Резултати од проект: „Форум за успешно наследување на семејни бизниси во Македонија“
Содржина ВОВЕД ............................................................................................................................................... 2 ИЗВЕШТАЈ од спроведено истражување (таргет групи – млади наследници на семеен бизнис и институции) ....................................................................................................................................... 3 Анализа и интерпретација на резултатите од истражувањето ............................................................. 4 1.1 Анализа и интерпретација на добиените резултати од првата група респоденти: млади наследници на семеен бизнис од 18-30 години ..................................................................... 4 1.2 Анализа и интерпретација на добиените резултати од втората група респоденти: релевантни институции во поглед на поддршкагта и развојот на семејните бизниси ........ 13 ЗАКЛУЧОЦИ ОД ФОРУМОТ НА ТЕМА: „Успешно наследување на семејни бизниси во Република С. Македонија“................................................................................................................................ 21 Панел 1: ................................................................................................................................................... 22 Семејни бизниси, нивни карактеристики и клучни актери за поддршка во Македонскиот претприемачки екосистем .............................................................................................................. 22 Панел 2: ................................................................................................................................................... 23 Успешно наследување на семеен бизнис – примери и предизвици за наследување на семеен бизнис во Македонија ........................................................................................................................ 23 Интерактивна работилница 1: ............................................................................................................... 24 Семејни системи – работилница за коучинг во семеен бизнис: Разбирање на важноста за динамиката во семејните системи и пресликување во водењето на семеен бизнис .............. 24 Панел 3: ................................................................................................................................................... 24 Обука и едукација за успешно наследување на семеен бизнис..................................................... 24 Интерактивна работилница 2: ............................................................................................................... 25 Креирање на политики за потребите на младите наследници на семеен бизнис .................. 25 БЛАГОДАРНОСТ............................................................................................................................... 27
1 “Форум за успешно наследување на семејни бизниси во Македонија” 2019-1-MK01-KA347 060163 Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија Скопје Никола Парапунов 33/57 | 1000 Скопје | Македонија +389 78 201 854 | info@cefe.mk | www.cefe.mk
Вовед Економските актери и креаторите на политики во Македонија постојано бараат решенија за создавање на нови работни места и стимулирање на економскиот раст, а за да се постигне тоа потребно е создавање на нови и иновативни компании, но, секако и поддршка за раст и развој на веќе постоечките традиционални бизниси. Во Македонија семејните бизниси заземаат речиси две третини од вкупната бројка на фирми и имаат голем удел во бруто домашниот производ, како и во понудата на работни места. Од тука може да се каже дека се клучни за македонската економија. Главна одлика на семејните бизниси, доколку се добро менаџирани, е нивната долготрајност, флексибилност и најважно од се - пренесувањето на капиталот, трансферот на вештините, знаењата и вредностите од една генерација на друга. Од сето ова произлегуваат прашањата колку од младите се свесни за добивките од наследувањето и водењето на семеен бизнис? Дали и какви мерки преземаат локалните власти за да ја искористат оваа предност за јакнење на своите економии? ЦЕФЕ Македонија, во последните три години, работи токму на одговор на овие прашања, како и нивна подлабока анализа кон креирање на мрежа на соработка помеѓу младите наследници на семеен бизнис и креаторите на политики во нашата земја. Проектот е поддржан од Националната агенција на Македонија преку програмата Еразмус+, во Клучната Акција 3. Главна цел на проектот е да промовира и стимулира дијалог помеѓу младите наследници на семејни бизниси и креаторите на политики за развој на елкономијата во државата, да се идентификуваат политики и активности копи што ќе го олеснат процесот на наследување на бизнисот како и неговиот раст и интернационализација. За исполнување на овие цели дефинирани се неколку активности: •
Идентификување на сегашните и идните актери во екосистемот за поддршка на семејните бизниси;
•
Потенцирање на некои од бариерите за одржлив развој и наследување на семејните бизниси и изнаоѓање на решенија;
•
Идентификување на чекори што креирачите на политики можат да ги превземат за развој на семејните бизниси во државата;
•
Пронаоѓање на иновативни идеи за соработка меѓу актерите во системот, што би резултирало со развој, успешно наследување, нивна долготрајност и интернационализација;
2 “Форум за успешно наследување на семејни бизниси во Македонија” 2019-1-MK01-KA347 060163 Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија Скопје Никола Парапунов 33/57 | 1000 Скопје | Македонија +389 78 201 854 | info@cefe.mk | www.cefe.mk
•
Јакнење на младите наследници на бизниси со вештини за иницирање на дијалог и лобирање за креирање подобра клима за раст на семејниот бизнис;
За исполнување на овие цели ЦЕФЕ Македонија изготви истражување за поддршката на семејните бизниси во Македонија како и креирање на политики за нивна одржливост, напредок и интернационализација. За таа цел беа креирани два прашалници за две целни групи и тоа: o
Првиот прашалник беше наменет за локалните власти и креаторите на политики. Се однесува на улогата и поддршката што ја даваат државните институции на семејните бизниси.
o
Вториот прашалник беше наменет за да се испита јавното мислење на тема кои се потребите на семејните биснизи во Македонија.
Прашалниците беа поставени електронски, а резултатите од истражувањата беа презентирани на првиот ден од форумот, како почетна точка за подетално продлабочување во темата. Во рамките на овој проект се даде одговор на клучните прашања на оваа тема, преку изготвување на истражување за испитување на соработката помеѓу младите наследници на семеен бизнис и локалните власти. Реазултатите од истражувањето се објавени во оваа студија која ќе даде насока за локалните власти за потребите на семејните бизниси и како истите да се искористат за јакнење на економската и бизнис средината во државата.
