(MK) Мапирање на екосистемот за поддршка на претприемачи во Македонија

Page 1

www.getyesproject.com

ГЛОБАЛНА РАЗМЕНА И ОБУКИ ЗА МЛАДИНСКО ВРАБОТУВАЊЕ 2

Национален извештај – С. Македонија Број на проект: 618649-EPP-1-2020-1-MK-EPPKA2-CBY-ACPALA Овој проект е финансиран со поддршка на Европската Комисија. Оваа публикација (комуникација) ги отсликува ставовите на авторот единствено, и Комисијата не може да се смета за одговорна за било каква употреба на информација што се содржи овде.


www.getyesproject.com

Предговор Главната мотивација позади овој проект е зајакнување на соработката, размената и надградбата на добри практики помеѓу државите вклучени во проектот со крајна визија - нови квалитетни работни позиции преку креирање на претприемачки начин на размислување и килтура помеѓу економските актери во општествата. Овој извештај ќе ни помогне да видиме како изгледа претприемачкиот и екосистемот на вработување изгледа низ државата. Извештајот може да се употреби за да се направи увид и да се научи повеќе за претприемачкиот екосистем, како и да се изнајдат препораки за тоа како да се зајакне и вмрежи екосистемот во државата. Автор на овој извештај е г-дин Благој Трајков, консултант во Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија. Авторот спроведе десктоп истражување, со цел да се разбере моменталната состојба со претприемачкиот екосистем во С. Македонија. Десктоп истражувањето вклучи: идентификување и анализирање на релевантни проекти или програми кои помагаат на индивидуите да се вработат, да отворат или да го подобрат својот бизнис, идентификување на програми за обука кои се нудат на пазарот, собирање на податоци од поддржувачите на претприемачкиот и екосистемот за вработување и идентификација на добри практики од проектите, програмите и обуки. Соработник во подготовката на извештајот е Јован Сталевски, активен играч и соработник за развојот на Македонскиот претприемачки екосистем. Овде можете да го најдете истражувањето. Датум: Јануари, 2021 Потпис ЦЕФЕ Македонија : Јован Сталевски, Претседател


www.getyesproject.com

1.

Извештај

Истражувањето на околината за претприемачкиот и екосистемот за вработување во Северна Македонија, како дел од проектот GET YES2 , ги поставува основите во земјата за подоцнежно фокусирање на експертското и поширокото јавно информирање во врска со мапирање на најдобрите проектни практики и програми и обуки за вработување. Во исто време, истражувањето обезбедува база на податоци со клучните поддржувачи на претприемништвото и вработувањето. 1.1. Најдобри проектни практики Истражувањето беше спроведено согласно неколку фактори, како што се: - висок степен на успех за вработување на луѓе; - Иновативна програма или методологија; - Фокусот на трговските таргетни групи; - постигнување на самоодржливост откако ќе се потрошат парите од донаторите; - Влијанието кое е направено кон креирање на проактивни деца со претприемачки начин на размислување Резултатите од десктоп истражувањето идентификуваа дека реално постојат многу проекти во Северна Македонија, главно во делот на едукација и подобрување на вештините, помеѓу кои беа идентификувани неколку проекти или програми кои обезбедуваат претприемничко образование за млади, образование за социјално претприемништво обуки за стекнување на вештини за вработување и зајакнување на капацитетите во областа на млади, како и програми за намалување на невработеноста и зајакнување на бизнис секторот преку обезбедување на едукација и финансиска поддршка во земјоделието, туризмот и ИКТ секторот. Главно тие нудат обуки и едукација за бизнис вештини како и финансиска поддршка и можности за ко-финансирање за самовработување и иновативни предлози. Донациите најчесто доаѓаат во форма на грантови, и неколку национални и интернационални организации како што се УНДП, УНИЦЕФ, ФИТР, Европската Комисија, Американската и Швајцарската амбасада треба да се истакнат како активни донатори. 1.2 Програми за обуки на пазарот


www.getyesproject.com Што се однесува до програмите за обука кои можат да најдат на пазарот, резултатите покажуваат дека понудата на пазарот расте паралелно со побарувачката. Истражувањето се базираше на следниве индикатори: - висок степен на успех во вработување - процент на вработени клиенти по завршување на обуката Согласно резултатите, највисока побарувачка на пазарот постои за ИКТ обуките, особено во полето на дигиталниот маркетинг, графички дизајн, програмирање и ИТ развој. Покрај ИКТ обуки, исто така постои висока побарувачка за образование во областа на бизнис, консалтинг и коучинг, како и обука за менаџирање на проекти, социјални вештини и развој на иновативни социјални и бизнис идеи. Главниот таргет се младите на возраст од 18-35 години, но можат да се најдат и обуки за различни возрасни категории, вклучително и обуки за деца, како и обуки за почетници и професионални, без разлика на биографијата. Цената се разликува од должината и побарувачката за обуки и се движи помеѓу 500 и 1500 евра. Повеќето од обуките се одржуваат во период од 3 до 4 месеци. 1.3 База на податоци за поддржувачи на екосистемот за претприемништво и вработување Согласно податоците од истражувањето, може да кажеме дека има прилично задоволителна бројка на организации и институции во С. Македонија кои го поддржуваат претприемништвото и бизнисот, во глобала, и дека постои тенденција за раст. Повеќето соработуваат меѓусебно, но сепак не постои официјална база со податоци на сите организации и институции на национално ниво. Постои иницијативна од неодамна од ФИТР (Фонд за Иновации и технолошки развој) за создавање на стартап совет, кои ќе ја забрза соработката и вмрежувањто помеѓу различните актери во екосистемот на претприемачи. Нашата база со податоци се состои од околу 80 организации и институции. 1.4 Корисници и добри практики Постои општо задоволство од корисниците на програми и проекти. Многу од корисниците се стекнале со нови вештини и научиле нови работи кои подоцна им помогнале да го прошират својот бизнис, да напредуваат во нивната работна атмосфера или дури и да направат промена во нивните кариери. Истражувањето


www.getyesproject.com покажа дека дури постојат и програми кои им помагаат на луѓе со помалку можности со цел да работат на идеи и да се интегрираат во општеството. Како и да е, потребата и побарувачката за вработување и стекнување нови вештини во е рапиден раст, особено во време на пандемија.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.