НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ – БИТОЛА
ZBORNIK NA TRUDOVI
БИТОЛА 2016
ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ НА Н.У. ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ – БИТОЛА
Претседател на редакциски одбор: Александар Литовски Членови на редакциски одбор: Зоран Алтипармаков Викторија Момева Алтипармаковска Ристо Палигора Технички секретар: Владо Ѓоревски Лектор: Каљопи Лутовска Печати: Херакли Битола
CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје 930.85(497.7)(082) ЗБОРНИК на трудови. 19 / [уредник Александар Литовски]. - Битола : НУ Завод и Музеј Битола, 2016. - 200 стр. ; 21 см Фусноти кон текстот ISBN 978-608-4754-09-1 а) Македонија - Културна историја - Зборници COBISS.MK-ID 101849354
Содржина: Д-р Александар Литовски, Ставовите на Ренос Михалеас за македонското национално прашање во 1944 година.....................7-15 Д-р Роберто Трајковски, Активностите за формирање на 21. планинска дивизија СС „Скендербег“ според документацијата од архивата на „Волфганг Воперсал“...................................................................17-28 Д-р Лидија Ѓурковска, Габриела Топузовска, Трговскоиндустриската комора во Скопје во периодот меѓу двете светски војни................................................................................................ 29-39 Д-р Александар Симоновски, Народноослободителните одбори во административната единица Битолска околија (1945) ............... 41-46 Рубинчо Белчевски, Монументален меморијален комплекс ,,Парк на Револуцијата“-Прилеп - Алеја на Народните херои - Могила на Непобедените Споменик Жена борец....................................................................47-57 Д-р Катерина Мирчевска, Љубица Јанчева, Скопскиот земјотрес низ страниците на весникот „Нова Македонија“: помошта на Битола за Скопје..................................................................................................59- 66 М-р Стојанче Костов, Фолклорниот фестивал Илинденски денови низ видеата на американскиот фолклорист Роберт Хенри Либман...................................................................................67-73 Д-р Мери Стојанова, Обреден циклус на празнување за Ѓурѓовден во Преспа................................................................................ 75-83 Горан Василевски, „Тајане Бојане имам брат Свети Јоване“...... 85-93 Бранко Ѓорѓиев, Тајната патна мрежа на Македонската револуционерна организација во Струмица и Струмичко........... 95-105 Илија Ристески, Руралната градителска традиција од прилепскиот крај во контекст на класичната архитектура и култура - низ историската ретроспектива и сегашност................................................. 107- 120. Душко Темелкоски, Гробници издлабени во карпа на локалитетот „Сурун“ кај Горно Село................................................................... 121-130 М-р Оливера Макриевска, Јовица Богоев, Применетата техника и технологија кај историските слоеви на ѕидното сликарство во џамиите Исхак Челеби и Гази Хајдар Кади од XVI век во Битола...................... 131-145 Владо Ѓорески, Ликовното творештво на Стојан Апчевски....147-175 Биљана Темелкоска, Издавачката дејност на НУ Завод и музеј Прилеп................................................................ 177-188.
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Александар ЛИТОВСКИ,1 СТАВОВИТЕ НА РЕНОС МИХАЛЕАС ЗА МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО ПРАШАЊЕ ВО 1944 ГОДИНА Апстракт: Во текстот се разгледуваат ставовите на грчкиот комунистички раководител Ренос Михалеас за македонското национално прашање во втората половина на 1944 г. и преку тоа се прави обид да се дојде до појасна слика за ставовите и односот на КПГ, ЕАМ и ЕЛАС кон македонскиот народ од Егејскиот дел на Македонија и кон неговата антифашистичка вооружена борба. Клучни зборови: Ренос Михалеас, Комунистичка партија на Грција, македонско национално прашање, антифашистичка борба во Егејскиот дел на Македонија. Развојот на ставовите и односот на Комунистичка партија на Грција (КПГ) кон македонското национално прашање во периодот на Втората светска војна воопшто не бил праволиниски и еднонасочен. КПГ во тој период формално се држела до предвоениот општ став за „рамноправност на малцинствата“ и на моменти го признавала македонскиот национален идивидуалитет, а на моменти калкулирала со македонското национално прашање, па декларирала постоење на „славофони Грци“, зборувала и се застапувала за заштита на грчките национални интереси и за непроменливост на грчките државни граници.2 Приближувањето на крајот на окупацијата и преговорите на Националноослободителниот фронт на Грција (ЕАМ) со ривалските десничарски движења на отпор во Грција, придонеле во 1944 г. КПГ да започне да води поголема грижа за политичките аспекти на антифашистичката борба предводена од неа. Тоа значело ставање на поголем
Александар Литовски, доктор по историски науки, кустос-советник во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Битола; адреса на живеење: ул. Иван Милутиновиќ бр. 68/14 Битола, e-mail: acelitobitola@gmail.com. 2 Иако и во тоа на моменти имало отстапување, па на пример, „Прогласот на Окружниот комитет на КПГ за Костурско“ од 13 ноември 1944 година помеѓу останатото пишувал: „...Слободни се и Словеномакедонците да зборуваат за својот мајчин јазик, да ги изнесуваат своите гледишта, рамноправно со Грците да учествуваат во политичкиот живот и во движењето на нашата земја. Рамноправноста од друга страна го отовра патот за самоопределување, согласно со Атланската повелба.“ КПГ и македонското национално прашање 1918-1974, Скопје, 1982 (Понатаму само: КПГ и македонското национално прашање...), док. 136, 316. 1
7
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
акцент на „државните“ политики, а избегнување на цврсто придржување кон некои принципиелни ставови околу отворените национални прашања. Ставовите на КПГ за македонското национално прашање во втората половина на 1944 г. може појасно да се согледаат ако се стават во корелација со ставовите кои за тоа прашање ги застапувал Ренос Михалеас, а се изнесени во неговите писма до Главниот штаб на НОВ и ПОМ, до Леонидас Стрингос кој бил секретар на Македонското биро (МБ) на КПГ, до Групата дивизии на Грчката народноослободителна војска (ЕЛАС) за Македонија, до Илија Димовски-Гоце, до Добривое Радосављевиќ-Орце и до Светозар ВукмановиќТемпо. Повеќето од овие писма на Ренос Михалеас биле пишувани во есента 1944 г., а она до Темпо на 20 февруари 1945 г.3 Инаку од достапните биографски податоци за Ренос Михалеас се знае дека тој бил долгогодишен член на КПГ, а од пред Втората светска војна имал и раководни функции. Од тој предвоен период често бил затворан и физички малтретиран од грчката полиција. Окупацијата на земјата ја дочекал во затвор, од каде што успеал да побегне во почетокот на 1944 г. Набрзо потоа заминал во партизани и бил поставен за секретар на партиската организација во IX дивизија на ЕЛАС и член на Второто политичко биро во оваа борбена единица. Во тоа својство од пролетта до зимата 1944 г. се занимавал со македонското национално прашање во Егејскиот дел на Македонија.4 Во јануари 1944 г. се одржал Десетиот пленум на Централниот комитет на КПГ, на кој било утврдено дека борбата што ја води грчкото ослободително движење има за цел „воспоставување на интегритетот на Грција и стратегиско обезбедување на нејзините граници од секаква нова опасност...“5 За македонското национално прашање не бил заземен став, но во дискусијата на Јанис Звегос, со позитивен тон се зборувало за нова Југославија и се истакнувало и дека „новата југословенска влада“ конституирана со АВНОЈ „се базира на братската соработка на српската, хрватската, словенечката и македонската нација...“6 На првото заседание на Националниот совет на Грција (ПЕЕА) од мај 1943 г. бил усвоен програмски документ во кој националното прашање не фигурирало,7 меѓутоа на 16 мај 1944 г., истиот Национален совет прокламирал јавен „Поздрав до народот во Македонија и Тракија“, во кој Објавени во зборниците со документи: „КПГ и македонското национално прашање 19181974, Скопје, 1982“ и „Егејска Македонија во НОБ 1945, том II, Скопје, 1973. 4 Ташко Мамуровски, Паскал Митревски и неговото време 1912-1978), Скопје, 1992, 38. 5 Лазар Поплазаров, Комунистичката партија на Македонија и народноослободителната борба на македонскиот народ од Егејскиот дел на Македонија, Зборник: Основањето и развојот на Комунистичката партија на Македонија, Скопје, 1980, кн. 2, 733. 6 Ристо Кирјазовски, Κομμουνιστική Έπιθεώρηση (Комунистички преглед) за НОВ на Југославија и за маршал Тито во 1944, списание „Гласник на ИНИ“, XXIV/2, Скопје, 1980, 165-172. 7 Георги Даскалов, Участта на Българите в Егейска Македония 1936-1946, София, 1999, 565566. 3
8
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
зборувало за „чистиот грчки бит“ на овие територии, што ги правело „неразделни делови на Грција.“8 Иако Македонците воопшто ги немало во прокламациите на грчкото ослободително движење во тој период, сепак практично се признавал одделниот национален индивидуалитет преку дејствувањето на Словеномакедонскиот народноослободителен фронт (СНОФ) во рамките на ЕАМ. Ваквата ситуација се одржала до кон крајот на април 1944 г., кога започнале да се преземаат чекори за укинување на СНОФ, преку вклучување на неговите структури во ЕАМ. Заради таквиот однос, на 16 мај 1944 г. група од 30 Македонци, борци од ПО „Вичо“ се одвоиле и преминале во Вардарскиот дел.9 Токму во овој период, во период на заострување на односите и отворен судир меѓу грчките и македонските комунисти во рамки на КПГ, ЕАМ и ЕЛАС во Егејскиот дел на Македонија се вклучил со своето дејствување Ренос Михалеас. Во таква ситуација, тој тргнувајќи од чисто принципиелни и интернационалистичко-комунистички позиции се обидел да ги отстрани несогласувањата и недоразбирањата и да ја унапреди антифашистичката борба во Егејскиот дел на Македонија. Со активноста на Ренос Михалеас и неговите разговори и преговори со раководството на антифашистичкото движење во Вардарскиот дел на Македонија, особено со Добривое Радосављевиќ-Орце, отворениот судир бил прекинат, кон средината на јуни 1944 г., со постигнување на компромис. Со тој договор, одделените македонски борци се враќале во ЕЛАС, а таму требало да се формираат одделни македонски партизански единици.10 Врз основа на овој договор, кон крајот на јуни 1944 г. на теренот на Костурско пристигнале Петар Богданов-Кочко и Киро Георгиевски-Дејан, кои заедно со Ренос Михалеас одржале низа митинзи низ македонските села, каде се
Егејска Македонија во НОБ 1944-1945, т. I, Скопје, 1971, док. 104, 117. Наум Пејов, Прилози за односот на раководителите на КПГ по македонското национално прашање, Скопје, 1953, 37.; Егејска Македонија во НОБ 1944-1945, т. I, док. 112, 127. Заради недефираниот однос на КПГ кон македонскиот национален идивидуалитет, Лазо Дамовски Ошенски во писмо од 24 јануари 1944 г., упатено до Бирото на КПГ за Западна Македонија укажал: „не сме Грци, туку славјаномакедонска нација, со различни идеали.“ Укажал и дека КПГ со својот став за „полна рамноправност во условите на народна република“ т. е. во една демократска повоена Грција, не ги задоволува стремежите и идеалите на Македонците. Затоа и препорачал на КПГ „што поскоро сериозно да ја проучи сегашната состојба и да даде праведно решение на славјаномакедонското прашање“. Егејска Македонија во НОБ 19441945, т. I, док. 3, 8. 10 На 17 јуни 1944 г. Добривое Радосављевиќ-Орце издал „Упатство“ насловено како: „До сите политички работници во единиците на НОВ на Македонија, кои поминуваат преку грчка територија“, во кое фигурирал ставот оти Македонците од Егејскиот дел треба да се насочуваат кон вклучување во антифашистичката вооружена борба водена од ЕЛАС. Државен архив на Република Македонија (понатаму: ДАРМ), фонд Главен Штаб на НОВ и ПОМ, к. 36, бр. 1520. 8 9
9
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
зборувало во духот на зацврстување на македонската национална свест и заедничката борба меѓу македонскиот и грчкиот народ.11 На 13 август 1944 г. за да ја разјасни ситуацијата со македонските партизански единици и за да ги објасни своите позиции во преговорите со Добривое Расосављевиќ и претставниците на Централниот комитет на КПМ и Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија (НОВ и ПОМ), Ренос Михалеас напишал писмо до секретарот на МБ на КПГ, Леонидас Стрингос во кое, помеѓу останатите ставови, се велело: „Со организирана работа ќе се подготват кадри за борбата, за што, според моето мислење, има услови, бидејќи има многу добри момчиња. Од друга страна, од самата борба ќе израснат нови одбрани, примерни партизани. Инаку да постапиме нe е можно, бидејќи нема да успееме. Историјата ни припаѓа нам. Тоа го знаеме. Ho, настаните трчаат, треба да сме во тек со нив. Да ги следиме. Без да станеме опашка, спрема народот треба да бидеме внимателни, цврсто да го водиме во борбата, да го организираме, а истовремено да ги елиминираме отпадоците, изродите кај нeгo... He ja анализиравме и популаризиравме нашироко паролата за национална рамноправност. He ja направивме Атланската повелба сопственост и придобивка од народната борба. Титова Македонија, која за нив претставува татковина, а страв и трепет за реакцијата и фашизмот... Ha тој начин дури и пошироко, подлабоко и поцврсто ќе мy ja покажеме силната врска и влијанието нa 2112 со Илинден и тогаш Македонецот ќе може да ja сфати нашата парола за национална рамноправност.“13 Меѓутоа, наспроти напорите на Ренос Михалеас и македонското антифашистичко движење од Вардарскиот дел, по одржувањето на 26 август 1944 г. на Вонредниот проширен пленум на Обласниот комитет на КПГ за Македонија на кој било одобрено прифаќањето на Либанскиот договор, КПГ решила да се прекине со регрутација на Македонците од Егејскиот дел во единиците на ЕЛАС и да не дозволи формирање на нивни покрупни воени единици.14 Тоа било директно редуцирање на учеството на Македонците во антифашистичката борба и загрозување на нивните национални права. Тоа било и директно анулирање на активностите на Ренос Михалеас на тој план. Таквата политика, набрзо ќе се одрази во насока на повторно одделување на Исто, бр. 1169. Петар Богданов-Кочко и Киро Георгиевски-Дејан биле истакнати раководители на Комунистичката партија на Македонија (КПМ) и на македонското антифашистичко движење од Вардарскиот дел на Македонија. 12 Се однесува нa грчкото востание од 1821 година против Турците. 13 КПГ и македонското национално прашање..., док. 90, 226-230 14 Таканаречениот „Либански договор“ бил потпишан во близина на Бејрут на 20 мај 1944 г. Со него се вршело обединување на антифашистичките сили во Грција во единствен фронт и се планирало создавање на влада на национално единство. Иако претставниците на КПГ и ЕАМ ја прифатиле спогодбата, раководството на грчкото движење на отпорот одбило да ја ратификува се до август 1944 г. Ристо Кирјазовски, НОФ и другите организации на Македонците од Егејска Македонија (1945-1949), Скопје, 1985, 61.; Христо Андоновски, Македонците под Грција во борбата проти фашизмот (1940-1944), Скопје, 1968, 152. 11
10
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
македонските партизански единици од составот во ЕЛАС, нивно преминување во Вардарскиот дел и стагнација на вооружената антифашистичка борба кај македонското население во завршните операции за протерување на германските окупаторски војски. Во таква ситуација Ренос Михалеас упорно настојувал да им објасни на грчките раководители дека политиката кон националното прашање мора да биде поставена на принципиелни основи. Затоа тој велел: „Националното прашање е вулкан што треба да ги осветлува народите. Нека се тресат тираните. Нив ќе ги изгори како и секоја друга рака што сака да го затвор“... Придобивка на денешната борба е Атланската повелба...15 За него било неправилно КПГ „да го забранува гласот на еден народ кој се бори и чие место среде сите народи е добиено со неговата борба против заедничкиот непријател - Германците; народ кој се бори за докрајчување, уништување на соработниците на Германците...“.16 Околу националното прашање во Егејскиот дел на Македонија и грешките на КПГ и останатите политички сили од Грција на тој план, Ренос Михалеас укажувал: „Овде треба да признаеме дека грчката мизерија и кратковидноста што се јавуваат при новогрчките владини манифестации, им помогнаа на бугарските асимилаторски напори да задушат секаков идеал кај овој народ. И можат да се сретнат, за жал, не мал број луѓе кои ги изопачуваат фактите и тврдат дека се работи за ,,Бугари“, навреда што ја поднесува овој народ поради лукавоста и немањето чувство во грчката држава како за болката на овој народ, така и за историјата.“17 Грешната политика кон македонското национално прашање Ренос Михалеас, делумно ја припишувал на опортунизмот кој, според него, бил широко разгранет во повисоките раководства на КПГ. Тој на Светозар Вукмановиќ-Темпо му објаснувал дека со неговите ставови околу македонските национални права и македонските партизански единици во Егејскиот дел се согласувле мнозинството од локалните партиски кадри и членови на Македонското биро на КПГ, но дека заради опортунизмот „не смеат да ја кажат вистината, а и она што го веруваат, пред Македонското биро, пред Алекос18 и на тој начин одат против вистината, стануваат органи на тврдоглавиот Алекос.“19 Нему му било јасно дека националната рамноправност не се постигнува само како барање на „словеномакедонскиот народ, туку како цел на народната борба за уништување на германската окупација и нејзините причини.“20 Затоа, дури и во ситуација кога КПГ се ориентирала преку Спогодбата во Казерта на директна соработка со десничарските КПГ и македонското национално прашање..., док. 135, 308. КПГ и македонското национално прашање..., док. 135, 308. 17 Исто. 18 Се однесува на секретарот на МБ на КПГ Леонидас Стрингос-Алекос. 19 Егејска Македонија во НОБ 1945, Скопје, 1973, том II, док. 5, 13. 20 КПГ и македонското национално прашање..., док. 135, 308. 15 16
11
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
антиокупаторски движења поддржувани од Велика Британија,21 тој на повисоките инстанци во КПГ им објаснувал: „Го следев овој пат таму затоа што верував дека во едно сенародно востание и напад врз непријателот добива авторитет и ЕЛАС, ја добива довербата на народот и навистина се зајакнуваат и поврзуваат нашите политички организации. Не се уплашив од самокритиката пред народот. Секој друг пат би бил антинароден, антисојузнички, а пред сè антигрчки. Ако таму ги објаснувавме целите на денешната војна, на сојузничките спогодби, ако бевме цврсти во нашата политика, во единството на грчкиот и словеномакедонскиот народ, ако укажувавме на заедничката активност, ако работевме добро среде народните организации, ако бевме решителни во заклучоците и констатациите, ако бевме будни, а пред сè ако водевме правилна политика за издигнувањето и поставувањето на кадрите, тоа подрачје денес би било најверното на грчката борба на таа територија.22 Во анализата на македонското национално прашање Ренос Михалеас ги користел и историските сознанија, односно искуствата од минатото, па објаснувал дека: „Знаеме добро за злочеста на Балканот, наместо да го остават овој народ братски да го гради својот живот со другите народи на Балканот, крај своето национално огниште, организаторите на големосрпскиот, големобугарскиот и големогрчкиот шовинизам го распарчија, а тоа стана постојана и трајна причина за војна. Тоа исто така стана постојана причина за постојаните судири меѓу трите злосторници, поради грешката за која плаќаа трите народи со жртвата словеномакедонскиот народ, а од друга страна еден перманентен напор на жртвата за да ја зачува својата национална свест, бидејќи војната и судирите меѓу трите големи не се ограничуваа само на окупирањето, туку навлегуваа и идеолошки и политички и кај едниот и кај другите делови со цел да постигнат изродување на неговата национална свест. Со нивното проучување ќе видиме колку појави на грцизирање, бугаризирање или србизирање имаме што се должат на економскиот и политичкиот притисок, што значи изопачен пат за создавање на национална свест.23 Ставовите на Ренос Михалеас наидувале на негативен прием и осуда од Алекос Леонидас-Стрингос, кој бил секретар на МБ на КПГ во Солун. Исто така, од локалното раководство на КПГ во Костурско, Ренос Михалеас
За таа Спогодба поопширно во: Документационо одделение на ИНИ, Стефанос Сарафис, ЕЛАС, Атина, 1946, СЛ. IV 204, 412-413. За нејзиното влијание врз односите помеѓу КПГ, КПЈ, КПМ и македонските партизани од Егејскиот дел на Македонија, во: Александар Литовски, Соработката на националноослободителните движења од Вардарскиот, Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија во Втората светска војна (1941-1944), Битола, 2012, 181197. 22 КПГ и македонското национално прашање..., док. 135, 313. 23 Исто, 307. 21
12
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
константно бил обвинуван дека работи самоволно и спротивно на ставовите на КПГ по македонското национално прашање.24 Сепак, без разлика на негативниот прием на неговите ставови, без разлика на негативниот однос што кон него лично се развивал во КПГ и ЕЛАС, Ренос Михалеас поаѓајќи од историските согледувања тврдел дека „обединувањето на словеномакедонскиот народ може да воскресне само од гробовите на големосрбите, големогрците и големобугарите. Кој од овие три народи ќе го придобие крај себе со рамноправност словенамакедонскиот народ, значи дека е ослободен од секаква фашистичко-плутократска зависност. Така, моментот на добивање рамноправност на овој народ ќе значи и ќе се означи од слободата на трите народи што го имаат поделено меѓу себе и тој момент ќе биде и доказ за грчката слобода, длабока и темелна. Словеномакедонскиот народ денес не може, освен да стане камен темелник на единството на Балканот, заменувајќи го проклетството на расцепот што до денес нè следи и што глупаво, за жал, уште го чуваме.25 Дури, Ренос Михалеас, доста идеалистички на едно место во своето писмо до Добривое Радосављевиќ-Орце, декларирал: „...тврдо сум убеден дека најмалку што требаше да сториме, ако успеевме, тоа беше да ги претвориме сите наши борци во македонофили од типот нa гркофилите од 1821 година, а многу наши учени - во Бајрони нa Македонија, а нe да имаме уште нејаснотии околу ова прашање и да продолжуваме да говориме за Грци и Бугари нa Балканот и за револуционерното движење вo Русија. Можевме, кака што велиме, да ја продолжуваме 1821 и нa тој начин да го оживотвориме и унапредиме балканскиот сон нa Ригас, кого и самата буржоазија го смета за национален херој, кому му е подигната биста пред Универзитетот вo Атина.“26 Затоа тој на штабот на Македонските дивизии на ЕЛАС се обидувал написмено да им ја објасни македонската борба за национални права од минатото и во суперлативи да им ја претстави НОВЈ и новата Југославија на чело со Јосип Броз-Тито. Затоа им укажувал дека веќе е формирана македонска држава во Вардарскиот дел на Македонија и дека „тоа е една стварност, пред која да ги затвориме очите значи да се
Така на пример Андонис Андонопулос, секретар на Окружниот комитет на КПГ за Костурско на Македонското биро на КПГ и во јуни и во октомври 1944 г. му пишувал дека Ренос ги поддржува македонските барања, дека ги зема во заштита македонските партизани кои се отцепија од ЕЛАС и дека јавно ја „напаѓа линијата на Партијата“ по „македонското прашање“ во врска со „словеномакедонската бригада и дивизија“ и со тоа прави „несвесно провокации.“ КПГ и македонското национално прашање..., док. 131, 301.; Егејска Македонија во антифашистичката војна 1 јануари - 31 август 1944 година, Скопје, 1987, т. VII, книга 2, док. 127, 246-248. 25 КПГ и македонското национално прашање..., док. 135, 307. 26 Исто, док. 127, 292. Фактички Ренос Михалеас тука се повикувал на националноослободителните традиции на Грците во XVIII и XIX век во кои активни учесници биле Ригас Велестинлис (Ригас од Фере) и англискиот поет Џорџ Гордон Бајрон кој учествувал во грчкото востание од 1821 г. против Турците. 24
13
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
направиме слепи и да го изопачиме животот, а тоа не е во интерес на мирот и братството на Балканот и во светот.“27 Во овој балкански контекст, односно во корелација со актуелните случувања на Балканот во Втората светска војна, Ренос Михалеас го поставувал и националното прашање на Македонците од Егејскиот дел, па заклучувал: „Макар што грчката атмосфера ја заматува пропагандата, што е злостор спрема нашиот народ и спрема другите народи, макар што постојат спорови на измачените со исти маки од северните соседи, денес, сакале ние или не, пред светот се раѓа македонската држава, народна држава, за чие создавање многу нежни и јуначки срца престанаа да бијат во градите на своите јунаци, но за нас отчукуваат нови тонови поради што се поставува и задача пред секој чесен човек, на Словеномакедонците да им дадеме права соодветни на грчката стварност.“28 Како што може да се забележи ставовите на Ренос Михалеас за македонското национално прашање се специфични и како такви се во колизија со ставовите на КПГ. Имено, неговите ставови за македонското национално прашање во пролетта до есента 1944 г., се движат помеѓу принципиелното поставување кое значи признавање на посебниот национален идивидуалитет и признавање на националните права што од тоа произлегуваат и, од друга страна, реалните политички констелации на теренот на Егејскиот дел на Македонија и Грција, но и внатре во КПГ, ЕАМ и ЕЛАС. Во секој случај, неговата активност на планот на унапредување и зголемување на антифашистичката борба на Македонците од Костурско и Леринско, како и неговите писма до разни засегнати страни со оваа проблематика, придонесуваа, македонските раководители од Вардарскиот и Егејскиот дел на Македонија подобро да можат да ги согледаат погрешните и непринципиелни ставови на КПГ и грчкото ослободително движење и да преземаат соодветни чекори во насока на извојување на подобри позиции за македонските партизани и македонскиот народ во Егејскиот дел на Македонија. Самиот Ренос Михалеас заради своето залагање за македонски национални права и македонски партизански единици, бил со недоверба гледан од Македонското биро на КПГ и високите воени раководители од Групата дивизии на ЕЛАС за Македонија, но и од локалните партиски раководители во Костурско и Леринско.
27 28
КПГ и македонското национално прашање..., док. 135, 306. КПГ и македонското национално прашање 1918-1974, Скопје, 1982, док. 135, 308. 14
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Литература: Андоновски Христо, Македонците под Грција во борбата проти фашизмот (1940-1944), Скопје, 1968. Даскалов Георги, Участта на Българите в Егейска Македония 19361946, София, 1999. Државен архив на Република Македонија (понатаму: ДАРМ), фонд Главен Штаб на НОВ и ПОМ, к. 36. Документационо одделение на ИНИ, Стефанос Сарафис, ЕЛАС, Атина, 1946, СЛ. IV 204. Егејска Македонија во антифашистичката војна 1 јануари - 31 август 1944 година, т. VII, книга 2, Скопје, 1987. Егејска Македонија во НОБ 1944-1945, т. I, Скопје, 1971. Егејска Македонија во НОБ 1945, том II, Скопје, 1973. Кирјазовски Ристо, Κομμουνιστική Έπιθεώρηση (Комунистички преглед) за НОВ на Југославија и за маршал Тито во 1944, списание „Гласник на ИНИ“, XXIV/2, Скопје, 1980. Кирјазовски Ристо, НОФ и другите организации на Македонците од Егејска Македонија (1945-1949), Скопје, 1985. КПГ и македонското национално прашање 1918-1974, Скопје, 1982. Литовски Александар, Соработката на националноослободителните движења од Вардарскиот, Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија во Втората светска војна (1941-1944), Битола, 2012. Мамуровски Ташко, Паскал Митревски и неговото време 1912-1978), Скопје, 1992. Пејов Наум, Прилози за односот на раководителите на КПГ по македонското национално прашање, Скопје, 1953. Поплазаров Лазар, Комунистичката партија на Македонија и народноослободителната борба на македонскиот народ од Егејскиот дел на Македонија, Зборник: Основањето и развојот на Комунистичката партија на Македонија, Скопје, 1980, кн. 2.
15
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Резиме: Ставовите на Ренос Михалеас за македонското национално прашање се разликуваат од ставовите на КПГ. Неговите ставови за македонското национално прашање се принципиелни, што значи признавање на посебниот национален идивидуалитет и признавање на националните права што од тоа произлегуваат. КПГ, ЕАМ и ЕЛАС во својата политика кон ова прашање поаѓале од дневнополитичките потреби и затоа заземале неконсеквентни ставови и променлив практичен однос кон вклучувањето на Македонците од Егејскиот дел во антифашистичкатаљ борба. Ренос Михалеас заради своето залагање за македонски национални права и македонски партизански единици, бил со недоверба гледан од раководството на антифашистичкото движење во Грција.
16
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Роберто ТРАЈКОВСКИ,1 АКТИВНОСТИТЕ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА 21. ПЛАНИНСКА ДИВИЗИЈА НА СС „СКЕНДЕРБЕГ“ СПОРЕД ДОКУМЕНАЦИЈАТА ОД АРХИВАТА НА „ВОЛФГАНГ ВОПЕРСАЛ“ Апстракт: Поради оскудноста на изворна документација во врска со 21. планинска дивизија на СС „Скендер бег“ (21. Waffen-Gebirgs-Division der SS „Skander beg“ (Albanische Nr. 1)),2 секоја друга, па макар таа да била и секундарна, е повеќе од полза при расветлувањето на активностите за формирање, структура, организација и борбениот пат на споменатата дивизија, која дел од личниот кадар го мобилизираше од Албанците во западните делови на Македонија. Со цел повторно да се етаблираат во повоеното западногерманското општество и исползуваат комплетните права на поранешни воени ветерани, во 1948/49 година, во Хамбург, поранешните припадници на Вооружените сили на СС,3 ги поставија темелите на „Организацијата за помош и меѓусебна поддршка на поранешните припадници на Вооружените сили на СС“, која постоеше до 1992 година.4
Д-р Роберто Трајковски е вработен во СОУ „Таки Даскалот-Битола“, со адреса Борис Кидрич б.б. Битола, адреса на живеење: Цане Бујуковски бр. 27 Битола. е-пошта: trajkovski.robert@yahoo. com. 2 За формирањето, оргаанизацијата, структурата и борбениот пат на 21. планинска дивизија на СС „Скендер бег“ види повеќе: М-р Роберто Трајковски, Формирањето и борбениот пат на 21 планинска дивизија на СС „Скендер бег“ во Западна Македонија. Зборник на трудови 17. Национална установа за заштита на спомениците на културата и музеј-Битола, Битола, 2013., Д-р Живко Аврамовски, Мерки на Германците за формирање на СС дивизијата „Скендер бег“ и оцена на нејзината борбена готовност. Тетово и Тетовско во НОВ 1941-1945. книга 2. Собрание на општина Тетово, Општински одбор на СЗБНОВ, Тетово, 1991, 326-327. 3 Вооружените сили на СС (Waffen SS), кои како посебен род на Вермахтот, меѓутоа и дел од СС, започнаа да етаблираат во март 1940 година. Во почетокот, се работеше за неколку елитни дивизии, пополнети со Германци, од Рајхот и дијаспората, како и доброволци од Западна Европа и Скандинавија, меѓутоа, по тешките загуби на Источниот фронт, во зимата 1942/1943 година, започнаа да се формираат и негермански СС вооружени формации, меѓу кои спаѓаше и 21. планинска дивизија на СС „Скендербег“. 4 На германски јазик: „Hilfsgemeinschaft auf Gegenseitigkeit der ehemaligen Angehörigen der Waffen-SS e.V.“, скратено на германски HIAG. Hermann Weiß, Alte Kameraden von der WaffenSS: ist die HIAG rechtsextrem? Frankfurt am Main 1984, 156., Anton Maegerle, Ewiggestrige Kameraden: soldatische, militaristische und rechtsextreme Traditionsverbände, Frankfurt am Main 2000, 128. 1
17
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
18
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Во склопот на споменатата организација освен издавачка куќа,5 фунционираше историско-документационо одделение, кое го раководеше Волфганг Воперсал (1927-1992 година), поранешен припадник на озлогласената СС оклопна дивизија „Мртвачка глава“ (3. SS Panzerdivision „Totenkopf“) и нејзин најзначаен хроничар.6 Меѓу другото, работата на В. Воперсал се состоеше во собирање на најразновидна документација7 во врска со структурата, организацијата и борбениот пат на Вооружените сили на СС, која потоа архивски ја обработуваше и подредуваше. Архивата, по неговата смрт, од страна на неговата жена, во 1993 година, му беше предадена на Сојузниот архив-Воен архив Фрајбург на Брезгау-Сојузна Република Германија (BundesarchivMilitärarchiv Freuburg im Breisgau), каде што и сега се наоѓа, под името: „Фонд Н 756 оставштина на В. Воперсал: Збирка за историјата на Вооружените сили на СС“.8 Документацијата која се однесува на 21. планинска дивизија на СС „Скендербег“ е сместена во две папки, Н 756/182а и Н 756/182б. Во папката Н 756/182а, се поместени: наредби, извадоци од воени дневници, дневни извештаи, оперативни извештаи, телграми, оперативни скици; документација која се однесува на воената операција со тајна шифра „Лов на лисици“;9 извдоци од документи за историјата на Албанија до 1939 година и фотографии од албанскиот крал Ахмед Зогу. Во другата папка, Н 756/182б, се поместени: радио-телеграми, извештаи, оперативни извештаи, пишана коресподенција по 1945 година; документација во врска со 21 планинскиинженериски баталјон на СС, поштенското одделение на дивизијата и 21
Се работеше за „Munin-Verlag“, прво со седиште во Рајнсфелд, Оснабрик, а сега Трир, која претежно издаваше воено-историски публикации со апологетски карактер, со цел, поранешните припадници на Вооружените сили на СС да се прикажат како обични, во некои случаеви и елитни, идеолошки неиндоктринирани војници. Се работеше месечникот „Der Freiwillige“ („Доброволец“), кој излегуваше меѓу 1956 и 2014 година и 60-тина други публикации. Karsten Wilke: Die Hilfsgemeinschaft auf Gegenseitigkeit (HIAG) 1950–1990. Veteranen der Waffen-SS in der Bundesrepublik. Schöningh, Paderborn/Wien 2011, 379 6 Негово најзначајно дело во врска со споменатата дивизија е: Soldaten - Kämpfer Kameraden. Marsch und Kämpfe der SS-Totenkopf-Division. Herausgegeben von der Truppenkameradschaft der 3. SS-Panzerdivision, 10 Bände, Munin-Verlag, Osnabrück, 1984-1991. 7 Извештаи, соопштенија, преписки, наредби, сеќавања и други документи, меѓу кои и копии на документи од странски архиви и тоа претежно од Националните архиви на Соединетите Американски Држави-Вашингтон (U.S National Archives and Records AdministrationWashington). 8 Во оргинал: Bestand N 756 Nachlass Wolfgang Vopersal: Sammlung zur Geschichte der WaffenSS. http://www.argus.bstu.bundesarchiv.de/N756-37281/index.htm. 9 Реализирана во македонско-албанскиот граничен појас, во просторот Тетово-Гостивар, меѓу 17 до 26 август 1944 година. Fernschreiben An Pz.AOK 2. Btr. Unterhnemen „Fuchsjagd“. Anlagen zum Kriegstagebuch Nr. 12 Gen. Kdo. XXI (Geb.) A.K. von 1.8.-31. 8. 44. Ia. Bundesarchiv-Militärarchiv in Freiburg im Breisgau, (скратено BAMAF). RH-24/21/108. Kriegstagebuch Nr. 12 Gen. Kdo. XXI (Geb.) A.K. von 1.8.-31. 8. 43. Ia. BAMAF. RH-24/21/107, 22. 5
19
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
дополнителен баталјон на СС; извадоци од документи за историјата на Албанија меѓу 1939 и 1945 година, како и фотографии.10 Научно обсервираќи ги двете папки кои се однесуваат на се однесува на 21. планинска дивизија на СС „Скендербег“, открив еден, за наши сфаќања, доста значаен сет документи во врска со активностите за формирање на 21. планинска дивизија на СС „Скендербег“ и местоположбата, структурата и организацијата на оделни служби и установи на Третиот Рајх во западните делови на Македонија во 1943/1944 година, кои се наоѓаат во папката Н 756/182б. Всушност, се работи за две писмо испратено од страна на Карл Бергер11 до: „Референтот за военоисториска документација господинот Волфганг Воперсал“..., од кои, едното е надополнато со рачно изработени просторни скици, како и презентираната фотографија, на која се прикажани двајца албански регрути како стојат пред комисија за мобилизација во 21. планинска дивизија на СС „Скендербег“. Во првото писмо, претставуваќи се себеси како припадник на 21. планинска дивизија на СС „Скендербег“, Карл Бергер12 истакнува, дека како дел од службата на „Претставникот на СС-Рајхсфирерот за Албанија“,13 ССбригадниот генерал Јозеф Фитцхум,14 од декември 1943 година, до март 1944 година престојувал во Тетово и отаму патувал и во Гостивар, во кој простор, нешто подоцна, започна со пополнувањето на трите баталјони на 1. албански планински-ловечки полк на СС,15 со седиште во Тетово. Исто така наведува, дека во април 1944 година, таму се среќава со новоназначениот командант на 21. планинска дивизија на СС „Скендербег“, СС-полковникот Август Шмидхубер,16 чиј заменик бил СС-потполковникот (Алфред) Граф17 и дека од мај 1944 година, функцијата командант на место (Тетово), истовремено и 10
http://www.argus.bstu.bundesarchiv.de/N756-37281/index.htm.
