259-263. Ристески Б., Основни тенденции во развитокот на раносредновековната садова керамика од централните делови на Балканскиот Полуостров, Folia Arheologica Balkanica, vol. III, Skopje 2015, 531-540. Risteski B.,Markovi Kuli near Prilep, The most significant values of the cultural and natural heritage, Skopje 2016.
148
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
ПРИЛОЗИ ОПИС
1. Зајчев Рид, с. Злокуќани, хоризонт 1. 149
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
2. Зајчев Рид, с. Злокуќани, хоризонт 2.
150
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
3. Зајчев Рид, с. Злокуќани, грне VII-
4. Клучка-Хиподром, Скопје, грне
VIII век.
VII-VIII век.
5. Маркови Кули, Варош-Прилеп, објекти IX-XI век, градби XII век
6. Маркови Кули, Варош-Прилеп, објекти IX-XI век, градби XII век.
151
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Душко ТЕМЕЛКОСКИ
904:930.85(497.775)“652“
266
СОБРАНИЕ - БУЛЕВТЕРИОН ВО СТИБЕРА Апстракт: Со археолошки истражувања во 2014 и 2015 во античкиот град Стибера е откриена монументална градба од римскиотцарски период. Позиционирана на западните падини на ридот Бедем, во непосредна близина на Храмот на заштитничката на градот Тихе, оваа градба најверојатно имала административен карактер. Во прилог на ваквата идентификација на функцијата е и откриениот епиграфски споменик на чиј почесен натпис е спомнато собранието на градот. Луксузно декорираните ѕидови, жртвениците пронајдени во една од просториите, како и репрезентативните наоди на мермерни скулптури претстави на видни граѓани, само дополнително ја поткрепуваат оваа претпоставка. Сепак, идните истражувања ќе покажат дали градбата е, всушност, самото собрание на градот Стибера. Клучни зборови: Стибера, римско-царски период, собраниебулевтерион, штуко декорација, мермерна оплата. Античката населба Стибера, едно од најзначајните антички археолошки наоѓалишта во Република Македонија, се наоѓа на околу 16 км југозападно од Прилеп, во непосредна близина на селото Чепигово (Сл. 1). Распослана е на ридот Бедем и околните платоа кон реката Блато. Најраните истражувања, како и пронаоѓања на мермерни архитектонски елементи од страна на мештаните на селото, упатуваат на простирање и на просторот помеѓу реките Блато и Црна Река, како и во подножјата на ридот Бакарно Гумно (Сл. 2).267 Стибера бил значаен урбан центар во областа Девриоп во подолг временски период од крајот на III век ст.е. до средината на IV век н.е.268 Од антички пишани извори дознаваме дека за време на походот на конзулот Сулпикиј против македонскиот крал Филип V, римската војска пристигнала во градот и се снабдила со житарици, додека во 169 година ст.е. во него последниот крал на античка Македонија, Персеј, го организирал воениот команден штаб. Оттука поаѓал во освојување на соседните територии на Пенестите, кои во текот на римско-македонските војни биле на страната на Римјаните.269 266
Археолог - виш кустос, Душко Темелкоски, НУ Завод и Музеј - Прилеп, ул. Александар Македонски 142, Прилеп, duletem@yahoo.com 267 Вулић Н. 1931, 190-191. 268 Со најновите истражувања во 2016 и 2017 се открија делови од градби од II-I век ст.е. јужно од Храмот на Тихе. 269 Папазоглу Ф., 1957, 217; Вучкович, 1963, 60. 152
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Подоцнежните записи упатуваат на убицирање на градот на реката Еригон (Црна Река) како една од станиците на патната комуникација Стоби-Хераклеја Линкестис.270 Најголемиот процут градот го има во римскиот-царски период во времето на династиите на Антонините и Северите, а една од главните причини за негово пропаѓање биле ограбувачките походи на Готите и Херулите во 267/8 година, во време на владеењето на императорот Галиен.271 Одредени истражувања на Стибера меѓу двете светски војни презема Никола Вулиќ, додека први посериозни археолошки ископувања реализира Археолошкиот музеј на Македонија во 1953 година.272 Истражувањата продолжуваат во осумдесеттите и деведесеттите години од минатиот век, за да се интензивираат во последните десетина години.273 Во овие истражувачки кампањи скоро во целост се истражени неколку објекти од римскиот-царски период: Гимназион, Храм на богинката Тихе - заштитничка на градот, Работилница за изработка на теракотни фигурини и керамички светилки и светилиште на божество со птичјо лице274. Од доцнохеленистичкиот период сочувани се делови од ѕидините на акрополата на ридот Бедем, како и остатоци од градби на просторот јужно од Храмот.275 Во 2014 и 2015 година се истражуваше во дел од секторот Храм Тихе северно плато, односно на околу 40 м северно од храмот (План). Со истражувањата се открија остатоци од монументална градба со релативно голема површина, којашто, врз основа на првичните согледувања, работно ја определивме како Собранието на градот - Булевтерион (Цртеж 1). За жал, нејзино целосно истражување, со цел потврдување или негирање наведената претпоставка за функцијата, ќе биде можно во иднина откако позитивно би се решило барањето за експропријација на земјиштето коешто е во приватна сопственост. Пред отпочнувањето на градежните работи, карпата на местото предвидено за градење била прилагодена со делкање и засекувања, со што биле оформени две нивоа со меѓусебна разлика во висина од 0,90 м. Со 270
Папазоглу Ф., 1957, 218; Микулчиќ И., 1996, 19. Кепески К., 1971, 58; Микулчиќ И., 1996, 21. 272 ВулићН., 1931, 190-191; ВучковичТодорович Д., 1963, 59-101. 273 Кепеска Л., Кепески К., 1990, 161-170;Кепеска Л., Кепески К., 2007, 87-96;Кепеска Л., Кепески К., 2008, 229-246; Кепеска Л., Кепески К., 2010, 255-267;Кепеска Л., Кепески К., 2011, 317-328; Кепеска Л., Кепески К., 2016; Авторот на овој текст, почнувајќи од 2014 година, раководи со истражувањата на локалитетот. 274 Работилницата и Светилиштето се презентирани на XXIII симпозиум на МАНД (одржан во Виница, 2014) и на симпозиумот Vita est vita во организација на НУ Завод и Музеј - Струмица (одржан во с. Банско, 2016). 275 Градбите се откриени со истражувањата во 2016 и 2017 година. 271
153
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
истражувањата беа откриени поголем дел од просторија означена како Западна просторија, чиешто подно ниво лежело на пониската нивелација и сосема мал дел од просторија означена како Источна, со подно ниво на повисоката нивелација на карпата. И двете простории имале ѕидови градени од убаво делкани камења, поврзувани со варов малтер. Целосно се откри ѕид со ориентација СЗ - ЈИ, со којшто биле поделени двете простории. Измерена е негова должина од 17,30 м и максимална сочувана висина од 2,15 м. За разлика од другите откриени ѕидови, овој ѕид е со помала ширина од 0,55 м, со оглед што бил внатрешен ѕид на градбата. Од пониско фундираната Западна просторија, откриени се делови од двата надолжни надворешни ѕидови со ориентација СИ - ЈЗ. Од нив, северниот е отворен во должина од 11,00 м, додека јужниот ѕид во должина од 19,00 м имаат просечна ширина од 0,75м. Од нивната надворешна страна евидентирано е засекувањето на карпата со меѓупростор исполнет со земја полнетица. Раскошната штуко декорација, којашто била нанесена на малтерна подлога врз внатрешните страни од трите ѕида во оваа просторија (Сл. 3), беше сочувана претежно во подолните партии од ѕидовите. Со хоризонтална фуга (дебелина од 0,065 м), а на висина од 0,40 м, декорираната површина била поделена на долно единечно црвенообоено поле и горни правоаголни полиња премачкани со светлокремова боја. Овие полиња, разделени со вертикални фуги со иста дебелина како хоризонталната фуга, биле наизменично распоредени во свои две должини од 0,30 м и 0,90 м. Нивната висина не можеше да се определи, со оглед на тоа што штуко-декорацијата беше отпадната во горните делови. Подното ниво на просторијата е од слој на набиена жолтеникава глина нанесенаврз нивелираната карпа, премачкана со тенок црвеникав малтерен слој, чии траги беа само на места. На западната страна на заедничкиот ѕид на двете простории биле позиционирани четири мермерни жртвеници и ниска платформа. Пред платформата, поаѓајќи од север, бил позициониран првиот жртвеник со правоаголна форма и со, исто така, правоаголен реципиент, во којшто беа евидентирани калцинирани остатоци од некаква органска материја (Сл. 4, 1 и Цртеж 1, 1). Според извршената хемиска анализа, станува збор за растително масло.276 После платформата бил поставен помасивен жртвеник со приближно квадратна форма, а кој се состоел од два дела кои биле поврзани со железни кланфи (Сл. 5, 2 и Цртеж 1, 2). Во неговиот овоиден реципиент беа пронајдени неколку коски од птици. На 0,65 м од него, откриен е дел од уште еден сличен жртвеник, но поставен попречно 276
Анализата ја изврши проф. д-р. Макрески П., ПМФ Скопје - Институт за хемија, во 2014 година. 154
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
(Сл. 5, 3 и Цртеж 1, 3). Пред самиот југоисточен агол на просторијата бил позициониран четвртиот жртвеник, по димензии и форма сличен на првиот, исто така со правоаголен реципиент (Сл. 5, 4 и Цртеж 1, 4). Платформата, со висина од 0,20 до 0,26 м и должина од 6,10 м, била конструирана од кршени камења врзувани со малтер, со тоа што фронтално позиционираните камења биле правилно обработени (Цртеж 1, 5). Таа фронтална страна била дополнително оформена и со ниска преграда од малтер, со висина до 10 см. Максималната ширина на платформата изнесува 1,00 м. Каква намена имала не може да се каже. Над неа беше измерена константна висина на ѕидот од околу 0,90 м, што упатува на можна претпоставка дека во овој дел можеби бил преминот од Западната кон Источната просторија. Во тој случај, врз платформата можеби била подигната некаква скалеста дрвена конструкција, преку која се доаѓало во повисоко фундираната Источна просторија. Противаргумент на оваа претпоставка е тоа што и овде ѕидот бил декориран со истата луксузна штуко техника. Следствено, се поставува прашањето, доколку постоела некаква дрвена конструкција пред преминот, зошто и во тој дел од ѕидот би била нанесена декорација, кога истата би била покриена. Фронтално, пред платформата, се открија четири дислоцирани мермерни наоди, фрагментарно сочувани - два архитектонски елементи и два епиграфски споменици. Од едниот епиграфски споменик беше сочуван само мал дел од натписното поле. Вториот беше сочуван во димензии 0,72 х 0,46 х 0,38 м. Според натписот изведен со старогрчки алфабет, споменикот бил подигнат од страна на градскиот совет (булевтерион) и народот (демосот) во чест на граѓанин со име Флавиј (Сл. 6 и Цртеж 1, 6). Во останатиот истражен простор од Западната просторија откриени се неколку фрагментирани тамбури и база од римско - дорски ред на мермерни столбови. Двата масивни архитектонски елементи, едниот квадратна база – постамент, а другиот, аголен дел од венец - гејзон со декорација на дентикула, само дополнително говорат за монументалноста на градбата (Сл. 7, 7 и 8 и Цртеж 1, 7 и 8). Секако, специфична појава претставува конструкцијата оформена од правоаголни и квадратни мермерни блокови делумно вкопани во карпата (Сл. 7, 9 и Цртеж 1, 9). Откриени се и вдлабувања во карпата во кои биле позиционирани дислоцирани блокови од конструкцијата. На горната површина од квадратните блокови евидентирани се вдлабнувања за кланфи, со кои можеби биле прицврстени и вертикално поставени споменици (статуи) или некакви архитектонски елементи. Со истражувањата е откриен и мал дел од Источната просторија на градбата, односно дел од нејзиниот северен ѕид во должина од 5,0 м. Повторно е измерена иста просечна ширина од 0,75 м, а во висина беше сочуван максимално до околу 1,25 м. Ѕидот, како и заедничкиот ѕид на 155
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
двете простории од оваа негова источна страна, завршувале со мермени цокли со висина од 0,25 м. (Сл. 8). Од декорација на ѕидовите во рушевинските слоеви во големо количество се пронајдени и мермерни плочки со вегетабилна и геометриска орнаментика, користени како оплата (Сл. 9). Подните плочки биле положувани врз тенок слој на хидростатен малтер, чии траги беа евидентирани единствено на места. Од архитектонска декоративна пластика значаен наод претставува коринтскиот пиластер капител (Сл. 10). Претпоставената ширина на Источната просторија изнесува околу 15 м, со оглед што на тоа растојание од откриениот нејзин северен ѕид се евидентира сосем мал дел од паралелен на него ѕид (Цртеж 1, 10). Во двете простории откриен е богат движен археолошки материјал, кој го датира егзистирањето на градбата во периодот од I до почетокот на III век. Евидентирани се мноштво наоди на фрагментирана садова керамика, неколку земјени пирамидални и бубрежести тегови, железни алатки, како и делови од механизми за заклучување и мноштво клинци. Пронајдени се и неколку бронзени монети: две од нив се автономни изданија на градот Тесалоника од II век ст.е., една псевдоавтономна емисија на градот Стоби од времето на Веспазијан и еден антонинијан од III век. Секако, вредни се наодите на мермерна антропоморфна пластика. Скулптурата на виден граѓанин со свиток во левата рака е сочувана во висина од 1,07 м, во дел од над колената до вратот (Сл. 11, Цртеж 1, 11), со детална и фина изработка на прстите од рацете и на драперијата од наметката. Откриен е и долен дел од скулптура на маж кој стои покрај низок полустолб (Сл. 12). Сочувани се неговите нозе до глуждовите и плинтата со неправилна правоаголна форма. И овде се забележува префинета обработка на деталите на човечкото тело, односно прстите на стапалата, како и на врвките од обувките. Покрај овие два репрезентативни наоди, пронајдени се уште неколку фрагменти од други антропоморфни скулптури - дланка, рамо и надлактица. Во непосредна близина на платформата, покрај заедничкиот ѕид во Западната просторија, во подебел слој од гареж, откриена е група од вкупно 14 железни стрелки со квадратен пресек (Сл. 13). Можеби со нив се користеле воинствените Херули или Готи, кои најверојатно ја опожариле градбата, а за кои, според антички пишани извори, дознаваме дека во 267/8 година при своите походи ги рушеле римските градови, вклучително и Стибера. Бронзените монети на Константин I (306-337) и Константиј II (337-361) пронајдени во рушевинските слоеви, веројатно претставуваат единечни наоди од времето кога градбата повеќе не била во функција. Како резиме, во секторот Храм Тихе - северно плато во Стибера откриен е дел од градба со релативно голема површина. Двете простории кои се презентирани во овој труд се само дел од неа, со оглед на фактот што од 156
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
надворешната страна на јужниот ѕид од Западната просторија се евидентира почеток на ѕид од трета просторија (Цртеж 1, 12). Масивните мермерни архитектонски елементи, луксузната архитектонска декорација изведена со мермена оплата и штуко декорација врз ѕидовите, жртвениците откриени внатре во една од просториите, како и репрезентативните наоди на антропоморфна мермерна пластика, дефинитивно упатуваат на значаен јавен објект. Нискиот степен на истраженост остава простор за претпоставки во контекст на карактерот на оваа градба. Дали епиграфскиот споменик во кој се споменува собранието на градот значи дека е откриена оваа значајна административна институција булевтерион? Сепак, не мора да значи, со оглед на тоа што сличен споменик подигнат како почест која советот на градот му ја оддава на виден граѓанин со име Тесал, син на Посидип, е откриен во хероонот во рамките на Гимназионот.277 Останува идните истражувања да дадат сознанија кои ќе помогнат во дефинирањето на функцијата на градбата. Фотодокументација - изработил Душко Темелкоски Техничка документација - изработил Кире Јованоски, архитект - советник конзерватор РЕЗИМЕ Во античкиот град Стибера е откриена монументална градба од римскиотцарски период, веројатно самото собрание - булевтерион. Позиционирана на западните падини од ридот Бедем, во близина на Храмот на Тихе, градбата е импресивна по својата површина, но и според луксузно декорираните ѕидови во штуко декорација и со оплата изведена со мермерни плочки. Откриени се две простории, поголем дел од Западната фундирана на пониско ниво и помал дел од Источната на повисоко ниво. Пронајдени се неколку жртвеници и репрезентативни наоди од антропоморфна пластика. Епиграфскиот споменик со кој собранието на Стибера му оддава почест на виден граѓанин со име Флавиј, дополнително упатува на можноста оваа градба да била собранието на градот. Со идни истражувања ќе се потврди или негира оваа претпоставка.
277
Д. Вучковиќ, 1993, 79, Т. XVIII, 31; Inscriptiones Graecae, 1999, 165, 335.
