П РИ РАЧНИК ЗА ЕД У КАТО Р И Н А В ОЗРАС НИ
Co-funded by the Erasmus+ Programme of the European Union
geged Gaziantep Eğitim ve Gençlik Derneği
ОСОБЕНО СЕ ПРЕПОРАЧУВА НА ЕДУКАТОРИ КОИ РАБОТАТ СО РАСЕЛЕНИ И ЛУЃЕ СО ПОМАЛКУ МОЖНОСТИ
ПР ИРАЧ НИК ЗА ЕДУКАТОРИ НА ВОЗРАСНИ
A
Проектот позади .овој Прирачник
B
Водич за . обучувачи
ПОГЛАВЈА C
Искуството и референците од обучувачите на возрасни . кои обучувале бегалци и луѓе со помалку можности
D
Алатки за Вашите . идни семинари
E
Човечкиот . капитал позади овој Прирачник
Проектот позади овој прирачник
A
Проектот позади овој прирачник
Co-funded by the Erasmus+ Programme of the European Union
Проектот „Искуствена педагогија на угнетените“ беше двегодишно стратешко партнерство помеѓу 5 организации од Турција, Македонија, Грција, Бугарија и Италија. Конзорциумот на организации: Gaziantep Training and Youth Association (Turkey), CEFE Macedonia (Macedonia), Association for Education and Development of Disable People (Greece), EURO-NET (Italy) и Balkanska Agenciya za Ustoychivo Razvitie (Bulgaria), извршија низа активности со цел зголемување на капацитетите за искуствено учење кај наставниците, обучувачите, тренерите, професорите кои работат на национално или интернационално ниво. Најважните потреби со кои се соочуваат партнерските организации за време на бегалски кризи е да го развијат капацитетот на индивидуите, да ја подобрат нивната социјална интеграција, да развијат компетенции засилени со менаџирање на конфликти, подобрување на условите за живот, писменост, пристап до јавните услуги, IT вештини, странски јазик, меѓукултурно учење и др. Анализата за потребите на таргет групите вклучува две димензии, поврзани една со друга. Првата е потребата на возрасните бегалци. Втората е потребата на обучувачите, едукаторите и фасилитаторите да одговорат на потребите на возрасните. Токму затоа проектот „Искуствена педагогија на угнетените“ прв започна со изработка на анализа на потребите на возрасните бегалци, со цел да ги развие правилните модули на обука кои ќе одговараат на потребите за учење на возрасните. Исходот е учениците да се вклучат активно во процесот на учење, наместо да бидат пасивни слушатели. Секој партнер даде поддршка на проектот со спроведени истражувачки активности за потребите од методи и алатки за работа со возрасни ученици, подготвувајќи ги правилниците за обука, обезбедувајќи техничка помош, организирајќи транс национални средби и обуки во рамки на проектот. Производи на проектот се: 1) Извештај од истражување за потребите од алатки и методи за работа со возрасни ученици, и 2) Прирачник за обука за едукатори на возрасни. Потоа проектот продолжи со обука на 20 возрасни едукатори од Турција, Италија, Грција, Бугарија и Македонија, со цел да се создаде квалитет на учење и услуги за поддршка на организациите кои работат со бегалци и мигранти. Првата обука за обучувачи беше одржана во октомври 2018 во Истанбул, Турција. Втората беше реализирана во јули 2019 во Охрид, Македонија. Новообучените обучувачи организираа локални активности за имплементација, при што беа опфатени 300 возрасни бегалци и луѓе со посебни потреби, каде употребија нови методологии за едукација на возрасни со цел да им помогнат во активностите на учење на најважните предмети за нивниот развој, учење и можност за вработување. Бренд името на проектот стои Bottom up образование¹ и вие сте добредојдени да ги погледнете последните податоци и алатки за вас http://www.bottom-up-education.com/
Ви посакуваме пријатно патување во вашата кариера како обучувач !
geged Gaziantep Eğitim ve Gençlik Derneği
1 Bottom up образование – разбирање преку консултација, обсервација и анализа на потребите, мотивацијата и мислењата на обични луѓе како што се учениците, наставниците и родителите на децата во училиште.
5
ВОДИЧ ЗА
ОБУЧУВАЧИ
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
Table of Contents
I. Кратка теорија на учење 1. Образование за возрасни 2. Како ја процесираме информацијата од нашата околина? 3. Чекори на учење II. Методолошка разновидност кај семинарите за Искуствено Учење 1. Методи насочени кон Обучувачот 2. Методи на Обука насочени кон учесникот 2.1. Вежба за Симулација 2.2. Играње на улоги 2.3 Други 3. Различни обучувачки стилови 3.1. Laissez-faire стил 3.2. Авторитарен стил 3.3. Стил на Социо-емоционална врска 3.4. Стил на учесници(партиципиенти) 3.5 Препораки за обучувачките стилови III. Циклус на обука базиран на искуство 1. Позадина 2. Циклус на искуствено учење 2.1 Прашања околу Циклусот на Искуствено Учење 2.1.1. Акција/искуство 2.1.2 Издавање 2.1.3 Евалуација / процесирање 2.1.4 Генерализирање 2.1.5 Апликација 2.3. Дополнителни сугестии за спроведување на обука за ИСКУСТВЕНО УЧЕЊЕ 2.4. Техники за Интервенција IV. Визуализација во ситуации на учење 1. Цели на визуелизација 2. Техники на визуелизација и медиуми 2.1. Табла 2.2. Flipchart 2.3. Мултимедиален проектор 2.4. Кодоскоп 2.5. Метаплан техника 2.6. Видео V. Сугестии за Организирање и подготовка на Семинари по ИСКУСТВЕНО УЧЕЊЕ 1. Избор на место за обука 2. Подготовка и Организирање на Логистика 3. Подготовка на Сесии и Правецот на Обуката 4. Организација за време на Семинар 4.1. Стандардни Дневни Активности 4.2. Евалуации 5. Групирање на учесниците 6. Промоција на Работните способности на групите 7. Вежби за Комуникација
6 6 7 11 14 14 15 15 16 17 17 17 18 18 19 20 23 23 24 25 26 27 28 29 30 31 31 33 33 34 34 35 36 38 39 41 44 44 44 46 47 48 49 49 50 51
7
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
I. КРАТКА ТЕОРИЈА ЗА УЧЕЊЕТО Учењето претставува процес на промена, ориентиран кон одредена цел, помеѓу две точки во времето. Терминот „учење“ е обид да се опише нешто што не може да биде набљудувано. Човек влегува во одредена ситуација со одредени предуслови за учење и учи нешто ново, коешто, подоцна може да биде одредено како исход од учењето. Дали периодот на време за кое се случува процесот на учење ќе трае со години, недели или само неколку секунди, зависи од тоа кој исход од учењето се набљудува. На човек можеби ќе му бидат потребни недели да го научи правилниот изговор на странски јазик, неколку секунди да научи телефонски број, а сепак неколку години да научи како да се однесува правилно со луѓето. Ова разбирање за учењето се базира на гледањето на луѓето како суштества со независна мисла и делување, кои покажуваат индивидуална одговорност и кои се активни и ориентирани кон цел во донесување на одлуки за нивното учење. Не постои автоматски „механизам за учење“ кој чека да биде активиран од некаква стимулација од околината. Возрасните, особено, го учат она кое тие сакаат да го научат, затоа
што тоа им звучи разумно. Работите кои една личност ги учи, подоцна ќе му овозможи да се справува со ситуациите во животот. Учењето се случува во индивидуата. Како обучувач не можеш да им погледнеш внатре на луѓето кои бараат да научат нешто со твоја поддршка. Дури подоцна, преку променетото однесување на учесниците, ќе можеш да забележиш дали нешто научиле или не. Ако учесникот сеуште не ја користи информацијата од семинарот, ова не значи дека ништо не научил. Нивниот успех во учењето може да се појави недели или месеци подоцна, кога ќе се соочат со слична ситуација во „реалниот“ живот и ќе можат да го употребат во оваа ситуација знаењето стекнато од обуката. Ова значи дека не секогаш ќе можете да определите дали нешто е научено или не во рамките на семинарот. Ова отворено разбирање на учењето е во склад со рамката на моделот за искуствено учење.
8
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
1. Образование за Возрасни Првото прашање коешто треба да си го поставиме е зошто возрасните сакаат да учат. Како правило, децата дури не се прашуваат дали сакаат да учат, и дури не им е дадена некоја причина заради која учат. Општеството диктира дека детето треба да учи, и за повеќето од децата е природно да треба да учат со цел наоѓање на своето место во општеството. Кај возрасните е различно. За нив, учењето повеќе претставува свесна одлука. Тие имаат доста специфични причини заради кои сакаат да научат нешто, и тие самите одлучуваат кога, како и со кого ќе учат. Една работа која со сигурност припаѓа овде е потребата за учење. Се додека информацијата која им се дава на овие индивидуи е „неутрална“ (н.п странски јазик), овие стратегии и инструмети ќе бидат далеку од очигледни. Ккако и да е, ако вие како тренер истакнете стратегии (н.п. маркетинг концепт) кои се во судир со оние на учесниците, ќе треба да очекуваме отпор. Како обучувачи, ние лесно се искушуваме да заклучиме дека возрасните ученици се помалку способни да учат. Сепак, одбивање или очигледно „неучење“ од такви индивидуи главно нема ништо општо со способноста да учат, туку многу повеќе со заштитата на нивните сопствени стартегии, а со тоа и на самиот нивен карактер. Дополнително на тоа, за возрасните е од значителна важност да има шанса за споредба на нивните инструменти со оние на другите, што им дозволува сами да расудуваат за нивниот успех.
Поверојатно е дека ќе бидат убедени од директно видливиот успех на различната стратегија, за разлика од обучувачот кој им држи предавање. Ова исто така е значаен контраст кај децата. Децата се далеку по наклонети да веруваат дека активностите во кои ги вклучуваат возрасните се важни и остварливи. Иако успешна примена е општо неопходна со цел да се убедат возрасните, добра идеа е и да се искусат проблематични ситуации во групи. На овој начин резултатите од нивните сопствени стратегии можат да се споредат со оние од други, и можат да се донесат заклучоци за потребните промени во нивниот индивидуален репертоар. На крај, во правец на нашата дискусија за тоа како возрасните се справуваат со „реалноста“, би сакале за кратко да погледнеме во вашата улога како обучувач. На семинарот вие сте возрасен помеѓу други одговорни возрасни луѓе. Ниту сте „подобар“, ниту пак „попаметен“ од учесниците – вие имате развиено ваш специфичен процес на размислување во вашиот ум и ваш индивидуален поглед кон светот како резултат на вашето детство, вашата животна историја и културното опкружување – на ист начин како што имаат развиено учесниците на нивен индивидуален начин. Единствена важна разлика помеѓу вас и учесниците е дека вие сте подобро информиран од нив (како за предметот, така и за методологијата). Сепак, останува на учесниците да одлучат дали информацијата што им ја нудите е важна за нив или не. 9
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
2. Како ја процесираме информацијата од нашата околина? Читање или слушање на нешто и неможноста да се запамети потоа – единствено проблем на возрасните? Ултра краткотрајна меморија
Дали и вие, исто така, ги гледате вестите на телевизија за подоцна да откриете дека се што сте запаметиле се првиот и последниот извештај што сте ги виделе? Дали имало ситуација кога сте прочитале текст и сте помислиле дека сте го разбрале контекстот, за потоа да бидете запрашани да ги повторите најважните детали и да разберете дека не можете да го направите тоа? Не бевте концентрирани? Дали вашата способност да задржите информација е помала отколку што треба да биде? Или ова беше само нормална појава? Дали ова секогаш се случува кога некој се обидува да запамети нешто? Дали возрасните се особено склони кон ова, поради тоа што се сметаат за порасеани? Мозокот како филтер од три нивоа Секојдневните активности опишани погоре полесно ќе се разберат штом погледнете подетално на кој начин човечкиот мозок ја прима и процесира информацијата од околината. Како правило, функцијата за процерирање на информација на мозокот се гледа како филтер од три нивоа. Овие нивоа се дефинирани како ултра-краткотрајна меморија, краткотрајна меморија и долготрајна меморија. Волуменот на информација се намалува од едно ниво кон наредното. На крајот само дел од инфомациите со кои сме бомбардирани
Перцепција на голем обем на информации
Краткотрајна меморија Складирање на ограничена количина на информации во ограничен период од време
Долготрајна меморија Долготрајно складирање во меморијата
секојдневно завршува долготрајна меморија.
во
нашата
Ултра краткотрајна меморија Што се случува во ултра краткотрајната меморија? Секоја секунда, приближно 10 милиони парчиња информација, се испратени до мозокот од органите за чувство (очи, уши, чувство за допир, итн)! Сепак ние сме свесни само за процесирањето на мал дел од нив. Сите овие впечатоци остануваат во нашите мозочни келии неколку секунди во форма на електрична струја. Токму поради ова, ултра краткотрајната меморија, е исто така позната и како „перцептивна меморија“. Повеќето од тие струи исчезнуваат за кратко без да остават било какви траги. На тој начин информацијата што ја содржат е изгубена. Само оние впечатоци кои се посебно истакнати – и за кои затоа ние сме посвесни - успеваат да стигнат до следното ниво на меморија. Ова се појавува поради фактот што интензитетот на електричните струи е доволно голем да предизвика хемиски промени во мозокот. 10
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
Краткотрајна меморија Што се случува по ова во краткотрајната меморија? Само оние впечатоци кои се доволно силни да резултираат со хемиска врска можат да стигнат до краткотрајната меморија. Но дури и овие врски не се особено силни, и можат повторно да бидат уништени ако се појави премногу информација за краток период од време. Како резултат на грешки во меморијата после несреќни случаи, откриено е дека информацијата останува во краткотрајната меморија околу 20 минути пред да биде складирана во форма на протеини во долготрајната меморија. Ако се случи нешто во текот на овој период што ќе го попречи производството на овие „мемориски протеини“ (н.п. шокот како резултат на несреќен случај), преминот во долготрајна меморија е попречен. Краткотрајната меморија може да прими само околу седум парчиња. Дали се работи за индивидуални поими или поврзани информации. Може да си ја претставите оваа меморија како полица за книги, каде би можеле да сместите не повеќе од седум книги. Ако сакате да ставите што е можно повеќе информации во неа, тогаш морате или да ги направите многу дебели или да ги пишувате со многу мал фонт.
фактот дека информацијата која успеала да стигне до долготрајната меморија, таму е зачувана засекогаш.
Долготрајната меморија можеме да ја споредиме со библиотека. Оваа библиотека се разликува од полицата за книги од краткотрајната меморија; таа има простор за безброј книги. Во оваа библиотека проблемот веќе не е бројот на книги, туку како да најдеме книга што не е користена извесен период. Затоа, како и во секоја голема библиотека, важно е да развиеме добар систем за подредување, а подоцна и за наоѓање на овие книги. Фактот што одредено парче инфомација е зачувано во долготрајната меморија, не значи дека може да се навратиме на него во било кое време. Многу поверојатно е дека тоа е зачувано на погрешно место и дека ќе можеме да го најдеме само ако се сетиме на патот по кој има пристигнато таму, или пак кога ќе дојдеме во контакт со одредена симулација од нашата околина. Еве пример: Обиди се да се сетиш на имињата на сите ученици од твојата последна година во училиште. Шансите не се наклонети дека ќе можеш да го направиш тоа. Како и да е, ако некој ти даде список со сите точни имиња вклучени во него, и уште дополнителни Долготрајна меморија триесет имиња, веројатно нема да имате Што се случува со информацијата во никакви проблеми да ги прецртате сите долготрајната меморија? Колку подолго и имиња кои не припаѓаат на списокот. по интензивно се справувате со одреден сет на информации, толку поголема е шансата производството на протеин да е успешно и на тој начин да се создадат трајни „депозити“ во мозокот. Како резултат на ова, личноста нема повеќе да ја заборава оваа информација. Фактот што постарите луѓе често имаат детални сеќавања од нивното детство е пример за 11
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
Информација која успева да стигне до долготрајната меморија
Кои парчиња информација можат да поминат преку нивоата и да го завршат патувањето до долготрајната меморија? Како правило, информацијата има добри шанси да помине преку филтрите кога: • Активира емоции кај учесникот, т.е. поттикнува љубопитност кај индивидуата, неговиот/нејзиниот интерес, па дури и бес, • Буди асоцијации кај учесникот т.е новата информација може да си залепи работи за кои индивидуата е веќе свесна, на начин што „звучи разумно“, • Последователно е користена од учесникот, или последователно се повикува на неа како помош во остварување на неговата или нејзината задача.
