ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ БР.18 - НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ

Page 1

НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ – БИТОЛА

ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ

БИТОЛА 2015


ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ НА Н.У. ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ – БИТОЛА

Претседател на редакциски одбор: Александар Литовски Членови на редакциски одбор: Лиљана Христова Викторија Момева Алтипармаковска Ристо Палигора Зоран Алтипармаков Технички секретар: Владо Ѓорески Лектор: Каљопи Лутовска Печати: Херакли Битола



CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје 94(497.7)"18/19"(082) 930.85(497.7)(082) ЗБОРНИК на трудови / [уредник Александар Литовски]. - Битола : НУ Завод и Музеј Битола, 2015. - 195 стр. : илустр. ; 24 см Фусноти кон текстот. - Summaries кон повеќето трудови. Библиографија кон повеќето трудови ISBN 978-608-4754-05-3 а) Македонија - Историја - 19-20в. - Зборници б) Македонија Културна историја - Зборници COBISS.MK-ID 99192586


Содржина: Георги Димовски Цолев, Учениците Евреи

во битолските католички (француски) училишта..........................................................................7 Александар Литовски, Последиците од убиството на Спасое Хаџи Поповиќ во Битола......................23 Роберто Трајковски, Активноста на Третиот Рајх за организирање на месна самозаштита (милиција) во Западна Македонија во крајот на 1943 и првата половина на 1944 година.............................................................................................................37 Рубинчо Белчески, Народен музеј - „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј“ Прилеп во весникот „Нова Македонија“.............................................................47 Лидија Ѓурковска, Дискусијата на Павел Шатев на седницата на Второто редовно заседание на Уставотворното собрание на НРМ од 25. 12. 1946 година................................61 Габриела Топузовска, Активностите на Хигиенскиот завод за еридикација на маларијата во Македонија по Втората светска војна..................................................................69 Александар Симоновски, Активностите на Битолскиот областен народноослободителен одбор при организирањето на образованието и културата во Македонија во 1944 година.............................................................................................................79 Илија Василески, Панко Брашнаров - од истакнат национален борец до жртва на комунистичкиот режим.........................................................................................89 Бранко Ѓоргиев, Помалку познати револуционерни дејци од Струмица и Струмичко во времето на основањето на Македонската револуционерна организација до почетокот на Балканските војни (1893-1912/13).................................................95


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Мери Стојанова, Традиционалната исхрана на населението во Преспа......................................109 Даница Џокиќ, Мултикултурниот аспект на народното градителство и неговото влијание на граѓанското општество во Браничевскиот регион............................................123 Милена Беновска–Сбкова, Културното наследство и политиката на сеќавањето во пограничниот регион на бугарскиот град Златоград.............................................................................131 Оливера Макриевска, Примена на аналитички спектроскопски техники во истражувачките работи на иконата Свети Наум Охридски од црквата Свети Великомаченик Димитриј во Битола...............................................................................................................143 Душко Цветанов, Можна убикација на Палеокастро (тврдина или населба), крај манастирот „Богородица Елеуса“ - с. Велјуса, Струмичко..................................................157 Гоце Наумов, Слободан Стојкоски, Нови предисториски тумби во Пелагонија........................................................169 Зоран Алтипармаков, Гордана Филиповска Лазаровска, Весна Калпаковска, Роберт Михајловски, Приказ на епиграфски споменик - Скочивирски натпис.................................185 Владо Ѓорески, Кратки размисли за балканскиот цртеж и графика или ламентот за вечниот очај ( извадок од подолга студија)......................................................................197 Марјан Иваноски, Димитар Љоровски Вамваковски, Еден документ за доселувањето на муслиманското население од Косово и Метохија, Црна Гора, Санџак и Босна и Херцеговина во Народна Република Македонија (1951-1956)......................................................................................211 Инструкции за авторите на прилози во "Зборник на трудови" на НУ Заводот за заштита на спомениците и музеј - Битола..................................................221

6


UDC 373.5.018.56:272 - 47(497.774)-057-874 Ѓорѓи ДИМОВСКИ ЦОЛЕВ, УЧЕНИЦИТЕ ЕВРЕИ ВО БИТОЛСКИТЕ КАТОЛИЧКИ (ФРАНЦУСКИ) УЧИЛИШТА Апстракт: Во статијата се зборува за учениците Евреи во битолските католички (француски) училишта. Објаснет е начинот на изведување на наставата, а се разгледани и други елементи кои го карактеризирале училиштето. Направен е табеларен преглед на учениците кои се предмет на интересирање на научниот осврт. Клучни зборови: Евреи, Битола, француско (католичко) училиште Во Битола во втората половина на деветнаесеттиот век работеле повеќе основни и средни училишта. Всушност нив ги отворале и финансирале националните и верски пропаганди.Такви биле и католичките (француските) училишта - машкото, основано во 1856 и женското, основано 1900 година. 1. Машко училиште Француските католички мисионери1 во 1856 година во Битола, отвориле училишта со официјален назив: Institusion Francaise du Sacre Ceur - dirige par le frefres maristes a Monastir.Училиштето работело под патронат на Франција а некое време и под патронат на Австрија.2 Во училиштето се школувале деца од повеќе националности: Турци, Власи, Евреи, Македонци и други. Основна задача на целиот наставен кадар во ова училиште била да вложат максимум усилба за да ги научат децата на француски јазик и да создадат љубов кон Франција и француската култура. За подобра комуникација со децата, во училиштето биле ангажирани лица со словенско потекло (Полјаци, Чеси, Хрвати, Бугари, Македонецот - Јордан Хаџи Константинов Џинот) и други. Со текот на времето, училиштето напредувало и прераснало во не-полно-средно (за време на османлиското владеење), а по српската окупација, во прво време било третирано како неполно-средно, а од 1918 до неговото затворање во учебната 1931/32 останало основно. Наставата во училиштето се изведувала по курсеви: - елементарен курс што траел три години; - основен што траел две години, -среден курс што траел и виш курс што траел по две години

1

За отворањето на машкото француско католичко училиште во Битола голема заслуга има мисионерот Лазаристот Лепавек. 2 Ѓорѓи Димовски Цолев, Битолските училишта до 1918 година со посебен осврт на Гимназијата до 1945 година, Зборник Гимназиско образование во Битола, Битола, 1965, 42-43.


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Постоеле и специјализирани курсеви кои биле како дополнување на претходните. Првите два курса одговарале по наставната програма на основно образование, средниот курс одговарал на прогимназија, а вишиот курс на неполна гимназија. Оние ученици кои сакале да го дооформат своето образование во гимназија, биле испраќани во Солун, каде што било организирано комплетно гимназиско образование со полагање и на матура. 3 Наставата во сите предмети и во сите курсеви се одвивала на француски јазик, комуникацијата на учениците на часовите и одморите исто така на француски. Истовремено се настојувал кај децата да се всадат религиозни чувства и солидно европско образование и воспитување. Критериумите во секој однос па и во оценувањето биле мошне строги додека контролата на однесувањето, учењето и сл. врз учениците била редовна. Еден дел на граѓаните на Битола, сакајќи нивните деца што побргу и подобро да го совладаат францускиот јазик и да добијат солидно образование и воспитание ги испраќале децата во ова училиште. Тоа го практикувале и еден дел од битолските Евреи. Со оглед дека во училиштето не постоела национална и верска нетрепеливост, напротив, максимална толеранција, училиштето од година во година сѐ повеќе напредувало и сѐ повеќе било посетувано од младите битолчани. Меѓутоа, со балканските војни и со српската окупација, ова француско католичко училиште, третирано како приватно, било принудено да ја усогласи наставната програма со Правилникот на Министерството за просвета на Кралството СХС, а тоа значело воведување на српскиот јазик со по шест часа српска историја, три часа географија и два часа веронаука. Сите овие часови морале да ги одржуваат наставници назначени од српската просветна власт. Всушност програмата била усогласена со онаа на српските државни училишта.4 Со таква програма училиштето работело од 1915 до 1925 година кога Министерството ја забранило работата на лазаристите во Битола, поради што француските мисионери ја напуштиле Битола. Во овој период, настапиле тешки денови за училиштето, затоа што раководството кое било составено од лазаристи ја напуштило Битола, наместо да напредува, поради ова, тоа назадувало, а во 1931/32 година и дефинитивно престанало со работа.5 Дел од затекнатите ученици биле примени во француското католичко женско училиште на милосрдните сестри од редот на Сен Венсан, а другите биле примени во српските државни училишта. 2. Женско училиште Женското католичко училиште било отворено во 1990 година со големо залагање на сестра Виоле. Официјалниот назив на училиштето гласел: „Ecol Francaise de ceur de Saint Vincent de Paul“. Слично како и во машкото 3

Александар Крстевски, Француските училишта во Битола, ракопис за печат, стр 12-13. Ibidem, 16. 5 Марија Јовановиќ, Просветно политичките приликиво Македонија (1918-1929), Скопје, 1983, 255. 8 4


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

училиште и овде наставата се одвивала во курсеви, по примерот на сличните училишта во Франција, а со српската окупација, програмата била усогласена со наставната програма на државните училишта. Исто било и во времето на бугарската окупација, кога училиштето било третирано како приватно. Во времето на српската окупација официјалниот назив на училиштето бил „Француско-југословенска основна школа“ а во времето на бугарската окупација како прво „Френско девствено училиште - Битола“, а подоцна „Френски колеџ - Сен Венсан“ (Collage francaise Saint Vincent - Bitola). Училиштето за време на српската власт било основно (до четврто одделение), а за време на бугарската власт било прогимназија до седмо одделение, додека само во османската власт било непотполна гимназија. Училиштето организирало курсеви по француски јазик и тоа специјален курс за повозрасни ученици кои го знаеле францускиот јазик на соодветен клас во француското училиште, а по совладувањето на неопходниот минимум овие ученици биле преведувани во редовните наставни курсеви (класови). Друг начин на совладување на францускиот јазик бил совладуван во пансионот при училиштето, кадешто биле сместени ученици кои учеле во други средни училишта (Трговската академија, Гимназијата). Биле организирани и летни курсеви по француски јазик.Овие курсеви биле наменети за учениците од другите училишта, па и од другите градови, кои сакале да научат нешто повеќе или имале слаб успех по овој предмет и биле упатувани на полагање.Одржувани биле во јули и август. Училиштето располагало со богата библиотека со книги од разни жанрови на француски јазик, поседувало и добро опремени кабинети, пригодни простории дури и за прикажување на филмови и приредби. Наставата била на висина.Наставниот кадар бил со висок морал и со стручни квалитети. Критериумот на оценувањето бил строг, а знаењето било вреднувано со оценки: лош, добар и многу добар, кога се работело по француската наставна програма, а за време на српската власт оценувањето било: лош 1, доволен 2, добар 3, многу добар 4 и одличен 5. Постоеле и меѓуоценки: 3,5 или 4,5. На крајот од полугодието и годината бил повторуван целиот материјал од сите предмети. Контролата на знаењето била редовна. Секој ученик имал посебна книшка, во која му биле запишувани оценките од секоја недела според изработените домашни задачи и за поведението, редовноста и покажаниот интерес. Секоја сабота учениците ги добивале книшките, кои ги носеле дома за потпис на родителите, кои требало да се запознат со работата на учениците во изминатата недела.. Како поттик за учење биле доделувани медали за солидните ученици или бесплатна претплата на француските списанија ,,Журнал“ и ,,Моазел“. Ученичката година се делела на три тромесечја, на секое тромесечје се давале оценки,а годишните се изведувале од трите оценки. Училиштето било потполно автономно само за време на османлискиот период, додека за време на српската и бугарската окупација имало извесни ограничувања. Така на пример раководните органи на училиштето морале да 9


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

ги поднесат на одобрување наставните програми кои ги изведувале на француски јазик, додека оние кои биле изведувани на српски односно на бугарски јазик: историја, географија и српски или бугарски јазик биле контролирани од страна на државниот инспекторат.. Инспекторатот особено се грижел наставата по т.н. национални предмети да се изведува онака како што била набележана денационализаторската политика на државата. Со оглед дека во ова училиште се школувале и доста деца со македонска националност, инспекторатот мошне ревносно си ја вршел својата работа што се согледува и од еден негов извештај во кој пишува: „На национално воспитание посветено му е потребно внимание“ или „ Наставното градиво по сите предмети се изведува на државен јазик (српски б.м.) на национално воспитание и на национална група предмети (историја, географија б.м. посветено му е потребно внимание“6. Наставата ја следеле деца од различни возрасти, различни религии, народности и различни социјални слоеви. Иако француските училишта биле отворени со цел да се шири католичката вера помеѓу населението, тоа сепак не дало резултати. Меѓутоа училишта постигнале многу во ширењето и учењето на францускиот јазик кај населението како и ширењето на француската и европската култура. Инаку врз учениците не се вршел никаков религиозен притисок, напротив, биле толерирани верските определби, вклучително и онаа на Евреите. Не бил вршен ни национален притисок, со исклучок кога се наметнале националните предмети за време на српската и бугарската окупација.За одбележување е дека само во француските католички училишта не постоела денационализаторска пропаганда што не може да се каже и за сите други училишта во градот. Со оглед дека наш интерес се учениците Евреи во овие училишта, ќе забележиме дека на 11 март 1943 година кога Битола била блокирана и сите Евреи депртирани со тоа и учениците од ова училиште. Така за сите ученици во главните книги покрај графата за нивните генералии, постои и празен простор и графа „Ако го напуштил (училиштето) датум и причина“. За сите ученици во оваа графа стои: „Заминал со Евреите“ или не постои ништо освен „11 03 1943“. Кај сите ученици Евреи со вакво објаснување задолжително следува и потписот со француска графологија на Ганчев.7 Така неупатениот добива впечаток дека не се работи за геноцид, туку за некоја обична екскурзија за еврејските ученици. Преглед на ученички и ученици Евреи кои ги посетувале училиштата: 1. Османлиски период Учебна 1903/4 година.8 6

Историски архив Битола, Фонд - Француски училишта - Битола, кн. 20-24. Потписот Ганчев е на директорот, кој и на други места се потпишувал, означени за директор. 8 Историски архив Битола - Фонд Француски училишта, Кн. 9/1. 10 7


НУ Завод и музеј Битола

- специјален курс 1. Клара Камхи 2. Суsана Калва 3. Нели Камхи Учебна 1909/10 година. 9 - елементарен курс 1. Фрида Камхи 2. Натали Кал - среден курс 1. Ана Соломонос 2. Зимбул Леви 3. Ана Албелда 4. Матилда Кмхи - виш курс 1. Луис Соломонос 2. Матилда Камхи Учебна 1910/11 година. - среден курс10 1. Естер Ергас 2. Фрида Камхи -виш курс 1. Викториа Камхи 2. Зимбул Леви Учебна 1911/12 година. -виш курс11 1. Зимбул Леви 2. Естера Ергас 3. Фрида Камхи 4. Естера Камхи - елементарен курс 1. Паломба Леви Учебна1912/13 година. - среден курс12 1. Паломба Леви 2. Естера Ергас 9

Историски архив Битола - Фонд Француски училишта, Кн. 9/3. Историски архив Битола - Фонд Француски училишта, Кн. 9/4. 11 Историски архив Битола - Фонд Француски училишта, Кн. 9/5. 12 Историски архив Битола - Фонд Француски училишта, Кн. 9/6. 11 10

Зборник на трудови бр. 18


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Учебна 1913/14 година. - елементарен курс13 1.Ела Кармило 2. Елвира Ергас - среден курс 1.Вирџинија Соломонос 2. Сара Пардо 3. Жана Пардо - виш курс 1. Естра Ергас 2. Фрида Камхи 3 Ева Соломонос 2. Српски период на управа За сите учебни години од 1920 до 1931 и за сите одделенија.14 1. Албер Клер 2. Албинда Рашел 3. Франко Ч. Алегра 4. Пардо А. Ребека 5. Нахмијас А. Рашел 6. Леви Ј. Бела 7. Франко Ч.Рашел 8. Леви Ј. Сол 9. Касорла Ида 10. Коломонос И.Бела 11. Пардо Ј. РегетаНахаС 12. Франко Ч. Стела 13. Марица Ч. Франко 14. Нахама С. Стела 15. Барух Стела 16. Берхала Карика 17. Барух Марица 18. КасорлаРахаел 19. Нахамис Алегра 20. Касорла И. Ида 21. Фарџи Имо 22. Фарџи Ребека Кети 23. Фарџи А. Естер 24. Касута Лаура 13

Историски архив Битола - Фонд Француски училишта, Кн. 9/7. Историски архив Битола - Фонд Француски училишта, Кн. 9/8 Во документацијата не се обележани посебно учениците по одделенија, туку се дадени сумирано. 12 14


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

25. Ергс И. Ивет 26. Батино Ј. Жули 27. Алабала Б. Ана 28. Колономос И. Калеф 29. Пардо Нина 30. Камхи Рахел 31. Шами Шарлот 32. Фарџи Жана 33. Аруести Лили 34. Фараџи Рафаел 35. Касорла Ј. Ела 36. Арие Ј. Самуел Јозеф 37. Леви А. Ели 38. Леви А. Нина 39. Леви С. Алберт Матичната книга содржи бројка од 308 ученици од кои 39 се Евреи. За учебните години од 1930 до 1933 и за сите одделенија од прво до четврто.15 1. Нахмиас Ј. Давид 2. Романо А. Давид 3. Пардо Ј. Леон 4. Арон С. Самуел 5. Албала М. Исак 6. Албока И. Нисим 7. Ергас Ј. Моис 8. Исак Ј. Аруести 9. Моис С. Аруести 10. Давид И. Албака 11. Салва Б. Касорла 12. Леон С. Аруести 13. Ели В. Фараџи 14. Леон В. Фараџи 15. Леон Ј. Арие 16. Јелисава С. Мире 17. Симон С. Аруести 18. Естерина М. Русо 19. Лина Е. Калдерон 20. Морис Д. Пардо 21. Нахим Е. Калдерон 22. Естер М. Леви 23. Естреја Н. Мосе 15

Историски архив Битола - Фонд Француски училишта, Кн. 9/9. 13


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

24. Амели Ј. Батина 25. Соломон Е. Алаџанович 26. Естерина И. Хелиау 27. Јаков Д. Мазот Матичната книга содржи вкупно 73 ученици од кои 27 се Евреи. За учебните 1931 до 1933 година исто како во претходните дадени се списоци за двете години и за сите одделенија.16 1. Касорла Н. Морис 2. Леви Ј. Исак 3. Теста А. Ашер 4. Аруести И. Сами 5. Касорла Б. Бела 6. Аруести А. Алегра 7. Барух Н. Алберт 8. Русо М. Реџина 9. Аруести С. Сара 10. Русо Ј. Сарина 11. Хелиау Естерина 12. Леви С. Естер 13. Берта М. Сабок 14. Боина С. Касорла 15. Лили С. Аруести 16. Мери А. Пардо 17. Ана М. Калдерон 18. Аруести Симон 19. Алаџанович Саламон 20. Батино Амелиа 21. Касорла Лина 22. Касорла Нахим 23. Мастол Рика 24. Мосел Естерина 25. Мире Јелисава 26. Мазот Јаков 27. Пардо Морис 28. Пардо Естерина 29. Враска Сала Матичната книга содржи вкупно 177 ученици од кои 29 се Евреи.

Учебна 1931-1932 година.17 16

Историски архив Битола - Фонд Француски училишта, Кн. 9/10. 14


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Прво одделение 1. Касорла И. Ида Второ одделение 1. Франко Стела 2. Касорла Рашел 3. Касорла Алберт 4. Нахама Стела Трето одделение 1. Албенда Рашел 2. Барух Стела 3. Леви Сол 4. Касорла Н. Ида 5. Пардо Рекета Четврто одделение 1. Колономос Пела 2. Фараџи Естера Во оваа учебна година од вкупно 60 ученици 12 се Евреи. Учебна 1932-33 година.18 Прво одделение 1. Аруести Симон 2. Барух Алберт 3. Хелијау Естера 4. Калдерон Ана 5. Касорла И. Ида Второ одделение 1. Аруести Лили 2. Фараџи Ивана 3. Касорла Рашел Трето одделение 1. Леви Сол Четврто одделение 1. Албенда Рашел 2. Пардо Рекета 3. Касорла Н. Ида 4. Русо Сара Во учебната 1932-33 година од вкупно 61 ученик 13 се Евреи.

Учебна 1933-34 година.19 17 18

Историски архив Битола - Фонд Француски училишта, Кн. 9/11. Историски архив Битола - Фонд Француски училишта, Кн. 9/11. 15


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Прво одделение 1. Надиновиќ Елизар Саламон Второ одделение 1. Аруести Симон 2. Елијау Стерина 3. Калдерон Ана 4. Касорла И. Ида 5. Фараџи Ивана Трето одделение - нема ученици Евреи Четврто одделение 1. Леви Сол Во оваа учебна година од вкупно 51 ученик 7 се Евреи. Учебна 1934-35 година.20 Прво одделение 1. Мосет Стера 2. Надимовиќ Саламон 3. Леви Исак 4. Фараџи Саламон Второ одделение - нема ученици Евреи Трето одделение 1. Аруести Симон Четврто одделение 1. Фараџи Ивана Од вкупно 72 ученици 6 биле Евреи. Учебна 1935-36 година.21 Прво одделение - нема ученици Евреи Второ одделение 1. Алѓем Саламон 2. Арниат Саламон Јарослав 3. Леви Исак 4. Ѓераси Мими 5. Фараџи Саламон 6. Мосет Стера Трето одделение - нема ученици Евреи Четврто одделение 1. Касорла Алберт Во оваа учебна година од вкупно 79 ученици 7 се Евреи.

19

Историски архив Битола - Фонд Француски училишта, Кн. 9/11. Историски архив Битола - Фонд Француски училишта, Кн. 9/11. 21 Историски архив Битола - Фонд Француски училишта, Кн. 9/11. 16 20


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Учебна 1936-37 година.22 Прво одделение 1. Алаѓем Дора 2. Леви Самоел 3. Камхи Саламон 4. Де Медонса Бети 5. Пардо Морис Второ одделение - нема ученици Евреи Трето одделение 1. Алаѓем Саламон 2. Ѓераси Мими 3. Фараџи Саламон 4. Леви Исак 5. Мосет Стера Четврто одделение - нема ученици Евреи Од вкупно 109 ученици во оваа учебна година 10 биле Евреи. Учебна 1937-38 година.23 Прво одделение 1. Пардо Моша Второ одделение 1. Алаѓем Дора 2. Камхи Саламон 3. Де Медоса Бети 4. Пардо Морис Трето одделение - нема ученици Евреи Четврто одделение 1. Алаѓем Саламон 2. Фараџи Саламон 3. Леви Исак 4. Мосет Стера Од 123 ученици 9 биле Евреи. Учебна 1938-39 година.24 Прво одделение 1. Де Мендоса Абнер 2. Пардо Моша 3. Асео Рашел Второ одделение 1. Леви Самуел 22

Историски архив Битола - Фонд Француски училишта, Кн. 9/11. Историски архив Битола - Фонд Француски училишта, Кн. 9/11. 24 Историски архив Битола - Фонд Француски училишта, Кн. 9/11. 17 23


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Трето одделение 1. Камхи Саламон 2. Пардо Морис 3. Алаѓем Дора 4. Де Мендоса Бети Четврто одделение 1. Алаѓем Саламон 2. Аруести Елда Од вкупно 155 ученици Евреи биле 10 Учебна 1939-40 година.25 Прво одделение 1. Аруести Пепо Второ одделение 1. Леви Самуел 2. Де Мендоса Абнер 3. Пардо Моша Трето одделение 1. Алаѓем Дора 2. Колономос Рашел Четврто одделение 1. Камхи Саламон 2. Пардо Морис 3. Де Мендоса Бети Во оваа учебна година од вкупно 104 ученици 9 биле Евреи. Училиштето во истава учебна година ги организирало и следниве курсеви: елементарен курс што го посетувале Бети де Мендоза и Дора Алаѓем, специјален курс што го посетувала Ана Шами, комплементарен курс посетуван од Анѓел Колономос, Сара Бераха и виш специјален курс посетуван од Рахел Колономос. Учебна 1940-41 година.26 Прво одделение 1. Аруести Пепо 2. Мосет Алберт 3. Пардо Саламон 4. Солина Пардо Второ одделение - нема ученици Евреи Трето одделение 1. Де Мендоса Абнер 2. Пардо Моша 25 26

Историски архив Битола - Фонд Француски училишта, Кн. 9/12, 13, 14, 15. Историски архив Битола - Фонд Француски училишта, Кн. 9/16, 17, 18. 18


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

3. Колономос Рашел Четврто одделение 1. Камхи Саламон 2. Алаѓем Дора Од вкупниот број ученици 134, Евреи биле 9. 3. Бугарска окупација Учебна 1941-42 година.27 Прво одделение 1. Давид Аруести 2. Пепи Аруести 3. Солина Пардо 4. Шарло Мосе 5. Рафаел Камхи 6. Олга Демајо Второ одделение 1. Саламон Пардо 2. Алберт Мосе Трето одделение 1. Менахен А. Фарџи Четврто одделение - нема ученици Евреи Од вкупно 56 ученици 9 биле Евреи. Специјалниот курс од четврто одделение го посетувал Естер Нисим Мосе додека специјалниот курс од пето одделение го посетувал Калеф Исак Колономос. Учебна 1942-43 година.28 Прво одделение 1. Мардохај Елија Машулан Второ одделение 1. Сорина Пардо 2. Олга Демајо 3. Рафаел Камхи 4. Пепо Аруести 5. Давид Аруести 6. Шарл Н. Мосот Трето одделение 1. Саламон Х. Пардо 2. Алберт Н. Мосет Четврто одделение 1. Менехем А. Фараџи 27 28

Историски архив Битола - Фонд Француски училишта, Кн. 9/19, 20, 21. Историски архив Битола - Фонд Француски училишта, Кн. 9/22, 23, 25. 19


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Пето одделение - први клас прогимназија 1. Абнер Де Медонса 2. Моис Х. Пардо Шесто одделение - втори клас прогимназија 1. Дора Е. Алаџем 2. Перла Ароести 3. Моис Д. Пардо 4. Саламон М. Камхи 5. Моис Х. Пардо Од вкупно 99 ученици во оваа учебна година вкупно имало 17 Евреи во сите одделенија - основни и прогимназиј. Така, училиштата во османлискиот управен период ги посетувале 22 ученици, во српскиот управен период 186 ученици и во бугарскиот управен период 26 ученици од еврејска национална припадност.29 Некои од нив не биле родени во Битола, туку се преселиле со своите родители во градот и извесно време се школувале заедно со еврејските учениците кои биле родени битолчани. За поголема прегледност на еврејските ученици во француските (католички) училишта во Битола ги даваме следниве табели: 1. Османлиски период.

2. Табеларен преглед на еврејските ученици во Француското католичко училиште - Битола, 1913 - 1932 година.

29

Наведените бројки се приближни, затоа што сочуваната документацијта не е комплетна. Сепак, сметаме, дека бројките од поново време се приближно точни соодветно на сочуваната документација. 20


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

3.Табеларен преглед по оделенија и години на еврејските ученици во француското - југословенско основно училиште во Битола.

3.Период на бугарска управна власт

Графички приказ за бројноста на учениците

21


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

22


UDC 94(497.774) "1926" Александар ЛИТОВСКИ,

1

ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД УБИСТВОТО НА СПАСОЕ ХАЏИ ПОПОВИЌ ВО БИТОЛА Апстракт: Се зборува за последиците од убиството на битолскиот новинар и сопственик на весникот „Јужна ѕвезда“, Спасое Хаџи Поповиќ, кое се случило на 3 јули 1926 г. и за низа на политичко-пропагандни последици кои биле предизвикани со него. Опфатена е истрагата на српската полиција, која ги уапсила замешаните, но настојувала да ги оправда властите. Детално се елаборира самото судење, кое завршило со доста ригорозни казни, односно со долги затворски казни и со неколку смртни казни. Клучни зборови: Битола, автономистичка ВМРО, српска власт, атентат 1. Политичко-пропагандните последици од убиството Убиството на Спасое Хаџи Поповиќ (слика 2) се случило на 3 јули 1926 г. во дваесет часот.2 Атентаторот Лазар Мулев (слика 6), пратен од автономистичката ВМРО, го извршил убиството на главната улица во Битола (слика 1).34 Една од првите видливи реперкусии од атентатот и убиството на Спасое Хаџи Поповиќ е засилувањето на дејноста на српската пропагандна машинерија, која настојувала да го искористи истото за своите големодржавни цели. Најнапред, бидејќи се верувало дека зад убиството стои Грција, атентатот бил користен за притисок во насока да се призне постоење на ,,српско малцинство“ во Егејскиот дел на Македонија. За таа цел, но и за подигање на големосрпските национални чувства во Вардарскиот дел на Македонија, пропагандата настојувала ликот и делото на Хаџи Поповиќ да ги направи парадигма за ,,народен“ деец и ,,светол народен маченик“. Едноставно, во тогаш1

Доктор по историски науки Александар Литовски, кустос-советник во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Битола, ул. Клумент Охридски, бб., адреса на живеење Иван Милутуновиќ бр. 68/14 Битола, е-маил: acelitobitola@gmail.com 2 в. „Политика“, Белград, г. XXIII, бр. 6534, 5 јули 1926 г.; Доне Пановски, Буф и буфчани, Битола, 1998 74. Инаку, Хаџи Поповиќ бил сопственик и директор на весникот „Јужна ѕвезда“, кој излегувал во Битола. 3 По убиството сите лица дојдени од Бугарија како атентатори, се нашле кај месноста „Чифте фурни“ и оттаму се упатиле кон грчката граница, ја поминале илегално без да бидат забележани од југословенските и грчките граничари, а од таму заминале за Албанија. Набрзо по атентатот, телото на убиениот веднаш било со кочија пренесено до болницата во Битола, но таму не можеле да направат ништо, освен да констатираат смрт. Петар Манговски, Како е убиен Спасое Хаџи Поповиќ во Битола, сп. Развиток, г. 11, бр. 3-4, март-април 1984, 221. 4 в. "Јужна yвезда", Битола, г. V, бр 197 (24), 10 јули 1926 г.


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

ната југословенска јавност, Спасое Хаџи Поповиќ се претставувал како ,,голем, вреден и сериозен национален работник“, кој ,,целиот свој животен век го поминал во борба за права и слобода на нашите поробени браќа во Грција.“5 По атентатот врз Спасое Хаџи Поповиќ во Битола, сите политички кругови во тогашното Кралство на Србите, Хрватите и Словенците изразиле еднодушна осуда на тој чин и побарале енергична истрага за убиството и ригорозни казни и за извршителите и за поттикнувачите. Водачот на југословенската Радикална партија Љуба Давидовиќ, наредниот ден по атентатот во Белград го повикал битолскиот пратеник од редовите на неговата партија Јован Кирковиќ и водел получасовен разговор за ,,приликите на југот“. Секако, освен вербалната поддршка за преземање на ригорозни мерки против атентаторите, опозиционите партии настојувале да го искористат убиството за прибирање на политички поени, па веднаш започнале со критика на работата на владата на планот на безбедноста во Вардарскиот дел на Македонија. Така, пратениците од Демократската партија, Коста Куманиди и Шуменковиќ, веднаш по убиството упатиле писмено прашање до министерот за внатрешни работи, зошто во Битолскиот округ се случуваат голем број на убиства. Откако станало јасно дека зад убиството на Спасое Хаџи Поповиќ стои автономистичката ВМРО, српската политика настојувала тоа да биде искористено за засилување на антибугарската пропаганда. Српскиот печат постојано истакнувал дека ,,смртната пресуда“ врз Хаџи Поповиќ била изречена во Софија, дека тој бил убиен кукавички од зад грб, дека ,,бугарскиот куршум не му ги простил трите децении чесна работа, несебична, за народот корисна работа“. Се пишувало дека ,,секоја пушка која во Јужна Србија ќе пукне, секоја бомба и пеколна машина наменета да ја наруши тишината на овој намачен крај, подготвена е во Софија и од софиската влада е најрационално искористена“. Дури и кога почнало судењето на замешаните во убиството се зборувало дека ,,битолскиот суд не им суди денес на убијците... оти убијците се оние истите кои го убиле и генералот Ковачевиќ, оние кои се подготвени и на многу други гнасни злосторства скриени зад суверената‚ разоружана‘ Бугарија“.6 Убиството на Спасое Хаџи Поповиќ било политички интересно и поради фактот што се случило во Битола. Дотогаш, српската политика и пропаганда настојувала да потенцира дека убиства се случуваат само во пограничните реони со Бугарија, а дека другите делови од Вардарскиот дел на Македонија ги има под своја контрола и се безбедни. Сега целата таа ,,приказна“ со убиството на Хаџи Поповиќ во Битола паднала во вода. Тоа пак било искористено од круговите на ВМРО во Бугарија јавно да укажуваат дека нивната

5 6

в. "Политика", Белград, г. XXIII, бр. 6535, 6 јули 1926 г. в. "Политика", Белград, г. XXIV, бр. 6995, 18 октомври 1927 г. 24


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

борба наводно не е ,,борба“ помогната од Бугарија, туку автохтона македонска борба.7 2. Полициската истрага и апсењата во врска со убиството Полицијата во Битола презела низа мерки за откривање и апсење на извршителите и замешаните во убиството. Според истрагата, директни извршители биле Коста Бицинов (Бичинов) (слика 5), Лазар Мулев и Васил Николов Липитков (слика 3). Откако се случило убиството, српската полиција прво ги уапсила Крсто Љондев и Павле Сојановиќ, а потоа и сите останати за кои сметала дека се замешани.8 Имено, набрзо по убиството српската полиција ги уапсила Павле Стојановиќ (Стојанов) од село Желево, костурско, Мицко Романовиќ, Петар Николиќ и Димче (Димитрије) Тодоровиќ,9 Стојан Костиќ и Методија Поповиќ по потекло од Лерин, Ристо Стојчевиќ од Ресен, Панта Петковиќ и Фидан Мојсевиќ од селото Кукуречани, битолско. Уапсени и брзо ослободене биле и други лица (слика 6).10 Васил Липитков11 бил уапсен во леринско од страна на грчките полицајци, бил предаден на српските власти на 12 јули 1926 г. и бил затворен во Битола.12 Коста Бицинов и Лазар Мулев кои побегнале во Албанија, српските власти ги барале преку дипломатски канали, односно конзулот на Кралството СХС во Корча, Албанија, побарал од тамошните власти да ги уапсат сомнителните лица и ако меѓу нив се најде некој од атентаторите да биде предаден 7

ИванÍ МихаŸовÍ, „Спомени“ III, Освободителна борба 1924-1934, 292. в. „Политика“, Белград, г. XXIII, бр. 6543, 14 јули 1926 г. 9 Роден бил во Битола во 1883 г. Бил припадник на македонското револуционерно движење од илинденскиот период. По професија бил чевлар. По првата светска војна станал припадник на автономистичката ВМРО. Зел учество во атентатот врз Спасое Хаџи Поповиќ во Битола на 3 јули 1926 г. На судскиот процес од 1927 г. бил осуден на смртна казна, која била извршена наредната година, односно на 21 јуни 1928 г. во селото Горно Оризари, Битолско. 10 в. „Политика“, Белград, г. XXIII, бр. 6540, 11 јули 1926 г.; бр. 6541, 12 јули 1926 г.; г. XXIV, бр. 6995, 18 октомври 1927 г. 11 Васил Николов Липитков е од селото Љубетино, Леринско, Егејски дел на Македонија. Роден бил во 1862 г. Бил припадник на македонското револуционерно движење во Леринско од предилинденскиот период и најпрво извршувал курирски задачи. Во време на Илинденското востание бил војвода на селската чета. Во 1905 г. бил уапсен од турската власт и осуден на десет години затвор. Во време на Балканските војни бил во четата на Пандо Шишков. По првата светска војна бил припадник на автономистичката ВМРО. 12 в. „Политика“, Белград, г. XXIII, бр. 6541, 12 јули 1926 г.; бр. 6545, 16 јули 1926 г. Според искажувањето на Лазар Мулев, сите четворица атентатори, односно тој, Коста Бицинов, Васил Липитков и Никола Абдураманов, успеале да побегнат во Албанија, но тамошните власти последните двајца кои „се родум од Егејска Македонија, ги предадоа на грчките власти“, а тие пак ги испорачале во српските власти во Битола. Петар Манговски, Како е убиен Спасое Хаџи Поповиќ во Битола, сп. Развиток, г. 11, бр. 3-4, март-април 1984, 222. На 17 јули 1926 г. грчкиот весник „Елефтерос Типос“, објавил дека грчките власти им го предале атентаторот на српските власти. Атентаторот на автономистичката ВМРО бил предаден на српските погранични единици, а во Битола отпатувале со затвореникот и грчки високи воени и полициски лица. За пишувањето на грчкиот весник преземено од Никола Жежов, Македонското прашање во југословенско-бугарските дипломатски односи (1918-1941), Скопје, 2008, 115. 25 8


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

во Битола за судењето.13 И додека Лазар Мулев преку Италија се вратил во Бугарија, Коста Бицинов бил уапсен од властите во Албанија и затворен, најпрво во затворот во градот Елбасан, а потоа во затворот во градот Берат, но сепак не бил испорачан на властите во Кралството на СХС, туку со помош на бугарските дипломатски претставници бил ослободен и нешто подоцна се вратил во Бугарија.14 Истрагата открила дека извршителите Коста Бицинов и Лазар Мулев во Битола пристигнале легално со дозвола на властите на 16 мај 1926 г. 15 Натаму било утврдено дека замешаните Павле Стојановиќ и Мицко Романовиќ, биле истакнати членови на српските граѓански партии кои дејствувале во Битола и имале важно место во политичкиот живот во градот. 16 Истражните полициски органи сметале дека нашле докази оти подготовките на атентатот биле започнати со доаѓањето на Васил Липитков од Бугарија во Битола и дека преку Павле Стојановиќ биле добивани инструкции од Бугарија.17 Првиот состанок на заверениците, според истрагата на српската полиција, се случил во кафеаната на Ристо Стојановиќ, кој бил бегалец од Егејскиот дел на Македонија и тогаш било решено да биде убиен Спасое Хаџи Поповиќ.18 Според истрагата Крсто Љондев бил човекот кој ги замислил и подготвил атентатите.19 Тој, наводно, бил во непрестана комуникација со ЦК на ВМРО во Софија и оттаму побарал да му бидат испратени атентатори за вршење убиства. Во Битола од Бугарија бил испратен и најнапред пристигнал Никола Абдураманов (слика 4), по потекло од селото Пателе, Леринско. 20 Тој најнапред стапил во врска со Мицко Романовиќ и добил задача да го убие народниот пратеник од Битола Јован Ќирковиќ, но се уплашил и се откажал од задачата и го вратил добиениот револвер. Тогаш Крсто Љондев добил задача од ЦК на ВМРО да го убие Абдураманов за да не изврши предавство. Според истрагата Крсто Љондев по овие настани побарал да му се испратат други лица за вршење атентати и така биле испратени Васил Липитков, Лазар Мулев и 13

в. „Политика“, Белград, г. XXIII, бр. 6543, 14 јули 1926 г. Петар Шанданов, Спомени, Скопје, 2006, 202-203. 15 в. „Политика“, Белград, г. XXIII, бр. 6541, 12 јули 1926 г. 16 Павле Стојановиќ бил член на Српската радикална партија и соработник на Јован Кирковиќ, а пак Мицко Романовиќ член на Српската демократска партија и соработник на Јован Куманудија. в. „Политика“, Белград, г. XXIII, бр. 6542, 13 јули 1926 г. 17 в. „Политика“, Белград, г. XXIII, бр. 6543, 14 јули 1926 г. 18 Ваквото решение било донесено затоа што другите две наводни мети на атентаторите пратениците во Собранието на Кралството на СХС од Битола Јован Кирковиќ и Јован Алтипармаковиќ не биле во градот и не се знаело кога ќе се вратат. в. "Политика", Белград, г. XXIII, бр. 6543, 14 јули 1926 г. 19 Тезата била целосна полициска конструкција. Види: Александар Литовски, Крсто Љондев и убиството на Спасое Хаџи Поповиќ во Битола, Зборник на трудови на НУ Завод и музејБитола, г. IX, бр. 17, Битола, 2013, 7-18. 20 Тој бил внук на познатиот лерински комита Дине Абдураманов и тогаш бил на триесет и две годишна возраст. Претходно станал припадник на автономистичката ВМРО, дезертирал од грчката армија, ја преминал границата со Кралството на СХС и се населил да живее во Битола. 26 14


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Коста Бицинов. Истрагата, наводно, утврдила дека токму заради тоа тој интервенирал кај српските власти тие легално да пристигнат во Битола. 21 Исто така, истрагата утврдила дека Павле Стојановиќ и Фидан Мајсторовиќ го набавиле оружјето потребно за вршење на атентатите.22 Мотивите за организација на убиството од страна на ВМРО и Бугарија биле пронајдени или конструирани во неколку точки. Прво, во желбата на организаторите на убиството да се заострат односите меѓу Кралството СХС и Кралството Грција.23 Второ, се тврдело дека една од метите на битолската експозитура на автономистичката ВМРО бил Јован Алтипармаковиќ, кој во тие моменти бил пратеник во парламентот на Кралството СХС и кој наводно примил пари од Бугарија за да работи во интерес на бугарската кауза во Македонија, но не само што не направил ништо на тој план, не само што ги задржал парите, туку во Собранието одржал говор во кој, според белградска ,,Политика“, истакнал дека ,,Бугарите нема што повеќе да бараат во Јужна Србија“.24 Трето, барајќи мотиви за испраќањето на атентаторите во Битола, без некакви докази се тврдело дека една од метите бил и пратеникот во Собранието на Кралството СХС од Битола, Јован Кирковиќ и тоа затоа што барал како услов за соработката со Бугарија да биде поставено распуштањето на автономистичката ВМРО. На крајот се шпекулирало дека требало да биде извршено убиство и врз претседателот на битолската општина Драгиќ Пауновиќ.25 21

Дека целата полициска конструкција околу Крсто Љондев служела за да се затскрие сопствената неспособност, може да се види и од фактот дека властите ја прошириле веста оти директните извршители Липитков, Бицинов и Мулев во Битола навистина пристигнале легално со дозвола на српската власт, но дека таквата дозвола била дадена под сугестија на Крсто Љондев. За да се засили впечатокот дека официјалните битолски лица „не се виновни“ за атентатот весникот „Политика“ објавил дека: „Важно е да се истакни оти управникот на градот Битола г. Светислав Драгачевац никогаш не сакал да ги прими услугите на војводата Крсте и дека него и неговите луѓе никогаш не ги трпел и секогаш во нив се сомневал.“ в. „Политика“, Белград, г. XXIII, бр. 6541, 12 јули 1926 г. Натаму, се тврдело дека Љондев „немал ни учество, ни влијание во работата“ на српските власти во Битола, туку дека „само бил искористуван“. в. „Политика“, Белград, г. XXIII, бр. 6542, 13 јули 1926 г. Дури, се одело дотаму што политика пишувала дека целата конспиративна пробугарска организација во Битола била „откриена од жупанот Борисављевиќ кој имал помош од својот најдобар соработник управникот на градот г. Драгачевац“, што со оглед на целата ситуација е целосно неточно и исконструирано. 22 в. „Политика“, Белград, г. XXIV, бр. 6995, 18 октомври 1927 г. 23 в. „Политика“, Белград, г. XXIII, бр. 6543, 14 јули 1926 г. 24 в. „Политика“, Белград, г. XXIII, бр. 6543, 14 јули 1926 г. Всушност, Јован Алтипармаковиќ бил на мета на ВМРО заради извршеното предавство кон неа. Во еден извештај на Пецо Трајков до ЦК на ВМРО јасно се зборува дека Јован Алтипармаковиќ дури и откако станал пратеник од Битола во парламентот на Кралството на СХС настојувал да им се додворува на врховистичките македонски структури во Бугарија за да го спаси својот живот. Пецо Трајков во својот извештај тоа вака го опишува: „Многу плачел пред нашите луѓе и бара по секоја цена да дојде до нас, ако не да испрати топла молба до ЦК да биде помилуван и е готов на секој ризик да го помогне делото само да му се укуне пресудата.“ Цитирано по Иван Катарџиев, Борба до победа, кн. 3, Скопје, 1983, 204. 25 в. „Политика“, Белград, г. XXIII, бр. 6540, 11 јули 1926 г. 27


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

3. Судењето на обвинетите за убиството Судењето започнало на 17 октомври 1927 г.26 На денот на судењето, биле обвинети и присутни единаесет лица: Васил Липитков, Павле Стојановиќ, Филип (Фидан) Мојсовиќ, Мицко (Митко) Романовиќ, Стојан Костиќ, Методи Поп Петровиќ, Пандо Ташковиќ -Тунгуџиевиќ (Бошковиќ ), Димитар Тодоровиќ, сите од Битола и Христо Стојчевиќ од селото Екши-су, леринско, Никола Абдураманов од Пателе, леринско. Двајца од обвинетите Лазар Мулев и Коста Бицинов биле во бегство и било решено да не им се суди во отсуство, туку тогаш кога ќе бидат фатени, додека обвинетиот од истрагата Крсте Љондев бил убиен.27 Претседател на судскиот процес бил судијата Драгутин Манојловиќ, а во заседанијата на судот по овој процес учествувале и судиите Петровиќ и Михајловиќ. Државен обвинител бил судијата Главинчев, а судски писар бил Живота Михајловиќ. Како тужител во име на семејството на убиениот бил адвокатот Ѓорѓе Тошиќ од Штип.28 Српското обвинителство ги обвинило Лазар Мулев и Коста Бицинов како потикнувачи и организатори, Абдураманов и Липитков како извршители, Крсто Љондев како главен организатор, а сите останати како помошници. Тоа значи дека обвинителниот акт опфаќал три различни кривични дела: убиство, дејства во насока на отцепување на ,,Јужна Србија“ од Кралството на СХС, соучесништво. Според обвинителниот акт убиениот Крсто Љондев бил ,,шеф“ на организацијата ВМРО во Битола и, пред сè тој работел на одделувањето на ,,Јужна Србија“ од остатокот на државата. Обвинителството ги теретело обвинетите дека планирале да бидат извршени атентати не само на настраданиот Спасое Хаџи Поповиќ, туку и на Алтипармаковиќ, Кирковиќ, Драгиќ Пауновиќ и Никола Чокревиќ.29 На првиот ден од судењето во судницата можеле да присуствуваат само оние кои имале обезбедено дозвола од судот, а тоа освен новинарите пре26

Со краток текст на првата страна, и со наслов „Процесот по убиството на х. Поповиќ, започнува денес во Битола“, весникот „Македонија“ од Софија ја информирал бугарската јавност за овој настан. Во него дословно се вели: „Денес претпладне почна процесот во врска со убиството на српскиот весник ‚Јужна ѕвезда‘ во Битола. Како што се знае, Спасое х. Поповиќ е родоотстапник од селото Буф, леринско, и беше убиен на 3 јули минатата година на сред Битола на Широк сокак. Како главен соочесник србите го обвинија Крсте Љондев, дотогашна десна рака на Жупанот, го затворија и по долги измачувања го убија, при ‚обидот за бекство‘. Сега битолскиот суд ќе му суди на лицето Васил Николов, предаден како атентатор на србите од грчките власти. Како јатаци и соочесници се обвинети и други македонски бугари..." в. „Македонија“, Софија, г. II, бр. 306, 18 октомври 1927 г. 27 в. „Македонија“, Софија, г. II, бр. 307, 19 октомври 1927 г.; в. „Политика“, Белград, г. XXIV, бр. 6995, 18 октомври 1927 г. 28 в. „Политика“, Белград, г. XXIV, бр. 6995, 18 октомври 1927 г. 29 в. „Македонија“, Софија, г. II, бр. 307, 19 октомври 1927 г.; в. „Политика“, Белград, г. XXIV, бр. 6995, 18 октомври 1927 г. 28


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

тежно биле роднините на обвинетите. Покрај другите присутни, во судницата биле и сопругата и ќерката на убиениот Спасое Хаџи Поповиќ .30 Всушност, сопругата Магдалена Хаџи Поповиќ била прва која дала исказ пред судот и тој изказ бил усогласен со конструкциите на битолската полиција и најмногу за смртта на својот сопруг го теретела Крсто Љондев. Од обвинетите, пред судот прв бил распрашан Павле Стојановиќ, а во врска со начинот на комуникација со ЦК на ВМРО. Имено, истрагата во неговиот дом пронашла невидливо мастило, писма пишувани со такво мастило, а пак тој наводно признал дека одржувал тајна коресподенција со ЦК во Бугарија.31 Меѓутоа, во исказот пред судот тој делумно се откажал од она што го изјавил пред полицијата, односно негирал дека сè што е запишано во обвинителниот акт како негови зборови е точно и вистинито. Покрај тоа, тој пред судот се изјаснил дека се невистинити неговите обвиненија пред полицијата кон останатите обвинети.32 Фидан Мојсевиќ на вториот ден на судењето пред судот се откажал од својот исказ пред полицијата и изјавил дека тој бил изнуден од полицајците со жестока физичка тортура.33 Единствено пред судот признавал дека на Павле Стојановиќ му продал револвер и дека тоа го направил за да заработи пари.34 Обвинетиот Христо Стојчевиќ кој имал ан во Битола и кај кого престојувале дел од организаторите и извршителите на атентатот, ги отфрлил сите обвиненија и пред судот изјавил дека не бил замешан ниту во атентатот, ниту во дејноста на автономистичката ВМРО. Обвинетиот Методи П. Петровиќ се изјаснил како невин, а за изјавата пред полицијата дека Крсто Љондев го врбувал да стане комита во чета на ВМРО, рекол дека е неточна, туку обратно дека Љондев му зборувал оти сака да формира чета која ќе дејствува против испратените чети и атентатори на ВМРО.35 Обвиненијата во целост ги отфрлил и Пандо Ташковиќ-Тунгуџиевиќ. Дури и првообвинетиот Васил Липитков ги отфрлил обвиненијата на државниот обвинител. Тој пред судот изјавил дека Крсто Љондев бил приврзаник на федералистичкото крило во македонското револуционерно движење и како таков бил против автономистичката ВМРО на Ванчо Михајлов, која пак имала донесено смртна пресуда против него.36 Тој пред судот тврдел дека во времето кога бил убиен Спасое Хаџи Поповиќ тој се наоѓал покрај реката Драгор и чекал да намини Крсто Љондев за да ја изврши поставената задача од ВМРО, односно да го ликвидира Љондев.37 На тој начин, 30

в. „Политика“, Белград, г. XXIV, бр. 6995, 18 октомври 1927 г. в. „Политика“, Белград, г. XXIV, бр. 6995, 18 октомври 1927 г. 32 в. „Македонија“, Софија, г. II, бр. 307, 19 октомври 1927 г. 33 в. „Македонија“, Софија, г. II, бр. 308, 20 октомври 1927 г.; в. „Политика“, Белград, г. XXIV, бр. 6996, 19 октомври 1927 г. 34 в. „Политика“, Белград, г. XXIV, бр. 6996, 19 октомври 1927 г. 35 в. „Македонија“, Софија, г. II, бр. 308, 20 октомври 1927 г. 36 в. „Македонија“, Софија, г. II, бр. 308, 20 октомври 1927 г. 37 в. „Политика“, Белград, г. XXIV, бр. 6996, 19 октомври 1927 г. 29 31


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

пред судот и јавноста која го следела судењето, се рушела комплетната конструкција на српските полициски и политички власти. На третиот ден на судењето пред судот свој исказ дал Никола Абдураманов. Тој пред судот изјавил дека бил испратен од ВМРО да го убие Јован Кирковиќ заради тоа што говорел дека во Вардарскиот дел на Македонија има тристотини илјади Срби, но дека се уплашил и се откажал од таа задача. Заради тоа бил осуден на смрт од автономистичката ВМРО. Исто така изјавил дека во Битола немало локална организација на ВМРО, а дека контактирал во врска со илегалните активности само со Васил Липитков и Мицко Романовиќ. Во својот исказ го потврдил искажувањето на Липитков дека Крсто Љондев бил мета на автономистичката ВМРО и дека требало да биде убиен. Го отфрлил обвинувањето дека требало да фрли бомба во битолскиот хотел ,,Босна“ и откажал дека учествувал во убиството на Спасое Хаџи Поповиќ, дека другите обвинети му помагале и изјавил дека во време на убиството бил во затвор во Грција.38 Истиот, трет ден од судењето, започнало испитувањето на сведоците на обвинителството. Прв бил испрашан наредникот Борисав Поповиќ кој во време на атентатот бил на лице место и бил ранет во раката. Во исказ тој објаснил дека не ги видел атентаторите. Потоа сведочел Анастас Филиповиќ, и тој зборувал за неговите врски и разговори со Крсто Љондев.39 Потоа, за врските меѓу Спасое Хаџи Поповиќ и Крсто Љондев сведочел Јован Ничота, уредник во в. ,,Јужна ѕвезда“. Пред судот сведочел и поранешниот голем жупан Будимир Борисављевиќ, но неговите изјави претежно биле во насока дека не може да зборува поради фактот дека информациите кои ги има потпаѓаат под ,,службена тајна“ или биле премногу општи. Сите останати сведоци не дале никакво ново светло за расветлување на случајот или биле запознати со споредни и неважни работи во врска со обвинетите и атентатот.40 Тој ден биле прочитани и дел од изјавите што во полициската истрага ги дал убиениот Крсто Љондев.41 Одбраната на обвинетите настојувала да ја намали вината со генералната линија на одбрана дека сите обвинети биле само ,,орудија во туѓи раце“ односно на ВМРО на Ванчо Михајлов и на Бугарија, а најчесто настојувале 38

в. „Политика“, Белград, г. XXIV, бр. 6997, 20 октомври 1927 г. в.; „Македонија“, Софија, г. II, бр. 308, 20 октомври 1927 г. 39 Според в. „Македонија“, Анастас Филиповиќ (Филипов) бил српски шпион осуден на смрт од михајловистичката ВМРО. в. „Македонија“, Софија, г. II, бр. 309, 21 октомври 1927 г. Впрочем, и самиот Филиповиќ пред судот го изјавил истото. в. „Политика“, Белград, г. XXIV, бр. 6997, 20 октомври 1927 г. в. 40 в. „Македонија“, Софија, г. II, бр. 309, 21 октомври 1927 г.; в. „Политика“, Белград, г. XXIV, бр. 6997, 20 октомври 1927 г. в. 41 Тој тврдел дека за време на убиството бил во кафеаната „Охридско Езеро“ и дека од таму си отишол дома. Тврдел дека е полициска измислица дека има било каква врска со автономистичката ВМРО и дека бил дојден во Битола со „одобрување на властите за да ги уништи комитите и да ја зголеми јавната безбедност“. в. „Политика“, Белград, г. XXIV, бр. 6997, 20 октомври 1927 г. 30


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

сите адвокати од одбраната главната вина да ја префрлат на веќе мртвиот Крсто Љондев.42 Четвртиот ден од судењето бил испрашан сведокот Мухарем Неџибовиќ, кој бил во притвор заедно со обвинетите и тој го пренел наводното искажување на Павле Стојановиќ дека Љондев бил вклучен во организација на убиство на Алтипармаковиќ, а дека тој е сигурен дека Хаџи Поповиќ е убиен од Липитков, Бицинов и Мулев. Исто така тој сведочел дека преку својот пријател Шефкија Изет дознал за намерите на Павле Стојановиќ и неговите соработници од ВМРО, да извршат атентати врз видни личности од градот и дека за тоа го известил големиот жупан Борисављевиќ и водачот на контрачетничкото здружение во Битола генералот Зариќ, кои им ставиле на двајцата за задача да продолжат да се движат во круговите на ВМРО во Битола и да собираат информации. Слична изјава дал и сведокот Ибрахим Шаиб, односно и тој кажувал дека преку Павле Стојановиќ предвреме разбрал дека ќе биде убиен Спасое Хаџи Поповиќ и дека Мулев требало да ги убие пратеникот Јован Алтипармаковиќ. Со овие обвинети бил доведен во судница и соочен Павле Стојановиќ, кој тогаш изјавил дека намерно ги информирал за убиството на Спасое Хаџи Поповиќ со цел тие да јават кај големиот жупан и во полиција и на тој начин убиството да биде спречено. 43 На петтиот ден од судењето со решение на судот, процесот бил одложен на неопределено време за да се соберат дополнителни докази неопходни за понатамошно судење. 44 Бидејќи не бил присутен била прочитана изјавата на водачот на контрачетничкото здружение во Битола генералот Зариќ, дадена во зградата на општинската управа, па збор добил адвокатот на семејството Хаџи Поповиќ, а по него и адвокатот Протиќ кој ја застапувал одбраната на Мицко Романовиќ, Стојан Костиќ, Фидан Мојсовиќ и Христо Стојчевиќ, за на крајот да зборува адвокатот Атанасие Сотировиќ кој ги застапувал Абдураманов и Липитков.45 Во врска со овој дел од судењето во Бугарија се започна со пишување за затворите во Кралството на СХС како за мачилишта со инквизиторски методи.46 Заради ваквите тврдења на претресот од 12 декември 1927 г. пред битолскиот суд биле повикани неколкумина сведоци кои наводно биле присутни на испитувањата на обвинетите во затворот и тогаш не виделе никаква примена на физичка сила или други незаконски методи за да се изнуди признание. 47 Секако, ваквите сведочења биле само фарса за да се затскријат бруталните методи на работа на големосрпската полиција во Битола и да се ,,сочува“ меѓународниот углед на Кралството на СХС. На последниот ден од судењето својот збор го завршил адвокатот Атанасие Сотировиќ, а се обратиле и адвокатот Дивац кој го бранел Методиј Поп Христов и адвокатот Милиќ Јаковлевиќ кој го бранел Павле Стојановиќ. По42

в. „Македонија“, Софија, г. II, бр. 310, 22 октомври 1927 г. в. „Политика“, Белград, г. XXIV, бр. 6998, 21 октомври 1927 г. 44 в. „Македонија“, Софија, г. II, бр. 311, 24 октомври 1927 г. 45 в. „Политика“, Белград, г. XXIV, бр. 6998, 21 октомври 1927 г. 46 в. „Македонија“, Софија, г. II, бр. 313, 26 октомври 1927 г. 47 в. „Политика“, Белград, г. XXIV, бр. 7051, 13 декември 1927 г. 31 43


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

тоа завршен збор им бил даден на обвинетите. Од сите нив најдолго зборувал и се правдал Мицко Романовиќ. Помеѓу останатото тој рекол: ,,...Ќе ви докажам сè, гледам дека сте неинформирани. Гледам дека сè не стигнало пред вас. Јас не сум член на организација, ниту го подготвував убиството на Спасое Хаџи Поповиќ, туку работев да ја заштитам неговата глава и работев во полза на интегрална Југославија. Сè сум доставувал до четничкото здружение. 48 Од Љондев сум се плашел. Пред да се стемни си одев дома. Некогаш сум спиел и во хотел од страв од Љондев. Често Мулев ме пречекуваше пред вратата од мојата куќа. Два месеци пред убиството преку Шефкија го известив г. Милан Алексиќ, потпретседателот на четничкото здружение, а тој сè му доставуваше на големиот жупан. Во спротивно ќе ги известев Павле и Љондев дека агентите ги следат. Јас заклучив бидејќи преку г. Алексиќ го известив големиот жупан, дека тогаш Љондев мене ќе ме убие. Љондев неколку пати ме теретеше пред властите. Сè е измислено само нам обвинетите да ни се наштети. Овие луѓе со недели чекале пред југословенските претставништва за да ги пратат во нашата земја... Ако славниот суд ме осуди само на шест недели, јас кога ќе излезам од затворот нема да живеам. Јас сум човек од чесна фамилија. Никогаш не сум осудуван. Грците барале од мене да се вратам во Грција, ама јас не сакав, сакам да живеам овде, ама сакам пред јавноста да бидам чесен. Јас барав од Липитка да купам имот, оти сум сиромашен човек, а треба да ја хранам фамилијата. Да знаев дека Липитка ќе убие и ќе бега, зарем јавно со него би се покажувал? Бугарскиот Македонски Комитет има причина да ме мрази, оти бев активен член на Демократската партија и дека секогаш зборував за Југославија. Морално и материјално пред властите и приватно им помагав на бегалците од Грција. Кога вие господа судии пред себе би имале бугарски весници, би ви станало јасно зошто централниот комитет ме мразел. Спасое Хаџи Поповиќ препечатуваше текстови од бугарските весници кои беа против моето семејство и ми говореше дека тоа е добро за целото наше дело...“49 Меѓутоа, иако по шестиот ден од судењето се очекувало уште да се изречат пресудите, судот сепак нашол за потребно дека се потребни нови вештачења и испитување на нови сведоци кои државното обвинителство требало да ги обезбеди. Затоа судењето продолжило дури на 12 декември 1927 г. На овој нов претрес сопругата на Спасое Хаџи Поповиќ испратила писмо дека во знак на протест ја повлекува од понатамошната процедура својата приватна тужба. Потоа повторно бил испитан директорот и главен уредник во в. ,,Јужна ѕвезда“ Јован Ничота, кој сведочел дека Љондев и Спасое Хаџи Поповиќ биле многу блиски соработници и истомисленици. Сведочел повторно и Милан Алексиќ, потпретседателот на Здружението за борба против бугарските комити во Битола, кој потврдил дека Мицко Романовиќ го информирал дека 48

Тука Мицко Романовиќ мисли всушност на Здружението за борба против бугарските комити во Битола. 49 в. „Политика“, Белград, г. XXIV, бр. 6999, 22 октомври 1927 г. 32


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Крсто Љондев врбува луѓе за Радикалната партија, дека други луѓе ги убедувал да станат членови на Комунистичката партија и дека таквата пропаганда ја правел затоа што уште од времето на заедничката работа со Петар Чаулев имал тесна соработка со комунистите и бил нивни истомисленик и дека подготвува некаков атентат. Со ова фактички се поддржувала одбраната на Мицко Романовиќ дека тој константно работел за српската кауза во Македонија и дека ги шпионирал антидржавните елементи кај власта. Сведочеле и други лица во корист на обвинетите, а адвокатите на одбраната повторно имале завршен збор, во кој настојувале да укажат на недоследностите во обвинителниот акт и на фактот дека признанијата биле изнудени со жестока полициска тортура. На крајот повторно имале прилика да дадат своја завршна изјава сите обвинети.50 Пресудата во врска со атентатот на Спасое Хаџи Поповиќ, судот јавно ја соопштил утрото на 15 декември 1927 г. Салата на битолскиот суд била преполна со народ, а меѓу останатите биле присутни секретарот на Грчката амбасада во Белград, Цико Коми и секретарот на италијанскиот конзулат во Битола, Ѓовани Бенсоа. Судот застанал на ставот дека убиството е всушност политичко убиство и заради тоа на обвинетите им се суди по Законот за заштита на државата. Според пресудата Павле Стојановиќ, Фидан Мојсовиќ и Димитрие Тодоровиќ биле осудени на 14 години затвор, а во таа казна требало да им биде вметнат и притворот од 16 месеци и 20 дена. Методиј Поп Петровиќ и Мицко Романовиќ биле осудени на по пет години затвор, а да им се одбие времето на одлежаниот притвор. Васил Николов Липитков бил казнет со смртна казна, а Никола Абдураманов со казна затвор од 20 години. Ристо Стојчевиќ, Стојан Костиќ, Пандо Ташковиќ и Петар Николиќ биле прогласени за невини и ослободени од сите обвинувања.51 Подоцна, на жалбите на пресудите повисокиот Апелационен суд во Скопје, не само што ги потврдил пресудите, туку смртна казна им изрекол и на Никола Абдураманов, Павле Стојановиќ, Фидан Мојсовиќ и Димитрие То-

50

в. „Политика“, Белград, г. XXIV, бр. 7051, 13 декември 1927 г. Документи и материали за историÔта на бÍлгарскиÔ народ, СофиÔ, 1969, док. 335, 485.; в. „Политика“, Белград, г. XXIV, бр. 7054, 16 декември 1927 г. За пресудите на замешаните во атентатот на Спасое Хаџи Поповиќ во Битола информации имало низ разни печатени медиуми во Европа. Меѓу останатите за тоа информирал органот на Балканската комунистичка федерација (БКФ) издаван во Виена, Австрија, а под уредништво на македонскиот национален деец Димитар Влахов. Во статијата во „Балканска федерација“ г. IV бр. 82/83 од 1 јануари 1928 г., најнапред се давале информации дека по атентатот биле затворени петнаесет лица меѓу кои и Крсто Љондев, а потоа се велело: „Сите тие биле подложени на страшни измачувања за да дадат изјави какви што сакале полициските власти. Крсто Љондев една вечер бил изведен од затворот и при ‚обид за бегство‘ бил убиен од самите стражари кои го воделе на распитување кај жупанот.“ Потоа весникот дава информација дека судскиот процес во врска со атентатот бил одлаган неколку пати. Весникот на крајот од статијата ги дава пресудите врз обвинетите. Иван Катарџиев, Македонската национална-политичка мисла меѓу двете светски војни, Скопје, 1991, 117. 33 51


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

доровиќ.52 Жалбите биле одбиени и од Врховниот суд во Белград. Смртните пресуди врз петмината осудени со смртна казна биле извршени на 21 јуни 1928 г., во селото Горно Оризари, битолско.53 Литература: Аврамовски Живко, Некои аспекти на македонското прашање во односите на Југославија со Грција и Бугарија од 1918 до 1925 година, Гласник на ИНИ, г. XVI, Скопје, 1972, бр. 1. в. „Јужна ѕвезда“ (Јужна звезда), Битола. в. „Македонија“ (Македония), Софија, Бугарија. в. „Политика“, Белград, Србија. в. „Слобода или Смрт“ (Слобода или Смрть), Софија, Бугарија. Документи и материали за историята на бьлгарския народ, София, 1969. Жежов Никола, Македонското прашање во југословенско-бугарските дипломатски односи (1918-1941), Скопје, 2008. Катарџиев Иван, Борба до победа, кн. 3, Скопје, 1983. Катарџиев Иван, Македонската национална-политичка мисла меѓу двете светски војни, Скопје, 1991. Манговски Петар, Како е убиен Спасое Хаџи Поповиќ во Битола, сп. Развиток, г. 11, бр. 3-4, март-април 1984. Миновски Никола, Селото Буф, Битола, 2006. Михайовъ Иванъ, „Спомени“ III, Освободителна борба 1924-1934, 292. Боро Мокров, Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (18851992), Скопје, 1993, 58. Николов, Борис Й, Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001. Пановски Доне, Буф и буфчани, Битола, 1998. Шанданов Петар, Спомени, Скопје, 2006. Фотографии:

1. Местото каде е убиен Хаџи Поповиќ 52 53

Документи и материали за историÔта на бÍлгарскиÔ народ, СофиÔ, 1969, док. 335, 485. в. „Слобода или Смрт“, орган на ВМРО, 2 juli 1928 г. 34


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

2. Спасое Хаџи Поповиќ

3. Васил Липитков

4. Никола Абдурахманов

35


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

5. Коста Бицинов

6. Лазар Мулев

7. Дел од уапсените

Резиме: Убиството на Спасое Хаџи Поповиќ што се случило на 3 јули 1926 г. предизвикало низа на политичко-пропагандните последици. Истрагата на српската полиција ги уапсила замешаните, но настојувала да ги оправда властите. Самото судење завршило со доста ригорозни казни, односно со смртни и долги затворски казни.