Карл Бергер, не смее да се меша со името на Готлиб Бергер, началникот на главната команда на СС (Chef des SS-Hauptamtes), кој одигра значајна улога при формирањето на негерманските СС-единици за време на Втората светска војна, иако не ние познато дали биле во некакво крвно сродство со него. 12 Во двете писма, за кои станува збор во статијата, не е истакнато каков чин Карл Бергер поседувал, иако може да се претпостави дека се работи за СС-офицер. 13 Команда (штаб), офицер за врска, воспоставена во крајот на декември 1943 година, со улога на советника на албанската колаборационистичка влада, во врска со организирањето полицијата и жандармеријата, меѓутоа и многу други различни воено-безбедносни прашања. 13 Der Deutsche Bevollm. General in Albanien. Generallt. Gullman. Nr. 3046/44 geh. O.U., den 23. 6. 44. Група армии Ф. NARA М Т 501, Р 285. The National Archives and Records Administration (натаму: NARA), микрофилм (натаму: М) Т 501, ролна (натаму: Р) 285. 14 Командант на хартија на 21. планинска дивизија на СС „Скендербег“ до почетокот на мај 1944 година. 15 Односно, 50. планински-ловечки полк на СС. 16 дотогашен командант на 14. СС планински-ловечки полк, од фолксдојчерската 7. СС доброволечка-планинска дивизија „Принц Еуген“ (SS-Freiwilligen-Gebirgs-Division „Prinz Eugen“). Roland Kaltengger, Totenkopf & Edelweiss: General Artur Phleps und die südosteuropäischen Gebirgstruppen der Waffen-SS 1942-1945. Ares Verlag, Graz, 2008, 66. 17 Всушност командант за логистика на 21. планинска дивизија на СС „Скендербег“. 11
20
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
командант на 1. албански планински-ловечки полк на СС, кој својот персонал го мобилизираше од западните делови на Македонија, ја извршувал еден ССпотполковник, подоцна СС-полковник,18 додека функцијата командант на II/1. албански планински-ловечки полк на СС дека ја извршувал извесен ССпоручник Валтер, по потекло од Виена, кој на таа функција дошол од 17. СС оклопногренадерска дивизија „Гец фон Берлихинген (17. SS-PanzergrenadierDivision „Götz von Berlichingen“). Понатка во писмото се зборува за борбениот пат на 21. планинска дивизија на СС „Скендербег“ по октомври 1944, кога главнината на албанскиот персонал веќе ги имаше напуштено или дезертирано нејзините редови, додека нејзиниот германски персонал ќе влезе во составот на борбената група „Фитцхум“, која во есента/зимата 1944 година, преку Косово, се проби и повлече во просторот на Сараево.19 Изгледа по барање на В. Воперсал, за подетални информации за 21. планинска дивизија на СС „Скендербег“ и фотографии од истата, што може да се заклучи од неговата содржината, Карл Бергер му испраќа уште едно писмо на гореспоменатиот. Во истото, освен што се зборува за ослободувањето од воено заробеништво на 15.000 Албанци, поранешни припадници на кралската југословенска војска, со цел да ја пополнат 21. планинска дивизија на СС „Скендербег“,20 меѓудругото, подетално се говори и за активностите за формирање на 21. планинска дивизија на СС „Скендербег“ во западните делови на Македонија. Во врска со истити е наведено, дека во текот на месец април и мај 1944 година, преземени се активности за обезбедување на објекти за сместување на персоналот на дивизијата и дека во мај 1944 година, во Тетово, односно Гостивар, престојувал и нејзиниот командант, СС-полковникот А. Шмидхубер. Дури во јуни 1944 година, во Тетово пристигнува веќе споменатиот СС-потполковник Јакуб Хаузер, командантот 1. албански планински-ловечки полк на СС, со околу шест СС-офицери и 15 СС-подофицери, со задача да асистираат при формирањето и организирањето на споменатиот полк, меѓу кои бил и СС-поручникот Валтер, кој со двајца СС-подофицери, веднаш заминал за Гостивар, со задача таму да го формира и организира II/1. Се мисли на СС-потполковникот Јакуб Хаузер, дотогашен командир на баталјон во муслиманската 13. планинска дивизија на СС „Анџар“ (13. Waffen-Gebirgs-Division der SS „Handschar“ (kroatische Nr. 1)). 19 Karl Berger 8054 Mauern/b. Moosburg Hauptstrasse 14, An Referat Kiregsgesichte Dokumentation Herrn Wolfgang Vopersal 413 Moers Kleiststrasse 2. Betrifft: 21 Gebirgs Div Skenderbeg (Albanische 1) Vorgang: Ohne. BAMAF. N 756/182b. 20 Во врска со тоа, на 22 март 1944 година, Адолф Хитлер директива за ослободување на сите кралски-југословенски воени заробеници со албанско потекло, кои му се ставени на располагање на СС-рајхсфирерот Хајнрих Химлер. Според Карл Бергер, околу 3.500 од нив, влегле во составот на 21. планинска дивизија на СС „Скендербег“, откако пристигнале во местата Призрен, Приштина, но повеќето во Тетово и Гостивар. За истата цел, издвоени се и Албанците кои до тогаш служеле и во 13. планинска дивизија на СС „Анџар“. Д-р Живко Аврамовски, Мерки на Германците за формирање на СС дивизијата „Скендер бег“ и оцена на нејзината борбена готовност. Тетово и Тетовско во НОВ 1941-1945. книга 2..., 326-327. 18
21
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
албански планински-ловечки полк на СС. Меѓутоа, К. Бергер понатаму истакнува, дека наместо да пристапи кон агилно извршување на задачата, ССпоручникот Валтер, водел доста лагоден и раскалашен живот и тоа на сметка на тогашниот колаборационистички градоначалник на Гостивар. Исто така, дека во врска со преземените организациони активности во текот на јули 1944 година не бил толку добро запознат, бидеќи добил прекоманда во Тирана, иако дознал, дека СС-постариот водник Охмен, кој изгледа имал слична задача како СС-поручникот Валтер, бил буквално прогонет од неговиот дом во Дебар, иако не е истакнато од кого, па морал пеш, наметнат само со една кошула, да бега се до Струга, која што била седиште на одделението на К. Бергер. Истото писмо само ја потврдува и нашата претходно искажана теза за лошата вооруженост и опременост на 21. планинска дивизија на СС „Скендер бег“,21 така, Карл Бергер истакнува, дека во текот на јуни 1944 година, по добиените информации, со посредство на еден соборен и заробен британски пилот, запленал две пратки со вооружување и санитетско-медицинскиот материјал, кои западните сојузници, по воздушен пат-со падобрани, се обиделе да му ги достават на НОВ и ПОМ, кои подоцна биле употребени за вооружување на 1. албански планински-ловечки полк на СС, односно, неговите баталјони со седиште во Тетово и Гостивар. Тој посебно истакнува, дека за припадниците на дивизијата, од посебна важност бил запленетиот, како што наведува: „злато-вредниот“..., санитетско-медицниски материјал.22 Исто така интересни и значајни како историска, меѓутоа секундарна документација, се четирите рачно изработени просторни скици на Струга, Кичево, Гостивар и Тетово23 од страна повеќепати споменатиот К. Бергер, дадени како прилог на второто писмо испратено до В. Воперсал, во кои е забележана местоположбата на службите и одделенијата на „Германски полномоштен генерал во Албанија“24 и „Претставникот на СС-Рајхсфирерот за Албанија“, односно оперативни единици на Вермахтот, кои иако не се датирани, поради спомнувањето на единици од составот на 21. планинска дивизија на СС „Скендер бег“, со голема веројатност може да се претпостави, дека ја презентираат ситуацијата на терен во летото 1944 година, а тоа уште М-р Роберто Трајковски, Формирањето и борбениот пат на 21 планинска дивизија на СС „Скендер бег“ во Западна Македонија. Зборник на трудови 17..., 21. 22 Karl Berger 8054 Маuern Hauptstrasse 14 den 18. 12. 1975., Herrn Wolfgang Vopersal 4130 Moers 1, Kleiststrasse 2. BAMAF. N 756/182b. 23 Истите се дадени во продолжение на статијата. 24 Подоцна наречен: „Германски генерал во Албанија“, команда (штаб), офицер за врска, воспоставена на 22 септември 1943 година, што беше потврдено и со посебната наредба на Врховната команда на Вермахтот на 3 октомври 1943 година. Percy Ernst Schramm, Kriegstagebuch des Oberskommandos der Wehrmacht. Band IV/7. Zusammengestelt und erläutert von Walther Hubatsch. Bernard & Graefe Verlag, Munchen, 1982, 639., KTB Militärbefehlshaber Südost. Sept. 1943. BAMAF RW 40/80., Der Deutsche Bevollmächtigte General in Albanien", mit Durchführungsbefehl, 3. Okt. 1943. Oberkommando der Wehrmacht/Wehrmachtführungsstab, 1938-1945. BAMAF RW 4/758. 21
22
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
повеќе е важно бидеќи под надлежност на „Германски полномоштен генерал во Албанија“ беа и германските воено-територијални команди во западните делови на Македонија,25 а во врска со нивното делување германската документација е повеќе од оскудна. Од скицата која се однесува на Струга, може да се констатира, дека освен Областната команда 1041, во состав осим офицери и 40 војници, функционирала околиска команда, во состав од четири офицери и 25 војници, како и одделение на „Претставникот на СС-Рајхсфирерот за Албанија“; од скицата која се однесува на Кичево, може да се констатира, дека во Кичево функционирала околиска команда, под чија команда била една чета на Германската 297. пешадиска дивизија, во чие оперативно подрачје се наоѓаше најголемиот дел на западниот дел на Македонија; од скицата која се однесува на Гостивар, може да се констатира, дека освен што градот бил седиште на II/1. албански планински-ловечки полк, таму имало албанска колаборационистичка жандармерија, одделение на „Претставникот на ССРајхсфирерот за Албанија“ и околиска команда, во состав од еден офицер и шест војници; од скицата која се однесува на Тетово, може да се констатира, дека освен што градот бил седиште на 1. албански планински-ловечки полк и неговиот I баталјон, како и на самостојниот баталјон на албанската колаборационистичка војска, „Љуботен“,26 таму функционирало одделение на „Претставникот на СС-Рајхсфирерот за Албанија“ и околиска команда во состав од еден офицер и 15 војници. Conclusion Because the lack of basic documentation about the 21st mountain division of SS "Skenderbeg", every other, documentation, no matter if it is with secondary origin is more than useful when it comes to vindicating the activities of forming, structure, organization and the combative way of this division, which was mobilizing staff from the Albanians in the Western part of Macedonia. In fact in this article there are scientifically represented two letters, from Karl Berger, form the comand/staff "The representative of SS-Reichfirer for Albania", SS-brigade general Jozef Fitzhum, from the arhive of "Volfgang Wopersal". The two of them can be found in the Federal arhive-Military arhive Frajburg on Brezgau, Federal Republic of Germany, precisely in the fond "N756 legacy from V.Wopersal: miscellany of the history of the armed forces of SS" in which among the other there are informations about the activities of forming the 21st mountain division of SS"Skenderbeg" in the Western part of Macedonia. Се работеше за Областната команда 1041 („Feldommandantur 1041“), со седиште во Струга и потчинетите околиски, како и команди на места во Кичево, Дебар, Гостивар и Тетово. 26 Баталјонот „Љуботен“ броел 1.200 војници и офицери. Командир на баталјонот, од кој дел бил стациониран и во Гостивар, беше капетан Гајур Дерала. Боро Митровски, Окупациониот систем во Тетово и Тетовско по капитулацијата на Италија. Тетово и Тетовско во НОВ 19411945. книга 2..., 315., Германски XXI армиски планински корпус. NARA М Т 314, Р 662, 000442-000443, 001136. 25
23
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Струга
24
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Кичево
25
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Гостивар
26
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Тетово
27
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
28
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Лидија ЃУРКОВСКА,1 Габриела ТОПУЗОВСКА,2 ТРГОВСКО-ИНДУСТРИСКАТА КОМОРА ВО СКОПЈЕ ВО ПЕРИОДОТ МЕЃУ ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ Апстракт: Стопанскиот развој на вардарскиот дел на Македонија во составот на Кралството СХС/Југославија несомнено е поврзан со работата на Трговско-индустрискaта комора во Скопје. Трговската политика во вардарскиот дел на Македонија во првите повоени години е водена преку Трговскиот инспекторат во Скопје во насока на санирање на повоените недостаоци, според системот на врзаната трговија, со ограничување на извозот на основните животни артикли. Клучни зборови: Трговско-индустриска комора, Скопје, стопанство По завршувањето на мировната конференција посветена на крајот на Првата светска војна, согласно постигнатите мировни договори, во меѓувоениот период 1919-1941 година, вардарскиот дел на Македонија се најде во составот на новоформираната држава, именувана како Кралство на Србите, Хрватите и Словенците, директно преку Кралството Србија во чиј состав беше од 1912/13 година. Во неа српската власт вовела строг военополициски режим и вршела таква административно-територијлна поделба, кои оделе во прилог на нејзините интереси. Со донесувањето на Видовденскиот устав во јуни 1921 година, територијата на вардарскиот дел на Македонија е поделена на три окрузи: Скопски, Брегалнички и Битолски. Скопскиот округ како административно-територијална единица ги опфаќал: Скопската, Велешката и Качаничката околија. 3 Завршувањето на Првата светска војна, означувало и прекин на старата стопанска организација од Отоманската империја, во чија основа имало сеуште феудални елементи. Во првите години не можеме да говориме за развоен капитализам, туку за почеток на нова ориентација во стопанството. Стопанството се развивало согласно ингеренции на владата на Кралството СХС/Југославија, која според тогашниот централистички систем го ограничувала неговиот развој. Д-р Лидија Ѓурковска, виш научен соработник во Институтот за национална историја ул.Григор Прличев бр.3 1000, Скопје, е.пошта: lidija.dimitrijevska@gmail.com 2 Д-р Габриела Топузовска, доцент во Институтот за национална историја ул.Григор Прличев бр.3 1000, Скопје, е.пошта: е.пошта: gtrifunova@yahoo.com 3 Rečnik mesta, 1-deo. Administrativna podela Kraljevine Srba-Hrvata i Slovenaca. Kraljevina Srba, Hrvata i Slovenaca, Po zvaničnim podacima Ministarstva unutrašnjih dela, Beograd, 1925, 292. 1
29
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Во почетокот на 1919 година, “Трговската комора” со седиште во Белград, отворила свој оддел во Скопје. Овој оддел почнал да ги спроведува сите закони на комората согласно“Законот за работа”. Законот од 24.12.1921 година, предвидувал отварање на Трговско-индустриска комора во Скопје, која би била надлежна за сите окрузи во вардарскиот дел на Македонија.4 Статутот на Комората, бил изработен во февруари 1922 година, а потврден на 31 мај истата година, од страна на Министерството на трговија и индустрија. Во составот на комората влегувале следниве окрузи: Кумановски, Битолски, Охридски, Тиквешки, Брегалнички, Тетовски, Призренски, Косовски, Рашки, Прилепски, Звечански, Плевјански, Белополски, Берански, Скопски, Метохиски.5 Во склоп на Комората, како нејзин составен дел, егзистирале 33 здруженија. Единствено во Скопје трговците и индустијалците биле организирани во свои посебни здруженија, независно од постоењето на мешовитите здруженија во другите градови. Отворањето на Комората во Скопје, значело почеток за создавање на нови услови за побрз и поорганизиран развој на стопанството и трговијата.6 Комората во Скопје дејствувала самостојно, но сепак развојот на трговијата и индустријата биле насочувани според одлуките на владата и Министерството на трговија и индустрија. Конституирањето на Комората било извршено кон средината на 1922 година. Веќе во 1923 година, Комората се вклучила како постојан член на новооснованата Централа на индустриските корпорации (ЦИК), на Кралството СХС. Воедно станала и постојан член при заседанието на земските конгреси на трговските комори и извозничките здруженија. Услови за создавање на посебна индустриска комора не постоеле, бидејќи индустријата била во зачеток.7 Комората се делела на трговски и индустриски оддел и имала свој Статут.8 Меѓу другото, таа имала за цел да ги регулира односите меѓу вработените во трговијата и индустријата. Поднесувала годишни извештаи за состојбата во трговијата, индустријата и сообраќајот. Била иницијатор за отварање корисни установи за унапредување на своите занаети, организирала изложби и курсеви. Водела евиденција на регистрираните фирми, и именувала судии кои учествувале во разрешување на проблемите од економска природа и др.9
Статут Трговачко-индустријске коморе у Скопљу, Штампарија и књиговезница “Стара Србија”, Скопље, 1925, 3. 5 Архив Југославије (понатаму АЈ), фонд 65, кут. 48, а.е 265. 6 Истото, а.е 165, 516. 7 Истото. 8 Статут Трговачко-индустријске коморе у Скопљу, Штампарија и књиговезница “Стара Србија”, Скопље, 1925, 3-9. 9 Истото. 4
30
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Комората била правно лице, која што можела да тужи и да биде тужена. Таа се издржувала од приходите кои и следувале по Законот за работа, од данокот на сите трговски и индустриски работи, кој изнесувал (12%). Нејзиното членство броело 44 членови (пола трговци, пола индустријалци), секој округ давал по еден трговец и еден индустријалец, додека само градот Скопје, имал шест преставници на трговците и индустријалците. За редовни членови на Комората биле бирани државјани на Кралството на СХС, кои најмалку две години работеле како раководители.10 Членовите на Трговско-индустриската комора морале да бидат полнолетни, бидејќи им се доверувал мандат од четири години. Еднаш месечно биле одржувани седници на Комората, но во случај на потреба биле свикувани и вонредни седници во организација на Министерството за трговија, со најмалку половина членови. На овие седници се вршел избор на членови, утврдување на буџетот, преглед на годишните сметки, давање мислење за предлог закони, мислења за измена на Статутот на Комората итн. Управата на Комората била бирана на две години, а се состоела од претседател, двајца подпретседатели и секретар. На седниците задолжително присуствувал и државниот комесар, кој бил плаќан од државниот буџет, а имал големи овластувања, бидејќи можел да стопира било која одлука која ја сметал за незаконска и штетна. “Законот за трговско-индустриската комора во Скопје”, стапил на сила на 23.06.1921 година, со исправка на 07.07.1921 година.11 Во 1926 година, била превземена акција за основање Скопска продуктивна берза. Статутот на берзата бил потврден на 10.10.1928 година, а првата управа била избрана на 08.02.1929 година. Берзата се занимавала со типизирање на житариците од краевите кои гравитирале кон Скопје, и со решавање на проблеми во стопанско-кредитните односи.12 Еден од приоритетите на државата било и образованието за младината од областа на стопанството. Па така во 1919 година, во Скопје била обновена Државната трговска академија, која постоела од 1913 година. На почетокот оваа Академија била двегодишна, но по барање на скопските стопански организации во 1925 година, станала четиригодишна. Во текот на 1928 година, од страна на државата на Академијата и била доделена нова зграда, а подоцна во 1930 година, бил основан и интернат.13 Во почетокот на 1924 година, на подрачјето на Трговско-ндустриската комора во Скопје, бил забележан пад на производството на афион, памук, опиум, ориз и свилени кожурци. По аграрната реформа и општественополитичките промени кои настанале како последица на војните, големите Статут Трговачко-индустријске коморе у Скопљу, Штампарија и књиговезница “Стара Србија”, Скопље, 1925, 5. 11 Vladan Jovanovič, Jugoslovenska drzava i Juzna Srbija 1918-1929, INIS, Beograd, 2002, 119-120. 12 Истото, 120. 13 Истото. 10
31
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
поседи кои за време на османлиската управа претставувале вистински зони за производство на културни растенија, биле расцепкани. Селанецот по војната на својот мал посед се определил да произведува зрнеста храна, за себе и за пазарот, пред се од економски причини, бидејќи цената за извозни култури била понекономична во споредба со производството на културни растенија.14 Комората во Скопје се подготвувала за Втората конференција на стопанственците од целата земја, која била предвидена да се одржи во Скопје на 10 и 11 мај 1924 година, кадби излегла со веќе подготвен план. Во актот што му бил упатен на министерот на трговијата и индустријата, било посочено дека конференцијата се свикува врз база на заклучоците од Првата конференција на Комората и извозничките здруженија на Кралството на СХС, која била одржана во Загреб на 27-28 јануари 1924 година. За да се потенцира значењето на конференцијата, Комората истакнала дека, собирот во Скопје треба да биде нешто повеќе од обичен собир на претставници на стопанските корпорации. Тоа воедно требало да значи дека стопанството од вардарскиот дел на Македонија, врз себе го привлекувало вниманието од страна на највисоките претставници на бизнис класата. Според Комората, тоа требало да биде една народна манифестација и голем влог за иднината на југословенското стопанско напредување во правец на Средоземното Море. За делегати, во името на Министерство на трговија и индустрија, биле одредени началниците Миливое Савиќ и д-р Милан Радославлевиќ. Во името на владата присустувале д-р Хинко Кризман, министер на трговија и индустрија и д-р Милан Стојадиновиќ, министер на финанси. Одржувањето на конференцијата во Скопје, за време на извозната сезона, била од посебно значење. Се чувствувала потребата да се покаже, дека на југ постои голем судир меѓу политиката и стопанството, но и дека се чувствува материјален напредок. Конференцијата била мошне добро посетена. Присустувале делегати на трговските и индустриските комори од Белград, Дубровник, Загреб, Љубљана, Осијек, Сплит, Нови Сад, Сараево, Зрењанин и Солун, и претставници на поеднечни извознички и трговски зруженија и секции од помали места-Пирот, Куманово и др.15 Работата на конференцијата се одвивала во пет секции: финансиска, сообраќајна, стопанска, извозна и административна. Според предвидениот дневен ред, во рамкиите на финансиската секција биле разгледувани следните прашања: укинување на забраната на слободна продажба и купување на девизи и валути од страна на трговците, утврдување на нови пазари на берзата за валути и продукти, и склучување на трговски договор со Албанија, за подигање на општото народно стопанство. Во втората секција за дискуција биле поставени следните прашања: 1.Што треба да се стори за подобро искористување на сообраќајниот промет: а) во солунската зона, б) на Јадранското море. 2.Прашањето за тарифниот 14 15
Трговински гласник, 4.09.1923 г. Истото, 27.04.1924. 32
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
одбор, и прашањето за спроведување на скалестиот став за тарифата на железните. Тоа значело дека со зголемување на далечината се намалувала цената на горивото по тон и килограм. Стопанската секција, разгледувала и следела, колкави количини од производите останале по бербата во 1923 година, кои не биле искористени за извоз. Било разгледувано прашањето за презимување на добитокот и живината, како и можностите за извоз. Се разгледувал квалитетот на кожата од ситниот добиток за извоз, како и можностите за зголемување на производство на овошјето, лозовите посеви и културните растенија, во 1924 година. Во рамките на четвртата извозната секција, на дневен ред било поставено прашањето за извоз на граѓата. Биле подготвувани планови за производство и контрола на кашкавал, количината која може да се планира за извоз, како и можностите за извоз на живина и јајца. Административната секција ги разгледувала прашањата во врска со: стопанскиот совет, воспоставување на еднообразни приходи за издржување на коморите, бил поднесен реферат за работата и успехот на загрепската конференција.16 Архивските материјали не ги содржат рефератите и дискусиите на сите учесници на конференцијата, со што подетално би се осветлила работата на II-та вонредна конференција на коморите. Рефератот за трговија со Албанија, бил еден од повпечатливите. Главна забелешка била тоа што Кралството на СХС, сеуште не ја согледало важноста од воспоставување на трговски врски со Албанија. 17 Бербата на опиумот во 1924 година, не ветувала многу, поради мразот од предходната година, кој уништил повеќе од половината од посеаниот опиум. Потребна била заштита на афионовото растение од пламеницата, која според уверувањата се јавувала поради испоснетата земја. Се изнаоѓале начини за да се обезбеди слободен извоз на опиум во Америка, и да се изгради модерна лабораторија за сортирање на опиумот пред извозот. Според расположливите податоци кои биле наведени во рефератот, извозот на јајца во првите три месеца од годината, изнесувал дури 560 вагони, во вредност од околу 148.000.000 динари, а до крајот на истата годината се предвидувало да се извезат околу 2.000 вагони со јајца.18 На конференцијата на стопанствениците во Скопје, големо внимание предизвикал говорот на Милан Стојадиновиќ. Тој во своето обраќање истакнал дека се одбива основањето на девизна берза во Скопје и Љубљана, со образложение дека работата на тие берзи би била надвор од достигот на државната контрола, и тоа би предизвикало последици по вредноста на динарот. Резолуцијата, што била составена на Конференцијата, била обемна и мошне внимателно подготвена. Со неа биле опфатени сите главни
АЈ, 76, 1, 3. АЈ, 65, 7, 55. 18 Трговински гласник, 10.05.1924 г. 16 17
33
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
проблеми на увозот, извозот, натамошниот развој на трговските односи како и неопходните подготовки за зајакнување на сообраќајот.19 Меѓутоа, многу прашања и барања што биле истакнати на Конференцијата зависеле од работата и ефикасноста на други институции. Стопанскиот печат ја критикувал работата на владата, која не била подготвена за склучување на трговски договори. Покрај изработениот предлог од страна на стручната комисија за новата царинска тарифа, која требало да послужи како база при склучувањето на трговски договори со други држави, ресорниот министер не поднел до Собранието предлог за решавање. Во текот на 1924 година, Комората во Скопје се одзвала на поканата на ЦИК, а упатила и свои делегати на конференцијата на мелничката индустрија, што била одржана на 14 јуни истата година. Кон крајот на август во Белград, бил одржан II-от конгрес на коморите и извозничките здружјенија, за да се утврди количеството на домашните производи за извоз во периодот од 1 септември истата година, до 1 септември следната година. Скопската Комора била должна да прибере податоци за производството и извозот на опиум, ориз, памук, свилени кожурци, кашкавал, масло, жито, грав, добиток и кожи. Секретарот на Комората во Скопје, Миличевиќ, на конгресот ја критикуваал работата на конзуларата служба, истакнувајќи дека е слаба, примитивна и дека стопанството слабо ги користи нејзините услуги и помош.20 Во организација на Српското земјоделско друштво, а во соработка со Министерството за земјоделство, Министерството за трговија и индустрија, Народната банка, окружниот одбор на Скопскиот округ, општината на град Скопје. Извозната банка од Белград, окружниот одбор на Призренскиот и Тиквешкиот округ, Извозната банка во Скопје и Трговската банка од Белград, била одржана земјоделска изложба со народни ракотворби и разни земјоделски алатки. На изложбата учествувале излагачи од 11 окрузи: Битолскиот, Охридскиот, Тиквешкиот, Брегалничкиот, Скопскиот, Кумановскиот, Тетовскиот, Призренскиот, Косовскиот, Звечанскиот и округот од Пеќ, со 45 околии, 7 државни, 17 самоуправни и 13 други установи. Вкупниот број на учесници изнесувал 4.071, и се претставиле со околу 10.099 разновидни производи од областа на: земјоделство-4.789, градинарство-57, сточарсство334, вештачки ѓубрива, подржани со пропагандни брошури-216, списоци за разни препарати-37, преработен и непреработен тутун-52, направи и алати822 и разно-1.162.21 На изложбата биле одржани тематски предавања, за значењето и придобивките од одгледување на компирот, живинарството, пчеларството, предавања за народно просветување, и за значењето на земјоделскиот кредит. Истото, 03.06.1924. Трговиснки гласник, 07.10.1924. 21 АЈ, 65, 522. 19 20
34
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
На изложбата биле наградени 1.225 излагачи, наградите биле парични, или пак биле доделувани одреден тип на машини, алати, семиња, книги, пофалници и дипломи, чија вкупна вредност изнесувала 117.150 динари. Земајќи го предвид фактот дека за подготовка на изложбата биле потошени 218.135 динари, се заклучува дека, сумата која била дадена како награда, претставувла повеќе од половината од вкупните трошоци. На тој начин, Скопје станал значен стопански центар во државата. Притоа и организаторите на изложбата оцениле дека изложбата била успешна. Во 1924 година, завршил првиот преоден период. Веќе кон крајот на јуни 1925 година, на сила стапила новата царинска тарифа, со што се очекувало и подобрување на извозната трговија. Но, во 1925 година, почнале да се јавуваат првите знаци кои ја најавувале престојната стопанска криза. Нерентабилното производството на домашните производители и конкуренцијата од страна на СССР, кој на пазарите во Солун и другите европски држави, се појавил со големи количества житарици. Државата била принудена да ја укине царината за најголемиот дел од производите кои биле наменети за извоз, а тоа било и причина повеќе за опаѓање на извозот.22 Комората во Скопје и стопанствениците од вардарскиот дел на Македонија, барале посебни олеснителни услови со кои би ја подобриле својата материјална состојба, и со што би се средиле стопанските прилики во земјата. Се очекувало подрачјето на скопската Комора да се третира како посебна стопанска област. Во тек била модернизација на целокупниот стопански живот, а индустријализацијата која иако била во зачеток, почнала да ги зафаќа сите гранки од секојдневниот живот. Новина кај тогашната капиталистичка класа, биле големите резерви на суровни, неискористениот капацитет на работна сила, кои со мали тековни средства, без учество на странски капитал и недоволна соработка со паричните заводи, не можеле да ги совладаат провибитните тешкотии од развојот. Недоволната организираност и поврзаност на индустријалците, се гледа и од фактот дека на 10 февруари 1924 година, биле спроведени противзаконски избори за членови на Комората во градот Скопје. Наместо шест трговци и шест индустријалци, како што било предвидено со член 7 од Статуот на Комората, биле избрани тројца индустријалци и девет трговци.23 Меѓутоа, во сите тие околности тешко било да се одделат целите и барањата на индустријалците и трговците, бидејќи поедници истовремено биле и производители и извозници. Производството на опиум, во зависност од годишната добивка, и понатаму претставувала мошне важна стопанска гранка. Поради високиот процент на морфиум, македонскиот опиум бил мошне ценет на светските пазари. Од особено значење било тоа што од афионовото семе се произведувал шарлаган и таан, но треба да се нагласи дека производство на опиум, не било целосно наменето за стопански цели. Од таа страна АЈ, 65, 167. Статут Трговачко-индустријске коморе у Скопљу, Штампарија и књиговезница “Стара Србија”, Скопље, 1925, 3. 22 23
35
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
евентуалната забрана на производството на опиум, според поединечните предлози што биле дадени на меѓународната конференција во Женева, штетно би се одразила врз развојот на стопанските односи во Македонија.24 Во текот на 1925 година, Комората во Скопје одржала неколку собири и учествувала на Централниот собир на ЦИК. На собирот одржан во Белград, на 16 февруари 1925 година, говорел претставникот на Комората, Димче Вучидолац. Тој во своето излагање истакнал дека, средувањето на политичките прилики во Албанија, по падот на владата на Фан Ноли, и по доаѓање на власт на Ахмед бег Зогу, треба да се обезбеди пласман на житните култури како и на сапунската, кожарската и чевларската индустрија, кои би биле регулирани во идните преговори за склучување на трговски договори со земјата. Во почетокот на април истата година, Комората со посебно писмо му се обратила на Министерството за трговија и индустрија, со назнака дека трговскиот промет почнал интензивно да се развива во целиот пограничен појас кон Албанија, и дека се појавиле голем број понуди за склучување деловни врски на тоа подрачје. Но и покрај се, слабиот развој на трговијата и индустријата, особено во областите кон албанската граница предизвикале нагло иселување на сиромашните слоеви на населението, кои во добар дел заминале во Америка, Бугарија и Србија. На конференцијата на стопанствениците на скопското трговско здружение, одржана на 11 мај истата година, било потенцирано дека економската ситуација е тешка, се чувствувал недостигот на пари, посебно поради неисполнувањето на обврските од страна на Управата на монополот, кон производителите на тутун. Се заклучило дека железничките тарифи и царинските стапки биле високи. Задача на Министерството за финансии, била да ги укине или намали царинските стапки на главните извозни артикли, особено на житариците за да се постигне рамнотежа со цените на светските пазари. Повторно била истакната потребата за склучување на трговски договори со Грција и Албанија, по системот на најголемата привилегија, со примена на минимална царинска тарифа, што побирало и побрз развој на инфраструктурата, со што би се подобриле комуникациите кон Албанија. Во Министерството биле евидентирани сите барања, но решението на многу прашања повеќе пати зависело од општите политички околности во земјата и односите во соседните држави.25 Подготувајќи се за учество на VI централен собир на ЦИК, кој требало да се одржи на 21 јуни 1925 година, скопската Комора свикала конференција на сите индустријалци од своето подрачје, но поради кусиот временски период се одзвале само делегатите од Скопје и Велес. Барањето на индустријалците да се воведат специјални олеснувања не биле новина, но за развојот на индустријата тоа се поставувало како голем проблем. 26 Привредни преглед, 18.01.1925. АЈ, 65, 192. 26 Трговиснки гласник, 15.05.1925. 24 25
36
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Претставниците на мелничката индустрија, на истот собир, излегле со барање извозната царина на житото да се зголеми до 2.000 динари по вагон, бидејки во извозната сезона за 1924 година, житото било извезено по цена од 3,20 динари за килограм, и мелниците биле принудени житото да го увезуваат преку Солун, по цена од 5 динари. Истото барање го истакнале и претставниците на индустријата за шарлаган и зејтин од Велес, во однос на извозната царина на семето од афион, сусам и маслодајно семе. Царинска заштита и поголема безбедност, се барало како за индустријата на зелен сапун така и за индустријата за дрво и граѓа. Овие барања биле пренесени на собирот во Белград одржан на 21 јуни истата година, од страна на претставникот на скопската Комора, а Комората со истите барања посебно го запознала и Министерството за трговија и индустрија. Следната година, Комората изработила предлог Закон, каде се предвидувале одредени поволности за индустријата и индустриското производство, и истите со документирно образложение биле испратени до надлежните фактори, со барање Законот што поскоро да се донесе. Единствено ЦИК на својот собир од 12 и 13 јуни 1926 година, го усвоил предлогот на Трговско индустриската комора во Скопје.27 Извозот и увозот на прехрамбени продукти и понатаму биле основно обележје на трговијата. Житото се извезувало главно во Грција, но поради примесата на нечистотија од 15-30% во житните култури, се јавувале одредени потешкотии при извозот. По тој повод, Скопската Комора превземала иницијатива за основање контролни станици, каде би се вршел надзор и контрола на житото, од страна на специјална комисија која би имала три до пет члена. На 19 и 20 септември 1925 година, бил одржан III-от редовен конгрес на коморите и стопанските организации од целата земја. При тоа, Комората во Скопје, во заедница со Здружението на извозниците на Кралството на СХС, поднела реферат со предлог мерки. При тоа било барано да се превземат активности за спречување на манипулациите, од страна на несовесните производители, извозници односно увозници, кои производите наменети за извоз ги расипувале или пак увезувале неисправни производи. Меѓутоа, и покрај интервенциите тешкотиите во извозот не се намалувале. На пленарната седница на скопската Комора, која била одржана кон крајот на ноември 1925 година, било истакнато дека зголемувањето на тарифата за железнички транспорт до 25%, предизвикале застој во извозот на грав, овес, јачмен и пченка. Конкуренцијата од СССР, Романија, Америка и Бугарија, кои својата стока ја превезувале по значително поевтините цени, користејќи го водениот транспорт, уште повеќе ја засилиле кризата на извозот.28
27 28
АЈ, 65, 296. АЈ, 65, 392. Извештај на Занаетчиската комора. 37
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Со појавата на индустриска стока забележано било значително опаѓање на занаетџиството. Тоа особено се почуствувало кај уметничките занаети: кујунџиите, везачите, кожарите, терзиџиите, килимарите, и др. Системот на паричен кредит, го заменил дотогашниот работен кредит. Воедно опаднал и бројот на потрошувачите. Со основањето на Занаетчиската банка во Белград во 1923 година, и подоцна на нејзината филијала во Скопје, биле направени нови обиди за унапредување на занаетчиството. Сепак, мошне бројното занаетчиство се задржало во градовите на вардарскиот дел на Македонија. Во 1925 година, занаетчиите на вардарскиот дел на Македонија, чија цел била унапредување на занаетчиството, поставиле барање да се одделат од Занаетчиската комора во Белград, и да формираат своја самостојна комора во Скопје. Од прибраните и расположливи податоци се гледа дека во тоа најактивни биле занаетчиите од Битола. Во Скопје, бил одржан Конгрес на занаетчиите од 18 градови, каде биле поставени барања за основање на самостојна занаетчиска комора, но Министерството за трговија и индустрија, го одбила барањето со образложение дека не постојат законски можности. Занаетчиството, како сталешка организација, се чувствувало загрозено, првенствено поради конкуренцијата на индустриската стока. Скопската трговска младина исто така, активно се залагала за унапредување на трговијата. На конгресот, кој бил одржан во почетокот на јули 1925 година, во Скопје, се барало унапредување на школството. Скопската трговска младина, за учениците од трговското училиште кои посетувале редовна настава, барала скратување на воениот рокок.
38
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Summary After World War I, commerce and commerce policy in the Vardar part of Macedonia was led through the commerce inspectorate in Skopje. Since 1922, the Commerce-industrial Chamber in Skopje managed all economy movements in the Vardar part of Macedonia. In 1923 the Chamber was included as a permanent member of the newly-opened Headquarters of the Industrial Corporations of the Kingdom of SHS (HIC). The main task and purpose of the Chamber was improvement of the economy in the Vardar part of Macedonia. Литература Необјавени извори: 1. Архив Југославије , фонд 65, кут. 48. 2. Архив Југославије , фонд 76, кут. 48. Објавени: 1. Rečnik mesta, 1-deo. Administrativna podela Kraljevine Srba-Hrvata i Slovenaca. Kraljevina Srba, Hrvata i Slovenaca, Po zvaničnim podacima Ministarstva unutrašnjih dela, Beograd, 1925. 2. Статут Трговачко-индустријске коморе у Скоплљу, Штампарија и књиговезница “Стара Србија”, Скопље,1925. 3. Vladan Jovanovič, Jugoslovenska drzava i Juzna Srbija 1918-1929, INIS, Beograd, 2002. 4. Јовановиħ, Владан, Вардарска бановина 1929-1941, Београд, 2011.
5. Jovanovič, Vladan, Jugoslovenska država i Južna Srbija 1919-1929, INIS, Beograd, 2002. 6. Трговински гласник. 7. Привредни преглед.
39
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
40
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Александар СИМОНОВСКИ,∗ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНИТЕ ОДБОРИ ВО АДМИНИСТРАТИВНАТА ЕДИНИЦА БИТОЛСКА ОКОЛИЈА (1945) Апстракт: Во трудот е даден преглед на формираните народноослободителни одбори во административната единица Битолска околија. Трудот, главно се темели на објавени архивски документи. Клучни зборови: Македонија, административна единица, Битолска околија, селски народноослободителни одбори, општински народноослободителен одбор Во текот на Втората светска војна, на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година, Македонија била конституирана за држава во рамките на федеративна Југославија. На Првото заседание на АСНОМ биле донесени 9 решенија меѓу кои било и Решението за прогласувањето на АСНОМ за законодавно и извршно претставничко тело и највисок орган на државната власт во Македонија. Својата законодавна и извршна власт АСНОМ ја спроведувало преку извршниот орган Президиумот. Основните задачи на Президиумот на АСНОМ произлегувале од потребите и од карактерот на Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија (НОАВМ), како и од околностите што настанале по ослободувањето на Македонија. Активностите биле насочени кон создавање услови за поуспешен развој на НОАВМ, приведување на нејзиниот крај кон победа над окупаторот и кон уредување на системот од органи на власта во македонската држава.1 Президиумот пристапил кон административнотериторијална поделба на Македонија со цел во политичко-територијалните целини да се организираат народноослободителни одбори (НОО-и).2 Тие НОО-и требале да бидат органи „на државната власт на федерална Македонија во демократска и федеративна Југославија“.3 На одржаната седница на Президиумот на АСНОМ од 6 август 1944 година, во с. Рамно (Кумановско), било донесено решение за поделба на ∗
Доц. д-р Александар Симоновски, научен соработник, Институт за национална историја, ул. „Григор Прличев“ бр. 3, 1000 Скопје, e.пошта: a.simonovski84@yahoo.com. 1 Новица Велјановски, Административно-централистичкиот период во државноправниот развој на Македонија (1945-1953), ИНИ, Скопје 1992, 81. 2 Истото, 83. 3 Зборник на документи од Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), редакција Александар Т. Христов, Миле Тодоровски, ИНИ, Скопје 1964, 404. 41
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Македонија на области, околии и општини. Македонија била поделена на 4 области: Скопска, Битолска, Штипска и Кичевско-дебарска. Областите натаму се делеле на околии и општини.4 Со решението на Президиумот на АСНОМ од 21 октомври 1944 година поделбата била изменета. Била укината Кичевско-дебарската област, а Македонија била поделена на 3 области: Скопска, Битолска и Штипска.5 Во овoј труд се осврнуваме на формираните НОО-и во административната единица Битолска околија во 1945 година (до 8 јануари). Битолската околија припаѓала во административната единица Битолска област.6 Во Битолската област највисок по ранг народноослободителен одбор (НОО) бил Битолскиот областен НОО. Територијалната надлежност на Битолскиот околиски НОО била во согласност со административно-територијалната поделба на Македонија на области, околии, општини и села. Според организациската поставеност, Битолскиот околиски НОО бил составен од пленум, извршен одбор, претседателство, секретаријат и оддели.7 Во упатениот извештај на Битолскиот околиски НОО од 8 јануари 1945 година до Битолскиот областен НОО, меѓу другото, има и податоци за формираните НОО-и во административната единица Битолска околија. Бидејќи извештајот бил датиран на 8 јануари 1945 година, одлучивме НОО-и во административната единица Битолска околија да ги датираме во 1945 година (до 8 јануари). Тоа значи дека за тие НОО-и даваме преглед според состојбите какви што Битолскиот околиски НОО ги упатил до Битолскиот областен НОО. По ослободувањето на Битолската околија од окупаторските власти, на конференции и митинзи наполно била организирана новата власт. Во сите села кои припаѓале на административната единица Битолска околија биле формирани селски НОО-и. Во нив влегле луѓе кои уживале најголема доверба и чест во селото, како и луѓе од сите национални малцинства. Во однос на внатрешната организација и во зависност од тоа за кој селски НОО се Административно-територијални поделби во Македонија 1944-2004, документи, избор и редакција проф. д-р Ѓорѓи Чакарјаневски, проф. д-р Тодор Чепреганов, Стојан Аврамовски, ИНИ, Скопје 2007, 59. 5 Истото, 60. 6 Зборник на одбрани документи за историјата на Битола и Битолско 1941-1945, том I, документи за создавањето и развојот на органите на народната власт во Битола и Битолско 1944 -1945, книга I, Битолски областен народноослободителен одбор 1944, избор, редакција и коментари Александар Крстевски и др., Историски архив-Битола – Општински одбор на СЗБ од НОВ-Битола, Битола 1984, XX, 95. 7 Зборник на одбрани документи за историјата на Битола и Битолско 1941-1945, том I, документи за создавањето и развојот на органите на народната власт во Битола и Битолско 1944-1945, книга II, Битолски околиски народноослободителен одбор 1944-1945, Градски народноослободителен одбор 1944-1945, избор, редакција и коментари: Александар Крстевски-Кошка и др., Историски архив-Битола – Општински одбор на СЗБ од НОВ-Битола, Битола 1985, XI-XV. 4
42
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
работело, функциите во селските НОО-и биле поделени на претседател, потпретседател, секретар, благајник и член.8 Селските НОО-и во 15-те општини на Битолската околија биле формирани и организирани на следниот начин. 1. Селски НОО-и во Бачката општина: Бач, Гермијан, Живојно, Совиќ и Добровени. 2. Буковска општина: Буково, Скочивир, Брод, Велесело, Гнилеш, Бистрица, Кравари, Оптичари и Поешево. 3. Велушинска општина: Велушина, Драгош, Граешница, Барешани, Лажец, Острец, Христифор,9 Орехово, Злокуќани, Олевени, Породин, Канино, Жабени и Кишава. 4. Дедебалска општина: Дедебалци, Далбеговци, Црничани, Алинци, Путурус и Ношпал. 5. Ивањевска општина: Ивањевци, Српци,10 Беранци, Вашарејца, Радобор, Добрушево, Трап, Долна Чарлија, Мојно, Мусинци, Будаково, Лознани, Ново Село, Подино, Свето Тодори и Трновци. 6. Кременичка општина: Кременица и Меџитлија. 7. Кукуречанска општина: Кукуречани, Раштани, Крклино, Драгарино, Древеник, Долно Егри, Средно Егри, Старо Змирново, Драгожани, Секирани, Ново Змирново и Црнобуки. 8. Могилска општина: Могила, Карамани и Трн. 9. Новачка општина: Новаци, Суводол, Добромири, Горно Агларци, Долно Агларци, Тепавци, Горно Оризари, Долно Оризари, Гнеотино, Балдовенци, Биљаник, Мегленци, Орехово,11 Грумази, Паралово и Рибарци. 10. Старавинска општина: Старавина, Градешница, Будимирци, Зовиќ и Груништа. 11. Смилевска општина: Смилево, Обедник, Боиште, Метимир, Свиниште, Лесково и Церово. 12. Цапарска општина: Цапари, Српци, Ротино и Рамна. 13. Црновска општина: Црновец, Слепче, Лопатица, Габалавци, Лисолај и Муграшево.12 14. Ѓаватска општина: Ѓавато, Маловиште, Гопеш, Кажани, Доленци и Лера. 15. Диховска општина: Дихово, Лавци, Брусник, Нижеполе, Снегово, Братин Дол и Трново и Магарево.13 По избирањето на селските НОО-и, на општи конференции биле избрани општинските НОО-и. Нив, исто така, ги сочинувале луѓе кои Истото, 70-86. Авторот не го утврди селото. 10 Долно Српци. 11 Долно Орехово. 12 Демир Хисар. 13 Зборник на одбрани документи за историјата на Битола и Битолско 1941-1945, том I..., книга II..., 71-86. 8 9
43
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
уживале најголема доверба и чест во селото. Општинските НОО-и биле формирани во следниот состав.14 1. Општински НОО с. Бач: претседател – Пандил В. Тацевски, потпретседател Вангел Ј. Димовски, секретар – Петар К. Танески, членови – Пандил А. Враговски и Бошко И. Николовски. 2. Општински НОО с. Буково: претседател – Георги Т. Мирчевски, потпретседател – Теодосие Н. Стојковски, секретар – Пандо Н. Прчевски, членови – Спасе Р. Јанкулоски, Лутви Н. Бајрам, Крсте Р. Размовски, Михаило Т. Попоски, Васил Ј. Глигороски и Тодор Спироски. 3. Општински НОО с. Велушина: претседател – Јован Пачовски, потпретседател – Атанас Темелковски, секретар – Атанас С. Димитровски, членови – Јован Цветаноски, Лазо Лисано, Димко Чикаровски, Живан Аржановски, Илија Јајовски, Јован Цветановски, Вело Василевски, Ристо Ташковски и Спасе Гецовски. 4. Општински НОО с. Дедебалци: претседател – Мирче Т. Поповски, потпретседател – Рамиз С. Ајредин, секретар – Богоја Т. Петровски, членови – Ламбе К. Гужовски, Јован Трифуновски, Илија Г. Грујовски, Стојче Т. Стојановски, Крсте И. Ристески, Вангел Г. Божиновски, Тодор Пецаковски, Цветан Гроздановски, Ристе С. Китановски и Стојан Р. Буцковски. 5. Општински НОО с. Ивањевци: потпретседател – Васил Г. Димовски, секретар – Дончо Поревски, благајник – Георги Н. Поповски, членови – Ангеле С. Смилески, Никола Б. Христовски, Трајан Н. Новачевски, Дончо Т. Стојчевски, Момир П. Димчевски, Ридвај А. Селим и Адил Т. Исмаил. 6. Општински НОО с. Кременица: претседател – Томистакли Д. Јосифовски, потпретседател – Ибраим Р. Субри, секретар – Ислаим Р. Рушан, членови – Филип Н. Ристески, Џабир Салим, Мурат Таир, Велјан Н. Василески и Крсте Јошевски. 7. Општински НОО с. Кукуречани: претседател – Коле Х. Николоски, потпретседател – Трајан К. Ширија, секретар – Неделко К. Петровски, благајник – Крсте П. Нелкоски, членови – Блаже Тодороски, Ризан Д. Размовски, Ферзо И. Амед, Никола Трајановски, Тасе Р. Гавазо и Цветан М. Моневски. 8. Општински НОО с. Могила: претседател – Трајан Нешески, потпретседател – Митре Шемо, секретар – Ценко Божиноски, благајник – Вангел Шурбески, членови – Илија Шурбески, Ангеле Шиески и Георги Крстески. 9. Општински НОО с. Новаци: претседател – Андон З. Матоски, потпретседател – Видан Лацовски, секретар – Илија Араковски, благајник – Темелко Милошевски, членови – Мицо И. Попоски, Наум Т. Мошевски, Целе А. Шиндевски, Паскали Н. Стојчевски, Најдо Р. Стојковски, Блаже Б.