ИЗВЕШТАЈ од спроведено истражување (таргет групи – млади наследници на семеен бизнис и институции) Истражувач: Симона Лазаровска Во рамките на Еразмус+ проектот „Успешно наследување на семејни бизниси во С.Македонија“, кој што се спроведува од страна на ЦЕФЕ Македонија, реализирано е истражување според следните претходно добиени насоки и препораки: Истражувањето треба да се спроведе на две целни групи и тоа: Првата група: Млади наследници на семеен бизнис. Кај оваа група респонденти, истражувањето треба да даде одговор на следните основни прашања: • • •
Каква е навиката кај младите за започнување и наследување на семеен бизнис? Дали ја знаат работата на локалните власти и дали би побарале нивна помош за развивање на својот бизнис? Дали имаат информација за некоја посебна мерка или политика на локалната власт за поддршката која ја нудат за семејни бизниси? 3 “Форум за успешно наследување на семејни бизниси во Македонија” 2019-1-MK01-KA347 060163 Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија Скопје Никола Парапунов 33/57 | 1000 Скопје | Македонија +389 78 201 854 | info@cefe.mk | www.cefe.mk
Втора група: Локални власти и креатори на политики, планирани минимум 20 испитаници. Кај оваа група респонденти, истражувањето треба да даде одговор на следните основни прашања: • •
Дали имаат развиено таргетирани стратегиски документи, политики или мерки за промоција и поддршка на семејни бизниси? Дали имаат воспоставено мрежа на соработка и развој на локален потенцијал за стимулирање на креирањето и наследувањето на семејни бизниси, размена на информации и научно знаење и иновации? Прибирањето на податоци беше реализирано со примена на методот на испитување со претходно дизајнирани прашалници, наменети за испитување по електронски пат. Така, во првата фаза на истражувањето, најпрво беа дизајнирани структурирани прашалници за двете предвидени групи на респонденти, и тоа: •
•
Прашалник за испитување на јавното мислење за потребите на семејните бизниси во С.Македонија (прилог бр. 1) и Прашалник за локалните власти и креаторите на политики (прилог бр. 2)
Прашалниците беа изработени и спроведени во електронска форма. Респондентите беа интервјуирани по електронски пат, и тоа преку Е-маил, преку поставување на прашалникот на социјалните мрежи и телефонски интервјуа. Обработката на податоците беше извршена со примена на cloud апликации, а анализата и интерпретацијата на добиените резултати е презентирана во натамошните делови на овој извештај, за секоја целна група поединечно, и секако, на крајот се презентирани и компаративни и сумарни заклучоци.
4 “Форум за успешно наследување на семејни бизниси во Македонија” 2019-1-MK01-KA347 060163 Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија Скопје Никола Парапунов 33/57 | 1000 Скопје | Македонија +389 78 201 854 | info@cefe.mk | www.cefe.mk
Анализа и интерпретација на резултатите од истражувањето 1.1 Анализа и интерпретација на добиените резултати од првата група респонденти: потенцијални сопственици на семеен бизнис како и наследници на семеен бизнис Како што е наведено во воведниот дел на овој извештај, испитувањето на првата група респонденти – млади потенцијални сопственици и наследници на семеен бизнис, се реализира со цел да се стекнат продлабочени сознанија во врска со склоностите и навиките на младите луѓе за отпочнување и наследување на семеен бизнис (дали и колку размислуваат за отпочнување на самостоен семеен бизнис, или пак преферираат да бидат вработени од страна на други организации); исто така, да се утврди во колкава мера младите се информирани за ингеренциите на локалните власти во поглед на отворањето и функционирањето на семејните бизниси, и поддршката која што би ја добиле во тој контекст, и, секако, да се утврди дали младите луѓе се информирани за конкретните мерки и/или политики на локалните власти (доколку ги има), наменети за поддршка на семејните бизниси. Во примерокот беа опфатени 62 респонденти од следните региони во Република Македонија:
Графикон бр. 1 - Географска структура на респонденти од таргет група 1
Притоа, запазена е речиси подеднаква застапеност на респонденти од двата пола, 53.2 % од машки пол и 46.8 % од женски пол. Во таргет групата застапени сe 14.5%, млади респоденти на возраст од 18-22 години, околу 21% се млади на возраст од 22-26 години, 17.7% се респоденти на возраст од 26-30 години, додека преовладуваат лица на возраст над 30 години со 46.8%. Возрасната структура на респондентите графички е прикажана подолу:
5 “Форум за успешно наследување на семејни бизниси во Македонија” 2019-1-MK01-KA347 060163 Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија Скопје Никола Парапунов 33/57 | 1000 Скопје | Македонија +389 78 201 854 | info@cefe.mk | www.cefe.mk
Графикон бр. 2 - Возрасна структура на респондентите од таргет група 1
Како што може да се забележи од графичкиот приказ, повеќето од респондентите припаѓаат во категоријата на лица кои работат во приватни фирми, кои што се од исклучителна важност во ова истражување, заради идентификување на нивните потреби и потребите при раководењето со семејниот бизнис, и склоноста кон вработување или самовработување. Значително мнозинство од респондентите – 24.2%, се студенти кои исто така се идни наследници на семеен бизнис и/или потенцијални сопственици на сопствен семеен бизнис. Меѓу респондентите во помала мера има застапени и поинакви статуси, како што се - вработени во државни институции, во невладини организации, волонтери итн, а еден дел од нив – 16.1% нити студираат, нити се легалн вработени во семејните бизниси.
Графикон бр. 3 - Структура на респондентите од таргет група 1 според работниот статус
Одговорите на наредното прашање во голема мера укажуваат на претприемничките склоности и аспирации на групата млади луѓе:
6 “Форум за успешно наследување на семејни бизниси во Македонија” 2019-1-MK01-KA347 060163 Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија Скопје Никола Парапунов 33/57 | 1000 Скопје | Македонија +389 78 201 854 | info@cefe.mk | www.cefe.mk
Графикон бр. 4 – Структура на респондентите од таргет група 1 според претприемничките склоности и аспирации
Во овој контекст, забележлив е исклучително голем број на респонденти – 53.2%, кои што изјавуваат дека преферираат да основаат и менаџираат сопствен семеен бизнис, наместо да работат за други фирми за плата. Ова укажува на висока свесност и јасно формиран став кај младите луѓе во поглед на можностите за самовработување и преземање на семеен бизнис потфат, како и амбициозен пристап во поглед на сопствената професионална иднина. Додека, околу 27.4% повеќе сакаат да работат за други фирми и да добиваат плата, наместо да основаат и водат сопствен семеен бизнис. Во таа смисла, 9.7% од респондентите веќе работат на основање на сопствен семеен бизнис, а 69.4% немаат посериозно размислувано за преземање конкретни чекори во поглед на формално основање на сопствен бизнис. Само мал дел од респондентите се колебаат или не дале одговор на ова прашање.
Во поглед на мотивите кои што ги охрабруваат и мотивираат младите луѓе да основаат сопствен семеен бизнис, понудени им се следните опции: • • • • • •
Можноста да заработувам многу повеќе од обична плата Самостојноста во одлучувањето , и притоа да не бидам ограничен/ а од претпоставените Флексибилното работно време, и можноста да работам и да одам на одмор кога сакам, а не кога ќе ми наредат претпоставените. Можноста да се преориентирам и кон други дејности, а не само онаа за која што сме основани Можноста да креирам пријатна атмосфера во фирмата и организациона култура што мотивира и инспирира Сакам да бидам лидер и да координирам креативни тимови 7 “Форум за успешно наследување на семејни бизниси во Македонија” 2019-1-MK01-KA347 060163 Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија Скопје Никола Парапунов 33/57 | 1000 Скопје | Македонија +389 78 201 854 | info@cefe.mk | www.cefe.mk
• • •
Не можам да замислам да сум “врзан/а“ на едно работно место цел ден, потребна ми е динамика и разновидност Ризикот во работата ми изгледа помал кога самостојно се организирам, отколку кога некој друг менаџира, а јас немам удел во тоа Друго (наведете)
Структурата на одговорите е следната:
Графикон бр. 5 – Перцепирани мотивирачки фактори кои влијаат во прилог на основање на сопствен семеен бизнис
При основањето на сопствен бизнис, според одговорите од респодентите, најголема мотивација им претставува самостојноста во одлучувањето (57.4%), можноста за креирање на пријатна работна атмосфера (скоро 49.2%), можноста да бидат лидери и да координираат креативни тимови (дури 44.3%), како и можноста да заработуваат повеќе од просечна плата (29.5%). Секако дека од особена важност е да се осознаат и перцепираните демотивирачки фактори од страна на младите луѓе, кои што влијаат во обратна насока од првите, односно, ги обесхрабруваат во поглед на основањето на сопствен семеен бизнис.