36


UDC 94(497.77) "1943/44" 1

Роберто ТРАЈКОВСКИ,

АКТИВНОСТИ НА ТРЕТИОТ РАЈХ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА МЕСНА САМОЗАШТИТА (МИЛИЦИЈА) ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА ВО КРАЈОТ НА 1943 И ПРВАТА ПОЛОВИНА НА 1944 ГОДИНА2 Апстракт: Во македонската историографија, прашањето за македонската воена колаборација со Третиот Рајх, за време на Втората светска војна, многу е малку обработена. Што е уште позагрижувачки, во македонската општественост владее мнението дека такво нешто воопшто не постоело, што е во спротивност со историската вистина. Во оваа статија, врз основа на оригинална германска воена документација е разарботен еден аспект од оваа колаборација. Клучни зборови: Западна Македонија, Третиот Рајх, месна самозаштита (милиција), германско-бугарски односи. Со цел, што поподготвено да ја дочека капитулацијата на Италија, што по сојузничката инвазија во Јужна Италија веќе се наѕираше, Третиот Рајх на Балканскиот Полуостров презеде опсежни воени-политички активности. Во тој контекст, сметајќи на поддршката на албанските националистички сили при евентуална сојузничка инвазија на албанското крајбрежје, Адолф Хитлер издаде директива за создавање на т.н. „Независна Албанија“,3 во чиј состав ќе влезе и Западна Македонија, која до тогаш е под италијанска воено-политичка контрола. Од воено-територијален аспект, Западна Македонија влезе во оперативното подрачје на XXI планински армиски копрус 4 од составот на Германската 2. оклопна армија.5 Нешто подоцна, во октомври 1943 година, по завр-

1

Д-р Роберто Трајковские вработен во СОУ „Таки Даскалот-Битола“, со адреса Борис Кидрич б.б. Битола, адреса на живеење: Цане Бујуковски бр. 27 Битола. е-пошта: trajkovski.robert@yahoo. com. 2 Статијата е проширена верзија на статијата „Дейности на Третия райх за организиране на местна самозащита в Западна Македония в края на 1943 и първата половина на 1944 г“, презентирана на меѓународната конференција НАУЧНИТЕ ИЗСЛЕДВАНИЯ В ОТБРАНАТА ВЕКОВНА ТРАДИЦИЯ И НОВИХОРИЗОНТИ одржана од 7-9 октомври 2014 година во Софија (Р. Бугарија). 3 „Независна Албанија“, од страна на новосвиканото албанско собрание, е прокламирана на 16 октомври 1943 година. Д-р Марјан Димитријевски, Политиката на Третиот Рајх кон Македонија 1933-1945 година. ИНИ, Скопје, 2001, 78-79. 4 Во состав: 100. ловечка дивизија, 118. ловечка дивизија, 297. пешадиска дивизија. XXI планински армиски копрус. Bundesarchiv-Militärarchiv Freuburg im Breisgau Deutshland (натаму: BAMAF),RH-24/21/82. 5 Ernst Percy, Kriegstagebuch des Oberskommandos der Wehrmacht. Band 3: 2. Bernard & Graefe Verlag, München, 1982, 982.


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

шувањето на операцијата „Оска“ („Achse“),6 воспоставена е воено-територијалната команда, Фелдкомандатура 1041 („Feld-Kommandanture 1041“), со седиште во Струга, во чиј состав се и неколку околиски команди („Ortskommandanturen“), како и команди на места („Platz-Kommandanturen“).7 Фелдкомандатурата 1041 ја опфаќаше Западна Македонија, или делот на т.н. „Независна Албанија“ што граничеше со царството Бугарија. 8 Покрај постоењето на формални институции на новоформираната албанска држава, како и примарното задолжение контрола на окупираната територија, истата поседуваше надлежности од политичка, економска, судска, безбедносна, воено-тактичка, па дури и од културно-пропагандна природа.9 Бидејќи активностите на Фелдкомандатурата 1041 се интензивираа дури во почетокот на 1944 година,10 албанските и македонските партизани, по капитулацијата на фашистичка Италија, ќе ослободат голема територија во Западна Македонија.11 Затоа, Врховната команда на Вермахтот („Oberkommando der Wehrmacht“) ќе ја увиди неопходноста за реализирање на една поопсежна воена операција, за како што стои во наредбата: „Цврсто воено запоседнување на просторот: Тетово-Гостивар-Дебар-Кичево“..., што како директива произлегла од самиот А. Хитлер.12 Воената операција, со тајна шифра „Еделвајс“ („Edelweiß“), реализирана е од 5 ноември до 7 декември 1943 година,на просторот: Дебар-КичевоДебарца. Во текот на истата, германско-балистички борбени групи, откако ќе ги заземат градовите Дебар и Кичево, ќе воспостават контрола врз Дебарца, додека главнината на народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија (скратено: НОВ и ПОМ) успеа да се повлече во Егејска Македонија.13 Иако по завршувањето на операцијата „Еделвајс“ во Западна Маке6

Германската операција „Оска“ е реализирана веднаш по капитулацијата на фашистичка Италија, за разоружување и заробување на италијанската војска, како и за запоседнување на териториите под италијанска контрола на Балканскиот Полуостров. Во текот на истата, на македонска територија, единиците на Вермахтот (100. ловечка дивизија) ќе се насочат кон обезбедување на патниот правец: Битола-Охрид-Струга-Елбасан-Тирана, односно, една главните рути за снабдување на Вермахтот во Албанија. Walther Hubatsch, Hitlers Weisungen für die Kriegführung 1939-1945. Bernard & Graefe Verlag für Wehrwesen, Frankfurt am Main, 1962, 223-224. 7 Група армии Ф. The National Archives and Records Administration (натаму: NARA), микрофилм (натаму: М) Т 501, ролна (натаму: Р) 258, 000614. 8 Група армии Ф. NARA, M T 501, Р 258, 000614. 9 Група армии Ф. NARA, M T 311, Р 285, 0731. 10 Група армии Ф. NARA, M T 501, Р 258, 000614. 11 Слободна територија во есента-зимата 1943 година во Западна Македонија, го опфаjќаше просторот јужно од Гостивар, во реонот Маврово-Дебар до Ботунската теснина, на исток до бугарската демаркациона линија, а на запад по патот Струга-Дебар. Ослобдени се и градовите Дебар и Кичево. Д-р Велимир Брезовски, Ослободителната војна во Македонија во 1943 год. на територијата на СР Македонија. ИНИ, Скопје, 1971, 204-205. 12 Percy Ernst Schramm, Kriegstagebuch...Band 3:2., 1254-1255., Група армии Ф. NARA М Т 311, Р 285, 0750. 13 XXI планински армиски корпус. BAMAF RH-24/21/89. 38


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

донија имаше концентрирано значителни сили на Вермахтот,14 до крајот на декември 1943 година, поради влошената воено-политичка ситуација во останатите делови од оперативно подрачје на XXI планински армиски копрус, ќе остане само 297. фузеларски баталјон од германската 297 пешадиска дивизија.15 Покрај сите наведени мерки на Третиот Рајх, положбата на македонското население значително се влоши. Тоа стана жртва на многубројните албански разбојнички банди и неформалните вооружани формации, кои извршија повеќе злодела: убиства, пљачкосувања, опожарувања, силувања, со што, според германски оценки воено-политичката состојба во наведениот „невралгичен простор“, каде што се судираа германските и бугарските геостратешки интереси, дополнително ќе се заостри. Бугарија ги интензивираше барањата за поместување на демаркационата линија во Вардарска Македонија и бараше стацинирање на нејзина војска во Западна Македонија, алудирајќи дека само таа може успешно да го заштити македонското население. За истата цел, таа предлагаше, во сите градови во Западна Македонија да се стационираат од 100 до 150 германски војници.16 Така, подобрувањето на личната сигурност и обезбедувањето на економските добра на македонското население во Западна Македонија, од страна на институциите на Рајхот, станаа едни од побитните предизвици на германската политика на Балканскиот Полуостров. За споменатиот проблем што ги обременуваше и германско-бугарските односи, поточно за положбата на „бугарското малцинство“17 што живееше во граничниот појас меѓу „Независна Албанија“ и царска Бугарија, се разговараше и на состанокот што се одржа на 18-19 октомври 1944 година, во Хитлеровиот штаб „Волчја Јама“ во Растенберг (Источна Прусија, денешна Полска), на кој учество ќе земат и А. Хитлер, кнезот Кирил Преславски и бугарскиот премиер Богдан Филов. На овој состанок, највисоките воени раководител на Третиот Рајх18 ќе истапат со два предлози за решавање на проблемот:19 -Пред нејзиното префрлување од Грција на Источниот фронт, во Западна Македонија да се прегрупира елитната Германска 1. оклопна дивизија; 14

297. извидувачки баталјон се концентрира во просторот Дебар-Пешкопеја; зајакнатиот 100. извидувачки баталјон во Дебар; 3./297. противоклопен баталјон во Струга; III/297. артилериски полк во Охрид; I/524. гренадерски полк во поширокиот простор на Кичево. XXI планински армиски корпус. BAMAF, RH-24/21/92. 15 Истото. 16 Николай Кочанков, От надежда към покруса: Западна Македония в българската външна политика (1941-1944).Херон Прес, София 2007, 169-175. 17 Еден од термините, како и термините „бугарското малцинство“, „македонски Бугари“ и „бугарско население“, што институциите на Третиот Рајх најчесто ги користат за да го ословат македонското население за време на Втората светска војна. 18 Началникот на Врховната команда на Вермахтот, генерал-фелдмаршалот Вилхалм Кајтел (Wilhelm Keitel) и началникот за операции при Врховната команда на Вермахтот, генералполковникот Алфред Јодел (Alfred Jodl). 19 Група армии Ф. NARA М Т 311, Р 188, 000044. 39


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

- во Западна Македонија да се стационираат одреден број на баталјони од т.н. „Источни легии“.20 Спротивно на наведените предлози на Врховната команда на Вермахтот, А. Хитлер ќе издаде директива за организирање на месна самозаштита („Örtlichen selbstschutzes“) со поддршка на Вермахтот, за што веднаш е известен и бугарскиот премиер Богдан Филов. Со организирањето на месна самозаштита предвидено е да раководи „Специјалниот полномошник на Министерството за надворешни работи на Третиот Рајх за Југоистокот“ („Sonderbevollmächtigter des Auswärtigen Amtes für den Südosten”), д-р Херман Нојбахер (Hermann Neubacher), додека воооружувањето и опремувањето на истата предвидено е да се изведе со запленета италијанска воена опрема и оружје. До профункционирањето на месната самозаштита, безбедноста на македонското население во Западна Македонија би останала задача на Вермахтот.21 Во почетокот на ноември 1943 година, откако со наведената „наредба на Фирерот“ ( „Führerbefehl“) се запозна „Врховниот наредбодавец на Вермахтот за Југоистокот“, генерал-фелдмаршалот Максимилијан барон фон Вајкс, истата је проследи до хирархиски потчинетата 2. оклопна армија, во чие оперативно подрачје, секако преку XXI планински армиски корпус, влегуваше и Западна Македонија. Меѓутоа, Врховна команада на 2. оклопна армија негодуваше на истата директива, сметајќи дека со формирањето на месни „бугарски“ вооружени формации („Ortlichen bulgarischen selbstschutzeinheiten“...) ќе дојде до разгорување на воениот конфликт меѓу: „Албанските националисти и Бугарите“... Ваквиот став на истата е поткрепен од извештаите на припадниците на Германската воено-разознавачка служба на терен (Abwehr-Trupp 214), дека за систематски терор врз „бугарското малцинство“ не може да стане збор и беше сугерирано, обезбедувањето на Западна Македонија да остане во надлежносот на „албанските милиции“, организирани, вооружувани и опремувани од институциите на Третиот Рајх. 22 И покрај тоа, активностите околу организирањето на месната самозаштита во Западна Македонија ќе продолжат и во иднина. Нешто подоцна, во средината на ноември 1943 година,по претходен налог на д-р Херман Нојбахер,23„Врховниот наредбодавец на Вермахтот за Југоистокот“, формираше специјална (воена) комисија, која излезе на терен, за да ја провери „Ситуацијата во околиите Тетово-Гостивар-Дебар-КичевоСтруга“... Таа веднаш изготви и пишан извештај, кој е испратен и до Врховната команда на Вермахтот, во кој како главни причини за „немирот“ („Unhrue“) се наведени: неспособноста, нефикасноста и нискиот углед на ал20

Вооружени формации на Вермахтот составени од доброволци или поранешени советски војници (воени заробеници) од Кафкаските земји и Централна Азија. 21 Група армии Ф. NARA М Т 311, Р 285, 0773. 22 Истото, 0770. 23 Николай Кочанков, От надежда към покруса: Западна Македония в българската външна политика (1941-1944)..., 171. 40


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

банскиот административен апарат, како и засилувањето на криминалните активности кај албанското население, засилувањето на бугарската и комунистичката пропаганда, при што посебно е истакнато дека со поместувањето на демаркационата линија во корист на царството Бугарија, воено-политичката ситуација во тој простор дополнително ќе се влоши.24 По ваквите заклучоци на специјалната (воена) комисија и негативниот став на Врховната команада на 2. оклопна армија, активностите околу организирањето на месната самозаштита во Западна Македонија некако како да спласнаа. Истите, се интензивираа дури во крајот на јануари 1944 година и тоа поради следните причини. Во почетокот на 1944 година, поради хаосот и недисциплината што владееше во редовите на албанската жандармерија,25 која влезе во отворен судир со месните балистички вооружени формации26 и македонското население, како и поради активностите на командантот на I албански жандармериски баталјон, Мифтар Калоши, за протерување на македонското населениe,27 воено-политичката состојба и положбата на македонското население во Западна Македонија дополнително се влоши. Бугарските институции повторно го актуелизираа прашањето за подобрување на личната сигурност и обезбедувањето на економските добра на македонското население во Западна Македонија, како и поместување на демаркационата линија во Вардарска Македонија во корист на Бугарија. Поради тоа, германските институции во т.н. „Независна Албанија“ се принудени веднаш да реагираат. Со наредбата од 21 јануари 1944 година на Командата на XXI планински армиски корпус, од единиците на корпусот се бараше цврсто гарнизонско запоседнување на градовите во Западна Македонија, за да се спречи евентуална ескалација на насилствата врз „бугарското малцинство“ од страна на албанските националистички сили, а со цел да не дојде до дополнително влошување на германско-бугарските политички односи.28 Нешто подоцна, во текот на февруари 1944 година, албанскиот жандармериски баталјон стациониран во Западна Македонија е целосно разоружан,29 додека во просторот Тетово-Гостивар се концентрира комплетниот 227. ловечки полк од составот на 100. ловечка дивизија.30 Што е уште поважно, во решавањето на проблемот се вклучи „Претставникот на СС Рајхсфирерот за Албанија“ („Beauftragter des Reichsführer-SS für Albanien“), бригадниот СС-генерал Јозеф Фитцхум (Josef Fitzhum), односно советникот за безбедносни прашања на албанската колабо24

Група армии Ф. NARA, М Т 311, Р 188, 0040-0042. Албанската жандармерија e колаборационистичка вооружана формација, формирана претходно од Италијанците. 26 Се работеше за военото крило на „Националниот фронт“ („Balli Kombotore“), кое за време на Втората светска војна колаборираше со институциите на Третиот Рајх, чиј припадници се познати под името балисти. 27 Група армии Ф. NARA М Т 311, Р 285, 0190. 28 XXI планински армиски корпус. BAMAF, RH-24/21/94. 29 XXI планински армиски корпус. BAMAF, RH-24/21/95, 6. 30 XXI планински армиски корпус. BAMAF, RH-24/21/99, 17., Група армии Ф. NARA, M T 311, Р 187, 0611. 41 25


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

рационистичка влада, кој беше и одговорен за реорганизација на албанската полиција и жандармерија.31 Во текот на февруари 1944 година, бригадниот СС-генерал Ј. Фитзхум, изготви план за организирање на месна самозаштита, како што стои: „За смирување на просторот Тетово-Струга“... Според тој план, предвидено е таа да се организира во 26 населени места, меѓу градовите Кичево и Струга и тоа под организационо раководство на нивните градоначалници (кметови). Во местата каде што самозаштитата ќе профункционирала, влегување или престој на албанската жандармерија не било препорачливо. Формирање на покрупни единици не се предвидувало, што покажува дека самозаштитата би имала чист дефанзивен карактер.32 Нешто подоцна е допрецизирано, јачината на месната самозаштита да изнесува околу 10-тина стражари по населно место, додека нејзиното вооружување и опремување да биде обврска на Вермахтот.33 Исто така, со планот на бригадниот СС-генерал Јосеф Фитзхум, се предвидуваше и административна реорганизација во Западна Македонија, за што се информирани и албанската колаборационистичка, како и бугарската влада.34 Во почетокот на март 1944 година, бригадниот СС-генерал Ј. Фитзхум, во придружба на бугарскиот конзул во Тирана, Христо Д. Минков, албанскиот министер за внатрешни работи Џафир Дева и полковникот Герганов,35 ќе посети повеќе места во Западна Македонија, меѓу градовите Струга и Тетово, за да се запознае со положбата на „малцинствата“, при што посебно се интересирал за процесот на организирање на месната само-заштита. Во посетените места се организирани собири на жители, на кои, како што во германската документација стои: „Се искажуваа жалби поради нападите на Албанците... Истовремено се искажуваше големо задоволство поради организирањето на самозаштитата“...36 Според германски оценки, при овие средби со локалното население, посебно користен се покажал бугарскиот полковник Герганов, кој вешто се спротиставувал на жестоките барања за присоединување кон Бугарија, ги успокојувал со поволниот исход на војната, а истовремено ги опоменувал, до конечната одлука за границите, која била во рацете на А. Хитлер, лојално да соработуваат со албанските власти.37

31

Група армии Ф. NARA, M T 501, Р 258, 000616. Група армии Ф. NARA, M T 311, Р 286, 0228. 33 Марјан Димитријевски, Третиот Рајх и Македонија 1941-1945. документи. том 1. книга 1. избор, редакција, воведни напомени и коменатари: д-р Марјан Димитријевски, Институт за национална историја (натаму: ИНИ), Скопје, 1996, док. бр. 46, 117. 34 Група армии Ф. NARA, M T 311, Р 286, 0228-0229., Николай Кочанков, От надежда към покруса: Западна Македония в българската външна политика (1941-1944)..., 188. 35 Бугарскиот офицер за врски при „Германскиот полномоштен генерал за Албанија („Deutsche Bevollmächtigte General in Albanien“). 36 Марјан Димитријевски, Третиот Рајх и Македонија 1941-1945. документи. том 1. книга 1..., док. бр. 46, 116. 37 Истото, док. бр. 46, 117. 42 32


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

До посетата на бригадниот СС-генерал Ј. Фитзхум на Западна Македонија и тоа со асистенција на Германецот д-р Харис, Илија Коцарев38 и д-р Константин Робев,39 месна самозаштита (милиција) е организирана само во четири села во Дебарца.40 Основа за нивното организирање ќе послужат неколкуте контрачети, кои во граничниот појас меѓу „Независна Албанија“ и царска Бугарија дејствуваа уште од октомври 1943 година.41 Во наредниот период, скоро секое село во Дебарца прима од 5 до 9 пушки од Германците.42 Според разузнавачките податоци на НОВ и ПОМ, вооружени се околу 50 милиционери и тоа од селата: Козица, Белица, Кладник, Карбуница и др, кои се под команда на Милутин од с. Кладник, Веља Премсо од с. Козица, Јаким Симјановски од с. Кладник и Димо Соколовски-Брадата.43 Како други раководители на истата се споменуваат: Димо Папазот од с. Кладник; Киро Ристевски, од с. Лешани, Климе Китески, од Слатински Чифлик, Величе Арсовски од с. Кладник и др.44 За активностите на месната самозаштита (милиција) некои порелевантни германски документи не бевме во можност да најдеме. Претежно се работи за документација од партизанска провиненција и документација на судските органи на Р. Македонија по завршувањето на војната. Истите говорат дека раковдителите на месната самозаштита презеле опсежни пропаганднополитички активности, истакнуваќи ја улогата на Бугарија како единствен заштитник на македонското население во Западна Македонија. Исто така, асистирале при апсењето на одредени комунистички-партизански активисти од страна на бугарските и германски органи. Скоро во исто време, по претходно барање на Началникот на Бугарската врховна команда, генерал-лајтнант Константин Лукаш и Министерството на војната на царството Бугарија, во составот на германските воено-територијални команди во Тетово, Гостивар, Кичево и Струга, ќе влезат бугарски преведувачи.45 Истите морале да ги исполнуваат следните услови: да потекнуваат од редовите на „бугарското малцинство“ во „Независна Албанија“; да не се мешат во прашања од воена, политичка и каква и да е друга природа без претходно знаење на германските институции; да делуваат во склад со гер38

Тогашен градоначалник на Охрид. Бугарски помошен директор, со седиште во Охрид. 40 На авторот не му се познати имињата на селата. Група армии Ф. NARA, M T 311, Р 286, 0228-0229. 41 Кичево и Кичевско во НОВ 1941-1945. документи. (избор, редакција и регистри Васил Јотевски и др.). Општински сојуз на здруженијата на борците од НОВ-Кичево, Кичево, 1985, док. бр. 156, 204. 42 Д-р Владо А. Ивановски, Ослободителната војна во Западна Македонија 1941-1944. ИНИ, Скопје, 1973, 224-225. 43 Кичево и Кичевско во НОВ 1941-1945. документи..., док. бр. 190, 249. 44 Стојмир Ристески, Положбата на Дебарца по заминувањето на Првата македонско-косовска бригада, Слободните територии во Македонија 1943, (ред. Михајло Апостолски и др.), Скопје, 1975, 45-61. 45 Група армии Ф. NARA, M T 311, Р 187, 0587, 600. 43 39


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

манските интереси. Исто така, пред да бидат назначени, истите се „обработувани“ од страна на Германската воено-разузнавачка служба (ABWEHR).46 Сиот пропаганден материјал и плакатите наменети за местата со мнозинско македонско население во Западна Македонија морало да бидат испечатени и на бугарски јазик.47 Посочените акивности за организирање на месна самозаштита (милиција) во Западна Македонија продолжија некаде до почетокот на мај 1944 година, т.е. до повторното пристигнување на 1.македонско-косовска бригада во Дебарца. Во рамките на преземените активности за повторно воспоставување на слободна територија во тој простор, таа ќе преземе и мерки насочени кон месната самозаштита и поекспонираните приврзаници на бугарската пропаганда во Дебарца.48 Нешто порано, кон крајот на април 1944 година, уништена е контрачетата на Димо Соколоски-Брадата, иако одредени нејзини припадници се на слобода сè до пролетта 1945 година.49 Во една таква сложена воено-политичка ситуација, XXI планински армиски корпус, од 8 до 11 мај 1944 година, во Дебарца, ја реализираше воената операција со тајна шифра „Слободен пат“ („Freieweg“),50 при што, според германската документација: „Убиени се 85, ранети се 120 и уапсени се 8 непријатели“...51 Тука неопходно е да се истакне дека претежно се работеше за недолжно цивилно население од селата Ботун, Црвена Вода, Врбјани, Лактиње, Голдвије, Мраморец, кои во текот на наведената воена операција се опожарени од страна на германско-балистичките борбени групи.52 По завршувањето на наведената операција, скоро население од Дебарца, Копачка, Малесија и Галичник избега на територијата контролирана од Бугарите,53 со тоа, продолжувањето на активностите за организирање на македонска месна самозаштита во Западна Македонија за Германците изгуби секаква смисла и таа во германската воена документација повеќе воопшто не се споменува.

46

Истото, 0597, 0599. Истото, 602, 603. 48 Извори за ослободителната војна и револуција во Македонија 1941-945. том 1. книга 3. ИНИ, Скопје, 1970, док. бр. 58, 288. 49 Јован Павловски, Судењето како последен пораз. Центар за информирање и издавачка дејност „Полог“-Тетово, Тетово, 1966, 376. 50 XXI планински армейски корпус. BAMAF, RH-24/21/101, 4-9. 51 Gen. Kdo. XXI. Geb. A. K. Ia Nr. 3211/44 geh. v. 10. 5. 44. BAMAF. RH-24/21/102. 52 Зборник документа и података о народноослободилачком рату југословенских народа. тома VII. књига 3. Борбе у Македонији. Војноисториски институт Југословенске Народне Армије, Београд, 1954, док. бр. 55, 175. 53 Извори за ослободителната војна и револуција во Македонија 1941-945. 1/3..., док. бр. 50, 257. 44 47


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Заклучок: Со цел да се пренебрегнат бугарските стремежи за поместување на демаркационата линија во Вардарска Македонија во нивна корист, а во контекст на преземените активности за заштита на македонското население во Западна Македонија на крајот на 1943 година и првата половина на 1944 година, институциите на Третиот Рајх во т.н. „Независна Албанија“ започнаа да организираат месна само-заштита (милиција). Истата не профункционира од повеќе причини: развојот на народноослободителната и антифашистичка борба во Македонија; постепената промена на воено-политичкиот курс на Бугарија; поразите на Вермахтот речиси на сите фронтови на Европското боиште. Conclusion Due to the Bulgarian aspirations for removing the demarcation line in Vardar part of Macedonia,and in context of the taken activitioes for protection of the Macedonian population in the West Macedonia,at the end of 1943 and the first half of 1944,the intitutions of the Third Riech in the so-called “Independent Albania”,started to organize regional self-defence(militia).This activities have not give any results.The main reasons for this were: The development of the people's liberation and antifascist movement in Macedonia;the succsessive changing of the political course in Bulgaria; the defeats of the Wermacht on almost all the fronts on the European theatre of war.

45



UDC:069 (497.775) "1949-1990" 1

Рубинчо БЕЛЧЕСКИ,

НАРОДЕН МУЗЕЈ „ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ“ - ПРИЛЕП ВО ВЕСНИКОТ ,,НОВА МАКЕДОНИЈА” Апстракт: Повод за овој труд е одбележувањето на 60 години од основањето на „Народниот музеј“ - Прилеп, денес, Национална установа „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј“ - Прилеп. Оваа установа својата работа ја започнала на 1 јули 1955 година со Одлука на Собранието на општина Прилеп, иако, активности за отворање на Градски музеј има уште од 1949 година, додека во 1952 година е отворен „Музеј на НОБ“. Преку текстуален дел, даваме информации за развојот на оваа установа, а се набележани и сите статии, односно, библиографски единици во весникот ,,Нова Македонија“ во периодот од 1949 до 1990 година, кои се однесуваат или имаат допирни точки со Народниот музеј – Прилеп. Ова е прва фаза од истражувањето, а во нареден период, во наредна фаза, ќе го обработиме периодот од 1991 година до денес. Развојот на „Народниот музеј“ Прилеп, денес НУ „Завод и Музеј“ - Прилеп, е долгогодишен, макотрпен, со голем ентузијазам на сите вработени, за да се дојде до степен на висок рејтинг, не само во нашата земја, туку и надвор од неа. Преку статиите и написите во весникот ќе забележиме дека нашата установа била носител на голем број научно-истражувачки и конзерваторски проекти, организатор на голем број изложби и културни манифестации, издавач на голем број публикации и расадник на стручни кадри кои учествуваат во реализација на најразлични проекти во Република Македонија и надвор од неа. Клучни зборови: Музеј, Прилеп, весник, Нова Македонија, историја. Колекционерството на вредни предмети, како еден вид на престиж, е познато уште во античко време. Но, со појавата на музеите, тоа се прави на повисоко организационо ниво и со утврдени правила. Музеите, денес со своите активности се средиште на културното и општествено живеење, односно, придонесуваат за откривање и оценување на универзалните вредности низ изминатите епохи. Во исто време музеите се ризница на вредности што секоја цивилизација одделно ги создавала низ ве1

Рубинчо Белчески, кустос – советник, историчар во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп, ул.Александар Македонски бр.142, адреса на живеење ул. Димо Наредникот бр.89/39 Прилеп, е-маил: rubin.belceski@yahoo.com


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

ковите или поточно, аргументирано сведоштво за континуираниот развој на цивилизацијата. Музејот, претставува посебен вид на установа, чија дејност ја надополнува општата и национална историја, со материјални сведоштва. Благодарение на тоа е овозможено следење на севкупниот развој на материјалната и духовната култура од праисторијата до денес. Неговата улога може да се дефинира и како организационен облик на музејското работење, но и како значаен фактор во развојот на културната политика. Повод за овој труд е одбележувањето на 60 години од основањето на „Народниот музеј“ - Прилеп, денес Национална установа „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј“ - Прилеп. Оваа установа својата работа ја започнала на 1 јули 1955 година со Одлука на Собранието на општина Прилеп. Повеќевековната историја на Прилеп, овозможува во установата да се развиваат научните дисциплини археологија, историја, историја на уметност, етнологија, а подоцна и архитектура, при што се создаваат музејските збирки со огромен број на експонати. Дел од нив, денес се изложени во постојани изложбени поставки, а низ 60 годишното постоење се реализирани и повеќе повремени тематски изложби, развој на издавачката дејност и други активноси за заштита на културното наследство кои ја прават успешна нашата установа. За историјата на културата на Прилеп и прилепско овој труд има посебно значење. Во него се вградени голем број на библиографски единици од весникот ,,Нова Македонија” што зборуваат за музејската дејност во Прилеп. Сите тие се дел од мозаикот што го прикажуваат развојот на Музејот во Прилеп во периодот од 1948/9 година кога почнуваат активностите за негово формирање, па сè до почетокот 90-тите години, односно времето кога во тогашна Социјалистичка Република Македонија се чувствува мирисот на демократијата, плурализмот и раѓањето на независна и суверена Република Македонија. Во овој труд ќе дадеме информации за развојот на оваа установа, преку текстуален дел, а ќе ги наведеме и сите статии, односно, библиографски единици во весникот ,,Нова Македонија“ во периодот од 1949 до 1990 година, кои се однесуваат или имаат допирни точки со „Народниот музеј“ – Прилеп. Тоа значи дека ова би било прва фаза од истражувањето, а во нареден период, во наредна фаза, по едно дополнително истражување, ќе го обработиме периодот на НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј“ - Прилеп и неговите активности забележани низ перата на новинарите на ,,весникот” од 1991 година до денес, во време на независна и суверена Република Македонија, кога новинарскиот простор покрај овој весник започнаа да го исполнуваат и други дневни весници. Весникот ,,Нова Македонија” е прв дневен весник на македонски јазик, установен како ,,државен орган - весник” со Решение на Президиумот на АСНОМ од 2-5 септември 1944 година. Првиот број на весникот излегува на 29 октомври 1944 година, отпечатен на илегално дислоцираниот дел на 48


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

скопската печатницата ,,Гоце Делчев” во село Горно Врановци, велешко. Весникот е врсник на македонската државност, сведок и хроничар на настаните и развојот, кој одиграл голема улога во афирмирањето на националното достоинство на македонскиот народ и неговиот идентитет.

,,Нова Македонија“, бр.1, I, 29 октомври 1944 година Во повеќедецениското постоење, весникот ,,ги следел” настаните, случките, индивидуалните судбини, забележувал моменти важни за поединецот, за разни установи и пред сè за државата. Покрај луѓето од музејската струка кои непосредно со свои сознанија за културното богатство се релевантни чинители на музејската дејност и новинарите се значаен фактор зашто редовно известуваат за одредени настани од областа на културата, во нашиот случај новинарите на ,,Нова Македонија,, кои известуваат за активностите на „Народниот музеј„, подоцна, „Завод и Музеј“ – Прилеп, а се предмет на наше разгледување и интерес. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите нив, кои ни оставиле значајни информации за развојот и активностите, како на музејската установа, така и на самите музејски работници. Кога велам музејски работници, се подразбира и оние стручни лица кои работат на непосредна заштита на културното наследство или како што популарно ги нарекуваме заштитари. Меѓу новинарските пера кои пишуваат за нашиот музеј, ќе ги споменеме: Мице Макешоски, Петар Попоски, Ксенија Гавриш, Тачко Локвенец, Драгица Наумоска, Олга Спиркоска и други. Нивните написи, текстови, статии, ни овозможија целосно да го проследиме развојот на музејот, кој низ годините и го променуваше, односно, надополнуваше своето име, за да денес, со Одлука за утврдување на мрежата на национални установи од областа на културата, донесена од страна на Владата на Република Македонија, од 22. 12. 2003 година прераснува во Национална установа (НУ) „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј“ - Прилеп. Со своите написи, новинарите ја информирале јавноста и ја афирмирале установата пред пошироката публика. Затоа, изразуваме голема благодарност за успешно извршената мисија. Иако оваа година одбележуваме 60 години од постоењето, сепак, според написите во весникот ,,Нова Македонија“ дознаваме дека музеј, поточно, музејска збирка во Прилеп постоела многу порано. Имено, во 1948 година во 49


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

рамките на Народноослободителниот одбор на општина Прилеп е формирана првата Музејска збирка на документи, фотографии и уметнички слики од прилепски автори со тематика од НОБ. Истата била сместена во анот на фамилијата Ачкоски, во непосредна близина на градскиот пазар. Од ,,весникот“ исто така дознаваме дека, веќе наредната 1949 година започнуваат активностите за отворање на градски музеј кој ќе го прикажува историскиот развој на градот, придонесот во НОВ и успесите во повоениот период. Сепак, дури во почетокот на 1952 година од страна на Одборот на Сојузот на борци од Народноослободителната војна – Прилеп, се интензивираат подготовките за формирање на ,,Музеј на Народноослободителна борба“. На 1. 05. 1952 година музејот е отворен во зградата која за време на фашистичката окупација била бугарска полициска станица (участок), а врз која борците од Прилепскиот партизански одред извршиле вооружен напад на 11 октомври 1941 година со што е означен почетокот на Востанието на македонскиот народ против окупаторот. Воедно, со официјалното отворање на Постојана изложбена поставка во рамките на овој музеј од страна на претседателот на Околискиот народен одбор, Тоде Ношпал, била поместена и првата повремена изложба “Изградбата во Прилеп и околината од 1945-1951 година”. Во текот на 1955 година историчарот на уметност Бошко Бабиќ, кој живеел во Белград, неколку пати доаѓа во Прилеп, при што добива задача од тогашниот претседател на општина Прилеп, Џоџа Николоски да започне активности за формирање на Народен музеј, кој, како самостојна институција од комплексен тип ќе има задача да прибира, чува, реставрира, конзервира, проучува и презентира предмети со археолошка, етнолошка, историска, уметничка, природна и техничка споменично - културна вредност од пошироката прилепска околина. Истото е направено и официјално со Одлука на Собранието на општината на 01. 07. 1955 година кога е формиран „Народниот Музеј“ во Прилеп со прв назначен директор Бошко Бабиќ, кој секако има големи заслуги за неговото формирање и понатамошен развој. Тој, оваа функција ќе ја извршува до 1980 година. Покрај него, во ,,Народниот музеј“ првовработени се Александар Георгиевски како препаратор, Александар Насески, економ, Загорка Коруноска етнолог, Загорка Расолкоска препаратор и Нада Никуљска, историчар на уметност. На почетокот од своето формирање музејот се наоѓа во поранешниот бугарски полициски участок (станица), за да по краток период со изградбата на новата општинска зграда музејот ги добие просториите на старата општинска зграда на улица Моша Пијаде (денес, ул. Александар Македонски), т.е. зградата каде и денес е сместен. Во старата зграда на участокот продолжува да функционира „Музејот на НОБ“, кој во следниот период претрпува повеќе измени во својата содржина, за да во 1961 година, конечно да прерасне во Меморијален музеј “11 Октомври 1941 година”, како дел од нашата установа. Овој Музеј, во текот на своето постоење, па се до денес, претрпува повеќе узмени и дополнувања, за 50


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

да во 2011 година го добие денешниот изглед, по повод 70 години од почетокот на вооруженото востание против фашистичкиот окупатор. Развојот на „Народниот музеј“ - Прилеп, денес НУ „Завод и Музеј“ Прилеп, е долгогодишен, макотрпен, со голем ентузијазам на сите вработени, за да се дојде до степен на висок рејтинг, не само во нашата земја, туку и надвор од неа. Нашата установа беше, и е носител на голем број научно-истражувачки и конзерваторски проекти, организатор на голем број изложби и културни манифестации, издавач на голем број публикации и расадник на стручни кадри кои учествуваат во реализација на најразлични проекти во Република Македонија, поранешна Југославија, но и во европските земји, особено оние кои ја развиваа словенската археологија. Во рамките на „Народниот музеј“ во 1957 година е основана првата Сликарска колонија во Македонија, во 1963 година е основан Скулптурскиот симпозиум “Мермер” и подоцна во 1974 година Интернационалното студио за пластика во дрво. Како резултат на се поинтензивните истражувачки работи во областа на археологијата, во 1961 година во рамките на Народниот музеј е поместена Постојана археолошка изложбена поставка, која во текот на изминатиот период се надополнува со новооткриен материјал и во 2011 година истата е поставена во ентериерно современ преуреден и поширок простор. Во 1973 година на предлог од тутунската индустрија на Југославија и со Одлука на претпријатието “Југотутун” од Скопје се формира „Музеј за тутун“, односно „Народниот Музеј“ отпочнува со собирање на предмети за уживање и обработка на тутун, документација, ликовни и скулптурални дела од предметната област. Во 1994 година е поставена Постојаната изложбената поставка на „Музејот за тутун“. Од 1979 година во состав на „Народниот музеј“ - Прилеп влегува и Меморијалниот музеј “Кузман Јосифоски - Питу”. Од „Народниот Музеј“ - Прилеп во 1980 година произлегуваат и се формираат како засебни институции Институтот за истражување на старословенската култура, со задачи за проучување на етногенезата на Јужните Словени и Центарот за современа ликовна уметност, кој ги обедини неколкуте ликовни, односно уметнички манифестации. Од 01. 07. 1981 година „Народниот музеј“-Прилеп прераснува во„ Завод за заштита на спомениците на културата, природните реткости и музеј“ Прилеп. Покрај музејската дејност, новата институција како основна дејност ја развива и дејноста за заштита на спомениците на културата, кои во Прилеп и прилепско ги има во голем број и тоа: археолошки локалитети, цркви и манастири, споменици од преродбенската и исламската архитектура, па сè до споменици од периодот на НОВ. За директор на новоименуваната установа е именуван Илија Велкоски. Од 10. 07. 2002 година во реновираниот објект на Првото женско училиште е сместена Галеријата на икони, со што Заводот и Музеј – Прилеп, го зголемува бројот на своите поистојани музејски поставки. 51


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

На 01. 08. 2005 година, во село Небрегово, во родната куќа на Блаже Конески, истакнатиот македонски публицист, основоположник на македонкиот литературен јазик, редактор на Речникот на македонскиот јазик, професор, ректор на Скопскиот универзитет и прв претседател на Македонската академија на науките и уметностите, беше отворен спомен-домот ,,Блаже Конески“ кој работи во состав на нашата установа. На страниците на ,,весникот“ се сретнуваат информации за сите музејски поставки односно, музеи, кои работеле во рамките на „Народниот музеј“ - Прилеп, подоцна во состав на „Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј“ – Прилеп. Покрај тоа, тука се сретнуваат информации за разни истражувања, а особено за истражувањата на бројните археолошки локалитети, потоа, организирањето на изложби преку кои се презентира движното културно наследство, за издадени голем број на каталози и друг вид на публикации, како и за партиципирањето на наши стручни лица со свои трудови во стручни списанија, зборници и друг вид на публикации во издание на сродни институции. Со сите овие активности „Заводот и Музеј“ прерасна во мошне значајна установа во Република Македонија, но и надвор од неа. Целта на овој труд е да ги проследи сите настани и активности на „Народниот музеј“ односно, „Завод и Музеј“ од Прилеп преку библиографските единици во весникот ,,Нова Македонија“ кој повеќе години е единствен дневен весник во Македонија. Преку прецизно наведените статии, текстови и прилози за оваа установа, со број, датум и година на изданијата, воедно, го информираме читателот за целокупниот развој на оваа музејска и установа за заштита на спомениците на културата од Прилеп во текот на своето постоење или поточно во периодот од започнувањето на активностите во Прилеп за создавање на Музеј, односно од 1949 година, преку формирањето во 1955 година, па сè до 1990 година, како прва фаза од реализацијата на овој проект. Воедно, му помагаме на секој заинтересиран, попрецизно да се информира за некој настан или активност. Всушност, прегледот на библиографски единици во весникот ,,Нова Македонија“, дава можност, секој истражувач подетално да ги проследи настаните и развојот на оваа установа. Се разбира, и по горенаведениот период па сè до денес, музејските работници, продолжуваат да го истражуваат, заштитуваат и презентираат културното наследство на Прилеп и прилепско, како дел од културното наследство на Република Македонија. Да ја искористиме оваа прилика и да им изразиме благодарност на сите оние кои нештедејќи се себеси се вградија во развојот и респектабилноста на нашата установа и допринесоа таа да се вброи во редот на установи со високо реноме во земјата, но и надвор од неа. Иако во текстуалниот дел, набележавме значајни моменти од развојот на установата, од основањето до денес, сепак, трудот ќе биде целосен кога ќе го дореализираме со давање на преглед на библиографските единици, од 1991 година до денес, со цел да го проследиме и понатамошниот исто така ус52


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

пешен развој на оваа установа која има особено значење за културниот развој на Прилеп и Република Македонија. Прегледот на библиографски единици кој следува, разните текстови, написи и статии на почитуваните новинари, кои трпеливо ги пишувале и ги давале на увид на јавноста, ,,зборуваат“ многу повеќе отколку што е напишано во нив. ПРЕГЛЕД НА БИБЛИОГРАФСКИ ЕДИНИЦИ ЗА ПЕРИОДОТ 1949 – 1990 1. Наумова М., Музеите - одраз на нашата национална култура, 29.06.1949, VI, бр.1392, стр.2 2. Наскоро во Прилеп ќе се отвори Градски музеј, 31.08.1949, VI, бр.1447, стр.4 3. Во нашата Република ќе бидат отворени уште неколку нови музеи, 29.07.1950, VII, бр.1731, стр.2 4. Н.Д., Материјалите од НОБ во Прилеп под слој од прав, 11.04.1951, VIII, бр.1948, стр.2 5. М.(ице) М.(акешоски),., Во Прилеп ќе биде отворен Музеј на НОБ, 15.04.1952, IX, бр. 2287, стр.3 6. М.(ице) М.(акешоски),., Во Прилеп ќе се отвори Музеј на НОБ, 22.04.1952, IX, бр.2294, стр.2 7. М.(ице) М.(акешоски), Во Прилеп е отворен Музеј на НОБ, 5.05.1952, IX, бр.2303, стр.3 8. М.(ице) М.(акешоски), Музеј на НОБ во Прилеп, .23.05.1952, IX, бр.2318,. стр.3 9. О.К., За 29 Ноември Народниот музеј во Прилеп го посетија 1500 души, 4.12.1952, IX, бр.2488. стр.5 10. О.К., Кај Бакарно Гумно е откопан старо - грчки споменик, 15.01.1953, X, бр.2528, стр.6 11. Сиљаноски Благоја, Градскиот музеј во Прилеп ќе се прошири со уметничка галерија, 12.03.1054, X, бр.2907, стр.5 12. Кличкова В.(ера), Живот во витрини, 11.10.1954, X, бр.3079, стр.8 13. Поповски П.(етар), Откриена е античка некропола крај Прилеп, 06.05.1956, XII, бр.3567, стр.6 14. П.(оповски) П.(етар),Прилеп.Кратки вести,13.10.1956,XII, бр.3726, стр.4 15. П.(оповски) П.(етар), ,,Археолошко“ село во Прилепско, 11.11.1956, XII, бр.3755, стр.6 16. П.(оповски) П.(етар),Прилеп.Кратки вести,09.08.1957,XIII,бр.4020, стр.5 17. Поповски П.(етар), Првата партизанска печатарска машина во Македонија е пренесена во Прилепскиот музеј, 16.08.1957, XIII, бр.4027, стр.5 53


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

18. Петровски Т., Пронајден гроб со натписи и цртежи во село Браилово, Прилепско, 19.10.1957, XIII, бр.4091, стр.6 19. Поповски П.(етар), Изложба на дела на сликари и вајари - Прилепчани. Разговор во Прилепскиот музеј, 10.05.1958, ХIV, бр.4284, стр.6 20. Поповски П.(етар), ,,Операции“ во црквата ,,Свети Никола“ во Варош, 03.09.1958, ХIV, бр.4384, стр.4 21. Поповски Петар, Пронајдена е населба стара 5500 години, 9. 02. 1959, ХV, бр.4516, стр.4 22. Поповски Петар, Откриена е старословенска населба во с.Варош, 10. 10. 1959, ХV, бр.4722, стр.4 23. Макешоски М.(ице), Народниот музеј во Прилеп се повеќе се афирмира, 9. 01. 1960, ХVI, бр.4797, стр.4 24. Во неколку реда, 01. 04. 1960, ХVI, бр.4868, стр.4. 25. Поповски П.(етар), Уништувањена културно-историските споменици, 24. 05. 1960, ХVI, бр. 4914, стр. 6. 26. Божиновски Р., Место нови извори – откриена римска каптажа, 30. 09. 1960, ХVI, бр.5023, стр.6 27. Б.(ожиновски) Р., Два милиони динари за конзервирање на црквата ,,Св. Кикола“ во Варош, 18.10.1960, ХVI, бр.5039, стр.4 28. Г.(авриш) К.(сенија), Музејските установи и јубилејот, 17.02.1961, ХVII,, бр.5147, стр.4 29. Поповски М.(ихаило), Директорот на Прилепскиот музеј обвинет за уништување на културни споменици, 12.08.1961, ХVII, бр.5320, стр.5 30. Поповски Петар, Нови археолошки наоди во Прилепско, 17. 10. 1961, ХVII, бр.5386, стр.7 31. Г.(авриш) К.(сенија), На 11 Октомври во Прилеп, 31.01.1962, ХVIII, бр.5489, стр.4 32. Ќерамидчиев Ап., Стибера – многуилјаден антички град, 11. 02. 1962, ХVIII, бр.5500, стр.8 33. Г.(авриш) К.(сенија), Музејот има подршка од стопанските организации, 13.02.1962, ХVIII , бр.5502, стр.4 34. Ќе се изведат конзерваторски работи на манастирот ,,Свети Архангел“ во Варош, 07. 08. 1962, ХVIII, бр.5675, стр.6 35. П.(оповски) П.(етар), Изложбена просторија во Народниот музеј во Прилеп, 22. 12. 1962, ХVIII, бр.5811, стр.4 36. Г.Н., Отворен Археолошки оддел на прилепскиот Народен музеј, 26. 12. 1962, ХVIII, бр.5815, стр.7 37. К.(оцевски) Б., Конзервирање на црквата Свети Спас во Зрзе, 12. 10. 1963, IХХ, бр.6105, стр.4 38. Ќорнаков Димитар, Истражувачки работи во манастирската црква Свети Архангел во Варош, 29.08.1964, ХХ, бр.6417, стр.3 39. Поповски Петар, Отворена изложба под наслов ,,НОБ во делата на сликарите“ , 7. 09. 1964, ХХ, бр.6490, стр.4 54


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

40. Поповски Петар, Кој бил ктитор на ,,Свети Архангел Михаил“ – Волкашин, Марко или некој пред нив, 17. 01. 1965, ХХI, бр.6557, стр. 8. 41. Поповски Петар, Варош ќе ,,одумре“, 4.04.1965, ХХI, бр.6634, стр.6 42. Бабиќ Бошко, Како живееле Јужните Словени, 27.04.1965,ХХI, бр. 6715, стр.6 43. Словенска населба и на ,,Кале“, 13.06.1965, ХХI, бр.6701, стр.7 44. Г.(авриш) К.(сенија), Како живееле Јужните Словени, 27.06.1965, ХХI, бр.6715, стр.6 45. Поповски Петар, Судбината на еден историски споменик, 28.06.1965, ХХI, бр.6716, стр.4 46. Поповски П.(етар), Десет години труд, 18.07.1965, ХХI, бр.6736, стр.6 47. Поповски П.(етар), Прилепските културни установи со смалени дотации, 6.09.1965, ХХI, бр.6786, стр.4 48. Поповски Петар, ,,Градиште“ кај Прилеп - наоѓалиште од светско значење, 18.09.1965, ХХI, бр.6859, стр.5 49. Поповски П.(етар), Римската тврдина ќе биде зачувана, 09.07.1966, ХХII, бр.7086, стр.7 50. Поповски Петар, Хипотеза или научен факт, 04.08.1966,ХХII, бр. 7112, стр.6 51. Ан.(доновски) В.(ерољуб), Половина икона в Охрид половина в Белград, 22.03.1967, ХХIII, бр.7338, стр.4 52. П.(оповски) П.(етар), Народниот музеј стави ,,вето“ на локацијата за изградба на новата Стоковна куќа, 15.04.1967, ХХIII, бр.7375, стр.4 53. Прилепскиот Музеј и Иконите, 28.04.1967, ХХIII, бр.7362, стр.7 54. Поповски П.(етар), Прилеп: За паметниците - никогаш ,,полна капа“, 19.09.1967, ХХIII, бр.7521, стр.4 55. П.(оповски) П.(етар), Со крампови каде што не треба, 04.10.1967, ХХIII, бр.7537, стр.5 56. Поповски Петар, Во полите на Марковите Кули пронајдена населбата на Прилеп од Х век, 05.12.1967, ХХIII, бр.7594, стр. 4. 57. П.(оповски) П.(етар), Конечно ќе биде отворен Меморијалниот музеј во Прилеп, 20.02.1968, ХХIV, бр.7671, стр.4 58. П.(оповски) П.(етар), Нова афирмација на средновековните споменици во Прилепско, 13.03.1968, ХХIV, бр.7693, стр.4 59. П.(оповски) П.(етар), Откриен средновековен локалитет во Прилеп, 01. 08. 1968, ХХIV, бр,7832, стр.4 60. Поповски П.(етар), Пронајден фрагмент од мермерна плоча со глаголски текст, 28.09.1968, ХХIV, бр,7892, стр.4 61. Спиркоска О.(лга), Графиките од Свети Димитрија, 27.10.1968, ХХIV, бр,7921, стр.8 62. Спиркоска Олга, Брсјачка населба на Маркови Кули (од IХ и Х век), 28, 29 и 30.11.1968, ХХIV, бр,7953, стр.25 55


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

63. Поповски П.(етар), Значајни археолошки пронајдоци во Варош, 28. 05. 1969, ХХV, бр.8128, стр.10 64. Сп.(иркоска) О.(лга), Во Прилеп пронајден глаголски текст, 15. 06. 1969, ХХV, бр.8146, стр. 8. 65. П.(оповски) П.(етар), Музејот во нови простории, 19.08.1969, ХХV, бр. 8112, стр.4 66. Локвенец) Т.(ачко), Научен труд за археолошките пронајдоци во Прилеп, 09.10.1969, ХХV, бр.8163, стр.7 67. Локвенец) Т.(ачко), Работа на меѓународни проекти, 26.10.1969, ХХV, бр.8178, стр.9 68. П.(оповски) П.(етар), Спомен – медал за Народниот музеј во Прилеп, 20. 12. 1969, ХХV, бр.8231, стр.4 69. Лок.(венец) Т.(ачко), Прилеп домаќин на симпозиумот на археолозите од Југославија, 19.01.1970, ХХVI, бр.8259, стр.6 70. Лок.(венец) Т.(ачко), Шест нови акции, 10.02.1970,ХХVI,бр.8281, стр. 10. 71. Лок.(венец) Т.(ачко), Ангел Чемерски покровител на Симпозиумот на Југословенската археологија, 10.03.1970, ХХVI, бр.8309, стр.9 72. Л.(оквенец) Т.(ачко),Новини од Прилеп,21.03.1970, ХХVI, бр.8320, стр.7. 73. Лок.(венец) Т.(ачко), Симпозиумот на археолози одложен за октомври, 13. 05. 1970, ХХVI, бр.8371, стр.8 74. Локвенец Т.(ачко), Драгоцени податоци во Дебреште, Прилеп, 07. 10. 1970, ХХVI, бр.8518, стр.9 75. Лок.(венец) Т.(ачко), Симпозиумот на Југословенските археолози, 21. 10. 1970, ХХVI, бр.8532, стр.10 76. Т.(ачко) Л.(оквенец), Симпозиум на Средновековната секција на Друштвото на археолози на Југославија,27.10.1970, ХХVI,бр.8538, стр.4 77. Лок.(венец) Т.(ачко), Виголд Хенсен во Прилеп, 08.05.1971, ХХVII, бр.8725, стр.10 78. Т.(ачко) Лок.(венец), Музеј на тутун, 18.05.1971, ХХVII, бр.8735, стр.5. 79. Глигороски Благоја, Споменик на првиот пукнат куршум во Прилеп, 27.07.1971, ХХVII, бр.8805, стр.5 80. М.М., Значаен меѓународен симпозиум во Прилеп, 15.01.1972, ХХVIII, бр.8972, стр.8 81. Спиркоска О.(лга), Нови зафати и иницијативи, 31.01.1973, ХХIХ, бр.9348, стр. 10. 82. Локвенец Т.(ачко), Тешкотии на Народниот Музеј, 21.02.1973, ХХIХ, бр.9369, стр.10 83. Локвенец Т.(ачко), Започна изградбата на Тутунскиот музеј, 15. 08. 1973, ХХIХ, бр.9542, стр.11 84. Локвенец Т.(ачко), Музеј на просветата во Прилеп, 05.02.1974, ХХХ, бр.9711, стр.8 56