14
Истото, 86-88. 44
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Марковски, Тале Т. Трајчевски, Митре Т. Димовски, Гроздан С. Митревски, Гроздан Ц. Марковски и Дончо Г. Митревски. 10. Општински НОО с. Старавина: претседател – Никола М. Богданоски, секретар – Леонида С. Стојковски, благајник – Илија Р. Стојчевски, членови – Јован С. Босејовски, Стојан К. Митревски, Никола П. Митревски и Трајко М. Недановски. 11. Општински НОО с. Смилево: претседател – Веле П. Даскаловски, потпретседател – Риза С. Фаик, секретар – Цветко Р. Соклевски, благајник – Илија К. Кузмановски, членови – Симон Т. Петровски, Гоце Најденовски, Јордан А. Силјановски и Филип И. Христовски. 12. Општински НОО с. Цапари: претседател – Симон Керемелевски, потпретседател – Никола П. Лазаровски, секретар – Вангел С. Велевски, членови – Ристо Д. Радуловски и Вангел Базгаловски. 13. Општински НОО с. Црновец: претседател – Доне К. Шатески, потпретседател – Коста Н. Марковски, секретар – Теофил К. Попоски, членови – Коста Лутовски, Гоце Георгиевски и Блаже Наумоски. 14. Општински НОО с. Ѓавато: претседател – Георги Јуруковски, потпретседател – Спиро Герасимовски, секретар – Крсте Г. Илиевски, членови – Митре Н. Четаловски, Коле И. Ивановски, Димитри Шитовски и Коста Д. Наумовски. 15. Општински НОО с. Дихово: претседател – Сотир Наковски, потпретседател – Ило Мајриковски, секретар свешт. Спасе Попоски, членови – Андон Стерјовски, Трајко И. Поповски, Јанко Дуковски, Христо Котески и Маскут Садик. Резиме По конституирањето на македонската држава на Првото заседание на АСНОМ (2 август 1944), Президиумот на АСНОМ извршил административно-територијална поделба на Македонија со цел во политичкотериторијалните целини да се организираат народноослободителни одбори. Тие требале да претставуваат органи на власта на федерална Македонија во федеративна Југославија. Народноослободителни одбори во административната единица Битолска околија биле Битолскиот околиски народноослободителен одбор, општинските и селските народноослободителни одбори.
45
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Summary: After the constitution of the Macedonian state at the First Assembly of ASNOM (August 2, 1944), the Presidium of ASNOM realized administrativeterritorial division of Macedonia in order to be organized National Liberation Committees in the political-territorial units. They should be authorities of federal Macedonia in federal Yugoslavia. National Liberation Committees in the administrative unit of the district of Bitola were the National Liberation Committee of the District of Bitola, the municipal and the rural National Liberation Committees. Извори и литература - Административно-територијални поделби во Македонија 1944-2004, документи, избор и редакција проф. д-р Ѓорѓи Чакарјаневски, проф. д-р Тодор Чепреганов, Стојан Аврамовски, ИНИ, Скопје 2007. - Зборник на документи од Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), редакција Александар Т. Христов, Миле Тодоровски, ИНИ, Скопје 1964. - Зборник на одбрани документи за историјата на Битола и Битолско 1941-1945, том I, документи за создавањето и развојот на органите на народната власт во Битола и Битолско 1944 -1945, книга I, Битолски областен народноослободителен одбор 1944, избор, редакција и коментари Александар Крстевски и др., Историски архив-Битола – Општински одбор на СЗБ од НОВ-Битола, Битола 1984. - Зборник на одбрани документи за историјата на Битола и Битолско 1941- 1945, том I, документи за создавањето и развојот на органите на народната власт во Битола и Битолско 1944-1945, книга II, Битолски околиски народноослободителен одбор 1944-1945, Градски народноослободителен одбор 1944-1945, избор, редакција и коментари Александар Крстевски-Кошка и др., Историски архив-Битола – Општински одбор на СЗБ од НОВ-Битола, Битола 1985. - Велјановски Новица, Административно-централистичкиот период во државноправниот развој на Македонија (1945-1953), ИНИ, Скопје 1992.
46
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Рубинчо БЕЛЧЕВСКИ,1 МОНУМЕНТАЛЕН МЕМОРИЈАЛЕН КОМПЛЕКС ,,ПАРК НА РЕВОЛУЦИЈАТА“ - ПРИЛЕП АЛЕЈА НА НАРОДНИТЕ ХЕРОИ - МОГИЛА НА НЕПОБЕДЕНИТЕ - СПОМЕНИК ЖЕНА - БОРЕЦ Апстракт: Оваа година се одбележуваат 55 години од изградбата на монументалниот меморијален комплекс ,,Паркот на Револуцијата“ во градот херој Прилеп. Тој е сведоштво за големото учество и влог на Прилеп во Втората светска војна, особено што тука пред 75 години, на 11 октомври 1941 година започнало востанието на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор и застана на страната на антифашистичката коалиција, а низ таа борба во период 1941 – 1945, ,,се роди“ македонската држава. Објектот е авторско дело на познатиот архитект, уметник и професор од Белград, Богдан Богдановиќ. Составен е од повеќе делови: ,,Алеја на Народните херои“, ,,Могила на Непобедените“ и ,,Споменик Жена-борец“. Покрај главните делови, во рамките на комплексот има: амфитеатар, спортско-рекреативни објекти, трим патека, урбана опрема и друго, кои дополнително го култивираат просторот. ,,Паркот на Револуцијата“ е еден од симболите на Прилеп, но во литературата има малку податоци за истиоот, па од тие причини се зафатив да подготвам еден труд со повеќе податоци за ова ,,свето“ место, особено за прилепчани, елаборирајќи ја симболиката и неговото значење. Клучни зборови: Прилеп, Парк, револуција, борци, могила, алеја, споменик. Прилеп, има повеќе објекти, кои претставуваат симбол на Градот – херој. Меѓу нив се: Марковите Кули, повеќе цркви и манастири, Градскиот саат и Старата чаршија, Участакот. Но, најкарактеристичен симбол на градот, како по својата архитектонска комлексност, така и по своето значење од минатото е ,,Паркот на Револуцијата“, уреден и откриен, пред 55 години, на 11-ти октомври 1961 година, по повод 20 години од почетокот на востанието на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор, а посветен на паднатите борци во НОВ од 1941-1945 година. Според предходното, оваа година се одбележуваат 75 години од почетокот на востанието, определбата на македонскиот народ да се истрае на балканската ветрометина и да се биде на страната на антифашистичката коалиција, се до последниот ден на Рубинчо Белчески, кустос советник – историчар, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Прилеп, ул. Александар Македонски бр.142 Прилеп; адреса на живеење ул.Димо Наредникот бр.89/39 Прилеп, е-пошта: rubin.belceski@yahoo.com 1
47
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
победата над фашизмот. Поврзувајќи го овој значаен настан од историјата на Прилеп и прилепско, како дел од историјата на македонскиот народ со ,,Паркот на Револуцијата“ кој е посветен на борците и е тесно врзан за НОБ и Револуцијата, ќе се обидам да дадам поширока елаборација, објаснување на симболиката и значењето, како на меморијалните делови, така и на Паркот на Револуцијата како целина. Парк на Револуцијата Омиленото шеталиште и збиралиште на прилепчани, особено на младината во минатото, било Прилепското брдо. Тоа било сведок на многу настани во Прилеп, воедно, вистинско народно, но и природно училиште на Револуцијата. Тука се одржувале состаноци, кружоци, забавни игри со прогресивна тематика. На тоа место е изграден ,,Паркот на Револуцијата“, парк со име кое во целост одговатра на неговата улога и значење за историјата на напредното ослободително движење на Прилеп. Воедно, од овој простор има најубав поглед кон градот и неговата околина, кон места кои имаат големо историско значење за Прилеп и Републиката, особено што истиот се најдува на надморска висина од 645 м во најнискиот дел до 685 м во највисокиот дел, така што од овој простор, има убав поглед кон Марковите Кули, Зеленик и Црвени Стени, зборните места на прилепските партизани, кои на 11-ти Октомври 1941 година извршија напад на градот. Од ова место се гледа и Селечка Планина и месноста Бидимаш, каде бил партизансклиот логор на првите партизани, кои излегоа на 12 септември 1941 година. Се гледа Планината Мукос, каде се водела борбата на борците од партизанскиот одред ,,Димитар Влахов“ со фашистичките сили на 14 септември 1942 година и селото Дабница, познато по Дабничкиот масакр од 19 септември 1942 година. Двата настани се длабоко врежани во меморијата на прилепчани, во кои се изгубени голем број животи на борци и луѓе патриоти, но воедно, настани кои директно влиаеја за омасовување на партизанскотот движење и засилување борбата за слобода. Од тука се гледа и Прилепец, познат по борбата кај манастирот Св.Никола на 19 декември 1942 година, а преку планината е областа Мариово, револуционерни жаришта со многу настаниод поблиското и подалечното минато на Прилеп и прилепско. Како што може да се заклучи од предходново, од ова место, од Паркот на Револуцијата, може да се зборува за богатата историја на Прилеп. Истиот, се наоѓа на јужната периферија на градот, хортикултурно уреден со високо растителна борова шума и нискорастителна зимзелена флора. Во годината кога се уредува Паркот, во рамките на истиот се подигаат и монументалните споменци, ,,Алеја на Народните херои“ и „Могила на Непобедените“, како и ,,Споменик жена - борец“, посветен на жената во НОВ од авторот, академскиот скулптор Драган Попоски - Дада. Вкупната површина на Паркот изнесува 67 600 м2. Автор на целиот монументален комплексен објект е архитектот, уметник, писател и филозоф, Богдан Богдановиќ (Белград, 1922 – 48
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Виена,1910), професор Архитектонскиот факултет на Белградскиот универзитет и градоначалник на Белград во периодот 1982 – 1986 година, неимар на меморијалната архитектура, автор на повеќе монументални споменици низ Југославија, меѓу кои: Споменикот ,,Камен цвет“ во Јасеновац (Хрватска), ,,Споменик на еврејските жртви на фашизмот“ во Белград (Србија), ,,Партизанските спомен – гробишта“ во Мостар (Босна и Херцеговина), Споменик на српските и албанските партизани загинати во НОБ во Косовска Митровица (Косово), Спомен – гробишта на жртвите на фашизмот во Сремска Митровица (Војводина) ,,Споменик на слободата“ во Иванград (Црна Гора) и многу други.
Богдан Богдановиќ Изворната функција на Паркот на Револуцијата, како меморијален комплекс е повеќенаменска. Содржините нудат: воспитно-образовна, културна, научна, туристичка и спортско-рекреативни активности. Паркот, Алејата, Могилата и Споменикот жена - борец, интегрално земени преставуваат објекти-споменици со специфични карактеристики. Секој засебно симболизира дел од богатата револуционерна историја и традиција на Прилеп. Вклопени заедно, истите претставуваат една дијалектичка целина, симбиоза на единството и континуитет на револуционерното движење на Прилеп и сите југословенски народи и народности (како што велевме во едно друго време), во кој што природниот и уметничкиот фактор наоѓаат идеално решение во сублимираниот природно-естетски комплекс, со високи, светски признанија за уметнички, архитектонски и естетски вредности, а преставува и најадекватен израз на благодарност кон придобивките и вредностите на Револуцијата.
49
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Алеја на Народните херои Паркот има повеќе влезови, односно, пристапни патеки. На пристапната платформа, односно, на влезот од ул.Самоилова (поранешна ул. Иво Рибар Лола), од левата страна, се наоѓа првиот меморијален комплексен објект односно, ,,Алејата на Народните херои“, расположена во една природно подигната ниша со садници и цветни грмушки. На сиви мермерни постаменти, високи околу два метра, наредени во права линија се поставени бронзените бисти на десетте Народни херои од Прилеп и прилепско загинати во Народната револуција. Текстот на постаментите е краток и содржи: име и презиме, кај некои и прекар, години на раѓање и смрт.
Во Алејата се спомен - бистите на следните Народни херои: Кире Гаврилоски - Јане (1918-1944), Иле Игески - Цветан (1920-1944), Орде Чопела (1912-1944), Борка Талески (1921-1942), Кузман Јосифоски-Питу (1915-1944), Мирче Ацев (1915-1944), Борка Велески -Левата (1912-1944), Рампо Левката (1909-1942), Лазо Филипоски-Лавски (1918-1942), Круме Волнароски (19091944). Многу фабрики, установи, училишта, организации, друштва и улици ги носат имињата на овие Народни херои, воедно подигнати се поголем број на споменици и спомен - обележја, посвеени како ним, така и на нивни соборци. Во оваа пригода, да потенцираме дека Прилеп дал уште пет Народни херои кои ја преживуваат Втората светска војана, тие не се дел од Алејата, но вредно е да се споменат, а тоа се: Вера Ацева (1919-2006), Борко Темелкоски-Лилјакот (1919-2001), Крсте Црвенкоски (1921-2001), Ѓоре Дамески-Боксерот (1922-1995), Атанас Забазноски-Руски (1925-2013). Презентирајќи го овој дел од меморијалниот комплекс можеме да заклучиме:
50
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Да се војува и загине за татковината е голема чест. На Народните херои им припаѓа најголемата чест и благодарност. Тие се бесмртни, тие се ,,живи“. Тие живеат во нашите спомени и дела. Вткаени се во нашето денес и среќно утре. Затоа благодарност и слава на хероите. Могила на Непобедените Движејќи се по ,,Цветната алеја“, која претставува патека, украсена од двете страни со цвеќиња, се доаѓа до монументалните мермерни скулптури (антички урни, столбови, стилизирани амфори и сл.) со повеќекратно симболично значење, после кои се доаѓа до заедничката гробница односно, криптата. Овие објкти го прават меморијалниот комплекс ,,Могилата на Непобедените“ изграден во чест на загинатите борци од НОВ Ако направиме симболичка и уметничка анализа на овие два објекти, доаѓаме до заклучок дека тие се целини, но стилски различни. Првиот дел, односно, урните, претставуваат повеќе вајарско-скулпторска целина, за разлика од криптата, која е архитектонска целина. Но, иако стилски различни, идејно и композициски тие претставуваат една целина, што уметнички го олицетворува единството во борбата на животот и смртта. Пред заедничката гробница - криптата, на изведено кружно зарамнување, поставени се осум (8) мермерни скулптури – урни, столбови, амфори и сл. со повеќекратно симболично значење. Истите, се различни по висина, која се движи од 2,90 м најниската, до околу 5 м највисоката. Тие се направени од бел прилепски мермер, кој изразува цврстина, постојаност, трајност и убавина. Ако знаеме дека во минатото, сите ремек дела се изградени од мермер, тогаш можеме тука да ја видиме и континуираната историска традиција на Прилеп од античко време до денес.
Осумте урни го изразуваат учеството на Прилеп и неговиот придонес во Револуцијата преку осум борбени партизански единици, претежно составени 51
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
од прилепски борци. Разликата во големината и димензиите ја покажуваат нивната развојна линија, односно прераснувањето од помали во поголеми воени формации, почнувајќи од одред (Првиот прилепски одред ,,Гоце Делчев“), преку, баталјон (,,Мирче Ацев“), ударните бригади (,,Првата македонско-косовска ударна бригада“, ,,Втората“, ,,Петтата“ и ,,Деветтата“) и завршувајќи со дивизии (41-та и 49-та). Горниот дел од мермерните скулптури (главата – капителот) е во форма на двојна наковална со лик на козја глава, што симболизира: храброст, цврстина, одлучност и ударност, што е одлика на партизанските единици од чии редови се исковале прекалени борци. Од ова можеме да заклучиме дека скулптурите, како поединечно, така и како целина симболизираат: цврстина, масовност, широчина, неограничена просторност и борбена ударност, како придонес и одлика на учеството на населението од прилепскиот крај во Револуцијата, што е и општа карактеристика на нашата НОБ. На најголемата скулптура, стилизиран е вечен пламен, симол на непокорноста на македонскиот народ. Централниот и иајзначаен дел кој ја сочинува Могилата на Непобедените е заедничката кружна гробница – крипта, од типот на отворен толос со пречник од 7,40 м и висина од 3 м. Истата е отворен кон северната страна кон мермерните скулптури, односно кон самиот град Прилеп. Внатрешниот отворен дел, странично е поплочен со бели мермерни плочи вертикално поставени. Под мермерните плочи и однадвор под земјениот покрив кој прави форма на могила се закопани коските на борците, пренесени од партизанските гробишта во Прилеп, како и од други места каде биле погребани посмртните останки на загинатите борци. Фактички архитектонскиот елемент, односно, Могилата претставува заедничка гробница на сите паднати борци од прилепскиот и во прилепскиот крај. На 35 плочи се исклесани имињата и презимињата на 462 загинати борци, а покрај 12 – мина е исклесан Орденот Народен херој. Десет од нив се предходно наведените Народни херои од Прилеп, чии спомен-бисти се во Алејата на Народните херои, а останатите двајца загинуваат во прилепско, Киро Фетак од Куманово, загинува во борбата кај манастирот Св.Никола, Прилепец, а Манчу Матак од Крушево, загинува со фашистичкиот непријател во борбата кај Витолиште, Мариово. Меѓу имињата на борците исклесани во мермерните плочи, покрај македонци, како и припадници на останатите југословенски народи и народности, се наоѓа името на русинот Иван Петрович Кирилков и италијанецот Џовани Паси, кои како борци на партизанските единици, загинуваат во борбите во прилепско. Од предходното се гледа интернационалниот карактер на НОБ и Револуцијата и заедничката борба на сите слободољубиви и антифашистички луѓе, против тогашното големо зло на човештвото - фашизмот. На крајот да заклучиме дека Могилата на Непобедените е така наречена бидејќи борците што загинуваат за своите идеали, за слобода и подобра иднина на својот народ и татковина, остануваат сејогаш непобедени.
52
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Могилата на Непобедените, како споменик на културата е ставен под заштита во 1989 година. Споменик Жена – борец На просторот помеѓу Алејата на Народните херои и Могилата на Непобедените, лево од ,,Цветната патека“, во внатрешноста, заобиколен со зимзелени и листопадни дрва, на плато од гранитни коцки се наоѓа Споменикот Жена – борец, дело на академскиот скулптор Драган Попоски – Дада. На споменикот има две рељефни фигури на жени, исклесани на вертикално поставена мермерна плоча. Посветен е на жената-борец која рамо до рамо, заедно со мажите-борци, е активен учесник во народноослободителното движење и борбата за слобода, во сите форми на отпорот, како во заднина, така и како припадник во партизанските единици. Во оваа пригода да напоменам дека за време на почетокот на востанието против фашистичкиот окупатор, на 11-ти Октомври 1941 година, секретар на Месниот комитет на КПЈ за Прилеп била Народниот херој Вера Ацева, која била храбра и одлучна во тие пресудни моменти и покрај извесното колебање во редовите на ПК на КПЈ за Македонија. Во Могилата на Непобедените исклесани се имињата на 20 жени борци кои ги дале животите за слободата на својата земја. Во Прилеп и прилепско, од вкупно 154 носители на високото признание ,,Партизанска споменица 1941“, 33 се жени, што секако претставува висок процент и показател за значителното учеството и големиот придонес на жената во НОБ. Им се поклонуваме на сите жени-борци, активистки, загинати или преживеани, сите оние кои учествувале во борбата за исполнување на вековниот сон на многу борбени генерации во минатото, слобода на Македонија.
53
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Други објект во Меморијалниот комплекс Покрај предходно наведените градби, во рамките на Паркот, лево, од влезот од западната страна, изграден е и амфитеатар со летна сцена, каде е предвидено да се одржува историски час, посветен на овој комплекс, но и драмскии и други сценски приредби, како и плато за прикажување на филмови. Во текот на своето 55 годишно постоење, во Паркот на Револуција, односно, врз објектите во истиот, се вршени градежно-санациони зафати од поголем или помал обем. Поголеми активности од таков вид се извршени во периодот 2007-2008 година со проектот за ревитализација. Истиот е финансиран од ,,Швајцарската агенција за соработка и развој“ во рамките на Програмата ,,Форуми на заедниците“. На територијата на ,,Паркот на Револуцијата“ изградени се спортско - рекреативни објекти, односно, фудбалко, ракометно, кошаркарско и одбојкарско игралиште, трим-патека, езерце, дрвени куќички и други содржини, а доплнително се поставени клупи, канделабри, корпи за отпадоци и друго, кои визуелно не влијаат на неговиот интегритет, туку напротив, обезбедуваат култивирање на просторот од неговата јужна страна и уредување на целата површина на Паркот. Во рамките на проектот доплнително е извршено пошумување и хортикултурно уредување. ПРИЛЕП - Град Народен херој Прилеп низ својата долговековна историја одиграл исклучителна улога во политичката и културната историја на македонскиот народ. Тука се одиграле значајни настани од праисторијата до денес. Но. исклучително важна улога има во Народноослободителната и антифашистичка војна 1941 1945, односно, во Втората светска војна. Во оваа војна, од Прилеп и прилепско, имало околу 8000 учесници. Од нив 2700 биле активни борци со оружје во рака. Прилеп дал 650 жртви, 15 борци се прогласени за Народни херои, од кои 10 се загинати, а 5 ја преживуваат војната, а 154 борци се носители на „Партизанска споменица 1941“. Како резултат на гореспоменатото во 1975 година, од страна на Претседателот на СФР Југославија, Јосип Броз Тито, градот Прилеп го добива Орденот ,,Народен херој“, со кој е сврсатен во редот на 8-те градови од поранешна Југославија, носители на ова високо признание, по еден град од секоја република и покраина, заедно со: Белград, Загреб, Љубљана, Нови Сад, Приштина, Дрвар и Цетиње. Во Паркот на Револуцијата, во светото место на Прилеп на голем сенароден митинг, на 4 јули 1975 година (ден на борецот во СФРЈ) на нашиот ,,Град – херој“, свечено му беше доделен ,,Орденот и Повелбата Народен херој“, што секако ни прави голема чест, воедно, нас прилепчаните не прави, особено горди на своето славно минато.
54
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
На кррајот да поттенцирам дека грбот на н Прилеп, содржи поовеќе елементи, каако: снопови и на сончеви зраци, Марковите М Куули, листови и од утун, но и трри апликации и на урни од д Могилата на н Непобеден ните. Тоа е уште у ту еден доказ деека овој спом меник на куллтурата, овој паметник, претставува п с свето место м на При илеп, градотт ,,Народен херој“, х кој покрај п тоа што ш е втиснаат на гр рбот, втиснаат е и во срцаата на сите негови н жителли.
Орден н ,,Народен херој“
Грб на Опш штина Прилееп
Јосип Броз-Тито во посета на ,,М Могилата“, 1967 1 г.
55
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Раководството на Р.Македонија во посета на ,,Могилата“, 1991 г.
Резиме: ,,Паркот на Револуцијата“ со ,,Алејата на Народните херои“, ,,Могилата на Непобедените“ и ,,Споменикот Жена-борец“ за Прилеп и прилепчани претставува свето место. Тука се раскажува богатата историја на градот херој, како дел од историјата на македонскиот народ. Овој објект ,,зборува“ за револуционерите, за борците кои се вградија себе си во темелите на својата татковина и го остварија сонот на многу македонски борбени генерации за слободна и независна Република Македонија. За нивниот влог, на Прилеп му е доделен орденот ,,Народен херој“, што е единствен град во Републиока Македонија, за што ние, прилепчани сме премногу горди. ,,Паркот на Револуцијата“, прекрасното дело на неповторливиот Богдан Богдановиќ ни остава аманет да ја чуваме скапо платената слобода со човечки жртви и да ги почитуваме истите. Тоа ќе го направиме со грижливо чување и одржување на ова значајно сведоштв за борбениот дух и пожртвуваноста на секој поединец во текот на Народноослободителната борба.
56
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Summary: "Park of the Revolution" with "Alley of National heroes", "Mound of Undefeated" and "Monument Women Fighter" for Prilep and its citizens is a sacred place. Here tells the rich history of the town hero, as the history of the Macedonian people. This facility "speaks" for the revolutionaries, fighters who laid the foundation themselves in their homeland and had the dream of many generations Macedonian fighter for free and independent Republic of Macedonia. For their investment, the city of Prilep has been awarded with the medal "National Hero", which is the only city in the country, for which we, the citizens of Prilep, are too proud. "Park of the Revolution" wonderful work of unique Bogdan Bogdanovic, leaves us pledge to keep expensively paid liberty with victims and to respect them. It will do this by carefully storing and maintaining this important testimony for the fighting spirit and sacrifice of every individual during the National Liberation Struggle.
57
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
58
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Проф. д-р Катерина МИРЧЕВСКА Проф. д-р Љубица ЈАНЧЕВА1 СКОПСКИОТ ЗЕМЈОТРЕС НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА ВЕСНИКОТ „НОВА МАКЕДОНИЈА“: ПОМОШТА ОД БИТОЛА ЗА СКОПЈЕ
Апстракт: Во статијата е елабориран севкупниот придонес на населението на Битола и Битолска околија во надминувањето на последиците од катастрофалниот земјотрес во Скопје од 26 јули 1963 година, базиран врз податоци објавени во весникот Нова Македонија. Клучни зборови: земјотрес, Битола, Битолска околија, помош.
Катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во раните утрински часови на 26 јули 1963 година, во целост го нарушил секојдневното пулсирање на градот што истовремено директно се рефлектирало и врз севкупните состојби во Социјалистичка Република Македонија (СРМ). Имено, големиот број човечки жртви и речиси целосно разурнатиот станбен и особено деловен простор на Скопје, каде се креирала и реализирала севкупната политичка, општествено – економска, стопанска и културна дејност на републиката, довеле до замирање на нивното нормално функционирање односно до пренасочување на сите расположливи потенцијали во СРМ кон отстранувањето на материјалните последици, обновата на Скопје и нормализирањето на животот во главниот град. На веста за оваа природна стихија, целиот државен и републички политички врв на Социјалистичка Федеративна Народна Република Југославија (СФРЈ) се мобилизирал кон темелни подготовки за итно организирање на сите неопходни мерки за отстранување на последиците од земјотресот. Во оваа комплексна задача всушност примарна била помошта во лекови, крвна плазма, медицински персонал, храна, облека, која започнувајќи од 27 јуни, секојдневно пристигнувала од сите југословенски републики, од 82 земји од светот, но и од поединци и бројни невладини организации.2 Во укажувањето прва помош, која најпрво пристигнала од градовите во СРМ, се вклучила и Битола.
1 2
научни советници во ЈНУ ИНИ – Скопје. Скопје, 1963-1983, Собрание на Град Скопје, 1983, 230-231. 59
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Имено, градската управа, на Битола, непосредно по земјотресот, презела итни мерки за испраќање помош во Скопје. Со оглед на приоритетноста од медицинска помош, за само неколку денови, поточно до 31 јули, од Битола во Скопје пристигнале 40 лекари и лекарски помошници и два фрижидери со по 130 литри крвна плазма.3 Уште на 27 август, во дворот на Општата болница во Битола, околу 3000 граѓани дарувале крв за настраданите, додека повеќе илјади Битолчани биле подготвени веднаш да заминат кон Скопје и да укажат прва помош на градот.4 Во истиот период, градот обезбедил и испратил и две цистерни со 6000 литри вода за пиење, еден камион со шишиња кисела вода, 30 инженери и техничари, 30 електромонтери, 10 автобуси итн.5 Освен тоа, заради задоволување на потребите од основните прехранбени продукти, парната пекарница во Битола, испратила 10 000 килограми леб, а други претпријатија од градот 4170 килограми млеко во прав, тон путер, 5 тони бисквити и други прехранбени артикли. До 31 јули, во Скопје пристигнале дополнителни 20 000 килограми леб, уште 5 тони бисквити и 18 000 конзерви. Освен тоа, за потребите околу расчистување на урнатините, Битола обезбедила 10 камиони, багер и булдожер, кои ги испратила во Скопје.6 Особено голем придонес во надминувањето на последиците, Битола имала во згрижувањето на настраданото население. Меѓу први, во Битола биле прифатени болните од ортопедската, очната и забната клиника во Скопје од кои 70 биле сместени во специјалната болница за ТБЦ и 45 пациенти во општата болница.7 Истовремено, биле отворени групни прифатни центи во градот како и приватните домови на Битолчани кои великодушно отстапиле дел од својот приватен станбен простор за привремено вдомување на евакуираното население од Скопје чии домови биле разурнати во земјотресот. Евакуираните лица биле пречекувани и прифаќани на самата железничка станица во Битола, од каде потоа биле сместувани во прифатните центри или во приватните куќи. Заради задоволување на основните потреби на настраданите, продавниците за храна и угостителските објекти во градот нуделе услуги и во текот на вечерните и доцните ноќни часови.8 За само десетина дена, во прифатните пунктови лоцирани во интернатот на Земјоделското училиште, Интернатот за женска младина, интернатот на Електро-машинскиот училишен центар и други,9 биле сместени 2134 лица претежно жени и деца, како и 2300 лица, згрижени во домовите на нивните роднини и пријатели.10 Со оглед на тоа што на Нова Македонија, 1 август 1963, 4. Исто, 29 август 1963, 5. 5 Исто, 1 август 1963, 4. 6 Истото. 7 Истото. 8 Истото. 9 Истото. 10 Нова Македонија, 4 август 1963, 4. 3 4
60
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
железничката станица во Битола, секојдневно пристигнувале просечно 5-6 возови од Скопје, бројот на настраданото население во градот продолжил да се зголемува11 и во првите денови на месец август изнесувал над 6 000 евакуирани лица,12 сместени во прифатните центри, кај роднини и пријатели, но и кај сосема непознати лица.13 Освен тоа кон Битола биле упатени и повеќе од 8000 настрадани Скопјани, на кои градската управа им обезбедила превоз до Охрид, Ресен, Струга, Кичево и други населени места, каде биле сместени. На овие лица, во Битола им била обезбедена прва помош, како и помош во храна и облека.14 Така, до 13 август, во пет пунктови за исхрана во градот, се хранеле околу 4000 лица.15 Во општинските комиси за прифаќање, сместување, исхрана и здравствена заштита на настраданите биле ангажирани повеќе од 700 членови на општествените организации од градот. Некои Битолчани примиле и по девет лица во своите домови, сите членови на автомото друштвото „Ѓорѓи Наумов“ на апелот од Околискиот Штаб за борба против елементарни непогоди, ги ставиле на располагање своите приватни возила за потребите на евакуираното население, додека сите Битолчани кои биле на летување во одмаралиштата на Преспанско езеро го прекинале летниот одмор и ги отстапиле камповите за сместување на настраданите.16 Според податоците на Околискиот Штаб, до 7 август 1963 година, во Битолска околија, поточно во градовите Битола, Прилеп, Крушево и во населените места Бистрица, Дихово, Кукуречани и други, биле евакуирани и згрижени повеќе од 12 000 Скопјани.17 Со оглед на исполнетоста на капацитетот на прифатните пунктови, лоцирани во ученичките домови и интернати, во пресрет на започнувањето на новата учебна година, се поставило прашањето за згрижување на настраданото население.18 Имено, според информациите од Градскиот штаб за борба против елементарни непогоди на Скопје, до 1 август биле евакуирани вкупно 7054 деца во останатите градови во СРМ, со цел да се оттргнат и заштитат од траумите заради загубата на најблиските и домот, но и со цел да им се овозможат нормални услови за живот.19 Од вкупниот број евакуирани деца, до крајот на месец јули во Битола биле згрижени 1816, додека на 1 август во градот пристигнала нова група од 204 деца, сместена во детското одмаралиште на планината Пелистер, со што бројот на децата од Скопје сместени во Битола се зголемил на 1850.20 Исто, 1 август 1963, 4. Исто, 29 август 1963, 5. 13 Истото. 14 Истото. 15 Истото. 16 Истото. 17 Нова Македонија, 7 август 1963, 6. 18 Исто, 4 август 1963, 4. 19 Исто, 1 август 1963, 3. 20 Исто, 1 август 1963, 3; 2 август 1963, 4. 11 12
61
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Наближувањето на почетокот на новата учебна година, го актуелизирала прашањето за вклучување на овие деца во образовните институции. Така, Општинските штабови во координација со Околискиот штаб за борба против елементарни непогоди, веќе во почетокот на месец август ги разгледувале можностите на овие деца да им се обезбеди нормално следење на наставата.21 Во Битола, за учениците од Скопје не биле отворени посебни паралелки во училиштата. Тие биле распределувани во постоечките одделенија заедно со битолските деца, бидејќи се сметало дека дружбата со новите соученици и врсници ќе придонесе полесно да ја надминат преживеаната трагедија. За разлика од претходната учебна година, кога во градот биле евидентирани 600 ученици, во учебната 1963/1964 година, нивниот број се зголемил на вкупно 12749 ученици. За рекордно кратко време, бил обезбеден соодветен наставен кадар и доволен школски простор за нормално одвивање на наставата.22 Тоа било резултат на големото внимание што градските просветни власти го посветиле на решавањето на ова прашање во услови кога интернатите па дури и училишните простории биле зафатени со евакуираните граѓани од Скопје. Имено, во некои од интернатите, дел од евакуираното население останало да престојува заедно со учениците.23 Заради опфаќање на зголемениот број младинци во наставниот процес, во сите средни училишта во Битола била воведена настава и во втора смена. Електромашинскиот училишен центар и Третата Учителска школа требало да бидат преориентирани во реална и во педагошка гимназија, врз основа на посебна одлука на Општинското собрание. Според планот, и во овие училишта наставата требало да се одвива во две смени бидејќи бројот на учениците се зголемил на 1420. Освен тоа, учениците од скопските стручни училишта биле прифатени во стопанските организации, додека Училиштето за ученици во стопанството примило извесен број вработени млади граѓани.24 Покрај големиот влог во укажувањето на приоритетната помош во луѓе, медикаменти и храна за надминување на последиците од земјотресот како и згрижувањето на евакуираното население, работните организации, претпријатијата, но и самите Битолчани, издвоиле материјални средства како помош за Скопје. Непосредно по земјотресот, речиси сите претпријатија во градот одделиле средства во износ на неколкудневна заработувачка како помош за настраданите. Така, претпријатието за обработка на тутун издвоило 6 милиони динари, стопанството „Нов Живот“ милион динари, печатницата „Киро Дандаро“ својата тридневна заработувачка, додека од личните прилози
Исто, 7 август 1963, 6. Исто, 14 септември 1963, 4. 23 Истото. 24 Истото. 21 22
62
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
на вработените до почетокот на август биле собрани 2,5 милиони динари како помош. 25 До крајот на август, 67 работни организации од Битола донеле решение за доделување парична помош за Скопје, и издвоиле 62 милиони динари за таа намена од своите колективни и од личните фондови на работниците. Со оглед на фактот, што акцијата сеуште се одвивала, а во Битола работеле повеќе од 120 големи работни организации, се очекувало, во следниот период оваа сума значително да се зголеми. Имено, меѓу претпријатијата кои веќе донеле одлуки за давање парична помош се вброиле: Претпријатието за обработка на тутун – 7 милиони динари; претпријатието „Фрижидерка“ – 6,7 милиони динари кое решило да додели и три стипендии за деца што останале без родители; претпријатието „Прехрана“ – 5,6 милиони динари; Регионалната стопанска комора – 4 милиони динари; Железничкото транспортно претпријатие – 3 милиони динари; Општата болница – 2,9 милиони динари; претпријатието „Авторемонт“ – 2,5 милиони динари; Претпријатието за заштита од I и II ред – 2,2 милиони динари; Индустријата за кожи – 2 милиони динари и Управата за пазаришта – милион динари.26 Вкупната помош за Скопје до 31 август изнесувала 9.760.361.314 динари од земјата и од странство. Во СР Македонија, само во Битолска околија биле собрани 98.803 648 динари - од стопански организации 64.592.070 динари, од државни органи и институции 26.677.654 динари, од општествени организации 5.47.213 динари, од приватни лица 1.912.236 динари и од други извори 149 475 динари.27 На состанок на Извршниот одбор на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија во Битола, на кој се дискутирало за распишаниот народен заем за изградба и обнова на Скопје, било истакнато дека до средината на месец септември, од Битолска околија биле собрани и издвоени 172 милиони динари како и други 99 милиони динари помош за Скопје. Тоа се сметало како гаранција дека и при запишувањето на народниот заем, од оваа околија ќе бидат собрани значителни средства. За таа цел, веќе биле формирани Околиска и неколку општински комисии и одбори, со задача да организираат посебни собири на граѓаните на кои ќе бидат запознаени со народниот заем.28 Воочи запишувањето на народниот заем, што требало да започне да се реализира на 25 септември, била спроведена обемна општествена и политичка активност, се одржале и голем број, семинари, други собири и состаноци на формираните за таа цел комисии и 753 поткомиси.29 Нова Македонија, 2 август 1963, 4. Исто, 29 август 1963, 8. 27 Исто, 12 септември 1963, 7. 28 Исто, 14 септември 1963, 1. 29 Исто, 25 септември 1963, 2. 25 26
63
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Особено забележлив одзив за запишување на поголеми износи во народниот заем, пројавило земјоделското население во околијата. Така, колективот на земјоделското стопанство „Пелагонија“ во Логоварди и колективот на рудникот „Жван“ во Демир Хисар решиле да уплатат едномесечна заработувачка за таа цел. Во Диховска општина 27 жители од селото Рамна биле подготвени да уплатат средства во износ од 500 000 динари, 26 жители од село Доленци 650 000 динари, 47 жители од село Нижо Поле 750 000 динари, 25 жители од село Маловишта 200 000 динари, 25 жители од село Градин Дол 400 000 динари. Освен тоа, одредени индивидуални земјоделските производители најавиле уплата од 30 000 и 50 000 динари за народниот заем.30 На 24 септември и битолските студенти решиле да запишат едномесечна стипендија за таа намена.31 На 25 септември, според податоците од Околиската комисија за заем и Народната банка во Битола, само на првиот ден од запишувањето народен заем, 7700 граѓани од Битолска околија запишале 150 милиони динари, а колективите 147,5 милиони динари народен заем. Најголеми суми за оваа намена издвоиле Тутунскиот комбинат во Прилеп, 140 милиони динари и битолското претпријатие за тутун, 5 милиони динари. Според бројот на запишаните граѓани, најбројни биле Битолчани, со 3931 граѓанин и 66,8 милиони динари запишани средства, потоа Прилепчани, односно 2193 граѓани од Прилеп со 15 милион динари, Крушево со 7,7 милиони динари, Кривогаштани со 5,4 милиони динари, општина Дихово со 4 милион динари, Бистрица и Демир Хисар со по 3,6 милиони динари. Освен тоа забележани биле и многу високи износи од граѓани поединци со износ од по 100, па дури и 200 000 динари.32 Според податоци од Републичката комисија за запишување народен заем за обнова и изградба на Скопје, на 25 септември, од вкупно 51 583 претпријатија и лица со запишани 929 345.000 динари народен заем, од битолска околија учествувале 7477 запишани со сума во износ од 131 933.000 динари.33 До почетокот на октомври, според податоци од Околиската комисија за народен заем, во Битолска околија заемот се зголемил на повеќе од 620 милиони динари, од кои 186,5 милиони динари доаѓале од фондовите на работните организации.34 Републичкиот одбор за помош и обнова на Скопје, распределил дел од собраните средства во сите околии во СРМ за задоволување на потребите на евакуираното население. До 15 октомври, Околиското собрание на Битола добило вкупно 76 294 000 динари за таа намена, односно 9 милиони динари Нова Македонија, 22 септември 1963, 3. Исто, 25 септември 1963, 2. 32 Исто, 26 септември 1963, 3. 33 Исто, 27 септември 1963, 1. 34 Исто, 2 октомври 1963, 2. 30 31
64
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
во парични средства и 67 294 000 динари како материјална помош. Помошта добиена во прехранбени артикли се проценувала на 39 214 000 динари, додека останатата материјална помош на 28 080 000 динари. Помошта дадена во ќебиња и постелнина била проценета на 3 701 000. динари, додека останатата помош во облека, прибор за домаќинство, техника и сл., во вредност од 24 380 000 динари. Само за потребите на евакуираното население во градот Битола, биле издвоени 48 600 000 динари од кои 5 милиони динари во пари, 16,5 милиони во прехранбени артикли, 550 ќебиња, 100 чаршави и 23,3 милиони динари други призводи.35 Значајна помош, населението од Битола укажало и во надминувањето на материјалните последици од земјотресот во Скопје, каде, уште првиот ден од несреќата, покрај храна, лекови и крв, пристигнале и првите спасувачки, лекарски и технички екипи од градот.36 Во почетокот на август, биле формирани две младински бригади, а група од 40 битолски студенти подготвено очекувала да замине во Скопје и да учествува во расчистувањето на урнатините од универзитетските објекти.37 Заради големата потреба од градежни работници во големиот државен проект за обнова и изградба на Скопје, Центарот за стручно образование при Заводот за вработување од Битола, организирал курсеви за оспособување работници во занимањата за кои се чувствувала најприоритетна потреба. Тоа всушност била заедничка акција на општествено-политичките организации, градежните и занаетчиско-услужните претпријатија во градот, која имала задача да овозможи практична работа на градежните објекти и во колективите, но и да ги обезбеди материјалите, неопходни за одржување на курсевите.38 За таа цел, Центарот објавил јавен повик за курсисти преку Радио Битола, на кој за оспособување во градежништвото се јавиле околу 450 лица од кои 138 за ѕидари, 76 за дрводелци, 52 за армирачи, 50 за паркетари, 40 за управување со градежни машини, 34 за молери итн. Курсевите требало да започнат во текот на септември и да траат четири месеци. Според плановите, истовремено требало да се одвиваат уште два курса, во Демир-Хисар и Смилево на кои се очекувало да се доквалификуваат околу 200 работници кои веќе имале стекнато искуство во градежништвото.39 Покрај нив, во обновата и изградбата на Скопје, учествувале и голем број младински работни бригади од цела НРМ, меѓу кои две од Битолска околија. Така, младинците од битолските работни бригади „Стив Наумов“ и “Елпида Караманди“, претставувале дел од 500 - те младинци што обединети во 9 работни бригади, престојувале во населбата Тафталиџе,40 а бигадата „Елпида Караманди“ се вброила во редот на наградените за својата работа од Исто, 4 октомври 1963, 5. Исто, 29 август 1963, 5. 37 Исто, 4 август 1963, 4. 38 Исто, 3 септември 1963, 4. 39 Истото. 40 Нова Македонија, 18 ноември 1963, 4. 35 36
65
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
страна на Штабот, одговорен за населбата.41 На 9 јануари 1964 година, тие се вратиле во Битола и биле пречекани од претседателите на општинскиот и на околискиот комитет на организацијата Сојуз на социјалистичка младина. За своите заслуги бригадата „Стив Наумов“ од претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито била одликувана и со Орден „Братство - Единство со сребрен венец“, со диплома на Народноослободителниот младински сојуз на Македонија, а двете бригади биле прогласени за ударни.42 И не само на младинските бригади, туку севкупниот влог на жителите на Битола и на цела Битолска околија, во надминувањето на последиците од катастрофалниот земјотрес, преставуваат значаен сегмент во големиот државен проект за обнова и изградба на ново Скопје, како град на солидарноста не само на граѓаните на поранешна Југославија туку и пошироко.
