ПОВРЗАНИ И ПОНАТАМУ
Macedonian
Специjално издание Помош с.4 Освежен град с.6 King George of Bankstown 2021 Australian Survivor Runner Up (на сликата) с.8 Дедо Мраз доаѓа во град стр.12
Порака од градоначалникот
Почитувани граѓани, Ми претставува големо задоволство што можам да го споделам со вас ова специjално дигитално издание на билтенот од нашата заедница, Keep Connected. Во ова издание посебно ќе се осврнеме на тоа каква поддршка можат да добијат оние кои поминуваат низ големи маки за време на COVID-19, како можеме да продолжеме да бидеме поврзани и како да се подготвиме за подобри времиња пред нас. Во текот на цела оваа пандемиjа, секоj ден слушам изрази на “shout outs” (благодарност), но сега мене ми е ред да кажам ГОЛЕМО БЛАГОДАРАМ (BIG SHOUT OUT) 2
на нашите жители тука во CanterburyBankstown. Направивте извонредна работа во запирањето на ширењето на вирусот и вакцинирањето. Навистина го направивте нашиот град горд! Како што знаете, соработуваjќи со владата нашиот град беше во првите редови во борбата против овоj смртоносен вирус. Бевме проактивни со испраќање на пораки на различни jазици на сите социjални и дигитални платформи и му помогнавме на NSW Health во отварањето на клиники за тестирање и центри за вакцинациjа.
Знам дека неодамнешното затворање (shutdown) на нашиот град ги повреди сите, семеjствата, бизнисите и поединците. Затворањатето беше катастрофално за сите нас, како економски така и психички. Всушност,кога пред 18 месеци го обjавив моjот план од 16 точки за помош на нашата локална економиjа, никогаш не ни помислив дека денес ќе бидеме во оваа неволjа. Но бидете сигурни дека ќе продолжам да правам се што можам за да ви давам поддршка вам и на овоj прекрасен град. Затоа, ние се уште обезбедуваме пакети за помош и поддршка во итни случаи за да можеме на некоj начин да им помогнеме на нашата заедница и нашите бизниси.
Повеќе информации за поддршката од општината можете да наjдете на cbcity.nsw.gov.au
Khal Asfour, градоначалник Град на Canterbury Bankstown
3
Поддршка за COVID-19
Помош CBCity COVID-19 – пакет за поддршка Конечно со олеснувањето на ограничувањата и постепеното повторно отворање на нашиот град, се гледа силен и блескав излез од тунелот за 2021. Изминатите неколку месеци беа тешки за многумина и нашиот главен приоритет беше да и дадеме поддршка на нашата заедница наjдобро што можеме.
Оваа криза беше катастрофална за многу луѓе. Ако можеме да го намалиме товарот, малку ќе им го олесниме животот на некои луѓе. Khal Asfour, градоначаник Во овие тешки времиња, продолжуваме да им даваме вредна помош на локалните бизниси, жителите и работниците со нашиот пакет за поддршка во времето на COVID-19. Се погриживме да им обезбедиме сочувствителни опции на бизнисите и сопствениците на имот кои се мачат да ги платат нивните давачки, а кои исполнуваат услови за тоа. Укинувањето на наплатите за згрижување на деца за семеjствата и продолжувањето на важноста на пропусниците за паркирање во болница за локалните здравствени работници во првите редови се само некои од другите начини на кои се обидовме да го олесниме товарот. За да им се помогне на нашите локални непрофитни организации да продолжат да им помагаат на оние на кои тоа им е потребно, тие можеа да конкурираат за финансиска помош (grants) во износ од 500 до 10.000 долари за да можат: • Да нудат услуги на итна помош на лица кои имаат тешкотии. • Да им помагаат на оние кои се изложени на наjголем ризик од сериозна инфекциjа. • Да нудат поширок избор на услуги од кои заедницата би можела да има корист.