Стимулирајте емоции и создадете врски!
добри во паметење на мириси? Дали вие самите сте личност која подобро памети Директната педагошка последица од ова детали од слики, фотографии итн? знаење е следната: На семинарите треба секогаш да се обидувате да ги стимулирате Различни сензорни канали преку кои е емоциите на учесниците на некој начин, примена информацијата да создадете врски со веќе познати работи, или да поврзете веќе познати Секоја личност прима информација преку информации н.п со анекдота, шега или различни канали. На канали, мислиме нешто слично. Секогаш вклучете фази на слушање,гледање, мирисање и за повторување во вашето планирање, и вкус. За гледање мора да направиме консолидирајте го тоа што е веќе научено дополнително разграничување помеѓу на пример преку применување на истото читање и гледање во слики, објекти или преку создавање на нов едукативен итн. Има луѓе што се многу добри во апсорбирање и процесирање на материјал од она што е веќе научено. информација кога слушаат говор, но кои Различните начини на процесирање на не се справуваат многу добро кога истиот говор им е презентиран во писмена информациите кај индивидуалци форма. Има луѓе кои секогаш сакаат Покрај овие услови кои се однесуваат во да ги користат своите раце со цел „да иста мерка за сите, има многу разлики зграпчат“ нешто. Секоја (здрава) личност во начинот на кој секоја индивидуа ја може да прими информација преку сите процесира информацијата: Дали некогаш овие канали, но очигледно е дека оваа сте имале искуство да слушате ист информација е зачувана и процесирана извештај на радио со некој ваш пријател, со различни степени на успешност. Добра а сепак кога ќе го дискутирате подоцна идеа е да се обидете да откриете каков тип со него забележувате дека тој можел да на личност сте вие. Ова ви овозможува да запамети многу повеќе детали од вас? учите полесно. Ова може да го постигнете Дали сте запознале луѓе кои се многу со правење на повеќе тестови. 12
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
се веќе научени, дајте им на учесниците Стимулирајте колку што е можно повеќе можност да размислуваат за работите канали кои ги учат и да ги истажуваат нивните чувства за нив, и да вклучите редовно Без разлика кој канал најмногу го фази на повторување на вашите планови. користите кога примате информација, исто така примате информација и преку • Луѓето апсорбираат информации другите канали. Затоа најдобро е да од нивната околина низ повеќе различни примате важни информации преку што е сетила. можно повеќе канали. Земете го примерот со вечерните вести на телевизија. • Луѓето не можат да апсорбираат Најголемиот дел од усната информација е информации низ различни канали со поддржана со слики. Тие можат да бидат еднаква ефективност или филмови или графика. Ако е возможно, вие треба да зборувате • Поради ова, на вашиот семинар со учесниците за различните канали и треба да презентирате информации да ги предизвикате да откријат кој тип на таков начин што ќе можат да бидат се тие. Учесниците на кои им недостига примени низ повеќе од еден канал екстензивно искуство во учење ќе (сетило). можат да го подобрат зачувувањето на информацијата. Учесниците кои имале „лоши образовни искуства“ на овој начин можат да определат една од причините за тие искуства. Можно е кога се посетувале училиште, каналите преку кои најдобро примаат информација да не биле стимулирани. Заклучок • Кога нешто е заборавено, главно е поради тоа што премногу информации се презентирани одеднаш, така што овие информации сеуште не го пронашле патот до долготрајната меморија и дека е истуркана настрана од нови информации и/или искуства. • Како обучувач, може да одиграте важна улога во тоа да обезбедите информацијата да стигне до долготрајната меморија. Креирајте врски со работи кои 13
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
3. Чекори на учење Четири типа на нови компетенции:
„Учењето“ не може да се види. Како што кажавме претходно, учењето се случува кога личноста ќе се здобие со нови компетенции споредено со одреден период од минатото. Со други зборови, индивидуата се има „променето“ помеѓу два временски периода. Во врска со човековиот ум, учењето означува дека новата информација е зачувана во долготрајната меморија. Новите компетенции овозможуваат на личноста да делува на различен начин. Компетенциите можат да се поделат во четири главни групи: Когнитивни Когнитивните компетенции ја опишуваат способноста да изразиш, со помош на меморија и/или мисла, специфично знаење и/или да пронајдеш решенија за одредени задачи и проблеми. Психомоторни Психомоторните компетенции ја опишуваат вештината со која одредени материјали или алатки можат да се стават во употреба. Афективни Афективните компетенции ја опкружуваат човечката способност да развијат, а кога е неопходно, да го променат, неговиот или нејзиниот однос кон луѓе, предмети или факти.
врските со другите луѓе. Ова се однесува, всушност, на способноста да може некој да се изрази на разбирлив начин, да ги слуша другите, и да може да се справува со конфликти. Три чекори во процесот на учење: Како обучувач, не можете секогаш да видите (директно) дали нешто е или не е научено бидејќи можеби нема да биде изразено во форма на однесување која е видлива за вас. Како што беше спомнато претходно, учењето може да се случува како во пократки, така и во подолги временски периоди. Што всушност се случува за време на овие периоди? Или, ако ја употребиме терминологијата која ја применивме претходно: Кои чекори го карактеризираат патот од предуслови за учење до исходи од учењето. Без разлика дали учењето се случува во рамките на организиран настан за учење со обучувач или на независно контролирана основа, тоа што се случува за време на успешниот процес на учење може да се резимира во три чекори: Мотивација Интерес за темата
Консолидација
Стекнување
Повторување и применување на нешто ново
Стекнување нешто ново
Социјално-комуникативни Социјално комуникативните компетенции ја опишуваат способноста да се оформат 14
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
Мотивација
или поглавје од книга и сумирање на клучните поенти, слушање на презентација и поставување прашања потоа, заедничко оценување на искуство и извлекување заклучоци од истото, а исто така и набљудување нечија демонстрација, за потоа да ја демонстрираме истата.
Интересот што ги тера луѓето да прочитаат книга, да се вклучат во некоја обука или да слушаат обучувач. Овој чекор го нарекуваме мотивација. Многу е важно да се постигне умерена мотивација. Ниту незаинтересираност и здодевност, ниту пак хистерична прекумерна мотивација води кон Консолидација учење. Во овој чекор познат како Стекнување консолидација, она што е стекнато е повторено и на тој начин Чекорот познат како стекнување, транспортирано до долготрајната е каде индивидуата се стекнува со меморија. Типични примери за чекорот нешто ново. Овде е важно да се знае на консолидација се поставување кој исход од учењето ќе произлезе на прашања и честа примена. Како од процесот на учење. Ако учите резултат на ова, она што е стекнато самостојно, најпрво треба да одлучите е повеќепати спомнато во свеста, и која информација ја барате. Кога го на тој начин консолидирано. Како правите ова, може да ви биде корисно обучувач можете да промовирате да формулирате конкретно прашање, консолидација преку презентирање н.п. „Која е разликата помеѓу фиксни на нови вежби кои нудат можност да и варијабилни трошоци?“. Ако се се искористат компетенциите стекнати наоѓате во организирана ситуација на низ претходните вежби и понатаму да предавање - учење, за обучувачот е се развијат. доволно да знае кон кои цели тој или таа се стреми. Ова, исто така, е процедурата за повеќето вежби и симулации. Овде, учесниците главно не знаат кои цели се следат во индивидуалната вежба. Обучувачот, сепак, мора да биде свесен за целта кон која се стреми, со цел да ги контролира чекорите на процесирање и генерализирање. Следниве работи би можеле да бидат дел од фазата на стекнување: групна дискусија, читање на статија 15
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
II. МЕТОДОЛОШКА РАЗНОВИДНОСТ ВО СЕМИНАРИТЕ ЗА ИСКУСТВЕНО УЧЕЊЕ
СЕМИНАРИТЕ ЗА ИСКУСТВЕНО УЧЕЊЕ се состојат од огромен број на методолошки приоди, кои можат да се класифицираат како дел од две различни групи на методи: насочени кон обучувачи и насочени кон учесници.
1. Методи насочени кон Обучувачите Како што укажува името, обучувачот доминира во приодот насочен кон обучувачот. Методите за учење во училница се разликуваат од други методи до мера што тие се повеќе насочени кон дискусии и учество на учесниците. Кај методите за учење во училница, обучувачот доминира на семинарот преку држење предавања, поставување на прашања и оценувајќи дали одговорите на учесниците се точни или неточни. Обучувачот управува со текот на семинарот а учесниците само реагираат. Кај методите кои во поголема мера ги акцентираат групните дискусии, водичот на семинарот е почувствителен на изјавите од учесниците и ја води дискусијата помеѓу учесниците по многу точки. Кај искуствените курсеви, предавањата единствено се користат во случај обучувачот да сака да сподели дополнително знаење, на пример после вежба. Разговорите водени и модерирани од обучувачи се користат во деловите за оценување на вежбите. Следните правила за добро предавање не само што ја олеснуваат вашата работа во однос на презентациите, тие исто така важат за сите објаснувања кои може да
ги дадете: • Подгответе ја презентацијата претходно и дефинирајте ги целите, структурата и прашањата кои сакате да ги поставите, • Воспоставете јасна и видлива структура на презентирање за време на презентацијата, • Бидете краток и концизен во начинот на изразување, • Презентирајте ги содржините колку што можете поедноставно, • Анимирајте ја презентацијата нагласувајќи ги гестикулациите и изразите на лицето, • Избегнете монотон начин на зборување, • Зборувајте полека и со добар изговор, • Користете визуелна помош, • Одржувајте контакт со очите со учесниците од групата, • Обрнете внимание на реакциите на учесниците и делувајте согласно со нив (вметнете прашања кога ќе забележите знаци на умор во групата).
16
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
2. Методи на обука насочени кон учесниците
2.1. Симулациска вежба
Методите насочени кон учесниците не значи дека обучувачот нема влијание за она што се случува на семинарот. Нивната дидактичка работа е повеќе фокусирана во областа на подготовката, набљудувањето и насоченото посредување во оценувањето. Модерна форма на овој метод е делувањето на учесникот. Иницирани од стимулација од обучувачот, учесниците работат независно во групи или сами. Дејствието доаѓа од учесниците; учесниците ги водат процедурите, обучувачот главно реагира на сугестиите од учесниците.
Вежбите со симулации имаат цел стекнување на знаење за околината и информации за релевантни интеракции, како и стекнување искуство преку процеси на носење на одлуки. Тие претставуваат можност за тестирање на личните капацитети, за разгледување на сите релевантни компоненти за носење на одлуки и според тоа за развојот на независно носење одлуки и за планирање стратегии. Се поттикнуваат аналитичкото и креативно мислење, како и способноста за формирање на хипотези. Освен тоа, на учесниците им се дава способноста подоцна да го пренесат знаењето во своите бизниси, организации, институции или тимови. Симулациските вежби се опфатени во следните три фази: 1. Воведот ја претставува причината за вежбата и ја опишува ситуацијата во која се ставени учесниците. Ситуацијата е базирана на сценарио од реалниот живот (може да е од бизнис контекст) во поедноставена форма. Почетна ситуација е создадена претходно, што определува соочување со низа услови и ограничувања. 2. Фазата на акција е фаза во која учесниците делуваат согласно правилата на вежбата и претходно се запознаваат со нив како нивна реалност за период од определено време. Тие се идентификуваат со одредени улоги и носат одлуки во рамки на тие улоги, што влијае на текот на симулационата вежба. Оваа фаза може да трае неколку часа или дури и денови.
Кај методите насочени кон учесниците, не е активноста на обучувачот, туку онаа на учесникот која е точка на фокус. Компетенциите на обучувачот имаат индиректен ефект. Тие се одговорни за поставување на правила за стимулирање кои се прифатени и набљудувани од сите. Како резултат на нивната комплексност и разновидност на задачите, овие методи често се изведуваат од страна на повеќе од еден обучувач во исто време (тимско учење). Постојат неколку методи во контекст на овој вид на обука. Тие можат да се опишат како опсежни методи, како резултат на својствата на протегање во долг временски период и појавата на фази во кои може да се применат други методи. Бизнис игри, играње на улоги, студија на случај, истражување и екпертско испрашување можат да формираат дел од обуката за ИСКУСТВЕНО УЧЕЊЕ и се опишани подолу:
17
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
3. Откако ќе заврши симулираната ситуација. (може да е од бизнис контекст), таа е проследена од фаза на рефлексија со обучувачот. Ова служи за оценување на текот на обуката брз база на набљудувањето од страна на учесниците, импресиите и искуствата и за градење на нивно општо познавање во справување со слични ситуации. За време на фазата на рефлексија, обучувачот има повеќе од главна улога. Тој ја модерира дискусијата, создава стимул со клучни прашања, прекинува дискусии кои не водат кон остварување на целите на учење, собира, структурира и ги претставува резултатите. Во контекст на градењето на општо знаење, кратка презенација или употреба на подготвени материјали се, исто така, можни. Општо земено, и учесниците се доста вклучени во овие фази. Многу работа е потребна за да се подготват симулационите вежби: Опис на ситуацијата, договори, писма, материјали за евалуација итн, треба да бидат однапред подготвени.
2.2. Играње на улоги Играњето на улоги цели кон тоа учесникот да се соживее со улогата и преку “играњето“ да открие и да разбере претходно непознати делови од нивниот сопствен карактер, како и начини на однесување кои претходно не биле практикувани. Тие учат за флексибилност и толеранција преку ставање на самите себеси во ситуација да ги разберат мислите, чувствата и дејствијата на другите учесници. Целта е да се подобри моќта на набљудувањето и способноста да се анализира и да се комуницира. Играњето на улоги,
споредено со симулационите вежби, исто така охрабрува носење на одлуки и ги зголемува можностите за решавање на проблеми. Во играњето улоги повеќе или помалку дефинирана улога се користи како водечки принцип за глумење во одредена ситуација. Како и кај симулационата вежба, дефинираната ситуација е симулиран извадок од реалноста. Како и да е, во повеќето случаи таа е поограничена споредено со симулационата вежба. Улогите на учесниците можат да бидат или прецизно дефинирани и определени (насочена игра на улоги) или креативни и слободни во исполнување на основна задача (образување или креирање на улога). Сите учесници не се директно интегрирани во играњето улоги. Воглавно, некои учесници имаат функција на набљудувачи. Како и во симулационите вежби, играњето на улоги може да се подели во три фази: вовед, фаза на акција и фаза на рефлексија. Фазата на акција е значително пократка од онаа кај симулационата вежба. Во евалуционата фаза резултатите од набљудувањето исто така можат да се вклучат. Претходните забелешки за симулационата вежба во однос на улогата на обучувалот и степенот на вклученост на учесниците исто така може да се применат и кај играњето на улоги. Кај играњето на улоги препорачливо е да се подготви опис на ситуација со помош на карти за улоги. Покрај тоа, исто така би било корисно да се подготват листи за опсервација или барем клучни прашања за учесниците набљудувачи. Поделбата помеѓу играње на улоги и симулациона вежба често не е јасно разграничена. Симулациите се активни 18
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
методи за учење. Тие ја сведуваат реалноста до одредена поедноставена рамка, каде делови од реалноста се симулирани. На овој начин, реалноста е пренесена во ситуација на вежба, овозможувајќи им на учесниците да се идентификуваат самите со вежбата и улогата која ја играат.