Наредната група на прашања се однесува на демотивирачките фактори: • • • • • • •
Немам доволно финансиски средства, а тешко е да се обезбедат кај нас Немам идеја што би работел/а Слабата поддршка на младите претприемачи од страна на надлежните институции Нестабилниот бизнис амбиент во нашата земја Ризикот да го изгубам вложениот капитал Не се чувствувам доволно компететнен/на Ме плаши тоа што секојдневно се затвораат мали бизниси 8 “Форум за успешно наследување на семејни бизниси во Македонија” 2019-1-MK01-KA347 060163 Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија Скопје Никола Парапунов 33/57 | 1000 Скопје | Македонија +389 78 201 854 | info@cefe.mk | www.cefe.mk
• •
Нашите институции не ги поддржуваат доволно малите бизниси, нема олеснувања за млади претприемачи Друго(наведете)
а еве ја структурата на добиените одговори:
Графикон бр. 6 – Перцепирани демотивирачки фактори во поглед на основањето на сопствен семеен бизнис
Алармантни 61.3% од младите луѓе изјавиле дека една од главните причини кои ги обесхрабруваат и не се решаваат да основаат или продолжат сопствен семеен бизнис е токму поради нестабилниот бизнис амбиент во нашата земја. Ова е сериозен индикатор кој што укажува на неопходноста од преземање на системски мерки од страна на релевантните институции во поглед на подобрување на бизнис амбиентот како и обезбедувањето на поддршка и едукација за младите луѓе, кои им се потребни при одлучувањето за инвестицирање и основање на семеен бизнис, негово водење и понатамошно развивање, тука во нашата земја. Нареден фактор кој што е директно поврзан со претходниот, е слабата поддршка на младите претприемачи од страна на надлежните институции, кој што над 45.2% од респондентите го навеле како огромна пречка во нивните интенции да основаат сопствен бизнис. Следен фактор по тежина е непоседувањето на доволно финансиски средства– над 43.5%, како и слабата поддршка на малите бизниси од страна на институциите, со 40.1% одговори. Доколку одговорите се категоризираат, се заклучува дека младите се чувствуваат доволно компетентни и самоуверени, и мотивирани за да основаат или продолжат сопствени семејни бизниси; свесни се за предностите и недостатоците од основањето и менаџирањето на сопствени фирми, и во голем дел имаат желби и амбиции тоа да го реализираат. Но, кога станува збор за факторите кои што се на страната на креаторите на политиките, како што е финансиската поддршка на малите бизниси, нефинансиските мерки за поддршка, неповолниот бизнис амбиент итн, врз кои што младите луѓе немаат никакво влијание, од одговорите јасно се гледа дека истите имаат одлучувачко дестимулативно влијание врз потенцијалните млади претприемачи.
9 “Форум за успешно наследување на семејни бизниси во Македонија” 2019-1-MK01-KA347 060163 Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија Скопје Никола Парапунов 33/57 | 1000 Скопје | Македонија +389 78 201 854 | info@cefe.mk | www.cefe.mk
Во продолжение следува приказ на дејностите во кои што младите луѓе би отвориле сопствен семеен бизнис. На врвот на табелата е производството, со 32.3% од респондентите, на второ место со 12.9% се угостителството и интелектуалните услуги, потоа ИКТ секторот со 11.3% и помалку од него е трговијата со 9.7% .
Графикон бр. 7 - Структура на дејности во кои што младите претприемачи имаат интерес за основање сопствен семеен бизнис
Структурата на дејности е прилично хетерогена, и охрабрувачки е фактот што терцијарните дејности доминираат кај голем дел од респондентите, меѓутоа, загрижувачки е незначителниот дел од респондентите кои имаат намера да основаат земјоделски фирми. Земјоделството како дејност е од стратегиска важност за Република Македонија, па оттука и институциите би требало да преземат поактивни мерки за стимулирање на младите потенцијални претприемачи да инвестираат во земјоделски фирми, преку активно презентирање на можностите за воведување на иновации во земјоделството, производството на иновативни земјоделски култури, воведувањето на технолошки, организациски и ИКТ иновации кои што можат да го направат земјоделството атрактивно, и, секако давање посебна поддршка на младите претприемачи кои што би се зафатиле со основање на сопствен семеен бизнис во оваа толку важна дејност за нас и нашата земја. Инаку, што се однесува до конкретната активност со која што би се занимавале новооснованите семејни фирми, понудените одговори опфаќаат како вообичаени дејности (консалтинг, сметководство, шпедиција, производство итн.), така и иновативни дејности (рециклирање на храна, инженерство, life coaching, итн.)
10 “Форум за успешно наследување на семејни бизниси во Македонија” 2019-1-MK01-KA347 060163 Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија Скопје Никола Парапунов 33/57 | 1000 Скопје | Македонија +389 78 201 854 | info@cefe.mk | www.cefe.mk
На следниот графикон е прикажана структурата на одговорите во поглед на степенот на запознаеност на младите луѓе со програмите за поддршка на семејните бизниси, кои што ги овозможуваат институциите.