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

85. Л.(оквенец) Т.(ачко), Што станува со локалитетот Маркови Кули, 18. 05. 1974, ХХХ, бр.9811, стр.8 86. Д.(ушан) Н.(ајдоски), Средба на археолозите на Југославија, 24. 05. 1974, ХХХ, бр.9817, стр.10. 87. Добитници на наградата ,,11 Октомври“, 11.10.1974, ХХХ, бр.9958, стр. 8. 88. Локвенец Т.(ачко), Систем за вода од Х век, 17.12.1974, ХХХ, бр. 10023, стр. 8. 89. Локвенец Тачко, Во Прилеп ќе се гради ,Музеј-село“, 07.01.1975, ХХХI, бр. 10041, стр. 9. 90. Л.(оквенец) Т.(ачко), Собир на археолози од 18 земји, 09.02.1975, ХХХI, бр. 10074, стр. 11. 91. Локвенец Т.(ачко), Соработка на Прилеп и Варшава за археолошки истражувања, 18. 02. 1975, ХХХI, бр. 10083, стр. 9. 92. Локвенец Т.(ачко), Триесетина ликовни уметници од земјата и странство, 01. 07. 1975, ХХХI, бр,10214, стр.9 93. Дабница село - музеј на револуцијата, 04.07.1975, ХХХI, бр.10217, стр.2 94. Мире Димче и Куцуловска Галена, Неопходно е превостановување на Меморијалниот музеј ,,11 Октомври“ во Прилеп, 14.09.1975, ХХХI, бр. 10289, стр. 12. 95. Наумовски Д., Археолошки ископувања во Варош и Дебриште, 14. 10. 1975, ХХХI, бр.10319, стр.9 96. Локвенец Т.(ачко), Изложба на Народниот музеј од Прилеп во Крушевац и Белград, 06.01.1976, ХХХII, бр.10399, стр.9 97. Д.(ушан) Н.(ајдоски), Симпозиум за археолошките испитувања, 06. 05. 1976, ХХХII, бр.10518, стр.7 98. Наумовска Д., Во Народниот музеј амбициозни зафати, 29.05.1976, ХХХII, бр. 10541, стр. 6. 99. Д.(ушан) Н.(ајдоски), Подготовки за Конгресот на југословенските археолози, 13.07.1976, ХХХII, бр.10586, стр.8 100. М.П., Богата збирка на уметнички творби, 06.08.1976, ХХХII, бр. 10609, стр.10 101. Десетти конгрес на археолозите на Југославија, 14.10,1976, ХХХII, бр.10679, стр.8 102. Л.(оквенец) Т.(ачко), Значајни документи за нашата материјална култура на минатото, 16.10.1976, ХХХII, бр.10681, стр.7 103. Л.(оквенец) Т.(ачко), За два дена поднесени 34 реферати, 20. 10. 1976, ХХХII, бр. 10685, стр. 10. 104. Л.(оквенец) Т.(ачко), Ден посветен на македонската археологија, 21. 10. 1976, ХХХII, бр.10686, стр. 9. 105. Л.(оквенец) Т.(ачко), Собрание на Сојузот на археолошките друштва на Југославија, 22.10.1976, ХХХII, бр.10687, стр.8 57


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

106. Локвенец Тачко, Нови страници во развојот на културата од нашето минато, 24.10.1976, ХХХII, бр.10689, стр.10 107. Д.К., Културна соработка меѓу Прилеп и Гетеборг, 03.02.1977, ХХХIII, бр.10787, стр.9 108. Прилепски археолози во Полска, 25.08.1977, ХХХIII, бр.10988, стр. 9. 109. Изложба Тито-слобода во Прилеп, 20.11.1977, ХХХIII, бр.11075, стр. 9. 110. М.(еханџиски) В.(анчо), Изложба во Варшава за реставрациите во Прилеп, 18.02.1978, ХХХIV, бр.11161, стр.6 111. Д.(ушан) Н.(ајдоски), Југословенските археолози во Варшава, 07. 07. 1978, ХХХIV, бр.11298, стр.8 112. Локвенец Тачко, Најстарото сликарство на територијата на Југославија, 19. 08. 1978, ХХХIV, бр.11341, стр.3 113. Локвенец Т.(ачко), Уште едно богато уметнижко лето, 17.10.1978, ХХХIV, бр. 11400, стр. 8. 114. Локвенец Тачко, Размислувања како да се одвива заштитата, 29. 10. 1978, ХХХIV, бр. 11412, стр. 10. 115. Локвенец Т.(ачко), Што со нараснатите проблеми на Народниот музеј?, 03. 02. 1979, 03.02.1979, ХХХV, бр.11505, стр.6 116. Спиркоска Олга, Прилеп-неолит во словенски период, 25.07.1979, ХХХV, бр.675, стр.9 117. Г.(авриш) К.(сенија), Полски археолози работат на локалитетот ,,Пештетица“, 10.08.1979, ХХХV, бр.11690, стр.9 118. Затковски А.(лександар), Откриена неолитска куќа во Врбјани, 04. 10. 1979, ХХХV, бр.11746, стр.10 119. Л.(оквенец) Т.(ачко), Бошко Бабиќ трет доктор по археологија во СРМ, 06.03.1980, ХХХVI, бр.11895, стр.10 120. Локвенец Т.(ачко), Комплетна културна ппрезентација, 26. 03. 1980, ХХХVI, бр.11915, стр.8 121. Спиркоска Олга, Словените во зачувувањето на својот идентитет, 04. 05. 1980, ХХХVI, бр.11952, стр.11. 122. Локвенец Т.(ачко), Зошто е затворен музејот ,,11 Октомври“, 22. 10. 1980, ХХХVI, бр. 12118, стр. 8. 123. Локвенец Т.(ачко), Чиј е музејот за тутун?, 09.01.1981, ХХХVII, бр. 12199, стр.8 124. Скулптури во дрво, 20.04.1982, ХХХVIII, бр.12559, стр.7 125. Величковски Владимир, Афирмација на скулптурата во дрво, 05. 05. 1982, ХХХVIII, бр. 12672, стр. 8. 126. Скулптура во дрво, 21.05.1982, ХХХVIII, бр.12688, стр.8. 127. Наумов Стојче, ,,Формулата“ на Бошко Бабиќ и Манолис Хаџидалис, 08. 12. 1984, ХL, бр.13607, стр. 8. 128. В.К., Реферати за средновековната археологија во Македонија, 17. 09. 1985, ХLI , бр. 13885, стр. 8. 58


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

129. ,,Пелагонија Пелагонитиса“, 09. 01. 1986, ХLII, бр. 13995, стр. 10. 130. ,,Исус Христос Спасител“, 14.01.1986, ХLII, бр.14000, стр.8 131. Меѓународниот конгрес за словенската археологија одложен, 20. 06. 1990, ХLVI , бр.15590, стр.10 Написи за Прилепскиот музеј во весникот ,,Нова Македонија“

Напис од 31.08.1949 година

Напис од 05.05.1952 година

Извори и литература: 1. Горан Константинов, Миладин Миладинов, Музеите во Нова Македонија, Скопје, 1993. 2. Прилеп и прилепско на страниците на Нова Македонија 1945–1965, книга I, Прилеп, 2004. 3. Прилеп и прилепско на страниците на Нова Македонија 1965–1975, книга II, Прилеп, 2005. 4. 50 години Музеј Прилеп - 50 years Museum of Prilep, Прилеп, 2005. 5. Весник ,,Нова Македонија“од бр.1392 од 1949 до бр.15590 од 1990. Резиме: Весникот ,,Нова Македонија” е прв дневен весник на македонски јазик, сведок и хроничар на настаните, кој одиграл голема улога во афирмирањето на националното достоинство на македонскиот народ и неговиот идентитет. Во рамките на културниот развој на Македонија и „Народниот музеј“ од Прилеп одиграл значајна улога. Тоа, можеме да го согледаме преку големиот број на написи и разни текстови кои ги среќаваме во самиот весник, а кои се непресушлив извор за истражување. Прегледот на библиографските единици, за периодот од 1949 до 1990 година, на секој истражувач, му овозможува подетално информирање за разни проекти, настани, истражувања и многу други активности на оваа реномирана установа во Република Македонија и надвор од неа. Со реализација на втората фаза од истражувањето ќе се заокружи целосно развојот и значењето на оваа установа и незјината улога во целокупниот културен развој на Република Македонија. 59



UDC 342.4 (497.7) "1946" Лидија ЃУРКОВСКА,

1

ДИСКУСИЈАТА НА ПАВЕЛ ШАТЕВ НА СЕДНИЦАТА НА ВТОРОТО РЕДОВНО ЗАСЕДАНИЕ НА УСТАВОТВОРНОТО СОБРАНИЕ НА НРМ ОД 25.12.1946 ГОДИНА2 Апстракт: Еден од ретките наши револуционери кои активно учествуваа во сите полувековни битки за ослободување на Македонија, а можеа да ја видат и слободата е токму Павел Шатев. Неговиот живот бил целосно посветен за ослободување на татковината преку разрешување на македонското национално прашање. Оваа статија се однесува токму на неговите ставови и мислења на второто редовно заседание на уставотворното собрание на НРМ од 25. 12. 1946 г. Клучни зборови: Павел Шатев, уставотворно собрание на НРМ, устав, државност Уставоправното конституирање на Народна Република Македонија, започнува со свикување на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) и од него донесените одлуки на првото заседание. АСНОМ односно Народното собрание до свикувањето на Уставотворното собрание донесе значајни законодавно-правни акти со кои се регулираше организацијата на највисоките републички државни органи, органите на правосудството како и органите на самоуправата во административно-територијалните единици. Уставноправното конституирање на НР Македонија од свикувањето на АСНОМ до донесување на Уставот на НР Македонија од 1946 ја претставува првата етапа од уставноправниот развој на НР Македонија. За да се донесе Устав на НР Македонија нужно беше да се свика Уставотворното собрание на НРМ. За таа цел Народното собрание на второто вонредно заседание донесе Закон за Уставотворното собрание на НРМ кое го подготви и го донесе првиот Устав на Народна Република Македонија.3 Со овој закон е завршена правата етапа од уставотворното конституирање на Народна Република Македонија. Со свикувањето на Уставотворното собрание и донесување на Уставот на НРМ од 1946 година започнува нова етапа во државноправното конституирање на НР Македонија. 1

Д-р Лидија Ѓурковска, доцент во Институтот за национална историја ул.Григор Прличев бр. 3 1000 Скопје, е.пошта lidija.dimitrijevska@gmail.com 2 Со овој реферат е настапено на Тркалезна маса: „Павел Шатев-живот посветен за Македонија“, Битола - 04. 02. 2011 г. 3 Александар Христов, Уставноправно конституирање на Народна Република Македонија (1944-1946), Гласник на ИНИ, год. XIX, Скопје 1975,бр.2, 49.


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Првиот Устав на ФНР Југославија, кој го донесе Уставотворното собрание на ФНР Југославија на 31 јануари 1946 година, претставуваше завршен акт на дооформување на новата југословенска сојузна заедница. Овој проект беше поднесен на Уставотворното собрание на понатамошна постапка низ одборите на домовите, а потоа низ обата дома на Собранието. Последен акт во постапката преставуваше прогласувањето на Уставот на ФНР Југославија на 31 јануари 1946 година, што беше сторено на заедничката седница на обата дома.4 Според содржината и основните фундаментални решенија, Уставот на ФНРЈ претставуваше уставно-правна потврда на основните придобивки на НОАВЈ изразени преку народната власт, националната рамноправност и изградба на заедничка сојузна држава. Откако беше донесен Првиот сојузен Устав, се пристапи кон процесот на донесување на републичките и покраински устави.5 Така кон крајот на декември 1946 година, Уставотворното собрание на Народна Република Македонија го донесе Првиот Устав на НР Македонија, кој стапи во сила на 1 јануари 1947 година.6 Првиот Устав на НРМ од крајот на 1946 година е единствениот Устав на Македонија кој е донесен од Уставотворно собрание, сите понатамошни и подоцнежни Устави на Македонија се донесени од страна на обичното собрание. На овој состанок на Уставотворното Собрание на НР Македонија, новоизбраните верификувани народни паратеници положија заклетва, 7 избраа претседател, двајца потпретседатели, прв и втор секратар. Процесот на донесување на првиот македонски устав, започна со Уставотворното Собрание на Народна Република Македонија на чело со претседателот д-р Борис Спиров, во ноември 1946 година кое го донесе Правилникот за работењето на Уставотворното собрание и Законот за Президиумот на Уставотворното собрание.8 4

Уставотворна Скупштина ФНРЈ. Уставотворни одбори Савезне скупштине и Скупштине народа. Стенографске белешке 10 децембар 1945-4 јануар 1946. Београд 1946, 21. 5 Следеше изработка на предлозите на републичките и покраински устави, од страна на Комитетот за законодавство и изградба на народната власт при Владата на ФНРЈ, на 7 октомври се пристапи кон усогласување на истите на сојузно ниво согласно член 136 од Уставот на ФНРЈ. Комитетот за законодавство и изградба на народната власт при Владата на ФНРЈ испрати и посебен допис до Претседателот на Владата на ФНРЈ Јосип Броз тито со конкретни предлози и забелешки на републичките и покраински устави поединечно Предлози на закон за Уставите на републиките и покраините од страна на Комитетот за законодавство и изградба на народната власт упатени до Маршалот Тито на 7 октомври 1946 година под наслов: „Прашања на републичките Устави“. Архив на Србија и Црна Гора, ф.50, к.30. 6 Објавен во Службен весник на НРМ, бр. 1/1947 година. 7 Заклетвата ја положиле сите пратеници и таа гласела: "Јас ( пратениците го кажуваат своето име) се колнам со својата чест и честа на својот народ дека како народен пратеник во работата на Уставотворното Собрание верно ќе го застапувам својот народ и дека неуморно ќе ги чувам и бранам тековините на народната борба, демократските права и слободи на народот!". Службен весник на НРМ, ИИ/32, Скопје, 26 ноември 1946, стр.397. 8 Службен весник на НРМ, ИИ/32, Скопје 26 ноември 1946, стр. 2. 62


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Второто редовно заседание на Уставотворното собрание на НРМ на чело со претседателот д-р Борис Спиров одржа седница на 24.12.1946г., со почеток во попладневните часови поточно тоа започна со работа во 16,35 минути.9 Како кулминација од своето работење, Уставотворното Собрание на 31 декември 1946 година го прогласи Првиот Устав на Народна Република Македонија, потпишан од Претседателот на Президиумот на Уставотворното собрание, Методија Фотев и од сите членови на овој Президум. 10 Со усвојувањето на Уставот, Македонија станува уставна држава како и сите други држви во светот со пишан Устав, независно од тоа што станува збор за Устав на федерална единка, а не за Устав на самостојна и независна држава.11 Кога станува збор за постапката на донесување на Уставот на НРМ, може да се констатира дека овој уставен документ е единствен македонски Устав што е донесен од страна на Уставотворно собрание, а не од страна на редовното или обично собрание, како што тое е случајот со Уставите од 1963, 1974 и 1991 година.12 Со Уставот на ФНРЈ од 1946 година легализиран бил повеќепартискиот систем. Но практично, водечката улога ја имала КПЈ не дозволувајќи да заживее било каква плуралистичка опција. Во Македонија пројава на такви алтернативни или опозициони делувања по ослободувањето речиси немало. КПМ имала добро утврден систем за набљудување на било какво застранување од курсот, а оние кои според партиските критериуми не се држеле строго до курсот на партијата, биле обвинувани за сепаратизам и етапно отстранувани од власта па дури и затворани.13 9

На заседанието биле присутни: Претседателот на Президиумот на Уставотворното собрание на НРМ, Богоја Фотев со членовите на Президиумот, членовите на владата на НРМ на чело со потпретседателот на Владата и Контролната комисија на НРМ Qупчо Арсов и министрите од Македонија во сојузната влада на ФНРЈ, Бане Андреев и д-р Димитар Несторов. Точно во 16,35 минути, заседанието го отвори претседателот на Уставотворното собрание д-р Борис Спиров. Вчера започна второто редовно заседание на Уставотворното собрание на Народна Република Македонија. Нова Македонија, ИИИ/610, Скопје 25.12.1946, 1. 10 Види оригинал на текстот на Првиот Устав на НР Македонија од 31.XИИ.1946 година со сите потписи на Президиумот на Уставотворното собрание на чело со претседателот Методија Фотев. ДАРМ, ф. АСНОМ, к-4. 11 Мире Доновски, Структура и организација на Собранието на Македонија од Првото заседание на АСНОМ. Правна мисла, 1, Скопје 1969, 58. 12 Закон за Уставотворно собрание на НРМ, бр. 557, од 27 јули 1946 година. Педесет години од Уставот на НРМ... 11. 13 Така Панко Брашнаров, на 70-годишна возраст бил обвинет за застранување т.е сепаратизам и испратен на Голи Оток. Венко Марковски бил непотребно запоставуван, Петре ПирузеМајски испратен на Голи Оток, Алексо Мартулков предвреме пензиониран, д-р Павел Шатев бил сменет од должноста прв потпретседател на Президиумот на АСНОМ и повлечен во домашен притвор. Методија Андонов-Ченто, како приврзаник на паролата за поголема слобода, стопански активности и политички права на македонското граѓанство, бил етикетиран како „либерал“, „автономист“, „контра“, „сепаратист“ и сл., пролетта 1946 година бил сменет од функцијата Претседател на Президиумот на АСНОМ и осуден. Овие и многу други стари македонски борци, кои сакале преостанатиот дел од животот да го посветат за доброто на сво63


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Уставот на НРМ од 1946 година бил подготвуван цели два месеци (ноември и декември 1946 година) од Владата на НРМ и Уставотворниот одбор на Уставотворното собрание на НРМ. Проектот на Уставот на Владата на НРМ пред Уставотворниот одбор го образложи потпретседател на Владата на НРМ Љупчо Арсов. Уставотворниот одбор одржа седум седници во периодот од 8 ноември до 13 декември 1946 година. За извештајот на Уставотворниот одбор дискутираа околу 30 пратеници и тоа прво начелно, а потоа и со конкретни забелешки. Својството на Уставот на НРМ како прв македонски Устав, се чувствува нагласено во дискусиите на поголемиот број пратеници на Уставотвроното собрание на НРМ.14 Павел Шатев како народен пратеник на Уставотворното собрание на НРМ од Првата изборна единица на Кратовска околија активно зеде учество во дискусијата по однос на одделни прашања сврзани со предлог-нацртот на Првиот Устав на НРМ. Тој своите погледи и видувања ги изложи на Второто редовно заседание на Уставотворното собрание на НРМ одржано на 25. 12. 1946 година во Скопје. -Проблемот на националното прашање; -Демократски изборен систем; -Односите помеѓу НРМ и ФНРЈ; -Структурата на Судството; -Заклучниот став на Шатев по однос на Првиот Устав на НРМ; ТЕЗИ: -Проблемот на националното прашање; Според Шатев, националното прашање се одликува со неговата голема сложеност. Тоа не се исцрпува само со етничката страна на прашањето. Проблемот на националното прашање е сврзан со карактерот на политичките и економските односи меѓу државите и со внатрешниот строј на последните. Многу од националните проблеми зависат од длабоки историски причини. Само тоа налагаше еден многу деликатен потход, а главното беше лошата јата македонска држава, станале жртви на самобендисаната бирократска власт. Пројави на идејата за самостоен економски и политички развој во повоениот период биле поврзувани со појавата на тајните политички организации во Македонија. Нивните имиња традиционално се поврзувале со името на ВМРО. На пример: ВМРО или Илинден 1903, ВМРО-СДРМА (Сојуз на Демократска Република Македонија), ВМРО-ПРАВДА, ВМРО-СИМО (Самостојна илегална македонска организација) и др. Основните начела на нивните програми биле обединета Македонија и трајно разрешување на македонското прашање. Актуелната власт нивната активност ја оценувала како сепаратистичка, шпионска, автономистичка и сл. давајќи им исти или слични епитети и на протагонистите на тие идеи. Таквите квалификации тогаш можеби до извесна мера и можеби биле оправдани, со оглед на тешката положба на државата која се нашла во првите години од повоениот период. 14 Проф. д-р Светомир Шкариќ, Педесет години од Уставот на НРМ. Педесет години од Уставот на НРМ од 1946 година. Здружение за уставно право на Македонија, Скопје, декември 1996, 4. 64


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

политика на државите од Централна и Југоисточна Европа кои не можеа да тргнат по патот на демократско разрешување на националните конфликти.Во југоисточна Европа демократизирањето на државите не можеше да се замисли без разрешување на два проблема: аграрниот и националниот. Врз основа на новото демократско и федеративно уредување на Југославија се најде и разрешувањето на хрватското, црногорското и македонското прашање. Македонскиот народ во текот на повеќе од половина век води непрекината борба за слобода, независност и своја сопствена држава. Долгогодишната борба на македонскиот народ мина низ неколку етапи и најпосле со Народноослободителната борба на сите народи на Југославија ја извојуваа својата слобода и самостојност во рамките на нова ФНРЈ, во која се воведе вистински демократски ред, бидејќи целата власт произлегува и му припаѓа на самиот народ. Народот откако ја зеде целата власт во свои раце и откако создаде македонска народна република, тргна по патот на сестран прогрес, напредок врз основа на рамноправноста, братсвото и единството на сите народи на Југославија и така го осигура социјалниот развиток на благосостојбата на широките народни маси. Да се зацврстат и уште повеќе да се развијат тие демократски, социјални и национални придобивки, со цел и смисла на уставот на НРМ.15 -Демократски изборен систем; Проектот на уставот го поставува во основа принципот дека целата власт произлегува од народот и му припаѓа на народот во сите органи на државната власт и државната управа. Тоа се обезбедува со демократски изборен систем, според кој сите преставнички органи на државата се избираат со општо еднакво и тајно гласање. Проектот на уставот го осигурува принципот за единство на власта, организационата поврзаност на сите органи на државната власт и државната управа, а исто така принципот на законитоста и законската постапка на државната управа и правосудството. Но, политичките шпекуланти задржувајќи се на тој принцип, би сакале да се запази принципот на судска, законодавна и извршна власт. Тоа, вели Шатев е принцип на буржуаско законодавство и не се исполнува. Според Проектот на уставот на НРМ, Македонија ја врши државната власт суверено, со исклучок на оние права, кои се предвидени со член 44 од уставот на ФНРЈ. Во Проектот на уставот се гарантирани националните малцинства во НРМ, право и заштита на нивниот културен развиток и слободно унапредување на нивниот народен мајчин јазик. По однос на правата и должностите на граѓаните поставени се сите современи демократски начела за полна слобода за која така долго се бореше македонскиот народ која слобода ја спечали како резултат на НОБ. Проектот на уставот го поставува и начелото, принцип на рамноправност на граѓаните што се однесува за преземање на општествените служби. 15

Истото, 89-90. 65


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Односите помеѓу НРМ и ФНРЈ; На посебно место во уставот се определуваат односите на НРМ со ФНРЈ. Југословенската федерација е нов тип сојузна држава со цел да им ги осигури суверените права на сите народни републики и едниството на ФНРЈ. За исполнување на своите суверени права НРМ има свое Народно Собрание, кое според уставот е претставник на народниот суверенитет и врховен орган на државната власт на НРМ. Од народното собарние се избира Президиум, на кој Уставот не определува надлежности, и владата како највисок извршен управен орган на државната власт на НРМ. Проектот на уставот дефинира дека целокупната државна власт се наоѓа во рацете на народните одбори, кои се избираат непосредно од народот.16 Структурата на судството; Организцијата на судството исто така одговара на суштината и карактерот на НРМ. Органи на правосудтсвото во НРМ се: врховниот суд, окружниот и околиските судови. Врховниот суд е највисок орган на правосудтвото во НРМ, кој го бира Народното собрание. Судовите се народни, избрани од народните одбори. Судовите се независни и судат според законот. Судовите целосно се одделени од управата,а пресудите ги изрекуваат во име на народот. Уставот му дава право на Врховниот суд да ја разгледува законитоста на конечните пресуди и решенија на сите судови. Истото го врши и Јавното обвинителство кое според Уставот врши надзор на правилното исполнување на законите од страна на сите министерства и управни органи.17 Според Шатев, многу елементи во јавното обвинителство, како во државата така и надвор од неа, гледаат средство на партијата која е на власт да врши терор над останатото население. Заклучен став на Шатев по однос на правиот устав на НРМ: Проектот на уставот му гарантира на народот да биде тој вистински извор на секоја власт. Проектот на уставот е сврзан со демократските принципи на Сојузниот устав, а исто така не му противречи во ништо. Тој ја зацврстува народната власт врз основа на народните одбори, кои можат да ги решаваат навреме сите општи и приватни прашања. Да се заштити приватната сопстевност, на сите граѓани им се гарантира правото на работа, право на образование, одмор и пензија. Со еден збор, го покажува патот за идниот развој на Македонија. Со Уставот се уништуваат сите верски, расни и тесно-националистички предрасуди. Уставот ќе ни покажува нов живот, т.е живот на нови основи на вистински слободна демокартија. 16 17

Истото, 94. Истото, 95-96. 66


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

И на крајот Шатев вели,: „Уставот може да биде одличен и добро составен, но ако не се применува, тој факт не е полезен за народот“. Литература: Необјавени извори: 1. Државен архив на Република Македонија (ДАРМ), фонд: АСНОМ, к-4. 2. Архив на Србија и Црна Гора, ф.50, к.30. Објавени: 1. Александар Христов,Уставоправното конституирање на Народна Република Македонија (1944-1946), Гласник на ИНИ, година XIX, ИНИ, Скопје 1975, бр.2, 49-71. 2. Мире Доновски, Структура и организација на Собранието на Македонија од Првото заседание на АСНОМ. Правна мисла, 1, Скопје 1969. 3. Нова Македонија, III/610, Скопје 25.12.1946, 1. 4. Павел Шатев време-живот-дело (1882-1951), прилози од научниот собир одржан на 15 и 16 март 1992 година во Кратово, ИНИ, Собрание на општина Кратово, Скопје,1996. 5. Педесет години од Уставот на Народна Република Македонија од 1946 година, Здружение за уставно право на Македонија. Скопје, декември, 1996 година. 6. Службен весник на НРМ, II/32, Скопје, 26 ноември 1946 7. Службен весник на НРМ, бр. 1/1947 година. 8. Стенографске белешке 10 децембар 1945-4 јануар 1946. Београд 1946. Резиме Првиот Устав на ФНР Југославија, кој го донесе Уставотворното собрание на ФНР Југославија на 31 јануари 1946 година, претставуваше завршен акт на дооформување на новата југословенска сојузна заедница. Овој проект беше поднесен на Уставотворното собрание на понатамошна постапка низ одборите на домовите, а потоа низ обата дома на Собранието. Павел Шатев како народен пратеник на Уставотворното собрание на НРМ од Првата изборна единица на Кратовска околија активно зеде учество во дискусијата по однос на одделни прашања сврзани со предлог-нацртот на Првиот Устав на НРМ. Тој своите погледи и видувања ги изложи на Второто редовно заседание на Уставотворното собрание на НРМ одржано на 25.12.1946година во Скопје: Проблемот на националното прашање; Демократски изборен систем; Односите помеѓу НРМ и ФНРЈ; Структурата на Судството;Заклучниот став на Шатев по однос на Првиот Устав на НРМ;

67


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Summary The first Constitution of FPR Yugoslavia, which was brought by the Constituent Assembly of FPR Yugoslavia on January 31, 1946, was the final act for the completion of the new Yugoslav federal community. This project was submitted to the Constituent Assembly for further action by the boards of the Houses and then by both Houses of Parliament. Pavel Shatev, as National MP of the Constituent Assembly of PRM from the first electoral district of the Kratovo area, actively participated in discussions regarding certain issues related to the proposed draft of the first Constitution of the PRM. He presented his views and opinions at the Second regular session of the Constituent Assembly of the PRM held on 25/12/1946 in Skopje. The issue of the national question; Democratic electoral system; Relations between PRM and FPRY; The structure of the judiciary; The final attitude of Shatev regarding the first Constitution of the PRM;

68


UDC 94:616.936 (497.7) 1946/48" Габриела ТОПУЗОВСКА,

1

АКТИВНОСТИТЕ НА ХИГИЕНСКИОТ ЗАВОД ЗА ЕРАДИКАЦИЈА НА МАЛАРИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА ПО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА Апстракт: Крајот на Втората светска војна не значел територијално ослободување на земјата од непријателот и почеток на еден нов, мирен и спокоен живот, туку тоа бил почеток на многу нови, големи и тешки предизвици со кои се соочила новата македонска држава. Тешката економска криза и бројните социјални потешкотии, биле надополнети и со сериозни здравствени проблеми кај населението, кои секако дека претставувале приоритет за решавање, за што била потребна соодветна соработка помеѓу здравствените власти со релевантните институции. Тоа било и причина повеќе за отпочнување со активности и преземање мерки од страна на новата државна и здравствена власт за спроведување на одредени здравствени политики, за организирање на нова и функционална здравствена мрежа, која подоцна одиграла важна улога во сузбивањето на заразните заболувања, особено на маларијата. Клучни зборови: Здравствена политика, заразни заболувања, маларија. Со формирањето на органите на новата Македонска држава, во 1944 година и нејзиното највисоко тело Президиумот на АСНОМ, покрај другите, почнуваат да се воспоставуваат и одредени здравствени политики, и да се превземаат активности и мерки за отпочнување и организирање на функционална здравствена мрежа. Во повоениот период, биле вработувани млади кадри (лекари, санитарни техничари, хемичари), а од страна на Поверенството за социјална политика и народно здравје, биле превземани мерки и активности за прибирање лекови и медикаменти од Воено санираните одделенија и Обласните народни одбори. На 16. 12. 1944 година со документ бр.345, Поверенството се обратило до Битолската воена област, санитетско одделение за корпусното воено санитарно слагалиште, при што бил потврден приемот на медикаменти потребни за третирање на пациентите од обласниот народно-ослободителен одбор во Битола. Медикаментите биле предадени на “Прочелникот за Народно здравје при О.О.Н. Одбор во Битола д-р Несторов”.2 Президиумот на АСНОМ, со 1

Доц. д-р Габриела Топузовска, научен соработник, Институт за национална историја, ул. Григор Прличев бр. 3, 1000 Скопје, е.пошта:gtrifunova@yahoo.com. 2 ДАРМ. Фонд. 157, К.5, 67/136-138.


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

писмо бр.263 од 6.12.1944 година, преку Поверенството за социјална политика, народно здравје и исхрана, се обратил до привремениот Македонски народно ослободителен одбор во Софија. Во писмото било наведено дека се испраќа “лицето Глигор С.Тулевски, техникостроител при Хигиенскиот институт во Скопје да набави серум и вакцини и други бактериолошки материјали от кои нашиот крај има голема нужда”.3 Тоа бил само еден од начините со кои што народнта власт се обидувала да ја подмири потребата кај македонскиот народ за медикаменти. Периодот од 1945 до 1948 година Новата 1945 година, народот ја дочекал во тешка економска и здравствена состојба, во глад, немаштија, висок морбидитет и морталитет, многубројни ендемски жаришта и мал број лекари. Големите мочуришта во Македонија биле неисцрпен извор на маларични паразити, а туберкулозата, болеста на бедата и сиромаштијата била многу раширена. Сето тоа наложувало спроведување на итни мерки за создавање на функционална мрежа на здравствени работни организации на сите нивоа. Новата Влада на НР Македонија ценела дека маларијата не претставувала само голем здравствен проблем, туку таа била и голем социјално-економски проблем. Во тој временски период, започнала борбата на македонските институции и против гладот, немаштијата, вошливоста, културната заостанатост. Секако, најмногу внимание се посветувало на борбата со тешките заразни болести (тифус, дифтерија, жолтица, маларија) кои одзеле илјадници животи. За реализација на поставените цели и решавање на здравствените приоритетите во новата држава, било потребно да се создаде мрежа на здравствени организации со примарна и секундарна здравствена заштита, но и со стручни медицински кадри. Во почетокот на 1946 година, Македонија ја зафатила ендемоепидемија што воедно се издвојувала и како најтешка година со дури 600 000 заболени од маларија, или тоа биле три четвртини од вкупните заболени во Југославија.4 Во периодот од 1946 до 1948 година, маларијата во Македонија имала свои сезонски падови и порасти. Географските карактеристики имале големо влијание врз инциденцата5 на маларијата. Таа најчесто се наоѓала во појасот

3

Исто, 57/133-134, Скопје 6.12.1944, Док.бр.263. Елена Јосимовска, Завод за здравствена заштита-Штип 90 години. Штип, 2004, 135. 5 Инциденца или фрекфенција, е многу важен показател кој се користи за проценка на здравствената состојба на населението. Инциденцата е статистички поим кој се користи во епидемиологијата за определување на бројот на новозаболени случаи, (на милион жители), во одреден временски интервал, (најчесто една календарска година). Се изразува во броеви или проценти. 70 4


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

помеѓу 45 степени северна и 40 степени јужна географска широчина, каде граничната температура на воздухот е изотермна од 150С.6 Во состав на Министерството за народно здравје, било формирано посебно одделение за борба против маларијата. Активности за сузбивањето на маларијата и нејзините предизвикувачи организирал и Хигиенскиот институт во Скопје, заедно со своите вработени. Според податоците на Василка Ѓошева Стојановиќ, која била прв санитарен техничар по ослободувањето, вработена на 10. 10. 1946 година, во хемиско-бактериолошкото одделение работеле: Љубица Атанасова-хемичар, Анатолиј Богословски-хемичар одговорен за лабораторијата, Ѓорги Икономов-хемичар, Радмила Лазарева-фармацевт, Димитар Чилиманов-техничар, Љубица Глишиќ-броматолог и техничарите Трајче Јосифовски и Даме Брковски.7 Задачите и мерките кои ги превземало одделението се однесувале на организирање на антималаричната служба во земјата, едуцирање на кадри преку курсеви и семинари за работа во антималаричните служби, обезбедување лекови и исектициди, како и опрема и превозни средства за борбата против маларијата. Во периодот кога биле организирани активностите за сузбивање на маларијата, во исто време биле активирани и координирани повеќе институции за заедничка работа, и тоа: Воениот санитет, Црвениот крст, Народната младина, Министерството за сообраќај и просвета, како и средствата за јавно информирање. Се организирале масовни предавања, презентации, изложби, се лепеле плакати и летоци, за поголема информираност на месното население и подигање на нивото на здравствена култура. Покрај останатите мерки се спроведувале и акции за асанација на критичните места. 8 Сето тоа претставувало огромен зафат на институциите во борбата за спречување на ширењето на заразните заболувања. Во составот на секоја здравствена станица биле организирани антималарични одделенија, а на територијата на целата земја биле формирани осум антималарични инспекторати со седишта во: Штип, Струмица, Кочани, Куманово, Гостивар, Охрид, Битола и Велес.9 Поради својата огромна и пожртвувана работа, како и добриот и стручен кадар кој одговарал на секојдневните предизвици и ги извршувал секојдневните обврски, Владата на ФНРЈ со писмо од 8 октомври 1946 година, му предлага на Президиумот на народното собрание на ФНРЈ, “според одредбата од чл. 74, т.16 од Уставот на ФНРЈ, да го прогласи за Установа од општо државно значење Хигиенскиот институт во Скопје, кој сега се наоѓа под управа 6

Петар Пауновиќ, О маларији у Крајинском срезу 1948 године. Историја медицине, Београд, 2007, 146-149. 7 Благоја Алексоски, Златанка Димитровска, 80 години Републички завод за здравствена заштита. Скопје, 2004, 27. 8 Ѓорѓи Гавриловски, Организација на маларијата после ослободувањето во СР Македонија. Зб. Ерадикација на маларијата во Југославија. Скопје, 1973, 25. 9 Боро Николовски, Прилози за историјата на здравствената култура на Македонија. Скопје, 1995, 336. 71


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

на органите на НР Македонија. Ова е потребно од споменатиот институт се образува Сојузен институт за маларија и останати суптропски болести, чии задачи би биле: -Да прерасне во Висока стручна медицинска школа за оспособување малариолози; -Да прерасне во Центар за научни испитувања на теориски и практични прашања во борбата против маларијата и други суптропски болести.10 Тоа било уште поголем поттик за вработените да вложат максимални напори на своите работни места, а во правец на подобрување на животните услови и животната средина на населението. Во текот на 1947 година, според сведоштвата на Младен Павловски, рентген техничар и возач во Заводот, работеле д-р Стерјо Боздов, како директор, д-р Стеван Стефков, д-р Никола Хаџи Здравев-главен епидемиолог во Македонија, д-р Георги Несторов, д-р Анка Ковачева, д-р Панче Станчев, д-р Никола Георгиев-специјалист по хигиена, д-р Ѓуро Панов-специјалист по медицина на трудот, инг.Александар Жупан-како прв началник на хигиена и санитарна техника, д-р Панче Велков, д-р Ѓорги Нацев-специјалист по школска хигиена и лаборантот Томе Стефков.11 Во борбата против маларијата биле користени нови антималарични средства: дараприм, хлораквин, и примаквин, кои давале видни резултати во намалување на заболувањата. Прскањето со ДДТ во текот на 1947-1948 година, се вршело три пати (април, јуни, август), за да веќе во 1949 година, се намали на два пати (мај, август). За проверка на успешноста од прскањето со ДДТ, и сузбивањето на болеста, земени биле преку 1000 крвни проби, а при тоа не бил пронајден ниту еден позитивен случај.12 Хигиенскиот завод и СЗО во борба против маларијата Со ваквите интензивни активности од страна на Хигиенскиот институт, биле создадени услови за сузбивање на маларијата, а превземените мерки неминовно преминувале кон мерки за ерадикација на истата. Во периодот што следувал (1951-1952), бројот на заболени од маларија, драстично се намалил од 247 на 222 случаи.13 Поради големите позитивни резултати постигнати со огромната работата и максималното вложување на оваа институција во правец на подобрување на санитарно хигиенските услови за здравствено просветување на населението, на 17 јануари 1952 година, била донесена Уредба за основање и работа на Институт за народно здравје.

10

ДАРМ. Фонд. 157. Белград, 8 Октомври 1946 г., ПОВ. Бр.1494/46. Благоја Алексоски, Златанка Димитровска, 80 години РЗЗЗ, 27-28. 12 Исто. 13 Исто, стр. 39. 72 11


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Со таквиот владин потег, се интензивирале активностите за подигање на здравствената култура на населението, се организирале курсеви, предавања и други активности со здравствени содржини. За прв директор на Хигиенскиот завод бил избран проф.д-р Богдан Каракашевиќ (1950-1953). Институтот за народно здравје бил припоен кон Централниот Хигиенски завод во 1954 година, кога Заводот со решение на извршниот совет на НРМ бил прогласен за установа со самостојно финасирање, и продолжил да работи под називот Централен завод за заштита на народното здравје, со која раководел проф. д-р Вукашин Попадиќ (прв министер за народно здравје) од 1953до 1963 година.14 Во 1955 година, на осмото Собрание на Светската здравствена организација (СЗО), било одлучено да се поддржат сите програми за ерадикација на маларијата во земјите каде што за тоа постоеле кадровски и материјални можности и капацитети. Со тоа Заводот развил многу поинтензивна и поефикасна работа, а секако постигнал и голем упех во превентивната заштита во целина, при што се продолжиле активностите за здравствено просветување на месното население. Во овој период покрај директорот, управувачка улога во здравствените установи во Македонија, имале управните одбори. Така со “решение за формирање и определување на бројот на членовите на управните одбори на здравствените установи што му прават услуги на сето население на подрачјето на Народна Република Македонија”15 во 1956 година, бил избран управниот одбор на Централниот хигиенски завод во Скопје, кој се состоел од девет члена вклучително и директорот на Заводот. За прв член бил избран Ацо Рибар, претставник на работниот колектив на Централниот хигиенски завод, потоа Јован Станковски, претставник на народниот одбор на град Скопје.16 Следната фаза од административниот развојот на Заводот ја следиме во 1957 година, преку неговата интеграција со Институтот за микробиологија со паразитологија при Медицинскиот факултет, по што започнала нова етапа во работата на Заводот. На чело со проф.д-р Богдан Каракашевиќ и со стручниот тим вработени, Институтот ја започнал својата самостојна здравствена дејност, во период кога маларијата била присутна во повеќето земји од континетална Европа. Во своето обраќање по повод Светскиот ден на здравјето, генералниот директор на Светската здравствена организација изјавил дека “за прв пат во историјата на човештвото само една болест претставува предмет на толку широка меѓународна коалиција. Сите деведест земји-членки на Светската здрав-

14

Исто, стр. 30-31. Службен весник на НРМ, 31 декември 1956 година. 16 Благоја Алексоски, Златанка Димитровска, 80 години РЗЗЗ, 30. 73 15


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

ствена организација се согласија да ги концентрираат знаењата и средствата за искоренување на маларијата.”17 Подоцна била направена и промена во однос на водењето антималаричната политика, односно промена на формата на контролата за искоренување на болеста. Како резултат на превземените активности и промени, во повеќето земји од континентална Европа веќе било постигнато искоренување на болеста, или пак бројот на заболени од маларија бил намален и сведен на многу ниско ниво. Во таа насока биле применувани мерки и активности за контрола на маларијата. Покрај применетите мерки за намалување, контрола и искоренување на маларијата, постоеле и други причини кои довеле до ваквата појава, како на пример: нестабилноста на маларијата на европскиот континент, можноста за нејзино лесно контролирање со инсектициди, подигањето социјалните и економските услови, развивање и јакнење на антималаричните диспанзерски мрежи, како и подигање и развој на здравствената култура и хигиено-диететските навики во руралните области. При тоа биле користени и искуствата собрани од работата на постоечките мрежи на антималаричните диспанзери. Тоа било причина и земјите во кои маларијата во овој период постоела како болест, да ги трансформираат своите акциони планови за контрола на болеста, во планови за ерадикација на маларијата, кои со имплементација на соодветни оперативни методи, кои биле препорачани од страна на експертскиот комитет на маларија на СЗО, биле усвојувани и прифаќани.18 Прифаќајки го фактот дека искоренувањето на маларијата требало да се одвива како меѓународно синхронизирана кампања, на предлог на Светската здравствена организација, во 1958 година, тогашната југословенска федерација се приклучила на светската кампања за ерадикација на маларијата. Веќе наредната 1959 година, Владата на Југославија и Светската здравствена организација, потпишале договор за ерадикација на маларијата. Поради тоа во 1960 година, Македонскиот Централен хигиенски завод, ја изготвил и презентирал својата програма и план за ерадикација на маларијата. Според тој план Македонија влегувала во втората зона, а носител на целокупната активност за оваа акција, бил Централниот хигиенски завод во Скопје. За поуспешно изведување на акцијата, Македонија била поделена во три под зони: „Подзона II/А, во која влегуваа Скопска, Тетовска и Кумановска околија, со седиште во градскиот завод за здравствена заштита во Скопје; Подзона II/Б, во која влегуваа Битолска и Охридска околија, со седиште во околискиот завод за здравствена заштита во Битола; Подзона II/Ц, во која влегуваа Штипската и Титовелешка околија, со седиште во околискиот завод за здравствена заштита во Штип”.19 17

Исто. World Health Organization. Lessons learned during the final stages of malaria eradication in Europe. WHO/Mal/467, 11 September 1964. 19 Боро Николовски, Прилози за историјата, стр. 341. 74 18


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Било предвидено програмата да се изведува во четири фази, при што имало и строго определени активности.20 За релативно кусо време биле постигнати големи резултати, за што им било оддадено признание на д-р Никола Хаџи Здравев, Јорданка Кецкарова-биолог/паразитолог, Томе Стефков-лаборант, Коста Георгиевски-санитарен техничар. Искоренувањето на маларијата во СР Македонија, заслужувало внимание и поради тоа што можело да служи за пример како со примена на најсовремени сознанија и принципи од областа на епидемиологијата, со добро планирање, систематска и точна работа, било можно да се постигне таков конечен резултат, кој во медицината претставувал идеал, а тоа било потполното искоренување на една болест. Активностите на овој Завод во правец на подобрување на санитарнохигиено-епидемиолошката состојба во Македонија биле бројни. При тоа, благодарение на позитивните резултати од активностите на вработените при заводот биле добивани значајни признанија од соодветни институции во Југославија и светот. Резиме: Од 1946-1948 година, маларијата во Македонија имала свои сезонски падови и порасти. Во состав на Министерството за народно здравје, било формирано посебно одделение за борба против маларијата. Хигиенскиот институт во Скопје, бил целосно ангажиран во сузбивањето на маларијата и нејзините предизвикувачи, во координација со повеќе институции: Воениот санитет, Црвениот крст, и многу други. Во составот на секоја здравствена станица биле организирани антималарични одделенија, а на територијата на целата земја биле формирани осум антималарични инспекторати. Биле користени нови антималарични средства, и се создале услови за сузбивање на маларијата, а превземените мерки и активности неминовно преминувале кон мерки за ерадикација на истата. Во периодот од 1951 до 1952 година, бројот на заболени од маларија, драстично се намалил од 247 на 222 случаи. Во 1955 година, на осмото Собрание на Светската здравствена организација (СЗО), било одлучено да се поддржат сите програми за ерадикација на маларијата во земјите каде што за тоа постоеле кадровски и материјални капацитети и можности. Маларијата била присутна во повеќето земји од континентална Европа, и како резултат на превземените актив20

Првата фаза била подготвителната фаза за која биле донесени Уредба и Правилник за сузбивање и ерадикација на маларијата, потоа следувала ударна фаза, која се предвидувало да трае три години и опфаќала неколку активности: како резидуално прскање, активен надзор, анкетирање и лекување на болни од маларија и.н. Третата фаза била фаза на консолидација при што се предвидувало прекинување на резидуалното прскање, а се препорачувал активен надзор на целата територија. Четвртата и последна фаза т.н. фаза на одржување требало да започне оној момент кога ќе се утврдело дека трансмисијата на маларијата била прекината. (80 Години Републички завод за здравствена заштита, 31). 75


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

ности и промени, во повеќето земји било постигнато искоренување на болеста, или пак бројот на заболени од маларија бил намален и сведен на многу ниско ниво. Искоренувањето на маларијата во Македонија, можело да служи за пример како со примена на најсовремени сознанија и принципи од областа на епидемиологијата, со добро планирање, систематска и точна работа, било можно потполното искоренување на болеста. Summary: From 1946-1948 year, malaria in Macedonia had its seasonal up and downs. In the Ministry of National Health, was established a special unit to combat malaria. Hygienic Institute in Skopje, was fully engaged in the eradication of malaria and its triggers. Several Institutions were activated: Military sanitation, Red Cross, and many others. The composition of each health center were organized antimalarial departments and throughout the country were formed eight antimalarial inspectorates. They were used new antimalarial medications and as a result were created the conditions to combat malaria. These measures and actions inevitably led to to eradication.. From 1951-1952, the number of malaria drastically decreased from 247 to 222 cases. In 1955, the eighth assembly of the World Health Organization (WHO) decided to support all programs to eradicate malaria in countries where it existed per-sonnel and financial capabilities. Malaria was present in most countries of con-tinental Europe, and as a result of the undertaken activities and changes in most countries was achieved eradication of the disease, or at least the number of malaria cases was reduced to very low level. The eradication of malaria in Macedonia, could serve as an example by applying the latest knowledge and principles in the field of epidemiology. With good planning, systematic and accurate work, it was possible to complete eradication of the disease. БИБЛИОГРАФИЈА Необјавени извори Архива на Службен весник на Република Македонија Службен весник на НРМ, 31 декември 1956 година. Фондови на Државниот архив на Република Македонија Фонд - 157: Президиум на АСНОМ Литература World Health Organization. Lessons learned during the final stages of malaria eradication in Europe. WHO/Mal/467, 11 September 1964. Благоја Алексоски, Златанка Димитровска, 80 години Републички завод за здравствена заштита. Скопје, 2004. 76


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Боро Николовски, Прилози за историјата на здравствената култура на Македонија. Скопје, 1995. Ѓорѓи Гавриловски, Организација на маларијата после ослободувањето во СР Македонија. Зб. Ерадикација на маларијата во Југославија. Скопје, 1973. Елена Јосимовска, Завод за здравствена заштита-Штип 90 години. Штип, 2004. Петар Пауновиќ, О маларији у Крајинском срезу 1948 године. Историја медицине, Београд, 2007.

77



UDC 930.85:371 (497.774) "1944" АЛЕКСАНДАР СИМОНОВСКИ,1 АКТИВНОСТИТЕ НА БИТОЛСКИОТ ОБЛАСТЕН НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ОДБОР ПРИ ОРГАНИЗИРАЊЕТО НА ОБРАЗОВАНИЕТО И КУЛТУРАТА ВО МАКЕДОНИЈА ВО 1944 ГОДИНА Апстракт: На основа на објавената архивска граѓа со којашто располагаме, во трудот се обработуваат активностите на Битолскиот областен народноослободителен одбор при организирањето на образованието и културата во Македонија, т.е. во административната единица Битолска област во ноември и декември 1944 година. Клучни зборови: Македонија, Битолски областен НОО, образование, култура За време на Втората светска војна, на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински, Македонија била конституирана и прогласена за држава во рамките на новата авнојска федеративна Југославија. Со оглед на големото значење на прашањето за просветувањето на населението, прашањето било предмет на разгледување и во усвоените документи на Првото заседание на АСНОМ. Президиумот на АСНОМ и Поверенството за просвета ги поставиле основите на организираниот училиштен систем и организираното културно-просветно живеење. За намалувањето на големата неписменост биле организирани аналфабетски курсеви за описменување на возрасните.2 Посебно било значајно утврдувањето на привремената азбука со чија примена започнало првото описменување, а едновремено, се спроведувало и решението од Првото заседание на АСНОМ за воведувањето на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава. 3 При таквата поставеност и во многу тешки околности карактеристични за периодот по војната, составен дел од процесот на повоената изградба на 1

Доцент д-р Александар Симоновски, научен соработник, Институт за национална историја, ул. „Григор Прличев“ бр. 3, 1000 Скопје, Република Македонија, e.пошта: aleksandar_simonovski@ymail.com. 2 До декември 1944 година бројот на неписменото население во федералната единица Македонија на над десетгодишна возраст изнесувал 297 илјади лица или 67,5% од вкупното население биле неписмени. Нада Јурукова, Основното воспитание и образование во Македонија (1944-1950), ИНИ, Скопје 1990, 73. 3 Новица Велјановски, Административно-централистичкиот период во државноправниот развој на Македонија (1945-1953), ИНИ, Скопје 1992, 88-89.


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

македонската држава биле и преземените и реализираните мерки за организирањето на образованието и културата во административната единица Битолска област.4 Таквите активности биле спроведени преку Битолскиот областен НОО како орган на власта. Веќе на 2 ноември 1944 година, уште додека Македонија се наоѓала под окупаторска власт, Битолскиот областен НОО-просветен оддел упатил барање до Штабот на Втората корпусна област 5 со коешто го известил за расписот на Поверенството за просвета на Президиумот на АСНОМ бр. 21 од 8 октомври 1944 година. Имено, во расписот се соопштувало дека доколку во некое место постоеле сите услови за отворање на училишта а учителите и учителките биле во војска, тогаш, народноослободителните одбори требале да се обратат до штабот во својата зона за нивно ослободување. Ако пак учителите не биле во истата зона, штабот на зоната требал да се обрати до ГШ НОВ и ПОМ. Селските и општинските народноослободители одбори можеле да побараат и учители кои се наоѓале во најблиската воена формација независно од нивното место на раѓање. Во врска со споменатиот распис, Битолскиот областен НОО во упатеното барање укажал веднаш да се ослободат сите студенти и ученици од VI клас нагоре и да се упатат во најблиските околиски народноослободителни одбори за да бидат распоредени на учителски места.6 На 12 декември 1944 година Битолскиот областен НОО-просветен оддел до Околискиот НОО-просветен оддел во Битола го испратил писмото на Поверенството за просвета бр. 125 од 8 декември 1944 година. Ова писмо содржело 10 точки и во него биле дадени појаснувања за организирањето на 4

Територијалната надлежност на Битолскиот областен народноослободителен одбор (НОО) неколку пати се променила. Со решението на Президиумот на АСНОМ од 6 август 1944 година, Македонија административно била поделена на 4 области: Скопска, Битолска, Штипска и Кичевско-дебарска. Во Битолската област влегувале следните градови со нивните околии: Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Крушево и Кавадарци. Со решение на Президиумот на АСНОМ од 21 октомври 1944 година оваа поделба била изменета. Била укината Кичевско-дебарската област, а Македонија била поделена на 3 области: Скопска, Битолска и Штипска. Кон Битолската област биле придодадени Бродската и Галичката околија. Ваквата административно-територијална поделба се задржала до 22 јануари 1945 година кога биле укинати областите, а со тоа и Битолскиот областен НОО. На нивно место биле формирани окрузи со окружни народноослободителни одбори, но, со друга територијална надлежност. 5 На 10 октомври 1944 година, Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија (ГШ НОВ и ПОМ) извршил нова военотериторијална поделба на Македонија на 3 корпусни области. Втората корпусна област ги опфаќала Битола, Прилеп, Кавадарци, Крушево, Брод, Ресен, Охрид, Струга, Кичево, Дебар и Галичник. Марјан Димитријевски, Македонската војска 1944-1945, ИНИ, Скопје 1999, 190-191. 6 Зборник на одбрани документи за историјата на Битола и Битолско 1941 – 1945, Том I, Документи за создавањето и развојот на органите на народната власт во Битола и Битолско 1944 – 1945, Книга 1, Битолски областен народноослободителен одбор 1944, избор, редакција и коментари Александар Крстевски и др., Историски архив-Битола – Општински одбор на СЗБ од НОВ-Битола, Битола 1984, 149; натаму: Зборник на одбрани документи, Т. I, Кн. 1.

80


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

наставната дејност. Покрај другото, за учителскиот кадар се истакнувало дека за учители можеле да бидат поставени и лица постари од 60 години – пензионери, меѓутоа, по лична проценка. Учители можеле да бидат и интелектуалци со завршен VI клас или пак средно училиште. Кај лицата со VII и VIII клас образование требало што повеќе да се апелира да се пријават за учители зашто потребите за такви биле извонредно големи и притоа требало да им биде посочено дека ќе им се дозволи до крајот на годината да полагаат за погорен клас. Учители-ки од други националности (Срби, Црногорци и Бугари останати во Македонија) можеле да бидат назначени за учители-ки доколку го знаеле македонскиот јазик или пак учителите ако биле оженети за Македонки а учителките омажени за Македонци. Прашањето за платите на учителскиот кадар сè уште било отворено. Секој НОО требал да ја плаќа издршката на учителот, а за градските учители градскиот НОО дури да се реши тоа прашање. 7 Неколку дена потоа, на 18 декември 1944 година, просветниот оддел на Битолскиот областен НОО до Околискиот НОО-просветен оддел Битола го упатил писмото на Поверенството за просвета бр. 149 и 150. Во писмото се укажувало дека сите околиски и градски народноослободителни одбори требале да ги снабдат училиштата со огрев за да не се случи училиштата да ја прекинат работата. Со цел непотребно да не се трошело огрев и при недостиг на чевли и опинци, наставата требала да се изведува полудневно. Во писмото било укажано сите стари бугарски имиња на училиштата да се заменат со нови имиња со македонско национално обележје: Кузман Јосифоски, Коле Канински, Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Стив Наумов и други. 8 Така, на одржаната седница на извршниот одбор на Градскиот НОО за Битола на 9, 10 и 11 декември 1944 година бил даден предлог да се променат имињата на следните училишта и се решило: 1. Училиштето „Отец Паисиј“ да се вика „Св. Климент“; 2. Училиштето „Дим. Робев“ да се вика „Д-р Трифун Пановски“; 3. Училиштето „Митр. Григориј“ да се вика „Стефан Наумов“; 4. Училиштето „Митр. Григориј“ да се вика „Тодор Даскалот“.9 По ослободувањето на Македонија постоела голема потреба од создавање на квалификуван учителски кадар, кој, иако малуброен, во текот на војната бил знатно прореден. Пустошот што го направила војната оставил тешки последици. Цели области останале без основни училишта и учители. Со цел таквата состојба да се надмине и да биде забрзан процесот на создавање учи-

7

Исто, 150-152. Исто, 152-153. 9 Зборник на одбрани документи за историјата на Битола и Битолско 1941 – 1945, Том I, Документи за создавањето и развојот на органите на народната власт во Битола и Битолско 1944 – 1945, Книга 2, Битолски околиски народноослободителен одбор 1944 – 1945, Градски народноослободителен одбор 1944 – 1945, избор, редакција и коментари Александар Крстевски-Кошка и др., Историски архив-Битола – Општински одбор на СЗБ од НОВБитола, Битола 1985, 195. 8

81


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

телски кадар,10 на предлог на Поверенството за просвета, Президиумот на АСНОМ на своето заседание одржано во Скопје на 1 декември 1944 година донел решение во Скопје да се отвори учителска школа.11 Во писмото бр. 204 од 16 декември 1944 година што требало да биде доставено до сите градски и околиски народноослободителни одбори заради брзо извршување, Поверенството за просвета истакнало дека во Скопје била отворена Учителска школа во која во учебната 1944/45 година ќе се примеле до 370 ученици за што постоеле и одредени критериуми. Учениците требале да имаат завршен од III до VII клас гимназија, да не се помлади од 15 години или постари од 20 години, телесно и духовно да бидат здрави и да немаат физички недостатоци. Во I клас ќе се примеле ученици со завршен III клас од 15 и 16 години, во II клас со завршен IV клас од 16 и 17 години и во III клас со завршен V клас од 17 години. Водејќи грижа за учениците од провинција во однос на нивното место на живеење во Скопје и нивната исхрана, власта планирала тие да живеат и да се хранат во интернатот на Учителската школа заради што било предвидено да се формира „Фонд за издршка на ученици при Школата за народни учители на Македонија – Скопје“. Приходите за фондот би се собирале од: 1. Месечни вносови по 2500 лева од учениците кои по проценката на народноослободителните одбори можеле да бидат издржувани од родителите; 2. Секој градски или околиски (за селата) НОО требал да предвиди по 4–7 стипендии за ученици кои ќе бидат избрани и испратени во школата. Месечно сипендијата би изнесувала по 2500 лева или 25000 лева годишно за секој ученик; 3. Дарови од побогатите (во таа смисла ќе се упател еден повик до граѓаните); 4. Помош од обласните народноослободителни одбори. Запишувањето на учениците во Учителската школа ќе се вршело во периодот од 20 до 31 декември 1944 година, а се планирало наставата да започне на 20 јануари 1945 година. Молбите за примањето на учениците требале да се поднесат преку народноослободителните одбори кои молбите и препораките за кандидатите требале да ги достават до Поверенството за просвета во Скопје најдоцна до 10 јануари 1945 година. Во молбата, кандидатот требал да ги наведе следните податоци: каде е роден, точната адреса, колку години има, кој клас завршил во гимназија, која учебна година и кој ќе го издржува. Се водело сметка учениците да бидат одбрани од сите краеви на федерална Македонија за потоа да работат во своите родни места. По можност, 10

Нада Јурукова, Културно-просветни појави и процеси во Македонија (1944-1953), ИНИ, Скопје 2003, 97. 11 Зборник на документи од Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), редакција Александар Т. Христов, Миле Тодоровски, ИНИ, Скопје 1964, 499.