2.3. Други
Студијата на случај е следна која ќе биде спомната како метод ориентиран кон учесниците. Студијата на случај опишува ситуација од реалениот живот или некоја замислена ситуација. Задачата на учесниците е да ја анализираат ситуацијата што им е презентирана од теоретско гледиште и да размислуваат за можни решенија. Студијата на случај не симулира ситуација или како да се справиме со неа. Таа охрабрува независно и конструктивно мислење и овозможува развој на приоди кои се стремат кон решавање на проблеми. Способноста да се интерпретираат, дискутираат и решат
Методи ориентирани кон обучувачот
конфликти е исто така зајакната. На крај, истражувањето и екпертското испрашување треба да се споменат. При користењето на такви методи, учесниците имаат задача да ја анализираат реалноста надвор од собата за обука во согласност со претходно воспоставени критериуми, на пример користење на прашалник со цел развивање на план. Прашалникот не е симулиран и во реалноста е вистински прашалник за минувачи. Резултатите се оценуваат со учесниците. Во следната табела е направена кратка споредба помеѓу двата приода:
Методи ориентирани кон учесниците
Опис на метод
Предавање во училница, семинар за дискусии
Играње на улоги, симулациска вежба
Студија на случај
Истражување, испрашување (н.п. анализа на пазар)
Опис на процедури
Презентации, описни и ориентирани кон знаење
Симулации
Аналитички
Реален живот
Вклученост Процедури кои се примечиви, информации и ориентираност на кон знаење учесниците
Активни процедури за учење, кои се носење на одлуки, ориентирани кон дејствие и работа поврзани со однесување и информации 19
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
3. Различните стилови на обучувачите
Како што има различни видови на учење, постојат и различни стилови на обука. Бихевиористичките карактеристики на обучувачите можат да се поделат во четири различни стила на обучувачи. Овие четири стила служат како „теоретски“ камен темелник и во вистинскиот живот се едвај наоѓаат во оваа форма. Со помош на описот на четирите стила, вие како обучувач можете да го анализирате вашето сопствено однесување и ако е потребно да го модифицирате.
3.1.Laissez-faire (Лесе фер) стил
Обучувачот кој го преферира овој стил ја остава групата да учи со своите сопствени ресурси. Тие покажуваат многу мала вклученост во проблемите на учесниците. Во ситуација на појава на различни мислења, тие не завземаат страна и ретко донесуваат одлуки што се однесуваат на содржината на процесот на обука. Тие главно се ориентираат единствено според претходно подготвени програми и според претходно пробани и испитани вежби. Освен тоа, тие не ги координираат со специфичните ситуации на таргет групата. Однесувањето на обучувачот изгледа несигурно. Наместо да се вклучат во интеракција со групата, тие се кријат позади правилата и прописите. Тие бараат сет на правила во форма на рецепт, верувајќи дека едвај ќе имаат некакви потешкотии, ако се следат сите
правила и прописи. Нивниот однос кон групата е неспоив и тие често изгледаат арогантни. Овој тип на обучувач често остава впечаток дека тој или таа е фер и објективен, иако главно тоа не е случај, и преферира учесници кои се конформисти, т.е. тие што не поставуваат чудни прашања, на тој начин ограничувајќи ја шансата за збогатување на дискусиите со неконвенционални идеи и погледи.
3.2. Авторитарен стил Овој стил е спротивен на laissez-faire стилот. Обучувачите кои го преферираат овој стил се многу ориентирани кон изведба. Тие ги водат активностите на групата. Тие се вклучени, а исто така се убедливи и јасни во нивните инструкции. Тие имаат дефинирани и јасни цели за обуката, сепак се нефлексибилни кога ќе се соочат со ситуации, каде потребите на учесниците се разликуваат од ова. Тие отворено или дискретно ги укоруваат одделни учесници и нивната врска со групата е напната, ладна и далечна. Во текот на обуката, сите одлуки ги носат тие. Здачите се задаваат директно на групата и без претходно дискутирање. Учесниците се држат во состојба на постојана тензија од страна на секогаш постоечката опасност да бидат испрашувани за нивните знаења. Неуспехот со себе ја носи заканата од казна (н.п. укор од обучувачот). Овој однос произлегува од големиот степен на недоверба и песимизам во однос на способностите на учесниците, како и зголемено чувство на 20
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
супериорност. Обучувачите кои преферираат авторитарен стил се главно многу компетентни во однос на предметот на семинарот. Тие самите ги дефинираат патиштата по кои треба да се стигне до решенијата, не оставајќи и шанса на групата самите да ги откријат решенијата. Ефектот од овој стил e проследен од тензична и стресна врска помеѓу учесниците и обучувачот, како и помеѓу членовите на групата. Учесниците или се адаптираат пасивно на ситуацијата, жртвувајќи ја нивната независнот, или стануваат непријателски и агресивни. Мислењата и однесувањата се прифатени без критика и нормалното однесување на учесниците е заменето. Сето ова резултира со независна продуктивност на учесниците и значително намалена креативност.
Учесниците често искусуваат лична поврзаност со обучувачот. Многу веројатно е дека постојаните напори на обучувачот да оддржи добра врска може да доведе до проблеми. Со цел да избегне конфликти, обучувачот не успева да ги појасни своите позиции, што претставува пречка да им бидат покажани нови начини на учесниците за изнаоѓање на решенија. Обучувачот насочен кон врската е нормално свесен за неговото или нејзиното однесување и перцепцијата за нив и другите. Во случаи на успех или на неуспех на конкретна обука или ситуација од обука, тие знаат каде да бараат соодветни причини, или кај нив или кај учесниците. Како и да е, тие тежнеат кон пренагласување на нивните лични неуспеси. Ова може да предизвика обучувачот да се почувствува несигурен, притоа правејќи повеќе грешки со цел да избегнат конфликти во идните обуки. Стил на социоСледствено, тие ризикуваат да не се емоционална врска концентрираат доволно на остварување За овој тип на обучувачи од најголема на целите на обуката. Наместо тоа, тој важност се учесниците и нивната или таа дозволува групата да ги определи благосостојба. Како резултат на нивниот приоритетите на обуката. однос, ваквите обучувачи можат да создадат сигурна и пријатна работна Партиципативен стил атмосфера. Атмосферата на обуката не е присилна и често е дури весела. Овој тип на обучувач знае како да ги Однесувањето на учесниците кон мотивира учесниците да достигнат нивните колеги и обучувачот покажуваат високо ниво на ефикасност во учењето, разбирање, добра волја и пријателство. на тој начин остварувајќи високо ниво Обучувачите кои го преферираат овој на посветеност во нивната заедничка стил се многу загрижени за проблемите задача. на учесниците, како и на групната Обучувачот е убеден дека имагинацијата, динамика. За нив, развојот на групата е интелигенцијата и креативноста се многу важен. Ова исто така ги задоволува еднакво распространети низ групата, дека индивидуалните потреби на обучувачот учесниците се ектремно отворени кон се да се чувствува сигурно и да избегнува што е ново и дека се заинтересирани конфликти. за примена на новиот материјал. За
3.3.
3. 4.
21
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
да ја постигне оваа цел, обучувачот ги поставува целите заедно со учесниците. Потребите и очекувањата на учесниците се важни за нив и тие пробуваат да ги интегрираат во обуката, во секој случај без да ги изостават општите цели. Потврдувањето и критиката се објективни и оправдани од ситуацијата. Обучувачите зборуваат како еднакви членови на групата. Конфликтите се решаваат отворено, внатре во групата. Причините за конфликитите се бараат заедно. Во текот на овој процес, обучувачот им дозволува на учесниците да постават и вистински и емоционални предизвици. Овој начин на справување со учесниците помага во превенирање од гнев, несигурност или агресија, или од тренерот или од страна на групата. Овде целта е да се бара конструктивно решение на конфликтот, кој во иднина гарантира подобрен начин за справување со проблеми во рамките на семинарот.
3. 5. Препораки за стиловите на обучувачите
Нема точно или неточно во контекст на ова. За да се мотивираат и активираат учесниците, важно е да се пронајде стил кој одговара на вашата структура на карактер. Запомнете дека обврска на обучувачот е да обезбеди успешна обука во согласност со целите на семинарот и да ги земе во предвид потребите и желбите на учесниците. Однесувањето на обучувачот, неговите или нејзините интервенции, објаснувања и поведение во голема мера служат како пример. На обучувачите им е дадена улогата на експерти. Од една страна улогата на експерт е поврзана со содржината (специјализирано знаење во полето на кое се однесува курсот по ИСКУСТВЕНО УЧЕЊЕ). Од друга страна, експертската улога е истакната од свесноста за дидактичките проблеми. Обучувачите можат да воочат потешкотии во учењето и да препознаат до кој степен тие се резултат на дидактичка работа. Тие се чувствителни на разликите во учењето и знаат дека тие се определени од различни животни истории и социокултурна позадина. Има бројни фундаментални правила кои се однесуваат на поведението на семинарот, чие одржување се покажало како корисно:
22
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
• Направете ги групните однесувања видливи: откривање на конфликтите и стравовите, анализирање на нивните причини и презентирање на нивните ефекти се првите чекори кон избегнување на уривачките елементи. • Воспоставете и одржете контакт со групата: обучувачот може да извлекува заклучоци што се однесуваат на расположението во групата и за неговото или нејзиното лично поведение кон поведенијата на учесниците. • Бидете прецизни и точни: прекини во групата често се резултат од недоволна специфичност во однос на целите, инструкциите и поставените прашања. • Бидете подготвени да се справите со несигурност: стравот да се направи грешка може да ги претпази обучувачите и учесниците од играње на активна улога во процесот на учење. Затоа, делата и изјавите на учесниците треба да се прифатат сериозно. Посебно во вежбите, обучувачите мора да појаснат дека грешките се норма, и дека тие претставуваат можности од кои треба да се учи. • Не се расправајте со групата или со индивидуални учесници: во ситуации каде обучувачот се чувствува дека е нападнат или е навистина нападнат, тој или таа треба да реагира колку што е можно посмирено. На учесниците треба да им е дозволено да го провоцираат обучувачот. Треба да се избегнува влегување во расправија. Таква расправија троши енергија и нуди слаби изгледи за успех. На долг рок, обучувачот ќе изгуби. За да се ослободи гнев или тензија на контролиран начин, многу подобро е да се разјасни отпорот и несогласувањето. Можно е да се разграничи помеѓу различните типови на поведение, кои имаат позитивно или негативно влијание на климата за учење. Тие се презентирани подолу. Поведение кое води кон негативно влијание на климата за учење се: • Наредби, команди, • Предупредувања, закани, укорувања • Морализирање, проповедање, • Давање решенија, нудење совет без да биде побаран, • Давање логични аргументи за емоционални проблеми, • Судење или оправдувања за индивидуален учесник, • Фалење или согласување „од високо ниво“ , • Исмејување, правење будала од некого или засрамување, • Барање да се анализира индивидуален учесник на објективен начин, • Не дозволување на учесниците самостојно да ги решат нивните проблеми, наместо тоа нивно смирување и тешење, • Испитување, испрашување се додека не ја кажат „точната работа“, • Избегнување на непријатни прашања, скренување на внимание и охрабрување.
23
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
Поведение кое води кон позитивно влијание на климата за учење: • Давање помош, приемчивост и толеранција • Покажување интерес во насочување на учесникот кон учење, со цел да придонесе во личниот развој на учесникот, • Да се биде отворен и да се покажуваат чувствата, • Искажување на доверба и сигурност додека зборувате за вашите потешкотии, • Давање инструкции во врска со комуникативното поведение во групата, • Справување со конфликти на база на партнерство, • Давање фидбек, • Нудење на позитивно зајакнување за чекорите на учење на учесниците, • Зборување како партнер на разбирлив и практичен начин, • Сплотување, организирање, разјаснување на несигурности и синтетизирање, • Промовирање фази на рефлексија, • Истакнување ограничувања во однос на дискусиите и емоционалната блискост, • Гледање на фазите на релаксација и тешка концентрација, како на взаемни и поврзани меѓусебно, • Почитување на табу зоните, • Превенирање на сензационализам од преминување кон апсолутна отвореност, • Разјаснување дека како учесниците така и обучувачот имаат право да згрешат, • Да останете смирени кога вие (обучувачот) сте предмет на дискусија, • Дозволување на учесниците право на провокација со причина и во согласност со ситуацијата, • Можност да се преиспитуваат самите себе, како и програмата на обуката.
24
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
III. ЦИКЛУС НА ОБУКА БАЗИРАН НА 1. Основа
ИСКУСТВО
Уште од шеесетите и седумдесетите години на 20от век, перцепцијата за човекот во психологијата и педагогијата се има променето суштински: Пред тоа, преовладувал редукционистички поглед на човечкото поведение; претпоставувајќи дека човечкиот мозок реагира на надворешни стимули во форма на црна кутија чија функција е претежно хемиска, водејќи до предвидливи реакции ако се стимулира. Овој поглед е заменет со погледот за човечкото битие како само-определена личност, која делува и реагира ориентиран кон цел. Притоа, концептите за тоа како да се справиме со овие самоопределени луѓе се промениле исто така, и се создадени методите ориентирани кон учесниците. Искуственото учење како концепт и термин било воспоставено во раните осумдесети на дваесетиот век. Теоријата за искуственото учење е базирана на работата на Девеј (Dewey), која се базира врз искуството од учење, Левин (Lewin), кој ја нагласува важноста на ефективноста од индивидуалците од процесот на учење, и работата на Пиџет (Piaget), кој ја гледа интелегенцијата не само како вродена карактеристика ,туку и како резултат од интеракција помеѓу луѓето и околината.
Овие научници се стремеле да развијат холистички искуствен процес на учење и модел за образование на возрасни. Најшироко прифатена форма на теорија за искуствено учење е развиена од Дејвид Колб (David A. KOLB). Колб го дефинира учењето како процес во кој искуството е трансформирано во знаење. Овој концепт се базира на претпоставките дека учењето се случува кога личноста која делува на своја сопствена одговорност, го имплементира неговото знаење, способности, однесување и социо-комуникативните компетенции во определена ситуација и потоа дава рефлексија за тоа. Први научници на Искуственото Учење се : William James Kurt Lewin Carl Rogers Carl Jung John Dewey Jean Piaget Lev Vygotsky Paulo Freire Mary Parker Follett 25
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
2. Циклус на Искуствено Учење
Теоријата за искуствено учење е динамичен поглед на учење базирано на циклус на учење водено од резолуцијата на двојна дијалектика: акција/рефлексија и искуство/апстракција. Учењето е дефинирано како „процес каде знаењето е создадено преку трансформација на искуството. Знаењето е разултат од комбинацијата од разбирање и трансформација на искуството.“ Разбирањето на искуството се однесува на процесот на примање на информација, а трансформирање на искуството се однесува на тоа како индивидуите ја интерпретираат и реагираат на таа информација.
Овие импликации можат активно да бидат тестирани и да служат како водич во создавање на нови искуства.