За да дознаете повеќе како jа поддржуваме заедницата, посетете jа веб-страницата cb.city/COVIDRelief
Поддршка за нашата младина Со цел да одговориме на нивните тешки прашања во врска со COVID-19, создадовме безбеден онлаjн простор каде локалните млади можат да ги изнесат своите мислења и да бидат сослушани од специjални гости говорници. Marwa Kechtban од Headspace Bankstown неодамна присуствуваше на еден од нашите неделни состаноци на коj разговаравме за грижата за себе и одржување рамнотежа меѓу школувањето од дома и семеjните конфликти, и таа остави голем впечаток со многу добри совети. Еден од нашите редовни учесници рече: “Толку е убаво кога те слушаат и се чувствуваш дека твоето мислење е важно во тешки времиња.” Нашите разговори во врска со COVID-19 помагаат во креирањето на NSW COVID-19 Recovery Plan за младите луѓе. За повеќе информации, посетете jа веб-страницата cb.city/youth
Кошниците (hampers) од заедницата прават разлика Благодарение на дарежливата донациjа од Woolworths и Reckitt, во нашите кошници од Meals on Wheels (Служба за доставување на оброци дома) неодамна беше вклучен мал внимателен додаток. Беа поделени околу 200 посебни хигиенски пакети со средство за дезинфекциjа, средство за дезинфекциjа на раце, антибактериски влажни марамчиња и средства за повеќенаменско чистење. Marcia, 94-годишна корисничка на Meals on Wheels рече дека беше трогната од неочекуваниот пакет коj доjде со неjзиниот оброк. “Доброволците од Meals on Wheels без сомневање се прекрасни луѓе!”
Поддршка за нашите локални бизниси Малите бизниси се наjважниот дел од нашата заедница и тие зависат од нас исто колку што ние зависиме од нив. За да им помогнеме да опстанат додека беа затворени, организиравме бесплатен вебинар за деловни грантови за да им помогнеме да аплицираат за многу потрeбните финансиски средства. Во партнерство со Canterbury Bankstown Chamber of Commerce и Service NSW, ги воведовме сопствениците на скоро 150 мали бизниси во постапката за аплицирање за грантови. Покажете им малку љубов на нашите локални бизниси сега кога се отворени. Тие се дел од она што го прави нашиот град посебен. За информации во врска со поддршка за бизнисите, посетете jа веб-страницата cb.city/Covid-Business-Support
Исто така, тесно соработуваме со OzHarvest и локалните организации во собирање и доставување на наjмалку 500 кошници со храна секоjа недела на домаќинствата на кои тоа им е потребно. Кошниците содржат основна храна како што се ориз, конзервирана храна, свежи производи како и прехрамбени продукти соодветни за различни култури. “Заради инициjативата на Општината за програми како што е програмата за доставување на кошници со храна, заедницата повторно работи заедно, што е навистина прекрасно,” рече Joumana Eljamal, директор на Community Connect од Сиднеj. Ако живеете во подрачjето на Canterbury-Bankstown и ви треба помош заради COVID-19, посетете jа веб-страницата cb.city/COVID
5
Подобрувања во градот
Градиме подобар град Нов изглед за Canterbury Leisure и Aquatic Centre Со планови за целосна реконструкциjа на 62-годишниот обjект и заживување на неговите услуги, аjде да одвоиме еден момент и да се осврнеме на тоа што беше Canterbury Leisure и Aquatic Centre и што ќе стане допрва. Како центар за обука на некои од наjелитните тимски пливачи од нашиот град, од кои некои беа дури избрани да jа претставуваат Австралиjа на меѓународни првенства, центарот се надмина за да понуди општествено корисна работа. Генералниот директор, Alex Clarke, на пливачкиот тим Harlee Elite рече дека реконструкциjата е добредоjдена вест коjа уште повеќе ќе им помогне на неговите тренери. “Покраj тоа што ќе биде наjсовремен центар во коj ќе уживаат сите од заедницата, тоj исто така несомнено
Тоj исто така несомнено ќе помогне да jа израснеме нашата идна генерациjа на спортски ѕвезди.