Графикон бр. 8 – Степен на запознаеност на младите со програмите за поддршка на семејните бизниси од страна на инситуциите
Како што може да се види од сликата, речиси 71% од респондентите воопшто не се запознаени со постоењето на вакви програми, додека 14.5% се изјаснаа дека се запознаени, а исто толку изјавија дека немаат одговор на ова прашање. Овој податок укажува на исклучителна неинформираност на младите луѓе во поглед на расположливите програми за поддршка на нивните претприемачки идеи, а, имајќи го во предвид фактот дека над 53.2% од нив се изјасниле дека би основале сопствена семејна фирма отколку да работат за друг, логичен заклучок и препорака е дека би требало да се преземат активни мерки за поголема информираност на младите потенцијални претприемачи во овој поглед. За да се провери веродостојноста на одговорите од респондентите кои што одговориле дека се запознаени со вакви конкретни програми за поддршка на семејните фирми, поставено е подпрашање, во кое што се бара отворен одговор да наведат конкретни програми, и во овој дел е евидентен голем број на празни одговори, односно, и таа ¼ од одговори со ДА, се намалува речиси на половина. Одговорите вклучуваат споменување на организации како што се USAID, UNDP, CEFE, PREDA PLUS, АВРМ, ИПА, StartUp програми, бизнис инкубатор, поддршка од владата за самовработување, Фонд за иновации и развој итн. Наредното прашање е поставено со цел да се утврди каде реално би се обратиле младите луѓе за помош при основањето или продолжувањето на сопствен семеен бизнис, имајќи ги во предвид сите фактори на нивната (не)информираност. Се споменуваат одговори како – во банка, во инкубатор, кај успешни претприемачи, кај роднини и пријатели, а само малкумина ја споменуваат локалната самоуправа, Агенцијата за вработување и останати релевантни институции. Тоа имплицитно означува голема неинформираност, или пак, недоволна комуникација со овие потенцијални млади претприемачи од страна на релевантните институции, бидејќи одговорите 11 “Форум за успешно наследување на семејни бизниси во Македонија” 2019-1-MK01-KA347 060163 Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија Скопје Никола Парапунов 33/57 | 1000 Скопје | Македонија +389 78 201 854 | info@cefe.mk | www.cefe.mk
укажуваат дека младите побрзо би побарале помош од неформални извори на финансирање и поддршка на нивните фирми при основањето. На овој план е потребно преземање на мерки за воспоставување на активна двонасочна комуникација со младите луѓе уште во текот на нивното образование, за веќе во тие фази да можат поактивно да размислуваат за конкретни идеи и нивна реализација, а не да се информативно “дезориентирани“ и по завршувањето на формалното образование, бидејќи со тоа се губи и драгоцено време и можности, како за самите млади луѓе, така и во поглед на развојот на националната економија. На прашањето – како би ја оцениле поддршката која што ја добиваат младите претприемачи од институциите, респондентите одговориле на следниот начин:
Графикон бр. 9 – Ставови на респондентите во врска со поддршката на семејните бизниси од страна на релевантните институции
Помалку од 5% од респондентите сметаат дека постои доволна поддршка на младите претприемачи, над 41% сметаат дека нема доволна поддршка, додека пак 50% немаат информации за тоа каква поддршка би можеле да добијат. Одговорите се конзистентни со претходните заклучоци. Поставено е и подпрашање со цел да се добијат конкретни одговори за тоа каква поддршка најмногу би им била потребна и би требало да ја добијат од релевантните институции. Во наредниот графикон се прикажани нивните одговори, кои што пред се’ се однесуваат на финансиска поддршка – над 74%, поддршка за иновативните идеи – 59.7% како и натамошна едукација и поддршка во текот на функционирањето, а не само при основањето – над 58% итн.
12 “Форум за успешно наследување на семејни бизниси во Македонија” 2019-1-MK01-KA347 060163 Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија Скопје Никола Парапунов 33/57 | 1000 Скопје | Македонија +389 78 201 854 | info@cefe.mk | www.cefe.mk
Графикон бр. 10 - Ставови на респондентите во врска со конкретната поддршка на еден семеен бизнис која што би требало да ја добие од страна на релевантните институции
Поставено е и прашање со цел да се добие одговор од младите за нивната информираност – дали во Македонија има национална формална стратегија за институционална поддршка на семејните бизниси. Одговорите можат да се систематизираат во категории, и евидентна е исклучително алармантна неинформираност на младите во поглед на конкретни институции кои што се релевантни во овој дел. Над 64% од младите не се запознаени дали во нивниот амбиент постои национална формална стратегија од институции за поддршка на семејни бизниси. Исто така, над 93% не знаат дали постои некаква мрежа од институции за поддршка на семејни бизниси, додека само 6.5% изјавиле дека постои. Натаму, поставено е прашање - од каде ја добиле таа информација, со цел да се утврди веродостојноста на одговорите на оние 11.5% кои што одговориле со ДА, и одговорите се повторно алармантно неодредени и негативни. Во услови на ваква неинформираност, дури и да постои таква стратегија, доколку 90% од младите не се информирани за нејзината суштина и содржина и не е дисеминирана до нив на ниеден начин, јасно е дека институциите би требало да ја унапредат двонасочната комуникација со младите наследници на семеен бизнис, од една страна, преку креирање на соодветна стратегија на овој план, но , од друга страна, и со активно презентирање на тој документ со младите луѓе потенцијални наследници, основачи на нови семејни бизниси и самовработувачи. Над 64% од младите не се запознаени со институционалната поддршка која што ја добиваат семејните бизниси во ЕУ, а дополнителни 30% не можат да дадат одговор на ова прашање, со што овој процент се зголемува на над 94% неинформираност. На отвореното прашање во поглед на тоа кои конкретни мерки би требало да се преземат од страна на релевантните институции за поддршка на семејните бизниси, добиени се најразлични предлози, креативни и реални, кои што би можеле да се систематизираат во следниве категории: •
Финансиска поддршка 13 “Форум за успешно наследување на семејни бизниси во Македонија” 2019-1-MK01-KA347 060163 Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија Скопје Никола Парапунов 33/57 | 1000 Скопје | Македонија +389 78 201 854 | info@cefe.mk | www.cefe.mk
• • • • • • •
Банкарски поволности Менторства и консултации од стручни лица Даночни олеснувања Законски олеснувања Подобар пристап до информации Обуки за грантови Подобрување на целокупниот бизнис амбиент.
Предложените мерки се однесуваат на континуирана поддршка не само во фазата на основање на семејниот бизнис, туку и при неговото понатамошно работење.
1.2. Анализа и интерпретација на добиените резултати од втората група респонденти – релевантни институции во поглед на поддршката и развојот на семејните бизниси Во овој примерок на истражувањето беа опфатени 20 релевантни институции кои што имаат некаква улога во поддршката и развојот на семејните бизниси, како на пр. Општина Битола, претставена преку членови на Советот на општината, но и вработени во одделението за локален екониомски развој; високообразовни институции, невладини организации итн. Во графиконот подолу е прикажана географската структурата на респондентите прикажана преку местото во кое што се лоцирани и функционираат овие институции:
Графикон бр. 11 – Географска структура на респонденти од таргет група 2
Најпрво, на респондентите им беше поставено прашање дали знаат колкав дел од бизнисите во Македонија се семејни бизниси. Одговорите се прикажани во графиконот подолу, а од нив може да се издвои дека 40% од респондентите сметаат дека се две третини, 35% одговориле дека не знаат, 14 “Форум за успешно наследување на семејни бизниси во Македонија” 2019-1-MK01-KA347 060163 Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија Скопје Никола Парапунов 33/57 | 1000 Скопје | Македонија +389 78 201 854 | info@cefe.mk | www.cefe.mk
20% од респондентите сметаат дека е една третина, додека 5% од респондентите сметаат дека е една половина.