41 42
Истото. Нова Македонија, 10 јануари 1964, 9. 66
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Стојанче КОСТОВ,1 ФОЛКЛОРНИОТ ФЕСТИВАЛ ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ НИЗ ВИДЕАТА НА АМЕРИКАНСКИОТ ФОЛКЛОРИСТ РОБЕРТ ХЕНРИ ЛИБМАН2 Апстракт: Фолклорните фестивали и манифестации заземаат значајно место во културниот и во сценско-уметничкиот живот во Македонија. Тие претставуваат можност за презентирање на вокалната, на инструменталната и на орската традиција од најразлични игроорни групи и фолклорни ансамбли од руралните средини, како и културно-уметнички друштва од поголемите градски центри кои негуваат репертоар на традиционална музика и игра, но и стилизирини вокални, инструментални и орски содржини. Видеата како еден релевантен материјал служат за детално анализирање на фестивалите од повеќе аспекти, а во овој случај тоа ќе бидат видеозаписите на Роберт Хенри Либман од фестивалот Илинденски денови одржан во 1971 година во Битола. Клучни зборови: фолклор, видеозаписи, сценска презентација, фолклорни групи, етнокореолошки аспект. Како еден од најреномираните и најрепрезентативните фестивали кои до денес се одржуваат во Македонија, Републичкиот фестивал за народни песни и игри Илинденски денови – Битола претставува извор за проучување на сценското презентирање на фолклорот. Овој Фестивал за првпат се одржа во 1970 година во периодот од 28 до 2 август, а во 1973 година прерасна во Установа за народна култура Илинденски денови – Битола. Овој Фестивал привлекувал големо внимение од домашните истражувачи од областа на етнокореологијата како Михаило Димоски, од областа на етномузикиологијата Александар Линин, Боривоје Џимревски, Ѓорѓи Ѓорѓиев. Освен за домашните, овој Фестивал бил мошне интересен и за странските истражувачи, а еден од нив е американскиот фолклорист-ентузијаст Роберт Хенри Либман кој голем дел од својот живот го посветил на истражувањето на народните ора на фестивалите и во руралните средини во Македонија и на Балканот. Видеоматеријалите како резултат на визуелниот метод, кои содржат значајни податоци за орската традиција во минатото, претставуваат Стојанче Костов, магистер по етнокореологија, Институт за фолклор „Марко Цепенков“, Скопје, ул. „Рузвелтова“, бр. 3, 1000 Скопје, ул. „Добромир Хрс“, бр. 40, 1000 Скопје, stole_kostov88@yahoo.com 2 Темата на овој труд е извадок од магистерски труд со наслов Етнокореолошката заоставштина на Роберт Хенри Либман одбранета на 22.12.2015 година на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. 1
67
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
најрелевантен документиран материјал за етнокореолошката наука. Преку видеоматеријалите најпрецизно може да се набљудуваат сите аспекти на орската традиција во некоја рурална средина, но и на фолклорните фестивали. Пред да започнеме со прегледот треба да се напомни дека обемниот емпириски материјал на американскиот фолклорист Роберт Хенри Либман содржи четири ДВД ЦД со видеозаписи снимени со камера и пренесени во дигитална форма од самиот автор на видеата. Секое ЦД носи наслов Bob’s Macedonian Super – 8, назначени со бројки од 1 до 4. Податоците на кои ќе биде направен преглед произлегуваат од записите на фолклористот Либман, односно негов личен индекс на видеа кој тој го креирал во компјутерската програма Мајкрософт ексел. Во овие негови индекси на видеа запазени се просторот и времето, како и учесниците на видеото. За записите кои се однесуваат на Републичкиот фестивал за народни игри и песни Илинденски денови карактеристично е што содржината на поголемиот број на видеозаписи е детално опишана според негов сопствен начин, додека за помал број од видеозаписите содржината е непотполна. Комплетниот емпириски материјал на американскиот фолклорист Роберт Хенри Либман е депониран во Архивот на Одделот за етнокореологија во Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Во конкретниов случај ќе бидат анализирани видеозаписи кои сведочат за почетоците на фестивалот Илинденски денови, особено од неговото второ издание во 1971 година. Ваквиот емпириски видеоматеријал е од исклучително значење, пред сѐ, за македонската етнокореологија, но исто така и за етномузикологијата и за етнологијата. Овојпат ќе се осврнеме на видеозаписите исклучиво од етнокореолошки аспект при што ќе се согледаат различните фолклорни групи, како и нивниот игроорен репертоар кој го презентираат. Треба да се напомни дека редоследот на прегледот на видеата не кореспондира со официјалната програма на Фестивалот во 1971 година. Редоследот на прегледот на видеозаписите е според местото на кое се наоѓаат во дисковите. Прегледот на игроорните групи кои настапуваат на Фестивалот во 1971 година го започнуваме со Културно-уметничкото друштво Јосиф Јосифовски од Гевгелија. Членовите на ова културно-уметничко друштво ги презентираат русалиските ора Капидан Аваси, Влашкото оро, Тодоро оро (се работи за орото Тодоро биро капидан) со инструментална придружба на зурла и на тапан. Овие русалиски ора се типични машки ора кои во традицијата имаат обреден карактер поради временскиот период кога тие се изведуваат (од Божиќ до Водици). Според авторите кои ги опсервираат русалиските групи и нивните ора се забележува голема разновидност во контекст на репертоарот (Јаневски, 2013: 59). Репертоарот бил голем и разновиден, но најкарактеристични ора се: Злата, Гајда аваси, Карајусуф аваси, Тодоро биро капидан, Капитан аваси, Крмази фустан (црвен фустан) и Али коч (Димовски, 1974: 117-119). Според записите на Илија Алушевски, 68
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
КУД Јосиф Јосифовски е постојан учесник на фестивалот Илинденски денови поради што на дваесетгодишнот јубилеј на Фестивалот тие настапуваат со сплет од ора и песни од Егејскиот Дел на Македонија (Алушевски, 1990: 183). Во 1971 година регистрирана е група која потекнува од етничкиот предел Радовишко Поле. Станува збор за фолклорната група од селото Габревци, каде што можат да се проследат неколку соборски ора кои се изведуваат со инструментална придружба на гајда и на тапан. Орото Кукуригу петле го изведуваат мажи и жени, потоа орото Маца вода лила, кое е типично женско оро каде што девојките во текот на целото оро носат стомни на главата. За ова оро во индексот за видеа на Либман називот е непознат, но според пишаните извори и теренските материјали кои се достапни може да се види дека станува збор за орото Маца вода лила. Понатаму на видеозаписот можат да се проследат машкото оро Тоска, женското оро Чачак, орото Циганчица кое го играат мажи и жени мешано. На видеото, исто така, може да се увиди дека мажите играат оро од тип на Крстач, што не е заведено кај авторот на видеата. Интересно е да се напомни дека ова оро, според теренските истражувања и според литературните извори, е застапено во еден поширок ареал во Источното игроорно подрачје. Може да се сретне и уште како Крстач, а се сретнува како назив и Штипски крстач или Штипско крстачко што се игра во околината на градот Штип. Фолклорната група од селото Годивје, Дебарца е наредната група евидентирана на фестивалот Илинденски денови во Битола. Членовите на фолклорната група настапуваат со неколку соборски ора карактеристични за етничкиот предел Дебарца. Станува збор за орото Лесното кое го играат мажи фатени за рамо, кое е заведено уште и како Правото, а исто така забележано е и орото Четворка, описно објаснето од авторот на видеата. Во понатамошниот преглед на материјалите доаѓаме до фолклорна група од селото Слепче, од етничкиот предел Железник. На овој видеозапис се забележуваат неколку соборски ора кои ги изведуваат мешано мажи и жени, како и ора кои мажите и жените ги изведуваат посебно. Оро кое е со мешовит играчки состав е орото Лесното, додека оро кое го играат само жени е орото Невестинско. Како машки ора презентирани од фолклорната група од селото Слепче се орото Тешкото и орото Беранче. Споменативе ора игроорците ги изведуваат во придружба на гајда и на тапан. Како наредна фолклорна група која е регистрирана е Културно-уметничкото друштво од Прилеп. Во индексот на видеа на Либман се дава опис дека оваа игроорна група носи носија од Мариово. На видеозаписот се регистрирани неколку соборски ора и тоа орото Беранче и орото Буфчанско, кои ги изведуваат жени. Според Димоски ова оро потекнува од Битолско, а го играат само жени. Држењето на игроорците е за раце свиени во лактите, а кога станува збор за карактерот на орото Димоски вели дека орото се одликува со умерено-брзо темпо со постепено забрзување и се игра на полустапала со мало балансирање на телото (Димоски, 1977: 56). Исто така се
69
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
забележува уште едно женско оро кое авторот на видеата Либман го дефинира како Женско крстено или Пуштено. Албанците кои живеат во Македонија будат особен интерес кај Либман, па затоа на фестивалот Илинденски денови тој регистрира албанска фолклорна група од градот Тетово, етнички предел Долни Полог. На видеото се застапени албанските ора Калач, каде што во одреден момент изведуваат соло игра поставени во отворен круг со инструментална придружба на зурли и на тапан, а Либман особено го истакнува моментот кога ороводецот се качува на тапан. Прикажано е и орото Чупурлика кое го изведуваат мажи и жени заедно. Во последниот дел од ова видео запишано е дека се изведува тип на чочек кој го играат жени на зурла и на тапан. На Фестивалот во Битола учествува уште една албанска фолклорна група чиј настап е снимен од американскиот фолклорист. Се работи за Фолклорната група Лиман Каба која потекнува од Дебар, од етничкиот предел Дебарско Поле. Според записите дадени во индексите за видеа презентирани се ората Беранче и орото Шота кое го изведуваат двајца мажи во игра во парови со инструментална придружба на зурли и на тапан. Прегледот на видеата го продолжуваме со настапот на фолклорна група од Штип, етнички предел Овче Полe, чиј назив е непознат. Оваа група на Фестивалот презентира неколку ора кои кај Либман се заведени како машки ора, и тоа Крстачко и Комитско. Последното оро кое е регистрирано авторот го запишува како Старо тешко (Тиквешко), што може да биде предмет на подетална анализа. Во понатамошниот дел од текстот ќе се изнесат податоци за три фолклорни групи. Првата од нив е фолклорната група од Крива Паланка за која американскиот фолклорист не оставил конкретни информации. На видеозаписот може да се види изведба на оро од типот Тројка, според структурата на игроорниот образец, кое го играат мажи и жени фатени за појас. Главна карактеристика на орската традиција се називите на ората да се добиваат по бројот на стапките на изведување, како на пример: Тројка, Четворка, Шестица, Осмица итн. (Јаневски, 2013: 67). Според овој податок можеме само да претпоставиме дека се работи за орото Тројка, но не можеме со сигурност да потврдиме, па затоа орото кое е забележано на видеозаписот е подложно на подетално истражување и анализа. Пред да продолжиме со прегледот на наредниот видеозапис треба да се напомни дека снимениот видеоматеријал е со многу слаб квалитет, па приморани сме да се потпреме на записите на авторот на видеата. Описот го продолжуваме со следната игроорна група за која е направен видеозапис, а тоа е Фолклорната група од Егејска Македонија, како што е заведена кај Либман. Може да се види дека се работи за фолклорна група од Костурско и фолклорна група од Воденско, кои на Фестивалот во Битола настапуваат како посебни групи. Костурската фолклорна група која е составена од жени изведува ороводна песна Мори одао шарена, а игроорниот образец е од типот на Лесното. Понатаму следува машката игроорна група од Воденско која го 70
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
изведува орото Машкото, каде што во првиот дел играат индивидуално, а кога орото се забрзува се фаќаат за рака. Јаневски за ората од овој етнички предел истакнува дека во истражувањата кои се вршени во последниве дваесет години собрани се повеќе податоци. За овој предел познати ора се: Кривото, Машкото, Патрунино, Саракинското, Зборското, Донкино, Сулејмановото, Буките, Пуседница итн. (Јаневски, 2013: 61). Во понатамошниот дел на видеозаписот и според записите на Либман следува орото Левото кое го изведува женската игроорна група од Костурско. За ова оро во литературата наоѓаме податоци од етнокореологот Јаневски кој истакнува дека орото Левото само по себе е доста интересно поради фактот што во еден момент орото се игра во лево, односно во обратна насока на движење во однос на сите други ора во Македонија (Јаневски, 2013: 63). Правецот на движење во лево се применува и кај жените од Костурско во текот на нивниот настап на Фестивалот во Битола. Бајрачето е следното оро кое е регистрирано со видеозапис каде што во одреден дел на орото се сретнува и се игра во парови, поточно на знак на ороводецот играчите во парови се одделуваат и продолжуваат да играат во парови (Јаневски, 2013: 63). Мажите од Воденско го изведуваат орото Станкино каде што се држат за рака и во одреден дел орото се забрзува. На крајот мажите го играат орото Кривото, кое е карактеристично за етничкиот предел Воденско. Инструменталната придружба на сите претходно споменати ора е непозната и не може со сигурност да се утврди бидејќи авторот овој податок не го заведува. Во процесот на анализа на видеото е невозможно да се дефинира оркестарот поради тоа што видеото е без звук. На последното видео кое е регистрирано од американскиот фолклорист Либман се наоѓа фолклорна група од Скопје која настапува на Фолклорниот фестивал Илинденски денови во Битола. Потеклото на фолклорната група не е потврдено од авторот, а не е потврдена ни годината на одржување. Во овој случај се работи за орото Грбач кое го изведуваат мажи, кои се држат за рамо, а во одреден момент од орото го играат со пуштени раце, но ја задржуваат формата на отворен круг. Освен овие видеозаписи, значајно е да се напомни дека постојат и литературни извори кои сведочат за почетоците и за развитокот на споменатиов Фестивал. Еден од првите автори кои пишуваат за Фестивалот е етномузикологот Ѓорѓи Ѓорѓиев со неговиот текст Републичкиот фестивал за народни песни и игри Илинденски денови – патоказ за фолклорните групи и културно-уметничките друштва во Македонија издаден во 1974 година во списанието на Институтот за фолклор (Ѓорѓиев, 1974: 243). Во форма на извештај тој се осврнува на Фестивалот одржан во 1973 година каде што потенцира дека Фестивалот со својата функционалност го оправдува своето постоење како патоказ за сите изведувачи кои во иднина ќе го презентираат и ќе го афирмираат македонскиот фолклор. Уште еден етномузиколог кој директно учествувал во стручната жири-комисија во почетоците на Фестивалот е и Боривоје Џимревски. Неговиот текст Фестивал на народни 71
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
песни и игри Илинденски денови – 1974 во Битола говори за учесниците, односно за фолклорните групи кои учествуваат таа година на Фестивалот, за добитниците на награди и на признанија, како и за одредени недостатоци во однос на застапеноста на народниот музички инструментариум на Фестивалот (Џимревски, 1974: 308). За дваесетгодишниот јубилеј на Фестивалот, авторот Илија Алушевски пишува за успешноста и за континуитетот на одржување на Републичкиот фестивал на народни игри и песни Илинденски денови, како и за учесниците и наградените. Исто така тој прави кратка ретроспектива на изминатите години каде што забележува дека Фестивалот го посетиле преку 1 600 000 гледачи (Алушевски, 1990: 184). Значајно е да се напомни дека Републичкиот фестивал на народни песни и игри Илинденски денови – Битола во 2015 година го прослави својот 45годишен јубилеј, а во последните години добива статус и на меѓународен фестивал. На крајот може да се заклучи дека видеозаписите од Републичкиот фестивал за народни песни и игри Илинденски денови се од големо значење поради фактот што недостасуваат видеозаписи од споменатиов Фестивал преку кои може да се анализира сценската презентација на фолклорот од повеќе аспекти. Американскиот фолклорист Роберт Хенри Либман со неговиот ентузијазам успеал преку видеозаписите да евидентира дел од сценските настапи на игроорните групи. Со ова тој ги задолжува сите истражувачи на фолклорот да ги анализираат и да ги проучуваат видеоматеријалите кои се од непроценливо значење за македонската традиционална култура. Библиографија: Алушевски, Илија, (1990). Дваесетгодишен јубилеен фестивал на народни игри и песни ,,Илинденски денови“ – Битола ’90 симбол на двата Илиндена, Македонски фолклор, XXIII/46, Скопје, 1990, стр.183-184. Димоски, Михаило, (1974). Орската традиција во село Ињево (Радовишко), МФ, број 4, Скопје. Димоски, Михаило, (1977). Македонски народни ора: од репертоарот на ансамблот за народни песни и игри „ТАНЕЦ“- Скопје, Наша книга, Институт за фолклор (орска народна традиција кн. 2). Јаневски, Владимир, (2013). Етнокореолошки карактеристики на македонските народни ора (по избрани примери), Институт за фолклор, Скопје. Ѓорѓиев, Ѓорѓи, (1974). Републичкиот фестивал за народни песни и игри ,,Илинденски денови” – патоказ за фолклорните групи и културноуметничките друштва од Македонија, Македонски фолклор, VII/13, Скопје, стр. 243-244. Џимревски, Боривоје, (1974). Фестивал за народни песни и игри ,,Илинденски денови” – 1974 година во Битола, Македонски фолклор, VII/14, Скопје, стр. 308. 72
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Summary
The Ilindenski denovi folklore festival throughout the videos of the American folklorist Robert Henry Leibman The Folklore Festivals and events occupy an important place in the cultural and artistic life in Macedonia. These events are a great opportunity to present vocal, instrumental and dance tradition by various dance groups and folk ensembles from rural areas and cultural associations of the major urban centers. The festivals are a place were different repertoire of traditional music and dance and stylized folk dance can be presented. Videos are a relevant materiljal, used for detailed analysis of festivals in many ways, and in this case it will be videos of Robert Henry Liebman of Ilinden Days festival held in 1971 in Bitola.
73
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
74
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Мери СТОЈАНОВА,1 ОБРЕДЕН ЦИКЛУС НА ПРАЗНУВАЊЕ ЗА ЃУРЃОВДЕН ВО ПРЕСПА Абстракт Според својата распространестост на територијата на Преспа можеме да кажеме дека празнувањето на Ѓурѓовден е широко прифатенo во обредната пракса на локалното население, и тоа не само како семејна туку и како селска слава. Оваа појава, укажува на неговата длабока вкоренетост во локалната традиција на населението од овој предел. Земајќи го во предвид фактот дека кога зборуваме за народната традиција воопшто, зборуваме за еден отворен и пред сé динамичен систем, сосема е јасно дека во текот на одреден временски период и овој обреден циклус како и многу други, претрпел свои трансформации. При тоа дошло до појава, прифаќање, трансформација или пак отфрлање на поедини обредни елементи, за што ќе стане збор во понатамошниот дел од трудот. Клучни зборови: Преспа, Ѓурѓовден, св. Ѓорѓи, обред. Празникот Ѓурѓовден е еден од најраспространетите празници со исклучително богата обредна пракса, кој е застапен не само на територијата на Македонија, туку и воопшто во поширокиот балкански културен ареал. Мноштвото на елементи присутни во овој обреден циклус укажуваат на длабоките врски со претхристијанските верувања на населението, кои нашле свое место и во подоцнежниот период на прифаќање на христијанството. Транскрипцијата на мноштво атрибути од претхристијанските хтонски божества на св. Ѓорѓи како нивен христијански пандан, придонел во значителна мера за ширењето на култот на овој христијански светител. Распростаранетоста и прифатеноста на овој обреден циклус се должи и на неговиот аграрно - стопански карактер и симболиката која тој ја поседува. Со Ѓурѓовден се означува почетокот на пролетните празнувања и воедно тој го означува и почетокот на плодородното полугодие од годината. Со него започнуваат најголемите земјоделски и сточарски активности. Го означува будењето на бегетацијата и будењето на природата воопшто. На овој ден се „главуваат“ момоци, овчари, говедари, се одредуваат селските пољаци и водари2. Затоа кај населението широко е распространета изреката д-р Мери Стојанова, виш кустос, НУ „Завод и музеј“ – Битола, ул. Климент Охридски, бб, 7000 Битола, e-mail: etno_m@yahoo.com 2 Сопствени теренски истражувања, Преспа 2006, 2012; Јовановска Соња, „Обредната практика за време на славењето на Ѓурѓовден во с. Дебреште“, Balcanoslavica, бр. 30-31, Прилеп 2002, стр. 75 1
75
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
“од Ѓурѓовден до Митровден“, кога всушност според народниот календар и завршува стопанската година3. Целокупниот обреден циклус поврзан со ѓурѓовденските празнувања изобилува со активности и елементи кои имаат магиско - апотропејска функција. Нивната главна цел е да штитат, обезбедат здравје, среќа и плодност како кај луѓето така и кај животните и растенијата. Целокупниот обреден циклус на празнувања на Ѓурѓовден, кај населението во Преспа сé до крајот на 20тиот век, се одликува со мошне богата обредна пракса. Но, депопулацијата на селските заедници, осовременувањето на целокупниот начинот на живот и губењето на функциите на поедини обредни елементи, доведува до нивна постепена редукција, па во некои средини и речиси до комплетно напуштање на обредната пракса. Врз основа на теренските истражувања и информации може да се заклучи дека обредните активности во поголемиот број населени места во Преспа, поврзани со празнувањето на Ѓурѓовден започнувале уште на 4 мај и тоа со месење на „леб со маја”4. Подготовката на мајата, односно подготовката на обредниот леб започнувала со „попарвање“5 на мајата во посебен керамички сад кој се користел исклучиво за оваа намена, и кој се нарекувал „поте“. Бидејќи подготовката на лебот барала голема умешност и вештина оваа активност се извршувала од страна на најстариот женски член во семејството, мајката или свекрвата, односно од домаќинката. Со цел лебот да биде убав и да нарасне биле изведувани редица магиски дејствија. Така на пример пред да се попари мајата, во „потето“ се ставало малку ракија и од него се истурала во огнот, со цел да “се сили мајата како што се сили огнот”6. Исклучок од оваа обредна активност на подготовка на лебот имало само во случаи кога во поедино семејство, односно куќа, имало починат кој не навршил 40 дена од смртта. Во тој случај обредниот леб не се месел на 4 мај, туку се месел по навршувањето на четириесетте дена. Овој обичај бил во тесна врска со култот кон мртвите. Подготовката на обредната храна продолжувала и на 5ти мај кога се приготвувал обредниот ручек. За таа цел се приготвувале различни видови на „манџи“ или чорби како на пр. манџа со компири, грав со месо, спанаќ со месо, супа и др. слични јадења. Вечерта кога домовите биле посетувани од бројни гости речиси задолжително се приготвувала печена риба со запршка и матени јајца. Од благите јадења најчесто се подготвувало печиво познато и како „амајлија“, за Зоговиќ, Соња, “Општеството и народната култура на Македонија во раниот среден век”, Институт за старословенска култура - Прилеп, Прилеп, 2002 год.,стр. 192 4 Лебот со маја всушност претсвува обреден леб кој се подготвува само во посебни прилики, а во некои предели е познат и како наутлија, наутли погача и сл. 5 Ова всушност значи дека во претходно истолчениот наут кој се става во керамичкиот сад се додава топла вода и се остава да стаса. 6 Сопствени теренски истражувања, 2006 3
76
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
кое била потребна и поголема количина на ореви, или пак се подготвувале т. н. „ѓулој“. И двете јадења откако ќе се испечеле се потурале со шербет. Јајцето како симбол и почеток на сé, како симбол на препород и плодност7, како космогониски симбол застапен во мноштво култури во светот8 го нашло своето место и во овој обреден циклус. Традицијата на вапцување на црвени јајца која е присутна кај бројни народи и во бројни предели, сочинува еден значаен дел и од од обредот. Јајцето кое во велигденските ритуални активности има централно место симболизирајќи го процесот на постојано раѓање и обнова всушност претставува своевидна паралела помеѓу процесот на постојаното будење, обнова и/или повторно раѓање на природата и Христовото воскресение. Поради тие причини постои и една тесна врска помеѓу дел од активностите застапени во двата обредни циклуси. Тоа може да се забележи од употребата на првото вапцано велигденско јајаце кое на Ѓурѓовден се закопувало во нивите заради заштита од громови, но и од повторливоста на некои дејствија застапени во обредниот циклус на велигденските празнувања како на пример берење на билки, запотнување на куќите и др9. Ист е случајот и со вапцаното ѓурѓовденското јајце кое се вапцувало на 5ти мај. Се сметало дека тоа има голема апотропејска моќ па затоа утрото штом се разбуделе децата се „поминувале“ по лицето и се изговарала говорната формула „црвено, бело, дебело“10. Со оваа формула се алудирало на доброто здравје кое треба да ги служи децата во текот на целата година. Ден пред Ѓурѓовден се одвивало обредното берење на билки и тоа кукурек, вратика, скреби, различни полски цвеќиња и сл. Овие билки помеѓу населението биле познати како „ѓурѓеле“ или „зеленило“11. Берењето на билките секогаш го изведувале исклучиво женски лица што повторно е во корелација со женскиот принцип односно култот на плодноста. Оваа активност била придружена со мноштво обредни песни од кои денес повеќето се потполно заборавени. Според народните верувања билките поседувале мноштво атрибути и позитивни својства па според тоа можеле да бидат лековити и да донесат здравје, да се искористат во љубовни цели, како заштита од зли очи и т.н. Така на пр. вечерта пред Ѓурѓовден од собраните билки, а особено од цветовите на јаболката и други видови цвеќе се ставало во водата во која се миеле децата со цел да обезбедат здравје.
Редактори: Светлана М. Толстој и Љубинко Раденковић, 2001: Словенска митологија, Енциклопедијски речник Београд 2001, с.в. ЈАЈЦЕ 8 Милошеска Ели, „Јајцето во космогонијата, верувањата, култото и магијата“, Balcanoslavicaбр. 26-27, Прилеп 1999-2000, стр.91-100 9 Китевски Марко, „Македонски празнични обичаи“, Етнологија на Македонците, МАНУ, Скопје 1992, стр.235 10 Сопствени теренски истражувања, 2006 год. 11 Сопствени теренски истражувања, Преспа, 2006 год. 7
77
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
„И се береше цвеќа! За Ѓурѓовден расцутено е. Се береше цвеќа и со цвеќа ѝ мија децата. Да речиме во леѓено кај шо и мија децата цвеќина клаваа“12. Освен за оваа намена билките се користеле за крмење на добитокот утрото на Ѓурѓовден, за да преку принципот на имитативна магија обезбедат и кај него здравје и плодност13. Во некои од населените места во Преспа како и во други делови на Македонија со зелените гранки, со повит, а најчесто со скреба, луѓето на Ѓурѓовден се обвиткувале околу половината за да „не ги боли половината во текот на годината“14. На овој ден освен билки се собирале и врбови гранчиња од кои се ставале т.н „потки“ и се вршело „запотнување“ односно украсување на куќите и стопанските објекти. „Од вечер на 5 (заб. 5 јули) пак се кршеа гранчина од врби. Не да се сечат, туку се кршеа и се клаваа на вратите, на пенџерите, на племните, на зимниците, шо и викавме овде ние. На шталите за крупна и за ситна стока. Се клаваа гранчина. За бериќет, за здравје на стоката, за здравје на луѓето!“15 Врбата како и останатите билки симболизира здравје, брзото растење и напредок и воопшто преку овој чин на ставање „потки“ повторно тие својства требало да се пренесат врз семејството и домаќинството. Многу важно е да се нагласи дека овие, како и многу други елементи од обредната пракса поврзана со Ѓурѓовден е заедничка и за христијанското и замуслиманското население и тоа не само во Преспа16, туку и пошироко во Македонија,17 што укажува на нејзините длабоките предмонотеистички корени. Овој ден „бекташите“, но и другите муслимани Албанци во Преспа, го посветуваат на Хзар – божјиот пророк кој е всушност пандан на св. Ѓорѓи. Ова во голема мера влијаело врз прифаќањето на овој празник како заеднички18. Потврда за ваквата состојба се наоѓа во фактот што целокупната обредна пракса која ја изведува христијанското население во Преспа е
Информатор, Методија Митревски с. Слимница, 2010 Жежељ-Каличанин, Татјана, „Билјарски песни од западна Македонија (сврзани со празнувањето на Ѓурѓовден)”, Македонски Фолклор, год. VI, бр. 12, Скопје 1973 год, стр. 135 -138 14 Гега, Леонтина, „Пролетните календарски празници кај Албанците од селото Крани, Преспа”, Македонски Фолклор, година XXII, бр.43, Скопје 1989 год. стр. 239; Беќарова, Олга, „Ѓурѓовденските обичаи во рекарските села ( Леринско )”, Македонски Фолклор, год. VI, бр. 12, Скопје 1973 год, стр. 238; Сопствени теренски истражувања 2006, 2010 15 Информатор Живко Лозановски, с. Арвати, 2010 16 Полоска, Агим, “Пагански елементи во албанските календарски песни одПреспа”, “Македонски Фолклор” XXVII 53, Институт за Фолклор “Марко Цепенков”, Скопје 1999 год., стр. 165 - 170 17 Ибрахими Мустафа, „Култот и симболиката на дрвото во народните верувања и песни кај некои балкански народи“, Македонски фолклор, година XXXV, број 67, Скопје 2009, стр.56 18 Сопствени теренски истражувања 2006 год. 12 13
78
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
идентична со онаа на муслиманското население во с. Крани,19 но и на муслиманското население од други населени места во Преспа. Уште еден мошне важен елемент во оваа обредна пракса е поставувањето на „лединка“ односно откорнато парче трева со земја. Таа се поставувала на куќниот праг и на прагот на стопанскиот објект, штала или сл. каде е сместен добитокот. Албанското население ова парче земја го нарекува „plisi“. Врз него, односно врз лединката е забрането да се гази, така што луѓето задолжително го пречекоруваат. Добитокот на ист начин се води преку прагот во шталата и притоа се внимава да не згазне на поставените лединки. Имајќи ги во предвид бројните магиски дејствија кои се извршуваат за „крадење“ на млекото20 на добитокот или ситната стока, овој чин на премин преку прагот на шталата, односно преку лединката, се изведува со цел добитокот да го зачува и да има доволно млеко. На овој начин прагот и во двата случаи всушност ја означува границата и има функција на премин помеѓу надворешното и внатрешното, нечистото и чистото, односно профаното и светото21. Затоа мошне често во нашата традиција на куќниот праг му се придава огромно значење и околу неговото сквернавење постојат редица забрани22. По неколку дена, односно кога лединката ќе се исуши, луѓето ја фрлаат на места на кои не поминуваат луѓе, во селската вода или сл. На овој начин со отстранувањето на лединките кои имале своевидна „магиски“ моќ, се означува крајот на обредната церемонија и враќање од митскиот во т.н. појавен свет. Обредните активности продолжувале и утрото на 6ти мај, на „самиот ден“ Ѓурѓовден. Најзначајната активност тој ден било „закрлувањето“ односно нишањето на децата и младите. Имено, на некое од поголемите дрва во селото ила пак на неколку од нив, се поставувале јажиња со кои се правеле „крлешки“, на други места познати како нишалки или лулашки. На нив најпрво се нишале најмалите, а потоа повозрасните девојчиња и момчиња. Речиси без исклучоци секој оној кој ќе се нишал на крлешката во џебот си носел црвено јајце кое имало својство на своевиден магиски елемент или реквизит. Во зависност од возраста и полот на лицето кое се нишало, овој чин бил придружен со мноштво песни. Една од нив е: Кон кај да ја потфрлиме, од увдека преку река, преку река во Ресен, во Ресен кај Петрета (или др. машко име) Ѓурѓеле мој23.