ќе помогне да jа израснеме нашата идна генерациjа на спортски ѕвезди,” рече г-динот Clarke. Како дел од нашиот план да ги подобриме здравjето и благосостоjбата на заедницата, обележjата на центарот ќе вклучуваат базен од 50 метри на отворено, базен од 25 метри во затворен простор, базен за терапиjа со топла вода во затворен простор и простор за играње во вода за деца со нула длабочина. Сето ова во дополнение на кафуле на лице место, сауна и теретана. Изградбата треба да започне во средината на 2022 и планираме да го отвориме новиот обjект во декември 2023. За да дознаете повеќе и да го разгледате концептниот дизаjн, посетете jа веб-страницата cb.city/LeisureNews
Забавата штотуку стана подобра во нашите локални паркови Како што веќе се стоплува времето, ги освежуваме локалните детски игралишта низ нашиот град. • Во Killara Reserve во Panania има нова пирамида за качување, висока 4,3 метри, заедно со рингишпил достапен за инвалидски колички, коj е рамен со земjата. • Flinders Slopes Playground во Lansdowne има мрежа за активности со димензии 4x4 метри, вклучително трамбулина, вртелешка и “летечка лисица” (flying fox). • Во Playford Park во Padstow сега има нова теретана на отворено, кула за играње (play tower), места за пикник, покриени и со клупи.
• Во Harold Street Reserve во Campsie сега има повеќе отворен простор со повеќе опции за седење под покривка и клупи како и нова “летечка лисица”. Внимаваjте, доаѓаат повеќе нови работи! Во 2021/22, ќе инвестираме 13,6 милиони долари во подобрувањето на нашите паркови и спортски терени низ CBCity. За да наjдете парк или спортски терен блиску до вас, посетете jа веб-страницата cb.city/Parks
Бидете во тек додека продолжуваме да создаваме подобар град, посетете jа веб-страницата cb.city/projects
7
Воведна приказна
‘Кралот на Bankstown’ е дома Кралот на Bankstown се врати откако помина 48 дена во суровата пустелиjа на Queensland.
Мило ми е што Австралиjа, преку Australian Survivor, имаше можност да види каков е човекот од Bankstown.
George Mladenov, второпласираниот во Australian Survivor 2021, помина жешки денови и студени ноќи додека маневрираше низ осмата сезона на сериjата, без да биде свесен низ какви се тешкотии поминуваа неговото семеjство и заедницата, дома во Canterbury-Bankstown.
Тоа е човек коj се залага за неговата заедница, тоа е некоj коj внимава на другите, тоа е некоj коj е искрен и бестрашен и човек на коj можеш да му веруваш.”
“ Се вратив среде глобалната пандемиjа за коjа не знаев дека е толку лоша. Се вратив во заедницата коjа беше затворена ... имаше многу строги ограничувања тука, но успеавме да ги пребродиме,” рече Mladenov. Иако е благодарен за времето што го помина во Survivor, учествувањето во сериjата го потсети на една важна работа. “ Наjважно е да се гордееш со тоа коj си и од каде си,” рече тоj. “ Што се однесува до мене, од далеку може да се види дека сум од Bankstown. Целиот моj живот го поминав овде и сакам да живеам овде. Огнот на Bankstown гори силно и гореше во огненото племе.
За овоj 31-годишен маж, решението да се вакцинира беше многу лесно. Посебно заради тоа што му овозможи да ги види оние за кои наjмногу се грижи. “ Веднаш штом вакцините беа достапни и имав право да се вакцинирам, го направив тоа,” рече Mladenov. “ Нашата заедница преживеа некои од наjстрогите ограничувања, но сега е време да излеземе. [Аjде] да се погрижиме да заживеат нашите бизниси. Ги поттикнувам сите да излезат и да пазарат локално. Си мислам, што е следно за мене? Па ќе ви кажам една мала таjна. Внимаваjте, можеби повторно ќе ме видите на вашите екрани во не толку далечна иднина.”
Нашата заедница е фантастична, се грижиме еден за друг и се поддржувавме меѓусебно во тешките времиња. Но сега Bankstown е повторно отворен и време е да се вратиме на работа. George Mladenov 2021 Australian Survivor Runner Up 9
Заедница
Милосрдноста на Rangers Panania Free Rangers е локална, непрофитна организациjа коjа им доставува свежо овошjе и зеленчук на локалните семеjства.
Нема да ни верувате ако ви кажеме дека гаражата на Jacquie Dredge повеќе личи на голема остава отколку на место каде можете да jа паркирате колата. Секоj четврток, каj Jacquie доаѓа камион полн со наjсвежите производи што можете да ги замислите. “ Се што правиме е поврзано со свежи производи,” рече Jacquie. “ Им доставуваме свежи производи на семеjствата во четврток заедно со седум бесплатни милосрдени кутии (kindness boxes) на други луѓе во заедницата.