Графикон бр. 12 - Одговори на респондентите од таргет група 2 за запознаеноста со делот од семејните бизниси во С. Македонија
Во склоп на ова прашање, беше поставено и прашањето за дефинирање на семеен бизнис, кое резултираше со солидни дефиниции и одговори, што укажува на запознаеноста на респондентите со значењето на семејните бизниси. Со цел да се утврди степенот на информираност на претставниците на релевантните институции за моменталната поддршка која институциите им ја нудат на семејните бизниси беше поставено долунаведеното прашање:
Графикон бр. 13 - Одговори на респондентите од таргет група 2 за моменталнтата поддршка која надлежните институции им ја даваат на семејните бизниси
Од горенаведените сумирани резултати може да се забележи дека 65% од респондентите сметаат дека поддршката која што институциите им ја даваат на семејните бизниси е недоволна и треба да се зајакне, над 20% се изјаснаа дека не можат да одговорат на ова прашање, при што станува збор 15 “Форум за успешно наследување на семејни бизниси во Македонија” 2019-1-MK01-KA347 060163 Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија Скопје Никола Парапунов 33/57 | 1000 Скопје | Македонија +389 78 201 854 | info@cefe.mk | www.cefe.mk
за неафирмативни одговори кои што не одат во прилог на поддршката на семејните бизниси. Само мал дел од респондентите сметаат дека поддршката е солидна и стимулативна или доволна. На поставеното прашање да наведат кои организации и институции работат на поддршка на семејните бизниси, ⅓ од респодентите немаа одговор, а од афирмативните одговори може да се издвојат Министерство за економија, Министерство за финансии, Фондот за иновации и технолошки развој, АППРМ, Агенција за млади и спорт, Банка за развој на С.Македонија, ЦЕФЕ Македонија, UNDP итн. Натаму следува приказ на конкретните видови поддршка за која што релевантните институции изјавиле дека им ја пружаат на семејните бизниси. Евидентно од одговорите е дека во најголем дел – 45% на семејните бизниси им се овозможуваат обуки и консултантски услуги, потоа помош во фазата на основање на бизнисот со околу 35%, меѓутоа особено е значајно што помошта во текот на функционирањето на бизнисите и при нивно вмрежување со релевантни институции за поддршка е драстично помала – 15%. Овој индикатор упатува дека во овој дел се потребни подобрувања во политиките на релевантните институции, и исто така кореспондира со одговорите од таргет групата 1, кои што наведуваат дека ваквиот тип на поддршка им е повеќе од неопходен, и тоа е поткрепено со соодветни индикатори.
Графикон бр. 14 - Одговори на респондентите од таргет група 2 во поглед на типот на поддршката која што ја добиваат семејните бизниси од релевантните институции
На прашањето поставено со цел да се утврди колку самите претставници на релевантните институции се упатени во постоењето на формална стратегија и/или политика за поддршка на семејните бизниси во нивната институција, над 40% одговориле дека нивната организација/институција нема изработено ваков плански документ, алармантни 55.5% не можат да одговорат на ова прашање што директно укажува на неупатеност, неинформираност или на непостоење на стратегија, што веќе спаѓа во групата на негативни одговори, а само скромни 5% одговориле потврдно во овој контекст. Овој процент ни оддалеку не е доволен за да укаже на институционална посветеност кон оваа проблематика, напротив укажува на тоа дека на овој план треба да се преземат итни мерки за подобрување на состојбата. 16 “Форум за успешно наследување на семејни бизниси во Македонија” 2019-1-MK01-KA347 060163 Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија Скопје Никола Парапунов 33/57 | 1000 Скопје | Македонија +389 78 201 854 | info@cefe.mk | www.cefe.mk
Графикон бр. 15 - Оговори на респондентите од таргет група 2 во поглед на постењето на формална стратегија/политика за поддршка на семејни бизниси
Следното прашање се однесува на вклученоста на релевантните институции во мрежи за поддршка на семејните бизниси, при што негативно одговориле 70% од респондентите, а дополнителни 25% не можат да дадат одговор на ова прашање, што повторно укажува на неупатеност, неинформираност, т.е. станува збор за неафирмативни одговори кои што не одат во прилог на поддршката на семејните бизниси. Мал дел од респодентите, пак, имаат потврден одговор на ова прашање. На поставеното прашање да наведат кон конкретни мрежи во кои што членуваат, добар дел од респондентите немаат одговор, а од афирмативните одговори можат да се издвојат Limak holding, ЦЕФЕ Македонија, FABUSS итн.
Графикон бр. 16 - Oдговори на респондентите од таргет група 2 во поглед на членувањето во мрежи за поддршка на семејните бизиси
Она што е битно е дека 100% од респондентите одговориле дека е неопходно да се градат ваков тип на мрежи преку кои што семејните бизниси би добивале системска, а не само ad hoc поддршка, со што е едногласно потенцирана важноста од вмрежувањето од страна на самите креатори на политики. 17 “Форум за успешно наследување на семејни бизниси во Македонија” 2019-1-MK01-KA347 060163 Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија Скопје Никола Парапунов 33/57 | 1000 Скопје | Македонија +389 78 201 854 | info@cefe.mk | www.cefe.mk
Наредното прашање се поставува со цел да се утврди степенот на информираност на претставниците на релевантните институции во поглед на постоењето на формална национална стратегија за поддршка на семејните бизниси, и на ова прашање повеќе од половината респонденти, односно алармантни 75% одговориле дека немаат таква информација, 20% одговориле дека таква стратегија не постои и дека во најскоро време би требало да се изработи, додека за останатите понудени опции немаат мислење во поглед на ова прашање, што повторно укажува на неинформираност и неупатеност.
Графикон бр. 17 - Oдговори на респондентите од таргет група 2 во поглед на информираноста за постоење на национална стратегија за поддршка на семејните бизниси
Во прилог следува графиконот на кој се прикажани факторите кои што во најголема мера придонесуваат за недоволната стратегиска поддршка на семејните бизниси во нашата земја.