2.1. Дебрифинг² околу
Циклусот на Искуствено Учење
Моделот на Теоријата на Искуствено Постојат бројни модели на дебрифинг кои Учење опишува: се презентирани и преработени со текот 2 дијалектички поврзани Конкретно Искуство и Абстрактна на годините. форми на разбирање на Концептуализација искуство: Високо ценетиот модел на Колб ги води Рефлективно набљудување и 2 дијалектичкиповрзани учесниците низ неколку нивоа од искуство Активно Екпериментирање форми на трансфодо учење. Првото ниво се фокусира на рмирање на искуство: тоа што учениците го почувствувале и Учењето се појавува од решението од искусиле за време на настанот. Второто креативна тензија помеѓу овие четири ниво претставува други гледишта со модели на учење. Овој процес е опишан поврзување на индивидуалните искуства како идеализиран циклус на учење со искуствата на другите. Во третото ниво каде ученикот „допира до сите бази“ учениците ги поврзуваат концептите во - искуство, рефлектирање, мислење и активноста со претходно научени концепти делување- во повторувачки процес кој е на час и размислуваат како активноста чувствителен на ситуацијата за учење и може да биде проширена. Четвртото она што е предмет на учење. Непосредни ниво се фокусира на овозможување на или конкретни искуства се основата учесниците да направат врска помеѓу за набљудувања и рефлексии. Овие активноста и реалниот свет. рефлексии се прифатени и преточени во Гринавеј (Greenaway) дополнително го абстрактни концепти од кои можат да се преработил овој модел за да им олесни извлечат нови импликации за делување. на фасилитаторите да го запомнат и применат. Неговата низа од 4 нивоа ²Дебрифинг е едноставна, а сепак моќна алатка што му овозможува на еден тип да се самокорегира, да се оствари како тим, и да ја засилни неговата изведба. За време на дебрифингот, членовите на тимот даваат рефлексија за искуство, дискутираат што поминало добро и идентификуваат можности за подобрување
26
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
на активно прегледување зпочнува со Искуство, каде учениците прикажуваат и дискутираат за активностите кои се појавиле. Следната фаза е Изразување, каде учениците ги земаат во предвид емоциите кои ги почувствувале за време на процесот. Проучувањето доаѓа следно во овој модел, каде учениците се охрабрени ментално да се одделат од искуството, и да размислат, холистички, што се случило и колку добро поминало се. На крај, во фазата за Истражување учениците размислуваат за иднината и како може активноста да се поврзе со реалниот свет. Тиаги (Thiagi), еден од модерните лидери во корпорациските обуки, ги сплотува идеите од овие модели и ги проширува во неговиот популарен дебрифинг модел. Има шест нивоа во неговиот дебрифинг процес, после симулација или активност од искуствено учење. Најпрво, учениците истражуваат како се чувствуваат после активноста. Второ, учениците истражуваат на што се сеќаваат од тоа што се случувало за време на активноста. Трето, учениците истражуваат што научиле за време на активноста. Четврто, учениците го поврзуваат тоа учење со нивните сопствени искуства од реалниот свет или со други работи кои ги научиле претходно. Петто, учениците го земаат во предвид тоа што го научиле и како можат да го применат во различен контекст. Шесто, учениците ги планираат нивните следни чекори. Друг модел кој е пофокусиран на Европските Младински Работи (European Youth Works) бил развиен од страна на ДЕМ Центарот за искуствена обука (DeM Experiential Training Center) од Турција. Овој модел, кој ги дизајнира скалите на дебрифингот не само околу циклусот на
искуствено учење , но и околу 9 стила на учење според Колб, се состои од два дела: 1) Искуствен Инпут -> Сеќавање + Рефлексија = Концептуализирање и 2) Концептуален Инпут -> Асоцијации + Трансформирање = Планирање. Последниот дебрифинг модел, за кој ќе зборуваме подолу, е развиен од ЦЕФЕ Интернационал (CEFE International). Овој модел има 5 чекори на дебрифинг околу циклусот.
Дебрифинг моделот ЦЕФЕ Обучувачот претставува проблеми како да биле „вистински искуства“, на тој начин оставајќи простор за индивидуални пристапи на решенија од страна на учесниците. Ова ги оправдува потребите на возрасните да можат да изградат свои идеи независно од другите. На овој начин, учењето може да дојде од личното искуство на личноста. Исто така е возможно да се научи и од искуството на другите учесници и да се научи со помош на обучувачот, кој има задача проширување на хоризонтите на учесниците преку контролирање и водење на процесот на евалуација. На овој начин, тој интегрира широк спектар на искуство. Поради фактот што треба да се завземат други улоги и да размислуваат за нив потоа, учесниците имаат можност да запознаат различни перспективи. Како се случува учењето за време на ИСКУСТВЕНИТЕ семинари? Ви ги претставуваме овие пет чекори:
27
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
2.1.1. Акција / искуство Во оваа фаза акција/искуство учесниците „живеат во“ симулирана ситуација која е карактеристична на пример за бизнисмени од мали и средни претпријатија. Должност на обучувачот е да ја раздели и ограничи ситуиацијата. Потоа тој дава инструкции кои ја сочинуваат основната рамка во која можат да делуваат учесниците. Во зависност од намерата, овие инструкции можат да бидат или проширени и целосни, или пак ретки па дури и неточни и нецелосни. Со овие инструкции вие како обучувач креирате „свет“ во кој учесниците може да делуваат за време на оваа фаза. Во исто време, фазата го симулира сценариото на нецелосна информираност во вистинскиот свет на бизнис луѓето. Учесниците во бизнисот треба да делуваат врз база на нецелосни информации и да бидат одговорни за активно барање на понатамошни информации. Фазата на акција може да биде од различна должина и поделена на неколку рунди. Учесниците добиваат јасни инструкции за тоа колку време имаат за планирање и извршување и, на пример, за производство или купување
или продавање на работи. Проверката дека се следат инструкциите е задача која обучувачот треба да ја извршува постојано. Во реалниот живот, пазарот не прави отстапки за компанија која, поради некои причини не може да ја достави количината договорена со договор во договореното време. Сепак, може да ги промените временските спогодби во индивидуални случаи. Тогаш мора да објавите дека ова е добро време за сите, сепак, без спречување на групата која вие ја водите. Во фазата на акција, учесниците може да делуваат слободно во рамките на договорените услови. Оваа фаза служи за развојот на индивидуалното планирање, извршување и алатките за контрола. Кога има ситуации со кои треба да се справите внатре во групата, постојат дополнителни координативни процеси, ситуации за решавање на конфликти итн. Цел на фазата акција/искуство: Да се генерираат податоци! Земете ги во предвид некои од следниве прашања: -Што се случува? -Како се чувствуваш во врска со ова? -Што треба да знаеш…? -Би сакал ли да се обидеш? -Би можел ли да бидеш поконкретен? -Би можел ли да сугерираш нешто? -Што би преферирал ти? -Во што се сомневаш ти? -Кој е твојот приговор? -Кога би можел да го погодиш одговорот, кој би бил ? -Можеш ли да го кажеш тоа на друг начин ? -Што е најлошото/најдоброто кое би можело да се случи? -Што друго? -И ? -Би сакал ли да кажеш нешто повеќе за тоа?
28
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
2.1.2. Објава Фазата на објава е кратка, но важна фаза која директно ја следи фазата на акција. Фактички во оваа фаза се објавуваат реаултатите од претходното искуство, т.е. сите резултати, стратегии, направени одлуки итн, се јавни за сите учесници и се подготвени за споредба. Ова најдобро се прави со употреба на табели, претходно подготвени од обучувачите, на тој начин што се видливи за сите. Тие се важна база за дискусија за следната фаза. Тие имаат дополнителна функција на јасно потенцирање на фазата на акција, на тој начин одбележувајќи го враќањето кон ситуацијата на семинарот. Процесот на излегување од стимулираната ситуација продолжува во првиот дел од процесирањето. Цел на фазата објава: Да се соопштат податоците генерирани од искуството! Земете ги во предвид некои од следниве прашања: -Кој би сакал доброволно да сподели? Кој друг? -Што се случи? -Како се чувствуваше во врска со тоа? -Кој друг го имаше истото искуство? -Кој се однесуваше различно? -Имаше ли некакви изненадувања/загатки? -Колку се почувствуваа исто? -Колку се почувствуваа различно? -Што набљудувавте? -За што бевте свесни?
2.1.3. Евалуација/ Процесирање
Фазата на евалуација/процесирање е решавачка за процесот на учење. Ако симулационите вежби водат до успех во учењето, вежбата и евалуацијата на
вежбата треба да формираат дидактичка единица во која одреден предмет на учење, искусен од многу различни перспективи и нивоа на искуство, е проучен и е дискутиран. Процесирањето е најважниот чекор на патот до остварување на целите на учењето; и чекорот во кој вие како обучувач имате најголемо влијание во нивното остварување. Во овој процес, учесниците – после почетната фаза каде има простор за изразување емоции – треба да направат критичка, одразувачка дистанца од симулационата вежба. Услов за успехот на евалуацијата на фазата на акција (која често не е адекватно набљудувана) е учесниците постепено да излезат од нивните улоги и да се вратат на нивните личности како учесници. На пример, ако за време на симулацијата учесниците требало да покажат одредени интереси кои се во судир со другите, тогаш е потребно тие да ги напуштат нивните улоги во оваа фаза за да можат да дадат рефлексија и да го оценат взаемното делување со и помеѓу противниците. Разјаснувањето на емоциите кои се појавуваат во симулациската вежба или дури негативните чувства помеѓу учесниците мора да се направи пред да почне процесирањето; во спротивно може да придонесе до неуспешно продолжување на семинарот. Да сумираме, процесирањето ги исполнува следните задачи: 1. ги искажува емоциите на учесниците откако ќе заврши вежбата, со што се овозможува да ја напушти улогата и да се врати на личноста на учесник, 2. ги споредува искуствата стекнати од учесниците, овозможувајќи им на сите да го споделат своето искуство, 3. ги открива предрасудите и бара објаснувања, 29
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
4. ги определува процесите на носење одлуки и стратегиите со кои работеле за време на вежбите, 5. ги оценува различните стратегии , 6. го потврдува значењето на емоциите провоцирани од искуството во текот на индивидуалните фази на вежбата. 7. изјавува и прави рефлексија за различните погледи кои учесниците ги формирале во однос на процесите и искуствата. Нормално, нема да можете да ги изведете сите овие задачи во првата вежба на семинарот. Учесниците најпрво треба да се навикнат на овој вид на учење. Затоа, може да биде корисно да се објаснат основните правила на дискусија во фазата на процесирање, пред, или со помош на првата вежба. Процесирањето треба да е добро подготвено. Толку добро, што во текот на дискусијата, вие ќе знаете во кој момент да интервенирате за да ја вратите дискусијата назад до важните поенти или кога треба или мора да се однесувате тивко бидејќи знаењето доаѓа од динамиката на групата. Правилното однесување овде е прашање на искуство. Со цел заедничко постигнување на работни резултати, вие секогаш мора да настојувате да создадете и одржете атмосфера на доверба. Цел на фазата процесирање: Да им се даде смисла на податоците генерирани од индивидуалците и групите.
-Како одговаравте за тоа? -Што ви значи тоа на вас? -Како тоа беше важно? -Што беше добро-лошо? -Што ве погоди околу тоа? -Како тие си одговараат? -На кој начин ќе беше поразлично? -Дали нешто работевте? -Што тоа ви сугерира за вас/вашата група? -Што разбравте подобро за вас/вашата група?
2.1.4. Генерализирање
IВо оваа фаза учесниците се оддалечуваат од нивниот сопствен случај и извлекуваат општи заклучоци од искуствата. Тие треба да бараат паралели помеѓу симулираниот и „реалниот“ свет и да гo пренесат увидот кои го имаат стекнато во вистинскиот свет. На овој начин, тие можат да ги променат во основно разбирање. Ова разбирање мора да биде постигнато заедно и структуирано со ваша помош. Потоа можете да ги дефинирате ситуациите во кои ова знаење може да се примени, на начин што учесниците ќе можат да го применат во нови ситуации. Да сумираме, генерализирањето ги исполнува следниве задачи: 1. Препознава контекст и го пренесува во други ситуации. 2. Го изработува општото од конкретното. 3. Заклучоците на индивидуалните учесници за тоа како можат да го подобрат Земете ги во предвид некои од овие нивното однесување во иднина. Можете да асистирате во фазата на прашања: генерализирање со подготвени печатени материјали кои содржат општо знаење. Во овој период, вие исто така може да имплементирате други методски елементи. На пример, може да изнесете 30
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
предавање во кое ќе презентирате слични случаи од реалниот свет и стратегии за применливи решенија, или пак теоретско знаење. Цел: Да се создадат пробни хипотези и абстракции од податоците.
живот со помош на новоусвоените алатки. Цел: Да се поврзе сегашноста и иднината преку разбирање и/или планирање како овие генерализирања можат да се тестираат на ново место.
Земете во предвид некои од следниве Земете во предвид некои од следниве прашања: прашања: -Што може да извлечеме од тоа? -Дали тоа води кон нешто? -Што научивте? -Што ви сугерира тоа__________________ општо? -Дали тоа ве потсеќа на нешто? -Кој принцип/закон сметате дека функционира? -Дали тоа ве потсеќа на нешто? Што ви помага да објасните? -Како ова е поврзувано со други искуства? -Што поврзувате со тоа? -Што друго?
2.1.5. Примена (аплицирање) Во оваа фаза постигнатите знаења се применуваат во нова ситуација. Примената во рамките на семинарот е почетокот на дополнителна вежба, која создава можности за примена и консолидирање на она кое штотуку било научено. Ако еден од клучните резултати од претходната вежба е дека учесниците многу малку се ангажираат во независно барање на информации и сега имаат формулирано стратегии за тоа како сакаат да продолжат во иднина, важно е повторно да се фокусирате на една од следните вежби за оваа цел на учење. Во контекст на следното ниво на процесирање, дополнително може да се земе во предвид дали учениците можеле да го проследат нивното ново знаење во активност. Примената надвор од курсот бара справување со ситуации од реалниот
-Како можеш да го примениш/проследиш тоа? -Што би сакал да направиш со тоа? -Како би можел да го повториш тоа повторно? -Што би можел да направиш за да истраеш во тоа? -Кои се опциите? -Што би можел да направиш за да си помогнеш/ одмогнеш? -Како би можел да го направиш подобро? -Кои би биле последиците ако го направиш/ не го направиш тоа? -Кои модификации ќе ти одговараат? -Што би можел да замислиш/фантазираш во врска со тоа? -Како беше ова за тебе? -Што беше плус/минус? -Како би можело да биде позначајно? -Која е добрата/лошата вест? -Кои промени би ги направил? -Што би продолжил? -Кои се трошоците/добивките? -Ако треба повторно да го направиш, што би направил подобро/различно? -Кои додатоци/отстранувања би помогнале?
31
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
2.3. Дополнителни совети
за спроведување на Обука за ИСКУСТВЕНО УЧЕЊЕ Искуствено учење е индуктивна процедура. Предноста на индуктивната процедура е што, преку нивното сопствено искуство, учесниците се многу посвесни за потребата од рефлексија за овие области. Со други зборови, тие се помотивирани и отворени на темата. Исто така, тие можат да го проучуваат проблемот и независно приоѓаат со можни решенија. И на крај, луѓето учат подобро од нивните грешки, отколку од „фини“ претходно подготвени решенија, кои им се презентирани од почетокот и кои не дозволуваат да навлезат во проблемот. Учесниците се мотивирани на неколку начини. Не постои само внатрешна мотивација за остварување на нови знаења кога луѓето одат на обука, семинарите за ИСКУСТВЕНО УЧЕЊЕ се одвиваат во позитивна клима за учење кое претставува уште еден мотивирачки фактор, и мотивацијата е создадена во конкретна, симулирана ситуација, која ги предизвикува учесниците со задача. Претстојната рефлексија на нивното сопствено поведение и споредба со она на другите учесници, анализата на предности и недостатоци на различните начини за решавање на проблеми може да води до идентификување на областите кои треба да се подобрат и претставува дополнителен мотивациски ефект. Можете да имате големо влијание на оваа мотивација во зависност од начинот на кој делувате како обучувач. Јасните
инструкции и посебно вашата подготовка во фазата на процесирање имаат решавачко влијание врз мотивацијата на учесниците. Позитивната атмосфера за учење е од суштинска важност за успешно да се имплементираат техниките на искуственото учење. Неразделив дел од методот на обучување е дека учесниците прават грешки, ги осознаваат и ги поправаат. Овој процес на учење е од особена зависност од атмосферата на доверба која се карактеризира со почит кон слабостите и силните страни на другите. Во прилог, методот се гради цврсто на размената на идеи и конструктивниот фидбек помеѓу учесниците кое може само да се оствари во позитивна атмосфера. Важен дел од овој метод е интеграцијата на обуките за вештини и за однесување. За справување со аспектите на поведение исто така е потребно конструктивна комуникација помеѓу самите учесници, како и помеѓу обучувачите и учесниците.