157
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
ПРИЛОЗИ
Сл.1
Сл.2
Сл.3
Сл.4
Сл. 5 158
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Сл. 6
Сл. 7
159
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Сл 8
Сл. 9
Сл. 10
160
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Сл. 11
Сл. 12
161
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Сл. 13
Цртеж 1 162
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Александар МИТКОСКИ
902.2:903.2 (497.775)“636/637“
278
НОВИ СОЗНАНИЈА ЗА ЕНЕОЛИТОТ ВО ПРИЛЕПСКИОТ ДЕЛ НА ПЕЛАГОНИЈА И МАРИОВО Апстракт: Археолошките истражувања и рекогносцирања изведени во поново време понудија многу нови сознанија за енеолитот на просторот на прилепскиот дел на Пелагонија и Мариово. Притоа движниот археолошки материјал има многу заеднички карактеристики со материјалот од средноенеолитската регионална културна група Шуплевец – Бакарно Гумно како и со оној од доцноенеолитската културна група Трештена Стена. Клучни зборови: енеолит, Пелагонија, Мариово, керамика, браздесто врежување, култни масички – жртвеници, прешлени, орудија од камен Со повеќегодишните активности на стручните лица од Н.У.Завод и Музеј - Прилеп на просторот на прилепскиот дел на Пелагонија и Мариово пронајдени се поголем број на праисториски локалитети, или пак локалитети чии почетоци се во времето на праисторијата.279 Во овој труд, акцент ќе биде ставен на локалитетите од времето на енеолитот. За одреден број од нив податоци се добиени по пат на археолошки истражувања а за останатите - по пат на археолошки рекогносцирања. Но, сепак, сé уште е многу тешко да се оформи реална слика за енеолитот на овие простори. Археолошки истражувања на просторот на Пелагонија извршенисе на локалитетите: Могила, село Сенокос,280 Бакарно Гумно, село Чепигово,281 Крушеанска Чука, село Врбјани,282 Големи Камен, село Лопатица,283 Маркови Кули, Прилеп284 и Градиште, село Дебреште285, а во Мариово на локалитетот Трештена Стена, село Манастир Т.VI,12,13).286 Движен археолошки материјал од времето на енеолитот е пронајден и во насипот од тумулот на Страгата кај село Крушевица.287 278
Археолог, кустос советник, Александар Миткоски, Н.У. Завод и Музеј, Прилеп, ул. Александар Македонски бр. 142, amitkoski@yahoo.com 279 Миткоски А, 2012,7 280 Темелкоски Д. - Миткоски А, 2006,55 281 Kitanoski B., 1992, 232 282 Темелкоски Д., 1999, 33 283 Темелкоски Д. - Миткоски А, 2008, 115 284 Цнотливи Е., 1990, 63 285 Babić, 1965, 62 286 Миткоски А., 2011,125 287 Миткоски А., 2010, 49, План 3 163
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Во поново време наоди од времето на енеолитот се пронајдени и при археолошките истражувања на локалитетите Баба, Прилеп288 и Ридот, село Мажучиште.289 Археолошки ископувања локалитет Баба, Прилеп Локалитетот Баба се наоѓа 4 км, североисточно од центарот на Прилеп и 6 км западно од планинскиот премин Плетвар. Има мошне поволна положба со доминација над широката околина, особено во поглед на прегледноста кон преминот на планинскиот превој Плетвар, како и на приодниот дел на патот што води од преминот Дервен кон Прилеп. Ридот Баба претставува доминантен карпест врв и истиот бил утврден (Т.I,1). Тврдината се состои од три дела, акропола, северно и јужно подградие, при што на терен се видливи неколку фази на градење од античкиот и средновековниот период.На повеќе места околу утврдувањето биле изделкани или издлабени во карпа голем број објекти, од кои ќе ги спомнеме петте двојни корита за цедење грозје, како и повеќето гробови со трапезоидна основа. Овие објекти биле диво раскопани во подалечното или поблиското минато, така што ние ги евидентиравме без прилози или други елементи со чија помош би можеле временски да ги определиме. Континуираното унишување на локалитетот од страна на дивите копачи продолжува и во најново време.290 Локалитет Ридот кај селото Мажучиште Локалитетот Ридот се издига веднаш до источната периферија од селото Мажучиште, а се наоѓа на околу 5 км северозападно од Прилеп. Претставува поголем карпест рид,со ориентација север - југ и извонредна стратегиска местоположба од која има мошне јасен визуелен опфат на скоро целиот северен дел од Пелагонија. Од три страни ридот има стрмни падини, а пристапен е единствено од северната страна. Со претходни рекогносцирања на овој локалитет, пронајден е броен движен археолошки материјал и тоа, пред сé, од куќна садова и градежна покривна керамика, како и една дробилка за руда изработена од гранитен камен. Овој материјал упати на тоа дека просторот бил користен за живеење во минатото во еден подолг временски период, односно во праисторијата и во античко време. Северно од локалитетот евидентирани се неколку гробови од типот “циста” а на неколку потези се лоцирани и повеќе објекти издлабени во карпа. Друштвото за експлоатација и преработка на гранит и мермер “Карика Д.О.О. увоз - извоз“ од Прилеп, врз основа на 288
Миткоски А., 2008, 140 289 Миткоски А, Темелкоски Д., (во печат) 290 Миткоски А., 2008, 140, План 1 и 2, сл. 1- 8 и наведена литература 164
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
одобрена концесија, од источната страна на ридот отвори рудник за гранит, заради што со години наназадархеолошкиот локалитет е континуирано загрозуван и уништуван (Т. II, 3). Археолошки рекогносцирања Со археолошки рекогносцирања на просторот на Пелагонија утврдено е дека населби во времето на енеолитот егзистирале на локалитетите: Каменица, Прилеп во 1955 година, Марково Кале, село Локвени во 1956 година, Присои, село Кутлешево во 1956 година, Каликија, Прилеп во 1962 година, Тумба, село Боротино во 1999 и 2000 година, Палатица, село Штавица во 2000 година и Каракамен село Шелеверци во 2012 година а во Мариово на локалитетот Градиште, село Манастир во 1999 година (Т.II,4).291 Во праисториското депо на Н.У.Завод и Музеј - Прилеп се наоѓа и движен археолошки материјал од село Прилепец и од “Непознат“ локалитет, за кој немаме никакви податоци, а тој ги има сите карактеристики на енеолитот. Локалитет Каменица, Прилеп Локалитетот Каменица се наоѓа на околу 2 км североисточно од последните куќи на градот Прилеп и на околу 500 м северно од патот Прилеп – Велес преку Бабуна. Тука на блага падина што се спушта од ридот Кукул, по површината на земјата се среќаваат парчиња од дислоциран куќен лепеж, фрагменти од керамички садови, фрагмент од модел на куќа (Т.V,12), глава од антропоморфна фигурина, ножина од кремен и прешлен со биконусна форма.292 Во 50 – те години на овој простор се наоѓал каменолом заради што локалитетот е скоро целосно уништен (Т.I, 2). Локалитет Присој, село Кутлешево На околу 500 м југозападно од селото Кутлешево и исто толку западно од патот за село Заполжани, по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и куќен лепеж.293 Локалитет Тумба, село Боротино Локалитетот Тумба се наоѓа на околу 1,0 км северозападно од селото Боротино и на околу 1,5 км југоисточно од локалитетот Врбјанска Чука. Припаѓа на типот тумба и доста е оштетена. Имено, при изградба на локалниот пат, село Боротино – село Славеј, во 1954 година, таа е пресечена на два дела а во 1970 година, при изградба на одводен канал, 291
Миткоски А, 2010, 60, Т. XIII, 4, 5 Китаноски Б., 1961. 46 293 Археолошка карта 1996, 302 292
165
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
локалитетот е пресечен скоро по средината.294 Експедицијата на Fjuks која пред Втората светска војна извршила рекогносцирање на просторот на цела Македонија го посетила и овој локалитет295 а локалитетот го спомнува и Вулиќ Н., во неговата Археолошка карта.296 И двајцата ја сметаат за мала могила од бронзено време. Археолошките рекогносцирања на локалитетот Тумба, извршени во неколку наврати од страна на стручни лица на Н.У. Завод и Музеј - Прилеп, констатираа дека локалитетот егзистирал во бронзеното време но и во времето на доцниот неолит. Контекст на пронаоѓање локалитет Баба, Прилеп Со сондажните археолошки истражувања изведени во 2005 година на локалитетот Баба, до здравицата се стигна единстевно само во делот на Просторијата 2 од помладата фаза, која во овој случај беше карпа. Истата во долниот дел е зарамнета и на неа се наоѓа ред од аморфен камен реден во правецот север-југ, кој асоцира на ѕид од некоја постара фаза. Притоа во североисточниот агол на Просторијата 2 беше пронајдена и истражена Јама 2 која е издлабена во карпа и исполнета со темносива земја помешана со гареж и пепел а низ неа се наоѓаат фрагменти од праисториска керамика, како и малку животински коски (Т.III). Од димензиите можеше да се измери само длабочината која изнесува 0,80 м а пречникот не можеше да се измери бидејќи јамата се протега под нивото на ѕидовите I и II (Т. IV). Со ова се потврди претпоставката која беше формирана врз база на неколку фрагменти од керамички садови пронајдени при едно претходно рекогносцирање, дека овој простор бил користен за живеење и во праисторијата (Т. V, 25, 26).297 Локалитет Ридот кај село Мажучиште Со заштитните археолошки ископувања, кои беа изведени во 2004 година на овој локалитет, остатоци од градба од праисторискиот хоризонт беа евидентирани само во јужниот анекс. Овој хоризонт од помладиот, антички, бил одделен со слој од поситен аморфен камен. Притоа беше откриено ниво од кршена садова керамика, која лежеше на стерилен слој од песок со жолтеникава боја (дебелина од 0,06 м). Најверојатно овој слој служел за нивелирање на просторот за живеење, а нанесен директно на карпата, која во случајов ја претставувала здравицата. Над нивото од кршена садова керамика се евидентира под од убаво црвеникава испечена глина (дебелина 1,0 см). Слоевите од камен, глина и кршена садова 294
Археолошка карта 1996, 282 FewkesV., 1934, 52 296 VulićN., 1937, 21 297 Миткоски А, 2008, 142, Пл. 2 295
166
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
керамика беа помешани со пепел и достигаа вкупна дебелина од 0,17 до 0,45 м. Ова упатува на претпоставката дека праисториската градба била опожарена. Нејзините ѕидови најверојатно биле градени од камен. Потврда за тоа е откриениот дел од ѕид кој лежеше директно на карпата, а се протегаше северно од опишаниот слој. Бил граден од поситен и појадар аморфен камен, а беше зачуван само во два реда, односно бил скоро целосно уништен со еден од ѕидовите од подоцнежната античка градба. Уште една потврда за постоење на градба во праисторијата се и неколкуте помали јами за колци издлабени во карпата, ориентирани во правец север - југ, со помал отклон кон североисток. Од разгледаните населби само Тумба, село Боротино, припаѓа на типот тумби, т.е. вештачки подигнати возвишенија што е вообичаен тип на праисториска населба во Пелагонија. Втората група се населби сместени на помали возвишенија, лесно пристапни (Каменица) и третата се населби сместени на повисоки и потешко пристапни места, со извонредна доминантна положба над пошироката околина (Баба, Ридот). Откриените фрагменти од куќен лепеж (Каменица, Каликија) потврдуваат дека жителите на овие населби граделе надземни куќи во вообичаената праисториска техника на градење од дрвена граѓа и лепеж, во рамките на востановени градителски традиции со определени норми за нивниот облик, димензии и внатрешен распоред. Движни наоди Познато е дека археолошкото рекогносцирање претставува ограничен метод на истражуавање затоа што добиените податоци се базираат само врз површински наоди. Од овие причини, за ваквиот археолошки материјал можат да се изнесат само општи карактеристики. Од движниот археолошки материјал најмногу е застапена садовата керамика, претежно откриена во фрагменти. Преовладуваат садовите со средна фактура, во помал број се присутни оние со фина изработка, додека грубата фактура се среќава многу ретко. Обично се работени од земја која содржи примеси од лискун и ситни зрнца од песок, најчесто само со замазнета горна површина, а многу поретко се застапени садови сосјајно мазнети површини. Бојата на садовите добиена при печењето обично е кафеава во повеќе нијанси, а во помала мера сива или темно сива, односно црна. Застапени се и двобојни садови, надвор сива а внатре кафеавкаста и обратно. Дната на садовите се кружни и рамни, а поретко и малку вдлабени (Т.V,13). Повеќето садови се украсени од кои неколку и од внатрешната страна (Каменица). Кај грубата керамика карактеристични се поголемите нееднакво печени садови со дебели ѕидови. Како типови застапени се чинии и садови со различни облици и намена. Чинијата во форма на прав конус - кај еден фрагмент од Каменица чинијата има задебелен венец од внатрешната страна, кај друг од 167
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Каликија венецот е задебелен од надворешната страна и украсен со кратки, коски плитки канелури, а трет од Дебреште со хоризонтални и коси низи од триаголни и овални убоди (Т.V,1,T.VII,5). Оваа варијанта на чинија е застапена во Голем Камен, Бакарно Гумно, Каракамен, Шуплевец, Карамани, Црнобуки во Пелагонија и Трештена Стена во Мариово,298 како и во населбите од соседната Бубањ - Хум енеолитска културна група.299 Конусната чинија со вовлечен обод е чест облик во садовата продукција (Баба, Могила, Каменица, Ридот, Каликија, Дебреште, Прилепец, “Непознат“ локалитет). Најчесто е соубава фактура, тенки ѕидови и сјајно мазнети површини, а бојата на печењето е кафеава, сивокафеава и сива до црна. Евидентирани се и чинии со средна фактура. Како држалки се јавуваат лентестата и брадавичеста поставени под преминот. Кај овие чинии најчесто е украсуван вратоти тоа со вертикални или коси паралелни, плитки и тесни или широки канелури. Кај еден примерок на преминот се наоѓа хоризонтален ред од правоаголни убоди (Т. IV, 2, Т. V, 2 - 8, T. VI, 1, 2, 14, T.VII, 13). Овие чинии, без исклучок, присутни се во сите енеолитски локалитети што му припаѓаат на културниот комплекс Бубањ - Хум - Салкуца – Криводол.300 Длабоките чинии со полутопчеста форма откриени се во помал број примероци (Баба, Каменица, Дебреште, Могила, Каликија, Страгата, “Непознат“ локалитет). Обично се со средна фактура а бојата на печењето е кафеава или сивокафеава, или се двобојни, кафеава од надворешната а темно сива од внатрешната страна. Украсувани се со кружни и овални убоди, или во техника на браздесто врежување. Кај една чинија со поголеми димензии од Каменица, венецот е зарамнет и украсен со попречни, паралелни отпечатоци од нокти а ваков хоризонтален ред се
298
Гарашанин М. - Симоска Д., 1976, 15. сл. 9, 20; Симоска Д. и др., 1976, 47, Т.XI,1; Симоска Д. и др., 1977, 15, сл.3; Kitanoski B., 1992, 232; Темелкоски Д.,1999, 35,Т.I, 3; Темелкоски Д. - Миткоски А.,2008, 119, Т.III,1; Миткоски А., 2011, 131, Т.I, 1-9; Т. III, 13, Т. VI, 1-5, Т. VIII, 1-14, Т. XIII, 2, Т. XIV, 1-9, Т. XVIII, 1-9, Т.XXI, 1,3; Миткоски А., 2012, 11, Т. V, 8 299 Гарашанин М.,1973, 177 300 Kitanoski B.,1971,139; Гарашанин М., 1973, 176; Гарашанин М. - Симоска Д., 1976, 13, сл. 1,14,19, 29; Симоска Д. и др., 1976, 46, Т.IV,4,8, Т.V,3, Т.VIII, 1,4, Т.IX, 1,7, Т.X, 1,5; Санев В. и др., 1976, 49, сл. 370; Tasić N., 1979, 102; Кузман П., 1996, 14, сл. 4; Темелкоски Д.,1999, 35, сл. 1,2, Т.I, 1,2; Видески З., 2005, 74, Т. XVII, Т.XVIII, Т.XIX; Темелкоски Д. Миткоски А., 2006, 72, Т.I, 15; Рујак З. 2007, 26, Т.IV; Темелкоски Д. Миткоски А., 2008, 119, Т. III, 5-9, Т.VI, 5; Јовчевска Т., 2008, 34, Т. III, 1, 2; Миткоски А, 2010, 58, Т.XI,8; Миткоски А., 2011, 131, Т.I, 1-9; Т. III, 4-9, Т. VI, 6-9, Т. VII, 1, Т. VIII, 15-22, Т. XIV, 10-13, Т. XVI, 8, Т. XVIII, 10-13, Т.XX, 8, Т.XXI, 13,16, Т.XXII, 2, Т. XXIV, 1; Миткоски А, 2012, 11, Т. V, 8 168
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
наоѓа и под неговиот раб (Т. IV, 1, Т. V, 9, 15, 25, T. VI, 8, 9, 12, 13, T.VII, 4, 6, 18).301 Чинии со цилиндричен врат и биконусна заоблена профилација (Баба, Градиште, Каликија, Прилепец, “Непознат“ локалитет). Најчесто се со средна фактура и кафеава или сивокафеава боја на печењето а поретко со убава фактура, тенки ѕидови и мазнети површини. Како држалка се јавува брадавичеста поставена на преминот. Овој тип на чинии најчесто се украсени во техника на врежувањеи комбинација на ситни убоди или со широки, коси, паралелни и плитки канелурипоставени на рамото (Т.V,22,24,26,T.VI,11, T.VII, 8).302 Кантаровидни садови со две вертикални лентести дршки кои поаѓаат од венецот или под него, при што не го надвишуваат а завршуваат на најширокиот дел од истиот (Каменица, Ридот, Градиште, “Непознат“ локалитет). Бојата на печењето најчесто е кафеава, сива или сивокафеава. Обично имаат цилиндричен или конусен врат, проширен стомак на кој во еден случај се наоѓа мала брадавица а во друг петличеста дршка, а лево и десно од нив кратки, вертикални или коси, паралелни и плитки канелури. Еден друг фрагмент на рамото е украсен со хоризонтален ред од убоди и врежани коси линии кои се спојуваат под агол (Т. V, 20, 21, T. VI, 6, 10). Овие садови се присутни во поголемиот број енеолитски населби.303 Садови со топчесто или биконусно тело, повисок или понизок вратсо цилиндрична или конусна форма изаоблен или зарамнет, а поретко благо нанадвор подвиткан венец (Каменица, Каликија). Кај еден примерок од Каменица под венецот се врежани три коси, паралелни линии. Во одделни случаи имаат брадавичести дршки поставени на најширокиот дел. Бојата на печењето е кафеава или сивокафеава, а многу поретко се двобојни, надвор сива а внатре сивокафеава (Т. V, 17 - 19, 23).304 Сад со биконусна заоблена профилација, цилиндричен врат и две јазичести пластично извлечени дршки од т.н. “трештена” тип со заоблен или рамно засечен и проширен горен дел(Тумба, “Непознат“ локалитет). 301
Видески З., 2005, 74, Т. XIV, Т.XV; Темелкоски Д. - Миткоски А,2008, 119, Т. III, 2-4, Т.VI, 1,2,12; Миткоски А., 2011, 132, Т.I, 13-15; Т. III, 10-11,21, Т. VI, 10-12, Т. IX, 1-4, Т. XIV, 14 -20, Т. XVI, 12, Т. XVIII, 14-20, Т. XXI, 8,9,11 302 Симоска Д., 1975, 21, Т.X,2,9,10;Симоска Д. и др., 1976, 48, Т.V, 1; Гарашанин М. Симоска Д.,1976 14, сл. 10-11;Кузман П., 1996, 14, сл. 3,8; Рујак З., 2007, 27, Т.I, 4,6, Т.II, 1;Темелкоски Д. - Миткоски А,2008, 123, Т.VI, 10;Миткоски А., 2012, 11, Т. V, 3, 9 303 Tasič N., 1979, 101-2, Т.IX, 6,7;Гарашанин М.,1973,177; Гарашанин М. Симоска Д.,1976 14, сл. 4, 16, 21; Kitanoski B.,1992,233; Кузман П.,1996, 15, сл. 11, 12, 35, 36; Темелкоски Д.,1999, 36, Т.II; Рујак З.,2007, 23, Т.I, 5, Т. II, 6; Јовчевска Т., 2008, 34 – 35, Т. IV, 2,3; Миткоски А, 2012, 11, Т. V, 4 304 Симоска Д., 1975, 20, Т.X,1;Симоска Д. - Санев В., 1976, 47, сл. 222; Темелкоски Д,1999, 38, Сл.5; Темелкоски Д. - Миткоски А, 2008, 119, Т. III, 13 - 15, Т.VI, 4; Миткоски А, 2011, 133, Т. I, 22 - 24, Т. II, 4 - 6, Т. IV, 2, 4 - 8, Т. VI, 13,Т. VII, 2,Т. X, 4, 5, 7 - 9, 11 - 13, Т.XV, 3,4, 8 -10, 12, Т. XIX, 13 - 16, 18, 19, Т. XXI, 6,10,15, Т. XXV, 7). 169
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Најчесто е со убава фактура, сјајно мазнети површини и кафеава или сивокафеава боја на печењето. Неколку варијанти од дршката тип “трештена” се пронајдени и на локалитетите: Могила,305Маркови Кули,306 Трештена Стена307 и Големи Камен (T.VII, 1 - 3, 15).308 Садот во форма на пехар е редок облик (Баба, Каликија). Најчестое на висока шуплива нога и во еден случај украсен со браздесто врежување (Т. V, 27, T. VI, 5, T.VII, 16). Присутен е во подоцнежните енеолитски фази на населбите: Бакарно Гумно, Крушеанска Чука, Могила, Голем Камен, Каракамен, Црнобуки, Шуплевец, Карамани, како и на локалитетите од групата Бубањ - Хум.309 Складишните садови - питоси обично се со средна фактура, замазнети површини и кафеава или сивокафеава боја на печењето (Каменица, Каликија, Село Прилепец). Најчесто се со кус или повисок врат со цилиндрична форма и заоблен или зарамнет венец. Некои од нив имаат вертикални дршки кои поаѓаат од под венецот или јазичеста пластично извлечена дршка од која, во еден случај, продолжува хоризонтално пластично ребро украсено со вертикални, паралелни отпечатоци од нокти (Т. V, 14). Пронајдени се и неколку фрагменти од садови со затворена форма (Баба Т. IV, 3),310 садот цедилка (“Непознат“ локалитет), како и минијатурни садчиња и капаци за садови (Каменица (Т. V, 10, 11). Култни масички – жртвеници (Тумба, Палатица, Дебреште, Присои, Градиште, “Непознат“ локалитет). Обично имаат конусно тело, рамен реципиент и мазнети површини. Најчесто се украсени со кружни и овални убоди или во техника на браздесто врежување (T. VI, 15, T.VII, 7, 9 - 11). Фрагменти од слични култни масички се пронајдени и во Бакарно Гумно,311 Големи Камен,312 Маркови Кули,313 Каракамен,314 Црнобуки,315 и Трештена Стена.316 305