Графикон бр. 18 – Фактори кои што придонесуваат за недоволна стратегиска поддршка на семејните бизниси
Од структурата на одговорите е евидентно дека најнагласена е недоволната заинтересираност на надлежните – 50%, потоа следува непостоењето на доволна свесност кај институциите за важноста и значењето на семејните бизниси – 30%, посветеноста на институциите на други приоритети – 10%, а останатите 5% се недоволни финансиски средства со кои располагаат институциите. 18 “Форум за успешно наследување на семејни бизниси во Македонија” 2019-1-MK01-KA347 060163 Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија Скопје Никола Парапунов 33/57 | 1000 Скопје | Македонија +389 78 201 854 | info@cefe.mk | www.cefe.mk
Следното прашање се однесува на вниманието кое што релевантните институции го посветуваат на развојот на иновативноста кај семејните бизниси, и во овој дел 60% изјавиле дека не можат да одговорат на ова прашање, што повторно укажува на неафирмативен одговор, 15% изјавиле дека нивните институции имаат програми и проекти кои што посветуваат посебно внимание на оваа проблематика, над 15% се изјаснаа дека тоа не било во нивниот делокруг на работење, и 10% одговорите ги класифицирале надвор од понудените опции. Структурата на одговорите е прикажана во следниот графикон:
Графикон бр. 19 - Степен во кој што институциите посветуваат внимание на развојот на иновативноста кај семејните бизниси
Со цел да се утврди организационата подготвеност на институциите за формално спроведување на посериозен концепт за поддршка на семејните бизниси, поставено е прашање до респондентите – кои мерки за поддршка на развојот на семејните бизниси би ги предложиле од нивниот делокруг на работење, и понудена е цела лепеза од одговори, кои што укажуваат дека за овие прашања нема соодветни организациони единици, или двонасочна комуникација помеѓу надлежните институции, од една страна, и претставниците на семејни бизниси од друга страна. Исто така, голем дел од респондентите посочија на тоа дека треба да се даде поддршка од едукативната област, како на пр. обуки и пристап до професионални консултации. Постоењето на организациони едници во рамките на организационата структура на релевантните институции, кои што би се занимавале со конкретната проблематика на семејните бизниси, претставува императив за да може да стане збор за постоење на потребен, но сеуште не и доволен услов за овој систем да профункционира. Се’ додека младите наследници и сопствениците на бизниси немаат каде конкретно да се обратат, се наметнува заклучокот дека институциите, секоја во својот делокруг, само декларативно даваат поддршка, но, не и во конкретна смисла. Ова е едно од клучните прашања на кои што треба да се посвети внимание понатаму, во напорите да се изгради целосен институционален систем за поддршка на семејните бизниси, кој што ќе функционира реално, а не само на хартија. Од отворените одговори во поглед на предлагањето конкретни мерки се гледа дека респондентите активно размислуваат околу оваа проблематика. Тие сметаат дека се неопходни системски и интегративни решенија на повисоко ниво. 19 “Форум за успешно наследување на семејни бизниси во Македонија” 2019-1-MK01-KA347 060163 Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија Скопје Никола Парапунов 33/57 | 1000 Скопје | Македонија +389 78 201 854 | info@cefe.mk | www.cefe.mk
Наредното прашање се однесува на учеството на институциите во конкретни прекугранични проекти и програми за подрршка на семејните бизниси, со цел да се утврди во колкава мера се искористуваат можностите од ИПА фондовите, прекуграничното вмрежување итн. Меѓутоа, дури 60% одговориле негативно, 30% дека не знаат, што повторно е негативен одговор, а само 5% одговориле потврдно. Од ова произлегува дека можностите за искористување на финансиски и нефинансиски средства кои што се на располагање во поглед на развојот на семејните бизниси во пограничната зона од страна на ЕУ и останатите донатори и организации, не се ни оддалеку искористени до степен до кој што би требало да се искористат.
Графикон бр. 20 – Учество на институциите во прекугранични програми и проекти за поддршка на семејните бизниси
Овде се детектираат бројни можности за организациите и институциите, без оглед на недостигот од сопствени средства, преку искористување на програмите за прекугранична соработка, да ги зајакнат капацитетите и организацискиот развој и структура во поглед на поддршката на семејните бизниси, да работат поинтензивно на вмрежувањето итн. Средства постојат, постојат и конкретни програми, но неопходна е поголема посветеност на релевантните институции на овој план. Бидејќи, и на прашањето – во колкава мера се земаат во предвид искуствата на ЕУ земјите во поглед на политиките за поддршка на семејните бизниси, одговорите се повторно негативни, при што 70% изјавиле дека не можат да одговорат на ваквото прашање, 25% одговориле негативно, а само 5% одговориле со да.
20 “Форум за успешно наследување на семејни бизниси во Македонија” 2019-1-MK01-KA347 060163 Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија Скопје Никола Парапунов 33/57 | 1000 Скопје | Македонија +389 78 201 854 | info@cefe.mk | www.cefe.mk
Графикон бр. 21– Користење на ЕУ искуствата и benchmarking-от во поглед на полоитиките за поддршка на семејните бизниси
Во продолжение се наведени и конкретни отворени одговори, приложени кон овој извештај, од кои се гледа дека постојат институции и организации кои што со голема сериозност пристапиле кон искористување и примена на позитивните практики од ЕУ и поразвиените земји, и дека таквата соработка во голема мера придонела за зајакнување на нивните капацитети на овој план. Последното прашање е поставено со цел да се утврди ставот на организациите и институциите во поглед на тоа која институција во нашата држава е најнадлежна во поглед на прашањата од областа на семејните бизниси, и, логично, споменати се многубројни институции, почнувајќи од Министерството за економија, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за финансии, АППРМ, Агенцијата за вработување, Агенцијата за развој на земјоделието итн. Логичен е зклучокот дека во поглед на поддршката на семејните бизниси, најдобри ефекти би дале мрежите од институции и организации, а не секоја институција посебно, поради нагласениот синергетски ефект од вмрежувањата. Во таа насока се движат и заклучоците и препораките од ова истражување – со цел да се даде квалитетна, системска и стратегиска поддршка на семејните бизниси, институциите би требало да ја зајакнат меѓусебната комуникација и интеракција, и да се насочат кон партиципативно креирање на заеднички платформи, стратегии и политики, при што младите наследници и сопствениците на бизниси како активен фактор би биле вклучени постојано, уште во делот на дизајнирањето на овие плански документи и платформи, со цел истите да им бидат поблиски и поразбирливи, и полесно да се вклопат во нив со сопствените лични приоритети. Партиципативниот пристап би придонел за висок степен на реализација на планските одлуки, со што тие не би останале само напишани на хартија, што е една од основните критики на најголем дел од респондентите опфатени со ова истражување, туку би се реализирале и во практиката. Прилози: Прашалник бр 1 – Испитување на јавното мислење за потребите на семејните бизниси во Македонија:
https://docs.google.com/forms/d/14YleCjUTIgrVM1tEX77As7seyKvqU23zT_yHDJtgheE/prefil l Прашалник бр 2 – Локалните власти и креаторите на политики:
https://docs.google.com/forms/d/1JdwJxofbwn5ce8AJjmA0_f_VlD2uUqvbyyGnxkFWViA/prefi ll
21 “Форум за успешно наследување на семејни бизниси во Македонија” 2019-1-MK01-KA347 060163 Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија Скопје Никола Парапунов 33/57 | 1000 Скопје | Македонија +389 78 201 854 | info@cefe.mk | www.cefe.mk
ЗАКЛУЧОЦИ ОД ФОРУМОТ НА ТЕМА: „Успешно наследување на семејни бизниси во Република С.Македонија“ Подготвил: М-р Наташа Чавдаровска
На 21 и 22 ноември 2019 година во хотел „Милениум“ се одржа дводневен форум на тема: „Форум за успешно наследување на семејни бизниси“ во организација на ЦЕФЕ Македонија. Овој настан беше претставен и во светски рамки преку Глобалната недела на претприемништвото 2019, што се случуваше во Македонија од 18 до 24 ноември 2019 година, благодарение на организацијата која ги обединува поддржувачите на стартап екосистемот во државата - Стартап Македонија. Форумот е дел од проектите активности на ЦЕФЕ Македонија во рамки на истоимениот проект кој е кофинансиран од Еразмус + програмата за мобилност и едукација на Европската Комисија, преку Македонската Национална агенција за европски образовни програми и мобилност и тоа Клучна акција 3: Поддршка на реформите во политиките. Генералната цел на форумот беше да промовира и стимулира дијалог помеѓу младите наследници на семејни бизниси од една страна и креирачите на политики за развој на економијата во државата од друга страна, и да идентификуваат политики и активности кои што ќе го олеснат процесот на наследување на бизнисот како и негов раст и интернационализација. Форумот се реализираше во рамките на два дена, со целодневни активности. Истиот беше структуриран во: отворање на форумот, презентација на добиените резултати од истражувањето, три панел дискусии, две интерактивни работилници, затворање и оценка на форумот. Секој од панелите и работилниците вклучуваше говорници - панелисти, претставници од јавниот, приватниот и непрофитниот сектор каде што беа претставени различни искуства, можности, начини на работење на семеен бизнис, политики, мерки и напори кои се однесуваат на семејните бизниси и нивно наследување. Во рамките на секој панел се разви продуктивна дискусија која овозможи информирање и доинформирање на учесниците на форумот, што ја зголеми заинтересираноста на сите нив во врска со семејните бизниси, претприемништвото, предизвиците, бенефициите и ризиците од истото.
22 “Форум за успешно наследување на семејни бизниси во Македонија” 2019-1-MK01-KA347 060163 Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија Скопје Никола Парапунов 33/57 | 1000 Скопје | Македонија +389 78 201 854 | info@cefe.mk | www.cefe.mk
Панелите (1,2) вклучуваа гости - панелисти, претставници од бизнис секторот, НВО секторот и образовниот сектор: ЦЕФЕ Македонија, УНДП, Агрометал, BWatch, Бучен Козјак, Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола (Правен факултет). Првата интерактивна работилница беше водена од Марина Анчевска, основач на Центар за Бизнис Психологија во Југоисточна Европа, НЛП мастер тренер, и беше со цел “Разбирање на важноста за динамиката во семејните системи и пресликување во водењето на семеен бизнис”. Панелoт (3) вклучуваше гости - панелисти, претставници од НБО секторот и државниот сектор: ФАБУСС и АППРМ. На втората интерактивна работилница учесниците работеа во три групи на идни препораки до клучни и засегнати страни поврзани со семејните бизниси. Во продолжение следат заклучоците од секој од реализираните панели и интерактивни работилници:
Панел 1: Семејни бизниси, нивни карактеристики и клучни актери за поддршка во Македонскиот претприемачки екосистем Панелот резултираше со следните заклучоци: •
Постојат агенции, институции и организации кои даваат поддршка за семејни бизниси;
•
Потребна е поголема финансиска поддршка на семејните бизниси, но исто така и поддршка во однос на законски олеснувања, особено ако се земе предвид дека во земјава и покрај важноста на семејните бизниси поголема поддршка од ваков тип се дава на странските компании;
•
Потребен е и друг вид на поддршка како менторирање, советување и до-едукација, потребна е национална статегија, а исто така дека треба да се посвети поголемо внимание и на практичниот дел од образованието за бизнис и преетприемништво;
•
Неопходен е пристапот до информации, и мора да се препознае бенефитот од размената на информации и искуства; 23 “Форум за успешно наследување на семејни бизниси во Македонија” 2019-1-MK01-KA347 060163 Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија Скопје Никола Парапунов 33/57 | 1000 Скопје | Македонија +389 78 201 854 | info@cefe.mk | www.cefe.mk
Панел 2: Успешно наследување на семеен бизнис - примери и предизвици за наследување на семејни бизнис во Македонија Од овој панел произлегоа следните заклучоци: • Планирањето на наследник е клучно за успех и континуитет на еден бизнис, особено за семејните бизниси, затоа што само неколку успеваат да преживеат повеќе од една генерација. Иако желба е клучните менаџерски позиции да ги имаат членови на семејството, понекогаш членовите на семејството не се заинтересирани, а не се ни квалификувани за тоа. Па оттаму доаѓа потребата да се размислува за вработување на професионални менаџери кои не се членови на семејството; •
Преку презентација беа наведени сите законски правни механизми за наследување;
•
Размена на искуства на настани како овој форум, како и настани за вмрежување е од исклучителна важност за семејни бизниси и компании, да слушнат и останати искуства од тоа како други компании го планирале наследувањето на бизнисот, управувањето на бизнисот или сопственоста;
•
Обуките поврзани со претприемништво треба да се присутни и во формалното образование, а не само препознати како потреба во неформално образование;
•
На разликите во генерациите, односно различните пристапи на генрациите, треба да се гледа како јака страна, а не како на слабост и на причина за намален раст на бизнисот и негово пропаѓање. За ова е потребно и менторство и водство на постарите генерации, затоа што помладите или новите генерации имаат поинаков пристап до информации, технологија, вредности и сл.
24 “Форум за успешно наследување на семејни бизниси во Македонија” 2019-1-MK01-KA347 060163 Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија Скопје Никола Парапунов 33/57 | 1000 Скопје | Македонија +389 78 201 854 | info@cefe.mk | www.cefe.mk
Интерактивна работилница 1: Семејни системи - работилница за коучинг во семеен бизнис: Разбирање на важноста за динамиката во семејните системи и пресликување во водењето на семеен бизнис Од првата интерактивна работилница e донесен заклучокот дека доколку организацијата сака да постигне долгорочен успех мора да инвестира во своите вработени, посебно во нивниот личен развој. При насочувањето кон големата слика преку вештините на лидерскиот коучинг, процесот е олеснет, мотивацијата се зајакнува и перформансите се зголемуваат.