Гега, Леонтина, „Пролетните календарски празници кај Албанците од селото Крани, Преспа”, Македонски Фолклор, година XXII, бр.43, Скопје 1989 год.,стр. 239-240 20 Милошеска Ели, „Традиционалната култура во општина Кривогаштани“, стр. 185 21 Шевалие Жан, Гербран Ален, „Речник на симболите”, Табернакул, 2005 год.,стр. 812 22 Забрана за допирање или на друг начин сквернавење на прагот. 23 Информатор Ристевска Роса 77 год., с. Курбиново 19
79
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Самиот чин, имал за цел да обезбеди љубов, здравје, среќа и бериќет на луѓето. Заради ваквото својство и моќ, иако во ретки случаи, сепак се случувало на крлешките понекогаш да се нишаат и возрасни, а особено болни жени. Овој чин имал за цел да им обезбеди здравје во текот на годината. Опусот на придружните песни кои се изведувале при оваа како и при другите обредни активности, во минатото бил прилично голем. За жал денес на терен исклучително е мал бројот на информатори кои се сеќаваат макар и на дел од песните. Со лулањето не завршувало прославувањето на овој празник. Напротив, населението од поединечните села се собирало на заедничка веселба и тоа особено во случаи кога св. Ѓорѓи претставувал селска слава или пак кога во селото имало истоимена црква. Таков е случајот со селото Курбиново каде и денес се наоѓа црквата Св. Ѓорѓи која била изградена во 1191 год. од страна на непознат ктитор, а која по својата уметничка вредност претставува врв во византиското фрескосликарство од периодот на XII век24, и воедно еден од највредните споменици од ваков вид во Македонија. Населението во Курбиново по посетата на црквата и палењето на свеќи се собирало на заеднички ручек. Продуктите од кои се приготвувал заедничкиот ручек биле собирани претходниот ден од локалното население и тоа во зависност од нивните можности и желби. Во непосредна близина на црквата, во минатото, имало мала кујна каде се подготвувал ручекот кој потоа се послужувал на ливадата под црквата. На овој ручек покрај локалното население присуствувале и другите гости кои доаѓале „за денот” во с. Курбиново. На истата таа ливада се играло и се пеело сé до завршувањето на празникот во попладневните или вечерните часови. Покрај јадењето кое се подготвувало задолжително се колел и курбан25. Курбанот секогаш бил јагне, кое било подарено од некој од посетителите. Од него требало да пробаат сите присутни. Понекогаш се случувало да се заколат и по неколку јагниња. Ѓурѓовденскиот курбан е присутен во традиционалната култура и во останатите делови на Македонија, и тоа не само кај христијанското туку и кај муслиманското население кое го прославува овој празник26. Иако во рамките на христијанската религија принесувањето на крвна жртва, во случајот јагне, е недозволива, сепак согласно вековните традиции ваквата пракса е сеуште присутна. Земајќи ги во предвид силните народни верувања поврзани со курбанот според кои селото ќе го снајде несреќа, болест, или сиромаштија доколку не биде заколен курбан, христијанската црква понекогаш и преќутно го прифаќа овој чин. Грозданов, Цветан, Мисгвиш Хадерман Лиди, „Курбиново”, РЗЗСК, Македонска книга, Скопје 1992 год. стр. 16; ИНИ, „Историја на македонскиот народ”, Кн.1, Скопје, 1969 год. стр. 215 25 Во колењето на курбанот се наоѓаат траги од народното верување во среќата; Пенушлиски , Кирил, „Митот и фолклорот”, Матица Македонска, Скопје, 2005 год., стр. 119 26 За Ѓурѓовден албанското население од с. Горна Бела Црква колело јагне, организирало излети а на овој ден се правеле и панаѓури. 24
80
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
За празнувањето на Ѓурѓовден и за црквата св. Ѓорѓи во Курбиново, е врзано едно интересно народно кажување кое успеало да се зачува до денес. Имено според сеќавањата на постарите жители во селото Курбиново односно според раскажувањата на нивните предци, една година Ѓурѓовден бил ден пред Велигден. Бидејќи заради ваквата поставеност на празниците сеуште траеле велигденските пости, верниците решиле да го прослават Ѓурѓовден следниот ден. Веднаш по завршувањето на ручекот без некоја причина се срушила целата кујна која се наоѓала во непосредна близина на црквата. Луѓето го разбрале ова како „знак“ од Господ кој ги потсетувал дека не треба да ја менуваат традицијата или да го слават Ѓурѓовден на друг ден, освен на денот кој навистина е посветен на него. Оваа легенда сликовито кажува дека народниот пантеон на светци - заштитници блиски до старите претхристијански верувања, во одредени случаи бил поважен отколку црковниот. Врз основа на изнесените информации може да се заклучи дека обредната пракса поврзана со празнувањето на св. Ѓорѓи или пошироко познат како Ѓурѓовден, изобилува со разновидни обредни дејствија. Иако во изминатиот период доаѓа до губење на најголемиот дел од поединечните дејствија, но и губење на нивната првична функција која била во тесна врска со аграрно – стопанскиот карактер на празникот и обезбедувањето на среќа, бериќет и плодност кај луѓето и кај добитокот, сепак кај дел од населението е сеуште зачуван еден значаен дел информации кои формираат една целосна слика за тоа како функционирале селата и заедниците не само на индвидуално или семејно ниво, туку многу повеќе на ниво на општествено – економски, а пред сé како обредни заедници и тоа без оглед на верската припадност на жителите, што е од исклучителна важност за мултикултурниот карактер на Преспа. РЕЗИМЕ Од приложените материјали може да се забележи дека ѓурѓовденскиот обреден циклус во Преспа изобилува со мноштво на поединечни активности чија крајна цел е да обезбеди благосостојба на населението и добитокот. Она што е особено значајно е фактот дека најголемиот дел активности застапени во рамките на овој обреден циклус се заеднички за христијанското и муслиманското населeние во пределот. Губењето на поединечните елементи кое настанува во моментите кога тие ќе ја изгубат својата функција во обредот, укажува не само на осовременувањето на начинот на живот на населението, туку и на тоа дека во својата суштина културните процеси не се еднаш засекогаш зададена категорија, туку дека тие претставуваат динамички системи кои во суштина ја репрезентираат и рефлектираат состојбата на живеење на населението во одреден простор и време, и како такви треба да бидат следени и анализирани во континуитет. 81
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
SUMMARY From the presented materials we can note that the ritual practice connected to Gurgovden (St. George) celebrations in Prespa, abundance with particular activities whose final goal is to secure wellbeing of the population and cattle. What is important is the fact that the greatest part of the activities presented in this ritual practice is common for the Christian and Muslim population. Abandoning of certain elements happens in the moments when they lose their ritual function. This points not only to the modernization of the life of the population in certain region, but also on the fact that the cultural processes are not static but merely dynamic categories or systems that present and reflects the leaving conditions of the population in certain time and space. As such they should be constantly researched and analyzed. БИБЛИОГРАФИЈА 1. Беќарова, Олга, „Ѓурѓовденските обичаи во рекарските села (Леринско)”, Македонски Фолклор, год. VI, бр. 12, Скопје 1973 2. Гега, Леонтина, „Пролетните календарски празници кај Албанците од селото Крани, Преспа”, Македонски Фолклор, година XXII, бр.43, Скопје 1989 3. Грозданов, Цветан, Мисгвиш Хадерман Лиди, „Курбиново”, РЗЗСК, Македонска книга, Скопје 1992 4. Жежељ-Каличанин, Татјана, „Билјарски песни од западна Македонија (сврзани со празнувањето на Ѓурѓовден) ”, Македонски Фолклор, год. VI, бр. 12, Скопје 1973 5. Зоговиќ, Соња, “Општеството и народната култура на Македонија во раниот среден век”, Институт за старословенска култура - Прилеп, Прилеп, 2002 6. Ибрахими Мустафа, „Култот и симболиката на дрвото во народните верувања и песни кај некои балкански народи“, Македонски фолклор, година XXXV, број 67, Скопје 2009, стр.56 7. „Историја на македонскиот народ”, Кн.1, ИНИ, Скопје, 1969 8. Јовановска Соња, „Обредната практика за време на славењето на Ѓурѓовден во с. Дебреште“, Balcanoslavica, бр. 30-31, Прилеп 2002 9. Китевски Марко, „Македонски празнични обичаи“, Етнологија на Македонците, МАНУ, Скопје 1992 10. Милошеска Ели, „Јајцето во космогонијата, верувањата, култото и магијата“, Balcanoslavicaбр. 26-27, Прилеп 1999-2000 11. Милошеска Ели, „Традиционалната култура во општина Кривогаштани“, Прилеп
82
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
12. Полоска, Агим, “Пагански елементи во албанските календарски песни од Преспа”, “Македонски Фолклор” XXVII 53, Институт за Фолклор “МаркоЦепенков”, Скопје 1999 13. Пенушлиски , Кирил, „Митот и фолклорот”, Матица Македонска, Скопје, 2005 14. Полоска, Агим, “Пагански елементи во албанските календарски песни од Преспа”, “Македонски Фолклор” XXVII 53, Институт за Фолклор “Марко Цепенков”, Скопје 1999 год., стр. 165 - 170 15. Редактори: Светлана М. Толстој и Љубинко Раденковић, 2001: Словенска митологија, Енциклопедијски речник Београд 2001, с.в. ЈАЈЦЕ 16. Шевалие Жан, Гербран Ален, „Речник на симболите”, Табернакул, 2005
83
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
84
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Горан ВАСИЛЕВСКИ,1 „ТАЈАНЕ БОЈАНЕ ИМАМ БРАТ СВЕТИ ЈОВАНЕ...“ Апстракт: Во трудот се обработуваат иванденските обичаи и обреди во градот Прилеп. Тајане Бојане претставува дел од циклусот на летните празнувања и како таков е еден од најкарактеристичните, воедно, и еден од помалку познатите обичаи во Македонија. Активностите започнуваат ден пред празникот, со берењето на цвеќиња, плетењето на венче и украсувањето на ѓумчето, додека главната церемонијалност се реализира на самиот ден Иванден кога шетаат обредните поворки од куќа во куќа Како носители на обичајот се јавуваат девојчињата кои ја оформуваат обредната поворка „Тајане“, додека, главна обредна улога е машко дете кое го носи култниот обреден реквизит - ѓумчето. Целта на овој труд е презентирање на овој обичај, кој е скоро непознат, како за јавноста, така и за етнолошката фела на научници. Клучни зборови: Иванден, Тајане Бојане, Прилеп, обредни поворки, етномузикологија, вокална традиција, обредни реквизити и др. Еден од ретките светители кому светата православна црква му посветила повеќе празници, покрај Исус Христос и Богородица, е свети Јован Крстител (Собор на свети Јован Крстител - Водици - 20 Јануари; Раѓање на свети Јован Крстител - Иванден - 7 Јули и Отсекување на главата на свети Јован Крстител - 11 Септември. Празникот Иванден (07.07./24.06.) спаѓа во редот на летниот обреден циклус на празници и е симетричен со Божиќ (07.01.), заедно претставуваат граничници кои ги делат празниците2. Обичајно обредните практики поврзани за Иванден се изразити само во неколку места во Македонија, и тоа во Прилеп, Битола, Битолско поле, Крушево и Преспа3. Обичајот Тајане Бојане претставува дел од циклусот на летни обичаи и обредни празнувања и како таков е еден од најкарактеристичните, воедно, и еден од помалку познатите обичаи во Македонија.
Дипломиран етнокореолог на ФМУ при универзитет „Гоце Делчев“ во Штип и магистрант во институт за фолклор„Марко Цепенков“ во Скопје, на модул фолклористика. 2 Повеќе прочитај во: Луческа Ели, Култот на христијанските светци, Историја и традиција, Прилеп, 2010, стр.139-144 3 Стојанова Мери (2010) „Празникот „Иванка“ континуитет и промени“, Хоризонти Година VI, бр.6, Универзитет „Св. Климент Охридски“, Битола, стр. 481 1
85
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Со Иванден се поврзани и многу обичаи во кои се вклучени билките и растенијата, како и верувањата во нивната магиска моќ. Се верува дека на тој ден игра сонцето или дека се превртува три пати4. Тоа е поврзано со фактот дека е во најтоплиот период од годината. Од обичаите што се изведуваат на овој ден, се и оние поврзани со растението папрат. Имено, вечерта спроти празникот се бери папратот, а тоа пак е поврзано со верувањето на неговата апотропејска моќ. Папратот се става на постелата и на него се спие за здравје неколку дена. Исто така, се става во каселите или ковчезите со облека, за да ги чува од молци5. Во зборникот на Миладиновци среќаваме податок дека тој ден во Воден треви лековити висеет на дуќаните за да имает повеќе купници6. Рано наутро се плетат венци што се ставаат во бавчите за да ги чуваат од разни болести и временски непогоди. Со Иванден е поврзано и верувањето дека со помош на магиски дејствоја може да се украде млеко или маст од стоката. Тоа го правеле жени маѓесници кои со своите магиски дејствија, што ги изведувале само на овој ден, можеле и житото од туѓите ниви да го доведат во своите амбари или млекото од туѓите овци или крави кај своите.7 Во многу краеви низ Македонија, ако времето околу Иванден е многу сушно, правеле Додоле или Покрсти и се молеле за да заврне дожд. Марко Цепенков, кажува дека во Битола, спроти Иванден, ќе нанижат еден ѓум со секакви цвеќиња и ќе му клает тел ос невестата што гувеела. Ќе покријат со еден превес и ќе му го клаат на некое дете на глаа да го носит. После ќе се ватат девојчина рака за рака, секое спроти бојот, та ќе одат од чешма на чешма пеејќи една влашка песна: Тајани ѓанизмата, кок’ за ќи’ к’за.. Утрото ќе шетаат по куќите и ќе пеат та ќе им даваат кој пари, кој брашно, кој масло и др. Од собраното зајре ќе напрает сите да ручаат, а парите ќе си ги делат или ќе си купат нешто емиш за јадење. А пак во Крушоо клаваат во ѓумо прстење и кој ќа биди пообелен таа мома ќе се мажи.8 Обичајот Тајане Бојане се состои од неколку сегменти: берење цвеќина, плетење на венче, одење по вода, обиколка по куќите и на крај месењето на обредното лепче. Два-три дена пред празникот Иванден децата се подготвуваат за обичајот Тајане Бојане. Во секое маало се формираат обредни поворки составени од десетина деца на возраст од 4, па до 15 години. Групата ја сочинуваат децата од најблиското соседство. Најчесто се составени од Архива на Горан Василески: информатор: Живко Ристески, роден 1940 година во Прилеп, живее во Прилеп.Снимено од Горан Василески на ден 07.07.2012. Архивски број: Видео_005 5 Малинов Зоранчо (2006) Традиционален народен календар на шопско-брегалничката етнографска целина, ИФ„Марко Цепенков“, Скопје, стр.207 6 Китевски Марко (1996) Македонски народни празници и обичаи, Менора, Скопје, стр.141 7 Милошеска Ели (2003) Традиционална култура во општина Кривогаштани, Хоризонт, Кривогаштани, стр.193. 8 Китевски Марко (1996) Македонски народни празници и обичаи, Менора, Скопје, стр.142. 4
86
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
девојчиња. Покрај девојчињата кои играат и пеат во круг, главна улога има едно машко дете кое го носи ѓумчето и секогаш стои на средината. Тоа дете се нарекува „тајане“9. Покрај нив одат и две-три момчиња, како придружници, кои ги носат даровите, воедно и ја штитат поворката од кучиња или сл. Ден пред празникот, рано наутро, девојчињата одат да берат цвеќиња, најчесто од дворовите на соседите. Потоа, се собираат во еден двор каде што има трендафил. Ќе седнат под него и од цвеќињата ќе плетат венче со кое го китат ѓумчето, кое е основен обреден реквизит на обичајот. Откако ќе завршат со китењето, го полнат ѓумчето со вода од три различни чешми во градот. Накитеното ѓумче, полно со вода, го ставаат под трендафилот во дворот каде што го кителе, за да преноќи10. На Иванден, од рано наутро, па сé до зајди сонце, обредните поворки ги обиколуваат куќите во своето маало и во чаршија. Започнуваат од дворот каде го оставиле ѓумчето да преноќи. Со себе носат и тепсии во кои ги ставаат даровите. Откако ќе влезат во дворот, прво бараат дозвола од домаќините за да играат. По позитивниот одговор, момчето кое го носи ѓумчето клекнува, а околу него девојчињата се фаќаат за рака и формираат затворен круг (види фотографија број 1). Движејќи се кон десно, со основни синхронизирани движења, тие ја пејат следнава обредна песна: Тајане, Бојане имам брат свети Јоване, ункеши, ункеши, ункеши по маглата, по магла, по магла, по магла ситна роса, по роса, по роса, по роса мома боса. Играле момите крај манастирот, калуѓер гледа од пенџерина. Фрли си шапка на герамиди, од герамиди на трендафили. Белата брада на берберница, црната брата на касапница.11 Доколку домаќините имаат желба за уште една песна, тогаш девојчината ја пејат: Угреала месечина, вај, вај, среде двори Иванови. Двајца браќа вечерале, вај, вај, вечерале збор збореле. Архива на Горан Василески: информатор: Стевка Брдар, родена 1943 година во Прилеп, живее во Прилеп. Снимено од Горан Василески на ден 07.07.2012. Архивски број: Видео_006. 10 Архива на Горан Василески: информатор: Иванка Јованоска, родена 1939 година во Прилеп, живее во Прилеп. Снимено од Горан Василески на ден 07.07.2012. Архивски број: Видео_004. 11 Архива на Горан Василески: информатор: Иванка Јованоска, родена 1939 година во Прилеп, живее во Прилеп. Снимено од Горан Василески на ден 07.07.2012. Архивски број: Видео_004 9
87
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Да го грабат Марушето, вај, вај, Марушето поповото.12 Откако ќе завршат со пеењето и играњето, домаќините ги поздравуваат девојчињата со „На помош да ни е Иванден, за многу години“. А тие возвраќаат со „Амин, амин“13. Потоа ја даруваат поворката и тоа според претходно утврдени правила. Во една тепсија собираат брашно, во друга шеќер, во еден ѓум собираат масло, а во ѓумчето со вода, кое го носи Тајането, ставаат метални пари. Оваа постапка ја повторуват во секој двор, сé додека не појдат во сите куќи од маалото и чаршијата. Откако ќе завршат со обиколката, поворката сé враќа во дворот од каде што тргнала. Даровите кои ги собрале ги оставаат кај една од мајките на децата, која ќе се нафати да им биди месарија. Со брашното, шеќерот, маслото и водата од ѓумчето таа меси мали округли лепчина т.н. кравајчина украсени со бонбони, кои ги купуваат со собраните пари. Исто така ја плаќаат и фурната за печење на кравајчињата (види фотографија број 2). Во подалечното минато, обредните поворки не се собирале во домовите, туку во сламени колиби, специјално направени за овој ден. Во нив доаѓале кога ќе завршат со обиколката по куќите, за да ги јадат кравајчињата, да ги поделат парите што останале, по што следувало забава и играње на детски игри14. Интересно е да се напомене дека при извршување на обредот децата не се накитени и немаат никакви обредни облеки. Главен обреден реквизит е ѓумчето, околу кое се врти целото дејствие на обичајот. Исто така, овие поворки немаат одредено име, како што е тоа во Преспа, каде се нарекуваат Иванденки15. Во Прилеп тие се нарекуваат според главниот лик во поворката, односно Тајането - детето со ѓумчето: Идат со Тајане16. Во Прилеп овој обичај се реализирал се до крајот на седумдесеттите години, кога постепено започнало да се губи и изумира. Денес не се практикуваат повеќе обредните поворки за овој ден, но сепак останат е обичај да се месат кравајчина и да се делат на деца. Архива на Горан Василески: информатор: Иванка Јованоска, родена 1939 година во Прилеп, живее во Прилеп. Снимено од Горан Василески на ден 07.07.2012. Архивски број: Видео_004 13 Архива на Горан Василески: информатор: Живко Ристески, роден 1940 година во Прилеп, живее во Прилеп. Снимено од Горан Василески на ден 07.07.2012. Архивски број: Видео_005. 14 Архива на Горан Василески: информатор: Кирил Василески, роден во 1938 година во с.Присад, живее во Прилеп. Снимено од Горан Василески на ден 07.07.2012. Архивски број: Видео_003. 15 Трпески Даворин (2015) Иванденки, Годишни обичаи кај македонците, Македонска книга, Скопје, стр.323. 16 Архива на Горан Василески: информатор: Кирил Василески, роден во 1938 година во с.Присад, живее во Прилеп. Снимено од Горан Василески на ден 07.07.2012. Архивски број: Видео_003. 12
88
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Најверојатно, овој вид на обичаи води потекло од доселените Власи (Цинцари) од Москополе. Местата каде се иселувале се токму местата каде е забележано присуство на празнувањата за Иванден. Како докази дека обичајот има влашко потекло или влијание се стиховите во обредните песните. Така на пример, зборот „ункеши, кој се кориси е влашки и има значење „каде одиш“: Ункеши, ункеши, ункеши по маглата... Единствено, Лепосава Спирковска има направено општ опис на обичаите за Иванден. Таа, овие обичаи ги поистоветува со „Еновата була“ кај Бугарите, „Килдон“ кај Грците, „Мантифал“ кај Турците и сл17.
РЕЗИМЕ Обичајот „Тајане Бојане“ се реализира за време на празникот Иванден. Се карактеризира со формирање на обредни поворки, во кои се вклучени девојчиња, кои ги обиколуваат куќите во своето маало. Пеејќи иванденски песни во секој двор, тие добиваат дарови од домаќините. На крајот од денот, од даровите се прават обредни лепчиња т.н. „кравајчина“ со кои, сите членови на поворката, прават заедничка вечера. Покрај овој, значајни се и обичаите околу магиските елементи на празникот, како берење папрат, иванденско цвеќе или слично и ставање во каселите за заштита од молци или спиење на тие цвеќиња за заштита од болки во грбот, како и многу други верувања кои се реализираат исклучиво само на овој ден. SUMARY The custom “Tajane Bojane” is happening during the holiday named Ivanden. Main characteristic of this custom is forming of parade in which main members are girls and they are going from house to house in their neighborhood. Girls are singing songs that are related to the Ivanden holiday in each house, the girls are getting gifts from the occupants of each house where they are singing. At the end of the day, from the gifts that the girls got they are making bread that is made only in this time of the year, during this holiday and they are called “kravajchina” from which the members of the group are making supper. Other than this, it is worth mentioning the customs with magic elements for this holiday, like harvesting fern, flowers and etc. They are putting these plants in vinegar to protect it from various insects. After that it is used for back pain and it is believed that it should be used only during this day.
Сприровска, Лепосава (1973), Кон проучувањето на обичајот тајане во некои места во Македонија, Македонски фолклор, бр. 12, Скопје, стр. 111. 17
89
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Прилози:
Фотографија број 1. Опис: Фотографијата е сопственост на Живко Ристески роден 1940 во Прилеп. Снимена е во прилепската чаршија во 1972 година. Деца играат Тајане, Бојане пред дуќан.
Фотографија број 2. Опис: Иванденски кравајчина украсени со бомбончина, пред и после печење.
90
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
91
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Користена Литература 1. Китевски Марко (1996) Македонски народни празници и обичаи, Менора, Скопје, стр.140-143. 2. Луческа Ели, Култот на христијанските светци, Историја и традиција, Прилеп, 2010, стр.139-144 3. Малинов Зоранчо (2006) Традиционален народен календар на шопско-брегалничката етнографска целина, ИФ„Марко Цепенков“, Скопје, стр.205-207. 4. Милошеска Ели (2003) Традиционална култура во општина Кривогаштани, Хоризонт, Кривогаштани. 5. Спировска, Лепосава (1973), Кон проучувањето на обичајот тајане во некои места во Македонија, Македонски фолклор, бр. 12, Скопје, стр. 111-115. 6. Стојанова Мери (2010) „Празникот „Иванка“ континуитет и промени“, Хоризонти Година VI, бр.6, Универзитет „Св. Климент Охридски“, Битола. 7. Трпески Даворин (2015) Иванден, Годишни обичаи кај македонците, Македонска книга, Скопје, стр.127-130. 8. Трпески Даворин (2015) Иванденки, Годишни обичаи кај македонците, Македонска книга, Скопје, стр.323-325.
Информатори од архивот на Горан Василески: 1. Кирил Василески, роден во 1938 година во с.Присад, живее во Прилеп. 2. Стевка Брдар, родена 1943 година во Прилеп, живее во Прилеп. 3. Иванка Јованоска, родена 1939 година во Прилеп, живее во Прилеп. 4. Живко Ристески, роден 1940 година во Прилеп, живее во Прилеп. Снимени од Горан Василески на ден 07.07.2012. Архивски броеви: Видео_003; Видео_004; Видео_005 и Видео_006.
92
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Бранко ЃОРГИЕВ,1 ТАЈНАТА ПАТНА МРЕЖА НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА ВО СТРУМИЦА И СТРУМИЧКО Апстракт: Струмица како раскрсница на важни патишта со својата околија играла важна улога во тој дел на Македонија. Комуникацијата Овче Поле – Струмица била главната комуникација меѓу јужните и централните области на Балканскиот Полуостров. Од Ќустендил постоел и илегален пат кој водел преку Царево Село па преку с. Робово кон с. Владимирово и пристигнувал во с. Нивичино (Струмичко). Преку овие илегални патишта кои во внатрешноста на Струмичкиот округ се разгранувале и биле користени од припадниците на Организацијата се пренесувало оружје и писма во зависност од потребите. Пренесувањето на ваквите предмети било доста ризично и барало голема посветеност од страна на припадниците на Револуционерната организација. Клучни зборови: Струмички револуционерен округ, Македонија, Струмица. Во овој истражувачки труд се задржуваме на тајната патна мрежа на Македонската револуционерна организација воспоставена во Струмица и во Струмичко. Поточно на тајните канали кои биле користени од револуционерите и од нивните курири. Овие канали се формирани за тајно пренесување пораки и оружје со цел да се вооружи и да се подготви населението за кревање востание против османлиските власти. МРО (од 1896. ТМОРО, од 1905.ВМОРО) знаела дека само преку општонародно вооружено востание ќе се оствари целта, а тоа е политичка автономија на Македонија. Оваа патна мрежа била претежно воспоставена во планинските предели за да можат да се движат припадниците на револуционерната организација полесно и да не бидат лесно забележливи за османлиските власти. Со формирањето на револуционерните комитети во Струмица и Струмичко започнала голема агитација на револуционерните дејци меѓу населението и започнале да се формираат структурите на комитетите и да се спроведуваат наредбите од ЦК. Имено, според правилникот, уставот на Организацијата донесен во 1896 година од Ѓорче Петров и Гоце Делчев во глава II член 14 се предвидувало секој комитет да има своја тајна пошта. Со тајната пошта се пренесувале и покрупни материјали како: оружје, книги и
Кустос – историчар во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Струмица, ул. „27–ми Март”, бр. 2, адреса на живеење: „Панче Пешев” бр. 58, Струмица, емаил: brane.gorgiev@gmail.com 1
93
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
др.2 Пренесувањето оружје и пораки била доста ризична работа и барала голема посветеност и внимание. Куририте кои ги користеле најчесто овие канали биле изложени на најразлични ризици. Од безбедносни причини револуционерните дејци измислиле посебни псевдоними на градови, села и личности кои ги знаеле само припадниците на Организацијата. Секој курир бил добро вооружен и со себе носел отров. Овие тајни канали се протегале на планински и недостапни места за да не можат османлиските власти лесно да ги разоткријат. Како се одвивале сите тие операции дознаваме од повеќе историски извори. Така, во своите спомени Аргир Манасиев забележал дека: „За време на 1897 година го складиравме во с. Ѓавато донесеното оружје во Гевгелиско. Тоа беше донесено преку Струмичко и се состоеше исклучително од пушки кримки, кои требаше да се пренесат за Битолско. Го пренесовме оружјето преку Вардар и преку селата Тушин, Коњско и Ноте беше предадено на Битолскиот комитет.”3 Од М. Герџиков се дознава дека во Струмица и Струмичко главен пункт и клуч на каналот на Организацијата кон другите револуционерни комитети било с. Нивичино. Во него со својата револуционерна дејност и лојалност кон револуционерното дело мошне се истакнувал Атанас Нивички којшто, меѓу другото, имал за задача да не пропушта „надолу“ чети ниту пак припадници на Врховниот комитет, односно т.н. врховисти.4 За Атанас Нивички, кој раководел со горе споменатиот револуционерен пункт, се зборува и во патувањата на икономот Тома Николов Христов познат под името поп Тома родум од Кичевско. Тој илегално преминал преку Прилепско, Тиквешко, Радовишко, Струмичко, Малешевско и Горноџумајско за да ги пренесе протоколите (записниците) од Смилевскиот конгрес. За него поп Тома раскажува: „Тој не прими радосно. Ги задржа кај себе по нивна волја моите тројца четници, а мене вечерта со еден курир ме спроведе во Малешевско” итн.5 Според В. Ѓоргиев Струмичкиот револуционерен округ имал можност меѓу првите области во Македонија да се снабди со поголемо количество оружје. Имено, од еден извештај на Бугарското трговско агентство во Солун дознаваме дека во Струмица во летото 1897 година пристигнале 200 пушки и 20 револвери и сл.6 При посетата и агитацијата на Алексо Мартулков во Струмица и населените места Дабиле, Робово, Муртино, Моноспитово како и во Гевгелија се движел по тајните канали на Организацијата. Во своите спомени Ѓорче Петров, За решенијата на Солунскиот конгрес на Револуционерната организација ( 1896 г. ), Документи за борбата на Македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том први, Скопје, 1981, 330. 3 Спомени на Аргир Наков Манасиев за участието му в Македонското, революционно освободително движение до Илинденското вьстание, Боян Мирчев, Известия на Института за бьлгарска история, 7, София, 1957, 354. 4 Спомени на И.Х. Николов, Д. Груев, Б. Сарафов, Ј. Сандански, М. Герџиков, д-р. Х. Татарчев, Скопје, 1995, 248. 5 Марија Пандевска, Струмички револуционерен округ ( 1893 – 1903 ), Скопје, 2002, 307. 6 Ванчо Ѓоргиев, Слобода или Смрт, Скопје, 2003, 242-243. 2
94
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
тој раскажува за подготвеноста на населението во овие македонски краишта за револуционерна борба. А. Мартулков го користел патниот правец од Валандово преку Костурино – Триводи – Куклиш и стасал во Струмица. Од Струмица тој заминал во с. Дабиле на гости кај И. Маказлиев којшто бил учител во споменатото село и истакнат револуционерен деец од Струмица. Другиот ден заминал за с. Робово кај тамошниот учител и револуционер Христо Бабамов негов познаник и соученик во Педагошкото училиште во Скопје. Во оваа обиколка, А. Мартулков во с. Муртино го посетил и истакнатиот струмички учител, револуционер и војвода Костадин Самарџиев. Истовремено го посетил и револуционерното село Моноспитово. По обиколката на Струмица и Струмичко Мартулков стекнал определени сознанија за револуционерното дело во овие македонски краишта. Во Струмица присуствувал на веридбата на Стојан Ѓоргиев. По овој настан се упатил кон Гевгелија.7 Во овој труд се застапени и усни кажувања на потомци од семејства коишто активно учествувале во македонското националослободително и револуционерно движење. На тој начин е искористена колективната меморија на населението во Струмица и Струмичко. Имено, општо е познато дека т.н. усна историја се употребува или служи за историска реконструкција на определени настани, појави и процеси секогаш кога недостасуваат пишани и други извори. Раскажувањето и усното пренесување на спомените спаѓаат во речиси најстарите извори на сознанија за минатото, покрај материјалните и пишаните извори. Според исказот на Љубомир Цонев (внук на Атанас Нивички) оружјето на организацијата коешто пристигало од разни места се чувало во т.н. Котлова Пештера оддалечена 1.5 км од селото Нивичино на патот (од левата страна) кон денешната брана „Турија“. Такви слични пештери имало и во месноста викана „Кукла“. Оттука, во зависност на која страна во внатрешноста на Македонија биле препраќани товарите, се формирале три канали. Првиот канал водел од с. Нивичино кон Гевгелиско и Кожув Планина, а минувал преку селата Трибичино, Варварица, Рич и с. Костурино (в.: Сл. 1). Треба да се забележи дека во близина на овој канал минувал средновековен пат кој бил доста користен во тој период. Вториот канал, исто така, водел кон Гевгелиско и Дојранско но во овој случај од селото Нивичино водел кон населените места Дрвош, Дабиља, Сачево, Куклиш и Костурино (в.: Сл.2). Постоењето на овој канал го потврдува и М. Герџиков во своите спомени кога вели дека: „Јас, Иван Варналиев и Атанас Нивички слеговме во полето да избереме место каде, како и кого ќе фатиме. Слеговме во селото Дабиље. Таму се сретнавме со Атанас Караманов...”.8 Имено, М. Герџиков заедно со неговите придружници имале план по предлог на А. Нивички да Алексо Мартулков, Моето учество во револуционерните борби на Македонија, ИНИ, Скопје, 1954, 41. 8 Спомени на И.Х. Николов, Д. Груев, Б. Сарафов, Ј. Сандански, М. Герџиков, д-р. Х. Татарчев, 248. 7
95
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
грабнат некој од Струмичките бегови за откуп и на тој начин да дојдат до средства за вооружување на населението. Други сведочења за овој таен канал на Организацијата се кажувањата на Трајко Бабамов9 пренесени од дедо му Ѓеорѓи Бабамов. Според него, „... Гоце често престојувал во Струмица и го користел патниот правец (канал) преку Сачево, Дабиље, Куклиш и се префрлувал на планината Беласица”. Важно е да се забележи дека Гоце Делчев многу придонел за формирањето, ширењето и зацврстувањето на Организацијата во Струмичко. Имено, од досегашните истражувања познато е дека велигденскиот распуст во 1895 година Гоце Делчев го поминал во родниот Кукуш. Тогаш го посетил и градот Солун. На враќање за Штип поминал низ македонските градови Дојран, Струмица и Радовиш и во нив ги поставил основите на првите месни организации10. Во разговорите меѓу Стојан Ѓоргиев (учител и прв раководител на Месната револуционерна организација во Струмица) и Гоце Делчев водени во насока за омасовување на МРО во Струмица и Струмичко, Гоце му укажал на Стојан да избере некое населено место во кое нема турско население и кое може да послужи како раскрсница и пункт од каде што ќе следува понатамошно проширување на Организацијата во овие македонски краишта. Погодно место за таквите планови се покажало рамничарското село Дабиље сместено во близина на градот Струмица. Во овој важен пункт на МРО во Струмичко револуционерните дејци биле префрлувани од с. Нивичино преку месноста викана „Диваци“. Овој таен канал којшто водел преку планинското село Нивичино го користел и Гоце Делчев кога доаѓал во Струмичко за извршување револуционерни работи. Треба да се спомене дека Г. Делчев често престојувал во селото Нивичино коешто служело како главен пункт на Организацијата во овој дел на Македонија. Тој имал голема доверба во селскиот раководител Атанас Нивички којшто бил еден од ретките револуционери– раководители во Струмичко што не биле учители. Познато е тоа дека А. Нивички имал голем авторитет не само во с. Нивичино туку и сред населението во Струмица и Струмичко. А. Нивички учествувал и во познатата афера со грабнувањето на Назлм бег во Струмица којшто бил криен во околината на с. Нивичино и сл. Според тоа, не случајно Гоце Делчев токму него го избрал за раководител и курир во овој важен пограничен пункт на Македонската револуционерна организација. Во овој дел на Струмичкиот револуционерен округ била формирана мрежа од револуционерни работници–курири кои разнесувале писма, оружје и друг потребен материјал Фонд: 115 години од формирањето на МРО во Струмица и Струмичко, Архива на историско одделение при НУ Завод и Музеј – Струмица, Информација на Трајко Бабамов за Коце и Ѓеорѓе Бабамови учесници од Струмичко во Македонската Револуционерна Борба за време на турското ропство. Коце и Ѓеорѓе Бабамови се негови предци, односно прадедо и дедо по таткова линија. Разговорот го водел, запишал и редактирал Васил Ѓоргиев – Ликин, историчар вработен во Завод и Музеј - Струмица 10 Повеќе за формирањето на месните организации на МРО во Струмица и Струмичко види: Манол Пандевски, Ѓорги Стоев – Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969, 210-218 9
96
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
за револуционерните чети. Според кажувањата на Милчо Јанев11 курирот на организацијата Димитрија Стојанов од с. Нивичино доверливи информации разнесувал кон селата: Добрешинци, Злеово и Сушево. Нивите на Димитрија Стојанов се наоѓале во месноста викана „Д`лзиот рид“ којашто постои и денес. Се претпоставува дека на ова место биле прифаќани многу војводи и припадници на МРО. Исто така, и семејството на А. Нивички целосно било вклучено во работата на Организацијата. Така, неговиот брат Китан Цонев разнесувал пошта по следната рута: Нивичино – Пиперево – Дабиле преку Куклиш – Костурино па се до градот Солун. Протестанската мисионерка Мис Елен Стон и нејзината придружничка Катерина Цилка ноќе биле криени и во неговата куќа, а дење во т.н. „Котлова Пештера“. Треба да се укаже на сознанието дека револуционерните дејци имале добро организирана патна мрежа која ги поврзувала сите села во Струмичко со градот Струмица. Третиот таен патен канал по кој се пренесувало најразлични материјали, оружје, писма и друго за Кукуш и пошироката негова околина тргнувал од селото Нивичино преку с. Барбарево, кон с. Стиник, с. Бадилен, с. Габрене и натаму преку планината Беласица (в.: Сл. 3). Во овој дел од Струмичко особено се истакнувал курирот на Организацијата Ана Ристоманова од Ново Село којашто пренесувала најчесто оружје, писма, храна, тутун и сл. Средбите со револуционерите таа ги договарала во месноста викана „Ореж“ во близина на денешната акумулациона брана „Новоселска“ потоа кај „Степанова чешма“ или пак кај мостот „Муравско дапче”, кај „Панзиевата Нива“, кај месноста „Кљунче“ во близина на селото Сушица итн. Всушност, курирот Ана Ристоманова ги поврзувала населените места сместени во пазувите на планините Огражден и Беласица. Врската со подбеласичките населени места била воденицата на Ѓорги Пизулев кај селото Мокрино (в.: Сл. 5) во близина на Мокринските извори. Од Ново Село преку Мокрино и планината Беласица се стасувало до Солунското Поле и до градот Солун. Овој таен патен правец го користела и Ана Ристоманова при посетата на нејзиниот сопруг во солунскиот затвор „Еди Куле“ којшто бил осуден од османлиските власти како припадник на МРО. За време на една посета на Гоце Делчев во Ново Село, при престојот во куќата на поп Стојчо Димитров (в.: Сл. 6), се покажало дека поради опасност од откривање на револуционерните дејци од страна на османалиските власти морал бргу да го напушти селото. Акцијата за извлекување се спровела од куќата на поп Стојчо преку соседната куќа на Ристоманови, а оттаму го извлекле над селото во правец кон Берово. Таму бил прифатен од беровската врска, односно од луѓе од селото Двориште. Овој Фонд: 115 години од формирањето на МРО во Струмица и Струмичко, Архива на историско одделение при НУ Завод и Музеј – Струмица, Информација на Милчо Јанев за Димитрија Стојанов од село Нивичино курир на Војводата Атанас Цонев Нивички. Информаторот Милчо Јанев е правнук на Димитрија Стојанов по таткова линија, односно Димитрија му е дедо на татко му. Разговорот го воделе и запишале Васил Ѓоргиев – Ликин и Емилија Петковска, историчари во Завод и Музеј– Струмица 11
97
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
настан покажува дека револуционерните дејци од Струмичката околија комуницирале со македонските револуционери од Беровската околија преку овој таен канал преку кој веројатно било пренесувано и оружје, писма и друг материјал во зависност од потребите на Организацијата. Според исказот на Аврам ( Љаме ) Стоилов12 за Алекса Поројски, Јован Тасев и Мануш Турновски за време на некој црковен празник настанала расправија меѓу селаните кој прв да врши богослужба. Расправијата преминала во сериозен конфликт. Во селото престојувала и андартска чета која од страв се повлекла меѓу селата Мокрино и Смоларе кај месноста „Русилска Чешма“. Меѓутоа, преку тајните канали кои се поврзувале со Моноспитско Блато па оттаму воделе до с. Куклиш – с. Костурино и оттаму до Гевгелиско, луѓето на РО ( се мисли на тајната полиција )13 ги откриле и ги ликвидирале. За продорот на андартските чети и за андартската провокација на територијата на Солунскиот Вилает пишува и Ванчо Ѓоргиев. Тој забележува дека во 1896 година тие веќе биле присутни на територијата на Македонија. Нивна главна задача била да ги бранат интересите на грчката пропаганда.14 Овој таен канал го користел и војводата Крсто Новоселски. Тоа го потврдува исказот на Лазар Паљошков15 според кого постоел разработен таен канал којшто го користеле луѓето на Организацијата и врвел преку Ново Село – Зубово – Моноспитско Блато, а оттаму водел до селата Куклиш и Костурино. Интересно е да се спомене дека познатото Моноспитско Блато на револуционерните дејци од Струмица и Струмичко им служело како закрила и место за времено засолнување. За пристигнување до оваа база на револуционерните дејци се користел таен канал којшто врвел од Струмица преку селата Куклиш, Свидовица и Моноспитово. За одбележување е бегството од османлискиот затвор во Струмица на една поголема група револуционери предводена од учителот Стојан Ѓоргиев и истакнатиот струмички револуционерен деец од с. Моноспитово Ристо Џолев. Имено, струмичките револуционерни дејци успеале да ископаат подземен тунел кој минувал под темелите на затворот и во една немирна ноќ исполнета со грмотевици и пороен дожд ги напуштиле Фонд: 115 години од формирањето на МРО во Струмица и Струмичко, Архива на историско одделение при НУ Завод и Музеј– Струмица, Информаторот Аврам ( Љаме ) Стоилов информациите ги примил од неговиот татко и дедо му. Разговорот го воделе и запишале Васил Ѓоргиев– Ликин и Емилија Петковска, историчари вработени во Завод и Музеј– Струмица 13 Според Правилникот од 1896 година во глава II член 15 за следење на работата на надворешните и внатрешните непријатели и за претпазливост од нив, секој комитет си има своја тајна полиција. Види: Ѓорче Петров, За решенијата на Солунскиот конгрес на Револуционерната организација ( 1896 г. ), Документи за борбата на Македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том први, Скопје, 1981, 330. 14 Ванчо Ѓоргиев, Слобода или Смрт, 221. 15 Фонд: 115 години од формирањето на МРО во Струмица и Струмичко, Архива на историско одделение при НУ Завод и Музеј – Струмица, Информаторот Лазар Паљошков е внук на Илија Паљошков којшто бил учесник во Македонското револуционерно движење. Разговорот го воделе и запишале Васил Ѓоргиев– Ликин и Емилија Петковска историчари, вработени во Завод и Музеј– Струмица. 12
98
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
просториите во коишто биле затворени. Извлекувајќи се надвор на улица биле прифатени од организационите работници и префрлени на тајно место во Моноспитското Блато. Притоа го користеле погоре споменатиот таен патен канал на Организацијата итн. ЗАКЛУЧОК: Веднаш по основањето на првите месни комитети на Македонската револуционерна организација во Струмица и Струмичко се пристапило кон организација на тајна патна мрежа која го претставувала во суштина „крвотокот“ на Организацијата преку кој се пренесувале важни пораки, писма, оружје, книги, весници и друг потребен материјал. Преку него во Македонија се префрлувале и револуционерните чети коишто работеле самопрегорно на самиот терен меѓу населението и биле негова поткрепа и заштита од зулумите на османлиските власти. Тајната патна инфраструктура била воспоставена во согласност со донесените Акти на МРО каде што во посебни членови од Правилникот донесен во 1895 година бил регулиран овој значаен сегмент од револуционерната дејност на МРО. Оваа патна мрежа ги поврзувала сите населени места не само во Струмица и Струмичко и во Струмичкиот револуционерен округ туку и пошироко со другите револуционерни окрузи на МРО. Без оваа тајна инфраструктура МРО не би можела да ги реализира своите задачи и цели зацртани во Програмските акти на Организацијата. Всушност, преку неа се ширел и допирал гласот и идеите на МРО меѓу македонското население за започнување револуционерна борба и извојување политичка автономија за Македонија, односно создавање независна македонска држава. Резиме: Во овој истражувачки труд се задржуваме на тајната патна инфраструктура на Македонската револуционерна организација воспоставена во Струмица и во Струмичко. Поточно на тајните канали кои биле користени од револуционерите и од нивните курири. Овие канали се формирани за тајно пренесување пораки и оружје со цел да се вооружи и подготви населението за кревање востание против османлиските власти. Како се одвивале сите тие операции дознаваме од повеќе историски извори. Во нашиот труд ги користевме спомените на македонските револуционери од тој период, усни искази на потомци од семејства учесници во националреволуционерната и ослободителната борба на македонскиот народ од Струмица и Струмичко, како и соодветна литература што ја третира оваа проблематика. THE UNDERGRAUND ROADS OF THE MACEDONIAN REVOLUTIONARY ORGANIZATION IN STRUMICA AND ITS SURROUNDINGS
99
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Summary In this article we research the secret underground roads of the Macedonian Revolutionary Organization established in Strumica and its surroundings in the period 1897-1905. These underground roads and channels were used by the revolutionaries and their couriers in order of secret transporting of messages, peoples and arms. These channels played significant role in the process of preparing the population for the organization the Uprising against the Ottoman rule. In this article we use historical sources that gave value information about the functioning of these illegal / underground roads and channels. The data from the Memoirs of the Macedonian revolutionaries from the period, oral history by their descendants as well as the literature dealing with this topic are in the focus of this article.