2. 4. Техники за интервенирање Следните техники за интервенирање се користат за време на фазата за процесирање, откако ќе се соберат сите податоци. Тие му овозможуваат на фасилитаторот да ги оствари целите на секое од нивоата од циклусот на учење и да промовира преоѓање во следното ниво. Фасилитаторот се грижи за два главни процеса во групата: тој на индивидуата (интраперсонален) и колективно на целата група (интерперсонален).
1. Рефлексија на чувства: Фасилитаторот ги изразува суштинските 32
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
односи и чувства изразени од учесникот. - Изразете ги чувствата, не содржината. - Рефлексијата мора да биде со истата длабочина, не премногу плитка ниту пак премногу длабока. - Никогаш не додавајте или одземајте од значењето на изјавата на учесникот. 2. Прифаќање: Техника на одговарање на чувствата на учесниците без формирање на мислења. - пр. Аха…., Јасно…, Климање со главата, гледање во учесникот. 3. Структуирање: Техника на поставување на граници на пренасочување на групната дискусија. 4. Водење : Техника за помош на учесниците да ги забележат чувствата кои не биле опфатени од членовите на групата. Користи ја минимално. - пр. Можете ли да ни кажете нешто повеќе за… 5. Поддршка: Техника која дава емоционална поддршка на секој член на кој му е потребна. 6. Соочување: Техника на давање фидбек или посочуваање на друга личност со специфично поведение кое негативно влијае на групниот процес. Има пет вида на соочување. a. Искуствено– одговор на несогласување воочено од комфронтираното лице помеѓу изјавата на конфронтираното лице за него и неговото искуство од една страна и неговото лично искуство со друго конфронтирано лице. b. Силно – фокусирана на ресурсите на конфронтираните лица, особено ако самиот тој не ги разбира. c. Слабо – фокусирана на одговорноста на конфронтираните лица.
d. Дидактичко – разјаснување на нечија дезинформираност или недостиг на информација. e. Охрабрување за дејствување – притискање на конфронтираното лице да се однесува конструктивно во неговата околина на делување. Запомнете: - Конфронтирајте се заради одредено поведение, не заради мотиви. - Направете ги вашите соочувања позитивни и конструктивни, наместо негативни. - Соочете се со вашите чувства. - Користете изјави и материјали користени од самиот учесник (ако е достапно). 7. Разјаснување: Во ситуација на групна динамика, ова е слично на рефлексија. Малата разлика е во првичната изјава и целта за оваа интервенција, која е да се разјасни на другите во групата дека се воочени подлабоки емоции. 8. Поврзување: Техника за интегрирање на чувства кои се изразени претходно од учесниците. Исто така ги интегрира и чувствата изразени од групата. 9. Тишина: Техника во која фасилитаторот ги слуша учесниците без да каже нешто. Тој му дозволува на учесникот да биде тивок или да продолжи или да застане и да даде рефлексија за она што се случува во групата. Фасилитаторот покажува дека нема проблем со тишината.
33
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
IV.
ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА ПРИ СИТУАЦИИТЕ НА УЧЕЊЕ
1. Цели на Визуелизацијата Луѓето ја примаат информацијата од нивната околина преку различни канали. Способноста за примање на информацијата низ различните канали варира. Како обучувач вие се соочувате со луѓе чии мислења и способности за примања на информации многу се разликуваат. Сепак, емпириските истражувања ни дозволуваат да определиме средни вредности за чувствата со кои луѓето можат да примаат информација најефективно: Во просек, тестираните субјекти задржале 20% од информациите што ги чуле, 30% од оние што ги виделе, 50% од оние што ги виделе и чуле, и дури 90% од оние што ги виделе, слушнале и со кои екпериментирале, со други зборови оние кои практично ги научиле. Визуелизацијата е од особена важност за ИСКУСТВЕНИТЕ вежби, бидејќи искуството е достапно за сите, и испитано и запаметено. Во прилог, во пракса луѓето подобро учат кога можат да го поврзат материјалот за учење со нешто што им е веќе познато, нешто што веќе го имаат искусено, со обичен факт, шега итн. Визуелизацијата е идеален начин да обезбедите поддршка за учење преку асоцијации (симболични
препораки, илустрации итн). Со други зборови, визуелизацијата овозможува да се вклучат различни канали и да се обезбеди информација со долготрајна видливост, на тој начин поддржувајќи го процесот на учење. Визуелизацијата исто така ја подобрува комуникацијата, која е една од најважните компоненти на ИСКУСТВЕНАТА обука или на било која друга ситуација на учење. Ако комуникацијата е попречена, информацијата која дадена личност пробува да ја соопшти на друга, неможе да протече. Од најголема важност сите вклучени во процесот на комуникација да препознаат која информација е важна и како да се разбере кажаното. Ова се појаснува преку визуелизација. Поради тоа, визуелизацијата нуди бројни предности за процесот на учење и за комуникацијата помеѓу учесниците на курсот: • Различни канали на перцепција се вклучени, со што го зголемуваат успехот за учење. • Информацијата е зачувана, наместо изгубена, и може да се пристапи до неа секогаш кога тоа е потребно. • Информацијата е зачувана според контекстот, комплексните врски можат да 34
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
се разберат за миг. • Комуникацијата е подобрена, на пример, преку визуелно зачувување на исходите од учењето или преку групни консензуси за се. Недоразбирањата можат да се намалат и нивото на информираност на учесниците да се доведе на исто ниво. Треба да се запамети дека подготовката за визуелизација исто така придонесува за глатко одвивање на обуката за вас во улогата на обучувач: одлуката да ја користите визуелизацијата и целосната подготвка ве присилуваат да дадете детална мисла на структурата, индивидуалните чекори и целта на обуката. Ова нуди сигурност дека можете да влезете во курсот добро подготвени, и на тој начин да управувате со поголема доверба и флексибилност. Визуелизацијата значи намалување, потенцирање и трансформирање на информацијата. Ова може да се направи со помош на: • Неколку клучни зборови, • симболи, • врски, • бои, • предмети, н.п. кукли кои ги претставуваат луѓето, • видеа, н.п. презентирање на извадоци од семинари, • слајдови, фотографии, слики и слично со употреба на , • гестикулации или мимики, н.п. во презентации на пантомима. Многу публикации кои ја разработуваат темата на визуелизација превземаат потполно разбирање за потребните техники. За целта на семинарите за ИСКУСТВЕНО УЧЕЊЕ, се препорачува да се користат што е можно повеќе техники. Ослободете ја вашата креативност,
работете заедно со учесниците да создадете разнобразни визуализации и на тој начин да обезбедите висок степен на успешност во учењето.
2. Техники на Визуелизација и средства
За визуелизација, се разбира, вие можете да употребите се што ги прави работите видливи. Следните пасуси ќе ви обезбедат информации за наједноставните средства, вклучувајќи информации за нивната примена и совети како да ги користите:
2.1. Табла за пишување
Таблата, или зелената табла од училишните денови, е класичното средство за визуелизација. Често е поврзано со методите на „класични“ училишни инструкции. На обуките, зелената табла често е заменета со бела табла, проектор, кодоскоп или флипчарт. Употребата на белата табла е практично идентична со онаа на зелената, додека проекторот, кодоскопот или флипчартот извршуваат дополнителни функции исто така. Се препорачува употреба на сите достапни средства со цел семинарот да се направи што е можно подинамичен. За разлика од флипчартот, зборовите на таблата можат да се избришат и да се заменат со други. Насловите за табелите можат да се задржат, додека старите вредности се бришат и се заменуваат со нови. Единствено средство кое нуди слични можности е кодоскопот, само во случај доколку се користи мастило растворливо во вода. Информацијата треба да се избрише од 35
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
таблата, сепак, за да се додаде друга информација, претходната информација која е избришана не е повеќе достапна. Со други зборови, таблата е идеално средство за визуелизација на информации кои можат да бидат променети или кои не треба да се документираат, правејќи ја на тој начин еден вид форма на „тетратка“ за текот на обуката. На пример, ова се однесува на: • скици кои се користат за објаснување на индивидуални проблеми кои се појавуваат во текот на обуката, • објаснувајќи спорни поими во текот на дискусија, • Сите видови на примери кои сакате да ги илустрирате на лице место, • Многу бреинтизери, каде учесниците би требало да можат да ги покажат нивните обиди за да најдат решение, како и • Правење визуелизација за време на кратка презентација на настан, која нема да е повеќе потребна во подоцнежниот дел од обуката. Белешки за употреба • Пишувајте со големи букви и читлив ракопис. • Не вклучувајте премногу информации на една слика на таблата. • Користете стрелки, кругови и други слики со цел да ги оживеете вашите цртежи, да ги нагласите важните поенти и да ги демонстрирате врските. • Користете креда во боја во прилог на бела креда за да подвлечете нешто. • Во зависност од посакуваниот исход од учењето, можете да планирате претходно цртеж на таблата, да скицирате на парче хартија и да ја покажете во ситуацијата на учење (ова еднакво важи и за флипчартот и за проекторот).
• Натерајте ги учесниците да го илустрираат својот придонес на таблата, ако ова одговара со развојот на дискусијата.
2.2. Флипчарт (сталак) Во принцип, употребата на флипчартот е идентична со таа на таблата, со единствена разлика што листовите хартија може да се зачуваат, дозволувајќи информацијата да биде зачувана за употреба кога ќе биде потребно во иднина (на пр. да се постави на видливо место во просторијата за сите, за целото време на обуката, или да се употреби повторно во подоцнежниот дел на обуката). Флипчартите се затоа поскапи од таблите, сепак, можат да се користат за многу обуки. Во прилог на функциите на таблата, флипчартите се суштински погодни за: • Претходно планирана визуелизација, на пр. правила на вежбата, табели за резултати, или за поддршка на споделено знаење на предавањата, • Брзо запишување на изјави кои не треба да се изгубат (за бура на идеи и процесирање), • Суштински реченици или графици кои се со намера да се употребат повторно, • За резимеа и прегледи (документирање на резултатите од работата). Белешки за употребата • Хартијата не треба да биде премногу дебела или крута, бидејќи треба да биде лесно префрлањето на страните. • Пишувајте со големи и читливи букви. • Користете стрелки, кругови и други цртежи со цел да ги оживеете вашите 36
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
цртежи, да нагласите важни поенти и да демонстрирате врски. • Користете маркери во различни бои. • Не пишувајте премногу информации на флипчартот. Работите со кои вие како обучувач би сакале да работите во подоцнежен период или кои ве интересираат, можете да ги забележите на метаплан картички за да избегнете предизвикување на забуна кај учесниците со премногу информации. • Не го блокирајте видикот на учесниците: Застанете до флипчартот ако сте деснорак, застанете на десната страна од флипчартот гледано од страната на учесниците; ако сте леворак, застанете на левата страна – пишувањето во оваа позиција можеби ќе бара малку пракса, но ви олеснува на вас да го насочите вашиот говор кон групата. • Обидете се да воспоставите контакт со очите со групата додека пишувате. Ова е важна причина за запишување на клучните поенти во скратена форма. • На крајот на денот, целата хартија на која е пишувано треба да биде отстранета ако сте сигурни дека нема да е потребна за други делови на семинарот. Можете повторно да употребите други страници подоцна; можноста да се повтори оваа вежба помага во консолидирање на она што е научено и служи како добар мотиватор кога е искористено како почетна точка за новата ситуација на учење.
и други PC програми за визуелизација. Тие се многу соодветни за презентации бидејќи можеш да користиш широк спектар на алатки за презентација и техники за анимација за да ја направиш презентацијата динамична. Исто така е можно да се демонстрираат сложени врски на еден единствен слајд, ако се земе во предвид фактот дека една слика и графика можат да заменат повеќе од илјада зборови. Составувањето на слајдот може постепено да биде направено и презентирано, правејќи го разбирањето полесно. Со употреба техники за анимација, вие лесно можете да ја адаптирате брзината на вашата презентација во зависност од групата со која работите, и можете да се префрлате напред и назад на слајдовите. Податоците можат претходно да се подготват и да се користат неколку пати. Недостатоците се: PowerPoint презентација или прикажување на податоци не стимулира активно учество, туку однос на „конзумирање на знаење“, бидејќи се е претходно подготвено. Не можете да претставите промени или прилагодувања на лице место бидејќи ќе треба да подготвите нов слајд. Исто така, ќе треба да ја затемните просторијата за да осигурите добар преглед на слајдовите, што може,од друга страна, да предизвика умор кај учесниците. Затоа, прекинувајте ја вашата презентација за да поставувате прашања и поканете ги учесниците да коментираат за тоа што го виделе на слајдовите. И правете кратки презентации со проекторот. Мултимедијален Употребата на презентација со проектор мултимедијален проектор секогаш се препорачува кога: Мултимедијалниот проектор е многу често • Техничките реквизити се достапни, користен во комбинација со PowerPoint • Вие споделувате информација во
2.3.
37
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
форма на предавање, • Едноставно споделувате информација, • Посакувате да создадете информација и аргументација во чекор по чекор процес, • Презентациите се со намера за повторна употреба, • Не е потребно резултатите да бидат достапни во просторијата за обука за поголем период од време, • Презентациите не треба да се поставени една до друга – на пр. кога се споредуваат резултати на групата. Белешки за употреба • Кога ја подготвувате презентацијата, не ги преполнувајте слајдовите со премногу различни бои, различни големини и видови на букви, неколку слики на само еден слајд итн. Не користете премногу анимации; ова може да го одвлече вниманието на учесниците од содржината на вашата презентација на самата анимација. • Користете големи букви за текстот, користејќи клучни зборови и кратки фрази наместо долги реченици. • Мултимедијалните проектори се сеуште прилично скапи и нема да ги имате на располагање на секоја обука. Информирајте се претходно, бидејќи може да биде потребно да ги замените вашите слајдови со друга визуелизација ако не е достапен мултимедијален проектор. • Понекогаш е тешко да се најдат нови светилки, а исто така се и скапи, затоа осигурајте се да го оладите проекторот пред да го исклучите целосно. Прочитајте ги упатствата и инструкциите внимателно пред да го користите проекторот. • Во некои држави снабдувањето со струја не е стабилно. Мултимедијалниот
проектор и вашиот компјутер може да се оштетат доколку се појават чести прекини на струја.