82


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

стипендистите требале да потекнуваат од семејства заслужни за слободата на Македонија. Стипендистите имале обврска да потпишат изјава дека најмалку 5 години ќе работат како учители во македонската држава. Писмото на Поверенството за просвета бр. 204 од 16 декември 1944 година, Битолскиот областен НОО-просветен оддел го упатил до просветниот оддел на Околискиот НОО Битола на 21 декември 1944 година и му наредил ова писмо веднаш да го соопшти преку барабанџија или преку микрофон (доколку постоел) или пак истото да биде објавено на видно место.12 За текот на организирањето на образовниот систем во Битолската област постојат податоци во упатениот извештај на 23 декември 1944 година од просветниот оддел на Битолскиот областен НОО до Поверенството за просвета. Извештајот го напишал прочелникот Љубен Лапе 13 кој известил за состојбите во образованието во Битолската област и просветната работа во оваа административна единица. На почетокот во извештајот се посочило дека уште за време на окупацијата на Македонија во текот на Втората светска војна, „просветната борба се водеше рака за рака со револуционата борба“. Потоа било истакнато дека со протерувањето на окупаторите од Македонија започнало поплански и позасилено да се дејствува за просветувањето на македонскиот народ. Отворањето на училиштата во Битолската област секаде не се одвивало рамномерно за што постоеле 3 причини: во многу села училиштата биле изгорени или инвентарот бил разграбан, не постоел доволен број на учители и во градовите и селата немало еднаква иницијатива за отворање на училишта. Прочелникот Лапе истакнал дека дење и ноќе се работело за да се поправат училиштата или пак истите да бидат дислоцирани во други згради. Имало случаи кога училиштата во Кавадаречката и Охридската околија биле поправани од ученици кои потоа станале учители во тие села. Така, горе-долу се постигнало зградите за училиштата во целата Битолска област да ги приберат учениците.

12

Зборник на одбрани документи, Т. I, Кн. 1, 153-155. Љубен Лапе (Прилеп, 11. X 1910 – Скопје, 24. XI 1985), универзитетски професор, историчар, академик. Се школувал во Прилеп и Битола, а историја дипломирал на Филозофскиот факултет во Белград (1936). Од 1941 година бил на служба во гимназиите во Струмица, Ехлово и Панаѓуриште од каде поради својата активност против бугарската власт во Македонија бил испратен во логорот „Чучулигово“ (Бугарија). Во октомври 1944 година се вратил во Македонија и како областен училишен инспектор и помошник-министер на просветата на Народна Република Македонија во Скопје бил еден од организаторите на македонското школство и на првите културно-просветни и научни установи, меѓу кои и Институтот за национална историја и на Катедрата по историја на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што работел до пензионирањето. Бил директор на Институтот за национална историја (19521956). Еден е од редакторите на тритомната „Историја на македонскиот народ“ објавена во 1969 година. Во 1972 година е избран за дописен член на Македонската академија на науките и уметностите, а во 1976 година и за нејзин редовен член. Македонски историски речник, ИНИ, Скопје 2000, 267. 13

83


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

При подготовките на учителите за реализацијата на наставата се одржале курсеви на кои се предавале предметите психологија на детето, историја на македонскиот народ „со линијата на денешната борба“, методика и дидактика, општа педагогија и пеење. Такви курсеви биле одржани во Прилеп, Кавадарци, Битола, Дебар, Брод и Ресен, а во Прилеп бил одржан курс и по втор пат. Во Охрид, Струга и Кичево било планирано курсевите да се одржат за Божиќ. Иако преку одржаните курсеви не се постигнале големи резултати бидејќи за 15 дена колку што траеле курсевите не можело да се постигне сè она што му било потребно на еден учител, сепак, таквите курсеви биле неопходни. За стручното усовршување на учителите се одржале и конференции за коишто се сметало дека се најпогодна форма за усовршување. Во тој поглед, биле одржани две конференции. Првата конференција на тема „Воспитната цел и наставните принципи на младата македонска држава“ била одржана во Струшката околија, а втората конференција била одржана во Дебарската околија. До 22 декември 1944 година, освен во Ростушката околија за којашто просветниот оддел на Битолскиот областен НОО немал податоци зашто на ова подрачје народната власт била организирана пред 8 дена, училиштата биле отворени и работеле во целата Битолска област. Како што посочил прочелникот Лапе, во Ростушката околија бил образуван и просветен оддел кој требал да се погрижи и тука да се отворат училишта. Во Ресенската околија, благодарение на агилноста на прочелникот Г. Ивановски, просветната активност ги надминала границите на околијата. По постигнатиот договор со албанските власти, во 6 села во Албанија биле испратени 9 учители кои ќе им предавале на македонските деца на нивниот мајчин јазик. Тие села биле Пустец, Шулин, Глобочани, Церје, Пуминец и Горица. Трите гимназии во Битолската област не биле отворени, меѓутоа, запишувањето на учениците во нив се одвивало. Професорите од Битолската, Охридската и Кавадаречката гимназија за да не седат без работа предавале во I, VI и VII одделение во истите градови. Постоел проблем со училиштата на албански и турски јазик за оние што зборувале на двата јазика. Таму каде што имало учители што знаеле албански и турски јазик биле назначени за учители и училиштата на малцинствата почнале да работат. Во Битола работело и француско училиште до VII одделение и I клас гимназија. Бил застапен и македонскиот јазик според упатствата од Поверенството за просвета. Во Битолската област биле отворени и аналфабетски вечерни курсеви во Ресенската, Битолската, Кавадаречката и Дебарската околија. Нивното продолжување зависело од снабдувањето со газија, т.е. доколку се располагало со потребните количества на газија се очекувало тие курсеви да ја постигнат целта што се очекувала од нив. 84


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Од направените ревизии во Кичево, Прилеп, Битола, Ресен, Охрид, Струга и Кавадарци, прочелникот Лапе констатирал дека училиштата ќе ги постигнат своите цели доколку им се дадат книги помагала и ако се решела економската положба на учителите. На каква економска положба се мислело не е наведено во извештајот, но, можеби, таа се однесувала на платите на учителите бидејќи ова прашање било третирано во споменатото писмо на Поверенството за просвета бр. 125 од 8 декември 1944 година. Понатаму, во извештајот, прочелникот Лапе повторно се осврнал на констатацијата дека секаде каде што бил утврдил голема потреба за книги и раководства, а учителите работеле под најтешки услови и биле свесни за одговорноста на нивната професија. Кога станува збор за бројната состојба на учителскиот кадар во Битолската област, во извештајот се истакнувало дека таа состојба ќе се изменела зашто сите учители на возраст од 18 – 25 години и постарите биле повикани во војска. Бидејќи 70% од учителите биле на таа возраст, се сметало дека ќе се затворат многу училишта. На пример, во Битолската и Ресенската околија, од 234 учители, 120 оделе во војска во Битолската околија додека во Ресенската околија останале да работат само 20 учители. Решение за излез од ситуацијата се гледало во тоа дека можеби со ослободувањето од војска на уште некои стари учители би се пополнил бројот на мобилизираните учители.14 Организирањето на културата во Битолската област се вршело под надлежност на културно-просветното одделение при информациониот односно просветниот оддел на Битолскиот областен НОО. Во периодот од 5 ноември до 23 декември 1944 година тоа одделение во Битола и Битолската област спровело разни активности. Една од нив била остварена на 7 ноември 1944 година кога во Битола се одржал голем митинг и била прикажана приредба на која биле изведени скечот „Балада на Гвардејското знаме“, неколку рецитации и се пееле македонски народни и руски песни. На 15 ноември 1944 година, по одржаниот митинг во Охрид, во салата на тамошната гимназија театарско-музичката група на културно-просветното одделение приредила приредба со разнообразна програма. Дел од неа бил и скечот „Ѓоре Магаревски“. Истата програма била претставена во Струга и во с. Вевчани, Струшко. На 7 декември 1944 година се одржала литературно-музичка вечер а собраниот приход ѝ бил даден на Првата егејска македонска народноослободителна ударна бригада. Била приредена и програма што ја сочинувале рецитации одбрани од спевовите „Партизани и робии“, руски романси и македонски народни песни, скечот „Одговор на Македонија и поробена Европа на Германија“ и „Врапче“. Следниот ден, на приредбата во чест на Димитар Влахов биле изведени рецитации од спевот „Партизани“ од Венко Марковски, неколку македонски народни песни, хорската рецитација „Поранил Гоце“ и 14

Зборник на одбрани документи, Т. I, Кн. 1, 155-157.

85


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

скечот „Стојан под окупаторот“. На 18 декември 1944 година културно-просветното одделение приредило литературно-музичка вечер а приходот бил наменет за зимската помош во Битола. Вечерта биле претставени драмата во еден чин на Бранислав Нушиќ „Туѓинче“, скечот „Четворица Руси“, музичките слики „Е ухнијем“ и „12 разбојника“, неколку рецитации и македонски народни песни. На 19 декември 1944 година била повторена оваа програма. За претстојните активности на културно-просветното одделение се сметало да се одржат предавања од научен, културен, просветен и од др. карактер, да се организира граѓански хор составен од ослободени лица од мобилизација, да се спроведува редовна театарско-музичка активност во Битола и Битолската област и друго.15 На крајот ќе истакнеме дека во настојувањата на власта во повоена Македонија да се преземат мерки и да се спроведат активности при тешки економски, кадровски и други услови заради ликвидирањето на неписменоста на населението, развојот на образовната мрежа и издигањето и ширењето на културното ниво на населението, активна улога имал Битолскиот областен НОО кој во административната единица Битолска област пристапил кон реализацијата на таквите процеси. Резиме: Во фокусот на вниманието на оваа статија се наоѓаат активностите на Битолскиот областен народноослободителен одбор при организирањето на образованието и културата во Македонија во ноември и декември 1944 го-дина. Статијата се темели на примарна изворна документација од Битолскиот областен народноослободителен одбор. Summary: In the focus of this article are the activities of the Bitola District National Liberation Committee in organizing the education and the culture in Macedonia in November and December 1944. The article is based on primary source documents from the Bitola District National Liberation Committee. Извори и литература I. Објавена архивска документација - Зборник на документи од Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), редакција Александар Т. Христов, Миле Тодоровски, ИНИ, Скопје 1964. - Зборник на одбрани документи за историјата на Битола и Битолско 1941 – 1945, Том I, Документи за создавањето и развојот на органите на народната власт во Битола и Битолско 1944 – 1945, Книга 1, Битолски областен народноослободителен одбор 1944, избор, редакција и коментари 15

Исто, 158-160.

86


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Александар Крстевски и др., Историски архив-Битола – Општински одбор на СЗБ од НОВ-Битола, Битола 1984. - Зборник на одбрани документи за историјата на Битола и Битолско 1941 – 1945, Том I, Документи за создавањето и развојот на органите на народната власт во Битола и Битолско 1944 – 1945, Книга 2, Битолски околиски народноослободителен одбор 1944 – 1945, Градски народноослободителен одбор 1944 – 1945, избор, редакција и коментари Александар Крстевски-Кошка и др., Историски архив-Битола – Општински одбор на СЗБ од НОВ-Битола, Битола 1985. II. Литература Велјановски Новица, Административно-централистичкиот период во државноправниот развој на Македонија (1945 – 1953), ИНИ, Скопје 1992. Димитријевски Марјан, Македонската војска 1944 – 1945, ИНИ, Скопје 1999. Јурукова Нада, Културно-просветни појави и процеси во Македонија (1944 – 1953), ИНИ, Скопје 2003. Јурукова Нада, Основното воспитание и образование во Македонија (1944 – 1950), ИНИ, Скопје 1990. Македонски историски речник, ИНИ, Скопје 2000. Танковски Ѓорѓи и др. ред., Воспитанието и образованието во Битола: развој и перспективи: зборник на материјали од одржаниот собир на 1 и 2 јуни 1989 година во Битола, Друштво за наука и уметност – Битола, Битола 1990.

87



UDC 929 Брашнаров, П. Илија ВАСИЛЕСКИ,

1

ПАНКО БРАШНАРОВ - ОД ИСТАКНАТ НАЦИОНАЛЕН БОРЕЦ ДО ЖРТВА НА КОМУНИСТИЧКИОТ РЕЖИМ Апстракт: Во овој труд прикажан е ликот и делото на Панко Брашнаров, истакнат македонски револуционер, борец за слобода и правда на македонскиот народ, еден од втемелувачите на современата македонска држава низ поставките на Музејот на Македонската борба за државност и самостојност, Музеј на ВМРО, Музеј на жртвите на комунистичкиот режим Клучни зборови: Музеј, македонска борба, Македонски револуционер, АСНОМ, КПЈ, Информбиро, УДБА, Голи Оток. Историската наука го познава Панко Брашнаров како скромен, чесен и тивок велешанец, посветен на своите дела и истраен во своите идеали. Во неговиот лик, историјата препознава голем македонски револуционер од времето на илиденскиот период, член на ТМОРО, народен учител, член на ЦК на ВМРО (Обединета) и потпретседател на Президиумот на АСНОМ. Тој е човекот кој со целото свое битие се посвети на ослободувањето и обединувањето на Македонија, барајќи правда и достоен живот за селанецот и за работникот. За таа тврдокорност и упорност во остварувањето на своите идеали, голем дел од животот го помина во затвори. Поради својата скромност, патриотизмот што го носеше во себе и истрајноста во борбата за решавање на македонското прашање, остана без свое семејство и потомство2. Неговиот гроб не се знае, но, се знаат и се паметат неговите големи дела низ мачните искушенија на македонската историја. Панко Брашнаров е роден во Велес на 27 јули 1883 година, (стар стил), односно на 9 август 1883 година, (нов стил), од татко Тодор Брашнаров и мајка Коца Брашнарова, родена Белчева3. Своето образование го започнува во родниот град во егзархиската прогимназија, која ја завршува во 1898 година.4 Потоа се запишува во Машкото педагошко трикласно училиште во

1

м-р Илија Василески, водич во Музеј на Македонската борба за државност и самостојност, Музеј на ВМРО, Музеј на жртвите на комунистичкиот режим, ул. „11 март“, бр.1 Скопје; Ул. „Ленинова“ 16а/12, Скопје; Ilijavasileski@yahoo.com 2 Усна изјава од Костадин Сарагинов од Скопје, правнук на Панко Брашнаров, октомври 2014 година. 3 Крштеница на Панко Брашнаров издадена од Велешката Митрополија бр.221, од 10 април 1913 година, Музеј на Македонската борба... 4 Българско мѫжко трикласно и педагогическо училище въ г. Скопие, СвидҌтелство за свършенъ курсъ № 3, 27 Юни 1902 година, Музеј на Македонската борба...


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Скопје, кое го завршува во 1901 година.5 По завршувањето на училиштето, започнува да работи како народен учител во повеќе градови низ Македонија.6 Со своите револуционерни дела што ги остави зад себе, како исклучително значајна личност во македонската историја, Панко Брашнаров зазема достојно место и во Музејот на Македонската борба за државност и самостојност, Музеј на ВМРО, Музеј на жртвите на комунистичкиот режим. Во поставката на Дванаесеттото одделение на Музејот, во кое е претставен периодот на Антифашистичката и Народнослободителната борба на македонскиот народ од 1941 до 1944 година, во негова чест, поставена е уметничка слика-портрет, која го претставува животот и делото на револуционерот и со гордост ја одсликува неговата значајна улога, која му е доделена, како најстар член и делегат, да го отвори Првото заседание на АСНОМ.7 Уметничката слика, односно стоечки портрет 8 на Панко Брашнаров , ги отсликува и неговите емоции содржани во поздравниот говор, во манастирот „Свети Отец Прохор Пчињски“, каде што им се обрати на своите сонародници и го објави отварањето на Првото Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија9. Во своето излагање, тој дава историски преглед на настаните поврзани со револуционерната борба на македонскиот народ, искажувајќи го и неговиот идеал за создавање слободна македонска држава во рамките на нејзините географски и етнички граници.10 По конституирањето на АСНОМ, на Панко Брашнаров му се доделувани значајни функции. Избран е за потпретседател на Президиумот на АСНОМ, за Народен пратеник во народното собрание на Народна Република Македонија11 како и за Народен

5

Исто. СвидҌтелство на Българската Църква, № 5826, 27 август 1915 година. Гр. София, Музеј на Македонската борба... 7 На 2 август 1944 година на Илинден во пространата сала на историскиот манастир „Свети Отец Прохор Пчињски“во попладневните часови се одржа Првото заседание на АСНОМ. Заседанието го отвори најстариот член на Иницијативниот одбор Панко Брашнаров, учител од Велес. “(АСНОМ документи Том I Книга I, Скопје, 1984 година, стр. 107). 8 Портретот е масло на платно, насликан од македонскиот сликар Милош Коџоман. 9 АСНОМ документи..., стр. 108, 109. 10 Виолета Ачковска, Лекции од историјата на современата македонска држава ( 1944-1991), Скопје, 2011 година, стр. 27. 11 Легитимација од функција народен пратеник на Панко Брашнаров, бр. 26 од 25 мај 1947 година, Музеј на Македонската борба... 90 6


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

пратеник во Собранието на Федеративна Народна Република Југославија,12 член е и на одборот на Народниот Фронт на Македонија13 Годините поминати низ тешки искушенија на порази и победи, на Брашнаров му го доделија епитетот: истакнат македонски револуционер, национален борец за слобода и правда и втемелувач на современата македонска држава. Но, по завршувањето на Втората светска војна и етаблирањето на Македонија во Југословенската федерација, доаѓа до голем пресврт во неговиот живот. Затечен од противречностите меѓу создадената македонска држава како гарант за националниот прогрес на македонскиот народ и строгата идеолошка контрола во сите сегменти на живеење и творење, диктирана од Комунистичката партија во југословенската федерација, Брашнаров доаѓа до политички и идеолошките разлики и несогласувања со раководството на КПЈ. Овие разлики особено се изразени за време на советско – југословенскиот конфликт во 1948 година, со разединување на ставовите и политичкиот судир меѓу КПЈ и КПСС, односно несогласувањата на релација Тито – Сталин и со донесувањето на Резолуцијата на Информбирото.14 Во овој период од страна на КПЈ започна силна кампања против приврзаниците на Информбирото. Започнаа гонења, монтирани судски процеси, следење и апсење на поддржувачите на Информбирото. Во вителот на политичките превирања, изолации, политички деградирања и идеолошките пресметки се најде и Панко Брашнаров, како следбеник и поддржувач на ставовите на Информбирото, а со тоа изразувајќи го своето незадоволство по однос на нерешавањето на прашањето за обединување на Македонија, За сметка на тоа, тој се откажа од сите доделени функции, а скромноста која го одликуваше неговото битие, го откажа од привилегиите што можеше да ги има.15 Иако веќе пензиониран,16 со оглед на тоа што го поддржа Информбирото, тој е oбележан како „информбировец“ и 12

Членска карта – Народна Скупштина Федеративне Народне Републике Југославије, Већe Народа, на име Брашнаров Панко, народни посланик, бр, 335, од 1.V. 1946 година, Музеј на Македонската борба... 13 Членска карта бр. 472/12, Панко Брашнаров чиновник, член е на одборот на Народниот Фронт на Македонија, XII блок и III реон, Град Скопје, околија ул. 370, бр. 23. Музеј на Македонската борба за државност и самостојност, Музеј на ВМРО, Музеј на жртвите на комунистичкиот режим. Народнит фронт на Македонија е масовна политичка организација на целиот македонски народ, без оглед на верската, националната и политичката припадност, со цел да се мобилизираат сите сили во НОБ, за ослободување на Македонија. (Историско одељење Централног Комитета КПЈ, Историски архив Комунистичке Партије Југославије, Том VII, Македонија у народноослободилачком рату и народној револуцији 1941-1944, Београд, 1951, стр.350-351). 14 Виолета Ачковска, Лекции од историјата на современата македонска држава ( 1944-1991), Скопје, 2011, стр. 113-114 15 Усмена изјава од Костадин Сарагинов од Скопје, правнук на Панко Брашнаров, октомври 2014 година 16 Решение за пензија на Панко Брашнаров, П. Бр.5744/1950 година, Министерство за социјални грижи на НРМ, Управа за Социјално осигурување Скопје, Музеј на Македонската борба за државност и самостојност... 91


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

е следен од органите на тогашната Управа за државна безбедност (УДБ-а). На 11 декември 1950 година, во 6 и 30 часот наутро, се сеќава неговиот правнук, Костадин Сарагинов, со налог за претрес, од органите на УДБ-а тој е уапсен и подложен на седуммесечно исцрпувачко сослушување17. Така, Панко Брашнаров, од заслужен Македонец, со големи револуционерни идеи, стана политички неподобен, етикетиран како „информбировец“, а со тоа и како непријател на државата. Без никаков официјален документ за кривична одговорност, а врз основа на прекршочна постапка, на 29 јуни 1951 година,18 со образложение дека измислувал и ширел лажни вести со кои го нарушувал спокојството на граѓаните, а со тоа го нарушувал јавниот ред и мир, го испратија на 24 месеци „превоспитување и општествено полезна работа“, на озогласениот јадрански остров и психолошко мачилиште Голи Оток. Патот кон логорот на јадранскиот остров Голи Оток, Панко Брашнаров го поминува заедно со други „информбировци“ натоварени и врзани со ортома во товарен воз за Риека, а оттаму претепани и измалтретирани низ „удбашкиот шпалир“, голготата ја продолжуваа по Јадранско море со бродот „Пунат“. На Голи Оток, Брашнаров се соочува со најголемите понижувања и измачувања што може да ги доживее едно човечко суштество, безмилосно претепуван до смрт и психички малтретиран. Иследниците што го малтретираа и тепаа, го убија неговиот дух и го скршија човекот во него.19 Кревкото и изнемоштено тело на Панко Брашнаров не можеше повеќе да ја издржи затворската тортура. Почина на 13 јули 1951 година, во 13 часот, на 68 годишна возраст. 20 По четири месеци од неговат смрт, по службена должност ја известија неговата внука, Богданка Брашнарова, дека Панко Брашнаров починал.21 Во Тринаесеттото одделение во Музејот претставен е периодот на жртвите од комунистичкиот режим. Во него е поставена и восочната фигура на Панко Брашнаров, која го претставува неговото изнемоштено тело, физички пропаднато, доловувајќи го и амбиентот во кој престојувал на озогласениот логор на јадранскиот остров, Голи Оток.

17

Усмена изјава од Костади Сарагинов од Скопје, правнук на Панко Брашнаров, октомври 2014 година 18 Решение бр. 766 од 30.06 1951 година, Народен одбор на град Скопје, комисија за прекршоци, Музеј на Македонската борба... 19 Виолета Ачковска, Никола Жежов, Репресијата и репресираните во најновата македонска историја (прв дел), Макавеј, Скопје, 2005 година, стр. 263-265. 20 Записник за смртта на Панко Брашнаров на Голи Оток, 13.07.1951 година, потпишан од мајор Сотировски Киро, капетан Блануша Миле, капетан Киро др. Алија и затвореникот др. Никола Николиќ, Музеј на Македонската борба... 21 Извадок од известувањето дека Панко Брашнаров е покоен до неговата внука Богданка, Музеј на Македонската борба... 92


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Така заврши еден животен пат на голем македонски револуционер, кој целиот свој живот и го посвети на Македонија. На јадранскиот остров неправедно згасна животот на народниот учител, илинденецот, најстариот делегат кој го отвори Првото заседание на АСНОМ, Панко Брашнаров. Тој заедно со плејада истомисленици, заслужни македонски дејци, поради своите идеолошки убедувања, спротивни на идеолошката сфера на КПЈ, беше репресиран, односно беше жртва на репресија на комунистичкиот режим. За Панко Брашнаров, за неговиот живот и за неговата мрачна судбина, напишани се многу сведоштва и сеќавања. Едно од нив е и десеттото писмо на македонскиот поет Венко Марковски.22 Во писмото поетот меѓу другото ќе напише: „Чекори стариот учител Панко Брашнаров, другарот на Васил Главинов, револуционерот, интернационалистот, кој го обрекол својот живот на борбата за правда и слобода. Тој живеел во најтешки услови како ехимонах, не почувствувал нежно милување на мила другарка, ја влечел затвореничката риза, одделуван од блиски роднини, уште неизрадуван на изгревот на социјализмот, кој небеше го доизрекол уште својот говор при создавањето на АСНОМ и него мрачниот насилник го фрла во пеколот на Голи Оток, и Панко Брашнаров исчезнува без трага“.23 На сето досега искажано, неговиот правнук Костадин Сарагинов, ќе додаде: „Не успеа да формира семејство затоа што никогаш немал свој дом, а судбината сурово си поиграла со него, не дозволувајќи му до денешен ден барем да има свој гроб“ Библиографија: АСНОМ документи Том I Книга I, Скопје, 1984 година, стр. 107).АСНОМ документи Виолета Ачковска, Лекции од историјата на современата македонска држава (1944-1991), Скопје, 2011 година. Историско одељење Централног Комитета КПЈ, Историски архив Комунистичке Партије Југославије, Том VII, Македонија у народноослободилачком рату и народној револуцији 1941-1944, Београд, 1951,

22

Изразито талентиран македонски поет, роден на 15 март 1915 година во Скопје, жртва на репресијата на комунистичкиот режим (Виолета Ачковска, Никола Жежов, исто, стр. 239). 23 Податокот за десеттото писмо на Венко Марковски посветено на Панко Брашнаров, го добив од Костадин Сарагинов од Скопје, правнук на Панко Брашнаров, во октомври 2014 година. 93


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Виолета Ачковска, Никола Жежов, Репресијата и репресираните во најновата македонска историја (прв дел), Макавеј, Скопје, 2005 година, Документи: Музеј на Македонската борба за државност и самостојност, Музеј на ВМРО, Музеј на жртвите од комунистичкиот режим, Интервју: Костадин Сарагинов од Скопје, правнук на Панко Брашнаров,. Заклучок: Од досега изнесеното, можеме да заклучиме дека се работи за исклучително значајна личност во македонската историја. Брашнаров беше национален борец за човековите права и слободи и тоа од времето на илинденскиот период, па сè до конституирањето на АСНОМ и втемелувањето на македонската држава. За да се зачуваат од заборавот и да послужат како пример за генерациите што доаѓаат, Музејот на Македонската борба за државност и самостојност, широко ги отвори своите порти и го овековечи благородниот лик на Панко Брашнаров, го овековечи животот и делото на скромниот и тивок учител од Велес, заедно со плејада македонски дејци, втемелувачи на македонската држава.

Summary From the above mentioned, we can conclude that we are speaking about a very important person in the Macedonian history. Brashnarov was a national fighter for human rights and freedoms since the time of the Ilinden period until the establishment of ASNOM and the establishment of the Macedonian state. In order to save it from oblivion and to serve an example for the forthcoming generations, the Museum of the Macedonian struggle for Statehood and Independence, Museum of the Internal Macedonian Revolutionary Organization, the Museum of the victims of the communist regime, have widely opened their doors and have perpetuated the noble character of Panko Brashnarov, have immortalized the life and work of the modest and silent teacher from Veles, together with numerous Macedonian activists, founders of the Macedonian state.

94


UDC 329(=163.3) (497.742) "1893/1913" Бранко ЃОРГИЕВ,

1

ПОМАЛКУ ПОЗНАТИ РЕВОЛУЦИОНЕРНИ ДЕЈЦИ ОД СТРУМИЦА И СТРУМИЧКО ВО ВРЕМЕТО ОД ОСНОВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА ДО ПОЧЕТОКОТ НА БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ (1893 – 1912/13) Апстракт: Македонското револуционерно и националноослободително движење во периодот од 1893 до 1903 година, но и подоцна, зема значајно место во историјата на македонскиот народ. Тоа е еден од најбурните и најдраматичните периоди на македонскиот народ за слобода и за независна држава. Токму тогаш МРО успеала да го подигне и да го раздвижи македонското прашање и на меѓународен план, пред големите Европски сили. Во Македонското националреволуционерно движење учествувале голем број револуционерни дејци од Струмица и од струмичко. Дел од нив на македонската научна и поширока јавност и се доволно познати. Сепак, треба да се потенцира дека за некои револуционерни дејци од струмичко многу малку се знае иако нивниот придонес во Македонското револуционерно и ослободително движење може да се оцени како значаен и мошне важен. Во овој истражувачки труд нашето внимание е свртено токму кон дејноста на дел од помалку познатите револуционерни дејци од Струмица и од струмичко прикажани овде преку нивни елементарни биографски одредници. Клучни зборови: Македонија, струмички револуционери, Струмица, МРО. По формирањето на Македонската револуционерна организација во Солун (23. 10. 1893) од страна на Иван Хаџи Николов, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Христо Татарчев, Христо Батанџиев и Андон Димитров следувал период на забрзано проширување и формирање мрежа на револуционерни комитети низ целата територија на Македонија. Македонското револуционерно националослободително движење од крајот на XIX и почетокот на XX век зазема значајно место во историјата на македонскиот народ. Всушност, се смета дека тоа е еден од најбурните и најдраматичните периоди во поновата македонска историја. Во разгледуваниот период МРО израснала во респектабилна политичка, револуционерна и воена сила којашто во целост ги изразувала и ги застапувала интересите на македонското население за извојување политич1

Бранко Ѓоргиев, кустос– историчар во НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј”– Струмица, адреса: “27 март” бр. 2 Струмица, адреса на живеење: „Панче Пешев“ бр. 58 Струмица, е-пошта: brane.gorgiev@gmail.com


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

ка слобода и автономија. Познато е дека Македонското револуционерно движење на историска сцена се појавило не само како израз на тешката и мошне сложена положба на македонското население во Османлиската Империја, туку и како одговор на опасноста Македонија територијално да биде распарчена и поделена од балканските државички Србија, Бугарија и Грција. За таа цел, веднаш по формирањето МРО ја издигнала девизата за единствена и неделива Македонија, односно за политичка автономија – принцип зад којшто се криеле повисоки цели за создавање самостојна и независна македонска држава. 2 Всушност, заложбите на РО почивале врз нејзината стратешка определба според која македонското прашање, по пат на револуција 3, да го решаваат самите Македонци со што смислата за војна меѓу балканските народи за поделба на Македонија однапред била поништена и станувала беспредметна. 4 Од друга страна, треба да се потенцира дека ваквите определби коишто нашле одраз и во уставно-статутарните акти на МРО претставувале неопходност и основен предуслов за зачувување на целоста на Македонија во услови на мошне сложено домашно и меѓународно општествено опкружување. Ваквите стратешки определби на МРО неминовно воделе кон остра конфронтација со великодржавните идеи на соседните балканските земји, како и со политичките интереси на големите европски сили коишто, воопшто, не воделе сметка за веќе афирмираните македонски интереси претставувани од страна на македонското ослободителното движење. Особено остра конфронтација се водела со црковно-просветните пропаганди на погоре споменатите соседни држави коишто инсталирале сопствени центри на пропагандна моќ на македонска почва. Нивна задача била обезбедување што повеќе „национални“ приврзаници. Сметале дека во поволен момент тие треба да послужат како внатрешни „национални“ сојузници, но и како оправдувачки фактор за нивните територијални претензии во Македонија.5 Затоа, не случајно, МРО странските црковно-просветни пропаганди ги оценила како „шовинистички... кои го расцепуваат и обессилуваат македонското...население во неговата борба против општиот непријател.“6 Ваквите тенденциозни национални програми спроведувани на македонска почва во голема мера биле поткрепувани и од политичкиот интерес на големите европски сили– посебно на Русија и Австро-Ун2

Ванчо Ѓоргиев, Слобода или смрт, Скопје, 2003, 132. Види: Устав на Тајната македонско-одринска револуционерна организација (1896), Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, Том први, док. 228, Скопје, 1981, 331 – 333. 4 Манол Пандевски, Македонското ослободително дело во XIX и XX век, том петти, Скопје, 1986, 383; Владо Поповски, Судирот меѓу македонскиот и рускиот фактор по прашањето за формирање македонска држава од Берлинскиот конгрес до Балканските војни, Зборник на трудови: Македонија и руската политика на Балканот од Берлинскиот конгрес до Првата светска војна – материјали од македонско-рускиот научен собир одржан во Охрид на 27 и 28 септември 2004, МАНУ, Скопје, 2008, 45 - 46; и сл. 5 Ванчо Ѓоргиев, цитирано дело, 93. 6 Види: Устав на Тајната македонско-одринска револуционерна организација (1896) ,Чл. 2, Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, 331. 96 3


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

гарија. Во прилог на ваквата констатација одат евидентираните постапки и предлози на високите дипломатски претставници на големите сили,7 како и меѓународните договори склучувани по однос на интересите во Османлиската Империја.8 Во тој поглед, особено илустративен е тајниот договор склучен меѓу Русија и Австро-Унгарија во 1897 година кога било договорено дека на Балканот ќе се создаде уште само албанска држава, додека другите делови, меѓу кои и Македонија, ќе бидат поделени на балканските држави.9 На истражувачите ваквите сознанија им послужиле како основа за да констатираат дека не само големината туку и самото постоење на балканските држави исклучиво биле регулирани од интересите на големите сили, а во согласност со правилата на играта за рамнотежа на моќта итн.10 Во Струмица и во струмичко темелите на МРО ги поставил Гоце Делчев уште во 1895 година. Прв кој ги прифатил идеите на Македонската револуционерна организација бил учителот Стојан Ѓорѓев од с. Дабиље. Треба да се потенцира дека Организацијата мошне бргу се ширела не само во градот туку и по околните села, така што биле основани револуционерни комитети во повеќе населени места до крајот на 1895 година. Меѓу нив и во: Муртино, Робово, Моноспитово, Василево, Вељуса, Куклиш, Ново Село, Костурино, Попчево, Дабиље, Нивичино итн. Ваквиот брз успех на МРО на подрачјето на Струмица и струмичко се должело, пред сè, на нескршливиот борбен дух и на слободарските стремежи кои постоеле евидентно кај тамошното македонско население. Од досегашните истражувања познато е дека во струмичко дејствувале голем број револуционерни дејци коишто дале значаен придонес во работата на МРО. Во оваа прилика ќе ги споменеме: Стојан Ѓоргиев, Доне Лазаров, Костадин Мазнејков, Костадин Самарџиев-Џемото, Славчо Кљамбов, Атанас Нивичански, Атанас Караманов, Мануш Турновски, Крсто Новоселски, Иван Илиев Ајдински, Ристоман Попчевски, Костадин Димков, Илија Маказлиев, Никола Казанџиев, Ѓеорги Грчев, Христо Бабамов, Димков Костадин, Илиев Ѓорги, Ковачев Мито, Томе Аџи Глигоров, Ѓеорги Аџи Котарев, Панде Кујумџиев, Глигор Манов, Тимо Бабамов, Христо Чернопеев и многумина други. Освен тоа, во работата на Револуционерната организација се вклучиле и повеќе жени учителки од градот или од околните села, како и од други македонски градови. Меѓу нив се и: Ленка Данева, Атина Бабамова, Фанија Николова, Јорданка Јанчева, Евантија Алабашева, баба Фидана од село Моноспитово итн.11 Струмичката околија со своите богати села расположени во плодородното струмичко поле и градот Струмица заземале важно место во целокупниот општествен, стопански, културен и црковен живот во османлиска Маке7

Владо Поповски, цитирана статија, 45 – 55. Види: Македонија во меѓународните договори, Архив на Македонија, Скопје, 1994. 9 Владо Поповски, цитирана статија, 47. 10 Марија Тодорова, Замислувајќи го Балканот, Скопје, 2001, 249. 11 Манол Пандевски и Ѓорги Стоев- Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969, 218. 97 8


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

донија. Административно околијата била уредена од турската држава како каза со седиште во Струмица. Во црковно – административен поглед градот бил седиште на Струмичката епархија, во која покрај Струмичката каза влегувале уште казите Радовишка, Тиквешка, Малешевска делови од Прилепска (12 села од Мариово), Гевгелиска и Дојранска. Исто така преку Струмичката околија воделе важни патишта (т.н. канали) за Организацијата кои воделе во внатрешноста на Македонија и преку кои се пренесувало не само најразличен материјал, писма, оружје и др., туку и вооружените чети коишто дејствувале на пошироката македонска територија. Како што и погоре споменавме во Македонското национал-револуционерно движење учествувале голем број револуционерни дејци од Струмица и струмичко. Дел од нив на македонската научна и поширока јавност и се доволно познати. Сепак, за некои револуционерни дејци од струмичко многу малку се знае иако нивниот придонес во работата и дејноста на Македонското револуционерно и ослободително движење од крајот на XIX и почетокот на XX век, исто така, може да се оцени како значаен и мошне важен. Во овој истражувачки труд нашето внимание е свртено токму кон богатата и разновидна револуционерна дејност на дел од помалку познатите македонски дејци од Струмица и струмичко прикажани овде преку елементарни биографски одредници. АНА РИСТОМАНОВА (1879 – 1969)

Ана Ристоманова е родена 1879 година во Ново Село, струмичко. Потекнува од револуционерно семејство, кое се приклучило мошне рано (во почетната фаза) во редовите на македонското револуционерно движење. За Организацијата извршувала курирска должност. Ги поврзувала селските месни организации (комитети) од подбеласичкиот и подогражденскиот регион. За потребите на ослободителното дело разнесувала оружје, писма, храна, облека, тутун и друг потребен и неопходен материјал без кој функционирањето на револуционерните чети било неможно. Се омажила за Мито Ристоманов, деец на МРО. Неговото семејство, исто така, учествувало во повеќе револуционерни настани. Родителите на Мито (Трајко и Велика), важеле за едни од најдоверливите луѓе на Организацијата. Во нивната семејна куќа се одржувале советувања на кои истакнати раководители (Гоце Делчев и др.) 98


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

решавале најразлични проблеми поврзани со дејноста на ослободително движење во овој дел на Македонија. Курирот, Ана Ристоманова, доживеала длабока старост. Починала во Ново Село во 1969 година. (Литература: Ванчо Ѓоргиев, Новоселските афери– провали во Струмичко 1901-1902 година, Зборник Струмица и Струмичко историја, култура и традиција, Струмица, 2008; Информација на Борис Ристоманов за организационата поставеност на МРО во Ново Село, Струмичко, запишале Васил Ѓоргиев и Емилија Петковска, (11. 06. 2011 год.), Материјали за дејноста на МРО во Струмица и Струмичко (1893-1908), Архива на историското одделение на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица.) АТАНАС ЈОВЕВ – МУРТИНСКИ (1867 – 1942)

Атанас Јовев е роден 1867 година во селото Муртино, струмичко. Бил еден од поистакнатите селски раководители на МРО, какви што биле и: Васил Наков (Дрвош), Алекса Иљашев (Попчево) Ѓорги Митушев (Три Води), Божин Ѓоргиев12 (Барбарево), Миљко Витанов (Робово), Панде Филев Смиљков (Дабила), Атанас Галев, Доне Јуруков, Трајко Барбутов, Мите Манавски, Андон Попов13, Велко и Ристо Џолеви14 (Моноспитово) и повеќемина други дејци кои одиграле особено важна улога во животот на Организацијата во Струмица и струмичко. Во неговиот дом во с. Муртино често престојувале раководители и дејци на Струмичкиот револуционерен округ, меѓу кои бил и војводата Христо Чернопеев. Откако османлиските власти присобрале информации за револуционерната активност на Атанас Јовев-Муртински, се создала реална можност и опасност за негово затворање и изведување пред османлиските судови. 12

Божин Ѓоргиев бил делегат и на околискиот Конгрес на автономистичката ВМРО, којшто се одржал 1923 година на планината Беласица. 13 Трајко Барбутов-Шерко, Мите Манавски и Андон Попов (сите од с. Моноспитово) поради нивната револуционерна ангажираност и во подоцнежната автономистичка ВМРО на Тодор Александров, во дваесеттите години од XX век, биле осудени на смрт од страна на српските власти и стрелани пред народот на извесно место меѓу градот Струмица и селото Дабила. 14 Ристо Џолев во 1923 година од српските власти е осуден на 8 (осум) години строг затвор. Окован во тешки пранги бил одведен во Нишкиот затвор. 99


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

За да се избегнат ваквите несакани последици месниот селски раководител на МРО извесно време бил принуден да го напушти родното место и Македонија, во која се вратил по Младотурската револуција (1908). Револуционерна дејност покажал и во периодот од почетокот на дваесеттите години од XX век кога дошло до возобновување на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) под раководство на Тодор Александров. Починал во 1942 година. (Литература: Илистрация Илинденъ, кн. 10 (140), год. XV, София, 1943; Манол Пандевски и Ѓорги Стоев – Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969; Информација за Атанас Јовев од Ванчо М. Попов, с. Муртино, Струмичко, запишала Емилија Петковска, Материјали за дејноста на МРО во Струмица и Струмичко (1893-1908), Архива на историското одделение на Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Струмица; Атанас Џолев, Спомени од минатото на мрачната историја за времето од почетокот на 1922 година до крајот на 1924 година за т.н. Горно-Џумајски македонски убиства, ракопис (машинопис), Архива на историското одделение на Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Струмицa;) БОЖИН Ѓ. БЕЛЕВ (1845 – 1920) Божин Ѓ. Белев е роден 1845 година во Струмица. Потекнува од познато протестантско семејство. Уште како мошне младо момче покажувал љубопитност и интерес за школување. Тоа ќе биде причината младиот Божин да замине во Рилскиот манастир каде што се здобил со неопходна наобразба. Таму, престојувал кај некој монах кого што претходно го запознал во Струмица. Подоцна се вратил во родниот град и станал учител. Како Евангелски проповедник служел во повеќе места низ Македонија: Струмица, Моноспитово, Муртино, Вељуса, Кавадарци, Кукуш (Егејска Македонија), како и во Елешница (Разлошко) во Пиринска Македонија. Се оженил со Зујца Белева. Имал двајца синови Борис и Александар, како и ќерка по име Рајна. Во втората половина на деведесеттите години од XIX век, Божин Белев активно се вклучил во редовите на Македонската Револуционерна Организација (МРО). Нему, Организацијата му доделувала одговорни задачи и должности. Според некои укажувања струмичките протестанти– членови на МРО оставале впечаток со својата интелигенција и важеле за едни од најдобрите работници на Организацијата. При едно разнесување писма за Револуционерната организација Божин бил фатен и затворен од страна на османлиските власти. Во затворот жестоко го измачувале. Подоцна бил интерниран на две години во Цариград. По враќањето од интернација продолжил да му служи на револуционерното дело. Починал 1920 година во Струмица. 100


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

(Литература: Алексо Мартулков, Моето учество во револуционерните борби на Македонија, Скопје, 1954; Кристина и Михаил Цеков, 120 години Протестантизам во Струмица, Струмица, 2002; Информација на Виктор Белев за Божин Белев револуционерен деец од Струмица, запишале Васил ЃоргиевЛикин и Емилија Петковска (28.4.2010 година), Материјали за дејноста на МРО во Струмица и Струмичко (1893 – 1908), Архива на историско одделение на Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица) ВАСИЛ Т. ЧОРЕВ (1869 – 1930)

Васил Т. Чорев е роден во Струмица на 12 февруари 1869 година. По професија бил чевлар. Во редовите на МРО се приклучил уште од периодот на нејзините почетни активности на подрачјето на Струмица и струмичко. Извесно време бил и член на околискиот комитет. Во чевларскиот дуќан на Васил, Организацијата складирала оружје и друг вид воена опрема. Истовремено служел и како место каде што времено се сокривале компромитираните припадници на ослободителното движење. Под обвинение дека е соработник на револуционерниот комитет бил осуден и интерниран во Анадолија (Мала Азија). Починал во 1930 година во Струмица. (Литература: Ѓорги Сувариев, Записи и белешки (1957/59), ракопис, Архива на етнолошкото одделение при Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј– Струмица; Информација на Елиза Чорева Шулевска и Васил Чорев за револуционерниот деец Васил Т. Чорев од Струмица, Материјали за дејноста на МРО во Струмица и Струмичко (1893 – 1908), Архива на историското одделение на фонд: Материјали за дејноста на МРО во Струмица и Струмичко (1893 – 1908), Архива на историското одделение Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица;) МИЛОШ КАСАПЧЕТО (СТРУМИЧАНЧЕТО) Милош Касапчето (Струмичанчето) во македонското ослободително и револуционерно дело си создал име на бестрашен и смел револуционерен деец кој го краселе мошне високи морални квалитети. Неговата лојалност и преданост кон слободарските стремежи и идеалите на МРО биле безмерни и достојни за секоја почит. Вистинскиот револуционерен лик Милош Касапчето имал можност да го покаже во текот на аферата која избувнала веднаш 101


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

по предавството и загинувањето на Иван Тодев (Бељал Чауш) во месец јуни 1905 година кај селото Едрениково. Смртта на војводата Иван Тодев за ослободителното дело, но и за населението во струмичко значело загуба којашто тешко можела да се надомести. По тој повод, членовите на окружниот комитет донеле одлука шпионот којшто го предал да биде фатен и казнет со бесење на јавно место (во месноста викана „Софилар“ во близина на Струмица). За реализација на таквиот потфат биле определени петмина смели револуционери од градот, кои веднаш заминале во селото Едриниково. По успешно изведената акција, петтемина егзекутори се упатиле кон определеното место за да го ликвидираат предавникот. Движејќи се по патот, вооружената група влегла во заседа поставена од Османлиската војска. Започнала жестока престрелка и бркотница во која настрадал еден војник. Фатениот шпион ја искористил ваквата состојба и веднаш со трчање се упатил кон војниците. По оваа битка и убиството на војникот избувнала афера што се заканувала да прерасне во вистинска провала од пошироки размери. Имено, истражните власти на самото место каде што се случила битката го пронашле тефтерот на Милош Касапчето (Струмичанчето). Поради тоа Милош бил фатен и затворен со обвинение дека бил соучесник во погоре споменатото убиството на османлискиот војник. Во текот на истрагата дошла до израз сета бруталност на затворските власти коишто применувале невидени жестокости и методи во обидот да извлечат признание дека токму тој ја водел четата што влегла во заседа и го убила војникот. И покрај тоа што истрагата не дала резултати (Милош ги издржал сите тортури и физички малтретирања) власта отворила судски процес во којшто единствен обвинет бил Милош Касапчето (Струмичанчето). Под обвинение дека бил курир на нелегална чета што го убила војникот Милош бил осуден на долгогодишна казна строг затвор. Со храброто држење на Милош Касапчето во текот на истрагата и судскиот процес било спречено избувнување афера – провала од пошироки размери којашто би имала последици и по револуционерното дело во Струмица и струмичко. Таквиот чин добива уште поголемо значење ако се има предвид фактот дека МРО по задушувањето на Илинденското востание правела напори за консолидација на сопствените редови како и осмислување нови револуционерни методи за реализација на поставените цели во согласност со новонастанатите постилинденски услови за дејствување. (Литература: Ангел Динев, Илинденска Епопеја, дел II, Скопје, 1949) ПАНДЕ МАЗНЕЈКОВ (1866 – 1952)

102


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Панде Мазнејков е роден во1866 година, од татко Ѓорги и мајка Параскева. Се школувал во Струмица. Го изучил и абаџискиот занает. Во градот поседувал сопствена абаџиска работилница. Тој е братучед на популарниот струмички и радовишки војвода Коста Мазнејков. Се оженил со Зујца Кукутанова (1867 – 1937) учителка од Радовиш и борец во четата на војводата Коста Мазнејков, во која имало и други жени борци. Од нив европска слава стекнале подвизите на учителката Екатерина Зоица Иванова. Дури и Османлиите бегале од неа викајќи: „Бегајте, тука е жената востаник“. Нејзини фотографии објавиле речиси сите тогашни европски весници. Панде Мазнејков мошне рано бил вклучен во редовите на македонското ослободително движење. Активно учествувал и дал ценет придонес во револуционерните настани во Струмица и струмичко. Заради неговата револуционерна дејност, впрочем како и другите дејци од овие македонски краишта, често пати доаѓал во судир со османлиските власти. Така, во 1905 година властите случајно откриле дека бил учесник на револуционерен конгрес одржан истата година на планината Огражден во месноста викана „Црвено Поле“. По тој повод струмичкиот револуционерен деец бил осуден на 15 (петнаесет) години строг затвор итн. Во 1951 година Президиумот на Народното собрание на Народна Република Македонија му доделил Илинденска споменица во знак на признание за особени лични заслуги за Македонија и македонскиот народ. Починал 1952 година во Струмица. (Литература: Ангел Динев, Илинденска епопеја, дел II,Скопје, 1949; група автори, Радовиш и Радовишко, Радовиш, 1984; Информација на Томе Мазнејков за дејноста на револуционерните дејци од Струмица Панде и Коста Мазнејкови, запишале Васил Ѓоргиев и Емилија Петковска на 30. 04. 2010 година, Материјали за дејноста на МРО во Струмица и Струмичко (1893 – 1908), Архива на историското одделение на Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј– Струмица;) ТОМО ПЕТРОВ ЉАТЕВ И ХРИСТО ЈАНЧЕВ Томо Петров Љатев (1880) и Христо Јанчев (1879) се родени во с. Бориево, струмичко. Од најрано детство биле неразделни другари. Судбината сакала во ист ден да ги положат животите за слободата на Македонија. И двајцата на мошне млада возраст ги прифатиле идеите на Македонската револуционерна организација и тоа уште при првото доаѓање на Гоце Делчев во Струмица и струмичко (1894/95). Во 1897 година учествувале во познатата акција за грабнување (заради откуп) на Назл'м-бег организирана и предводена од Гоце Делчев. Со него учествувале и во други акции во струмичко. По из103


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

бувнувањето на аферата што започнала во с. Бориево во 1902 година Томо Петров и Христо Јанчев својот револуционерен пат го продолжиле во четата на војводата Христо Чернопеев. Во споменатата афера бил уапсен и таткото на Томо, Петре Љатев како и многумина селани од повеќе населени места во струмичко како што се: Нивичино, Босилово, Моноспитово, Попчево, Куклиш, Дабиље, Белотино, Муртино, Вељуса, Пиперево, Робово, Водоча, Дрвош, Барабарево, С'чево итн. Тогаш, настрадало и Ново Село чиешто население било подложено на измачувања по наредба на озогласениот струмички кајмакам познат под името Црната Брада. Во 1903 година, четата на Христо Чернопеев учествувала во познатите и мошне жестоки судири на вооружените чети на МРО со Османлиската војска на планината Плачковица. При една таква ожесточена битка кај месноста „Маркова Скала“ на величествениот врв Голем Готен, Томо Петров Љатев (23) и Христо Јанчев (24) ги дале своите млади животи за слободата на Македонија. (Литература: Илустрация Илиндень, година XV, книга 3(143), София, марть, 1943; Манол Пандевски и Ѓорѓи Стоев-Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969; група автори, Радовиш и Радовишко, Радовиш, 1984; Ангел Динев, Илинденската епопеја, книга прва, Скопје, 1987; Ванчо Ѓоргиев, Слобода или смрт, Скопје, 2003; Информација на Костадин Томов (р. 1933 год.) од с. Бориево, запишал Васил Ѓоргиев-Ликин на 16. 2. 2011, Фонд: Материјали за дејноста на МРО во Струмица и Струмичко (1893–1908), Архива – Историско одделение при Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица;) ПОП ВАСИЛ ПЕТРОВ (ИСПИРСКИ) Свештеникот Васил Петров (Испирски) е роден во с. Робово, струмичко. Бил псалт во црквата св. Спас во селото Робово. За свештеник бил ракоположен 1891 година во Цариград заедно со поп Стефан Јанушев, поранешен учител во неколку струмички села (Робово, С'чево, Попчево и Три води). Поп Васил Петров бил со мошне жив темперамент и вешт популаризатор на идеите за извојување слобода за македонското население. Неговите современици го опишуваат како човек со енергија и смелост („черкез – фурија“), но и како голем деец кој бил мошне популарен и влијателен меѓу народот. Во 1902 година за време на познатата афера што најпрво избувнала во с. Бориево, поп Васил веднаш заминал за Ново Село од каде струмичкиот кајмакам (познат под името Црната Брада) раководел со истрагата по повод споменатата афера. Кај кајмакамот се заложил апсеното и измачувано население да биде ослободено. Меѓутоа, таму и тој настрадал и бил подложен на жестоки измачувања од страна на османлиската војска. Раководел (во соработка со Костадин Самарџиев–Џемото) со масовните демонстрации што во јануари 1906 година избувнале во Струмица по повод убиството (во реонот на селата Рич и Белотино) на шестмина дрвари (меѓу нив и едно петнаесетгодишно 104


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

момче) од селата Дабиле, Водоча и Добрејци. Револтираните и ожесточени демонстранти собрани од градот и околните села движејќи се по улиците на Струмица со убиените дрвари положени на коњи го исполниле плоштадот пред османлиското околиско управителство (Уќуматот). Во усмената резолуција– протест поднесена до струмичкиот кајмакам граѓаните барале да се прекрати со племенската омраза и да се стави крај на политичките убиства. Исто така се барало убијците на споменатите дрвари да бидат фатени и казнети за стореното злодело. Насобраното и возбудено граѓанство како и селаните дојдени во градот ги извикувале следниве пароли: „Вие нè убивате“, „сакаме слобода“, „сакаме да ги фатите и казните убијците“, „сакаме да престанете со убиствата“ итн. И покрај тоа што бил уплашен од бројноста на демонстрантите (8000 мажи способни за борба) струмичкиот кајмакам собрал сили и излегол на балконот од управителството и дал ветување пред народот дека ќе стори сè повторно да се врати мирот во околијата, како и ветувањето дека ќе се заложи веднаш да се прекинат убиствата. По овие ветувања демонстрантите мирно се повлекле. Ваквата легална политичка акција претставувала целосно нова појава, прва од таков вид во Македонија, која била забележана и од страна на тогашниот печат. Така, редакцијата на весникот „Револуционерен лист“ препорачувала слични акции да се спроведуваат и во другите македонски градови итн. Животниот пат на Поп Васил Петров (Испирски) завршил во 1911 година. Според некои сознанија тој бил убиен атентат дело на непријателите на македонската слобода. (Литература: Ангел Динев, Илинденската епопеја, дел II, Скопје, 1949; Манол Пандевски и Ѓорги Стоев – Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969; Драгица Мијатовиќ, Неколку необјавени словенски натписи и записи од струмичкиот крај од XIX век, Акта Велјуса, Скопје, 1984; Ванчо Ѓоргиев, Слобода или Смрт, Скопје, 2003; Информација на Томе Митев Тешков (роден 1923 година, с. Дабиле) за убиството на струмичките дрвари, запишале Васил Ѓоргиев- Ликин и Емилија Петковска (25.06.2010 година) - Материјали за дејноста на МРО во Струмица и Струмичко (1893 – 1908), Архива на историско одделение на Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј– Струмица) РИСТО ЏОЛЕВ

105


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Ристо Џолев е роден 1862 година во селото Моноспитово, струмичко. Потекнува од родољубиво семејство. Три генерации од оваа фамилија: Велко, Ристо и Атанас Џолеви учествувале во македонските ослободителни движења. Од 1901 до 1908 година бил десетар во четата на војводата Христо Чернопеев. Поради покажаната револуционерна дејност често пати бил апсен и изведуван како пред османлиските, така и пред српските судови.15 По прогласувањето на Младотурската револуција (1908) заедно со Чернопеев, како и со повеќемина други припадници на МРО се вратиле во Струмица каде што биле воодушевено пречекани. Семејството Џолеви и во периодот на возобновувањето на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) во дваесеттите години од минатиот век било активно вклучено во овие мошне драматични времиња за македонскиот народ, пред кој сега претстоеле нови предизвици не само за извојување на долгопосакуваната слобода, туку и за обединување на распарчената татковина. Во тој правец биле насочени сите желби и надежи на сега веќе прекалениот револуционерен деец Ристо Џолев, заради кои во 1923 година од страна на тогашните српски власти бил осуден на 8 (осум) години строг затвор. Окован во тешки пранги бил одведен во Нишкиот затвор. Нешто подоцна, во текот на 1927 година, од страна на српските власти бил убиен неговиот син Јосе Џолев и тоа додека работел на сопствениот имот. Повозрасниот негов син Атанас Џо15

Во текот на една провала– афера што се случила во Струмичко со повеќемина други револуционерни дејци бил уапсен и Ристо Џолев. Уапсените биле одведени и затворени во струмичкиот затвор (турска бања адаптирана како затворски простор). Додека траела истрагата меѓу затворениците се прочула вест дека властите подготвуваат план за ликвидација на обвинетите. Меѓутоа, струмичките револуционери осмислиле мудар контраплан. Имено, досетливите македонски револуционери дејци ископале подземен тунел за бегство од затворот. Набргу, под закрилата на една темна и немирна ноќ проследена со силна бура и пороен дожд уапсените револуционери избегале од струмичкиот затвор. Преку тајни канали биле префрлени во с. Моноспитово, поточно биле сокриени во трските на Моноспитското Блато. Таму, Организацијата им доставувала храна, облека и друг материјал неопходен за нивниот опстанок. (В: Информација на Ратко Д. Џолев и Фроса Б. Џолева за Ристо Џолев и неговото учество во револуционерното движење во Струмица и Струмичко, запишале Васил Ѓоргиев и Емилија Петковска на 8.7.2010 година, Фонд: Материјали за дејноста на МРО во Струмица и Струмичко (1893 – 1908), Архива на историското одделение при Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј– Струмица)

106


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

лев (1898 – 1986)) исто така од самиот почеток активно учествувал во возобновувањето и обликувањето на структурната поставеност на ВМРО во Струмица и струмичко, во чијшто редови одеднаш и масовно се покрстувале цели населени места, како и извесен дел од струмичкото граѓанство. (Литература: Ангел Динев, Илинденска епопеја, Скопје, 1949; Манол Пандевски и Ѓорги Стоев – Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969; Атанас Џолев, Спомени од минатото на мрачната историја за времето од почетокот на 1922 година до крајот на 1924 година за т.н. ГорноЏумајски македонски убиства, ракопис, Архива на историското одделение на Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица; Информација на Ратко Д. Џолев и Фроса Б. Џолева за Ристо Џолев и неговото учество во револуционерното движење во Струмица и Струмичко, запишале Васил Ѓоргиев и Емилија Петковска ( 08. 07. 2010 година), Материјали за дејноста на МРО во Струмица и Струмичко (1893-1908), Архива на историското одделение на Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј– Струмица) Резиме: Во Македонското национално револуционерно движење учествувале голем број револуционерни дејци од Струмица и струмичко. Дел од нив на македонската научна и поширока јавност и се доволно познати. Сепак, за некои револуционерни дејци од струмичко многу малку се знае иако нивниот придонес во работата и дејноста на Македонското револуционерно и ослободително движење од крајот на XIX и почетокот на XX век, исто така, може да се оцени како значаен и мошне важен. Во овој истражувачки труд нашето внимание е свртено токму кон богатата и разновидна револуционерна дејност на дел од помалку познатите македонски дејци од Струмица и струмичко прикажани овде преку елементарни биографски определници. Resume: In the Macedonian national revolutionary movement there participated a great number of revolutionaries from Strumica and its surroundings. One portion of these names are well known to Macedonian academic and wider audience. Still for some of the revolutionaries from the Strumica region very little is known although their contribution to the work and activities of the Macedonian revolutionary and liberation movement from the end of the XIX and the beginning of the XX century, may also be estimated as significant and very much important. In this research work our attention is focused on this very rich and various revolutionary activities of some of the less known Macedonian activists from Strumica and its surroundings presented here through basic biographic references.