Темелкоски Д. - Миткоски А, 2006, 72, Т.II, 13 Цнотливи Е., 1990,, 66, Ил. 41, 7, 44, 4 307 Миткоски А.,2010, 56, Т. VIII, 6, 10-12; Миткоски А.,2011, 134, 139, Т. I, 19 - 21, Т. IV, 10, Т. V, 18 – 21, Т. VI, 21,22, Т. VII, 19-21, Т.IX, 21, Т. XIII, 10-12, 14,17, 22, Т.XV, 13,14, Т.XVII, 30,31, Т. XIX, 2,3, Т. XX, 24, 26-30, Т. XXII, 6, 10,-12, Т. XXV, 4, 9- 14 308 Темелкоски Д. - Миткоски А, 2008, 119, Т. 3, 18, 19, Т.4. 1, Сл. 5; 309 Гарашанин М.,1973, 183, T.33; Симоска Д. и др., 1976, 51; Санев В. и др., 1976, 51, кат. бр. 427; Симоска Д. и др., 1977; 19; Китаноски Б.,1992,233; Темелкоски Д.,1999, 38; Темелкоски Д. - Миткоски А, 2008, 120, Т. IV, 20, Т. V, 8; Миткоски А, 2012, 11, Т. V, 2 310 Симоска Д. и др.,1977,12 - 15, сл.3; Темелкоски Д. - Миткоски А, 2008, 120, Т. V, 4,5 311 Археолошки рекогносцирања извршени во 1962 година тер. бр. 3052 312 Темелкоски Д. - Миткоски А, 2008, 120, Т. IV, 19 Т. VIII, 2 313 Цнотливи Е., 1990, 65, Ил. 41, 5, 44, 7 314 Миткоски А, 2012, 11, Т. V, 6 315 Симоска Д. et al.,1976, 45, Т.I, 8; 316 Миткоски А, 2011, 136,Т. V, 9, Т. XIII, 6, 35, T. XX, 12, 13, T. XXI, 4,T. XXIII, 11, 13, 17, T. XXV,5, T. XXVI, 9 306
170
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Погоре спомнавме дека повеќе фрагменти од керамички садови и култни масички – жртвеници, украсени се со браздестото врежување односно орнаментирањето е изведено со кратки отсечни зарези (поврзани убоди, убоди во бразди) изведени со шилесто орудие (Баба, Палатица, Марково Кале, Страгата, “Непознат“ локалитет) (T.VII, 17). Тоа е специфичен начин на украсување, непознат кај досега дефинираните праисториски култури на подрачјето на Република Македонија.317Овој начин на украсување е познат како “furchenstich” техника и прв пат се јавува во населбите од Костолчката енеолитска културна група,318 која, распространувајќи се во својата доцна фаза кон југ, доаѓа во допир со последната фаза на Бубањ - Салкуца - Криводол културниот комплекс.319 Неговото присуство е евидентирано и на локалитетите Каракамен село Шелеверци,320 Големи Камен321 и Трештена Стена.322 Втиснувањата кои формираат разни геометриски форми како мотив во украсување на садовите (Градиште, Дебреште, Палатица, Присои, “Непознат“ локалитет) (T.VII,19) се, исто така, една од карактеристиките на Костолачката културна група.323 Кај еден мал фрагмент од сад од Каликија, околу една брадавичеста дршка се наоѓа орнамент “лажен шнур“. Тој особено е карактеристичен за енеолитските населби во Пелагонија.324 Од пластика пронајдена е само една глава од антропоморфна фигурина (Каменица) со “птичје лице”, со нагласен нос изведен со пластично извлекување. Фигурините ретко целосно се сочувани, а најчесто се во фрагментарна состојба, што веројатно се должи на нивното ритуално кршење во рамките на практикувањето на култот на плодноста.325 Кон производите од печена земја припаѓаат и прешлените кои по облик можат да бидат конусни, во средината кружно продупчени (Ридот, Каменица, Тумба) (T. VI, 7, T.VII, 14). Истите се чести наоди на енеолитските населби, ги има на Бакарно Гумно, Крушеанска Чука,
317
Tasič N., 1979, 256; Темелкоски Д. - Миткоски А, 2008, 125; Миткоски А, 2010, 56, Т.VI,2, Т.VII 318 Гарашанин М.,1973, 231; Tasič N., 1979, 256 319 Гарашанин М.,1973, 228; Tasič N., 1979, 264 320 Миткоски А, 2012, 11, Т.V, 1,1а, 6 321 Темелкоски Д. - Миткоски А, 2008, 125,Т. 6, 3, 6, 13, Сл. 6 322 Миткоски А, 2011, 139, Т.VIII, 23, Т.IX, 1,6, Т. XII, 4, Т. XIII, 6,35, Т.XXV, Т. XIV, 12, Т.XV, 10,12, Т.XXIII, Т.XXIV, 9, Т.XXV, 3,3а, Т.XXVI, 9 323 Jovanović B, 1974, 163, V. 84, V. 85; Tasič N., 1979а, 257, Т.XXV, 1-4 324 Гарашанин М., Симоска Д.,1976, 21, Т. II, 7, Т. VII, 24,25, Т. IX, 30, Т. X, 32; Симоска Д. и др.,1976, 61, Т. III, 1, 4, 5; Симоска Д., 1983/84, 6; Санев В. и др., 1976, 50, 51, сл. 349, 434 325 Миткоски А., 2011, 137, Т.VIII, 22 171
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Големи Камен, Каракамен, Шуплевец, Црнобуки во Пелагонија, како и на Кутлине, во Охридско.326 Пронајдени се и неколку орудија од камен со сива боја, со сечило острено од една или двете страни (Баба, Каменица, Ридот, Марково Кале)(Т. V, 16, 28, 29, T. VI, 3, 4), како и поголем број кремени ножиња, со белузлава, сива и кафена боја со триаголен, односно трапезоиден пресек некои едноставно ретуширани, а други со бифациален ретуш (Каменица, “Непознат“ локалитет) (T.VII, 12). Од гореизнесеното може да се заклучи дека кај презентираниот движен археолошки материјал може да се забележи поголемо присуство на елементи карактеристични за средноенеолитската регионална културна група Шуплевец - Бакарно Гумно, како дел од поширокиот енеолитски комплекс Бубањ - Хум - Салкуца – Криводол, како и елементи карактеристични за доцноенеолитската регионална културна група Трештена Стена.327
326
Гарашанин М. - Симоска Д., 1976, 17, Т. VIII, сл. 26, 27; Симоска Д. и др.,1976, 53; Санев В. и др.,1976, 49, сл. 367 и 51, сл. 424; Симоска Д. - Санев В.,1976, 47, кат.бр 212; Tasić N., 1979, 258;Кузман П.,1996, 18, сл. 30;Темелкоски Д., 1999, 40, Т.III, 4; Темелкоски Д. - Миткоски А, 2008, 123, Т. V, 16, 20; Миткоски А.,2010, 56, Т. VIII, 8;Миткоски А.,2012, 11, Т. V, 5 327 Миткоски А.,2011, 138, 140 172
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
173
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
174
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
175
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
176
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
177
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
178
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
179
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Гоце ВЕЉАНОСКИ
911.372.9(497.781)“14/15“
328
ИСЧЕЗНАТИ СЕЛА ВО ДОЛНА КОПАЧКА Апстракт: Долна Копачка се наоѓа во јужниот дел на Кичевската Котлина и се простира по течението на Беличка, односно Бржданска Река, десна притока на Треска. Покрај денешните села: Белица, Кладник, Козица, Свињишта, Брждани, Јудово, Видрани и Пополжани, во минатото во оваа област постоеле и други села, од кои, според турските пописни дефтери, со сигурност може да се зборува и за селата Лакајца, Пепелиште и Павли Дол. Преку овој труд ќе се осврнеме на нивниот историјат. Клучни зборови: Долна Копачка, Лакајца, Пепелиште, Павли Дол, XV-XVI век. Кичевската Котлина, позаната и како Кичевија, се наоѓа во западниот дел на Македонија. Таа, во суштина, го опфаќа горното течение на реката Треска. Самата Кичевска Котлина се дели на помали географски области или целини, и тоа: Горна и Долна Кичевија, Зајас, Сатеска, Горно и Долно Рабетино, како и Горна и Долна Копачка. Во Долна Копачка се наоѓаат следните населени места: Белица, Кладник, Козица, Свињишта, Брждани, Јудово, Видрани и Пополжани. Како центар на областа се смета селото Брждани. Поради тоа, самото месно население оваа област ја нарекува Бржданска Река. Ова го потенцираме бидејќи терминот Долна Копачка или копачани кај ова месно население не е одомаќено. Покрај наведените села, во Долна Копачка во доцноантичкиот, римскиот и средновековниот период (IV-XIV век) постоеле и други села и населби329, а според историските извори (турските пописни дефтери од XV и XVI век), со сигурност може да се говори за селата Лакајца, Пепелиште и Павли Дол. Лакајца На околу 2 км северно од селото Белица, по течението на Беличка Река, од нејзината десна страна, на тромеѓето од атарите на селата Белица, Козица и Кладник, се наоѓа месноста Лакајца. На тоа место во минатото 328
Гоце Вељаноски, виш кустос-историчар во НУ Музеј „Западна Македонија во НОВ”Кичево, ул. „Стојан Божиноски” бр. 1, адреса на живеење: ул. „Кленоечка” бр. 6, Кичево, е-маил: gocemuzejkicevo@yahoo.com 329 види: Гордана Димитриоска, Археолошкото минато на Кичевската Котлина, Кичево и Кичевско (фотомонографија), Кичево-Скопје 1998, 75-88. 180
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
постоело истоимено село, кое имало црква и неколку воденици.330 Името на селото е добиено по лаките, односно поради тоа што таму земјата е влажна, лаговна, а такви места се викаат лаки, и оттука името на селото Лакајца. За постанокот на селото има предание, според кое, селото било населено во XIV век, кога жителите од околните села се симнале да живеат нешто подолу, односно во близината на реката и полето.331 Низ Лакајца денес поминува патот Кичево-Битола, а на истото место почнуваат да се градат нови куќи. При градењето на патот и куќите, откриен е градежен материјал, темели од мала еднокорабна црква, како и гробови градени од камени плочи.332 Во близината на селото Лакајца се наоѓал и манастирот „Св. Никола”.333 Во една карпа и денес стои една икона, а луѓето таму палат свеќи. Ова дава претпоставки дека манастирот бил доста голем и многу познат, штом толку долго се задржал во сеќавањето на луѓето, иако за него нема историски извори. Инаку, може да се претпостави дека Лакајца било заселено во втората половина на XIV или во почетокот на XV век. Селото Лакајца прв пат во историските извори го среќаваме во 1467/68 година, како село Лукавица, и заедно со селото Козица, било тимар334 на Оруч, син на Шахин.335 Тимариотот Оруч бил вазал на командантот, а за овој тимар поседувал берат336 од пашата. Секоја година одел во војна како буруме337, а со себе бил задолжен да понесе и еден џебелија338 и еден мал шатор. Самиот располагал со хаса339 која се состоела од една воденица, а во селото се наоѓале уште две други воденици. Се разбира дека водениците се наоѓале на Беличка Река, но интересно е тоа што тимариотот Оруч од едната воденица имал приход од 100 акчиња, а селаните на Лакајца за другите две воденици плаќале по 30 акчиња. Ова подразбира дека таа 330
Д-р Тома Смиљанић, Кичевија, Српски етнографски зборник, књ. LI, Насеља и порекло становништва, књ. 28, Српска краљевска академија, Београд 1935, 372; Д-р Јован Ф. Трифуноски, Кичевска котлина, Скопје 1967, 102 - 103. 331 Искажување на Санде Настески од село Кладник, роден 1911 година. 332 Гордана Димитриоска, 83. 333 Д-р Тома Смиљанић, 455. 334 Тимар – феудално владение кое на тимариотот (спахијата) му носел годишен приход најмногу до 19.999 акчиња (акче-ситна сребрена монета која се користела во Османската Империја од XIVдо XVIII век). 335 Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширен пописен дефтер N°4 (1467-1468), под редакција на Методија Соколовски и д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, 265. 336 Берат – декрет, заповед дадена од султанот. 337 Буруме - еден вид чалма што ја носеле спахиите при нивното учество во походите. 338 Џебелија – коњаник што спахијата го водел со себе во војна. 339 Хаса – посед што феудалецот можел да го обработува сам или да го даде да го обработуваат други, но не можел да го отуѓува. 181
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
воденица била доста голема штом тимариотот имал толкав голем приход од неа. Инаку, селото Лакајца броело 28 семејства и 2 неженети или околу 140 жители сите христијани. Како старешини, односно глави на семејствата во Лакајца во 1467-68 година биле запишани следните лица: Стајко, син на Стојо; Мано, син на Стајко; Драгослав, син на Стајко; Пејо, син на Стајко; Драгослав, син на Дано; Петко, син на Драгош; Никола, син на Драгош; Продан, син на Ѓуро; Драгослав син на Ѓуро; Рале, син на Продан; Манчо, син на Продан; Мано, син на Ѓуро; Никола, син на Мано; Драгослав, син на Рајко; Рале, син на Рајко; Иван, син на Радослав; Пејо, брат на Иван; Драгослав, брат на Иван; Иван, син на Перко; Димко, син на Петко; Радота, син на Петко; Драгослав, брат на Радотин; Радослав, син на Милош; Пејо, син негов; Милош, син на Радослав; Тодор, брат на Добре; Димитри, сиромав; Пејо, син на Димитри; Пејо, син на Новак; Петко, ковач.340 Може да се забележи дека во селото живеел Димитри, кој, иако бил сиромав, го плаќал полниот износ на испенџето.341 Се среќава и еден занаетчија, тоа бил Петко ковачот. Тешко може да се утврди кои биле неженети. Вкупниот приход што го остварувал нивниот господар изнесувал 2.445 акчиња годишно, од кои 750 акчиња отпаѓале на испенџето, а по 600 акчиња се земале од пченица и јачмен. Покрај житните култури, во селото се одгледувале и лен, лозје, градинарски култури, а се чувале и улишта и свињи. Во селото се наоѓал и мулкот342 на Радота кој се состоил од 10 сливови стебла. Бројот на жителите на селото постојано растел, така што во 1481 година достигнал до 36 семејства343 или околу 180 жители. Први податоци за XVI век, имаме од 1545 година, кога во селото живееле 39 семејства и 3 неженети.344 Но, овој број од средината на XVI век почнал да опаѓа. Во 1568/69 година селото, кое било запишано како Лкавиче, било тимар на Сефер, син на Тимур,345 и му носело приход од 3.646 акчиња 340
Турски документи... Опширен пописен дефтер N°4. Испенџе – данок од секој возрасен и работоспособен немуслиман, во износ од 25 акчиња. 342 Мулк – имот во полна приватна сопственост. 343 Методија Соколовски, Кичевската нахија во XV и XVI век, Историја, Списание на Друштвото на историчари на СР Македонија, бр. 2, Скопје 1981, 126. 344 Исто, 133. 345 Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширен пописен дефтер за Скопскиот санџак (1568-1569), том VI, книга II, Превод, редакција и коментар Александар Стојановски, Скопје 1988, 328. 341
182
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
годишно. Според давачките што ги давале жителите на Лакајца, може да се види дека тие се занимавале со производство на пченица и други житни култури, лен, уров, граор, леќа, лук и други градинарски култури, лозје, овошје, чувале улишта и свињи. Повторно се среќава хаса воденица и уште една воденица, но нема податоци што станало со другите воденици. Во селото имало и две баштини346 и тоа баштините на Роде и Тодор кои ги обработувале сите селани. Тогаш селото броело 19 семејства и 13 неженети. Имињата на старешините на семејствата во селото Лакајца во 156869 година биле: Петко Јован, Стојан Николин, Стојан Петко, Јован Пејо, Петко Радослав, Никола Тодор, Димитри Новак, Димитри Иван, Киро Домазет, Степан Продан, Јован Рале, Ѓуро Михо, Стојан Нине, Пејо Рале, Пејо Николин, Цветко Степан, Михо Продан, Пејо Пејо, Димитри Продан. Неженети жители на селото биле: Стојко Ѓуро, Томче Стојко, Петко Петко, Никола Иван, Рале Петко, Станко(Стајко) Стојан, Стојан Продан, Петко Михо, Пејо Велчо, Стојко Степан, Бојан Михо, Никола Стојко, Јован Продан, баштина на Роде, во рацете на жителите на селото, баштина на Тодор, во рацете на жителите на селото.347 Како што може да се забележи, почнува процес на намалување на бројот на семејствата. На што се должи ова намалување на жителите на селото тешко може да се образложи. Немањето на историски извори за периодот од крајот на XVI до средината на XIX век, го прави проблемот уште посложен. Трендот на намалување на населението во селото Лакајца продолжил, најверојатно, и понатаму со што селото потполно исчезнало. За исчезнувањето на селото постои едно предание, според кое, некаде околу XVII - XVIII век некоја банда од 100-200 души ги запалила селото и манастирот „Св. Никола”, а жителите од Лакајца се разбегале и се населиле, некои во селото Козица, некои во селото Карбуница, а повеќето се вратиле назад во старото село и повторно го заселиле селото Кладник.348 Според друго предание, селото Лакајца се раселило кон крајот на XVIII или во почетокот на XIX век, кога 8 куќи се преселиле во Козица, а останатите во Кладник. Се мисли дека иселеници од Лакајца има и во Сански Мост во Босна.349 Интересно е дека по исчезнувањето на Лакајца нејзиното земјиште е во владение на жителите на Кладник. Како што напоменавме претходно, 346
Баштина – селски земјишен посед кај христијаните, за разлика од чифлигот кај муслиманите. 347 Турски документи... Опширен пописен дефтер за Скопскиот санџак. 348 Искажување на Санде Настески. 349 Д-р Јован Ф. Трифуноски, 103. 183
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
денес во Лакајца се градат нови куќи, и можеби за неколку години селото повторно ќе заживее. Пепелиште Селото Пепелиште се наоѓало на истоимената месност, југозападно од денешното село Јудово.350 Постоењето на ова село го потврдуваат, не само народното предание и остатоците од градби, кои сé уште се наоѓаат на ова место, туку и историските извори, односно пописните дефтери од XV и XVI век. Селото Пепелиште, како и соседното село Јудово, во 1467/68 година, било дел од хасот351 на заимот352 Али-бег.353 Тоа било заселено, околу средината на XV век, бидејќи е запишано како „надвор од дефтерот.” Села кои настанувале на дотогаш пусти и неползувани земјишта биле запишувани во дефтерот како село надвор од дефтерот. Во овој период тоа броело 14 семејства и еден неженет, или околу 70 жители.354 Старешини на семејствата во селото Пепелиште во 1467-68 година биле следните лица: Васил, син на Ѓурко; Данче, брат негов; Никола, брат на Васил; Ѓорче, брат на Васил; Божидар место Васил; Богдан, син на Ѓуро; Ѓорче; Кола Сиве, Ѓон, брат на Никола; Колтуш; Петре, син на Коле; Ѓин, брат на Коле; Мартин, брат на Коле; Макин, брат на Коле; Ѓорѓи. 355 Вкупниот приход што го остварувал феудалниот господар на селото во овој период изнесувал 787 акчиња годишно, од кои на испенџе отпаѓале 375 акчиња, а останатите 412 акчиња отпаѓале на останатите давачки. Најверојатно жителите на Пепелиште се занимавале со одгледување на пченица и други житни култури, градинарски култури, а сигурно чувале и свињи. Бројната состојба на населението во селото останала непроменета и во наредниот период. Така што во 1481 година, Пепелиште броело 13 семејствата.356 Бројот на семејствата во селото останал скоро ист и во првата половина на XVI век, односно во 1528 година Пепелиште броело 15
350
Исто, 96. Хас - најголем феудален посед, кој носел приход од најмалку 100.000 акчиња. 352 Заим – спахија кој поседувал зеамет (феудален посед кој носел приход од 20.000 до 99.999 акчиња). 353 Турски документи. . . Опширен пописен дефтер N°4, 212. 354 Исто. 355 Исто. 356 Методија Соколоски, 124. 351
184
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
семејства, 1 неженет и 1 вдoвица.357 Но, тој број почнал драстично да се намалува и во средината на истиот век, поточно во 1545 година, изнесува само 4 семејства,358 или околу 20 жители. Во 1568/69 година селото Пепелиште, заедно со соседното село Јудово, било тимар на Али, син на Хусеин.359 Тогаш селото броело само 3 семејства и 2 неженети.360 Старешини на семејствата и неженетите во селото Пепелиште во 1568-69 година биле: Стојко Богдан; Тодор Величко; Марко Стојко; Димитри Величко, неженет; Марко Марко, неженет.361 Како што може да се забележи, бројот на жителите во овој период стагнирал што довело и до потполно исчезнување на селото. Жителите на селото Пепелиште, во овој период одгледувале пченица и други житни култури, градинарски култури, лозје, а правеле и вино. Одгледувале свињи, и заедно со данокот за нијабет362 и свадбарина, со полјарина и тапија за земја, вкупниот приход што го остварувал спахијата Али, само од селото Пепелишта изнесувал 400 акчиња годишно. Бројот на семејствата во селото постојано се намалувал и најверојатно уште во втората половина на XVI или на почетокот на XVII век, селото Пепелиште целосно исчезнало. Инаку, за исчезнувањето на селото постои едно предание, според кое, заедно со соседното село Јудово исчезнале некаде во средината на XVIII век. Како што напоменавме претходно, денес таму се гледаат ѕидови од куќи, воденици, постојат стари гробови и има „расипано” црквиче.363 Павли Дол Селото Павли Дол, некаде запишано и како Павел Дол, се наоѓало на истоименото место од десната страна на Беличка Река, на околу 1,5 км од сливот на Беличка Река во реката Треска. Иако за постоењето на селото Павли Дол не постои народно предание, сепак, постоењето на ова село го потврдуваат пишаните историски извори.