На милосрдните кутии е прикачена мала порака со зборовите: ‘Бевте избрани да добиете милосрдна кутиjа.’ Кутиите им носат радост на луѓето кои се соочуваат со тешкотии. Сега, заради затворањето (lockdown), луѓето се повеќе свесни за прехрамбената сигурност. Добиваме многу барања за семиња и расад. Луѓето повторно почнуваат да одгледуваат овошjе и зеленчук.”
За луѓето кои се заинтересирани да одгледуваат свежи производи дома, Jacquie вели дека е добро да се започне со одгледување на ароматични треви (herbs). Научете повеќе на pananiafreerangers.com
Скриени херои Ако го познавате Dale Donadel, ќе знаете дека овоj човек од месноста Picnic Point прави повеќе за нашата заедница отколку што е негова должност. Во последните 20 години, управникот на Chester Hill Neighbourhood Centre заработува за живот помагаjќи им на луѓето, вклучително на ранливи деца, семеjства и постари лица. Минатата година, Dale jа доби наградата ‘Граѓанин на годината’ на нашата свечаност, Australia Day Awards, откако беше предложен од неговите колеги. Совет од Dale: “ Погледнете наоколу и оддадете им признание на луѓето кои го направиjа Canterbury-Bankstown она што е денес.”
Сега може да се поднесат предлози за доделување на награди на Денот на Австралиjа 2022, вклучително новововедената Награда за заштита на животната средина и наследството (Jack Mundey Environment and Heritage Award). Поднесете предлози на: cb.city/AustraliaDayAwards
Со кого си, таков си Ако овоj месец сте виделе луѓе како броjат птици во нашиот град, не грижете се, тие не се нетокму (“cuckoo”). Овие страсни набљудувачи на птици учествуваа во Aussie Backyard Bird Count. Како долгогодишен член на локалната група на набљудувачи на птици, GreenWay birdos, Jennifer Kent со гордост вели дека можете да видите многу различни птици – како што е Tawny Frogmouth – токму дома. Оваа ноќна птица, што живее во Австралиjа, има шарени пердуви кои и помагаат да се прикрие како суви гранки. Внимаваjте на нив, тешко се забележуваат. Искусниот набљудувач на птици, Gavin Gatenby, препорачува да ги посетите Gough Whitlam или Waterworth Park во Earlwood. Тоj досега видел многу прекрасни птици, како што е Australasian Darter. Gavin вели: “Птиците Darter можат да нуркаат длабоко во водата ... можете да jа видите како го фрла уловот во воздух и го голта почнуваjќи од главата.” Разгледувањето на вашиот локален парк или резерват е одличен начин да се запознаете со прекрасните птици кои живеат во Canterbury-Bankstown.
За повеќе информации, посетете jа веб-страницата aussiebirdcount.org.au/resources
Недела на Cooks River Повеќето локални жители уживаат во долги прошетки покраj Cooks River. Меѓутоа, дали сте се запрашале како таа го добила името или каква врска има со австралиската култура? Изложбата насловена: A Week on the Cooks River, Clare Britton – jа следеше патеката долга 23 километри пешки и со чамец за да открие коj дел од историjата на Sydney се одразува во неjзините води. Clare Britton е локален уметник од Earlwood коjа посебно се фокусира на Cooks River во неjзината докторска дисертациjа (PhD) во Sydney College of Arts. “ Самиот чин на пешачење покраj реката беше толку многу корисен да ги разберам историjата на Sydney и начинот на коj тоj jазик е запишан во нашиот предел”, рече таа.