107



UDC 392.8 (497.773) Мери СТОЈАНОВА,

1

ТРАДИЦИОНАЛНАТА ИСХРАНА НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ПРЕСПА2 Апстракт: Традиционалната исхрана зазема исклучително значајно место во системот на традиционалната култура на населението земајќи ја предвид зачуваноста на нејзините форми, не само во секојдневниот живот, туку и во сферата на обреднoста. Во најголем дел случаи системот на традиционална исхрана претставува сплет од специфичните стопански дејности застапени во определениот регион кој е предмет на истражување, материјалната, социјалната и духовната култура, но и етничката и верска разноликост на населението. Во оваа насока слободно можеме да кажеме дека Преспа по својата природна и културна разноликост претставува вистинска ризница каде на едно место може да се проследи континуитетот и промените присутни во сферата на традиционаланата секојдневна и обредна исхрана на населението од различни етнички заедници кои живеат во пределот, и во исто време да укаже на нивното меѓусебно влијание и културно проникнување како во минатото така и денес. Клучни зборови: Преспа, традиција, исхрана, секојдневна и обредна храна Начинот на исхрана спаѓа во најотпорните форми на народната култура кои опстојуваат заради специфичниот живот на народите/заедниците, заради нивните специфични стопански дејности, природниот амбиент, посебната материјална, социјална и духовна култура и редица други елементи поврзани со културниот идентитет. Разновидноста на исхраната е диктирана и од разновидноста на етничката структура на населението, затоа што секоја етничка заедница има свои специфични јадења кои ги приготвува и своја сопствена традиција. Но поради блиските врски кои припадниците на одредени етнички заедници ги имале во минатото, а ги имаат и денес, разбирливо е прифаќањето на одредени типови на јадења, доколку тоа е во согласност со социјалните, а најмногу со религиозните норми3. 1

м-р Стојанова Мери, Етнолог Виш кустос, НУ „Завод и Музеј“ – Битола, ул. Климент Охридски бб, 7000 Битола; ул.Никола Тесла бр. 107, 7000 Битола e-mail: etno_m@yahoo.com 2 Трудот е дел од Магистерската теза со наслов „Можности за културна и економска афирмација на Преспа врз основа на етнолошки и фолклорни вредности“, одбранет на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот Факултет во Скопје 2008год. 3 Како еден од ваквите примери е тоа што муслиманското население во согласност со своите верувања и религија од својата исхрана го имала исфрлено консумирањето на свинско месо.


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Во пределите каде теренот е претежно планински поголема е застапеноста на сточарството а со тоа и присуството на месото и млечните производи, додека пак во рамничарските предели освен овие продукти присутна е и значителна застапеност на разноврсни земјоделски култури4. Регионот на Преспа во поглед на условите кои ги нуди за развој и на двете стопански гранки, земјоделство и сточарство, е мошне погоден, па застапеноста и разновидноста на различните видови прехрамбени продукти е поголема. Поради близината и богатството со рибен фонд на водите на Преспанското Езеро, како и во некои од поголемите преспански реки во исхраната на населението се чувствува и голема застапеност на риба. Сепак освен природните услови како еден од највлијателните фактори кој влијае врз вообличувањето на целокупниот систем на исхрана, е религијата и религиозните верувања. Тие на себесвојствен начин го диктираат видот на јадења кои ќе бидат зготвени за одредени религиозни празници, на тој начин следејќи ја симболиката и содржината што како порака го „испраќа“ подготвувањето на одредениот вид на храна5. Ваквата симболика всушност го диктира и приготвувањето на „посни” или „мрсни“ јадења. Постот како еден од елементите, кој е заеднички за исламот и за христијанството, е чин кој има за цел прочистување на душата на верникот и добивање на божјата милост6. Должината на постот е различна во зависност од типот на празникот, но и од тоа дали станува збор за христијански или муслимански празник. Постот е во тесна врска и со економската состојба на населението. Преку постот единствено се губеле економските и општествените разлики и само преку постот „пред Бога сите биле исти”. Должината на постот кај христијанското население била различна и можела да биде седум 7, шест8 или две недели9 во зависност од празникот. Бројот на посните денови во годината бил далеку поголем доколку се земат предвид и одредени „посни денови” во неделата како и постите поврзани со некои помали празници или куќни слави. Најдолгите пости кај муслиманското население исто како и кај христијаните биле во тесна врска со најголемите религиозни празници Курбан Бајрам и Рамазан Бајрам. Ако се земат предвид сите овие празници во текот на една календарска година се доаѓа до заклучок дека само еден мал период од годината населението можело да консумира мрсни јадења, а особено месо.

4

Пауновска Бранислава, „Народната Исхрана“, Етнологија на Македонците, МАНУ, Скопје, 1996 год., стр. 133 5 Ангелина Крстева, „Празнична и обредна храна“ Етнологија на Македонците, МАНУ, Скопје, 1996 год., стр. 138 6 Стојковска, Гордана, “Речник на јужнословенска митологија”, Издавачки центар ТРИ, 2004 год., стр.202 7 Велигденски пост 8 Божиќен пост 9 За Петровден, за Богородица и други празници 110


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Секојдневно мени на традиционални јадења Без оглед на тоа дали станува збор за секојдневна или празнична храна и дали се приготвуваат посни или мрсни јадења, основата на исхраната на населението во Преспа е лебот. Тоа се однесува на етничките Македонци, но и на другите етнички заедници (албанска, турска, ромска, итн.).Лебот кој може да биде замесен од различни видови на житни култури, пченица, 'рж, јачмен, просо, или пак од нивна комбинација, бил првиот и основен производ во секојдневната исхрана на населението. Лебот најчесто се месел со „квас”, додека безквасниот леб се месел поретко. Лебовите биле со тркалезна форма и во зависност од намената поголеми или помали. Се меселе во дрвени „ношви” кои ги имало во секое домаќинство, а се печеле во сопствени, семејни фурни. Освен лебовите, во Преспа се меселе и сучеле и разни други тестенини како на пр. зелници, печива, млечници, кори 10, тарана (блага и кисела), питули и др. Доколку се меселе во период на „строг” пост, тие биле посни (без масло, без млеко или млечни производи, или без јајца), или пак мрсни, со масло, млеко и јајца, но секогаш без месо. Ако јадењата во кои не се користи месо условно ги третираме како посни јадења, тогаш нивниот број е навистина голем. Зелниците биле често присутни на преспанската трпеза. Начинот на приготвување е ист во целиот регион на Преспа, а најчесто се правел зелник со „каурма”, во која освен праз можело да се стави и исечен домат и пиперка. Освен со праз, зелникот можел да биде и со киселец, штавеј, а се додавало и урда. Печивата11 можеле да бидат солени или благи во зависност од потребата и желбата на домаќинката. „Питулите” биле исто така многу често присутни на трпезата. Се приготвувале од брашно и вода, а можело да се додаде и малку масло. Во зависност од големината на „питулите” се правела и густината на смесата. За поголемите „питули”, кои наликуваат на денешните палачинки, смесата била потечна, додека пак за помалите смесата била погуста. И едните и другите најчесто се печеле на „питуларник”12, кој се ставал врз перустија или пак врз отворено огниште. Без разлика на големината на “питулите” тие можеле да бидат „прскани” со сирење, изварка, лук или пак со шеќер и ореви. Големите „питули” се ределе една врз друга, се напрскувало од смесата врз секоја од нив и на крај се ставале да се потпечат под сач. Од различните видови на жита од кои се мелело брашно во бројните локални воденици, се готвеле и најразлични видови на каши. Ваквите каши 10

Јуфки Печивата се прават од поединечно исучени кори кои се попрскуваат со масло и сирење, или пак шеќер и ореви или рендани јаболка, потоа се виткаат во ролати, се редат во тепсија и се печат. 12 Еден вид на плитка тава 111 11


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

познати под името „макало” најчесто биле посни, но се правеле и со пилешко месо. Качамакот од пченкарно или како што постарите го нарекуваат „мисерно” брашно, бил и тука застапен и многу често се приготвувал од страна на локалното население. Едно од најомилените, а денес многу атрактивно јадење било „турипечи”13. За подготовката на ова јадење потребна е голема умешност и во одбирањето на брашното како и во самиот начин на подготвување. Се пече под сач а целокупниот процес на приготвување на „турипечи” трае неколку часа. Посни јадења и различни „манџи”14 се подготвувале и од другите земјоделски култури, а најмногу во исхраната се користеле гравот, компирот, пиперката, кромидот, доматите, зелка и др. Пиперката е една од градинарските култури која се користела и како додаток на јадењата, но од неа се приготвувале и голем број на јадења. Освен во свежа состојба таа се користела и во сушена состојба (црвената пиперка), но и како туршија. Направениот ајвар или лутенка претставувале вистинска гозба особено за децата. Зимницата се подготвувала и од зелка која има значајно место во исхраната на населението особено во зимскиот период кога свежите градинарски култури биле отсутни. Во секојдневната исхрана своето место го наоѓале и бројни други растенија кои луѓето ги собирале по полето како на пр. штавеј, киселец и коприва. Иако овие растенија се користеле најчесто при месењето на зелници, од копривата честопати со додавање на ориз се вареле превкусни „манџи” кои и денес многу често се составен дел од секојдневната исхрана на населението особено во пролетните денови. Кромидот исто така бил многу употребуван во секојдневната исхрана. Заедно со малку сирење и леб, кромидот го сочинувал секојдневниот оброк на овчарите, говедарите, но и на земјоделците. Тој се користел и при подготвувањето на секое друго јадење, а исплетените низи со кромид биле присутни во секој дом во текот на целата година. Младиот кромид бил особено посакувана храна во текот на пролетните и летните горештини кога ситно издробен и зачинет со сол, киселина и вода ја заситувал жедта на работниците. Од мешункастите растенија најширока употреба имал гравот, но биле застапени и боранијата и грашакот. Во зимските месеци особено посакувана била и тиквата која ја одгледувале сите. Таа наоѓала широка примена како додаток на зелниците и печивата, но се консумирала и варена или печена, а од неа жените изработувале и слатко со кое се почестувале гостите. Различни видови на слатко и мармалади се подготвувале и од други видови на овошје како на пр. сливи, праски, круши, дуњи, черешни, капини, грозје и др. Сувите сливи „ошавки”, биле особено популарни за правење на компоти, но се јаделе и како замена за свежото овошје. 13 14

Во некои краеви попознато како „ѓомлезе“ Вид на густа чорба која можела да биде посна или мрсна 112


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Дренките и шипинките биле застапени во исхраната на населението, а покрај слаткото, од нив се подготвувале и чаеви. За подготовка на чаеви се собирале и други шумски плодови и растенија кои наоѓале широка примена во народната медицина. Во исхраната на населението значајно место имале оревите и костените. Особено широка била употребата на оревите во секојдневната исхрана што најверојатно се должи на изобилството на ореови дрвја во регионот. Основата на мрсните јадења ја сочинува месото, но неговата употреба била доста ограничена бидејќи еден многу голем дел од годината отпаѓал на постите и посните празници. Во таа смисла, може аргументирано да се каже дека месото имало статус на обредна храна. Од тие причини фразата „да се облажам” значи дека некој има намера да јаде месо или месен продукт. Бидејќи сточарството односно одгледувањето на овци било широко распространето на територијата на Македонија, па соодветно на тоа и во Преспа, ова месо имало широка примена особено во исхраната на муслиманското население кое од него ја подготвувало познатата овча пастрма. Освен овчо месо христијанското население консумирало и свинско месо, затоа што секое семејство имало најмалку по една свиња која се одгледувала токму за да ги задоволи семејните потреби од месо. Муслиманското население во согласност со својата религиозна определба воопшто не го употребувало свинското месо. Освен месото, од свињите се користела и маста односно салото, кое служело за подготовка на сите јадења во домаќинството. При топењето на сланината и подготовката на салото се правеле и „џуберинки“15, кои пак можеле да се користат и како додаток во други јадења. Едно од најпосакуваните јадења за децата бил испечен или свеж леб намачкан со свинска маст - сало, сол и црвена пипер или суво нане. Од свинското месо се подготвувале и домашни колбаси „лукајнци”, кои потоа се чаделе во специјални „чадалници“16, и се консумирале во текот на зимските месеци. Свинското месо особено во зимските месеци најчесто се консумирало саламурено, а се приготвувало така што парчињата месо се ределе во дрвени качиња се посолувале и така конзервирани се чувале и користеле во текот на зимата. Вака подготвеното месо се користело пржено или како додаток на бројни други приготвени јадења. Телешкото месо било помалку застапено на трпезата во Преспа, од причина што говедата биле главно користени како работен добиток. Сепак присуството на кравите во рамките на секое домаќинство пак играло значајна улога поради производството на млеко од кое се произведувале различни млечни производи. Најважен и најзастапен млечен производ во исхраната на населението е сирењето, кое и денес има значајно место во секојдневната ис15

Чварки или џимиринки Мали простории каде на горниот дел постоеле греди на кои се закачувале и обесувале колбасите или пак месото кои биле наменети за чадење. Под нив се палел тивок оган, врз кој во зависност од желбите продуктите се чаделе околу 24 часа. 113 16


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

храна, но и при подготовката на различни други, пред сé месени јадења. Освен сирење од млекото се призведувала и изварка или урда, а мошне популарна особено во летните месеци била „биејнцата”17, односно маштеницата. Од млекото се подготвувало и кисело млеко или „потквас”, кое исто така се користело како додаток на други, најчесто месени јадења. Од домашните птици најмногу се користело месото од кокошка, додека пак другите видови птици биле незначително застапени. Освен месото, од кокошката, се користеле и јајцата. Од пијалаците во секојдневната исхрана на населението значајна била употребата на вино и ракија. Скоро секое домаќинство за своите потреби самостојно произведувало вино и ракија, а ваквата традиција е сè уште присутна. Во поновиот период значителна е употребата на пивото, особено во летните месеци, а во зимскиот период приматот сè уште го носи виното. Од безалкохолните пијалоци широко застапени се и соковите од најразлични видови на овошје и од најразлични шумски плодови, кои жените самостојно ги подготвувале. Во средината на XX век мошне раширено било производството на сок од шумски малини, поради богатството со малини на околните шуми. Сега поради раширеното присуство на индустриските сокови сé помало е присуството на домашно произведените сокови. Садовите користени во процесот на подготвување на јадењата се бројни и речиси воопшто не се разликуваат од бројните традиционални покуќнински садови кои се сретнуваат на целокупната територија на Македонија како и во поширокиот Балкански културен ареал, така што и денес во домаќинствата може да се сретнат од најстарите дрвени садови и лажици, па сé до современи помагала. Бројните калаисани бакарни тави, различните котлиња кои подоцна се заменети со тенџериња се дел од инвентарот на секое домаќинство. Црепните и бројните други керамички садови исто така имаат широка примена во домаќинствата како за подготовка така и за послужување на јадењата. Присуството и на различни емајлирани (чингени)18 садови во рамките на едно домаќинство е навистина големо, и тие сè уште може да се сретнат во секојдневна употреба во речиси сите домаќинства во регионот. Празнични и обредни јадења Празничната и обредната храна ја сочинуваат најразлични јадења кои се подготвуваат исклучиво за посебни прилики или празници. Во зависност од тоа дали станува збор за религиозен празник или пак за прослава на некој семеен настан, се подготвуваат различни видови на јадења. Поделбата на посни и мрсни јадења има особено значење кога е ставена во контекст на религиозните празници и погребните обичаи. Семејните

17

Името најверојатно доаѓа од зборот „биење”, односно тепање, затоа што целокупниот процес на подготовка на маштеницата во бутинот наликувала на тепање на млекото. 18 Локалното население така ги нарекува емајлираните садови 114


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

прослави, веридби, свадби и крштевки, не се одржувале во „пости”, па според тоа јадењата кои се подготвувале за овие пригоди можеле да бидат мрсни. Доколку трпезата односно јадењата може да бидат мрсни задолжително на трпезата имало месо и јадења подготвени со месо, потоа разни сучени и месени јадења, млечници19 и сл., а во случај да станува збор за „посен” празник тогаш на масата покрај другите посни јадења задолжително се наоѓала риба. Подготовката на празничните и обредните јадења е во тесна врска со желбата на населението да се умилостиви Бог, да му се оддаде почит на мртвите, да се заштити семејството или заедницата од зли сили, или пак да се прослави некој настан20. Многу од постапките во делот на подготовката, типовите на јадења или самото консумирање на храната имаат свои магиски и обредни елементи кои биле во тесна врска со верувањето на населението. Особено развиен бил култот кон житните култури, а особено кон житото кое се смета за бескрвна жртва21 и кое поради ваквиот негов атрибут е присутен во сите периоди од човечкиот живот, празнувања, како и во сите обреди поврзани со циклусот на раѓање, свадба и смрт, каде има особено значење. Различните видови на погачи и обредни лебови кои може да се третираат и како најсакрален вид на храна,22 иако може да се разликуваат по состав, начин на изработка или пак по декорација биле неодминлив дел од празничното мени на локалното население, како и на балканското пред сè христијанско население.23 Нивната големина и убавина го симболизирала богатството и бериќетот на семејството и во суштина претставува магиско- имитативен процес.24 Кога станува збор пак за лебовите кои се подготвувале за погреби или пак за некои од вообичаените „редови”,25 независно од големината на лебот – погачата, единствената декорација која се среќавала била онаа која се нанесувала со „лоскурник”.26

19

Вид на пити од сучени кори кои се попрскувале со масло и урда и врз нив се истурале повеќе изматени јајца. 20 Радин Ана, „Даривање демона у јелу и пићу“, Кодови словенских култура, бр. 2, Београд 1992 год., стр. 138. 21 Стојковска, Гордана, “Речник на јужнословенска митологија”, Издавачки центар ТРИ, 2004 год., стр.123. 22 с.в Хлеб – Словенка Митологија, Енциклопедијски речник, Редактори: Светлана М. Толстој и Љубинко Раденковић, Београд 2001, стр.562 23 Анна А. Плотникова, „Символика названий каравая в календаре балканских славян“, Кодови словенских култура - Храна, бр. 2, Година 2, CLIO, Београд 1997, стр. 7 24 Колку погачата или лебот биле поубави и колку повеќе ќе нарастеле, толку побогат ќе бидел родот. 25 Задушници на 3 дена, 9 дена, 40 дена, 1 година, 3 години а тие воедно биле и сеуште се најважните задушници во Преспа 26 Дрвена шаралка со кружна форма и со кратка рачка. Наликува на печат, и на него се изрежани односно вдлабени геометриски шари, како и буквите СХ - Исус Христос 115


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

За задушниците особено се внимава дали се одржуваат во „посни“ или „мрсни“ денови, од што зависи и подготовката пред сè на месените јадења, додека во поново време и подготовките на различни слатки при што особено се внимава дали тие ќе бидат направени со јајца и млеко или без нив. Од месени јадења кои се приготвуваат за раздавање за задушници, кои се застапени во некои од селата во Долна Преспа, а поретко се сретнуваат во други региони, е благото „печиво со ориз”. Принципот на подготвување на печивото е ист како и другите видови печива, само што се попрскува со шеќер, варен ориз и може, но не мора, да се додаде суво грозје. Ваквото печиво во минатото се приготвувало за задушници и погреби, но денес поради губењето на многу од обичајните норми, делумното слабеење на значењето на култот кон предците, како и поради убавиот вкус и специфичност на ова јадење, печивото со ориз се приготвува и во секојдневни прилики. За сите погреби, поголеми редови или задушници, без разлика дали се служи ручек или не задолжително се служи или раздава риба со „комат”27. Пченицата поради својата повеќеслојна симболика исто така е неизбежен елемент на сите погреби, прослави и свадби. Благата варена пченица се раздава за „душа на умрените” на сите погреби и задушници. Таа има значајно место и во ритуално - магиските свадбени обреди кадешто се фрла врз младите, притоа асоцирајќи на богатство и бериќет на младите, и укажува на почитта кон божеството од кое се бара плодност28. Пченицата имала значајно место и во обредноста на дел од муслиманското албанско население во Преспа. Така на пример обредот на „чистење на пченица”, што го изведувале девојки и млади жени во понеделникот пред свадбата, бил придружен со многу свадбарски песни. Од исчистената, измиена и истолчена пченица се варело јадењето „ќешќек”29, кое се послужувало на крајот на свадбениот ручек за среќа на младенците30. За свадби, куќни слави и сите поважни и поголеми празници се замесувал „леб со маја”31. Ваквиот леб го замесувала возрасна жена со деца и жив маж. Тоа било особено важно за лебот кој се месел за веридби и свадби затоа што повторно замесувањето на погачата го има оној имитативно - магиски елемент. Од друга страна сето тоа повторно асоцира на плодност, што не води на тесната и нераскинлива врска на човекот со природата и природните процеси. Ваква погача со маја меселе и Албанците Бекташи „за да биде невестата бериќетлија”32. 27

Пупале - лепче кое се месело и печело во секој дом Стојковска, Гордана, „Речник на јужнословенска митологија”, Издавачки центар ТРИ, 2004 год., стр.123 29 Пченицата се варела со кравјо масло сол и месо. 30 Светиева, Анета, „Бекташите (Бегинци) во Преспа како верска и етничка заедница”, Етнолог бр.3, Скопје 1993 год., стр.109 31 Наут 32 Светиева, Анета, „Бекташите (Бегинци) во Преспа како верска и етничка заедница”, Етнолог бр.3, Скопје 1993 год., стр.109 116 28


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Бројните видови на благи јадења задолжително се подготвувале за сите поголеми празници или свадби. Благите јадења биле особено важни за свадбените обреди затоа што се практикувале за да бидат „благи младите”. Невестата задолжително помеѓу другите адети, пред влегувањето во домот на зетот, односно пред влегувањето во својот нов дом, со прст земала малку мед од садот кој ѝ го подавала свекрвата и испишувала крст над вратата што всушност има апотропејско значење33. Различни видови на месени благи, колачиња и сл. се подготвувале речиси без исклучоци и за свадбените и за празничните трпези. Рецептите се разменувале меѓусебно, па така бројни видови на слатки успеале да заживеат кај локалното население. За сите особено празнични пригоди се подготвувале „ревании”, благи печива со јаболка, колачиња, блага пченица и многу други слатки јадења. Инвентивноста и способноста на домаќинката доаѓала до израз токму при подготвувањето на благите јадења. Поради развиеното овоштарство, а и поради огромниот број на јаболкови насади, јаболкото е едно од видовите овошја кое најчесто се користи при подготовката на слатки јадења во поголемиот дел од годината, а денешните домаќинки постојано создаваати нови рецепти. „Потурените”34 благи иако се одлика на муслиманската културна традиција, биле, а и сè уште се приготвуваат и за сите христијански слави и празници. На празничната трпеза покрај главните јадења задолжително имало и ореви, костени, суво грозје, варена пченица и повторно сето тоа поради верувањето и култот кон плодноста. Богатата празнична трпеза асоцирала на плодна и бериќетна година која ја посакувало секое семејство. За време на веридбите или свадбите муслиманите задолжително служеле варен шербет. Бекташите во Преспа за веридбите служеле бел шербет за девојката, а црвен за момчето35. Муслиманското население за време на најголемите верски празници правело баклави, кадаиф и други потурени слатки. Посна или мрсна, празничната трпеза секогаш е исклучително богата, што повторно е асоцијација на плодна и бериќетна година. Ова важи и за трпезата поврзана со семејната слава, но и со сите останати поголеми христијански и муслимански годишни празници. Христијанското население особена важност придавало на прославувањето на најголемите христијански празници Божиќ, Водици и Велигден, додека пак кај муслиманското население најважно место и најголема важност им се придава на Курбан Бајрам и Рамазан Бајрам. „Мрсните” јадења иако се застапени во секојдневната исхрана на населението сепак најдоминатни се на празничната трпеза, каде особено печеното или на друг начин подготвено месо го сочинува главното јадење. 33

Има улога да го штити домот од зли сили, болести и секакви други непогоди. Со шербет 35 Светиева, Анета, „Бекташите (Бегинци) во Преспа како верска и етничка заедница”, Етнолог бр.3, Скопје 1993 год., стр.108 117 34


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Во Преспа, за време на празници честа била и појавата на поднесување „курбан” - крвна жртва, која претствува своевиден реликт на предхристијанските верувања и чија намена е да обезбеди милост на боговите и да воспостави рамнотежа на космосот во целина36. Иако поднесувањето на крвна жртва не е прифатена од страна на христијанската црква обредот на поднесување на курбанот (неговото колење и подготвување) непречено се одвивал во црковниот двор, а зготвеното јадење „за здравје”, се раздавало на сите присутни. Бекташите во Преспа го празнуваат и празникот Султан Неврус (Четириесет маченици)37 кој како што велат самите „не е признаен од џамијата”38. За овој празник тие го приготвуваат празничното јадење „пуљ ме пет”, во кое како главни состојки има варена кокошка и кори. Од месените јадења во Преспа како и во други краеви во Македонија, за Василица се сучи зелник со паричка, поради тоа што во народната традиција се вели дека со сучењето на корите се „сука касметот“39. Вечерта спроти Божиќ и Василица задолжително се замрсувале со пифтија која ја подготвувале од свински нозе и кожи. За Божиќ децата во Горна Преспа се замрсувале со печени врапчиња, кои ги ловеле по започнувањето на божиќните пости. Врапчињата се јаделе за да бидат „лесни, лесно да работат и да летаат како врапчиња”40. На коледарските огнови и на домашната трпеза задолжително се печеле и пржеле домашни колбаси – „лукајнци”. Велигденската трпеза било исто така богата. По седумнеделниот пост луѓето се замрсувале со велигденско јајце кое е симболот на Христовото Воскресение. Црвените велигденски јајца биле симболот на овој празник и тие како и секаде низ Македонија во минатото се бојадисувале со природни бои, а сега се користат индустриски бои. Во минатото декорацијата на велигденските јајца се изведувала со различни лисја кои се ставале на јајцата пред да бидат потопени во бојата. Откако ќе се бојадисале велигденските јајца им се остранувале лисјата и тој необоен дел на јајцето всушност ја сочинувал декорацијата. Она што е важно да се нагласи е тоа што кај припадниците на сите етнички заедници постоело строго взаемно почитување и почитување на верските празници. Така христијаните задолжително ги посетувале муслиманите за Курбан Бајрам и Рамазан Бајрам, но и за сите поважни семејни случувања веридби, свадби, крштевки, сунети, и погреби. Со исто такво почитување и 36

С.в. Жртва - Словенка Митологија, Енциклопедијски речник, Редактори: Светлана М. Толстој и Љубинко Раденковић, Београд 2001, стр.181-184. 37 Полоска, Агим, „Пагански елементи во албанските календарски песни од Преспа“, „Македонски Фолклор“ XXVII, бр. 53, Институт за Фолклор „Марко Цепенков“, Скопје 1999 год., стр. 168. 38 Сопствени теренски истражувања 2006 год. 39 Китевски, Марко, „Македонски празнични обичаи“, Етнологија на Македонци, МАНУ, Скопје, 1996 год., стр.225. 40 Сопствени теренски истражувања 2008 год. 118


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

муслиманите се однесувале кон своите соселани, христијани. Ги посетувале за верските празници, но со своето присуство ги удостојувале и за време на семејните слави, свадби, крштевки и погреби.

Јадења приготвени од риба Рибата во секојдневната како и во празничната исхрана на населението во Преспа игра значајна улога. Тоа се должи на близината на Преспанското Езеро и на големиот број на реки кои се богати со риба. Особено присутни се белвицата и крапот кои се надалеку познати по својот вкус. Големата застапеност на риба во исхраната на населението се должи и на повеќевековната христијанска традиција која во Преспа достигнала кулминација со востановувањето на Македонската Архиепископија во Преспа од страна на Цар Самуил во периодот на X век. Големиот број на христијански празници чиј составен дел на чествување е постот на населението, во своето мени задолжително ја имаат рибата. Рибата може да биде приготвена свежа или пак сушена. Свежата риба се подготвува печена или пржена, и најчесто во комбинација со грав, ориз и сл., во зависност од намената. За некои од посните куќни слави како на пр. Пречиста41, за ручек или вечера задолжително се подготвува тава со црвен42 ориз и риба. Преспанската белвица која е многу често на трпезата во Преспа се користи и за сушење. Ситните белвици веднаш по уловот се чистат, посолуваат, се нижат на низи и потоа се оставаат да се сушат. Во некои од селата каде основна дејност во минатото бил риболовот, како што бил случајот со селото Коњско, постоеле и објекти или кошови, исплетени од фоја во кои се ставале ваквите низи да се сушат. Ваквите сушени ситни белвици се познати под името „цирони”. Од нив се приготвувале а и денес се подготвуваат различни видови на јадења. Тие претходно се потпекуваат врз плотна или пак врз старите печки на дрва, па потоа се ставаат во сад со вода за да омекнат но и да се одсолат. Потоа се прави еден вид на сос од вода, масло, црвен пипер, магдонос и сецкан лук и во него се додаваат претходно испечените и приготвени цирони. Откако малку ќе проврие на огнот, се сервира. Циронките може да се приготвуваат и со ситно сечени пиперки кои претходно се пржат во тава. Постојат уште многу јадења подготвени од риба, но особено вкусна е рибината чорба. Таа се приготвува од рибина икра или пак рибино месо кое откако ќе се свари се чисти од коските, па му се додава малку киселец и ориз, а потоа се вари. Во некои од селата во Горна Преспа во минатото, а поретко и денес подготвуваат „ајвар” од рибини икри, кој секако воопшто не наликува на традиционалниот македонски ајвар кој се подготвува од пиперки. Како 41 42

4ти Декември. Запржен со црвен пипер. 119


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

особен деликатес се смета подготвувањето на рибините икри кои можат да се приготват и свежи, но и сушени. Доколку се подготвуваат свежите икри тие се ставаат претходно во брашно и се печат на тивок оган, но доколку станува збор за сушените икри тогаш тие претходно се варат а потоа се пржат со малку брашно43.

Библиографија Агим Полоска, „Пагански елементи во албанските календарски песни од Преспа“, Македонски Фолклор XXVII, бр. 53 Институт за Фолклор „Марко Цепенков“, Скопје 1999 год. Ангелина Крстева, „ Празнична и обредна храна“, Македонците, МАНУ, Скопје 1996, год.

Етнологија на

Анета Светиева, Бекташите (Бегинци) во Преспа како верска и етничка заедница“, Етнолог бр. 3, Скопје 1993 год. Анна А. Плотникова, „Символика названий каравая в календаре балканских славян“, Кодови словенских култура - Храна, бр. 2, Година 2, CLIO, Београд 1997, Бранислава Пауновска, „Народната Исхрана“, Етнологија на Македонците, МАНУ, Скопје, 1996 год., Гордана Стојковска, „Речник на јужнословенска митологија“, Издавачки центар ТРИ, 2004 год. Марко Китевски, „Македонски Македонци, МАНУ, 1996 год.

празнични

обичаи“,

Етнологија

на

АнаРадин, „Даривање демона у јелу и пићу“, Кодови словенских култура, бр. 2, Београд 1992 год., Словенка Митологија, Енциклопедијски речник, Редактори: Светлана М. Толстој и Љубинко Раденковић, Београд 2001 с.в. ХЛЕБ; ЖРТВА Резиме Традиционалната исхрана на населението во Преспа генерално може да биде класифицирана на повеќе начини. Според типот на јадења таа може да биде поделена во две групи: посни и мрсни јадења, додека пак според намената може да биде поделена на: секојдневна и празнична. Независно од класификацијата, типовите на јадења во основа ги имаат продуктите кои се користат во традиционалната исхрана на населението и од останатите 43

Сопствени теренски истражувања 2008 год. 120


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

краеви во Македонија, со таа разлика што одредени видови на јадења се подготвуваат на своевиден или специфичен начин. Во оваа насока, застапеноста на одредени продукти и подготовката на одредени типови на јадења во поедини периоди од годината е строго диктирана и од религиозните норми на локалното население, што создава еден мошне комлексен систем на исхрана кој претставува одраз на локалната култура и поднебје.

Resume Traditional food of the population in Prespa in general can be classified in a different ways. In accordance to the type of food it can be classified in two groups: food of vegetal origin and food of carnival origin, while in accordance to the purpose it can be classified as: every-dayfood and festive food. Irrespective of the classification of the types of food, it basically has the same products that are used by the population in other regions of Macedonia with a difference that some certain types of food are prepared differently inone of a kind specific way. In this sense use of a certain products and the preparation of a certain food in some periods of the year are strictly dictated by the religious norms of the local population that creates one very complex system of food preparation that actually reflects local culture and the region itself.

121



UDC 728.3 (497.11-18) Даница ЏОКИЌ,

1

МУЛТИКУЛТУРНИОТ АСПЕКТ НА НАРОДНОТО ГРАДИТЕЛСТВО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО ВО БРАНИЧЕВСКИОТ РЕГИОН Апстракт: Браничево уште од античко време имало статус на погранична област. Како таква била изложена на различни влијанија кои, помеѓу останатото, се одразиле и на градителското наследство. Народното градителсто настанало и се развивало во согласност со посебните културно-историски прилики, етногенетските процеси и антрополошките фактори. Доминантниот тип на куќа, како што е „куќата моравка“, настанала под влијание на соседните области и мајсторите кои доаѓале од источна и јужна Србија. Мајсторите од југозападна Македонија го пренесувале градителското знаење кое тука наидувало на прифаќање, пред сè благодарение на историското паметење и потеклото на населението кое во миграциските струи доаѓало во Браничевската област. Елементите на народното градителство се препознаваат и во градската архитектура. Клучни зборови: Браничевска област, пограничен регион, народно градителство, куќи од моравски тип, вазантиско наследство, егејски тип на куќи, југозападна Македонија. Браничевскиот регион се простира во североисточниот дел на Србија, јужно од Дунав. Неговите природни граници се:, на север - реката Дунав, на запад реката Велика Морава, на југ – планината Бељаница, а на исток, западните падини на јужните Карпати, односно Кучајнски Планини. Топонимот Браничево се јавува уште во средниот век и ја означува областа Браничево, во граници скоро исти како и денес и со истоимениот град кој бил средновековен центар на оваа област.2 Уште од античко време тоа била погранична област во која се преплетувале различни влијанија. Од првиот до половината на петтиот век, територијата на денешното Браничево припаѓала на римската провинција Горна Мезија (Moesia Superior). Римјаните на Дунав, северна граница на оваа провинција, така наречен Дунавски лимес, низа градови кои имале одбрамбена улога од варварските племиња, населени во Панонската низина и во нив биле сместени воени единици. Така настанале, почнувајќи од влевањето на Велика Морава , Magrum (денешното село Дубравица), Viminacium (денешното село Стари Костолац), Li1

Етнолог, кустос советник, вработена во „Народни музеј Пожаревац“, Република Србија. Михајло Динић, Браничево у Средњем веку, Народни универзитет у Пожаревцу, Пожаревац 1958, 3-9. 2


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

derata (данашње село Рам), Pincum (денешниот град Велико Градиште и Cuppe (денешниот град Голубац). Најзначаен и најголем бил Виминациум, ој од воен логор прераснал во главен град на провинцијата Горна Мезија. Остатоци од античкиот Виминациум се наоѓаат во атарот на селото Стари Костолац, во непосредна близина на Дунав, некогаш непсредно на неговиот брег. 3 Остатоците од античката архитектура долго време, дури и на почетокот на 20-от век, се користеле како градежен материјал при градењето на селските куќи – камен, римски тули, подна опека. Освен профани, античките остатоци се вградувале и во сакралната архитектура. Таков е случајот со вградената римска сполиа од покривниот венец на манастирот „Рукумија“, кој исто така се наоѓа во близина на античкиот град Виминациум. Во текот на раниот среден век, на возвишението над селото Стари Костолац, се развил средновековниот град Браничево и истоимената епархија во рамките на Охридската архиепископија (од VIII – XII век). Браничево било профано и сакрално средиште на областа која според него го добила и името. Во тоа време, во Браничевската област се сменувале византиските и бугарските влијанија и власт.4 При крајот на 13 век, околу 1291 година со победата на српските кралеви, браќата Драгутин и Милутин над бугарските велмошти Дрман и Куделин, Браничевската област влегува во состав на Српската средновековна држава, како нејзин северен, пограничен дел кон Унгарија.5 Со падот на Српската деспотовина под турска власт, во 1459 година, Браничево станува турска погранична провинција со посебен статус на војводство со краишка двојна автономија.6 Постојаната воена опасност и немирите на границата влијаеле врз миграциите на населението од оваа област преку Дунав во Унгарија, додека на испразнетата територија на Браничево се доселувало ново население од јужните краеви бегајќи од турските зулуми, особено после воениот поход од страна на Унгарија, која продрела дури до Косово. Турската држава вршела колонизација на Власи сточари во 15 век од областа Сјеница, Требиње, Никшиќ, Стари Влах и Подриње поради пополнување со население на прилично испразнетата област од Браничевскиот вилает.7 Значајно влијание при формирањето на етничката структура на населението во Браничевската област имале токму миграциските движења на населението, а за време на турската доминација и ослободувањето на Србија. 3

Повеќе за античкиот Виминациум и животот во него по сведоштво врз основа на археолошките ископувања види: Драгана Спасић-Ђурић, Виминацијум главни град римске провинције Горње Мезије, Народни музеј Пожаревац, Пожаревац 2002. 4 Денес на тој простор се вршат археолошки ископувања, кои го потврдуваат постоењето на градот. Скоро е откриен објект со многу луксузен покретен материјал (ккерамика, порцелан, стакло) кои даираат од ЏИИ ве, како и монети од византискиот цар Манојло Комнен. 5 Михајло Динић, Браничево у Средњем веку,19 6 Ема Љ. Миљковић, Александар Р. Крстић, Браничево у XV веку, Народни музеј Пожаревац, Пожаревац 2007, 39 7 Ема Љ. Миљковић, Александар Р. Крстић, Браничево у XV веку, 49 124


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Многу значајни струи биле косовско-метохиската, моравско-вардарската, тимочката и подоцна, во 18 век доселувањето на население од Ердељ и Алмаш, сегашни Власи, кои зборуваат на дијалект од романскиот јазик. Постоеле и помали, инверзни струи, кога населението се враќало од областите северно од Дунав.8 Значајно влијание оставиле и Србите од „преку“, областа на Војводина, која се наоѓала во состав на Австро-Унгарското Кралство.9 Тие во поголем број доаѓале во Србија по ослободувањето од Турците и се населувале во поголемите градови. Главно, тоа биле образовани луѓе (учители, лекари и др.) како и занаетчии, носејќи ја со себе и културата на западна Европа. Сите овие миграции, условени од историските прилики ја вообличиле етничката слика на населението и оставиле трага во народната култура на овој крај во која спаѓа и народното градителство. Народното градителство и неговото влијание врз градската архитектура Народното градителство е вештина и знаење кое настанало и се развивало во рамките на традиционалната култура како одговор на човековата потреба да создаде посебен микрокосмос во кој ќе ги задоволува своите социјални, економски, естетски и духовни потреби. Тоа настанало на со векови стекнатите и усовршените пракси, во посебни културно-историски прилики, прераснувајќи во занаетчиско умеење, но останувајќи во рамките на општото, народно знаење. Со текот на времето вештите поединци и групи се издвоиле и станали познати ширум средишниот дел од Балканот според областите од кои доаѓале. Особено биле ценети и барани мајсторите градители од југозападна Македонија и источна Србија (Црна Трава), кои доаѓале во Браничевската област. Браничевската област и градот Пожаревац како нејзин центар, почнуваат да се развиваат во економска смисла, по ослободувањето од Турците во 1815 година. Печат на административното, економското, општественото и културното средиште, на Пожаревац му дал кнез Милош Обреновиќ одбирајќи го за втора престолнина 1825 година.10 Пожаревац припаѓал на таканаречениот тип на патријархален варош во која од турско-источните влијанија не останало скоро ништо. Најголемиот број доселеници биле трговци и занаетчии од околните села кои ја формирале чаршијата. Во неговите периферни делови, населението се занимавало со земјоделие. Експанзијата на јавното, индустриското, градското и народното градителство 8

Јован Цвијић, Балканско полуострво и јужнословенске земље, основе антропогеографије, књига прва, Државна штампарија Краљевине Срба, Хрвата и Словенаца, Београд 1922, 229231; Михајло Миладиновић, Пожаревачка Морава, Српски етнографски зборника XLII, Београд 1928, 25-50; Петар Влаховић, Србија,земља,народ, живот, обичаји, Етнографски музеј у Београду, Вукова задужбина, Београд 1999,79-80. 9 Јован Цвијић, Балканско полуострво и јужнословенске земље,229-230 10 Даница Ђокић, Занати у Пожаревцу крајем XIX и почетком XX века, Народни музеј Пожаревац, Пожаревац 1996, 5. 125


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

почнува со подобрување на економската положба на населението, особено од втората половина на 19 и почетокот на 20 век. Воочувајќи ја убавината и функционалноста на традиционалното градителство, одделни јавни и приватни објекти го следеле овој стил. Најдоминантен тип од народното градителство во браничевскиот регион била таканаречената куќа „моравка“, присутна во сливовите на сите три реки Морава и во источна Србија. Овој тип се вкоренил под влијание на миграцијата на населението која во браничевскиот регион дошла од пограничните области на источна Србија и од јужните краишта со таканаречената вардарско-моравска миграциска струја. Најстарите куќи од овој тип ги граделе мајстори печалбари од областите на горниот слив на Вардар, врањанскиот, пиротскиот и књажевачкиот крај, особено од Дарковци, Црна Трава, Жлне.11 Со текот на времето и локалното население се извештило во градење на ваквиот тип на куќи, така што печалбарите биле се помалку ангажирани. За куќите од моравски тип кои се градени во овој крај, воглавно, од плет кој локално се нарекувал „чатми“ (плетени гранки или штички – „цепки“ облепени со кал) карактеристичен е тремот, по кој тие се препознатливи. Тремот може да биде подолжен од едната или од двете страни на куќата, поставен на агол, вовлечен или централно исфрлен (Слика бр. 1). Во браничевскиот крај ваков трем се нарекува „дивана“. Главно е изработен со лакови помеѓу столбовите, што е уште една карактеристика на моравскиот тип на куќа. Лаковите се формирани со техника на „чатми“, облепени со кал или со помош на тесни штички. „Куќата“ (со функција на денешната кујна) во потесен смисол со изѕидано огниште, кое го заземало централниот дел и две соби, лево и десно од неа. Ваков распоред на просториите задржан е и подоцна, кога почнале да се ѕидаат куќи од печени тули. Освен во селата, куќи „моравки“ со „дивана“ се граделе и во градовите. Во Пожаревац се регистрирани во периферните делови на градот, во кој населението се занимавало со земјоделие. Во делот на градот кој се вика „Бугарска маала“ сочувани се две куќи од овој тип. Жителите на Бугарска маала и денес се сеќаваат дека нивните предци дошле селото Велики Извор, во околината на Зајечар, кое е населено со жители со шопско (бугарско) потекло. Трем или „дивана“, како препознатлив елемент на куќата „моравка“ користен е и при градењето на некои луксузни приватни објекти. Таков пример е вилата на капетанот Драгутин Тодиќ, бродосопственик, во селото Стари Костолац (Слика бр. 2) и зградата на народниот музеј во Пожаревац (Слика бр. 3). Капетанот Драгутин Тодиќ со своите бродови пренесувал јаглен од рудникот во Стари Костолац. На ридот над рудникот, кадешто порано се наоѓаше средновековниот град Браничево, изградил вила, летниковец, 1923 година и изградил црква 1925 година. Оваа вила има вовлечен трем поставен на аголот, како на куќите кои припаѓаат на традиционалното народно градителство во овој крај.

11

Јован Цвијић, Балканско полуострво и јужнословенске земље,268-269 126


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Зградата на народниот музеј некогаш била приватна куќа на адвокатот Крста Николаевиќ изградена во 80-тите години на 20-от век. Карактеристичниот трем изграден е по желба на неговата мајка, која потекнувала од село, која сакала да има трем на кој ќе може да се одмара, да преде волна и да ја набљудува околината.12 Ова е единствен пример на спој, за тоа време, на современата архитектура, која настанала по примерот на западна Европа и народната архитектура. Византиско-егејскиот стил, кој бил негуван во средниот век, бидејќи српскиот двор го копирал византиското лијание, а кое се потврдува и на манастирските конаци, го наоѓаме и на некои приватни и јавни објекти во браничевскиот крај. Во тој стил се изградени и рударските станови во село Стари Костолац во првата денеција на 20-от век за потребите на работниците инжинерите вработени во рудникот Костолац, кој е отворен во 1870 год. (Слика бр. 4). Во браничевскиот крај биле многу ценети мајсторите од југозападна Македонија, кои оставиле свој печат во народното градителство на оваа погранична област. На тоа ни укажуваат и објектите по селата Стари Костолац (Слика бр. 5) и Трновче (оддалечено околу 20 км јужно од Пожаревац) во кои се регистрирани објекти типични за народното градителство од југозападна Македонија (Слика бр. 6). Заклучок: Во повеќевековниот историски период, почнувајќи од првиот век, браничевкста област имала пограничен статус. Како таква била изложена на различни влијанија кои, меѓу другото, се одразиле и на градителското наследство. Народното градителство настанало и се развивало во склад со посебните културно-историски прилики, етногенетските процеси и антрополошките фактори. На формирањето на распространетите типови куќи се огледува влијанието на соседните области и на мајсторите кои доаѓале од оддалечените краеви како што е југозападна Македонија. Тие го пренесувале своето градителско знаење кое наидувало на прифаќање, пред сè, благодарение на историското паметење и потеклото на населението кое со миграциските струи доаѓало во браничевската област. Населението по потекло од село кое ги формирало градовите од патријархален тип, како што бил Пожаревац, ги пренесувало своите навики и свест за функционалноста на народното градителство врз објектите од градската архитектура, проектирани по примерот на европските градови, а понекогаш поединци препознавајќи ја убавината на народното градителство настојувале да ги вклопат во репрезентативните објекти од јавен и приватен карактер.

12

Према кажувањето на Милан Предиќ (1925-2007) колега археолог. Во пеесеттите години на 20.век, во времето кога тој бл директор музејот бил преселен во т.н. „Крстина“ куќа. 127


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Прилог - фотографии:

Сл. 1

Сл. 2

Сл. 3

128


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Сл. 4

Сл. 5

Сл.6

Summary: Branicevo area is located in the northeastern part of Serbia. Since ancient times it was the border area. Development of folk architecture was due to the specific cultural and historical circumstances, migration of population and arrival of folk bilders from eastern and south Serbia, and southwestern Macedonia. The houses of “Moravian” type are the most widespread in Branicevo area. They have characteristic porch with decorative arches. Another type of houses had developed the influence of Byzantine – Aegean style that dates from the Middle Ages and the influence of folk builders from southwestern Macedonia. Folk architecture has influenced the development of the city’s architecture. Some public and private houses from the end of ninethen century have elements of folk architecture. Examples include porchs on building of National Museum of Pozarevac (earlier there was private house), summer hous of Dragutin Todic and mining houses at village Stari Kostolac.

129



UDC 930.85 (497.2) 1

Милена БЕНОВСКА–СБКОВА,

КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО И ПОЛИТИКАТА НА СЕЌАВАЊЕТО ВО ПОГРАНИЧНИОТ РЕГИОН НА БУГАРСКИОТ ГРАД ЗЛАТОГРАД Апстракт: Оваа статија се заснова на три кратки теренски истражувања (од 3 до 7 дена, секое) во пограничниот бугарски град Златоград, реализирани во периодот на мај 2004, септември 2012 година. Целта на истражувањето е да ја покаже во специфичен локален контекст можноста за употреба на културното наследство како инструмент во политиката на сеќавањето (меморијата). Во таа смисла, за почетна точка во теориски аспект служат поимите „политика на сеќавањето“ и „културно наследство“ во смисла во која тие се подложени на интензивно набљудување во социјалните и хуманистичките науки во текот на последните дваесетина години. „Политиката на сеќавањето“ е поим којшто ги обединува „званичните и државно поддржаните усилби за помирување со минатото и неофицијалните и лични иницијативи, кои изникнуваат внатре во општеството за справување со минатото“. (Barahona de Brito, Gonzales-Enriquez & Aguilar 2001: 1). Во смисла на дефинициите, наследството традиционално се поврзува со она, кое е наследено или предадено од едно поколение на идното. Во суштина, наследствто е современа употреба на минатото, вклучувајќи ја и неговата интерпретација и репрезентација сè повеќе, бидејќи поимот наследство почнува да асоцира на комерцијализација или комодификација на минатото заедно со тенденцијата на претворање на наследството во индустрија (Smith 2003: 82). Целта на изложеното всушност е ограничена. Таа не е насочена кон формулирањето на теоретски придонеси, туку кон следењето на патот по којшто локалните иницијативи можат да додадат различна смисла и функција на културното наследство и да го трансформираат во културно сеќавање. За имплементацијата на таа цел ќе бидат разгледани дејствијата и стратегиите на една мала општина во Бугарија, преку кои се утврдува и засилува локалниот идентитет. Големите историски преобразби стимулираат масовен процес на креирање и прекројување на „колективното сеќавање“ и на „местата на сеќавањето“ – меморијалните места (види Assmann 1992; Halbwachs 1992; Nora 1996; Kitzmann, Mithander, Sundholm 2005; Вуков 2006; Vukov 2005 ; Scarboro

1

Доктор на науки, професор на Новиот бугарски универзитет-Софија.


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

2005).2 Тоа е контекстот во кој може да биде сместен претставениот случај, при што во него се „акумулирани“ напорни обиди од различни периоди од најновата историја на Бугарија. Во првиот дел на трудот претставен е процесот, преку кој еден народен херој - Дељо Ајдутин или Ајдук Дељо се трансформира, конвертира во симбол на локалниот идентитет и поттик во креирањето на места на сеќавањето – меморијални места. Вториот дел го разгледува симболичното вклучување на фигурата на Дељо Ајдутин во амбициозниот проект за менаџирање и презентирање како и комодификација на локалното културно наследство: Регионалниот етнографски комплекс Златоград. 1. Фолклорот и спомениците на Дељо Ајдутин во Златоград Овде станува збор за создавање на „места на сеќавањето“, поврзани не со историски лица и настани, туку со уметнички форми. Најважното прашање, на кое треба да се одговори е, кој е мотивот на локалното население да се идентификува со определен литературен или фолклорно легендарен херој и да го превори во свој симбол. Прашањето е поставено прво по однос на споменикот, кој се издига во центарот на Златоград, во сеќавање на полулегендарниот херој Ајдук Дељо, воспеан од локалниот родопски фолклор. За оваа анализа е важно осмислувањето на локалниот историски, културен и политички контекст. Како дел од Родопскиот регион, Златоград се присоединува кон бугарската држава во текот на 1912г., по Балканската војна. Денес градот брои приближно 7.300 жители и е центар на мала општина, која се состои од него и од 9 села.3 Во градот сожителствуваат Бугари и Бугари-муслимани, а точни податоци за бројот на одделните етнички групи не се достапни. Прашањето се усложнува и од присуството на не мала група луѓе со бугарска национална свест чие потекло е од средината на Бугарите-муслимани. Војводата Дељо го надмина значењето на локален херој откако една варијанта на родопската народна песна „Излегол Дељо Ајдутин – војвода“ стекна необична популарност во изведбата на пејачката Ваља Балканска4. Историјата заслужува да биде запаметена. Американските етномузиколози Етел Рајм и Мартин Кенинг од Центарот за традиционална музика и танц во Њујорк, ја прибележале оваа песна испеана од Вања Балканска за време на својата посета на Бугарија во 1968 г., Во текот на 1972 г. овој запис е 2

Им благодарам на Николај Вуков и на Кристофер Скарберо за љубезноста да ми дадат своите текстови во ракопис. Благодарам исто така за колегијалната соработка на уметничкиот критичар Красимира Коева која ми укажа за авторството и хронолошкото датирање на споменикот на Дељо Ајдутин во Златоград; На Катја Сулинаџиева – вработена во Историскиот музеј во градот Смољан и на Вихра Барова од Институтот за Етнологија и фолклористика, која ме снабди со информации за историјата и судбината на спомениците на Дељо Ајдутин. 3 Види го официјалниот интернет сајт на општина Златоград: www.ztalograd.com 4 На пеачката Ваља Балканска е посветена биографската книга: Хайтова, E. 1988. На нејзината најпопуларна песна “Излегол Дељо ајдутин“ е посветено етномузиколошкото: Тодорова, Р. 2005. 132


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

вклучен, заедно со други музички изведувања на златна плоча која е издадена подоцна во текот на 1977 г. со вселенските сонди „Војаџер“ 1 и 2 како вселенска порака од човештвото. Изборот на музиката е направен од познатиот астрофизичар Карл Сејган (види: Спасова 2001; Бакалов 1989). Овој факт стана причина како за локална, така и за национална гордост. Песната „Излегол Дељо Ајдутин“ во различни варијанти5 припаѓа како на регионалната родопска, така и на локалната златоградска фолклорна традиција. Всушност, историјата на таа песна се смета за парадигматска манифестација на влијанието на глобализацијата врз бугарскиот фолклор и врз неговиот втор живот, фолклоризмот. (Пейчева 2008: 24-26). Старото име на градот (Дардере) експлицитно се споменува во некои од текстовите и тоа исто така е еден од факторите за трансформирање и на песната и на херојот Дељо Војвода во симбол на локалниот идентитет на Златоград. Денес, споменикот на Дељо Ајдутин се издига, поточно доминира во центарот на Златоград, поставен на градскиот плоштад пред зградата на општината. Споменикот е дело на скулпторот Константин Доганов и датира од 1980 г., при што има основа да се смета дека е завршен една година порано (Енциклопедија...). Овој споменик е релативно нов и него му претходат две постари скулптури, значително поскромни по големина, кои се наоѓаат во блиското село Старцево, Златоградско и во населбата Мала Река во Златоград. Двете фигури се идентични и се познати кај месното население под името „мал Дељо“. Ваквата историја одлично го илустрира парадоксот, како што покажува ( Norkunas 2002) што како „место на сеќавање“, спомениците денес се предмет на заборав. Во денешно време се неопходни особени напори за да се открие текот на настаните, кои довеле до поставување на спомениците. Всушност, „Малиот Дељо“ (фигурата е висока 1,25м) е создаден и поставен за првпат во селото Старцево, во кое денес живее население, составено главно од Бугари-муслимани. Идејата за споменикот во селото Старцево и активностите за неговото постоење потекнуваат од периодот меѓу 1938 и 1941 г. Овој настан е координиран од Министерството за воени иницијативи кое е надлежно за поставување на воени споменици. Во текот на 1939 г., градоначалникот на Златоград му соопштува на министерот за одбрана, дека во златоградските села Старцево и Ерма Река нема услови за поставување на такви споменици. Не е тешко да се претпостави дека сложеноста произлегувала од христијанската симболика на тие споменици и проблематичното сожителство со муслиманската култура на двете села. Такви споменици започнуваат да се појавуваат во бугарските села по Балканските војни од 1912-13 г., не само и не заради почит кон загинатите херои, ту5

Песната е запишана во 17 публикувани и архивирани варијанти, чиишто целосен список се наоѓа во: Богданова, Л. 2001: 678-679. Исто: Тодорова, Р. 2005; Види некои од публикуваните варијанти: Райчев, Ат. 1973: с. 181, Чепеларе; Кауфман, Тодоров 1970: 688-689, с. Петково, Ардинско, с. 689, с. Паспал, Ардинско. 133


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

ку по силата на религиозната мотивација: споменикот да послужи како еквивалент на колективен гроб за загинатите надвор од границите на Бугарија. Поради ова, со намера за подигнување на споменик во селото Старцево се создаде иницијативен комитет од граѓани на Златоград, кои одлучија како споменикот на сеќавање во Старцево да биде во форма на спомен чешма, која е дело на скулпторот Васил Зидаров и го претставува популарниот локален херој Ајдук Дељо. Очигледно, легендарно-фолклорниот карактер на херојот (познат и на христијаните и на муслиманите во оваа област го прават поприфатливо олицетворението на идејата за војничката храброст за муслиманското село Старцево. Избран е начин да се поврзе споменикот како секуларен израз на модерните вредности со чешмата како традиционална форма за оддавање почит на мртвите на целиот Балкански Полуостров. Тоа не е само израз на културна хибридност, но воедно и ја одразува стратегијата на иницијативниот комитет да најде компромис и разбирање за населението преку форма на граѓански култ кон загинатите за „националната кауза“. Неколку години подоцна, во текот на 1947г. друг месен иницијативен одбор од Златоград го презема изработувањето на втор таков споменик – по проектот на првиот, којшто е монтиран, но веќе во самиот град, во 1950 година. Споредбата помеѓу скулптурата од 1970 год. и претходните, дава основа да се претпостави, дека славата на песната „Излегол Дељо Ајдутин“ ја мотивирала на крајот на 70-тите години на 20-от век општината Златоград да побара поконкретен израз на почит за легендарниот војвода. Најверојатно скромниот мал споменик изгледал недоволно импозантно. Споменикот којшто е дело на Константин Доганов, поставува одредени прашања: прво, односно карактерот на херојот, којшто е објект на почитување, и второ, неговата иконографија. Историските извори односно личноста, животот и делото на Дељо Војвода се повеќе од оскудни. Дури и историчарите со националистичка ориентација признаваат, дека „за времето кога живеел Дељо, не се сочувани документи“ (Димитров 2004: 26). Изворите од кои денес се црпат сведоштвата за војводата, воглвано се фолклорни: локални легенди и песни. Новиот споменик во Златоград се состои од две фигури: Дељо Ајдутин е претставен во прегратка со друга фигура, така деликанта и мала, што изгледа како детска. Всушност, тоа е женска фигура и таа ја претставува познатата од локалните песни и легенди, љубената на војводата, Ѓулсуме. Нејзиниот израз дава романтичен дух на целата историја, која е пресоздадена и од споменикот. Таа е спомената експлицитно како во некои варијанти на песната „Излегол Дељо Ајдутин“6, така и во локалната легенда за загинувањето на војводата. Гранитната Ѓулсуме се возвишува на пиедестал заедно со Дељо Ајдутин не заради сентиментални, туку поради политички причини. Не е толку 6

Види текст на тема, интерпретиран од Ваља Балканска, кај Балаков 1989: 185-190. 134


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

важно дали нејзината појава почива врз каква и да е историска основа, или има само фолклорна природа. Како што покажува името, Ѓулсуме е муслиманска жена. Романтичниот расказ за настаните од 18-тиот век е преинтерпретиран и актуелизиран во политички контекст, сврзан со обидите за управување со идентитетот на локалното муслиманско население во последните две децении на 20-от век. Времето на создавањето и поставувањето на споменикот, 1980 г. е три години по објавувањето на песната „Излегол Дељо Ајдутин“ во космосот и осум години по една од кампањите за преименување на бугарските муслимани со бугарски славјански имиња.7 Подоцна постсоцијалистичкиот развој покажа колебање во идентитетот на бугарските муслимани и различните идентификациски стратегии на различни етнички енклави во Бугарија. Златоград всушност е едно од местата, каде во повеќето случаи муслиманското население сосема осознаено ја демонстрира бугарската самосвесност и не е ретко луѓето дури и да се обидуваат да го прикријат своето муслиманско семејно потекло (види Гарнизов 1997: 63-80). Сличен е и случајот со самата пејачка Ваља Балканска, родена во село Арда, Смољанско (види Бакалов 1989: 185-190). Таа потекнува од муслиманско семејство, но го нагласува својот бугарски идентитет, и исто така го сочувува и своето бугарско име во услови на слободно самоопределување по завршувањето на социјализмот. „Се чувствувам вистинска Бугарка“ (изјавува Балканска во едно интервју од 1999 г.) (Гогова 1999). Според демографскиот попис од 2001 година, 131 531 жител се изјасниле дека припаѓаат на „бугарската етничка група“ и „припаѓаат на исламската вероисповед“.8 Статистичките податоци даваат претстава за вредностите на таа идентификациона стратегија во рамките на целата држава, која локалните „менаџери на идентитетот“ очигледно сакаат да ја изградат и засилат. Истите тие дале симболичен израз на истиот тој стремеж преку споменикот на Дељо Ајдутин. Во објаснетиот контетст, споменикот може да се восприеме како визуелизација на идејата за единство на бугарското христијанското мнозинство и Бугарите муслимани. Заслужуваат внимание конотациите, коишто скулптурната композиција ги припишува на двете населенија преку нагласување на половите разлики: бугарските христијани се претставени од моќната фигура на Дељо, додека муслиманите ги симболизира кревката, женска и нагласено мала фигура на Ѓулсуме. Заслужува да се одбележи во случајот континуитетот меѓу историските епохи и можноста фигурата на Дељо Ајдутин да се интегрира во темелно 7