2. 4. Кодоскоп Кодоскопот воглавно се користи како помош за визуелизација во големи сали со голем аудиториум. Ова често создава импресии дека проекторот стои помеѓу учесниците и инструкторот. Сепак, тој исто така е многу соодветен и за визуелизација во мали групи. Проекторот исто така може да се користи и за поддршка на вклученоста на учесниците. Вие самите можете да ги визуелизирате вашите идеи/мисли и/или лекции од обуката или подгответе ваши сопствени слајдови, на пр. за презентација на резултатите од групната работа. Кодоскопот има предност во тоа што нема потреба да им го вртите грбот на групата. Вие оддржувате директен контакт со групата преку целото време и сте во можност директно да ги забележите сите нивни реакции. Вие имате можност да објасните нешто така што најпрво ќе поставите слајд на проекторот и потоа постојано ќе додавате нови информации, слики и други слични предмети кои претходно сте ги подготвиле, откривајќи ги постепено. Слајдовите се многу лесни за подготовка, на пр. вие исто така можете – доколку имате пристап до техничките инструменти едноставно да ги испечатите документите од сесиите врз слајдовите. Ова ви помага од потребата да ги пишувате истите на флипчарт хартија. Слајдовите се исто така идеални за повеќекратна употреба, што значи дека вие значително можете да ја намалите подготвителната работа, на пр. за предавања. 38
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
Кодоскопот нуди висок фокус на внимание на екранот, кое многу користи во ситуации на предавање, но може да се јави како пречка во процесите на дискусија. Употребата на презентација со помош на кодоскоп е слична со онаа објаснета под 2.3. мултимедијален проектор. Белешки за употреба • Пишувајте јасно и читливо. • Користете стрелки, кругови и други цртежи со цел да ги оживеете вашите цртежи, да нагласите важни поенти и да демонстрирате врски. • Работете со пенкала во различни бои. Црвената треба да се користи исклучиво за подвлекување. • Обидете се да воспоставите контакт со очите со групата додека пишувате. За да го постигнете тоа, треба да се обидете да ги забележите само најважните точки, и да го правите тоа колку што е можно појасно. • Кога користите претходно подготвени материјали, не презентирајте одеднаш премногу информации, во спротивно учесниците нема да ве слушаат бидејќи вие ќе се трудите да ја прочитате сликата од кодоскопот. • Создадете сложени меѓусебни врски на чекор-по-чекор основа со поставување на парче хартија под слајдот и со повлекување на истото дел по дел. Со поставување на хартија под слајдот вие ќе се осигурите дека истиот нема да ви слизне. • Секогаш исклучете го проекторот кога ќе завршите со него (на овој начин нема да се оштети). Во моментот кога повторно ќе го вклучите, вниманието на групата веднаш ќе се насочи кон екранот на проекторот. • На крајот на денот треба да
поминете низ слајдовите за да видите на кој од нив би сакале да се навратите во подоцнежниот дел од семинарот. • Поради природата на повторување, употребата на познати слајдови кои се создадени за време на семинарот помага да се консолидира наученото и служи како добар мотиватор кога е употребено како почетна точка во нова ситуација на учење.
2.5. Метаплан техника Метаплан техниката веќе долго време е установена како важна техника за визуелизација за модерни методи на презентација и обука. Исто така таа е клучна компонента на ИСКУСТВЕНИТЕ курсеви. Метаплан техниката се разликува поради фактот што учесниците ги запишуваат своите прилози, идеи и предлози на мали правоаголни картички. Овие картички потоа се прикачуваат на мека табла, взаемно организирани, структурирани и – еднаш штом ќе заврши процесот залепени. На овој начин заклучокот до кој стигнале учесниците е достапен за дополнителна визуелизација. Чинот на запишување мисли на мали картички кои потоа се закачени со цел сите да ги видат дозволува дискусиите да не бидат само вербални, но исто така да бидат зачувани во пишана форма и да се чуваат мислите разделени во организацијата. Ако обучувачот ги собере картичките од сите учесници после поставување на прашање, ова исто така дозволува метаплан техниката да ги задржи прилозите од дискусиите анонимни. На овој начин, дури срамежливите и скромните имаат 39
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
можност да ги изразат своите мислења или чувства. Можностите за употреба на метаплан техниката се огромни. Таа е најфлексибилната и партиципативна техника за визуелизација, поради што исто така вклучува, до голем степен, идентификација на учесниците со групните резултатите кои се постигнати. Ова значи дека работењето со метаплан картички е особено пригодно кога: • Резултатите од процесот на дискусија треба заеднички да се елаборираат, • Важно е сите учесници да го изразат своето мислење, • Треба да се постигнат договори преку резултатите на групата. Важно е дека прилозите или идеите можат да се совпаѓаат или разликуваат. Дополнително, боите на метаплан картичките и разновидноста на формите служат за додавање на дополнителна димензија на работата со флипчарт. Многу обучувачи користат метаплан картички како форма на документирање за предавања и за проширување на материјалот што се презентира преку запишување на најважните клучни зборови на различни картички во боја. Редењето на боите може да го олесни одредувањето на индивидуалните теми или чекорите на учење. Затоа веќе е очигледно дека метаплан картичките можат да се користат во една или друга форма во скоро сите ИСКУСТВЕНИ вежби. Како техника за визуелизација, сепак, метаплан е поконкретно опишана преку групна дискусија изведена со помош на картички. Следните белешки за употреба се исто така поврзани со ова. За дополнителна помош ние исто така имаме обезбедено
пример за различните можности за уредување на специјално истражување (кластери). Белешки за употреба Употребете највисоко ниво на грижа кога ги подготвувате материјалите што ќе ви требаат: • Исправени табли (пин табли, меки табли) треба да се покриени со што е можно најефтината хартија, пожелно кафеава (за виткање) хартија. На овој начин ќе можете да пишувате на таблите, и на крајот да ги залепите. Ако нема соодветни меки табли достапни во просторијата за обука, можете да користите зелена табла или голема дрвена табла покриена со листови стиропор. Треба да имате една табла за приближно 6-8 учесници, т.е. за обука со 25 учесници треба да имате најмалку три, а пожелно е четири, исправени табли. • Ви требаат доволна количина на правоаголни картички на кои учесниците ќе ги пишуваат своите прилози, приближно една третина од нив треба да бидат бели, како дополнување на картичките во најмалку пет бои. Освен тоа, треба да имате неколку различни форми во рака: долги правоаголници за наслови, кругови, овални форми за белешки и за структуирање, итн. • На сите учесници ќе им биде потребно најмалку едно пенкало-маркер со средна дебелина во црна или сина боја. Црвените маркери треба да се користат само за маркирање. • Иглички (пинчиња) во доволен број, за закачување на картичките на меката табла. Пред почетокот на курсот треба да ги поставите игличките во аглите на меката табла за да можете да ги дофатите лесно без притоа да ја попречувате дискусијата барајќи ги. 40
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
• Бележење на темите со светли или флуоресцентни бои. Ова ќе им овозможи на учесниците да ги определат главните поенти и ќе ги изберат темите. • Осигурете се секогаш дека идеите и прилозите на учесниците за време на дискусијата се веднаш визуелизирани. Ако најпрво дозволите дискусија за индивидуалните прилози, групните прилози ќе се изгубат и ќе ризикувате загрозување на фер однос кон сите прилози. • Запознајте ги учесниците со методите и претставете им ги основните правила за пополнување на картичките, препорачливо на флипчарт каде можете да ги оставите толку колку што е неопходно за учесниците да ги совладаат правилата: 1. Само една мисла или изјава на картичка. 2. Изјавата треба да биде разбирлива без дополнителни објаснувања. 3. Пишувајте јасно и читливо. 4. Не повеќе од три реда на картичка. 5. Пишуваме со маркер, за да биде видливо. • Осигурете се дека сте направиле јасно и концизно формулирање на прашањето на кое учесниците треба да ги понудат нивните прилози. Информирајте ги учесниците колку картички им се на располагање, можеби додека ги броите картичките кои ќе им ги дадете, на пр. две црвени картички и две сини картички за прашањата за предности и недостатоци. • Работете само со прашалници за евалуација кога сте сигурни дека е возможно да креирате корисна структура од одговорите на учесниците без да губите дополнително време. • Прочитајте ги сите картички пред
да ги поставите на таблата. • Не изоставајте картичка според вашето одобрување, секогаш направете групна дискусија. • Наредете ги прилозите во склад со јасните структурни правила кои им ги имате објаснето претходно на учесниците. „Кластерот“ е можеби најважен начин на структирирање на прашалниците за евалуација. Ги поставувате картичките во согласност со конкретна содржина, ова е секогаш неопходно кога или има премногу картички или кога прашалникот бил направен со цел добивање на структура, на пр. како кај бурата на идеи. Дополнително можете да структуирате многу прилози во форма на листи и дури да ги поставите спротивно еден на друг кога тоа е соодветно, на пр. идеи, проблеми, асоцијации, очекувања и стравови, предности и недостатоци или силни страни и слаби страни. Исто така можете да ја истакнете независната врска помеѓу различните нивоа така што ќе ги наредите картичките на дрва. Оваа форма на презентација може да произлезе од кластерите ако сакате брзо да се справите со одредена тема. Во овој случај треба да ги земете картичките што ги имате групирано во кластери и, заедно со учесниците, да ја истражете врската помеѓу индивидуалните изјави.
2.6. Видео Снимањето на ситуациите за учење на видео им дозволува на учесниците да ја прошират нивната сопствена перцепција и подобро да ги контролираат нивните ефекти на нивната непосредна околина. Затоа може да е корисно да снимите делови од вашиот ИСКУСТВЕН курс на 41
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
видео и да им го покажете на учесниците, на тој начин давајќи им шанса да го набљудуваат нивното сопствено однесување. Нус појава на видео снимањето и видео презентацијата на делови од вежбите е подоцнежното утврдување на она што е научено, бидејќи повторно се справуваме со резултатите. Снимањето видео исто така може да служи во намерата да се направи процесирањето разбирливо, и да се подвлечат резултатите кои биле разработени во групата. Ова значи дека снимањето видео може да служи како техника со зголемена разноликост и ефективна техника кај ИСКУСТВЕНИТЕ семинари на пр. во • Вежби каде е даден и применет фидбекот, • Играње на улоги (ова особено се препорачува кога реализирате презентација на бизнис планови во контекст на играње на улоги), • Во симулациите на производство, со цел да можете подобро да дискутирате за поведението и поделбата на улогите. Треба исто така да имате на ум дека правењето на видео кое може да се користи за процесирање бара одреден труд. Мора да го снимите видеото, да го погледнете, и дури да ги изберете деловите кои сакате да ги презентирате, така што ќе исечете дел од снимката, за да на крај ја презентирате. Ова значи дека не можете да го раководите директно процесирањето кое следи по вежбата; или ќе треба да се навратите на него уште еднаш истото попладне или можеби следниот ден. Мора да бидете сигурни дека предноста од ова видео во обезбедување на сигурност во успехот од учењето е пропорционално со потребниот труд да го направиш. Со други зборови,
треба да вклучите единствено видеа за визуелизација на неколку вежби во текот на курсот, кога сакате да ставите одреден акцент на набљудување на поведението. За оваа цел, сепак, видеото е инструмент без конкуренција. Подолу ќе најдете предлози за чекор-почекор процес на снимање видео со цел да се олеснат вашите први обиди. Снимање Ако не поседувате сопствена камера, треба претходно да најдете сервис да изнајмите. Треба да ја подигнете камерата не подоцна од вечерта пред да ја користите и да направите пробно снимање за да се осигурите дека камерата работи правилно. Исто практично е користење на камерите од мобилните телефони. Само осигурајте се како ќе се поврзи видеото од мобилниот телефон со носачот на мултимедија. Повеќето луѓе не сакаат да бидат снимани за време на ситуација за учење. Камерата може да има рестриктивен ефект. Има бројни работи кои можете да ги направите за да го спречите ова: Поставете ја камерата еден ден пред да ја користите и оставете ја таму во текот на денот. Ова ќе им овозможи на учесниците да се навикнат на камерата. Можете да го замолите другиот обучувач или еден од учесниците да сними секвенца од вас. Потоа запрашајте ги учесниците дали откриле нешто ново за вас. Целта на оваа вежба: Учесниците да препознаат дека ова незгодно чувство што го има некој додека се гледа самиот, не го чувствуваат другите, бидејќи она што го гледаат им изгледа сосема нормално. Зборувајте со групата доколку се загрижени и прашајте ги што мислат дека се предностите на правење видео запис. Не инсистирајте на употреба на видео 42
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
запис ако групата е силно против тоа. Погрижете се да не снимите премногу сцени. Претходно треба да размислите која од очекуваните сцени можеби е особено соодветна за видео запис. Ставете ја камерата на трипод - ова ќе спречи климави снимки. Ако сакате да ја промените таргет областа на видео записот, бавно и смирено свртете ја камерата. Користете го зумирањето – но не премногу. Погрижете се случајно да не вклучите предмети или главите на учесниците, итн., кои се премногу близу до камерата. Возможно е камерата автоматски да фокусира на овие предмети – што значи дека работите што вие се обидувате да ги снимите се надвор од фокусот. Сечење Можно е да подготвите повеќе снимен материјал отколку што ќе можете да оцените со учесниците. Осигурете се да испланирате предвреме за да можете да ја исечете снимката, и да овозможите доволно време за селекција на соодветните сцени. Крајните сцени не би требало да се подолги од 10 минути. Кога ги селектирате сцените, внимавајте да не направите вашите учесници да се чувствуваат глупаво. Ова може да им наштети на нивната самодоверба или да ги налути и на тој начин да ги оттргне од релаксираната атмосфера за учење. Процедура за презентација/евалуација: Групата треба да седи околу телевизорот (или друг носач на мултимедија) како сака (без наложено седење). Пуштете ја секвенцата без коментар. Потоа прашајте ги „актерите“ како се чувствувале додека го гледале филмот, кои позитивни или негативни работи ги забележале. Прашајте ги кои работи ги забележале.
Направете преглед на точките на учење и дискусиите кои сте ги имале на сесиите од претходните денови и илустрирајте ја главната содржина од видео секвенцата.
43
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
V.
СОВЕТИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ И ПОДГОТОВКА НА СЕМИНАРИ ЗА ИСКУСТВЕНО УЧЕЊЕ Пакетот на обуката се базира на методи ориентирани кон учесниците и методи на искуствено учење со активно учество на учесниците. Ова значи дека најмалку двајца обучувачи се потребни да го подготват и водат семинарот. За одделни теми за кои се бара стручно знаење (да се дискутира и соопшти) препорачливо е да се поканат експерти. И покрај детално структуираната информација која е дадена во материјалот за обука, сепак можат да се појават некои клучни организациски проблеми и истите треба да се решат пред почетокот на обуката. Зависи од нашето искуство како ќе ги решиме, следниве совети имаат за цел да ви помогнат во вашите должности како обучувачи.
1. Избор на место за обуката Местото за обука треба да ги запази следниве спецификации: • Главната соба за обука треба да обезбеди слободно движење и треба да собере до 30 учесника кои ќе седат во круг; • Дополнителни помали соби за обука или затемнети надворешни простории би требало да се достапни; • Треба да има доволно место на ѕидовите да се прикачат големи листови хартија со резултатите од работата; • Собите за обуката треба да ви се достапни преку целото време на обуката; • Потребна е канцеларија блиску до главната соба за обука; • Потребен е лесен пристап до фотокопир;
• Ако е возможно, не бирајте места кои се направени само за традиционални конференции и осигурете се дека таму ќе се одвиваат играње на улоги и симулациски вежби! • Местоположбата треба да е во близина на помалку од 20 км до соодветни модел претпријатија.