357
Д-р Александар Стојановски, Драги Ѓоргиев, Населби и население во Македонија во XV-XVI век, Скопје 2001, 165. 358 Исто, 131. 359 Турски документи. . .Опширен пописен дефтер за Скопскиот санџак, 202. 360 Исто. 361 Исто. 362 Нијабет – приходи од глоби, парични казни изречени од наибот (судија). 363 Д-р Јован Ф. Трифуноски, 96. 185
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Во 1467/68 година, исто како и соседното село Видрани и Павли Дол било дел од хасот на мирмиранот.364 Тогаш селото броело 11 семејства, од кое едно вдовечко, или околу 55 жители. Старешини на семејствата во селото Павли Дол во 1467-68 година биле: Драјо; Петко; Димитри; Ѓуро; Кузо; Стојо; Трендафил; Арман; вдовица Рада; Ѓуриќ; Никола.365 Во овој период жителите на Павли Дол одгледувале пченица и градинарски култури, а од домашните животни - свињи и овци. Го плаќале данокот за свадбарина и нијабет, и заедно со испенџето вкупниот приход што го остварувал нивниот феудален господар изнесувал 605 акчиња годишно. Во 1481 година бројот на семејствата во селото Павли Дол се зголемил на 17.366 Во првата половина на XVI век, бројот на жителите почнал да опаѓа, така што во 1519 година паднал на 3 семејства367, а тој број останал и во 1528/29 година,368 како и во 1545 година.369 Во 1568/69 година селото Павли Дол било запишано како село Павел Дол и било тимар на Ферхад.370 Во овој период тоа броело 5 семејства и 4 неженети. Старешини на семејствата и неженетите во селото Павли Дол во 1568-69 година биле: Димитри Драго; Димитри Јофче(=Јовче); Драјчо Грдан; Драјчо Николин; Јован Бошко; Пејо Стојан, неженет; Стојан Драго, неженет; Петко Димитре, неженет; Десило Дирда (?), неженет.371 Жителите на Павли Дол одгледувале пченица и други житни култури, уров и други градинарски култури, лозје, а имале и улишта. Од домашните животни одгледувале свињи. Вкупниот приход што го остварувал нивниот феудален господар, тимариотот Ферхад од селото Павли Дол, изнесувал 400 акчиња годишно. Бројот на семејствата на селото Павли Дол постојано опаѓал и најверојатно уште кон крајот на XVI или во почетокот на XVII век селото Павли Дол наполно исчезнало. 364
Турски документи. . . Опширен пописен дефтер N°, 555. Мирмиран (беглербег) – највисок орган на провинциска власт, управител на беглербеглак (вилает). 365 Исто. 366 Методија Соколоски, 127. 367 Д-р Александар Стојановски, Драги Ѓоргиев, 162. 368 Исто. 369 Исто, 133. 370 Турски документи. . . Опширен пописен дефтер за Скопскиот санџак, 233. 371 Исто. 186
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Резиме Областа Долна Копачка го опфаќа изворишниот дел на Беличка Река, сé до нејзиниот слив во реката Треска. Во оваа област се наоѓаат следните населени места: Белица, Кладник, Козица, Свињишта, Брждани, Јудово, Видрани и Пополжани. Покрај наведените села, со сигурност може да се констатира дека во минатото, поточно во XV и XVI век, постоеле и селата Лакајца, Пепелиште и Павли Дол. Селото Лакајца настанало во втората половина на XIV век или во почетокот на XV век и егзистирало до XVII или XVIII век. Селата Пепелиште и Павли Дол биле заселени во средината на XV веk, а исчезнале во втората половина на XVI или во почетокот на XVII век. Summary The area Dolna Kopacka includes source part of Belica River, all the way through her flow into the river Treska. In this area there are the following settlements: Belica, Kladnik, Kozitca, Svinjishta, Brzhdani, Judovo, Vidrani and Popolzhani. Despite included villages, with certainty we can conclude that in the past, in XV and XVI century also there were villages Lakajca, Pepelishte and Pavli Dol. The village Lakajca was made in the second half of XIV century or the beginning of XV century and existed to XVII or XVIII century. Villages Pepelishte and Pavli Dol were settled in the middle of XV century, and disappeared in second half of XVI or in the beginning of XVII century. ИЗВОРИ И ЛИТЕРАТУРА Димитриоска Гордана, Археолошкото минато на Кичевската Котлина, Кичево и Кичевско (фотомонографија), Кичево-Скопје 1998. Смиљанић д-р Тома, Кичевија, Српски етнографски зборник, књ. LI, Насеља и порекло становништва, књ. 28, Српска краљевска академија, Београд 1935. Соколовски Методија, Кичевската нахија во XV и XVI век, Историја, Списание на Друштвото на историчари на СР Македонија, бр. 2, Скопје 1981. 187
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Стојановски д-р Александар, Ѓоргиев Драги, Населби и население во Македонија во XV-XVI век, Скопје 2001. Трифуноски д-р Јован Ф., Кичевска котлина, Скопје 1967. Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширен пописен дефтер N°4 (1467-1468), под редакција на Методија Соколовски и д-р Александар Стојановски, Скопје 1971. Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширен пописен дефтер за Скопскиот санџак (1568-1569), том VI, книга II, Превод, редакција и коментар Александар Стојановски, Скопје 1988.
188
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
1) 725.94 : 620.197 2) 7.025.3 : 75.052 3) 930.85 : 7.025
Оливера МАКРИЕВСКА372
ВОДЕНИ СИСТЕМИ – ИНОВАТИВНИ МЕТОДИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА СЛИКАНИ ПОВРШИНИ ВО КОНЗЕРВАЦИЈАТА И РЕСТАВРАЦИЈАТА Апстракт: Проучувањето на водените системи за чистење на сликани површини наметнува нов став во традиционалната конзерваторско-реставраторска концепција за заштита на спомениците на културата. Прилогот претставува придонес кон запознавањето на иновативните конзерваторско - реставраторски методи, развивајќи притоа аналитички ставови кон истите, а врз основа на теоретско и практично знаење. Во трудот извршен е приказ на составот и механизмот на дејствување на водените системи коишто се применуваат во конзервацијата и реставрацијата на дела изработени во маслена и техника на темпера на дрво и платно и друго културно наследство, како ѕидно сликарство, полихромна скулптура, хартија итн. Клучни зборови: Водени системи, тензиди, ензими, солвент гелови, емулзии, смолни сапуни, конзервација, реставрација. Водени системи за чистење на сликани површини во конзервацијата и реставрацијата Насликаните уметнички дела со текот на времето претрпуваат одредени промени на нивните површини што дејствуваат на нивниот естетски, историски и физички интегритет и поради тоа потребно е истите да се отстранат. Тие промени кај уметничкото дело се случуваат од моментот на неговото создавање. Историски гледано, еволуцијата на сликарските техники и технологија претрпувале измени во смисла на користење на нови материјали. Некои се надградувале, некои се исфрлувале, некои се комбинирале. Како се менувале материјалите на создавањето на едно дело, така се менувале и средствата за нивна конзервација и реставрација. 372
Оливера Макриевска,MFA, магистер по ликовни уметности од област конзервација и реставрација во темперна и маслена техника на дрвена подлога, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј - Битола, Климент Охридски бр.18 Битола, улица Козара број 20 Битола e-mail oliveramakrievska@yahoo.com 189
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Чистењето на површините на уметничките дела најчесто е неопходно, но и доста дискутабилно и отвора доста важни прашања за дискусија. Оваа фаза во конзерваторско-реставраторските работи е една од најсложените истовремено и меѓу најризичните фази во конзерваторската процедура. Многу конзерватори во минатото имале нивна сопствена „омилена испробана рецептура“ што ја користеле необјасниво и безусловно како врз целата површина на предметното дело, така и кај повеќето случаи.373 Предизвикот кај конзерваторите е да пронајдат начин или вид на агенс при отстранувањето на наслагите, оштетениот, нефункционален заштитен слој којшто нема да предизвика дополнителни оштетувања или било какви нарушувања на интегритетот на оригиналот. Поради тоа, потребно е да се извршат претходни истражувања за да се утврдат материјалите коишто ги користел сликарот, како би се извршиле предвидливи и безбедни интервенции врз делото. Научните методи за чистење (отстранување), веќе се применуваат во досниот XIX век, како методата на Макс фон Петенкофер ( Max von Pettenkofer ), или подоцна, во почетокот на XX-от век, кога методите за чистење се презентирани во книгите на Доернер ( Doerner ) и Рухеман (Ruheman ).374 Во конзерваторската практика постојат три начини во случај кога е потребно да се отстрани оштетениот заштитен слој, ретушот или наслагите од друг тип како: хемиско-физички и механички; хемиски кој што најчесто се користи иако постои голем реставраторски ризик од неповратни оштетувања; примена на водени системи.375 Во суштина, примената на водените системи и не е толку нова, доколку се присетиме на старите сликарски прирачници од XVII век, каде се споменува урината, растворот од пепел, лимоновиот сок, сокот од кромид итн., коишто се користеле за чистење на одредени површини.376 На некој начин одредени нови рецептури, всушност, се стари рецептури презентирани на нов начин. Иновативните методи во конзервацијата и реставрацијата во последните декади се резултат на бројните истражувања и соработка помеѓу уметноста и науките како хемијата, физиката, микробиологијата, биофизиката, нанотехнологијата и др.
373
Чезаре Бранди, Теорија рестаурације, Београд, 2007,115-117. Knut Nicolaus, The restoration of paintigs, Cologne 1998, 332 и 353.; Doerner, M., The materials of the artists, Hart – Davis, Mac Gibbon, London 1969; Ruheman, H., The cleaning of paintings, Hacker Art Books, New York, 1983, reprint Faber, 1968 ed. 375 Knut Nicolaus, The restoration of paintigs, Cologne 1998,339-369. 376 В.В. Филатов,Реставрация станковой темперной живописи, Москва, 1986, 80-86. 374
190
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Најистакнати меѓу зачетниците на водените системи за коишто ќе стане збор, се Richard Wolbers и Paolo Cremonesi.377 Истите имаат голем број на следбеници и практиканти на водените системи кои во текот на овие 30тина години се обидуваат да ги распространат и доусовршат. Една од првите презентации на Ричард Волберс на водените системи беше во Вашингтон во 1986 година на конзерваторската еснафска средба, а потоа во 1991 година на годишниот состанок на Американскиот институт за конзервација (A I C), каде што тој ги презентираше теоретските и практичните аспекти на примената на водените системи. Неговата активност трае и денес преку организирање на работилници ширум светот на тема "Нови методи на чистење на сликани површини".378 Водени системи Водените системи претставуваат безбедни методи со агенси со кои се врши отстранување на наслагите и на деградираните заштитни слоеви кај одредено историско дело. За да ја разбереме примената на овие водени системи, потребно е да знаеме што се тие, нивната структура, начинот на коишто тие дејствуваат, како и зошто се применуваат во конзервацијата и реставрацијата.Пред да се започне со безбедна примена на било кои од овие системи првиот чекор во процесот на идентификација на материјалите од кои е создадено делото, се испитувањата на пресеци под нормална светлина и ултравиолетова светлина, проследена со употребата на флуоресцентни 377
Др Richard Wolbers е редовен професор на УниверзитетотWinterthur, Delware во САД и соработник на Getty Conservation Institute, ICCROM во Рим. Paolo Cremonesi од Р. Италија, хемичар и реставратор, работи на анализа на материјали за реставрација при Истражувачкиот центар за реставрација во Падова – CESMAR 7. 378 Новите методи на чистење, всушност, ги претставуваат водените системи коишто може да се користат на различни материјали (хартија, слики во маслена техника, полихромна скулптура, икони на дрво и сл.). Водените системи започнале активно да се користат веќе во деведесеттите години на минатиот век претежно во западноевропските земји како што се: Италија, Франција, Германија, Австрија и други. Истите се сложени за користење за што е потребна соодветна обука. Wolbers R., Cleaning painted surfaces: Aqueous methods, Archetype Publication, London, 2000.;Byrne Allan, Wolbers cleaning methods: Introduction, AICCM Bulletin 17, 1991,3-10.; http://dx.doi.org/10.1179/bac.1991.17.3-4.001; Paolo Cremonesi, Collana I Talenti, metodologie, tecniche e formazione nel mondo del restauro, Padova 2000.; Knut Nicolaus, нав.дело., 356-358.; Запознавањето со карактерот и начинот на функционирањето на Водените системи, авторот на трудот ги стекна на одржаните работилници во Народниот музеј во Белград, Р. Србија, во 2006 година и Хрватскиот реставраторски центар во Лудбрег, Р. Хрватска во 2013 година. Презентери на работилниците беа д-р Leonardo Borgioli, хемичар од ISR, Рим и проф. Oriana Santiani, од Државниот институт за реставрација во Фиренца, Р. Италија.; Голем дел од презентираните системи ги изработуваат и се во продажба од престижните фирми како Merck, Cts, Fluka, Sigma, Aldrich и други. 191
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
бои. Иако употребата на бои во форма на индикатори или флуоресцентни маркери не се новини во конзервацијата (Johnson и Packard 1971г., Martin 1977), Wolbers и Landrey го подобруваат процесот со помош на флуорохромно обојување (Fluorochrome Staining) техника што е од витално значење во почетната фаза кога се компонира гелот. 379 По идентификацијата на карактерот на материјалите на предметното дело следува одбирањето на најповолниот растворувач со користење на Теасовиот дијаграм и примената на Фелер тестот. Како би ја појасниле целта на примената на овие системи, најнапред ќе стане збор за растворливоста и механизмите на растворување коишто се особено важни во припремата на нивната примена. Ќе биде прикажан Теасовиот дијаграм кој служи да се одреди карактерот на еден растворувач со помош на експериментално добиените параметри по Хансен – fd, fp, fh и приказ на Фелеровиот тест, или начинот како да се одреди најповолен растворувач, а да не се навлезе во зоната на опасност при неговата примена.380 Постојат три вида на растворувачи од типот на: неутрални органски раствори, реактивни органски раствори и водени раствори. Растворливост и механизми на растворување Како би се растворила една цврста супстанца, потребно е да се воведе растворувач кој ќе биде во состојба да ги замени врските на цврста супстанца - цврста, за цврста супстанца - растворувач. Начелно, растворувањето може да се одвива на три нивоа. Трите механизми на растворување се : Физички механизам на растворување со помош на неутрални органски растворувачи (алкохоли, кетони, етери, естери, јагленоводороди, 379
Johnson. M. and E. Packard, Methods Used for the Identification of Binding Media in Italian Paintings of the Fifteenth and Sixteenth Centuries, Studies in Conservation,16,1971,145164.https://www.iiconservation.org/archive/www.iiconservation.org/publications/sic/sic.html; Wolbers.R.and G. Landrey, The Use of Direct Reactive Fluorescent Dyes for the Caracterization of Binding Media in Cross Sectional Examinations, AIC, 1987, 162202.http://www.conservation-us.org/resources/our-publications/journal-(jaic)#.; Plesters. J., Cross-section and Chemical Analysis of Pain Samples, Studies in Conservation, 2, 1955/56, 119157.https://www.iiconservation.org/archive/www.iiconservation.org/publications/sic/sic.html 380 Параметрите на растворливост претставуваат мерка на интермолекуларните привлечни сили во растворот или полимерот. C. Hansen, The three dimensional solubility parameter-Key to paint the component affinities, Journal of Paint Technology39, 1967, 104107., http://www.speciation.net/Database/Journals/Journal-of-Paint-Technology-;i1344.; R.L.Feller-N.Stolow-E.H.Jones, On picture Varnishes and Their Solvents, National Galery of Art, Washington,D.C. 1985.;Cremonesi, Paolo, L'uso dei Solventi Organici nella Pulitura di Opere Policrome, Il Prato, Saonara, 2005, 24-26; Hedly, G., Solubility parameters and Varnish Removal; A Survey, The Conservator, V. 4,1980, 12-18. http://www.tandfonline.com/topic/4250. 192
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
хлорирани јагленоводороди). 381 Растворувачите кои спаѓаат во оваа група не се ни кисели ни базни, туку се pH неутрални. Таквите неутрални растворувачи дејствуваат само на физичко ниво, а нивното дејство е насочено кон привлечните сили помеѓу молекулите на цврстите супстанци. Постојат три основни физички сили помеѓу молекулите на цврстите супстанции. Тоа се: дисперзивните сили – fd, диполните сили – fp и водородните врски – fh. Овие три вредности ги нарекуваме параметри на растворливост. Секој растворувач има точно одредени, бројчено изразени, параметри на растворливост чиј вкупен збир секогаш изнесува 100.Тие бројчени вредности не се измерени, туку се математички пресметани. Врз основа на горенаведените максими дека исто растворува исто, параметрите на растворливост на растворувачите треба да бидат истоветни или слични со параметрите на растворливост на цврстата материја (супстанца), како би се растворила со физичкиот механизам на растворување. Дијаграмот во облик на триаголник кој графички го прикажува односот меѓу трите горенаведени парцијални меѓумолекуларни привлечни сили се нарекува по името на неговиот творец Teas - Теасов дијаграм. Теасовиот дијаграм ни служи да го одредиме карактерот на еден растворувач и е мошне корисен за конзерваторите, помагајќи им да ја предвидат јачината на избраниот растворувач. Во Теасовиот триаголник бројчено се изразени параметрите на растворливост, и според тоа, и хиерархијата на растворувачите за одредени материјали што ќе се растворуваат. Кај цврстите материјали коишто треба да се растворат, веќе не станува збор за една точка внатре во триаголникот, туку за подрачја кои се значително поголеми. Подрачјата на растворливост кај поедини материјали утврдени се експериментално со тестирање со различни растворувачи. Растворувачите, кои според своите параметри на растворливост влегуваат во подрачјето на растворливост на одреден материјал, ќе бидат во состојба истиот и да го растворат. Хемиско-физички механизам на растворување со поларни апротични растворувачи (амиди, некои соединенија на сулфурот). Во овој случај се работи за растворувачи кои ги нарекуваме диполарни.382 Тие не се ни кисели, ни базни, туку се pH неутрални, но нивните молекули се поларизирани и постојат како молекули со два спротивни набои, односно како диполи. И овие растворувачи имаат свои три параметри на растворливост fdнеполарни дисперзивни сили, fp поларни диполни сили, fh водородни врски. Со нивната помош тие дејствуваат на цврстата 381
Paolo Cremonesi, нав.дело., 26-29. Поларните растворувачи се сите органски нитрогени и кислородни соединенија, додека неполарните ги вклучуваат повеќето ароматични и заситени алифатски хидрокарбонати). John Mc Murry, Organic chemistry ( превод од англиски д-р Јане Богданов и д-р Богдан Богданов), Скопје 2007, 29- 32. Cremonesi Paolo, нав. дело., 33-44.
382
193
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
супстанца, разбивајќи ги меѓумолекуларните привлечни сили меѓу честиците на цврстата супстанца. Но, тука доминира хемиското дејство врз врските во внатрешноста на атомите на цврстата супстанца. Главните претставници на оваа група растворувачи се амидите и некои соединенија со сулфурот. Доколку овие растворувачи дејствуваат на застарените природни смоли, под нивно влијание ќе дојде до дисоцијација на карбоксилните групи што ќе го предизвика нивното растворање. Сличен процес ќе се случува и кај застареното масло. Хемиски механизам: Овде се работи за растворувачи што не се неутрални, туку кисели или базни, како карбоксилните киселини и амините.383 Во допир со одредени материјали овие растворувачи дејствуваат првенствено со хемискиот механизам (јонизација и дисоцијација).384 Но, тие можат да дејствуваат само на оние материјали кои во себе веќе имаат групи од јонски карактер како што се киселините и базите, или на материјали коишто и самите се толку поларни што можат да дисоцираат. Доколку некои од молекулите немаат ниедно од овие својства, тие нема да бидат чувствителни на дејството на киселините и базите. Доколку киселината или базата, сепак, дејствува, тогаш тоа е исклучиво благодарејќи на фактот дека киселините и базите, исто така поседуваат одредени параметри на растворливост. Со овој механизам киселините, или базите можат да дејствуваат на оние супстанции кои во структурата имаат кисели групи (на пр., СООН) како што се маслата, смолите, полисахаридите, протеините или супстанциите кои имаат базни групи (на пр. NH2) каде што првенствено спаѓаат протеините. Друг начин на дејствување се одвива по пат на хидролиза.385 Во овој случај разградувањето на хемиските врски се случува со комбинираното дејство на водата и растворените киселини во вода или бази кои го катализираат раскинувањето на тие врски. Ваков механизам на дејствување возможен е само во услови на повишена температура и висока концентрација на киселини или бази. Во услови на нормална температура и рН вредност ваквото дејствување возможно е само во присуство на ензими. По правило, киселините и базите се користат при отстранување на доста оксидирани и доста полимеризирани материјали каде растворувачите од првите две групи не се доволно делотворни.