Политиката кон бугарските муслимани („помаци“) во време на социјализмот постоела значителна литература, која понекогаш предлагала контрадикторни интерпретации на настаните, види: Георгиева 1998; Грозданова 1995; Бюксеншютц 2000; Гарнизов 1997; Гребенарова 1998; Лозанова 1998; Кръстева-Благоева 2001; Karagiannis 1997; Райчевски 1998; Иванова 2002 и др. 8 Податоците се од интернет публикација на резултатите од пребројувањето во текот на 2001 г. (“Структура на населението по вероизповедание”) на Националния статистически институт:http://www.nsi.bg/Census/Census.htm. 135


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

различен идеолошко-политички контекст. „Националната порака“ на фигурата е надвор од сомнеж и тоа му дозволува да даде „лик“ на војнички споменик во периодот меѓу двете светски војни. Повторното тврдење на значењето на херој во време на социјалистичката епоха преку новата и многу поимпозантна скулптурна композиција (од 1980 г.) станува возможно поради јавната тенденција социјалистичките споменици од периодот на 1960 г. „да извлекуваат херојски преседани […] меѓу борците за национално ослободување од 18-19 век“ (Vukov 2005). Значењето на споменикот на Дељо Војвода, како симболичен израз на идентитетот, не ги исцрпува неговите политички пораки. Другиот правец на интерпретација го третира споменикот како средство, преку кое локалната заедница се означува себеси и своето значење во национален и дури во меѓународен план. Песната „Излегол Дељо Ајдутин“ не била непозната и пред нејзиното интерпретирање од страна на Ваља Балканска. Меѓународното признание за основаноста на песната и донесува популарност и предизвикува национална и локална реакција, преку актуелизирањето на локалната колективна меморија. На ново толкување се подложува всушност не историјата, туку фолклорното наследство. Доколку историските сведоштва за Дељо Војвода недостасуваат, легендите и песните, посветени на него, се вистинскиот извор на социјална имагинација. Дел од теренската работа во текот на 2004 г. е сведоштво во тој правец. Еден нов споменик, „местото на сеќавањето“, посветено на Дељо Ајдутин, е основано во Златоград во текот на 2002 г. со финансиска поддршка на програмата „ФАР“. Споменикот има апстрактна форма – се состои од два големи камења со неправилна форма и вградена метална плоча со натпис, којшто го објаснува поводот и датата на откривањето на споменикот. Се тврди дека, споменикот е поставен на местото на кое загинал Дељо. Идејата и проектот се дело на етнографот Борис Тумангелов (19362007), кој се населил во доцните години од својот живот во Златоград. Тој има суштествен придонес за основањето на Регионалниот етнографски комплекс во Златоград. На 6 мај 2004 година, колегата, група студенти и јас застанавме кај споменичкото обележје покрај реката Врбица. Колегата ја претстави информацијата за историјата на проектот. Откога се запознал со локалните истражувачки трудови, а особено по анализата на месната топографија, колегата Тумангелов заклучил дека убиството на Дељо Ајдутин се случило на тоа место. Всушност, колегата создал „факт“ сосем врз основа на претпоставките т.е. на имагинацијата. Со овој текст не си поставувам за цел ниту да го стигматизирам колегата, ниту неговата работа, бидејќи направеното од негова страна е согласно со намерите на локалната средина и нивната гордост со локалното културно наследство. Идните поколенија ќе ја примат оваа „измислена традиција“ (во смисла на Hobsbaum & Ranger 1983) како историски факт. Доказот за тоа постои: во публикуваниот од Универзитетската издавачка куќа „Св. Климент Охридски“ водич на Златоград е вклучена снимка на споменикот со површно објас136


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

нување: „Местото на загинување на Дељо Ајдутин“ (Димитров 2004: 26). Недостасува каков и да е коментар за податоците (најмногу за недостатокот на таквите), врз основа на кои е „креирано“ тоа „место на меморија“. Денес, триесет и пет години по објавувањето на песната „Излегол Дељо Ајдутин“ во вселената, овој факт продолжува да покажува влијание кон оценувањето и восприемањето на бугарското културно наследство, како материјалното, така и нематеријалното. Од почетокот на 90-тите години на 20от век наваму, Ваља Балканска стекна популарност и признание, какви што не стекнала ниту една друга исполнителка на бугарски народни песни (Пейчева 2008). Пеајчката е една од ретките жени вклучени во телевизиската и интернет класификација од 2006 година „Великите Бугари“ 9. Успехот на песната „Излегол Дељо Ајдутин“ придонесува и за трансформацијата на тој сегмент од фолклорното наследство во материјално културно наследство и во меморијално место или место на сеќавање. Родопскиот војвода се претворил во симбол на локалниот златоградски идентитет, а неговата полу-легендарна биографија која е дел од колективната меморија се интерпретира и восприема како „историја“. 2. Материјалното културно наследство: реоткривање, пресоздавање и комодификација во постсоцијалистички контекст Политиката на сеќавањето и управувањето со материјалното културно наследство во Златоград по завршувањето на социјализмот се взаемно поврзани. Нив ги обединуваат, заедно со редица други фактор, фигурата на Дељо Ајдутин како интегративен симбол на локалниот идентитет, и дејноста на етнографот Борис Тумангелов. Поради ограничениот обем на работа, тука ќе биде претставен главно Етнографскиот регионален комплекс и со него поврзаниот развој на туризмот во Златоград. Етнографскиот регионален комплекс во Златоград е отворен во текот на 2001 г. благодарение на иницијативата и соработката меѓу локалниот бизнисмен инж. Александар Митушев и Борис Тумангелов, кои се и семејно поврзани.10 Двајцата се основачи на здружението „Дељо Војвода“, кое го потпомогнало проектот. Музејскиот комплекс во Златоград се разликува од други слични во Бугарија, по тоа што е лична сопственост (на инж. Александар Митушев) и по тоа што зградите во него се населени (Георгиева 2006). Реализирањето на проектот станало возможно под влијанието на различни фактори. Првобитната идеја припаѓа на Борис Тумангелов. Средствата се набавени од различни извори (лични инвестиции, средства од проекти „ФАР“ и „САПАРД“). Важна улога одигра и соучеството на општината во Златоград (која ја обезбедува бесплатно зградата на Етнографскиот музеј) при 9

Види: http://www.velikite.bg/. Информаацијата е извлечена од спроведените интервјуа со Борис Тумангелов (04.05.2004) и Александар Митушев (19. 09. 2012) и дополнета со податоци од неделниот печат и електронските медиуми. 137 10


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

создавањето на комплексот. Изгледот на околу 100 куќи, прогласени за споменици на културата за време на социјализмот и реставрирани во текот на 1980-тите години, е значаен локален ресурс, умешно управуван и употребен од авторите на проектот. Во текот на 2001 г. Александар Митушев купува од сопствениците и 9 занаетчиски работилници, расположени во приземните делови на реставрираните и населени куќи – споменици на културата. Етнографскиот регионален комплекс на почетокот ги вклучувал работилниците, зградите на реставрираната стара кафана, етнографскиот музеј (сите тие во центарот на Златоград) и реставрираната воденица на крајот од градот, која ја комбинира музејската функција со услужна дејност - ресторан за традиционална родопска кујна. Постоечките од порано музејски колекции – Музејска збирка на пораките (1987) и Музеј на просветното дело во Средните Родопи (1978), коишто се јавна сопственост,11 се прифаќаат од посетителите како дел од интегралното пространство на Етнографскиот регионален комплекс. Пректот, всушност, брзо се развива и тоа во комерцијална насока. Реставрацијата на постоечките стари згради е дополнета од градење на многу нови, иако изградени во духот на традиционалната родопска архитектура и поставени на истото место, во соседство со објектите од музејскиот комплекс. Така, гостите на Златоград наидуваат на фактот дека, новоизградените згради го делат просторот во Етнографскиот регионален комплекс. Нешто повеќе, во водичите (печатени и на интернет) тие се претставени како дел од комплексот.12 Новото градителство се заменува со помош на ресурси кои се дел од музејскиот комплекс (како на пр. резбарската работилница). Денес, сопственост на Александар Митушев се шест хотели од различна категорија (од луксузниот „Александар“ до хостелот „Гребенци“), од кои пет во комплексот, а исто така и шест ресторани и кафеани.13 Во Етнографскот регионален комплекс се вработени околу осумдесет души. Очигледно е дека со текот на времето проектот е значително комерцијализиран, при што културното наследство на Златоград започнува дури да има второстепена улога. Оваа тенденција се демонстрира и од страна на Александар Митушев во текот на септември 2012 г. Моите прашања, кои се однесуваа нa културното наследство, најчесто добиваа одговори кои го објаснуваа развојот на туристичкиот бизнис. Споредувајќи ги публикуваните интервјуа од етнологот Борис Тумангелов и Александар Митушев се демонстрираа очигледни разлики. Додека Тумангелов воглавно зборува за културата и традицијата на Златоград (понекогаш и идеализирано – види Георгиева: 2006), во пишаните медиуми интервјуата со Митушев содржат лесно видлива реклама на туристичките објекти (pari.bg: 2008; Петкова 2012). 11

Види www.zlatograd-bg.com/bg/pages/church-and-museums. Види интернет сајтот на Етнографскиот регионален комплекс: http://www.eac-zlatograd.com/en/home/. 13 Исто. 138 12


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Во границите на комплексот се одржуваат многубројни настани поврзани со обичаите и празниците, кои дури е тешко да се набројот. Тие заслужуваат одделно да бидат разгледани, но дури и површното спомнување на некои од нив покажуваат карактер на „измислени традиции“: организирање на „автентични свадби“, велигденско бојадисување на јајца со ученици, пресоздавање на обредот за дожд „Пеперуда“, „Трифонијада“ – празник во чест на св.Трифун Зарезан и др. Повеќето од тие обичаи се поврзани со христијанството и нивното популаризирање во еден град, каде исламските традиции се најмал дел од минатото на голем број од населението. Се поставуваат повеќе прашања отколку што има одговори. Теренската работа во текот на септември 2012 г. се совпадна со празниците поврзани со Дељо (17-24.09.2012), меѓу кои е и празникот на Златоград. Празниците вклучуваат разни културни настани, меѓу кои и изложби, промоции на книги, кошаркарски турнир за купот на Дељо Војвода, а кулминација беше и претставувањето на „Еден пазарен ден пред сто години“. Делумно организирано (со помош на заедницата) и делумно спонтано (по желба на самите граѓани), тоа претставување со учество на костимирани ликови беше исполнето со еуфорична празнична атмосфера. Очигледно културниот менаџмент, спроведен „одгоре“ (од самиот Митушев со помош на локалните власти и институции), пронашол насока, поддржана и од спонтаните намери на жителите на малиот град, кои очигледно имаат потреба од празници. Од една страна, со своето постоењето Етнографскиот регионален комплекс привлекува туристи (главно „внатрешни“ – од Бугарија, но и странци) од отворањето во текот на 2001 г. наваму. Во реализираното интервју, Александар Митушев со гордост нагласува, дека до 2000 г. Златоград не привлекол „ниту еден турист“, додека сега градот го посетуваат меѓу 60-70 илјади туристи годишно. Дури и овие оценки да се зголемени, присуството на туристите е сериозен фактор во економскиот живот на овој град. Според интернет сајтот pochivka.bg/, досега во Златоград има 18 куќи за гости и девет хотели. Реставрираните објекти во текот на 1980-тите години, прогласени за споменици на културата, остануваат запоставени и во лоша состојба после завршувањето на социјализмот. Заедно со слободните тумачења на архитектонското наследство, истото е зачувано од рушење со вклучување во музејскиот комплекс. Од друга страна, комодификацијата на традициите и нивната комерцијализација раѓаат многу прашања. Очигледо имаат право оние автори, кои имаат критичен приод кон „искривувањето на историските факти со цел на забава“ (Smith 2003: 82). Доколку Етнографскиот регионален комплек продолжува да расте и да се развива, тој е отворен проект и иднината ќе покаже кои тенденции ќе превладеат. Заклучок: Подигнувањето на споменици на херои од литературата или од легендите не е ново, автентично, ниту пак е нова практика. Специфичното 139


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

во разгледуваниот случај игра одлучувачка улога во социјалната имагинација во креацијата на измислените традиции и во реинтерпретирањето на фолклорот во насоката на квази-историјата. Местата на сеќавања во Златоград, поврзани со легендарната фигура на Дељо Ајдутин, датираат од три различни историски периоди (времето помеѓу двете светски војни; периодот на социјализмот и периодот на постсоцијализмот). Карактеристично тука всушност, е меѓудејствието и координацијата на локалните граѓански здруженија и институциите на државната власт. Анализата покажува, дека претворањето на Дељо Ајдутин во симбол на локалниот идентитет се крунисува со успех, бидејќи политиката на сеќавањето, толкувана одгоре, соодвествува на споделените „национални чувства“ од локалните луѓе и затоа наидува на поддршка од населението. Една од причините за последното е, дека фигурата на Дељо е споделен и обединувачки симбол на локалниот идентитет, како за христијанското, така и за муслиманското население на Златоград. Фигурата на Дељо Ајдутин е симболичен капитал, употребен понатаму во процесот на комодификација на културното наследство во проектот Етнографски регионален комплекс. Неговото присуство всушност има основачки ефект врз локалната економија, како катализатор на туризмот. Тоа е возможно благодарение на група од фактори: наследената културна традиција на Златоград (која сè повеќе се „пакува“ како туристички производ), иницијативите на локалната елита и одзивот на локалната средина. ЛИТЕРАТУРА: Бакалов, Т. 1988: Майстори на народната музика. София, “Св. Георги Победоносец”. Богданова, Л. 2001: Хайдушки песни. Каталог на сюжетите. – Сборник за народни умотворения, 61, 678-679. Бюксеншютц, У. 2000: Малцинствената политика в България. Политиката на БКП към евреи, роми, помаци и турци. София, IMIR, 64-104. Вуков, Н. [2006] Град и мемориални пространства (по материали от Пловдив). Ръкопис. Гарнизов, В. 1997: Насилието, носталгията и вината (Българските конфикти през 1995 г.). – В: Дайнов, Е., В. Гарнизов и др. Власт, граждани, политици. Конфликтите на българското общество. София, 63-80. Георгиева, Ц. 1998: Помаци – българи-мюсюлмани. – В: Кръстева, А. (ред.). Общности и идентичности в България. София, 286-308. Георгиева, С. 2006: Историческите приказки на Златоград. – Сега, 1.07.2006. Гогова, Т. 1999: Валя Балканска: На родопската трапеза не приляга чалга. – Нов живот. Информационен всекидневник. Издание на ИК “Родопи” ООД, бр. 211/ 19.11.1999. Гребенарова, Сл. 1998: Тенденции на самоидентификация. – В: Гребенарова, Сл., Е. Минчева, Г. Ризова. Якоруда и Девин. Традиция и модерност. София, 54-63. 140


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Грозданова, Ел. 1993: Фалшификат ли е летописният разказ на поп Методи Драгинов? – Исторически преглед, № 2, 146-157. Димитров, Б. 2004: Златоград. Пътеводител. Университетско издателство “Св. Кл. Охридски”. Енциклопедија Иванова, Евг. 2002: Отхвърлените “приобщени” или процесът, наречен възродителен (1912-1984). София, ИИЕХ. Кауфман, Н., Т. Тодоров 1970: Народни песни от Родопския край. София, Издателство на БАН. Кръстева-Благоева, Евг. 2001: За имената и преименуванията на българите мюсюлмани. – Българска етнология, 27, 2001, № 2, 126-148. Лозанова, Г. 1998: Сакралната слещу реалната история на българите мюсюлмани в Родопите. – В: Градева, Р., С. Иванова (ред.) Мюсюлманската култура по българските земи. Изследвания. IMIR, София, 451-465. [pаri.bg] 2008: Златоград хвърля ръкавица към Етъра. – Дневник, 1.08.2008. Пейчева, Л. 2008: Между селото и вселената. Старата фолклорна музика от България в новите времена. София, Академично издателство „Проф. Марин Дринов”. Петкова, В. 2012: Инж. Александър Митушев: На всеки пожелавам такама емоция – хобито му да се превърне в работа и бизнес. –Родопски вести, бр. 37, 21 септември 2012 г., с. 7. Поптодоров, Ат. 1931: Из миналото на Родопа. Извадки от “Исторически бележник”. – Родопски преглед. 2, № 1, 2, 3, с. 14-15. Примовски, Н. 1965: Дельо войвода и родопската народна песен. – Известия на Тракийския научен институт, кн. 1, 181-192. Райчев, Ат. 1973: Народни песни от Средните Родопи. Под редакцията на Р. Ангелова. София, Издателство на БАН. Райчевски 1998: Българите мохамедани. София, Български бестселър. Спасова, Ц. 2001: Американското турне на Валя Балканска завърши триумфално в Сиатъл. – В: Nedelnik Bulgarian Weekly Newspaper, N 13, April 2001. - http://www. seattle-bg.com/html/Nedelnik. Тодорова, Р. 2005: Феноменът. “Излел е Дельо хайдутин” в контекста на традиционната златоградска, родопска и общобългарска фолклорна мелодика. ИК “ЕТО”. Хайтова, Е. 1988: Сама сред звездите. Повест за космическата певица Валя Балканска. София, Профиздат. Шишков, Ст. 1892: Няколко историко-археологически бележки за Даръдере и каазата и предания по изтурчването. – В: Родопски старини. Кн. 4. Материали из Даръдеренско. Пловдив, 12-13. Assmann, Jan 1992: Das kulturelle Gedächtnis. Schrift, Erinnerung und politische Identität in frühen Hochkulturen. München: C. H. Beck. (= на 141


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

изданието на български език: Асман, Ян 2001: Културната памет. София, Планета 3.) Barahona de Brito, A., Gonzales-Enriquez, C., Aguilar, P. 2001: Introdction. – In: Barahona de Brito, A., Gonzales-Enriquez, C., Aguilar, P. The Politics of Memory. Transnational Justice in Democratizing Societies. Oxford: Oxford University Press, 1-39. Bendix, R. 1992: National Sentiment in the Enactment and Discourse of Swiss Political Ritual. – American Ethnologist 19 (4), 768-790. Halbwachs, Maurice 1992: On Collective Memory. Chicago: The University of Chicago Press. Hobsbawm, E., T. Ranger 1983: The Invention of Tradition.Cambridge: Cambridge University Press; New York. Kitzmann, A., C. Mithander, John Sundholm (eds) 2005: Memory Work. The Theory and Practice of Memory. Peter Lang. Frankfurt am Main-Berlin-BernBruxelles-New York-Oxford-Wien. Karagiannis, E. 1997: Zur Ethnizitat der Pomaken Bulgariens. Munster. Nora, P. 1996: General Introduction: Between Memory and History. – In: Nora, P., Krizman, L. (eds) Realms of Memory: Rethinking the French Past. Vol. 1. Conflicts and Divisions. New York, Columbia University Press (на български език: Нора, П. 2005: Места на паметта. Т. 1. От републиката до нацията. Т. 2. От архива до емблемата. София, Дом на науките за човека и обществото). Norkunas, M. 2002: Monuments and Memory. History and Representation in Lowell, Massachusetts. Smithsonian Institution Press. Washington and London. Scarboro, C. [2005] Monuments and the Construction of Subjects through Time: Haskovo, Bulgaria as Socialist Humanist Space (manuscript). Smith, M. K. 2003: Issues in Cultural Tourism Studies. Routledge, New York. Schubert, G. 1991: Der epische Held der Suedslawen und dessen Kleidung. – In: Проблеми на българския фолклор. Т. 8. Българският фолклорв славянската и балканска културна традиция. София, Издателство на Българската академия на науките, 90-97. Vukov, N. 2005: Refigured Memories, Unchained Representations: PostSocialist Monumental Discourse in Bulgaria. – Paper at the conference “Zwischen Nostalgie, Amnesie und Allergie: Die Erinnerung an den Kommunismus in Suedosteuropa (Berlin, December 2005).

142


UDC 75.046:27-36):543.42 Оливера МАКРИЕВСКА,

1

ПРИМЕНА НА АНАЛИТИЧКИ СПЕКТРОСКОПСКИ ТЕХНИКИ ВО ИСТРАЖУВАЧКИТЕ РАБОТИ НА ИКОНАТА СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ ОД ЦРКВАТА „СВЕТИ ВЕЛИКОМАЧЕНИК ДИМИТРИЈ“ ВО БИТОЛА2 Апстракт: Иконата посветена на свети Наум Охридски како иконописно дело од XVIII век се издвојува меѓу многубројните икони коишто ги поседува црквата „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола. Респектирајќи го историското, религиозното и културното значење на иконата на свети Наум Охридски во овие истражувања беа вклучени повеќе научни дисциплини, со цел да се добијат релевантни информации во функција на дефинирањето на историскиот, ликовниот и техничко-технолошки карактер на предметната икона. Идентификацијата на употребените материјали и сликарската техника беше изведена со примена на неколку археометриски аналитички техники (оптичка микроскопија, раманска и инфрацрвена спектроскопија, рендгенска флуоресценција и рендегенографија). Во трудот ќе биде изложен допринесот на применетите аналитички спектроскопски техники во конзерваторско реставраторските истражувања со посебен акцент на применетата Микро-раманска спектроскопска техника. Клучни зборови: Спектроскопски аналитички техники, Микрораманска спектроскопија, икона, свети Наум Охридски, црква „Свети Великомаченик Димитриј “Битола. Иконите од XVIII век, како религиозни репрезенти на христијанскиот континуитет спаѓаат во последните традиционални византиски издишки, на коишто припаѓа и иконата на свети Наум Охридски. 3 Иконата на свети Наум Охридски е сопственост на катедралната црква „Свети Великомаченик Ди1

MFA, Магистер по ликовни уметности од област Конзервација и реставрација во темперна и маслена техника на дрвена подлога Оливера Макриевска; НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Битола, Климент Охридски бб. Битола. e-mail oliveramakrievska@yahoo.com; улица Козара број 20 Битола. 2 Извадок од магистерски труд на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Факултет за ликовни уметности, Скопје, Р. Македонија; Одбрана на магистерски труд под наслов „Дополнителни сликарски интервенции на иконата свети Наум Охридски“, датум на одбрана 21. 11. 2014, Факултет за ликовни уметности, Скопје, Р.Македонија 3 Свети Наум Охридски, Чудотворец е еден од најблиските ученици на словенските просветители Кирил и Методиј. Податоците за неговиот животот црпени се од двете словенски житија, опширниот животопис на свети Климент Охридски од Теофилакт Охридски од XI век, грчкото житие и стихирите од XIII век за кои се смета дека ги напишал охридскиот архиепископ Константин Кавасила, додека за дел од поетските состави посветени на свети Наум се смета дека се дело на охридскиот архиепископ Димитрија Хоматијан. Лазар Мирковић, Свети Наум Охридски, Сремски Карловци 1924, 1-8.


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

митриј“ во Битола којашто е со богато историско минато, започнувајќи од античкиот период (IV - VI) век. 4 Иконата е со правоаголна форма изработена рачно, од монолитна масивна, дрвена табла. Врз дрвената табла нанесена е импрегнирана хартија и подлога од гипсена двослојна препаратура со дебелина од 3-4 мм. Техниката на осликувањeто е позлата на болус и темпера. Употребените пигменти кај авторскиот боен слој биле користени во среден и доцен среден век во иконописното сликарство.5 Саканите бои се добиени со нивно мешање со додаток на протеинско врзиво, кое кај иконата е констатирано во напречниот пресек при обојувањето со органски бои. Протеинското врзиво најверојатно е јајце (цело или само жолчка), заради што може да заклучиме дека техниката на осликување на авторскиот иконопис е темпера. 6 Кај насликаниот нимбус применета е техниката на пунктирање над позлатата со метален ваљак.7 Централно е поставена фигурата на светителот во цел раст во смирен, хиератичен став, облечен во традиционална монашка одежда. Со десната рака во која држи бројаници благословува, а во левата држи свиток, свиткан како ротулус со белузлава боја и патерица на монашки поглавар. Одеждата на светителот допира скоро до подот каде што се насликани обувките со црна боја. Фигурата на светителот обвиена е со монашка наметка-мандија, која околу вратот е насобрана како голема јака што е дел од кукулка. 8 Иконата во 1987 година е евидентирана во регистерот на евидентирани икони на СР Македонија, со евидентен број КС - 1015.9 Утврдените димензии на иконата во 1987 година се: 93 х 37 х 3,5 см.; утврдената техника е темпера, гипсен грунд врз дрвена табла; датирана е од XVIII - XIX век; за авторот, забележано е дека е

4

Според сочуваните градежни фрагменти базиликата се датира помеѓу крајот на четврти и првата половина на шести век. За раните продири на христијанството (II – IV век) во Пелагонискиот регион, поточно за активноста на хераклејската катедра ни говрат фактите за присуството на хераклејско-пелагонските епископи на Севселенските собори. Р. Михајловски, Ескурс за битолскиот соборен храм Св. Димитриј и неговата камена пластика, Зборник на трудови 9, Завод за заштита на спомениците на културата, музеј и галерија - Битола 1988, 7378, заб. 9; Ф. Папазоглу, Хераклеја Линкестидска во светлината на книжевните и епиграфските текстови, Хераклеја 1, Битола 1961, 13-14; Виктор Лилчиќ, Македонија културно наследство, Скопје 1995, 65 -67.; Ј. Хаџи Васиљевић, Град Битољ, Београд 1911, 237 -240. 5 Биљана Минчева-Шукарова, Хемија во конзервација и реставрација 2 (предавања од втор циклус на студии), Скопје 2011. 6 Metka Kraigher-Hozo., Slikarstvo/ Metode slikanja/ Materijali, Sarajevo 1991, 113 -115, 121. 7 Пред да се започне со сликањето на иконата применета е техниката на пунктирање врз позлатата со специјални чекани или метални ваљаци за таа намена. Metka Kraigher-Hozo., nav. delo., 206.; В.В. Филатов., Реставрация станковой темперной живописи, Москва 1986, 13. 8 Мандијата – мантија, како составен дел од облеката на монасите симболично ја претставува божјата сила и заштита. Нејзиниот крој ги изобразува и крилјата ангелски и целта на носењето е да го потсетува монахот на неопходноста во своите дела да наликува на ангелите. http.://www.svetoslavlje 9 Евидентирани икони во СР Македонија, Том I, од 1 до 2000, Републички завод за заштита на спомениците на културата, Скопје 1987, бр. 1015. 144


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

непознат.10 Со тек на времето, иконата претрпела промени и оштетувања предизвикани од различни причинители коишто ја иницирале нејзината обнова, односно пресликување над авторскиот иконопис во првата половина на XX век. Кај иконата констатирани се и скорешни интервенции од типот на проби за отстранување на заштитниот лак врз левата половина на иконата. Поради истите од една страна беа олеснети констатациите во однос на препознавање на постарите дополнителни сликарски интервенции, од друга страна отежнати поради делумното и нееднакво отстранување на заштиниот лак и боениот слој. Со направените истражувања констатирани се постари и понови дополнителни интервенции. Првичните согледувања на нејзината состојба, иконографската содржина и перспективно раскошниот материјал за истражување ја иницираа потребата од мултидисциплинарен пристап во конзерваторско-реставраторските истражувања, со што во висок процент пополнета е анамнезата на иконата. Одбирајќи материјал за изработката на едно дело, уметникот го прави првиот чекор кон реализирањето на својата внатрешна сликарска визија. Задачата на на реставраторот е да ја следи со проучување и да донесе правилни одлуки за конзервација, реставрација и презентација. Со цел да се добијат поопширни и попрецизни информациии за иконата, во однос на идентификација на употребените материјали, применетата техника и технологија, обемот и карактерот на оштетувањата, во овие истражувања беа вклучени физичко-хемиски испитувања со примена на визуелни и инструментално-аналитички спектроскопски техники. Примена на Микро-раманска спектроскопска техника За определување на молекуларниот состав на употребените материјали кај иконата на свети Наум Охридски е применета инструментална спектроскопска техника Микро-раманска спектроскопија.11 Со оваа техника е 10

Академикот, д-р Цветан Грозданов само ја споменува иконата на св. Наум како чудотворна и од голем формат во сопственост на катедралната црква Свети Димитриј, подигната на местото на урнатиот помал храм. Цветан Грозданов., Свети Наум Охридски, Детска радост, Скопје 1995, 170. 11 Раманската спектроскопија заедно со Инфрацрвената се основни техники за брза и недеструктивна или семидеструктивна анализа на предметната материја. Оваа инструментална техника е доста прецизна и сигурна. Откриена е од индискиот научник Раман пред 80 години. Базирана е на рамански ефект. Секој материјал има сопствен и единствен рамански спектар. По снимањето со одредени параметри, добиваме молекуларна информација прикажана во спектрограм. Информациите се сместени во дата база на податоци коишто постојано се збогатуваат. Ваков инструмент и единствен во Македонија, поседува Институтот за хемија (микро-раманска лабораторија), на Природно-математички факултет во Скопје. Во поново време оваа техника е усовршена со воведување на ласерите како извор на светлина и употреба на микроскопот. Се користи во медицината, биохемијата, фармацијата, форензиката и во археометријата. P. Vandeaneele, Raman spectroscopy in art and archaeology, J. Raman Spectroscopy, 2004, 35.; A.Domėnech Carbó, Electochemical methods in Archaeometry, Conservation and restoration: Application of Instrumental Methods in the Analysis of Historic, Artistic and Archaeological Objects, Spinger Berlin Heidelberg 2009; Barbara H. Stuart, Analytical 145


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

направена анализа на употребените пигменти, болусот под позлтата и составот на подлогата кај иконата. Анализите се извршени во Спектроскопската лабораторија за археометрија на Институтот за хемија, Природно-математички факултет во Скопје во соработка со проф. д-р Биљана Минчева Шукарова и асистенција на дипл. хем. инг. Ирена Настова. За анализите е користен инструментот: Микро-рамански спектрометар LabRam 300, Horiba Jobin Yvon. Парамeтри/услови на снимање: ласер: 632.8 nm; моќност: 5 mW (врз примерокот); решеткa: 1800 g/mm; отвор: 500 μm; процеп: 100 μm; филтер: D=0.3; D=0.6; D=1,0; D=2,0; зголемување на објективот: x50 и x100; време на снимање: 5−10 s; број на скенови: 10−20. Резултати анализи

од

спектроскоските

Анализа со Микро-раманска спектроскопија и резултати Предмет на анализа со техниката на Микро-раманска спектроскопија беа седумнаесет (17) примероци од пигменти и грунд од иконата на свети Наум Охридски. Пристапот во однос на земањето на примероците е семидеструктивен. Одземени се минимални количини со хируршки скалпел и површинско загребување. Фотографија бр. 1 Позиции со назначени места од земени примероци за анализи со Микро-раманска спектроскопија. Резултатите од идентификуваните сликарски материјали (пигменти и грунд) прикажани се: во табела 1; спектрограми; микроскопски фотографии. Информациите за молекуларниот состав на употребените супстанци овозмо-

techniques in material conservation, Department of chemistry, materials, and forensic sciences, University of Technology, Sydney, Australia,Wiley 2007, 136- 137.; Analytical Techniques in Materials Conservation, John Wiley & Sons, 2007; Биљана Минчева-Шукарова., нав. дело. 146


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

жија да направиме дистинкција на употребените сликарски материјали кај оригиналниот иконопис и дополнителните интервенции. Табела 1. Преглед на земени примероци од пигменти, бронза, злато, болус и грунд кај иконата свети Наум Охридски и резултати од микро-рамански анализи. П р.бр. 1 и2

позиција /

Опис Бронза и злато

Пигмент

Забелешка Не е идентификуван пигмент Бојата е со органско потекло

/

Црвена боја ? неидентификуван црвен пигмент со Кармин 3 рамка онечистување и4 (преслика) Вермилион (циноберHgS) Медаљон со Црвена боја Вермилион (цинобер- / 5 сигнатури HgS) Портокалова Оловно црвена Идентификувани се 6Оригинална боја (миниум-Pb3O4) и оловно бела и и7 рамка масикот Бела боја Калцит (CaCO3) Идентификувана е 8 Од ореол и целулоза Кафена боја Јаглен (C) Идентификувана е 9 Од коса и целулоза Сина боја Индиго (C16H10N2O2) -Бојата под и Хром жолта микроскоп е зелена 1 Облека (PbCrO4) -Идентификувана е 0 и оловно црвенаминиум Инкарна боја Оловно бела / (2PbCO3.Pb(OH)2), 1 Јаглен (C), Рака 1 Орпимент (As2S3), Гетит (Fe2O3.H2O), Вермилион (HgS) 1 Јака од Црна боја Јаглен (C) / 2 одеждата Внатрешен дел Црвена боја Црвена земја / 1 од наметката (хематит –Fe2O3 + 3 оригинален слој глина + силикати) 147


НУ Завод и музеј Битола

4 5и 17

Зборник на трудови бр. 18

Од 1 преслика над црвената боја

Зелена боја Лазурит ([Al6Si6O24]Sn)

1 Грунд Долен дел десен агол Горен 1 лев агол под позлата

6

Лазуритот загребан е од оригиналниот слој /

Калцит (CaCO3)

Подлога

гетит (Fe2O3.H2O) и гипс (CaSO4.2H2O)

Идентификувана е и црвена земја и калцит

Raman Intensity

Прилози со селектирани рамански спектрограми  Примероци бр.3 и 4 (ccrv1) црвена боја (кармин рамка) Состав: Вермилион (цинобер-HgS) *

*

ccrv1

Vermilion (ref.) 100

200

-1 300 Wavenumber/cm

400

Слика под микроскоп x50

500

Забелешка: Во примероците бр.3 и 4 е идентификуван и орпимент (лентите означени со *). Вермилион е најден само на едно кристалче, поради тоа постои можност да е онечистување и да не е користен како црвен пигмент во овој примерок. Можно е користениот црвен пигмент да е од органско потекло. 

Примерок бр.10 (csin10-2 и csin10-3) сина боја (облека) Состав: Индиго (C16H10N2O2) и Хром жолта (PbCrO4)

Raman Intensity

csin10-2 Indigo (ref.)

csin10-3

Слика под микроскоп x50

Chrom yellow (ref.) 100

200

300

400

500

600

700

800

900

1000

Wavenumber/cm-1

Забелешка: Примерокот бр.10 под микроскоп е зелен, а не син. Идентификуван е и оловно црвен пигмент-миниум. 148


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

 Примерок бр.11 (cin11-2, cin11-4, cin11-5, cin11-6, cin11-7) инкарна боја (рака) Состав: Оловно бела (lead white-2PbCO3.Pb(OH)2), Јаглен (C), Орпимент (As2S3), Гетит (Fe2O3.H2O), Вермилион (цинобер-HgS)

cin11-2 Lead white (ref.) cin11-5

Raman Intensity

Carbon black (ref.) cin11-4 Orpiment (ref.) cin11-6 Geotite (ref.) cin11-7 Vermilion 200

400

600

800

1000

Wavenumber/cm-1

1200

1400(ref.)1600

1800

Примерок бр.16 (cpod16-4) подлога под злато. Состав: Гетит (Fe2O3.H2O) и Гипс (CaSO4.2H2O)

Raman Intensity

cpod16-4

Goethite (ref.)

Слика под микроскоп х 50 Gypsum (ref.) 200

400

600

800

1000

1200

Wavenumber/cm-1

Забелешка: Во примерокот бр.16 е најдена и црвена земја и калцит. Кај анализираните примероци 1 и 2 бидејќи не е пронајден пигмент, а се однесува на земени примероци од златна бронза заклучуваме дека овој нанос или премачкување врз оригиналниот фон од позлата е направен подоцна, со цел да се изедначат и прекријат оштетените и загубените позлатени

149


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

површини.12 Кај примероците 3 и 4 земени од надсликаната кармин рамка (над оригиналната оранж), е констатирана вермилион (цинобер-HgS) (минимални примеси), орпимент исто така во минимални, занемарливи количини и црвен пигмент од органско потекло. Тоа значи дека кристалот на вермилион и орпиментот се наоди од оригиналниот боен слој. Присуството на третиот црвен доминантен пигмент - кармин е со органско потекло и не може да се идентификува со раманската спектроскопија.13 Примерокот број 5 што е земен од фонот во медаљоните со сигнатури е констатиран вермилион (цинобер-HgS).14 Примероците 6 и 7 се земени од првобитниот иконопис од оригиналната рамка со портокалова боја. Констатирана е оловно црвена (миниум-Pb3O4).15 Покрај оловно црвената во примерокот се констатирани и оловно бела (lead white-2PbCO3.Pb(OH)2) - што потекнува од оловно бел пигмент и масикот (massicot-PbO)-што потекнува од масикот. 16 Примерокот 8 е земен од белата линија што го ограничува нимбусот. Констатирана е бела боја по состав калцит - калциум карбонат(CaCO3).17

12

Златната прашина употребена кај иконата датира од поново време, а се појавува и почнува да се користи во крајот на XIX и почеток на XX век. Од неблагородните метали се изработуваат златни бронзи кои се измешани со месинг, бакар и цинк. Блаже Кузмановски., Практична сликарска технологија и сликарски техники, Скопје 2011, 139.; Metka Kraigher-Hozo., нав. дело, 211. 13 Современите анализи ни покажуваат дека не се користел пошироко во средновековното сликарство. Вештачкиот ализарин - карплак е произведен 1868 година. Природниот и вештачкиот краплак не поднесуваат вода. Доколку се користи овој пигмент за водено врзиво се додава 50% шпиритус, а за масленото врзиво се додава терпентинско масло. Блаже Кузмановски, нав. дело., 126-127.; Barbara H. Stuart, nav. delo., 26.; Dr.R.F.Symes and the staff of the Natural History Museum, Rock & Mineral, London,199о, 32.; Милорад Медић, Стари сликарски приручници I, Р.З.З.С.К.Београд, 1999, 221. 14 Овој пигмент е од првобитниот иконопис и датира од 18 век. Бидејќи бил доста скап, а и заради специфичноста на пигментот, често на местата каде требало да се стави цинобер се подсликувало со друг црвен пигмент како: црвен окер, синопија, црвена земја, а често се комбинирал и со аурипигмент, змејова крв, миниум и жолтите пигменти. Во Европа вештачки се произведува од 1687 година. Исто., 25. 15 Оловно црвениот пигмент Pb3O4 на пазарот доаѓа во два вида: златен сатинобер, често наречен и дисперзиран миниум поради своите извонредни дисперзивни своства (ситни честици и способност да покрива метални површини и миниум со покрупни честици на пигментот. Синтетички се произведува уште од античкиот период. Исто., 25. 16 Оловно бела 2PbCO3.Pb(OH)2-(white lead, Kremserweiss, blanc de plomb ) тоа е базен оловен карбонат ( вештачки аноргански или минерален пигмент - го користеле уште во древниот Египет. Сė до почетокот на нашиот век, оловно белата боја на пазарот доаѓала во форма на квадратни парчиња завиткани во сина хартија. Синтетички се произведува уште од античкиот период. Litharge Масикот Massicot= франц./ Massicott= герм. (massicot-PbO) жолтоцрвен пигмент користен често заедно со окерот. Тоа значи за добивањето на портокалова нијанса, сликарот оловно црвената ја помешал со оловно бела и масикот. Се користи од XIV век. Исто., 24-25.; Metka Kraigher-Hozo, nav. Delo, 284.; Блаже Кузмановски., нав. дело, 116. 17 Калцит (CaCO3) природен минерален, бел пигмент со примеси. Спаѓа во групата на карбонати. Toa e микронизирана вар, сроден на природната креда (калкспат), кој за разлика од 150


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Примерокот е од надсликаниот слој (нимбусот е пресликан над првобитниот и е со поголема димензија. Во примерокот бр.8 идентификувана е целулоза. Присуството на целулоза веројатно се должи на интервенциите кои се вршени во поново време со цел да се отстрани лакот и пресликата и тогаш веројатно е користена хартија или платно натопено во одреден растворувач. Примерокот бр. 9 е земен од косата на светителот (горниот дел кај темето) контура со темнокафеава боја. Констатиран е carbon black - јаглен (C). Содржи исклучиво само еден елемент - јаглен или tryginon.18 И во примерокот бр. 9 констатирана е целулоза. Констатацијата е иста како и за примерокот бр. 8 во однос на присуството на целулоза. Примерокот бр.10 зелена боја од облеката на светителот. Во својот состав содржи индиго сина (C16H10N2O2) и хром жолта (PbCrO4).19 Идентификуван е и оловно црвен пигмент-миниум. Од овие резултати констатираме дека сликарот за добивање на зелена боја на монашката одежда - мандијата на светителот ги измешал индиго сината и хром жолтата за да ја добие саканата темнозелена нијанса. Со земањето на примерокот веројатно е загребено подлабоко и присуството на оловно црвениот пигмент потекнува од оригиналниот – авторски слој. Примерокот бр.11 - (жолт окер) инкарнат, е земен од десната рака на светителот. Во својот состав содржи оловно бела (lead white2PbCO3.Pb(OH)2), carbon black -јаглен (C), орпимент (As2S3), гетит (Fe2O3.H2O), вермилион (цинобер-HgS). За добивање на саканата нијанаса на боја на кожата, сликарот ја употребил следната комбинација или ги помешал следните пигменти: оловно бела, вермилион, јаглен црна, орпимент и гетит.20 Примерокот бр.12 - црна боја кој е земен од работ на јаката на одеждата на светителот по состав е ), carbon black-јаглен црна (C). Примерок бр.13 - црвена боја (авторски слој), земен од долниот дел на одеждата на светителот. По состав е црвена земја (хематит – Fe2O3 + глина кредата по својата структура е грубо кристален и мек. Исто., 24.; James Lagomarsino, nav. delo, 50. 18 Dr R.F.Symes and the staff of the Natural History Museum , nav.delo., 7 , 36 -37 .; Isto., 25. 19 Вештачкиот органски пигмент C16H10N2O2 се добива со таложење на фенил глицинот со натриум амидот и алкалии. Има ист состав како и природниот. Има темносина боја. Вештачкото индиго откриено е 1880 година, а во употреба доаѓа во почетокот на XX век. Хром жолта Pb CrO4 е синтетички минерален пигмент. Токсичен е заради содржината на олово. Се користи во темперната техника со туткал, казеин и сл. како врзива, во масленото сликарство само за студиски цели, а наоѓа примена и во графиката. Откриена е 1797 година( Vaquelin). Фабрички се произведува од 1818 година. Блаже Кузмановски, нав. дело, 133.; Исто., 24.-26. 20 Realgar(AsS4) познат и како аурипигмент односно орпимент е најинтензивниот жолт пигмент кој се наоѓа во палетата на старите мајстори. Во почетокот на XVIII век во Европа започнува да се произведува синтетички аурипигмент, а денес заменет е најчесто со кадмиево жолтите пигменти. Во природата се наоѓа под истото име, а по вештачки пат се добива со сублимација на сулфур и арсен. Гетит (Fe2O3.H2O), Goethite, минерал познат како железен оксид честа состојка во корозијата на железото. Името го има добиено 1806 по германскиот поет и филозоф J. W.von Goethe, кој имал особен интерес за минералите. Во бојата варира од жолто- кафеава до црвена .Исто., 24.; Metka Kraigher-Hoz., nav.delo, 294-295. 151


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

+ силикати).21 Овој податок сигурно ни ја потврдува употребата на полимент нанесен пред позлата само што во повеќето случаи кај иконите на кои се планирала позлата, била премачкувана целата површина на иконата. Примерок бр.14 - зелена, земен од долниот дел на одеждата на светителот. По состав лазурит ([Al6Si6O24]Sn). 22 Лазуритот е најден само на едно место, можно е да е од онечистување. Примерок бр. 15 и 17 од грунд, земен од десниот агол на иконата и левиот агол на иконата. Во нивниот состав утврден е калцит (CaCO3). Примероците земени се со загребување, така што веројатно земен е примерок од подолните слоеви на грунд. Се совпаѓа со резултатите од пресеците за составот на грундот. Примерок бр.16 - грунд подлога под позлатената површина. Во својот состав содржи гетит (Fe2O3.H2O) и гипс (CaSO4.2H2O). Гипс, садра (gypsum) CaSO4 - најден е во анализите на пресеците. Се користи како минерално врзиво и како полнило. Грундот е загребан површински и поради тоа во неговиот состав идентификувана е и црвена земја - хематит што е користена како полимент - (болус за нанесување на позлатата). Веројатно вториот подебел нанос на грунд во својот состав содржи повеќе калциум карбонат, што се гледа на пресеците. Последниот третиот слој потенкиот од примерок 16 содржи калциум сулфат - гипс и гетит. Употребата на на гетитот во составот на грундот е добра подлога на места каде што се позлатува заради сјајот кој го добива по ставањето на златната фолија. Хематитот го има и во примерок 13 (подлога под златна фолија), што ни потврдува дека сликарот користел црвена земја - хематит под боениот и слојот со позлата. Истражувањата беа дополнети со примена на спектроскопските техники: FTIR - Инфрацрвена и XRF –X RAY - Флуоресцентна спектроскопска техника. Со Инфрацрвената спектроскопска техника извршена е анализа на молекуларниот состав на примероците од авторскиот иконопис и дополнител-

21

Црвена земја- хематит црвени земјани пигменти – пуцоланска, шпанска, персиска, црвен окер, црвен болус, ретел, синопиа. (хематит-Fe2O3 + глина + силикати). Спаѓа во групата на железни оксиди. Најновите истражувања докажуваат дека хематитот широко е распространет на планетата Марс. Црвениот болус и денес се користи како полимент за позлатување, а се препорачува и за тонирање на грундот. Во Византија (Источното римско царство), црвената земја се нарекувала Volus, додека во Западното римско царство се нарекувала Bolus. Позната била црвената земја од Синопиа во Мала Азија, со која бил изведуван цртежот на ѕид во фреско техниките. Исто., 24.; James Lagomarsino., nav.delo, 79- 80. 22 Lazurite лазурин (Al6Si6O24]Sn) - методот на екстрахирање на овој минерал им бил познат на Арапите уште во 1200 година. Спаѓа во групата на карбонати. Toa e аноргански, природен или земјен пигмент. Идентификуваниот пигмент синтетички се произведува во XIX век. Z. Punda, M. Culić, Slikarska tehnologija I slikarske tehnike, Split 2006, 62 - 69.; James Lagomarsino., nav.delo, 165.; Metka Kraigher-Hozo., nav.delo, 314.; Исто., 25. 152


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

ните сликарски интервенции.23 Истражувањата се вршеа во Централната хемиска лабораторија во Националниот конзерваторски центар во Скопје во соработка со д-р Лидија Чуковска-Робева дипл. хемичар, советник конзерватор. Со рендгенската флуоресценција (XRF-XRay Fluorescence) кај иконата определен елементарниот состав на соединенијата од земените примероци од авторскиот иконопис и дел од дополнителните сликарски интервенции.24 Истражувањата со XRF техниката се вршеа во Централната хемиска лабораторија во „Националниот конзерваторски центар“ во Скопје во соработка со Светлана Мамучевска-Пепек дилп. биохемичар, виш конзерватор. Овие истражувања овозможија детерминација на оригиналниот живопис и подоцнежните сликарски интервенции. Визуелните техники овозможија да се добијат сознанија за: затекнатата состојба, квалитетот и квантитетот на сочуваноста на слоевите на иконата, стратиграфска претстава и карактеризација на слоевите, со што се утврдени и површините со дополнителните сликарски интервенции. Со инструменталните спектроскопски техники извршена е: идентификација и карактеризација на употребените пигменти, болусот, процентот на злато и други метали кај позлатата со златни ливчиња, составот на врзивата и полнилата на подлогата кај авторскиот иконопис; идентификација и карактеризација на употребените пигменти, составот на пресликата со златна прашина, составот на врзивата и полнилата на подлогата и заштитниот лак кај дополнителните сликарски интервенции. Резултатите од претходните истражувања со коишто се утврдија границите и квалитетот на зачуваните површини од авторскиот иконопис, помогнаа во донесувањето на одлука за отстранување на дополнителните сликарски интервенции од XIX - XX век. Идентификуваните употребени пигменти кај авторскиот иконопис се вбројуваат во пигменти кои ги користеле старите мајстори и палета на пигменти што се користеле во среден и доцен среден век во иконописното сликарство. Пигментите, како хром жолтата, индиго сината, ализаринот и литопонот кои се идентификувани кај дополнителните сликарски интервенции 23

Оваа метода спаѓа во семидеструктивните методи за определување на молекуларниот состав на материјалите, бидејќи потребни се минимални количини од материјалот кој треба да се испитува. Инфрацрвените спектроскопски анализи се вршат со помош на ИЦ спектрометри. Philip Ward, The Nature of Conservation – A Race Against, The Getty Conservation Institute, 1989; M. R. Derrick, D. Štulić, J. M. Landry, Infrared Spectroscopy in conservation Science, The Getty Conservation Institute, Los Angeles, 1999, 1-14.; Barbara H. Stuart, nav. delo., 72-73.; Биљана Минчева-Шукарова., нав. дело. 24 Оваа метода спаѓа во инструменталните техники поврзани со Х-зраците, поточно со оваа метода се определува структурата на материјалите, односно составот на нивните елементи. Методот се темели на анализа на енергетскиот спектар на секундарните x-зраци од одреден материјал кој носи информација за хемискиот состав и концентрацијата на поединечните елементи во материјалот. Ефикасноста и резолуцијата на XRF инструментите се разликува за различни елементи во зависност од нивната атомска тежина, имено ефикасноста е помала за полесните елементи и практично најлесниот елемент кој може да се измери со задоволителна точност е Натриум (Z=11).; Barbara H. Stuart, nav. delo., 234-236.; Биљана Минчева-Шукарова., нав. дело. 153


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

со сигурност се произведени во периодот на Индустриската револуција во Европа и во почетокот на XX век.25 Користена литература Блаже Кузмановски, Практична сликарска технологија и сликарски техники, Скопје 2011 Биљана Минчева - Шукарова, Хемија во конзервација и реставрација 2 (предавања од втор циклус на студии), Скопје 2011 В.В. Филатов, Реставрация станковой темперной живописи, Москва 1986 Виктор Лилчиќ, Македонија културно наследство, Скопје 1995 Евидентирани икони во СР Македонија, Том I, од 1 до 2000, Републички завод за заштита на спомениците на културата, Скопје 1987 Ј.Хаџи Васиљевић, Град Битољ, Београд 1911, Лазар Мирковић, Свети Наум Охридски, Сремски Карловци 1924 Милорад Медић, Стари сликарски приручници I, Београд 1999 Роберт Михајловски, „Ескурс за битолскиот соборен храм Св. Димитриј и неговата камена пластика“, Зборник на трудови, 9, Завод за заштита на спомениците на културата, музеј и галерија – Битола 1988 Ф. Папазоглу, „Хераклеја Линкестидска во светлината на книжевните и епиграфските текстови“, Хераклеја 1, Битола 1961 Цветан Грозданов Свети Наум Охридски, Детска радост, Скопје 1995 A.Domėnech Carbó, Electochemical methods in Archaeometry, Conservation and restoration: Application of Instrumental Methods in the Analysis of Historic, Artistic and Archaeological Objects, Spinger Berlin Heidelberg 2009 Analytical Techniques in Materials Conservation, John Wiley & Sons, 2007 Barbara H. Stuart, Analytical techniques in material conservation, Department of chemistry, materials, and forensic sciences, University of Technology, Sydney, Australia, John Wiley & Sons, 2007 http.://www.svetoslavlje James Lagomarsino, A concise guide to Rocks& Minerals, Paragorn books LTD China 2008 25

Деветнаесетиот век, познат како “wonderful century“, е век на големи промени во сите подрачја на историската егзистенција на човештвото. Едно од главните обележја на духовната клима во тој период е оптимизмот, ентузијазмот со кој се негувал, изградувал истражувачкиот и научниот дух. Процветот на хемиската индустрија е на самиот крај на XIX и почетокот на XX век. Производството на вештачки бои во теоретски поглед го поставил рускиот научник Зинјин, објавен 1842 - 1845, за конверзијата на нитробензинот во анилин. Хемичарот Вилијам Перкин 1856 година, заслужен е за производството на мовеинот, анилинските бои, креозитот, кинонот и други. Хемичарот Вилхелм Хофман од 1870 година заслужен е за производството на бројни анилински и катрански бои. Во 1860 година произведена е бојата ализарин, за којашто ќе има голема побарувачка. Čedomir Popov, Građanska Evropa (1770- 1871), Prva knjiga, Osnovi evropske istorije XIX veka, Novi Sad, 1989, 356-357. 154


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Metka Krajger-Hozo, Slikarstvo - metode slikanja - materijali, Svjetlost, Sarajevo 1991 M.R.Derrick, D.Štulić, J.M.Landry, Infrared spectroscopy in conservation science, The Getty Conservation Institute, Los Angeles 1999 Philip Ward, The Nature of Conservation – A Race Against, The Getty Conservation Institute 1989 P. Vandeaneele, Raman spectroscopy in art and archaeology, J. Raman Spectroscopy 2004 R.F.Symes and the staff of the Natural History Museum, Rock & Mineral, London 1990 Z. Punda, M. Culić, Slikarska tehnologija I slikarske tehnike, Split 2006 Резиме Кај иконата посветена на свети Наум Охридски од црквата Свети Великомаченик Димитриј во Битола спроведените мултидисциплинарни научни истражувања, резултираа релевантни податоци коишто помогнаа во утврдување и спроведување на конзерваторско реставраторската методологија. Со раманската спектроскопија е идентификувана палетата на поголемиот дел од употребените пигменти кај авторскиот иконопис. Со примена на FTIR и XRF спектроскопските техники, е заокружена авторската палета на употребените пигменти и другите вградени материјали (сликарска подлога, позлата), откако беа отстранети дополнителните сликарски интервенции. Применетите материјали во градбата на иконата се традиционални и според одредени показатели се користеле до XVIII век, споредени со применетите материјали кај дополнителните сликарски интервенции, кај коишто одредени материјали започнале да се применуваат во XIX век. Добиените податоци покрај тоа што послужија во карактеризирањето на сликарската палета, употребените врзива и полнила, помогнаа и во детерминацијата на поранешните дополнителни сликарски и други интервенции. Информациите коишто беа добиени од сите применети научно-истражувачки дисциплини дадоа допринос во одредување на периодот кога е создадена иконата, идентификација на авторската работилница, иденитфикација на сликарот „ обновител“, потврдување на нејзината автентичност, како и сознанија за нејзината техничко технолошка и ликовната анатомија. Истражувачките работи понатаму беа проследени со конципирање и реализација на конзерваторскореставраторската постапка. Спроведените истражувања овозможија со високо процентна сигурност да ја раскажеме историско-уметничката, техничко-технолошката и ликовно-анатомската приказна што ни ја оставил во наследство мајсторот, сликар-иконописец на иконата посветена на свети Наум Охридски.

155


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Summary А number of multidisciplinary scientific researches, on the icon St. Naum from Ohrid, gave results which helped in the determination and use of conservatory-restoration methodology. A large part of the pigments used were identified using Raman spectroscopy. With use of FTIR and XRF spectroscopy techniques it is defined the most of the author`s artistic palete and other used materials (as used joints and fillers, golden leaves) after removal of additional painted interventions. According to the relevant information the applied materials in icon anatomy are traditional used untill the end of XVIII century, compared to the materials in additional painted interventions that are started to be used in XIX century. The received results have helped not only in characterizing the painting palette, the used joints and fillers, but also in determination of the additional painting or other interventions. All the information obtained from all science researching disciplines have helped in determing the period when the icon was made, identification the workshop of the icon-painting, identification of the painter “renovator”, it`s authenticity was confirmed together with technical-technological and painting anatomy. The research work was followed by the concept and fulfilling the restoration procedure. The proceeded researches have helped to tell the story about the historical and artistic, technical and technological, and painting anatomy to the icon dedicated to Saint Naum from Ohrid with high percentage of accuracy.

156


UDC 904:711.426 (497.742)

Душко ЦВЕТАНОВ,

1

МОЖНАТА УБИКАЦИЈА НА ПАЛЕОКАСТРО (ТВРДИНА ИЛИ НАСЕЛБА), КРАЈ МАНАСТИРОТ „БОГОРОДИЦА ЕЛЕУСА“- С. ВЕЛЈУСА СТРУМИЧКО Апстракт: Топонимот ,,Палеокастро“ поврзан со манастирот „Пресвета Богородица Милостива“ во с. Велјуса струмичко, го среќаваме во пишаните документи од Ивиронскиот манастир на Атон (Света Гора). Точната локацијата на оваа населба, сè уште не и е позната на стручната јавност, како и функцијата на оваа населено место, кое во периодот од кога потекнуваат и самите документи опстојува како населба (село). Иако, етимолошки, станува збор за нешто сосема друго, ,,Палеокастро“, палео (грч: παλαιός – стар) и кастро ( грч: κάστρο – замок), стар замок (стара тврдина).2 Во овој труд ќе направиме обид за можната убикација на ова населено место: со анализа на пишаните извори, рекогносцирање на локалитети кои гравитираат околу манастирот, како и движните наоди кои ги имаме од овој крај. Клучни Зборови: Палеокастро, Вељуса, Манастир „Богородица Милостива“, Струмица, Алексиј I Комнен. Од суштинско значење е постојниот податок дека царот Алексиј I Комнен, навистина го посетил манастирот „Богородица Милостива (Елеуса)“ во населбата (селото) наречена „Палеокастро“ крај Струмица пред 1106 година, поради што тој дури го изразува со восхит сеќавањето за впечатоците од оваа своја посета: ,... а сега, откако моето царство го виде (манастирскиот храм) и разбра дека Богородица навистина е милостива кон човечкиот род, смета дека е неопходно да го направи поклонението во манастирот. Кога ја виде немаштината и благочественоста на старите монаси, како да не биде моето царство подарежливо кон овој манастир и како да не појави поголема наклоност и честољубие кон него. Во грамотата од 1106 година не е прецизирана годината на посетата на манастирот од страна на Алексиј I Комнен, ниту пак се споменува годината на неговиот воен поход по чиј повод тој бил присутен во Македонија, според Петар Миљковиќ-Пепек, е прифатливо

1

Магистер по археологија (докторант по археологија) Душко Цветанов, кустос археолог во НУ Завод и музеј Струмица, 27 март 2, 2400 Струмица; адреса на живеење „Младинска 95“ Струмица, e-mail: duskocvetanov@live.com. Овој труд е дел од магистратура на Душко Цветанов, под наслов: ,,Средновековните тврдини и патната мрежа во Струмичко (XI-XIV век)“ одбранета на Филозофски факултет, насока: археологија, УКИМ – Скопје, 25.6.2012. 2 Љубица Станковска, Средновековниот топонимиски модел во Струмичко, ,,Акта Велјуса’’, Скопје 1984,142-143.