44
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
2. Подготовка и Организирање на Логистиката Направете договори за местото на обуката според погоре спомнатите спецификации. Во случај учесниците да се од различни места и да е потребно сместување, вие треба тоа да го земете во предвид при изборот на место за обука. Препорачливо е да обезбедите обука и сместување на истото место. Обезбедете ја потребната опрема за обука како што е: • Метаплан табли (алтернатива пин ѕид), за 25 учесници ви требаат 2-3; • Кодоскоп или проектор со резервна светилка; • Фотокопир; • Флипчарт табла (или 2) со доволно хартија; • Зелена или бела табла; Проверете дали опремата функционира правилно, особено ова се однесува на фотокопирот и проекторот. Осигурете се дека целиот потребен материјал е достапен еден ден пред почетокот на семинарот. Следниот список го покажува потребниот материјал за 25 учесника. • 30 м кафеава хартија (за виткање); • 300 – 400 флипчарт хартија; • 25 маркери / пенкала (сини или црни); • 10 големи маркери со различни бои; • 500 листови А4 хартија, и околу 1000 листови за фотокопии; • 5 ножички; • 5 линијари; • 30 слајдови за проектор; • 4 маркери за проектор со различни бои;
• Околу 2,000 метаплан-картички во најмалку 4 различни бои, повеќето правоаголни, но исто така и овални и кружни; • 4 кутии иглички (околу 200 игличк); • 5 лепаци; • 50 m лента за маскирање; • 10 пенкала; • 5 гуми за бришење; • 5 хефталици; • 5 перфоратора; • 2 сунѓера ако користите табла; Забележете дека некои вежби имаат специфични побарувања, кои не се вклучени овде. Затоа се препорачува да се почне со подготовката и организацијата на семинарот доста време пред почетокот на истиот. Одлучете се дали модел претпријатијата или предлог проекти (спецификациите се дадени под секој материјал за обука) ќе се користат за практичната фаза на обуката. Одлучете исто така да посетите претпријатие за време на првата недела од семинарот. Посетете ги претпријатијата и овозможете им пристап на учесниците до информациите за пишување проекти. Одлучете кои екперти ќе ги поканете за панел дискусија каде ќе се даде фидбек за резултатите од работата на терен на крајот од практичната фаза. Треба да испратите писмени покани до експертите кои би сакале да учествуваат и треба да ги доставите поканите преку лични посети. Објаснете им детално што очекувате од поканетите гости. Во случај да се организира официјална 45
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
церемонија на отварање, почесните гости треба претходно да се поканат официјално и логистичките подготовки треба да се направат. Вторите вклучуваат закажување на соодветна сала, декорации, набавка на освежувања, подготовка на материјали за информирање за почесните гости, евентуално да се поканат и медиумите. Скоро истото важи и за официјална церемонија за затворање. Во прилог на погоре споменатите подготовки, треба да се обезбедат печатени сертификати. Исклучок се случаите надвор од целите на семинарот – на пример промоција на институција - нема потреба од две официјални процедури, церемонии за отворање и затворање. Сепак, не треба да се потцени фактот дека официјалните процедури додаваат вредност на семинарите и ги стимулираат активните учесници.
3. Подготовка на сесии и Тек на Обуката
Успехот на вашиот семинар во голема мера зависи од квалитетот на вашата подготовка. Дозволете си доволно време за тоа и обезбедете информација пред обуката за самите учесници: возраст, пол, образование, професионално искуство. Врз база на тие основни информации треба да одлучите колкав пренос на знаење ќе биде потребен. Исто така и временскиот распоред ќе влијае од биографијата на учесниците. На групите без претходно искуство со искуствено учење можеби ќе им треба време да се запознаат со истото. Не им правете преголем притисок. Една недела пред почетокот на обуката,
обучувачите е потребно да се состанат за да го испланираат детално распоредот. Тие треба да одлучат кој ќе виде главен обучувач, одговорен за целиот семинар. Исто така треба да одредат и други улоги: кој ќе биде одговорен за водење на првата, втората и сите последователни сесии, и кој ќе делува како помошник обучувач? За повеќето вежби се потребни двајца обучувачи. Улогите треба да се менуваат низ обуката, но да се внимава да не се оптерети само еден од нив. Целокупната улога на главниот обучувач треба да се одржува низ целата обука. Деталното планирање на сесиите, подготовката и набавката на материјали за обуката се прави потоа. Во секој случај, помошник обучувачот треба да е способен да ја превземе сесијата во случај главниот обучувач да се изгуби или да се соочи со непредвидени потешкотии. Вие сте тим, не обична група на индивидуални обучувачи. Само во исклучителни ситуации треба да делувате како главен обучувач во дадена вежба или симулација каде немате претходно искуство. И, во главно, обрнете посебно внимание на воведниот и делот за процесирање на вежбите за симулација. Прецизната подготовка ви дозволува да бидете флексибилен на обуката, иако ова може да звучи контрадикторно. Причината е дека целосно можете да се концентрирате на процесот само ако сте ги подготвиле сите материјали претходно. Препорачливо е да ги подготвите сите транспаренти пред почетокот на семинарот. Како резултат на интерактивниот карактер на обуката, треба да правите прилагодувања на програмата за обуката и да презентирате промени, така што ќе биде потребна 46
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
подготовка на дополнителни материјали за обуката . Сите печатени материјали дадени во прирачникот за обука содржат информации за биографијата на учесниците. Најмалку овој вид на печатени материјали треба да е подготвен пред почетокот на семинарот, т.е. фотокопирани во доволен број, средени и захефтани. Обврска на обучувачот е да одлучи кои други делови од материјалот за обучувачи треба да се пренесе дополнително во печатен материјал. Треба да се одлучи исто така дали е потребно да се преведат материјалите на локалниот јазик. Во секој случај, проширените студии на случај, чек листите, графиконите, и подолгите работни листи треба да се подготвени како печатени материјали. Трет вид на печатени материјали – и можеби најважниот- се оние материјали кои се изработени заедно за време на семинарот или сумирани резултати од дискусии. Бидејќи овој вид на материјали не може да се подготви претходно и ќе одзеде преголемо внимание за време на семинарот, стандардните материјали треба да се подготват што е можно најдобро. За посетата на претпријатие или институции и за практичната фаза на обуката, потребни се документи за развојот на претпријатието/ институцијата. Бидејќи овие документи содржат доверливи информации за организацијата, вие треба да ги избришете тие податоци пред да ги фотокопирате оригиналните документи, кои можеби не се вредни но можат да водат до лесна идентификација на претпријатието. Се разбира, на учесниците им се потребни сите информации, но треба да се обврзат на доверливост во однос на истите.
4. Организација за време на Семинарот
Главните административни работи треба да се дискутираат темелно на самиот почеток на секој семинар. Овде се вклучени самоорганизирањето на учесниците, дневен распоред, логистика, евалуација, активности после обука. Различните ситуации на обуката може да ве присилат да го промените распоредот, да вметнете други вежби, или да скратите и продолжите одредени сесии согласно барањата за учење на учесниците. Затоа, финото приспособување е суштинско за време на семинарот. Силно се охрабрува дневна средба на обучувачите после последната сесија со главна цел прегледување на дневните активности, вклучувајќи ги и резултатите од дневната евалуација, и за финализирање или приспособување на активностите за следниот ден кон ситуацијата на класот: можеби се идентификувани дополнителни потреби од обуката, можеби групната динамика не се одвива како што е замислено или може да се појават некои други непредвидени околности кои можат да наложат промена на планираниот распоред. Взаемната критика на пријателски и конструктивен начин помага во подобрувањето на сите обучувачи преку учење од грешките. Пофалбите и честитки за добро завршената работа исто така треба да бидат истакнати секогаш кога има можност за тоа со цел да се охрабрат колегите. Главниот тренер е оној кој е одговорен да не дојде до нефер критикување. Тактичноста, 47
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
разумноста и смиреноста помагаат за успешно водење на такви дискусии и за градење и овозможување на клима за учење за обучувачите. Со цел да ги олесните прилагодувањата на планираниот распоред, треба да изложите лист со неделен план во собата за обука. Објаснете ги поголемите прилагодувања на учесниците и ориентирајте ги каде се наоѓате моментално на распоредот. Потрудете се сите потребни материјали – печатени материјали, транспаренти, флипчарти, итн.- да бидат подготвени вечерта пред да ја водите обуката.
4.1. Стандардни Дневни Активности
Постојат стандардни активности кои не се специјално споменати во главниот опис на сессите. Тие го структуираат денот и се состојат од: a) Почеток на денот • Извештај на портпаролот: преглед на активностите од претходниот ден • Именување на портпарол за следниот ден • Фидбек на резултатите од дневната евалуација од претходниот ден • Административни соопштенија (ако ги има) b) Крај на денот: • Административни соопштенија (ако ги има) • Дневна евалуација
4.2. Евалуации Силно се препорачува да им се даде можност на учесниците за дневна евалуација. Ако има доволно време, можете да имате кратка сесија за евалуација каде секој ќе даде краток фидбек – што било добро денес, која бил најважниот дел од учењето за мене, во која област ми се потребни дополнителни информации или обука , што не ми се допадна денес? Во писмената евалуација треба да се содржат работите поврзани со содржината како и логистиката, а исто така и вкупното расположение. Забележете дека резултатите од евалуацијата треба да се дискутираат внимателно во тимот на обучувачите, а исто така и со учесниците. Ако не се дискутираат резултатите, и во случај резултатите од евалуацијата да го сугерираат тоа, и тоа доведе до промена на програмата на обуката, истата ќе стане непотребна активност. Во прилог на формалната евалуација можете да ја претставите како вежба “Ѕидот на Плачот”, т.е. создавате простор на ѕидот подготвен со хартија каде секој може да ги изрази своите поплаки и сугестии. Наместо предложениот Ѕид на Плачот можете да подготвите и т.н. “Поштенско Сандаче”, покриена кутија или корпа, и да ја поставите некаде во просторијата за обука. Предноста на поштенското сандаче е дека поплаките и предлозите се анонимни. Финалната евалуација се прави на крајот од семинарот. Финалната евалуација се состои од прашалник и од отворена дискусија. Се препорачува да се направи 48
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
писмената евалуација ден пред да заврши обуката за да се обезбеди доволно време за детална анализа на резултатите. Фидбекот на резултатите треба да е почетната точка за дискусијата за евалуација. Знајте дека е потребно да ги приспособите моделите согласно реалната имплементација на програмата на обуката. И на крај, обезбедете време за активности за збогување, церемонија за испраќање и можни договори помеѓу учесниците да останат во контакт па дури и да соработуваат.
5. Групирање на Учесниците Групната работа игра важна улога во ИСКУСТВЕНАТА обука. Покрај вежбите со бура на идеи, играње на улоги, вежби за симулација, и структуирани дискусии повеќето сесии се базирани на групната работа. Обучувачот воведува тема, ја поврзува со искуствата на учесниците и ја дискутира релевантноста на истата врз база на ден-на-ден. За време на пленарна сесија елементите на одредена техника, метод , процедура, итн, се елаборирани заедно. Ова во многу случаи, е проследено со групни вежби, за време на кои од учесниците се бара да ја применат техниката, методот или процедура во студија на случај. После завршувањето на работните задачи на групата, резултатите од истите се презентираат и заеднички се дискутираат. Низ конструктивен фидбек од обучувачите и со-учесниците резултатите се поправени и дополнети и се извлечени заклучоци. Ако не се дадени упатства за време на сесијата, подвлечете дека групирањето може да се направи по случаен избор или може да ги замолите учесниците сами да се групираат. Ако дозволува времето, можат да се употребат вежби за групирање кои изискуваат одреден физички напор, со цел да се поделат учесниците во подгрупи со тоа што групата ќе се стимулира за претстојните вежби. Примери за енерџајзери кои можат да се употребат за групирање се прикачени на овој документ. Осигурете се дека составот на групата ќе се менува на тој начин што учесниците ќе го искористат тоа. Воглавно, се советува да се промени составот на подгрупите 49
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
од време на време со цел да се зголеми учењето од различни точки на гледање и искуства помеѓу учесниците. За теренска работа и елаборирање на задачи треба да ги групирате учесниците според ваш критериум: • Групирајте заедно учесници со различни силни и слаби страни • Комбинирајте различни професии • Машки и женски учесници • И осигурете добра групна кохезија. Групата не треба да се состои од повеќе од 6 члена, да се промовира активно учество на сите членови од групата. Од друга страна, осигурајте се да не се формираат премногу групи. Повеќе од 4-5 подгрупи нема да можат да ги презентираат резултатите во фазата на издавање или процесирање без да се повторуваат.
објективни и конструктивни критики кон другите членови на групата, на тој начин отворајќи се самите себеси кон критика. 3. Во исто време секогаш ставете ја во преден план целта на промовирање на професионалните компетенции на учесниците 4. Обезбедете простор за емоции. Мислењето и учењето не се исклучиво когнитивни процеси. Сите процеси на учење и мислење се базирани на емоциите. Што мисли некој, или мисли дека знае, за друга личност или факт неможе да се раздели од чувствата и емоциите што ги имаат за оваа личност или факт и како личноста или фактот влијае врз нив. Добрите чувства го охрабруваат процесот на учење, лошите можат да го блокираат. 5. Правете ги паузите флексибилни и согласно потребите на учесниците Промовирање на Работните (доколку тоа го дозволува текот на Способности на Групите избраниот метод). 6. Правете го семинарот порелаксиран Суштински предуслов за успехот на со употреба на вежби за комуникација. обуката е квалитетот на соработка во 7. Употреба на вежби за комуникација групата на учесниците. Затоа прилично е и енергизирање (Енерџајзери) важно да се осигури позитивна атмосфера за учење. На почетокот на обуката се Вежби за комуникација спроведува истакнување на очекувањата и детална дискусија за целите на обуката и програмата. Важно е за мотивацијата Вежбите за комуникација (популарно за учење и за активното учество на наречени Енерџајзери) главно учесниците да ја поврзете програмата на исполнуваат четири функции: семинарот со дневните проблеми со кои • Да создадат позитивна атмосфера тие се соочуваат во нивната работа. за учење, Со цел да се создаде спроведлива • Да ги стимулираат учесниците низ околина за учење, вие како обучувач физички и умствени вежби со цел да треба да: ги направат повнимателни за следната 1. Создадете атмосфера на доверба и сесија (посебно по оброци), взаемна почит. • За да ги групирате учесниците во 2. Отворена атмосфера: Обидете се подгрупи, да ги натерате учесниците да даваат
6.
7.
50
B
ВОДИЧ ЗА ОБУЧУВАЧИ
• за да стимулирате креативност и брзина. На овој начин вежбите за комуникација значајно придонесуваат во поставување на соодветна клима за учење потребна за искуствено учење. Ако сретнете група на учесници кои сеуште не се запознати со оваа техника, тие може да гледаат скептично на овие вежби, што не дозволува превземање на позиција на набљудувач. Со вакви луѓе, почнете со многу кратки и убедливи вежби кои не наликуваат на „детски игри“. Изберете ја внимателно првата вежба за комуникација и бидете добро подготвени. Ако првиот енерџајзер се воспостави дека е неуспех во очите на учесниците, ќе ви биде тешко да ги убедите за корисноста на концептот. Погледнете енерџајзери онлајн кои се соодветни за вашата група учесници.
51
Искуството и референците
од обучувачите за возрасни кои обучувале бегалци и луѓе со помали можности.
C
Искуството и референците од обучувачите за возрасни кои обучувале бегалци и луѓе со помали можности.