Сл. 1. Таен патен канал: Нивичино – Варварица – Рич – Попчево – Три Води. (графичка обработка: Никола Маглешев)
100
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Сл. 2. Патниот канал којшто водел преку селата: Дрвош – Дабиље – Сачево – Куклиш. ( графичка обработка: Никола Маглешев )
Сл. 3. Тајниот патен канал на МРО во Струмичко: Дрвош–Барбарево–Стиник–Бадилен– Габрене. ( графичка обработка: Никола Маглешев )
101
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Сл. 4. Мрежа на тајна патна инфраструктура на МРО во Струмица и Струмичко. ( графичка обработка: Никола Маглешев )
Сл. 5. Воденицата на Ѓорги Пизулев во близина на с. Мокрино (фото архива на историско одделение при НУ Завод и Музеј – Струмица).
102
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Сл. 6. Остатоци од куќата на поп Стојчо Димитров во Ново Село во која престојувал Гоце Делчев кон крајот на XIX и почетокот на XX век ( фото архива на историско одделение при НУ Завод и Музеј – Струмица ).
103
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
104
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Илија РИСТЕСКИ, РУРАЛНАТА ГРАДИТЕЛСКА ТРАДИЦИЈА ОД ПРИЛЕПСКИОТ КРАЈ ВО КОНТЕКСТ НА КЛАСИЧНАТА АРХИТЕКТУРА И КУЛТУРА - НИЗ ИСТОРИСКА РЕТРОСПЕКТИВА И СЕГАШНОСТ Развојот на на руралната архитектура во прилепскиот регион неизоставно е врзан и условен од климатските, рељефните, социо економските, општествено-историските услови и др. Предмет на моја елаборација во овој труд се токму општествено - историските релации низ кои поминува народната градителска традиција и нејзиното ликовно влијание врз она што денес го нарекуваме класична архитектура нормално како интегрален дел од миљето на западната цивилизација. Секако дека руралната архитектура од прилепскиот крај архитектонски и типолошки не може строго да се оддели од еден многу поширок културен ареал кој се надоврзува природно на релација Балкан - Мала азија ( западен континентален дел). Во однос на просторната организација на руралните населби од Прилепскиот регион може да се каже дека без исклучок станува збор за селски населби од збиен тип со улици кои најчесто радијално поставени водат кон средината на селото (средсело) каде обично се лоцирани чешмите и каде се случувале ,,главните‘‘ настани поврзани со животот во селото . Црквите како главно обележје на духовната култура и религија на населението од прилепскиот регион се лоцирани на најдоминнтните позиции во селото, највообичаено кога станува збор за селата во ридско планинските региони и централно поставени во однос на населбата , највообичаено кога станува збор за рамничарските села, иако и во едниот или другиот случај има исклучоци. Имотот како плевни, фурни, кујни, амбари и др. вообичаено се наоѓа во непосредна близина на куќите, додека пак трлата и колибите се лоцирани на периферијата од селата и во внатрешностана на атарите одн. синорите на селата.
105
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Без разлика на видот и типот на објектите од руралната архитектура, приземни или на кат тие живо се врзани со природата одн. нејзината непосредна околина со која градат единствена целина благодарејќи токму на примената на локалните природни материјали употребени за градба. Како резултат на изобилството од различните материјали и ресурси на еден реалтивно мал простор како прилепскиот регион во објектите од руралната архитектура користени се дрвото, каменот, камените плочи шкрилци , калта, глината, сламата, ржаницата и др. Скоро секогаш поставувани во еден совршен состав во зависност од видот и намената на објектот, со максимално погодни решенија благодарејќи на емпириското искуство на неговите градители, градби кои сами за себе се естетски произлезени и од максимално усовршените техники на градење кои исто така варираат во зависност во кој дел од прилепскиот регион се применувани : Од ѕидање на камен со малтер од кал или глина, изведба на ѕидови во техника сувоѕид, изведба на ѕидови од непечена цигла ,,керпич,, изведба на ѕидови лесни прегради од плетер, плетер со кал или плетер со лепеж. Изведба на ѕидови во бондрук техника, примена на дрвото за изведба на чардаци, меѓукатни и тавански конструкции , за изведба на амбари кои воодушевуваатсо со применетата вештина за нивна изведба и нивната грациозност и елеганција. и др. Се уште иако многу ретки ретко забележливи се објекти каде за кровен покривач применета е ржаница. Камените плочи - шкрилци кои како круна се поставувани највисоко на објектите заземаат би се рекло почесно место во совршениот хиерархиски ред на руралната архитектура..... Феноменот на развојот воопшто на руралната архитектура во Прилепскиот крај е проследен со мноштво примери од колиби кошари амбари за кои слободно може да се каже дека претставуваат вистинско училиште за архитектурата од нејзините најрани почетоци.
Колиба с. Крушевица
106
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Амбар с. Чаниште
Развојот на руралната архитектура олицетворена во лицето на народната градителска традиција има своја предисторија. Токму во градбите застапени и овде кај нас во прилепскиот крај можеме да го доловиме духот на некогашните неимари низ прекрасните ракоделија препознатливи во секој изработен детал. Вистинскин бисери на архитектурата за среќа сеуште можат да се видат низ нашите села но за жал руралната архитектура во голема мера е исчезната и секој ден се повеќе исчезнува и ја нема.
Приземна куќа с. Дуње
С. Зрзе
107
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
С. Бонче
С. Секирци
Инвентарот и предметите во македонските куќи од прилепскиот регион со својата симболика не потсетуваат на нашето далечно минато пренесувајќи ни ги истовремено пораките од нашите предци
Дел од амбиент на чардак во с. Слепче
108
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Мал ,,дрвен ларнакс‘‘
Ларнакс од кралската гробница-во Кутлеш со стилизирани шепи од лав (од сликата горе)
Симболиката врежана во инвентарот и предметите од македонската рурална архитектура, пренесувана со милениуми и денес инспиративна за современите архитектонски решенија
Музејот Лувр во Париз
109
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Цврстите култури и обичаите се базираат на долгогодишен милениумски опстој на одредени човечки популации на одреден простор. Долгиот опстој на човекот на просторот на Пелагонија богата со реки, блата, мочуришта преполни со жив свет одн. изобилие од храна – риби, птици и животни ќе резултира со мноштво на неолитски населби од најраните периоди на човековото постоење за што сведочат бројните археолошките локалитети и наоди од овој период. Во такви услови прилепскиот регион низ долги милениуми ќе изгради култура со втемелени вредности проверена и сублимирано докажана и во наше време со бројни примери од руралната архитектура како нејзин неизоставен дел . Прилепскиот регион во овој поглед културолошки не би можел да се издвои од целиот макрорегион ПЕЛАГОНИЈА за која проф. Марија Џимбутас јасно ќе каже дека тука е поставен темелот на автентичната материјалната и духовна култура на тлото на Европа. Впрочем и легендата за постанокот на македонската држава е поврзана со митското кралство Лебеја кое се наоѓало на северот од Македонија, односно на север од градините на Мида на планината Вермион, каде Пердика првиот македонски крал ќе ја основа Македонската држава. Токму на север од оваа планина се простира Пелагонија која отсекогаш била главна ,,лебница‘‘ со производството на житните култури. Најјужните делови од Балканот одн. приморскиот дел со островите немале толку услови за живот во најраните фази како што тоа го нудел континенталниот дел од балканот одн. територијата на Македонија . Морскиот брег пак од друг гледна точка подоцна со развојот на морепловството станува цел на инвазии, колонизации, пљачкашки походи и трајно населување од страна на издигнатите поморски народи од средоземноморието, првично Египчаните, Феникијците и др. што сам по себе го прават своевиден мост за пристап на други народи и цивилизациии, што подоцна ќе резултира со издигнување на Атина и преземање на приматот врз морската трговија и колониите во средоземноморскиот басен по претходното губење на приматот на колониите од страна Феникијците . Домородците во овие предели и културно и воено секогаш биле први на удар . Ако кон оваа ситуација се додаде и финансиската моќ на новите колонизатори епилогот станува јасен – за релативно кратко време локалното население ќе биде подложено на целосни општествени промени кои во себе ќе ги вклучат и промените на етно – социјалните обележја. Во услови кога во тој ран период бреговите не биле густо населени и не претставувале некоја посебно бранета територија доселениците колонизатори најверојатно и немале некои посебни проблеми. Напротив истите тие колонизатори новајлии на пазарот нудат нови и атрактивни производи со кои прават продор внатре во домородните општества а за возврат ги добиваат нивните производи кои ги носат во други трговски дестинации стекнувајќи огромни профити. Онаму каде племенските сојузи и домородните општества се послаби сјајот на новите производи ќе ги разбие и ќе се подредат на новото растечко пазарно општество кое темелно ќе го замени старото натурално општество базирано на размена на производи. 110
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Онаму каде традицијата и културата е силна со изградени вредносни и религиски системи и др. тешко допира новото влијание, но и не само што не допира туку се гради антагонистички став спрема Атињаните новите господари на бреговите на Егејот. Прв владетел кој отворено ќе ги најави и во дел прифати овие промени е Александар I Филхелен кој поради тоа ќе биде наречен ,,Оној кој што ги сака Хелените‘‘. Меѓутоа оваа негова политика ќе наиде на силен отпор кај домородното македонско население. Сепак влијанието на новата култура од Атина ќе пристигне и на дворот на Македонците. Претходно оваа управувачка елита авангарда на новата класична култура вешто ќе се накалеми на стеблото на предгрчките жители Пелазгите одн. предгрчката Критско- Микенска култура. Класична Пела како подоцнежна престолнина на Македонците ќе почне да се се гради по сите норми како класичните антички градови од тоа време , но овој продор нема да се случи со населбите од внатрешноста на Македонија кои и покрај релативната благосостојба која ќе ја уживаат во периодот по освојувањата на Александар Македонски до последниот македонски владетел Персеј нема да претрпат темелни промени пред се поради неговата силна традиција и начинот на живот како земјоделци и сточари . Заради споредба, профаната архитектура од градовите на доселениците на македонскиот брег , колониите Олинт на Халкидик, Аполонија (а и во другите класични градови) е строга, рационална, објектите се урбано концентрирани и подредени на основната функција на нивните жители како трговци, занаетчии или морнари, додека архитектурата на Македонците земјоделци и сточари е од најразновидна : од колиби, домови плевни, штали, амбари, воденици и др. објекти кои се поставувани на еден релативно широк простор, објекти што посебно е важно за нивна изградба не бараат специјализирани учени тајфи мастори градители , вајари уметници и сл. туку мајстори кои со себе ја презеле носеле и предавале традиционалната градителска умешност.
Мегарон од Приена
Основната концепција на преткласичните храмови се базираат на архитектонски типолошки решенија поврзани со искуствените претходни
111
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
градби изведени од камен и од дрво во што токму руралната архитектура може да даде одговор со мноштвото архитектонски детали и состави што ги поседува
Амбар с.Радобил
Покриен бунар с. Дуње
Многу порано, со пронајдокот на металите новите алатки кои ќе ги заменат камените орудија ќе овозможат и ќе наметнат нови конструктивни склопови на градбите ,ќе се родат мноштво архитектонски детали за разлика од градбите во неолитот и едновремено ќе се отвори вратата за примена на ликовни изрази и елементи во внатрешноста во прво време во мегароните како претходница на храмовите изведени со дрво (вклучително и етрурските храмови ) кои се претходници на класичните храмови изведени целосно од камен. Првата развојна фаза на мегаронот споредбено гледано со руралната 112
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
архитектура претставува едноделна куќа со иста концепција огниште поставено во средината и баџа за одведување на чадот над него изведена со поткревање на дел од кровот
Развојни фази на мегаронот
Огништето од сите типови на куќи од руралната архитектура застапена во прилепскиот регион е централното место во домот каде дедовците на внуците им ги пренесуваат преданијата, искуствата и знаењата градени и пренесувани од колено на колено милениуми наназад. Огништето зазема централна позиција и во мегаронот од предгрчката критско микенска цивилизација. Симболиката на огништето преку теменосот е пренесена во класичните храмови, додека знаењата (непристапни за ,,недостојните‘‘) во класичната ера ги пренесуваат филозовските системи на своите избраници, многу често езотериски ( само на мала група или поединци) Ова се однесува и на градителите на храмовите одн. објектите од класичната архитектура кои исто така своите знаења им ги пренесувале на хиерариски начин на своите избраници. Интересно е да се напомене за постоењето на тајни говори јазици со кои меѓу себе говореле народните градителски тајфи од сите краеви на етничка Македонија. Мијаците се познати со тајниот ѕидарски јазик наречен ,,Бошкачки‘‘ , Кривопаланечките мајсторски тајфи од XVII и XIX век го имаат од нив создадено т.н ,,форнички‘‘ таен говор. Градителската тајфа од село Чеган (Егејски дел од Македонија) го имале тајниот ѕидарски говор наречен ,,гогољски‘‘. Можеме само да претпоставиме со каква умешност пак филозофските системи од тогашниот класичен свет го создаваат својот таен јазик со кој само тие ќе се разбираат а останатите не , поставувајќи ги така првите основи на сегашниот грчки јазик. Традицијата на изведба на храмови со доминантна дрвена конструкцијапоставена врз КРЕПИдома, Етрурците, како уште едни претставници на предгрчката цивилизација ќе ја практикуваат се до крајот кога исчезнуваат како народ и култура од историската сцена под налетот на новиот поредок воспоставен од Римската империја. По смртта на архитектурата на овој храм останал само каменот од КРЕПИдомата што е случај со овој храм откриен во Орвието – Италија
113
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Слична смрт има и руралната архитектура од која со тек на време останува само каменот и ништо друго; дрвото скапува , малтерот од земја целосно се разградува сламата , ржаницата се разградува. единствен доказ за постоењето на објектите се камењата од темелните и срушените ѕидни структури
Повеќе типови на етрурски храмови
Оваа традиција и концепција античкиот храм (иако овој пат наменет за џамија) до денешен ден ја задржал народот Хунза – потомци на војската на Александар Македонски кои денес како посебна заедница живеат во Пакистан .
Класичната култура на Атињаните и сличните на неа градови држави од ,,варварите‘‘ покрај предгрчките божества ќе ја преземат и физиономијата на нивните храмови кои овојпат со силата на парите кои ќе ги претпостават техничко - технолошките и уметничките достигнувања ќе изградат
114
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
грандиозни храмови од тип на Партенон, храмовите во Делфи, Олимпија и др. Но она што е најзначајно е тоа дека од тој момент се губи основното правило во архитектурата – единството помеѓу обликот, функцијата и материјалот. ,,Сјајот‘‘ на новиот храм ,,ќе го засени‘‘искуствено постигнатиот зенит на старите храмови градени со дрво. Дрвените греди од претходниот храм сега се само имитација - облици врежани во масата од вградени камени блокови. Тоа не е оној стар храм каде дрвените греди и столбови се основата на конструктивниот систем. Се друго станува прашање на украсување и резбарење на новите камени структури од храмовите но и од останатите објекти од сакрална и профана природа. Внесувањето пак на мноштво детали и ликовни изрази во архитектурата ќе им отвори работа не само на градителите туку и на ,,мајсторите за изработка на имиња‘‘ односно на оние, кои ја поседувале вештината на именувањето опишани во Платоновиот Кратил. Но очигледно дека главните конструкивни состави од храмот како КРЕПИдомата ( основата на која се крепи храмот), ТИМПАнонот (тимба, главата на храмот), ТЕМЕНосот ( ТЕМниот дел од храмот каде се вршат свештеничките обреди), ТИЛесот (ТИЛот, задниот дел н храмот) ги задржале своите постари имиња.
Реконструкција на дрвен храм од Етолија, посветен на Аполон, VII век п.н.е претходник на камените класични антички храмови H.Lamer, Griechishe Kultur im Bilde, Berlin 1922
Новиот класичен антички храм (Дорски) изведен во камен G.Krahl, Bilderatlas, Lipsk 1908
115
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Од финасиска гледна точка а и од аспект на времето кое е потребно за изведбата на мноштвото класични градби , неизбежно се наметнува прашањето : Како е можно за толку краток период и во услови на постојани војни да се случи таков ,,градежен бум‘‘ проследен со силен развој на науката, филозофијата, уметноста и др.во Атина и сличните на неа градови држави . Најлогично е да се претпостави дека во услови на постојани војни нема напредок на економски план и нема услови за создавање на материјални добра. Но практиката во овој случај го докажува спротивното. Факт е дека има силни финансиски влогови од страна . И Американското чудо како економија не го создадоа сиромашните доселеници колонизатори од Европа ниту пак индијанците кои ја преживееја инвазијата на новите жители туку оние кои го преселија силниот капитал од Европа кој милениуми наназад ќе се покаже како главно средство за создавање на цивилизациии во најкраток можен период и секако идејата и методологијата за нивно создавање за која од денешен аспект Самуил Хантингтон во своето дело ,,Преобликувањето на новиот светски поредок‘‘ ќе наведе дека ,,Западната цивилизација за разлика од останатите цивилизации во светот единствена е по тоа дека таа е моделирана од едно мало креативно малцинство‘‘ а класиката како една од неговите темелни вредности ќе се роди токму на овие простори за да го започне својот поход, продор и подем преку Рим , Европските држави империи, Англиската империја, сите нивни колонии и конечно Соединетите Американски Држави. Понатаму Хантингтон отворено го поставува прашањето по што посетител од другите цивилизации би препознал еден град на Западната цивилизација и воедно го дава одговорот – се разбира, по класичната архитектура. Класичната архитектура ја имала и сеуште ја има таа привилегија во западната цивилизација да биде нејзин статичен и непроменлив белег . За сите останати вредности создавани од западната култура ова цврсто правило не важи. Тие низ историјата трпеле многу промени секогаш водени од токму од оваа парола – промени, промени и само промени.... или кажано со речникот на Орвел ,, Ние не ги уништуваме луѓето ние им ги менуваме нивните мисли ‘‘. И тука е парадоксот на класичната архитектура која како најстатичен и најнепроменлив симбол ја обележува како камен меѓник , обелиск , најпроменливата и најдинамичната цивилизација во историјата на човештвото – Западната. Пропаста на Римската Империја ќе резултира со издигнувањето на Христијанството кое врз разрушените антички градби без правилата на Витрувие и неговите строги пропорции ќе ги подига своите храмови за во нив да почне да ја практикува новата Христовата вера врз догматски принципи градени на светите васеленски собори и внесувани во каноните на црквата и нивна строга примена. Тие принципи ќе го одржат 1000 години во живот источноримското царство, принципи во кои источната црква не гледала слобода вон Бога за разлика од Рим кој посветувал многу на строгоста на 116
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
градбите но затоа пак останал познат по развратот и барањето на слободата вон Бога. И еве не по толку минати векови истата таа класична архитектура моделирана во барок или неокласицизам сеедно, откако ќе го истрча својот почесен круг низ цела западна цивилизација ќе се врати на нејзиното извориште тука на балканот, кај нас... Зајакнувањето на македонската граѓанска класа и нејзината финансиска моќ посебно кон крајот на XIX и почетокот XX век ќе резултира со продор на формите на профаната класичната архитектура прилагодена кон сеуште во традиционалната средина во Македонија одн. во градот Прилеп. Новопечените газди, богатите занаетчии, трговците сите скоро без исклучок градбите ги порачуваат во новиот ,, модерен, европејски ‘‘ стил докажуваќи го на тој начин својот престиж. Изведбата на овие градби ќе подразбира примена на нови градежни материјали и техники кои се изведуваат од соодветни обучени и специјализирани мајстори. Посиромашните граѓански слоеви од градот и понатаму ќе практикуваат изведба на градби изведени претежно во бондручен систем со примена на локален материјал од локални мајстори и тајфи кои ги продолжуваат народните градителски традиции.
Живот една до друга. Градска архитектура изведена во традиционален градителски стил со дрвена бондручна конструкција и градска архитектура со примена на класични и неокласични архитектонски детали
Западноевропското ,,модерно‘‘ влијание ќе се почуствува и кај дел од турското население особено во периодот непосредно по младотурската 117
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
револуција. Редок пример на објект во рурална средина од ова влијание во Прилепскиот регион со елементи од ,,новата‘‘ архитектура е беговската кула во село Старо Лагово каде видлива е примената на неокласични елементи во обработкаа на фасадата.
Беговска кула с. Старо Лагово
: Користена литература Семјуел Ф. Хантингтон ,, Судирот на цивилизации и преобликувањето на новиот светски поредок‘‘; Скопје, Евро - Балкан пресс 2010 Рурална архитектура во Македонија ; Петар Намичев , Скопје 1993 TAJNI JEZICI U VELESU - GLASNIK SKOPSKOG NAUCNOG DRUSTVA Kniga XI , Skopje 1932 god. ПЛАТОН - КРАТИЛ ; Магор NEOLITIC MACEDONIA Marija Gimbutas LosAngeles, California 1976 Грчко чудо; Замаровски, школска книга Загреб KULTURA MATERIJALNA STAROZITNEJ GRECJI ; Warsawa 1956
118
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Душко ТЕМЕЛКОСКИ,1 ГРОБНИЦИ ИЗДЛАБЕНИ ВО КАРПА НА ЛОКАЛИТЕТ „СУРУН“ КАЈ ГОРНО СЕЛО Апстракт На локалитетот „Сурун“ кај прилепското Горно село евидентирани се вкупно седум гробници издлабени во карпа датирани во доцномакедонскиот период. Се состојат од три архитектонски делови : дромос, преткомора и комора. Двете на м.в. „Испраена плоча“ главно се разликуваат од петте гробници на м.в. „Тумба“ по тоа што имаат дромоси со мошне поголема должина, „појачани“ со ѕидови пред влезовите. Преткоморите и коморите се со правоаголна или трапезоидна основа, со засведена или таваница на две води. Во овие гробници вероватно биле погребувани поимотни и лица кои имале позначајна општествена улога, а се поврзуваат со населбата Колобаиса. Клучни зборови Локалитет „Сурун“, гробници, доцномакедонски погребување, дромос, преткомора, комора, населба Колобаиса
период,
Гробниците издлабени во карпа се специфичен тип на сакрални објекти кои се појавуваат во доцномакедонскиот период, односно на преминот од III во II век ст.е. Највероватно во нив биле погребувани поимотни, како и граѓани кои стекнале повисок општетвено политички статус во текот на својот живот. На територијата на Република Македонија гробници од овој тип се евидентирани во три региони : гевгелискиот, битолскиот и прилепскиот. Пет гробници се истражени на локалитетот „Исар“ кај гевгелиското село Марвинци,2 додека три на локалитетот „Дибек“ во близина на битолското село Суводол.3 Најголем број на гробници се евидентирани во прилепскиот дел од Пелагонија, односно вдолж нејзиниот северен раб. Поаѓајќи од запад кон исток се следи нивната позиционираност на овие локалитети : „Разбојна дупка“, с. Алданци,4 „Марков чардак“, с. Бело поле,5 „Сурун - потег Испраена плоча“, „Сурун - потег Тумба“, „Големи камења“, Вирила“ и „Грло“, сите во
Душко Темелкоски, археолог - виш кустос, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Прилеп, ул. „Александар Македонски“, бр. 142, Прилеп, е-пошта: duletem@yahoo.com; 2 Микулчиќ Г., 1988, 71; Sokolovska V., Krsteski C., 1999, 121; 3 Месеснел Ф., 1935, 201; Јанакиевски Т., 1993, 149; 4 Лилчиќ В., 2009, 169; 5 Димитриоски Т., 2009, 159; 1
119
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
атар на Горно село, „Гумење“, манастир Трескавец,6 „Кукул - потег Визбата“ и „Кукул - потег Горни чаир“, Прилеп,7 „Дабоиќ“ и „Крклари“ под Марковите кули8 и „Караташ“,9 Прилеп. Големиот број на евидентирани локации со гробници издлабени во карпа во прилепскиот регион е резултат на континуиран контакт со месните жители. Мошне вероватно е дека и во другите два региони постојат повеќе локации, кои би се осознале со поинтензивна комуникација со луѓето од помалите населени места.
Сл.1 - Позиција на локалитетот „Сурун“ Во овој труд ќе се задржиме на гробниците евидентирани и целосно истражени на локалитетот „Сурун“ кај селото Горно село, на околу 12 км. северно од градот Прилеп (Сл.1). Самиот локалитет е именуван според истоимениот висок рид кој го „штити“ атарот на селото од неповолни климатски влијанија од север. Гробниците се позционирани на две локации во неговото источно подножје и имаат иста ориентација запад - исток, со мал отклон кон север или кон југ. На м.в.„Испраена плоча“ истражени се две,10 додека на м.в.„Тумба“ пет гробници (Сл.2).11 Бабиќ Б., 1959, 52; Миткоски А., Темелкоски Д., 2013, 83; 8 Алексова Б., 1959, 67; Кепески К., 1971, 50; 9 Вулиќ Н., 1941-1948, 190; Микулчиќ И., 1966, 80; Миткоски А., 1996, 137; 10 Археолошки истражувања на Народен Музеј - Прилеп во 1958 година, раководител Благоја Китаноски; Алексова Б., 1959, 67; Кепески К., 1971, 50; Археолошки истражувања на НУ Завод и Музеј - Прилеп во 1992 година, раководител Александар Миткоски; Миткоски 6 7
120
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Освен гробницата означена како Гробница 5 на м.в.„Тумба“ која е отворена со нелегални ископувања од страна на непознати лица пред неколку години, сите останати гробници се отворени во подалечното минато, некои можеби и набргу после извршеното погребување во нив.
Сл 2 - Ридот Сурун и неговото источно подножје Гробниците се состојат од три архитектонски елементи : дромос (ходник), преткомора и комора. Двете гробници на м.в.„Испраена плоча“ биле издлабени во порозна и мека карпа, затоа имаат поголеми оштетувања, за разлика од петте гробници на м.в.„Тумба“ кои се сочувани мошне подобро. Должината на дромосите зависи од висинскиот пад на карпата во која гробниците се издлабени. Карпата на м.в. „Испраена плоча“ е со благ пад, така да должините на дромосите на двете гробници се доста поголеми. Дромосот на Гробница 1 е со должина од 5,25 м., додека кај Гробница 2 измерена е должина на дромосот од 6,70 м. (Сл.3 и Сл.4). Дромосите на овие гробници биле „појачани“ со ѕидови од делкани камења, чии најдолни редови во својата основа биле прицврстени врз црвеникав глинен слој. Ѕидовите кај Гробница 1 се сочувани претежно во основниот ред на камења, делимично на места до третиот ред во висина, додека кај Гробница 2 ѕидовите биле сочувани во висина од 0,80 до 0,95 м. Просторите меѓу ѕидовите биле поплочени со камења (Сл.5 и Сл.6).
А., 1996, 137; Археолошки истражувања на НУ Завод и Музеј - Прилеп во 2012 година, раководител Душко Темелкоски; 11 Миткоски А., 1996А, 89; Археолошки истражувања на НУ Завод и Музеј - Прилеп и La trobe универзитет, Мелбурн, Австралија во 2011 година, раководител Белинда Д`Анџело; Миткоски А., Темелкоски Д., 2013, 83; Археолошки истражувања на НУ Завод и Музеј Прилеп во 2013 година, раководител Душко Темелкоски; 121
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Сл 3 - Основа на Гробница 1 (м.в.„Испраена плоча“) Сл 4 - Гробница 2 (м.в.„Испраена плоча“)
Сл 5 - Дромос пред влез во Гробница 1 (м.в.„Испраена плоча“) Сл 6 - Дромос пред влез во Гробница 2 (м.в.„Испраена плоча“) Карпата на м.в. „Тумба“ во која се издлабени петте гробници е со поостар пад (Сл.7), така да тие имаат кратки дромоси : Гробница 1 е со должина на дромос од 1,50 до 2,20 м., Гробница 2 - од 1,70 до 2,20 м. (Сл.8), Гробница 3 - 1,40 м., Гробница 4 - 0,65 м. и Гробница 5 - од 0,90 до 1,20 м.12 Дромосот на Гробница 3 завршува со три скалила кои водат до влезот во внатрешноста (Сл.9).
Гробниците 1, 2 и 5 имаат дромоси со различни должини на страните, за разлика од гробниците 3 и 4 кај кои двете страни на дромосите завршуваат на исто растојание од влезовите во внатрешноста, односно во преткомората; 12
122
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Сл.7 - Поглед на м.в.„Тумба“
Сл.8 - Гробница 2 (м.в.„Тумба“)
Сл.9 - Гробница 3 (м.в.„Тумба“)
Што се однесува до внатрешностите, се јавуваат неколку форми на основи на преткоморите и коморите, како и изгледи на нивните таваници (Сл.3 и Сл.12). Преткоморите се со правоаголна форма, единствено Гробница 1 и Гробница 3 на м.в.„Тумба“ имаат преткомори со овална форма. Со оглед што таваниците на преткоморите на двете гробници на м.в.„Испраена плоча“ се срушени, не се знае за нивниот изглед, додека кај
123
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
гробниците на м.в.„Тумба“ таванците на преткоморите се сводести, освен кај Гробница 2 која е на две води. Кај коморите на гробниците се евидентирани три форми на основи: квадратна кај Гробница 1 на м.в.„Испраена плоча“ и кај Гробница 5 на м.в.„Тумба“, правоаголна кај Гробница 2 на м.в.„Испраена плоча“ и кај Гробница 2 (Сл.10) и Гробница 4 на м.в.„Тумба“, додека кај Гробница 1 и Гробница 3 на м.в.„Тумба“ коморите се со трапезоидна форма. Таваницата на Гробница 1 на м.в.„Испраена плоча“ е во поголемиот дел срушена, додека онаа на Гробница 2 на истата локација е сводеста. Сводести таваници имаат и коморите на Гробница 2 и Гробница 3 на м.в.„Тумба“, а Гробница 1, Гробница 2 и Гробница 5 на оваа локација се со комори со таваници на две води. Коритата во коморите на гробниците а во кои биле положувани урните со остатоците на покојниците и даровите, имаат правоаголна форма, освен кај Гробница 1 и Гробница 5 на м.в.„Тумба“ каде се евидентирани со трапезоидна, односно квадратна форма. Внатрешноста, односно комората на Гробница 4 на м.в.„Тумба“ е константно исполнета со вода, така да не беше можно осознавање на изгледот на коритото. Скоро во сите корита се слегува преку една скаличка.
Сл.10 - Гробница 2 - комора (м.в.„Тумба“) Сл.11 - Гробница 5 (м.в.„Тумба“) Кај двете гробници на м.в.„Испраена плоча“ евидентирано е мноштво на дислоцирани фрагментирани мермени оплатни плочки, со кои биле поплочени основите на нивните преткомори и комори. Ова сознание упатува на тоа дека во овие гробници биле погребани лица со поголема важност во однос на покојниците погребани во гробниците на другата локација. Архитектонскиот концепт на „појачување“ со ѕидови на нивните дромоси
124
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
пред самите влезови исто така е во „служба“ на „издвојување“ на вечните живеалишта на овие покојници во однос на другите. Што се случувало после завршувањето на погребниот ритуал во гробниците издлабени во карпа? Во секој случај влезовите биле затворани со масивни камени плочи. Овој податок е познат од пишани историски извори кои говорат за погребувањето во овој тип на гробници во земјите на Блискиот исток, регион од каде што и всушност овој начин на погребување е пренесен на нашите простори. Фрагменти од влезни камени плочи се пронајдени при истражувањата на двете гробници на м.в.„Испраена плоча“. Секако важно сознание претставува евидентирањето на подебел слој на камења посипани со земја врз горната надворешна површина кај Гробница 5 на м.в.„Тумба“ (Сл.11). Претпоставка е дека и сите други гробници по завршување на погребувањето биле заштитени на овој начин, но највероватно заштитниот слој кај нив бил уништен по природен пат на ерозија.
Сл.12 - Основи на гробници на м.в.„Тумба“ Со оглед што сите гробници без исклучок се отворени претходно, гробните прилози се или однесени или уништени од оние што ги отвориле. Со истражувањата на двете локации евидентиран е скромен движен археолошки материјал (Сл.13). Доминира садовата керамика, кај која од облици препознатливи се ехинус чинија, конусна чинија со плочесто извлечен венец, како и киликс. Од накит евидентирани се фибули од „малоазиски“ тип (една целосна од сребро и мали фрагменти од две бронзени), прстени и обетки од железо и бронза, глава на бронзена игла вкосница, сребрени монисти, конусен сребрен приврзок и бронзен висулец во форма на стилизирана птица. Секако поспецифичен наод претставува теракотната кутија - тропалка за бебе, на чија горна страна на поклопецот со врежување всушност е и претставено повиено бебе. Овие наоди се совпаѓаат хронолошки со датирањето на гробниците во доцномакедонскиот период и се вообичаени како гробни прилози, ритуални дарови и делови од облеката и накитот на погребаните покојници.
125
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Сл.13 - Движни наоди
За крај, нешто за населбата на која гробниците издлабени во карпа на локалитетот „Сурун“ припаѓале. На околу 500 м. северно од двете локации се издигнува низок рид познат како Мал Сурун или Орлов камен, кој всушност е продолжен крак на повисокиот и доминантен рид Сурун (Сл.2). На овој рид евидентирано е акрополно утврдување кое егзистирало од времето на владеење на македонските кралеви, па се до IV век од нашата ера, односно до доцноримскиот царски период. Но, евидентирано е користење на овој простор и многу порано, во енеолитот, бронзената и железната епоха. Во тек се археолошки истражувања со кои се откриени градби кои биле користени во спомнатиот временски интервал во антиката.13 НУ Завод и Музеј Прилеп во рамки на годишната проектна програма ги реализира овие истражувања во месеците мај и јуни, 2016 година, а под раководство на Душко Темелкоски. 13
126
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Во рамничарскиот дел источно од ридот Сурун, при земјоделски работи мештаните на Горно село и на соседното село Дупјачани, континуирано наоѓаат движни наоди датирани во гореспомнатите периоди, како и остатоци од градби. Претпоставка е дека под слоевите земја лежи населбата Колобаиса која е спомната во антички пишани извори.14 На соседниот манастир Трескавец кој е позициониран под врвот Златорв а над селото Горно село, крстот кој е поставен на покривот на црквата е вглавен со античка мермерна плоча со натпис во кој се спомнува храм посветен на Артемида Ефеска во населбата Колобаиса.15 Мошне вероватно е да на овој доминантен врв покрај храмот била подигната и резиденција поврзана со населбата во рамницата. Со понатамошни археолошки истражувања во иднина можеби ќе се открие епиграфски наод кој би ја потврдил претпоставката дека во атарот на Горно село, вклучително и локалитетите на „Сурун“ и „Мал Сурун“ била позиционирана оваа населба. Summary Late macedoinan tombs carved into the rock are specific type of sacral objects in antiquity. In Prilep part of Pelagonia tombs are concentrated in large number. In them were buried wealthy citizens and citizens with significant social status. Seven tombs explored at the site “Surun” near village Gorno selo were probably part of the settlement named Kolobaisa. Consisting of a dromos, antechamber and chamber. Without exception, these tombs were opened and robbed in the past. In them are find ritual gifts for the dead and parts of their clothes and jewelry. The number of seven tombs postioned in such a small area is a uniqe appearance in the territory of Republic of Macedonia. Литература 1. Aleksova B., 1959, Iskopavanja na Krklarima i kod Gornog sela, Arheoloski pregled 1, Beograd 2. Бабиќ Б., 1959, манастирот Трескавец, Стремеж 5-6, Прилеп 3. Вулиќ Н., 1942-1948, Гробнице и гробови у стени, Споменик XCVIII, САН, Београд 4. Димитриоски Т., 2009, Древна Пелагонија II, Прилеп 5. Јанакиевски Т., 1993, Три доцнохеленистички гробници во стена од лок. Дибек, с. Суводол - Битола, Maced. acta archaeol. 13, Скопје 6. Кепески К., 1971, Прилеп и прилепско низ историјата II, Хеленистички период, глава II, Прилеп 7. Лилчиќ В., 2009, Корпус на старите градови и тврдини во Република Македонија, Линкестида и Девриоп, Македонска цивилизација, Скопје 8. Mesesnel F., 1935, Jedna grobnica kod sela Suvodola, Glasnik Skopskog naucnog drustva XIV, Skopje 14 15
Ф. Папазоглу, 1957, 223; ibid; Papazogly F., Milin., M., Ricl M., 1999, 233; 127
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
9. Микулчиќ Г., 1988, Хеленистичка гробница од Марвинци, Културно наследство XII - XIII, Скопје 10. Mikulcic I., 1966, Pelagonija u svetlosti arheoloskih nalaza od egejske seobe do Augusta, DISS III, Skopje - Beograd 11. Миткоски А., 1996, Објекти издлабени во карпа од Прилепско, Maced. acta archaeol. 14, Скопје 12. Миткоски А., 1996А, Нови пелагониски гробници, Македонско наследство 2, Македонска цивилизација, Скопје 13. Миткоски А., Темелкоски Д., 2013, Три нови гробници издлабени во карпа во прилепско, Македонско наследство 40-41, Македонска цивилизација, Скопје 14. Папазоглу Ф., 1957, Македонски градови у римско доба, Жива антика, Књига I, Скопје 15. Papazogly F., Milin., M., Ricl M., 1999, Inscriptiones Graecae, Berlin, 1999 16. Sokolovska V., Krsteski C., 1999, Rock cut chamber tombs at Isar Marvinci, Macedonia and the neighbouring regions from 3rd to 1st Milenium B.C., Museum of Macedonia, Skopje
128
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Оливера МАКРИЕВСКА, Јовица БОГОЕВ,1 ПРИМЕНЕТАТА ТЕХНИКА И ТЕХНОЛОГИЈА КАЈ ИСТОРИСКИТЕ СЛОЕВИ НА ЅИДНОТО СЛИКАРСТВО ВО ЏАМИИТЕ ИСХАК ЧЕЛЕБИ И ГАЗИ ХАЈДАР КАДИ ОД XVI ВЕК ВО БИТОЛА Апстракт Џамиите Исхак Џелеби и Гази Хајдар Кади во Битола претставуваат примери на доцниот класичен стил во османлиската сакрална архитектура. Гази Хајдар Кади џамијата е изградена во 1565 година, додека Исхак Челеби џамијата е изградена во 1506 година. Во периодот од 2013 – 2015 година извршени се бројни конзерваторско реставраторски истражувања коишто резултираа бројни податоци за историските, стилско уметничките, техничко технолошките карактеристики на архитектурата и ѕидното сликарство кај двете џамии. Конзерваторско реставраторските истражувања на ѕидното сликарство ја утврдија применетата техника и технологија, како и постоењето на повеќе историски сликани слоеви. Во приложениот труд ќе бидат образложени: применетите методи на констатираните историски слоеви и применетите техники за утврдување на техниките на сликање кај двете џамии. Клучни зборови Османлиска декоративна уметност, секо техника, повеќеслојно ѕидно сликарство, Исхак Челеби џамија, Гази Хајдар Кади џамија во Битола, XVI век Податокот дека Битола припаѓала на областа Румелија како Хас на Фатима, ќерката на султанот Ахмед III ни го дава османлискиот патеписец Евлија Челебија во патеписната книга ‘Сеjахатнаме’. Имено по неговата посета на Битола во 1661, ја опишува како град со убави џамии, безистен,
Оливера Макриевска MFA, Магистер по ликовни уметности од област Конзервација и реставрација во темперна и маслена техника на дрвена подлога, Универзитет„ Св. Кирил и Методиј“ Факултет за ликовни уметности, Скопје, Р.Македонија НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Битола, Климент Охридски бб. Битола, улица Козара број 20 Битола, e-mail oliveramakrievska@yahoo.com Јовица Богоев Магистер по конзервација и реставрација, “Национална уметничка академија’’, Софија, Р. Бугарија; Катедра: Конзервација и реставрација. НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Битола, Климент Охридски бб. Битола, улица Лавчански Пат број 13 Битола, e-mail jovicabogoev@yahoo.com 1
129
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
медреси, магази, имарети, амами и други јавни и религиозни градби коишто биле во состав на вакафите.2 Во шеснаесеттиот век обележан како златен период за градителството на религиозните градби во Битола ќе бидат изградени неколку монументални џамии, коишто претежно биле изградени на десната страна на реката Драгор, како и во горните делови на левиот брег.3 Стилски тие и припаѓаат на Селџучката - бурсанска школа, како што се Сунгур Чауш и Хаџи Беј, потоа џамиите што припаѓаат на раниот oсманлиски стил од Едрене и класичниот османлиски стил од Истанбул, од кои се најзабележителни Исхак Челеби, Хаџи Махмуд Ефенди - Јени и Хајдар Кади џамија.4 Гази Хајдар Кади џамија изградена во 1565 година е пример на комбинација на локалното градежно наследство и архитектонските тенденции од преодните фази на раниот османлиски стил од Едрене со поизразени влијанија на класичниот османлиски стил инспириран од школите на дворските архитекти мимар Хајредин и мимар Коџа Синан.5 Џамијата е изградена во некогашното маало Кара Оглан, во близина на Овчкиот пазар и Чифте амамот – Дебој, а денес на улица „Цане Василев“ бр. 14. Припаѓа во зоната на Старата битолска чаршија.6 Архитектонски, претставува еднопросторна подкуполна масивна градба, издвоена меѓу останатите џамии во Битола по својот склад и хармонија. Се состои од молитвен простор со скоро квадратна форма, отворен трем и минаре. На северозапад порталот е богато украсен со дрвена влезна врата со декорации во плиток рељеф со цитати од Ку`ранот. Влезната врата потенцирана е со мермерни профили, а над неа поставена е мермерна плоча декорирана во плиток рељеф со стилизиран арапски натпис.7 Молитвениот дел од џамијата и северната фасада декорирани се со ѕидно сликарство од комбинирани геометриски и флорални елементи, цветни композиции, архитектонски и природни пејсажи. Одредени сликани елементи, се шаблони коишто ритмички се повторуваат пратејќи ги и акцентирајќи ги формите на архитектурата. Џамијата била обновена во 1851, 1890 година. Се смета дека сите џамии во градот биле 2
Husref Redžć , Islamska umjetnost,Umetnost na tlu Jugoslavije, Beograd, Zagreb, Mostar 1982,33.; Robert Mihajlovski, The seventeen-century Ottoman religious architecture of Bito la/Manastir, Patrimonium.MK, vol. 7-3, 2012, 289.