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

дека тоа можело да биде меѓу 1091 и 1094 година, кога императорот Алексиј I лично ги раководел трите походи против рашкиот жупан Вукан. 3 (Сл.1 и 2) Струмица во средниот век е неодминлива попатна станица на дел од најмоќните императори, царови, трговци, патеписци, случајни минувачи, како и добро засолниште за одметнатите властодршци, кои поминале пократок или подолг период овде. Струмица е град низ кој минувале значајни патни артерии, кои меѓу другото овозможувале голем и неодминлив брз развој. Лежи покрај доста значаен и комерцијален пат, Константинопол – Сер – Струмица – Скопје, уште наречен и како ,,Царски пат“. Императорот Алексеј I, поминувал низ овој пат, во офанзивите против побунетите српски племиња како и против Норманите, на Боемунд Тарентски.4 Ана Комнина во нејзиното дело Алексијада ја спомнува посетата на манастирот од страна на својот татко, императорот Алексиј I Комнен, од Солун тој заминал за Струмица и во таа пригода го посетил манастирот ,,Богородица Елеуса“. Оттаму поминал близу Слопим (Σλόπιμος, непознато), па низ Валовиште (Βαλαβιστα, тур. Демирхисарско) се вратил во Солун.5 Градот Струмица според изворите за манастирот „Богородица Милостива“, во XI – XII век, бил претворен во седиште на т.н., тема Струмица (θεμα Στρουμπιτζης). Такви воено-адмистративни единици биле формирани и во другите соседни области. Во рамките на оваа тема влегувале територии од поширокото подрачје на градот Струмица.6 Според Елена Арвелер (Helene Ahrweiler) сите теми во овој период, слични на струмичката опфаќале не повеќе од територијата на еден град, во чии надлежности влегувале и сите села или населени места кои зависеле од градот. Овие теми биле создавани најмногу заради потребите поврзани со оданочувањето. Поради тоа Арвелер ги нарекува ,,фискални” теми и притоа набројува преку 30 вакви единици.7 Во архивата на манастирот Ивирон во Атон (Света Гора) се зачувани неколку документи, кои се однесуваат на манастирот „Богородица Милостива” (`Ελεούσα). Манастирот е основан во 1080 година од страна на монахот Мануил, на почетокот тој бил доста беден. Подоцна по неколку последователни дарувања од страна на византиските императори Алексиј I Комнен, Јован II Комнен и Мануил I Комнен, тој добил земјена сопственост и зависни села3

Документи на манастирот „Богородица Милостива”/ Acta monasterii Eleusae, ГИБИ, VII , София 1968, 81–82; Петар Миљковиќ-Пепек, Велјуса–манастир Св.Богородица Милостива во с.Велјуса крај Струмица, Скопје 1981, 36. 4 Душко Цветанов, Средновековната патна мрежа во Струмичко (XI–XIV век), Зборник на трудови, Струмица 2014, 141, 164. 5 Ана Комнина, Алексијада / Alexias, София 1972, 120; Васил Златарски, История на българската държава през средните векове. Том II. Блгари под византиско владичество(1018-1187). София 1934, 242–243. 6 Бранко Панов, Струмица и Струмичката област во средниот век (VI – XI век), ,,Акта Велјуса”; Скопје 1984, 68–69; Документи на манастирот „Богородица Милостива”, op.cit.,, 81, 84, 86–88. 7 Ирена Стефоска, Струмица и Струмичко во средновековието (VI – XIV век), Скопје 2011, 118. 158


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

ни. Од првата повелба издаден од страна на императорот Алексиј I во 1085 година, се гледа дека Манастирот, иако се наоѓал во Струмичката епархија не бил обврзан да се потчинува ниту на Струмичкиот епископ, ниту пак на Охридскиот Архиепископ. Манастирот имал автономен статус потврден со империјален декрет, во Типикот составен за неговите потреби. Во првата половина на XIII век манастирот преминува во сопственост на атонскиот манастир Ивирон, затоа документите се зачувани во неговата архива. Од овие документи добиваме податоци за: феудалната сопственост, за статутот на одделните категории на селани, за различните даноци, за размерот на земјата со која стопанисувале селаните и др. Во овие документи среќаваме многу имиња на луѓе, села, реки и месности.8 П.Миљковиќ-Пепек сметал дека манастирот „Богородица Милостива“ станал метох на Ивирон во времето на бугарскиот цар Иван Асен II, додека Приредувачите на збирката манастирски документи од Дамбартон Оукс, укажуваат дека Манастирот, секако, ја изгубил независноста пред 1250 година.9 На неколку места во документите за манастирот „Богородица Милостива“ го среќаваме топонимот, Палеокастро ( Παλαιοκαστρου ), како и постари топоними кои може да ги ставиме во конотација со христијанството, сите тие места гравитирале околу самиот манастир: „Пресвета Богородица Милостива“ во близина на селото наречено Палеокастро (...υπεραγιας Θεοτοκοι της `Ελεουσης έγγυς που του χωριου του λεγομένου Παλαιοκαστρου ...) Друг хрисовул на блажениот цар, господарот Алексиј Комнен, издаден во 1106 година. 10 „Пресвета Богородица Милостива“, изграден над селото Палеокастро (...υπεραγιας Θεοτοκοι της `Ελεουσης, τη ανωθεν του χωριον Παλαιοκαστρου ιδρυμενη...). Во Практикот за предавање на 12 ѕевгаратни парици, подарени преку хрисовули, со нивната сопствена земја, издаден во јули 1152 година.11 Во истиот тој практик, Палеокастро се спомнува уште еднаш, односно земјиште во атарот на селото, месност именувана како Понтикоеклесија (Ποντικοεκκλησιον),истото ова земјиште било дел од селото Палеокастро, не било обработувано, а државата немала никаков доход од него. Топонимот Понтикоеклесија упатува на место што потекнува од некоја ранохристијанска

8

Документи на манастирот „Богородица Милостива” op.cit.,, 79; Ирена Стефоска, op.cit.,, 264; Маја Ангеловска-Панова, Типикот во Византија: Монашки устав или животен предизвик ?”, Зборник на трудови, Струмица 2014, 122. 9 Ирена Стефоска, op.cit.,, 220. 10 Документи на манастирот „Богородица Милостива”,op.cit.,,81-83; Петар Миљковиќ - Пепек, (1981) op.cit.,, 256. 11 Документи на манастирот „Богородица Милостива”,op.cit.,,86; Петар Миљковиќ - Пепек,, (1981) op.cit.,, 273. 159


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

црква.12 Етимолошки зборот може да го расчлениме Ποντικι (глушец) – Εκκλησιων (црква),13 или во превод значело ,,црковен глушец”. Императорот Алексиј II Комнен на манастирот му подарува земјиште кај месноста Крстовица (Κριστοβιτζης), од петстотини модии. Податоците ги добиваме од копијата од прототипот на хрисовулот од блажениот цар, господарот Алексиј Комнен, издаден во 1085 година.14 Селото Палеокастро се среќава и во подоцнежните документи од византиска провиниенција, како на пример во нецелосниот Практик за имотите на манастирот Ивирон во Струмичкиот крај од 1320 година.15 Обидувајќи се да ги убицираме овие места, кои со текот на времето ги видоизмениле, или целосно ги промениле своите имиња, ќе дојдеме до значајни податоци за самата функција и значење на овој доста значаен микрорегион и неговата поврзаност на глобален план. Неслучајно селото кое се наоѓало до манастирот го добило името Палеокастро, дали сеќавањата на месното население допирало за постоење на тврдина на оваа место, која најверојатно било во функција до неодамна, а самите бедеми наѕирале над околните ридови и немо прозборувале за тврдината која го заштитувала овој дел од Струмичката котлина. (Сл.3) L.Petit смета дека Палеокастро се наоѓа на високо место над с.Велјуса во подножјето на планината Еленица каде имало и остатоци од тврдина. За разлика од него, Милетич дошол до заклучок дека замокот „Палеокастро“ се наоѓа малку по на исток поблизу до Струмица. Според мислењето на L.Petit оваа тврдина сигурно лежела на патот кој поминувал низ најгустиот дел на планината Еленица и ги поврзувал радовишките и тиквешките краишта со Струмица.16 Истото го потврдува и архимандритот Герасим (струмички егзархиски епископ), спомнува дека преку селото Велјуса постои пат, кој поминува низ планината Еленица, покрај с. Липовик (радовишко) и влегува во Радовишката каза, тој пат бил на Тиквешани кои доаѓале за Струмица.17 Според мислењето на Милетиќ, кој вели дека тврдината Палеокастро е пооддалечена од денешното село Велјуса и се наоѓа „малку по на исток“ поблиску до Струмица, тој го подржува и фактот дека стара Струмица според преданијата се наоѓала на местото на денешното село Баница.18 Единствена тврдина која се наоѓа на овој простор помеѓу селото Велјуса и Струмица е тврдината „Кулата“ (Кулите), која се наоѓа во подножјето на планината Еле12

Документи на манастирот „Богородица Милостива” op.cit.,, 93; Петар Миљковиќ - Пепек,, (1981) op.cit.,, 280. 13 Љубица Станковска, Љубица Станковска, Средновековниот топонимски модел во Струмичко, ,,Акта Велјуса’’, Скопје 1984,143. 14 Документи на манастирот „Богородица Милостива”/ op.cit.,, 81; Петар Миљковиќ-Пепек, (1981) op.cit.,, 255. 15 Ирена Стефоска, op.cit.,, 289. 16 Бранко Панов, Средновековна македонија том 3, Скопје 1985, 434 – 435. 17 Лубомир Милетичъ, Струмишкитѣ манастирски черкви при с. Водоча и с. Велюса, Македонски преглед II, София 1926, 41. 18 Ibid, 45. fig. I, II. 160


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

ница, на едно мало ритче, на околу 2,5 km југоисточно од селото Велјуса. Овој локалитет „Кулите“ е на нешто повеќе од 1 km северозападно од денешното село Водоча. Според површинските наоди тврдината има подолг хронолошки распон, најверојатно била користена во хеленистичко, римско и доцноантичко време. Истата се простира на едно високо ритче со зарамнето плато, издолжено во правец север–југ, на кое на јужната страна се наоѓаат остатоци од бедем и една одбранбена кула. Според Јован Ананиев платото што е обградено со бедем изнесува 60 X 40 метри, и во него се среќаваат фрагменти од керамички садови, според кои може да се заклучи дека тврдината била во функција најверојатно од IV век пр.н.е. до IV век од н.е.19 Околу 2,5 km северно од манастирот „Богородица Милостива“, т.е. 1,2 km северозападно од денешното село Седларци се простира локалитетот ,,Градиште”. Според А.Керамитчиев станува збор за утврдена населба од доцноантичко време.20 На еден висок рид, на плато на врвот, според големината и положбата на оваа градиште најверојатно претставува фрурион, мала попатна тврдина, која го контролирала патот кој водел преку планината Смрдеш, поврзувајќи ја струмичката котлина со долината на реката Крива Лакавица. Ова се двете најблиски тврдини кои гравитираат околу манастирот, а се познати за стручната јавност. Но сепак овие тврдини се доста оддалечени од самиот манастир и не соодветствуваат со податоците што ги имаме за Палеокастро. Податоци за постоење и функционирање на тврдини во Средниот век во струмичко, добиваме од византискиот хроничар Јован Скилица, кој претставува главен извор за Самуиловата Држава. Од хрониките дознаваме дека Струмица ја управувал Драгомуж (Δραγομούζος) и дека во нејзината тврдина имало концентрирано голем број војници. Од истиот извор дознаваме дека тој стоел на чело и на повеќе тврдини во областа Струмица. Тврдини коишто во 1018 година ги предал на Василиј II и добил чин патрициј. Некои од тврдините со кои управувал Драгомуж, се именувани и од самиот Скилица. Имено, тој наведува дека во близина на Струмица се наоѓаат тврдините „Мацукион“ и „Термица“.21 Покрај овие две тврдини, постоеле и други кои ги чувале влезовите во струмичко или стоеле покрај значајни комуникации. Можеби дел од овој систем на тврдини кои ги изградил Самуил во струмичко, била и тврдината „Палеокастро“. Сепак, временски, освојувањето на Струмица од страна на Василиј II (1018 година) и изградбата на манастирот „Богородица Милостива“ (1080 година), се во краток период. Можеби сè уште во колектив-

19

Археолошка карта на Република Македонија II, МАНУ Музеј на Македонија-археолошки оддел, Скопје 1996, 405. 20 Ibid., 404. 21 Бранко Панов, (1985), op.cit.,, 427-430.; Васил Златарски, История на българската държава през средните векове. Том I. История на Първото българско царство. Част II. От славянизацията на държавата до падането на Първото царство (852—1018), Наука и изкуство, София 1927, 698-717. 161


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

ната меморија на населението од Палеокастро останал споменот за тврдината која најверојатно била во непосредна близина. Од споменатите документи гледаме дека „Палеокастро“ се споменува како селска населба (χωριον Παλαιοκαστρου) близу до манастирот „Богородица Милостива (Елеуса)“, а не како тврдина. Остаток од името Палеокастро е денешниот топоним, а наедно и локалитет „Кастровица“, кој претставува средновековна населба на 1,5 km северно од с.Велјуса, по површината на нивите на простор од (800 Х 500m) се наоѓаат фрагменти од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди и друг градежен материјал.22 Етимолошки овие две имиња се многу блиски, „Палеокастро“– „Кастровица“. Во вториот хрисовул на блажениот император Алексиј I Комнин (1081–1118) во кој се вели дека манастирот е близу до селото, наречено Палеокастро. Другиот извор е „практиката за предавање на дванаесет ѕевгаритни парици, што биле предадени преку грамотите заедно со соодветната земја“; во кој извор се спомнува дека манастирот Богородица Милостива е изграден над селото Палеокастро. Денешниот локалитет „Кастровица“ навистина се наоѓа под самиот манастир, сметам дека нема сомневање, Палеокастро во XI-XII век е средновековна населба, но не и тврдина, но сепак не може да ја исклучиме и можноста претходно на овој простор дека имало тврдина, за да се префрли самиот назив Палеокастро подоцна во населбата. Друг локалитет од тој период во близина на манастирот е лок. „Чука“ што, всушност, претставува доцноантичка и средновековна населба, на околу 500 метри јужно од денешното с.Велјуса, односно југоисточно од манастирот, на површина од околу 100кв.м., се наоѓаат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.23 На самиот влез во с. Велјуса, десно од самиот пат крај месноста ,,Динко“ – КП 3270, се откриени неколку случајни наоди, типичен средновековен накит од XI до XII век, две белегзии: тордирана и лентеста, и еден прстен.24 Со тоа може да се заклучи дека просторот околу денешното село Велјуса, како и инцидентни наоди од полниот среден век (XI– XIV век) внатре во селото, укажуваат дека населбата Палеокастро и денешното село Велјуса, е истата населба, која во еден временски период го променила своето име. Другите два топоними кои ги спомнавме претходно: Крстовица (Κριστοβιτζης) и Понтикоеклесија (Ποντικοεκκλησιον), укажуваат на поранешно постоење на ранохристијански сакрални објекти во непосредна близина или на истото место на манастир „Богородица Милостива“ изграден подоцна. За тоа е потврда и откриената камената пластика. Вѕидан во подножјето на црквата на северната страна, пред западниот влез, се наоѓа дел од архитрав откршен на двете страни. Не знаеме од која градба потекнува овој елемент.25 22

Археолошка карта на Република Македонија II, op.cit.,, 404. Археолошка карта на Република Македонија II, op.cit.,, 404. 24 Според кажувањата на Ване П. Секулов, виш кустос од НУ Завод и музеј – Струмица. 25 Виктор Лилчиќ, Македонскиот камен за боговите, христијаните и за животот по животот, Том I, Скопје 2001, 450 – 451, Т.IV.111. 162 23


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Во текот на конзерваторско-реставраторските работи (1969/70 година), покрај западната фасада од ексонартексот се пронајдени и извесен број мермерни фрагменти, од кои некои припаѓале кон првобитната велјушка црква од XI век (1080 година), а други на некој ранохристијански објект што постоел во дворот на манастирот, или, пак, се донесени од соседната околина. Петар Миљковиќ-Пепек, овие фрагменти ги сместува во широки хронолошки граници меѓу VI – IX век. Што се однесува до нивното потекло, дека овие делови можеби припаѓале на палеовизантиска сакрална градба која постоела претходно во дворот на манастирот, не се исклучува и можноста да биле пренесени од соседната околина.26 За рановизантиските импост капители најдени покрај западната фасада на егзонартексот, Снежана Филипова дава попрецизна и потесна датираност, ги сместува во V век. Пронајдени се 4 фрагменти од меноа изработени врзано со импост капители.27 (Сл.4) Петтиот импост капител не е изработен врзано со меното и има карактеристични трапезоидни површини по должината. На предната страна е декориран со грчки крст со проширени краци.28 Мермерната парапетна плоча била најдена вградена во подот на наосот. Плочата е декорирана со централна осумстрана розета впишана во круг, од кој лево и десно (но не на иста височина) се изработени два крста со постаменти. Од едниот е зачуван само постаментот. Крстовите лежат врз бршленови лисја што поаѓаат од јазолот под кругот со розета. Вториот крст што не е зачуван можеби бил помал.29 (Сл.5) Аналогиите на мотивот укажуваат на VI век: парапетна плоча од базиликата во Суводол, Битола и од Малата базилика во Хераклеја, Битола.30 Спомената камена пластика, датирана во V-VI век, како и старите топоними кои асоцираат на христијанство, се доволна потврда за постоењето на ранохристиајнска црква во близина на манастирот Богородица или на истото место, а со тоа и на опстојувањето на населба, а можеби тврдина во доцната антика во овој крај. Тешко може да се даде сигурен одговор на прашањето за потеклото на неколкуте пронајдени ранохристијански фрагменти на декоративна камена пластика. За постоењето на некакви профани или сакрални градби во дворот на црквата, денес делумно не упатува и текстот од Типикот на основачот Мануил, каде во врска со изградбата на црквата тој вели дека неа ја изградил од основа, но дека порано ова место на кое го градел манастирот било урнатина 26

Петар Миљковиќ-Пепек, (1981) op,cit.,. 138- 139, fig.23, T.38,39; Снежана Филипова, Архитектонска декоративна скулптура во Македонија 5-6 и 11-12 век, Скопје 1996, 41-42. 27 4 импост капители, од кои двата на предната страна се декорирани со латински крст со проширени краци изведени од двојна лента, со означено крукче на пресекот на краците. Капителите имаа исти димензии, карактеристични трапезоидни површини по должината на страните. Другите два капители сврзани со меноа се без декорација, немаат карактеристични трапезоидни површини по должината; Снежана Филипова, op,cit.,. 42, Т.LXXVII, fig.1-4, T.LXXVIII, fig.1-4. 28 Ibid, 42, T.LXXVII fig.4, T.LXXVIII fig.5. 29 Ibid, 42, T.LXXIX fig.2, T.LXXX fig.3. 30 Ibid, 42, T.LXXIX fig.1,3, T.LXXX fig.1,2. 163


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

и непогодно место во темата Струмица што се наоѓало во близина над селиштето Палеокастро.31 Од овде може да си го поставиме и прашањето дали на денешната местоположба на манастирот „Богородица Милостива“ постоела тврдина која во налетот на императорот Василиј II била до темел уништена, во иднина одговорите ќе ги бараме и во можноста за археолошки истражувања во манастирот „Богородица Милостива“, алка која сè уште недостасува. Од ова село, подоцна, било создадено и денешното село Велјуса, наречено според името на манастирот „Богородица Милостива (Елеуса)“ – Велјуса. За идентификацијата на Палеокастро со Велјуса, односно дека се работи за иста локација со две именувања, за тоа може да послужат и турските пописни дефтери од XVI век, во рамките на Струмичката нахија, се споменува селото Велјуса, забележано под името Велјуса (Велуша) речиси на истото место каде што се наоѓа Палеокастро– североисточно од Струмица. Селото Велјуса постои и денес.32 Во турските пописни дефтери селото Велјуса е една од најнаселените населби во Струмичката нахија, веднаш по градот Струмица. Овој прираст не е случаен, имајќи го предвид континуитетот на живеење на овој простор, како и значајната местоположба на населбата. Во колективната меморија кај населението од овој крај најверојатно се одржало сеќавањето за ,,старата тврдина”, наречена „Палеокастро“. Дали во периодот кога бил изграден и самиот манастир во XI век, сепак, се гледале на терен остатоци од тврдина. На истото место или во непосредна близина од самата тврдина била подигната населба која со истото име опстојувала сè до почетокот на XIV век, кога за последен пат населбата се спомнува со името Палеокастро. Резиме: Убикацијата на топонимот Палеокастро (Παλαιοκαστρου), населба или тврдина, веќе еден век го побудува интересот на стручната јавност. Поврзувајќи го оваа населено место со еден од најбитните културни споменици во Република Македонија, манастирот „Пресвета Богородица Милостива (`Ελεούσα)“ само по себе го дава и значењето на населбата. Локацијата на оваа населба, сè уште не е позната. Во периодот од кога потекнуваат и самите документи од Ивиронскиот (светогорски манастир) опстојувало како населба (село). Иако етимолошки станува збор за нешто сосема друго, ,,Палеокастро“, палео (грч: παλαιός – стар) и кастро (грч: κάστρο – замок), Стар замок (стара тврдина). Можеби тоа е една од тврдините кои се наоѓаат северно и јужно од манастирот, кои сепак не се толку близу и не кореспондираат со изворите, или пак денешниот археолошки локалитет Кастровица, средновековна населба во непосредна близина од манастирот, етимолошки најмногу соодветствува со Палеокастро. Дали во периодот кога бил изграден и самиот манастир во XI век, сепак се гледале на терен ос31 32

Петар Миљковиќ-Пепек, (1984), op,cit., 41. Ирена Стефоска, op,cit., 289. 164


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

татоци од тврдина. На истото место или во непосредна близина од самата тврдина била подигната населба која опстојува со истото име сè до почетокот на XIV век, кога се спомнува за последен пат населбата со името Палеокастро. Summary: The ubdication of the toponym Paleocastro, the settlement or a fortress, draws the attention of the interest of the experts for one century. Connecting this settlement with the most important cultural monuments of the Republic of Macedonia, the Holy Mother of God Merciful (`Ελεούσα) monastery gives the meaning of the settlement by itself. The location of this settlement is unknown. From the time when the papers originate from the Iviron (Athos monastery), it survived as a settlement (village). Аlthough etymologically is about something else, ,,Paleocastro”, paleo (παλαιός – old) and castro (κάστρο – castle), Old castle (old fortress). Perhaps this is one of the fortresses that are north and south of the monastery, which are still not that close and are not correspond with the sources, or the archaeological site Castrovitca, a medieval settlement near the monastery, it corresponds the most to Paleocastro. Whether in the time when the monastery was built, still the remains of the fortresses are seen. On the same spot or near the fortress a settlement was built which has the same name until the beginning of 14 century, when the settlement with the same name was mentioned for the last time, Paleocastro. БИБЛИОГРАФИЈА: Ана Комнина, Алексиада / Alexias, ГИБИ VIII, София 1972. Археолошка карта на Република Македонија II, МАНУ Музеј на Македонија-археолошки оддел, Скопје 1996. 400-416. Бранко Панов, „Струмичката област во времето на Самоил“, Илјада години од востанието на Комитопулите и создавањето на Самоиловата држава, Скопје: ИНИ, 1971, 149-168. Бранко Панов, Струмица и Струмичката област во средниот век (VI – XI век), ,,Акта Велјуса”, Скопје 1984. Бранко Панов, Средновековна Македонија том 3, Скопје1985.

Васил Златарски, История на българската държава през средните векове. Том I. История на Първото българско царство. Част II. От славянизацията на държавата до падането на Първото царство (852—1018), Наука и изкуство, София 1927, 698-717. Васил Златарски, История на българската държава през средните векове. Том II. Блгари под византиско владичество(1018-1187). София 1934. 165


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Виктор Лилчиќ, Македонскиот камен за боговите, христијаните и за животот по животот, Том I, Скопје 2001. Документи на манастирот „Богородица Милостива”/ Acta monasterii Eleusae, ГИБИ, VII, София 1968. pp.79-94. Душко Цветанов, Средновековната патна мрежа во Струмичко (XI-XIV век), Зборник на трудови, Струмица 2014, 141-171. Ирена Стефоска, Струмица и Струмичко во средновековието (VI – XIV век), Скопје: Сигмапрес, 2011. Маја Ангеловска – Панова, ,,Типикот во Византија: Монашки устав или животен предизвик ?”, Зборник на трудови, Струмица 2014,117-125. Лубомир.Милетичъ, Струмишкитѣ манастирски черкви при с.Водоча и с.Велюса, Македонски преглед II, 2, София 1926, 35-48. Fig. I, II. Петар Миљковиќ - Пепек, Велјуса-манастир св.Богородица Милостива во с.Велјуса крај Струмица, Скопје 1981. Петар Миљковиќ - Пепек, Манастирот Богородица Милостива (Елеуса) од селото Велјуса, ,,Акта Велјуса“,Скопје 1984. Снежана Филипова, Архитектонска декоративна скулптура во Македонија 5-6 и 11-12 век, Скопје 1996.

Слики:

СЛ.1. Манастир пресвета Богородица Милостива во с. Велјуса Струмичко (фотографија: Душко Цветано).

166


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

СЛ.2. Христос Емануел, Велјуса, XI век (фотографија: Веселин Ристов).

СЛ.3. Карта, локација на Манастирот пресвета Богородица Милостива - с. Велјуса Струмичко (изработил: Душко Цветанов / графички дизајн: Тиме Гарванлев).

167


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

СЛ.4. Рановизантиски импост капител од околинана на Манастир пресвета Богородица Милостива - с. Велјуса Струмичко, V век.

СЛ.5. Рановизантиска парапетна плоча вградена како сполија во подот на црквара пресвета Богородица Милостива - с. Велјуса Струмичко, VI век.

168


UDC 903.4 (497.774/775) Гоце НАУМОВ, Слободан СТОЈКОСКИ,1 НОВИ ПРЕДИСТОРИСКИ ТУМБИ ВО ПЕЛАГОНИЈА Апстракт: Во oвој труд се презентирани резултати од рекогносцирањето на поголем број предисториски локалитети во Пелагонија, а кое беше изведено во рамки на проектот „Тумби во раниот неолит во Пелагонија“ спроведен во периодот од мај до јули 2015 година. Во трудот се презентирани само дел од вкупно 94 рекогносцирани локалитети, меѓу кои 53 се сосем нови. Некои од овие локалитети се опсежно обработени во трудот, при што се приложени нивната локација, површината што ја зафаќаат, како и моменталната висина. Притоа, се презентирани информации за неколку клучни новооткриени археолошки локалитети од типот „тумби“, карактеристични за пелагонискиот регион, а кои еманираат нова светлина врз неолитот на овој регион. Според добиените податоци може да се заклучи дека повеќето тумби се распоредени околу неколку локални населбински центри кои се истакнуваат преку своите исклучително големи димензии. Преку најновите мерења и ГИС мапирање на тумбите во централниот дел на Пелагонија се добија мошне прецизни резултати за организацијата на овие населби и нивниот сооднос во повеќе фази на неолитот и подоцнежните предисториски периоди. Клучни зборови: Пелагонија, археологија, предисторија, тумби, неолит, рекогносцирање, облик, зафатнина. Пелагонија одамна го привлекува интересот меѓу разни генерации на археолози (Сл. 1). За разлика од антиката, предисторијата во почетните години на археологијата во Македонија не беше особено интересна за истражување. Но сепак во првата половина на XX-от век се започна со рекогносцирања и помали ископувања, кога се откриваат и некои од покарактеристичните тумби во Пелагонија (Heurtley 1939; Андоновски 1954; Симоска и Санев 1976). Сепак, втората половина на XX-от век преставува пресвртница во истражувањата на предисторијата од овој регион (Grbić i dr. 1960), и тоа особено 1970-те години кога има најголем интензитет на рекогносцирања, ископувања и изложби, најчесто иницирани и раководени од Драгица Симоска и Благоја Китаноски (Симоска и Санев 1975; Симоска и Санев 1976; Симоска и др. 1976; Симоска и др. 1979; Китаноски 1977; Китаноски и др. 1978; Китаноски и др. 1980). За жал, веќе во следната декада нагло опаѓаат активностите поврзани со истражувањата на предисторијата или барем тие не може да се забележат од исклучително малиот број на публикации од овој период, кој се 1

Д-р Гоце Наумов од Музеј на Македонија и Слободан Стојкоски од НУ За-вод и музеј Битола.


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

сведува на само неколку мошне кратки извештаи и прегледи. Ваквата пасивна ситуација изненадувачки трае повеќе од цели три декади, со исклучок на неколку трудови концентрирани на локалитетите и материјалната култура во прилепскиот регион, како и на неолитизацијата на овој регион (Санев 1995; Миткоски 2005; Темелкоски и Миткоски 2005; Темелкоски и Миткоски 2006; Темелкоски и Миткоски 2008; Наумов 2009; Naumov 2015). Сепак, во последните неколку години започнува новата ера на научен интерес концентриран на Пелагонија, а кој воведува нови методи и технологии во истражувањето на предисторијата во овој регион (Наумов и др. 2014; Naumov and Bugaj 2014; Naumovin print; Наумов и Томаж во печат). Новата серија на истражувања во Централна Пелагонија и одличните резултати добиени од нив, уште повеќе го интензивираа интересот кон предисторијата на најголемата рамница во Македонија. Од тие причини, се започна и со екстензивно рекогносцирање и геодетско мапирање на повеќето тумби во овој ареал, а во тек е ГИС моделирањето на нивните локации и распоред во неолитот и останатите предисториски периоди. Дел од резултатите добиени од овие истражувања ќе бидат презентирани во оваа прилика и тоа особено неколку ново откриени тумби, рекогносцирани и измерени во мај 2015 година. Притоа, беа откриени триесетина нови тумби кои го потврдуваат животот во неолитот, енеолитот и бронзеното време, но и такви кои претежно содржат средновековен и рецентен археолошки материјал. Голем дел од нив се видно оштетени од земјоделските активности, а некои не можат ниту да се забележат на теренот. Благодарение на сателитските карти, нивните контури се видливи, што овозможи и полесно откривање на локалитетите во пелагониската рамница. Што се однесува до имињата на овие локалитети, тие беа дефинирани во согласност со називите кои локалните жители ги користат за нив. Оние тумби за кои не можеше да се добијат вакви топоними се именуваа со географски насоки и броеви. Целта на овие истражувања беше да се определат точните локации на наоѓалиштата, како и да се изврши топографско мерење на нивната висина и приближниот обем што населбите го имале. Притоа, се земаа координати и се пресметуваше квадратурата за да може поточно да се утврдат нивната позиција и големина. Котите, надморската висина и површината се мереа со портабл GPS уред кој има осцилации на точноста меѓу 1 и 10m и тоа во зависност од позицијата на сателитите. Поради тоа, во оваа пригода се дадени вредностите добиени oд директно од уредот, но кои може минимално да варираат во однос на некои попрецизни апарати користени при геодетски мерења. Котите на тумбите и нивните локации се добиени според вредностите на Адриа Топо софтверот кој e составен дел од GPS уредот со кого се мереа тумбите, при што се добија и нивната приближна висина и површина. Тука треба да се напомене дека примарната цел не беше прибирање на површинскиот материјал, туку тој единствено се користеше за првично хронолошко определување на локалитетите, и тоа особено за оние кои досега не беа познати. Ваквите рекогносцирања овозможуваат многу прецизен увид во распоре170


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

дот на предисториските тумби и нивните димензии во определени предисториски фази, со што натаму би можеле да се направат споредби и изведат заклучоци за квантитетот и соодносот меѓу овие населби. Во текот на истражувањата беа документирани повеќе тумби во атарите на селата Могила. Трн, Добромири, Долно Оризари, Карамани, Поешево, Битола, Кравари, Логоварди, Новаци, Рибарци, Оптичари, Егри,Жабени, Породин и Меџитлија од кои некои се веќе регистрирани во археолошката литература или пак во ретки случаи и ископувани. Во оваа прилика ќе бидат презентирани само неколку од новооткриените тумби, а во некоја друга прилика ќе се направи целосен осврт на сите досега детектирани тумби во Централна Пелагонија. Благодарение на овие рекогносцирања, бројот и распоредот на новите и веќе познатите тумби дава сосем нова слика за демографската динамика во предисторијата и особено на онаа во неолитот. Бројот на вакви локалитети е значително зголемен со што може да се констатира дека во еден помал ареал многу почесто се основале ваков вид на населби, отколку што тоа порано се мислеше. Тоа ја покажува честата преселба на заедниците од една во друга населба, или пак посочувана постојаниот прилив на нови популации кои можеле да обезбедат стабилен живот среде плодните пелагониски полиња. Идните ископувања и анализи ќе приложат нови податоци за тоа како се одвивал животот во неолитските села и со каков интензитет населението влегувало во интеракција со своите соседи, но и со природната околина. Долно Оризари Во ареалот на село Долно Оризари констатирани се неколку тумби, но само за една постои податок дека е археолошки локалитет. Станува збор за локалитет во самото село кој се датира како населба од бронзеното време (Симоска 1996). Меѓутоа при увидот на терен, на тоа место не можеше да се констатира тумба, ниту пак какви и да се остатоци од материјална култура поврзани со овој локалитет. Од тие причини тој не е вклучен во овој преглед. Во текот на рекогносцирањата се пронајдоа 5 нови локалитети во близина на Долно Оризари (Сл. 2), а од кои еден не претставува тумба. „Тумба Север 1“ Координати: E00530911; N04546305; Површина: 1710 m²; Висина: 533 m. Оваа тумба претставува можеби една од најјасно видливите археолошки точки на сателитските карти во Централна Пелагонија. Таа се наоѓа меѓу селата Горно и Долно Оризари, но со оглед на карактерот на рекогносцирањето, таа во овој случај се вброи меѓу локалитетите кои административно му припаѓаат на Долно Оризари. Населбата е лоцирана на околу 1,5km од селото, во нивите кои им припаѓаат на жителите на Горно Оризари. Таа претставува благо издигната тумба, веројатно спуштена благодарение на земјоделските активности. На површината се забележува керамички материјал што му припаѓа на неолитот и енеолитот, а некои фрагменти сугерираат и фази од бронзеното време. Тука треба да се нагласи дека голем дел од керамичкиот 171


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

материјал е сличен со „Тумба Исток 2“ од Оптичари и тоа особено значителното присуство на камчиња во печената глина. Засега, на ниту еден друг локалитет кој беше рекогносциран во Пелагонија не се констатирани вакви обележја. „Тумба Север 2“ Координати: E 00531096; N04546246; Површина: непозната; Висина: 532 m. Овој локалитет се наоѓа веднаш до „Тумба Север 1“, односно на 100m источно од неа. Неговиот облик не може јасно да се констатира како на соседниот локалитет, па од тие причини беше невозможно да се измери површината што ја зафаќа. Со оглед на тоа што имаат мошне сличен материјал, овие две тумби можеби му припаѓаат на еден локалитет, иако се мошне јасно географски издвоени. Нивните форми се оцртуваат и на сателитските карти, така што очигледно станува збор за две различни тумби. Мошне е веројатно едната од нив да се формирала од заедница која ја напуштила или се издвоила од првата тумба, или пак тие да функционирале како една населба со два центри. Со оглед на нивната специфичност, овие тумби заслужуваат многу потемелно истражување во иднина. „Домус Поле 1“ Координати: E 00532878; N04545447; Површина: непозната; Висина: 586 m. Во полињата на 400m источно од Долно Оризари се наоѓа археолошки локалитет кој не претставува тумба, туку рамна населба на скоро незабележително возвишување. На површината доминира рецентна керамика, па може да се претпостави дека станува збор за село или комплекс објекти од отоманскиот период. Тука треба да се истакне дека скоро целата површинска керамика е обла и модифицирана од активности на вода. Големото количество на песок од воден нанос дополнително го потврдува овој факт, така што може да се работи за материјал кој долго време бил изложен на движење од вода. „Сакојци“ Координати: E00533920; N04545239; Површина: непозната; Висина: 588 m. Овој локалитет се наоѓа на 1,3km источно од Долно Оризари и претставува мало издигнување кое можеби некогаш било дел од тумба. И на него се вршат константно земјоделски активности што веројатно придонело за неговата сегашна состојба. Ниската тумба е оштетена од патот кој води кон Драгор, но и од меѓата со густа вегетација на нејзината јужна страна. Од тие причини не можеше да се определи нејзината точна форма, ниту пак да се измери нејзината зафатнина. На површината доминира рецентна керамика, но во многу помала мера се забележуваат и фрагменти кои можат да се окаректиризираат како антички и предисториски.

172


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Поешево Од доегашните сознанија за археолошките локалитети во атарот на село Поешево, позната е само една тумба (Симоска 1996). Меѓутоа во текот на рекогносцирањата вршени во мај се пронајдоа уште три други локалитети, од кои еден во непосредно до индустриската зона на Битола (Сл. 3). „Тумба-Исток 1“ Координати: E 00532774; N 04541492;Површина: непозната; Висина: 588 m. Оваа тумба е лоцирана блиску до селото, односно на неговата источна периферија. Таа се наоѓа на околу 400m источно од тумбата во центарот на Поешево и врз неа минува патот кон Битола, поради што е тешко воочлива. Со оглед на густата вегетација не може да се констатира многу материјал, освен во дворот на една од куќите каде се забележуваат предисториски, средновековни и рецентни фрагменти од керамика. „Тумба-Исток 2“ Координати: E 00532254; N 04541219; Површина: непозната; Висина: 593 m. На околу 800m југо-источно од селото е присутна уште една помала тумба која е делумно оштетена од каналот за наводнување, далноводите и нивите. На неа доминира рецентен материјал иако некои фрагменти укажуваат и на средновековна и предисториска керамика. Неопходен е подетален увид и истражување за да точно се утврди хронолошкиот карактер на овој локалитет. „Полигон“ Координати: E 00531302; N04541462;Површина: непозната; Висина: 598 m. Оваа тумба се наоѓа на 800m источно од „Тумба-Исток 2“. Заради густата вегетација таа може да се забележи само од патот Поешево-Битола. Врз неа е изградена барака која делумно го има оштетено локалитетот, како и каналот за надонување што ја пресекува јужната периферија на тумбата. На површината се забележуваат фрагменти од рецентна и античка керамика, а некои наоди можат да се окаректиризираат и како средновековни. Кравари Во ареалот на село Кравари познати се две неолитски тумби, именувани како „Тумба“ и „Тумба – Старо Село“ (Симоска 1996). Во текот на рекогносцирањето беше направен увид единствено на вториот локалитет, додека првиот сè уште не може да биде детектиран. Освен нив, се открија уште два нови локалитети, а едниот можеби е истиот кој во претходните рекогносцирања беше идентификуван како „Тумба“. Ова се засега единствените предисториски локалитети кои можат да бидат регистрирани во овој дел од Пелагонија, а кои воедно и се забележуваат на теренот или сателитските карти (Сл. 4). Евентуалното постоење на други предисториски населби во атарот на селото Кравари, во иднина би можело да се констатира со примена на други методи на археолошко детектирање. 173


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

„Тумба“ Координати: E 00535593; N 04539533; Површина: 7120 m²; Висина: 586 m. Во археолошка карта под називот „Тумба“ е заведена неолитска населба којаспоред авторите е лоцирана северо-источно од селото Кравари. Во текот на овогодишните рекогносцирања се пронајде локалитет со истото име, меѓутоа на 3km северно од селото. И на него е присутно големо количество неолитски материјал, така што сеуште е нејасно дали станува збор за истиот локалитет. Бидејки северо-источно од селото не се пронајде друг локалитет, најверојатно се работи за истата тумба. Таа е делумно спуштена со орањето, а пресечена е на две половини со каналот за наводнување кој минува низ нејзината средина. Од тие причини, не можеше целосно да се измери нејзината зафатнина, така што измерената површина од едната половина апроксимативно се удвои за да се добие приближната големина на тумбата. Карактеристично е тоа што на неа е присутно големо количество лепеж, што е ретка појава кај другите тумби. „Мулојца“ Координати: E 00531109; N 04540747; Површина: непозната; Висина: 597 m. Веднаш до „Тумба“, на 100m северо-западно од неа, се наоѓа друг предисториски локалитет со сличен облик и висина. Тој не е оштетен, освен делумно на врвот, кадешто се врши константна обработка на нивите. На него е присутно големо количество на керамика од бронзеното време, но и таква која може да се окаректиризира како рецентна. Со оглед на материјалот од површинските слоеви, може да се смета дека овој локалитет е помлад од „Тумба“ и веројатно бил подигнат подоцна. Додека не се извршат археолошки ископувања, останува нејасно дали тој содржи и неолитски слоеви, што е вообичаено обележје за енеолитските и бронзенодобните тумби во Пелагонија. Со оглед на тоа што нивите на тумбата се омеѓени со густа и висока вегетација, не беше возможно да се измери нејзината површина. „Рамно“ Координати: E 00532002; N 04539792; Површина: непозната; Виси-на: 596 m. Во текот на рекогносцирањата се пронајде уште еден нов локалитет кој е целосно израмнет со земјоделските активности и за кого не може да се потврди дека претставува тумба. Од тие причини и неговиот облик останува нејасен, а воедно ниту зафатнината може да се пресмета. На површината претежно се наоѓа средновековен и рецентен археолошки материјал. Оптичари Во ареалот на селото општичари познати се неколку тумби, а една од нив (именувана како „Тумба“) е истражувана во осумдесетите години од минатиот век (Симоска и Кузман 1990). Освен овие тумби во новите рекогносцирања беа откриени уште три вакви локалитети кои го надополнуваат 174


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

бројот на населби во еден досега непознат простор (Сл. 5). Ова значително ја менува сликата за концентрацијата на тумбите во конкретни мали области на Пелагонија, што придонесува кон потемелно разбирање на нивниот распоред во котлината. „Тумба Југ 1“ Координати: E 00535054;N 04536751; Површина: 2130m²; Висина: 586 m. Оваа тумба претставува еден од новооткриените локалитети во ареалот на Оптичари и се наоѓа на 9km југо-западно од селото. Таа во средина е пресечена од каналот за наводнување, а висината е значително смалена со обработувањето на полињата. Што се однесува до обликот, таа е слабо видлива на теренот и сегашната евентуална висина изнесува околу 0,5m. Нејзината површина изобилува со неолитска керамика, што укажува на фактот дека можеби не постојат слоеви од другите предисториски периоди. „Тумба Југ 2“ Координати: E 00536493; N 04537257; Површина: непозната; Висина: 584 m. Уште една мала тумба беше откриена во непосредна близина на „Тумба Југ 1“ и тоа на 8km северо-источно од неа. Покрај неолитската керамика, на овој локалитет се констатираа и фрагменти од енеолитот и бронзеното време. Со оглед на тоа што нејзината локација се утврди само преку сателитските карти и површинските наоди, обликот и висината на овој локалитет не може да се констатираат. „Тумба Југ 3“ Координати: E 00536393; N 04537281; Површина: 720m²; Висина: 585 m. Оваа тумба се наоѓа веднаш до „Тумба Југ 2“ и тоа од нејзината лева страна, односно на 100m кон запад. Нив ги дели еден канал за наводнување, па останува прашањето дали тие две се дел од поголема тумба или пак биле подигнати една крај друга. Според археолошкиот материјал тие се слични (присуство на фрагменти од неолитот до бронзеното време), меѓутоа на сателитските карти јасно се забележува кружната формација на овој помал локалитет. „Тумби Исток 1 и 2“ Координати: 1. E 00538102; N 04538824/ 2. E 00538232; N 04538830; Површина: 5550m²; Висина:1. 588m/ 2. 588m Во близина на веќе истражениот локалитет „Тумба“ се пронајдоа уште две нови помали тумби кои поради своите позиции најверојатно претставуваат дел од една населба. Тие се наоѓаат на 3km источно од „Тумба“, а лоцирани се веднаш една до друга. Иако можат да се констатираат две засебни помали тумби, сепак набљудувани од страна тие функционираат како еден локалитет. Единствено преку идни истражувања може да се утврди дали тие биле активни во исто време или пак едната била основана подоцна и постепено странично се напластила врз постарата тумба. Во секој случај, и за двете 175


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

тумби се земени независни коти, иако е пресметана вкупната површина што тие заедно ја зафаќаат. Во источниот дел, едната од нив е пресечена од канал за наводнување, така што пресметената зафатнина не ја дава целосната слика за вкупната површина. Што се однесува до археолошкиот материјал, се забележува присуство на предисториска и античка керамика. Дел од овој материјал има истакнато груба и невообичаена фактура со мноштво примеси на калцити, па не може да се утврди дали керамиката е неолитска, бронзенодобна или пак средновековна. Егри Досега не се формално регистрирани неолитски населби во селото Егри (кое има три фракции: Горно, Средно и Долно Егри). Ниту во Археолошката карта на Македонија и каталозите за предисториската археологија не се заведени или спомнати тумби кои се наоѓаат во ареалот на ова расчленето село. Меѓутоа во каталогот за предисторијата во Централна Пелагонија е исцртана мапа на која се поставени неколку тумби кои се наоѓат во непосредна близина до селата (Сл. 1), а која е потоа обновена и во некои понови изданија (Симоска и Санев 1976; Василева 2005). Овие тумби не се спомнати во некој друг научен труд, така што останаа формално непознати за археолошката јавност. Сепак, при најновите рекогносцирања во Пелагонија се направи увид и во просторот кој административно му припаѓа на Егри при што се констатираа овие две тумби, а за неколку други постојат индикации кои треба накнадно да се проверат на терен (Сл. 6). „Св. Богородица Координати: E 00540646; N 04536701; Површина: 7090m²; Висина: 590 m. На околу 200м. северо-источно од Горно Егри е лоцирана голема тумба на чиј врв е изградена црквата „Св. Богородица“. На нејзината површина е констатирана неолитска керамика, но и фрагменти од бронзеното време и антиката, што укажува на фактот дека на ова место се живеело во неколку одделни периоди. Иако нејзиниот врв е оштетен од градежните зафати поврзани со црквата, сепак поголемиот дел ја има задржано автентичната висина, бидејќи на неа не се врши земјоделска обработка на почвата. Од тие причини, таа претставува една од највисоките и најдобро сочуваните пелагониски тумби на кои е констатиран неолитски археолошки материјал. „Св. Петка“ Координати: E 00541483; N 04536126 / Е 00541483; N 04536126; Површина: непозната; Висина: 593m / 591m И овој локалитет се наоѓа во непосредна близина на Горно Егри, меѓутоа од другата страна на Црна Река. Тој претставува една од најмасивните тумби во Пелагонија врз која е изградено селото именувано од страна на локалните жители како Долно Егри. Ова село денес е напуштено и покрај разурнатите куќи, сочувана и обновена е само црквата „Св. Петка“, па оваа локација претежно се користи за религиозни собири. Просторот кој го опфаќаат 176


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

куќите и црквата е многу помал во однос на целата зафатнина на тумбата, така што и нејзиниот релативно автентичен облик е сочуван. Освен во подножјето, во останатите делови не се изведуваат земјоделски активности, што делува во сочувувањето на нејзиниот облик. Прашање е дали целиот простор на кој се наоѓаат археолошките слоеви е создаден вештачки од страна на предисториските популации или пак тој претставува географско возвишување врз кое дополнително се формирани и подигнати населбите во неолитот. На површината може да се констатира броен археолошки материјал кој може да се датира дури и во раниот неолит. Со оглед на нејзината големина, неопходно е да се изврши потемелно мерење на нејзината површина, што не беше возможно при овие рекогносцирања. Заради масивноста на оваа тумба се земаа две коти како референца за нејзината висина и локација, и тоа една кај црквата, а другата на спротивната страна на локалитетот, односно на највисоката точка во северо-источниот дел. Заклучок Најновите рекогносцирања приложија многу сознанија за распоредот и големината на неолитските тумби во Пелагонија. Иако станува збор само за површински истражувања и мерења, сепак тие значително ја надополнуваат сликата за комплексниот карактер на населбите во овој предисториски период. Во текот на истражувањата за првпат се приложија точните координати, надморската висина и зафатнината на локалитетите, што досега беше само спорадично навестувано. Со тоа се добиваат многу попрецизни податоци за локацијата и карактерот на овие локалитети, што со идните ископувања може накнадно да се надополни. Од големо значење за овие истражувања е тоа што се пронајдоа нови тумби кои досега не беа познати во археолошката литература. На тој начин нивниот број станува поголем и постепено ја менува сликата за густината на овие населби во пелагониската рамница (Сл. 8). Според резултатите добиени од овие истражувања може да се заклучи дека бројот на тумби е исклучително голем за еден помал географски простор. Дури и во рамки на еден конкретен ареал, како на пример Логоварди, Рибарци или Оптичари, концентрацијата на овие локалитети е изненадувачки голема, што и претходно беше истакнато за неколку општини во Пелагонија (Наумов и др. 2014). Без натамошни темелни ископувања, останува отворено прашањето дали овие локалитети (често околу 6 концентрирани во простор од само 9km²), функционирале во исто време или пак тие се основале во различни периоди? Доколку на нив се живеело во исто време, што е делумно навестено од површинската и ископуваната керамика, тогаш се поставува прашањето за карактерот на заедниците кои нив ги настанувале, односно дали тие биле во взаемни контакти или во некакви социјални и роднински врски? Од друга страна, доколку овие локалитети се формирале во различни етапи, вклучувајќи и различни фази на неолитот, тогаш е многу веројатно нив да ги формираат популации кои си оделе од одредена локација заради временски 177


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

непогоди (најчесто поплави) и потоа повторно на истите места основале нова населба или пак во нивна непосредна близина. Ваквата динамика на населување е мошне веројатна со оглед на честото поплавување на пелагониската рамница, меѓутоа тоа единствено може да се потврди со мултидисциплинарни проучувања на целокупниот археолошки материјал од минатите и идните ископувања. Рекогносцирања изведени на овие тумби во мај 2015 година овозможија уште една од многуте перспективи на нивно темелно разбирање. Со оглед на тоа што точно се измери површината на оние локалитети, чиј облик можеше да се констатира на теренот, за првпат постојат податоци за површината што тие ја зафаќале. Ваквите податоци не можат да се земат како апсолутно точни бидејки голем дел од тумбите се оштетени или целосно уништени со земјоделските активности. Сепак, со помош на сателитските карти, каде е видлив нивниот облик, но и со добиената квадратура од најновите мерења, можат да се приложат првични размислувања за големината и соодносот на овие тумби во неолитот или општо во предисторијата. Дел од тумбите особено се истакнуваат по површината што ја зафаќаат, додека некои се изненадувачки мали. Зафатнината на тумбите овозможува да се добие првичен увид за карактерот на одредена населба, односно за должината на времето на нивно користење. Некои континуирано биле населувани, додека за помалите е многу веројатно дека имале повеќе сезонски карактер и многу пократко се живеело во нив. Според пресметаната квадратура, тумбите кај Егри („Богородица“ и „Петка“),зафаќаат простор околу 8000m² и барем засега влегуваат во категоријата на најголеми тумби. Оние со среден опсег и зафатнина од околу 2000m² се лоцирани кај Оптичари („Тумба Југ 1“). Како најмали тумби можат повторно да се определат други населби кај Оптичари („Тумба Југ 3“), со пресметана површина од околу 700 m². Со оглед на тоа што некои тумби со различни димензии се наоѓаат близу една до друга, може да се смета дека тие биле основани во различни фази на неолитот или воопшто на предисторијата. Причините за ваков диверзитет можат да бидат мошне различни. Поголемите тумби функционирале како локални центри, додека помалите биле во својст-во на сезонски кампови по природни непогоди. Доколку биле истовремени тие се населиле од жители кои се издвоиле од заедницата во главните центри. Исто така, во случај тумбите да се датираат во различни фази и периоди, тие добивале помало или поголемо значење од новите популации кои на тие конкретни места гледале погодно место за трајно населување или пак простор кој може краткотрајно да го користат додека не прејдат во населба со подобри географски услови. Не треба да се исклучи можноста дека помалите тумби можеле да функционираат и како стопански центри, каде дел од заедницата ги обработувала нивите или ловела риби, имајќи ги предвид плодните полиња, мочурливиот простор, реката Црна и помалите притоки. Ваквите хипотези единствено може да се потврдат преку идни ископувања и де178


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

тална обработка на целокупниот материјал, вклучувајќи ги археолошките наоди, палеоботаничките и геолошките примероци, како и хронолошките анализи. Во секој случај интересен е фактот што има широк опсег на варијации во однос на димензиите на тумбите, што секако треба да се земе предвид во нивното идно проучување. Она што исто така може да се констатира, е видно смалената висина на повеќето тумби. Доколку за некои од нив во првичните рекогносцирања од 1970-те години (Симоска и Санев 1976), се определуваа висини од 2 до 4m, денес за истите може да се потврди дека имаат висина од едвај 0,5 до 1m.Тоа значи дека земјоделските и градежните активности придонеле нивната висина да се спушти за едно или две метра и засекогаш да се уништат многу битни археолошки слоеви. Не е ниту мал бројот на тумбите кои воопшто не се забележуваат на теренот, освен преку сателитски карти, така што тие најверојатно ги имаат сочувано најраните слоеви (останатите се неповратно загубени) или пак станува збор за мошне мали тумби со краткотраен живот на нив. Според разговорите со локалните жители, за некои тумби е познато дека некогаш биле поголеми, а денес се целосно уништени, додека за други се смета дека отсекогаш биле со помала висина и зафатнина. Овој исклучително лош третман на тумбите во последните седумдесет години, значително придонел кон губење на многу важни археолошки податоци, а доколку тој продолжи со ист интензитет, не треба да се исклучи можноста дека најголемиот процент од нив во иднина ќе останат сосем неистражени. Од тие причини, неопходна е нивна заштита или пак темелно истражување пред повторно да се користат како почва за обработка на земјоделските култури или како простор предвиден за изградба на патишта, објекти, канали и далноводи.

179


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Сл. 1. Карта на Република Македонија со означен простор во кого се концентрираа истражувањата.

Сл. 2. Сателитски приказ на Пелагонија со просторот во кого се вршеше рекогносцирањето на предисториските тумби (основна мапа: Google Earth).

Сл. 3. Распоред и локација на предисториските тумби презентирани во текстот: 1. „Тумба Север 1“ – Долно Оризари; 2. „Тумба Север 2“ – Долно Оризари; 3. „Домус Поле“ – Долно Оризари; 4. „Сакојци“ – Долно Оризари; 5. „Тумба Исток 1“ – Поешево; 6. „Тумба Исток 2“ – Поешево; 7. „Полигон“ – Поешево; 8. „Мулојца“ – Кравари; 9. „Тумба“ – Кравари; 10. „Рамно“ – Кравари; 11. „Тумба Југ 1“ – Оптичари; 12. „Тумби Југ 2 и 3“ – Оптичари; 13. „Тумби Исток 1 и 2“; 14. „Св. Богородица“ – Горно Егри; 15. „Св. Петка“ – Горно Егри (основна мапа: Google Earth).

180


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Сл. 4. Фотографија и сателитска снимка на локалитетот „Св. Богородица“ – Горно Егри (фотогафија: Гоце Наумов; основна мапа: Google Earth).

Библиографија: Андоновски, Г. Х. 1954. Белешки за неолитот во Македонија. Весник на музејско-конзерваторското друштво на НРМ, бр. 1-2. Скопје: 2-5. Василева М. 2005. Каде е нашето минато. Битола: Висои. Grbić, M., Mačkić P., Nadj Š., Simoska D. and Stalio B. 1960. Porodin: kasno-neolitsko naselje na Tumbi kod Bitolja. Bitolj: Narodni muzej Bitolj i Arheolośki institut – Beograd. Китаноски, Б. 1977 . Неолитска населба Чука кај село Тополчани. Macedonia Acta Archaeologica 3: 27-42. Скопје. 1977. Китаноски, Б., Симоска, Д., и Тодоровић, Ј. 1978. Нови археолошки истражувања на населбата Чука во Тополчани кај Прилеп. Macedonia Acta Archaeologica 4: 9-32. Прилеп. Китаноски, Б., Симоска, Д., и Тодоровић, Ј. 1980. Населбата Пештерица и проблемот на раниот неолит во Пелагонија. Macedoniae Acta Archaeologica 6: 9-20. Скопје. Миткоски, А. 2005. Садова керамика од Врбјанска Чука. Macedoniae Acta Archaeologica 16: 29-53. Наумов, Г. 2009. Процесите на неолитизација во Македонија. Во Наумов, Г., Фиданоски, Љ., Толевски, И. и Ивковска, А. 2009. Неолитските заедници во Република Македонија: 25 - 42. Скопје: Данте. Naumov, G. 2015. The Early Neolithic Communities in Macedonia.ArheologickéRozhledy LXVII-2015. Prague. Naumovin print. The Prehistoric Tell Sites in Pelagonia. PAST 81. London. Naumov , G. and Bugaj, U. 2014. Archaeological Survey in Pelagonia – 2013.PAST 76: 11-13. London. Наумов, Г. и Томаж, А. во печат. Археолошки ископувања на неолитскиот локалитет „Школска Тумба“ во Могила. Патримониум 13. Скопје. Наумов, Г., Тержиецки, М., Пржибила, М., Чвиеј, М., Бугај, У., Шчепаник, П. и Подсјадло, М. 2014. Археолошко, топографско и геофизичко ис181


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

тражување на неолитски тумби во Пелагонија. Патримониум 12: 345-372. Скопје, Санев 1995 Санев В. и Симоска Д. 1983. Неолитските населби Велушка Тумба и Голема Тумба кај село Трн во развитокот на првите земјоделски заедници во Централна Пелагонија – извештај. Битола. Симоска, Д. 1996. Долно Оризари, Кравари, Поешево и Оптичари. Во (без уред.) Археолошка карта на Република Македонија 2: 3-18. Симоска, Д. и Кузман, П. 1990. Тумба Оптичари. Arheološki Pregled 1988: 63 - 66. Ljubljana. Симоска, Д. и Санев, В. 1975. Неолитска населба Велушка тумба кај Битола. Macedoniae Acta Archaeologica 1: 25 – 85. Симоска, Д. и Санев, В. 1976. Праисторија во Централна Пелагонија. Битола. Битола: Народен музеј Битола. Симоска, Д., Китаноски, Б. и Тодоровиќ, Ј. 1976. Населбата Црнобуки и проблемот на истоимената култура во светлината на новите археолошки истражувања. Macedonia Acta Archaeologica 2: 43-83. Прилеп. Симоска, Д., Китаноски, Б. и Тодоровиќ, Ј. 1979. Неолитска населба во село Могила кај Битола. Macedonia Acta Archaeologica 5. 9-30. Темелковски, Д. и Миткоски, А. 2005. Садова керамика од Врбјанска Чука. Macedoniae Acta Archaeologica 16: 29 – 53. Скопје. Темелкоски, Д. и Миткоски, А. 2006. Праисториска населба Могила, Сенокос.Macedonia Acta Archaeologica 17: 55-80. Скопје. Темелкоски, Д. и Миткоски, А. 2008. Доцнонеолитска населба на локалитетот Кутлине кај село Ракле. Macedoniae Acta Archaeologica 18: 93. Heurtley, W. A. 1939. Prehistoric Macedonia: An archaeological reconnaissance of Greek Macedonia (West of the Struma) in the Neolithic, Bronze and Early Iron Ages. Cambridge: Cambridge University Press. Summary The new reconnaisanceprovided new data about the layout and the volume of Neolithic tells in Pelagonia. Although it is only surface exploration and measuring, the broader perspective about the complex and character of the settlements in Pelagonian prehistory is supplemented. During the research, coordinates, elevation and volume of the sites were applied, which in earlier surveys were only used sporadically. The portable GPS was used on the field and satellite maps from satellite to determinesite locations. The data about the location and sites feature is significantly improved and can be further tested with new surveys and excavations. This survey contributed in the discovery of more than thirty new tells sites which were unknown so far. The number of tells in Pelagonia is much higher now andmodifies the archaeological map and the density of Neolithic settlements and the knowledge on interaction among communities people in this period. The survey demonstrates that there are tells with different volumes, the largest with approximate volume of 8000m² (‘Sv.Bogorodica’ - Egri), medium with 2000 m² (‘Tell South 1’ - Optičari), and the smallest with roughly 700 m² (‘Tell South 3’ – 182


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Optičari). There could be different motives and processes effecting such large variability in volume of tells. The larger tells could functioned as sort of centers while the smallest were most probably used as seasonal camps, economy complexor villages with only few inhabitants. If these tells were employed in same period they were most likely established from communities separated from those regarded as main centers or from population that intended to be associated and interact with the major settlements. There is also probability that smaller tells in closer vicinity of the larger ones could be established after some disease, fire or flood which are still frequent in Pelagonia. Nevertheless, this could be only tested with future excavation and thorough study of archaeological, botanical and geological data.