„Среќна сум што станав дел од оваа приказна која дефинитивно ме промени но исто така ми даде и магично стапче кое ми помага да ја направам промената во животите на другите на чудесен начин. Го промени начинот на кој ги разбирам потребите на луѓето и како реагирам на нивните потреби. Не можеме да им обезбедиме ништо на луѓето на „нашиот“ начин, потребно е извесно време да влеземе во нивните чевли за да знаеме како да одговориме. Теоријата и педагогијата на искуственото учење за угнетените ме опреми со нов пристап во подготовката и имплементација на обуките. Овој пристап направи да можам да навлезам длабоко во потребите на учесниците, да ја видам реалноста на учесниците преку нивните очи, да почувтсвувам со нивните раце, да вкусам со нивните сетила и соодветно на тоа да ја направам промената во животите на луѓето. Се чувствувам спремна да ја видам сликата одозгора, и да ја направам промената во реалноста на другите без било каков отпор од нивна страна.“
Стојна Атанасовска Димишковска (Македонија) Едукатор за возрасни и Експерт за Бегалски Кризи
“После нашето искуство во Истанбул, научив и применив неколку работи: - Флексибилностa во следењето на претходно установената работна агенда базирана на потенцијалот и потеклото на учесниците, особено кога за време на обуката постои јасна ситуација на загуба на интерес и внимание; - За време на обуката да се постигнат повеќе разултатите (дури и да се мали) преку техниката „минигол“, да им дозволиме на учесниците да се чувствуваат важни и вклучени во процесот, да пробаме да го извлечеме најдоброто од нив и да ја зголемиме нивната самодоверба; - Знаењето како да се набљудуваат и слушаат позитивните и негативните коментари на учесниците, исто така и преку невербалната комуникација, обидите да ги цениме над се друго со цел да можеме да ги подобриме двете, обуката и моите работни навики или вештини, обидот да не влезам во улогата на обучувач кој посочува и наредува, туку да останам на истата страна со учесниците : bottom up образование и „визуелен контакт“; - Учењето преку правење: напорите да се изведат многу практични активности и можноста на учесниците самите да ги откријат лекциите скриени позади активностите.”
Лука Каџано (Италија) Едукатор на возрасни, Веб и Графички дизајнер
53
C
Искуството и референците од обучувачите за возрасни кои обучувале бегалци и луѓе со помали можности.
“Искуството во Истанбул за мене беше потврда и зајакнување на мојот начин на работа како обучувач. Ми послужи да усовршам некои методи за обука и исто така да разберам други погледи за мене како обучувач, со можност да ги подобрам во идната работа. Педагогијата на угнетените, когнитивната и методолошката основа за оваа Обука за Обучувачи (ТоТ) продолжува да е постојан стимул за мене да се прашувам за мојот начин на работа и да го водам развојот на педагошките вежби кои им ги нудам на моите ученици. Во месеците по искуството од Истанбул имав можност да работам со различни маргинализирани групи, рафинирајќи ги моите вежби и целата организација на обуката базирани на техниките кои ги научив во Истанбул. Она што најмногу ми остави впечаток и што и денес е главен дел од начинот на градење на обука е употребата на моделот на циклусот за искуствено учење.“
Рафаеле Месина (Италија) Едукатор за Возрасни и Обучувач
54
C
Искуството и референците од обучувачите за возрасни кои обучувале бегалци и луѓе со помали можности.
“Денес насекаде се зборува за доживотно учење, што значи дека учењето се однесува на целиот живот , а не само на основното/училишното образование кое порано беше претставено, во присуство на предмет, како единствен дел од животот посветен на учење. Денес, сепак, треба да зборуваме за доживотно учење, кое се однесува на сите области од животот и претставува надминување на местата посветени на учењето (традиционално училишта и универзитети) и зајакнувањето на искуството на сите. Времето и просторот се проширува за да ги вклучи сите области од животот, вклучувајќи го и неформалното образование, кое го користев со години кај децата во училиште на возраст од 10-18, кај возрасни и стари луѓе во предавањето Шпански, фотографија, креативно рециклирање, декупаж техника, употреба на смартфони и друго. Јас користам различни алатки и игри за учење за да се разликувам самиот од класичниот фронтален метод на предавање. Претпочитам хоризонтална димензија во која има соработка помеѓу професорот и учениците и помеѓу самите ученици низ дијалог, комуникација, рефлексија и елаборација. За да се олесни оваа димензија , важно е како е уреден просторот/училницата: Јас го организирам просторот и атмосферата со цел да го направам местото удобно, а потоа се обидувам да го ослободам умот на учениците, за да можат да учат додека се забавуваат. На пример: диалект. Италијанско Шпански/ Англиски На курсот по фотографија за возрасни користев визуелни техники за да ги натерам луѓето да ја ценат околината околу нив, фотографирајќи ги деталите од нивниот град или од соседна земја; тие разбраа дека има убави места блиску до нив исто така, а не само во други делови на светот. Само погледнете на работите со други очи, за да чувствувате различно, подобро. Со курсевите за креативно рециклирање за млади луѓе и возрасни ние ги трансформираме предметите, им даваме нов живот на работи кои повеќе не ги користиме или ги користиме на поинаков и покреативен начин: тегла со џем може да стане фенер, скршено стакло, ѕвонче, кутија за јаца може да стане цвеќиња. Сето ова преку планирање на различните курсеви со употреба на различни методи. Низ моето искуство и студирање го научив најголемиот дел од она што беше опишано на курсот, но сепак сеуште беше важно да се соочам и научам многу други нови работи овде, над се друго Како? Беше од голема помош, на пример, да се користи циркуларна шема за подобрување на текот на обуките за време на фазата за подготовка на обуката.“
Џулиа Мариа Провенцале (Италија) Едукатор за Возрасни
55
C
Искуството и референците од обучувачите за возрасни кои обучувале бегалци и луѓе со помали можности.
ЗОШТО ОДЛУЧИВТЕ
ЕДУКАТОР/ ОБУЧУВАЧ
ТЕМА НА ДА ПОЧНЕТЕ СО ОВОЈ РАБОТИЛНИЦАТА?
КОДИФИКАЦИЈА РЕ-КОДИФИКАЦИЈА
Дидем Јилдрин и Селен Окудучу (Турција)
Меѓусебно запознавање Комуникација Ајсбрејкерс
Учесниците имаа можност да се запознаат меѓусебно подобро со различни игри и ајсбрејкери. Игра со имиња, ајсбрејкери.
ПРЕДМЕТ И МЕТОД?
Сакав да започнам со овие предмети за да се запознаеме и разбереме сите најпрво.
Дидем Јилдрин вредности и Селен Окудучу Права на бегалците (Турција)
Турците и Сиријците имаат толку многу заеднички вредности како што се: храна, танци, култура...Ако го знаеме ова, полесно можеме да постигнеме социјална кохезија и да ја намалиме дискриминацијата помеѓу двете земји. Јас го избрав предметот „ Права на бегалците“ и бидејќи и двете заедници, и Турската и Сириската не знаат за овие права или пак знаат многу погрешни информации на оваа тема..
Цвета Паунова и Вихрен Митев (Бугарија)
Овој метод ќе им помогне на учесниците да размислуваат„надвор од кутијата“ и да разберат дека има и други индивидуални позиции на кои треба да се смета кога се наоѓаме во конфликтна ситуација.
Слични
Цвета Паунова и Вихрен Митев (Бугарија)
Од „Јас“ до „Ние“
Учење како од „Ние“ како заедница да помогнеме „Јас“ да си ја подобри сопствената ситуација
Целта на овој метод е да покаже дека од заеднички интерес индивидуата да направи прогрес дури и преку правење компромиси.
Групна игра: танци и традиции. Учесниците беа поделени во две групи на Турци и Сиријци. Двата тима подготвија и покажаа еден нивен танц и една традиција. Потоа зборувавме за правата на бегалците и што знаат тиe на оваа тема. Потоа игравме игри со сложување, Играта одеше вака. На учесниците им беа дадени делови од загатка. Тие беа составени заеднички. По едно од правата на бегалците беше запишано на секоја загатка.
ДЕКОДИФИКАЦИЈАD (ШТО КАЖАЛЕ УЧЕСНИЦИТЕ)
Учесниците рекоа дека се запознале меѓусебно подобро, ги научиле своите имиња, хобија и ги откриле нивните сличности.
Учесниците од двете држави научија дека имаат многу заеднички работи. Тие исто така ми кажаа дека научиле многу работи за правата на бегалците за кои всушност не знаеле ништо. Ако организирам активности од овој вид, тие изразија желба да се вклучат. Бидејќи многу им се допадна и си поминаа многу убаво на оваа активност. Ова ми го кажаа мене.
Опис на тоа како учесниците ја гледаат првичната ситуација и објаснување зошто тие се во право а другите-не се.
Опис на она што се промени во разбирање на ситуацијата, зошто, и како „Јас“ ќе работи на позитивните аспекти на промена со цел да го реши конфликтот и да добие лични позитивни бенефиции.
56
C
Искуството и референците од обучувачите за возрасни кои обучувале бегалци и луѓе со помали можности.
ЕДУКАТОР/ ОБУЧУВАЧ
Џулиа Мариа Провенцале (Италија)
Рафаеле Месина (Италија)
Рафаеле Месина (Италија)
Рафаеле Месина (Италија)
ЗОШТО ОДЛУЧИВТЕ
ТЕМА НА ДА ПОЧНЕТЕ СО ОВОЈ РАБОТИЛНИЦАТА?
ПРЕДМЕТ И МЕТОД?
Создавање на креативност
Креативноста е важна потреба бидејќи не води секогаш да бидеме љубопитни,флексибилни, отворени. На тој начин ни дозволува да се соочиме со комплексноста преку пронаоѓање нови решенија на стари проблеми, и да ја развиеме нашата уникатност.
Емоционалната интелигенција во работните вештини на жените
Младите невработени жени не се целосно свесни за нивните основни права и нивните неформални компетенции и често има недостиг на автономија помеѓу овие жени.
Обука за креативност
Една од најважните вештини поврзана со емоционалната интелигенција е креативноста и оваа компонента е вообичаено поразвиена кај жените.
Менаџмент на стресот
КОДИФИКАЦИЈА РЕ-КОДИФИКАЦИЈА
Анализирај ја врската помеѓу стандардизацијата и креативноста во процесот на иновации во знаењето. • Слушање, • Дијалог, • Цртање, • Кажете им преку наслови, реченици, слики/ фотографии,
Различни игри поврзани со: : - Слушање - Доверба - Комуникација
Трансформација на реалноста:вежби и игри Метод на театар
Поврзано со темата на емоционална интелигенција кај Енергетска работа жената, Јас одлучив да ја Вежби за релаксација посветам оваа сесија на Движење на телото алатките за справување со стресот во носењето одлуки во работата.
ДЕКОДИФИКАЦИЈАD (ШТО КАЖАЛЕ УЧЕСНИЦИТЕ)
Да кажат анекдоти Примери на латерално размислување Употреби/трансформирај три предмета во нешто различно Избери еден предмет (анализа на 5W – Што, Зошто, Кога, Каде, Кој) Соработка, Пишување/драматизација/ сликање на приказна во групи
Учесниците открија целосно нови сознанија за нив со способност да ги споделат со други. Тие кажаа за време на дебрифингот дека овој невербален начин да се слушаат и да откриваат нови работи е скапоцена алатка. Тие исто така направија рефлексија за нивното ниво на доверба и нејзината важност. Учесниците открија нивна сопствена вештина да навлезат подлабоко и да ја трансформираат реалноста со креативност. Тие дискутираа многу за време на дебрифингот за различните можности да ја употребат нивната креативност на полето на работа. Фидбекот од оваа сесија беше во очите на учесниците и во нивните неколку зборови за нивното расположение после работата: - Отворен ум - Баланс - Среќна случајност - Рамнотежа - Насмевка - Леснотија - Благодарам
57
Алатки за
вашите идни семинари
D
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26
Rods Movement The Raft My Space A-I-O
60 30 50 15 Mine Field/Obstacle course or Navigation course 20 Fox, Rice, Chicken 20 OBJECTBLIND 30 Present yourself in a creative way 15 You … Me 15 Move the letters 15 Conflict Resolution 90 Accepting Differences 90 Identifying Emotions 90 Personal Conflict- Conflicts within ourselves 90 Fruit Salad 10 Do You Know Me 20 Don’t Tap the Balloon 20 Step In Step Out 25 Giving A Hand 90 Tackling Conflict Management 90 Marshmallow Challenge 40 Square family 25 What is your animal? 20 STATEMENT GAME 60 PRECONCEPTIONS OF PEOPLE 120 HANDICAP RACE 120
x x x
Raffaele Messina Raffaele Messina Raffaele Messina
x
Giulia Maria Provenzale
x
Giulia Maria Provenzale
x
Giulia Maria Provenzale
x x x x
Luca Cagiano Luca Cagiano Luca Cagiano
x
x x
x x
x
x x x x x
x x
Контрибутор Raffaele Messina
x
x
Друго
Луѓе со пмалку можности
Емоционална Интелигенција
Инклузија, Општа Свест
Тимска Работа
Решавање на проблеми
Неформално Образование
Комуникација
Име на алатката
Времетраење (мин.)
#
Tools For Your Future Seminars
x
x x x
x x
x x x x
Stojna Atanasovska Dimishkovska Stojna Atanasovska Dimishkovska Stojna Atanasovska Dimishkovska Stojna Atanasovska Dimishkovska
Biserka Shemovska Biserka Shemovska
x
x
x
Hristina Hristova Hristina Hristova Tsveta Paunova Vihren Mitev
x x
Selen Okuducu Selen Okuducu Selen Okuducu
x
x x x
x
x x x
Batakoglou Vasiliki Varvara Emmanouilidou George Konsoulas
59
Човечкиот капитал позади овој прирачник
E
Човечкиот капитал позади овој Прирачник
E
Човечкиот капитал позади овој Прирачник
E
Човечкиот капитал позади овој Прирачник
E
Човечкиот капитал позади овој Прирачник
Ч ЕС НИ СП О МЕНУВАЊА
( В Р Е Д Н И ДА С Е СП О М Е Н АТ) Овој прирачник беше изготвен како дел од проектот Искуствена Педагогија на Угнетените за Возрасни, кој беше финансиски поддржан од Еразмус + Програмата на Европската Комисија. Клучна Акција 2 – Стратешко Партнерство за Креирање на Иновации. Координатори на интелектуалниот производ: Александра Најческа, Трајче Анастасов, Мустафа Ердоган. Обучувачи: Мустафа Ердоган, Јован Сталевски. Истражувачи: Туба Ата, Рафаеле Месина, Анна Лалковска, Мариа Христова, Нели Лалковска, Георге Консулас, Василики Батакоглу, Костас Анагностопулос, Трајче Анастасов. Уредник и Автор: Јован Сталевски – ЦЕФЕ Македонија Графички дизајн: Кирил Лазарев - “Friday Communications” LLC Превод на македонски јазик: Благој Трајков СОРАБОТНИЦИ НА ПРИРАЧНИКОТ СО НИВНИТЕ ИСКУСТВА И ИДЕИ –Сите учесници на обуката за обучувачки активности во Истанбул и Охрид. И сите 200 учесници на локалните обуки во Турција, Македонија, Грција, Италија и Бугарија. Ви Благодариме
Овој прорачник е изготвен со финансиската поддршка на Европската Унија и Република Турција. Само Асоцијацијата на граѓани ЦЕФЕ Македонија, и проектните партнери се одговорни за содржината на оваа книга и неможе на никој начин да биде образложено дека ги застапува погледите на Европската Унија, Република Турција или Министерството за прашања со Европската Унија. Дел од содржината на оваа книга може да се копира под услов да не се прави профит и да се конкретизира изворот. Сите Права Резервирани. ©2019 – ЦЕФЕ Македонија и проектните партнери. Број на Договорот за Грант на Проектот 2017-2-TR01-KA204-046126. All Rights Reserved. ©2019 – CEFE Macedonia and project partners. Project Grant Agreement Number 2017-2-TR01-KA204-046126.
РЕФЕРЕНЦИ 1. KOLSHORN, R. and TOMECKO, J. (1995) Understanding Entrepreneurship and How to Promote It, Eschborn, Ger: CEFE International. 2. CEFE International. (2009) CEFE Methodology Concept. 3. German Ministry for Economic Cooperation. (2007) Strategies for Employment Promotion in Development Cooperation. 4. CEFE Macedonia. (2014) International Training of Trainers Report. 5. D. Kolb. Experience Based Learning Systems, LLC. (EBLS) 6. Freire, P. (1970a). Pedagogy of the Oppressed.