3
Robert Mihajlovski, The The Sixteenth Century Mosques of Bitola / Toli Manastır, Patrimonium.MK, vol. 7-8 2010, 365. 4 Крум Томовски, Архитектурата на почвата на Македонија, МАНУ, книга 9, Скопје 2000, 175. ; Robert Mihajlovski, nav. delo., 352. 5 Антоние Николовски, Димитар Ќорнаков, д-р Коста Балабанов, Споменици на културата во СР Македонија, Скопје 1971,145-146.; Исто., 352. 6 Robert Mihajlovski, nav. delo.,362. 7 Крум Томовски, нав. дело., 181-182.; Robert Mihajlovski,nav. delo., 362 130
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
реставрирани р и во периодоот пред посетата на суллтанот Мехм мед Решад v, v во 1910 година.8 По извршен ните конзервваторско реставраторски и истражувањ ња на ѕи идното сликкарство доби иени се богатти информац ции како за историјатот, и така 9 и за техничкоо технолошкката изведбаа на сликанаата ѕидна деккорација. Ѕи идно декоративно д сликарство констатираано е во ентериерот е на молитвениот простор п (тамб бурот на куп полата, тром мпите, триагоолните површ шини коиштто ги поврзуваат п т тромпите, и источната, западната, јужната, северната с ѕидна површина п и кај фасаадата на сееверниот ѕи ид). Ѕидно сликарство кај централната ц к купола и слеепите куполи на тремот не е сочуваано. Фотограафија бр.1 б
фото.11
фото2
фотто. 3
Фотографиј Ф ја бр.1 Ѕидноо сликарствоо во ентериеррот на молиттвениот просстор на Гази Хајдар џами ија пред отпоочнување со истражувачкките работи ија бр.2 Детаал од декораацијата со бојја и позлата на мермернаата Фотографи површина п кај ај порталот н на северозапаадната фасад да од периодоот на изградб бата н на џамијата, односно о XVII век. Фтографија Ф бр.3 Ѕидно ссликарство од о вториот пеериод, среди ината на XIX X век. Приказз на џамиски и комплекс на н југозападн ниот ѕид, втоора зона во молитвен ниот просторр. Спровведувајќи ги сондажните истражувањ ња во џамијатта, констати ирано е повеќеслојно ѕидно слликарство од о три разли ични времен нски период ди и меѓупериодич м чни интервеенции од помал п обем.. Првиот период со ѕидна декорација д пррипаѓа непоосредно по изградбата и н џамијата, односно од XVI на век. Истата којашто к е ми инимално соч чувана, констатирана е: кај к втората зона на н источниотт, западниот и јужниот ѕид, ѕ во вид на заостанатти фрагментти во кафеави к тоноови со нед дефинирани приказ; над д порталот, на мермеррната површина п со монохром мна темноссива боја, изведена е растителн на и гееометриска декорација д ссо изглед на графика; гееометрискитее и растителлните мотиви м се укррасени со прримена на коомбинација на н техника на н позлата и боја, мермерни м роозети украасени во теехника на позлата, меермерни круужни Крум Томовскки, нав. дело., 183. Целокупните информации и од д извршените истражувања и се содржат во изготвениот и П Проект Г Хајдар Кад ди џамија во Битола заа конзервација и реставрацијаа на ѕидното слликарство во Гази од д 2015 година, чиј носител е Н Националниот конзерваторскки центар од Сккопје. 8 9
131
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
апликации од типот кабара украсени со примена на комбинација на техника на позлата и боја.Фотографијабр.2 Вториот период со ѕидна декорација којашто е откриена со сондажните истражувања е периодот на посериозна обнова на џамијата, односно XIX век, којашто најповеќе е сочувана на ѕидните површини во молитвениот простор, како и кај северозападната фасада. Применети се претежно растителни мотиви, во комбинација со геометриски форми, а на источниот ѕид (втора зона) со сондажните истражувања констатирана е ѕидна декорација на краен север и југ (пејсажи со приказ на џамиски комплекси). Фотографија бр.3.Пејсаж со џамиски комплекс од помал формат, применет е и на ѕидната површина во плитката ниша над североисточниот прозорец на северозападната фасада. Декорацијата од растителни, геометриски мотиви, пејсажи е скоро целосно применета врз ѕидните површини, претежно со хоризонтално и вертикално развлечени цветни композиции. Користен е ведар колорит кадешто доминирааат светлозелената и портокаловата, но користени се и сината, кафеавата, црната и црвената. Период на повторна обнова на ѕидното сликарство од средината на XIX век. Сликаниот слој доволно е сочуван, но е со особено лош техничко-технолошки квалитет на применетите материјали. Декорацијата од средината на XIX век застапена е во ентериерот на молитвениот простор на ѕидните површини, кај тромпите, фрагментарно кај тамбурот, фрагментарно на северозападната фасада над прозорците и михрабиите со стилизирани геометриски и растителни мотиви, во внатрешноста на псевдолаците во горните зони, во втората зона помеѓу трите прозорци, насликани се по две декорации од правоаголни рамки-левхи кадешто обично биле аплицирани цитати од Ку`ранот, стилизирана растителна декорација околу прозорците којашто ритмички се повторува. Застапена е декорација од насликани велови, цветни мотиви-розети, стилизирани геометриски и растителни мотиви, а како најпечатливи се пејсажите изведени во картуши во најгорните зони помеѓу двата прозорци формирани од растителни елементи лисја и бршленови гранки, а во внатрешноста со прикази на пејсажи. Кај ѕидната декорација од овој период употребени се претежно тонови на жолт окер, кафеава и зелена, такашто доминира тоналитет со кафеаво и жолто окереста гама. Меѓупериоди со интервенции на ѕидна сликана декорација: слој којшто се појавува над сликаната декорација од вториот период. Истиот е изведен со ултрамарин сина (флорална и геометриска декорација), лоциран околу порталот, во и над михрабиите на севрозападната фасада; слој којшто стратиграфски е паралелен со сликаната декорација од вториот период во вид на досликувања на портокалови цветови на површините кај растителната декорација изведена со зелена боја, како и цветен фрагмент со портокалова боја од поголем формат на источниот дел од јужниот ѕид помеѓу двата прозорци во втората зона. Истиот е единствен мотив којшто не се појавува на друго место во распоредот на сликаната ѕидна декорација; досликувања со портокалова боја кај призмите на тромпите и михработ. Во тек на своето постоење џамијата претрпела разни видови на оштетувања, обнови, реставрации како: поголеми 132
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
оштетувања на архитектурата кај куполата и минарето коишто настрадале за време на двете Светски војни; обнови на ѕидното сликарство од типот на пресликување во два релативно блиски временски периоди во тек на XIX век; заградување на отворениот трем-средина на XX век, варосување на заднината ѕидните површини, премачкување со маслена боја на ѕидните површини во долните зони, михработ, влезната врата во понов период и сл. Конзерваторско-реставраторски интервенции со цементен малтер извршени се во 50-титте и 60-титте години на минатиот век. За некои од овие интервенции постојат записи, за некои дознавме по усно кажување, а за останатите зборува состојбата на самиот споменик. 10 Со конзерваторско реставраторските истражувања добиени се податоците за вкупната квадратура на површини со ѕидно сликарство (ентериер и северна фасада), односно околу 600м2; од направените стратиграфски сонди утврдени се малтерните и боените слоеви, нивната состојба, квалитетот и квантитетот на сочуваноста; направени се проби коишто се во скалд со предложените постапки за конзервација и реставрација на повеќеслојното ѕидно сликарство во Хајдар Кади џамија. Општата состојба на повеќеслојното ѕидно сликарство е лоша. Анализата на техниката поткрепена со резултатите од физичкохемиските анализи ни ја потврди техниката на изработка и применетите материјали кај ѕидното сликарство од трите временски периоди. Земени се вкупно 23 стратиграфски и површински загребени примероци (градежен малтер, малтерни, сликарски подлоги, боени слоеви и посебно примероци од боен слој и позлата за испитување на квалитативниот и квантитативниот состав на: градежниот малтер, малтерните подлоги, сликарската подлога, боените слоеви, употребените, бои, врзива и полнила. За нивното испитување применети се визуелни и инструментално-аналитички методи (класични аналитички тестови, хисто-хемиски боен тест, оптичка микроскопија, инфрацрвена и микро-раманска спектроскопија).11 Фотографија 4 и 5. Малтерните подлоги за ѕидното сликарство се двослојни и по состав варови со додаток на песок и органско полнило како арматура. Првиот слој е со розова боја заради додатокот на толчена тула, а вториот е со снежнобела боја. За применетата ѕидна декорација којашто била изведена по изградбата на џамијата неможеме многу да зборуваме заради оскудните остатоци од тој период. Констатацијата е оправдана од две причини, од коишто едната е деградацијата на подлогите и боениот слој со тек на времето предизвикана од повеќе причинители, а втората е тоа што техниката на ѕидно сликарство познато како калемиши (kalemişi) во почетокот било резервирано за украсување на горните партии на џамиите со намера да се акцентираат и хармонизираат архитектонските форми, функцијата и стилот на објектот.12
Крум Томовски, нав. дело, 178.; Robert Mihajlovski, nav. delo., 363. Испитувањата се вршени во Централната хемиска лабораторија на НКЦ Скопје и Хемиски факултет, ПМФ Скопје од д-р Лидија Робева-Чуковска, хемичар советник конзерватор. 12 Ayşin Yoltar-Yıldırım, Ottoman decorative art, Hand book series 8, Ankara 2009, 21. 10 11
133
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
П11
П12 Фотографии 4 и 5 Стратиграфски изглед на примероците сликани под микроскоп Примерок П11 (декорација кај михработ) Микроскопски приказ на П11 под рефлектирана светлина на светло поле. Легенда: 1-зелена боја; 2подлога; 3 - црвена боја; 4- кафеава боја; 5- бледозелена боја со сини кристали; 6 - фолија (рефлексија која укажува на златна декорација. Примерок П12 декорација на јужниот ѕид втора зона во молитвениот простор. Микроскопски приказ на стратиграфијата на слоевите под рефлектирана светлина. Легенда: 1-прв слој подлога; 2- втор слој подлога; 3црвена боја; 4- подлога; 5- светлозелена боја . Констатираното ѕидно сликарство од првиот период ( XVI век) кај ѕидните површини во ентериерот на молитвениот простор е изведено во секо техника нанесена на калцитна основа, а користени се претежно минерални и земјени пигменти со врзивен медиум комбиниран од полисахарид и
134
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
протеин.13 Кај декорацијата над порталот употребена е истата техника, но и техниката на позлатување врз болус.14 Кај ѕидната декорација од вториот период ( почеток на XIX век ), на целокупната површина нанесена е подлога по состав вар и гипс, а за осликување на декоративните мотиви применета е емулзиона сликарска техника (мешавина на пигменти со казеинско врзиво и масло како пластификатор).15 Кај ѕидната декорација од третиот период (средина на XIX век), исто така врз целокупната површина на претходниот сликан слој нанесена е подлога по состав вар и гипс, а за осликување на новите декоративните мотиви применета е емулзиона сликарска техника (мешавина на пигменти со протеинско врзиво и додаток на поголема количина на масло од претходното).16 Со secco техниката или таканаречената ѕидна темпера се изведуваат ѕидни слики насликани на сув малтер, со соодветно врзивно средство или медиум за сликање. Кај ѕидното сликарство во Хајдар Кади џамија во пигментите констатирана е примена на комплексен полисахарид, односно гумарабика. Гумарабиката, сенегалската и кордофанската гума, како и трагантот, се сметаат за најквалитетни гуми во сликарскиот врзивен систем. Гумарабиката се добива во вид на проѕирни и безбојни грутки, а се топи во вода и во алкохол. Блаже Кузмановски, Практична сликарска технологија и сликарски техники, Скопје 2011,29-30, 160.; N.Brkić, Tehnologija slikarstva, vajartsva I ikonografija, Univerzitet umetnosti Beograd 1984,16-17. 14 Црвениот болус и денес се користи како полимент за позлатување, а се препорачува и за тонирање на грундот. Во Византија (Источното римско царство), црвената земја се нарекувала Volus, додека во Западното римско царство се нарекувала Bolus. Позлатата на полимент или болус се прави откако предвидената препарирана површина е идеално и изедначено изнивелирана. Површината каде ќе се позлатува се изолира со 3% туткален раствор. По сушењето се нанесува болусот или полиментот. Полимент е специјално припремен каолин (болус) обоен црвено, жолто или сиво. Болусот е мека креда која содржи соодветно врзиво. Болусот се нанесува со четка во тенок слој. Се премачкува неколку пати на растојание од неколку минути. Кога ќе се исуши се полира со мали перничиња од свилена или памучна ткаенина. Додека е влажен полиментот има својство на врзување со златните или сребрените ливчиња. Ако е сув тогаш се навлажнува со раствор од алкохол и вода или ракија во сооднос 1:2. Блаже Кузмановски., нав. дело, 140 – 142. 15 Кај ѕидната декорација од вториот период применета е класична изолација од вар со додаток на гипс , но за сликањето употребено е казеинско врзиво коешто се смета за најквалитетно при практикувањето на оваа техника, а тоа значи да се карактеризира со цврстина, постојаност и стабилност. Calcium sulphate - gypsum (CaSO4.2H2O), спаѓа во групата на сулфиди. Тој е широко распространет на планетата Земја. Заедно со calcium carbonate (Ca CO3) се користат уште во античкиот период, како полнила во подлогите, но и како бели пигменти со водени врзива. James Lagomarsino, A Concise Guide to Rocks & Minerals, Paragorn Books Service, LTD China 2008, 105-106.; Živoin Turinski, Slikarska tehnologija, Beograd, 1987, 16-17.;Блаже Кузмановски., нав. дело,25-28,160.; N.Brkić.,nav. delo,78-79. 16 Кај ѕидната декорација од третиот период извршена е изолација скоро слична како во претходниот период , но за сликањето со пигментите употребено е веројатно туткал или јајце со додаток на масло. Средновековните мајстори го користеле туткалот како изолациона подлога и како врзиво. Исто така и желатинот се користел како изолационен слој или во подготовката на употреба на сините бои. Исто., 20-23,160.; Isto., 79. 13
135
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Сликарските интервенции во меѓупериодите во однос на применетата техника и технологија се идентични со применетата техника од вториот период. Применетата ѕидна декорација во џамијата во двата временски периоди во тек на XIX век е со одредени западни влијанија коишто се веќе институционализирани во империјата и се разликува од програмата и стилот на традиционалните ѕидни декорации во Анадолија и на Балканот.17 Поради тоа заклучуваме дека овој вид на ѕидна декорација не може да припаѓа на периодот кога е изградена џамијата, туку со сигурност припаѓа на подоцнежните наведени периоди. Во османлиската уметност особено во XVIII и XIX век често се применуваат пејсажни мотиви коишто ги наоѓаме како примери во Анадолија и на Балканот.18 Растителните мотиви од извиени и развиени гранки и листови, прикази на пејсажи во картуши ги среќаваме и кај џамиите Султан Мурат, Мустафа Паша во Скопје, турбињата Харабати Баба и Серсем Али Баба во Тетово, Хаџи Махмуд Ефенди–Јени во Битола и други. Затекнатата ѕидна декорација претставува пример на традиционален стил со влијанија на западната барокна и рокајна култура во Анадолија и на Балканот, такашто се појавуваат извесни измени во применетите техники и содржини на сликањето. Кај ѕидната декорација од третиот период запазена е ритмиката и симетријата, додека кај ѕидната декорација од вториот временски период постојат одредени отстапувања. Во сите уметнички дела коишто може да се вреднуваат како компоненти на исламската уметност се гледа феноменот на изоставање на личноста на уметникот.19 Така и кај џамијата Хајдар Кади не постои запис за уметникот или тајфата коишто ја декорирале џамијата со ѕидни слики во различни временски периоди.
17
Ayşin Yoltar-Yıldırım, nav.delo 64 182. Isto., 164. 19 Сликарството и скулптурата не се забранети од Кур` анот, туку од традицијата на Божјиот пратеник- Мухаммед, а во голем дел и од неговата жестока борба против идолопоклонството. Оваа забрана, како и да се интерпретира ги насочила муслиманските уметници кон нефигуралната интерпретација. Истакнувањето на личноста на уметникот во исламската уметност е поврзана со изреката на Мухамед, дека неговиот лик го образуваат неговите дела. Изоставањето на личноста на уметникот во исламската уметност е тесно поврзана со филозофијата на исламската религија. Возможно е да се распознае ракописот на одредена работилница или уметник поединец којишто работеле во одреден период или нивното влијание, особено на дворските уметнички работилници (nakkaşhane)за коишто постојат записи во империјалните архиви на Истанбул. Бешир Ајвазоглу, Исламска естетика, превод од турски јазик м-р Али Пајазити, Скопје 2002, 15- 21.Ayşin YoltarYıldırım, nav.delo,10,41-42. 18
136
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Исхак Челеби џамија
Фотографија бр. 6 Изглед на ѕидното сликарство во молитвениот простор во Исхак Челеби џамија пред отпочнување со конзерваторско реставраторските истражувања. Фотографија бр. 7 Сонда направена на западниот ѕид во првата зона околу отворите на плитките ниши. Констатирано е двослојно сликарство(два типа на бордура). Пресликата е имитативна и грубо ја прати формата на оригиналот и се приближува до бојата на оригиналот.
Фотографија бр.8 Сонда кај пејсажот под кружната галерија-двослојно сликарство кадешто пресликата е имитативна и ја прати формата на оригиналот. Оригиналот и пресликата се разликуваат во употребената палета на бои. Фотографија бр. 9 Испишана година со слободна рака (1850 година) откриена во тек на истражувачките работи, кај еден од прозорците на тамбурот на југозапад, на внатрешната страна на лакот. Таму, изведен со четка и со слободна рака постои запис кадешто е испишана годината и насликан е симболичен печат на главниот мајстор во форма на букет со
137
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
цвеќиња со кафеави бои коишто се употребени за декорирање на ѕидните површини во молитвениот простор од тој период. Исхак Челеби џамија изградена во 1506 година за време на владеењето на султанот Бајазит II, е современик на џамијата Султан Бајазит II во Цариград, дело на мимар Хајредин. Годината кога што е изградена го означува почетокот на класичниот османлиски период во архитектурата, со конструкција од лонгитудинален простор под една централна купола и две полукуполи коишто се потпираат на лакови на коиишто лежи централната купола. Џамијата Кади Исхак Челеби подигната е на северниот брег на реката Драгор во непосредна близина и наспроти Безистенот, Махмуд Ефенди–Јени џамија и Саат кулата во Битола. Во минатото оваа област била позната и како Бит пазар во подрачјето на Емир Беј или Исхак Челеби маало. Популарно позната како Исакија, а и како Хазрет Исхак џамија, е од типот на соборна и чаршиска џамија. Воедно таа е и најголема џамија во Битола.20Нејзиниот ктитор, Кади Исхак Челеби Ибни Иса по долгогодишната служба како судија во Солун, бил назначен за судија (кадија) во Битола околу 914 / 1508 година. На мермерната плоча со димензии 150 х 70 см., над влезниот портал на северната фасада постои натпис кадешто ја пишува годината на изградбата на џамијата 24 мај 912 по Хиџра/ 1506. Џамијата е со едноставен, но монументален изглед, ѕидана во опус клоазоне, со малтерисани фасадни површини кај тамбурот, во подкуполниот појас и северната фасада. Ѕидните површини во ентериерот, куполата и северната фасада на џамијата се малтерисани со двослоен малтер. Истите се декорирани со декоративно ѕидно сликарство. Фотографија бр.6 Констатираното ѕидно сликарство кај куполата, тамбурот, под кружната галерија и ѕидните површини е двослојно, додека констатираното ѕидно сликарство кај северната фасада е повеќеслојно, односно нанесени се пет слоеви во различни временски периоди. Фотографија бр.7. Вкупната квадратура на површини со ѕидно сликарство (молитвен простор и северна фасада) изнесува околу 1600м2 . За првиот слој на ѕидно сликарство утврдено е следното: за осликување користена е секо техника; применета е претежно шаблонизирана растителна и геометриска декорација и пејсаж под кружната галерија наречена донанма; користени се претежно земјени и минерални пигменти со додаток на вар21; користени се следните пигменти чисти или со мешање (железни оксиди и минерали – хематит малахит, магнетит црна, сина, Радмила Момидиќ –Петкова, Џамијата Исхак Челеби во Битола, Зборник на трудови бр.1, Битола 1979, 47-69. 21 Добиената информација за припремата на пигментите на мешање со вар ни ја потврдува една од варијантите која се применува во секо техниката. Овде имаме пример на употреба на минерално водено врзивно средство. Калцит (CaCO3) природен минерален, бел пигмент со примеси. Спаѓа во групата на карбонати. Toa e микронизирана вар, сроден на природната креда (калкспат), кој за разлика од кредата по својата структура е грубо кристален и мек. James Lagomarsino, nav. delo, 50.;Krsta Andreević, Prirućnik za predmet slikarske tehnike, Univerzitet umetnosti Beograd 1983, 5.; Блаже Кузмановски., нав. дело,160. 20
138
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
црвена, црна, кафеава, жолт лимонит, но и церусит за избелување)22Вториот слој (пресликата) е изведена во секо техника, кадешто утврденото врзиво во боите е ленено масло и глутеин.Подлогата е со сив тон, а пресликата е грубо и имитативно изведена над постарите мотиви. Дел од употребените бои се земјени или минерални, а дел од нив како хром жолтата се синтетички произведени и се со поново потекло (крај на XIX век).23 Пресликувањето е вршено со шаблони и со слободна рака. Ѕидното сликарство од периодот по градењето на џамијата веројатно не е целосно сочувано. Како можни остатоци го констатиравме првиот слој на ѕидното сликарство кај северната фасада, бордурите под кружната галерија, внатрешноста на тромпите, евентуално пејсажот под кружната галерија.Слојот којшто со голема веројатност го датираме од 1850 година го констатиравме кај: куполата, ѕидните површини во молитвениот простор, вториот слој на ѕидно сликарство кај северната фасада. За тоа ни говори податокот испишан кај внатрешниот лак на прозорецот кај тамбурот на југозапад.24 Фотографија бр. 9.Вториот слој (преслика) со голема веројатност го датираме во 1911 година.25 Слоевите Констатираните употребени пигменти се со анорганско потекло, а претежно користени се железните оксиди. На пример црвената земја- хематит спаѓа во црвени земјани пигменти – пуцоланска, шпанска, персиска, црвен окер, црвен болус, ретел, синопиа. (хематит-Fe2O3 + глина + силикати). Спаѓа во групата на железни оксиди. Најновите истражувања докажуваат дека хематитот широко е распространет на планетата Марс. Позната била црвената земја од Синопиа во Мала Азија, со која бил изведуван цртежот на ѕид во фреско техниките. Додека на малахитот хемискиот состав му е базен бакарен карбонат Cu CO3 Cu (OH)2. Се користи во темперните техники (туткал и јајчени темпери) и во secco-техниките. James Lagomarsino., nav.delo, 79- 80.; Блаже Кузмановски., нав. дело,130. 23 Хром жолта Pb CrO4 е синтетички минерален пигмент. Токсичен е заради содржината на олово. Се користи во темперната техника со туткал, казеин и сл. како врзива, во масленото сликарство само за студиски цели, а наоѓа примена и во графиката. Откриена е 1797 година ( Vaquelin). Фабрички се произведува од 1818 година. Dr R.F.Symes and the staff of the Natural History Museum, Rock & Mineral, London,199о 24-26.; Блаже Кузмановски, нав. дело, 133. 24 Во архивите на Истанбул нема доволно податоци и документи околу направените интервенции. Дел од истражувањата вршени се од експерти – професори историчари на уметноста од Р. Турција. За интервенциите од 1850 година во тек на истражувачките работи констатиран е фрагмент кај еден од прозорците на тамбурот на југозапад, на внатрешната страна на лакот. Таму, изведен со четка и со слободна рака постои запис кадешто е испишана годината (1850), со симболичен печат на главниот мајстор во форма на букет со цвеќиња со кафеави бои коишто се употребени за декорирање на ѕидните површини во молитвениот простор. Интервенциите од 1910-11 година, претежно се поврзани со султановата посета во Битола (поправка на минарето, вметнување на махвилот во ентериерот, пресликување на ѕидната декорација). Се споменува дека по нарачка на французите во 1910 година италијански мајстори ја поправале џамијата, односно тоа се однесува на пресликувањето на фризот со пејсаж под кружната галерија. Оваа последна информација добиена е по усмен пат од страна на Расимовски Мерсим поранешен оџа во Исхак Челеби џамија. Извадок од Проектот за конзервација и реставрација на ѕидното сликарство во Исхак Челеби џамија во Битола. Носител на проектот е НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Битола, 2014 година.; Радмила Момидиќ –Петкова,нав.дело, 66. 25 Кај декорацијата (левха) на западниот ѕид испишана е и годината 1911, кога е вршена обновата со пресликување на старата декорација. Во тој период тогаш џамијата ја добива 22
139
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
кај северната фасада датираат од XVI век, 1850 - 1959 година. Во 1959 година сликарите обновители ги испишале своите имиња.26Авторите на првиот слој, пресликата и останатите слоеви на северната фасада не ни се познати. Со голема доза на веројатност ја нудиме претпоставката за нивното локално потекло.Кај михработ, мимбарот и кјурсот констатирана е позлата нанесена врз црвен болус, глетовани површини со вар и гипс и обојување со оранж жолта боја кај мимбарот.27 Кај махвилот и капаците на прозорците како прв маслен слој констатирани се: сивата, кафеавата боја и црната боја. Мушарабиите се само бајцовани со темно кафеав ленен фирнајс. Кај влезната врата на север, како и кај капаците на прозорците на југ во правоаголните полиња со исппишани цитати од Кур`анот, констатирана е позлата врз црвен болус. Кај влезната врата како прв слој на различните елементи констатирани се: црна, маслинестозелена, и кафеава. Направени се стратиграфски сонди вкупно 108 за утврдување на првобитниот боен слој на различни површини во џамијата. Од направените сондажни истаржувања утврдена е стратиграфијата на изведувањето на ѕидното сликарство, состојбата, квалитетот и квантитетот на сочуваноста на постариот слој. Направени се вкупно 13 тринаесет проби на различни површини за отстранување на пресликите. Пробите се правени по механички пат со скалпели, користени се органски растворители (Etilen celozolf и Ethanol) и механичко доотстранување најрепрезентативната левха, подарок од султанот Решад V чијашто рамка е позлатена и поставена е на источниот ѕид, високо над кјурсот. 26 Во 1959 година џамијата е поправана, односно извршено е боење на северната фасада со вар и декорирање околу порталот, прозорите и плитките ниши, каде сликарите оставиле свој потпис (Иса, Азиз, Нури, Миле, Нешат). За нивните интервенции не постои запис на кој начин и како интервенирале на ѕидната декорација, но според направените истражувања како последен стратиграфски боен слој од боја и разредена вар го констатиравме на ѕидните површини на северната фасада. Извадок од Проектот за конзервација и реставрација на ѕидното сликарство во Исхак Челеби џамија во Битола. Носител на проектот е НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Битола, 2014 година. 27 Кај повеќето џамии од овој период, особено кај џамиите чии што ктитори биле еминентни личности како што биле Кади Исхак Челеби и Гази Хајдар Кади во градот Битола, михработ, мимбарот, кјурсот и поедини елементи кај влезните портали покрај бојата се користи и техниката на позлатување. Користена е златна фолија за потенцирање на претходно споменатите декоративни, архитектонски елементи или мобилијар. Златото е еден од најсовршените метали, а во византиската и исламската уметност се користи како симбол или одраз на божествената светлина. Златото како метал е благороден и еластичен и со техниката на извивање може да се истенчи во многу тенки ливчиња со дебелина до 0.00011мм. На поголемите површини златните ливчиња се нанесуваат така што рабовите се преклопуваат, а по полирањето споените места нема да се воочливи. По полирањето се врши матирање, што подразбира лакирање на златото со „златен лак“ или шпиртен лак, со што се врши пригушување на природниот сјај на златото.Често позлатената површина се премачкувала со туткален раствор, маслени лазури, дури и со змејова крв ( пола смола, а пола пигмент) којашто на позлатената површина се нанесувала растворена во етил алкохол, така што кога алкохолот ќе испарел на површината останувал тенок слој на оваа смола. Со лакирањето на позлатата се уништува металниот сјај на златната површина, но сепак лакот се ставал заради заштита на златото. J. Chevalier - A. Gheerbrant, Rječnik simbola, Zagreb 1983, 792-793.; Блаже Кузмановски., нав. дело, 127-140.; Nemanja Brkić., нав.дело, 127-129. 140
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
и калиев сапун со различен процент и времетраење.28 Земени се вкупно 28 стратиграфски примероци од различни делови на џамијата за испитување на квалитативниот и квантитативниот состав на: малтерните подлоги, сликарската подлога, боените слоеви и употребените врзива.Извршена е идентификација и карактеризација на употребените материјали за изведување на ѕидното сликарство од постар и понов период, на боените слоеви кај михработ, дрвените капаци, железните решетки и влезната врата со примена на визуелни и инструментално-аналитички методи (микроскопски, макроскопски анализи, метод на жарење, Spot-staining реакции, Sem – Edx, петрографски анализи, Hplc анализи).29 Резиме Опсежно направените мултидисцлипинарни истражувања кај џамиите Исхак Џелеби и Гази Хајдар Кади од XVI век во Битола во многу придонесоа во донесувањето на одлуките за нивна конзервација, реставрација и презентација. Податоците со коишто се утврди техниката и технологијата на изведеното повеќеслојно ѕидно сликарство помогнаа во утврдување на методите за конзервација и реставрација рачунајќи ја сложеноста на оваа проблематика. Техниката на сликање кај едната и другата џамија е secco, односно ѕидните слики се изведувани врз сува малтерна подлога. Подлогите на повеќеслојното ѕидно сликарство се слични. Малтерните подлоги за ѕидното сликарство се двослојни и по состав варови со додаток на песок и органско полнило како арматура. Во првиот слој има додаток на толчена тула, а вториот е со снежнобела боја. Подлогата за сликање од XVI век и кај двете џамии содржи гипс или калцит, а кај одредени слоеви се среќава во комбинација.Употребените пигменти претежно се со анорганско потекло, додека врзивата се различни во различните периоди ( гумарабика, казеин, вар, туткал, масло, глутеин и сл.). Техниката и технологијата на применетите материјали за изведување на ѕидното сликарство и кај двете џамии во многу не се разликува. Применетата техника од периодот на нивното градење со мали отстапувања го следи примерот на империјалните работилници. Понатамошните историски интервенци претежно се должат поради настанатите оштетувања.Применетата техника останува иста, но одредени Предложените растворувачи се органски течности, кои можат да растворат други супстанци без да предизвикаат хемиски промени кај нив. Тие едноставно се дисперзираат во супстанцата што треба да ја растворат. Етанолот-ethanol, спаѓа во групата на алкохоли и брзоиспарливи. Етилен целозолфот или Ethylene glycol monoethyl ether, спаѓа во групата на етери и бавно испарува. G. Torraca, Solubility and Solvents for Conservation Problems, ICCROM, Roma 1990.; Paolo Cremonesi, Collana I Talenti, metodologie, tecniche e formazione nel mondo del restauro, Padova, 2000, 9-33.; H.Valot, Compositions gėlifiėes neutres pour l΄ ėlimination des vernis, repeints, mastics, huileux, ou non, Conservation-restauration des bien culturels, A.R.A.A.F.U., Paris 1991,14. 29 Сите видови на споменати испитувањата се вршени во лабораторијата за рестврација и конзервација КУДЕБ, општина Метрополит, Истанбул, Р. Турција во 2013 година. 28
141
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
материјали (особено тоа се однесува на употребените пигменти) се комбинираат со индустриски произведени. Целокупните истражувања со многубројните нови податоци ќе останат во историјата на конзервацијата и реставрацијата на ѕидното сликарство и архитектурата кај двете џамии. Користена литература Антоние Николовски, Димитар Ќорнаков, д-р Коста Балабанов, Споменици на културата во СР Македонија, Скопје 1971 Блаже Кузмановски, Практична сликарска технологија и сликарски техники, Скопје 2011 Бешир Ајвазоглу, Исламска естетика, превод од турски јазик м-р Али Пајазити, Скопје 2002 Крум Томовски, Архитектурата на почвата на Македонија, МАНУ, книга 9, Скопје 2000 Радмила Момидиќ –Петкова, Џамијата Исхак Челеби во Битола, Зборник на трудови бр.1, Битола 1979 Живоин Турински, Сликарска технологија, Универзитет уметности у Београду, Београд 1987 Ayşin Yoltar-Yıldırım, Ottoman decorative art, Hand book series 8, Ankara 2009 G. Torraca, Solubility and Solvents for Conservation Problems, ICCROM, Roma 1990 H.Valot, Compositions gėlifiėes neutres pour l΄ ėlimination des vernis, repeints, mastics, huileux, ou non, Conservation-restauration des bien culturels, A.R.A.A.F.U., Paris 1991 James Lagomarsino, A concise guide to Rocks& Minerals, Paragorn books LTD China 2008 Husref Redžć , Islamska umjetnost,Umetnost na tlu Jugoslavije, Beograd, Zagreb, Mostar 1982 J. Chevalier - A. Gheerbrant, Rječnik simbola, Zagreb 1983 Krsta Andreević, Prirućnik za predmet slikarske tehnike, Univerzitet umetnosti Beograd 1983
142
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Nemanja Brkić, Tehnologija slikarstva vajarstva i ikonografija, Univerzitet umetnosti u Beogradu, Beograd 1984 Paolo Cremonesi, Collana I Talenti, metodologie, tecniche e formazione nel mondo del restauro, Padova 2000 Robert Mihajlovski, The seventeen-century Ottoman religious architecture of Bitola/Manastir, Patrimonium.MK, vol. 7-3 2012 Robert Mihajlovski, The The Sixteenth Century Mosques of Bitola / Toli Manastır, Patrimonium.MK, vol. 7-8 2010 R.F.Symes and the staff of the Natural History Museum, Rock & Mineral, London 1990
143
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
144
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Владо ЃОРЕСКИ,1 ЛИКОВНОТО ТВОРЕШТВО НА СТОЈАН АПЧЕВСКИ Апстракт: Повеќе од пеесетгодишното сликарство во Битола, современо и актуелно, создавано од годините по ослободувањето до крајот на дваесеттиот век, денес, скоро пред исчезнување, без систематски и целосно обработен преглед за сите автори, без галерија - музеј за овој творечки неповторлив феномен. Сликарството на Стојан Апчевски, обид и предлог да се направи една покомплетна ревизија кон ова се поинтересно и позначајно дело кое е рамноправен дел од тие неповторливи, големи денови за културата на Битола. Клучни зборови: сликарството во Битола, делото на Стојан Апчевски, биографски податоци, осврт за неговите творби Вовед - за воздигнувањето и падот или едно премолчено сликарство Битола, од крајот на четриесеттите до средината на деведесеттите години на минатиот век, доживува своевиден феномен во ликовното творештво, кое пред тоа , во минатото, не бил забележан, а најверојатно во блиска, но и подалечна иднина никогаш повеќе нема да се повтори. Наеднаш и речиси од никаде, без „поголема“ причина или „дијалектика“, во градот започнуваат да дејствуваат повеќемина ликовни уметници со различна естетика, различен ракурс на доживувањето и толкувањето на светот, со своевидни сосема равноправни корелации и комуникации на творечки план во однос на современиот израз во југословенското, па и во европското миље. Со различни стилови, позитивни влијанија, со авторски комуникации многу пошироки и подлабоки одколку доменот и капацитетот на самиот град. Повеќемина ликовни творци, кои тивко, непретенциозно и не арогантно, создадоа атмосфера на потполно, достоинствено, човечко, хумано толкување, претставување, живеење со креативноста и творештвото воопшто. Еднаш треба да се расчисти со севкупно непотребната, оптеретувачка митологија на градот - „градот на конзулите“, „градот на клавирите“ итн. Живееме со таа приказна која нема, ниту ќе има врска со нас и со нашата евентуално можна иднина. Тие, сега веќе непотребни преповторувања, само ја задоволуваат нашата потполна малограѓанштина и провинцијализам, кои се целосно незаинтересирани за оние траги кои ги оставиле нашите современици, траги на длабоко размислување и толкување на светот, кои ги игнорираме, слепо минувајќи покрај нив, а постојано ја повторуваме Кустос советник во НУ Завод и музеј Битола, Климент Охридски б.б. Битола, е- маил chnitke@gmail.com,текстот е извадок од подолга необјавена студија 1
145
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
потполната празнина и исцрпеност во нас или во лажниот историски контекст. Не е чудо, овој половина век на вистинско ликовно творештво, е само фрагментарно забележан и архивиран во прашината- низ некои осврти, критики, каталози или малку поамбициозни монографии за поединци. Суштината, ние историчарите на уметноста и критичарите, ја пропуштивме, дефинитивно и неповратно. Не успеавме да напишеме или извлечеме синтетизирана, по сеопфатна историја на современата ликовна уметност во Битола, не успеавме да создадеме галерија или музеј на современото ликовно творештво во Битола. И толку, сега ни остана едно големо ништо или сервилност со кој ќе го покриваме новото време во кое „ликовноста“, ќе биде третирана само во декоративни, снобовско престижни, најчесто сурогатни форми, во кој „ликовноста“ ќе биде сместена во материјалистичкиот, финансов нов берзански пазар, обездушена, потполно испразнета, безлична, кичерајска во духот на капиталистичката тотална стварност. Додека и натаму ќе ги повторуваме конзулите и клавирите, уметноста и културата ќе ни се слизнат низ прстите како пустинска песок, оставајќи ја оваа мала средина, безначајна и никому непотребна, затоа што без вистинско творештво, култура, наука, филозофија, еден народ или една средина, пополека или многу побрзо се претвора во безлична и недефинирана маса. Денес градот има една улица апсурдно наречена Широк сокак, лишена од секаква културна содржина, рбет на градот исполнет исклучиво со угостителски објекти (или трговски дуќани), улица која наместо центар на збиднувања, на размена на размислувања, на комуникации, се претвори во своевидна арена на воајеризам, на оговарање, на потполно отсуство на етика за изградување на меѓучовечки односи и етика на достоинствено живеење. Во средина како нашата, релативно мала, средината на битолското опкружување, местото, позицијата на авторот, на творецот, скоро без исклучок е во своевидна колизија, наспроти севкупните „норми“ на „градско“ живеење. Ваквите средини, особеноа ако како битолската е заробена и со фиктивен историски традиционализам : клише, унифицираност, норми на однесување кои постојано се движат во рамките на толпата, на „целината“, на конформизмот, диктиран од севкупната популација, просечност, страв да се излезе од тие рамки, неможност да се раскршат бариерите на површноста, малограѓанството...Местото и улогата на творештвото е секогаш на маргините, безначајно, речиси непотребно. Во периодот на постоењето на еден друг систем и државна структура, нормите, творечките, културните кодекси беа речиси наметнувани, во позитивна смисла - Битола успеа да изгради своевидна база на културни институции во кои творештвото и севкупното творечко живеење, си го најде својот вистински пристап до едно нормално, цивилизирано живеење. По осамостојувањето, иако првичниот занес можеби донесе одредени еуфорични, недоволно дефинирани и јасни состојби на продолжување на овој 146
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
начин на опстојување, во каква таква корелација со европските цивилизациски норми, постепено но сигурно, особено во последниве десетина години, настана речиси потполно одбивање и неприфаќање на било какво посериозно творештво. (Ако во предходниот период постоело одобрување или живеење со творештвото, тоа било благодарение на изградени институции и норми, сфаќања, однесувања сепак дојдени од една сериозна државна творба која исклучително добро знаела зошто и колку е потребно творештвото, културата, во последнава деценија настана своевидна деструкција, која имаше за цел најмногу да ги уништи токмум тие кодекси на опстојување наспроти создавањето на потполна и непотребна, крајно агресивна и разорна субкултура...) Пропуштајќи ја можноста во периодот на своевидниот процут на вистинското опстојување, ние, историчарите на уметноста, не успеавме да создадеме своевиден музеј на битолското современо сликарство, во кое ќе беа опфатени сите повоени генерации, кои се движеа по една дијалектика на оптимизмот и градација на возвишеното. Не успеавме да создадеме, своевидна, ликовно – критичко есеистичка мисла, со која ќе го запечатевме овој период, не успеавме да му дадеме историски легитимитет и да ја потврдиме со тоа, неповторливоста на еден период кој најверојатно нема да се повтори – во креативна, прогресивна, инвентивна, човечка смисла. Не успеавме да ги забележиме основните контури за можноста на развивање и создавање на еден нов град кој во себе ќе ги обединуваше пред се хуманистичките и вистинските креативни, творечки, интелектуални вредности. Денес, ни останаа, ситни фрагменти на таканаречена уметност, диктирана од кичерајската распојасаност на тајкунската разурнувачка цунамичност. Ни остана да ја „браниме“ бофол тезгарската „уметност“ која има само за цел да ги покрива празните sидови на и онака испразнетиот „градски“ живот. Овој, краток извештај за сликарството, на еден автор има за цел, да ги собере, малубројните трошки кои по некоја случајност останаа сеуште во оваа наша паланечка средина. Има за цел, да ги собере ситните мозаични камчиња кои ги оставија бројните автори, автори кои си заминаа, и да состави фргменти на некогашниот мозаик, мозаикот кој во тоа време се обидуваа да го создадат како некаква трајност, луѓето кои сонуваа и веруваа, наспроти се и не ни претпоставувајќи дека иднината, особено творечката, ќе се одвива во празнииот простор не само на нашата незаинтересираност и испразнетост, туку и во речиси дефинитивната раселеност која ќе трае се додека градот не се претвори во своевидна никому непотребна и заборавена галерија на сеништата и на потполната отсутност и раселеност. Во таа галерија, ни останува да ги собереме сите гласови, линии, зборови, бои и верби како своевидна виртуелна носталгија оставена на ветерот да си игра со неа како празните пустински топки на исушените корења.