383
John Mc Murry, нав.дело., 737 и 892. Поларните молекули коишто постојат во чистата супстанца, на пример, во сулфурната киселина, најнапред се јонизираат, т.е. се разделуваат на јони, а потоа јоните се оддалечуваат, т. е. доаѓа до нивна дисоцијација. 385 Miholjčić. M. , Jadrić. S., Winterhalter- Jadrić. M., Biohemija, Sarajevo, 1990, 15.; Бојан Шоптрајанов, Хемијаза втора година на реформираното гимназиско образование, Скопје 2009,82-83. 384
194
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Водени системи - смолни сапуни и солвент гелови Покрај другите, посебно место заземаат две групи на формулации во групата на водените системи. Тоа се смолните сапуни и солвент геловите.386 Нивниот состав подразбира изготвување на смеси составени од повеќе компоненти коишто така споени имаат синергетичко дејство. Во составот на овие водени системи задолжително се присутни тензидите, згуснувачите и, секако, нужно се води сметка за рН вредноста. Вода Слично како диполарните апротични растворувачи дејствува и водата, која е класичен претставник на поларен растворувач.387 Водата растворува со физички механизам на дејствување врз материите коишто не можат да дисоцираат, како на пример што се шеќерите, кај кои водата практично е единствениот делотворен растворувач. Но, доколку водата делува на материи коишто можат да дисоцираат,физичкиот механизам е комбиниран со нагласен хемиски механизам на јонизација и дисоцијација. Нејзиното дејство како растворувач може да биде подобрено со згуснување, бидејќи на тој начин се постигнува подобар контакт на водата со површината која се чисти. Тоа е особено важно во случајот кај липофилните површини. На пример, ако рН на водата е базна, ќе настане јонизација на молекулите на маслото и во таква состојба ќе биде возможно да биде разградено. За да се дејствува на заштитните површини на одредени уметнички дела, а зависно од составот на заштитниот слој и неговата состојба, особините на водата ќе се зголемат со додавање на следните супстанции: киселини, бази, рН пуфери, сапуни или детергенти, растворливи соли, хелати, ензими итн. Многу од овие супстанции не се испарливи и потребно е да се отстранат со цел да се превенира нивното можно долготрајно дејство на оригиналното дело на кое се работи. Тензиди Како би се намалила површинската напнатост, на растворите им се додаваат таканаречените тензиди.388 Зависно од нивниот поларитет, 386
D. Erhardt, Bischoff, J.J., Resin soaps and solvents in the cleaning og paintings: Similarities and Differences, ICOM, 10th Triennial Meeting,Washington 1993, 141-146., http://icom.museum/resources/publications-database 387 Miholjčić. M. , Jadrić. S., Winterhalter- Jadrić. M., нав. дело., 10-15. 388 Тензидите се површински активни супстанцикоишто се користаткако една од компонентите во водените системи зависно од посакуваното ниво на нивното дејствување.Во зависност од поларитетот на нивните молекули се делат на: јонски и нејонски. Јонските се делат на: катјонски, анјонски и амфотерни. Тензидите се користат самостојно со одредени додатоци или како компоненти кај одредени формулации. CremonesiPaolo, L'uso di Tensioattivi e Chelanti nella Pulitura di OperePolicrome, Il Prato, Saonara, 2003, 45-50. 195
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
постојат јонски и нејонски тензиди.389 Дејството на тензидите може да се одвива на три нивоа. На ниво на смалување на површинската напнатост, на ниво на дејство на емулгатор и на ниво на детергентско дејство. Третото ниво на дејствување кое во голем дел се преклопува со претходното е, детергентското дејствување. Со детергентското дејствување молекулите на тензидите се во состојба да ги опкружат честичките на непостојаната патина (нечистотијата) што сакаме да биде отстранета која не е растворлива во течноста што се користи, па така тие ги обвиткуваат тие честички со мицели и ги распрснуваат (емулгираат) во течноста. Земајќи ги предвид својствата на материјалите на коишто треба да се работи, се врши избор на тензидите. Начелно, може да се каже дека базните тензиди се поефикасни во случај кога се работи за маслени, мастни материјали за отстранување, додека киселите тензиди се поефикасни во случај кога се работи со протеински материјали. Благодарејќи на тоа што се одлични емулгатори и детергенти и самите тензиди успешно ги растворуваат одредени материјали. Но, тие имаат и друга функција. Имено, во некои случаи за делотворно отстранување на одреден материјал потребна е одредена комбинација на растворувачи кои, инаку, не се мешаат (на пр. мешавината на вода и јаглеводородни растворувачи). Тогаш тензидите ќе послужат како добар посредник кој ќе ја стабилизира таквата емулзија и ќе овозможи синергетско дејство на два или повеќе растворувачи. Хелати Хелатите се споеви кои се во состојба координантно да го врзат јонот на металот преку атомот на донаторот.390 На површината на остарениот материјал, на пример, оксидиран лак, присутни се бројни негативно набиени карбоксилни групи. Замената на јоните како резултат на дејството на растворот кој содржи, на пр., натриум, може да биде многу делотворен механизам, бидејќи овозможува “одлепување“ на нечистотијата. Типични претставници на хелатите се етилендиамино-тераоцетна киселина, триамониумцитрат, триетаноламин итн. Растворот од лимонска киселина и триамониумцитрат има и значајни детергентски способности по пат на хелатското дејство на цитратниот јон. Хелатите подобро е кога 389
Paolo Cremonesi, нав.дело., 113-121; Knut Nicolaus, нав.дело., 366-367. Хелатите се донатори на елктрони. Донатори се атомите N,O,S кои поседуваат електрони кои не се ангажирани во градењето на врската во внатрешноста на својата матична молекула. Поради тоа, со јонот на металот можат да градат нековалентна врска, сместувајќи го во стабилна цикличка структура која се нарекува хелат. Накратко, тоа се соединенија кои имаат структура во која со координантна врска може да се вклопи јонот на металот. Пример за тоа е хемоглобинот. A.Phenix and A. Burnstock, The removal of Surface Dirt on paintings with Chelating Agents, The Conservator V.16, 1992, 2837.http://www.tandfonline.com/topic/4250.; Cremonesi, Paolo, исто. 390
196
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
се користат во гел состојба со додатоци од вода и средство за желирање. Во конзервацијата, хелатите се користат при проблеми од типот на стари наслаги на калциум касеинат на фрескоживопис и нивно отстранување, при присуство на стари ретуши и нивно отстранување, но само во случај кога пигментите на старите ретуши содржат метали во својот состав. Ензими Ензимите се глобурални протеини растворливи во вода. По својата хемиска структура се прости или сложени белковини. Тоа се биокатализатори, или катализатори со биолошко потекло, односно супстанции кои ги забрзуваат хемиските реакции или го овозможуваат текот и одвивањето на биохемиските реакции во организмот, така што ја намалуваат активационата енергија. Ензимите ги забрзуваат хемиските реакции и до сто пати. Притоа не влијаат на константата на хемиската рамнотежа, бидејќи подеднакво ја забрзуваат реакцијата во двете насоки. Ензимите се делат на шест групи, зависно од видот на реакцијата што ја катализираат: оксидоредуктази – оксидација - редукција; трансферази - пренос на групите; хидролази - хидролиза; липази - елиминација на групите; изомерази - изомеризација; лигази - врзување на два супстрати. Максимална активност ензимите постигнуваат при оптимална температура, најчесто од 30 до 600Ц и при оптимална електрохемиска реакција, т. е. Оптимална pH, најчесто околу pH 7. При ензимската реакција ензимите во текот на своето дејство не се трошат. Доколку се одржат почетните оптимални услови: оптимална температура, оптимална рН средина, концентрација на ферментот - супстратот, истите можат да дејствуваат доста долго.391 Улогата на ензимите во реставрцијата сé повеќе доаѓа до израз во последните 10-15 години, кога се прилагодени за потребите на реставраторите. Имобилизираните ензими како: липазите коишто ја катализираат хидролизата на триглицеридите се користат за хидролиза на маслото; протеазите коишто ја катализираат хидролизата на пептидните врски се користат за разградување на туткалот; гликозидазите кои ја катализираат хидролизата на гликозидните врски се користат за отстранување на гумата.392 391
Miholjčić. M. , Jadrić. S., Winterhalter- Jadrić. M., нав. дело., нав. дело., 210 - 318.; John Mc Murry., нав. дело.,1010- 1013. 392 Покрај наведените оптимални предуслови за дејствување на ензимите, други битни елементи, чие присуство е неопходно, се супстанциите наречени активатори и супстанциите наречени инхибитори што ја редуцираат па дури и ја стопираат каталитичката активност на ензимите во биохемиските реакции. За да се користат во комерцијални цели, ензимите, главно, се имобилизираат со четири методи: ковалентно фиксирање за цврста површина,адсорпција за нерастворлива супстанца, заробување во гел, енкапсулација зад селективно пропуслива мембрана.Wolbers R., Cleaning painted 197
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Смолни сапуни Смолните сапуни, во основа се двокомпонентни и се темелат на абиетската киселина којашто е важна состојка на колофониумот и на деоксиколната киселина којашто е важна состојка на човековата жолчка.393 И двете не се растворливи во вода, па поради тоа потребно е најнапред да се дисперзираат во неа. Потоа на абиетската или деоксиколната киселина се додава базата триетаноламин (trietanolamin), како би се создала сол којашто е растворлива во вода. Поради структурната сличност на абиетскиот или деоксиколниот дел на нивните молекули, со терпените од бројните природни смоли овие тензиди се во состојба со детергентскиот механизам на дејство да ги разградуваат слоевите на старите лакови кои се на база на терпени, а потоа да ги емулгираат откинатите молекули на терпените во вода каде што смолниот сапун е растворен. За да биде во состојба да раствора лакови од природни смоли, водата каде што е растворен смолниот сапун треба да има повишена рН вредност. Само тогаш киселите молекули на старите смоли се во јонизиран облик, во кој единствено можат да се растворат. Смолните сапуни, по правило, содржат и згуснувач, обично некој целулозен етер. Солвент гелови Во поширока смисла, гелот е формулација базирана на вода со додаток на згуснат полимер и други материјали со висока молекуларна тежина. Згуснатите раствори можат да бидат со прилично едноставен состав, како што е водениот гел, или можат да бидат посложени како што е гелот кој содржи метил (methyl)или етил целулоза (ethyl cellulose), пропилен гликол (propylene glycol), триетаноламин (triethanolamine) и други. Историски гледано, “пакети“, “пасти“, “гелови“, “облоги“ и “влошки“ се термини кои се користат за згуснати раствори. Гелот е средство за извршување на активно чистење на одредени површински компоненти. Палетата на производи ја сочинуваат таканаречените активни состојки за конзерваторско реставраторски третмани. Овие производи делуваат хемиски, како, на пример, водените реагенси како алкалниот глицерол, кој се користи за отстранување на корозијата кај бакарните производи, амонијакот и други хелатни агенси (на пр. амониум цитрат ammonium citrates), биохемиските агенси како што се ензимите, или органските растворувачи. Заедно со активните состојки, во згусната форма ја претставуваат основата на гел системите. Згуснувањата се surfaces: Aqueous methods, Archetype Publication, London2000,198.; Cremonesi, P., L’uso degli enzimi nella pulitura di opere policrome., ed. I. prato. Padova 2002. 393 Koller.J., Cleaning of Nineteenth Century Painting with deoxycholic Soap, Mechanisms and Residue Studies, Cleaning, retouching and Coatings,IIC, 1990,111-118., http://www.iiconservation.org/. 198
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
базираат врз основа на својствата коишто најмногу одговараат на поставената задача: лесно да се мешаат; способноста да се одржи растворот на површината на предметното дело, степенот до кој чистењето може да се контролира, како и способноста целосно да се отстрани гелот од површината. Гел формулациите се користат за продолжување или задржување на времето на дејството на растворувачот, при што го контролираат процесот на отстранувањето или чистењето, или поточно, тие ја контролираат длабочината на продирањето со ограничување на капиларното дејство. Процесот на испарување на активниот агенс е веројатно најважното што може да го понуди гел формулата. Нивните состојки, по правило, се: а) базен тензид б) згуснувач – полиакрилна киселина в) органски растворувач или мешавина на органски растворувачи г) вода. Згуснатите водени раствори се повеќекомпонентни, што значи дека, освен згуснувачот и тензиди, содржат разновидни органски раствори. Маслени емулзии и восочни емулзии Кај маслените емулзии преовладува липофилната фаза или неполарен органски растворувач, додека фазата (вода) што е во неа распрсната е хидрофилна.394 Во овој случај како емулгатор потребен е нејонски тензид. Ваквите маслени емулзии кои содржат мала количина на емулгирана вода делотворни се при отстранување на материи растворливи во вода и осетливи на вода (на пример, отстранување на остатоци од туткал на полиментна позлатена површина). Восочните емулзии се мешавина на восок и вода кои се стабилизираат со додавање на анјонски тензиди, како, на пример, амониум стеарин.395 Подготвени во склад со рецептурата, се 394
На растворливоста на многу органски материјали силно влијание има рН факторот. Ако една материја од органско потекло со одредена рН вредност постои во недисоциран облик, кога рН на околината ја достигне вредноста доаѓа до дисоцијација и претворање во јонски облик во кој може да се изведе растворувањето. Згуснувачите се макромолекуларни органски супстанции кои, растворени во одреден растворувач, ја зголемуваат неговата вискозност и создаваат гел. Нивната концентрација зависи од молекуларната маса на одбраниот целулозен етер.Со згуснувањето се намалува дифузијата на растворувачот на подолните слоеви кои во текот на чистењето би можеле да се оштетат. Изборот на било кој од целулозните етери е условен од карактерот на одредениот растворувач. Со помош на згуснувачите попрецизно се дефинира времето на задржување на растворувачот на површината, подобро се контролира големината на обработеното подрачје, се подобрува и соединувањето на површината на материјалот што треба да се раствори. Byrne Allan, нав.дело., 8.; ŽivojinTurinski, Slikarska tehnologija, Univerzitet umetnosti u Beogradu, Beograd,1987, 92. 395 Анјонските тензиди се базни и, поради тоа, треба да се земе предвид дека не се компатибилни со киселите супстанции или растворувачи. Често се чувствителни во зависност од тоа дали водата е мека или тврда, поради тоа што дивалентните јони на 199
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
рН неутрални, а кај подготовките во конкретни случаи може да се додаваат и избрани растворувачи. Во користењето на водените системи битни елементи за нивната делотворност и безбедност се границите на рН вредноста на одбраниот растворувач и контролата на вискозитетот на згуснувачите.396 Зборувајќи за рН вредностите, треба да се нагласи дека релативно сигурно подрачје на делување е во опсег од рН 5 до 9, а сите вредности под и над овие, потенцијално се опасни за уметничките дела на кои се работи. За контролирање на рН на растворувачите се користат таканаречените пуфери. 397 Со нивна помош се одржува константната вредност на рН и тогаш кога растворувачот е во допир со киселините или базите.Поради зголемување на делотворноста при чистењето, на растворувачите често им се додаваат згуснувачи.398 Со згуснувањето се намалува дифузијата на растворувачот на подолните слоеви кои во текот на чистењето би можеле да се оштетат. Тоа е посебно корисно при нанесувањето на водени растворувачи на хидрофобните површини како што се маслото и восокот. Како згуснувачи за вода се користат целуозните етери: метилцелулоза, хидроксипропилцелулоза и полиакрилна киселина. Во процесот на чистење на наслагите од различен карактер или заштитниот лак кај уметничките дела изработени во различни техники, реставраторите се водени од принципот на нивно ефектно отстранување, без да се направат оштетувања на боените слоеви, било тоа да се од механички или хемиски тип. Како што се менувале материјалите на создавањето на едно дело, така се менувале и средствата за нивна конзервација и реставрација. Во конзерваторската пракса во Р. Македонија се користи традиционалниот начин на чистење на дела изработени во маслена, металите ги инактивираат, посебно Ca2 и Mg2 и, поради тоа, при нивна употреба нужно е да се користи дестилирана вода. Byrne Allan, нав.дело., 8-9. 396 Концентрацијата на водородните јони во одреден раствор се изразува во mol/L, а pH вредноста според Соренсен е негативен логаритам на таа концентрација и се нарекува водороден експонент или potentio hidrogenii. Miholjčić. M. , Jadrić. S., Winterhalter- Jadrić. M., нав. дело., 54. 397 Смесите на пуферите дејствуваат како регулаторни механизми поради тоа што содржат базна и кисела компонента, така што допринесуваат да не се наруши стабилноста на Ph вредноста. Miholjčić. M. , Jadrić. S., Winterhalter-Jadrić. M., нав. дело., 57-58. 398 Згуснувачите се макромолекуларни органски супстанции кои, растворени во растворувач, ја зголемуваат неговата вискозност и создаваат гел.John Mc Murry, нав.дело., 640- 646.; Robert L. Feller, Wilt, Myron, Evaluation of Cellulose Ethers for Conservation, Research in conservation 3, The Getty Conservation Institute,Marina del Rey, CA, 1990..http://www.getty.edu/conservation/publications_resources.
200
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
техника на темпера, ѕидно сликарство, скулптура, хартија и друго. Кај овој начин на работа постои латентна опасност од оштетување на самото дело во смисла на пречистување или деградирање, што ќе значи, покрај лакот, несакано да сe отстрануваат и одредни лазури, боени слоеви или позлата, боени пигментирани лакови, или да се провоцира набабрување на боениот слој како резултат на задоцнета реакција во примената на одредени растворувачи итн. Оттаму произлегла потребата да се пронајде побезбеден начин или вид на агенс при отстранувањето на оштетениот заштитен слој кај предметните уметнички дела којшто нема да предизвика дополнителни оштетувања. Подготовката на водените системи се прилагодува на секоја новозададена ситуација и нивната подготовка се формулира според материјалот којшто треба да биде отстранет, за разлика од традиционалниот начин на чистење, каде растворувачите се употребуваат директно без додавање на било какви додатоци кои би ги менувале нивните својства.Споредувајќи го искуството со традиционалната пракса и искуството со водените системи, може да се препорача нивна примена поради две мошне важни предности, како здравјето на реставраторите и респектот кон уметничкото дело. Со примената на овие системи намален е ризикот на токсичност поради тоа што се користат помалку токсични раствори, намалена е брзината на испарување со нивното пакување во гелови, пасти, зголемена е контролата на дејствување и др. Водените системи во Р. Македонија се малку познати и не наоѓаат примена во конзервацијата и реставрацијата. За разлика од реставраторите на балканските простори, на кои практиката на користење на водени системи во конзервацијата и реставрацијата е минимална, тоа не е случај со реставраторите од западните и прекуокеанските земји, како САД, Канада, Австралија, Германија, Австрија, Шпанија, Италија, скандинавските земји, Франција и други. Денес активни центри со бројни истражувачки и едукативни проекти се Гети Институтот во Марина дел Реј, Калифорнија, канадскиот Институт за конзервација во Отава, Националната галерија Викторија во Мелбурн, Австралија, Универзитетот Винтертур во САД, Лабораторија за технологија на ензими во Кампања и во Париз – Оддел за уметнички графики и ателје за реставрација, Лувр во Франција, Австрија, Италија и други земји. Резиме Интересот за презентација на водените системи е предизвикан поради две важни причини. Едната е зголемената безбедност и минимализирана деструктивност кај уметничкото дело коешто се третира, а втората е што со нејзината примена постигната е максимална заштита на реставраторите. Креаторите на водените системи и нивните следбеници изминатите години работеле, како на создавањето, така и на нивното 201
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
унапредување и надополнување во бројните конзерваторски центри, институти и лаборатории, претежно во западноевропските и прекуокеанските земји. Во трудот направен е обид да се прикажат методите на водените системи коишто се разликуваат од традиционалните во конзерваторската пракса. Најнапред прикажани се неколкуте безбедоносни претчекори пред да се донесе одлука како и со што ќе се дејствува. Почетната фаза ги опфаќа испитувањата со коишто се врши идентификација и карактеризација на вградените материјали на оригиналното дело, користејќи ги класичните техники и техниката на флуорохромно боење - Fluorochrome Stainingза испитување на напречни пресеци од земени примероци. Начинот на кој функционираат механизмите на растворање се предусловно знаење за одредување на карактерот на материјалот кој ќе се третира и карактерот на агенсот кој ќе се примени за понатамошното безбедно дејствување. Вториот чекор е одбирањето на најповолниот растворувач со користење на Теасовиот дијаграм и примената на Фелер тестот. Со Теасовиот дијаграм се одредуваат карактерот и јачината на избраниот растворувач, а со Тестот Фелер се одредува најдобриот растворувач за третман на предметното дело, без да се навлезе во зоната на опасност. Водените системи коишто најчесто се користат се презентирани поединечно со вградените компоненти коишто ги зголемуваат особините на водата како: формулации со тензиди, хелати, ензими, маслени емулзии, смолни сапуни и солвент гелови, односно прикажан е нивниот состав и карактерот на нивното дејство, каде што припаѓа третиот чекор. Во составот на водените системи (смолните сапуни и солвент геловите) задолжително се присутни тензидите, згуснувачите и, секако, нужно се води сметка за границите на рН вредноста и контрола на вискозитетот на згуснувачите. Тензидите, хелатите и ензимите може да се користат и како самостојни формулации со задолжителните компоненти (вода и згуснувач), но и како компоненти во улога на „посредници“ или стабилизатори кај некои смолни сапуни, емулзии и солвент гелови. Третиот чекор значи компонирање на водените системи (смолни сапуни, солвент гелови, емулзии) зависно од материјалот којшто треба да биде отстранет за што се потребни претходно наведените познавања. Во трудот во сожета форма објаснети се теоретските аспекти на функционирањето на водените системи, но практикувањето на истите потребно е да се спроведе по пат на организирање на работилници, како понатаму би можеле да се воведат во конзерваторската пракса во Р. Македонија.