Од раштрканите почетоци во Yagoona, преку Botany Bay до Pacific Ocean, уметничките дела на Clare создаваат визуелна и писмена мапа на реката. Поединости за изложбата Кога: До сабота, 20 ноември Каде: Онлаjн на cb.city/clarebritton
11
Што има ново Божиќни песни во паркот Донесете ќебе за пикник за вечер исполнета со песни, забава и духот на Божиќ. Кога: Н едела, 5 декември од 6 до 9.30 навечер Каде: Амфитеатарот во Wiley Park Цена: БЕСПЛАТНО. Неопходно е резервирање Резревираjте го вашето место на cb.city/Carols
Натпревар за наjдобри божиќни светилки Дали вашите божиќни украси се тема на разговор во градот? Испратете ни фотографиjа и локациjата за вашата шанса да ОСВОИТЕ големи награди. Кога: До среда, 15 декември Каде: Facebook @ourcbcity Дознаjте повеќе на cb.city/Christmas
Програма во заедницата: Читаjте и пеjте заедно (Read and Sing along)
Не можете да доjдете на средбата? Можете да ги гледате видео записите тогаш кога вам ви одговара ако jа посетите веб-страницата cb.city/ VirtualStoryTime
Има нешто посебно во тоа кога гледате како вашите деца развиваат љубов за читање. Нашите неделни средби, ‘Читаj и пеj’ (‘Read and Sing’), им нудат на наjмладите, на возраст од 1 до 5 години, изведби во живо на пеење и раскажување приказни за да им помогнат да ги подобрат нивните вештини за читање и пишување со многу забава и дружење.
Chelsey неодамна за првпат jа донесе неjзината ќерка Coco. “[Таа] многу се смееше и радосно ракоплескаше, одлично се забавуваше,” рече таа. Средбите ‘Читаj и пеj’ се на англиски jазик и неколку други jазици, вклучително виетнамски, арапски и полски. За да се приjавите или да дознаете повеќе: cb.city/LibraryEvents
Дали имате рецепт коj вреди да се сподели со други? Обjавете го на нашата интерактивна страница Keep Connected и видете што се готви ова лето!
Како да се подготвите за да бидете во добра форма и здрави ова лето Со оглед на тоа што во последно време поминавме многу време во затворен простор и ги променивме нашите секодневни навики, некои од нас можеби ставиле неколку екстра “COVID-19 килограми”. За да ви помогне да се вратите во форма, Active CB Lifestyle лансираше нова забавна програма, Exercise Referral and Weight Management Program. Преку активна комбинациjа од групни спортови, активности во вода и часови за вежбање, оваа 12-неделна програма нуди планови за вежбање прилагодени на индивидуални потреби и вежбање со личен тренер. Личниот тренер од Canterbury Leisure and Aquatic Centre, Andy Fung рече дека оваа програма е одличен начин да го подобрите вашето расположение и повторно да се движите. “Ендорфините кои се ослободуваат при вежбањето помагаат да ви се подобри расположението и ако некоj ве води низ вежбите, тоа може да помогне да создадете навики кои ќе ви го сменат животот”. За да дознаете повеќе и да се запишете, посетете jа веб-страницата cb.city/ActiveCB-Lifestyle или jавете се на 9707 9236.
13
Таму каде што се случува нешто интересно
План за Padstow
Добредоjдовте повторно! Додека пазарувате, ние го разубавуваме градот и додаваме малку вкус. На десет привремени места ќе имате простор каде што ќе можете да седнете и уживате додека сте излезени. “Мислев дека ова е одличен начин да се зближи заедницата. Потрошувачите можат да си земат кафе и да седат надвор на сонце,” рече Mark Dimetra, сопственик на La Cantina на Clarke Street во Earlwood. Се што сакаме е повторно да ви посакаме добредоjде. Ќе се развеселите кога ќе го видите нашиот план за Light House во Amy Street, Campsie и во The Mall во Bankstown. Има места за седење, шалтер за пакување и земање и исто така, соларни панели. Тоа е еколошко место каде можете да се одморите кога ви треба кратка пауза.
Се вративме на работа Запалете jа колата – локалните бизниси се вратиjа на работа! Помогнете во заjакнувањето на нашата економиjа со тоа што ќе jадете, играте и ќе ги посетувате локалните бизниси. EXTREME Indoor Go Karting во Villawood е само еден од бизнисите подготвен да ви посака добредоjде. Следете не на Facebook @ourcbcity за да видите некои од бизнисите кои повторно работат.