Панел 3: Обука и едукација за успешно наследување на семеен бизнис Од панел 3 донесени се следните заклучоци: •
Поддршката на старт-ап компании и треба да се одвива паралелно со поддршката на семејните бизниси;
•
Од АППРМ беше нагласена Џајка Јапонската методологија која ја аплицираат преку мерките за поддршка на компаниите, а која подразбира водење и насочување на компаниите кон поддршка која им е потребна, а во вид на менторство. Досега оваа методологија е аплицирана на 28 компании, но беше дефинитивно укажано дека тоа е мала бројка на компании и дека тој број треба да биде поголем;
•
АППРМ и останатите институции треба да бидат поблиски со лицата со оштетен слух и лица со други посебни потреби;
•
Потребна е и поголема промоција на самите институции кои даваат поддршка за мали и средни компании, затоа што голем дел од компаниите не ни слушнале за АППРМ, ниту за мерките кои ги нудат; 25 “Форум за успешно наследување на семејни бизниси во Македонија” 2019-1-MK01-KA347 060163 Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија Скопје Никола Парапунов 33/57 | 1000 Скопје | Македонија +389 78 201 854 | info@cefe.mk | www.cefe.mk
Интерактивна работилница 2: Идни препораки до клучни и засегнати страни поврзани со семејните бизниси Од текот на втората интерактивна работилница се забележани следните заклучоци: •
Воспитување на детето од рана возраст за претприемништво, е особено важно за сопствениците на семеен бизнис;
•
Потребна е едукација за лицата со посебни потреби како сега недоволно искористен човечки ресурс во компаниите;
•
Вклучување на предмет претприемништво во основно и средно образование;
•
Поголемо користење на методи за детско претприемништво;
•
Презентирање и соочување на компаниите со реални проблеми;
•
Координација на бизнис со државниот сектор околу задоволување на потребите на компаниите;
•
Обука на АППРМ и други институции за обезбедување на соодветна поддршка за семејни бизниси;
• •
Потребна е соодветна едукација на наследници на семејни бизниси; Субвенционрање на семејни бизниси;
•
Формално здружување на семејни бизниси во организација, мрежа или слична друга форма;
•
Поголемо вмрежување на семејни компании и нивно запознавање со можности кои се достапни во Европска унија;
•
Задолжителна соработка со психолог, консултант и адвокат при сукцесија на семејниот бизнис.
26 “Форум за успешно наследување на семејни бизниси во Македонија” 2019-1-MK01-KA347 060163 Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија Скопје Никола Парапунов 33/57 | 1000 Скопје | Македонија +389 78 201 854 | info@cefe.mk | www.cefe.mk
Во текот на дводневниот форум се обработија различни аспекти од семејните бизниси како и напорите на различните институции што ги прават во насока на поддршка на истите, што овозможи пополнување на празнините кај учесниците од аспект на информирањето за значењето на семејните бизниси. При тоа, може да се извлече еден генерален заклучок: Претприемачкиот екосистем за семејни бизниси составен од наследниците, претпријатијата и општеството треба да бидат во постојана интеракција за да развиваат генерации на економски развој и просперитет. Семејните бизниси и наследниците се соочуваат со различни бариери како што се недостаток на информации од различни аспекти на бизнисот, програми кои се нудат од различни агенции и сл., па затоа претприемачкиот екосистем за семејни бизниси треба да се гради врз основа на координација со државниот сектор и вмрежување и запознавање со можности кои се нудат, и секако, размена на информации и поголема двонасочна комуникација. Се наметнува потребата од креирање на претприемачка средина што опфаќа: претприемачка култура, инфраструктура и програми и иницијативи што ги поддржуваат семејните бизниси, вклучувајќи вмрежување, можности, програми за финансирање, услуги за бизнис инкубација, менторство, coaching и сл. кои ќе бидат во функција на мотивирање, поддршка и развој на семејните бизниси
27 “Форум за успешно наследување на семејни бизниси во Македонија” 2019-1-MK01-KA347 060163 Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија Скопје Никола Парапунов 33/57 | 1000 Скопје | Македонија +389 78 201 854 | info@cefe.mk | www.cefe.mk
БЛАГОДАРНОСТ ЦЕФЕ Македонија искажува благодарност до Оливера Ефтимовска, Симона Лазаровска и Кристина Ставревска, за изготвување на прашалниците, истражувањето и анализите, и сите кои што придонесоа со своите одговори и мислења. Голема благодарност и до м-р Наташа Чавдаровска за нејзиниот удел во модерирање и водење на дводневниот форум со наслов „Успешно наследување на семејни бизниси во С.Македонија“, на кој двата дена присуствува повеќе од 60 гости. ЦЕФЕ Македонија, исто така, изразува благодарности и до говорниците на форумот: • • • • • • • • • •
Јован Сталевски, претседател на ЦЕФЕ Македонија Давор Каракашев, втора генерација наследник на семејната компанија - Agrometal Наумче Ташовски, мониторинг офисер во делот на социјална инклузија - UNDP Македонија Зоран Витанов - претприемач и еден од основачите на ЦЕФЕ Македонија Професор Д-р. Александра Патоска - Правен факултет Битола Анита Спасовска, генерален менаџер во семеен бизнис “Бучен Козјак” Божидар Богоевски, менаџер за човечки ресурси и наследник од четврта генерација во семејниот бизнис B-Watch Марина Анчевска - основач на Центар за Бизнис Психологија во Југоисточна Европа, НЛП мастер тренер Михаил Индов - Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија Цанка Велкова - обучувач за успешно наследување на семејни бизниси во проект ФАБУСС, проектен менаџер во Ст. Џорџ
Оваа брошура е креирана исклучиво за потребите на проектот “Форум за успешно наследување на семеен бизнис” на ЦЕФЕ Макеоднија со главна цел: дијалог меѓу наследници на семејни бизниси и креаторите на политики. Финансиран од Националната агенција за европско образование и мобилност на С. Македонија, преку Еразмус+ програмата на Европската Комисија. Издавач: Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија Дизајн и промотивни активности: Друштво за деловни и маркетинг активности “Фрајдеј Комуникации” Битола, 2019
28 “Форум за успешно наследување на семејни бизниси во Македонија” 2019-1-MK01-KA347 060163 Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија Скопје Никола Парапунов 33/57 | 1000 Скопје | Македонија +389 78 201 854 | info@cefe.mk | www.cefe.mk
Поддршката на Европската Комисија за произведување на оваа публикација не претставува прифаќање на содржината која е рефлексија на ставовите на авторите и Комисијата не сноси одговорност за било каква примена што може да биде направена на информациите содржани во неа.
29 “Форум за успешно наследување на семејни бизниси во Македонија” 2019-1-MK01-KA347 060163 Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија Скопје Никола Парапунов 33/57 | 1000 Скопје | Македонија +389 78 201 854 | info@cefe.mk | www.cefe.mk