202
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Библиографија Бранди Чезаре, Теорија рестаурације, Београд, 2007 Забелешки во текот на предавањата и демонстрациите на работилницата во Народен музеј во Белград - Презентација на водени системи од д-р Leonardo Borgioli и проф. Oriana Santiani Филатов В.В.,Реставрация станковой темперной живописи, Москва, 1986 Шоптрајанов Бојан, Хемијаза втора година на реформираното гимназиско образование, Скопје 2009 Byrne Allan, Wolbers cleaning methods: Introduction, AICCM Bulletin 17, 1991http://dx.doi.org/10.1179/bac.1991.17.3-4.001 Cremonesi Paolo, Collana I Talenti, metodologie, tecniche e formazione nel mondo del restauro, Padova 2000 Cremonesi Paolo, L’uso degli enzimi nella pulitura di opere policrome., ed. I. prato. Padova 2002 Cremonesi Paolo, L'uso di Tensioattivi e Chelanti nella Pulitura di Opere Policrome, Il Prato, Saonara, 2003 Doerner М., The materials of the artists, Hart – Davis, MacGibbon, London 1969 Erhardt D., Bischoff J.J. ,, Resin soaps and solvents in the cleaning og paintings: Similarities and Differences,ICOM, 10th TriennialMeeting, Washington1993 http://icom.museum/resources/publications-database/ Feller R.L. - Stolow N. - Jones E.H., On picture Varnishes and Their Solvents, National Galery of Art, Washington,D.C. 1985 Feller Robert L.,Wilt, Myron, Evaluation of Cellulose Ethers for Conservation, Research in conservation 3, The Getty Conservation Institute,Marina del Rey, CA, 1990 http://www.getty.edu/conservation/publications_resources Hansen C., The three dimensional solubility parameter-Key to paint the component affinities, Journal of Paint Technology, 39, 1967, http://www.speciation.net/Database/Journals/Journal-of-Paint-Technology;i1344 203
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Hedly G., Solubility parameters and Varnish Removal; A Survey, The Conservator, V.4, 1980 http://www.tandfonline.com/topic/4250 Johnson М. and Packard E., Methods Used for the Identification of Binding Media in Italian Paintings of the Fifteenth and Sixteenth Centuries, Studies in Conservation16, 1971https://www.iiconservation.org/archive/www.iiconservation.org/publicatio ns/sic/sic.html Krajger-Hozo Metka, Svjetlost,Sarajevo 1991
Slikarstvo
-
metode
slikanja
-
materijali,
Cremonesi Paolo, L'uso dei Solventi Organici nella Pulitura di Opere Policrome,Il Prato, Saonara, 2005 Koller J., Cleaning of Nineteenth Century Painting with deoxycholic Soap, Mechanisms and Residue Studies, Cleaning, retouching and Coatings,IIC, 1990http://www.iiconservation.org/. Mc Murry John, Organic chemistry ( превод од англиски д-р Јане Богданов и д-р Богдан Богданов), Скопје 2007 Nicolaus Knut, The restoration of paintigs, Cologne 1998 Phenix А. and Burnstock A., The removal of Surface Dirt on paintings with Chelating Agents, The Conservator V.16, 1992http://www.tandfonline.com/topic/4250 Plesters J., Cross-section and Chemical Analysis of Pain Samples, Studies in Conservation,2, 1955/56https://www.iiconservation.org/archive/www.iiconservation.org/public ations/sic/sic.html Ruheman H., The cleaning of paintings, Hacker Art Books, reprint Faber, 1968 ed., New York 1983 Turinski Živojin, Slikarska tehnologija, Univerzitet umetnosti u Beogradu, Beograd,1987 Wolbers R. and Landrey G., The Use of Direct Reactive Fluorescent Dyes for the Caracterization of Binding Media in Cross Sectional Examinations, AIC 1987 http://www.conservation-us.org/resources/our-publications/journal-(jaic)#. 204
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Прилози
Сл.1 William Hogarth, 1761, графика „ Времето ја чади сликата“
Сл 3 Теасовиот дијаграм ни ги покажува параметрите на растворливост на општите растворувачи и фамилии на растворувачи со слични особини
Сл.2 Теасов дијаграм
Сл. 4 Примена на Фелер тест врз икони по избирањето на најдобриот растворувач по Теасовиот дијаграм
205
НУ завод и музеј Битола
Зборник на тр рудови бр.20
Сл.5 С Детаљ оод икона во процес п на ччистење
Сл.6 ист тиот детаљ со UV фллуоресценцијаа
Сл 7
Сл 8
Сл. 9
Сл. 10
Сл. 7, 8, 9 Прриказ на рабо ота со солвент гел и смоллни сапуни наа слика во маслена техника т
206 6
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
399
016:323.22/.26(497.7)“2014/2016“
Соња Стрезоска ВЕЛЈАНОВСКА
ОДГЛАСОТ НА СТРАНСКИОТ ПЕЧАТ НА ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 2014-2016 ГОДИНА Библиографските податоци кои се презентирани во овој труд се резултат на нивно методично собирање и во најголем дел се од странска провиниенција. Низ нив може да се следат ставовите на меѓународната заедница што се однесуваат на политичката криза во Република Македонија во периодот од 2014 па сè до 2016 година. Тоа се, всушност, збир на информации (библиографски единици - податоци) на книги и статии од списанија и весници кои се објавени во 2014, 2015 и 2016 година во светот, т.е. надвор од границите на Р. Македонија, а се однесуваат за состојбите во земјата. Приложените библиографски единици – податоци се однесуваат на текстови кои ја следат состојбата во Република Македонија за време на текот на целата политичка криза во државата започната уште во 2014 година. Ескалацијата на политичките превривања се случува во февруари 2015 година кога Зоран Заев (тогаш претседател на опозициската партија СДСМ) започнува да објавува пред јавноста снимки на прислушувани разговори т.н. “бомби“ во кои се препознаваат голем број на политичари, членови на актуелната власт, бизнисмени и новинари. Преку овие разговори се разголува владеењето и корумпираноста на тогаш актуелната власт на државата. Во понудените бројни наслови е опфатена реакцијата на западните медиуми и западната дипломатија која го поддржува демократизирањето на македонското општетство. Од тие причини, ЕУ испраќа свои членови и комисии, предводени од Прибе Рајнхард, да ја согледаат ситуацијата во Република Македонија. Насловите понудени како библиографски единици напишани од автори со различна провиниенција постојано ги следат политичките настани во земјата: Пржинскиот договор од 2 јуни до 15 јули 2015 година кој го потпишаа тогашните четири најголеми парламентарни партии во Република Македонија и резултатите кои треба од него да произлезат (учество на опозицијата во министерствата и формирање на привремена влада која ќе распише парламентарни избори во јуни 2016 година; формирање на Специјално јавно обвинителство кое ќе води истрага за можните злоупотреби од страна на власта); масовнитепротести од мај 2015 година предводени од граѓаните на Република Македонија, со поддршка на 399 Дипломиран професор по историја, советник-библиотекар во НУБ „Св. Климент Охридски“, ул. Булевар „Гоце Делчев“ бр.6, Домашна адреса – Булевар „ЈНА“ 21/9. 207
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
најголемата опозициска партија СДСМ; изведената аболиција од страна на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов; официјалната оставка на Никола Груевски од премиерската функција на 14 јануари 2016; подготовките на предвремените парламентарни избори; случувањата и за време на изборите и реакциите по нив итн. Сето ова е изразено преку библиографски единици оформени според стандардот ISBD (CP) и ISBD (M). Библиографските единици се редени по азбучен редослед. А нотациите се правени според целосни текстови, резимеа, дескриптори ... Како извор користени се online бази на податоци. Овој труд треба да им послужи на научните работници, особено на политиколозите и социолозите за полесно да можатда прават анализи и проценки на модерната политика, назадувањето во процесот на демократизацијата на Република Македонија и скршнувањето од патот кон ЕУ и НАТО интеграциите. Овој изворен материјал, исто така, говори и за зголемувањето на граѓанската свест кај македонското општество и свесноста за значењето на граѓанинот во државата. Понудените библиографски единици, сепак, се само еден дел од многуте информации за состојбите со политичката криза во Република Македонија во период што е предмет на опсервација. AGENCE France - press Europe; Macedonia: Protesters rally against government / Agence France - press Протестите во Скопје против Владата на Република Македонија во мај 2015 година. Во: New York Times. - ISSN 0362 4331. - (May 18, 2015) 1 ANANIEV, Jovan Participation and anti-discrimination based local strategic documents case of Macedonia municipialities / Jovan Ananiev, Zaneta Poposka. - Abstract Развој на локалната политика. Принцип на антидискриминација и борба против дискриминација. Ангажманот на општините. Емпириски истражувања. Во: Lex localis. - ISSN 1581-5374. - Letn. 12. št. 3 (2014), str. 575-590 2 ANANIEV, Jovan Rule of law and inclusion in the Republic of Macedonia / Jovan Ananiev ; Jadranka Denkova ; Ana Nikodinovska-Krstevska. - Global society of sientific researchs, 2014. - Internet resource 208
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Владеење на правото. Конфликт на интереси. Правен систем еднаков за сите. Демократија и почитување на човековите права. Во трудот се презентирани и елаборирани необјавени резултати од истражувањето на јавното мислење спроведено во 2011 година во Македонија. 3 АНДОНОВ, Оливер Тероризмот - реален извор на загрозување на сигурноста во Република Македонија или незагрозувачка перцепција : еден истражувачки поглед низ перцепција на граѓаните на државата / Оливер Андонов. - Рез. на макед. ез. Во: Научни трудове - Фондация “Национална и международна сигурност“. - ISSN 1314-9105. - Т. 1 (2014), с. 322-330 4 ASSOCIATED Press Macedonia approves Cabinet reshuffle to include opposition / Associated Press Реконструкција на Владата на Република Македонија одобрена од македонскиот парламент заради завршување на политичката криза во ноември 2015 година. Во: Washington Post. - ISBN 0190-8286. - (Nov. 11, 2015) 5 ASSOCIATED Press Macedonia charges 30 over weekend battle with militants / Associated Press Политичката криза во Македонија во мај 2015 година. Во: Washington Post. - ISBN 0190-8286. - (May 12, 2015) 6 ASSOCIATED Press Macedonia : 17 convicted in Spy case / The Associated Press Осудени 17 лица за шпионажа во Македонија во првиот судски процес. Осудени вработени во Агенцијата за разузнавање, Министерство за одбрана и Агенција за финансиски криминал. Октомври 2014 година. Во: New York Times. - ISSN 0362-4331. - (October 07, 2014)
209
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
7 ASSOCIATED Press Macedonia : 22 kiled as police and militants clash / The Associated Press Инцидентите на северната граница на Македонија и албанските бунтовнички групи. Убиство на македонски полицајци и албански бунтовници. Мај 2014 година. Во: New York Times. - ISSN 0362-4331. - (May 11, 2015) 8 BERENDT, Joanna Macedonia Government is blamed for wiretapping scandal / Joanna Berendt За политичката криза во Македонија. Договори со македонската влада и опозицијата за формирање на преодна влада. Преговори со амбасадори и членки на ЕУ и САД. Јуни 2015 година. Во: The New York Times. - ISSN 0362-4331. - (June 21, 2015) 9 BIERMANN, Rafael Coercive europeanization : the EU's struggle to contain secessionism in the Balkans / Rafael Biermann Како сецесионизмот се рефлектира врз европеизацијата на Косово, Босна и Македонија. Во: European Security, 2014, v. 23, n. 4, p. [466]-483 10 BOSLAUGH, Sarah Health care systems around the world : a comparative guide / Sarah Boslaugh. - Boston, Massachusetts : Credo Reference, Thousand Oaks [California] : Sage Publications, 2014. [2013]. - eBook, 1 online resource (201 entries) : 193 images За системот на здравствената грижа во Македонија. Организација и администрација. Анализа на 190 земји во светот.
210
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
ISBN 9781784025083 11 БУГАЙСКИ, Януш Москва се опитва са вкара клин между България и Македония : прави “пета колона“ на партии в ЕС, която прилича на Коминтерна : интервю с Януш Бугайски, американски анализатор / Алексения Димитрова. - Пълно име на интервюиращия е Алексения Димитрова Куртева Во: 24 часа. - ISSN 0861-4067. - Год. 25, бр. 150 (5 юни 2015), с. 27. 12 CALOIANU, Ioana Macedonia postpones elections / Ioana Caloianu Во написот се вели дека Македонија нема да одржи избори на 5 јуни, 2016 година. За контроверзниот проект “Скопје 2014“ и криминалната вмешаност на високи македонски функционери. Во: Transitions Online. - ISSN 1214-1615. - (5/30/2016), p. 1, 1 color photograph. 13 CEDEFOP - European Centre for the Development of vocational training On the way to 2020, data for vocational education and training policies : country statistical overviews : 2014 update / Cedefop - European Centre for the Development of vocational training. - Luxembourg : Publications Office, 2015. - eBook, 1 online resource (154 p.) col. Illustration. - (Research paper (Europe Centre for the Development of vocational training), No. 45) Политика на вработување и професионални квалификации во образовната политика во Македонија. ISBN 9789289618520 14 CHAPTER, David Nato calls for calls for calm after police kill 14 albanian insurgents / David Charter Случај “Диво насеље“ (Куманово), мај 2015 година. Судир меѓу албански бунтовници и македонска полиција. Во: The Times. - ISSN 0362 4331. - (11 May 2015) 15 CHESSHYRE, Tom A weekend in … Skopje, Macedonia / Tom Chesshyre 211
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Коментари за проектот “Скопје 2014“. Во: The Times. - ISSN 0362 4331. - (24 May 2014) 16 CRASH d'un A400M, flambée de violences en Macédoine … Les 5 infos à retenir de ce week-end Известување за случајот “Диво насеље“ близу Куманово на 9 и 10 мај 2015 година. Во: Le Monde. - ISSN 0395-2037. - (10.05.2015) 17 CULTURE, catastrophe and rhetoric : the texture of political action / edited by Robert Hariman and Ralph Cintron. - New York : Berghahn Books, 2015. - x, 264 pages ; 24 cm. - (Studies in rhetoric and culture ; v. 7) Includes bibliographical references and index. Политичките состојби во Македонија и состојбите во медиумите. Chronotypes of the political : public discource, news media and mass action in postconflict Macedonia / Andrew Graan ISBN 9781782387466 18 DEUX ministres macédonies démissionnent après les affrontements meurtriers de ce week-end За оставките на македонски министри. Министерката за внатрешни работи, министерот за транспорт и врски, и шефот на разузнавачката служба. Политичка криза во Македонија. Мај 2015 година. Во: Le Monde. - ISSN 0395-2037. - (13.05.2015) 19 DIMISHKOVSKI, Aleksandar Macedonian election with chance to break deadlock ends in virtual tie / Aleksandar Dimishkovski Коментари за парламентарните избори во Македонија на 11.12. 2016 година. Во: The New York Times. - ISSN 0362-4331. - (Dec. 11, 2016) 20 DIMISHKOVSKI, Aleksandar Macedonia to hold early elections amid political turmoil / Aleksandar 212
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Dimishkovski Можноста за предвремени избори заради политичката криза во Македонија во април 2016 година. Во: The New York Times. - ISSN 0362-4331. - (June 03, 2015) 21 DIMISHKOVSKI, Aleksandar Macedonia's political parties reach deal to end crisis / Aleksandar Dimishkovski Четирите најголеми партии во Македонија постигнаа согласност за предвремени избори со посредство на ЕУ и САД Во: The New York Times. - ISSN 0362-4331. - (July 21, 2016) 22 DIMISHKOVSKI, Aleksandar Macedonia's Prime minister to resign, paving way for April elections / Aleksandar Dimishkovski Можноста за предвремени избори заради политичката криза во Македонија во април 2016 година. Во: The New York Times. - ISSN 0362-4331. - (July 15, 2015) 23 DIMISHKOVSKI, Aleksandar Protests erupt in Macedonia as President Halts wiretapping inquary / Aleksandar Dimishkovski За прислушуваните разговори и политичката криза. Во: The New York Times. - ISSN 0362-4331. - (April 12, 2016) 24 DIMITROV, Nikola Macedonia steps backward / Nikola Dimitrov За политичките состојби во Македонија. Случај прислушување и снимени разговори. Незаконско следење на судии, амбасадори, политичари, новинари и полициски службеници. Во: The New York Times. - ISSN 0362-4331. - (April 16, 2015) 25 ĐURĐIĆ, Maja Krajnji cilj stvaranje “velike Albanije” : koja je pozadina terorističkog 213
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
napada u Makedoniji / Maja Đurđić За случајот “Диво насеље“ во Куманово. Во: Pobjeda. - ISSN 0350-4379. - God. 71, br. 17743 (12.maj 2015), str. 10-11 26 EN MACÉDOINE des Kosovars accusés de terrorisme За случувањата во “Диво Насеље“, 2015 година. Во: Le Monde. - ISSN 0395-2037. - (17.05.2015) 27 EN MACÉDOINE, les élections législatives contestées sont reportées sine die Одложување на изборите закажани за 5 јуни 2016 година на неодредено време. Во: Le Monde. - ISSN 0395-2037. - (18.05.2016) 28 EN MACÉDOINE, un projet d'amnistie provoque des heurts dans la rue Протести и судири по улиците во Скопје по повод барањето на Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, амнестија и аболиција за политичарите и од власта и од опозицијата. Во: Le Monde. - ISSN 0395-2037. - (13.04.2016) 29 ФИЛИПОВ, Костадин Георгиев Кой хвърля съчки в огъня : в Македония вече виждат връщане към конфликтната 2001-ва, възможно ли е обаче това / Костадин Филипов За политичката состојба во Македонија. Во: Труд. - ISSN 313-7719. - Год. 79, бр. 126 (12 май 2015), с. 13 30 ФИЛИПОВ, Костадин Георгиев Со кротце, со благо ... и со малце къотек : отношенията СофияСкопие : вместо да се плашим от македонски бежанци и да “пращаме“ войска по границата, трябва повече диалог / Костадин Филипов За политичката состојба во Македонија. Меѓународни односи меѓу 214
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Македонија и Бугарија. Во: Труд. - ISSN 313-7719. - Год. 79, бр. 140 (26 май 2015), с. 16 31 ФИЛИПОВ, Костадин Георгиев “Ти звòни звòнчето?“ / Костадин Филипов. - Загл. на макед. ез. Скандалот со прислушување во Македонија, 2015 година и политичката состојба. Бугарски коментари. Во: Труд. - ISSN 313-7719. - Год. 79, бр. 78 (23 март 2015), с. 16 32 ФИЛИПОВ, Костадин Георгиев В Скопие изручаха жабето : политическата криза в Македония завърши и всички се обявиха за победители / Костадин Филипов За политичката криза во Македонија во 2015 година и скандалот со прислушување. Бугарски коментари. Во: Труд. - ISSN 313-7719. - Год. 79, бр. 191 (16 юли 2015), с. 13 33 FOUÉRÉ, Erwan Waiting for EU leadership: The worsening crisis in Macedonia / Fouéré Erwan Реакција на ЕУ на најновата политичка криза во Македонија. За извештајот на Европската комисија за Македонија објавен во 2014 година. Политизација на државните институции. За (не) зависното судство и слобода на изразување во медиумите. Во: Euractiv. - ISSN 1337-0235. - (15 Apr. 2015) 34 ГЮРОВА, Светломира Големият македонски провал : как корупцията, лошата съдебна система и подчинените медии доведоха цялата държава до краха. И колко трудно ще се оправи това / Светломира Гюрова. Една пленена държава : или какво разкриват “бомбите“ на опозицията за начина, по който се управлява Македония на Груевски / Мартин Димитров, Светломира Гюрова Во Капитал. - ISSN 1310-7984. - Год. 22, бр. 20 (23-29 май 2015), с. 8-11 35 215
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
ГЛИШЕВ, Данаил Богданов Случилото се в Куманово отслаби протестите : Груевски се радва на голяма обществена подкрепа / Данаил Глишев ; разговаря Боряна Радева Случај “Диво насеље“ во 2015 година и македонската влада. Во: Българска армия. - ISSN 0861-4407. - Год. 124, бр. 19 (15 май 2015), с. 20 36 GUÉLAUD Claire Nikola Gruevski: << Nous offrons des garanties pour que la confiance revienne >> / Claire Guélaud, Benoît Vitkine Никола Груевски (премиер) говори за враќање на довербата кај граѓаните на Македонија по бомбите на Заев. За политичката криза во Македонија, 2015 година. Во: Le Monde. - ISSN 0395-2037. - (30.6.2015) 37 HAJRULLAI, Hajrulla What do media, corruption and higher education have in common in Macedonia? / Hajrulla Hajrullai За корупцијата во високото образование во Македонија. Во: Elsevier. - ISSN 1877-0428. - Vol. 197 supplement complete page 1188 (2015) 38 HOPKINS, Valerie Macedonia's protests could threaten a fragile region / Valerie Hopkins За протестите во Македонија од страна на “Шарената револуција“. Во: Newsweek. - ISSN 0028-9604. - (6/14/16) 39 HOPQUIN, Benoît Les écoutes illégales divisent la Macédoine / Benoît Hopquin Обвинувањата од Зоран Заев кон Никола Груевски за нелегалното прислушување на 20.000 граѓани на Македонија. Меѓусебни обвинувања. Груевски негира прислушување. Политичка криза во Македонија по бомбите на Заев, 2015 година во Македонија. 216
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Во: Le Monde. - ISSN 0395-2037. - (29.03.2015)