14
Опуштете се во East Terrace Reserve во Bankstown и Earlwood Avenue, додека уживате во оазата од зеленило што ве опкружува, со дрвени клупи за седење, буjно зеленило и паркиралишта за велосипеди за ваша употреба. Мотивациjа за просторот добивме од богатата таписериjа на културата на нашиот град. Забележете ги написите на различни jазици со зборот “Добредоjдовте” и “Warami” – зборот на абориџинскиот jазик Dharug за “Мило ми е што те гледам”. Видете ги плановите за следните шест места за одмор во Belmore, Chester Hill, Georges Hall, Narwee, Padstow и Revesby. Посетете jа веб-страницата cb.city/StreetsAsSharedSpaces
Одбележување на Diamond Jubilee на брилиjантен локален жител Оваа година, Trevor Newton слави 60-годишнина од работата! Trevor, жител на Georges Hall, се сеќава на неговиот прв ден на работа во 1960 година во нашата канцелариjа за пошта кога имал 15 години. Денес Trevor го користи своето знаење и искуство за нашиот град во неговата работа во нашиот Customer Service Centre. Еден од наjважните моменти во неговата кариера беше средбата со премиерот Kevin Rudd. “[Тоj] излегуваше да обjави грант за понатамошно реновирање на Bankstown Arts Centre, коj беше изграден на местото на стариот Bankstown Swimming Pool. Имав можност да го прошетам низ центарот и да му jа обjаснам историjата на базенот,” со задоволство се сеќава Trevor. Честитики, Trevor!
BANKSTOWN
Clr Khal Asfour (ALP) - Mayor khal.asfour@ cbcity.nsw.gov.au 9707 9523
Clr Bilal El-Hayek (ALP) bilal.el-hayek@ cbcity.nsw.gov.au 0410 111 161
BASS HILL
Clr Rachelle Harika (ALP) rachelle.harika@ cbcity.nsw.gov.au 0418 859 353
Clr Charlie Ishac (LIB) charlie.ishac@ cbcity.nsw.gov.au 0498 141 149
Clr Alex Kuskoff (ALP) alex.kuskoff@ cbcity.nsw.gov.au 0403 602 924
CANTERBURY
Clr Linda Eisler (GRN) linda.eisler@ cbcity.nsw.gov.au 0400 426 424
Clr Philip Madirazza (LIB) philip.madirazza@ cbcity.nsw.gov.au 0408 983 498
Clr Clare Raffan (ALP) clare.raffan@ cbcity.nsw.gov.au 0499 790 033
REVESBY
Clr Linda Downey (ALP)- Deputy Mayor linda.downey@ cbcity.nsw.gov.au 0411 462 287
Clr Steve Tuntevski (ALP) steve.tuntevski@ cbcity.nsw.gov.au 0439 346 894
Clr Glen Waud (LIB) glen.waud@ cbcity.nsw.gov
ROSELANDS
Контактираjте советник Clr George Zakhia (LIB) george.zakhia@ cbcity.nsw.gov.au 0439 724 557
Clr Mohammad Huda (ALP) mohammad.huda@ cbcity.nsw.gov.au 0408 425 686
Clr Nadia Saleh (ALP) nadia.saleh@ cbcity.nsw.gov.azu 0428 457 637
Локалните избори ќе се одржат на 4 декември 2021. Дознајте повеќе на elections.nsw.gov.au
Ако ви треба помош да го разберете овоj документ, ве молиме jавете се во Службата за писмено и усно преведување (Translating and Interpreting Service) на 131 450 и замолете ги да се jават во општината на 9707 9000.
Bankstown Arts Centre 9707 5400 Belmore Youth & Resource Centre 9718 9848 Bryan Brown Theatre & Function Centre 9707 9404 Customer Service 9707 9000 Leisure & Aquatic Centres Birrong 9644 8300 Canterbury 9789 9303 Max Parker 9771 2148 Roselands 9789 9302 Wran 9726 2283 Library & Knowledge Centres Bankstown 9707 9708 Campsie 9789 9423 Chester Hill 9707 9740 Earlwood 9789 9417 Greenacre 9707 9744 Lakemba 9789 9419 Padstow 9707 9747 Panania 9707 9737 Riverwood 9789 9416 Morris Iemma Indoor Sports Centre (MIISC) 9153 0441 За да ги видите претходните изданиjа, посетете jа веб-страницата cb.city/newsletter Насловна страница Фотографиjа: George Mladenov
Кажете ни што мислите за Keep Connected на cb.city/feedback