183



ЗОРАН АЛТИПАРМАКОВ, ГОРДАНА ФИЛИПОВСКА ЛАЗАРОВСКА, РОБЕРТ МИХАЈЛОВСКИ, ВЕСНА КАЛПАКОВСКА,1 ПРИКАЗ НА ЕПИГРАФСКИ СПОМЕНИК - СКОЧИВИРСКИ НАТПИС Апстракт: Во непосредна близина на с. Скочивир, Мариово (Моштенски крај), се наоѓа врежан натпис, на карпа веднаш до самата Црна река. Од содржината на текстот може да се разбере прозбата кон Бога за спомен на душата на раб божји чие име не е целосно читливо. Стилот на пишување припаѓа на подоцнежни периоди (16-17 век), но со резерва, затоа што квалитетот на подлогата каде е исклесан натписот е доста оштетен. Клучни зборови: Натпис, епиграфија, петроглиф, регион Мариово, Моштенци, Црна река, село Скочивир, река Коњарка, средновековие, археологија, идентификација, фотодокументација, факсимил, загрозеност, штетни негативни атмосферски влијанија, интервентни конзерваторки зафати, датација, содржина, толкување, елаборат, валоризација, заштита на културно наследство.

1

Зоран Алтипармаков, дипл.инж.архитект - виш конзерватор, вработен во НУ Завод и музеј – Битола, ул.Климент Охридски бр.18 Битола (ул.15 Корпус бр.12 - Битола / zaltiparmakov@yahoo.com); Гордана Филиповска Лазаровска дипл.ист.уметност – археолог, кустос, советник, во пензија, претходно вработена во НУ Завод и музеј – Битола, (ул.Климент Охридски бр.17/24 - Битола / gordanaubitoli@hotmail.com); Роберт Михајловски, д-р. ист. уметност - археолог, La Trobe University, Melbourne.(PhD in Art History and M.A. in Fine Arts) претходно вработен во НУ Завод и музеј – Битола, Преспанско пелагониска епархија, куратор за византиска и пост византиска уметност (La Trobe university, Bundoora, 3086, Vic., Australia/ r.mihajlovski@latrobe.edu.au/robertmanastir@yahoo.com), Весна Калпаковска, Д-р по класични студии, (ул.Карпош, 5-3/13 - Битола / kalpakovska@yahoo.com).


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Во непосредна близина на с.Скочивир, Мариово, на територијата која е под надлежност на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола, се наоѓа редок, клесан натпис, првично датиран од периодот на средновековието. Натписот е врежан на карпа со релативни димензии: 2,50 м. х 1,50 м. веднаш до самата Црна река2.

Селото Скочивир се наоѓа во западниот дел на Мариово, на крајниот југоисточен дел на Битолското Поле на надморска височина од 600м. покрај главниот пат кој води од Битола за Старавина. Во 1860 год. во селото е изградена црква посветена на Св. Преп. Параскева (Св.Петка), а во 1970 год. е изграден манастирот Св. Арх. Ми-хаил во близина на археолошки локалитет Кале. Селото, како и многу други места во регионот на Мариово, било зафатено со фронтовските борби за време на Првата Светска Војна. Името на селото Скочивир се споменува уште во 1468 год. Во близина селото Скочивир е проширено речното корито на Црна Река при влезот во клисурата и се претпоставува дека името на селото е тесно поврзана со оваа природна каракте-ристика, па името на селото е изведено од зборовите скокни вир или скочи вир, односно името Скочивир. Селото се наоѓа на левиот брег на Црна Река каде започнува најголемата клисура во Македонија, со должина од околу 100км. Во овој дел на течението на реката, во инковиден облик, рељефно се формира тесно грло, а според усните кажувања, често доаѓало до периодични поплави и преливања на р.Црна која правела огромни штети, со разурнувања на камени објекти покрај реката, воденици и цврсти мостови. За време на социјализмот, со таа цел е изграден масивен мост од армиран бетон, кој досега успевал да ги издржи сите периодични, најголеми налети на надојдената река.

2

Натписот од страна на установата е евидентиран при реализацијата на проектот „Евидентирање и документирање на епиграфските споменици во регионот на Мариово“ 2004г. под раководство на Г.Филиповска Лазаревска, З.Алтипармаков и фотодокументатор С. Стојанов 186


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Натписот – Скочивирски натпис, се наоѓа на делот пред вливот на реката Коњарка во реката Црна, на надм.вис. 510 м. во делот на проширувањето и завојот на реката во правец на северозапад. Натписот, според АКН – ГИС порталот е со коор-динати х: 4537442,19 и у: 7555859,44; КП 485, м.в. Гробишта КО(107) Скочивир, Општина Новаци. Натписот е ориентиран кон запад, на источниот брег од р. Црна, на стрмна карпа над реката и не постои безбеден пристап до него. Во близина на натписот видливи се поранешни комуникациски правци, изведени како колски пат врз камена подлога. По сливот на р. Коњарка северно од натписот постојат остатоци од неколку разурнати, камени воденици и просечена патека во карпите која води до нив. Наспроти натписот, од другата страна на р. Коњарка евидентиран е средновековен локалитет, на кој постоеле градби и организација на населба.

Од увидот на терен, при сливот на Коњарка во Црна река е евидентирана можна промена на текот на реката, во делот каде е лоциран натписот. На спротивната, западна страна на реката Црна видливи се големи наноси од масивни камења, додека на источниот брег, каде е лоциран натписот има одвлекување на почвата и остатоци од разурнати, камени градби кои нелогично, сега се до самиот брег на ре-ката. Ерозивното дејство допринело до претпоставено обрушување на карпите и можна, постојна патека која водела во непосредна близина на натписот. Во тој случај, логично натписот би бил видлив и достапен до корисниците на патеката. Под натписот во сливот на Коњарка во Црна, има обрушени големи делови од истата карпа. Можно е тие карпи - да се остатоци на делот од карпата каде водела претходно постојната патека или делови од некаков фундамент, па и траги од постоење на некаков мост. Ако овие прет187


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

поставки дека реката Црна во овој дел го променила својот тек и може да се очекува во фаза на периодични поплави, ситуацијата да се повтори, тогаш се констатира дека самата локација е загрозена. Но евидентна е, фактичката состојба на натписот, кој перманентно е во опасност од понатамошно уништување, под дејство на штетните испарувања, но првенствено индиректно од температурните и атмосферските влијанија врз карпата.

Според програмата3 се изврши теренски увид до локалитетот за идентификација и датација на натписот, се направија интервентни конзерваторски зафати, се изработи фотодокументација и техничка документација и се изврши рекогносцирање на археолошки локалитети во непосредна близина. По комплетирањето на добиените податоци и сознанија, со компаративна анализа и увид во достапната архивска документација се предвидоа насоки за понатамошна припрема за изработка на Елаборат за валоризација на епиграфскиот споменик во наредна фаза. Проектот опфати дефинирање на понатамошни развојни правци на заштита и адекватен третман, како и соодветен на статусот кон културното наследство. Предвидената валоризација и планирани насоки на соодветна ургентна заштита се во констелација со актуелните заложби на планираната изградба на ХЕЦ Чебрен, при можноста од опасно приближување и покачување на нивото на водата од акумулацијата до локалитетот и директно загрозување на постоечкиот натпис. На локацијата се изврши монтажа на импровизирано, времено скеле, за да се овозможи пристап и увид до споменикот и безбеден простор за работа. 3

Проектот се реализира 2013год. за време на месеците октомври и ноември со учество на стручна екипа на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола и со надворешни стручни лица. Стручната екипа на установата ја сочинуваа: раководител З. Алтипармаков дипл.инж.архитект - виш конзерватор; Т.Николовски дипл.скулптор - виш конзерватор; К.Кочов – тех.служба и Надворешните стручни лица: Г. Филиповска Лазаровска, во пензија, дипл.ист.уметност – археолог, кустос, советник, претходно вработена во НУ Завод и музеј – Битола, (кој претходно го истражуваше реонот и натписот); Весна Калпаковска, Д-р по класични студии; Р.Михајловски Д-р. ист. уметност - археолог, La Trobe University, Melbourne, куратор за византиска и пост византиска уметност; и Д. Николовска дипл. инж. архитект – соработник, документатор. 188


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Се евидентира постојната состојба на споменикот, при што се констатира мошне големо оштетување на површината и натписот, од последниот увид пред една декада. Влошената состојба, претпоставено е предизвикана од постојаните штетни испарувања од прекумерно загадената река Црна, во комбинација со негативните атмосферски влијанија. На споменикот се изврши биохемиско и физичко чистење.

По извршеното чистење и првични заштитни мерки на конзервација, се пристапи кон превентивна санација на натписот, изработка на фотодокументација и техничка документација.

За време на теренската работа, се изврши увид на теренот со евидентирање на археолошки локалитети во непосредна близина, да се овозможи комплетирање на добиените податоци при компаративната анализа и увид во достапната архивска граѓа, со цел за поточна датација на споменикот и негово дешифрирање. При тоа беа утврдени остатоци од ќерамика од периодот на железното време и римски период, остатоци од населби кои егзистирале во среднове189


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

ковие и сочувани делови од разграната патна мрежа. На другата страна од реката, на вливот од Коњарка, каде е лоцирана средновековна населба, рекогностициран се можни, делови на постоење на слични делумно сочуван делови од петроглифи.

Во и околу атарот на селото Скочивир, наведени се кажувања, локации археолошки локалитети и месности кои можат кои можат компаративно и со аналогија да придонесат што повеќе за осознавање, објаснување и претставување на „скочивирскиот натпис“ кој се наоѓа на десниот брег на Црна Река. 1. по кажување на мештанин Легенда за селото Скочивир: Во селото постојат два топоними кои ги определуваат локациите на некогашни постари населби: “Бабина градина“ и “Колибите“. Во Бабина градина постол манастир кој живееле калугери. Во месноста Колибите било селото во кое имало црква во близина на Скочивирска река на левиот брег близу местото „Перилата“, каде жените переле се до раселувањето на селото (1970г.). По преданието, калуѓерите од манастирот почнале да ги вознемируваат селските моми и жени. Селаните се вознемириле и ги опоменале, но без резултат. Заради тоа се селаните се собрале, го фатиле попот и му ја отсекле главата, која ја фрлиле на местото викано: „Попоа глава“, локацијата се наоѓа западно над денешното село. Преживеаните калуѓери побегнале во пештерата на Високиот рид покрај Црна река североисточно од селото, наречена „Калуѓерска Пештера“. Токму од спротивната страна на Црна Река се наоѓа „Скочивирскиот натпис“. Од истата страна, источна страна на високиот рид, многу одамна постоело село Костеново, кое имало своја црква, а денес не е сочувана. Жителите од с. Костеново морале да се преселат исто така и жителите од селото Присој (локација покрај река Коњарка) и со дозвола на жителите од с. Скочивир се доселиле на левиот брег на Црна Река во селото Скочивир. Нивните куќи се североисточно од куќите на староседелците, околу денешната црква Св.Петка. Пред да се стигни до мостот на Црна река, преку кој се пристига во с. Скочивир, десно од патот во подножјето се објектите и караулата изградени 190


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

од ЈНА (Југословенска народна армија), а потоа во продолжение на високиот рид е ново изградената манастирска црква Св. Атанас, по кажување на стари темели. Месното население до 1968/78 година мелело брашно во водениците кои ја користеле силата и брзината на водата од двете реки – големата Црна Река и нејзината десна притока - помалата планинска река Коњарка. На излегување од селото покрај црквата Света Петка, водел пат до левиот брег на Црна Река. На растојание од околу 1 км. на брегот и денес се гледаат урнатини (бучилата) од три воденици, кои некогаш мелеле брашно познати како „Црнски воденици“. Од другата страна на десниот брег блиску до „Скочивирскиот натпис“биле наредени повеќе воденици се до устието на река Коњарака во Црна Река, како и по левиот брег на река Коњарка пред истата да се спои со водите на Црна Река. Водениците биле со два камења за мелење жито. Сопственик на воденицата до вклесаниот натпис била на семејството Боњовци. Потоа следела била Чокоа воденица, кон устието на Кузеи и Ѓорѓиоа воденица. 1. Место викано „Присој“, се наоѓа на левиот брег на реката Коњарка, кога се искачуваш кон врвот Кајмакчалан. Местото е сончево, не држи снег во зима. Тука жителите од Скочивир ја чувале стоката (крави, говеда, овци). Некогаш тука имало стара населба од која се сочувани гробни дупки издлабени во карпа. По кажување од некои жители, наслението од овој локалитет, се преселиле во с. Скочивир. 2. Место викано „Лаките“, тука се погребени загинати војници регрутирани во српската војска, учесници во воените дејствија во рововите и другите положаи врзани за фронтовската борбена линија на т. н. Македонски фронт, за време од две тешки воени, години - септември 1916 до септември 1918. 3. Место викано „Гробишта“ (дворец, град). Се наоѓа во просторот кој го затвараат двете реки, помалата планинска река Коњарка која извира од Ниџе планина (старо античко име „Бора монс“ или „Горничава“ се до 19 век) која токму тука се влива во водите во широкото корито на Црна Река, и чија вода заради камената препрека на којашто наидува го менува дотогашниот правец на течење од запад кон исток, завртува и тече под западниот одбрамбен ѕид на тврдината, кон север за да влези во теснецот кој го дели масивот Мариово на два дела источен – Старо Мариово и западен – Мало Мариово. Во ноември 2013 година при рекогносцирање на овој терен 4, се собрани фрагменти од керамички садови (кои припаѓаат на неолит, бронзеното, железното, касната антика и средниот век), констатирани се и фрагменти од градежна керамика отпадната од евидентираните ѕидови кои се изградени со 4

Прв пат: дипл. архитект Зоран Алтипармаков, виш конзерватор во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј - Битола и Весна Калпаковска, епиграфичар. Втор пат на 26. 11. 2013: Зоран Алтипармаков и дипл. археолог Гордана Филиповска Лазаровска, советник кустос конзерватор во прнзија. 191


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

опус „микстум“ (редови од камен поврзан со варов малтер, кои на одредена висина се нвелирани со хоризонтални редови од тула заради еластичност на ѕидната маса). Ѕидовите на тврдината ја следат конфигурацијата на теренот. Заради местоположбата и према пронајдените фрагменти од садова керамика можи да тврдиме дека тука постоела со конттинуитет или со прекин населба од неолит до доцен среден век. 2. Избор од литература –локалитети во близина на с.Скочивир Локалитетот „Градиште“5, утврдена населба од железно време. Се наоѓа високо во планинскиот масив на Кајмакчалан (кота 1370), на 9 км. источно од селото, а на 3 км. од шумската куќа Јелак (куќата во 2006 веќе не постои). Локалитетот е врв со зарамнето плато на чија површина има фрагменти од керамички садови кои припаѓаат на железното време. Врвот од три страни го заобиколува реката Коњарка и нејзините притоки. Локалитетот „Кале – Петалинско“ е утврдена насела (дворец) од железно време. Се наоѓа 5 км. источно од селото, непосредно до местото каде од патот Скочивир – Старавина се издвојува крак за Јелак. Расположен е на висок рид со зарамнет врв, природно заштитен, се издигнува над десниот брег на Црна Река. На површината има многубројни фрагменти од керамички садови6. „Марково Кале“ е утврдена населба од железно време. Локалитетот се наоѓа на 2,3 км. југоисточно од селото на импозантен рид (кота 1106). Се издигнува на десниот брег на Црна Река, пред влезот во кањонот. По површината на зарамнетиот врв се наоѓаат остатоци од архитектурата на утврдувањето и фрагменти од керамички садови од железно време. Во есента 1862 година Хенрих Бартод кога минувал низ овие краеви забележал во своите патеписи дека близу - јужно и југоисточно - од селото Скочивир имало рудници за сребро. Бартод запишал „... гостилничарот (од анот во с. Клештина) ни раскажуваше за рудниците на сребро 7 кај Брота (објаснето во б. 19, с. Брод), и во клисурата на долината Четина (б.20. Сетина)..“.

5

Археолошка карта на Македонија, Скопје 1992, стр. 42, бр 83. За локалитетите во атарот на село Скочивир, Драгица Симоска. 6 Mikulčć, I., TIR, 116. 7

Александар Матковски, Македонија во делата на сранските патеписци, 1850-1864, Скопје 1992, стр. 523, ИК„Мисла, Патописот на Хенрих Бартод есента 1862г, 513-551. 192


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

За натписот на карпата во Скочивир ги наведуваме наодите и мислењата на консултираните надворешни соработници во проектот.8 Натписот е врежан на карпа крај реката што се наоѓа на околу 2,5 км над селото Скочивир. Според сегашната конфигурација на теренот карпата се наоѓа под патот, така што натписот може да се види само ако специјално се слезе од патот кон реката. Карпата е непосредно над реката, така што кога се врежувал натписот веројатно била засечена за да се направи простор за работа на каменорезецот. Натписот се наоѓа врз грубо профилирано натписно поле што има варијации во димензиите. Ширината му е приближно рамномерна, 180см., а висината варира меѓу 110см. и 130см. Натписот е на грчки јазик, првично имал најверојатно 7 реда текст, од кои 3 реда се солидно читливи, 4 реда се зачувани во траги, претстава на крст на почетокот на текстот и схематизирано претставена човечка фигура што се моли на десниот крај од текстот. Редовите на текстот се искривени. Покрај тоа, натписот е прилично оштетен од третиот ред натаму, затоа што е на отворено и постојано изложен на разни атмосферски влијанија.9 Крстот е со димензии в.19,6см/ ш.12.6см., десниот хоризонтален крак се спојува со горниот вертикален формирајќи ја грчката буква rho што е видливо само на постари фотографии од истиот натпис. Схематизирано претста-вената фигура на лицето што се моли е висока 44см., а распонот на рацете е 33,6 см. и е поставена вертикално долж првите три реда од натписот, на десниот крај од текстот. Најверојатно е претставена машка фигура, каде големината на главата е несразмерно голема во споредба со останатиот дел од телото. 8

Погоре спомнатите Весна Калпаковска и Роберт Михајловски. Оштетувањата се прилично забележливи и зголемени во последнава деценија, што е забележливо при споредбата на фотографии од натписот од пред 10 години и сега. 193 9


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Буквите во текстот се минускулни, со прилично варијабилна големина, најголемите се  (в. 9см./ш.13см.), К (в.11см./ш.9), в.12см./ ш.10см); останатите се прилично помали, висина околу 4см.; ета и сигма во првиот ред се во лигатура, и има две вообичаени скратеници – именката Господ () во Вокатив едн. и именката Бог () во Генетив едн. Севкупниот впечаток за стилот на пишување е дека припаѓа на подоцнежни периоди (16-17 век и подоцна), но ова треба да се земе со голема резерва затоа што квалитетот на подлогата каде се врежува натписот, местото каде се наоѓа натписот, вештината на каменорезецот имаат исто така големо влијание. Она што е зачувано од текстот се чита: +       

 +()  ()  

Ортографскиот и граматичкиот аспект на текстот исто така укажуваат на подоцнежни периоди и на не многу голема писменост на каменорезецот. Глаголската форма овде е предадена поедноставено, место тхета има тау, исто така именката  напишана со двапати со јота место со ипсилон и ета, што e индикација за писменоста на каменорезецот или пак, и покрај тоа што ортографски неправилна, таа графија била присутна во тоа време. Покрај тоа, глаголската форма најчесто на натписите, особено од ранохристијанските времиња е придружена со збор во генетив.1 На некои натписи од средновековието и подоцна се сретнува и употреба на Акузатив после оваа глаголска форма2. Но на натписот од Скочивир 1

Early Christian Inscriptions from Crete, www.ascsa.edu.gr/pdf/.../hesperia/147076. N. A. Bees, Die Griechisch-Christlichen Inschriften des Peloponnes, Isthmos-Korinthos, Athen, 1941. и други збирки на христијански натписи. 2 Овие натписи се главно пишувани врз малтер во храмови. E.g. Ктиторски натпис на Севастот Јован од Просеник во Св. Софија во Охрид, на пиластер во припратата, cf. Ц. Грозданов, Охридското ѕидно сликарство од XIV век, 1980, 61, и друга литература за натписот цитирана од авторот; натпис од јерејот Теодосиј во Св. Ахил Преспански датиран во 1522 г. 1959-1989, 247:  []()/()/ / Н. Муцопулос, Базиликата „Свети Ахилий“ В Преспа, Един исторически паметник-светиня“Пловдив, 2007, 38. 194


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

членот за Акузатив е придружен со имeнка во датив. Од содржината на текстот и иконографската претстава јасно може да се разбере дека станува збор за христијански споменик што содржи прозба кон Бога за спомен на душата3 на лице од машки род () чие име не е читливо. Натписи што ја употребуваат оваа древна христијанска формула обично се ктиторски или надгробни4. + Спомни си, Господи, за душата на работ Божји . . . . . . ............ ...........

Во која од овие категории на натписи би можел да припаѓа натписот на карпата во Скочивир е мошне интересно прашање. Земајќи ги превид податоците и сознанијата со кои сега располагаме најдобро би било да останеме во сферата на претпоставките меѓу овие два типа натписи. Судејќи според локацијата на натписот во Скочивир би рекле дека сведочи за некој несреќен настан на тоа место, така што натписот на карпата го овековечува настанот. Севкупниот изглед на натписот е прилично скромен, што наведува на помисла дека е посмртен (некој вид кенотаф). Со ова може да се оправда натписот на карпата, кој е од меморијален карактер: посмртен или вотивен. Натписот е на средновековен грчки јазик и според 3

Формулата е очигледно поврзана со новозаветниот текст од Светото Евангелие според Лука, 23:42:  4 Early Christian Inscriptions from Crete, www.ascsa.edu.gr/pdf/.../hesperia/147076. 195


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

почетната инвокација може да се смести помеѓу 14 и 16 век, но со елементи кои го ставаат и во 17-18 век со оглед на ортографијата.

Како можна варијанта дадена е проширена - претпоставена содржина на текстот5: + μνιστητι Κυριε τιν ψιχι του δουλου σου του Θεου Στεφανου (Στοιυ) εποιεσε Αλε..δρου δυραχιο το +Спомни си, Господи, за душата на работ Божји Стефан (Стоју?) подигна Але . . . дар Дирахиј од ........... По завршувањето на теренската работа, по извршените превентивни мерки за заштита, помошното скеле беше демонтирано, а по кабинетската обработка на предметот во оваа фаза и завршувањето на техничката документација, датацијата и прочитаниот текст, се утврдија насоки да се пристапи кон планирање на II фаза на реализација, односно задолжително да се бараат останатиот дел од средствата за програмата, со кои ќе се довршат планираните активности и проектот низ финална изработка на Елаборатот за валоризација на епиграфскиот споменик. При финализацијата на проектот од страна стручната екипа се наметна заклучокот на можноста на вадење на негатив од натписот, односно изведба на негов факсимил, копија во природна големина, која ќе се презентира во музејска поставка, а како интервентна мерка за негово понатомошно зачувување да се реализираат превентивни мерки на физичка заштита и достапност за поширок спектар на посетители, со што ќе се овозможи популаризација на локалитетот и вклопување во туристичката понуда на регионот.

5

Можна опција на читање на текстот според д-р Р. Михајловски. 196


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

РЕЗИМЕ Натписот – Скочивирска карпа се наоѓа на делот на вливот на реката Коњарка во реката Црна, во делот на проширувањето и завојот на реката. Во близина на натписот видливи се поранешни комуникациски правци, остатоци од неколку разурнати, камени воденици и средновековен локалитет. Натписот првично имал најверојатно 7 реда текст, од кои 4 реда се зачувани во траги, претстава на крст и схематизирано претставена човечка фигура што се моли. Натписот е на средновековен грчки јазик и според почетната инвокација може да се смести помеѓу 14 и 16 век, но со елементи кои го ставаат и во 17-18 век со оглед на ортографијата. +()

+ Спомни си, Господи, за



душата на работ Божји . . . . . .

()

............



...........  Натписи што ја употребуваат оваа стара христијанска формула обично се кој од меморијален карактер: посмртен или вотивен.. Според локацијата на натписот во Скочивир сведочи за некој настан на тоа место, така што на карпата е овековечен настанот. По завршувањето на проектот и по извршените превентивни мерки за заштита, стручната екипа утврди насоки да се пристапи кон планирање на II фаза на реализација, за реализација на на Елаборатот за валоризација на епиграфскиот споменик и предложени се активности со цел за популаризација на локалитетот и вклопување во туристичката понуда на регионот.

197


UDC 74 (497) 76 (497) Владо ЃОРЕСКИ,

1

КРАТКИ РАЗМИСЛИ ЗА БАЛКАНСКИОТ ЦРТЕЖ И ГРАФИКА ИЛИ ЛАМЕНТОТ ЗА ВЕЧНИОТ ОЧАЈ Апстракт: Во дваесетгодишното постоење на меѓународното графичко триенале во Битола, извршено е споредбено истражување и анализа на ликовни создавања врз одредени реони и региони во светски рамки, при тоа се констатирани разлики во творечкиот израз кои не се само индивидуални, авторски пројави туку и одредени колективитети кои зависат од општествените, политичките, егзистенцијалните констелации различни и специфицни за секој регион. Клучни зборови: цртеж, графика, ликовни анализи Во текот на повеќе од дведецениското организирање на Меѓународното графичко триенале во Битола, покрај настојувањето да се прикажат главните ликовни, актуелни случувања во светската графичка продукција, беше спроведувана и своевидна компаративистика, фокусирана и сконцентрирана на одредени региони, творечки области и центри . Целта на овој преглед, анализа и споредбеност во однос на другите творечки предели, пред сè беше да ја разгледа, да ја открие или потенцира, креативната состојба, мотивација, преокупација на авторите од одредени подрачја, низ кои покрај индивидуалниот исказ кој е примарен во творештвото, сепак, да се открие или спознае одреден творечки колективитет низ кој може да се расветлат одредени креативни пораки, реакции, размислувања, симболики па дури и директни обраќања за состојбите во кои се инкорпорирани и историските, политичките, социјалните состојби во кои, погледнати од авторските размисли, сонови,анализи па дури и кошмарни чувствителности, понекогаш покажуваат и искажуваат многу повеќе од бројните новинарски, социјални, општествени анализи, затоа што најчесто уметничкото изразување ако е искрено и слободно е најчувствителниот сеизмограф за сите пројави низ кои се движи едно општество, за сите трауми, надежи, скепси, изгубени и испразнети погледи за минатото и иднината, или вечниот неуспех да се создаде средина, општество во кое човечкото достоинство, рамноправност и уникатната вредност на секоја единка конечно ќе бидат единствениот и вистинскиот смисол на животот, наспроти сè. Беа разгледувани, преиспитувани, антологиски подредувани, делата од три региони - Балканот, посткомунистичките земји: Полска, Унгарија, Романија, Бугарија и како трет регион нордиските земји: Шведска, Финска, Норвешка, во некои случаи разгледувани заедно со балтичките држави. 1

Кустос советник во НУ Завод и музеј Битола.


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Слободно може да се констатира дека покрај единственоста на секој индивидуален творечки пат, средините кои беа предмет на нашиот интерес, сепак носат одреден спецификум на заедничка нишка на заедничка преокупација и колективено сигнализирање кое открива сепак одредена состојба на разновидни кризи, констатации, барања, стремежи или разочарувања најмногу и пред сè во општествениот живот и организација. Така на пример, поинаква е општата поетика и исказ во нордиските земји - каде што индивидуалната меланхолија и осаменост веќе е своевиден општ колективитет, во земјите на посткомунистичките хаварии - доминантна е фантастичноста, надреалноста, иронијата, скепсата. Во балканските пространства одредена трауматизираност и помиреност, која е како постојан дијалог со вечната апокалиптичност и фатализам за непостоењето на никаква трајност и сигурност. Просторот не ни дозволува во оваа прилика подетално да ги назначеме сите разгледувања, размислувања за трите региони, затоа во овој прв дел ќе ги изнесеме првичните белези, пораки и реакции кои ни доаѓаат од балканските простори најмногу во областа на графичкиот израз и во цртежите како најспонтани и најдирекни реакции, белешки, дневнички размислувања и реакции. Балканскиот цртеж не е географска одредница, не е ниту само име, тој е бележник, сведок, тестамент, запишан низ долгата генеза која постојано се бори со времето и заборавот. Авторите кои што ја потполнуваат оваа фатаморганична географска одредница, најчесто не се борат за доминација, наметнување или докажување, не, ни случајно, тоа е борба на животот и смртта – тоа е животот кој што постојано е обезвреднуван, газен, понижуван, потценуван – балкански, чија крајна цел е мазохистичко потонување во пепелот на ништото и постојана плима од далечни проклетства кои доаѓаат овде како темен потоп за да го доуништат и она што останало од самите нас, недоуништено, за да ја уништат и пепелта дури која е како последен доказ за еден сеопшт крематориум на исчезнувањето. Балканскиот цртеж се бори и со смртта не за да ја победи, не за да ја надмине, воскрене, надживее, не, ни случајно, балканскиот цртеж се бори со смртта за да ги доразоткрие, за да се спушти орфејски во тајните длабочини толку скржаво и упорно криени од самата смрт, тој постои всушност за да ја воспее смртта, во која не се губи, не се исчезнува не се ништожува, туку се спротиставува на бесмисолот, на апсурдот на надземното постоење. Балканскиот цртеж и во буквална смисла се занимава со цртата, линијата, исцртувањето на длабокиот архетип во кој јас и суетата на личното постоење е заменета со испишување на големиот и сè понеразбирлив атлас на ѕвездите кои одамна исчезнале или допрва ќе доаѓаат – ѕвездите во кои се сместени сите соништа, сите светлини и богомилски темнини на душата и духот кој секогаш е во длабока корелација со светлината, со флуоресцентната 199


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

алхемиска светлина на безбројните сонца кои секоја ноќ крикаат низ нашите затворени погледи кои сè уште ја сонуваат љубовта. Балканскиот цртеж наспроти сите логики, естетики и цивилизациски напредоци на планетарен план се занимава сè уште со надгробниот вресок, не како очајна последна тага туку како екстаза, радост на вечното заминување од другата страна – сите пејзажи, сите линии, сите исликани, допрени површини врз хартијата не се човечки туку просто, траги на некој брзо паднат метеор кој изгорел како последната пеперутка во чии крила била сместена надежта на Европа, онаа Европа низ која се движеа и беа спалувани трубадурите и еретиците кои наместо да веруваат во Бога веруваа во светлината на вселената која е всушност вистинскиот, искрениот поглед кон Бога, или онаа светлина која е главната супстанција од која се пресоздаваат сите опуси сите цртачки архиви, сместени низ досиејата на постоечките, исчезнатите, новите држави кои постојано доаѓаат и си заминуваат само за да потврдат дека жртвувањето е главната линија по која се движи и вечно ќе се движи ова пространство на митологијата поверна и повистинита од сите реалности - балканското ноктурно. Балканскиот цртеж наспроти сè е една голема, непрекината архива, дневнички запис, испишан во тремор и потполна растрепереност – запис за непостоењето во кое има единствено место за фосфорната светлост на љубовта и вечната химнична темнина на подземјето која извира понекогаш како доказ за сите премолчени и неискажани зборови кои наместо да ги искаже, докаже севкупната филозофска епоха во вечниот ахасвер, остана да ги кажува – недоискажаниот, молчалив, скриен, таен цртеж. Дали сè уште овој краток проблесок му е потребен на некој, денес во царството на новото Берзанско царство?! Без оглед, без оглед на сите хиперпродукции на огромното море од постојаното повторување на излитените, банални, безначајни, непотребни зборови, политички, естрадни, новокомпонирани, цртежот и малите траги на поезијата, пополека тонат во земјиниот темен сеф за еден ден повторно да се појават, преобразени во нова лаконска надеж, можеби?! Балканското графичко творештво За разлика од цртежот, графиката поседува една мултиоргиналност, која по својата повторувачка и насекаде повторувана „репродуктивност“ на некој начин директно го одсликува балканскиот дух, постојано опседнат со политичкото кое е сведено често на ниво на судбинското. Таа е како дневен сон, постојано повторуван, постојано вариран и кружно надоградуван. Таа не е географија, социјална и политичка припадност, туку резиме, општост и повторувана историја која не се учи од своите успешни или неуспешни обиди туку ужива во својата повторувачка - репродуктивна метрономска сизифност. 200


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Таа е своевидна кулисна и задкулисна претстава на духот или сурогатот на душевноста со која секој ден и вечер се открива и покрива балканскиот zoon politicon. Таа е фантастичниот простор на Старите планини во кои владее вечниот немир на живите и мртвите, во кои постојаното менување на границите е ликовната композиција на немирот, вознемиреноста, стравот и проклетството кое е замена за вечната опседнатост од проклетството на осаменоста и неразбраниот збор, порака, симбол. Таа е длабоката вертикала на линијата која се спушта до сите архетипови и бесполезни митови, изгубени во ходниците на новите времиња, патинирани со темните гами, со црната графичка густина на заборавот и ништото. Таа е замена за сите зборови, кои се толку блиски низ долините на сите валери, а толку контрасни во неразбирањето, таа е замена за сите напразно искажани мисли за разбирање, за создавање на заедништво, замена која постојано настанува со допирот, отпечатокот на дланката, отпечатоци на срцевите импулси кои се единствената емоција која му пркоси на сите демијуршки жители сè повеќе населени и распространети низ сите речни, езерски, планински лимеси. Таа е рељефот на хартијата, пергамент на талозите, историските и судбинските - секогаш судбинските и длабоко силните егзистенцијални нервни или невротични записи низ матрицата на самоуништувањето. Таа е замена за сите непрочитани и залудно напишани книги, како гутембергова галаксија која сè повеќе се оддалечува заслепена од лажната светлина на новосоздадениот фатален кич на тајкуните и политичарите кои творечкото го заменија со естрадата и ефтиниот панаѓур на суетата. Балканската графика, без оглед на сите естетски преокупации, изразни индивидуалности, технички разновидности, постојано е опседната со двете основни врзивни есенции на творештвото - светлината и темнината. На едната страна - светлината како можен мост на повторно поврзување и конечно смирување и изнаоѓање на спокојството - и духовно и телесно кое често еросот го заменува со предоминантниот горски, карпест танатост, и темното кое постојано го одбројува растојанието од едно исчезнување и разградување до друго, судејќи по сè по присутната темна гама, забрзувањето е сè поголемо и пофатално. Ако балканскиот цртеж беше своевиден дневен, сеизмограф на творечкиот крик или ехо фрлено низ балканските долини, балканската графика е своевиден атлас кој со сменувањето на секој лист сè повеќе се доближува до темните нијанси кои што најпосле ќе завршат во густото и загушливо црнило на печатарската боја како печат на една потполна и целосна еволуција на тоталното исчезнување, создавајќи ја и собирајќи ја таа антологија на графичкиот лист притиснат и отпечатен од бројните исчезнати судбини, графичкото триенале како една од ретките ликовни манифестации ја имаа таа привилегија еден ден да остане само за себе опкружено со севкупната историја на листот 201


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

кој од чистата белина ќе стигне до чистата црнина од постоењето до дефинитивното и апсолутно непостоење - таа е доказот и потврдата за енциклопедија по кишовиот рецепт и заоставштина. Прилог: Цртеж:

Еркан Нуртен,Турција

Клавдиј Тута, Словенија

Танас Луловски, Македонија

Лина Беби, Хрватска

Драган Мијач Бриле, Црна Гора

Свето Манев, Македонија 202


НУ Завод и музеј Битола

Мила Радишиќ, Хрватсак

Зборник на трудови бр. 18

Урош Ташковиќ, Црна Гора

Халил Тиквеша, Босна и Херцеговина

203

Теменуга Христова, Бугарија


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Чртомир Фрелих, Словенија

Исмет Јонузи, Албанија

Љуба Поповиќ, Србија

204


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Дадо Ѓурќ, Црна Гора, Франција

Славко Штригењ, Хрватска

205


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Владимир Величковиќ, Србија , Франција Графика:

Велина Гребенска,Бугарија

Пинар Чалдемир, Турција

206


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Ивоне Аделине Патер, Романија

Рената Паписта,Босна и Херцеговина

Дарко Дрљевиќ, Србија

Дадо Ѓуриќ, Црна Гора - Франција 207


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Исмет Јонузу, Албанија - Црна Гора

Валдета Вучитрна, Албанија

Владо Шкрк, Словенија

Руди Скочир, Словенија

208


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Ела Лесиак, Хрватска

Маја Земуник Музинич Хрватска

Димитар Малиданов, Македонија

209


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Петар Хаџи- Бошков, Македонија

Милан Андов, Македонија Резиме: Балканот е специфичен регион во кои творечките современи случувања особено во цртежот и графиката, носат некои белези кои се автентични, автохтони, особени и впечатливи и покрај сефкупната глобализација и во творештвото и покрај сеопфатните тенденции за поедноставување и површност на светската ликовна сцена каде што токму цртежот и графиката најчесто се заменети со иснталации и перформанси. 210



UDC 314.15 - 026.48:28-05 (497.7) "1951-1956" Марјан ИВАНОСКИ,1 Димитар Љоровски ВАМВАКОВСКИ,2 ЕДЕН ДОКУМЕНТ ЗА ДОСЕЛУВАЊЕТО НА МУСЛИМАНСКО НАСЕЛЕНИЕ ОД КОСОВО И МЕТОХИЈА, ЦРНА ГОРА, САНЏАК И БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА ВО НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (1951-1956) Завршувањето на Втората светска војна и воспоставувањето на новиот социјалистички општествено-политички систем во Југославија, а со тоа и во Федерална Македонија, за турското национално малцинство претставувало дополнителен мотив за продолжување на процесот на иселување во Турција кој започнал со повлекувањето на Османската империја од Балканот, а привремено бил запрен поради Втората светска војна. Турското малцинство не било подготвено да ги прифати радикалните општествено-политички промени во државата, како и да се вклучи во брзите еманципаторски процеси со кои се рушеле дотогашните патријархални односи. Муслиманите најмногу негодувале на пројавениот атеизам на новите власти, што кај нив го будел стравот од забрана на религијата. Во прилог на тоа одело укинувањето на основните верски училишта и законот за забрана на зарот и фереџето од 1951 година, што било сфатено како навреда на честа и достоинството на муслиманите. Како антиисламски биле сфатени и новите закони за задолжително школство на женските деца и рамноправноста на половите.3 Новата економска политика била дополнителна причина за иселување. Имено, Турците кои живееле во село, исто како и селаните од другите националности, биле силно погодени од новата аграрната политика која била спроведувана во периодот 1945-1953 година: аграрната реформа, колективизацијата, задолжителниот откуп и ограничување на земјишниот максимум на 10 хектари. Додека пак оние Турци кои живееле во градовите биле засегнати од политиката на национализација на приватната сопственост (1946, 1948), затоа што најголем дел од нив биле трговци и занаетчии.4 1

Д-р Марјан Иваноски, доцент во Институтот за национална историја, ул. Григор Прличев бр. 3, 1000 Скопје, е.пошта: m_ivanoski@yahoo.com 2 Д-р Димитар Љоровски Вамваковски, доцент во Институтот за национална историја, ул. Григор Прличев бр. 3, 1000 Скопје, е.пошта: dljorovski@yahoo.com 3 Виолета Ачкоска, Братството и единството 1944-1974 – помеѓу хармонија и дисхармонија, Скопје 2003, 270, 278. 4 Виолета Ачкоска, „Иселувањето на Турците од НРМ по Втората светска војна (1945-1960)“, Историја, год. XXXVIII/1-2, Скопје 2002, 91.


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Иселувањето на Турците од НР Македонија може да се подели на два периода: до 1954 година, кога иселувањето се оценувало за „непријателска дејност“ и по 1954 година кога Комисијата за национални малцинства при Централниот Комитет на Сојузот на Комунистите на Македонија констатира дека иселувањето не било поттикнато од никаква непријателска дејност насочена против ФНРЈ.5 Промената на партискиот став прв ја изнел Лазар Колишевски во весникот „Нова Македонија“ од 28 март 1954 година,6 каде, меѓу другото, истакнал дека не се согласува со терминот „иселување“ затоа што не постоела принуда врз Турците да се иселуваат, туку тоа било на доброволна база.7 Процесот на иселување на Турците започнал во 1951 година, а кулминацијата ја доживува во 1955-1956 година. Паралелно со иселувањето на Турците, започнало доселување на муслиманско население од НР Босна и Херцеговина, Косово и Метохија, Санџак и НР Црна Гора во НР Македонија со цел полесно да се иселат во Турција.8 Од доселеното население со исламска вероисповед најбројни биле Албанците. Но, сепак на многу мал дел од нив им било дозволено да се иселат во Турција, (околу 5.000 вкупно и од доселените и од домашните Албанци) затоа што познавањето на турскиот јазик било задолжително, како и декларирањето како Турци пред надлежните органи од 1944 година.9 Поради тоа опаднал интересот на Албанците за иселување во Турција, по што многубројните албански семејства или се сместувале кај свои роднини или пак ги купувале куќите на Турците што се иселувале. Треба да се напомене дека еден дел од Албанците мигрирале во Македонија не со цел да се иселат во Турција, туку со умисла да се населат во Македонија поради полесен економски просперитет10 како и барање на нов животен простор поради пренаселената косовско-метохиска област. Па така поради масовното иселување на Турците, се укажала добра прилика за купување на ефтини куќи поради големата понуда.11 Во 1959 година 22.776 лица добиле официјално републичко државјанство на НРМ, од нив повеќе од половината, поточно 12.976 биле етнички Албанци од Косово и Метохија.12 Точната бројка на непријаве-

5

Виолета Ачкоска, Братството и единството..., 276. „Братството и единството меѓу македонскиот народ и националните малцинства веќе стана нешто природно во свеста на луѓето“, Нова Македонија (Скопје), бр. 2910, 28.03.1954, 1. 7 Истото. 8 Дозвола за иселување давал само турскиот конзулат во Скопје, затоа што 97% од Турците во Југославија живееле на тлото на НР Македонија. 9 Виолета Ачкоска, Братството и единството..., 280. 10 Косово и Метохија била економски најзаостаната област во ФНРЈ. 11 Оние доселеници што се ориентирале да се населат во „провинција“ биле привлечени од фактот „што за релативно евтини пари можат да купат добра земја, куќа и инвентар во најплодните реони.“ (Државен архив на Република Македонија, Скопје. 01. 0427. 0084. 0086/ 469). 12 Од областа Санџак биле евидентирани 2.965 доселеници, од НР Босна и Херцеговина 2.147, од НР Србија 1.842, и од НР Црна Гора 2.850 доселеници. (Виолета Ачкоска, „Некои 213 6


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

ните доселени Албанци сè уште останува мистерија. Албанците од северот биле привлечени и од традиционалната мирољубовост и толерантност на македонскиот народ, како и од попустливата политика на македонските власти кон албанското малцинство. Неконтролираното доселување на муслиманското население во Македонија предизвикало низа проблеми со кои што требале да се справат македонските власти. Документов што го презентираме се однесува токму на доселувањето на муслиманското население и проблемите што настанувале со доселувањето. Документот е настанат во Државниот секретаријат за внатрешни работи на НР Македонија и се наоѓа во Архивот на Македонската академија на науките и уметностите во фондот „Лазар Колишевски“. Оригиналот е отчукан на машина за пишување на македонски јазик со кирилско писмо. Документот го пренесуваме во целина без интервенции од страна на редакторите. ИЗВЕШТАЈ За приливот на малцинското население (муслимани) дојдени од Космет, Санџак, Црна Гора и Босна и Херцеговина во НР Македонија, во времето од 1951 година до 1956 година Иселувањето на турското население од нашата Република, а посебно од Скопје, како и можноста да се откаже од државјанството за полесно одење во Турција, овозможува во Македонија, услови за еден проблем, по наше мислење, мошне сериозен. Имено, се забележува во последните година – две, посилен прилив на муслимански жители, а посебно шиптари на територијата на НР Македонија, а особено во Скопје. Овие луѓе, користејќи ја можноста за купување на недвижен имот од Турци на големо ја користат можноста и се доселуваат најпрво поединечно, а подоцна со целите свои фамилии. Од прибраната евиденција може да се види дека се доселуваат луѓе од Космет, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Во прво време доселувањето беше ограничено на гр. Скопје. Меѓутоа, како што се гледа од приложениот преглед во последно време имаме доселувања и во други краишта во Републиката. По наше мислење проблемот е сериозен, бидејќи тој условува низа негативни последици. Пред сè, големиот број на доселени во Скопје го отежнува и онака тешкиот станбен простор. Многу од овие луѓе се сместени во голем број во една просторија. Од друга страна со вселувањето во куќи кои се веќе испразнети со иселувањето, се оневозможува на Околискиот одбор да прави комбинации со оние фамилии чии куќи треба да се рушат за непречена новоградба.

фактори на албанизацијата на македонската етничка територија од Големата Источна криза до крајот на XX век“, Гласник на ИНИ, 43/2, 17). 214


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Најпосле, факт е дека во Скопје се доселуваат главно луѓе без какви и да е стручни квалификации. Со тоа не само што се создава пренаселеност, туку се регрутираат нови невработени граѓани. Луѓето кои се доселуваат од Космет и Санџак главно бараат работа како општи работници. Бидејќи таква работа нема за сите, не се ретки случаите да безделничат, да ги трошат парите од продадениот имот, да го нарушуваат јавниот ред и мир и др. Неоспорно е дека пренаселеноста, а посебно пренаселеноста во поединечни станбени простории условува здравствени проблеми и опасност од низа опасни заразни болести. Тенденцијата на доселување почнувајќи од 1951 година, зеде особен замав од 1954 година, а продолжува и во овој период. I. Во горенаведениот период во НР Македонија вкупно се доселени 17.257 лица. Во овој број се пресметани полнолетните и малолетните лица. Меѓутоа, оваа бројка е релативна, бидејќи се однесува само на уредно пријавените лица. Секако треба да се смета на еден број на лица кои од разни причини не го пријавиле својот престој. Горниот број на доселените лица, а според евиденцијата на секретаријатите на внатрешни работи, се: 1. Космет .......................................................................... 10.959 лица 2. Санџак..............................................................................4.360 лица 3. Црна Гора.......................................................................1.100 лица 4. Босна и Херцеговина.....................................................828 лица ___________________________ ВКУПНО: 17.257 лица Од вкупниот број на лица се населени во следните околии по градови и села: 1. СКОПСКА ОКОЛИЈА а/ градови....................................................................................14.207 лица б/ села.......................................................................................980 лица ____________________ ВКУПНО: 15.187 лица 2. БИТОЛСКА ОКОЛИЈА а/ градови б/ села.........................................................................................591 лице ____________________ ВКУПНО: 591 лице 3.

ОХРИДСКА ОКОЛИЈА

а/ градови.......................................................................................4 лица б/ села 215


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

____________________ ВКУПНО: 4 лица 4.

ТЕТОВСКА ОКОЛИЈА

а/ градови..................................................................................105 лица б/ села ____________________ ВКУПНО: 105 лица 5.

КУМАНОВСКА ОКОЛИЈА

а/ градови.....................................................................................50 лица б/ села..........................................................................................33 лица ____________________ ВКУПНО: 83 лица 6. ТИТОВЕЛЕШКА ОКОЛИЈА а/ градови б/ села.........................................................................................873 лица ___________________ ВКУПНО: 873 лица 7. ШТИПСКА ОКОЛИЈА а/ градови.....................................................................................25 лица б/ села........................................................................................479 лица ___________________ ВКУПНО: 504 лица II. Од доселените лица купиле недвижен имот во градови и села: 1. СКОПСКА ОКОЛИЈА а/ градови..................................................................................8.000 лица б/ села......................................................................................2.067 лица ____________________ ВКУПНО: 10067 лица 2. БИТОЛСКА ОКОЛИЈА а/ градови 216


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

б/ села.........................................................................................590 лица ____________________ ВКУПНО: 590 лица 3.

ОХРИДСКА ОКОЛИЈА

а/ градови.......................................................................................4 лица б/ села ____________________ ВКУПНО: 4 лица 4.

ТЕТОВСКА ОКОЛИЈА

а/ градови.....................................................................................105 лица б/ села ____________________ ВКУПНО: 105 лица 5.

КУМАНОВСКА ОКОЛИЈА

а/ градови......................................................................................50 лица б/ села...........................................................................................33 лица ____________________ ВКУПНО: 83 лица 6. ТИТОВЕЛЕШКА ОКОЛИЈА а/ градови б/ села...............................................................................................873 лица ____________________ ВКУПНО: 873 лица 7. ШТИПСКА ОКОЛИЈА а/ градови б/ села..............................................................................................9 лица ____________________ ВКУПНО: 9 лица

217


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

III. Карактеристично е дека во прво време приливот на малцинско население (муслимани) се чувствуваше само во град Скопје. Меѓутоа, почнувајќи од 1954 година, приливот од вопросните лица се јавува и во други околии, а посебно нараснува во Скопје. За појасен увид ја изнесуваме положбата за град Скопје и тоа во: 1951 година 1952 -II1953 -II-

496 лица 960 лица 864 лица

1954 година 2.704 лица 1955 -II5.264 лица 1956 -II- до месец мај 960 л.

Од горното се гледа дека приливот бил забележително зголемен во текот на 1955 година. Ако се земе предвид дека за првите четири месеци (зимски) се доселиле околу 1.000 лица, тогаш може да се тврди дека процесот на доселување и во оваа година ќе продолжи со несмалено темпо. Исто така во текот на 1955 година е забележано помасовно доселување и во внатрешноста на Републиката. Ја даваме како пример Битола. Во село Житоше доселени се 45 фамилии со 298 лица во село Канатларци -II- се 3 фамилии со 23 лица во село Десово, Пештерово и Дебриште доселени се 39 фамилии со 259 лица. Слична е состојбата во Велешката и Штипската околија, со таа разлика што доселените лица во Штипската околија не купуваат недвижен имот. IV. Градот Скопје има своја посебна специфичност во однос на доселувањето на лица по народност Турци или шиптари и од внатрешноста на нашата Република, а не само од Космет. По евиденција на СВР – Скопје се смета дека во град Скопје, почнувајќи од 1953 година па до денес се доселени Турци и шиптари од Космет, Санџак и од внатрешноста на Македонија околу 25. 000. Меѓутоа, досега се откажале од државјанство 14.500 лица. Значи со 10.500 лица е извршен притисок на Скопје. V. Според добиените податоци од СВР, доселените лица се занимаваат со земјоделие на свои (ново купени) имоти или на туѓи. Во градовите пак (Скопје) е општа појава да се занимаваат со работа како општи работници. Имаме евидентирано само два случаја да се занимаваат со занает. Тежнеат да се зафатат со каква и да е работа само да обезбедат и да им тече стажот за стекнување македонско државјанство. Меѓутоа, не е мал бројот на оние кои не можат да најдат вработување и така ги трошат добиените пари добиени од продадениот имот во кафани, пиење и др. Од прибраните податоци преку Управата за работна рака констатирано е следното: а/ дека сите лица се без потребни квалификации, а се пријавуваат за работа како би користеле надокнада (помош) како невработени; б/ во случај да се вработат не можат долго време да се задржат на работа, бидејќи се без искуство и не се навикнати на ваков вид на работа. 218


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

Интересни се и податоците на санитарната инспекција за здравствената состојба. Од санитарната инспекција добиени се следните податоци: а/ здравствената состојба е многу лоша, така што во антитуберколозниот диспанзер во општината „Кале“ и „Саат Кула“ постојат податоци од кои се гледа дека досега голем број на лица се заболеле од туберкулоза и донекаде од сифилис. Секако на ваквата состојба влијае климата во скопско, како и многу лошите услови во кои живеат овие лица; б/ поради верската заостанатост имало случаи заболените од туберкулоза да ја напуштаат болницата и се враќаат кај своите фамилии. Имало случаи во една фамилија да се заболени 2-3 члена, а тие да живеат заедно со останатите; в/ не се ретки случаите во еден стан да живеат 10-20 па и 30 луѓе. До пред извесно време постоеше една штала каде што биле сместени околу 100 лица. Поради горе наведените причини извесен број на лица барале и социјална помош од органите на народната власт. VI. Целта на доселувањето од други републики во НР Македонија воопштено е за полесно да се иселат во Турција. Ова дотолку повеќе што досега другите републики не дозволуваа иселување. Најпосле, овие лица покажуваат жив интерес за создавање можност да им бидат молбите за отпуст прифатени. Со оглед дека е дозволено иселување на лица со турска националност тие постојано се интересирале како може да се промени националноста од шиптар во Турчин. Од горе изнесеното може да се заклучи дека доселувањето во Македонија е со одредена цел, имено да се здобијат со право за иселување во Турција. Меѓутоа, ако се земе предвид дека некои купуваат имот за обработка, посебно во внатрешноста, може да се тврди дека не сите ќе бараат отпуст од државјанство. Најпосле некои се доселуваат во Скопје од економски побуди. Имено, сметаат да ќе се вработат во индустрија каде ќе имаат обезбедена плата и детски додаток, а некои пак се доселуваат за да го прикријат својот идентитет бидејќи биле во судир со органите на народната власт. Но, на крајот сепак е точно дека поголемиот дел ќе се иселат. VII. Ако се земе за точно дека мотивот на доселувањето е стекнување на право за добивање на отпуст за државјанство, треба да се смета оти доселувањето на овие лица не само што нема да престане, туку напротив од година на година ќе се зголемува. А тоа од причина што другите републики во однос на отпустот од државјанство имаат подруг став од нас. Ако овие републики во основа не го изменат ставот, без обзир ние што ќе даваме отпуст, положбата (притисокот на Скопје) нема да се измени, бидејќи одењето на едни, повлекува доселување на други. За да се спречи приливот во Скопје нужно е, по наше мислење, да се преземат и одредени административни мерки. 219


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

1. Да се почне со примената на Законот за воведувањето во градовите систем за дозволи за престој /Службен весник на НРМ бр. 24 од 14-VII-1947 година/, а кој Закон не е изменет. Но во случај да се примени овој Закон ќе се дојде во колизија со чл. 12 ст.3 од Уставот на ФНРЈ од 13-I-1953 година, во врска со чл. 21 ст.3 од Уставот од 31-I-1946 година, ами само во случај на постење на жалба на решенијата на СВР-Скопје. 2. Да се воведе пракса СВР – Скопје да го известува,а надлежниот орган на одборот дека соодветното лице поднело молба за отпуст, а одборот преку санитарната инспекција ја прогласи куќата како неповолна за живеење од хигиенски причини. Се разбира сите куќи на овој начин не можат да бидат прогласени како непогодни. 3. Надлежниот народен одбор при примена на чл. 66-а од Законот за промет на земјишта и згради /Службен лист на ФНРЈ бр. 19/55/ дозволува зградата да се купи и од трети лица, ако тој не ја купува, но со клаузула дека истата може да се распадне и дека не е погодна за живеење. Се разбира за вакви случаи ќе се бара мнение и од градежната инспекција. 4. Да се обзаведе карантин за фамилиите кои имаат болни од заразни болести, а тоа да се проверува уште со пријавувањето во СВР. Се разбира оваа работа е тешка, бидејки карантинот би се претворил во болница. 5. На овие лица да не им се дава приоритет во вработувањето, со што би се приморале да се вратат во родното место. 6. Инаку најбезболно би се спречило доселувањето во Скопје, ако Околискиот народен одбор обезбеди средства тој да ги купува станбените згради, а Законот ги обврзува сопствениците прво да го понудат одборот за купување. Доколку тоа не е можно за оваа година, оно барем да се обезбедат средства за идната година. Изнесениот проблем нужно е да се претресе со претседателот на Околискиот народен одбор за Скопска околија како би се пронашле соответни решенија, а во врска со напред изнесените предлози.

220



ИНСТРУКЦИИ ЗА АВТОРИТЕ на прилози во "Зборник на трудови" на НУ Заводот за заштита на спомениците и музеј - Битола Редакцискиот одбор на списанието "Зборник на трудови" на Заводот за заштита на спомениците и музеј - Битола, ги известува авторите кои ќе испратат свои стручни и научни трудови за објавување да се придржуваат на следните наведени инструкции: 1.

Прилозите кои се доставуваат да бидат оригинали, односно претходно да не биле објавувани и редактирани.

2.

Трудовите да бидат изработени во електронска форма. Авторот до редакцијата доставува еден лекториран примерок (со печат од овластен лектор) во печатена форма и на компакт диск - ЦД.

3. Трудовите да бидат изработени во Б5 (ЈИС 17,6 см х 25 см) формат во максимум 10 страни. 4. Трудовите да бидат изработени во фонт Times New Roman со македонска поддршка, со големина на букви 12., проред од 1.0. и маргини по 2.0 см. 5.

На првата страна од трудот треба да се наоѓа: -Име и презиме на авторот / авторите (Болдирани со големина на букви 14) со фуснота во која треба да се наведат академското звање, име и презиме на авторот, назив на институцијата во која е вработен, нејзината адреса, адреса на авторот и е-маил на авторот. -Насловот на трудот да биде со големи болдирани букви со големина 14. -Под насловот на трудот треба да постои апстракт и клучни зборови со големина на букви 12. и проред од 1.0.

6. На последната страна, односно на крајот од трудот да се напише резиме (summary) на македонски јазик и на еден од светските јазици, најмногу до една страна.


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

7. Доколку се работи за трудови кои се дел од магистратура, докторат или дел од друго истражување во фуснота да се наведи насловот на оригиналот, местото и годината на одбрана на истиот. 7. Цитирањето на изворите-литературата низ текстот да биде со фусноста (фуснотите се наоѓаат на дното од страницата и се обележуваат сукцесивно со арапски броеви). Може да се врши цитирањето и во текстот на следен начин: „...текст во наводници...". Димитров (2000). Имињата се даваат во оригинал, кирилица или латиница. 8. Библиографијата (литературата) на цитираните трудови на крајот од текстот се класифицираат по азбучен ред според презимето на авторот. Во колку трудот го напишале повеќе од три автори, се цитира само првиот, а се додава и др. Цитираните дела се пишуваат во оригинал (кирилица, латиница или во друго писмо со кои се пишувани). 9.

Доколку авторот користи одредници од Интернет во написот треба да се наведат податоци на натписот со веб страната, а пред с# формата на универзалниот локатор на ресурси (URL). На пр.: Birgess, Patricia Ѕ., А Guide for Wgtimg... од Моdеrn Lаnguаgе ... 3 pages. Аppril 2002. 18 Junе 2005.<hттp://webster.cоmmеnt.edu/ара/ара >

10. Авторите на Пристигнатите трудови треба да достават рецензија од стручно лице од соодветната област. Доколку се согледаат извесни технички пропусти, рецензентот или претседателот на Редакцискиот одбор може трудот да го врати назад на авторот. Авторот, корегираниот труд може повторно да го достави до Редакцискиот одбор кој може да одобри негово објавување во еден од наредните броеви на „Зборникот на трудови". Доколку некој од понудените трудови немаат рецензија, Редакцискиот одбор пред печатење на „Зборникот на трудови“ на WЕБ страната на Н У Завод и музеј - Битола: (www.bitolamuseum.org/) го става таквиот труд на јавен увид, а ако по еден ме-ец нема негативни реакции, тогаш трудот се објавува. Доколку има негативна реакција, Редакцискиот одбор определува рецензент од компетентно лице во соодветната област. Ваква процедура за рецензирање Редакцискиот одбор може да направи и на сопствена иницијатива доколку некој од неговите членови изрази мислење дека е потребна таква постапка. 11. Пратените трудови за објавување во „Зборникот на трудови“ не се враќаат, а Редакцискиот одбор го задржува дискреционото право да не објави одреден труд за кого ќе оцени дека не одговара на пропишаните технички, формални и научни критериуми. Авторските права на трудовите, авторите целосно ги отстапуваат на Н У Завод за заштита на спомениците и музеј - Битола без да 223


НУ Завод и музеј Битола

Зборник на трудови бр. 18

бараат финасиска надокнада. Н У Завод за заштита на спомениците и музејБитола може да исплати одреден паричен надоместок само ако има обезбедено финансиски средства за таа намена. Таквите средства се исплаќаат рамномерно на сите автори чии трудови се објавени. Доколку трудот не е прифатен, Редакцискиот одбор го информира авторот за тоа и тој е ослободен од било какви обврски кон Н У Завод за заштита на спомениците и музеј - Битола. Доколку пак текстот е прифатен, авторот не смее да го објавува во било каква делумна или целосна, пишана или електронска форма сè додека не се отпечати „Зборникот на трудови“.

224


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.