40 JOVANOVSKI, Vlatko Crisis management in Macedonia / Vlatko Jovanovski Справување со политичката криза во Македонија, 2014 Во: Crisis response journal. - Vol. 9 (3), (2014) 41 КАРАКАЧАНОВ, Красимир Дончев ДПС се опитва да ни наложи македонски сценарий : интервю с Красимир Каракачанов / Галя Горанова За граѓанските протести и политичката криза во Македонија во мај 2015 година. Во: Сега. - ISSN 1311-3186. - Год. 18, бр. 110 (18 май 2015), с. 11 42 KRASTEV, Ivan Macedonia at the crossroads / Ivan Krastev За случувањата во Македонија во последните 20 години со акцент на политичката криза од 2014 година, скандалите со прислушуваните материјали и настаните во „Диво насеље“ во Кумановско. Во: The New York Times. - ISSN 0362-4331. - (June 9, 2015) 43 LAZAREVIC, Krsto Regierungskrise in Mazedonien / Krsto Lazarevic Планот на македонската влада за уште една изборна измама, се вели во статијата. Во: Die Welt. - ISSN 0173-8437. - (18. Apr. 2016) 44 LEDGER, Robert EU stands by as Macedonia falls into crisis / Robert Ledger За скандалите во Македонија. Протести против владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. За прислушуваните материјали. 217
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Во: Global risk insights. - (November 28, 2015) 45 LYMAN, Rick Macedonia indict opposition leader who denounced graft / Rick Lyman За прислушуваните разговори на високи владини функционери. Обвинувања кон Заев од страна на власта за неовластено прислушување и тонско снимање, како и за антивладини активности. Планови за масовни протести во Скопје од страна на опозицијата. Случувањата во Македонија по објавувањето на бомбите. Во: The New York Times. - ISSN 0362-4331. - (May 1, 2015) 46 LYMAN, Rick Macedonia: Opposition leader is indicted in wiretapping case / Rick Lyman За прислушуваните разговори од бомбите на Зоран Заев. Во: The New York Times. - ISSN 0362-4331. - (May 02, 2015) 47 LYMAN, Rick Macedonia's leaders unable to resolve festering crisis / Rick Lyman Средба меѓу Никола Груевски и Зоран Заев во врска со прислушуваните разговори и протестите организирани во Скопје на 19 мај 2015 г. Во: The New York Times. - ISSN 0362-4331. - (May 19, 2015) 48 LYMAN, Rick Tiny Macedonia confronts a supersize scandal / Rick Lyman За прислушуваните разговори на високи владини функционери. Поднесување на оставки. Случајот “Диво насеље“. Случувањата во Македонија по објавувањето на бомбите. Во: The New York Times. - ISSN 0362-4331. - (May 15, 2015) 49 MacDOWALL, Andrew Election deal calms but doesen't solve Macedonia crisis / Andrew MacDowall 218
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Револуција против корумпираната и авторитарна власт во Македонија. Договор за избори. Можности за решавање на политичката криза во Македонија. Во: World politics review. - (June 5, 2015) 50 MacDOWALL, Andrew Fears for Macedonia's fragile democracy amid 'coup' and wiretap claims / Andrew MacDowall Ескалација на политичката криза во Македонија поради објавувањето на “бомбите“ на Заев (лидер на опозиција) и скандалот со масовното прислушување. Во: The Guardian. - ISSN 0261-3077. - (27 Fevruary 2015) 51 MacDOWALL, Andrew Tens of thousands demand resignation of Macedonian government / Andrew MacDowall Големиот протест на десетици илјади луѓе (демонстранти) во Скопје кои бараат оставка на Владата на Република Македонија која се наоѓа во политичка криза заради вмешаноста на Владата во скандалот со прислушувањето и изборното лажирање. Лидерот на опозицијата Зоран Заев е обвинет од власта за заговор за државен удар. Во: The Guardian. - ISSN 0261-3077. - (17 May 2015) 52 MACÉDOINE : des milliers de manifestants réclament la démission du gouvernment За масовниот митинг на 17.05.2015 година во Скопје од страна на демонстранти, граѓани кои бараат оставка на Владата на Република Македонија. Во: Le Monde. - ISSN 0395-2037. - (17.05.2015) 53 MACÉDOINE : les habitants décrivent la violence des combats Обвинети лица за тероризам во кумановско “Диво насеље“. Во: Le Monde. - ISSN 0395-2037. - (17.05.2015) 219
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
54 MACÉDOINE l'opposition toujours mobilisée pour réclamer la démission du premier ministre Прислушување и бомбите на Заев. Барање оставка на премиерот Никола Груевски, вклучен во големиот скандал на нелегално прислушување, 2015 година. Во: Le Monde. - ISSN 0395-2037. - (18.05.2015) 55 MACEDONIA opposition considers foring united front За влегувањето на помалите политички партии во коалиција со СДСМ за претстојните избори во декември 2016 година. Отвореноста на СДСМ за коалицирање. Во: Balkaninsight. - (20 Sep. 2016) 56 MACEDONIA : police officers and 'armed group' members killed during clashes „Диво насеље“ и состојбите на 10 мај 2015. За убиени и повредени полицајци и членови на вооружената група во вооружениот судир. Во: The Guardian. - ISSN 0261-3077. - (10 May 2015) 57 MACEDONIAN officials accused of spying on 20,000 people four years / Richard Lai … [et al.]. - Engadget HD, 2015 Никола Груевски, македонскиот премиер, и Сашо Мијалков, шеф на тајната полиција, и нивното шпионирање на македонските граѓани освен самите на себе. Обвинувањата на Зоран Заев, лидер на опозицијата, за прислушкување од страна на истите. 58 MACEDONIAN Parlament dissolved ahead of snap vote Извештај за формалното распуштање на Собранието на Р. Македонија од страна на Претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, на 6 април 2016 година. Со што се отвори патот кон предвремени парламентарни избори.Легитимност на изборите. Во: Transitions Online. - ISSN 1214-1615. - (4/18/2016), p. 13 220
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
59 MACEDONIAN Parlament votes against impeaching President Ivanov Во написот се говори за македонскиот Парламент кој гласаше против отповикување на претседателот Ѓорѓе Иванов по неговата одлука да се даде амнестија на сите функционери вмешани во скандалот со прислушувањето. Социјалдемократите, заедно со другите опозициски партии, поднесоа предлог до Парламентот, во април 2016 година, да се гласа за отповикување на Иванов. Во: Transitions Online. - ISSN 1214-1615. - (7/18/2016), p. 1 60 MACEDONIAN student organisation faces referendum challenge Соочување на Македонската студентска организација со референдум со цел подобрување на транспарентноста на студентските тела и промена во нивната работа. Во: Balkaninsight. - (5 Oct. 2016) 61 MACEDONIA'S feuding pols bury the hatchet За договорот постигнат меѓу четирите најголеми партии во Македонија со посредство на ЕУ и САД за формирање на експертска влада во есен. Ставање на крај на политичката криза. За прислушуваните материјали. Во: Transitions Online. - ISSN 1214-1615. - (8/8/2016), p. 1 62 MACEDONIA'S special prosecution fends off joint attacks За работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и новите обвиненија покренати од нив. Во: Balkaninsight. - (26 Oct. 2016) 63 MARUSIC, Sinisa Jakov Election of Macedonian judge in Strasbourg causes dismay / Sinisa Jakov Marusic За изборот на главниот обвинител на Македонија за организиран криминал, Јован Илиевски, како судија на Р. Македонија пред Европскиот суд за човекови права. Остри критики во Македонија. 221
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Во: Balkaninsight. - (17 Oct. 2016) 64 MARUSIC, Sinisa Jakov Macedonia prosecutors and police tussle over wiretap evidence / Sinisa Jakov Marusic Тензиите меѓу македонските владејачки структури и Специјалното обвинителство. Во: Balkaninsight. - (22 Oct. 2016) 65 MARUSIC, Sinisa Jakov Trial starts for Macedonia's wiretapping scandal / Sinisa Jakov Marusic За судењето на седум работници на македонската тајна полиција, обвинети за намерно уништување на документи за да се скрие вклученоста на високи владини функционери во скандалот со нелегалното прислушување. Во: Balkaninsight. - (28 Nov. 2016) 66 МЕТОДИЕВ, Методи Ще стигне ли търпението на македонците? : опозиция и управляващи в Скопие не отстъпват / Методи Методиев Политичката криза во Македонија од мај 2015 година. Бугарски коментари. Во: Дума. - ISSN 0861-1343. - Год. 25, бр. 116 (25 май 2015), с. 9, 14 67 MILEKIC, Sven Kosovo, Bosnia, most worried by corruption, report shows / Sven Milekic Истражувања на организацијата Транспаренси Интернешнл во врска со застапеноста на корупцијата на Балканот.За корупцијата во Македонија. Во: Balkaninsight. - (16 Nov. 2016) 68 MUSAI, Semra Newcomers threaten old Albanian parties in Macedonia / Semra Musai 222
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
За поддршката на новите албански партии. Анкетите покажуваат растечка поддршка меѓу етничките Албанци за ноформираните партии. Во: Balkaninsight. - (25 Oct. 2016) 69 PARLAMENTSWAHL : Verfeindete lager in Mazedonien sehen sich … За состојбите во Македонија непосредно пред изборите на 11 декември 2016 година. Во: Die Welt. - ISSN 0173-8437. - (11. Dez. 2016) 70 POLICY brief: Unraveling the political crisis in Macedonia: Toward resolution or calm before the storm? Политичката криза во Македонија и масовните протести помеѓу 5 и 18 мај 2015 година. Поставување на шатор камп пред македонската влада против македонската актуелна власт и паралелно посттавување на шатори во поддршка на власта. Преговори меѓу двете страни со помош на меѓународните посредници. Во: Contemporary of Southeastern Europe. - ISSN 2310-3612. - (02.6.2015) 71 POPOVIKJ, Misha Choosing stability over reforms: Why Macedonia's elections should be delayed / Misha Popovikj Предавање на оставката од премиерска функција на Никола Груевски, на 15 јануари 2016 година. За политичката криза во Македонија која датира од 2014 година. За изборите кои треба да претстојат. Висок степен на корумпираност во институциите, злоупотреба на функциите, влијание врз судството, клиентелизам во медиумите, изборна измама. Чистење на регистарот на избирачи. За реформите кои мора да се обезбедат без разлика кој ќе победи и ќе мора да се обезбеди развој на демократијата. Да се одреди датумот на изборите без консензус. Во: EUROPP: European Policy and Politics. - ACI Scholarly Blog Index. (January.19.2016) 72 THE SHOCKING (and seemingly endless) Extent of corruption in Macedonia 223
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
За “политичката бомба“ во Македонија и тврдењата на лидерот на македонската опозиција Зоран Заев за нелегалните активности на Владата. Во: Muftah. - ACI Scholary blog index. - (03.20.2015) 73 SOCIAL democrats contest macedonian election result За резултатите од изборите на 11 декември 2016 година. Во: Transitions Online. - ISSN 1214-1615. - (12/26/2016), p. 1, 2 color photographs 74 THE SOFIA globe staff EU 'deeply concerned' about continuing political crisis in Macedonia / The Sofia globe staff Загриженост од страна на министрите за надворешни работи на Европската Унија на состанокот од 20 јуни 2016 г. За продолжување на политичката криза во Македонија. За важноста на спроведувањето на Пржинскиот договор од 2015 година.За нелегалното прислушување на 20 000 жители на Македонија и странски дипломати од страна на ВМРОДПМНЕ. Во: Europe -comments off on EU. - (June 20, 2016) 75 STOJKOVSKI, Ljupcho Authoritarian closeness: Gruevski, Putin and the macedonian political crisis / Ljupcho Stojkovski Целосен и темелен опис на политичката криза во Македонија. Во: E-international relations. - ISSN 2053-8626. - (Jul.15.2015) 76 SZPALA, Marta Macedonia : a superficial democracy in the shadow of crises / Marta Szpala Блокирани преговорите за влез на Македонија во ЕУ и НАТО. Зајакнување на автократскиот систем на владеење на македонската влада и консолидирање на општеството зад националистички слогани. Повреда 224
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
на демократски стандари во Македонија. Политичка криза во Македонија. Во: OSW-Commentary. - (2016-04-01) 77 TENSIONS en Macédonine à la suite de la mort de 22 personnes dans des affrontements За случајот „Диво насеље“ кај Куманово, 2015 година. Во: Le Monde. - ISSN 0395-2037. - (11.05.2015) 78 THOUSANDS attend macedonian oppositions protest in Skopje Протести на илјадници македонски опозициски поддржувачи против актуелната власт два месеци пред парламентарните избори. Во: The Associated press. - (October 11, 2016) 79 VIOLENCE between Macedonia police and 'terrorists' increases scrutiny of RM За вооружената престрелка во „Диво насеље“ (кумановско) на 9 и 10 мај 2015 година. Во: The Guardian. - ISSN 0261-3077. - (11 May 2015) 80 VITKINE, Benoît A Skopje, l'opposition ne quitte pas la rue / Benoît Vitkine За протестот на опозицијата на 17 мај во Скопје. Поставување на шатори пред владата на Македонија. Во: Le Monde. - ISSN 0395-2037. - (22.05.2015) 81 VITKINE, Benoît Courte victoire nationaliste en Macédoine / Benoît Vitkine Резултати од парламентарните избори на 11 декември 2016 година во Македонија. Во: Le Monde. - ISSN 0395-2037. - (14.12.2016) 225
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
82 VITKINE, Benoît Les nationalistes au pouvoir remportent les élections en macédoine / Benoît Vitkine Коментар за резултатите од парламентарните избори на 11 декември 2016 година во Македонија. Во: Le Monde. - ISSN 0395-2037. - (13.12.2016) 83 VITKINE, Benoît Violents affrontements en Macédoine / Benoît Vitkine Случувањата во Диво насеље (кумановско) во мај 2015 година. Во: Le Monde. - ISSN 0395-2037. - (11.05.2015) 84 WORLD digest: Ja. 18, 2016. Macedonia caretaker premier named; elections set Одобрување на Емил Димитриев (член на ВМРО-ДПМНЕ) од пратениците на Парламентот на Македонија како вршител на должност премиер. Гласање за распуштање на Собранието на 24 февруари 2016 г. За поднесената оставка на Никола Груевски како премиер. Во: The Washington post. - ISSN 0190-8286. - (January 18, 2016) 85
226
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Биљана ТЕМЕЛКОСКА
69.(497.775) (083.824)
400
ИЗЛОЖБЕНА ДЕЈНОСТ НА Н.У. ЗАВОД И МУЗЕЈ - ПРИЛЕП Апстракт: Истражувањата на стручната и научно-истражувачката работа на стручните лица, се презентираат и преку изложбената дејност на НУ Завод и Музеј - Прилеп. Резултатите од својата работа ги презентираат преку тематски изложби од сите области. Активностите за прибирање и истражување на остатоците од материјалната култура на нашите простори започнале со самото формирање на „Народниот музеј“ во 1955 година. Изложбите нé водат низ времето, низ просторот, низ историјата, а преку изложбените поставки вредното историско и културно богатство на Прилеп и Прилепско се презентира на широката јавност. Клучни зборови:изложби, материјална култура, културно богатство, Прилеп и Прилепско, каталози, пропаганден материјал. Музеите се ризница на вредности што секоја цивилизација одделно ги создавала низ вековите. Безбројните докази за едни далечни времиња, од праисторијата, преку антиката, средниот век, материјалните и духовните традиции на луѓето кои живееле на овие простори, па сé до современата уметност, ги формирале богатите музејски збирки. Во насока на афирмација и презентација на богатото културно наследство на Прилеп и Прилепско, НУ Завод и Музеј - Прилеп, од своетопостоење од 1955 година до денес, има организирано голем број на изложби во земјата и странство. Музејските збирки, создадени од долгогодишните истражувања на вработените, со голем број на експонати, денес се изложени во постојаните изложбени поставки кои се во составот на НУ Завод и Музеј-Прилеп и тоа: Меморијален музеј „11 Октомври 1941 година”, Спомен-куќата на Кузман Јосифоски - Питу, Музеј за тутун, Галерија на икони, Спомен куќата на Блаже Конески во с. Небрегово и Археолошка поставка. Секој изложен експонат носи своја приказна за минатото преку која посетителите се запознаваат со богатото културно - историско минатото на нашиот крај. Со реализирање на повремени тематски изложби, произлезени се и голем број на каталози, каталошки листови и друг пропаганден материјал. 400
Биљана Темелкоска, библиотекар, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Прилеп, ул. „Александар Македонски“, бр. 142, Прилеп, адреса на живеење: ул. „Боца Иваноска“, бр. 7, Прилеп, е-пошта: biljana_temelkoska@yahoo.com 227
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Реализирани изложби • Меморијален музеј "11 Октомври 1941". Постојана музејска поставка.По повод 20 години од НОВ отворена е постојана музејска поставка со што објектот е претворен во Меморијален музеј “11 Октомври 1941”. Kомесар: археолог Бошко Бабиќ.Соработници: Цветан Беличанец, Илија Кузманоски, Ранко Финдрик, Благоја Китаноски. Изложбата е отворена на 11.10.1961 год. • Постојана археолошка изложба. Народен музеј - Прилеп, Kомесар: ист. на уметност Бошко Бабиќ.Соработници: Б. Китаноски и Р. Финдрик. Изложени се археолошки поситни предмети од различен материјал, фрагменти од фрески, икони, етнолошки материјал и предмети од применета уметност. Изложбата е отворена во 1961 год. • Меморијален музеј "11 Октомври 1941". По повод 30 години од НОВ постојаната музејска поставка е проширена и збогатена со нови фотографии. Kомесар: ист. на уметност Бошко Бабиќ.Соработници: инж. арх. Р. Финдрик и работници на Народен музеј - Прилеп. Изложбата е отворена на 11.10.1971 год. • Средновековно културно богатство на СРМ,Kомесар: археолог советник кустос Бошко Бабиќ. Изложбата е отворена во1974год. • Прилеп - град херој, Kомесар: историчар-кустос Михајло Атанасоски,Изложбата е отворена во 1975 год. • Културно богатство на Прилеп. Комесар: археолог - советник кустос Бошко Бабиќ. Изложбата е отворена во Крушевац на 27.12.1976 год. • Меморијален музеј Кузман Јосифоски - Питу.Kомесар: археолог советник кустос Бошко Бабиќ.Соработници: архитекти М. Димовска Чоловиќ, С. Танурова, С. Вренцоски, К. Солунски. Изложбата опфаќа документи, фотографии и етнолошки предмети кои го прикажуваат животниот и револуционерен пат на Кузман Јосифоски - Питу. Изложбата е во соработка со ОСИЗ на култура - Прилеп и Сојуз на борци. Изложбата ја отвори Бошко Станкоски на 11.10.1977 год. • Меморијален музеј "11 Октомври 1941". Kомесар: Галена Куцулова.Соработници: Климе Коробар, Борко Лазески, Киро Крстески, Илија Велкоски. Затворската просторија е во својот автентичен облик. Останатите простории се адаптирани во изложбен простор во кој е изложен историски материјал од крајот на 19 век и почетокот на 20 век, со тема од национално - ослободителното движење на македонскиот народ, со посебен акцент на Прилеп и прилепскиот крај.Изложбата ја отвори Димче Ѓорѓиоски на 11.10.1983 год.
228
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
• Борбите за ослободување на Прилеп 1941-1944 година.Kомесар: историчар - кустос Киро Крстески.Изложбата е отворена во Прилеп во 1984 год. • 65 години од формирањето на Комунистичката партија на Прилеп. Kомесар: историчар - кустос Киро Крстески.Изложбата е отворена во Прилеп во 1984 год. • Меморијален музеј Кузман Јосифоски-Питу. Kомесар: историчар кустос Благоја Талески.Соработник:инж. арх. Васка Печијареска. Изложбата опфаќа документи, фотографии и етнолошки предмети на народниот херој Кузман Јосифоски-Питу. Изложбата е отворена во куќата на Кузман Јосифоски-Питу на 25.02.1984 год. • Постојана археолошка изложба.Народен музеј - Прилеп, Kомесари:Б. Китаноски, К. Кепески и Л. Кепеска.Соработници: В. Печијареска, Р. Иванишевиќ и работници на Завод и Музеј-Прилеп. Изложени се поситни археолошки предмети, а бројот на експонатите е намален во корист на неолитскиот олтар и фотографии. Изложбата е отворена на 09.09.1985 год. • Неолит и енеолит во Пелагонија. Комесар: археолог-советник кустос Б. Китаноски. Изложбата претставува резултат од соработката помеѓу Завод, музеј и галерија-Битола и Завод и Музеј-Прилеп. Со оваа изложба на пошироката културна јавност ѝ се презентира еден дел од најзначајните резултати на досегашните археолошки истражувања на овие периоди во Пелагонија. Изложбата е отворена во 1985 год. • 75 години од убиството на Пере Тошев. Комесар: историчар - кустос Киро Крстески. Соработници:Б. Талески, И. Велкоски, В. Печијареска. Изложени се вкупно 85 експонати и тоа: документи, фотографии, карти материјал кој го прикажува животниот и револуционерен пат на Пере Тошев.Изложбата ја отвори Димитар Спиркоски во Домот на културата „Марко Цепенков“ - Прилеп на 04.05.1987 год. • Иконописот во Прилеп и Прилепско за време на преродбата. 150 години од изградбата на црквата Св. Благовештение во Прилеп. Комесар: ист. на уметност кустос Славица Алексоска. Соработници: Цветан Грозданов, Илија Велкоски, Благоја Атанасоски.Изложбата го прикажува иконописот во Прилеп и Прилепско за време на преродбата со посебен акцент на делото од двајцата иконописци од Прилеп -
Адамче Најдов и Јован Атанасов иНикола Михајлов од Крушево. Изложени беа триесет и пет икони.