147
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
*** Краток извештај за животописот: Стојан Апчевски, и уште неколкумина битолски автори се најдиректна жртва на неприфаќањето и потполното површно, клишеизирано, тотално малограѓанско сфаќање за личностите кои се појавуваат по некоја несреќна случајност, различни во се, за да и остават нешто, дела, мисла, позиција на гледање на работите барем за малку повисоко од секојдневието- повторувано до хипнотичка убиствена непотребност. Краток извештај за животописот: бил роден 1936 година во Баница, Леринско. Доаѓа рано во Битола, односно изгонет е, со потполно уништено, убивано, раселено семесјство. Пораснат по прифатни домови. И покрај се успева да заврши ликовен одсек на Педагошката академија во Скопје, а веднаш по завршувањето, се враќа во Битола и почнува да реализира, да создава сликарство, кое подоцна ќе го презентира покрај на бројните самостојни изложби во Битола, во Скопје, а понатаму во Нови Сад, Крагуевац... учествувал на бројни групни изложби, учествувал во институционалното изградување на ликовниот живот, особено на Ликовната галерија, како и обединување на авторите во ликовното друштво. Изработил монументална фреска во Демир Хисар. Организирал повеќе изложби во сопствената галерија “Трон арт” и повеќе градови низ републиката посветени на холокаустот на Евреите. Добитник е на многу награди и признанија. Добитник е и на наградата за идејно решение на амблемот на град Битола. Бил редовен член на ДНУ од 1987 година. А еве што е напишано за неговото творештво: Во почетокот неговото творештво го карактеризираат елементи на лирска апстракција: светол колорит, енергични централни композиции, хармонија на тоналитети. Подоцнежните остварувања задржуваат извесни познати елементи, но добиваат апстрактно- асоцијативен призвук, за на крај да остане доследен на драматичниот експресионизам...Таксативно, паушално и толку. Зарем толку се зборовите кои одредуваат еден животен творечки век!? Тоа е се што е останато, за неговиот повеќедецениски творечки пат. Неговото авторство сериозно не е обработено, систаматизирано, собрано, разгледувано. Неговиот животен пат завршува во 2012 година, веднаш по смртта не неговата сопруга и неколку години по смртта на неговиот син единец. Целиот негов живот е полн со загуби, смрт, исчезнување. Умира незабележливо, необележано, а денес, освен кај неколку семејства, градот на културата го има заборавено со невидена рамнодушност. Ова не се однесува само за него, ова се однесува речиси за сите автори кои работеле во Битола. За среќа, можеби голем број од делата, главно насликани во маслена техника на платно, се наоѓаат во сопственост на неговата внука, Паула Апчевска во Штип.
148
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Изгубено творештво Во списанието Прилози, број 17 и 18 на Македонското научно друштво од Битола, во делот In memoriam, за него кратко е забележано, при што стои:„ неговите дела се наоѓаат во музеи, приватни колекции и разни институции низ Македонија.“ Во 1982 година, одреден од Заводот и музеј во Битола, имав задача да одам низ сите институции, фирми, претпријатија во градот и да направам попис на уметничките дела кои се во нивна сопственост. Собрав податоци за околу 500 дела, од сите битолски, македонски па и југословенски автори. Денес, останат е само списокот, а делата залудно ќе ги пребарувате. Благодарение на споменатата институционална грижа, во поранешниот период постоеа посебни фондови за откуп на уметничките дела, така е настаната збирката на Уметничката галерија. За среќа, од тој период во посочената галерија се зачувани и неколку слики на Стојан Апчевски, благодарение на семејството Литовски. Зачувани се уште неколку, со некои ретки и непознати исклучоци. И, тоа е се. Тоа е се за едно творештво кое во континуитет неколку децении било презентирано на големи самостојни изложби, големи и по број на дела. Ова не се однесува само на Апчевски, пред неколку месеци, потполно исчезна скоро севкупниот опус на Пецо Видимче, еден од основоположниците на современото битолско сликарство, автор со дела кои одамна ги имаа надминато овие простори.... Конечно, ако не се наследниците на скоро сите автори од битолско потекло, кои ги чуваат делата во нивните домови, не верувам дека нешто досега ќе останело. После третата генерација, убеден сум дека најголемиот дел на дела останати уше по нивните домови, целосно ќе ги снема, нема да постојат, ќе се изгубат. Доколку продолжи оваа состојба на целосна незаинтересираност и духовна пустош, по неколку години, во Битола освен во збирката на музејот (доколку како институција и тој ќе опстои и понатаму), останатото, што некогаш се нарекуваше ликовна уметност, ќе се претвори во магла, никому непотребна и потполно заборавена, целосно исчезната, а заменета со дела кои упорно ќе ги задоволуваат новите вкусови на обезличената публика, која ќе навлезе во најновата фаза на човековиот напредок - сопствена емотивна роботизираност, односно потполна емотивна, креативна и творечка парализираност. Фрагменти Опусот на Апчевски, се развивал, надополнувал по одредена траекторија во која е вградена сериозна коресподенција со современите ликовни изрази забележани по творечките центри на Југославија а и пошироко. Неговите „почетоци“ се со темни бои, на границата од импресијата и внатрешниот песимизам. Тешки, загушливи, скоро безизлезни, фрагменти од 149
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
улици, затемнети прозорци, некоја наталожена тегобност која се слива низ прозорците зад кое свети слабо светло, кое потсетува на осаменост, на живот затворен во својата болка и монолог, кој се смрзнува во ноќната обезмесечена зимска пустина. Тоа се мали ноктурна на човековата поразеност, на изгубеноста на светот кој не зборува туку пополека исчезнува во последната ноќ, во студенилото, кое никогаш нема да исчезне, затоа што, одамна сонцето исчезнало и никогаш повеќе нема да изгрее. Таа фаза на рефлексивен, песимистички импресионизам ќе се појави кон шеесетите години, а од крајот на истите, ќе се случи чудна преобраза. Тоа не е естетска, ниту ликовна промена, тоа е метаморфоза на созревањето или дошепнувањето на некои нови пространства, лековити не кон песимизмот туку кон желбата да се дофати судбината, не со малечката светлина која едвај се назира од крајот на прозорците, туку да се дофати со еден силен, сигурен, јасен и многу прецизен потез сличен на светлосен и колористички блесок, со кои директно влегува во сериозна конфронтација со проклетството на судбината. Стојан Апчевски, со ова сериозна внатрешна борба, ќе го постави специфичниот македонски експрезионизам, пред Петар Мазев и Глигор Чемерски - можеби малку претенциозно звучи, но неговиот див, „неконтролиран “ експресионизам, густо нанесуван, жестоко соочуван со формите и композицијата е првиот и можеби единствен бунтовнички експресионизам, кој ќе ги раскрши сите пасторални илузии за разубавувачката улога на уметноста. Тоа е сликарство, кое е во директна конфронтација со животот, не песимистички туку колористички и скоро звучно крикнати. Апчевски низ сиот свој период нема да се откаже од овој избор на соочување со светот и опстојувањето. Внатрешно, низ годините што следат, можно е да се разоткрива своевидна внатрешна преобразба, повторно не предизвикана од естетски или теоретски премиси, а уште помалку од некаков дијалог или влијанија од другите автори. Тоа е творештво кое пополека, но снажно ќе ја регистрира бунтовноста, силно, чисто, апсолутно сликарски изразена. Творештво, кое ќе го следи дневнично неговиот емотивен и мисловен стадиум, често изразуван слично на битовата генерација, исфрлен, неизбалансиран, некомпромисен, далеку од додворувањето кон публиката или институциите. Безобзирен, без задршка, апсолутно слеан во изразот и директноста. Ова е во потполна корелација со најактуелните ликовни движења во југословенските сликарски центри. Неговата творечка линија нема цвртина на авторска непроменливост и задоволство, туку линија која од бунтовноста, темпераментноста, силината, пополека, но сигурно ќе навлегува во црни траги и флеќи, песимистички и уше побунтовнички, кои се повеќе се израз на неговата вечна внатрешна борба која ќе завршува пополека со неговиот потполн, целосен пораз на бесмисленоста да се создава во средина која не знае да распознае крик, од уше поголем крик.
150
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Често, делата, ќе ги „покрива“ со наслови кои носат одредена поетичност, настојувајќи да не оддалечи од суштината на неговиот вистински пат. Создава брзо, енергично, со потези кои не познаваат никакво досликување, педантност или фино, нежно китење. Директно соочен пред платното, создава една галерија на човечката трагедија, покриена со условна апстракција, зад која се нанесени сите наслаги на болката, до густина која ја надминува и најголемата тежина. Тоа се спомени, белешки, регистрирани, дофатени со исклучителна брзина, постапка која не е во контекст да не биде заборавена или намален интезитетот на мислата, туку да отворта брз пат на следните „белешки“ кои како што споменав се со богато мемориско и мисловно постоење. Колористичката гама исто така е далеку од компромисност. Таа не се занимава со нијанси или колористички варијации. Таа е директна, вклучувајќи ги елементарните бои како алфа и омега на изразот. Во цртежите, навидум е малку посмирен, особено во почетокот, иако и тука покажува одредена нетрпеливост кон реалното, движејќи се кон брзо и директно прикажување на мотивот без претензии да разубавува или дотерува - непосреден, директен, па макар и на своја штета во одредени сегменти. Во графиката има две насоки. Едната е ситопечатите, доста педантно и чисто поставени, енергичната линаија ја спитомува во своевиден триптихтен универзум, исполнет со разработки кои се скоро до звучност во чест на линијата. Другиот сегмент се линорезите или дрворезите, потполно слободно поставени, грубо, без пресметливост, често потполно оддадени на случајноста, на препушеноста кон самостојноста и непредвидливоста на отпечатокот. Своевидно акционо графичко исполнување, покарактеристично за сликарствот. Сепак, акционо и не оптоварено во позитивна смисла. Севкупното творештво на Стојан Апчевски, гледано во целина, е своевиден храбар, бескомпромисен, неконвенционален, оригинален, творечки темпераментен и силен крик, поставен наспроти сите дилеми, трагедии, пустоши на животот. Неговиот опус граден повеќе од четириесет години, потребно е да се среди, да се открие, колку што може и да се вгради во сигурните, значајни достигања на сликарството во Битола. Нека биде овој краток осврт, вовед во отварањето на синтезата за половина вековното ликовно творештво на Битола, таа сликарска трубадурска антологија која можеби ќе не потсетува за вредноста на животот, но и за борбата со севкупните проклетства во патот кон идниот„свет“. .Ако не за нас, за генерациите што би требало да дојдат ако остани нешто од оваа носталгија и од овој стогодишен проект на осаменоста создаден од Маркесовите пророштва, во кој сите Мелкијадеси, сите волшебници се веќе зад нас. Дали повторно, некогаш, некаде, ќе имаат желба да се појават со нова папка на линиски белешки, донесени од Новиот свет???
151
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Резиме: Битола од крајот на четириесеттите години до средината на девдесетите од минатиот век, оствари богат, современ и актуелен ликовен творечки амбиент, кој што често беше на рамнише на поважните ликовни случувања во југословенските простори. Делото на сликарот Стојан Апчевски иако е дел од тоа севкупно достоинствено, важно и значајно ликовно миље, остана недоистражено, неархивирано, без посериозни толкувања и размислувања. Ова е прв обид да се рехабилитира еден значаен опус кој е дел од тоа неповторливо европско творечко и културно живеење на Битола. Прилози:
Стојан Апчевски
152
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
153
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
154
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
155
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
156
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
157
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
158
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
159
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
160
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
161
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
162
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
163
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
164
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
165
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
166
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
167
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
168
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
169
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
170
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
171
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
172
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
173
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
174
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Биљана ТЕМЕЛКОСКА,1 ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ НА НУ ЗАВОД И МУЗЕЈ - ПРИЛЕП Апстракт: Издавачката дејност на НУ Завод и Музеј - Прилеп е составен дел од стручната и научно - истражувачката работа на стручните лица од НУ Завод и Музеј - Прилеп, кои резултатите од својата работа ги презентираат во печатени публикаци. Објавувањето на повеќе книги, монографии, водичи, каталози за изложби, брошури и друг вид на пропаганден материјал ќе остават траен пишан белег за историското и културното богатство на Прилеп и прилепско. Клучни зборови: книги, монографии, списанија, споменици на култура, културно наследство, Прилеп и прилепско, археолошки истражувања. Во текот на 1955 година историчарот на уметност Бошко Бабиќ, добива задача од тогашниот претседател на општина Прилеп, Џоџа Николоски, да започне активности за формирање на Народен музеј и со Одлука на Собранието на општината на 01.07.1955 година е формиран Народниот Музеј во Прилеп. Од 01.07.1981 година, Народниот музеј-Прилеп прераснува во Завод за заштита на спомениците на културата, природните реткости и Музеј. На 22.12.2003 година, Владата на Република Македонија донесе Одлука за утврдување на мрежата на национални установи од областа на културата со која го добиваме денешното име - Национална установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Прилеп. Со истражувањето на повеќевековната историја на Прилеп и прилепско, во НУ Завод и Музеј-Прилеп се формираат и до ден денес се развиваат одделенијата за: археологија, историја, историја на уметност, етнологија, архитектура, документација, конзервација и реставрација и техничка (илустративна) документација. Како резултат на тоа, во овие одделенија се создаваат музејски збирки со голем број на експонати кои денес се изложени во постојаните изложбени поставки, а со тоа се презентираат пред јавноста. Во состав на НУ Завод и Музеј-Прилеп се и музеите: Меморијален музеј „11 Октомври 1941 година”, Могила на непобедените, Спомен куќата на Кузман Јосифоски - Питу, Музеј за тутун, Галерија на икони, Спомен куќата на Блаже Конески во с. Небрегово, Археолошка поставка.
Биљана Темелкоска, библиотекар, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Прилеп, ул. „Александар Македонски“, бр. 142, Прилеп, адреса на живеење: ул. „Боца Иваноска“, бр. 7, Прилеп, е-пошта: biljana_temelkoska@yahoo.com 1
175
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Издаваачката дејноост на НУ Завод З и Муззеј-Прилеп е произлезен на од стручните ли ица кои рабоотат во овие одделенија,, кои преку повеќе науч чни и иги, монограафии, водичи и и друг вид д на пропаганден стручни публликации, кни материјал м ја презентираат п т својата науучно - истраж жувачка рабоота. Со реаализирање н на повремен ни тематски изложби, произлезени п се и го олем број на н каталози, каталошки листови и друг д пропагаанден материјал, кои к ќе бидат презентиран ни во следен стручен труд д. Во кон нтекст на прроектната пррограма, важ жно е да се спомене с декаа НУ Завод З и Музееј активно сооработува соо училиштатта во градот,, а таа сораб ботка продолжува п и денес. Во рамките на Едукативни иот проект „Н Нашето мин нато” произлезе п и брошура: Душко Тем мелкоски, (раководител ( л на проеккт) Образовно О ед дукативен прроект “Нашетто Минато”, Прилеп, 20004, 2005 годи ина. Од долгогодишн д ната работаа како би иблиотекар во Специјјална библиотека б на НУ Заввод и Музееј - Прилеп п, произлезе и овој труд, т хронолошки х да се собераат сите досеггашни издан нија на книги и, монограф фии и списанија, прроизлезени оод нашата усстанова, со што ш ќе бидаат подостапн ни за стручната и пошироката п јјавност. 1. Бошко Баби иќ, Краток преглед на споменицитте на култур рата на н Прилеп и прилепскиоот крај, При илеп: Народеен музеј, 19771. Овој О краток преглед п на м минатото и спомениците на култураата на Приллеп и прилепскиот п крај, треба д да послужи како к прилог за поблискоо запознавањ ње со историското и богатство на овој крај. к Оваа публикацијаа е блискаа на ту уристичкитее прирачниц ци, со прилоожена картаа на градотт на која поокрај спомениците на култураата обележан ни се и низза други обј бјекти во коои се новидни служби, кои се од интерес на н современи иот патник. сместени разн
176
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
2. 2 BALC CANOSLAVIICA, Период дично списаание за археоологија, При илеп: Центар Ц за истражување и на старослловенската култура, к Белград: Сојууз на ар рхеолошките друштва на Југославија, броеви: 1//1972, 2/19733, 3/1974, 4/11975, 5/1976, 6/19777, 7/1978. Во В ова перриодично сп писание се презентираани рефератти, кореферрати, соопштенија, резултати оод Симпозиум ми, Конгреси и, Меѓународни состаноц ци од о средновекковниот перриод на Срредновековнаата секција на Сојузотт на ар рхеолошките друштва на Југосллавија. Центтарот за истражување и е на старословенската култураа-Прилеп, доо 1980 годин на е во рамки ите на Народниот музеј-Прилеп м п, а потоа ссе осамостојува како засебна научн на институци ија Институт И за истражување и е на старослоовенската куултура-Прилееп.
3. Ј. Тод доровиќ, Д. Симоска, Б. Китаноски и, Зачетокотт и развојотт на првите п земјооделски заед дници во нееолитскиот период и нивниот н преемин во в метално доба д на подр рачјето на Пелагонија, П (завршен извештај), При илеп: Народен Н муззеј, Битола: Завод за заштита з на споменицитте на културрата, природните п р реткости иМ Музеј и Галеррија, 1980. Резултатите Р од археолош шките истраажувања во рамките наа овој проеккт се зн начајни за проучувањеето на најсттарите етнокултурни зааедници, коои ја населувале н теериторијата на Македони ија, а посебн но подрачјетто на Пелагон нија. Со С истражуваањето се опф фатени седум м неолитски, четири енеоолитски и четири ранобронзено р одопски насеелби, со поед динечни разввојни етапи. Во овој заврршен извештај и опф фатени се: Т Тумба, с. Црнобуки; Ц Т Тумба, с.Каррамани; Чукка, с. Тополчани; Т Т Тумба I и II, с. Могилаа; локалитетти: Пештериц ца и Радин Дол, с.Ореовец; Радоборска Р Т Тумба, Врбјанска Чука, с. с Славеј и Крушеанска К Ч Чука, с. Врбјани.
177
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
4. 4 Лилјан на Кепеска, Задна река - Грмајте, средновекоовна некроп пола, Прилеп: П Завоод за заштитаа на спомени иците на културата, прирродните ретккости и Музеј, 19955. Во В оваа книгаа презентираани се резулттатите од аррхеолошките истражувањ ња на локалитетот л Задна Река - Грмајте, средновековн на некрополаа, с. Витоли иште, Мариово. М Кон нстатирани ссе и остатоци и од доцноан нтичка населлба со некроп пола, врз која се фоормирала слоовенска некрропола на реедови. Обраб ботени се 51 гроб од о кои 47 слоовенски и 4 ггробови од доцноантичк д ката некропоола. Некропоолата временски сее совпаѓа соо времето на н јакнење на Самоилоовата држава до времето на повторно п восспоставувањее и јакнење на византисското влијан ние и власт.
178
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Илија Велкоски, П Преглед и краток к описс на култур рно-историск ките 5. споменици на н територи ија на општтина Прилеп п, Прилеп: Завод З за заш штита на н споменици ите на културрата, природ дните реткостти и Музеј, 1996. 1 Во В овој прееглед низ ттекст и фоттографии пррезентирани се археолоошки локалитети, л средновековвни цркви и манастири и. Опишани се 14 црквви и манастири м од д Византискиот и Постввизантискиотт период, соо краток опи ис на историјатот, и архитектураата и живописот. Обраб ботени се и споменицитте од исламски и каарактер, споомениците од периодоот на Прерродбата какко и спомениците од НОВ, соо што е добиена една целлосна слика на најзначајните споменици на н културатта на тери иторијата наа општина Прилеп. Текст Т напоредно н наа есперанто.
6. 6 Благоја Атанасоскки, Свети Никола, с. Сл лепче - При илеп, цртеж жи на фрески, ф При илеп: Завод за заштита на спомени иците на куллтурата и Музеј, М 2002. 2 Над Н селото Слепче, С приллепско во жи ивописниот предел се наоѓа н манасттирот Слепче, С посвветен на Свв. Никола. Манастирска М ата црква Св. С Никола била изградена и во 1673 годинаа од страна на н еромонахоот Михаил, како к и од поовеќе ер ромонаси и монаси чии и имиња се спомнуваат с во натписотт врз мермеррната плоча п вградеена во ниш шата на проскомидијатаа. Изработен ните автенти ични цртежи ц од авторот Б Благоја Атаанасоски сее драгоцен материјал кој најоригиналн н но ја презенти ира сликанатта програма во црквата.
179
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
7. 7 Рубинчо Белчески и, Град При илеп - Марк ков Град, Прилеп: П Завоод за зааштита на сп помениците н на културатаа и Музеј, 20003. Град Г Прилеп п - Марков Град е кни ига во која низ текст и фотографи ии се зб борува за тооа каква голеема личност бил Крали Марко и коллку е важен овој дел д од истори ијата на макеедонскиот наарод. Со самоото тоа и граадот Прилеп како к седиштее на Марковоото кралствоо добива во значење з и осстава значителни тр раги во истооријата какоо ретко кој друг д град воо Македонијаа. Прилапон н или Марков М Град д, како што го нарекуваале, денес еггзистира какко периферијја на новиот н Прилееп. Текст и н на англиси јаазик.
180
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
8. Благоја Атанасоскки, Свети Никола, Н Вар рош - Прил леп, цртежи и на фрески ф и архитектура а а, Прилеп: Завод за зааштита на споменицитее на културата к и Музеј, М 2004. Во В оваа публликација, автторот ни ја презентира п и изработената а илустративвно техничка доккументацијаа на фрескооживописот од Цркватаа Св. Никоола Варош, В Приллеп, која даатира од 12298 година и претставуува еднокоррабна гр радба. Каракктеристично за оваа цркква е тоа што фасадите на н оваа црквва се украсени у соо извонредн но богата керамо-пласстична декоорација. Цеелата внатрешност на црквата е исполнетаа со живопис кој се одлликува со ви исоки уметнички у и сликарски кввалитети.
9. 9 Благоја Талески,, Кузман Јосифоски - Питу, низ текстт и фотографии, ф , Прилеп: ЗЗавод за заш штита на сп помениците на култураата и Музеј, М 2004. Во В оваа публликација низз текст и фоттографии е прикажан п ли икот и делотто на Кузман К Јосиф фоски - Питуу.Првиот деел содржи теекст и фотогграфии за неего и неговото н семејство. Вторриот дел, теккст и фотограафии за родн ната куќа и опис на н историскатта и етнолош шката поставвка во неа. Третиот Т дел содржи с тексстови и фотографии и за спомен-ообележјата на н кои што се споменуваа Кузман, какко во родниот р Приллеп, така и во повеќе селла и градови низ Македон нија.
181
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
“50 гоодини Музеј Прилеп””, монограф фија, Прилеп п: НУ Завод за 10. зааштита на сп помениците н на културатаа и Музеј, 20005. Оваа О монограафија е ретрооспектива наа педесет год дишното посстоење на Завод З и Музеј, Пррилеп. Низ нејзините страници с сее презентиррани културрното наследство, н п почетоците и развојот наа музејската дејност, оргганизираността по сектори и одделенија, о постојаните и повремеените излож жбени постаавки, спомениците на култураата и многуу други акттивности. Овваа монограафија зб борува за ми инатото, сегаашноста, но и за иднинатта. Уште мноогу генераци ии ќе се восхитувааат на оваа зем мја, кое во себе го крие културното к н наследство, иски јазик. создавано со векови. Тексст и на англи
182
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
11. Благоја Атанасосски, Свети Атанасие, Село Рил лево - При илеп, цртежи ц на фрески, Пррилеп: НУ Завод за зааштита на споменицитее на културата к и Музеј, М 2006. Селото С Рилевво се наоѓа триесеттинаа километри и северо-запаадно од При илеп, десно д од патоот што води за Македонсски брод. Воо живописен предел на кррајот од о селото се наоѓа н гробиш шната црква чиј патрон е Александри искиот патри ијарх Св. С Атанасијј. Црквата е изградена во 1627 гоодина, а точ чни податоц ци за времето кога била подигн ната и живописана цркввата се навед дени во натп писот над н прозорот на јужниот ѕид во наосоот, од внатреешната стран на. Автентич чните цртежи ц израб ботени од аавторот, се драгоцен д маттеријал кој најоригиналн н но ја презентира п слликаната проограма во црквата Св. Аттанасие.
12. Лилјан на Кепескаа, Трпчеваа црква-ср редновековн на некроп пола, Прилеп: П НУ Завод З за заштита на спом мениците на културата и Музеј, 2008. Во В оваа кни ига авторот ни ги преезентира реззултатите од д археолош шките истражувања и на средновековната некропола - Трпчеваа црква. Преку П историјат, и карактеристики, погребн ни обичаи, анализа наа археолош шкиот материјал м и каталог наа гробовите и гробниоот инвентар,, авторот ни н ја презентира п с средновековн ната некроп пола, преку која осознааваме делови и од материјалнат м а и духовнаата култура на н населениеето од Мари иовскиот реггион, во атарот на село с Дуње.
183
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
13. ЦД-роом „Години и Музеј” Пр рилеп, Приллеп: НУ Завоод за заштитта на спомениците на културатта и Музеј, 20010. Прилеп П е град д ризница наа движно, неедвижно и дууховно култуурно наследсство, гр рад во кој се с одигрувааат голем број ој настани од д подалечното и поблисското минато. м Сетоо тоа нашата институцијаа го истражуува, валоризи ира и презен нтира но н досега саамо во пишаана форма што ш не соод дветствува со с потребитте на зааедницата за з полесна достапност на информ мацијата и со с потребатаа од ту уристичка презентација п и експлоатаација на култтурните содрржини. Од друга д страна податооците претсттавени на ЦД Д - ром се лесно л перцеп птивни за ноовите геенерации и новите н потрееби на културрата.
184
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
14. Алексаандар Цветккоски, Музејј за тутун, Прилеп - каталог, к При илеп: НУ Н Завод за заштита з на спомениците на културатта и Музеј, 20010. Во В овој катаалог презен нтирана е сп пецијализирааната збиркка експонати и од Музејот М за туутун, Прилеп п,поврзани соо сите аспектти на тутуноот, од формитте на употреба, у п производств о, трговијја, реклам мирање и индустрисското производство п о, историјатоот, па се до феноменот ф на тутунот. Овде, О во прв план не н е старосста на експ понатите, тууку нивнатаа реткост, документарн ност, екстравагантн ност, перфекктна изработкка.
Резиме Р Издаваачката дејноост на НУ Завод З и Муззеј-Прилеп е произлезен на од стручните ли ица кои рабоотат во наши ите одделени ија и е нејзи ин составен дел. Преку П повеќее научни и сстручни пуб бликации, кн ниги, моногррафии, водич чи, и друг д вид на пропагандеен материјалл вработени ите ја презеентираат своојата научно н - истрражувачка раабота. Овој стручен с матееријал ќе осттави траен пи ишан белег б за исторриското и куултурното боогатство на Прилеп П и при илепско. Во овоој стручен трруд, хронолошки се собрани сите доссегашни издаанија на н книги, монографии и списанија, произлезени п и од нашата установа. Преку П кратката к содрржина напиш шана покрај секое издан ние, ќе бидаат подостапн ни за стручната но и за поширооката јавностт во остваруввање на својаата цел. Summary S The puublishing acttivities of thhe N.I. Instittute and Muuseum - Prileep is derived d from the professioonals who work w in our offices o and iss its integral part.
185
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Through more scientific and professional publications, books, monographs, guides, and other types of promotional material employees present their scientific research work. This professional material will leave a lasting mark written on the historical and cultural heritage of Prilep and its surroundings. In this skilled labor, chronologically collected all previous editions of books, monographs and journals, derived from our institution. Through summaries written beside each edition will be accessible to the professional and the general public in achieving its goal.
186
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
In memoriam М-Р ЃОРЃИ ДИМОВСКИ-ГОГО (1980 - 2016) Тешко се помируваме со реалноста, дека меѓу нас го нема нашиот Гого, а уште по тешко се наоѓаат зборови, за да се опише прераната загуба на еден скромен, упорен, трпелив, самопрегорен уметник, скулптор, конзерватор, керамичар, сликар, иконописец. Својата љубов кон керамиката и вајарството, Гого ја усовршуваше во Средното училиште за применета уметност „Лазар Личеноски“-Скопје-отсеккерамика, на Факултетот за ликовни уметностиСкопје,каде дипломираше 2005 г. на отсекот за вајарство со конзервација и реставрација и на истиот во 2011 г. се здоби со звање магистер на ликовни уметности, од областа-вајарство. Уште за време на студирањето,а и покасно со самото вработување, беше актвивно вклучен во повеќе проекти, во нашата установа и тоа на изработка на техничка документација од локалитетот Хераклеја Линкестис, конзервација и реставрација на зиднотот фреско сликарство, конзервација и реставрација на праисториска и античка керамика, исцртување и конзервација на мозаици, изработка на кукли-манекени за етнолошки музејски експонати изработка на копии од музејски предмети од лок. Хераклеја Линкестис, за потребите на сувенирницата. Неговата темелност прецизност, инвентивност, креативност, посебно доаѓа до израз на неговите авторски монументални скулптури на Карло Велики (зграда на МНР-Скопје), на Јарослав Мудриот (зграда на МНРСкопје), Мелпомена (зграда на Стар Театар-Скопје), Терпсихор (зграда на Стар Театар-Скопје), Јован Владислав (мост Око-Скопје). Покрај сите овие активности, посебно внимание, Гого посветуваше, на својата надоградба, со учество на повеќе семинари и симпозиуми за конзервација и реставрација и тоа во Прилеп (2002 г.), Солин-Грција (2007 г.) Битола IMG (2008 г.), Струмица-IMG (2009 г.), Охрид (2010 г.),а посебно во меѓународниот археолошки проект BALKAN HERITAGE - како предавач во работилниците за Техничка документација и конзервација на керамика. Со свои дела учествуваше на повеќе групни изложби и тоа во Скопје (2006 г), Битола (2005, 2006 г.), Прилеп (2008 г.) и на сите изложби на ДЛУБ. Неговите самостојни излошби беа во Битола (2005г.) и Струмица (2008г.) Неговиот вложен труд, неговата креативност и перфекција беа соодветно наградувани со добивањето на прва награда на конкурс, Споменик на Битолските бранители-Битола, втора награда за Коњички споменик на
187
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Никола Карев-Скопје, втора награда за Споненик на дедо Кољо Добровенскиопштина Новаци, трета награда за Коњички споменик на Карпош-Скопје, изведбена награда на конкурс за скулптурите на Мелпомена и Терпсихора-за Стариот тетатар-Скопје, како и прва награда за идејно решение за подигање на спомен обележје на Александар Турунџев 2016 г. Неговиот ентузијазам и креативниот творешки занес, нагло беше прекинат со неговата ненадејна и прерана смрт. Тоа е реалноста. Иако физички Гого не е меѓу нас, споменот на неговиот лик и дело, ќе бидат дел од нас, неговите колеги, соработноци, пријатели. Нека му е вечна слава. Лидија Достовска
188
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
Правила и инструкции за прилозите во „Зборник на трудови" на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј - Битола Редакцискиот одбор на списанието "Зборник на трудови" на Заводот за заштита на спомениците и музеј - Битола, ги известува авторите кои ќе испратат свои стручни и научни трудови за објавување да се придржуваат на следните наведени инструкции: 1.
Прилозите кои се доставуваат да бидат оригинали, односно претходно да не биле објавувани и редактирани.
2.
Трудовите да бидат изработени во електронска форма. Авторот до редакцијата доставува еден примерок по електронска пошта (и во печатена форма, со своерачен потпис, по пошта) и на компакт диск - ЦД.
3. Трудовите да бидат изработени во Б5 (ЈИС 17,6 см х 25 см) формат во максимум 10 страни. 4. Трудовите да бидат изработени во фонт Times New Roman со македонска подршка, со големина на букви 12., проред од 1.0. и маргини по 2.0 см. 5.
На првата страна од трудот треба да се наоѓа: -Име и презиме на авторот / авторите (Болдирани со големина на букви 14) со фуснота во која треба да се наведат академското звање, име и презиме на авторот, назив на институцијата во која е вработен, нејзината адреса, адреса на авторот и е-маил на авторот. -Насловот на трудот да биде со големи болдирани букви со големина 14. -Под насловот на трудот треба да постои апстракт и клучни зборови со големина на букви 12. и проред од 1.0.
6. На последната страна, односно на крајот од трудот да се напише резиме (summary) на македонски јазик и на еден од светските јазици, најмногу до една страна. 7. Доколку се работи за трудови кои се дел од магистратура, докторат или дел од друго истражување во фуснота да се наведи насловот на оригиналот, местото и годината на одбрана на истиот. 8. Цитирањето на изворите-литературата низ текстот да биде со фусноста (фуснотите се наоѓаат на дното од страницата и се обележуваат сукцесивно со арапски броеви). Може да се врши цитирањето и во текстот на следен начин: 189
НУ Завод и Музеј Битола
Зборник на трудови бр. 19
„...текст во наводници...". Димитров (2000). Имињата се даваат во оригинал, кирилица или латиница. 9. Библиографијата (литературата) на цитираните трудови на крајот од текстот се класифицираат по азбучен ред според презимето на авторот. Во колку трудот го напишале повеќе од три автори, се цитира само првиот, а се додава и др. Цитираните дела се пишуваат во оригинал (кирилица, латиница или во друго писмо со кои се пишувани). 10. Доколку авторот користи одредници од Интернет во написот треба да се наведат податоци на натписот со веб страната, а пред се формата на универзалниот локатор на ресурси (УРЛ). На пр.: Birgess, Patricia Ѕ., А Guide for Wgtimg... од Моdеrn Lаnguаgе ... 3 pages. Аppril 2002. 18 Junе 2005.<hттp://webster.cоmmеnt.edu/ара/ара > 11. Авторите на Пристигнатите трудови треба да ги достават до Редакцискиот одбор на адреса ул. „Климент Охридски“ б.б. Битола. Редакцискиот одбор определува рецензент на трудот од стручно лице од соодветната област. Доколку се согледаат извесни технички пропусти, рецензентот или претседателот на Редакцискиот одбор може трудот да го врати назад на авторот. Авторот, корегираниот труд може повторно да го достави до Редакцискиот одбор за објавување пропратен со согласност за прифатените корекции од рецензентот или претседателот на Редакцискиот одбор. Редакцискиот одбор по печатење на "Зборникот на трудови" на WЕБ страната на НУ Завод и музеј-Битола: (www.bitolamuseum.org/) го објавува трудот и на таков начин го става на јавен увид. 12. Пратените и прифатени трудови за објавување во "Зборникот на трудови" не се враќаат, а Редакцискиот одбор го задржува дискреционото право да не објави одреден труд за кого ќе оцени дека не одговара на пропишаните технички, формални и научни критериуми. Авторските права на тудовите, авторите целосно ги отстапуваат на НУ "Завод за заштита на спомениците и музеј" - Битола без да бараат финасиска надокнада. НУ "Завод за заштита на спомениците и музеј" - Битола може да исплати одреден паричен надоместок за авторите и рецензентите само ако има обезбедено финансиски средства за таа намена. Доколку трудот не е прифатен, Редакцискиот одбор го информира авторот за тоа и тој е ослободен од било какви обврски кон НУ Завод за заштита на спомениците и музеј-Битола. Доколку пак текстот е прифатен, авторот не смее да го објавува во било каква делумна или целосна, пишана или електронска форма с# додека не се отпечати "Зборникот на трудови.
190