229
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Заради континуитет, прикажани беа и икони кои датираат од 17 и 18 век.Изложбата ја отвори Илија
Велкоски во ДК„Марко Цепенков“ - Прилеп на 25.12.1988 год.
• Прилеп и Прилепско во ослободителните борби на македонскиот народ 1893 - 1918. Комесар: историчар - кустос Благоја Талески. Соработници: Илија Велкоски, Васка Печијареска и Радмила Иванишевиќ.Изложбата го прикажува учеството на Прилеп и Прилепско во ослободителните борби на македонскиот народ 1893 - 1918 година. За време нa овој период од дваесет и пет години се одиграле многу значајни настани кои хронолошки се опфатени со изложбата. Изложени се вкупно 137 експонати. Изложбата е во
соработка со Друштвото за наука и уметност - Прилеп. Изложбата ја отвори Борко Лазески во Домот на Култура „Марко Цепенков“ Прилепна 19.10.1989 год.
• Кантарџискиот и куменџискиот занает во Прилеп. Комесар: етнолог - кустос Петре Чагороски. Соработници: Р. Иванишевиќ, И. Велкоски, Б. Атанасоски, К. Јованоски. На изложбата беа претставени 66 музејски предмети производи од два стари занаети: кантарџискиот и куменџискиот. Презентираниот материјал зборува за врвниот дострел на прилепското занаетчиство во втората половина на 19 век и првата половина на 20 век. Изложбата ја отвори Никола Иваноски - директор на Завод,
музеј и галерија - Битола во ДК„Марко Цепенков“ - Прилеп на 11.12.1990 год.
• Ликовна изложба на Михаил Клос - Канада. Комесар: инж. арх. В. Печијареска. Соработник: Р. Иванишевиќ. Изложбата претставува дел од колекцијата слики што Михаил Клос ја подари на Заводот и Музеј Прилеп. Тоа беа седумдесет и седум слики во мал формат, варијации на тема - портрет. Најголем дел од оваа колекција портрети е работен во 230
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
акварел техника, мал дел во масло и туш.Изложбата ја отвори Трајче Крстески во Домот на културата „Марко Цепенков“ - Прилеп, сала за изложби на 16.12.1994 год. • Прилепското училиште 1843 1912 година. Комесар: историчар виш кустос Б. Талески. Соработници: В. Печијареска, Р. Иванишевиќ, Д. Димески.Оваа изложба го прикажува развитокот на учебното дело од отворањето на првото народно училиште во 1843 година до Балканските војни 1912 година.Изложбата се отвори во ДК„Марко Цепенков“-Прилеп на 21.02.1994 г. • Руралната архитектура во Македонија.Комесар: инж. арх.Киро Јованоски. Соработници: Р. Иванишевиќ, П. Чагороски. Низ 60 оригинални цртежи со мотиви од селската архитектура во Македонија, отсликан е духот и мајсторството на народниот неимар и богатата градителска традиција на овие простори. Изложбата е во соработка со Музеј на Македонија-Скопје. Изложбата ја отвори Д. Здравковски, автор на цртежите е арх. Петар Намичев. Изложбата се отвори во Домот на култура„Марко Цепенков“ - Прилеп на 01.04.1994год. • Музеј за тутун, постојанапоставка.Комесар: етнологА. Цветкоски. Соработници: Р. Иванишевиќ, П. Чагороски, К. Јованоски. Изложбата ја чинат 720експонати за уживање на тутун, а во помал дел и за производство на тутун. Изложбата е во соработка со Инстутутот за тутунПрилеп. Изложбата ја отвори Илија Велкоски во Институтот за тутун Прилеп на 22.12.1994год. • Самостојна ликовна изложба Михаил Клос, Канада.Комесар: инж. арх. Васка Печијареска.Низ 21 слика во техника акрил на платно, прикажан е дел од ликовното творештво на Михаил Клос. Изложбата се отвори во ДК„Марко Цепенков“-Прилеп на 24.03.1995 год. • Оружјето низ вековите. Комесари: археолог советник кустос: Б. Китаноски, К. Кепески, Л. Кепеска; историчар-виш кустос: 231
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Б. Талески, К. Крстески. Соработници: В. Печијареска, Р. Иванишевиќ. Преку 166 изложени експонати може да се види развојот на ладното и огненото оружје и воена
опрема од каменото време до Втората светска војна.Изложбата ја отвори Л. Кепеска во ДК„Марко Цепенков“-Прилеп на 29.06.1995 г.
• Казанџискиот занает во Прилеп.Kомесар: етнолог - кустос Петре Чагороски. Соработници: И. Велкоски, Р. Иванишевиќ, Д. Димески, К. Јованоски.Преку изложените 118 алати, производи, се следи развојот на казанџискиот занает во Прилеп во периодот од 16, 17 до средината на 20 век.Изложбата ја отвори Здравко Маретиќ во ДК „Марко Цепенков“Прилеп на 12.061996 год. • Накитот на прилепските ковенџии. Комесар: етнолог - виш кустос Петре Чагороски. Соработници: Р. Иванишевиќ, Б. Атанасоски.Изложен беше репрезентативен избор на накит од етнолошката збирка на Завод и МузејПрилеп. Изложбата се отвори во ДК„Марко Цепенков“-Прилеп на 14.05. 1997 год. • Теракотни икони (копии) Виничко кале. Комесари: Цоне Крстески, Лилјана Кепеска, Соработници: Васка Печијареска, Радмила Иванишевиќ. На изложбата беа прикажани 24 копии и 10 фотографии од теракотните икони (IV-VII век), откриени на археолошкиот локалитет Виничко кале во Виница. Изложбата е во соработка со Музеј на Македонија - Скопје. Изложбата се отвори во ДK „Марко Цепенков“-Прилеп на 15.05.1998 год. • Занаетчиски алати. Комесар: етнолог виш кустос П. Чагороски. 232
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Соработници: И. Велкоски, Р. Иванишевиќ, П. Михајлоска, повеќе надворешни соработници занаетчии. Изложени се 132 експонати кои за основна суровина го имаат металот (калајџиски, пагурџиски,
леарски, ковенџиски), дрвото (бочварски, самарџиски, дограмаџиски) и текстилот (шивачки). Изложбата се отвори во ДК „Марко Цепенков“ - Прилеп на 26.11.1998 год.
• Црква Св. Никола - Варош, 700 години од изградбата и живописувањето. Комесари: ист. на умет. С. Алексоска, ист. на умет. Б. Атанасоски, арх. В. Печијареска. Соработник: Р. Иванишевиќ. Изложени беа 35експонати, фотодокументација, илустративна, техничка документација иоригинални икони од црквата Св. Никола во Варош.Изложбата ја отвори митрополит Преспанско-пелагониски г.Петар во ДК„Марко Цепенков“-Прилеп на19.12.1998 г.
• Укијос графика (репродукции). Комесар:виш конз. арх. К. Јованоски. Соработници: П Чагороски, А. Цветкоски. Изложбата е во соработка со Музеј на град Скопје. Изложени беа 39 репродукции на укијос графика. "Укијос" или "модечки свет" е ново движење кое се појавува во уметноста на Јапонија во раниот 17-ти век.Изложбата ја отвори Коста Балабанов, почесен конзул на Јапонија во Македонија,во ДК„Марко Цепенков“-Прилеп, Уметничка галерија на28.05.1999 год. • Христијанството низ материјалната култура во Прилеп и Прилепско. Комесари: археолог советник кустос Л. Кепеска, ист. на 233
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
умет. виш кустос С. Алексоска. традиции низ вековите на овој Соработници: Р. Иванишевиќ, К. простор. Изложени се Јованоски, П. Чагороски, Б. 107експонати. Изложбата е Атанасоски. Изложбата прави отворена во ДК „Марко Цепенков“ пресек на културно-историските, - Прилеп на24.05.2000 год. односно материјални остатоци за појавата и развојот на христијанството и христијанските • Фотографии од спомениците на културата. Комесар: Панче Велков. Соработници: С. Миљковиќ, В. Имперјов, С. Марковска, Љ. Раповски, Л. Ангелковска, С. Шовеговиќ-Спировска, Д. Темелкоски. Изложбата е во соработка со Музеј на Македонија. На изложбата беа претставени 162 фотографии од 18 држави, од споменици на културата на учесници на меѓународниот детски и младински конкурс на фотографии од спомениците на културата во организација на Советот на Европа. Изложбата ја отвори Вангел Штериов, кустос-едукатор, во ДК „Марко Цепенков“ - Прилеп, Ликовна галерија, на01.11.2001 год. • Галерија на икони "Баба неделино училиште". Комесар:ист. на умет. Илија Велкоски. Соработници: К. Јованоски, С. Алексоска, Л. Кепеска, Б. Атанасоски, П. Чагороски.Во галеријата на икони „Бабанеделино училиште“, презентирани се 141експонат, најзначајните примероци од богатата колекција на икони на Завод и Музеј-Прилеп, уште 7 икони од црквите и манастирите во прилепско, археолошки и етнолошки материјал. Постојана поставка, на која е презентиран и библиографски материјал и сликарскиот прибор на зографот Јован Атанасов. Изложбата е отворена на10.07.2002 год.
• Споменично наследство од прилепскиот крај - фотографии. Комесар: архитект - советник
конзерватор Киро Јованоски. Соработник: Горан Стојаноски. Изложба на фотографии кои
234
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
презентираат 17 споменици на културата во прилепскиот крај. Изложбата ја отвори Рубинчо Белчески, во малата сала за изложби - Галерија на икони Прилепна16.05.2003 год.
• Борко Лазески, десетгодишнина од смртта. Организатори на изложбата: Друштво за наука и уметност, Локална самоуправа и Завод и Музеј, Прилеп. Видеопрезентација на делата на Борко Лазески. Изложбата ја отвори д-р Дукадин Камшикоски, претседател на ДНУ-Прилеп,во Градската библиотека „Борка Талески“ – Прилеп,на17.06.2003 г. • 100 години од Илинденското востание - 1903-2003. Комесар: историчар - виш кустос Благоја Талески. Соработник: И. Ристески.Изложбатае во знак на одбележу-вањето на големиот јубилејстогодишнина од Илинденското востание. Изложени се 68 експонати. Изложбата ја отвори Дукадин Камшикоски во Галеријатана икониПрилепна30.07.2003 год. • Охридското Езеро и неговиот карактеристичен жив свет. Комесар:историчарвиш кустос Рубинчо Белчески. Соработници: П. Чагороски и Ц. Цветкоски. Изложбата е во соработка со Народен музеј „Др Никола Незлобински“-Струга. На изложбата беа претставени 100 експонати. Во изложбата со методи на музејско презентирање (скици, графикони, цртежи од водени и суви препарати) прикажани се општите својства на Охридското Езеро и неговото флористичко и фаунистичко богатство.Изложбата ја отвори Рубин Белчески, во Центарот за култура „Марко Цепенков“ - Прилеп на14.11.2003 год.
235
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
• Ѓорѓи Ачески - Аче, 90 години од раѓањето. Комесар: историчар на уметност - виш кустос Илија Велкоски. Соработник: Благоја Атанасоски.Ретроспективната изложба на Ѓорѓи Ачески, дел од неговото огромно творештво, (повеќе од 3000 цртежи) со почит и пиетет ја одбележа 90-годишнината од раѓањето на уметникот (1914 2004).На изложбата беа претставени 34 (триесет и четири) експонати. Изложбата е поставена во ЦК „Марко Цепенков“-Прилеп, галерија,на29.04.2004 год. • Изложба од етнолошките збирки. Комесар: етнолог - виш кустос Петре Чагороски. Соработници: И. Ристески, Д. Димески, Б. Темелкоска. Изложбата презентира само дел од богатата збирка на етнолошкото одделение при Завод и Музеј-Прилеп.Изложбата ја отвори Рубинчо Белчески, во Галерија на икони - Прилеп на18.05.2004 год. • Историја на руската дипломатија во документи.Организатори: Виктор Габер, А.Н. Неатур, Д-р. А. Вангелов. Изложбата е во соработка со Македонско-рускодруштво-Прилеп.Изложбата „Македонија-Русија“ е организирана по повод Годишнината од постоењето на МакедонскоРуско друштво-Прилеп и 10 години од македонско-руските дипломатски односи. Изложбата ја отвори Рубинчо Белчески и Агатон Асатур, руски амбасадор во Македонија, во Галерија на икони-Прилепна19.03.2004 год. • Словенските апостоли Св. Кирил и Методиј.Организатори: З. Богданоска, С. Лакалиска. Соработници: Р. Белчески, Г. Николоска, П. Чагороски, Д. Димески. Изложбата е во соработка со Музеј на град Скопје.Изложениот материјал33експонати, низ слики и зборови сведочи за величината на делото на светите браќа и нивните ученици.Изложбата ја отвори Р. Белчески, З. Богдановска, С. Лакалиска, во Галерија на икониПрилепна08.12.2004 год. • Изложба на каширани фотографии “Тутунот низ мака и убавина” . Комесар: етнолог - кустос А. Цветкоски. Соработници: Р. Белчески, К. Филипоски и П. Зареска. Изложбата е во соработка со ЈНУ Институт за тутун-Прилеп и НВО „Агтис“-Прилеп. Изложбата е поставена по повод 80 годишнината од формирањето на ЈНУ Институт за тутун -Прилеп. Претставени се 52 каширани фотографии, снимени од фотографот на Народен музеј, Бранко Јелиќ. Фотографиите ја опишуваат народната 236
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
манипулација на тутунот, згради на тутунската индустрија во Македонија. Изложбата е отворенаво ЦК„Марко Цепенков“-Прилеп на22.12.2004 год. • Скутините од прилепскиот крај. Комесар: виш кустос етнолог Петре Чагороски. Соработници:Р. Белчески, И. Ристески, Б. Атанасоски,Д. Димески. Н. Крстеска. Претставени се 20 експонати-скутини од прилепскиот крај, и Мариово. Изложбата ја отвори Владимир Караџоскиво Галерија на икони-Прилепна19.05.2005 год. Во јуни 2005 год. поставена во Културно информативен центар на Р. Македонија во Софија, Р. Бугарија. • 60 години од големата победа. Комесар: ист. на уметностсо археологија Габриела Николоска.Соработници: членови на Македонскоруското друштво за пријателство, Илија Ристески. Изложбата е во соработка со Руската амбасада во Р. Македонија.Изложбата е историско документарен приказ на 21експонат и дескриптивен документарен материјал на победата над фашизмот.Изложбата ја отвори рускиот амбасадор во Р. Македонија, Агарон Асатур, во Галерија на икони Прилепна 01.06.2005 год. • Прилеп 1944 - 1990.Kомесар: историчар - виш кустос Благоја Талески.Соработници: И. Ристески, Д. Димески.Низ 98 (деведесет и осум) фотографии, прикажан е стопанскиот развиток на Прилеп од 1944 до 1990 година и станбенокомуналната изградба на градот во овој период.Изложбата ја отвори Дукадин Камшикоски во малата сала за изложби - Галерија на икони - Прилеп на 02.11.2005 год. • Графички листови XVIII - XIX век од збирката на Музеј Прилеп.Kомесар: ист. на умет. виш
кустос Славица Алексоска.Соработници: Р. Белчески, Б. Темелкоска, Д.
237
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
Димески.Презентација на 33 експонати од богатата збирка на графички листови на Завод и Музеј - Прилеп. Датираат од 18-19 век, а потекну-ваат, главно, од светогорските манастири Зограф, Хиландар, Ватопед и Иврион.Изложбата за прв пат беше отворена во Македонскиот културен центар во Њујорк, САД, на 24.05.2006 год. На 04.08.2006 претставена беше пред прилепската публика во ЦК„Марко Цепенков“. Изложбата беше поставена во повеќе градови низ Македонија. Во 2010 год. беше презентирана во Риека и Лудберг, Р. Хрватска. Во 2012 година беше презентирана во Музејот на Војводина, Нови Сад, Р. Србија. • Празнични чорапи од прилепскиот крај. Комесар: етнолог - виш кустос Петре Чагороски. Соработници: Биљана Темелкоска, Неда Крстеска, Димитрија Димески. Презентација на 20 експонати, чорапи, важен, а често незабележителен дел од македонската народна носија. Изложбата е отворенаво Галеријата на икони-Прилепна 03.10.2006 год. • Борко Лазески 1917 - Прилеп 1993 - Скопје, деведесет години од раѓањето. Организатори: НУ Завод и Музеј, Друштво за наука и уметност, ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“, Прилеп. Ретро-спективна изложба по повод деведесет години од раѓањето на Борко Лазески.Изложбата ја отвори д-р Дукадин Камшикоски, претседател на ДНУ – Прилеп, во ЦК„Марко Цепенков“-Прилеп на25.10.2007 год.
238
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
• Разговор со Винсент, автор Маја Ралева. Ликовна, повремена изложбена поставка на авторот Маја Ралева, со наслов: „Разговор со Винсент“. Изложбата е оригинална замисла - реализација на авторот на она што значи содржина и наслов на изложбената поставка (инсталации).Изложбата ја отвори А. Миткоскиво малата сала за изложби - Галерија на икони - Прилепна12.12.2007 год. • Прилеп низ стари фотографии. Комесар: виш кустос - историчар Рубинчо Белчески. Изложбата ја отвори Роберт Јанкулоски, раководител на Македонскиот центар за фотографии - Скопје. Презентирани се 30 (триесет) фотографии на Прилеп. Периодот што го опфаќаат фотографиите е од 1888 па сé до 60-тите години на 20 век. Фотографиите се од различни фотографи и сопственици, а за изложбата ги изработи фотографското студио „Фото зрак“ - Прилеп. Изложбата е отворенаво Ликовната галерија, Центар за култура „Марко Цепенков“ - Прилеп на02.12.2010 год. Изложбата е поставена и во Музеј, Галерија - Кавадарци во април 2015 година.
• Меморијален музеј "11 Октомври 1941". По повод 70 години од востанието на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор, објектот е целосно саниран, а постојаната музејска поставка е преуредена и збогатена со нови музејски експонати.Kомесар: виш кустос - историчар Рубинчо Белчески. Соработници: архитект Зоран Николовски, виш конзерватор арх. Илија Ристески, фотограф Димитрија Димески, Биљана Темелкоска, Радмила Иванишевиќ и други вработени од установата.Изложбата ја отвори министерот за култура Елизабета Канческа-Милескана 10.10.2011 год. • Археолошка поставка. Педесет години по отворањето на првата постојана археолошка изложба, поставена во 1961 година, истата е преуредена и збогатена со голем број на музејски експонати, фотографии и др. Kомесари: советник кустос арх. Лилјана Кепеска, советник кустос 239
НУ завод и музеј Битола
Зборник на трудови бр.20
археолог Ацо Миткоски и виш кустос арх. Душко Темелкоски. Соработници: арх. Зоран Николовски, фотографии: Роберт Јанкулоски, фотограф Димитрија Димески, советник конзерватор арх. Васка Печијареска, конзерватор Горан Стојаноски, Биљана Темелкоска и други вработени од установата.Изложбата ја отвори министерот за култура Елизабета Канческа-Милескана 24.12.2011 год. • „Чадот на задоволството“. Комесар: виш кустос Марија Мурџева. Соработник: виш кустос етнолог Александар Цветкоски. Претставени се 416 експонати од збирката на Музејот за тутун - Прилеп и тоа: каширани фотографии, церади од уметнички слики, прибор за уживање на тутун, прибор за подготовка на тутун за лула, прибор за чување на тутун и бурмути, запалки, кибрити и пирогени, финални производи од тутунската индустрија. Изложбата е во соработка со Музеј на Македонија - Скопје. Изложбата е отворена во Музеј на Македонија - Скопје на19.05.2012 год. Резиме Од изложбената дејност на Н.У. Завод и Музеј-Прилеп произлегоа голем број на каталози, каталошки листови и друг пропаганден материјал, кој сведочи за одржаните изложби. Тие претставуваат посебен вид на комуникација со широката јавност. Н.У. Завод и Музеј Прилеп посветува големо внимание на културно-историското богатство на Прилеп и Прилепско преку организирање на изложби. Богатството на публикуваниот материјал, како и атрактивноста на темите на кои се посветени, имплицираат дека каталозите се значаен вид на презентирање на културно - историското наследство, а често пати се и единствен извор на податоци за следни истражувања. Summary The exhibition activities of the N.I. Institute and Museum - Prilep produced a large number of catalogs, catalog sheets and other promotional material, testify to held exhibitions. They are a special kind of communication with the general public. N.I. Institute and Museum - Prilep pays great attention to the cultural - historical heritage of Prilep and Prilep region by organizing exhibitions. The wealth of published material, and the attractiveness of the topics that are committed, imply that catalogs are an important form of presentation of cultural - historical heritage, and often are the only source of data for future research.
240